Moja zemja noemvi 2014

Page 1

број 109 ноември 2014 50 ден www.ffrm.org.mk

Култивирани органски шипинки

Алтернативни производи од јаболко

Одгледување на корнишони

Производство на суво грозје

Аплицирајте за НајПРОактивни бизниси за 2014 г.

Нега на орхидеја



УРЕДНИЧКИ ЗБОР

Регионална соработка Расцепкано земјоделство, неусогласена законска легислатива, проблеми со пласманот, неконкурентност на светските пазари, мала инволвираност на младите во земјоделството, негативното влијание на климатските промени. Вака изгледа целосната слика на земјите во Југо-Источна Европа кога станува збор за земјоделството. Од друга страна исто така е проблем и предизвик што не постои поголема соработка помеѓу државите од регионот во насока на развој на регионалните пазари и заеднички настап на трети пазари. Е сега на сите овие проблеми и предизвици треба многу да се работи преку проекти, активности на сите инволвирани страни, а не само да се префрла кривицата од едни на други.

СОДРЖИНА ФФРМ: Одбележан ден на руралната жена

На ваков проект во изминатиот период ФФРМ работеше на проектот АГРО-СТАРТ со уште 11 организации од 7 држави во Регионот за промовирање и развивање на иновативниот пристап и поголемо обединување. За таа цел во ноември ФФРМ организира Конференција во рамките на овој проект во насока на развој на малите и средни земјоделски претпријатија преку иновативниот пристап во земјоделството.

12

Градинарство Одгледување на карфиол

Пред се посебно внимание треба да се посветат на нови технологии кои ги намалуваат трошоците, а приходите се поголеми. Организиран настап и поголема соработка со соседните држави.

Поледелство Капка по капка до 18 тони пченка од хектар

Сточарство Штета од мувли

Токму од некаде треба да се започне и не треба да се чека да добиваме постојани удари кои најмногу ги трпат фармерите. И редно е еднаш да создадеме ветрови кои ќе правата развој, а не да дозволуваме развој на ветрови кои ги нишаат само малите гранчињата.

4

24

28

Пчеларство Правилно зазимување на пчелните друштва

30

Со почит м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk Моја Земја, Ноември \2014 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Ул. Гиго Михаловски бр. 3, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 03.11.2014 Tираж 2500 примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com

Стручни соработници Проф. д-р Крум Бошков, Доц. д-р Звезда Богевска, Доц. д-р Маргарита Давитковска, ДВМ Соња Николова Савка Маркудова, Атанас Димитров, Сашо Николовски, Раде Каранфиловски, Стојан Глигоров, Благојче Димитриев, Благој Шоповски, Сашко Стошиќ Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Фото вест - насловна Благојч‌‌е Најдовски Лектор Верица Неделкоска

НОЕМВРИ 2014 | 3 Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌‌‌‌‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

ФФРМ дел од економски форум во Грузија Претставници на ФФРМ присуствуваа на Економски форум во Грузија, каде што се разговараше за економските проблеми и предизвици со кои се соочува оваа држава. Федерацијата на фармерите на РМ ги презентира искуствата што ги има ФФРМ со ИПАРД програмата, како и европските проекти кои се работени во невладиниот сектор во Македонија. Она што беше укажано е дека треба да се поедноставуваат процедурите за аплицирање за програмите за финансиска поддршка на ЕУ и да се работи на обединето настапување на државите во регионот за земјоделските производи да бидат конкурентни на другите пазари. Предизвик за сите земјоделци и држави е имплементацијата на мерките на ЕУ при одгледувањето, складирањето и чувањето на земјоделските производи. Во рамките на посетата, ФФРМ реализира и средба со Грузиската федерација на фармери, чиј претседател е Нино Замбакиџе, женафармер. Разговорот за соработка беше воден од страна на Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на жени-фармери во ФФРМ. l

Предизвиците на жената-претприемач во руралната средина Федерацијата на фармерите на РМ и Мрежата за рурален развој на РМ организираа Конференција „Предизвиците на жената-претприемач во руралната средина“. Целта на настанот е да се поттикне претприемништвото кај руралната жена и да се согледаат проблемите и предизвиците на овие маргинализирани групи што ги имаат во руралните средини во делот на претприемништвото. „Предизвиците се многу големи и жените се соочуваат со големи проблеми, пред сè поради нашите патријархални навики, така што мал број жени се сопственици на земјоделско земјиште“, вели Васка Мојсовска, една од успешните жени-фармери која со своето семејство преку земјоделски бизнис ја обезбедува својата егзистенција. Сличен пример е Весна Ретровска, која развива селски туризам во Лесново. Таа за гостите ги прави најубавите пити по старите рецепти на нашите баби. Тешко е, вели таа, но за среќа, во нејзиниот бизнис ја има поддршката на цело Лесново.

Малешевската жена го негува традиционалното плетиво и ткаење. Две раце од волната можат да исткаат сè. Така може да се прехрани и семејството, вели Ана Пачемска, член на Здружението на жени од Малешевијата. Според неа, жената, покрај одгледување на децата, има можност да придонесе и за подобрување на состојбата во семејството. На конференцијата присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои имаа презентација на ИПАРД програмата. l


Одбележан Меѓународниот ден на руралната жена

С

о песна, ора, традиционална храна, и оваа година, по седми пат, беше одбележан Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Федерацијата на фармерите на РМ и Мрежата за рурален развој. Оваа година настанот се одржа во кочанското село Мојанци и целосно беше подржан од локалната самоуправа на Кочани. На прославата во Мојанци присуствуваа жени-фармери од сите краишта на Македонија, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

- На оваа манифестација секогаш укажуваме на здружувањето на жените и на нивното инволвирање во Федерацијата на фармери и, исто така, инволвирање во женското претприемништво, што е многу важно за руралната економија. Освен тоа, многу е важно регионалното здружување. Неодамна се вративме од Грузија и таму имавме состанок со Грузиската федерација на фармери на којшто јасно и гласно беше укажано на потребата за регионално здружување за да можеме ние, жените, заеднички да дејствуваме и да ги одбраниме нашите интереси и права – рече Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на жени-фармери и член на УО во ФФРМ. - Откако знам за себе, се занимавам со земјоделство и тоа ни е основна егзистенцијална дејност на целото семејство, а улогата на жената-фармер во руралните средини е многу голема бидејќи таа е алката што го поврзува целото семејство и е столб на целото семејство. Жената-фармер треба да биде подготвена за секаква ситуација, за работа на поле, за работа во канцеларија, ако некоја се занимава со понапредно претприемништво во земјоделството, потоа за работа во куќата, за одржување на куќата, за семејството, за грижа за децата, за родителите и секогаш да биде стокмена за секоја прилика - рече Васка Мојсовска, жена-фармер од селоТимјаник, Неготинско. Жените-фармери кои живеат во рурални средини сметаат дека се подготвени да ги исполнат очекувањата што се однесуваат на нив како претприемачи. - Секако дека жената е подготвена да ги исполни и да ги искористи правата што ѝ се дадени со закон и со Уставот. Сега е 21. век и таа го може тоа и во секакви услови. Ова покажува дека иако

овој ден се слави 80 години во светот, а само 8 години во Македонија, тоа е само еден чекор плус кој покажува дека сме тргнале од една мртва точка и тоа значи дека има иднина – рече Гордана Митровска, основач на Мрежата за рурален развој. На манифестацијата со поздравни говори се обратија и Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани, Никола Стаменов, претседател на ФФРМ, и Петар Ѓоргиевски, претседател на МРР кои истакнаа дека со ваквите манифестации се истакнува улогата на жената во руралните средини и нејзиното значење за земјоделството. Во рамките на свеченото одбележување на штандови беа презентирани ракотворби. Се одржа и натпревар за најдобро подготвена традиционална тава на којшто првото место ѝ припадна на Ангела Јанеска, второто на Наде Симоска, а третото на Лиле Божиноска. l НОЕМВРИ 2014 | 5


ФФРМ

Годишен состанок на млади фармери Перспективи на младата рурална популација во агротуризмот и мерки за конзервација на водата во земјоделското производство во услови на влијание на Климатските промени. Ова се главните теми на кои се разговараше на Годишниот состанок на млади фармери кој се одржа во Струмица во организација на Федерацијата на фармерите на РМ. „Токму за развој на агротуризмот треба сè повеќе да се користат средствата од ИПАРД програмата, лидер пристапот за формирање на лагови. Овој вид на туризам е еден од основните фактори за развој на селото, намалување на миграцијата, развој на органското производство и токму младата популација е движечка сила за развој на овој вид на туризам“, истакна Владо Србиновски од

Балканската асоцијација за алтернативен туризам. Според проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, во иднина нè очекуваат суши, а најпогодени ќе бидат секторите градинарство и лозароовоштарство и затоа треба да се применуваат најразлични мерки на адаптација на земјоделството на климатските промени. Вакви техники и експерименти се направени во рамките на проектот на УСАИД кој се имплементира од страна на Мрежата за рурален развој, која е партнерска орга-

