Den 03 Januari

Page 2

2

ВЕСТИ

Четврток, 3 јануари 2013 година

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВО ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Брисел виа Даблин КОМЕНТАР

Игор ЧАВЕСКИ Македонија го дочека и тринаесеттиот претседавач со Европската Унија откако го имаме статусот на земја-кандидат без да се помрдне ни сантиметар во процесот на евроинтеграција. За овие седум години, од 2005 година, кога на чело на Унијата беше Велика Британија, па досега, се сменија многу претседавачи, само Македонија остана таму каде што е. Причини за тоа има многу, од бавното спроведување на реформите, па сè до омилениот изговор на власта, дека почетокот на преговорите го кочи Грција поради нерешениот спор за името. Вистината зошто тапкаме во место е негде на средина. Ако по првичниот залет и ентузијазмот кој го имавме дека неколку месеци до добивањето на кандидатскиот статус ќе ги почнеме и формалните преговори, почнавме да сфаќаме дека реалноста е поинаква. Очигледно е дека без решавање на спорот за името, Македонија нема никакви шанси да почне преговори. ЕУ си има свои правила на игра, кои не се воспоставени поради Македонија, а тоа е дека одлуките за прием и за почеток на преговори со земјикандидати се носат со

консензус на сите земјичленки. Во таква ситуација, илузорно е да се надеваме дека постојат споредни патишта кои треба да нè донесат до почетокот на преговорите. Јасно е дека и дијалогот на високо ниво ЕУ го измисли за да ја држи земјата на штрек и во европска форма. Доколку тоа не се случеше, ќе се повтореше ситуацијата од пред три години кога тогашниот комесар за проширување Оли Рен ни испорача пет услови за да ја задржиме препораката за почеток на преговорите. Сега, пак, ЕУ ни даде дополнителни три месеци да нè оценува дали имаме намера да решиме спорот за името со Грција пред да даде зелено светло за преговори. „Контролор“ во оценувањето овојпат ќе биде Ирска, која важи за земја наш подржувач и која искрено се залага Македонија да почне преговори. Само од нас зависи дали оваа поддршка ќе ја искористиме и дали ќе качиме на европскиот воз на кој веќе се наоѓаат Црна Гора и Србија. Доколку го испуштиме, неизвесно е тргнувањето на следниот, во кој главни патници се Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Комерцијална банка, жиро-сметка 300000003481075 Стопанска банка, жиро-сметка 200002486378003 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Од овој месец се воведуваат превентивни прегледи кај матичните лекари за рано откривање малигни болести на дебелото црево, како и за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Се воведуваат и ограничувања на бројот на рецепти што овие лекари смеат да ги препишуваат. Едниот лимит е за сите лекови што лично ги препишуваат, а вториот е за рационално препишување антибиотици и антидепресиви. Ова се дел од измените во договорите за годинава меѓу матичните лекари и Фондот за здравствено осигурување на Ма-

кедонија. Осигурениците од 50 до 74 години кај својот матичен лекар од овој месец натаму ќе треба да пополнат прашалник што го подготвиле доктори и специјалисти за оваа сфера за доколку се утврди ризичност за одреден осигуреник, тој да биде навреме упатен на повисоко ниво, односно на специјалистичко ниво. Кај матичниот лекар мора да стои натпис дека прегледите кај него со ЕКГ и генерално целиот преглед е бесплатен. Матичниот гинеколог исто така на видно место треба да има објавено дека прегледите со ЕХО, колпоскоп и други се бесплатни.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ НАДМИНУВА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Недостаток од регионални интегрирани системи за управување со комунален цврст отпад и системи за управување со посебни видови отпад, вклучувајќи го и опасниот, недоволна покриеност на населените места и општините со системи за собирање и третман на отпадни води и загаденоста на воздухот, се дел од проблемите со кои се соочува животната средина во Македонија. Се јавува и потреба од воспоставување интегрирано управување со речен слив, согласно новиот Закон за води и контаминираност на почвата што резултира со производство на земјоделски производи со несоодветен квалитет. Посебен проблем кој се однесува на сите

медиуми на животната средина, според Министерството за животна средина, е и недоволно развиениот систем за набљудување, со акцент на отсуството на податоци врз основа на кои би се утврдила точната состојба и би се дејствувало во насока на нивно постапно ублажување и елиминирање. Покрај големиот број донесени закони и подзаконски акти, усогласени со законодавството на Европската Унија, останува потребата за заокружување на постоечката правна рамка со подзаконски акти кои треба да обезбедат механизми за набљудување и спроведување на законите, стои во стратегијата за годинава на ресорното министерство.

ЗЛАТНА ЗОРА: МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ИМЕТО НА ЗЕМЈАТА

Секој што ќе го признае Скопје со име што ќе го содржи и зборот Македонија ќе си има работа со Златна зора. Вака во интервју за грчкиот весник „Стохос“ се заканува Никос Михалолиакос, лидерот на неонацистичката парламентарна грчка партија Златна зора. - Јас не знам што планираат властите од Атина. Тие се способни за сè и сешто. Но, ако го признаат Скопје со име што ќе го содржи зборот Македонија, тогаш ќе имаат работа со нас. Такво нешто не може да помине. Македонија е една и е грчка - изјави Никос Михалолиакос.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.