Moja zemja septemvri 2014

Page 1

број 107 септември 2014 50 ден www.ffrm.org.mk Комфорно работно место

Аронија во Лера Одгледување на чорбаџиска пиперка

Чери домати

Син јазик

Калемење на кинеска урма


КОМПЛЕТНА ФИНАНСИСКА ПОДДШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ


УРЕДНИЧКИ ЗБОР

ЗЕМЈОДЕЛСТВО Земјоделството е една од најзначајните стопански гран­ки и тоа не само кај нас туку и во регионот. Тре­ба да се работи и во поглед на иновативноста, заш­титата, здружувањето, зголемувањето на при­ хо­дите, правната регулатива. Европските пазари, може да се каже дека се посакувана дестинација за државите од Југо­ис­ точ­на Европа, но за да се биде конкурентен и за да се настапи, треба да се прилагоди производството на ЕУ стандардите и регулативите. Млекопроизводството е една од болните точки во зем­јоделството. Поскапување на сточна храна, не­ достиг на количество млеко, појава на болести ка­ ко што е син јазик. Треба доста да се работи на ова по­ле во делот на квалитет, исхрана, хигена. Јаболкопроизводството е еден од најпогодените из­возни сектори, особено во делот пласман и ште­ти кои се направени со климатските промени. Град­от оваа година го уништи родот во преспанскоре­сенскиот регион. Овоштарството е еден од важните сектори во РМ, на којшто треба посебно да се работи во поглед и на пласманот, но и во делот на користење на со­ вре­мени технологии и побарувани сорти. Доматот и другите градинарски култури се обе­леж­ је на македонското земјоделство. И оваа гранка се соочува со слични проблеми како и останатите. Економскиот развој и тоа како е потребен за се­ла­ та, а тоа и директно ќе влијае на аграрот. Лозарството е, исто така, извозно орентирана гран­ка за која треба да се работи и на квалитет на гроз­јето и на поголема промоција на нашите вина. Со­работката со општините е неопходна за руралниот развој. Тоа е она на што треба да се работи или потребно е уште многу да се наведува или можеби само малку?! Владините и невладините институции, фармерите, преработувачите и дру­ги инволвирани страни треба да ра­бо­тат на постигнување решенија кои вис­тин­ ски ќе се извршуваат. Ова е едно мое видување, кое на сите ни е јасно, но треба повеќе да работиме на реа­лизацијата. Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

СОДРЖИНА Посета на земјоделски саем на отворено во Република Турција

Моја земја, септември 2014 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Ул. Гиго Михаловски бр. 3, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

12

Агро алтернатива ШТИР - Растение што наликува на човечка клетка

Поледелство Со капка по капка до четири пати поголеми приноси на сончоглед

Интервју Томислав Николовски - претседател на ветринарна комора

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 03.09.2014 Tираж 2500 примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Фото вест - насловна Благојч‌‌е Најдовски

24

26

Пчеларство Органска заштита на пчелите

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk

6

30

Стручни соработници Проф. д-р Драги Танески, Асс. Д-р Александара Мартиновска Стојчевска, Асс. Д-р Ивана Јанеска Стаменковска, Раде Каранфиловски, Стојан Глигоров, Благојче Димитриев, Благој Шоповски, Соња Николова, Сашо Николовски, Лазо Папучкоски, Ванчо Захариев, Ламбе Куциноски, Иван Мицковски Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Лектор Верица Неделкоска

Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

ФФРМ потпиша меморандум за соработка со „Триглав“ и „ПроКредит банка“

Федерацијата на фармерите на РМ потпиша Меморандум за соработка со осигурителната компанија „Триглав“ и „ПроКредит банка“ во насока на развој на земјоделството за поголема искористеност на осигурувањето како мерка за заштита на самите фармери од климатските промени и поволности и попусти во делот на кредитната политика за инвестиции во аграрот.

Лозарите и винариите не постигнаа договор за цената

Лозарите и винарите кои присуствуваа на средбата не постигнаа договор за откупната цена на грозјето. Став на визбите е да се задржат минатогодишните цени, а производителите бараат два денари повеќе. Според лозарите, родот на грозјето е преполовен, болестите, а посебно племеницата, направија големи штети врз родот, така што освен трошоци, големи приходи оваа година ќе нема. Лозарите годинава бараат 11 до 13 денари за килограм „смедеревка“ и 13 до 15 денари за сортата „вранец“ што за винарите е префорсирана цена. Имено, претставници на Федерацијата на фармерите на РМ присуствуваа на средбата во Министерството за земјоделство каде што се разговараше за откупната цена на грозјето. l 4 | МОЈА ЗЕМЈА

Токму со двете деловни институции, ФФРМ планира да реализира промотивни настани и спроведување на заеднички активности во насока на развој на аграрот и справување со предизвиците на овој сектор, како што се климатските промени од една страна и создавањето конкурентен производ преку иновативни технологии, кои се значајни инвестиции за македонското земјоделство. l

Промоција и загарaнтиран пласман на овчото сирење Одгледувачи на овци, членови на ФФРМ, присуствуваа на регионалната манифестација „Денови на одгледувачи на овци и кози“, која по деветти пат се организираше на падините на Бистра, во Маврово. На манифестацијата присуствуваше и претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, кој истакна дека ваквите манифестации се неопходни за промоција на овчарството и поттикнување на неговиот развој. Фармерите-членови на ФФРМ зедоа учество во натпреварите за стрижење овци, молзење овци и избор на најдобро сирење кое се подготвува на традиционален начин. Покрај натпреварите, настанот беше збогатен со борби на пеливани и програма со традиционална, народна музика. Имено, во Македонија постои тенденција на намалување на бројот на овци – од 778.000 во 2010 на 730.000 во 2013 година. Некогаш овој број изнесувал и повеќе од 2 милиони овци и токму овчарството е сектор по кој е препознаена нашата држава. Треба доста да се работи, посебно на модернизирање и изнаоѓање начини за загарантиран пласман на производите. l


ФФРМ

Публикувани ЈИЕ Протокол за поддршка и Водичот за добри практики ЈИЕ Протокол за поддршка и Водичот за добри практики се едни од значајните алатки кои се развиени во рамките на проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија на растителното и сточарското производство АГРО-СТАРТ“ кои се публикувани во седум држави (Романија, Бугарија, Грција, Италија, Словенија, Македонија, Албанија) од страна на 12 организации. Федерацијата на фармерите на РМ учествуваше во процесот на нивната подготовка преку собирање информации и добри практики со единствена цел – да се помогне на организациите за бизнис-поддршка, на компаниите кои нудат услуги, на малите и средни претпријатија, организации со добри практики за развој на нивните бизниси и да се овозможи развој на земјоделството во Југоисточна Европа каде што растителното и сточарското производство играат важна улога и имаат исти проблеми и предизвици: мало користење на иновации, технологии, механизација, слаба едукација, мала инволвираност на млади луѓе, директно влијание на економската криза, проблеми во креирањето конкурентни производи на домашниот, регионалниот и европскиот пазар. ФФРМ ги публикува овие алатки на македонски јазик и ќе ги достави до засегнатите субјекти кои се целни групи во проектот. ЈИЕ Протоколот за поддршка е алатка која дава сугестии за тоа како да се промовираат и да бидат достапни иновативните пристапи за малите и средни претпријатија за сточарско и растително

производство во ЈИЕ. Базиран на заеднички пристап на учење, во него се користат добри практики и резултати кои ќе овозможат користење на успешни, преносливи, иновативни пристапи. Главниот партнер на проектот, Нацио- на храна (ГЛК) во рамките на проектот налната федерација на синдикати за „Безбедност на храната во Југоисточна Европа 2012 – 2013“, изработена од Инземјоделство, храна, тутун, земјишта и тернационалната фондација Балкан Нет. слични услуги, АГРОСТАР, Романија, во Водичот на добри практики ја содржи соработка со останатите партнери, го работата од петте тематски работилници подготви ЈИЕ Протоколот за поддршка на кои партнерите ги избраа најдобрите кој нуди алатки за поддршка како што се примери на иновација и претприемнитранснационална база на податоци на земјоделски мали и средни претприја- штво во секторите на растително и сточарско производство од нивните земји. тија и компании кои даваат услуги за Темите на петте тематски работилниподдршка на развојот на сточарскиот и растителниот сектор, автодијагности- ци се: l Ефективни пристапи за услугите за цирање, пакет за поддршка, ЈИЕ виртуелен пазар. дијагностицирање и проценка на иноЈИЕ Протоколот за поддршка е ин- вативни и/или ефикасни процеси на тегриран и синергетски овозможува производство и работење за целните употреба на сите алатки на проектот, кои сектори; l Ефективни пристапи на алатките за ќе бидат тестирани од страна на партнерите и засегнатите страни, а се органи- финансиска поддршка за МСП во старизираат и курсеви преку е-учење. те, новите земји-членки и земјите-канВодичот на добри практики е ди- дидати и како да се обезбеди поддршка зајниран врз основа на петте тематски за МСП за нивната достапност и присработилници, на кои партнерите ги тапот до нив (финансиска поддршка за презентираат најдобрите примери на претприемачи, за иновативни пристапи иновативни добри практики во своите итн.); l Ефективни пристапи за технологија матични држави. Водичот е подготвен од италијанскиот универзитет UNIMOL и транфер на иновации за МСП; l Ефективни пристапи за промовии содржи 31 добра практика од кои две се македонски: ИПАРД онлајн-алатка за рање и потпомагање на претприемниинформации, изработена од Центарот штвото во целните сектори; l Ефективни пристапи на проценка за промоција на одржливи земјоделски практитки и рурален развој – ЦеПро- при влез на нови пазари, достигнување Сард, пристап до финансиите во агро- на европски стандарди за квалитет, бизнисот и алатката „Обезбедување промоција на производи и олеснување на квалитет за мали производители на интернационализацијата на МСП. l

СЕПТЕМВРИ 2014| 5


ФФРМ

Федерацијата на фармерите на РМ постојано организира посети на саеми во регионот, па така 75 фармери присуствуваа на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција, каде што на 120.000 квадратни метри беа презентирани новитети од областа на земјоделската механизација, семенски материјали, сточарство. Станува збор за еден од поголемите саеми на отворено кој е организиран со поддршка на DLG Fuarcilik.

