Како Петко (не) си ги заврши обврските?

Page 1

Билјана Петревска Малинова

1




Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

www.sitesmeednakvi.org.mk


Автор: Билјана Петревска Малинова Илустрација: Тхе Мичо


Семејството Брзотрчковски живее во стокатницата, на петти спрат. Под земјата живее семејството Кртови. Тие слушаат и следат сѐ. Но, иако долго време живеат во истата зграда, никој не ги дружи, па дури ни Петко.

6


Родителите на Петко се подготвуваат да одат во театар.

- Петко, ти денес за првпат ќе останеш сам дома. Ти си умен, знаеш да се грижиш за работите, но да останеш сам дома е уште поголема одговорност. Затоа, ајде заедно на компјутер да направиме листа на работи на кои треба да внимаваш и кои треба да ги направиш. 7


8


- Петко нас никогаш не нѐ кани на неговите роденденски забави, тој не ни знае дека и ние живееме во неговата зграда, никогаш не си играл со нас, не знае ни како изгледаме. - Тишина малку, да слушнам што прави Петко сега. Неговите родители излегуваат, ајде да се качиме горе и да направиме нешто мноооогу кртовско.

9


Додека Петко ги испраќа родителите до скалите, кртовите скришно влегуваат во станот на Петко, без никој да ги забележи.

10


- Сега ќе ги избришеме сите НЕ од листата на Петко, ќе му ѕвониме на врата и ќе си правиме забава со него. Кртовите ги бришат сите НЕ од листата и излегуваат од станот. Само папагалот е сведок на ова.

- Да НЕ заборавиш да ја напишеш домашната задача - Да НЕ отвораш на непознати - Да НЕ пушташ гласна музика по 20 часот за да НЕ ги вознемируваш соседите - Да НЕ заборавиш да ги навадиш цвеќињата - Да НЕ заборавиш да го нахраниш папагалот - Да НЕ го заборавиш шпоретот вклучен

11


Петко се враќа назад во станот, ја заклучува вратата. Среќен е бидејќи е првпат сам дома, но истовремено чувствува голема одговорност за сите задачи што ги има на списокот.

12


Тргнува да се потсети на задачите, но во меѓувреме, некој ѕвони на вратата. Петко ѕирка и гледа... Изненадување!!!

13


- Ние сме твоите соседи. Дојдовме да правиме забава. Може да влеземе?

- Кои сте вие, не ве познавам?

14


Петко се стрчува кон компјутерот, ја отвора листата да провери, нешто му е чудно, таму пишува:

И им отвора.

15


Почнува забавата. Петко пушта гласна музика, но воопшто не помислува колку е часот и дали музиката му пречи некому. Кртовите играат и скокаат низ станот, свират со свирчиња и убаво се забавуваат. Папагалот, гладен и нервозен, ја следи забавата.

16


Додека трае забавата во станот на Петко, соседите не можат да заспијат од гласната музика. 17


По неколку часа забава, кртовите изморени си одат, а Петко едвај чека да легне и да заспие. Не ни помислува дека треба да го среди нередот што го оставија зад себе.

18


Непријатна миризба, расфрлани шишиња, храна, балони... вака изгледа станот на Петко по забавата.

19


Откако Петко ги испрати кртовите, седна на фотелјата и заспа. Предметите и папагалот почнаа да зборуваат. Ѕидовите плачат: - Мириса на отпад во собава, насекаде лушпи од портокали, пластични чаши, недојадени сендвичи... 20


- Се немаме капка вода напиено, ќе се исушиме.

- Сѐ ме боли, сите скокаа врз мене и ме оставија превртена. Тоа е исто како да стоиш на една нога цело време.

21


- Прегладнев, но Петко не се сети на мене. Кртовите ги изместија сите работи. Тие се виновни за сѐ. 22


Наеднаш, заѕвони часовникот. Петко се разбуди распаметен. - Леле, каков неред! Погледна накај часовникот и рече: - Во секој момент моите родители ќе си дојдат дома. Морам да средам сѐ!

