Den 09 Januari

Page 1

МОЗАИК

НА 25 ЈАНУАРИ ПРОМОЦИЈА НА „НАЈДОБРОТО ОД ТОШЕ“

24-25

1 5 денари

www.den.mk

МОНОПОЛ НА ЦРКОВНИТЕ РЕКВИЗИТИ

7o

Среда 9јануари 2013, година 1, број 229

Клетва врз „нечистите“свеќи

СДСМ СО КОМПРОМИС ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

ТРАЈКО НАДВОР, ОПОЗИЦИЈАТА ВНАТРЕ 5

ПРОДОЛЖУВА ФИНАНСИСКАТА КЛАЦКАЛКА

Земи заем да вратиш заем 10-11

Маја на пат да ја освои Турција

24


2

ВЕСТИ

Среда, 9 јануари 2013 година

Северни вардарци КОМЕНТАР

Игор ЧАВЕСКИ По една година пауза, посредникот Метју Нимиц, кој сè повеќе размислува за пензија отколку за посредништво, повторно е во регионот. Теренот - познат, ликовите - уште попознати, кој од кој потврд во своите позиции со кои најлесно се палат националистичките огнови, особено пред избори. Во овој момент изборите се далеку и во Скопје и во Атина. Во Скопје, додуша, се подготвуваат избори, но оние локалните, на кои не се прават големи математики. Грчките власти, пак, си имаат други гајлиња, а тоа е како редовно да стигнува помошта од Брисел за да може да се исплаќаат плати и пензии. Во спротивно, отиде сè по ѓаволите. Во таква ситуација, на грчкиот премиер Андонис Самарас ни на крај памет не му е да го решава спорот со соседната држава за која не така одамна предвидуваше дека бргу ќе се распадне. За негова несреќа, а за наша среќа, тоа не се оствари, па Самарас, сакал - не сакал, мора да преговара. Негова предност е што Грција е веќе внатре, таму каде што Македонија допрва треба да влезе, па може да поставува

услови, кои, рака на срце, се граничат со диктат. На сите ни е јасно дека Грција е посилната страна во преговорите, но и покрај тоа ние не треба да свиткаме ’рбет како што бараат некои овдешни политичари. Она што државниот врв мора да го направи е да извлече една таква ситуација од преговорите во која двете страни по нешто ќе дадат, но и нема да се чувствуваат поразени. За Македонија победа би била зачувување на сè што е „македонско“ во идентитетските прашања, кога се работи за именувањето на јазикот и на нацијата. За Грција, пак, победа би било доколку успее да ни кумува за ново име кое ќе треба да ја замени референцата ФИРОМ во сите меѓународни организации. Помалку е важно дали тоа ќе биде „Северна“, „Горна“ или, пак, „Вардарска“. Главната болка и на Самарас и на Груевски е како тоа да го спакуваат и да го „продадат“ пред својата јавност, а да не бидат прогласени за предавници. И на двајцата им е совршено јасно дека и обландата има рок на траење и може да има горчлив вкус ако не ја изедеш навреме.

ГРЦИЈА ДОЗВОЛУВА ПОШТА АДРЕСИРАНА ДО МАКЕДОНИЈА? Иако, како што е познато, државните органи и служби во Грција не дозволуваат употреба на името Македонија кога е во прашање нашата земја, се чини дека за грчката пошта ваквите предрасуди се минато. Интернет-порталот „Кирилица“ од свој читател доби фотографија од новогодишна честитка со која компанија од Грција му ги честита празниците, а притоа во адресата е наведено дека писмото

треба да патува до Македонија. Порано ваквите поштенски пратки во најголемиот број случаи не пристигнуваа до наведената дестинација ако во адресата не пишувало ФИРОМ или барем само Скопје. Се чини дека секојдневниот живот, потребите и согледувањето на можностите за соработка ги оставија политичарите сами да се занимаваат со наметнатиот проблем за името.

ВО ФРАНЦИЈА, ВЕЧЕРА ЗА МИНИСТРИ КОИ НЕ СЛУЖАТ ЗА НИШТО Францускиот премиер Жан-Марк Еро одлучил да ги покани на вечера министрите кои, според неделникот „Маријан“, не слу желе за ништо, пренесува МИА од Париз. Според пишувањето на француските медиуми, станува збор за неколку министри и државни секретари: Силвија Пине, ресорен министер за занаетчиство, Гијом Гаро за прехранбена

индустрија, Франсоа Лами за локална самоуправа и градови, Кадер Ариф, министер за воени ветерани, Мишел Делоне, за стари лица, Жор-По Ланжеван за образовен успех, Тјери Репентан, министер за професионална обука, Елен Конвеј, кој го покрива секторот за Французите во странство и Ѕамина Бенгиги од ресорот за франкофонија.

ТАНКЕР УДРИ ВО МОСТ ВО САН ФРАНЦИСКО

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Комерцијална банка, жиро-сметка 300000003481075 Стопанска банка, жиро-сметка 200002486378003 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Танкер за превоз на нафта удри во кула на познатиот Беј бриџ во американскиот град Сан Франциско, но, за среќа, не се излеала нафта во заливот. Танкерот пловел под знамето на Маршаловите Острови и за време

на несреќата немало големо количество сурова нафта. Во сличен инцидент во 2007 година од танкер кој удрил во истиот мост се излеале повеќе од 200.000 литри нафта. Тогаш причина за несреќата била густата магла.


ВЕСТИ

Среда, 9 јануари 2013 година

3

АКЦИЈА НА МВР ЗА АПСЕЊЕ ДИЛЕРИ НА ДРОГА ски државјани. Кај нас случајот е познат и како „Франкфуртска мафија“, а скопскиот Основен суд во јуни минатата година им изрече и затворски казни на 29 Македонци вмешани во шверцот со дрога во Германија и во Австрија. Највисока казна му беше изречена на Спасе Димовски, познат како Ајдукот, кој важеше за водач на таканаречената „Франкфуртска мафија“. Тој беше осуден на казна затвор од 13 години. Неговиот син Томе доби десет години затвор, а Зоран Манасков, познат како Скршениот, беше осуден на 11 години затвор. Останатите обвинети добија помали казни. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска најави дека кога ќе завршат сите претреси и ќе бидат обезбедени сите лица по кои се трага, МВР ќе излезе со детални информации.

Десетина лица биле уапсени во полициските акции што во текот на вчерашниот ден МВР заедно со австриската полиција ги спроведуваше во неколку скопски села и низ целата земја за лишување од слобода лица вмешани во кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога. Истовремено на граничниот премин Меџитлија кај Битола биле пронајдени и запленети околу 350 килограми марихуана. Полицијата не соопшти повеќе детали за акцијата. Најверојатно станува збор за продолжение на акцијата „Диригент“ за разбивање организирана мрежа на трговија со дрога која почна во 2010 година во Австрија и во Германија. Во акцијата досега биле спроведени повеќе апсења во Австрија, Германија и во Македонија, каде што од слобода се лишени околу 400 лица, од кои 29 македон-

РУСИЈА ЈА ЗАБАВУВА ЦРНА ГОРА НА ПАТОТ КОН НАТО Официјална Москва ќе направи сè за да го забави или запре влезот на Подгорица во НАТО. Претставникот на алијансата, Саво Кентер, смета дека Црна Гора треба да се спротивстави на ваквите настојувања на Русија. Според него, во минатото Москва повикуваше Подгорица тоа да не го прави бидејќи ќе се нарушат пријателските билатерални односи. Досега руското влијание, главно, е во областа на инвестициите, од кои повеќето беа неуспешни. - Сега Подгорица се наоѓа под политички притисок од руското министерство за одбрана - вели Кентер. Тој додава дека за Црна Гора е важно да преземе правилни активности и да одговори на вистински начин.

ВАТИКАН ЗАГРИЖЕН ПОРАДИ РАДИКАЛНИОТ ИСЛАМИЗАМ ВО АЛБАНИЈА Католичката црква изразува загриженост од начинот на кој продира радикалниот исламизам во Албанија, се наведува во извештајот на Светиот стол. Монсињор Ангело Масафра од епархијата во северниот албански град Скадар, како што пренесува МИА, поднел детален извештај на фондацијата АЦР, која е финансиски донатор на католичкото свештенство. - Според направените согледувања, исламскиот радикализам ја вознемирува и самата муслиманска заедница. Има големи финансии од Саудиска Арабија и од

Турција, која по „еден век повторно се врати на Балканот“ - стои во написот. Илир Куља, поранешен прв човек на Асоцијацијата на верските заедници, смета дека последниот попис на населението во Албанија е уште еден начин повеќе да се забрза радикализмот. Според него, новиот исламски Универзитет, отворен со одлука на Владата во Тирана, ќе служи за собирање на младите муслимани, за да немаат потреба да одат да се школуваат на друго место и да се асимилираат со туѓа догма.


4

АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

ПОСРЕДНИКОТ ЌЕ БИДЕ ПРИМЕН САМО ОД ШЕФОТ НА ДИПЛОМАТИЈАТА

Самарас и Папуљас немаат време за Нимиц

Медиумите во Грција шпекулираат дека Нимиц на маса ќе го врати предлогот „Република Северна Македонија“, а не е исклучено тоа да биде и „Вардарска“

Н

Игор ЧАВЕСКИ

ов предлог или реактивирање на старите, се очекувањата од денешната средба на посредникот Метју Нимиц со министерот за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос, во Атина. По една година посредникот е повторно во посета на регионот во обид да ги придвижи разговорите кај двете страни и да оцени какви се шансите наскоро да дојде до решение. Ако се имаат предвид тврдите ставови на раководствата во Скопје и во Атина, тешко може да се очекува напредок, особено по прашањата за кои и двете страни не оставаат простор за напредок. За Грција црвената линија останува понудениот меморандум за соработка во кој главното барање е решението кое ќе се договори да биде за севкупна употреба. Македонија, пак, не се согласува со таквиот став и смета дека новото име треба да биде за меѓународна употреба, додека, пак, на државите кои нè имаат признаено под уставно име треба да им се остави така да нè ословуваат и во иднина. По сè изгледа дека копјата ќе се кршат околу т.н. идентитетски прашања, за кои македонскиот државен врв не остава простор за разговор и кои во ниту еден случај не може да бидат

предмет на преговори. Нимиц денеска ќе биде примен единствено од ше фот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, кој нагласи дека неговата земја сака реше-

ние кое ќе ги задоволи основните национални позиции, со почитување на историјата и на културата на сите и кое ќе ги зајакне регионалната стабилност и безбедно ста.

Министерот на Нимиц ќе му посочи дека евроатланската иднина на соседната држава зависи од билатералниот спор и ќе потсети на заклучоците на Советот на министри на ЕУ кои беа децидни дека за да се почнат пристапните преговори, треба прво да се решат сите отворени прашања за добрососедските односи, а во случајот на Скопје тоа е изнаоѓање решение за прашањето за името. Медиумите во Грција, пак, продолжуваат со шпекулациите за предлозите што ќе ги стави на маса Нимиц. Речиси е сигурно дека во игра ќе биде вратен предлогот „Република Северна Македонија“, кој првпат се споменуваше како можно решение уште во 2009 година. Во основа, македонските власти не би имале против овој предлог, но само доколку географската одредница, во случајот „Северна“, биде пред терминот „Република“. Другиот предлог би можел да биде и „Вардарска“, но малку е веројатно дека тоа ќе помине кај раководството во Скопје. По средбите во Атина, Нимиц утре ќе допатува во Скопје. За разлика од студениот прием кој ќе го има во Грција, овде тој ќе биде примен од највисокото државно раководство. Посредникот ќе има одделни средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со шефот на дипломатијата, Никола Попоски, на кои ќе присуствува и преговарачот Зоран Јолевски. Државниот врв е молчелив пред најавената по сета на по средникот и оттаму стигнуваат единствено информациите дека очекуваат Нимиц со својот ангажман сериозно да влијае разговорите да бидат суштински, а не како до сега, само формални.


АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

5

СДСМ СО КОМПРОМИС ЗА ИЗЛЕЗОТ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

Спикерот надвор, опозицијата назад во парламентот Тони АНГЕЛОВСКИ

С

ДСМ на вонредна седница на Централниот одбор, на која присуствуваа и веќе официјализираните кандидати за градоначалници, синоќа ги формулираше условите под кои би учествувала на претстојните локални избори, а конкретните заклучоци ќе бидат соопштени дене ска на прес-конференција. Високи функционери на партијата претходно веќе објавија дека партијата нема да учествува на изборите, но синоќа требаше и официјално да се донесе одлука за тоа дали воопшто ќе се оди на избори и под кои услови би се направило тоа. Ниту еден од партиските функционери вчера не сакаше да зборува конкретно за барањата кои ќе ги испорача опозицијата, иако претходно веќе беше испорачано барањето за техничка влада која би ги спровела изборите. Опозицијата во претходниот период побара независна контрола врз МВР, усвојување на забелешките на

Смената на Трајко Вељаноски би можела да биде најприфатливиот начин за враќање на опозицијата во Собранието и за нејзино учество на локалните избори

ОБСЕ и на ОДИХР од извештајот за последните парламентарни избори, како и рамноправен пристап до медиумите, но за владејачкото мнозинство овие барања се неприфатливи. Според нашите информации, едно од барањата кое би можело да биде значаен чекор кон враќање на опозицијата во парламентот и учество на локалните избори е смената на спикерот Трајко Вељано ски, но нема официјална потврда за тоа. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, за „Ден“ единствено најави дека партијата со формулирањето на барањата ќе направи чекор кој би требало да придоне се за нормализација на работите, но дека од власта зависи дали тоа и ќе се случи. - Јас не можам да зборувам во име на Централниот одбор. Ќе имаме поопширна дебата и

на крај ќе доне семе заклучоци, односно барања кои би требало да бидат чекор на приближување. Па, и самото тоа што формулираме барања е на некој начин чекор на приближување. Ние сме за норма лизирање на со стојбите во земјава. Сега се ненормални услови. И овие барања ќе бидат во функција на норма лизирање на државата. Но, тоа зависи од власта - вели Заев. Централниот одбор на партијата синоќа требаше да заседава од 19 часот, веднаш по проте стот на опозицијата која од 18 до 19 часот ги блокира улиците во централното градско подрачје. Непо средно пред седницата на ЦО на СДСМ, власта, пак, преку Демократ скиот сојуз, кој е дел од владејачката коалиција, понуди организирање на лидерска средба за над-

минување на политичката криза преку дијалог. - Сите лидери и партии мора да преземат дел од одговорно ста за надминување на предизвиците со кои се соочуваме. Иднината на нашата држава зависи од тоа дали имаме капацитет, но и од политичката зрелост, одговорност и разумност да ги разрешуваме стратегиските проблеми пред кои сме исправени. Политичкиот дија лог е неопходен за да продолжи со работа законодавниот дом во полн со став, да се де финираат приоритетите за обезбедување одржлив економски развој и макроекономска стабилност, да се усвои стратегија за деблокирање на евроинтеграциските проце си, јакнење на демократските институции и слобода на говорот, да се усвои заедничка платформа за надминување на спорот со Република Грција, да се доне се програма за приоритетите поврзани со националната безбедност и борбата против организираниот криминал - порачаа вчера од Демократ скиот сојуз.


6

АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

СРБИЈА (ЌЕ) БРЗА КОН ЕВРОПА, КОСОВО ОСТАВЕНО НА ПЛАТФОРМА

Принципите познати, остануваат нијансите

Во отсуство на некои покрупни геополитички изместувања, економски „издишаната“ Србија мора да забрза по европската патека, па платформата, всушност, претставува нејзина „лебедова песна“ за Косово...

Н

Стојан СИНАДИНОВ

ајавата за денешната заедничка седница на владата и претседателот на Србија, на која се очекува изјаснување за платформата за Ко сово и усвојување на резолуцијата, која потоа оди во српскиот парламент, е новата агенда со која Србија треба да се определи за интензитетот на нејзините евроинтеграции. До вчера српските медиуми имаа многу прашалници за тоа дали текстот за резолуцијата ќе има повикувања на платформата за Косово и дали тој документ ќе има анекс со образложувања. Како што велат аналитичарите, најверојатно ќе се оди на предлог-пакет за решавање на српско-ко совскиот меѓународен спор, кој по многу технички детали би наликувал за македонско-грчкиот околу името. Значи, српско прифаќање на базичните услови од меѓународната заедница за понатамошни исчекорувања во евроинтеграциите, а конечното решение би било оставено за понатаму, за некои нови генерации. Во тоа светло може да се толкува и оценката на српскиот

претседател Томислав Николиќ, во чиј кабинет до последен момент се доработувала платформата на државните тела. Платформата е она што Србија може денес да го оствари. Над тоа очигледно не може, а под тоа не смее ако имаме чест и до стоинство – изјави Николиќ. Ре золуцијата се со стои од пет главни точки, кои ги содржат српските ставови за непризнавање на независно ста на Ко сово, продолжување на дијалогот со Приштина по принципот дека секој напредок во него треба да биде следен и со напредок на Србија во евроинтеграциите, решавање на статусот на северот на Ко сово, по себни гаранции за индивидуалните и колективните права за Србите кои живеат јужно од реката Ибар, која ја дели Митровица на северен (српски) и јужен дел, прашањата за имотот на државата Србија на територијата на Ко сово. Дека

долгонајавуваната ре золуција за Ко сово е само почеток на долг процес, говори и ставот на српскиот премиер Дачиќ, за кого ре золуцијата е листа на принципи за преговори со ко совските Албанци, па затоа од текстот се исфрлени ултимативните реченици во стилот „Ништо не е договорено додека не се договори сè“, за прекин на техничкиот дија лог, како и

споменувањето на каталонскиот модел на автономија на Ко сово во рамките на Србија. Веќе е извесно дека српската политика и годинава (ќе) се обидува да се одржи во долгогодиш ната прок ла ми ра на поли ти ка „И Евро па и Ко со во“, но со различни бр зини. Секако дека би побр за ла на патот кон Европа, за разлика од решавање то на спо рот со не за вис но -


АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

7

Западен Балкан повторно со визи

ста на Ко сово. Во тој политички дуализам, одвреме-навреме, очекувани се појавите на секогаш „но ви“ идеи за ре ша ва ње на ме ѓу на род ни от статус на Ко сово, но сè повеќе ќе станува јасно дека се повеќе за внатреш на поли тич ка употре ба, отколку релевантни за фактички ме ѓу на род но приз на е ното Ко со во од 2008 годи на. Та ка, по бел ги ски те и ката лон ски те моде ли се га на сце на е и не формал ни от пред лог за фран цу ско-герман ски от уста вен модел на унитарна децентрализи ра на др жа ва со су штин ска автономија, во која централната власт вр ши са мо суп си ди јарни надлежно сти (граѓаните да би дат што побли ску до механизмите со кои се но сат одлуките). Но, наспроти познатата „ко совска болка“ во Србија стојат економските параметри на земјата во регионот. Белградскиот економист Дејан Јововиќ во сумирањето на ефектите од влезот на Србија во ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија) заедно со уште 8 земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрват ска, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Романија – и УНМИК/Ко сово на крајот на 2006 година забележува трипати зголемена трговија на Србија во регионот. Без разлика што набргу од ЦЕФТА излегоа Бугарија и Романија заради полноправното членство во ЕУ (како што ќе се случи и со Хрватска годинава), токму регионот, и покрај економската криза, à овозможу-

ва на Србија суфицит во трговската размена. Така, на пазарот на земјите од ЦЕФТА Србија реализира 30 проценти од нејзиниот вкупен извоз, и околу 8 од увозот. Или, во апсолутни бројки, во 2011 година српскиот извоз на пазарите на членките на ЦЕФТА изне сувал 3,2 милијарди долари, а увозот 1,7 милијарди долари. До минатата година членките на ЦЕФТА во Србија инве стирале нешто повеќе од 600 милиони евра, додека Србија во обратниот правец инве стирала повеќе од 1,1 милијарди евра. Не само заради фактот што пазарот на ЦЕФТА брои околу 30 милиони жители и, конкретно за Србија, е нејзин втор најзначаен пазар по ЕУ, регионот во услови на свет ска економска криза е најголемата шанса за раст на српскиот извоз. Но, овие бројки, колку и да изгледаат респектабилни од лока лен аспект, сепак на Србија à овозможуваат само економско преживување на минимум, како, впрочем, и на останатите земји во регионот. Во отсуство на некои покрупни геополитички изме стувања, економски „издишаната“ Србија мора да забрза по европската патека. И актуелната пресметката со корупцијата и со домашните моќници се толкува во тоа светло. Затоа за поголемиот број ана литичари, платформата на Србија, иако е предводена со десничарско државно раководство, всушност прет ставува нејзина „лебедова песна“ за Ко сово...