П

римената на новите технологии е од неопходна важност за развојот на земјоделствто, но од друга страна, станува збор за инвестиции за кои секој фармер сака добро да ја знае придобивката пред да започне да вложува. За таа цел, едни од најдобрите средства за успешна презентација и укажување на важноста на новите технологии се саемите. Федерацијата на фармерите на РМ постојано организира посети на саеми во регионот, па така 75 фармери присуствуваа на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција, каде што на 120.000 квадратни метри беа презентирани новитети од областа на земјоделската механизација, семенски материјали, сточарство. Станува збор за еден од поголемите саеми на отворено организиран со поддршка на DLG Fuarcilik. Она што е карактеристично за овој саем е тоа што земјоделците може на демонстративен начин да ги видат придобивките и резултатите од новите земјоделски машини. Тука беа презентирани најразлични трактори, комбајни, приклучни машини кои се неопходен и значаен дел од земјоделството. „Во последните пет години, во организација на ФФРМ, преку 800 фармери од нашата држава присуствувале на земјоделските саеми во турските градови Истанбул, Бурса, Адана, Измир и Текирдаг. Преку овие саемски посети се донесени и доста новитети кај нас како што се новите сорти ореви, кои истата година ги садеш и береш, нови сорти 6 | МОЈА ЗЕМЈА

Теренска

на земјоделска

круши, презентација на турски потпорни системи, презентација на турски земјоделски компании“, потенцира Благојче Најдовски, еден од организаторите од ФФРМ за ваквите саемски посети. „За нас, земјоделците, се посебно значајни ваквите саемски посети, посебно за поледелството и сточарството, бидејќи станува збор за сектори каде што се бара вложување за да се има добар и квалитетен производ. Знаеме дека во текот на жетвата помали загуби ќе имаме ако имаме нови комбајни и добра механизација. Истото важи и за млекото – ако имаме добра и правилна исхрана и хигиена, ќе имаме квалитетен производ. Ваквите саеми овозможуваат да видиме нешто ново и тоа да го применеме на нашите фарми“, вели Стеванче Јорданоски, фармер и член на УО на ФФРМ од пелагонискиот регион.


презентација механизација

Покрај земјоделските производители од Македонија, на саемот присуствуваа и државниот секретар во Министерството за земјоделство на Република Македонија, Бесир Јашари, како и претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, кои имаа поздравни говори за време на свеченото отворање на саемот. Според државниот секретар, ваквите саеми кои се резултат на соработката помеѓу асоцијациите на фармери, претставуваат одлична можност за размена на искуства и се од големо значење за унапредување на македонското земјоделство. „Се гледа една висока технологија, модерна технологија којашто нас и тоа како нè интересира. Затоа сме дојдени. Исто така, веќе направивме и одредени договори, а го закажавме и првиот состанок со организаторите кој треба да се ре-

ализира во втората половина на септември по што ќе се обидеме да направиме еден ваков саем во Република Македонија со цел германско-турските искуства да им ги пренесеме и на нашите фармери“, истакна Бесир Јашари, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, присуството на еден ваков саем е многу значајно бидејќи фармерите имаат можност да се запознаат со сè што е ново во земјоделското производство. „Федерацијата на фармерите веќе десетина години наназад ги следи случувањата на повеќе саемски манифестации ширум Европа со цел фармерите одблиску да се запознаат со новите технологии во производството и истите да ги применат кај нас, во Република Македонија. Последните пет години сè

почесто сме присутни во Република Турција каде што се организираат саемите на отворено. За нас овие саеми се посебно интересни бидејќи на лице место може го да видиме целиот процес на производство, почнувајќи од семе, па сè до готов производ. Овие искуства се многу важни бидејќи тука точно може да се види целиот процес – како треба да се работи и кои техники да се применат за да се дојде до едно европско производство“, рече Никола Стаменов, претседател на ФФРМ. За време на неколкудневниот престој во Турција, претставници од ФФРМ остварија и повеќе значајни средби со претставници од турското министерство за земјоделство, претставници од земјоделскиот институт во Текирдаг, а ја посетија и фабриката за производство на трактори „Хатат“. l СЕПТЕМВРИ 2014 | 7


АПРЗ – ГРАДИНАРСТВО Одгледување на пиперки

Чорбаџиска лута и блага - барани на пазарот

Ч

орбаџиската пиперката полека зафаќа поголеми површини кај нас и засега се одгледува на отворено. Станува збор за многу родна сорта за која имаат голем интерес индустриските капацитети и која се употребува претежно за киселење. Се среќава како блага и лута чорбаџиска пиперка. Таа заслужува да биде застапена на уште поголеми површини бидејќи е доста отпорна, дава висок принос, а со тоа и повисок приход. Пиперката е топлољубиво растение. Оптималната температура за никнување е 22-25°C, а минималната температура за 'ртење е 15°C. Најмногу цветови и најдобро оплодување има кога се одгледува на температура 25-30°C, а ноќната температура е 15-21°C. На температура преку 32°C и под 15°C доаѓа до опаѓање на цветовите. Најмногу светлина бара од никнувањето, па сè до физиолошката зрелост. При производството од расад, фолијата мора да биде чиста за да пропушта повеќе светлина. Многу е битно да се внимава на калењето на расадот, односно на неговото привикнување на дневна светлина. Поради големите потреби за вода и релативно слабата развиеност на кореновиот систем, најмногу вода бара помеѓу 12 и 14 часот. Ако нема доволно влажност во овие периоди, лесно доаѓа до појава на ожеготини на листот и плодот. Оптималната влажност е 70-80%. Ниската влажност и високите температури резултираат со опаѓање на цветовите и плодовите. За пораст и развој на пиперката, потребни се повеќе хранливи елементи во почвата, како органски, така и минерални ѓубрива. Во фазата на полно зреење, потребен е фосфор и калиум. При недостиг на фосфор се појавуваат темнозелени листови до виолетова нијанса, опаѓање на цветовите и неправилно формирање на плодовите. При недостиг на калиум и калциум се намалува отпорноста на пиперката. Треба да се избегнуваат места и почви каде што се јавуваат доцни есенски мразеви. Треба да се избегнуваат подрачја кои често се проследени со град и подземни води. Како плодоред или добри претпосеви се едногодишните легуминози, стрните жита и новообработени површини. 8 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров Лоши претпосеви за пиперката се: домат, компир, тутун, краставица. По основната обработка на површината, таа се доработува со тањирачи и фрези. Семето пред сеидба мора да биде третирано поради избегнување на разни болести. По производството на квалитетен и здрав расад се поминува кон расадување. Расадувањето е од 10 до 25 мај на отворено. Расадувањето на чорбаџиската пиперка треба да се изврши на добро подготвена и наѓубрена површина. Растојанието е 50х20 см. Длабочината на расадување е 5-6 см. Пред сеидба, препорачливо е да се употреби еден од почвените инсектициди кои се дозволени за употреба. Во текот на вегетацијата, обработката се однесува на: окопување, наводнување, прихрана, заштита и берба. Производството на пиперка не може без наводнување. Потребите за наводнување се зголемуваат посебно во фаза на цветање и оплодување. Вкупните потреби за вода варираат. Во наши услови просечно се наводнува 8-12 пати во текот на вегетацијата. Постојат повеќе начини на наводнување, а најдобар е системот капка по капка. Бербата се изведува рачно, во посебна амбалажа од каде што понатаму се носи на пазарите и фабриките за преработка на зеленчук. Пиперката чорбаџиска најчесто се употребува во индустријата за преработки, поточно за киселење. Приносот во наши услови се движи од 30 до 35 т/ха. Во текот на производството, производителот е должен да применува добра земјоделска и хигиенска практика. l


Производство на чери-домати АПРЗ – Градинарство

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

П

роизводството чери-домати се изведува во два периода и тоа пролетно производство и рано есенско производство со тоа што пластеникот е целосно искористен. Чери-доматите кај нас се среќаваат во повеќе региони каде што успешно се одгледуваат. Плодовите најчесто се среќаваат во продажба во маркетите, пазарите и хотелите каде што се употребуваат најчесто како декорација. Инаку, на пазарите достигнува висока цена бидејќи се смета дека чери-доматите содржат доста антиоксиданси и спаѓа во групата минијатурни и лековити плодови. Постојат различни хибриди и сорти на чери-домати, различни по големина и боја. Плодовите се со тежина 10-12 грама, а на една цветна гранка може да има и до 150 плода. На отворено поле на едно растение може да се остават 4-5 цветни гранки или тоа е околу 5-6 кг по стебло. Најчесто се одгледува во пластеници во заштитен простор каде што се оставаат 7-8 цветни гранки или ако се пресмета во родност или принос, 10-12 кг по стебло. Во некои држави се одгледува во текот на целата година, на пример, во Израел каде што климатските услови се погодни за одгледување во текот на целата година.

Мали црвени и лековити плодови Кај нас може да се одгледува од почетокот на март, па сè до крајот на октомври. Има исклучително сладок вкус и многу добро избалансиран однос на шеќери и вкупни киселини и затоа има вистински мирис на домат. Технологијата на производство на чери-доматите е скоро иста како и производството на обичниот домат. Обично на 1.000 м2 се засадуваат 3.000 растенија, колку и обичните домати. Негата на посевот е идентична со обичните домати, но чери-доматот има многу повисок принос, посладок вкус и поздрав е за во исхраната, достигнува висока цена и доста е погоден за декорација. Што се однесува до набавка на семе

и саден материјал во наредниот период се очекува да има доволно количество семе од чери-домати и ќе бидат понудени повеќе хибриди и сорти по облици и боја на пазарот и тоа од топчести до крушковидни форми. Заштитата во текот на производството е иста како и кај обичните домати. Значи, генерално може да се каже дека постојат сорти многу отпорни на болести, а и сорти кои мора редовно да се заштитуваат. Потребно е да се знае дека семето од хибридните сорти не е препорачливо да се употребува во наредната година бидејќи родноста ќе биде минимална. Затоа, за најдобрите хибриди кои имаат и до 150 плодови на китка семето мора да се набавува секоја година. септеmври 2014| 9


ГРАДИНАРСТВО

Слаба заинтересираност за чери-домати И покрај низата позитивни особини, кај нас заинтересираноста за производство на чери-домати од страна на производителите сè уште мала. Според изјавите на некои производители кои веќе нај,авуваат одредена заинтересираност за производство, за поголемо производство, покрај одгледувањето, доста е отежната и бербата. Бидејќи плодовите се ситни, потребна е и поголема работна сила. Засега главно чери-доматите се одгледуваат во домаќинствата за домашни потреби и сосема малку за продажба. Многу подобро би било земјоделските производители кои се занимаваат со градинарство и имаат повеќечлена фамилија да започнат со производство на чери-домати за продажба на пазари бидејќи исплатливоста ќе им биде повисока, а нормално - и профитот поголем. Чери-доматите содржат: бета каротин (жолтите), ликопен (црвените), а црните антоцијани. Сите три вида се јаки оксиданси. Ликопенот може да се внесе во организмот само со домат. Сите домати содржат ликопен, но цревените чери-домати го имаат најмногу. l

