Moja zemja 113 april 2015 web

Page 1

број 113 април 2015 50 ден www.ffrm.org.mk МАШИНСКА БЕРБА НА ГРАВ

1.000.000 саксии во Владевци

Ран компир во заштитен простор

Бамбус во Македонија

Форсирање на луковици

Туларемија


УРЕДНИЧКИ ЗБОР

СОДРЖИНА ФФРМ: ГОДИШНО СОБРАНИЕ

Успешни жени Отсекогаш сум се восхитувала на луѓе кои се дел од една идеологија и гледаат да ја ши­рат и да се борат за неј­зи­но реа­ли­зи­ра­ње. Ду­ри и ако кон­крет­но не сум засегната од так­ви­те идеи и ми­­сли кога ќе видам такви луѓе без размислува­ ње им давам поддршка и се вклучувам. Токму во едно такво движење и самата навле­ гов, восхитена од ентузијасти кои започнаа да го шират земјоделското движење меѓу младите и жените. Федерацијата ги поддржа со тоа што има­ме Мрежа на млади фармери и Мрежа на же­ни фармери. Дел од нив се во Федерацијата, дел не се или во­општо и не биле. Она што посебно ме инспирира се лидерските спо­собности на жените кои знаат и умеат да го ши­рат земјоделството помеѓу жените. Во јавноста често пати се споменува дека се мар­гинализирани групи, но ако работат на по­ го­­лемо обединување и информирање и тоа како мо­жат да придонесот да се отстрани овој епитет. Екипата на „Моја земја“ отсекогаш давала про­ стор на младите и жените, така што се направе­ ни репортажи. На овие луѓе навистина им треба поттик и под­ дршка и давање на простор на вистинските зем­јоделци да седнат на местата за креирање на земјоделската политика. Доколку тоа не им се помогне сеуште на нивните столчиња ќе се­ дат неквалификувани луѓе кои само прават или се под влијание на некоја манипу­ лација. Моја препорака е жени фармери ра­ бо­­тете на вашето обединување за да го заземете своето место и само на ва­ков начин можете да придонесе­ те за развој на земјоделството и да овоз­можите ширење на земјоделско­ то движење. Само напред и поддршка­ та од екипата на „Моја земја“ и понатаму ја имате. Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

Моја земја, април 2015 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Адреса на седиштето и уредништвото: Ул. Христо Смирненски бр. 15, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com

10

Градинарство: КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ МОЛЦИТЕ

Градинарство РЕЗИДБА НА КРАСТВИЦИ

Новитет: ЖИТНА РАКИЈА

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 03.04.2015 Tираж 2500 примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

12

18

Сточарство: ПРОВЕРКА НА КОЛОСТРУМОТ

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk

4

31

Лектор Верица Неделкоска Стручни соработници Проф.Драги Таневски, Др-Драгомир Јеремиќ, Др.Томислав Николовски, Доц. д-р Звезда Богевска, Доц. д-р Маргарита Давитковска, Атанас Димитров, Захариев Ванчо, Раде Каранфиловски, Стојан Глигоров, Благојче Димитриев, Сашко Стошиќ, Петар Христов, Борис Најдовски Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.



ФФРМ

Собрание на ФФРМ - ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО И НАМАЛУВАЊЕ НА ЧЛЕНАРИНАТА

О

колу 3.000 земјоделци беа инволвирани во активностите на ФФРМ во 2014 години. Се организираа средби со владини и невладини институции во насока на подобрување на земјоделството, манифестации на коишто се истакнува значењето на младите и жените во земјоделството, посета на саемски манифестации во Турција, Србија, Грција, работилници, конференции, студиски посети. Ова се дел од резултатите и активностите што Федерацијата на фармерите на РМ ги презентираше на седницата на редовното Генерално собрание на ФФРМ, на кое присуствуваа 38 делегати. Во рамките на седницата ФФРМ направи измени во стратешките документи на организацијата со кои се овозможува нејзин развој,

4 | МОЈА ЗЕМЈА

како и зголемување на бројот на членови. Со оглед на фактот што земјоделците се соочуваат со проблеми и предизвици поврзани со пласманот, климатските промени, Федерацијата ја намали членарината за здруженијата и кооперативите и таа сега изнесува 3.000 денари, и ги поедностави процедурите за членство, така што со новите измени на Статутот секој земјоделец може да биде член на организацијата со пополнување пристапница и плаќање членарина. И понатаму членството во ФФРМ е поделено на групно, индивидуално и придружно членство. На Сообранието се обрати претседателот на Федерацијата на фармерите на РМ, Никола Стаменов, кој истакна дека Македонија е земјоделска

држава и дека земјоделството е една од најзначајните стопански гранки за равој. Федерација на фармерите на РМ спроведува активности кои имаат цел да доведат до јакнење на земјоделското здружување, развој на земјоделското претприемништво и поставување профитабилно земјоделство како значајна стопанска гранка. „Федерацијата во изминатиот период помина низ многу трнливи патеки. Над 10.000 земјоделци учествувале во нејзини активности и се креирале ставови, мислења кои биле презентирани пред надлежните институции, со кои сме имале и успешни и неуспешни преговори за одделни прашања. Токму оттука сме добиле многу научени лекции кои ние, како Управен одбор, и тимот на вработени во ФФРМ сме должни пред членството да ги применуваме и надградуваме. Најболните точки и понатаму кај нас, земјоделците, се пласманот и договорното производство. Токму на оваа проблематика ние, како организација, работиме многу и покрај тоа што некои резултати се видливи, а некои се незабележливи. Но, сепак и понатаму наш став и борба е да се почитуваат договорите и да се овозможи развој на договорното производство. Соработката на сите инволвирани страни во земјоделството е неопходна и за едукација и за навремена информација. Токму сора-


ФФРМ организираше посета на саем во Бугарија Во организација на ФФРМ, фармери присуствуваа на земјоделски саем во Бугарија, каде што се запознаа со најсовремените техники и технологии на производство. Земјоделскиот саем го посетија 18 фармери од Струмица, Валандово и Гевгелија, кои преку ваквите саемски манифестации остваруваат контакти и споделуваат информации со компании и земјоделци од регионот. Имено, земјоделските саеми се едни од активностите на ФФРМ преку кои се овозможува едукација, бизнис-комуникации и имплементација на нови технологии во регионот.

Навремена превенција против глодарите кои се појавија во поплавените региони

ботката со владините институции и со компаниите е важна во насока на развој на аграрот и, пред сè, креирање на закони кои ќе овозможат квалитетен производ и организиран пласман на странски пазари. Заеднички настап е неопходен во промоцијата и искористувањето на државните финансиски поддршки, ИПАРД програмата, како и надминување на проблемите со самата исплата. Интензивна соработка со приватниот сектор и посебно со откупувачите и преработувачите и создавање на вистински дијалог кога станува збор за дефинирање на цени и почитување на принципи на работа. Во таа насока се реалзираат и посети на земјоделските саеми во Грција, Србија, Бугарија и Турција“, истакна Никола Стаменов, претседател на ФФРМ. Тој потенцира дека и во идниот период ФФРМ ќе посвети посебно внимание на секторскиот систем на работа и формирањето на економски здружени форми, како што се кооперативите кои се неопходни и тоа во насока на развој на организиран настап и создавање на конкурентен производ. ФФРМ и понатаму посебно внимание ќе посветува на едукација преку трибини, работилници, директни средби за надминување на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат земјоделците. l

Федерацијата на фармерите на Република Македонија постојано ја следи ситуацијата со поплавите кои ја зафатија целата територија на државата. Најголеми штети се направени врз земјоделските површини во Пелагонија, штипскокочанскиот и струмичкиот регион, каде што под вода е голема земјоделска површина поради излевање на водата од речните корита, обилните врнежи, а поплавени се и куќи. Дополнителен проблем кој се појавува како последица од поплавите се глодарите, кои прават проблеми во полјоделството и градинарството. Таков проблем имаа земјоделците минатата година во летниот период. Поради температурните разлики и метеоролошките предвидувања дека во наредниот период се очекуваат високи температури, можна е појава и на наезда на комарци во поплавените региони, кои ќе претставуваат голем проблем за руралните подрачја. Токму поради овие причини, Федерацијата на фармерите на РМ достави барање до надлежните институции за навремено преземање мерки за уништување на глодарите и навремени прскања за да се спречи појавата на наезда на комарци.

Мрежата на жени – фармери избра локални координатори Мрежата на жени фармери во ФФРМ го одржа својот годишен состанок на кој се разговараше за активностите што треба да се реализираат во 2015 година. Во рамките на состанокот се разговараше за преземање на активности за поголемо инволвирање на жените во земјоделското здружување и за зголемување на бројот на жени во Мрежата на жени – фармери, како и спроведување на активности за нивно поголемо инволвирање во претприемништвото. За реализирање на активностите, Мрежата на жени – фармери избра 10 локални координаторки кои ќе работат регионално за зголемување на членството на Мрежата на жени – фармери од руралните средини. Координатор на Мрежата на жени – фармери е Љубица Џониќ, која е член на УО на ФФРМ, а за локални координатори се избрани: Соња Вељановска (Скопје, Куманово), Васка Мојсовска (Неготино, Кавадарци, Росоман, Демир Капија), Светлана Трифуновска (Берово, Пехчево), Сузана Димитриевска (Свети Николе, Штип), Елена Ѓорѓиевска (Битола), Горица Василевска (Македонски Борд, Кичево), Снежана Танева (Гевгелија, Богданци), Мира Ѓурчиновска (Гостивар), Валентина Трпеска (Прилеп), Нетка Давчева (Струмица).

АПРИЛ 2015 | 5


ФФРМ

Позначајни настани реализирани во 2014 ÔÔВо април 2014 се организира Годишното Собрание на ФФРМ каде што присуствуваа 55 делегати и беше избран нов Управен одбор на ФФРМ, кој довербата за лидер на организацијата му ја даде на Никола Стаменов. Токму овој настан беше еден од највпечатливите настани кои се одржаа во текот на оваа година. По реализираното собрание и Управен одбор беше организирана и прес- конференција на која што присуствуваа сите членови на ФФРМ и се одржа во Главната канцеларија на ФФРМ.

ÔÔВо 2014 година ФФРМ заедно со

ФФРМ медија организира посета на саемски манифестации во Србија, Грција и Турција, така што една од највпечатливите саемски манифестации е посетата на Саемот за поледелски, градинарски и овошни култури на отворено во Торбали, Измир – Турција. Преку овој саем е започната соработка со DLG Fuardzelok и нивната партнер компанија од Германија DLG што резултираше со започнување на соработка со нив и потпишување на Меморандум за реализација на земјоделски саем на отворено во Македонија 2016. Настанот беше медиумски покриен во Струмица.

ÔÔВо септември 2014 година ФФРМ

заедно со We Effect (Шведскиот центар за соработка) започна со имплементација на проект „Организациски развој на ФФРМ“. Со овој проект се воспоставува официјална соработка за поддршка на активностите на ФФРМ во земјата за подобрување на севкупното земјоделство и агробизнис клима со додавање вредност на значењето на земјоделците.

6 | МОЈА ЗЕМЈА

ÔÔВо октомври 2014 ФФРМ присуствуваше на Економскиот форум во Грузија, каде што ги презентира искуствата за ИПАРД програмата во РМ и проектот АГРО-СТАРТ и воедно реализира соработка со претседателот на Грузиската федерација на фармери.

