Живот како балон - Life like a balloon

Page 1

ЖИВОТ КАКО БАЛОН LIFE LIKE A BALLOON Перо Кованцалиев Pero Kovancaliev


За овој проект НЕ е убиено ниту едно животно.

NО animal was killed for this project


ЖИВОТ КАКО БАЛОН LIFE LIKE A BALON Перо Кованцалиев Pero Kovancaliev

Општина Гевгелија Р.Македонија

Municipality of Gevgelija R.Macedonia

Центар за култура Пионерски дом /Гевгелија Р. Македонија

Center for Culture Pioneer home / Gevgelija R. Macedonia

Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ - Гевгелија Декември 2017

National institution Museum / Art gallery Amam - Gevgelija December 2017


„Живот како балон„ е продолжение на уметничката концепција која започна со насловот „365кг Живот„ како инсталација која продолжува да се надополнува и трансформира во различни простори преку експонатите таканаречени Биобалони. Инсталацијата го одржува дискурсот за активизмот и политичноста во уметноста кој ја преиспитува моќта и улогата на уметноста и уметникот во општеството. Притоа се обидува да даде свој допринос во контекст на одржливиот развој со тоа што во фокусот е дадена една од многуте индустрии кои секојдневно се во трка за брз прогрес. Тие ги минимализираат своите расходи применувајќи брутална експлоатација со цел зголемување на личниот профитот, а со што оставаат трајни негативни последици врз човекот и животната средина. --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------* Дали активизмот може да биде уметност? Дали едно дело кое било во служба на некоја општествена утопија или кауза може истовремено да биде и уметничко дело? Дали едно дело кое не е свртено кон уметноста и не се труди да открие повеќе за нејзе или за себе, сеуште може да биде уметничко дело? Дали овие прашања кои уметникот си ги поставува може да бидат уметничко дело? Инсталацијата односно акумулацијата е множество на таканаречените балони, кои како форма и содржина секогаш се дел од средината каде човекот го слави своето постоење низ различни настани. Тие се дел од секојдневните веселби и манифестации со цел да се декорира и разубави просторот. Меѓутоа, овие балони пред нивната трансформација низ процес на импрегнација и препарација биле дел од еден биолошки жив систем. Тоа е животно кое е насилно репродуцирано, измачувано, тероризирано и на крај убиено, за истото да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира. Балоните се орган, односно мочен меур од животно, од кој е испразнета урината а, внатрешноста е исполнета со воздух. Тие претставуваат апстрактна биоформа кои го симболизираат последниот животен здив кај животното. Низ оваа балон форма, на циничен начин е прикажана културолошката и традиционалната слика на човекот кој секојдневно ги тероризира послабите и безгласните со што го слави својот живот. Целта на овој настан е да го поттикне поединецот да ги отфрли традиционалните преданија и стравот кој му е всаден, дека тој како единка е немоќен. Денес живееме во потрошувачко општество, систем кој функционира одлично, но и мало дете знае дека тој не е одржлив. Во овој потрошувачки систем, потрошувачот, тој малиот, незначаен и немоќен ја има најважната улога во истиот систем. Како? Тој, потрошувачот ја има моќта да одлучува што ќе употребува и конзумира секојдневно, со што и одлучува која индустрија ќе постои. Свесен потрошувач за одржлив развој. А тоа е култура, и тоа не било каква. *Перо Кованцалиев, 365кг Живот, НУ Центар за култура Марко Цепенков, Прилеп Перо Кованцалиев



"Life as a balloon" is a continuation of the artistic conception that began as an installation with the title "365kg of life", and continues to complement and transform into different spaces through the showpieces called Bio-balloons. The installation maintains the discourse of activism and political art, which questions the power and the role of art and the artist in society. In the meantime, it is trying to give its own contribution to the context of sustainable development, by focusing on one of the many industries that on a daily basis are in a race for rapid progress. They minimize their expenditures by using brutal exploitation in order to increase the personal profits, and thus leave everlasting consequences at man and the environment. -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------* Can activism be considered as art? Does one item that served for some utopian society or cause can be at the same time a work of art? Does one item that is not oriented towards art and does not struggle to explore more about her or about itself, can still be considered a work of art? Does these questions that the artist asks himself can be a work of art? The installation or the accumulation is a set of the so-called balloons, which as form and subject are always part of the environment where humans celebrate their existence. They are part of the everyday festivities and manifestations, in order to decorate and beautify the area. However, before the transformation process through impregnation and preparation, these balloons were integral part of biological living entity. It is an animal that was forcefully reproduced, tortured, terrorized, and at the end killed, to be offered at the market as product for profit. The balloons are organs, i.e. urinary bladders of animals, with discharged urine, and the inside filled with air. They illustrate an abstract bioform that symbolizes the last breath of life in the animal. Through this balloon form, in a cynical manner the culturological and traditional image of humans is displayed, as the ones who daily terrorize the weaker and voiceless, thus celebrating their life. The goal of this event is to encourage the individual to reject the traditional narratives and embedded fear, that he as an individual is powerless. We live nowadays in a consumer society, a system that functions ideally, although, even a kid knows that it is not sustainable. In this consumer system, the consumer, the minor one, the insignificant and powerless one, he has the crucial role in that system. How? He, the consumer has the power to decide what to use and consume daily, thus he decide which industry will exist. Conscious consumer, for sustainable development. And that is culture, though not any kind of.