низација на ФФРМ во спроведување на различни активности. На состанокот присуствуваа и гости од Бугарија, а со поздравни говори се обратија Никола Стаменов, претседател на ФФРМ, и Марија Трпевска од Мрежата за рурален развој. По завршувањето на состанокот, учесниците на Годишниот состанок на млади – фармери ги посетија манастирите во селата Водоча и Вељуса, како и црквата „Св. Петнаесет Тивериополски маченици“. l

Со песни и ора одбележан Етно денот на млади фармери Со презентација на традиционални ора, песна, музика и јадења и оваа година беше одбележан Етно денот на млади фармери, кој ФФРМ го организира по четврти пат, а за првпат во струмичкото село Мокрино. „Мрежата за млади фармери на Федерацијата на фармерите на РМ има значајна улога за развојот на земјоделското движење и токму во нејзините рамки е развиен и овој настан. Преку оваа Мрежа треба сè повеќе да се развиваат активности за земјоделството да се шири меѓу младината и да се развива претприемништвото. Република Македонија е аграрна држава и ова богатство мора да го негуваме Претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, истакна: и развиваме. И ние, младите, мораме сè повеќе да бидеме инволвирани во земјоделскиот сектор“, рече Томе Тимов од „За да може да се овозможи добра егзистенција на младите во селата, мора да се изнајде начин да се мотивираат млаФФРМ. дите да се вратат во селата, да се започне со активна работа Според Тимо Крстев, координатор на Мрежата на млади и дејствување. Би напомнал дека државата со субвенциите, фармери, во иднина животот во селата ќе биде благодат. „Гледаме како влијаат климатските промени и на сре- програмите како што е руралната програма, ИПРАД програмата, изнаоѓа начини да помогне. Она што би истакнал е дината и на здравјето. Токму селата ќе бидат еден важен дека во новата ИПАРД програма земјоделските инвестиции елемент за одржување на капацитетите на природата, чист направени од младите ќе бидат покриени 65%, односно со воздух, квалитетна храна и заштита на екосистемите. Затоа треба доста да се работи на инфраструктура, еду- 15% повеќе од останатите земјоделци. Понатаму треба да се работи на подобрување на инфраструктурата, укажување на кација и истакнување на значењето на селата и преземање значењето на селото и развој на рурален туризам, како и на соодветни чекори и програми кои ќе овозможат младите да започнат свои бизниси на село. Затоа треба да се овоз- јакнење на земјоделството како примарна стопанска гранка во овие средини“. можат и поволни кредити за нас, младите, и финансиските Манифестацијата е поддржана од Мрежата за рурален поддршки за развој на селата и земјоделството да бидат со развој и ПроКредит Банка. одредени предности за нас, младите“, потенцира Крстев. Според Марија Трпевска од МРР, за зголемување на бројот на младите фармери, важни се поттикнувачките мерки и создавањето подеднакво поволно окружување за работа на останатите кои веќе се активни чинители во секторот. „Оттука, навремената и точна информираност, инвестирањето во континуирана едукација како и интегрирањето на младите фармери во разни форми на здружување и партиципација ги сметаме за есенцијални во нивниот активизам за јакнење и подобрување на нивната општа состојба“, вели Трпевска. На манифестацијата настапија голем број културни уметнички друштва, етно музичка група од Бугарија и имаше детска изложба, како и изложба на фотографии од манифестацијата „Етно ден на млади фармери“. l 6 | МОЈА ЗЕМЈА


Zeofit - neophoden za podigawe na novi ovo{ni nasadi

В

о многуте испитувања досега на различни локации (Штип, Валандово, Скопје итн.) на подобрувачот на почва Зеофит и неговите карактеристики кои се наведени во спецификацијата се добиени одлични резултати во сите земјоделски гранки. Конкретно во овоштарството (локација Штип) испитувањата беа насочени кон влијанието на Зеофитот врз приемот и прирастот на садници од облачинска вишна, цреша, јаболка и круша. На (локација Валандово) се испитуваше влијанието на Зеофитот на приемот и вегетативните карактеристики на садници од цреша калемена на облачинска вишна. Влијанието на Зеофитот го испитувавме и при производството на саден материал од јаболка и круша на (локација Скопје).

Употребата на Зеофитот како подобрувач на структура на почва, деконтаминатор на почвата од тешки метали, остатоци од пестициди итн, во денешни услови на производство е неопходна. Неговата моќ за абсорбција на вода и хранливи материи придонесува за правилно искористување на истите од страна на кореновиот систем, каде растението е заштитено од стрес и има позитивно влијание.

Во сите испитувања имаше по две варијанти со употреба на Зеофит (со додавање по 1кг/овошка) и контролна варијанта (садници посадени без додавање на Зеофит). Резултатите покажаа значително подобар прием и развиеност на садниците каде имаше употребено Зеофит,во однос на контролната варијанта. Во почетокот на периодот на вегетација садниците на кои беше аплициран Зеофитот влегоа во подобра кондициска припременост во однос на контролната варијанта. При испитувањето на влијанието на Зеофит врз подобрување на приемот, прирастот и квалитативните карактеристики на садниот материал од јаболка и круша се добиени следните резултати:

Potpolno priroden ekolo{ki proizvod

• Дијаметарот на садниците од јаболка е за 30% поголем во случај кога се додава 1кг на метар должински Зеофит, а кај садниците од круша тој процент е 35%.

Strmo{ AD Probi{tip

• Садниците на јаболка и круша каде има додавано Зеофит имаат поголема висина и подобра вегетативна развиеност.

www.strmos.com.mk

Proizveduva i pakuva: 032 483 043


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на корнишони

Примената на вертикалниот начин на одгледување, односно шпалирскиот, како понова технологија значајно се зголемува насекаде во светот. Најдобра се покажала конструкцијата со два реда растенија од двете страни на шпалирскиот систем на 30 см оддалеченост од конструкцијата и со растојание во редот од 30 см. Растојанието помеѓу два реда на конструкцијата треба да биде 150 см заради изведба на работните операции и транспортот. Ако корнишоните се одгледуваат во пластеник, за потпора може да се користи и конструкцијата на пластеникот

Со шпалирски систем до принос од 100 до 150 т/ха

Пишува: Дипл. инж. агр. Савка Маркудова

П

роизводството на корнишони за потребите на прехранбената индустрија во последните години се покажа како доста интересно и доходовно за земјоделските производители заради сигурниот пласман, а од друга страна, предност е што корнишоните можат да се посеат како втора култура на иста површина на отворено поле и во заштитен простор.

Одгледувањето на корнишоните може да биде со директна жетва или со претходно произведен расад во саксии или контејнери. Од новите технологии кои се применуваат во светот и кај нас за остварување повисоки приноси е одгледувањето со претходно произведен расад. Производството на расад треба да започне околу еден месец пред расадувањето. Како типична култура од фамилијата Cucurbittaceae, многу е осетлива на повреди на кореновиот систем и затоа при производството на расад неопходно е да се избегнуваат какви било повреди на кореновиот систем, што значи дека производството на расад мора да биде во хранливи коцки, саксии или контејнери. Расадот во време на расадувањето треба да има формирано четири постојани листови. 8 | МОЈА ЗЕМЈА

Корнишоните можат да се посеат на два начина и тоа: 1. Стандарден начин (хоризонтален – почесто на отворено поле); 2. Шпалирски начин (вертикален со потпора) повеќе се применува во заштитен простор, а и на отворено. Кај стандардниот начин сеидбата може да биде во редови со растојание меѓу редовите 100-150 см и 20 до 30 см во редот. Друг начин е во ленти: 220 см меѓу редовите со 30-60 см меѓу двете ленти во редот и 20-25 см растојание во самиот ред ако се обработува машински, а за рачна обработка растојанието помеѓу редовите треба да биде 150 см. Примената на вертикалниот начин на одгледување, односно шпалирскиот, како понова технологија, значајно се зголемува насекаде во светот. Најдобра се покажала конструкцијата со два реда растенија од двете страни на шпалирскиот систем на 30 см оддалеченост од конструкцијата и со растојание во редот од 30 см. Растојанието помеѓу два реда на конструкцијата треба да биде 150 см заради изведба на работните операции и транспортот. Ако корнишоните се одгледуваат во пластеник, за потпора може да се користи и конструкцијата на пластеникот.


Справување со болести Во текот на вегетацијата растенијата треба грижливо да се негуваат. Обично се доволни 2-3 окопувања. Кога се одгледуваат на шпалирски начин, стеблата се насочуваат со омотување и врзување на растенијата за конструкцијата и се отстрануваат страничните филизи и цветови до висина од 40 до 60 см од главното стебло. Потоа страничните филизи се скратуваат на 3 листа и 2 плода. Кога врвот на стеблото ќе достигне до главната жица, се свиткува надолу. Освен филизирањето, кога корнишонот се одгледува шпалирски, се врши и отстранување на старите листови со цел да се обезбеди подобро проветрување и спречување развој на болести. Паралелно треба да се врши и редовна превентивна заштита од болести и штетници на корнишоните бидејќи корнишоните се подлежни на повеќе болести: пламеница, антракноза, пепелница, бактериози и некои вирусни заболувања. Поновите хибриди се отпорни на некои од овие болести.