ÔÔФФРМ заедно со Мрежата за рурален развој со традиционална манифестација го одбележа 15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена. Во кочанското село Мојанци присуствуваа жени од сите региони на државата , како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

ÔÔФФРМ во октомври организира

Етно ден на млади фармери во струмичкото село Мокрино за да се потенцира значењето на инволвираноста на младите во руралните средини и развојот на земјоделството. Пред самата манифестација се одржа и Годишен состанок на млади фармери каде што се разговараше за перспективата на младата рурална популација во агротуризмот и мерки за конзервација на водата во земјоделството во услови на влијание на климатските промени.

ÔÔФФРМ во ноември учествуваше на

саемската манифестација „Агрофуд“

во Скопје во чии рамки ја организира и конференцијата „Менаџирање на фарма преку информатичко –комуникациски технологии“, како дел од проектните активности на АГРО ИТ.

ÔÔФФРМ го организираше завршниот настан на Транснационалниот проект АГРО-СТАРТ, така што во Битола на 20.11.2014 организира конференција „Развој и промовирање на земјоделското претприемништво“на која присуствуваа 140 учесници од кои најголем дел беа мали и средни претпријатија. На конференцијата присуствуваа 30 претставници од 12 партнер организации од 7 држави (Грција, Бугарија, Романија, Албанија, Италија, Словенија).

ÔÔФФРМ беше партнер организација во процесот на селекција на 10 најпрoктивни бизниси кои беа избрани од страна на ПроКредит банка, чии имиња беа соопштени на на Агро Бизнис Форумот во организација на ПроКредит Банка, каде што присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија-примарни земјоделски производители, претпријатија од прехранбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието.


Љубица Џониќ, најуспешна жена - менаџер

Љ

убица Џониќ, координатор на Мрежата на жени – фармери и член на УО на ФФРМ, оваа година е избрана за најуспешна жена-менаџер, манифестација која традиционално е организирана од страна на агенцијата „Марили“. Според „Марили“, изборот на кандидатките за најуспешните жени-менаџери се прави според одредени критериуми од приватни успешни компании, од различни области и дејности. Оваа година се избрани 10 најуспешни жени меѓу кои е и Љубица Џониќ, менаџер на „Аграр – плус“ од село Црничани, Дојран. Во овој број на „Моја земја“ го објавуваме интервјуто на Џониќ дадено за агенцијата „Марили“. Ве молиме да ни дадете одговор колку години сте управител на компанијата и кои се основните карактеристики во работењето на таа позиција? Јас сум земјоделец со долгогодишно искуство и мојата компанија „Аграр- Плус ДОЕЛ“ од село Црничани ја основав пред 10 години. Пред 10 години се откажав од социјалната помош што ја добивав како самохрана мајка и решив да започнам бизнис во рурална средина од каде што потекнувам. Храбро зачекорив во реализацијата на моите соништа да направам успешна егзистенција за моето семејство, а и да можам да го развивам мојот бизнис. Почетокот беше тежок бидејќи немав финансиски средства и со помош на моето семејство и пријатели започнав со одгледување на градинарски култури, а потоа и со одгледување на иновативни култури како што е брокулата. Идејата за одгледување на брокула ја добив на скопските пазари и пресуден момент беше нејзината продажна цена. Како управител на мојата компанија, јас се грижам за сè, од планирање, производство до пласман.

Кажете ми нешто за вашето об-

разование и за вашите лични карактеристики како упорност, истрајност, темелност и сл.? Моето образование помина низ неколку фази. По средното образование, гимназија, стигнав до апсолвент, шести степен на Машински факултет. И поради приватни причини тука заврши моето стручно образование. Но, јас како човек ја почитувам изреката „човекот учи додека е жив“ и активно го продолжив моето образование во земјоделска пракса. Учев од моето лично искуство, од самата моја работа, од посети на обуки, семинари, конференции, студиски посети, членувањето во Федерацијата на фармерите каде што добивав информации од едукативен карактер и сето ова ми помогна да го развивам мојот бизнис и мојата егзистенција. Слободно можам да кажам дека јас, како менаџер и жена-лидер и мојот бизнис сме директен производ од активностите и ангажманот во ФФРМ. Сега сум член на УО на ФФРМ и координатор на Мрежата на жени – фармери и токму и од овие функции понатаму учам и го пренесувам моето искуство на жените како позитивен пример за водење на земјоделски бизнис. Она што би можела да го кажам за себе е дека сум храбра, амбициозна, упорна и истрајна и, пред сè, многу позитивна. Токму таа позитивна енергија ми помага да ги надминам проблемите во мојот бизнис, бидејќи земјоделството бара многу работа, многу мудри одлуки и верувајте дека е многу тешко. Кажете ни нешто за мотото во работењето со кое се раководите? Моето мото е: верувај во себе, следи го сонот, следи го законот и не откажувај се.

Вашиот семеен статус што рабо-

тите во слободното време и домот, кои се вашите посебни афинитети како личност, а посебно како жена, мајка и менаџер? Јас сум самохрана мајка и имам интересна семејна ситуација: ние сме три женски генерации и успехот е тоа што работиме заеднички на нашите проблеми и на семејниот бизнис. Не можам да кажам дека имам слободно време. Целото мое време е комбинирано во однос на потребата и моментот. Моите афинитети се среќата, се чувствувам исполнета во работата, имам слобода на движење, егзистенцијалното прашање е решено и општествено сум призната. Која е целта на фирмата во перспектива во која сте на позицијата директор, дали имате некои други потребни задачи освен основната? Целта на фирмата, како и досега, е производство на здрава храна, свеж зеленчук и заокружување на процесот во финален производ од производство до преработка, а од сето тоа да имам добар профит. Како координатор на Мрежата на жени-фармери и член на УО на ФФРМ, работам на подобрување на пазарните услови во земјоделското производство во државата и на тој начин се овозможува развој и на мојот бизнис и на останатите земјоделски бизниси. l АПРИЛ 2015 | 7


ГРАДИНАРСТВО АПРЗ

Одгледување на ран компир

Времето и наводнувањето влијаат на приносот За производство на ран компир добри се топли, лесни до средно тешки почви, со позитивни физички и хемиски особини, со зрнеста структура и добар воздушно-воден режим Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

К

Затоа е важно почвата секогаш да биде обезбедена со доволно количество вода.

омпирот е широко распространета полјоделскo -градинарска култура и е исклучително За зимско производство на приспособлива и стабилна култура. компир под пластеници проникнуМногу важно е компирот да биде вањето започнува во текот на нопосаден под оптимални услови при ември и декември месец. Во текот што многу подобро се вкоренува, а на проникнувањето садниот матеисто така е битно и за порастот на ријал се става во гајби и треба да се надземните вегетативни органи. прегледува и да биде под контрола Добро вкоренетите растенија се по- во текот на целиот период. Многу отпорни на суша, подобро ги прима- важно е да се обезбедат услови ат хранливите материи од почвата, за да може да се активираат сите формираат поголем број стебла, го окца на кртолите. Квалитетно пропокачуваат бројот на кртолите по никнати кртоли имаат кратки (0,5 стебла, а со тоа и самиот принос. На - 2,0 см) темелни и цврсти клицитемпература пониска од 42°C, ком- ркулци,зелена до виолетова боја пирот во целост ја прекинува веге- која зависи од карактеристиките тацијата. Оптималната температура на сортата. Проникнатиот компир за интензивен пораст на кртолите поникнува за 10-15 дена порано, во фаза на бутонизација и почеток растенијата се со буен раст и стана цветање се движи од 16 до 20°C. суваат за берба 2-4 недели порано Оптимална релативна влажност на во однос на производство без повоздухот е 75-80%. Компирот има никнување. поголема потреба од влажност во почвата во фаза на полното цвеЗа производство на ран компир тање и прецветувањето во фаза на добри се топли, лесно до средно формирање и пораст на кртолите. тешки почви со позитивни физички

и хемиски особини, зрнеста структура, со добар воздушно-воден режим. Поволни почви се умерено киселите почви. На алкални почви се формираат помал број ситни кртоли по растение. Одгледувањето во пластеници започнува по обработката на почвата или по бербата на претходниот посев (најчесто салата, ротквици, кромид) во текот на месец јануари. При производство на компир со употреба на агрил-агротекстил, со обработка се започнува штом ќе дозволат условите (февруари, март). За сеидба се користи здрав и квалитетен (деклариран) садниот материјал. Времето на сеидба на компирот под пластеници е во јануари со што се овозможува брзо загревање на почвата при што внатре се покрива со полиетиленска фолија или во април кога ноќната температура е повисока нема опасност од мраз. Растојанието на сеидбата зависи од рани сорти 60-70 х 25 см, за средно рани 60-70 х 30 см и на длабочина од 6-7 см. Најдобар ефект се постигнува со сеидба на покрупни кртоли и со поголем број добро развиени ркулци. Постојат

8 | МОЈА ЗЕМЈА


ЗНАЧЕЊЕ НА КРТОЛИТЕ Кртолите на младиот компир содржат големи количества корисни хранливи материи со високо енергетски вредности и многу малку штетни материи. Младиот компир содржи: суви материи, скроб, протеини, минерални материи (фосфор, калиум, калциум, магнезиум), витамини (А, Б1, Б2, и Ц). Содржи алкалоид СОЛАНИН којшто, ако се движи 20 мг% се штетни по здравјето на човекот. Компирот е едногодишно зелјесто растение и за исхрана се користат подземните вегетативни органи (кртоли), во различни фази на зрелост и различна големина.

многубројни селекционирани сорти компир поделени во групи и по временски период на вегетација. За производство на ран компир се препорачуваат многу рани сорти или евентуални средно рани, коишто се среќаваат најчесто декларирани во земјоделските аптеки. Наводнувањето е редовна агротехничка мерка во производството на компир. Сè уште се среќаваме со наводнување во бразди, но најчесто е наводнувањето заедно со прихранување по систем капка по капка. Се користат ѓубрива со NPK формулација збогатени со микроелементи. На наша препорака е прихранувањето да се врши по извршената агрохемиска анализа. Заштита од болести и штетници е неопходна во текот на производството, бидејќи компирот уште во самиот почеток на вегетацијата потребно е да се заштитува превентивно. Основа за превентивна заштита е користење на здрав и квалитетен саден материјал, отпорни сорти и правилен плодоред. Од болести на компирот најчести се пламеницата и црната дамкавост и во наши услови треба да се извршат 2-3 третирања и тоа со бакарна вар (1-1,5%) или бакроцид

Кртолите настануваат по пат на асимилација на (хранливите материи кои се создаваат во процесот на фотосинтезата) од надземните вегетативни органи (листовите и стеблата) во подземните вегетативни органи (подземни стебла) таканаречени столони на кои врвовите им се задебелуваат формирајќи кртоли со различна форма, боја и големина. Младиот компир е со умерена потреба од топлина. Надземната вегетативна маса може да поднесе температура од 1 до -1°C во краток временски период. Температура пониска од -2°C во подолг временски период ги уништува штотуку поникнатите млади растенија. Стебло и листови може да се појават повторно од секундарните (колатерални) окца, но тогаш на пазарот пристигнуваат 7-10 дена подоцна. Кога надземната маса е повеќе развиена, доцните мразеви нанесуваат доста големи штети бидејќи веќе развиените растенија ја губат рекреативната способност или способност за повторно обновување. Проникнувањето на окцата на кртолите започнува на температура 3-5°C. Биолошкиот минимум за проникнување и никнење е на температура 7-10°C, а оптимумот е на 20°C. Садењето на проникнатите кртоли на компирот е карактеристично за раното производството и е под услови за 5-10 дена порано. Формирањето на кореновиот систем започнува на температура на почвата над 7°C.

