life_201106

Page 1




ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Атанас Кировски

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

УРЕДНИК

Љупчо Јолевски

Не постои совршенство, се е` живот

АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

РЕДАКЦИЈА Тони Димков Силвана Жежова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ музика Александар Гавровски

Влатко Галевски

МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ

84

Марија Дивитарова Катарина Стојанова 68

Васко Марковски

здрава исхрана Душан Матиќ

АЛКОХОЛОТ "САКАН НЕПРИЈАТЕЛ" Игор Ивковиќ Петре Димитров 72

Марија Илиќ

здравје д-р Татјана Илиева-Хаџиевска

ВАГИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ ВО БРЕМЕНОСТ

Патриција Костовска

Мирослав Николовски

Антиквитети Ангелина Јаневска

Кристина Озимец ФОТОГРАФИЈА

ПОРТРЕТИ СЛИКАНИ НА ПОРЦЕЛАН

90

Ивана Кузмановска Синиша Станковиќ (колумнист)

Роберт Смилески

life портрет: МАКЕДОКС

(надворешен соработник)

12 ГРАФИЧКИ УРЕДНИК

Филип Митров ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

СПОЕНИ ЕНЕРГИИ


¢

Билјана Црвенковска

КАКО НА ФИЛМ

Христина и Ведрана

КАКО НА ФИЛМ Музика ХРИСТОВА И ТРАЈКОВСКИ

24 Часа,,, СО ИВАНА И ПЕТРЕ

20

Времето низ очите на... ЕЛПИДА ХАЏИ-ВАСИЛЕВА

24 40

Биопсија или копнеж за љубов

Секој ден по една лира

Кожата не определува кои сме и од каде сме!

жешка тема ХЈУ ЛОРИ

книги РОНИТ БЕРГМАН

патување надвор ХАВАИ

102 60 Доктор Хаус со деби албум

78 Рајот на работ на светот

Инспирацијата ме наоѓа мене

o Кире Галевски

life фокус: 10 ГОДИНИ ОФ-ФЕСТ

18

Ритамот на светот во Скопје

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

Кај нас, особено во последно време, многу работи се како на филм. Некои се како во добар филм. Некои. Повеќето се како во лош филм, а има и онакви кои се од скап, високо буџетен филм со сите награди и почести, а однатре трули и евтини. Како и се` друго, и оваа позната фраза „како на филм“ има илјада значења. Меѓутоа, ние како и секогаш до сега, се потрудивме да ја гледаме позитивната страна на нештата, онаа светлата страна на животот (а и на филмот). Прошетавме на убави места, направивме една прекрасна филмска приказна од Маџир маало (и тоа токму во времето кога се случуваа традиционалните маџирмаалски средби), а поразговаравме и со организаторите на Македокс, фестивалот на документарен филм кој по втор пат оваа година се одржува во Куршумли Ан, во Скопје. Интересно е што во јуни се случува уште еден фестивал, која оваа година полни десет години. За Off Fest, помладото, но не и помалку квалитетно братче на Skopje Jazz Festival е уште еден добар, добар филм. Се надеваме дека ќе го гледаме уште долго време. Петре и Ивана направија свој филм, во скопската стара чаршија. На вас е да оцените дали тој може да биде и ваш филм. LIFE продолжува да талка и да истражува, без разлика на времето (или невремето), на околностите, загаденоста на воздухот, или чудната енергија во него. Летото е пред нас, и новите, летни предизвици, приказни, филмови... Останете со нас во наредните месеци и очекувајте уште многу изненадувања.


ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА Со 12 проекти во официјална конкуренција, од 4 до 8 мај, во Битола се одржа 13-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата. Питер Тејт од Велика Британија, Ана Власов од Израел, Николај Урумов од Бугарија, Егзит театар и Рене Медвешек од Хрватска беа само некои од актерите кои со своите креации се обидоа да го предизвикаат вниманието на публиката. Во конкуренција за награди, Гран при за најдобра претстава, за најдобар актер, режија и награда од публиката, беа прикажани 12 проекти од 10 земји од светот. Гран при доби монодрамата „Исповед на маската" на театарот „Руска сцена" од Берлин (Германија), според текстот на Ј. Мишима, во режија на Ина СоколоваГордон, а во изведба на Андре Мошој. Наградата за најдобар актер замина кај Николај Урумов, протагонистот во „Ласица" - копродукција на две театарски куќи од Бугарија, според текстот на Александар Урумов и режија на Јуриј Дачев. Вонредна награда за актерско остварување доби младиот актерски талент Јевген Нишчук од Украина, за остварувањето во мултимедијалниот перформанс. „Моменти на љубов" - Театар Сузирја од Украина. Традиционалната награда на публиката што ја доделува градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, му припадна на актерот и режисер на монодрамата Контрабасотт - Рене Медвешек, работена според текстот на светски познатиот писател Патрик Зискинд, што дојде од Хрватска, како продукција на „Егзит театар" од Загреб.

ИЗЛОЖБА „КРЕАТИВНИ ЖЕНИ“

6 LIFE Ј У Н И

Изложба насловена „Креативни жени“ посветена на пронајдоците и иновациите на жените од Шведска беше отворена во Националната и Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје. Беа прикажани прикази од 40 иновации од жени иноватори во Шведска. „По едно истражување во Техничкиот музеј во Шведска откривме дека најголем дел од пронајдоците им припаѓаат на мажите,“ изјави Јудит Блек, од Шведскиот институт. Изложбата организирана во соработка со Шведскиот институт, Националниот музеј за наука и техника во Стокхолм како и Амбасадата на Шведска во Македонија ќе трае до 10 јуни.


настани

ОТВОРАЊЕ НА МОВ Мајските оперски вечери се отворија со премиерата на операта „Дон Џовани“, традиционално на 9 мај. Во рамките на 39. издание на МОВ се одржаа шест претстави од кои две премиери, меѓу која и балетот „Заспаната убавица“. Акцентот беше ставен на познати гости од странство како и домашни солисти кои настапуваат надвор. За време на одржувањето на ова издание на МОВ, уметничката Татјана Манева имаше и своја изложба во фоајето на МОБ. Традиционално МОВ завршија со операта „Аида“ на 31 мај, а претставата беше посветена на 150 години од обединувањето на Италија.

„HURTS“ – ВООДУШЕВИЈА И ВООДУШЕВЕНИ ОД „СКОПЈЕ ГОРИ“ Британската поп група „Hurts“ ја воодушеви армијата тинејџери присутни на нивниот концерт на последното издание на фестивалот „Скопје гори“, фестивалот кој наместо на Скопско кале се одржа во арената „Метрополис“. Во манир на голема островска поп атракција тие го испорачаа материјалот од својот деби албум оставајќи многу скршени срца кај девојките во партерот.

7 LIFE Ј У Н И

На ова случување, на кое изостана поголемата посетеност , настапија и европската диџејска атракција „Gramophodzije“, белградскиот реге- ска -состав S.A.R.S., редовните гости од Хрватска – составот Elemental и нашите „Чалгија Саунд Систем“.


настани LIFE Ј У Н И

8 8

КАНАЛ 103 ГО ПРОСЛАВИ 20-ОТ РОДЕНДЕН Култното музичко радио Канал 103 го прослави дваесетиот роденден под мотото „20 години слободни”. Централната прослава на овој голем јубилеј се случи во Младинскиот културен центар, а настапија Мизар, Т.Б. Трачери, „Беи 'д Фиш“, „Стринг Форсес“, Легијата, Д` Џон и Вселенските бунтовници, Millko, Картер, Дисфилхармонија, Фонија, Девојка, Canon, Sound Pollution, A Venus Fly Trap, Распеани скопјани и Свирачиња. Во галеријата и холот на МКЦ беше поставена специјална изложба и аудио инсталација на тема „20 години слободни”. Куратор на ретроспективната изложба беше Игор Тошевски, реномиран македонски уметник и член на групата „Зеро“. Просторната инсталација беше дело на младиот сценограф и уметник, Филип Јовановски.


белешки на случајниот минувач

“Д

октор! Доктор ни треба! реба! Има ли доктор во салава!? алава!? / Има, јас сум. / Ееее,, како ти се допаѓа филмов, докторееее?”, беше ше дијалог од речиси секоја проекција во маалското аалското кино, која го предизвикуваше чичкото то со батериската ламба, да ги бара мајтапџиите пџиите низ темницата... А горе безбеден во својата просторија, “шнајдерот”, тотално незаинтезаинтересирано ќе ни “скинеше” неколку сцени цени од филмот, од оние не толку интересните, те, за да има време да се зачистат семките и лушпите од костени од подот и троа да се изветри етри салата пред новата проекција. А бе, идила... Во која постоеја јасни правила на фер-игра, ер-игра, финтите на курназите им минуваа само амо по еднаш и секогаш, ама секогаш, победуваше дуваше правдата - добрите ги газеа и помодруваа руваа лошите од ќотек. А ние, маалските копиљаци, верувавме дека ка еден ден ќе бидеме херои како оние од филмовите. Или барем актери во филмовите, ама јасно, позитивни ликови... Кога син ми, онака под око, скраја да е подсмешливо, ме гледа додека пцујам и се обидувам да ги разоткријам тајните на далечинскиот управувач, сакајќи да ја снимам епизодата од крими-серијата, за на мира да го гледам преносот од фубалскиот натпревар, не можам а да не се сетам на неповторливите времиња: кога секој понеделник или четврток, во зависност од киното, трчавме да го видиме сменетиот плакат за филмот што ќе се прикажува од тој ден... Иако се обидував, шетајќи се со малиот низ Дебар Маало, да му го објаснам значењето на киното ”Карпош“ врз мојот развој&едукација, но и врз љубовниот живот на неколку генерации маалски херои, ретко имав успех. Оти, обично ќе седневме во “Апче”, каде и бозата ја пиеше колку да ми направи мерак, трпејќи ги кротко моите носталгични напади, и потоа ќе побараше да побрзаме дома, за да се паркира пред компјутерот. И, иако навистина сакав, едноставно не можев да му го доближам дебармаалското “Парадизо”, да му објаснам дека остриот мирис на освежувач на воздухот што требаше да ја амортизира реата на потта и на валканите чорапи, врескањето на чичето “Цигарите палете ги надвор!”, и “ќебапчиња&пиво” - сеансите по кино-матинеата од 17,00 часот, на кои се “анализираа” ударите на Брус Ли, ама и градите на убавиците од платното, не може да се сместат во ниту една видео-игра. Дума да нема за возбудувањето на терасата на “Градежниците”, каде можеше да се гледа филм под отворено небо... И најбуквално, да се мечтае безгранично. Пред пет-шестнаесет години, домаќините од еден универзитет во САД, мене и на уште неколкумината новинари од Третиот, Четвртиот и останатиот забатален свет на Дуњава, со желба да ни го разубавават престојот ако можат и секако да не изанализираат нас - толку поинаквите од нив, ни го поставуваа прашањето: што би сакале да видиме за да ја почувствуваме Америка од нашите мечти? Некои од колегите го безецираа Холивуд или Њујорк, некои Лас Вегас или она што некогаш било Див Запад, иако не беа на нашата рута, а јас, како блазиран уредник од тогашната “Оаза на мирот”, си ги побарав НБА и НХЛ

натпреварите, ама и сцените од незаборавнатпр ните филмови од маалското кино: возењето “грејхаунд” аутобуси низ пустите патишта, со “гр чувството да се биде онака прекрасно и чув алиениран, како асли “барска мушичка”, во алие некој темен локал, во кој покрај неквалитетвиски во чаша со сомнителна чистота, ќе но ви добиеш и поткрепа низ советите или дури доби и низ молчењето на барменот - познавач на душите... Тогаш, веќе знаев дека кај мене души нема штоф за херој, ама се трудев од петни жили да бидам барем еден од добрите, се уште сакав да бидам позитивен лик. Оти, се уште мечтаев, иако во ограничени дози. Од заглупувачкиот “убиј ги сите и врати сам” - американски филм (наменет и се са прифатлив главно, само на оние блажеприф неинформирани “црква-знаме-пита но не јаболки” – гласачи во гламурозните со јаб кампањи и навивачи во бројните “ослободикамп телни” војни за присилно имплементирање телни “американската демократија” со “умни на “а ракети”, всушност, грабачко-арамиски поракет ходи по туѓа нафта, вода или геостратешка позиција......) излегов многу ппред оној септември, а од некогашните дримфорнијата, ми остана само горчливиот мечти за допирање на дримфо вкус во устата... И пцостите&клетвите за сценаристите&режисерите од сенка, кои ако им е по ќеиф, може низ навредливиот кастинг, од улогата на вечни лузери&жртви, да не унапредат во статисти кои малку од малку подолго, сепак, ќе останат на сцената. Молчејќи и потврдувајќи со главата, дека и без зборови, го даваме својот придонес во бурлеската. Или трагедијата, како за кого... Потоа, во еден кус период од животот, понесен од најубавата насмевка на светот, онаа на мојот првенец и единствен наследник, поверував дека може да се сонува и на домашен терен. Дека некогаш, можеби и ќе ни биде поубаво и дека конечно ќе се напојат двата милиона жедни за се, и гладни за нормална живеачка - жители на Оазата. И пак, ја утнав работата. Ама дебело... Дримфорнијата стана кошмар од балканската крчма. А јас, благодарам на прашањето, како и мнозинството, си статирам. Чекаме кутрите, сите, да ни дадат некоја реплика, колку маја да не фати. Па може и ќе крикнеме... И сега, ни останаа само ептен тврдото ем цврсто - порно, да си се самозалажуваме. И тука клетите душмани се обидоа да ни го онадат ќерифот, лажејќи ја белосветската јавност дека ние Македонците сме биле со најмали на Балканот. Пениси, де. Ние со 13,98 цм, а оние што и името не ни го признаваат, биле со 14,73! Па, демек, и Србите и Бугарите не надвјасувале за по центиметар или и центиметар и фазла. Арам да им е на тоа лажговците, анкетарите. Ова е таен заговор за долносување на нашите докажани вредности ширум светот! Какви бе "статистички информации од докажани истражувачки центри и извештаи од целиот свет”, какви бакрачи. Се знае дека е лага, кој тоа може да процени што си имаме ние во срцето?! И во гаќите!? Пу, клети душмани, во најчувствителното не удрија, нас јунаците од бабините деветини, пренесувани од колено на колено, како изблици на локал-патриотизмот, дека сме биле ем “највооружени”, ем најпотентни, ем најиздржливи (барем колку еден просечен “порниќ”), ем најплодни (од погледнот ни – забременувале екстатичните девици), ем... Мореее, што ни е гајле за злите јазици, ние како на филм, како во бурлеските на Шарло, ќе си одиме од триумф во триумф и ќе си веруваме оние сцени кои “шнајдерот” ќе ни дозволи да ги видиме. ¿

LIFE Ј У Н И

Иако се обидував, шетајќи се со син н ми низ Дебар Маало, да му го објаснам ам значењето на киното ”Карпош“ врзз мојот развој&едукација, но и врз љубовниот от живот на неколку генерации маалски ки херои, ретко имав успех...

9

ДРИМФОРНИЈА ¢ Синиша Станковиќ


10

LIFE Ј У Н И

life п о р т р е т


¢ Тони Димков

Кире Галевски

life п о р т р е т

СПОЕНИ ЕНЕРГИИ ГРУПА КРЕАТИВЦИ ВРЕДНО РАБОТАТ НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОСНОВНАТА МИСИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ „МАКЕДОКС“ СО НАМЕРА ДА ГИ ОТВОРАТ ХОРИЗОНТИТЕ НА ОБИЧНИОТ ЧОВЕК. РАЗГОВАРАМЕ СО ПЕТРА, БРАНД И КИРИЈАНА

П

„Гужва“. Филмското искуство го стекнала со работа во продукцијата „Наше маало“, но и со играните продукции, како „Големата вода“ на Иво Трајков, „Илузија“ на Светозар Ристовски, „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски, „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски и „Сенки“ на Милчо Манчевски. Енергијата која ги спои во

организирањето на фестивалот ги држи заедно и во текот на нивните заеднички настапи. Секој од нив е посебен како личност и како професионалец, но сите заедно дејствуваат како еден. Така течеше разговорот за LIFE и, речиси, едногласно ни ги открија сите свои идеи и замисли за фестивалот на креативни документарци „МакеДокс“.

11 LIFE Ј У Н И

рвото издание на фестивалот на креативни документарни филмови „МакеДокс“ минатата година ги врати документарците на големото платно. Филмскиот жанр кој ја бележи реалноста на животот стана присутен и во реалноста меѓу луѓето. Второто издание на „МакеДокс“ ќе се одржи од 17 до 24 јуни годинава. Основниот концепт на фестивалот е задржан и проширен со две нови тематски целини. Фестивалската програма се реализира во пет сегменти, како „Главна програма“, „Нови автори“, „Кратки“, „Еколошки документарци“ и „Програма за деца и млади“. Идејата за организирање на „МакеДокс“ потекнува од Петра Селишкар, Бранд Ферро и Киријана Алушевска – Николоска. Делуваат заедно, но секој презема одговорност за одреден сегмент на фестивалот. Селектор на програмата е Петра Селишкар, режисерка и продуцентка која потекнува од Љубљана, Словенија. Студирала на филмски академии во Холандија и Англија. Од 2002 година работи заедно со Бранд Ферро, со кого ја основаат „Петра Пан филм продукција“. Бранд Ферро е снимател на играни и креативни документарни филмови и филмофил од мали нозе. Со снимање филмови почнал во Академскиот кино клуб во Скопје. Професионално работел во МТВ и ТВ А1. Заедно со Александар Поповски работеше на омнибусот „Светло-сиво“, со Драган Абјаниќ и Игор Иванов – Изи ги сними култните „Сабвеј“, „ТВ Бордошбањ“ и филмот „НЕП“. Со Петра Селишкар заедно работеа на филмот „Големата вода“ на Иво Трајков, а со својата продукција ги снимија серијалот „Турски чај“, документарците „Бабички на револуцијата“ и „Мостар јунајтед“ и учествуваа во снимањето на шпанскиот игран филм „18 оброци“. Главен оперативец во организацијата на „МакеДокс“ е Киријана Алушевска – Николоска, која раководи и со кастинг-агенцијата


life п о р т р е т

12 LIFE Ј У Н И

Веќе го подготвивте вториот „МакеДокс“, но кој прв се сети дека треба да се направи фестивал од овој вид во Скопје? Киријана: Веројатно е дека нема прв, односно поверојатно е дека на сите истовремено ни текнало.. Бранд: ..случајно, во неврзан муабет се најдовме на иста идеја дека сакаме да правиме фестивал за креативен документарен филм, и тоа ни беше мотивирачки момент бидејќи одамна зборувавме дека треба да се направи таков фестивал, но никогаш не се гледавме себеси како организатори на истиот. Објективно немавме време, а и сега немаме многу време, бидејќи сите на некој начин си ги работиме своите работи, но сфативме дека, сепак, можеме да се организираме и да го направиме фестивалот. Какви реакции стигнаа до вас по одржувањето на првиот „МакеДокс“? Петра: Мене најубаво од се` ми беше тоа што се направи многу убава екипа луѓе од сите возрасти и од различни професии. Не бевме само филмаџии, туку имаше и луѓе на кои документарниот филм ништо не им значеше пред да се случи фестивалот. Но, по првото издание на „МакеДокс“ тие се заљубија во документарните филмови. Заедно ги гледавме, ги коментиравме и емотивно ги доживеавме сите филмови и видовме дека има потреба за такво нешто затоа што луѓето кои дојдоа на фестивалот ни дадоа на знаење дека и на нив им треба таков фестивал. Киријана: Имаше реакции од типот - „Уф, па не знаевме дека такви документарци воопшто постојат!“. Значи се појавија луѓе кои не гледале ниту еден креативен документарен филм, кои се навикнале да гледаат само репортажни фил-

мови, само некои тв-форми на документарни филмови, и во тоа ја гледале смислата на документаристиката, како некој вид на филмуван журнализам. Но, по првиот „МакеДокс“ имаше многу позитивни реакции. Најголем дел беа поради квалитетните филмови. Втората карактеристика со која фестивалот се издвои е локацијата за проекциите, односно под отворено небо во Куршумли ан. Луѓето кои го пропуштија минатата година веќе почнаа да прашуваат кога годинава ќе се одржи фестивалот, и тоа на сите нас што го правиме фестивалот ни дава неверојатно силна енергија.

Петра Селишкар: Мене не ми дозволуваа да се занимавам со филм затоа што бев девојче. Иако потекнувам од семејство кое ја сака уметноста, сепак, немавме контакт со кинематографијата. Уште во основно училиште отидов на воркшоп за филм и ми кажаа дека сум премлада и дека е подобро да одам на работилница за театар. Подоцна почнав сама да се снаоѓам, си најдов камера и филмска лента и почнав сама да снимам. Во гимназија навистина имав театарска група, правевме претстави за кои ги пишував текстовите, но секогаш ставав видеобим со проекции во рамките на претставите. Во тоа време тоа беше многу откачено. Потоа отидов на студии во Холандија и во Англија и таму навистина почнав да се занимавам со филмската уметност.

Какви побарувања има фестивалот од организациски агол? Киријана: Во суштина, сами ги поставуваме рамките. Тоа се нашите амбиции каде сакаме да го поставиме фестивалот и каков сакаме да биде. Можеме да кажеме дека ни е доволно одредено ниво и дека ќе се држиме до него, но знам дека секогаш сакаме да направиме повеќе. Има една поента којашто годинава ќе не придвижи, а тоа е дека „сега постои ова за да отстапи место на новото кое што ќе го надмине“. Значи секогаш ќе гледаме да одиме напред и да даваме повеќе и повеќе, и во тоа ја гледаме смислата. Бранд: За жал, филмската публика во Македонија ја снема. Кинотеката се бори и со проекции кои се одвиваат во последниве две-три години успеваат полека да ја вратат публиката. Во другите киносали понудата се сведува на блокбастери и мислам дека сите веќе се заситени од такви филмови. Тука е Скопскиот филмски фестивал и на него во последно време тешко му оди со публика. Мисијата на Скопскиот фестивал и на „МакеДокс“ е полека да ја вратиме публиката


Како автори кои прават филмови како се снаоѓате во улога на организатори на фестивал на кој се презентираат филмови на други автори? Петра: Многу е лесно, бидејќи имаме високи критериуми за филмската уметност, бидејќи и самите себе се поставуваме на некој ранг на кој би сакале да бидеме, и такви документарци сакаме да прикажеме на фестивалот. Киријана: Се` поголема е продукцијата на креативни документарни филмови и ние одбравме да одиме со презентација

на филмовите во отворено кино во Куршумли ан. Од друга страна тоа го ограничува бројот на проекциите и многу ми е жал што можеме да прикажеме многу малку филмови, а веќе има премногу и прекрасни документарни остварувања. Петра: Бидејќи не можеме да правиме проекции се` додека не се стемни, како искуство од минатата година ни остана дека три проекции една по друга се многу и за годинава одлучивме да имаме по две проекции во Куршумли ан, а порано да почнуваме во Детскиот театарски центар за да можеме да прикажеме барем дел од филмовите кои навистина вреди да се видат. Киријана: Лани почнавме со таа амбиција дека навистина има многу филмови кои сакаме да ги прикажеме и отидовме со три проекции во една вечер, меѓутоа сфативме дека креативните документарци не дозволуваат таква емотивна дистанца каква што може да се постави во однос на играниот филм. Документарците едноставно те внесуваат во дејството и црпат енергија од тебе. Затоа три филма доаѓаат премногу за гледање во текот на една вечер.

life п о р т р е т

во кино. Мислам дека се потврдува мислењето дека киното како социјален момент недостига во овој град, како место каде ќе се соберат филмофили, каде ќе се дискутира за убавите филмови. По секој убав филм, кога ќе излезеш од кино си полн со енергија и сакаш да го споделиш филмот со блиските и тоа создава можност за убава дружба. Мислам дека предноста на овој фестивал е што правиме добра и квалитетна селекција и што успеваме да привлечеме публика, а со тоа и да овозможиме добра дружба.

13

LIFE Ј У Н И

Бранд Ферро: Немав избор! Дома ќе ме скршеа од ќотек. Во суштина, требаше да бидам електроинжинер, бидејќи имам мајка која сметала дека не смеам да влезам во филмските води. Но, некако се случи природен тек на нештата бидејќи, покрај библиотеката со класични дела, дома имав и многу филмска литература и најмногу неа ја читав. Ги знаев филмографиите на сите значајни филмски режисери. Татко ми, Хуан Карлос Ферро Дуке, е комплетен синеаст, и режисер и снимател и монтажер. Мајка ми, Илинденка Петрушева, е филмски критичар. Имам сестра, Алисија, која работи на играни продукции, и уште еден брат од Белград, Пабло, кој истотака е снимател на филмови. Така што филмската професија ми доаѓа како генетско семејно наследство.


life п о р т р е т

14 LIFE Ј У Н И

сега сфативме дека кромидот не умира и од секој кромид се раѓа нов кромид.. Киријана: ..ако минатата година акцентот ни беше ставен на една карактеристика на кромидот, а тоа беше неговата слоевитост, годинава користиме друга карактеристика како симболика поврзана со фестивалот, а тоа е неговата регенеративност. Самиот од себе кромидот создава нов кромид. Нема срж, нема центар, туку постои за да создаде нов живот.. Петра: ..токму затоа во содржините внесовме еко-програма и ќе прикажеме многу убави филмови кои се снимени на тема – екологија. Со филмови кои обработуваат тематика поврзана со рециклирањето на материјата се надеваме дека ќе делуваме и врз рециклирањето на човечкиот ум. Се` уште се држиме до тоа дека фестивалот расте и сакаме се` повеќе луѓе во Македонија да почнат да прават документарни филмови. Само така ќе Киријана Алушевска – Николоска: Немам филмско го оправдаме насловот семејно потекло. Ниту некој ме тераше, ниту ме насочи „МакеДокс“, односно во филмската уметност. Сакав да бидам психолог, „маке-докс“ (make dox) бидејќи многу ме интересираат луѓето и психолошкикако повик да се прават те профили. Дипломирав социјална работа, но сосема креативни докуменслучајно една моја колешка почна да работи на филм и тарци во Македонија. со неа прв пат отидов на филмски сет. Откако ја почувГодинава на фестивалот ствував енергијата која владее таму останав приврзана ќе се доделат наградите за неа и еве, до ден-денес, сум посветена на филмска„Стар кромид“, „Млад та уметност. Во професионална смисла работам во кромид“ „Кокарче“, кастинг-агенција. награда за етика и награда за човекови права. Дополнително Значи идејата за ќе реализираме повеќе „Патувачко кино“ се` работилници за новите генерации вивме прашањето зошто воопшто ги уште е во игра? документаристи, новинари и филмски правиме нашите филмови? Надвор ќе Бранд: Тоа беше иницијалната идеја критичари. Сакаме луѓето повеќе да ги продадеме за прикажување, но дома што ја имавме со Петра, а која подосе занимаваат со документарните немавме публика. Затоа го смисливцна се разви во идеја за создавање на филмови затоа што мислиме дека тоа ме патувачкото кино, а потоа се роди фестивалот. Во почетокот размислуе потребно во оваа држава. идејата и за фестивалот. вавме за тоа колку ќе биде убаво да Бранд: Една од основните функции на се направи едно патувачко кино и со уметноста, а особено на креативната Која ќе биде генералната линија патување да ги презентираме нашите документаристика, е да му ги отвори на вториот „МакеДокс“? проекти. Во Словенија се` уште има хоризонтите на обичниот човек. Тоа е Петра: Годинава пак сме на истото. публика, но во Македонија таа работа главната мисија и на „МакеДокс“. ¿ Главното мото е кромидот. Само што оди малку потешко. Затоа си го постаЕкипата која работи на фестивалот полека прераснува во големо и убаво семејство. Колку луѓе работат на фестивалот? Бранд: Уште пред речиси десет години, кога почнавме со продукција на нашите проекти, со Петра имавме желба и идеја да направиме фестивал и воопшто не размислувавме кој со што ќе се занимава во рамките на самиот фестивал. Меѓусебно ги поделивме работите според тоа кој за што е способен. Минатата година Киријана беше главниот продуцент, а во рамките на екипата секој ја работи онаа работа што ја знае и која може да ја работи. Така функционираме – како семејство. Нормално е дека понекогаш има и проблеми, но ги надминуваме со заеднички ангажман на сите нас. Киријана: Годинава малку се проширивме, иако и на минатиот фестивал работеа многу луѓе. Тоа се луѓе кои се наши пријатели и кои се обединија околу нашата енергија. И уште доаѓаат.. Петра: .. и уште ќе не има.. Киријана: ..сакаме цело Скопје да го вклучиме во „МакеДокс“, а потоа во август ќе прошетаме низ неколку гратчиња и сакаме цела Македонија да ја вклучиме во фестивалот.


15 LIFE Ј У Н И


life ф о к у с

10 ГОДИНИ „ОФ-ФЕСТ“

РИТАМОТ НА СВЕТОТ ВО СКОПЈЕ

¢ Љупчо Јолевски ВО ИЗМИНАТАВА ДЕКАДА СО НАСТАПИТЕ НА ГОЛЕМИ И ИЗВОНРЕДНО ЗНАЧАЈНИ МУЗИЧКИ ИМИЊА КАКО ПЕТИ СМИТ, ДЕЈВИД БРН, “MERCURY REV”, СУЗАНА БАКА, МАРИЗА, ЛИ СКРЕЧ ПЕРИ, ЦЕЗАРИА ЕВОРА, ЕЛИЈАДЕС ОЧОА, “MASSIVE ATTACK”… МАКЕДОНИЈА ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ КОЈ НА НАЈРЕЧОВИТ НАЧИН ЈА ПОТЕНЦИРА ИСКОНСКАТА ЖЕЛБА ДА БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ, ПОТРЕБАТА ЗА НЕУСЛОВЕНА КОМУНИКАЦИЈА И РАЗМЕНА НА КУЛТУРНИ ДОБРА МЕЃУ НАРОДИТЕ

акедонија има два големи светски музички фестивала. Едниот е „Скопскиот џез фестивал“ кој годинава ја прославува својата 30-годишнина од постоењето, а вториот е „Оф-фест“, кој како фестивал на “поинаква музика” цела една декада успешно ја пласира идејата за чествување на различностите и ритмите во глобални, планетарни рамки. И, обата ги потпишува Оливер Белопета, всушност продуцентско-промотерската куќа “Скопје џез фестивал” . И, ако, првиот веќе од поодамна, без двојба, е програмски најосмислениот и најквалитетниот на Балканот, другиот , пак, речиси и да нема конкуренција во понудата која генерално се движи од традиционалните светски музики,

16 LIFE Ј У Н И

М

преку рокенролот до вкрстувањата на изворните ритми со модерните електронски стремежи. Конечно, не случајно, денес „Оф-фест“ е член на Европскиот форум на Фестивалите на светска музика и случување кое, од година во година, преку музиките на големите уметници го слави мултикултурализмот во неговата суштинска форма. „ОФ-ФЕСТ“ ИЛИ ИДЕЈА ЗА ПРОГРАМСКО „ПРОВЕТРУВАЊЕ“ НА СЏФ „Оф-фест“ настана во 2002 година како случување кое ќе ја следи успешната формулата на веќе етаблираниот „Скопски џез фестивал“. Идејата на неговите организатори беше да се тргне светската музика од


ГОДИНИ НА БОГАТА ЖЕТВА Сето тоа беше потврдено веќе наредната година кога имавме преубава можност да се нурнеме во морето емоции што ни ги испорачаа Португалците – „Madredeus”, бендот што фадото го внесе во 21 век, турскиот диџеј и продуцент, музичарот кој своето звуковно наследство го пропушти низ призмата на електрониката – Мерчан Деде, „Asian Dub Foundation“ кои звуците на својата лондонска комуна ги направија општа звуковна придобивка...Во 2004-та им бевме домаќини на две големи латино ѕвезди – перуанската пејачка и миленичка на Брн – Сузана Бака и Елиадес Очоа, гитаристот на славниот „Buena Vista Social Club“, тајфата што не потсети на безвременоста на кубанската популарна музика која нешто предтоа со изданието што го потпишаат Рај Кудер и Ник Кент го покори светскиот дискографски пазар. Во периодот што следуваше систематски си ги избиструвавме сликите за бразилската музичка сцена како една од најпотентните на јужната хемисфера со артисти како „Nacao Zumbi“, Сибел, Маркос Вале, Бебел ЛИ СКРЕЧ ПЕРИ

Жилберто, „Forro In The Dark“... и широко ни беше отворена и портата на звуковното богатство на Црниот континент преку извонредните

MADREDEUS

Афел Бокум, „Tartit“, Хабиб Којте, Биукс Фарка Туре и Сеун Кути – како вистински продолжувачи на делата на своите таковци и легендарни африкански музичари – феноменалниот Али Фарка Туре и симболот за ТИНА ИВАНОВА, НОВИНАР: Ние немаме многу музички фестивали кои се бават со модерната музика, па затоа и не можеме да правиме било каква паралела на „Оф-фест“ со некои други присутни кај нас кои се флуктуирачки и кои имаат тенденција, што за жал не им успева, да одржат некаква жанровска линија. На „Оф-фест“, побратимот на „Скопскиот џез-фестивал“ кој веќе има долга традиција, тоа му успеа. „Оф-фест“ можеби не можеме да го компарираме со локалните, но слободно можеме да го ставиме во рангот на најдобрите музички фестивали на глобално ниво.

17 LIFE Ј У Н И

програмата на џез фестивалот и да се создаде уште еден кој би се случувал во различен период од годината и би бил со „поразлична“ музичка ориентација. Ваквата сосема природна одлука во декадата на глобализација и се совпадна со растечката популарност и квалитетот на она што започна да се именува како „светска музика“. Всушност, заложбите беа ова случување да се бави со „поинаквата“ музика вклучувајќи ги тука сите категории на светската музика како традиционална музика, етно, фолк...и неминовно да се нурне во пазувите на современите текови и да слезе дури до екперименталните форми. Впрочем и првичното издание, со големата певица Цезариа Евора, холандско-бразилскиот состав „Zuco 103”, Ем-Ти-Џи Букем и Дејвид Брн, не само како успешен соло-артист и некогашен лидер на култните „Tallking Heads”, туку и како трагач и над се` промотер (преку сопствената етикета) на највозбуливото од музиките на Третиот свет, јасно ја исцртаа траекторијата по која ќе се движи „Оф-фест“.

ВЕРА МИЛОШЕВСКА – ЈОСИФОВСКА („ЉУБОЈНА“): „Оф-фест“е можеби единствениот настан со таква концепција, кој може да ги обедини вкусовите и потребите на публиката за различно и нешто ново. На него, пред две години, по првпат во живо зазвучи нашиот трет албум „Песна за мојата песна“, и иако бевме прилично претпазливи со таа за нас сеуште нова и туку што излезена од студио музика, беше фантастично! Мислам дека треба многу повеќе да се трудиме да ги надминуваме оние стандардни стереотипи за музиката и за тоа каква музика треба да биде застапена на еден фестивал. Навистина живееме во еклектично време и тоа само по себе раѓа хибридни форми, исклучително тешко е да се занимаваш со изминатите растојанија на правците во музиката. Затоа мислам дека токму „Оф-фест“ постепено и дава таква шанса на музиката, да може слободно да се движи.

life ф о к у с

MASSIVE ATTACK


Оливер Белопета

„ОФ-ФЕСТ“ – АФИРМАТОР НА НАЈКРЕАТИВНАТА МУЗИЧКА МИСЛА

Од каде своевремено потребата за ОФФЕСТ како фестивал на една „поинаква“ првично, а сега веќе светска музика? Потребата за Оффест пред десет години пред се произлезе од идејата од програмата на Скопскиот џез фестивал да се извлече на страна она што влегува во широката категорија на „world music“ (светска музика) и да се стави во друг фестивал (оттаму и насловот "Офф-фест", што значи - нешто друго). На пример, големите звезди на африканската музика, како Јусу Н'дур, Мори Канте или Салиф Кеита, па Перуанката Сузана Бака, шпанското фламенко, како и многу Бразилци, беа присутни на џез фестивалот. Со тоа на некој начин дојде до негово "прочистување" , а од друга страна се создаде втор фестивал, на „world music“, програмски далеку пошироко ориентиран, кој успешно пополни една од многуте концертни празнини кои постоеја и сеуште постојат кај нас. Се разбира, тука е важно што јас лично долго време и пред „Оф-фест“ ја следам и сакам таа музика, која во однос на дугите музички стилови е веројатно најкреативната во последниве дваесет години. И сигурно од особено значение во периодот на изразената глобализација во светот, затоа што таа исклучителнио успешно ги совладува разните политички, национални и религиски бариери и предрасуди, притоа промовирајќи ги на голема сцена и земјите од Третиот свет или малите народи. Колку во изминатава деценија се трансформираше првичната замисла и од што беше условено тоа? Првичната замисла и не се трансформираше многу. Секоја година програмата ја следеше таа иницијална линија и тоа наполно бескомпромисно. Зошто бескомпромисно? Затоа што ние на Оффест носиме веќе афирмирани и големи имиња во светот кои овде, со неколку исклучоци, не значат ништо - поради затвореноста на Македонија и се поголемата затвореност на македонската публика за се` што не доаѓа од Англија, САД или од Србија..