Eвропските медиуми пишуваат дека Комитетот за правда и граѓански работи в четврток ќе гласа за воведување безвизен заштитен механизам за земјите од западен Балкан. Ако се одобри предлогот за безвизниот заштитен механизам, ќе се воведат привремени мерки за укинување на безвизниот режим за земјите од западен Балкан. - Слушаме многу критики од европските држави, особено во последните пет или шест ме сеци, дека безвизниот режим за сите граѓани на земјите од западен Балкан сериозно се злоупотребува –

изјави изве стувачот за Европскиот парламент, Тања Фајон, додавајќи дека бројките биле загрижувачки. Фајон информира дека случаите на лажни баратели на азил е зголемен за повеќе од 60 проценти во однос на минатата година. Одлуката на Брисел ги засега граѓаните на Македонија, Србија, БИХ и на Албанија.

„Разбуди се“ бара двојазичност во градските автобуси

Граѓанското движење „Разбуди се“ ќе поднесе тужби до сите институции кои не го почитуваат законот за употреба на албанскиот јазик и не користат двојазичност, а прво ќе биде претпријатието ЈСП „Скопје“ бидејќи не го употребува албанскиот јазик. Граѓанското движење „Разбуди се“ ќе ги детектира сите институции и нивни водачи кои одбиваат да го употребат албанскиот јазик и покрај фактот што се законски обврзани, рекоа од здружението. Законот и Уставот предвидуваат санкции за институци-

ите и за нивните први луѓе доколку не ги исполнуваат законските одредби и затоа очекуваат Обвинителството да преземе мерки. - Меѓуетничките односи се столб на ова општество и Охридскиот договор стана дел од Уставот, но примерите на одбивност да се прифати новата реалност во Македонија, укажуваат дека сè уште има индивидуи со нереформиран ум. За среќа, Законот предвидува и санкции во случај истиот да не се почитува од институциите или функционерите - рекоа од „Разбуди се“.


8

АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

КОЧАНСКИ СВЕШТЕНИК СВЕЌИТЕ ГИ НАРЕКУВАЛ НЕЧИСТИ И ГАДНИ

Протојереј-ставрофор, реформатор Вангел СОТИРОВСКИ

П

омина еден од најголемите христијански празници, рождеството Христово, Божик. Во сите градови, верниците, оставајќи ги сите маки настрана, го чекаат овој празник и ги трошат последните средства за што подо стоинствено да го прослават, да не се засрамат пред блиските и така со судни маки ја полнат трпезата чекајќи го Богомладенецот да се нахрани од нивната скромна понуда. Но, колку овој празник за некого може да биде голем и радо сен, за некого може да остане во многу непријатни сеќавања токму од навредите на тие што треба да ни го приближат Бога, неговите служители, свештениците на Македонската православна црква. Непријатниот момент се случи за време на литургијата во црквата во Кочани. Всушност, тие што малку го познаваат темпераментот на отецот и неговите карактерни особини би се зачудиле. Но, не и парохјаните. Тие добро си го познаваат и ништо од него не може да ги изненади и зачуди. Отецот е релативно млад, има 48 години и не е обичен поп, туку протојереј-ставрофор, одликуван со право на но сење граден крст во 2005 година од митрополитот Агатангел. Значи, не станува збор за обичен селски поп. Овој свештеник е миленик на митрополитот Агатангел. Тоа што ги револтира верниците на литургијата во Кочани беше тоа што во една пригода од бе седата отецот почна со до ста радикални остри критики против сите што продава ле „нечисти, гадни“ свеќи по пазарите, а се надоврза и на продавачите на бадникови дабови гранчиња, при што се дрзна преподобниот отец на МПЦ сите нив да ги нарече неверници, атеисти, комунисти. Потоа тој почна да анализира во негов препознатлив стил дека токму продавачите на свеќи не биле

верници и не го по сетувале храмот, црквата и тој никогаш не ги видел да запалат свеќи, макар и од „нивните“. Не биле до стојни да се наречат христијани бидејќи продава ле „гадни, гнасни“ свеќи, божем нео светени. Слично говореше и за продавачите на дабови гранчиња, при што истакна дека лично тој видел дека двајца-тројца продавачи вчера на пазарчето продава ле „гадни дрвца“, нео светени. Тоа бил непростлив голем грев... Во Кочани има луѓе, невработени, стечајци, сиромаси, кои, за да преживеат, продаваат и свеќи и гранчиња, а свештеникот на МПЦ фрли анатема токму на тие луѓе, кои, за да му се доближат на бога, подготвени се да работат и работи што можеби никогаш не ги работеле во својот живот и тоа на овие ниски температури, на улица, за парче леб. Апелот од страна на свештеникот упатен до стотина верници во црквата да не купуваат свеќи и дрвца и самиот презир што го искажа кон „ди-

вите“ продавачи, ја прели чашата на толеранција на верниците. Тие ова го оценуваат како др зок, безобразен гест на ширење меѓучовечка омраза, дискриминација и уште една поделба меѓу народот македонски. Ова не му е првпат на свештеникот. Неколкупати ги критикувал и Јеховините сведоци. Ваквата реторика и ваквите поделби и делење на духовното стадо à се доволно познати на пошироката јавност. Со вакви настапи на свештеник од МПЦ-ОА длабоко се повредуваат верските, човечките чувства на многумина православни христијани, пред сè Македонци. Според ваквата верска фанатичност и реторика, одне сувањето на еден свештеник на МПЦ-ОА прави длабок рез во ткивото на македонскиот народ и директна повреда на верските чувства. Ако со таков аршин и такви мерки се по стапува со браќата православни христијани, како овој поп и владиците ќе по стапуваат спрема луѓето од другите конфе сии, се-

кти во нашата земја, кои, сепак, се луѓе, пред сè, и граѓани на Македонија. А да не зборувам за меѓуверската толерантност и почитување. Сето тоа е само на хартија убаво стокмено, во практика сме сведоци самите. Пример за непочитувањето на другите верски заедници од страна на одделни црковни великодо стојници од монополот МПЦ-ОА е неприсутно ста на владиката Иларион на осветувањето темел-градба на првата Католичката катедрала во Штип пред пет години, потоа вербалните ексце си на штипските гробишта со поповите на Јовановата ПОА. Примери колку сакате. Затоа, конечно да се стави крај на оваа погубна реторика, овој недоличен испад, гест на еден свештеник на МПЦ-ОА, која се смета за наследничка на згаснатата Охридска архиепископија. Поделбите, етикетите, дискриминацијата, игнорантскиот однос од политиката, за жал, се префрлија и во Црквата.


9

АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

ЕКСПЕРТИТЕ ОЛИВИЕР БЛАНШАРД И ДЕНИЕЛ ЛЕЈТ ПРИЗНАВААТ

Штедењето беше погрешна процена

В

одечките економисти на ММФ, Оливиер Бланшард и Дениел Лејт, изработија работен извештај под наслов „Грешки во прогнозите на растот и фискалните мултипликатори“, во кој ги резимираат сопствените грешки во прогнозите за ефектот на мерките за штедење во европските економии. Новиот документ со математички формули покажува дека прогнозите биле погрешни кога се пресметувал ефектот на острите кастрења и штедење во земјите како што се Грција, Португалија и Шпанија, прене -

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

сува хрватската телевизија РТЛ. - Сметаме дека во напредните економии по силно планираната фискалната консолидација била проследена со понизок раст од очекуваното, со тоа што тој однос беше по себно изразен, статистички и економски, во почетокот на кризата. Прогнозите значајно ги потцениле растот на невработено ста и падот на домашната потрошувачка повр зана со фискалната консолидација - пишува во извештајот. Иако во почетокот на извештајот се истакнува дека тој не ги изразува официјалните ста-

ФУНТА

ФРАНК

ДОЛАР

4 ЈАНУАРИ 2013 ГОДИНА

НБРМ

61,5

75,8

50.8

47,2

продажен

61,6

75,7

51,5

47,6

куповен

61,3

74,8

50,0

46,1

Менувачници

вови на ММФ, тешко е во него да не се препознае потписот на Меѓународниот монетарен фонд кој со Европската Унија и со Европската централна банка заговараа остри мерки на штедење. Од останатите две институции засега сè уште нема индикации за тоа дека договорената програма на штедење би требало или да забави или да се модифицира. ММФ сега и официјално советува помали буџетски штедења заради непредвидливиот постојан раст на невработеноста и немањето економскиот раст. Португалија, која во 2011 го-

дина мораше да побара помош за откуп на долг од ММФ, сега бара ревизија на наметнатите мерки за штедење. Поточно, тамошниот суд веќе прогласи за противуставни низа мерки за штедење. Пред третата по ред година на реце сија, стапката на невработеност се искачи на 17 отсто, а меѓу младите изне сува и до 40 проценти. Бланшард и Лејт предупредуваат дека нивните заклучоци треба да се анализираат, односно да се применат со големо внимание затоа што не по стои еден мултипликатор за сите времиња и за сите земји.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС

ВРЕДНОСТ

ПРОМЕНА

МБИ10

1.771,95

9,25

0,52%

МБИД

1.742,38

0,99

0,06

118,57

0,00

0,00%

ОМБ

ПРОМЕНА ВО %


10

АКТУЕЛНО

Македонија ја исплати еврообврзницата од 183 милиони евра

Македонија вчера ја исплати целосно еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на тој начин се испраќа добар сигнал кон инве ститорите дека Македонија е земја со висок степен на макроекономска стабилност и целосно исполнување на сопствените обврски што, како што рече министерот, е значајно за во иднина кога ќе се пристапи кон пазарот на капитал. - Со исплатата на оваа еврообврзница на краток рок и нивото на државниот долг се намали на 28,5 проценти од БДП. Се разбира, со средствата што ги обезбедивме од Светската банка и со гаранцијата од Свет ска банка, ние ќе ги надоместиме овие средства, односно ќе го вратиме нивото на девизни резерви тогаш кога ќе пристигнат во Македонија - истакна министерот Ставрески. Тој додаде дека Македонија треба да исплати уште

Среда, 9 јануари 2013 година

ДРЖАВАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА НОВИ

Ќе правиме н за да ги врати

Со враќањето на 183 милиони евра, Македонија го намали долгот кон странство, но следи ново задолжување за да се исполнат обврските за плати и пензии

една еврообврзница во 2015 година што е земена во 2005 и очекува да биде исплатена на идентичен начин. За вчерашната аукција на државни записи, министерот истакна дека поминала стандардно и освен исплата на обврски по претходни аукции, ново и различно е што беа запишани средствата во износ од 38 милиони евра од двата пензиски фонда што се исплатија преку еврообврзницата.

С

Ирена ЧАЧКОВА

о 127 милиони евра Владата најави дека ќе се задолжува кај домашните банки и кај фондовите. Дел од експертите сметаат дека ова ново задолжувањето, пред сè, е поради тоа што се ближат изборите. Овие пари се потребни за да се исполни ветувањето кон пензионерите, за зголемување на пензиите. На овој начин Владата сака да манипулира со социјалната група граѓани, велат дел од експертите. - Најлесно е да се манипулира со пензионерите и со социјалната група на граѓани. Погрешно е и тоа што задолжувањето е на домашен пазар, на кој каматните стапки се многу повисоки од оние на меѓународните институции. Потоа, тој трошок ќе падне на товар на идните генерации кои ќе работат за да ги враќаат долговите. Државата по стојано се задолжува за да ги намири оперативните трошоци, платите и пензиите изјави за „Ден“ ана литичарот Висар Адеми. Според профе сорот Михаил Петковски, не станува збор за ново задолжување, туку за ре финансирање. - Државата зема нов кредит за да врати стар долг, а притоа задолжувањето не се зголемува - рече Петковски. Тој смета дека подобро е што задолжувањето е на домашен пазар бидејќи моментално е многу потешко и поскапо да се задолжиме кај меѓународните институции. - Задолжувањето на држава-

та секогаш го надминува она што може да го собере во буџетот од даноците. Многу е важна структурата на буџетот, но во услови на криза многу е тешко да се промени таа структура. Подобро е парите да се искористат за капитални инве стиции, а не за зголемување на пензии. Но, во овие тешки времиња, ако дојде до промена на структурата на буџетот и се намалат пензиите за да се зголемат капиталните инве стиции, ќе се случи она што се случи во Словенија - додаде Петковски. Ана литичарот Адеми вели дека ако државата се задолжува, тие пари треба да се наменат за развој на економијата, а не за зголемување на пензии. - Македонија е земја која има одлична географска положба и треба да се градат патишта и железници, тоа е она што ќе придоне се за развој. Да се поддржат лидерите во секој сектор односно извозно-ориентираните компании, кои можат да доне сат свеж капитал во земјава и да отворат нови работни ме ста. Да се потикне претприемништвото, но не како порано да се развиваат фамилијарни бизниси. Потребно е да се фокусираме на иновации и на светските пазари да излеземе со свои марки. Но, за тоа треба да се смени и системот во образованието. На тој начин државата нема да има потреба да се задолжува, ниту на домашен пазар ниту кај меѓународните институции рече Адеми и додаде дека ако продолжи државата вака да се задолжува, долгот ќе до стигне 60 проценти од БДП, а со тоа


АКТУЕЛНО

Среда, 9 јануари 2013 година

127 МИЛИОНИ ЕВРА

нови долгови име старите

11

ДЗС: Пораст на трошоците за живот во декември Трошоците за живот мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во декември 2012 година, во однос на декември претходната година, бележат пораст од 4,7 проценти, а во однос на ноември 2012 година нема промена, објави Државниот завод за статистика. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во декември 2012, во однос на ноември 2012

година, пораст на индексите е забележан во групите облека и обувки за еден отсто, останати стоки и услуги за 0,6 отсто, мебел, покуќнина и ресторани и хотели за 0,3 проценти, алкохолни пијалоци, тутун и рекреација и култура за 0,2 и здравје за 0,1 проценти. Намалување на индексот на трошоците за животот е забележано во групите храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 и транспорт за 0,1 процент.

Размената со странство лани близу 10 милијарди долари Обемот на стоковната размена со странство од јануари до ноември 2012 година изнесува околу 10 милијарди американски долари, при што вредноста на извозот на стоки од Република Македонија изнесува 3,6 милијарди американски долари, а на увозот 5,8 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,8 отсто. Трговскиот дефицит изнесува 2,2 милијарди американски долари, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, произ-

водите од железо и од челик и на облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија. Во периодот јануари-ноември 2012 година, најголемо учество од 62,5 проценти во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6 проценти. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и со Италија со 47,3 проценти од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.

Рекордна стапка на невработеност во еврозоната

Македонија ќе влезе во црвена зона. Пример можат да ни бидат со седните земји кои тешко се справуваат со големите долгови. Ова е второ задолжување за само неколку недели. Пред Нова година државата се задолжи со 290 милиони евра кај Свет ската банка и кај Дојче банк. Вчера доспеа и еврообвзницата која државата ја издаде

пред повеќе од три години. Вредно ста е во висина од 175 милиони евра со каматна стапка од 9,87 проценти. Македонија врати 183 милиони евра, сума во која се пресметани и каматата за последните шест ме сеци. Еврообврзницата беше откупена од инве ститори од Велика Британија, Швајцарија, Бразил и дел од Австрија, Данска, Германија и од Грција.

Стапката на невработеност во еврозоната порасна во ноември на рекордни 11,8 проценти, покажуваат податоците на европската агенција за статистика „Евростат“. Тоа е пораст oд октомвриските 11,7 отсто, а бројот на невработените во 17 членки на еврозоната во која живеат околу 330 милиони луѓе, сега изнесува 19 милиони, што е за два милиони повеќе во однос на истиот месец во 2011 година, се наведува во извештајот на „Евростат“. Бројот на невработени во Европската Унија, првпат од избивањето на финансиската криза надмина 26 милиони. Шпанија забележа најголема

стапка на невработеност од сите европски земји од 26,6 отсто, што е дури повеќе од Грција. Според податоците на „Евростат“, ноемвриската стапка на невработеност во САД била 7,8 отсто, а во Јапонија 4,1 отсто.


12

СКОПЈЕ

Среда, 9 јануари 2013 година

СЕ БАРА ФИРМА ДА ПОДГОТВИ ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Нови згради наместо дотр во затворот во Шуто Ориза

Д

ел од старите затворски згради во затворот во Шуто Оризари ќе се уриваат, а на нивно ме сто ќе се подигнат современи објекти што ги задоволуваат високите европски критериуми за сме стување на затворениците. Оние згради, пак, кои нема да бидат урнати ќе се реконструираат. Министерството за правда објави оглас за избор на архитектонско биро што ќе ја подготви про ектната документација за изградба и за санирање на објектите во оваа установа. Обемните градежни активно сти ќе се изведуваат врз објекти со површина од 14.800 квадратни метри, додека

ФОТО ВЕСТ

архитектонски про ект со предложени идејни решенија ќе се изработи за целиот комплекс со вкупна површина од 6,45 хектари, прене сува порталот „Билд“. Покрај архитектонско-урбанистичкиот про ект, планирано е да се со стават основни про екти за изградба и за реконструкција на објектите, но и за целата потребна инфраструктура, како што е технолошки проект за кујна, перална и пекарница, про ект за набавка на мебел и на опрема, проект за рушење и за от странување градби, елаборат за заштита на животната средина, за гео-механички истражувања и испитување на теренот и за

Без струја дел од Скопје Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од „ЕВН Македонија“ АД, информира дека денеска од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Букурешка, Париска и Варшавска во општина Карпош. Во периодот од 9 до 15 часот, без

електрична енергија ќе бидат корисниците од улица Призренска, во општина Бутел, од 10 до 13 часот - корисниците од селата Мирковци, Оризари, Глуво, Голиево и Бразда во општина Чучер Сандево и во периодот од 11 до 15 часот корисниците од улица 101 во населба Волково во општина Ѓорче Петров.

Неколку населби без вода поради дефекти

НА ГРОБИШТА ВО КАЛ ДО КОЛЕНА Низ кал и вирови вода мораат да минуваат граѓаните кои сакаат да ги посетат гробовите на блиските закопани во новиот дел на гробиштата во Бутел. Пристапните улички се неуредени, по нив тешко се минува дури и кога дожд последен пат заврнал пред неколку дена. Колку за информација, во овој дел од гробиштата, гробно место чини околу 40.000 денари, па граѓаните со право очекуваат надлежните пред да ги продаваат гробните парцели, да ги средат пристапите до нив.

Жи тели те од на сел би те Ма џа ри, Хи подром, Чен то и Ин џи ко во, по ра ди са ни ра ње на де фект на водо вод на мре жа про фил Ф-400 ми ли метри на буле ва рот Але ксан дар Ма кедон ски, од вче ра нау тро па сè до са ни ра ње на де фе ктот ќе не ма ат вода. За да се за до волат потреби те на гра ѓа ни те од овие на сел би, ка ко што из ве сту ва ат од ЈП „Водо вод и ка на ли за ци ја“, обез беде на бе ше

ци стер на со вода ко ја кру же ше низ на сел би те. По ра ди са ни ра ње на де фект на водо вод на мре жа про фил Ф-100 ми ли метри, од 7 ча сот па сè до са ни ра ње на де фе ктот, вче ра без вода бе ше и селото Дол но Ли си че. По ра ди са ни ра ње на де фект на водо вод на мре жа на ули ца Ти ран ска број 2, без водоснабдување беа ко рис ни ци те од таа ули ца и од Но во Село.


