Den 03 Januari

Page 1

АКО КРЕВАШ ВРЕВА, ОДИШ ВО КОНТЕЈНЕР

www.den.mk

АМСТЕРДАМ

10o

22

Виенскиот концерт пренесуван во 81 земја

1 5 денари

28-29

Четврток, 3 јануари 2013, година 1, број 226

МИНИСТЕРОТ И НАЧАЛНИКОТ ПАК НА РАЗЛИЧНИ СТРАНИ

ДА СЕ ВРАТИ ВОЕНИОТ РОК!

„БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП“

Ќе има ли простор за профит?

8-9

Јети стапна во полиција 10

4-5


2

ВЕСТИ

Четврток, 3 јануари 2013 година

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВО ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Брисел виа Даблин КОМЕНТАР

Игор ЧАВЕСКИ Македонија го дочека и тринаесеттиот претседавач со Европската Унија откако го имаме статусот на земја-кандидат без да се помрдне ни сантиметар во процесот на евроинтеграција. За овие седум години, од 2005 година, кога на чело на Унијата беше Велика Британија, па досега, се сменија многу претседавачи, само Македонија остана таму каде што е. Причини за тоа има многу, од бавното спроведување на реформите, па сè до омилениот изговор на власта, дека почетокот на преговорите го кочи Грција поради нерешениот спор за името. Вистината зошто тапкаме во место е негде на средина. Ако по првичниот залет и ентузијазмот кој го имавме дека неколку месеци до добивањето на кандидатскиот статус ќе ги почнеме и формалните преговори, почнавме да сфаќаме дека реалноста е поинаква. Очигледно е дека без решавање на спорот за името, Македонија нема никакви шанси да почне преговори. ЕУ си има свои правила на игра, кои не се воспоставени поради Македонија, а тоа е дека одлуките за прием и за почеток на преговори со земјикандидати се носат со

консензус на сите земјичленки. Во таква ситуација, илузорно е да се надеваме дека постојат споредни патишта кои треба да нè донесат до почетокот на преговорите. Јасно е дека и дијалогот на високо ниво ЕУ го измисли за да ја држи земјата на штрек и во европска форма. Доколку тоа не се случеше, ќе се повтореше ситуацијата од пред три години кога тогашниот комесар за проширување Оли Рен ни испорача пет услови за да ја задржиме препораката за почеток на преговорите. Сега, пак, ЕУ ни даде дополнителни три месеци да нè оценува дали имаме намера да решиме спорот за името со Грција пред да даде зелено светло за преговори. „Контролор“ во оценувањето овојпат ќе биде Ирска, која важи за земја наш подржувач и која искрено се залага Македонија да почне преговори. Само од нас зависи дали оваа поддршка ќе ја искористиме и дали ќе качиме на европскиот воз на кој веќе се наоѓаат Црна Гора и Србија. Доколку го испуштиме, неизвесно е тргнувањето на следниот, во кој главни патници се Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Комерцијална банка, жиро-сметка 300000003481075 Стопанска банка, жиро-сметка 200002486378003 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Од овој месец се воведуваат превентивни прегледи кај матичните лекари за рано откривање малигни болести на дебелото црево, како и за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Се воведуваат и ограничувања на бројот на рецепти што овие лекари смеат да ги препишуваат. Едниот лимит е за сите лекови што лично ги препишуваат, а вториот е за рационално препишување антибиотици и антидепресиви. Ова се дел од измените во договорите за годинава меѓу матичните лекари и Фондот за здравствено осигурување на Ма-

кедонија. Осигурениците од 50 до 74 години кај својот матичен лекар од овој месец натаму ќе треба да пополнат прашалник што го подготвиле доктори и специјалисти за оваа сфера за доколку се утврди ризичност за одреден осигуреник, тој да биде навреме упатен на повисоко ниво, односно на специјалистичко ниво. Кај матичниот лекар мора да стои натпис дека прегледите кај него со ЕКГ и генерално целиот преглед е бесплатен. Матичниот гинеколог исто така на видно место треба да има објавено дека прегледите со ЕХО, колпоскоп и други се бесплатни.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ НАДМИНУВА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Недостаток од регионални интегрирани системи за управување со комунален цврст отпад и системи за управување со посебни видови отпад, вклучувајќи го и опасниот, недоволна покриеност на населените места и општините со системи за собирање и третман на отпадни води и загаденоста на воздухот, се дел од проблемите со кои се соочува животната средина во Македонија. Се јавува и потреба од воспоставување интегрирано управување со речен слив, согласно новиот Закон за води и контаминираност на почвата што резултира со производство на земјоделски производи со несоодветен квалитет. Посебен проблем кој се однесува на сите

медиуми на животната средина, според Министерството за животна средина, е и недоволно развиениот систем за набљудување, со акцент на отсуството на податоци врз основа на кои би се утврдила точната состојба и би се дејствувало во насока на нивно постапно ублажување и елиминирање. Покрај големиот број донесени закони и подзаконски акти, усогласени со законодавството на Европската Унија, останува потребата за заокружување на постоечката правна рамка со подзаконски акти кои треба да обезбедат механизми за набљудување и спроведување на законите, стои во стратегијата за годинава на ресорното министерство.

ЗЛАТНА ЗОРА: МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ИМЕТО НА ЗЕМЈАТА

Секој што ќе го признае Скопје со име што ќе го содржи и зборот Македонија ќе си има работа со Златна зора. Вака во интервју за грчкиот весник „Стохос“ се заканува Никос Михалолиакос, лидерот на неонацистичката парламентарна грчка партија Златна зора. - Јас не знам што планираат властите од Атина. Тие се способни за сè и сешто. Но, ако го признаат Скопје со име што ќе го содржи зборот Македонија, тогаш ќе имаат работа со нас. Такво нешто не може да помине. Македонија е една и е грчка - изјави Никос Михалолиакос.


ВЕСТИ

Четврток, 3 јануари 2013 година

3

СОФИЈА СЕ СКАРА СО СКОПЈЕ, ЌЕ ПРОФИТИРА БЕЛГРАД

Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, сега европратеник, Ивајло Калфин, изјави дека од политички заострените односи меѓу Македонија и Бугарија, единствено ќе профитира Србија, земја со која Македонија има тесна соработка, пренесува „Инпрес“, повикувајќи се на личниот

ГОЛОМРАЗИЦАТА И МАГЛАТА ПРИЧИНА ЗА СООБРАЌАЈКИ

Осум возила учествувале во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчераутро на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, на седмиот километар од Куманово. Според првичните информации на кумановската полиција, во сообраќajката првo се судриле две патнички возила, што предизвикало верижен судир во кој учествувало уште едно патничко возило, минибус и две товарни возила. Кумановската полиција соопштува дека две лица се тешко повредени, но се надвор од животна опасност. Според првичните информации, на магистралниот пат имало густа магла и голомразица, и камион се излизгал на патот од Кавадарци - мотел „Дреново“ - Прилеп поради голомразица. Овој патен правец вчера беше блокиран околу три часа. Нема повредени и не е причинета материјална штета. Возилото целосно го попречи патот, па сообраќајот беше пренасочен по други споредни патишта.

ХЕЛИКОПТЕР СЕ УРНА ВО МОРЕ ПРЕД СТОТИНА ЛУЃЕ

Спасувачки хеликоптер паднал во море додека се обидуваше да спаси давеник. Оваа необична случка се одвиваше пред очите на стотина луѓе на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро. Леталото се урнало од засега непознати причини и, за среќа, четиричлениот екипаж и давеникот сигурно стигнале на плажата со само полесни повреди.

блог на Калфин. - Бугарската влада е сконцентрирана кон односите само со еден сосед. Од друга страна, таа ги затвора очите за проблемите со другите соседи. Позицијата на Софија дава основа за владата во Скопје да почне европска антибугарска кампања - коментира Калфин. Според

него, овојпат од соседот ќе бараат широка јавна поддршка со аргументот дека Бугарија го попречува патот на Македонија кон Европа, а нашиот западен сосед дефинитивно ќе се ориентира кон тесна соработка со единствениот сосед со кој нема проблеми, а тоа е Србија.


4

АКТУЕЛНО

Четврток, 3 јануари 2013 година

МИНИСТЕРОТ И НАЧАЛНИКОТ ПАК НА РАЗЛИЧНИ СТРАНИ

ДА СЕ ВРАТИ ВОЕНИОТ

И експертите се поделени околу враќањето на воениот рок, кој сега би траел три месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1.500 до 2.000 војници

И

Тони АНГЕЛОВСКИ

дејата за повторно воведување на служење војска одново ги подели министерот за одбрана, Фатмир Бесими, и началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески. За разлика од досегашните кавги предизвикани, пред сè, од партиските расправии меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, сега разликите се околу тоа дали треба повторно да се воведе служењето воен рок. За повторно воведување војска пишуваше и „Ден“ пред повеќе од половина година, а тогаш во јавноста оваа идеја ја промовираа неколку пензионирани генерали. Главната добивка, според застапниците на оваа идеја, е заштедата на финансии, но противниците предупредуваат дека тоа би било поништување на веќе спроведените реформи и на приближувањето на АРМ до стандардите на НАТО. Непосредно пред Нова година, началникот на генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, повторно ја актуелизира оваа идеја, изјавувајќи дека Армијата сериозно размислува за враќање на воениот рок, кој сега би траел три месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1.500 до 2.000 војници. - Одлуката за воведување целосна професионализација во Армијата е донесена многу бргу. Размислувањето е пополнувањето со регрути да се врши со враќање на воената обврска и 15проценти од активниот состав на АРМ да биде составен од војници-регрути. Согледувајќи ги бројките на војни-

ците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата, може да се заклучи дека бројот од 15 проценти војници на отслужување воен рок би бил сосема доволен - изјави Котески. Но, министерот за одбрана, Фатмир Бесими, вели дека нема никаква потреба од враќање на воениот рок. - Засега нема некоја анализа во Министерство за одбрана која би ни препорачала таква промена во составот на АРМ. Поголемиот дел од земјите-членки на НАТО, дури и оние кои имале долга традиција, го имаат напуштено регрутниот систем и имаат воведено доброволен систем на целосно професионални армии - вели Бесими. Според тие што ја поддржуваат идејата за враќање на воениот рок, на овој начин би се надминале проблемите што АРМ ги има во врска со обезбедувањето кадар, а би се намалил и обемот на средствата што се трошат за армијата. Задолжителното служење воен рок беше укинато пред шест години во рамките на реформите за приспособување на армијата кон стандардите на НАТО. АРМ тогаш беше првата армија на Балканот што ја укина задолжителната воена обвр-

ска, а потоа истото го направија и останатите земји од регионот. Тогашниот министер за одбрана, Јован Манасијевски, укинувањето на воената обврска го промовираше како дел од целокупната реформска стратегија во одбраната за создавање мала, флексибилна и добро опремена армија, која може да се соочи со новите асиметрични безбедносни закани и да учествува во меѓународните мировни мисии. Но, по шест години, врвот на АРМ размислува за враќање на воената обврска, а експертите се поделени во однос на таквиот предлог, кој ја има и поддршката од поголемиот дел од пензионираните генерали. Првиот началник на Генералштабот на АРМ по осамостојувањето на државата, Митре Арсовски, за „Ден“ изјави дека враќањето на воената обврска е неминовно за да се обезбедат кадри што би ги вршеле полесните задачи, како чување стража на објекти, курирска работа и сл., а професионалните војници, наместо да се трошат за вакви задачи, би можеле да се посветат на она за што се обучени и платени. - Регрутирањето треба да се активира во АРМ повторно, но во многу помал обем од претходно и за комплетно различна намена од

таа за која се употребуваа регрутите порано. Сега треба да се регрутираат само 30 проценти од поранешниот просек и овие регрути би ги одмениле професионалните војници во вршењето на помалку битните работни обврски. Со тоа би се заштеделе и парите што сега им се плаќаат на професионалците како надомест на работни часови што ги извршуваат овие банални обврски - вели Арсовски. Покрај тоа, според Арсовски, враќањето на воената обврска би влијаело и врз младите луѓе и нивното созревање, односно врз градењето чувство за ред и дисциплина, како и за јакнење на чувството за патриотизам. - Во многу земји, па дури и во САД, размислуваат да го вратат регрутниот систем. Ние во Клубот на генерали подолго време размислуваме за тоа, а и во Генералштабот на АРМ го гледаат ова како реално решение. Ова нема воопшто да à наштети на интеграцијата во НАТО затоа што и многу други членки на НАТО го имаат овој систем. За да се врати регрутниот систем, дури и не треба да се менува Законот за одбрана бидејќи во него уште стои дека земјата има регрутен систем - објаснува Арсовски.


АКТУЕЛНО

Четврток, 3 јануари 2013 година

РОК! Од друга страна, Благоја Марковски, полковник во пензија и воен аналитичар, вели дека повторното враќање на воената обврска би имало негативни последици затоа што АРМ е длабоко навлезена во реформите според стандардите на НАТО. - Секоја од современите армии протежира систем на професионални војници и не гледам зошто би се враќале назад. Оправдувањето дека тоа е економски поиздржливо е без смисла затоа што безбедноста нема цена, а вака дефинитивно безбедносниот систем ќе стане нефункционален. Тоа што сега сакаат да направат комбинација со професионален и регрутен систем е несериозно. Ако сакаат регрутниот систем да го ангажираат за споредни активности, тоа може да се направи со вработување граѓански лица, без да има потреба од задолжително служење во АРМ - вели Марковски. Според него, надлежните, наместо да се враќаат назад, треба да се посветат на доработка на системот на професионални војници таму каде што се појавуваат одредени недоследности, особено системот на активна резерва. Законот и сега предвидува служење воен рок на доброволна основа, што, според Марковски, може да ги задоволи потребите за одбраната на земјата. - Проблемот е во тоа што вооппшто не е разработен системот за активна резерва и не се осовременува според искуствата од современите армии за на тој начин да се воспостави систем на резервни воени сили. Тоа, пак, што наводно со враќање на регрутниот систем би се заштедиле средства е дискутабилно затоа што и за тој систем има трошоци. Но, дури и да е така, не смее поради пари да се ризикува безбедноста на земјата. Покрај тоа, ние како земја имаме прифатено одредени обврски за постигнување на стандардите на НАТО и имаме краткорочни и среднорочни планови кои се усогласени со НАТО, во кои не се споменува враќање на регрутниот систем - вели Марковски.

5

ДАБЛИН ГО ПОЧНА СВОЕТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ СО ЕУ

По Кипар, и Ирска нема да се претстави во Скопје? Игор ЧАВЕСКИ

Неизвесно е дали Република Ирска, која на први јануари го презеде претседавањето со Европската Унија, ќе го претстави своето претседавање во Скопје. Причина за тоа е што Ирска нема свое дипломатскоконзуларно претставништво во Република Македонија, туку тоа го прави преку својата амбасада во Братислава. Како што дознаваме, деновиве во ирската амбасада во Словачка на чело со амбасадорот Брајан Мекелдуф, се прави стратегија како да се настапи за време на своето претседавање кое ќе трае до први јули. Вообичаено е секоја земја-претседавач да ги претстави своите приоритети во државите со кандидатски статус, но во случајот со Македонија работата е посложена. Македонија исто така нема амбасада во Ирска, туку таа функција ја презема дипломатското претставништво во Велика Британија со седиште во Лондон. Истото се случуваше и пред три години кога на чело на Унијата беше Белгија, која исто така нема претставништво во Скопје. Тогаш белгискиот амбасадор во Софија го презентираше претседателството на својата држава во ЕУ. И Кипар кој пред Ирска беше на чело на Унијата, не се појави во Скопје поради тоа што нема воспо ставено дипломатски односи, но и поради отворената поддршка што à ја дава на Грција во спорот за името. Ситуацијата дополнително ја усложнува и парламентарната криза што во моментов се случува во Македонија и бојкотот од опозицијата на работата во Собранието. Презентацијата на земјатапретседавач речиси секогаш се случува пред Комисијата за надворешни работи и пред министерот за надворешни работи. Откако СДСМ најави дека нема намера да се врати во Собрани-

Откако СДСМ најави дека нема намера да се врати во Собранието, ЕУ не сака да се доведе во непријатна ситуација претставувањето да се случи само пред владејачкото мнозинство ето, ЕУ не сака да се доведе во непријатна ситуација претставувањето да се случи само пред владејачкото мнозинство. Ирска, за разлика од претходните неколку претседавачи кои само декларативно се залагаа за проширување, навистина се залага земјите од регионот, вклучително и Македонија, да станат дел од Унијата.За време на нејзиниот мандат ЕУ ќе го оценува напредокот за одредување датум за преговори. Во официјалното претставување на приоритетите на Ирска во водењето на ЕУ до летото 2013 година, економското закрепнување, растот и вработувањето се први на листата приоритети, но се нагласува дека нема да биде заборавено ниту проширувањето со нови членки. Ирската министерка за европски прашања Лусинда Крејтон нагласи дека нејзината земја нема да ги заборави земјите кои почнале и допрва треба да го почнат процесот на пристапни преговори. Доказ за тоа е, вели таа, тоа што токму ирското

претседателство со Унијата во 2004 година беше одбележано со најголемото проширување на ЕУ, кога дури десет земји се приклучија на „големото европско друштво“. - Ќе настојуваме да ги забрзаме пристапните преговори со Исланд, но и ќе ги поттикнеме преговорите со Турција - додаде министерката Крејтон, давајќи надеж на Македонија и на останатите земји-кандидати и потенцијални кандидати дека на десетгодишнината од Солунската декларација, Унијата ќе го задржи ветувањето дека ќе продолжи да се шири. Република Ирска е земја која сè уште зависи од помошта на Унијата и е дел од програмата за спасување на еврозоната. Сепак, земјата не влезе во економска криза поради преткризното вложување во инфраструктурата, образованието и во индустријата на високата технологија.По Ирска, претседавањето со Унијата ќе го преземе Литванија, а во 2014 година на чело на Унијата ќе биде Грција.


6

АКТУЕЛНО

Четврток, 3 јануари 2013 година

КОЛКУ Е ОДВОЕНА ПОЛИТИКАТА ОД НАРОДОТ ВО СЛОВЕНИЈА И ВО МАКЕД

Народна недоверба од Вардар, па до Тр

Изминативе месеци, случајно или не, политички најинтересно во „југосферата“ е токму на нејзините краеви: дали повторно се случува народ или граѓански движења? Стојан СИНАДИНОВ

Д

а ли на политичките елити во поголемиот број држави од поранешна Југославија повторно им се случува народ? Или, овој пат, се работи за граѓански движења? Кон крајот на 80-тите години од минатиот век, кога југословенската федерација почна да пука по нејзините партиско-државни рабови – и малку подоцна почна вистински да се пука по шумите, горите, околу касарните, на крајот и во самите градови – имавме впечаток дека Словенците најбргу и најбезболно го пронајдоа нивниот пат до по сакуваната иднина во Европската Унија. Додека, пак, граѓаните на Македонија, не само во политичките анегдоти, беа најинертни, без јасна визија и концепт на внатрешно- и

надворешно-политички план (Стево Пендаровски на промоцијата на неговата најнова книга „Македонската надворешна политика 1991-2011 година“). Изминативе ме сеци, случајно или не, политички најинтересно во „југо сферата“ е токму на нејзините краеви – во Словенија и во Македонија. Во европската „дежела“ народот на улиците во неколку градови со транспаренти од времето на Милошевиќева Србија („Готов е!“) бара смена на корумпираните политичари. Во Македонија опозициониот фронт од улиците порача дека власта ќе го добие нејзиниот 5 октомври (датумот од 2000 година кога Милошевиќ беше симнат од власта). Во што е слично ста и разликата? Некои ана литичари велат дека во Словенија, без разлика на алузијата од познатите пароли, се случува граѓанинот (То-

дор Пендаров), за разлика од Македонија, каде што, според политичката кореографија, најпрвин (треба да) се случува народот, а потоа и граѓаните (Едмонд Адеми). Растко Мочник, еден од најугледните политички мислители во Словенија, придружувајќи им се на неговите колеги Цирил Рибичич, Вено Тауфер и другите во иницијативата на „Набљудувачот од Ново Ме сто“ за воведување нов институционален механизам „Народна недоверба“, неодамна се огласи со анализа на словенечката ситуација насловена „Кога народот сака држава“. Новата граѓанска иницијатива „Народна недоверба“ треба да овозможи смена на народните претставници кои ја изиграле довербата на народот и пред истекот на нивниот мандат.

