Moja zemja oktomvri 2014

Page 1

број 108 октомври 2014 50 ден www.ffrm.org.mk Моќни и иновативни земјоделски машини

Кивано во Карбинци

Култура погодна за нашата почва

Одгледување на грав

Производство на пасифлора

Оксална киселина против вароата


ZEOFIT FORTE e 100% priroden mineralno ekolo{ki preparat vo pra{kasta forma za prehrana na rastenijata i podobruvawe na po~vata. Mo`e da se koristi i za dekontaminacija na po~vi bidejki se karakterizira so visoka poroznost so {to se ovozmo`uva brza i efikasna katjonska razmena. Proizvodot sodr`i dva makrobiogeni elementi Kalcium 35% i Magnezium 7%, a sodr`i i `elezo,zeolit itn. Ovie dva elementa se neophodno potrebni vo ishranata na golem broj zemjodelski kulturi. Kalciumot ne e konstitutiven element,no e sostaven del na nekoi organeli vo kletkata. Magneziumot kako biogen element vleguva vo sostavot na hlorofilot so {to u~estvuva vo funkciite koi se od vitalno zna~ewe za rastenijata.Se koristi za folijarna prehrana a gi ispolnuva normite i za organsko proizvodstvo.Se vr{i preku listot ili preku po~vata. Se prepora~uva da se prska sekoi 10 - 14 dena vo periodot na vegetacija.

Proizveduva i pakuva:

032 483 043

Strmo{ AD Probi{tip Korisni svojstva: - ja zgolemuva otpornosta na rastenieto - go skratuva periodot na vegetacija - go podobruva procesot na fotosinteza - go zgolemuva prinosot -ja namaluva potrebata od pesticidi

www.strmos.com.mk

Koncentraciite na rastvorot za folijarna primena se razli~ni vo zavisnost od kulturata. Granulacija: 20mikrona Pakuvawe: 1kg.

Potpolno priroden ekolo{ki proizvod


УРЕДНИЧКИ ЗБОР

Вредни и силни Жените не проштаваат неуспех. Оваа мисла од Мак­сим Горки е една од моите најомилени и често пати ја користам во пишувањето на моите комен­ та­ри. Токму таа и најдобро прилега на нашите же­ ни-фармери, кои целата своја енергија ја насочу­ ва­ат на работа, на труд, со цел да ја обезбедат сво­јата егзистенција. Во текот на овие шест годи­ ни колку што сум во ФФРМ, запознав многу жени, кои со своето дејствување и амбиција укажуваат де­ка успехот и грижата за семејството е нивната цел во животот. Добро знаеме сите ние жени дека во денешно вре­ме е многу тешко да се биде и жена и работ­ ник и мајка. Сите ние некако во своите професии се трудиме тоа да го поврземе и надградиме. Тоа из­гледа најмногу им успева и добро знаат да го ме­наџираат жените-фармери. Во овие години на ра­бота она што го гледам кај нив и што го научив од нив е тоа дека на преден план ја имаат креа­ тивноста и љубовта која ја споделуваат со своето семејство и гледаат преку него да го развиваат својот бизнис и егзистенција. Она што добро знаат да го задржат и прават е и понатаму го собираат своето семејство на семејна трпеза со подготвени традиционални јадења. И друго што посебно ги прави горди и силни е што учат како да се исправат и да се спротивстават на предизвиците и проблемите кои се појавуваат во нивната околина. Единствена слабост е што тоа не го прават обединето и треба да бидат поактивни во здруженијата со цел да ги остварат свои­ те права и интереси. Со својата работа, мотивација, организација, жените-фар­ мери не проштаваат неуспех. Нивното работење со љубов прави успех. Затоа на сите жени-фармери што ги познавам и што допрва ќе ги запознам им благодарам за нивниот придонес во земјоделството. Редакцијата на „Моја земја“ ви посакува бериќет и успех и ви го честита 15 Октом­ ври – Меѓународниот ден на руралната жена. Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­т­ри­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

СОДРЖИНА ФФРМ со нов проект за поголемо обединување на земјоделците

Моја земја, октомври 2014 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Ул. Гиго Михаловски бр. 3, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

12

Заштита Вирози кај растенијата

Овоштарство Системи на одгледување

Новитет Производство на пасифлора

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 03.10.2014 Tираж 2500 примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Фото вест - насловна Благојч‌‌е Најдовски

14

26

Ѓубрење Пепелта – драгоцено минерално ѓубриво

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk

4

28

Стручни соработници Проф. д-р Драган Ѓошевски, Доц. д-р Звезда Богевска, Доц. д-р Маргарита Давитковска, Асс. м-р Ана Симоновска, Раде Каранфиловски, Стојан Глигоров, Благојче Димитриев, Благој Шоповски, Лазо Папучкоски, Ванчо Захариев, Ламбе Куциноски, Иван Мицковски, Мирјана Станоевска, Здравко Стошиќ, Звезда Богеска Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Лектор Верица Неделкоска

Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

ФФРМ со нов проект за поголемо обединување на земјоделците

Ф

едерацијата на фармерите на РМ заедно со We Effect (Шведскиот центар за соработка) започнаа со имплементација на проектот „Организациски развој на ФФРМ“. Со овој проект се воспоставува официјална соработка за поддршка на активностите на ФФРМ во земјата за подобрување на севкупното земјоделство и агробизнис клима, со додавање вредност на значењето на земјоделците. Целта е да ги презентира активностите и ресурсите на располагање, со цел да се искористат за понатамошно подобрување на бизнисите во земјоделството и за поттикнување на иницијатива за поголемо инволвирање на жените – фармери. Проектот е дел од програмата на We Effect (Шведскиот центар за соработка) за Европа која вклучува земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија) и Молдавија. Целта на програмата е – Придонес на општествените организации во насока на јакнење на демократијата и одржлив развој, како и сè поголемо приближување кон ЕУ. Достигнувањето на програмските цели е преку јакнење на капацитетите на руралните кооперативи, организациите на фармерите и другите граѓански организации во адресирање на потребите и правата на нивните членови. Особен фокус е даден на руралниот развој и јакнење на организациите на фармерите и мали земјоделски претпријатија (мали фарми), како и поддршка во нивните напори во процесот на усогласување со правилата на ЕУ и барањата за квалитет на земјоделските производи. Програмата посветува особено внимание на вклучување на малцинските групи и на соживот. Освен тоа,

4 | МОЈА ЗЕМЈА

нееднаквоста помеѓу мажите и жените се адресира низ програмата и жените се особена целна група низ програмските активности. Тоа предвидува барем 50% од предвидените фондови да бидат наменети во полза на жените. - Финансиските средства од проектот ќе бидат искористени за едукација, информирање, обединување и здружување на земјоделците со цел македонскиот земјоделец да стане конкурентен како на домашниот, така и на пазарите надвор од Македонија и да се озвозможи поголем развој на нашиот аграр изјави претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов. Според него, само со земјоделското здружување Македонија може да има и квалитет и квантитет на земјоделските производи. Регионалниот директор на „We Effect“, Марчело Дуњак, истакна дека целта е да се зајакне и развие фармерското движење во Македонија. - Многупати луѓето веруваат дека нивните проблеми се единствени само во нивните држави, но ние веруваме дека проблемите се исти во регионот и насекаде во светот. Тука сме да ги подготвиме Македонија, Бугарија, Албанија и останатите држави во регионот за моментот кога ќе станат членки на ЕУ. Доколку не се подготвуваат навреме, тогаш кога ќе станат членки на ЕУ ќе бидат потиснати од постојните членки на ЕУ изјави Дуњак. Во однос на климатските промени кои претставуваат сериозна закана за земјоделството, Дуњнак смета дека е потребна посеопфатна соработка меѓу државите, меѓународните организации и ФАО за да им се помогне на земјоделците во борбата со овие промени.

На настанот ФФРМ и We effect потпишаа Договор за соработка и во целост беше презентиран проектот. Бесир Јашари, државен секретар во Министерството за земјоделство, ја поздрави ваквата активност која треба да овозможи поголема соработка помеѓу земјоделците.

Проектот опфаќа четири компоненти Компонента 1 – Организациски развој и градење на капацитети на ФФРМ Компонента 2 – Пораст на достапноста на информациите и практична едукација (обука) помеѓу фармерите Компонента 3 – Лобирање и заштита на интересите на фармерите Компонента 4 – Јакнење на улогата на жените во земјоделството и руралниот развој Очекуваните резултати од програмата се дека организациите ќе бидат зајакнати во изразувањето на ставовите и ќе испорачаат подобри и поквалитетни услуги на своите членови и целните групи и на тој начин ќе придонесат за зајакнување на граѓанското општество во земјите вклучени во програмата. l


Јуфкијада во Мариово

В

о организација на ФФРМ по трет пат се одржа Јуфкијада и тоа за прв пат во Мариово во „Етно ресторан Мариово“, кој се наоѓа во близина на реката Црна во Мариово, на околу 400 метри, веднаш по Расимбеговиот мост. На настанот, присутните имаа можност да се запознаат со традиционалниот начин на подготовка на јуфки, како еден од традиционалните производи кој се произведува пошироко на балканските простори и претставува традиција во нашата домашна кујна, пред сè, негувана од руралните жени. ФФРМ се определи за Мариово, бидејќи регионoт изобилува со прекрасна природа, убавина и традиција, кои претставуваат основа за развој на рурален туризам. „Со оваа манифестација ние, жените – фармери, ја презентираме нашата традиционална кујна и сакаме да упатиме апел дека нашите вкусни традиционални јадења треба да се вратат на семејните трпези во градските средини и да бидат главно јадење на нашите деца“, вели Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на жени-фармери. Според претседателот на ФФРМ, Стаменов, оваа манифестација претставува одлична можност за прикажување на нашето село. На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците на Прилеп и Кривогаштани. Настанот се организира во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ кој е финансиран од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка

со Албанија 2007-2013, спроведуван од страна на Федерацијата на фармери (ФФРМ) како водечки партнер и Албанскиот земјоделски совет (КАСХ). Целта на проектот е да придонесе кон подобрување на социо-економскиот статус и благосостојбата на руралното население во пограничниот регион (поконкретно, регионите Полог и Пелагонија од македонска страна и регионите Дибра и Елбасан од албанска страна), промоција на постојните традиционални производи, но и подобрување на понудата за рурален туризам на пограничните региони како атрактивни дестинации. l