18

LIFE Ј У Н И

Ако, сега дефинитивно фестивалот ја доби својата рамка, тогаш како вие во Скопје џез фестивал, ја проектирате неговата иднина? Најискрено да ви кажам - не знам! Ако продолжи трендот на толку масовната србизација на вкусовите на младата македонска публика и на телевизиските медиуми, смислата на „Оф-фест“ и мојот ентузијазам можат да се загубат. Да не зборувам за вториот проблем, фестивалот се одржува во период кој бара отворен простор, а ние немаме добар ниту затворен концертен простор, а летна сцена (со потребна инфраструктура и амбиент за фестивал од ваков калибар) – не само што воопшто нема, ниту некој мисли да ја направи. Колку „Оф-фест“, како фестивал кој е влезен во кругот на големите светски манифестации од овој тип , може да помогне во афирмацијата на македонското музичко творество во времево на изместени вредности и кога како средина тонеме во калта на кичот и шундот, и лажното месијанство на еден Горан Бреговиќ и слични? Тој веќе помогна многу, затоа што директно или индиректно благодарејќи на „Оф-фест“ многу наши, нам познати групи и музичари настапија и настапуваат во странство. Ние во овој сегмент имаме што да му понудиме на светот, но процесот мора да биде во два правца- нема нашите уметници да излегуваат надвор ако ние не носиме кај нас вредна музика и од други мали земји во светот, од сите континенти. Тука „Оф-фест“ веќе ја одигра и ја игра својата улога, но самиот тој не е доволен, потребни се и други типови на подобра организација овде кај нас за подобро претставување во светот.

бунт на континентот - Фела Кути... Од Португалија ни дојде Мариса, наследничката на легендарната Емилија Родригез, во вистинското време бевме во позиција да и се насладуваме на комбинацијата на танго, поп и електронска музика со која се прославија „Gotan Project“, останавме неми пред поетиката и далгите емоции што ни ги испорача Аргентинецот – Мелинго, лудувавме со „Los De Abajo“ и Сењој Коконат и неговите кавер вратоломии, му се поклонивме на Ли Скреч Пери како еден од хероите на светската реге и даб револуција која своевремено започна да се тркала од Јамајка... Конечно бевме сведетели на длабокопромислен проект кој стави на иста сцена Родриго Леао, како некогашен член на „Madredeus“ и пред се исклучителен композитор, заедно со разсвирената Македонската филхармонија во проект специјално подготвен за таа пригода.

МАРИЦА

ПАТЕШЕСТВИЕ ДО СКРИЕНИТЕ КОРИДОРИ НА РОКЕНРОЛОТ Посебно бележит беше и одбирот на музичари чии имиња се битни за историјата на рокенролот воопшто. Така, ако во 2004 просто бевме зашеметени од звучната слика со која не поведоа на незаборавно повеќеслојно патешествие Британците „Spiritualized“, а веќе следната година ја имавме убавата можност да го чествуваме присуството на еден од најзначајните ДЕЈВИД БРН


АЛЕН ХАЏИ СТЕФАНОВ ( JAZZ FM RADIO): Пред повеќе години кога се дрзнав да пишувам рецензии за настапите на некои од музичарите на “Скопскиот џез фестивал“ за „Антена“, прилогот на весникот „Дневник“, напишав и еден подолг текст за феноменалниот перформанс на Мариса Монте. Овој концерт ме освои не само со звучната слика туку и со бројните визуелни ефекти. Единствената забелешка што морав да ја посочам беше чувството дека ваков комерцијален проект не му прилега на моќен фестивал како што е Скопскиот. За ова бев остро критикуван, но не помина долго време се роди сега јубилејниот „Оф-фест“. Просторот што овој фестивал сега го исполнува им дава шанса на сите што сакаат малку (или многу) повеќе од рамките што се достоинствени за СЏФ. Дали тоа биле екстремно импресивните „Mercury Rev“ или уште повеќе визуелно незаборавните „Spiritualized“ , најдоброто од кубанската „Buena Vista“, до срамно скромно посетените концерти на самиот врв на африканската култура претставена со „Desert Blues“ во Универзална или оној на Виекс Фарка Туре што ќе го споменувам додека сум жив.

особен пиетет беа дочекани и нивните сонародници и родоначалници на трип-хопот „Massive Attack“ кои од својот прв перформанс во земјава, во сега далечната 2006 година, направија празник на звуци, бои и емоции. Едноставно незаборавно искуство. Сепак, рака на срце, најзначајниот рокенрол концерт што досега сме го виделе на „Оф-фест“ е оној што го стори Пети Смит, кантавторка, поетеса, визуелна уметница и активистка за човекови права, дефинитивно една од најзначајните жени во рокенролот воопшто. Нејзината пројава во Универзална сала ( токму во ноќта кога и еден музички маг како

ФОЛТИН

LIFE Ј У Н И

американски претставници на експерименталниот и психоделичниот рок , составот „Mercury Rev“. Потем следуваше и англиската пост-панк постава „Gang of Four“ која, пак, по средбата на подиумот во нашите „Bernays Propaganda“ виде вистински наследници на нивното и не само музичко дело. Згора на тоа никако не смее да се заборави дека со

19

ПЕТИ СМИТ

МАКЕДОНСКИТЕ ДОСТРЕЛИ ЗА ГЛОБАЛНАТА ЗВУКОВНОСТ Потпирајќи се на сопствените строги критериуми во одбирот на артисти, организаторите на „Оф-фест“ влезната врата за македонските артисти ја отворија во 2008 година, кога покрај веќе споменатите „Bernays Propaganda“, на манифестацијата се претставија Дуке Бојаџиев заедно со Американката Ти Кеј Вондер ( повод за тоа беше албумот „Love Is The Way“ објавен 30-тина дена порано токму за продукцијата на СЏФ) и забревтаните битолчани „Фолтин“, кои на публиката со невидена уметнилка енергија и ја претставија својата, тогаш актуелна студиска објава “Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“. Ваквата интенција за промовирање на македонските дострели за глобалната звуковност продолжи веќе следната година со „Љубојна„ кои како предлошка за веројатно еден од најдобрите настапи во кариерата го имаа изданието насловено како „Песна за мојата песна“, всушност нивното звуковно слегување до сржта на поетиката на вонвремениот македонски писател Петре М. Андреевски. Не далеку од нив, со магијата што ја донесоа на сцената на МОБ, беа и „Project Zlust“, дружината составена од врвни професионалци кои со добро спакувана доза на хумор, цинизам и иронија, преку она што тие го насловија како „Инкубатор“, се нурнаа во нашето обично балканско секојдневие потврдувајќи дека умното вкрстување на културите и музиките може единствено да ја корегира дотогаш емитуваната слика за народите од овој регион во светот. И, конечно кругот на македонските претставници на фестивалот за првата декада од неговото постоење ќе биде доцртан со настапите на „Баклава“, минималистите кои на своето второ последователно учество на Оф-фест, ќе го промовираат актуелниот албум „Me Mankas Mucho“ (самосвојна потрага по допирните точки меѓу македонскиот музички јазик, балканските музики и звуковните проблесоци во земјите што ги населувале Сефардите), и вибрафонистот и мултиинструменаталист Зоран Маџиров. Овој врвен мајстор на занаетот и невиден шоумен од светски глас, во случајов, ќе ја има преубавата и крајно одговорна должност, веројатно на најпробирливата публика, да и го претстави својот досега најсериозен проект во понирањето до сопственото артистичко јас, албумот што се појави пред неколку месеци и беше со многу симпатии пречекан од критиката - „Roots On The Roof“. Дури и како симболика, ако милувате! ¿

life ф о к у с

Карлос Сантана пребираше по жиците од својата гитара само неколку стотини метра подалеку) беше најдоброто рокенрол случување што било кога му се случило на Скопје. Момент за паметење во кратката и не многу богата концертна историја на нашата млада држава.


музика

ИНТЕРВЈУ – ЕЛЕНА ХРИСТОВА И ГОРАН ТРАЈКОВСКИ

¢ Љупчо Јолевски

Ивана Кузмановска, Евдокија Николова

„БИОСКОПИЈА“ или копнеж за љубов

лена Христова („Баклава“ и „Баба Зула“) и Горан Трајковски („Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“), деновиве го обнародија своето првенче насловено „Биоскопија“. Албумот ја носи етикетата на „Скопје џез фестивал“ и неговата промоција се совпаѓа со заокружувањето на десеттото јубилејно издание на „Оф-фест“, како фестивал на една „поинаква“, светска музика. Се работи за преубав избор на песни од нашата песнопојна традиција од сите краеви на етничка Македонија, кои Христова

20

LIFE Ј У Н И

Е

и Трајковски, со моќта на своето авторско-изведувачко кредо, ги транспонираат не само во времево во кое битисаме, туку и напред во иднината како нивна заложба за нашата културна самосвест. На чистиот колоритен вокал на Елена, инаку својствен само за големите народни певици, органски се пластат епичноста, монолитноста и стаменоста на звукот креиран од творец како Горан кој не само што го живее пулсот на кодот во себе, туку и во малиот прст ги има особеностите на глобалните музики на денешнината. Од, таму, сето тоа провлечено со

дискретни електронски пасажи и во форма која ги мири вековите и просторите, ја прави „Биопсија“ мевлем за душата. Азно од звуци, бои и емоции. Објава во која што се напластени автентични слики и стории за битот и чувственоста на еден народ и неговите силни стремежи да си биде свој на своето. Парче пластика на кое , ако безусловно му се предадете, ќе го имате она несекојдневно задоволство дека сте откриле нешто во себе и дека сте изѕидале бедем пред атаците на некадарните кои се намножија во ова забрзано време невреме .


Како го сторивте изборот на песните и колку траеше процесот на нивно бележење? Што ви беше примарно во создавањето на делото – искрениот пристап кон традицијата и македонскиот музички јазик и нивно транспонирање во денешнината или себеиспитување колку може да се слезе длабоко

музика

во себе и да се исчекори во создавањето на звучна слика со силни темели и универзална, безвремена порака која со леснотија ќе комуницира и со генерациите и со народите? Христова: Процесот на нуркање и пливање во длабокиот музичко-поетски океан и пронаоѓање на бесценети бисери не беше воопшто едноставен и секако подразбираше длабоко соочување со

21 LIFE Ј У Н И

Aко се знае бекграундот на обајцата, и повеќе од реална е упатеноста еден на друг. Од идеја до финална реализација како го развивавте концептот за она што сега го заокруживте и го именувавте „Биоскопија“? Христова: „Биоскопија“ всушност се зачна одамна, пред неколку години. Отсекогаш чувствував порив мојата непрестајна комуникација со македонската традиционална музика да ја преточам во приказна од композиции и стихови кои силно го допират моето битие со својата мистичност, круцијалните теми – љубовта и смртта и зборови од кои ми се ежи кожата и ми се насолзуваат очите. Приказната почна да добива форма преку петнаесетте традиционални македонски песни, кои ги снимив само со глас или со по еден инструмент.. Таа трпеливо ја чекаше неопходната вода, спонтаната средба со Горан. По преслушуавњето на овие снимки тој ми кажа дека низ нив гледа слики. Продолживме да создаваме заедно и сликите се редеаа една за друга.. Отсекогаш со огромна љубов го восприемам она што тој го твори. Низ заедничката соработка, на моето воодушевување му немаше крај... Трајковски: Нашава сцена е мала и не постојат посериозни потешкотии при формалната или пак за официјална комуникација меѓу музичарите. Можноста за соработка беше повеќе од очигледна но беше потребен некаков повод. Тоа беше музиката за претставата “Р“ 2009 година како премиера на новиот “Градски Театар“ при Младинскиот културен центар во Скопје. Тогаш се направија првите две нумери, како за проба, а набргу потоа и речиси комплетниот материјал за албумот. Процесот на соработка беше на почетокот индивидуален: добив снимки со испеани вокали, најчесто без никаква инструментална придружба, кои подоцна ги обработував и обликував во форма која е многу блиска на оваа конечната што може да се чуе на албумот, а потоа заеднички, поточно моментот кога требаше да се реализираат оформените идеи.


музика

22 LIFE Ј У Н И

себе. Низ нашата приказна лебдат архаични, лирски, епски, тажачки, фантастични, обредни песни, чисти недопрени кои се гледаат очи во очи со темнината, смртта, болеста ,страдањето, копнежот, воскреснувањето, љубовта, светлината... Преминот на душата во нови одежди пред се` бараше храброст но донесе силна возбуда и мир.. Трајковски: Нешто поширок избор песни добив од Елена на самиот почеток од работата. Песни што таа ги собирала и ги думала годините наназад и кон кои изградила личен однос, автентична интерпретација без дистанца од било какво произходство. Самиот избор на песните во мене предизвика намера, желба да ги облечам во едно монолитно, митско или епско руво, со кинематска текстура и тектонски звучни орнаменти.

потпишано едни „Dead Can Dance“, та Лиза Жерар со Клаус Шулц...Колку таквите , би рекол сепак непримерени споредби за вашата самосвојност, можат да ви годат а колку да бидат неумесни и да ја заматуваат сликата за музиката што ја потпишувате? Трајковски: Првите („Dead Can Dance“) заземаат значајно место во музичката историја од крајот на минатиот век и извршија позитивно влијание врз мене и како слушател и како музичар. Не ми пречи споредбата иако сметам дека во многу сфери на музичкиот израз даваме поинаков и дополнителен придонес во таа музичка насока. Што се оденесува до овие вторите, не би бил пресреќен со таквата споредба. Христова: Тоа е веќе став на нашиот слушател, дали воопшто и колку наликуваме на било кој наш претходник. Ние, со искрен, дури и со детски пристап сме во овој проект. Секоја споредба нам ни е страна, иако е добродојдена како оценка. Сепак ова колку што го правевме за себе, сакавме да го слушне и светот, така што ќе го почекаме мислењето на нашата публика

Првичното преслушување на албумот го наметнува впечатокот дека тој своето силно исходиште го има и во грандиозноста и епскиот момент на музиката што ја има потпишано „Анастасија“и во чистината на изразот На публиката и` и вокалните бравури нудите безмалку типични за „Баклава“. 73 минути музика Иако како уметници што подразбира вие не сте можеле нидека според некои ту сте требале да беганенапишани некоте од себе, сепак што гашни стандарди се требаше да надрассте снимиле двонете за да стасате до ен албум за чие она што обајцата ќе ве преслушување ќе претстави во досега треба и време и невидено, нечуено НЕЗАНЕМАРЛИВО Е И МОЕТО (НАШЕТО) МУвнимание. Зошто светло? се решивте на Трајковски: Веќе деЗИЧКО МИНАТО, НО СЕТО ТОА ДОАЃА КАКО ПОеден таков чекор? сетина години работам СЛЕДИЦА НА ЕДЕН ЛОГИЧЕН РАЗВОЈ И СЛЕД Трајковски: Затоа музика за театарски НА НАСТАНИТЕ НИЗ ВРЕМЕТО КОЕ МИНУВА. што немавме услопретстави, главно по теаНАДГРАДБАТА Е НЕШТО ШТО НАЈМНОГУ МИ ЗНА- ви за двоен албум. трите во Македонија. Во голем дел овој звук што ЧИ И СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ГО ДОБИЈАМ ТОЈ ЕПИТЕТ Шегата настрана, претходно напомего донесува „Биоскопија“ СЕ ЧУВСТВУВАМ ПОЧЕСТЕН. нав дека овој избор е развиван и рафиниран е селекција од еден на театарските сцени и поширок список под обилно влијание на театарскиот процес на третирање на класиците на светска- песни кои Елена ми ги понуди на почетокот од заедничката та драма. Незанемарливо е и моето (нашето) музичко мина- работа. Имавме доволно трпение и сила да ги подготвиме вакви какви што се и нечесно ќе беше да тактизираме со то, но сето тоа доаѓа како последица на еден логичен развој и след на настаните низ времето кое минува. Надградбата е нивната бројка. Толку направивме, толку и сместивме на носачот на звук. нешто што најмногу ми значи и секогаш кога ќе го добијам Христова: Воопшто не сакам да размислувам за некакви тој епитет се чувствувам почестен. стандарди ниту пак сакам тоа да ми влијае во било кој Христова: Немавме особени планови и претензии. Секој од сегмент од мојот живот. Она што сме имале да го кажеме нас создаваше, без посебно меѓусебно влијание. Не бевме трае 73 минути.. Можеби во иднина ќе снимиме и албум од оптеретени со своето или туѓото музичко минато, за да се 3 минути. Или пак можеби овие 73 минути некому ќе му се обидуваме да го најдеме рецептот на новиот успех, или пак видат како три минути..Времето е релативно и брзо лета. да тежнеевме кон некакво ремек-дело. Едноставно, најдовме заеднички јазол како музичари, и го расплетувавме... Сега кога албумот се обнародува со етикета на „Скопје џез фестивал“ какви се плановите за неговото Гледано однадвор несомнено ќе следуваат споредпретставување на јавноста. Има ли шанси ова остваби со она што досега во светската музика го имаат


музика LIFE Ј У Н И

23

и проценка на сечие движење, бидејќи имам работа со мурување да се најде на глобалниот светски дискографзика. Доколку секој од нас би вложил личен максимум, не ски пазар? е возможно тоа да не се забележи на глобално ниво. Колку Христова: Со „Скопје џез фестивал“ веќе имам три повеќе работиме, а помалку озборуваме – толку повеќе албуми со „Баклава“ и прекрасна комуникација и соработблагодет. И тоа е една од особините на Македонецот. ка. Таа секако продолжува и во овој проект што за мене има огромно значење. Она што следува е концертната Сега кога веќе вашата соработка е материјализирапромоција пред се` во Скопје и низ Македонија.. И Горан и на, а од друга страна пред себе имате обврски кои јас имаме многу пријателства и искуства растурени низ ве врзуват за други проекти – театарска музика, светот. Време е заедно да посетуваме, муабетиме и разме„Баклава“, „Баба Зула“..., можеме ли да очекуваме вануваме.. За почеток мене ми е предизвик да се сретнеме ша нова заедничка пројава. Од што би зависело тоа? со публиката, а од таму ќе го имаме импулсот каде ќе оди Трајковски: Најмногу сето ова. зависи од нас самите, од Трајковски: Со јавни нашата желба и волја. Во настапи започнуваме СЕКОЈ ОД НАС СОЗДАВАШЕ, БЕЗ ПОСЕБНО овој момент не гледам од есенва што доаѓа, МЕЃУСЕБНО ВЛИЈАНИЕ. НЕ БЕВМЕ ОПТЕРЕпричина што би не спренајверојатно премичила да работиме повторерно маетеријалот ТЕНИ СО СВОЕТО ИЛИ ТУЃОТО МУЗИЧКО заедно. ќе биде изведен на МИНАТО, ЗА ДА СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ГО НАЈДЕ- но Христова: Она што М.О.Т. оти самиот МЕ РЕЦЕПТОТ НА НОВИОТ УСПЕХ, ИЛИ ПАК го чувствувам е дека Младински културен „Биоскопија“ е само почецентар е главната ДА ТЕЖНЕЕВМЕ КОН НЕКАКВО РЕМЕК-ДЕЛО. ток . Силно се надевам и поддршка на овој ЕДНОСТАВНО, НАЈДОВМЕ ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗОЛ си пожелувам во иднина проект, следствено, КАКО МУЗИЧАРИ, И ГО РАСПЛЕТУВАВМЕ... да создаваме уште многу соодветно би било да приказни заедно. Многу премиерно настаписе радувам и на она што ме на нивна манифесГоран го работи во театација. Шансите за тарската музика, на новиглобално претставуот албум на „Баклава“ и вање ќе ги бараме пона светските турнеи што натаму, откако најпрво моментално ги живеам со ќе и`се претставиме на „Баба Зула“. Иако се тоа домашната публика премногу обврски сепак мислам дека тие една со „Биоскопија“ се друга си даваат импулс и појавува во време на поддршка. изместени вредности и силна атака на И, конечно колку по кич, шунд и духововаа ваша авторска на беда во земјава. средба излегувате поКолку ова остварусилни како уметници? вање, заедно со она Што е она што во идниквалитетното од на би ви било провокаминатото и сегашниција да го работите во те продукти кои се музиката? турнати на маргиниХристова: Би кажала те од случувањата, дека музиката за мене е можат да ја вратат секогаш потреба. Повеќе вербата во нас дека е како страст, а не како до толку не сме ја провокација. Имам многу фатиле удолницата идеи кои би сакала да и сме заборавиле се материјализираат, но кои сме, каде сме здравје Боже. Од оваа и како да го бранисредба чувствувам пред ме достоинството се мир на душата. А идна Македонецот во нината... И онака секогаш себе? била непредвидлива... Трајковски: Оваа Трајковски: Самодовербата и слободата на изразување е музика, како и сите досега нема да го сменат Светов, ниту најголемата придобивка од ова заедничко претставување. пак нашево најблиско окружување. Единствената шанса Секогаш е добро да се добие внатрешна потврда дека е на музиката е да поттикне внатрешна промена во човекот, возможно да се приведе кон крај нешто што некогаш било преиспитување и превреднување, што во една рака и не е само идеја, збор, намера. Кога мислата ќе се преобрази во мала работа. дело тогаш тоа дело е способно да предизвика и роди нови Христова: Јас не ги живеам сите тие наброени зборови, други мисли, идеи и проекции. ¿ што звучат грдо. Немам време да се занимавам со осуда


Костим Кос т и за капе ап ње - Gol G den en Po Point in ntt, Шеш ешири еш шири и и очи о ла л за сон сонце це – Ac Acces ce soi ces soires res,, Чан res нта т – Calllio iope pe,, Нааки pe к т - Даф Дафина наа Џе Џ пар а оска ар оск ска


Две прекрасни девојки од Маџир маало, две сосема специфични, каприциозни, крајно своеглави маџирмаалки, решија да се разладат во сенките на една стара маџирмаалска куќа, а богами и да прошетаат низ маалото – во костими за капење. Приказната започнува тука, а завршува најверојатно во некое друго продолжение на овој филм (или серија, како ви е мило). Featuring (ви ги претставуваме): Христина и Ведрана, и двете манекенки од Моделс Ин, во нивниот прв скопски (или маџирмаалски) филм Концепт и фотографија: Кире Галевски Текст и стајлинг: Билјана Црвенковска Фризура: Viki Vip Style Шминка: Пепика Јованова Асистент на фотографија: Филип Митров


26 26 LIFE Ј У Н И

Костим за капење – Golden Point, Шешир – Calliope, Очила за сонце – Accessoires, Прстен – Дафина Џепароска


27 LIFE Ј У Н И 27

Костим за капење - Golden Point, Марама во коса – Accessoires, Накит - Дафина Џепароска


Кос тим ими и за за кап апеењее - G Golld den een Po P int i t, Сан int, С дал дали и (на Ве Вед В едран рана) а)) – B Batta, Сан С дал али и (на (на Хри Х сти стина) на) – Vik Viktor tor Ch C evi vigno gnon, gno n Ш n, Шеш ешир р ((на на Ве В дра др р на)) – Acc Accesssoir i es, Ш Шеш ешир р (на ( Хр Христ истина ина)) – Cal Ca lio ope, p Чан Ч та и очил чил и а ззаа сонц ил це – Accessoires


LIFE Ј У Н И


Косс тим за Јкапење Poin iint nt, Чевли – Vikk tor Ch n C evignon, Очи чи ила л за сонце це – Ca це Cal a lio ope, Накит китт - Даф Д ина Да и Џеепар аар рос ооск ска 30 LIFE У Н И - Golden Po


К тим Кос ми заа ккапе ап ње - Gol апе G de den n Po Poiint n , Чев Ч ли – Vik Че Vik tor t C to Ch hevi vviig gno non, no n М Мар а ам амаа во во ккоосаа – Ac Acc A ccccess ssssoi ooir i es, ir ss, О Очи чила л за сон соонце – C Cal a liope, al lio ope, p Н pe Нак ааккит ит - Да Даф Д а ина аф ин наа Џе Џе п па пар аар роск о ка ос


32 LIFE Ј У Н И


Кости Кос ти за ка тим капењ пењ ње - Golden Point


34 LIFE Ј У Н И


35 LIFE Ј У Н И

Кости Кос т за капење - Golden тим den Po Point nt,, Наки Наки ит - Даф Д ина а Џеепароска, Чевли – Viktor Chevignon Шеш ешир, ир,, чанта та и очила за сонце ц – Calliope


НЕ МОЖАМ ДА СОПРАМ!!!

ЛИЧНО И ПЕРСОНАЛНО: ТОНИО САН ИЛИ РНС 36 LIFE Ј У Н И

MOONDRIVE

Антонио Аранѓеловиќ aка Тонио Сан или РНС (Работам на случајот). Кој е едниот , а кој другиот? Тонио Сан е Брус Вејн, а РНС - Бетмен. Работам на случајот е работното име на моето уметничко име, Тонио сан. Значи истиот човек само што Тонио Сан е зрелата верзија на РНС. За изложбата во МКЦ, техниките, цртежот, графиките...За стрипот “ Фацизам“ зад кој стојат заедно со Филип Алексовски. Откако паметам за себе цртам стрип. Вљубен сум во стрипот. Цртежот е подлога, столб на било која техника без разлика дали работиш графика, слика... За да си добар во стрипот мора да си страстен цртач. Со оглед на тоа дека студирам графика, цртежот е “мој терен“ и таму сум најсигурен. За инспирација и “креативно расфрлање“ Неверојатно, колку многу енергија има во мене. Не можам да сопрам. Чувстувам дека мора да ја нахранам душата, а изгледа дека таа е многу гладна. Дела и автори вредни за почит Ух, ги има премногу! И тоа во секое поле...Се инспирирам и од ликовни уметници, и од музичари, филмски режисери, стрип цртачи, јапонски анимации..

ако почнам да ги редам, сигурно ќе заборавам некој важен. Процесот на создавање на една слика наспроти процесот на создавање на една рап песна! Исто, а сепак различно. Музиката и ликовната уметност на мојата вага тежат потполно еднакво. Единствената разлика е што музиката се прима преку органите за слух а ликовната уметност преку органите за вид. Пораките во сликите, графиките, стрипот... и во рап-текстовите Во рап-текстовите го раскажувам мојот и “твојот“ живот, случки, искуства, а во моите ликовни творби го раскажувам мојот и “твојот“ живот, случки, искуства...Потполно ист пристап само различен медиум. А по првата самостојна изложба... Па, да сме живи и здрави, ова е само почеток. Во план е трет соло албум, стрипот “Фацизам“ да доживее трето продолжение, Green-out нов албум, следната година уште еден соло албум ( во продукција на Ди-Џеј Гоце САФ, кој веќе е снимен до половина), постдипломски студии, нови изложби...со Господ напред!


¢

Ивана Кузмановска

креативци

Aнтонио Аранѓеловиќ е мултимедијален уметник кој се бави со стрип, цртеж, графика, сликарство, музика и кендо, а работи и како графички дизајнер. Роден е во Скопје 1986 година. По завршувањето на Средното уметничко училиште, дипломирал на Академијата за ликовни уметности, графички отсек во класата на професор Мирко Вујисиќ. Досега има учествувано на неколку групни изложби како и на светската изложба за уметност на хартија во Остен. Еден е од двајцата автори на стрипот “Фацизам“, а зад неговото име стојат и пет музички албуми.

КОЈ РАСТЕЛ ВАКА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ

DAYDREAMING

37 LIFE ЈМ УА НЈ И

WHITE (ПРВОАПРИЛСКИ СИРАК)


38

LIFE Ј У Н И


¢ Катарина Стојанова

УЧЕНИЧКИ ОД НОВА – СТУДЕНТКИ НА ПОЗНАТИ СВЕТСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ТЕТОВКАТА ОЉА СИМОСКА СЕ ОДЛУЧИ ДА СТУДИРА НА АМЕРИКАНСКИОТ КОЛЕЏ БАРТ, А ИВАНА ГРЕБЕНАКОВА НА ГЕРМАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЈАКОБС

своето образование да го продолжи на американскиот колеџ Барт, откако изминатиот период беше во многу тешка дилема – доби понуда од дури деветнаесет светски универзитети, единаесет колеџи во САД и седум Универзитети во Европа. За Оља која штотуку го заврши своето образование во средното приватно училиште Нова, пресудна беше престижната стипендија што ја доби од колеџот Барт кој во годината доделува само седум вакви стипендии и тоа на истакнати научници. Со голема возбуда и со младешки ентузијазам Оља на почетокот на разговорот прво ни го опиша колеџот, каде планира да студира хемија и хемиско инженерство. „Барт се наоѓа во близина на Њујорк и се разликува од сите други колеџи во Америка, по тоа што е познато како нетрадиционално школо каде целата настава се одвива на дискусии, читања, создавање на различни погледи кон светот, истражувања и експерименти“. Процесот кој значи да се дојде до стипендија на некој од светските Универзитети е тежок, значи бројни откажувања, волонтирање, посета на летни училишта, а подоготовките за апликациите треба да започнат многу рано, смета училишниот советник Метју Мекдоналд. За младата Оља понудите од деветнаесетте универзитети се должат на нејзините амбиции и вредната работа во текот на сите четири години средно образование. „Би рекла дека сум многу амбициозна, трудољубива и вредна. Пред се мислам дека е најбитна амбицијата и секако треба да се вложи многу голем труд не само во учењето, туку и во самите апликации, да се подготват добро есеите и да се има добри оценки. Од друга страна треба да се создаде поблизок однос со одредени професори кои подоцна ни помагаат со препораки и со писма за нас, што исто така се битен фактор во испраќањето на апликацијата. Многу е тешко да се одржува баланс помеѓу социјалниот живот, дружењето, учењето и секако посветеноста кон семејството. Во целиот овој процес гледав да го одржам тој баланс и морам да признам дека кога ги подготвував апликациите, одреден период морав да го запоставам мојот социјален живот, кога буквално се затворив во соба и се посветив максимално во пишување на есеи, подготовка и испраќање на документите“ - вели Оља.

Како добар ученик, таа во последните две години ја следеше наставата на две летни школи, на колеџот за жени Барнард во Њујорк како и на престижниот Унивезитет Браун каде ја изучуваше хемијата на факултетско ниво и и ја зацврсти љубовта кон природните науки „Сметам дека и двете летни школи кои што ги посетив многу ми помогнаа во целиот процес на аплицирање. И во правењето на листата на колеџите, каде сакам да одам, во каква средина, дали сакам да биде тоа поголем факултет или помал“ – дополнува Оља. A, волонтирањето и стажирањето во бројни наши компании беа едни од најдобрите атрибути на Ивана Гребенакова за нејзината апликација да биде прифатена од германскиот универзитет Јакобс. Од септември таа овде ќе ја следи програмата Cognitive Psychology Neuroscience, благодарение на двете стипендии што ги доби од Универзитетот, една врз основа на академскиот успех и стипендија базирана врз финасиската состојба. „Во моето CV имам над 200 часа помагање кон заедницата. Тоа сигурно влијае на одлуката, не колку да ме примат на Универзитетот, колку да ми дадат финансии“ - истакна Ивана на почетокот на нашиот разговор. „Cognitive Psychology Neuroscience е релативно нова наука која ги вклопува сите природни науки како билогија, хемија и анатомија со психологија и е центар на вниманието во последните неколку години, главно поради својата истражувачка цел и бројните откритија. Со добиената диплома од ова поле мене ќе ми се отворат вратите кон научниот свет и можноста да бидам дел од најактуелните истражувања во областа на човечкиот мозок и психологијата“ - рече Ивана. Септември значи нова страница во животот на овие две млади девојки. Ниту во еден дел од разговорот не можеа да ја сокријат возбудата за тоа што ги чека на овие два престижни универзитети, каде како што велат стигнаа благодарение на првокласното образование во Нова и можностите што оваа институција им ги дава. „Нова е институција која ги става сите можности на маса, ти ги поставува и ти си тој кој што треба да одлучиш дали ќе ги искористиш или не. Јас и неколку други се одлучивме да ги искористиме да земеме се она што ни е дадено. Поразлично е од останатити училишта. Имам многу другари од други училишта што исто така сакаат да студираат во странство, но едноставно не знаат како да стигнат до тоа“ - додаде Ивана. ¿

LIFE Ј У Н И

СОВЕТИ ЗА ОЉА И ИВАНА ОД УЧИЛИШНИОТ СОВЕТНИК

39

онечната одлука падна. Осумнаесетгодишната К тетовка Оља Симоска одлучи


УМЕТНИЦАТА КОЈА ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО БРАЈТОН, АНГЛИЈА, ПОЗНАТА Е ПО НЕЈЗИНИТЕ ИНСТАЛАЦИИ РАБОТЕНИ ОД КОЖИ И КОСКИ НА ПТИЦИ, РИБИ, ДОМАШНИ ЖИВОТНИ...ВО РОДНИОТ ГРАД НЕОДАМНА ЈА ПРЕТСТАВИ ИЗЛОЖБАТА „ИНХЕРЕНТНА УБАВИНА“ НАПРАВЕНА ОД СВИНСКА МАРАМИЦА КАКО СИМБОЛ ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ЧОВЕКОТ ВО УТРОБАТА И НЕГОВОТО НАДВОРЕШНО ИЗРАЗУВАЊЕ КАКО ЛИЧНОСТ

40

LIFE Ј У Н И

А В У Л ЕДЕ СМЕ! Р П О А ДЕ E Н ТА ОД К А Ж КО СМЕ И КОИ ¢ Силвана Жежова

Андреј Гиновски


низ очите на...

К

41 LIFE Ј У Н И

авадарци виден низ очите на Елпида ХаџиВасилева значеше навраќање во минатото. Во тинејџерските години на уметницата. Во времето пред да се запише во Средното графичко училиште во Нови Сад. Тогаш кога го напушти родниот град и ги започна патешествијата по светот и во уметноста. Такво беше и нашето видување на градот. Ги посетивме паркот во центарот, локалната Музеј-галерија, Спомен-костурницата од каде што се простира најубавиот поглед во срцето на Тиквешијата... Она што ни остави најубав впечаток е зеленилото што го има во изобилие и среденото корито на популарната река Луда Мара. По Нови Сад, наместо на Ликовната академија во Скопје, пат Елпида заминува во Лондон и потем образованието го продолжува на Факултетот за уметност во Глазгов, отсек скулптура. Студиите же ги заврши во 1996 година, а две години подоцна и ќе магистрира на Кралската академија во Лондон. Оттогаш наваму таа успеа да изгради кариера на почитуван и баран уметник во Англија. Добитник е на многу награди од државни и приватни фондации и често е во редот на избраните уметници кои се вклучени на најразлични проекти. Работи и како гостин професор на повеќе универзитети на Островот. Елпида живее во Брајтон, Англија. Позната е по нејзините инсталации работени од кожи и коски на птици, риби, свињи, јагниња. Природата е нејзина голема инспирација, меморија останата од детството. Во своите дела употребува природни материјали, а уметноста што ја создава се восприема со сите сетила. „Работата со животински материјали не е пријатна, бидејќи лошо мирисаат. Особено рибините кожи и неисчистените црева. Риба повеќе не можам да поднесам, а и сите морски плодови. На добар пат сум да станам вегетаријанец. Постојано ме интересирало што се крие под некоја површина.Сите мои дела ја испитуваат текстурата на внатрешноста, бидејќи е интересна и има детали. Секоја кожа е различна, таа н определува кои сме и од каде сме. Коските ги користам како симбол на нешто што е останато на крајот и оттука се поставува прашањето каде е крајот. Секој проект создава можност за некој следен. Инспирацијата произлегува од локациите каде се правени инсталациите, од историјата и географијата на самото место. Читам и проучувам каква индустрија има во тој град, ги откривам специфичностите на тоа место низ разговорите со луѓето. Има интересни приказни кои можат да се имплементираат во самите дела и од нив да се родат некои други идеи,“ вели уметницата. Елпида моментно работи на неколку проекти. Еден од нив е подготовката на инсталација со рибини кожи на 12 илјади плочки за што и’ се потребни исто толку риби. Од јануари месец работи на проектот „Артист во ресторан“ во„Пјед а Тер“, ексклузивен ресторан во Лондон. Од отпадоците од храната која се користи за подготовка на специјалитетите во ресторанот, таа создава уметнички дела кои треба да бидат изложени во септември во истиот простор. До сега има изработено чанти од тестиси на јагне. Вклучена е и во еден проект за Ромите во Македонија и во Италија, а подготвува и уметничко дело прилагодено на просторот на една галерија во Јужна Англија.