Иницијаторите сметаат дека со „Народната недоверба“ би можеле да се отстранат ексце сите со кои се по срамила актуелната словенечка власт, а можно ста за отповикување на мандатот би ги спречила потенцијалните „крадци на власта“ да ги одврати од нечесните намери и неодоливо ста на корупцијата. Иако, според Мочник, „Народната недоверба“ е корисна политичка „хигиенска мерка“, таа сама по себе не би можела да ги отстрани подлабоките причини поради кои се проте стира на словенечките улици и плоштади: политичката власт и политичката класа сега се одво ени од народот. Про стата политичка еднаквост, според Мочник, е само привид. Во тие околно сти политичката сфера е нужно одво -


Четврток, 3 јануари 2013 година

7

Јанкулоска го повтори ставот за претставката на ЗНМ

ОНИЈА

иглав

ена од остатокот од општеството во кое владее вистинска нееднаквост. Затоа за овие политички активно сти одвоени од општеството се формира по себен слој специјалисти - профе сионални политичари. Опасно ста од профе сионализација на политиката - продолжува Мочник во анализата – лежи во регулирањето на одно сите на политичарите со изборната база по пат на маркетиншки пристап, а не со политичко застапување. Ако оваа карактеристика преовладеела во САД уште пред еден век, Словенците во тоа се увериле конечно за време на последните претседателски избори. Во таквата ситуација речиси е неминовно политичките профе сионалци да бидат подложни на корупција, смета Мочник.

АКТУЕЛНО

Според него, корупцијата произлегува од системот, а не од евентуалниот недо стиг од морал кај политичарите, и ваквата ситуација не може да се поправи со тоа што би ги замениле актуелните политичари со некои луѓе со повеќе морал. Треба да се смени системот кој раѓа корупција, а тоа значи дека допрва треба да се воспо стават услови за демократија која ќе го заслужува тоа име заклучува Мочник. Како може да се изведе тоа? Корупцијата, клиентелизмот, непотизмот... ја оневозможуваат демократијата бидејќи оние кои имаат економска моќ (ќе) ги поткупуваат оние кои имаат политичка моќ, а оние кои ја имаат политичката моќ ќе ги уценуваат бизнис-тајкуните. Мочник наведува дека марксистичкиот речник ја распознава корупцијата како производ на длабоките неправди – од искористувањето на работничката класа – и може да се спречи ако државата почне да ги застапува луѓето кои работат, а не оние кои ги искористуваат. Про сто кажано, ако се укине профе сиона лизацијата на политичарите кои ја присвоиле државата за себе - ќе се укине и одвоено ста на политиката од народот. Според Мочник, словенечкиот народ на улиците и на плоштадите ја бара државата на своја страна: државата ќе биде народна ако ја оневозможи експлоатацијата и му овозможи на народот да располага со резултатите на сопствениот труд, односно бара укинување на капиталистичката држава. Таква е ситуацијата во Словенија по осум години полноправно членство во ЕУ. Сега и македонските граѓани се на ред да се изјаснат.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска уште еднаш го повтори вчерашниот став во однос на заклучокот на Секторот за внатрешна контрола и профе сионални стандарди во врска со случувањата со новинарите во собраниската галерија. - Секторот за внатрешна контрола и профе сионални стандарди даде обемен и исцрпен одговор и јас немам ништо да додадам во однос на тој одговор. Треба сите ние да се почитуваме меѓу себе и да

си овозможиме непречено да си ја вршиме работата, која е наша основна за ложба истакна Јанкуло ска по промоцијата на новите полициски возила во кругот на Министерството за внатрешни работи. Одговарајќи на новинарско прашање за покренатата претставка на Здружението на новинари на Македонија до МВР, нагласи дека полицијата треба да ја врши својата работа, а претставниците на медиумите својата.

ЗНМ незадоволно од одговорот на МВР

Здружението на новинари на Македонија реагира на објавата на МВР во врска со претставката што Здружението ја достави до ресорното министерство, а во врска со случајот со исфрлање на новинарите од галеријата на Собранието на седницата за донесување на буџетот. - Одговорите на МВР не се однесуваат на нашата претставка. Ние баравме да се утврди одговорност на наредбодавците и на извршителите на одлуката која е спротивна на Уставот и со која беа спречени новинарите да ги следат настаните во Собранието. Насилното исфрлање на новинарите, без никаква правна основа од галеријата во Собранието, е чин на цензура што е забранета со член 16 од Уставот на РМ. Потсетуваме дека во согласност со член 70 од Уставот на РМ, седниците на Собранието се јавни. Собрание-

то може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Таква одлука не беше донесена - велат од ЗНМ. За ЗНМ е несфатливо тоа што Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР не утврдил никаква одговорност за исфрлувањето на новинарите од собраниската галерија, иако за таа полициска постапка претходно изразија жалење претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на РМ, претседателот на Владата на РМ, заменик-претседателката на Владата на РМ. - Ако одлуката била во согласност со Уставот и со законите и спроведена на соодветен начин, зошто тогаш државниот врв изразува жалење? - прашува ЗНМ.


8

АКТУЕЛНО

Четврток, 3 јануари 2013 година

НОВ ГАЗДА НА БИЗНИСОТ СО ТОПЛИНА

„Топлификација“ ќе ги изна топланите за еден милион е

Ф

Ирена ЧАЧКОВА

ирмата „Балкан енерџи груп“, која од 1 јануари официјално го презеде бизнисот со парното греење, со потпишувањето на договорот за закуп, за трите топлани на „Топлификација“ ќе треба да плаќа еден милион евра годишно. Вработените од „Топлификација“ потпишаа и договори за вработување, со кои фирмата „Балкан енерџи груп“ се обврзува во наредните пет години да ги задржи на работа, а платите да останат исти. - Во согласност со договорот за закуп, новиот носител на ли-

ценца има обврска да инвестира во основните средства износ во висина на годишната амортизација на основните средства со цел вредноста на истите да не се намалува. Исто така, новиот носител на лиценца ќе à плаќа на „Топлификација“ закупнина во висина на одобрениот принос на капитал за оваа дејност, кој, во согласност со постојните акти на Регулаторната комисија за енергетика, изнесува околу еден милион евра на годишно ниво - се вели во соопштението од „Топлификација“. Оттаму потенцираа дека засега немаат информација за намалување или евентуално

зголемување на цената на греењето. Откако „Топлификација“ се ослободи од овој бизнис, кој, според фирмата, со моменталната цена на парното греење не е профитабилен, во наредните три години очекува подобри финансиски резултати од работењето. Според деловниот план за годинава, се очекува добивката да изне сува 700.000 евра, за 2014 година 2,2 милиони евра, а во 2015 година добивка од 2,6 милиона евра. Ако „Топлификација“ успее да го реализира планот, значително ќе го намали задолжувањето.

Сепак, според деловниот план за период од 2013 до 2015 година, „Топлификација“ има обврска да ги врати кредитите што се земени за покривање на загубите во период од 2006 до 2009 година, каматите на кредитите кои се инвестирани во ТЕ-ТО. Одлуката за доделување на лиценците за производство, дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија на „Балкан енерџи груп“ за скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Гази Баба регулаторите ја донесоа во понеделникот, а официјално стапи во сила од 1 јануари. На огласот се јавија и заедничката компанија на државните ЕЛЕМ и МЕПСО и „Топлификација“, која сакаше да ја задржи само лиценцата за дистрибуција. Кој крајот на ноември минатата година, „Топлификација“ ги врати сите три лиценци за вршење на дејноста, а Регулаторната комисија за енергетика распиша јавен повик за избор на нов носител на лиценците за дистрибуција, производство и снабдување со топлинска енергија. „Топлификација“ повеќе од 40 години ги снабдуваше скопјани со парно греење.

ЕЛЕМ ЌЕ ЈА ГРЕЕ ЦЕЛА АВТОКОМАНДА

„БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП“ ГИ ДОБИ ТРИТЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА ГРЕЕЊЕ

Ре гулатор ната ко ми си ја за енер гети ка на Ре публи ка Ма кедо ни ја од лу чи про из водс твото, ди стри бу ци јата и снабду ва њето на топ лин ска енер ги ја за седум скоп ски оп шти ни да à го додели на ком па ни јата „Бал кан енер џи“ ДО О ЕЛ - Скоп је. Од лу ката за доделу ва ње на ли цен ци те за про из водс тво, ди стри бу ци ја и за снабду ва ње

со топ лин ска енер ги ја за скоп ски те оп шти ни Ѓорче Петров, Кар пош, Цен тар, Ки села Вода, Ча ир, Ае родром и Оп шти на Гази Ба ба ре гулато ри те ја до не соа во по недел ни кот, а ста пи на си ла вче ра. Ре гулатор ната ко ми си ја за енер гети ка во ед но ги до не се и из ме ни те на ли цен цата на АД „Еле ктра ни на Ма кедо ни ја - по-

друж ни ца Енер гети ка“, во др жав на сопс тве ност, Скоп је. Из ме ну ва њето на ли цен цата е на пра ве но ка ко резул тат на до го во рот за за куп на мрежата во делот на подрач јето од оп шти на Гази Ба ба, од нос но подрач јето во кое од 1 ја нуа ри годи на ва ќе ис по рачу ва топ лин ска енер ги ја за потро шу вачи те.

Граѓаните од населбата Автокоманда веќе имаат можност поевтино, за 15-20 проценти, но и поквалитетно со 24-часовна покриеност да се греат на централното греење. Тоа го овозможи одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за изменување и дополнување на лиценцата за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија на ЕЛЕМ, подружница Енергетика, со која à се дозволува да испорачува топлинска енергија за потребите на населбата Автокоманда.


Четврток, 3 јануари 2013 година

ајмува евра годишно

АКТУЕЛНО

9

Нов инвестициски фонд на пазарот на хартии од вредност

„Илирика кеш фонд“ е новиот отворен инвестиционен фонд кој доби одобрение за организирање од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Како што информира Комисијата за хартии од вредност, со фондот ќе управува Друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика фунд менаџмент“ АД Скопје. Според проспектот, инвестициската цел на фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Затоа, друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари.

Хартиите од вредност каде што фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши во Република Македонија, земјите членки на ЕУ и ОЕЦД и земјите кои не се членки на ЕУ и ОЕЦД - Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Украина. Друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика фунд менаџмент“ АД Скопје освен со новиот „Илирика кеш фонд“, управува и со уште два инвестициски фонда, со „Илирика глобал растечки пазари отворен инвестициски фонд“ и „Илирика Југоисточна Европа отворен инвестициски фонд“. „Илирика кеш фонд“ е десетти отворен инвестициски фонд во Република Македонија.

Во Македонија има повеќе од 245.000 невработени

Најновите податоци на Агенцијата за вработување на Македонија покажуваат дека во државата има 245.122 невработени лица. Во однос на октомври 2012 година, бројот на невработени е намален за 1.719 лица, а во однос на ноември 2011 година, намалувањето е за 38.114 лица. Податоците покажуваат дека најмногу невработени има во Скопје, 48.451 лице, следат Тетово со 21.311 лица и Куманово со 19.671 лица. Најмал број невработени се евидентирани во Демир Хисар, 1.616 лица.


10

АКТУЕЛНО

Четврток, 3 јануари 2013 година

Презентирани новите полициски возила Министерството за внатрешни работи вчера ги презентира новите возила „шкода јети“ кои ги заменуваат старите „крајслери“. На тендерот што го распиша Министерството за внатрешни работи за набавка на 150 нови возила, за најповолен понудувач беше избрана компанијата „Порше Македонија“. Таа даде најниска понуда за набавка на возилата, односно за 10 милиони денари помалку од по-

Продолжен рокот за продажба на ОХИС и на „Еурокомпозит“

Крајниот рок за подигање тендерската документација за јавните повици за продажба на АД ОХИССкопје и на „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп е 16 април годинава, додека крајниот рок за доставување понуди за „Еурокомпозит“ истекува на 18 април во 13 часот, а за ОХИС на 19 април во 13 часот. Вака, информира Министерството за економија, одлучи Владата на последната седница одржана на 28 декември минатата година. Со оглед на наближувањето на датумот на објавување на одлуката за распишување на локалните избори, продолжувањето на роковите

по овие два јавни повици е во согласност со членот 11 ставот 3 од Законот за спречување на корупцијата кој гласи: „Од денот на донесување на одлуката за распишување избори, па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и на градот Скопје, не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал“, соопшти Министерството за економија.

четната цена на аукцијата. Новите возила се во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување. Согласно тендерската спецификација, возилата се со дизел-мотор со зафатнина од 1.300 до 1.900 кубни сантиметри и со моќност од 110 до 140 киловати. Последниот тендер за набавка на возила за МВР беше пред 12 години кога беа купени „крајслерите“.

Цените на мало во декември зголемени за 0,1 процент Цените на мало во декември се зголемени за 0,1 процент, а трошоците за живот се на исто ниво како во ноември, објави Државниот завод за статистика. Пораст на цените е забележан кај зеленчукот за 1,4 процент, јајцата за 1,2 процент, месото за 0,7 и преработките од ме со за 0,5 проценти. Кај трошоците на живот пораст има кај мебелот за 0,9 отсто, средствата за образование за 0,5 отсто, средствата за хигиена и храната и пијалакот за 0,3 отсто. Намалување на трошоците на животот во декември во споредба со претходниот ме сец има кај мастите за 5,2 проценти, овошјето за 3,7 проценти, рибата за 0,8 проценти, преработениот зеленчук за 0,4

проценти и млечните производи за 0,3 проценти. Намалување е забележано и кај течните горива и гасот за 0,5 проценти и нафтените деривати за 0,2 проценти. Во споредба со декември 2011 година, цените на мало бележат пораст од 3,9 отсто, а трошоците на животот за 4,7 проценти. Според Државниот завод за статистика, во изминатата година движењето на цените на мало било различно по одделни групи на производи. Пораст е забележан во групите непрехранбени индустриски производи за 5,8 проценти, земјоделски производи за 3,1 проценти, индус т р и с ко - п р ех р а н бе н и производи за 2,4 проценти, услуги за 1,5 процент и пијалаци за 0,4 проценти.


Четврток, 3 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

Ставрески: Реформите ја намалија невработеноста

Во изми нати те годи ни стап ката на не вра боте ност кон ти ну и ра но се на ма лу ва, што спо ред ви це пре ми е рот и ми ни стер за фи нан сии Зо ран Ставре ски, се должи на повеќе мерки и ре форми што ги спроведу ва Вла дата, а нај важ но, како што истакнува во интервју за порта лот „Еко ном ски.мк“, е што на ма лу ва ње то на стап ката на не вра боте ност се слу чу ва во ус ло ви на еко ном ска кри за, ко га не вра боте но ста се зголе му ва во си те европски земји. Во интервјуто тој истакнува де ка во тре ти от квартал во 2012 година стапката на невработеност изне сува 30,6, што е нај ни ска стап ка пос лед ни те осум години и е на пониско ниво од предкризниот период. Меѓу мерките и ре формите што ги спроведува Владата во на со ка на подо бру ва ње на со стојбите на пазарот на труд ги напоменува мерките за поддршка на ликвидно ста на компани и те пре ку ни ски те и рам ни даноци, новиот модел на данок на добивка кој овозможи фирми те да има ат 0 про цен ти да нок на до би вка до кол ку не исплаќаат дивиденди и намалени те со ци јал ни при до не си од 32 отсто на 26,5 отсто. Исто така, значајна е и поддршката на Вла дата за пот тик ну ва ње на претприемништвото и на приват ната ини ци јати ва (пр венс тве но да ва ње то креди ти за поч ну ва ње сопс твен биз нис, форма лизирање на бизнисите, како и за нама лувањето на сивата еко номи ја), актив ни те мер ки и поли ти ки за вра боту вање кои се насочени кон лицата кои актив но ба ра ат ра бота, поли ти ката на привле ку ва ње странски директни инве стиции кои отвораат нови работни ме ста итн. Сите овие активно сти при до не соа за убла жу ва ње на последиците од кризата и влија е ја врз на ма лу ва ње то на стапката на невработеност. Во вр ска со но се ње то на бу џе тот за 2013 годи на, Ста вревски вели дека по сто еја две

11

Либерализација на пазарите за струја и за гас во Србија Во Србија почна либерализација на дел од пазарите на електрична енергија и гас, за потрошувачите кои во иднина ќе мораат да купуваат струја и гас на слободните пазари. Со новиот закон за енергетика, либерализацијата на пазарите за електрична енергија ќе важи за 27 големи индустриски потрошувачи кои сочинуваат 9,5 проценти од потрошувачите во земјата и за 40 проценти од пазарот за гас. Потрошувачите на струја за кои почнува либерализацијата на пазарот ќе можат да склучат договор за снабдување со еден од 20 активни снабдувачи, кој ќе го изберат на пазарот.

Турција со рекорден извоз во 2012 година главни закани ако не се изгласаше и не се обезбедеше неговото фи нан си ра ње со поволните кредити од Свет ска банка, од кои понатаму ќе произле зеа и други последици. - Пр вата и нај важ на е де ка под знак прашање ќе се ставеше редов ната исп лата на пен зи и те, со ци јал ната помош, суб вен ци и те за зем јодел ци те, исп латата на об вр ски те кон фирмите, ре а лизацијата на капи тал ни те ин ве сти ции – из град бата на пати шта, на учи ли шта, бол ни ци. По крај ова, немаше да може да се зголе мат пен зи и те, со ци јал ната помош и суб вен ци и те. Сто панс твото и гра ѓа ни те ќе беа во грч, што ќе влијаеше на општата еко ном ска актив ност и приходите во буџетот. Банките ќе прекинеа да ја финансираат др жа вата, кој би фи нан си рал др жа ва ако не ма до не се но бу џет, што ќе бе ше уште еден удар врз ликвидно ста на буџетот и стопанството - истакнува Ставре ски.