Со одгледувањето на шпалирски начин растенијата добиваат доста предности, односно повеќе светлина, воздух и можност за поефикасна заштита од болести и штетници. Освен тоа, плодовите правилно се развиваат, полесно се берат и се формираат мал број деформирани плодови. На овој начин се продолжува животниот век на растенијата, периодот на плодоносење, а со тоа се зголемува и вкупниот принос и до 100%. Од поновите технологии во производството на корнишони во светот е доста застапено и производството со мулчирање при што се користат различни материјали од органско и неорганско потекло, а најчесто полиетиленски фолии. Фолијата придонесува за покачување на температурата во почвата и зачувување на влагата, со што се зголемува микробиолошката активност во зоната на кореновиот систем и количеството на јаглерод диоксид во почвата, а тоа влијае на

Наводнување

поинтензивен раст на младите растенија. Исто така, ги спречува плевелите и ја намалува работната рака. Постојат бројни истражувачки резултати кои го потврдуваат значајниот ефект на мулчирањето во зголемувањето на приносот кај краставиците од 30 до 100%. Најповолно време за сеидба е првата декада на мај, а за подоцно производство можат да се сеат до крајот на јули. Корнишоните стигнуваат за берба за 40-45 дена по никнувањето. За развој на плодот од цветање до технолошка зрелост, потребно е 5-7 дена. Плодоносењето трае 30-40 дена, во зависност од навременото вршење на

Наводнувањето треба да се врши редовно во услови на сончево и топло време и неделно се препорачува количество од 30 до 40 мм вода по квадратен метар на отворено поле. Најдобро е наводнувањето да се врши во утринските часови поради две причини: послабо се развива пламеница поради брзото сушење на листовите со доаѓањето на потоплиот дел од денот и се избегнува добивање на горчливи плодови бидејќи доколку се наводнува „загреано“ растение со ладна вода, обично доаѓа до шокови кои влијаат на продолжување на времето од оплодување до берба, а тоа пак, до поголем број горчливи плодови. Корнишоните поинтензивно се наводнуваат кога ќе започне бербата за да се постигнат оптимални приноси.

бербите и здравствената состојба на посевот. Корнишоните се берат секој ден или секој втор ден. Бербата треба да се врши внимателно за да не се повредат растенијата при кинењето или со газење. Треба редовно да се отстрануваат сите прераснати, деформирани или болни плодови. Големо влијание на приносот има редовната берба на плодовите, бидејќи ненавремената берба го спречува заврзот на нови плодови. При стандардниот, традиционален начин со помали вложувања во производството и примена на добра агротехника, приносот изнесува 30-50 т/ха, додека при шпалирскиот начин со примена на производство на расад и мулчирање приносот е над 100 и до 150 т/ха. l НОЕМВРИ 2014 | 9




ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на карфиол

Храната – основен услов за добар производ Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

К

арфиолот претставува зелјесто зелково растение со пријатен деликатесен вкус. Содржи многу хранливи материи, а има мала калорична вредност. Бидејќи припаѓа на фамилијата зелки, условите на одгледување се доста слични во текот на целиот период на одгледување. Се засадува во различно време во годината, посебно по опасноста од доцни пролетни мразеви. Ако се засади во многу топли и сончеви периоди, тогаш доаѓа до пожолтување на плодот и тој има горчлив вкус.

Кај нас претежно се одгледува во доцните есенски денови, кога температурата е пониска во однос на летниот период. Семето на карфиолот треба да биде засеано во затворени простории или леи, кои треба во почетокот да бидат доста засенчени, посебно во текот на никнувањето, кога е најосетлив. Расадот редовно се надгледува во текот на вегетацијата односно се

полива, заштитува, прихранува и мора да нагласиме дека е доста осетлив на недостиг на елементот бор. Кога ќе добијат висина од околу 15 см, или по 3-4 недели, се засадува на постојано место. Пред засадувањето се отстрануваат првите два листа коишто се формирани најниско и се засадува во добро подготвената површина. Таа треба да биде средно пропустлива, богата со хумус и хранливи материи. Во текот на производството треба да се внимава на заштитата и на потребните агротехнички мерки како наводнување, прихранување, окопување итн. Кореновиот систем е жиличест, со форма како кај зелката. Стеблото кај младите растенија е зелјесто и во долниот дел дрвенесто, цврсто и дебело, со висина 20-30 см. Листовите се собрани во лисна розета и се овално издолжени. Оптималната температура за пораст и развој е 15-18°C во текот на денот и 12-15°C ноќе.

Карфиолот бара големо количество храна и хранливи материи во текот на вегетацијата. Што се однесува до сортите, некои се отворени и поради белата боја на главицата бараат да бидат покриени одозгора со, на пример, некој страничен лист од самиот карфиол, додека во поново време се користат исклучително хибридни семиња, сорти кои околу самиот цвет-плод формираат директно обвиткани листови од карфиолот и тие не дозволуваат плодот да добие жолтеникава боја којашто не е адекватна за самиот хибрид. Заштитата почнува уште од самото расадопроизводство и во текот на расадувањето со земјишни инсектициди, на пример, против жичните црви, совиците и тоа во текот на целата вегетација, потоа против зелковата мува, лисните вошки, обично со инсектициди со кратка каренца. Лисните совици Memesrta spp. имаат повеќе генерации во годината и штетите ги прават гасениците. Потоа во текот на вегетацијата се појавуват габните заболувања, како на пр., Pithium, Phytophtora или пламеница, потоа alternaria. Во зависност од видот – сортата на карфиолот, бербата се врши кога ќе се добие во пречник 15-30 см или 0,5-2,0 кг. Многу важно е бербата на карфиолот да се изврши пред да се отворат цветовите. Плодот е со округла или сплесната форма. Ако пупките од цветовите бидат отворени во време на бербата, тогаш карфиолот губи од својот квалитет и вкус. Кога се бере карфиолот, коренот треба да биде отсечен што поблиску до главицата. Карфиолот стасува за берба за околу 60 дена од сеидбата на постојано место. Пакувањето траба да биде внимателно и во соодветна амбалажа.l

12 | МОЈА ЗЕМЈА


НОЕМВРИ 2014 | 13


ОВОШТАРСТВО

Алтернативни производи од јаболко

Најоптимално решение за искористување на овие бизнис-идеите за производство на оцет е преку започнување со производство на вино и подоцнежен развој на производството на оцет или паралелно производство и на вино и на оцет, при што примарно ќе биде производство на јаболково вино, а секундарно производството на оцет. Капиталната инвестиција за комбинирано производство на јаболково вино и оцет изнесува приближно 90.000 евра. 14 | МОЈА ЗЕМЈА

Производство на јаболково вино и оцет Ј

аболкoвиот oцет спаѓа во групата здрави прехранбени прoизводи, кои се кoристат какo дoдатоци вo исхраната. Се смета дека има лекoвито дејство и многу се користи при диети за слабеење. Во одредени случаи може да се најде и во прoдажба преку аптеки. Најчесто се пакува во мали пакувања до 0,5 л, 0,75 л или 1 л ПЕТ или стаклена амбалажа, но може да се најде и во поголеми пакувања. Најчестата концентрација на киселината е 5%, но се среќаваат и производи со 4%. Традиционалниот процес на производство на јаболковиот оцет може да трае и до 6 месеци, доколку се применува природна и незабрзана ферментација (т.н. Орлеанс процес). Производствениот процес може да се заврши и за 4 недели доколку се употреби современа опрема (модерни биореактори-ацетатори) и се примени соодветно знаење за управување на

технолошкиот процес (лидер е германскиот Фрингс: www.frings.com). Во зависност од производствениот процес, крајниот производ има различен квалитет и различна пазарна цена. Како најквалитетни производи се сметаат оние кои се произведени на традиционален начин, со ферментација и зреење од повеќе месеци и оние со забрзана ацетна ферментација во биореактори, без употреба на додатоци и ароматизери. На домашниот пазар се присутни најразлични производи, како од домашни производители, така и од странски, кои варираат во квалитетот и цената на производот. Предложениот бизнис-модел опфаќа производство по природен, но забрзан и контролиран процес, со употреба на современа опрема, без додатоци и краен производ со врвен квалитет. Најдобро е да се оди со комбинирано производство и на вино и на оцет.


Најдобар бизнис-модел за производство на јаболков оцет е комбинација со производството на јаболковото вино, за што говорат следниве фактори: – Производствата на вино и на оцет се тесно поврзани, при што технолошкиот процес за производство на вино му претходи на производството на оцет. – Оцетната ферментација се врши на виното, при што киселоста на оцетот е скоро еднаква на волуменскиот процент на алкохол во виното. – Алкохолната ферментација е, исто така, технолошки предизвик од оцетната ферментација, а воедно е и временски подолга (3-4 недели). При заедничкото производство се комбинира и знаењето и ангажираноста на технологот. – Инвестицијата за производство на оцет е поголема од инвестицијата за производство на вино, односно со опремата за оцет може да се произвдува и вино (единствената разлика е во опремата за ацетаторот).

