Page 1

www.den.mk

ПОЧНА ГОЛЕМАТА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА „ДЕН“

24o

Среда, 6 јуни 2012, година 1, број 68

цена

15 денари

НА СТАДИОНОТ ВО СКОПЈЕ СЕ РАБОТИ ДЕНОНОЌНО ЗА ДА СЕ ИСПОЛНАТ РОКОВИТЕ

Работниците како робови во арената „Филип Втори“

СОСТАНОК НА КЛУБОТ БИЛДЕРБЕРГ ВО САД

Светските кројачи и` пресудија на Грција

ПАРИ

Македонски бизнисмени со илјада лица МОЗАИК

16-17

4-5

Шехерезад ја кубела и пцуела Хурем-султан

8-9

22


2

ВЕСТИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

АКТИВНОСТИТЕ ШТО ГИ ПРЕЗЕМААТ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈА

КОМЕНТАР

Игор ЧАВЕСКИ

Европските фондови како шпанско село Европските претставници во Македонија, конечно, видоа со кого си имаат работа кога станува збор за трошењето на парите од европските фондови, па одлучија работите да ги преземат во свои раце. Не залудно се вели кој еднаш се изгорел од млекото, дува и на матеницата. Поучени од скандалот кога државни институции се обидоа да ги насамарат европските бирократи подметнувајќи им фалсификувани документи, како што беше случајот со Националната агенција за образовни програми, чии раководители парите од програмите за доживотно учење си ги поделија на блиски соработници, овојпат ЕУ применува друга тактика. Наместо, како што беше случај досега, распределбата да се прави во соработка со Секретаријатот за европски прашања, овој пат Канцеларијата на ЕУ во Скопје излегува на терен и директно ќе ги запознава граѓаните и фирмите како да дојдат до европските пари, кои воопшто не се мали бидејќи станува збор за стотици милиони евра годишно. Очекувано, она што го чуле на средбите со граѓаните било фрапантно. Поголем дел првпат слушаат дека ЕУ доделува некакви пари, а не, пак, да ги разликуваат фондови од ИПА и од ИПАРД. Тоа за нив сè уште е шпанско село. Секако за оваа состојба не треба да ги обвинуваме граѓаните, туку оние што треба да бидат врската до тие пари, а тоа се државните институции. Но, досегашната практика покажа дека нив им е поважно колку ќе биде профитот од таа зделка отколку помошта што ќе ја види обичниот граѓанин. ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: „Вила Принт“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

ДЕПОНЕНТИ: Охридска банка, жиро-сметка 530-0101014688-20 Еуростандард банкa, жиро-сметка 370-0111002339-25 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски, Управител - Дејан Костадиноски, Главен и одговорен уредник - Коле ЧАШУЛЕ, Заменик на главен уредник - Горан ПЕТРЕСКИ, Помошник на главен уредник - Диана МЛАДЕНОВСКА Уредници: Маја Анастасова, Илија Лопарски, Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски, Александар Божиновски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев Редакција: redakcija@den.mk, 02/3162 666 marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Партиите под парламентар

Интензитетот на политички активности што ги преземаат власта и опозицијата навестуваат можна парламентарна пресметка пред локалните избори

П

Ана АНАСТАСОВСКА

редвремена кампања за локалните избори, митинзи, проте сти, ветувања за нови вработувања, нови бранови, отворање политички, а не локални теми, како спорот со името, идентитетот и јазикот. Сите овие политички активно сти, кои власта и опозицијата ги спроведуваат интензивно, создаваат сомнежи за предвремени парламентарни избори во септември, по сочуваат дел од аналитичарите и од политичарите во земјава. Иако, според нив, здравата логика не наоѓа реална причина за предвремени избори имајќи предвид дека од последните избори помина само една година, кај нас сè треба да се зема со резерва. Според профе сорот Здравко Саве ски, и лани немало реална причина за да се распишат нови избори, но, сепак, тоа се случило. - Кај нас секогаш треба да се има резерва за сè иако не гледам зошто би се распиша ле предвремени избори во септември, пред локалните. Реално, избори би можеле да се распишат под притисок на политичкиот рејтинг или на опозицијата. Кај нас, имајќи ги предвид анкетите, очигледно е дека на власта à паѓа рејтингот и не гледам

зошто би се осудила да оди на нови избори кога во моментов има стабилно мнозинство и стабилна влада. Од друга страна, пак, опозицијата нема основа за да бара предвремени избори бидејќи лани притискаше за избори, а ги загуби - по сочува профе сорот Саве ски. Кај дел од опозициските партии веќе се будат сомнежите дека, премиерот Никола Груевски, со новите мерки што ги најави за помош на стопанството и на економијата, меѓу кои и ветувањето за нови 10 илјади вработувања, се подготвува за нови избори нае сен. - За да ги збие своите партиски редови, ВМРО-ДПМНЕ редовно, пред избори, ангажира де сетици илјади членови, преку краткорочни ангажмани. Поради сето тоа, имаме право да се сомневаме дека во заднина стојат подготовки за предвремени избори. Не е одговорно ВМРО-ДПМНЕ милионски суми народни пари да става во функција на организирање предвремени избори секогаш кога ќе се почувствуваат загрозени, кога ќе им се намали рејтингот и кога ќе се јави револт и проблеми во нивните партиски редови - изјави вчера Билјана Јовановска од ВМРО-НП. Дилемата дали Груевски се подготвува

Попоски: НАТО и ЕУ се киднапирани од Грција Министерот за надворешни работи, Никола Попо ски, во интервју за словенечкиот весник „Дело“ вели дека Европската Унија и НАТО се киднапирани од страна на една земја-членка, која не ги почитува меѓународните обврски и им штети на мирот и на стабилно ста на регионот. Попо ски, во интервјуто, за теоријата на Грција дека Македонија претставува закана за територијалната безбедност на земјата вели оти тоа е глупост.

- Дебата за името се роди пред 20 години врз претпоставката дека Македонија претставува безбедносна и територијална закана за Грција. Тоа е глупост, сите знаеме. На таа глупост се темели и блокадата на македонските интеграции. Ако прашувате за приоритетите, приоритет да се обезбеди мир, повеќе стабилност и благосостојба за сите држави, вклучително и Грција. Единствената одлука во таа насока е поддршката за македонското членство во НАТО и во ЕУ - изјавил Попоски.


ВЕСТИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

3

ТА НАВЕСТУВААТ ВОНРЕДНА ИЗБОРНА ПРЕСМЕТКА

готвуваат терен за ни избори наесен

за нови парламентарни избори во септември се отвори и по самитот на НАТО во Чикаго кога, поради недобивањето покана за членство во алијансата, опозицијата јавно, преку писмо го повика премиерот да одговори да ли има стратегија за иднината на државата. Во својот одговор, Груевски, ме-

ѓу другото, наве сти дека не размислува за избори, но à сугерираше на опозицијата да ги искористи сите механизми за да ја добие поддршката од граѓаните. Лидерот на најголемата опизициска партија, Бранко Црвенковски, неколку пати по сочи дека опцијата за предвремени

парламентарни избори за нив останува отворена, но дека СДСМ нема да инсистира на тоа пред локалните избори. Имено, според Црвенковски, социјалдемократите ќе ги почекаат резултатите од локалните избори, од кои ќе зависи дали тие ќе се охрабрат да бараат и парламентарни избори. Политикологот Владимир Божиновски смета дека предвремени избори во септември или нивно распишување во исто време со локалните би било многу лошо решение. - Локалните избори, од една страна, се многу комплексни, а, од друга страна, се и многу важни бидејќи на нив најре ално се мери рејтингот на партиите на локално ниво. Во услови кога цела Европа се соочува со економска криза, распишувањето нови избори, на само година дена од претходните, би бил многу лош потег. Идеален период за вакво нешто, според мене, е кон крајот на 2013 година, за кога и се очекува заздравување на економската со стојба во Европа - вели Божиновски. Притисокот за предвремени избори особено го зголемуваат албанските опозициски партии ДПА и НДП. Партијата на Руфи Османи веднаш по Чикаго побара да се формира техничка влада која би била со ставена од сите партии и која би имала за цел, веднаш штом Грција ќе ја добие новата влада, да најде решение за спорот за името. Потоа, според НДП, ваквата техничка влада би ги организирала истовремено локалните и парламентарните извори во март или април следната година.

Една година од убиството на Мартин Нешковски Протест против полициската бруталност е најавен за дене ска доцна попладне како потсетување на немилиот настан од 6 јуни минатата година, кога младиот скопјанец Мартин Нешко ски беше претепан до смрт на градскиот плоштад за време на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. За убиството е осуден Игор Спасов, припадник на специјалната единица „Тигар“ на МВР. Организатор на денешниот протест е здружението „Стоп на полициската бруталност“, кое преку социјалните мрежи повикува на масовен собир. Со овој протест сакаат да потсетат де-

ка по немилиот настан пред една година, во Македонија заживе ала јасна критичка свест која во Министерството за внатрешни работи лоцирала одговорност за долгогодишна репре сија врз граѓаните на Република Македонија, велат од здружението. Протестниот марш е најавен за 18 часот и ќе почне од платото на Спомен-куќата на мајка Тереза во Скопје, а потоа е најавено дека демонстрантите ќе се упатат кон Рекорд, полициската станица Беко, улица Македонија, улица Мито Хаџивасилев-Јасмин, МВР, булевар Кочо Рацин, па кон Собранието на РМ. Синоќа

членови на здружението „Стоп на полициската бруталност“ на плоштадот Македонија, близу Камениот мост, запалија свеќи на ме стото каде до смрт беше претепан Мартин Нешко ски. Судот за смртта на Мартин го осуди специјалецот Игор Спасов, кој затворската казна од 13 години ја обжа ли на Апелацискиот суд во Скопје. Обвинителството и судот ги отфрлија сите барања на семејството Нешковски за смртта на нивниот син и брат да се бара кривична одговорност и од други лица, кои, според нив, го премолчеле и помагале убиството на Мартин.


4

ВЕСТИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

Политичките затвореници Албанци ќе протестираат пред Владата Политичките затвореници Албанци утре од 13 часот ќе протестираат пред зградата на Владата за да побараат носење закон за рехабилитација на репресираните од времето на комунизмот. Од Здружението на политички затвореници велат дека се разочарани од односот на владејачката партија ДУИ, која најави дека ќе инсистира на носење закон за рехабилитација, но потоа се повлече, па сега на Здружението му останува само да се избори за носење ваков закон. Кон крајот на април, за време на расправата за новиот закон за лустрација во Собранието, пратениците на ДУИ објавија дека ќе предложат закон за рехабилитација на политичките затвореници и дека ако законот не биде поддржан и од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тие нема да гласаат за законот за лустрација. Но, по само две недели ДУИ ретерираше од овој став и деновиве законот за лустрација е во финална фаза, па се очекува најдоцна наредната недела да биде усвоен од парламентот. Од ДУИ велат дека тие не се откажуваат од носење закон за рехабилитација, но дека е потребно време за тој закон да биде направен квалитетно. - Пратениците од ДУИ излегоа пишман-аџии. Рекоа, па одрекоа и сега ни останува на ваков начин да побараме решавање на проблемот. Имавме средба со пратениците на ДУИ, ама нема аир од тие разговори. Ни нудат некаков предлог-закон кој е

нереален и не го решава проблемот. Како да е правен колку да кажат дека направиле закон. Но, тој веднаш ќе падне на Уставен суд и само залудно ќе трошиме време за него. Па дури ни тој предлог не го ставаат во собраниска процедура, туку нè мачкаат - вели Шптим Положани, претседател на Здружението на политичките затвореници Албанци. Откако сфатиле дека во разговорите со ДУИ не може да се најде решение, политичките затвореници утре ќе протестираат пред зградата на Владата. Од Здружението најавуваат дека протестот ќе биде мирен и достоинствен и ќе трае дваесетина минути. Не се предвидени говори, туку пораките ќе бидат испратени преку големи транспаренти што ќе ги носат присутните. На протестот ќе присуствуваат и жени и деца од семејствата на затворениците. - Самото мото на протестот е за достоинство, европски вредности и за единство. Ги повикавме сите партии и невладини организации да присуствуваат и добивме поддршка речиси од сите, освен од ДУИ и од ДПА, кои до вчера не се изјаснија - вели Положани. Уште во 2008 година, здруженијата на политичките затвореници поднеле закон за рехабилитација, но иако им било ветено дека ваков закон ќе се донесе, сепак текстот на законот останал во фиоките на пратеничките групи во Собранието. Т.А.

Шврговски: Нема кривична одговорност за Црвенковски Документот што лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, го презентираше во емисијата „Икс нула“ на „Канал 5“ е класифициран како строго доверлив, а не како државна тајна и поради тоа тој нема кривично да одговара. Како што информираше јавниот обвинител Љупчо Шврговски, кривичниот законик не го третира објавувањето доверливи документи како кривично дело. - Официјалните информации што ги добивме од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зборуваат дека се работи за писмо што има карактер „строго доверливо“. На тој начин, за имателот на информацијата, која ја пласира телевизија „Канал 5“, отпаѓа можно ста да биде кривично гонет бидејќи кривични-

от законик не го санкционира актот што има степен на класификација „доверливо“ како кривично дело - изјави Шврговски. Обвинителот вели дека нема да по стапува ни во случајот на државната агенција МИА. - Тоа е прашање за Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Мислам дека сега таа ги истражува тие моменти. Во Законот за класифицирани информации по стојат само прекршочни, а не и казнени одредби. Со прекршочните одредби е санкционирана одговорно ста и на правното и на одговорното лице доколку како имател на информации, истите ги пласира во јавно ста - објасни Шврговски.

