Moja zemja 114 za web

Page 1

број 114 мај 2015 50 ден www.ffrm.org.mk ЗЕТОР МАЈОР 80

70 плодови од еден корен

Малина во пластеник

Сурфинија

Одгледување на грашок

Производство на мед во тегла



УРЕДНИЧКИ ЗБОР

СОДРЖИНА ФФРМ: ПОСЕТА НА ГЕРМАНСКАТА УНИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Разумно работење Демократија или по наше кажано „владеење на народот“. Токму ова се принципите на кои што треба да се работи. Она што Федерацијата на фармерите на РМ го научи од Шведската федерација на фармерите (ЛРФ) е да се слуша гласот на мнозинството и на земјоделецот. На таков начин ќе се има напредок. „Многу е важно за напредок да бидете самокритични “, ни потенцираа од ЛРФ .

4

9

Градинарство: 10 ГРЕШКИ ПРИ ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДОМАТИ

Овој пасус го користам од претходниот мој уреднички збор кој го пишував минатата година. И сеуште останува да укажам дека треба доста да се работи и тоа обединето, професионално и сложно, без предрасуди и манипулации за да може да се одговори на предизвиците кои му претстојат на нашето земјоделство.

Заштита ЗАШТИТА НА ПЧЕНКА

13

„Моја земја“ како единствено месечно списание, чиј сопственик е ФФРМ посакува успешна работа на земјоделците, нивно разумно дејствување, а ние секогаш ќе бидеме тука да ги поддржуваме и да работиме заедно со нив. Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска

Лековити растенија: ПРОИЗВОДСТВО НА ЛИНЦУРА

24

Сточарство: БРУЦЕЛОЗА

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk Моја Земја Мај 2015 Издавач: ФФРМ Медија Адреса на Седиштето и уредништвото Ул. Христо Смирненски бр15 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 04.05.2015 Тираж: 2500 Примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

32

Лектор Верица Неделкоска Новинар Моника Ристеска Стручни соработници Проф д-р.Драги Таневски Проф д-р Златко Арсов Проф д-р Драги Димитриевски Доц-Д-р Ана Котевска Проф др Крум Бошков ДВМ.Томислав Николовски Иван Мицковски, Марјан Стојковиќ, Валентина Динеска, Иван Стојанов, Јелица Бешлиќ, Атанас Димитров Раде Каранфиловски Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

Саем на отворено во Македонија Во дводневна работна посета на ФФРМ беше директорот за меѓународна соработка на Германската земјоделска унија, господинот Бернард Кох. Станува збор за една од најстарите земјоделски организации, која брои 27 илјади членови и има 130-годишно искуство со организација на земјоделски саеми. Денес DLG ги организира двата најголеми земјоделски саеми во Европа, „Агритехника“ и „Еуротиер“, а покрај нив DLG организира земјоделски саеми во Полска, Русија, Романија, Турција, Замбија,

4 | МОЈА ЗЕМЈА

САД, Кина, Индија. Целта на посетата беше продолжување на соработката со ФФРМ за реализација на саем на отворено во Македонија во партнерство со ДЛГ Фуарџилик од Република Турција каде што беа направени повеќе посети на можни локации за идниот саем. „Стратешката позиција на Македонија и одличните односи што ги имаме со ФФРМ сакаме да ги продлабочиме со реализација на регионален саем за земјоделство и да ги споделиме нашите и гер-

манските искуства затоа што ова е еден од најтешките саеми за организирање. Со организација на саемот се започнува шест месеци однапред бидејќи имате само гола ледина со површина од 6 хектари и на неа треба да насадите земјоделски култури и да направите мал град од шатори и тенди“, рече господинот Незих Сајран. Во рамките на соработката, од 12 до 15 мај група од 100 члена на ФФРМ ќе го посети земјоделскиот саем во Чанак Кале кој е во организација на ДЛГ Фуарџилик. l


Информативнии сесии за новиот ИПАРД-повик АПРЗ, во соработка со ФФРМ, реализира посета на неколку рурални средини во битолскиот регион каде што ги информира земјоделците за новиот повик за Програмата ИПАРД. На повикот ќе можат да аплицираат сите земјоделци кои произведуваат лозарски и овоштарски култури, кои се занимаваат со градинарство и сточарство, но тоа не ги ограничува производителите на житни и индустриски култури кои, доколку дел од своите капацитети ги пренаменат во гореспоменатите култури, исто така, ќе имаат право на аплицирање. Најатрактивна мерка е мерката 101 со која фармерите можат да набават механизација и приклучни ма-

шини кои потекнуваат од земји-членки на ЕУ, како и од земјите со статус за влез во ЕУ, а тоа се Србија и Турција. Еден од основните предуслови е земјоделското стопанство да располага со минимум 0,2 хектари обработлива површина кога станува збор за градинарство на отворено или 0,3 хектари под оранжерии, но и 0,3 хектари за површини под овошни или лозови насади. Оваа година интересот е во голема мера зголемен поради тоа што има новитети, а тоа се 75% повраток на почетната инвестиција за сите фармери кои пријавиле поплавени капацитети и вклучување на гарантниот фонд кој ќе можат да го користат сите фармери кои имаат одобрен технички предлог-проект од АФПЗРР. Повикот за аплицирање е отворен до 5 мај 2015 г. l

3.000 денари за групно и 720 за индивидуално членство Со измените во стратешките документи на ФФРМ се намалени членарините и сега членарината за индивидуално членство изнесува 720 денари, а за групно членство е 3.000 денари. Со оглед на фактот што земјоделците се соочуваат со проблемите и предизвиците поврзани со пласманот, климатските промени, Федерацијата ја намали членарината за здруженијата и кооперативите и ги поедностави процедурите за членство, така што со новите измени на Статутот, секој земјоделец може да биде член на организацијата со пополнување пристапница и плаќање членарина. И понатаму, членството во ФФРМ е поделено на групно, индивидуално и придружно членство. l МАЈ 2015 | 5


ФФРМ

Перспективи на жените-фармери во руралните средини „Перспективи на жените-фармери во руралните средини“ е анализа која ФФРМ ја подготви и ја презентира пред локалните координаторки на Мрежата на жени-фармери во истоимената организација. На состанокот беше истакнато дека жените се соочуваат со голем број проблеми во руралните места и со заедничко и обединето дејствување за надминување на стереотипите и проблемите. Едни од најгорливите проблеми со кои се соочуваат жените во руралните средини се ниско образование, тешкотии да влезат на пазарот на трудот, меѓутоа товарот на семејните обврски на повеќето

од жените во руралните средини во текот на репродуктивниот период и непостоењето воспитни центри за згрижување на децата ги исклучуваат жените од економскиот живот. На земјоделството се гледа како на машка работа. Традиционално, семејниот имот е во владеење на мажите што на жените им остава многу малку простор да го докажат спротивното и ги ограничува да ги искористат можностите. И понатаму во најголем дел од случаите сопственици на земјоделското земјиште се мажите. И покрај тоа што земјоделските програми се отворени за сите жени – подносители на барања, се-

пак мажите – земјоделци и понатаму се јавуваат како почести корисници на институционална и финансиска поддршка. Сепак жените се заинтересирани да напредуваат во земјоделството. За да имаат пристап до здравствените услуги, жените мораат да се справуваат и со културни табуа. Жените во руралните средини ретко се консултирани за јавни прашања. Дури и кога учествуваат, тие немаат доверба во постапките. Анализата е работена врз основа на статистички податоци, истражувања и научни трудови кои се работени во изминатиот период во РМ. l

Препораки од анализата „Перспективи на жените-фармери во руралните средини“ ÔÔ Понатамошно проучување на учеството на двата пола во земјоделскиот сектор, особено на времето посветено на секоја активност (анализа на искористеноста на времето); ÔÔ Воведување методологија на правење политика имајќи ја предвид родовата перспектива на национално и на локално ниво; ÔÔ Воведување нови и поефикасни методи за ширење информации за можностите за развивање на земјоделски активности; ÔÔ Намалување на даноците и трошоците за регистрираните земјоделци за да се поттикне учеството на жените;

ÔÔ Развивање дополнителни мерки (заеми, обуки итн.) за поттикнување на учеството на жените во земјоделството; ÔÔ Поттикнување на здружувањето кај жените во руралните средини во економски здруженија како што се кооперативите и нивно активирање во национални здруженија како што е ФФРМ ÔÔ Регионална соработка со жените од руралните средини во регионот ÔÔ Спроведување едукативни обуки и јакнење на свеста кај руралната жена за нејзино поголемо инволвирање во претприемништвото, каде што носител на земјоделското стопанство е жената.

ÔÔ Организирање форуми со жените-фармери во различни општини каде што ќе може да разговараат за своите проблеми, да се поврзуваат и да разменуваат информации;

ÔÔ Образовни мерки за менување на перцепцијата на заедницата кон жените-земјоделки;

ÔÔ Надминување на традиционалните норми според кои машките членови на семејството се сопственици на домашниот имот;

ÔÔ Развивање стратегии за враќање на младите во селото и подобрување на руралната инфраструктура.

6 | МОЈА ЗЕМЈА


Одгледување грашок

ГРАДИНАРСТВО

Грашокот - добра преткултура за градинарските култури Грашокот како култура не е доволно застапен во нашите подрачја и затоа, согледувајќи го временскиот и климатски период, се препорачува да биде што повеќе застапен бидејќи како култура заслужува да биде одгледуван во поголем обем. Богат е со хранливи состојки, а најмногу со белковини, јаглехидрати и витамини Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Г

рашокот, лат. Pisum Sativum, е едногодишно зелјесто растение од фамилијата Fabaceae со голема хранлива вредност како градинарска култура и се вбројува помеѓу најзначајните култури. Датира од пред многу години, а во Европа е пренесен уште од почетокот на средниот век. Како храна се користи зрното во технолошка зрелост, се конзервира по пат на стерилизација и како смрзнат. Богат е со хранливи состојки, а најмногу со белковини и јаглехидрати. Околу 90% од белковините го сочинуваат глобулинот, а во технолошката зрелост шеќерите и скробот се во однос 1:1. Од хранливите состојки, покрај белковини и јаглехидрати, содржи: шеќери, минерали, вода, потоа натриум, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо и друго, а од витамините: каротин, витамин Е, витамин Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Ц.

Плодот на грашокот е мешунка чија должина, во зависност од сортата, варира од 4 до 12 см. Во мешунката се наоѓаат 4-12 семки кои потоа заметнуваат во зрно. Зрното

во технолошка зрелост е округло до малку овална форма со различна нијанса на зелена боја. Грашокот е растение на умерена клима. Успева на благи температури кои се најповолни за пораст и развој на оваа култура. Оптималната температура за 'ртење и поникнување е 20°С, а минималната 5°С. Успева на добро дренирани или пропусливи почви посебно за ранопролетното производство кога почвата побрзо се загрева. Оптималната рН вредност за грашокот е 6-6,5 или површини со слабо кисела реакција. На почви со рН над 8 не се препорачува одгледување на грашокот, додека ако рН е под 5 или ако почвата е кисела, се препорачува претходно да се изврши калцификација. Грашокот за конзервирање се сее по жетвата на житата, маслодајната репка или шеќерната репка. Пченката не е добра преткултура поради повеќе негативности. Грашокот е добра преткултура за повеќето градинарски култури поради кратката вегетација што е еден од битните фактори поради кои по неговата берба почвата останува богата со органски кислород.

