Life_201104

Page 1




ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

Атанас Кировски АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

РЕДАКЦИЈА Тони Димков

Не постои совршенство, се е` живот

Силвана Жежова Влатко Галевски

Марија Дивитарова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Катарина Стојанова

музика Александар Гавровски

Васко Марковски

МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ

83

Игор Ивковиќ Петре Димитров 62

здрава исхрана Душан Матиќ

ДАЛИ Е МЛЕКОТО СОВРШЕНА ХРАНА ЗА ЧОВЕКОТ?

Марија Илиќ Патриција Костовска

Серјожа Неделкоски

68

здравје Татјана Илиева-Хаџиевска

ЦИН

Кристина Озимец Мирослав Николовски ЛЕКТОР

Антиквитети Ангелина Јаневска

Мери Кондоска

ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

84

ФОТОГРАФИЈА

Ивана Кузмановска Синиша Станковиќ (колумнист)

Роберт Смилески

life портрет: ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ

(надворешен соработник)

12 ГРАФИЧКИ УРЕДНИК

Филип Митров

ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

ИСКРЕН ПРИСТАП КОН НЕШТАТА


¢

ЈОРДАН СИМОНОВ

ЖИВОТ ПОД МАСКИ на лице место ОРЦЕ ДИМИТРОВ

Од друга перспектива САШО ПЕШЕВ

18

Скопје низ очите на... МАРКО НОВЕСКИ

44

22

Јапонците се како Феникс

Бриџот ми е љубовница за цел живот

Марко го брани Скопје

жешка тема СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН

музика ПМГ КОЛЕКТИВ

патување надвор ХОНГ КОНГ

50

104

80 Сон на мажите, инспирација за жените

Бессони вертикали

Деца на два века

o Кире Галевски

life фокус: ЃОРЃИ ДИМЧЕВСКИ

18

ЛОРИН МАЗЕЛ ГО ИЗБРА ЗА КОНЦЕРТ МАЈСТОР

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

Билјана Црвенковска

ЖИВОТ ПОД МАСКИ Како дете, едвај чекав да дојде први април за да се маскирам: костим склопен од стари парчиња од мајка ми и баба ми (и по нешто од дедо ми), шминка, перика од волница... Идејата беше да имаш најдобра „направи сам“ маска и да се забавуваш до бесвест со другарчињата. Денешните деца ја сфаќаат целата работа крајно сериозно. Притисокот на априлијадата е огромен. Ако не купиш најдобра и најскапа маска, ако не отидеш во барем пет продавници, нема да можеш да се покажеш на училиште. Ретко кој прави дома. Мора да се купи, да се плати, а од тоа профитираат, секако, само трговците. Родителите ќе останат со празни џебови, а децата, пртиснати од сите страни, се приморани врз нивните невини душички да ја стават маската на снобовштината. Изгледа дека никој повеќе не е опуштен, дека сите, без исклучок, го живееме животот под маски. И тоа не само оние кои се „на позиција“ каде „нужно“ се става маска, туку и оние на маргините, оние контра системите, лагите и маскирањата, оние кои по правило (или според нивната идеологија) треба да се целосно ослободени од притисоците. Во овој, пролетен број на LIFE магазин, решивме преку маските или ликовите кои ги долови актерот Јордан Симонов да го илустрираме ова проклетство на денешниот човек – да живее под маски. Проговоривме и со неколку актери на оваа тема, го испишавме портретот на режисерот Владимир Блажевски кој е во исчекување на премиерата на својот нов филм „Панкот не е мртов“, се прошетавме со Марко од „Тротоар“ низ неговото Скопје (она од детството, без шминка и „дотерување“), а ви подаривме и албум во живо на Љубојна. Прошетавме, проскитавме, испитавме, па се вративме да пишуваме. Ако некој не запраша дали ние, што волку мудруваме, носиме или не носиме маски, ќе му одговориме исто што и Бетмен на докторката Чејс, кога му забележа дека жали што не може да види кој е зад маската: „Сите ние носиме маски“.


ИВАНОВСКИ

МОДЕН ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

ТАСЕВСКА

„Моден викенд -Скопје“ се отвори со ревиите на Роберт Бимбилоски, Драган Христов и Елена Апостоловска основачи на „Лудус концепт стор“ и „Лудус лавс фешн“. На ревиите на 26 и 27 март во „Пентхаус“ во „Соравија“ се презентираа млади и етаблирани дизајнери и модни куќи. Присутните ги проследија колекциите на Кокев-Кадриу, Олгица Ѓоргиева, Александра Митковска и Љупка Арсовска и ревија на студенти од Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет - Скопје, групна модна ревија на Роберт Ивановски, Елена Спасовска, Емилија Тасевска.

RISTO

6 LIFE А П Р И Л

РЕЦИТАЛ НА ИВАНА АНДОНОВСКА-СВИЛАР На 15 март во Салонот 19/19, во Културно-информативниот центар, одржа рецитал извонредната Ивана Андоновска-Свилар која со пијанопридружба на Татјана Огнаноска ги изведе делата од Рахмањинов, Чајковски, Сен-Санс, Верди, Масне, Маскањи и Доницети.Присутните на рециталот имаа можност да уживаат во нејзиниот моќен глас и одличниот сценски настап, а благодарение на различниот и уникатен пристап кон оперското пеење, Ивана Андоновска-Свилар внесе свежина во операта. Оваа млада певица, која во 2010 година магистрира со највисока оценка на ФМУ во Скопје во класата на проф. Билјана ЈакимовскаЈовановска, со сигурни чекори се искачува кон врвот на македонската музичка сцена.

МИТКОВСКА LUDUS


настани

110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЛИЧЕНОСКИ По повод јубилејот 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски беше отворена изложба со негови дела во Даутпашиниот амам при Националната галерија на Македонија. Изложените дела се дел од донацијата од 160 слики кои семејството на основоположникот на македонската ликовна уметност ги отстапи на Република Македонија.Изложбата за отворена ја прогласи министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која меѓу другото истакна: „Со своето дело и со својата исклучителна личност Личеноски ја внесе Македонија во културната и ликовната мапа на Европа, а неговите достигнувања прераснаа во идентификација за вистинските вредности во македонското културно живеење.“

НА ЧАЈ СО СОПРУГИТЕ НА ДИПЛОМАТИТЕ Во скопското кафуле Интермецо минатиот месец се одржа дегустација на чаевите Good Nature на Алкалоид организирана за сопругите на дипломатите во земјава. На дамите им беше подготвена специјална селекција од три типа на зелени чаеви, три овошни и три типа на сто процентни органски чаеви. Во опуштена атмосфера дамите го вкусија и комфортинг чајот, кој претставува гордост за компанијата кој го произведува специјално за компанијата Аведа, членка на групацијата Estee Lauder, кој се продава во нивните ексклузивни спа салони и продавници. Чајанката за дамите ја организираше сопругата на министерот за надворешни работи Марија Милошевска и сопругата на генералниот директор на Алкалоид, Емилија Мукаетова.

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА ПО 34-ТИ ПАТ Фестивалот „Денови на македонска музика“ годинава се одржа од 21 до 30 март. Станува збор за една од најзначајните музички манифестации која е посветена на творештвото на македонските композитори. На ДММ 2011 настапија повеќе домашни и странски изведувачи, а беа промовирани и повеќе книги и цедеа. Свеченото отворање на ДММ со концерт на Ревискиот оркестар на МРТ се одржа во чест на јубилејот – 80 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски – Шпато. Покрај концертот, на свеченоста беа промовирани монографијата „Шпато – музичка легенда“ од Ванчо Димитров и компакт-диск со музика од Шпато.

Владимир Петровски е младо момче кое има 27 години и боледува од Morbus Hodkin (Хочкинова болест). Уште од 2006 години се лекува на хематологија во Скопје, но третманот беше без резулатати. За целосно негово лекување потребна е трансплатација на коскена срж и имуно терапија со времетраење од шест месеци, во болницата Hadassah Ein Karem во Израел. Третманот чини 130 до 160 илјади евра, финансиски средства кои семејството не може целосно да ги обезбеди. Затоа, апелираат до сите хумани луѓе кои можат да помогнат, да спасат млад живот, да донираат на трансакциската сметка: 530500009414098 Охридска Банка, АД Охрид и со вртење на броевите на мобилните оператори со што донацијата изнесува 100 денари. Т-Мобиле 070/143 131 и Вип: 077/143 456

7 LIFE А П Р И Л

БИДИ ХУМАН, СПАСИ ГО ЖИВОТОТ НА ВЛАДИМИР ПЕТРОВСКИ


МИЈАЛКОВА И ШУКАРОВА

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ БАЛЕТСКА КАРИЕРА НА ИСКРА ШУКАРОВА Со улога во балетот „Рајмонда“ на 12 март во Македонската опера и балет Искра Шукарова обележа 20 години во својата балетска кариера. Како професионален балетски играч Шукарова настапува во МОБ од 1991 година, каде има реализирано триесетина солистички улоги. Во периодот 2002 – 2004 година беше Уметнички раководител на Македонскиот балет. Шукарова има и богата кореографска кариера. Едновремено е една од основачите на „Локомотива Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“.

КОНЦЕРТ НА ТОНИ ЗЕН Тони Зен одржа спектакуларен концерт на 18 март што личеше на едно музичко шоу кое долго време ќе го раскажува публиката која ја исполни целата арена „Борис Трајковски“. Меѓу присутните слета од покрив како Супермен, закачен на јажиња. Негови гости на концертот беа диџеј Чваре, Слаткар, „Токсикологија“ и Скит Скитара како и српските рапери Струка и Луд. Како изненадување се појавија српската пејачка Гоца Тржан, манекенките Катерина Вучетиќ и Јелена Мркиќ, кои со Тони настапија во реалното шоу „ВИП Преживеан“.

„MACEDONIA TIMELESS – FOOD“ ОСВОИ ПРЕСТИЖНА МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА

НАТАША И НАТАЛИЈА КОЦЕВИ

Рекламниот спот „Macedonia Timeless – Food“, ја освои првата награда во категоријата телевизиска продукција на Меѓународниот фестивал за туристички комуникации што се одржа во Будва. Телевизискиот спот, изработен од маркетинг агенцијата „Република“, победи во конкуренција на 80 проекти од Словенија, Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

„СТИЛСКА ГРАДИНА“ ЗА ЖЕНИ СО СТИЛ

8

LIFE А П Р И Л

ФЕСТИВАЛ „ЅУНИЦА“ Филмскиот и уметнички фестивал за ЛГБТ лица „Ѕуница“, се одржа од 17 до 20 Март во Кино Фросина. Отворањето на шестата „Ѕуница“ започна со изложба на „крос дресинг” фотографии и филмот „Contracorriente“. На 18 март беше прикажан филмот „Room in Rome“, следеше проекцијата на „Four facedliar“, а на 20 март беше прикажан „Aimee & Jaguar“. Ѕуница е најстариот македонски збор за виножитото, збор кој ги содржи сите дадени бои од сонцето, еднакво видени од сите луѓе.

Mакедонскиот бренд Астибо ја промовираше новата колекција пролетлето 2011, “ASTIBO style garden”. Новите креации на дизајнерите Наташа и Наталија Коцеви се одликуваат со ведрина, модерен дизајн, врвен квалитет и достапни цени, а наменети се за модерната и деловна жената. „Успешната жена секојдневно се соочува со различни ситуации во кои секогаш треба да изгледа беспрекорно. Затоа, нашата колекција оддава чувство на стабилност, посветеност кон работата, кон семејството и пријателите“- изјави Бети Санева, генерален менаџер на модната куќа „БЕАС-С“, носител на брендот Астибо.

МИКИ И СВЕТЛАНА ЦРНОКРАК


9

LIFE А П Р И Л


10 0 10 0

LIFE А П Р И Л

настани


ивеејќи четири ипол децении во две Ж држави кои (едната на умирање а другата во создавање, но никако да пркне и да и тргне малку-малку на поарно) како со сите сили да се трудеа и за жал, се` уште се трудат, да ја дотолчат и последната фиданка на хуманоста и на моралот, неретко сум се нашол во ситуација да го пцујам & колнам колективното лицемерие. Оти корења имало на оваа почва, ама тоа стебленцата, за плодови - дума да нема, ги испогазивме во алчната трка за моќ и пари, чисто за задоволување на најниските страсти. Си живеевме и живееме под маски (идеолошки, национални, семејни, компаниски...), криејќи си ја содржината, правејќи се наудрени за се` околу нас и ѕверејќи се наоколу, со стеснет светоглед низ дупчињата на маските. Демек, со очи ширум отворени орени од вечниот страв, ама со подзамижани маски. Животот ни е маскенбал! Како што во времето на социјализмот & самоуправувањето пееше Тешка индустрија: „Обуци стару кринолину/ и пребаци бијели шал/ја ћу свират виолину/ и бит ће маскенбал”… Социјализмот ни умре недоизграден сосе индустријата & самоуправувањето, сега сами си (не`) управуваат малкумина од оние кои тоа на време го предвидоа, а на мнозинството му остана глупавите маски и костими. Од едно поинакво време... така, се` уште непресоблечени, си живуркаме, барем повеќето од нас, со единствена желба да си летаме во јато, да си се тегавиме во редици и колони, да бидеме дел од Трпе & Трајче & Мирче стадото на молчаливци и, нели, ептен широкогради домаќини, родени за џингрлака.... Она, добро познато затскривање зад ѓоа-недоволното познавање на фактите и балканското „јас не сум оттука” - однесување, всушност, кукавичкото ескивирање на соочувањето со секојдневната грубост и лошотилак, поради гол опортунитет или „политичка коректност “ (читај: инсталирање на ново, „демократско” едноумие). И ми се збурбатува во стомакот секогаш, кога низ медиумите ќе видам политичко-естраден жонглерај со туѓи емоции, збогатен со многу изветвени фрази и изрецитирани ветувања, заклетви дури, и со лица - згрчени во наместени насмевки „а ла Џокер”... оследниве недели, кога целиот свет стрепи за својата иднина по земјотресот, цунамито и се` уште можната катаклизма од планетарни размери, не знаев дали да плачам или да се смеам кога видов дека земјичката (до која наводно се доаѓало ако се следело Сонцето, што во одреден дел на денот, нели, може да значи и дека се работи за Земјичка на зајдисонцето) на далеку попознатата - Земја на изгрејсонцето, ќе и` донирала десетици илјади евра. Како помош

И

П

за стотиците илјади настрадани на кои допрва им е далеку зимата. Со одлука на некои припадници на власти од Градот на солидарноста, на нашите комшии од истата планета, ете, ќе им била испратена помош во вредност, малку помала од онаа која тие нам претходно ни ја испратиле, за да реновираме некое училиште! Кому ли му текна, резилот на домашен терен со предизборно донирање запленети фалс-брендови на се` побројните загрозени категории граѓани, мегаломански да го проектира - во планетарен срам? Можеби толку му се гледало низ стеснетите дупчиња на арлекинската маска, ама... Навистина, никој не може ни да очекува од државиче кое живее на жими мајка, „на ливче” кај светските лихвари и која распродава обврзници според теркот „сечи од газот - закрпи ушите”, да помага со подароци во износи колку белосветските филмски и музички ѕвезди, но помошта можеше да се изрази и без непотребен чалам, а солидарноста (без која, изразена 63-тата со многу, многу нули, и престолнината се` уште ќе ни беше гратче со маала &калдрма, како пресликано од сеќавањата на носталгичарите), онаа емоционалната, човечка, далечните комшии од другата светот секако се страна на светот, ќе ја почувствуваа. Без примеси на нечие себепромовирање... о Земјата на изгрејсонцето, чии жители се најпознати токму според она што во земјата во која сонцето се побргу заоѓа и се` помрачна е темнината, како одамна да не вирее или никогаш и не успевало – строгиот морален кодекс, саможртвувањето, дисциплината и неверојатната организација, сите се регрутираа и обединија - за да се спасат. Па, и јакузите испратиле храва, вода и лекови во вредност од половина милион долари во центрите за прифат на настраданите!? Кај нив бе, и гангстерите се хумани, што народ ли ќе беа? Добро, споредбите се секако неблагодарни, всушност и невозможни. Во Градот на солидарноста, ако нема полицаец во близина, а некогаш дури и во негова придружба, главно се уринира по џбунови, оти нема јавни тоалети. Оние кои пред 50 години ни помагаа да го никнеме Градот убав од пепелта, веројатно мислеа дека дотолку ќе можеме и сами да сториме... А според медиумски извештај, во токиската населба Акихабра постојат машки тоалети со екрани кои „работат” на уринирање. Па, посетителите, во зависност од притисокот со кој урината им удира во писоарот, можат да се забавуваат & социјализираат, да „цртаат” графити, да „играат” сумо борби и да им се бодираат видео-игрите... Изгрејсонце. алеку е Јапонија. Ние, безбедно сокриени, си молчиме & пливаме, иако водата ни е од поодамна преку нос. „Со туѓа маска, полесно се живее...” ние, немтурите кои поминувавме крај нив, забаталените, како што неодамна цинично ми порача една другарка, низ нечиј цитат: „Направивме сe`, следните поколенија да нe` спомнуваат не само нас, туку и нашите фамилии“!

