Moja zemja dekemvri 2014 januari 2015

Page 1

број 110 декември 2014/ јануари 2015 50 ден www.ffrm.org.mk ФЕРАРИ МАЛИОТ ЏИН

100.000 калифорниски црви за100 евра Медитерански зеленчук

Сибирска боровинка

Царско месо

Одгледување на костен


Zeofit i negovata uloga vo rasadoproizvodstvoto

З

еофитот како подобрувач на структура на почва, деконтаминатор, регулатор на Ph вредност, одржувач на константна влага, подобрувач на водно-воздушен режим на почвата има голема улога во производството на расад особено кај градинарските култури: домат, пиперка, краставица, зелка, модар патлиџан итн. Во расадопроизводството на овие градинарски култури Зеофитот се употребува при правењето на целокупната смеса со која се полнат кутиите за расад. Во зависност од супстратот кој се користи Зеофит се додава од 15 - 25% од целокупната волуменска смеса во гранулација од 0 - 3 мм. Овој полиминерал во својот состав ги содржи потребните хранливи елементи кои заедно со неговата способност за задржување на влагата придонесуваат за поразвиен коренов систем кај расадот и му овозможуваат на коренот истите да ги користи по потреба. Меѓу другото Зеофитот придонесува и за подобар прием, прираст, поголем дијаметар на стебло, поголем број на листови како и подобра развиеност кај растението. По подникнување на расадот потребна е превентивна заштита со ЗеофитФорте во доза од 0,3% на 100 литри вода. Potpolno priroden ekolo[ki proizvod Зеофит и Зеофит-Форте се производи кои се добитници на сребрена плакета на Еконова 2014 година за еколошки производи во Р. Македонија кои можат да се употребуваат за органско производство.

Proizveduva i pakuva:

Strmo{ AD Probi{tip 032 483 043 www.strmos.com.mk


УРЕДНИЧКИ ЗБОР

АГРО-СТАРТ Иновативниот пристап и користењето на нови технологии само овозможуваат обединување, јакнење на Регионот на Југо- Источна Европа и воедно развој на економијата. Токму тоа беше и основна цел на Програмата за Транснационална соработка на ЕУ за Југо – Источна Европа. Преку неа беше финансиран и проектот АГРО-СТАРТ каде што ФФРМ заедно со уште 11 организации од 7 држави (Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Италија и Словенија) работеа две години на креирање на иновативни алатки, кои ќе помогнат за развој на малите и средни земјоделски претпријатија за нивен развој, едукација и меѓусебно поврзување. Ова кога ќе го прочитате сигурно ќе поставите прашања: какви се тие алатки, што ќе ни помогнат и како ќе овозможат да се поврземе регионално.

СОДРЖИНА ФФРМ: Со иновации и регионална соработка до напредок на аграрот

10

Градинарство Природен засладувач без калории

Пред да прочитате на следните страни каде што целосно се објаснети активностите и целите на АГРО-СТАРТ или да ја посетите веб страната на проектот www.agro-star-see. eu, јас само ќе укажам на следното: конечно треба да размислуваме како сите ние заедно Македонци, Бугари, Грци, Албанци, Романци, Словенци... треба да настапуваме како еден заеднички пазар. Кога со ова мисла заеднички ќе тргнеме, многу добро ќе знаеме што понатаму со земјоделството и со која било друга стопанска гранка.

4

Поледелство Производство на расад

14

Пчеларство Значењето на поленот

30

Токму обединето за наша заедничка иднина! Исхрана на животни Микроелементите во исхраната на говедата

Со почит

32

м-р Билјана Петровска-Митревска

Списанието „Моја земја” из­­ле­гу­ ва месеч‌‌но и е во соп­­ст­веност на Федерација­та на фармери­те на Репуб­ли­ка Ма­кедонија. Првиот број из­­­лезе како орга­ни­зациски бил­­­тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди­с­тр ­ и­бу­ира како ме­­­сеч‌‌­но спе­ ци­јализирано спи­­­­са­ние за зем­­­­­ јо­делство и ру­­­ра­лен раз­вој.

Главен и одговорен уредник Билјана Петровска Митревска biljana.petrovska@ffrm.org.mk Моја Земја, Декември 2014 \ Јануари 2015 Издавач‌‌: ФФРМ Медија Ул. Гиго Михаловски бр. 3, 1000 Скопје Управител: Благојче Најдовски Тел/Факс: 02 3099042 e-mail: mojazemja@gmail.com Број на ж‌‌иро сметка: 380-1-645333 001-46, Прокредит банка

Печати: Пропоинт Ул.Скупи-20 бр.3 1000 Скопје Печатен на 03.12.2014 Tираж 2500 примероци Mаркетинг и дистрибуција Благојче Најдовски 070/937132 pcelaveles@yahoo.com Фото вест - насловна Благојч‌‌е Најдовски Лектор Верица Неделкоска

Стручни соработници: Доц. д-р Звезда Богевска Доц. д-р Маргарита Давитковска Атанас Арнаудов Раде Каранфиловски Стојан Глигоров Благојче Димитриев Благој Шоповски Беким Мустафа Марјан Стојкович Ламбе Куциновски Владимир Милановиќ Предраг Поповиќ

Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk] ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 3 Поч‌‌итувани ч‌‌итатели, сите сугестии, забелеш ‌‌ки, праш ‌‌ања и критики, Ве молиме, да ги испраќ‌‌‌‌‌‌‌‌ате на маил адресите наведени во импресумот. Со тоа ќ‌‌‌‌‌‌‌‌‌е влијаете на квалитетот на содрж‌‌ината и ќ‌‌‌‌‌‌‌‌е добиете информации за Ваш ‌‌е подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пиш ‌‌увате.


ФФРМ

АГРО-СТАРТ конференција

Со иновации и регионална соработка до напредок на аграрот

АГРО-СТАРТ тим

О

бединувањето и иноватив- Конференцијата на којашто беа презентирани креираните иновативни ните технологии се клучен техники од АГРО-СТАРТ проектот елемент за развој на малите и средни претпријатија во растител- „Транснационална мрежа за подното и сточарското производство. дршка на мали и средни претпријатија во растителното и сточарското Токму со иновативниот пристап производство“ е завршен настан на ќе се зголеми конкурентноста на овој проект кој се имплементира во малите и средни претпријатија и ќе се промовира и олесни ино- изминатите 2 години од страна на вативното претприемништво со 12 организации од 7 држави (Романија, Бугарија, Македонија, Грција, давање одговор на потребата од Албанија, Италија и Словенија). одредени услуги за поддршка на малите и средни претпријатија во „Во рамките на проектот се дизајнирастителното и сточарски сектор. рани иновативни алатки кои имаОва е главниот заклучок на АГРО- ат за цел да овозможат развој на земјоделското претприемништво. СТАРТ конференцијата „Развој и Станува збор за Протокол за подпромовирање на претприемништво дршка за услуги, Водич за добри во земјоделството“, која се одржа практики, Платформа за Е-учење, во Битола и на која присуствуваа Пакет за претприемачи, Алатка за 140 учесници од кои во најголем дел беа мали и средни претпријатија. самодијагностицирање и Транс-

4 | МОЈА ЗЕМЈА

национална база на податоци која опфаќа 427 компании од Романија, Бугарија, Македонија, Грција, Албанија, Италија и Словенија. Проектот има своја веб-страница: www. agro-star-see.eu од каде што можат да се користат овие алатки. Една од основните иновативни техники е Протокол за услуги за поддршка кој ги опфаќа сите иновативни алатки на АГРО-СТАРТ и дава сугестии како да се олесни и промовира иновативната претприемачка околина“, потенцира Аурелија Росу, проект-менаџер на АГРО-СТАРТ. Токму иновациите и иновативните технологии се неопходни за ние, земјоделците, и земјоделските компании заеднички да се спротивставиме на проблемите и предизвиците.


Посета на агрометеоролошки станици

„Сите ние од регионот Југоис- чарството и растителното производство - AGRO-START“ е финанточна Европа како земјоделци, како сиран од Европската унија преку земјоделски компании, имаме исти проблеми и предизвици, тоа зна- Програмата за транснационална соработка во Југоисточна Европа. чи проблем со пласман, проблем со цени, манипулации, законски неусо- „Европската унија ги поддржува овие гласувања, политички малверзации, проекти во насока да се подобрат соработките помеѓу државите и да мала инволвираност на младите во земјоделството, недоволно образо- се овозможи развој на земјоделството како бизнис-сектор“, вели вание и стручност. Затоа постојано Робин Лидел, Minister Counsellor потенцираме дека не е неопходно само внатрешно обединување во др- на делегацијата на ЕУ во РМ. жавите, туку и регионалното обеди- Основни резултати на проектот е зголемена конкурентност на МСП, нување и едуцирање за да станеме конкурентни на светските пазари“, подобрување на ефикасноста и квалитетот на услуги за поддршка вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ, која е една од партнер- на бизнисот, да се помогне на МСП ските организации во АГРО-СТАРТ. за достап до нови пазари, подобПроектот „Транснационална мре- рување на квалитетот на нивните производи и маркетинг стратегии за жа за поддршка на мали и средни претпријатија од областа на сто- настап на меѓународни пазари. l

На завршната АГРО-СТАРТ конференција присуствуваа 30 претставници од партнерските организации кои беа инволвирани во креирање на иновативните технологии. Тие, во организација на ФФРМ, која е една од партнерските организациите, посетија иновативни технологии кои се применуваат во македонското земјоделство. Во рамките на посетата беше реализиран и состанок со Игор Златков, директор на АПРЗ, кој ги објасни активностите на Агенцијата и развојот на земјоделството во Пелагонискиот и Преспанскиот регион. Партенрите ги посетија метеоролошките станици во Ресен преку кои земјоделците добиваат навремени информации кои се потребни за преземанње соодветни земјоделски активности. Податоците од агрометеоролошките станици се обработуваат директно на софтвер во Австрија и земјоделците ги добиваат информациите на мобилен телефон, мејл и веб-страница. Реализирана беше и посета на расадникот за овошки „Левида “ во Охрид кој се простира на 2 хектари и новина се брзорастечки ореви, кои даваат плод во првата година, откога ќе се посадат.

ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 5


ФФРМ

ЈИЕ Протоколот за услуги за поддршка

Водичот на добри практики Водичот на добри практики ја содржи реализираната работа завршена за време на 5-те тематски работилници, каде што партнерите избраа најдобри примери за иновации и претприемништво во секторите растително и сточарско производство во нивните држави. Темите на тематските работилници беа следните: 1. Ефикасни пристапи за услуги за дијагностика и проценка на иновативно и/ или ефикасно производство и оперативните процеси во целните сектори; 2. Ефикасни пристапи во развој на финансиски алатки за поддршка на МСП во старите членки на ЕУ, новите земји-членки и земјитекандидатки и како да се обезбеди поддршка за малите и средни претпријатија да се информираат за нивната достапност и пристап до нив (финансиска поддршка за претприемачите, за иновативни пристапи итн.); 3. Ефективни пристапи за трансфер на технологија и иновации во МСП; 4. Ефикасни пристапи за унапредување и олеснување на претприемништвото во целните сектори; 5. Ефективен пристап за поддршка за да се направи проценка на можностите за освојување на нови пазари, исполнување на европските стандарди за квалитет, промоција на производи и олеснување на интернационализацијата на малите и средни претпријатија.