(0,5-0,75%). Ако поради климатските услови има појава на компирова златица се употребуваат инсектициди со кратка каренца максимум до седум дена.

По бербата младиот компир се пере со чиста вода и се пакува во перфорирани полиетиленски вреќи или гајби и така се испорачува на пазарот.

Кртолите на младиот компир се вадат во фаза на технолошка зрелост или 60-70 дена по сеидбата или практично со притискање со прстите кога покожицата лесно се издвојува. Во наши услови компирот се вади во првата половина на април при производство во пластеници или во мај, на отворено поле покриен со агротекстил-агрил.

Во прва класа спаѓаат кртоли со над 20 г. или пречник над 20 мм уедначени по големина, форма, боја на покожицата и месестиот дел, неоштетени при вадење или од штетници со пријатен вкус и без мирис. Приносот на раниот компир зависи од времето на вадење и се движи од 30 до 40 т/ха. l АПРИЛ 2015 | 9


ГРАДИНАРСТВО

Рана зелка

Како да се избегнат

молците

Како патолошко нарушување кое предизвикува несоздавање на глава се раните оштетувања од штетници (молци), кои со својот начин на исхрана (гризење) ја оштетуваат врвната меристема. Тука е важно да се напомене дека во периодот на сеидба и расадување на пролетната зелка кај нас (декември-февруари) исклучено е присуството на овие штетници Пишува: дипл. зем. инж. Димитар Арнаудов

Н

еформирањето глава кај пролетната зелка во повеќето случаи е физиолошко нарушување кое настанува од неколку причини, меѓу кои се:

1. Вишокот азот во почвата може да предизвика растението да формира повеќе листови кои не се компактни, односно главата не добива цврста форма; 2. Оштетување на врвната меристема од ниски температури, при што растението не може да формира глава;

3. Високиот процент на воздушна влажност предизвикува завивање на листовите нагоре и влажно гниење на врвната меристема на зелката (како што може да се види на сликите) Како патолошко нарушување кое предизвикува несоздавање на глава се раните оштетувања од штетници (молци), кои со својот начин на исхрана (гризење) ја оштетуваат врвната меристема. Тука е важно да се напомене дека во периодот на сеидба и расадување на пролетната зелка кај нас (декември-февруари) исклучено е присуството на овие штетници.

МЕРКИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЛЦИТЕ Расадување на пролетната зелка во нејзиниот оптимален рок;

Доколку се расади порано, треба да се користат мерки за дополнително затоплување или задржување на топлината како што е покривање со агротекстил или користење на тавански најлони во високите пластеници во вечерните часови кога температурите паѓаат под нулата;

Во првите фази по расадувањето да се изврши исхрана со фосфорни ѓубрива со цел да се стимулира развојот на кореновиот систем;

Кога постојат услови да се врши проветрување на пластеникот за да се намали процентот на релативната воздушна влажност; Да се внимава на внесеното количество азотни ѓубрива. 10 | МОЈА ЗЕМЈА

Ова физиолошко нарушување е претежно изразено кај земјоделските производители кои одгледуваат пролетна зелка во ниски пластеници - тунели, без дополнително покривање на растенијата со агротекстил во текот на ноќта кога температурите паѓаат и под нулата и во пластениците/тунелите кои слабо се проветруваат, односно ја задржуваат влажноста подолго време, додека пак, процентот на ова физиолошко нарушување е помал кога пролетната зелка е расадена во високи пластеници со употреба на двоен (тавански) најлон. l


Претплата на „Моја земја”

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.

Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари

Како да станам член во ФФРМ Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: ФФРМ - Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на краставици

ЧАДОР

за правилен раст Краставицата расте неограничено и создава цветови во пазувите на листовите. Доколку го оставиме растението слободно да расте, тоа ќе создаде премногу плодови во исто време. Овие плодови нема да можат да се исхранат, дел од плодовите ќе отпаднат и ќе има многу деформирани и лошо обоени плодови. Затоа се практикува резидбата, односно балансирањето меѓу вегетативната и генеративната маса. Пишува: дипл. зем. инж. Димитар Арнаудов

К

ако култура, краставицата е интересна за производство во заштитен простор, бидејќи брзо расте и во зависност од временските услови плодоноси за 60-70 дена по сеидбата. Заштитениот простор обезбедува производство со највисоко ниво на контролирани услови што е предуслов за високопродуктивно производство и постигнување на врвни резултати, како приноси така и квалитет, и обезбедување на безбедна храна со примена на добра земјоделска пракса. За да обезбедиме долга и квалитетна берба, растението постојано треба да „се обновува“, односно да се врши навремена и честа резидба, отстранување на непотребните стари физиолошки листови и лошите плодови.

12 | МОЈА ЗЕМЈА


РЕЗИДБА ПО СИСТЕМОТ ЧАДОР (UMBRELLA SYSTEM) 1. Од 50 до 70 cm висина од почвата на растението се отстрануваат сите цветови и странични гранки. Со оваа мерка се стимулира развитокот на кореновиот систем; 2. Страничните гранки (филизи) кои растат на висина над 70 cm од почвата се отстрануваат, а се оставаат плодовите; 3. Две странични гранки кои се близу до врвната меристема на главното стебло ги оставаме да растат и потоа се замотуваат или прицврстуваат со специјален пластичен наведувач на хоризонтално поставената метална потпорна жица. Овие странични стебла почнуваат да растат надолу, по една на секоја страна и тие претставуваат замена за главното стебло; 4. На секое странично стебло се остава по еден лист со по еден плод; 5. Кога страничните стебла ќе дојдат на висина од 50 cm над почвата им се откинува врвот.

МОДИФИЦИРАН ЧАДОР (UMBRELLA) СИСТЕМ Овој начин на резидба најмногу се користи во модерните пластеници и стакленици каде што хоризонтално поставената метална жица е висока најмалку 3 m. Технологијата на резидба е следнава: 1. Се отстрануваат сите листови и плодови на висина од 60 cm; 2. Од 60 cm па сè до висината на металната потпорна жица се оставаат сите плодови и листови, а се отстрануваат филизите; 3. Кога главното стебло ќе ја достигне висината на металната потпорна жица се пинцира врвната меристема; 4. Се оставаат две странични гранки да растат по една на секоја страна; 5. Врвната меристема се пинцира на 50 cm од почСлика бр. 2 Модифициран чадор (umbrella) систем вата. Разликата помеѓу овој и класичниот „чадор-систем“ е тоа што на страничните стебла (примарно и секундарно) освен првите и главни плодови се остава и по еден лист и уште по еден плод (дополнителни странични гранки – филизи). Со ова се постигнува поголем принос, но со напомена дека овој систем на одгледување бара високи пластеници или стакленици кои имаат добра аерација.

Слика бр. 1 начин на резидба на долгата краставица по системот чадор

Слика бр. 3 Low middle pruning system.

Поголемиот дел од производителите на краставица во заштитен простор користат партенокарпни хибриди. Карактеристично за овие хибриди е тоа што имаат големи листови, јак и буен вегетативен пораст и висока родност. За да се обезбеди доволно светлина за растење, развиток и плодоносење, овие хибриди мора да се одгледуваат вертикално.

оставиме растението слободно да расте, тоа ќе создаде премногу плодови во исто време. Овие плодови нема да можат да се исхранат, дел од плодовите ќе отпаднат и ќе има многу деформирани и лошо обоени плодови. Затоа се практикува резидбата, односно балансирањето меѓу вегетативната и генеративната маса.

Најкористен систем на резидба на долгата краставица одгледуваКраставицата расте неогра- на во заштитен простор е системот ничено и создава цветови во па- „чадор“, кој има неколку свои модификации. l зувите на листовите. Доколку го АПРИЛ 2015 | 13


ПОЛЈОДЕЛСТВО

Лисни ѓубрива

Прихрана ПРЕКУ ЛИСТ За спречување на есенското прераснување кај житата со сигурност ќе помогне внесување пред основната обработка на NPK ѓубрива во количество каде што фосфорот и калиумот ќе бидат целосно внесени според планираниот принос, а азотот до 8% од вкупното потребно количество и во никој случај не повеќе од 10 кг на декар вкупно (присутен и додаден).

Пишува: дипл. зем. инж. Ванчо Захариев

П

рихранувањето преку лист е начин на оперативно влијание во кој било дел од вегетацијата на биохемиските процеси кои го определуваат родот и квалитетот на одгледуваните житни култури, посебно во екстремно лоши услови. Со прихранувањето преку лист може да се постигне следново: спречување на гинење на посевите, големи загуби на родот директно зависни од условите на одгледување, урамнотежена исхрана и преориентирање на биохемиските процеси во посакуван правец во определени критички моменти во текот на вегетацијата на житата и другите култури. По однос на посакуваната цел сите лисни прихранувања може да се поделат на пет основни групи:

1. Поттикнување на синтеза на белковини (растење и квалитет на зрно) - лисни ѓубрива со комбинација NPK-30:10:10 +МЕ (МЕ-микроелементи), 2. Стимулација на синтеза на јаглеводороди (забавување на вегетативниот пораст, но зголемување на продуктивното братимење, отпорност на мрзнење, суша и имунитет) - лисни ѓубриња со комбинација NPK-5:15:45 + МЕ лементи,NPK3:11:38:4S +МЕ 14 | МОЈА ЗЕМЈА

3. Подобрување на рамнотежата на исхрана во периодот на формирање на класот - со комбинација NPK-18:18:18+3+МЕ,NPK20:20:20+МЕ (ако прихранувањето е извршено само со азот), 4. Енергетска обезбеденост во период на формирање на генеративни органи (при недостиг на фосфор) - лисни ѓубриња со комбинација NPK13:40:13+МЕ или NPK-10:54:10 +МЕ 5. Противстресно обезбедување со потребни органско-минерални соединенија и микроелементи. Ваквата поделба при примената на лисните ѓубрива се однесува на сите култури меѓу кои и на есенските и пролетни жита. Во пребродувањето на негативните ситуации при одгледувањето на житните култури при променета клима кога имаме долга и топла есен и во случаи кога е внесено повеќе азот се случува посевите од есен да прераснат што може да доведе до гниење и прераснатост во истите проследено со намалување на приносот и обратно ако е азотот во недоволно количество, посевите да влезат ослабени во текот на зимата. За спречување на есенското прераснување кај житата со сигурност ќе помогне внесување пред основната обработка на NPK ѓубрива во количе-

ство каде што фосфорот и калиумот ќе бидат целосно внесени спрема планираниот принос, а азотот до 8% од вкупно потребното количество и во никој случај не повеќе од 10 кг на декар вкупно (присутен и додаден). Доколку ова не е испочитувано, односно доколку е внесено непотребно поголемо количество азот, неопходно е потребна примена во текот на есента во препорачано количество на втората група лисни ѓубрива со висока содржина на калиум (NPK-5:15:45 +МЕ и NPK-3:11:38:4 +МЕ). Благодарејќи на таквата прихрана растенијата ќе го преориентираат животниот процес наместо во создавање на белковини и растење во процес на создавање на јаглеводороди и застој во кој ќе има зголемување на количеството шеќери во ткивата и јазлите на братимење, ќе се зголемат отпорноста на мраз, продуктивното братимење и отпорноста на болести. Опитите во производни услови потврдиле дека не само што било сопрено прераснувањето на посевите, туку и значително се зголемила здравствената состојба и продуктивното братимење кое ги потиснало плевелите до степен што немало потреба од нивно сузбивање, а приносот што бил добиен бил 84 кг/декар повеќе во однос на споредбата..