* Pero Kovancaliev, 365kg of Life, NI Center for Culture Marko Cepenkov, Prilep

Pero Kovancaliev




РОДЕНДЕН / НОВА ГОДИНА / КУЌНА СЛАВА ВИКЕНД / МАТУРСКА ВЕЧЕР / ПОЈАДОК РУЧЕК / ВЕЧЕРА / УЖИНКА / СО КОЛЕГИТЕ СО РОДНИНИТЕ / СО ДРУГАРИТЕ / СВАДБА ВО КАФАНА / ЗА ЗАБАВА / ЗА СПОРТ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА / ЗА ВИТАМИНИ

BIRTHDAY / NEW YEAR / HOUSE GLORY WEEKEND / PROM NIGHT / BREAKFAST LUNCH / DINNER / SNACK / WITH COLLEAGUES WITH RELATIVES / WITH FRIENDS / WEDDING IN RESTAURANT / FOR FUN / FOR SPORT FOR SOCIALIZATION / FOR VITAMINS


food, Inc

cowspirasy

earthlings

tribe of heart


meet your meat

lucent


Биографија 1982 2006 2004 - 2017 2014 - 2017

Роден во Гевгелија, живее и работи во Скопје, Република Македонија Дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности Скопје, оддел Вајарство Работи на повеќе скулптурални проекти од национален карактер како автор и соработник во Македонија Во тек е со постдипломските студии на Факултет за ликовни уметности, Скопје

Самостојни изложби: 2017 2017 2015 2014

Живот како балон / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија 365 кг. Живот / Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп Затегнатост на Празнината / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија Да или Не? / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија

Селектирани групни изложби: 2016 2016 2015 2014 2014 2014 2013 2013 2012 2011 2011 2010 2007-2017 2006-2017

Трансформација на сликата / НУ Музеј на современа уметност / Загреб, Хрватска Патување / Мала станица / НУ Мала Станица, Скопје Скулптури на новото време, Куманово Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје Експериментален цртеж / ДЛУМ , Прага, Чешка Паратиссима Скопје / Саем на современа уметност / Младински културен центар, Скопје Изложба на ДЛУГ / Дом на културата Кочо Рацин, Скопје Во Рамките / ММЦГ / Галериски простор НЛБ Тутунска банка, Скопје Скулптури и мозаици / Кавадарци Скулптури на новото време / Куманово, Прилеп, Струмица Изложба од уметничката колонија / Севлиево, Бугарија Изложба на ДЛУГ / Дом на култура Глигор Прличев, Куманово Изложба на ММЦГ / Мултимедиа центар, Гевгелија Изложба на ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија

Член на: 2012 2007 2005 2017

ДЛУМ / Друштво на ликовни уметници на Македонија МMЦГ / Мултимедиа центар Гевгелија ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија ИКОМ / Меѓународниот совет на музеи


Biography 1982 2006 2004 - 2017 2014 - 2017

Born in Gevgelija, live and work in Skopje, Repubilic of Macedonia Graduated on UKIM, Faculty of Fine Arts in Skopje, departmet for sculpture Works on more sculptural projects of national character as an author and assistant in R. Macedonia Currently on master studies at the Faculty of Fine Arts Skopje

Solo exhibitions: 2017 2017 2015 2014

Life like a balon / National institution Museum - Gevgelija, art gallery Amam 365 kg. of Live / National institution Center for Culture "Marko Cepenkov" Prilep Tension of the Void / National institution Museum - Gevgelija, art gallery Amam Yes or No? / National institution Museum - Gevgelija, art gallery Amam

Selected group exhibitions: 2016 2016 2015 2014 2014 2014 2013 2013 2012 2011 2011 2010 2007-2017 2006-2017

Image Transformation / NI. Museum of Contemporary Art / Zagreb, Croatia Travel / Small station / NI. Mala Stanica / Skopje, Macedonia Sculptures of the new time / Kumanovo Annual Exhibition DLUM / National Gallery of Macedonia, Mala Stanica, Skopje Experimental drawing / DLUM / Prague, Czech Paratissima Skopje - Contemporary Art exhibition / Youth Cultural Center, Skopje Exhibition on DLUG / House of Culture Koco Racin - Skopje In to the frames / MMCG / exhibition gallery NLB Banka - Skopje Sculptures and mosaics, Kavadarci Sculptures of modern times, Kumanovo, Prilep, Strumica Đ?rt colony exhibition / Sevlievo , Bulgaria Exhibition on DLUG / House of Culture Grigor Prlichev, Kumanovo Annual Exhibition on Multimedia Center Gevgelija Annual Exhibition on DLUG - Society of Artists from Gevgelija

Member of: 2017 2012 2007 2005

ICOM / Internacional council of Museums DLUM / Society of artists from Macedonia MMCG / Society of young artists from Gevgelija DLUG / Society of artists from Gevgelija



Издавач -Ројал арт За издавачот - Горан Јованов Текст - Перо Кованцалиев Фотографија - Перо Кованцалиев Дизајн - Перо Кованцалиев Превод на англиски - Златко Кованцалиев Графичко уредување - Перо Кованцалиев Печати - Ројал арт - Скопје Тираж - 300 Скопје/ Македонија / 2017

Publisher - Royal art For the publisher - Goran Jovanov Text - Pero Kovancaliev Photography - Pero Kovancaliev Desing - Pero Kovancaliev English translation - Zlatko Kovancaliev Graphic layout - Pero Kovancaliev Print - Royal art - Skopje Edition - 300 Gevgelija/ Macedonia / 2017

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 7.011.3(497.7)(06.064)Кованцилиев,П. 7.038.544(497.7)(06.064)Кованцилиев,П. КОВАНЦАЛИЕВ, Перо Живот како балон / Перо Кованцалиев = Life like a balon / Pero Kovancaliev. - Скопје : Ројал арт = Skopje : Royal art, 2017. - 16 стр. : илустр. ; 21 см Текст на мак. и англ. јазик. - Биографија ; Biography: стр. 12-13 ISBN 978-608-4847-01-4 а) Ангажирана уметност - Македонија - Изложби COBISS.MK-ID 105350666