Page 1

Илина Јакимовска


Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

www.sitesmeednakvi.org.mk


Автор: Илина Јакимовска Илустрација: Тхе Мичо


Уште како кутре сакав да бидам музичар и да имам своја група. Дома пуштав гласна музика од радиото, тропав со капаци од тенџериња, удирав по шишиња и сонував еден ден да имам вистински инструменти.

6


Наставничката Александра уште во прво одделение забележа дека сум музикален. На приредбата за крајот на учебната година ме одбра да испеам една песна. Позади мене две девојчиња од одделението, Тина и Ана, играа во ритамот на музиката, а јас се чувствував како вистинска ѕвезда, под рефлектори и на голема сцена. 7


Петко те прашува:

Тина наскоро се запиша во музичко училиште, а нејзините родители ѝ купија електрично пијано. Често ја слушав како свири, затоа што живеевме во иста зграда, стан до стан.

- Што е тоа музичка „ѕвезда“?

- Какви се музичките ѕвезди кои ти ги познаваш?

- Дали би сакал/а да наликуваш на некои од нив и зошто?

8


Таа вежбаше секогаш во истото време, во 19 часот, кога никој во зградата не се одмараше. Така пишуваше и во Куќниот ред, залепен на огласната табла во влезот. Секогаш почнуваше навреме, па по звуците на нејзиното пијано точно знаевме колку е часот.

9


Петко те прашува:

- Дали свириш на некој инструмент?

- Дали е во ред музичарите да вежбаат дома?

- Каков е Куќниот ред во твојата зграда или во твојата куќа?

- Зошто не треба да викаме, скокаме или да правиме друга врева таму каде што живееме?

Понекогаш со звуците на пијаното се мешаше пријатен женски глас, кој доаѓаше од истиот стан. Еден ден не можев веќе да издржам, и од мојот балкон ѕирнав во станот на Тина. Таа како и секогаш свиреше на пијаното, но покрај неа стоеше убаво црвенокосо девојче со пеги и прцлиња. Во раката држеше пенкало преправајќи се дека е микрофон. И ја пееше сосема истата песна која ја пеев и јас на претставата! 10


Потоа дознав дека тоа е нејзината братучетка, Марија, која живее во друг дел од градот. Таа и Тина често пееле на семејните веселби, но им недостасувал уште некој инструмент за да направат цела група. Многу сакав да им се придружам, но освен моите капаци и шишиња немав ништо на кое може да се држи ритам. 11


Петко те прашува:

За среќа Марија се сети на баба Риниса. Таа е сосетка на Марија која живее сама, во куќа, чиј подрум е полн со инструменти. Ги оставил нејзиниот маж, кој бил занаетчија, и рачно ги изработувал од кожа, дрво и други материјали. Таа често се жалела дека никој не се интересира за нив, но сепак ѝ било жал да ги фрли.

- Дали знаеш што е тоа „занаетчија“?

- Кои занаети ги знаеш? Дали некој во твоето семејство се занимава или порано се занимавал со некој занает?

- Дали ти би сакал да бидеш занаетчија, и што би сакал/а да изработуваш?

12


За нас тоа беше вистинско богатство - тарабуки, тапанчиња и дајриња имаше колку ти душа сака! Ја избришавме од нив прашината, и веднаш ги испробавме. Звуците што ги произведуваа беа фантастични!

13


Кога слушна дека правиме група, баба Риниса многу се израдува. А уште повеќе кога разбра дека бараме некој кој ќе свири гитара. Нејзиниот внук Петрит многу убаво свирел, но и тој немал друштво за да направи група. Само што го спомнавме, тој се појави на вратата, со гитарата на грбот ставена во специјална футрола.

14


Често навраќал да ја види баба си, затоа што таа го чувала кога бил мал, и тука вежбал. Прво се изненади, а потоа и тој со радост прифати да биде дел од нашиот бенд. Сега ги имавме сите потребни инструменти: пијано, удиралки, гитара, и гласот на Марија.