В

Д А

11 LIFE А П Р И Л

Во земјата на се ` попразните контејнери, во која сонцето се ` потешко изгрева, се продава рибино масло со вкус на чоколадо и се организираат балови! “Со туѓа маска, полесно се живее...” Живуркаме, криејќи си ја содржината, правејќи се наудрени за се ` околу нас и ѕверејќи се наоколу, со стеснет светоглед низ дупчињата на маските

¢ Синиша Станковиќ

белешки на случајниот минувач

АРЛЕКИНИ


ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ, филмски режисер

12 LIFE А П Р И Л

¢ Тони Димков

Кире Галевски

РЕЖИСЕРОТ ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ СО ФИЛМСКА ПРИКАЗНА ЗА МАРГИНАЛНА ГРУПА ЛИКОВИ ГИ СИМНУВА МАСКИТЕ НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО И НА НАШЕТО ВРЕМЕ


13

LIFE А П Р И Л


life п о р т р е т

ротагонисти во црната комедија „Панкот не е мртов“ на режисерот П Владимир Блажевски се бивши панкери кои намерно остануваат на маргините во матните времиња на македонската транзиција. „Филмот е црна комедија, некаде во лимбо – просторот меѓу роуд-филм и драма. Документаристичен 'синема верите' пристап, екстремно нискобуџетен, не само во продукциска, туку и во естетска смисла“, открива Блажевски. Филмот е снимен во панкерски стил, со многу неизвесности, судбински пресврти и со многу љубов и ентузијазам. За инает на сите филмот е направен со буџет од 325 илјади евра. Премиерата на „Панкот не е мртов“ на 15 април ќе го отвори 14-тото издание на Скопје филм фестивал.

Во досегашната кариера Владимир Блажевски стигна да направи три играни и повеќе документарни филмови. Потсетуваме на играните филмови „Хај-фај“ (1987) и „Булевар на револуцијата“ (1992). Паралелно веќе 17 години е професор по Теорија и историја на филмот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како професор е ангажиран и на приватна филмска академија во Белград. Никогаш не учествувал во никакви поделби, ниту професионални, ниту политички, никогаш не се удирал в гради со направеното, скромно го живеел својот живот и цврсто ги поднесувал неговите удари. Со епопејата на снимањето на својот најнов филм Блажевски се здоби со искуства кои уште повеќе ја нагласија неговата потреба за искрен пристап кон нештата, и воопшто, кон животот.

Конкретен повод за разговорот е премиерата на филмот „Панкот не е мртов“. Вие се потпишувате и како автор на сценариото. Која е приказната што со филмот сакате да ја раскажете, не само во наративна, туку и во симболична смисла? Кога бев почетник – режисер, имавме една финта со која ги избегнувавме таквите „незгодни“ прашања. Ќе речеш „сакам да раскажам една топла људска приказна со човекот во прв план“. За мене е вистина неблагодарно смислата на филмот да ја стокмам како поим и рационално објаснување. Бидејќи сме во 21-иот век, ќе ми дозволите да употребам еден марифет преземен од познатиот филмски сајт IMDb. Тие во претставувањето на секој филм имаат рубрика Keywords. Па, ете, да речеме дека клучните зборови за „Панкот..“ би биле: слобода, правила на игра, маргина, толеранција, омраза... Колку панкот не е, или е мртов, во сегашното време? Насловот на филмот го оставив така, како слоган – цитат, токму поради тоа што искрено мислам дека панкот не треба да е мртов. За панкот, како суб-жанр на рокмузиката, не знам, но за панкот како бунтовничка идеологија сакам да верувам дека сум во право. Инаку, во текот на долгите подготовки и на снимањето, имавме толпа проблеми и сопки, од разни страни. И секогаш интерна јавка во екипата и со колегите од страна ни беше „умре ли панкот“? Некогаш беше во кома, некогаш на апарати за реанимација, некогаш ранет... ама, ете и нашиот панк не умре.

14 LIFE А П Р И Л

Ако во 70-тите години на 20-иот век панкот се појави како реакција на системот востановен по Втората светска војна, што би можело да биде пандан на панк-движењето во сегашната ера на интернет и на глобализација? Уф! Тешко прашање. Не е само интернет и глобализација, многу работи се сменија и со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со триумфот на капитализмот, и со дивите транзиции во социјалистичкиот блок. Во земјите како што е нашава. Со грабежстратегија и волчји хуманизам како поглед на свет. Се плашам дека сите заедно се лизгаме во некаква си конфекциска еднообразност. Не гледам движечки енергии, за жал. Како јунаци во вашите филмови најчесто се појавуваат луѓе кои живеат на маргините на системот. Зошто тоа е така? Затоа што маргиналците се обидуваат да се спротистават токму на таа еднообразност. И со самото тоа се во конфликт.


life п о р т р е т

А конфликтот е мотор на драмското и филмското дејство. Башка, гледам и нешто херојски во тоа што не ги прифаќаш правилата на игра. Ете ви го вашиот свет, играјте си. Не играм со вас. Има и нешто детско во таков став. Јас тоа не го преведувам како неумно. Повеќе како чедно. Гледам, почнав да навивам, а тоа не чини. Можеби дека и сам се чуствувам како маргиналец. Колку маргините на општеството се податливи за откривање приказни за луѓето, кои во реалноста на животот ја толкуваат улогата на неприлагодени во општеството? Би рекол дека тоа е една од доминантните филмски традиции. Јас не откривам топла вода. Кога би сакал да се чаламам, сега би имал прилика од ракав да го извлечам знаењето од историја на филмот. И многу примери на ремек-дела со неприлагодени. Колку лично се чувствувате прилагоден во општеството? Малку. Колку што стига за да се функционира. Ништо колективни идентитети, ништо партии... Тоа си има свои предности и мани. Има цена. Веќе 22 години не сум снимал игран филм во Македонија. Толку многу години поминаа од снимањето на претходниот филм! Кога ќе се потсетите на „Хај-фај“, инаку филм кој доби награда на филмскиот фестивал во Пула во 1987 година, на што прво помислувате? Често токму на тоа прво помислувам. На тие 22 години. Не сум од оние што гледаат свои стари филмови. Така што сликата ми е матна. Ми се врти во памет чувството на неизвесност, трепет, антиципација на лоши времиња... Не велам дека тоа е основата на филмот, но по тоа највеќе го паметам.

Како вие лично ги чувствувате тие промени? Сметам дека и во состојба без револуционерни иновации авторот може оригинално да се изрази. Во последните 20-ина години се рециклираат стиловите од средината на минатиот век. Неореализам, француски нов бран, интегрална нарација,

синема-верите, нелинеарна нарација, монтажен и драматуршки маниризам... Па, сепак, и во тие трендови на „ривајвл“ се појавуваат извонредни филмови. Бидејќи сте работеле и како сценарист и како режисер, која од двете професии дава поголема можност да се изразите себеси? Според вас, помоќен е зборот или сликата? Без да ги навредам колегите сценаристи – дефинитивно режисерската професија дава поголеми можности за филмско изразување. Тоа има врска со концептот на оживотворување. Филмот е судбински сврзан со животот, а тоа конечно вдахнување на жива енергија се случува пред

камера. Секако мене ептен ме радува и процесот на творење сценарио. И за вториот дел од прашањето, дозволете ми да парафразирам една стара кинеска поговорка, која вели дека една слика вреди колку и илјада зборови. Којзнае колку, според тој есап, вреди подвижната слика? Едновремено работите на Факултетот за драмски уметности во Скопје и на една приватна филмска академија во Белград. Што им пренесувате како искуство на своите студенти? Сe`што знам и можам. И сe`што тие имаат волја и желба да примат. Ова особено го нагласувам, бидејќи никогаш не се обидувам со зорт да ги наметнувам своите

15 LIFE А П Р И Л

Со таква временска дистанца, колку филмската уметност, освен во технолошка смисла, е подложна на промени? Беше подложна, и се менуваше. Сe`до времето на она што го викаат „филмска модерна“. Кога филмот дефинитивно си го оформи својот јазик и своите изразни средства. Оттогаш сметам дека промените се само такви – технолошки.


life п о р т р е т

ставови и мислења. Созревањето на еден млад филмски автор е бавен процес. Често се случува најкреативен трансфер на искуства и дијалог да имам со некои бивши студенти дури по завршувањето на студиите. Многу би се радувал доколку би бил сигурен дека мојот, да речам, педагошки ангажман оставил некаква трага врз некој од студентите. Кој е мотивот што го тера човек да работи повеќе работи, и патем да снима филм, да пишува сценарија? Некако сите свои дејности врзани за филмот ги ставам во исто купче. Сите ми се важни, на свој начин. Па сепак, финалниот фокус на тие разновидни искуства се збира во процесот на создавањето филмови. Главниот мотив зошто ја одбрав својата професија е токму таа можност да се творат парчиња со живот во себе. И тоа сe` уште многу ме возбудува. Веројатно во тоа има некакви длабочински, ирационални, психоаналитички мотиви. Не се занесувам дека би знаел да ги разберам, само евентуално ги насетувам.

16 LIFE А П Р И Л

Каде ја чувате или ја носите енергијата во себе за да успеете да ги завршите сите работи коишто сте ги започнале? Колку љубовта е битна во целата работа? Мотивираноста предизвикува енергија и сила. Битно е да се има и страст. Љубовта

е само декорација. Има еден куп вљубеници во филмот, кои би избегале „г'з преку глава“ по само два дена снимање. Главната тема во овој LIFE е „Живот под маски“. Колку актерите во филмовите што ги режирате ја носат маската на карактерот? Што е тоа што вие како режисер го барате од актерите? Интересно прашање. Лесно е да се рече дека барам да ги симнат маските на карактерот, односно идејата и концептот за

барав од старт, некако малку и како оние климактерични американски тетки и чичковци што сакаат по секоја цена да бидат кул. Веројатно и забегав. Но потоа, во самото снимање, сметам дека имавме моменти на совршена искулираност. Не знам, ете публиката ќе каже.

Дали или колку пати во животот сте ставиле маска? За какви ситуации станувало збор? Сум ставал и ставам. Не од страв, повеќе од желба да не губам време во залудни објаснувања и расправии. Но, Кога постојано би бил во дружба само со тоа се однесува на комуницирање со тие што ги сакам и што ги почитувам, не луѓе што не ми се ниту важни ниту би имал потреба за никакво маскирање драги. Кога постојано би бил во дружба и контакт само со тие што ги сакам и што ги почитувам, не би имал потреба за никакво маскирање. И со такви луѓе ликот, и да живеат пред камерата. Ама, не ми е залудно да се објаснувам и де стори го тоа. Комплексна задача, и за режисерот, а особено за актерите. Веќе од расправам, дури ни да се скарам. Но кога би зборувале за процесот на реализација ова е јасно дека мојот приод кон филмот на филм, од гледна точка на режисерот, не трпи маски, не трпи претставување тогаш работите стануваат комплексни чувства и идеи. и заплеткани. Топло-ладно, меко-тврдо, маска-спуштен гард... Уште една од приКако се одвиваше комуникацијата чините зошто професијата ни е колната. со актерите во филмот „Панкот не е Лошо е кога тоа што излегува од процесот мртов“? – готовиот филм, се гледа како маска. Имавме период на „психолошки подгоБитно е резултатот да е искрен, да е без товки“ во кој сите заедно се обидувавме маска. Тоа е нашата мисија. ¿ да најдеме клуч за опуштеност. Тоа го


17 LIFE А П Р И Л


на лице место

ОРЦЕ ДИМИТРОВ, МАКЕДОНСКИ DJ ВО ТОКИО

ЈАПОНЦИТЕ

еник Ф С СЕ КАКО

„ЈАПОНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ЛЕСНО. ЗНАМ ДЕКА ЌЕ РАБОТАТ 24/7 ЗА ДА ЈА ПОПРАВАТ ШТЕТАТА. ЌЕ НАПРАВАТ СИСТЕМ. АКО ГО НЕМАТ, ЌЕ ГО ИЗМИСЛАТ. ЌЕ НАЈДАТ РЕШЕНИЕ. СЕКОГАШ ИМА НАДЕЖ ВО ЗЕМЈАТА НА ИЗГРЕЈСОНЦЕТО. ЈАПОНЦИТЕ СЕ КАКО ФЕНИКС“, ГИ РАСКАЖУВА СВОИТЕ ИМПРЕСИИ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО ЈАПОНИЈА, МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ СЕДУМ ГОДИНИ ЖИВЕЕ ВО ТОКИО

18

LIFE А П Р И Л

ога излегов надвор, одејќи накај железничката станица за да фатам воз, сфатив дека К нешто не е во ред. За цунамито кое Јапонија ја удри девет минути по земјотресот не знаев ништо. Најчудно ми беше тоа што луѓето чекаа ред пред телефонските говорници, нешто што го гледам првпат. Обично никој не ги користи. Кога прашав зошто нема воз, вработените ме погледнаа чудно. Рекоа дека ќе каснат возовите, што исто така никогаш не случило. Ме фати паника дека нема да можам да стигнам на работа. Мобилните беа блокирани, бидејќи сите во исто време се обидуваа да ги користат за да ги информираат најблиските дека се добри после земјотресот“, раскажува за првите мигови после земјотресот Орце Димитров, струмичанец кој седум години живее во Токио и работи како DJ. Кобниот ден кога земјотресот и цунамито засекогаш го сменија ликот на Јапонија не бил ништо поразличен од претходните. Возбуден за новата работа, преслушувајќи си ги „траките“ што ќе ги пушта во новиот клуб, Орце тргнал накај железничката станица. „Баш тој ден, 11 март беше предвидено отворање на нов клуб каде вечерта јас требаше да пуштам музика. Пред да излезам за да

одам накај клубот се случи земјотресот. Беше многу посилен од сите што ги почувствував во последните седум години, но сепак си реков: „ништо ново - пак земјотрес”. Не почувствував некој посебен страв. Јас живеам во „добра“ зграда и тоа ми дава некое чувство на сигурност“, раскажува Димитров. ARE YOU OK? Откако некако ги добил газдите и ги информирал дека не може да стигне навреме на работа поради доцнењето на возовите, се вратил дома во Докомо, една од токиските населби. „Решив да дремнам. Ме разбуди телефонот. Почнаа да стигаат пораки од пријателите во стилот: ‘Are you OK?’ (Дали си добро), ‘How can you sleep in a timelike this?’ (Како можеш да спиеш во вакво време). Ми стана чудно, зошто земјотресите овде се секојдневие и никој не се потресува посебно, па ни јас. За цунамито и за можната радијација од напукнатите нуклеарки дознав од вести“, раскажува Димитров. Отворањето на новиот клуб се откажува, а неговите пријатели поради стравот од зголемена радијација му сугерираат да го напушти Токио. „Неколку пријатели заминаа во Осака и Окинава, на југот од Јапонија. Ми сугерираа

да го направам истото и се шегуваа со мене во стилот: „се гледа дека си ‘озрачен’ и преку телефон“. Други, пак, пријатели ми велат: „ти си странец, најдобро е да ја напуштиш земјата. Овие (Јапонците) не знаат што да прават со нуклеарката“. Димитров сепак решил да остане во Токио, со надеж дека надлежните ќе изнајдат ефективен и безбеден начин да ja спречат зголемената радијација. Сепак, цело време над него „лебди“ јанѕата колку од информациите што ги објавуваат надлежните институции и медиумите се точни. „Аман, како да се информирам? Колку од ова што се пласира во медиумите е шпекулација, а која е вистината? Цело време тоа ми се вртеше во глава. Излегувам надвор, облачно, висат радиоактивни облаци (си мислам). Одам до продавницата, полупразна, нема леб и млеко. Два дена живеев на шпагети! Пет дена по катастрофата ме бараат да дојдам на работа“, објаснува Димитров. БРАТСТВО И ЕДИНСТВО Пет дена по катастрофата тргнува на работа. „Големото отворање“ на клубот е откажано, би-


ТОКИО ЖИВЕЕ НОРМАЛНО, НО ПОСТОИ СТРАВ ОД ЗГОЛЕМЕНА РАДИЈАЦИЈА

ЈАПОНИЈА ИЛИ ЈА САКАШ ИЛИ НЕ ЈА САКАШ Пред да се пресели во Јапонија, Димитров три години живешее во Лондон. По враќањето во Македонија решил заедно со пријателот Дејан Зафировски (на пошироката јавност познат како дечкото кој се обидува да го сврти вниманието на јавноста кон проблемите на лицата со хендека ќе работат 24/7. Ќе направат систем. Ако го немаат, ќе го измислат. Ќе најдат решение. Секогаш има надеж во земјата на изгрејсонцето. Јапонците се како Феникс. Доброволци за помагање во погодените места се пријавуват секојдневно. Братство и единство“, вели Димитров. Осум дена по земјотресот ситуацијата со нуклеарките се подобрува, а радијацијата се намалува. Паралелно се подобрува и вредноста на јенот. Светот нуди помош. Најбогатите земји без никаква дилема одлучуваат да и’ помогнат на јапонската економија. Но лошите вести продолжуваат да пристигнуваат. Над 11 илјади жртви. Штета по економијата и земјата проценета на 309 милијарди долари. „И самите Јапонци не очекуваа толку штета. Сe`се случи толку брзо. Немаше доволно време загрозените во областите каде удри цунамито навреме да се евакувираат. И се случи најголемата трагедија во Јапонија после Втората светска војна! Некои се среќни што не изгубиле никој, а други, пак, се полни со

дикеп, па со велосипед патуваше од Штип до Ница, помина над 4.000 километри низ Јужна Америка, а сега вози низ Кина) да замине во Јапонија. „Во Јапонија сум зошто сакам да уживам во животот. Ама не пуштам корења. Можно е да се вратам. Ако нешто ми текне или ситуацијата се влоши, ќе си одам. Јапонија е една од најразличните држави во коишто сум бил. И тоа многу ми се допаѓа. Пред сe`нивната култура. Јапонија или ја сакаш или не. Другите Македонци што беа овде, веќе не се тука. Можеби ним не им се живее тука. Значи да бидеме на чисто. Јас не сум јапонизиран. Едноставно ја сакам Азија, посебно Јапонија. Таа ми е како база, каде што добро заработувам“, вели Димитров. ¿

„МАСКИТЕ НЕ ЗАШТИТУВААТ ОД РАДИЈАЦИЈА, АМА СИТЕ ГИ НОСАТ“. ДИМИТРОВ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ТОКИО.

LIFE А П Р И Л

потресните приказни како гледале кога водата ги носела нивните најмили и не можеле да направат ништо..“, раскажува Димитров. Вели дека животот во Токио овие денови полека се враќа во нормала. Се штеди на струја и нема парно во возовите. Не функционира и „Дизниленд“ поради тоа што му е потребно многу струја.