СКОПЈЕ

Среда, 9 јануари 2013 година

раените ари истражувачки работи за користење на под земните води за по ставување топлински пумпи за греење и сообраќајно-безбедно сен елаборат. Со реализацијата на овој про ект ќе се зголеми капацитетот на затворот „Шуто Оризари“ на речиси 700 осудени и притворени лица, а градежниот зафат треба да заврши најдоцна до 2015 година. Во огласот се вели дека заинтере сираните треба да ги до стават понудите најдоцна до 18 февруари, при што најповолниот понудувач по склучувањето на договорот ќе има рок од седум ме сеци да го подготви проектот.

13

Улицата Тоше Проески ќе се обнови и продолжи Детската улица Тоше Прое ски во Ново Лисиче ќе биде обновена и ќе продолжи со нов дел во населбата Јане Сандански. Стариот и новиот дел од улицата заедно ќе имаат должина од околу 800 метри. Таа ќе го пре секува булеварот Србија и ќе ги поврзе основните училишта „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче и „Ѓорѓија Пулевски“ во Јане Сандански. За доизградба на улицата Општина Аеродром вчера објави тендер. Пешачката патека со широчина од седум метри содржи два краци, од кои едниот е долг 552 метри, а другиот 252 метри, заедно со пристапните патеки. По стојната, како и новата пешачка патека ќе бидат поплочени со гранитни плочи, ќе бидат комплетно осветлени, ќе се постави урбанистичка опрема, поточно клупи и канти за отпадоци, а ќе биде изграден и

сопствен систем за наводнување на зеленилото околу патеките. Времето предвидено за изградба е три ме сеци, откако ќе биде избрана фирма-изведувач на работите. Колку ќе чини обновата на стариот и доизградбата на новиот дел ќе се знае откако ќе заврши понудата за изведувач. - Очекувам дека со оваа

улица граѓаните ќе уживаат во парковите. Ќе го заштитиме обилното зеленило од газење зашто жителите во Јане Сандански до сега немаа пешачка патека за да дојдат до своите домови. Новиот дел ќе биде исто толку прометен како и постојната улица Тоше Про е ски - рече градоначалникот Ивица Коневски.


14

МАКЕДОНИЈА

РЕСЕН

Нов застој во продажбата на јаболка

Најавите дека јаболковиот род во земјите кои се најголеми потрошувачи на нашето јаболко годинава е драстично намален, сепак не го донесоа најавуваниот пласман ниту, пак, се оствари очекуваната цена. По добриот почеток на продажба по солидна цена, во екот на бербата работите го сменија својот тек. Сега јаболкото се продава инцидентно, а и цената оди надолу. Според процените на стручните лица, досега од вкупното производство се продадени само триесетина проценти. - Главно се продадени црвениот и златниот делишес и преспанскиот јонаголд, но само мал дел од ајдаредот, кој доминира со околу 65 проценти во производство во Преспа. Допрва треба да дојде до вистинска продажба, особено кога ќе се намали продажбата во Русија. Велат, цената е добра, а јас сметам дека треба да биде повисока. Вложувањата во производството се доста големи, трошоците растат, а цената останува иста. Единствено од што треба да бидеме задоволни се субвенциите - вели Стевче Радевски, претседател на Здружението на земјоделци „Благој Котларовски“.. Околу 90.000 тони јаболко, колку што се собираат во Преспа, обично се продаваат до крајот на мај, меѓутоа поради немање соодветни услови за чување на јаболкото, тоа не може да ги зачува својствата како по завршувањето на бербата. Она што, меѓу другото, им недостига на преспанските овоштари се ладилници, кои покрај одржувањето имаат големо влијание и врз формирањето на цената во позитивна смисла. Најавена е изградба на дистрибутивен центар за овошје кој целосно би го променил односот на овоштарите од преспанскиот регион, а и пласманот би бил многу поорганизиран бидејќи квалитетното складирање овозможува продажба во моментот кога јаболкото е најбарано.

Среда, 9 јануари 2013 година

Мрежи за заштита од град

Заштитата на земјоделските производи е една од основните за ла га ња на про из води те ли те, но пра ша ње е на кој начин да се стори тоа. Навистина, тоа е нај те шки от дел затоа што со при родата те шко може да се справиш. Да ли станува збор за суша, поплава, силни ветрови, мраз или вре мен ска не по года со град. Со дел од нив и можеш да се справиш, меѓутоа со дел многу тешко. Непогодата град нај че сто уни шту ва голем дел од родот. Во пос лед но вре ме, Прес па е че сто по году ва на од град кој годишно знае да уништи и неколку стотини хектари под овош ни на са ди. Ва кви те при род ни сти хии ги нате раа овоштарите кои имаат поголеми површини да размислуваат

како да го заштитат својот род. Нај нов начин на за шти та е мрежата. - Спо ред она што може ме да го ви ди ме од до се гаш ни те по ста ву ва ња на оваа значај на заштита на јаболковите насади, сметам дека може да се почувствува разликата. Нашата по сета на Турција и пре зентациите што таму можевме да ги видиме нè нате раа да ги по ка ни ме про из води те ли те за да им ги прет стават на нашите овоштари можно стите и поволно стите на овој заштитен систем - вели Ан дреј Се куловски, пре тседател на Федерацијата на фармери на Македонија. Начинот на по ставување на мрежите е многу едно ставен, а по ставувањето придоне сува за

заштита не само од град, туку и од силно сонце. Мрежата подолго ја држи влагата, цената е речиси двојно пониска, а пристапот до средс твата од ИПАРД-програмата поле сен. Цените на овој вид заштита, според првичните сознанија, се двојно пома ли од до сега користе ни те си сте ми, тврди Се куловски, и едно е сигурно, вели тој, овој систем е многу поле сен и за работа и наскоро на секој по голем про из води тел си сте мот ќе му би де не оп ходен. Сепак, според некои овоштари, субвенциите што ги нуди Владата, кои за осигурување на јаболкото изне сува 60 проценти, се најдобрата мрежа за заштита на јаболката.

ГОСТИВАР

Се зголемува бројот на баратели на социјална помош

Најголемиот дел од корисниците на парична социјална помош во Гостивар и во Гостиварско ги обновиле документите во законскиот рок. До Центарот за социјална работа биле поднесени вкупно 3.220 барања, од кои 315 се од нови баратели кои досега не земале помош. Која ќе биде конечната бројка на корисници ќе се знае по обработката на податоците, велат од Центарот. Годинава првпат службите се електронски поврзани со институциите од каде добиваат податоци

околу имотната состојба, работниот статус и други информации за граѓаните кои поднеле барања. Освен ваквата проверка, се вршат и увиди на терен. Корисниците кои не ги обновиле своите документи во законски определениот рок губат право да бараат помош во следните шест месеци. Висината на паричната социјална помош засега останува иста и се движи од 2.220 до 5.515 денари, зависно од бројот на членови во семејството. Зголемување Љ.А. на сумата е најавено за март годинава.


Среда, 9 јануари 2013 година

МАКЕДОНИЈА

15

ПРИЛЕП

Во борба со глувци и со стаорци Центарот за јавно здравје од Прилеп во соработка со локалната самоуправа спроведува превентивна систематска дератизација, со која е опфатена секоја шахта во градот. Насовесно ста на граѓаните при чувањето на продуктите и при фрлањето на ѓубрето каде ќе стигнат доведува до масовна појава од глодари кои се потенција лен извор на инфекции во населбите со станбени објекти. Најкритични реони се колективните станбени згради, пред сè, во населбите Димо Наредникот, во Егејските згради и во населбата Точила, но и во населбите покрај речното корито на Градска Река, каде што има услови за размножување на глодарите. Раководителот на одделот за заштита при Центарот за јавно здравје, доктор Горан Кузе ски, вели дека граѓаните мора да

преземаат секојдневни превентивни мерки за намалување на густината на глодорите, со правилна диспозиција на органскиот отпад, затворање на сите одводни и доводни инсталациони мрежи во станбените објекти, како и со по ставување на сифони во кана лизациската мрежа. Локалната власт пет години по ред ја финансира оваа превентивна активност и тоа во пролет и во есен, а со тоа се намалува степенот на инфе стираност на објектите од 13 до 17 проценти, во однос на периодот пред тоа. Дератизацијата е законска обврска за секоја општина за нама лување од можни епидемии од глодари кои предизвикуваат боле сти и разни видови контаминации на храната и други труења, но и економски оштетувања. Р.Аризанкоски


16

ДОСИЕ

Отвориле сеф со пари и со документи

Завчера непознати сторители влегле во канцелариите на фирмата „Палма-трејд“, сопственост на Н.Џ (58), лоцирани во комплексот „Рамстор“ на влезот во Тетово, при што одзеле метален сеф, во кој имало околу 10.000 евра и документи. Металниот сеф при пребарување на теренот бил пронајден во близина во една нива. Сторителите насилно го отвориле и од него ги зеле само парите. Во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Тепачки и кражби во Битолско С

ВР Би тола под не се кри вич на при ја ва против В.М. (38), В.П. (35), Б.Л. (22), Б.И. (31) и О.М. (16), си те од Би тола, за те шка кражба. Во пер и одот од 16 до 22 сеп тем ври минатата година на улицата Кра гуе вац, при ја ве ни те со употре ба на по годен пред мет влегле во ку ќата на Н.А. (66) од каде зеле поголемо количество златен на кит и 50 евра, стекнувајќи се со противправна имот на ко рист од околу 240.000 де на ри. Исто та ка, СВР Битола подне се кривична пријава против З.Н. (24) од селото Кравари за тешка телесна повреда. На 16 но ември минатата година во ре сторанот „Нико“, при ја ве ни от фи зич ки го напад нал М.В. (27) од истото се ло, уди рај ќи го во преде лот на лицето, со што му нанел тешка телесна повреда.

Точел алкохол на малолетници

Полицијата во Ресен поднесе кривична пријава против Б.П. (25) за точење алкохолни пијалоци на малолетници. Ноќта на Нова година, во Ресен, во кафе-барот „Из голд“, пријавениот вработен како шанкер неколкупати послужил малолетно лице со алкохолен пијалок, по што на лицето му се слошило и му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа Здравствен дом - Ресен.

Украден златен накит вреден 10.000 евра

За време на божикните празници во Тетово, на улицата Борис Кидрич, непознат сторител насилно влегол во подрумска просторија сопственост на С.Н. (58) и извршил тешка кражба, одземајќи поголемо количество златен и сребрен накит, причинувајќи материјална штета во износ од 600.000 денари. МВР презема активности за откривање на сторителот.

Среда, 9 јануари 2013 година

Провалиле во црква На Бад ник, во вре ме то ме ѓу 9 и 16.30 ча сот, во цр квата „Св.Ни кола“ во се лото Мар ко ва Су ши ца, Скоп ско, не поз нат сто ри тел из вр шил те шка кражба, при што од зел 5.000 де на ри. Име но, сто ри те лот вле гол во цр квата пре ку не зак лу че ната влез на врата, со употре ба на по годен пред мет ја отво рил зак лу че ната ме тал на ка са, ги од зел па ри те и го напу штил ме стото. По ли ци јата пре зе ма мер ки за про на о ѓа ње на сто ри те лот.

Грабеж во продавница

Завчера околу 19.45 часот, во Скопје на улицата Ордан Чопела, непознат сторител влегол во колонијалната продавница „Супер аге“ и со закана со пиштол извршил разбојништво над вработените, одземајќи околу 24.000 денари од дневниот промет. МВР презема мерки за откривање на сторителот кој е во бегство.


ПИСМА

Среда, 9 јануари 2013 година

17

ПИСМА НА НАШИ ЧИТАТЕЛИ

Борба со врховизмот

Читајќи одредени бугарски портали дознав дека на 2 јануари полицијата од Струмица притворила неколкумина по средници за вадење бугарски пасоши и документи ( возачки дозволи)... Ве ста за притворањето не беше објавена на нашите медиуми. Од кои причини, не знам. Според бугарските портали, на приведените им биле од земени и готови бугарски пасоши, лекарски уверенија и им била дадена забрана да не ја напуштат земјава. По извршениот информативен разговор биле пуштени. Читајќи го сево ова човек про сто не може да поверува. Се враќаат сеќавања од едни да -

лечни времиња, сцени од култниот филм „Среќна нова 49“ во кој народните милиционери тарашкаат во домот на информбировецот. Сега обратно, се оди во домовите на по средниците Македонци со двојно државјанство, се буричка, пребарува по нивните домови, барајќи компромитирачки материјал, пасоши и други документи на една со седна земја одда лечена од Струмица само 20 километри, со која сакаме да градиме солидни добро со седски одно си. Како лош сон. Небаре ова да е 1945 кога се гонеле бугарофили, неоврховисти, ванчомихајловисти, застапени во обемната книга на Јован Павловски ,,Судењата како последен пораз“. Ништо по историскиот 24 декември не треба и не може да не изненади. Сега на ред дојдоа луѓето

со двојни државјанства. Не треба да се заборават и медиумските шпекулации дека се подготвува апсење на бившиот ни премиер Георгиевски, па сево ова да не води во таа насока. Фаќање на менторот. Било како да се толкува ова повикување на информативен разговор, спектакуларно изведено од страна на припадниците на МВР на неколкумина граѓани на Струмица, во никој случај не може да биде оправдано. Ова не е прв пат власта да удри по оваа категорија граѓани кои по седуваат двојно државјанство. Првин беше со забраната за автомобилите со бугарски таблички. Сега ова му доаѓа као втор бран, расчистување со, на некој начин, неподобните граѓани. Бидејќи полициски упад во 21 век во ноќните часови не е пријатен гест. Овој гест на власта повлекува и други реперкусии, поделба на нацијата, бевме и самите сведоци што се не се пишуваше по социјалните мрежи. Со какви погрдни зборови беа етикетирани сите оние Македонци што по седуваа бугарски пасош или возило. Некој одамна ја подгреваше атмо сферата и беше прашање на ден кога ова ќе се случи. Секако има и политичка заднина во сево ова. На изборите да се одне се глас повеќе играјќи по не знам кој пат на картата на етнонациона лизмот, идентитетот, името. Томе Цветановски

Роденденот на Никола Тодоров Вчера во емисијата на „Канал 5“, „Здраво Македонијо“, во прилогот „Времеплов“, беше кажано дека му е роденден на актуелниот министер за здравство Никола Тодоров. Освен родениот ден во да лечната 1979, беше спомната и „обемната“ биографија, функциите што ги извршувал итн. Денови пред години, сè и исто само „него“ го нема. Движењето ДПМНЕ направи историски ремикс, враќање пред едно 25 години. Само штафета ни недо -

стига и конференции, конгре си имаме и премногу. Како во старата добра МТВ, телевизијата „Канал 5“ си дозволи да го заморува народот со податоцидатуми на родендени на актуелни функционери од власта. Исто како во старата добра МТВ. Белорусија и Венецуела можат да ни позавидат. Дочекавме да го славиме 23 октомври, па сега на ред се и родендените на властодршците. Уште од црква со „мерџото“ да се појави дедото Стефан, па да прочита некоја молитва за здравје и успех на нашиот мил славеник. Во таа 1979 се родил во Велес и актуелниот пратеник Илија Димовски и можеби други од новите момци од власта. Сигурно и родендените на нив ќе бидат кажани во дотичната емисија на телевизијата „Канал 5“, националниот конце сионер. Медиумот совесно се грижи за датите, настаните, случките со еден збор за светлите мигови на партијата, прерасната во движење и преродба како нејзин највисок стадиум. Имам интересна идеја: да се создаде емисија за поздрави и че ститки на дотичната телевизија, во која со дадена по желба музичка нумера ќе се че ститаат родендените на властодршците. Не знам што уште може да нè изненади и зачуди. Веќе одамна сè е возможно. Сè, буквално сè може да се случи во даден момент, само ако тоа го по сака власта. Сонот и јавето, илузијата и реално ста се едно исто во оваа библиска земја. Чудесна Македонија според спотот на актерот Јовановски. Она што било тренд во далечните пово ени години, 45-55, времето на петолетките, колективизацијата, идеолошкото воспитување и будење на народот, кога предводници на власта биле голобради момиња качени на „џип“, воинствени, агре сивни, горди, самоуверени сега истите тие како некаква бледа копија реинкарнирани се присутни во нашите животи, во телевизиите, весниците, околу нас. Навистина историјата се повторува. Драголјуб Јовановски


18

СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАРАК ОБАМА ГО СОСТАВИ НОВИОТ КАБИ

Нови шефови за ЦИА и

Со Џон Бренан, Џон Кери и со Чак Хејгел, Обама има тим на јавни службеници кои уживаат почит во меѓународната заедница и во разузнавачките и одбранбените кругови

А

мериканскиот претседател Барак Обама го номинира поранешниот републикански сенатор Чак Хејгел за нов секретар за одбрана, а советникот за контратероризам Џон Бренан за нов директор на ЦИА, пренесува американскиот печат. Хејгел во Пентагон ќе донесе борбено искуство стекнато во Виетнам, критичност кон американската политика во Авганистан и судир во односите со сопствената партија. Хејгел е инаку одликуван ветеран од Виетнам, а неговите критичари веќе го нападнаа поради неговите ставови околу Израел и Иран. - Мојот прв критериум во донесувањето на овие одлуки беше едноставен. Кој најдобро ќе ја врши работата за безбедноста на Америка? Овие двајца лиде-

ри ги посветија нивните животи во заштитата на нашата земја. Убеден сум дека одлично ќе си ја вршат работата - изјави Обама. Хејгел на Капитол хил ја стекна репутацијата на независен сенатор, подготвен да заземе контроверзни ставови, па и

НОВ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

Последното клучно кабинетско место, во секретаријатот за финансии во администрацијата на Обама се очекува да го заземе неговиот актуелен шеф на кабинетот во Белата куќа, Џејкоб Лу. Најавата за смената на актуелниот секретар задолжен за американската благајна, Тимоти Гајтнер, и именувањето на Лу, доаѓа во пресрет на очекуваните февруарски преговори меѓу Белата куќа и опозициската Републиканска партија за горната граница на американскиот долг. Гајтнер најави дека САД веќе ја

надминале законски поставената горна граница на долгот од 16,4 трилиони долари и дека во февруари ќе биде надмината можноста на Секретаријатот за финансии да ги исплаќа долговите. Се очекува Лу, кој во времето на претседателот Бил Клинтон и во кабинетот на Обама служел како претседателски советник за буџетски прашања, да биде одговорен за постигнувањето на договор за долгот со републиканците. Лу работел и како директор во банката „Ситигруп“, а веќе една година е шеф на кабинетот на Обама.

спротивни од тие што ги имаат неговите републикански колеги. Оттаму, неколку водечки републикански пратеници веќе се спротивставија на неговата номинација. Доколку Сенатот ја потврди неговата номинација, главниот советник за воени прашања на Обама ќе стане човекот кој во една прилика рече дека поради искуството во Виетнам е подготвен да стори сѐ за да спречи војна. Како пратеник во Сенатот, Хејгел се противеше на испраќањето американски војници во Ирак и во Авганистан. Неговите критичари го опишуваат како премногу мирољубив, а неговите приврзаници како умерен политичар кога станува збор за воени прашања, додека самиот тој се нарекува пацифист. Како сенатор, Хејгел гласаше против санкциите за Иран со образложение дека попрво би поддржал директни преговори.

