Den 06 Juni

Page 15

СВЕТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

противел на апсењето. Бисексуалниот порноактер и модел стана познат и го згрози светот откако на интернет објави снимка на која со шило убива гол маж врзан за кревет, а потоа се фали дека го искасапил и имал секс со мртвиот труп. Полицијата верува дека на снимката е прикажано убиството на кинескиот студент што му бил љубовник на Мањота. Откако го убил Кинезот, Мањота го испратил неговото стапало во канцеларијата на канадскиот премиер Стивен Харпер, додека раката ја испратил на адреса на Либералната партија во Онтарио. При претресот на неговиот стан во Монтреал, полицијата пронашла крвави душеци и локви крв насекаде во станот. Пред зградата, пак, е пронајден куфер со човечко торзо. Полицијата испитува дали сите човечки делови се од кинескиот студент или се работи за повеќе жртви. По убиството Мањота од Монтреал избега во Париз, а оттаму во Берлин, каде што беше фатен. Експертите велат дека се работи за многу опасен човек со голема моќ за трансформација. Познато е дека тој ги користел и имињата Ерик Њумен и Владимир Романов. Кај борците за заштита на правата на животните, тој е познат како „вакуумски убиец на мачиња“, кој имал сексуален однос со овие миленичиња. Имено, Мањота во 2010 година на интернет поставил снимка на која задушува и дави мали мачиња, а откако весникот „Сан“ стапил во контакт со него, тој испратил морбидна порака. Во неа тој порачува дека наскоро ќе слушнат повторно за него бидејќи ќе има ново убиство, но овојпат тоа нема да бидат животни. Канадскиот печат пишува дека Мањота бил во врска со озлогласениот канадски убиец Карла Хомолка, кој пред неколку години беше уапсен за силувања и за убиство на три девојки, вклучувајќи ја и неговата сестра. Што се однесува до правната процедура, Мањота вчера требаше да се појави пред судот во Берлин. Експертите велат доколку не се противи на екстрадиција, Мањота може итно да биде префрлен во Канада. Но, доколку одбие екстрадиција, процесот може да се растегне до една година.

Косово ходно да се обнови целосен и постојан пристап до северот на Косово за да може да ги спроведува своите активности поврзани со владеењето на законите. Државниот секретар во Министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, изјави дека секоја понатамошна одлука на Општина Митровица треба да биде одмерен и со тоа да не à го стеснува маневарскиот простор на владата, која треба да се формира наскоро.

15

Судија играл „пасијанс“ на судењето на Брејвик

Еден од петте судии-поротници на судењето на норвежанецот Андерс Брејвик, кој во јули минатата година уби 77 лица во Осло и на островот Утоја, на вчерашното рочиште беше забележан од камерите како игра „пасијанс“ на својот компјутер, јави „Би-Би-Си“. На снимката објавена на норвешките интернет-портали се гледа како судијата Ернст Хенинг Ејсен игра на својот компјутер во моментот додека сведочи еден шведски професор. - Судиите многу внимателно ги слушаа сведочењата на судењето. Постојат различни начини некоја личност да остане концентрирана - изјави Ирене Рам, претставничка на судот во Осло, додавајќи дека судијата Ејсен не демантирал оти играл карти на својот компјутер. Брејвик на судењето призна дека во јули минатата година убил осум лица со подметнувањето бомба во автомобил, кој експлодира пред зградата на владата и дека потоа со автоматско оружје на блискиот остров Утоја убил уште 69 лица, главно тинејџери. Брејвик нагласи дека за време на неговото детство бил жртва на насилство од

муслиманите и дека тоа водело кон неговата „радикализација“. Норвешкиот монструм наведе дека првиот таков инцидент се случил кога тој имал седум години и дека тогаш таткото на еден негов другар, со потекло од Турција, му го уништил велосипедот. Брејвик потоа наведе низа инциденти, во кои жртва бил тој или неговите блиски: кражби, физички напади, дури и обид за сексуална злоупотреба иако девојките што ги спомнал во неговиот исказ во полиција ги негирале неговите тврдења. - Набљудувајќи ги издвоено, сите тие епизоди не се толку сериозни, но сите заедно, кај мене придонесоа за формирањето мислење за муслиманите - додаде Брејвик. Тој ги обвини медиумите дека ги прикриваат таквите инциденти, а често ги обвинуваат Норвежаните пренесувајќи го ставот дека насилството на муслиманите е резултат на „норвешката нетолеранција“. Овие изјави беа дадени во корист на одбраната, на вчерашното рочиште од судењето, кое треба да заврши на 22 јуни. Изрекувањето на пресудата е планирано за 22 јули, на првата годишнина од нападите во Осло и на островот Утоја.

Бугарите ископаа скелети од вампири Бугарски археолози во Созопол ископале два човечки скелети од средниот век кои во пределот на градите биле прободени со железни колци за да не се претворат во вампири. - Овие два колци прободени на скелетите илустрираат обичај кој бил раширен во некои бугарски села сè до првата деценија на 20 век - изјави директорот на Историскиот музеј на Бугарија, Божидар Димитров. Според паганските верувања, луѓето

што лошо се однесувале во текот на животот би можеле да станат вампири по смртта. За да се спречи тоа, пред погребот во градниот кош им забодувале железни или дрвени колци. Луѓето верувале дека колците ќе ги држи во земјата и така ќе спречат ноќе да излегуваат од гробовите и да го вознемируваат населението, објаснува Димитров, нагласувајќи дека во Бугарија досега се пронајдени околу 100 слични гроба.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.