Капитална инвестиција / Гoдини

Бр. на парчиња

Износ

Клипер за бoкс палети дo 500 кг

1

€ 3,500

Машина за миење на јаболка (овошје)

1

€ 4,000

Трака за селекција и транспорт

1

€ 2,000

Сецкалка (дробалка)

1

€ 2,500

Пумпа (за транспорт од сецкалка до преса)

1

€ 2,500

Лентаста преса, 500 л/час

1

€ 12,000

Филтер за јаболков сок

1

€ 2,000

Затворен сад за оцет, 2000л

2

€ 2,500

Пумпа

1

€ 500

Отворен сад за вода и миење на опремата, 250л

1

€ 1,000

Опрема за чистење на преса

1

€ 350

Танкови за алкохолна ферментација, 5,000л

5

€ 12,500

Чилер (со цевна и пропратна инсталација)

1

€ 12,000

Ацетатор

1

€ 8,000

Полначка за BagInBox

1

€ 5,500

Полначка за шишиња, рачна

1

€ 1,150

Дополнителна опрема и прибор за ацетаторот

1

€ 4,000

Инсталација и приклучни елементи

€ 1,598

Електрична инсталација и контролен уред

€ 1,528

Монтажа

€ 2,470

Транспорт

€ 1,650

Подготовка и прилагодување на објект

€ 6,000

Вкупна инвестиција

€ 89,246

Дополнителната инвестиција за производство на оцет кон инвестиција за вино изнесува само 12.000 евра. l

Доколку се произведува само оцет, потребно е производство и продажба на количества кои се големи за македонскиот пазар. Минималното потребно количество за постигнување на прагот на рентабилопст при производство на оцет изнесува околу 42.000 литри годишно. Ова е висок праг за рентабилност на овој производ. Најоптимално решение за искористување на овие бизнис-идеи за производство на оцет е преку: – Започнување со производство на вино и подоцнежен развој на производството на оцет или паралелно производство и на вино и на оцет, при што примарно ќе биде производство-

то на јаболково вино, а секундарно производството на оцет. Капиталната инвестиција за комбинирано производство на јаболково вино и оцет изнесува приближно 90.000 €. За споредба, инвестицијата за производство на вино изнесува околу 77.000 евра, што е преку 85% од вкупната инвестиција за комбинирано производство на вино и оцет.

Текстот е дел од Физибилити студија за јаболко иницирана oд страна на Центарoт за развoј на Пелагoнискиoт плански региoн, сo пoддршка на Прoектoт за пoддршка на мали бизниси, финансиран oд страна на Американската агенција за меѓунарoден развoј (УСАИД). Оваа активнoст е дел oд рамката на Прoектoт за вoведување и имплементација на пристапот ЕУ ЛИДЕР ЛАГ.

НОЕМВРИ 2014 | 15


Како да станам член во ФФРМ

Придобивки од квинојата

Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042

Претплата на „Моја земја” Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари 16 | МОЈА ЗЕМЈА

Семето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија. Семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БЕМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. Содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) l

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.



ЛОЗАРСТВО

Пренесување на искуство од Турција

Производство на суво грозје Пишуваат: проф. д-р Крум Бошков, Благојче Најдовски

Е

ден од профитабилните начини на преработка на грозјето е производство на суво грозје. Оваа техника е доста применувана во Турција, а нашата држава има поволни услови за ваквиот начин на производство и преработка и тоа од традиционалната сорта султанина.

Имено, во 2013 година, вкупните површини под винова лоза во Турција изнесувале 479.024 ха, со производство на 4,2 милијарди кг грозје или просечен принос од 8,9 т/ха. Во егејскиот дел се одгледува сортата султанина на површина од 110.000

18 | МОЈА ЗЕМЈА

Турција се смета за еден од генетските центри на виновата лоза со 300 автохтони сорти меѓу кои е и сортата султанина (султана, томсон сидлес). Таа е најважна сорта за лозарството во Турција и за производството на суво грозје ха, на 57.000 фарми на кои се вработени 250.000 работници. Турција се смета за еден од генетските центри на виновата лоза со 300 автохтони сорти меѓу кои е и сортата султанина (султана, томсон сидлес). Таа е најважна сорта за лозарството во Турција и со долгогодишна селекција издвоени се 27 клонови. Сортата султанина се сади на растојание 3 х 2 м или 3 х 2,5 м. Со

резидба се оставаат по 14 окца на м2. Се користат главно две потпорни конструкции, Т-систем и Y-систем. Т-системот има повеќе модификации, понекогаш повеќе наликува на женевска двојна завеса со слободно висење на ластарите во просторот. Посовремена конструкција е Y-системот, каде што ластарите се ориентираат во две насоки и притоа лежат на потпорни жици, а лозата е поуредена.


Ампелотехничките мерки се многу важни во одгледувањето на оваа сорта. Доколку се утврди преголема бујност, во тој случај се врши прекратување на врвот на ластарот веднаш по прошарокот. Листовите се отстрануваат на почетокот на jули.

Отстранување на филизите (латералните ластари) се врши со цел да се намали вегетативниот пораст.

Отстранувањето на непотребните ластари се врши кога тие ќе достигнат должина од 10-15 см. Најчесто станува збор за јаловаци по должина на многугодишното стебло и ластари од суочиците кои потеруваат заедно со главниот ластар. За подобрување на цветањето, оплодувањето и формирањето на зрната, се врши отстранување на 10-15 см од врвот на ластарот, 7-10 дена пред цветањето. Отстранување на врвот на ластарот се врши и во моментот кога долните интернодии почнуваат со зреење, што се манифестира со промената на бојата од зелена во жолта. Во тој момент се отстранува 30-60 см, зависно од должината на ластарот и бројот на формираните листови на еден ластар.

Отстранување на базалните листови (листови во основата на ластарот) се врши во јуни. Со нивно отстранување се врши проветрување и осветлување во зоната на гроздот

со што се намалува опасноста од болести, препаратите за заштита полесно достигнуваат до гроздот, се подобрува обојувањето и зреењето на грозјето. Во бербата се избираат зрели гроздови, здрави, без повреди и без присуство на ократоксинот А. Грозјето се потопува во раствор од калиум карбонат, маслиново масло и вода. Третираното грозје се реди на полиетиленски ленти со ширина околу 1-1,2 м и должина според потребите, послани директно на земја. Грозјето се реди во еден слој. Сушењето завршува за 5-7 дена. Во последната деценија, промената на климатските услови предизвика промени во овој дел на процесот. За сушење се употребува навес под кој се сместени метални решетки во повеќе редови и на повеќе нивоа на кои се реди грозјето. Сувото грозје со тресење во специјални машини тресалки, се откинува од гроздинката. Сувите зрна се пакуваат во пластични гајби и се транспортираат во фабриката за селектирање, пакување и чување на сувото грозје. l

НОЕМВРИ 2014 | 19


ОВОШТАРСТВО

Одгледување Rosa canina

Култивирани органски шипинки

„Собрав плодови од дивата шипинка Rosa canina и од нив произведов садници. Целиот циклус од семче до садница траеше 2 години. Садниците ги посадив на плантажа со површина од 13 хектари. Плантажата е сертифицирана како органски насад и е единствена во Македонија и пошироко на балканските простори, со исклучок на Бугарија“, вели Миле Ѓозев од Радовиш кој пред 4 години решил да започне да одгледува шипинки. 20 | МОЈА ЗЕМЈА


Ш

ипинката Rosa canina е автохтоно растение во нашите краишта кое со векови народот го бере како храна и лек. Оваа благородна и лековита билка се карактеризира со голема отпорност на суша и нема потреба од никаква хемиска заштита и одлична е за култивирано одгледување кај нас. Токму тоа било поттик за Миле Ѓозев од Радовиш кој пред 4 години решил да започне да одгледува шипинки. „Собрав плодови од дивата шипинка Rosa canina и од нив произведов садници. Целиот циклус од семче до садница траеше 2 години. Садниците ги посадив на плантажа со површина од 13 хектари. Плантажата е сертифицирана како органски насад и е единствена во Македонија и пошироко на балканските простори, со исклучок на Бугарија“, вели Миле. Садниците ги насадил на растојание од еден метар од садница до садница и 3 метри растојание помеѓу редовите. „Една од причините поради кои се одлучив да ја култивирам дивата шипинка е фактот дека мојата компанија „Флорес“ од 1992 година се занимава со производство и откуп на лековити билки што во пракса значи дека немам проблем со пласманот. Шипинката е благородно растение кое има широка примена, како свежа за правење мармалад, но и за екстракција на витаминот Ц затоа што шипинката во себе содржи исклучително големо количество од овој витамин, па сè до подготовка на чај од шипинки“, појаснува Миле. Тој вели дека агротехниката на шипинката е многу едноставна, затоа што станува збор за растение кое е отпорно на суша, а што се однесува на заштитата – не се третира со ниеден препарат, па така е одлична култура за органско производство. „Практикувам резидба на шипинката и секоја пролет ги отстранувам ластари-

Природен лек против грип Ова специфично есенско овошје особено се препорачува во сезоната на грипови и настинки, бидејќи ја обновува енергијата, го отстранува уморот и малаксаноста, ја подобрува крвната слика и го зајакнува имунитетот. Чајот од шипинки особено е делотворен за прочистувањето на крвта и исфрлањето на токсините од организмот. Тој изобилува со витамин Ц, што го прави совршен природен лек за најчестите зимски болести – настинката и грипот. Плодовите, исто така, го подобруваат апетитот, варењето на храната и метаболизмот. Плодот може да се консумира и суров, но откако ќе се отстранат боцките и семките од внатрешноста. Боцките може да предизвикаат чешање или иритација на дигестивниот систем доколку се консумираат во големи количества.