ЈИЕ Протоколот за услуги за поддршка дава сугестии за тоа како да се олесни и промовира иновативна претприемничка околина за малите и средни претпријатија во секторите растително и сточарско производство. Врз основа на пристапот на заедничко учење, партнерите во проектот ги користат веќе познатите добри практики и ново откриените добри практики со цел да се идентификуваат најсоодветните во однос на успешноста, преносливоста, иновативноста и реалистичен пристап. ЈИЕ Протоколот го има во печатена верзија на македонски јазик во канцелариите на ФФРМ и на АГРО-СТАРТ веб страната: www.agro-star-see.eu

Платформата за Е-учење Платформата за Е-учење е Веб базирана алатка која е поставена на официјалната Веб-страница на проектот www.agro-star-see.eu каде што претприемачите и организациите за поддршка може да пристапат и да започнат со учење. Платформата за е-учење ќе содржи два курса: Првиот курс за електронско учење е наменет за претприемачите од секторите

растително и сточарско производство, со цел да добијат доволно информации за да се едуцираат за преземање иновативни и успешни иницијативи; Вториот курс за електронско учење е наменет за вработените во организациите кои даваат бизнис поддршка на

Изработка на стратегии за интернационализација на компанијата; Откривање на нови пазарни можности. Двата курса содржат теоретски дел, практични вежби и оценување на секој учесник. Комбинација на теорија-практика-тутороценување обезбедува интернационализација на содржината на курсот, со цел да се обезбеди добра посетеност на курсевите и е предвидено да бидат преведени на јазиците на сите партнери во проектот.

Алатка за самодијагностицирање

Веб-конструктор

Алатка за самодијагностицирање е онлајн алатка наменета за МСП во економската област на ЈИЕ активни во секторите растително и сточарско производство кои сакаат да имаат подобар пристап до можностите на пазарот и да имплементираат иновации. Оваа алатка е достапна на веб-страницата на проектот www.agro-star-see.eu на англиски и на сите јазици на партнерите на проектот, така што нуди поедноставена верзија на алатката за дијагностика и има за цел да ги натера малите и средни претпријатија да стапат во контакт со соодветните организации за поддршка на бизнисите, со цел овие да им обезбедат подетална дијагноза и проценка на нивната компанија.

Веб-конструктор придружен со Водич за корисниците им овозможува на малите и средни претпријатија да креираат своја веб-страница лесно и бесплатно со цел да се зголеми нивната видливост на пазарот и на тој начин ќе се обезбедат услови за подобрување на нивната конкурентност. Веб-конструкторот ќе биде интегриран на веб-страницата на проектот и претприемачите од секторите растително и сточарско производство имаат можност на едноставен и бесплатен начин да креираат своја веб-страница со цел да ја зголемат нивната видливост на пазарот.

ЈИЕ Пакетот за претприемачи ЈИЕ Пакетот за претприемачи е алатка која на едно место ги групира на национално и на регионално ниво и на ниво на ЕУ информациите за: законодавството, финансиската поддршка за претприемачи, информации за различни иницијативи, контакт точки за претприемништво, бизнис план (услови и барања), мрежи или земјоделски иновативни кластери, релевантни статистички податоци, официјални стандарди за квалитет и други релевантни и корисни информации. Тој е поставен на веб страната на проектот www.agro-star-see.eu. 6 | МОЈА ЗЕМЈА

МСП во секторите и целта на овој курс е да се пренесе знаењето за ефективна имплементација на ЈИЕ Протоколот за услуги за поддршка, поточно начинот на користење на онлајн алатките за поддршка кои се обезбедени од проектот. Курсевите за е-учење ги содржат следниве теми: Претприемништвото во регионот на ЈИЕ Подигнување на свеста за иновациите и технологијата; Стратегии за подобар пристап на пазарот;

ЈИЕ виртуелниот саем ЈИЕ Виртуелниот саем е алатка наменета за интернационална промоција на претприемништвото. Преку ЈИЕ Виртуелниот саем МСП од вклучените земји од секторите растително и сточарско производство ќе ги промовираат своите производи преку виртуелни штандови. Виртуелниот саем обезбедува информации на иновативните пристапи по што ќе го покани купувачот да ја посети веб-страницата на компанијата за понатамошни информации.

Транснационалната база на податоци Транснационалната база на податоци на даватели на услуги за поддршка, која се наоѓа на веб-страницата на АГРО-СТАРТ www.agro-star-see.eu вклучува податоци за специјализирани компании за услуги за поддршка на бизнисот, даватели на услуги и производи од вредносниот синџир на МСП од секторот: снабдувачи со семенски материјал и алатки, компании за градежни услуги поврзани со целните сектори, логистика, маркетинг-компании итн. Базата на податоци содржи информации за името и локацијата на компанијата, главните активности и услуги, контакт-податоци, вклучувајќи и веб-страница доколку постои. За оние компании кои доставиле такви податоци базата на податоци ќе вклучува и ценовник на услугите/производите што ги нудат.


Менаџирање на фарма преку информатички комуникациски технологии Менаџирањето на фармата е неопходен дел за развојот на земјоделството и за аплицирање за добивање на финансиска поддршка и од државата и од европските фондови. Токму менаџирањето на фарма преку компјутер е една од најефикасните и наједноставните алатки за водење на евиденција. Оваа техника Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) и компанијата Даталаб MK ја презентираа на Конференцијата „Менаџирање на фарма преку информатички – комуникациски технологии (позитивни примери)“ која беше дел од саемската манифестација „Агрофуд“ . Конференцијата се организира со цел да се презентираат информатичко –комуникациските технологии кои се неопходни за развој на земјоделството и се потребни услови при аплицирањето за финансиски поддршки. Таа е дел од проектот Агро ИТ, со кој се воспоставува Платформа во неколку земји од ЕУ и која обединува клучни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма овозможувајќи управување на фарма преку компјутерска програма.

Трибини со Синпекс ФФРМ во соработка со АПРЗ и ДОО Синпекс одржа низа трибини низ РМ за поголема информираност на членовите на ФФРМ, но и на останатите земјоделци, за можноста за поголемо искористување на ИПАРД фондовите. Беа посетени 14 населени места каде што фармерите можеа да се запознаат за условите и можностите за аплицирање на оваа програма,а пред нив беа претставени и опремата и механизацијата која можат да ја набават од ИПАРД. Во рамките на самиот караван ФФРМ и СИНПЕКС потпишаа Меморандум за соработка.

Промоција на бренд „Воѓански кромид“ ФФРМ заедно со општина Кривогаштани во село Воѓани организираа промоција на бренд„Воѓански кромид“. На средбата, градоначалникот, Тони Заткоски, одржа говор за важноста на сертификатната марка и важноста на овој производ за регионот. Претставник од ФФРМ, Елизабета Ристеска Мрческа истакна дека ваквите манифестации се значајни за земјоделците бидејќи со тоа се истакнува нивниот труд преку мапирање и брендирање на земјоделските производи. Оваа активност ФФРМ ја спроведува во рамките на Проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ финансиран од ЕУ преку Ипа програмата за соработка со Албанија. Во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ 20 членови од албанската организација КАШ беа на студиска посета во РМ така што одржаа средби со претставници од ФФРМ, државниот секретар Бесир Јашари, АПРЗ во Гостивар и посетија млекара во Прилеп, винарија, кланица и сточарска фарма во гостиварскиот – тетовски регион.

Трибини со Хемометал Средби со земјоделци во насока на информирање за поголема искористеност на средствата од Програмата ИПАРД. Ова е целта на трибините кои ФФРМ во соработка со АПРЗ и ДОО Хемометал ги одржа низ руралните средини во државата. На самите трибини земјоделците се информираа за новитетите во Програмата ИПАРД. Самите средби се одржаа на отворено, каде што фармерите одблиску можеа да ја видат механизацијата и останата опрема за која можат да аплицираат на овој повик на ИПАРД програмата, но исто така и да извршат и тестирање на самите производи.

Посета на жени- фармери од IADK во Струмица

реализирана е средба со Slow Food Ograzden од Босилово, со членови на ФФРМ и Љубица Џоник, член на УО на ФФРМ каде што жениВо организација на ФФРМ две делагации те – фармери меѓусебно разменија искуства од косовската организација IADK посетија и мислења за понатамошна соработка. 13 повеќе компании и фирми во струмичкиот и преставници од IADK ја посетија Главнаберовскиот регион. Жените – фармери посе- та канцеларија на ФФРМ Во Скопје и беше тија компанија за откуп и пакување и дист- презентиран и проектот на УСАИД за ексрибуција на зеленчук и овошје „Евро Мак“ од панзија на мали бизниси. Гостите од Косово Василево, фабрика во село Смојмирово за имаа можност да го посетат Гарден центарот производство на млечни произоди, како и на Левидија које е членка на ФФРМ и каде посета на фабрика за сушење на зеленчук и беше презентирана технологијата на произвошје „Агро Макс“. Во рамките на посетата водство на калемени ореви. ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 7


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на блитва

Таа е двегодишно растение, кое во првата година развива длабок и разгранет корен кој во горниот дел е задебелен, има скратено стебло и богата лисна розета. Во втората година развива разгрането цветно стебло во висина до еден метар. Таа поседува голема прилагодливост на почвата и на климатските фактори.

Медитерански

зеленчук со многу витамини

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Б

литвата е зелјест зеленчук и е многу слична на спанаќот. Таа спаѓа во групата на нискокалорични производи, богата е со магнезиум, железо и витамините Б и Ц. Во последните неколку години е застапена на македонските пазари.

Таа е двегодишно растение, кое во првата година развива длабок и разгранет корен кој во горниот дел е задебелен, има скратено стебло и богата лисна розета. Во втората година развива разгрането цветно стебло во висина до еден метар.

Таа поседува голема прилагодливост на почвата и на климатските фактори. Оптимална температура за поникнување е 16-24°C. При температура од 5 до 10°C растението има слаб пораст, а оптимална температура за раст и развој е 16-20°C.

Сеење на блитвата Блитвата обично се сее директно со семе, но може и со расад. Кога расадот ќе формира 3-5 прави листови, се расадува на стално место во првата половина на април. На отворено се сее на растојание 30-50 см од ред до ред и 20 – 30 см во редот. За 1 ха потребни се 15-20 кг семе. Што се однесува до обработка и нега на расадот, може да се употребуваат хербициди. Бидејќи кај нас се одгледува на многу мали површини, меѓуредовата обработка се врши рачно или со заорување, поради контрола на плевелите, и така се одржува површинската структура и се зачувува влагата во почвата. 8 | МОЈА ЗЕМЈА


По 2 месеца започнува бербата Бербата на блитвата може да почне за околу 60 дена по сеидбата или околу 30 дена по расадувањето. Младите листови се откинуваат паралелно од коренот со проредување. Се одбираат надворешните потполно развиени, здрави и неоштетени листови. Бербата за пролетното одгледување трае 2-3 месеци, а за есенско-зимско одгледување може и до 6 месеци. Зависно од условите на одгледувањето, добар посев од блитва може да даде принос 30-60 т/ха. По бербата, блитвата по потреба се мие во ладна вода и се пакува во кутии, вези или во ринфузна состојба. Блитвата бргу ја губи влагата во свежа состојба и затоа мора што побргу да стигне до пазарите. Ако е потребно, може да се складира во ладилници на температура од 0°C и при релативна влажност од 90 до 95% и тоа во временски период од 7 до 10 дена.