Организирана обука за развој на услуги за сместување во руралните средини

П

овеќе од 25 фармери од Пелагонискиот регион учествуваа на дводневната обука за развој на услуги за сместување во руралните средини, што се одржа во Прилеп, со техничка поддршка од Земјоделскиот институт, Скопје. Обуката е дел од активностите на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија. Руралниот туризам е спротивен од масовниот туризам и треба да биде фокусиран на користење на традиционалните вредности карактеристични за руралните средини, развој на семејните вредности, здравата храна, здравата средина и друго, истакна Зоран Тодоровски, обучувач на обуката. Посебен акцент беше даден на методите на сопствена проценка на потенцијалот на руралното население за развивање услуги за сместување во руралните средини од аспект на култура и културно наследство, природа, настани, спорт, човечки ресурси, инфраструктура и слично. На вториот ден од обуката присутните се запознаа со стандардите за квалитет за сместување во руралните средини според Еurogites и IPARD Програмата. l октоМВРИ 2014 | 5


ФФРМ

Обука за менаџирање на фарми преку компјутер

Во рамките на проектот „Агро ИТ“, Даталаб МК и ФФРМ спроведоа обуки за 15 избрани пилот-фарми каде што е инсталиран софтвер за менаџирање на фарма. Ова е првата фаза од практичната примена на компјутерските технологии во македонското земјоделство. Имено, со Проектот АГРО ИТ се воспоставува Платформа во неколку земји од ЕУ која обединува клучни апликации,

технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма, овозможувајќи управување на фарма преку компјутерска програма. Предавачи на обуката се претставници на Даталаб МК, кои ќе презентираат повеќе детали со софтверската програма и ќе се започне со внесување податоци за вашето земјоделско стопанство. l

Средби во Кукуречани и Воѓани за штетите од глодарите Претставници на ФФРМ, АПРЗ, подрачната единица на Министерството за земјоделство, месното население во Кукуречани и Воѓани одржаа средби во овие села на коишто се согледаа штетите направени од глодачите и се разговараше за можни решенија за превенција на настанатиот проблем. На терен се согледани штетите направени врз земјоделските површини засадени со пиперки, домати, зелка, пченка и останати култури кои во овој период се наоѓаат на обработливите површини. Од страна на месното население беше упатен апел до надлежните институции да преземат соодветни мерки за да се спречат катастрофи од поголеми размери. Од страна на членовите на Управниот одбор, фармерите беа запознаени дека ФФРМ е во постојан контакт со Ветеринарната комора, со претставници на компании кои се занимаваат со продажба на отров за уништување на глодачите, како и со одредени еколошки здруженија во државата за уништувањето на глодачите со цел да не се предизвикаат и други негативни последици врз земјоделството и околината. l

Средба со сточарите за болеста син јазик Претставници на ФФРМ одржаа средба во Штип со сточарите од Источна Македонија кои одгледуваат крави, овци и кози, на којашто се разговараше за болеста син јазик. На состанокот присуствуваше и директорот на Ветеринарната станица во Штип, Крсте Митев, кој истакна дека заболените овци не треба да се пуштаат на паша и дека треба да се побара итна превентива од ветеринарите. На средбата се донесоа заклучоци, а едни од нив се да се обесштетат сточарите и да се предвидат дополнителни средства од буџетот на РМ за проширување на програмата за заштита на животните. l 6 | МОЈА ЗЕМЈА


Штанд на ФФРМ на „Преспанскиот јаболкобер“

С

о свој штанд ФФРМ присуствуваше на традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ која е организирана од страна на општина Ресен. ФФРМ ги презентираше своите услуги и активности пред земјоделците и заедно со компанијата „Хемометал“ спроведоа лотарија за преспанските земјоделци, а наградените добија одредени попусти и земјоделска механизација од компанијата.

Земјоделски саем на отворено за првпат на Балканот

Федерацијата на фармерите на РМ, Општина Василево и турската компанија за организирање саеми DLG Fuarcilik одржаа средба на којашто се разговараше за реализирање на саем на отворено во Струмичко. Оваа иницијатива за првпат се презема на Балканот и земја-домаќин треба да биде Македонија, а во организација на ФФРМ. Како што изјави претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, првата идеја за организирање на ваков саем на отворено се родила при посетата на саемот во Текирдаг, Република Турција. „Ова е една

Имено, во рамки на „Преспанскиот јаболкобер“ е пуштен во употреба системот за управување со органски отпад – Компостара во Ресен. Ова е прв од ваков тип во државата, во кој органскиот отпад од земјоделството, индустријата и домаќинствата ќе се преработува во висококвалитетно органско ѓубриво – компост. Исто така, беше организирана и трибина за Современите пристапи во исхраната на јаболката. l

од моите заложби како претседател на ФФРМ да се реализира ваков саем, за да можат нашите земјоделци директно и практично да ги видат придобивките од новите начини на производство. За нас, како ФФРМ, ова е голема активност бидејќи се работи за таков тип на саем кој за првпат се реализирта во регионот“, рече Стаменов. Директорот на DLG Fuarcilik, Незих Сурајан, изрази благодарност за укажаната поддршка од Министерството за земјоделство и од Општина Василево за реализацијата на овој проект. „Првиот чекор што ќе го преземеме во наредниот период е едукација на ваши агрономи во нашите центри во Турција. Отворениот саем ќе биде можност да се проследи целиот процес на производство, почнувајќи од садењето на семката, па сè до бербата на плодовите. Значи, тука ќе бидат застапени семенарството, агрозаштитата, како и тракторите и приклучната механизација за земјоделството“, рече Сурајан. Тој е уверен дека саемот ќе биде убаво место за размена на знаења, искуства и продлабочување на соработката меѓу двата пријателски народи. Градоначалникот на Василево, Ване Стојанов, изрази задоволство што заедно со ФФРМ и турската асоцијација Фуарџилик ќе учествува во организацијата на оваа саемска манифестација. l

Со фонд за претфинансирање за поголемо искористување на ИПАРД Претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, присуствуваше на состанокот во Владата каде што се разговараше за ИПАРД-програмата. На средбата беше истакнато дека Македонија ќе ги искористи искуствата од спроведувањето на ИПАРД-1 програмата за успешно

реализирање на следната, ИПАРД-2. Со цел максимално повлекување европски пари во периодот 2014–2020 година, меѓу останатите мерки се предвидува и формирање фонд за претфинансирање кој би им помогнал земјоделците. l октоМВРИ 2014 | 7


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на бамја

Култура погодна за нашата ‌ почва Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Б

амјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да поникнува на температура од 15оC, а оптималната температура за развој е 25оC. Активна вегетација е кога температурата е помеѓу 25 и 28оC. Бара доста светлина и периоди на долги денови. Кај нас бамјата е застапена на многу мали површини, индивидуално во бавчи, но се среќава насекаде во пазарите на зеленчук. Но тоа не значи дека не треба да се одгле­ дуваат овие култури за кои е погодна нашата почва. Плодот изобилува со многубројни влакненца и за некои луѓе можат да би­ дат надразнувачки. И стеблото е богато со влакненца кои понатаму се ко­ ристат за производство на јута и текстил или, пак, за изработка на хартија. Плодот се користи кога е млад и е доста богат со витамини и минерали, а исто така е добар регулатор на шеќерот во крвта, на црниот дроб итн. Опрашувањето најчесто го вршат пчелите. Во текот на одгледувањето бара доста влага. Постојат повеќе видови бамја: грчка, турска, арапска. Покрај присутноста на пазарите во свежа состојба, може да се сретнат и како конзервирани, смрзнати и како суви производи. Потрошувачката на бамјата кај нас би требало да се прошири бидејќи претставува еден од најдобрите и најквалитетни зачини во храната. Кореновиот систем на бамјата широко е развиен по површинскиот слој на почвата. Стеблото во почетокот е зелјето, а подоцна дрвенесто, а височината може да изнесува од 60 см па сè до 2 м. Листовите се спирално распореде­ ни, а по облик округли, троредни и петоредни. Цветовите се бели или жолти со темнозелени или виолетови дамки и се формираат во пазувите на листот. Многу е осетлива на ниска температура и при најкраткотраен мраз растение­ то целосно се уништува. За успешно одгледување се сее на средно тешки почви, добро структури­ рани со pH 6-7. Не поднесува кисели почви. За добар принос бара доста хра­ на. Основно се ѓубри со NPK ѓубрива 1:2:2 и се прихранува со азотни ѓубрива во текот на вегетацијата 2-3 пати. Обично сеидбата се изведува по доцните пролетни мразеви. Се сее на отворено, на растојание 60-100 см од ред до ред и во редот 20-30 см, а на длабочина 2-3 см. За еден хектар потребно е 5-10 кг семе. Цветањето почнува 6-8 недели по сеидбата, а потоа набрзо стасува и за берба. Бамјата може да се сади и со расадување со претходно произведен расад. Се сади на стално место кога ќе формира 3-4 стални листови. Може да се сади при крајот на април и на почетокот на мај. Бербата се одвива кога плодот ќе достигне големина 6-9 см. Може да се постигне принос до 20 т/ха. Бербата се одвива претежно рачно. Плодовите по бербата многу брзо ја губат влажноста, па затоа е потребно да се одржу­ ва извесно време температура од 10оC или да се излади и пакува во помала амбалажа покриена со фолија. На продажното место може да се одржува 2-3 дена, што значи многу кратко, и тоа на температура од 7оC. l 8 | МОЈА ЗЕМЈА

Растение богато со витамини и минерали Бамјата е едногодишно растение од фамилијата слезови (Mal­ vaceae). Се одгледува поради младите плодови кои се берат во период од 4 до 5 дена и служат за консумација исклучиво приготвени. Позната е од многу порано и тоа најнапред во Египет и Азија. Поради застапеноста на протеините и мастите, плодовите се доста вкусни и хранливи. Изобилува со витамини А, Б, Ц и минералите калциум и железо. Претставува идеална храна за дијабетичари и за лекување цревни и стомачни заболувања.