Исто така, ги поддржуваше и преговорите со исламистичкото палестинско движење Хамас и даваше многу изјави кои неговите критичари ги оценија како недостиг од поддршка за Израел, долгогодишен силен американски сојузник на Блискиот Исток. Последниве години Хејгел работеше на Универзитетот „Џорџтаун“, а исто така беше копретседател на групата советници на претседателот за разузнавање. Иако искуството и достигнувањата на Хејгел малку кој ги доведува во прашање, процесот на одобрување на неговото именување од страна на Сенатот, за разлика од кандидатура на Кери е малку веројатно дека ќе оди мазно. Пратениците веќе ги спомнаа двосмислените изјави на Хејгел и имаат намера пристрасно да го „допрашаат“ на сослушувањето. Така, ќе треба


СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

НЕТ

за Пентагон

да ја појасни позицијата за Блискиот Исток откако претходно дигна голема врева со изјавите за „еврејското лоби”, кое според него, го држи „под потпетицата“. Од друга страна, на место шеф на ЦИА, Бренер доаѓа со 25-годишно разузнавачко искуство и како заменик на советникот на претседателот за национална безбедност, треба да го замени пензионираниот генерал Дејвид Петреус, кој се повлече од позицијата по откривањето на неговата вонбрачна врска. Бренан бил длабоко вклучен во политиката на Обама за агресивно употреба на беспилотните летала против терористите во Пакистан, Јемен, Сомалија и во други земји. Бренан беше споменуван како кандидат за шеф на ЦИА и на крајот од првиот претседателски мандат на Обама, но испадна од трката кога либералите го обвинија дека учествувал во ис-

питувањата на осомничените терористи со симулација на погубување со давење и други агресивни и брутални методи. Пред доаѓањето на местото советник на Обама во кампањата во 2008 година, Бренан повеќе од 20 години бил аналитичар во ЦИА и шеф на канцеларијата на агенцијата во Саудиска Арабија. Во времето на мандатот на поранешниот претседател Буш ја извршуваше должноста заменик-директор на ЦИА, а подоцна и директор на Националниот центар за антитероризам по нападите од 11 септември 2001 година. Освен што е еден од најискусните луѓе во САД во разузнавањето и борбата против тероризмот, зборува и арапски и добро ги разбира состојбите во арапскиот свет. Бренан се смета за еден од клучните креатори на операцијата за откривање и ликвидација на „терористот број еден“ и поранешен челник на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда - Осама бин Ладен. Аналитичарот Стефани Сенок смета дека доколку тројцата кандидати бидат прифатени, тогаш новиот тим на Обама за национална безбедност ќе биде составен од луѓе кои добро се разбираат во нивните ресори. - Со Џон Бренан, Џон Кери и со Чак Хејгел, имате тим на јавни службеници кои имаат одреден респект во меѓународната заедница и во разузнавачките и одбранбените кругови. Тие долго време му се советници на претседателот, па веќе имаат воспоставено добри односи – вели Сенок. Аналитичарот предвидува дека триото би требало да го надгледува брзото повлекување на американските трупи од Авганистан, да ја ревидира политиката спрема осомничените за тероризам, да ја преиспита програмата за напади со беспилотни летала и да заговара мултилатерални акции за гасење на кризите во светот.

19

Улична поддршка за Чавез

Венецуелските власти го повикаа народот в четврток масовно да излезе на улица и да го поддржи претседателот Уго Чавез, кој треба по четврт пат да биде инаугуриран. Чавез кој минатата недела беше опериран на Куба, најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата бидејќи неговата здравствена состојба е сериозно нарушена. Поради можното неприсуствување на инаугурацијата, Католичката црква реагира дека претседателот ги прекршува правилата, а опозицијата повикува на протести и бара нови избори ако претседателот Ча-

вез не се појави на сопствената инаугурација. Венецуелскиот лидер, кој е на власт од 1999 година, не се појавил во јавност од минатиот месец, пред неговата последна операција на канцерогениот тумор. Властите соопштија дека 58-годишниот Чавез страда од сериозна инфекција на белите дробови. Иако во Венецуела веќе почна да се води битка за наследник на Чавез,претставник на судот објаснил дека Чавез е реизбран претседател и дека може да биде инаугуриран подоцна, кога ќе се чувствува подобро.

Посвоени синови ја спасуваат Јапонија Минатата година во Јапонија се повоени 81.000 луѓе, а најголем дел од нив се на возраст од 20 до 30 години. Станува збор за традиција која со векови се негува во Јапонија која е единствена земја во светот каде луѓето се обидуваат да го избегнат синдромот на „наследник идиот“ кој порано или подоцна ги погодува големите семејни компании во светот. Дека станува збор за долга традиција говори и фактот што не станува збор за обични компании. Муко Иоши или „посвоени зетови“ со генерации ги спасуваат најголемите компании како „Сузуки“, „Тојота“ и „Канон“. Со „Сузуки“ во моментов управува Осаму Сузуки, четвртиот посвоен син по ред, кој застанал на чело на компанијата. Мичио Матсуи, главниот човек на гигантот „Матсуи Секјурити“, вели дека му било тешко кога се одлучил за посвојување бидејќи и самиот бил единствен син на неговиот татко кој требал да го наследи семејното име. Но, неговите родители се согласиле со таквата одлука, која всушност преставува исплатлив влог во иднината на синот. Практиката за посвојување на млади способни момчиња за да се спасат генетски лошо предодредените семејства и така на најдобар начин да се продолжи со бизнисот најизразена е во Јапонија бидејќи другите земји немаат ваква

практика. Компаниите кои ги контролира едно семејство покажуваат подобри резултати во Јапонија кога станува збор за способноста од оние кои ги контролираат професионални менаџери. За ваквата практика придонесува и традиционалната бариера во земјата на изгрејсонцето, каде сè уште се смета за недолично ќерката да го наследи семејниот бизнис и да ја преставува фирмата во јавноста. Тоа секогаш мора да биде маж. Но, мажи не посвојуваат само оние ки немаат синови туку и оние бизнисмени чии синови немаат чувство за бизнис. Квалификациите за посвојување или женидба се еднакви како за менаџерските функции во која било друга голема компанија, со додатни обврски дека ќе ја превземе улогата на добар сопруг и татко во иднина. Развод на ваквите бракови речиси и да нема. Околу спојувањето на сопружниците е развиена цела индустрија, па така постојат бројни агенции кои посредуваат меѓу двете страни. Откажувањето од сопственото презиме во многу случаи и не е преголем проблем бидејќи во Јапонија во последните 150 години презимиња и не постоеле, освен оние кои се стекнале со углед. Па, затоа и откажувањето од нив не им паѓа тешко на новите бизнисмени кои лесно се пробиваат низ бизнисвертикалата.


20

СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

Добил лотарија, па го отруле Жителот на Чикаго, Јуруџ Кан, умрел од труење со цијанид еден ден откако подигнал 425.000 долари добиени на лотарија, соопштила вчера полицијата. Првите резултати покажувале дека Кан умрел од природна смрт, но еден негов роднина побарал потемелна истрага, кој покажала дека причина за смртта е труење со цијанид, поради што било заклучено дека станува збор за убиство. Кан умрел на 20 јули откако зел поголем дел од наградата од речиси половина милион долари.

Белфаст како воена зона

Во Белфаст веќе шест дена траат судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат заради одлуката британско знаме да не биде веќе истакнато на градското собрание во Белфаст преку целата година, туку само за државни празници, јави британскиот печат. Источниот дел од градот на моменти личеше на воена зона, каде летаа куршуми, камења, солзавец и Молотови коктели. Прашањето за државните симболи често предизвикува тензии во Северна Ирска, каде протестантите, главно, сакаат да останат во Обединетото Кралство, а католиците сакаат обединување со Република Ирска. Во немирите кои траат со денови повредени се повеќе од 60 полицајци, додека стотина лица се уапсени.

Од Хрватска изнесени 15 милијарди долари Во изминативе десет години од Хрватска илегално биле изнесени најмалку 15,2 милијарди долари. Ова, како што јави хрватската национална телевизија ХРТ, го тврдат финансиски експерти од американската невладина ор-

ганизација „Глобал фајненшал интегрити“. Станува збор за пари поврзани со корупција, организиран криминал, шверц, затајување данок и со перење пари. Според „Глобал фајненшл интегрити“ овие средства можело

да останат во земјата доколку државните институции си ја вршеле подобро работата и ако постоела законската рамка, со која се регулира конфискувањето илегално заработени пари и спречување тие да бидат изнесени во странство.

ДЕМОГРАФСКИТЕ ПРО

Европ ги дем

З

а голем број жители на северна Африка, кои се соочуваат со прогон и сиромаштија, Европа изгледа како ветена земја. Затоа илјадници луѓе секоја година го ризикуваат својот живот на импровизирани бротчиња за да стигнат до стариот континент. На овие несреќници дебатата за тоа дали на жителите на Европа им се заканува сиромаштија им изгледа апсурдна, пренесува „Дојче веле“. Пред сè поради фактот дека критериумите кои ја дефинират сиромаштијата се разликуваат во зависност од кој агол се разгледува проблемот со сиромаштијата. Иако Европа се наоѓа во процес кој драстично се разликува од состојбите во Африка, сепак на стариот континент му дава повод за тревога. Заканите од осиромашување на постарите слоеви од општеството досега своите корени ги наоѓаа исклучиво во демографските движења, односно во сè поизгледниот процес на стареење на општетсвото. Од неодамна и економската криза сè повеќе се споменува како клучен фактор во процесот со кој сликата на богатите Европејци, кои живеат во третото доба, уживаат во плодовите на работата, може драстично да се промени. Во сè поголем број европски земји сè помалку се наоѓа работоспособно население, а истовремено се зголемува бројот на невработени. Последица на ваквите движења е намалување на пензиите. Податоците на Европската комисија велат дека бројот на сограѓани постари од 60 години секоја година се зголемуваат за повеќе од два милиони. Инаку бројот на жители во ЕУ постари од 60 години денес е двојно поголем отколку пред


СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

21

ОМЕНИ И КРИЗАТА РАЃААТ НОВИ ТРЕНДОВИ

пските пензионери мне сиромаштија Безгрижниот пензионерски живот за многумина во Европа сè повеќе станува недостижна цел. Демографската слика се менува на сметка на идните пензионери, а финансиската криза во голема мера ги загрозува социјалните системи

дор, еврокомесар за социјални прашања. Тој вели дека многу важно е и вработените што подолго да останат на работното место. Како пример може да послужи Шведска, која може да се пофали со највисока стапка на вработени кои се на возраст од 55 и 64 години. Тоа е тренд кој го предлага и Европската комисија, а го прифаќаат и голем број од жителите на ЕУ. Едно истражување покажува дека 61 проценти од граѓаните на ЕУ се согласуваат со продолжување на работниот век, но под услов од тоа да имаат корист.

СПАС ВО ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ

10 години. Денес владите во ЕУ трошат повеќе од 10 проценти од БДП за финансирање на пензиите и оваа бројка има тенденција да расте. Во ЕУ денес живеат 120 милиони пензионери, што е 24 проценти од вкупното население. До пред неколку години сликата на сиромашни пензионери не се поврзуваше со земји како Германија и Британија. Но, сега во многу земји од ЕУ им се заканува не само пад на социјалниот стандард, туку и егзистенцијата се доведува во

прашање. - Врз основа на податоците за демографската структура за старите во повеќе европски земји може да се каже дека опасноста од сиромаштија ќе расте – вели аналитичарот Михаил Даудерштет. Во Германија, како најсилна економија во ЕУ, никој не мора да гладува, но затоа сè поголем број на пензионери мораат да штедат бидејќи пензиите не се доволни. Затоа во Диселдорф почнаа да се отвораат народни кујни. Европската комисија веќе реагираше

на трендот на зголемување на сиромаштијата во старост, а 2012 година веќе е прогласена за „Европска година на активно стареење и меѓугенерациска солидарност“. Но, освен симболичниот проект, Комисијата предлага и зголемување на работниот век. - Секоја трета земја треба сама да ги реши проблемите со пензиите, но постојат принципи кои важат за цела ЕУ и тие јасно одат во правец на прилагодување на должината на работниот век – вели Ласло Ан-

Земјите како Португалија, Шпанија и Грција веќе патат од висока стапка на сиромаштија кај старата популација и таа изнесува од 20 до 27 проценти. Сегашните програми на штедење се закануваат дополнително да го зголемат овој процент. Во Грција веќе е присутен трендот на намалување на пензиите. Според истражувањето на фондацијата „Фридрих Еберт“, осиромашување на пензионерите не им се заканува само во земјите каде владее финансиската криза, туку и во земјите како Британија. Тука состојбата е специфична бидејќи уделот на државна пензија во вкупната пензија е релативно низок. Голем број од жителите се потпираат на приватните пензиски фондови, кои се зависни од тековите на финансиските пазари и се подложни на осцилации. Најдобра е состојбата во Холандија, нешто послаба во Германија каде 15 проценти од пензионерите се погодени од сиромаштија.


22

СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

СИРИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОЖЕ ДА БАРА ЗАСОЛНИШТЕ ВО РУСИЈА

Асад и Асма соседи на Мира Марковиќ

Кога се прочу дека сирискиот претседател нема уште долго време да се одржи на власт и дека се подготвува вила во елитната населба во која во прогонство живеат неколку претседатели и политичари, неколку светски модни марки како „Гучи“, „Лорен“, „Долче и Габана“, решија да отворат свои бутици во Барвиха

А

ко Западот успее да изврши притисок врз Русија да му понуди азил на сирискиот претседател Башар ал Асад, може да се случи неговото семејството да почне нов живот во близина на Москва каде денес живеат вдовицата и синот на Слободан Милошевиќ, Мира и Марко, пишува „Њујорк тајмс“. Руското градче Барвиха е сместено во борова шума недалеку од Москва, а познато е по тоа што било засолниште на неколку диктатори и членовите на нивните семејства. Братот на Милошевиќ, Борислав, тврди дека Мира и Марко непречено и нормално живеат во нивната вила во Барвиха. - Луѓе од Србија им доаѓаат во посета, а Мира има пријатели цело време. Искуството со децата и внуците во нејзина близина à годи и таа не се чувствува изолирано – вели Борислав Милошевиќ. Што се однесува до новиот потенцијален сосед, Мира и Марко изјавиле дека немаат ништо против Башар ал Асад со семејството да се досели таму, а доколку Русија му пружи азил, тоа би бил голем хуман гест. Руските дипломати кои се сметаат за најголеми сојузници на Асад, негираат дека ја разгледуваат можноста да му пружат засолниште на Асад за да се стави крај на војната во Сирија. - Русите имаат искуства со повлекување на државници во последен час. Можеби се обидуваат на Асад да му дадат сиг-

нал дека постои понуда, но дека таквиот маневар нема да трае долго – вели аналитичарот Марк Кац. Пред две недели рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров истакна дека Русија не сака ниту да посредува

во барање азил за Асад во трети земји. - Некои земји во регионот ни се обратија и предложија да му кажеме на Асад дека се подготвени да помогнат. Ако тие сакаат да му дадат на Асад не-

кои гаранции, нека повелат – истакна Лавров. Во Барвиха досега засолниште најдоа новопечените руски богаташи, чии вили се заштитени со огромни ѕидови со видеонадзор. Кога се прочу дека сирискиот претседател нема уште долго време да се одржи на власт и дека се подготвува вила во елитната населба во која во прогонство живеат неколку претседатели и политичари, неколку светски модни марки како „Гучи“, „Лорен“, „Долче и Габана“, решија да отворат свои бутици во Барвиха. Причината е можното доаѓање на Асма ал Асад, сопругата на Башар, позната по екстравагантниот и луксузен живот. Интересно е дека во Барвиха засолниште досега најдоа Аслан Акаев, поранешниот претседател на Киргистан, Аслан Абашиде, лидерот на отцепената грузиска република Абхазија. Но, Русија не им пружа засолниште на сите што бараат азил. Откако ја изгуби власта во Источна Германија, Ерик Хонекер со сопругата Маргот, позната како „пурпурна вештерка“, избега во Москва од советската база во Германија. Тогаш се сместија во чилеанската амбасада, но тогашниот руски претседател Борис Елцин ги врати во Германија. Лидерот на Работничката партија на Курдистан, Абдула Очалан, во 1998 година од Сирија побегна во Москва, но Русите го одбија и со авион го вратија во Африка, каде е уапсен и испратен во Турција каде лежи затвор.


ДЕН И НОЌ

Среда, 9 јануари 2013 година

23

Жанко Голабоски и Ацо Тасески, личности на годината во Охрид

Р

едакцијата на „Охрид њуз“ ги додели признанијата на личностите за 2012 година во Охрид на познатиот водител Жанко З’ш Голабоски и пожарникарот Ацо Тасески. - Сите номинирани во изборот за личност на годината на свој начин, со својата работа и дела оставија белег во годината што измина и претставуваат пример за професионализам во своите дејности. Нам ни беше исклучително тешко да го направиме изборот, во што помогнаа илјадниците гласови од читателите - истакна главниот и одговорен уредник на „Охрид њуз“, Горан Момироски, на доделувањето на признанијата. Признанието „Личност на годината во Охрид за 2012 година“, според гласовите на читателите на „Охрид њуз“, заврши во рацете на познатиот охридски водител Жанко З’ш Голабоски. Тој од неодамна е косопственик на Гинисов рекорд за најдолг радиомаратон, поддржувач е на хуманитарните, спортските и културните проекти во градот. Од есенва тој е заштитно лице на „Наша ТВ“. Основач е на велосипедскиот клуб „З’ш точак“ кој минатата година редеше успеси на државните првенства. - Ова признание ми е особено драго, што ете охриѓани одлучија

заедно со Тасески да бидеме личности на годината. Сметам дека сите десет номинирани го заслужуваат ова признание биејќи секој на свој начин придонел за Охрид рече Голабоски. Храбриот охридски пожарникар Ацо Тасески е „Личност на годината во Охрид за 2012 година“ во изборот на редакцијата

„Охрид њуз“. Тој не се штедеше себеси при бројните интервенции. Спасуваше човечки животи и домови на охриѓани зафатени од огнена стихија. - За мене конкретно ова признание претставува голема сатисфакција и немам зборови со кои би ги опишал моите чувства и сакам најискрено да им се заблагода-

рам на сите за дадената поддршка - истакна пожарникарот Ацо Тасески. Изборот на Личност на годината во организација на најпосетуваниот интернет-медиум во поширокиот регион, „Охрид њуз“, во иднина ќе стане традиција за да се истакнат позитивните примери во локалната заедница.

„Некст тајм“ со провокативен видеоспот

Момците од братското дуо „Некст тајм“ по пауза од осум ме сеци, деновиве го промовираа новиот видеозапис за песната „Некст тајм“, во кој две заводливи девојки се борат во кал, моторџии се обложуваат на една од нив, а Марко Нове ски е во улога на тапанар. Видеоспотот е изработен од „Томато продукција“, а интернетпромоцијата беше направена на официјалниот канал на „Јутјуб“ на „Некст тајм“. Песната со наслов „Некст тајм“ се наоѓа на вториот албум на брат ското дуо и е авторско дело на Лазар Цветко ски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветко ска Ена беа задолжени за текстот. По ТВ-промоцијата на спотот, момците ќе ја почнат кампањата за издавањето на нивниот трет студиски албум, кој се очекува да излезе напролет. И.Д.


24

ДЕН И НОЌ

Среда, 9 јануари 2013 година

ДЕН И НОЌ

Среда, 9 јануари 2013 година

25

РОДЕНДЕНОТ НА ЛЕГЕНДАТА ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАН СО ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ

На 25 јануари ќе се промовира „Најдоброто од Тоше Проески“ Ирина ДАСКАЛОВСКА

Маја на пат да ја освои Турција Деветнаесетгодишната Маја Арангеловска од Куманово е девојка од модното студио „Црнокрак“ со која Македонија може да се гордее. На јавноста à е позната од своето ТВ-деби во рекламата за „Бучен Козјак“, а воедно беше и една од финалистките на изборот „Мис Фејсбук“, избор кој го организираше една наша телевизија. Таа речиси една година професионално се занимава со манекенството, а веќе реши среќата да ја побара надвор од границите на нашата земја. Оваа убавица на почетокот од новата 2013 година замина за Турција, каде ја очекуваат обврски и каде ќе работи на разни каталози, ревии и фотосесии. По завршувањето на средното економско училиште, Маја се запиша Факултетот за безбедност во Скопје. Во Истанбул ќе остане месец и половина, од каде по професионалните ангажмани ќе му се врати на учењето. На фотографиите може да се види дека Македонија навистина има убави девојки со кои може да се гордее. И.Д.