Во текот на одгледувањето e потребно поголемо количество вода, посебно во подрачја каде што има недостиг на вода или, пак, таа е нерамномерно распоредена. Во текот на одгледувањето потребни се 5-6 наводнувања за да се постигнат оптимални приноси. Тоа зависи од периодите, дали се врнежливи или сушни. Блитвата нема посебни побарувања во однос на почвата, но најдобро успева на длабоки и структурни почви, добро пропустливи на вода и со Ph-вредност 6 – 8. Поднесува благо засолени почви. Во текот на сите развојни фази успева и при различни климатски услови, медитерански, континентални до планински и при различни периоди на сеидба. Што се однесува до плодо-

редот, блитвата не поднесува монокултура. На иста површина не треба да се одгледува најмалку три години. Се препорачува одгледување по ѓубрење со органски ѓубрива. Бидејќи блитвата има длабок корен, може да користи вода од длабоките слоеви. Основната обработка на почвата се врши на длабочина од 30 до 40 см, а пред сеидбената површина на почвата мора да овозможи еднаква длабочина на сеидбата. За рана пролетна сеидба одговара производство во леи. Пред сеидбата или со сеидбата потребно е да се употреби NPN минерално ѓубриво 1:1:1, а се прихранува со азотни ѓубрива од 3 до 4 пати,

Проф. д-р Миле Постоловски Проф. д-р Станислава Лазаревска

општА EнтомологиЈА

и тоа по секоја берба на листовите. Постојат различни сорти за различен временски период. Блитвата е прилагодлива на ниски температури за зимско одгледување, отпорна е на високи температури за летно одгледување. l

Проф. д-р Миле Постоловски Проф. д-р Станислава Лазаревска

ЗЕМЈОДЕЛСКА EнтомологиЈА

„Во книгата е воведено и поглавјето Семиохемикалии од инсекти и комуникации. Дефиниран е поимот семиохемикалии и нивна класификација на феромони и алелохемикалии. Укажано е дека олфакторната комуникација помеѓу инсектите и помеѓу инсектите и другите живи организми (растенија и животни) во биоценозите базира на семиохемикалиите. Дефинирана е хемиската структура на феромоните и нивната променливост во средината како резултат на променливата хемиска структура. Објаснети се и методите за екстракција на семиохемикалиите од живите организми. Особено добро е разработена експлоатацијата на семиохемикалиите, при што се истакнати мониторингот, масовното ловење, спречувањето на копулацијата и збунувањето и укажано е на нивното особено значење во заштитата на растенијата од штетните видови инсекти. Авторите истакнуваат дека семиохемикалиите, особено феромоните наоѓаат широка примена во системите за интегрална заштита на културите, пред се заради нивната нетоксичност и безбедност за животната средина.“ Oд рецензиите Износ: 800 денари Задолжително повикување на сериски број: 17795

„Авторите ги презентираат штетните и корисните видови инсекти во агробиоценозите во Република Македонија, но и видовите инсекти значајни во урбаната, ветеринарната и медицинската ентомологија според нивното систематско место во класата Insecta. За секој вид инсект даден е морфолошки опис, претставен е неговиот биолошки развој, ареал на простирање, растенијата домаќини, укажано е на начинот на исхрана и неговата штетност, претставени се методите за мониторинг на видот, дадени се економските прагови, врз основа на кои се организирани интегралните мерки за контролата на видот.“ Oд рецензиите

Износ: 1300 денари (за стyденти и други физички лица) 1500 денари (за правни лица) Задолжително повикување на сериски број: 15681

Продажбата е преку: Македонска Авторска Агенција Булевар Кочо Рацин бр. 14, п.фах 148, Тел: 02 3114 655 Жиро сметка: 300000000020891 - Депонент на Комерцијална банка АД - Скопје


ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на стевија

Природен засладувач без калории Стевијата е грмушесто растение, со височина од 60 до 80 см. Коренот е разгранет. Листовите се зелени, со лесно заоблени врвови, долги 5 см и широки 2 см. Цветовите се бели и ситни. Најдобри резултати за одгледување на стевијата се постигнуваат на подрачја каде што температурата се движи помеѓу 15 и 30оС и каде што доаѓа до големи температурни разлики помеѓу денот и ноќта. Во услови на ладна клима, се одгледува како едногодишно растение, со тоа што во зимскиот период се внимава коренот да не измрзне и се вади од почвата и повторно може да се засади наредната година. Оптималното годишно количество вода за производство изнесува од 1.500 до 1.700 мм. Сушата исклучително негативно влијае на растенијата, поради што доаѓа до сушење на лисјата. Пишува: доц. д-р Звезда Богевска, доц. д-р Маргарита Давитковска

С

тевијата е повеќегодишно зелјесто растение, кое припаѓа на фамилијата Asteraceae. Најдобро успева на подрачја со медитеранска (суптропска) и умерено континентална клима. Во поладните предели се одгледува како едногодишно растение. Листовите на сте-

вијата содржат steviozid и rebaudiozid A и уште шест други гликозиди кои имаат мошне сладок вкус. Листовите се многу слатки, триесет пати послатки од сахарозата. Во минатото, индијанското племе Гуарани од Јужна Америка ја употребувале стевијата за засладување на чај.

Технологија на производство Еден месец пред садењето треба да се изведе длабоко орање на длабочина од 30 до 40 см. Пожелно е пред садењето да се формираат гредици, бидејќи на тој начин се влијае на помало задржување на водата. Доколку постои опасност од суша, потребно е да се воведе систем на наводнување капка по капка. Производството на стевија од семе треба да се одвива во заштитен простор, односно пластеници и стакленици, во кои треба да се одржува температура од 21 до 24оС, со цел да се овозможи правилен раст и развој. Растењето на садниците се одвива бавно, па затоа на отворено се садат по 7 до 8 недели. Во умерените подрачја, садниците може да се садат на отворено во мај, кога нема опасност од пролетни мразеви. При садењето се препорачува да се користи растојание од 80 до 100 см помеѓу редовите, а помеѓу растенијата во редот од 30 до 40 см. Со цел да се спречи развивањето на плевели, површината се покрива со ПЕ фолија. За квалитетен принос, потребно е да се користи азот или органски ѓубрива. Почвата со слаба плодност треба дополнително да се ѓубри. Вообичаено се препорачува додавање на 20-40 т/ха органско ѓубриво, 60 кг азот, 23 кг фосфор и 180 кг калиум на површина од 1 ха. Најголем проблем при производство10 | МОЈА ЗЕМЈА

Денес листовите на стевијата се употребуваат како засладувачи во напивки и прехранбени производи. Се добива целосно природен засладувач без калории. Се препорачува во исхраната на дијабетичари како замена за други засладувачи, кои во нивната исхрана се забранети. Гликозидите на стевијата го намалуваат чувството на глад и со тоа влијаат врз

то претставува слабата 'ртливост на семето, што е причина за високата цена на пазарот. Со оглед на тоа што црното семе има многу поголема 'ртливост од белото, важно е да се обрне внимание при изборот на семето. Покрај генеративниот начин на размножување, стевијата може да се размножува вегетативно со резници на коренот. Од старите растенија се земаат делови од коренот и се садат како самостојни растенија. Цветањето на стевијата започнува со скратувањето на денот, па затоа во наши климатски услови цвета од крајот на летото до доцна есен. Бербата се одвива во септември, со препорака да започне непосредно по почетокот на цветањето. При производство на стевија како едногодишна култура, стеблата се сечат непосредно над површината на почвата. Доколку се произведува како повеќегодишно растение, се препорачува да се остават 15 см од стеблото со цел растението повторно да се обнови и да израсне. На содржината на гликозиди во листовите влијае и периодот на денот, па така таа е најголема наутро и претпладне. Затоа, бербата треба да се изврши до 11 часот претпладне. Исто така, во услови на долг ден се зголемува концентрацијата на гликозиди во листовите. Приносот се движи од 2.500 до 4.500 кг сув лист по хектар. Од еден тон лисна маса се добива околу 280 кг сув лист.


регулирањето на телесната тежина. Примена наоѓа и за регулирање на крвниот притисок, а исто така влијае за подобрување на состојбата кај проблематичната кожа (го забрзува заздравувањето на рани, ја намалува појавата на акни, ги измазнува брчките). Докажано е нејзиното антивирусно и бактерицидно дејство, а при орална употреба ја намалува појавата на кариес. Ги намалува цревните тегоби како што се мачнината и киселините и го подобрува варењето. При поголемо количество сончева светлина и повисока температура, растенијата произведуваат поголемо количество лисна маса.

Стевијата е грмушесто растение, со височина од 60 до 80 см. Коренот е разгранет. Листовите се зелени, со лесно заоблени врвови, долги 5 см и широки 2 см. Цветовите се бели и ситни. Семето е издолжено, долго до 3 мм. Се разликуваат два типа семиња - црни и бели. Се смета дека црното семе е поквалитетно, затоа што 'ртливоста изнесува 78% и два пати е потешко од белото семе. Најдобри резултати за одгледување на стевијата се постигнуваат на подрачја каде што температурата се движи помеѓу 15 и 30оС и каде што доаѓа до големи температурни раз-

лики помеѓу денот и ноќта. Отпорна е на ниски температури, а оптимална температура за 'ртење на семето е 20оС. На температура од околу 5оС се стопира растот. Ова е повеќегодишно растение кое може да успева 4-5 години. Во услови на ладна клима, се одгледува како едногодишно растение, со тоа што во зимскиот период, со цел коренот да не измрзне, се вади од почвата и повторно може да се засади наредната година. Оптималното годишно количество вода за производство изнесува од 1.500 до 1.700 мм. Сушата исклучително негативно влијае на растенијата, поради што доаѓа до сушење на лисјата. Стевијата нема особени барања кон почвата, но претпочита песокливи, иловести и глинести почви. Најважно од сè е почвата да биде добро дренирана и оцедна, со слабо кисела рН вредност од 4 до 7,5. Треба да се обрне внимание на тоа дека ова растение не поднесува солени почви. l

Како да станам член во ФФРМ Според Статутот на ФФРМ, постојат два типа на членови во ФФРМ: Групни членови - регистрирана и оперативно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженија Индивидуални членови - Секој жител на Македонија, инволвиран или заинтересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во Единствениот Регистар за земјоделци на МЗШВ, или е член на земјоделско стопанство. Индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјалните мрежи на ФФРМ. Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари. Покрај редовните членови ФФРМ воведува и статус на придружни членови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас. Контакт: Главна Канцеларија ул „Христо Смирненски“ бр 15, 1000 Скопје Тел/факс: 389-02-3099-042


ПроКредит Банка

Емилија Спировска, член на УО на „ПроКредит Банка“

ПроКредит, покрај изборот на најпроактивни примарни земјоделци, оваа година приклучува и секундарни производители и откупувачи и организира Агро бизнис форум. Настанот ќе се случува на 17 декември во ТЦЦ Гранд Плаза Скопје. Десет најпроактивни агро бизниси ќе бидат наградени со саемско патување на еден од најголемите агросаеми во Европа - Fruit Logistika во Берлин каде што ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агробизнисот во светски рамки и да остварат бизнис-контакти за можен пласман во странство

Здружување на земјоделците и заедничко финансирање на проекти за поголема конкурентност Подготви: Билјана ПетровскаМитревска

1

Дејствувањето на ПроКредит е свртено, пред сè, кон домашната економија т.е. локалните бизниси. Која е мисијата за поддршка на македонското земјоделие? Клучната мисија на ПроКредит Банка е да обезбеди финансиската поддршка за раст и развој на локалните македонски мали и средни бизниси од најпотенцијалните македонски гранки. Во таа насока земјоделието е сектор со голем потенцијал за раст и развој во иднина, кој што нуди производи по кои што може да бидеме препознатливи и оригинални на странските пазари. За исползување на потенцијалот на оваа гранка и создавање на препознатлив македонски производ потребен е долгорочен систематски пристап. За нас како финансиска институција ова е од особена важност поради тоа што потребите за инвестирање и модернизација на производството во земјоделието се огромни, а наша цел е со финансиската поддршка да ги поддржиме таквите инвестиции. Преку поддршка на примарното , секундарното земјоделие и извозот ја следиме нашата мисија -подржуваме бизниси кои генерираат нови работни места и

12 | МОЈА ЗЕМЈА

даваат витален придонес за развој на економијата во рамките на дејноста во која работат.