23


Папагалот цело време се обидува да му каже нешто, но бидејќи Петко брза да го среди нередот, го игнорира папагалот. Но, папагалот е упорен и му покажува на Петко кон компјутерот, кон копчето „ВРАТИ НАЗАД“. Петко го стиска копчето и што ќе види. На екранот се појавува вистинската листа што ја пишуваше заедно со родителите. Гледа дека НЕ стои насекаде.

24


Папагалот почна да му раскажува на Петко што всушност направиле кртовите. Петко го слуша, но веќе нема време и почнува да го расчистува нередот од собата, ги наводнува цвеќињата, му дава храна на папагалот, ја пишува домашната задача и оди кај соседите да им се извини.

25


Целиот стан светна, Петко среди сѐ. На крајот сфати зошто кртовите му го направија ова. Реши да оди кај нив и да им се извини затоа што досега не се дружел со нив. Родителите дојдоа и го пофалија Петко затоа што си ги завршил задачите од списокот. - Браво Петко, ти си многу одговорен, од А до Ш си ги завршил обврските од листата. Петко воздивна и многу му олесна што успеа сѐ да среди навреме. Папагалот продолжи да се смешка.

26


Боенка

27


Почитувани наставници и ученици, Сликовницата „Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Права и одговорности во општеството.

28


МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАПИ ПРИ ПРИМЕНАТА НА СЛИКОВНИЦАТА „Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Тема: Права и одговорности во општеството Цели: - Право да живеам во зграда, но и обврска да го почитувам куќниот ред - Имам право да одам на училиште, но и обврска да пишувам домашни задачи и да учам - Обврска да не ги вознемирувам моите соседи со пуштање гласна музика, тропање, скокање, но и право да не бидам вознемируван - Да се грижам за моите работи Одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Запознавање на да знае да ги почитува помалите и да знае дека I околината* Јас и другите/ Јас со другите (прво одд.) Македонски јазик треба да помага *(меѓупредметна Напомена: се реализира процесот на целна и содржинска интеграција интеграција) Воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен дел Македонски јазик Техника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. Активности ЗО: симулации, драматизации, игри на улоги, социјални игри (за доверба, за толеранција) Учествува во донесувањето на правилата за однесување во училницата, црта пораки за правилно однесување, учествува во нивното истакнување на видно место и почитување во секојдневниот живот. Разговор за тоа што ќе биде ако не се почитуваат правилата. Завршен дел: техника Сложувалка.3 Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1Игра:

Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да истрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња. 2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата. Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Разговарајте дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот. Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери. Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани кои се поврзани со темата. 3Групна активност Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба добро да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по

хронолошки редослед.

4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја

значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

29


Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да се поттикнува на активно учество во одржувањето на личната хигиена и хигиената во домот Мојот дом/ Лична хигиена и хигиена во - да ги надминува родовите стереотипи за Запознавање на домот поделбата на обврските во семејството околината* - да ги почитува сообраќајните знаци во реални II Македонски јазик Сообраќај/ Сообраќајни знаци ситуации (второ одд.) *(меѓупредметна - да ги запознава правилата за однесување во и содржинска Животот и работата во училиштето/ училиштето интеграција) Животот и работата во училиштето - да го разбира значењето на зборовите одговорност и праведност Напомена: се реализира процесот на целна интеграција. Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик Техника: квадранти (Прилог 1). ЗО: разговор на темата „Како ја одржувам личната хигиена и хигиената во домот, прибор за лична хигиена“. Активности Играње на улоги и родово нестереотипна поделба. Симулирање во училиштен двор, полигон на игри за препознавање и почитување на сообраќајните знаци Игри на улоги. Работилници за одговорност, праведност, приватност. Работа во групи. Секоја група добива задачи: да изработи правила за чување на опремата во училницата за одржување на хигиената во училницата, за полевање на цвеќињата итн. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да спознава дека луѓето кои живеат и работат заедно стапуваат во одредени Запознавање на меѓусебни односи (љубов, почитување, Јас со другите и другите со мене/ околината* грижа, доверба пријателство, соработка); Јас и ти, ние и вие; III Македонски јазик - да го сфати значењето на важноста од Моите права и должности (трето одд.) *(меѓупредметна меѓусебното разбирање; и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“. 5 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на Активности сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2). ЗО: организирање работилници на тема: Јас и ти, Ние и вие, Игри на улоги, Мојот најдобар другар, Им помагам на другите, ситуациони игри, изготвување плакати, драматизација, стрип, книга и сл. и нивна презентација. Работилница на тема: „Колку подобро се познаваме меѓу себе, толку повеќе се разбираме“. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченици Чекор 2 - учениците ги редат лентите по редослед Чекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас. Ако сакаат да го поправат редоследот, дозволете им да го направат тоа.