19

ДИМИТРОВ СО НЕГОВАТА ПРИЈАТЕЛКА

на лице место

дејќи ситуацијата не е баш за журка, но газдите одлучуваат клубот да го отворат за пријателите. „По пат накај работа сe`ми изгледа нормално. Луѓето се смирени. Во метрото не гледам никаков страв на нивните лица, а некои дури и се смешкаат. Возовите се на време, како и секогаш. Во Токио бизнис, како и обично! На работа, соработниците ми објаснуваат дека Јапонија функционира како една целина. Чувството на комуна е природно кај Јапонците и сите ќе работат и помагаат заедно. Дека тоа е така сто пати сум се уверил и самиот. Луѓето овде егзистираат со меѓусебен респект. Тоа што еден дел од земјата е погоден влијае на целата држава, како синџир...“, објаснува Димитров. Иако во деновите што следат информациите што пристигнуваат преку медиумите и од пријателите и кај него пројавуваат сомнеж дека работите нема да се ‘средат’, сепак тој е убеден дека сe`ќе биде во ред. „Еее, Јапонците што помагаат на сите, не можат да си помогнат самите себе. Но, Јапонците не се откажуваат лесно. Знам


life ф о к у с

ЃОРГИ ДИМЧЕВСКИ, ВИОЛИНИСТ

ЛОРИН МАЗЕЛ ГО ИЗБРА ЗА

КОНЦЕРТ-МАЈСТОР ЃОРГИ ДИМЧЕВСКИ ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ Е КОНЦЕРТ- МАЈСТОР НА ОРКЕСТАРОТ НА ПАЛАТАТА НА УМЕТНОСТИТЕ „КРАЛИЦАТА СОФИЈА“ ВО ВАЛЕНСИЈА КАДЕ ГЛАВНИОТ ЗБОР ГО ИМААТ ЕДНИ ОД НАЈДОБРИТЕ ДИРИГЕНТИ ВО СВЕТОТ, ЗУБИН МЕХТА И ЛОРИН МАЗЕЛ ајдобриот шпански оркестар е единствен во светот по тоа што Лорин Мазел го бира Н секој музичар посебно. Никој не е случаен, а

20

LIFE А П Р И Л

избраните таленти свират по две или три аудиции и работат една година пробно за да си го заслужат местото.

„Нема друг оркестар во светот што е биран од еден човек, во случајов од маестро Лорин Мазел. Целиот процес на аудиција е доста исцрпен и трае долго време. Не е лесно двајцата диригенти, Зубин Мехта и Лорин Мазел, кои се меѓу првите пет диригенти во светот, да ги направите задоволни и од двајцата да добиете потврда дека се сложуваат да го добиете местото. Другите оркестри поинаку функционираат, бидејќи гласа оркестарот. Најголемиот дел од музичарите се млади. Последен пат аудициите се

¢ Силвана Жежова

правени во 2005 година во Токио, Лондон, Париз, Њујорк, односно сите метрополи каде има многу квалитетни школи за сите инструменти. Никогаш никој не ме прашал од каде доаѓам, каков пасош имам, се цени квалитетот,“ вели Ѓорги кој со оркестарот има две до шест претстави неделно. Гостувањата и турнеите исто така влегуваат во концертната набиена агенда. ОБРАЗОВАНИЕ И ТАЛЕНТ ЗА РАБОТА Димчевски свири на француска виолина изработена од мајсторот Пол Кол на почетокот на 20. век. Направена е специјално за големиот француски виртуоз Лусиен Капет кој во тоа време бил многу популарен. Во негова чест, Кол во 1920 направил три инструмента и секој од нив го именувал според еден славен композитор. Првиот примерок го носи името според францускиот композитор Шарл Гуно, а вториот, на кој свири Димчевски, е наречен Јохан Себастијан Бах. Димчевски е среќен што се школуваше кај најдобрите професори по виолина, како во


ФУДБАЛ И СКИЈАЊЕ Во Шпанија, особено Валенсија, има многу образована публика која се разбира од класичната музика. „Нашата куќа придонесе граѓаните на Валенсија да имаат оркестар кој според зборовите на Мазел може слободно да

МУЗИЧАРИ СО ГЕНЕРАЦИИ Музиката е традиција во семејството Димчевски и за Ѓорги беше сосема природно и тој да се заинтересира за оваа уметност. Неговиот чичко Благоја Димчевски е професор по виолина на Националниот музички конзерваториум во Тулуз, Франција. По стапките на Благоја, тргна и неговиот син Александар кој студира во Келн и според зборовите на Ѓорги, неговиот братучед еден ден ќе стане многу познат виолинист. Дедо му Ѓорги Димчевски беше еден од најголемите познавачи на народната музика и негувачи на македонскиот фолклор. Љубовта на неговите родители се родила во хорот „Мирче Ацев“. Татко му Киро е тенор во Македонската опера и балет и од него ја наследил љубовта кон операта. Сестра му Весна е пијанистка која студира во Франција и со неа неколку години едноподруго настапуваат заедно.

Објектот во кој настапува е ремек дело на архитектурата и е изграден од познатиот шпански архитект Калатрава

life ф о к у с

на архитектурата и е изграден од познатиот шпански архитект Калатрава. Оваа туристичка атракција во Валенсија, првите неколку пати му делувала фасцинантно, но потоа престанал да ја забележува. Освен музиката, втората преокупација на Ѓорги во Шпанија му е фудбалот. Навива за „Реал Мадрид“, а неколкупати бил на „Местаља“, стадионот во Валенсија. „Ноќниот живот во Валенсија, од тоа што ми раскажувале, е супер. Ако треба да ве прошетам и да ве изнесам во некој ноќен клуб ќе треба да се распрашам каде. Работата секогаш ни е навечер, операта може да започне во осум и да заврши по полноќ. Но ја сакам шпанската музика и кога ја слушав во живо делува фасцинантно. Посетив специјални места во Валенсија близу Железничката станица кои се во затскриени квартови, каде има стара, вистинска традиција на шпанско фламенко кое мора да се доживее,“ вели Димчевски кој Шпанија не ја познава добро, бидејќи посетил само неколку места. Добра препорака добил за Гранада која е негова следна дестинација. Повеќе пати бил на Пиринеите бидејќи обожува да скија и за месец и половина трипати ги посетил Бакеира, најдобрата шпанска ски-дестинација и Андора. Оперска, џез, поп музика... слуша се`што му се допаѓа. Ужива во камерната музика, посебно на сцена со луѓе кои му се блиски. Повеќепати настапуваше со Симон Трпчевски, а последен пат свиреа со Симфонискиот оркестар на Чикаго во ноември минатата година. „Имавме многу позитивни критики и тоа е едно неповторливо искуство. Да ја делите сцената со некој со кој се знаете од детство е посебно чувство“, вели Димчевски кого го очекуваат концерти во Шпанија, Њујорк, а има покана од маестро Мазел да свири и во Кина. По пет години, минатиот месец Димчевски повторно свиреше пред македонската публика заедно со Македонската филхармонија. Пред денот на концертот го промовираше и неговото прво цеде кое го сними заедно со неговата сестра, пијанистката Весна Димчевска, во издание на Македонската музичка младина. Ни спомена дека искрено се надева дека ова цеде нема да фаќа прашина по домовите на оние кои го добија или ќе го купат. ¿

21 LIFE А П Р И Л

Ѓорги Димчевски и Лорин Мазел, еден од петте најдобри диригенти во светот

Македонија, така и на Националниот музички конзерваториум во Тулуз, Франција, во класата на неговиот чичко Благоја Димчевски. Потоа продолжи на Конзерваториумот во Келн во класата на Виктор Третјаков. „Најбитната улога ја имаат луѓето кои го предаваат знаењето и советуваат. Кога сте дете не можете да донесувате одлуки, па во тој дел битна е поддршката од родителите и како ќе ве насочат. Професорите се важни за да се добие еден здрав темел“, додава нашиот соговорник. Работата како концерт-мајстор на оркестарот во Валенсија ја сфаќа како почеток. Има и други омилени оркестри, како на пример Виенска филхармонија и оркестарот на Баварското радио, заради нивната специфичност на звукот. Би бил среќен ако еден ден му се пружи можност да работи во некој од нив. „Мојот дедо Ѓорги Димчевски, по кој гордо го носам името, велеше дека човек треба да има талент за работа. Концерт-мајстор е спој на две професии, водач на оркестарот и квалитетен виолинист. Некој може да е фантастичен музичар, но не толку добар лидер,“ објаснува Димчевски.

се носи со Ковент Гарден. Минатиот месец изведувавме опера која самиот маестро ја напишал и е според книгата „1948“ на Џорџ Орвел, актуелна тема која никогаш не излегува од мода. Мазел на либрето извадено од романот на Орвел напишал опера која е многу мрачна, но е фантастична и со интересна музика. Ние сме трета оперска куќа која ја изведува таа опера. Првпат се изведе во Ковент Гарден во Лондон, вторпат во Ла Скала во Милано и третата кај нас. На втората проба звучевме подобро од Ковент Гарден на нивната шеста претстава,“ вели нашиот соговорник. Објектот во кој настапува е ремек дело


22 LIFE А П Р И Л


23

LIFE А П Р И Л

од друга перспектива


24 LIFE А П Р И Л од друга перспектива


25 LIFE А П Р И Л 25

life ф о к у с


МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ - ДРАГАН МАТЕСКИ, ДИЗАЈНЕР И ПРОГРАМЕР НА ВЕБ СТРАНИЦИ

МАКЕДОНСКИ

„ФЕЈСБУК“

ДРАГАН МАТЕСКИ ИМА САМО 21 ГОДИНА. ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ СО КОМБИНАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ТОЈ ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНСКАТА ВЕРЗИЈА НА Р „ФЕЈСБУК“, „HALLOHI“. ПРЕД КОМПЈУТЕР Е УШТЕ ОД ДЕВЕТГОДИШНА ВОЗРАСТ, А Е КОГА СТИГНАЛ ВО ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЌЕ ПОЧНАЛ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО , АМ АМ ДИЗАЈН НА ВЕБ СТРАНИЦИ. СЕ УЧЕЛ САМ

26 LIFE А П Р И Л

енес никој не прашува за и-мејл или мобилен, прво те прашуваат дали имаш проД фил на „Фејсбук“. Колку е голема и популарна оваа социјална мрежа зборува и податокот дека има над 500 милиони корисници низ целиот свет, и над 500 илјади во Македонија. Го користат сите, од десетгодишници до мултимилионерски компании. Освен за комуникација, оваа социјална мрежа стана моќно оружје и за маркетинг. Една објава за настан на „Фејсбук“ има поголем ефект од радиото и телевизијата заедно. Вредноста на „Фејсбук“ за само неколку години се искачи на неверојатни 50 милијарди долари. Колку за споредба, вредноста на социјалната мрежа „Твитер“ е проценета на 3,7 милијарди долари. „Фејсбук“ на светот му го даде сега веќе најмладиот милијардер, Марк Цукерберг кој со само 26 години успеа да го создаде најголемиот и најуспешен интернет-сервис. Проектот е

создаден во студентскиот дом на Харвард во о 2004 година, а денес е веќе есенцијална лична и бизнис-интернет алатка. Цукерберг е момче кое успеа со многу работа и труд да стигне до посакуваната цел и да изгради сопствена мултимилијардерска компанија. МАКЕДОНСКИОТ ЦУКЕРБЕРГ Драган Матески има само 21 година. Пред извесно време со комбинација на повеќе социјални мрежи тој ја направи македонската верзија на „Фејсбук“, „HalloHi“ (www.hallohi.net). Пред компјутер е уште од деветгодишна возраст, а кога стигнал во шесто одделение веќе почнал да се занимава со дизајн на веб страни. Се`учел сам. „Немам посебна едукација на ова поле. Сe`што научив, научив

сам. Преку литература со ваква тематика и со користење на бесплатните апликации кои можеа да се најдат на интернет“, вели тој. На идејата за „HalloHi“ почнал да работи пред неколку години.

Марк Цукерберг


отпуштен од инвестициската куќа „Саломон Брадерс“ каде што работел. Но, оттаму излегол со исплата од 10 милиони долари. Наместо да чека да му се залечат раните, да се пензионира или да се обиде да најде работа во друга фирма, Блумберг ризикуваше и почна своја фирма за информации само еден ден откако го напуштил Соломон. „Убавиот живот е најдобра одмазда”, вели Блумберг. Понекогаш дури ни милијардерите не се сигурни како станале толку богати. Неодамна, нафтениот тајкун Џорџ Каисер,

„Идејата за вакво нешто ја имав уште пред неколку години, во времето на My Space, 1999 година. Сакав и јас да направам нешто слично иако тогаш бев премногу млад“, раскажува Матески. Реализацијата на „HalloHi“ ја почнал во 2009 година по сугестија на неговиот братучед кој живее во Мајами, кој му ја доловил важноста на социјалните мрежи и зависноста на луѓето од нив. „Сајтот стартуваше со работа во ноември 2009 година. На почетокот немаше одредени апликации од типот на chat и повеќе личеше на блогерска страна. Во периодот што следеше почнав да ставам и игри. Стартував со игра од типот на Мафија. Паралелно со овој процес на подобрување на сајтот бројот на членови се зголемуваше, па страната мораше континуирано да се усовршува и да биде способна да поддржи повеќе корисници. За некое време „HalloHi“ стана комбинација на „Фејсбук“, Мy space и Hi5. Водечка идеја при создавањето на страницата ми беше да направам нова социјална мрежа, која ќе има сe`. До пред извесно време страната наликуваше на Фејсбук, но го променивме тоа, бидејќи ние сме комбинација, а не копија. Во оваа сфера нема нешто посебно ново што да се измислува, сe`е измислено. Пред извесно време

ја ставивме и играта покер, вели Матески. „HalloHi“ има над 7.000 членови, од кои 60% се Македонци, но има членови и од Романија, САД, Нигерија, а и од Кина, каде оваа страница не е забранета, за разлика од „Фејсбук“. Во периодот што следи „HalloHi“ треба да добие и видео chat сличен на „Скајп“, а се работи и на iPhone апликација.

Бил Гејтс

18-тиот најбогат милијардер во САД, изјави: „Рано сфатив дека мојата добра судбина не беше поради добриот личен карактер или иницијативноста, колку што беше чиста среќа”. Запрашан кои се најзначајните одлуки кои довеле до неговиот успех, покрај среќата и околностите, тој вели дека направил добра проценка за да влезе во нафтениот бизнис пред арапското ембарго, во банкарскиот бизнис пред крахот на сите југозападни банки и во инвестицискиот бизнис во време

ФИРМИТЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СПОНЗОРСТВО „За разлика од САД и западните земји каде инвеститорите буквално се тепаат за вложување во проекти поврзани со интернет, кај нас фирмите не го разбираат тоа. Нашите фирми сe` уште имаат дилема дали да се рекламираат на интернет, а не пак нешто друго“, вели Матески. „За вакви проекти требаат пари. За да биде сe`како што треба потребни ти се различни типови профили од програмери до дизајнери, како и пари за хостинг, сервери... Олеснителна околност е ако веќе ги познаваш овие работи. Доколку не, ќе ти требаат многу повеќе пари“, објаснува Матески. Заедно со неколку пријатели кои се вклучија во неговиот проект, тој е во преговори

на пазарните осцилации. „Така што, би рекол дека тоа е темпирање за правење на вистинските работи во вистинско време, што веројатно е друг збор за среќа и среќни околности”. Голем дел од најбогатите луѓе во САД кои се наоѓаат на листата на „Форбс“, запрашани за рецептот и тајната за нивниот пат до успех и богатство велат дека многу значајна состојка за успех е неуспехот. Запрашан за тоа какво искуство треба да има еден искусен претприемач, сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кубан, вели: „Да си дојдеш дома и да го изгасиш светлото, бидејќи не можеш да си дозволиш да ги платиш сметките. Тоа е многу мотивирачко да успеете во бизнисот”. Грешките се училница за претприемачите. „Епл“ го лансираше својот Њутон таблет-компјутер во 1993 година. Тој пропадна. Но, во тој таблет лежи основата за Ајпод, Ајфон и Ајпад, кои подоцна ги создаде Стив Џобс. Овие гаџети го променија светот и му помогнаа на „Епл“ да стекне поголема пазарна капитализација од „Мајкрософт“. Она што ги дели неуспешните од успешните претприемачи во светот е довербата, упорноста и енергијата да се освежат и да ги направат потребните приспособувања за добар бизнис. Магнатот за недвижности и енергија, Џон Кациматидис, вели дека неговиот херој е Доналд Трамп. „Ќе ви кажам и зошто – колку и да му бил лош денот, ја држи главата исправена, се повлекува и пак се бори... Не си оди, не ја спушта главата и не плаче”.