низ очите на...

ПАРКОТ ВО ЦЕНТАРОТ

ПРИРОДАТА КАКО ИНСПИРАЦИЈА Кога бев тинејџерка овде се собиравме со друштвото, бидејќи немаше други места каде што можевме да одиме. Тоа беше вистинско доживување. Се раѓаа идеи кои подоцна ги користев и во моите дела. Кога се подготвував за Ликовна академија, две од моите три другарки ми беа модели за цртање. Луѓето ни приоѓаа, па не прашуваа што правиме. Овој парк го одржуваат, бидејќи е во центарот на Кавадарци. Од природата, односно од дрвјата и птиците ја црпам и инспирацијата за некои од моите дела и инсталации што ги поставувам. Во Њу Форест во Хамшир се наоѓа една од најстарите шуми во Англија каде што секое дрво е донесено од различни земји. Кога одите низ неа, има прекрасен пејзаж. Проектот што го работев таму беше подземен. Направив два стаклени тунели, кои беа долги 15 и длабоки два метри. Корењата на дрвата можеа да се гледаат одозгора и одоздола, за да се почувствува тој подземен живот. Можевте да влезете во тунелот и дрвото да го гледате одоздола. Моментно работам на една поголема верзија на овој проект, а предложив две места каде можам да го реализирам, едниот е Аштон парк во Бристол и еден парк близу до Њу Форест во Винчестер. Пред две години направив и звучна инсталација со птиците.

МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР И СПОМЕН-КОСТУРНИЦА

42 LIFE Ј У Н И

НАЈУБАВИОТ ПОГЛЕД НА ГРАДОТ Младинскиот центар кој сега е во руинирана состојба, е уште едно место кое на Елпида и ги врати спомените од минатото. Своевремено во него имало и ноќен клуб каде се одржувале забави. Гостувале многу славни групи од поранешна Југославија. Бил најпопуларното збиралиште за забава на младите. „Овој објект сега под свое ќе го земе Музеј на град Кавадарци и овде ќе биде нивната стална поставка со сите екпонати“ додава Елпида. Оттаму се упативме кон местото од каде што е најубавиот поглед на градот, Спомен- костурницата на загинатите борци на НОВ, омиленото излетничко место на жителите на Тиквешијата. „Иако ова место е запуштено и не се одржува, кавадарчани со задоволство го посетуваат и го користат за рекреативни активности. Порано кога доаѓавме, ќе се искачевме на врвот и секој со поглед ја лоцираше неговата куќа. Амфитеатарот кој е зад споменикот го користевме за одржување приредби по повод патронатот на училиштето, државни празници, а се случуваа и претстави и театар на отворено. “ дополнува Елпида.


НЕОСТВАРЕН СОН „Кога имав пет години, играв балет. Одев на часови во гимназијата „Добри Даскалов“, во една прекрасна сала која за жал повеќе не постои. Стигнав до степен кога можев да продолжам во средно балетско училиште. Но татко ми ме разубеди...оваа професија немала перспектива кај нас... Денес иако професионално не се занимавам со балетот, сепак ја негувам љубовта кон него. Не пропуштам да погледнам некој убаво балет. да слушам класична музика и да ја уживам во уметноста со сите сетила. “ раскажува Елпида. Во близина на Гимназијата се наоѓа и нејзината семејна куќа, каде што на најгорниот кат е сместено ателјето. „Ова студио го направија моите родители во 1990 година кога се вратив од Војводина. Амбиентот беше комплетно поинаков, овде работев и се подготвував за факултет. Некои графики и цртежи с уште се тука. Откако заминав во Англија и ова место доби поинаква намена. Еден ден ако се вратам ќе го преуредам,“ објаснува уметницата.

низ очите на...

БАЛЕТСКА САЛА И АТЕЛЈЕ

МУЗЕЈ-ГАЛЕРИЈА

43

Изложбата „Инхеретна убавина“ на Елпида беше поставена во Музејгалеријата во Кавадарци на 6 мај и ќе трае до 7 јуни. Делата направени од свинска марамица, односно од внатрешниот дел од стомакот на свињата најпрво минатата година беа изложени во Јавна соба во Скопје и сега за првпат пред кавадарчани. „Оваа инсталација ја подготвив овде во соработка со локален месар од каде што ја набавив марамицата и ја направив со помош на моите родители. Целата текстура на свинска марамица е деликатна и е како плетиво. Секоја плочка е различна и не се поврзува со другата, но кога ќе се постават заедно на ѕид, има храмонија и единственост па изгледаат како таписерија или мозаик . Целата идеја на создавањето потекна од прашањето за создавањето на човекот во утробата и неговото надворешно изразување како личност. Начинот на изработка е поврзан и со нашата традиција на изработка на плетива, тантела и миленца. Сакам оваа изложба да ја однесам во Англија затоа што има голем интерес, но не знам дали ќе биде изводливо. Ако не, ќе направам нов дел таму,“ вели Елпида. Во Музеј-галеријата во Кавадарци има постојана поставка со археолошки предмети кои се најдени во Тиквешијата. Има и една просторија во која се наоѓаа македонски носии, стари предмети кои се користеле при извршувањето на домашните обврски во македонските семејства. Од нашата традиција, Елпида како инспирација ги користи тантелата и плетивото како и положбата на самата жена во семејството. „Сите мои дела се работени макотрпно, а сметам и дека таква е улогата на македонската жена во семејството. Ме интересира старата традиција, исхраната, специјалитетите. Во делата почнав да ја користам и црвената боја која како детаљ се провлекува низ нив.“

LIFE М А Ј

„ИНХЕРЕТНА УБАВИНА“ - ПОСТАВКА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ЧОВЕКОТ ВО УТРОБАТА


професии

¢ Марија Илиќ

СЕЦКАЊЕ ВЕСТИ ПРЕД НЕКОИ 100 ГОДИНИ, КОГА ПОЧНАЛ ДА СЕ РАЃА ПРЕС КЛИПИНГОТ, ТЕКСТОВИТЕ ОД ВЕСНИЦИТЕ, БУКВАЛНО ГИ СЕЧЕЛЕ СО НОЖИЧКИ, И ВО ПЛИКОА ИМ ГИ ПРАЌАЛЕ ПО КУРИР НА КЛИЕНТИТЕ. ВО ТОА ВРЕМЕ, ОВА ГО ПРАВЕЛЕ, ИСКЛУЧИВО ЖЕНИ, БИДЕЈЌИ ГИ СМЕТАЛЕ ЗА ПОПЕДАНТНИ

44 LIFE Ј У Н И

е зезај дека некој ти плаќа да читаш „Н весници“! Ова е најчеста реакција кога Мила Станоеска вработена во „Клипинг Скопје“ некому објаснува од што живее. А таа со тим од 15 луѓе веќе во шест часот наутро ги чита сите весници и ги прегледува медиумите во потрага по одредена тема, област или клучен збор, кој е од интерес на клиентот

кој го побарал прес клипингот. Првата алка во клипинг синџирот се токму „читачите “, кои само ги читаат и ги селектираат вестите, кои понатаму доколку е потребно, се преведуваат или веднаш се „пакуваат“ и се испраќаат до клиентите. А тие, ваквиот сублимат од вести, колумни, анализи, ТВ прилози и се` она што се наоѓа во медиумите, го добиваат во своето електронско сандаче или на цд, веќе во 8 часот наутро. Тоа што на самиот почеток на работниот


леку помал од оној во соседните држави. Па така ако кај нас 1000 вести месечно објавени за една партија, се многу, за клипинг агенциите во Хрватска и Србија се мала бројка. Прес клипинг сервисот, во Западните земји одамна игра сериозна улога, бидејќи станува збор за пазари каде конкуренцијата несопирливо расте а бројот на медиуми е повеќе пати поголем од балканскиот. Ако на нашите клипинг агенции им е доволен тим од 15 луѓе за да се справат со медиумскиот пазар, веднаш се наметнува прашањето колкава маса луѓе работи во држави каде бројот на весници, неделници, телевизии и медиуми пласирани на интернет е огромен. „Во светот веќе постојат компании кои работат на софтверски решенија за клипинг. Во последните 5-6 години во светот има технолошки бум во оваа професија, и дури некои клипинг агенции

де Гол бил човек со голем нос, секогаш бил благодарна и интересна тема за карикатуристите, а тој својата популарност ја мерел токму по бројот на карикатури кои дневно биле објавувани. „Кај нас дури и од големите компании се уште има реакции од типот: Што е тоа клипинг, јас за ова пари не давам. Се обидуваме на клиентите да им покажеме кој е ефектот од клипингот. Порано се случуваше иако добиваат клипинг, клиентите да не го ни прочитаат. Не затоа што немаа време, туку не ја разбираа суштината на клипингот ниту ползата која можат да ја имаат од него. Денеска работите се малку поинакви и се` поголем е бројот на оние кои ја бараат оваа услуга“ вели Станоеска. Ми вели дека во однос на земјите од регионот, агенциите кои се занимаваат со прес клипинг кај нас, имаат неспоредливо помалку работа бидејќи бројот на медиуми е да-

стравуваат дека ќе мора да отпуштаат луѓе бидејќи еден софтвер прави се`. Селектира, го наоѓа клучниот збор и текстот, го пакува и го испраќа автоматски до клиентот. Се испостави дека сепак е потребен и човечкиот фактор за да каже дали таа објава е адекватна за клиентот или не“, вели Станоеска. Во развиените земји дури и индивидуалци си нарачуваат прес клипинг чисто за да бидат комплетно информирани за областа која ги интересира. Мила ми раскажува дека за странците кои живеат кај нас и за странските организации, клипингот е одлична работа бидејќи имаат проблем со нашиот јазик. Тие објавите од областа која ги интересира им ги селектираат и им ги преведуваат на англиски јазик, за да видат што се случува во Македонија, бидејќи како што вели таа, медиумите се слика на она што се случува во државата. ¿

професии

„Клипингот е последна функција и последна алатка затоа што е и показател на резултатот. По прес конференцијата, клиентот сака да види дали новинарите тоа што е кажано на пресот, го испочитувале и на крајот на краиштата дали воопшто е објавено “, вели Мила. Количеството написи и интересот на медиумите за една личност или објект се сепак одраз на популарноста. Мотото на Мила „Дај да те видам во медиумите па ќе ти кажам кој си“ е сосема оправдано. Во современиот свет во кој живееме, медиумите во голема мерка влијаат на однесувањето и на мислењето на луѓето, од тоа што да купуваат па се` до она за кого да гласаат. Познато е дека поранешниот француски претседател Шарл де Гол, од прес клипинг агенциите барал секојдневно да му ги испраќаат неговите карикатури кои ги објавувале медиумите. Со оглед на тоа дека

45 LIFE Ј У Н И

МИЛА СТАНОЕСКА РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛОТ ЗА РАЗВОЈ И МЕДИУМСКИ АНАЛИЗИ ВО „КЛИПИНГ СКОПЈЕ“, ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНАТА ГРУПАЦИЈА НА КЛИПИНГ АГЕНЦИИ, МЦА ГРУПА

ден ќе бидат информирани им дава доволно време да демантираат доколку нешто е невистинито или негативно. Големите компании, разни институции, политички партии, невладини организации, луѓето од шоу бизнисот и сите оние на кои јавното мислење и имиџот им е важен, практично не можат да функционираат без оваа алатка. Во светот во кој медиумите го креираат начинот на живеење, тешко дека ќе најдете компанија или организација која не сака да знае што се пишува за неа, нејзиниот производ или дејност. А тоа што самите два збора во слободен превод значат „сецкање весници (печат)“ не е без причина. Пред некои 100 години, кога почнал да се раѓа прес клипингот, текстовите од весниците, буквално ги сечеле со ножички, и во пликоа им ги праќале по курир на клиентите. Во тоа време, ова го правеле, исклучиво жени бидејќи ги сметале за попедантни. За почетокот на клипингот една друга приказна вели, дека некој гроф во 19 – от век се вљубил во балерина, но и покрај целото свое богатство и мудрост, немал храброст да и` се доближи. Љубовта ја победила неговата одважност и тој секојдневно одел во театар каде оддалеку ја гледал додека игра. Опсесивно следел и ги собирал сите исечоци во кои пишувало за неа и нејзините претстави, и од нив направил „Албум за нејзиниот живот“. По неколку години, конечно собрал храброст да и пријде и да и го подари албумот заедно со букет црвени рози. Наводно, потоа и нејзините пријателки посакале да имаат еден таков албум, а се` останато е веќе историја, вели оваа легенда. Кај нас добивањето на „исецкани вести“ по желба, е достапно од 2001. година, а свој подем доживува од 2003-та. Секако развојот на технологијата им ги скрати маките на клипинг оператерите, па ако до пред пет- шест години клипинг агенциите во Македонија, вестите ги лепеа на бел лист хартија и ги доставуваа преку курир, денеска со помош на скенирање, тоа го прават во електронска верзија на меил или на цд. „Значи , ако некого го интересира, на пример областа - музика или култура, кога има концерти, кој се има концерт, ние сето тоа му го доставуваме на меил со точно селектирани објави. Значи не добиваш се и сешто туку точно тоа што те интересира. Невозможно е поради времето и бројот на медиуми, клиентите да го прават тоа сами за себе или да ги читаат и следат сите медиуми во потрага по она што ги интересира“, објаснува за Лајф Станоеска. Особено кога и Интернетот стана океан на информации и медиуми. Вели и дека клипингот е прва и последна алатка на ПР-от. На оној што работи односи со јавност, потребен му е за да види како е позиционирана конкуренцијата во медиумите. Па кога неговиот клиент ќе сака да се појави во медиумите, точно знае како да ја направи прес конференцијата, што да каже, со кои новинари да разговара, за да постигне максимален ефект .


24 часа

24 часа со Ивана и Петре

СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДНА ЛИРА

46 LIFE Ј У Н И

¢ Петре Димитров ЗА ПРВ ПРЕДИЗВИК КАДЕ ДА СЕ ПОМИНЕ ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ, СО ИВАНА ЈА ИЗБРАВМЕ СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА. ОД ЕДНИ МУГРИ ДО ВТОРО ИЗГРЕЈСОНЦЕ. АКЦИЈА, ИМПРОВИЗАЦИЈА, ИНСОМНИЈА, ДРУЖЕЊЕ, ФОТОГРАФИРАЊЕ...

Ивана Кузмановска

КАФЕ ВО 7 СААТ САБАЈЛЕ. САБОТА, 21 МАЈ. ЧАРШИЈА. “Тропикана“ е местото да се биде. Први отвораат и имаат добро кафе. А, чаршијата веќе полна. Групи матуранти се враќаат од прослави, пекарите разнесуваат брашно, дуќанџиите ги отвораат продавниците...Ништо не навестува дека ќе го снема светот. Пријателите нe` прашуваа дали има некоја симболика во тоа што баш тој ден (според предвидувањето на една религиозна група на 21 мај требаше да се случи крајотот на светот) го избравме за оваа репортажа. Утрото не ветуваше такво нешто. Добро, да бидам искрен до крај, Ивана малку се изнервира кога сфати дека нема огледало и женско WC во „Тропикана„ и дека сум ја утнал бојата (не сум приметил дека е сива. Мене ми се виде кафеава) на маичките (специјално направени за нас од ULTRA DESIGN SHOP ), но тоа не бешто толку страшно како предвидувањето на религиозната група. Брзо го надмина проблемот.


Без некое сценарио, сонцето не одведе до „РМ“. Случајно или не, првиот утрински муабет го разврзавме со Скендер Гаш, вработен во преноќиштето „РМ“ (за чија кратенка помислив дека значи: „Република Македонија“, а оно да ти било „Роко и Миле“). Скендер, уште од сабајле расположен за бистрење политика, со доза на недоверба дека Ивана и јас во Чаршијата планираме навистина да останеме ЦЕЛИ 24 часа, не покани на кафе. Муабет може, но фотографирање не, ни потенцира на старт: „Само не ме сликајте. Никогаш не сум се сликал. Ни за матура. Се оженив и не се сликав. А, вие стварно ќе останете 24 часа?„.

Со видна носталгија за деведесетите од минатиот век кога Чаршијата беше најжива, почна да си ги реди маките: „Кој ти мисли денес добро? Работава е „мижи Асан, да ти баам“. Како луѓето да не одат азиланти. Нема пари...„. И самиот бил неколку години азилант во Италија: „Четири години не си ја видов фамилијата. Многу е тешко, ама што да правиш. Немаш избор„. Желудникот, кој сигнализираше дека и тој е буден, не раздели од Скендер. Тој отиде да спие. Попладне повторно е на работа. Договоривме уште по едно кафе. Потрагата по храна заврши во „Стар град“. Бурекџилница со неверојатни цени: симит за 10 денари, а бурек за 30. Фотографирање за овековечување на цените забрането. Не дозволува газдата. Симитот одличен. ¿

24 часа

ЛЕ И М И О РОК

Речиси секое утро на клупите пред Чифте Амам, Стоиле, Перо, Владо и Рамче пијат турски чај. Стоиле е кустос во музејот на Старата чаршија, Владо е колекционер на значки, Рамче поправа часовници, а Перо тргува со стари предмети. Со нив после 9 часот го испивме првиот турски чај. Ептен ни тргна муабетот. Стоиле беше најзборлест: „Не треба луѓето да се плашат да дојдат во Чаршијата. И политичарите да престанат да ја злоупотребуваат. Тоа што забранија влез на возила е одлично... „, Откако со нив го испивме и вториот чај, со Ивана почуствувавме некои вибрации по телото и решивме дека е време да го фатиме патот под рака. Не ни беше баш јасно дали се раздрмавме поради јакиот чај. „Само да не пишувате нешто лошо за Чаршијата. Дојде време кога луѓето купуваат весници само за да прочитат нешто лошо. Лошото раѓа друго лошо...Уживајте во овој мерак, имате се` што треба...„, ни порачаа на разделба нашите нови пријатели. Патот не одведе кај Фари (Фарко). Еден од ретките млади кројачи во Чаршијата. Кројач (на албански probaqepes) е како што вели, уште од петто одделение (веќе седумнаесет години): „За да станеш добар

кројач правилно е да почнеш на таа возраст. Жално е што се помалку не` има нас младите кројачи. Но кога имаш мерак за оваа работа, се` е лесно. Немаштијата која ги натера луѓето помалку да купуваат не ме демотивира. Треба да бидеш упорен. Си ги пуштам нозете, колку што ми е долга чергата. Знам колку вредам„. А работата не е лесна. Костумите,

фустаните...ги прави рачно. Машински тие можат да се направат за еден ден, а за рачна изработка се потребни 3-4 дена. И покрај тешкото секојдневие, Фарко вели дека нема намера да го затвори дуќанот : „Оваа место има своја душа. Нема такво друго место во Скопје. Вредноста на Чаршијата секој ден расте за една лира“. ¿

47 LIFE Ј У Н И

МЕРАК


24 часа

АНЕЛИЈА Многу муабет ни дојде од сабајле, па откако се збогуваме со Фарко, решивме да искулираме малку на клупите покрај Св. Спас. Таму налетавме на штипјанката Игбала со нејзината тригодишна ќерка Анелија: „Игбала на муслимански значи среќа. А мене среќата ми е у вреќа. Ќерка ми ја крстив по бугарската пејачка, многу убава жена... Што да ви кажам, како кучиња се мачиме со ќерка ми. Фала Богу што мајка ми остави една соба. Шетам сега по центарот на Скопјево и што да видам: Америка. Лавови...А ние гладни...„, Шест дена со Анелија поминале во болница. Игбала немала да остави пари, па за лечењето на ќерка и, ја оставила личната карта како залог. Дошла во Чаршијата да собере пари за автобуска карта и вечер да се врати во Штип: „Во болницата немаше никој да ни дојде на посета. Им носат сокчина на другите во собата и гледам и на ќерка ми и` оставаат по нешто. А мене срам, ама си траам . Неможеш ни да се бориш. Многу би била среќна кога би имала работа. И со 6.000 денари би била пресреќна. Еве у Штип чистам влезови на неколку згради. Ама не даваат пари редовно. Ми викаат ако

нејќеш, не мораш да работиш. Морам. Јас сум веќе умрена, не сум битна. Морам за ќерка ми. За детото се бојам . И дење се бојам“. А, Анелија, поголемо Сонце од сонцето.

Весело не` гледаше и му се чудеше на големиот и тежок апарат на Ивана. Се уште не знае што ја чека. Барем таа да има поголема среќа од мајка и. ¿

48

LIFE Ј У Н И

КА М Е Р Д А Н В ПОПЛАДНЕ Во 12 часот свративме до едно од нашите омилени места во Чаршијата, „Наргиле“. Време за третиот чај. Мајка и на Ивана ни рече дека дури после петиот чај може да се „опиеме“, така што решивме да се опуштиме. Нема потреба од паника дека ќе се предозираме. И келнерчето не смири: „ништо нема да ви биде„. Друштво дојде да ни прави пријателот Нино, кој само што пристигна од Молдавија: „Како патував? Пилотот беше пијан. Го видовме како едвај стигна до кабина. На полетување ни порача: „врзете се, слетуваме...„„. Сонцето и муабетите на Нино не удрија у глава и откако конечно ги пробавме „турските тостови„, накај 14 часот продолживме во „Менада„. И шетањето од кафеана во кафеана не било лесно. Само Чак Норис може да не спие 24 часа, да пие алкохол во „Наргиле“ и да се префрли од USA на USB. Попладневната дремка и облаците кои надвиснаа над Чаршијата не урнисаа. Се чуствував како мачорот Том во сцената кога се обидува со чкорчиња од кибрит да ги држи очите отворени. Пријателките Руме и Тања со другарките се појавија во вистинскиот момент. Руме ни вети дека ќе не` надгледува да не заспиеме, ама работата излезе: ние требаше неа да ја пазиме. Околу 16 часот почна да не нe` држи место и повторно се вратиме на нашата клупа. Толку бевме претопени со Чаршијата, што забележавме дека дури и птиците не бегаат од нас. Планот ни беше да дремнеме малце. Ама не ни било пишано. Ни улета Горан, зависник од хероин кој не знаеше каде е. Камен. Неговата приказна не` потсети дека не е се весело како во вицовите за Чак Норис. Сосема се разбудивме. ¿


По 19 часот веќе немаше никаква трага од сонцето. Дојде време за вечерната тоалета. Изборот за трансформацијата „падна“ на „Дамар“. Бавчата, која беше празна, беше идеална за пресоблекување. Фотографиите од тој чин нема да бидат објавени. По никоја цена! Кикириките, пивото, белото вино, сладоледот и убавата музика не вратија меѓу живите. „Дамар“ ни се најде и за полнење на батеријата на телефонот на Ивана, кој ни беше врската со Facebook, на кој повремено известувавме за нашата чаршиска авантура. „Во духот на времето наше. Се е шоу, реално... Да живее Труман (Шоу)...“, ми кажа еден мој многу драг бивш уредник кога му кажав за идејата и дека се ќе оди и на Facebook,. Да, денес ништо не се прави без Facebook. (Од Марк Цукерберг за следната репортажа очекувам пари за реклама. Три пати му ја спомнав фирмата). Со нови сили, малку зашеметени од пивото и виното, чуствувајќи се конечно како туристи завршивме во кафеаната „Турист“. На шарска и ќебапи. Задоволството од убавата храна стана уште поголемо откако ни се придружија

Никола, преслаткиот син на колегата Васко и неговите пријатели. По напорниот ден беше убаво да се види дека има родители кои можат и се трудат да им дадат на своите деца се што ќе посакат. А тригодишниот Никола

24 часа

И И Р Е Т А ЕБ Њ Е Н Л ПО

сакаше само телефон со кој ќе може да слика. Целото внимание му беше таму. Ги испроба сите телефони на масата. Пиво по пиво, шака муабет, полна маса и не` најде полноќ. Уште седум часа! Let’s dance. ¿

Откако по ЦЕЛИ 20 часа се испруживме, “трансот” кој одеше во фон ни дојде како чил. Од “екстази” не извади чуварот (или такво нешто) во 5:30. Ивана едвај стана и бладеше цело време: „Јас сум гладна. Ми се јаде“.

На една нога, без да можеме да склопуваме реченици, тивко, повторно се вративме на нашата клупа. Сонцето меко почна да не гали. Чаршијата веќе беше будна. И подготвена да спечали уште една лира. И пак матуранти, пекари, чистачки... ¿

49

За загревање ја избравме „Пивница„. Ама не ни се погоди баш. Музика нешто као рок. Останавме за ќејф на Ивана и откако „испеа“ две-три рок балади, за да не “паднеме“ скроз, отидовме да провериме што ќе пушта Дарко Марковски. А и Сонцето, сигурно ќе помине на журкава. Не ни требаше ништо повеќе за мотивација. И покрај огромната желба за танц на убавата музика завршивме на столици. Откако видовме сe` што требаше да се види, за целосно размрдување се решивме за пoполноќна прошетка низ чаршијата. Нозете брзо ни откажаа и да биде апсурдот уште поголем седнавме да здивнеме на клупа пред излог со перници. Ни се плачеше. Плус стана и ладно. Каде човек да се прилегне и да се згрее во 3 часот? Едногласно одлучивме дека преноќиште не доаѓа во предвид. Помислата на чаршафите не одврати од таа идеја. Во игра беше и опцијата одење дома под ќебе. Искушенија. И одеднаш како во цртаниот, кога Балтазар ќе дојдеше до решение ни светна: во Капан ан има журка. И празни сепареа. Големи како кревет. Меки.

LIFE Ј У Н И

РЕ А П Е С О К Е М TRANCE НА


The Coca-Cola Company

ИЗДАНИЕ 2011

COCA-COLA СЛАВИ 125 ГОДИНИ ОПТИМИЗАМ И РАДОСТ oca-Cola освежува и инспирира генерации, секојдневно ги допира животите на милиони луѓе насекаде во светот. Без оглед дали се работи за посебни мигови или сeкојдневие – таа е секогаш тука. Значаен дел од спомените за младоста, семејните собири или романтичните мигови со блиските, Coca-Cola е единствениот бренд кој веќе 125 години му носи волшебни мигови на радост, оптимизам и освежување на секого со кој ќе дојде во допир.

C

Сите овие години Coca-Cola остана симбол на врвно освежување и непресушна инспирација за многумина. Единственото пакување и рекламирањето се менуваа со текот на времето прилагодувајќи се на општествениот контекст, но непроменливиот, препознатлив и единствен вкус остана омилен избор на милиони луѓе во светот кои делат иста страст – уживање во овој најпознат светски пијалак.

s y e ar

12 5

DRINK

of shari

ng

iness h app

Најпознатото шише на светот

Д

енес чинот на отворање на шише со Coca-Cola е вообичаена активност која речиси секојдневно ја повторуваат луѓето насекаде во светот. Но, тоа не било секогаш така. Имено, дури 13 години, поточно од 1886 до 1899, Coca-Colа се продавала во аптеки и во чаши, а сè се сменило кога овој пијалак дошол во рацете на Аса Г. Кендлер (Asа G. Candler). Coca-Colа станала општопознат освежителен пијалак, за првпат наточен во шише во 1894 година. За тоа е заслужен Џозеф А. Биденхерн (Joseph A. Biedenharn) и неговата фирма Биденхерн Кенди (Biedenharn Candy), кој во вистинско време го препознал потенцијалот на Coca-Colа, а токму тие мали шишенца со зелена боја, познатиот модел Хатчинсон (Hutchinson), ѝ помогнале на Coca-Colа за кратко време да го освои светот.

И додека останатите пијалаци се пакувале во слична амбалажа, Coca-Colа одлучила да го изненади пазарот со поинакво, персонализирано шише, препознатливо не само со поглед туку и со допир, па дури и скршено. Првиот прототип на најпознатото шише на светот е лансиран на пазарот во 1916 година, наречен Контур (Contour), а го дизајнирале Александар Семјуелсон (Alexandar Samuelson) и Ерл Р. Дин (Earl R.Dean) од компанијата Рут Глас (Root Glass). Инспирација пронашле во илустрациите на плодот од какао, со издолжени облици и бранови кои и денес можат да се забележат на контурите од шишето. Тогашното шише било пошироко во средината и повеќе наликувало на какао, но не било доволно стабилно ниту погодно за машините во фабриките за полнење, па се појавила потенката верзија.

Неверојатни Coca-Cola бројки

50

LIFE Ј У Н И

● Ако сета Coca-Cola некогаш произведена почне да тече по слаповите на Нијагарините водопади со нејзината нормална брзина од 1,6 милиони галони во секунда, тогаш таа би течела скоро 83 часа. ● Доколку сета Coca-Cola некогаш произведена се стави во контурни шишиња од по 8 унци (0,25L), а шишињата се поредат едно над друго, тие би стасале до месечината и назад 2.051 пати. Тоа е едно патување во траење од пет години, седум месеци и 14 дена.

● Жедните потрошувачи ширум светот сега уживаат во производите на The Coca-Cola Company повеќе од 1.6 милијарда пати секој ден – 18.519 пијалаци секоја секунда. ● Доколку сета Coca-Cola некогаш произведена се стави во контурни шишиња од по 8 унци (0,25L), а овие шишиња се поделат на секој човек во светот, би имало по 1.104 шишиња за секој.

Во времето кога почнува да се произведува шишенцето контур, неговата боја се нарекувала Џорџија зелена (Georgia green), а се добивала со употреба на посебен песок кој ѝ ја давал карактеристичната нијанса. Интересно е тоа што по Втората светска војна Coca-Colа внимавала во земјата во која ќе се појавела да се дистрибуираат исклучиво зелени шишиња. Популарното шише на Coca-Colа од година во година станува еколошки поосвестено, па така, во 2000 година, е претставено шишето ултра глас – 40 отсто поотпорно, 20 отсто полесно и 10 пати поевтино. Благодарение токму на овој иновациски модел, Coca-Colа заштедува 52.000 м3 во производството, што резултира со намалување на емисијата на јаглерод диоксид од 26.000 тони.


The Coca-Cola Company

Coca-Cola како икона на поп-културата!

П

оп-арт е визуелно уметничко движење кое се јавува во 1950-тите во Велика Британија и САД, а основен постулат на движењето е приближување на уметноста до широката публика преку користење на симболи и личности од секојдневното опкружување. Затоа и не зачудува што Coca-Cola, од почетокот на поп-арт движењето, ги интригира

уметниците и често наоѓа простор во нивниот опус. Coca-Cola е првата компанија која ги користи маичките како медиум за пласман на своите рекламни пораки, создавајќи на тој начин врска помеѓу два симбола на времето и две вистински икони на поп-културата. Од моментот кога на парче од униформата на генерацијата бунтовници без причина, белата

Т-маичка, е втиснато препознатливото лого на Coca-Cola, ништо повеќе не е исто - Т-маичката добива боја и порака. Примерот на Coca-Cola продолжуваат да го следат и други компании, но секако, статусот на предводник во оригиналниот маркетиншки пристап веќе никој не може да ѝ го одземе.

Coca-Cola и спорт: долгогодишна љубов

Р

едовната физичка активност, рекреацијата и спортот се дел од здравиот животен стил. Давајќи им долгогодишна поддршка на големите светски спортски манифестации, како Светското фудбалско првенство и Олимписките игри, Coca-Cola им овозможува врвно спортско уживање на љубителите на спортот преку следење на натпреварите. И самата организирајќи многу спортски случувања, Coca-Cola

настојува на поединците и нивните семејства да им овозможи забава и интересни прилики да се рекреираат и да бидат физички активни, но и да ја испрати пораката дека секојдневната физичка активност е особено важна за зачувување на здравјето. Примери за тоа се купот на Coca-Cola, Eвропско фудбалско првенство за повеќе од милион момчиња и девојчиња, кое се одржува секоја година или Мисија Олимпик во

Германија, проект во кој се вклучени повеќе од 200 000 луѓе. Овие и други случувања секоја година привлекуваат милиони учесници. Coca-Cola континуирано поддржува повеќе од 150 слични проекти во 100 земји, а нејзин долгорочен план е да иницира барем еден проект кој ќе промовира спорт и здрав начин на живеење во секоја земја каде што е CocaCola присутна.

Рекламирање кое се памети!

реклами во 1931 година, а е дело на цртачот Хадон Сандблом (Haddon Sundblom). Но, тоа е, всушност, само логично продолжение на иноваторството кое Coca-Cola го негува од своите почетоци. Со оглед на тоа што во 1886 година не постоела можност за печатени, радио или ТВ реклами, осмислена е, за тоа време, сосема оригинална идеја – на жи-

телите на Атланта им се делеле бесплатни примероци Coca-Cola за да им се претстави на масите, што придонело за нејзината познатост и популарност. Со посебни купони можело, при купувањето на една чаша со Coca-Cola, да се оствари и право на уште една чаша. Компанијата го следела развојот на маркетингот, па едни од првите слогани биле Знак за добар вкус или Сè е подобро со Coca-Cola, кои јасно ја претставиле Coca-Cola како нешто позитивно, посакувано и потребно. Пресудниот момент во историјата на рекламирањето се случил во 1969 година со кампањата I'd Like To Buy The World A Coke чиј истоимен џингл предизвикал незапамтен интерес кај публиката, па е објавен како сингл со име I'd Like To Teach The World To Sing. За кусо време се искачил на првото место на британските топ листи на најпопуларни синглови, како и на американскиот Топ 10, за да на крајот, иако во тој облик директно не ја промовирал, ѝ донел голема реклама на Coca-Cola. Преведена е на неколку светски јазици, а се користела и во добротворни цели. Coca-Cola, освен што го финансирала снимањето на плочата, го донирала и приходот од првото продадено издание на УНИЦЕФ. Спортот, заедно со музиката, е една од најинспиративните појави во светот, па Coca-Cola зема активна улога во промовирањето на спортот, а спортистите јавно ја искажуваат својата наклоност кон овој пијалак. Дури во 1979 година забележана улога во телевизиска кампања остварува американскиот фудбалер, една од најголемите спортски ѕвезди, Џо Грин (Joe Green), а дополнителна потврда за успехот било и освојувањето на најпознатите награди во маркетиншката индустрија - Clio Award.

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? 1915 год. Дизајнирано е контурното шише од страна на Александар Семјуелсон и патентирано од страна на Root Glass Company. Здружението на фабриките за флаширање го одобрува шишето и тоа станува стандардно. 1931 год. Обидувајќи се да создаде рекламна програма која ќе ја поврзе Coca-Cola со Нова Година, уметникот Хедон Сандблом ја создава неговата прва илустрација на која е прикажан Дедо Мраз кој прави пауза за Coca-Cola. 1936 год. Прославена е 50 годишнината на Coca-Cola. Уметникот Н. С. Вајат го креира календарот за таа година. 1946 год. Пуштен е во промет “Yes” постерот дизајниран од Хадон Сандблoм. Постерот освојува неколку награди за дизајн. 1985 год. Coca-Cola станува првиот безалкохолен пијалак кој се консумира во вселената кога астронаутите на спејс-шатлот Челенџер ја користат вселенската лименка за време на мисијата.

АТЛАНТА ВЕСНИК The Coca-Cola Company • P.P. 1734 • Atlanta, GA 30301, USA • 1.800.GET COKE (800.438.2653) За дополнителни информации ве молиме посетете: www.thecocacolacompany.com/125years

51 LIFE Ј У Н И

М

оже ли воопшто да се помисли на Coca-Cola, а тоа да не асоцира веднаш на Дедо Мраз и пригодните новогодишни рекламни спотови? На овој симпатичен дедо токму CocaCola му го даде денешниот лик и руво, бидејќи лицето со бела брада во црвено одело е најслично на она кое Coca-Cola почна да го користи во телевизиските


жешка тема

ЕЛИЗАБЕТА КАНАЛИС

ИТАЛИЈАНКАТА ШТО ГО ПЛЕНИ СРЦЕТО НА ВЕЧНИОТ ЕРГЕН ¢ Силвана Жежова

52 LIFE Ј У Н И

талијанската убавица Елизабета Каналис (33) својата поширока популарност ја И стекна во врската со Џорџ Клуни, која започна страсно и молскавично пред очите на јавноста во 2009 година. Оваа манекенка, ТВ водителка и актерка често снима и провокативни фотосесии за светските списанија. Актуелна е по тоа што минатиот месец се соблече како од мајка родена за потребите на кампањата за заштита на животните, организирана од ПЕТА. „Мислам дека ова е најдобрата причина поради која се соблеков,“ изјави девојката по повод разголувањето за кампањата на ПЕТА. Оваа организација е позната по своите кампањи за кои ги ангажира познатите личности кои на најдобар начин помагаат да се подигне свеста против убивањето на животните поради крзно. Каналис изјави дека никогаш не носи крзно поради тоа што како мала гледала потресен документарен филм за убивањето на животните.