Како што е спомнато погоре во текстот, преку есен потребите од азот кај житата се мали и најголемиот дел е потребен напролет и се внесува со прихранување со азотни ѓубрива. Прихранувањето се врши во фаза на братимење рано напролет и тоа ако е еднократно (се применува на иловести и глинести почви) при појавата на нови млади коренчиња, а ако е двократно (се применува на песокливи почви) при појава на млади коренчиња и во почеток на вретенисување (појава на прво коленце над земја) кога се оформуваат зачетоците на класот односно иднината на родот. До почетокот на вретенисувањето е време кога потребата од хранливи материи кај житата сè уште не е толку голема колку што треба да биде урамнотежена. Во тоа време прихранувањето само со азот предизвикува од една страна зголемени потреби од други хранителни елементи, а од друга страна, негативно влијание на нивната достапност. Зголемените количества азот во амонијачна и нитратна форма ја намалуваат достапноста и усвојувањето од страна на коренот на фосфорот, магнезиумот, калциумот, сулфурот, цинкот, борот, бакарот и молибденот. Истражувањата во производни услови покажале дека за намалување на негативното влијание на внесените големи количества азот при прихранувањето напролет, истовремено или со евентуалното третирање против плевели, треба да се внесат лисните ѓубрива од третата група со следниве комбинации: NPK-18:18:18+3+МЕ, NPK-20:20:20+МЕ во препорачано количество. Даденото прихранување со овие комбинации лисни ѓубрива во тој критичен момент ја оптимизира исхраната со хранливи елементи снижувајќи ја притоа блокадата и зголемувајќи го процентот на усвојување на истите од почвата, што резултира со зголемен

принос и намалена употреба на азотните и други ѓубрива. Во услови кога температурите не се оптимални за противплевелни третирања при истовремена примена на лисни ѓубрива, хербициди инсектициди и фунгициди се додаваат и средства од петтата група кои со својот состав дејствуваат против стресови овозможувајќи третирањата да се извршат во несоодветни услови за културните растенија и истите полесно да ги пребродат негативните последици од третманот. Кај нас житата до фаза на искласување имаат доволно влага за да понатаму до крајот на вегетацијата вообичаено се јават јунски суши и високи температури кои многу негативно се одразуваат на приносот и квалитетот на житата. За да се избегнат негативните последици за животот на житните растенија, нивниот принос и квалитет во тој критичен период треба доколку има, а и не мора, забележливост на зголемено количество азот во растенијата настанато од пролетните прихранувања, потребно е да се отстрани неговото силно влијание на губење на внатреклеточна влага да се интервенира со внесување преку лист на калиум и фосфор за да истите заедно со други макро и микроелементи се доведат до соодветно количество со коешто процесите во растението ќе се насочат наместо во создавање на белковини во создавање на јаглеводороди и ќе им се помогне на растенијата да ја сочуваат внатреклеточната влага и да обезбедат нормален налив на зрното. За ова цел е потребно во очекување или пред почетокот на вакви временски услови и состојби да се изврши третирање со втората група лисни ѓубрива (NPK-5:15:45 +ME и NPK-3:11:38:4 +ME). Практичните искуства од региони и години со ваква клима и вакви временски редовни или зачестени појави говорат дека со само еден третман со овие ѓубрива се

остварени приноси поголеми од 100 кг/декар во однос на споредбата. Во сите горе споменувани лисни ѓубрива за третирање на житата задолжително треба да бидат сите потребни макро и микро елементи во количина и сооднос кој одговара на житните култури бидејќи сите си имаат своја незаменлива важност и при недостиг на било кој од нив или во нивен сооднос кој не одговара во дадената развојна фаза на растенијата допринесува животните процеси да не се одвиваат нормално, да бидат полесно подложни на заболувања и да не даваат род со потребниот квалитет и количество. За важноста на некои макро и микроелементи доволно е да се спомене дека сулфурот како макро и манганот, цинкот, бакарот како микроелементи кај житните учествуваат во создавање на протеинскиот состав, а цинкот, покрај во создавањето, учествува и во спречувањето на неговото распаѓање и ја зголемува и водоодржливоста, а бакарот ја зголемува отпорноста на високи температури. Сознанијата од практичните искуства говорат за забележителен пад на квалитетот на зрното во текот на чувањето при недоволна обезбеденост на растенијата со цинк во текот на вегетацијата. Како заклучок и препорака за важноста и можноста што ја дава лисното прихранување и неопходноста од воведување како мерка во одгледувањето на житните култури е тоа што со нив е можно брзо и ефективно надополнување со макро и микро хранливи елементи во соочувањето со сè поголем недостиг и соодветност од истите, корекција и пренасочување во потребен правец на животните процеси на житата и економичност произлезена од високото (преку 80%) усвојување и намалена минерализациона загаденост на почвите. l АПРИЛ 2015 | 15


ПОЛЕДЕЛСТВО

Проект за за експанција на мали бизниси

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА

кофинансирање на систем капка-по-капка за пченка и сончоглед од мерката 50/50 Пишува: Иван Мицковски, Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Н

а 20 март 2015 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка и рурален развој, која ја вклучува мерката 121, исто така позната како мерка 50/50. Меѓу другото, оваа мерка овозможува кофинансирање на 50% од цената на системите капка-по-капка за пченка, сончоглед и фуражни култури, за инвестиции до 922.000 денари за поставување на систем на површини од 2 до 10 хектари. Рокот за доставување на барања за поддршка е од 20 март до 20 април 2015 година. Оваа мерка беше проширена за да ги вклучува системите капкапо-капка за пченка и сончоглед во 2014 година, откако 120 земјоделци ги зголемија своите приноси на пченка и сончоглед за два до три пати, со помош на системи капкапо-капка донирани од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. За да ви го олесниме процесот на доставување на барања за поддршка од мерката 50/50, подолу можете да ги прочитате најважните извадоци од Упатството за корисници за мерката 121.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

НАПОМЕНА: Долунаведените документи кои се доставуваат во прилог на барањето за финансиска поддршка треба да се во оригинал на македонски јазик или копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено. Доколку документацијата е на друг јазик, таа треба да биде придружена со превод на македонски јазик заверен од овластен преведувач. Доколку се работи за официјален документ на друга држава, треба да биде заверен со апостил.

ÔÔБарање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година ПРР - 121;

ÔÔПонуди/профактури со детал-

на техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка;

ÔÔДеловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план;

ÔÔДоказ за поседување или располагање со недвижен имот:

16 | МОЈА ЗЕМЈА

ÔÔИмотен лист – издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик или

ÔÔДоговор за закуп на земјиште/

објект во траење од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик и прилог имотен лист за земјиште/објектот на име на закуподавачот издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Маке-


донија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик или

ÔÔДоговор

за концесија на земјиште/објект во сопственост на Република Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и прилог имотен лист;

(Напомена: Доказ за поседување или располагање со недвижен имот се доставува само во случај кога инвестицијата опфаќа конструкција/реконструкција на објект/и);

ÔÔДоговор/Понуда за услуги од

трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за конструкција на елементите и инсталирање на опремата вклучително и софтвер, за изработка на опрема;

ÔÔДоговор/Понуда за услуги од

трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација;

(Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице. Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица и за истите бара финансиска поддршка);

ОПШТИ ПРИНЦИПИ И НАЧИН НА БОДУВАЊЕ Ставката на кофинансирање се зголемува во одредени случаи и изнесува:

55% во случај кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец (од 18 до 40 години);

60% во подрачја со ограничени можности за земјоделско производство (над 700 метри надморска височина);

65% во подрачја со ограничени можности за земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец;

75% во недостапни рурални заедници.

Цели на мерката (критериум) Показатели

Вкупна вредност на инвестицијата

Поддршка на млади земјоделци/жени земјоделци

Бодови

Доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 600.000 денари.

70

Доколку вкупната вредност на инвестицијата е меѓу 600.001 и 800.000 денари.

60

Доколку вкупната вредност на инвестицијата е меѓу 800.001 и 1.200.000 денари.

50

Доколку носителот на земјоделското стопанство, односно едно од одговорните лица на правното лице, е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето или

30

Доколку носителот на земјоделското стопанство, односно едно од одговорните лица на правното лице, е жена. Вкупно бодови

100

Целосното Упатство за корисници од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за мерка 121 и сите останати документи кои се поврзани со оваа мерка можете да ги најдете на www.ipardpa.gov.mk. Доколку сакате да аплицирате за финансиска поддршка за систем капка-по-капка од програмата 50/50 за пченка, сончоглед и други фуражни култури, јавете се во Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството на 070 549 501, или во Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси на 072 213 504 и 070 242 612. АПРИЛ 2015 | 17


НОВИТЕТ

Како да се направи

РАКИЈА ОД ЈАЧМЕН

Пишува: Петар Христов

С

е земаат 15 кг јачмен и се ставаат во буре кое се мие повеќе пати, за да нема примеси од самата жетва. Така чистиот јачмен се става во буре и се додава 50 литри вода и водата не смее да биде хлорирана (треба да се употреби изворска вода), затоа што ги уништува ензимите – бактериите (квасни габи), поради што не може да започне процесот на ферментација. Вака приготвената суровина се остава 24 часа за да може самиот јачмен да омекне, наредниот ден во посебно буре се става 40 л. Вода, 15 кг шеќер, 500 г. квасец за леб, 200 грама лимонска киселина - лимонтуз и сето тоа добро се промешува и се враќа во бурето со јачмен, а потоа оваа добро промешана суровина и така останува 24 часа за да може целосно и квалитетно да се добие хомогена маса. Откако ќе се промеша се додаваат ензими - храна за квасец, амониумови соли и амониум нитрат и од двете храни по 30 грама, а претходно растворени во вода. Бурето се остава на сонце, но не смее да биде јако херметички затворено поради опасност од експлозија на јаглеродниот диоксид, затоа е препорачливо на самиот капак на бурето да се постави славина – вентил и на него се поставува тенко црево

18 | МОЈА ЗЕМЈА

од гума или пластика и истото се става во сад со вода (за да испарува јаглеродниот диоксид, а да не прима кислород назад во бурето). Ферментацијата завршува во период од 14 до 15 дена. Потоа е пожелно суровината да се вари, за да не дојде до процес на скиснување. Потребно е да се внимава на метилалкохолот, кој треба да се одвои од чистиот алкохол за да добиеме квалитетна ракија. l


Влада на Република Македонија Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Врз основа на член 14 став 2 (а) од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (“Сл. весник на РМ“ бр. 165/2008) и врз основа на Дел V став (5) од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 (“Сл. весник на РМ“ бр. 93/2013), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

4. Подигнување на обрасци и упатства:

на 21 март 2015 година објавувa

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 “ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, Упатство за изготвување на Деловен План, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2015 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 за следните мерки: Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности 1. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба 2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија. 2. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци. Финансиската поддршка за мерка 101 може да изнесува: yy 55% од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства чиј носител е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101. yy 60% од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства во планински региони yy 65% од од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства во планински региони и чиј носител е на возраст од 18-40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101. yy 75% за инвестициски проекти спроведени во региони каде што Комисијата определила дека се случиле исклучителни природни непогоди или за инвестиции на земјоделски стопанства со цел спроведување на нитра тната директива за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати кои потекнуваат од земјоделството која е предмет на постоење на национална стратегија. 3. Крајниот рок за поднесување на барањата е 05 мај 2015 година.

Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk). 5. Начин на поднесување на барањето: Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План и придружна документација како што е наведено во Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013. Подетални информации за специфичните барања за прифатливост се наведени во Упатство за корисници на средства по ИПАРД Програмата 2007-2013. Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Деловниот план се изработуваат на македонски јазик. Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 заедно со Деловниот план и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД број 01/2015 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата. Напомена: Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, Деловниот План и доставената документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата. Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.


ЦВЕЌАРСТВО

Одгледување на саксиско цвеќе

ЕДЕН МИЛИОН

саксии во Владевци „Производството на саксиско цвеќе е макотрпна работа која бара големи познавања и големи вложувања. Тоа е круна во пластеничкото производство. Тука нема одмор. Во текот на целата година треба постојано внимание во производството. Цвеќето бара многу поголемо внимание за разлика од градинарските култури. Потребно е светлина, а она што е уникатно е дека на цвеќињата им пуштаме романтична музика“, вели Валентина Василева Диневска, дипломиран агроном по хортикултура, која се занимава со цвеќарство од 2004 година. Пишува: Билјана Петровска Митровска

В

алентина Василева Диневска, дипломиран агроном по хортикултура, мајка на две деца, со своето семејство се занимаваа со производство на саксиско цвеќе. Нејзините почетоци во производството на цвеќе се од 2004 година, а во 2006 година отвора своја фирма. „Мотив да влеземе во овој бизнис беше љубовта кон цвеќето. Можноста за заработка овозможи да се прошири самиот бизнис. Во 2004 имавме само еден вид цвеќе – петунии, а сега произведуваме над 20 вида цвеќе со многу големи варијации на бои. Почнавме во пластеник од 300 квадратни метри без греење, со про-

20 | МОЈА ЗЕМЈА

изводство на цвеќе само во пролет и лето. Со текот на годините дојдовме до моментално производство на површина од 15.000 квадратни метри пластеници со контролирани услови. Како пример, оваа зима потрошивме над 500 кубни метри дрво за загревање на пластениците затоа што сега имаме производство во текот на целата година и ангажираме од 25 до 40 работници со постојан работен ангажман“, вели Валентина. Производството на саксиско цвеќе е макотрпна работа која бара големи познавања и големи вложувања. Тоа е круна во пластеничкото производство. Тука нема одмор. Во


ВО БИЗНИСОТ СО ПРОИЗВОДСТВО НА САКСИСКО ЦВЕЌЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ТРИ СЕЗОНИ: Првата сезона е осмомартовскиот период - поради должината на вегетацијата на саксиските цвеќињата, се почнува со садење на цвеќињата уште во септември претходната година. За оваа сезона произведуваме циклама, примула, калцеоларија и цинерарија, ранункулус и бегонија. Втората сезона почнува од декември и јануари и таа е за пролетното саксиско цвеќе кое се сади на балкони, во дворови и паркови. Карактеристични видови се сурфинија, фуксија, агератум, петунија и далија. Третата сезона е производство на есенско саксиско цвеќе која почнува од јули за производство на есенско цвеќе во саксии како хризантема, брасика, виола и божиќното цвеќе. „Производството на саксиско цвеќе бара постојани вложувања во технологија и од тоа нема отстапување. Работата нè исполнува. Го сакаме она што го работиме. На младите им порачуваме да го работат и да се посветат на она што го сакаат, а резултатите ќе дојдат сами по себе“, заклучува Валентина. текот на целата година треба постојано внимание во производството. Најпрво се почнува со производството на расад за што имаме пневматска машина за садење на семе со капацитет од 10.000 семки на еден час во контејнерски влошки кои претходно се наполнети со супстрати. Тие се носат во контролирани услови во пластеник со контрола на температурата и влажноста сè до нивниот пораст за пикирање, објаснува Валентина. „Потоа саксиите во кои ќе се продава цвеќето се полнат со супстрат кој го набавуваме од увоз. Саксиите се полнат на машина со капацитет од 3.000 саксии на час, а потоа пораснатиот расад се пикира во сакси-

ите кои потоа се ставаат на стално место до продажбата. Во зависност од вегетацијата на видот, на сталното место саксиите е од 2 до 9 месеци. Имаме саксии кои се одгледуваат од една година во друга година со пресадување во поголеми саксии“, вели Валентина. Цвеќето бара заштита како и секое друго растение. Тие, како производители, одат со редовна заштита од болести и инсекти на секои 20 дена. Цвеќето бара многу поголемо внимание, за разлика од градинарските култури. Потребно е светлина, а она што е уникатно е дека на цвеќињата им пуштаат романтична музика. l АПРИЛ 2015 | 21


НОВИТЕТИ

Декоративни и земјоделски применливи треви

Грав и краставици НА БАМБУСИ Бамбусот има непроценлива вредност во земјоделството и тоа како потпорни прачки за растенијата, за шпалири, за одделување на различните парцели во градината, за подигнување на оранжерии, за оформување на издигнати леи, за подигнување на настрешници за засенување и сл. Бамбусот може да се користи при индустриско производство на голем број култури: грав, краставица, јаболка, круши, ореви, винова лоза и др.

Пишува: дипл. шум. инж. Борис Најдовски

Б

амбусите се зимзелени растенија, припадници на семејството на тревите (Poaceae). Потекнуваат од Индија, а растат претежно во тропските и суптропските подрачја на Азија и Австралија. Иако припаѓаат на тропските подрачја, бамбусите може да се одгледуваат и во умерени области. Во Р. Македонија уште од 1950 година успешно се одгледува бамбусот Phyllostachys aurea (златен бамбус, трскарски бамбус) во шумско-опитата станица на Шумарскиот факултет при УКИМ во Скопје. Ширум светот бамбусот наоѓа широка примена во овоштарството и земјоделството. Карактеристично е тоа што овој вид цвета многу ретко, стебленцата ја достигнуваат целата височина само во една растителна сезона, но созреваат целосно за три години. Лесно може да се размножува и да се одгледува согласно потребите.

22 | МОЈА ЗЕМЈА


Во хортикултурата бамбусите се ценет декоративен вид бидејки се одликуваат со убави, нежни листови и грациозен раст, успеваат на сонце и во полусенка, цветаат многу ретко, складираат големи количества јаглерод диоксид (дури 20% повеќе од еукалиптусот), произведуваат големи количества кислород, заштитуваат од ерозија итн. Од друга страна, пак, бамбусите претставуваат вистински предизвик за градинарството и овоштарството. Ова произлегува од најзначајните карактеристики на бамбусите и тоа: Достигнување на големи височини (околу 6-7 м), Мала разлика во дебелините на краевите (цевчеста форма), Голема цврстина (поцврсти од скоро сите останати дрвни видови), Релативно лесни трски (трска од 4 м тежи 550-600 г) и Голема трајност (скапување по 5-8 години).

Овие особини на бамбусот му даваат непроценлива вредност во земјоделството: како потпорни прачки за растенијата, шпалири за одделување на различните парцели во градината, за подигнување на орнжерии, за оформување на издигнати леи, за подигнување на настрешници за засенување и сл. Бамбусот може да се користи при индустриско производство на голем број култури: грав, краставица, јаболка, круши, ореви, винова лоза и др. Употребата на бамбусот во градинарството претставува еколошка мерка која ги гарантира принципите на органското производство и одржливиот развој (единствен обновлив дрвен материјал), нуди можност за едноставна и лесна работа, обезбедува зголемување на квантитетот и квалитетот на приносите од земјоделските култури. Со цел да се промовираат предностите на бамбусот како материјал на иднината кај македонските градинари, неодамна е остварена соработка помеѓу Федерацијата на фармерите на Република Македонија и Шумарскиот факултет при УКИМ во Скопје. l АПРИЛ 2015 | 23


ЦВЕЌАРСТВО

Форсирање на луковици од цветни видови Пишува: доц. д-р Маргарита Давитковска, доц. д-р Звезда Богевска Под поимот форсирање на луковици од цветни видови се подразбира систем од агротехнички мерки кои се применуваат кај цветните култури, за да се поттикне и забрза цветањето. Форсираното производство најмногу е застапено кај родовите: Tulipa, Hyacinthus и Narcissus, а помалку кај Gladiolus, Lillium, Hippeastrum и Muscari. Пред да се изврши форсирање, луковичките се садат, а потоа поминуваат низ т.н. ладен третман. За садење на луковиците, најдобро е да се изберат плитки садови во кои ќе се засадат неколку луковички. Луковиците треба да се садат плитко така што врвот на луковичката да е излезен над површината. Луковичките се наводнуваат

веднаш по садењето. Потоа полевањето не треба да биде често, но не треба да се дозволи засушување на почвата. При ладно третирање на луковиците температурата треба да биде околу 4оС за време од 10-15 недели. Времето потребно за ладно третирање варира во зависност од типот на луковицата. Пред завршување на ладната фаза, потребно е да се провери развојот на коренот во садовите. Ако корењата растат надвор од дренажните отвори, луковиците со сигурност се спремни за форсирање. Друг начин на проверка е внимателно вадење на луковичките од садот и проверка на развиеноста на корењата. Форсирањето кај повеќето од луковиците садени во октомври може да се изведе во јануари. За време на форсирањето, изданоците треба да се веќе појавени. Садовите се внесуваат во ладни (10-15ºC) и осветлени прос-

тории за издолжување на изданоците. По ова третирање, температурата се покачува за неколку степени зависно од цветниот вид. Кога пупките ќе почнат да се обојуваат, температурата повторно се намалува, особено навечер со што се овозможува подолго траење на цветот. Луковиците цветаат 3-4 недели по форсирањето. l

ОПШТИ НАСОКИ ПРИ ФОРСИРАЊЕТО При форсирањето на луковичките треба да се внимава на следново: zz Растенијата предвидени за форсирање треба една година пред форсирањето да бидат одгледувани при висока агротехника, да бидат богати со резервни хранливи материи, да се здрави и да имаат добро развиен коренов систем. zz Се стимулираат само оние култури кои имаат подолго мирување. Културите со краткотрајно мирување (Prunus, Forsythia и др.) не бараат третирање со стимуланси. За нив е доволно само да има поволна температура, светлина, воздушна и почвена влажност. zz Ако стимулирањето се изведува во есен, кога мирувањето на растенијата е најголемо, стимулаторите се даваат во поголема концентрација во однос на подоцните фази од мирувањето. 24 | МОЈА ЗЕМЈА

zz За време на форсирањето, влажноста на почвата и воздухот се одржува на потребното ниво, а температурата на почвата и воздухот треба да бидат приближно исти. zz Осветлувањето за време на форсирањето е важен услов за нормално одвивање на физиолошките процесите. Некои од цветните видови (лале, зумбул и др.) во почетокот на форсирањето се чуваат во темни простории, сè додека не се појават цветовите. По тој период, растенијата се осветлуваат за да се добие карактеристичната боја на цветовите. Без темната фаза цветните видови остануваат со многу куси цветоносни стебла. zz Температурата за време на форсирањето се зголемува постепено. zz Цветните видови по форсирањето се одгледуваат во услови на потребната (оптимална) температура, влажност и светлина.


Заштита на овошјето

Како да се заштити коскестото овошје?

