Moja zemja fevruari 2014

Page 1

број 100 февруари 2014 50 ден www.ffrm.org.mk

Од 1 хектар 10 тони Одгледување на аспарагус

Превенција од измрзнување на овошките

Млада јачменова трева – свеж оброк

Справување со зимската смртност


КОМПЛЕТНА ФИНАНСИСКА ПОДДШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ


УРЕДНИЧКИ ЗБОР

2014 - Интернационална година на семејно земјоделско стопанство Обединетите нации ја прогласија 2014 година за Интернационална година на семејно земјоделско сто­панство. Оваа иницијатива е навистина за по­ здрав и е прифатена и од страна на Европската ко­мисија и од ФАО. На овој начин се потврдува де­­ка земјоделството е семеен бизнис преку кој се про­изведува храна и сепак се обрнува големо вни­ мание на зачувување и развој на семејството. Спо­ ред официјалните податоци, постојат повеќе од 500 милиони семејни фарми кои опфаќаат 80% од фар­ ми­те во светот. Република Македонија има навистина голем по­тен­ ци­јал за развој на ваков семеен бизнис. И покрај тоа што се квалификува како тешка и макотрпна ра­бота која бара многу вложување и знаење, сепак овоз­можува и егзистенција и развој на локалните ру­рални средини, од кои, сакале или не сакале да признаеме, голем дел се напуштени. Од друга стра­на, сè уште е проблем и малиот број млади лу­ ѓе кои се занимаваат со оваа дејност. Колку ќе се зголемува нивниот број, толку земјоделството ќе ста­нува поразвиено и ќе се внесуваат сè повеќе но­ ви знаења и технологии. Но, она што може да се истакне е фактот дека голем дел од фармерите се горди на својата работа и треба и понатаму да продолжат со ваквото размислување. Чесно и до денар си ги заработуваат парите и по­­крај тоа што се прават најразлични ма­ ни­­пулации при самиот откуп. Исто така, има и голем број успешни при­­ каз­­ни во државата за развиени зем­јо­ делски стопанства. Токму таквите при­ме­ ри се истакнати во „Моја земја“. Она што би потенцирала е оваа година да се искористи за развој на земјоделското здру­­жување и преземање на други ак­тив­ нос­ти за јакнење на семејното зе­м­јо­дел­ско сто­панство, како негово поголемо про­мо­ ви­рање. Со почит, м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

СОДРЖИНА ФФРМ Преку соработка и инвестиции ќе се врати сјајот на селото

Моја земја Февруари 2014 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Ул. Христо Смирненски Бр. 15, 1000 Скопје Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com

9

Овоштарство Правилна резидба на јаболката

Градинарство Македонската почва погодна за африканска краставица

Градинарство Како правилно да се чува компирот

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk Фото вест - насловна Благојч‌‌е Најдовски Лектор Верица Неделкоска Новинар Сузана Трајковска

12

18

Интервју со Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во РМ

Управител и маркетинг Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com

6

23

Стручни соработници Проф. д-р Драги Танески, Ангелко Ангелески, Ванчо Захариев, Иван Шулог, Слаѓана Калајџиевска – Бебегоска, Раде Каранфиловски, Сафка Маркудова, Панде Петровски, Стојан Глигоров, Благојче Димитриев, Јелица Бешлиќ, Владимир Шолог Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk] Печ‌‌ати:

Пропоинт, Скопје

Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

70 фармери од РМ на земјоделски саем во Истанбул Група од 70 фармери од РМ во организација на Федерацијата на фармерите на Р. Македонија и со соработка со ТУЈАП ФЕРС го посетија земјоделскиот саем во Истанбул, Турција, кој се одржа од 22 до 25 јануари 2014 година. Во рамките на саемската манифестација беа опфатени два саема и тоа осмиот Меѓународен саем за земјоделство и земјоделска механизација - AGRO EURASIA FAIR 2014 и четвртиот Меѓународен саем за сточарство и сточарска опрема, живинарство и млечна индустрија - EURASIA STOCK BREEDING 2014 . На саемот беше презентирана земјоделска механизација и технологија, пластеници, производство на зеленчук, стакленици и технологија за изградба, резервни делови за трактори, опрема за лозарство, опрема за берење на маслинки, систем за наводнување, земјоделски лекови, семе и саден материјал, цвеќарство, еколошко земјоделство, агроинформатика, млеко и млечни производи, пестициди, вештачки ѓубрива и хранливи материи за растенија, пчеларство, сточарство, превентивна медицина за животни, технологија за молзење и живинарство.

ФФРМ присуствуваше на Саемот за семе, овошје и зеленчук во Истанбул Група фармери и компании од РМ, во организација на ФФРМ Медија и ФФРМ, присуствуваа на Саемот за овошје, зеленчук и саден материјал во Истанбул, Турција. Активноста е реализирана во соработка со партнерската организацијата од Турција, СТАРТФУАРЏИЛК. Во рамките на саемите беше реализирана и конференција за семе и саден материјал каде што покрај учесниците од ФФРМ, присуствуваа и организации од Азербејџан, Казахстан, Иран, Пакистан, Турција, Киргистан, Авганистан, Узбекистан, Туркменистан. Беа реализирани повеќе средби на коишто се договорија соработки во делот на овоштарството и полјоделството.

Б2Б средби во Сараево Претставници од ФФРМ присуствуваа на средбата за семе и саден материјал која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина и е организирана од Турската асоцијација за семе. На средбата присуствуваа 22 компании, 52 бизнисмени од осум држави (Турција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска и Словенија). На средбата се организираа и Б2Б средби помеѓу учесници за поголема соработка и размена на искуства во регионот, така што се склучија и договори за соработка. „Ваквите средби се од големо значење за македонските фармери посебно во делот на размена на искуства за семе и семенски материјал во делот на полјоделството и производството на житарки. Климатските промени имаат влијание врз земјоделството и ние треба да го прилагодуваме нашето производство. Токму ваквите средби и контакти со фокус на производство на житарки во сушни и аридни предели како што е регионот на Овче Поле се потребни. Со нови информации и технологии преку вакви средби ќе го зачуваме нашето производство и ќе го прилагодиме на новите услови“, вели Пере Крстев, полјоделец и член на УО на ФФРМ од кочанскиот регион кој присуствуваше на средбата во Сараево. Во рамките на делегецијата од РМ присуствуваа и претставници од Управата за семе и саден материјал како и две компании кои се занимаваат со производство на семе и саден материјал. Посетата на македонската делегација беше организирана од страна на единственото списание за земјоделство и рурален развој - „Моја земја“. „Тоа е нашата цел – да помогнеме во едукацијата и зближувањето на земјоделците со компаниите. Ова е еден од начините да се внесат нови технологии со кои ќе се зачува и подобри производството. Со оваа средба во Сараево се остварени контакти и размена на искуства и знаење со целиот регион, со кои ќе започнеме соработка и ќе ги пренесеме искуствата во РМ“, вели Благојче Најдовски, управител на „ФФРМ медија“. 4 | МОЈА ЗЕМЈА


„Почувствувај го здравиот рурален живот“ „Ndjeje jetën e shëndetshme në natyrë“ „Experience the Healthy Rural Life“

Работилници за едукација на фармерите од пограничниот регион помеѓу РМ и Албанија. ФФРМ е во тек на реализација на работилници со младите и жените од руралните средини во полошкиот и пелагонискиот регион за идентификување на потребите за спроведување на обуки во насока на развој на земјоделското и руралното претприемништво, спроведување на нови технологии во земјоделското производство, запознавање со потенцијалот и можностите за занимавање со неземјоделски активности (диверзификација) во руралните средини. Досега со техничка подршка на фондацијата "АЦЕ" се реализирани средби со руралната популација од општините Кривогаштани, Битола, Гостивар, преспанското село Љубојно, општината Теарце, општината Могила, а следуваат работилници во општината Маврово - Ростуше и општината Боговиње. Федерацијата на фармерите како водечки партнер на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ за целите на ова истражување спроведе и пет работилници во регионите Дибра и Елбасан од албанската страна како целни региони во проектот. Со идентификување на потребите од обуки и нивно спроведување во следната фаза од проектот, се очекува да се придонесе кон намалување на миграциите од руралните средини особено на младата популација како маргинализирана група, зголемување на приходите во руралните семејства и друго,

Пешкопеја

Битола

Работилници за мапирање на традиционални производи од пограничниот регион помеѓу РМ и Албанија ФФРМ со техничка подршка на консултанските куќи "Преда Плус" и "Идеја ОК" спроведува истражување за мапирање на традиционални производи кои ќе бидат препознаени како потенцијални продукти. На ваков начин ќе се придонесе кон зголемување на производството, вредноста на производите преку нивно брендирање од што би имало директна корист локалното население. „Средби беа организирани речиси во сите општини во целните региони на проектот – Полог, Пелагонија, Дибра и Елбасан на коишто присуствуваа производителите, угостителите, откупувачите, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и други учесници во производството и прометот со храна (примарно производство и преработки). Резултатите од истражувањето ќе помогнат во изборот на традиционалните производи кои ќе му овозможат на руралното население поголем економски, социјален и културен развој“, истакнува Марија Ѓошева – Ковачевиќ, проект-менаџер на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ во чии рамки се реализираат работилници. Имено, проектот е финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија и е имплементиран од страна на Федерацијата на фармерите на РМ и Албанскиот земјоделски совет.

Прилеп

Маврово-Ростуша

ФФРМ потпиша меморандум со „Килибрада ДОО“ ФФРМ потпиша меморандум за соработка со српската компанија „Килибрада ДОО“ со цел да се придонесе кон полесно справување на предизвиците со кои се соочуваат земјоделците во сточарството, како и едукација и примена на нови технологии во овој сектор. Меморандумот е потпишан од страна на Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ и Бранко Килибрада, директор на КИЛИБАРДА ДОО. Една од првите заеднички активности се двете обуки за правилно чување и одгледување на крави кои се одржаа во општина Могила и скопското село Мралино. Д-р Петар Стоиќ на присутните фармери им ги презентира најчестите грешки при одгледување на крави во делот на хигиената, исхраната, проектирањето на шталите и другите активности во процесот на одгледување на молзни крави. Земјоделците истакнаа дека ваквите обуки се неопходни за развојот на сточарството и истакнаа дека за нив еден од најголемите проблеми се немање на доволно земја за производство на храна за кравите и проблемите кој се влечат од времето на Сведмилк. По завршување на работилницата во Мралино гостите од Белград на барање на Драган Ристиќ, член на ФФРМ ја посетија неговата фарма и практично му укажаа на работите кои можат да се подобрат во неговата штала.

февруари 2014 | 5


ФФРМ Студиски престој на ФФРМ во Р. Албанија

„Почувствувај го здравиот рурален живот“ „Ndjeje jetën e shëndetshme në natyrë“ „Experience the Healthy Rural Life“

Преку соработка и инвестиции ќе се врати сјајот на селото Студискиот престој кој е дел од проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, финансиран од ЕУ опфати посета на фарми, производствени капацитети и посета на Албанскиот земјоделски совет (КАШ). Петнаесет фармери од РМ во организација на ФФРМ присуствуваа на студиски престој во Р. Албанија каде што разменија искуства со тамошните фармери и воедно разговараа за заедничките проблеми и предизвици што ги имаат во земјоделството, како и развој на земјоделството во регионот како значајна стопанска гранка. Студискиот престој опфати посета на фарми, производствени капацитети и посета на Албанскиот земјоделски совет (КАШ). Имано, Р. Албанија располага

6 | МОЈА ЗЕМЈА

со вкупно 696.849 хектари земјоделско земјиште. Најголем дел од него е раситнето на мали парцели од 1,2 хектари, но има семејства што обработуваат само по 0,30 хектари. Над милион жители живеат во овие рурални средини, а од нив 40% е млада популација од 25 до 54 години. Миграцијата село-град е присутна и тука, а можности за рурален развој постојат во сите области. Спроведувањето активности за руралниот развој е дел од проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ кој е финансиран од ЕУ, а се имплементира од ФФРМ и КАШ. „Проектот веќе е навлезен во својата развојна компонента, односно конкретно детерминирање на производи од двете земји за коишто ќе се изготви нивно брендирање“, објасни Марија Ѓошева-Ковачевиќ, проектменаџер на проектот од Македонија. Преку соработката на руралното население, нивна едукација за економски развој, промоција и брендирање на традиционалната храна и туризам ќе се помогне во задржување и враќање на животот на село. „Се очекува и економско јакнење на регионалниот пазар“, потенцира координаторот од КАШ, Гјон Гаспари. Целосната слика за албанското земјоделство ја објаснија во КАШ, кој постои од 2000 година и има 23 агробизнис здруженија. Претседателот на КАШ, Енвер Феризај, го објасни нивниот начин на организација и функционирање кој засега се покажал како многу успешен. Освен фармери, сè повеќе членови се бизнисмени, преработувачи коишто обезбедуваат поголема сигурност со решавањето на некои проблеми во врска со пласманот и цените. Одличен модел е и промоцијата преку саемите и нивниот весник, но и постојаниот контакт со производителите. За ваквиот пример на организирање, заменик-претседателот на Федерацијата на фармери на РМ, Мемет Синани, истакна дека нивниот модел е добар и дека тие се организирани исто како и ФФРМ, со своја структура на дејствување и медиум: „Исто како што имаме и ние земјоделско списание „Моја земја“, веб-страна, како и учество на саеми. Управниот одбор кај нас има само 7 члена, додека во КАШ има 35, од кои 30% се жени и претседателот во КАШ се избира на четири години“. l С. Т.


