Moja zemja fevruari 2015

Page 1

број 111 февруари 2015 50 ден www.ffrm.org.mk ZETOR МОТОР МОЌЕН И ИЗДРЖЛИВ

Органско козарство

Како да се справите со зимските студови?!

Како да се заштитат овошките од мраз и студ Рецепт за ракија од лубеница

Рамномерно затоплување во пластеници



УРЕДНИЧКИ ЗБОР

СОДРЖИНА

Семејни бизниси Во последно време, кога ќе разговарам со мои поз­­­наници и воопшто со различни луѓе, некако си­те сметаат дека во транзицијата најдобро се офајдиле оние кои биле вклучени во различни зделки, корупции и малверзации. Некои, пак, само го истакнуваат овој став за да ја задоволат својата лична суета и да го сокријат својот неуспех или самотија. Овие луѓе, пак, воопшто не можам да ги сфатам и најчесто обвинуваат со невистини. За мене, она што претставува успех во оваа транзиција е започнување на семејни бизниси на чесен начин. Токму преку работата во Федерацијата на фармерите запознав земјоделци кои со сопствен труд и напор создадоа семејни земјоделски бизниси и покажаа дека ако се верува во себеси и во своето семејство и ако разумно и напорно се работи, може да се спечали и да се живее добар живот. Овие семејства сè уште живеат во руралните средини или во градовите, а работат на село и гледаат како да ги развиваат селата и да мотивираат поголем број млади луѓе и лица да се занимаваат со земјоделско претприемништво. Нивната соработка не е само во Македонија туку и соработуваат и со други компании од регионот. Такво едно семејство се фамилијата Мојсови, кои го развиваат својот бизнис за калемење на овошки „Агро калем“ во Тимјаник. Во овој број ќе прочитате и за бизнисот на семејство Салтировски кое живее во Скопје, а одгледува кози во Радовишко. Сличен е примерот за земјоделец од Грузија кој од град се преселил во село и започнал земјоделски бизнис. Има уште голем број вакви примери кои се опфатени во броевите на „Моја земја“ и токму ова списание ги промовира ваквите лица кои се поттик за развој на земјоделството. За мене ваквите примери се мотив за понатамошна работа и преставуваат една светла точка и на нашето земјоделство, на нашата економија и на справувањето со проблемите и предизвиците со кои се соочуваме во ова време на невреме. Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

Успешна земјоделска приказна: ОД ИНИЦИЈАТИВА ДО ДОБАР БИЗНИС

Моја земја, февруари 2015 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Адреса на седиштето и уредништвото: Ул. Христо Смирненски бр. 15, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com

14

Заштита АЗИСКАТА БУБАМАРА – РЕШЕНИЕ И ОПАСНОСТ

Овоштарство КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ПОДЛОГАТА

Признанија ИЗБРАНИ ДЕСЕТТЕ НАЈПРОАКТИВНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ БИЗНИСИ

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 02.02.2015 Tираж 2500 примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

18

22

Поледелство КАКО ДО ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕНКА?!

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk

7

28

Лектор Верица Неделкоска Стручни соработници Проф. д-р Драги Таневски, Проф- д-р Јован Аждерски, Проф. д-р Слободан Банџо, Д-р Марјан Андреевски, Асс. Д-р Емељ Туна, Кицо Дамовски, Захариев Ванчо, Петар Христов, Димитар Арнаудов, Раде Каранфиловски, Стојан Глигоров, Марјан Стојкович, Ламбе Куциновски, Предраг Поповиќ Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

ИНТЕРВЈУ: НИКОЛА СТАМЕНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФРМ

„Во изминатата година се направени одредени активности во делот на аграрот, во коишто и ние, како Федерација на фармери, бевме директно вклучени и дадовме наш придонес кон доследно реализирање на планираните активности. За нас, како организација, е добро што државата е директно вклучена во делот на субвенционирање во земјоделството со што се дава голем придонес во неговиот развој“, вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.

Треба повеќе да се работи на ДОГОВОРНОТО ПРОИЗВОДСТВО 1. Која е вашата генерална оценка за земјоделството за изминатата година? n Земјоделството е важна стопанска гранка за нашата држава и затоа треба доста да се работи за развој. Тоа, според мене, е голема можност и предизвик за развој на семејни бизниси во руралните средини, каде што ќе се даде голем инпут да може нашите млади фармери да останат во своите домови и да ги обработуваат своите површини, наследени од своите родители. Во изминатата година се направени одредени активности во делот на аграрот, во коишто и ние, како Федерација на фармери, бевме директно вклучени и дадовме наш придонес кон доследно реализирање на планираните активности. За нас, како организација, е добро што државата е директно вклучена во делот на субвенционирање во земјоделството со што се дава голем придонес во неговиот развој. Добро е што се поедностави ИПАРД Програмата, каде што влезе и земјоделската механизација. 4 | МОЈА ЗЕМЈА

Започна спроведувањето на Законот за формирање на кооперативи, кој е значаен за окрупнување на земјоделското земјиште, а со тоа се создаваат предуслови на пазарот да се понуди и поголема количина на финален производ. Се продолжи и рокот за легализација и регистрација на старите трактори во насока за понатамошно нивно користење. На наше барање е дадена финансиска поддршка за сточарите во делот на справување со болеста син јазик, која во одредена мера го опустоши нашиот сточен фонд. Сепак треба уште да се работи со цел нашето земјоделство да стане вистински бизнис, а не на него да се гледа како на социјална гранка. 2. Климатските промени влијаат негативно врз земјоделството и кој е вашиот став да се превентира? n Точно има доста негативни влијание од климатските промени

врз аграрот и затоа ние како Федерација на фармери на сите наши средби и едукации со фармерите им укажуваме како и на кој начин да се потрудат да си го заштитат своето производство. Приоритет на кој што ние работиме прво и основно е нашиот земјоделец да свати дека мора своето производство да го осигура од елементарните непогоди кои се случуваат не само кај нас, туку и во опкружувањето и воедно спроведуваме едукација за користење на нови технологии за прилагодување на земјоделството врз новите климатски промени. Имајќи ја предвид финансиската моќ на нашиот фармер за да може доследно да си ги извршува своите земјоделски обврски, повеќе од потребно е обезбедување на свеж капитал, кредитни линии со поволни каматни стапки каде што ќе можат да го одржуваат веќе постојното производство и да се насочат кон унапредување на земјоделството.


3. Колку сте задоволни од субвенциите кои влегуваат во земјоделството и сметате ли дека имаат развојна компонента? n Ставот на ФФРМ на РМ е дека субвенциите во моментот се неопходни за развојот на земјоделството и она што би го истакнал е тоа што тие влегуваат во буџетот на семејството и се користат за инвестиции во аграрот. Не може да се каже остро дека некаде субвенциите направија развој, а кај некои гранки направија опаѓање. Тука, покрај субвенциите, влијаат и голем број други фактори како што е пласманот, цената, климатските промени и пазарот. Според анализите на ФФРМ, може да се каже дека тие имаат позитивно влијание, односно имаат развојна компонента и зголемување на продуктивноста. Нè радува тоа што е прифатена идејата за прибивање на долговте за нашите фармери, чии предлагачи бевме ние. Тоа значи дека поради неисплатени финансиски средства кон одредени институции, како што се Фондот за пасишта, Фондот за води и други, на земјоделците им се скратуваше правото да аплицираат за субвенции и за мали финансиски долгови спрема овие институции не можеа да си го остварат своето право за добивање на финансиските средства во делот на субвенциите. Она што ние го побаравме и се прифати од надлежните институции е да се изврши прибивање на долговите преку субвенциите и на фармерите да не им бидат скратени правата за аплицирање и добивање на субвенции. 4. Каква е состојбата со откупот на тутунот? n Оваа година, споредбено со претходната година, се очекува дека на пазарот ќе се понуди поголемо количество тутун на тутунските комбинати. Според информациите за склучените договори помеѓу тутунопроизводители и тутунските комбинати, количеството произведен тутун за оваа година се движи некаде околу 25 до 26 милиони килограми. За таа цел самите тутунопроизводители се должни на денот на предавањето на произведениот тутун на откупната организација, поединечно да го пријават вишокот на произведен тутун за кој немаат склучено договор. Сето тоа ќе ни даде еден параметар дали и колку ќе имаме вишок на произведен тутун од она што е реално договорено. Во делот на квалитетот на тутунот, тутунопроизводители и претставниците на здруженијата, откупните организации, владините институции потенцираат дека поради лошите

климатски услови оваа година произведениот тутун е со послаб квалитет и неговата влажност е поголема што негативно влијае како на квалитетот, така и на квантитетот на тутунот. Според податоците од досега откупените количества тутун во висина од 11 милиони и 500 килограми и информацијата со која располагаме ние, постигната е просечна цена од 120 денари. Очекуваме дека во подоцнежниот период нашите тутунопроизводители ќе го понудат поквалитетниот тутун односно од погорните берби оправдано се очекува дека ќе се постигне и повисока просечна цена. Уште еднаш ФФРМ апелира до тутунопроизводителите, доколку имаат некакви проблеми со откупот во делот на нереална проценка и манипулации со одбитоците, да се обратат до Државниот инспекторат за земјоделство преку подрачните единици. 5. Најголем проблем на македонскиот аграр е расцепканото земјоделство. Во функција се неколку задруги, но за да се добие конкурентно земјоделство, потребно е поголемо здружување. Што ќе направите на овој план? n Федерацијата работи на окрупнување на земјоделството и, нормално, наш приоритет се сите форми на здружување, а тука влегуваат и кооперативите. ФФРМ посебно внимание посветува на едукација преку трибини, работилници, директни средби за надминување на стереотипите кон задругите од минатото и укажување дека сегашното здружување во задругите и кооперативите е нешто ново и позитивно и дека нашиот земјоделец само тука може да си го најде своето место за рентабилно производство и пласман на своите производи. Наша препорака е менаџерските тимови во кооперативите да работат здружени со разумни одлуки за да има развој кооперативното здружување. 6. Во кои насоки треба да оди аграрот во идниот период? n Посебно внимание треба да се посвети на договорното производство и на организираниот пласман. Без тоа нема напредок во земјоделството. Затоа е потребна едукација, размена на искуства, комуникација, за да се овозможи подобар квалитет, количество и цена. За таа цел ФФРМ организира едукација преку работилници и директна едукација преку посета на саемски манифестации, студиски патувања, Б2Б средби од каде што нашите фармери ќе црпат нови знаења кои ќе ги применуваат на своите посеви, а со самото тоа ќе добијат и поквалитетен производ. l

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИ СОРТИ НА КРУША, ОРЕВ И КОСТЕН ФФРМ и компанијата „Левидиа“, членка на ФФРМ, организираа средба со земјоделците во струмичката општина Босилево, каде што беа презентирани нови сорти на орев, костен и круша. Целта на средбата е да се видат придобивките од овие садници. „Има голем интерес тука, во Струмица, за овие овошки и затоа ние, како Федерација, ја организиравме оваа средба. Соработката со нашите партнери од Турција, кои имаат свое претставништво во Скопје, е во насока да ги презентираат позитивните искуства за овошните насади орев, круша и костен“, вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ. Според Селаедин Сали од компанијата „Левидиа“, новите сорти орев, костен и круша се погодни за македонското поднебје. „ Ние сме први кои ги донесовме калемениот орев, костен и крушата „девиџи“ во РМ. Разликата од нашите сорти е тоа што оревот интензивно расте и уште во првата година раѓа плодови. Овие сорти круша, орев и костен даваат поголеми приноси во однос на нашите традиционални сорти кои ги имаме кај нас“, вели Селаедин Сали од „Левидиа“. На средбата присуствуваа голем број земјоделци од струмичкиот и гевгелискиот регион.

ОРГАНИЗИРАНИ ТРИБИНИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ЗАДРУГИ Федерацијата на фармерите на Република Македонија и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството одржаа трибини во битолскиот регион, каде што фармерите беа запознаени со условите и начинот на формирање на земјоделски задруги. На овие трибини им беше објаснет начинот на формирање на задруги и позитивните аспекти на кооперативите. На самиот почеток на 2015 година вакви трибини ќе се одржат и во останатите места во битолскиот регион, но и во останатите региони низ РМ.

ФЕВРУАРИ 2015 | 5


ФФРМ

300 ФАРМЕРИ ВО ПОСЕТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ САЕМ ВО СОЛУН Во организација на ФФРМ, 300 македонски фармери остварија еднодневна посета на деветтиот интернационален саем за сточарство и живинарство, ZOOTECHNIA 2015 во Солун, Грција. Целта на посетата е информирање на јавноста и промоција на сите важни видови животни, машини, услуги и истражување, како и да придонесе кон проширување на нови пазари и создавање на нови трансакции. Исто така, кај фармерите ќе се поттикне заедничкото планирање и донесување на одлуки за усвојување, како и примена на нови земјоделски техники и

технологии коишто би придонеле за подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимизација на количините и зголемување на приходите. ZOOTECHNIA е единствената специјализирана изложба која се однесува на одгледување на животни и производство на месо во Грција и на Балканот. ZOOTECHNIA е организирана од страна на HELEXPO, кои гарантираат успешен настан преку своето 80-годишно искуство и оваа година беше отворена за посета од страна на фармерите во регионот од 29.01.2015 до 01.02.2015 година.