30


Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да го разбира значењето на соседите во животот; Општество* - да се поттикнува и воспитува за добрососедски Живеалишта и населби/ Соседство и IV Македонски јазик соседски односи односи; (четврто одд.) *(меѓупредметна - да ги почитува правилата на соживот, соседите и содржинска и пријателите; интеграција) Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката Активности „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли . Општество: техника Прозорец - моето маало денес и по 10 години.6 (Прилог. 5 - графички приказ) Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).

Одделение

Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Личноста во групата и во општеството/ Општество* Правила на однесување во средината и Македонски јазик - да ги почитува донесените правила на однесување во средината исполнување на должностите *(меѓупредметна Напомена: се реализира процесот на целна и содржинска интеграција. интеграција) Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.7 За да можат учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли. Општество: работилница 1. Изготвување листа на правила на однесување во средината и исполнување на должностите; 2. Изготвување листа за корективни мерки (реституција) при непочитување на правила на однесување и исполнување на должностите. (Пр. Еден ученик ги изгазил цвеќињата во училишната градина. Корективна мерка: Десет дена да ги полева цвеќињата во училишната градина) Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

V (петто одд.)

Активности

6

Се црта прозорец, може и наставникот да даде готов модел, во левиот дел го цртаат и опишуваат нивното маало како изгледа денес, а во десниот дел како би сакале да изгледа по 10 години. Откако учениците ќе го пополнат прозорецот нивните идеи ги споделуваат со одделението и со наставникот.

7Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки“ се запишува насловот, авторот Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина - На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/даваат свое мислење за цитатот (порака на авторот)

31


ПРИЛОЗИ Прилог 1. Квадранти

Цртеж

Чувства

Звуци

Врска со живототот

Прилог 2. Вокабулар во четири агли

Нов збор

Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица

Илустрација на зборот

Прилог 3. Техника Прозорец

Моето маало денес

32

Моето маало по 10 години


Прилог 4. Постер ѕвезда на приказната „Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Каде се одвива приказната?

Главен лик во приказната:

Што важно научив од приказната?

Дали имаше проблем? Кој беше проблемот? Како се реши?

Прилог 5. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗСУ Знам (Што мислам дека знам?)

Сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

33


Издавач: OXO Илинденска 43/10 Скопје тел: 02 3222303 www.oxo.org.mk e-mail: oxo@oxo.org.mk За издавачот: Пеце Талески Автор на текст: Билјана Петревска Малинова Илустрации: Тхе Мичо

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

Автор на методолошки дел: Снежана Мирасчиева Рецензент: Весна Хорватовиќ Уредник: Ана Дескова Техничка подготовка: Катерина Николовска

821.163.3-93-34(084.11) 316.62(084.11) ПЕТРЕВСКА Малинова, Билјана Како Петко [не] си ги заврши обврските? / автор Билјана Петревска Малинова ; илустрација Тхе Мичо ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 33 стр. : илустр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви" ISBN 978-608-4645-28-3 1. Мирасчиева, Снежана [автор]. - I. Малинова, Билјана Петревска види Петревска Малинова, Билјана а) Општествена култура - Сликовници COBISS.MK-ID 96416522

Поддржано од:

Сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014


Други сликовници од проектот:

„Бендот на Петко” Автор: Илина Јакимовска Илустрација: Тхе Мичо

„Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Автор: Билјана Петревска Малинова Илустрација: Тхе Мичо

„волшебната комета” Автор: Николина Андова Шопова Илустрација: Катерина Николовска

„Голманот риско” Автор: Александар Прокопиев Илустрација: Марјан Димиќ

„приказната за ото, ото и ото” Автор: Бистра Георгиева Илустрација: Моника Каретеро


36


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.