Den 29 Septemvri

Page 18

18 ДЕН НИЗ БИБЛИСКАТА ЗЕМЈА

redakcija@den.mk

Од височини

В

Душко ШАРЕВСКИ

ечниот мотив за убавото што ме опкружува во Националниот парк „Маврово“ долги години наназад, за мене беше и остана трајна инспирација во зависност од годишното време и од желбата да се биде на просторот што ме опкружува и исполнува, со она што го носи мигот, часот, денот, таму каде што ќе се затекнеш. Околу Мавровско Езеро, на падините на питомата Бистра, на јужните

недогледни висорамнини и масивите на Шара, од Луково Поле до Штировичка Планина, гигантите Кораб, Дешат и Крчин, преку цветните килими на Божина Планина, по течението од изворот на македонската убавица, реката Радика, низ клисурата длабока и тесна, исполнета со контрасти, во пределот на Сенечки красти, преку недопреното Острво, до спојот со единствената Мала Река и бисерите под Мијачијата.

Националниот парк „Маврово“ се простира на 73.088 хектари и е најголем меѓу трите национални паркови во Македонија. За национален парк е прогласен во 1949 година. Во границите на паркот се опфатени планините Кораб и Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во состав на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро. Во 37-те населени места во НПМ живеат вкупно 8.618 жители. Со 11,9 жители на km2 оваа територија во целина е една од најретко населените во Македонија.

Пред првпат да се искачам на највисокиот врв во Македонија, не можев да ја почувствувам легендата за настанувањето на името на гордиот император Кораб, која народот ја пренесува од колено на колено со многу почит, љубов, верба и со благодарност на Господ што ги обдарил овие простори со рајска убавина. Работите ми се избистрија кога за првпат со погледот ја опфатив библиската земја Македонија од врвот на овој колос. Топонимот Кораб потекнува од старословенскиот јазик и означува брод - корито. Легендата вели дека за време на библискиот потоп, коработ на дедо Ное (неговата арка), пловел над овие простори над денешниве планински масиви на Шара, Бистра, Дешат и Кораб, исполнети со 54 врвови повисоки од 2.000 метри надморска височина. На своето митско патешествие, запрел на повисокиот дел од расчаталениот врв на планината Дешат, закачил со трупот на карпите и закрцкал при допирот. Легендата си го сторила своето, па така овој врв го добил името Крчин. Арката не запрела, ами продолжила со своето патешествие по ’рбетот на библиската земја, по територијата благословена од севишниот. Ноевиот ковчег застанал на највисокиот врв од овој легендарен масив. Тој веднаш го добил и денешното име Кораб, планинска гордост на Македонија со

надморска височина од 2.764 метри. Свесен сум дека естетиката нема димензии кои можат да се дадат во еден момент, во еден здив, застанувајќи пред овие небески простори пред Корапска врата на надморска височина од 2.475 метри, пред остро засечениот премин, меѓу двата шилести камени заба кои високо исправени наликуваат на алпски игли. Тоа е простор што ја исполнува душата со разиграни чувства на добронамерникот и на вљубеникот во природата. Гледајќи молкум во волшебната убавина од прекрасните јужни падини на Шара, од Кракорница, Богдево или Бродец, со поглед во острите гребени на Кораб, тој како да се слива во бескрајната симфонија на тишината и на зајдисонцето, каде што мислата застанува, потонува, се губи. Во рамките на оваа слика душата бара да го издвои убавото од поубавото, да ги разоткрие убавините почувствувани во утрото или квечерината на денот. Ова е просторот што нема да ве остави рамнодушни. Зарем ќе останете рамнодушни под раскрилените жуборни води на највисокиот, 136-метарски водопад во Македонија, од Цигански премин на 2.443, до Кепи бари на 2.505 метри , на извориштето на Длабока Река, значи да се најдеш во амфитеатар од мразулци, од мразни сталактити и сталагмити кои потсетуваат на џиновски оргули. Простор длабок и стрм истреплетен со камени реки, лавини, простор исполнет со темнозелена боја, сива магла, низ која пробиваат блесоците на огромните бело-црвени моренски блокови од варовниците под


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.