статус: КРИСТИНА АРНАУДОВА „Никогаш не сум бил сиромашен, но немав пари. Да немаш пари е привремена ситуација, но да се биде сиромашен е состојба на умот“ - Ж. Лаушевич

Кети Пери, најсексапилна жена за 2013 година

Н

а денот кога се роди најголемата балканска ѕвезда, 25 јануари, ќе биде промовиран уште еден постхумен албум, насловен „Најдоброто од Тоше Прое ски“. Медиумите прене суваат дека албумот ќе содржи 16 хитови, меѓу кои и една нова песна со наслов „Све је ово према ло за крај“. Песната е снимена во 2006 година во домашното студио на Тоше и претставува само дел од богатото музичко наследство што тој го остави зад себе. Јелена Трифуновиќ е авторот на музиката и на текстот на новата композиција, додека аранжманот е изработен од Никша Братош, еден од најдобрите продуценти и аранжери на Балканот. - Братош работи и на новите песни на Тоше кои тој ги создаде во текот на својот живот - додава Славен Ристо ски од Фондацијата „Тоше Прое ски“. Албумот „Најдоброто од Тоше“(Best of Tose Proeski) е дигитално издание, кое на самата обвивката, на предниот и на задниот дел, ќе има до сега необјавени фотографии на музичкат а легенда. М е ѓ у

овие 16 композиции на изданието, ќе се најдат песните „Боже чувај ја од зло“, „По тебе“, „Још увјек сањам да смо заедно“, „The hardest thing“, „Ден за нас“ и „Наслони главу на мое раме“. - Тешко беше да се одберат најдобрите хитови бидејќи во својата кариера Тоше отпеа многу песни што се хитови. Секоја од нив остави печат во неговата музичка активност. Публиката ги сакаше сите негови нумери, а доказ за тоа беа и концертите на кои таа од прв до последен момент пееше заедно со него - вели Ристо ски. Промоцијата на овој долгоочекуван албум ќе се одржи на 25 јануари, во Спомен-куќата на Тоше во Kрушево. Објектот ќе биде отворен за претставниците на медиумите, како и за неговите обожаватели кои тој

Џибони наскоро со нов албум Популарниот хрватски пејач Златан Стипишиќ - Џибони е при крај со снимањето на новиот албум, а деновиве отпатува во Лондон каде што треба да се направат завршните подготовки на материјалот. Последниот албум на Џибони беше насловен „Толеранца“, а издаден е во 2010 година, исто така завршен во Велија Британија, поточно во студиото „Риал ворлд“ на музичарот Питер Гејбриел. Тоа се покажа како добитна комбинаци бидејќи „Толеранца“ беше најпродаван албум во

ден ќе го по сетат вечното живеалиште на поп-ѕвездата. Овој албум е петто постхумно издание кое Фондацијата „Тоше Прое ски“ го објавува во јавно ста. Покрај овој, до сега беа промовирани албумите „The hardest thing“ во 2008 година, „Тоше и пријателите“ во 2009, „Со љубов од Тоше“ во

Хрватска за 2010 година, со повеќе од 30.000 продадени примероци. Џибони не сакал да открива премногу детали за новиот албум, само им изјави на неговите обожаватели дека е многу среќен и задоволен од новиот материјал кој, како што вели, е навистина нешто посебно.

2010, како и песната „Kрушево“, која беше промовирана во 2011 година. Во текот на оваа година, фондацијата има во план да реализира уште неколку проекти кои ќе му го продолжуват ликот и делото на единствениот, легендарниот и најголемиот хуманист, Тоше Прое ски.

Но вата годи на са мо што поч на, а Ке ти Пе ри во ма га зи нот „Менс хелт“ ве ќе е прогла се на за нај се кси же на во 2013 годи на. Поз натата аме ри кан ска пе јач ка ја пре зе де ти тулата од ми нато годиш ната по бед нич ка Џе ни фер Ани стон, ко ја оваа годи на го за зеде ду ри пет тото ме сто. Зад Ке ти на ли стата се на о ѓа Ми ла Ку нис, доде ка на тре тото и че твртото ме сто се на о ѓа ат нив ни те колешки Кристина Хендрикс и Џе ни фер Ло ренс. Кети, според уредниците на списанието, го заслужила

првото ме сто благодарение на нејзиниот зано сен изглед, извонредниот албум, како и нејзиното успешно закрепнување од разводот со комичарот Расел Бренд. - Повеќето од овие жени се паметни. Многу од нив се успешни. Сите се многу пожелни, а тоа беше нашиот единствен критериум - изјавија од редакцијата. Во листата на 100 најпо сакувани жени во светот се најдоа многу познати холивудски актерки, пејачки, топ-модели, како и претставнички од шоубизнисот.

Бред Пит сака да замине за Кина Холивудскиот актер Бред Пит е толку многу популарен во Кина што дури се придружи на нивната верзија на „Твитер“, а според првиот статус на социјалната мрежа „Виебо“ (Wiebo) може да се заклучи дека планира посета на комунистичката држава. -Вистина е. Доаѓам напиша Пит на неговиот профил. Ве ста дека еден од најубавите мажи во светот се подготвува на пат во Кина е поделен и цитиран повеќе од 30.000 пати и доби голем број коментари, а илјади изненадени корисници го изразиле нивниот воодушевување. Не е јасно да ли Пит ќе ја по сети Кина или само го означил неговото доаѓање на кине ската социјална мрежа. За шест часови актерот собрал 100.000 „пријатели“. Некои

филмски интернетски страници пишуваат дека на Пит му е забранет влез во Кина откако во 1997 година го сними филмот „Седум години во Тибет“. Филмот се темелеше на вистинска приказна на австралиски алпинист кој се спријателил со Далај Лама во моментот кога Кина го окупираше Тибет. Негативното прикажување на Кине зите во филмот наводно го на лутило официјален Пекинг.


26

ДЕН И НОЌ

Среда, 9 јануари 2013 година

Панк-составот „Аутор“ најавува деби-албум И смејувањето на политичките настани, револтот кон некултурата и иронијата на секојдневието, се главните одлики по кои е препознатлив охридскиот панк-со став „Аутор“. Надминувајќи ги сите бариери кои изминативе седум години му сто еја на патот, за периодот кој ни претстои го најавува својот прв деби-албум. Оваа четиричлена музичка група зад себе има оставено повеќе од 16 музички записи, остварувајќи голем број настапи низ целата земја. Нивниот препознатлив звук е уникатен за нашите про стори, а во моментов ги овековечуваат песните во сопственото музичко студио. - Како група по стоиме од 2006 година. Почетоците ни се со сема спонтани, а како секој тинејџер имавме желба да ја создаваме музиката која ја слушаме. Иако на патот од секој млад музичар стојат бариери, со текот на времето успешно ги надминавме. Членовите на групата се менуваа, сè додека не дојдовме до она што го имавме замислено на почетокот - вели вока лот на охридскиот со став

„Аутор“, Ѓоргија Паунковски. Нивната инспирација доаѓа од секојдневните настани, со кои човекот е преокупиран. Тематиката која е опфатена во песните е различна, почнувајќи од политиката па сè до некултурата на граѓаните. - Правецот кој го свириме е до ста уникатен. Ние го нарековме лиду-панк. Преку песните, на еден начин ги исмејуваме секојдневните настани кои ни пречат. Главно ја истакнуваме таа иронија со која се среќаваме, а че сто во песните ги споменуваме нашите локални „легенди“. Инспирацијата како спонтан процес, не одбира време и ме сто кога ќе дојде. Може тоа да биде преку ден, наутро или навечер - вели еден од гитаристите на групата, Никола Дукле ски. Овој охридски со став, како и многуте групи од земјава, се соочува со слични проблеми. Ако за некого опремата прет ставува хендикеп, различните краеви во кои студирале момците од „Аутор“ ги остава без официјално издаден албум во изминативе 7 години. - Имаме околу 16 песни, кои

никогаш не ги имаме официјално издадено. Како и секој со став од земјава, на почетокот се соочувате со недо стиг од опрема. Со тек на време овој проблем се надминува, но студирањето на различни краеви го отежнува проце сот на снимање. Тоа беше застојот, поради кој не успеавме да извадиме официјално цеде. Овој хендикеп се надмина, од про ста причина што ги завршивме студиите надвор од родното ме сто - додава Дукле ски. Деби-албумот, кој треба да излезе за неколку месеци, ќе опфати 9 музички записи кои се сосема нови. Тие се снимаат во музичкото студио од составот, кое е направено специјално за потребите на оваа музичка група. - Новите песни кои во моментов ги работиме, ќе бидат опфатени во деби-албумот. Песните ги снима и продуцира нашиот гитарист Никола, кој веќе некое време се занимава со оваа профе сија. За добра снимка потребно е повеќе време бидејќи проце сот не е воопшто ле сен истакнува Паунковски. Иако се невработени, момците велат дека се имуни на најновиот вирус наречен „политика“. До сега имаат голем број настапи во повеќе градови од земјава, а соработуваат со групи од Охрид и околината.

- Можеме да кажеме дека во овие шест-седум години имаме настапувано на многу ме ста. Неколкупати имаме учествувано на повеќе фе стивали и хуманитарни настапи во Охрид, Скопје, Битола и Струга. Во моментов имаме соработка со Маца од „Бед контракт“, за новата песна која ја спремаме. Тука се и соработките со нашиот побратимски со став „Комунална хигиена“, потоа битолските „Кактус“ и „Спенк“, односно локалната легенда Роберт Сошански - велат момците од овој охридски со став. Покрај албумот, „Аутор“ за летниот период најавуваат турнеја низ земјава. По сакуваат да ја промовираат музиката која долго време ја слушаат и творат. На своите поддржувачи им ги че ститаат празниците, а на младите им препорачуваат да останат имуни на политиката. - Премногу тешко е кога сам твориш, работиш и менаџираш. Но ако сакаш да напредуваш, мора да има некој кој ќе те поддржи. Условите се тешки, но сè ќе си дојде во свое време. Сакаме да ги поздравиме сите наши поддржувачи, кои секогаш нè следат каде и да свириме. На охриѓани им ги че ститаме празниците, со надеж за повеќе успе си и среќа - завршуваат членовите на „Аутор“.


КУЛТУРА

Среда, 9 јануари 2013 година

27

„Хобит: Неочекувано патување“ од 31 јануари во „Синеплекс“

О

д оскаровски наградуваниот Питер Џексон ни пристигнува долго очекуваното продолжение „Хобит: Неочекувано патување“. Филмот ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ од 31 јануари. Станува збор за епската авантура-фантазија режирана од Питер Џексон во 2012 година. Филмот е првиот од трите дела на филмската адаптацијата заснована на новелата „Хобит“ од Толкин објавена 1937 год. Следствено на овој дел ќе бидат продуцирани и „Пустошењата на Шмауг“ и „Онаму и повторно назад“ во 2013 и 2014 година. Овие три филмови заедно претставуваат претходник на Џексоновата трилогија „Господар на прстените“. По адаптацијата на трилогијата „Господар на прстените“, режисерот Питер Џексон се осврна и кон уште едно дело на писателот Толкин, па долгоочекуваниот „Хобит“ ја доживеа својата прва екранизација. Никој досега не се впушти во реализација на овој

блокбастер. За разлика од Толкин, автор на детски книги, кој го создал прво делото „Хобит“, па потоа „Господарот на прстените“, режисерот Џексон го стори обратното, тргнувајќи по спротивен пат. -Додека го работевме „Господарот на прстените“, знаев дека тоа ќе биде едно од двете невидени животни искуства. Ова е одлична приказна со различни

Александар Прокопиев во првиот број на лондонското списание „Поем“ Македонскиот писател Александар Прокопиев е еден од 30-тина автори од светот прет ставен во првиот број на ново покренатото британско списание „По ем“ со седиште во Лондон. Расказите на Прокопиев „Се стричката на Марјан“ и „Аџијата, шустерот и будалата“ ќе бидат објавени во друштво со поетски и прозни текстови на Јанг Лијан, Хуан Карлос Ме стре, Шин О’Брајан, Томаш Ша ламун, Јоана Јероним, Дон Патерсон, Амир Ор и други познати свет ски писатели. Интенцијата на „Поем“ е за читателите на англиски јазик да го направи до стапен интернационалниот увид во најновото и најинтересно книжевно творештво во светот.

Инаку, прозите на Прокопиев до сега се неколкупати објавувани во реномираните британски списанија „Лондон поетри ривју“ и „Ориент експрес“. Н.П.

настани, малку подуховита од „Господар на прстените“, со брзо темпо бидејќи авторот ја напишал за своите деца и останатите деца во светот. Ликовите се разнолики, но присутни се и елементи на лакомост. Невините ќе се променат засекогаш и ќе ги соединат силите кои директно водат кон настаните кои се претставени во претходната трилогија. Овде почнува сè

- вели Џексон. Снимањето на „Хобит: Неочекувано патување“ траело осум и пол недели, низ северниот и јужниот дел на Нов Зеланд. Поголемиот дел на дивите предели му овозможија на Џексон да го долови магичниот дух на Средната земја. - Екипата се навикна на локациски снимања. Некаде вклучени беа и хеликоптери. Но, каприциозната клима на Нов Зеланд ја прави оваа авантура уште поголема - изјавува директорот на фотографија. Случувањата во филмот се сместени во Средната земја, шеесет години пред „Господарот на прстените“. Билбо почнува возбудлив потфат, да го врати изгубеното кралство на џуџињата на Еребор од канџите на страшниот змеј Шмауг. На волшебникот Гандалф му се придружува и дружината од тринаесет џуџиња, предводени од легендарниот воин Торин Дабовштит. Патот ќе ги доведе во дивината, низ опустошената земја која ја разорале гоблини и орки. Н.П.

Во Охрид „Средба со Иван Точко“ по повод 99-годишнината од неговото раѓање По повод 99-годишнината од раѓањето на охридскиот писател Иван Точко, дене ска во Охрид ќе се одржи „Средба“ на која ќе биде претставен дел од неговото творештво. Средбата со делото на Точко, што истовремено е замислена како ре а лизација на активно сти насочени кон оживување на спомените на подзаборавените охриѓани кои оставиле белег во животот на градот, ќе се одржи на пладне во КИЦ „Култура 365“. Иван Точко е роден на 9 јануари 1914 година во Охрид. Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“. Потоа следуваат бројни раскази, минијатури и новелети, а својата творечка активност ја завр-

шува како драмски писател со неговата последна драма „Под Акропол“ издадена во 1973 година. Неговиот живот завршува трагично истата година, во сообраќајна не среќа. Н.П.


28

КУЛТУРА

Среда, 9 јануари 2013 година

СОРАБОТКА МЕЃУ ИТАЛИЈАНСКА КОМПА

Струшкиот центар за култура ги враќа љубителите на филмот Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга ја инсталира и ја пушти во употреба новата кино опрема што ја доби од Mминистерството за култура. Оваа национална установа предвидените филмови ги прикажува преку проектор со дополнителен објектив и ХБ резолуција и три-де плеер марка „Филипс“. Директорката на Центарот Слободанка Попоска, објаснува дека со новата технологија во Струга се прикажал филмот „Трето полувреме“, а разликата во квалитетот, според неа била очигледна. - Со новата опрема веќе го прикажавме филмот „Трето полувреме“. Се чувствува разликата во сликата, во нејзината чистота. Се надеваме дека во подолг период ќе ги вратиме љубителите на филмот кои во изминатите децении ја полнеа кино-салата, вели Попоска. Единствен проблем според неа, засега останува затоплувањето во текот на зимските месеци. - Про сториите редовно ги затоплуваме, но објектот е стар и нема соодветна изолација, така што тешко се загрева. Имаме доволно количество нафта, редовно загреваме од сите страни, но не се чувствува го-

лема топлина. Уште пред дветри години повикав стручно лице, инженер, кој кажа дека само со добра изолација, големата просторија може да биде затоплена, додава Попоска. Врз објектот кој беше пуштен во употреба пред четири децении по стојано се вршат интервенции со сопствени средства, но и со помош од министерството за култура. - Изминатиот период успеавме со сопствени средства да ги уредиме канцелариите со ламинат, да ги санираме тоалетите во дирекцијата, а Американската агенција за меѓународен развој УНДП ни донира 10 илјади долари за библиотеката која работи во рамки на Центарот. Имаме и голема поддршка од министерството за култура. Добивме опрема, компјутери, ставивме ПВЦ и ја реновиравме библиотеката која функционира во рамки на Центарот за култура, објаснува директорката Попоска. Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ е меѓу 15-те национални установи кои добија модерна филмска опрема во рамките на проектот на министерството за култура за обновување на кино салите во Република Македонија. Н.П.

Изјава на денот „Политиката е длабоко навлезена во сите пори на општеството. Ја има таму каде што не смее да ја има. На територијата на културата таа просто ги урива уметничките вредности и, преку тоа, промоцијата на општо-човечките вредности, а во други области - дури загрозува човечки животи, зашто компетенцијата е заменета со подобноста.“ Зоја Бузалковска

500.000 денари во природонауч

Н

ов вид соработка најавија Националната установа „Природонаучен музеј на Македонија“ и италијанската фирма за унапредување на животната средина и третирање на отпад „Џетро енвиронментал“. Тие вчера потпишаа договор за парична

донација на музејот, со кој италијанската компанија донираше 500.000 денари, а добиените средства ќе бидат искористени за унапредување на основната дејност на музејот. Во присуство на директорот на Природнонаучниот музеј од Милано, Џовани Пазини, како


КУЛТУРА

Среда, 9 јануари 2013 година

29

НИЈА И ПРИРОДОНАУЧНИОТ МУЗЕЈ

за истражувања ниот музеј

и на прет став ни ци од Ми ни стерс твото за кул ту ра на Ре публи ка Ма кедо ни ја, до го во рот го пот пи шаа ди ре кто рот на При родо науч ни от музеј, Исмет Мехмети, и сопстве ни кот на „Џе тро ен ви рон ментал“, Луциано Алиеви. Директорот на Национална-

та установа „Природонаучен музеј на Македонија“ – Скопје, Исмет Мехмети, информира дека добиените средства ќе бидат искористени во истражувањата и во работењето на музејот и очекува натамошна финансиска поддршка од оваа компанија. Ова е редок случај на донира ње па рич ни средс тва од стран ска ком па ни ја на науч на уста но ва, а до пир на точ ка на деј но сти те на пот пис ни ци те на до го во рот е за шти тата на жи вот ната среди на. Донираните средства, според Луциано Алиеви од компанијата „Џетро енвиронментал“, се за да се развие работата на Природонаучниот музеј во Македонија и да се развие соработката меѓу природнонаучните музеи на Македонија и на Италија. Според зборовите на директорот на Природонаучниот музеј од Милано, Џовани Пазини, кој исто така беше присутен на конференцијата за новинари, ваквиот тип на соработка треба да стане практика бидејќи на овој начин се зацврстува и продлабочува соработката помеѓу две институции кои имаат различни дејно сти, но заедничка визија.

Бајките на браќата Грим во Кинотека до 18 јануари Кинотеката на Македонија во соработка со Институтот Гете од дене ска до 18 јануари ќе прикаже пет филма снимени според бајките на браќата Вилхелм и Јакоб Грим. Со тоа се придружува на свет ската прослава на јубилејните 200 години од нивната збирка „Бајки за деца“, објавена на 20 декември 1812. - На тој начин децата ќе дознаат многу повеќе за госпоѓа Холе, Пепелашка, Снежана, бременските музиканти и сите други херои од бајките на

браќата Грим, кои се задолжителна лектира за секое дете во светот, а се дел и од светското културно наследство и во списокот на пишувано културно наследство на УНЕСКО. Бајките на Грим се и подлога за безброј филмски адаптации, соопшти Кинотеката. Петте филмови се германска продукција и во Кинотеката ќе се прикажуваат од 12 часот: „Пепелашка“, „Масата, магарето и стапот“,„Снежана“, „Госпоѓа Холе“ и „Бременските музиканти“. Н.П.

„Љубов“ - најдобар филм според филмските критичари Филмот „Љубов“ на европскиот режисер Михаел Ханеке, кој говори за пар во поодминати години кои се соочуваат со тешка болест е прогласен за најдобар филм, според оценките на американското Национално здружение на филмски критичари. Наградата за најдобра глумица ја доби Емануел Рива, која глуми во „Љубов“, додека Ханеке е прогласен за најдобар режисер. Група од 60 еминентни филмски критичари од сите

делови на САД и од различни весници, списанија и други медиуми, кои се со станаа вчера во центарот „Линколн“ во Њујорк го избраа Даниел Деј Луис за најдобар глумец за главната улога во филмот „Линколн“. Мет ју Ме ко на хи е прогла сен за нај до бар спо ре ден актер за уло гата во фил мот „Вол шеб ни от Мајк“, доде ка Еј ми Адамс е прогла се на за нај до бра спо ред на актер ка за уло гата во фил мот „Ма стер“. Н.П.