„Одлучив да се вклучам во кампањата на ПЕТА откако увидов колку индустријата е сурова во име на модата. Како малечка гледав документарец во кој малите животни се убиваат со електрични шокови и давење. Бев шокирана и од тогаш одлучив дека никогаш во животот нема да носам крзно. Морам да признаам дека работата на кампања за ПЕТА за мене секогаш била сон, бидејќи сметам дека таа организација навистина прави нешто за да им помогне на животните,“ изјави манекенката. ШАРМ, ХАРИЗМА И СЕКСАПИЛНОСТ Каналис веќе втора година по ред е заштитно лице на линијата за долна облека на Роберто Кавали. Новата кампања е снимена во Лондон, ноември минатата година. Кавали за неа вели дека е идеална жена која претставува баланс на шарм, харизма и сексапилност. „Добри пријатели сме, но и соработувавме повеќе пати. На едноставен начин, совршено

ни покажа се` што беше потребно за оваа кампања. Таа е еротски сон на многу мажи и со Џорџ Клуни се совршен пар. Мислам дека сум еден од првите на кои им се повери за врската со Клуни. На почетокот се прашував како една Италијанка може да излегува со типичен Американец како што е Клуни, но времето покажа дека љубовта е голема и дека ќе потрае. Толку верувам во нивната врска што сум подготвен да се кладам на се` што имам дека ќе останат заедно. Таа е многу убава и сензуална. Ја има мешавината на неприкосновена убавина и спонтаност, како девојка од соседството. Мислам дека тоа ја чини и успешна,“искоментира славниот дизајнер за ангажманот на Каналис за новата колекција пролет/лето 2011 година. И оваа кампања како и претходната е снимена во една приватна куќа. „Ми беше огромно задоволство и голема привилегија што работам за Роберто и Ева


жешка тема

На Клуни не му пречи разголувањето на неговата девојка, а папараците многу често ги ловат на плажите каде што убавата Каналис повеќе е откриена отколку што е покриена. Иако се во врска неколку години, Каналис откри дека тие двајца не планираат деца. Во едно интервју за „Космополитен“, изјави дека со Клуни никогаш немале желба да основаат семејство, бидејќи животот им го исполнуваат други работи: „Бременоста никогаш не ми

LIFE Ј У Н И

ноќните клубови. На Клуни не му се допаѓал нејзиниот стил на живот, иако вечерните излегувања и лудувања беа заштитен знак и на најпосакуваниот ерген во Холивуд. Но како што и самиот изјави, приоритетите со текот на годините се менуваат. Елизабета Каналис и Џорџ Клуни се запознале на една журка во Италија каде 50-годишниот Клуни го поминува времето во својата вила на езерото Комо.

53

Кавали. Брендот „Кавали“ отсекогаш бил синоним за врвна италијанска мода и е познат ширум светот. Горда сум што ме одбраа за кампањата која ја снимија двајцата светски најдобри модни фотографи Мерт Алас и Маркус Пиџот, “ изјави Елизабета за оваа кампања. Минатата година врската помеѓу Џорџ Клуни и Елизабета Каналис беше доведена во прашање, бидејќи убавата манекенка многу од своето слободно време го поминувала во


жешка тема

54 LIFE Ј У Н И

била цел, а мајчинскиот однос го негувам само спрема моите кучиња.“ Оваа изјава на Каналис до некаде е очекувана, бидејќи поради слични вакви изјави Клуни се стекна со репутација на вечен ерген. Убавата манекенка признава дека светската слава на нејзиниот партнер и’ причинува задоволство, посебно кога се на настани каде се собрани познати личности. „Се опуштам во таквите моменти и ги сакам тие настани. Среќна сум кога учествувам на тие случувања како негова девојка. Некои жени меѓу кои и јавни личности, го имаа Џорџ Клуни на десктопот на нивните компјутери, но таа слика ја тргнаа откако слушнаа дека има девојка. „Најдобра освета за тие жени е мојата среќа,“ изјави сексапилната Италијанка. Иако италијанските медиуми често пишуваа кога би можела да биде нивната венчавка, сепак изјавата на оскаровецот Клуни во емисија на Пирс Морган, ги разочара: „Не сакам да ви го расипам расположението, но јас веќе бев оженет и докажав колку добро се снаоѓам во таа ситуација. Мислам дека секој од нас има само една шанса за брак,“ истакна актерот, кој од 1989 до1993 година беше во брак со актерката Талија Балзам. По оваа изјава на Клуни, италијанските новинари напишаа дека во вилата на Клуни на езерото Комо долго време отсустувала насмевката на убавата Елизабета, а тие и поретко си разменувале бакнежи во јавноста. „Двојката спие во посебни кревети и многу ретко шета низ дворот во вилата во Комо. Тие заедно само се смеат пред камерите и фотоапаратите. Времето ќе покаже дали нивната љубов

е вистина или е фарса,“ изјави еден познат италијански новинар. СКАНДАЛИ Името на Елизабета Каналис често се поврзува и со истраги поврзани за проституција и наркотици. На овие обвинувања одговара дека Италијанците никогаш не поддржале некој нивен успешен човек. Имено, поранешната манекенка, а подоцна проститутка Карима Менад и’ признала на полицијата дека во еден клуб во Милано консумирала кокаин заедно со Елизабета и други познати личности. Девојките, како што тврди, ги забавувале богатите гости, ги поттикнувале да трошат повеќе пари на пијалок и дрога, но им нуделе и сексуални услуги во приватните соби на клубот. „Не очекувам да ме слават, но исто така не очекувам на весниците главен извор на информации да им бидат трачерските блогови кои се полни со навреди, расизам и насилство,“ изјави Каналис. Уапсените девојки осомничени за проституција и дистрибуција на кокаин го споменуваат и нејзиното име како дел од тоа друштво, иако не била на списокот за апсење. „Девојките доаѓаа во клубот да работат како хостеси и портпаролки, а всушност ги забавуваа богатите гости. Нивната работа беше да ги натераат клиентите да потрошат што повеќе пари, па макар тоа да значи и да ги одведат во приватно сепаре,“ изјавил обвинителот Франк ДиМарио. Овој скандал не влијаеше многу на врската меѓу Клуни и Каналис.Веднаш по настанот

двојката отпатува на Сардинија каде актерот се запозна со родителите на својата девојка. Според однесувањето за време на вечерата во еден ексклузивен ресторан, на присутните им оставиле впечаток дека гласините дека таа заработувала како проститутка не ја поколебале нивната љубов. Свето време најчесто го поминуваат во домот на Клуни во Лос Анѓелес, а главна забава им е возењето со мотор.Според неа, Американците за разлика од Италијаните емотивно се подостапни и многу полесно ја признаваат љубовта. Клуни и Каналис беа вмешани и во аферата со Силвио Берлускони кој беше обвинет за вмешаност во малолетничка проституција. Тие се појавија како дел од 78-те сведоци во одбраната на Берлускони, бидејќи наводно присуствувале на забавата на која била и фамозната, малолетна Мароканка Руби, за која Берлускони беше обвинет дека и’ платил за секс. Каналис која е поранешна девојка на Филипо Инзаги и Роберто Виери, од неодамна стана водителка на италијанската верзија на шоуто „МТВ тотал риквест лајв“. Таа покажува интерес и за глума и веќе има остварено две помали улоги. Елизабета беше водителка и на годинешното издание на најпознатиот музички фестивал во Италија, Сан Ремо. Освен што беше водителка, пееше, играше и изведе една неодолива музичка точка со седуммина играчи на песната „Like a boy“. Нејзиниот неодолив изглед и игра беа вистински погодок за затворање на фестивалот. ¿


55 LIFE Ј У Н И


шуш - буш

СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ ГО ПОДДРЖУВА СВОЈОТ КОЛЕГА ШВАРЦЕНЕГЕР Силвестер Сталоне го поддржува својот долгогодишен пријател Арнолд Шварценегер кој поради неверство и вонбрачните деца се разведува и моментно поминува низ семејна драма. Арнолд направи грешка и повреди многу луѓе околу себе, но има и поддршка од блиски луѓе како што е Сталоне. Тој му помага да ја помине кризата и повторно да си го започне животот. Разговараа и за проект на кој би можеле и заеднички да работат, кога Шварценегер би бил подготвен. Тоа би бил филм кој би го отсликувал се` она низ што Арнолд поминува,“ изјавил близок извор до двајцата актери.

ПИПА МИДЕЛТОН ЗА ВОДИТЕЛКА

СЕЛМА ХАЈЕК: МОЈОТ СОПРУГ Е РАЗГАЛЕНО ДЕТЕ

Според пишувањата на американските медиуми, двете телевизиски кралици Барбара Волтерс и Опра Винфри и фрлиле око на убавата Пипа Миделтон, помладата сестра на Кејт Миделтон, и сакаат да работи за нив. „Пред неколку години кога Кејт на кратко ја прекина врската со Вилијам, Барбара се обиде да ја вработи како водителка. Сега мисли дека младата и прекрасна Пипа совршено ќе се вклопи, во таа улога и ќе ја зголеми гледаноста, “открил неименуван извор за „Нешнал Еквајр“. Слично размислувала и Опра која сака да ја вработи Пипа како водителка на шоуто на својата OWN мрежа.

Сексапилната Селма Хајек признала дека повеќе време поминува во кујната отколку пред камерите. Откако се омажи за богатиот француски бизнисмен Франсоа Хенри Пинол и ја роди ќерката Валентина, стана вистинска домаќинка. „Станав добра париска домаќинка.Секоја вечер му готвам на сопругот, бидејќи кога храната е во прашање тој е како разгалено дете. Нашиот живот, од една страна е убав и гламурозен, а од друга пак сме семејство кое сака да се дружи дома,“ изјави Хајек која не беше воопшто воодушевена што од САД се пресели во Франција. „Паничев, се прашував поради што се селам - да станам домаќинка. Но сега уживам повеќе од било кога,“ додаде оваа мексиканска актерка.

ТРУДИ СТАЈЛЕР: СО СТИНГ ПОМИНАВМЕ МНОГУ БРАЧНИ КРИЗИ

56 LIFE Ј У Н И

Сопругата на британскиот музичар Стинг, 57-годишната Труди Стајлер за „Тајмс“ открива дека нивниот брак кој трае повеќе од две децении, воопшто не бил идеален. „Имаше тешки моменти, но се извлековме со долги разговори. Тие ги решаваа нашите проблеми. Рокерските парови знаат да бидат деструктивни во врските, а така беше и во нашиот брак. Кога беше густо, составувавме нов брачен договор и се држевме до него. Нашиот проблем не беше неверството, поминавме многу брачни премрежја, но си ветивме дека ќе се почитуваме меѓусебно,“ открива Труди во интервјуто.


Ким Кардашиан објави дека се вери со своето момче Крис Хамприс. „Не очекував, бев во шок. Не мислев дека ќе ми се случи дома и сега,“ изјави оваа старлета позната по реалните шоуа.

Принцот Алберт од Монако конечно ќе се ожени на 2 јули и тоа во 52-та година од животот. Церемонијата ќе се одржи на терасата на кралскиот двор, а неговата идна сопруга е поранешна пливачка од Јужна Америка, Чарлин Витсотк (32). Парот минатата година се сврши, а за свадбата ќе носи фустан кој ќе потсетува на Грејс Кели, почината мајка на Алберт. Фустанот ќе го дизајнира Џорџо Армани.

шуш - буш

КИМ КАРДАШИАН СЕ СВРШИ

ПРИНЦОТ АЛБЕРТ ОД МОНАКО КОНЕЧНО СЕ ЖЕНИ

Крис ја изненадил Ким во нејзината вила во Беверли Хилс. На колена и подарил прстен вреден два милиони долари, украсен со дијаманти и 20,5 каратно злато.

ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО ЈА ОСТАВИ БАР РАФАЕЛИ Актерот Леонардо ди Каприо сака брак и деца со Бар Рафаели, но израелската манекенка без двоумење му дала до знаење дека е премлада за брачни обврски и мајчинство. По оваа изјава на Леонардо му станало јасно дека само си го губел времето со Рафаели со која беше шест години во врска. На Леонардо му е до татковство, но кариерата на Рафаели сега е на врвот. Таа не сака заради големиот стомак да ги изгуби ангажманите, па ја одбила понудата од Леонардо по венчавката да имаат деца. Лут на неа, Леонардо се утешил во прегратките на згодната русокоса Блејк Ливли.

СУПЕРМОДЕЛОТ ЕВА ХЕРЦИГОВА Е ВО КАВГА СО СОСЕДИТЕ

„Во тој дел на градот има многу историја која не се заборава. Таа не може да ги реализира нејзините намери, бидејќи и другите станари го имаат тоа право. Ќе направи хаос и ќе уништи дел од имотот на другите. Со парите и славата сака да ги купи правата кои ги нема,“ изјавил историчарот Гросман чијашто ќерка живее во тој дел на Лондон. Дали Ева Херцигова ќе добие дозвола за градба ќе се знае за месец дена.

57 LIFE Ј У Н И

Супермоделот Ева Херцигова ги разлутила соседите во Лондон, со својот план да си го реновира домот. Нејзината намера е традиционалната куќа да ја преуреди во модерен дом, така што со изградбата на кат повеќе ќе го уништи стариот изглед на зградата. Со одлуката ги запрепастила нејзните соседи.


шуш - буш

ЛЕЈДИ ГАГА ПЛАНИРА БОЖИЌЕН ЏЕЗ-АЛБУМ Поп- ѕвездата Лејди Гага кон крајот на годинава ќе сними божиќен албум инспириран од џезот, објави сајтот за шоу- бизнис „Дигитал спај“. „Мислев дека би било многу убаво да објавам божиќно издание со џез стандарди и песни на Гага“ - рече пејачката, која минатиот месец го објави вториот студиски албум „Born This Way“. Навистина сакам тоа да го направам. За тоа разговарав со мојот менаџер“, додаде таа. Лејди Гага продаде ширум светот 15 милиони албуми и 51 милион синглови. Добитничка е на пет Греми награди.

ЏОНИ ДЕП ЈА ИЗНЕВЕРИ ВАНЕСА ПАРАДИ Џони Деп и Ванеса Паради важеа за еден од најскладните холивудски парови, но францускиот таблоид „Вуаси“ објави фотографии на кои Деп се бакнува со новинарката Робин Баум. Кога ги видел сликите Деп полудел, додека неговата партнерка ја демантирала веста за неверството. Многумина сметаат дека ова е уште една потврда дека во нивниот брак, веќе одамна нешто не функционира како што треба.

НОВ ВИД НА МАРИХУАНА НАРЕЧЕНА СПОРЕД ЏАСТИН БИБЕР Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер е бесен бидејќи дознал дека на пазарот се појавил нов вид на марихуана наречена според него. Тоа го направија дилери од Торонто кои започнаа да продаваат дрога преименувана во „JB Kush“ и марихуаната засега се продава на улиците во Канада од каде што потекнува Бибер. На некои интернет-сајтови се појавила приказна дека марихуаната е спакувана во кесички на кои се напишани стихови од младиот пејач. Иако не сака да даде официјални коментари, Џастин се рсапрашувал кај адвокатите дали може некако да ја прекине злоупотребата на своето име.

58

LIFE Ј У Н И

ОПРА ВИНФРИ СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕ Американската кралица на "ток-шоу" програмите, Опра Винфри, се збогува со својата публика во својата последна епизода на 25 мај, по 25 години работа на ТВ екраните. Нејзини соговорници низ годините беа најголемите познати личности, во сите области на животот. Во последната епизода од емитувањето на нејзиното шоу од студиото во Чикаго, телевизиската ѕвезда ја упати последната порака до гледачите. „Нешто во мене се поврза со секој од вас на начин кој ми овозможи да се видам себе си во вас и вас во себе. Слушав и растев и знаев дека и вие растете со мене“ - рече Опра. Педесет и седум годишната Опра Винфри е една од најбогатите Американки. Според списанието „Форбс", минатата година нејзиното богатство се проценува на 2,4 милијарди долари. Според многумина, Винфри го промени начинот на кој луѓето разговараат, промовирајќи го интервјуто во стил на "исповед". Нејзиното влијание беше огромно, кога таа ќе препорачаше книги, тие веднаш регистрираа спектакуларни продажби.


59

LIFE Ј У Н И


од а до ш Подготви: Катарина Стојанова

ДОКТОР ХАУС ГО СНИМИ СВОЈОТ ПРВ АЛБУМ „LET THEM TALK" КОНТРОВЕРЗНИОТ БРИТАНСКИ АКТЕР ХЈУ ЛОРИ ПРАВИ МУЗИЧКИ ОБИД СО КОЈ НА ИСКРЕН НАЧИН ИНТЕРПРЕТИРА БЛУЗ ПЕСНИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКАТА КУЛТУРА. КОРЕНИТЕ НА ТИЕ ПЕСНИ СЕ ВО ТРАДИЦИЈАТА. СИРОМАШТИЈАТА И УГНЕТУВАЊЕТО НА РОБОВИТЕ НА ЈУГОТ НА САД

60

LIFE Ј У Н И

ознатиот Британски актер Хју Лори, попознат како циничниот др. Грегори Хаус, одлучи да си го исполни својот долгогодишен сон – П и официјално да влезе во светот на музиката. Тој , на 9 мај, за Warner Bros Records го објави својот прв албум со наслов "Let Them Talk", кој е всушност славење и оддавање почит на блузот . Албумот е сочинет од 16 класични блуз песни од кои неколку се направени во соработка со славни музичари како: Том Џонс, Ирма Томас, Др.Џон и уште неколкумина инструменталисти од Њу Орлеанс. Сите песни се всушност обработки, но овој талентиран актер и вљубеник во музиката се потрудил да им даде свое видување. Според критичарите, некои од иницијалните инспирации се и класичните остварувања како "Buena Vista Social Club" на старите кубански мајстори и Рај

Кудер, саундтрекот "O Brother Where Art Thou" на Ти Боун Барнет... Хју Лори е главен вокал, свири гитара и клавир и верува дека е подготвен да се носи со критиките поради себеприкажувањето како "блуз-човек". Во неговите намери од голема помош му биле гитаристот Кевин Бреит и саксафонистот Винсент Хенри саксофон, а албумот е продуциран од Џо Хенри, еден од најзапослените музичари и продуценти во чија сфера на интересн е традиционалната американска музика и зет на Мадона. На ова остварување е застапена и обработка на една од најпознатите песни на Луј Амстронг "St James Infirmary", од 1928 година. Во едно инервју Лори забележува: "Не сум роден во Алабама во 1890 тите. Не сум јадел гриз и не сум возел камиони. Јас сум само


КОЈ Е ХЈУ ЛОРИ? Хју Лори е роден во Оксфорд и одгледан како презбитеријанец. Неговиот татко, Вилијам Џорџ Раналд Мандел „Ран“ Лори по професија бил доктор, а познато е и тоа дека освоил златен медал на Лондонската олимпијада во 1948 година во веслање. Неговата мајка Патриша Лејдло починала кога Хју имал 29 години. Во Оксфорд посетувал престижно училиште за деца на возраст од 8 до 13 години, за подоцна да премине на Итон, па на Селвин колеџ во Кембриџ, каде се здобива со звањето археолог и антрополог. Како и татко му и Лори се занимавал со веслање и во 1980 година учествувал во традиционалната трка помеѓу тимовите на Оксфорд и Кембриџ. Во негова чест, еден од бродовите кои се користат на Селвина го доби името „Лори“, а актерот денес е член на Линдерклубот, еден од најстарите веслачки клубови во светот. Поради боледување од мононуклеоза, бил принуден привремено да го запостави веслањето, па станал член на драмскиот клуб на студенти на Кембриџ, кој значеше одскочна штица за многу успешни британски комичари. Таму ја запознал Ема Томсон со која бил во роматична врска. Преку неа стигнал и до Стивен Фрај, својот иден партнер – комичар. Со својата годишна претстава „Подрумска лента“, која во најголем дел ја напишале Лори и Фрај, во актерската постава со Ема Томсон, настапиле на Единбуршкиот фестивал и ја добиле наградата Перије, за најдобра комедија. Лори и Фрај продолжија да работат на многу заеднички проекти во осумдесетите и деведесетите години на дваесетиот век. Меѓу другото настапија во серијата Црна змија, која ја напишаа Бен Елтон и Ричард Кертис со Роналд Аткинсон во главната улога, како и во скеч комедијата на Би-Би-Си „A Bit of Fry and Laurie и „Jeeves and Wooster“, која настана како адаптација на приказната П.Г. Водхаус. Во овој серијал Лори ја играше улогата на симпатичниот глупак Берт Вустер. Тоа беше улога за која се сметаше дека е пишувана за Лори, бидејќи овозможуваше да биде прикажан неговиот талент за пеење и свирење клавир. Следуваат телевизиските емисии Comic relief, Fry and Laurie Host a Christmas Night with the Stars, за да по кратка пауза Повторно се најдат заедно на снимањето на филмот Peter's Friends во 1992 година. Лори се појавува и во музичкиот спот за синглот на пејачката Ени Ленокс „Walking on Broken Glass“од 1992 година како и во улога на научник во спотот за песната Experiment IV на пејачката Кејт Буш снимен во 1986 година.

ОСМАТА СЕЗОНА НА „ДР. ХАУС“ ЗА ЛОРИ ПОСЛЕДНА ?! И, покрај огромниот успех со серијалот актерот најавува дека осмата сезона на мегапопуларната серија би можела да биде и последна. Иако, како што се претпоставува дека заработува 392 илјади долари по епизода, актерот вели дека е уморен од напорниот распоред и поради тоа што надвор од снимањето всушност и „нема живот“. Тој во интервју за Радио Тајмс изјави дека годишно поминува десет месеци снимајќи во Лос Анџелес, поради што речиси и да не ја гледа сопругата и трите деца кои живеат во Велика Британија. „Крајот на оваа сезона се чини како крај на серијата. Барем мене ме ангажираа на толку време“ - дополнува Лори, кој со улогата на циничниот и генијалниот доктор многу брзо стана најуспешниот британски актер на американската телевизија. Инаку, Лори, го глуми мрзоволниот Хаус од 2004 година, а како што вели на почетокот не верувал во успех на серијата. „Никогаш не верував дека серијата ќе трае седум сезони. Мислев евентуално две недели. Се заситив од станувањето во четири наутро. Некои денови се потешки од другите“ - раскажува тој. „Доктор Хаус“ е американска медицинска драма, која дебитираше на телевизијата Фокс на 16 ноември 2004 година. Серијата е зачната од продуцентите Дејвид Шор и Пол Атанасио. Централниот лик на серијата е др. Грегори Хаус (Хју Лори), небичен медицински генијалец, експерт за дијагноза, кој често е груб и саркастичен. И покрај тоа, тој е одличен доктор кој води тим дијагностичари во измислената болница за учење „Принстон- Плејнсборо“ во Њу Џерси и секогаш успева пред сите други доктори да го реши медицинскиот случај. Овој серијал е сосема нов поглед на динамичните случувања во една болница. Класичната поделба на ликовите на добри и лоши, овде е поинаква, често и недефинирана. Меѓутоа едно е сигурно. Иако контроверзниот доктор Хаус, кој често не ги почитува правилата, не верува никому, а особено не на своите пациенти, и иако неговите методи неретко се сомнителни, тој и неговиот тим, најдобри млади лекари без потешкотии ги решаваат проблемите од кои сите други креваат раце. „Доктор Хаус“ е извонредно добро прифатена од критиката и има високи рејтинзи на гледаност. Беше помеѓу десетте најгледани серии во САД од втората до четвртата сезона. Серијата се има здобиено со неколку награди, вклучувајќи ги наградите „Избор на народот“, „Пибоди“, два Златни глобуса и четири „Еми“ Инаку, телевизијата Фокс допрва треба да потврди дали осмата сезона навистина ќе биде и последна и дали ќе мора да побара замена за Лори, доколку тој навистина одлучи да си замине. ¿

од а до ш

Особено значајни ќе бидат и неговите улоги во филмовите како „Sense and Sensibility“,„101 Dalmatians“, „Maybe Baby“, „Girl From Rio“, римејкот на „The Flight of the Phoenix“ и „Stjuart Litl“, а интересно е и тоа што Лори, кому и дотогаш пишувањето му било пасија, во 1996 година ќе го објави својот прв роман „Продавач на оружје“, инаку пародија на трилер, кој набрзо ќе стане бестселер. Иако во Британија е познат од 1980 година, американската публика го запозна Лори дури во 2004 година кога се појавува во улогата на докторот Грегори Хаус во популарната серија Др Хаус која се емитува на телевизијата Фокс. Во јули 2005 година Лори е номиниран за наградата „Еми“ токму за улогата во овој мегапопуларен серијал. Иако признанието му избега за влакно, тој за Др. Хаус, во 2006 и 2007 година, доби „Златен глобус“ и со тоа стана еден од ретките актери кои ја освоиле оваа награда две години по ред.

61 LIFE Ј У Н И

Англичанец од средната класа, навлечен на музиката и митот за американскиот Југ" Впрочем, контроверзниот Хаус прави музички обид со кој на искрен начин интерпретира блуз песни кои се дел од културата на луѓето кои живеат од другата страна на Атлантикот. Спротивно од онаа во која тој е роден. Корените на тие песни се во сиромаштијата и угнетувањето на робовите на југот на САД. Тие и ден денес, иако ропството е одамна укинато, одекнуваат по плантажите со памук и крај делтата на реката Мисисипи. Сепак иако Лори во популарната серија "Др. Хаус" успешно го говори американскиот акцент, критичарите во ситните забелешки за овој негов проект, ќе речат дека сепак го гледаат како роден Англичанец кој студирал на Кембриџ - „Тој е се, само не роб во некогашната Америка“. Од друга страна тие, пак, се категорични дека во времево во кое живееме и тоа како постои потреба за вистински блуз, а албумот на Лори се појавува во вистинско време и на вистинско место.


од а до ш

подготвила: Патриција Костовска

КРАТОК ВОДИЧ ЗА ТАНТРИЧКИ СЕКС

62 LIFE Ј У Н И

ТАНТРИЧКИОТ СЕКС Е ДРЕВНА ХИНДУИСТИЧКА ПРАКСА СТАРА ПОВЕЌЕ ОД 5.000 ГОДИНИ, А ВО ПРЕВОД ЗНАЧИ „ТКАЕЊЕ И ШИРЕЊЕ ЕНЕРГИЈА“. ТОА Е ВИД НА БАВЕН СЕКС КОЈ ЈА ЗГОЛЕМУВА ИНТИМНОСТА И СОЗДАВА ПОВРЗАНОСТ НА УМОТ И ТЕЛОТО КОЈ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО СИЛНО ОРГАЗМИЧНО ЧУВСТВО антричкиот секс е полесен отколку што може да замислите! Доколку сакате да го заведете, разгорите или водите љубов со Т партнерот дури и да немате многу време за да поминете во спалната соба, тантричкиот секс можеби е вистинска работа за вас. Тантрички секс или тантра може да го практикува секој кој е заинтересиран за заживување, продлабочување и подобрување на сексуалниот живот и пронаоѓање на нови длабочини во љубовта. Ако ова ви звучи збу-

нувачки, обидете се да замислите дека брзиот секс е еквивалентен на брза храна и во тој случај тантра сексот е вечера од пет оброци во ресторан со пет ѕвезди и ќе треба долго да чекате на негова подготовка и консумација, но воедно ќе уживате. Зошто треба да го пробате? Експертите веруваат дека ако го продолжите времето и повеќе се потрудите во сексот ќе постигнете подобра и интезивна екстаза. Тантричкиот секс е добар за вас ако:


од а до ш

ВЕЖБИ ЗА ТАНТРИЧКИ СЕКС За крај ви препорачуваме вежби за тантрички секс. Со оглед дека тантрата се темели на интимност меѓу партнерите, следните вежби можат да помогнат да влезете во штос. Обиди за заемна медитација и „дишење“, за подобро да се усогласите. Застанете еден спроти друг и гледајте се во очи.

Истовремено, ставете ја левата дланка на срцето на вашиот партнер. Тој/таа треба да ја стави својата дланка на вашата и двајцата треба да се обидете да го усогласите меѓусебното дишење најмалку две минути. Седнете така што ќе се гледате лице в лице. Уште подобро ако женското седне во скутот на партнерот. Завиткајте ги рацете цврсто еден со друг и притиснете ги телата што е можно посилно едно со друго. Овој вид на допири со кожа предизвикува зголемено чувство на интимност. За време на сексот движете се и дишете полека и по можност избегнувајте ги брзите пози во кои знаете дека ќе постигнете оргазам и постепено градете задоволство и возбуда. Што повеќе го продолжите времето на предиграта и сексот пред оргазмот ќе биде поинтезивен. Ако вие или вашиот партнер не го прифаќате мистичниот елемент на тантра сексот, имајте на ум дека тантрата е како јога. Може да и дадете духовна страна или едноставно да ги направите вежбите. Многу луѓе се одлучуваат за тантра не поради мистицизмот туку поради добрите совети кои го подобруваат сексуалниот живот. Најдобар тантрички совет што може да ви користи е да го успорите дишењето додека се приближува оргазмот. Повеќето жени во тие моменти почнуваат да дишат брзо, а телото е напнато обидувајќи се да постигне оргазам. Наместо тоа вие треба да го опуштите стомакот и да работите на длабоки бавни вдишувања од желудник. Оргазмот ќе трае подолго и ќе биде поинтезивен. ¿

LIFE Ј У Н И

С ПР ТИН ИМ Г И ЕР НЕ ЗА ГО БР ВА АЧ ТА ЕН СП ПА ОР Р К УГА ОЈ ТР ПР УД АК И С ТИ ТИ КУ ЛЕ ВА Р С ТА Е О НТ ДЛ РИ И ЧК ЧЕ И Н СЕ КС

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ, АКО САКАТЕ ДА ПРОБАТЕ? - Започнете со пригушени светла и пробајте тотално да се исклучите од светот. - Опуштете го телот. Тантра значи енергија која се движи низ телото, па експертката Луиз Ван Дер Велде сугерира „енергично протресување на своите екстремитети со цел да се наполнат со енергија и деблокирање пред да започнете да водите љубов“. - Треба некое време да се држите настрана од креветот, тоа ќе го потикне „копчето“ за спиење во мозокот, кое според Луиз „значи дека ќе бидете фокусирани на брзиот секс пред спиење, наместо длабока поврзаност и интимен секс што е цел на тантрата. - Да заземете удобна положба - обидете се со партнерот да легнете врз ќебе на подот и полека да се допирате, имајќи доволно време за да ги истражувате телата. - Експериментирајте, испробајте различни допири - цврста масажа, нежни допири, допир со пердув или свилена марама, нежно милување итн. Целта е да ги разбудите и острите сетила на бавен и интензивен начин, така што треба полека да се движите кон оргазам и да успорите доколку едниот од вас се приближи. Изведете го тоа на вистински начин и уживањето може да го продолжете и за неколку часа. - Помислете на дишењето ако почувствувате дека вашиот ум почнал да „шета“. Треба веднаш да се фокусирате на вашето дишење. Вдишете кога вашиот партнер издишува и обратно. Тоа може да помогне во подобрување на врската и интимноста меѓу партнерите и да ги задржите мислите на тоа што се случува. - Не се откажувајте -доколку не можете да издржите повеќе или помалку од дваесет минути пробајте од почеток. За тантричкиот

секс треба многу време и треба подолго време да се навикнете на оваа филозофија на секс бидејќи сите сме навикнати на „инстант секс“, а тоа значи дека очекуваме сексот да има јасен почеток, средина и крај. Со праксата може да напредувате и уживате во сексот без размислување за неговото завршување и ќе бидете во можност да го контролирате своето тело така што ќе ја одложите и зголемите силата на оргазмите.

63

- барате нешто ново во кревет, - сакате да бидете поинтимни со партнерот, - сакате да ја „разбудите“ врската со партнерот. Затоа ви препорачуваме неколку совети како треба најдобро да го изведете тантричкиот секс. Трикот е всушност во тоа да престанете да се фокусирате на оргазмот и наместо тоа да се фокусирате на уживање во предиграта, да ја направите сензуална и долга, пред конечно да се препуштите на „врвот“. Тоа, се разбира е полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи експертите велат дека треба да се користат различни методи за да се одложи оргазмот, вклучувајќи и медитација, контрола на дишење и масажа.


фитнес

ВЕЖБИ ЗА ПРЕДЕН МУСКУЛ (BICEPS) 1.1 СТОЕЧКИ ПРЕГИБ СО РАМНА ШИПКА Оваа е една од наједноставните, но и најпродуктивните вежби за бицепс. - Застануваме со стапалата паралелно во ширина на рамениците, ја земаме шипката со потфат (дланките се свртени нагоре).Фаќаме во ширина на рамениците и ја доведуваме шипката во почетна положба - да се допира на бутовите. Со умерено темпо ја подигаме шипката нагоре при што водиме сметка лактите да не се допираат во слабината и да бидат малку придвижени кон напред. Завршуваме во висина на брадата . * четири серии од 12 до15 повторувања (настојувајте при движењето на шипката да не го мрдате телото, туку движењето да биде исклучиво со рацете - подлактицата). * пауза помеѓу сериите: 40 до 45 секунди * дишење: при напор издишуваме - што значи издишуваме кога ја подигаме шипката нагоре. * резултат: активација на комплетниот преден мускул (бицепсот)

64 LIFE Ј У Н И

1.2 СЕДЕЧКИ ПРЕГИБ ЗА БИЦЕПС НА МАШИНА При оваа вежба повеќе работи долниот дел на бицепсот. Машината е таа која ни го дава правецот на движењето но, внимавајте на соодветен избор на тежината. Не ставајте премногу тежина за да можете да направите 12 до 15 повторувања. Високиот број на повторувања и кратките паузи од 40 до 45 секунди се тајната на успешниот тренинг за бицепс за жените. Напорот е при движењето нагоре, што значи тогаш издишуваме. Вежбањето на машина за некого претставува проблем бидејќи не се сите луѓе исти, со иста должина на коски и иста градба. Па затоа ќе ја изработиме и следната вежба.

Локација: Фитнес центар МАГНУС; демонстратор: Емилија Грујевска; .

координатори: Дејан Митровски-Урко и Милан Глигороски

Убави и привлечни раце заедно со МАГНУС Фитнес центарот Прашање: Како и колку пати неделно да ги вежбаме рацете? Одговор: Почетниците еднаш неделно со послаб интензитет, а редовните вежбачи два пати неделно со континуирано зголемување на интензитетот на тренингот. Рацете може да се вежбаат сами или во комбинација - грб со трицепс и гради со бицепс, но како и да ги вежбате потребно е да им посветиме соодветно внимание. Пред да започнеме со било каков тренинг 10 до 15 минути се загреваме на кардио машините и правиме истегнување или т.н. „stretching”. Постојат многу вежби за рацете но, МАГНУС тимот со своето искуство и знаење Ви ги препорачува следните:

1.3 СЕДЕЧКИ ПРЕГИБ ЗА БИЦЕПС СО ЕДНОРАЧЕН ТЕГ Постојат две варијанти на изведување на оваа вежба. Седечки прегиб за бицепс со потпрен грб и седечки прегиб за бицепс без потпирање. Ние ќе ја објасниме втората варијанта. Седнуваме на клупата со еднорачни тегови во рацете при што внимаваме на изборот на тежината. Наизменично ја подигнуваме едната, па другата рака со теговите и внимаваме на брзината на движење (не се работи брзо и експлозивно, туку споро со максимална концентрација). Во текот на движењето нагоре, правиме ротација на дланката кон внатре т.н. супинација, а при спуштање надолу, дланката ја ротираме кон надвор т.н. пронација. Додека ја изведувате оваа вежба внимавајте да не го клатите трупот. Четири серии по петнаесетина повторувања се доволни за да го завршиме тренингот за бицепс.


