Den 08 Noemvri

Page 29

30

КУЛТУРА

Четврток, 8 ноември 2012 година

Ретроспектива на Васил Василев В о Даут-пашин амам утре, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена ретроспективна изложба на реномираниот македонски скулптор Васил Василев. Изложбата насловена „Васил Василев – Скулптури и цртежи (1967-2012)“ презентира 150 скулптури и повеќе од 70 цртежи и цртежи-објекти од сите фази на речиси педесетгодишното творештво на авторот. - Специфични елементи по кои го препознаваме творештвото на Василев е афинитетот за спојување на чистиот израз на примарното во архајската пластика и современите тенденции, со одредени евокации на поднебјето и фокусот кој е ставен врз еротскиот набој, што е, всушност, одраз на едно интимно творештво преку силно емотивно, драматично во еден единствен материјал – дрвото, кој од своја страна има специфични изразни својства - вели

РЕЦЕНЗИЈА

кусто сот на изложбата Маја Чанкуловска. Василев се вбројува меѓу најплодните творци во македонската современа скулптура. Делата претставени на изложбата и во монографијата се само сегмент од неговото творештво кој се одне сува на скулптурите и на цртежите. - Влијанието на Василев за македонската скулптура се согледува и валоризира токму преку настојувањата за ослободување, експериментира-

Промоција на монографија за Мите Грозданов Во Драмскиот театар вечерва, со почеток во 18 часот, ќе биде промовирана монографијата „Мите, сцена, живот...“, посветена на истакнатиот македонски актер Мите Грозданов. Монографијата, чиј автор е синот на Мите, Борче Грозданов, ќе ја претстави писателот Блаже Миневски, а фрагменти од монографијата ќе чита Самоил Стојановски. Н.П.

ње, барање различни ликовни и пластични решенија со намера да се надминат границите на ликовните дисциплини и да се осовремени скулптурата. Тој е препознатлив по карактеристичната пластична обработка на формата на скулптурата и третманот на нејзината површина, интегрирани од овој рафиниран уметник во студиозни и прецизно анализирани креации - додава Чанкуловска. Изложбата ќе биде проследена со монографско издание. А.Б.

Блескав јубилеј на дуото „Рибарски“

Триесет и петгодишниот јубилеј на најдоброто и најуспешно инструментално дуо во нашата музичка историја, дуото „Рибарски“, претставуваше час на сеќавање на големите мајстори на тромбонот и на пијаното, чија восхитувачка креација претставува гордост на нашата репродуктивна уметност Во три и полдецениската актива на концертните подиуми во 37 земји на пет континенти доживуваа и овации и секогаш се враќаа со ласкави критики за нивното восхитувачко музицирање што претставува блескав пример на уметноста. Како спиритуален репрезент, идеално сплотеното дуо дишеше како еден организам, демонстрирајќи ги сите доблесни финеси така што изведбата на концертната програма претставуваше вознес на возвишена креација која фундира

врз перфекција на изразот со што го допираше идеалот на духовната убавина. И така, со силна експресија и сугестивна моќ, дојде до израз целиот креативен потенцијал на елитни уметници од чија блескава виртуозност и експресија се ослободуваше моќна креативна енергија, одгласувајќи се како уметнички десерт со што ја плени публиката. Така, Милица Шперовиќ-Рибарски, првиот наш магистер по пијано, не беше само извонреден пијано-придружник, туку и како

многу респектиран солист која во првиот дел многу продуховено, технички рафинирано, со нагласен сензибилитет мајсторски ги изведе четирите прелудии на Дебиси, а потоа целосно ја отвори душата со Шопен. Сопругот, пак, Кирил Рибарски е на највисокото место во хиерархијата на светски тромбонисти и со право го нарекуваат Паганини на тромбонот. Како наш репрезент со восхитувачката виртуозност и со враголиите на концертниот подиум некогаш ги споулавува и најстрогите критича-

ри кои не можат да веруваат во тоа што го гледаат и слушаат. Каденцата за соло-тромбон од И.Петриќ и најдобрите мајстори на овој инструмент можат да ја отсвират само на сон. Го слушавме и Де Фаља, Равел, Прајор, Шпато, Трајчевски и други кои се одгласија маестрално, а меѓу нив имаше и некои од 56-те композиции што му ги посветиле нему и на дуото од домашни и странски композитори. Добитник на 13 награди, снимил 5 компакт-диска за странски продукции, одржал многу рецитали со сопругата Милица, настапувал како солист со елитни диригенти и со многу престижни светски оркестри. По повод јубилејот за извонредниот успех на дуото „Рибарски“ СМУМ му ја додели наградата „Златна лира“. Костадин Костадиновски


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.