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОБРА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПРАКТИКА ЗА ЈАБОЛКО Дваесет и пет членови на КАШ и ФФРМ учествуваа на дводневна обука во едукативниот центар на Федерацијата во гостиварското село Вруток за технологија на производство и спроведување на добра земјоделска пракса за јаболко. Предавач на обуката беше проф. д-р Тошо Арсов. Во рамките на обуката имаше и практичен дел кој се одржа директно на овоштарник во тетовското село Брвеница. Имено, обуката е дел од проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ кој е финансирана од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија и е реализирана од страна на Федерацијата на фармерите на РМ и Албанскиот земјоделски совет. Целта на проектот е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони (Полог, Пелагонија, Елбасан и Дибра) преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување на тренингцентар с. Вруток, Гостивар, едукација за рурален развој, промоција на традиционалната храна и руралниот туризам. Придобивките од проектот се од особена корист за локалното население во пограничните региони, особено младите и жените - фармери, но исто така и за сите граѓани, институции и организации кои работат за развој на земјоделството и руралниот развој.

ПОСЕТА НА КООПЕРАТИВАТА „АГРО ГОРНИ ПОДЛОГ“ Во организација на ФФРМ, партнери од Молдавија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, кои се поддржани од страна на We Effect (Шведскиот центар за соработка) ја посетија кооперативата „Агро Горни Подлог“ од Кочани, членка на ФФРМ.

6 | МОЈА ЗЕМЈА

Во рамките на посетата, членовите на кооперативата објаснија на кој начин функционира кооперативата и поддршката што ја добиваат од државата за формирање на кооперативата, како и помошта што ја добиваат од Федерацијата во делот на пласман на ориз. Тие истакнаа дека здружувањето во кооперативи е неопходен дел за малите земјоделци, доколку сакаат да бидат конкурентни на пазарот и токму членството во ФФРМ е важно за нив бидејќи на ваков начин добиваат навремени информации, едукација и помош. Партнерите посетија и фабрика за преработка на ориз, како и оризово поле каде што можеа да видат на кој начин се наводнува и одгледува оризот. Имено, Федерацијата на фармерите на РМ, заедно со We Effect (Шведскиот центар за соработка) започнаа со реализација на проектот „Организациски развој

на ФФРМ“. Со овој проект се воспоставува официјална соработка за поддршка на активностите на ФФРМ во земјата за подобрување на севкупното земјоделство и агробизнис клима, со додавање вредност на значењето на земјоделците. Целта е да ги презентира активностите и ресурсите на располагање, со цел да се искористат за понатамошно подобрување на бизнисите во земјоделството и поттикнување на иницијатива за поголемо инволвирање на жените – фармери. Проектот е дел од програмата на We Effect (Шведскиот центар за соработка) за Европа која вклучува земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија) и Молдавија. Цел на програмата е – Придонес на општествените организации во насока на јакнење на демократијата и одржлив развој, како и сè поголемо приближување кон ЕУ.


Успешна земјоделска приказна на Нино Замбакиче од Грузија

ТЕРЕНСКИ ПОСЕТИ

ОД ИНИЦИЈАТИВА до добар бизнис Пишува: Билјана ПетровскаМитревска

Г

рузија е земја од поранешниот Советски сојуз која започнува интензивно да работи во делот на земјоделството. И самите луѓе кои ги запознавме велат дека излезот го гледаат во развојот на претприемништвото и тоа посебно во земјоделството. Една од иницијаторите за развој на грузиското земјоделство е Нино Замбакиче, претседател на Грузиската федерација на фармери, која има 900 фармери.

„Со децении, земјоделскиот сектор во Грузија трпеше стагнација. Постојано слушав дека е невозможно да се добијат земјоделски производи со добар квалитет и во тој период имав доволно храброст да започнам еден ваков бизнис и да се преселам од главниот град Тбилиси в село. Имав големи тешкотии на почетокот, бидејќи имав малку познавање за регионот, селото и за луѓето и тогаш целата околина ми беше чудна. Локалните жители имаа само едно прашање – „Сите ние се стремиме да се преселиме во Тбилиси. Зошто оваа

девојка се одлучи да дојде в село?!“ За човек кој нема селско потекло и има недостиг на знаење за руралните традиции е крајно тешко да се започне рурален бизнис. Се трудев да им објаснам, но самата комуникација одеше тешко. Пресуден момент за започнување на соработката беше еден немил настан. Детето на моите соседи се разболе и поради недостиг на финансиски средства тие ја лечеа дома. Кога разбрав, ја однесов в болница во Тбилиси и се грижев за неа. Оттогаш соработка се подобри е сега сум дел од таа заедница“, раскажува Нино. 

Нино Замбакиче, претседател на Грузиската федерација на фармери, која има 900 фармери, се пресели од град в село и ја започна својата земјоделска приказна. Таа вели дека не било лесно, но сепак со труд, верба и храброст може да се направи успешна земјоделска приказна. Сега своето искуство го пренесува на младите со цел сè повеќе да се инволвираат во земјоделството. ФЕВРУАРИ 2015 | 7


ТЕРЕНСКИ ПОСЕТИ

Таа отвори претпријатие за производство на млечни производи и го доби грантот за развој на агробизнисот, во износ од 125.000$, обезбеден од страна на грузискиот фонд. Со грантот и со сопствени средства отвори фабрика за млечни производи, а знаењето го црпеше од стручна литература, интернет и студиски посети во Турција каде што ја совладуваше техниката за производство на сирење.

„Капацитетот за производство на фабриката е 2,5 тони и на самиот почеток се соочувавме со проблем со локалните фармери кои живеат во руралните средини на Кавказ, кои не сакаа да го даваат своето млеко истакнувајќи дека ние со нивното млеко ќе правиме богатство, а она што го даваа беше со лош квалитет. На ваков начин бев принудена да спроведувам едукација преку локалните млади фармери и поголемо лобирање и разубедување. Ни требаше една година да ја добиеме довербата на локалните

фармери“, раскажува Нино, која има 390 кооперанти за обезбедување на млеко и житарки и на својот производствен капацитет вработила 40 локални жители. Во моментите кога немало доволно млеко поради недостиг на сточна храна, подигнала кредит кој се искористил за Фабрика за производство на сточна храна и започнале да прават размена на храна за млеко. Потоа започнала да гради фарма за крави, така што сега поседува 70 високо продуктивни млечни крави. Со цел да го промовира својот бизнис, Нино подигнала јаболков насад, направила рибник за преку диверсификација да го промовира својот бизнис. Во блиска иднина планира да започне со производство на традиционални грузиски сирења. Нејзината вложеност во земјоделство ја продолжила со тоа што во 2012 ја формирала Грузиската федерација на фармерите во која членуваат 900 фармери. Здружението работи во на-

КООРДИНАТОР И ВО „ИНВЕСТИРАЈТЕ ЗА ИДНИНАТА“ Нино Замбакиче е почесен координатор во Грузија за иницијативата „Инвестирајте за иднината“ што се спроведува под раководство на поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон. Иницијативата е во насока на обезбедување на ментори од целиот свет. „Веќе неколку години јас сум ангажирана како ментор за претприемништво и со жалење можам да кажам дека досега не успеав да најдам ментор поради многу причини - никој не сака да го пренесе своето знаење од страв дека друг ќе му стане конкурент. Тоа ме натера да мислам дека е многу подобро да се бараат ментори од странство. Странски специјалисти ни даваат можности за понатамошен професионален развој. За да ја направиме Грузија позната на глобално ниво, ние ги носиме искуствата на успешните луѓе дома, во Грузија, и ги применуваме во пракса“, вели Нино. 8 | МОЈА ЗЕМЈА

сока на решавање на проблемите на фармерите, обезбедување на пристап до стручно образование и обука и, што е најважно, за подобрување на имиџот на земјоделецот, со оглед на фактот дека земјоделството е помалку популарно, а миграцијата на млади од селата во градовите е значително висока во последно време.

„Решив да го споделам моето знаење и искуство и сакам што повеќе млади луѓе да започнат да се занимават со земјоделство. За решавање на ова прашање, јас градам Центар за обука на мојата фарма и фабрика каде што сите заинтересирани лица ќе имаат можност да учат преку теоретски и практични курсеви. За да се промовира духот на претприемништвото, имаме воспоставено грузиска мрежа на претприемачите, со намера да се разбуди страста за претприемништвото, да им се помогне на младите претприемачи и да се поттикнат младите за оваа дејност. Исто така, им помагаме на децата и на жените во руралните средини за нивна едукација и социјализација. Нашата организација дава поддршка на децата без родители преку обезбедување на храна, книги и играчки“, истакнува Нино. Нејзиниот живот го раскажува секаде како добар приомер и иницијатива за младите и останатите фармери да не се откажуваат од својата земја, родното место, туку во тоа да гледаат можност за развој. Секоја идеја со голем напор, работа и верба може да се реализира. l


Успешна земјоделска приказна на Нино Замбакиче од Грузија

За да ја направиме Грузија позната на глобално ниво, ние ги носиме искуствата на успешните луѓе дома, во Грузија, и ги применуваме во пракса

ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА ГРУЗИСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ Земјоделците во Грузија се жалат дека во последните неколку децении аграрната политика не е адекватна на нивните проблеми. Недостигот на стратешки план за развој и немањето јасна визија предизвикаа незадоволство кај фармерите. Во 2012 година Владата на Грузија даде приоритет за развој на земјоделскиот сектор и ги охрабри фармерите да се здружуваат во нов закон за задруги; Беше јасно дека поголемиот дел од фармерите не се подготвени да одговорат на предизвиците во рамките на новите иницијативи на Владата бидејќи се мали и расцепкани. Повеќето фармери немаат можност за подобрени методи и техники во земјоделството. Други бариери на фармерите се ограничниот пристап до услуги и финансии, слабата инфраструктура, неповолните политики со поттикнување на извоз и недостигот на претприемништвото. Во Грузија постојат специфични асоцијации, чија цел е да ги идентификуваат специфичните проблеми и да ги информираат релевантните владини институции, но лобирањето со таков механизам е често бескорисно. Токму од таа причина е формирана Грузиската федерација на фармерите која го пополни просторот и јазот помеѓу државата и фармерите и, исто така, игра улога на „чадор“ организација за да ги обедини земјоделците.

„Секоја идна реформа на грузискиот земјоделскиот сектор ќе треба да го земе предвид фактот дека земјоделството има важна општествена функција, односно тоа обезбедува социјална сигурност на многу голем дел од населението, кои ги загубија своите работни места и чии квалификации се неадекватни за тековните потреби на пазарот на трудот. Едно од главните прашања за идниот развој на земјоделството во Грузија е фрагментација. Ова има неколку аспекти: високо фрагментирана сопственост на земјиштето како резултат на приватизација на земјиште во 1990-тите; слаби линкови помеѓу различните актери во различни синџири на вредност. Амортизирање на механизацијата ; застарени и неефикасни техники на одгледување; лошо складирање, пакување и транспорт, што доведува до многу мало земјоделско производство“, вели Нино. Таа смета дека фрагментацијата одразува два типа на пазарните неуспеси, односно неуспех за координација на фармерите и другите субјекти во аграот. Контрола на болести на животните и растенијата, соработка помеѓу фармерите, споделување на ресурсите, истражувањето и образованието, советодавни услуги, стручно образование, трансфер на технологија, сите овие активности можат помогнат да се постигне социјална и економска стабилност во земјоделскиот сектор во Грузија.

ФФРМ реализира средба со грузијските фармери каде што разменија искуства и планираат понатамошна соработка

ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ НА ГРУЗИСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ Една од главните на активности е јакнење на дијалог и решавање на проблемите помеѓу агро-секторот и владата; обезбедување на препораки за фармерските заедници; лобирање за интересите на фармерите. Развој и градење на капацитети за фармерите: консултантски услуги; работилници, семинари и обуки за земјоделците по региони. Помош во продажба и маркетинг: можности за вмрежување на фармерите; промоција на фармерите. ФЕВРУАРИ 2015 | 9


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на бабура

Пишува: Димитар Арнаудов

Е

ден од ефикасните методи на одгледување на бабурата е на две странични гранки (на две стебла). Доколку се одгледува на едно стебло, плодовите се многу покрупни, но пропорционално на тоа, приносот е далеку помал. Во многу случаи, се формираат многу плодови, кои подоцна растението природно ги селектира. Во тој случај многу е тешко да се постигне правилна рамнотежа помеѓу листовите и плодовите. Во случај на одгледување на растението на две стебла, правилниот однос помеѓу листовите и плодовите многу полесно се постигнува. Во првите фази по расадувањето треба да се создаде што повеќе лисна маса. Пред сè треба да му дозволиме на растението да

Ефикасен метод -

производство на две гранки го создаде својот природен, џбунест облик. Кога должината на страничните гранки (филизи, изданоци) ќе достигне должина 20-25 см, се избираат две најдобри странични гранки и се фиксираат со полиетиленски конец. На останатите странични гранки им се отстрануваат врвовите, а ги оставаме листовите. Поради одржување на стеблото на растението во исправена (вертикална) положба се поставува носечка метална жица на конструкцијата на пластеникот во правец на редовите. Металната жица треба да биде на што е можно повисока точка (барем околу 3 м). Оставените две стебла се прицврстуваат за металната жица со полиетиленски конец. Со оваа постапка растението добива форма

на буквата „V“. На секоја нодија (коленце) треба да има по еден плод. На едно растение, просечно, треба да има 2-3 зрели плодови, 2-3 во фаза на зреење, 2-3 во фаза на развој и 2-3 во зачеток. При интензивно производство со овој начин растението треба да достигне висина 180 – 200 см и приносот треба да биде 15 – 18 кг/м². Најпрактично е бербата кај овој тип пиперка да се одвива на секои 7-10 дена. Плодовите не треба да се оставаат долго на растението, бидејќи тоа го забавува созревањето и формирањето на другите плодови. Овој начин на производство е најисплатлив во високи пластеници и стакленици. l

ПРЕПОРАЧЛИВО РЕДОВО И МЕЃУРЕДОВО РАСТОЈАНИЕ Еден ред

90 х 33 = 3,4 растенија на квадратен метар 90 х 30 = 3,7 растенија на квадратен метар 90 х 28 = 4 растенија на квадратен метар

Два реда

90 + 40 х 45 = 3,4 растенија на квадратен метар 80 + 45 х 45 = 3,4 растенија на квадратен метар 80 + 50 х 40 = 3,8 растенија на квадратен метар

10 | МОЈА ЗЕМЈА


ГРАДИНАРСТВО - АПРЗ

Рамномерно затоплување во пластеници За сигурно или успешно производство секој современо изграден пластеник треба да биде покриен со фолија која се одликува со добри изолациски особини и таквиот пластеник треба да биде опремен со систем за затоплување кој ќе биде најисплатлив, односно треба да осигурува рамномерно распоредување на топлината во заштитениот простор и да има мали загуби на топлинска енергија. Многу важно е при планирањето на затоплувањето да се пресмета потребното количество енергија и капацитетот на инсталацијата и да се земат во обѕир климата, културата што ќе се затоплува, периодот во годината и вкупниот простор за затоплување. Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

З

атоплувањето во пластениците во кои се расадени одредени култури е еден од многу важните фактори во прoцесот на производството. Поголемиот дел од земјоделските производители за загревање на пластениците ја користат сончевата енергија. Причината е во тоа што другите начини на загревање се доста скапи. Со користењето на сончевата енергија за загревање, целата површина која се наоѓа во пластеникот не се загрева подеднакво.