З

а квалитетно производство и продуктивност на коскестото овошје големо значење има хемиската заштита, која започнува рано напролет. По зимското прскање нареден третман на коскестите овошки е во фаза на напукнување на пупките со користење на DELAN 700 WG во доза од 0,7-1 кг/ха. DELAN 700 WG се користи за сузбивање на сачменката и сузбивање на кадравоста на листот на праската (Taphrina deformans) која може да предизвика намалување на приносот и комплетно уништување на овошката. За сузбивање на Monilia laxa, причинител на сушење на цветовите, потребни се два третмани. Во фазата на почеток на цветање се употребува SIGNUM во доза од 0,7 кг/ха. SIGNUM е системичен и превентивен фунгицид со многу широк спектар на дејствување. Во комбинација со SIGNUM се користи и инсектицидот NURELLE D во доза од 1 л/ха за сузбивање на штетните инсекти или употреба на FASTAC 10 EC во доза од 0,25 л/ха. За комплетно уништување на Monilia laxa потребно е повторен третман со препаратот SIGNUM во доза од 0,7 кг/ха во фазата на полно цветање. Во фазата на формирање на плодови коскестото овошје може да биде нападнато од Monilia fructigena која главно ги напаѓа плодовите. За таа цел употребуваме INDAR во количество од 1 л/ха кој од-

ОВОШТАРСТВО

Пишува: дипл. зем. инж. Благојче Димитриев лично дејствува на Monilia fructigena. За сузбивање на сипаницата употребуваме DELAN 700 WG во доза од 0,7-1 кг/ха. За сузбивање на лисни вошки го употребуваме и новиот афицид TEPPEKI во доза од 140 г/ха. TEPPEKI ни претставува нов афицид со нова активна материја, flonikamid, кој има специфичен начин на дејство против вошките, трипсот и белокрилката. Во фазата на зрно грашок употребуваме контактен фунгицид за заштита од сипаницата, DITHANE M-45, во доза од 2-2,5 кг/ха или POLYRAM во количество од 2 кг/ха. Штетните инсекти кои во текот на вегетацијата ги развиваат своите наредни генерации успешно ги решаваме под економскиот праг на штетност со инстектицидот NURELLE D во доза од 1 л/ха или PERFEKTHION во доза од 1-1,5 л/ха, или новиот инсектицид DASKOR 440 во доза од 0,6-0,8 л/ха. За уништување на штетните пајачиња во текот на вегетацијата го користиме акарицидот MASAI во количество од 0,3-0,5 кг/ха. Како последен инсектицид кој го употребуваме поради кратката каренца е FASTAC 10 EC во доза од 0,25 л/ха или DASKOR 440 во доза од 0,6-0,8 л/ха во комбинација со DITHANE M-45 во доза од 2-2,5 кг/ ха. Во борба против сипаницата и шупливоста на лист, која се јавува и по берба на плодовите на коскесто овошје, која придонесува на прерано опаѓање на листовите и скратување на вегетацијата, а со тоа истовремено и необразување на родни пупки за наредната година, потребна е задолжителна употреба на DELAN 700 WG во доза од 1 кг/ха. l АПРИЛ 2015 | 25


ОВОШТАРСТВО

РАСАДНИК ЛЕВИДИА

Сè на едно место!

Во декември 2012 година на македонскиот пазар се појави компанијата „Левидиа“, која е основана како директна турска инвестиција, чија основа дејност е производство на овошен саден материјал, увоз и извоз, како и увоз и производство на зимзелени и декоративни растенија.

С

о отворањето на „Левидиа“ добивме расадник за овошни садници, зимзелени и украсни дрвја, кој следејќи ги европските стандарди, дава пример како земјоделството во една земја може да се развива и движи во нагорна линија.

Компанијата располага со сопствен продажен и изложбен простор од 5.000 м2, кој се наоѓа во Скопје, на Качанички пат (патот за Косово) и ги задоволува сите стандарди за чување на садниот материјал, како и на зимзелените декоративни растенија. За да се задоволат вкусовите и потребите на сите клиенти, расадникот „Левидиа“ во својот асортиман воведе од сите видови сорти: јаболчесто овошје (јаболко, круша, дуња, јапонско јаболко, јапонска круша); коскесто овошје (цреша, праска, кајсија, слива, вишна); јаткасто овошје (калемен орев, бадем, лешник); бобичасто овошје (црна и црвена рибизла, аронија, брусница, боровница и гоџи бери); цитруси (мандарини, портокали и лимони во саксии).

ИН-ВИТРО ПОДЛОГИ ЗА КАЛЕМЕЊЕ НА ОВОШНИ САДНИЦИ Покрај нови сорти, „Левидиа“ воведе и производство на саден материјал на ин-витро подлоги кои се обезвирусени и сертифицирани со цел да се овозможи модернизација на македонското овоштарство и доближување до стандардите на ЕУ. 26 | МОЈА ЗЕМЈА

Култура на растителни станици и ткива е ин-витро метод за производство на растенија кој е многу распространет во светот. Предноста на овој метод е брзото размножување во стерилни услови кои не се возможни со класичното одгледување. Многу е важно да се напомене и да се каже дека има голема разлика помеѓу ин-витро методот и ГМО затоа што ин-витро методот не подразбира промена на генетскиот материјал. Дополнителна предност на ваквиот начин на одгледување е потполната стерилност на растенијата кои излегуваат од лабораториите, без паразити, болести и патогени. Денес ин-витро технологијата е многу раширена во овоштарството затоа што ваквото производство овозможува добивање на безвирусни садници (virus-free).

Предности на безвирусните садници се следни: Прво: Многу се поотпорни на болести од обичните садници; Второ: Помала е употребата на заштитни средства за овие растенија; Треба да се знае дека при резидбата на безвирусните садници треба да се користи дезинфициран алат. Во соработка со ФФРМ - Федерацијата на фармери на РМ, минатата година тимот на расадникот „Левидиа“ посети една таква лабораторија во Бадемли, Р. Турција, каде што се запозна со начинот на производство на ин-витро технологијата.


САДНИЦИ СО ГАРАНЦИЈА Македонските производители на овошје често се соочуваат со ризици при увоз на садниот материјал од странство. Ризикот во најголема мера значи дека вложената инвестиција можеби нема да го даде очекуваниот резултат. Затоа се поставува прашањето, зошто се увезуваат непроверени садници, кога во Македонија постојат компании кои даваат гаранција за секоја садница, поддржано со декларација за квалитет и сертификат. Во Македонија годишно се увезуваат околу 1.000.000 садници. Од аспект на земјоделство се увезува сè и сешто. При увоз на садници земјоделецот е изложен на многу висок ризик и неизвесност. Тоа што го добива земјоделецот е гола гранка, која има само корен и од неа очекува да добие принос по неколку години, а логично на тоа, очекува да добие и профит. Но, што ако расадот не успее или не сме добиле тоа што сме сакале да купиме? Нема гаранција, ниту, пак, досега се случило земјоделецот да добие нова садница во замена за оштетената. Со отворањето на расадникот „Левидиа“, сега сè е поинаку. За сите садници купени од „Левидиа“ добивате гаранција. Компанијата располага со стручен тим агрономи, дел од нив обучени и едуцирани во Турција. При купување садници од „Левидиа“, освен што добивате стручни совети, добивате и постојана контрола и мониторинг на процесот на растење и развивање на садниците. Доколку земјоделецот добие оштетена садница и тоа се утврди навреме, ќе добие соодветна замена за неа. Расадникот „Левидиа“ располага со површина од 21 ха во Зелениково (скопски регион) покрај реката Вардар, наменета за производство на секаков вид саден материјал. Неодамна овој расадник го прошири асортиманот на овошни дрвца и го збогати со производство на зимзелени дрва, украсни дрва и сите видови бобинки.

КАЛЕМЕН ОРЕВ – ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО! Расадникот „Левидиа“ се наметна на македонскиот пазар со нови сорти калемен двогодишен орев. Интересот кај македонските земјоделци е огромен, а во Македонија започна подигање на поголеми насади од калемен орев во општините: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Прилеп, Битола, Штип, Делчево, Тетово и др. Посебно се интересни новите видови калемен орев со кои располага расадникот „Левидиа“: Чендлер, Педро, Фернор, Франкет и Фернет. Зошто се интересни овие сорти за Македонија? Пред три години повикавме стручен тим од Турција да направи анализа на климатските услови во Р. Македонија. Горенаведените сорти се подоцни и повеќе одговараат за нашите услови отколку сортите каман, каплан, билеџик, шебин, јавуз, бурса итн. Затоа и нашиот расадник се одлучи да работи токму со овие сорти кои се карактеристични по нивната бујност, брзото влегување во полн род и можноста интензивно да се садат. Чендлер – американска сорта која се карактеризира со висока родност и е најбарана сорта на европскиот и на американскиот пазар. Карактеристики: Стебло со доцна вегетација, средно бујно, јатката е со одличен квалитет. Чендлерот е сорта која дава најмногу принос

од останатите сорти и затоа при комуникација со нашите клиенти даваме совет дека за подигање на насад од 1 ха потребно е да се засадат некаде околу 200 садници, од кои 180 треба да бидат од основната сорта, а 20 да бидат опрашувачи. И опрашувачите раѓаат уште во првата година, но мора да се има предвид дека се работи за неколку плода на едно дрво, најчесто 1 до 2. Првиот посериозен род се очекува да биде по петтата година и тоа од 3,7-7,5 кг од растение. Од 8-10 година, 10-15 кг од растение, максималната родност ја достигнува од 16-20 година или 40-70 кг од растение или 800-1.400 кг/декар.

24/7 ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Сите оние кои ќе набават садници од расадникот „Левидиа“ добиваат стручни совети и поддршка од тимот агрономи кој е дел од Левидиа. Поддршката се состои од контрола и мониторинг на целиот процес, со цел унапредување на производствениот процес и зголемување на приносите. Тесно соработуваме со професорите од Земјоделскиот факултет и Институтот за земјоделство и имаме поддршка со нивниот целокупен капацитет почнувајќи од теренското искуство, па сè до користење литература која е недоволно достапна до секој од нас. Нашите совети се однесуваат и во делот на подготовката на документацијата за програмите поврзани со субвенционирањето и финансиската поддршка на нашите земјоделци. l ПОСЕТЕТЕ ГО ГАРДЕН-ЦЕНТАРОТ „ЛЕВИДИА“ ЗА ДА СЕ УВЕРИТЕ! Тел: 078/ 378-187, 078/378-186, 078/378-184 АПРИЛ 2015 | 27


ПЧЕЛАРСТВО

Брз пролетен развој Брзиот пролетен развој своите корени ги влече уште од август претходната година, но за тоа ќе зборуваме во некоја друга пригода, поради ограниченоста на просторот. Сега ќе пишувам за тоа што јас го преземам за побрз развој на пчелните друштва во доцната зима и раната пролет пред да настапи главната паша. Пишува: Раде Каранфиловски, Апицентар - Битола

С

о климатските промени кои настанаа во последното десеттолетие и со глобалното затоплување се јави еден расчекор во пролетниот развој помеѓу растителниот свет и пчелите. Тој расчекор се состои во тоа што по студените зими доаѓа до нагло, ненормално затоплување, па растителниот свет почнува забрзано да се развива и доаѓа до порано цветање од развојот на пчелните друштва, односно за развој на пчела од јајце е потребно да поминат 21 ден без разлика на надворешната температура. Кај

28 | МОЈА ЗЕМЈА

растенијата го нема тоа фиксно време односно тие можат да забрзаат со цветањето. Сега веќе не важи онаа ориентација од порано дека багремот цвета 45 дена по цветањето на кајсијата или со други зборови, растенијата цветаат, а пчелните друштва ни оддалеку не се подготвени да ја искористат медоносната паша. Бројот на пчели е мал и тие сè уште се во развој. Спасот од ова е пчеларење со друштва со повеќе матици е на секое производно друштво да се има помошно и да се прават многу комбинации и промени. Пчеларот не е технолог, туку е техничар кој не може да им нареди на пчелите што да прават туку може да ги насочува за нивно подобро и поуспешно собирање на пчелните производи од природата.