со неколку фирми за поддршка. Моментално неговиот сајт не носи никаков профит. „Нашите компании сe` уште не гледаат на интернет како одлична можност за рекламирање. Исплатливо за нашиот сајт ќе биде кога ќе имаме повеќе спонзори. Сега само желбата нe`води“, вели Матески. „HalloHi“ има единствено поддршка од агенцијата за обезбедување „Бранител Македонија“, каде Матески порано работел. „Освен финансиска поддршка од агенцијата добивме и простории за работа“, вели Матески. Матески сега студира на Педагошкиот факултет. Го избрал бидејќи не му одзема многу време. Порано бил на електро факултет, на смерот компјутерско системско инженерство, но смета дека тоа му бил погрешен чекор. „Факултетот ми одземаше премногу време, а ми одеше само програмирањето. Електрониката воопшто не ме интерерсираше...“, раскажува Матески. Планира и понатаму да се занимава со програмирање и дизајнирање и очекува да заработи од тоа. Во тоа има целосна подршка од неговите родители. ¿

пари

Приказната за успехот на Бил Гејтс е легендарна. Гејтс почнал со компјутерско програмирање уште на 13 годишна возраст, а го основал „Мајкрософт“ заедно со неговиот другар од детството Пол Ален на 20 годишна возраст. Тој го напуштил Хардвард уште во првата година од студирањето за да ја посвети целата енергија на развојот на неговиот софтвер. Тој во последниве 17 години важи за најбогат човек во Америка. Ворен Бафет, третиот најбогат Американец, тргнал по патот на богатите уште порано од Гејтс, читајќи ги сите книги за инвестиции од библиотеката во Омаха до 12 годишна возраст. Првото инвестициско партнерство го почнал на 25 години. Гејтс и Бафет се првите двајца на листата на „Форбс“, на која се најдоа 272 најбогати самозбогатени милијардери во САД. Во случајот на Гејтс, да биде успешен му помогнало тоа што се посветил на нешто многу рано во животот и многу брзо напредувал. Најбогатиот човек во Америка во „Мемоарите на Гејтс” ја објаснува неговата одлука да го напушти колеџот и да му се придружи на Ален во основањето на „Мајкрософт“. „Бевме уплашени дека ако чекаме, некој друг ќе нe`престигне и ќе нe` победи со нашата идеја”, вели Гејтс. Бафет вели дека клучот за успехот е во неговата емоционална стабилност. „Кога доаѓате до некаков заклучок, треба навистина да не се грижите што ќе речат другите луѓе”, вели пророкот од Омаха. Американскиот најбогат политичар, Мајкл Блумберг, се мотивирал од пречка која ја искусил во животот. Во 1981 година тој бил

27 LIFE А П Р И Л

ТАЈНИТЕ НА НАЈБОГАТИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ


„Ѓаволот има моќ да стави пријатен лик“, ќе напише Шекспир во „Хамлет“, но човекот не е помалку вичен да стави маска и да ја преземе улогата која му одговара. Актерот Јордан Симонов ги помина сите трансформации и смени повеќе маски, во контекст на едно фиктивно, футуристичко, комплетно замаскирано општество. Јордан Симонов е вработен во МНТ, а го знаеме по улогите во претставите „Буре барут“,„Папокот на светот“, „Мара/Сад“, „Црнила 005“, „Вишновата градина“, „Роденден“, „Обѕрни се во гнев“, „Носорог“, како и актуелната „Така било пишано“, моментно на репертоарот на МНТ. Има повеќе улоги на филм, од кои ќе ја издвоиме улогата во „Превртено“, како и водечката улога во филмот „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски, чија премиера ќе се случи на 14. април во рамките на Скопскиот филмски фестивал.

28 28 LIFE А П Р И Л

Концепт и фотографија: Кире Галевски Текст: Билјана Црвенковска Стајлинг: Илина Ангеловска Фризура: Фоте Ѓамовски (Panache) Шминка: Елена Арсовска (Panache) Асистенти стилисти: Роберт Ивановски и Ведрана Панева Асистент на фотографија: Благоја Бошковски - Буцко


29 LIFE А П Р И Л 29

Ф мер Фар мерки ки – Ene ergi rgie, Маиц а а – Ter Te ran r ova


Ѕвезди, сокријте ги огновите ваши! Не пуштајте светлото да ѕирне во желбите мои црни и мрачни. Шекспир, „Магбет“

Облека и чевли - Hugo Boss


LIFE А П Р И Л

Припаѓав на нова под-класа, која веќе не се предодредува според социјалниот статус или бојата на кожата. Не, сега дискриминацијата е сведена на ниво на наука. Gattaca

Кошула, пантолони и капче – Terranova, Чизми - Viktor Chevignon


чергиче, алки и торбичка – Органика, Маица – Springfield, Елек – Calliope, Марама – Terranova 32Пантолони, LIFE А П Р И Л

На крајот, ти си токму она што си. Стави перика со милион локни, Облечи ги чизмите со највисоки штикли Но на крајот остануваш само она што си. Гете, „Фауст“


Пантоллони – Calliope, Кошула – Terranov ova va

Толку многу нешта во светот се скриени под маски. Им раскажуваме на нашите деца приказни за доброто и злото, знаејќи дека работите не се така едноставни. Сара Конор, Терминатор Хроники


Облека ека и чев чевли ли - Hug Hugo o Boss Boss 34Обл LIFE А П Р И Л


Матриксот е секаде. Секаде околу нас. Дури и сега, во оваа соба. Можеш да го видиш кога ќе погледнеш низ прозорецот или кога ќе го вклучиш телевизорот. Можеш да го почувствуваш кога одиш на работа... кога одиш во црква... кога ги плаќаш даноците. Тоа е светот кој ти е навлечен преку очите, да те заслепи да не ја видиш вистината. Матрикс


36 36 LIFE А П Р И Л Aciid W Wear e r, Маиц аиц ца и ка капче пчее – Sprring пче ingfie field, Патики ки – Ene Energi r e

Сите го знаат твоето лице, светот го вреска твоето име, Сепак на крајот, тотално си сам... 2Pac


Пантолони, кошула и чевли - Viktor Chevignon, Колан - Hugo Boss

Сѐ додека не станат свесни, нема никогаш да се побунат, а сѐ додека не се побунат, не можат да се освестат. Џорџ Орвел, 1984


стил

1 2 7

8

38

LIFE А П Р И Л

9

DSQUARED Пролет/Лето 2011


стил

3 5 4 6

1 - Чевли - Viktor Chevignon (2.490 ден.) 2 - Чевли - Viktor Chevignon (4.990 ден.) 3 - Сако - Mango (4.990 ден) 4 - Маица – Calliope (399 ден) 5 - Алки – Mango (1.590 ден) 6 - Очила – Mango (1.590 ден) 7 - Колан – Terranova (399 ден) 8 - Шешир – Calliope (799 ден) 9 - Чанта - Mango (4.290 ден) 10 - Пантолони - Calliope (999 ден) Ланче на моделот – 4U Accessories (2.190 ден)

Модел: Елеонора Крстева (Models In) Стајлинг: Ведрана Панева Фризура и шминка: Panache

39 LIFE А П Р И Л

10


стил

2

5

6

40

LIFE А П Р И Л

1

DSQUARED Есен/Зима 2011-2012


стил

7

4

1 - Кошула – Energie (2.490 ден.) 2 - Чизми - Viktor Chevignon (12.900 ден.) 3 - Кожна јакна - Viktor Chevignon (7.990 ден.) 4 - Колан – Calliope (799 ден.) 5 - Фармерки – Calliope (1.899 ден.) 6 - Елек – Calliope (1.599 ден.) 7 - Шешир – Calliope (799 ден.)

Модел: Антонио Каревски (Models In) Стајлинг: Роберт Ивановски Фризура и шминка: Panache

41 LIFE А П Р И Л

3


креативци

42 LIFE А П Р И Л

Како би го дефинирале вашиот стил? Кога станува збор за мојот дизајн, можам да кажам дека е урбан, ексцентричен, aвангарден, уникатен...додека мојот личен стил би го дефинирал како мрачен, мистичен и безвременски. Кое модно парче, според вас, е најтешко да го дизајнирате? Најтешко е кога имате идеја и можно решение, но немате потребен материјал. Изборот на материјалите е најголемиот проблем за дизајнерите во нашата земја. Доколу дизајнерот ги има потребните средства, ништо не е тешко да се создаде.

Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација? Инспирацијата најчесто доаѓа од околината со која сум опкружен, музиката, луѓето, уметноста, архитектурата, мирот, тишината .... Понекогаш, најголем извор на инспирација доаѓа од човекот кој секојдневно го гледам во огледало. Во која област од вашата работа најмногу уживате (Која област од вашата работа ви претставува најголемо задоволство)? Развивањето на идејата и истражувањето на хартија. Сепак, најголемо задоволство е завршувањето на последните детали на моделите.

Која е вашата икона на стил и добар вкус? Grace Jones, David Bowie, Bjork… Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира? Има премногу личности кои ме импресионираат со својата работа, но први на памет ми доаѓаат: Marquis de Sade, Oscar Wilde, Hieronymus Bosch, Henry Fuseli, Laurie Lipton, Kris Kuksi итн. Кои се вашите планови за иднината? Никогаш не знам што ќе правам следно. Се трудам да не планирам многу, сакам да ги оставам сите опции отворени и да продолжам да експериментирам.


креативци

43

LIFE А П Р И Л

РОБЕРТ ИВАНОВСКИ има завршено студии по моден дизајн на Европскиот универзитет во Скопје. Досега има креирано три колекции: „Broken Mirrors” (Dark Kingdom), „R” и „Street Tribe”, презентирани на модниот викенд во Скопје, како и мини колекција во чест на холандската кралица во соработка со дизајнерот Јован Петровски. Покрај моден дизајн, костимограф е на балетската претстава „Tesseract“.


низ очите на...

СКОПЈЕ НИЗ ОЧИТЕ НА МАРКО НОВЕСКИ

МАРКО ГО БРАНИ СКОПЈЕ „МАРКО Е ВАКОВ КАКОВ ШТО Е. НЕ СЕ КРИЕ ЗАД НИКАКВА МАСКА. ВЕСЕЛ ЧОВЕК СУМ, ВЕДАР И САКАМ КОГА ЌЕ СЕ НАЈДАМ МЕЃУ ЛУЃЕ. САКАМ НА СЕКОЈ МОЖЕН НАЧИН ДА НАПРАВАМ ДА МИ БИДЕ ЗАБАВНО“ - ВЕЛИ ЗА СЕБЕ МАРКО НОВЕСКИ, ЕДЕН ОД ВОДИТЕЛИТЕ НА ЗАБАВНАТА ЕМИСИЈА ТРОТОАР, ВО ПРОДУКЦИЈА НА ТОМАТО

44 LIFE А П Р И Л

а многумина, Марко е освежување во ТВ-водителските води. За него ќе речат дека е човек без суета, без влакна на јазикот, природен и сто З проценти откачен тип. Сака да е меѓу луѓе, на улица, па поради тоа повеќе го привлекуваат интерактивни емисии, отколку студиски. Работата во „Тротоар“ вели дека му причинува задоволство. Решен е да продолжи со пародиите од типот на „Неделко Миленковски“, „Не јади бурек“, „Во ќош со Таско Хефтов“, Не ме шишај жити све“, “Б6 отвореното студио со Чум и Секула“. „Сакам да ги претставам нашите маркантни, оригинални ТВ ликови на еден малку покомичен начин, задржувајќи го при тоа нивниот потпис. Планирам да продолжам, имам уште неколку ликови, но за жал навистина многу брзо се исцрпуваат“ - додава Марко. Вистинска забава и опуштање беше да се шета Скопје со Марко. Девојките секако беа една од главните теми во нашиот разговор. Градот изгледаше некако поинаков од вообичаеното. Дали поради пролетното сонце или поради неговиот ведар дух, знаевме дека „с ќе биде во ред“. Оптимизмот го среќававме и кај неговите пријатели и случајни минувачи, кои го застануваа буквално на секој чекор само за да го поздрават и да украдат малку од неговата позитивна енергија. Марко вели дека многу го сака својот град, но во прва прилика би ‘киднал’ на друго место. Сака да се искачува на Водно, особено кај Милениумскиот крст. Не н однесе дури до таму, туку се сретнавме на кејот на Вардар во неговото маало - едно од неговите омилени места кое го потсетува на детските години полни со лудории. Патем, го прошета и својот пес Алекс.


ГО ОБОЖУВАМ ОВА МЕСТО, СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ДА СУМ НАДВОР ОД СКОПЈЕ Секое стапнување во старата Скопска чаршија ме навраќа на оние средношколски денови кога имавме група и кога го теравме оној гранџерски - рокерски живот. Излегувавме на неколку места од кои што ќе го издвојам култното место „21“. Беше доста забавно. На неколку пати учествувавме во групни тепачки коишто беа нормални во тоа време, без огнено и ладно оружје. Сe` се завршуваше во најдобар ред и голем дел од тие луѓе со кои се тепавме во тоа време, денес ми се многу добри пријатели. И денес често знам да дојдам тука. Ја познавам 90 отсто од турската чаршија без разлика дали се Албанци, Турци, Македонци, Власи, Срби. На кратко кажано уживам во секој миг поминат овде. Драго ми е што повторно се враќа оној сјај и се работи на тоа чаршијата да се врати во центарот на вниманието. Ме радува тоа што гледам дека доста странци шетаат низ неа и едноставно кога ќе дојдам овде чувствувам дека сум надвор од Скопје, надвор од Македонија и како да се навраќам длабоко во историјата. Го обожавам ова место.

низ очите на...

СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА

ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, МЕСТО ЗА ВОЗЕЊЕ РОЛЕРИ „НА ОВА МЕСТО НАПУКНАВ ЦЕВАНИЦА, СКРШИВ ДВЕ РЕБРА И ПАЛЕЦ“ Што да кажам за споменикот Гоце Делчев?! Ме навраќа на период од пред седум или осум години, кога со мојата екипа (или јас како дел од една екипа) возевме ролери. Ова ни беше местото каде се собиравме. Овде бркав помали девојчиња од мене, јас тогаш имав 22 години, а бркав девојчиња од 16-17 години. Ми доаѓаат многу интересни моменти од овде. Буквално се собиравме околу еден часот на пладне и седевме до некаде 4-5 часот наутро следниот ден. Имаше многу добри дружби. На ова место напукнав цеваница, скршив две ребра и палец. Овие ‘спомени’ ги чувствувам и ден денес на промена на време, па секоја промена на време ја доживувам како навраќање во младоста. Не бев некој страшен возач на ролери. Знаев да направам два или три трика, но тоа беше доволно за да ги освојувам женските погледи и срца. Сe` уште возам ролери, но на патека, онака шмекерски, пратејќи ги женските задници коишто возат пред мене.

„...Колку крв е пролеано во овие камења. Ако имаат уста да прозборат... Какви приказни имаат да ни раскажат... ех... ех...“ Оваа локација ме навраќа на моите детски денови кога со тако ми, мајка ми и сестра ми фамилијарно го посетуваме Калето. Тогаш не беше вака средено, беше една голема рушевина, но сепак носам убави спомени. Покрај тие спомени ги имам и оние спомени од 1943. кога од овој топ битка биевме за ослободувањето на Скопје. Жестока борба беше тоа, ‘43. не успеавме да го ослободиме Скопје, но наредната 1944. на 13 Ноември или ’45. беше… (не се сеќавам излапен сум, годините си го прават своето), ја извојувавме таа битка и успеавме да го избркаме бугарскиот окупатор од овие простори! Овој топ нема нанесено многу штета зошто јас бев главниот управувач со него. Исто така ме потсеќа и на една бурна вечер со една девојка…

45 LIFE А П Р И Л

СКОПСКОТО КАЛЕ


низ очите на...

46 LIFE А П Р И Л

КЕЈ НА РЕКАТА ВАРДАР

КУЌАТА НА ДРУГАРОТ

МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ - СКОКАЛНИЦА ВО ВАРДАР Ова ми е едно од најомилените места во градот затоа што ме навраќа 20 години наназад во животот. Ова ни беше главно место за спортска рекреација (во тој период немаше толку спортски сали во населбата Аеродром како што има сега - иако не знам зошто толку многу ги има, кога никој не игра во нив ), па моравме да импровизираме. Си најдовме една машина за перење која неколку години стоеше во централното подрачје на реката Вардар и беше наша главна скокалница, од каде што се натпреварувавме со другарите кој прв ќе отплива до одредено место и назад. Сето тоа беше убаво, сe` додека еден ден нашите родители не нe` провалија. Поточно, мајка ми нe` виде како се капеме и нормално му пренесе на татко ми, кој презеде мерки како би го истерал ѓаволот од мене... И тоа на многу оригинален и специфичен начин наречен „шамарчиња“. По неколку шамарчиња и останатите родители беа ‘обавестени’ за истоимената тема и нормално ни беше забрането понатамошно капење. Потоа ја сменивме локацијата и се преместивме 150 метри нагоре по течението на реката Вардар, да не речам кај „ромските водопади“ - кое и ден денес е познато пливачко место. Таму се капевме сe` додека едно другарче за малку не ќе се удавеше, бидејќи таму течението на Вардар е побрзо и има бесни води и вртлози. Тогаш решивме дека е редно време веќе да престанеме да се капеме во Вардар, затоа што еден ден ќе треба да излегуваме со девојчиња, да се муваме, а ќе имаме голем проблем поради разни кожни болести и најверојатно ако продолжевме да се бањаме до сега ќе бевме девици. Вака барем сите сменивме по еден партнер, кој повеќе, кој помалку, некои отидоа и во минус, но морам да признаам дека сe` на сe` спомените од ова место ми се многу убави и секогаш кога ќе поминам тука се навраќам на тие младешки денови. Посакувам и денес да се искапам, но мислам дека нема тоа да го направам - барем не во блиска иднина.

МЕСТО ЗА ПРОБИ СО БЕНДОТ За оваа куќа ме поврзуваат спомени од средношколските денови кога имавме бенд. Јас бев тапанар, а имаше уште тројца музичари. Тука се собиравме, правевме проби. Беше доста интересно. Можам да издвојам една случка кога истече вода на подот, а ние со појачалата и со гитарите во раце. Кога почна да нe` дрма струја, не знаевме што ни се случува, сe` додека не дојде сега веќе покојниот дедо на другарчето и не нe` опомена дека може да ‘испоцркаме’ од струен удар. Ни стави на подот едни палети и ние ноншалантно си продолживме со свирката. Тука за првпат направив и многу други работи кои сега нема да ги кажам јавно. Но во секој случај интересни времиња поминати во многу дружба, пиење и запознавање со


ВО МАЏИР МААЛО дека можел некој да ја слуша. Бевме рокери, ама лоши рокери. Тоа беше период кога се развиваше гранџ музиката, па се обидовме да свириме гранџ. Бевме малку откачени, го мразевме цел свет и се самосожалувавме, сe` додека не сфативме дека не нe` бива, па решивме да го растуриме бендот и секој да си тргне по својот пат. Така мене можете да ме видите во водителските води, Џоле можете да го видите во областа на веб дизајнот и на татковството, Мише е дипломиран музичар, а Тоде басистата е моментално во Австралија и работи во рудник за плутониум или за ураниум (не знам точно), и добро му оди - таму е женет и има куќа, за разлика од сите нас тука што немаме ништо наше.