2

Велите дека ПроКредит не само што нуди финансиска поддршка на македонските агробизниси, туку за нив нуди посебен специјализиран третман. Што тоа значи? Во доменот на соработката со примарното земјоделие можеме да кажеме дека сме банка со големо искуство во работата на терен, директно и непосредно со земјоделците, што ни дава комплетно разбирање на потребите на земјоделците. Тоа е голема предност во поглед на соодветното прилагодување на финансиската услуга токму на потребите и динамиката на македонските земјоделци-прилагодување на рокот на отплата и износот на кредитот според пазарните услови и сезоналноста на овој бизнис, отвореност кон видовите на обезбедување кои се карактеристични за еден земјоделец како што е на пример земјиште во рурална средина, кое многу банки не го прифаќаат итн. ПроКредит постојано проактивно влегува во директна дискусија со земјоделците за придобивките и повратот на инвестицијата во потенцијални дејности кои постојано ги следиме. Во таа

насока сме и единствена банка која поддржува сертифицирано органско производство кое можеби нема доволно голем пласман на македонскиот пазар, но е развиена гранка на Европските пазари. За тоа е потребно видно окрупнување на сегашните капацитети на македонските земјоделци од сите земјоделски гранки, а ние работиме на страната на поддршка на таквите инвестициски планови на агро претприемачите. Во доменот на соработка со секундарното производство-преработувачи и откупувачи, основната конкурентска предност лежи во нашата специјализираност во финансиската поддршка на малите и средни бизниси. Тоа за еден примарен земјоделец би значело бизнис-контакти за пласман на своите производи, а за еден преработувачбанка која вистински ја познава страната на нивните добавувачи. Таквата позиционираност ни дава за право да кажеме дека на агро бизнисмените им нудиме и повеќе од само финансиска услуга. Во таа насока преку регионални и домашни собири за вмрежување помеѓу нашите тековни клиенти, сите тие имаат можност за остварување на бизнис-контакти, дополнителен пазар на своите производи, афирмација во земјата и регионот.


3

Каде лежи неискористен потенцијал во македонското земјоделство? Потенцијалот за развој на земјоделието во нашата земја е голем. Постои простор за дополнително рационално искористување на обработливото земјоделско земјиште кое засега е искористено само 20%. Дополнително на тоа е и фактот што Македонија сè уште има многубројни, но мали земјоделски производства, за кои е потребно окрупнување во насока на постигнување на поголема конкурентност. Ова се аспекти кои бараат интегрирана национална стратегија, за која позитивно е Постојано се потенцира дека што постојано се унапредува и зазема земјоделството треба да се сè поголем дел од фокусот на државприлагоди на новите климатните институции, домашните и стран- ски услови, но тоа подразбира инските инвеститори. Несомнено, зго- вестиција, за која се потребни филемувањето на потенцијалот зависи и нансиски средства. Колку банките се од инвестициите од страна на самите спремни за ваква поддршка и колкав земјоделци, од вертикалната и хори- е интересот на нашите земјоделци? зонтална диверзификација т.е. изнаИмено, ПроКредит постојано оѓање на алтернативни сорти од веќе проактивно влегува во директна постојни култури и, секако, постоја- дискусија со земјоделците за приното поврзување на примарното и се- добивките и повратот на инвестикундарното производство. Како банка цијата од ваквите одлуки со цел да која активно ги поддржува инвести- се даде поголем стимул за таквите циите, можеме да посочиме неколку инвестиции. Во таа насока е и крепримери кои зборуваат како еден про- дитот за енергетска ефикасност кој активен македонски агро бизнис може во доменот на примарното и секунда оди во насока на зголемена продук- дарното земјоделие е најповолен нативност, принос и конкурентност. Еден чин на финансирање на долгорочно пример кој оди во насока на трендот на одржлива инвестиција. Тука спаѓа зголемено штетно влијание на кли- кредитирање по пазарно најповолматските промени е поставувањето на ни услови на сите потреби на еден заштитни мрежи кои придонесуваат сертифициран органски произвоза стандардизација на квалитетот на дител - фиксен или обртен капитал, производот, зголемување на приносот инвестиции во нови ладилници кои за околу 30 проценти и намалување се енергетски ефикасна класа, сисна употребата на пестициди и интер- теми за наводнување капка по капвенции кај насадите. Ова е нешто што ка за рационално искористување на може да се употреби особено во ло- расположливите количества вода и зарството, овоштарството и раногра- зголемување на приносите. динарството, кои се помеѓу трите најзастапени гранки во Македонија, а од ПроКредит веќе неколку годишто повратот на инвестицијата е веќе ни наназад организира избор помеѓу втората година и петтата година најпроактивни земјоделци. на, зависно од видот. Во тој контекст се Оваа година велите - агро бизниси. и разладните комори кои во Македо- Која беше појдовната точка за избор нија се малку по број и капацитет, што за најуспешни земјоделци и на кој нае главната причина поради која цело- чин ќе биде организиран настанот? то производство се извезува веднаш Појдовната точка пред три годипо бербата кога цената му е најниска, ни беше да им се даде признание на наместо да се чува и да се продава земјоделците кои работат и го разпоскапо кога е дефицитарно на паза- виваат македонскиот аграр, а воедрот. Во оваа насока евентуално здру- но да се даде стимул за развојот на жување на земјоделците и заедничко земјоделското производство за сите финансирање на ваквите проекти би останати земјоделски производирезултирало со поголема конкурент- тели преку споделување на проност и поделба на трошоците за ин- активните практики. Оваа година вестицијата. Одгледување на сорти и сакаме да отидеме чекор понапред, видови кои во домашни или европски да создадеме платформа за бизнисрамки се дефицитарни од една страна, соработка помеѓу сите релевантни а од друга страна постојат географ- страни во македонското земјоделие ско-климатски услови да се развиваат - примарни земјоделски производие уште еден начин да се зголеми по- тели, преработувачи, откупувачи, тенцијалот од одредени земјоделски здруженија на земјоделци и фармекултури. ри, како и Министерството за земјо-

4

5

делство. Целта е да се отворат нови можности за соработка помеѓу сите поврзани страни во македонскиот аграрен бизнис, да се отвори дијалог за новите законски промени во земјоделието насочени кон поддршка на земјоделците, да се предочат инвестициите и практиките кои би го направиле овој сегмент поконкурентен. Затоа ПроКредит, покрај изборот на најпроактивни примарни земјоделци, оваа година приклучува и секундарни производители и откупувачи и организира Агро бизнис форум. Настанот ќе се случува на 17 декември во ТЦЦ Гранд Плаза Скопје. Десет најпроактивни агро бизниси ќе бидат наградени со саемско патување на еден од најголемите агросаеми во Европа- Fruit Logistika во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агробизнисот во светски рамки и да остварат бизнис-контакти за можен пласман во странство.

6

Кој може да се пријави на настанот и како ги наградувате избраните агробизниси? Како што кажавме, настанот е од отворен карактер и на него може да присуствува секој кој има каков било бизнис или информативен интерес. Прв пат оваа година ќе може да се пријават и преработувачи на земјоделски производи од домашно потекло и откупувачи т.е. извозници на македонски земјоделски производи. Покрај овие две категории повторно ќе бидат наградени и примарните земјоделски производители во категориите на житни култури (површина над 150 декари), раноградинарство (површина на отворено над 15 декари, во оранжерии над 5 декари), долгогодишни овошни насади (површина над 30 декари), сточарство (фарма над 300 грла), сертифицирано органско производство. Сите апликации ќе бидат разгледани од страна на комисија од независни членови според критериуми на: пласман на производи, диверзификација на производство, принос, иновации, сертификати за квалитет. l ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 13


ГРАДИНАРСТВО

Производство на расад

Пишува: Димитар Арнаудов

К

Контејнерското производство со најдобри резултати

валитетот и интензитетот на градинарското производство многу зависи од производството на здрав и квалитетен расад. Во поново време се користи производство на расад во контејнери. Искуството на теренот докажува дека контејнерското производство дава најдобри резултати. Зависно од времето на производство на расад, се користат стиропорни и пластични контејнери. При зимско-пролетно производство најдобро е да се користат стиропорни контејнери, заради нивната изолациска способност. Заради дифузната светлост која е присутна во текот на зимскиот период, според искуството на теренот, меѓу најдобрите се покажаа контејнерите со 150 и 190 отвори. Овие

контејнери овозможуваат одличен развој на младото растение, како на кореновиот систем, така и на надземниот дел. Отворите со помал волумен побргу се загреваат и доаѓа до побрзо никнување на семето. Негативната страна на овие отвори е тоа што по никнувањето, доаѓа до побрзо растење на расадот, односно се издолжува (појава на циглење на расадот) и има слаб квалитет, па затоа најдобро е да се користат отвори со 3 х 3 х 5 или 4 х 4 х 5. При овој начин на производство имаме добар склоп на растенијата и има нормален развој на младите растенија и фитопатогените болести можат полесно да се превенираат и контролираат. Отворот на дното пожелно е да биде по14 | МОЈА ЗЕМЈА

голем заради подобро исцедување на водата од контејнерите, бидејќи во спротивно многу лесно може да дојде до загубување на кореновиот систем во долните слоеви од поголеми количества вода на дното, а со тоа и послаб развој на младото растение и појава на болести на кореновиот систем. Без разлика дали се работи за прва употреба на контејнерите или тие претходно биле употребувани, дезинфекцијата е неопходна мерка. Најпрактична и најлесна мерка за дезинфекција е потопување на контејнерите во 0,15% раствор од син камен за уништување на сите видови фитопатогени габи и бактерии кои можат да извршат инфекција на семето или на младото растение. l


Совет „Хемомак“

ПЕСТИЦИДИ

Како да се справите со болести и штетници кај расадот?!

Пишува: дипл.агр.инж Благојче Димитриев

В

о производството на расад треба да се контролираат неколку болести и штетници. Најчести болести кои се појавуваат во расадничкото производство се:

ти од оваа болест многу од малите коренчиња изумираат, а на поголемите се јавуваат кафеави некротични дамки при што доаѓа до изумирање на целото растение.

Pythium spp - полегнување на расад. Оваа болест предизвикува слабо поникнување на растенијата. Слабото поникнување на растенијата е резултат на инфекциите на 'ркулците. Почетната инфекција се појавува во вид на слабо потемнета воденеста мека дамка. Габатa продолжува да ја зголемува инфицираната зона, патогенот го зафаќа никулецот и тој брзо изумира. Доколку никулците се поникнати, габата ги напаѓа сочните ткива од сеанците кои стануваат воденести и обезбоени и притоа клетките изумираат, а растението одеднаш венее и изумира.

Sclerotinia sclerotiorum или бело гниење е болест што се манифестира со венење на целото растение. Симптоми на бело гниењe се жолтеење на листовите и појава на карактеристичниот бел мицелиум при основата на стеблото.

Phytophthora spp или гниење на коренот е болест кој резултира со недостиг на вода и храна кај растенијата. Тие стануваат слаби и осетливи на напад од други патогени. Кај сите домаќини нападна-

Fusarium oxysporum или фузариозното венење се одликува со пожолтување на нерватурата и венење на листовите. На стеблото се појавуваат надолжни некрозни рани и дамки, додека пак на основата на стеблото и коренот се јавува гниење. Verticillium spp е вертицилиозно венење и за разлика од фузариозното гниење, се јавува при пониски температури. Оваа болест има карактеристично зелено венење односно иако растенијата ја имаат зелената боја тие, едноставно, венеат.