ПОД ПРИТИСОК НА ВЛАСТА, Д

Работн во аре

Р

Игор ЧАВЕСКИ

а бот ни ци те што се ан га жи ра ни на ре кон струк ци ја на те ре нот на на ци о нал ната аре на „Фи лип Вто ри“ во Скоп је се жа лат де ка се при нуде ни да ра бо тат де но ноќ но и де ка им се пра ви огромен при ти сок што по скоро да бидат завршени сите градежни ра боти на ста ди о нот. Тие тврдат де ка се кој ден ра ботат до доц на во но ќта со прик лу че ни рефле кто ри, а, зго ра на тоа, јас но им би ло ста ве но до зна е ње да не оче ку ва ат за до пол ни тел ната ра бота да до би јат по ве ќе па ри од тие што им следу ва ат во нормал ни ус ло ви. - Од го вор ни те од Јав ното прет при јатие за стан бен и де ло вен про стор, под чи ја над леж ност е ста ди о нот, ба ра ат од нас нај доц на за еден ме сец да за вр ши ме ра бота за ко ја си гур но ќе би дат потреб ни ми ни мум уште не кол ку ме се ци. Тоа е не возмож но, па затоа нè те ра ат да ра боти ме и по две сме ни до ра ни те утрин ски ча со ви - ве ли еден од ра бот ни ци те што са ка ше да оста не ано ни мен. Пр вич ни те про це ни за ре кон струк ци јата на ста ди о нот беа де ка ќе за вр ши до март, но тоа не се слу чи би деј ќи се по ја ви ле пробле ми со из веду ва ње то на дре на жата на те ре нот по ра ди што це ли от про цес мо рал да се из веду ва од поче ток. По крај тоа, пла ни ра но е да се по ста ви но ва тре ва, ка ко и нај со вре ме на атлет ска пате ка. До пол ни те лен проблем прет ста ву ва и тоа што ко га тре вата ќе би де це лос но по ста ве на, таа тре ба да от стои одреден пер и од и на неа не сме ат да се игра ат ни ка кви нат пре ва ри, ни ту, пак, да се одр жу ва ат тре нин зи. „Ден“ вчера се обиде, но не успеа, да стапи во контакт со првиот човек на Јавното прет при јатие за сто па ни су ва ње со стан бен и де ло вен про стор, Цве тко Грозда нов, за да ни об јас ни ко га ќе би де пу ште на во употре ба аре ната и да ли е точ но де ка ра бот ни ци те се при нуде ни што по бр зо да за вр шат со си те за фати. На среди ната на јули, „Вардар“, но и оста нати те клу бо ви што обез бе ди ја плас ман во европ ски те ку по ви, тре ба да


ВЕСТИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

5

ЕНОНОЌНО СЕ РАБОТИ НА СТАДИОНСКИОТ ТЕРЕН

иците како робови ната „Филип Втори“ ВМРО-ДПМНЕ подготвува вистински спектакл на првиот натпревар на „Вардар“ на европска сцена, на кој е планирано да присуствуваат и владини претставници, а доколку работите на арената се одложат, ќе треба да се игра во Куманово

ги игра сво и те нат пре ва ри на дома шен те рен. За др жав ни те ин сти ту ции осо бе но е ин те ре сен „Вардар“ отка ко од ми натата годи на функ ци о ни ра под патро нат на Гра дот. Тие се најзаслужни што клубот го извле коа од фи нан си ската аго ни ја и го спа си ја од игра ње во вто рата ли га. Се га шен пре тседател на клубот е Зо ран Ши шковски, кој ва жи за еден од најбли ски те со работници на градоначалникот на Скопје, Ко це Тра ја новски. Ка ко што доз на ва ме, ВМРО-ДПМНЕ под готву ва ви стин ски спе ктакл на пр ви -

от нат пре вар на „Вар дар“ на европ ска сце на, на кој е пла ни ра но да при сус тву ва ат и вла ди ни прет став ни ци. До кол ку ра боти те на аре ната „Фи лип Вто ри“ се од ложат, ма ке дон ски те прет став ни ци во Евро па ќе би дат при нуде ни сво и те нат пре ва ри да ги игра ат на ста ди о нот во Кума но во. Ова не е прв пат вла ста да ги при ти ска из ве ду вачи те на гра деж ни те ра бо ти на аре ната „Фи лип Вто ри“ што по ско ро да ги за вр шат си те ра боти. Ми натата годи на, не по сред но пред из бо ри те, Вла дата вр ше ње при ти сок врз гра деж ната фирма

„Бе тон“ за источ ната и запад ната три би на да би дат гото ви за вре ме на кам па њата за да може пре ми е рот Ни ко ла Груевски свече но да ги пу шти во употре ба. На ци о нал ната аре на „Фи лип Вто ри“ почна да се реновира во 2008 година. По ста ву ва ње то на те ре нот и на атлет ската пате ка е прет пос лед на фа за од уреду ва ње то на ста ди о нот, кое тре ба да фи ни ши ра след ната годи на за ко га е пла ни ра но фа сад но уреду ва ње и илуми на ци ја на об је ктот. Це ло куп ни от про ект тре ба да чи ни околу 50 ми ли о ни евра.


6

ВЕСТИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

ЗАВРШИ ИЗБОРНОТО СОБРАНИЕ НА МАНУ

Академијата се пофали со шесте нови члена М акедонската академија на науките и уметностите на седумнаесетто изборно собрание, кое се одржа во понеделникот, избра шест нови редовни члена и 11 члена надвор од работниот состав. Нови редовни членови на МАНУ се: проф. д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Абдулменаф Беџети во Одделението за општествени науки, проф. др Нада Поп-Јорданова во Одделението за медицински науки и м-р Газанфер Бајрам, Богомил Ѓузел и Глигор Чемерски во Одделението за уметност. За членови надвор од работен состав се избрани: проф. д-р Кшиштов Вроцлавски и проф. д-р Илија Чашуле во Одделението за лингвистика и литературна наука, академик Момир Ѓуровиќ и проф. д-р Екмеледин Ихсаноглу во Одделението за општествени науки, проф. д-р Ендрју Дворк, проф. д-р Љубиша Ракиќ и проф. д-р Феликс Унгер во

Одделението за медицински науки, проф. др Јирген Куртц и проф. д-р Симеон Ока во Одделението за технички науки и Владимир Величковиќ и Љубомир Левчев во Одделението за уметност. Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, на вчерашната прес-конференција рече дека изборот бил извршен врз најстрогите научни и уметнички критериуми кои ги дефинира законот. - Не случајно на вчерашната седница за секој кандидат опстојно се расправаше, тргнувајќи од неговиот придонес во науката, уметноста, од личниот интегритет, од неговата препознатливост, рече Камбовски. За новоизбраниот академик проф. д-р Нада Поп-Јорданова, која досега е член на три странски академии, светска, европска и њујоршка, влегувањето во МАНУ претставува чест, обврска и задоволство. Поп-Јорданова е лекар и клинички психолог, а нејзина област е невронауката.

- Ако она што го правам и сум го направил има некаква смисла, позитивна, конструктивна, градителска улога за духот, за промоција на духот и за продолжување на духот на следните генерации, во тој случај треба да се третира како чест и наша одговорност - рече новоизбраниот академик, сликарот Глигор Чемерски. Газанфер Бајрам, исто така, е сликар, мозаичар кој е роден во Скопје на 17 март 1943 година. Неговите мозаици се изложени во музеи и во приватни колекции во земјата и во странство. Поетот Богомил Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија, но израснал и се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на Катедрата за англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Абдулменаф Беџети е редовен професор на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа. Т.А.


7

ПАРИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

СВЕТСКА БАНКА СО ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕКОНОМИИТЕ ВО РЕГИОНОТ

Сиромашниот Балкан тешко закрепнува

Македонија има највисока стапка на невработеност и порастот од два проценти не е доволен за оваа бројка да опадне

Наташа СТОЈАНОВСКА

Т

ешка година ги очекува земјите од регионот поради забавувањето на економиите предизвикано од проблемите во еврозоната, стои во годишниот извештај на Светска банка. Владите во ше сте земји од југоисточна Европа, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Ко сово, ќе мора да водат сметка за тешката социјална со стојба бидејки имаат највисоки стапки на невработеност и на сиромаштија во Европа. Македонската владина политика за справување со кризата од Свет ска банка, генерално, има добра оцена, но сепак предупредуваат на ризиците што по стојат. Македонија, статистички, има највисока стапка на невработеност и растот од два проценти на економијата не е доволен за оваа бројка да се намали. За справување со овој проблем неопходен е раст од пет-шест проценти на економијата. - Почетокот на оваа година беше бавен, гледаме дека економијата е забавена, но сепак оптимизам ни влева зголемената потрошувачка на електрична енергија од компаниите, како и плаќањата на обврските и се надеваме дека годинава ќе заврши со раст на економијата од два проценти. Сепак, ризиците да се оствари ова сценарио се големи - изјави Џејн Арматиџ, директорка за земјава во Светска Банка и регионална координаторка за југоисточна Европа. Јавниот долг на земјава е на пристојно

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

ФУНТА

ниво, за разлика од Црна Гора, Србија и од Албанија, каде е загрижувачки растот на јавниот долг. Сепак, од Светска банка предупредуваат дека Македонија ќе мора да води многу мудра политика во фискалната дисциплина. Банката препорачува и да се контролираат долговите меѓу приватниот и јавниот сектор за да не ескалираат. Владата оди по тенка линија во делот на ребалансот на буџетот со што беа скратени капиталните инвестиции за сметка на платите на администрацијата и на новите вработувања во општините, сметаат во Светска банка, но истакнуваат дека, сепак, и покрај ФРАНК

ДОЛАР

5 ЈУНИ 2012

НБРМ

61,5

76,1

51,2

49,4

продажен

61,65

76,50

51,80

49,80

куповен

61,35

74,70

50,60

48,50

Менувачници

намалувањето на парите за инвестициите, тие сè уште не се на соодветно ниво. Прашање е како ќе се реализираат во иднина. Ризикот од прелевањето на грчката криза во Македонија постои, но сепак последиците се ублажени бидејќи во меѓувреме македонскиот извоз во добар дел е реорганизиран и е преориентиран на други пазари. Банкарскиот сектор е стабилен и покрај тоа што неколку банки во земјава се со грчки капитал. Генералната оцена на Светска банка за регионот е дека притисоците врз вкупната економија во опкружувањето ќе се чувствуваат и во наредниот период.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС

ВРЕДНОСТ

ПРОМЕНА

МБИ10

1.961,89

7,74

0,39%

МБИД

1.804,77

19,84

1,09%

120,38

0,20

0,17%

ОМБ

ПРОМЕНА ВО %


8

ПАРИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

ОЦЕНКИТЕ НА ДЕЛОВНАТА ЕЛИТА ВО ЗЕМЈАВА СЕ МЕНУВААТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТОА КОЈ

Бизнисмени со илј

Ставовите на бизнисмените се менуваат во зависност од ситуацијата. Меѓусебе едно, пред Владата друго. Јавно ги фалат антикризните мерки, а приватно од нив не очекуваат речиси никакви ефекти

М

Мишко ИВАНОВ

акедонските бизнисмени во неофицијалните разговори меѓу себе, но и со новинарите по стојано се жалат дека бизнисот оди сè полошо, дека Владата им должи пари на многу основи и дека ги притиска на секое поле. Но, ваквите оценки се менуваат за 180 степе ни ко га исти те биз нис ме ни ќе за ста нат до еко ном ски те ми ни стри. То гаш со нас ме а ни ли ца и со иг но рант ски од нос кон јавно ста, тврдат дека одно си те со Вла дата им се на нај високо ниво. Завчерашната заедничка прес-конференција на министерот за финансии Зоран Ставре ски со стопанските комори, кога се промовираа новите владини мерки, уште еднаш го манифе стираа лицемерството на македонската деловна елита. За уни вер зи тет ски от про фе сор Ванчо Узунов, сликањето на биз нис ме ни те со вла ста и радо ста од владините мерки веќе не се економски проблем.

- Пробле мот со биз нис ме ните не е од економска природа. Ја ве те се на не ко ја дру га катедра, социологија или психологија - вели за „Ден“ Ванчо Узунов. За пос лед ни те вла ди ни мер ки, ака де ми кот Абдул ме наф Беџети смета дека се само шминка за дневна употреба. Тоа што го напра ви ја биз нисмените е лоша перспектива за македонската економија, суге ри ра домаш ната екс перт ска јавност. - Норма лен биз нис мен не би се радувал на вакви мерки. Нормал но, не тре ба по се ко ја цена да се критикува, но мора да се по сочи дека економијата не оди во до бар пра вец. Биз нис-се кто рот по ве ќе од јас но има огром ни по ба ру ва ња од др жа вата. Де не ска се сли ка ат со власта веројатно оти сакаат да си ги наплатат долговите од државата или, пак, имаат намера да ба ра ат расчи сту ва ње на долговите. Конјуктурна е релацијата на бизнисот со властите - вели за „Ден“ академикот Абдул ме наф Бе џе ти, дода вај ќи

дека сериозен бизнисмен не би ре агирал така како што ре агираа коморите. И универзитетскиот профе сор од ЈИЕ, Шенај Хаџимустафа, се сомнева во задните намери на бизнисмените кои завчера со насмевка на лицата ги дочекаа мерките на Владата. Прво, вели Хаџимустафа, треба да ја видиме институционална-

ПРЕВОЗНИЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД НОВИТЕ ВЛАДИНИ МЕРКИ Но ви от па кет еко ном ско-со ци јал ни мер ки што ги до не се Вла дата ќе ја олес нат ра ботата на пре воз ни ци те и ќе при до не сат за подо бру ва ње на воз ни от парк и за ква ли те тот на ус лу ги те за пат ни ци те, оце ни ја од Здру же ни е то на пре воз ни ци „Исток“ на сред бата со ми ни сте рот за транс порт и вр ски, Ми ле Ја на ки е ски. Со продол жу ва ње то на ро кот за увоз на авто бу си со стан дарди „еу ро 2“ до фе вруа ри

след ната годи на, пре воз ни ци те ќе можат по е вти но да на ба ват авто бу си и по ква ли тет но да вр шат пре воз, со што ќе се подиг не ни вото на ус лу ги, из ја ви Ма сер Оме ра гиќ, прет став ник на Здруже ни е то „Исток“. Мер ката за пре воз на 3.000 де ца на ле ту ва ње и на зи му ва ње, пак, спо ред Оме ра гиќ, ќе го зголе ми обе мот на ра бота на пре воз ни ци те во, ка ко што рече, овие те шки вре ми ња ко га се со очу ва ат со мно гу пробле ми.

та по ставеност дали и како може да ги земеме парите од Европската инве стициска банка (ЕИБ), затоа што не знаеме дали можеме веднаш да ги користиме тие пари. Не е само да се каже дека имаме пари, туку треба да се види и како ќе бидат потрошени, да не бидат залудно. Владата мора да им помогне на компаниите кои навистина имаат сериозен проблем и ги чувствуваат последиците од кризата во еврозоната. - Не зна е ме кои им се зад ни те на ме ри на биз нис ме ни те со вла ста. Може би се пла шат, сакаат да се појавуваат за заеднички случувања за да немаат последици потоа. Но, во секој случај, бизнисмените не сме ат со радост да ги примаат таквите ве сти. Значи, не се работи за пари што нема да се вратат, па сега ајде ќе се смееме, напро-


ПАРИ

Среда, 6 јуни, 2012 година

СЕДИ ОД ДРУГАТА СТРАНА НА МАСАТА

ада лица

9

Трговскиот дефицит оди накај милијарда долари Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-април 2012 година изнесува 1.225.317.000 американски долари, а на увозот 2.085.147.000. Покриеноста на увозот со извоз е 58,8 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2012 година, изне сува 859.830.000 американски долари. Тр говската разме на по производи покажува дека во из во зот нај голе мо е учес твото на ката ли зато ри те на но сачи со благородни мета ли, фе ро ни ке лот, пре ра бо-

тките од нафта, производите од желе зо и од челик (ва ла ни про из води) и на облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и ле гу ри те на плати на, не о бра боте ни или во прав, су ро вата на фта, при род ни от гас во га со ви та со стој ба и електричната енергија. Во пер и одот ја нуа риаприл 2012 година, најголемо учес тво во из во зот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63,6 проценти) и зем ји те од Запа ден Бал кан (23,9 проценти), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (56,2 проценти) и земјите во развој (25,5 проценти).

Премиерот во потрага по инвестиции во Финска

тив, се ра боти за кредит. Тре ба да ви ди ме и да ли и кол ку стопанството може да земе од тие пари кои, на крајот, сепак, ќе мора да ги врати. Истовреме но, Вла дата тре ба да прет ста ви и дру ги моде ли ка ко ќе им помогне на бизнисмените вели за „Ден“ Шенај Хаџимустафа, универ зитет ски профе сор на ЈИЕ, истакнувајќи дека Владата треба да има направено стратегија кого ќе помага за да не из ле зе на крај де ка од мер ки те ќар ќе има ат са мо ком па ни и те бли ски до Вла дата, а не тие на кои ви стин ски им е потребна помош. Вла дата завче ра об ја ви де ка обез беди ла 111 ми ли о ни евра за поддршка на фирмите. Со кредит ната ли ни ја од Европската инве стициска банка од 100 милиони евра, средства ќе до би јат и голе ми те

ком па нии за кои се на ме не ти 30 про цен ти од вкуп ни от из нос, а 70 милиони се за ма лите и сред ни те прет при јати ја, на кои средствата ќе им бидат да де ни со суб вен ци о ни ра на камата од 5,5 проценти, со рок на отплата од осум години и со грејс-период од две години. - Ста ну ва збор за иск лу чи тел но по вол ни средс тва што се обез бе ду ва ат по по вол ни ус ло ви ка кви што не ма ни ту на домаш ни от па зар ни ту, пак, во Евро па - из ја ви завче ра ми ни сте рот за фи нан сии Зо ран Ста вре ски. Со до пол ни тел ни 10,7 ми ли о ни евра пре ку до ка пи та ли за ци ја на Ма ке дон ската бан ка за под др шка на раз во јот, ќе се под др жат прет при јати јата што се за ни ма ва ат со откуп, пре ра бо тка и со из воз на зем јодел ски про из води.