Тој дода ва де ка вто рата е оти ќе се на ру ше ше ими џот на Република Македонија. - Кога знаете дека една држава не може да доне се буџет, то гаш по ста ву вате пра ша ње да ли таа во оп што е спо соб на да доне се каква било политичка одлука. Тоа е лош сигнал и за странските инве ститори и за кредит ни те аген ции, но и за ме ѓу на род ни те фи нан си ски ин сти ту ции и за Европ ската комисија. Дури и да обезбедевме средс тва од не ко ја бан ка или со евро об врз ни ца, во та кви окол но сти си те ќе ба раа енорм но ви со ка ка мата. Спо ред на ши те прес ме тки, тоа ќе ја чи не ше Ре публи ка Ма кедо ни ја пре ку 84 ми ли о ни евра, не потреб но фрле ни па ри - ве ли министерот, додавајќи дека последиците кои произлегуваа од овие две за ка ни се по ве ќеди мен зи о нал ни, фи нан си ски, социјални, политички и оти со изгла су ва ње на бу џе тот се спречи кри за во еко номи јата, но и воопшто во земјава.

Турскиот министер за економија Зафер Чаглалајан изјави дека неговата земја минатата година остварила рекорден извоз во 66 држави во светот и тоа дури во 37 различни области. - Само во текот на минатиот месец остварен е извоз од речиси 12 милијарди долари. Извозот во 2012 година е зголемен во однос на 2011 година за 12,6 проценти и изнесува вкупно 151,9 милијарди долари - истакна Чаглалајан на прес-конференција во Анкара, изнесувајќи ги податоците за успехот на турската економија во изминатата година. Тој нагласи дека е потребно каматите да бидат уште пониски и дека намалувањето од 25 основни поени не е доволно. Исто така, турскиот министер додаде дека автомобилската индустрија во Турција оваа година ќе биде многу поуспешна, изразувајќи желба во текот на 2013 година турската автоиндустрија на пазарот на понуди и домашен производ.


12

СКОПЈЕ

Четврток, 3 јануари 2013 година

РАСПИШАН ОГЛАС ЗА ПОСТЕР ЗА ТАБЛИТЕ НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ

ЈСП Скопје на „Фејсбук“ бара идејно решение Д о 10 фе вруа ри ЈСП „Скоп је“ ќе при би ра идеј ни ре ше ни ја за ди зајн на по стер кој ќе биде по ставен на информатив ни те табли на авто бу ски те по стојки. Она што е необично е тоа што огласот е објавен на профилот на јавното претпријатие на „Фејс бук“, а во него се по ви ку ва ат за ин те ре си ра ни те гра ѓа ни сво и те по нуди да ги испратат на „Фејс бук“ како порака „спакувана“ во „winrar“. Освен спе ци фи ка ци и те за тоа како треба да биде изработен по сте рот, во огла сот се пре ци зи ра де ка на ин форматив ната табла тре ба да има шаблон за мапа на авто бу ски линии, име и шифра на по стојката, возен ред со број и назив на линијата, времето на доаѓање и тргнување на возилата од терми на ли те и ро кот на ва же ње на возниот ред, распоред во ра бот ни и не ра бот ни де но ви, лого на Град Скопје и на претпријатието, димензии на по стерот и дру ги потреб ни спецификации. Изборот на најдоброто идејно решение ќе го врши комисија од ЈСП „Скоп је“, ко ја има пра во да не из бе ре ни ту ед на од по нуди те на учес ни ци те. Авторот на избраното решение ќе биде награден со 25.000 денари, а второнаградениот труд ќе добие 5.000 денари. Не одам на јав но то со о бра ќај но прет при јатие ја из бра ком па ни јата „Тур бо ин же не ринг“ од Скоп је ка ко нај по во-

СТИГНАА НОВИ 79 ДВОКАТНИ АВТОБУСИ Уште 79 нови двокатни автобуси ќе промо ви ра де не ска ЈСП „Скоп је“, про из веде ни во кине ската фабрика „Јутонг“. ЈСП, со финансиски средства на Владата на РМ, од „Јутонг“ на рача 202 дво кат ни авто бу си, од кои лен по нуду вач за изра ботка на новите 226 автобуски по стојки што ќе се по ста ват на це лата те ри то ри ја на глав ни от град.

до сега се испорачани 136, од кои два се панорамски. Новите возила за градски превоз ќе бидат промовирани на паркингот пред спорт скиот центар „Борис Трајковски“.

Пр ви те 50 по стој ки тре ба да се гото ви до април 2013 годи на, а пла нот на ЈСП е по ста ву ва ње то на си те об је кти за

патниците да заврши до крајот на наредната година. Инве стицијата ќе чини околу 1,6 милион евра. А.С.


Четврток, 3 јануари 2013 година

СКОПЈЕ

13

Санирани прекопи на булевар Борис Трајковски Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве извршија санирање на сите прекопи на булеварот Борис Трајковски (поранешна Првомајска), на потег од крстосницата со булевар Србија до фабриката ОХИС. Во моментов на потегот од крстосницата со булевар Србија до влезот на поранешната фабрика „Стакларница“ се вр-

ши реконструкција и проширување во должина од 1.126 метри, каде што ќе се добие модерно булеварско решение со четири сообраќајни ленти, а градежните работи ќе завршат напролет. Претходно, целосно беше реконструиран и проширен булеварот Борис Трајковски во должина од 1.380 метри, на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои.

Замена на водоводни цевки во Чаир и во Ѓорче

Почна реконструкцијата на водоводната мрежа по улица 159 Бис во општина Чаир. Реконструкцијата ќе опфати замена на старите и дотраени цевки со нови, изработени од дуктилно железо, со профил ф-80 милиметри, во должина од 92 метри.

Истовремено, се реконструира и водоводната мрежа по дел од Новопроектирана улица 3, по улица 29 и по Новопроектирана улица 4 во населбата Ѓорче Петров. Од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се заменат старите цевки во должина од 509 метри.

Дефект накратко го остави пола Скопје без греење

По ра ди губе ње вода од си сте мот за гре е ње, вче ра попладне беше исклучена од ра бота топ ла ната Запад, па без греење останаа граѓаните на потег од населбите Ѓорче Петров и Хром, па сè до Универ зална са ла. За неполн час, поголемиот дел од потрошу-

вачи те по втор но имаа топ ли ра ди јато ри, освен жи те ли те од населбата Тафта лиџе 2. Екипите на АД „Топлифика ци ја“ ра ботеа на це лос но санирање на де фектот, но до затво ра ње на вес ни кот оваа на сел ба сè уште бе ше без греење.


14 ТЕТОВО

МАКЕДОНИЈА

Четврток, 3 јануари 2013 година

Одбележување на Свети Игнатиј во Жилче

Православната црква на вториот ден од секоја нова година го одбележува празникот посветен на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Традицијата на овој празник, која најмногу ја негуваат жителите на тетовското село Жилче, продолжи и годинава, а седма година по ред сопственикот на ветеринарната станица, заедно со своите вработени, организира пригодна прослава со закуска, пијалаци и со музика за своите соработници и за жилчани. Како и на секое празнување, и овојпат не изостана скарата, туршијата, како и домашното вино точено од специјални буренца, а празничното весело расположение на жилчани вообичаено продолжи и во попладневните часови. Празникот Свети маченик Игнатиј Богоносец, во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се наречува и Прв Божик затоа што тогаш

почнуваат подготовките за празникот поврзан со раѓањето на Исус Христос - Божик. Празникот Игнат секогаш е пет дена пред Божик и со него почнуваат свечено стите поврзани со зимските празници. Голем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден почнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански

прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи. Постои верување дека тој што ќе влезе прв во куќата носи среќа или несреќа. Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или старица, се верувало дека работите нема да одат на добро. Данијела Петковска

РЕСЕН

Успешен Седмо место меѓу 24 екипи на меѓународниот турнир за генерацијата ’98 е епилогот што во Белград го постигнаа ракометарите на Младост од Ресен. Во силна конкуренција, тие до стојно го претставија македонскиот ракомет и ја афирмираа работата со младите категории. - Одигравме најдобро што можеме, децата го дадоа својот максимум. По почетната трема, бидејќи првпат учествуваат на меѓународен турнир, играа како искусни ракометари. Во првиот натпревар го совладаа Зрински од Мо стар, еден од најдобрите тимови во таа конкуренција, во второто коло падна уште еден противник со звучно име, Олимпик, со што беше обезбеден пласман во четвртфиналето. Но, на тој натпревар се повредија нашите најдобрите

ПРИЛЕП

Соработка меѓу ФОН и конфекцијата „Комфи Ангел“ Универзитетот ФОН и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп потпишаа договор за соработка за 2013 година, според кој Економскиот факултет при ФОН во рамките на проектот „Фабрика на знаење“ ќе ги трансферира најдобрите кадри во текстилната конфекција во Прилеп.

Талентираните студенти од прва година на студии ќе бидат финансиски поддржани од конфекцијата, а компанијата ќе може да смета на нивните услуги по завршувањето на студиите, кога ќе може да ги искористи нивниот кадровски потенцијал. Овој договор е доказ дека образованието и бизнисот

можат да најдат заеднички интерес и истовремено треба да претставува пример кој треба да го следат и другите. Договорот за соработка го потпишаа ко сопственичката на „Комфи Ангел“, Ирена Јакимо ска, и генералниот менаџер на ФОН, Се фер Цано ски. Р.А.


Четврток, 3 јануари 2013 година

МАКЕДОНИЈА

15

настап наракометарите на Младост ракометари, Љубомир Ќулумовски и Никола Нумовски, по што дојде до очекуван пад во играта и Младост беше поразен од финалистот, екипата на Рукобел од Белград. Сепак и оние играчи кои добиваат помала минутажа го покажаа својот талент и во последното коло успе аја да ја победат екипата на Студентски Град, со што со сема заслужено во силна конкуренција го освоија седмото ме сто - коментира Љупчо Трајчевски, секретар на клубот. На турнирот во три конкуренции учествуваа 94 екипи од Франција, БИХ,Црна Гора, Србија, Словенија и од Македонија, а со тоа успехот на Младост добива на тежина. - Нашата цел не беше пласманот, одевме по искуство, меѓутоа кога добивме можност, сакавме да ја искористиме и навистина можеме да жалиме што

среќата ни го сврте грбот. Сепак, со многу елан ќе се подготвуваме за истиот турнир до година изјави помошник тренерот Александар Шуковски.

Младите ракометари на Младост турнејата ја продолжија во Јабука, главно населена со Македонци. Пријателскиот натпревар со домаќинот заврши со

нерешен резултат 25 – 25, а по натпреварот Македонското друштво „Илинден“ од Јабука приреди свечена вечера во чест на гостите од Ресен.


16

ДОСИЕ

Четврток, 3 јануари 2013 година

Кривични пријави за полициски службеници

Секторот за внатрешна контрола и профе сионални стандарди поднесе кривична пријава против Н.Н. (32), полициски службеник во Полициска станица Демир Хисар, за предизвикување општа опасност. Вчера, половина час по полноќ, откако во полицијата било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред кафе-барот „Тендер“, сопственост на братот на пријавениот, тој без да добие наредба да презема службени дејства, во цивилна облека, се упатил на ме стото на настанот каде физички нападнал лице кое го нарушувало јавниот ред и мир. Откако лицето се оддалечило,

пријавениот без да внимава на присуството на повеќе граѓани, од службениот пиштол истрелал еден проектил кон лицето, но не успеал да го погоди. Исто така, секторот за внатрешна контрола подне се кривична пријава и против Ј.И. (35) од Охрид за предизвикување општа опасност и против Б.К. (37) од Пехчево, полициски службеник од Полициската станица Блато за помагање. Во декември, откако пријавените учествувале во тепачка пред кафе-барот „Беко“ во Охрид, се упатиле во кафеаната „Стар чинар“ каде консумирале поголема количина алкохол, а потоа заминале во ноќниот клуб

Пронајден мртов маж на улица во Виница Вчераутро околу 4.30 часот бил пронајден мртов маж како лежи на улица во Виница. Телото на Л.Т. (41) било пронајдено од случајни минувачи, а според првичниот увид, полицијата се сомнева дека тој бил жртва на сообраќајна не среќа. По наредба на истражен судија телото на починатиот било предадено на обдукција.

Кражба во стан во Скопје

„Астор“ во село Косел, каде што пред да влезат во објектот Ј.И. го зел службениот пиштол на

Б.К. и му упатувал закани по животот на едно од лицата во објектот.

Физички нападнато службено лице

Полицијата со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Ф.Ф. (32) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедно ста. Пријавениот на 1 јануари на булеварот Александар Македонски физички напад-

нал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на лицето и нане сувајќи му телесни повреди. Инаку, истиот по претходна најава за нарушен јавен ред и мир на улицата Беласица ги игнорирал наредбите на полицијата и се одда лечил со возилото, а откако бил сопрен, физички го нападнал полицаецот.

Преку СМС-пораки се заканувал по живот

Во периодот од 29 декември до 1 јануари во Скопје на булева рот Парти зан ски одреди не познат сторител со употреба на по годен пред мет из вр шил те шка кражба во ста нот на Н.В. (71), од земајќи поголемо коли-

чество златен накит, 600 евра и 7.000 денари. При тоа стекнал против прав на имот на ко рист од околу 1,2 ми ли о н де на ри. МВР пре зе ма мер ки за откри вање на сторителот и за расчистување на случајот.

СВР Тетово подне се кривична пријава против Љ.В. (39) од Тетово за загрозување на сигурно ста и за изнуда. Во септември минатата година, пријавениот двапати à испратил СМС-пораки на мобилниот теле фон на А.С.(48) од Тетово, заканувајќи à се дека ќе по сегне по животот на нејзиниот син и сопруг ако таа не му исплати 4.000 евра, што претходно нејзиниот сопруг ги позајмил од пријавениот.


Четврток, 3 јануари 2013 година

ПИСМА

17

ПИСМА НА НАШИ ЧИТАТЕЛИ

МАКЕДОНСКИ „ДЕДО АВРАМ“ ЗА ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИСКИОТ ФРОНТ! Лидерот на опозицискиот фронт треба да настапи со програма која ќе означи крај на погрешните политики на актуелната власт и која ќе отвори перспективи за просперитет на државата и за благосостојба на нејзините граѓани Во македонското општество сè погласно се манифестира незадоволство од владеењето на актуелната власт и созрева чувството на граѓаните за смена на власта во државата. Фактот што владејачката партија, и покрај опаднатиот рејтинг, сè уште има поголема поддршка отколку опозицијата покажува дека проблемот е сепак кај опозицијата, која не може да пронајде клуч со кој би можела да се наметне како алтернатива на актуелната власт! Мошне индикативно е и тоа што лидерот на владејачката партија, првпат, има понизок рејтинг од неговата партија! Меѓутоа, анкетите покажуваат дека постои голема разлика во рејтинзите на лидерите на владејачката и на главната опозициска партија. Тоа покажува дека во државата, поради познатите причини, постои нагласена резервираност кон лидерот на главната опозициска партија, кој е најавен и како лидер на опозицискиот фронт. Бранко Црвенковски има малку референци со кои може да се пофали и со кои би можел да ја добие довербата на граѓаните, но, затоа пак, има поголем број слаби „точки“ во неговата политичка биографија, кои агресивниот „агитпроп“ на власта, која контролира најголем дел од печатените и електронските медиуми, мошне вешто, упорно, систематски и практично секојдневно ги „маркира“, што без сомнение има негативно влијание на сите избори што се одржаа во последните 6-7 години, а ќе има свој одраз и на претстојните избори. Токму со сатанизирање на опозицијата и на нејзиниот лидер, но и со трошење на огромни народни пари, актуелната власт, и покрај катастрофалните резултати како во надворешната, така и во внатрешната политика, а посебно во економската, во последните 6-7 години редовно победува на изборите, а по секоја изборна победа станува сè поарогантна, насилничка и нетолерантна не само кон политичките ривали, туку и кон сите оние кои се нејзини неистомисленици! За да се смени оваа власт, постои потреба за темелен „ремонт“ на опозицијата за да може да настапи со осмислена стратегија и политика! Добро е што опозициските партии успеаја да постигнат договор за создавање на опозициски фронт, но, по мое длабоко уверување, на негово чело треба да застане нов лидер, кој зад себе нема какви било валканици и кој ќе биде во состојба да понуди програма која ќе биде во согласност со барањата на најголемиот дел од граѓаните за вработување и за подобрување на условите за живот. Само со таков лидер опозицискиот фронт може да го зајакне својот кредибилитет и да се наметне како алтернатива на актуелната власт! Лидерот на опозицискиот фронт треба да настапи со програма која ќе означи крај на погрешните политики на актуелната власт и која ќе отвори перспективи за просперитет на државата и за благосостојба на нејзините граѓани.