15


Сите се договоривме да се најдеме следниот ден во гаражата пред зграда, која моите родители ја користеа само за чување зимница и автомеханичарски алат, точно во 19 часот. Сите дојдовме на време на договореното место на игралиштето пред зградата, освен Марија, која доцнеше скоро дваесет минути. 16


Петко те прашува:

- Зошто е важно да се доаѓа навреме кога ќе се договориш да се видиш со некого?

- Дали доцниш наутро на училиште? Што се случува тогаш?

- Што треба да направиш за да бидеш сигурен дека нема да доцниш (да стануваш порано, да имаш часовник со себе, да тргнеш навреме од дома)?

Кога на крај дојде задишано возејќи го велосипедот, не се ни извини што моравме да ја чекаме. Мене ми беше незгодно да ја искарам, но Тина со остар глас ѝ рече: - Немој друг пат да доцниш. Сите мораме до осум и пол да бидеме дома, плус имаме домашно. Ако свириме заедно ќе мора да се почитуваат некои правила. Едно од нив е – доаѓање навреме. Марија само засрамено погледна во земја и рече: - Во ред. Нема да се повтори. 17


Но, потоа се појави нов проблем. Кога се подготвувавме да влеземе на нашата прва проба, еден млад човек од соседната зграда со голема брзина влета на паркингот и застана точно пред гаражата, туркајќи го велосипедот кој Марија тукушто го потпре пред влезот.

18


За среќа никого не повреди, но најбезобразно помина крај нас како да не постоиме, постојано зборувајќи на мобилниот. Толку бевме зачудени од неговата постапка што никој не изусти ни збор.

19


Не можевме да ја отвориме вратата од гаражата за да влеземе, а задното тркало на велосипедот беше толку искривено, што Марија мораше дома да си оди пеш.

20


Бевме многу вознемирени и лути. На паркингот во тој момент немаше никој од возрасните кој би бил сведок на она што се случи. На крај сѐ што можевме да сториме беше на несовесниот возач да му оставиме ливче, кое Петрит го скина од неговата нотна тетратка. На него пишуваше:

Петко те прашува:

- Како постапил човекот кој на ваков начин го паркирал возилото?

- Дали некогаш ти се случила слична ситуација, да не можеш да поминеш по тротоарот од непрописно паркирани возила?

- Што е најдобро да се направи во вакви ситуации? Кој треба да ги казни ваквите постапки?

Го ставивме под бришачите и се надевавме дека ќе гo види.

21


Така неславно помина нашата прва средба. Но не се обесхрабривме. Следниот пат во гаражата можеше да се влезе, а внатре беше пријатно за свирење. Почнавме да правиме список кои песни ни се на сите познати, за да ги ставиме на нашиот репертоар. Имаше и такви што сме ги учеле на училиште, но и некои што ги знаевме од странските музички канали. На една полица ги наредив инструментите што ми ги подари баба Риниса.

22


Автомобилот на комшијата не беше на паркингот, па помисливме дека можеби ја прочитал нашата порака и сфатил дека згрешил. Сепак, непристојната постапка и неговиот отсутен поглед додека зборуваше на телефон зад воланот, никој не можеше да ги заборави. 23


Петко те прашува:

- Дали некогаш твоите родители зборуваат на мобилниот телефон додека возат автомобил?

- Зошто не е во ред да се прави тоа?

- Дали ти се случило додека ја минуваш улицата на пешачки премин возачите да не застанат?

Помина некое време од тој настан. Една вечер додека вежбавме во гаражата некој тропна на вратата. Кога отворивме, надвор стоеше комшијата, качен на велосипед. - Здраво деца, рече со насмевка, но по малку засрамено. - Јас сум Сашо, живеам во зградата до вас. Дојдов...дојдов...да ви се извинам. Секогаш кога ќе ве слушнам како свирите, помислувам на вас и на тоа што го сторив. Се надевам ќе го примите овој подарок како знак дека навистина се каам.