Основна обработка на почвата се изведува наесен за да може добро да се сочува влажноста во текот на пролетниот период на сеидба. Многу битна агротехничка мерка е да не се дозволи да се создаде кора на површината на почвата бидејќи тогаш многу тешко поникнува. Во однос на ѓубрењето, исклучително се ѓубри со минерални ѓубрива и тоа при самата обработка на почвата пред сеидбата. Прихранувањето се избегнува бидејќи растението станува побујно, а се намалува цветањето и плодоносењето. Се употребуваат NPK како основно ѓубриво во комбинација 8:16:24, 700 кг/ха или 500 кг/ха NPK 10:30:20 плус Zn, Fe, потоа површината се преорува и окопува. При подготовката на површина за сеидба се додава и околу 100 кг/ха уреа 46% N. Сеидбата на грашокот треба да се изврши што е можно порано, зависно од климатските услови. Се сее на длабочина 4-6 см на потешки почви, а на полесни на длабочина 6-8 см. Растојанието помеѓу редовите е 60-80 см или 200-250 кг/ха. При подоцна сеидба МАЈ 2015 | 7


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување грашок

или лошо подготвена површина, нормата на семето се зголемува по единица површина. Наводнувањето се изведува со дождење, по бразди, со систем капка по капка. Во текот на производството се врши превентивна заштита од габични заболувања и штетници кои го напаѓаат грашокот. Грашокот за консумација се бере во технолошка зрелост кога содржината на шеќери се движи околу 5%, а скробот околу 7%. Во оваа фаза зрното е со пријатен вкус, меко и сочно. Приносот се движи од 8 до 12 т/ха во мешунка, а бербата се одвива рачно или машински, посебно ако се работи за индустриска преработка. Грашокот како култура не е доволно застапен во нашите подрачја и затоа, согледувајќи го временскиот и климатски период, се препорачува да биде што повеќе застапен бидејќи како култура заслужува да биде одгледуван во поголем обем. Претежно кај нас се употребува во свежа состојба или смрзнат, додека пастеризираниот грашок се увезува. l


Одгледување на домати

ГРАДИНАРСТВО

10 во производството НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ

Пишува: дипл. земј. инж. Димитар Арнаудов 1. БУЈНО РАСТЕНИЕ КОЕ РАЗВИВА МАЛКУ ПЛОДОВИ Ова се должи на преголемото количество азот во почвата на сметка на фосфорот, што го поттикнува развојот на вегетативната маса, а како последица од сето тоа е формирањето генеративни органи (цветови и плодови). За да не дојде до оваа физиолошка промена, потребно е да се користи минерално ѓубриво со избалансиран однос од NPK 1:1:1 или во првите фази NPK 1:3:1.

на домати

водата за наводнување. Доколку температурата на водата за наводнување е ниска, тоа предизвикува стрес кај младите растенија во фаза на оплодување на првата цветна гранка.

3. ПЛОДОТ ИМА ПРЕМНОГУ „БРАЗДИ“ И НЕМА ПРАВИЛЕН ОБЛИК Следнава физиолошка деформација позната како „catface“ (мачкино лице) се случува кога во време на формирањето на плодовите ноќните температури се ниски. Денеска на пазарот можат да се најдат хибриди толерантни на оваа појава.

2. ПАЃАЊЕ НА ЦВЕТОВИТЕ ПРЕД ДА СЕ ФОРМИРА ПЛОД Оваа појава се должи на влијание на повеќе фактори меѓу кои се температурата на воздухот, температурата на почвата, светлината и водата за наводнување. Имено, при формирањето на првата цветна гранка во пролетното производство на домати треба многу да се внимава на температурата на МАЈ 2015 | 9


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на домати

4. НАПУКНУВАЊЕ НА ПЛОДОВИТЕ

7. ДАМКИ ПО ЛИСТОВИТЕ

Напукнување на плодовите најчесто се случува кога во време на формирањето на плодовите растението не добива изедначено количество вода. Затоа треба да се врши навремено залевање на растенијата за да се избегне оваа појава.

Доколку се работи за сребрени дамки (точки), тогаш најверојатно причината е исхрана од трипс. Дамките по листовите можат да се појават и при инфекција од габата Cladosporium fulvum, недостиг на некој одреден хранлив елемент итн.

8. КАФЕАВИ ДАМКИ ПО СТЕБЛОТО Најчесто се работи за инфекција од габата Botrytis cinerea, која предизвикува сиво гниење на растенијата (во овој случај на стеблото).

5. СУВО ГНИЕЊЕ НА ПЛОДОВИТЕ Физиолошка деформација на плодовите предизвикана од недостиг на калциум. Најчеста причина е неизедначеното наводнување - од прејако до слабо, при што на растението му се оневозможува користењето на калциумот од почвата. Освен оваа причина, можно е и да има недостиг на калциум во почвата. Со извршена почвена анализа се доаѓа до точната причина за оваа физиолошка деформација.

10. НЕРАМНОМЕРНО СОЗРЕВАЊЕ НА ПЛОДОВИТЕ

9. СВЕТЛИ ДАМКИ ПО ПЛОДОВИТЕ Оваа појава кај производителите е позната уште и како „пожолтени плодови“, а тоа најчесто се случува кога плодовите се директно изложени на сончева светлина. За да се спречи оваа појава, треба дефолијацијата да се изврши сукцесивно. 6. ПОЖОЛТЕНИ ЛИСТОВИ Има повеќе причини за појавата на пожолтување на листовите и тоа физиолошки и фитопатолошки. Од физиолошките причини се издвојуваат недостигот на одредени хранливи елементи (ако пожолтувањето започне од долните, базални листови, тогаш се работи за недостиг на магнезиум, а доколку се појави на врвната меристема, тогаш се работи за недостиг на железо), висок процент на влажност во почвата (ПВК над оптималното), а фитопатолошки причини се габична, вирусна или бактериска инфекција. 10 | МОЈА ЗЕМЈА

Појава позната како „blotchy ripening“. Ова се случува кога во фаза на интензивно созревање на плодовите растението не добива доволно количество калиум. Калиумот може да биде присутен во почвениот раствор, но да остане недостапен за растенијата поради неговото блокирање најчесто од азотот. Може да биде недостапен за растенијата и поради лоши макроклиматски услови или, пак, поради недостиг на калиум во почвениот раствор. l


Одгледување сточен сирак

Приносот е доста голем и може да достигне до 7 тона зрно по хектар

Оваа едногодишна житарка може да се користи за исхрана на луѓето и животните и во индустријата за скроб, глукоза, шеќерен сируп, како и за зелено ѓубрење Пишува: Дипл. инж. агр. Јелица Бешлиќ. АПРЗ РЕ Гостивар

С

точниот сирак (лат. Sorghum bicolor (L.) Moench) е едногодишно растение кое се сее само со семе. Новите хибриди од сиракот се многу родни, имаат брз пораст, богати се со лисна маса, поголема продуктивност и прилагодливост. Сиракот добро се обновува по косењето и може да даде 2-4 откоса квалитетна крма. Многу е отпорен на суша, болести и штетници, а успева на сите видови почва. Што се однесува на температурните услови, бара топла клима:

за `ртење и поникнување потребна е температура од 12 степени, а за раст и развој 25 степени. Температури под 0 степени го уништуваат сиракот. Развива разгранет и длабок корен и до 2 метра, а стеблата растат доста високо. Во зависност од преткултурата, обработката на почвата е како кај пченката: есенско длабоко орање, ѓубрење и заорување на ѓубрето. Напролет се врши дополнителна обработка и затворање на браздите да не дојде до губење на влагата. Се сее подоцна од пченката, има ситно семе и во почетокот бавно се развива, па затоа бара фина обработка на почвата до зрнеста структура. Ѓубрењето е речиси идентично како кај пченката, треба да се обезбеди околу 130-160 кг/ха азот, 130150 кг/ха фосфор и 130 кг/ха калиум. Поради брзото растење и огромната моќ за апсорбирање на хранливите материи, сиракот повеќекратно го враќа сето она што е вложено за негово одгледување. Сиракот успева на благо кисела или неутрална почва (ph 6,7), може да се одгледува како главна, втора или како постжетвена култура. Може да се одгледува по житни, легуминозни и зелјести култури. Сеењето почнува во мај или јуни како втора култура, а како постжетвена – по жетвата на стрните култури. Сеидбена норма е од 30-33 кг на хектар. Се сее на длабочи-

на 2-4 cm на растојание од 45 cm меѓуредово, а 13 cm во редот. Со адекватно ѓубрење може да се сее на меѓуредово растојание од 20 cm со 5 cm во редот. Поради бавното почетно растење, сиракот треба да се заштити од плевели, но кога се сее во густ склоп, не мора да се третира со хербициди, затоа што добро ги совладува плевелите. Должината на вегетација на сиракот се движи од 100 до 130 дена. Сиракот може да се користи за исхрана на луѓето и животните и во индустријата за скроб, глукоза, шеќерен сируп и друго, како и за зелено ѓубрење. Сточниот сирак во исхраната на домашните животни, зависно од хибридот, може да се користи како зрно и како зелена маса, силажа или сено во сушни подрачја. Сиракот за зелена маса се жнее со силокомбајни во фаза пред метлење, а за силажа во фаза на метлење. Сиракот за производство на зрно зрее рамномерно и не се рони, па се жнее кога е во полна зрелост. Жетвата се врши со адаптирани комбајни за жито. Приносот е доста голем и може да достигне до 7 тона зрно по хектар. Зрното треба да се исуши до влажност од 14% и се складира како и останатите житарки. Тоа содржи 70-80% јаглехидрати, 10-13% белковини, 3-3,5% масти и 1,5% минерални материи. l МАЈ 2015 | 11



ПОЛЕДЕЛСТВО

Поради начинот на сеење, кај пченката се јавува и поинтензивно заплевување на посевите. Изборот на хербицидите главно зависи од видот на плевелите што се наоѓаат на обработливата површина. Пишува: Благојче Димитриев

СУЗБИВАЊЕ НА ПЛЕВЕЛИ кај пченката

П

левелите што се јавуваат кај пченката може да се поделат во две групи и тоа теснолисни и широколисни, односно на едногодишни и повеќегодишни плевели. За разлика од културите со густ склоп, пченката се сее на поголемо меѓуредово растојание, а со тоа овозможува и поинтензивно заплевување на посевите.

бивање на теснолисни и широколисни плевели во пченката. Се употребува во доза од 4 л/ха по сеидба, а пред никнување на културата. Друг почвен хербицид што се употребува за сузбивање на плевелите кај пченката е Stomp 330 Е којшто е почвен хербицид за сузбивање на едногодишни тревни и некои широколисни плевели во пченката. Stomp 330 Е е хербицид кој плевелот го прима со коренот, се употребува по сеидбата, а пред никнувањето на посевот во доза од 4 до 6 л/ха, во зависност од типот на почвата. Поважни плевели кои ги сузбива се: дивото просо, прстенестото просо, дивиот сирак, лисичината опашка, дивата лобода, штирот, лепавецот, синапот, дивата лобода и други плевели.

Плевелите се директни конкуренти на пченката уште при самото никнување, што доведува до уништување на посевот. За сузбивање на плевелите кај пченката постојат два вида хербициди и тоа Пре-ем пред никнувањето на пченката и Пост–ем по никнувањето на пченката. Akris е системичен селективен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни широколисни и теснолисни плевели во посевите на меркантилна и силажна пченка. Хербицидот Akris се применува по сеНов Пре-ем хербицид кој е намеидбата, а пред никнувањето на посе- нет за сузбивање на едногодишни теснолисни и широколисни плевели вот, меѓутоа може да се употребува и во пченка е Stomp Aqua. Хербицидот до фазата на три листа кај пченката во доза од 3 л/ха. Сузбива голем број тес- Stomp Aqua содржи 455 г/л пендименолисни и широколисни плевели како талин и се користи во доза од 3 л/ха. што се: дивото просо, дивиот сирак од Пост–ем по никнувањето на пченката семе, просото, дивиот домат, штирот, „Хемомак пестициди“ нуди сигурни реамброзијата, дивата лобода и други шенија за сузбивање на теснолисни и видови плевели. широколисни плевели. Ново решение за сузбивање на плевелите кај комбинацијата пченка+грав, сончоглед, соја, грашок, грав, компир е хербицидот Wing P. Хербицидот Wing P е наменет за суз-

Samson Extra 6 OD е најновата формулација на оригиналниот никосулфурон во количество од 60 г/л. Samson Extra 6 OD е хербицид наменет за сузбивање главно на теснолисни пле-