Колку е битна појавата на таков опозициски лидер ќе го наведам примерот со починатиот „дедо Аврам“ (Драгослав Аврамовиќ), кој во средината од 1990-тите години во српското општество беше прифатен како спасител од погубната политика на Слободан Милошевиќ. Лидерот на „Небескиот народ“ ја уживаше поддршката на српскиот народ сè додека можеше да ги купува гласовите на заведените српски граѓани со парите што ги обезбедуваше со упад во монетарниот систем на СФРЈ (1,8 милијарди германски марки!), со парите што беа собрани со народните заеми. И токму во ситуација на безнадежност и очај на „Небескиот народ“ на српската политичка сцена се појави „спасителот“ „дедо Аврам“. Како гувернер на Народна банка на Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора) ја запре хиперинфлацијата, го стабилизира динарот и воведе курс 1 германска марка за 1 динар. Како гувернер и главен координатор за подготовка на економска, социјална и финансиска програма, дедо Аврам стекна огромна популарност и голем кредибилитет во српското општество, што му овозможи да застане на чело на Сојузот за промени. По неговата изјава: „Тоталната блокада на преговорите со меѓународните финансиски организации, сојузната влада нè турка во пропаст“, мегапопуларниот дедо Аврам беше сменет од гувернерската функција, што пак го означи и крајот на неговата политичка кариера! По елиминирањето на дедо Аврам од политичката сцена, па сè до февруари 1997 година во цела Србија се случуваа масовни граѓански и студентски протести против режимот на Слободан Милошевиќ, а финалето се случи на 5 октомври 2000 година. Состојбите во Србија во 1990-тите години, по многу работи, за жал, асоцираат на актуелните состојби во Македонија! Македонските граѓани и фирми, слично како и српските, се безмилосно исцедени и осиромашени. Меѓутоа, за разлика од Србија од времето на Милошевиќ, РМ сè уште може да добива странски кредити, кои се единствен преостанат извор на финансиски средства за прикривање на економската и финансиска криза, за создавање привид за успешно владеење на актуелната македонска власт и за победи на изборите! На основа на критичка опсервација на биографиите на македонските политичари може да се дојде до зак лучок дека најпогодна личност за лидер на опозицискиот фронт би можел да биде Петар Гошев! Својот демократски капацитет го докажа со тоа што дозволи првите парламентарни избори, кои се одржаа во 1990 година, да бидат едни од најрегуларните избори што се одржани во РМ и џентлменски ја призна победата на опозицијата. Со враќањето на мандатот за состав на влада во 1992 година покажа дека не е човек кој сака да биде на власт по секоја цена. На македонската јавност à е мошне добро познато дека не се согласуваше со моделот за приватизација што беше применет во Македонија и заговараше сосема поинаков модел на приватизација, кој се покажа како успешен во сите транзициски земји што го применија токму тој модел. Покрај богатото политичко искуство, својот економски профил успешно го надгради како министер за финансии и како гувернер на Народна банка на Македонија (функција што ја имаше и дедо Аврам во Србија!). Не е замешан во каква било корупциска афера или организиран криминал, така што актуелниот режим ќе има тешкотии да пронајде „црни дамки“ во неговата политичка биографија. Во јавните настапи, по завршетокот на неговиот гувернерски мандат, мошне прецизно ги маркира грешките на актуелната власт во областа на економијата и посебно во финансиите и нуди решенија за надминување на кризните состојби во македонската економија. Мошне аргументирано и авторитетно укажува на опасностите од презадолжување на државата! Коста Стоименовски


18

СВЕТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

Глобални политички кои висат во воздух

Можноста Израел да го нападне Иран и продлабочување на кризата во еврозоната се два главни потенцијални ризици во 2013 година кои може да имаат меѓународни импликации

С

ветот во новата година се соочува со серија предизвици од кои може да се издвојат можно ста Израел да го нападне Иран, со стојбата во еврозоната и еска лација на тензиите меѓу Јапонија и Кина, стои во извештајот на „Бизнис монитор интернешенел“ (БМИ) за 2013 година. Можеби најголемиот поединечен политички ризик со големи меѓународни импликации во 2013 година е растечката можност дека Израел ќе почне воздушен напад против иранската нукле арна програма. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по сè изгледа ќе биде реизбран во јануари 2013 година и ќе ја разбере својата победа како „мандат за војна“. Иако е можно Израел привремено да се воздржи под притисок од САД, може и со сема да го загу-

би трпението, ако Иран избере уште еден тврдолинијаш како претседател во јуни. Израел ќе заклучи дека Техеран нема да направи компромис во врска со својата нукле арна програма и дека се соочува со моментот „сега или никогаш“ за да ја неутра лизира оваа очигледна закана. Сепак, последиците од ваквата акција ќе бидат длабоки и ќе разгорат војна во Персискиот Залив. Вниманието ќе се задржи и на Египет, поради зголемената насилна политичка со стојба во земјата и се очекува режимот на Асад во Сирија во 2013 година да падне, иако граѓанската војна ќе продолжи дури и кога Асад ќе биде сменет од власт. Покрај ова, и во Јордан сè повеќе се гледаат знаци за почеток на немири. Другите поголеми ризици ги вклучуваат и кризата во еврозоната, а поголеми настани на кои

треба да се внимава се изборите во Италија во пролетта 2013 година и германските избори нае сен. Сепак, и во двата случаи не се очекува поголемо отстапување од со стојбата статус кво. Во источна Азија, по стои можност за продолжување на

тензиите меѓу Кина и Јапонија околу спорните острови, по себно откако новите лидери ќе стапат на функциите во двете земји. Јапонија, по себно под новиот премиер Шинзо Абе, најверојатно ќе спроведе поробустни политики за одбрана, а


СВЕТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

ризици

19

Американците избегнаа фискална бездна Претставничкиот дом на американскиот конгрес го усвои пакетот мерки за избегнување на фискалната бездна, кој претходно помина во американскиот сенат со драматично гласање на новогодишната вечер. По гласањето, претседателот Барак Обама изјави дека опасноста од рецесија е избегната, но истовремено го најави следниот дел од буџетската војна – поставувањето на горната граница на американскиот долг. - Централна точка на мојата кампања беше да се смени даночната политика, која беше премногу свртена во корист на богатите, а на сметка на работните Американци до средната класа. Денес го постигнавме тоа, и благодарение на гласовите на демократите и на републиканците во Конгресот, јас ќе потпишам закон кој ќе ги покачи даноците за најбогатите два процента од Американците, а притоа спречува зголемување на даноците за средната класа кое можеше да ја врати економијата во рецесија

- изјави Обама, кој набргу по постигнатиот договор треба да го напушти Вашингтон и да се врати на божиќниот одмор на Хаваите.Со изгласувањето на буџетот се избегна автоматско зголемување на даноци за сите Американци и значајни кастрења во буџетите за одбрана и социјални давачки. Претставничкиот дом, во кој мнозинство имаат конгресмените на Републиканската партија кои беа против барањето на претседателот Обама за зголемување на даноците за највисоките имотни категории, во доцното ноќно гласање сепак се собраа доволно гласови за предложените мерки. Домот гласаше со 257 гласа „за“, наспроти 167 против. Демократите дадоа далеку поголема поддршка, со 172 гласа од нивните вкупно 201 конгресмени, додека од 234 републиканци во Конгресот, „за“ гласаа само 85-мина, групирани околу спикерот Џон Бојнер, но сепак, токму тие гласови го обезбедија потребното мнозинство.

Чавез во критична состојба неговиот познат став во врска со национа лизмот може да ги продлабочи разликите со Кина и Јужна Кореја. Што се одне сува до Кореја, исходот таму е измешан. Новиот јужњачки претседател се очекува да ги поттикне попријателските од-

но си со северот, но далеку е од јасно дали Пјонгјанг ќе возврати на ова. Сепак, севернокерјскиот лидер Ким Јонг Ун може да го те стира својот нов јужен колега со повеќе провокации, меѓу кои може да биде и нуклеарно те стирање. Во Африка, во Кенија ќе има општи избори во март 2013, а инве ститорите ќе следат внимателно дали ќе има повторување на насилствата кои се случија на последните избори. И Зимбабве ја очекуваат избори во 2013, а може да се создаде основа долгогодишниот претседател Роберт Мугабе да оди во пензија.Сето горе кажано се само некои од настаните кои ги објавуваме во нашиот Глобален политички преглед. Помеѓу дивите карти кои постојат како ризици се новиот конфликт помеѓу Ерменија и Азербејџан, и кибер војните.

Венецуелскиот претседател Уго Чавез се разбуди од кома, во која падна по операцијата на Куба, но тој сè уште се наоѓа во критична состојба, изјави заменик-претседателот Никола Мадуро. Мадуро вели дека Чавез во неколкуте зборови што ги кажал го замолил да ја известува јавноста за сите промени во неговото здравје, без разлика колку тоа и да е тешко за сите. Сè уште е неизвесно дали ста-

ро-новиот претседател ќе може да присуствува на неговата инаугурација која е закажана за 10 јануари. Опозицијата бара нови претседателски избори во Венецуела, а веќе е почната битката за негов наследник. Минатата година Чавез имаше две операции за отстранување на канцерогениот тумор, но при крајот на 2012 година тој повторно мораше да се врати на масата за оперирање бидејќи ракот метастазирал.


20

СВЕТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

„ФОРИН ПОЛИСИ“ ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ

Лоши и до

На листата лоши момци влегуваат Башар Ал Асад, Ким Јонг Ун, Александар Лукашенко, Пол Кагаме и Мохамед Морси

А

мериканскиот магазин „Форин полиси“ направи список на лидери кои со своето однесување ја одбележаа 2012 година преку своето добро и лошо владеење. Во примерните лидери влегуваат францускиот претседател Франсоа Оланд, Теин Сеин, претседателот на Мјанмар, Џојс Банда, лидерот на Малави, Абдулаје Ваде на Сенегал, Хозе Мухика, лидерот на Уругвај, додека на листата во лоши момци влегуваат сирискиот претседател Башар Ал Асад, Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја, белорускиот претседател Александар Лукашенко, лидерот на Руанда Пол, Кагаме и лидерот на Египет, Мохамед Морси. Имаше многу причини за скепса во 2011 година кога Теин Сеин, долгогодишен припадник на владејачката хунта на Мјанмар, ја презеде претседателската функција, но тој ги исполни ветувањата дека ќе дозволи демократизација на државата, одржувајќи релативно слободни фер парламентарни избори во април на кои долгогодишната противничка на режимот Анг Сан Су Чи влезе во парламентот. Тие можеби не изгледаат како најприродни партнери, а Мјанмар заостанува со правни демократии, но успехот постигнат во оваа година е вреден да се спомене. Џојс Банда од Малави ја презеде претседателската функција во април по неочекуваната смрт на нејзиниот претходник Бингу ва Мутарика, кој е најпознат по трошење милиони на претседателската палата, приватни авиони, автомобили и по брутално задушување на политичкиот отпор (додека неговата држава има еден од најниските животни

стандарди во светот). Банда се посвети на работа на чистење и поправање на репутацијата на државата – го продаде авионот, отпушти официјални лица кои брутално се пресметуваа со опозицијата и ги убеди странските влади (меѓу кои и САД и Британија) да почнат повторно да праќаат пари. Претседателот на Сенегал, Абдулаје Ваде, изминатите 12 години е со контрадикторно наследство, пофалуван како смел реформатор, но и критикуван заради трошење државни пари на споменици, бараше уставно спорен трет мандат и најверојатно го подготвуваше синот за свој населеник. Но, откако загуби на изборите во април, Ваде изненадно веднаш го повика Маки Села, победник на изборите, со што беше избегната политичка криза. Имајќи ги предвид хаотичните соседи на Сенегал – секоја од четирите држави се кои се граничи имала пуч во изминатите пет години – тоа е вредно за пофалба. Новиот француски лидер Франсоа Оланд заслужува признание поради тоа што јавно се соочи со некои од лошите моменти во француската историја. Во јули на церемонија по повод 70 години од опсадата Вев Див – уапсени над 13.000 Евреи од француската полиција и депортирани во логори, случување кое француските влади со децении го негираа – Оланд одржа говор повикувајќи ги своите граѓани да се соочат со „злосторството кое во Франција го направи Франција“. Во октомври Оланд стана прв француски претседател кој призна одговорност на својата влада за масакрот на стотина проалжирски демонстранти од страна на париската полиција во 1961 година. Во не-


СВЕТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

Е КОИ СТАВИЈА СВОЈ БЕЛЕГ ВО 2012 ГОДИНА

обри момчиња одамнешната посета на Алжир, тој зборуваше за „крајно неправедна и брутална“ природа на француското колонијално владеење. Иако со своите забелешки тој не изрази директно извинување за кое многумина Алжирци се надеваа, Оланд заслужува пофалби за подготвеноста да разговара за времињата кога Франција не живеела во согласност со своите идеали. А во листата на лоши момци слободно може да се каже дека приматот го зема сирискито претседател Башар ал Асад. Некогаш сметан за еден од најреспектираните реформистички автократи на Блискиот Исток, Асад разрушувањето на својата држава го донесе до неописливо ниво во изминатата година, бројот на загинати е над 37.000, а стотици илјади се раселени, додека цели градови се уништени. Асад исто така очигледно не се воздржува да употреби проектили „скад“и касетна муниција врз својот народ. Бомбардира пекарници, а неговите ескадрони на смртта од племето Алавити може да се пофалат со најбруталните техники на убивање и измачување на затвореници. Па, затоа дури и неговите пријатели во Русија се уморија да го бранат. Надежите дека младиот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, може да преземе некои чекори за да помогне неговата изолирана и осиромашена држава да му се придружи на остатокот од светот брзо пропаднаа оваа година, а Ким ја продолжи политиката на својот татко „прво армијата“, лансирајќи балистички ракети и покрај меѓународната осуда, апсејќи американски државјани и разнесувајќи ги со ракета воените лица кои ќе му се спротивстават. Иако сè уште има пријатели во Вашингтон, ова изгледа беше година кога конечно се извалкана меѓународната репутација на претседателот на Руанда, Пол Кагаме, како демократски ре-

формист. Неговите приврзаници на запад главно ја вртеа главата изминатите години на докази дека неговата влада затвора противници и задушува медиуми. Оваа година во извештај на ОН Руанда е обвинета дека активно го поддржува бунтовничкото движење М-23 кое зазеде големи територии во соседна Конго. Неколку држави, меѓу кои и Британија и Германија, сега запреа со помош за некогашниот пријател. Сè уште е рано, но египетскиот лидер Мохамед Морси не успеа да ги разувери своите противници и критичари кои стравуваа дека кога ќе дојде на власт некогашниот лидер на Муслимански браќа, ќе сака да ја ограничи демократијата во Египет. Тој форсира нов устав поддржан од исламисти и кој нема одредби за заштита на новинари, малцинства и права на жените и кои многумина стравуваат дека политичката власт може да ја стави во раце на свештеници. Постои и вознемирувачки извештај дека приврзаници на Морси малтретираат и киднапираат противници за време на демонстрациите против уставот и дека тој блокира истрага против нив.

ПОСЛЕДНИОТ ДИКТАТОР ВО ЕВРОПА Голем број диктатори негираат дека се диктатори. Но, белорускиот лидер Александар Лукашенко веќе не негира. - Јас сум единствениот и последен диктатор во Европа. Навистина, зарем нема други во светот... Дојдовте овде и гледате во жив диктатор. Каде на друго место би го виделе? - изјави Лукашенко, кој е познат по репресија на опозицијата во земјата. Лукашенко, кој најверојатно го подготвува својот 7-годи-

шен син за населеник, ја оправда својата репутација оваа година со апсење новинари и политички противници. Годината завршува во ист негативен стил бидејќи ќе прифати феудален закон со кој работници кои се занимаваат со преработка на дрво да не смеат да ја напуштат работата. Единствена добра вест за него? Како што стојат работите во Украина, можеби нема да биде во можност уште долго да се фали дека е последен европски диктатор.

21


22

СВЕТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

АМСТЕРДАМ ВОВЕДУВА САНКЦИИ ЗА НЕПРИМЕРНИТЕ СОСЕДИ

Ако креваш врева, одиш во контејнер

Г

радоначалникот на Амстердам, Еберхарт ван дер Лан, на своите сограѓани им ги најави мерките на градската управа кои се планирани за оваа година. Посебно внимание привлекува санкцијата која треба да придонесе „холандската Венеција“ да стане престолнина на толеранцијата, пренесува „Политика“. - Лицата кои ги вознемируваат или малтретираат соседите, ќе мора да го напуштат градот или да се соочат со протерување на неодредено време – во станбени контејнери – изјави Ван дер Лан. Проектот за санкционирање на „соседскиот терор“ сè уште е во експериментална фаза, а траењето засега е ограничено, на една година. Врз основа на анализите и претходните искуства ќе биде донесен и траен комунален закон. За спроведување на законот веќе е откупен извесен број половни

Лицата што ги вознемируваат или малтретираат соседите ќе мора да го напуштат градот или да се соочат со протерување на неодредено време – во станбени контејнери бродски контејнери, а за нивна адаптација во станбено-казнени објекти се одвоени еден милион евра. Паралелно со тоа се формирани штабови на контролни органи, кои ќе вршат надзор на ресоцијализацијата на проблематичните граѓани во нивниот привремен стан.Социјалните работници во секојдневен контакт со прогонетите ќе одлучуваат за нивните мерки на „терапија“. Од нивниот конечен извештај ќе зависи и дали прогонетите граѓани ќе може да се вратат во своите домови. Најавата на градоначалникот за воведување санкции на „асоцијативните“ граѓани предизвика серија критики, но и сомнеж во законитоста на овие мерки. Од градската управа во Амстердам велат дека не станува збор за казнување спо-

ред кривичниот закон, туку за комунални казни. Оттаму прават споредба на овие мерки со паркирање на недозволени места, фрлање отпад во лагуните и каналите. Градската управа дава и објаснување за ваквите мерки. Таа нагласува дека во Амстердам годишно се регистрираат околу 13.000 соседски кавги со тешки последици, кои завршуваат на суд. Причини за овие кавги најчесто се предрасудите на староседелците за дојденците, особено за имигрантите од друга раса, сограѓаните со телесна мана и за соседи кои се хомосексуалци. - За град како Амстердам, со 800.000 жители, 13.000 судски случаи на малтретирање сограѓани е навистина премногу. Нешто мора да се превземе – вели градоначалникот од редовите

на социјалдемократите. Имено, и Ван дер Лан предочува дека и тој бил жртва на своевиден притисок кога бил спореден со холандскиот популист и екстремен десничар Герт Вилдерс, кој неодамна предложи да се основаат села во кои би биле протерувани поединци, недостојни за живот во средините во градините. При тоа амстердамскиот„Трејтеранпак“(санкции за вознемирувачи пристап) не е ниту на Лан, ниту на Вилдерс, ниту пак холандски „изум“. Данците се прва земја кои воведоа практика на прогон за асоцијални граѓани на одредено време во кампови за ресоцијализација. Во Данска таквите казнени населби ги викаат „скеве хусе“, што во превод значи – домови за паднатите.


ДЕН И НОЌ

Четврток, 3 јануари 2013 година

23

Хју Хефнер се ожени за Нова година С

опственикот на популарниот магазин „Плејбој“, Хју Хефнер, се ожени со 60 години помладата Кристал Харис. Двојката се венчаше на новогодишната ноќ во викендицата на „Плејбој“. На церемонијата присуствувале само најблиските роднини и пријатели. Иако во почетокот било планирано да присуствуваат стотина гости, церемонијата сепак помина во скромни услови. Кристал Харис на својот профил на „Твитер“ објавила фотографија на која е облечена во невестинскиот фустан. Ова е втор обид за оваа двојка да живее во брачна заедница. Првиот пропадна во јуни 2011 кога Харис го напушти Хефнер пред самата венчавка. На Хефнер ова му е трети брак. Од првите два има по две деца.

Метју Меконахи и Камила по трет пат родители

Хорор-филм со Кристијан Слејтер прогласен за филм со најмала заработувачка Индихорор-филмот со Кристијан Слејтер, „Плејбек“, се закити со неславната титула филм со најмала заработувачка во САД во текот на 2012 година. Филмот вкупно заработил 264 долари, а се прикажуваше една недела само во едно кино. Во ноќта на премиерното прикажување заработи 252 долари, а останатите 12 долари во

Хо ли вуд ски от актер го до би нај у ба ви от но во годи шен пода рок. Акте рот Мет ју Ме ко на хи го до би тре то то де те со Ка ми ла не по сред но пред Нова година, а среќната вест ја споде ли со обожа вате ли те на друш тве ни те мре жи. „Си нот Ли винг стон Алвес Меконахи е роден во 7 ча сот и 43 ми ну ти на 28 де кем ври 2012 годи на. Долг е

53 сан ти ме три и те жок 4.086 гра ма“, напи шал акте рот на „Твитер“. Познат е како некој кој не са ка да привле ку ва не потреб но вни ма ние на меди у ми те, па затоа и не се огла си по и на ку. Ка ми ла се по роди ла во Те ксас, ка де па рот и жи вее со де цата, да ле ку од Холи вуд и од ме те жот што се созда ва околу поз нати те лич но сти.

текот на наредните денови и потоа е повлечен од кината, јави „Бокс офис Мојо“. Се претпо ставува дека новото остварување на 43-годишниот актер, кој некогаш беше ѕвезда на високобуџетни про екти, го гледале 33 луѓе, врз основа на тоа што тамошната про сечна цена на киновлезниците изне сува 7,94 долари.