Фарма со 600 крави Во прекуграничниот регион во Албанија најчесто е присутно традиционалното земјоделство. Мали фарми, недоволно пазарно ориентирани поради малиот обем на производство, но и недоволните приноси и продукција. При посетата на една ваква фарма во Либраржд, изненадувањето кај нашите фармери не беше големо бидејќи и во Македонија сè уште можат да се сретнат ваквите мали фарми. Очигледна беше желбата кај нашиот домаќин да остане на родното огниште и да ги врати своите синови да продолжат со земјоделството. Напредок има, а за тоа зборуваше сликата во оваа питома околина. Нови куќи, речиси секоја со сончев колектор, модерни автомобили, патишта и живост. Фармата што ја посетивме се состоеше од четири крави, мал овоштарник и зеленчук. Производите ги продава на зелените пазари, а млекото во откупен пункт, каде што цената се движи од 23- 24 денари. Иста е цената на литар млеко и кај фармата со засега 400 крави, коишто се одгледуваат со слободно движење. Инвестиција од 3 милиони евра за изградена модерна фарма, проектирана за 600 крави, современо молзилиште што чини 250.000 евра, едукативен центар, објекти за телињата, мала зоолошка градина и ресторан. „Биофарм“ е заеднички проект на осум браќа кои ја гледаат перспективата во аграрот. Во Албанија има над 3.000 краварски фарми. Интересно беше да се видат драстичните разлики меѓу традиционалното и современото за што кај нашите фармери имаше различни видувања. Јосиф Стевоски од Битола, млад фармер, еден од поголемата група од пелагонискиот регион, вели дека е добро да се види разликата, но без доволно поевтина храна за кравите

тешко се опстанува. Беше изненаден од повисоката цена на млекото, а во врска со слободното движење на кравите во шталата забележа дека некои од нив имаат проблем со чапунките. Но, посака да има што повеќе автоматска опрема и кај нас. А и цената на млекото е примамлива. Поддршката од Владата во Албанија е помала во однос на онаа во Македонија. Сè уште беше забележлива старата механизација и во оваа модерна фарма.

Фарма во Либражд

Средба во КАШ

Винарија во Либражд

Поголема инволвираност на жените во земјоделството Групата од Македонија ја посети и козарската фарма со педесетина алпина увезени од Франција за што производителот добил помош од Владата. Ова подрачје надополнето со природната убавина на мимозите, чемпресите, мандарините и сопственото езеро, веќе е посетено од голем број туристи од цела Европа. За Маријакан, што се наоѓа меѓу Тирана и Драч, допрва ќе се слушне, потенцира Хајдан Кучан заедно со својата сопруга. Жените во Албанија имаат одлучувачка улога и тоа го покажа примерот со претседателката на Здружението на органските преработувачи на маслиновото масло, Валентина Постоли. Енергичноста резултира со конкретни резултати, успешен пласман на албанското масло по повисоки цени на европските пазари. Посетата на фабриката за производство на маслиновото масло, а и продавницата каде што се продаваат повеќе видови, го зголеми интересот, но и воодушевувањето дека жените полека, но сигурно го заземаат своето место. Љубица Џониќ, координатор на Мрежата на жени – фармери во ФФРМ, го нагласи значењето на поголемото вклучување на жените, конкретно предлагајќи неколку активности, каде што може македонската да и помогне на жената во Албанија. Со слични ставови беше и Атиџе Исејна од Гостивар, која е горда на својата краварска фарма, а имаше и некои сугестии за тоа како да се подобри албанското земјоделство. Но, пред сè, таа беше задоволна, како и останатите, со оваа посета, која освен што имаше професионален карактер, беше исполнета и со запознавање на Албанија и со остварување на многу контакти. февруари 2014 | 7


АГРОМЕТЕРОЛОГИЈА Високи температури во зима

Зимски затоплувања неповолни

за есенските посеви

Пишува: дипл. агр. Ангелко Ангелески

П

од зимски затоплувања се подразбираат временски состојби кога среднодневната температура на воздухот е повисока од 5ºС во времетраење од најмалку пет дена. Ваква временска состојба во нашата република е забележана на почетокот од 2014 година, особено во регионите кои не беа покриени со магла и каде што сончевите зраци продираа непречено до површината на земјата. Имавме состојби кои се ретки за македонски услови и за македонската клима. Така, се случи Берово да има повисоки максимални и дневни температури од Скопје или Демир Капија, но сето тоа беше резултат на појавата на магла во пониските и рамничарските региони. Една од добрите работи во оваа временска неприлика за земјоделското производство на отворено беше тоа што ваквите зимски затоплувања беа најизразени во регионите каде што одгледувањето житни култури не е главно занимање на населението, односно застапеноста на житните култури е помала. Пелагонија и Овче Поле како најголеми житници се чини дека беа поштедени од ваквите неприлики, токму поради присуството на магла и во овие региони во овој период на присуство на многу јак антициклон кој беше над поширокото подрачје па и над нашето, еден подолг период кој ги предизвика ваквите временски состојби. Што е она што се случува во растението при вакви зимски затоплувања? Едноставно, под влијание на 8 | МОЈА ЗЕМЈА

повисоките температури кои се невообичаени за овој период од годината, во отсуство на снежна покривка, растението започнува со активност, започнува да троши од резервите на јаглехидрати со што им се намалува отпорноста кон ниски минимални температури и мразеви, а факт е дека овој период е само почеток на зимата календарски и време за ниски минимални температури сè уште има. Поради отежнатата и задоцнета сеидба во есенскиот период, посевите навлегоа во услови на презимување во ниски фази на развој што уште повеќе ја усложнува состојбата. Кај овошките и виновата лоза ваквите затоплувања немаат некое позначајно влијание, затоа што овие температури, со вакви вредности, не можат да предизвикаат предвремено будење на родните пупки со што би се предизвикала штета во наредниот период. Така, за предвремно будење на овошките потребни се температури над 17ºС во времетраење од најмалку две седмици, со што би се покренале соковите и би отпочнала вегетацијата. Состојбата со зимските затоплувања не е алармантна, но сепак е присутна над нашето подрачје. Поголема актуелност може да има по кревањето на маглата, доколку останат ваквите временски услови и доколку нема снежна покривка. l


Зимска работа ОВОШТАРСТВО

Правилна резидба на јаболката Пишува: Дипл. инж. агр. Ламбе Куциноски

Р

езидбата е неопходна мерка во ово­ штарското производство на јаболка. За да се изведе правилна резидба, потребно е добро познавање на био­ ло­гијата и физиологијата на јаболкото. При ре­ зидбата не треба да се придржуваме на некои шаблони, зашто секоја овошка претставува посебен случај и треба специфичност при неј­зиното режење и притоа треба да се при­ држуваме кон одреден систем и правила на режење. За правилна резидба треба да се почитуваат општите правила кои треба да ги знае секој производител на јаболка. Еве некои од нив: 1. Ако некоја гранка сакаме да ја засилиме, ја поставуваме во вертикална положба и обратно, ако сакаме да ја намалиме бујноста на некоја гранка, тогаш ја наведнуваме или свиткуваме со поголем агол. 2. Од врвната пупка секогаш се развива најсилен летораст. Доколку гранчето е скратено, најсилен летораст ќе се развие од најгорната пупка. Одејќи кон основата, ќе се развиваат сè помали гранчиња и под поголем агол. 3. Кај вертикалните гранчиња, најсилен прилив на сокови има во најгорните пупки, па поради тоа тие најсилно се развиваат. Средните и подолните пупки се послабо хранети и затоа

од нив се развиваат послаби гранчиња, а најниските пупки дури и не потеруваат. 4. Потсекувањето и проредувањето на гранчињата се вика уште и резидба на дрво или резидба на род. Со потсекувањето отстрануваме дел од пупките на гранчето. Оставените пупки добиваат повеќе храна, поради што развиваат и посилни леторасти. Цутните пупки во таков случај не се формираат бидејќи асимилативите одат за развој на силни леторасти. Потсекувањето се врши во период на полна родност заради регулирање на родноста и обновата на родното дрво. Потсеченото родно гранче дава повеќе и поквалитетни плодови. Проредувањето на гранчињата е важно во младоста, за порано прородување, а подоцна за осветлување на круната. 5. Со резидбата се смалува бројот на листовите што доведува до помалку асимилативи, а тоа повлекува смалување на вкупниот прираст, надземен и подземен. 6. Младите овошки треба што помалку да се режат, а со староста, резидбата треба да се засили, со што старите овошки ги подмладуваме. 7. При резидбата се внимава да се прават што помали рани. При отстранувањето на гранката, секогаш резот се прави веднаш над прстенот кој е во основата на гранката што ја потсекуваме. l


ОВОШТАРСТВО

Негативно влијание на ниски температури

Превенција од

измрзнување на овошките

Пишува: дипл. зем. инж. Ванчо Захариев

О

д оштетувањата на овошните растенија од ниски температури на одгледувачите на овошки најпознати и со кои најчесто вообичаено се среќаваат се измрзнувањата на цветните пупки и цветови. Покрај овие измрзнувања, кај овошките се среќава и измрзнување и изумирање на кореновиот врат и основата на стеблото, измрзнување на гранки и лето­ расти и оштетувања на основното стебло и некои подебели гранки од сончев пригор. Причините за овие измрзнувања и оштетувањата се бројни, а тука ќе ги споменеме позначајните. Една од нив е огледувањето на овошните видови на многу влажни почви или нивно одгледување со поткултури кои бараат обилно наводнување и ѓубрење со што развојот на овошките се продолжува и тие не можат навреме да влезат во фаза на мирување и во случај на појава на јаки мразеви тие лесно измрзнуваат и изумираат. Особено чувствителни на зимско измрзнување се коскестите видови и тоа: кајсијата, праската и бадемот. Самиот процес на измрзнување настанува при долготрајно ниски температури при што растителните ткива замрзнуваат. Ова замрзнување не значи и дека ќе дојде до измрзнување, бидејќи при замрзнувањето, во просторот помеѓу растителните клетки во ткивото се формираат ледени кристали кои во случај на постепено покачување на температурата се топат постепено и водата од нив повторно се впива од клетките при што во овој случај нема мрзнење на ткивото. Во одредени случаи кога се формираат поголеми ледени кристали кои извлекуваат толку многу вода што по затоплувањето содржината на клетката не е во состојба да ја прими (впие) во себе, водата излегува надвор од ткивото и во овој случај имаме измрзнување и изумирање на ткивото. Температурата при која измрзнуваат овошните

10 | МОЈА ЗЕМЈА

растенија не може ни приближно да се определи, бидејќи е различна не само за различните видови и сорти, туку оди дотаму што различните ткива на една овошка во одредени моменти од својот развој имаат различна издржливост кон процесот на обезводнување на растителните клетки и притисокот кој го условува процесот на мрзнење. Најрано стапуваат во зимски мир плодните пупки и пупките на младарите (водопиите), по нив помладите и постарите гранки и најпосле стеблото, дебелите и тенките корени. Некои делови, како што се врвовите на корените, воопшто не влегуваат во зимски мир. Првото затоплување по завршувањето на зимското мирување е веќе во состојба да предизвика будење во одделни ткива кое сега тече по обратен ред и најпрво се будат деловите кои последни влегле во зимско мирување при што со овој процес истовремено се губи и закалувањето. Разбудените ткива се склони кон измрзнување од не многу ниски температури. Редица фактори и состојби можат да го предизвикаат овој процес. Еден од нив е предвременото обезлистување причинето од инсекти, болести, препарати за заштита и град, по што обично следуваат првите дождови и обично имаме започнување на процес на ново нараснување проследено со придвижување на нови растителни сокови кое ќе трае до формирањето на новите листови и насобирањето резервна храна за зимата, па дури потоа започнува состојбата на зимско мирување. Кај овие овошки може да се случи лесно да настрадаат од рани есенски-зимски мразеви. На ист начин дејствуваат и доцните летно-есенски наводнувања и обработки на почвата во овошните градини посеани или посадени со поткултури или кои се со блиска потпочвена вода. Подлогата на која се калемени, исто така, може да влијае за продолжување на вегетацијата или порано пробудување на овошката напролет.