Вла ди ни от тим, пред воден од ма ке дон ски от пре ми ер Ни ко ла Гру ев ски, од вче ра е во Ре публи ка Фин ска, ка де си но ќа во Хел син ки тре ба ше да при сус тву ва на вече рата што во чест на ма ке дон ската де ле га ци ја ја при ре ду вал ам ба са до рот на Ка на да во Фин ска, Кри сто фер Ша пра да нов, кој по по тек ло е Ма ке до нец. За де нес е пред ви де на сред ба со пре тсе дате лот на

Фин ска, Саули Ни и ни сто, ка ко и одр жу ва ње де ло вен фо рум пред за ин те ре си ра ни фин ски ком па нии. Прет ход но вла ди ната де ле га ци ја при сус тву ва ше и на де ло вен фо рум на кој пред ше е се ти на швед ски ком па нии беа прет ста ве ни мож но сти те за ин ве сти ра ње во Ма кедо ни ја, а беа одр жа ни и не кол ку ди рект ни сред би со за ин те ре си ра ни ин ве сти то ри од оваа скан ди нав ска зем ја.


10

ДОСИЕ

Летоци со етничка навреда во Карпош На сите возила паркирани во близина на основното училиште „Јан Амос Коменски“, во Скопје, вчераутро имало залепени летоци со натпис „Смрт за деца каури“, „УЧК џихад“. Случајот во полиција го пријавиле жителите на улица Варшавска во населба-

та Тафталиџе откако утрината ги виделе летоците со навредлива содржина на автомобилите. Летоците биле испишани со неразбирлив латиничен ракопис. Од ПС Карпош истражуваат кој лепел навредливи летоци на возилата.

Марихуана во затворска ќелија во Штип? Де сет пакувања со непозната зеленкава билна материја запленил над зорникот од ќелија во штипскиот затвор. Во вторникот, околу 21.45 часот, дежурниот надзорник вршел претрес на затворска соба број 15, каде биле сме стени петорица затвореници. Според полицијата, чуварот пронашол 10

најлонски пакувања со непозната зеленкава растителна материја. Штипската полиција запленетите пакувања ги зела на вештачење, а биле земени и примероци од урина на осудениците Б.М., Т.Ѓ., Л.Ј., Е.Т. и Л.Ј. Вештачењето треба да покаже дали билната материја е опојна дрога марихуана.

Прилепчанец ја тепал сопругата со кундак од пиштол Четириесет и седумгодишен прилепчанец во вторникот доцна вечерта со кундак од пиштол крвнички ја претепал сопругата. Прилепчанецот К.Л. околу 23 часот со децата се вратил од слава во селото Големо Коњари. Кога стигнале дома, сопругот го зел пиштолот што го поседувал со

дозвола и со кундакот почнал да ја удира својата сопруга по тилот. Жената го пријавила случајот во полиција, по што сопругот бил уапсен. Според полицијата, мажот бил во алкохолизирана состојба, а од него привремено е одземен пиштолот и една празна рамка за муниција.

Идентификуван трупот пронајден во Вардар Полицијата го идентификува човечкиот труп што завчера утрото беше најден во Вардар, во близина на Градски парк во Скопје. Според информациите од истрагата, трупот е женски и вештачењата покажале дека станува збор за Виолета Димитровска, шее сет и едногодишна скопјанка од населба Хром. Жената била пријавена за исчезната на 23 јануари годинава, а обдукцијата од судска

медицина покажа ла дека на нејзиното тело немало траги на насилство, туку смртта настапила како последица од давење. Човечки труп во водите на реката Вардар завчера забележа ле работниците на ЈП „Улици и патишта“, кои ја ко селе тревата во коритото на Вардар. Распаднатиот труп беше во многу лоша со стојба, па надлежните не можеа веднаш да го идентификуваат телото.

Среда, 6 јуни, 2012 година

СУДОТ И ЗАТВОРОТ СО СПРОТИВСТАВЕНИ ОБ

Обвинетио загуби во т

Обвинението остана тајна, а не беа образложени ниту причините кои, според судијката, ги имале во затворот во Прилеп, па не го донеле обвинетиот во судот Катерина ГЕТЕВА

Н

еуспешен почеток на судскиот процес против Ибрахим Зајдини, уапсен во полициската акција „Монструм“, кој треба да одговара за неовластено изработување, држење и за тргување со оружје и со распрскувачки материјали. Столчето на обвинетиот Зајдини во скопскиот кривичен суд вчера остана празно. Судењето што почна половина час порано беше одложено, па на новинарите што стигнаа во договорениот термин, 11 часот, објавен на официјалната интернетска страница на Основен суд Скопје 1, судијката одговорна за судскиот спор им образложи дека рочиштето е одложено од технички причини. Според судијката Џанета Бектовиќ, која го води судскиот процес, рочиштето било одложено бидејќи притвореникот Ибрахим Зајдини не бил спроведен од притворското одделение од затворот во Прилеп поради немање технички услови. Освен обвинетиот, на рочиштето не дошле ни неговите адвокати оти немале уредна достава. Вчерашното рочиште, на кое стигнаа претставниците на медиумите, веќе беше завршено, а во судницата беа присутни обвинител и членови на судскиот совет, а ги немаше адвокатите на обвинетиот. Обвинението против Зајдини остана тајна, од судот добивме информација само за кривичното дело за кое обвинетиот треба да одговара. Обвинението остана тајна, а не беа образложени ниту причините кои, според судијката, ги имале во за-

творот во Прилеп, па не го донеле обвинетиот во судот. Од притворското одделение во Прилеп добивме поинаков одговор од образложението на скопскиот кривичен суд. „Ден“ се обиде да стапи во контакт со директорот на затворот во Прилеп, Драган Пенков, за да го праша кои се техничките причини поради кои притвореникот Ибрахим Зајдини не бил вчера спроведен во Основниот суд Скопје 1. Наместо директорот, на прашањето ни одговори дежурниот заповедник. - Наредбите што беа доставени до затворот во Прилеп беа реализирани, други нереализирани наредби за денеска нема - ни одговори затворскиот работник, кој одби да се претстави со име и со презиме, туку само ни ја кажа функцијата. Бидејќи неговиот одговор беше спротивен на тој од судот, повторно го препрашавме дали во кривичниот суд во Скопје е спроведен притвореникот Ибрахим Зајдини, кој е обвинет за неовластено изработување, држење и за тргување со оружје и со распрскувачки материјали, а е уапсен во акцијата „Монструм“. - Не само во судот во Скопје, до сите судови од каде имаме доставено наредби, сите се реализирани, во сите судови, низ цела Македонија - одговори чуварот од затворот во Прилеп. Зајдини во овој судски спор, според судот, го застапуваат двајца адвокати, Елена Давидовска и Митко Солаков. Адвокатката Давидовска само ни потврди дека нејзиниот клиент издржува мерка притвор во Прилеп и потврди дека одложувањето на рочиштето, како што кажа


ДОСИЕ

Среда, 6 јуни, 2012 година

11

РАЗЛОЖЕНИЈА ЗА ТОА ЗОШТО ИБРАХИМ ЗАЈДИНИ НЕ СЕ ПОЈАВИ ВО СУДНИЦА

т од „Монструм“ се ехнички лавиринт

ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ ОТСТАПУВА ОД МАКСИМАЛНА КАЗНА

Државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, вчера изјави дека ќе донесат одлука за овој предмет кога ќе бидат завршени сите истражни дејства што биле предложени од јавниот обвинител и кога предметот ќе биде вратен на јавниот обвинител. - За времето не можам да ви кажам кога ќе биде сторено тоа зашто не знам дали истражниот судија ги има преземено сите истражни дејства што се барани. Законот предвидува максимална казна за најтешките

и судијката Бектовиќ, било поради неможноста на притворот во Прилеп да го спроведе обвинетиот. Трагата на притвореникот Зајдини се изгуби во контрастните информациите на надлежните, а судењето е одложено за 22 јуни. Ибрахим Зајдини беше уапсен на 1 мај, во полициската акција „Монструм“. Полицијата првично се сомневаше дека е вмешан во

петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, но истражниот судија одлучи скопјанецот кривично да одговара само за неовластено изработување, држење и за тргување со оружје и со распрскувачки материјали. За истото дело во притвор се уште тројца, кои беа уапсени заедно со Зајдини и со другите поврзани со убиството кај Смиљковци.

АДВОКАТОТ ТВРДИ ДЕКА НЕГОВИТЕ КЛИЕНТИ НЕ СЕ УБИЈЦИТЕ Адвокатот на браќата Исмаиловиќ и на Хаки Хазири, тројца од шестемина обвинети за петкратното убиство кај Железарско Езеро, вчера беше кај истражниот судија што е одговорен за овој случај. Според адвокатот Насер Рауфи, вештачењето сè уште не било завршено и се чекале резултати од форензичките вештачења. - Сè уште не се знае кога ќе бидат повикани обвинетите и бранителите за да им бидат презентирани доказите од обвинителството. Не знам во која насока им се посебните истражни

мерки, сигурен сум дека има само прислушувано телефонски разговори бидејќи постојат транскрипти за тоа – изјави Рауфи, адвокатот на Африм и Агим Исмаиловиќ и на Хаки Хазири. Адвокатот не знае каде е неговиот клиент Африм, кој е осомничен дека е еден од убијците на младите скопјани. Ниту неговата фамилија не го известила дали знае каде се крие нивниот син и брат од судот и од полицијата. Според адвокатот, неговите клиенти тврделе дека не учествувале во масакрот кај Смиљковци.

облици на тој вид кривично дело со оглед на тоа дека се работи грозоморен чин. Сигурно дека наша заложба е да бараме доживотна казна затвор иако обвинителот во завршен збор не може да бара доживотна казна затвор, туку може само да предложи условна осуда, а не и казна затвор. Меѓутоа, со оглед на карактерот на делото што е сторено, ние сигурно ќе бидеме задоволни само ако биде донесена пресуда со таква казна - изјави Шврговски.


12

СКОПЈЕ

Еднодневна екскурзија за најдобрите матуранти

Најдобрите матуранти од сите средни училишта од Скопје вчера беа на еднодневната екскурзија „По стапките на творците на градот“. Учениците, поделени во две групи, со туристички водичи се запознаваа со културноисториските обележја во градот и неговата околина, односно ги посетија Музејот на град Скопје, спомен-куќата на Мајка Тереза, Кале, Мустафа-пашината џамија, црквата „Св. Спас“, Куршумли-ан, Чифте-амам, неолитската населба Тумба-маџари во Скопје и посета на кањонот Матка и манастирите „Св. Андреа“ и Св. Богородица, како и разгледување на околината на кањонот. Во еднодневната прошетка, што годинава се одржува по седми пат, учествуваат повеќе од 50 средношколци, од кои дел се првенци на генерацијата, а останатите се матуранти, кои поради покажаниот одличен успех се

предложени од директорите и од наставниците во нивните училишта. Град Скопје со реализацијата на оваа екскурзија сака да ги награди најтрудољубивите и најуспешните, а воедно и да им овозможи на матурантите, преку посетата на спомениците на историското културно наследство, запознавање со богатата историја и традиција на мултиетничкиот соживот, едно несекојдневно дружење со своите врсници. Еднодневната екскурзија „По стапките на творците на градот“ е дел од проектот во чии рамки се реализира и манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, на која градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе им додели признанија и парични награди на првенците на генерација во сите средни училишта на Град Скопје.

Дератизација во Гази Баба Заврши пролетното чистење на шахтите од глодари во општината Гази Баба. Од Општината велат дека во акцијата се опфатиле 2.500 шахти. Дератизацијата ја вршела екипи на Ветеринарната болница во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ со парафински блок бромахен.

Среда, 6 јуни, 2012 година

РОДИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛБАТА ВЛАЕ РЕВОЛТИР

Казино отв до училиш Работи без лиценца, а надлежните не знаат кој ќе спроведе инспекција на терен Соња Т. ЈАНКОВСКА

Р

одителите од населбата Влае во општината Карпош, чии деца учат во училиштето „Димо Хаџи Димов“, деновиве останаа запрепастени од отворањето казно веднаш до училишниот двор. За нив е нејасно кој и зошто дозволил објект од ваков карактер да се отвори до установа каде што учат мали деца. Револтирани велат дека веќе се организираат за да реагираат до надлежните институции за дислокација на казиното. - Ние мислевме дека ќе биде некој маркет, никој не знаеше дека тука ќе се отвора казино. Децата поминуваат и си играат тука, а сите добро знаеме каков тип луѓе одат во казината. Од една страна во училиштето учат како правилно да се одне суваат и да по стапуваат во животот, а од спротивната страна каков пример добиваат? Не е ниту етички ниту педагошки. Такви објекти мислам дека треба да се градат на периферија. Ние ќе реагираме и до надлежните институции - вели жител чие дете учи во училиштето. И социолозите предупредуваат дека изградбата на казина или на објекти со автомати треба да се градат на периферијата од градот бидејќи се лош

пример за децата. - Хазардните игри се вбројуваат во групата девијантни игри. Ниту е нормално ниту е добро младите да се занимаваат со ваков тип игри бидејќи вклучуваат сè што општествено не е добро. Исто така, ваквите игри че сто се причина за распад на фамилии и за кражби. Тие продуцираат самата личност да се тргне од реално ста и да се оттуѓи. Со изградбата на вакви казина во населени ме ста се прави етички прекршок и не само што е за морална осуда туку сметам дека треба да се пре земат и правни санкции за тоа да се дислоцира. Младите луѓе треба да се надградуваат вреднос-


СКОПЈЕ

Среда, 6 јуни, 2012 година

РАНИ БАРААТ ОБЈЕКТОТ ДА СЕ ДИСЛОЦИРА

орено веднаш ен двор

13

Изградба на пешачки скали во Кисела Вода Дел од улиците во општина Кисела Вода ќе се поврзат со пешачки скали. Во тек е изградбата на пешачки скали со паверелементи во должина од 50 метри меѓу улиците Димо Хаџи Димов и крак на улицата Сава Ковачевиќ. Со вакви скали со слична должина ќе се поврзат и улиците Полог и Банско во населбата Црниче. Од Општината велат дека за изведба на градежните работи се издвоени околу 450.000 денари oд буџетот. Оттаму најавуваат дека активностите за изградба на пешачки патеки и тротоари ќе продолжат во селото Драчево, каде што во следниот период ќе почне изградбата на тротоари на улиците Драчевска и Студеничанска, на потегот од мостот на реката Мала Рада до атарот на Студеничани.

Жичарницата нема да работи два дена Денеска и утре жичарницата на Милениумски крст нема да работи. Од Јавното претпријатие за сообраќај „Скопје“ велат дека овие два дена ќе се врши редовен годишен сервис на жичарницата. Во истиот период ќе биде стопирана и редовната автобуска линија до средно Водно.