Kои се

НајПРОактивни агро бизниси за 2014 година? МОЖЕБИ ВАШИОТ?! ДОЗНАЈТЕ НА ПРОКРЕДИТ АГРО БИЗНИС ФОРУМОТ ...настан за подршка на иновативноста и заеднички бизнис можности на домашните земјоделци, преработувачи и трговци Учествувајте во изборот и наградувањето на следните категории: 

Домашни земјоделски производители: - Сточарство - Житни Култури - Долгогодишни овошни насади - Раноградинарство - Сертифицирано органско производство

 

Преработувачи на земјоделски производи од домашно потекло Трговци на домашни земјоделски производи

Остварете бизнис контакти за соработка Погледнете карактеристични домашни производи од земјоделско потекло и можности за иновации во Вашиот бизнис ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ ЗА ИЗБОРОТ НА НАЈПРОАКТИВНИ АГРО БИЗНИСИ ИЛИ ЗА ПРИСУСТВО НА НАСТАНОТ: 02/2 44 60 00 www.pcb.com.mk/agrobiznisforum Било која експозитура на ПроКредит Банка ДОБИТНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ СО САЕМСКА ПОСЕТА НА НАЈГОЛЕМИОТ ЕВРОПСКИ АГРО САЕМ FRUITLOGISTICA ВО ГЕРМАНИЈА.


Совет „Хемомак пестициди“

ГРАДИНАРСТВО

Правилна заштита на кромид Пишува: дипл. земјод. инж. Благојче Димитриев

П

роизводството на кромид во овој период од го­ди­на­ та е најактуелно. За про­ из­­водство на квал­ит­ е­тен и здрав кромид треба да се по­свети внимание на правилна и врв­на заш­ тита од неколку болести и штет­ни­ ци. Меѓутоа, пред сè, треба да се внимава и на плевелите со тоа што ќе се употреби ефикасен хербицид. За сузбивање на плевелите во кро­ мидот пред расадување се ко­ри­стат еден од двата хербицида STOMP AQUA или STOMP 330 E. Овие хер­ бициди се користат за сузбивање на едногодишни трев­ни и широко­ лисни плевели. STOMP AQUA се ка­ рактеризира со ви­со­ка ефикасност на плевелната фло­ра и висока толе­ рантност на одгледуваниот кромид. Овие ка­рак­­т­е­ристики му обезбеду­ ваат уни­вер­зал­ност и со тоа го смес­ туваат на самиот врв на листата на хербициди. Овој хербицид има ши­ рок спектар на дејство. Главни пле­ вели кои ги сузбива се дивото просо Echinochloa crus-galli, дивата лобода Chenopodium album, муварот Setaria spp, штирот Amaranthus retroflexus, прстенестото просо Diditaria spp., дивиот сирак Sorghum halepense, ветрушка обична Aperaspica – venti, ѕвезденка Stellaria media, див пипер

Poligonum spp. и многу други трев­ ни и широколисни плевели. STOMP AQUA е во формулација на водо­ растворливи микро и макро капсу­ ли со активна материја pendimetalin 455 g/l и се користи во доза 3-4 л/ха, додека STOMP 330 E содржи актив­ на материја pendimetalin 330 g/l и се користи во доза 5 л/ха. Извонредно опасна болест која при неповолни временски услови на обилни и чести врнежи може пот­полно да го уништи посевот е бо­лес­та пламеница на кромидот Peronospora destructor. Превентивната програма за зашти­ та вклучува користење на фунгици­ дот RANMAN TOP во доза од 0,5 л/ ха во почетниот период по расаду­

вањето. Во услови на буен пораст и обилни дождови се препорачуваат системичните фун­ги­циди: ORVEGO SC во доза од1 л/ха, ACROBAT MZ WG во доза од 2-2,5 кг/ха и контакт­ ниот фунгицид DITHANE M-45 во доза од 2,5 кг/ха. Интервалите по­ меѓу прскањата се одредуваат спо­ ред временските услови и не тре­ ба да бидат подолги од 10-14 дена. Покрај пламеница, кромидот може да биде нападнат и од пепелница. За сузбивање на оваа болест се ко­ ристат фунгицидите COLLIS во доза 0,4-0,5 л/ха, VIVANDO во доза 0,2 л/ ха и POSTALON 90 SC во доза 1 л/ха. Друга значајна болест која се јавува при производството на кромид е си­ вото гниење Botrytis cinerea. Препо­ рачани фунгициди за сузбивање на сивото гниење се CANTUS во доза од 1 кг/ха, SIGNUM во доза од1 кг/х или PAPYRUS во доза од 2,5 л/ха. Од ин­ сектите кои го напаѓаат кромидот се издвојува кромидовата мува. Штети­ те ги при­чи­нуваат ларвите, кои кај младите рас­тенија се населуваат во основата на стеблото, а кај поста­ рите во луко­виците, причинувајќи нивно про­паѓање. За сузбивање на кро­ми­довата мува се користат ин­ сек­ти­цидите PERFEKTHION во доза од 1-1,5 л/ха и во доза од 1 л/ха. l октомври 2014 | 11


ЗАШТИТА

Вирози кај растенијата

Растителни вируси предизвикувачи на заразни болести Пишува: Дипл. земјод. инж. Мирјана Станоевска

Р

астителните вируси вли­ја­­ат врз рас­те­ни­ја­та пре­д­из­­­ви­ ку­вајќи заразни за­болувања наречени ви­ро­зи. Како и ви­ ру­сите кои ги на­па­ѓаат животните и човекот, рас­ти­телните вируси се па­ разити во клет­ките кои немаат ме­ ханизми да се размножуваат без растение-домаќин. Но, кога ќе вле­ зат во клетката на домаќинот, тие се размножуваат со многу голема бр­ зина. Заразеното растение, ос­вен што заостанува во својот ра­звој и е потенцијален извор на за­ра­за, тоа никогаш не може да се из­лечи и нор­ мално да го продолжи сво­јот живо­ тен циклус. Не постојат производи за заштита на растенијата (ПЗР) кои може да спречат зараза или да изле­ чат заразени растенија.

- Plum pox potyvirus - Tomato ringspot nepovirus и - Tobacco ringspot nepovirus. За компирот е значаен Potato virus Y кој не е наведен во Правилникот за мониторинг на компир од причина што тој не е карантински вирус, но се­ пак е еко­номски значаен и потребно е да се води строга контрола за него.

Државната фитосанитарна лабо­ ра­­торија има добиено сертификат за акредитација од страна на Ин­­с­т­и­­тутот за акредитација на Репу­бли­­­ка Маке­ донија. Ви­рус­о­л­ошката ла­­­бораторија работи спо­ред акре­ди­ти­­ ­­ рани мето­ ди за иден­тификација на рас­­тителни вируси, согласно стан­дар­дот MКС EN ISO/IEC 17025 : 2006. l

Пренесување и распространување на растителните вируси

Неслучајно растителните вируси уште се нарекуваат и најинтелигентни суштества на планетата. Со оглед на тоа што растенијата не се движат, не се допираат и не контактираат помеѓу себе, растителните вируси имаат развиено свои механизми на ширење од растение до растение. Тоа го прават со помош на вектори. Како вектори се јавуваат многу инсекти и нематоди.

Пренесување со помош на инсекти

Пренесување со помош на нематоди

Растителните вируси многу лесно се шират преку плевелите и дивите видови. Плевелните растенија кои ги има насекаде се многу приемчиви на вируси од кои со помош на векторите се пренесуваат на културните растенија кои ги одгледува човекот.

Типичен циклус на репликација на вирусите Првиот вирус кој бил откриен е Tobacco mosaic virus (TMV). Овој и други вируси секоја година предиз­ викуваат околу 60 милијарди долари загуба во приносите на светско ниво. Во Правилникот за мониторинг на градинарски култури одгледувани на отворено и во затворен простор, се обрнува големо внимание на следни­ те вируси кои се релевантни за Репу­ блика Македонија: - Pepino mosaic potexvirus - Tomato yellow leaf curl begomovirus и - Chrysanthemum stem necrosis tospovirus. Според Правилникот за овошни видови и винова лоза, над кои се вр­ ши фитосанитарен мониторинг, ре­ле­ вант­ни за Република Маке­до­ниј­а се следните вируси: 12 | МОЈА ЗЕМЈА

Полска повивка - Convolvulus arvensis L. Глуварче - Taraxacum officinale F. H. Wigg. Aggr.*

Друг начин на пренесување на растителни вируси е преку заразен материјал за размножување.

Заразување со калемење на растенијата

Исто така растителните вируси може да се пренесуваат преку заразено семе.

Заразено семе од грашок

Заразено семе од грав

Заразата со растителни вируси може да се шири и преку контаминирани алатки, со раце, облека и при расадување директно од растение на растение.


Спречување на ширење на растителните вируси Со цел избегнување на сериозни штети потребен е внимателен мониторинг на состојбата во земјата и примена на превентивни мерки од страна на земјоделците. Најважни превентивни мерки се следните: • Користење на здрав семенски и саден материјал; • Производство на семенски и саден материјал ослободен од вируси; • Употреба на отпорни сорти и подлоги; • Редовно тестирање на расадниците, парцелите и оранжериите; • Kонтрола на инсектите со инсектициди; • Контрола на плевелите со хербициди; • Водење хигиена при работа во оранжериите, при пресадување и сл.

Симптоми

Растителните вируси може да предизвикаат различни симптоми кои се во зависност од типот на вирусот, видот и сортата на културата, климатските услови, староста и енергичноста на растението, како и од статусот со хранливи материи. Многу често, некои растенија не успеваат да покажат симптоми кратко по инфекцијата (латентна инфекција). Недостигот на симптоми, сепак, не е доказ дека растението е здраво и не е инфицирано. Во некои случаи кај овошните видови или виновата лоза, симптомите на болеста може да се набљудуваат само на неколку листови или плодови, само на неколку ластари или гранки, или можат да бидат изразени на целото дрво. Симптомите може да се појават во пролет и рано лето, но можно е да исчезнат подоцна во текот на летото. Првите симптоми вообичаено се појавуваат 2-3 недели по инфекцијата, а кога ќе се појават, тие дијагностички се многу лесно препознатливи.