10 | МОЈА ЗЕМЈА


Совет „Хемомак“ пестициди

заштита

Правилна заштита на зелката Пишува: дипл. земј. инж. Благојче Димитриев

З

елката во овој период од годината е најактуелна. За производство на добра и квалитетна зелка треба да се посвети внимание на неколку болести и штетници. Меѓутоа, пред сè, треба да се внимава и на плевелите со тоа што ќе се употреби ефикасен хербицид. За сузбивање на плевелите во зелката пред расадување се користат еден од двата хербицида, STOMP AQUA или STOMP 330 E. Овие хербициди се користат за сузбивање на едногодишни тревни и широколисни плевели. STOMP AQUA се карактеризира со висока ефикасност на плевелната флора и висока толерантност на одгледуваната зелка. Овие карактеристики му обезбедуваат универзалност и со тоа го сместуваат на самиот врв на листата на хербициди. Овој хербицид има широк спектар на дејство. Главните плевели што ги сузбива се дивото просо Echinochloa crus-galli, дивата лобода Chenopodium album, мувар Setaria spp, штирот Amaranthus retroflexus, прстенестото просо Diditaria spp, дивиот сирак Sorghum halepense, обичната ветрушка Apera spica – venti, ѕвезденката Stellaria media, дивиот пипер Poligonum spp и многу други тревни и

широколисни плевели. STOMP AQUA е во формулација на водорастворливи микро и макрокапсули со активна материја pendimetalin 455 g/l и се користи во доза од 3 л/ха, додека STOMP 330 E содржи активна материја pendimetalin 330 g/l и се користи во доза од 5 л/ха. За решавање на овие заболувањета треба да се употребат неколку фунгициди. ORVEGO е нов системичен иновативен фунгицид наменет за сузбивање на пламеници кај повеќе култури, како и кај зелка во доза од 1 л/ха. ORVEGO е одличен фунгицид за сузбивање и на Pythium spp (сечењето на расад). Нов модерен и веќе докажан фунгицид од компанијата BASF против пламеници е фунгицидот ENERVIN кој се користи во доза од 2 кг/ха. Тој е комбиниран системичен фунгицид кој се користи кај разни видови култури во текот на целата вегетација. SIGNUM е системичен превентивен фунгицид со широк спектар на дејство. Кај зелката се употребува во доза од 1 кг/ха. Се користи против разни заболувања како што е сивото гниење, белото гниење, црната дамкавост, сивата дамкавост. За сузбивање на пламеници се препорачува и новиот бакарен фунгицид CUPROZIN.

Бакарниот фунгицид CUPROZIN е во формулација на бакарен оксихлорид 350 г/кг и се користи во доза од 3-5 кг/ ха. Освен од габични заболувања, зелката може да биде нападната и од голем број инсекти како што се големиот зелкар Pieris brassicae, малиот зелкар Pieris rapae, зелковиот молец Plutella spp, совицата Plusia spp, зелковата мува. За сузбивање на овие инсекти е новиот системичен и високоефикасен инсектицид ALVERDE кој се користи во доза од 1 л/ха. Овој инсектицид има контактно и дигестивно дејство на инсектите. ALVERDE е потполно нов инсектицид кој се одликува со одлично дејство на ларвата во сите стадиуми и на имагото на инсектите, како и со исклучителна селективност кон одгледуваната култура. Новиот механизам на дејство на ALVERDE доведува до директно дејствување на ензимите и го блокира протокот на јони низ натриумскиот канал во нервниот систем на инсектот. Каренцата за зелка е само три дена. Други два препорачани инсектициди за сузбивање на штетниците кај зелката се NURELLE D кој се употребува во доза од 1 л/ха и PERFEKHTION кој се користи во доза од 1-1,5 л/ха. l

септевмри 2014| 11


АГРОАЛТЕРНАТИВА АМАРАНТУС (ШТИР)

Штир - растение што наликува на

човечка клетка На штирот му се утврдени следниве позитивни својства: противканцерогено, противрадиjациско, противмикробно, противгабно, со истовременo нормализирање на ткивното дишење. Тој во присуство на вода го врзува кислородот и ги снабдува органите на човечкото тело

Ш

тирот (Amaranthus sp.), чие име во буквален превод значи бесмртност, е растение од кое на светско ниво се одгледуваат голем број видови за разно-разни цели и се создаваат сè повеќе сорти за производство на храна за стоката и човекот. Кај нас е познат видот Amaranthus retroflexus (див штир) кој се користи за храна за животните. Ретко кој знае дека има уникален состав со лековити својства. Семето содржи 16-18% белковини, количество поголемо од пченицата и со квалитативен состав кој го надминува оној на млекото. Ова соединение е блиско по состав со човечката клетка и во присуство на вода го врзува кислородот од неа и со него ги снабдува ткивата и органите на човечкото тело. Се знае дека кислородот ја овозможува поинтензивната преработката на хранливите материи во организмот на човекот со што се избегнуваат причините за разно-разни заболувања. Недостигот на кислород и разрушувањето на клетките од недостиг на оксиданти се смета за основна причина за настанувањето на ракот кај човекот. На штирот му се утврдени следниве позитивни својства: противканцерогено, противрадијациско, противмикробно, противгабно со истовремено нормализирање на ткивното дишење. Ова растение било познато одамна и денешните културни видови потекнуваат од Јужна Америка каде што се одгледувало пред повеќе од 6.000 години и од тогашните народи било нарекувано златно божјо зрно. Сепак, интересот од современата наука за него почнува поинтензивно од 1972 година кога австралиски експерти по физиологија на растенијата откриле

12 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: Ванчо Захариев, д.з.и. дипломиран земјоделски инженер дека зрното на оваа култура содржи многу повеќе белковини од пченицата, пченката, оризот и други жита. Посебно внимание кај експертите привлекло ова растение откако е утврдено дека и припаѓа на групата со четири Ц тип на фотосинтеза кои усвојуваат 2-2,5 пати повеќе јаглерод диоксид од растенијата, кои не се со тој тип фотосинтеза, рационално ја користат водата и даваат растеж и продукција при високи температури, односно кога другите растенија умираат или се сушат, штирот опстојува и дава принос. Денес се најраспространети видовите Amaranthus caudatus и Amaranthus paniculatus од кои се создаваат сорти за производство на зрно и Amaranthus gangeticus и Amaranthus mangostanus од кои се одгледуваат сорти за зеленчук. Создавањето сорти е насочено кон сорти за производство на семе, за комбинирана употреба и за зелена маса. Растението штир е едногодишно високорасно (до 3 м) зелјесто растение со листови со разни форми и големини, зашилени на врвот. Цветовите се собрани во различни соцветија, во зависност од видот и сортата. Семето

е многу ситно, бочно сплесканао, со дијаметар 1-1,5 мм, со различна боја и апсолутна тежина од 0,4 г. 'Ртливоста ја задржува до 4 години. Едно растение може да даде половина милион семиња. Приносот на зрно се движи до 3 т/ха кај сортите за зрно и до 70 тони кај сортите за зелена маса. Вегетацијата е до првите појаки мразеви за сортите за зелена маса и до 120 дена за зрно. Во наши услови за цела вегетација посевот за зелена маса може да даде 2-3 приноса. Штирот успева скоро на сите почвени типови и многу подобро ја поднесува сушата и топлината од културите што ги одгледуваме за сточна и човечка исхрана. Штирот се сее кога почвата на длабочина од 4-5 см е загреана на околу 6°C и е доволно влажна. За сеидба почвата треба да биде подготвена за ситни семиња. Се сее на растојание 45-70 см меѓуредово и 10-20 см во редот со околу 1-2 кг/ха семе, во зависност од тоа дали сортата е за зрно или за зелено, од плодноста на почвата и од климатските услови. l


За високи приноси потребно е соодветно количество ѓубре, околу 50 т/ха арско или 300-500 кг/ха NPK ѓубриво, така што по секое косење кај сортите за зелена маса по 100-150 кг/ха амониум нитрат или уреа. За зелена маса се коси во моментот на искласување, а за зрно кога соцветието е при крај на созревање.

Лековити својства Покрај големата содржина на белковини, и избалансираноста на аминокиселинскиот состав (влегуваат 13 заменливи и 9 незаменливи аминокиселини) му дава диеталност поради што семето од растението се употребува во продукти за исхрана на децата. Минералниот состав се состои од калциум, железо, фосфор и значително количество од другите макро и микро елементи. Содржината на калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум е поголема од таа во млекото, а содржината на калиум и железо е три пати повеќе од таа во пченицата. Содржината на масти е 5-9% од кои 77% незаситени масни киселини, од кои 50 % отпаѓа на линолната киселина која организмот не може да ја создава. Содржината на јагленохидрати е 63%, главно скроб и малку шеќери. Од витмини застапени се: витамин А, Бкомплекс, витамин Е и витамин Д. Содржината на растителни влакна во зрното кои се од големо значење за хранопроводниот систем на човекот во современиот начин на живеење е поголема од таа во овесот и пченицата. Зрното не содржи глутен поради што е значајна алтернатива во исхраната на луѓето кои имаат проблеми со него. Штирот содржи 8-15% СКВАЛЕН (никаде и од никој извор не може да се најде во такво количество), освен во маслото кое се добива од семето на штир. Инаку, скваленот се јавува како основна компонента на човечката кожа.

Како да станам член во ФФРМ

Придобивки од квинојата

Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042

Семето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија. Семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БЕМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. Содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) l


Заштита

Контрола на квалитет на производите

Анализа на резидуи од пестициди Пишува: м-р Крсте Ташев – Државна фитосанитарна лабораторија

П

естицидите играат важна улога во производството на храната од растително потекло. Тие ги заштитуваат растенијата од непосакуваните болести и штетници (инсекти, габични, бактериски и вирусни заболувања) со што се добива поголем и поквалитетен принос. Од друга страна, пак, остатоците од пестицидите (резидуите) имаат негативен ефект при консумирањето, особено ако не се почитува пропишаната каренца. Максималното дозволено ниво на резидуи (МРЛс) е дефинирано согласно дозволените европски максимални нивоа на резидуи кои се прифатени во законската регулатива во Република Македонија. За безбедноста на храна во Република Македонија подеднакво се одговорни фармерите, откупните и преработувачките центри, дистрибутивните мрежи како и институциите во системот за контрола на безбедноста на храна која како главна цел има контрола на безбедноста на храна во целиот синџир од нива до трпеза. Консумацијата на безбедна и здрава храна од растително потекло подразбира и нејзино производство на органски начин без употреба на пестициди. Органското производство е единствен систем кој опфаќа сертификација, инспекција и анализа на растителните продукти за да се осигура дека не се употребувани пестициди при одгледувањето како и дека не се присутни резидуи од пестициди.