За сигурно или успешно производство, секој современо изграден пластеник треба да биде покриен со фолија која се одликува со добри изолациски особини и таквиот пластеник треба да биде опремен со систем за затоплување кој ќе биде најисплатлив,односно треба да осигурува рамномерно распоредување на топлината во заштитениот простор и да има мали загуби на топлинска енергија. Многу важно е при планирањето на затоплувањето да се пресмета потребното количество енергија и капацитетот на инсталацијата и да се земат во обѕир климата, културата што ќе се затоплува, периодот во годината и вкупниот простор за затоплување. Начини на заштеда на топлинска енергија: Поголемиот пластеник троши помалку енергија за затоплување и поевтино е да се загрева еден поголем пластеник отколку два помали плас-

теника со иста површина и затоа температурните разлики во пластеникот се помали. Најголемо загревање на пластеникот е потребно ноќе, кога нема сончева енергија. Во најладни ноќи температурата во просторот може да се одржува на биолошкиот минимум. На пример, доматот вегетира на 5-7оC, но може да му опаднат цветовите, а подоцна и плодовите на температура од 10оC, салатата вегетира на температура од 2-3оC. Да се користат две фолии помеѓу кои се создава изолациски слој од воздух и трошокот со таквата термо изолација може да се намали до 30%. Да се затворат сите површини преку кои би можело да излегува топлината и редовно да се контролира исправноста на грејните тела, вентилација, пумпи итн. При изградба на нов пластеник, треба да се планира тој да биде заштитен од силни ветрови, должината  ФЕВРУАРИ 2015 | 11


ГРАДИНАРСТВО - АПРЗ

ако е можно да биде во правец исток - запад, за да поголемата површина биде на јужната страна и заштитен од северната страна, а на челните страни да се постават двојни платна. Како што спомнавме, освен сончевата енергија, како извор на топлинска енергија се користи нафта, гас, геотермални води, дрва и струја. Може да се користат и обновливи извори на енергија, но тие се со мали количества топлотна енергија, а и се скапи. Засега се користат во комбинација со конвенционалните начини. Засега кај нас најефикасен и најупотреблив е централниот систем на затоплување.

Со одржување на оптимална влажност, се акумулира топлината во почвата, растенијата подобро растат и промената или температурните разлики се помали.

Изворот на топлината е сместен на едно место во просторијата - котларница. Се распоредува директно од котлите преку разводни црева, се пренесува на грејните тела до растенијата.

За рамномерно распоредување на топлината во почвата, најважно е да се одржува нормална влажност на почвата. Меѓутоа, кај долготрајните ниски температури, потребно е да се осигури комбинирано загревање на воздухот, зависно од барањата за температура на одгледуваната култура.

Како носител на топлината се користат метални цевки или пластични ребрести цевки и радијатори. Тие можат да бидат поставени:

Движењето на температурата на воздухот и почвата и нивната осцилација е помала во пластеници од поголем обем.

По должината на ѕидовите на пластеникот во висина на растот на растенијата,

Најмали осцилации на темпераИзборот на покривниот материјал турата на воздухот има средниот дел – фолија е многу важен. На пример, кај на заштитениот простор на висина од фолијата за пластеник во зима е по1,5 м. требно да се осигури дополнително греење, како и јаглероддиоксид за Најниска е температурата на воз- раст и развој на растенијата. духот и почвата во близина на ѕидовите на пластеникот Гледајќи долгорочно, инвестицијата е скапа во опремата за затоплување, но се исплаќа со сигурен откуп и Температурата на почвата зависи пласман на пазарите, кога нема погоод сончевата енергија, греењето и влажноста. лема понудувачка од домашно производство, а и цените се повисоки. l

Под конструкцијата за сеење на садниот материјал, зеленчук, цвеќе, украсни растенија итн. На површината на почвата – подно греење, Блиску до кровот - првенствено за топење на снегот и мразот. 12 | МОЈА ЗЕМЈА

Доколку производителот во заштитниот простор - пластеник сака да произведува вон сезонски, или во текот на цела сезона, трошоците околу вложувањата се големи во системот за загревање, гориво или цврсто гориво, како дрва или јаглен, течни горива, гас.


Рецепт за РАКИЈА ОД ЛУБЕНИЦА

НОВИТЕТ

Пишува: Петар Христов

Л

убеницата е едно од најомилените јадења во лето. Таа е вистинско освежување во жешките летни денови. Плодот на лубеницата содржи преку 90% вода, а многу малку белковини и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи каротини, витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Таа е добар извор и на бета каротин и ликопен.

Поради големата содржина на вода, лубеницата одлично ја гаси жедта. Во исхраната се користи свежа, во овошни салати и за правење слатко. Поволно влијае на работата на органите за варење и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Во 100 грама лубеница има само 30 калории. Токму од неа се подготвуваат и најразлични пијалоци како ликери, коктели, а еден од таквите вкусни пијалаци е ракијата.

ЕВЕ ГО РЕЦЕПТОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА РАКИЈА: Околу 20 кг лубеница добро созреани се сечат на парчиња и се чистат од семките, додека месото се промешува со миксер. Потоа се приготвува каша ( 5 кг шеќер се става во 30 литри топла вода, но нехлорирана поради тоа што хлорот ги убива ензимите – габите). Во кашата се додава смесата од лубеница и 500 грама квасец за леб. Оваа смеса добро се промешува и се префрла во поголемо буре, кое никако не смее да биде од железо. Потоа во истото буре се додава вода, исто така, нехлорирана. Вкупното количество да биде 100 литри заедно со кашата. Така приготвената каша се остава да ферментира, двапати дневно се промешува (разбркува) и целата ферментација завршува за 3 недели. Смесата се вари како и сите други ракии и задолжително се преварува (дестилира) за да се извади метил алкохолот, за да не се расипе квалитетот на целата ракија. Вака приготвената ракија може да се консумира и има одличен вкус. l ФЕВРУАРИ 2015 | 13


ЗАШТИТА

Предатори и паразити

Азиската бубамара – решение и опасност Пишува: проф. д-р Слободан Банџо

А

зиската бубамара (Harmonia axyridis) е еден од многуте видови бубамари, кои најчесто се хранат со лисни вошки и претставуваат значаен (позитивен) фактор во одржувањето на еколошката рамнотежа во агро-еко системите. Потекнува од источна Азија и е нешто поголема од нејзините европски роднини. Зависно од условите, бојата може многу да варира, од светлопортокалова, изразито црвена, па сè до сосема црна. Може, но не мора да ги има карактеристичните црни точки, како и останатите бубамари, а нивниот број може да варира од 0 до 21. Една од битните карактеристики е разновидноста на храната што може да ја консумира, прилагодливоста кон различни климатски услови и можноста да има повеќе генерации во текот на една година. Основна храна се лисните вошки, но кога ги нема во доволен број, се храни и со штитести вошки, јајца и млади ларви од пеперутки, други инсекти кои може да ги совлада, дури и со ларви од сопствениот вид, фитофагни пајачиња, нектар и полен. Сето ова ја прави мошне интересна за примена во биолошката борба за контрола на популацијата на лисните и штитестите вошки. За таа намена за прв пат е внесена во Соединетите Држави уште во 1916 година. Во Европа почнала да се внесува за контрола на лисните вошки во овошните насади, на градските дрвореди, но и во оранжериите, во почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Успешно е внесена во Франција, Белгија, Холандија, Австрија, Германија, Велика Британија, Италија, Грција.

14 | МОЈА ЗЕМЈА

За жал, големата способност за размножување (една женка полага 20-50 јајца дневно или до 4.000 јајца во текот на животниот век), силната прилагодливост кон различни климатски услови и полифагноста ја прават закана за европските видови бубамари. Поради големината и агресивноста на локациите каде што е внесена азиската бубамара, нивната популација се намалува и еколозите стравуваат за нивниот опстанок. Исто така, утврдено е дека при висока популација и недостиг на храна, азиската бубамара причинува штети на грозјето, а доколку не се отстранат од гроздовите во текот на преработката, непријатната миризба од нивната хемолимфа го намалува квалитетот на виното. Поради овие несакани поја-

ви, Европската организација за заштита на растенијата ја има исфрлено од Листата на предатори и паразити препорачани за биолошка борба. Од горенаведените причини досега во Република Македонија не е извршена интродукција на овој предаторски вид за контрола на штетни инсекти. Бидејќи примената на биолошките методи за заштита на растенијата во Република Македонија е сè уште во иницијална фаза, за да се избегнат опасностите што ги носи интродукцијата на недомородни предатори и паразити, неопходно е стриктно почитување на правилата донесени од Европската организација за заштита на растенијата за користење на живи организми во процесите за заштита на растенијата. l


Сорти на јаболка

ОВОШТАРСТВО

Црвениот и златниот

Пишува: Кицо Дамоски

ДЕЛИШЕС

и понатаму наши лидери M

акедонскиот сортимент за јаболко, главно, е сличен со оној на земјите производители во регионот, затоа што во тој простор се задржуваат навиките и тој претставува значаен пазар за обезбедување на саден материјал. Она што се нуди како избор на сорти е прифатено и од нашите производители. Водечка сорта во јаболковото производство е ајдарет со застапеност над 70%. Нејзиното присуство се темели на побарувањето на потрошувачите и економската оправданост и рентабилноста која е многу важна за производителите. Оваа сорта долг период се одржа во производство и зголемената понуда доведе до намалување на продажните цени и до намален интерес на потрошувачите. Во изминативе неколку години видно се намалува интересот од страна на производителите за подигање на нови насади од оваа сорта. Во таа насока повторно се пројавува интерес за засадување нови насади со сорти од групата на црвен и златен делишес, обоени мутанти на јонаголд, муцу, фуџи, гала, грени смит, сорти кои се актуелни во западните производни подрачја. Иако сортата црвен делишес официјално е призната во 1881 година, таа и по 134 години зазема значајно место во сортиментот. Таа послужила како еден од родителите за креирање на нови сорти, но многу значајни се некои од мутантите кои се во производство. Оваа сорта има изразени мутагени својства така што секогаш може да се смета на добивање нови мутанти. Од

новите мутанти се бара тие да бидат подобри од мајчинската сорта, но притоа да ја задржат карактеристичната форма на плодот со изразени пет ребра и интензивно црвена боја, што ја прави препознатлива низ целиот свет. Кај нас постојат идеални услови за одгледување на оваа сорта. Во производство се внесуваат најдобрите мутанти, а во овој период најмасовно се застапени следните: ред чиф, супер ред чиф, ред кан, скарлет и др. Сортата златен делишес, исто така, е водечка сорта во некои земји и во иднина таа ќе го задржи приматот. Кај нас се забележува поинтензивно подигнување на нови насади заедно со црвениот делишес. Бидејќи златниот делишес, поради климатските промени, е изложен на сè почеста појава на мрежавост и 'рѓа, неговото проширување стагнираше. Но, со воведувањето отпорни мутанти како што се рајндерс, клон Б, смути и други, интересот се зголемува. Исто така, се менуваа и останатиот сортен состав, се засадуваат насади со обоени мутанти на јонаголд, како што се јонаголд рубинстар, дакоста, јонагоред и др. Сортата муцу и понатаму бележи благ пораст во сортиментот. Таа има примамлива големина, боја и вкус, па напоредно со тоа има и свои потрошувачи. Од поновите сорти, новина во сортиментот претставуваат сортите фуџи и гала со своите мутанти. Сортата Фуџи може да заземе позначајно место. Сите овие сорти би имале подобар пласман на надворешните пазари. Осо-

бено е значајно и тоа што сè поголем замав зема изградбата на ладилници во кои се чуваат плодовите до нивната продажба и така на потрошувачите им се нудат свежи производи и понудата на производите е порамномерна со што се избегнуваат зголемените понуди особено на сорти кои полошо се чуваат во обични ладилници. Со ваквиот начин на понуда може да се смета на попрофитабилно производство и опстанок на овоштарските работници. Менувањето на сортниот состав треба да биде во заедничка соработка со трговските организации и научностручните работници кои се занимаваат со овој дел од земјоделството. Не треба да се заборават некои сорти кои се одгледуваа порано, а имаат локален карактер. Тие низ вековите се одржале на овие простори и одиграле огромна улога во опстанокот на семејствата. Брзиот влез на новите технологии и сорти овозможи многу сорти да бидат истиснати од понатамошно производство иако тие низ вековите се одржале и придонеле повеќето производни региони и понатаму да продолжат со јаболково производство и претставуваат носители на тоа производство. Во Р. Македонија секое овоштарско подрачје си имало посебен белег и свои карактеристики, се одгледувале сорти од локално значење, а во најмала мера се нуделе и во регионот. Пошироката заедница треба да посвети посебно внимание на тие автохтони сорти за да не се изгубат засекогаш. Ќе ги наведеме следните сорти: преспанка, тетовка, охридска аламанка, пашалма и др. l