Симптоми на Plum pox potyvirus - шарка кај праска

Симптоми на Pepino mosaic potexvirus кај домат

На почетокот симптомите се појавуваат на горниот дел од заразените растенија при што листовите стануваат светлозелени, тенки или игличести, а растенијата генерално се закржлавени. На листовите се забележуваат жолтеникави површини со интервенозна хлороза, како и извиткување кон опачината на листот. Млади листови може да развијат кружни флеки или слабо системски, хлоротични флеки со мала дисторзија. Постарите листови може да покажат хлороза и појава на дабови листови или симптомите може да исчезнат (иако растенијата сè уште се инфективни). При заразување со некои вируси се забележува обезбојување на венечните ливчиња. Понекогаш на плодовите се појавува збрчканост, дисколорација и жолто-црвен мозаик што може да доведе до нивно нерамномерно зреење. Ако се заразени рано, растенијата губат енергија. Кога инфекциите се јавуваат во подоцнежната фаза на развој, не се формираат новоразвиени плодови, но веќе присутните плодови зреат на речиси нормален начин. Вирусите може да предизвикаат епидемија со големи загуби во квалитетот и количеството на приносот.

Симптоми на Tomato ringspot nepovirus кај рибизла

Симптоми на Tobacco ringspot nepovirus кај тутун

Симптоми на Tobacco ringspot nepovirus кај винова лоза

Симптоми на Tobacco ringspot nepovirus кај режано цвеќе

Начин на земање и носење мостри во Државната фитосанитарна лабораторија Здравствени прегледи се вршат на самото место на увоз, на местата на производство и на местата на складирање и дистрибуција. Начинот на преглед се врши преку здравствен преглед на цели растенија (корен, стебло, листови, плодови и семе). Земањето растителни примероци се изведува со земање примерок од секој вид и сорта. При подготовка на еден примерок не треба да се мешаат во еден примерок растителни делови од различни сорти или видови. Секој примерок треба да содржи најмалку десет сложени листови или цветови. Се прегледуваат и се земаат примероци во зависност од површината. Земањето примероци за лабораториска анализа се врши по визуелниот преглед на материјалот, со одвојување на сите сомнителни растенија. Заедно со земените примероци, во лабораторијата се испраќа и визуелно здрав (контролен) примерок. Тој треба да е од иста сорта, одгледуван под истите услови и во ист фенолошки стадиум. Растенијата кои се земаат како примерок треба да бидат цели, да не се расекуваат и што е можно побрзо да се донесат во лабораторијата. Растителните ткива кои се земаат како примерок не треба да бидат исушени (некротизирани), што е најкарактеристична појава кај листовите. Ако материјалот е исушен, резултатите од анализата ќе бидат негативни, дури и во случаи кога растението е инфицирано. Примерокот треба да биде соодветно и добро спакуван, поставен во обележана најлонска кеса, по можност обвиен со навлажнета филтер хартија и што е можно побрзо да се транспортира до лабораторијата. октомври 2014 | 13


АПРЗ - ОВОШТАРСТВО

Системи на одгледување

Витко вретено

за профитабилно производство Пишува: Дипл. инж. агр. Ламбе Куциноски

В

о услови на екстензивно и полуинтензивно производство во овоштарството, порано користените облици на одгледување се заменети со вретенестите облици на одгледување и тоа од типот на витко вретено и модифицирано витко вретено од кои во последните години се изведени многу други форми на одгледување, кои имаат предност, пред сè, поради поголемиот број садници по единица површина, понискиот хабитус и поголемата родност по единица површина.

Следејќи ги современите трендови во земјите со развиено овоштарство, ќе се осврнеме на моментално најзастапените системи на одгледување кои обезбедуваат високо профитабилно и сигурно производство. Тука спаѓаат следните системи на одгледување: витко вретено, супер витко вретено v (ве) систем, y (ипсилон) систем, солен систем, солакс и др. За добивање на вакво производство од посебно значење е користење на здравствено и сортно исправен саден материјал со предвремени гранчиња, како што се knip садниците.

Витко вретено Овој систем најчесто се формира на М9 и М26 подлога, лесно се формира и обезбедува добри приноси и поради тоа масовно се применува во производството на јаболка. За садење се земаат едногодишни садници со височина 80-90 см со развиени пред14 | МОЈА ЗЕМЈА

времени гранчиња. Растојанието на садење кај овој систем на одгледување е 2,8-3,5м x 0,7-1,1м. Висината при овој систем на одгледување е 2-3 м. Втората година се очекува принос од околу 10 т/ха, третата 25 т/ха, а понатаму приносите се движат 50-65 т/ ха. За овој начин на одгледување потребна е и потпорна конструкција.

Y-(Tatura) систем на одгледување Овај начин на одгледување за прв пат е применет во Австралија. Испитувањата се вршени на бујни сорти кои со вертикални системи не можеле да се доведат во добра родност. Растојанието на садење меѓу редовите изнесува 4,5 м, а во редот до 1 м. Садниците се кратат на 40-50 см и се формираат по два скелетни леторасти, кои подоцна се навалуваат кон меѓуредието на меѓусебен агол од 60°, односно 30° во однос на вертикалата. Во наредните години скелетните гранки од соседните редови се спојуваат и се добива тунел (кровна конструкција). Скелетните гранки се гарнираат со родно дрво, а вертикалните леторасти се отстрануваат. Височината на кровот изнесува 2,5 м, каде што се движат машините за заштита, обработка и сл. Системот се формира со потпорна конструкција од косо поставени столбови и по 5-6 жици на секоја страна. Конструкцијата е скапа, но се компензира со високите и квалитетни приноси кои се за 3050% поголеми во однос на класичните начини на одгледување.

V-систем на одгледување Ова е систем на косо формирање на родни површини, коешто се постигнува со косо садење на садниците, наизменично, една садница на една страна, другата на спротивната страна на меѓуредието. Садењето се врши под меѓусебен агол од 30° односно 15° во однос на вертикалата. Кај овој систем на одгледување оптималното растојание за садење е (3,5-4м x 0,5-0,80м), па бројот на стебла може да се движи од 1480 до 2970 стебла на хектар кај (М9) подлога, односно 2830-2970 стебла на хектар на подлога М27. И овој систем се формира со потпорна конструкција. Столбовите се високи 2 м од земја. Тие се поврзани со по два реда жица од двете страни на редот. Секоја садница се формира како навалено витко вретено кое долу е пошироко, а горе потесно и одлично осветлено во сите делови. Бујните и вертикални леторасти кои се наоѓаат на внатрешната страна се отстрануваат или благовремено се повиваат. Овошките брзо прородуваат, а во 3-4тата година стапуваат во полна родност.


На крај, може да се заклучи дека за системите на одгледување кои имаат карактеристики на екстензивно и полуинтензивно производство повеќе нема да има место во современото овоштарско производство.

Облици на одгледување настанати од витко вретено и модифицирано витко вретено

На системите на одгледување од типот на витко вретено и неговите модификации сега и во иднина ќе им припаѓа доминантното место во овоштарството. Овие системи на одгледување може да се сметаат за високо интензивни и високо профитабилни само во услови на добра технологија на одгледување, односно при примена на сите неопходни агро и помотехнички мерки. Подигањето вакви насади не може да се замисли без систем за наводнување, дозирана исхрана, противградни мрежи и следење на временските услови. На таков начин големите вложувања бргу се враќаат и претставуваат поттик за понатамошно интензивирање на овоштарското производство. l

Како да станам член во ФФРМ

Придобивки од квинојата

Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042

Семето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија. Семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БЕМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. Содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) l

октоМВРИ 2014 | 15


ОВОШТАРСТВО

Физибилити студија за јаболко

35.000 евра од производство на чипс од јаболко Ј

аболковиот чипс се произведува преку едноставни процеси на сечкање и сушење на јаболката и најчесто без додатоци и конзерванси, освен зачини како цимет, ванила или сл. Како производ претставува концентрација на корисните и здрави материи од јаболкото во сушена верзија и во достапни помали пакувања (100 г.). Преку процесот на сушење (дехидрација) јаболкото ја губи само водата, но ги задржува сите останати хранливи материи како јаглехидратите, пектините, целулозните влакна, калиумот, витамините (А, Б и Ц), како и органските киселени (јаболкова, лимонска, мравја и карбонска). Јаболковиот чипс претставува конзервација на јаболкото по природен пат, во процес кој не ги намалува хранливите вредности. Со оглед на неговата хранлива вредност, наменет е за сите возрасти. На домашниот пазар засега е познат само еден производител, Нутригруп со брендот Примо, додека присутни се и други странски производители, најчесто од соседните земји.

Јаболков чипс – производствен процес и инвестиција Капиталната инвестиција за производство на јаболков чипс изнесува околу 15.000 евра при што најголемата инвестиција, речиси 75% е за сушарата (200 кг/ полнење) која има вредност од 10.000 евра заедно со топловоден котел на дрва/пелети и придружна опрема. l Капацитетот

на погонот за производство на јаболков чипс е димензиониран на 5 килограми готов производ на час, односно 40 кг готов производ на ден, за работно време од 8 часа, или една смена. Имено, капацитетот на сушарата го определува и капацитетот на погонот.

l Производствениот

процес е едноставен и опфаќа: селекција на јаболката за чипс, кои треба да бидат со подобар квалитет, со убава арома и вкус, здрави и неоштетени, независно од големината, подготовка на јаболката, миење и сечкање, кое може да биде во најразлични форми; зачинување, ванила, цимет или некој друг вкус, доколку е потребно; сушење, две полнења во смена од 8 часа од по 200 килограми јаболка, односно 40 килограми готов производ по смена, или 80 килограми за две смени. Пакување во различни количества во зависност од целната група консументи.

16 | МОЈА ЗЕМЈА


Производство, цени и приходи Прагот на рентабилност е околу 4.000 килограми чипс годишно и се очекува да биде достигнат во втората и надминат во третата година. l Планираното производство во третата година е предвидено на околу 5 тона чипс, или околу 20% од потенцијалниот предвиден пазар. l Важно е да се потенцира дека пазарот и продажбата може да бидат и поголеми, доколку се најде начин да се искомуницира вредноста на производот со јавноста и доколку се инвестира во едукација на потрошувачите. l Големопродажната цена е проектирана на 45 денари за 100 г пакување, додека малопродажната се очекува да достигне околу 50-55 денари, со 5% ДДВ и околу 10% трговска маргина. l Големопродажната цена на големите пакувања од 1 килограм е проектирана на 250 денари, додека малопродажната достигнува скоро 290 денари. l Приходите се очекува да достигнат ниво од околу 2,2 милиони денари во третата година или околу 35.000 евра.

