365кг Живот - 365kg of Live

Page 1

365кг ЖИВОТ 365kg OF LIFE Перо Кованцалиев Pero Kovancaliev


За овој проект НЕ е убиено ниту едно животно.

NО animal was killed for this project


365кг. ЖИВОТ 365kg. OF LIFE Перо Кованцалиев Pero Kovancaliev

Министерство за Kултура на Република Македонија Ministry of Culture of the Republic of Macedonia

Ноември 2017

НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп, NI Center for Culture "Marko Cepenkov" Prilep,

November 2017


Дали активизмот може да биде уметност? Дали едно дело кое било во служба на некоја општествена утопија или кауза може истовремено да биде и уметничко дело? Дали едно дело кое не е свртено кон уметноста и не се труди да открие повеќе за нејзе или за себе, сеуште може да биде уметничко дело? Дали овие прашања кои уметникот си ги поставува може да бидат уметничко дело? Сепак, ако сето оваа остане само пишан збор на хартија, најверојатно ова ќе биде некаков есеј. Низ инсталацијата со наслов 365кг која има мултимедијален карактер се присутни два различни визуелни пристапи проследени со звучни вибрации. Инсталацијата односно акумулацијата е множество на таканаречените балони, кои како форма и содржина секогаш се дел од средината каде човекот го слави своето постоење низ различни настани. Тие се дел од секојдневните веселби и манифестации со цел да се декорира и разубави просторот. Меѓутоа, овие балони пред нивната трансформација низ процес на импрегнација и препарација биле дел од еден биолошки жив систем. Тоа е животно кое е насилно репродуцирано, измачувано, тероризирано и на крај убиено, за истото да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира. Балоните се орган, односно мочен меур од животно, од кој е испразнета урината а, внатрешноста е исполнета со воздух. Тие претставуваат апстрактна биоформа кои го симболизираат последниот животен здив кај животното. Низ оваа балон форма, на циничен начин е прикажана културолошката и традиционалната слика на човекот кој секојдневно ги тероризира послабите и безгласните со што го слави својот живот. Оваа поставка ако ја погледнеме низ социолошката призма сигурно ќе ја забележиме интенцијата за постигнување на одредени цели и резултати во општеството. Активизмот кој е присутен овде е засилен со неколку плакати кој како визуелно дело се пионир во создавањето на пропаганден настан. Овие плакати, содржат исклучиво софтверски генерирани андроид кодови во своите геометриски форми. Истите кодови може да бидат видливи единствено со андроид уред кој е конектиран на интернет. Кодовите содржат врски од документарни филмови, интернет страници, групи и поединци активисти за одржлив развој на животната средина. Целта на овој настан е да го поттикне поединецот да ги отфрли традиционалните преданија и стравот кој му е всаден, дека тој како единка е немоќен. Денес живееме во потрошувачко општество, систем кој функционира одлично, но и мало дете знае дека тој не е одржлив. Во овој потрошувачки систем, потрошувачот, тој малиот, незначаен и немоќен ја има најважната улога во истиот систем. Како? Тој, потрошувачот ја има моќта да одлучува што ќе употребува и конзумира секојдневно, со што и одлучува која индустрија ќе постои. Свесен потрошувач за одржлив развој. А тоа е култура, и тоа не било каква.

Перо Кованцалиев


Can activism be considered as art? Does one item that served for some utopian society or cause can be at the same time a work of art? Does one item that is not oriented towards art and does not struggle to explore more about her or about itself, can still be considered a work of art? Does these questions that the artist asks himself can be a work of art? However, if all of this remains only as word written on paper, it is most likely to be an essay. Through the installations titled 365kg, which has a multimedia character, two different visual approaches occur, along with sound vibrations. The installation or the accumulation is a set of the so-called balloons, which as form and subject are always part of the environment where humans celebrate their existence. They are part of the everyday festivities and manifestations, in order to decorate and beautify the area. However, before the transformation process through impregnation and preparation, these balloons were integral part of biological living entity. It is an animal that was forcefully reproduced, tortured, terrorized, and at the end killed, to be offered at the market as product for prot. The balloons are organs, i.e. urinary bladders of animals, with discharged urine, and the inside lled with air. They illustrate an abstract bioform that symbolizes the last breath of life in the animal. Through this balloon form, in a cynical manner the culturological and traditional image of humans is displayed, as the ones who daily terrorize the weaker and voiceless, thus celebrating their life. If we observe this exhibition through the sociological prism, we will surely notice the intention for achieving certain goals and results in society. The current activism is reinforced with several posters, which as visual item аrе pioneers in the creation of the propaganda. These posters contain only software generated android codes in their geometric shapes. The codes can be viewed only through android device that is connected to the internet. The codes contain links to documentary lms, web pages, groups, and individuals - activists for sustainable development of the environment. The goal of this event is to encourage the individual to reject the traditional narratives and embedded fear, that he as an individual is powerless. We live nowadays in a consumer society, a system that functions ideally, although, even a kid knows that it is not sustainable. In this consumer system, the consumer, the minor one, the insignicant and powerless one, he has the crucial role in that system. How? He, the consumer has the power to decide what to use and consume daily, thus he decide which industry will exist. Conscious consumer, for sustainable development. And that is culture, though not any kind of.