етото е на прагот, а тоа значи дека се ослободуваме од зимската облека со долги ракави и доколку не сме воделе доволно Л сметка за исхраната ќе се појават проблемите не само со масните наслаги на нозете, туку и на рацете. Жените кои знаат убаво и вкусно да се облечат, можат да ги прикријат овие недостатоци на рацете, но проблемот е голем кога треба да се оди на некоја прослава, а сакаме да облечеме фустан без ракави..... Што тогаш? Тогаш е видлив резултатот од недоволната физичка активност и лошата исхрана полна со маснотии. Масните наслаги се таложат на рамената, но најмногу на надлактицата (бицепсот и трицепсот). Но, не очајувајте, се` уште не е доцна да се фатите за работа и да им посветите внимание и на „нивното височество” рацете. Вежбањето на рацете не е привилегија само на мажите, тоа е предизвик и за жените. Мажите, од различни побуди и причини сакаат огромни раце; но, за разлика од нив жените треба да тежнеат кон убаво обликувани раце, со долги вретенасти мускули ослободени од вишокот на масни наслаги. Постојат многу предрасуди и причини поради кои жените стравуваат дека вежбањето на рацете резултира со големи мускули и нивно дополнително здебелување; што во пракса се потврдува дека е сосема неточно. „Виновникот” за убавите женски раце е големото ниво на хормонот естроген во женскиот организам, кој не дозволува појава на голема мускулна маса. Затоа не губете го вашето драгоцено време и не очајувајте, туку препуштете се на стручниот тим на Фитнес центарот МАГНУС и дозволете ни заедно со Вас да ги постигнеме саканите резултати.

фитнес

ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИОТ МУСКУЛ НА РАКАТА (TRICEPS) 2.1 ТРИЦЕПС ПОТИСОК НА ЛАТ МАШИНА Оваа вежба ја избираме за прва затоа што треба максимално да го загрееме трицепсот. Се работи на лат машина при што користиме специјално направен метален, крив адаптер за трицепс. Почнуваме со помала тежина со 15 повторувања. Движењето е само со подлактицата, од висината на вратот до целосно исправање на рацете при што издишуваме. Во втората серија ја зголемуваме тежината и повторно правиме 15 повторувања, а во третата и четвртата серија правиме 12 до 15 повторувања со максимална тежина. Паузата помеѓу сериите е од 45 секунди до една минута.

Вашиот МАГНУС тим

2.3 ФРАНЦУСКИ ПОТИСОК ОД ЧЕЛО СО КРИВА ШИПКА Вежбата се работи легната на клупа со таканаречена “Е-3” шипка или крива шипка. Легнуваме на грб и ја земаме шипката со тесен потфат. Движењето е од чело до исправени лактови нагоре. Напорот е при исправањето на тегот што значи при движењето нагоре издишуваме. Погрешно е што некои инструктори ги тераат вежбачите да ги собираат лактите што е можно повеќе што не е пожелно бидејќи секој човек веќе спомнавме претходно е граден различно и треба да се дозволи слободна форма на движењето. На овој начин се прават 4 серии со 12 до 15 повторувања и пауза помеѓу сериите од 45 секунди до 1 минута. Се надевамe дека ќе ги применувате нашите искуства во вашиот тренинг и ја очекуваме вашата соработка, a до тогаш Ви посакуваме многу успех.

65 LIFE Ј У Н И

2.2 СПУШТАЊЕ НА КЛУПА “DIPS” Ова е вежба која не може да ја изведе секоја жена, но тие што можат треба да ја вклучат во својата програма бидејќи е извонредно продуктивна. Поставуваме две клупи паралелно и со двете дланки свртени надолу и нанапред се потпираме на едната клупа, а нозете ги потпираме на другата. Од почетната положба со прави лакти настојуваме да се спуштиме што е можно подлабоко при што водиме сметка грбот да ни е што е можно поблиску до клупата. На овој начин правиме 3 серии со онолку повторувања колку што сме во можност да направиме, но да не се помалку од 8. Паузата помеѓу сериите е поголема од 1 минута бидејќи ни е потребно подолго време за одмор.


здрава исхрана

¢

АЛКОХОЛОТ - „САКАН НЕПРИЈАТЕЛ“

алкумина денес кај нас, па и во светот, не размислуваат за забрана на употребата M на алкохолот иако станува збор за дрога. Во

66 LIFE Ј У Н И

Душан Матиќ, дипломиран нутриционист

суштина алкохолот е деклариран како убиец и претставува една од најмногу легално користени дроги во светот кои често предизвикуваат зависност (алкохолизам). Статистиките покажуваат дека меѓу дрогите алкохолот само после цигарите е втор причинител за предвремено умирање. Само во САД се регистрираат преку 100.000 смртни случаеви годишно предизвикани од консумирање на алкохолот. Треба да нагласиме дека консумирање на алкохолот е опасно дури и во количини кои во моментот ги нарекуваме дека се „умерени“, а како и секоја друга дрога е уште поштетна за човековото здравје ако се консумира во поголеми количества. Се поставува прашање каде е границата меѓу „умерено“ и „неумерено“ користење на алкохолот? Познат е случајот на една возрасна особа на која и се намалил апетитот за храна и за да го подобри некој ја советувал пред секое јадење да консумира одредено количество алкохол. Интересен е податокот дека апетитот брзо и` се подобрил но човекот многу брзо станал хроничен алкохоличар. Иако таа особа никогаш во животот не консумирала алкохол, редовното пиење алкохол кај неа предизвикало зависност која може многу брзо да и` го уништи здравјето и животот.

Употребата на алкохолот особено кај младите многу често се надоврзува со употреба и на други опасни и штетни дроги. Повеќето луѓе се донекаде свесни за социјалните проблеми кои се предизвикани заради консумирањето на алкохолот. Тука спаѓаат : брачни проблеми, разводи, насилство во семејството, неквалитетно работење, отсуство од работа, проблеми со децата кои се оставени без родителски надзор, незаконит секс и други сериозни проблеми. Дури и голем број убиства и самоубиства директно се поврзани со употребата на алкохолни напитоци. Токму заради ова повеќе социјални аналитичари ги сметаат алкохолните напитоци за државен непријател број 1. Познато е дека во САД во минатото (во еден период) беше воведена т.н. „прохибиција“ (забрана на користење на алкохол) која за жал не ги спречи луѓето да пијат алкохол. Многумина кажуваат дека прохибицијата во САД претставуваше неуспешен експеримент, но најголемите авторитети од Здравствената заштита во САД во тоа време констатирале дека и покрај неуспехот на прохибицијата во тој период здравствените и општествените проблеми поврзани со употребата на алкохолот биле драстично намалени. За интензитетот на штетноста од алкохолот не е битен видот на алкохолот туку вкупното консумирано количество. Штетноста од труење со алкохол прво се одразува на желудникот и цревата. Алкохолот е значителна причина

за повеќе гастро-интестинални болести. Цирозата на црниот дроб е водечка причина за смртноста кај луѓето кај нас и во светот. 25.000 Американци годишно умираат од цироза и од другите хронични заболувања на црниот дроб. Проширување на големите вени на влезот во желудникот се јавува најчесто како последица од цироза на црниот џигер. Овие вени можат да крварат и ако пукнат можат да предизвикаат ненадејна смрт. Алкохолниот хепатитис (воспаление на црниот дроб) и панкреатитисот (воспаление на панкреасот) можат да прејдат во хронична фаза во која се чувствуваат големи болки заради кои е неопходно континуирано земање на лекови против болки. Појавата на гастритисот (воспаление на желудникот) и чир во желудникот често доведува до крварење заради фактот што алкохолот е една од најштетните супстанци за слузницата на желудникот која го штити од сопствените киселини. Алкохолот дури и во „мали количества“ го оштетува и ослабнува имунолошкиот систем. Лимфоцитите Б во тимусната жлезда ги создаваат антителата со кои организмот се бори со натрапниците (вируси и бактерии), а алкохолот за 2/3 го намалува производството на антителата со што се зголемува појавата на бактериски и вирусни инфекции. Исто се случува и со лимфоцитите Т (групи на бели крвни зрнца) кои директно би ги уништувале натрапниците во организмот. Штетните ефекти од алкохолот


Ризикот од појава на мозочен удар и тоа од двата вида: хеморагичен удар (крварење во и околу мозокот) и тромбоцитен шлог (предизвикан од појава на крвно згрутчување во капиларите на мозокот) е за два и пол пати поголема кај луѓе кои пијат само од 25 до 370 гр. алкохол месечно во однос на тие кои воопшто не пијат алкохол.

Кај хроничните алкохоличари и тие кај кои се појавило акутно труење со алкохол постои ризик од појава на пореметување на срцевиот ритам. Срцевите аритмии може да бидат благи или пак сериозни кога можат да предизвикаат изненадна смрт. Кардиомиопатија (болест на срцевиот мускул) е опасна состојба во која кога срцевиот мускул не работи доволно силно, па во белите дробови непотребно се насобира течност, а потоа и во другите делови на телото.

Ако нивото на триглицеридите (неутрални масти) е високо тоа доведува до појава на срцеви заболувања како и до панкреатитис, особено ако нивото на триглицеридите е особено високо. Еден од битните штетни ефекти од алкохолизмот кои можат да влијаат на продуктивноста како и на физичката способност на организмот е синдромот на хроничен замор. Остеопорозата е исто така поврзана со алкохололизмот како и гихтот (воспаление на глуждовите) кое може да предизвика и бубрежни проблеми. Поблаг ефект од алкохолот е во врска со одржувањето на телесната тежина. Треба да се знае дека 1 грам алкохол во организмот ослободува 7 килокалории, додека 1 грам јаглено-хидрати ослободуваат само 4 килокалории. Анемијата (мал број на црвени крвни зрнца) е многу честа кај алкохоличарите. Крвните плочки (тромбоцити) исто така се намалуваат што овозможува непотребно лесно крварење. Постојат многу повеќе проблеми кои се во врска со алкохолот меѓутоа и овие истражувања се доволни да укажат на голем опсег на штетни ефекти кои ги предизвикува алкохолот. Тажна работа со овие проблеми е што кога луѓето би го препознале алкохолот онаков каков што е тогаш би го избегнувале. Во тој случај оваа листа на штетни ефекти не би постоела. Многу информативни медиуми не се склони да известуваат за резултатите од истражувањата за штетноста на алкохолот. Една од

здрава исхрана

на појавата и ширењето на ракот се можеби потценети. Честата употреба на алкохолот кај луѓето го зголемува ризикот од појавата на рак во устата, грлото, влезот во желудникот, црниот дроб, дојката и ректумот (крајниот дел од дебелото црево). Покрај ракот и хроничните инфекции алкохолот може да го зголеми ризикот од појавата на воспаление на бели дробови и тубекулозата. Освен што алкохолот штетно влијае на цревниот и имунолошкиот систем постојат и други далекусежни и штетни споредни ефекти како што се: зголемен крвен притисок, мозочен удар, проблеми со срцето, зголемено ниво на триглицериди, пореметена сексуална функција, ниско ниво на шеќерот во крвта (хипогликемија), недостиг на повеќе витамини и минерали во организмот, хроничен замор, остеопороза, гихт, анемија, намален број на тромбоцити во крвта, зголемени менструални грчеви, зголемена телесна тежина и друго. Алкохолот влијае на зголемувањето на нивото на крвниот притисок а тоа многу често се случува кај жените. Со само 2 испиени алкохолни пијалоци дневно кај нив крвниот притисок се зголемува за 40 отсто. Освен жените на зголемувањето на крвниот притисок е почувствителна и возрасната популација после 65 год. од животот како и помладата популација. Препорака е за оние кои земаат лекови за крвен притисок воопшто да не консумираат алкохол дури ни во мали количества.

П&О: ДУШАН МАТИЌ ВИ ОДГОВАРА Дали е цвеклото добро за крвта или е тоа само мит ? Цвеклото претставува зеленчук кој има исклучително лековито својство познато многу одамна, особено од тогаш кога храната била единствениот лек против сите болести. Во текот на растењето и созревањето цвеклото од почвата ги апсорбира многу корисни минерали кои му се потребни на човековиот организам. Познато е дека цвеклото ја содржи оксалната киселина која е корисна за организмот само тогаш кога се консумира свежа (како салата). Кога цвеклото ќе се свари (најдобро кога се вари на пареа) тогаш оксалната киселина се претвора во соли, наречени оксалати. Оксалатите во големи количини се штетни за организмот бидејќи со калциумот создаваат нерастворно соединение наречено калциум оксалат кое може, а не мора да се наталожи во бубрезите и непотребно да создаде камен во бубрезите. Цвеклото содржи и силициум. Силициумот на планетата земја го има насекаде во големи количества, а го има и во месото, но организмот не може да го искористи. За да го искористи, силициумот мора да биде во един-

ствен сооднос со другите присутни минерали. Тој посакуван сооднос го поседува исклучиво цвеклото. Силициумот од цвеклото ги зајакнува врзивните ткива во човековото тело, кожата, ѕидовите на крвните садови и коските. Што е најважно силициумот ги отстранува непотребно насобраните штетни минерали од организмот, особено штетниот алуминиум од мозокот. Цвеклото ја содржи за организмот неопходната фолна киселина со чија помош се произведуваат хормоните како и допаминот и норадреналинот кои се грижат за човековото ментално задоволство. Неуробиолозите откриле дека без фолна киселина човековото чувство за среќа, оптимизмот и еуфоријата не би биле возможни. Значително поголеми количества на корисни материи кај цвеклото се наоѓаат во неговиот зелен лист отколку во коренот кој го консумираме. Во листот од цвеклото се наоѓаат скоро сите есенцијални амино киселини кои досега човекот не ги искористувал бидејќи не можел ниту со заби ниту со стомачниот сок да ја разбие клеткината структура. Впрочем воопшто не ги консумирал

листовите од цвеклото. Состојките од листот на цвеклото ќе бидат достапни за човекот само ако листот претходно се обработи во апаратот ВИТАМИКС кој го има на нашиот пазар. Апаратот е во состојба да ја разбие клеткината структура на листот во кој се наоѓаат состојките кои досега не беа достапни за човекот. Важно е да се каже дека свежото цвекло и листовите делуваат корисно алкално, додека вареното цвекло го закиселува организмот.

2

После ручекот обично ми се јаде нешто слатко. Што е најдобро да се јаде за желудникот и воопшто? Предизвиканиот рефлекс на глад за нешто благо по јадењето претставува трансформиран рефлекс на жед, особено кај тие луѓе кои се дехидрирани, одн. оние кои не пијат доволно вода. Тие луѓе обично посегнуваат по слатки кои го содржат рафинираниот бел шеќер (сахароза). Благото во храната без шеќер се наоѓа во овошјето, но овошјето како јаглено хидрат не треба да се консумира по јадењето туку пред јадењето. После ручекот може да се јаде некој специјалитет

во кој нема воопшто шеќер бидејќи тој непотребно го покачува нивото на шеќерот во крвта и непотребно го оптоварува панкреасот да лачи многу инсулин.

www.nutrivita.mk

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат на телефон: (02) 3230 777 и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

СИТЕ ЧИТАТЕЛИ НА LIFE КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА МУ ПОСТАВАТ ПРАШАЊА НА ОВАА ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА ТЕМА НА НАШИОТ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ДУШАН МАТИЌ, МОЖАТ ДА ИСПРАТАТ И-МЕЈЛ НА: LIFE.MAGAZIN@YAHOO.COM И ДА ОЧЕКУВААТ ОДГОВОР ВО НЕКОЕ ОД СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА НА LIFE

67 LIFE Ј У Н И

1


здрава исхрана LIFE Ј У Н И

68

причините за тоа би можело да биде тоа што токму тие многу консумираат алкохол. Тешко е да се пронајде особа која многу пие, а тоа и да го признае. Консумирањето на алкохолни пијалоци на глобално ниво доведува до една парадоксална состојба. Имено, Французите консумираат значително повеќе алкохол во однос на Американците, но тие имаат значително помалку срцеви заболувања (инфаркти) и мозочни удари во однос на Американците. Заради овој факт некои неинформирани Американци мислат дека ќе бидат поздрави ако пијат многу повеќе вино и други алкохолни пијалоци како што прават Французите. Научниците со детални истражувања го објасниле овој т.н. Француски парадокс. Тие установиле дека Французите имаат значително помалку случаеви на инфаркти, изливи на крв во мозокот и болести на крвните садови во однос на останатите не затоа што пијат многу вино, коњак и други алкохолни напитоци туку заради фактот што Французите како и останатите медитерански земји консумираат многу овошје и зеленчук во свежа и во термички обработена состојба и што не пијат многу млеко. Бидејќи Французите пијат многу вино со внимателно истражување е докажано дека виното содржи некои корисни состојки кои го штитат срцето. Виното не

содржи само алкохол како другите алкохолни напитоци туку во црвеното вино кое по грешка го викаме црно вино се наоѓаат состојки наречени флавоноиди. Утврдено е дека флавоноидите го спречуваат слепувањето на тромбоцитите во крвта. Тие во изобилство се наоѓаат во грозјето, сокот од црвеното грозје и во црвеното вино. Во црвеното вино и во сокот од

црвеното грозје има два клучни флавоноиди (кверцетин и рутин). Веројатно токму овие две состојки го намалуваат формирањето на крвни згрутчувања одн. ја намалуваат лепливоста на тромбоцитите. Флавоноидите особено кверцетинот кој се наоѓа во грозјето и во сокот од грозјето ги поседуваат и другите корисни особености одн. ја спречуваат оксидацијата на LDL холестеролот, делуваат како силен антиоксиданс, дури подобар од витаминот Е, го намалуваат собирањето на тромбоцитите и го

намалуваат ризикот од смртноста од срцевиот удар (инфаркт). Флавоноидите се наоѓаат и во некои други овошја (јаболките, црешите, јагодите, боровинките и грејпфрутот) , во зеленчуците (во кељот и кромидот), во зелениот чај како и во интегралните житарки. Во семките од црвеното и белото грозје се наоѓа уште една супстанца која го штити здравјето. Тоа е ресвератролот кој го намалува нивото на прекумерниот холестерол во крвта, го зголемува нивото на „добриот холестерол“ HDL и ја спречува штетната оксидација на „лошиот холестерол“ LDL. Алкохолот во виното не е состојка која е корисна за организмот. Корисните ефекти кои се припишуваат на виното треба да се припишат на грозјето. Ако црвеното вино го зголемува нивото на корисниот холестерол HDL, редовното вежбање и губење на прекумерните килограми го зголемуваат уште повеќе. Докажано е дека „модифицираната Француска исхрана“ е рецепт за добро здравје . Таа се состои од следното: 1. Јадете поголеми количини овошја и зеленчуци 2. Јадете помалку млечни производи и млеко 3. Заменете го виното кое го пијат Французите со консумирање на грозје и неферментиран сок од грозје. 4. Намалете ја потрошувачката на месо, помалку од нивото кое го користат Французите. ¿


69

LIFE Ј У Н И


здравје

ВАГИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ ВО БРЕМЕНОСТ

70

LIFE Ј У Н И

ременоста и раѓањето на детето се најубавите моменти во едно семејство. Иако Б бременоста е природен процес, понекогаш може да се искомлицира. За да се избегнат тие компликации, потребно е да се прават гинеколошки прегледи уште од самиот почеток на бременоста, или уште пред забременување, ако е бременоста планирана. Со ова би се предвиделе, избегнале или успешно излекувале било какви компликации. Вагиналните инфекции се многу честа појава во текот на една бременост. Причините за тоа се што во текот на бременоста е депримирана функцијата на Т- химфоцитите и е променета биолошката флора во породилниот канал. Инфекцијата може да се јави за време на бременоста, за време на пороѓајот или после него. Начините на ширење на инфекциите може да се јават континуирано или дисконтинуирано. Континуиран пат е ширење на инфекцијата или по асцедентен (нагорен) пат преку вагина, или по десцедентен (надолен) пат преку јајцеводите. Дисконтинуиран начин е ширење на инфекцијата преку крвта (хематогено) и преку лимфата (лимфогено). Во текот на бременоста во вагината е зголемен протокот на крвоток, па температурата на карличното дно се зголемува. Со тоа станува поволно тло за размножување на бактерии, а со тоа и за бактериски инфекции. Проблеми можат да се појават и од кандидата (гливици), која нормално е присутна во вагината, но во текот на бременоста побрзо се размножува и може да доведе до чешање, пецкање, болни сексуални односи... Уште една инфекција која е честа кај трудниците е инфекцијата на мочните патишта. За време на бременоста зголемено е лачењето на прогестерон, кој ја релаксира мазната мускулатура на бешиката и доаѓа до задржување на мокрачата и последователно до зголемено размножување на бактерии кои предивикуваат инфекција. Најчесто се појавуваат во Циститис (воспаление на мочната бешика), но ако инфекцијата не е навреме дијагностицирана и третирана може да настанат оштетувања на бубрезите. Затоа задолжително секоја трудница треба да прави анализа на мокрача (урина) иако не

чувствува никакви тегоби, а доколку наодот е позитивен се прави и уринокултура. Влијанието на инфекциите на плодот зависи од тоа во кој период во бременоста се јавуваат. Бременоста трае до 40 недели, сметајќи од првиот ден на последната менструација, што значи дека се сметаат и 2 недели додека се` уште не постои бременост. Ако инфекцијата се појавила во првите 12 недели настануваат ембриопатии (оштетувања на ембрионот), а кај потешки инфекции доаѓа до спонтан абортус. Вакво дејство имаат сите пиогени (гнојни) инфекции, токсопласмосис или листериосис, но и инфекции со Варичела и Кламидија. Фетопатии се оштетувања на плодот кои настануваат по 12-та недела, па се до пороѓајот. Во зависност од видот и степенот на инфекцијата може да се јават оштетувања на различни органи, застој во растот на плодот, смрт на плодот ИН УТЕРО), предвремено раѓање, но исто така не е исклучена и можноста да се роди сосема здраво новороденче без задоцнети последици. Инфекцијата во текот на бременоста може да помине и без никакво дејство врз плодот, кога станува збор само за инфекција на мајката, која не ја поминува и утероплацентарната бариера и не го зафаќа плодот. Едни од најзначајните инфекции во бременоста се опфатени со кратеницата ТОРЦХ. Т е кратенка за Токсопласма, О за Other -други (ѓи опфаќа хепатитис Б, заушките и трепонема палидум (сифилис),) Р за Рубеола; Ц за Цитомегаловирус и Х за Херпес Симплексвирус. Симптомите за овие инфекции се движат од неприметни до благо приметни (општа слабост, незнатно покачена температура, отоци на лимфни јазли или кожен осип, додека оштетувањата на плодот можат да бидат големи. Нивното дијагностицирање е преку земање на крв со специфични тестови. Бактериски инфекции кои почесто се јавуваат во текот на бременоста се Кламидија, Микоплазма и Уреаплазма, Стрептококус агалацтиае гр.Б (ГБС), Гарднерела Вагиналис и др. Најчесто се пренесуваат преку сексуални односи и ако се докажат со цервикални брисеви, треба да се даде антибиотиска терапија

ИСПРАВКА ОД ПРЕТХОДНИОТ БРОЈ За жал, ширум светот секоја втора минута една жена умира од цервикален карцином -ПРАВИЛНО За жал, ширум светот секоја втора минута една жена умира од CIS. - беше напишано во минатиот број

по антибиограм кај двата партнера, затоа што може да предизвикаат спонтан абортус и предвремено раѓање. Стрептококус агалацтиае гр.Б (ГБС) се наоѓа во урогениталниот тракт кај трудниците без никакви симптоми во околу 5-30% случаеви. Понекогаш може да предизвика воспаление на мочните патишта, а нејзиното присуство е статистички значајно поврзано со појава на покачена температура за време на пораѓај и инфекции на слузокожата на матката после пороѓај. Опасноста од овој тип на бактерија е пренесување на новороденчето во текот на пороѓајот, затоа што е предизвикувач на раните форми на неонатална сепса, која настанува до 5 дена по раѓањето. Смртноста кај новороденчињата во овие случаи е многу голема, и затоа е од голема важност испитување на ГБС со правење на вагинален и перинеален брис меѓу 35-37 недела од бременоста. Ако се докаже со микробиолошкиот брис неопходно е нејзино лекување, за да се спречи преоѓање на бакртеријата на плодот. За превенција од вагиналните инфекции во текот на бременоста многу е битна антенаталната заштита. Задолжително е правење на микробиолошки брисеви меѓу 12-14 гестациска недела и 35-37 недела, а по потреба и почесто. Освен прегледите на трудниците на ултразвук, потребни се и вагинални прегледи, коишто не се штетни по исходот на бременоста. Тие се битни за проценување на состојбата на цервиксот, затоа што од вагиналните инфекции може да дојде до негово размекнување, што доведува до абортус и предвемено раѓање. Важни совети што треба да ги знае секоја трудница за избегнување на вагиналните инфекции се: зајакнување на имунолошкиот систем, избегнување на контакт со луѓе заболени од различни инфекции, пиење на разни течности, одржување на интимната хигиена, посебна хигиена во кујна, разновидност во исхраната, користење на средства со прилагоден ПХ фактор, туширање, а не лежење во када, одмор и редовен сон. ¿


здравје

Д-р Нада Настеска, Доктор медицина и Доктор на традиционална медицина

егендите се дел од човековата историја, дел Л од традицијата на одделни култури и многу често содржат чуда што навистина се случиле. Кинеските легенди раскажуваат за Црвениот Император и Жолтиот Цар. Првиот со тело на човек и глава на бик поседувал волшебна моќ да ги распознава растенијата, да го открие нивниот ефект и да открие дали се лековити или отровни. Неговата нечовечка форма му овозможувала да ги проба сите растенија, да ги неутрализира отровите, но дошол и денот кога отровот ја совладал вештината. Црвениот император ја добил титулата Божествен Фармер и се смета за татко на хербалната медицина. Жолтиот Цар пак, се смета за татко на интерната медицина и акупунктурата, а во својот канон ги опишувал болестите и нивното лекување. Почетоците на акупунктурата се поврзуваат со воинот кој бил погоден со стрела во раката. Стрелата била извадена, раната зацелила, а воинот се спасил од главоболките кои долго го мачеле. Ова ги поттикнало лекарите да го бараат ефектот предизвикан од точките кои ги боцкаат. Во кинеските музеи и денес се чуваат камените игли, кои низ вековите биле заменети со игли направени од коска, па потоа од бронза и на крајот со челични игли. Должноста на босоногите кинески доктори била да ги научат луѓето како да се грижат за своето здравје и да бидат во добра форма за работа и многу повеќе внимавале на превенција отколку на лекување. Акупунктуристите биле платени од селаните и фондовите за народно здравје. Пишани и прераскажани приказни зборуваат за еден чуден обичај кој настанал во старите времиња. Имено, доколку на докторот му починал пациент, тој морал да закачи фенер на тремот на куќата со што ја објавувал смртта на пациентот. Според бројот на фенери секој имал претстава какви се докторските способности. Од бројот

на фенерите зависело дали на докторот ќе му биде прекинато исплаќањето или ќе биде протеран од селото. Во древна Кина луѓето оделе кај акупунктурист не само да се лекуваат, туку и на терапија за добро здравје. Едно од основните начела на Традиционалната кинеска медицина е теоријата на Јин и Јанг. Сите нешта и појави во себе содржат барем малку спротивност чинејќи притоа сепак складна целина. Човековото тело е сложена игра на спротивности кои треба да се одржат во рамнотежа. Виталната енергија Љи кружи низ телото, но не може да се измери и да се види. Кинезите ја споредуваат со ветрот кого исто така никој не го видел, но ефектот од неговото постоење е треперењето на листовите. Какво ќе биде здравјето на човекот зависи од односот на енергијата во Јин и Јанг органите. Според Кинескиот пристап кон човекот и болеста, лекувањето на иста болест кај различни пациенти е секогаш различно. Колкава е разликата во кинескиот пристап и пристапот на Западната медицина се гледа од овој пример: Кај двајца пациенти според Западната медицина дијагностициран е чир на желудникот и најчесто тие добиваат иста терапија и еднаков диететски режим. Пациентите се прегледани според принципот на Традиционалната медицина . Едниот е слаб, со црвени образи, немирен и нервозен, јазикот му е црвен, без наслага а пулсот забрзан. Другиот пациент е хронично уморен, тивок, мирен , јазикот блед, пулсот слаб. Со тоа според кинеската традиционална медицина се работи за два потполно различни случаи и потребна е различна терапија. Кај првиот се работи за дефицит на Јин, а кај другиот за дефицит на Јанг. Со право или не, докторите по традиционална медицина во Кина честопати велат: Кинеската медицина го лекува човекот, а Западната медицина ја лекува дијагнозата. ¿

71 LIFE Ј У Н И

ЛЕГЕНДИ ЗА АКУПУНКТУРАТА


козметика

Виртуелна МЕЗОТЕРАПИЈА (без игла)

езотерапијата претставува врвна метода на аплицирање на мали количини активни состојки во мезодермот, средниот слој М на кожата на лице или тело, со цел на решавање на различни естетски

72 LIFE Ј У Н И

проблеми. Целосно безбедна и многу ефикасна, оваа техника е развиена во 50-тите години и најпрво се изведувала со игла. Развојот на технологијата и подобрување на успешноста на самиот метод сега ја иновираше Францускиот институт „BEAUTE ACCESSOIRES Paris“ во соработка со напредната медицинска лабораторија за мезотерапија „Dermclar“ од Барселона. Специфичните „Dermclar“ коктели за трансдермална терапија се специјално адаптирани да ја овозможат пенетрацијата на активните состојки со помош на апаратот за Виртуелна Мезотерапија, на многу комфорен и релаксиран начин при тоа обезбедувајќи фасцинантни резултати. Естетските проблеми кои се третираат со оваа врвна метода се: подмладување на кожата, длабока хидратација и ревитализација, лифтинг на кожа и намалување на брчките, решавање на проблеми со пигментации на кожата, лечење на акни, третмани за осетлива и куперозна кожа, затегнување на кожата на стомакот, бутините, рацете и подбрадокот, обликување на тело, топење на локални масни наслаги, длабински справување со сите типови на целулит. Карактеристики на апаратот: ДВОЈНА СИЛА за ДВОЕН ЕФЕКТ Апаратот користи комбинација на електропорација со ултразвук со јачина 1MHz што вклучува симултана примена на ултразвучните бранови

со електротерапевтски импулси кои значајно jа подобруваат ефикасноста на третманите за мезотерапија. ЕЛЕКТРОПОРАЦИЈА e релативно нов метод со научна основа и се дефинира како структурна прераспределба на двојниот липиден слој од кој е изградена мембраната на сите клетки под дејство на електричниот пулс. Двојниот липиден слој под дејство на електричниот пулс зазема таква позиција што се создаваат микро пори кои овозможуваат продирање на активните состојки во внатрешноста на сите клетки. На тој начин низ мембраните поминуваат лековитите состојки од ампулите и коктелите за мезотерапија, давајки инстантни резултати по третманот. СОНОФОРЕЗА е терапевтски третман во кој се користат ултразвучните бранови за поттикнување на микровибрација на клетките и продирање на активите состојки со помош на ултразвук. Комбинацијата од електропорација и сонофореза допринесува до подлабоко продирање на активните состојки во клетките на кожата како и до многу поголемо дејство кое не е случај со третманите на мезотерапија со игла. За повеќе информации во врска со мезотерапија услугите, како и цените и пакетите за мезотерапија, контактирајте не` на 02/3230.130 секој работен ден 11.00-20.30ч. и сабота 09.00-16.30ч. ¿ Auriege Institute, ДЕРМАБЈУТИ Христо Смирненски 54, (нас.Центар - Радио Бран, пред фабрика Треска) Скопје www.dermabeauty.com.mk www.auriege.com


73

LIFE Ј У Н И

галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


брзина

ВОЗЕВМЕ ТОЈОТА РАВ4, 2,2 Д-4Д

¢ Александар Табаковски

Димитар Вандовски

ДО МОНАКО И НАЗАД ОТКАКО ПРЕД 17 ГОДИНИ ЈА КРЕИРАШЕ КЛАСАТА НА ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ СПОРТСКО-КОРИСНИ ВОЗИЛА, НАРЕКУВАЈЌИ ГО САМОСТОЈНО КАКО „РЕКРЕАТИВНО АКТИВЕН АВТОМОБИЛ“, ТОЈОТА МОРА И НАТАМУ ДА ВНИМАВА ДА ЈА ШТИТИ СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА НА РЕПЕР. ДЕНЕС СИТЕ ИМААТ ТАКВИ ВОЗИЛА ВО ПОНУДАТА, ПА ПРВ СО КОГО САКААТ ДА СЕ СПОРЕДАТ Е ТОКМУ „СПИРИТУАЛНИОТ ЛИДЕР“ НА ОВОЈ СЕГМЕНТ. НАШЕТО ПРОБНО ВОЗЕЊЕ ОВОЈ ПАТ БЕШЕ ПОИНАКВО ОД ВООБИЧАЕНО, САКАВМЕ НАВИСТИНА ДА СЕ РЕКРЕИРАМЕ, ПА ПОМИНАВМЕ ОТПРИЛИКА ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ КИЛОМЕТРИ – ДО МОНАКО И НАЗАД!

74 LIFE Ј У Н И

а се биде репер е прилично неблагодарна позиција бидејќи постојано си споредуД ван и посочуван како пример за нештата, кога во позитивна, кога во негативна контекстуалност. Но, токму во тоа е предизвикот некој да се одржи на врвот. Тојота своевремено го револуционаризираше сегментот со иновирањето на РАВ 4, но сега иако се чини дека е во дефанзивна позиција за да го брани водството, повторно преоѓа во напад со лансирањето на новата генерација која што треба да се соочи со „новите клинци“. Првиот впечаток е дека надворешноста воошто не е типична за јапонските автомобили,

на кои често токму дизајнерските забелешки им се меѓу најспоменуваните. Напротив, таа е моќна и модерна. Нејзината корпулентност повеќе им прилега на германските конструктори. Да не се подигнати во висина, предната хауба и маската би можеле комотно да „пројдат“ како лимузинско издание, но хромираните додатоци присутни на пробното возило од страните, под задницата и додаденото резервно тркало значително ја менуваат перцепцијата за него. За разлика од порано кога беа присутни верзии со три и пет врати, сега не е оставен простор за компромис и целиот фокус е на моделот кој што делува „машки“, но

не во мачо смисла, туку повеќе како неофицијален деловен костум: елегантно и строго, а надополнето со 17-инчните тркала, воедно и спортски. Внатрешноста го следи стилот, па веројатно и не треба да биде чудно што на пакетот опрема од тестираниот модел е именуван како „executive“. Исклучително пријатни, комфорни и ергономски се седиштата кои се штелуваат по висина, но според мене најдобриот момент е што тие не го заморуваат телото на возачот при долг пат, како што во случајов беше делницата од некои 1800 километри во еден правец. Но, додека за предните


брзина ЛУДО МЕСТО ЗА ТРКИ Со возилото на тест имав можност да ја минам патеката во должина од 3,34 километри. Иако Тојота РАВ 4 не е класичен спортски автомобил добро се снајде на предизвиците низ тесните градски улици. Историјата памети дека во Монако имало два случаја кога возачите излетувале во море со своите болиди, но за среќа тоа не завршило со трагични последици. Трките сепак не минале без жртви, еден возач (Луиџи Бандини со Ферари во 1961), но и еден редар. Денес возачите се многу повеќе свесни дека болидите на Формула 1 тешко се снаоѓаат на вакви патеки, особено каде што блиските ѕидови ја казнуваат секоја грешка и бараат максимална концентрација, без оглед дали сте првопласиран или на опашката.