14 | МОЈА ЗЕМЈА

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) е во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и е дел од системот за безбедонст на храна во кој спаѓаат и Фитосанитарната управа (ФУ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Статутарните надлежности на ДФЛ, односно на Одделението за хемиски испитувања (ОХИ), овозможуваат контрола на квалитетот на производите за заштита на растенијата по авторизација за употреба во Република Македонија во согласност со годишната мониторинг програма, како и анализа на резидуи од пестициди, како во органското, така и во конвенционалното растително производство.

Лабораториските анализи што ги спроведува ДФЛ имаат за цел за да се зголеми контролата на употребата на пестициди и контролата на нивниот квалитет и тоа ќе резултира со: поголем принос во растителното производство, поквалитено растително производство, контролирана употреба на пестициди за заштита, контрола на квалитетот на пестицидите во однос на активната супстанца, производство на безбедна храна, поголем извоз на храна од растително потекло на ЕУ-пазарите и зголемена доверба на фармерите и крајните потрошувачи. ДФЛ е единствената акредитирана лабораторија од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) за мул-


тирезидуална метода (http://www. iarm.gov.mk/files/Akreditirani-tela/ Laboratorii/OB05-25_LT-036.pdf). Oдделението за хемиски испитувања во ДФЛ располага со современа и софистицирана опрема за анализа на резидуите од пестициди, а тоа е LC/MS/MS (UPLC Agilent 1290 & TripleQuadMS 6420), со кој во моментот покриваме околу 120 пестицидни резидуи со тенденција на постојано зголемување на бројот на

резидуи. Границите на детекција и квантификација на присуството на пестициди потполно ги исполнуваат ЕУ-барањата, така што границите на квантификација на пестицидите изнесуваат 0,01 mg/kg. Исто така, покриваме околу 32 земјоделски култури, овошје и зеленчук (домат, пиперка, крaставица, диња, јаболка, круша, кајсија, банана, цреша, праска, кромид, праз, карфиол, бриселско зелје, зелка, брокули, марула,

спанаќ, босилек, грозје, лимон, мандарина, портокал, јагода, боровинка, малина, црна рибизла, црвена рибизла, бела рибизла, киви, ананас и др.). Во согласност со нашите политики за квалитет и однос кон клиентите се трудиме да им излеземе во пресрет на нивните барања за навремена и точна анализа и согласно динамиката на работа што ја имаме воспоставено, резултат од анализата се добива за 2-3 дена. l

Тестирања за органско производство Со поддршка на ЕУ-проектот за „Органско земјоделско производство и заштита на квалитетот на земјоделските производи“ кој има за цел да придонесе кон развојот на земјоделскиот сектор во земјата преку зајакнување на институционалните и административните капацитети за земјоделство и преку спроведување на политиката за рурален развој, ДФЛ ќе ги изведува потребните тестирања поврзани со органското производство и тоа во однос на присуството на резидуи, со што директно е вклучена во сертификацијата и контролата на органското производство. СЕПТЕМВРИ 2014| 15


АПРЗ ОВОШТАРСТВО Магнум – садници за јаболка

Садници – Пушти го да расте Пишува: дипл. агр. Ламбе Куциноски

В

о поново време на пазарот се појавија садници „let in grow“ (пушти го да расте) или „magnum“, кои претставуваат последен збор од технологијата во производството на садници. Според своите карактеристики, тие се подобри дури и од двегодишните „knip“ садници. Садниците „Magnum“ имаат вретеновидна форма и се обрастени со кратки родни гранчиња. Веќе од втората година можат да дадат и по 40 тони на хектар, а во третата дури и 70 тони по хектар. Бидејќи садниците се калемени на слабо бујна подлога, задолжително треба да се постави потпорна конструкција. Потребно е да се постави и систем за наводнување капка по капка, со кој истовремено ќе се врши и исхрана – фертиригација. Кај овошните насади се применуваат повеќе системи на одгледување, но со појавата на нови технологии во овоштарството, тие системи постојано се модификуваат. Денес најчест систем на одгледување е – витко вретено. Со оваа технологија се засадуваат над 1.000 садници по хектар и е едноставен за одгледување. Во изминативе неколку години во светски рамки се одгледуваат супер густи насади со околу 4.000 садници по хектар. Овие садници се калемени на слабо бујни подлоги од типот М-9 и подлоги со слична бујност како што се: јорк, сапор, емла и др. При ваквиот начин на одгледување доаѓа до зголемување на приносите во квалитет и квантитет. Во вакви овоштарници полесно се контролираат работните операции, како и извршувањето на агропомо и фитозаштитните мерки.l

Претплата на „Моја земја” Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.



ОВОШТАРСТВО

Одгледување на азиски плодови

Калемењето се врши на сеанци на изданоци од коренот на дива драка чалија PALIURUS SPINA CHRISTI. Најдобри резултати се постигнуваат ако се калеми на заспана пупка по 15 август на добро подготвени подлоги и калем гранки. За успешно прифаќање треба растението да се наводнува и пред и по калемењето. Пишува: Лазо Папучковски

К

инеската урма води потекло од азиските земји од поладни и влажни клими во Кина од каде што го добила името кинеска урма. Ја има во Русија, во последно време се шири во Бугарија, а веќе се одгледува и во Македонија каде што дава одлични резултати и успева како домашно автохтоно растение. Во Македонија кинеската урма ја работеше Институтот за лозароовоштарство кој имаше опитни полиња кои сè уште егзистираат. Постојат повеќе вариетети кои издржуваат ниски температури до минус 15 Целзиусови степени, а има вариетети кои издржуваат ниски температури и под минус 30 Целзиусови степени.

Кинеската урма

калемена на Драка

Два различни калеми на исто дрво 18 | МОЈА ЗЕМЈА

Во однос на големината на плодовите, постојат вариетети со ситни округли плодови и други вариетети кои се со покрупни и издолжени плодови. Ги има во форма на голема крупна маслинка, издолжени плодови во вид на желад, а некои калеми имааат крушковидна форма и се големи колку рани летни крушки. Кинеската урма има плиток корен и затоа бара доста влага и наводнување, но доколку се калеми на драка како подлога, таа издржува и успева и на аридни површини што се должи на добро развиениот коренов систем на драката. Листот е светлозелен, мазен, сјаен, сложено пераст и со неговиот декоративен изглед е одлична


Калемена Кинеска урма на род

Лековити својства Плодот е богат со витамини, шеќери и минерали и се препорачува за дијабетичари, а кај народот е познат како добар афродизијак. Поради високата содржина на корисни состојки и витамин Ц, плодовите на кинеската урма се употребуваат за снижување на крвниот притисок, за лечење на грчеви во желудникот, за ублажување на кашлицата и против несоница, за забавување на стареењето на организмот. Плодовите се користат за јакнење на имунолошкиот систем на организмот на човекот. Плодовите може да се јадат свежи, сушени или за разни

декорација за урбани средини како паркови и градско зеленило. Висината на едно растение може да достигне од 3 до 5 метри во зависност од режењето. Цвета од јуни до крајот на август со ситни жолти цветови кои излегуваат од пазувите на листот во гроздови од три до четри цвета, зрее од крајот на август до октомври во етапи и тоа како што и цвета така и зрее. Таа е добро медоносно растение кое е масовно посетено од пчелите. Кинеската урма се размножува: 1. Генеративно, со семе кое не ги пренесува сите особини на родителите и кај некои растенија постојат бодликави трнови на гранките,

преработки. Листовите, кората и растителната маса се користат во фармацијата за подготовка на разни лекови, сирупи и чаеви. Листот, исто така, содржи многи лековити состојки: богат е со катехини, рутин, кумаринови материи, шеќери, витамин Б1, како и други материи кои се користат во медицината. Плодовите на кинеската урма може да се користат веднаш кога ќе добијат карактеристична боја, бидејќи постепено созреваат и до крајот на октомври почнуваат да се збрчкуваат и да паѓаат. Месото е со беложолта боја и пријатен киселкасто-сладок вкус, малку сув и со арома на јаболко. Во плодот има семка која е со издолжена форма.

2. Со изданоци од коренот 3. Со калемење Размножувањето со калемење се врши на сеанци на изданци од коренот на дива драка чалија PALIURUS SPINA CHRIST. Најдобри резултати се постигнуваат ако се калеми на заспана пупка по 15 август на добро подготвени подлоги и калем-гранки. За успешно прифаќање треба растението да се наводнува и пред и по калемењето. Калемењето на драката, која кај нас расте покрај патиштата и ридските терени, се врши во Април кога е во тек сокодвижењето на растението. Се калеми под кора со седло и без седло на калем-гранката.

Калемењето може да се изведе и со расцеп на подлогата на калемените растенија кои се без боцки со покрупни плодови и подекоративни. Од моето лично искуство од падините на Скопска црна гора, во Кучково, добри резултати на размножување на кинеската урма се постигнуваат со калемење на драка на расцеп и калемење под кора со и без седло на височина од 10 до 15 сантиметри од земјата. Предност на ова растение е тоа што не се прска и дава органски плодови кои се отпорни на болести и инсекти. Едно дрво во полна родност дава и до 50 килограми плодови. l

СЕПТЕМВРИ 2014 | 19


ОВОШТАРСТВО

Органско производство на аронија

ЗрнестИ витаминИ во Лера

Александар Павловски заедно со неговиот брат Зоран и таткото Дени произведуваат органска аронија на површина од 2 хектари во битолското село Лера. Карактеристично за органското производство на аронијата е тоа што не се прска со хемиски препарати. Приност се движи од 5 кг по стебло на насад на четиригодишна старост на дрвцето, а цената е 2 евра од килограм.

Б

Пишува: Билјана Петровска-Митревска

итолското село Лера е лоцирано во првата зона на заштита на езерото Стрежево во чиста и незагадена средина. Самото место дава посебна привлечност и има одлични услови за органско производство. Тоа било мотив за Александар Павловски кој заедно со неговиот брат Зоран и таткото Дени започнале со производство на органска аронија на површина од 2 хектари. „За лековитите својства на аронијата слушнавме од пријатели и пред 4 години решивме да подигнеме насад. Пријателот од Жабени имаше посадено аронија на мала површина и ни помогна на почетокот. Почетокот беше тежок затоа што немавме искуство со овоштарство. Парцелата беше расцепкана на повеќе делови и беше камењар, така што за да ја подобриме структурата на почвата донесовме 2000 кубици плодна земја и тоа од оние парцели кои ги зафати браната Стрежево. Префрлањето на земјата го правевме со камиони на низок водостој на поплавените површини од браната. Потоа на површината направивме длабоко орање, направивме анализа на почвата, а дополнително на двата хектари ставивме над 100 тони арско ѓубриво. Со длабок плуг за риголовање ги направивме редовите на растојание од 4 метри, за да може насадот да се бере машински со комбајн за берење аронија, за кој веќе сме во преговори да го набавиме од Полска преку ИПАРД програмата“, раскажува Александар за своите први почетоци.