вели, но и на некои широколисни плевели во пченка. Хербицидот Samson Extra 6 OD одлично и успешно го сузбива теснолисниот плевел Sorghum halepense - дивиот сирак од ризоми. Овој хербицид се употребува по никнувањето на пченката од фазата два до шест листа во доза од 0,7 л/ха. Покрај дивиот сирак од ризоми, одлично ги сузбива дивото просо, дивиот сирак од семе, мувари, од широколисните плевели добро ги сузбива паламидата, штирот, амброзијата, лепавецот, синапот, дивата лобода и други широколисни плевели. Samson 4 SC е селективен, системичен фолијарен хербицид наменет за сузбивање на теснолисни и некои широколисни плевели во пченката. Содржи активна материја 40 г/л никосулфурон. Како партнер на овој хербицид за подобрување на спектарот на широколисни плевели за комплетно чист посев на пченка се употребува хербицидот Cambio или Arrat. Cambio претставува хербицид за сузбивање на широколисни плевели во пченката. Овој хербицид се применува во доза од 2-2,5 л/ха во фазата два до пет листа кај пченката. Широколисни плевели што ги сузбива се: штирот, слачецот, паламидата, татулата, амброзијата, дивиот домат, дивиот пипер и голем број други широколисни плевели. Arrat претставува селективен контактно системичен високоефикасен хербицид, наменет за сузбивање на најважните широколисни плевели во пченката. Arrat се применува во количество од 0,2 кг/ха во фазата од никнување до фазата шест развиени листа кај пченката, а плевелите се во фаза од два до шест листа. Поважни широколисни плевели што ги сузбива се: лепавецот, паламидата, камилицата, синапот, булката, смрдливката, лободата, полскиот вртипоп, слачецот, велигденчето и голем број други широколисни плевели. Изборот на хербицидите главно зависи од видот на плевелите што се наоѓаат на обработливата површина. l МАЈ 2015 | 13


Јаки алкохолни пијалаци

Румот не е веќе пијалак само на пиратите Овој двократно дестилиран пијалак од шеќерна трска во минатото се произведувал во земјите околу екваторот во Карипското Море, каде што се произведува шеќерната трска, а денес се произведува и консумира секаде во светот. На пазарот на јаки алкохолни пијалаци румот има водечко учество и тоа со 12% после вискито и вотката Пишува: Д-р. Крум Бошков

Д

ефиниција: Рум е јак алкохолен пијалак, т.е. природна ракија добиена со двократна дестилација на шеќерна трска и од други производи кои се добиваат при преработката на шеќерната трска Saccharum Officinarum. Географска локација: Румот е пијалак кој во минатото се произведувал во земјите каде што се произведува шеќерната трска, тоа се земји околу екваторот во Карипското Море, многу прочуени, егзотични карипски острови како Куба, Порторико, Барбадос, Хаити, Тринидат и Тобаго, Јамајка, Бахами, Доминиканската Република и многу други, а денес секаде во светот.

Суровина: Румот се произведувал од меласа, пена и од споредните производи при производството на шеќер од шеќерната трска. Денес се произведува и од сокот од шеќерната трска. Шеќерната трска содржи од 12% до 16% сахароза. Шеќерот (сахарозата) се произведува со кристализација на концентрираниот сок, при што се добиваат меласа, пена и цврст остаток. Меласата е кафеава течност, која останува по неколкукратната кристализација на сахарозата. Меласата содржи околу 50% сахароза, инвертен шеќер, како и азотни и минерални материи, пена. Преработка: Меласата се комбинира со пената и цврстиот оста14 | МОЈА ЗЕМЈА


ток, се разредува со вода до 16-18% шеќер во сокот, се додава вински квасец. Ферментацијата тече многу брзо, од 3 до 10 дена. Дестилација: Се изведува на казан аламбик со двојна дестилација до добивање дестилат со јачина 70-80% алкохол. За дестилацијата нема една утврдена технологија. Некои ја изведуваат на колонски апарати. Одлежување, зреење и формирање: Винскиот дестилат со јачина од 72% алкохол се налева во дабови буриња. Во нив поминува минимум 2 години. Стандарден, карактеристичен мирис на рум се формира со одлежување во дабови буриња во период 4-5 години. На почеток дестилатот е груб со непријатен мирис, но со одлежување во дабови буриња добива карактеристичен мирис на рум. Овој одлежан рум е основа за натамошно разблажување и комбинација со вода, рафиниран алкохол и боја до добивање финален препознатлив рум. Означување: Според бојата и технологијата, создадени се неколку типови рум и тоа: темен рум, светол рум, златен рум, премиум, мирисен и зачински рум. Румот е пијалак многу употребуван во тропските предели во состав на коктелите кои сега се познати во целиот свет како: Куба либре, Пина колада, Маи-таи, Зомби, Мохито и други. Во составот на коктелот Куба либре влегуваат кока-кола, бел рум и парчиња лимон. Производители: Румот се произведува секаде во светот. Познати брендови се: Bacardi, Havana Club, Captain Morgan, Cacique, Tanduay, Contessa, Old Cask и многу други. l

СОСТОЈБАТА ВО СВЕТОТ СО ТРГОВИЈАТА НА ЈАКИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ (РАКИИ) Од јаките алкохолни пијалаци во 2010 година е остварен приход од 262 милијарди долари. На пазарот на јаки алкохолни пијалаци најголемо учество имаат: виски со 30%, вотка со 20%, рум со 12%, ликери со 12%, азиските пијалаци со 8%, џин со 5%, текила со 4% и други пијалаци со 9% како коњак и други лозови и овошни ракии.

Годишно во светот се извезува околу 120 милиони литри коњак. Најмногу се извезува во САД и тоа околу 50 милиони литри, како и во Велика Британија, Германија, Норвешка, Русија, Сингапур, а во последните години и во Кина. Производството на Калвадос изнесува околу 10 милиони шишиња годишно. Во светот во 2006 година продадени се 160 милијарди литри алкохолни пијалаци од кои околу 35 милијарди литри или 22% се ракии, околу 45 милијарди литри или 28% се вина, а останатите 80 милијарди литри или 50% се пиво, јаболково вино и ароматизирани пијалаци. Од продажбата на алкохолните пијалаци е остварен приход од 812 милијарди долари. Најголеми пазари за алкохолни пијалаци се Европа со 59%, САД - 24% и Азија - 17%. На светскиот пазар доминираат 10 компании кои покриваат 60% од продажбата. Петте водечки компании се Diageo од Велика Британија со 15%, Pernod Ricard од Франција со 11%, United Spirit Ltd од Индија со 9%, Bacardi од Бермудските Острови со 5% и Beam Global Spirits and wine од САД со 5% од светскиот пазар. На светскиот пазар во првата деценија на 21. век продажбата на алкохолни пијалаци за 250% е зголемена во Кина, а значајно е зголемена и во Русија и Индија. МАЈ 2015 | 15


ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Систем „капка по капка“

ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ со помалку работа

Покрај намалената потреба за време и физичка работа, Билјана со системот успеа и да произведе 50% повеќе пченка од претходната година. Овие системи овозможуваат приноси на зрно и над 20 т/ха, но доколку на само 7 илјади хектари се постигне просечен принос од 13 т/ ха, Македонија може да го замени увозот на пченка со домашно производство до 2020 година Пишува: Иван Мицковски, Проект за експанзија на мали бизниси

„О

ваа работа е за младите, не за старите. Самата работа е физички тешка, но има перспектива за младите. Ако сакаат да вложат, сигурно ќе ги вратат парите“, вели 26-годишната Билјана Савевска од с. Јанчиште, еден од најмладите фармери во Полог. Таа е дипломиран филолог и покрај македонски, зборува албански, германски и италијански, но сепак, одлучила да се занимава со

16 | МОЈА ЗЕМЈА

земјоделство и сточарство. „Нема за сите фотелји, без разлика дали се школувани или не. Кога нема фотелја, треба да земеш вила и лопата и да се фатиш за работа“, објаснува таа. Затоа Билјана пред четири години решила да ја земе судбината во свои раце и почнала да се занимава со земјоделство и сточарство. Сега таа одгледува неколку култури на 20 хектари, од кои четири се со пченка. Од пченката произведува зрно и силажа за исхрана на триесетина кокошки и дваесет крави.

Билјана во 2014 беше дел од групата фармери кои добија системи за наводнување „капка по капка“ за еден хектар преку Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. „Претходно наводнував по бразди. Потребни беа 24 часа само за едно наводнување, а има 4 до 5 наводнувања во секоја сезона. Тоа е тешка работа. Со системот многу ми се олесни работата. Со едно пуштање за 4 часа се наводнува целата нива, а преку него можеш


Во 2013 и 2014 година, во Македонија започна процес на модернизација на производството на пченка преку унапредување на наводнувањето и ѓубрењето на културата со системот „капка по капка“. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во склоп на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“, постави 120 системи за наводнување „капка по капка“ на парцели од по еден хектар за да ја демонстрира ефективноста на системот во зголемување на продуктивноста. Земјоделците на своја рака поставија системи на дополнителни 80 хектари со пченка, со што се достигна бројка од 200 хектари пченка под систем „капка по капка“. Иницијативата имаше за цел да постигне просечен принос на зрно кај учесниците од 13 т/ха, просек кој оваа година беше достигнат од страна на 120-те земјоделци кои пченката ја наводнуваа и ѓубреа со системот „капка по капка“. Овие системи овозможуваат приноси на зрно и над 20 т/ха, но доколку на само 7.000 хектари се постигне просечен принос од 13 т/ха, Македонија може да го замени увозот на пченка со домашно производство до 2020 година.

и да извршиш ѓубрење на пченката. Многу се штеди на работна рака, а многу се добива на приноси“, вака Билјана ги објаснува разликите меѓу стариот и новиот начин на наводнување. Преку системот „капка по капка“ таа аплицирала кристални ѓубриња, но и средства за заштита од плевели и инсекти. Покрај намалената потреба за време и за физичка работа, Билјана со системот успеа и да

произведе 50% повеќе пченка од претходната година. Во 2013 година таа произвела 7-8 тони зрно од хектар, додека во 2014 година на истиот хектар произвела 15 тони зрно. На прашањето како другите земјоделци од околината реагираат на системот „капка по капка“, таа вели: „Овде системот сè уште е иновација. Дел од нив уште се чудат и не веруваат, но има и доста кои се заинтересирани за купување, па се распрашуваа за информации“.

Билјана сега произведува доволно храна за своите крави, па би сакала во иднина да го зголеми стадото. Таа има проект за изградба на нова, модерна штала за уште дваесет грла со можност за течно распределување на арското ѓубре. „Повеќе нема да морам ѓубрето да го фрлам рачно, како што е стариот начин на работа. Со течно ѓубрење ќе биде заштитена животната околина, а и многу ќе ми биде олеснета работата“, заклучува Билјана. l МАЈ 2015 | 17


ОВОШТАРСТВО

Новитет

Малини во пластеник

Не мора да се плашите од болести бидејќи овие малини не ги фаќаат, а нема потреба ни од прскање. Овие растенија се многу бујни, а овошките се тешки во просек околу 3,5 грама. На еден ар (100 м2) малината може да роди плод од 300 до 400 килограми или 30 тони по хектар Пишува: Моника Ристеска

Д

раги овоштари, дали сакате да имате малини и кон крајот на ноември, а исто така и одличен профит од илјада евра по ар? Ви препорачуваме посебен вид малина, која во стакленик созрева порано. Тоа е сортата „херитиџ“ (Heritage). Ние го земаме примерот од нашите соседи Срби, кои, пак, оваа идеја ја презеле од Шпанците. Пред пет години, група српски експерти ја посетиле областа Хуелва, во југозападна Шпанија, каде што во стаклени градини се одгледуваат малини, капини и боровинки. По оваа едукативна посета, Србите се решиле да покренат бројни плантажи со малини во стакленици.