да бидат такви автомобили, имаат концепт со две седишта назад. Би можело и лексички да се мери дали спортски упатува само на перформансите, или пак и како неофицијален стил на облекување и креирање на имиџот. Оттука, финоста на употребените материјали, а без употреба на кожа, делува како совршено решение. Во своите промотивни материјали Тојота го користи терминот „редефинирана рекреација“ упатувајќи на промените направени во безбедноста и перформансите,

не отстапувајќи од сопствената зацртана визија. Зголемената моќ се рефлектира низ селекцијата на моторите кои ги има два во понудата, но со различна испорака на силата. Еден бензинец од 2,0 литри со 158 коњски сили кој што се нуди со шест-степен мануелен пренос или со Мултидрајв трансмисија, како и еден дизел мотор од 2,2 литри кој што е достапен со 150 или 177 коњски сили, исто така со рачен или автоматски менувач. Пробното возило беше со 150 коњски сили и шес степена мануелна трансмисија, кое што од страна

75 LIFE Ј У Н И

немам лош збор, задната клупа е сегментирана со две комотни седишта и едно малечко на средина кое е едвај една третина од нив, па неговата најдобра функција е да биде превртено како потпирач за рака. Иако ова не е нов изум, лично сметам дека во класата каде што спаѓа РАВ 4, како и универзалната намена за која се користи, петтото седиште е неопходно, а со тоа и уште поголема комоција на задната клупа. Меѓутоа, тоа може да се разбере и низ призмата дека РАВ4 има спортски жички во себе, а речиси сите оние кои претендираат


брзина на производителот е најавено со најмала потрошувача од само 5,2 литри дизел на 100 километри возење на отворен пат. Фабриката декларира и забрзување од 10,2 секунди за 0-100 км/ч, со крајна брзина од 190 километри на час. Употребена е Валвематик технологија со која се сугерира подобрен тајминг на вентилите и нивно подигање, со што се подобрува моќноста преку зголемување на ефикасноста на горивото. За време на патувањето кое што доминатно се одвиваше на авто –пат и со поголема брзина од онаа употребена за фабричките мерења, потрошувачката варираше меѓу 7,5 и 9 литри на идентична дистанца. Моторот беше повеќе од убедлив, и во поглед на забрзувањата и во поглед на еластичноста која ја бара возењето низ различни услови, особено во највисоките степени на пренос, па тоа мора да се истакне како силна и позитивна страна. Единствена забелешка на погонот може да се најде ако со внимателно читање на фабричките податоци се заклучи дека во градско возење емисијата на јаглерод двооксид е 197 грама на еден километар, што е речиси двојно повеќе од она

што современите мали автомобили + го имаат како штетна емисија, и каде Одлични возни својства и комоКомоција за тројца патници назад што Тојота е еден од светските лидеција напред ри во борбата за почиста животна Исклучително ниска Висока стартна цена средина. За утеха, се сугерира дека потрошувачка таа е најдобра во класата и дека се го направи попријатно бидејќи дождот ни намалува со Валвематик технологијата. беше чест сопатник на авто –патот, па на такво Сосема спротивно, на страна на безбедзаморно патување беше повеќе од потребно носта со интегрираниот систем за контрола да се потпре на овие безбедносни технологии. на управувањето РАВ4 ги собира ловориките. Уживањето во лимузинското возење, Сензорите ги мониторираат условите на патот, надополнето со зголемената стабилност и па испраќа податоци до системот кој што агилност која ја нуди возило со погон на сите реагира брзо на потенцијалните проблеми тркала, претставува убав спомен за секое преку контрола на вртежниот момент, пренос патување. РАВ4 можеби не е толку револуна силата на предните или на задните тркала, ционерен колку што некогаш бил, но Тојота електричниот серво волан и контролата на се потрудила да го одржи на врвот овозможустабилноста на возилото. Во пакет доаѓаат вајќи му одлични возни својства и давајќи му и системите за асистенција на нагорнина и стрмнина. Дел од нив не се во основниот пакет робусност и агилност во исто време. Можеби некои можат да се пофалат со поедини пона опрема, каде што има седум воздушни стигнувања, но во конкретниов случај целиот перничиња, систем против блокирање на трпакет останува лидерски, иако за него треба калата, систем против пролизгување и систем да се плати нешто повеќе од останатите, но за дистрибуција на силата на сопирачките. Тестираниот модел ја имаше и дополнителната кога е во прашање Тојота, тоа и не е баш нова опрема опишана претходно, која што возењето вест, квалитетот отсекогаш држел цена. ¿

76 LIFE Ј У Н И

КОЛЕКЦИЈАТА НА ПРИНЦОТ ВО МУЗЕЈ Преку 100 класични возила се изложени во Музејот лоциран на Терасе де Фонвјел, како дел од колекцијата на сега починатиот Принц Рение трети. Иронично, човекот кој беше заљубен во автомобилите, ја загуби својата сопруга, американската актерка Грејс Кели, во сообраќајна несреќа.

Дополнително, во колекцијата има уште неколку болиди од победниците кои славеле тука во различни авто-мото дисциплини, рели или Формула 1. Влезницата за музејот чини шест евра, а отворена е секој ден освен за време на Божикните празници. Дел од колекцијата понекогаш се изложува и на големите автомобилски саеми како оној во Париз.


СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ –

брзина

¢ Мирослав Николовски НОВАТА ЅВЕЗДА НА Ф-1 ЦИРКУСОТ

ебастијан Фетел е најнов идол на Германците и вистинска замена за ѕвезС дата во заминување Михаел Шумахер. Тој е роден во 1987 година во Хепенхајм како прво машко дете по двете постари сестри и токму поради тоа бил многу разгален. Себастијан денес признава дека бил толку лош ученик што својата иднина ја гледал исклучиво како наследник на еден од своите три идоли со исто име Мајкл (Michael). Осумгодишникот мечтаеше да ја достигне славата на Мајкл Џордан, на Мајкл Џексон или пак на Михаел Шумахер. Најнапред се обидел со пеење и бргу се откажал. Во 1995 година започнал да се трка со картинзи што беше вистински погодок за него. Во наредните години од картинг се префрли на пософистицирани тркачки возила, а вистински бум и најава за иден светски шампион направи во Формула БМВ во 2005 година, кога само на 18 години победи во 18 од 20 одржани трки. Една година подоцна влезе во Ф-1 циркусот. Стана член на БМВ Саубер тимот како трет возач и ги изненади сите кога постави најбрзо време на петочното тест возење на Хунгароринг. Сепак додека некому не му се стемни, на друг не му светнува. Така неговата иднина во Ф-1 започна со овредтаа на Роберт Кубица на Големата награда на Канада, по која не беше во состојба да настапи на Ф-1 трката во САД. Себастијан Фетел тогаш за прв пат официјално се натпреваруваше и го започна неговиот богат низ на рекорди во Формула 1. Со 19 години и 349 дена стана најмлад возач кој освоил бодови во Ф-1 шампионатот. Во 2007 година на стадионот Вембли се

одржа Трка на шампионите. Дваесет годишниот Фетел и 38 годишниот Михаел Шумахер, неговиот идол од детството, го сочинуваа тимот на Германија. Стариот шампион и идниот шампион на Ф-1 во тандем победија на шампионатот. Во Ф-1 победничката ѕвезда ја најави како член на Скудерија Торо Росо со триумф во Монца на големата награда на Италија и тогаш весниците скромно го најавија како нов германски идол нарекувајки го Бејби Шуми. Прекарот „Бебе Шумахер“ и му прилега бидејки сите рекорди кои ги направи во

дови пред Марк Вебер возачот на истиот тим Ред Бул Рено, и дури 15 бодови пред Фетел. Непишано правило во еден тим отсекогаш било да му се даде предност на оној возач во тимот кој има повеќе шанси за титулата. Според него Фетел требаше да му помогне на Вебер да го помине Алонсо. Но, младиот возач не признаваше калкулации. Најави: Одам на победа во двете трки и во освојување на порвенството. Победи во Бразил и во Абу Даби и на возраст од 23 години и 133 дена стана најмладиот возач победник на Ф-1 шамионатот.

Формула 1 го носат предзнакот најмлад. Фетел во досегашната историја на овој спорт стана најмладиот возач што освоил бод во Ф-1, што освоил пол позиција, што бил лидер на трка, што победил на Гран при трка и конечно најмлад светски првак во формула 1. Пред него најмлад шампион во формула 1 беше Луис Хамилтон со 23 години и 301 ден. Во 2010 година се укажа можност Фетел да го надмине Хамилтон. Во пресрет на последните две трки во Бразил и Абу Даби, Фернандо Алонсо со Ферари беше во предност од 8 бо-

Шампионот е роден. И не само за едно лето. Фетел најави доминација со своето Ред Бул Рено и во оваа година. Од шест одржани трки Фетел победи на пет. Во Австралија, Малезија, Турција, Шпанија и конечно во Монако. Барем досега пет победи обично биле доволни за титула, а шампионатот само што започна. Фетел живее во Швајцарија со својот помлад брат, а друштво му прави веќе три години, девојката Хана Пратер, првата симпатија уште од училишната клупа. ¿

77 LIFE Ј У Н И

ПРЕКАРОТ „БЕБЕ ШУМАХЕР“ ОПРАВДАН БИДЕЈЌИ ОВА МОМЧЕ СИТЕ РЕКОРДИ КОИ ГИ НАПРАВИ ВО ФОРМУЛА 1 ГО НОСАТ ПРЕДЗНАКОТ НАЈМЛАД. ФЕТЕЛ ВО ДОСЕГАШНАТА ИСТОРИЈА НА ОВОЈ СПОРТ СТАНА НАЈМЛАДИОТ ВОЗАЧ ШТО ОСВОИЛ БОД ВО Ф-1, ШТО ОСВОИЛ ПОЛ ПОЗИЦИЈА, ШТО БИЛ ЛИДЕР НА ТРКА, ШТО ПОБЕДИЛ НА ГРАН ПРИ ТРКА И КОНЕЧНО НАЈМЛАД СВЕТСКИ ПРВАК ВО ФОРМУЛА 1


технологија

ИНВАЗИЈА НА „ЛИЗГАЧКИТЕ ЛАПТОПИ“ По последната, голема инвазија од страна на таблет-компјутерите, кои станаа омилена играчка на огромен број корисници низ светот, забелешките беа дека, и покрај нивната едноставност и голема функционалност, сепак таблетите не можат да им конкурираат на лаптоп компјутерите. Ги немаат сите функционалности, тешко е да се отчука поголем текст, итн. Поради тоа, последниов месец производителите на лаптопи исфрлија „нешто помеѓу“, односно лаптоп компјутери со лизгачка тастатура и екран на допир – што значи „две во едно“ концепт. Идејата е за поздравување, останува да видиме што доаѓа следно .

Asus EEE Pad Slider Asus EEE Pad Slider користи понапредна верѕија на Android 2.2 OS, 1GHz Nvidia Tegra дуал-кор процесор, екран на допир, 1.2 мегапиксели предна камера и 5 мегапиксели за главната камера, и има целосен пристап до Android пазарот за апликации.

Dell Inspiron Duo Dell Inspiron Duo нема класичен екран на лизгање, туку неговиот екран се превртува за да се „претвори“ во таблет-компјутер. Има послаби перформанси од другите конкуренти во категоријата, но од друга страна е одлично изработен, со пространа тастатура и квалитетен екран.

78

LIFE Ј У Н И

HTC Flyer Само уште HTC недостасуваше во трката на таблет-компјутерите, па конечно решија да се приклучат и да ги направат работите поинтересни. Таблетот именуван Flyer ги обединува сите позитивни искуства на овој производител на полето на умните телефони, а доаѓа спакуван со т.н. магично пенкало со кое можете да ја изразите креативноста. Првенецот на HTC има алуминиумска обвивка и добри перформанси: 1.5 GHz процесор, камера од 5 мегапиксели (нема предна камера), Android 2.4. OS и еден тон Android апликации. Ветува дека ќе биде сериозен конкурент, а можеби и еден од најдобрите таблети на пазарот.

Samsung TX100 Уште еден конкурент во оваа категорија е Samsung TX100, кој има многу сличен дизајн како оној на Asus. Работи на верзија на Windows 7 која е адаптирана за екранот на допир, а има пре-инсталираноо 31 апликација со икони кои одговараат на големината на палецот.


Се работи за првиот HTC телефон со дуал-кор 1.2 GHz Snapdragon процесор, што значи многу подобри перформанси од неговиот претходник, фамозниот HTC Desire, побрзо сурфање и снимање на HD видео од 1080p со камерата од 8 мегапиксели... Sensation работи на Андроид 2.3.3 оперативен систем и на 4G мрежа, има одличен (и огромен) qHD екран и хај фај аудио – за да може да се изгледа и цел филм и максимално да се ужива во игрите.

технологија

HTC Sensation

Nokia X7

TOTAL WAR: SHOGUN 2

(PC, Xbox 360, PS3)

(PC)

Доколку сакате вистинска акција, ви ја препорачуваме оваа тактичка, тимска пукачка игра. Дејството се одвива во Таџикистан, а главната цел е да преживеете, и секако, да убиете што повеќе лоши момци. Графиката е одлична, целата атмосфера делува сосема реално, а мисиите и кампањите се мајсторски осмислени. Минус е што АИ играчите не се доволно „свесни“ за дејствието и „агилни“, па тоа го расипува општиот впечаток.

Доколку сте заробени во светот на стратегиите, а уште повеќе – ако сте имале прилика да играте некоја од фамозните Total War, а најмногу доколку тие ви се допаднале – не пропуштајте да ја пробате Total War: Shogun 2. Дејството се случува во древната Јапонија, исто како и во првото продолжение Total War: Shogun, а задачата е едноставна: гради структури, собирај војска, води војна.

79

OPERATION FLASHPOINT: RED RIVER

LIFE Ј У Н И

Nokia го најави новиот играч на пазарот, наречен X7. Овој телефон работи на последната верзија на Symbian OS, наречена едноставно Anna, со која Symbian се` уште се труди да им конкурира на Apple и Android, внесувајќи промени и подобрувања во однос на претходната верзија. Направен е од челик, со стаклен екран и наликува на најверојатно главниот конкурент – Sony Ericsson Xperia Arc. Останатите каратеристики се следниве: одлична камера (како и секогаш кај Nokia) – 8 мегапиксели, блиц, HD видео снимање од 720p, интегрирани facebook и twitter и пристап до апликациите во OVI продавницата... Доколку сте фан на Nokia, дефинитивно ќе го сакате X7!


спорт

¢ Патриција Костовска

ЗГОДНИ МОМЦИ ВО ОПАСНА ВАТЕРПОЛО ИГРА

ВО 2007 ГОДИНА ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТУРНИР „JACKERSON" ВО ПРАГА. ПОБЕДИЈА И НА „DIANA“ ТУРНИРОТ ВО СОФИЈА. ПРЕД САМО ТРИ МЕСЕЦИ СЕ ВРАТИЈА СО ПРВО МЕСТО ВО Б ЛИГАТА ВО СРБИЈА. ТОА СЕ МОМЦИТЕ ОД ВАТЕРПОЛО КЛУБОТ „РАБОТНИЧКИ“. EДИНСТВЕНАТА СЕНИОРСКА ЕКИПА КОЈА ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

80

LIFE Ј У Н И

имитар Стојчев, ватерполист и Бојан Јаневски ,голман од клубот „Работнички“, Д својата спортска кариера ја започнале пред седум години. Прво тренирале пливање, за потоа да преминат на ватерполо. Овој спорт им бил позабавен , бидејќи комбинира елементи од ракомет и пливање. „Првпат ме однесе татко ми на базенот „Карпош“, бидејќи имав проблеми со држењето на р’бетниот столб. Прво започнав со пливање во клубот „Вардар “, а потоа се префрлив

на ватерполо. Откако научив да пливам, сакав да научам и ватерполо, бидејќи секое дете сака да игра со топка и ми беше поинтересно, такашто го засакав овој спорт“ вели Стојчев. Јаневски ни раскажа како од ватерполист станал голман. Тој можеби ја има најважната и најтешката улога, бидејќи претставува дури 50 проценти од екипата. „И јас почнав со пливање кај братучед на татко ми, во „Карпош“ базенот. После два месеци се префрлив на ватерполо, бидејќи ми беше

поинтересно, не е толку монотоно. Бев играч две години, не напредував како останатите и затоа станав голман. Се` има своја тешкотија. Напаѓачите треба поинаку да мислат, кој каде да се намести, а голманот треба да ја одбрани топката и по потреба да излезе надвор од голот за да и’ помогне на екипата“. Екипата е составена од четиринаесет ватерполо играчи, од кои најстариот е роден 1990 година, а најмладиот 1995. Во овој спорт активно може да се игра максимум до триесет


ПЕХАРИТЕ НА СЕНИОРИТЕ И ЈУНИОРИТЕ НА ВК РАБОТНИЧКИ

пред натпреварите, зашто ако имаме напорни нема да може да ги издржиме“ вели Стојчев.

спорт

ПРАВИЛА НА ИГРА Прво правило е дека само со една рака се фаќа топката. Единствено, голманот може со две раце, но во неговиот простор. Нема фаул додека не ја пуштиш топката. Поточно, ако ја држиш топката и те дават, нема фаул. Играта не дозволува да ја потопиш топката под вода. Има пенал исто како во фудбалот и се шутира на пет метри пред гол. Вкупно тринаесет играчи може да играат на еден натпревар. Во вода се седум (еден од нив е голман), а на клупа се замените. Се игра во четири четвртини, кои траат по седум за младите и осум минути за постарите од 16 години. Целта на играта е да се постигнат повеќе погодоци во гол. Потребна спортска опрема за тренирање на ватерполо се костими за капење и ватерполо капи кои ги бранат ушите од удари. Најчесто „Работнички“ е дефанзивна екипа, па потешко даваат голови. Но, сите играат и напад и одбрана. Кога станува збор за одмор ватерполистите имаат само по 15 дена слободни во летниот период и од седум до десет дена во зимскиот период. Честото патување и напорните тренинзи им предизвикуваат поголеми тешкотии во учењето и приватниот живот. „Учењето се трудиме да ни е секогаш на прво место, ако имаш желба и ќе научиш и ќе тренираш. А, за приватниот живот мора да се прават жртви, некогаш се откажуваме од излегувања“ вели Стојчев. На светското првенство во ватерполо кое беше одржано во Рим пред две години, Македонија првпат зема учество со репрезен-

воедно бевме и најмладите учесници на првенството. Се натпреварувавме против Америка и Казакстан. Мислам дека пет или шест натпревари одигравме“ рече Димитар. Како екипа, освен на професионален план и приватно се многу добри другари. Другаруваат долго време околу три, четири години. Бидејќи, често патуваат имаат можност да другаруваат и со екипите од други земји. По натпревар, доколку победат, вечерта сите излегуваат за да се забавуваат. Кога имаат слободно време играат кошарка и фудбал. Омилен ватерполист на Бојан му е Денис Шевид , а на Димитар, Митко Бошковиќ. ¿

БОЈАН ЈАНЕВСКИ И ДИМИТАР СТОЈЧЕВ

81 LIFE Ј У Н И

и седум години. Владимир Латковиќ е нивниот тренер за ватерполо, а за физичка подготвеност е легендарниот селектор на пливачите, Димитрија Поповски-Шкипер. Засега имаат двајца тренери, меѓутоа во другите земји има по три или повеќе, за да можат да им се посветат на играчите, а воедно има и тренер само за голманот. За да функционира тимскиот клуб треба да има соработка меѓу ватерполистите и тренерот. „Добро е да се има комуникација меѓу тренерот и играчите. Доколку тренерот бара само едно и тоа да е последно, тогаш тоа не е добро. Затоа, ние се обидуваме да му кажеме што нам ни одговара, бидејќи, сепак ние играме. Ги почитува нашите идеи, но и ние некогаш не сме во право“ изјави голманот на „Работнички“. Секој ден тренираат на Олимпискиот базен по час и половина или два часа, а по потреба и два пати дневно. Прво се загреваат со пливање, а потоа работат на техники со топка. Вообичаено еднаш неделно одат и во вежбалница. „Пред натпревар најчесто имаме тактички тренинзи. Понекогаш имаме поинтензивни, како пред некој турнир или пред лигата да ни започне. Поточно, секој викенд се игра по еден натпревар. Но, имаме поопуштени тренинзи

тацијата на клубот „Работнички“. Од вкупно шеснаесет екипи, македонските ватерполисти се најдоа на четиринаесетото место. „Па, имавме трема на светското првенство. Гризевме нокти на клупа. Влеговме малку за да покажеме што знаеме. Тогаш јас бев како појачување на сениорската македонска репрезентација. Седев во резервни играчи и кога му требаше одмор на некој од нашите играчи, јас го заменував. Само тројца бевме замена, но


ако мене ме прашате... филм

ТРОН: НАСЛЕДСТВОТО

82 LIFE Ј У Н И

ога во 1982 година се појави филмот “Трон” во режија на Стивен Лајсбергер, една цела генерација филмот го доживеа како визуК елна и технолошка револуција. Тоа беше пионерски филм во жанрот и остана како култен филм снимен со помош на тогашната компјутерска технологија. Во тие години врв на користење компјутерски генерирани ефекти беше само “Војни на ѕвездите” од 1977 год., но аспектот беше сосема друг, компјутерот беше во функција на филмот. За разлика од овој пристап “Трон” беше филм во кој ликовите се вметнати во виртуелниот свет на комјутерската матрица. Само да потсетиме, Пиксар и ЦГИ ефектите дојдоа дури во деведесеттите. Да се потстиме дека во тие години врвни видео игри беа “Пакмен” и “Донкиконг” или 8-битните “Space Invaders”, во времето кога се користеа 5,25 инчни дискети и кога телефоните беа врзани со жици. Значи, “Трон” се појави пред интернетот. “Трон” излез пред доаѓањето на Windows. “Трон” е чуден артефакт на 80-тите кога на екраните се знаеше само за дводимензионални слики. Тогаш млaдиот Џеф Бриџис прв велезе во иднината, прв стана дел од идниот виртуелен компјутерски свет. Еве, речиси по 30 години Џеф Бриџис како Кевин Флин/Клу

повторно не води низ ходниците на холограмските игри, овојпат како заточеник на сопствената генијалност во креирањето на фиктивно-реалниот компјутерски свет. За жал, веднаш да кажам дека новиот “Трон” не успеав да го доживеам ниту приближно со истото воодушевување како оној пред 30 години. Да се разбереме филмот воопшто не е лош но има доволно мани за кои можеме да зборуваме. Пред се`, тое се, недостаток на свежи идеи, просечно срочени дијалози и голем недостаток од неочекувани дејствија и настани во фабулата. Како замена на мотоциклите во старата верзија, овде е доминантна борбата со виртуелниот фризби, па без оглед на далеку подобрените компјутерски анимации, останува да жалиме по естетиката и акцијата од оригиналот. Потоа некои типични недоследности на Дизни - ирационалноста от типот: јунаците од виртуелниот свет крвават...? или консумираат храна?... или прават работи кои се вообичаени за реалниот свет, но немаат никакво значење во виртуелна средина. Тука Исак Асимов барем би се обидел да не вовлече во некој вид на научни шпекулации за тоа како сето ова е во просторот на можното, но


СЛУГИНКИ- НЕВЕСТИ Bridesmaids Режија: Пол Феиг Улоги: Кристен Виг, Маја Рудолф, Роуз Бирн Ако сте помислиле дека добри комедии не се снимаат повеќе, овој филм ќе ве разубеди. Одлични актерки, малку повеќе романтика и добра забава

филм

ЏЕФ БРИЏИС, ТРОН 1982

**** ЏЕФ БРИЏИС, ТРОН: НАСЛЕДСТВО

ТОР Thor Моќниот но арогантен воин Тор е исфрлен од фантастичното царството на Асгард и испратени да живее меѓу луѓето на Земјата, каде што наскоро станува еден од нивните најдобри бранители. Режија: Кенет Брана Улоги: Крис Хемсворт, Ентони Хопкинс и Натали Портман ****

***

Романтична комедија за едно патувачко бизнис семејтво во правец на Париз. За вистинските фанови на Вуди Ален филмот е како бајадера Сценарио и режија: Вуди Ален Улоги: Овен Вилсон, Рејчел Мекадамс и Кити Бејтс ****

LIFE Ј У Н И

ПОЛНОЌ ВО ПАРИЗ Midnight in Paris

83

"Трон" типично за новото јапи - продуцентство е повеќе ориентиран кон дејствието, ефектот. На крајот се покажува дека овој “Трон” е многу повеќе игра за очите и ушите отколку за умот. Некоректно е да го прескокнеме харизматичниот Џеф Бриџис кој барем според моите сеќавања уште на времето одигра неколку култни улоги како на пример онаа во “Човек од ѕвездите” (1984) на Џон Карпентер. Неговиот вонсериски талент требаше долго да чека за признанија, кои сепак дојдоа со филмовите “Лудо Срце” (2009, Оскар) и “Храбриот маршал” (2010). За него велат дека во својата кариера никогаш не блескал, но, постојано бил одличен. Режисерот Џозеф Косински е многу блиску до рецептот за авантура која веројатно би претставувала радост за гејмерите. Па сепак таквата привлечност се чини премногу еднодимензионална. А за кинопосетителите останува пристојна доза на визуелно интересни но драмски недоречени сцени. Обид за епски филм без стокмена приказна?! Од друга страна, преснодојдените гледачи лесно ќе бидат збунети од некои детали во филмот, доколку немале увид во оригиналната приказна од 1982 година. Вреди да се спомне и саундтракот на Дафт Панк кој е во солидна корелација со сликата, и мошне често е во функција на збогатување на вкупниот впечаток. Ако мене ме прашате... Гледајте го прво “Трон” па потоа “Трон: Наследство”. ¿

СВЕШТЕНИК Priest Свештеник во потрага по свампири кои ја киднапирале неговта внука. Филмот е работен според стрип серија "свештеник" и спаѓа во жанрот на акционата научна фантастика Режија: Скот Чарлс Стјуарт Улоги: Пол Бетани, Кем Џигандет и Меги Кју


музика

¢ Александар Гавровски BEI THE FISH ЗБОРУВАМЕ ЗА ЉУБОВ, ТАКА? Just An Idea!? atto primo (самостојно издание)

84 LIFE Ј У Н И

Новиот, трет по ред официјален албум на скопскиот состав Bei the fish е возбудливо остварување, полно со изненадувања и комбинации од разни музички стилови. Тематски тоа е концептуален албум во кој се раскажува за завршувањето на една и раѓањето на нова љубов. Ова дигитално издание во мп3 формат достапно за слободно симнување на неколку веб сајтови (www.mtv.rs, www.mtv.com.hr, www. mtv.si, www.beithefish.com, а за еден месец и на www.pmgrecordings.com) со себе содржи и либрето изработено од Огнен Анастасовски и Кристина Леловац кое фино ја доцртува сликата којашто музиката и текстовите на овој албум успеваат да ја создадат. Тука може да се забележи многу оптимизам, детска невиност, неизбежна наивност и безусловна фасцинација, состојби на свеста кои произлегуваат директно од новата љубовна хемија. Кога веќе јасно ги поставивме работите - освен што овој албум раскажува за нов почеток, тој е и директно инспириран од еден таков нов љубовен почеток - можеме опуштено да поразговараме за музиката. Во милионите разговори кои што сум ги водел со Огнен Анастасовски (главниот човек за музиката во Bei The Fish, еден од најталентираните музичари што ова парче земја било кога го имала) тој секогаш потенцирал дека најтешкиот дел во создавањето на една песна е приказната што треба да биде раскажана. Кога приказната е веќе тука и само чека да биде пренесена, музиката доаѓа сама од себе како следствено и дополнително средство за дообликување на сликата. Токму тоа во голема мерка може да се забележи на овој албум. Музички, албумот Just An Idea!? е непредвид-

лив и фантастичен исто како познатото чуство на "пеперутки во стомакот". Вокално, Огнен Анастасовски како и секогаш проклето успешно се наоѓа на линија со некои од најмаркантните изведувачи на денешницата, од типот на Боуви, Силвијан или Барман. Од друга страна, делниците на Валентина Миновска делуваат позрело од кога и да е (слушнете ја само изведбата на I’m On My Own). Покрај ова, таа на овој албум може и да се пофали со Just A Game, песна во која се јавува и како автор. Кога веќе тргнавме по ред, не можеме да го изоставиме

младиот хип хоп артист Ola Dios кој гостува на неколку композиции од овој албум и со својот стил остава значителен белег. Би рекол и многу повеќе од тоа (во првите неколку слушања делува како главното освежување во музиката на овој материјал). Според либретото, Ola Dios ја има улогата на Бог кој директно му дели совети на "изгубениот од сe` околу себе" главен машки лик. И веројатно најдобриот дел од приказната: ова е само првиот дел на албумот Just An Idea!?. Вториот дел ќе се појави за неколку месеци, кога ќе добиеме и комплетно дигипак издание на првиот и вториот дел на Just An Idea!? Планета Земја, мај 2011. Bei The Fish пеат за љубовта. Па не ли е тоа прекрасно? ¿


Hot Sauce Committee Part Two е осмиот по ред студиски албум на њујорчаните Beastie Boys, наследник на инструменталниот The Mix-Up од 2007 година. Во меѓувреме, еден од членовите на ова трио, MCA, успеа да го победи ракот, па со задоцнување од две години, оваа 2011 слушателите го добија новиот албум на Beastie Boys. Кога од денешна перспектива ќе погледнеме наназад кон работата на овој бенд ќе видиме кариера која секој музичар би ја посакал. Всушност се работи за класична рокенрол постава (глас, гитара, тапани и бас) која може да се забележи на раните панк песни на бендот и се разбира на веќе споменатиот The Mix-Up. Играта со хип хоп стилот започнува во 1983 година од кога овој бенд важи за „посебен„ и „поинаков“ рап бенд. Нивниот рап отсекогаш бил преполн со разни музички влијанија, и во секој поглед поинаков од оној на нивните колеги со друга боја на кожата. Ако треба да одвојуваме некои од постарите албуми на овој состав, дефинитивно би ги препорачале Paul’s Boutique од 1989 година, Check Your Head од 1992, Hello Nasty од 1998 и To the 5 Boroughs од 2004-та. Ed Rock, Mike D и MCA се членовите на ова трио. На Hot Sauce Committee Part Two помогнати се и од Money Mark на клавијатури и Mix Master Mike зад грамофоните. Овој албум е едно исклучително возбудливо и современо остварување кое недвосмислено повикува танц. Одлична денс музика врз која добропознатите вокали на Ed Rock, Mike D и MCA истураат римувани стихови. Некои песни од овој албум се издвојуваат и дефинитивно ќе се закитат со епитот „хитови“: Make Some Noise веќе можете да слушнете на радио или

музика

BEASTIE BOYS Hot Sauce Committee Part Two (Capitol)

да ја видите на ТВ, Nonstop Disco Powerpack, мојата омилена Ок, Too Many Rappers (веќе издадена пред две години), Say It, Here's a Little Something for Ya… Одличен современ денс албум кој би го препорачале не само на фановите на овој жанр. Дури напротив, ова е плоча која секој сериозен љубител на музичката уметност ми морал да ја поседува во својата колекција. Пред да завршам, само уште да го споменам новото видео на Beastie Boys наречено Fight

For Your Right Revisited (можете да го погледнете на нивниот официјален веб сајт), триесетминутен филм во кој се појавува актерскиот крем на Њујорк (од Сузан Сарандон преку Стив Бускеми, Вил Фарел и Орландо Блум...). Ремек дело на современата видео продукција, всушност одбележување на 25 годишниот јубилеј од издавањето на Fight For Your Right, со најава дека третиот дел на видеото ќе можеме да го погледнеме за 25 години... Едвај чекам! ¿

Новиот соло албум на водачот на Sonic Youth, Трстон Мур, делува како негово најзрело издание до сега. Четвртото по ред соло остварување, наследникот на Trees Outside The Academy од 2007 godina, навидум не нуди големо отстапување од претходно зацртаната музичка траекторија: акустична гитара, неговиот глас, понекоја расплакана виолина... Истиот тој сензибилитет е понуден и на Demolished Thoughts, со тоа што овде Трстон е несебично поддржан од виолинистката Самара Лубелски, харфистката Мери Латимор , басистот Брам

Инскор, тапанарот Џои Воронкер и Бек Хансен кој освен што свири гитара на некои композиции е и продуцент на овој албум. Demolished Thoughts е одлично албумско остварување кое го зацврстува статусот на Мур како класичен кантавтор кој пак овдека нуди неколку брилијантни композиции. Работата со Бек, поточно неговата продукција и дава на оваа плоча одличен краен допир. Прекрасна музика која се наметнува како една од задолжителните лектири за ова лето. Едно мало ремек-дело. Слободно, нурнете... ¿

85 LIFE Ј У Н И

THURSTON MOORE Demolished Thoughts (Matador)


галерија

1

3

2

86 LIFE Ј У Н И

1

МИНИЈАТУРНИ СКУЛПТУРИ Зачудувачки минијатурни скулптури на Dalton Ghetti, столар кој прави скулптури на врвовите од моливи, притоа не користејќи лупа. Видете го резултатот

2

ПОКАНА ЗА СВАДБА Moра да признаеме дека ова е најнеобичната покана за свадба. Дизајнирана од La Caja de Tipos, мало и „младо“ студио за графички дизајн во Лејоа, град близу до Билбао, Шпанија

3

РЕКЛАМНИ ПОСТЕРИ „Претвори се во некој друг“ е серија од неколку рекламни постери на литванската агенција „Love Agency” за продавницата за книги Mint Vinetu. Одлична идеја и уште подобра реализација


галерија 5

4

6

подготвила: Ивана Кузмановска

5

КАМПАЊА НА VOLKSWAGEN Интересна кампања на Volkswagen за прецизно паркирање која ја изработи маркетинг агенцијата Grabarz & Part¬ner, од Хамбург, Германија

6

ВИНО СО ВИСТИНСКАТА ПОРАКА Колку пати ви се случило вашиот подарок да биде погрешно сфатен? Како на пример, подарувате парфем и личноста мисли дека и’ го подарувате бидејќи сметате дека непријатно мириса. Затоа дизајнот на овие вина прецизно зборува за тоа каква е вашата порака.

87 LIFE Ј У Н И

4

СКУЛПТУРИ ОД ХАРТИЈА Неверојатни скулптури од хартија на уметникот Јеff Nishinaka


галерија

ЈАНА КУНОВСКА, ликовна уметница

¢ Тони Димков

Ивана Кузмановска

ИГРА СО СИМБОЛИ ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ СЛИКАРКАТА ЈАНА КУНОВСКА ГИ ТОЛКУВА НА СВОЈ НАЧИН, ПРИТОА КОРИСТЕЈЌИ ГИ СВОЈАТА ИМАГИНАЦИЈА И ИСКУСТВА СТЕКНАТИ ВО ЖИВОТОТ

88

LIFE Ј У Н И

есетина години наназад ликовната уметница Јана Куновска немаше самостојно претставување во својот град. Нема мистерија Д во целата работа. Едноставно, во тој период таа повеќе беше активна на полето на графичкиот дизајн и, едновремено, своето ликовно творештво го претставуваше надвор од државата. Така, всушност, се појави идејата за ликовниот проект „Игра со карти“, кој минатиот месец беше претставен и во Скопје. „Изложбата беше финализирана во последниве три години и беше изложувана надвор од Македонија, и тоа во Хрватска, во Грожњан, во Риека, а дел од изложбата беше претставен и во Загреб. Хрватите први појавија интерес и беа спремни финансиски да го поддржат проектот бидејќи кураторот Еуген Водопивац – Борковски, кој претходно дојде во Скопје да ги види делата, инсистираше изложбата да биде претставена таму. Потоа се ослободи простор во Културно – информативниот центар во Скопје, каде истата изложба можеше да ја види и македонската јавност“, објаснува Куновска. Насловот „Игра со карти“ трпи повеќе толкувања. Дури и авторката нагласува дека има „игра“ со симболите кои се претставени на сликите. На големи платна, насликани со техника масло на платно, се презентирани крал, дама, џандар и џокер. Луѓето секогаш различно ги доживуваат сликите, така што може да се каже дека станува збор за големи карти за играње, но и дека тоа се портрети на играчи на карти.