ФЕВРУАРИ 2015 | 15


ОВОШТАРСТВО – АПРЗ

Работа во овоштарникот

Како да се заштитат ОВОШКИТЕ ОД МРАЗ И СТУД

Еден од начините на заштита на овошките од мраз е и завивањето на стеблата со слама, јутени вреќи или друг сличен материјал. Оваа мерка може да се примени на помали површини, додека за поголеми површини таа претставува долготраен и скап начин на заштита кој бара ангажирање на поголема работна сила. Варосувањето на стеблата до рамените гранки претставува начин да се спречи или ублажи појавата на измрзнување, а напролет, пак, придонесува за забавување на вегетацијата и ја зголемува отпорноста од доцните пролетни мразеви. Пишува: Дипл. инж. агр. Ламбе Куциноски

О

тпорноста на овошките кон ниските зимски и пролетни температури може да се зголеми со примена на разни агротехнички и помотехнички мерки. Добро одгледуваните овошки акумулираат повеќе резервни хранливи материи со чија хидролиза се зголемува концентрацијата на клеточните сокови, се снижува точката на мрзнење и се зголемува отпорноста кон зимски и пролетни мразеви. Кај овие овошки се диференцираат цветни пупки со поголема виталност и физиолошка отпорност. При построга резидба се формираат листови со потенцирана фитосинтетска способност, се синтетизираат повеќе асимилати како основен услов за поголема продуктивност на овошките. Исхраната, заштитата, агротехниката и наводнувањето се основни услови за интензивен пораст и продуктивност на овошките. Наводнувањето во септември треба да се врши со помали поливни норми за да се овозможи благовремено завршување на вегетацијата и добро созревање на леторастите, а со тоа се зголемува отпорноста кон ниските температури. Заслабени овошки од разни причини (болести, суша, нережани и сл.) се поосетливи на зимски и пролетни мразеви. Доколку на некои овошни стебла имаме

16 | МОЈА ЗЕМЈА

механички оштетувања, потребно е да ги санираме. Оштетените места треба да се премачкаат со калемарски восок или со мешавина од говедска балега и иловица, со што ќе се овозможи полесно зараснување на оштетените места, односно подобро формирање на калус. Еден од начините на заштита на овошките од мраз е и завивањето на стеблата со слама, јутени вреќи или друг сличен материјал. Оваа мерка може да се примени на помали површини, додека за поголеми површини таа претставува долготраен и скап начин на заштита кој бара ангажирање на поголема работна сила. Варосувањето на стеблата до рамените гранки претставува начин да се спречи или ублажи појавата на измрзнување, а напролет, пак, придонесува за забавување на вегетацијата и ја зголемува отпорноста од доцните пролетни мразеви. Смесата за варосување може да се приготви од 5 кг негасена вар, 0,5 кг готварска сол и 0,2 кг сулфур во прав. Во случај да не можат да се обезбедат овие компоненти, може да се користи мешавина која се состои од (1/3) гасена вар, (1/3) иловица и (1/3) говедска балега. Оваа мешавина треба добро да се промеша за да се добие поголема лепливост и прифаќање на кората од дрвото.

Покрај мразот, и снегот може да предизвика помали или поголеми штети, како кај младите, така и кај старите овошки. За да се избегнат овие штети, снегот треба да тресе од нив по механички пат. Разните овошни видови се различно отпорни на зимски и пролетни ниски температури. Јаболкото, како најзастапена овошна култура кај нас, во текот на зимата може да поднесе температури до – 32°C, меѓутоа на крајот и на почетокот на вегетацијата осетливоста кон ниски температури се зголемува и можни се измрзнувања особено кај младите овошки. За овошките е посебно опасно кога пред крајот на зимското мирување ќе настапи период на затоплување, а потоа повторно ќе дојде до опаѓање на температурите. За јаболката во фаза бабрење се опасни температурите од -3 до -5°C во зависност од нивното времетраење, а во фаза кога цветните пупки се делумно отворени, осетливоста кон измрзнување е уште поголема. Во текот на цветањето температурите до -2°C предизвикуваат измрзнување на самите цветови. Заврзаните плодови можат да измрзнат на температура од -1,7°C.


И крушата, како јаболкото, во текот на зимата може да поднесе температури од -27°C до -30°C. При ниски температури во текот на пролетта многу се осетливи цветовите и штотуку заврзаните плодови кои можат да издржат -2 до -3°C, во зависност од сортата. Цветовите и плодовите од дуња ретко страдаат од пролетни мразеви затоа што дуњата цути 10 -15 дена по крушата, а доколку температурата во фазата на цветање се спушти на -1°C, доаѓа до нивно измрзнување. Сливата во текот на зимата може да поднесе температури од -25 до -34°C, додека во фаза на цветање при температура од -2,2 до -3°C доаѓа до нивно измрзнување. Некои сорти сливи, како што е стенлејот, се поосетливи на раните пролетни мразеви. Може да се заклучи дека цветните пупки се најосетливи органи кај овошните видови и доколку за време на нивното бабрење и за време на цветањето дојде до опаѓање на температурата, ќе дојде до делумно или потполно измрзнување, а како последица на тоа ќе имаме намален или никаков род. l

ФЕВРУАРИ 2015 | 17


ОВОШТАРСТВО

Системи на одгледување

Како правилно да се ОПРЕДЕЛИ ПОДЛОГАТА Во изминативе години во тренд беше одгледувањето густи јаболкови насади, питомени на вегетативни подлоги со различна бујност. Кои подлоги се употребуваа, најчесто зависеше од бујноста на сортата, бонитетот на почвата, експозицијата на теренот и сл. Од парцелите подигнати по овој систем се постигнати повисоки приноси, споредени со насади кои се одгледуваат како класичен систем, питомени на диви подлоги. Согледувајќи ги поновите производно техничко-технолошки сознанија од развиените овоштарски земји каде што се засадува поголем број овошки по ха, во овие насади доаѓа до максимално искористување на земјиштето и напоредно со тоа се зголемуваат приносите по ха и при овој систем на одгледување се намалуваат производните трошоци, а се зголемуваат приносите во квалитет и квантитет, што е определба на секој производител Пишува: Дипл. инж. агр. Ламбе Куциноски

С

овремените тенденции на јаболковото производство се темелат врз рентабилноста на тоа производство. Во повеќе сегменти се настојува од тоа да се добијат позначајни резултати заради одржливоста на производството и примена на повеќе последователни вложувања за понатамошна одржливост на производството.

18 | МОЈА ЗЕМЈА

Во иднина, за да се одреди кој систем на одгледување ќе се прифати, потребно е задолжително да се направи елаборат кој ќе се спореди со претходниот систем. Секогаш треба да се прифати поедноставниот и тој кој нуди подобра иднина изразена преку финансиски средства. Секој временски период се одликува со свој подем и одржливост. Во изминативе години во тренд беше одгледувањето густи јаболкови насади, питомени на вегетативни подлоги со различна бујност. Кои подлоги се употребуваа, зависеше најчесто од бујноста на сортата, бонитетот на почвата, експозицијата на теренот и сл. Од парцелите подигнати по овој систем се постигнати повисоки приноси, споредени со насади кои се одгледуваат како класичен систем, питомени на диви подлоги. Согледувајќи ги поновите производно техничко-технолошки сознанија од развиените овоштарски земји каде што се засадува поголем број овошки по ха, во овие насади доаѓа до максимално искористување на земјиштето и напоредно со тоа се зголемуваат при-

носите по ха и при овој систем на одгледување се намалуваат производните трошоци, а се зголемуваат приносите во квалитет и квантитет, што е определба на секој производител. За подигање вакви насади или попознати како многу густи насади се користат слабо бујни подлоги од типот М-9 и слични на неа, М-26 и др. Која од овие подлоги ќе се примени, зависи од бујноста на саканата сорта, бонитетот на почвата, експозитурата на парцелата, условите за обезбедување на вода за наводнување и сл. Ако се подигаат насади на слабо бујна подлога М-9 или некоја слична на неа, задолжително треба да се постави потпорна конструкција од бетонски колци и поцинкуван тел, за која ќе се врзат засадените овошки, со цел да се обезбеди стабилност и правилен пораст, особено во периодот на прородувањето и редовната родност. Доколку нема потпорна конструкција, поради слабото вкоренување на овошките, обилниот род, јачината на ветерот, тежината од снег и врнежите или наводну-


вањето со системот капка по капка, може да дојде до навалување на овошките, кршење на питомените места и паѓање на земја. За да се постигне адекватна стабилност на овошките, тие треба уште по засадувањето да се врзат за жицата, а потоа перманентно, со порастот на овошката да се врзуваат за останатите жици. Во развиените земји, покрај врзувањето за жиците, се користат и бамбусови трски кои се закачуваат во почвата помеѓу корењата и таа се прицврстува за жиците. Овошните насади подигнати на ваков начин имаат поголема стабилност, а бамбусовите трски не се оштетуваат, па се користат до крајот на експлоатацискиот период на насадот. Во многу густите насади овошките се засадуваат на растојание од 3,5 x 0,8-1,0 м. Бетонските колци треба да бидат високи 3,0-3,3 м. Во почвата се закопуваат на длабочина од 0,70 см. Копањето се врши со рачен или моторен сврдел за да се навлезе и во цврстиот дел од почвата заради подобра стабилност. Растојанието од еден до друг кол треба да изнесува од 8,0-10,0 м, во зависност од педолошкиот состав на почвата.

да се врши на секои 5-8 дена во зависност од почвениот тип, со цел да се обезбеди вода заради евапорација и транспирација на овошките.

Првата жица за која се врзуваат овошките се поставува под рамените гранки на 0,60-0,70 см од почвата, а останатите жици се поставуваат на 80-100 см една од друга.

Високите температури, а особено сончевото време, има влијание врз овошките и може во значителна мера да се намали со поставување на мрежа за заштита од град. Со оваа мрежа се намалува сончевото зрачење за 30-40% така што во насадите се обезбедува поволна микро клима, всушност тие претставуваат модификатори на климата во поголеми парцели.

Овошките питомени на слабо бујни подлоги имаат слаб раст, недоволно обрастување со леторасти па плодовите се изложени на сончев пригор.

Високите температури можат да Насадите подигнати на слабо бујпредизвикаат пригор на листовите и ни подлоги се одликуваат со слаб поплодовите особено до израз доаѓаат раст и хабитус работните операции оштетувањата од пригор на плодови- поврзани со учество на работна сила се извршуваат од земја или со употе кои од сончевата страна изгледаат како да се изгорени, се деформира- треба на скала со 2-3 скалила. ат поради неуедначениот пораст, се појавуваат пукнатини на лушпата на Со ваквиот пристап на извршутие места по дождови, таквите пло- вање се зголемуваат дневните нордови имаат намалена пазарна вред- ми, особено при резидбата (зимска - летна), проредување на плодови, ност, а некои гнијат и на гранките. берба и сл. Сушниот период во летните меПроредувањето на плодовите е сеци може да биде неповолен ако значајна помолошка мерка со која се знае дека слабо бујните подлоги се регулира родноста, се оставаат имаат плиток коренов систем каде што почвата под влијание на висо- онолку плодови колку што може да издвои, а воедно со тоа се елиминиките температури брзо се суши. Во такви насади наводнувањето треба ра наизменичната родност.

Такви насади редовно раѓаат 50 т/ха. Ваквиот систем на одгледување е идеален кога на пазарот на трудот има помала понуда на работна сила или кога во некои периоди се покачуваат цените на услугите. При подигнување насади по овој терк, потребно е поголема инвестициска моќ на овоштарите. Во вакви насади се засадуваат повеќе од 2.500 садници, потоа инвестицијата за колци и поцинкувана жица, како и за поставување мрежи за заштита збирно прави ваквите инвестиции да бидат прифатени само од мал број производители, а останатите производители да се снаоѓаат секој на свој начин што, пак, дава белег на традиционално производство. Примената на ваков систем на одгледување кое бара големи инвестиции доаѓа особено кога јаболковото производство бележи значителен пад во однос на остварениот род, предизвикани штети од елементарни непогоди (град) и др. Останатите подлоги, како што се М-26 и ММ-106, можат да се одгледуваат без потпорна конструкција особено на послаби почвени типови на еродирани ораници. l ФЕВРУАРИ 2015 | 19


СТОЧАРСТВО

Успешна земјоделска приказна на Салтировски

ОРГАНСКОТО КОЗАРСТВО -

можност за младите Семејството Салтировски имаат 120 кози и произведуваат сирење. Планираат својот бизнис да го прошируваат со производство на сирење и јариња. Според нив, Македонија има одлични можности за одгледување на кози на полуинтензивен начин со испаша и тоа е добра иницијатива за младината да работи и да опстојува во руралните средини Пишува: Билјана Петровска-Митревска

Ж

ивотот во село е различен од оној во град и многу мал број луѓе можат да се навикнат на живот во рурални средини, доколку никогаш не живееле во таква средина. Таква е македонската приказна. Но, дали можеш да живееш в град и да се занимаваш со сточарство, една од најсложените земјоделски гранки (и тоа со козарство) во село оддалечено 145 километри од Скопје? Многумина би рекле дека не може, но семејството Салтировски го покажаа спротивното. Тие живеат во Скопје, а одгледуваат кози во непосредна околина на село Гарван - Радовишко, веднаш до браната Мантово. Јовица Салтировски е иновативен фармер и иницијатор на развојот на козарството кај нас. Тој со своето семејство живее во Скопје, а на козарската фарма има вработено двајца козари. Според него, за да се успее во земјоделски бизнис, треба да се биде упорен и со голема желба. „Идејата да започнам сопствен бизнис е од поодамна, но ја реали-

20 | МОЈА ЗЕМЈА

зирав пред три години кога ги купив објектите кои се состојат од две штали со вкупна површина од 750 квадратни метри станбен простор со место за живеење на овчарите и мандра за производство на сирење. Објектите имаат струја и вода што значително го олеснува работењето“, вели Јовица Салтироски, кој поседува стадо од 120 кози од кои 70% се од расата „алпина“ и 30 % се „саанска“. Алпината е една од најпродуктивните раси кои даваат најмногу млеко. Како што вели Јовица, калкулациите во козарството се многу едноставни, па така годишно од една коза во просек се добива 1,5 јаре; машките ги продава, а дел од женските јариња ги продава, а дел го остава во основното стадо. Тој, исто така, произведува сирење и добива 70 килограми висококвалитетно органско сирење по лактација, коешто го прави во мандрата на самата фарма по традиционален рецепт. Нема проблем со пласманот и го продава по цена од 300 денари за килограм. Во работата е инволвиран и неговиот син Андреј кој е млад фармер и сака својата егзистенција да ја обезбедува преку земјоделството.