24

ДЕН И НОЌ

Бред Пит и Анџелина Џоли конечно пред олтар Холивудската двојка Брет Пит и Анџелина Џоли го кажаа судбоносното „ДА“ на Божик на Карибите, пренесува „Телеграф“. Актерската брачна двојка божиќните денови ги минале со нивните шест деца на приватниот карипски остров во опуштена атмосфера, надвор од градската врева. Наводно, за нивните шест деца, Медокс, Пекс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивијан, ангажирале дури 12 бебиситерки за да можат во целост да уживаат во божиќните денови во

островскиот ретосрант. „Дејли Мејл“ пишува дека на божиќната забава на островот Перот Кеј, Анџелина и Бред угостиле 22 луѓе, не сметајќи го персоналот, а меѓу нив биле и родителите на познатата актерка и нејзиниот брат и сестра со нивните семејства. Во ноември, Бред на црвениот тепих во Њујорк во текот на премиерата на неговиот филм „Killing Me Softly“ рече дека свадбата ќе биде „наскоро“, а магазинот inTouch објави вест дека прстените за славната двојка се подигнати на 27 ноември.

Четврток, 3 јануари 2013 година

Четврток, 3 јануари 2013 година

Познатите ја честитаат Новата година

У

Ирина ДАСКАЛОВСКА

- Среќна Нова година на сите мои сакани луѓе, случајни поминувачи на „Фејсбук“, незнајни и знајни урбани ликови, душегрижници и радувачи на животот. Ви ја по сакувам сета среќа на овој свет, оти таа е ваша и ничија друга, да си го чувате здравјето и да ја негувате љубовта - напиша познатата актерка Весна Петрушевска. Во че ститките на „Фејсбук“ се приклучија многу познати ликови меѓу кои и Ламбе Алабаковски, кој на својот профил објави фотографија од лудата ноќ која ја прославил заедно со својата свршеница Магда лена Јовчевска. Пејачката Кристина Арнаудова по сака годинава да биде добра со сите и да доне се милион убави мигови за паметење, како и нови соништа за остварување. Момците од музичката група „Нокаут“ се приклучија кон че ститањето, заблагодарувајќи

се на сета поддршка што ја добија минатата година. - Среќна Нова 2013 година! Благодариме за целосната поддршка изминатата 2012 година. На сите вам ви по сакуваме многу љубов и меѓусебна почит! Сакајте се и слушајте добра музика и оваа година! Поздрав, „Нокаут“. Меѓу присутните на плоштадот Македонија во Скопје можеше да се забележи и присуството на премиерот Никола Груевски, во друштво на својата сопруга Боркица и двете ќерки Софија и Анастасија. Покрај оние кои приватно си го прославуваа дочекот на Новата година, поголем беше бројот на оние кои секој 31 декември им беше работен. Народот кој шеташе по плоштадите, кафулињата и клубовите низ земјава, имаше можност да се забавува со Бени и „Нон стоп“, Александар Тарабунов, Тамара, „Нока-

Северина ги забавуваше белграѓани

САШКО КОЦЕВ

Дедо Мраз појма нема куде е ...!!!

25

ЖЕЛБИ И ЧЕСТИТКИ ОД ЕСТРАДНИТЕ ЛИЧНОСТИ

ште една година помина, уште 365 дена за паметење. Секој си по сакува здравје, љубов и бериќет, велат, сè друго ќе си дојде само по себе. Како и целиот свет, така и македонскиот народ го прославуваше доаѓањето на Новата 2013 година. Иако многумина велеа дека оваа ноќ ќе седат во домашно расположение, плоштадите и кафулињата сепак беа полни. Барем за една ноќ народот се потруди да заборави на сè, да ги остави зад себе проблеми во годината што измина и да се надева на поубави денови во годината која пристигна. Социјалните мрежи беа преполни од че ститки и со убави желби, сите меѓусебно си по сакаа уште една среќна Нова година. Покрај морето од честитки се наоѓаат и желбите на луѓето од јавниот живот.

статус:

ДЕН И НОЌ

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ заедно со белграѓани ја испрати старата и ја дочека Новата година во клубот „Магацин“ во Белград. Популарната пејачка за Нова година си помина работно, а со своите безвременски хитови направила атмосфера за паметење. Хитовите како „Бред Пит“, „Италијана“, „Узбуна“ се само дел од опусот на Северина, хитови кои ја кренаа публиката на нозе која постојано пеела заедно со неа. Покрај новите песни, белграѓани имаа прилика да уживаат и во старите со кои Северина ја почну-

ваше својата кариера. Покрај многуте честитки, пејачката на присутните им посакала најмногу здравје и повеќе љубов во Новата година. Специјален гостин на вечерта била и младата поп-пејачка Ана Бебиќ, со која го испеале хитот „Италијана“.

Тарантино најави соработка со Џони Деп Режисерот Квентин Тарантино изјави дека би сакал да соработува со Џони Деп и оти тоа ќе се случи штом најде соодветна улога за него. Тарантино истакна дека двајцата се обожаватели еден на друг. - Сакаме заедно да работиме. Со години зборуваме за тоа. Очигледно ја сакаме работата на оној другиот.

ут“, Ѓоко Таневски, „Паркети“, „Суперхикс“ и многу други, а и имаше и такви кои Новата година ја поминаа надвор од својот роден град или, пак, надвор од границите на нашата земја.

Мора само да најдеме соодветен лик. Јас морам да напишам соодветен лик за Џони и ако прифати, ќе снимаме. А, тоа ќе биде магија наведе Тарантино. Најновиот филм на Тарантино, „Одмаздата на Џанго“, со Џереми Фокс, Леонардо ди Каприо и Кристоф Волц неодамна почна да се прикажува во кината.

Ким Кардашијан и Кание Вест чекаат бебе Кание Вест е многу горд на фактот што неговата девојка Ким Кардашијан е бремена, па среќната вест ја објави во текот на концертот кој го одржа во Атлантик Сити. Раперот во еден момент им рече на музичарите да престанат да свират и à се обрати. - Дајте еден голем аплауз за идната мајка тука – рече пејачот, на што сите изреагираа

со громогласен аплауз. Нешто подоцна и прет ставникот за медиуми на ѕвездата потврди дека Ким е бремена, а бебето ќе стигне кон почетокот на летото. Ким и Кание во врска се осум ме сеци и иако старлетата е во 12. недела на бременост, сè до сега се обидуваа да ја сокријат приказната за тоа дека ќе имаат бебе.


26

ДЕН И НОЌ

Четврток, 3 јануари 2013 година

Несекојдневни фотографии на познатите

И

а ко ве ќе ја ис пративме 2012 годи на, дој де време да погледнеме некои од најсмешните фото гра фии на поз нати те лич но сти, кои тие ги направиле во текот на ми натата годи на. На мно гуми на од нив не им било сеедно кога овие фото гра фии из легле во јав но ста.

Кети Пери

Џастин Тимберлејк

Џесика Алба

Аманда Сејфрид

Рис Витерспун

Винона Рајдер

Џенифер Анистон

САТИРИЧНО ЌОШЕ Еден наш популарен политичар ја знае македонската химната - од А до Ш. Што не може да се каже и за азбуката! *** Нашите криминалци не можат да влезат на мала врата. Тоа се големи луѓе! *** Културно е да се јаде со затворена уста, но препорачливо е со затворена уста и да се каже мислењето! *** На Македонецот не му е тешко да оди да живее од Македонија во Сахара. Пустина си е пустина! *** Владата вети дека народот ќе си го добие она што му е дадено од Господ. И го доби – ама од обратната страна! *** Ние Македонците ретко умираме. Само еднаш на секои четири години. *** Тој е крадец од втора класа. За да стане прва класа потребен му е уште еден мандат. *** Историјата во Македонија пак се повторува.

Музика за глуви

И денешниве јунаци се – на коњ! *** Нашите деца сакаат големи играчки. Затоа си играат со државата. *** Лесно à беше на работата од мајмунот да направи човек!

Тогаш од работење можеше убаво да се живее. *** Тоа што сме божје стадо не им дава право да нè молзат! *** Некои наши политичари совеста воопшто не ги гризе! Ни таа не сака да јаде расипано. *** Невработените ги окупираа бирото за работа, улиците, парковите... А владата со окупатори нема шанси да разговара! *** Народот би можел да се движи побрзо кон Европа. Ама го фрлија на колена. *** На Македонецот не му е страв да оди во Европа. Него страв го фаќа кога оди на пазарче! *** На непријателот треба да му свртиме грб и да му вратиме со иста мера! Затоа à свртев грб на жена ми и зарчив. ВАСИЛ ТОЛЕВСКИ


Четврток, 3 јануари 2013 година

КУЛТУРА

27

МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ГО ПРИМИ ПОЕТОТ НИКОЛА МАЏИРОВ

Маџиров, кандидат за национален уметник П Невена Поповска

ишувањето поезија за мене е егзил од секакви национални и идеолошки рамки, рече поетот Никола Маџиров, кој по бројните читачки турнеи низ светот во 2012 денеска беше примен од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Маџиров на министерката à подари превод на англиски од неговата стихозбирка „Преместен камен“ која, како што рече, го преместила во многу светови и јазици. Таа е и своевидна метафора на неговиот патувачки живот и претставувањата на разни меридијани, книжевни престои, читања, фестивали. Меѓу бројните во изминатата година, беше и учеството на Поетската олимпијада во Лондон, а го очекуваат и годинава, најпрво во Албанија, а потоа и во други земји во Европа и во подалечни во Азија, Африка, Америка. Поетот-номад, како што го нарекуваат, ја промовира македонската култура и јазик низ стихови, кои остануваат негова книжевна преокупација и покрај доминацијата на прозата која, за разлика од поезијата, е попрофитабилна и по-

датлива за трансформација во други видови уметности. Канческа-Милевска рече дека неговото творештво го следат исклучително позитивни оцени од светската критика, чие книжевно влијание го споредува со она на шведскиот нобеловец Томас Транстромер. - Сакам искрено да му се заблагодарам за сето што го направи во промоцијата на Република Македонија на меѓународен план. Од огромно значење е договорот за издавање книга што тој го склучи со „Бладекс букс“, една од најпочитувани издавачки куќи за поезија во Велика Британија и во светот... Тој е и единствениот балкански автор

кој неодамна ја доби европската книжевна стипендија „Маргерит Јурсенар“ за 2013 година. Се надевам дека како и досега, и во иднина ќе продолжи да ја промовира Македонија - рече Канческа-Милевска. Му напомна да ги следи условите кои треба да се исполнат за да ја добие наградата национален уметник, која со посебен закон е востановена за уметниците кои успешно ја претставуваат државата во светот. Маџиров се заблагодари за поканата од Министерството, на преведувачите на неговите збирки и жиријата што го избирале за награди, за поддршката што ја добива од објавата на првата книга („Заклу-

чени во градот“, 1999) и покрај, како што рече, ситуацијата во која се наоѓа поезијата овде и во светот. - Сепак, тој свет на поезијата некако функционира во однос на јавните рамки. Може се потесни, но функционира како братство, и тоа е неверојатно а, пред сè, тоа се гледа на фестивалите. Тоа што го работам го работам зашто чувствувам дека припаѓам таму, иако не сум самиот поклоник на припадноста. Просторно не можам самиот да се определам, во некој меѓусвет постојано, прагот стана мој покрив, куферот стана моја адреса. Тоа номадство, верувам, ќе продолжи. Витгенштајн велеше дека границите на мојата земја се таму каде што се границите на мојот јазик, а тоа е доста индивидуално. Македонскиот јазик го носам со себе секогаш, за него не е потребен куфер, потребно е само сеќавање - рече Маџиров, задоволен што поезија во последно време сè почесто пишуваат млади автори. Маџиров е и есеист и преведувач, добитник на многу домашни и меѓународни награди и книжевни стипендии. Неговите дела се преведени на повеќе од 30 јазици, објавени во збирки и антологии.

Два нови филмски наслови во „Синеплекс“ Оваа недела на кинопрограмата на „Синеплекс“ се поме стени уште два нови филмски наслови. Од авторот на бестселерот, Ли Чајлд, доаѓа херојот кој тешко може да би де совла дан по ра неш ни от во ен ис лед ник Џек Ричер, кој го толкува Том Круз. Ко га на о ружан напа ѓач ќе убие пет лица со шест куршуми, си те до ка зи ука жу ва ат на тоа де ка глав ни от осом ни чен е во при твор. За вре ме на сослушувањето, осомничениот ќе ка же са мо ед на рече ни ца: „Нај де те го Џек Ри чер!“. Со

тоа почнува неверојатна потрага за вистината, а Џек Ричер ќе мора да се бори против неочеку ва ни от против ник и да ги употреби сите сили за да ја зачува својата тајна. За најхрабрите на репертоарот се најде и познатиот хорорфилм „Тексашки масакр со моторна пила“ во тридимензионална изведба. Ова 3Д-продолжение се надовр зува на култниот оригина лен хорорфилм од 1974 година, кој ја шокира публиката со дотогаш не замислената количина крв и насилство.


28

КУЛТУРА

Четврток, 3 јануари 2013 година

НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ ОД ВИЕНА

Велсер-Муст ја от на годината за Ва Бесплатни влезници за претставата „Парите се отепувачка“ По повод новогордишните и божикните празници, Македонскиот народен те атар подготви подарок за својата публика. Имено, прет ставата „Парите се отепувачка“ што ќе се одигра в петок во 20 часот, на сцената на МНТ, гледачите ќе може да ја гледаат бесплатно, а билетите може да се подигнат на касата на МНТ. Гледачите кои ќе одлучат в петок да одат во МНТ ќе имаат можност да ја погледнат прет ставата„ Парите се

отепувачка“ (Надридрама), работена според (пара)текст на Бојан Трифуновски, а инспирирана од драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и романот „Деветта конфигурација“ на Вилијам Питер Блати, во режија на Бојан Трифуновски. Улогите ги толкуваат: Николина Кујача, Славиша Кајевски, Гораст Цветковски и Софиа Насевска. Сценографијата и ко стимите се на Мери Георгиевска, а музиката на „Кантон 6“. Н.П.

Изјава на денот „Повикот не е само збор со кој се означува професија. Повикот треба да се разбере како збор со кој се говори за повиканоста да се извршува одредена професија“. Борислав Чичовачки

Новогодишниот концерт на виенските филхармоничари беше гламурозна музичко-сценска парада на валцери, полки, галот и чекорници

Н

Невена ПОПОВСКА

овогодишниот концерт на Виенската филхармонија, под диригентската палка на австрискиот диригент и главен директор на Виенската државна опера, Франц Велсер Муст, од Златната сала на виенскиот Мусиквереин, како вовед во 2013 година, во која се одбележува двоен јубилеј, 200 години од раѓањето на оперските великани Ричард Вагнер и Џузепе Верди, беше гламурозна музичко-сценска парада на валцери, полки, галот и чекорници. Велсер-Муст е најмладиот диригент во историјата на Виенскиот новогодишен концерт и вторпат, по 2011 година, се најде зад диригентскиот пулт на најпознатиот концерт на класична музика на светот, кој годинава беше пренесуван во 81 земја, меѓу кои е и Македонија, што е нов

рекорд. Увертирата на годинешниот концерт, 73. по ред, беше изведбата на полката од Штраус, а потоа следуваа, како и секоја година, главно делата од семејството Штраус - Јохан Штраус, таткото и помладиот брат на Јохан, Јозеф Штраус, валцери и полки кои дишат со оптимизам и со радост. На програмата беа и дела од брзиот и оптимистички опус на Франц вон Супе, Јозеф Хелмесбергер Помладиот и Јозеф Ланер. Единаесет дела беа премиерно изведени на новогодишниот концерт, меѓу кои и валцерот „Од брдото“ на Јохан Штраус Помладиот, како и делото од подоцнежниот период на Јозеф Штраус, „Трагите на Хеспер“. Првпат членовите на Виенската филхармонија ги отсвирија делата на германскиот композитор Ричард Вагнер и од италијанскиот композитор Џузепе Верди, со што се вклучија во прославувањето на нивниот 200ти роденден. Изведоа и две нови дела: увертирата за третиот чин


Четврток, 3 јануари 2013 година

РЕКОРДНО ПРЕНЕСУВАН ВО 81 ЗЕМЈА

вори прославата гнер и за Верди

од Вагнеровата опера „Лонгерин“ и извадок од музиката за балетот „Дон Карлос“ од Верди, со што првпат во историјата на овој концерт не беше запазена стандардната програма и се отстапи од традиционалниот жанр што виенскиот оркестар го негува со децении. Паралелно со концертот, телевизиските камери неколкупати директно се вклучуваа во барокниот дворец Хоф во австриската покраина Долна Австрија, каде што членовите на балетскиот ансамбл на Виенската државна опера танцуваа според кореогра-

фијата на директорот на балетот „Scottish Ballet“, Ешли Пејџ. Во паузата на концертот беше прикажан филмот „Меден ме сец“ во режија на Патрик Плеинцер, кој говори за млада двојка која се наоѓа на брачно патување низ Долна Австрија. Концертот заврши со неизбежниот валцер „На убавиот син Дунав“ и славниот Радецки марш од Јохан Штраус, таткото, кои беа проследени со овации и извици „браво“ од задоволната публика во која седеше и правнуката на Јозеф Штраус, Хедвик Аинер Штраус, која денес има 90 години. Виенските филхармоничари од Златната концертна сала, украсена со 30 илјади цветови во розе, виолетови и крем тонови, донесени од Санремо од Италија, го испратија веќе традиционалниот новогодишен поздрав и порака за надеж, пријателство и мир до околу 50 милиони луѓе низ светот. Следната година со виенскиот концерт по вторпат ќе диригира аргентинскиот пијанист и диригент, Даниел Баренбоим.

КУЛТУРА

29

Новела од Османли во списанието „Лос Муестрос“ Новелата „Смртта на Ерусалим“, која е дел од книгата со еврејски теми од Македонија и од поширокиот регион, насловена „Светилка за Ханука“ од македонскиот автор Томислав Османли, ќе биде објавувана во неколку следни бро еви на интернационалното списание „Лос Муе строс“ кое излегува во Брисел. Во најновиот број на ова меѓународно списание, кое ја афирмира сефардската култура и историја, објавен е првиот дел од новелата во превод на англиски. Мотивите за оваа комплетна објава на книгата од Османли, главниот уредник на списанието Моисе Рахмани, инаку истакнат автор на книги и публикации од животот и културата на Се фардите, го објаснува на следниот начин: - Книгата на Томислав Ос-

манли „Светилка за Ханука“ претставува нова свеќа додадена во тој исклучителен свеќник. Ова дело трага по еврејскиот живот, со неговите мигови на радост и со миговите на тага. Авторот не поканува на откривање на историјата на таа заедница, со надежта како нејзина позадина (...) Авторовата нарација е огнена, неговиот стил запалив. Зборовите бележат слики во кои читателот навлегува и учествува. Томислав Османли восхитувачки ги доловува ситуациите, ликовите. Кога еднаш се отвора, оваа книга повеќе не се напушта. Таа светлина не осветлува, не просветлува и не тера и ние да ја зрачиме, вели Рахмани. Новелата ќе се објавува во продолженија во печатена и во електронска верзија на списанието „Лос Муестрос“. Н.П.