20 | МОЈА ЗЕМЈА


Карактеристики на аронијата Аронијата е овошје со бобичеста форма кое најмногу наликува на плод од боровинка и затоа ја нарекуваат сибирска боровинка. Таа е растение кое расте во облик на грмушка. Нејзиниот плод се јаде, има многу лековито дејство и може да се бере и по два месеци откако ќе созрее. Според дипл. агр. Мирјана Милинг, за аронијата не е потребно прскање бидејќи не може да заболи од болести или вошки. „Аронијата е култура која не е многу пребирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури пониски од -30 до -35°C. Во наши услови ретко се случуваат вакви температурни екцеси, па поради тоа, гледано од овој аспект, оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата, потребно е температурната сума да биде над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви“, потенцира Милинг. Садниците ги набавиле од Полска и една садница ги чинела 2 евра. Тие се посадени на растојание од 80 до 160 сантиметри, од една до друга садница и моментално на двата хектари има 3.500 садници. „Откако се направија редовите, најдолу ствивме арско ѓубре и врз него ставивме слој земја и започнавме со садење на садниците. По садењето, во пролетта инсталиравме систем за наводнување „капка по капка“, во меѓувреме насадот го сертифициравме да биде органски и ги применувавме сите агротехнички мерки за органско производство на аронија“, вели Александар. Карактеристично за органското производство на аронијата е тоа што не се прска со хемиски препарати. Александар истакнува дека аронијата нема поголема потреба од хемиска заштита освен од рутавата буба, штетник кој се јавува за време на цветањето. „Против неа се бориме рачно со собирање по дрвцата и со мамци и тоа пластични чаши од кисело млеко наполнети со вода со цимет и бонбони „негро“ во кои штетниците се дават, привлечени од мирисот. Оваа сезона на целиот насад ставивме 3.000 чаши како мамци“, вели Александар.

Со плевелите, исто така, се справуваат рачно, со плевење, а помеѓу редовите со мулчирање. Наводнувањето е битен предуслов за аронијата која бара многу вода. „За нас олеснителна околност се трите мали акумулации кои ги имаме на самата парцела до реката Шемница, но и фактот дека на парцелата имаме струја која го поевтинува наводнувањето, затоа што наводнувањето со пумпи на струја е десетина пати поевтино од она на дизел-гориво. Имаме инсталирано тајмер така што насадот се наводнува само во ноќните часови за да избегнеме термички шокови“, раскажува Александар. Пред берба од голема важност е насадот секојдневно да се наводнува од што зависи и квалитетот на плодовите. Приносот се движи од 5 кг по стебло на насад на четиригодишна старост на дрвцето, а цената е 2 евра од килограм. За да имаат подобра заработувачка, направиле комора за чување на плодовите од 60 кубни метри во свежа состојба и до 5 месеци на температура од 0 до 2 Целзиусови степени. Тие планираат да започнат да произведуваат и сок од аронија, затоа што лековитите својства на аронијата најмногу доаѓаат до израз со консумирање сок од аронија. l март 2014 | 21



септеmври 2014| 23


ПОЛEДЕЛСТВО Активност за Проектот за експанзија на мали бизниси - УСАИД

Со капка по капка до четири пати поголеми приноси на сончоглед Пишува: Иван Мицковски – Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

С

поред првичниот опит на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси за наводнување и ѓубрење на сончоглед со систем капка по капка се добиени позитивни резултати во делот на приносот. Ферхан Биберовиќ од село Горно Оризари во 2014 стана првиот земјоделец во Македонија кој одгледува консумен сончоглед на поле од еден хектар со систем капка по капка. Ферхан го доби системот како донација од УСАИД за да се испита разликата во приносите која може да се постигне со помош на оваа технологија и соодветните агротехнички протоколи. Почвата на која е посаден сончогледот е од шеста класа, но и покрај тоа Ферхан оваа година очекува рекордни резултати. Според мерењата на масата на семето и густината на насадот две недели пред жетвата, тој очекува да добие принос до 4 т/ха – 2,6 тони повеќе од неговиот највисок претходен принос и од националниот просек. Веднаш до оваа парцела Ферхан има друга парцела со сончоглед која не е наводнувана. Разликата во приносите и квалитетот може да се види со голо око. Според теренските мерења, на ненаводнуваната парцела ќе се добие принос од само околу 0,7 т/ха. „Имам наводнувано само два пати, а разликата е невидена. Подобро е да имаш еден хектар со капка по капка отколку 20 ненаводнувани хектари“, вели Ферхан. Неговото задоволство од системот капка по капка е огромно, па затоа веќе има план од наредната година да го прошири на уште десетина хектари. Квалитетот на семето е, исто така, драстично подобрен и е со проценета парична вредност по килограм која е повеќе од два пати повисока од просечната откупна цена во Македонија.

24 | МОЈА ЗЕМЈА


Пад на производството на сончоглед

1. Парцела наводнувана со систем капка по капка

2. Ненаводнувана парцела

Освен на сончогледот, Ферхан има поставено систем капка по капна и на еден хектар со пченка како дел од иницијативата на УСАИД за модернизација на производството на оваа култура во Македонија. Тој очекува значително зголемување на приносите и на оваа парцела, па затоа аплицираше за поддршка во рамките на националната мерка „50/50“ за проширување на системот на дополнителни 5 хектари во наредната година. Системот капка по капка чини околу 2.500 евра за првиот хектар, но благодарение на зголемените приноси и зголемениот

квалитет, инвестицијата може да се врати за само една до една и пол година. Доколку при набавувањето на системот се искористат средствата од мерката „50/50“, овој период може да биде уште пократок. Една од многуте предности на системот капка по капка е можноста за негово користење на повеќе култури кои се соодветни за меѓусебна ротација, како сончогледот и пченката. На тој начин системот, кој има просечно времетраење од седум години, се искористува максимално без да има потреба од големи промени при по-

Од 1991 година Македонија бележи константен и значителен пад во домашното производство на сончоглед. Додека во 1990 година со сончоглед биле посадени 30.000 хектари, во 2012 година таа бројка опаѓа на само 4.000 хектари. Поради ниското домашно производство, Македонија годишно увезува 30.000 тони сурово сончогледово масло и во процесот губи 34 милиони евра. Овој податок не е изненадувачки кога ќе се земе предвид дека домашното сурово масло чини 49 денари за килограм, а увезеното 34 денари. Причините за ниското производство се многубројни, од намалување на можностите за наводнување поради стареењето на водоснабдувачките системи, до засилувањето на конкуренцијата со странските производители. Сепак, сржта на проблемот е стагнацијата на приносите на сончоглед на национално ниво поради застарените методи на одгледување. Просечниот принос во Македонија од 2007 до 2012 година изнесува 1.453 килограми на хектар, споредбено со 1.763 килограми (22% повеќе) во Европската унија. Оваа разлика делумно се должи на начинот на наводнување и ѓубрење кој се користи во Македонија наспроти дел од земјите на Европската унија. Светската пракса и истражувањата за наводнување на сончоглед го издвојуваат системот капка по капка како најефикасниот начин за наводнување на оваа култура. Опитите на Факултетот за земјоделство при египетскиот универзитет Ал-Захар во 2005 и 2006 година кои ја споредуваат ефикасноста на наводнувањето по бразди наспроти наводнувањето со систем капка по капка покажуваат максимални приноси на сончоглед наводнуван по бразди од 2,5 т/ха, додека максималните приноси на сончоглед наводнуван со систем капка по капка изнесуваат 3,2 т/ ха (27% повеќе). Важно е да се напомене дека овие приноси се добиени во оптимални услови за одгледување на сончоглед. ставувањето од година во година. Со цел модернизација на одгледувањето на сончогледот и пченката во Македонија, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ќе продолжи со финансирање на инсталации на системи капка по капка за дополнителни 120 хектари со пченка и сончоглед во 2015 година. l Септеmври 2014 | 25


Интервју со Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора

За здрав добиток важно е правилно лекување

Подготви: Билјана Петровска - Митревска

В

о РМ се регистрирани слуЛистеријата е бактерија која е шичаи на листериоза. На што роко распространета во природата. Се треба да се внимава и кои наоѓа во почвата, силажата, добиточсе вашите совети за справу- ната храна, птиците и цицачите. За нас вање со овој проблем? е позначајно нејзиното присуство во Листериозата во последниов пе- храната од животинско потекло (свежо риод е актуелна и особено чувстви- месо и месни производи), свеж зелентелна тема особено поради фактот чук и приготвена храна. Заштитни мершто како последица на појава на ху- ки на кои треба особено да внимаваме мана листериоза имаме и починати се: редовно миење на рацете и одржулица во државата. Листериозата не вање лична хигиена, сигурно чување е непозната во светски рамки, па и на храната, складирање на храната во Европа, каде што таа се појавува и остатоците од храна во фрижидер, релативно ретко со фатален исход на одржување на чисти работни простоболеста и ниво на смртност до 30% рии и простории кои се наменети за кај човечката популација. Сепак во обработка на храна од животинско или денешно време инфекцијата од лис- растително потекло, придржување на терија се лечи доста успешно ако операторите на храна кон правилницинавремено се дијагностицира и ако те кои ги одредуваат заштитните мерлекувањето почне во рана фаза од ки за манипулација со храна, редовни појавата на болеста. контроли за утврдување на присуство-

26 | МОЈА ЗЕМЈА

Д-р Томислав Николовски e претседател на Ветеринарната комора. Тој е роден во Битола, каде што завршува основно и средно образование и дипломира на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот во Загреб, Република Хрватска. Од 1999 работи во една од првите формирани ветеринарни клиники во Република Македонија, во Петровец, Скопје. За него функцијата претседател на Ветеринарната комора на Р. Македонија од аспект на нејзин носител, пред сè, претставува општествена и професионална одговорност кон членството кое го избрало и му ја доверило улогата на нејзино вршење во еден четиригодишен мандат со сите предизвици кои реално се наметнуваат во рамките на нашето работење и дејствување. „Императив на ваквото дејствување е постојаната заложба да ја унапредуваме личната и професионалната положба на докторите по ветеринарна медицина во Р. Македонија. Оваа одговорна позиција е прифатена од моја страна и поради фактот дека вршењето на професијата доктор по ветеринарна медицина претставува еден вид јавна одговорност и нераскинлив дел во унапредувањето на јавното здравје и развојот на модерното фармерство и сточарство во нашата земја“, потенцира Николовски.