Мерки за справување со измрзнувањето Треба да се избегнуваат места со блиска потпочвена вода особено за кајсијата и праската и одгледување поткултури во овоштарниците кои бараат доцни есенски наводнувања и обработки како што се зеленчуците. Исто така, не треба да се допуштат причини за предвремено обезлистување на овошките. По паѓањето на листовите на овошките треба тие да се наводнат обилно, песокливите почви да се ѓубрат обилно со арско ѓубре, да не се изоставува ѓубрењето со ѓубрива кои содржат фосфор и калиум и да се избегнува сè што може да ја загрози животоспособноста на овошните растенија. Доцната есенска резидба, исто така, треба да се избегнува. Пред настапувањето на зимските мразеви, треба да се изврши целосно напрскување на овошките со 2,5% варно млеко,односно 250 грама гасена вар и 2 л обезмастено млеко (матеница) на 10 л вода за подобро прилепување. Наместо матеница, треба со иста количина цвик (сурутка) да се проба која е поевтина, но не и полоша варијанта. Доколку варта отпаднала преку зимата, варосувањето напролет треба да се повтори. Белата боја на варта го смалува загревањето на кората на овошките и го продолжува зимското мирување со што се овозможува продолжување на периодот на закаленост на овошките од мрзнење. Добри резултати се постигнуваат и со обгрнување на стеблата со слама или стебла од пченка. Сите рани, раковини и оштетувања треба навреме да се отстранат од гранките со стружење до здравото ткиво и тие места да се премачкаат со основна дрвена боја. l

Како да станам член во ФФРМ

Придобивки од квинојата

Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042

Семето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија. Семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БЕМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. Содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) l

февруари 2014| 11


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на Кивано

Пишува: Иван Шулог

К

Македонската почва погодна за африканска краставица

иваното (Cucumis metuliferus) е повеќегодишна градинарска култура во тропските и суптропските предели, а припаѓа на фамилијата краставици. Во англиското говорно подрачје се нарекува бодликава диња. Потеклото му е од средна и Јужна Африка, а Нов Зеланд прв почнал со комерцијално производство. Плодовите имаат жолто-портокалова боја. Во кулинарството се користи во свежа состојба или за подготовка на сокови и јогурти. Киваното содржи многу витамин Ц, повеќе од било кое друго растение, како и минералите Cu, Mn, K, Fe. Киваното е единствена билка која поседува олеинска киселина достапна ѕа организмот во природен облик. Во Македонија првите насади се очекуваат оваа година и се очекува од сосема непозната култура да се успее да се одгледа и подготви како атрактивен производ за извоз. Киваното кај нас се одгледува како едногодишна култура, а првото комерцијално производство започнува во 2014 година во околината на Штип. Според истражувањата, киваното може да се одгледува и во Македонија. Најдобри приноси дава на плодни и оцедни почви. За одгледување на киваното потребен е период од 3 до 4 месеци без мраз. Основната обработка на земјата мора да биде на длабочина од 40 см во есенската обработка. Напролет е потребно да се затворат браздите и да се направи подготовка за формирање гредици и поставување на PVC фолија. Истовремено со поставувањето на фолијата се монтира и системот за наводнување капка по капка или пуштање на вода во бразди помеѓу фолиите. На терени со благ нагиб се препорачува употреба на фолија со 120 см ширина и изработка на ниски гредици (како за краставици), а на рамни терени употреба на фолии со ширина од 140 до 150 см и изработка на високи (гредици како за јагода). Киваното се одгледува од садници. Тие се садат на поле околу 15 мај, под услов температурата на почвата да биде повисока од 10ºС. Се сади рачно или со машина за садење. Садниците најчесто се садат на растојание 120 х 50 см. Со тоа се постигнува склоп од 12.000 растенија/ха. Се сади на подигнати гредици со PVC фолија. Растенијата треба да се наводнуваат веднаш по пресадувањето и следните 7 до 10 дена. Подоцна во текот на вегетацијата наводнувањето треба да продолжи, но треба да се внимава да нема премногу влага, затоа што преголемо количество вода

12 | МОЈА ЗЕМЈА

во зоната на коренот значително го намалува приносот. Најсигурно, најточно и рационално ѓубрење може да се одреди со анализа на земјиштето. Во пролетната подготовка на почвата се ѓубри со минерално ѓубриво и тоа 50 кг N, 100 кг P2O5, 150 кг K2O на 1 хeктар. Одлични резултати покажаа ЕКО ѓубривата од Италполина. Треба да се има на ум дека киваното бара ѓубре слично како ѓубрењето при производство на краставица. Некои земјишни штетници, како на пример, грчици или телени црви можат да направат делумна штета на кореновиот систем, што влијае на квалитетот на приносот. Поради тоа, при одбирањето на површините за садење треба да се обрне внимание на бројот на штетните инсекти во почвата и да се избегнуваат парцели со преголем број ларви од почвените штетници. Штета на плодовите на киваното може да направат трипсите и лисните вошки, па затоа е потребно да се врши заштита со инсектициди на секои 10 до 15 дена откако растението ќе почне да цвета. Сепак, се препорачува младите растенија од периодот на пресадување до цветање превентивно да се заштитат со средства во согласност со дадените каренци и пропишаните дози. Предлагаме до цветањето на растението да се третира со бакарен препарат и тоа да се повторува како превентива. Откако киваното ќе дојде во технолошка фаза на кроење, треба да се крои и притоа да се заштити со бакарен препарат за да се оневозможи навлегување на болестите во растението во отворените рани. Се предлага третирање со биостимулатори како и прихрана преку листот и таа зависи од технолошката фаза. Одредени штети можат да предизвикат полжавите, полските глувци и волухарки, посебно при порано расадување на растенијата кога нема доволно храна во природата, па затоа предлагаме соодветна заштита. Во зависност од времето на садење и од климатските услови, киваното се бере од јули до октомври, секако, пред првите мразеви. Редовно се бере кога плодовите ќе почнат да добиваат жолти дамки на кората бидејќи веќе не постои можност плодот да продолжи со раст, а се берат плодови од 300 до 480 грама. Во влажни услови се препорачува порано берење за да не се појават болести. Бербата на киваното се врши исклучиво рачно. Плодовите можат да се чуваат од 8 до 9 месеци ако се одржува постојана температура до 18 0С l


ЕГЗОТИК-КИНГ МАКЕДОНИЈА Осигуруваме технологија, надзор на производството, саден материјал, откуп и извозен пазар за кооперантите Саден материјал за : Кивано (Cucumis metuliferus), ИНДИЈАНСКА БАНАНА (ASIMINA) , Гравиола, Син компир, Тикви (Butternut, Hokkaido, Kabucha), Maракуја (повеќе видови), Passiflora, Pepino, Tamarillo, мексикански чили, перуански јагоди, азиска диња (Jеју), Guava, Fijoa, Stevia, Chia, CamuCamu, Quinoa, Papaya, Babako, Maca, итн…

Партнер во Македонија: Милановиќ ДООЕЛ Контакт: 032 612 555 www.exotic-king.com info@milanovik.com

ITALPOLLINA

она што и е потребно на земјата... Врвни органски губрива http://www.italpollina.com

Застапник за Македонија: Милановиќ ДООЕЛ 032 612 555 www.milanovik.com info@milanovik.com


Градинарство

Земја и биотопливо – дел од леата Во претходно подготвената леа истиот ден се става биотопливо и градинарска земја. Така подготвената леа се остава да стои 2-3 дена со температура на леата 20-25°С. Веднаш потоа се пристапува со сеидба на семето Пишува: дипл. агр. Слаѓана Калајџиеска Бебекоска

Т

оплите леи за расад се прават надземни и вкопани. Надземни леи се прават во вид на сандак и тунели. Сандак се прави од штици широки 20 – 30 см со дебелина 3-4 см. Леите во тунел се прават директно на земја. Овие надземни леи се подготвуваат на оние површини каде што има високи подземни води и кога имаме поголеми количини биотопливо. Вкопани леи се прават кога имаме малку биотопливо. Се копа трап широк 1,5 м, долг 4-12 м и длабок 0,5 м. Меѓу траповите се остава патека 60-70 см. За да се подготви една леа за расад, претходно треба да има подготвено биотопливо и градинарска земја. Дезинфекцијата на леите се врши на два начина: термичка и хемиска. За помали леи за расад се препорачува термичка дезинфекција која се изведува на следниот начин: Се користи лимено буре со монтирана славина на долниот дел и во неговата внатрешност на 20-25 см од дното се поставува решетка или издупчена метална плоча. Под плочата во бурето се налева десетина литри вода, а над плочата се полни до горе со растресита почва (смеска) и се затвора со капак. Под бурето се пали оган и кога водената пареа ќе пробие преку почвата, огнот се ложи уште 10-15 мин. Потоа водата се испушта преку славината, почвата се истресува, се поставува на куп и се покрива со полиетиленско платно. Ова е ефикасен, а воедно и еколошки најприфатлив начин на дезинфекција. Хемиска дезинфекција се спроведува на следниот начин: од претходно подготвената градинарска земја се реди во слој 10-20 см, се запрашува со соодветно хемиско средство. Најчесто се користи „Басамид“ гранулат или „Дазомет“ и тоа 200-250 г/м3 и тоа гранулите од „Басамидот“ се растураат по површината во количина 20-25 г/м2, повторно одозгора се става 10-20 см земја и така се реди до висина од 1м (додека има од смеската). Потоа добро се набива, се покрива со најлон и се остава да стои 10 дена (зависно од надворешната температура, така што во некои случаи при

14 | МОЈА ЗЕМЈА

пониска надворешна температура ќе остане и подолго). Купот потоа се открива, се меша и се проветрува. Повторно се собира во куп, се покрива со најлон и така се остава да стои уште 20 дена. Вака подготвената земја се растура во тенок слој за да се проветри. Вака третираната градинарска земја е заштитена од инсекти, плевели и болести. Во претходно подготвената леа истиот ден се става биотопливо и градинарска почва. Така подготвената леа се остава да стои 2-3 дена со температура на леата 20-25°С. Веднаш потоа се пристапува со сеидба на семето. Семето, исто така, треба да биде дезинфицирано со некое соодветно хемиско средство. Тоа се сее во редови или распрскано, во зависност од културата што се сее. По сеидбата, семето се покрива со слој од 1,5-2 см прегорено дезинфицирано арско ѓубриво. Кога леата е веќе готова, се покрива и се остава до никнувањето на семето. l


Подготовка на биотопливо за расад Биотопливото се подготвува од арско ѓубриво од крупниот добиток, од отпадоци на индустриски култури како што се сончогледот и тутунот. Најдобро арско ѓубриво кое ослободува најмногу енергија е коњското ѓубриво. Тоа во наши услови го има во многу мали количини. Најмногу го има говедското ѓубриво кое се користи свежо, нерастворено со самото чистење на шталата. На ова ѓубриво му се додава слама или пилевина или суви лисја. Овие отпадоци ги врзуваат течните материи од арското ѓубриво. Арското ѓубриво кое ќе се подготвува за биотопливо се носи во близина на местото каде што ќе се подига леата за расад. Свежото шталско ѓубриво се става на куп висок 1,5 м, со ширина 2,5-3 м. По 7-10 дена почнува процесот на согорување. Тогаш почнува да испарува и се ослободува топлина. Кога го поставуваме купот со арско ѓубриво, доколку има врнежи од дожд или снег, купот се покрива со најлон за да не дојде до навлажнување на биотопливото поради што би се стопирал процесот на согорување со кој се ослободува топлина. Може да се случи биотопливото да се излади и да престане процесот на согорување. Во ваков случај на ѓубривото му се додава топла вода или во основата на купот со ѓубриво се става негасена вар која го затоплува ѓубривото. Биотопливото не треба да биде многу влажно. Кога ќе се притисне со дланка не треба да пушта вода. Биотопливото, кога е загреано, се реди во леата во слој од 40-45 см и лесно се набива за да се истисне воздухот и да почне процес на анаеробна ферментација. По 2-3 дена температурата се стабилизира на 25°С. Потоа се реди градинарска почва во слој 10-15 см.