Брзиот пролетен развој своите корени ги влече уште од август претходната година, но за тоа ќе зборуваме во некоја друга пригода поради ограниченоста на просторот. Сега ќе пишувам за тоа што јас го преземам за побрз развој на пчелните друштва во доцната зима и раната пролет пред да настапи главната паша. Уште со првиот брз и летимичен преглед во февруари, веќе знаеме кои пчелни друштва ќе бидат производни, кои помошни, а кои ќе бидат за добивање на вештачки роеви.


Главниот пролетен преглед ќе ни даде поопширна и подетална слика на она што сме го заклучиле во претходниот преглед, а тоа се јачината на пчелното друштво, количеството храна во кошницата и квалитетот на матицата. Сè што е видено во кошницата треба да биде забележано во дневникот, а со тоа ќе знаеме што треба да се работи во иднина, а ќе заштедиме и многу време за понатамошна работа со друштвата. Затоа е потребно да се води дневник, а кошниците да се обележани со бројки или букви. Јачината на пчелните друштва ја одредуваме на следниот начин: Друштвата со ¾ рамки со пчели и легло се сметаат за слаби и од нив за оваа година не очекуваме принос. Тие можат да бидат само помошни друштва. Од нив е можен принос доцна во август и тоа од шумската паша – медлика. Друштвата со 5- 6 рамки на пчели и легло се сметаат за добри. Тие, со помош на слабите, можат да бидат добри медособирачи. Друштвата со повеќе од 6 рамки со пчели и со легло се сметаат за одлични и тие ќе бидат добри медособирачи.

ги има, спасот е во спојување со друго јако друштво преку весник или друг изолатор. Во ова време во друштвото за правилен и брз развој треба да има најмалку 8 кг мед. Во спротивно пчелите ќе го штедат тој мед за црни денови, па матицата слабо ќе несе, а може да се појави и канибализам. Во ова време, ако има многу пчели и легло, а нема мед, друштвото може целосно да загине, а тоа е голема грешка и грев на пчеларот. Недостигот на храна кај конвенционалните пчелари може да се надомести со додавање на тврда или течна храна.

Оценувањето на квалитетот на матицата го правиме според нејзиното несење. Добра матица несе без прескокнување на ќелии и кога ќе ја погледнеме рамката, целата е нанесена и е компактна и личи на распослано ќебе. Кога матицата несе со прескокнување, тоа е знак дека таа не е добра, или е стара или е оштетена. Ваквите матици несат и многу трутовско легло и спасот од ова е нејзино менување. Кога во друштвото има запечатено легло и присилни матичници, знак е дека матицата пред кратко време ја снемало, па треба да се додаде друга оплодена во кафез или цел нуклеус. Кога во друштвото има матица, а нема легло, знак е дека матицата е заболена (најчесто од ноземоза) и спасот е нејзино менување. Кога пчелите жално зујат со подигнати задници, а нема легло, знак е дека нема матица во друштвото. Спасот е во додавање на матици или цел нуклеус само да се провери дали има во друштвото трутовски матици. Ако

медот како и мешање на рамките со легло. Рамките кои имаат повеќе легло, одат кон краевите на кошницата, а на нивно место се додаваат рамки на кои има помалку легло или празни изградени рамки. Кога рамката се врти за 180 степени, леглото доаѓа на задната страна, а медот до летото. Ваква состојба пчелите не трпат, па го отпечатуваат медот и го пренесуваат на други рамки од задната страна и со тоа се добива некој впечаток дека медот доаѓа од природата, па матицата побргу ги занесува испразнетите ќелии. Ваквото друштво нема простор за несење поради преблокираност. Се одзема некоја рамка со мед и се додава на нуклеусите, а на нејзино место доаѓа сатна основа или изградена, но празна рамка. Појачувањето на овие друштва може да се направи со додавање на затворено легло од помошните друштва и во исто време со налетување на пчели. Кај ЛР и ФР типови на кошници стимулирањето за побрз развој се прави со вртење на цели наставци за 180 степени и менување на местата на плодишните со медишните наставци. Прочуениот научник и експерт Ч.Л. Фарар ги менувал плодишните тела на секои 7 до 10 дена сè до почетокот на главната паша. На овој начин добивал максимален развој на пчелните друштва и многу големи приноси на мед и полен.

На нашите пчеларници, бидејќи се пчелари органски, уште од есента се остава 15 до 20 кг мед за мирен зимски сон на пчелите и пчеларот. Овде ќе ја спомнам изреката: Од јака и долга зима не се плашат пчелите, туку пчеларот. Треба да се каже дена начинот на забрзување на пролетниот развој кај различен тип кошници е различен. Кај ДБ кошниците тоа се прави со вртење на рамките за 180 степени, гребење на

Бидејќи топлината е многу важна за ранопролетниот развој на пчелните друштва, леглото и медот за презимување се наоѓаат во горните наставци, а долу се медишните наставци. На овој начин медишните наставци ги штитат од молци и глувци, но служат и како заштита од ладниот воздух во зима. Ладниот воздух, кој влегува полека во долните наставци, полека се грее и оди нагоре и така не удира директно во клубето и со тоа заштедува енергија кај пчелите со потрошувачка на храна. l АПРИЛ 2015 | 29



СТОЧАРСТВО

ПРОВЕРКА НА КОЛОСТРУМОТ прв чекор до висока млечност

Контролата на квалитетот на колострумот е сериозна препорака на секој производител, посебно на производителите со евидентно низок просек на производство до 7.500 литри млеко по лактација со крави од расата холштајн или 6.000 литри млеко по лактација кај сименталската раса крави. Контролата се прави многу лесно, со еден инструмент кој се нарекува колострометар кој се состои од два дела. Пластичниот цилиндар се полни со колострум веднаш по телењето и се остава да се олади на температура од 22 Целзиусови степени. Во него се потопува градуираниот дел кој на долниот дел има тег. Телото на градуираниот дел, исто како и кај топломерите, има цртички кои ја означуваат густината на колострумот и е поделено на три дела, во различни бои, за полесно мерење и одредување на резултатите од мерењето. Доколку густината е на црвено ниво, станува збор за колострум со многу мало количество имуноглобулини и тој колострум е со лош квалитет и не смееме да го даваме на телето.

Пишува: д-р Драгомир Јеремиќ

П

роизводителите на млеко во југоисточна Европа, како кај големите, така и кај малите производители на млеко, без оглед на расата на крави која ја одгледуваат и системот на одгледување, и покрај високите вложувања во генетиката на кравите, во опремата за молзење, објектот и покрај вложениот труд и време, со количеството измолзено млеко не доаѓаат ни близу до генетскиот потенцијал на кравите.

Причините за ова треба да се бараат на повеќе места, но една од главните е првиот чекор на кој се надоврзуваат сите следни чекори. Првото млеко или колострумот е специфична супстанција која кравата ја лачи во првите 24 часа по отелувањето и тоа им е добро познато на сите сточари. Со оглед на АПРИЛ 2015 | 31


СТОЧАРСТВО тоа дека телето се раѓа со исклучително слаб имунитет (белите дробови на телето се неколку пати поосетливи отколку на новородено бебе), колострумот претставува основна заштита на телето од болести и предуслов за правилен раст и развој во идна високомлечна крава! Колострумот, покрај минералите и витамините, е исклучително богат и со протеини и специфични материи, таканаречени имуноглобулини кои го поттикнуваат имунолошкиот систем и ензимските функции на телето, го заштитуваат од вируси, бактерии и габични инфекции. Природата се погрижила преку мајката, која е најдобрата фабрика за здравје на секое суштество, телето веднаш по раѓањето да добие заштита сè додека неговите заштитни системи на одбрана не проработат. За правилен развој на телињата не е важно само да се обезбеди доволно количество колострум туку и тој да се даде навреме, а тоа е најдоцна до 6 часа по телењето во количество не помало од 4 литри! Во првиот период по телењето цревните ресички на телето се порозни и отворени за систематска имунизација на целиот организам на телето. Тоа практично значи дека консумираниот колострум брзо и лесно се впива и минува низ цревата ширејќи ги имуноглобулините по целиот организам. Но, по 6 часа од отелувањето цревните ресички се затвораат, колострумот повеќе не продира во телото и имунизацијата е сведена само на површината на цревата, а телето останува без заштита. Последиците од тоа се слаб прираст, заболувања на белите дробови, а неретко и пролив. Таквите телиња, и покрај најдобрите услови и нега, во подоцнежниот период ретко надминуваат производство од 7.000 литри млеко по лактација, а на појаки оброци реагираат со промена на кондицијата на грлото и кетоза. Сево ова било многу лесно сфатливо и применливо доколку не се појавува еден мал проблем кој може да ја доведе во прашање целата оваа стратегија, а тоа е квалитетот на колострумот. На квалитетот на колострумот влијаат повеќе фактори од кои најзначајни се квалитетот на исхраната на кравата и квалитетот на минерално-витаминската смеса на крајот на лактацискиот период и во периодот на засушување на кравата. Кравите во втората лактација имаат по природа помало количество имуноглобулини во однос на првотелката или кравата во трета или погорна лактација. 32 | МОЈА ЗЕМЈА

Контролата на квалитетот на колострумот е сериозна препорака за секој производител, посебно на производителите со евидентно низок просек на производство до 7.500 литри млеко по лактација со крави од расата холштајн или 6.000 литри млеко по лактација на сименталската раса крави. Контролата се прави многу лесно, со еден инструмент кој се нарекува колострометар кој се состои од два дела. Пластичниот цилиндар се полни со колострум веднаш по телењето и се остава да се олади на температура од 22 Целзиусови степени. Во цилиндарот се потопува градуираниот дел кој на долниот дел има тег. Телото на градуираниот дел, исто како и кај топломерите, има цртички кои ја означуваат густината на колострумот. Тој е поделен на три дела во различни бои, за полесно мерење и одредување на резултатите од мерењето. Доколку густината е на црвено ниво, станува збор за колострум со многу мало количество имуноглобулини и тој колострум е со лош квалитет и не смееме да го даваме на телето. Ако инструментот потоне до жолтата боја, колострумот е солиден и можеме да го даваме на телето доколку немаме друга алтернатива. Но, доколку инстру-

ментот остане потопен до зелената боја, колострумот е со одличен квалитет, кравата е добро подготвена за претстојната лактација и телето ќе има одличен старт да порасне во високо продуктивно грло со висока лактација. Мудрите производители на млеко прават редовна контрола на квалитетот на колострумот и резултатите ги внесуваат во својата база на податоци. Се консултираат со нутриционисти кои водат сметка за исхраната на животните на фармата и ги прават потребните корекции на рецептурите и стратегијата на исхрана во завршната фаза на лактација и засушувањето и изборот на квалитетна витаминска смеса. Тие имаат замрзнувачи во кои чуваат залиха на колострум од контролирани грла со висок квалитет и по потреба ја даваат на младите телиња чии мајки не се во состојба да произведат колострум со висок квалитет или се болни. За чување на колострумот во замрзнувач се бираат сплеснати најлонски ќесиња со волумен од 500 грама кои можат брзо да се одмрзнат без оштетување на имуноглобулинот. Колострумот од втората лактација на кравата не се чува во замрзнувач. l


Болести пренесувани од животно на човек

СТОЧАРСТВО

Справување со ТУЛАРЕМИЈА

Туларемијата е примарно заболување на животните, пред сè, кај голем број видови диви глодари, кои се резервоар и извор на болеста. Најзначајни се домашните и полските глувци, зајаците, стаорците, водените стаорци, како и волците, лисиците и многу други животни. Домашните животни поретко заболуваат, а природна инфекција е утврдена кај овци, мачки, кучиња и свињи. Пишува: д-р Томислав С. Николовски, претседател на Ветеринарна комора на РМ уларемијата е акутна заразна болест предизвикана од бактеријата Francisella tularensis, која е отпорна во надворешната средина и долго се одржува во мршите на умрени животни, во суровите кожи, во почвата, во површинските води и прехранбените продукти.