Извонредна изведба на претставата „Емигранти“ во Охрид Публиката со долг аплауз ги испрати од сцена актерите на Народниот театар од Охрид, Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски, кои синоќа на извонреден начин ја изнесоа претставата „Емигранти“, која премиерно беше прикажана пред љубителите на театарот. „Емигранти“ е приказна за човекот заглавен во сопствениот апсурд. Работена е по текст на Славомир Мрожек, кој исклучително добро го постави младата режисерка Ирена Стеријовска. Покрај Никола и Стрезо, во претставата која бе-

ше изведена во подрумските простории на Центарот за култура, уште играа и Билјана и Андријана Билаловиќ. Претставата беше следена од внимателно одбрана музика која ја компонираа Ѓоко Алоски и Стрезо Стаматоски, сценографијата е на Владимир Ѓорески - Рафик, а за костимите се погрижи Кристина МукоскаЗатуроска. „Емигранти“ е четврта премиера на Охридскиот народен театар кој за година и половина од постоењето постави високи стандарди и понуди нов културен квалитет во Охрид. Н.П.


30

КУЛТУРА

Четврток, 3 јануари 2013 година

Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски добитници на наградата „Прозни мајстори“

К

Невена ПОПОВСКА

омисијата во со став: Христо Петре ски, Панде Манојлов и Виктор Шеќеровски ја додели традиционалната награда „Прозни мајстори“ за најдобри прозни книги од македонски автори на Роберт Алаѓозовски, за романот „Готен“, Игор Крајчев, за романот „Воини и херои“, и на Васил Тоциновски, за книгата раскази „Сушачко попладне“. - „Готен“ од Роберт Алаѓозовски е замислен и остварен како саска хроника, односно вазалско издание, или како што наведува и самиот автор-тој е

Роберт Алаѓозовски

обид да се направи современа сага со можност за продолже-

Игор Крајчев

нија. Во него Алаѓозовски го проследува усното предание за доаѓањето на Саските во Македонија, од нивното до селување на Балканските про стори во тринае сеттиот век, привилегиите, но и напорната рударска работа што ја вршеле под средновековните владетели, континуираното учество во отпорот против Османлиите, се до денешните згоди и незгоди како жители на Македонија и на светот од крајот на милениумот. Приказната за кланот Готен е приказна која ги допира и современите култури и современите дебати за тоа како се врши трансгре сијата на културниот и етничкиот идентитет, како се создава и заслужува националниот идентитет, како се формираат, како оперираат и како пре стануваат да важат културните и етничките разлики, велат во образложението членовите на комисијата. Наградите „Прозни мајстори“ кои ги доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ на добитниците ќе им бидат врачени дене ска напладне во книжарницата „Феникс“. - Со оваа свеченост всуш-

Васил Тоциновски

ност ќе почне манифе стацијата „Фе стивал на чајот и читањето“ кој ќе трае до 3 март годинава. До сега со ова признание се закитиле: Ермис Лафазановски, Игор Исаковски, Горјан Петре ски, Ким Мехмети, Александар Прокопиев, Томислав Османли, Трајче Кацаров и Блаже Миневски, вели Христо Петре ски од „Феникс“.

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

ЗРЕЛ ПОТФАТ

Кон филмот „Приказната за Леонид“

М

Христо ПЕТРЕСКИ

ошне вештата и успешна комбинација на игран филм и на анимација, со одлична монтажа и синхронизација, во краткиот филм „Приказната за Леонид“ ги презентира карактеристиките и вредностите на руската филмска школа. Жестокоста на хаваријата во нуклеарната централа „Чернобил“ и последиците од радиоактивното зрачење од една страна, во неразделен спој и испреплету-

вање со топлината и хармонијата на семејниот живот од друга страна, заокружени се со осмисленоста и кохезијата на едно мошне потресно и модерно филмско дело. Креативната носивост на филмот, произлезена од имагинацијата и неверојатните можности на филмската екипа, остварени се на одлично ниво, со чувство за мерка и за естетскиот чин. Посебно заслужува да се одбележи уметничката фотографија, односно ликовноста на филмот „Приказната на Леонид“,

но воопшто не заостанува ни цртежот и реализацијата на анимацијата. Прекрасен краток документарен, игран и анимиран филм, кој пленува со колажноста, зрелоста, автентичноста и со актуелноста.

„Приказната на Леонид“ е потресен документ и сведоштво, заокружен и зрел потфат, кој не случајно понесе и една од најзначајните награди на неодамна завршениот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица.


ХРАНА

Подготвија: Анета Стојковска и Марија Петковска

Овошје и зеленчук секој ден минералите кои ги содржат, не дозволуваат кај децата да се развијат тумори, го балансираат шеќерот во крвта, ја намалуваат можноста од екстремно дебелеење и ја олеснуваат работата на цревата. Доколку детето одбива да јаде грашок, грав, леќа или друго мешункасто растение, тогаш родителите треба да се обидат на поинвентивен начин да го натераат детето да јаде, со различни несекојдневни декорации или со вметнување на мешунките во нивното омилено јадење.

3.1.2013

Е

ден од најважните фактори за едно дете да биде здраво и правилно да се развива е начинот на кој се храни. Само користење на здравата храна и консумирање на природни состојки се гаранција дека детето правилно ќе се развива и ќе биде имуно на различни болести. Разновидната храна, подготвена дома, богата со витамини и со минерали, треба да биде застапена речиси во секој оброк. МЕШУНКИ Мешункастите растенија спаѓаат во групата производи кои треба да бидат застапени повеќепати во неделата. Благодарение на витамините и на

ОВОШЈЕ Нутриционистите велат дека ниту еден ден не смее да помине, а во исхраната на детето да не бидат застапени барем три различни вида овошје. Најдобро е да се консумира сезонското овошје бидејќи овошките се полни со витамини, минерали и со антиоксиданти. Доколку детето не сака да јаде овошје, може од неколку овошки да се прави сок, но без додавање вештачки засладувачи. ЗЕЛЕНЧУК Зеленчукот е извор на енергија, која му е неопходна на детето во неговиот раст и развој. Витамините А, Б, Ц, Е како и минералите ги има во секој зеленчук. Затоа ниту еден оброк не смее да помине без свеж зеленчук. Најдобро е детето зеленчукот да го јаде свеж бидејќи на тој начин се задржуваат сите здрави состојки, но може да биде и обарен.


32 ХРАНА

Четврток, 3 јануари 2013 година

СИРУПИ О И ОД ЦРВ Ч

естопати се случува после некоја вечера или дружење со пријателите да ви остане малку вино и да не знаете што да направите со него. Ви предлагаме да го искористите да направите до него сируп. За овој рецепт не треба многу состојки ниту време, а одличен е како прелив за палачинки, а преку лето за сладолед.

Вкусот на сирењето маскарпоне

Маскарпоне е свежо кравјо сирење, кое се прави од павлака, а потекнува од италијанската покраина Ломбардија. Овој вид сирење најчесто се служи како деликатесен производ од млеко, и неговото консумирање треба да биде ограничено, бидејќи содржи големи количини на заситени масти. Овој производ може да се користи во крем салатите, одлично оди со печена тиква, се служи како додаток на тестенини, но и со печено месо и риба. Ако во маскарпоне изрендате кисели краставички и рен, ќе добиете прекрасен намаз, кој се користи како додаток со печено месо или како декорација во ордевер.

СИРУП ОД ЦРВЕНО ВИНО Потребно ви е: еден портокал, околу 300 мл црвено вино, 150 г шеќер, чест чешниња лук и малку цимет. Подготовка: Во тенџере се вари виното, шеќерот, лукот , корката од портокалот. Штом ќе зоврие , се остава да се вари додека не се згусне. При крајот му се додава цимет, а се вади корката од портокалот. Кога сирупот ќе се излади на собна температура се става во фрижидер. Може да се сервира со сладолед, јогурт, колачи или палачинки. СИРУП ОД БЕЛО ВИНО Потребно е: 300 мл бело вино, ванила, 150 г шеќер Подготовка: Во тенџере измешајте го шеќерот, виното и ванилата. Откако ќе зоврие, оставете го да се вари додека не се згусне. После 15 минути , ставете го во фрижидер. И двата сирупа дополнително ќе се згуснат во фрижидер. Сирупот од бело вино може да се сервира со различна храна, дури и во комбинација со црвениот сируп, но исто така и со манго, ананас или некое друго овошје.


ХРАНА 33

Четврток, 3 јануари 2013 година

Д БЕЛО ЕНО ВИНО Божикна трпеза Еден од најголемите празници кој се слави во христијанскиот свет е Божик, раѓањето на Исус Христос. Соодветно на тој светол и убав ден, треба да биде подготвена и бадниковата и божикната трпеза. Домаќинките вешто ја подготвуваат бадниковата трпеза, која е посна, и божикната, која се подготвува традиционално со печено месо, сарма, салати, кифлички и слатки. Исто така внимание треба да се посвети на начинот на кој трпезата е поставена, како поради свечениот момент, така и поради големиот број обичаи кои се поврзани со празникот. Декорациите кои се подготвуваат треба да бидат елегантни, но не нападни, бидејќи традиционалната масата е многу богата со храна. Свеќниците се многу убав декор и даваат посебна свеченост. Секако на масата треба да има икебана со свеќа која кореспондира со свечениот чаршаф.

Бискупски леб Потребни состојки: - 10 јајца - 500 г шеќер - 500 г брашно - 100 г светло суво грозје - 100 темно суво грозје - 100 г суви сливи - 100 г смокви - 100 г брусници - 100 г чоколадо за готвење - 100 г бразилски ореви - 100 г индиски ореви - 100 г бадеми - 100 г лешници - 100 г ореви ПРИГОТВУВАЊЕ Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава брашното. Половина од оревите, бадемите и лешниците се мелат, а полови се сечкаат. И тие се додаваат во тестото. Потоа се додаваат сечканите сливи суво грозје и брусници. На крај се става растопеното чоколадо и се пече на 180 Целзиусови степени. Одозгора се попрскува со шеќер во прав.


34

НОВ СВЕТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

Мал електричен автомобил со голем потенцијал Електричните автомобили, иако не се новост, досега не успеаја да се наметнат кај обичниот човек како вистински избор при купувањето автомобил. Најголеми виновници за овој нивен неуспех се високите цени, слабата моќност и малиот капацитет на батериите. Сепак, данската компанија „ЕКОмув“, концентрирајќи се на надминување токму на споменатите проблеми, создаде компактен градски електричен автомобил, кој всушност би можел да биде

вистинското решение за вас, доколку барате урбан автомобил со пристапна цена. Автомобилот „кјубик“ има должина од три метри и тежина од само 425 килограми. Двата електрични мотори му даваат моќност од 70,8 киловати, односно 95 коњски сили. Максималната брзина која може да ја достигне изнесува 120 километри на час, а вградената батерија овозможува поминување на неверојатни 300 километри со едно полнење. Овие карактеристики,

споени заедно, прават „Кјубик“ да котира прилично добро помеѓу својата конкуренција, особено ако се земат предвид најавите за неговата достапна цена. Конечната верзија на овој автомобил би требало да се најде на пазарот до крајот на 2013 или на почетокот од 2014 година, а од почнувањето со работа во 2009 година, „ЕКОмув“ на јавно ста à претстави три прототипа, од кои секој подобар од својот претходник. М.Н.


Четврток, 3 јануари 2013 година

НОВ СВЕТ

35

Змиски отров како лек за рак и за дијабет Британско-австралиски научен тим соопшти дека првпат е докажано како змискиот отров во форма на безопасен протеин може да се искористи за закрепнување на човечкото ткиво. Змискиот отров обично ги напаѓа истите физиолошки патишта како и многу други човечки боле сти, но австра лискиот научник Гевин Хатли тврди дека разбирањето на трансформациите на молекулите на змискиот отров може да помогнат за развој на нови лекови. Некои видови змиски отров ги уништуваат клетките за пренос на кислород низ крвта, вклучувајќи клетки кои се хранат со канцерогени тумори. Хатли за овие клетки вели дека со мапирање на нивното дејство може да се оствари пое фикасно лечење на ракот. Су-

штината е дека молекулите на отровот, оние кои се смртоносни за човекот, всушност се само деривати на нормални протеини. Научниците велат дека змиските жлезди лачат отров „како мали фабрики за лекови кои објавуваат експерименти на еволуциска временска ска ла и создаваат нови молекули за да го испробаат нивното дејство“. Експертите се обидуваат да ги мапираат измените кои се случуваат кај аминокиселините што учествуваат во еволуцијата на обичните клетки во отровот и наназад во почетниот облик. Ова е принципиелен доказ дека токсичната молекула може да се модификува за да предизвика благо со стојба во организмот, а сето тоа го оправдува интере сот за нивниот фармацевтски потенцијал. К.И.

Нови достигнувања во борбата со стареењето

Се зголемува бројот на апликации за „виндоус 8“

Откако „Мајкрософт“ го пушти во употреба својот најнов оперативен систем „виндоус 8“, пред околу два месеци, за него се веќе достапни за употреба преку 35.000 апликации. Интензивното креирање на ваквите апликации ги фрла во вода мислењата на скептиците кои стравуваа од недостиг на компатибилен софтвер за новиот „виндоус“. Бројот на апликации кои секојдневно стануваат достапни во „виндоус 8 стор“, како што е наречен маркетот за апликации за „виндоус 8“, изнесува околу 415. Така, со последните

14.557 нови апликации во последните 35 дена, вкупната бројка се искачи на рекордни 35.167 апликации, а до 1 февруари се очекува таа да се зголеми на 50.000. „Мајкро софт“ и покрај овие импре сивни до стигнувања, сè уште е далеку од своите конкуренти „Епл“ и „Гугл“, кои нудат преку 700.000 апликации во своите виртуелни маркети, но доколку продолжат и во иднина со ова интензивно темпо, во наредните неколку години можат и тие опасно да се доближат до оваа бројка. М.Н.

Група научници од Хонгконг изработила принцип на хемиска формула која може да го забави стареењето кај глувците, со надеж дека ќе може да се репродуцира и во човечкиот организам. Ова истражување, чии заклучоци се објавени во декемврискиот број на весникот „Сел метаболисм“ , прет ставува продолжение на трудовите од 2005 година повр зани со истото прашање. Во текот на истражувањата од 2005 година, беше утврдена врска помеѓу прогерија, болест која се манифе стира со предвремено стареење и мутација на конститутивниот протеин на клеточното јадро, ламин А. Неодамнешните истражувања се надовр зуваат и покажуваат дека по сто ењето на нормална количина на ламин А во клетките е повр зано со присуството на определен ген „СИРТ 1“,

што овозможува активирање на ламинот А кој влијае на долговечно ста на организмите. Истражувачите истакнуваат дека можат да развијат лекови кои „имитираат“ ламин А во клетките и ја зголемуваат повр зано ста меѓу ламинот А и генот „СИРТ 1“. Во истражувањата за борба со стареењето, тие истовремено докажаа и дека со единението ре свератрол, кое се наоѓа во виното, поради присуството на лушпата на црното грозје, го забавува стареењето на здравите глувци, како и на оние кои се заболени од прогерија. Научниците, меѓутоа, предупредуваат дека количеството на ре свератролот во виното е многу ма ло и дека може да нема никаков позитивен ефект доколку се консумира, бидејќи алкохолот во големи количини му штети на организмот во секоја смисла.


36

СПОРТ

ПОДГОТОВКИ ПРЕД СП ВО ШПАНИЈА

Четврток, 3 јануари 2013 година

ИНТЕРВЈУ СО ДЕЈАН МАНАСКОВ, НАЈМ

Гордо по ста

Дејан е син на легендарниот Пепи Манасков, со посебна гордост го носи познатото ракометно презиме и во славата на својот татко гледа мотив да продолжи по неговиот пат

О Ракометарите продолжуваат во комплетен состав По празничните два дена одмор, машката ракометна репре зентација на Македонија од вчера во Скопје продолжи со подготовките пред настапот на СП во Шпанија, кое почнува на 11 јануари. На репрезентативниот со став му се приклучи и голманот Борко Ристовски, кој, поради настапите со Гумерсбах во Германија, ја пропушти првата фаза од подготовките во Пореч. Со доаѓањето на Ристовски е комплетиран со ставот од 20 репре зентативци што ќе ги има на располагање селекторот Звонко Шундовски до последната селекција пред заминувањето за Севилја. Тренинзите во Скопје ќе бидат дополнети со последните две контролни средби што македонската репре зентација ќе ги одигра утре и в сабота (4-5 јануари) во Ниш. Противници на Македонија во овие контролки ќе à бидат репрезентациите на Египет и

на Србија кои, исто така, се подготвуваат за настап на СП во Шпанија. Селекторот Шундовски најави дека по овие два контролни натпревари ќе биде селектиран со ставот од 16 репре зентативци што ќе играат на мундијалот во Шпанија. Вишок во со ставот, најверојатно, ќе биде еден од тројцата голмани, едно десно крило, еден пикер и еден од бековите. Македонската репрезентација за Севилја ќе замине на 10 јануари. Првиот меч на СП во Шпанија е на 12 јануари против селекцијата на Чиле, следниот ден е дуелот со Катар, а потоа следуваат мечевите против европските селекции во групата – Исланд, Русија и Данска. Првата цел за македонската репрезентација е да обезбеди едно од првите четири ме ста во групата и да се пласира во следната осминафинална фаза од шампионатот. Б.Б.П.

Билјана Б.ПЕТРУШЕВА

д надежен млад ракометар за само една сезона 20-годишниот Дејан Манасков прерасна во стандарден сениорски репрезентативец и едно од најдобрите леви крила во Европа. Тој е најмладиот член во со ставот на македонската ракометна репре зентација и најмладиот првотимец во Металург. Дејан е син на легендарниот Пепи Манасков и со по себна гордост го но си познатото ракометно презиме, а во славата на својот татко не гледа товар туку мотив да продолжи по неговиот пат. А кога ќе се спојат ген, исклучителен та лент, многу работа, малку спортска дрскост и силен мотив за успех, резултатот е неизо ставен. Помладиот Манасков веќе е препознатлив по својата игра, бр зина и прецизност. Во изминатата година тој ги одигра сите 14 официјални натпревари на македонската репре зентација и стана спојката меѓу старата генерација и „свежата крв“ во националниот со став. Дејан Манасков е предводникот на новата генерација, зад себе ја остави до сега најуспешната година во кариерата, но сигурно ќе има што да каже и најмалку во наредните де сет. Првиот предизвик во новата 2013 година доаѓа за неколку дена на СП во Шпанија. . . По што најмногу ќе ја паметиш изминатава година? - Ќе ја паметам 2012 најмногу по настапот со македонската репре зентација на Европското првенство во Србија кое воедно беше и прво големо натпреварување за мене и помина одлично. Исто така оваа

година ќе ја паметам и по првиот пласман со Металург во топ 16 во Лигата на шампионите. Колку настапот и успехот со македонската репрезентација на ЕП во Србија влијаеше на тебе како најмлад играч во составот? - Тоа беше едно огромно искуство и преубави моменти за мене. На ЕП во Србија стекнав поголема самодоверба како играч и мислам дека тоа многу позитивно се одрази и на мојата игра во другите настапи и со репре зентацијата и со Мета лург. Што очекуваш од настапот на македонската репрезентација на СП во Шпанија, може ли да се повтори успехот од ЕП во Србија или можеби да се оди и чекор понапред? - Најважно е да одиме чекор по чекор. Очекувам прво да ги добиеме првите два натпревари во групата против Чиле и против Катар и потоа во прео станатиот дел да се бориме за што подобар пласман во групата. Наша цел на ова Свет ско првенство е да избориме подобар пласман од 11.ме сто од претходниот настап на СП 2009 во Хрватска. Но, ако ни се пружи шанса секако дека ќе се бориме до крај. Да ли успешните настапи во репрезентативниот дрес ти отворија место во првиот тим на Металург или ситуацијата беше обратна, настапите за Мета лург ти доне соа статус на стандарден репрезентативец и прво лево крило во националниот тим? - Па мислам дека добрите игри во дре сот на Мета лург придоне соа за тоа да бидам прво крило во репре зентацијата.