Подготовка на градинарска земја за расад Градинарска земја за расад во леата се подготвува во однос 1:1 од прегорено арско ѓубриво (да биде ситно пресеано и без присуство на паразити) и земја богата со хранливи материи на која претходно не биле засадени градинарски култури или земја од површини со многугодишни треви. Доколку земјата е тврда, се додава тресет или песок. Сето тоа заедно добро се промешува за да се добие ровка земја. Вака подготвената градинарска земја треба да се дезинфицира. Целта е да се сузбијат штетните паразитски габи, вируси, бактерии, разни нематоди (црви) и плевелни семиња. Многу од нив се наоѓаат во подлабоките слоеви од почвата и тоа во разни форми на презимување. Од ефикасно изведената дезинфекција зависи колку брзо повторно ќе се појават овие штетници. Обично дезинфекцијата се изведува меѓу два циклуса на производство и притоа во смена се користи водена пареа и фумиганти. февруари 2014 | 15


ГРАДИНАРСТВО Одгледување на аспарагус РУБРИКА

За добро производство важна е негата во првата година Пишува: Дипл. инж. агр. Савка Маркудова

П

роизводството на аспарагус е специфично бидејќи бара посебни услови и строги критериуми при производството и негата на расадот. Најголемиот дел од производителите на аспарагус не се занимаваат со производство на расад, туку се снабдуваат со готов, квалитетен, саден материјал. При изборот на сорта од аспарагус треба внимателно да се разгледаат сите околности и услови на производство. Треба да се одбере сорта што идеално ќе одговара на теренските и пазарните услови. Ова е важно бидејќи семенскиот материјал опфаќа 40% од вкупната потребна инвестиција за производство на аспарагус. Аспарагусот како дводомно растение има машки и женски растенија. Денес, поновите сорти се 100% машки, бидејќи даваат повеќе род, поинтензивен раст и подобар квалитет. Исто така, битно е однапред да се знае каков аспарагус ќе се одгледува, бел или зелен, бидејќи мора да се определи производителот за едниот вид. Не може на иста површина да се одгледуваат двата вида. Битни карактеристики кои производителите на семе се стремат да ги усовршат кај сите сорти се: раностасноста, повисоки приноси, отпорноста на болести и главиците да се одржат што повеќе затворени при излегувањето на изданоците. Подготовката на почвата зазема важно место во подготовките за одгледување на аспарагус и е критичен момент за понатамошниот успех во развојот на аспарагусот. Треба да се создаде хомогена структура на почвата во длабочина од околу еден метар, а тоа подразбира задолжително риголување и повеќекратна претсеидбена обработка на почвата. Доколку се планира, наводнувањето треба да се врши со системот „капка по капка“ и тој треба да се постави пред расадувањето на аспарагусот, односно цревата (цевководите на системот) треба да се постават под кореновата маса во браздите за сеидба.

Аспарагусот нема големи потреби од хранливи материи. Поважна е добрата подготовка на почвата без присуство на плевели. Често пати се одгледува на сиромашни песокливи почви во западноевропските земји, каде што успеваат само неколку други култури. Аспарагусот ќе преживее и ќе дава приноси и во скромни почвени услови, меѓутоа за комерцијални приноси потребно е да му се додадат потребните хранливи материи. Најдобро е пред сеидбата ѓубрењето да биде со прегорено арско ѓубре и да се инкорпорира во длабочина од 30 до 40 см. Некаде се практикува и зелено ѓубрење во претсеидбената година, односно да се засеат легуминозни култури и во текот на нивната вегетација тие да бидат заорани во почвата. На овој начин видно би се подобрила физичката и хемиската структура на почвата. Исто така, пожелно е секоја година да се врши органско ѓубрење и ако постои можност, во поголеми количини од 40 до 50 т/ха. Пред сеидбата треба да се направи испитување на почвата со земјишни проби, за да се утврди потребата од дополнителни хранливи материи. Ако pH не е висок, потребата од микроелементи ќе се задоволи преку органското ѓубрење и треба да се испита само присуството на N, P, K, Mg и Ca. Во текот на првата година аспарагусот побавно расте и најважно е да му се овозможи да ги има сите услови за нормален развој, односно да се задоволат сите агротехнички мерки како што се наводнувањето, фризирањето, заштитата од болести, штетници и плевели. Доколку сеидбата е релативно доцна напролет, на аспарагусот треба да му се овозможи што подолга вегетација за да може да развие добра кореновата маса. Во првата година важно е да се развијат 5-7 изданоци по растение и тие да се одржат во добра кондиција сè до првите слани доцна наесен. Во последните години пазарните услови покажуваат дека аспарагусот постигнува високи цени на пазарите во ЕУ за квалитетното производство. Еден од најдобрите методи за постигнување добар квалитет е да се одржува посевот во добра здравствена состојба преку адекватна и навремена грижа за време на вегетацијата на аспарагусот и соодветна превентивната заштита од болести, штетници и плевели. l


Време и начин на сеидба Најдобро време за садење (расадување на садниците) на аспарагусот е по доцните пролетни утрински мразеви и слани. Важен елемент при сеидбата е определувањето на насоките на редовите со аспарагусот. Тие се избираат во зависност од насоките на локалните ветрови за да може проветрувањето во текот на вегетацијата да биде што подобро. Длабочината на садење изнесува 20-22 см. Кореновата маса побргу се буди напролет кога е поплитко во почвата. Аспарагусовите изданоци почнуваат да растат и излегуваат кога температурата на земјата ќе достигне околу 12-14°С. Колку е поблиску до површината на почвата, кореновата маса побргу ќе се разбуди напролет со што и бербата ќе биде порана, но треба да се води сметка да не биде поплитка сеидбата, поради тоа што во подоцнежните години би можело да настане ризик од оштетување на главицата во текот на бербата, бидејќи таа се надградува секоја година и во висина, односно растојанието помеѓу главицата и висината на траповите би било видно намалено. Растојанието помеѓу редовите е од 160 до 220 см, во зависност од климатските услови и расположливата механизација. Во редот растојанието е од 30 до 40 см, односно бројот на растенија може да изнесува од 2,5 до 4 во еден должински метар. Во јужниот регион на нашата земја, бидејќи има одлични климатски услови за солиден развој на хабитусот на растението, се засадуваат по три корени во должински метар и растојанието помеѓу редовите изнесува 210 см, со што во површина од 1 ха се засадени околу 14.000 растенија. Меѓуредовото растојание од 210 см овозможува олеснет пристап за разновидна машинска обработка.

Болести и штетници на аспарагусот Искуствата од посевите во гевгелискиот регион од присутните болести ја издвојуваат рѓата на аспарагусот (Puccinia asparangi) како сериозна опасност за плантажите со аспарагус, па затоа треба да се врши навремена и адекватна заштита. Првите симптоми се видливи на повисоките и помали гранчиња со нивно жолтеење и сушење, па постепено се спуштаат надолу опфакајќи ги и подземните делови на стеблото. Преовладувањето на високи температури посебно ги активираат габите причинители на болеста во летниот период. За ртење на габните спори доволно е само мало количество на влага од утринските роси. Неколку стадиуми се карактеристични за спорите кои се разликуваат по нивната боја. Првите се портокалови, а новите инфекции произведуваат црвени спори кои се шират понатаму. Овие произведуваат црни спори при крајот на сезоната и такви презимуваат. Рѓата обично бавно се шири во концентрични кругови, а најмногу се пренесува преку обработката со механизација, па затоа треба да се внимава машинската обработка да се изврши после третирањето со заштитни средства. Доколку се забележат само на неколку места први видливи симптоми на рѓата треба да се отстранат заболените изданоци и надвор од посевот да се запалат. Во случај на поголема зараза, штетите на заразените

растенија се големи, бидејќи доаѓа до сушење на круната и од новите изданоци треба да се очекува повторно да започнат со процесот на фотосинтеза. Новите изданоци, пак, се изложени на инфекција од старите. Доколку посевот е целосно заразен, се препорачува косење и уништување на заразената растителна маса. Единствената ефективна заштита од 'рѓата е да се започне со превентивна заштита во ран стадиум и да се повторува по правилен распоред и пожелно е да се користат фунгициди со различен состав. Најпрепорачливи се системските фунгициди со активна материја на база на стробулини и тријазоли. За сите болести и штетници, многу е важно редовно да се проверува теренот по систем на шаховска табла за навремено откривање на потенцијалните проблеми. Во многу случаи со локален третман може да се спречи ширењето или размножувањето од пошироки размери. Познати се неколку штетници кои го напаѓаат аспарагусот во западноевропските производни региони и треба да се следи нивната појава. Тоа се: аспарагусовата мува (Platyparea poeiciloptera) и аспарагусовата буба или стеница (Crioceris asparagi L.) кои причинуваат посериозни штети. За добра контрола на болестите и штетниците, многу е важно да се има соодветна опрема за прскање која ќе овозможи добро навлегување на хемикалијата во листот. февруари 2014 | 17


ГРАДИНАРСТВО

Складирање на зеленчук

Како правилно да се чува компирот Пишува: дипл. агр. Слаѓана Калајџиеска-Бебекоска

П

о бербата на компирот, како и за секој друг зеленчук, важно е чувањето. По­тре­ бно е да се обезбедат со­ одве­тни услови за компирот и да се чува 6-7 месеци во простории кои се суви, здрави, неоштетени и дезинфицирани. Воедно, потребна е оптимална температура со соодветна релативна влажност на воздухот. При несоодветни услови, може да дојде до предвремено прортување на клубените, оштетување и загуби во тежината. Компирот при чување треба да биде здрав, сув и неоштетен. Треба одделно да се чува семенски од меркантилен компир. Чувањето на компирите може да биде во трапови, подруми и постојани складишта. Траповите може да бидат: вкопани, полувкопани, надземни и ѕидани. За наши услови најпогодни се надземни и ѕидани. Кај ѕиданите, вентилацијата се врши со помош на канали за одвод и довод на воздух, а кај останатите со помош на вентилатори. Подрумите може да бидат во состав на некој објект кој е за друга намена или да бидат посебно изградени за таа цел. Постојаните складишта можат да бидат полувкопани или надземни. Тие се најпогодни за чување и се градат за поголеми количини на компири. Овие складишта можат да имаат и одделение за прием, избирање и издавање производи, како и други помошни простории. При сите начини на чување треба да се внимава влажноста на воздухот во складиштето да биде околу 90%. Превисока и прениска влажност се многу штетни. Светлината е потребна само при чување на семенски компир, а во друг случај таа е штетна.

18 | МОЈА ЗЕМЈА

Компирот мрзне на -2°С. При чувањето не треба да се дозволи измрзнување на кртолите и треба да се спречи кондензација на водена пареа. Ако при чувањето на компирот се внесе влажен и оштетен ком­ пир, тогаш првите две недели тем­ пературата во современиот мага­ цин треба да биде 15°С со цел да испари вишокот влага од клубените и полесно да се создаде ткиво на оштетените и исечени делови од компирот. За спречување на масовно ’ртење на компирот постојат хемиски сред­ ства наречени инхибитори кои го спречуваат ’ртењето и раз­мно­­ жувањето на клетките. Како пра­шок се среќаваат „туберит“ и „тубе­рофен, а како течност „пе­рту­бир“и „луксан“. Прашоците се ко­ристат 100-120 г/100 кг компир, а течностите се употребуваат со замаглување во количина 1 л на 50 т компир. Компирот третиран со овие препарати може да се користи во исхраната по 42 дена од датумот на третирање и по две недели од проветрување во магацинот каде што е вршено третирање. Овие препарати, пред сè, се користат за чување и складирање на семенски компир.