Плантажа со шипинки на површина од 13 хектари

те кои претходната година биле на род и ги оставам само младите ластари. Потоа ја мулчирам површината меѓу редовите. Шипинката е отпорна на суша, но ако сушата е многу голема, наводнувањето на насадот ќе придонесе до значително подобар квалитет на плодовите“, појасни Миле Ѓозев.

Бербата на шипинката започнува во септември и продолжува во октомври. Минатата година донеле машина за берба од Србија, но немале добри резултати и затоа бербата оваа година ја извршуваат рачно. „Инаку, приносот во просечна година е два тони од хектар. Најдобро е кога плодовите се продаваат за преработка, но јас ги сушам во сушилница. Цената на еден килограм суви плодови е од 1,5 до 1,7 евра со сооднос 2 килограми свежи за еден килограм суви плодови“, истакнува Миле Ѓозев. Плодот од шипинка се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзален лек против грип и настинки. Исклучително е богат со витамин Ц и сите продукти од шипинка се меѓу најдобрите извори за овој витамин. Според досегашните испитувања, екстрактите, концентратите и инфузот од плодовите дале добри резултати против хиповитаминоза Ц и авитаминоза Ц. Екстракт, концентрат, чај или слатки продукти од шипинка се препорачуваат како профилактички или куративни средства против инфективни заболувања, особено во зимските денови. l НОЕМВРИ 2014 | 21


ЗАШТИТА

Совет „Хемомак пестициди“

Сузбивање на плевели во есенски пченица и јачмен Пишува: дипл. земјод. инж. Благојче Димитриев

Д

осегашната пракса покажува дека раното сузбивање на плевелите го зголемува приносот на житарките. Сè поголема е заинтересираноста за едно решение за сузбивање на теснолисни и широколисни плевели во пченица и јачмен. Сузбивањето на плевелите треба да започне веднаш рано наесен односно по сеидбата на житариците. За сузбивање на плевелите рано наесен има неколку причини од кои најважни се обезбедување на подобри услови за презимување на житата, со тоа што нема конкуренција за одземање вода и хранливи материи од почвата и брз старт напролет. За таа намена се препорачува употребување на новиот хербицид MARATON 375 SC за сузбивање теснолисни и широколисни плевели во есенска пченица, есенски јачмен, есенско тритикале и рж . MARATON 375 SC е победник на долги патеки со тоа што претставува перзистентен хербицид со долг период на дејствување и долг период на примена. Хербицидот MARATON 375 SC е во облик на концентрирана емулзија со две активни материи пендиметалин 250 г/л и изопротурон 125 г/л. Оптимално време на третирање кај

есенска пченица и јачмен е наесен по сеидба, а пред никнување или по поникнување на житариците во фаза на 1-2 листа. Третирањето на есенска пченица и јачмен може да се изврши и во фазата на 3-4 листа ако плевелите се во фаза на поникнување. Најдоцен третман на примена на MARATON 375 SC кај пченица и јачмен е пред крајот на братимењето. Третирањето на есенско тритикале и рж е наесен, по сеидбата, а пред никнувањето. Доза на примена на MARATON 375 SC е 4 л/ха со потрошувачка на вода од 200/400 л/ха. MARATON 375 SC сузбива и теснолисни и широколисни плевели: Apera spica-venti (обична ветрушка), Alopecurus musuroides (лисичја опашка), Echinochloa crus-galli (диво просо), Capsela bursa-pastoris (овчарска 22 | МОЈА ЗЕМЈА

торбичка), Fumaria officinalis (чадливка), Galium aparine (лепавец), Cirsium arvense (нивска паламида), Geranium sp (див здравец), Lamium purpureum (мртва коприва), Matricaria sp. (камилица), Papaver rhoeas (булка), Raphanis raphanistrum (дива репица), Stellaria media (yвезденка), Sinapis arvensis (синап), Thlaspi arvense (паламида), Veronica hederifolia (велигденче), Viola arvensis (темјанушка), како и отпорни повеќегодишни плевели со длабоко впуштени корени. Карактеристично и проблематично да житарките е сузбивањето за инсектот забрус – Zabrus tenebrioides. За таа намена се користат инсектицидите Nurelle D во доза од 1 л/ ха и инсектицидот Dursban Е48 во доза од 1 л/ха. l


- иновативен развој на органски врзани елементи во исхрана на животните. - пробиотски адитив за животни. - средства за припрема на силажа. од ШАУМАН.


ПОЛЕДЕЛСТВО

Активности за Проектот за експанзија на мали бизниси – УСАИД

Во последните две години, преку Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, 120 земјоделци добија системи за наводнување капка по капка. Преку подобрениот начин на наводнување и прихрана, земјоделците кои учествуваат во програмата се очекува да постигнат рекордни приноси. Истражувањата покажуваат дека, доколку се започне со помасовно користење на системи капка по капка, ќе се подигне продуктивноста на млекопроизводителите, а зголемените приноси на пченка драстично ќе ја намалат увозната зависност на Република Македонија за овој стратешки важен производ Автор: Атанас Димитров, дипл. екон. Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Р

екордни приноси на пченка се очекуваат и оваа година кај земјоделците кои го применуваат системот капка по капка за одгледување на пченка. Највисоки приноси оваа година се очекуваат кај Зоран Димитријевиќ, земјоделец од Табановце, Кумановско. Во текот на целата година Зоран внимателно ги следеше насоките за прихрана и наводнување на пченката и очекува приноси од над 18 тони во зрно на хектар.

Зоран е дел од групата земјоделци кои оваа година добија системи капка по капка за одгледување на пченка како грант од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. Групата ја сочинуваа 80 земјоделци од 4 региони во Македонија – Пелагонискиот, Вардарскиот, Полошкиот и Североисточниот регион. 24 | МОЈА ЗЕМЈА

Со капка по капка до 18 тони пченка од хектар Зоран Димитријевиќ пред полето со пченка од кое очекува 18 тони зрно по хектар


Видливи резултати од употребата на систем капка по капка

редната година да го прошири системот на дополнителни 5 хектари преку националната програма за финансиска поддршка на руралниот развој. Во последните две години, преку Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, 120 земјоделци добија системи за наводнување капка по капка. Преку подобрениот начин на наводнување и прихрана, земјоделците кои учествуваат во Програмата се очекува да постигнат рекордни приноси. Истражувањата покажуваат дека, доколку се започне со помасовно користење на системи капка по капка, ќе се подигне продуктивноста на млекопроизводителите, а зголемените приноси на пченка драстично ќе ја намалат увозната зависност на Република Македонија за овој стратешки важен производ. Клучниот двигател на растот во целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи е продуктивноста на производството на пченка, којашто ди-

Како производството на пченка со систем капка по капка придонесува за поголем развој на земјоделството и економијата на Република Македонија:

Димче Дамјановски, дипл. агроном од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, ја контролира влажноста на зрната од пченка на полето на Зоран Димитријевиќ, Кумановско

Оваа година, за прв пат, набавката на системи капка по капка е субвенционирана преку програмата за рурален развој, популарно позната како 50-50. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, во неколку наврати и јавно ја поддржа употребата на системи капка по капка и најави уште поинтензивни активности во претстојниот период. За наредната година се очекува и зголемување на фондот за субвенции за набавка на системи капка по капка за пченка, што е одлична вест за производителите на пченка, а особено за млекопроизводителите кои ја одгледуваат. Зголемувањето на субвенциите за набавка на системи капка по капка ќе резултира со зголемени приноси на пченка во Република Македонија. Така, и Зоран, задоволен од овогодишните приноси, планира на-

1 2 3

Колку се поголеми приносите на пченка од површините каде што се одгледува пченка или од фармите со крави што произведуваат пченка за сопствени потреби – толку е поголемо нивното производство и следствено заработката; Колку е поголемо количеството на произведеното непастеризирано млеко во фармите со крави, како резултат на повеќе расположлива сточна храна – толку е поголемо количеството на млечните производи, економските резултати и заработката на млекопреработувачите; Колку е поголемо произведеното количество на млекопреработувачите – толку е поголемо количеството на тргуваните добра, а следствено на тоа и заработките што ги добиваат трговците со доставување на добрата до крајните потрошувачи.