Alternaria solani или црна дамкавост е болест која ги напаѓа листовите на кои се развиваат карактеристични крупни и тркалезни кафеави до црни дамки. ORVEGO e нов идеален иновативен фунгицид наменет за сузбивање на голем број пламеници во градинарското производство и сузбивање на болеста полегнивање на расад, во доза од 1 л/ха или во концентрација од 0,1%, во комбинација со системичниот високоефикасен фунгицид за габични заболувања SIGNUM во доза од 1 кг/ха или во концентрација од 0,1%. Идеална комбинација за сузбивање на болести во производството на расад во градинарството е употреба на RANMAN TOP со нова иновативна и супериорна формулација во доза од 0,5 л/ха или во концентрација од 0,05% за сузбивање на полегнувањето на расадот и за сузбивање на пламеница. Во комбинација со SIGNUM во доза од 1 кг/ха или во концентрација од 0,1 % за сузбивање на голем број габични заболувања. За сузбивање на пламеница, исто така, се користи и познатиот фунгицид ACROBAT во доза од 2,5 кг/ха. За сузбивање на лисниот минер Tuta absoluta се користи системичниот инсектицид ALVERDE во доза од 1 л/ ха. За сузбивање на лисните вошки, трипсот и белокрилката се користи високоефикасниот инсектицид TEPPEKI во доза од 140 г/ха. l ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 15



Одгледување на домашни зајаци

АГРОАЛТЕРНАТИВА

Производство на „царско“месо Пишува: Љубомир Стојановски

В

о изминатиот временски период во нашата земја интересот за одгледување на домашни зајаци е во постојан пораст. Месото од домашни зајаци може се најде во подобро снабдените месарници и маркети. Тоа често се нарекува и „месо над месата“ поради високиот процент на протеини, витамини и минерали, наспроти малиот процент на маснотии што го прави месото хранливо, а нискокалорично.

Кај нас се застапени следните раси на зајаци: новозеландски бел, калифорниски бел, германски шарец, чинчила, белгиски ориjаш, како и хибридните хајкон, панонски бел и хила. Чувањето е во метални кафези при што мажјаците се одвоени од женките и младите. Во текот на одгледувањето од особено значење е нивната исхрана која треба да е избалансирана и во која се вклучени детелина, јачмен, пченка, тритикале и овес како и поењето на домашните зајаци со чиста и свежа вода. Покрај месото, може да се искористи и нивниот измет. Имено, изметот се користи за производство на висококвалитетно биоѓубриво со висока концентрација на азот. Инаку белиот новозеландски зајак е раса создадена во САД за потребите на тамошната зајачка индустрија, а подоцна, поради своите добри карактеристики, е распространет низ целиот свет. Се одликува со изразено бела боја и има црвени очи. Крзното му е кратко и густо, а телото му е цврсто и збиено со добар распоред на месо во задниот дел. Возрасен зајак достигнува тежина од 4,5 до 5 кг, но можно е нивната тежина да биде и поголема. Ова е отпорна раса со мирен темперамент. Женките се одликуваат со добра плодност и млечност. Како грижливи мајки, можат лесно да одгледаат и до осум малечки во легло. Со посебна исхрана и други сместувачки услови, способни

се да дадат и по шест легла во годината без физиолошки напор. Вообичаено, односот помеѓу бројот на мажјаци и женки е 1:5. Младите зајачиња добро напредуваат. За девет недели или 63 дена можат да достигнат и до 2 кг. За еден килограм прираст потребни се околу 2 кг концентрат и 1,5 до 2 кг квалитетно луцеркино сено, пресметувајќи ја и храната на мајката за време на бременоста и лактацијата. Месото му е вкусно, со низок процент на маснотии, а висок процент на белковини, лесно сварливо и погодно за употреба за повеќе категории на корисници. Поради ваквите карактеристики, новозеландскиот зајак станува омилена раса и како миленик и како комерцијална раса за месо во чиста линија или како подлога за создавање на нови комерцијални хибриди. Нивната кожа е многу ценета во кожарската индустрија бидејќи лесно се бојадисува според модниот вкус. Зајаците од расата новозеландски бел, калифорниски бел и нивните хибриди спаѓаат во среднотешките раси на зајаци кои најмногу се употребуваат во индустриското производство на месо од домашни зајаци. Овие зајаци се одликуваат со брз раст во споредба со останатите раси на зајаци. Прв пат се оплодуваат уште пред четиримесечна возраст кога достигнуваат 115 до 120 дена. По оваа возраст оплодувањето е тешко зашто женките брзо се згојуваат. Колку пати во годината ќе се оплоди една женка, зависи од целите на сопственикот, односно дали тој повеќе сака брз обрт и брза амортизација на женките или употребување на женките за подолго време. Интензивниот циклус се препорачува само при професионално одгледување на зајаци, со задолжително обезбедено квалитетна храна со која би се помогнало за брзо закрепнување на женките. l ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 17


ОВОШТАРСТВО

Одгледување на Mayberry (Lonicera caerulea)

Автор: Владимир Милановиќ

Сибирска боровинка и кај нас

М

ејбери (Mayberry) е уникатно листопадно растение со слатки и вкусни плодови. Растението цвета во март, а цветовите се мали, бели и мирисни и можат да издржат до - 7°С. Плодовите зреат во мај и имаат сина боја со восочна превлака, триаголен облик со должина 2 см, а месото е со црвена боја со семе како кај кивито. Вкусот варира од киселкаст до слабо благ или горчлив. Може да се консумира како свежо овошје или во разни пити и колачи, џем, овошен сок и јогурт. Многу се лековити поради своето антиоксидативно својство и високата концентрација на витамините Ц и Д. Фамилијата на мајски боровинки се состои повеќе од 200 вида ползавци и грмушки и скоро сите се користат исклучиво како украсни растенија. Ова плодоносно растение е многу отпорен вид, мала грмушка со потекло од источен Сибир, од рускиот далечен исток, од Јапонија, каде што луѓето одамна ги собирале и консумирале во големи количества. Мајската боровинка е посебно ценета поради вкусниот плод – бобинка и многу раното дозревање, најмалку 2 недели пред јагодите. Се карактеризираат со одлична отпорност, поднесуваат ладно до -40°С.

18 | МОЈА ЗЕМЈА


Опрашување: сама по себе не е плодна. Потребни се најмалку две растенија и тоа најдобро од различни сорти.

Мајската боровинка не е пребирлива, што се однесува за почва и клима. Влажните почви се покажаа како најдобри, дали природно или преку наводнување. Секако нема да преживее во премногу влажни подрачја каде што подземните води се на површина подолг временски период. Како и повеќето овошја и јагодести растенија, барат терени со подобра изложеност на светлина. Во долината Willamette (природно живеалиште) и останатите региони во кои летата се релативно топли, препорачлива е делумна сенка.

Растенијата можат да бидат распоредени на 1 до 2 м меѓусебно. За одржување на бараната влага во почвата, мулчирањето со компост, тресет, мов или други слични материјали е корисно. Бара редовно вода во текот на сушните периоди, а во водата да се додаде ѓубриво Italpollina. За здрав и силен раст да се примени сса 1-2 литра хумус „калине“ или органско ѓубриво од Italpollina во есен или рано напролет. Оптималната рН на почвата изнесува (5,5-6,5), но може да се одгледува и на рН 3,9 – 7,7. l

Плодоносење: во првата или втората година по садењето. Приносот се движи 3-5 кг од растение. Штетници и болести: не е забележен напад на болести и инсекти, па е препорачана за ЕКО одгледување. Ова растение ги привлекува птиците и затоа е пожелна заштита во мај како и подоцна поради семињата. Резидба: отстранување на исушените гранки или резидба се препорачува во првите 3 до 5 години по сеидбата. Потоа, секои 2 до 3 години рано напролет, пред да почне вегетацијата, задолжително се отстрануваат скршените и тенки гранки.


АГРОАЛТЕРНАТИВА

Производство на хумус

100.000

Автор: м-р Билјана Петровска-Митревска

Љ

„Калифорниските црви се хранат со прегорено арско ѓубриво од кози, говеда, коњи, овци, зајаци. Покрај тоа, како храна може да се употребат и органските отпадоци од нивите, односно ситно сечкана слама, лисја, отпадни плодови, па дури и стари картони. Калифорниските црви не бараат големи вложувања, а од нив се добива хумус кој е висококвалитетно органско ѓубриво“, вели Љубомир Стојановски кој 20 години се занимава со одгледување на калифорниски црви и поседува 200 легла

убомир Стојановски, шумарски инженер, 20 години се занимава со одгледување на калифорниски црви и поседува 200 легла на калифорниски црви на две локации, едната е во С’лп во близина на Велес, а другата е во Свети Николе.

калифорниски црви „Калифорниските црви се хранат со прегорено арско ѓубриво од кози, говеда, коњи, овци, зајаци. Покрај тоа, како храна може да се употребат и органските отпадоци од нивите, односно ситно сечкана слама, лисја, отпадни плодови, па дури и стари картони. Калифорниските црви не бараат големи вложувања, така што покрај прегореното арско ѓубре, потребно е најдолу да се стави специјално водопропустливо платно за механичка заштита и дренажа, а леглото се оградува со штици и во летниот период треба да биде покриено со плетена трска заради засенчување“, објаснува Љубомир. Со неговата фарма ИЗ „Фарма Сончева долина“ во село С’лп соработува со локален сточар кој 20 | МОЈА ЗЕМЈА

за100 евра


Руралните средини со голем потенцијал Руралните средини на РМ имаат големи можности за одгледување на калифорниски црви, затоа што има изобилство на органска материја, која е храна за црвите, а од друга страна добивате поголемо и поквалитетно производството на раноградинарски и овошни и лозови култури. За споредба, една приколка арско ѓубре чини 20 евра, а ако истото ѓубре го преработат калифорниските црви, добива пазарна вредност од 250 евра за тон. Кога сме кај бројките, треба да напоменеме дека калифорниските глисти не бараат секојдневен ангажман и може да бидат и дополнително доходовно занимање, но и решение за изѓубрувањето на многу фарми, каде што проблемот ќе го претворите во решение.

Кооперативата следен развоен чекор

Правилна примена Како основно ѓубриво, биохумусот се користи во количество 0,2 – 5 литри / м2, додека за производство на висококвалитетни хранливи мешавини се меша со сиромашни почви во однос 1:6, додека со плодна почва 1:10. Овие смеси може да се користат за производство на саден материјал, како и за производство на зеленчук на отворено поле и во сите видови заштитени објекти. поседува 100 грла говеда кои се на испаша и така добива арско прегорено ѓубриво со висок квалитет потребно за црвите да го преработат во висококвалитетен биохумус. Другата фарма се наоѓа во Свети Николе, веднаш до фармата за домашни зајаци „Раббит Дооел“ и, според него, најдобра храна за калифорниските црви е ѓубривото добиено од домашни зајаци, кое нема потреба да стои една година колку што е потребно доколку се употребува кравјо ѓубриво. Биохумусот е богат со хумус (до 25%), фосфор 2.400 мг / 100 г), калиум (1.400 мг / 100 г), азот, како и многу важни микроелементи (цинк, бакар, манган, железо) и големо количество од една и половина милијарда бактерии на еден грам.