галерија LIFE Ј У Н И

Спасе Куновски, еден од значајните македонски ликовни уметници, кој почина кога Јана имаше само девет години. „Секогаш бев опкружена со слики, со бои и со мириси на бои и многу сакав да седам во неговото ателје. Мислам дека секое дете сака да седи во ателјето на некој уметник, не станува збор само за ателјето на татко ми. Мојата привилегија беше тоа што ателјето се наоѓаше кај мене дома и светот на имагинацијата константно бил присутен, од самото мое раѓање. Можеби тоа придонело да се појави моментот да ја развијам својата имагинација и да почнам да ги доживувам боите. Дури имам и проблем кога моето ателје не мириса на боја, кога сите слики се надвор од ателјето. Така што тоа го гледам како огромна помош од татко ми. Како познато име во сликарството можам да кажам дека колку ми помогна, толку и ми одмогна. Некои луѓе зборуваат: 'ех, она е ќерка на Спасе Куновски, па нејзе сите привилегии и` се дадени', и тоа е голема неправда за мене. Можеби привилегиите навистина ми биле дадени, но тоа е поради тој имагинативен свет кој постоел кај мене дома. Но, многу ми одмогна тоа што почина многу млад. Да живееше подолго веројатно ќе ми откриеше некои тајни кои се` уште не сум ги осознала. Во секој случај многу ми недостасува. Сите мислеа дека како ќерка на Спасе Куновски се` ми е полесно, но не е така“, заклучи Јана Куновска. ¿

89

„Или, може да се каже и дека цело време на сликите се презентираат луѓе кои и во историјата и во денешницата и во иднината имаат исти карактери, или исти функции. Кога би било потребно јавно да се изјави карактерот на картата, или јавно да се изјави карактерот на портретот кој е насликан, за да не се вулгаризира човекот може да се вулгаризира картата“, разјаснува уметницата. Ликовнот критичар Еуген Водопивац – Борковски суштински проникнал во моментот на уметничкиот чин, забележувајќи дека играта и креативноста се патувања во непознатото и дека само уметникот може да внесе рамнотежа меѓу стекнатите спознанија и сопствените чувства. „Авторката е свесна дека постмодернистичкото време не одведе во подрачјето на игрите и на сомнежот. Секое ликовно обликување е вид игра и за уметникот и за набљудувачот. Станува збор за комуникација, проток претставен со симболи. Овој правец води кон деконструкција на вистината. Светот не е објективно реален. Реалноста е субјективно детерминирана, а потрагата за спознавањето е неизбежно сведена на постојани чинови на интерпретација и реинтерпретација. Стана неопходно да се избрише стариот поим – набљудувач, и да се стави нов поим – судија“, потенцира Водопивац. Слична теза развива и Наде Пешева, историчарка на уметноста, која во картите кои се оживеани во сликите на Јана Куновска, ја пронајде дилемата: „Дали авторката е современата Алиса која запаѓа во замката на имагинарниот/дигиталниот свет, во кој визуелната комуникација е во функција на пропагандата на современото потрошувачко општество?“. „Мислам дека човекот како единка многу тешко ќе се снаоѓа, многу тешко ќе егзистира во 21-иот век. Не го чувствувам тешко за мене, туку го чувствувам тешко за човештвото“, ги откри Куновска своите чувства за времето во кое живееме, и додаде: „Моментот на егзистенција, на постоење, па дури и ликовното творење во 21-иот век влегува во сосема нова конотација, инспирација, размисла и нов начин на живеење. И сето тоа мора да го прифатиме, бидејќи немаме поинаков избор. Техничкиот свет длабоко е навлезен во нашите животи. Дури и добар е, креативен е. Технологијата напредува и човекот мора да го прифати тоа, да егзистира со неа и да се снаоѓа во овој и ваков свет“. Предизвиците на нашето време без задршка ги прифаќа, но нема намера да отстапи од својот начин на живеење со уметноста. „Направив еден чекор кој многу луѓе во овој сегашен начин на живеење го осудија, а тоа е што решив да се занимавам само со уметност, што е најтешко. Речиси е невозможно човек да егзистира само со уметност. Сепак, кога би размислувала за тоа што би сакала да правам понатаму во 21-иот век, би кажала дека ќе останам сликар. Но, кога би направила паралела, можеби би се занимавала со популаризација на уметноста, како дополнителен момент на сликарството“, нагласи Куновска. Најискрено ни откри дека сеќавањата на детството, од сe` што досега поминала во животот, најсилно и` останале врежани во мислите. „Уште кога бев дете мечтаев да бидам уметник. Сега, во последно време, многу ми е битно тоа мечтаење од детството затоа што е многу чисто и многу искрено. Како растеме и старееме многу несакани влијанија на сe` што нe` опкружува ни наметнуваат да ги занемариме нашите најискрени желби, кои на некој начин генетски ги носиме во себе. Затоа во последно време навистина се враќам во детството, си ги барам сите чисти и искрени желби кои сум ги имала како дете и се обидувам да ги остварам“. Сеќавањата на детството неминовно се поврзани со нејзиниот татко


антиквитети

м-р Ангелина Јаневска

ПОРТРЕТИ СЛИКАНИ НА ПОРЦЕЛАН

90

LIFE Ј У Н И

ортретот е точен приказ на анатомските и физиономските карактеристики на ликот којшто се набљудува. Оваа дефиниција П кажува дека сликањето на портретот е способност на уметникот да го пренесе “карактерот и внатрешноста” на субјектот којшто се слика. Оваа дефиниција, која се развила низ вековите, не била разбрана од Античките Грци кои ги идеализирале и не ги прикажувале државниците, свештениците и др. како индивидуи со уникатни црти на ликот. Наспроти нив, Античките Римјани произведувале портрети и бисти со фамилијарни карактеристики како императорот и нивните роднини. Воедно, романските портрети произведени и насликани на ѕидното сликарство во Помпеја биле прикажувани како индивидуите. Во текот на следните илјада години сликарите биле спонзорирани од нивните патрони за да сликаат религиозно сликарство. Во 14 век биле прикажувани и патроните со индивидуални и препознатливи карактеристики, прикажани во профил и малку перспектива во позадината. Фламанскиот сликар Јан ван Ајк (Jan van Euck 13901441) веројатно е најдобриот и најталентираниот во тој период кој проширувајќи ги техниките, софистицирани и со приказ на детали при портретното сликарство придонел неговото влијание да се шири низ цела Европа. Тој насликал едно од ремек делата на западната уметност во 1434 год. прикажувајќи го трговецот Арнолд Фини и неговата жена Џовани (Венчавката на Арнолд Фини). Изненадувачки многумина италијански сликари на раната ренесанса вклучувајќи го фратер Филипо Липи (Fillipo Lippi) го употребувал античкото профилно прикажување на портрети од жени, при што гледачот добивал чувство на отелотворение на убавината и високиот морал т. е. атрибутите почитувани низ тој период. Иако претставата на жената во профил продолжила и низ 16 век, сепак портретите на Леонардо Да Винчи (Leonardo da Vinci 1452-15190) се спротивни на оваа претстава. Во неговата генијалност ја претставил енигматската жена (како Монализа) во анфас по потрага по универзалната или идеализираната убавина. Во текот на наредните неколку стотина години интересот за жената како субјект за восхит исчезнал и државните и црковните портрети на значајни личности загосподариле. Имало исклучоци од ова општо правило, потврдени од страна на делата на Рафаел, Рубенс и Рембрант во текот на високата ренесанса и барокот. Интересот за точната претстава на портретот добила со воведувањето на фотографскиот апарат во средината на осумстотите. Се чини парадоксално тоа што интересот за сликање на класичниот портрет цртан на платно се намалило, а се зголемил интересот за претстава на портрети, особено на убави и познати жени на порцелан. Причините за овој феномен не се познати, но може да се заклучи следново:

1. Индустриската револуција и подемот на капиталистичките производи, меѓу мноштвото социјални и економски ефекти, зголемувањето на „средната класа“ со повеќе расположливи приходи!; 2. Исто како и членовите на кралското семејство и елитата, овие нови богати граѓани сакајќи да ја покажат својата софистицираност и вкус со високо квалитетно прикажување; 3. Промената на улогата на жената во општеството и респектот кон неа се рефлектирал во „класичните портрети“; 4. Реакцијата на јавноста против недоразбирањето и можната политичка опасност при прикажуваето на портретите од кубистите и дадаистите довело до желба за прикажување на традиционални сликипортрети на порцелан; 5. Реализацијата на порцеланската мануфактура е дека нејзините производи не се само со уметнички интегритет, туку треба да бидат конкурентни и посакувани за компанијата да опстане; 6. Со враќањето на традиционалните монархистички држави во доцните 1800-тите и класичната уметност беше нагласена; 7. Важната улога на жената при сликањето на порцелан како мода ги зафати Европа и Америка кон крајот на 1800-та; 8. Со пронаѓањето на фотографскиот портрет, класично обучените сликари на портрети барале работа и многумина од нив се вработиле во порцеланското производство. Што и да се причините имало зголемување на производството на портрет-сликарство на чинии, чаши, урни, чоколадни садови, бокали и плакети за време на доцните 1800-те и раните 1900-те. Иако произведени од комерцијални причини голем број од портретите на порцелан биле со многу висок квалитет и треба да бидат прифатени како високо достигнување на уметниците и убавината на свој начин. Мануфактурно производство во тој период со висок дострел имало во (Limoges) Лимож во Франција, (Prussia) Прусија во Германија и многу австриски и баварски фирми произведувале рачно насликани слики, портрети на порцелан чиј квалитет бил инфериорен во однос на производите на кралска Виена и дрезденската фабрика. Фабриката Мајсен (Meissen) била прва европска фабрика за производство на hard паста порцеланот каде што излегле чаши со портрети од кралот Јосиф од Австрија, кралицата Марија Тереза, кралицата Мари на Полска, кралот Фридрих 2 на Саксонија, Петар и Катерина Велики од Русија, кралицата Шарлот од Англија, Марија Антоанета од Франција и др. Овие високо квалитетни чаши и чинии најверојатно биле наменети како подароци за кралските семејства за да го прославуваат поразот на Наполеон. Фабриката Севрес во Франција дизајнирала кралски сервиси со портретот на Луј 15, а подоцна на Наполеон 1, Жозефина и на други кралски семејства и владетели на Франција. Повеќето од овие предмети со сликани портрети денес се наоѓаат во музеи и приватни колекции и нивната аукциска цена од парче достигнува и по 10 000 долари. ¿


91 LIFE Ј У Н И


книга

Ронит Бергман

ИНСПИРАЦИЈАТА МЕ НАОЃА МЕНЕ ЕСЕНЦИЈАТА НА ЖИВОТОТ ПРЕТОЧЕНА ВО СТИХОВИТЕ НА РОНИТ БЕРГМАН ДОБИВА ДВЕ КРЕАТИВНИ ФОРМИ – ПОЕЗИЈА И МУЗИКА

92 LIFE Ј У Н И

¢ Тони Димков тихозбирката „Косата на моето срце“ на Ронит Бергман и албумот „If We Are Here“ на нејзината група „Undone“ С наскоро ќе ја доживеат својата промоција пред македон-

но и многу прецизно даде смисла на празнината на хартијата оставена за нејзините одговори.

ската јавност. Музичарка и поетеса, Ронит Бергман е лидерката на некогашните групи „Plastic Venus“ и „One of Us“. Сега е главна креативна сила на проектот „Undone“. Родена е во Хаифа, Израел, живеела во Лондон, Англија, сега со семејството опстојува во Скопје, Македонија. Работи и создава, извлекува нитки на сопствената душа низ ритамот на поезијата, најсилните емоции ги внесува во музиката, искрено и отворено комуницира со луѓето кои се во нејзината непосредна околина. Музиката ја донесе на Балканот, и` и помогна да го пронајде својот животен сопатник - Дарко Јаневски, кој, исто така, е музичар. Сега музиката и поезијата се есенција на нејзиниот живот. Ронит Бергман е вистински номад во душата и алтернативка во стилот на живеење. Длабоко промислените стихови ја откриваат нејзината целосна посветеност на љубовта. Нејзините чувства се едноставни и чисти. „Се` доаѓа од истото место. Ако ме прашате зошто пишувам поезија е исто како да сте ме прашале зошто живеам?“ - нагласува Ронит. Трагајќи низ сопствените искуства многу едностав-

Движење – што претставува движењето, движење на телото или на ду хот? Се` е во движење. Духовната енергија е сеприсутна, впрочем, таа го движи на шето тело... Сеќавања – од што се создадени? Човечката меморија е биолошка сопирачка која го попречува информативниот увид во надмоќната севкупна космогенетичка меморија, ако сакате мудрост, на која сите и припаѓаме и од која произлегуваме. Јазик – кој е јазикот на поезијата? Чувството – е јазик, мислата е јазик, движењето е јазик. Овие објективни јазици се предмет на моите истражувања. Јазикот за мене не претставува само звук, ритам, значење, обличје, локација, време... Музика - зборови и звук, кој е посилен? Дури и кога формално не сочинуваат целовитост, музиката,


Инспирација – што се` може да биде инспирација? Инспирацијата не` наоѓа нас, ме наоѓа мене. Таа е сржта, пријателот, светлосната водилка. Таа е водата

Љубов – можно ли е да се пронајде, открие линијата меѓу разумот и чувствата? Ако и постои линија, таа можеби исцртува мултидимензионална спирала... Љубовта е Господ, а ние сме вообичаено неразумни. Вечност – што сум и што сакам да бидам? Вечноста е тајна скриена во нашето срце. Може да се види, чуе, почувствува само преку срцето. Што сакам да бидам? Сакам да продолжам и понатаму да истражувам за да осознаам што значи ДА СЕ БИДЕ.

книга

ЕДИНАЕСЕТ ЖЕНИ Снежана Младеновска Анѓелков (Или-или) Краткиот роман „Единаесет жени“ на Снежана Младеновска Анѓелков се појави како 51 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Станува збор за прва книжевна појава на авторка чие досегашно десетгодишно работно искуство е поврзано со монтажа и постпродукција на филмски и ТВ-проекти. Раскажувањето во романот „Единаесет жени“ е речиси камераманично, но истовремено и дрско. Јазикот е доведен до сурово, колоквијално ниво, сликите се потресни и вознемирувачки, случките се крајно вџашувачки, стилот е храбар и бескомпромисен.

ЉУБОВНА Игор Исаковски (Блесок) Новата стихозбирка „Љубовна“ на Игор Исаковски доби одлични критики од познавачите на чистата поезија. „Силна, моќна, бескомпромисна, љубовна. Не поезија, туку само – љубовна.. огномет од љубовни воздишки, копнежи и бруталности“, забележа Венко Андоновски. „Нема поголема храброст од именувањето на нештата со нивното вистинско име: да се нарече, на пример, љубовта со името на љубовта“, потенцира Сибила Петлевски. Седмата збирка поезија на Исаковски е објавена како 28-ми наслов во едицијата „Бореа“ на културната установа „Блесок“.

СЕТО „НЕ“ Се` Што Не можам Да видам ми пречи и го затскрива погледот. Се` Што не знам е ѕид околу мене. Се` што не сум ме дели од мене. Превод: Родна Русковска

ПЕКОЛЕН ПОРТОКАЛ Ентони Бурџис (Три) Ремек – делото „Пеколен портокал“ на Ентони Бурџис е сурова и застрашувачка приказна за темната страна на човекот и модерното општество, за озлогласените деструктивни банди составени од млади луѓе, кои штом падне мрак беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат сe` што ќе им се најде на патот. Делото е основа за еден од најфамозните филмови на сите времиња, „Пеколен портокал“ на Стенли Кјубрик. Истовремено е виртуозна изведба на генијалниот прозен мајстор Ентони Бурџис и сериозно истражување на моралот на слободната волја.

LIFE Ј У Н И

Тишина – како ја чувствувате тишината? Да се слуша, да се биде под водство, да се патува, да се биде во мир. Да се осознава, да се проникне во објективноста, да се слушне звукот, да се слушне музиката – во тишината. Да се биде отворен кон други сфери...

која ги љуби цвеќињата во градината. Таа е опојот и љу бовта на Бога кон човекот.

93

зборовите и звукот се преплетуваат. Различни комбинации создаваат различни бои, ама и секоја една од трите е боја сама по себе.


календар

2

2-7

3

10-16

јуни

јуни

јуни

јуни

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

ФЕСТИВАЛ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

БИЕНАЛЕ ВО ВЕНЕЦИЈА Македонскиот павилјон на 54-тото Уметничко Биенале во Венеција ќе биде отворен во палатата Песаро Папафава. Македонски претставници на Биеналето се колективот „Зеро“ со делото „Досие: Шлепер“ и скулпторот Жарко Башески со проектот „Прескок“.

ОФ-ФЕСТ Десеттото издание на музичкиот фестивал „Оф-фест“ со богата јубилејна програма, која содржи осум концерти, ќе се одржи од 2 до 7 јуни во Македонската опера и балет.

Место на отворањето можете да отидете на затворањето на изложбата „Разменување погледи“ на Станимир Неделковски. На затворањето на изложбата ќе се случи и промоција на каталогот.

2.6., 20 ч., МОБ, „А Филета“ (Франција) / Јаманду Коста (Бразил) 3.6., 20 ч., МОБ, „Теракафт“ (Мали) / Амаду и Мириам (Мали) 2.6., 16 ч., Отворање на македонскиот павилјон во Венеција

3 јуни

ГЕМ-КЛУБ

94 LIFE Ј У Н И

Израелската музичарка и поетеса Ронит Бергман ќе ја промовира својата прва стихозбирка „Косата на моето срце“ на македонски јазик, во издание на „Кавказ“.

4.6., 20 ч., МОБ, Мерседес Пеон (Шпанија) / „Балкава“ (Македонија) 7.6., 20 ч., МОБ, „Нореум Мачи“ (Ј. Кореја) / Зоран Маџиров (Македонија)

3.6., 20 ч., МГС, Затворање на „Разменување погледи“

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 46-тото издание содржи 11 претстави во официјалната и седум претстави во придружната програма. Се одржува од 10 до 16 јуни во Прилеп. Годинава добитници на наградите за животно дело се Коле Ангеловски, Благоја Спиркоски-Џумерко и Трајче Иваноски. 10-16.6., МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

7-11 јуни

10-12 јуни

3-12 јуни

БАСКЕРФЕСТ Интернационалниот фестивал на улични артисти и музичари „Баскерфест“ ќе се одржи од 3 до 12 јуни низ улиците на Скопје. Во период од десет дена градот ќе биде домаќин на 30 домашни и интернационални артисти кои ќе изведат 400 возбудливи настапи.

КОНТРАПУНКТ Работилницата за уметност во јавен простор „Ефемерни споменици“ во организација на НВО „Контрапункт“ во период од 7 до 11 јуни ќе претставува обид да се направи разлика меѓу ефемерните вредности и вечните заблуди. Работилницата е поддржана од Канцеларијата за врски на Гете – институтот во Скопје и фондацијата „Роберт Бош“. 7-11.6., Работилница „Ефемерни споменици“

МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Балкански анaрхистички саем на книга (БАСК), манифестација која се организира на регионално ниво, ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Основната идеја на БАСК е Балкан на солидарност и мир преку слободарска литература и мисли, наспроти Балкан на национализам и експлоатација. 10-12.6., МКЦ, БАСК во Скопје


календар КИНО „МИЛЕНИУМ“

12

јуни

јуни

МНТ-ЦЕНТАР Мултимедијалната танц-театар претстава „Like“, реализирана како копродукција помеѓу балетското студио „Ребис“ и МНТ, премиерно ќе биде изведена на 12 јуни во МНТ-Центар. Кореографијата и режијата на претставата се на Гордана Деан Поп-Христова, додека дизајнот и видеоарт-елементите се дело на Билјана Василева. 12.6., 20 ч., МНТ-Центар, премиера на „Like“

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Покрај претставувањето на македонската ликовна уметност на 54-тото Биенале во Венеција, Националната галерија на Македонија има ликови поставки и во своите три објекти.

Даутпашин амам 30.5.-30.8., Ретроспективна изложба на Боро Митриќески

Успехот на трилогијата „Пиратите од Карибите“ во режија на Гор Вербински е основниот предизвик да се сними четвртото продолжение на пиратската сага исполнета со акција и авантура. Филмот е во режија на Роб Маршал, а во главните улоги настапуваат Џони Деп и Пенелопе Круз.

17.30, 20.00 и 22.30

„ПИРАТИТЕ ОД КАРИБИТЕ 4“ во режија на Роб Маршал

17-24 јуни

КИНО „РАМСТОР“

ФЕСТИВАЛ „МАКЕДОКС“

Во ударните термини во киносалите во „Рамстор“ се прикажува вестерн-филмот „Човекот наречен храброст“, испишан од перото на браќата Џоел и Итан Коен. Оскаровецот Џеф Бриџис го толкува главниот лик Рустер, човек кому коњското седло му е поудобно од фотелја, а пиштолот в рака е неговата смртоносна алатка. Мала станица 7.6., Групна изложба „Life action-Game action“

16.00, 18.00, 20.00, 22.00

27.6., Самостојна изложба на Бајрам Џелили

„ЧОВЕКОТ НАРЕЧЕН ХРАБРОСТ“ во режија на браќата Коен

Чифте амам 17-24.6., Фестивал „МакеДокс“ во Куршумли ан

27.5.-10.6., Групна изложба на „Арт Визион“

16-26

95 LIFE Ј У Н И

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ од 17 до 24 јуни ќе го доживее своето второ издание. Вкупно 35 документарни филмови во пет селекции ќе бидат прикажани во Куршумли ан, Детскиот театарски центар и Кинотеката на Македонија.


душата на скопје

ЛОКАЛНА ЕЛЕКТРОНСКА СЦЕНА

Свежи и модерни –

„POLLUX“

96 LIFE Ј У Н И

СЕКОГАШ ЗА ЧЕКОР ПОМОДЕРНИ ОД СИТЕ ДРУГИ, ОРГАНИЗАЦИЈАТА „POLLUX“ СО СВОЈАТА ОРИГИНАЛНОСТ И КВАЛИТЕТНА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА, ВЕЌЕ ПЕТ ГОДИНИ ЈА РАДУВА ЛОКАЛНАТА ЕЛЕКТРОНСКА СЦЕНА. LIFE РАЗГОВАРАШЕ СО MILESKAYA, АЛЕКСАНДАР ВИДИНОВСКИ – (SOUND DIFFUSION) И БАЗЕЛ, ЗА ГЛАВНАТА КАУЗА НА „POLLUX“ – ЕЛЕКТРОНСКАТА МУЗИКА, ПОТРЕБАТА ДА СЕ КРЕИРА НЕШТО УНИКАТНО И КРЕВАЊЕТО НА СВЕСТА КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ЗА КВАЛИТЕТНАТА СОВРЕМЕНА МУЗИКА „Pollux“ на скопската електронска сцена донесе огромно освежување и една нова, секогаш за чекор, помодерна енергија. Изненадивте многумина со вашиот различен пристап пред неколку години во култниот клуб „The Club“, и се` уште опстојувате како тим организирајќи голем број на забави. Што за вас претставува „Pollux”, излез од секојдневието, добра забава, работа, или „all of the above”? Базел: Овие работи што ги наброја најчесто одат заедно во пакет. Ја изградивме како „Pollux“ платформа преку која имаме можност да креираме и промовираме електронска музика. Ова отвори можност за многу други активности како организрање на забави, менаџирање на клубови, водење на издавачки куќи, новинарство, графички дизајн, веб дизајн, видео продукција, виџејство, итн. Забавата сама доаѓа откога ќе се завршат сите овие активности успешно. Mileskaya: Ја споивме работата заедно со добрата забава трудејќи се да и покажеме на скопската младина дека постои некој нов бран (музички, затоа што во„Pollux“ има диџеи кои работат и повеќе од 10 години) кој не е за занемарување и мора да се чуе. Иако во моментов немаме своја база како во тоа време, работата на оваа организација од диџеи и продуценти можете да ја слушнете на многу места како во Скопје, така и на настапите низ Македонија и надвор од нашата држава. Моментално диџеите на„Pollux“ се редовни во скопскиот клуб Сектор, како и во Капан АН. Имаме свој веб сајт www.pollux.com.mk кој се надеваме ќе биде редовно следен за идните

настапи на нашите диџеи. Во Полукс има луѓе кои што работат и имаат своја издавачка куќа, која издава винили и е етаблирана на светската сцена. Станува збор за Аргументо, позади која стојат нашите продуценти Стојче, Александар Видиновски и Дарко Спасовски. Никој не може да ви го одземе адутот дека на вашите забави секогаш има трошка повеќе од „нешто“, што ги прави посетителите да се чувствуваат како да се дел од „младата крв“ на локалната електронска сцена. Публиката ли ви го диктира диџеј сетот, претходно знаете точно што ќе и сервирате вечерта или правите компромиси и оставате да ве понесе расположението?

Александар Видиновски – (Sound Diffusion): Компромис не се прави во андреграунд клубови. Моментално мора да се прави компромис со надеж дека тоа набрзо ќе се промени и Скопје повторно ќе се врати на вистинските патеки што се однесува за денс културата. Базел: Познати сме по тоа дека секогаш презентираме нова , актуелна и квалитетна музика. Сетовите се исполнети со нови траки кои едвај чекаме да ги чуеме на клубски звук , и секако стари и проверени кои секогаш “работат” на подиум. Голем удел секако има и публиката, атмосферата и клубот. Mileskaya: Компромисите се дел од личноста која што стои позади диџеј пултот. Се случуваат и такви ситуации, кој не се секогаш омилени кај нас диџеите.

Sound Diffusion


Кои стилови на музика ги окупираат вашите настапи во моментов? Mileskaya: Во моментов, јас лично слушам и свирам доста дип хаус, техно, по некој искршен ритам, а и го обожувам новиот бран на дабстеп музика. Базел: Јас префрирам хаус, диско, дип хаус… но ова за диџеј е тешко прашање зашто секогаш има добра музика што ја пушташ а еразлична од твојот стил Видиновски: Техно и хаус со сите можни форми и варијанти, без ограничувања и рамки Што последно што чувте ве воодушеви во музичка смисла? Видиновски: Мое лично мислење е дека светската сцена е моментално во голема Bazel

SKOPJE CLUBBING SkopjeClubbing е водечки македонски музички магазин за електронска музика кој ги информира читателите за најновите информации од областа на модерната и современа електронска сцена за настани и фестивали кои се случуваат во Македонија и пошироко. “Единствениот сајт за клубска музика www.skopjeclubbing.com.mk е исто така дел од „Pollux”. Со неговото редизајнирање се случи нов подем на скопската сцена, место на кој сите млади можат да прочитаат интересни вести и новитети на светската сцена на македонски јазик. Редовно се пишуваат и активностите на многу домашни диџеи и продуценти кои постојат и работат во Македонија, за кои многу малку луѓе знаат дека ‘постојат’“, вели Mileskaya за Life магазин.

Базел: Албумот Кутија на македонскиот рапер Страјк, продуциран од диџеј Гоце и албумот на германката Steffi насловен како “Yours & Mine” Mileskaya: Дефинитивно новиот албум на Robag Wruhme и новиот албум на Echologist. Омилена трака во моментов ми е Versalife – Solenoids of Insomnia.

музика на најпопуларните радио станици што ги има во Македонија. Едноставно во клубче можеше да се доживееат ДЈ-те во нивното вистинско светло Mileskaya: The Club беше причината поради која решивме да се споиме за да направиме нешто ново на скопската хаус и техно сцена. Тој клуб и простор беше едно искрено место каде што сите ние од оваа организација и гостите колеги се чувствуваа природно и едвај чекаа да дојде денот кога ќе и покажат на публиката која музика им лежи на душа во моментот, а таа истата музика беше секогаш одлично прифатена од љубопитните уши на тој мал подиум. Кога сето тоа заврши, затворањето на тоа скопско култно место ние не застанавме, иако многу ни недостасуваше. Клубче нема да се случи, но ние одиме напред со нови идеи и остварувања. Базел: Клубче беше спој на преголем ентузијазам, нелегални карактери и огромна желба за забава. На сите ни недостига, а дали ќе има пак времето ќе покаже

душата на скопје

криза на нови и свежи идеи и природно на тоа сите се навраќаме на стариот звук од раните деведесети, воодушевувајќи се од работата на артистите, кој тогаш кој не биле оптoварени со тоа дали на Beatport ќе влезат во топ 100 и колку пати некој ке им стисне LIKE на нивниот Facebook Артист профил. .... тогаш толку посакуваниот андерграунд вистински бил жив, не од мода како денес. Во пролог на ова очекувам дека наскоро ќе следи нова етапа во денс музиката.

Која е визијата на тимот на „Pollux” за следните неколку години за македонската електронска сцена? Базел: „Pollux“ како организација ќе продолжи да креира и промовира електронска музика преку сите средства кои ни се достапни. Но за оваа сцена да се развива потребно е многу нови млади продуценти, млада публика и секако места каде ќе може да се презентира вистинска електронска музика Mileskaya: Во„Pollux“ има многу визии за електронската сцена кои се спојуваат во едно. Нашата главна мисла е младина која ќе биде музички критична, активна, љубопитна и среќна на подиумите. ¿ Mileskaya

Има ли Скопје достоен ноќен клуб каде може да се слушне и промовира квалитетна електронска музика? Mileskaya: Во моментов единствени два клуба кои што можат да ја задоволат скопската публика се Сектор 909 и Капан АН. Зборот „Клубче“ (The Club) претставува едно интересно и квалитетно време во електронската локална сцена, особено за вас. Ќе има ли Скопје наскоро повторно свое „клубче“? Видиновски: Клубче беше место без компромиси, каде што пред 5 години се пушташе музиката што деновиве е актуелна на радио емисиите за денс

97 LIFE Ј У Н И

Индивидуално е како секој се спрема за својот настап и местото на кое што ќе настапи. Диџејот е тука за да ја разбрани публиката, но има и чувство за тоа како дадената публика сака да се “вози“ таа вечер. Мислам дека нема дадена формула, тоа си доаѓа само од себе. Затоа и публиката има избор да слуша некој диџеј и неговиот избор, или да го заобиколи. На нашите забави е посебно, затоа што се чувствува опуштеноста која што и е потребна на една млада крв да се забавува фино и да слуша убава, нова, свежа и напредна музика. Мораме да кажеме дека во нашата држава има луѓе кои пратат музика и што тоа се случува во моментот, но за жал ги нема на подиумите. Има и такви на кои им недостасува моментална љубопитност за тоа што се случува на оваа сцена. Многу битна работа за љубителите на оваа музика е тоа дека таа се прави за да се слушне во моментот, а не по четири или пет години, како што би рекол еден наш колега.


ДЕ

Н ВО

П ТА НА РИ ЕЗ А

LIFE Ј У Н И

НЦ

98

подготвила: Патриција Костовска

СРЦ ЕТО

ЛЕ

СО В УЛК А

траги низ времето

ГРЕЈС КЕЛИ

АКТЕРКА, ОСКАРОВКА, ЗАНОСНА УБАВИЦА, СОПРУГА НА ПРИНЦОТ РЕНИЕ ТРЕТИ И ПРИНЦЕЗА НА КНЕЖЕВСТВОТО МОНАКО, ИКОНА НА СТИЛОТ, ЖЕНА НА 20-ОТ ВЕК... СЕТО ТОА БЕШЕ ГРЕЈС КЕЛИ


ГРЕЈС КЕЛИ СО ОСКАРОТ ЗА НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА ВО ФИЛМОТ „THE COUNTRY GIRL“

траги низ времето

Noon“ покрај Гери Купер и Лојд Бриџис, а за улогата на Линда Нордли во „Mogambo“ во 1953 година во која партнери и биле Кларк Гебл и Ава Гарднер, Грејс била номинирана за оскар за најдобра женска споредна улога. Откако го снимила „To Catch a Thief“ во јужна Франција, Грејс морала да се врати назад во Америка за да го прими Оскарот за најдобра женска улога во филмот „The Country girl“. Веќе овенчана со најзначајното филмско признание повторно се враќа во Европа, на фестивалот во Кан, кадешто го запознала својот иден сопруг, Рение Трети - принцот од Монако. Кон крајот на 1956 година било објавено дека тие набрзо ќе стапат во брак. Нивната венчавка е наречена „венчавка на векот“ и тогаш ја проследиле 1500 новинари од целиот свет. На 19 април 1956 година американската дива официјално стана возвишено кралско височество принцеза Грејс Кели од Монако. Кога се вратиле од меден месец, таа дознала дека е бремена. Оние кои што ја познавале велеле дека тоа бил тежок период за неа, бидејќи била сама во непозната земја и по прв во блажена состојба. Од бракот со принцот ги има ќерките, принцезите Каролина и Стефани и синот, принцот Алберт. Грејс многу се трудела нејзините деца да растат нормално како сите други деца. На 13 септември 1982 година принцезата Грејс возејќи се со автомобилот со ќеркичката Стефани доживеале тешка сообраќајна несреќа. Малечката преживеала, а Грејс паднала во кома. Еден ден подоцна е исклучена од апарати. Тогаш семејството Рение, давата Монако и светот воопшто ја загубија својата принцеза. На погребот присуствувале преку четиристотини луѓе, а преносот го проследиле над 100 милиони. Грејс Кели денес почива во семејната гробницата во катедралата „Св. Никола“.

ГРЕЈС КЕЛИ СО НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ, ПРИНЦЕЗИТЕ КАРОЛИНА И СТЕФАНИ

LIFE Ј У Н И

ОД МОДЕЛ ДО ОСКАРОВКА И ПРИНЦЕЗА Грејс Патриша Кели е родена на 12 ноември во 1929 година во богато семејство во Филаделфија. Нејзините родители Ирци биле угледни и истакнати членови на општеството. Татко и бил милионер и трикратен победник на олимписките игри во веслање. Бил политички активен и се кандидирал за градоначалник на Филаделфија. За време на Втората светска војна американскиот претседател, Френклин Рузвелт го именувал за државен секретар за спорт и национална култура. По завршувањето на средното училиште во 1947 година, Грејс заминала во Њујорк да го исполни својот сон и да стане актерка. Таму работела како модел и во 1949 година дебитирала на Бродвеј. Во тој период се појавила и во неколку телевизиски серии, но тоа биле мали улоги. Во 1951 година заминала во Холивуд и истата година се појавила во филмот „Fourteen Hours". Добила мала улога, но токму таа и ја отвори вратата во Холивуд. Идната година глумела во вестернот „High

99

И

, по триесет години од нејзината трагична смрт, холивудската актерка сеуште ја воодушевува публиката со нејзината глума. Беше најелегантната дама на своето време. Подеднакво ги привлекуваше воздишките на мажите кои ја посакуваа и на жените кои сонуваа дека еден ден ќе се омажат за принц.Таа беше светски позната актерка и европска принцеза. Нејзината совршена, но речиси ледена убавина своевремено го фасцинираше Алфред Хичкок, славниот британски режисер, кој ја опишал како „вулкан прекриен со снег“. Во својата кратка кариера Грејс работела со Хичкок на три филма, а нејзините партнери од филмовите биле водечки холивудски актери: Кларк Гебл, Вилијам Холден, Бинг Крозби, Реј Миланд, Џејмс Стјуарт и Кери Грант. Иако се појавила само во 11 филмови, а за еден добила и Оскар, таа нема да биде запамтена само актерка и принцеза, туку како икона на 20 век.


траги низ времето LIFE Ј У Н И

100

ВЕЧНА ИКОНА НА СТИЛОТ Грејс Кели сигурно не можела ни да претпостави дека после три децении од нејзината смрт ќе биде една од најголемите модни икони на денешницата. Нејзиниот стил, како и нејзината личност бил секогаш пријатен и едноставен. Иако, како принцеза нејзините вечерни тоалети ги креирале најпознатите дизајнери како што се: Кристијан Диор, Шанел, Ив Сен Лорен, Кристобал и Мадам Грес, останала верна на својот „Кели“ стил. Купувала облека умерено и носела исти парчиња со години. Препознатлива била по капри панталоните, струкираните џемпери, белите кошули, сафари јакните и фустаните со висока половина. Во педесеттите години од минатиот век важела за една од жените со несомнено добар вкус. Таа многу добро ја разбирала моќта на внимателно одбраните модни додатоци. Носела бисерни ѓердани, кратки бели кожни ракавици, шарени марами и наочари за сонце во ретро стил. Сепак, најпозната е по „Хермес“ чантите од крокодилска кожа. Подоцна, во нејзина чест се наречени „Кели“ чанти, што и денес претставуваат статусен симбол, до кој се стига по долгата листа на чекање и подеднакво високите цени. Венчаницата на принцезата од Монако беше и инспирација за фустанот за свечениот обред на принцезата Кејт Мидлтон. Иако, од првата објава за свадбата на векот помеѓу Мидлтон и принцот Вилијам , во јавноста на големо се шпекулираше чија креација Кејт ќе избере за своја венчаница, мнозина воопшто не беа изненадени што изборот падна на модната куќа „Мекквин“ која сега ја води неговата долгогодишна соработничка, Сара Бартон. Како што и доликува на модерна млада дама идната невеста во голема мера беше вклучена во изработка на фустанот, а како модел послужи венчаницата која ја носела токму Грејс Кели. Без сомнение, Кејт ја пронашла вистинската дама за инспирација, доза на елеганција и раскош како што и доликува на една модерна принцеза. Исто така, минатата година се одржа изложба на гламурозна гардероба во чест на принцезата Грејс Кели во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон. Посетителите на изложбата насловена како „Грејс Кели:стилска икона“ можеа да видат елегатна облека на славната холивудска ѕвезда која на 26 години ја напуштила глумата за да се омажи со принцот од Монако, Рение Трети. Меѓу изложените фустани беше и розевиот шифон што го носела во „Високото друштво“ од 1956 година, како и тоалетата во која се појавила на доделувањето на оскарите во 1955 година кога добила награда за главна женска улога во филмот „The Country girl“. „Таа е една од ретките жени кои ја заслужуваат титулата на модна икона“, изјави Џени Листер, куратор на изложбата. Тој притоа дополни дека Грејс Кели внимателно ги чувала своите фустани, однесувајќи се спрема нив како кон „стари пријатели“. На оваа модна поставка беа изложени четириесет гламурозни модели кои токму за принцезата ги креирале Диор, Живенши и Ив Сен Лорен. ¿

СЦЕНА ОД ФИЛМОТ "HIGH SOCIETY", 1956



патување надвор

Хаваи

РАЈОТ НА РАБОТ НА СВЕТОТ ВО ЕДНО ГОЛЕМО СИНИЛО, ВСУШНОСТ НАЈГОЛЕМОТО ВО НАШИОВ СВЕТ, СЛУЧАЈНО СЕ ИСТРЕСЕНИ ОД ГОСПОДОВОТО ЧЕКМЕЏЕ МАЛИ БЕСЦЕНЕТИ СМАРАГДИ. ТИЕ ПАДНАЛЕ СРЕДЕ БОЛСКОТНИОТ ПОНОР НА СИНИТЕ ОКЕАН И НЕБО И ОСТАНАЛЕ ДА СВЕТАТ НА ПОВРШИНАТА. СЕ НАШЛЕ СРЕДЕ НИКАДЕ, НО СЕПАК ТИЕ ТОЛКУ УБАВО СИ СЕ НАНИЖАЛЕ, КАКО ЃЕРДАН ВО КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕТОЧИЛЕ, А БИЛЕ ЗА ТОА ПРВИЧНО ПРЕДОДРЕДЕНИ. ТАКВИ СЕ ХАВАЈСКИТЕ ОСТРОВИ СРЕДЕ ТИХИОТ ОКЕАН. ОВОЈ АРХИПЕЛАГ Е МЕСТОТО КАДЕ КИТОВИТЕ БЕЗГРИЖНО ПЛИВААТ НА НИВНИОТ МЕДЕН МЕСЕЦ. ПОСЛЕ ВОДЕЊЕТО ЉУБОВ, НОВОРОДЕНИТЕ КИТОВИ ВЕЌЕ СЕ ХАВАЈЦИ И КАКО ТАКВИ УЖИВААТ ГОЛЕМА ПОЧИТ ОД ОСТРОВЈАНИТЕ.