Семејството Салтировски смета дека Македонија има одлични можности за одгледување на кози на полуинтензивен начин со испаша и тоа е добра иницијатива за младината да работи и да опстојува во руралните средини. „За мене козарството е бизнис кој е 100% автентичен македонски производ, затоа што за разлика од живинарството и свињарството, каде што 100 % од храната морате да ја купувате, во козарството тоа не е така и не сте толку зависен од скапата храна, а добиениот производ е со повисока додадена вредност и можете да го продадете за висока цена. Годишните потреби од храна за една коза се околу 10 бали детелина и 30 до 40 килограми зрнеста храна кои сам ги произведувам“, вели Јовица. Според него, еден од проблемите е набавката на квалитетно стадо, затоа што кај нас можат да се набројат набавувачите на квалитетни раси. Јовица поседува 60 хектари површина што му дава можност да го прошири стадото и до 500 грла. Површините се засеани со сончоглед, јачмен, овес, 'рж, а родот го користи во исхраната на козите.


Во иднина планира својот бизнис да го заокружи на производство на органско јаре и органско козјо сирење и да изгради просторија за димење на месо од домашни свињи од расата Мангулица. Во козарството реален проблем е капиталот што треба да го поседувате за отворање на бизнисот, односно едно грло чини 100 евра, а за да можеш да живееш треба да поседуваш фарма со над 100 грла кози плус инвестицијата во објекти и мандра. „Тука банките треба да излезат во пресрет и да направат пакети за кредитирање на млади сточари при што кредитите ќе бидат прилагодени на сточарите. Каматните стапки реално не треба да бидат повисоки од 3% на годишно ниво, но исто така и во делот на обезбедувањето гаранции за земање на кредитот. Тука од голема помош може да биде и државата преку формирање на гарантен фонд за млади земјоделци“, вели Јовица. Според него, и здружувањето е битен фактор во развојот на козарството и затоа Јовица планира да формира и козарско здружение за посериозен настап на македонскиот пазар. l ФЕВРУАРИ 2015 | 21


ПРОКРЕДИТ БАНКА

ИЗБРАНИ ДЕСЕТТЕ најПРОактивни земјоделски бизниси В

о организација на ПроКредит банка во декември минатата година се одржа Агробизнис форумот каде што присуствуваа над 200 претприемачи од агробизнисот во Македонија – примарни земјоделски производители, претпријатија од прехранбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделството. Сите релевантни страни во македонското земјоделство беа едногласни –македонскиот агробизнис има голем потенцијал. За негово иско- ДЕСЕТТЕ НАГРАДЕНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ристување потребно е постојано земјоделството базарин на принципите на вложување во модернизација, ино- Категорија сточарство ХАСАП и ИСО стандардите. А уште поголем вации и знаење. „Од нашето долго- Компанија Ветеринар годишно искуство во работата со ма- Покрај тоа што е еден од најголемите про- доказ е и фактот што речиси целото производство е наменето за извоз. кедонските агробизниси можеме да изводители на свежи јајца, познати под кажеме дека се зголемува свесноста Категорија житни култури брендот „Домашно јајце“, од оваа година за потребата од инвестиции во со- „Ветеринар“ може да се пофали со една од ТД ДЗП Клечовце најмодерните свињарски фарми во земјата, времена технологија и иновации. Сè Еден од значајните начини да се зголеми со најмодерна опрема, сопствена дистрипочесто се зборува за инвестиции во приносот и да се добие висококвалитетен бутивна мрежа низ цела Македонија, две заштитни механизми – мрежи, лапроизвод е да се употребува сертифициран ветеринарни станици. Она што го прави дилници, системи за наводнување семенски материјал кој е гаранција за тоа, овој бизнис успешен е способноста за сокапка по капка, калибратори, меха- гледување на нови потенцијални можности постојано да се вложува во модернизација низација, нови хибридни насади. Тоа на опремата и да се испитува и контролина домашниот и на светските пазари, како ра квалитетот на почвата. Тоа е еден од се најчестите развојни потреби кои што е во случајот, потребата за свинско фактите за успешното работење на ДЗП ги кредитираме и тоа е иднината за месо и е на добар пат да се впише на листапостигнување поголема конкурент- та на препознатливи македонски брендови. „Клечовце“. ност, поголем принос, поквалитетен Категорија органско производство производ и подобра продажна цена“, Категорија овоштарство Агро Нено ГД Тиквеш изјави Емилија Спировска, член Големо e задоволствотo што и нашиот агна Управниот одбор на ПроКредит. Зборуваме за најголемиот производител во Министерот за земјоделство, шу- земјата којшто на површина од 1.042 хек- рар се развива во насока на сертифицирано органско производство - иднината на тари ги одгледува едни од најпрефинетите марство и водостопанство, г. Михаил македонскот пазар и побарувачка на евсорти на трпезно и винско грозје. Покрај тоа, Цветков, ја поздрави иницијативата ропските пазари. Оваа година „Агро Нено“ оваа фирма од 2013 година може да се пофана ПроКредит за вакво здружување може да се пофали со изградба на нова на сите релевантни страни во ма- ли и со инвестиција во сопствена винарска мандра со ХАСАП-стандарди за производвизба што дополнително ги зголемува изкедонското земјоделство и порача ство на органско сирење. возниот потенцијал и препознатливоста на дека во иднина банките и Минси- брендот, како во земјата така и во странство. Категорија преработувачи на терството уште повеќе ќе работат Тоа, во основа, значи постојано вложување земјоделски производи заедно. Присутните потврдија дека во современа опрема за преработка на им недостасуваат форми и начини земјата, квалитетен калем, соодветно потДием ГП хранување на земјата, сопствени ладилнина вмрежување, каде што може да Се работи за една од најголемите компании ци, постојана потрага по нови пазари. се разменат контакти и да се градат од преработувачката и конзервната индуснови бизнис-соработки. Форуми од трија во нашата земја, со препознатливиот Категорија раноградинарство бренд „Баш Ајвар“. Доказ за квалитетот на ваков тип се одлична можност да нивните производи е фактот што целокупсе слушнат новостите во земјодел- Канет Агро ното производство авансно се продава во Се работи за најголемиот производител на ството, да се размени искуство, да Македонија, како и на пазарите низ Балкасе остварат контакти за соработка. зеленчук во Македонија, со производство нот, Швајцарија и Канада. на зеленчук на површина од над 36 хекНа Форумот беа соопштени десетте најпроактивни бизниси, а награда- тари во стакленици и над 100 хектари на Тргопродукт отворено. Бизнис кој постојано инвестира та е посета на најголемата саемска Се работи за македонски бренд кој од гово нови технологии за унапредување на манифестација FRUITLOGISTIKA дина в година станува сè попопуларен и во своето производство. Потврда за кваликоја ќе се одржи во февруари во странствo: Шведска, Англија, Швајцарија, тетот и стандардите на овие производи е Германија. Германија, Австралија, Канада, Русија и др. ЕуроГап стандардот - светски стандард во

22 | МОЈА ЗЕМЈА


Пишува: Билјана Петровска-Митревска Фирма која знае да освојува нови пазари и да биде амбасадор на квалитетот на македонските производи. Тоа значи постојано вложување во технолошкиот процес на производство, ширење на палетата на производи и вложување во маркетинг и промоција.

Вита Рес Станува збор за фирма којашто полека но сигурно ги зголемува откупените и извезените количества на јаболко и го проширува бизнисот во делот на производство на концентрати за сокови за брендот La Vita кој се продава во Србија.

Категорија откуп на земјоделски производи Орепром-М Една од ретките фирми која ги помага индивидуалните земјоделци преку организирање на средби со агрономи со цел да го помогне зголемувањето на квантитетот и квалитетот на произведните производи. Откупеното количество целосно се извезува и секоја година се зголемува. Со цел почитување на договорените рокови за испорака, во 2008 година се основа и фирма за транспорт Орепром – М која секоја година инвестира во зголемувње на својот возен парк.

Вант Се работи за еден од најголемите откупни центри за зеленчук во земјата. Започнува со работа во 1998 година во истата дејност во којашто е и денес, откуп на земјоделски производи, а паралелно на тоа проактивно се вклучува и во комплементарите бизниси - продажба на висококвалитетни семиња, ѓубрива и останата опрема од која може да се снабдуваат примарните земјоделци. Проширувањето на бизнисот кон сопствено производство на картонска амбалажа, којашто претставува значаен трошок во овој бизнис, значи инвестиција за идно намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.

Категорија специјални награди за спроведување на иновативни практики во земјоделието Везе Шари Овој бизнис е еден од најголемите производители на јајца во Македонија со производство на над 30 милиони јајца годишно. Бизнис кој полека но сигурно се пробива и со сопствен бренд на преработки од пилешко месо - Lecker сувомеснати производи. Покрај основната дејност, тоа е едно од најиновативните претпријатија во својата дејност кое има изградено сопствена постројка за производство на биогас кој го добива од изметот од кокошките. Она што за овој бизнис беше трошок, ваквата инвестиција го претвори во извор на енергија кој придонесе за зголемена ефикасност, намалување на трошоците, ефект на финансиското работење што резултира со зголемен капацитет за идни инвестиции.

ИЗ Роксана Идејата за садење на овошен насад со кајсии датира од 1991 година со само 4 декари кајсии. Умешноста да се препознае потенцијал за развој на одредена земјоделска гранка е клучот на успехот на ова претпријатие. Во период кога кајсијата ја нема во доволни количества на пазарот, а има добра цена, е вистински момент за проширување на бизнисот кој оттогаш до денес постојано расте. Во 2009 година е направена и клучната инвестиција - сопствен ладилник кој на овој бизнис му овозможи да ги пласира своите производи во Русија, Белорусија, Украина и Хрватска во моментот кој е ценовно најповолен.

Флора Фреш Станува збор за клиент кој нè убеди дека јаболките и црешите може да се одгледуваат на еден поинаков начин од она што е типично за овие гранки - со спечифична нано технологија која претставува садни-

ца со многу мал волумен на коренот врз кој се калеми овошката. Изгледа налик на лозов насад. Ваквата практика овозможува да се добие стандардизиран производ со форма, боја и големина - онака како што се бара на странските пазари и како што се постигнува повисока цена, погодно за заштита со агромрежи, побрзо и поефикасно за берба, прскање, плевење. Засега на површина од 10 хектари се одгледуваат над 10.000 насади.

Пере и Рахаела Транталовски Од оваа година ова земјоделско семејство може да се пофали со тоа што стануваат едни од пионерите во заштита на животната средина, бидејќи со новата компјутеризирана апаратура имаат можност во целост да ја следат почвата, нејзината потреба за вода и средства за прихрана со цел да се постигне интегрална заштита на почвата и околината. Ова е агробизнис кој работи да произведе здрава храна со помалку употреба на хемиски средства и да ги зацврсти темелите и идејата на денешницата - ЗДРАВА ХРАНА, ЗДРАВ ЖИВОТ.

Признанија за значаен придонес во македонскиот агробизнис Уни Агро - сточарство Вини Фарма - сточарство Агро Калем - овошни насади Даал Емилија - овошни насади Џига Комерц - градинарски култури Наско Божинов - градинарски култури Тони Жежов - житни култури Трајче Нелковски - житни култури Тодор Мушевски - органско производство ФЕВРУАРИ 2015 | 23


ПЧЕЛАРСТВО

Како да се справите со зимските студови?!

Пишува: Раде Каранфиловски Апицентар ДООЕЛ - Битола

Ф

евруари, како зимски месец, не е исполнет со активности во пчеларникот. Оние што не оставиле доволно храна во кошницата, треба да направат еден летимичен преглед, а оние што им ставаат погачи, додаваат по една погача, но тоа да не трае повеќе од 3 минути и веднаш да се затвори кошницата. За зимувањето ќе ја споменам изреката: „Од студените и лоши зими не се плашат пчелите, туку пчеларот“, а разбирливо, се плаши тој пчелар што не оставил доволно храна и пчели во кошницата.