Како изгледа процесот на одгледување малина во пластеник или стакленик? Малините се посадени во пластични саксии со волумен од околу 14 килограми прeгорено ѓубриво. Секоја билка има инсталирано пипета, преку која во водата доаѓа растворената храна. Малината е заштитена од град, од прекумерни врнежи и топлина, со помош на фолија. Не мора да се плашите од болести, бидејќи овие малини не ги фаќаат, а нема потреба ни од прскање. Овие растенија се многу бујни, а овошките се тешки во просек околу 3,5 грама. На еден ар (100 м2) малината може да роди плод од

300 до 400 килограми или 30 тони по хектар. Не е без причина кажано дека ученикот најчесто го надминува учителот, а можеби битен фактор е и соодветното поднебје. Како и да е, Србите тврдат дека нивните резултати се подобри од оние на Шпанците. Кога холандските експерти го согледале тоа, на српските производители им признале дека оваа работа ја извршуваат навистина добро исто како и самите тие. Куповната цена е околу 10 евра. Покрај сортата „херитиџ“, тие одгледуваат и „полка“, која има слични својства. Доколку сериозно сакате да се занимавате со овој вид овоштарство, покрај добрата волја. Ако веќе имате пластеник во кој претходно сте саделе зеленчук, може да го искористите истиот. Но, доколку немате, првиот услов е да набавите и да не штедите на неговата изградба, бидејќи ќе го користите во следните 15 години. Огромно количество малини може да се одгледува на едно место. Откако ќе го решите проблемот со оранжериите, следното што е неизбежно е добрата подготовка на земјиштето. Што подразбира тоа? Најпрво, направете анализа на

18 | МОЈА ЗЕМЈА


Како искусен пример за производство на малини, но и како доказ дека производството на малини во пластеник навистина е исплатливо, може да ги земеме пластениците на српската фабрика „Будимка“. Имено, малините посадени во Пожега родиле еден месец по садењето извршено на 29 август. Истите овие садници следната година во мај ќе го дадат првиот род, а од секоја од нив може да се добијат по уште 3-4 нови садници.

почвата. Оваа анализа не треба да ја направите само колку да се каже дека сте ја направиле. Анализата е неизбежна алатка за да се согледа што 'и недостига на вашата земја. Токму она што ќе недостасува, вие треба да го додадете. Следниот чекор е набавката на расадот. Слично како при изградбата на пластениците, и при изборот на садниците со малини не треба да штедите, бидејќи тие треба да работат за вас и да ви даваат плодови во следните 15 години.

Пластениците на фабриката „Будимка“ имаат димензии со ширина од 6 метри и должина од 40 метри. Нивните садници се произСпоред најгруба проценка, во Србија цената на целосната инвес- ведуваат по пат на делење на коретиција, почнувајќи од самиот поче- новите резници. Потоа, расадот се сади во црни пластични саксии. ток - трошоците околу изградбата на пластеници, најлони, цена на За производство на садниците садниците , вградувањето на сиссо малини во пластеник постојат темот „капка по капка“, заедно со повеќе различни системи. Првипотрошеното време за сите овие от систем се одвива во пластичподготовки - потребни ќе ви бидат ни саксии со волумен од 12 литри околу 500 евра. Овие инвестирани во кои се става земја помешана парични средства ќе ви се вратат со ѓубриво со соодветна киселост во рок од една година, а откако ќе (6,0/6,5). Вториот систем подразси го вратите влогот, на секој ар ќе бира правење отворен ров од земја остварувате заработка од илјада и ѓубриво за садење на расадот со евра, согласно српските искуства . малини. Третиот систем подразбира правење затворен ров од земја и ѓубриво, којшто е прекриен со црна фолија, која на секои 33 сантиметри е продупчена за садење на едно растение. Наводнувањето се одвива со помош на системот „капка по капка“. Сите три горенаведени системи на производство на малини се покриени со овој систем. Ваквиот систем на наводнување го зголемува приносот, ја намалува можноста за разболување на растенијата, додека, пак, плодовите остануваат суви и здрави. Низ овој систем се врши и ѓубрењето, тврди Ѓорѓе и Анастасија Стевановиќ – директорот на фабриката „Будимка“ и неговата сопруга, а ние ве охрабруваме да започнете со сопствено производство, за да го збогатите нашиот, македонски пазар со домашни производи. l МАЈ 2015 | 19


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување тиквички

70 плодови ОД ЕДЕН КОРЕН

Тиквичките даваат голем род и тоа секој ден по еден плод со просечна тежина од околу 300-400 грама, но во шпицот на вегетацијата и по три плода на ден за период од 60 дена берба, а доколку се одгледуваат правилно, даваат род и во период од 100 дена Пишува: Моника Ристеска

Благојче Најдовски

„С

елото Банско од многу одамна е познато по производството на тиквички, а во нашето семејство се произведуваат уште од дедо ми Рамиз, па татко ми Мухарем, а денес традицијата ја продолжуваме јас и брат ми како трета генерација по ред“, вели 22-годишниот млад фармер Ајхан Исинов.

Овие земјоделци поседуваат 25 декари сопствена површина или, како што тие ги сметаат, вкупно 100 фолии од кои оваа сезона 25 фолии им се насадени со тиквички, 50 фолии со лута и блага пиперка, 13 фолии со рана зелка и 16 фолии се насадени со млад компир. 20 | МОЈА ЗЕМЈА

Фолиите се со стандардна големина - широки 5 метри, долги 24 метри, високи се 2,5 метри, а вкупната површина на заштитен простор по фолија изнесува околу 90 квадратни метри. На сите фолии имаат инсталирано систем „капка по капка“ преку кој ги ѓубрат културите, а тоа го прават со водорастворливи кристални ѓубрива согласно потребите на пиперките, тиквичките или зелката. „Тиквичките се хибридно семе, а ние ја одгледуваме француската сорта ЛОРЕА којашто дава мазни, убави плодови со убава зелена боја која е најбарана на пазарот. Расадот го одгледуваме во топли леи со почеток од од 20 до 25 јануари кај комшиите фармери, кои имаат топла вода од термоминералните подземни води, по кои е познато нашето село и по што го добило своето име“, појаснува Ајхан.


Тиквичките во меѓувреме се следат во растот и развојот и по потреба се третираат од пламеница, но тие се посебно осетливи на пепелницата и белокрилката. Тиквичките развиваат голема лисна маса, па лисјата треба да се ретчат и треба да се внимава каде се гази. Првите цветови се појавуваат 25 дена од пресадувањето на тиквичките во фолиите. Во тоа време има многу инсекти и пчели кои влегуваат во фолиите привлечени од големите жолти цветови и тиквичките ги опрашуваат по природен пат.

Кога расадот ќе порасне за пресадување, тоа е од 25 февруари до први март, тиквичките ги расадуваат во претходно подготвените фолии во кои нема греење. Двесте до двесте и дваесет корени се расадуваат на растојание од 70 сантиметри од корен до корен и на растојание од еден метар од ред до ред, во дупки што се направени од дупла мала фолија, високи околу 50 сантиметри, а се прават со најлон широк 110 сантиметри. „Малите најлони не ги вадиме до 1 април, а тиквичките цело време во текот на вегетацијата се со наводнување капка по капка, а системот за наводнување го користиме и за ѓубрење во него ставајќи водорастворливо кристално ѓубриво.

РАНА ЗЕЛКА „Покрај тиквички, садиме и пролетна зелка за која со производството на расад во топли леи почнуваме од 1 декември. Потоа, зелката ја расадуваме од 15 до 25 јануари, а првата берба е приближно околу 10 април, но оваа година беше подоцна“, вели младиот земјоделец. Цената на пролетната зелка за разлика од лани е добра и сезоната ја започнале со почетна цена од 50 денари по килограм, а моменталната цена е 30 денари по килограм. Во една фолија се садат 500 корени од кои 450 се сечат за продажба.

Првата берба е по 35 дена од пресадувањето во фолиите, но оваа година беше подоцна и тоа „Од раноградинарско производсе одрази на квалитетот на првата ство може да се живее, фала богу, берба. Тиквичките даваат голем за разлика од лани. Оваа година род, па така еден корен раѓа и до добро оди, ама врнеше и грмеше 70 плодови за период од 60 дена, од утро до мрак. Треба да бидеш давајќи секој ден по еден плод, а во фолијата 365 дена во годината во шпицот на вегетацијата и по - нема делник и нема празник, но три плода на ден за период од 60 ние си ја сакаме работата и сакаме дена берба. Доколку се одгледу- да ја продолжиме традицијата на ваат правилно, даваат род и до нашите предци“, заклучува Ајхан. 100 дена, а бербата трае до крајот на јуни. Потоа пластениците ги ораме и ги оставаме месец и половина да одморат, а од месец август садиме нова реколта есенски тиквички. Цената оваа година е добра, почна од 20 до 25 денари за парче прва класа тиквички со големина од 30 сантиметри во должина, а со пречник од 7-8 сантиметри и со тежина од 300 до 400 грама по парче. l МАЈ 2015 | 21


ЦВЕЌАРСТВО

Одгледување на сурфинија

Пишува: Валентина Динеска

С

урфинијата, или како што е уште позната меѓу народот – „ползечка петунија“, е едно од најпознатите балконски цвеќиња. Станува збор за цвеќе кое од своето создавање во Јапонија во 1992 година го освои светот со својот облик со продолжени гранки дури до 1,5 м, со прекрасните бои и интензивниот мирис. За широката популарност на сурфинијата зборува и тоа што сурфинијата е едно од најчестите цвеќиња коишто ги красат центрите на европските градови, како што се: Париз, Брисел, Ница, Рим, Милано итн.

Ползечка петунија – кралица меѓу балконските цвеќиња Направи цветна ограда од сурфинија во својата градина

Сурфинијата е едногодишно балОваа билка може да биде со голем конско цвеќе погодно за садење во виили ситен цвет, во најразлични бои и сечки саксии или, пак, во долги саксии тоа: црвена, жолта, сина, виолетова, - жардиниери. Најдобро е сурфинијата розова, бела, црна и секакви други да се засади во земја збогатена со миразлични комбинации од бои кои цве- кроелементи, а не во обична земја од дворот или шумата. таат од април па сè до октомври.

Сурфинијата сака сонце, но исто така и вода. Потребно е редовно наводнување со цел таа секогаш да има доволно влага, но не и премногу за да се избегне гниење на коренот. Покрај редовното наводнување, потребно е прихранување. На почетокот пожелно е тоа да се прави на секои 7 дена со течно ѓубриво за цветање, а подоцна ѓубрењето се зачестува и се прави на 3-4 дена, за да се добијат голем број цветови. Покрај ѓубрење, на сурфинијата треба да и' се додава и железо, за да се избегне пожолтување на листовите. Особено интересно е користењето на сурфинијата како ограда, имајќи предвид дека таа може да порасне во должина дури до 1,5 м. Имено, за да се постигне овој ефект, потребно е саксиите засадени со сурфинија да се постават на горниот дел од оградата, така што со растењето целосно ќе го покријат ѕидот и ќе се создаде ефект на цветна ограда. Сигурни сме дека на овој начин ќе примамите многу погледи во вашата градина. l

22 | МОЈА ЗЕМЈА


ЗЗП

ФФРМ

ЗАЕДНИЧКА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Со чинот на пристапување во ЕУ, националната земјоделска политика престанува да важи и на сила стапува Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Кога Република Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ, престануваат да важат досегашните закони и регулативи, па оттука националните институции имаат ограничена слобода во креирањето на националната земјоделска политика. Сепак, Македонија, како земја-кандидат за ЕУ, има многу слична земјоделска политика со онаа на ЕУ Автори: проф. д-р Драги Димитриевски, доц. д-р Ана Котевска Што е тоа Заедничка земјоделска политика на ЕУ? Заедничката земјоделска политика (скратено ЗЗП) ги опфаќа сите правни и буџетски инструменти со коишто се регулира земјоделството и руралниот развој и важи за сите земји-членки на Европската Унија (ЕУ). Таа е регулирана и управувана на европско ниво, а се спроведува со пари од заедничкиот буџет на ЕУ. Зошто јас треба да знам за ЗЗП на ЕУ? Со чинот на пристапување во ЕУ, националната земјоделска политика престанува да важи и на сила стапува ЗЗП на ЕУ. Тоа значи дека кога Република Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ ќе престанат да важат досегашните закони и регулативи и ќе почне да важи ЗЗП. Поради тоа, Република Македонија постепено ја прилагодува својата земјоделска политика кон европската земјоделска политика. ЗЗП е сложена политика и има свои специфичности. Навременото прилагодување на земјоделците обезбедува предност во однос на оние коишто тоа ќе го остават за периодот по пристапувањето во ЕУ. Претпристапните фондови коишто ги обезбедува ЕУ, како на пример ИПАРД, имаат за цел да се помогне процесот на прилагодување на земјоделците како идни учесници на заедничкиот земјоделски пазар. Затоа, навремената информација и искористување на понудените можности ќе помогнат македонскиот земјоделец да стане попродуктивен и поконкурентен. Зошто ЗЗП е заедничка политика за сите земји во ЕУ? Зошто не може секоја земја-членка да си има своја земјоделска политика? Остварувањето на целите на ЗЗП не може да се постигне без обезбедување финансиска поддршка за земјоделците. ЗЗП треба да обезбеди правични услови за сите. Затоа е неопходно да постојат за-