Министерот Цветков на посета на поле со рекордни приноси на пченка во Пелагонија

ректно зависи од просечните приноси по хектар земјоделска површина. Повеќето средни и големи фарми за одгледување крави сами произведуваат сточна храна за сопствени потреби, особено пченка и силажа, бидејќи нивниот придонес во трошоците на фармата е од суштинско значење за економски одржливо земјоделство. Затоа, производството и растот на фармите за одгледување крави директно зависи од расположливата сточна храна и од просечните приноси од одгледувањето пченка. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и наредната сезона ќе ги поддржува земјоделците од Пелагонискиот, Вардарскиот, Полошкиот и Североисточниот регион со системи за наводнување капка по капка. Во 2015 година, нови 160 земјоделци ќе добијат вакви системи за да го зголемат своето производство и да го промовираат користењето нови технологии. l НОЕМВРИ 2014 | 25


ЦВЕЌАРСТВО

Нега на орхидеја

Phalaenopsis доц. д-р Маргарита Давитковска доц. д-р Звезда Богевска

P

halaenopsis во последните децении е најбаран вид орхидеја. Растенијата се многу декоративни, со раскошни цветови кои долго траат и лесно се одржуваат. Потекнува од тропските шуми на југоисточна Азија, па затоа бара нешто повисока температура, големо количество влага и полусенка. Во домашни услови се одгледува на температура од 18 до 32оС и влажност на воздухот преку 60%. Ако не се одржува овој температурен режим и влага, ќе дојде до опаѓање на цветовите. Растението не поднесува директна сончева светлина и тогаш доаѓа до прегорување на растението. Од друга страна, пак, при многу слаба светлина, листовите потемнуваат и растението многу ретко цвета. Разликата меѓу дневната и ноќната температура треба да биде околу 8-10оС. Во природата овој вид орхидеја расте на дрва и има воздушни корења кои впиваат влага од воздухот или дождовница која брзо поминува низ нив. Поради тоа супстратот за садење орхидеја не смее да содржи почва која задржува влага, туку треба да содржи растресит мов, кора од дрво, корен од папрати, перлит, листови и тресет за да може водата брзо да се исцеди. Водата не смее да содржи калциум и затоа најдобро е да се употребува дождовница. Во текот на зимата, при ниски температури, се залива на секои 10 дена, а во текот на летото секој втор ден. Се практикува да се наводнува на-

26 | МОЈА ЗЕМЈА

утро за да можат листовите да се исушат до вечерта и да се спречи гниењето. Ако се пропушти некое залевање, добро е да се потопи цела саксија во вода и потоа вишокот вода да се исцеди. За време на летните топли денови треба да се оросува, но притоа треба да се внимава цветовите да не дојдат во допир со вода. Добро е во просторијата да се чува и сад со вода за дополнително збогатување на воздухот со влага. Најдобро е саксијата да биде направена од печена глина, затоа што тогаш се одликува со порозност и дозволува дишење на коренот. Прихранувањето се врши два пати месечно со водорастворливи ѓубрива и однос на NPK 3:1:1. Хранливите материи може да се додадат во водата за потопување, но никако преку листот. Пред цветањето, може да се додаде ѓубриво со зголемена содржина на фосфор. Во зимските месе-

ци поретко се прихранува. Главна сезона за цветање е зимата и почетокот на пролетта. Ако растението по прецветувањето е во добра кондиција, цветното стебло може да се пресече на третото коленце. На тој начин се поттикнува развојот на ново цветно стебло. За развој на ново цветно стебло потребно е да поминат околу 12 недели. Фаленопсисот реагира на должината на денот. Појавата на нови цветни пупки се поврзува со пократок ден и поладни ноќи. За да се поттикне цветањето, потребни се пониски температури во период од 4 до 5 недели. Во домашен амбиент успева во услови во кои успева и африканската љубичица, што ја прави многу популарен вид. l


НОЕМВРИ 2014 | 27


СТОЧАРСТВО

Штета од мувли

Справување со микотоксините Труење со микотоксини има речиси кај сите видови животни, а и кај човекот, но клиничката слика (симптомите) не е специфична затоа што намален е прирастот или забавен растот, намалена е плодноста, ослабен имунитетот, има генетски нарушувања, а некои се и канцерогени. Луѓето и животните ги внесуваат најчесто со храна, но иако е многу ретко, може и со дишење, преку кожа и парентерално. Микотоксините предизвикуваат сериозни здравствени и економски штети

Пишува: ДВМ Соња Николова

М

увлите се присутни насекаде, а растат, се размножуваат и произведуваат токсини на споменатите супстрати при поволна влага, температура и аерација. Тие ги контаминираат житарките уште на поле, пред и по жетвата, за време на транспортот и во складиштата при неадекватно чување. Може да ја загадат храната за животните и луѓето по директен пат кога се развиваат мувлите на храната, но и индиректно, кога се користат загадени состојки при производството на храна или со конзумирање храна која содржи остатоци на микотоксини. Микотоксините се многу стабилни, што значи дека нивната активност не се уништува во процесот на производство или преработка. Се работи за метаболити кои се многу отпорни на различни агенси, посебно отпорни на дејство на температура, висока и ниска, при што нивната структура воопшто не се разорува или разградбата е само делумна.

28 | МОЈА ЗЕМЈА

Афлатоксини - од сите микотоксини претставуваат најголема опасност по здравјето на луѓето, затоа што се најтоксични. Производ е на габите Aspergillus flavus и Aspergillus parasiticus, Penicillium и Fusarium. Овие мувли ги има во житарките, бадемите, оревите, кикириките и др. Тие првенствено се хепатотоксини, спречуваат коагулација на крвта во мали концентрации, како и полупропустливост на капиларите (нормален притисок предизвикува модрици на кожата кај отруена живина), ја инхибираат синтезата на нуклеинските киселини – канцерогено дејство. Најосетлива е живината, зајаците, свињите, а најотпорен вид се преживарите – но тука треба да се запомни дека афлатоксините се излачуваат во млекото (афлатоксин М1). Услов за производство на здравствено безбедна храна е единствено од суровина во која не се констатирани резидуи од токсини, па ни во минимални концентрации. Заради оваа подмолна опасност, земјите-членки на ЕУ ја усогласиле регулативата за максимално дозволените концентрации на микотоксини во храната за животни и луѓето (EC/576/2006 i EC/1881/2006). Во житарките и нивните преработки наменети за исхрана на луѓето максимално дозволените концентрации за охратоксин и зеараленон се од 0,5 mg/kg, односно 20 mg/kg (храна за деца) до 5 mg/kg, односно 200 mg/kg (непреработени житарки). Во добиточната храна највисоките дозволени концентрации се помеѓу 0,05 и 0,25 mg/kg за охратоксин, а помеѓу 0,1 и 3 mg/kg за зеараленон (Pepeljnjak i sar. 2008). Во нашата земја со Правилникот за општите барања за безбедност на храната, максимално дозволената граница пропишана во Правилникот за присуство на афлатоксин М1 е до 0,05 микрограми.


Зеараленон - уште се нарекува F-2 токсин, природен метаболит на мувлата Fusarium graminerrum, Fusarium tricinetum кои најчесто растат на зрната на пченката, пченицата и зобот. Во некои земји се смета дека оваа мувла е најраширена, а нејзините токсини се најштетни во репродукцијата кај свињи. Има нарушувања во општата состојба, проливи, абортуси, морбидитет 100%. Трихотецени - се група цитотоксични микотоксини кои се производ на мувлите Fusarium и други кои заеднички се нарекуваат трихотецени. Термостабилни се, односно со готвење не се разоруваат, долго издржуваат во складиштена храна, најчесто на зрната на житарките и пченката, но ги напаѓа и зелените крмни билки. Мувлите може да произведат токсини и на температура под 0°C. Тие ја уништуваат клеточната мембрана, па како резултат на тоа имаме црвенило и некроза на кожата, животните одбиваат да пијат и јадат храна загадена со нив, тешки нарушувања во општата состојба како последица на оштетениот дигестивен систем, коагулацискиот и васкуларниот систем (крвави проливи и повраќања, поткожни хематоми, хематоми во мускулите и зглобовите, како и абортуси).

Охратоксин A и B се токсични метаболити на мувлите Aspergilus ochraceus и Penicillium viridikatum. Многу се отпорни, па растат на температура 0-35°C. Охратоксин B е 15 пати помалку токсичен од A. Кај животните има промени во општата состојба, но има и проливи и абортуси. Важно е да се напомене дека во месото исчезнува од мускулите и масното ткиво кај затруени свињи за 2 а од црниот дроб и бубрезите за 4 недели (битно во дијагностика). Степенот на штетните ефекти зависи од видот, полот и староста на животните, отпорноста односно нивната здравствена состојба, видот на микотоксините, времето на внес на храната и концентрацијата на внесениот микотоксин. Од сето ова ќе зависи во каков облик ќе се јави микотоксикозата. Денес многу е редок акутниот облик, а се јавува во земји со лоши земјоделско-ветеринарни стандарди при развојот, преработката, транспортот и складирањето на храната од растително и животинско потекло. Загрижувачки се хроничните микотоксикози заради нивното канцерогено дејство.

нетски нарушувања, а некои се и канцерогени. Луѓето и животните ги внесуваат најчесто со храна, но иако е многу ретко, може и со дишење, преку кожа и парентерално. Микотоксините предизвикуваат сериозни здравствени и економски штети. Иако микотоксините имаат канцерогени, мутагени, имунотоксични и тератогени својства, микотоксикозите не се вообичаени за луѓето. Труењата, микотоксикозите се почести во ветеринарната пракса затоа што животните се хранат со храна од растително потекло.