но и да учат правилно и чесно да заработуваат и обезбедуваат егзистенција, што е со сема спротивно на она што го нудат казината, а тоа е на брз начин и без соодветни знаења и труд да се стекнат материјални средства - вели д-р Татјана Стојано ска, социолог при Институтот за социологија на Филозофскиот факултет. И од Министерството за образование и наука апелираат објекти што не влијаат добро врз децата да не се градат во близина на училишта и на факултети. Но, со стојбата на терен е со сема друга, обложувалници, ми-

ни-казина и други објекти со игри на среќа има, и по неколку, речиси во сите скопски населби. Казиното се наоѓа под новата зграда на семафорите на улицата Адолф Циборовски, односно непосредно зад училиштето „Димо Хаџи Димов“. Од Општина Карпош велат дека тие издале дозвола за изградба на деловен објект, но Министерството за финансии е надлежно за издавање дозволи за работа на објекти од ваков тип. Од Министерството за финансии велат дека до нив нема стигнато барање за отворање казино на оваа

локација. Оттаму објаснуваат дека пред да се подне се барање за лиценца до Министерството за финансии, во согласност со Законот за игри на среќа, барателот на лиценца треба да ги исполни техничкотехнолошките услови што на терен ги проверува УЈП. На прашањето која институција ќе изле зе на терен да испита како казиното работи без лиценца, од Министерството за финансии немаа прецизен одговор, туку нè упатија да се обратиме до Управата за јавни приходи или до Министерството за внатрешни работи.


14

СВЕТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

ПО ДОЈАВА ДО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ОД ИНТЕРНЕТ-КАФУЛЕ

Порнокасапот уловен во Берлин Порноактерот Мањота е осомничен дека го убил својот љубовник, го искасапил, а потоа неговите стапало и рака ги испратил до конзервативната и до либералната партија

К

анадскиот порноактер Лука Роко Мањота, кој е осомничен за убиство и за касапење на својот љубовник во Монтреал, завчера е уапсен во интернет-кафуле во Берлин, пренесува „Би-Би-Си“. Дваесет и деветгодишниот касап во Канада се товари за убиство на 33-годишниот кинески студент Џун Лин и за закани кон политичари. Човекот по кој трагаше Интерпол бил фатен откако сопственикот на интернет-кафулето во Берлин, Кадир Анлаисли, го препознал убиецот. Тој раскажува дека во неговиот локал завчера влегол човек кој му бил познат од некаде, но не обрнал внимание. Го препознал бегалецот откако видел дека Мањота на компјутерот чита вести за себе.

Жртвата Џун Лин (лево) со убиецот Лука Роко Мањота

- Погледнав во весниците и реков: тоа е тој што го бараат, порноубиецот - изјави Анлаисли. На неговиот повик веднаш одго-

ворила германската полиција. Мањота прво се правел дека не е тој што го бараат за на крај да изјави „Ме фативте“. Тој не се

Дежурства на српските барикади во Сите полнолетни граѓани на Косовска Митровица се обврзани да дежураат на барикадите, одлучи вчера Штабот за вонредни ситуации, кој на ЕУЛЕКС му забрани понатамошна слобода на движењето во северниот дел на градот, јави „Танјуг“. Граѓаните се должни да се пријават за дежурство на главната барикада на мостот на реката Ибар. - На припадниците на ЕУЛЕКС до

следното соопштение нема да им биде дозволено непречено да се движат во северниот дел од Косовска Митровица и секој обид за насилно минување низ градот или уривање барикади ќе се смета за отворена агресија и одговорноста за последиците ќе ја имаат оние што ќе преземат такви акции - се вели во соопштението на Штабот за вонредни ситуации. Во него се додава дека на претставници на КФОР им е упатен повик да

се придржуваат до својот мандат дефиниран со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН. Понатаму се додава дека сите граѓани што ќе прифатат работа во административната канцеларија, која има намера да ја отвори Владата на Косово, „ќе бидат санкционирани на начин пропишан во закони на Република Србија“. Штабот повика граѓаните да не носат и да не употребуваат оружје. Од ЕУЛЕКС, пак, велат дека е неоп-


СВЕТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

противел на апсењето. Бисексуалниот порноактер и модел стана познат и го згрози светот откако на интернет објави снимка на која со шило убива гол маж врзан за кревет, а потоа се фали дека го искасапил и имал секс со мртвиот труп. Полицијата верува дека на снимката е прикажано убиството на кинескиот студент што му бил љубовник на Мањота. Откако го убил Кинезот, Мањота го испратил неговото стапало во канцеларијата на канадскиот премиер Стивен Харпер, додека раката ја испратил на адреса на Либералната партија во Онтарио. При претресот на неговиот стан во Монтреал, полицијата пронашла крвави душеци и локви крв насекаде во станот. Пред зградата, пак, е пронајден куфер со човечко торзо. Полицијата испитува дали сите човечки делови се од кинескиот студент или се работи за повеќе жртви. По убиството Мањота од Монтреал избега во Париз, а оттаму во Берлин, каде што беше фатен. Експертите велат дека се работи за многу опасен човек со голема моќ за трансформација. Познато е дека тој ги користел и имињата Ерик Њумен и Владимир Романов. Кај борците за заштита на правата на животните, тој е познат како „вакуумски убиец на мачиња“, кој имал сексуален однос со овие миленичиња. Имено, Мањота во 2010 година на интернет поставил снимка на која задушува и дави мали мачиња, а откако весникот „Сан“ стапил во контакт со него, тој испратил морбидна порака. Во неа тој порачува дека наскоро ќе слушнат повторно за него бидејќи ќе има ново убиство, но овојпат тоа нема да бидат животни. Канадскиот печат пишува дека Мањота бил во врска со озлогласениот канадски убиец Карла Хомолка, кој пред неколку години беше уапсен за силувања и за убиство на три девојки, вклучувајќи ја и неговата сестра. Што се однесува до правната процедура, Мањота вчера требаше да се појави пред судот во Берлин. Експертите велат доколку не се противи на екстрадиција, Мањота може итно да биде префрлен во Канада. Но, доколку одбие екстрадиција, процесот може да се растегне до една година.

Косово ходно да се обнови целосен и постојан пристап до северот на Косово за да може да ги спроведува своите активности поврзани со владеењето на законите. Државниот секретар во Министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, изјави дека секоја понатамошна одлука на Општина Митровица треба да биде одмерен и со тоа да не à го стеснува маневарскиот простор на владата, која треба да се формира наскоро.

15

Судија играл „пасијанс“ на судењето на Брејвик

Еден од петте судии-поротници на судењето на норвежанецот Андерс Брејвик, кој во јули минатата година уби 77 лица во Осло и на островот Утоја, на вчерашното рочиште беше забележан од камерите како игра „пасијанс“ на својот компјутер, јави „Би-Би-Си“. На снимката објавена на норвешките интернет-портали се гледа како судијата Ернст Хенинг Ејсен игра на својот компјутер во моментот додека сведочи еден шведски професор. - Судиите многу внимателно ги слушаа сведочењата на судењето. Постојат различни начини некоја личност да остане концентрирана - изјави Ирене Рам, претставничка на судот во Осло, додавајќи дека судијата Ејсен не демантирал оти играл карти на својот компјутер. Брејвик на судењето призна дека во јули минатата година убил осум лица со подметнувањето бомба во автомобил, кој експлодира пред зградата на владата и дека потоа со автоматско оружје на блискиот остров Утоја убил уште 69 лица, главно тинејџери. Брејвик нагласи дека за време на неговото детство бил жртва на насилство од

муслиманите и дека тоа водело кон неговата „радикализација“. Норвешкиот монструм наведе дека првиот таков инцидент се случил кога тој имал седум години и дека тогаш таткото на еден негов другар, со потекло од Турција, му го уништил велосипедот. Брејвик потоа наведе низа инциденти, во кои жртва бил тој или неговите блиски: кражби, физички напади, дури и обид за сексуална злоупотреба иако девојките што ги спомнал во неговиот исказ во полиција ги негирале неговите тврдења. - Набљудувајќи ги издвоено, сите тие епизоди не се толку сериозни, но сите заедно, кај мене придонесоа за формирањето мислење за муслиманите - додаде Брејвик. Тој ги обвини медиумите дека ги прикриваат таквите инциденти, а често ги обвинуваат Норвежаните пренесувајќи го ставот дека насилството на муслиманите е резултат на „норвешката нетолеранција“. Овие изјави беа дадени во корист на одбраната, на вчерашното рочиште од судењето, кое треба да заврши на 22 јуни. Изрекувањето на пресудата е планирано за 22 јули, на првата годишнина од нападите во Осло и на островот Утоја.

Бугарите ископаа скелети од вампири Бугарски археолози во Созопол ископале два човечки скелети од средниот век кои во пределот на градите биле прободени со железни колци за да не се претворат во вампири. - Овие два колци прободени на скелетите илустрираат обичај кој бил раширен во некои бугарски села сè до првата деценија на 20 век - изјави директорот на Историскиот музеј на Бугарија, Божидар Димитров. Според паганските верувања, луѓето

што лошо се однесувале во текот на животот би можеле да станат вампири по смртта. За да се спречи тоа, пред погребот во градниот кош им забодувале железни или дрвени колци. Луѓето верувале дека колците ќе ги држи во земјата и така ќе спречат ноќе да излегуваат од гробовите и да го вознемируваат населението, објаснува Димитров, нагласувајќи дека во Бугарија досега се пронајдени околу 100 слични гроба.


16

СВЕТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

СВЕТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

17

ГОДИШЕН СОСТАНОК НА КРОЈАЧИТЕ НА СВЕТОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА СОЈУЗНА ДРЖАВА ВИРЏИНИЈА

Билдерберг клубот ја скрои судбината на Грција

Овогодишниот собир на кројачите на светот се претворил, според тврдењата на некои од учесниците, во вистинско судење на одредени членки на еврозоната

Б

илдербершката група, неформална група моќници што често се наречени светски владетели во сенка, во неделата го заврши својот годишен состанок во САД, кој оваа година траеше еден ден повеќе од планираната програма. На состанокот 120 најмоќни луѓе во светот, наводно, донеле одлука дека Грција треба да ја пуштат низ вода, односно да ја доведат до пропаст. Ова е само една од одлуките на билдерберговците, кои оваа година заседаваа четири дена во луксузниот хотел „Мериот“ во американската држава Вирџинија. - Грција никогаш нема да може да го отплати она што го должи. Никогаш. А, таа не е единствена. Грција е мртва - гласи пораката што ја пренесе неименуван извор, кој, наводно, присуствувал на состанокот на светската влада, која е составена од најмоќните банкари, економисти, политичари, медиумски моќници и членови на кралски семејства. Според некои теории на заговор, ова група ја крои светската иднина уште од 1945 година, кога првпат е одржан состанокот во Холандија во хотелот „Билдерберг“. Одлуката за судбината на Грција била донесена уште во 2009 година, по одржаниот самит во Атина. Само неколку месеци подоцна Грција е ставена во целосно должничко ропство, а Атина во пламен. Постоеја шпекулации дека тогашниот премиер Јоргос Папандреу од целата ситуација излегол побогат за 27 милиони евра. Дел од учесниците што присуствувале на овогодишниот собир се Кејт Б. Александар од Националната безбедносна агенција на САД, белгискиот принц Филип, професорот од „Харвард“ Нил Фергусон, кинескиот министер за надворешни работи, Јинг Фу, рускиот шаховски велемајстор и опозиционер Гари Каспаров, како и сенаторот од Масачусетс, Џон Кери. И додека европските медиуми се концентрирани на тоа каква

судбина à е скроена на еврозоната во Америка, американскиот печат прашува дали и на овогодишниот самит е избран шефот на најмоќната држава на светот. Познато е дека во истиот хотел пред четири години оваа група одржа конференција токму пред изборите во САД. На тогашниот состанок биле повикани Барак Обама и Хилари Клинтон, кои тогаш беа во тркаа за претседателска номинација. Сепак, по состанокот демократите објавија дека Обама е кандидат за претседател. Потоа тој победи на изборите, а Клинтон стана државна секретарка. Од друга страна, Билдербершката група постојано ги отфрла сите шпекулации што се провлекуваат по медиумите нарекувајќи ги смешни и невистинити. - Ние само дебатираме, не одлучуваме за ништо. Информациите од таканаречените извори се само теории на заговор изјави Вин Вебер, поранешен конгресмен кој двапати учествувал на самитот на Билдербершката група. Куриозитет на овогодишниот собир е фактот дека тајниот превез што ја обвива оваа група е искинат. Собирот цело време беше следен од демонстрантите, кои имаа и „блиски средби“ со членовите на групата. Имено, Хенри Кисинџер, ветеранот во американската надворешна политика, одлучи да помине пред демонстрантите со автомобил без затемнети стакла.

Путин на гости во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин од вчера е во тридневна по сета на Кина, а главни теми во разговорите со кине ските лидери ќе бидат трговијата, енергијата и надворешно-политичката соработка, особено ситуацијата во Сирија и иранската нукле арна програма, прене сува „Би-БиСи“. Пред пристигнувањето, Путин изјави за кине ските медиуми дека се за лага за зголемување на трговската размена меѓу Кина и Русија, од 84 милијарди долари, колку што е сега, на 200 милијарди долари до 2020 година. Со Путин во Кина допатува и бизнис-делегација од Русија, која со своите кине ски домаќини треба да потпише 17 големи трговски договори, тешки де сетици милијарди долари. Сè уште не е

Платата на Кубанците скокна на 14 евра

ДЕМОНСТРАНТИТЕ БАРАА ЗАТВОР ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

За време на собирот во Вирџинија, во круг од 1,5 километри околу хотелот „Мериот“ не можела ниту мува да прелета. Целото подрачје било блокирано од полиција, а гостите во „Мериот“ што не биле дел од состанокот се „замолени“ да го напуштат хотелот. Сепак, тоа не ги спречило демонстрантите својот гнев кон светските владетели да го искажат на оддалеченост која не била

јасно дали во нив ќе биде вклучен и долгоочекуваниот договор за гас, според кој Москва својот со сед треба да го снабдува со 70 милијарди кубни метри гас годишно. Познато е дека претходно преговорите запнаа кај цената на гасот. Освен за трговија, Путин со кине скиот врв ќе разговара за ситуацијата во Сирија и иранската нуклеарна програма. Русија и Кина се противат на острите мерки против режимот во Сирија, а се противат и на проширувањето на санкциите против Иран. Инаку, денес Путин ќе учествува на самитот на Организацијата на шангајската соработка, на чии маргини се очекува да има средби со претседателите на Иран и на Авганистан.

под блокада. Демонстрантите ги предводеше радиоводителот Алекс Џонс, кој истакна дека секој Американец што присуствувал на состанокот го прекршил Уставот. - Ниту еден Американец не смее да води надворешна политика без дозвола од владата. За тој прекршок е пропишана затворска казна во траење од три години - рече Џонс.

Просечната месечна плата во Куба во последните пет години пораснала за 17 проценти, на 455 пезо си, односно на помалку од 14 евра, соопшти кубанскиот Државен завод за статистика. Станува збор за зголемување од 17 проценти оти про сечната плата пред пет години изне сувала 387 пезо си. Платите се највисоки во градежништвото, 566 пезо си (17 евра), а најниски во трговијата, 367 пезо си или околу 11 евра. Кубанските власти признаваат дека

про сечните приходи не се доволни за основните потреби на Кубанците и покрај исклучително ниските цени на храната и бесплатното образование и здравство. Инаку, на Куба се во употреба две валути, пезос и конвертибилен пезос. Пезо сот е околу 25 пати послаб од својот конвертибилен близнак и претежно е наменет за употреба од страна на локалното население, додека конвертибилниот пезос е врзан за доларот и него најче сто го користат странските туристи.