30

КУЛТУРА

Среда, 9 јануари 2013 година

Објавена „Историја на Македонија“ од Шатев

Д

Невена ПОПОВСКА

руштвото за издавачка дејност „Македоника“ и Државниот архив на Република Македонија ја објавија книгата „Историја на Македонија“ од Павел Шатев, како прв том од оставината на Шатев, чии трудови досега речиси воопшто не се објавувани во Македонија. Изборот и преводот е на Предраг Димитровски, кој е автор и на воведот, а стручната редакција, коментарите и предговорот се на проф. д-р Зоран Тодоровски. Во богатата оставина на Шатев, меѓу другото, се зачувани и повеќе трудови за историјата на Македонија, кои според опфатот на историските периоди ја зафаќаат речиси интегралната историја на Македонија. На историјата на Македонија Шатев и се посветил последните години од животот, користејќи и цитирајќи релевантна светска литература. Трите пообемни труда на Шатев кои ја опфаќаат речиси интегралната историја на Македонија и претставуваат прва покомплетна Историја на Македонија, напишана од еден македонски интелекту-

алец се: 1) Македонија низ вековите. Македонија во древноста, средниот и новиот век; 2) Доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров. Ропство под владеењето на турските султани (пишуван во 1944 година во затворот во Ќустендил) и 3) Врховизам и централизам-федерализам. Два светогледа, два концепта. На крајот на книгата, како прилог, е објавена и македонска хронологија изработена од Шатев, која го опфаќа периодот од 1878 до 1903 година. На почетокот на првиот дел, Павел Шатев ја наведува следната предговорна белешка: Трудот што настанува е само дел од историјата на Македонија низ вековите. Тоа е повеќе еден аспект во кој некои точки, што за-

сегаат одделни прашања, до скоро спорни во науката, се разработени, уточнети, објаснети од лица специјалисти – археолози, историча-

ри, етнографи, општественици. Со тоа се придонесува младото поколение да се запознае и осветли со редица прашања за кои толку живо беа заинтересирани сите наши млади и стари дејци и општественици... Јас ќе сметам дека целта на книгата е постигната ако предизвика интерес кај некои историчари – специјалисти, со определени принципиелни и методолошко надминати појдовни позиции, да ги разработат, расветлат и уточнат и останатите прашања од историјата на Македонија од древноста до наши денови“. Оставината на Шатев има повеќе од 4000 страници во ракопис и уште три труда посебно објавени во Бугарија непосредно по Првата светска војна. Оригиналните ракописи и целокупното зачувано творештво на Павел Шатев се наоѓаат во Државниот архив на Хрватска, а микрофилмовите со право на објавување минатата година на новинарот Предраг Димитровски му ги отстапи Милка Шатева – ќерка на Павел Шатев.

Награда „Златен прстен“ за Илин, Павловски и за Чаловски Добитници на меѓународната награда „Златен прстен“ годинава се Душица Илин, Борислав Павловски и Тодор Чаловски. Ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ за творечки опус и високи креативни дострели на книжевен план. Душица Илин (Тетово, 1944) живее и создава во Белград. Автор е на поетските книги „Фреска на срцето“, „Сизифина“, „Ветер во кафез“, „Толкување на стравот“, „Бела линија“, „Пек“... Борислав Павловски (Бјеловар, 1950) живее и работи во Загреб. Доктор е по филолошки науки и редовен професор на Филолошкиот факултет, каде што е раководител на Катедрата за македонски

Душица Илин јазик и книжевност. Автор е на книгите: „Современа македонска драма“, „Македонска книжевност“, „Господари на лавиринтот“, „Во знакот на компаративното читање“, „Простори на театарските свечености“... Тодор Чаловски (Гостивар, 1945)

Борислав Павловски е поет, литературен критичар, есеист и преведувач. Автор е на поетските книги: „Ноќ во која те нема“, „Ноќен часослов“, „Сердарски болести“, „Јадро“, „Галица“, „Песни“... Досегашни добитници на „Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид

Тодор Чаловски Мухиќ, Светлана Христова-Јоциќ, Васил Тоциновски, Петре Бакевски и Веле Смилевски (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ и Ева Рас (Србија). Н.П.


Подготвија: Анета Стојковска и Марија Петковска

убавина 9.1.2013

ПРИРОДНИ ПРОИЗВОДИ ЗА СОВРШЕНА КОЖА

Ч

естопати трошиме многу пари на козметика за да се подобри изгледот на нашето лице, а совршениот изглед и чисто лице, може да се постигне многу лесно. Треба да се консумираат неколку производи кои имаат одличен ефект. МАНГО Доколку секојдневно јадете манго, ќе обезбедите 80 процен-

ти од дневно потребните количини на витаминот А, кој ги одржува и обновува ќелиите на кожата. Овој витамин дејствува како антиоксидант, односно се бори со слободните радикали, кои го предизвикуваат стареењето на кожата.

природен начин, à дава еластичност и ја хидрира.

АВОКАДО Ова зелено овошје е богато со есенцијални масла и со витамин Б, кој ја негува кожата на

ПЕЧУРКИ Печурките, покрај тоа што се многу вкусни за јадење, многу се корисни за кожата. Тие изобилу-

БАДЕМИ Бадемите се одлични за одржување на тенот. Витаминот Е, кој го има во бадемите, ја штити кожата од првите знаци на стареењето.

ваат со витаминот Б2, кој е исклучително важен за одржување на младешкиот изглед. Редовното консумирање печурки предизвикува обновување на кожата, го отстранува црвенилото и не дозволува кожата да се иритира. ЛЕНЕНО МАСЛО Омега 3 масните киселини се еликсир за кожата, а тие киселини ги има во големи количини токму во лененото масло.


32 УБАВИНА

Среда, 9 јануари 2012 година

Создадете навика д Л

есно е да се почне со вежбање, но проблем е како тоа да стане секојдневна активност. Обично желбата исчезнува по извесно време, па потоа се наоѓаат најразлични изговори за да се прескокне и да се одложи физичката активност за наредниот ден. Многумина се соочуваат со проблемот како да го направат вежбањето навика која нема да ја прескокнуваат, исто како што не го прескокнуваат утринското миење. Доколку навистина сакате да истраете, може да ви помогнат неколку совети. ИЗБЕРЕТЕ АКТИВНОСТ КОЈА ВИ Е ЗАБАВНА Ако ви е здодевно да вртите собен велосипед или да кревате тегови, тогаш може е добро да изберете пилатес или зумба. Не е важно за што ќе се определите, битно е тренингот да ви претставува задоволство.

СЕКОГАШ ВЕЖБАЈТЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ Решете кога е најдобро за вас да вежбате, односно кога имате најмногу слободно време и кога се чувствувате најмотивирани – наутро, попладне или навечер. Определете си конкретен час, затоа што доколку не-

мате определено конкретно време за вежбање, ќе ја одложувате физичката активност за подоцна со најразлични изговори.

ТРИ НЕДЕЛИ КОРИСТЕТЕ АЛАРМ КАКО ПОТСЕТНИК Докажано е дека откако ќе практикувате едно исто нешто 21 ден, тоа станува дел од вашиот живот и многу полесно ќе ви биде да си одделувате време за него, без да се чувствувате како тоа да го правите под принуда. Алармот нека ѕвони половина час пред вашиот тренинг за да имате доволно време да се подготвите. ОСТАВЕТЕ ЈА ОПРЕМАТА ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ВИДИК Тренерките оставете ги на столче во спалната, а на дофат нека ви бидат и патиките за вежбање. Визуелно потсетувајте го мозокот дека не треба да го заборави вежбањето. НЕ ПРАВЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ДЕН ПАУЗА Знаете ли дека луѓето кои вежбаат еднаш или двапати неделно почесто прескокнуваат тренинзи отколку луѓето кои вежбаат три или повеќепати неделно. Ако вежбате еднаш во понеделник и еднаш во петок, тогаш многу потешко


prilog@den.mk

Среда, 9 јануари 2012 година

да вежбате

ќе можете да го претворите вежбањето во навика. Многу полесно ќе ви биде да се навикнете да вежбате редовно ако вежбате преку еден ден (понеделник, среда, петок) или во најдобар случај секој работен ден.

ВЕЖБАЈТЕ ДУРИ И АКО СТЕ УМОРНИ Вежбањето бара енергија, но и дава енергија. Колку и да сте биле истоштени пред да почнете со физичката активност, најверојатно по завршувањето ќе се чувствувате одлично и ќе бидете исполнети со позитивна енергија и со задоволство. НЕ ОДЛОЖУВАЈТЕ ГО ВЕЖБАЊЕТО Не одложувајте го вежбањето, освен ако ви излезе нешто навистина неодложно. Во тоа не спаѓа поканата за кафе од пријателките. Научете се да ги одложувате другите работи за да вежбате, а не обратно. Закажете ја средбата за кафе подоцна. Ќе се чувствувате како тоа да ви е награда за напорниот тренинг.

33

Високите потпетици добија и научна поткрепа Чевлите со високи потпетици ја нагласуваат женственоста и жените кои ги носат се попривлечни за мажите. Ова го покажа и најновата студија на Универзитетот „Плимут“. Истражувачите снимиле група од 20-годишни девојки како се движат по лента за одење со чевли со високи потпетици и со рамни чевли. Потоа, група на мажи и жени, врз основа на снимките ја оценувале нивната привлечност и сите сметале дека девојките се попривлечни кога носат високи потпетици. Во друг експеримент се барало од гледачите само по чекорењето да оценат дали на снимката е маж или жена, при што лицето и телото биле замаглени. Кога жените носеле рамни чевли двапати повеќе за нив по грешка мислеле дека се мажи. Научниците ја измериле и разликата во чекори кога жената носи високи потпетици и кога е на рамно и заклучиле дека оние кои носат високи пшотпетици изгледаат поженствено затоа што прават помали чекори и повеќе се нишаат во колковите. Според научниците високите потпетици ја истакнуваат женственоста во чекорењето, што може да предизвика сексуална возбуда кај мажите и да à овозможи на жената да биде посвесна на потенцијалните кандидати за партнер.

Самодовербата кај жените, магнет за мажите

При освојувањето или флертувањето со партнерот или некој непознат маж, ако сакате да имате поголем успех, треба да посветите внимавате на неколку работи.

САМОДОВЕРБА Мажите ги сакаат жените кои зрачат со самодоверба. Се воодушевуваат од дамите кои секаде и секогаш влегуваат со крената глава. Искуствата велат дека овие жени се полесни за освојување, отколку оние кои постојано бараат потврда и поддршка од другите луѓе. ХУМОР Никој не сака да биде во друштво со личност која не знае да се шегува и постојано е нерасположена. Мажите сакаат жени кои им се смеат на шегите, а кои и самите знаат да кажат добар виц или шега. НЕГУВАНА Добриот изглед е многу важен на почетокот. Женствените и средени девојки секогаш имаат поголем успех кај мажите. Тие освојуваат на прв поглед.

НЕЗАВИСНОСТ Независноста е карактеристика која мажите многу ја почитуваат кај жените. Тие сакаат жени кои имаат сопствен живот и знаат да управуваат со него, односно жени кои покажуваат дека во иднина целосно ќе бидат ориентирани кон мажот.

ИСКРЕНОСТ Жените кои се искрени, секогаш имаат поголем успех кај мажите. Вербата дека нема да флертува со друг маж, е особина која можеби мажите најмногу ја ценат. ЛЕЖЕРНОСТ Мажите сакаат да се дружат со жени кои се опуштени и спонтани. За нив се интересни оние кои знаат дека ќе се забавуваат на било кое место, без да се оптоваруваат и да и посветуваат премногу внимание. ВНИМАНИЕ Мажите се како мали деца, сакаат да бидат во центарот на вниманието и партнерката постојано да се грижи за нив. Ако сакате да го освоите, згответе му нешто убаво и успехот е неизбежен.


34

НОВ СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

Розовото езеро Хилиер во Австралија А встралија е земја каде што можат да се видат навистина необични работи, но ретко која од нив може да се натпреварува со езерото Хилиер. Ова езеро е големо околу 600 метри и се наоѓа на островот Мидл Ајланд, крај западниот брег на австра лискиот континент, а главната карактеристика која го прави популарно и необично е неговата светлорозова боја. Интересно е што бојата на езерото не е никаква оптичка илузија, таа е вистинска и по стојана и не се менува ни ако се изолира во сад. Причината за ваквата обоеност на водата во езерото не е стопроцентно утврдена, но научниците се уверени дека објаснувањето лежи во масовното присуство на еден вид алги кои имаат висока концентрација на пигментот бета каротин, кој има црвенкаста боја, и на високото количество на бактеријата халобактер. М.Н.

Пронајдена бактерија која може да опстане на Марс Група американски и руски научници пронајдоа неколку вида бактерии чија животна средина е сибирскиот вечен мраз и сметаат дека заради тешките услови во кои опстојуваат, тие можат да „преживеат“ и на црвената планета Марс. Истражувачите од одделението за микробиологија и наука за клетките од Универзитетот на Флорида зедоа примероци од песок од крајбрежјето на реката Колима, која се наоѓа на североисточниот дел на Сибир и дојдоа до значајни сознанија. Примероците се извлечени од длабочина помеѓу 12 и 20 метри, каде што температурата на дното, на годишно ниво, е во просек минус седум Целзиусови степени. Научниците успеале да создадат колонија од истите микроби, но на температура од 28 степени и во нормални атмосферски услови, па оттаму се појавила и идејата дека ваквите живи организми можат да опстанат и на Марс, при нагли температурни разлики и во неприродна за нив животна средина. Потоа бактериите се одгледувале во услови слични како на оние на Марс, односно во недостиг на кислород, со негативна температура и низок притисок. По 30-дневниот експеримент, само шест од 10. 000 изолирани бактерии успеале да ги преживеат овие услови, но за научниците и тоа е доволно за да се претпостави дека овие микроби е можно да преживеат на црвената планета. Заслугите за ова истражување, кое е објавено во весникот „Постапки на Националната академија за науки“, им се препишуваат на научниците Вејн Николсон, Кирил Кривушин, Дејвид Гличински и Ендрју Шругер. К.И.


НОВ СВЕТ

Среда, 9 јануари 2013 година

35

Ласерско оружје како од научно-фантастичните филмови

Г

ерманската компанија „Реинметал дифенс“, која се занимава со изработка на воени одбранбени механизми, го претстави своето најново оружје кое се базира на високоенергетска ласерска технологија. Оружјето е составено од два ласера, кои комбинирано имаат разурнувачка моќ од 50 киловати. Тестирањето на ова оружје почна со поставување на метална плоча дебела 5 милиметри на од-

далеченост од 1 километар, која ласерскиот зрак ја продупчи без никаков проблем. Наредниот тест беше прилично покомплициран и потежок и од ласерското оружје се бараше да елиминира беспилотно летало на оддалеченост од 2 километри додека тоа се движи со брзина од 50 метри во секунда. При овој тест освен самата моќност, беше ставена на испит и радарската способност на оружјето, односно способноста за лоцирање и за следење на метата.

Откако и овој тест се покажа прелесен за ласерот, на ред дојде и последниот предизвик, кој се состоеше од лоцирање и уништување на метални топки со дијаметар од само 8,2 центиметри на оддалеченост од 3 километри, при брзина од околу 50 метри во секунда. Успешноста и при ова тестирање, експлицитно ја докажа способноста за пресретнување и елиминирање на балистички ракети. Мора да се напомене и дека ласерот соврше-

Прстен-будилник за двојки Сите венчани или невенчани двојки имаат ист проблем при будењето, односно будилникот на едниот партнер му го нарушува сонот и на другиот, кој по непотребното будење не може повторно да заспие. Сепак, научниците најдоа феноменално решение за проблемот. Станува збор за будилник во вид на прстен кој е аларм на вибрации и е инспириран и дизајниран токму за двојки кои би сакале да се наспијат. Принципот на работа е едно ставен, односно алармот, во вид на вибрации, се активира додека лицето е во сон, но го буди само едниот партнер кој го но си прстенот, а другиот мирно може да поспие до моментот до кога сака. Прстените се полнат и чуваат на база наречена „колевка“, на која се навиваат во кое време да ѕвонат, а потоа се ставаат на прст. Доколку сакате да ги исклучите или ре сетирате, тоа се случува со самото по ставување на базата. Дизајнерите не овој аларм-прстен сметаат дека тој е многу корисен и тоа не само за двојки, туку може да најде примена и кај лица со оштетен слух. К.И.

но функционира на секакви временски услови, без разлика дали се работи за дожд, снег или мраз. „Реинметал дифенс“ најавува дека догодина планира да го усоврши ова оружје, зголемувајќи ја неговата моќност и намалувајќи ја неговата големина. Во иднина ласерот може да прерасне во неизоставен дел од секој одбранбен систем, па дури и да најде место во воените теренски возила. Научната фантастика е сè поблиску до реалноста. М.Н.


36

СПОРТ

Среда, 9 јануари 2013 година

АРГЕНТИНЕЦОТ ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ Ф

Лео Меси е фудбалски

Л

и о нел Ме си ја продол жи сво јата доми на ци ја отка ко и офи ци јал но бе ше из бран за најдобар свет ски фудба лер за 2012 година, избор во ор га ни за ци ја на ФИ ФА и „Франс Фуд бал“. Ова бе ше вкупно четврта „Златна топка“ што заминува во рацете на арген тин ски от ге ни ја лец, и тоа во ни за во пос лед ни те че ти ри години што е уште еден доказ за силниот печат што генија лецот на Бар са го оста ва врз свет скиот фудбал. Неговиот избор за најдобар во 2012 година е со сема логичен, ако се земе во предвид фактот де ка ста ну ва збор за „најплодна“ година во кариерата на Ар ген ти не цот, кој што по стигна дури 91 погодок уривај ќи ги при тоа ре корди те на Герд Милер и на Пеле за најмногу голови во една ка лендарска годи на. Во ед на та ква ситуација, јасно е зошто Ме си стигна до наградата иако лани освои са мо еден единс твен трофеј, оној во Купот на Шпанија. - Секој сонува барем еднаш да стигне до „Златната топка“, а јас ја имам че ста четири пати во ни за да се за ки там со оваа награда. Пре среќен сум поради тоа и би сакал да им се заблагода рам на си те мои со и грачи од Барселона и од аргентинска-

та репре зентација, но најмногу на мојата сопруга и синот Тијаго – изјави Ме си по приемот на наградата. Ме си до би вкуп но 41,6 проценти од вкупните гласови на капитените и селекторите на ре пре зен та ци и те ши рум све тот, оставајќи ги да леку зад себе Кри сти ја но Ро нал до со 23,68 проценти и Андрес Иние ста со 10,91 проценти од гласо ви те. Се пак, Ар ген ти не цот упати спе ци јал на по фал на на адре са на сво јот со и грач од Барселона. - Андрес Иние ста, горд сум што те имам за со и грач, што можам да тре ни рам се кој ден со тебе и да играме натпревари за ист тим – порача Ме си. Су перѕ вездата на Бар са со осво ју ва ње то на оваа на гра да стана првиот фудбалер во истори јата што стиг нал до че ти ри „Злат ни топ ки“ во сво јата ка риера, оставајќи ги зад себе леген дар ни те Плати ни, Кројф и Ван Бастен. На гра ди те во жен ски от фуд бал ми наа во зна кот на Аме ри кан ки те, отка ко Аби Вамбах за прв пат во кариерата бе ше из бра на за нај до бра свет ска фудба лерка, додека награ дата за нај до бар тре нер во жен ска кате го ри ја за ми на кај Пиа Санд хејџ, ко ја што бе ше селекторка на САД при триумфот на Олим пи ски те Игри во

Откако четврта година по ред успеа да стигне до „Златната топка“, Меси ги надмина Платини, Кројф и Ван Бастен

ЦЕЛИОТ ИДЕАЛЕН ТИМ ДОАЃА ОД ПРИМЕРА ДИВИЗИОН Доста изненадувачки делуваше изборот на „Идеалниот тим за 2012 година“ на ФИФА и ФИФ Про здружението на професионални фудбалери, со оглед на фактот дека сите единаесет фудбалери настапуваат во шпанската Примера дивизион. Дури десет од нив се членови на големите ривали Барселона и Реал Мадрид, а на нив друштво им прави единствено голгетерот на

Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао. Икер Касилјас и покрај недоразбирањата со Жозе Мурињо сè уште важи за најдобар светски голман, во одбраната се најде место за Алвеш, Пике, Рамос и Марсело, средниот ред го сочинуваат шпанските репрезентативци Чави, Иниеста и Чаби Алонсо, додека во нападот се најдоа суперѕвездите Меси, Роналдо и Фалкао.