ЕДНА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ ...САМО КАКО ПРИМЕР ЗА НЕГОВИОТ БУРЕН ЉУБОВЕН ЖИВОТ... Ова што ќе го кажам можеби и не требаше никогаш да излезе на виделина. Но, оваа зграда зад мене ме навраќа на едни убави спомени, коишто и ден денес траат. Во оваа зграда живеат околу, па ај нека не се дваесет, ама седумнаесет мои швалерки. Сакам да ги поздравам Јасмина, Антоанела, Марија, Ангелина, а особено Ева (Лонгорија). Тие се среќно мажени и се надевам дека нема да излезе во јавност ова што сега го изјавувам специјално за LIFE Магазин. Голем поздрав до сите мои швалерки... и верувајте сите вие расположени мажјаци, пастуви, слободно навратете во оваа зграда - ќе си поминете незаборавно и лудо.

47 LIFE А П Р И Л

женскиот пол на едно повисоко ниво... Овде се запознав со женските органи како и со друг тип на органи... Мислам на органите на прогонот, бидејќи многу често овде знаеше да ни дојде полиција и да ни каже да ја намалиме музиката. А ние бевме толку професионални свирачи што не знаевме како тоа да го направиме, поточно јас не знаев тивко да тропам на тапани. И, за жал беа поднесени неколку пријави кои потоа беа скинати од страна на наши блиски роднини и пријатели. Свиревме рок. Свиревме нов вид музика, која, сега кога ќе ја слушнам, не ми се верува


¢ Силвана Жежова АНЕТА КОРОБКИНА, МАГИСТЕР ПО УГОСТИТЕЛСТВО, ХОТЕЛИЕРСТВО И ТУРИЗАМ

Андреј Гиновски

НЕМА ЕЛИТЕН РЕСТОРАН ВО СКОПЈЕ

ЕДЕН ОД НЕДОСТАТОЦИТЕ НА НАШИТЕ РЕСТОРАНИ Е ШТО НЕ ВЛОЖУВААТ ВО СВОЈАТА СПЕЦИФИКА И ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ. МНОГУ МАЛКУ ОД НИВ СЕ ПОТРУДИЛЕ ДА НАПРАВАТ НЕШТО КОЕ ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЛИЧНО ОД ДРУГИТЕ

48

LIFE А П Р И Л

нета Коробкина е магистер по угостителство, хотелиерство и туризам и засега А е единствената која магистрираше на универзитетот Цезар Риц во Швајцарија. По завршување на средното училиште во Америка, се запиша на Американскиот колеџ во Солун на бизнис администрација, отсек за туризам и хотелиерство. Магистерските студии во Швајцарија следуваа по работата во туристичка агенција. Во нејзиното си-ви е запишано работно искуство во еден најпознатите синџири на хотели Хајат како и менаџирање со приватни ресторани и хотели во Русија, Индија, Турција и Америка. Од неодамна во Македонија ја основа фирмата „СЕК Хоспиталити тренинг и консалтинг“ која функционира на пазарот во Русија каде Анета работи и живее подолго време заедно со својот сопруг. Нејзината цел е во угостителството и хотелиерството да се подигне нивото на културата, познавањето на индустријата, разбирањето на потребите на гостите и чесно работење на вработените. Истовремено да им се укаже на сопствениците на бизниси и на нивните вработени да ја разберат важноста на извонредната услуга.

КРИТИКИТЕ СЕ ЗА РАБОТИТЕ ДА СЕ ПОДОБРАТ „Професионалноста во секоја индустрија е повеќе од потребна, бидејќи од неа зависи успехот на еден бизнис. Особено во угостителството и хотелиерството, каде еден човек не доаѓа само да се најаде и напие, туку и да ужива во она за што и платил. Атмосферата, квалитетот на понудата, професионалноста на персоналот, чистотата и други мали детали значат многу. Засега во Македонија се трудиме полека но сигурно да го подигнеме нивото на културата на угостителите, но и на гостите. Затоа што ако гостите не бараат, угостителот нема да пружи. Кај нас е лошо што луѓето се срамат да дадат забелешки или си викаат ‘е ајде сега да не си расипуваме расположение, ќе помине’. Но, тоа не е во ред. Критиките не се за некој да се налути, туку за работите да се подобрат. Поентата е тој што еднаш дошол треба да има желба повторно да се врати, но ако не е задоволен, следниот пат ќе размисли дали ќе се врати. Многу малку угостители разбираат дека со тоа што ќе овозможат квалитетна услуга со стил и нешто поразлично од останатото, ќе добијат пофалби, ќе создадат име и репутација, а со тоа

Туристите кои доаѓаат се одушевени од убавините на земјата, но дискутабилни се цените на сместувањето и храната во рестораните. Во еден специфичен македонски ресторан недостига атракција за туристите. Треба да ја одредиме нашата позиција, што е она што не`прави поразлични од другите? Анкета која би се спровела меѓу туристите - од што се задоволни, а од што не, е основата да се знае како да се продолжи понатаму.


лажица и вилушка, а притоа и самиот келнер не знае да ја послужи. Сервирањето со лажица и вилушка е специфично и ако келнерот не знае да послужи, како може да се очекува обичниот гостин тоа да го стори. Поради сиве овие детали и многу други грешки кои ги имам забележано велам дека во Скопје нема елитен ресторан,“ објаснува соговорничката на LIFE. Еден од недостатоците на нашите ресторани е и што не вложуваат во својата специфика и препознатливост. Многу малку од нив се потрудиле да направат нешто кое ќе биде поразлично од другите. Најголема генерализација се прави во однос на изгледот на менито, но и понудата што ја содржи. „Во скоро сите ресторани менијата се кожени и внатре е вметната понудата, а овој тип на

професии

ЗА РЕСТОРАНИТЕ ВО СКОПЈЕ Земајќи ги предвид нејзиното десетгодишно искуство во оваа област и работата во земји каде свеста за нивото на развојот на угостителството е многу повисока од кај нас, неизбежно беше прашањето дали во Скопје има елитни ресторани. Неслучајно се наметнува оваа дилема, бидејќи многу извикани и познати места кои важат како такви продаваат елитистичка приказна најмногу со цената на храната. Но дали, освен по солените цени, ги задоволуваат и другите критериуми што важат за елитните и ексклузивни ресторани. „Без навреда кон никого, но во Скопје нема елитен ресторан. Сум била во сите ресторани што се класифицираат во високата елитна класа и можам слободно да кажам дека тоа не се

ШТО ТРЕБА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА РЕСТОРАНИ ДА ЗНААТ • Полесно е да понудите одлична услуга, отколку да ги исправате грешките од лошата • Повеќето од гостите нема да се пожалат на лошата услуга или квалитетот на храната... едноставно, нема повторно да дојдат • Еден незадоволен гостин ќе го пренесе незадоволството на најмалку десет пријатели, а денес, земајќи ги предвид социјалните мрежи и на многу повеќе • И највкусната храна нема да е вкусна ако услугата е на ниско ниво • Мистериозниот шопинг е еден од најдобрите начини да го видите вашиот бизнис преку очите на вашите гости

менија одамна е излезен од мода. Стандардно во нив има пречкртани цени, печатни грешки како и многу лоши преводи на некои од странските јазици. Не постои ресторан каде менито има посебен печат или содржи нешто препознатливо. Еден од најголемите трендови минатата година беше менијата да наликуваат на дневен весник. Тоа можеби изгледа ефтино, но е тренд и е доста необично и интересно. Тренд кој одминува, но беше атракција. Интересен е фактот што во Скопје истото мени кое ќе го видите во ‘ексклузивен’ ресторан може да го видите и во некоја од пицериите или кафeаните. По работно правило понудата во менито обично се менува на секои шест месеци, се одзема или се додава нешто ново, зависно од побарувачката. Во Македонија кога и да дојдам, ги гледам истите понуди. Особено значајно е да го спомнам гарнирот ‘вариво’ кој стандардно се додава на билокое јадење. Ако не знаеш што друго, додади вариво. Креирање на едно мени е цела наука. Многу битна улога играат шефот на кујната, како и консултантите кои имаат големи познавања. Скоро и да нема ресторан во Скопје кој има свои оригинални рецепти, односно она што е ‘signature dish’ на шефот на кујната. Трендовите на дизајнирање и презентација на храна и пијалоци исто така се менуваат. Кај нас што и да се порача, се`изгледа исто. Воопшто не се води сметка за тоа како ќе се претстави храната или пијалокот пред гостинот,“ вели Коробкина. Во Македонија шефот на кујната не игра никаква улога. Никој од гостите не знае кој каде готви, но затоа се знае кој е менаџер или сопственик на ресторанот или кафулето. Во светот, пак една од причините зошто некој ресторан се посетува е токму шефот на кујната и неговите специјалитети. „Во Скопје има ресторани кои нудат италијанска, јапонска, индиска, кинеска храна, а притоа не ги презентираат своите шефови на кујна, зошто? Или ресторан кој нуди повеќе видови кујни, а има само еден шеф. Во хотелите и рестораните каде сум работела или се вработува шеф од земјата чија храна се нуди или истите доаѓаат на одреден период да го подготват менито и да го обучат персоналот како и на кој начин да ја приготвува храната. Не е срамота да се побара совет, срамота е да имаш од каде да побараш совет, а тоа да го игнорираш. Многу ресторани се отворени од луѓе на кои угостителството не им е главен и основен бизнис. Не може некој да ме убеди дека човек кој има сосема друга професија, добро го познава угостителството или хотелиерството. Нивото на културата на гостинот и угостителот ќе се менуваат, меѓутоа многу бавно. Како и секоја друга индустрија, и ова е индустрија која постојано се развива и во која треба да се вложува. Најголем проблем кој јас го гледам во Македонија е фактот што кога ќе се отвори ресторан или хотел, сопствениците со текот на времето забораваат да вложуваат во истиот,“ заврши нашата соговорничка. ¿

LIFE А П Р И Л

ресторани од тој тип. Самата атмосфера, односот, движењето и изгледот на персоналот како и начинот на кој се послужува и изгледа храната и пијалоците, се основи врз кои се оценува еден ресторан како елитен, а потоа следат многу мали детали. Во Скопје ниту еден ресторан не ги задоволува основните критериуми. Во еден елитен ресторан е недозволиво келнерот шишето вино да го отвора движејќи се или да го донесе веќе отворено. Правило: виното секогаш се отвора на маса, пред гостинот, во неколку чекори. Топло јадење не се служи на ладна чинија. Шоковните температурни разлики придонесуваат да се смени вкусот на храната и истата да се излади многу побргу. Правило, и тоа уште од баба: топла храна не се става во фрижидер. Недозволиво е послужување на салата во која како прибор за сервирање се ставаат

49

и ќе привлечат повеќе гости“, вели Анета, на која една од забелешките и`е што во рестораните кај нас нема хостеси кои ќе ги пречекуваат гостите за во истиот миг човек кога ќе влезе, да се почувствува добредојден. Секое движење на гостинот треба да значи и привлекување на вниманието на келнерите, чијшто однос е многу важен за целосниот впечаток за местото. „Во еден ресторан храната може да биде преубава, но ако ве услужува нељубезен и необучен келнер, на кој неколкупати треба да му ја повторите нарачката, не знае да ви го објасни менито или нарачавте едно, а ви донеле друго, не знам колку би уживале во таква ситуација. Келнерите треба да се невидливи во просторот, а не да се довикуваат и да бидат забележани повеќе од што треба, што го видов низ многу ресторани во Скопје. Се случува келнери да стојат во близина на гостите и да прислушкуваат разговори. Кај нас каде и да одите келнерите ви се обраќаат со ти, а не со вие, без разлика на годините. Ако некаде се нудат попусти, тоа треба да се нагласи,“ објаснува Анета која најмногу е изненадена што рестораните и хотелите немаат буџет за тренинг и едукација на персоналот што е недозволиво. Оттука се поставува и прашањето како воопшто функционираат и дали имаат стратегија за развој. Секој хотел, или ресторан којшто внимава на своето реноме, одвојува буџет за едукација и тренинг на персоналот и тоа се прави најмалку еднаш годишно. „Посветеноста на работата и вложувањето во истата во иднина дупло се враќа. Да се одржи високо ниво на ресторан или хотел, да се надоградува понатаму, не е лесно, но затоа се прави годишен план во кој се опфаќаат сите сегменти од бизнисот а со тоа во кој дел колку треба да се вложи. Не може некој да ме убеди дека од буџетот на еден ресторан или хотел не може да се одвои одредена сума пари во годината за консултации, едукација, тренинг и надоградување. Од друга страна, многу е важно да постои критична маса (гостите) која ќе се создаде со самоедукација, текстови напишани на овие теми, телевизиски програми како и дискусии и семинари поврзани со хотелиерството и угостителството“, додава Анета.


СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН

СОН НА МАЖИТЕ, ИНСПИРАЦИЈА ЗА ЖЕНИТЕ МАЖИТЕ ЈА ОПИШУВААТ КАКО ЊУЈОРЧАНКА СО ПРЕУБАВИ ГРАДИ, СЕКСИ ПОГЛЕД, СКАНДИНАВСКИ ШМЕК. ЧЕСТО Е НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА НАЈСЕКСАПИЛНИ ЖЕНИ НА СВЕТОТ. САКА ДА БИДЕ СОПСТВЕНИЧКА НА БОРДЕЛ, ШТО УШТЕ ПОВЕЌЕ ДОЛЕВА МАСЛО НА МАШКАТА ЖЕШКА ФАНТАЗИЈА ЗА НЕА

о една прилика, на новинарите им раскажа дека децата во основно училиште ја исмеВ јувале поради нејзините полни усни, а денес таа

50

LIFE А П Р И Л

е една од најубавите жени на светот. Со јавната професија започна да се занимава на осум години. Фактот дека расетеше пред камерите и’ донесе многу убави моменти, но и комплекси од кои со години не можеше да се ослободи. Чувствуваше дека сите погледи се упатени кон неа и дека секој негативно го коментира нејзиниот физички изглед и кариера. Нејзина идеална дестинација за одмор е Лондон каде има многу пријатели и го доживува како втор роден град. Се релаксира готвејќи, бидејќи поради патувањата и престојот по хотелите, и’ недостига таа животна рутина. Храната ја смета за нејзин најголем порок, бидејќи не може да и’ оддолее. Обожува вино, но никогаш не и’ се случило да се напие. „Многу сум емотивна, па кога ќе се напијам почнувам да плачам, а тоа не ми се допаѓа.“ КОНЗЕРВАТИВНА ВО ВРСКИТЕ Дваесет и шестгодишната актерка и пејачка Скарлет Јохансон има полско-данско потекло, но е родена во Њујорк во уметничко семејство. Нејзиниот татко Карстен е угледен архитект, а

мајка и’ Мелани е продуцент која ја воведе во светот на шоу-бизнисот. Уште како девојче, Скарлет сонувала дека нејзиниот живот ќе се одвива како на филм. Поради прекрасниот изглед и исклучителниот талент стана една од најбараните светски актерки, а со години е на врвот на листата на најубавите жени на светот. Во својот приватен живот секогаш практикувала долги врски. Болната разделба од актерот Џош Хантер успеа да ја преболи во пргератките на неодамнешниот сопруг, Канаѓанецот Рајан Рејнолдс. Иако до неодамна зборуваше дека сопругот е нејзината идеална половина и како ја научил да се сака себеси, таа реши да го напушти. Како причина се наведува неговата врска со актерката Блек Лајвил. „По долго размислување, решивме да го завршиме бракот. Во врската влеговме со љубов, а со љубов и наклонетост излегуваме и од него. Не поминувавме долго време заедно, често бевме разделени поради обврските околу филмовите и тоа беше главната причина за разделбата. Не можете секогаш да ја пронајдете вистинската личност во вистинско време. Тешко е кога некој ви се допаѓа, а тој не ве

забележува. Многу е важно луѓето да го средат својот живот пред да посакаат некој друг да го вклучат во него. Важно е да се работи на своите проблеми и комплекси,“ изјави Скарлет, според која потребата за честа промена на партнерите е во човековата природа, што не значи дека не верува во вистинска љубов. Повеќе од сигурна е дека секој на планетата има своја сродна душа која треба да ја пронајде. Рајан набрзо по разделбата со Скарлет започна блиска дружба со Сандра Булок. Наводно ја дочекале Новата година заедно и често го поминувал своето време во нејзиниот стан, во друштво со нејзиниот син. Скарлет, некогашната пријателка на Сандра се почувствува повредена и лута па ја навреди новата љубов на Рејнолдс со зборовите: „ти си кучка гладна за мажи“. „Често бев во долги и моногамни врски. Доста сум конзервативна и не се согласувам на секс за една вечер и по кратко време секој да си оди на своја страна. Во таква врска сигурно би била очајна. Мислам дека не можат сите луѓе да бидат верни, а таквите ги има доста“, вели Скарлет, која на романтичност ја научила нејзината мајка. За неа е најубаво кога двајца луѓе кои се преку пе-