Pero Kovancaliev





РОДЕНДЕН BIRTHDAY НОВА ГОДИНА NEW YEAR КУЌНА СЛАВА HOUSE GLORY ВИКЕНД WEEKEND МАТУРСКА ВЕЧЕР PROM NIGHT ПОЈАДОК BREAKFAST РУЧЕК LUNCH ВЕЧЕРА DINNER УЖИНКА SNACK СО КОЛЕГИТЕ WITH COLLEAGUES СО РОДНИНИТЕ WITH RELATIVES СО ДРУГАРИТЕ WITH FRIENDS СВАДБА WEDDING ВО КАФАНА IN RESTAURANT ЗА ЗАБАВА FOR FUN ЗА СПОРТ FOR SPORT ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА FOR SOCIALIZATION ЗА ВИТАМИНИ FOR VITAMINS


food, Inc

tribe of heart

cowspirasy

earthlings


meet your meat

lucent


Биографија 1982 2006 2004 - 2017 2014 - 2017

Роден во Гевгелија Република Македонија Дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности - Скопје оддел - Вајарство во класата на проф.Васил Василев Работи на повеќе скулптурални проекти од национален карактер како автор и соработник во Македонија Во тек е со постдипломските студии на Факултет за ликовни уметности - Скопје

Самостојни изложби: 2017 2015 2014

365 кг. Живот / Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп Затегнатост на Празнината / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ - Гевгелија Да или Не? / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ - Гевгелија

Селектирани групни изложби: 2016 2016 2015 2014 2014 2014 2013 2013 2012 2011 2011 2010 2007-2015 2006-2015

Трансформација на сликата / НУ. Музеј на современа уметност / Загреб, Хрватска Патување / Мала станица / НУ. Мала Станица / Скопје, Македонија Скулптури на новото време / Куманово Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица - Скопје Експериментален цртеж / ДЛУМ / Прага - Чешка Паратиссима Скопје / Саем на современа уметност / Младински културен центар - Скопје Изложба на ДЛУГ / Дом на културата Кочо Рацин - Скопје Во Рамките / ММЦГ / Галериски простор НЛБ Тутунска банка - Скопје Скулптури и мозаици - Кавадарци Скулптури на новото време / Куманово, Прилеп, Струмица Изложба од уметничката колонија / Севлиево, Бугарија Изложба на ДЛУГ / Дом на култура Глигор Прличев- Куманово Изложба на Мултимедиа центар Гевгелија, ММЦГ – Гевгелија Изложба на ДЛУГ - Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија - Гевгелија


Biography 1982 2006 2004 - 2013 2014 - 2015

Born in Gevgelija, Repubilic of Macedonija Graduated on UKIM, Faculty of Fine Arts in Skopje, departmet for sculpture in class of prof. Vasil Vasilev Works on more sculptural projects of national character as an author and assistant in Macedonia Currently on master studies at the Faculty of Fine Arts - Skopje

Solo exhibitions: 2017 2015 2014

365 kg. of Live / National institution Center for Culture "Marko Cepenkov" Prilep Tension of the Void / National institution Museum - Gevgelija, art gallery Amam Yes or No? / National institution Museum - Gevgelija, art gallery Amam

Selected group exhibitions: 2016 2016 2015 2014 2014 2014 2013 2013 2012 2011 2011 2010 2007-2013 2006-2013

Image Transformation / NI. Museum of Contemporary Art / Zagreb, Croatia Travel / Small station / NI. Mala Stanica / Skopje, Macedonia Sculptures of the new time / Kumanovo Annual Exhibition DLUM / National Gallery of Macedonia, Mala Stanica - Skopje Experimental drawing / DLUM / Prague - Czech Paratissima Skopje - Contemporary Art exhibition - Youth Cultural Center - Skopje Exhibition on DLUG – House of Culture Koco Racin - Skopje In to the frames, - MMCG - exhibition gallery NLB Banka - Skopje Sculptures and mosaics - Kavadarci Sculptures of modern times - Kumanovo, Prilep, Strumica Аrt colony exhibition – Sevlievo , Bulgaria Exhibition on DLUG - House of Culture Grigor Prlichev- Kumanovo Annual Exhibition on Multimedia Center Gevgelija - Gevgelija Annual Exhibition on DLUG - Society of Artists from Gevgelija - Gevgelija


Издавач - НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп За издавачот - Менче Караџоска Текст - Перо Кованцалиев Фотографија - Перо Кованцалиев Дизајн - Перо Кованцалиев Превод на англиски - Златко Кованцалиев Графичко уредување - Перо Кованцалиев Печати - Ацетони, Прилеп Тираж - 300 Прилеп / Македонија / 2017

Publisher- NI Center for Culture "Marko Cepenkov" Prilep, For the publisher - Menche Karadzoska Text - Pero Kovancaliev Photography - Pero Kovancaliev Desing - Pero Kovancaliev English translation - Zlatko Kovancaliev Graphic layout - Pero Kovancaliev Print - Acetoni, Prilep Edition - 300 Prilep / Macedonia / 2017

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 7.011.3(497.7)(06.064)Кованцилиев, П 7.038.544(497.7)(06.064)Кованцилиев, П. КОВАНЦАЛИЕВ, Перо 365 кг. живот / [текст и фотографија] Перо Кованцалиев ; [превод на англиски Златко Кованцалиев] = 365 kg. of life / [text and photography] Pero Kovancaliev ; [English translation Zlatko Kovancaliev]. - Прилеп : Центар за култура "Марко Цепенков" = Prilep : Cultural center "Marko Cepenkov", 2016. - [16] стр. : фотографии ; 21x15 см Текст на мак. и англ. јазик. - Биографија ; Biography: стр. [12-13] ISBN 978-9989-811-04-3 1. Насп. ств. насл. а) Ангажирана уметност - Македонија - Изложби COBISS.MK-ID 104883210


be re

fo e

th od

o