Туларемијата е примарно заболување на животните, пред сè, кај голем број видови диви глодари, кои се резервоар и извор на болеста. Најзначајни се домашните и полските глувци, зајаците, стаорците, водените стаорци, како и волците, лисиците и многу други животни. Домашните животни поретко заболуваат, а природна инфекција е утврдена кај овци, мачки, кучиња и свињи.

Ова заболување припаѓа на групата зоонози – болести кои се пренесуваат од животни на човек, односно природно-огнишни инфекции, што значи причинителот е постојано присутен кај животните во одредени региони во природата. Досега не е евидентирано пренесување на болеста од човек на човек.

Во природата, заболувањето меѓу глодарите и дивите животни најчесто се шири преку крлежи и вошки кои паразитираат на нив, а може да се пренесе и преку комарци, коњски муви, како и преку загадени води и кал, во кои инфицираните глодари ги исфрлаат бактериите во надворешната средина.

Т

Болеста кај луѓето обично може да се јави како поединечни случаи, но може да биде и во форма на епидемија. Случаи на туларемија може да се јават во текот на целата година, но сепак почесто се регистрираат во периодот на пролетта и летото. Најчесто заболуваат луѓето кои се изложени на поблиски контакти со глодари и диви животни АПРИЛ 2015 | 33


СТОЧАРСТВО

Болести пренесувани од животно на човек

и нивни продукти- професионално изложени на поголем ризик, како на пример сточари, земјоделци, касапи, полски работници, ветеринарни работници, ловџии. Постојат неколку начини на кои човекот може да се зарази со туларемија и тоа преку директен контакт со заразени животни (на пример, ракување со угинати животни кои се инфицирани), при убод од крлежи, вошки и други инсекти, при вдишување прашина контаминирана со бактерија на туларемија, како и при пиење контаминирана вода или консумирање контаминирана храна (на пример, недоволно термички обработено месо, на температура пониска од 70 Целзиусови степени). Клиничките манифестации се различни и зависат од местото на влез на бактеријата, вируленцијата, обемот на дисеминација, како и имунолошкиот одговор на заразеното лице. По инкубација од 3 до 10 дена во просек, почетокот на болеста се карактеризира со: покачена температура, треска, потење, силни главоболки, болки во мускулите и зглобовите, општа слабост и малаксаност. Може да се јават и рани по кожата и устата, воспалено грло, отеченост и болка на очите или на жлездите на вратот како и под пазувните жлезди. Во подоцнежните фази болеста може да премине во пневмонија, проследена со болка во градите и искашлување на крвав исцедок.

Со цел превенција и заштита од ширење на ова заболување, неопходна е соработка помеѓу повеќе институции, особено е неопходна координацијата помеѓу докторите од хуманата и ветеринарната медицина. Сите луѓето треба да избегнуваат секаков контакт со крлежи за време на престој во природа и да употребуваат соодветна заштита. Оваа препорака особено се однесува на лицата кои, поради својата професија, почесто престојуваат во природа или се во директен контакт со животни и нивни продукти. При евентуално каснување од крлеж, лицето треба да се јави на доктор, со цел отстранување на крлежот, како и совети за натамошен третман. Сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје преземаат превентивни мерки и тоа: производителите да ја соберат жетвата од полињата, имајќи предвид дека од неа се хранат глодарите, хлорирање на сите приватни/селски водоводи (со посебен акцент на засегнатите подрачја), редовно земање и контролирање на примероци на вода од приватните водоводи, земање материјал за испитување на присуство на туларемија кај домашните животни во засегнатите подрачја, санитарно хигиенска заштита околу изворните подрачја со цел да се спречи загадување преку диви животни.

34 | МОЈА ЗЕМЈА

Секако, најзначајна превентивна мерка е дератизацијата. Центрите за јавно здравје во соработка со општините вршат дератизација и дезинфекција во засегнатите подрачја. Карактеристично е тоа дека ветеринарните друштва, иако се со најсоодветна екипираност и теренска покриеност на територијата на РМ и во најнепосреден допир со луѓето кои се најмногу изложени на ризик од инфицирање со причинителот на туларемија, согласно прописите за ДДД (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) кои се во сила во РМ, освен во одгледувалишта на добиток, не можат да вршат работи од тој вид во други објекти или на земјоделски површини. Како струка, Ние, претставниците на ветеринарната струка го сметаме наведениот проблем како аномалија која би требало во блиска иднина да се отстрани во интерес на брзо и ефикасно справување со идните предизвици кои зоонозите (заедничките болести кај луѓето и животните) ќе се испречуваат пред здравствениот и ветеринарно-здравствениот систем во РМ. За споредба, во Република Хрватска носители на одобрувањето за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, кое вклучува и управување со токсични материи, се докторите по ветеринарна медицина. Ветеринарната комора на Хрватска, заедно со Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Загреб и Хрватскиот ветеринарен институт донесуваат „Програма за постојана обука на вработените за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, а докторите по ветеринарна медицина се должни на пет години да се усовршуваат според оваа Програма и да го обноват одобрувањето за вршење на ДДД. l



МЕХАНИЗАЦИЈА

Механизација во градинарството

Ротациони гребла за собирање на потсечените растенија во откоси

Машини за берба на грав Пишува: проф. д-р Драги Таневски

Б

ербата на гравот, со обѕир на досегашниот начин на производство и одредените специфичности на културата во поглед на едновременото зреење, полегнување, влажноста на зрното и мешунките и кршењето и квалитетот на зрната за време на вршидбата, претставува најсложен работен процес во производството на оваа култура. Од тие причини, во решавањето на проблемот на прибирањето на гравот се одело постепено паралелно со создавањето предуслови за примена на машини како што се: производство на грав како чиста култура, создавање на нови сорти отпорни на полегнување и примена на нови технологии на производство.

Поради одредените специфичности на гравот во поглед на истовременото созревање, полегнувањето, влажноста на зрното и мешунката, кршењето и квалитетот на зрното за време на вршидбата, претставуваат најсложен работен процес во производството на оваа култура. 36 | МОЈА ЗЕМЈА

Процесот на прибирање на сув грав, рачно или машински, опфаќа берба на цели растенија и одделување на зрната од мешунките, а сето тоа со мал процент на загуби и оштетувања на зрното. За организирано масовно производство на гравот, механизираната берба на зрното претставува прифатливо решение. Меѓутоа, примената на машини за берба бара оптимален начин на берба.

Процесот на прибирање на гравот опфаќа берба на целите растенија и одделување на зрното од мешунката. Прибирањето може да се врши еднофазно и двофазно. Еднофазното прибирање на гравот, при коешто истовремено се врши косење на растенијата и одделување на зрното од мешунките, претставува посебно ефикасен начин на прибирање. Меѓутоа, во недостиг на соодветни сорти (со пра-


Двореден потсекувач на сув грав

Повеќереден потсекувач на грав во работа

во стебло, долните мешунки да се на повисоко ниво и истовремено да зреат), примената на еднофазниот начин би довело до големи загуби на зрно. Од тие причини, како оптимално решение при сегашниот степен на развиеност на производството на грав е двофазната жетва. Принципот на двофазната жетва се состои во тоа што претходно се врши сечење на растенијата и нивно собирање во откос, а потоа се врши вршидба на зрното од формираните откоси. Во принцип, прибирањето на гравот започнува кога од растението ќе паднат поголем дел од листовите, кога зрното во мешунката е потврдо и нивната влажност ќе достигне 22 до 25%. Вршењето на зрното од просушените откоси се врши при влажност на зрното од 18 до 20%, односно кога зрното од мешунката најдобро се одделува. Навременото извршување на одделни фази на берба во текот на денот значително се придонесува за намалувањето на загубите. Потсечувањето на растенијата и нивно собирање во откос се врши во утринските или вечерните часови.

Машини и уреди за прва фаза на берба на сув грав. Технолошкиот процес на првата фаза на берба се состои во тоа што со посебна машина се врши поткопување на растенијата до 5 см под површината на почвата, а потоа истовремено или одвоено и собирање на потсечените растенија во откоси. За извршување на овие фази се користат следните машини:

zzПотсекувач на растенијата на гравот

zzЛентести или ротациони гребла

Потсекувачите имаат работни органи со различна форма на ножеви или дискови, со кои стеблата се потсекуваат и истовремено се скубат од почвата. Можат да бидат 4, 6 или 8-редни. Се агрегатираат фронтално на тракторот. Лентестите и ротационите гребла се агрегатираат со трактори од иста категорија како и потсекувачот и се приклучуваат за хидрауличниот систем на задниот дел од тракторот. Погон добиваат од приклучното вратило на тракторот. l АПРИЛ 2015 | 37


МЕХАНИЗАЦИЈА

НОВИОТ HATTAT трактор

МОЌЕН И ЕКОНОМИЧЕН Пишува: Здравко Стошиќ

Т

ракторот Hattat Orchard, со своите погодни димензии и перформанси, е вашиот нов асистент во лозарството и овоштарството. Неговата ергономска структура овозможува удобно возење, а супериорното управување креира едноставно и лесно вртење на самиот трактор. Hattat тракторот нуди идеални работни услови при обработка на овоштарските и градинарските култури. Моделите Orchard се истакнуваат со висока моќ на кревање на хидрауликата, со што ги зголемуваат вашите опции при изборот на соодветна механизација. Со постигнување на посакуваната брзина при транспорт или во работни услови, со своите мотори Perkins, дизајнирани според најсовремените технологии, ќе ја намалите потрошувачката на гориво.

38 | МОЈА ЗЕМЈА

PERKINS МОТОР – СИЛЕН И ЕКОНОМИЧЕН Perkins Hattat Tractor, заедно со своите фармери, успеа да го направи Perkins еден од најголемите производители на мотори во светот. Perkins моторот создава голема моќност и вртежен момент, надминувајќи ги сите ваши очекувања. Минималната потрошувачка на гориво и максималните перформанси се споени во Perkins 3-цилиндричен мотор. ТУРБОИНТЕРКУЛЕР & ЕУРО 3 ТУРБО Интеркулер системот овозможува поефикасно согорување на горивото и помала потрошувачка. Нашите еколошки мотори кои поседуваат Еуро 3 вложуваат во вашата иднина со намалување на штетните гасови во текот на работењето и намалена потрошувачка на гориво.

СИНХРОНИЧЕН МЕНУВАЧ Синхроничниот менувач овозможува тивко и лесно работење на трансмисијата. Шатл-менувачот со 12 брзини напред и 12 назад, пак, овозможува менување на правецот на тракторот со една рака. Практичен за транспорт, за товарање и при работа. КОМФОР И КОНТРОЛА Седиштето е комплетно автоматски прилагодливо на тежината на возачот. Со него се овозможува оптимално движење и притоа се обезбедува поголема ергономија и сигурност при работата. l




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.