ЖИВОТ ПОД РЕФЛЕКТОРИ Една од првите улоги во филмот „Мани и Ло“ и’ донесе номинација за независната „Спирит“ награда. На осумгодишна возраст глумеше во театар, а на десет години дебитираше во главната улога во филмот „Норт“. Вниманието на светската јавност го привлече со улогата во филмот „Оној кој им шепоти на коњите“ во 1998 година, за која освои награда за најдобра млада актерка во жанрот драма. Ја паметиме по улогите во филмовите „Сам дома 3“, „Светот на духовите“,„Изгубени во преводот“, „Девојката со бисерна обетка“ за која доби и Златен глобус, а стана и нова муза на Вуди Ален со кој ги снимаше филмовите „Завршен удар“ и „ Вики, Кристина, Барселона“. На осумнаесет години сними дури дваесет филмови, поради што се смета за најуспешна актерка на својата генерација. Титулата на светска ѕвезда и’ ја донесе улогата

плати дури 20 илјади фунти за со неа да се дружи 20 минути. Магазинот „Џи-кју“ ја прогласи за убавица на минатата година. Во образложението за изборот се наведува: „На свои 26 години Скарлет останува свежа, интересна и е во состојба лесно да се менува. Имено, тоа е нешто што најмногу го сакаме кај неа, нејзината способност да изгледа различно, а притоа да не мора многу да се труди.“ Во мај 2008 година, Скарлет го објави првиот албум „Anywhere I Lay My Head“ на кој ги обработи нумерите на Том Вејтс, додека нејзиното второ музичко издание „Break up“ се појави во септември минатата година. „Уживав во снимањето на последниот албум. Сакам да пеам преработки, но исто така би сакала да снимам и свои оригинални песни. Отсекогаш сум сака да бидам како Френк Синатра. Посакувам да бидам како него, да звучам како него, едвај чекам тоа да се случи и со мој перформанс“, изјави во една прилика Јохансон за Ем-ти-ви. На нејзиниот прв албум, соработуваше со Дејвид Боуви и со групата „Је је јес“, а на последниот албум со кантавторот Пит Јорн, со што звукот кој го нуди се движи во алтернативните поп-води. Јохансон неретко им се допаѓа и на жените, па така, според магазинот „Пипл“, таа ја инспирирала пејачката Кети Пери да го напише својот мега хит „I kissed а girl“. Скарлет Јохансон моментно е во врска со Шон Пен и не им пречи разликата од 24 години. Дваесет и шестгодишната актерка и холивудскиот ветеран се полудени еден за друг. Оние кои ги виделе на

жешка тема

во „Изгубени во преводот“ на режисерката Софија Копола за која ја доби и наградата БАФТА за најдобра женска улога. Во најтесен избор за ова признание беше уште трипати за улогите во филмовите „Девојката со бисерна обетка“, „Љубовната песна за Боби Лонг“ и „Меч поен“. Меѓу значајните улоги и’ се и во филмовите „Остров“, „Црната Далија“ и „Престиж“. Минатата година играше во филмот „Железните луѓе 2“ и доби театарска награда „Тони“ за улогата во „Поглед од мостот“. Работи на рекламните кампањи за познатите светски брендови „Рибок“, „Луј Витон“, „Долче & Габана“, а стана и заштитно лице на шампањот „Mое & Шандон“. На преубавата актерка одлично и’ „легна” елегантната амбалажа на овој скап шампањ кој е симбол за успех и престиж, омилен кај џет-сетерите, а се произведува од 1743-та година. Скарлет Јохансон се појави и во видеоспотовите на Боб Дилан и Џастин Тимберлејк. Сними албум со андерграунд рок-бендот „Исус и Мери Чеин“, а пееше и на сцената на најголемиот американски алтернативен фестивал „Коачела“. Омилени актери и’ се Џон Траволта, Том Круз, Ал Пачино, а од актерките - Мерил Стрип. Откако во ТВ- емисијата „Тунајт“ двапати си го исекна носот, оставајќи траги од кармин на марамчето, на аукцијата на и-беј за него доби 5300 долари, пари кои ги подари во хуманитарни цели за добротворна организација која се грижи за гладните. Тоа не беше првпат Скарлет да собира пари за добротворни цели - еден обожавател

51 LIFE А П Р И Л

десет години во брак и понатаму се сакаат, тие се најдобри пријатели и се радуваат еден на друг. На прашањето дали и’ годи тоа што ја сметаат за една од најубавите жени, но и модна икона, одговара: „Мислев дека само покојните некому можат да бидат пример, но полека се уверувам дека не е се`како што сум мислела. Никогаш не се доживував како личност која некому може да биде идол, бидејќи уште како дете знаев со што сакам да се занимавам. Го остварив својот сон, станав успешна и барана актерка и мислам дека само тоа е причината поради која на младите луѓе еден ден би можела да им бидам пример.“


жешка тема

52 LIFE А П Р И Л

летувањето во Мексико сведочат дека парот се однесувал како вљубени гулапчиња кои не се

одвојуваат еден од друг. Пријателките на Скарлет изјавиле дека таа била одушевена од Шон кој пос-

тојано ја расположувал со своето однесување, а тој пак правел сe`за да ја направи среќна. ¿


53

LIFE А П Р И Л


жешка тема

РОК-БОГ СО ДЕМОНСКИ ГЛАС СТИВЕН ТАЈЛЕР, ФРОНТМЕНОТ НА РОК БЕНДОТ „АЕРОСМИТ“, ПОКРАЈ ТОА ШТО ВАЖИ ЗА РОК ИКОНА, СЕКС СИМБОЛ И ЛИЧНОСТ СО ГОЛЕМА ЕНЕРГИЈА, ВО МОМЕНТОВ Е И ЕДЕН ОД СУДИИТЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ ИДОЛ ЗА 2011, ЗАЕДНО СО ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И РЕНДИ ЏЕКСОН

54 LIFE А П Р И Л

еесет и тригодишниот рокер Стивен Тајлер и ѕвездата со најубав задник ЏеШ нифер Лопез, му се придружија на басистот и пејач Ренди Џексон во комисијата на американското издание на популарното шоу „Идол“. Со оглед на тоа што атрактивната Лопез во потполност ги излуде фановите со улогата во последниот филм, славниот рокер не го крие своето одушевување што доби шанса да соработува со неа цела една сезона. Го гледав `The Back-up Plan’ и го гледав нејзиниот поглед кој комуницира со нејзиниот филмски партнер, начинот на кој оставија впечаток дека навистина се сакаат, и веднаш се вљубив во Џенифер. Потајно посакував еден убав ден да имам прилика да гледам во нејзините прекрасни очи. И, ете токму како што и повеќето работи во мојот живот течат по принципот ‘внимавај што посакуваш може ќе ти се исполни’ - еве ме сега седам до неа. Тоа е едноставно фантастично!“ - изјави Тајлер и додаде дека без оглед на фасцинацијата на својата убава колешка, нема да има милост за учесниците во популарниот „Идол“.

Професионалното восхитување го потврди и Лопез која откри дека првата средба со овој рок музичар и` остави силен впечаток. „Отсекогаш знаев дека тој е ненадминлив бог на рокенролот. Отсекогаш го знаев тоа. Меѓутоа, сега кога добив можност да седам и разговарам со него, почуствував како длабочината на неговата душа се пресели во мене“ - вели Лопез. Моментно на американските телевизии се прикажуваат гала концертите на избраните десет финалисти на американскиот идол, па за некој месец ќе го дознаеме американскиот идол за 2011 година. Стефан Виктор Таларико познат како Стивен Тајлер е роден на 26 март 1948 година во

Њујорк. Тој е американски музичар, пејач и текстописец. Како син на учител по музика, почнува да свири на тапани, за потоа да се фокусира на пеењето. Исто така знае да свири на усна хармоника, гитара, клавијатури, ударни инструменти... Својата слава ја достигнува со рок бендот „Аеросмит“, како прв вокал. Препознатлив е по рапавиот и остар глас поради кој често го нарекуваат и ‘демон на врескањето’. Првата ќерка, познатата актерка Лив Тајлер, ја добива од врската со манекенката Бебе Буел. Во 1978 година се жени со Миранда Фокс со која добива уште една ќерка, Миа Тајлер. По разводот, се жени со дизајнерката Тереза Барик и добива две деца: ќерката Челзи и синот Тај Монро. Денес живее со својата девојка Ерин Брејди. Покрај бројните жени и проблеми со дрога и алкохол, во 2006 година прави успешна операција на гласните жици. Истата година во едно интервју, открива дека во последните десет години боледувал од хепатит Ц, а моментно тврди дека се излекувал од болеста.


АВТОБИОГРАФИЈА ОД ПЕРОТО НА ТАЈЛЕР Последните неколку години музичарот се посвети на пишувањето книга, која, како што најави, ќе биде повеќе од лична природа споредено со книгата „Аеросмит“, објавена во 2003 година. Книгата со наслов „Does The Noise In My Head Bother You" е приказна за животот исполнет со подеми, падови, страствени врски, патувања и добра музика, напишани од перото на Стивен Тајлер. Книгата ќе пристигне во продажба во мај годинава. Во неа станува збор за детството на Тајлер во Бронкс, почетокот на кариерата и влијанијата, личните проблеми, како и успесите на групата „Аеросмит“. Тој зборува и за љубовниот живот, концертите и односот со неговите деца. Славниот пејач има четири деца од една врска и два брака, а најславни се 33 годишната актерка Лив Тајлер и нејзината помлада сестра, манакенката Миа.

жешка тема

nent Vacation" во 1987 година, продаден во повеќе од три милиона примероци. Големо враќање на Аеросмит на врвот на топ листите се зацврсти со следните изданија: „Pump" 1989 и „Get A Grip" 1993, а бендот стана стадионска атракција во целиот свет. Работата на следниот албум „Nine Lives", малку се одложува заради проблемите со издавачката куќа, така што неговото излегување во 1997 беше проследено со големо одушевување од публиката. Истата година, Тајлер и Џо Пери за компанијата „Гап“ изведоа блуз песна, во која Тајлер свири на усна хармоника. Тие беа само дел од кампањата на „Гап“ во која учествуваа повеќе музичари. „Аеросмит“ е најуспешна американска хард рок група по број продадени албуми - 150 милиони копии ширум светот, од нив 66,5 милиони во САД. Исто така, тие држат рекорд кај американските групи со најмногу златни, платинести и мулти-платинести албуми. Бендот освоил и четири Греми и десет ЕмТиВи награди. Интересно е дека и понатаму настапуваат на турнеи и заработуваат околу милион долари по концерт. Составот има лојални обожаватели низ целиот свет познати како „Сина војска“. Долговечноста, издржливоста и ангажираноста им овозможија да го задржат високото ниво на популарност и успехот за овие 40 години кариера. ¿ СТИВЕН ТАЈЛЕР, ЏЕЈ ЛО И РЕНДИ ЏЕКСОН

LIFE А П Р И Л

РОК БЕНДОТ „АЕРОСМИТ“ Групата „Аеросмит“ е основана во 1970 година, кога пејачот и тапанар Стивен Тајлер се сретнал со гитаристот Џо Пери, за потоа да формираат трио заедно со басистот Том Хамилтон. Групата наскоро станала квартет и во меѓувреме променила неколку членови, а целиот бенд на крајот на 70-тите се преселил во Бостон, поради што се нарекувани и „лошите момци од Бостон“. По две години свирење по клубови им поаѓа од рака да најдат издавач, па така склучуваат договор за „Колумбија рекордс“ и започнуваат со снимање на првиот албум. Дебитанскиот албум наречен едноставно „Аеросмит“ е издаден во есента 1973 година. Песната „Dream on“, издадена како нивен прв сингл, набрзо станува хит. Вториот албум, насловен како „Get Your Wings“, на топ листите се задржува цели 86 недели. Сепак, третиот албум „Toys in the Attic" 1975, бил вистински пробив во комерцијална смисла. Стиховите на Стивен Тајлер се преполни со двосмисленост и интелигентен хумор, што ги прави поразлични од другите рок групи во тоа време. Прав потег беше соработката со Run DMC во преработка на нивниот стар хит „Walk This Way" во 1986. Овој сингл ги сруши жанровските ѕидови меѓу рапот и хип хопот и го припреми теренот за големиот успех на албумот „Perma-


омаж

ЗАМИНУВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА:

ЕЛИЗАБЕТ ТЕЈЛОР

56 LIFE А П Р И Л

лавната актерка Елизабет Тејлор почина утрото на 23 март во болницата Кедарс С Синај во Лос Анџелес, во 79-тата година од животот, како последица на долгодишни проблеми со срцето. Покрај неа беа нејзините четири деца. Остави десет внуци и четири правнуци. Нејзиниот син Мајкл Вилдинг ја опиша својата мајка како исклучителна жена. „Мојата мајка беше неверојатна жена, која уживаше во секој момент од животот со голема страст, љубов и хумор. Иако сме скршени поради загубата, свесни сме дека секогаш ќе бидеме инспирирани од нејзиниот придонес кон овој свет. Горди сме на нејзиниот извонреден филмски опус, успех во деловниот свет и храбрата борба против сидата“, рече нејзиниот син. Добитничката на два Оскара и една од најголемите филмски ѕвезди на 20. век ќе биде запаметена по улогите во филмовите „Леси се враќа дома“, „Патека на слоновите“, „Ајванхо“, „Мачка на вжештен лимен покрив“, „Клеопатра“, „Место под сонцето“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ и многу други. На врвот на својата кариера беше во педесетите и шеесетите години на минатиот век, со дури четири последователни номинации за Оскар од 1958 до 1961 година. Меѓутоа, првата златна статуетка ја освои дури во четвртиот обид за „Батерфилд 8“ во 1960 година. Пред тоа беше номинирана за улогите во „Raintree Country“, „Мачка на вжештен лимен

И покрај тоа што родителите и’ беа Американци, Елизабет Тејлор е родена во Хампстед богат кварт во северозападен Лондон, во 1932 година. Татко и’ Францис бил трговец со уметнички дела, а мајка и’ Сара беше актерка со исклучително тежок карактер, која ја поттикнуваше во нејзината кариера, така што веќе на три години посетуваше часови по балет. На филмското платно дебитираше во филмот Lassie, на возраст од девет години. Кога започна Втората светска војна, Елизабет се врати со родителите во САД, а како мало девојче секаде беше забележувана поради својата убавина покрив“ и „Ненадејно, минатото лето“. Вториот Оскар го доби во 1967 година, за главна женска улога во филмот „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Ја вбројуваа во најубавите жени на светот. Имаше гламурозен и бурен приватен живот. Во нејзините најдобри години, Тејлор без конкуренција беше една од најголемите актерки и една од најубавите жени во светот. ‘Убавицата со виолетови очи’, сексипилната и гламурозна Елизабет Тејлор се поигруваше со додворувачите, медиумите и со обожавателите. Нејзиното филмско – животно партнерство со актерот Ричард Бартон, еден од седумте нејзини мажи исто така ја ставаше секогаш во центарот на вниманието. Се запознаа во 1963 година на снимањето на филмот „Клеопатра“,

кога започна една од најпознатите холивудски романси. Се венчаа една година подоцна и заедно снимија дури 12 филмови. Бурниот однос ги доведе до развод и повторна венчавка во 1975 година. Пред Бартон, Елизабет беше мажена за Конрад Хилтон, Мајкл Вајлдинг, Мајкл Тод и Еди Фишер, а со Џон Ворнер го оствари нејзиниот шести брак. Последниот сопруг и`беше Лери Фортенски. Здраствените проблеми на Елизабет Тејлор започнаа уште во 1944 година, кога падна на снимањето на првиот филмски хит „Национален сомот“. Од тогаш проблемите со грбот ја следеа сe`до крајот на животот. Ретката болест на белите дробови за малку во 1961 година ќе значеше крај на нејзиниот живот, а во животот жестоко се бореше и со алкохолот и лековите против болки. Во деведесеттите години мораше да и` бидат вградени вештачки колкови, и се соочи со уште едно фатално воспаление на белите дробови. Преживеа и операција на бенигнен тумор на мозокот во 1997 година. Седум години подоцна, во 2004. и’ беа констатирани конгестивни проблеми со срцето, што доведе до разни компликации. Меѓутоа ниту тогаш не ја прекина својата хуманитарна работа на полето на борбата против сидата, која ја започна во 1991 година, кога почина нејзиниот пријател и колега Рок Хадсон. ¿


57 LIFE А П Р И Л

галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


шуш - буш

ЧАРЛИ ШИН ЈА НАВРЕДУВА СОПРУГАТА

ТОМ КРУЗ СНИМА МЈУЗИКЛ

Проблематичниот актер Чарли Шин нема ниту еден убав збор за неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс. Ја навреди со зборовите крадец, лажливка, предавник и киднапер. Чарли Шин во налет на бес одлучи да каже се` што мисли за неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс, па поставил контроверзен статус на својот профил на „твитер“. Неговиот бес бил предизвикан од тоа што му недостигаат децата, бидејќи Дениз му го одзела старателството по судски пат. Но навредите

Алек Болдвин, Расел Бренд и Мери Џеј Блајџ ќе застанат рамо до рамо со Том Круз во најавената адаптација на бродвејскиот хит-мјузикл „Rock of Ages”. Круз, кој немаше вистински хит уште од филмот „Невозможна мисија 3“ во 2006 година, очекува дека повторно ќе се врати во улогата на рокерот Стејси Џекс. Мјузиклот веќе беше голем хит во театарот, а во него се изведуваат некои од најголемите хитови од осумдесетите години на минатиот век. Инаку, Том Круз веќе се докажа како пејач на сцена кога настапи со Џенифер Лопез на доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите.

дека таа треба да се бомбардира, малтретира и уништува ги изненадиле и нивните пријатели.