- Како треба да се реагира во ваква ситуација?

- Дали треба да има казни за ваквите несовесни возачи?

24


Кога целосно ја отворивме вратата, пред нас имаше црвен спортски велосипед, сличен на оној на Марија, но сосема нов и со црвена панделка. - И јас си купив еден за мене. Така е посигурно дека нема некаде погрешно да паркирам. А и зборувањето на мобилен е потешко кога си на велосипед, - рече, и сите се насмеавме.

25


Ни кажа и дека работи во една телевизија на која наскоро ќе почне шоу за пронаоѓање нови таленти. Нѐ покани да се пријавиме, затоа што ако вежбаме напорно, сигурно можеме да освоиме некоја од наградите. Тоа и го направивме – нашиот настап е утре и сме многу возбудени. Ако на некоја телевизија видите група што се вика „Пет бенд“, тоа сме ние. 26


Боенка

27


Почитувани наставници и ученици, Сликовницата „Бендот на Петко“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Права и одговорности во општеството.

28


МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАПИ ПРИ ПРИМЕНАТА НА СЛИКОВНИЦАТА „БЕНДОТ НА ПЕТКО“ Тема: Права и одговорности во општеството. Цели: - Право да живеам во зграда, но и обврска да го почитувам куќниот ред - Имам право да одам на училиште, но и обврска да пишувам домашни задачи и да учам - Обврска да не ги вознемирувам моите соседи со пуштање гласна музика, тропање, скокање, но и право да не бидам вознемируван - Да се грижам за моите работи Одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да знае да ги почитува помалите и да знае дека Јас и другите/ Јас со другите треба да помага Запознавање на - да развива чувство за толеранција и доверба околината* Македонски јазик да решава елементарни конфликти со помош на I возрасните Моето училиште/ Моето училиште (прво одд.) *(меѓупредметна - да учествува во донесување и примена на и содржинска правила во училницата и училиштето интеграција)

Активности

Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен дел Македонски јазик Техника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. ЗО: симулации, драматизации, игри на улоги, социјални игри (за доверба, за толеранција) Разговор за тоа што ќе биде ако не се почитуваат правилата. Разговор за тоа што е правично, а што не во игрите и активностите и зошто не треба да се биде неправичен. Завршен дел: техника Сложувалка.3 Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1Игра: Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават

десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да истрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња.

2Чекор

1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата. Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Проверете дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот. Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери. Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани кои се поврзани со темата.

3Групна

активност Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба добро да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по хронолошки редослед.

4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја значи

дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

29


Одделение

Наставен предмет

Одделение

Наставен предмет

Наставна тема/содржина Општа цел: - да ги почитува сообраќајните знаци во реални Запознавање на ситуации околината* - да ги запознава правилата за однесување во Сообраќај/ Сообраќајни знаци II Македонски јазик училиштето Животот и работата во училиштето/ (второ одд.) *(меѓупредметна - да го разбира значењето на зборовите Животот и работата во училиштето и содржинска одговорност и праведност интеграција) Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: техника Квадранти. (Прилог 1). ЗО: Набљудување и идентификување на сообраќајни знаци на слики, слајдови, макети, филмови и друго. Цртање, Активности моделирање и изработка на сообраќајни знаци од разни материјали. Разговор за нивните работни обврски, зошто е важна нивната работа, како соработуваат меѓу себе. Игри на улоги. Работилници за одговорност, праведност, приватност. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

III (трето одд.)

Активности

Наставни цели

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да спознава дека луѓето кои живеат и работат заедно стапуваат во одредени Запознавање на меѓусебни односи (љубов, почитување, Јас со другите и другите со мене/ околината* грижа, доверба пријателство, соработка); Јас и ти, ние и вие; Македонски јазик - да го спознава значењето на важноста за Моите права и должности *(меѓупредметна меѓусебното разбирање; и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“5. За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2). ЗО: организирање работилница на тема: „Чувај го другарството“ со користење на Т- табела, изработка на петоред на поимот другарство. ИКТ- Конвенција за правата на децата Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченици Чекор 2 - учениците ги редат лентите по редослед Чекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас, ако сакаат да го поправат редоследот дозволете им да го направат тоа.

