Den 24-25 Mart

Page 27

Сабота-недела, 24-25 март 2012 година

СПОРТ

27

УТРЕ НОВО ДЕРБИ ЗА ВАРДАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Ја преслушаа Шкендија, сега на ред е Металург Доколку го минеме и Металург, веќе ништо нема да нè сопре на патот кон титулата, вели Ивановски

Ф

удбалерите на Вардар го урнаа митот за непобедливоста на Шкендија на Градскиот стадион во Тетово и во дербито славеа со 0-1. Стрелец на победничкиот погодок беше капитенот на „црвено-црните, Филип Ивановски, во 52.минута од средбата. Со тоа ја задржаа предноста од седум бода во однос на второпласираниот Металург на врвот на табелата, а дефинитивно ја откажаа Шкендија од намерата да ја одбрани шампионската титула. - Одигравме одличен меч. Покажавме дека сме најквалитетна екипа во Првата лига оваа сезона и се надевам дека во ист стил ќе продолжиме сè до крајот на шампионатот - вели стрелецот на погодокот Филип Ивановски. Утре Вардар го очекува ново дерби, овојпат на стадионот во Ѓорче Петров, каде што ќе ги одмери силите со второпласираниот Металург. „Црвено-црните“ се

во налет, на крилја на големиот триумф во Тетово, но заморот е нивен голем противник. „Металурзите“ одморени го пречекуваат важниот дуел. - Немаме многу време за одмор, но, од друга страна, ја имаме натпреварувачката тензија. Ќе смогнеме сили и за новото дерби, очекувам навивачите да дојдат во голем број и да нè бодрат во овој важен дуел. Доколку го минеме и Металург, веќе ништо нема да нè сопре на патот кон шампионската титула - вели капитенот на Вардар. Викендов на фудбалските терени во Македонија на програмата ќе биде 21. коло од Првата лига. Денеска во Тетово, Ренова го пречекува Напредок (14 часот), а утре од 15 часот се играат дуелите Вардар – Металург, Шкендија – Тетекс, Брегалница – Хоризонт Турново, Силекс – 11 Октомври, Охрид 2004 – Работнички. Н.Ѓ.

Руни скрши рака на дете

„Кралски рај“ за милијарда долари

Деветгодишниот Џејми Томас бил пресреќен кога дознал дека со својот татко ќе оди во живо да го гледа натпреварот меѓу Вулверхемптон и неговиот омилен клуб Манчестер јунајтед. Сепак, мечот од соништата за ова дете се претвори во кошмар уште на загревањето пред почетокот на натпреварот кога Вејн Руни упатил силен удар што не завршил во мрежата, туку директно во малиот Џејми, кој поради скршеница на раката мораше да биде пренесен во болница. - Сакам да му се извинам на Џејми Томас поради непријатниот инцидент. Веќе испратив писмо со лично извинување, како и дрес на клу бот со мој потпис. Се надевам дека брзо ќе се опорави од повредата – порача Руни преку својот профил на „Твитер“.

Водечките луѓе на Реал Мадрид го промовираа проектот за изградба на суперлуксузно одморалиште и стадион во Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за проект што најтрофејниот европски клуб го прави со еден од најбогатите луѓе во ОАЕ, а за очекување е целиот комплекс да биде изграден за само три и пол години, до крајот на 2015 година. Целокупниот про ект вреден една милијарда долари треба да биде изграден на вештачки остров, а распро странет на околу 450.000 квадратни метри. Според првичниот план, луксузниот

комплекс ќе содржи пристаниште, де сетина луксузни хотели и апартмани, музеј на Реал Мадрид и футуристички стадион со три трибини со 10.000 ме ста за седење, а четвртата страна ќе биде отворена кон морето. Според по стигнатиот договор, по изградбата на овој комплекс, Реал Мадрид секоја година дел од своите подготовки ќе ги поминува токму во Обединетите Арапски Емирати. - Ова е стратегиски чекор, кој треба да го засили нашето име на Блискиот Исток и во Азија – изјави Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.