Чувањето на компирите може да биде во трапови, подруми и постојани складишта. Ако при чување на компирот се внесе влажен и оштетен компир, тогаш првите две недели температурата во современиот магацин треба да биде 15ºС со цел да испари вишокот влага од клубените и полесно да се создаде ткиво на оштетените и исечени делови од компирот

Услови за чување во трапови Теренот треба да биде сув и оцеден, заштитен од надворешни води, со обезбедена вентилација. Температурата да биде 0-6°С. Плодовите кои се чуваат да бидат зрели, чисти, здрави и неоштетени. На дното се поставува решеткаст вентилациски канал со триаголен пресек, а на секои 1-2 или до 3 м се поставува вертикален вентилатор. Вентилаторите може да бидат од различен материјал.

Начин на сместување и чување во трапови Плодовите се редат и сложуваат во вид на заоблена призма широка 1-2 м, а должина по потреба. Се сложуваат во висина до 1,5 м. Над вака сложените плодови се поставува слој слама во дебелина 20-30 см, а потоа слој земја со дебелина 15 см. Повторно се реди слој слама од 10 см, па слој земја од 15 см. Во текот на зимата секој ден 2-3 пати со термометар се контролира температурата во трапот и по потреба се отвораат или затвораат вентилациските канали. Во случај да дојде до расипување на некои од плодовите, треба веднаш да се отстранат и трапот повторно да се затвори. Ако се забележи појава на некои штетници, тие треба веднаш да се уништат.


Услови за чување во подруми Да имаат изедначена температура во текот на целата година, да се суви и со обезбедена вентилација (преку прозорци или на некој друг начин).

Начин на сместување и чување во подруми Зрели, здрави, чисти, суви и избрани кртоли се чуваат на полици, во сандаци или прегради, а можат да бидат прекриени со песок или слама. Температурата треба да се одржува на 0-6°С. Контролата во текот на чувањето треба да биде постојана.

Услови за чување во постојани складишта Вентилацијата треба да се обезбеди со помош на одводни и доводни канали. Температурата треба да биде 0-6°С. Обезбедувањето постојана температура се постигнува со додатен изолациски (кај надземните складишта). За регулирање на влажноста одредени

делови од подот се од набиена земја преку која се поставува подвижен решеткаст под.

Начин на сместување и чување во постојани складишта Кртолите се чуваат во специјални сандаци познати како бокс-палети (сандак од 1 м3 има 600 кг компири) кои се редат едни врз други. Помеѓу куповите од сандаци се остава 10 см простор заради циркулација на воздухот, а помеѓу нив по должина се остава доволно простор за поминување. Средниот премин треба да биде до 3 м. Помеѓу секои три реда сандаци по висина се поставуваат подметнувачи за подобра циркулација на воздухот. Постојано треба да се контролира температурата и ако се забележи дека температурата на надворешниот воздух е пониска од температурата на воздухот во складиштето, се отвораат доводните канали. Кога температурата на надворешниот воздух е повисока отворот за вентилација се затвора.

февруари 2014 | 19


ПОЛЕДЕЛСТВО

Системот капка по капка со врвни резултати кај пченката

Неопходни се нови технологии со кои ќе се добиваат подобри приноси, истакнува Панде Дамчевски од битолското село Оптичари кој со помош на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси инсталира систем капка по капка за да го зголеми производството

Од 1 хектар 10 тони П

Пишува: Билјана Петровска- Митревска

рилагодувањето на земјоделството на климатските промени во насока на зачувување на квалитетот и добивање поголем принос е една од клучните работи во аграрот. Токму системот капка по капка во овој дел е доста применлив и освен во лозарството, овоштарството и градинарството, наоѓа примена и во полјоделството и тоа во одгледувањето пченка. За таа цел, минатата година во рамките на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси беше спроведена активност со која се финансираше инсталација на системот капка по капка на 42 полиња со пченка како дел од иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Еден од земјоделците вклучен во оваа активност е и Панде Дамчевски од битолското село Оптичари, кој е производител на пченка и пченица.

20 | МОЈАсе ЗЕМЈА Кочанката користи за огрев

Опрема за системот капка по капка

Пченката се чува во кошеви


Машина за собирање на системот капка по капка

„Земјоделството е традиција во нашето семејство и ние егзи­ стираме токму од ова. На 17 хектари одгледуваме пченка, додека на 20 хектари одгледуваме пченица. Системот капка по капка со помош на УСАИД го инсталирав на 1 хектар и можам да кажам дека резултатите се одлични. Токму од овој хектар добив 10 тони. Доколку површината не беше наводнувана со системот капка по капка, тогаш ќе имав 7 тони“, истакнува Панде. Според него, знаењето и новите технологии се неопходни за развој на земјоделството. Со овој систем се овозможува пченката и почвата да добијат влага колку што им е потребна и на ваков начин се добива подобар принос и квалитет. „Со традиционалното навод­ нување едноставно настанува ми­­ење на почвата и поради не­рам­номерното наводнување таа пука“, објаснува Панде, до­да­­вајќи дека со системот капка по капка се заштедува време, вода и се обезбедува квалитетно на­вод­нување. Имено, за пченката е важно првото наводнување и тоа треба навремено да се направи. Тој пченката ја чува во кошеви, а кочанката ја користи за огрев. Целосната работа ја изведува со механизација и наместо зрно тој вади клипови што е далеку поква­ литетно, продуктивно и нема про­ блем со влагата. Најчесто пчен­ката се купува како храна за до­би­токот и е неопходна во овој период. „Садењето на пченката започ­нува кон крајот на март. Сега доаѓа доаѓа период на пролетна подготовка за пред сеидба. Она што е важно за фармерот кој е одгледувач на пченка е да има искуство и познавање како да ги следи новите технологии“, вели Пандо. Тој сака и понатаму да инвес­тира и на останата површина да стави систем капка по капка, но сепак за тоа не се решава сè уште бидејќи голем дел од површините ги има под наем која газдите ја склучуваат на една година. И тука, како што истакнува, Пандо е проблемот. „За надминување на ваквите про­блеми многу е важно ние, зем­ јо­­делците, да бидеме здружени и за­еднички да дејствуваме пре­ку нај­­различни форми на обе­ди­ну­ вање, но затоа е пот­ребна еду­ка­ ција, поголема инфор­мираност и, се раз­бира, користење на нови техно­ логии“, потенцира Панде Дам­­че­вски кој со своето семејство про­­должува да го развива својот семеен бизнис и живот во Оптичари. l

Протокол за ѓубрење преку систем капка по капка Развојна фаза Ѓубриво Пред сеидба – аплицирање на Yara Mila Panter или гранулирано ѓубриво Yara Mila Universe или Yara Mila Leopard

Количина 300 кг/ха

Вегетативен пораст – преку систем капка по капка

Yara Vera Amidas или Yara Mila Sprinter

150 кг/ха

До цветање

Yara Vera Amidas или Yara Mila Sprinter

100 кг/ха

Опрашување и оплодување

Yara Mila Complex и Yara Vera Amidas

100 кг/ха 50 кг/ха

Налевање на зрното

Yara Mila Complex или Unika Kali

180 кг/ха 150 кг/ха

Протокол за ѓубрење со останатите системи за наводнување Развојна фаза Ѓубриво Пред сеидба – аплицирање на Yara Mila Panter или Yara Mila Universe гранулирано ѓубриво илиYara Mila Leopard

Количина 300 кг/ха

Вегетативен пораст – преку систем капка по капка До цветање

Yara Vera Amidas 40 0 0

150 кг/ха

Kristalon 19-6-6

50 -100 кг/ха

Опрашување и оплодување

Kristalon 19-6-20

100-150 кг/ха

Налевање на зрното

Kristalon 15-5-30

100-150 кг/ха

Протокол за наводнување со систем капка по капка Развојна фаза Наводнување По сеидба Доколку нема доволно врнежи, наводнување со систем капка по капка или прскалки Вегетативен пораст

Систем капка по капка

Цветање

Систем капка по капка

Опрашување и оплодување

Систем капка по капка

Налевање на зрното

Систем капка по капка

Протокол за заштита од плевели и штетници Развојна фаза Производ Пред сеидба Pyrinex 48 EC 4-6 (пестицид) По сеидба,

пред никнење

Linurex 50 SC (хербицид) Nicogan 40 SC (хербицид)

Количина 1-2 мм дневно 3-5 мм дневно 5-6 мм дневно 6 мм дневно 6-7 мм дневно

Количина 4-6 л/ха со инкорпорација на 10 см 1,5 л/ха на песокливи, 2,5 л/ха на потешки почви 1 л/ха

февруари 2014 | 21


ГРАДИНАРСТВО

Новитет - Одгледување на ајсберг

Салата која успева на ниски температури

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

А

јсберг е салатата која спаѓа во групата растенија со мно­гу краток период на веге­­тација. Таа може да се про­изведува на различни на­чини и тоа во сите периоди: рано про­изводство во пластеници, летно про­изводство коешто количински е многу помало бидејќи доминираат раз­ни други зеленчуци во исхраната во летниот период и есенско-зимско про­изводство (производство во заш­титен простор), наменето за зимскиот период или за раниот про­летен период на производство. Во однос на технологијата на про­изводство, спаѓа во групата зеленчуци кои се одгледуваат на пониски температури. Оптимална температура на поникнување е 18ºC, а потоа температурата веднаш се намалува на 1215ºC. На пониски температури (5-10ºC) вегетацијата може да трае и до 90 дена по расадувањето, а на повисоки температури (25-30ºC) вегетацијата се скратува и до 20 дена од расадувањето. АЈСБЕРГ-салатата е растение на долг ден, така што за формирање на густа розета односно цврста главица бара доста светлина. Новите селекционирани сорти на ајсбергса­латата поднесуваат послабо осве­тлување и пократок ден, поточно ус­лови какви што се во текот во зим­скиот период. Многу важно е при изборот да се внимава која сорта треба да се произведува, бидејќи ако се работи за сорта на долг ден, а се одгледува во периоди со слабо осветлување и краток ден, може да дојде до предвремено процветување и неформирање на цврста глава, а со тоа и големи загуби во производството. Ајсберг-салатата не бара големи количества вода за одгледување, но секогаш треба да има постојана и умерена влажност и затоа се користи системот капка по капка. Високата ре­ла­тивна влажност на воздухот пре­ку 80% може да предизвика појава на разни болести, па затоа е потребно и почесто проветрување. Бара лесни песокливи и пропустливи почви. Од големо значење е почвата да биде обезбедена со храна во површинскиот дел поради краткиот дел на вегетација. Семето на ајсберг-салатата се сее на длабочина од 10 мм во палети, а се расадува на стално место на растојание 30x30 см или 9-10 растенија на м2. Основната обработка е од големо значење на ајсбергсалатата. Често пати производителите со мала и плитка обработка по главната култура ја садат салатата. Тоа е голема грешка. Ајсберг-салатата, како и другите типови салати, бара длабока обработка на почвата, која има за 22 | МОЈА ЗЕМЈА