Потенцијал за профит Втората година, кога и се постигнува прагот на рентабилност, фиксните трошоци имаат 60% удел во вкупните директни производствени трошоци, кои со економијата на обем се намалуваат на 56% во третата година. Трошоците на продажба и менаџмент, кои се релативно фиксни и изнесуваат околу 8.000 евра годишно, се намалуваат како процент од приходите од 40% во првата година, до 35% во втората и 26% во третата година. Профитабилнста на бруто ниво се зголемува од 42% на 50% од втората во третата година, додека на оперативно ниво се подобрува од 11% на 24%, соодветно. Во апсолутен износ, оперативната добивка во третата година достигнува преку половина милион денари или околу 8.500 евра. Нето-добивката во третата година, по исплатата на каматите, депрецијацијата и даноците изнесува околу 6.000 евра. Ова зборува за импресивен потенцијал на чипсот од сушените јаболка.

Текстот е дел од Физибилити студија за јаболко иницирана oд страна на Центарoт за развoј на Пелагoнискиoт плански региoн, сo пoддршка на Прoектoт за пoддршка на мали бизниси, финансиран oд страна на Американската агенција за меѓунарoден развoј (УСАИД). Оваа активнoст е дел oд рамката на Прoектoт за вoведување и имплементација на пристапот ЕУ ЛИДЕР ЛАГ. октомври 2014 | 17


ОВОШТАРСТВО

Алтернативни култури

Африканска бодликава к

„Приказната за киваното почна случајно, со пријателството со Иван Шулог, кој е најголемиот производител на егзотичен зеленчук и овошје на Балканот. Кога се одлучивме за садење на егзотични растенија, првичната идеја ни беше да садиме Гоџи Бери, но сепак се одлучивме да одгледуваме kивано. Брат ми донесе плодови од кивано од Рамстор кои имаа добра цена“, велат Владо Милановиќ и неговата сестра Даринка кои се пионери во одгледување на кивано во Македонија 18 | МОЈА ЗЕМЈА

О

ва е за нас сон преточен во реалност. Со овие зборови екипата на „Моја земја“ беше пречекана од Владо Милановиќ, кој со својата се­ стра Даринка во Карбинци, во непосредна близина на Штип, започ­ нале со одгледување на егзотично овошје кивано, кое за прв пат се произведува во Македонија. „Приказната за киваното почна случајно, со пријателството со Иван Шулог, кој е најголемиот производител на егзотичен зеленчук и овошје на Балка­ нот. Кога се одлучивме за садење на егзотични растенија, првичната идеја ни беше да садиме гоџи бери, но сепак се одлучивме да одгледуваме кивано. Брат ми донесе плодови од кивано од Рамстор кои имаа добра цена. Најпрво вработивме агроном во новорегистрираната фирма која е застапник на фир­ мата „Егзотик Кинг“ од Хрватска. Започнавме многу оптимистички на повр­ шина од половина хектар, но испадна онаа народната: есапот дома и на пазар не е ист. Годината беше многу неповолна, влажна и врнежлива, па така кога правевме расад во малите саксии на 15 април врнеше снег, а температурите паѓаа на 2 степени, а растенијата се осетливи на ниски температури и беше ризично“, вели Даринка. Тие вложиле многу пари и инвестирале во бунар и систем капка по капка за наводнување, но ако човек е упорен, верува во својата цел и работи, спо­ ред Даринка, резултатите доаѓаат сами по себе. Технологијата на производство на кивано е специфична. По расадувањето во саксии, треба да се направат гредички, на кои се инсталира систем капка по капка и најлон и потоа на нив се расадуваат готовите садници. „Доста внимававме на расадот, а за беља, времето и понатаму ни беше непријател. Обилните дождови направија поволни услови за појава на пла­ меница, а ние немавме никакво искуство. За среќа, имавме постојана под­ дршка од нашиот партнер од Хрватска и насадот го третиравме со оние хе­ миски препарати кои беа достапни на македонскиот пазар, така што успеавме да го сочуваме насадот од пламеница. Прихраната ја правиме со користење кристални и течни ѓубрива кои ги аплициравме во системот капка по капка,


краставица во Карбинци Карактеристики Киваното е познато и под многу други имиња како што се: диња со боцки, африканска бодликава краставица, желе диња. Овие овални плодови имаат боцки на својата површина која е жолтопортокалова боја кога плодот е зрел и зеленкасто месо како желе. Киваното потекнува од Африка, но во денешно време се одгледува и пошироко, во земји како Чиле, Нов Зеланд, Австралија и некои делови на САД. Ова овошје било и продолжува да биде многу важен дел од африканската кујна и култура од старите времиња.

Хранлива вредност на киваното Kиваното е богато со витамин Ц и минерали како калиум и железо. Има умерени количества од други минерали како калциум, бакар, магнезиум, фосфор, натриум и цинк. Пулпата од ова овошје содржи витамин А и бета-каротен, кој се трансформира во витамин А во внатрешноста на телото. Семките на киваното содржат линолинска киселина, која е една од незаситените омега-6 масни киселини и олеинска киселина, која е мононезаситена масна киселина. И двете се од суштинско значење за одржување на здравјето на човечкото тело. Во киваното се наоѓаат и два типа антиоксиданси, у-токоферол и и-токоферол, кои нудат големи здравствени придобивки.

Карела

Карела Чили пиперчиња

а целиот производствен процес го фотогра­ фиравме и го проследувавме во Хрватска за следење на процесот на вегетација на ки­ ваното“, раскажува Даринка. По 45 дена од расадувањето процвета насадот и се појавија првите плодови, така што бербата ја започнале во почетокот на септември и таа се одвива секојдневно. Приносот е одличен и нивната претпостав­ ка е дека ќе добиваат по 10 плода од рас­ тение. Цената на киваното, како што вели Даринка, е добра и во продажба се движи над 100 денари за парче. Киваното е плод кој, доколку се чува на собна температура, има рок на траење од неколку месеци, што ни ја олеснува про­ дажбата. „Плановите за во идната година се да се посветиме за карелата која е лековито растение и луѓето ја користат за повеќе за­ болувања. Моментално сме во фаза на по­ дигање на нов овошен насад со индијанска банана, мини киви и со сибирска боровин­ ка, кои веќе во ноември оваа година ќе ги насадиме за што инвестиравме повеќе де­ сетици илјади евра. Следната година ќе насадиме и други егзотични растенија како карела, батер тик­ ва, чили пиперчиња, виолетов морков, га­ лапагоски домати, германски тиквички гу­ авата кои оваа година ги имавме засадено експериментално и се покажа дека штип­ ското поднебје е одлично за нив“, истакну­ ваат Даринка и Владо. l октомври 2014 | 19


ПОЛЕДЕЛСТВО

Одгледување на грав во Грција

Сорти на грав

Пишуваат: доц. д-р Звезда Богевска и доц. д-р Маргарита Давитковска

со висок принос и квалитет

П

роизводството се одвива на отворено со потпорни столбови бидејќи се работи за сорти грав кои се виткачи и бараат потпора. Обработливите површини во Лефконас, Преспанско, не се обработуваат интензивно и често се оставаат под угар. Во октомври, по жетвата, почвата се ора и најчесто се сее со мешавина од пченица, јачмен и ‘рж со цел да се збогати со минерални материи за потребите на главната култура – гравот. На крајот од март повторно се ора почвата со житарките кои веќе се имаат доволно развиено, а служат како еколошки ѓубрива за здравиот развој на младите растенија. Овој процес ги зголемува трошоците на производство, но е услов за доброто на производите и за нивниот квалитет. Токму тоа е тајната на успехот на фармата „Преспес“ од областа Лефконас во Грција која се занимава со производство на неколку сорти грав и тоа: мазен „мегалосперма“ грав, гигантски грав, елефант грав, обоен елефант грав, бабона грав и барбунија грав.

20 | МОЈА ЗЕМЈА

Фармата „Преспес“ од областа Лефконас во Грција се занимава со производство на неколку сорти на грав кои даваат добар принос. Тоа се сортите: мазен „мегалосперма“ грав, гигантски грав, елефант грав, обоен елефант грав, бабона грав и барбунија грав Гравот „мегалосперма“ е бел и се издвојува од гравот од другите земји и региони со формата, големината, сјајот и, секако, со квалитетот. Зрната имаат тенка семена обвивка и затоа лесно се готват (50 минути вриење и 60 минути на пониска температура). Се карактеризира со посебен вкус кој се должи на микроклимата и почвата во Преспа. Од 1994-2009 овој грав е сертифициран PDO (Protected Designation of Origin) производ и од 28 мај 2009 година се води како PGI (Protected Geographical Indication) производ. Зрната се со локално потекло, а за одгледувањето се следат традиционалните методи. Овој грав има висока хранлива вредност и е во апсолутна хармонија со филозофијата на здрава медитеранска исхрана. Богат е со хранливи елементи и му нуди на човечкиот организам доволно протеини со добра биолошка вредност, без присуство на заситени масти. Зрната имаат скроб, Б-витамини, магнезиум, калиум и други минерали.