Труење со микотоксини има речиси кај сите видови животни, а и кај човекот, но клиничката слика (симптомите) не е специфична затоа што е намален прирастот или забавен растот, намалена е плодноста, ослабен имунитетот, има ге-

Досега се познати повеќе од 400 различни микотоксини. Најинтересни се родовите Aspergilus, Penicillium и Fusarium чии видови произведуваат афлатоксин, охратоксин, зеараленон, трихотецени (DON, DAS и др.) и др. метаболити. l

Превенција од мувла: • контрола на влага – жнеење кога житарките не содржат високи концентрации на влага, производите при складирањето да не содржат повеќе од 14% влага; • да се контролира свежината на храната – да нема остатоци од стара храна; • опремата за манипулација со храната да биде чиста и да се внимава на храната во силосите; • употреба на инхибитори за мувла; • животните да не се хранат со мувлосана храна, а посебно да се внимава на високомлечните крави; • ако во млекото има присуство на афлатоксин М1 над 0,05 микрограми се додаваат микофиксатори, чие дозирање е според упатството на производителот; • да се чуваат фискалните сметки и декларациите од купената добиточна храна. НОЕМВРИ 2014 | 29


ПЧЕЛАРСТВО

Работа во пчеларникот

Правилно зазимување на пчелните друштва Пишува: Раде Каранфиловски, Апицентар - Битола

О

ваа година, учествувајќи на повеќето пчеларски изложби низ нашата Република, беше доста барано од нашите пчелари да се напише нешто за зазимувањето на пчелните друштва. Пчеларите, кои тоа го бараат, се во право, затоа е пишувано доста и досега.

Зазимувањето е една од поважните работи во пчеларството. Овде вреди народната „тоа што ќе посееш во есен, тоа ќе жнееш наредната година“. Зазимувањето се поклопува со последниот есенски преглед. Ова е работа која ја изведувам како последна кај моите пчелни друштва за оваа календарска година. По зазимувањето, не предвидувам никаква работа до пролет. Кошниците треба да бидат поткренати од земјата 15-20 см и свртени со летата кон југ или југоисток за подобро затоплување кога има сончеви денови. Пчеларникот треба да е заграден од ветрови со некој градежен материјал, да не пропушта силен ветер во пчеларникот. Истото тоа може да биде направено и со дебел слој густа шума. Како прва работа, при зазимувањето проверувам дали подвижната летвичка на полеталката е добро прицврстена, а потоа на неа го приковувам чешелот против влегување глувци. Летвичката има отвор со висина не поголема од 7 мм должина, а отворот да биде со должина онолку сантиметри колку што има полни улици со пчели во кошницата. Ја проверувам надворешната страна на кошницата и подницата да не има некое гнило место кое лесно ќе го прегризат глувците и куните. 30 | МОЈА ЗЕМЈА

При отворање на кошниците почнувам со отворање на најслабите друштва по содржина на пчели и храна и во дневникот го забележувам тоа што е видено со визуелно одредување на содржината на мед, медната капа, пергата и пчелите. Ако има доволно мед, ја затворам кошницата, а ако треба да се дополни со храна, тоа го одложувам за подоцна земајќи храна од некое јако друштво и дополнувајќи го послабото. Потоа на ред доаѓаат за преглед друштвата со средна јачина, а на крајот најјаките друштва. Вака работам со цел да заштедам време при прегледот, кога ги отворам друштвата со повеќе мед, земам рамки со повеќе мед и им додавам на слабите, со исто отворање. При зазимувањето внимавам и најслабите друштва да немаат помалку од 5-7 килограми мед и нешто перга. Јаките друштва гледам да имаат повеќе од 15 килограми мед. Скоро секоја рамка ја подигам и гледам колку има на неа, мед, перга и дали е добро градена, како и нејзината старост (според бојата на саќето). Лошите рамки ги тргам настрана и тие ќе бидат зад преградната штица, а понекогаш отпечатувам и дел од медот, а празните и лошо градени ги вадам од друштвото. Количеството мед во рамката го одредувам визуелно: ако ДБ рамката е полна до долу со мед, таа има повеќе од 3,5 килограми, но за сигурно, јас ги сметам како 3 килограми. Рамката која е исполнета до половина ја сметам како 1,5 килограми мед, односно секои 10 см од висината на рамката содржат 1 килограм мед. Една полна ЛР тежи повеќе од 2,5 килограми, зависно од нејзината дебелина. Секоја рамка која има медна капа пониска од 10 сантиметри оди надвор од местото каде што ќе биде сместено зимското клубе или на крајот како крајно.

Кога се работи за друштво кое има содржина на пчели околу 25-30 илјади пчели и повеќе од 10 килограми мед, зазимувањето го правам во форма на свод. (сл. 1).

Распоредот е следниот: рамка со најголемо количество мед доаѓа на крајот до бочната штица, па до неа попразна и на средината има рамка која е со најмалку мед, но не помалку од 1 килограм. Вака се прави за да биде медот во секое време достапен за пчелите во клубето. Медот треба да биде на дофат на пчелите и да задира во клубето најмалку 3 сантиметри (никако повеќе бидејќи го лади зимското клубе). За послаби пчелни друштва, медот треба да биде распореден во форма на ½ (сл.2)


Пчелите треба да зафатат клубе на долната страна на рамката која има најмногу мед. Друштвата кои имаат доста пчели, а немаат доволно мед, а нема ни од каде да се земе за појачување, се зазимуваат во форма на брада (сл. 3).

ризични со храна, посебно ги заведу- нашле адекватен начин на презимување. Засега, тоа е зимското клубе вам во дневникот и ако затреба рано пред почетокот на пролетта, интер- кое претставува посебен инкубатор за презимување, но мислам дека и венирам со додавање кристализиран тој баш не е совршен, бидејќи е голем мед во форма на плоча (погача) кој го поставувам на метална ситна мре- процентот на зимска смртност кај пчелите. Процентот на смртноста не треба жа или повеќеслојна газа над самото во никој случај да е поголем од 15%. клубе. Најдобар ваков кристализиран мед е медот од маслена репа кој е досИма една изрека која и сега би ја та тврд и богат со големо количество споменал, бидејќи таа многу кажува: полен што е многу добро за пчелите во ранските пролетни денови. Прихра- „Од јаката зима не се плашат пчелите, туку пчеларот“. (не оставил доволно ната на пчелите со сахароза рано во храна). пролетта е, исто така, доста напорна и штетна за пчелите. Затоа, избегнуПри зазимувањето на повеќевајте го тоа, а органските пчелари, по катните кошници, зазимувањето се можност, не треба да го употребуваат врши на тој начин што рано, уште во конвенционалниот шеќер. септември, во кошницата се остава Со првите рански прочистени ле- медот во горниот наставок, 15-20 килограми, а во долниот е леглото. За тови кај пчелите може да се смета веќе на некаква додатна прихрана. да не дојде до ситуација во зимата пчелите од ладно да не можат да го Ова време е време на почетокот на преминат растојанието помеѓу двата февруари. Време е да се размислува и за додатно затоплување на кошници- наставци, ја правам оваа постапка: од горниот наставок полн со мед се те од горната страна, а затоплувањето вади една од средните рамки, а на од страната на попразните кошници нејзино место поставувам од плого правам во почетокот на есента. За дишното тело рамка со најпресно подобра вентилација, во кошницата легло, а рамката полна со мед оди во оставам празен простор од една рамка од страните. Тука се спушта кондензи- плодиштето на нејзино место. Оваа постапка ја нареков „ДИРИГИРАНО раната пареа на подницата, а бидејќи подницата е косо наклонета кон на- КЛУБЕ“ бидејќи по ова леглото ќе ја привлече матицата горе, а пчелите ќе пред, водата истекува надвор. направат простор и на другите рамки околу оваа, а матицата ќе ги нанесе. За време на зимувањето, треба да има целосен мир на пчеларникот. Вака, го формираме леглото и клубето, дел во горниот наставок, а дел Зимувањето е најтешкиот период во помеѓу двата наставци и на тој начин годината за пчелите и иако поминале сме го обезбедиле друштвото да биде милиони години од нивното доаѓање на овие простори, тие сè уште не про- горе на дофат на храната. l

Клубето ќе биде сместено најдолу на најполната рамка и полека во зимата ќе оди нагоре. Добро би било да кажеме зошто медната капа на рамката треба да биде повисока од 10 сантиметри. Тоа е затоа што пчелното клубе напредува нагоре секој месец по 2 сантиметри, така што додека стигне до сатоносот од рамката, ќе поминат 5 месеци и ќе стигнат за исхрана до март, кога ќе може да се интервенира со храна или да се донесат пчелите од крајните рамки ако го има. Не практикувам прихрана на пчелите со погачи и сируп во есен (по 1 август), бидејќи прихраната ги исцрпува и предвремено ги старее пчелите, па како такви остарени и истоштени, тие не можат да ја дочекаат пролетта. Како што реков, кусокот мед го надоместувам со додавање рамки со мед, уште рано во есента. Друштвата кои се НОЕМВРИ 2014 | 31


32 | МОЈА ЗЕМЈА


Научниците создадоа Црн домат да поцрн неможе да биде Американските научници создадоа црн домат со вкрстување на култивирани со диви домати. Темната боја доаѓа од пигментот, сличен на оној што се наоѓа во боровите. Овој пигмент е осетлив на светлина, така што колку подолго доматот останува на стеблото изложен на сончева светлина, толку плодот станува се потемен. Компанијата „Technological Seeds“ која ги создаде црните домати, е специјализирана за производство на хибридни семиња на зеленчук. Покрај интересната боја, овој домат има предности во однос на содржината на антиоксиданси. Всушност, креаторите на оваа необичен зеленчук велат дека тој е похранлив и се должи на уникатниот пигмент кој има висока концентрација на антиоксиданси и витамин Ц, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Целниот пазар на црните домати се луксузните хотели, поради егзотичниот изглед.