Четврток, 3 јануари 2013 година

СПОРТ

37

МЛАДИОТ ИГРАЧ ВО МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

апките на својот татко

Направивме огромен успех со Мета лург, во овие две се зони два пати по ред се пласиравме во Топ 16 фазата од ЛШ. Настапите во Лигата на шампионите се голем предизвик, а ние во изминатава година одигравме навистина добри натпревари и по стигнавме фантастични ре зултати. Со Металург го продолжи договорот и за наредните две

сезони. Да ли имаше и други понуди и има ли идни планови да играш во некој странски клуб? - Секако дека има планови за понатаму. Сон на секој ракометар е да заигра во некој од водечките пет клубови во Европа. Но, засега добро ми е и во Мета лург. Моментно Мета лург е меѓу најдобрите двае сет екипи во Европа, задоволен сум од

клубот и од начинот на работа. Затоа решив дека е најдобро да останам уште некое време тука во Металург. Во пр ви от тим на Ме та лург се га се прик лу чу ва и тво јот пом лад брат Мартин. Да ли пре зи ме то Ма на сков е пред ност или може би товар за вас двајца? - Задоволен сум што и Мартин го потпиша својот прв про-

фе си о на лен до го вор со Ме та лург. Се надевам дека ќе напреду ва и ќе из бо ри ме сто во екипата. Ракометот е неизо ставен дел од на ше то се мејс тво, но пре зимето Манасков за мене не е ни ка ков то вар. Ед но став но, ме не ми е чест и за до волс тво што го но сам тоа пре зиме и ми дава мотив повеќе да ги до стигнам успе сите на мојот татко.


38

СПОРТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

ДАМЈАН СТОЈАНОВСКИ ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО 2013 ГОДИНА

Во МЗТ станав подобар

Секој нов меч во АБА-лигата имаме можност да напредуваме и како поединци и како колектив, изјавува македонскиот репрезентативец

Д

Стеван ЦАНЕВСКИ

амјан Стојановски е кошаркарот што беше доведен како најголемо засилување на МЗТ Скопје за оваа натпреварувачка сезона. Раководството на македонскиот првак има одлична стратегија, играта да ја базира врз нашите репрезентативци, па така водечките луѓе на „металците“ по Гечевски и Чековски, успеаја во „Јане Сандански“ да го доведат и вториот брат Сто-

јановски, по Огнен кој што и претходната се зона го но сеше дре сот на овој клуб. Очекувањата уште од самиот почеток беа огромни, но Дамјан Стојановски покажа дека може да го издржи тој притисок, прифаќајќи ја улогата на лидер. Впрочем, нему тоа јасно му беше ставено до знаење уште при трансферот од редовите на Лукоил академик. - Во Лукоил минав две одлични сезони во кои што напредував како играч, а во едно и

освоив неколку трофеи. Сепак, факт е дека немав минутажа каква што по сакував и тоа беше единствената причина поради која што решив да си заминам од Бугарија. МЗТ Скопје испрати сериозна понуда, јасно е дека станува збор за тим со големи амбиции, па затоа и прифатив да бидам дел од овој проект, изјавува Стојановски. Една од главните причини поради кои што „металците“ се толку интересни не само за Стојановски, туку и за сите останати кошаркари, е учеството на овој тим во АБА-лигата, што е идеална можност за докажување против квалитетни ривали како Цедевита, Партизан, Црвена звезда, Олимпија.... - АБА-лигата де финитивно ме направи подобар играч. Ова натпреварување овозможува секоја седмица да играш против многу сериозен и ква литетен

со став, против себе да имаш репре зентативци на најразлични земји кои што ќе дадат се за да те победат. Мотивирано ста секогаш ни е на највисоко ниво, а секој нов меч за нас е нова шанса да напредуваме како колектив, но и како по единци. Мораме да бидеме задоволни од нашите ре зултати до сега, но и да работиме напорно за да продолжиме во ист стил во вториот дел од се зоната – вели репрезентативецот. Оваа 2013 воедно е и година

БРОЈКИТЕ НА ДАМЈАН ВО АБА

Минути по натпревар: 30,13 Поени по натпревар: 11,8 Шут од поле: 39,9% Шут за слободни фрлања: 87,3% Скокови по натпревар:4,73 Асистенции по натпревар: 1,53 Украдени топки по натпревар: 1,53


СПОРТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

р играч

39

Вучевиќ го урна рекордот на Шекил О’Нил Никола Вучевиќ веќе во својата дебитантска НБА сезона успеа да остави свој силен печат врз најквалитетното кошаркарско натпреварување во светот уривајќи го долгогодишниот рекорд на Шекил О’Нил по бројот на остварени скокови на еден натпревар. Црногорскиот репрезентативец, кој настапува за тимот на Орландо меџик, го заврши дуелот со шампионот Мајами со 20 поени и неверојатни 29 скокови, што е за еден повеќе од досегашниот рекорд на

Шекил О’Нил, остварен исто така во дресот на Орландо. „Магичните“ го загубија натпреварот со 112-110, но резултатот остана во заден план најмногу поради ова неверојатно остварување на дебитантот Вучевиќ. Црногорскиот ас беше избран како 16. играч на „драфтот“ во 2011 година, но поради проблемите со потпишувањето на колективниот договор му беше дозволено да ја мине целата ланска сезона во Будуќност. Тој летово се пресели во САД, екс-

пресно се наметна кај стручниот штаб на Орландо меџик и ја доби улогата на наследник на Двајт Хауард, кој што замина во таборот на ЛА лејкерс. Никола Вучевиќ ќе биде и еден од главните адути на Црна гора на претстојното Европско Првенство што ќе се одржи во септември во Словенија, каде што Црногорците се едни од ривалите на македонскиот национален тим, заедно со селекциите на Литванија, Латвија, БИХ и на Србија.

Стоп за Лос Анџелес клиперс

во која што ќе се одржи Европско првенство во кошарка, шампионат на кој што Македонија во Словенија ќе го брани четвртото ме сто освоено пред две години на Евробаскет 2011 во Литванија. Во ситуација кога неколку поискусни кошаркари веќе го најавија збогувањето од националниот тим, јасно е дека дел од таа голема одговорност ќе се префрли и врз Дамјан. - Пред се, за оваа 2013 година по сакувам многу здравје за мене, моите соиграчи од МЗТ и репре зентативните колеги. Би сакал да немаме проблеми со со ставот во пре срет на шампионатот, да одработиме квалитетни подготовки и да одиграме најдобро што знаеме во Словенија. Примарна цел ни е да ја минеме групата, а потоа ќе атакуваме на што повисок пласман – истакна за крај Дамјан Стојановски.

Кошаркарите на Денвер нагетс можат да бидат горди бидејќи конечно успеаја да ја запрат фантастичната серија на Лос Анџелес клиперс, совладувајќи го овој тим по низата од 17 победи во изминатите пет седмици. Денвер стигна до убедлив триумф од 92-78 најмногу поради колективната игра, па дури шестмина домашни кошаркари стигнаа до двоцифрен број поени, предводени од Дарио Галинари и неговите 17 поени. - Не бевме во нашиот пре-

познатлив ритам, игравме бавно и во нападот и во одбраната, а Денвер е тим што знаеше како да го казни тоа. Овој пораз не смее да не исфрли од ритам, бидејќи пред нас е нов меч. Тоа е убавината на НБА, ритамот што за некого е пеколен, но што дава шанса експресно да си ја вратиш самодовербата – изјави Блејк Грифин. Тимот на Лос Анџелес лејкерс неочекувано загуби пред своите гледачи од Филаделфија со 99-103, без оглед на одличниот настап на Коби

Брајант и неговите 36 поени. Тој немаше соодветна помош од соиграчите, Гасол постигна 11 поени со шут од поле 2/12, Хауард шутираше 1/7 за само седум поени, што го стите од Филаделфија знаеја како да го искористат за да стигнат до победата. Резултати НБА: Вашингтон – Далас 94-103, Детроит – Сакраменто 103-97, Њујорк – Портланд 100-105, Њу Орлеанс – Атланта 86-95, Денвер – ЛА клиперс 92-78, ЛА лејкерс – Филаделфија 99-103.


40

СПОРТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

АГИМ ИБРАИМИ И ОСТОЈА СТЈЕПАНОВИЌ, НАЈДОБРИ ФУДБАЛЕРИ ЗА 2012 Г

Нека ни дојде ЛШ под е Т

Никола ЃУРОВСКИ

ие се најдобрите за годи ната што изми на. Во 2012 годи на Агим Ибра и ми бе ше фуд ба лер на годи ната спо ред из бо рот на ФФМ и нај до бар ма ке дон ски фуд ба лер во странс тво, а на домаш ната сце на тоа приз на ние му при пад на на Осто ја Стје па но виќ. И двај цата се ре пре зен татив ци, ре дов но се во но те сот на Чедомир Ја невски, па нормал но е што пр вата и нај го ле ма нив на жел ба е ма ке дон ската фуд бал ска ре пре зен та ци ја да бе ле жи ус пе си и во годи ната што е пред нас. Ги оче ку ва ат „цр ве но-жол ти те“ те шки и не извесни ква лификациски средби во 2013 годи на, а пр ви от тест ќе би де Дан ска, на аре ната „Фи лип Вто ри“ во Скоп је на 6 фе вруа ри во при јател ски нат пре вар. - Не ка 2013 годи на ни до -

Македонските репрезентативци и членови на Марибор и на Вардар, посакуваат настап во Лигата на шампионите со своите клубови во годината што е пред нас не се многу здравје, среќа и успе си, на си те Ма ке дон ци. Би са кал да им ги че сти там но во годиш ни те праз ни ци на си те навивачи, со желба фудбалската ре пре зен та ци ја да им до не се мно гу ра до сти во но вата годи на. Се раз би ра, за тоа најм но гу тре ба да се потруди ме ние, за ед но со коле ги те од на ци о нал ни от тим – ве ли Агим Ибра и ми, фуд ба ле рот на годи ната. Осто ја Стје па но виќ има и уште ед на жел ба, по вр за на со сво јот клуб Вардар. По са ку ва уште ед на шам пи он ска ти тула со „цр ве но-цр ни те“, па зо што не и фуд бал ско чудо, Вар дар во Ли гата на шам пи о ни те?! - Не ка би де среќ на и ус пеш на, не ка се ис пол нат си те жел би. Се ка ко, имам и јас

свои жел би, при ват ни и про фе си о нал ни, а не ка де на вр вот на ли стата се ус пе си те и со ФК Вар дар. По са ку вам да ја од бра ни ме шам пи он ската ти тула, но и да на пра ви ме еден го лем исче кор на европ ската сце на. Ли гата на шам пи о ни те е со нот на се кој ма ке дон ски клуб, па ете, не ка пу шти Дедо Мраз ср це и не ка ни ја ис пол ни и оваа меч та. Знам де ка е голе ма жел ба, но, ако не со ну ваш, то гаш не ма ни ту на деж де ка со нот ќе ти ста не ја ве – истак ну ва Осто ја Стје па но виќ. На вра ќа ње и на годи ната што изми на. Агим Ибра и ми игра ше од лич но и во на ци о нал ни от дрес и во ти мот на сло ве неч ки от Ма ри бор. Би са кал и во 2013 годи на да би де

нај мал ку исто тол ку ус пе шен ка ко ла ни во тие рам ки. - Се ко ја но ва годи на тре ба да би де поус пеш на од изми натата. А за ме не 2012 годи на бе ше на ви сти на ус пеш на. Ко нечно успе ав да се ре а лизирам и во на ци о нал ни от тим, по стиг нав не кол ку значај ни го ло ви, им до не сов ра дост на на ви вачи те. Се на де вам де ка ќе има уште повеќе радо сти во годи ната што е пред нас. Со ти мот на Ма ри бор исто та ка очекувам добри настапи, освоју ва ње на ти тулата во Сло ве нија, но и настап во Европа, во Ли гата на шам пи о ни те – ве ли Ибра и ми. Осто ја Стје па но виќ има ше мно гу ра дос ни момен ти со Вардар во 2012 годи на. „Цр ве но-цр ни те“ скок наа од ам би -

Дел Боске: Иниеста ја заслужува „Златната топка“ Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Висенте дел Бо ске, смета дека играчот на „црвената фурија“ и фудбалер на Барселона, Андрес Иние ста, треба да ја добие наградата „Златна топка“, на свечената церемонија што ќе се одржи во Цирих идниот понеделник. Тоа е признание за најдобриот фудбалер во годината што измина. Иние ста со селекцијата на Шпанија ја одбрани титулата европски шампион во 2012 година, а беше избран за најдобар фудбалер на ЕВРО 2012. Дел Бо ске смета дека Иние ста е вистинскиот човек кому треба да му припадне „Златната топка“, иако во фокусот пред доделувањето на наградата се Лионел Ме си и Кристијано Роналдо. - Се надевам дека Андрес Иние ста ќе ја освои „Златната топка“. Тоа би бил навистина праведен избор. Знам дека решаваат гласовите на сите, па му по сакувам да ги победи конкурентите – изјави Висенте дел Бо ске, кој, се разбира, навива за својот репрезентативец.


Четврток, 3 јануари 2013 година

СПОРТ

41

ГОДИНА

елката сот и ус пе а ја да ја осво јат шам пи он ската кру на. - Вар дар е нај до бро то од Ма кедо ни ја, бил и се ко гаш ќе оста не. Затоа, се кој фуд ба лер што на стапу ва во „цр ве но-цр ниот“ дрес ја има обврската да го вложи ма кси му мот за да има ус пеш ни ре зул тати. Бе ше на пор на изми натата 2012 годи на, не бе ше лес но да се освои ти тулата, но, се га следи уште поголем предизвик, да го од бра ни ме тро фе јот. Зас луже но сме на вр вот ка ко есен ски шам пи о ни и во те ков ни от шам пи о нат и ќе сто ри ме се за да го за др жи ме шам пи он ски от пехар во на ши те ви три ни – за вр ши Стје па но виќ. Мла ди се, ус пеш ни, нај до бри за изми натата 2012 годи на. Нам ни оста ну ва са мо да им по са ка ме си те жел би да им се ис пол нат и за на ред ната и по втор но да ни до не сат но ви ра дос ни момен ти со фуд бал ски от на ци о на лен тим.

Паоло Малдини: Милан веќе не е голем клуб

Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, со жалење истакна дека клубот од „Сан сиро“ во кој мина 25 години од својата кариера, веќе не е така голем во европски рамки. Кризата што го зафати овој клуб е видлива дури и во италијански рамки, а Малдини смета дека Милан нема соодветен однос кон фудбалерите кои се легенди на овој тим, а поради тоа и младите немаат вистински идоли од кои би можеле да научат нешто во непосредна комуникација. - Мислам дека Милан е во голема криза. Мене не ме интересира функција, не сум таков човек, но не знам зошто поранешните играчи се далеку од клубот и од случувањата. Само тоа може да ја врати магијата и големината на овој клуб – изјави Паоло Малдини, кој порача дека „росонерите“ мораат да се угледаат на Баерн Минхен. Малдини долги години го носеше дресот на Милан и беше капитен на „росонерите“.


42

СПОРТ

Четврток, 3 јануари 2013 година

Новогодишна доминација на Јакобсен

Норвежанецот Андрес Јакобсен доминира на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Два дена по триумфот во Оберсдорф, 27-годишниот Јакобсен победнички го заврши и настапот на скокалницата во Гармишпартенкирхен, втората станица од новогодишната турнеја. По првата серија скокови, Норвежанецот, поради проблемите со скиите, едвај влезе во првите 10 со скок од 131 метар. Но,

потоа, со скокот од 143 метри, само за половина метар пократок од рекордот на скокалницата и со совршено „слетување“, Јакобсен го обезбеди местото на победничкиот подиум. Најблиску до норвешкиот скокач дојде водечкиот во генералниот пласман во Светскиот куп, Грегор Шлиренцауер. Австриецот прелета 136,5 метри и овој скок му го донесе второто место со заостанување од 0,9 бо-

да зад Јакобсен. До овој скок на Шлиренцауер, на првите три места беа норвешките скокачи. На крајот Андрес Бардал заврши на третото место во Гармишпартенкирхен, а Том Хилде остана без подиум. На првите две станици од годинашната новогодишна турнеја потфрлија австриските скокачи. Освен Шлиренцауер, ниеден друг Австриец не влезе меѓу првите десет.

Во вкупниот пласман на турнејата „Четири скокалници“ во водство е Јакобсен со 586 бода, пред Шлиренцауер со 574 и Хилде со 548. Во генералниот пласман во Светскиот куп, на лидерската позиција е Плиренцауер (608 бода), а зад него се Фраунд (506) и Кефлер (409). Новогодишната турнеја продолжува утре во австрискиот Инсбрук, а два дена подоцна е завршницата во Бишхофен.

Пато се сели во Коринтијанс

Раководството на Коринтијанс успеа во намерата да го доведе во своите редови суперталентираниот голгетер на Милан, Алехандре Пато. Бразилскиот ас сезонава многу ретко добиваше шанса на теренот, поради што побара да му биде дозволено да се врати во татковината. Светскиот клупски првак Коринтијанс беше најупорен во намерата да го доведе Пато во своите редови, за конечно да постигне договор со челниците на Милан околу условите на овој трансфер. - Сето она што Милан го побара, Коринти-

јанс се согласи да го плати. Постои и договор меѓу бразилскиот клуб и фудбалерот, така што нема никакви сомнежи дека овој трансфер ќе се реализира. Пато е пресреќен што повторно ќе настапува во бразилскиот шампионат, изјави агентот на бразилскиот репрезентативец, Гилмар Велоз. Според неофицијалните информации, висината на овој трансфер ќе изнесува 15 милиони евра, што е голем пораз за челниците на Милан бидејќи минатото лето Пато беше проценуван на двојно поголема сума.