еднички правила со коишто ќе се заштитат сите учесници на пазарот на земјоделски производи во ЕУ, којшто го сочинуваат 14 милиони земјоделци и 500 милиони потрошувачи на земјоделските производи. Дали националните институции имаат слобода во креирањето на националната земјоделска политика? Националните институции имаат ограничена слобода во креирањето на националната земјоделска политика. Националните институции имаат слобода во изборот на мерки и инструменти при спроведување на целите зацртани во директивите донесени од ЕУ. Во однос на земјоделството и руралниот развој, националните институции имаат поголема слобода за дефинирање на потребите и мерките во рамките на политиката за рурален развој. Како функционира системот на поддршка на земјоделците во ЕУ? ЗЗП ги помага земјоделците преку поддршка на приходите, поддршка на руралните средини и пазарните интервенции. Поддршка на приходите. Најголем дел од буџетот на ЗЗП (околу 70%) отпаѓа на поддршка на приходите, што се остварува преку програмите за директни плаќања. Оваа поддршка е целосно финансирана од ЕУ. На овој начин се обезбедува постојан приход на земјоделците и се ублажуваат големите варирања во движењето на цената на земјоделските производи. Тие истовремено служат и како награда за земјоделците затоа што ги спроведуваат строгите стандарди за безбедност на храна, за одржување на земјиштето во добра продуктивна состојба, за заштита на животната средина, здравјето и благосостојбата на животните. Поддршка на руралните средини. Преку поддршката на руралниот развој им се помага на земјоделците да го модернизираат производството и да станат поконкурентни, истовремено заштитувајќи ја животната средина во којашто живеат и

работат. Поддршката на руралниот развој е воспоставена така што да одговори на специфичните потреби и предизвици со коишто се соочуваат руралните области. Во овој дел, националните институции имаат поголема флексибилност за решавање на локални инфраструктурни прашања поврзани со специфичните економски, природни и структурни услови. Затоа, руралниот развој е делумно финансиран од земјите-членки. Буџетот за рурален развој изнесува околу 20% од вкупниот буџет на ЗЗП. Пазарни интервенции. Пазарни интервенции се применуваат во одредени екстремни ситуации кога се нарушува стабилноста на пазарот (изразена понуда или недостиг на одреден земјоделски производ). Тоа се остварува преку повлекување на вишокот производи од пазарот преку складирање на вишокот сè додека не се стабилизираат пазарите или во случај на недостиг, обезбедување дополнителни количества земјоделски производи, било да се од претходно складираните производи или преку зголемен увоз. Буџетот одвоен за поддршка на пазарите изнесува 10% од буџетот на ЗЗП. Македонската земјоделска политика е многу слична на ЗЗП во ЕУ. Зошто е тоа така? Република Македонија цели кон идно членство во ЕУ и се стекна со статус на земја-кандидат. Поради тоа, процесот на прилагодување на политиките кон европските регулативи и директиви е започнат. Во таа насока, Република Македонија ја прилагодува и македонската земјоделска политика кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Оттаму, целите, принципите и мерките на ЗЗП на ЕУ постепено се вградуваат во македонската земјоделска политика. Дури и административните процедури се прилагодуваат на европските со цел процесот на пристапување кон ЕУ да биде поедноставен и побезболен за македонските земјоделци. Повеќе во: Прирачникот за млади фармери: Започнување бизнис во земјоделството, ЗАЕМ 2014 година. l МАЈ 2015 | 23


ПОЛЕДЕЛСТВО

Производство на линцура

Линцурата со можности за извоз во Европа Лековита суровина претставува задрвенетиот повеќегодишен корен кој содржи гликозид генциопикрин, од којшто потекнува и горчливиот вкус на коренот, и алкалоид генционин. Препаратите од повеќегодишниот корен се применуваат при смалена киселост на желудочниот сок, при нарушување на варењето, анемија и општа слабост во периодот пред оздравувањето. Пишува: Д-р Златко Арсов

Л

инцурата (GENTIANA LUTEA L.) е повеќегодишно зелјесто растение од фамилијата Gentianaceae. Во првите две години образува прикоренска лисна розета, а од 4-5. година развива цветоносни изданоци со височина до 1,5 м. Со разгранување на коренот, бројот на цветните изданоци по едно растение се зголемува. Повеќеглавиот вертикален задрвенет корен на постарите линцури продира во почвата на длабочина до 15-20 см. Од задрвенетите корени се развиваат многубројни ситни корени со дијаметар од 0,25-0,50 см, кои продираат во длабочина од 5070 см. Бојата на задрвенетите корени е жолтокафена, а на ситните коренчиња е сивкаста. Цветоносните стебла се округли, исполнети, со дијаметар 1,5-2,5 cm и носат листови кои го обвиваат стеблото. Листовите се издолжено елипсовидни, долните се подолги, до 30 cm, а горните се значително помали. Цветовите се двополови, крупни, со должина 18-25 cm, поставени на кратки цветни дршки. Цветањето започнува во средината на јуни до почетокот на јули и трае околу еден месец. Плодот е издолжена ланцетеста лушпа со многу семиња со темнокафена боја. Масата на 1.000 семки изнесува 1,2-1,5 г. Семето се формира во август, а созрева во септември, според редоследот на цветањето. При собирањето на семето наеднаш еден дел од него нема 'ртливост како резултат на физиолошката незрелост. Лековита суровина претставува задрвенетиот повеќегодишен корен кој содржи гликозид генциопикрин, од којшто потекнува и горчливиот вкус на коренот, и алкалоид генционин. Препаратите од повеќегодишниот корен се применуваат при смалена киселост на желудочниот сок, при нарушување на варењето, анемија и општа слабост во периодот пред оздравувањето. Тие го зголемуваат апетитот, го подобруваат варењето и усвојувањето на храната. Линцурата подобро успева на дренирани почви со висока содржина на

24 | МОЈА ЗЕМЈА

органски материи и варовник. Откриени и високи површини кои се изложени на суви ветрови не се погодни за оваа култура. Најдобро е насадите да се постават на шумски ливади или блиску до шума, на северна или западна страна. Кај нас линцурата расте како самоникнато растение исклучиво во планински предели со карбонатна подлога. Тоа треба да се има доколку би сакале да ја одгледуваме, бидејќи надморската височина е важен ограничувачки фактор. Затоа препораката е линцурата да се сади над 800 метри надморска височина. Како резултат на неконтролирана експлоатација на линцурата од нејзините природни живеалишта, таа е многу истребена, па затоа собирањето на линцурата во голем дел од Европа е забрането, што отвора одредени можности за нејзино производство и извоз. Агротехника Линцурата се размножува со сеидба на семето пред зимата или со стратифицирано семе рано напролет, како и со одгледување расад кој потоа се сади на постојано место. Сеидбата се врши во текот на октомври, рачно, во вид на квадратна сеидба со 15-20 семки во секое огниште, на длабочина од 1 см. Преку семето се става тресет или компост што значително ја зголемува 'ртливоста. Растенијата посеани од есен или рано напролет поникнуваат во првата половина на мај. Потоа се пристапува со меѓуредова култивација во два правци, а во огништата се врши рачно плевење. Првата година младите растенија најдобро се зачувуваат со засенување со гранки од иглолисни растенија. Во текот на првата година се вршат најмалку три култивации и плевења. Во пролет, во втората и третата година, негата на посевот почнува штом почвата е потсушена. Се вршат најмалку три вкрстени култивации и плевења. Околу крајот на втората година од некои од растенијата во огништата во септември или октомври се врши пополнување. Затоа со лопата се вадат од добрите огништа и се пресадуваат по две во празните огништа. Во четвртата година одре-

дени поразвиени растенија почнуваат да образуваат цветоносни стебла. За зголемување на приносот на коренот, цветните стебла се отстрануваат. Наесен во четвртата година се врши пробно ископување на коренот за одредување на неговиот принос. Затоа на разни места на нивата со лопата ќе се ископаат одреден број огништа на длабочина од 20-30 см, добро се чистат од почвата, се мијат со ладна вода и се мерат. Доколку просечната маса по растение поминува 200 г, тогаш можеме да ја ископаме целата линцура. При помала средна маса на еден корен, бербата треба да се остави за наредната година. Просечниот принос на свеж корен по растение во петтата година изнесува околу 450 дo 500 грама, а во шестата 600-700 грама по единица површина. Во зависност од густината на посевот, приносот на свеж корен изнесува од 23 до 45 т/ха, што одговара на 5,5 до 12 т/ха, бидејќи просечниот однос на тежината на свежиот и сув корен изнесува од 3,5:1 до 4,0:1. Пред бербата се коси целата зелена надземна маса и се изнесува од полето. Потоа корените се изоруваат со плуг или се вадат со лопата на длабочина од 30 см, добро се чистат од земјата, се отсекуваат остатоците од стеблата и се мијат со ладна вода. Сите корени подебели од 0,5 см во дијаметар одат во меркантилна суровина. Испраните и исушени корени се сечат на парчиња со должина од 10 см, а потенките од 0,5 см се отфрлаат. Парчињата од корен подебели од 2 cm се сечат на два дела за побрзо сушење. За семе се оставаат матични растенија, издвоени на посебна површина од посевот. Од едно растение се собираат околу 10 грама семе. За да добиеме семе за површина од 1 ха (2-3 кг), треба да се остават 200-250 матични растенија. Семенските растенија се собираат кога почнуваат да се создаваат првите плодови. Растенијата се косат со срп до коренот, се врзуваат во снопови и се носат под настрешница за дозревање и досушување на семето. Потоа се чукаат, а семето се чисти од примеси на решетка. l


Претплата на „Моја земја”

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.

Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари

Како да станам член во ФФРМ Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: ФФРМ - Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042


ОВОШТАРСТВО

Одгледување ореви

НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ при производството на

ОРЕВ Квалитетот на садниците има пресудно значење за успешниот прием, раст, развој и квалитет на производството на ореви. При подигнување нов овоштарник треба да се користат исклучиво садници од прва класа со добро развиен коренов систем и целосно задрвенети по целата надземна површина. Пишува: Дипл. агр. Иван Стојанов

С

ортите на ореви се разликуваат по родноста, квалитетот на плодот, отпорноста на температурни разлики и отпорноста кон разни видови болести и штетници. Кај оревот највпечатливо е различното цветање на машките и женските гамети. Кај повеќето сорти зреењето на машките гамети е порано отколку кај женските, помалку сорти се оние каде што женските гамети созреваат порано од машките, додека сорти каде што истовремено зреат и двете гамети се многу ретки. За рентабилно производство најважно е сортите да се со што пократка вегетација (подоцна да почнуваат, а порано да ја завршуваат вегетацијата) со што би ги избегнувале раните пролетни и есенски мразеви. Одбраните сорти треба да се отпорни кон предизвикувачите на болести и штетници. Квалитетот на

плодот треба да биде екстра или прва класа. Особено е важно одбраните сорти меѓусебно добро да се опрашуваат и оплодуваат. Длабоко структурирани и растресити почви со поволен водно-воздушен режим и со добри хемиски и биолошки особини се погодни за сите видови подлоги и сорти на орев. Типови почви на кои успева оревот се: црна смолница во сите варијанти, алувијални почви богати со хумус, црница и песоклива. За плантажно и интензивно одгледување на оревот потребно е да се одберат длабоко пропустливи почви, со pH вредност 6,5 - 7,5. Кај нас оревот може да се одгледува до 1.200 метри надморска височина.