18

КУЛТУРА

Среда, 6 јуни, 2012 година

„БА СКЕР ФЕСТ“ - ПА НА ЃУР СКА

Излезе „Чудесна Македонија“ Издавачката куќа „Младинска книга“, на сите тие на кои Македонија им е длабоко во срцето и на тие што сакаат овие слики и зборови да ги прене сат на идните поколенија, им ја прет стави монографијата „Чудесна Македонија“. Книгата нуди искуство на сите што ги сакаат пределите, приказните и легендите и што сакаат да ги оттргнат од заборавот и од минливо ста. - Кога во редакцијата се роди идејата за создавање книга за Македонија и за мојата работа како главен уредник, почнав да размислувам што сè може да влезе во нејзините корици. Како што навлегувавме во работата, избирајќи ги локациите, сфатив дека дури и оваа голема книга, со однапред утврдени рамки и прецизен концепт, е многу мала за да ги собере убавините на нашата земја. Од приказните, митовите, легендите што се различни и тие што се повторуваат, описите на предели до податоците врзани за историјата и за културното наследство. Постојано ни

Плескав поважни

Како е можно штандовите за алкохол, скара и за кифлички да бидат во центарот на плоштадот, а артистите што доаѓаат од целиот свет да бидат некаде на маргините на плоштад Македонија

недо стигаше про стор за сè што сакавме да влезе во оваа книга - рече Лавинија Шувака, главен уредник на изданието на промоцијата. Монографијата е збогатена со многу фотографии. Со околу 770 фотографии е ставено сè што мора да се запознае и почувствува бидејќи Македонија е неповторливо доживување. - Љубовта кон фотографијата, сплотена со убавините што ги среќавав, е

нешто што сакам да го споделам со вас. Со оваа книга и со фотографиите во неа сакам да ви претставам дел од тоа што јас сум го видел и доживеал и со старите села, планините, реките и езерата, со пештерите, манастирите, џамиите, со храната и со виното да ви ја претставам Македонија која до сега не сте ја знаеле - рече Наце Попов, автор на фотографиите во книгата. Н.П.

Недела на битолскиот театар во Скопје Со прет ставата „Вишновата градина“ од Чехов, во режија на Ѕвезда Ангеловска, вечерва во Македонската опера и ба лет почнуваат „Денови на Народен театар Битола“ во Скопје. „Вишновата градина“ е дело кое е создадено од едно ставна приказна и претставува едно од највозбудливите драмски дела што некогаш се напишани. Во главните улоги се Елена Моше, Викторија Степановска, Илина Чоревска, Петар Горко и други. Сценографијата е на Валентин Светозарев, ко стимите на Благој Мицевски, музиката на Марјан Неќак. До 13 јуни ќе бидат изведени и прет ставите „Опасни врски“, „Обична

приказна“, „Медеја“, „Јане Задрогаз“, „Минхаузен“ и третиот дел од Шекспировата „Хенри Ше сти“, со која битолскиот театар се претстави на Kултурната олимпијада во Лондон. Освен „Опасни врски“, која ќе игра во МНТ, другите шест претстави ќе се играат во МОБ. Ова е прво вакво го стување на битолскиот театар. Уметничкиот директор Благој Мицевски истакна дека свесно се откажа ле од создавање ше ста прет става за сметка на го стувањето во Скопје и ова го сметаат за нив ни ше сти про ект се зо на ва. Поголемиот дел од претставите првпат ќе се играат пред скопската публика.

О

д буџетот на Град Скопје годинава се одвоени 900.000 денари за организирање на седмото издание на фестивалот на улични артисти „Баскерфест“. Некогаш омилениот фестивал на скопјани, последните две години предизвикува негодување. Многубројни се поплаките од граѓаните на Македонија за организацијата на фестивалот. Според нив, „Баскерфест“ повеќе личи на селски панаѓур отколку на културно-уметничка манифестација. - Нејасно ми е како е можно штандовите за алкохол, плескавици и за кифлички да бидат во центарот на плоштадот, а артистите што доаѓаат од целиот свет да бидат некаде на маргините на плоштад Македонија - вели една скопјанка. Повеќе се чувствува мирисот на плескавиците и на другите месни производи отколку мирисот на уметноста и на акробациите, сметаат и дел од македонските артисти, жонглери и акробати, кои оваа година не се дел од програмата. - Не велам дека скарите и пијалаците се непотребни на фестивалот, напротив, на тој начин се задржуваат повеќе луѓе од различни возрасти, но треба правилно да се одреди нивната местоположба. Бидејќи оваа година фестивалот целосно е во помали размери и мирисот на скарата не е толку нападен, но затоа претходните две-три години го имаа централното место што потсетуваше повеќе на панаѓур во Лесковац, отколку на еден „Баскерфест“. Секако дека најголемото внимание треба да биде на артистите бидејки тие се тие што го прават фестивалот вели поранешен учесник на „Баскерфест“ од Македонија. Организаторот на фестивалот, Пане Темов, од продукциската куќа „Оне веј“, смета дека „Баскерфест“ од година во година привлекува сè повеќе посетители и вели дека досега не


КУЛТУРА

Среда, 6 јуни, 2012 година

19

МА НИ ФЕ СТА ЦИ ЈА НА МЕ СТО УМЕТ НИЧ КИ ФЕ СТИ ВАЛ?!

иците станаа од уметниците

Уметници изложуваат во стан на критичар

слушнал никакви лоши коментари. - Не е точно дека сме давале повеќе простор на скарата и на пивото, а помалку на артистите. Годинешниот „Баскерфест“ го организираме со значително помалку средства од Град Скопје и од спонзорите, а ние како организација мораме на некој начин да ги исплатиме и артистите. Затоа постојат и шанковите со пијалоци, а помалку со храна. Тоа е дел од секој фестивал на улични артисти. Ако нашиот фестивал не чини, нема да не земат како организатори и на фестивалите во Загреб, Сплит и во Шибеник - објаснува Пане Темов, организатор на „Баскерфест“. Според него, авторските хонорари на уметниците се многу големи. Како пример, тој го наведе годинешниот артист чија специјалност е одење на жица. Неговиот хонорар, вели Темов, изнесува 7.000 евра и доколку не постојат ко-

мерцијални спонзори, учеството на такви ексклузивни гости би било невозможно. - Секојдневно на фестивалот има по минимум два настани во исто време, почнувајќи од 18 часот па сè до полноќ. Ме радува фактот што годинава и изминатите години имаме сè повеќе посетители и од внатрешноста на Македонија и што сме најдобриот фестивал за улични артисти на Балканот - додава Пане Темов. Македонските артисти што изминатите неколку години беа дел од програмата на фестивалот, не се согласуваат со Темов. - До минатата година, кога учествував на фестивалот, не слушнав ниту еден друг дијалект освен скопскиот. За разлика од кај нас, на пример, во Вараждин, на нивниот „Баскерфест“, доаѓаат луѓе не само од Хрватска, туку и од други земји. И таму има скари и пијалаци, но тие не се во центарот на вниманието. Лично сметам дека „Баскерфест“ секоја година сè повеќе губи од квалитетот затоа што се носат артисти кои штотуку ја почнуваат својата кариера. Исто така, премногу се повторуваат исти типови перформанси. Во однос на програмата и на саатницата, ретко кога е точен распоредот, што во никој случај не би требало да е така - велат дел од поранешните учесници. „Баскерфест“ ќе трае до 10 јуни. Љубителите на уличната уметност имаат можност уште неколку дена да уживаат во акробатските настапи на уметниците или да си купат за себе предмети од околните тезги со парчиња облека, накит и со домашни ракотворби. А.Б./ И.И.

Членовите од уметничката формација „Кооперација“, на кои им се придружија и други уметници, својата трета изложба ја најавуваат за вечерва, во период од 19 до 22 часот, во станот на познат ликовен критичар, на булевар 8 Септември 12-1/9. Овојпат уметниците ги собраа своите дела под насловот „Стратегии на сеќавањето“. - Проектот претставува колаборативно истражување во релациите меѓу културолошкиот и општествено-политичкиот аспект на меморијата. Дефинирано како реколекција на потиснатите искуства, сеќавањето е неодвоив дел од свесноста за нас и од семантичкото видување на светот околу нас. Замислена како приказна во продолженија, првиот дел од оваа изложба ќе биде преиспитување на природата на тоа што ги формира личните мемории и нивните меѓусебни односи. Во име на поуспешна интерпретација на тоа што го сочинува ткивото на колективната меморија, соодветно, „Стратегии на сеќавањето 1“ ќе биде поместена во приватен стан - интимниот простор како појдовна точка во процесот на обликувањето на структурата на идентитетот на поединецот велат од „Кооперација“. На изложбата учествуваат: Славица Јанeшлиева, Симон Узуновски, Љубиша Камењаров, Јане Чаловски, Владимир Лукаш, Зоран Попоски, ОПА, Игор Тошевски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ.

Изјава на денот „Не ме возбудува американскиот фанатизам на ист начин на кој ме возбудуваат можностите да снимам со француски режисери што ги обожавам бидејќи францускиот филм не пати од конвенции од кои пати американскиот.“ Одри Тату


20

МОЗАИК

Во Русија можете да добиете секс-диплома Катарина Љубимова, психолог, сексолог и виш тренер за обука за секс, пред две години смислила тренинг за жената да му ги исполни сите желби на партнерот. - Ко га поч нав да ра ботам, сфатив де ка, всуш ност, не знам ни што за се ксот и де ка се ксоло гот е, всуш ност, ле кар што ле ку ва раз ни боле сти. Tака поч нав да ја про у чу вам свет ската пра кти ка. На пра вив ме не што не о бич но од фа ктот што зна е ме де ка же ни те се ко гаш со ну ва ат за со вр ше на љу бов. Ве ру вам де ка се ксот е умет ност - из ја ви ла Ката ри на, тре нер за секс. На нејзините часови жените учат како да бидат добри актерки, но и сопруги што знаат да ја остварат својата фантазија. Тие вежбаат со гумени пениси, а на крајот на курсот добиваат и диплома.

статус: НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА Ау, си лежиш, си одмараш и наеднаш од стол под стол:) Добар земјотрес. Мамо, тато, жива сум!

Среда, 6 јуни, 2012 година

ЛЕТОТО Е ИДЕАЛНА СЕЗОНА ЗА ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА НА ПЕЈА

Македонскат тргна на печа Викторија Лоба

С

Слободанка МАРКОВАЧЕВА

о почетокот на летната сезона, како и секоја година, пејачите од македонската забавна сцена ќе се фрлат на макотрпна работа и ќе почнат да печалат пари за цела година. Веќе е познато дека во останатиот дел од годината пејачите се слабо ангажирани и имаат помалку настапи, па се крстат во летото и во настапите на плажите и во кафулињата. Главната атрактивна де стинација е Охрид, каде во една вечер можете да ги сретнете и слушнете поголемиот дел од пе-

Наташа Малинкова

јачите од македонска естрада. Пејачката Викторија Лоба годинава прва го скрши мразот со настапот на една од охридските плажи. Лоба навистина се зафатила за работа, па на својот профил на „Фејсбук“ веќе ги изве стува своите пријатели и обожаватели каде и кога може да ја слушаат и гледаат. И момците од „Браво бенд“ летово се целосно ангажирани. Тие велат дека секоја година остануваат активни до крајот на туристичката се зона и секојдневно имаат настапи. - Веќе сме искусни кога станува збор за настапите во летната се зона. Нормално е

Холанѓаните ќе прават реално шоу на Марс Холандска вселенска компанија „Марс оне“ планира да почне колонизација на Марс до април 2023 година, а наскоро почнува и со тренинг на првите четворица што ќе живеат на црвената планета. Веќе од следната година почнува обуката на астронаутите и на идните жители на Марс, а компанијата сака од овој процес да направи медиумски спектакл што ќе наликува на реално шоу. Основачот на компанијата, Бас Ландсдроп, смета дека тоа ќе биде вистинско шоу на глобално ниво. Физичарот и добитник на Нобелова награда Џерард Т. Хофт ја даде поддршката на холандската компанија, со став дека ова може да стане еден од најзанимливите проекти досега.


МОЗАИК

Среда, 6 јуни, 2012 година

21

АЧИТЕ

„Ирие Еф-Ем“ e најдобра европска група

а естрада лба во Охрид Браво Бенд

тие да се одвиваат со засилен интензитет зашто Охрид е најпо сетената де стинација во земјата. И годинава сме во преговори со неколку локали, па се надеваме дека, како и секогаш, публиката ќе ужива во нашите настапи. Не можеме да кажеме дека сме помалку активни и во останатиот период од годината, но кога ќе направиме една паралела, во летниот период се заработува многу повеќе - велат од „Браво бенд“. И поп-пејачката Наташа Малинкова следниов период ќе биде активна. Таа го дели мислењето дека со почетокот на сезоната се зголемува и бројот на настапите.

- Моментално го подготвувам мојот нов албум, но истовремено сум ангажирана и со настапи. Секој пејач може да каже дека во оваа сезона се заработува повеќе, но со профе сионално менаџирање и со поголема ангажираност, се разбира, се добива подобар резултат. Со мојот тим работиме на новите песни, кои, се надевам, публиката ќе ги слушне на претстојните настапи - вели Наташа Малинкова. Летото е пред нас, главното бојно поле е Охрид и другите туристички де стинации во земјава, пејачите треба да заработат, а народот - да се забавува.

Сара Џесика Паркер собира пари за Барак Обама

По при ме рот на ко ле гата Џорџ Клу ни, ѕвездата на по пулар ната се ри ја „Се ксот и гра дот“, Са ра Џе си ка Пар кер, од лу чи ла да ор га ни зи ра вече ра на ко ја ќе се со би ра ат па рич ни средс тва за из бор ната кам па ња на аме ри кан ски от пре тсе дател Ба рак Оба ма, кој се бо ри за осво ју ва ње на вто ри от ман дат во Бе лата ку ќа. Актер ката ги по ви ка лу ѓе то да до ни ра ат истак ну вај ќи де ка се кој што ќе има до пол ни те лен при лог, има шан са да

освои два би ле ти за вече ра во неј зи ни от дом во Њу јорк. - Се надевам дека ќе ми помогнете да ги наго стам Обама и Мишел - изјавила Бредшо. Клуни неодамна во својата вила во Лос Анџелес приреди донаторска вечера за 150 луѓе, кои платија по 40.000 долари за да се сретнат со американскиот претседател. Од продажбата на билетите и од дополнителните донации, холивудскиот актер успеа да собере 15 милиони долари.

Српскиот реге-состав „Ирие Еф-Ем“ е прогласен за најдобра европска реге-група. Деветчлениот состав го освои првото место во финалето на реге-натпреварот во италијанскиот град Удине. Тие сметаат дека регето драстично се променило од времето на Боб Марли и за нив е важно да го следат вистинскиот правец на овој стил музика. - Можеме да се потрудиме тој правец да се врати таму каде што му е местото, рамо до рамо со џезот, блузот и со рокенролот, а не да преминува во некој друг стил или лош правец - изјавуваат „Ирие Еф-Ем“.

Анистон доби награда за најдобар филмски негативец Славната актерка Џенифер Анистон стана побогата со уште една вредна награда. На доделувањето на филмските награди на „Ем-Ти-Ви“, Џенифер е прогласена за најдобра негативка во филмот „Како да се ослободите од шефот“. - Знаете ли колку долго се обидував да ја ослободам и оваа моја страна во филмот. Многу, многу долго. Фала му на Бог за оваа категорија - изјавила Џенифер по примањето на наградата „Златна коцка“.


22

МОЗАИК

Среда, 6 јуни, 2012 година

Шехерезад ја претепала Хурем султан

С

Принцезата Кејт поелегантна кралицата Елизабета Ѕвезда на јубилејот на кралицата Елизабета беше принцезата Кејт, која на свеченоста се појави во црвен фустан на Александар Меквин, додека принцот Вилијам блескаше во парадната униформа. Кралицата Елизабета избра бела боја, а нејзиното здолниште, мантилот и шапката беа украсени со кристали „сваровски“. Личната дизјанерка на кралицата цела година го шиела комплетот што на „Твитер“ го пофалил Карл Лагерфилд.