то на оваа бактерија како за домашните производители така и за увозниците на храна и континуирана едукација на сите инволвирани страни според степенот на ризик и нивно учество во ланецот на производство на храна наменета за консумирање од страна на населението. На што треба најмногу да се внимава за да имаме квалитетен производ и здрав добиток? Ова е една комплексна проблематика која опфаќа сегменти кои меѓусебно се надополнуваат. За здрав добиток, освен спроведување на пропишаните мерки за здравствена заштита на животните кои секоја година се пропишуваат во Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна Агенцијата за храна и ветеринарство, многу важен дел е спроведувањето на куративата, односно лекувањето на животните. Тоа треба да биде вршено од страна на овластени и стручни лица – доктори по ветеринарна медицина. Лекувањето од страна на нестручни лица или од самиот сопственик не само што може да донесе штетни последици по животното, туку носи значителни здравствени ризици. Тука треба да се спомене и благосостојбата на животните, т.е. почитување и спроведување стандарди пропишани во соодветниот закон. Стандардите во кратки црти би опфатиле правилна нега, чување и сместување на животните, редовната консултација на фармерите со експерти од областа на здравјето, исхраната, менаџмент на добитокот, како и едукацијата на фармерите со новите светски трендови во делот на сточарството. Бруцелоза и маститис се секогаш актуелни проблеми кај земјоделците. На што треба да обрнат внимание нашите фармери? Бруцелозата е заразна болест кај животните и луѓето. Предизвикана е од бактерија од родот Brucellа која нанесува огромни економски штети и претставува значаен здравствен проблем кај луѓето, кој остава трајни последици. Болеста се пренесува директно со контакт на плацента, абортирани плодови,

Потпишавте и меморандум за соработка со ФФРМ. Што значи тоа за вас како Ветеринарна комора? Потпишувањето на меморандумот за соработка со ФФРМ е еден многу логичен и целисходен чекор на воспоставување соработка помеѓу две многу тесно поврзани дејности, сточарството и ветеринарното здравство. Сметам дека тој формален чин, кога ќе се спроведе на дело, ќе придонесе за унапредување на сточарството и ветеринарното здравство со цел полесно справување со предизвиците со кои се соочуваат сточарите и докторите во реалноста. Со договорот се воспоставува еден партнерски однос помеѓу сточарите и докторите преку нивните институции, ФФРМ и Комората, и ќе се настојува заеднички да се работи кон подобрување на здравствената заштита на животните и развој на сточарството, со цел обезбедување на конкуретно производство и добивање на здрав и квалитетен производ кој го користи широката популација. Лично, како претседател на Ветеринарната комора, соработката со ФФРМ ја сметам за клучна за реализација на професионалните интереси на докторите по ветеринарна медицина и следење на модерните текови во ветеринарната медицина, што во крајна инстанца е од огромно значење за сточарството. Најзначајно и под број еден во сточарското производство е здравиот добиток.

крв, а интересен е фактот дека мажјакот преку семената течност ја пренесува болеста цел живот. Индиректната зараза настанува ако на паша се мешаат здрави со заразени стада или со околина која е заразена со инфективен материјал. Многу битна информација е излачувањето на бактеријата преку млекото која е директна зараза за подмладокот како и за луѓето кои би консумирале млеко и производи од млеко заразени со бруцелоза. Државата има посебна програма во однос на здравствената заштита на животните по прашање на бруцелозата, која опфаќа редовна контрола со земање мостри крв или вакцинација на подмладокот до 6 месеци. Она на што треба да обрне внимание секој фармер е редовна контрола на движењето на добитокот кое не смее да биде без сертификат за здравствена состојба на животното издаден од овластениот ветеринар, при купување добиток да се внимава да биде утврден здравствениот статус на животното и неговото потекло. Доколку постои сомнеж за појава на блуцелоза во стадото, фармерот е должен да го извести ветеринарниот лекар со кого има потпишано договор за здравствена заштита на животните.

Маститисот е инфекција на вимето предизвикана од различни причинители, најчесто бактерии. Неговата појава предизвикува големи штети во сточарството поради неупотребливоста на млекото, намалување на производството, како и настанување на тотална инактивност на заболеното виме, што претставува основа за шкартирање на грлото. Како основна причина за неговата појава се хигиенските услови во фармата и хигиенските услови при молзењето. За негова превенција важно е подигање на нивото на технологијата на молзењето што би опфатило: дезинфекција на вимето, дезинфекција на машините за молзење, чистење на вимето по молзењето, правилно измолзување и редовна контрола на вимето. Блиската соработка помеѓу одгледувачот и докторот, како и следење на сите инструкции дадени од страна на докторот се клучен фактор за превенција и успешно лекување на маститисот. Кои се активностите на ветеринарната комора? Во претстојниот период ВКМ има за цел да се зафати со решавање на суштински прашања од делокругот на својата работа, нејзиното функционирање и унапредувањето на соработката и контактите со сродни институции во државата, како и надвор од неа. Во овој период значајно е да се истакне зголемениот ангажман што го има комората во делот на намалување на ДДВ-то за ветеринарните услуги и медицински препарати. Комората ќе се сконцентрира на решавање на проблемите што нè тангираат нас ветернинарите, и тоа финансиите кои се поврзани со активностите од јавен интерес. Ова е толку значајно што во иднина ќе претставува основа за финансиска консолидација на ветеринарните друштва кои се овластени за вршење на тие активности. l Септеmври 2014 | 27


СТОЧАРСТВО Катарална треска кај овци

Син јазик

(Bluetongue) Кај акутниот облик прв знак е температура 41-42°C (6-7 дена) и отежнато, забрзано дишење. Вториот или третиот ден се појавува црвенило на слузниците на устата и носот (краста), лигавење, пена на устата и солзење. На устата, јазикот и на пределот на вратот се појавува оток. Во потешки случаи јазикот е толку отечен што излегува од устата, а може да биде темносин со жолти дамки од страните. Зафатените делови во пределот на устата се осетливи и болни и често крварат. Исцедокот од носот е засушен и прави проблеми во дишењето. Понекогаш се јавува пролив, обично крвав, што претставува неповолен прогностички знак. Пишува: ДВМ, доктор по ветеринарна медицина Соња Николова

Б

олеста син јазик е акутна, инфективна, неконтагиозна болест кај овци, а можат да заболат и говеда и кози. Не заболуваат луѓе, односно не е зооноза. Прв пат се појавила во Африка, а подоцна се проширила и на другите континенти. Во Европа е присутна во Португалија, Шпанија, Турција и Грција, a повремено и кај нас. Се појавува сезонски а ја пренесуваат инсекти кои се хранат со крв (комарци од родот Culicoides, крлежи, хематофагни муви). Причинител на болеста син јазик е вирус (20 различни серотипови), кој е отпорен на околните влијанија, осо-

28 | МОЈА ЗЕМЈА

бено на ниски температури. Релативно е отпорен на греење. Вирусот кај животните го пренесуваат комарци од родот Culicoides. Во телото на заразениот комарец може да се намножат од 100.000 до милион заразни честички. Специфичните географски и климатски прилики (влажност, температура) влијаат на размножувањето на инсектите кои, пак, влијаат значајно на епизоотиологијата на болеста, која се јавува во влажни годишни периоди. Болеста се појавува кај овците, говедата, козите и дивите преживари. Во најтешка форма се јавува кај овците со намалување на телесната тежина, намалување на млечноста, нарушување во растот на волната и можна смртност. Постари овци реагираат со потешки клинички симптоми на инфекцијата од јагнињата. Најтешки промени има на ткивата кои се ди-

ректно изложени на околината и кои имаат пониска температура од останатите ткива (слузницата на устата, кожата, папците). Инкубацијата кај овци е 7 дена. Кај акутниот облик прв знак е температура 41-42°C (6-7 дена) и отежнато, забрзано дишење. Вториот или третиот ден се појавува црвенило на слузниците на устата и носот (краста), лигавење, пена на устата и солзење. На устата, јазикот и пределот на вратот се појавува оток. Во потешки случаи јазикот е толку отечен што излегува од устата, а може да биде темносин со жолти дамки од страните. Зафатените делови во пределот на устата се осетливи и болни и често крварат. Исцедокот од носот е засушен и прави проблеми во дишењето. Понекогаш се јавува пролив, обично крвав, што претставува неповолен прогностички знак.


Лечење и превентива Специфична етиолошка терапија нема. Се дава серум за да се подигне општата отпорност на животните. Хигиената треба да биде на ниво, се уништуваат преносителите на болеста– комарците и се спречува контактот помеѓу комарците и животните (контрола на преносителите на болеста). Се вакцинираат овци постари од 3 недели и тоа околу 4 недели пред очекуваната појава на инсекти. Гравидни овци не е препорачливо да се вакцинираат поради појава на накази. Во ендемските подрачја/ земји болеста нанесува големи економски штети заради забраната зa трговија како и трошоците за имплементација на програмите за надзор, дијагностичките испитувања и вакцинацијата. Болеста Син јазик е на A-листата на Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) на болести кои подлежат на задолжително пријавување. Во случај на сомнеж и појава на болеста Син јазик на територијата на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство издава Решение за преземање на мерки. Од страна на Агенцијата формирана е работна група за спроведување на мерки за контрола и сузбивање на болеста Син јазик и согласно Програмата за сузбивање и искоренување на болеста Син јазик која е во целост усогласена со директивата на ЕУ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 104/07).

Промените на нозете настапуваат кога немаат температура и папците се болни и топли на притисок, па животните не сакаат да одат, односно претежно лежат или стојат искривени во грбот. Ушите, исто така, може да бидат отечени и обесени. Кожата по целото тело е често зацрвенета или само на муцката, усните, ушите и препоните. Волната слабо

расте и опаѓа во прамени. Поради пареза на хранопроводот, настапува аспирациска пневмонија која често е директна причина за смрт. Морталитетот многу варира, 2-30%. Кај козите се јавува во многу блага форма. Болеста кај говеда има акутен, субакутен и хроничен тек. Се појавува висока температура од 41°C и плитко и забрзано дишење. Има ерозии

и чиреви на денталната плоча, по јазикот и носот, а повремено и на вимето. Болните грла многу се лигават, кожата им е задебелена и испукана, а влакната опаѓаат. Животните се вкочанети, а во некои случаи доаѓа и до отпаѓање на папците. Интраутерина инфекција доведува до хидроцефалус кај телињата. Леталитетот е 1-3%. l Септеmври 2014 | 29


ПЧЕЛАРСТВО Работа во пчеларникот

Органска заштита на Пишува: Раде Каранфиловски, Апицентар – Битола

О

д август почнува новата пчеларска година, а со тоа почнуваат работите за успешно пчеларење во наредната година. Народната изрека „Она што ќе посееш во есента, тоа ќе жнееш наредната година“, важи и за во пчеларството. Со други зборови, пчелите треба успешно и во што поголема бројност да ја презимат зимата и како многубројни (25-30 илјади) единки успешно да го почнат пролетниот развој, а со тоа успешно да ги искористат и најраните ранопролетни паши, па и натаму сите други паши до ноември. За да го

пчелите

постигнеме тоа, треба да направиме доста подготовки, а најважно од сè е да обезбедиме во друштвото: здрави и долговечни пчели, доволно храна, што поголема бројност, добра вентилација и др. Во ова време добра е заштитата со мравја киселина, млечна киселина и тимол. Бидејќи сега се одгледуваат зимските пчели, тие треба да се недопрени од вароата, а со тоа ќе бидат здрави и витални со долговечност. Токму затоа во ова време треба да се направи и заштитата. Да се исполни тоа, вароата ја уништуваме со средства кои се содржат и во медот.