Влада на Република Македонија Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Врз основа на член 14 став 2 (а) од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (“Сл. весник на РМ“ бр. 165/2008) и врз основа на Дел Vстав (5) од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 (“Сл. весник на РМ“ бр. 93/2013), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 27 октомври 2014 година објавувa ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2014 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 за следните мерки:

проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, Упатство за изготвување на Деловен План, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa. gov.mk.

Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија

Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:

Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности 1. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба 2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија. 2. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредностана прифатливите трошоци. Финансиската поддршка за мерка 101 може да изнесува: •

55% од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства чиј носител е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101.

60% од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестиции на земјоделски стопанства во планински региони

65% од од вредноста на прифатливите трошоци за кофинансирање на инвестициина земјоделски стопанства во планински региони и чиј носител е на возраст од 18-40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101.

75% за инвестициски проекти спроведени во региони каде што Комисијата определила дека се случиле исклучителни природни непогоди или за инвестиции на земјоделски стопанства со цел спроведување на нитратната директива за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати кои потекнуваат од земјоделството која е предмет на постоење на национална стратегија.

3. Крајниот рок за поднесување на барањата е10 декември 2014година. 4. Подигнување на обрасци и упатства: Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www. ipardpa.gov.mk). 5. Начин на поднесување на барањето: Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План и придружна документација како што е наведено во Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013. Подетални информации за специфичните барања за прифатливост се наведени во Упатство за корисници на средства по ИПАРД Програмата 2007-2013. Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Деловниот план се изработуваат на македонски јазик. Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 заедно со Деловниот план и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 02/2014 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата. Напомена: Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, Деловниот План и доставената документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата. Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. НОЕМВРИ 2014 | 33


34 | МОЈА ЗЕМЈА


MASSEY FERGUSON

МЕХАНИЗАЦИЈА

Новите MF8700

најинтелигентни и моќни Автор: Сашо Николовски

Н

овата MF8700 серија, благодарение на интелигентниот EPM Power Management систем до 400 КС, ги има едни од најмоќни тест стандардни трактори што ги има произведено Massey Ferguson. Благодарение на многубројните иновации, тие се водечки модели во браншата според ефикасноста и удобноста. Овие пет нови модели го покриваат сегментот 300-400 КС. Тракторите се опремени со мотори Tier4 на AGCOPOWER. EPM и сега обезбедува дополнителни 30 коњски сили при работа со вратило за пренос на моќност и транспорт при брзина над 20км/ч. Надградбата понатаму вклучува широки иновации во погонската единица, во кабината и управувачкиот систем. Сите модели ќе бидат достапни со опрема Efficient или Exclusive, со што Massey Ferguson го продолжува успешниот концепт воведен со серијата MF7600. „Ефикасноста, потрошувачката на гориво, сигурноста и наједноставната логика се одлучувачки критериум за купување

во овој сегмент на моќност. Новите модели, според сите овие елементи, се подобри од повеќе пати наградуваните од популарната серија од 8600“, вели Јохан Грам, директор и акционер на Austro Diesel“. „Од самиот почеток беше јасно дека овие трактори ќе бидат опремени со ревидираната верзија на SRC технологијата, која MF првпат ја воведе во 2008 г. Па, ова, од самиот почеток се смета за составен дел на основниот концепт, со што се создаде оптимален севкупен концепт. Нема големи филтри или додатоци – сè е совршено интегрирано во основниот дизајн на тракторот”, додаде тој. l

MF 8700 – преглед по модели MF 8727

MF 8730

MF 8732

MF 8735

MF 8737

Макс. моќност со EPM (ISO KS)*

300

325

350

380

400

Макс. снага (ISO KS)

270

295

320

350

370

Називна снага (ISO KS)

240

265

290

320

340

Модел

Варијанта на опрема * EPM – Engine Power Management

Efficient, Exclusive

Преглед на главните карактеристики: ÔÔНови

AGROPOWER шестцилиндрични мотори со EPM – Engine Power Management ÔÔТвин-турботехнологија (двостепен турбополнач) ÔÔНовиот SCR систем за прочистување на издувните гасови, трета генерација која не бара одржување на DOC и нов EGR елемент (Stage IV/Tier 4 final) - без DPF ÔÔНов систем за ладење со систем на управување со протокот на воздух ÔÔНова Exclusive верзија со повеќе опции на опремување ÔÔФабричка подготовка за Auto-Guide 3000 и AGCOMMAND ÔÔПреработен ентериер и нови управувачки елементи ÔÔНовиот екран во боја во инструмент таблата ÔÔНов дизајн ÔÔПродолжени интервали на сервисирање 500 раб.часа мотор/2000 раб. часа менувач НОЕМВРИ 2014 | 35


ОВОШТАРСТВО

Системи за заштита

Како да се справите со градот и климатските промени?! Пишува: Сашко Стошиќ

С

о имплементирање на новите методи за заштита од временски непогоди и од други надворешни влијанија ќе го осигурите вашиот насад и многу ќе придонесете за подобрување на конкурентноста на вашиот производ и за посигурен приход. Познато ни е како функционираше заштитата од град во минатото - се користеа противградни ракети, коишто со текот на времето мораше да се редуцираат и да биде намалена нивната употреба, а сега речиси и не се употребуваат. Единствено решение за климатските непогоди се заштитните системи од град кои се користат во лозарството, овоштарството, во насади со малина и аронија. Системот не се користи само за заштита од град, туку има големо влијание поради тоа што служи и како: ÔÔ

заштита од сончево зрачење 15-20%

ÔÔ

зголемување на воздушната влажност и до 15%

ÔÔ

намалување на брзината на ветерот и до 50%

ÔÔ

намалување на температурата за 2-3 степени

ÔÔ

го намалува испарувањето

Во развиените европски земји системите за заштита се користат многу одамна. Кај нас овие системи дури сега почнуваат поинтензивно да се употребуваат. Ако сакаме да имаме конкурентност и добра цена на производите, мораме да ги искористиме и овие предности што ги нуди самиот систем. На многумина од потенцијалните корисници на овој систем може да им изгледа скап, но и тука постои решение. Со одобреното кредитирање преку ИПАРД-фондовите кои покриваат 70% неповратни средства од вкупната реализирана инвестиција можеме полесно да дојдеме до ваквите системи. За крај, да споменеме дека инвестицијата се исплатува по третата година на користење, со тоа што го подобрува квалитетот на плодот (со што добиваме подобра цена), го намалува третирањето со билки и пестициди (се смета како органски производ). 36 | МОЈА ЗЕМЈА


НОЕМВРИ 2014 | 37


ПРИХРАНА

Употреба на ѓубриво кај зелката

Пишува: дипл. инж. Благој Шоповски

З

елката е двегодишна култура од фамилијата Brassicaceae, која со свиткување на листовите формира главица и во првата година формира вегетативни органи, а во втората година цветно стебло и семе. Кореновиот систем се состои од неколку дебели корења од кои се

разгрануваат страничните корења. За зелката е најважна големата потреба за фосфор по расадувањето, посебно кај раните сорти. Основен услов за добро усвојување на хранливите материи е задоволување на потребите за рамномерно и постојано снабдување со вода. Зелката која се произведува за консумација во свежа состојба треба да се обезбеди со поголемо количество азот. Кали-

умот, исто така, има значајна улога во развојот и формирањето на главиците и лисните розети. Услов за добро складирање на зимните сорти зелка е високото ниво на суви материи, за што е потребно високо ниво на калиум. Зелките, главно, се осетливи на недостиг на микроелементи и затоа е потребно да се води сметка за надополнување со бор, молибден и манган.

Кога се применува ѓубривото? 99Примена

на магнезиумот (при самата подготовка на почвата за садење, па и во прихрана) - важен активатор на фотосинтезата.

99Фолијарно

99Прихрана

99По

- Во вегетативниот период, прилагодено на целите за производство и потребите на сортите. Во секој случај се препорачува плитка инкорпорација, а потоа залевање.

ѓубрење - Од расадување, истовремено со примена на средствата за заштита на растенијата, на секои 10-14 дена. расадувањето континуирано и за време на формирање на главиците.

Период на апликација/ цел на апликацијата

Начин на примена

Ѓубриво

Количество ѓубриво

При производство на расад (за подобра отпорност на расадот)

Фолијарна апликација

Agrosal 2% Zn со NPK 3-5-7 + Agrosal 1,5% Fe со NPK 3-5-7

Од расадување до 30-тиот ден по расадувањето Од 31. ден по расадувањето до пред бербата

Фолијарна апликација 15-20 дена по расадувањето Фолијарна апликација 20 дена по првата апликација

0,1% раствор 100 ml во 100 l вода + 0,1% раствор 100 ml во 100 l вода со 1-2 апликации 0,2% раствор 200 ml во 100 l вода со 1 апликација 0,3% раствор или 300 ml во 100 l вода со 1 апликација

38 | МОЈА ЗЕМЈА

Agrosal NPKB 8-6-8-1 + ME Agrosal NPKB 9-0-6 + 10% CaO + 2% MgO




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.