задача потполно да ги отстрани растителните остатоци од претходната култура. Основната обработка има за задача добро промешување на почвата и разорување на збиените слоеви каде што биле патеките од претходната култура во пластеникот. Пред сеидбата површината во пластеникот мора да биде израмнета, а потоа добро да се изфрезира. Ајсберг-салатата е зеленчук кој бара доста калиум во почвата, а треба да биде застапен и калциумот, бидејќи делува на намалувањето на појавата на пропаѓање на листовите. Затоа е потребно претходно да се изврши агрохемиска анализа на почвата. Најчести појави на заболувања кај салатите се: пламеца пламеница, бело гниење и сиво гниење. Се ко­ристат заштитни средства со мно­гу кратка каренца и тоа од 3 до 14 дена. Штетници кои се појавуваат кај салатите се: лисни вошки, трипс, црвена зелкова совица, памукова совица. Бербата на ајсберг-салатата се извршува со отсечување на цела глава (розета) во основата на стеблото. Потоа салатата се зема в рака и се отстрануваат долните листови кои се оштетени или застарени. Таквата ајсберг-салата е спремна за пакување. Се пакува во картонска амбалажа, секоја глава посебно во специјална фолија која не дозволува брзо испа­рување на влагата од листовите. Во кутијата се редат 10-12 броја. Ваквиот тип салата кај нас е слабо застапен, но согледувајќи ги доста позитивните особини во исхраната и начинот на одгледување, заслужува значително внимание и ширење на површините под ајсберг-салата. l


Совет „Хемомак пестициди

ПОЛЕДЕЛСТВО

Успешно сузбивање на плевелите кај житариците П олјоделските култури кои се сеат во густ склоп, како што се пченицата, јачменот, 'ржта, овесот, кај нас се одгледуваат по 2-3 па и повеќе пати на една иста површина. Притоа употребата на хербициди во борбата против плевелите кај полјоделските култури (пченицата, јачменот, 'ржта, овесот) е од многу големо значење, бидејќи во овие култури не е можно меѓуредово култивирање и рачно окопување. При средна заплевеленост приносот се намалува за околу 20-30%, додека при поголема заплевеленост приносот се намалува многу повеќе. Честопати, поради силната заплевеленост, особено со некои опасни плевели (Galium spp., Cirsiumarvense, Convolvulus arvensis и сл.) не е возможно механизирано прибирање на култу­ рата и жетвата е оневозможена. Од широколисните плевели, најмногу застапени во житарките во нашата земја се: лепавец, камилица, див пипер, синап, булка, паламида, лобода и др. Од класестите плевели во Македонија се застапени: див лудовиков, рајгрес, пијанка, класица полска, лисичја опашка, ветрушка обична, пресенце пролетно и други плевели. За сузбивање на овие плевели има сигурни ре­ше­нија со неколку оригинални хербициди. PALLAS 75 WG е нов систем­ичен хербицид за сузбивање на тесно­ лисни и широколисни плевели во житарки. PALLAS 75 WG е препо­ рачан за употреба во пченица, 'рж, тритикале, а не се употребува во јачмен. Овој хербицид се употребува

во фаза BBCH 12 до 32 односно од 2 листа до целосно формирано и видливо второ коленце во доза од 250 г/ха votank mix со DASSOIL адитив во количина од 0,5 л/ха. LANCELOT SUPER е нов хербицид, наменет за примена во житарки по никнувањето, а кој голем дел од нив успешно сузбива важни едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели. LANCELOT SUPER се употребува во доза од 30 до 33 г/ха со потрошувачка на вода 100-400 л/ ха. Хербицидот може да се примени од почетокот на братимењето до стадиумот на видливо второ коленцепочеток на вретенисување без страв од оштетување на посевот или намалување на приносот. Оптимално време на примена е кога се плевелите во стадиум 2-8 листа. LANCELOT SUPER може да се применува и на температура од 5ºС. ARRAT е селективен контактно-системичен високоефикасен хербицид во облик на водорастворлив и гранули WG, наменет за сузбивање на најважните широколисни плевели во пченицата и јачменот. Хербицидот ARRAT во стрните жита (пченица и јачмен) се применува кога тие се во фаза од три листа до појавата на првото коленце, додека плевелите се во фаза 2-6 листа. Количината на примена на хербицидот е од 0,15-0,2 кг/ха со употреба на 200-400 л/ха вода. Доколку се задоцни хербицирањето,

Пишува: дипл. агр. Благојче Димитриев

се употребува хербицидот STARANE 250 EC. STARANE 250 EC е транслокационен хербицид со долготрајно дејство, наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни плевели во житарки. Се употребува најсигурно пред појава на заставучар во доза од 0,6-0,8 л/ха. Покрај хербицидите, за комплетно висок и сигурен принос потребна е употреба на фунгицид. DUETT ULTRA е системичен фунгицид со широк спектар на дејство. Во пченицата и јачменот ги сузбива предизвикувачите на економски најзначајните болести: пепелница, 'рѓа, дамкавост на листот и класот, гниење на класот и мрежаста дамкавост. Кај пченицата се користи од фаза BBCH 31 до 69 односно видливо прво коленце до цветање, додека кај јачменот од BBCH од 2537 односно полно братење до појава на последниот лист или BBCH 3969 односно појава на лигулата до цветање. За штетните инсекти кои се јавуваат кај житарките може да се употреби и инсектицидот FASTAC 10 EC заедно со фунгицид во доза од 0,15 л/ха. l февруари 2014| 23


РУБРИКА Интервју со Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во РМ

Работиме на подобрување на техничките, менаџерските и маркетиншките вештини на фармерите

Подготви: Билјана Петровска- Митревска Кои активности АПРЗ ги спроведува на терен во моментот во насока на развој на земјоделството? Советодавните активности што АПРЗ како јавен советодавен сервис во Република Македонија ги реализира во насока на информирање, едукација и обука на земјоделските производители во врска со актуелностите во земјоделството се однесуваат на: едукација за примена на современи агротехнички мерки (и тоа најмногу на користење на сертифициран семенски материјал, за употребата и квалитетот на вештачките ѓубрива и средствата за заштита), потоа економско здружување на земјоделците во земјоделски задруги и други форми на организација, добра земјоделска пракса, субвенционирање, ПРР, ИПАРД, совети околу избор на култура за производството, помош околу откупот на нивниот производ и сл.; согласно Агендата на АПРЗ за реализација на посети на населени места и одржување на трибини и средби со граѓани во руралните средини, редовно се реализираат информативни и едукативни средби на стручни и актуелни теми, при што воедно се излагаат и тековните проблематики со кои се соочуваат земјоделските производители со цел нивно надминување; организирање на информативни средби во руралните средини за информирање по објавен јавен повик за користење на финансиски средства од различни програма. Ваш совет – на што земјоделците треба во иднина да обрнуваат вни­ мание за да имаме квалитетен и профитабилен производ на пазарот? Во услови на поволен бизнис-амбиент, жителите во селските подрачја треба да станат свесни за претприемништвото како модел на современата пазарна економија, да започнат да учат, да мислат и да дејствуваат претприемачки. За таа цел, неопходно е контактирање со стручната служба од АПРЗ, соодветно инвестирање во бизнисот на фармата, примена на најнови технологии со кои се штеди на време, пари и работна рака, вклучување на младите во земјоделството, соодветни постбербени, преработувачки и маркетинг-активности во земјоделското производство, истражување и познавање на пазарите и сл. Меѓутоа, искуствата од развиените земји покажуваат дека степенот и карактерот на државната поддршка претставува 24 | МОЈА ЗЕМЈА

Одговорното работење, организираноста и професионализмот се основа за успех на една организација. Кога тоа ќе постои во една организација, институција или компанија, тогаш може да се има успех, вели Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, кој токму оваа работа ја сфаќа како свој предизвик и можност да се даде придонес во развојот на земјоделството во РМ. „По краткиот двегодишен работен ангажман на Факултетот за земјоделство и храна во Скопје и желбата за наука и работа, се вработив во Сокотаб Битола, една од големите компании за откуп и преработка на ориентален тутун и работев во одделот за агрономија и откуп. Но, желбата беше да можам да работам и напредувам во институција каде што преку наука и совети ќе се помогне на земјоделецот да има продуктивен производ“, истакнува Златков кој од октомври е првиот човек во АПРЗ и искуството здобиено од работењето во приватниот сектор во поглед на дисциплина, етиката и менаџментот го пренесува во АПРЗ за којашто е сигурен дека има огромен потенцијал од аспект на стручност кај вработените.


Колку се посетени канцелариите на АПРЗ од земјо­делците? Целта на АПРЗ не е производителите да нè посетат нас, туку напротив, ние да ги посетиме нив, во нивните домови и фарми и на самото место да се соочиме со евентуални проблеми и со нивно решавање. Токму реформите што ги спроведувам во АПРЗ ќе придонесат за посета на фармери од страна на советник кој е специјализиран за работа на фармата со која располага земјоделецот (кај овоштарите совети ќе дава дипл. инж. агр. со насока лозароовоштар и сл). Кога сме кај посетата, само да напомнам дека со новиот начин на работење во последното тримесечје го зголемивме бројот на посети за 60% и тој број со сигурност ќе расте. Но, зголемен е и интересот на земјоделците за посета на канцелариите на АПРЗ. Токму во таа насока во овој период АПРЗ воведе двосменско работење и дежурства за време на викендите, со цел да излеземе во пресрет на потребите на земјоделците. АПРЗ, исто така, го зголемува присуството на советодавците од најблиските работни единици во стручните дисперзирани канцеларии, онолку колку што тоа го дозволуваат условите и можностите. Некои од дисперзираните канцеларии преминаа, а некои ќе преминат во регионални единици како што се канцеларијата во Македонска Каменица, Новаци, Могила, Босилово, а набрзо и Долнени, Пехчево и некои други. Фреквенцијата на работа во дисперзираните канцеларии е зголемена, а бараме и можност за отворање на нови дисперзирани канцеларии. Како потсетување, броевите од мобилните телефони буквално од секој вработен во АПРЗ се објавени на нашата веб-страница и фармерите можат да контактираат со нас во кој било период од денот или во кој било ден од неделата. Исто така, броевите од советодавците се видно истакнати и на вратата на секоја канцеларија со која располага нашата Агенција, а тоа е затоа што ние постоиме токму поради земјоделците. Во план сме секоја регионална единица да има службено возило со цел зголемена посетеност на терен и се надевам дека за кратко време оваа идеја ќе биде реализирана.

пресуден фактор во развојот на бизнисите и земјоделските стопанства во селото. Нивното функционирање ќе придонесе за рационално искористување на природните потенцијали, сузбивање на прекумерната концентрација на стопанството во градовите, прекинување на негативните миграциски движења и оживување и развој на селото. За кои услуги земјоделците можат да се обратат во АПРЗ? АПРЗ треба да ги подобри техничките, менаџерските и маркетиншките вештини на сите земјоделци, особено поситните земјоделци, жените-фармери, младите луѓе во руралните средини, домаќинствата без земја и другите ранливи групи. Задачата е да им се помогне на овие различни стопанства да селектираат и успешно да произведат соодветни култури, одгледување на добиток и производи кои се соодветни за нивната локација: пристап до пазарите, агро-еколошки услови, земјиште, работна сила и водни ресурси. При помагање за подобрување на егзистенцијата во руралните средини, ќе биде важно да се организираат земјоделците во различни типови групи на производители и да им се помогне на овие групи да се поврзат со пазарите за соодветните високо-вредни култури и производи, со помош на информации, обуки, едукација и др. Јасно е дека има ургентна потреба да се даде највисок приоритет од страна на АПРЗ и да се алоцираат повеќе ресурси за едукација на земјоделците за тоа како да користат менаџмент-практики за одржливост на природните ресурси, со помали трошоци. Доколку тоа не се направи, може да има сериозни долгорочни последици, бидејќи како што расте побарувачката за храна, така проблемот со одржливост на природните ресурси ќе биде поакутен. Земјоделците најнапред мора да ги разберат долгорочните последици и потоа да научат како најлесно да се справат со овие проблеми. Кооперативите и здружувањето, исто така, имаат значајна улога во развојот на земјоделството. Спо­ред вас, на што земјоделците треба да обрнуваат вни­мание во овој дел, кои се конкретните предности што се добиваат? Тие не се ништо ново во светот околу нас и успешно функционираат во многу земји. Иднината на земјоделството (покрај младите земјоделци) го гледам токму во економското здружување на земјоделските стопанства во земјоделски кооперативи. Интересот е зголемен посебно со отпочнувањето на проектот на ВРМ за отворени денови со земјоделците на коишто го пренесуваме знаењето и искуството за земјоделски задруги, но и го слушаме интересот за работа со нив. Веќе се отворени неколку во нашата држава, но тој број набрзо ќе порасне. Постојат низа предности од кои ќе ги споменам: земјоделската кооператива ќе биде промовирана пошироко од местото