опругата на актерот Халит Ергенч, популарниот султан Сулејман, Бергузар Корел, (попозната по улогата на Шехерезад во истоимената серија) го прекинала снимањето на серијата „Величествениот“ бидејќи не можела да ги подне се страсните бакнежи што нејзиниот сопруг ги разменувал во Хурем-султан, односно со Мерием Узерли, објави вчера порталот „Без пардон“. - Упадна на сетот, ја повлече Мерием за рамото и притоа ја фати за косата. Почна да пцуе и да ја кубе. Мерием врескаше, а Халит почна да à вика на Бергузар обидувајќи се да ги раздели. Судејќи според ова, тој повеќе не може да ги толерира љубоморните испади на неговата сопруга. Во студиото настана вистински хаос, а снимањето беше прекинато. Бергузар не била избркана од студиото само поради Халит изјавил еден од присутните на женската пресметка, пренесува „Без пардон“. Според информациите од Турција, Бергузар по случката плачела, а Мерием била во шок. Ова било трето прекинување на снимањето на серијата поради нетрпеливост меѓу актерите и нивните блиски.

ФОТО ВЕСТ

Во утрешниот број прочитајте што нуди најстариот огласник во Македонија

КАЛИОПИ И РОБЕРТ САЗДОВ НА ТАЈНА ВЕЧЕРА Интернетскиот портал „Македонска музичка мрежа“ објави папарацо-фотографии на кои се гледа дека Роберт Саздов и Калиопи биле на вечера во ресторанот „Пелистер“. Дали таа му ги открила тајните за добар настап на „Евровизија“ во Баку или тој à ги раскажувал најексклузивните новости поврзани за актуелното издание на „Макфест“, останува непознато. Тоа што à е познато на јавноста е дека актуелниот уметнички директор на „Макфест“, Роберт Саздов, неодамна вети поинаква фестивалска приказна, во вистинска смисла на зборот. Но, дали Калиопи ќе биде дел од неа или не, останува да се почека. Што било на менито на тајната вечера е тајна, а дека Роберт и Калиопи нешто интересно зборувале, тоа е повеќе од очигледно.


22

МОЗАИК

Среда, 6 јуни, 2012 година

Шехерезад ја претепала Хурем султан

С

Принцезата Кејт поелегантна од кралицата Елизабета Ѕвезда на јубилејот на кралицата Елизабета беше принцезата Кејт, која на свеченоста се појави во црвен фустан на Александар Меквин, додека принцот Вилијам блескаше во парадната униформа. Кралицата Елизабета избра бела боја, а нејзиното здолниште, мантилот и шапката беа украсени со кристали „сваровски“. Личната дизјанерка на кралицата цела година го шиела комплетот што на „Твитер“ го пофалил Карл Лагерфилд.

опругата на актерот Халит Ергенч, популарниот султан Сулејман, Бергузар Корел, (попозната по улогата на Шехерезад во истоимената серија) го прекинала снимањето на серијата „Величествениот“ бидејќи не можела да ги подне се страсните бакнежи што нејзиниот сопруг ги разменувал во Хурем-султан, односно со Мерием Узерли, објави вчера порталот „Без пардон“. - Упадна на сетот, ја повлече Мерием за рамото и притоа ја фати за косата. Почна да пцуе и да ја кубе. Мерием врескаше, а Халит почна да à вика на Бергузар обидувајќи се да ги раздели. Судејќи според ова, тој повеќе не може да ги толерира љубоморните испади на неговата сопруга. Во студиото настана вистински хаос, а снимањето беше прекинато. Бергузар не била избркана од студиото само поради Халит изјавил еден од присутните на женската пресметка, пренесува „Без пардон“. Според информациите од Турција, Бергузар по случката плачела, а Мерием била во шок. Ова било трето прекинување на снимањето на серијата поради нетрпеливост меѓу актерите и нивните блиски.

ФОТО ВЕСТ

Во утрешниот број прочитајте што нуди најстариот огласник во Македонија

КАЛИОПИ И РОБЕРТ САЗДОВ НА ТАЈНА ВЕЧЕРА Интернетскиот портал „Македонска музичка мрежа“ објави папарацо-фотографии на кои се гледа дека Роберт Саздов и Калиопи биле на вечера во ресторанот „Пелистер“. Дали таа му ги открила тајните за добар настап на „Евровизија“ во Баку или тој à ги раскажувал најексклузивните новости поврзани за актуелното издание на „Макфест“, останува непознато. Тоа што à е познато на јавноста е дека актуелниот уметнички директор на „Макфест“, Роберт Саздов, неодамна вети поинаква фестивалска приказна, во вистинска смисла на зборот. Но, дали Калиопи ќе биде дел од неа или не, останува да се почека. Што било на менито на тајната вечера е тајна, а дека Роберт и Калиопи нешто интересно зборувале, тоа е повеќе од очигледно.


СПОРТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

23

ПО ОТКАЖУВАЊЕТО НА ХОЛАНДИЈА, ЕХФ БАРА НОВ ДОМАЌИН ЗА ЕП 2012

Македонија може да го добие шампионатот Е

вропското првенство за ракометарки во декември, наместо во Холандија, може да се одржи во Македонија. Холанѓаните во понеделникот се откажаа од организацијата на шампионатот и Европската ракометна федерација (ЕХФ) бара нов домаќин на шампионатот, кој треба да се одигра во декември. Македонија, која успешно го организираше ЕП за ракометарки во 2008 година, е еден од потенцијалните кандидати за нов домаќин на ЕП 2012. Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) истакнуваат дека се подготвени да ја прифатат организацијата на првенството доколку добијат финансиска поддршка од македонската влада. - Ова е голем спортски настан, но за негова организација се потребни и многу средства. Добивме понуда од ЕХФ и подготвени сме да ја прифатиме организацијата доколку добиеме финансиска поддршка од Владата. Подготвуваме финансиска конструкција и имаме договорен со станок со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите – истак-

Имаме понуда од ЕХФ и ако добиеме финансиска поддршка од Владата, може да ја прифатиме организацијата на ЕП во декември, вели генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски на вчера генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски. Заинтере сираност за преземење на организацијата на ЕП 2012 за ракометарки има и од со седството. Од Ракометната федерација на Србија, која во јануари годинава беше домаќин на ЕП за ракометари, има најави дека се подготвени во иста година да го организираат и женскиот европски шампионат. Но, бидејќи Србија следната година ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки, малку е веројатно дека ќе ја добијат организацијата и на ЕП. По откажувањето на Холандија, одложена е и ждрепката со која дене ска требаше да бидат одредени групите за ЕП. Македонија е меѓу 14. репрезентации што обезбедија пласман на ЕП преку квалифи-

кациите. Кругот на учесниците го дополнуваат двете репре зентации со директен пласман, Норвешка како актуелен европски шампион и селекцијата на домаќинот на шампионатот. Во новонастанатата ситуација, Холандија го губи директното ме сто на ЕП. А, доколку нов домаќин на шампионатот биде Македонија или некоја од другите земји чии репрезентации веќе имаат обезбедено пласман на ЕП, тогаш како 16. учесник на шампионатот ќе влезе Полска или Исланд, селекции кои имаат најдобар скор од третопласираните репрезентации во ква лификациските групи. Сигурни учесници на ЕП 2012 се: Норвешка, Германија, Унгарија, Романија, Србија, Ц. Гора, Русија, Франција, Македонија, Шведска, Чешка, Хрватска, Данска, Украина и Шпанија. Б.Б.П.


24

СПОРТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

КОИ СЕ СЕЛЕКТОРИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ПРЕДВОДАТ 16. РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПСК

Титулата на ЕП се ос БЛОХИН И ШМУДА СО ДОМАШЕН ПРИТИСОК Украина и Полска се домаќини на Европското првенство и логично е што домашните фанови ќе очекуваат од овие репрезентации достојно да се претстават на натпреварувањето. Со оглед дека не се меѓу врвните фудбалски селекции на стариот континент, нивните селектори Олех Блохин и Францишек Шмуда ќе бидат под голем притисок да остварат добар резултат. Олег Блохин е легенда на украинскиот фудбал, ја предводеше националната селекција од 2003 до 2007 година, а на СП 2006 оствари голем успех стигнувајќи со националниот тим до четвртфиналето. Потоа три години беше спортски директор на клубот Черноморец, а на кормилото на репрезентацијата се врати во 2011 година, непосредно пред почетокот на финалните подготовки за ЕП 2012. Сега ќе има голем товар на својот грб затоа што украинските фанови не сакаат нивната селекција да испадне во првата фаза. Францишек Шмуда во својата кариера ги предводеше полските клубови Лех Познањ и Заглебље, а во 2009 година ја доби довербата да го води и националниот тим. Успеа да создаде респектабилен состав, но далеку е Полска од најсилните репрезентации во Европа. Ќе биде вистинско искушение за него и за фудбалерите да се обидат да се пласираат во вториот круг од натпреварувањето.

На Висенте дел Боске и на Берт ван Марвијк им се даваат големи шанси за успех со селекциите на Шпанија и на Холандија, како и на Јоаким Лев со Германија

Н

ајважни се фудбалерите, тие играат на теренот, но орке старот свири како што ќе го води диригентот. На два дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и во Украина ги претставуваме селекторите на 16. репрезентации што овој ме сец ќе се борат за титулата најдобар на стариот континент. Најмногу шанси за да стигнат до трофејот им се даваат на Висенте дел Боске и на Берт ван Марвијк, предводниците на Шпанија и на Холандија. За Дел Боске велат дека ја има најубавата работа на светот кога е во прашање селекторскиот повик затоа што седи на клупата на актуелниот европски и светски првак. „Црвената фурија“ има фантастичен квалитет во своите редови, предводена од генијалците на Барселона, Чави и Иниеста, но поткрепени со фудбалери од Реал Мадрид, Челси, вистински мегаѕвезди и врвни мајстори на фудбалската игра. Сè е тоа убаво, но потребен им е вистински лидер, кој ќе умее да ги раководи од клупата. Висенте дел Боске е токму таков, ги води неверојатно добро откако во 2008 година го презеде кормилото од Луис Арагонес. Со Шпанија досега има 28 победи, шампионски титули од ЕП и од СП - и само два порази. Берт ван Марвијк ги предводеше „лалињата“ до финалето на мундијалот во Јужна Африка пред две години, па сега јавно ста во Холандија очекува неговата селекција да à го одземе европскиот примат на Шпанија. Тој веќе има нов договор и за наредните четири години, а има селекција што е кадарна за да застане на врвот на Европа. Јоаким Лев е веќе пет години на кормилото на Германија и успеа да создаде одличен спој, една нова мултикултурна селекција на „панцирите“ во која владее хармонија, по седува огромни мотиви, гладна е за успеси и има несомнен квалитет. На ЕП 2008 година беше на влакно до трофејот, загуби во финалето од Шпанија, а на мундијалот пред две години доживеаја пораз, исто така, од „црвената фурија“, но во полуфиналето. Лев имаше доволно време за

да проучи како би можел конечно да ги совлада Шпанците, а мегданот во Полска и Украина ќе покаже дали добро ја завршил домашната задача. Џовани Трапатони е „мистер селектор“ за сите останати. Најискусен е, и логично, со најмногу успеси во кариерата. Ја предводи Република Ирска, која нема квалитет за највисоки дострели, но неговото фудбалско знаење би можело на многу селекции да им го загорчи животот. Популарниот Трап е еден од четворицата тренери што имаат освоено шампионски титули во четири раз-


СПОРТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

25

КОТО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛСКА И ВО УКРАИНА

својува од клупата лични првенства, во одбраното друштво на Томислав Ивиќ, Жозе Мурињо и на Ернст Хапел. Наспроти највозрасниот Трапатони, селекторот на Португалија, Паоло Бенто, е најмладиот стратег на ова Европско првенство. Со 40 години ја презеде селекцијата од Карлош Квеирош, а две години подоцна ги предводи „европските Бразилци“ чиј главен адут е Кристијано Роналдо во обидот да се замешаат во борбата за насловот. Се наоѓаат во „групата на смртта“, заедно со селекциите на Холандија, Германија и на Данска. Само две репрезентации ќе ја преживеат првата фаза и ќе го продолжат патот понатаму. Италија никогаш не треба да се отпишува. Тие се мајстори за игра на резултат, умеат да се протнат низ сито и низ решето, знаат да се издигнат и кога сите веќе ги пречкртале. Чезаре Прандели откако ги презеде „аѕурите“, преживеа два големи скандали. Првиот во квалификациите кога навивачите го прекинаа натпреварот со Србија во Џенова, а вториот сè уште ја тресе фудбалска Италија, најновата афера за местење резултати која не го заобиколи ниту националниот тим. Поради тоа, Доменико Кришчито мораше да ја напушти репрезентацијата и ќе го пропушти ЕП 2012, а бранот не ги одмина ниту Леонардо Бонучи и Џанлуиџи Буфон иако тие ќе бидат дел од „аѕурите“ на големото натпреварување. На ЕП 2004 во Португалија, селекцијата на Грција направи голема сензација освојувајќи го трофејот под водство на Ото Рехагел. Него во 2010 година го наследи Фернандо Сантос, португалскиот стратег кој своето тренерско име го изгради водејќи ги екипите на АЕК, Панатинаикос, Спортинг Лисабон, Бенфика и ПАОК. Беше прогласен за најдобар тренер во Грција во изминатата деценија, па доби доверба да го води и националниот тим. Грците, дефинитивно, не се меѓу фаворитите на овој шампионат, но не беа ниту пред осум години, па направија неверојатно изненадување. Фудбалска Европа одбројува, големото натпреварување почнува за два дена, а селекторите на 16. репрезентации веќе кројат планови како да стигнат до по сакуваниот трофеј.

ХОЏСОН ЕДЕН МЕСЕЦ, ОЛСЕН 11 ГОДИНИ И 11 МЕСЕЦИ По заминувањето на италијанскиот стратег Фабио Капело, ФА на Англија интензивно бараше нов предводник на селекцијата на гордиот Албион. Во прв план беше Хари Реднап, се споменуваше дури и сер Алекс Фергусон дека ќе ја води англиската репрезентација на ЕП 2012, но на крајот Рој Хоџсон беше именуван за нов селектор. Тој има најкус стаж како селектор, само еден месец пред Европското првенство, но успеа за тоа време малку да го консолидира националниот тим иако се соочува и со голем број повредени фудбалери. Ако Хоџсон е само еден месец селектор, тогаш чиста спротивност е Мортен Олсен, кој ја предводи репрезентацијата на Данска. Тој веќе заборавил колку долго е на кормилото, а прецизните статистичари пресметаа дека Олсен „шефува“ со Данците во изминатите 11 години и 11 месеци. Тој има 125 натпревари со националната селекција, а запиша 66 победи, 32 ремија и 27 порази.

ЧЕТВОРИЦА СИ ОДАТ ПО ЕП 2012 Четворица селектори ќе си заминат од своите функции веднаш по завршувањето на Европското првенство. Славен Билиќ ги напушта „коцкестите“ и ќе се пресели во клупскиот фудбал како нов тренер на Локомотив Москва. На чешкиот селектор Михал Билек му истекува договорот и веќе му е соопштено дека нема да ја продолжи соработката со националниот тим. Билек три години ја предводи Чешка, не успеа да ја одведе на мундијалот во Јужна Африка, но затоа ја смири јавноста со пласманот на ЕП 2012. И Дик Адвокат заминува од кормилото на Русија. Тој веќе има потпишано договор со холандскиот клуб ПСВ Ајндховен. Последниот што сигурно си заминува е Лорен Блан, селекторот на францускиот национален тим. Тој ги презеде „триколорите“ по големиот скандал на СП 2010 кога неколку репрезентативци штрајкуваа на ова натпреварување и не сакаа да играат под раководство на претходниот селектор, Рајмонд Доменех. Успеа да ја врати атмосферата во националната селекција, а и резултатите се многу подобри.