Со помош на Федерацијата на фармери повеќе одгледувачи на калифорниски црви на ниво на Македонија сме во фаза на организирање на кооператива со што би го окрупниле производството, затоа што има голем интерес за извоз на биохумус во странските држави, но ние, како индивидуалци, не можеме да произведеме доволни количества. За калифорниските црви важна е и температурата. „Не треба да има големи температурни осцилации. Оптимална температура за нивни развој е 20 до 25°C, а ако температурата на околината падне под 5 Целзиусови степени, на леата треба да се нанесе органска материја во слој од 20 сантиметри затоа што температурите под 0 степени се погубни за црвите. Високите температури, особено над 30°C, се штетни и затоа е потребна регулацијата на температурата со прскање со вода и засенчување“, вели Љубомир. Водата е многу битен фактор во производството на глисти затоа што влажноста на подлогата значи живот за самите глисти. Оптималната влажност на подлогата не треба да биде помала од 80% и тоа во пракса

значи – ако земете дел од подлогата и ја стиснете водата, треба да се цеди во капки. Љубомир потенцира дека одгледувањето на калифорниски црви е доходовна работа која не бара големи вложувања и може да ги одгледувате речиси секаде, и на отворено, во подрум, во гаража, на тераса, секаде каде што може да обезбедите простор со зафатнина еден на два метри и висина од 25 сантиметри, поволна влажност, Ph, температура. „Ако во едно легло има околу 100.000 единки и тоа чини 100 евра, во текот на една година може да добиете 4 нови легла или ако произведувате биохумус да добиете 1.000 литри висококвалитетен биохумус“, вели Љубомир. l ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 21


ОВОШТАРСТВО

Одгледување на костен

Кисела почва, топлина и светлина

за добро производство Пишува: Дипл. инж. агр. Ламбе Куциноски

В

о Македонија питомиот костен е распространет на неколку локации и тоа: во Дебарско – Струшкиот регион, Гостиварско – Тетовскиот, Кичевскиот регион, Битолско – Прилепскиот регион, на Скопска Црна Гора и во други региони во источниот дел на Македонија. Иако костенот е значајна култура и неговото одгледување е доста рентабилно и ефикасно, кај нас одгледување-

то е крајно занемарено и се среќава само во спонтани природни популации по региони. Питомиот костен бара повеќе топлина и светлост. Бара изедначена температура, слабо поднесува големи амплитуди и не поднесува варовити, премногу тешки, непропустливи и премногу влажни почви. Питомиот костен бара кисела почва (pH 4,5-6), длабоки и умерено влажни почви, доволно богати со хумус (шумски кисел хумус) и минерални материи, особено калиум и железо. Костенот е еднодомно растение, машките цветови се во долги цилиндрични реси и стојат во основата на

листовите, женските се по два-три и се сместени при основата на машките. Костенот цути во јуни и јули, автостерилен е, поленот се пренесува со ветер и со инсекти. Дава изобилен нектар и цути кога другите овошни видови одамна се прецутени и како таков пчелите многу го посетуваат. Плодовите од костенот созреваат на крајот на октомври. Тие се транспортабилни, лесно манипулативни и може да се чуваат долго време. Плодовите се чуваат на студено место на температура од О°C и релативна влажност од 85% и при вакви услови може да се чуваат до април. Плодот од костенот има голема биолошка вредност. Костенот содржи скроб 38-42%, шеќер 2229%, масти 3-7%, белковини 5-6%, витамин С, калциум, калиум, железо и др. корисни материи. Плодовите може да се користат за свежа употреба, но и во разни видови кондиторски производи. Од лушпата на плодовите и листовите се добиваат танини кои имаат значење и во фармацевтската индустрија. Питомиот костен се размножува генеративно со семе и вегетативно, со изданоци – калемење. Калемениот костен многу порано прородува и дава поквалитетни и покрупни плодови. Калемењето се врши со спојка, а исто така и под кора. Калемениот костен прородува во 3-4 година, а периодот на полна родност настапува околу 15-тата година. Подготовката на земјиштето за подигање нов насад од костен е слична како и за другите овошни култури. Претходно теренот треба да се исчисти од крупни камења, од жбунови, од жили од претходни растенија и др. Потоа се пристапува кон

22 | МОЈА ЗЕМЈА


Костени во своите ежовки

риголување на длабочина 60-80 см. Површината се израмнува за да потоа се изврши орање и подготовка за садење. Садењето се врши во дупки со длабочина 70-80 см. Во текот на садењето кореновите жили се прекратуваат за 1/3 и се потопуваат во балега од прегорен гној, земја и вода. Добро е да се додаде и по 2 кг (NPK 0:15:30) ѓубриво кое не треба да биде во директен контакт со кореновите

жили. Ако се сади во есен, кога е и најпогодно време, садниците не се залеваат со вода, туку околу стеблото се нафрла земја во вид на хумка со висина од 15 см и така се остава до пролет. Ако, пак, садењето се врши во пролет. околу секоја садница се прави чинија и се полива со 8 – 10 л вода. Кога водата ќе се впие во земјата, чинијата треба да се покрие со ситна земја или со прегорено арско ѓу-

Претплата на „Моја земја”

бре со дебелина 4-5 см. Садниците при садењето се прекратуваат, а понатаму резидбата е незначителна и се сведува на механичко чистење и насочување на круната која би требало да биде во форма на пирамида. Изданоците кои потеруваат потребно е редовно да се чистат. Бројот на стебла на хектар се движи од 120 до 150 броја, а приносот се движи од 3 до 5 тони на хектар. l

Доколку сакате да добивате „Моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел од актуелните збидувања во аграрот.

Секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието. Едноставен и брз начин на претплата 1. Пополнување на уплатница и плаќање во банка 2. По уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132. Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието. Уште побрзо и едноствно Претплатување во петте регионални канцеларии на ФФРМ во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани и Струмица. Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари > годишна претплата-550 денари ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 23


ОВОШТАРСТВО Јаболкова ракија

Производство на органски

јак алкохол Цената на јаболковата ракија во регионот се движи околу 500-600 денари за 1 л на основните производи, додека производите со повисок квалитет, како зреаната ракија и бренди, може да достигнат и повисоки цени, во рангот од 1.000 до 3.000 денари, во зависност од годините на зреење и брендот на производителот.

Ј

абoлкoвата ракија е алкoхoлен пијалак кoј се дoбива сo алкoхoлна ферментација и дестилација на јабoлкoва смеса (каша) или јаболков сок, со јачина од околу 40-42% алкохол. Производствениот процес е сличен како кај производството на гроздовата ракија. Се карактеризира како премиум производ и најчесто се пакува во стаклена амбалажа во големина од 0,7 л или 1 л. Доколку ракијата се остава да созрее во дрвени буриња неколку години, производот добива на квалитет и има повисока цена (Calvados тип на бренди). Во процесот на производство е многу е важно при дестилацијата да се отстрани метил алкохолот, кој кај јаболковата ракија е застапен во поголемо количество споредено со лозовата ракија. Каналите на продажба и дистрибуција главно се фокусирани на продажба преку супермаркети и маркети, како и ХоРеКа секторот. Јаболковата ракија во преспанскиот регион има потенцијал и во туризмот/угостителството. Како и кај останатите бизнис-можности за процесирање на јаболка, слично и кај ракијата, производствениот процес е временски ограничен од достапноста на јаболкото во одреден период од годината, што автоматски претставува инвестиција во

24 | МОЈА ЗЕМЈА

залиха на готов производ. Најлесно е да се започне со производство на јаболкова ракија која нема да биде дополнително созреана, но по воспоставувањето стабилно ниво на продажба, по 3-4 години од започнувањето на бизнисот, треба да се девирзифицира производството и да се зајакне брендот со воведување на одлежана јаболкова ракија. Според своите карактеристики, јаболковата ракија спаѓа во г р у п а т а јаки алкохолни пијалаци и како производ си конкурира најмногу со лозовата ракија, но и со останатите жестоки пијалаци. Потрошувачката на лозова ракија во Македонија е околу 1 л по жител годишно или 20.000 хл. Лозовата ракија доминира пред сите останати видови ракии произведени од овошје. Основен пазарен предизвик во процесот на продажба на јаболковата ракија претставува отсуството на традиција кај македонскиот народ во производство и консумирање ракија од други овошја освен грозјето и делумно сливата. Надминувањето на овие предизвици може да се постигне со инвестиции во свесноста на пазарот за новиот


производ и ќе биде потребно време за адаптација и прифаќање на потрошувачите на новиот производ. На домашниот пазар, јаболковата ракија е главно застапена од странските производители, кои во изобилство ги има во Србија и Хрватска, а честа појава се и во останатите екс-ју земји, како и во Бугарија. Освен на балканскиот регион, јаболковата ракија се произведува и во останатите делови од светот, најчесто позната под името јаболково бренди (Apple Brandy), а посебно се издвојува францускиот регион Pays d'Auge, кој е познат по производството на Калвадос (Calvados). Јаболковото бренди се разликува од ракијата по тоа што процесот на дестилација се повторува неколку пати (2-3 пати) и брендито се остава да созрее во дрвени буриња неколку години, 2-3 за најголемиот дел од производите, до 10-15 години за премиум производите. Цената на јаболковата ракија во регионот се движи околу 500-600 денари за 1 л на основните производи,

додека производите со повисок квалитет, како зреаната ракија и бренди, може да достигнат и повисоки цени, во рангот од 1.000 до 3.000 денари, во зависност од годините на зреење и брендот на производителот. Процесот на производството на јаболковата ракија комбинира елементи на процесите на производство на јаболков сок и вино, но сепак со две специфики не постои потреба од цедење на јаболковиот сок со преса, туку алкохолната ферментација се однесува на целата смеса (каша) од јаболка во ферментатори опремени со ладилни ризи.

Посебен и можеби срцето на инсталацијата е дестилационата колона опремена со кондензатор/ изменувач на ладна вода, опремен со мерни и контролни уреди и автоматика, како и топловоден бојлер на дрва/пелети, со автоматска регулација на температурата и внесената енергија во котелот. Во моделот е предвидена дестилациона колона со шаржен капацитет од 300 л и месечно производство од 2,100 л ракија. Значаен елемент на трощпците на производството е топлинската енергија за дестилација (4 kWh/l ) Вкупната капитална инвестиција е околу 54,000€ ,иако е можно и намалување на овој буџет. Годишниот капацитет на постројката е околу25,000л. l

Текстот е дел од Физибилити студија за јаболко иницирана oд страна на Центарoт за развoј на Пелагoнискиoт плански региoн, сo пoддршка на Прoектoт за пoддршка на мали бизниси, финансиран oд страна на Американската агенција за меѓунарoден развoј (УСАИД). Оваа активнoст е дел oд рамката на Прoектoт за вoведување и имплементација на пристапот ЕУ ЛИДЕР ЛАГ. ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 25




ПОЛEДЕЛСТВО

Активности на Проектот за експанзија на мали бизниси - УСАИД

До 860 нови работни места

со капка-по-капка на пченка Пишува: Иван Мицковски – Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

В

о 2013 и 2014 година во Македонија започна процес на модернизација на производството на пченка преку унапредување на наводнувањето и ѓубрењето на културата со системот капка-по-капка. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во склоп на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“, постави 120 системи за наводнување капка-по-капка на парцели од по еден хектар за да ја демонстрира ефективноста на системот во зголемување на продуктивноста. Земјоделците на своја рака поставија системи на дополнителни 80 хектари со пченка, со што се достигна бројка од 200 хектари пченка под систем капка-по-капка. Иницијативата имаше за цел да постигне просечен принос на зрно кај учесниците од 13 т/ха, просек кој оваа година беше достигнат од страна на 120-те земјоделци кои пченката ја наводнуваа и ѓубреа со системот капка-по-капка. Системите капка-по-капка овозможуваат приноси

28 | МОЈА ЗЕМЈА

на зрно и над 20 т/ха, но доколку на само 7.000 хектари се постигне просечен принос од 13 т/ха, Македонија може да го замени увозот на пченка со домашно производство до 2020. Вакво драстично зголемување на производството на пченка во Македонија ќе донесе големи економски придобивки не само за про-

изводителите на пченка, туку и за сточарите, млекопреработувачите, месопреработувачите, живинарските фарми и добавувачите на земјоделска опрема, т.е. сите бизниси кои се поврзани со производството на пченка. Со текот на времето, како што продуктивноста се подобрува, придобивките ќе ги почувствуваат и бизнисите кои се занимаваат со транспорт и трговија. Во овогодишниот октомвриски број на Моја земја објавивме проценка


според која зголеменото производство на пченка ќе резултира со создавање на 2.800 нови работни места до 2020, но според последните процени на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, оваа бројка е поблиску до 6.950 нови работни места, или нешто околу 860 нови работни места годишно. Разликата произлегува од вклучување на нови извори на раст во економскиот модел кои не беа дел од првичната пресметка. Во новата процена е пресметан и растот на земјоделците кои произведуваат само пченка, а не чуваат стока и добавувачите на земјоделска опрема. Предвид е земено и постепеното зголемување на стадата, постепеното зголемување на култивирани површини и индуцираните работни места. Според оваа проценка, секој хектар пченка кој се опремува со систем капка-по-капка создава по едно работно место.