каде што е формирана, полесно изнаоѓање на пазар за производот што ќе се произведува во кооперативата, враќање на ДДВ, поевтина набавка на репроматеријали, поголеми субвенции за производот, субвенционирање во набавка на механизација до 90%, финансиска поддршка при осигурување на капацитети од 70 од 80%, 7,5 до 15% дополнителни директни плаќања за производството, финансиска поддршка во наводнување од 20 до 30%, финансиска поддршка за основање на земјоделската задруга, финансиска поддршка во исплата на плата во вработување на управител и агроном во кооперативата. Кои се следни активности на АПРЗ и на што треба да се обрнува повеќе внимание за развој на зем­јо­делското производство? АПРЗ во иднина ќе посвети посебно внимание на причините поради кои и младите треба да се занимаваат со земјоделие, да не се напуштаат руралните места и зошто оние што ги напуштиле би требало да се вратат. Проекти со кои започнуваме да работиме се: „Караванот за производство на пченка“ – кој ќе биде реализиран во месец февруари; проектот „Бесплатни агрохемиски анализи за земјоделците“ во кој Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството пристапува кон набавка на лаборатории за агрохемиски анализи, како и организација и обезбедување на агрохемиски анализи на почвата за земјоделските производители во Република Македонија. Реализацијата на проектот ќе биде во текот на 2014/2015 година; проектот „Директно вклучување на заедницата во руралниот развој“ по пат на партнерство на институции од Република Македонија и Република Косово со вклучување на руралната заедница во двете држави со по три погранични рурални населени средини. Реализацијата на проектот ќе биде во текот на 2014/2015 година; проектот „Поставување на агрометеоролошки станици“ за потребите на земјоделците за поединечно поставување на потребните предупредувања: ако постои опасност од мраз, суша или инфекција преку одредени растителни болести, автоматски пристигнуваат предупредувања по СМС на мобилен телефон. Проектот ќе се реализира во текот на 2014/2015 година. Во тек е проектот на ВРМ: „Отворени денови во земјоделството и руралниот развој“ кој се реализира со учество на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Реализацијата на проектот е од 23.12.2013 година па сè до крајот февруари 2014 година. Во план се и проекти за 100% осигурување на земјоделските површини, млади и едуцирани земјоделци, како и водоснабдување кај секој фармер.l февруари 2014 | 25




ПЧЕЛАРСТВО Јаки пчелни друштва за презимување

Справување со зимската смртност Пишува: Раде Каранфиловски, „Апицентар“, Битола

З

имскиот живот на медоносните пчели е многу тежок. Тој како воденички камен притиска врз пчелните друштва во траење од околу шест месеци. Често пати за зимската смртност се наведуваат следните причини: болести, лоша микроклима (надворешна), метизација (измелезување) на автохтоните пчели со пчели од други раси, кои воопшто не се прилагодени на тие услови (пример, италијанската со мариовска). Ова е доста изразено во пограничниот појас на Битола со Грција. Грчките пчелари носат во пограничниот премин доста друштва од италијанска раса, а со тоа се нарушува природното оплодување на матиците од едната и другата страна. За зголемување на смртноста доста придонесува ноземозата (nozema melifera) која постоела кај нас одамна. Во нашето пчеларство, во последните години се појавија и многу други вирусни заболувања (повеќе од седумнаесет) кои драстично ја зголемија зимската смртност. Овие вирусни заболувања кај нас најмногу доаѓаат од соседните држави кои на своите пазари нудат многу евтин кинески полен, полн со разни вирусни заболувања што нашите пчели никогаш не ги имале, а него пчеларите го вградуваат во своите погачи за прихрана. Ваков полен употребуваат и производителите на погачи за широка потрошувачка кои нудат разни поленски погачи. Несфатливо е производител на погачи за прихрана да нуди поленски погачи за цела држава, а којзнае дали поседува некое пчелно друштво. Едно е најсигурно, за успешно презимување на друштвата без загуби, потребно е да се обезбедат јаки

пчелни семејства со по триесет до четириесет илјади пчели при зазимувањето. Ваков начин на пчеларење применува познатиот руски пчелар Волохович. Овој пчелар претходно произведува помошни друштва и за време на зазимувањето со нив ги појачува основните друштва. Неговото основно семејство има дванаесет ДБ рамки покриени со пчели во плодиштето и добар дел од пчелите висат како рој во празниот наставок од плодиштето. Вака јаките пчелни семејства ги прави од околу шеесетина друштва пред зазимувањето на дванаесет топ јаки зазимени друштва. Вака јаки зазимени друштва со млада и оплодена матица и претежно млади пчели добива околу 400 килограми по друштво, односно од дванаесет јаки зазимени друштва добива над 4.000 килограми мед. Покрај преземањето на сите мерки за успешно презимување на друштвата, може да се случи да има и изумрени друштва, но нивниот број ќе биде многу помал. Совети за пријатна зима на пчелите 1. За јаките пчелни друштва нема лоши зими 2. За слабите пчелни друштва секоја зима е лоша. 3. Не се плашат пчелитe од сурови (ладни) зими, туку се плаши пчеларот

Причини за зимската смртност кај пчелите 1. Неедуциран, немарлив пчелар кој направил многу пропусти во зазимувањето 2. Недоволно храна 3. Мала медна капа и лоша локација на храната 4. Неквалитетна храна – зашеќерен мед, шумски мед 5. Мал број пчели во зимското клубе е 800-1500 пчели 6. Зимските пчели преработувале шеќерен сируп во септември 7. Протеински глад (малку цветен прав во август) 8. Старо саќе со мали ќелии и доста болести 9. Поголемо растојание помеѓу рамките од потребното (12 mm) 10. Во јули и август не е извршено третирање против вароа 11. Зараза од ноземоза, американска или европска гнилеж 12. Недобро обезбедено од глувци – да нема поголеми отвори од 5,5 mm 13. Пчеларникот во август бил напаѓан од пчеларки и други птици 28 | МОЈА ЗЕМЈА


Активности во пчеларникот за правилно зазимување - Сандаците да се подигнати 30 cm над земјата. Температурата на земјата во зима е доста ниска и многу влажна - Да не протекува покривот на кошницата и да не прокиснува сандакот - Пчеларникот да е заштитен од ветрови. Ветровите се голем непријател на зимниот живот, тие може да го „издуваат“ медот и пчелите. Пчелите не поднесуваат провев во кошницата - Дефектна матица – не го следи движењето на пчелното клубе - Да се формира доволно мрсно ткиво во телата на зимните пчели - Здрави пчели со доволно добар имунитет - По 15 септември да се ограничи просторот за несење на матицата за да имаме квалитетни и долговечни пчели - по примерот на кинеските пчелари - Да се преземат мерки за да не дојде до мувлосување на поленот и скиснување на медот - Стеснување на гнездото (за 1 рамка) - Додавање на рамки со мед и полен во средината на клубето - Отстранување на рамки со младо саќе од средината на клубето - Формирање на ДИРИГИРАНО клубе во повеќекатните кошници – да нема медна капа во долниот наставок, а да има доста полен - Во кошницата да има повеќе од 15 килограми мед - Горните отвори да се затворени, да нема големо струење на воздух бидејќи провевот ја зголемува потрошувачката на мед и брзата амортизација на пчелите - Олеснувања за подобро исфрлање на влагата од кошницата и типот на подницата – ќе го забави појавувањето на ранско легло, а тоа е и нашата цел - Чиста раса на пчели за тоа поднебје - Рана есенска смрт - многу малку пчели во кошницата или воопшто (една рамка). Ваквото друштво е осудено на угинување пред да настапи зимата. - Вирусни болести (деформирани крила, изреалски вирус, австралиски вирус... околу 17 вируси - Нарушен имунитет (употреба на многу антибиотици, антиакарициди)

Вароата е најголемиот виновник за зимската смртност. Таа со себе носи многу бактерии и вирусни заболувања. На врвот од својата шмукалка може да носи над 100.000 бактерии и вируси. Создава рани со цицање на хемолимфата кои тешко или воопшто не зараснуваат.

Зимските загуби во голема мера се должат на грешки и пропусти на пчеларот предизвикани од неговата лоша едукација. За да се намали зимската смртност, потребно е рано напролет да се изврши брз преглед и онаму каде што не е во ред да се интервенира со коригирачки роеви. Пчеларот треба да има вакви коригирачки роеви околу 1/3 од вкупниот број пчелни друштва. февруари 2014 | 29


АПРЗ - СТОЧАРСТВО

Изртени житни семиња за добиток

Млада јачменова трева – свеж оброк

Пишува: дипл. агр. Јелица Бешлиќ

М

ногу региони во светот се соочуваат со суши и недостиг на вода. Поради тоа, производството на добиточна храна е неизвесно, со што се отежнува одгледувањето добиток. Затоа се бараат разни опции и решенија за алтернативно производство на сточна храна. Еден од тие начини е и производство на трева од поникнати (изртени) житни семиња, како сочна сточна храна, која е добра замена за кабастите крмива како што е тревата, силажата и сеното. Оваа техника на производство на сточна храна се применува во САД и Австралија. Најпогодна култура за ваков вид исхрана се смета дека е јачменот, па затоа и се нарекува јачменова трева. l

Потребна опрема

30 | МОЈА ЗЕМЈА

- Пластични или лимени кофи за потопување на житото, - Пластични или лимени кадички со дебелина од 5 мм, - Сталажи за редење на кадичките со жито, - Пумпа за вода или црево за полевање.


Основни постапки за производство на јачменова трева →→Семиња од разни житни култури (најчесто користени зрна за добивање сточна храна се: јачмен, пченица, 'рж и овес) се потопуваат во садови со студена ден 1. ден 2. ден 3. вода неколку часа (12-24 ч), →→ Откако семињата ќе бидат добро натопени, се исцедува водата и семињата се префрлаат во пластични, плитки, перфорирани кадички во слој не подебел од 1,5 см, за да има подобра циркулација на воздух, со што ќе се спречи развој на мувла. ден 4. ден 5. ден 6. Кадичките со семето секојдневно треба да се полеваат со вода по два пати на ден, при што треба да се внимава водата да се исцеди од кадичките, да не остане вода. →→ Оваа постапка се повторува 7-9 дена, во зависност од растот, кој треба да достигне до 15 см до деветтиот ден, кога растението е во фаза на формирање втор ден 7. готов производ лист. Растот најмногу зависи од температурата на водата, која треба да биде во интервал од 18-22°C, со тежнеење кон долниот праг, за да се спречи појавата на мувла. →→Следниот чекор е собирање: целата содржина од кадичката се извлекува и се дава на стоката за исхрана. →→Оваа постапка се повторува секој ден, за да се добие континуирано производство. →→Кадичките со житото се редат на полици една врз друга, па при полевањето вишокот на вода од погорните кадички се цеди на подолните, со што оптимално се искористуваат водените ресурси. →→Нема потреба од изложеност на директна светлина, но потребна е добра вентилација за да се спречи појавата на мувла.