Среда, 9 јануари 2013 година

ФУДБАЛЕР

иот бог

СПОРТ

37

ГЛАМУР ВО ЦИРИХ

Лондон. Франц Бекенбауер беше добитник на „претседателската на гра да на ФИ ФА“ за по себ ни до стиг ну ва ња и при донес, додека Фудбалската Федерација на Узбекистан ја доби наградата за фер-плеј што тради ци о нал но ја доде лу ва свет ската куќа на фудба лот.

ДЕЛ БОСКЕ, ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА

Признанието за најдобар фудбалски стратег во 2012 година сосема заслужено замина во рацете на шпанскиот селектор Висенте дел Боске. Откако за малку остана без оваа награда во 2010 година, Дел Боске овојпат сосема заслужено стигна до неа, благодарение на извонредниот настап на шпанскиот национален тим и одбранетата титула на ЕП 2012. - Дојдовме на врвот на својата моќ и многу беше важно да се задржиме на тронот. Го сторивме токму тоа на европскиот шампионат, но сега пред нас е ново искушение, да се задржиме на врвот на следниот мундијал. Тоа е фудбалот, цело време постојат нови предизвици. Лично, ме радува што меѓу финалистите имаше двајца Шпанци, што е потврда за нашата добра работа во последно време, бидејќи до неодамна млади шпански стратези одеа во други земји за да се стекнат со дополнително знаење. Тоа веќе не е потребно, изјави Дел Боске, кој дојде до наградата пред Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Церемонијата во организација на светската куќа на фудбалот воедно беше идеална можност за сите присутни да се претстават во што подобро светло. Кристијано Роналдо остана без „Златната топка“, но затоа гордо се прошета со преубавата Ирина Шаик, додека Лео Меси пристигна во Цирих сам, бидејќи неговата сопруга остана во Барселона да се грижи за синот Тијаго. Икер Касилјас ги остави зад себе проблемите со Жозе Мурињо и максимално уживаше во вечерта крај Сара Карбонеро, а Жерар Пике беше без својата поубава половина, бидејќи Шакира веќе извесно време е во блажена состојба и наскоро би требала да му роди син на еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот.


38

СПОРТ

Среда, 9 јануари 2013 година

РАКОМЕТАРИТЕ УТРЕ РАНО НАУТРО ЗАМИНУВААТ ЗА ШПАНИЈА

Последна глазура пр Билјана Б.ПЕТРУШЕВА

М

ашката ракометна репре зентација на Македонија денеска ќе го одработи последниот тренинг пред заминувањето на Светското првенство во Шпанија. Откажаниот чартерлет ги промени плановите, па ракометарите наме сто на 11 јануари, заминуваат утре рано на утро, со автобус до Софија, а оттаму со редовна авионска линија преку Рим до Севилја. Последните тренинзи во Скопје беа искористени за фина лизирање на техничко-тактичките замисли и за „пеглање“ на грешките и пропустите воочени на последните два контролни натпревари против Египет (32-28) и против Србија (25-26) одиграни во Ниш пред Божиќните празници. - Ова беа два добри контролни натпревари, но секогаш има по нешто да се исправи. На дуелот со Србија имаше и грешки кои ќе мораме да ги от страниме до почетокот на СП. Имавме проблем со брзото враќање после контранапад. Против силните европски репре зентации мора многу да се трча во двете насоки за да се по стигне добар ре зултат. Но, имаме доволно време да ја темпираме формата за натпреварите од групата. Условно, имаме

Одигравме добри контролни натпревари, но секогаш има уште нешто да се поправи во играта, вели селекторот Звонко Шундовски

полесни противници на стартот од групата, со Чиле и со Катар, и на овие мечеви ќе ја подигнеме формата за наредните три потешки дуели со Исланд, Ру-

сија и со Данска – истакна македонскиот селектор. Покрај дуелите со Египет и со Србија, во првиот дел од подготовките пред СП во Шпа-

ОТПАДНАА МИТЕ СТОИЛОВ И ЗЛАТКО ДАСКАЛОВСКИ Селекторот на македонската репрезентација, Звонко Шундовски, одлучи на СП во Шпанија да патува со две резерви, односно со вкупно 18 ракометари. Во последната селекција од составот што ги одработи подготовките отпаднаа бекот Мите Стоилов и голманот Златко Даскаловски. - Мите Стоилов отпадна поради повреда и во консултација со лекарскиот тим одлучивме да остане во Скопје. За Даскаловски одлука-

та беше тешка, работеше добро во изминатиов период и на него ќе сметам на секој следен настап на репрезентацијата, а може да биде и дополнително повикан и во Шпанија ако се случи некој пропуст од голманите – изјави Шундовски. На СП во Шпанија, заминуваат: голмани: Борко Ристовски (Гумерсбах) и Никола Митревски (Металург), крила: Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Вардар про), Владимир Темелков (Баша-

раж), Гоце Георгиевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург), бекови: Кире Лазаров (Атлетико Мадрид), Милан Левов (Металург), Наумче Мојсовски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Бранислав Ангеловски (Констанца), Филип Лазаров (Вардар про), Ацо Јоновски (Металург), Велко Марковски (Металург), пикери: Стојанче Стоилов (Вардар про), Ванчо Димовски (Металург), Никола Маркоски (Вардар про).

нија, во Пореч, македонската репре зентација одигра и еден натпревар против Саудиска Арабија (28-21). На СП во Шпанија, во групата во Севилја настапот го отвораме против Чиле на 12 јануари, а ден потоа е дуелот со Катар, по што следуваат трите натпревари со европските селекции. На 15 јануари играме со стариот познаник Исланд во подновен со став, на 16 јануари со Русија и на крај во последниот натпревар од групата на 18 јануари со европскиот првак Данска, должникот од ланското ЕП во Србија. Прва цел на македонската репре зентација е пласман во осминафиналето на мундијалот што теорет ски Македонија може да го обезбеди и со две победи во првите два натпревари во групата. - Наша примарна цел е пласман во осминафиналето. Ќе се обидеме да вле земе во осминафиналето, но и да се избориме за што подбра позиција и евентуално да го одбереме противникот или доколку имаме среќа, да добиеме поле сен противник, доколку воопшто има такви во осмина-финале на СП. Но најважно пред се е да бидеме сите здрави и да одиме натпревар по натпревар. Сега за нас е најважен првиот натпревар со Чиле, за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите – истакнува капитенот Кире Лазаров. На Македонија ова ќе и биде трето Свет ско првенство, по настапите на СП 1999 во Египет и СП 2009 во Хрват ска, а капитенот Лазаров е единствениот репре зентативец од овој со став што настапил на сите три шампионати. Во Египет, Македонија заврши на 18.ме сто, де сет години подоцна во Хрват ска, бевме 11., а Лазаров стана најдобар стрелец и рекордер на свет ските шампионати со 92 гола. Целта во Шпанија е да се подобри пласманот од Хрват ска.


СПОРТ

Среда, 9 јануари 2013 година

39

ред патот за Севилја

КАТАР ЈА ПОБЕДИ АВСТРИЈА, РУСИЈА ЗАГУБИ ОД ПОРТУГАЛИЈА... Во последните контролни натпревари пред почетокот на СП во Шпанија, од нашите противници во групата во Севилја, победи забележаа Данска, Катар и Чиле, а Русија беше поразена. Репрезентацијата на Исланд по двете победи над Тунис, последната контрола ја имаше синоќа против Шведска. Данците очекувано со три победи доминираа на „Тоталкредит купот“ на кој беа домаќини во Архус. По победите против Тунис и против Црна Гора, Данците во последната проверка ја победија и Словенија (35-30). Микел Хансен со седум и Егерт со шест гола беа најефикасни во данскиот состав. Но, Данците сепак не се најзадоволни од

играта што ја прикажаа на овие контролни натпревари. - Мојот настап не беше толку добар. Тоа секако може да биде многу подобро. Мора напорно да работам за да бидам подобар во играта – изјави најдобриот дански ракометар, Микел Хансен кој поради повредата на коленото, подготовките ги одработи со намален интензитет. Изненадувачки беше поразот на Русија во вториот контролен меч со Португалија во Лагос (26-29). Русите го добија првиот меч, а во вториот беа поразени, најмногу поради бројните технички грешки. Репрезентацијата на Катар, во која настапуваат неколку нату-

рализирани репрезентативци, имаше добар настап на турнирот во Швајцарија. Вториот противник на Македонија на СП во Шпанија, прво играше нерешено со Белорусија (28-28), а потоа доминираше и победи во дуелот со Австрија (32-28). И репрезентацијата на Чиле против која го играме воведниот натпревар на СП на 12 јануари, забележа победа во последната проверка пред Мундијалот. Чилеанците ја победија Јапонија со 30-29 во последниот натпревар на „Меморијал Доминго Барценас“ во Мадрид. Родриго Салинас беше најефикасен со седум гола,а Харалд Фечман постигна пет гола за Чиле.

ВО СЕВИЛЈА ЌЕ СУДАТ СРБИ, ЧЕСИ, ПОРТУГАЛЦИ И СУДИИ ОД БСК Три европски и една судиска двојка од Африка ќе ја делат правдата на натпреварите од групата Б во Севилја во која настапува и репрезентацијата на Македонија. Од ИХФ во оваа група се делегирани Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ (Србија), Иван Какадор и Еурико Николау (Португалија), Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни (Чешка) и Јалатима Нанган Кулибали и Маманду Диабате (Брег на Слоновата Коска). На СП во Шпанија делегирани се и македонските судии Драган Николов и Ѓорѓи Начевски.


40

СПОРТ

Среда, 9 јануари 2013 година

ПРЕТСТАВЕНИ НАЈНОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА, ФЕРНАНДЕЗ И ДА РОЧА

Се склопува мозаикот на ЖРК Вардар СЦБТ Ж

РК Вардар СЦБТ на вчерашната пресконференција ги претстави двете нови засилувања, Шпанката Бегоња Фернандез и Бразилката Дајане Пирес да Роча. Со нив, како што нагласија од раководството на клубот, полека се склопува мозаикот за еден силен Вардар што ќе биде конкурентен и во европските натпреварувања. - Со потпишувањето на овие договори полека се склопува мозаикот за еден добар Вардар што ќе се бори во Европа за што подобар пласман и за враќање на македонскиот женски клупски ракомет на европската сцена. Добивме две репрезентативки и мислам дека со Фернандез и со Да Роча направивме добар избор. Нашата цел е што подолг престој во Европа уште оваа сезона и мислам дека имаме реални шанси за тоа – истакна претседателката на ЖРК Вардар СЦБТ, Гордана Нацева Бошева. Шпанскиот пикер Бегоња Фернандез во Скопје дојде по половина сезона помината во екипата на Зајечар. Во својата богата репрезентативна кариера, Фернандез има сребро од ЕП 2008 во Македонија кога беше прогласена и за најдобар пикер во Европа

„Вардарки“ со ангажманот на двете странски засилувања уште еднаш ја потврдуваат сериозноста на овој проект

и бронза од ОИ во Лондон. Фернандез со ЖРК Вардар СЦБТ потпиша договор до јуни 2014 година и во скопскиот клуб ќе го носи дресот со број 28. - Дојдов овде и се надевам де-

ка ќе à помогнам на екипата да ги оствари зацртаните цели. Прекрасно се чувствувам овде и мило ми е што сум дел од клубот – изјави Фернандез. Позитивни впечатоци од сво-

јот нов клуб и од првиот ангажман во Европа има и Бразилката Дајане Пирес да Роча. Таа игра на позицијата лево крило, ќе го носи дресот со број 55, а договорот со ЖРК Вардар СЦБТ à е со важност до крајот на сезонава. - Првпат сум во Европа и се чувствувам прекрасно. Ќе дадам сè од себе со екипата да ги постигнеме посакуваните цели – рече Да Роча. Задоволство од новите засилувања во тимот изрази и тренерот Индира Кастратовиќ. - Одамна ја познавам Бегоња и знам дека со своето залагање таа дава голем мотив и за другите ракометарки. Со Бегоња добивме многу не само во нападот, туку и во одбраната. Со засилувањата што ги донесовме покажуваме дека сме клуб со големи амбиции. Нема притисок дека мора да ја освоиме шампионската титула, но сакаме да бидеме први и да играме во Лигата на шампионите – вели Кастратовиќ. Покрај овие две странски засилувања, во декември на ЖРК Вардар СЦБТ му се приклучи и македонската репрезентативка Билјана Црвенкоска, а во тек се преговорите и за трансфер на Драгана Пецевска од Металург.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ГИ ИСПРАТИ РАКОМЕТАРИТЕ Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, вчера ги прими најдобрите македонски ракометари во својата вила на Водно, посакувајќи им многу среќа и успешни резултати на претстојното Светско првенство во Шпанија. Македонската експедиција утре заминува за Севилја, каде што од 11 до 27 јануари ќе биде дел од ракометниот мундијал.


СПОРТ

Среда, 9 јануари 2013 година

41

ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ ТРЕНЕР ВО „ГРАДСКИ ПАРК“

Рајковиќ ќе го враќа сјајот на Работнички

Е

мил Рајковиќ и официјал но бе ше промо ви ран во нов стратег на Ра бот нич ки, отка ко ја за вр ши сво јата аван ту ра ка ко стратег на Фени индустри. Иако во игра беа не кол ку стран ски страте зи, из бо рот на управата на Работнички падна токму врз Рајковиќ, кој е еден од нај тро феј ни те ма кедон ски стручњаци во последните петшест години. Тој потпиша договор на две и пол години, што е са мо уште ед на потврда за долгорочно ста на про ектот на новата управа на Работнички. - Овој нов почеток за мене прет ставува огромно задоволс-

Младиот стратег потпиша договор на две и пол сезони, најавувајќи дека веќе од следната сезона Работнички ќе атакува на нови трофеи тво бидејќи се враќам дома. По де сет-единае сет години отсуство од „Град ски парк“, ова за ме не ќе би де мно гу до бра и многу интересна авантура што се надевам дека на Работнички ќе му даде нов почеток, по себен шмек. За дачата не е ни малку лесна, но од оваа управа ко ја што е но ва, но и ма кси мал но се ри оз на, до бив уве ру ва ње де ка ста ну ва збор за дол го рочен про ект. Глав но од се е да се врати сјајот и победнич ки от дух на Ра бот нич ки,

клубот да за ста не на здра ви но зе, па ве ќе след ната годи на да ата ку ва ме на тро фе и те. Овој момент може би е мал ку тежок бидејќи се наоѓа на ше стото ме сто на та бе лата, при мар на цел е да се вле зе во Су пер-ли гата, потоа и пле јо фот, но глав ни те ре зул тати се оче ку ва ат во след ни те две се зони. Спорт скиот директор Дејан Јовановски е убеден во исправно ста на изборот токму Рајковиќ да биде новиот шеф на

СИ ЗАМИНА И НЕМАЊА ЈЕЛЕСИЈЕВИЌ

Рајковиќ ќе се соочи со огромен проблем бидејќи таборот на Работнички покрај Американецот Амоке го напуштил и српскиот центар Немања Јелесијевиќ, кој беше прв стрелец на овој тим во досегашниот тек од сезоната. Иако е очигледно дека му е неопходно

освежување на играчкиот кадар, Рајковиќ сепак порача дека најголемите засилувања ќе бидат ангажирани дури по завршувањето на оваа сезона. - Немојте да очекувате бомбастични трансфери, ќе настојуваме да ангажираме квалитетни кошарка-

ри и тие да се вклопат во играта до крајот на јануари, кога стартуваме со настапите во Купот на Македонија Главните трансфери ќе бидат во летото, а сега ќе следи стабилизирање на екипата и како што веќе реков, враќање на сјајот на Работнички – истакна Рајковиќ.

стручниот штаб во „Градски парк“. - Зна е те де ка во пос лед ни те де се ти на де на Ра бот нич ки бе ше во потра га по шеф на стру чен штаб. Кон та кти равме со неколку странски имиња, но во ме ѓу вре ме, изми нати от ви кенд стапивме во кон такт со Емил Рајковиќ и се одлучивме за овој млад стручњак. Иако е млад, тој има богато искуство и е докажан во кошаркарскиот шампионат на Македонија, каде што има осво ено до ста трофеи. Се има до ка жа но со профе сионалниот пристап кон работата и верувам дека го напра вивме ви стин ски от из бор. Се до го во ривме за со ра ботка во следните две и пол години, при што ќе му биде овозможено да го со ста ви ко сту рот на тимот и да ја води екипата кон нови успе си – изјави Дејан Јовановски.


42

СПОРТ

Среда, 9 јануари 2013 година

Истанбул, Токио и Мадрид во трка за ОИ 2020

Три градови влегуваат во трка за домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година. Своите кандидатури за организација на ЛОИ 2020 во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет во Лозана ги предадоа Истанбул, Мадрид и Токио. Одлуката кој ќе биде домаќин на игрите ќе биде доне сена на 7 септември годинава во Буенос Аирес. Според процените на светските медиуми, Токио влегува како главен фаворит во трката, Истанбул е исто така силен кандидат, а Мадрид, кој по трет па по ред се кандидира за домаќин на ОИ, има најмали шанси во оваа конкуренција пред

сè поради финансиската криза во Шпанија. ИОК претходно од списокот на кандидати ги отпиша Баку и Доха. Градовите што останаа во конкуренција во март ќе ги по сети инспекција на ИОК која после тоа ќе подне се извештај и ќе го даде своето мислење пред раководството на ИОК што ќе влијае на конечниот избор. Од трите градови кандидати за домаќин на ОИ 2020, само Токио бил и претходно организатор на најголемото спорт ско натпреварување во светот, ОИ во 1964 година. Истанбул се кандидира по петти пат откако до сегашните четири кандидатури му за-

вршија неуспешно, а за Мадрид ова е трет обид по ред да ја добие организацијата на Олимписки игри.

Симон Аман ги возеше Норвежаните со авион

Швајцарскиот ски-скокач, Симон Аман лета на скии, но лета и со авион. Пред почетокот на сезоната Аман го положи испитот за пилот, а сега со авион ги пренесе норвешките скокачи од Австрија до Полска за утрешниот настап. Норвежанецот Том Хилде бил воодушевен од идејата на Симон Аман, кога тој минатата недела им предложил наместо со автомобили, до следната дестинација за натпреварите од Светскиот куп да стигнат со мал авион. - Не се двоумев долго да ја прифатам поканата. Така, до Салцбург стигнавме со такси, а оттаму полетавме за Полска. Бидејќи имаше магла, Симон беше во функција на копилот, но доби можност да слета. Воодушевен сум од тоа што го направи. Не лета секој со вакво мало авионче и со Симон во улога на копилот. Ти благодарам Симон!- напиша Том Хилде, на својата интернет страница. Норвешкиот скокач кој беше трет на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ постави и две фотографии како доказ за необичното доживување.


43

ФЕЉТОН

Среда, 9 јануари 2013 година

Посакувам да си тука

3

Франсеск Миралјес

Животот на Даниел, успешен архитект, е исполнет со низа успеси пред да го прослави својот триесетти роденден кога неговата свршеница ненадејно го напушта и кога темелите на неговиот совршен свет одеднаш се разнишуваат. Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го има подарено единствената пријателка што ќе ја задржи во текот на кариерата. Цедето е на пејачката Ева Винтер и насловната песна од албумот, „Wish You Were Here“, чудно одекнува во него. На негово изненадување, песните како да ја раскажуваат неговата лична биографија. Во една од нив, „Цвеќе во магла“, главниот лик е млад архитект кој, откако ќе претрпи љубовна траума, ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена, која на крајот излегува дека е истата пејачка. Инспириран од тоа, Даниел донесува необична одлука: без да најави никому заминува во Париз, каде што живее и работи Ева Винтер, личноста со која се чини дека споделува многу заеднички работи. Додека го открива својот вистински идентитет – и патем љубовта на неговиот живот – на површината ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè...