МЛЕЧНА КИСЕЛИНА Оваа киселина ја има во млекото, месото, сирењето, киселата зелка, медот, пергата и друго. Нејзината ефикасност при заштита од вароа е 80-90%, а се користи како воден раствор со концентрација 13-15%. Треба да се употреби седум недели пред медособирот, а нејзината ефикасност без легло е 94-99%. Дејствува слично како оксалната киселина, апитолот и перицинот. Во присуство на легло, се третира 3-5 пати годишно, температурата да е повисока од 7oС. За апликација, користиме по 5 ml 15% од секоја страна на рамката со пчели при л.р. и ф.р. и 8 мл за д.б. рамки. Да се избегнува третирање при: дождливи денови, голема влажност, лошо распрснување и др. Растворот се става во пумпа (пулверзатор) (сл.3) и се прска поединечно секоја страна од рамката зафатена со пчели. По третирањето, кошницата се затвора и се гледа што побрзо да се исушат пчелите од течноста. Оваа заштита е многу макотрпна и бара многу време. Неа можат да ја прават пчеларите кои имаат помал број кошници. Раствор од 15% се добива ако: а) 1 кг 90% млечна киселина ја раствориме во 6 литри вода; б) 1 кг 80% млечна киселина ја раствориме во 5,2 литри вода; в) 1 кг 70% млечна киселина ја раствориме во 4,3 литри вода; г) 1 кг 60% млечна киселина ја раствориме во 3,4 литри вода. Постојат уште методи за заштита од вароата со етерични масла, КАС-81 и други, но за нив во друга пригода. За КАС-81 би кажал дека е добро да се употребува заедно со есенската прихрана на пчелите, ако пчеларите ја практикуваат.

ТИМОЛ Тимолот е сличен по дејство на мравјата киселина, но неговата цена на чинење е доста висока и оваа заштита е условена со температура која треба да биде помала од 25oС, исто како и за мравјата киселина. Третирањето е пожелно да се изведува доцна навечер, кога температурата ќе падне под 25oС. Дејството на тимолот е многукратно. Покрај уништувањето на вароата, тој дејствува и против варно легло, восоков молец, ноземоза, трулеж и парализа кај пчелите. Може да се третира на температура 8-25oС. Врз вароата дејствува дезориентационо и таа го губи инстинктот за храна, а како гладна брзо изумира. При работа со тимол треба да се избегнуваат: густо населени пчеларници, павилјони, беспашен период, време пред дожд, седум дена пред селење, температура повисока од 25oС, слаби друштва со помалку од 3 рамки. Тимолот е алтернатива за киселините. Неговата ефикасност е до 80% во прав и се дава по 0,25 грама по секоја улица со пчели, односно на 10 улици 2,5 грама тимол. Постапката е следната: се рони тимолот во прав и се прави некоја мерица која ќе собира 2,5 грама. На пчеларникот се отвора кошницата и со цедилка за чај (сл.2) се сее над сите рамки со пчели па се затвора кошницата. Со тимол во скандинавските земји ја искорениле доста упорната ноземоза. Тимолот може да се користи и растворен во алкохол, па со дозата се мачка поклопната штица однатре и се затвора кошницата. 30 | МОЈА ЗЕМЈА


МРАВЈА КИСЕЛИНА Ова е доста јака органска киселина за која при работата се потребни заштитни средства (ракавици, очила и во работата секогаш да се има при рака кофа чиста ладна вода). Како заштита е многу евтина и чини околу 5 денари по друштво. Пред да се оди на пчеларник, подготвуваме парчиња крпи кои се употребуваат во домаќинството. Една таква крпа (19х19 см) е доволна да ја прими пропишаната доза од мравја киселина (сл.1). За секоја крпа треба да се има парче најлонска фолија поголема од крпата (25х25 см) кое ќе се постави над крпата со мравја киселина да не може истата да ја оштетува поклопната штица (ја прави порозна). Шприц кој може да го прими потребното количество киселина (25 мл) и има продолжеток од пластично црево да стигнува до дното на шишето со киселина. Киселината е 85%, се чува 24 часа во фрижидер за длабоко замрзнување да се излади убаво (не мрзне). Пред одење на пчеларникот ја пакуваме во кутија која ќе ја

задржи ладна (туристички термос) во кој има амонијачни вошки за одржување ниска температура. Штом ќе се стигне над пчеларникот, се отвораат кошниците (капаците) до поклопната штица. Кога на термометарот ќе се покаже температура од 25oС, ја вадиме поклопната штица од кошницата и: Ја виткаме крпата на половина и ја ставаме над сатоносите од рамките во втората задна половина од кошницата гледано откај летото. Го полниме шприцот со 25 мл мравја киселина и полека ја истиснуваме содржината на шприцот на крпата Веднаш потоа над крпата ставаме пластична фолија и ја покриваме кошницата со поклопната штица, па доаѓа капакот и така со ред на сите кошници. Пред да се постави киселината во друштвото, убаво да се отворат сите отвори на кошницата, за да има доволно вентилација и издувување на пареата од мравјата киселина надвор. По поминување на пет кошници се враќаме назад за да видиме како се однесуваат пчелите.

Доколку се случи сите пчели да излезат од кошницата надвор и да почнат да лазат по земја, дозата е голема или температурата (надворешната) е повисока од 25oС. Во ваков случај, веднаш се вадат крпите со киселина. Ваквата работа многу ретко се случува, но сепак треба да се внимава. При ставањето на ладната киселина на крпата, таа полека, како што ќе се загрева, така и ќе започне да испарува, нема да започне наеднаш да испарува, а со тоа да им прави шок на пчелите. Пчелите, чувствувајќи го мирисот од киселината, започнуваат да вентилираат и ја исфрлаат киселината надвор. По три дена, оваа постапка се повторува. Треба да имаме вкупно 3-4 пати третирање, најмалку три пати. Заштитата со мравја киселина ја има таа предност што ја уништува вароата и во леглото – продира низ порозната капачка на леглото. ВАЖНО: Со мравја киселина не смеат да се третираат друштва со матици помлади од 2 месеци, ни друштва кои одгледуваат матичници (излегуваат лоши матици). Септеmври 2014 | 31



АГРОБИЗНИС

Колку ме чини моето производство? Пишуваат: проф. д-р Александра Мартиновска Стојческа асс. м-р Ивана Јанеска Стаменковска

Г

лавна цел на земјоделските стопанства во современи услови е остварување профит. Профитабилноста ја покажува способноста за заработка од продажба на земјоделски производи и услуги. Предуслов е водење евиденција на фармата, која понатаму преку аналитичка калкулација овозможува пресметка на цена на чинење, анализа на профитабилноста на одредена линија на производство или целосен успех на ниво на фарма. Под калкулација се подразбира методолошка постапка за утврдување на трошоците на производството. Калкулацијата треба да исполни две задачи: прво, да ги опфати сите трошоци и второ, правилно да ги распореди

по носители, т.е. по линии на производство. Таа е алатка на фармерот и може да се изработи пред, за време и по производството. За да биде од корист, калкулацијата мора: (а) да се базира врз редовна евиденција на фармата, (б) да биде целосна, прегледна и уредно составена и (в) да се придржува кон однапред одреден формат за групирање и утврдување на приходите и трошоците на сите линии на производство за да може да се обезбеди споредливост. При утврдување на елементите на калкулацијата за пресметка на профитабилноста и цената на чинење одредена линија на производство, предвидени се следниве чекори:

ЧЕКОР 1: Како да го утврдам приходот? Вредноста на производството произлегува како резултат од количеството (приносот) и познатата пазарна цена на производите по одделна линија на производство. Приходот, како потесна категорија, е паричен израз кој се добива кога продаденото количество ќе се помножи со цената на реализација (продажната или откупната цена). Покрај приходот од реализирање на производството, фармата може да оствари и дополнителен приход, врз основа на субвенции и слично.

ЧЕКОР 3: Што е тоа бруто-маржа и како да ја пресметам? Бруто-маржата покажува колкава е бруто-добивката при одгледување на некоја култура или вид добиток на ниво на варијабилни трошоци или Бруто маржа = вкупен приход – варијабилни трошоци

ЧЕКОР 2: Како да ги утврдам трошоците? Трошоците ја претставуваат вредноста на потрошените средства за обезбедување инпути во производството, како и другите парични издатоци настанати со цел да се добијат производите или да се реализираат услугите. Висината на настанатите трошоци во најголема мера зависи од остварениот обем на производство, односно од количеството на добиени готови производи. Вкупните трошоци различно реагираат на различен обем на производство и поради тоа се делат во две групи: варијабилни и фиксни трошоци. Варијабилните трошоци зависат од промената на обемот и интензивноста на земјоделското производство. Тоа се трошоци кои се директно поврзани со производството, така што ако нема производство, нема да има ни варијабилни трошоци. Вообичаено се определуваат сезонски. Најчести примери на варијабилни трошоци во растително производство се трошоците за семенски материјал, средства за исхрана на растенијата – ѓубрива, средства за заштита на растенијата – пестициди, амбалажа, вода за наводнување, гориво и подмачкувачи за механизацијата и слично. Најкарактеристични трошоци во сточарското производство се оние за добиточна храна – кабеста и концентрирана, но тука спаѓаат и лековите, ветеринарните трошоци, средствата за одржување хигиена итн. Фиксните трошоци најчесто се однесуваат на целата фарма и тешко може директно да се распределат само на една линија на производство. Тие не се менуваат со обемот на производство. Се јавуваат и во случај кога нема производство. Тука, пред сè, спаѓаат каматите за набавка на постојаните средства, амортизацијата на постојаните средства, разните даноци, закупнина, дозволи, полиси, како и дел од трошоците за енергија, телефонија и сл.