102 LIFE Ј У Н И

ПАЦИФИЧКА АРКАДИЈА Земете еден глобус и свртете го од онаа страна каде пред Вас ќе е само тиркизно сината боја на Пацификот. Над екваторот, среде Божјата милост и немилост, дом си нашле зелените островчиња на некогашното Хавајско кралство. За чудо или поверојатно не, на овие осамени величествени острови воопшто никој не им недостигал. Убаво се живеело во таа Пацифичка Аркадија под закрила на боговите и легендите. И се` уште е така. Мед и млеко течат рамо до рамо со реките од жешка портокалова лава. ЛЕИ ЗА ВАС МАДАМ Ако се погледне Хавајското распукано вулканско копно одблизу, чекорејќи со восхит може да си помислиме отпрвин дека и на другите планети е убаво за живот: тиркизно море, сочно зелена вегетација и

¢

Роберт Смилески

Препорачана музика при читање: Saku од Susumu Yokota (албум: Sakura, 2004)

миризливи цвеќиња во сите форми, плажи во повеќе бои во зависност до кој вулкан се наоѓаат, водопади, реки, блажен ветрец...И секако,... Хавајки! И кошулите хавајки, шарени, лелеави, раскопчани и комотни, но и жените Хавајки - фаталните Полинезијки накитени со реси обесени на колковите кои се тресат ритмично при играњето на танцот хула и со леи околу вратот, венчето од цветови – симбол на хавајската убавина и гостопримство. Новиве Хавајки не изгледаат повеќе како од Америка во спотовите на Холивуд во минатиот век, каде Хаваите беа промовирани како единствениот рај на земјава. Жените Хавајки денес се облечени како вистински Американки, имаат исти манири и навики и зборуваат со Американски акцент. Но, само еден цвет од хибискус зад нивните уши, една насмевка и веќе знаеш дека тие се нешто сосема посебно. Миризбата од свежо набраниот хибискус стаса до мојот мозок и веќе погодував: мора вакви да се и жените горе во рајот!


патување надвор

ПОСЛЕДНОТО КРСТАРЕЊЕ НА ЏЕЈМС КУК Лажните Богови не поминувале лесно на Хаваите. Тие таму си имаат свои вистински и незаменливи Богови. Нивните Богови имаат големи планови за нив и секако, тие никогаш не мамеле. При првото пристигнување на Хавајските острови на еден од најголемите морепловци и истражувачи, капетанот Џејмс Кук, еден празничен ден, тој бил поистоветен со некој од нивните Богови. Кук бил прв Европеец кој стапнал на островите кои истите побрзал да ги преименува во нешто полесно за паметење за неговите сонародници Британци. Го нарекол архипелагот Сендвички острови, по некој великодостојник од местото Сендвич во Британија. Три пати го посетил архипелагот, но третата посета му била и последна. Последното вкотвување на бродот на капетан Кук, за жал не се совпаднало со никој од религиозните празници на Хаваите. Измамата била очигледна. Избиле големи караници и нетрпеливост

LIFE Ј У Н И

ПЕЛЕ СЕ БАКНУВА СТРАСТНО СО ТИХИОТ ОКЕАН Иако хавајската религија е укината со указ пред речиси 200 години, духовите на Хавајските богови немаат намера да ги напуштат овие рајски острови. (Се напушта ли ваква убавина?) Староседелците и денес практикуваат ритуали кои биле оставени од претците како амајлии скриени во свилени крпчиња, надвор од дофат на доселениците од целиот свет, кои тие никогаш нема да ги разберат. И денес овошките и цветовите набрани близу некои од вулканските калдери пред да се

однесат или конзумираат на лице место, прво се нудат на божицата Пеле. Често се зборува и пишува за средбите на локалното население со отелотворението на божицата Пеле. Многу камионџии и планинари поминувајќи низ вонземните предели на националниот парк Килауеа тврдат дека сретнале стара жена со долга коса и бела одежда како се шета со мало куче. Никој не може да ги разубеди дека таа можеби и не постои. Нејзиното дело е видливо за секого. Над стотина хектари сосема нова земја се има родено во последните 20 години на североисточниот брег од хавајскиот Биг Ајланд (Голем Остров). Од утробата на земјата постојано истекува нова лава која тече низ пустошот оставен од претходните ерупции за да на крајот истата величествено се фрли во прегратката на океанот испуштајќи гласна воздишка и пареа, гасејќи ја својата страст и раѓајќи нова земја за Хаваи. На Хавајците не им требаат повеќе докази: овој спектакл е доволен доказ за моќта и карактерот на Пеле. Таа уште долго ќе ги обликува островите и животите на луѓето на Хаваите.

103

И БЕЗ ЦРВЕН КАБРИОЛЕТ Е ОК За да се истражи и доживее било кој од Хавајските острови, лежењето на убавите плажи не е доволно. Човек може и да разбере зошто некој не би се одвоил од тие природно послани егзотични ленти со ситен бел песок и глетки кон хоризонтите како излезени од некои пејсажни тропски демодирани тапети. Но, треба да се избега малку од тие убавини за да се открие вистинскиот пулс на овие острови и на оние кои ги населуваат. Што подалеку од плажите и големите хотелски комплекси, толку помалку туристи и толку повеќе можност да се запознаат вистинските Хавајци. Навнатре живеат и работат оние, на кои им е преку глава од туристите или пак дури некогашни туристи кои решиле да остават се` зад себе и се доселиле таму, па сега посесивно се скриле среде некои плантажи за кафе и ја чуваат тајната за убавината на животот љубоморно само за себе. Возењата низ островиве беа незаборавни и поради формата и поради содржината што се нуди при талкањето. При тоа, не мора да се крстосуваат островите со црвен автомобил кабриолет, иако тоа би било навистина убав начин да се чувствуваме како да сме милионери на кои Хаваи им е редовно тајно прибежиште. А ако сепак имате и таква можност, држете го сламениот шешир со едната рака додека се возите, да не случајно опивачкиот ветер пасат не го оддува во некое поле со свежа лава или во океанот со бранови.


патување надвор

104 LIFE Ј У Н И

помеѓу Европјеците и Хавајците. Во една од борбите, капетанот Кук бил убиен и како достоен голем противник бил распаран и испечен за полесно да му се олупи кожата. Неговите коски биле внимателно исчистени и презервирани како религиозни артефакти. Со смртта на Џејмс Кук на некој начин почнал да изумира и Хаваизмот во некогашната чиста форма. И покрај страшната вест за смртта на Кук, не требало многу да се дознае за Хаваите и за тоа какви девствени острови биле тие - парчиња од рајот спуштени на планетава случајно. Навалиле странци од сите страни на Пацификот, од исток и од запад. Затоа денес овие острови се мултикултурни како и мајка Америка на која тие припаѓаат. Традициите опстојуваат, но меѓу се` помал број на луѓе. За малку повеќе од еден век, од засебен свет и уникатно кралство, сега Хаваите се трудат да останат свои на своето, да го зачуваат богатото наследство и ендемичната природа од се` поголемата и погладна тетка Комерцијализација, која се храни исклучиво само со егзотични, ретки и скапоцени нешта. ИЗВИНИ ХАВАИ И СРЕЌНО После стотина години нанесена неправда врз народот на Хаваите, кога нивната монархија била заменета со воведувањето на американските закони и на нивната територија, дојдоа времиња за покајание. Пред неколку години Американскиот конгрес донесе Резолуција за извинување кон Хавајскиот народ. Последната кралица на Хаваите, Лили’уокалани на крајот на 19-тиот век била срамно затворена во својата величествена палата Иолани во Хонолулу – гордоста на нејзиниот сопруг, кралот, кој претходно умрел на лечење во Сан Франциско. Кралицата била обвинета за заговор против поредокот од Американскиот министер за Хаваите и таа веднаш била осудена на живот сама во палатата која била една од најубавите градби во Полинезија. Иолани во себе ги имала вградено комодитетите незамисливи во тој дел од светот – на пример тоалети, но и други најнови технолошки изуми на тоа време: телефонски линии и сијалици! После неколку години таа сепак била ослободена, но на кралската традиција на Хаваите и дошол крајот. И иако денес жителите


патување надвор ЕВТИНА ЦЕНА ЗА ПРЕСТОЈ ВО РАЈОТ Кога пристигнав на Хавајските острови, на безбедна оддалеченост од било кое поголемо копно со повеќе од 3000 километри, од возбуда во ушите ми зуеше мелодија свирена на нивниот традиционален инструмент - укулеле. Не очекував премногу од островиве, бидејќи мислев дека нивната душа е одамна изгубена или потрошена од милионите туристи, главно Американци од континентот. Но, пријатно се изнена-

105 LIFE Ј У Н И

на Хаваите живеат убав и комфорен живот по највисоките светски стандарди, кај вистинските Хавајци се` уште пулсира енергијата на вулканите на Мауна Кеа, која ги потсетува дека тие се посебни – чувари на кралството на Пеле и Лоно.

див. За неколкуте дена престој бев миросан од тропските мириси на овие острови. Хавајското вечно лето и благиот ветрец кој гали и ве прави летаргичен, ги уништува сите тензии и немири. Времето е успорено, луѓето не брзаат и не се потат и низ воздухот струи мисковина. Патот до Хаваите е далечен, напорен и прилично скап. Но, на крајот од Вашето патување ќе знаете дека сте направиле добра трговија – за евтино сте имале можност да престојувате во рајот на земјата. Ако некогаш се најдете на Хаваите, на сон или јаве, и ако за добредојде на вратот ви обесат едно леи од свежи цветови кои опиваат и ве фрлаат во екстатичен напад на среќа, скинете еден цвет и понесете го со вас во Македонија. Претходно задолжително возвратете им со љубов и длабока благодарност за нивното гостопримство. Ако решите тој цвет од леито сепак да го зачувате за себе, тогаш скинете уште еден за мене. Хаваите доживеани на вистински начин, подоцна знаат ужасно да недостигаат. ¿


патување дома

¢ Васко Марковски

РАДОЖДА, КАЈ ШТО СЕ БУДИ РАДОСТА

106 LIFE Ј У Н И

НЕКОГАШ БЕШЕ ПОЗНАТА МОЖЕБИ И ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПОЗНАТИ ДЕНЕС НАЈПОПУЛАРНИТЕ ЛЕТУВАЛИШТА И РИБАРСКИ НАСЕЛБИ НА ОХРИДСКИОТ БРЕГ. НО, ВРЕМЕТО НА РАДОЖДА ПОВТОРНО ДОАЃА. СЕ' ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ПОВТОРНО ЈА ОТКРИВААТ ПРИВЛЕЧНОСТА НА НАЈЈУЖНАТА ТОЧКА НА СТРУШКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ


ВЕТРОВИ, РИБАРИ, СВЕТИЛИШТА Кажано во бројки, Радожда е на 9 километри од Струга, на 1 километар од границата со Албанија, на 110 километри од Јадранско Море и медитеранската клима. Село во кое дуваат 10 ветрови, некогаш прочуено како село на вешти рибари, некогаш толку моќни, што се случувало еден единствен рибар да го закупи целото езеро на еден ден, кога ќе лови. Само тој, и никој друг. Затоа е позната и како дом во кое се ловело многу и се приготвувало многу вкусна риба. Кон крајот на минатиот век беше познато по двата авто-кампа, еден пред селото и еден на крајот - „Ливадиште“ и „Треска“, од кои останале само спомените и првите знаци на повторно заживување. Денес, се` повеќе луѓе одново ја откриваат Радожда како едно од најтивките, најживописните рибарски населби на охридската ривиера, како „Пештани на струшкиот брег“, но кое многу повеќе успеало да ја зачува својата автентичност. На влезот на селото не` пречекува црквата „Света Недела“, изградена во 1930, обновена во 2002 година. Веднаш ќе забележите жуборење: извор, под црквата. Веднаш до црквата: чешма, со три шепурци. Вода за која се верува дека е чудотворна.

„Пред да се направи водоводот, голем дел од семејствата оттука си полнеа вода за во домовите. Најинтересно да се дојде е за Водици, кога се фрла крстот, в езеро“, ни рече нашиот водич низ Радожда, Ристо Наумоски, долгогодишен учител во селото и управител на тамошното училиште, додека стоевме покрај црковното пристаниште. Се задржуваме накусо, колку да разгледаме. На брзина го разгледуваме и светилиштето, веднаш над црквата, во карпите. „Ќе ни биде потребна секоја минута“, не` подучи чичко Ристо. ПАНОРАМИ, СПОКОЈСТВО И МИР Навлегуваме во селото. Ќуќите се наредени покрај брегот и на падините под грамадниот карпалак. Времето ни се погоди, сончево, будејќи слики од Радожда какви што ни останале во сеќавањето. Следното што ве пречекува е мало плоштадче. Лево е терасата на првиот ресторан; оддесно се скалилата што водат кон пештерската црква „Свети Архангел Михаил“, вкупно 193. Секој што ќе го прашате ќе ви рече дека црквата „Свети Архангел Михаил“ е едно од највредните нешта поради кои вреди вреди да ја посетите Радожда. По десетина минути искачување веќе сме таму. Ја отвораме железната врата и нестрпливо погледнуваме накај езерото, надолу. Пред вас е веќе се` што подоцна ќе стане „уште една причина“ да сакате повторно да дојдете во Радожда: величествени панорами. Пред вас е целото езеро; крововите и питомиот брег на Радожда; звуци на инсекти и повремени крици на птици-грабливки. Пријатно ветре. Природа, природа, природа. Погледот спонтано се преместува нагоре, кон карпите што ве надвиснуваат, кон фреските насликани на речиси недостижните карпи. Нозете спонтано тргнуваат кон скалилата што водат уште погоре, кон влезот во храмот.

патување дома

'ОВДЕ РИБАТА Е НАЈВКУСНА' Чичко Ристо е веќе долу, кај ширинката кај ресторанот. Не` надлетуваат соколи. Продолжуваме накај училиштето, местото каде што чичко Ристо поминал 35 години од работниот век. Веднаш до училиштето се црквата „Света Петка“ и „Свети Никола“, главната црква во селото, најголемата. Бројот на ученици во училиштето е преполовен, десеткуван. Некогаш тука доаѓале на училиште деца од соседните села, денес се исполнети само

107 LIFE Ј У Н И

дамна се токмевме да појдеме во Радожда. Поминале години од последниот пат кога сме биле таму, иако често патот не` носел до Струга. Се` некако ни било полесно да скршнеме накај Вевчани, накај струшките градски плажи, плажите на охридските летувалишта, накај Трпејца, Пештани, Градиште, Љубаништа, Свети Наум. Но, нешто се менува. Ќе се јавите кај некој од пријателите за кој знаете дека истиот викенд тргнал за СтругаОхрид - се` почесто се случува да дознаете дека сте тргнале во различен правец: вие кон Свети Наум, тие за Радожда. Доволно предизвик овојпат да тргнеме таму. Јуни е пред нас.

О

Црквата потекнува од 13 век. Според истражувањата што биле направени, ја основал монах пустиножител, кому подоцна му се придружиле околу 40 монаси, кои нашле мир во карпите, се` до крајот на 17 век. За почетоците на црквата, сведочи фреската „Чудото од Хона“, насликана на крајот на 13 век. Анализите на фрескописот покажале дека е многу веројатно пештерската црква во Радожда и пештерската црква во блиското село Вишни, би можело да имаат врска со угледните и моќни охридски манастири „Света Богородица - Перивлепта“ и манастирот „Свети Пантелејмон - Свети Климент“ на Плаошник. Колку е посетувана црквата и со какви чувства ги испраќа тие што ќе дојдат да ја видат, најдобро ќе ви раскажат книгите со впечатоци. Во нив се запишани зборови на восхит од луѓе од разни краишта на светот - иселени радождани, туристи од соседните земји, луѓе што по некоја случајност дошле во Радожда: од САД, Германија, Израел, од арапскиот свет. Такви ќе бидат и вашите зборови, ако решите да оставите трага дека некогаш сте биле таму. Местото плени. Спокојство и мир. Величествена глетка кон езерото. Хор од жаби. Фотографираме. Не можеме да се одвоиме од местото.


патување дома LIFE Ј У Н И

108

две-три училници. Радождани се иселувале во неколку бранови во минатиот век, но, станува се повеќе интересна за нивните наследници, родени или растени во Франција, во Германија, во соседните земји. Многу од нив веќе ги обновиле старите куќи, а кај да е уште многу ќе ги обноват - ќе ви раскажат мештаните. „Многу луѓе привлекуваат - езерото, рибата. Луѓе доаѓаа од Охрид, со кајче, на риба во Радожда. Не умеат во Охрид да ја подготват така. Овде е секоја риба повкусна - јагула, летница, белвица, крап. Крап и клен се највкусно нешто од диво месо, а овде е крапот најчист, почист и од крапот од Калишта, каде што го имаше во изобилие. Но, сега, ловењето риба е забрането, но, не е забрането во делот на езерото во Албанија. Таму се лови непречено, па од таму ја продаваат кај нас на црно“, ни рече учителот, како што многумина го ословуваа нашиот водич додека шетавме низ селото. Ги разгледуваме една по една црквите, куќите со убави дворови, рестораните и апартманите што се подготвени за бранот посетители што им претстои. Ќе ни треба многу време за да појдеме до „Свети Илија“, една од многуте цркви во планината, на трасата на славниот римски пат „Виа Игнација“, кој ги поврзувал Константинопол (денешен Истанбул) со западните провинции на Римската империја. Одиме понатаму, по брегот, накај „Треска“, накај границата со Албанија.

ИДЕ ДЕН.. Недалеку од пристаништето ни се придружи Чедомир Лакоски, автор на монографијата „Радожда - убавица на езерски брег“, човек кој со голема страст ја проучува историјата на Радожда. Некогаш и тој бил учител во Радожда; се иселил во Скопје; откако е пензионер, сончевиот дел од годината го поминува во семејната куќа во Радожда. „На Радожда и` претстои неверојатно голема перспектива, особено со влегувањето во НАТО и во Европската унија. Ќе се отворат границите. Сега ние го гледаме Лин, во Албанија, од овде, а можевме да појдеме на кафе. Го гледаме, а не можеме да го посетиме - мораме да одиме од околу, преку Ќафасан. Од друга страна, кога-тогаш, ќе мора околу целиот брег на Охридско Езеро да се направи магистрален, заобиколен пат. Во Радожда веќе има голем интерес за купување земјиште. Ние се` уште не размислуваме, но набргу ќе почнеме да размислуваме за бродско позврзување на Македонија со Албанија, преку Охридското Езеро, на Охрид и Струга со Поградец“, ни рече Лакоски додека се движвеме накај некогашниот авто-камп „Треска“, место

што останало во сеќавањето како едно од најпитомите места за одење на излет или на капење на брегот на Охридско Езеро. „Треска“ денес е напуштена и разурната, без сопственик, но, се` уште со истата привлечност. Чекорејќи низ бујната шума што води накај границата со Албанија, се` повеќе чувствувате дека сте дошле во „место што ја буди радоста“, токму како што вели една од теориите за настанокот на името: Радожда. Можеби затоа не ни беше чудно кога чувме дека некогашен дански премиер престојувал десетина денови во некогашните вили во кампот „Треска“, како гостин на високиот комунистички функционер од Македонија, Милан Панчевски. Можеби затоа не ни е чудно што се повеќе познаници, кои можеби и никогаш не знаелее за Радожда, доаѓаат, им раскажуваат на своите пријатели дека откриле убаво место, на крајот на струшкиот брег, до границата со Албанија. Можеби затоа не не` чуди што се` повеќе иселени радождани решиле да си ги обноват куќите. Седиме на балконот на куќата на семејството Лакоски, со двајцата поранешни учители, и слушаме како се редат приказните за убавото рибарско село кај Струга. Приказната му препуштивме да ја заврши чичко Ристо Наумоски, родум од блиското село Вишни, кој како човек од страна се обиде да ни ја дополни сликата, со збор-два за радожданите. „Радождани се гостопримливи луѓе. Да појдеш кај него дома, ќе те удави од молби да земеш од тоа што ќе ти извади. Ќе се чувствуваш убаво макар и само вода да те пречека“, ни рече чичко Ристо, обидувајќи се да ни опише какви се радождани. Велат, такви се и како угостители. Како што прилега на место каде што се буди радоста. Јуни е пред нас. ¿


109

LIFE Ј У Н И


пишува: Љупка Делева, визуелен уметник

Разгледници од Венеција _ 02

ЈОСИФ БРОДСКИЈ, ВЕНЕЦИЈА И САН МИКЕЛЕ екако дека на пошироката читателска публика и’ е позната книгата „Водениот печат“ од Бродскиј. На оние „упатените“ не треба да им кажувам дека дејствието на тоа маС ло книже е ситуирано во Венеција, во зимската и херметичка атмосфера на минатиот век. Оригиналното име на оваа книга е „Фондамента за неизлечивите“, во оригинал “Fondamenta degli incurabili”. Станува збор за прекрасно шеталиште покрај морето, каде што се наоѓа и Ликовната академија. Неодамна, шетајќи се, ја забележав и спомен плочата, најверојатно поставена од Општината во чест на славниот писател, кој не само што го има овековечено овој град, туку за свое вечно почивалиште ја има избрано токму Венеција и гробиштата на островот Сан Микеле (San Michele), иако своите последни денови ги поминувал и починал во Бруклин... Гробиштата Сан Микеле се наоѓаат спроти Венеција, во непосредна близина на островот Мурано, и поради славните личности кои почиваат таму, и тие се станати туристичка атракција. Исто како и оние во Прага кои што биле тема во една од последните книги на славниот Умберто Еко, како и Пер Лашез во Париз, често споменувани во забелешките на еден наш истакнат културен современик кој вели дека бил чистач таму... Но, да се вратиме на гробиштата во Венеција. Покрај гробот на Бродскиј, на Сан Микеле се наоѓаат уште и гробовите на:

110

LIFE Ј У Н И

Сергеј Џагилев (1872 - 1929) Кристијан Доплер (1803 - 1853) Хеленио Херера (1916 - 1997) Езра Паунд (1885 - 1972) Игор Стравински (1882 - 1971) Емилио Ведова (1919 - 2006) Луиџи Ноно (1924 - 1990)

Ако ве носи патот накај Венеција, можеби баш за предстоечкото Биенале за Визуелна уметност (3.0628.11), сетете се и на овој мој предлог, оддајте им почит на големите луѓе кои почиваат на Сан Микеле, можеби дочитувајќи ја „Водениот печат“...


маса за двајца ност и шарм, еден од најстарите ресторани каде што се негува македонската традиционална кујна. Место што ќе ви даде лад и убаво расположение кога сонцето ќе почне силно да пече над Скопје. Јуни, како што ќе ви кажат и домаќините, е можеби најубавиот период да го посетите „Ореов лад“, сместен веднаш зад мостот на Вардар кај Сарај, на последната станица на „двојка“. Можеби и нема да ви биде потребно да си земете палто или блуза со солги ракави пред да тргнете таму, како што ќе ви напомене разумот, но, воздухот што ќе ве пречека, секако - ќе биде попријатен, посвеж. Не се вика џабе „Ореов лад“. Го оставате автомобилот да се лади под сенките на паркингот и барате сенка, токму како што некогаш, на истото место, правеле луѓето откако ќе се симнеле од коњите кај влезот на некогашниот ан, основан во 1870 година - почетокот на историјата на „Ореов лад“. Ве пречекува многу зеленило и езерца со пастрмки, златни и сребрено-темни. Спонтано разгледувајќи го барате своето парче лад. Првото што веројатно ќе го забележите - нема музика. И, воопшто нема да ви недостасува. Набргу ќе се навикнете и ќе си речете: добра идеја. Им се препуштате на звуците на природата, која ве опкружува од секаде, каде и да подзастанете - под тремовите, во детското игралиште или во некој дел од ресторанот, изграден од материјали од природата - дрво и камен.

¢

Васко Марковски

ОРЕОВ ЛАД РЕСТОРАН КОЈ КОГА-ТОГАШ ЌЕ СТАНЕ ВАШЕ ОМИЛЕНО МЕСТО И РИТУАЛ НА КОЈ ЧЕСТО БИ САКАЛЕ ДА МУ СЕ НАВРАЌАТЕ. СЕКОЕ ОДЕЊЕ ТАМУ Е ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО - ПРЕКУ ХРАНАТА, АМБИЕНТОТ, МЕМОРИЈАТА НА ОРЕОВИТЕ СЕНКИ

Седнуваме на централната тераса. Изборот е веќе направен. Знаеме за што сме тука. Би било неразумно да дојдете во „Ореов лад“, а да не одберете нешто од тоа што ги прави препознатливи - традиционалните македонски јадења. Побаравме само совет. „Даска и грне, нема да згрешите“, не' посоветуваа. Ги послушавме. Набргу пред нас беа „даската“ и бокалчето ракија, каква што ни препорачаа. Лесно ќе ве пленат, уште пред да почнете да ги дегустирате, кон што и да погледнете: убаво одбрано сирење, пржени тиквички, пржени полнети пиперчиња, пита со коприви и спанаќ, два вида пршута и кисело млеко. Одлична комбинација, која го насочува муабетот. Времеплов. Разговор за некои подзаборавени вкусови, времињата кога првпат сте го откриле местото, за мирот што ќе го најдете тука, на западниот крај на Скопје.

Гостопримливоста ја чувствувате во секој, дури и најобичен контакт со искусниот, рафиниран и искрен персонал. Им се радуваат на убавите зборови што ќе им кажете, а на секој комплимент за возврат ќе ве почестат по некоја мала тајна, што да направите, кога да дојдете за да добиете уште повеќе квалитет и задоволство од нивните јадења. Веќе научивме: пржените пиперчиња и салатите допрва ќе бидат уште повкусни, кога ќе созреат нивните, од бавчите веднаш зад тремот - од прочуениот сарајски пипер-патлиџан. Пред нас е грнето, затворено со тесто, еден од специјалитетите што се гордост на куќата. На масата - едноставна величественост; без претенциозност, без надуени вредности. Едноставност што плени. Полека-полека густираме од вкусната мешавина од три видови месо, свежи печурки и млад кромид. Сонцето веќе спитомува зад високите орешки. Продолжуваат виното и разговорот. За крај - баклава и блага пита. Летото е пред нас. Вистинско прибежиште. ¿

Адреса: ул. Сарајска бр. 1, с. Сарај, Скопје Работно време: 8:00-24:00 (нед-чет), 8:00-1:00 (пет-саб) Контакт: тел. 02 / 20 57 958, е-пошта: contact@ oreovlad.com.mk Картички: Visa, Master Card, Maestro, American Express Пристап за луѓе во количка: пристапнo Повеќе инфо:: www.oreovlad.com.mk FB: Ореов Лад

111 LIFE Ј У Н И

ко до сега не сте го откриле, кога-тогаш мора да го откриете. Ако веќе го знаете, A си знаете: место што плени со својата уникат-


панорама

ПАНО ТАЈНИТЕ НА БОЖИЦАТА ОД ОСТРОВОТ БАЛИ АСЕАНА РОЈАЛ СПА, ВО БЛИЗИНА НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА КАЈ ОУ „Ј. Х. ПЕСТАЛОЦИ“. Инспирирани од убавините на Азија, древната мудрост и традицијата во негувањето на убавината низ животот „Асеана ројал спа“ воведе нов светски тренд кај нас и е со уникатен концепт на овие простори. Професионалните спа-терапевти и козметолози што доаѓаат од далечниот Исток нудат ексклузивни третмани. Во овој традиционaлен азиски спа-центар за убавина и здравје се нуди: спа-нега и третмани за коса, лице, раце, стопала, тело, анти-целулитни масажи. Ентериерот зрачи со убавина, хармонија на боите, мебелот и деталите и е во функција на ослободување на стресот кај присутните. Ви ја препорачуваме спа-бали масажата која се смета за мајка на традиционалните индиски и кинески третмани. Таа има своја филозофија, а овозможува релаксирање и враќање на енергијата на телото..

ПРВ МЕЗЕ-БАР ВО ГРАДОТ МЕЗЕ-БАР „СОПОТСКО“ НАД ПОРАНЕШНО МЦМ

112 LIFE Ј У Н И

Кафе-бар, ланч-бар, коктел-бар... некој се сети да отвори и мезе-бар. „Сопотско“, над поранешно МЦМ во Градски парк, е првиот мезе-бар во градот. Овде можете да пиете на раат и, притоа, да консумирате добра лесна храна. Менито е кратко, но квалитетно. Одличен избор за мезе е сирењето во фурна. Атмосферата е домашна, а просторот е поделен на три посебни простории што се уредени различно и секоја на свој начин е убава и пријатна за седење. Интимно место, во кое секогаш се пушта релаксирачка и квалитетна музика, која не ве заморува, туку, напротив, ве релаксира. „Сопотско“ е совршен микс меѓу кафеана и кафуле и спој на корисното од двете места за излегување.


панорама

РАМА СПЕЦИЈАЛИТЕТ „А ЛА БУРЕ“ ПИЦЕРИЈА „БУРЕ“, ШИРОК СОКАК, БИТОЛА

113 113

LIFE Ј У Н И

Сместена на Широк сокак во Битола, пицеријата „Буре“ веќе четири години го привлекува вниманието на битолчани и на намерниците во градот со својот специфичен ентериер, кои му стануваат верни посетители поради врвните специјалитети „а ла буре“. Специфичниот ентериер е дело на Владимир Симоновски и на Марјан и Стефан Малбашиќ и е направен од стари буриња со различна големина кои се распоредени во приземјето, на катот и во летната бавча на пицеријата. Доколку шетате низ Широк сокак, лесно ќе го препознаете ова интересно место и секако, задолжително пробајте ја нивната храна.


114 LIFE Ј У Н И


115 LIFE Ј У Н И


116 LIFE Ј У Н И

02 322 16 35 www.panache.com.mk


IFE IF E Ј У НИ 117 LIFE


118

LIFE Ј У Н И

¢ Мадам Шехерезада

ТАРОТСКОП

ЈУНИ 2011

ОВЕН – АС НА МЕЧОВИТЕ

БИК - ШЕСТ НА МЕЧОВИТЕ

БЛИЗНАЦИ – ОСУМ НА МЕЧОВИТЕ

РАК - СОНЦЕ

ЛАВ – ВИТЕЗ НА ПАРИТЕ

ДЕВИЦА – ВИСОКА СВЕШТЕНИЧКА

Полни сте со елан и нови идеи, кои најверојатно ќе започнете и да ги реализирате – што е сосема типично за вас, да бидете секогаш во акција. Не се разочарувајте ако не успеете веднаш и да го завршите тоа што сте го почнале. Во љубовта ќе треба да покажете повеќе иницијатива (на вас останува да ги потпалите работите), а саканата личност ќе го следи вашето водство. Совет: јагоди и вино.

Ви претстои мирен месец, бидејќи на проблемите кои ги имавте подолго време ќе им се види крајот. Одлуките кои ќе ги донесете нема да бидат едноставни, но моментот на опуштање по „пресекувањето“ ќе ви значи многу. Во љубовта, не се инаетете, попуштете (односно, некој ќе мора да попушти, а најдобро е да бидете тоа вие). Совет: долг викенд во природа или краток одмор, сонце и чист воздух.

Ова е месец на емоционални превирања. Додека едни врати ќе се затвораат, други ќе се отвораат. Од една страна ќе дознаете многу вистини, од друга страна ќе наидете на многу неизвесности. Не обрнувајте внимание на озборувањата, оставете ги зад вас, и чекорете само напред, бидејќи новите, убави работи нема да ве чекаат до бесконечност. Совет: храброст, љубов и желба за авантура.

Сонцето ќе им го разубави овој месец на сите ракови. Складни односи во семејството, љубов и разбирање со партнерот, остварување на работните предизвици и полно енергија за оние кои следат... Ова е и убаво време за да одите на одмор, макар и на неколку денa, без разлика дали се работи за одмор на море, или пак за мирен селски туризам. Совет: уживајте во сонцето.

Вашата енергија овој месец се движи од екстрем во екстрем, па во еден момент ве обзема чувство на мрзливост, а во другиот сте активни и притискате да остварите некоја цел. Бидете внимателни, озборувањата и лицемерието на некои инволвирани страни се блиску до вас. Доколку планирате патувања, можни се непланирани доцнења или ситни проблеми. Совет: не се обресхрабрувајте.

Интуицијата ви кажува едно, а приморани сте да донесувате одлуки кои се спротивни на она што таа ви го алармира. Она што ви се случува месецов е контра на она што сте го планирале, и иако ви се чини тешко, ќе треба едноставно да го пребродите овој период. Само продолжете да го правите тоа што го правите на најдобар можен начин, и бидете максимално логични и практични.

ВАГА – КРАЛИЦА НА СТАПОВИТЕ

СКОРПИЈА – ШЕСТ НА СТАПОВИТЕ

СТРЕЛЕЦ – ОБЕСЕН ЧОВЕК

ЈАРЕЦ – ВИТЕЗ НА МЕЧОВИТЕ

ВОДОЛИЈА – СЛУГА НА ПЕХАРИТЕ

РИБИ – АС НА СТАПОВИТЕ

Харизмата и страста се сосема на Ваша страна, па искористете го тоа во претстојниот период. Имате повеќе енергија одошто е потребно да ја завршите работата која ви претстои,и доволно шарм да оставите впечаток каде што е потребно. Ако чекавте совршен момент да започнете со нов проект, не се двоумете ни секунда. Ова е месецот во кој вие ќе заблескате.

Работите вредно и време е да добиете награда за вашата работа. Сите несогласувања на работното место од минатиот период конечно ќе се разрешат, а вие ќе се покажете во најдобро светло. Она за што работевте конечно ќе се оствари, а најверојатно ново работно место или унапредување е крајниот резултат. Во љубовта, исто како и во работата, ви цветаат рози.

Ситуацијата во која се наоѓате е онаа во која треба да жртвувате барем една мала работа за да добиете повеќе. Време е да смените некои работи, и конечно вашите желби да почнат да се остваруваат, но патот до убавите работи е трнлив и секогаш бара пожртвуваност. Бидете флексибилни, направете компромиси, и конечно работите ќе тргнат на подобро. Совет: Хранете се здраво!

Успешниот период кој го имавте ве исполни со ентузијазам и позитивна енергија, но треба да бидете внимателни во толкувањето на реакциите на луѓето околу вас. Понекогаш е попаметно да бидете поскромни и да не се фалите за успехот, бидејќи некому тоа може да му посмета. Бидете едноставни и скромни, и нема да влезете во конфликти. Совет: Забавувајте се и излегувајте во природа!

Период во кој ќе поминувате повеќе време со семејството и љубените личности, и како период кога особено ќе бидете емотивни и отворени за интимни дружења. Ова е и добар период да се релаксирате од напорната работа и да почнете да го планирате вашиот годишен одмор. Според распоредот на планетите, совршено ќе ви одговараат далечните дестинации. Совет: летни коктели и овошје!

Ослободете се од негативните блокади – ова е период на нова енергија и нови почетоци. На сите слободни Риби им претстои исклучително страстна љубовна авантура, а на оние во врска – интересни доживувања со партнерот. Љубовта е дел од вашиот знак во јуни, па немојте да ги занемарувате сите знаци кои водат натаму. Совет: надминете ги бариерите, опуштете се и уживајте.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.