26

СПОРТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

СПРИНТЕРОТ ГЛАВЕН „МАНЕКЕН“ ВО ТИМОТ НА ЈАМАЈКА

Ќерката на Боб Марли го облече Болт за ЛОИ

Свет скиот рекордер Јусеин Болт беше главен „манекен“ на прет ставувањето на опремата што ќе ја носат спортистите од Јамајка на ОИ во Лондон. Облеката што ќе ја но си целата делегација од Јамајка во Лондон е креација на Седела Марли, ќерка на славниот реге-пејач Боб Марли. - Чест ми е што ја направив оваа колекција за мојата земја и за нашите спортисти. Тешко е да кажам дека ми се исполнил сонот бидејќи за вакво нешто не сум ни сонувала. Во средно школо тренирав атлетика, а и денес сум голема обожавателка на јамајската атлетика - изјави креаторката Седела Марли. Болт, како најголема ѕвезда во олимпискиот тим на Јамајка, добро се снајде и на модната писта. - Ми се допаѓа опремата. Седела одлично ги дизајнирала. Таа е вистинскиот избор за оваа работа, не можеше да се најде попогодна личност за една ваква задача - изјави Болт, кој во новиот дрес во Лондон ќе ги брани олимписките титули на 100 метри, на 200 метри и во штафета.

Оклахома сити на чекор до финалето Оклахома сити тандер е на добар пат да обезбеди учество во големото финале во НБА откако оваа екипа трет пат по ред успеа да слави над Сан Антонио спарс, овојпат на гостински терен со 103-108. Кошаркарите на Сан Антонио не можат да се препознаат откако беше прекината нивната серија од 20 победи во низа, па така го претрпеа и својот прв пораз на домашен терен во плејофот. Одлуката на тренерот Попович да го врати Ману Џинобили се покажа како исправен потег, Аргентинецот постигна 34 поени, но и тоа се покажа како недоволно за Сан Антонио да слави на овој натпревар. Тони Паркер постигна 20 поени, Тим Данкан броеше до 18 на овој меч, но невообичаено слабата игра во одбрана беше главната причина поради која составот на Сан Антонио претрпе пораз. Кевин Дурент со 27 поени беше најпрецизен во таборот на Оклахома сити, а уште еднаш на потребното ниво беше и „резервистот“ Харден, кој реализираше 20 поени, но и ја погоди клучната тројка со која му донесе на својот тим предност од пет поени на половина минута до крајот. - Ова беше фантастична тимска победа. Буквално сите играчи целосно ги исполнија задачите што им беа дадени - изјави тренерот на Оклахома сити, Скот Брукс.

На Надал му е жал што го прегази Монако Рафаел Надал во голем стил се пласираше во четвртфина лето од Ролан Гарос откако во својот осминафина лен дуел го прегази Хуан Монако со преубедливи 6-2, 6-0, 6-0. Интересно е што Аргентинецот Монако во првиот сет имаше предност од 2-1 во гемови, но веднаш потоа следеше апсолутна доминација на второрангираниот свет ски тенисер, кој освои 17 гема во серија и стигна до најубедливата победа во својата кариера. По мечот, Надал не ја криеше гордо ста од своето извонредно издание, но и жа лењето што овој убедлив

триумф го извојува токму над својот добар пријател Монако. - Монако е фантастичен тенисер и дефинитивно не очекував да славам така убедливо против него. Тој е дел од тениската елита и секогаш е тешко да се игра против него, а камоли да се слави на така убедлив начин. Мислам дека немаше среќа во првиот сет кога не заслужи да загуби со 6-2. Тоа влијаеше врз неговата самодоверба во останатиот дел од мечот. Жал ми е што својата рекордна победа ја забележав токму над мојот одличен прија-

тел - истакна Надал, кој во четвртфиналето дене ска ќе се сретне со својот сонародник Николас Алмагро. Актуелната бранителка на трофејот на Ролан Гарос, Ли На, со сема неочекувано загуби со 2-1 во сетови од Јарослава Шведова, која е рангирана на 142. ме сто на листата на ВТА. Кине ската тенисерка вината за поразот мора да ја побара единствено во својата слаба игра ако се знае дека со 41 неизнудена грешка à овозможи на противничката да дојде до една од најголемите победи во кариерата.


СПОРТ

Среда, 6 јуни, 2012 година

27

ПРЕТСТАВЕНА ЛЕГЕНДАРНАТА РУСКА ГОЛМАНКА ИНА СУСЛИНА

Вардар е нова приказна Ина Суслина ќе го носи дресот на Вардар во наредните три години

Г

олманот е базата на тимот и јас како тренер сум пре среќен што ќе ја имаме во Вардар Ина Суслина. Со оваа констатација тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ, Ристо Магдинчев, се обрати на вчерашното официјално прет ставување на капиталното засилување на новиот Вардар. Поранешната руска репрезентативка е дел од новиот амбициозен про ект на скопскиот тим. Со дре сот на Вардар СЦБТ, Суслина ќе настапува во наредните три сезони. - Ова е нова приказна за мене. Овде се создава нов клуб со големи амбиции за големи резултати и јас сакам да учествувам во сето тоа. Сакам нови работи и промени во кариерата и затоа ја прифатив понудата на Вардар. Сè уште немам видено многу, но тоа што го видов ми се допаѓа - истакна Суслина пред македонските новинари. Во својата богата кариера, 33-годишната Русинка последните три сезони настапуваше за тимот на Лада. По трите сезони во данскиот ГОГ Гудме (2004-2007), ова ќе à биде второ интернационално искуство. Пред 7-8 години за Суслина беше заинтере сиран и Кометал ЃП, но никогаш не дојде до ре а лизација на тој транс фер. Во својата богата колекција има олимписко сребро од Пекинг и злато од СП во Франција во 2007 со руската репрезентација и

Блажевски и Маринова на ЛОИ во Лондон Пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова се првите македонски спортисти што добија „виза“ за настап на ОИ во Лондон. Откако поголемиот дел од македонските спортисти не обезбедија норми (кошаркарската репрезентација допрва ќе игра на предолимпискиот турнир), Меѓународниот олимписки комитет испрати специјални покани за и нашата држава, сепак, да има свои претставници на најголемото светско спортско натпреварување. ФИНА испратила и официјална потврда до Македонскиот олимписки комитет дека токму Блажевски и Маринова се спортистите што ќе имаат можност да настапат под македонско знаме на ЛОИ во Лондон. Блажевски ќе биде дел од трката на 400 метри мешано, додека Маринова ќе настапи на трката од 800 метри слободно.

многу клупски успе си на кои сака да додаде и некоја македонска титула. - Тогаш имаше понуда, но јас имав договор во Русија и не дојдов, но сега сум тука во Македонија. Мо ето доаѓање овде е чисто профе сионална одлука. Разговарав со раководството на клубот и одлучив да дојдам, никој особено не влијаеше врз мојата одлука. Што се одне сува до понудите, од финансиска гледна точка, добро беше и во Русија, а добро е и во Македонија истакнува руската голманка. Покрај Суслина, во составот на новиот Вардар под водство на Магдинчев и на Наталија Тодоровска како негов помошник на клупата, ангажирани се уште девет руски и две српски ракометарки, а во тек се прегово-

рите со уште две странски засилувања со кои ќе биде комплетиран составот за новата сезона. Амбициите за „црвено-црните“ се освојување на шампионската титула на домашна сцена, но и забележителни резултати во регионалната лига и во европските купови. - Имаме таква буџет ска конструкција што ни гарантира и ни обезбедува стабилност и си гур ност во на ред ни те не кол ку годи ни, што е нај до бра ос но ва за до бри ре зултати. Доаѓањето на едно такво големо име како Ина Суслина на голманската позиција е најдобар показател за сериозните амбиции на Вардар СЦБТ - потенцира пре тседател ката на клубот Горда на Нацева-Бошева. Б.Б.П.


28

РАЗОНОДА

Среда, 6 јуни, 2012 година

АЛСАТ-М

СИТЕЛ

КАНАЛ 5

АЛФА ТВ

ТЕЛМА

ТВ ПРОГРАМА 06.45 Добро утро, Македонијо 09.05 Без рецепт 09.25 Риба – сериски филм 10.00 Дневник 10 10.20 Македонски народни приказни 10.55 Ѕвон - образовна програма 11.55 Цртан филм 12.00 За Македонија – документарна програма 13.00 Вести 13.15 Петтиот ангел – образовна програма

13.45 Тротоар лејт најт шоузабавна програма 15.00 Вести 15.10 Без рецепт 15.25 Документарна програма 16.10 Клара Шелер – серија 17.00 Дневник 1 17.45 Тротоар њуз - забавна програма 18.05 Мит неутрализатор 18.31 Да бидеме начисто информативна програма 19.01 Македонски народни

приказни 19.30 Дневник 2 20.15 За Македонија – документарна програма 21.10 Без пардон - дебатна емисија 22.05 Клара Шелер – серија 23.00 Дневник 3 23.35 Тротоар њуз - забавна програма 00.00 За Македонија – документарна програма 00.50 Без рецепт

01.05 Анплагд - музичка програма 01.40 Клара Шелер – серија 02.35 Риба – сериски филм 02.55 Новелите на Мопасан серија 03.35 Дискавери – документарна програма 04.20 Да бидеме начисто информативна програма 04.55 Документарна програма 05.40 Музичка програма

07.15 Прашање на совеста-серија 08.05 Документарна програма 08.30 Дигитална зона - емисија за нови технологии 09.00 Ловечко око 09.30 Дијалози - емисија од културата 10.00 Потрага по прачовекот – игран филм 11.45 Храна и вино – емисија за гурмани

12.15 5+ 13.00 Цртан филм 13.45 Девици благороднички-серија 14.35 Аларм за Кобра 11 – серија 15.30 Вести 15.50 Канцеларијата – серија 16.20 Доктор Хаус – серија 17.00 Цртан филм 17.10 5+ 17.50 Храна и вино – емисија за гурмани

18.30 Вести 19.00 Метео 19.05 Спорт 19.10 Аларм за Кобра 11 – серија 20.00 Девици благороднички-серија 21.00 Засекогаш млади музичка емисија 21.40 Вести 22.10 Метео 22.15 Спорт 22.20 Сексот и градот – серија

22.45 Закон и ред – серија 23.30 Културна хроника 23.40 Ѓаволот и Даниел Џонстон – игран филм 01.30 Сексот и градот – серија 01.55 Засекогаш млади музичка емисија 02.20 Потрага по прачовекот – игран филм 03.45 Вести 04.20 Културна хроника

06.55 5 до 7 – утринска програма 08.30 Врати време – емисија за повозрасна популација 09.00 Вести 09.10 Вкусот на традицијата – рецет на денот 09.25 Зајди, зајди талент – реално шоу 09.35 Моите џебни миленичиња – цртана серија 09.55 Ај ти замижи-емисија за деца 10.15 Топ листа – Супер ѕвезда – емисија за деца

10.45 Во прво лице – забавна програма 11.15 Пресинг – информативна програма 11.45 Телешоп 12.00 Вести 12.15 К-15 – дневна доза 12.30 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 12.45 Зајди, зајди талент – реално шоу – кандидати 12.55 Градот-документарна програма 13.25 Живот со стил – лајф стајл

магазин 14.05 Моите џебни миленичиња – цртана серија 14.30 Портик – хроника на денот 15.00 Вести 15.10 Портик – хроника на денот 16.10 Во прво лице – емисија 16.40 Вкусот на традицијата – рецепт на денот 16.55 Фактор здравје – емисија 17.15 К-15 – дневна доза 17.30 Вести 17.45 Пресинг – информативна

програма 18.15 Овде и сега – забавно информативна програма 19.00 Вести 19.45 ВОА - Гласот на Америка 20.00 К-15 – дневна доза 20.10 Пулс – дебатна емисија 21.05 Вселенска станица – документарна програма 22.00 Вести 22.45 К-15 – дневна доза 23.05 Вдовицата на ридот – игран филм

07.00 Здраво Македонијо 09.00 Вести 09.10 Здраво Македонијо 10.00 Разделба – индиска серија 10.55 Метео 5-временска прогноза 11.00 Вести 11.10 Oчајни домаќинки – турска серија 12.00 Јунска ноќ – турска серија

12.50 Македонска народна приказна 13.20 Разделба – индиска серија 14.55 Метео 5 - временска прогноза 15.00 Вести 15.25 Величествениот - турска серија 16.10 Имотот на дамата –

турска серија 17.00 Oчајни домаќинки – серија 17.50 Екстра Ексклузив – забавен магазин 18.15 Метео 5-временска прогноза 18.20 Вести 19.00 Имотот на дамата – серија 20.20 Величествениот - турска серија

21.30 Јунска ноќ - турска серија 22.30 Метео 5-временска прогноза 22.35 Вести 23.15 Екстра Ексклузив – забавен магазин 23.00 Крстопат - игран филм 01.30 Автомагазин – емисија за автомобили 02.15 Разделба – индиска серија

06.15 Засекогаш вљубени - серија 07.00 Вести 07.10 Журнал - утринска програма 09.00 Вести 09.10 Кај Ана - кулинарско шоу 09.25 Македонски стари приказни 10.00 Слушни ја мојата судбина играна серија 10.25 Топ шоп 10.55 Бекстејџ - естраден магазин 11.05 Малечката невеста - серија

11.30 Огнови на љубовта - серија 12.00 Вести 12.10 Огнови на љубовта - серија 12.30 Топ шоп 12.50 Под сенката на врбите-серија 13.20 Љубов и казна - серија 14.10 Зет домазет - играна серија 15.20 Бурни времиња - серија 16.00 Вести 16.24 Временска прогноза 16.26 Бурни времиња - серија

17.00 Огнови на љубовта - серија 18.00 Малечката невеста - серија 18.35 Бекстејџ - естраден магазин 19.00 Дневник 19.30 Бизнис вести 19.40 Временска прогноза 19.45 Бурни времиња - серија 20.00 Лото - извлекување 20.08 Бурни времиња - серија 21.15 Зет домазет - серија 22.25 Езел - играна серија

08.00 Ноди - цртан филм 08.15 Утеран - индиска новела 09.00 Опасна лубов-шпанска новела 09.45 Да готвиме заедно со А. Положани 10.00 Телешоп Бјорнер-Германија 10.10 Топ шоп 10.25 Скај шоп 10.45 Бакуган - цртан филм 11.05 Пет плус - детска емисија

11.45 Така како што времето одминува - турска серија 12.45 Странски зет - турска серија 13.30 Диагноза Вип - интервју 14.05 Телешоп Бјорнер-Германија 14.20 Топ шоп 14.35 Скај шоп 14.50 Пет плус - детска емисија 15.35 Бакуган - цртан филм 16.00 Вести

16.30 Да готвиме заедно со А. Положани 16.45 Утеран - индиска новела 17.30 Опасна лубов-шпанска новела 18.25 Пицикато-забавна емисија 19.00 Вести 19.45 Така како што времето одминува - турска серија 20.45 Под липите - турска серија 21.45 Странски зет - турска серија

23.25 Дневник 23.50 Временска прогноза 23.52 Вештерки - играна серија 00.35 Просечен маж - серија 01.20 Бекстејџ - естраден магазин 01.30 Мојата ѕвезда - забавна емисија 02.20 Балкан бенд-забавна емисија 02.50 Кој те шиша-забавна емисија 03.10 Журнал 05.00 Зора зори - забавна емисија 23.00 Вести на македонски јазик 23.35 200 - дебатна емисија 00.40 Пицикато – забавна емисија 01.00 Така како што времето одминува - турска серија 01.50 Странски зет - турска серија 02.40 Под липите - турска серија 03.30 Опасна лубов - шпанска новела 04.15 Игран филм