Распоред на садење - м

Броја стебла на декар

6Х6

30

7Х7

20

8Х8

15

9Х9

13

26 | МОЈА ЗЕМЈА

ОДРЕДУВАЊЕ РАСТОЈАНИЕ И БРОЈ НА САДНИЦИ ПО ХЕКТАР Одгледувањето на оревот зависи од особините на сортата и од подлогата, од бујноста, особините на почвата каде што се сади, од климатските услови, начинот на обработка, од можностите за примена на механизација и др. Оревот треба да се сади на растојание доволно за негов раст. Растојанието помеѓу садниците може да варира како по редови така и во самиот ред од садница до садница, но најдобро е да се применуваат препораките на стручните лица во согласност со горенаведените услови.

Година

Кг од 1 орев

Кг на 1 ха

3-6 г. 7-10 г. 3-6 г. 7-10 г. 3-6 г. 7-10 г. 3-6 г. 7-10 г.

2-5 кг 6-10 кг 2-5 кг 6-10 кг 2-5 кг 6-10 кг 2-5 кг 6-10 кг

60-150 кг 180 -300 кг 40 – 100 кг 120 - 200 кг 30 - 75 кг 90 – 150 кг 25 - 65 кг 80 - 130 кг


ПРЕПОРАЧАН РАСПОРЕД НА САДЕЊЕ 7x7 И ПРИНОС ПО ДЕКАР Порано се препорачуваше растојанието меѓу стеблата да биде такво што на оревот нема да му се допираат страничните гранки и со тоа ќе имаат непречен развој. Меѓутоа во современото производство на орев традиционалните стереотипи се напуштаат и се применуваат нови модерни типови на производство. Поради тоа, при одредувањето на растојанието и на бројот на стебла по единица површина треба да се имаат предвид чинителите на начините на производство, посебно да се води сметка на особините на подлогите, особините на почвата, видот на крошната, генетско-биолошките особини на сортите и местоположбата на површината на која ќе биде подигнат насадот. Пресметката за бројот на садниците по единица површина (на 1 ха) се врши така што прво се пресметува површината потребна за една садница, а потоа таа површина се дели на површината од ха.

Потеклото на подлогите е, исто така, многу важно бидејќи од нив зависи развиеноста, растот и родноста на оревот. Исто така, при избор на саден материјал за подигнување овоштарник многу е важно да согледате колку се стари садниците. Најчесто се користат едногодишни и двогодишни садници, а во исклучителни случаи и тригодишни садници. Едногодишните и двогодишните садници имаат подобар прием, жиличките помалку се оштетуваат при вадење од земја, круната може благовремено да се оформи на саканата висина итн.

Насадите со калемен орев ги надминуваат очекувањата. Пред 1 до 2 години беа подигнати 3 ха од овој орев. Во сезоната 2014/15 подигнати се околу 30 ха. А, за оваа година има најави за околу 100-200 ха.

ИЗБОР НА СОРТИМЕНТ Изборот на сортиментот е многу битен фактор. Треба особено да се води сметка за периодот на цветање, родноста, квалитетот на плодовите, како и осетливоста на растителните болести и штетници. За да се подигне здрав насад со орев, основен предуслов е да се засади квалитетен саден материјал кој може да се најде во квалитетни расадници, кои располагаат со декларација за квалитет и да биде добро чуван во трапови кои гарантираат здрави садници.

Подигнување насад од 2,5 ха во Кумановско

СОРТИМЕНТ Во Република Македонија има диворастечки самоникнати ореви, но застапени се и сорти како „тиса“, „шејново“, „новосадски“, „шампион“, „аполо“, „пловдивски“, а во поновиот период, посебно во последните 2-3 години, најбарана сорта е сортата „чендлер“ (CHANDLER).

Распоред на садење

ИЗБОР И ПОДГОТОВКА НА САДНИЦИ ЗА САДЕЊЕ Квалитетот на садниците има пресудно значење за успешниот прием, раст, развој и квалитет на производството на ореви. При изборот треба да се обрне внимание на развиеноста на кореновиот систем, надземниот дел, автентичноста на сортата и подлогата, староста на садниците, здравствената состојба и механичките оштетувања.

CHANDLER – сорта орев со потекло од Калифорнија. Сортата „чендлер“ е најродна и најпозната во светот. Има доцна вегетација, средно бујна, плодот е крупен, јатката е со одличен квалитет. „Чендлер“ е сорта која дава највисок принос од другите сорти, а првите плодови ги дава уште во првата година.

Кумановски регион – површина од 2 ха

Интересот е навистина голем и претставува своевиден БУМ во подигањето насади од оваа сорта. Најголем интерес досега е забележан во кумановскиот регион, а не е помал бројот во Битолско, Прилепско, во Источна Македонија, а посебно во и околу Струмица. l

При подигнување нов овоштарник треба да се користат исклучиво садници од прва класа, со добро развиен коренов систем и целосно зрели (задрвенети) по целата надземна површина. МАЈ 2015 | 27


ПЧЕЛАРСТВО

Пчеларска револуција – проточна кошница

Вентил на рамките

МЕД

што тече низ чешма директно од рамките Со неверојатниот пронајдок заборавете го традиционалното и макотрпно собирање мед, коешто одзема многу време. Овој нов начин е полесен како за пчеларите, така и за пчелите Пишува: Моника Ристеска

Л

уѓето еволуирале заедно со пчелите и со нив се во неразделна врска. Ние се грижиме за нив, тие ги запрашуваат нашите култури и секако прават и за возврат ни даваат многу вкусен мед. Но, собирањето на „златниот нектар“ од секогаш било комплицирана задача.

28 | МОЈА ЗЕМЈА

„Јас одлучив дека е лудо да мора секој пат да се отвора кошницата, да се вадат рамките, потоа да се изложуваат сите пчели на стрес и да се помине цел ден покрај сандаците, за да се собере медот. И јас помислив дека мора да постои подобар начин. Па, заедно со мојот татко го откривме тој начин.“ - вели синот-пчелар, едниот од двајцата генијални пронаоѓачи на проточните кошници.

„И ние го сторивме тоа. Сега едноставно ја одвртуваш чешмата и чистиот свеж мед истекува од улиштето директно во тегла. Вкусен и спремен за јадење.“ - изјавува гелијалниот татко-пчелар. Кога пронаоѓачите Сидар Андерсон и неговиот татко Стјуарт го објавија својот нов радикален дизајн за пчеларник на платформата за собирање донации „Indiegogo“ кон крајот


на февруари, тие се надеваа дека ќе соберат 70 илјади долари. Осум недели по затворањето на оваа кампања, тие успеале да достигнат до зачудувачка сума од 12 милиони американски долари. Ова семејство од дождовните шуми во внатрешноста на Бајрон Беј на далечниот северен брег на Нов Јужен Велс помина повеќе од една деценија во креирање на брилијантно едноставен, но сепак револуционерен систем кој им овозможува на пчеларите да собираат мед со чешма, без нарушување на кошницата и пчелните друштва. Овој систем се состои од рамки што се направени од пластика, во кои саќето се пресечени на средината. Кога саќето е полно со мед, со свртување на лостот внатрешната структура се изместува, т.е. ќелиите се отвораат формирајќи проточен канал низ кој медот истекува надолу, а потоа надвор од сандакот. Откако медот ќе истече, саќето се ресетира во првобитна положба со повторно свртување на лостот и рамките се спремни за

повторно полнење со мед од страна на пчелите. Овој начин на собирање мед не само што е попријатен за пчелите, тој исто така е попријатен и за пчеларите, бидејќи сега тие нема непотребно да губат време и труд како при традиционалното собирање на медот. Глобалната реакција е изненадувачка. Повеќе од 35 илјади луѓе инвестирале во проектот „Проточна кошница“. Во рок од три часа, тие успеале да соберат 1 милион долари. Овој проект е најголемиот проект за собирање донации на „Indiegogo“ досега. „Нашата визија за светска заедница на пчеларите кои го користат нашиот изум, кои ќе бидат обединети со љубовта кон пчелите и подлабокото разбирање на природниот свет, повеќе не е само идеја“. Тој проценува дека околу 50% од луѓето коишто инвестирале во „Проточната кошница“ се нови во оваа област.

Иако генијалниот пронајдок што им го променил животот е готов, таткото и синот Андерсон сè уште не можат да се одмораат, бидејќи сега притисокот повторно е врз нив. Тие мораат да стигнат да ги направат сите нарачки. Овие кошници се произведуваат во Бризбејн, а потоа се транспортираат низ целиот свет. Додека производството се очекува да продолжи во текот на 2016 година, семејството Андерсон, исто така, работат на градењето онлајн пчеларска заедница што ги вмрежува сопствениците на нивните проточни пчеларници. l Тајната е во подвижните ќелии

МАЈ 2015 | 29


ПЧЕЛАРСТВО

Главна паша

Која паша е најсоодветна за секој период од годината?

Пишува: Раде Каранфиловски, Апицентар Битола

Пчелите постојано мора да бидат во топ-форма, па затоа мора да се прихрануваат. Како главна паша се смета багремовата паша, но поради временските неприлики и недостигот на багрем, оваа паша најчесто е промашена, па пчелите треба добро да бидат подготвени и за ливадската паша

К

ај нас е тешко да се каже за некоја главна монофлорна природна паша во пролетниот дел. Ваква паша може да се сретне на интензивни култури (маслена репа, сончоглед) и шумска. Од овие три, органското пчеларење може да користи само една, тоа е шумската паша. Рано е да се каже каква ќе биде пролетната главна паша поради ладната пролет. Климатските промени донесоа голема забуна и уназадување на пчелните друштва на вакви временски услови, многу е тешко да се предвиди што ќе биде со некоја главна паша. Има многу промени на нестабилното време (ден сончево, три врнежливо и ладно). Овие временски услови бараат пчелите да бидат скоро цело време во топ форма што може да се одржи единствено со прихрана, а таквата топ-форма при заладување од неколку дена ќе ги доведе друштвата во роев нагон кој тешко може да се спречи, а со појавата на овој нагон, може да дојде и до создавање на многу нови пчелни роеви. Во ваква ситуација, пчеларот често пати не може да најде место каде што ќе ги собере роевите (недоволен број кошници), а и друштвата толку ослабуваат што тешко ќе соберат мед и за своите потреби, а да не зборуваме за вишок производи (мед и полен). За да се справат со ваквите проблеми, оние пчелари кои имаат поголем број кошници треба да се постојано присутни на пчеларниците и будно да ги следат: развојот на медоносните растенија, развојот на пчелните друштва и временската прогноза за најмалку една недела. Ова го велам затоа што приносот на мед кај пчелните друштва е директно зави-

30 | МОЈА ЗЕМЈА

сен од бројот на пчели во кошницата, од нивната старост и распоред на работа (излетнички, примачки на медот и пчели дадилки на леглото). Кога сме кај оваа бројна распределеност, пчелите излетнички (тие што носат нектар и пчелите примачки на нектар во кошницата) ги сврзувам во една група како медособирачки, а пчелите кои се грижат за леглото (дадилки) во друга група. За да имаме поголем принос на мед во главната паша треба да гледаме да го зголемиме бројот на медособирачки, а да се смали бројот на одгледувачки на леглото (дадилки). Бројот на пчели излетнички, ќе го зголемиме ако од одредени непроизводни друштва одземеме десетина до дваесет илјади пчели и ги додадеме на некое производно друштво, а ова може да се стори ако едните друштва од другите се оддалечени најмалку три километри. Појачувањето на истиот пчеларник со пчели излетнички може да го направиме со налетување на пчели од непроизводните (помошни) друштва во производните. Бројот на пчели дадилки ќе се намали ако се одземе поголем дел од отвореното легло и се додаде на производните друштва, а од нив се земе затворено легло кое е пред излегување и се додаде на производните, а на матицата и' се остави многу мал простор за несење. Вака набилданите друштва ќе имаат поголем број пчели и тоа некаде околу 60 илјади и ќе дадат два до три пати повеќе принос отколку ако работат на собирање мед на сите друштва одделно. Ваквата постапка кажува дека во пчеларството 1 + 1 = 4, а не 2. Ова се објаснува на следниот начин: ако пчелариме со две друштва кои имаат по 40 илјади пчели во секое друштво, по