Ја сакав и се обидував тоа да à го покажам на сите можни начини. À подарував романи, à носев ароматични чаеви, à режев музика и култни филмови. - Ти си прекрасен – велеше. Во меѓувреме ги менуваше момчињата, а јас секогаш бев надвор од списокот. Едно зимско попладне, кога беше во мојата соба, не можев повеќе да издржам. Имаше прекин во доводот на гас и Елена се стутка, бидејќи à беше студено. À дадов некој свој џемпер и, гледајќи го на неа, се почувствував смешно горд. Фатен во стапицата на необична и пријатна блискост, почувствував дека во таа облека што го покрива нејзиното тело по малку се наоѓам и јас. Тогаш à изјавив љубов. Една година ми требаше да се осмелам, а напорот вроди со прекпор: – Те молам Даниел, не зборувај така. Ние сме другари, зарем не? – И натаму ќе бидеме – објаснував – но, не можам да се задоволам само со тоа. Сакам да ми бидеш девојка. Засекогаш. Овој последен збор дефинитивно сè однесе по ѓаволите. Онаа што беше на чекор од тоа да ми стане сопруга ја запознав пет години подоцна, бидејќи сè дотогаш бев лудо заљубен во Елена, колку апсурдно и да звучи тоа. Во тоа време веќе бев архитект и работата влијаеше врз мене како наркотик што ме држи на сигурно од љубовните проблеми. Но, секоја брава има свој клуч, а мојот беше една девојка од богато семејство, која поминуваше низ некоја метафизичка фаза. Ја запознав во кафулето во улицата „Сан Хервасио“, во кое обично навраќаа барбиките од блиската агенција за манекени, како и публицисти со долга коса и самозадоволен изглед. Ѕидовите беа прекриени со стари фотографии на ски-центри; детаљ што му даваше демоде излед, својствен на високата класа. Јас имав тука состанок со еден клиент, кој, на крајот, не дојде. Бесен што чекам, нарачав уште

еден чај и почнав да го читам кино-репертоарот во весникот. Како да беа договорени, во рок од пет минути од кафулето излегоа сите манекенки и страшила. Тогаш ја видов. Беше дамичка со нежна убавина – се виде дека е растена под крилото на таткото-заштитник – и со мошне концентриран израз. Беше сама на масата и зјапаше во една од старите фотографии. И пред да се вратам на весникот, таа воздивна: - Тишината на снегот. Звучеше како наслов на некој нискобуџетен европски филм. Се направив како ништо да не слушнав, но таа повторно прозборе: - Не ти се допаѓа? Беше јасно дека ми се обраќа мене. И дека очекува некаков одговор. Глумејќи ја улогата на викенд-татко што го крева погледот од весникот за да им подари внимание на будалштините на својата ќерка, одговорив: - Тишината на снегот. Сакам да кажам дека човекот може да знае дали врне дожд кога ќе ги слушне капките што паѓаат на земјата. Но кога паѓаат снегулките, ништо не се слуша. Не е ли тоа чудесно? Како да го стивнуваат звукот на животот.

Таа, по малку инфантилна приказна го разбуди во мене интересот за оваа умница, која заклучи: - За мене тишината е најговорлива на светот. „А зошто тогаш не замолчиш?“ Би било на место да à се каже така, но Дезире, која на крајот седна на мојата маса за да го продолжиме овој надреален муабет, почна да ме интересира. Пред да се разделиме, ја запиша својата електронска адреса на хартиена салфета. И јас го направив истото. Драг Даниел, Околу мене сè е бело. Кога гледам како паѓаат снегулки, се присетувам што ти зборував во кафулето: снегот можеби е визуелна и тактилна појава, но, за разлика од дождот, не се слуша. Затоа снегот е пометафизички, поинтелектуален. Нечујно те бакнувам, Дезире Читањето на овој имејл предизвика во мене таков напад на смеење, што одеднаш се почувствував расположен за играње. Направив грешка мислејќи дека можам да стапнам на нејзин терен и да излезам неоштетен. Подготвен да се зафркавам со мојата воздушеста пријателка, веднаш à одговорив.


44

ИНФОРМАТОР

Полиција 192 Брза помош 194 Противпожарна бригада 193 КОМУНАЛНИ УСЛУГИ Топлификација 3076-200 Електро – Скопје – дежурен диспечер 3161-454 Служба за наплата 3116-099 Улично осветлување 2622-789 Водовод и канализација – дежурна служба 3073-010 Водовод 3163-240 Оџачарски услуги 2440-293 Пламен 2650-230 Организација на потрошувачите 3212-440 Комунална хигиена 3216-644

ХОРОСКОП

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ Клиничка болница 3147-147 3283-000 Воена болница Градска општа болница 3087-400 Гинекологија и акушерство – Чаир 2611-033 Поликилиника Букурешт 3064-088 Поликлиника Јане Сандански 2469622 Неуролошка клиника 3147-342 Институт за белодрбни заболувања 3035-822 Институт за трансфузиона медицина 3226-923 Ремедика 2603-100

Среда, 9 јануари 2013 година

Систина 3099-500 Свети Лазар – гинеколошка болница 5112-016 Неуромедика 2042-323 Авицена – лабараторија 3179-001 Адриалаб 3296-925 Фармахем – биохемиска лабараторија 2031-905 Мак Медикус 3224-445 Неуропсихијатриски центар Др. Павлов 3236-667 Рендген дијагностика 3110-003 Центар за стерилитет 3213-697 Центар за сколиозии 3212-353 Национална СОС линија 15700 СОС телефон за помош од дрога 0800 11 444 СОС телефон за деца и младинци 0800 12222 СОС превенција од трговија со луѓе 2777070 Прва детска амбасада 0800 12222 СОС превенција од ХИВ 0800 33 444 СОС Национална линија 070/141700 Сакам да знам – центар за сексуално здравје 3176950 Шелтер центар 070/520639 Кризен центар – Надеж – жртви од насилство 3173-424 Институт отворено општество 3136-400 Ветеринарна амбуланта Пет- Вет 3178-656

21.03 19.04

Овен - Прeмногу се вложувате во работи кои немаат никакво значение, така само си го губите драгоценото време. Совет: внимавајте на здравствената состојба, можни се кардиоваскуларни проблеми.

20.04 20.05

Бик - Премногу бурно и емотивно реагирате за се што се случува околу вас, обидете се посмирено да комуницирате со луѓето. Совет: прошетка во природа ќе ве опушти и ќе ви даде енергија.

21.05 20.06

Близнаци - Се соочувате со сериозни проблеми, но вие знаете на мајсторски начин да излезете од секоја незгода. Совет: потребна ви е мир и тишина за размислите што сакате понатаму.

21.06 22.07

Рак - Еден пријател има големо влијание на одлуките кои ги носите во секојдневниот живот, на партнерот тоа му пречи. Совет: ако сакате да биде се добро, внимавајте како се однесувате.

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

ПТТ СООБРАЌАЈ Будење 180 Информации 188 Меѓународна ценетрала 182 Меѓуградска централа 901 Повик на сметка 1833 Точно време 185 Телеграми 186 Пријава на ПТТ дефекти177 Федекс – брза пошта 3111-116 ЕМС услуги - Од врата до врата 15000

Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос. Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

СООБРАЌАЈ Меѓуградска автобуска станица 2466-011 Железничка станица 3164-255 Аеродром Александар Велики - Скопје 3148-333 Аеродром Свети Павле - Охрид 046 252842 Чех Ерлајнс 3290-572 Инех 3216-120 Делфина травел 3111-214 Кроација ерлајнс 3115-858 ЈАТ 3229-078 Регионален центар за управување со кризи 195 АМСМ – Помош на патишта 196 АМСМ – Инфо центар 15555 Воена полиција 3282-361 Матична служба 3117-766 Сала за венчавање 3118-250 Храм Свети Климент 3237-218 Храм Свети Димитрија 3162-919 Храм Света Петка 3238-066 Храм Пресвета Богородица 3227-165

23.07 22.08

Лав - Многу тешко го прифаќате поразот, но од секоја битка не можете да излегувате како победник. Совет: дологоочекуваниот одмор ќе ги исполни вашите очекувања.

23.08 21.09

Девица - Во потполност ги исполнивте очекувањата на претпоставените, затоа нема потреба веќе да стравуваате за своето работно место. Совет: пијте повеќе течности.

22.09 23.10

Вага - Конечно разумот ги победи емоциите. Одлучно братете ја секоја своја постапка. Совет: партнерот сака да му посветите поголемо внимание, а вие знaете многу добро да му ги задоволите потребите.

24.10 21.11

Скорпија - Времето за одмор заврши, сега е вистинско време да почнете да размислувате дали вреди да го смените работното место. Совет: имате вишок енергија, искористете ја правилно.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Блажен Јулијан На денешен ден умрел мисионерот Јулијан Маунор. Тој околу 43 години патувал низ Бретања, проповедувајќи го Евангелието Христово. За бретонскиот народ, Јулијан бил добар татко. Бил познат по својата скромност, молитва и христијански морал. Им помагал на болните и ги ослободувал опседнатите. Исцрпен од работа, бил прогласен од народот за светец и апостол, а црквата во времето на папата Пио Дванаесетти тоа го потврдила. Бретања и денеска во верски поглед, е една од најдобрите француски покраини.

22.11 21.12

Стрелец - Семејните проблеми нема да се решат сами, ако сакате да го задржите редот и хармонијата, сериозно сватете си го проблемот. Совет: здравствените проблеми не се за потценување.

22.12 19.01

Јарец - Иако околу вас има многу луѓе, вие се чувствувате осамено. Бидете поотворени за соработка, вашето искуство им годи на колегите. Совет: искористете го денот за дружење.

20.01 18.02

Водолија - Вие ја сакате слободата, но партнерот почнува да ве гуши со постојаните прашања. Кажете му што ви пречи. Совет: внимавајте колку трошите.

19.02 20.03

Риби - Престанете да живеете во минатото, подобро за вас ќе биде да се свртите кон иднината. Совет: партнерот ви подготвува пријатно изненадување.


Среда, 9 јануари 2013 година

WWW.ELANCER.MK

Најдете работа и сè што ви треба

45


46

информатор

ки но „Ми Ле ни уМ“ „Жи во тот на Пи“ Жанр: аван ту ра, дра ма Ре жи ја: Анг Ли Уло ги: Су рај Шар ма, Ир фан Кан „Ма да га скар“ Жанр: ани ми ран, ко ме ди ја Ре жи ја: Ерик Дар нел, Том Ме кграт, Ко нрад Вер нон По че ток: 15 ча сот „тре то по лу вре ме“ Жанр: дра ма Ре жи ја: Дар ко Ми трев ски Уло ги: Са шко Ко цев, Ка та ри на Ива нов ска и Ра де Шер бе џи ја По че ток: 17.30 и 20 ча сот „откровение“ Жанр: хо рор, три лер Ре жи ја: Ми шел Ба сет Уло ги: Аде ла и да Кле менс и Кит Ха рин гтон По че ток: 22 ча сот

„Збо гум, мо ја кра ли це“ Ре жи ја: Бе нот Џе кот Уло ги: Да јан Кру гер и Леа Се докс По че ток: 15.30 и 18 ча сот „ка пе тан аме ри ка“

са ла 2 „ог ле дал це, ог ле дал це“ Жанр: аван ту ра, ко ме ди ја, дра ма Глав ни уло ги: Ли ли Ко линс, Џу ли ја Ро бертс, Ар ми Ха мер Ре жи ја: Тар сем Синг По че ток: 10.30, 12.30, 15 и 17.30 ча сот „Што да оче ку ва те ко га оче ку ва те“ Жанр: ко ме ди ја, ро ман са Уло ги: Ка ме рон Ди јаз, Мет ју Мо ри сон, Ели за бет Бенкс По че ток: 20 и 22 ча сот „ка у бои и вон зем ја ни“ Жанр: дра ма Ре жи ја: Џон Фар веј Уло ги: Ха ри сон Форд По че ток: 10.30 и 13 ча сот

0

l

Тетово l

4

-2 l Берово

3 l Радовиш

l Неготино

2

4 l Струмица

l Кавадарци

5 l Струга

2 5

l Прилеп

5 l Гевгелија

Битола

l Охрид

2 l Ресен

13

Барселона

5

Букурешт

2

Будимпешта

0

Загреб

6

Софија

12

Атина

2

Приштина

-1

Сараево

-1

Белград

1

1

5

l Дебар

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 7 километри на час.

l Штип

l Кичево

При го тву ва ње:

Му Зеј на граД скоП је Постојана поставка

l Делчево

Велес l

4

Јагнешкото месо се сечка на парчиња и се вари. Спанаќот се мие и се става да се испжи, а потоа се додава оризот. Ако недостига течност, се става од водата во која е варено месото. Потоа спанаќот и оризот се ставаат во тава, а одозгора се ставаат парчињата месо. Се пече на 200 Целзиусови степени..

1 кг спанаќ 200 г ориз зачини 1кг јагнешко месо

иЗ ЛоЖ би Му Зеј на Ма ке Дон ска та бор ба За Др Жав ност и са Мо стој ност, Му Зеј на вМро и Му Зеј на Жр тви те оД ко Му ни стиЧ ки от ре ЖиМ Ме ѓу на род на ко лек ци ја Отво рен од втор ник до не де ла од 10 до 18 ча сот

l Кочани

2

Гостивар

Мнт „ Ма ли от ти мо ти“ Ре жи ја: Сне жа на Ко нев ска-Ру си По че ток: 20 ча сот

1

0

7

По треб ни со стој ки:

Крива Паланка

Скопје l

Бирјам

са ла 3 „Зам ка“ Жанр: дра ма, кри ми на ли стич ки Ре жи ја: Сте фан Ру зо витц ки Глум ци: Ери ка Ба на, Оли ви ја Вајлд По че ток: 19.15 ча сот

4

Куманово

Рецепт на денот

ДраМ ски те а тар „За се ко го има по ед на“ Автор: Вен ко Ан до нов ски Ре жи ја: Влад лен Але ксан дров По че ток: 20 ча сот

са ла 9 „та тин син“ Жанр: ко ме ди ја Ре жи ја: Шон Ан дерс Глум ци: Адам Санд лер, Ва ни ла Ајс

l

8

По че ток: 19.20 и 21.30 ча сот са ла 1 „Це ло сен от по вик“ Жанр: ак ци ја, на уч на фан та сти ка Ре жи ја: Лин Вис ман Глум ци: Ко лин Фа рел, Џе си ка Бил По че ток: 18.45 ча сот

Ре жи ја: Џо Џон сон Уло ги: Крис Еванс, Том Ли Џонс, Се ба сти јан Стан По че ток: 15 и 17.15 ча сот

„синП Лекс“ са ла 1 „Па ра нор мал на актив ност 4“ Жанр: хо рор Ре жи ја: Хе нри Џост Уло ги: Бра ди Ален, Ке ти Фе тер стон По че ток. 21 и 22.50 ча сот

ки но „раМ стор“ „кунг-фу пан да“ Жанр: ани ми ран Ре жи ја: Крис Ми лер По че ток: 11 и 13 ча сот

l

Среда, 9 јануари 2013 година

Времето денеска ќе биде стабилно и облачно, во Скопје минималната температура ќе биде -7 Целзиусови степени, а максималната 0 степена. Влажноста на воздухот ќе биде 49 процента. Биометеото е неповолно за луѓето со хронични болести.

l

3 -10 четврток 8

-6 10 петок

-5 8

сабота


ЗРНЦА НА МУДРОСТА

"DEN#

Поделете го знаењето ако со тоа можете да им помогнете на другите!

VID PARAZIT GERMANSKI FILOZOF GEORG

@ITELKA NA EDEN NA[ GRAD

Ê

AVTOKAMP NA OHRIDSKO EZERO ARTISTKA A]IMAC

K

Ê

L

Многу е важно да ја изберете вистинската работа, а најчесто таа е плод на случајност! Паскал Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство!

^ITAJTE "DEN#

KRIVOPALANE^KO SELO LUKAVI LU\E VID CRVENA BOJA VID [VAJCARSKO SIREWE ILIJA MIL^IN PEHAR

SELO VO KAVADARE^KO STRANSKA MERKA ZA ZEMJI[TE ILUSTRIRAWE

Ä

TR^AWE EKS AVSTRALISKI TENISER XON MUGRA, ZORA (MN.) PEJA^KATA APOSTOLOVA

C MESEC VO GODINATA FRANCUSKI VESNIK

ARTISTKATA SAVINA BEZGLASEN

AVTOKAMP NA DOJRANSKOTO EZERO

PARI^NIK (MN.)

6 5

MALI GRAT^IWA

PILULA PROST BROJ

STARO PISMO NA INKITE

Ä

NASILIE

REKA VO SRBIJA STARO RUSKO MA[KO IME

RUSKI LINGVIST GENADIJ IZVIK PRI SKOK

KONAK, NEANA "AD AKTA#

P

KARAT AZOT PRIPADNICI NA NAJVISOKATA KASTA VO INDIJA

7 5 8

4 3

9 5

9 7 8

2

6

1 8 3

9 4

5 2 8

3 1

2 5

3 4 6 8 2 7 7 5 1 9 6 4 3

5

1 3 2

8 2 1 9

9 6

4 5 7

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: GARDIJAN, T, MOSLAVINA, E, STENA, IBAR, T, @IDILOVO, IT, CINOBER, VATA[A, IM, AKR, TRK, AP, CRTAWE, UTRA, KIPU, APRIL, A^IKOT, IJA, ASORIN, AN, PORTMONE, K, PI, BRAMANI; SUDOKU: 1) 327 584 961, 458 691 237, 916 327 458; 693 258 714, 571 943 682, 842 716 395; 289 465 173, 134 879 526, 765 132 849; 2) 973 845 612, 514 623 879, 826 719 435; 732 184 596, 458 936 721, 169 257 384; 391 468 257, 687 592 143, 245 371 968

Животот не се мери со бројот на вдишувањата, туку со миговите кои ни го одземаат здивот! Непознат автор

TITULA NA INDISKI BLAGORODNIK (MN.)

M

Æ

LUDOLFOV BROJ (3,14)

Петре М. Андреевски

D

ELEKTRON PO^ETOK NA MOLITVA "BOGORODICE DEVO#

IVAN TO^KO

Кој е недоверлив кон другите луѓе, не заслужува доверба! Гете

Ê

TEMPO

TONA

Летај како пеперутка, касај како пчела! Мохамед Али

PISATELOT KI[ JON ISAJA

ANGLISKI VESNIK

OBLAST VO HRVATSKA KARPA

Гете

47

РАЗОНОДА

Среда, 9 јануари 2013 година


С ПО РТ

Среда, 9 јануари 2013

Се склопува мозаикот на ЖРК Вардар СЦБТ

Последна глазура 32-33 пред патот за Севилја Рајковиќ ќе го враќа сјајот на Работнички

ГЛАМУР

33

30-31

37

ВО ЦИРИХ

ВИЦОТЕКА

Два пара се шетале низ голем трговски центар, но во метежот сопрузите ги изгубиле своите жени. Барајќи ги, двајцата мажи се судриле. Првиот рекол: - Извинете, јас ја изгубив жената и сега ја барам! - И јас ја изгубив и сега ја барам! – рекол вториот. - Добро, ајде тогаш заедно да ги бараме, но кажи ми како изгледа твојата жена, така полесно ќе ги најдеме -

рекол првиот. - Па, мојата е висока, слаба, убаво градена, со сини очи и со руса коса, мини-здолниште и нашминкана! А, твојата? - Остави ја мојата, ајде да ја бараме твојата! * * * Трпе à вели на жената: - Леле, мила, алкохолов те прави многу убава! - Ама, Трпе, јас не пијам! - Е, знам, ама јас пијам!

ТИКЕТ СЕК Ј Челси Свонси Јувентус Милан

1 1

Сарагоса Леванте Реал М. Селта

Коефициент 5,5

GG 1


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.