Жетва на поле со принос од 120 тони силажа од хектар

Во октомвриски број на Моја земја, исто така, објавивме дека Министерството за земјоделство ќе воведе мерки за поддршка на производителите на пченка кои сакаат да инвестираат во современа технологија за наводнување. Оваа мерка ќе биде дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, подобро позната како програма „50-50“. Спротивно од нејзиното неофицијално име, новата мерка ќе нуди субвенции за 65% од цената на системите капка-покапка, со што земјоделците кои сакаат да набават систем ќе треба да платат само 35% од цената. Дури и ако за пример ја земеме цената на еден од поскапите системи капка-по-капка која изнесува 115.000 денари за еден хектар, апликантите одобрени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе можат да вратат 74.750 денари, со што системот ќе ги чини

само 40.250 денари. Со олку ниска набавна цена за системите капка-по-капка земјоделците можат да си ја вратат инвестицијата и да остварат профит во истата година во која ќе го постават системот. l

Доколкустезаинтересиранизанабавувањенасистемкапка-по-капказанаводнувањенапченка,посететејафејсбукстраната на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ за совети за зголемување на приносите на пченка: www.facebook.com/poveke.pcenka ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 29


ПЧЕЛАРСТВО

Значењето на

поленот Пишува: Раде Каранфиловски „Апицентар“ - Битола

В

ажноста на поленот во пчеларството е многу голема, односно без полен нема ни пчеларство. Пчелите без полен не можат да живеат ни да се размножуваат (нема ни проста репродукција). Поленот се машки полови клетки на растенијата (сперматозоиди). Тој е неопходен во пчелното друштво преку целата година. Токму затоа го пишувам овој прилог. Според Bernd Dany (1983) од Минхен, тоа е вака:

Во последните 15 години се појави нова наука – ПОЛЕНОЛОГИЈА, која нè учи за корисноста на поленот, не само кај пчелите, туку и за неговата примена за лечење и превентива од болести кај луѓето (апитерапија). Кога ќе се чуе зборот полен, тоа веднаш нè упатува на цветен прав, но да разјасниме некои поими околу тоа. цветен прав – вкупното количество полен од цветовите на растенијата; пчелен полен – овој тип полен претставува мешавина на цветен прав и секретите излачени од пчелите; рачен полен кој е собран рачно, директно од цветовите, и се разликува од пчелниот полен (нема пчелни секрети) пчелна перга (пчелен леб) кој претставува преработен и ферментиран полен.

I класа – полен од врба, дрвенесто овошје, маслена репа, вресак и други, а пчелите хранети со нивниот полен живееле 40-45 дена.

Пчелното друштво е строго зависно од полен и перга, без нив не би можело долго да опстане затоа што: zz

zz

матицата ќе престане со несење на јајца; пчелите не можат да лачат матична млеч;

zz

нема градење на саќе;

zz

нема одгледување на трутови;

zz

zz

zz

zz

не се создава масно ткиво во телото на пчелите; животниот век на пчелите нагло се скратува; новоиспилените пчели се многу ситни и невредни, а и веднаш умираат; пчелите не можат да лачат пчелен отров и др.

Сето ова покажува колку е важно присуството на поленот и пергата во работата и животот на пчелите, па затоа треба да го има во кошницата во секое време. Периодот во кој не се троши перга или се троши сосема малку е многу краток и е многу мал, нецели 2 месеци во зимата.

II класа – полен од лешник, јавор и други, животниот век на пчелите хранети со овој полен бил 28-32 дена. III класа – полен од глуварче со кој пчелите живееле 20-24 дена. IV класа – полен од тревки, пченка, бор, а животниот век на пчелите со овој полен бил 18-20 дена. Пчелите многу добро знаат дека различните полени имаат различен состав, a со тоа и различни хранливи вредности. Токму поради тоа, тие во ќелиите во кои складираат перга го мешаат со различни видови полен, кој се забележува по различните бои во ќелиите. Последното важи и за луѓето – да одбираат полен во многу различни бои. Пчелите, јадејќи само еден вид полен, брзо добиваат стрес и набрзо изумираат. Поленот може да го поделиме и со друга поделба, и тоа од: дрвенести растенија – ела, костен, бука, јасен, јавор, бреза, жална врба, липа, брест и други. грмушки и трње – боровинка, лешник, шипка, бршлен, капина, трн, дрен, малина и други. Овошје – кајсија, вишна, слива, дуња, јаболко, бадем, глог, круша и други.

Научно е докажано дека одредени Повеќегодишни лековити растенија видови полен имаат побогат состав и се со похранливи материи од другите видо- – артичока, оригано, темјан, висибаба, лави полен, а тоа е многу важно за живот- ванда, нане, глуварче, жалфија, детелина ниот век на пчелите и нивната виталност. и други. 30 | МОЈА ЗЕМЈА


Едногодишни лековити растенија – анис, коријандер, тиква, сончоглед и, друго. Последнава поделба е направена за примена на поленот во апитерапевска примена – поленотерапија. Тука би ја спомнале и пергата како храна и како апитерапевтско средство за луѓето и пчелите. Пергата е ферментиран полен добиен со набивање на поленот во ќелиите и додавање на ензими од пчелите, а на крајот и запечатување од горната страна со мед. Пергата е 7 пати појака од поленот, а за 17 пати потрајна, ако поленот има трајност до 1 година, пергата има трајност 17 години.

вида микроорганизми. Друштвата без перга и полен за две недели изумираат губејќи ја сопствената протеинска маса. На пчелите, за да го создадат поленот, им е потреба температура повисока од 30оС. Во спротивно не е потполно искористувањето, а тоа кажува дека во време кога нема прочистни летови, поленот им штети на пчелите ако е во медот во поголеми количества, или ако вештачки им се додава на пчелите. Постапката на пчеларот да додава во прихраната полен или замена за полен е сосема погрешна. До денес, не е пронајдена некоја замена за поленот. Се слушаат разни пропаганди за тоа, но сето тоа е само маркетиншка работа. Сите тие понудени сурогати на полен кои се рекламираат како замена за поленот само им штетат на пчелите и пчеларството, а се од корист на трговците.

многу полен. За да ги наполни кошничките со полен, пчелата треба да посети околу 500 цветови и да помине околу 1 час време во собирање на полен. Поленот го собираат од паша оддалечена не повеќе од 700 метри од пчеларникот, па од ова пчеларот ќе заклучи дали во тој терен има доволно полен. Обично тие пчели што собираат полен не собираат и мед и двете работи ги собираат само на сиромашни паши за подобро искористување на летот.

Споменувајќи го поленот како додаПоленот, покрај тоа што се содржи во ток во исхраната на пчелите, должен сум кошницата како чист складиран во перга, да напоменам дека треба да користите во ќелиите го има и во прополисот и во полен во кој сте сигурни дека е добиен медот. Еден грам мед содржи 300 полеод друштва кои немаат прикриена или нови зрнца од растението од кој е добивидлива болест. Ова упатува на тоа дека ен. Ако се спореди во посебно изработен треба многу да се внимава на поленот поленов атлас, може да се одреди точно кој по ниски цени може да се набави од од кое растение е собран, а со тоа и медот. соседните земји. Набавувајќи таков поВо зависност од тоа од што е собран полен, вие во вашиот пчеларник внесувате ленот, може процентуално да се одреди и „бомба“ од разни непознати болести за составот. Поленот содржи: јаглехидрати, овие простори и оваа раса на пчели. На масти, минерали, вода, пепел, органски тој начин кај нас од 2 постојни вируси кај киселини, ферменти, витамини, фитонашите автохтони пчели, бројот порасна хормони, флаваноиди, каротиноиди и не- Пчелите на земјината топка се присутни познати материи што кажува дека тој сè околу 60 милиони години пред човекот, на 17 вируси во последните години. Со други зборови, би рекол дека ги донесовуште не е доволно проучен. Процентуал- па опстанувале и се размножувале без ме сите источноазиски болести на пчелината содржна на овие состојки е различна тие поленски замени. Затоа, мој совет е за различни растенија. Поленот претста- - пчелари, не допирајте многу во поленот. те. Сега само се тувкаме и чудиме зошто продуктивноста на друштвата е мала и вува „витаминска бомба“ која го заштиту- Тоа е исто како на едно мало бебе да му го зошто губиме толку голем број пчелни ва организмот од различни болести. Без одземете мајчиното млеко и да го храните друштва во зимскиот период. него, пчелите боледуваат и изумираат. со различни кашички, а од него да барате брз развој. Од сето досегашно би извлекол закОд сите полени, најдобар е поленот лучок - да се користи полен како протеиндобиен во пролет бидејќи содржи доста Прочуениот пчеларски истражувач и лизоцим, кој е еден од најважните еле- пчелар (C. L. Farrar) препорачува во по- ска храна само домашно произведениот и тој да биде е од што повеќе растенија со менти за одржување на имунитетот на гачата да се додаде некаква замена за различна боја на поленот и со користење консументите на тој прашок. полен, само ако во неа има ¾ полен и ¼ на нашите автохтони матици бидејќи некаква замена. Притоа треба да се знае илјадници години тие се прилагодувале Еден килограм перга зафаќа околу дека тие ¾ полен служат за одгледување на оваа храна и на овие услови. Исклуче7000 ќелии, а тоа е нешто повеќе од една на леглото, а ¼ за создавање резерви те ги сте комбинации на некои си увезени полна л.р. рамка, а помалку од една пол- во телото на пчелата. За одгледување матици, а тоа е и со закон забрането. на д.б. рамка. Од една ќелија перга може на 1 килограм пчели (10.000) потребно да се исхранат до две ларви, зависно од е околу 1 кг перга. Просечно друштво Поленот кој се добива во нашите квалитетот на пергата. Квалитетна пер- годишно троши 15-28 килограми перга. пчеларници, а е наменет за додавање во га може да се добие само од квалитетен Фарар препорачува за едно просечно прихраната на пчелите, се собира со пополен. друштво за зимата да се обезбеди 2,5 себно изработени поленофаќачи кои од рамки со перга или 3.000 cm2 површина горната страна се покриени со лим, за да Лоша страна на пергата запечатена со перга. Ваквата заедница обезбедена не може да падне во коритцето, остатоци со мед е тоа што пчелите не ја премес- со „maxima“ перга и мед, одгледувала од болни ларви кои се исфрлаат надвор туваат како медот, не можат да ја пре- 27,4% повеќе легло, давала 40% повеќе несуваат од рамка во рамка. Ако таа е мед од друштвата кои немале вакви за- од кошницата. Друштвата за оваа намена се посебно одбрани со сигурност без подалеку од леглото, на крајните рамки, лихи на храна. Тука треба да наведеме болест. Местото каде што се вади овој изложена е на влага, а навлажнета брзо дека друштвата со стари матици трошат полен треба да е богато со најразлични мувлосува и се расипува, а како расипана повеќе мед и перга, бидејќи одгледуваат растенија, додека поленот кој се вади за е отровна за пчелите. Затоа, ако сретнете повеќе трутовски јајца. Еден килограм апитерапија не мора да е толку ригорозно на рамката мувлосана перга, отстранете трутови трошат за исхрана 5 пати повеќе произведен. Во апитерапијата со полен ја целосно со гребење. храна од еден килограм пчели. Кога во понекогаш е потребно да се произведе друштвото ќе забележите производство само монофлорен полен кој ќе дејствува За формирање на перга, покрај ензи- на многу трутови, тоа е знак за обилна снабденост со полен, а истото ќе го забе- подобро на претходно дијагностициранамите од пчелите, за претворање на полен та болест. l лежите и на полеталката како се внесува во перга на пчелите им помагаат уште 227 ДЕКЕМВРИ 2014 - ЈАНУАРИ 2015 | 31


СТОЧАРСТВО

Исхрана

Микроелементите

Aвтор: Предраг Поповиќ

Н

важни во исхраната на говедата

овите научни и практични сознанија се претвораат во нови производи! Иновациите поставуваат стандарди и обезбедуваат нивна примена во сточарското производство. Но, не се определувачки само максималните производни резултати, се бара сè поголема економичност и што е можно поголемо растоварување на животната средина. Условени од градбата на дигестивниот тракт (првенствено од бурагот), преживарите имаат потреба од друг начин на обезбедување енергија и протеини во однос на свињите и живината. Што се однесува до микроелементите, тие се подеднакво значајни за одвивање на важни процеси на размената на материи кај сите видови животни.