ОТВОРЕН МУЗЕЈ НА РОКОТ ВО БАРСЕЛОНА

МАДОНА ЈА ТУЖАТ РАБОТНИЦИ

Музеј на рокот е отворен во обновената арена за борба со бикови во Барселона, најнов во низата културни институции во средиштето на Каталонија. Овој музеј што е прв од ваков вид во Европа, содржи сали посветени на „Битлси“, „Ролингстоунс“ и други помалку познати шпански рок музичари. Изградбата на овој музеј траела осум години, а вложено е 200 милиони евра за да се заврши ултрамодерниот трговски и културен комплекс изграден на арената од 20 век. Во Музејот се наоѓаат и простории посветени на златните години за рок музиката, привремени изложби, а се

Осум работници од Малавија ја тужат Мадона, бидејќи изгубиле работа откако таа се откажала од изградбата на училиште за девојчиња во таа африканска земја, додека нејзиниот Кабала центар е под истрага поради неплаќање данок. Работниците се бесни бидејќи нема да добијат ниту цент за она што го направиле пред Мадона да го стопира проектот, кој требаше да им овозможи бесплатно образование на 500 девојчиња. Изградбата на училиштето требало да се финансира од средства од Кабала центарот. За пропаста на проектот на Мадона во Малавија, земјата во која се родени нејзиниот син Давид и ќерката Мерси, виновна е и истрагата на даночната служба.

наоѓа и концертна сала која има 200 места. Посетителите можат да ги видат и изложените култни предмети како влезниците за концертот на „Ролингстоунс“ со потпис на сите членови на групата или, пак, гитарата на Џон Ленон.

58

LIFE А П Р И Л

ЕВА ЛОНГОРИЈА САКА ДА ИМ ПОМАГА НА ЛУЃЕТО Ева Лонгорија неодамна изјави дека сака да се ангажира за правата на децата кои работат во лоши услови ширум светот. Актерката во Мексико го претстави документарецот за три деца кои како емигранти работат секој ден по 14 часа. „Сакам да бидам гласот на децата кој никој не го слуша. Отсекогаш сум им помагала на луѓето, и кога бев мала“, изјавила Ева која се надева дека поради нејзиното познато име, филмот ќе привлече поголемо внимание и дека со одговорните луѓе ќе направи се` да им се помогне на децата.


РОД СТЈУАРТ Е ЗАМОРЕН ТАТКО

ШАКИРА: ПИКЕ Е МОЕТО СОНЦЕ

Откако по осми пат стана татко, 66 годишниот Род Стјуарт призна дека бебето потполно го изморило. „Секој ден легнувам околу ручек, за да можам навечер повторно да ја играм улогата на татко. Но заморот не е мерлив со среќата која ми ја овозможуваат децата. Нивната невиност секојдневно ме потсетува на тоа кои се вистинските животни вредности“, изјавил Стјуарт. Според него, играњето фудбал и други спортови е најмалку што може да им пружи на децата. „Родителската улога ми даде нов елан, па си го подобрив и односот со Пени“, додал пејачот.

По неколку месеци шпекулации и папараци фотографии, колумбиската пејачка Шакира конечно потврди дека е во врска со шпанскиот фудбалер Жерар Пике. Шакира на својот „Твитер“ профил објавила фотографија со новиот дечко под која напишала: „Ви го претставувам моето сонце“. Таа и десет години помладиот Пике изгледаат среќно и вљубено, а парот се запозна на снимање на рекламен спот за Мондијалот во Африка минатата година. Истиот момент се појавија и првите гласини дека овој пар е во врска, но тоа и двајцата го негираа. Меѓутоа, откако Шакира неодамна ја раскина својата 11 годишна врска, се` почесто е во друштво на фудбалерот на Барселона, а во неколку наврати папараците ги фотографираа како се бакнуваат на улица. Врската прв ја призна Пике, а сега храброст за тоа собра и Шакира.

59 5 9

Неверојатната трансформација на Џенифер Хадсон од дебела со 30 килограми повеќе во витка и сексапилна убавица ги одушеви нејзините фанови, но не и нејзиниот вереник Дејвид Отунг. „Дејвид се привикнува на моето ново тело, но не е задоволен од промената“, признала 29 годишната оскаровка во шоуто на Џеј Лено. Во разговорот исто така открила дека тој сакал кога таа е облечена полежерно отколку да биде облечена согласно принципите на високата мода.

LIFE L I FE А П Р И Л

шуш - буш

МОМЧЕТО ЈА САКА ПОДЕБЕЛКА


од а до ш

В МАГАЗИНОТ LIFE ВИ ГИ ОТКРИВА ТРИКОВИТЕ НА ЈАПОНСКИТЕ ЗАВОДНИЧКИ, СО КОИ ЌЕ ГО ЗБОГАТИТЕ ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ И ЌЕ ЈА ОБНОВИТЕ СТРАСТА ВО ВРСКАТА ејшите се јапонски уметници на заведувањето, синоним за убавина и шарм. Тие се Г вешто обучени за пеење, играње и забава, но

60 60

LIFE А П Р И Л LIFE А П Р И Л

имаат и способност да го задоволат мажот. Тие се илузијата на совршената жена. Го проучуваат машкото его и го напојуваат како градина, за тоа да „цвета“. Некои од нивните традиционални техники ги презеле и жените од Европа со цел да внесат нешто ново и силно во браковите. Ние ви ги откриваме прочуените трикови на јапонските гејши, а вашата задача е да ги испробате. НЕ ТРЕБА ДА БИДЕТЕ „СКРЖАВИ“ НА ЗБОРОВИ Пофалете го вашиот партнер секој пат кога ќе доживеете оргазам. Тие едноставно сакаат да знаат дали ја задоволиле жената. Затоа, кога следниот пат ќе го доживеете „врвот“, задолжително дајте му до знаење дека тој е заслужен за тоа. Ќе биде пресреќен кога ќе му кажете дека е најдобриот љубовник на светот. НЕКА СЕ ЧУВСТВУВА КАКО ЈУНАК Секој пат кога му покажувате колку ви годи неговото настојување да ве задоволи, тој ќе се

чувствува како херој. Неговото его ќе порасне до небото, ќе се чувствува важно и ќе посака постојано да ве задоволува. Тоа не мора да се однесува само на секс. Овој совет можете да го примените и во секојдневниот живот. Ако се потрудите и ги истакнете квалитетите кои најмногу ги сакате кај партнерот, тогаш тој постојано ќе ви угодува. СЛАВЕТЕ ЈА НЕГОВАТА МАШКОСТ Вашиот партнер ќе биде одушевен ако одредено место во вашата спална соба го посветите само на него. Ќе знае колку ве инспирира неговата сексуалност, бидејќи делот од вашиот животен простор сте го посветиле на неговата машкост. На тоа место можете да ставите негова фотографија, порака, песна, миризлива свеќа итн. Одвреме- навреме менувајте ги украсите затоа што со тоа ќе му покажете дека постојано ви е важен. НЕ ОДБИВАЈТЕ ДА ВОДИТЕ ЉУБОВ СО НЕГО Кога ве боли глава или едноставно не ви е до секс, пробајте тоа да му го соопштите на убав начин. Можете да кажете: „Би сакала да води-

ме љубов, но навистина ме боли целото тело. Утре ќе се чувствувам подобро, па можеме да играме веднаш штом ќе се разбудиме.“ Доколку бидете груби и незаинтересирани, тој ќе се чувствува повредено, бидејќи ќе мисли дека веќе не ве привлекува. ЧЕСТО МЕНУВАЈТЕ ГИ ПОЗИТЕ Ако ви е малку досадно во кревет, не треба да поминете уште една ноќ гледајќи во таванот додека вашиот партнер ја прави целата „работа“. Обидете се со нова поза. Промената на позата не само што ќе открие ново чувство, туку и на партнерот ќе му покажете дека сакате да уживате. Заедно откријте што посакувате и не се плашете да испробате сe.`. „МИЕЊЕ“ СО ЈАЗИК Целото негово тело „измијте“ го со јазикот. Почнете со лижење од неговиот грб. Во своите постапки морате да бидете нежни, да го лижете полека и со чувство. Кога ќе го поминете задниот дел на неговото тело, замолете го да се сврти. Бакнувајте го по прстите и брадавиците, а кога ќе видите дека


е спремен за секс, со јазик посветете се на неговиот полов орган. ГРИЦКАЈТЕ ГО Некои од најмалку познатите, но сепак многу ерогени зони се наоѓаат на областите на телото кои се скокотливи. Тие делови од телото полека грицкајте ги. Започнете од неговите прсти, ушни ресички, но не смеете да доживеете оргазам додека го грицкате, бидејќи несвесно може силно да го гризнете. Стимулирајте го неговото тело надвор и внатре. Ставете една рака на неговите прсти, а другата рака на неговата брадавица и нежно кружете околу неа. А, исто така може да користите и прст, за да го втурнете во неговиот анус и да му ја масирате простатата. УЖИВАЊЕ СО ПРЕДИГРА Има повеќе начини на предигра, а гејшите ја употребуваат играта наречена „без допир“. Правилата се следниве: кога сте и двајцата голи, смеете само да се допирате по косата и брадавиците. Тоа потполно ќе ве излуди. Исто така, за време на предиграта врзете му ги очите и не симнувајте го превезот за време на сексот.

од а до ш Неговите сетила за слух, допир и мирис ќе бидат изострени, а вашето сексуално искуство незаборавно. СМИСЛЕТЕ СЕКСИ СЦЕНА Мажите се визуелни типови. Оставето го светлото запалено и кажете му да ве набљудува додека водите љубов. Ако сте свесни за убавината на своето тело, не се соблекувајте целосно. Облечете ја неговата омилена кошула и не ја закопчувајте. Мажите ги возбудува кога ја гледаат жената во нивна облека. ¿

ФИЛМОТ „МЕМОАРИТЕ НА ЕДНА ГЕЈША“ Во 1997 година писателот Артур Голден им понуди на читателите одушевувачка приказна за еден таинствен свет во познатиот роман „Мемоарите на една гејша“. Овој романтичен еп беше две години на листата на бестселери според весникот „Њујорк тајмс“. Продаден е во повеќе од четири милиони примероци на англиски јазик и е преведен на 32 други јазици. Режисерот Роб Маршал и продуцентите Луси Фишер, Даглас Вик и Стивен Спилберг, заедно со одлична меѓународна екипа и одличните актери ја претставија оваа приказна на филмскиот екран. Холивудското гледање на јапонската традиција, малку наликува на јапонска верзија на „Пепелашка“. Овие мемоари го раскажуваат животот на едно девојче кое е одведено од нејзиното рибарско село и продаденo на една куќа на гејшите. Многу брзо ги учи вештините на уметниците и станува славна забавувачка, продавајќи ги, како што добро научила, не само своето тело туку и своите вештини. Приказната на филмот е сместена во годината пред Втората светска војна, обременета со патријархалност и класична дисциплина. Упорноста на една обична девојка прави таа да израсне во легендарната гејша Сајури, која ги заслепувала најмоќните луѓе во тоа време. Нејзината тајна е љубовта кон човекот кој го игра Кен Ватанабе, додека главната улога на гејша ја толкува Џанг Ѕији. Искуството кое морала да го помине за улогата било навистина многу тешко. „Знаев дека романот е многу популарен, дека луѓето ќе го споредуваат филмот со романот. Ми се чини дека сум била на ниво на очекувањата. Морав прво да се смирам, да работам на изговорот на англиските зборови, да ги научам вештините на гејшите со цел да бидам убедливо најдобра. Беше тоа многу напорно искуство“ вели Ѕији.

61 LIFE А П Р И Л

подготвила: Патриција Костовска


здрава исхрана

ДАЛИ Е МЛЕКОТО СОВРШЕНА ХРАНА ЗА ЧОВЕКОТ?

62 62 LIFE А П Р И Л

дамна, а особено во втората половина на минатиот век, водени се долги распраО вии за полезноста на млекото во човековата исхрана. Од една страна беше познат ставот на индустријата на млеко и млечни производи дека консумирањето млеко е полезно за сите. Од друга страна беа, приложувани истражувањата на членовите на Медицинската заедница во САД. Научните истражувања почнаа да ги откриваат проблемите со млекото уште во 1930 година кога е испитувана смртноста на доенчињата во врска со употребата на кравјо млеко наместо мајчино млеко. Стапката на смртноста на доенчиња од 9 месеци на кои им е давано кравјо млеко наместо мајчино млеко била 84,7 на 1000 доенчиња, додека смртноста на доенчињата кои цицале само мајчино млеко била 1,5 на 1000 доенчиња. Дури и денес, во антибиотската ера, кај доенчиња кои се хранети со млеко во прав или со кравјо млеко постои 80% поголема шанса за појава на дијареа и 70% поголема веројатност за развој на инфекции на увото, во однос на децата кои цицаат само мајчино млеко. Предностите на доењето со мајчино млеко се повеќекратни, и тоа: 1. Мајчините антитела се пренесуваат на доенчето 2. Мајчините бели крвни зрнца се пренесуваат на доенчето 3. Мајчиното млеко содржи лактоферин кој го блокира растот на бактеријата Ешерихија коли 4. Мајчиното млеко е главно стерилно за разлика од кравјото млеко Мајчиното млеко се разликува од млекото на другите видови цицачи поради релативно малата содржина фосфор. Познато е дека присуството на повеќе фосфор ја отежнува апсорпцијата на калциумот. Според тоа, детето апсорбира повеќе калциум од мајчиното млеко

кое е сиромашно со фосфор, отколку од кравјото млеко кое е богато со фосфор, без разлика што кравјото млеко содржи повеќе калциум од мајчиното млеко. Големото присуство на фосфор предизвикува и други проблеми, како што се: намалена отпорност на инфекции и послабо искористување на масти од кравјото млеко, што не е случај со мајчиното млеко. Кравјото млеко содржи помалку витамини C и D, додека мајчиното млеко ги содржи истите во доволно количество. Кравјото млеко е богато со млечен шеќер наречен ЛАКТОЗА. Меѓутоа, возрасните луѓе ја губат способноста да ја искористуваат лактозата. Кај нив се јавува недостиг ензимот ЛАКТАЗА, кој е неопходен лактозата да ја разложи до гликоза, која може да се апсорбира. При недостиг лактаза, неразложената лактоза патува до дебелото црево. Таа нетолеранција на лактозата е фактор кој кај децата и возрасните предизвикува болки, грчеви и гасови во стомакот. Повеќе од половина од светската популација е нетолерантна на лактозата, бидејќи го нема ензимот лактаза. Некои луѓе обично го губат ензимот лактаза порано во текот на животот. Констатирано е дека околу 90% од возрасните припадници на црната раса, потоа Филипинците, Јапонците, Грците од Кипар, Арапите и Ескимите ја губат лактазата веднаш по детството. Но, од друга страна, луѓето од северо-западна Европа ја оддржуваат способноста да ја разложуваат лактозата значително подобро отколку другите народи. Рекордери на тој план се Данците, кај кои според статистиката само 2% од возрасното население ја губат лактазата, па возрасните Данци можат без проблеми да пијат млеко без да почуствуваат какви било здравствени проблеми. Кај лицата кај кои недостасува лактазата, млекото најчесто предизвикува грчеви во долниот дел од стомакот, зголемени

гасови во цревата и дијареа. Научникот д-р Френк Оски, професор по педијатрија на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД и автор на дваесетина книги од областа на педијатријата, ја напишал и многу читаната книга „Не го пијте млекото“. Во оваа книга, тој наведува 10 главни причини за загриженост за здравјето на децата во врска со пиењето млеко. Тој ги наведува: 1.Појавата на алергии 2. Анемија заради недостиг од железо 3. Намалена интелигенција 4. Чувствителност на млеко 5. Рана атеросклероза 6. Јувенилен дијабетес 7. Појава на акни 8. Ревматоиден дијабетес 9. Пропаѓање на забите 10.Инфективни заболувањa Постојат докази дека оксидираниот холестерол игра улога за започнување и влошување на процесот на стеснување на артериите наречено атеросклероза. Ако прехранбените производи кои содржат холестерол се изложат на воздух, тогаш холестеролот може да оксидира, што го прави штетен за артериите. Полномасното кравјо млеко, а особено млекото во прав ги исполнуваат овие критериуми и создаваат идеални услови за оксидирање на холестеролот. Кога доенчето го внесува холестеролот од мајчиното млеко, директно од брадавицата во детската уста, постои многу мала можност да се овозможи оксидацијата на холестеролот. Што се однесува до појавата на акни кај децата, аргументот кој го наведува д-р Оски е што значителен број крави кои даваат млеко се стерилни и затоа се јавува прогестеронот во нивното млеко. Прогестеронот се трансформира во машки полови хормони (андрогени) кои се одговорни за зголемување


казеин (белковина од млекото) и холестерол. Д-р Дејвид Роуз од Американската здравствена фондација ја испитувал стапката на смртност од разните видови рак и заклучил дека луѓето кои консумирале големи количества млеко, млечни производи и месо го зголемиле ризикот од појава на рак на простата, а кај жените - рак на дојка и јајници. Проблемот со консумирање млеко се јавува и поради присуството на контаминирани материи во млекото,

бидејќи нема чисто млеко без инфективни агенси. Тука спаѓаат вирусите и бактериите кои целосно се уништуваат само со стерилизација (варење), а не со пастеризација со која само се намалува бројот на потенцијално инфективни бактерии, но не ги елиминира. Во денешно време во млекото често се наоѓаат и разни антибиотици, па не е реткост таквото млеко да не може да се поткисели ниту да се потсири во домашни услови.