Ниските зимски температури секако дека оставаат длабоки траги во зимскиот живот на пчелите. Медоносните пчели се дојдени кај нас од тропските краишта на Индија, а како тропски инсекти се многу зависни од повисоки температури. Температурите како овогодишниве, длабоко под нулата, многу им штетат, а често и наполно ги уништуваат пчелите. За да се спротивстават на ова, пчелите на температура пониска од 12оС се 24 | МОЈА ЗЕМЈА

собираат во клубе (топка) со дебела обвивка на клубето во вид на кора, збиени една до друга. Колку е пониска надворешната температура, толку клубето станува покомпактно и помало. Средината на клубето не дозволува да се излади помалку од 14оС, независно од тоа колку е ниска надворешната температура. Вака, склопчени во клубе, пчелите стојат сè додека надворешната температура не се покачи над 12оС. Со покачувањето на надворешната температура, волуменот на зимското клубе се зголемува, така што на температура од 12оС, пчелите почнуваат слободно да се движат и да ги вршат своите секојдневни работи во кошницата. Температурата во зимското клубе ја регулираат трошејќи храна, јадејќи мед, а користејќи го тие се хранат од него и оддаваат топлина. Ниската надворешна температура одзема сè повеќе од температурата на клубето, а со тоа се зголемува и потрошувачката на мед. Потрошувачката на мед е уште поголема ако кошницата со пчели е изложена на ладни и северни ветрови. При вака ниски темпе-

ратури, најмногу се на удар пчелните друштва со помала маса (помал број пчели). И како такви, не можат да создадат доволно висока температура и да ја задржат. Пчелното друштво, произведената топлина не може да ја задржи херметички затворена, топлината посетепено се движи нагоре по природен пат, а со неа се движи и зимското клубе. За да го спречат ова губење на топлината, пчелите во клубето се движат, односно треперат со мускулите и произведуваат топлина, а со тоа трошат многу храна. Со земањето поголемо количество храна пчелите многу порано од нормално го натрупуваат дебелото црево со фекалии, а со тоа се јавува потреба од негово празнење. А за природно празнење, надворешната темпратура треба да е повисока од 13оС. Кога овие услови не се исполнети, пчелите, своите фекалии ги исфрлаат во кошницата, а тоа придонесува за развој на болеста ноземоза. Оваа болест го води друштвото во угинување. За развој на ноземозата, многу придонесува и исхраната со темен шумски мед (медлика) во која има многу несварливи материи.


Многу ладното време носи и стрес кај пчелите што е причина за доста заболувања. Ваквото ладно време придонесува и за побрзо трошење на резервите од мед, за брза кристализација и мрзнење на медот, па може да дојде и до до угинување од глад при полна кошница со мед. Во ладно време, пчелното клубе може да се движи само вертикално нагоре, а никако лево или десно, напред или назад. Ваквата особина на клубето кажува дека тоа сè уште не е идеално решение за успешно презимување на пчелното друштво иако пчелите го усовршуваат повеќе од 60 милиони години пред појавата на човекот на овие простори. Покрај незгодите од многу ладното време, пчелите во вакво време имаат и доста непријатели, а тоа се: глувците, куните, јазовците, лисиците, несовесни ловци и др. Во најладните денови од оваа зима (околу -20оС) во Битолско, мечка уништи десетина пчелни друштва, а ова навестува и друга опасност за пчелите која досега не беше практика, а мислам дека поради промената на климатските услови, мечките влегоа во хибернација гладни бидејќи оваа година во нашите планини скоро да немаше никакви плодови од сливи и јаболка. Оваа година, поради глад, во есента имаше напади од мечки во доста пчеларници. Друга незгода која може да биде предизвикана од ладното време е губење на матицата и обезматичено друштво. Оваа појава најчесто се случува кај друштвата зазимени со стари матици (постари од една година). Ваквите матици се поневитални од младите и се изложени на поголема смртност. Вака обезматичените друштва, ако имаат доста пчели, ги коригираме со додавање коригирачки роеви или додавање млада оплодена матица. Во доцна зима и рана пролет пчелите многу радо ги примаат младите матици, но сепак е потребна голема внимателност и умешност при додавањето. Кога обезматиченото друштво е доста слабо со пчели, се спојува кон некое појако, но не е добро да се мешаат слабо со слабо друштво. Мешањето успешно се изведува ако подницата се истрие добро со една

главица кромид за да не се чувствува мирисот на друштвата. По потреба може да се смешаат и повеќе друштва во едно, а потоа да се додаде матицата во кафез. Ваквите обезматичени друштва се доста истоштени и животниот век им е краток. Затоа е добро водечката улога да ја преземе добро сочуван и одморен нуклеус.

За да не дојде до овие несакани последици по пчелите, при крајот на летото и почетокот на есента (август – октомври) треба да се обезбедат поволни услови за поуспешно зазимување, а тоа би било:

Кога пчеларот ќе задоцни со отстранување на недостатокот од обезматиченост, друштвото ќе премине во една потешка состојба т.е. трутовски матици (отрутено друштво). Ваквото друштво многу потешко се доведува во нормална состојба, отколку само обезматиченото друштво. Во отрутените друштва се појавуваат повеќе лажни матици (некогаш и над 1.000) кои несат само неоплодени јајца од кои се изведуваат трутови – џуџиња кои не се способни ни да оплодуваат ниту да вршат каква било работа во друштвото. За санирање на ваквото друштво има повеќе начини и секој пчелар за својот начин вика дека е најдобар. Јас ќе изнесам еден начин кој е доста сигурен, а се состои во следното: трутовското друштво се ослободува од сите рамки во него со помош на тресење на пчелите. Во дру ш т вото ос т ан у ваат само пчелите без капка храна и стојат така во грозд фатени на поклопната штица, два до три дена за да изгладнат и да престанат да ги хранат лажните матици. Три дена откако ќе огладнат се губи инстинкот за размножување, а преовладува инстинкот за опстанок кој е посилен. Пчелите престануваат да ги хранат лажните матици и друштвото се враќа во нормална состојба. По третиот ден се додава матица затворена во кафез и неколку рамки со мед и простор за несење. По ден-два ќе биде ослободена матицата и ќе почне со несење. Друг начин е со додавање на нуклеус на една страна од кошницата, а матицата од нуклеусот да е во средината од рамките или затворена во кафез. Врз рамките со пчели и мед се истресуваат пчелите со лажна матица кои се фатени во грозд на поклопната штица. Вака формираното ново друштво добро да се затопли од сите страни и да не се отвора најмалку седум дена. l

Во пчелното друштво да има голем број млади пчели (околу 25.000-30.000)

Успешна заштита на пчелите од вароата и тоа уште во август

Доволно квалитетна храна (околу 16 килограми мед) Доволно и квалитетно количество перга. Правилно растојание помеѓу рамките во кошницата Да нема пресно изградено саќе во делот на клубето Правилно изградени и не многу стари рамки Вишокот рамки да се извади и добро да се затопли друштвото Кошницата подигната најмалку 25 см од земјата Плодиштето на кошницата да е поставено како второ, првото да е празно Добро распоредена храна над и околу клубето Извадено бочно од страните една до две рамки (подобра вентилација) Поставување добар слој сув затоплувачки материјал под капакот Летата заштитени со чешел против глувци и куни Капакот да не пропушта вода Снегот да не се отстранува од капаците на кошницата Кошницата косо наклонета нанапред Да нема гнили штици на кошницата (глодарите ги пробиваат) Пчеларникот да е заштитен од ветрови и благо наклонет кон југ Да нема никакви шумови и бучава во пчеларникот Да е обезбеден со поилка за вода (заштитена од север со темна преграда) Пчеларникот да биде заштитен со жична ограда Кај критичните друштва набрзина да се додаде храна без да се лади леглото ФЕВРУАРИ 2015 | 25


СТОЧАРСТВО

Одгледување на прасиња

МИКРОЕЛЕМЕНТИТЕ

значајни за квалитетот на исхраната Пишува: Предраг Поповиќ

П

роизводителите на прасиња денес можат да опстанат на пазарот со високо производни животни. Ова е посебно изразено во време на силна конкуренција и строги економски услови. Еден од важните параметри за успешно производство е, секако, исхраната која, меѓу останатото, подразбира и обезбедува високо расположливи микроелементи т.е. елементи во траги. Елементите во траги не можат произволно да се додаваат во храната за животни, бидејќи постојат бројни ограничувања во поглед на токсичноста и излачувањето на тешките метали во надворешната средина. Токму од овие причини во Европската унија се воспоставени максимално дозволени вредности на елементите во траги кои можат да се најдат во храната за животни. Поради сите овие ограничувања, посебно внимание се посветува на производството на соединенија на елементи во траги. Со примена на соединенија на микроелементи се решава проблемот на искористливост бидејќи металните јони (Cu, Fe, Zn, Mn) се врзани со глицин, со што се оневозможува формирање на комплекси кои лошо се апсорбираат. Зголемена е расположливоста на елементите во траги (со 25-50% помалку додадено количество во храната), низ значително помало излачување во надворешната средина. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МАТОРИЦИ Во современото одгледување на маторици посебно внимание треба да се обрне на здравјето на чапунките и стабилноста на фундаментот. Покрај мерките кои се однесуваат на услови на држење на овие животни, правилната исхрана, исто така, има многу важна улога. Со примена на високо стабилни и ефикасни соединенија, губитоците кај маториците кои се условени од проблемите со чапунките, значително се намалени.

26 | МОЈА ЗЕМЈА

ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ПРАСИЊА Прасињата од првите недели од животот имаат помал капацитет на апсорпција на храна. Поради тоа е неопходно да се обрне внимание на адекватното снабдување со хранливи материи кои мора да бидат во согласност со нивните потреби. Во оваа многу осетлива фаза, развојот на имунолошкиот систем и антиоксидативните процеси се одвиваат

ТОВ НА СВИЊИ Примената на овие високо стабилни и ефикасни соединенија игра голема улога во репродукцијата на маториците и зачувување на производните параметри во периодот на стрес. Високо стабилни и ефикасни соединенија имаат значајна улога во товот на свињи, при што количеството бакар и цинк може во голема мера да се намали, а истовремено да се постигнат максимални производни резултати во однос на генетскиот потенцијал, да се обезбеди оптимална здраствена состојба на животните и да се

многу брзо. Адекватното додавање на елементите во траги влијае на нивното изразување и на здравствената состојба на прасињата. Во условите на нагло преминување од храна чија сварливост е многу голема (во времето на цицање) во оброци во чиј состав влегуваат компоненти со сразмерно лоша сварливост, тогаш високо стабилните и ефикасни соединенија преземаат значајна улога.

намали количеството на непосакувани елементи во надворешната средина. Со користење на високо стабилните и ефикасни соединенија како и прилагодениот концепт на исхрана, количеството на тешки метали во шталското ѓубриво кај свињите значително се намалува: Високо стабилните и ефикасни соединенија ја подобруваат сварливоста на елементите во траги. Во табелата е прикажано релативното зголемување на сварливоста на високо стабилните и ефикасни соединенија во однос на сулфатите:



ПОЛЕДЕЛСТВО

Проект за експанзија на мали бизниси - УСАИД

Како до поголемо

И

ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕНКА?!

ако Република Македонија има одличен земјоделски потенцијал, врз основа на вкупниот процент на обработливи површини и соодветната покриеност со системи за наводнување изградени во минатото, идната национална агроекономска политика мора да земе предвид две важни и меѓусебно поврзани насоки на дејствување: (1) темелна реконструкција и надградба на постојната инфраструктура за наводнување и (2) државни програми за поддршка за воведување на одржливи и докажани техники и практики на наводнување. Просечната обработлива површина насадена со пченка во Република Македонија во последните 5 години (2008-2012 година) изнесува околу 30.000 хектари (Графикон 1). Просечната годишна стапка на раст (CAGR) за истиот 5-годишен период (-1,5%) покажува мал годишен тренд на опаѓање кај обработливите површини насадени со пченка, со стандардна девијација од 1.580 или +/- 5% од просекот. Вкупното производство и приноси на пченка, исто така, имаат сличен тренд на опаѓање. - Процена на зелениот раст во Република Македонија © 2014 СВЕТСКА БАНКА

Според податоците за приносите на пченка добиени од базата на податоци на ФАО, Република Македонија спаѓа во групата со најнизок/ највисок учинок во споредба со поширокиот балкански регион, предводен од Грција (со натпросечни приноси во 28 | МОЈА ЗЕМЈА

споредба со земјите од ЕУ и Западна Европа како региони со највисоки перформанси). Иако податоците од 2012 година беа достапни од базата на податоци на ФАОСТАТ, 2011 година беше земена како порепрезентативна година, затоа што во 2012 година голем дел од Балканскиот регион имаше проблем со афлатоксин во пченката и просечните приноси беа драстично намалени. Ако се земат за илустрација приносите на пченка во Србија, може да се заклучи дека приносите во 2012 година беа намалени за 46%, во споредба со 2011 година, што е најголем пад од сите 10 земји во групата. Само кај Македонија, Грција и Турција се забележуваат промени од едноцифрен процент во приносите од 2011 до 2012 година, и тие се (-7%), (-8%) и (+4%) секоја посебно, додека кај сите други земји се забележува двоцифрен пад

(освен кај Албанија каде што се забележува двоцифрен раст во приносите (+12%)). Македонија се наоѓа на самото дно во групата (прва помеѓу последните три земји, покрај Црна Гора и Босна и Херцеговина) со приноси под 5 тони/ хектар, што е под светскиот просек.