ИНФОРМАТОР

Среда, 6 јуни, 2012 година

ВРЕМЕПЛОВ

1799 - Роден е рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин. Беше иноватор во поглед на јазикот, стилот и на содржината. Умре на 38-годишна возраст кога беше ранет во двобој со еден француски авантурист. Дела: романите во стихови „Евгениј Оњегин“, „Гроф Нулин“, „Куќичка во Коломна“, драмите „Борис Гудонов“, прозните дела „Капетановата ќерка“, „Камен гостин“, „Моцарт и Салиери“, поемите „Цигани“, „Бронзен коњаник“, „Гаврилијада“, „Руслан и Људмила“, „Кавкаски заробеник“, бајки во стихови „Бајка за царот Салтан“, „Бајка за рибарот и рипчињата“. 1868 - Роден е англискиот поларен истражувач, поморски капетан Роберт Фалкон Скот, шеф на експедицијата која во јануари 1912 година стаса на Јужниот пол, четири недели по норвешкиот истражувач Раул Амундсен, кој прв го изведе ваквиот подвиг. 1875 - Роден е германскиот писател Томас Ман, претставник на психолошкиот роман, веројатно најзначаен германски прозен автор во 20 век, добитник на Нобеловата награда за литература во 1929 година. Дела: „Буденброкови“, „Волшебен брег“, „Кралско височество“, „Доктор Фаустус“, „Исповеди на лажливката Фе-

ХОРОСКОП

21.03 19.04

20.04 20.05

21.05 20.06

21.06 22.07

ликс Крул“, „Јосиф и неговите браќа“, „Смрт во Венеција“, „Тонио Крегер“, „Марио и магионичарот“, „Закон“, „Старо и ново“... 1898 - Во Марибор е роден Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Во 1972 година е избран за дописен член, а во 1976 година за редовен член на МАНУ. Умре во Скопје, на 9 јули 1992 година. 1903 - Во Тбилиси е роден Арам Илич Хачатуријан, композитор од ерменско потекло. Познати му се балетите „Гајане“ и „Спартак“, како и концертите за клавир, симфонии и друго. Умре во Москва, во 1979 година. 1932 - Во Скопје е родена Мирослава Ралева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици. Пред сè преведуваше на македонски јазик дела од француски јазик. Умре во Скопје, на 16 февруари 1986 година. 1948 - Умре францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимиер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Огист ја направија првата филмска камера и во Лион основаа фабрика за изработка на фотографски материјали. Браќата ја измислија и постапката за снимање во природни бои. Во париската кафена „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредија првата филмска претстава во светот („Влегување на возот во станица“, „Работниците излегуваат од фабрика“). 1951 - Во Скопје, на иницијатива на Македонци повратници од странство, културни и општествени работници, во и надвор од Република Македонија, во форма на здружение на граѓани е регистрирана „Матица

Овен - Многу ви е важно да оставите добар впечаток пред колегите, но тоа нема да го постигнете лесно. Секоја ваша постапка ќе биде критикувана. Совет: искористете го шармот. Бик - Посветете поголемо внимание на информациите што ги добивате. Иако сега не ви изгледаат важни, следните денови многу ќе ви помогнат. Совет: посветете внимание на исхраната. Близнаци - Правите грешки бидејќи многу брзате. Морате да се контролирате, со вакво однесување самите ќе направите хаос. Совет: покажете повеќе емоции и разбирање за партнерот. Рак - Денеска ќе бидете полни со емоции и со позитивно расположение, а тоа нема да го криете. Совет: доброто расположение искористете го за да се забавувате во друштво со еден бик.

23.07 22.08

23.08 21.09

22.09 23.10

24.10 21.11

на иселеници од Македонија“. 1968 - Умре американскиот сенатор Роберт Френсис Кенеди, врз кого претходниот ден пукаше палестинскиот терорист Сирхан Сирхан. Неполни пет години пред тоа, исто така во атентат, беше убиен неговиот постар брат, претседателот на САД, Џон Кенеди. 1981 - Во дотогаш најголемата железничка несреќа во светот загинаа најмалку 800 луѓе кога седум вагони на пренатрупаниот патнички воз излетаа од пругата и паднаа во реката Кос во државата Бихар во Индија. 1994 - Во Колумбија силна лавина активирана од земјотрес затрупа најмалку 100 луѓе. 1995 - Во Јужна Африка е укината смртната казна. 2004 - На одбележувањето на 60-годишнината од навлегувањето на сојузниците во Нормандија, на прославата на денот Д со државници на земјите на антинацистичката коалиција првпат од завршувањето на Втората светска војна присуствуваше и еден германски канцелар. 2005 - Умре американската актерка Ен Бенкрофт, која во 1962 година доби „Оскар“ за улогата на слепата и глува учителка Хелен Клер во филмот „Чудотворка“. 2006 - Умре Бил Престон, американски музичар од афроамериканско потекло. Престон соработуваше со „Битлс“ на снимање на албумите „Let it be“ и „Abees road“. Автор е на песната „Ypu are so beautiful“, која во интерпретација на Џо Кокер стана светски хит. Настапувал со најголемите имиња од светската рок-сцена: „Ролинг стоунс“, Ерик Клептон, Боб Дилан, Квинси Џонс.

Лав - Тешко го прифаќате туѓото мислење. Но, туѓите зборови некогаш можат многу да ви помогнат. Совет: доминантниот однос кон партнерот може да ви создаде проблеми. Девица - Делумните решенија непотребно ве заморуваат и не ги даваат очекуваните резултати. Бидете похрабри во донесувањето одлуки. Совет: проверете ја крвната слика. Вага - Вистинско време е да одлучите со кој партнер ќе останете, не е во ред постојано да флертувате и да ги држите луѓето во неизвесност. Совет: повеќе течности. Скорпија - Ако сакате да имате добар семеен живот, тогаш треба да го смените однесувањето. Честите отсуства од дома негативно се одразуваат на брачните односи. Совет: бидете сексуално поактивни.

22.11 21.12

22.12 19.01

20.01 18.02

19.02 20.03

29

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР Денеска е Преподобен Симеон Дивногорски Свети Симеон се роди во Антиохија во 522 година. Рано остана без татко, а рано и го почна својот подвизнички живот. Од својата шеста година го воспитуваше некој духовник пустиножител Јован. По некое време почна со подвиг на столпништво, а во последните години од животот се повлече на гората наречена Прекрасна. Неговите големи подвизи толку го доближија до Бога, што Симеон имаше добиени големи духовни дарови, па исцелуваше луѓе, скротуваше ѕверови, проѕираше во далечните краишта на земјата, како и во срцата на луѓето. Откако добро му послужи на Бога, се упокои во мир во 596 година, а во својата 75. година.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Норбет Бил роден во 1085 година, во Холандија. Стапил во манастирот „Свети Бенедикт“, во Сиегсбург. Желбата за совршенство и објаснувањето на вечните, од Господ објавени вистини, го довеле до совршенство. Бил голем проповедник. Бил избран за надбискуп во Магдебург. Свети Норберт умрел во 1134 година.

Стрелец - Вие никогаш не се откажувате од своите идеи, но во љубовта ништо не се постигнува со сила. Бидете малку поромантични и потолерантни, ќе имате поголем ефект. Совет: внимателно со пороците. Јарец - Деталите имаат голема улога во вашиот живот, но вашето ситничаво однесување предизвикува нервоза кај луѓето. Совет: искористете го слободното време за прошетка во природа. Водолија - Лошата здравствена состојба на еден ваш пријател целосно ве вади од контрола и ви одзема многу енергија. Совет: бидете појаки, така ќе им помогнете на тие на кои им е потребна вашата помош. Риби - Ако се чувствувате напнато, тогаш побарајте ја причината за тоа чувство, но никако не пренесувајте ја на луѓето што не се виновни за вашето лошо расположение. Совет: повеќе сон.


30

РАЗОНОДА

Среда, 6 јуни, 2012 година

„Балкан базар“ Режија: Едмонд Будина Почеток: 14.15, 16.15 и 18.00

Режија: Бери Соненфилд Почеток: 15.00 и 20.00 „Одмаздници“ Жанр: акција, авантура, фантазија Режија: Јос Видон Почеток: 17.00 и 22.30

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР „Животот на Молиер“

„Скопје ремикс“ Режија: Група автори Почеток: 22.00

КИНО „РАМСТОР“ „Мачорот в чизми“ Жанр: авантура, анимација, комедија Режија: Крис Милер Почеток: 10.00 и 12.15 „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Режија: Крис Милер Почеток: 12.00, 16.00, 18.00 и 20.00

сала 2: „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Режија: Крис Милер Почеток: 12.00, 16.00, 18.00 и 20.00 „Што да очекувате кога очекувате“ Жанр: комедија, романса Режија: Кирк Џонс Почеток: 15.00, 17.15, 19.30, 22.00 ИЗЛОЖБИ

Автор на текст: Михаил Булгаков Режија: Александар Поповски Почеток: 20.00

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ НА ВМРО И МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Отворен од вторник до недела од 10.00 до 18.00

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Луѓе во црно“ Жанр: акција, комедија, фантазија

Музеј на Македонија „1+ 1 Живот и љубов низ македонската историја“ MUNICIPiVM STOBENSIVM – Римска монетарница во Стоби „Хрватска традиционална музика и идентитетите“ - Привремена изложба Музеј на современа уметност „Black & white Serbia“ - Жељка Момиров, Љубомир Вучиниќ и Владимир Ристивиевиќ „Орнаменти“ - Атанас Атанасоски КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР Изложба на Владимир Симеонов МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Постојана поставка НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Даут-пашин амам, Чифте-амам и Мала станица Постојана поставка Објектите на Националната галерија работат од 10.00 до 18.00

ЗРНЦА НА МУДРОСТА Волкот останува волк иако не изел ниту една овца! Монголска поговорка

Најјака љубов е таа што може да ја покаже својата слабост! Коелјо

Ѓаволот го напуштил овој свет бидејќи знаел дека луѓето сами ќе направат пекол! Германска поговорка

Старецот е човек што го завршил својот ручек и ги гледа другите како јадат! Балзак

l

22

l

Тетово l

Гостивар

Куманово

24

l Кочани

24

22

23

l Штип

26 l Неготино

22

24

l Струмица

l Кавадарци

25

20

24 l Охрид

22

l Радовиш

l Кичево

l Дебар

l Струга

l Делчево

Велес l

23

24

22

Скопје l

23

20

l

l Прилеп

24 l Гевгелија

Битола

25

l Ресен

Кога сите луѓе би знаеле што зборуваат едни за други, на светот не би имало ниту четворица пријатели! Паскал

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северозападен правец, кој ќе се движи со брзина од осум километри на час.

Крива Паланка

23

Зад секој идиот стои јака жена. Џон Ленон

l

Денеска времето ќе биде топло и стабилно. Во Скопје минималната температура ќе биде шест Целзиусови степени, а максималната 24 степени. Влажноста на воздухот ќе биде 34 проценти, а видливоста до 10 километри. Биометеото е поволно.

22 6 31 ЧЕТВРТОК

7 ПЕТОК 30

8 САБОТА 32

27

Барселона

22

Букурешт

26

Будимпешта

23

Загреб

22

Софија

29

Атина

22

Приштина

17

Сараево

22

Белград


Рецепт на денот

Пита со сирење ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

l l l l l l l l l

500 г кори 4 јајца 1 чаша јогурт 1 чаша кисела вода 1 чаша брашно 1 чаша масло за јадење 1 прашок за печиво сирење масло за јадење за премачкување

" SAGITTARIUS #

DOVEDUVAWE VO SOSTOJBA NA NEAKTIVNOST

É

ZGOLEMUVAWE NA MASOVNOSTA

S

SU[TESTVENOST, SVOJSTVENOST URO[EVAC

INVALIDIZIRANO LAMARINA

Ê

S

NIVO NA NAJMALA VREDNOST GRANI^NA TAKSA

GRAD VO GERMANIJA (STAKLO!)

M

NARODNO @ENSKO IME

@ITEL NA SAD GERMANSKI PISATEL JOHAN FON DOMA[NA PTICA

Ä

ARTISTKATA VLADI RADIUS HOLANDSKI [AHIST JAN RADIUM

M REKA VO FRANCIJA MUZI^KI ZNAK

VERNER OLSON FRIDRIKS

Æ

AVSTRIJA POKRATKA, MALA DRAMA "AIRBORNE LINE DISCRI-MINATOR# SMEL

D

DIV PREDEL PATEPISECOT XUMHUR

LU\E KOI PLANIRAAT FRANCUSKI SLIKAR @AN TATKO (ST. SLOV.)

VODOROD JU@NO OVO[JE

ARTISTOT PA^INO DR@AVA, BUXET (MN.) CRKOVNA KLETVA GOLEMA VRE]A

KALCIUM VID BOSTAN

Ä

Æ

DEL OD HRAM MUZI^AROT IVANDI]

D

SVETLO ANGLISKO PIVO PRVAK, [AMPION

P

ITALIJANSKO @ENSKO IME AMPER

^ITAJTE "DEN#

RAKUVA^ SO APARATI JAGLEROD JADRANSKI OSTROV

3 9 2 7 8 6 4 7 1 5 8 4 9 7

NAJADENI

1 2 6

5 6

1 3

9 6

8 2 4 2 9 1 3 7 8 6 5

4

9 3 8 1 2 9 6 1 5 2 7 8 4 9 1 2 9 6 6 8 8 4 2 5 3

6 2 9 1 5 2 3

7

1

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: POPULACIJA, AMERIKANEC, SAC, MARINA, MISIR, TIMAN, VOF, RONA, A, DIVINA, ALD, ZUKO, H, ARP, AVATARA, AL, CA, ANATEMA, DIWA, ABATON, PJERINA, ALE, A, APARATER, CRES, SITI; SUDOKU: 1) 392 715 648, 865 423 719, 147 869 523; 923 178 456, 658 294 137, 471 356 982; 539 681 274, 786 542 391, 214 937 865; 2) 459 381 672, 761 542 983, 238 796 154; 947 135 826, 125 678 439, 683 429 517; 512 967 348, 376 814 295, 894 253 761

Јајцата, јогуртот, киселата вода, брашното, маслото за јадење и прашокот за печиво се ставаат во длабок сад и убаво се матат. Потоа се земаат три кори и првата се премачкува со масло за јадење, па се става втората, која се премачкува со течно ста, па третата кора, која исто така се премачкува со течно ста, а одозгора се става сирење. Потоа се витка во ролна. По стапката се повторува додека не се потрошат корите. Ролните се редат во плех премачкан со масло за јадење и се печат на температура од 200 Целзиусови степени, околу 30 минути.

Ê

LU\E, NAROD, NASELENIE

SLEGUVAWE NA BOG NA ZEMJATA (INDISKA RELIGIJA)

ПРИГОТВУВАЊЕ:

31

РАЗОНОДА

Среда, 6 јуни, 2012 година


ВИЦОТЕКА

Црногорци одат на лов на полжави, се враќаат доцна и една од сопругите им вели: - Па, цел ден ве нема, а не сте фатиле ниту еден полжав! - Молчи жено, ти не знаеш колку брзи станале полжавите! *** Еден полицаец си го изгубил пендрекот, па одел по улици и го барал. Дошло едно дете и му рекло: - Чичко, да не е ова твојот пендрек? - Не, синко, јас мојот го изгубив!

*** Еден полицаец фатил мајмун и го донел во станица. - Шефе, што да правам со него? - Како што да правиш, па носи го во зоолошка градина! Утредента шефот го гледа полицаецот како низ град се шета со мајмунот и му вели: - Нели ти реков да го носиш во зоолошка градина! - Па, го носев вчера, денес го носам во кино!

ТИКЕТ СЕК Ј Сампдорија Варезе

1 БиХ Сан Марино 3+ Коефициент 5.3

Фрам Хаукар

3+ Кордоба Валјадолид 0-2

Den 06 Juni  

Dneven Vesnik Den

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you