завршување на пашата, секое од нив ќе даде по 10 кг мед т.е. (2 х 10 = 20 кг или 1 + 1 = 2). Сега, ако на едното друштво кое има 40 илјади пчели му одземеме 20 илјади пчели и му ги додадеме на другото со 40 илјади + 20 илјади = 60 илјади. Ова друштво нема да собере 20 кг мед, туку ќе собере повеќе од 40 кг, а со тоа ќе докажеме дека во пчеларството, можно е 1 + 1 = 4 (40 кг мед). Ваквиот начин на пчеларење, носи многу, многу поголеми приноси мед, но е многу ризичен ако набрзо по ваквото групирање времето се залади, ако разврне дожд, фатат многу високи температури и ветер, па производните друштва многу брзо ќе влезат во нагон за роење и тешко ќе може да се спречи роењето. Во ваков случај, јас ја одделувам старата матица со рамка како нуклеус, а сите матичњаци со исклучок на 1 или 2 ги ништам. Велам 1 до 2 матичњак, бидејќи ми се случило со 2 матичњаци друштвото да се рои. Кога вакво јако друштво се рои, единствена утеха е што ројот е огромен (џиновски) со над 3 килограми тежина. Во главната паша (пролетната) ако се употреби матична решетка, често пати пчелите почнуваат да блокираат, односно да го депонираат медот во плодиштниот мед, а во медишниот над матичната ќе има многу малку мед, па може да се јави и нагон за роење. Затоа, често пати матичната решетка ја исфрлувам, рамките во медишниот наставок ги разредувам на поголемо растојание да не ги занесува матицата, а со тоа да не оди и на другите медишни наставоци. Тоа го правам на следниот начин: штом


почне интензивно лачење на нектар од секој медишен наставок, земам по 2 рамки, а остатокот од рамки правилно го распоредувам, така што од средиштето на една рамка до средиштето на друга да има околу 45 мм. Ваквото разредување на рамките го правам и за багремовата и ливадската паша, а ако не се н сите рамки, поставувам во еден наставок две до три рамки без сатна основа помеѓу две изградени, па пчелите сами ја градат оваа рамка надолу, а восокот е чист и природен, а не ожичен (без жица). Вака добивам чист органски мед во саќе, изградено од самите пчели, без сатна основа и жици, а восокот е многу кревок и светол, без залежани ќелии (девојчински восок). Напоменувам дека притоа користам широко-ниски рамки со ширина на сатоносот од 36-38 мм. Пчеларењето со вакви рамки е поекономично и попродуктивно, а тоа се гледа во следните предности: 1. Разредување на рамките во медиштето или користење широки рамки, се зголемува медишниот простор за толку колку што има улици, односно се добива околу 3 кг мед повеќе во секој медишен наставок. 2. Бидејќи пчелите ќе ги надградат ќелиите во саќето, тие ќе бидат длабоки околу 18 мм, наместо 12,5 мм, па матицата нема да стигнува до дното на ќелијата да несе. Понекогаш се прави и грешка. Пчелите ќе ги скратат ќелиите на 12,5 мм, па ќе ги занесе матицата. 3. Во широко-ниските рамки, бидејќи не ставам сатна основа, пчелите го градат саќето претежно со трутовски ќелии, па ако се случи непредвиденото, матицата да занесе една ваква рамка ќе биде со трутовско легло. Кога ќе биде запечатено ова легло, го исекувам од рамката многу лесно бидејќи нема жици и на тој начин ќе направам безопасно биолошко уништување на вароата, слично како во градежните рамки, а исчистената рамка повторно ја враќам на старото место да ја изградат. 4. За исто производство на мед, потребни ни се помалку рамки, а со тоа добиваме време при отпечатувањето на медот и центрифугирањето, а и помалку рамки чистиме од пчелите, додека восок ќе добиеме повеќе бидејќи се надградени ќелиите.

5. Чистењето на ваквите надградени рамки е многу подобро, бидејќи со отклопувачот или ножот за чистење режеме покрај капакот и дел од ќелијата, па не треба рачно коригирање на отклопените рамки. 6. Со надградбата на саќето, задоволени се потребите за лачење восок на младите пчели и добиваме повеќе восок. Кога друштвата во пролетниот дел се пренесуваат на некоја главна паша, може да се употреби матична решетка под посебни услови, но само за Л.Р. и Ф.Р. кошници кои вообичаено имаат на секој наставок округло летиште. Матичната решетка е врамена со рамка со дебелина од 1 см на четирите летвички од рамката, а на предната страна од Ханемановата решетка оставам летиште со должина од 15 см. Долните два наставци (Л.Р. и Ф.Р.) се затворени на летото и на помошните округли отвори. Пчелите влегуваат два дена по доселувањето само од летото кое е над матичната решетка, а третиот ден летото кое се наоѓа на подницата го отворам само три до четири сантиметри во ширина. Низ него можат да излегуваат трутовите, а тука можат да влегуваат и пчелите кои внесуваат цветен прав, додека округлите летишта кои се наоѓаат на продишните тела не ги отвораме. Со ова сме добиле пчелите да носат мед, само во медишниот дел, одгледуваат легло во продишниот дел, таму го складираат и цветниот прав. Ова треба да се прави многу претпазливо, да не останат плодишните наставци со малку мед, ако се работи за некоја од подоцнежните паши пред самата есен. Вака спремена кошница со матична решетка на двата плодишни наставци е многу добра работа ако се носат пчелите на некоја пообилна шумска паша (на медлика). Како резултат би добиле добро исполнети медишни наставци со медлика, а сосема малку мед од медлика во плодишните наставци, а со ова сме ја одвоиле медликата, за да во зимата не прави проблеми со ноземозата. Плодишните наставци треба да бидат исполнети со доволно количество мед за зимување, а да го сториме тоа пчелите треба да се прихранат со шеќерен сируп и тоа што е можно во помалку прихрани, но обемни по содржина со повеќе од 10 литри сируп на едно прихранување. Во овој шеќерен сируп

додавам по 15 мл домашна јаболкова киселина, која ќе помогне при разложувањето на сахарозата во прости шеќери. Во складираниот мед ќе останат доста минерали и микроелементи во самата киселина. Добро е овој сируп кој се дава за обезбедување на зимските резерви да е инвертиран со посебна постапка, а како таков нема многу да ги истошти пчелите. Пред почетокот на главната пролетна паша, треба да се извади најлонската фолија која сме ја поставиле во претходните месеци за подобра заштеда на топлина, и собирање на водени капки над леглото, летата да се ширум отворени, исто и помошните лета отворени. Сето ова го правиме за подобра вентилација во кошницата и побрзо зреење на новиот мед. Кошниците кои немаат жично дно и помошни округли летови, за да добијат подобра вентилација, можеме медишните наставци да ги поместиме за 2,5 до 3 см на назад, па на предната страна ќе добиеме лето со ширина од 1 см преку целата ширина на кошницата, без страв од грабеж, кој за време на главната паша не се јавува, а е многу користен (ја скратува работата на пчелите). Кога ќе настапи беспашен период, ваквите отвори се затвараат со поместување на наставокот на напред. Кога наставокот ќе се наполни со запечатен мед, треба да се отстрани, односно да се центрифугира или да се смести во простор за чување мед во саќе. Не треба да се чуваат полни наставци со мед во кошницата, бидејќи тоа бара додаден број на пчели врзани за чување на медот, а и пчелите собираат помалку мед, затоа што кај нив тогаш делува феромонот на полно саќе, а тоа ги прави понеработливи (помалку собираат мед). Како главна паша, ние, пчеларите, ја сметаме багремовата паша, но во нашиот крај најчесто е несоодветна, затоа што времето на оваа паша или нагло заладува, врнат дождови или ќе настапат некои невообичаени високи температури или, пак, ќе дуваат многу ветрови, а можна е и комбинација на повеќе вакви временски неприлики за пчелите. Сето ова ќе придонесе пашата на багрем да биде промашена, а во нашиот крај нема и некои поголеми површини покриени со багрем. За да не дојде до вакви несакани последици, пчелите треба добро да бидат подготвени и за ливадската паша, која во најголем дел е после багремовата паша. СОВЕТ: Не заборавајте да обрнете внимание да го спречите роевиот нагон, бидејќи роењето во современото пчеларство е чиста загуба. Искористете ја пчелната паша, а роењето за зголемување на бројот на пчелни семејства можете да го направите кога ќе сакате, бидејќи пчелите се инсекти, а инсектите се размножуваат кога ќе сакате, ако создадете услови за тоа. l МАЈ 2015 | 31


СТОЧАРСТВО

Болести пренесувани од животно на човек

Ова инфективно заболување пренесувано од животните на луѓето, а предизвикано од бактерии кај нас, но и во голем број други земји во Европа, сè уште претставува значаен јавноздравствен и социоекономски проблем. За успешна борба со бруцелозата потребно е да се преземат низа санитарноветеринарни мерки

Како да се спречи бруцелозата?

Пишува: ДВМ. Томислав С. Николовски

Б

руцелозата (Brucellosis) е инфективно заболување на животните и луѓето предизвикано од бактерии од родот Brucella, типична зооантропоноза, која претставува примарно заболување на голем број домашни животни: овци, кози, говеда, коњи, свињи, кучиња и други. Од оваа болест заболуваат и дивите животни во реоните каде што има бруцелоза меѓу домашните животни. Кај домашните и дивите животни болеста најчесто се манифестира со абортуси кај гравидните животни, воспаление на семениците кај машките животни, како и со воспалителни процеси на зглобовите.

Луѓето се заразуваат со директен контакт со заболените животни и нивните продукти (најчесто термички необработено млеко или производи добиени од него, како на пример, младо сирење). Во најголемиот број случаи бруцелозата е професионална болест, односно се јавува кај луѓе кои се занимаваат со чување и нега на домашни животни или ветеринарно-здравствени работници, кои поради природата на својата професија се многу изложени на оваа болест. Кај луѓето, бруцелозата се карактеризира со разновидна клиничка слика, што предизвикува тешкотии во поставувањето на точната дијагноза. Се манифестира со брановидна температура, аденопатија, зголемување на црниот дроб и слезината, болки во зглобовите, зголемено потење и др. Акутниот тек на болеста има тенденција да помине во субакутен или хроничен, со бројни компликации, работна неспособност на заболениот, а понекогаш доаѓа и до трајна инвалидност. Честите рецидиви (поврати) се карактеристични за оваа болест. 32 | МОЈА ЗЕМЈА

Бруцелозата во Република Македонија, како и во голем број други земји во Европа и во светот каде што сточарството претставува важна стопанска гранка, сè уште претставува значаен јавно-здравствен проблем. Поради своите епидемиолошки карактеристики, јавување во епидемиска форма, нарушување на здравјето на луѓето, како и долгото лекување со можност за рецидиви и реинфекции, бруцелозата претставува не само медицински, туку и социо-економски проблем. Значењето на бруцелозата како економски проблем е потенцирано поради загубите во добиточниот фонд, односно уништувањето на заболените стада и долгогодишната и скапа борба во контролата и нејзиното искоренување. Мерките за превенција на бруцелозата кај луѓето се неминовно поврзани со мерките за спречување на појавата на бруцелоза кај животните и сузбивањето на болеста кај нив, што е во надлежност на ветеринарните власти. За успешна борба со бруцелозата потребно е да се преземат низа санитарноветеринарни мерки, кои се насочени кон искоренување на заразата меѓу животните, во прв ред меѓу овците и козите. Не е лесно да се сузбие оваа болест. Потребно е ангажирање на целокупната заедница, а особено е потребна добра соработка помеѓу ветеринарната и здравствената служба. Преземањето брзи мерки, без плански водена долготрајна акција, доведува до привремено намалување на бројот на заболените грла добиток, но епизоотијата помеѓу животните и епидемијата меѓу луѓето потоа уште повеќе може да се прошири. Поради тоа, сите акции што се спроведуваат во искоренувањето на бруцелозата мораат да бидат строго планирани и временски и просторно синхронизирани во сите етапи на работата.