Наднаслов

РУБРИКА

Бамбусови стапови како потпори за механизирано одгледување на грав Вадење на стаповите и подготовка за жнеење со комбајн

Жнеење на гравот со комбајн

Содржина на влакна помага да се подобри работата на цревата и помага во намалување на холестеролот. Овој грав е совршена замена за црвеното месо. Препознатлив е гигантскиот грав кој се разликува од „мегалосперма“ по големината. Гигантскиот грав е бел и има округло-бубреговидна форма. Исклучителниот квалитет, посебниот вкус, неговата соодветност за готвење и многу добриот изглед се должат на составот на почвата и на микроклимата. Семето е со локално потекло, а одгледувањето е според строги традиционални методи. Од 1994-2009 овој грав е сертифициран PDO (Protected Designation of Origin) производ и од 28 мај 2009 година се води како PGI (Protected Geographical Indication) производ. Гигантскиот грав има висока хранлива вредност, голема енергетска вредност и малку холестерол

и масти. Поточно, содржи: енергија 356 kcal / 100g; јаглехидрати 59,52g; растителни влакна 11%; протеини 23,8g; вкупни масти 2,60g; богат е со минерали и микроелементи во траги; има ниска калориска вредност 80-100 и е одличен извор на железо 4 mlg/100g. Конечно, содржи фолна киселина, супстанција со антиканцерогени дејства. Гравот елефант од Преспа можете да го препознаете по исклучителниот вкус, по неговите големи димензии, белата боја, бубреговидната форма и, пред сè, по одличниот квалитет. Погодноста за готвење и одличниот изглед се должат на составот на почвата и на микроклимата на Преспа. Од 1994-2009 овој грав е сертифициран PDO (Protected Designation of Origin) производ и од 28 мај 2009 година се води како PGI (Protected Geographical Indication) производ.

Изобилува со хранливи материи, голема енергетска вредност и ниско ниво на холестерол и масти. Грчките потрошувачи го преферираат овој грав бидејќи се вари брзо и има ниска содржина на феноли кои го даваат посебниот вкус на храната. Секое пакување има обележано датум на производство и траење, како и код на фармата. На овој начин потрошувачот е 100% сигурен за потеклото на производот. Обоениот елефант грав се разликува од неговите сродници по бојата и вкусот. Има вкус кој наликува на костен. Ги поседува истите карактеристики како белиот елефант грав. Ова е многу посебна сорта која нуди уникатни гастрономски задоволства. Може да се готви на различни методи (салата од грав, грав како гарнир, варен грав - чорба, печен грав – тавче).l октоМВРИ 2014 | 21




Поле на Горан Павловски од село Карамани наводнувано со капка по капка (септември 2014)

Пишува: Иван Мицковски

П

росечните обработливи површини насадени со пченка во Република Македонија во последните пет години (2008 - 2012 година) изнесуваат околу 30.000 хектари, од кои на само 70% се произведува пченка за потребите на земјата, додека останатите 62.000 тони се увезуваат. Значителниот дел кој го зазема увозот во задоволување на годишната потрошувачка на пченка во Македонија го покажува потенцијалниот економски ефект што може да го има значителното зголемување на приносот на домашниот пазар на пченка, односно, замена на увозот. Покрај тоа, ниските просечни приноси од 4,3 тони/хектар ја позиционираат Македонија на дното на продуктивноста и во Европски и во регионален контекст. Добрата вест е дека увозот на пченка може да се замени со домашно производство во

Македонија може да пченка со домашно следните 10 години доколку производителите на пченка инвестираат во современа технологија за наводнување, како системите капка по капка. За да ја демонстрира ефективноста на системот капка по капка во зголемување на продуктивноста, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси започна со имплементација на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Земјоделците кои за прв пат наводнуваа пченка со систем капка по капка во 2013 година имаа навистина

импресивни резултати. Просечните приноси изнесуваат значителни 11,4 тони/хектар. Во споредба со просечниот принос на пченка во Република Македонија од 4,3 тони/хектар, приносот по наводнувањето со примена на системот капка по капка е зголемен за 2,6 пати. Ова е досега невиден резултат во производството на пченка во Македонија. Проектот за експанзија на мали бизниси се надоврза на овие искуства и досега постави 120 системи за наводнување капка по капка кои покри-

ваат 120 хектари насадени со пченка, а земјоделците дополнително поставија опрема на уште 80 хектари, достигнувајќи го бројот од 200 хектари. Ваквите резултати укажуваат дека зголемувањето на употребата на системот капка по капка ќе донесе големи придобивки за производителите на пченка, но и за општата економска состојба во Македонија. Поконкретно, со зголемувањето на приносите на пченка директно ќе се придонесе за замена на увозот на пченка и кондензирано

#

9

6-10 ГРЛА 17

Просечен принос по крава

л/грло

4.825

4.825

4.825

4.825

4.825

Нето зголемување во литри млеко (# крави)*(л/грло)

Литри

43.422

82.020

149.566

246.059

390.800

Нето приходи по крава–РМСтат

евра/грло

17

21

25

29

38

Нето приходи по крава–со капка

евра/грло

490

495

505

523

557

Просечна растечка нето сегашна вредност по хектар

евра/ха

585

819

1.168

1.783

3.378

НЕТО-ЕФЕКТИ ПО ФАРМА / ГОЛЕМИНА НА ФАРМА Нето зголемување во бр. на крави

24 | МОЈА ЗЕМЈА

ЕДИНИЦА

3-5 ГРЛА

11-20 ГРЛА 31

21-30 ГРЛА 51

31-50 ГРЛА 81


го замени увозот на

производство до 2021 млеко, а истовремено ќе се подобри синџирот на набавка на млеко и млечни производи во Македонија. Доколку површината со пченка која се наводнува со систем капка по капка се зголеми на 7.000 хектари, може да се заменат дури 97% од вкупната пченка што во моментов се увезува. Министерството за земјоделство, во соработка со Проектот за експанзија на мали бизниси, во следните седум години ќе воведе мерки за поддршка на производителите на пченка кои сакаат да инвестираат во современа технологија за наводнување. Со помош на овие мерки, Македонија може сосема да го замени увозот на пченка со домашно производство до 2021 година. Ослободување од потребата за увоз на пченка на Македонија ќе и заштеди 11,3 милиони евра годишно и ќе создаде 2.800 нови работни места низ целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи, додека намалената потрошувачка на вода ќе заштеди 8,4 милиони евра на капитални трошоци. Според овие проценки, за секое 1

евро инвестирано во системи за наводнување капка по капка се остварува економски поврат од 7,3 евра. Ова е импресивен економски поврат и покажува исклучително искористување на националните економски ресурси. На микро ниво, производителите на пченка ќе забележат пад на трошоците за производство од 12,9 до 4,2 МКД/кг за зрно и од 2,7 до 0,8 МКД/кг за силажа, како резултат на зголемените приноси и сопствени произведени количества, како и непроменетата потрошувачка по грло добиток. Дополнително, заштедата во производството и поголемите произведени количества ќе им овозможат на сточарите кои произведуваат пченка за сточна храна да инвестираат во зголемувањето на нивните стада, а со тоа и количествата произведено млеко. Табелата на претходната страна содржи проценки на потенцијалот за зголемување на производството на млеко, поттикнат од придобивките на произведување сточна храна со системот капка по капка. l октоМВРИ 2014 | 25


НОВИТЕТ

Производство на пасифлора

Господова круна

за здравје

Пишува: Лазо Папучковски

П

асифлората, уште кога ја откриле мисионерите во тропската Јужна Америка, сметале дека го симболизира распетието. Има повеќе видови, а за одгледување во домот одговара само Pasiflora caeruela. Останатите се одгледуваат надвор, а во краишта со поблага клима презимуваат и на отворено бидејќи се многу издржливи и долготрајни растенија. Пасифлората е ползавец кој развива стебла долги од 5 до 10 метри кои

брзо растат. По стеблото се развиваат листови кои се длабоко нарежани и можат да образуваат лист со три до пет крака сличен на листот на канадскиот јавор. Таа е украсно растение кое лази покрај огради и стари дрва за декорација. Поради цветовите кои изгледаат како пластифицирани се вбројува во украсни растенија. Ова растение-ползавец цвета во текот на летото и има многу интересни цветови кои имаат повеќе бои: сини, бели, виолетови. Цветот трае еден ден, но има голем цветен потенцијал. Цветот излегува од пазувите на листот со дршка долга 3 до 5 сантиметри, формира плодови кои кога ќе узреат можат да бидат со големина на средно јаболко со различни бои, жолти и виолетови. Плодовите се користат за исхрана и зачини. Виолетовите плодови сакаат повисока температура, додека жолтите плодови можат да поднесат и пониска температура. Пасифлората бара сончева јужна експозиција на теренот и не сака ветрови

26 | МОЈА ЗЕМЈА

или провев оти е осетлива на мрзнење. Во Македонија ја има во потоплите региони по течението на реката Вардар како култивирано растение за декорација, а помалку за плодовите за консумација. Може да се сретне и во околината на Охрид. Бара пропустливи почви со pH вредност околу 6. Се опрашува со инсекти. Ако времето е врнежливо, треба да се опрашува механички со оглед на тоа дека цветот трае само еден ден што е специфика на ова растение. Треба да се смести на место со доволно сонце, а најдобро е некаде каде што нема провев. Цвета во текот на целото лето, но ако летото е врнежливо или со малку сонце, може и воопшто да не процвета таа година. Се сади на добро наѓубрени почви на растојание на 3 до 5 метри и потоа пасифлората многу брзо разгранува. Може да се одгледува во поголеми саксии кои во зимниот период се тргаат во заштитен простор. На плодовите им се потребни 10 недели да дојдат до консумна големина што во наши услови е во рана есен.


Наједноставно се размножува со одделување на млади изданоци кои веќе имаат свој корен, и тоа во текот на мај или јуни. Ново растение може лесно да се добие и од резница од млад изданок од околу 15 см. Се забодува во мешавина од компост и песок, се става на топло место кое е под сенка. Вегетативното размножување се прави на зрели ластари кои се сечат на две до три лози, се сече 1 сантиметар под лисната папка и се третира со фитохормон во доза од 1000 ppm, се реди во саксии или гајби со песок или перлит и напролет во стакленици. Не е препорачливо да се пресадува често бидејќи повеќе цвета ако е коренот ограничен. Во почетокот на пролетта потребно е да ги скастрат старите изданоци. Се оставаат само 7-8 окца и така подобро ќе расте, ќе се разгранува и цвета. Во периодот додека расте, се налева секојдневно, а во зимата мирува и доволно е само еднаш седмично. Додека интензивно расте, се прихранува на секои две седмици. l

Претплата на „Моја земја”

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.

Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари октоМВРИ 2014 | 27


ЃУБРЕЊЕ

Пепелтадрагоцено минерално ѓубриво Писува: дипл. агр. Ванчо Захариев

Н

а одгледувачите на културни растенија од многу одамна им е познато дека интензивното одгледување на кое било културно растение е невозможно без примена на ѓубре од животинско потекло (шталско), вештачки минерални ѓубриња, ѓубриња од растително потекло - компост, зелено ѓубрење и растителни остатоци, слама и др. На сите одгледувачи на културни растенија не им е познато дека пепелта добиена од согорувањето на огревни дрва или од растителни остатоци (слама, стебла од пченка, сончоглед, гранки од овошки, ластари и др.) е драгоцено минерално ѓубриво. Таа, пред сè, е калиумово, калциумово и фосфорно ѓубре и во неа калиумот се наоѓа во вид на калиумов карбонат и фосфати. Во зависност од што потекнува, пепелта ги содржи следниве количества на дел од следниве макроелементи:

Потекло на пепелта Пепел од огревни дрва Пепел од пченична слама Пепел од тутунови стебла Пепел од сончогледово стебло Пепел од цигара Од табелава се гледа дека содржините на калиум, калциум, па и на фосфор во пепелта се значајни, но таа содржи и други макро и микроелементи, вкупно околу 13, и тоа во многу подостапна форма за растенијата. За разлика од вештачките ѓубрива во кои повеќе од половината е некорисен дел, пепелта целосно се искористува од растенијата, посебно ако е од исто растение и е поблагопријатна за почвата и за животот во неа (ја намалува киселоста, придонесува за зголемување на бројот на микроорганизми и др.).

Примена

Примената кај поледелските и градинарските култури е со расфрлање пред самото орање при што пред употребата е добро да се наводни до степен да биде сурова за да не се распрашува при расфрлањето и да помине еден месец пред сеидба или расадувањето. Кај овошките примената се состои во рамномерно расфрлање во просторот околу 28 | МОЈА ЗЕМЈА

Содржина на К2О (калиум) 10% 14% 23% 36% 17%

Содржина на Р2О5 (фосфор) 2% 6,6% 2,5% 2,5% 2,6

Содржина на СаО (вар) 30% 6% 22% 18,5% -

Пепелта може да се употребува како минерално ѓубриво скоро кај сите култури на почви со кисела до неутрална реакција и почви на кои се одвива интензивно градинарско, полјоделско и лозароовоштарско производство. Употребливоста и квалитетот на пепелта како ѓубриво е потврдена со многубројните извршени опити на коишто таа дала скоро исти или и подобри резултати од вештачките ѓубрива кај култури кои имаат поголеми потреби од калиум и калциум и на кисели почви (оризни, некои планински и др.).

Количествата пепел што може да се употребат за ѓубрење се движат од 70100 кг/декар за полјоделските и градинарските култури, додека за овошните видови изнесува од 1 кг по растение, додека за помладите до 10 кг и за старите добро развиени овошки со примена во фаза кога овошките се во мирување и тоа на потешки почви (поголема содржина на глина) од почеток на мирување, и на полесни почви (помало или незначително количество глина) при крајот на мирување на вегетацијата. l

овошките и вмешување со површинскиот слој на почвата. Од гореизнесеното веќе се знае дека изгорената пепел од огревното дрво од кои било растенија и од јагленот не треба да ја третирате како отпад или да останува на местото на изгорување, туку истата треба да се распореди по површините на кои се одгледуваат полјоделски, градинарски, овошни и лозови култури. Треба да се знае дека не

треба да се користи пепел добиена со согорување на картони, некои видови хартија, комунален отпад и др. Пепелта од огревни дрва треба да се собира и да се чува на суво или да се меша со арското ѓубре. Суровините за производство на вештачки ѓубрива на светско ниво забрзано се намалуваат, па оттаму и високите цени на вештачките ѓубрива.



ПЧЕЛАРСТВО

Оксална киселина против вароата

Оксална киселина против вароата

Пишува: Раде Каранфиловски, „Апицентар“ - Битола

30 | МОЈА ЗЕМЈА

Л

етово во Пелагонија има неверојатна наезда од глувци, а тие со првите мразеви (сланата) ќе успеат да влезат во доста кошници со пчели. Како што се наближува зимата, тие напуштаат дел од рамничарскиот предел и одат и во планинскиот дел. Први ќе бидат изложени кошниците што имаат отвор на летото повисок од 7 мм, кошници со гнила подница и гнило плодиште. Овие работи треба да се отстранат, а на летиштата да се постават чешли кои овозможуваат пчелите да поминуваат, а да не ги собира глувците да влезат во кошницата. Второ што треба да се направи е да се стави средство со отров во самите глувчи дупки, но тоа да е поставено доста длабоко за да не можат да дојдат до него глувците. Најдобро е тоа да се направи во попладневните часови и да се дежура додека се стемни (да се приберат птиците), а во текот на ноќта отровот ќе биде изеден од глувците. Добро е, по можност, и утрото рано да се провери да не има растурено од затруената храна. Дупката на глушецот лесно ќе ја најдете бидејќи и претходи добро

означена патека. Уште подобро е да се стави отровот во дупката (живеалиштето), а потоа да се покрие со земја, да нема пристап однадвор. Оваа година ќе сретнеме и друштва со недоволно храна за зимување. Немојте да се обидувате да ги надоместите резервите со прихрана оти е веќе доцна за тоа. Најдобро е да се земе некоја рамка со мед од друго друштво и да му се додаде на тоа што нема. Минималното


количество храна за презимување на едно добро затоплено друштво е 6-7 килограми до март, а потоа може и да се прихрани. Најдобро е при бонирање на друштвата, тоа што не собрало многу мед за себе да го припоиме кон некое друго – тоа што не собрало за себе, не очекувајте дека некогаш ќе собере и за вас. Оксалната киселина спаѓа во средствата за сузбивање на вароата и како зимски третман е доста ефикасна. Со неа се сузбива вароата која останала жива по претходните третирања, а токму таа ќе биде најголемата штета за наредната година. Оваа киселина не дејствува во леглото, па затоа најдобро е да се третира кон крајот на октомври и почетокот на ноември, односно три недели по првите мразеви (сланата). Оксалната киселина ја има и во медот и тоа 10-100 мг/кг мед, а во некои медови и повеќе. Оваа супстанција ја има и во доста растенија: спанаќ, зелка, домати, грозје, незрели јаболка, јагоди, чоколадо и друго.

Ова кажува дека оксалната киселина не е средство кое остава резидуи во медот. Оваа киселина дејствува на системот за варење на вароата, ја кочи да се храни, и таа брзо изумира. Ја препорачуваат врвни светски стручњаци за пчеларство. Нејзината ефикасност на уништување на вароата е 97-99% при температура повисока од 12оС. Ова го наведувам затоа што смртноста на вароата е многу поголема кога е потопло времето. При апликација за накапување се накапува по 5 мл со шприц на секоја улица полна со пчели, а на крајните улици по 2-3 мл од подготвената течност. Оксалната киселина ја подготвувам на следниов начин: 37 грама оксална киселина ја растворам во 50-100 мл вода која е загреана на температура од 40оС. Претходно подготвувам сируп во однос 1:1, 1 литар и ја истурам растворената киселина во сирупот. Тоа го правам во шише кое собира повеќе од 1 литар течност. Еден литар сируп ќе добиете

ако растворите 600 грама шеќер (сахароза) и 600 мл вода. Заштитата ја изведувам со шприц кој е продолжен со тенко цревце да стигнува до дното на шишето. Ако не сакате вака, тогаш растворот треба да го ставите во тегла или во некој поширок сад за полесно да го полните шприцот. Добро е мешавината да е загреана на температура не повисока од 40оС пред самата апликација. Кога се работи со кошници, со повеќе наставци, секој наставок се третира одделно, а самото третирање се изведува директно од пчелите по улиците помеѓу двата сатоноси. Улиците кои немаат пчели, не се третираат. При работа со оваа киселина потребно е да се носи заштитна опрема. По третманот во доцна есен концентрацијата на оксалната киселина во медот кој ќе се цеди во наредната година не е зголемена. „Поради ова, апликацијата со оксална киселина во доцна есен може да се препорача без ризик од што било со медот“. l октоМВРИ 2014 | 31



AГРОЕКОНОМИЈА

Како да го зголемам капиталот на мојата фарма? - Донесување на инвестициски одлуки

Г

лавната цел на земјоделско­ то стопанство е да обезбеди долгорочно зголемување на капиталот (количина на пари, градежни објекти, опрема и залихи во определен момент), коешто треба да придонесе до континуирано зго­ лемување на профитот. Тоа може да се овозможи преку инвестициските активности во согласност со потре­ бите на пазарот. Но, донесувањето на инвести­ циска одлука не е едноставно. Про­ цесот на одлучување се одвива во неколку фази, и тоа: 1. Добивање идеја за одредена ин­ вестиција; 2. Препознавање на можните и при­ фатливите услови за спроведу­ вање на инвестирањето; 3. Проценка на добивката и трошо­ ците од инвестирањето; 4. Утврдување на изворите за фи­ нансирање; 5. Дефинирање на критериумите за оцена на инвестицијата; 6. Донесување на инвестициска од­ лука. Пред да се донесе инвестициската одлука, земјоделскиот производител треба да го има предвид следново: 1. Самата инвестиција врзува пого­ леми парични износи, а ефектите од инвестирањето се одразуваат подоцна, односно вложените па­ рични средства нема да се вратат за краток рок, додека дел од вло­ жените средства воопшто нема да се вратат во пари, туку ќе настане зголемување на капиталот во гра­ дежни објекти, опрема и залихи; 2. Земјоделското производство мно­ гу е зависно од временските фак­ тори и од природниот потенцијал на растенијата и животните, од­ носно од животната средина; 3. Земјоделското производство е потполно зависно од глобалниот извоз; 4. Земјоделското производство е релативно мал бизнис со висок процент на капитални средства (земјиште, згради и опрема) со коишто не може понатаму да се тргува, па поради тоа и почетната инвестиција е повисока од остана­ тите бизниси во економијата, доде­ ка остварената добивка е помала; 5. Пред да се инвестира треба да се разгледаат сите можности и при­

Проф. д-р Драган Ѓошевски | Асс. м-р Ана Симоновска

добивки од планираната инвес­ тиција, како и да се земе предвид и државната политика во земјо­ делството (можностите за финан­ сиска поддршка, можностите од надворешно-трговската политика со земјоделски производи, ода­ ночувањето, квотите, државните резерви и сл.). Откако земјоделскиот производи­ тел ќе донесе одлука во што да ин­ вестира, треба да има предвид дека почетната инвестиција вклучува вкупен износ на влогот потребен за комплетно реализирање на инвести­ цијата. Така на пример, за изградба на штала за млечни крави и набавка на основно стадо, се вклучуваат сите инвестициски активности и трошоци од подигање на шталата, влез на до­ битокот, па сè до првата лактација на кравите, односно до добивање на пр­ виот производ - млекото. Понатаму, земјоделскиот производител треба да размислува и за периодот на екс­ плоатација на инвестицијата, којшто започнува по направената инвести­ ција, односно според примерот, од добивањето на првиот производ, па до замената со нови грла на млечни крави. По завршувањето на живот­ ниот век на инвестицијата (пери­ одот на инвестирање и периодот на експлоатација), таа сепак има своја вредност (корист). Така на пример, излачените грла млечни крави имаат своја вредност, бидејќи од нив може да се произведе месо.