30


Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да го разбира значењето на соседите во животот; Општество* IV Македонски јазик* - да се поттикнува и воспитува за добрососедски односи; Живеалишта и населби/ Соседство и (четврто одд.) (меѓупредметна - да ги почитува правилата на соживот, соседите соседски односи и содржинска и пријателите; интеграција) Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли. Активности Општество: опис на соседството (вежба за устено изразување); читање на бонтон - извадоци за убаво однесување на соседите заедно со нивна практична примена и искажување на учениците за реални ситуации кога тие убаво/ неубаво се однесувале со соседите. Развивање дискусија за секој пример во однос на прашањата: Дали од таквото однесување некој бил пријатно изненаден или навреден, како се чувствувале тогаш, што направиле за да ја поправат ситуацијата или каква била придобивката од убавото однесување. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).

Одделение

Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Личноста во групата и во општеството/ Општество* Правила на однесување во средината и Македонски јазик* да ги почитува донесените правила на однесување во средината исполнување на должностите (меѓупредметна Напомена: се реализира процесот на целна и содржинска интеграција интеграција) Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.6 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли. Општество: работилница за изработка на пароли за убаво однесување во општествената средина. (Пр. Одржувај ја хигиената во училницата и чувај го инвентарот, Навреме доаѓај на училиште, Биди верен другар и добар пријател, Не фрлај отпадоци, не ги корни дрвцата, одржувај го зеленилото, Помагај им на старите и болните луѓе, Не навредувај никого, Однесувај се така како што сакаш другите да се однесуваат со тебе и сл.). Истите да бидат поставени на видно место во училиштето и училишниот двор. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

V (петто одд.)

Активности

6Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки” се запишува насловот, авторот - Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина - На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/даваат свое видување за цитатот (порака на авторот)

31


ПРИЛОЗИ Прилог 1. Квадранти

Цртеж

Чувства

Звуци

Врска со живототот

Прилог 2. Вокабулар во четири агли

32

Нов збор

Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица

Илустрација на зборот


Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Бендот на Петко“

Кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Каде се одвива приказната?

Главен лик во приказната:

Што важно научив од приказната?

Дали имаше проблем? Кој беше проблемот? Како се реши?

Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗСУ Знам (Што мислам дека знам?)

Сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

33


Издавач: OXO Илинденска 43/10 Скопје тел: 02 3222303 www.oxo.org.mk e-mail: oxo@oxo.org.mk За издавачот: Пеце Талески Автор на текст: Илина Јакимовска Илустрации: Тхе Мичо Лектура: Билјана Петревска Малинова Автор на методолошки дел: Снежана Мирасчиева Рецензент: Весна Хорватовиќ Уредник: Ана Дескова Техничка подготовка: Катерина Николовска

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-93-34(084.11) 316.62(084.11) ЈАКИМОВСКА, Илина Бендот на Петко / автор Илина Јакимовска ; илустрација Тхе Мичо ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 36 стр. : илустр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви" ISBN 978-608-4645-26-9 1. Мирасчиева, Снежана [автор] а) Општествена култура - Сликовници COBISS.MK-ID 96415754

Поддржано од:

Сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014


Други сликовници од проектот:

„Бендот на Петко” Автор: Илина Јакимовска Илустрација: Тхе Мичо

„Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Автор: Билјана Петревска Малинова Илустрација: Тхе Мичо

„волшебната комета” Автор: Николина Андова Шопова Илустрација: Катерина Николовска

„Голманот риско” Автор: Александар Прокопиев Илустрација: Марјан Димиќ

„приказната за ото, ото и ото” Автор: Бистра Георгиева Илустрација: Моника Каретеро


Бендот на Петко  

Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и на...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you