Проектот на УСАИД Македонија за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, е четиригодишен проект, имплементиран од Карана корпорејшн (CARANA Corporation), дизајниран со цел да се зајакне капацитетот на приватниот сектор, да се поттикне регионалниот економски развој и да се создадат нови работни места во избраните региони во Македонија. Целите на проектот се да се ангажираат бизнис-лидерите, локалната самоуправа, регионалните развојни


ПОВРШИНА НАСАДЕНА СО ПЧЕНКА, ГОДИШНО ПРОИЗВОДСТВО И ПРИНОС Годишното производство во тони во 2012 година изнесуваше 115 928, доволно да покрие само 65% од вкупната потрошувачка на пченка за истиот период (178 636 тони). Останатите 35% беа покриени со увоз, главно од Србија (88,7%), Бугарија (6,0%), Грција (3,1%), и Аргентина (1,7%), кои заедно опфаќаа 99,5% од вкупниот увоз на пченка во земјава за истата година (62 832 тони). Делот кој го зазема увозот во задоволување на годишната потрошувачка на пченка во земјата (просечно 30%) покажува каков потенцијален економски ефект може да има зголемувањето на приносите врз домашниот пазар на пченка, т.e. замена на увозот со домашна пченка со повисок квалитет и зголемено домашно производство кое на крај ќе резултира со зголемено производство на млеко и млечни производи. Покрај тоа, ниската основа на просечни приноси добиени од одгледување пченка остава значителен простор за подобрување во секторот, што лесно може да се постигне преку систематска примена на високоефективни и современи системи за наводнување капка по капка, комбинирани со „ефективно снабдување со хранливи материи т.е. фертигација.

центри и другите институции за да се идентификуваат пазарните мож- СПОРЕДБА НА ПРИНОСИ НА ПЧЕНКА (КГ/ХА) Како краток вовед, наводнувањето „капка по капка“ е бавно, рамномерно залевање со ности за развој и да се создадат нови работни места, да се надградат капа- вода со низок притисок на почвата и растенијата, на прецизен и таргетиран начин, така цитетите на микро, малите и средни- што определено количество вода истекува до определено место во коренот на растението, што е неопходно за ефективно поттикнување на растот и развојот. За наводнувањето те претпријатија (ММСП) за да можат „капка по капка“ се користи систем на пластични црева со вградени емитери за вода, рассоодветно да реагираат на новите поредени по целата должина на цревото (капалки), кои овозможуваат истекување на вода пазарни можности и да се развива- директно на кореновиот систем на растенијата, на начин кој: (a) ја максимира искористеат, како и да се зајакне капацитетот носта на водата и (б) спречува испарување или истекување на водата и нејзини загуби. Освен тоа, цревата не се користат само за наводнување, туку земјоделците имаат можност на давателите на деловни услуги за да можат подобро да ги идентифи- преку истите црева да аплицираат ѓубрива и прехрана, со тоа овозможувајќи иста таква прецизност во апликацијата на ѓубривото и прехраната, што резултира со нивна оптималкуваат и да ги задоволат потребите на ММСП, додека ги градат неопход- на искористеност. Оваа постапка често се нарекува фертигација или нутригација. Досега, ова е најефикасниот начин за зголемување на приносот и квалитетот на културите, преку ните капацитети на работната сила прехранување на растенијата според нивните специфични и променливи потреби. Овој за да се поддржи развојот на ММСП. концепт на современ систем за наводнување капка по капка во комбинација со контроВо текот на двегодишната работа, лирана фертигација во моментов го применува Проектот за експанзија на мали бизниси, Проектот започна многу иницијати- преку иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Досега во Македонија се применува само површински систем за наводнување капка по капка, како наједноставен метод за ви, помеѓу кои иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ во 4 од- наводнување со капка по капка. Со овој начин цревата се поставуваат на површината на земјоделското земјиште, на зададено растојание од основата на растението. Вообичаено, брани региони, првично во Полог и површинското наводнување се претпочита заради финансиски причини, како и во случаи Пелагонија, а потоа во Североисточ- кога пенетрирањето под површината е проблематично. ниот и Вардарскиот регион. l ТЕХНОЛОГИЈА ЗА НАВОДНУВАЊЕ СО СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА И ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПРИНОСИ НА ПЧЕНКА За поставување на систем капка по капка пред започнувањето со иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ во Македонија, наводнувањето со овој систем беше речиси непознато во земјата и првично беше дочекано со голема доза на сомнеж, не само од страна на земјоделците, туку и од поголемиот дел од земјоделската/ прехранбената заедница. Иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ започна со внимателно испланиран процес на избор на снабдувач на системи и услуги за наводнување капка по капка (како што се инсталирање, обука и понатамошно следење и проширување) и процес на претселекција на одреден број земјоделци кои одгледуваат пченка/ крави и кои ќе се согласат со поставувањето на опремата. Резултатите од сезоната во 2013 година, за 42 хектари наводнувани со систем за наводнување капка по капка, беа неверојатни и поставија нов стандард за производство на пченка во Република Македонија. Проектот за експанзија на мали бизниси продолжи да ги надградува овие искуства и досега постави 120 системи за наводнување

капка по капка кои покриваат 120 хектари насадени со пченка, а земјоделците дополнително поставија опрема на уште 80 хектари, достигнувајќи вкупно 200 хектари. Технологијата „капка по капка“ овозможува прецизно наводнување и фертигација/нутригација, каде што 95% од водата, ѓубривата и хранливите материи директно се аплицираат на коренот на растението и на тој начин се создава средина без стрес, за да може растението да расте и да даде максимални приноси. Покрај тоа, Проектот за експанзија на мали бизниси создаде систем за известување, преку кој земјоделците навремено се известуваат кога да наводнуваат и/или да применат фертигација и кои ѓубрива да ги користат. Оваа практика е воспоставена по препорака од претходно цитираниот извештај на Светската банка „Процена на зелениот раст во Република Македонија“ каде што, меѓу другото, особено се нагласува потребата од оптимизација на агрономските практики (вклучително навременото аплицирање на вода и ѓубрива), во сите делови на земјата.

Текстот е извадок од „Белата книга за иновации во агробизнисот во Македонија“ од авторите: Димче Дамјановски и Мартин Трајчев

ФЕВРУАРИ 2015 | 29


НОВИТЕТИ

Црна револуција за подобро производство

Култивирана ЦРНА ЗЕМЈА

Не јагленосувана почва

Изработил: Дипл. агр. Захариев Ванчо

Е

дна наша стара поговорка вели дека умните култивираат растенија, а мудрите почва. На ваков начин може да се влијае и на околината и на растенијата. Древните цивилизации тоа и го применувале. Народот кој живеел во областите на Амазон во близина на денешните Перу и Бразил ја култивирал почвата која е позната како „црна земја“, а прифатен е и терминот „амазонска црница“. Почвата е креирана од јагленосување на дрвна и на друга растителна маса, која се наоѓа во денешните деградирани, песокливи и други почви изложени на експлоатациски и деградициски процеси. Оригиналната постапка на создавање на таканаречената црна земја

30 | МОЈА ЗЕМЈА

Јагленосувана почва

од старата цивилизација се состоела од внесување јаглен во почвата произведен по пат на согорување на дрвна маса без присуство на кислород на температури 400- 500°C, од кои 50% од вкупно вградениот јаглеродот и скоро целокупното количество смоли остануваат несогорени, а смолите се растопени, разлеани и вградени низ површините на јагленосаната маса. Процесот е идентичен со оној на кој денес се произведува дрвен јаглен - ќумур. Друг составен дел на тие почви се остатоци од земјена керамика, остатоци од животински коски и други предмети. Самата постапка на култивирање - создавање се состоела од постепено додавање на новосоздаваните почви на дрвен јаглен претходно помешан со одредена количина на

веќе постоечка таква почва која послужувала како “МАЈА” и јагленот го обогатувале со специфична микрофлора, која постепено го освојувала и преминувала во почвениот слој. Дебелината на слојот од додаден јаглен кај овие почви изнесува околу 50 см. Придобивките од овој вид почва се плодноста и способноста за самообновување. Тргнувајќи од овие новодобиени сознанија, науката во високоразвиените земји почнува добиените резултати да ги применува и тоа не само со јаглен добиен од дрвна маса, но и од растителни остатоци, како што се суви стебла од пченка, лушпи од ориз и кикиритки, цели суви плевелни растенија и др. Тие се подложуваат на јагленосување во печки каде што под дејство на доволно висока температура поч-


нува процес кој тече без присуство на кислород, наречен пиролиза, и во кој настанува разградување на растителната маса до стадиум на јаглен и меѓу продуктите се ослободуваат гасови кои се искористуваат како гориво за поддржување на непрекинато одвивање на овој процес. Добиената јагленосана маса се меша со компост, арско или друго органско ѓубриво. Придобивките од внесениот јаглен помешан со органски ѓубрива ќе се почувствува уште во првата вегетација, а доколку е чист, потребни се 2-3 години за да се добие специфична микрофлора.

Со внесувањето на јагленот во почвата, тој ќе дејствува како моќно антипаразитно средство, што значи дека растенијата засадени или посеани во затворен простор или на отворено поле ќе немаат или помалку ќе имаат проблеми со болестите, ќе бидат подолго време обезбедени со вода, ќе имаат поголем пристап до хранливи елементи кои не ќе можат лесно да се измиваат со интензивни наводнувања и врнежи, ќе имаат полесен пристап до воздух, а и побрзо ќе растат бидејќи почвите полесно и побрзо ќе се загреваат.

Претплата на „Моја земја”

На крај треба да се каже дека во земјоделството е на повидок ЦРНА РЕВОЛУЦИЈА односно јагленосување на почвата како ресурс бидејќи тоа многу ќе помогне во нејзиниот развој, развојот на полезните микроорганизми, во сопирањето на еколошките загадувања кои произлегуваат од земјоделството и на понатамошната деградација на почвите од интензивната примена на агротехнички мерки, бидејќи јагленот многу добро ги впива разноразните хемиски супстанции, од кои се дел и одредени отрови, а и ја подобрува структурата на почвата. l

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.

Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари ФЕВРУАРИ 2015 | 31


ПЕДОЛОГИЈА

Растенија индикатори за состојбата и

својствата на почвата Пишува: Д-р Маријан Андреевски

М

Киселец

еѓу растенијата, кои се од голема помош во утврдувањето на состојбата на почвата, повеќето се диви растенија и плевели. Присуството на одредени видови растенија може да обезбеди информации кои укажуваат на состојбата на почвата, на пример, кисела, алкална почва, набиена почва, порозна, влажниа/сува почва и слично. Исто така, доколку на култивирана почва има ненадејна појава на некои плевели, односно ако овој вид доминира, непогрешливо покажува грешка во технологијата на одгледување и состојбата на почвата. На пример, нане и лутиче покажуваат тешко набивање на почвата и вишок на влага, додека копривата покажува дека почвата е богата со азот и хумус. Во табелата се прикажани самоникнатите растенија кои говорат за состојбата на почвата

Состојба на почвата

Растителен вид

Кисела почва

Орлов папрат Pteridium aguilinium Хелда Fagopyrum esculentum Див коштан Echinochloa crus-galii Ден и ноќ, Viola tricolor Киселец, Rumex acetosella Подбел,Tussilago farfara

Почва богата со калциум

Цикорија Cichorium intybus Жалфија, Salvia pratensis Гороцвет, Adonis aestivalis Змиска трева Sanguisorba minor Подабица, Teucrium chamaedrys

Песоклива почва

Булка, Papaver argemone Полски пелин, Arthemisia campestris

Иловеста почва

Лепавец, Galium aparine Цикорија Cichorium intybus Еспарзета, Onobrychis viciifolia Камилица, Chamomilla recutita Глуварче, Taraxacum officinale Подбел, Tusssilago farfara Паламида, Cirsium arvense Полско лутиче, Ranunculus arvensis

Сува лесна почва

булка, Papaver argemone Каранфилче диво, Dianthus deltoides Пролетна млечка, Euphorbia verna Полска детелина, Trifolium arvense

Влажна тешка почва

Петолист, Potentilla anserina Гавез, Symphytum officinale Глуварче, Taraxacum officinale Полско нане Mentha arvensis Лутиче, Ranunculus repens

Почва богата со хумус

Гороцвет

Булка

Полска детелина

Глуварче

Бела лобода, Chenopodium album Див домат, Solanum nigrum Камилица, Chamomilla recutita Глувчева трева Stellaria media Коприва мала, Urtica dioica i Urtica urens Див синап, Sinapis arvensis Овчарска торбичка, Capsella bursa-pastoris

32 | МОЈА ЗЕМЈА

Див домат



МЕХАНИЗАЦИЈА

Правилна работа со земјоделската механизација

Пишува: проф. д-р Драги Таневски

З

а време на работа со комбајн - берач на пченка, најчесто страдаат рацете и нозете, но многу често доаѓа и до смртни случаи. Причини за повреда при работата со комбајн - берач се:

Комбајн-берач на пченка

ÔÔнезавршен курс за ракувачи со комбајн - берач;

ÔÔнепрочитано упатство за безбедност за работа со комбајнот;

ÔÔнесоодветна работна облека; ÔÔнеизгаснат мотор на тракторот пред да почне одгушување или отстранување на дефектот.

Постојат правила на кои треба да се придржуваме при работа со комбајн - берач:

44да не се пречекорува дозволената транспортна брзина од 15 км/ч;

44да не се пушта во работа комбајнот ако има некого во близина;

44да не се работи со раскопчана

облека ниту со шал кој слободно виси;

44да не се работи со комбајнот

без заштитник на карданското вратило и на другите подвижни делови, ниту да се симнуваат во текот на работата;

44да не се работи под комбајнот -

берач додека претходно не се потпре на цврста подлога и не се ослободи хидрауличниот подигнувач на комбајнот;

во текот на работа комбајнот не 44

смее да биде чистен, подмачкуван и регулиран;

кое било задушување да се от44

страни дури откако ќе се исклучи погонот на приклучното вратило на тракторот и ќе се изгасне моторот;

44да не се раздвојува комбајнот

од тракторот ако бункерот не е празен;

44да не се транспортира комбајнот со полн бункер;

по застанувањето, прво да се 44

исклучи погонот на приклучното вратило на тракторот, а потоа да се спушти комбајнот на земја и да се изгасне моторот.