При проценка на добивката и тро­ шоците од инвестирањето, треба да се има предвид дека амортизацијата на постојаните средства не претста­ вува трошок, туку прилив којшто останува за земјоделскиот произво­ дител. Исто така, каматата не се вк­ лучува како трошок, бидејќи треба да биде вкалкулирана претходно, при оцена на оправданоста на инвести­ цијата, односно со самиот избор на висината на дисконтната стапка. За да се изведе инвестициската активност потребно е да се овозмо­ жат средства за финансирање на ин­ вестицијата, коишто може да бидат од сопствени извори (задржаната заработка од тековното работење) и/ или од дополнителни извори (заеми­ те од банките и другите финансиски институции, како и од државните и локалните фондови за поддршка и развој). Доколку земјоделскиот про­ изводител одлучи да користи на­ дворешни извори на финансирање, треба да обрне посебно внимание на достапноста на финансиските средства за реализирање на почет­ ната инвестиција и за нормалното функционирање (експлоатацијата) на инвестицијата. Тука спаѓа достап­ носта на информација за висината на каматата, односно цената на вложе­ ните пари, како и на временскиот ин­ тервал на достасување на каматата. Повеќе во „Прирачник за млади фармери: Започнување на бизнис во земјоделството“, од ЗАЕМ, 2014 година. октомври 2014 | 33


34 | МОЈА ЗЕМЈА


Vision of the futurе

Механизација

Моќни и иновативни

земјоделски машини

В

о Буве во Франција се произведени 870 000 трактори, кои се продадени во 140 држави од светот. Токму ова е успехот на светската компанија MASSEY FERGUSON кои во месец август организираа настан „Vision of the future“, каде што над 5000 посетители од 35 држави учествуваа на самата манифестација , која беше поделена во два дела, односно теорија и практика. Беа реализирани стручни предавања за земјоделската механизација и теренска презентација на над 200 машини и приклучна механизација на површина од 35 хектари. Екипата на „Моја земја“ со поддршка на Глобал Моторс Дооел, Скопје – овластен застапник на MASSEY FERGUSON во Македонија и AUSTRO DIESEL GmbH, Австрија застапник за MASSEY FERGUSON за Централна и Источна Европа присуствуваа на настанот.

Самиот настан овозможи презентација на земјоделската механизација, која е неопходна и важна за развојот на светското земјоделство во насока на квалитетни и добри приноси. Имено, MASSEY FERGUSON е една од четирите најголеми глобални играчи во производство на земјоделска механизација. Нејзиниот пионерскиот дух од пред еден и половина век со постојани новитети и вложување во иднината ја прави водечка компанија на глобално ниво со комплетна палета на трактори до 400 коњски сили, комбајни, телескопски натоварувачи, сеалки и друга механизација. На манифестцијата фармерите имаа можност на инженерите да ги дадат своите препораки и очекување, кои ги проектираат машините, со цел да се дизјнираат производи согласно потребите на земјоделците, кои секојдневно ги користат овие машини. l

Сателитски систем за контрола На настанот „Vision of the future“ беше презентиран и новиот сателитски систем за контрола на следење на трагите на тракторот по нивата, со компјутерски систем за меморирање на местата каде што тракторот поминал и софтверска препорака за минимално газење на обработливата површина како и избегнувањето на минувањето на тракторот на иста трага со посебна технолошка напредна сателитска навигација и прецизност од 2 сантиметри. октоМВРИ 2014 | 35


МЕХАНИЗАЦИЈА

НОВИОТ Hattat трактор

Моќен и економичен Пишува: Здравко Стошиќ

Т

ракторот Hattat Orchard, со своите погодни димензии и перформанси, е вашиот нов асистент во лозарството и овоштарството. Неговата ергономска структура овозможува удобно возење, а супериорното управување креира едноставно и лесно вртење на самиот трактор. Hattat тракторот нуди идеални работни услови при обработка на овоштарските и градинарските култури. Моделите Orchard се истакнуваат со висока моќ на кревање на хидрауликата, со што ги зголемуваат вашите опции при изборот на соодветна механизација. Со постигнување на посакуваната брзина при транспорт или во работни услови, со своите мотори Perkins, дизајнирани според најсовремените технологии, ќе ја намалите потрошувачката на гориво.

Perkins мотор – Силен и економичен Perkins Hattat Tractor, заедно со своите фармери, успеа да го направи Perkins еден од најголемите производители на мотори во светот. Perkins моторот создава голема моќност и вртежен момент, надминувајќи ги сите ваши очекувања. Минималната потрошувачка на гориво и максималните перформанси се споени во Perkins 3-цилиндричен мотор. Турбоинтеркулер & Еуро 3 Турбо Интеркулер системот овозможува поефикасно согорување на горивото и помала потрошувачка. Еколошките мотори кои поседуваат Еуро 3 вложуваат во вашата иднина со намалување на штетните гасови во текот на работењето и намалена потрошувачка на гориво.

Модел Бренд и модел

A55B ORCHARD 4WD Perkins 1103D-33

Ниво на емисија Макс. снага на моторот kw/hp/rpm (ISO 14396) Макс. вртежен момент nm/rpm Број на цилиндри / волумен (cm3)

Синхроничен менувач Синхроничниот менувач овозможува тивко и лесно работење на трансмисијата. Шатл-менувачот со 12 брзини напред и 12 назад, пак, овозможува менување на правецот на тракторот со една рака. Практичен за транспорт, за товарање и при работа. Комфор и контрола Седиштето е комплетно автоматски прилагодливо на тежината на возачот. Со него се овозможува оптимално движење и притоа се обезбедува поголема ергономија и сигурност при работата. l

A65B ORCHARD 4WD Perkins 1103D-33TA

A80B POWER ORCHARD Perkins 1103D-33TA

Euro3

Euro3

Euro 3

37 / 50/2200

50 / 68 /2200

58 / 79 / 2200

196 / 1400

285/ 1400

310 / 1400

3 / 3300

3/ 3300

3 / 3300

Тип на воздушен филтер

Сув тип – индикатор за предупредување -

Turbocharger &Intercooler

Turbocharger & Intercooler

Механички Механички

Механички Механички

Електро-хидраулично Електро-хидраулично

Заклучување на диференцијалот и зацврстена предна оска

Заклучување на диференцијалот Работа на сите 4 тркала Димензии и тежини (на моделите со штитници и покрив) Тежина (без тегови) 2WD/4WD (kg.)

2150

2250 / 2520

2520/2532

Тежина на предни тегови (kg.)

6x35

6x35

6x35

Тежина на задни тегови (kg.)

2x30

4x30

6x30

Целосна должина – mm

3900

3900

3900

Меѓуоскино растојание 2WD/4WD (mm)

1985 / 2010

1985 / 2010

1985 / 2010

Ширина (mm)

1600 / 1700

1600 / 1700

1600 / 1700

Висина (mm)

2430

2430

2430

1360 / 1560

1360/ 1560

1360/ 1560

1350

1350

1350

400 / 452

400 / 452

452

Подесувања на предна оска (mm) Подесувања на задна оска (mm) Клиренс 36 | МОЈА ЗЕМЈА



ПРИХРАНА

Правилна нега на кромидот

Пишува: дипл. агр. Благој Шоповски

К

ромидот припаѓа на фамилија на луковичести култури (Alliaceae) со двегодишен развој. Има разгранет коренов систем со малку коренови влакненца, па затоа и моќта на усвојување на хранливите материи му е многу слаба. Луковиците се состојат од право стебло, надворешни суви лушпи, сочни меснати листови и од една до повеќе пупки. Листот се состои од асимилативен зелен дел (перца) и неасимилативен дел (листен ракавец). Перцата се шупливи, на врвот на конусниот дел се со восочна превлака, а може да бидат без неа. Цветното стебло се

38 | МОЈА ЗЕМЈА

формира во втората година. Цветот е топчест и е составен од 1.000 цветови. Кромидот е култура на долг ден и не поднесува засенчување. Нормата на исхрана се одредува врз основа на анализите на плодноста на почвата. Основното ѓубрење (пред засадување) може да се изврши со гранулирано комплексно NPK ѓубриво 1:0,3:1,5. До фазата на три прави листа кромидот внесува мало количество ѓубрива. Растението се храни од резервата на семе и развива секундарен коренов систем. На интензивниот пораст на надземната маса од првите три листа до почетокот на формирањето на главицата потребата од ѓубрива се зголемува. Посебно важно

е да се обезбедат азотни ѓубрива кои овозможуваат правилен раст и развој на лисната маса. За таа цел, може да се употреби AGROSAL NPK 31:0:0 или AGROSAL AMONIUM NITRAT 50% во пропишаните количества. Освен потребата од азот, културата во исхраната има потреба од фосфор и калиум и тоа од почетокот на интензивниот пораст, па сè до формирањето главици. Потребата од калиумот е неминовна, но освен калиумот, кромидот има потреба и од сулфур. За правилен раст и развој на кромидот, пожелно е заедно со макроелементите да се внесуваат и микроелементи, а тоа го има во ѓубривата како што се AGROSAL NPK 12:5:7 и AGROSAL MAGNEZIUM SULFAT. l




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.