ФЕЉТОН

Четврток, 3 јануари 2013 година

„ГЛАДНИОТ ПАТ“ БЕН ОКРИ Додека ја гледав како куца попат, во корењата забележав блескава црна змија покриена со земја. Змијата се изјази по стеблото кон рацете на жената додека таа ја влечеше сè подлабоко во шумата. По извесно време повеќе не ја гледав. Тогаш слушнав силен крик. Па тишина. Не мрднав. Почна да се спушта црна темница. По ногата ми се искачи стоногалка, но не ја гибав. Повторно ја видов црната мачка. Ми се доближи, се искраде покрај мене и избега по патот по кој дојдовме. Набргу потоа го видов тато како ми се доближува во шумата со голема вреќа на плеќите. Изгледаше исцрпено, небаре се борел со демони. Кога дојде до мене, рече: „Мрдна ли?“ „Не.“ „Браво.“ Се наведнав и ја тргнав стоногалката од ногата. „Виде ли нешто?“ „Од едно дрво излезе жена. Падна еден був и испари во воздухот. Околу нозете ми се насобра вода.“ „Одлично“, рече. „Да си одиме дома.“ Го фативме патот под нозе. Повеќе не ја видов црната мачка. Го прашав тато: „Зошто жената ја откорна прачката од земја?“ „Каква прачка?“ „Онаа што си беше таму.“

„Каде?“ „Онде.“ „Таму немаше прачка“, рече. Молчев извесно време. Потоа реков: „Од нејзините корења се појави змија и ја касна.“ „Тоа е добро. Животот е полн загатки што само мртвите можат да ги одговорат“, беа зборовите на тато. Одевме накај дома во тишина. Скршнавме по бројни патчиња. Едно кутре куцаше пред нас, а потоа застана и нè погледна. Од вреќата на тато капеше крв. Крвавата дамка на неговото чело се раширила и се засирила. „Што улови?“, го прашав. „Вепар.“ „Зошто крвавиш?“ „Вепарот паднал во стапицата, ама останал жив. Сè уште се опираше кога дојдов. Морав да го убијам со голи раце. Ме удри по глава.“ Одев зад него во тишината и ги наслушнував звуците на шумата и неговото дишење. Патот до дома се чинеше подолг од патот од дома. Кога пристигнавме до крчмата со палмино вино, газдарицата заковуваше некаков знак. Во темницата, не можев да прочитам што пишува. Нè измерка додека поминувавме. Тато ја поздрави. Таа не му врати. Кога пристигнавме во новиот дом, децата истрчаа за да нè пречекаат. Луѓето дојдоа да му помогнат на та-

43

19

то со вреќата, но тој не сакаше помош. Жените возбудено зборуваа. Вратата ни беше отворена. Насекаде во тесниот простор имаше столови на расклопување. На масата имаше купишта пијалаци. Имаше чинија со кола-ореви и каолин на подот. Во воздухот се ширеше силна миризба на пресна чорба. Собата беше празна. Тато отиде во дворот и ја најдовме мама во кујната. Солзи à се слеваа по лицето додека ги распалуваше дрвата, на огнот имаше огромен казан. Кога нè виде дојде, го прегрна тато и ме крена в раце. Тато ја спушти вреќата на кујнскиот под. Ме гледаше за миг, и рече: „Си го одржав зборот.“ Потоа излезе од кујната, влезе во собата, се врати со крпа и сапун, донесе вода од бунарот, и долго се капеше. Останав со мама во кујната, кашлав кога ќе поткашлаше таа. Во казанот вриеше вода. Жените од зградичката дојдоа да à помогнат да го извади вепарот од вреќата. Му ја попарија кожата со врела вода за да му попуштат влакната. Го избричија. Петорица мажи им помогнаа да го искасапат крволочното животно. Му ја отсекоа главата, го исекоа на парчиња и му ги извадија чудовишните црева. Потоа жените почнаа да го готват дивото животно што тато го улови во шумата.

ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА Нараторот во „Гладниот пат“, наречен Азаро по библискиот Лазар, е абику, или дете-дух, кое според традицијата на нигериското племе Јоруба е растргнато помеѓу светот на живите и царството на неговите другари - духови. Приказната за неговиот живот е исполнета со глад, болести, жртвени обреди, несреќа и со тага, но, за чудо, тој се раѓа со насмевка на лицето. Неговото секојдневие изобилува со мошне необични ликови: дебелата газдарица на локалната крчма, мадам Кото, локалниот фотограф што ги изложува своите слики во стаклена витрина, слепиот старец што може да гледа со туѓи очи, боксерот со прекар Зелениот леопард кој се враќа од светот на мртвите, политичарите и изобличените просјаци, стварни колку и гротескните сеништа и духови што постојано го искушуваат Азаро да се врати во духовниот свет. Овој незаборавен и волшебен роман ве води по гладниот пат на африканското секојдневие проткаено со надреалните доживувања на Азаро, за кого преживувањето е постојана битка. „Блескаво достигнување за кој било писател на кој било јазик.“ Њујорк тајмс „Бен Окри со нежна решителност ни наметнува една стварност каква што не се видело досега на Западот... Ако постојат ремек-дела, ова е едно од нив.“ Бостон глоуб


44

ИНФОРМАТОР

Полиција 192 Брза помош 194 Противпожарна бригада 193 КОМУНАЛНИ УСЛУГИ Топлификација 3076-200 Електро – Скопје – дежурен диспечер 3161-454 Служба за наплата 3116-099 Улично осветлување 2622-789 Водовод и канализација – дежурна служба 3073-010 Водовод 3163-240 Оџачарски услуги 2440-293 Пламен 2650-230 Организација на потрошувачите 3212-440 Комунална хигиена 3216-644

ХОРОСКОП

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ Клиничка болница 3147-147 3283-000 Воена болница Градска општа болница 3087-400 Гинекологија и акушерство – Чаир 2611-033 Поликилиника Букурешт 3064-088 Поликлиника Јане Сандански 2469622 Неуролошка клиника 3147-342 Институт за белодрбни заболувања 3035-822 Институт за трансфузиона медицина 3226-923 Ремедика 2603-100

Четврток, 3 јануари 2013 година

Систина 3099-500 Свети Лазар – гинеколошка болница 5112-016 Неуромедика 2042-323 Авицена – лабараторија 3179-001 Адриалаб 3296-925 Фармахем – биохемиска лабараторија 2031-905 Мак Медикус 3224-445 Неуропсихијатриски центар Др. Павлов 3236-667 Рендген дијагностика 3110-003 Центар за стерилитет 3213-697 Центар за сколиозии 3212-353 Национална СОС линија 15700 СОС телефон за помош од дрога 0800 11 444 СОС телефон за деца и младинци 0800 12222 СОС превенција од трговија со луѓе 2777070 Прва детска амбасада 0800 12222 СОС превенција од ХИВ 0800 33 444 СОС Национална линија 070/141700 Сакам да знам – центар за сексуално здравје 3176950 Шелтер центар 070/520639 Кризен центар – Надеж – жртви од насилство 3173-424 Институт отворено општество 3136-400 Ветеринарна амбуланта Пет- Вет 3178-656

21.03 19.04

Овен - Во новата година влегувате со многу планови. Некои од нив ќе ви се исполнат, но некои ќе ги реализирате со голема тешкотија. Совет: време е за одмор.

20.04 20.05

Бик - Минатата година имавте многу убави моменти, но оваа година ве очекуваат уште поу бави доживувања. Совет: одморот ќе ви помогне полесно да ја надминете настинката.

21.05 20.06

Близнаци - Празниците искористете ги да му посветите внимание и љу бов на семејството. Совет: приредете им пријатно изненадување, однесете ги на свечена вечера.

21.06 22.07

Рак - Откако ќе се одморите и наспиете, размислете дали минатата ноќ се однесувавте како што треба. Совет: очекувајте ка вга со парт не рот во вечер ни те часови.

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

ПТТ СООБРАЌАЈ Будење 180 Информации 188 Меѓународна ценетрала 182 Меѓуградска централа 901 Повик на сметка 1833 Точно време 185 Телеграми 186 Пријава на ПТТ дефекти177 Федекс – брза пошта 3111-116 ЕМС услуги - Од врата до врата 15000

Денеска е Св. маченица Јулијана Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

СООБРАЌАЈ Меѓуградска автобуска станица 2466-011 Железничка станица 3164-255 Аеродром Александар Велики - Скопје 3148-333 Аеродром Свети Павле - Охрид 046 252842 Чех Ерлајнс 3290-572 Инех 3216-120 Делфина травел 3111-214 Кроација ерлајнс 3115-858 ЈАТ 3229-078 Регионален центар за управување со кризи 195 АМСМ – Помош на патишта 196 АМСМ – Инфо центар 15555 Воена полиција 3282-361 Матична служба 3117-766 Сала за венчавање 3118-250 Храм Свети Климент 3237-218 Храм Свети Димитрија 3162-919 Храм Света Петка 3238-066 Храм Пресвета Богородица 3227-165

23.07 22.08

Лав - Не можете секогаш да влијаете на партнерот, и покрај вашите убедувања тој прави работи кои вие не ги одобрувате. Совет: време е да почнете со диета, претеравте со јадење.

23.08 21.09

Девица - По прекрасната забава, имате енергија и сила за извршување на сите обврски. Продолжете така. Совет: апстинирајте од алкохол, изминатите денови претеравте.

22.09 23.10

Вага - Односите со партнерот секојдневно се подобруваат, продолжете со такво однесување и наскоро повторно ќе бидете во љу бовна идила. Совет: не влегувајте во конфликти.

24.10 21.11

Скорпија - Ги наполнивте батериите, сега одете со нови сили во нови победи. Ве чека многу напорен период, бидете подготвени. Совет: внимавајте во сообраќајот.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Геновева Живеела во времето на преселбите на народите. Со својата невиност, едноставност, понизност, станала достојна и способна, Господ да и ги објави своите тајни и пораки. На 15годишна возраст ја сфатила убавината на животот кој, целиот е посветен на Господ. Кога франачкиот крал Клодвиг во крајот на петтиот век се покрстил, ја зел девицата Геновева во својот двор, за да му биде советничка. Таму таа се запознала со жената на кралот Клодвиг. Света Геновева умрела во 512 година и била закопана во кралската гробница. Била прогласена за заштитничка на Париз.

22.11 21.12

Стрелец - Ако веднаш не преземете нешто, ќе имате проблеми со партнерот. Тој има сериозни забелешки за вашето однесување. Совет: почнете да пешачите за да ја намалите телесната тежина.

22.12 19.01

Јарец - Во новото друштво се чувствувате многу непријатно, но тоа е резултат на вашата срамежливост. Совет: набргу ќе воспоставите одлични односи, но бидете внимателни што зборувате.

20.01 18.02

Водолија - Вие не знаете да се одморите. Дури и дома постојано си наоѓате работа. Опуштете се и бидете порелаксирани. Совет: бидете потолерантни кон еден јарец.

19.02 20.03

Риби - Вие секогаш имате скромни желби и затоа секогаш ви се исполнуваат. Продолжете со исто темпо и во следната година. Совет: бидете поактивни во социјалниот живот.


Четврток, 3 јануари 2013 година

WWW.ELANCER.MK

Најдете работа и сè што ви треба

45


46

ИНФОРМАТОР

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Животот на Пи“ Жанр: авантура, драма Режија: Анг Ли Улоги: Сурај Шарма, Ирфан Кан „Мадагаскар“ Жанр: анимиран, комедија Режија: Ерик Дарнел, Том Мекграт, Конрад Вернон Почеток: 15 часот „Трето полувреме“ Жанр: драма Режија: Дарко Митревски Улоги: Сашко Коцев, Катарина Ивановска и Раде Шербеџија Почеток: 17.30 и 20 часот „Откровение“ Жанр: хорор, трилер Режија: Мишел Басет Улоги: Аделаида Клеменс и Кит Харингтон Почеток: 22 часот КИНО „РАМСТОР“ „Кунг-фу панда“ Жанр: анимиран Режија: Крис Милер Почеток: 11 и 13 часот „Збогум, моја кралице“ Режија: Бенот Џекот Улоги: Дајан Кругер и Леа Седокс Почеток: 15.30 и 18 часот „Капетан Америка“

Почеток: 19.20 и 21.30 часот Сала 1 „Целосен отповик“ Жанр: акција, научна фантастика Режија: Лин Висман Сала 2 Глумци: Колин Фарел, „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Џесика Бил Главни улоги: Лили Колинс, Почеток: 18.45 часот Џулија Робертс, Арми Хамер Режија: Тарсем Синг Сала 3 Почеток: 10.30, 12.30, 15 и „Замка“ 17.30 часот Жанр: драма, криминалистички Режија: Стефан Рузовитцки „Што да очекувате кога Глумци: Ерика Бана, Оливија очекувате“ Вајлд Жанр: комедија, романса Почеток: 19.15 часот Улоги: Камерон Дијаз, Метју МНТ Морисон, Елизабет Бенкс „ Малиот Тимоти“ Почеток: 20 и 22 часот Режија: Снежана Коневска-Руси Почеток: 20 часот „Каубои и вонземјани“ Жанр: драма ДРАМСКИ ТЕАТАР Режија: Џон Фарвеј „За секого има по една“ Улоги: Харисон Форд Автор: Венко Андоновски Почеток: 10.30 и 13 часот Режија: Владлен Александров Почеток: 20 часот „СИНПЛЕКС“ Сала 1 „Паранормална активност 4“ ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА Жанр: хорор БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ Режија: Хенри Џост И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ Улоги: Бради Ален, Кети ФеНА ВМРО И МУЗЕЈ НА терстон ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИПочеток. 21 и 22.50 часот СТИЧКИОТ РЕЖИМ Сала 9 Меѓународна колекција „Татин син“ Отворен од вторник до Жанр: комедија недела од 10 до 18 часот Режија: Шон Андерс Глумци: Адам Сандлер, МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Ванила Ајс Постојана поставка Режија: Џо Џонсон Улоги: Крис Еванс, Том Ли Џонс, Себастијан Стан Почеток: 15 и 17.15 часот

l

10

l

Тетово

Куманово

l

10

8

l Кичево

l Дебар

7

l Штип

Велес l

9

l Делчево

8

10

l Берово

9

l Радовиш

l Неготино

9

12

l Струмица

l Кавадарци

10 l Струга

7

9

l Прилеп

Макарони на шпански начин ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажичка црвен пипер 125 г путер 1 китка магдонос 500 г макарони 150 г колбаси 150 г кашкавал ПРИГОТВУВАЊЕ: Макароните се варат во солена вода и се цедат. Потоа путерот се загрева и во него се додаваат макароните и се пржат, неколку минути, потоа се додава црвениот пипер. Во длабок сад се меша ренданиот кашкавал, сечканите колбаси и магдоносот. Се меша со макароните и се служи.

13 l Гевгелија

Времето денеска ќе биде стабилно и облачно. Во Скопје минималната температура ќе биде минус 3 Целзиусови степени, а максималната 8 степена. Влажноста на воздухот ќе биде 89 процента. Биометеото е поволно.

Битола

l Охрид

6 l Ресен

l

9 -7 10 ПЕТОК

13

Барселона

4

Букурешт

5

Будимпешта

7

Загреб

8

Софија

15

Атина

2

Приштина

6

Сараево

7

Белград

7

l Кочани

8

Гостивар

9

Крива Паланка

8

Рецепт на денот

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 4 километри на час.

9

l

Скопје l

10

Четврток, 3 јануари 2013 година

-3 САБОТА 8

-2 8

НЕДЕЛА


ЗРНЦА НА МУДРОСТА Вистински пријател ти е тој што знае сè за тебе! Елберт Хабард Кога човек подава рака за да му помогне на друг, тој допира до ликот на божеството!

VID UKRASNO RASTENIE

Ê

A

SPOGODBENO RE[ENIE

ANGLISKO SVETLO PIVO

VID KNI@EVEN ROD JADEWE OD KOMPIRI

Ê

S

REVOLUCIONEROT KAREV

Тој што не е доволно храбар да преземе ризик, нема да постигне ништо во животот! Мохамед Али

R

QUBOVNA POEZIJA PRETSKA@UVA^ NA IDNINATA

RADOVAN PAVLOVSKI

OTSUTNOST OD MESTO NA ZLO^IN SRPSKA AKTERKA OLGA

[UPLINA VO KOSKITE NA ^EREPOT AKONTACIJA UGRO FINSKI PADE@ REKA VO KAMERUN SVE[TENO LICE

"DEN#

AZOT PE^ATENO KNI@EVNO DELO

ISTOK SLIKA NA SVETEC VID PESNI SO PO 14 STIHOVI MINERALI

RADIUS

GRAT^E VO SRBIJA

KUMANOVO REKA VO ANGLIJA TRIGONOMETRISKA FUNKCIJA SVE^ENA IGRANKA [EGA, DOSETKA (MN.) LI^NA ZAMENKA

ANA TEMKOVA

DOLEN EKSTREMITET BELGIJA

TRETIOT GRAMATI^KI PADE@ NA[ FUDBALSKI GOLMAN SA[A

4 1 6 7 3 3 3 4 5 8 1 3 6 7 7 9

DEL OD VOJVODINA

5

6 5 1 7 4 6 8 4 9 5 9 2 1 9 4 5 1 6

6

1

3 9 4 4 6 2 7 5 3 5 7 9 2 2 1

9 8 3 1 6

3 4 6 7 3 8 1 4 3 8 6 7

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: SKAPANIK, A, POLITIKANT, AMERIKANEC, RP, EROTIKA, ARP, ALIBI, GORI, AVANS, UMOVI, ILGI, SIRANO, I, N, SONETI, KU, R, KOSEKANS, UB, VICOVI, DATIV, NOGA, ILI], BANAT; SUDOKU: 1) 841 627 935, 725 349 618, 369 851 742; 273 568 491, 194 273 586, 658 194 273; 436 712 859, 517 986 324, 982 435 167; 2) 746 259 138, 582 317 946, 139 468 275; 814 672 593, 297 543 861, 365 981 427; 451 796 382, 973 825 614, 628 134 759

Кога стар човек ќе направи грешка, велиме дека му избегал умот, а кога млад човек ќе направи грешка, велиме дека сè уште не му дошол умот! Корејска поговорка

Ê

POPULARNO IME ZA @ITEL NA SAD

PISATELOT DE BER@ERAK

Прекрасна е младоста кога знаеш со кого ќе остариш! Жарко Лаушевиќ

REKA VO NOVGORODSKATA OBLAST VO RUSIJA

PSEVDOPOLITI^AR

PAMET, RAZUM (MN.)

Нема пожална слика од таа да видиш млад човек кој е песимист! Марк Твен

SREDSTVA ZA BRZO SU[EWE ^OVEKOJADCI

AMPER MILUVAWE PO VRATOT

[UMI, PLANINI

Подобро е да научиш нешто што не е потребно, отколку ништо! Гете

S

É

SLAB U^ENIK (FIG.)

FRANCUSKI SLIKAR @AN

Волт Витман

47

РАЗОНОДА

Четврток, 3 јануари 2013 година


С ПО РТ Во МЗТ станав подобар играч

Четврток, 3 јануари 2013 38

40-41

Нека ни дојде ЛШ под елката

Гордо по стапките на својот татко 36-37

42

НОВОГОДИШНА ДОМИНАЦИЈА НА ЈАКОБСЕН

ВИЦОТЕКА

Доаѓа крадец во домот на русокоса девојка, à вперува пиштол во главата и ја прашува: - Пари или живот? - Па, живот веќе имам, а парите добро би ми дошле! * * * Бабичка ги повикува пожарникарите: - Ве молам дојдете итно, некој се обидува да ми влезе низ прозорецот во станот и да ме силува! - Госпоѓо, тоа не е наша работа, веднаш ќе ве поврзам

со полицијата! - Не, вие ми требате. Донесете му веднаш подолги скали! * * * Едно семејство се вози со автомобил во спротивен правец и во еден момент мајката ја вади главата надвор од прозорецот, а во тој момент поминува друг автомобил и à ја откинува главата. Сите се смеат, освен малата Ема која плаче! Татко à à вели: - Зошто плачеш? - Па, не видов - одговара таа!

ТИКЕТ СЕК Ј Фреамунде Белененсес Хартс Хибернијан

2

Химки Барселона

2

Бросе

ет 3+ Реал МБаадск р

Коефициент 5,2

ид

2


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.