Во Р. Македонија, согласно Програмата за контрола и сузбивање на бруцелозата кај овците и козите, територијата на државата е поделена на одреден број реони, таканаречени епидемиолошки единици, каде што во зависност од статусот на болеста односно од присутноста на болеста на ниво на стадо, се применуваат мерки за масовна вакцинација, вакцинација на подмладокот или тестирање преку земање крвни проби и соодветна лабораториска дијагностика и колење на животните позитивни на бруцелоза. Исто така, важно е да се нагласи и контролата на прометот со животни и исполнувањето на сите пропишани услови во врска со тоа. Годишната наредба за здравствена заштита на животните и Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај овците и козите се спроведува во текот на целата година, при што се врши вакцинирање на подмладокот стар од 3 до 6 месеци, тестирање во новоформирани одгледувалишта и вршење на ретестирање во одгледувалишта каде што се добиени сомнителни или позитивни резултати. Во овој момент наведените активности се извршуваат во полн капацитет и рокот за масовно и систематско спроведување на мерките е 30.6.2015 година. Со континуирано спроведување на овој вид мерки се постигнува создавање имуна популација животни, односно се спречува ширењето на болеста, а нивната делотворност се рефлектира во намалениот број заболени лица од оваа тешка заразна болест. l


Најбрзиот трактор во светот

МЕХАНИЗАЦИЈА

Финскиот производител на масивни гуми „Нокиан“ го организираше натпреварот во кој Валтра Т234 победи со 130,165 км/ч и тоа во арктички услови. Со мали тешкотии на кривините поради масивноста, нема никакви проблеми на прав пат. Овој трактор оди како воз.

Пишува: Моника Ристеска

Новиот Гинисов рекорд беше постигнат на мраз

С

амо затоа што нема потреба тракторите да бидат брзи, тоа не значи дека не можат да бидат. Всушност, одредени трактори се навистина брзи. Токму таков трактор е Валтра Т234, којшто оваа година го постигна новиот светски рекорд како трактор со најголема брзина.

„Дизајниран за арктички услови, без разлика на брзината“ - Пека Паивико, инженер за тестирање, „Валтра“. Финскиот производител на масивни гуми „Нокиан“ го организираше натпреварот во кој Валтра победи и рекордот од 130,165 км/ч беше запишан во Гинисовата книга на рекорди. Четирикратниот светски шампион во рели, Јуха Канкунен, го управуваше тракторот на ледена тркачка патека во својата родна арктичка Финска. Легендарниот Јуха подобро се прилагодува кога управува со огромни брзини на извртени патишта со автомобил, па токму затоа тој беше повеќе од способен да го одржи 7 илјади и 300-килограмскиот трактор во права линија. Покрај својата неверојатно голема тежина од над седум тони челик, шестцилиндричниот турбо-дизел мотор на Валтра Т234 генерира 101,9 кг/м вртежен момент, односно 247 коњски сили. „Ова не е различно од што било друго. Ваквите машини се одлични за возење. Брзинските тестови и рекорди со вообичаени возила најчесто се спроведуваат на прави патеки, а не на кривини. Најголемиот предизвик е да се добие брзина од кривините. Поради лизгањето секогаш е тешко да се добие соодветна брзина. Ајде да пробаме и да видиме како оди тоа и колку брзо може“, објаснува Јуха. Овој трактор првиот ден од трката успеа да достигне брзина од 109,045 километри

на час во првиот круг и 109,842 км на час во вториот. „Не можам да достигнам голема брзина од кривините, бидејќи тракторот е многу масивен. Сè е во кривината. Нема никакви проблеми на прав пат. Овој трактор оди како воз. Јас само седам внатре“, вели возачот, кој е задоволен од Валтра и од начинот на кој таа ги совладува кривините, бидејќи таа вози многу природно и дава убаво чувство. „Ние можеме да ги промениме сите параметри за контрола на моторот со помош на компјутер и да се приспособиме кон работата на моторот преку него. Еве ја шемата на тековната моќност на мото-

рот. Ова е стандарден фабрички модел. Ние го прилагодивме само софтверот заедно со параметрите, а со самото тоа ја зголемивме моќноста на моторот“, вели Тука Пирто, инженер за развој. Покрај јаката машина, гумите, исто така, се многу значајни кај овој трактор, бидејќи и тие се пресудни за победата. Гумите Нокиан ги обезбедуваат своите клиенти со најдобрите зимски гуми во светот. Проектниот менаџер на тешките гуми Нокиан, Теро Сари, вели дека Валтра го користи моделот на гуми „Hakkapeliitta TRI“, кои се усовршени и создадени токму за арктички услови. Нивното производство бара тестирање во екстремни услови. Тестирањето на брзината на Валтра, т.е. натпреварот, траеше два дена, поради технички проблеми коишто не го обесхрабрија тимот. Патеката беше премногу тесна, па решија да ја прошират. Следното утро Валтра Т234, најновиот модел, беше спремен за подобрената патека. Валтра леташе по мразот со просечна брзина од 128 километри на час. Но, ова не е максималната брзина што може да ја даде оваа машина. Затоа тимот го охрабри возачот да се потруди повеќе и да проба со брзина поголема од 130 км на час за да постигнат подобар резултат. Валтра успеа! Јуха, исто така, успеа! Го положи тестот со просечна брзина од 130,165 км/ч. Јуха на крајот од овој натпревар изјави дека немал проблеми бидејќи верувал во тракторот и во гумите, иако самиот признава дека отпрвин имал проблеми со постигнувањето на брзината, бидејќи не е навикнат да вози трактор. За него многу пријатно чувство е тоа што можел да постигнува рекорди на брзината со автомобили на мраз, а уште поголем успех за него е овој рекорд со трактор. l МАЈ 2015 | 33




МЕХАНИЗАЦИЈА

Трактори

Општи мерки за безбедност при работа со трактор Пишува: проф. д-р Драги Таневски, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

П

ри производството на тракторите основна цел на секој производител е да се произведе колку што е можно побезбеден трактор за возачот. Ако и возачот се придржува на долунаведените предупредувања, можноста да се случи несреќа се доведува до минимум.

Управување на тракторот може да врши само лице кое има пропишани квалификации и положен испит за ракувач со трактор. Работната облека мора да одговара за работа на трактор, како и за останатите земјоделски работи. Најдобро одговара комбинезон или работна облека кај која ракавите можат да се подврзат, со цел да се спречи евентуално зафаќање на деловите од облеката од некој ротирачки дел на тракторот или друга земјоделска машина. Работната облека мора да биде чиста, без маснотии, бидејќи во случај на пожар постои можност брзо да се запали. Сите места кои претставуваат непосредна опасност на тракторите мора да бидат обезбедени.

36 | МОЈА ЗЕМЈА

Секој трактор мора да има сигурносен уред кој служи за заштита на возачот од повреди за време на бочно превртување или при превртување наназад. Заштитните уреди мора да се цврсто споени со телото на тракторот и да се во соодветна мера со масата и видот на тракторот, да се доволно цврсти и не треба да дозволуваат да дојде до одредени деформации на кабината која претставува непосредна опасност за возачот доколку дојде до превртување на тракторот.

Кај тракторите гасеничари, кај кои сопирањето се врши само со двете погонски тркала на гасениците, можат да бидат заеднички кочните површини за погонските и за паркинг кочницата, доколку најмалку 70% од вкупната маса на тракторот гасеничар се потпира на гасениците. Дополнителните тегови, кои мора трајно да останат на тракторот, не смеат да имаат опасни места кои можат да доведат до гмечење или до исеченици.


Сите елементи за пренос на тракторот и приклучните машини треба да бидат заштитени со мрежа или со капак. Карданското вратило мора да има посебна заштита којашто спречува зафаќање на работната облека и повреди на трактористот ако дојде во допир со карданското вратило. Меѓутоа, доколку карданското вратило е во погон, не е препорачливо да се стои во негова близина, бидејќи во случај на кр-

шење може да дојде до тешки повреди. За време на возењето, на тракторот смее да биде само возачот на тракторот. Може да се вози уште едно лице, но само ако тракторот има вградено дополнително седиште. Сите работи на тракторот и приклучните машини смеат да се извршуваат само кога моторот е изгаснат, а приклучната машина

спуштена на земја. Пред да се стартува моторот, треба да се провери дали рачката на менувачот е во неутрална положба и дали рачката за погон на приклучното вратило е исклучена кога на тракторот е приклучена некоја земјоделска машина. Покрај тоа е забрането стартување на моторот ако возачот не е на своето седиште. Пред стартувањето со притискање на педалата треба да се исклучи спојката. Исто така, пред стартувањето треба да се провери дали некое лице не се наоѓа пред тракторот или помеѓу тракторот и приклучната машина. По застанувањето на тракторот, рачката од менувачот треба да се стави во неутрална положба. Не е дозволено качување ниту симнување од тракторот додека тој е во движење. Ноќна работа со тракторот е дозволена доколку тој располага со соодветни и исправни светлосни уреди. l МАЈ 2015 | 37


МЕХАНИЗАЦИЈА

Трактори

Најважни карактеристики со кои се одликува овој доживотен трактор се издржливоста и моќноста на подигање, кои денес се најважните карактеристики што се бараат од тракторите. Главно е наменет за општа употреба и тоа за сопствениците на мали и семејни фарми.

„Зетор Мајор 80“

- предностите на неговата хидраулика Пишува: Марјан Стојковиќ

С

егашниот опсег на трактори што ги нуди брендот „Зетор“ на пазарот продолжува со долгогодишна традиција на квалитет и достапност. Од самиот почеток тракторите на „Зетор“ се одликуваат со следниве карактеристики: Изведба – Тракторите „Зетор“ се дизајнирани за да се постигне најдобра можна комбинација на соодносот на моќта на моторот и тежината на целата машина.

Издржливост – Филозофијата на „Зетор“ е да се создаваат трактори кои се едноставни, паметни и практични, многу сигурни и лесни за употреба. Вкупни трошоци на сопственост - Овие трактори се рангирани меѓу најдобрите во потрошувачката на гориво. Секој мотор на „Зетор“ е тестиран од страна на инженери пред да се пушти во производство. Резервните делови, исто така, не се скапи, па затоа овие трактори се најсоодветни за потрошувачите во однос на оперативните трошоци. „Зетор Мајор 80“ ги поседува сите овие карактеристики. Имено, тој е сигурен трактор со капацитет од сред-

ната класа и со одличен сооднос на цената и моќта. Овој трактор е наменет за општа употреба и тоа како за земјоделска, така и за индустриска употреба. Ова е помал компактен трактор кој спаѓа во категорија на моќ до 80 коњски сили. Овој модел потсетува на моделот со исто име, што беше еден од најуспешните трактори во историјата на „Зетор“. „Зетор Мајор 80“ е сигурен, моќен и лесен за одржување, па затоа се здоби со репутација на „доживотен трактор“. Главно е наменет за сопствениците на мали и семејни фарми. „Зетор“, во соработка со италијанскиот производител МИТА, за моделот „Зетор Мајор 80“ изработува посебна хидраулика која се одликува со:

механичка регулација; голема моќност на подигање; нежно управување; лесно достапна; лесно и сигурно управување со приклучоците;

можност за закочува за време на транспорт.

Хидрауличниот систем на овој трактор се состои од два круга, надворешен и внатрешен, од кои внатрешниот цирк улационен круг е за контролата на системот за приклучување додатоци, а надворешниот е за хидрауличните излези. Овој систем го движи силна хидраулична пумпа со капацитет од 50 литри во минута и максимален притисок од 18 МРа. Системот за поврзување на приклучоци се изведува во САТ2 приклучоци и се одликува со голема моќност на подигање од 2.600 кг. Тој се котролира со две рачки од кабината од кои едната е за подигање/спуштање, а другата е за контрола на длабочината. Системот, исто така, е опремен со уред за контрола на сензитивноста, како и можност за закочување при транспорт. Хидрауличните излези кои се опремени со брзоспојувачки спојки може да бидат во една или две секции, а лесно се управувани од внатрешноста на кабината. Како најважни карактеристики со кои се одликува овој систем се издржливоста и моќноста на подигање, кои денес се најважните карактеристики што се бараат од тракторите. l

38 | МОЈА ЗЕМЈА




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.