Износот на бруто-маржа не е комплетен показател на профитабилноста, односно не е чиста добивка. ЧЕКОР 4: Дали сум профитабилен - нето маржа и како да ја пресметам? Нето-маржата може да биде позитивна (добивка) или негативна (загуба) и е главен показател на профитабилноста. Се пресметува како разлика меѓу приходите и трошоците. Производството се смета за рентабилно односно профитабилно само доколку се остварува позитивен финансиски резултат. За подобра споредба со другите линии на производство, резултатот од претходните години или, пак, со другите фармери, нетомаржата може да се изрази процентуално: Нето профитна маржа (%) = добивка х 100/вкупен приход ЧЕКОР 5: Колку ме чини производството? Основен показател преку кој може да се пресмета колку чини производството е цената на чинење. Цената на чинење претставува однос помеѓу трошоците за производство и приносот, односно произведеното количество. Цената на чинење може да се одреди на ниво на варијабилните трошоци и на ниво на вкупните трошоци (полна цена на чинење). Постапката е едноставна кај линии на производство кои имаат еден аутпут - главен производ. Кај линиите на производство кои имаат повеќе производи како аутпут (како во сточарството), вкупните трошоци треба да се распределат по производ според учеството на секој производ во вкупниот приход. Понатаму, распределените трошоци по производ се делат со соодветниот принос за да се добие цената на чинење за секој поединечен аутпут. Повеќе во: „Моја земја“ во рубриката Агробизнис, текстовите се подготвени во соработка со Катедрата за Агроекономија на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и се извадоци од Прирачникот за млади фармери подготвен од Здружението за агроекономисти. Повеќе за оваа тема може да прочитате во Прирачникот за млади фармери: Започнување на бизнис во земјоделството, ЗАЕМ 2014 година септеmври 2014| 33


НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТРАКТОРИ Палета на трактори од 20 - 400 KS Палета на комбајни од 176 - 500 KS 250.000 произведени трактори годишно Првиот самооден комбајн на пазарот Massey Ferguson дистрибутери под:

www.austrodiesel.at

TЕЛ. 00 385 99 22 98 415 е светски признат бренд на концернот AGCO.

НОВО AUSTRO DIESEL КAКO ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК MASSEY FERGUSON и AUSTRO DIESEL 32 години успешна соработка Одговорни за 10 земји од централна Европа (Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора)

50.000 сервисирани MF трактори 2.000 сервисирани MF комбајни Најголема компетентност за резервни делови


Квалитетна кабина – MASSEY FERGUSON МЕХАНИЗАЦИЈА

Комфорно работно место Пишува: Сашо Николовски

К

абината MASSEY FERGUSON останува верна на својата филозофија и нуди комфор и лесно управување од високата класа, a сега и во понискиот сегмент на трактори. Ентериерот е на ниво на серијата MF 7600 и моделите од серијата MF 6600, со што на операторот му се нуди едноставно ракување со најдобра ергономија и многу тивко работно окружување. Високо квалитетната кабина е опремена според највисоките стандарди и благодарејќи на големото предно ветробранско стакло и тесниот поклопец на моторот нуди извонреден преглед на работните површини. Кабината е опремена со многу дополнителни функции кои го намалуваат работното оптоварување и го зголемуваат работниот капацитет. За кабина како избор стојат на располагање две варијанти на опрема –Essential и Efficient со што тракторот може прецизно да се прилагоди на сите барања и потреби на клиентот. Целокупната серија опционално може да биде опремена со механичка суспензија, а сите 4-цилиндрични модели можат да бидат со потполно нова суспензија на предна оска која е комплетно интегрирана во рамките на блокот. На ваков начин е зголемено растојанието од земјата и подобрен е аголот на управување и удобноста на возењето. l

Квалитетни MF 5600

Тракторите од серијата MF 5600 се специјално развиени и во комбинација со предниот натоварувач серија MF 900 нудат оптимални карактеристики кај транспортот на материјали. Совршена комбинација - потполна интеграција на елементите се врши во фабрика со што се гарантираат оптимални перформанси. Мноштво специјални обележја на дизајнот ги прават моделите од серијата MF 5600 најдобри предни тракторски натоварувачи во својата класа (без исклучоци) дури и најспецифичните примени на предниот натоварувач. септеmври 2014| 35


МЕХАНИЗАЦИЈА Нега на житни комбајни

Како да се одржува системот за ладење на моторот Пишува: проф. д-р Драги Таневски, Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

С

истемот за ладење служи за одведување на топлината од деловите на моторот кои за време на неговата работа се загреваат, со цел да се одржи температурата на овие делови во дозволените граници (работна температура на моторот). Специфичните услови како голема топлина, прашина, мала брзина на движење во кои работи комбајнот условуваат и посебна конструкција и режим на работа на системот за ладење. Системот за ладење се состои од: заштитник на ладилникот, ладилник, вентилатор, пумпа за течност и термостат. Затегнатоста на ременот има мошне важна улога бидејќи ако ременот е премногу затегнат се преоптоваруваат лежиштата на пумпата за течност, а ако е лабав доаѓа до лизгање, поради што пумпата и вентилаторот бавно се вртат и како последица на тоа течноста се прегрева. Истовремено и напонот на алтернаторот или динамо-машината опаѓа. Поради тоа, почесто треба да се контролира затегнатоста на ременот. Проверувањето се изведува на тој начин (сл. 106) што се врши притискање на ременот на средината меѓу ременицата на вентилаторот и ременицата на коленестото вратило со прст, при што налегнувањето на ременот треба да биде од 10.....20 мм. Ако налегнувањето не е во дозволените граници, потребно е да се изврши затегнување на ременот. Затегнувањето се врши со соодветно поместување на алтернаторот по својот носач со претходно ослободување на завртките. Термостат. Термостатот служи за одржување на температурата на течноста за ладење во оптималните граници за работа на моторот (работна температура) без оглед на разликата на оптоварувањето на моторот и надворешната температура. Работната температура за секој мотор се дава во соодветни упатства. Работата и векот на траењето на моторот зависи од исправноста на системот за ладење. Ако моторот е загреан, не треба да се одвртува капачето од ладилникот, бидејќи постои опасност да дојде до прскање на течноста која е под извесен притисок и при наглото отворање доаѓа до интензивно излегување на прегреаната пареа која може да нанесе изгореници на телото од човекот. Надворешната предна површина на ладилникот треба да се чисти од прашина и инсекти, со чиста вода, но треба да се внимава млазот да не се насочува директно во ладилникот бидејќи може да дојде до искривување на лимовите кои се поставени помеѓу цевчињата. За време на ниски температури, ако не се употребува средство против замрзнување, водата мора постојано да се испушта од моторот.

36 | МОЈА ЗЕМЈА


Систем за ладење со течност

Заштитник на ладилникот

За време на работата на комбајнот, големо количество прашина и ситна плева лебди околу комбајнот, што ги влошува условите за ефикасно работење на системот за ладење. За да се спречи лепењето на прашината и плевата на ладилникот, на него се поставува заштитник изработен од лим и жична мрежа. На долниот дел од заштитникот има капак, кој се отвора кога се чисти или мие ладилникот. Бидејќи за време на работата се собира (лепи) извесно количество плева и прашина на жичната мрежа од заштитникот, овие нечистотии треба повремено да се исчистат, бидејќи во спротивно ќе дојде до прегревање на моторот. Чистењето најдобро се врши со празна вреќа, при што претходно моторот задолжително треба да се изгасне.

Ладилник Ладилникот има задача да изврши размена на топлината од загреаната течност за ладење на воздухот. Тој претставува топлински изменувач во кој од една страна протекува течност за ладење, а од друга страна воздух. Се состои од долно и горно казанче, а помеѓу нив е сместен изменувачот на топлина. Саќето на ладилникот претставува најважен дел на изменувачот на топлина, бидејќи во него се извршува ладење на течноста.

Вентилатор Вентилаторот се поставува помеѓу ладилникот и моторот и служи да го потиска или да го влече воздухот низ ладилникот. Кај моторите вградени на комбајните вентилаторот директно добива погон преку ремен од ременицата на коленестото вратило и постојано се врти, бидејќи комбајнот бавно се движи и природното струење на воздухот е послабо.

Пумпа за течност Пумпата за течност служи да ја зголеми брзината на циркулацијата на течноста со што се зголемува ефикасноста на ладењето и се спречува создавање пареа во загреаните зони на цилиндарската глава.

Затворен систем за ладење со течност

Септеmври 2014 | 37


ПРИХРАНА

Кога се применува ѓубривото кај зелката

Пишува: Дипл. инж. агроном Благој Шоповски

З

микроелементи и затоа е потребно да се води сметка за надополнување со бор, молибден и манган. Затоа посебно внимание треба да се обрнува на ѓубрењето. Основното ѓубрење е рано напролет со плитко инкорпорирање во почвата и тоа во вегетативниот период, прилагодено на целите за производство и потребите на сортите. Во секој случај се препорачува плитка инкорпорација, а потоа залевање. Фолијарното ѓубрење започнува од расадувањето, истовремено со примена на средствата за заштита на растенијата, на секои 10-14 дена. За подобро заврзување на главицата и формирање лисна маса потребно е да се употреби Organo Bor 8% со што се скратува и периодот до берба. l

а правилен развој на зелката најважна е големата употреба на фосфорот и тоа по расадувањето кај раните сорти. Основен услов за добро усвојување на хранливите материи е задоволување на потребите за рамномерно и постојано снабдување со вода. Зелката која се произведува за консумација во свежа состојба треба да се обезбеди со поголемо количество азот. Калиумот, исто така, има значајна улога во развојот и формирањето на главиците, лисните и розетите. Услов за добро складирање на зимните сорти зелка е високото ниво на суви материи, за што е потребно високо ниво на калиум. Зелките се главно осетливи на недостиг на

Период на апликација/цел на апликацијата При производство на расад (за подобра отпорност на расадот)

Начин на примена Фолијарна апликација

Ѓубриво

Количество ѓубриво

Agrosal 2% Zn

0,1 % раствор

со NPK 3-5-7

100 mL во 100 L вода

+

+

Agrosal 1,5 % Fe

0,1 % раствор

со NPK 3-5-7

100 mL во 100 L вода со 1-2 апликации

Од расадување до 30-тиот ден по расадувањето

Фолијарна апликација

Agrosal NPKB

0,2 % раствор

10-6-8-0,5 + ME

200 mL во 100 L вода со 1 апликација

15-20 дена по расадувањето Од 31. ден по расадување до пред берба

Фолијарна апликација 20 дена по првата апликација

38 | МОЈА ЗЕМЈА

Agrosal NPKB

0,3 % раствор или

9-0-6 + 10 % CaO + 2 % MgO

300 mL во 100 L вода со 1 апликација




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.