34 | МОЈА ЗЕМЈА

Безбедна работа со комбајн берач на пченка Мерките за безбедност на работниците, кои извршуваат берба со самоодни комбајни, можат во потполност да се применат како и во посевот на берба на пченка со влечен комбајни комбајни - берачи. Влечените комбајни за берба на пченка претставуваат извор на опасност при: одгушување на берачкиот и лупачкиот уред, движење по јавни патишта, движење на терен со наклон, проблеми при кочење на тракторот или приколката за комбајнот. Кога валјаците за вовлекување или откинувачките плочи ќе се задушат, возачот ризикува да се повреди при обидот да го извлече или протне заглавениот материјал, ако претходно не го исклучи погонот.

валјаците ги вовлекуваат стеблата изнесува 3,5 м/с. Возачите погрешно интервенираат, ги повлекуваат или ги туркаат со раце стеблата на пченката кои се наоѓаат приближно 0,5 м над валјаците од комбајнот. Склопот на валјаците го повлекува стеблото со брзина од 3,5 м/с, па е потребно 3/10 дела од секундата за реакција на човекот. За време на траењето на наведениот временски интервал, стеблото ќе се помести приближно 1,0 м, а раката во тој момент е веќе вовлечена 0,5 м во внатрешноста на ротирачкиот склоп на валјаците и повредата е неизбежна.

Производителите на машини во упатството и со налепници предупредуваат на оваа опасност, така што формално не се одговорни пред законот.

Бербата на пченката често се врши по влажно време кога лимовите се лизгави и извалкани со кал, па и лизгањето на возачите е доста често. Во технолошкиот процес над откинувачките валјаци се предвидени синџири кои ги транспортираат клиповите. Повреди се јавуваат на: откинувачките валјаци и на приводните синџири.

Возачите, поради необученост, невнимание или немарност во критични моменти, не се придржуваат на упатствата и со желба што побрзо да продолжат со работата, забораваат дека брзината со која

Задушувањата кај комбајните – лупачи, исто така, можат да бидат причинители на повреди доколку се вршат обиди со одгушување, ако претходно не се исклучи погонот и не се изгаси моторот.


Тек на случување на несреќата со комбајнберач на пченка

ат и, според законот за безбедност во сообраќајот, овој агрегат не е безбеден за движење на рамни патишта. На комбајните берачи кои немаат бункер им се закачува приколка, која има сопствен систем за кочење, но не може да биде активиран во случај на потреба. Движењето на ваква композиција на терен со наклон е уште поризична, па може да се случи комбајнот да го подбутне тракторот и да го преврти. Кај комбајните - берачи кои имаат бункер обичај на корисниците е да го влечат комбајнот со полн бункер на враќање, при што значително се зголемува масата која дополнително, за време на кочење, предизвикува несигурност за време на транспортот. Овој наод не е регулиран со постојните законски прописи, па се предлага посебно да се внесе во основниот закон за безбедност во сообраќајот.

Мерките кои би можеле законски да се регулираат, а се наменети на влечените комбајни, презентираат начини за можност на вртење на валјаците во спротивна насока - реверзибилен погон, со вградување соодветни уреди кои би биле командувани од тракторската кабина. Реверзибилниот погон кај самоодните машини од понова конструкција влезе во задолжителната опрема, додека кај влечените комбајни тоа сè уште не е случај. Самото вградување бара финансиски трошоци, но нивната оправданост многу брзо би се согледала

Голем број парцели се наоѓаат под различен наклон. При берба на пченка многу важен фактор е стабилноста на агрегатот трактор - комбајн - приколка или трактор комбајн со полн бункер, бидејќи за со намалување на повредите, па препорака е тоа законски да се ре- време на движење може да дојде гулира како обврска на производи- до превртување на тракторот и повреда на возачот. Ова се случува телот на земјоделски машини. ако на наклонот се врши нагло завртување или ако постои потреба Масата на влечените комбајни за движење назад. со кои се бере еден ред се движи од 1500 до 2000 кг, а за берба на На комбајните постојат наледва реда пченка од 3000 до 3500 кг. Едноредните комбајни се агрега- пници за дозволениот бочен и надолжен наклон или се даваат само тираат со трактори со моќ околу 30 во упатството за ракување и одрkW, а дворедните со трактор со моќ околу 45 kW. Масата на овие трак- жување. Оваа проблематика заслужува да го известува возачот тори е под масата на наведените за приближувањето кон критичкомбајни. Комбајните, без разлика дали се едноредни или дворедни, ниот наклон на теренот со звучен и визуелен индикатор. За време не поседуваат сопствен систем за кочење, додека тракторите го има- на движење на агрегатот, ако на некои места пропадне тркалото во некој разор, за неколку степени се Повреди од комбајн зголемува наклонот на комбајнот, а -берач на пченка со тоа можноста за превртување се зголемува. За време на закачување на комбајнот за тракторот или приколката за комбајнот, обично се врши на тој начин што возачот го вози тракторот во од назад, а друго лице врши регулација на рудата на комбајнот или приколката. Притоа, поради невнимание или непрегледност, а и поради неадекватната комуникација помеѓу возачот и помошниот работник, може да дојде до несреќа. Се предлага да се воведат автоматски уреди за спојување кои би го исклучиле присуството на помошен работник. l ФЕВРУАРИ 2015 | 35


МЕХАНИЗАЦИЈА

Zetor мотор

Моќен и издржлив Автор: Маријан Стојковиќ

О

дличната популарност на моторите „Зетор“ е заснована на малата потрошувачка, големата издржливост и едноставниот дизајн коj резултира со мали трошоци за одржување и голема издржливост. Зеторовиот 16v мотор е добитник на престижната германска награда за најекономичен и најиздржлив мотор во неговата класа која ја доделува German Agricultural Association (DLG). ЕВЕ ЗОШТО Е НАЈДОБАР:

Не е штетен за околината – Зето-

тира вградување на најквалитетни материјали

ровите трактори имаат партикуларен филтер со цел да ги задоволат најстрогите европски закони за загадување на околината.

Мала потрошувачка – обезбедува

Добивање на максимална снага

Европско производство – гаран-

мала потрошувачка на гориво

Механичка бош-пумпа – издржлива и без дефекти

Две балансни оски – намалени вибрации и звук на моторот

Ладење на моторот под притисок

– зголемена ефикасност и издржливост на моторот.

Грејачи на секој цилиндар – гарантира старт и при најниски температури.

ХИДРАУЛИКА - Forterra HD нуди четири секции на хидраулични излези електро-хидраулично контролирани со брзи спојки кои во комбинација со куки САТ2 овозможуваат беспрекорна работа и лесно управување.

при сите брзини и голем резервен вртежен момент.

Посилна од кога и да е – можност за подигање на товари и до 8,500 kg.

Менувач - Петстепен менувач со

Автоматска контрола, hitchtronic систем за контрола – овозможуваат заштеда на гориво.

две брзини и тростепен мултипликатор и реверсер обезбедува комбинација на 30 брзини напред и 30 брзини назад, а со тоа и селекција на најпогодната брзина за условите на работа независно дали е најтешкото орање или работа со приколка.

Домашно производство – строга

контрола на стандардите и материјалот.

ДОКАЖАНА ИЗДРЖЛИВОСТ. Бошовиот електро-хидрауличен систем е опремен со HitchTronic систем, единствен кој овозможува автоматска регулација на хидрауликата а со тоа и намалување на потрошувачката и поедноставување на работата.

Кабина – комфор – едноставност - монтирана на амортизери – кај сите квалитет и издржливи материја- фортера модели кабините се поставени на амортизери со што се подобли за евтино одржување. руваат условите на работа, комфорот, Голем број брзини – решение за намалената бучава и сл. потребите на терен. Можност за амортизери на пред Комфор – едноставно и лесно ме- ната оска – во комбинација со кабина монтирана на амортизери ја прави нување. работата со тракторот едноставна и НОВИТЕТ - вклучувањето на зад- пријатна како возење кола. ниот кардан е со повратна врска за Новиот систем за контрола во да се обезбеди лесно стартување и кабина, едноставно, дава прегледпродолжување на работниот век на ност на сите параметри на тракторот, ламелите. како и достапност и едноставност за контрола и управување на сите КАРДАНСКО ВРАТИЛО - ги има функции на тракторот со едноставни сите опции: 540 / 540E / 1,000 / и движења. l 1,000E.

Квалитетен материјал – Висок

36 | МОЈА ЗЕМЈА



АГРОЕКОНОМИЈА

Економско здружување

Како да се формира и просперира во земјоделската задруга Пишува: проф. д-р Јован Aждерски, асс. д-р Емељ Туна

С

о развојот на земјоделството и појавата на пазарното производство сè повеќе се јавува потребата за здружување на земјоделските производители. Здружените производители можат полесно да се вклопат во пазарот и општествената поделба на трудот, поефикасно можат да ја издржат конкуренцијата на пазарот и сами да ја контролираат, поволно да набавуваат репроматеријали, полесно да доаѓаат до кредити, потоа, да вршат специјализација и поделба на трудот во самите претпријатија. Формирањето задруга може да биде многу голем предизвик, но и многу благодарна активност. Но, оваа активност бара голема верба во моделот на функционирање на задругите, многу знаење, истражување, планирање, стрпливост и посветеност. Задругата е автономна асоцијација на доброволно здружени лица кои имаат за цел да остварат одредени економски, социјални и културни потреби и желби преку заедничко поседувано и демократски контролирано претпријатие. Ли-

38 | МОЈА ЗЕМЈА

цата се здружени доброволно, што значи дека членството во задругата не треба да биде задолжително туку да биде слободно во поглед на влегувањето и излегувањето имајќи ги предвид целите, правата, обврските и ресурсите на задругата. Првата дилема во однос на задругите е нејзината профитабилност и изворите на финансирање. Независно од фактот што задругите имаат истовремено економски и социјални цели, мора да се подвлече дека тие се пред сè економски организации - што значи дека во работењето мораат да остваруваат успех за да можат да опстанат. Во исто време, важно е да се истакне дека задругата е непрофитна организација, поради тоа што профитот не потекнува од надворешните интереси, туку основната цел за нејзиното постоење е исполнување на потребите и барањата на нејзините членови. Членовите на задругата заеднички ги носат одлуките во однос на работењето, но истовремено сносат и заедничка одговорност во случај на лошо работење на задругата. Земјоделските задруги може да бидат класифицирани во однос

на нивната големина и нивната функција. Во согласност со Законот за задруги (2013), обемот на земјоделските задруги во Република Македонија се определува во зависност од бројот на членовите и за мала задруга се смета задруга која има повеќе од 10, а помалку од 19 членови. Секоја задруга со 20 или повеќе членови е класифицирана како задруга со поголем обем. Во однос на функцијата што ја извршуваат, земјоделските задруги можат да бидат: Маркетинг задруга – ги обработува (пакуваат, складираат и сл.) и дистрибуира производите на земјоделските производители. Задруга за набавка – набавува инпути за земјоделските производители искористувајќи ги попустите на големо. Инпутите потоа им се достапни на членовите по најнизок можен трошок. Услужна задруга – нуди одредени услуги на членовите по минимален трошок (пр.: систем за кредитирање на фарми, осигурителни компании).


ПОСТАПКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ПРЕД ОСНОВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА: Избор на лого, слоган или ÔÔ

друг вид ознака за задругата која ќе се користи за идентификација и промоција на задругата (препознатливост);

Собирање на материјали за ÔÔ

видот на бизнисот со кој ќе се занимава задругата;

Собирање на информации за: ÔÔ Технологијата на производÔÔ ство;

Пазарот на кој ќе се пласираÔÔ ат производите;

Клучните учесници во ÔÔ

синџирот за производот кои задругата ги произведува (конкурентите/други производители, дистрибутери, купувачи, владини агенции и инспекции кои го контролираат тој сектор);

Законските регулативи, ÔÔ

Земјоделска задруга ЗЗ Агро, Г. Подлог на студиска посета во Р. Турција

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ЗАДРУГИ ЗАРАДИ: Пониски цени – задоволување на потребите во поглед на заедничка набавка на потребните инпути за земјоделството по пониски цени. Зголемена конкурентност – заедничка продажба, при што задругарите се здобиваат со поголема моќ на преговарање и пласман на своите производи. Заеднички профит – како непрофитна организација, задругата не го максимира профитот туку им го враќа на своите членови. Рамноправност – во донесувањето на одлуките и распределбата на остварениот профит. l

можности и ограничувања за формирање задруга во секторот;

Поволностите и субвенциоÔÔ нирање за основањето и работењето на задругите;

Стандарди и квалитети кои ÔÔ

треба да се воспостават за успешно функционирање на задругата;

Можни институции и лица ÔÔ

кои можат да го помогнат започнувањето на бизнисот, вклучувајќи ги тука и експертите во проблематиката;

Потребните финансиски ÔÔ

средства за инвестирање во бизнисот со кој ќе се занимава задругата, вклучувајќи ги тука и средствата што би се собрале од членовите кои ќе ја основаат задругата;

Изработување правилник ÔÔ

во кој ќе бидат наведени правилата за стандардите и производите што ќе ги нуди задругата;

Изработување финансиска ÔÔ анализа и пресметка на трошоците за водење на бизнисот.

ФЕВРУАРИ 2015 | 39



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.