Со вака подготвената сточна храна се остваруваат неколку предности: - Се добива сочна сточна храна погодна за исхрана на: говеда, овци, кози, коњи, кокошки и свињи, - Се користат сите делови од растението: семе, корен и лист, со што се зголемува нутритивната вредност, - Количините за вода и простор се минимални во споредба со производството на која било друга сточна храна, - Освен вода, не се користат никакви други додатоци за растење на семињата, - Поникнатото жито, поради ензимската активност при 'ртењето, збогатено е со протеини, витамини, минерали, аминокиселини, омега 3 масни киселини и природни хормони, кои го стимулираат имунолошкиот систем,

- Тешко сварливиот скроб од семето од јачменот се конвертира во лесно сварливи протеини, - На мал простор се добиваат високи приноси од зелена маса во текот на 365 дена од годината, - Количината на дажбите родот може да изнесува 2-3% од телесната тежина на животното кај кокошки, свињи, овци, кози, крави и коњи, 3-5% кај молзни овци, кози и крави, - Нема потреба од користење на механизација, - Бидејќи нема употреба на хемикалии и додатоци, се добива органска храна, без дополнителни трошоци, - Единствен проблем при производството на јачменовата трева може да претставува појавата на мувла, која може да се спречи со употреба на хлор или водороден пероксид. февруари 2014 | 31


СТОЧАРСТВО Мувлите – создавачи на микотоксини

Како да се заштити сточната храна? Пишува: дипл. агр. Јелица Бешлиќ

М

икотоксини се секундарни производи од метаболизмот на некои видови мувли и габи, кои се создаваат во текот на нивниот раст на различни супстрати. Познати се околу 100.000 различни видови мувли, од кои некои повеќекратно се полезни за прехранбената и фармацевтската индустрија, некои ниту се штетни ниту корисни, а се смета дека околу 200-300 вида создаваат микотоксини кои се штетни за здравјето на животните и луѓето. Развојот на мувлите обично е поврзан со условите на околината (висока влага и температура). На појавата на мувли може да влијаат штетниците кои го оштетуваат растението, жетвата на житарките со превисок процент на влага во зрното, складирање на производите со повеќе од 14% влага и лоши услови на чување (висока температура и влажност) на производите. Поради неутрализацијата на микотоксините во бурагот, млечните говеда се многу поотпорни на микотоксини од моногастричните животни (свињи и живина), но поради консумирањето различни видови храна (нус-производи на пиварската и прехранбената индустрија, силажа, сенажа и сено), изложени се на многу поголем број опасни микотоксини. Од сите микотоксини, афлатоксинот им прави најголеми проблеми на млекопроизводителите, затоа што се смета за најголема потенцијална закана за здравјето на луѓето. Тој е производ на мувлите Aspergillus flavus и Aspergillus parasiticus кои се присутни во природата поради спорите

32 | МОЈА ЗЕМЈА

Од сите микотоксини, афлатоксинот им прави најголеми проблеми на млекопроизводителите, затоа што се смета за најголема потенцијална закана за здравјето на луѓето. Тој е производ на мувлите Aspergillus flavus и Aspergillus parasiticus кои се присутни во природата поради спорите кои се разнесуваат со ветрот. Овие мувли се наоѓаат примарно на зрното на житарките. кои се разнесуваат со ветрот. Овие мувли се наоѓаат примарно на зрното на житарките. Пченката во исхраната на млечните крави е најзастапена житарка било како зрно или како силажа од цело стебло. Поради високиот удел на стеблото и листот во однос на зрното, количината на афлатоксинот во силажата добиена од контаминирана пченка е поразредена и обично не влијае значително на количината на афлатоксин во млекото. Зрното од контаминирани житарки и нивните крмни смески содржат најголема концентрација на афлатоксини, а со тоа се и најголеми извори на афлатоксини во млекото. Појавата на мувла во сеното и сенажата претежно не ја предизвикува Aspergillus, туку најчесто тоа се други родови на мувли, па малку веројатно е сеното и сенажата да бидат извори на афлатоксини. l


Превентивни мерки за заштита од микотоксини Бидејќи со никакви методи микотоксините не можат да се отстранат од загадената храна, големо внимание треба да се посвети на превентивните мерки, а тоа се: контрола на влажноста и свежината на храната, одржување на хигиена на опремата и силосите за храна и примена на инхибитори за мувли. • Влагата може да потекнува од самото крмиво, технолошкиот процес или околината во која се складира крмивото. Кршеното зрно е похигроскопно и поподложно на мувла. • Контролирањето на свежината на храната треба да биде постојана навика. Остатоците од стара храна редовно да се отстрануваат, затоа што на нив најлесно се развиваат мувли кои ќе се пренесат и на свежата храна. • Особено внимание треба да се посвети на храната во силосите. Крмивата кои се поблиску до ѕидовите на силосот имаат поголема можност на допир

со вода (или од кондензација или од директно протекување на вода од врнежи покрај ѕидот). И опремата за манипулација треба да се одржува чиста зашто старата, заостаната храна на неа е подложна на развој на мувла. • Во недоволно сувото сено, слама или пченкарница мувлата е редовна појава и може да бидат опасен извор на микотоксини. Ваквото крмиво треба да се исфрли и да не се користи дури ни како постилка, затоа што стоката и како такво ќе го консумира, особено при недостиг на сурово влакно. • Најдобар пристап за уништување на микотоксините во храната е спречување на растот на мувлата во сите фази на производството: собирање, транспорт, обработка, складирање и продажба, потоа спречување на штети кои ги предизвикуваат инсектите или механички штети, како и контрола на влажноста во сите фази.

Никогаш не хранете ги животните со мувлосана сточна храна! Сите мувлосани делови од силажата или сенажата внимателно да се отстранат! Доколку сте забележале дека пченката е мувлосана, престанете да ја користите како храна за кравите!!! Ваквата пченка со сигурност поседува афлатоксини!!!

Препораки Доколку во млекото од вашата фарма се утврди зголемена концентрација на афлатоксини (поголема од дозволената - 0,05 μg) потребно е веднаш во сто­чната храна да се додат микофиксатори. Тие имаат порозна структура и како сунѓер на себе кои ги врзуваат мико­токсините. При употребата на микофиксаторите треба да се придржувате на упатството на произведувачите. Посебно внимание да се посвети на кравите во рана лактација, кои даваат најмногу млеко, имаат поголема потреба од концентратна храна, па поради тоа имаат осетлив бураг и не можат во целост да ги неутрализираат микотоксините. Кај овие грла е потребно да се има индивидуален пристап на дневната доза микофиксатори, секако, со консултација на стручно лице. Препорачливо е сточна храна да се даде на анализа во овластена лабораторија, за да се утврди каде е покачено нивото на афлатоксини и таа храна да се исфрли од употреба. По исфрлањето од оброкот на контаминираното крмиво, потребни се 3 до 4 дена за концентрацијата на афлатоксини во млекото да падне под дозволената граница. Внимателно да се чуваат сметките и декларациите за сета купена храна поради евентуални судски спорови, а пред сè поради можност да се дознае од каде потекнува неисправната храна за животни, за да се преземат соодветни мерки.

февруари 2014 | 33




МЕХАНИЗАЦИЈА Одржување на тракторот

Правилно конзервирање на тракторите

Пишува: проф. д-р Драги Таневски

А

ко тракторот подолго време не се употребува, треба да се преземат извесни мерки за заштита од оштетувања, пред сè, од дејствувањето на корозијата додека тракторот не е во употреба. Збирот на мерки и постапки со кои технички исправното средство (во нашиот случај, тракторот) привремено се заштитува од дејството на корозија и од други евентуални оштетувања при што со тоа му се продолжува неговата употребна вредност се нарекува конзервирање. За време на конзервирањето тракторот мора да биде потполно исправен. Затоа прво е потребно да се изврши

36 | МОЈА ЗЕМЈА

преглед, односно да се доведе тракторот во исправна состојба (ако има некој недостаток) и дури тогаш се пристапува кон конзервирањето. Пред почетокот на конзервирањето, тракторот треба добро да се исчисти и да се смести во просторија во која ќе биде заштитен од дејството на сонцето, влагата и директното влијание на температурата. Операциите што треба да се извршат при конзервирањето, како и оние операции што треба да се извршат при пуштање на тракторот во работа по подолго стоење во конзервирана состојба обично се наведени во упатството за ракување и одржување на тракторот. l


Чекори за конзервирање на тракторот • Тракторот треба да се загрее, а потоа се испушта моторното масло; • Де се стави нов филтер за масло; • Во коритото (картерот) на моторот се истура масло за конзервирање; • Да се испушти водата за ладење од ладилникот и од блокот на цилиндрите; • Да се испушти талогот од кондензираната вода од резервоарот за воздух кај пневматската инсталација; • Да се симнат прскалките и во цилиндрите да се стави околу 0,2 литри моторно масло (ова количество да се распореди во сите цилиндри);

• Да се симне вшмукувачкото црево за цили­н­ дар­­ската глава на компресорот и во отворот на вшмукувачкиот вентил да се стави 10 капки мо­ торно масло; • Да се стават прскалките, но да не се затегнуваат, со клуч да се сврти коленестото вратило неколку круга, а потоа се затегнуваат прскалките; • Да се симне филтерот за воздух, гумените спојни црева и вшмукувачката цевка, а исто така, треба да се симне и исчисти придушувачот; • Да се залепат отворите на разделникот за полнење на моторот и вшмукувачкиот отвор на компресорот; • Да се симне акумулаторот од тракторот, при­ клучоците да се исчистат и премачкаат со технички вазелин и акумулаторот да се складира во сува просторија; • Да се премачкаат со техничка маст сите места предвидени за тоа, како и други места на тракторот кои можат да кородираат; • Да се наполни резервоарот со гориво до врв за да не кородира; • Да се испушти маслото од телото на менувачот, диференцијалот, бочните редуктори, од резервоарот на хидрауличниот систем и да се на­ лее ново масло; • Да се премачкаат со техничка маст рамките на инструментите за да не кородираат; • Да се симнат капачињата на лежиштата на предните тркала, да се исчисти старата маст и да се стави нова техничка маст; • Да се подигне тракторот на дрвени подметнувачи; • Да се постави во празен од рачката од менувачот и редукторот и да се откочи рачната кочница и • на крајот, тракторот треба да се покрие со церада.

Претплата на „Моја земја” Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот. Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари февруари 2014 | 37


ЗАШТИТА

Како да се уништи дудовата штитеста вошка Пишува: дипл. зем. инж. Панде Петровски

Д

удовата штитеста вошка може да направи огромни економски штети во овоштарникот. Таа потекнува од Јапонија и Кина и за прв пат во Европа е опишана од страна на Таргони во 1886 година во Италија. Оваа штитеста вошка живее на кората на стеблата и гранките на праската и нектарината и други овошни видови, каде што ги шмука овошните сокови и предизвикува ослабување на растенијата, а во крајни случаи и сушење

Возрасна женка

Отворен штит на женка под кој се наоѓаат јајца

На растението-домаќин може да има: јајца, ларви, возрасна женка, возрасен мажјак. Изглед на јајцата • Јајца: (портокалови, бели и неодредена боја) • од портокаловите јајца ќе се добијат женски единки • од белите јајца ќе се добијат машки единки • од јајцата со неодредена боја може да се добијат и машки и женски единки Изглед на ларви Ларвите ќе се изведат од јајцата во рок од 3 – 4 дена. Младите ларви наскоро ќе го освојат растението-домаќин и ќе започнат со хранењето.

Coccindellidae

Природни непријатели на штитеста вошка- предатори 38 | МОЈА ЗЕМЈА

на истите. Како што кажавме, оваа штитеста вошка напаѓа и други растенија како што се: вишна, бадем, орев, а во последно време забележана е масовна појава на киви. Таа е забележана и во Македонија и тоа во централниот дел, во делот на Росоман и Градско најчесто во насадите на праска и нектарина. Појавата на овој опасен штетник во последно време е масовна. Карактеристично за овој штетник е тоа што положува 80 – 100 јајца се излежуваат по 3 – 4 дена. l

Chrysopidae

Возрасен мажјак со крилја

Изглед на возрасната женка Возрасната женка се наоѓа на растението-домаќин и е неподвижна. Покриена е со штит, а нејзиното тело лачи восочни секрети од нејзините жлезди. Има бела до жолтеникава боја и овална форма со должина 2-2,5 mm. Изглед возрасен мажјак За разлика од женките, мажјаците имаат крила за да бидат мобилни за оплодување. Должината на мажјаците е од 0,7 mm до 1,4 mm со распон на крилјата.

Хемиска контрола Природната заштита и контрола се прави со предатори, додека подобар ефект се постигнува со хемиска контрола кога е во мирување вегетација и тоа со употреба на бело масло во концентрација 2-3%, измешано со FUNGURAN OH (бакарен хидроксид) во концентрација 0,3 – 0,4 %. Белото масло би имало функција на задушување на штитестата вошка со импрегнирање, а FUNGURAN OH би ја заштитил овошката од болести кои успеале да презимат на растението, особено во ваква топла зима. Со оваа заштита би ја започнале новата вегетативна сезона на овошките. Справувањето со возрасните единки од Pseudaulacaspis pentagona (штитестата вошка) e многу тешко, бидејќи женката има оклоп околу кој се лачи восочна материја. Најдобро би било да се справиме со ларвите бидејќи тие се најранливи. Тоа би бил периодот по испилувањето на јајцата (во тек на вегетација) со интегрална заштита на овошките (употреба на инсектициди).




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.