Меѓутоа, мора да се надминат пречките кои оневозможуваат снабдување со микроелементи, првенствено поради варијабилност, во поглед на нивната содржина во основниот, кабаст дел од дажбата во кој елементите во траги (Cu, Zn, Mn, I, Se, Co) не се присутни во доволно количество, за да се задоволат потребите на преживарите. Затоа е многу важно нивното додавање преку минералниот дел на дажбата (минерални т.е. минерално-витамински премикси).

Дури и кога е обезбедено доволно количество преку храната, се појавува проблем со создавање на тешкорастворливи комплекси кои ќе овозможат секундарно искористување и адекватно обезбедување со микроелементи. Познато е дека за бакар најважни антагонисти се сулфур, молибден и железо. Веќе во бурагот можат да настанат тешко-растворливи бакарни сулфиди. Молибденот има потенцијал дополнително да го потенцира ова дејство. Железото, исто така, придонесува за создавање на тешко-растворливите комплекси на бакарниот сулфид и истовремено ја спречува апсорпцијата на бакарот во тенкото црево.

Негативни интеракции настануваат и помеѓу бакар и цинк, бакар и манган, железо и манган. Бидејќи цинкот, бакарот и манганот по правило се дополнуваат преку минералните компоненти во дажбата, нерамнотежата може да се избалансира до одредена мера. Проблемот настанува во регионите во кои железото во голема мера е присутно во кабастите крмива или водата. Со користење на органските врзани елементи во траги можат значително да се намалат негативните интеракции. Со употреба на производи кај кои микроелементите се врзани во двојна врска со глицинот дополнително се намалуваат нивните меѓусебни антагонистички односи и на тој начин се подобрува искористливоста. l

Значење на микроелементите (Мännеr, 2008) Бакар

→→Развој на скелетот, создавање на крвни елементи, пигментација, кератинизација на влакна/волна, плодност

Цинк

→→Меѓуклеточна размена на материи, раст, зараснување на рани, хормонски статус, катјонски биланс на вода, имунитет

Манган

→→Развој на скелетот, репродукција, размена на масти и јаглехидрати, имунитет

Извор: Erfolg im Stall No.2/2012, Spurenelemente verfugbar machen, Dr. Leonhard Raab 32 | МОЈА ЗЕМЈА



МЕХАНИЗАЦИЈА

МАХИНДРА ТРАКТОРИ СЕРИЈА MKM-NST

475 DI/575 DI/595 DI

Ефикасен,

силен и најпродаван во класата Тракторите од серијата MKM NST доаѓаат со мотори со голема искористеност, мала потрошувачка на гориво и голем вртежен момент. Моторите со голем вртежен момент на само 1.900 вртежи во минута (2100 min-1 кај 595DI) нудат голема влечна сила, којашто е потребна за тешките работи. СИЛЕН МОТОР СО ГОЛЕМА ЗАФАТНИНА И ВРТЕЖЕН МОМЕНТ Моторите кои се вградуваат се со три цилиндри и директно вбризгување на горивото и со голем вртежен момент на само 1.900 вртежи во минута (2100 min1 кај 275DI И 595DI), даваат одличен вртежен момент, ниска потрошувачка и издржливост. Единствената LLA технологија која се вградува во овие мотори оптимално го регулира вбризгувањето според промената на оптоварувањето и вртежите на моторот, што овозможува мала потрошувачка. Дизел-моторот работи мирно и на ниски вртежи, значи помалку се трошат деловите и има подолг век на работа. Моторот дава најголем вртежен момент во својата класа, овозможувајќи голема моќ при работа со тешки приклучни машини или при влечење на товари на нагорнина. Овие мотори, исто така, испуштаат почисти издувни гасови и одговараат на BS IIIA нормите.

Aвтор: Беким Мустафа

Овие силни и сигурни трактори се дизајнирани за извршување на повеќе задачи одеднаш и специјализирани се за сите видови земјоделски операции, како примарно и секундарно орање, но и за влечење.

ИЗДРЖЛИВА ТРАНСМИСИЈА Издржливата трансмисија со 8 брзини напред и 2 брзини назад е многу лесна за користење. Дизајнирана е да одговара на импресивните карактеристики на моторот и е составена од запчаници за поголема цврстина. Тракторот стандардно е опремен со блокажа на задниот диференцијал која се вклучува со нога со што движењето се пренесува подеднакво на двете задни тркала за максимална влечна сила кога е потребно. Трансмисијата е дизајнирана за максимална ефикасност со повеќе коњски сили во оските. Ова осигурува тракторот да дава високи вредности на влечна сила, поголема продуктивност и минимално пролизгување со што ги прави тракторите идеални за пренос на кардан и за влечење, како што е длабоко орање, култивирање и рамнење. ИЗДРЖЛИВА ПРЕДНА ОСКА

595 DI, за да може да се справи и со најтешките приклучни машини. Робусните и цврсти лостови овозможуваат стабилност и сигурност. УДОБНА ПЛАТФОРМА ЗА ВОЗАЧОТ И КОНТРОЛИ Платформата е многу голема и удобна за да ги олесни долгите часови работа. Широкиот простор на платформата го олеснува влегувањето и излегувањето. Сите контролни дршки се ергономски поставени. ДОКАЖАН КВАЛИТЕТ – ДОБИТНИК НА МЕДАЛ ЗА КВАЛИТЕТ Квалитетот е предност на „Махиндра“ и ние сме горди што сме првата и единствената компанија која произведува трактори во светот која ја добила оваа награда – признание кое е навистина тешко да се добие. Признато е дека ова е највисоката награда која може да ја добие една компанија која има имплементирано целосно управување со квалитетот во сите нејзини бизнис-операции. Наградата признава висок степен на посветеност кон потрошувачите, подобрување во сите сфери на квалитетот и совршеност во бизнис-процесите.

Тракторите „Махиндра“ имаат издржлива предна оска во форма на лак која дополнително дава стабилност и олеснета контрола. Осцилациите на оската овозможуваат попријатно возење и полесна работа во нерамни терени. Хидрауличниот управувач овозможува лесно влегување и излегување во тесни простори. „Махиндра“, исто така, беше првата компанија за трактори која ја доби наградата ХИДРАУЛИКА СО ГОЛЕМА МОЌ НА Deming Application во 2003 за совршенПОДИГНУВАЊЕ ство во квалитетот, што ја прави единствен произведувач на трактори кој ги Моќната хидраулика може да подигне добил двете признанија. l товар од 1.485 кг кај 575 DI и 1650 кг кај



МЕХАНИЗАЦИЈА

Практични и сестрани

„Ферари“ и на поле

Карактеристично за овој модел е изобилството на снажни и до осум хидраулични секции со капацитет 31+49 л/мин што овозможува користење на најсофистицирани приклучни машини, а сето тоа е контролирано од едноставен џојстик-систем за лесно управување. Покрај изобилството хидраулични излези, овие модели се карактеризираат со снажна хидраулика која може да носи товар и до 2.700 кг. Кабината е дизајнирана да овозможи добра прегледност, висок комодитет, а воедно да ги исполни и барањата тракторот да биде низок и компактен. DUAL Steer системот овозможува ротирање на работната конзола за 180 степени што практично значи дека задниот дел од тракторот станува преден и може да се работи во таа положба без никакви ограничувања. Како интересен патент-производ може да се издвои и системот за самочистење кој повремено автоматски дејствува чистејќи го моторот и разладниот систем од нечистотија и одржувајќи идеални услови за работа.

К

Aвтор: Марјан Стојкович

омпанијата „Ферари“ со своето постоење од повеќе од 60 години, како и непрестаната желба да се изработи трактор кој ќе ги исполни и најголемите очекувања, низ годините успеа да произведе трактор чии главни карактеристики се компактност, економичност, сила и практичност, а пред сè - врвен квалитет.

Интересен е податокот за преносот кај овие трактори кој овозможува во секој момент сите тркала да имаат допир со подлогата, а и сите да вртат рамномерно, независно дали се врти или се вози право, што овозможува погонот од сите тркала да се пренесе идеално на подлогата со што се зголемува влечната сила, а се намалува оштетувањето на подлогата и на гумите.

Тракторите „Ферари“ се компактни и лесни на теренот како специјализирани трактори, а во однос на влечење се вистински ривали со традиционалните трактори. Во поглед на функционалноста моделот на Ferrari, VEGA Sdt Италија ги надминува стандардите поставени од обичните трактори и е многу погоден за извршување на сите работни активности што вклучуваат приклучни машини специјализирани за одредена намена.

Менувачот кој е целосно синхронизиран со своите 16+16 брзини овозможува идеални брзини од 0 до 40 км/ч во зависност од работата што се врши.

Со овие модели на трактори, кои од годинава може да се најдат и во Македонија, се излегува во пресрет на сите потрошувачи, првенствено на лозарите и овоштарите, кои до сега имаа проблем на пронајдат специјализиран трактор што ќе одговори на нивните потреби. l

Моторите што ги користат тракторите „Ферари“ се доведени до совршенство, исполнувајќи ги најстрогите европски стандарди за бучавост и емисија на штетни гасови, а пред сè економичност која кај моделот VEGA 95 се движи околу 4 литри на час.

Модел

75

85

95

Модел на мотор

Vm D753 Ie3

Vm D754 Te3

Vm D 754 Ie3

Бр. на цилиндри/заф.

3Ti/2,2

4T/3,0

4Ti/3,0

Снага при 2.300 врт/мин

70

79

91

Брзини

16+16 целосно синхронизирани

Хидраулика (л/мин)

31+31 или 31+49

Снага на подигање (кг)

2700

2700

2700

Должина (мм)

3327

3439

3439

Ширина (мм)

1311

1311

1311

Тежина (кг)

2390

2390

2390

36 | МОЈА ЗЕМЈА



ОВОШТАРСТВО

Совет заштита

Зимско прскање на овошките

Пишува: Дипл. инж. агроном Благој Шоповски

С

о зимското прскање на овошките се сузбиваат многубројни презимувачки форми на штетниците: лисни вошки, пајачиња, штитести вошки, јаболковиот цветојад, прасков молец и др., како и презимувачките форми на патогените причинители како што се: шупликавост, краставост, кадравост, разни монилии, бактериози и сл. На кората на овошките, во пукнатините на гранките, во наборите презимуваат голем број инсекти. За да ја намалиме бројноста на популацијата во сезона извршуваме зимски преглед на овошките со помош на лупа и бинокулар во лабораторија.

38 | МОЈА ЗЕМЈА

Зимското третирање се извршува кога стеблата на овошките се суви, надворешната температура е над 5-7°C, за да се избегне измрзнување на нанесениот раствор на овошките. Работете по тивко време без ветер. Потребно е овошките добро да се исперат и да се истретира целото стебло. Од средствата за заштита за зимското прскање може да се користи Бело масло, во комбинација со Cuprozin 35 WP, а за горенаведените штетници се додава Perfekthion во пропишаните дози. l




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.