Луѓето денес оправдано се плашат од остеопороза, па мислат дека недостигот од калциум во коските ќе го надополнат со калциумот од млекото. Треба да се знае дека вишокот на калциумот не е тоа што е неопходно за подобрување на здравјето на коските кај луѓето, додека вишокот на белковини од животинско потекло во исхраната е една од причините за појава на остеопороза. Пример, Ескимите со својата исхрана внесуваат дури 2500 мг калциум дневно, а сепак масовно болуваат од остеопороза. Причина за тоа се многу белковини од животинско потекло кои се богати со сулфур и фосфор. Правилниот начин за борба против остеопорозата е исхраната во која доминираат алкални компоненти и зелениот лиснат зеленчук кој содржи доволно калциум. Апсолутно не постои ниту една причина која би го натерала возрасниот човек да консумира млеко. Д-р Оски нагласува дека возрасните цицачи во кои спаѓа и човекот немаат потреба да консумираат храна која е наменета за бебињата. Ниту еден вид цицачи освен човекот во природни услови не продолжува да пие млеко после доењето. За среќа, човекот наместо кравјо млеко може да пие бадемово млеко направено во апаратот Витамикс за 30 секунди. Бадемовото млеко не само што е поефтино од кравјото, туку е и повкусно и поздраво бидејќи учествува во процесот на алкализацијата на организмот, што е еден чекор напред за зачувување на здравјето. ¿

здрава исхрана

на бројот и големината на акните. За појавата на јувенилниот дијабетес кој е авто-имуно заболување кај генетски предодредени деца е виновно кравјото млеко. Истражувачите утврдиле дека белковините од кравјото млеко многу личат на белковини најдени на површината на бета клетките од панкреасот кои го лачат инсулинот. Создадените антитела на една од белковините од млекото можат да ги нападнат сличните белковини (бета клетки од панкреасот) на детето и да ги уништат. Тоа доведува до појава на автоимуното заболување Јувенилен дијабетес. Сериозните болести поврзани со енормно консумирање млечни производи во детството и по детството често се појавуваат кај возрасните луѓе. Шест состојби кои претставуваат загриженост за здравјето се: болести на срцевите артерии, ракот, неуролошките заболувања, алергиите, проблеми со варењето на храната и инфективните болести. Луѓето кои сакаат да го спречат стеснувањето на срцевите артерии најчесто применуваат исхрана со немасно млеко или со 1% масленост наместо полномасно млеко со 3,2 масленост. Тоа е добар начин, но најдобар начин да се спречи процесот на стеснување и да оди во спротивна насока е докажано промена на стилот на живеење, во кој, меѓу останатото, е исклучено консумирањето на млекото. Сите видови млеко вклучувајќи го и немасното и млеко со 1% масленост содржат

П&О: ДУШАН МАТИЌ ВИ ОДГОВАРА од консумирање на многу белковини од животинско потекло ќе се запознаете ако ги прочитате последните два написа од областа на нутриционизмот во LIFE магазин.

2

Кој леб е подобар: белиот или црниот ? Потребно е да се знае дека не се препорачува консумирање многу леб во текот на денот, без разлика дали е тој црн или бел. Причината за тоа е присуството на глутенот (белковина во пченицата) на која се` уште луѓето не се доволно адаптирани, бидејќи житарките дошле многу доцна во човековата еволуција, односно во исхраната. Познато е дека неспособноста на некои организми да го искористат глутенот се вика целијахија, така што луѓето со целијахија несмеат да консумираат ниту бел ниту црн леб, туку исклучиво безглутенски леб. Во нутриционизмот се смета дека причината за појавата на скоро сите авто-имуни заболувања кај луѓето е ткн. „прикриена целијахија“, која се манифестира кај луѓе кои непотребно консумираат многу леб и други

тестенини. Во пракса се покажало дека од ова страдаат најмногу луѓето со крвна група О и Б. Белиот леб кој го произведуваат нашите пекари е направен од рафинирано бело брашно со додадени адитиви. Во процесот на рафинирање од пченичното зрно се отстранети многу состојки, особено растителните влакна кои се важни за организмот, така што белото брашно и белиот леб претставуваат ткн. „празни калории“. Црниот леб е многу покорисен за организмот од белиот, бидејќи тој ги содржи барем растителните влакна кои ја овозможуваат ткн. „цревна перисталтика“. Бидејќи присутните адитиви во кој било леб од пекарниците имаат одредени штетни влијанија на нашето здравје, најдобро би било кога нашите домаќинки самите би го правиле лебот дома, од брашно во кое нема адитиви. Современите домаќинки за правењето леб во домашни услови можат да ги користат и апаратите кои самите автоматски го месат и печат лебот. Во апаратот се става брашното без адитиви и се додава само дозиран сув квасец, вода и малку сол.

www.nutrivita.mk

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат на телефон: (02) 3230 777 и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

СИТЕ ЧИТАТЕЛИ НА LIFE КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА МУ ПОСТАВАТ ПРАШАЊА НА ОВАА ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА ТЕМА НА НАШИОТ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ДУШАН МАТИЌ, МОЖАТ ДА ИСПРАТАТ И-МЕЈЛ НА: LIFE.MAGAZIN@YAHOO.COM И ДА ОЧЕКУВААТ ОДГОВОР ВО НЕКОЕ ОД СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА НА LIFE

LIFE LIF L LI I E А ПР И Л

За време на Велигденските празници, бидејќи често консумираме варени јајца, колку можеме да си дозволиме да изедеме на ден? Предноста на консумирање на велигденски јајца во однос на јајца приготвени на друг начин е во тоа што тие се бактериолошки исправни бидејќи се тврдо варени (оптимално стерилизирани). Со стерилизација на јајцата се оневозможува појавата на многу опасната салмонелоза, која понекогаш се појавува кога се консумираат „живи јајца“ или недоволно варени јајца (ровити), кои претходно биле загадени со салмонели (најчесто тоа се случува со ткн. „селски јајца“). Кај христијанското население за време на Велигденските празници чукањето со варени јајца е убава традиција, но тоа не значи дека треба да се изеде секое скршено јајце. Консумирањето едно до две варени јајца дневно за време на празниците нема да направи големо пореметување во организмот, додека консумирање многу варени јајца непотребно го оптоварува организмот со премногу белковини од животинско потекло. За последиците

63 6 3

1


64 LIFE А П Р И Л


Слаѓана НЕШОВИЌ Бренд менаџер „Auriège – Paris“, Македонија

УНИКАТНО И ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈА ЖЕНА

♂ жешкo!

„AURIÈGE – PARIS“

СОГЛАСНО ЦИКЛУСОТ НА ХРОНОБИОЛОГИЈА, ЛАБОРАТОРИЈАТА НА „AURIÈGE“ СОЗДАДЕ ИНОВАТИВНИ ТРЕТМАНИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ УНИКАТНО И ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈА ЖЕНА

AURIÈGE, Пионер во Хронобиологијата

Оваа наука откри дека биолошките функции на секој жив организам се менуваат циклично во зависност од годишното време, температурата и наизменичниот модел на ден и ноќ. Лабараторијата на „Auri ge“ ги истражуваше надворешните и внатрешните фактори одговорни за негативните промени на кожата и како пионер и експерт во хронобиологијата понуди уникатен концепт од шест „скроени по мерка” третмани со цел да се третираат сите несакани состојби на кожата. Еден од тие третмани е anti-age третманот за Оксигенација. ОКСИГЕНАЦИЈА За нежна текстура и изедначен тен Третманот за Оксигенација е уникатен antiage premium третман кој во својот протокол изобилува со активни состојки како: инкапсулиран кислород, комплекс од 3 чаја, нектар од планински цвеќиња и Alga Chlorella.

КАРАКТЕРИСТИКИ И ОПИС Со одминување на годините, заради загадувањето од околината или заради консумирање на цигари, кожата го губи сопствениот кислород и започнува да акумулира токсини. Поради ова таа станува крута, темна и без сјај и започнува процес на појава на брчки. Овој третман активно се препорачува во пролет, периодот на месец март и април, бидејќи инкапсулираниот кислород ефикасно ја „буди“ кожата и ја рехабилитира нејзината сјајност и свежина. Се овозможува интензивна оксигенација на ткивото, се елиминираат токсините и се оживуваат клетките. Кожата се снабдува со неопходните состојки и на тој начин се заштитува епидермот од слободните радикали, а оштетеното ткиво се регенерира. По завршувањето на целосната програма на вашата кожа ќе има: • Блескав Изглед • Изедначена Боја на Тенот • Нежна и Мазна Текстура • Длабинска Детоксикација Дозволете Вашата кожа да ја изрази Вашата внатрешна УБАВИНА!

ЕКСКЛУЗИВНИ ПОДАРОЦИ ОД LIFE МАГАЗИН И AURIÈGE – PARIS! „LIFE магазин“ и францускиот ексклузивен центар за убавина „AURIÈGE – PARIS“ подаруваат три ексклузивни третмани за лице и лифтинзи за очи. Првите три читателки кои ќе испратат имејл со предмет „ПОДАРОК ТРЕТМАН“ и име, презиме и контакт-телефон на life.magazin@yahoo.com ќе добијат подарок од „LIFE“ и „AURIÈGE“ – три пакети од третмани: AURIÈGE PREMIUM третман и AURIÈGE YEUX LIFTING (очен лифтинг). Читателките кои ќе бидат најбрзи ќе бидат усно известени за подарокот и ќе бидат објавени со име и презиме во следниот број на „LIFE магазин“. Подарокот вредносен ваучер за AURIÈGE третманите, читателките ќе можат да го подигнат во редакцијата на „LIFE магазин“, на улица 11 Октомври 33а, 1000 Скопје. Auriège, Научете ја Убавината! „AURIĒGE – Institute, ДЕРМАБЈУТИ“ Француски ексклузивен Центар за Убавина, ул. Христо Смирненски 54, Скопје www.AURIEGE.com www.DERMABEAUTY.com.mk 02/3230.130

Подарок - ексклузивни третмани од минатиот број на „LIFE магазин“ добија: Нада Томова, Павлина Чупевска и Миа Хаџи Пецова

65 LIFE А П Р И Л 65

Хронобиологијата претставува научна дисциплина која го проучува биолошкиот часовник на човековото тело. Овој термин е кованица од два поими: „Chrono“ - „време“ и „Biology“ - „наука за потеклото, структурата, функционирањето и активностите на живите организми“.


100 години NIVEA

СО МИРИС КОЈ БУДИ СПОМЕНИ ОД ДЕТСТВОТО, НИВЕА Е ПРОИЗВОД КОЈ НЕ ГИ СЛЕДИ ТРЕНДОВИТЕ ЗА ДА БИДЕ ВО ТРЕНД. ОВАА ГОДИНА НИВЕА КРЕМАТА , ПРОСЛАВУВА ЈУБИЛЕЈ - 100 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ. СE УШТЕ ПОПУЛАРНА КАКО И НЕКОГАШ, ПРЕТСТАВУВА СИНОНИМ ЗА КВАЛИТЕТ И КОНСТАНТНОСТ

66 LIFE А П Р И Л

армацевтот Оскар Топловиц точно знаел што сака да создаде - високо квалитетен Ф производ кој ќе биде достапен за сите. За да ја оствари својата цел, во 1890 година купил лабораторија во Хамбург од фармацевтот Пол С. Баерсдорф. Нежната револуција се случила во 1911 година. Со страст и претприемачки дух, фармацевтот Топловиц, дерматологот Пол Герсон Уна и хемичарот Исак Лифшулц ги споделиле своите познавања за потребите на кожата, за да развијат крема која ќе претставува револуција во светот за нега на кожата. Името Нивеа потекнува од латинскиот збор nix, nivis што значи снег. Белата боја на кремата Нивеа е добиена од нејзината најзначајна состојка, еуцерит, кој е комплетно иновативен емулзер создаден од Исак Лифшулц во 1911 година. Оваа состојка за првпат овозможи да се поврзат маслото и водата во стабилна, снежно бела крема. Тоа беше сензација! Дел од магијата на кремата Нивеа е во мирисот. Ја инкорпорира свежината на бергамот и портокалот, идеално комбинирајќи го мирисот на лаванда, роза и јоргован. Тајната формула на овој специфичен мирис не е сменета до денес, будејќи спомени кои асоцираат на чувство на безбедност и доверба. Поради фактот дека производот уште во 1914 година е присутен во 34 земји на пет континенти, многу луѓе ја доживуваат како национален производ, а не како бренд со потекло од Германија. Денес е присутна во повеќе од 200 земји, а е дел од секојдневниот живот на милиони луѓе и семејства. Оригиналната крема Нивеа е создадена во

1911 година, а првично била дистрибуирана во жолта кутија со зелена уметничка декорација. Сината лимена кутија, воведена во 1925 година, е едно најпознатите пакувања до денес. Потрошувачите го препознаваат белото лого на сина позадина. Сината кутија ја намали својата тежина за 6%, заштедувајќи околу 120 тони алуминиум годишно. Сите пакувања за европскиот пазар се прават во Хамбург. Секој ден се произведуваат повеќе од 500.000 пакувања или 12,500 тони од кремот. Доколку сите продадени производи до денес се стават еден врз друг, тие сигурно ќе стигнат до месечината. Многу познати светски личности беа вклучени во кампања за Нивеа, како Камерон Дијаз, Карла Бруни, Жизел Бундшен. Најголемиот колекционер на Нивеа живее во Хановер, Германија, а има собрано повеќе од 900 различни историски Нивеа производи од повеќе од 40 земји, кои ги чува во 6 различни соби. По пронаоѓањето на кремата Нивеа, „мајката на сите креми”, Баерсдорф продолжи со иновации, поставувајќи глобални стандарди со воведувањето на нови производи: првиот производ за заштита од сонце, прво млеко за тело, првиот лосион за после бричење кој не содржи алкохол, прв шампон, прв дезодоранс направен според карактеристиките на кожата, како и крема против стареење која содржи коензим Q10. Повеќе од 850 експерти се вклучени во иновативни истражувања и развој на нови производи. Денес, повеќе од 500 различни производи се дистрибуираат под брендот Нивеа, од бебешки до производи против стареење на кожата.


67 LIFE А П Р И Л


здравје

ПОЛИКЛИНИКА ИДАДИЈА, УЛ. ИВО ЛОЛА РИБАР ББ, СКОПЈЕ ТЕЛ. (02) 3 231 419

ЦИН Цервикална Интраепителна Неоплазија ервикалната интраепителна неоплазија (ЦИН) е премалигна состојба која се каЦ рактеризира со атипични промени на клетките од епителот на грлото на матката. Променетите клетки се разликуваат од нормалните по изглед, големина, степен на зрелост, како и по големината и обликот на јадрото. Исто така, пореметен е и односот јадро/цитоплазма, хроматинот е со изменет квалитет, ориентацијата на јадрото е различна во однос на нормалните клетки, а бројот на јадренцата може да е зголемен. Овие клетки имаат поголема склоност на делба (митоза) и оваа особина им ја дава суштинската карактеристика на клетки со ненормален раст. Причината поради која доаѓа до промени на клетките од цервикалниот епител, односно до ЦИН, најчесто е долгогодишно воспаление и хронично пореметување на нормалното функционирање и обновување на епителот. Според големината на промените во цервикалниот епител се разликуваат три вида на ЦИН. ЦИН 1 – е најлесен облик на цервикална интраепителна неоплазија, кога атипичните клетки не зафаќаат повеќе од 1/3 од дебелината на цервикалниот епител, мерено од базалната мембрана. ЦИН 2 – е умерена цервикална интраепителна неоплазија, при што атипичните клетки зафаќаат повеќе од 1/3, а помалку од долните 2/3 од дебелината на епителот.

68

LIFE А П Р И Л

ЦИН 3 – е тешка цервикална интраепителна неоплазија при што атипичните клетки зафаќаат повеќе од 2/3 од дебелината на епителот. Цервикална интраепителна неоплазија не е карцином (рак), но може да премине во рак доколку не се открие навремено и не се третира правилно. Дијагнозата се поставува со цитолошки преглед (ПАП тест), затоа што промените макроскопски се ретко видливи. Ако цитолошкиот наод ни е сомнителен, дијагноза-

та се потврдува со колпоскопски и хистолошки преглед (земање биопсија). Во случај кога и хистолошкиот наод ни е сомнителен се прави конизација (оперативно отстранување на дел од цервиксот во облик на конус), со што се поставува конечна дијагноза, а воедно и се спроведува терапија. Како дополнителна дијагностичка метода може да се користи и ендоцервикална киретажа. ЦИН-овите обично не покажуваат карактеристични симптоми, но појавата на следните симптоми може да не` наведе да се посомневаме дека постојат некои промени на цервиксот, а тоа се: абнормално вагинално крварење, крварење по сексуален однос, крварење во постменопауза, зголемен вагинален исцедок, болка во мала карлица, болка за време на сексуален однос. Кај повеќето пациентки со дијагностициран ЦИН откриена е HPV инфекција, што значи дека е една од најчестите причини за појава на ЦИН. Други ризик-фактори кои придонесуваат за појава на ЦИН се: често менување на сексуални партнери, пушење, започнување со сексуални односи порано од 18 години, раѓање пет или повеќе деца, користење на контрацепција повеќе од 5 години, раѓање пред 16-та година, намален имунитет. Терапијата се одредува во зависност од степенот на ЦИН, дали има HPV инфекција или дополнителна бактериска инфекција (се прави HPV типизација и микробиолошки брисеви), во зависност од возраста на жената, дали има родено и др. Најчесто се препорачува почесто правење на ПАП тест, зајакнување на имунитетот, лекување на инфекцијата (доколку ја има) и користење на механичка заштита (презерватив). Кај ЦИН 1 доаѓа до спонтана регресија кај 60% од случаите, а додека кај ЦИН 2 и ЦИН 3 просечно до 35%, особено после лекување на воспалителните промени. ПАП тест треба да се прави на 4-6 месеци и да се следат промените. Кај ЦИН 3 кој перзистира подолго време како и во случаи на ЦИН 1 и ЦИН 2, каде што

е типизиран HPV со висок ризик, а наодот не се менува подолго од една година, се препорачува конизација. По направената конизација се прават ПАП тестови секои 3-4 месеци, како и контролна HPV типизација. Ако хистопатолошката анализа од конусот што е отстранет покаже дека постои повисок степен на ЦИН или веќе има карцином, тогаш се прави ре-конизација или хистеректомија (отстранување на матката). Зачестеноста на цервикалните интраепителни неоплазии се проценува на 2-5% од сите жени, а малигнен потенцијал (можноста тие промени да преминат во карцином) на 10-15%. Се препорачува секоја жена најмалку еднаш годишно да прави гинеколошки преглед, а потоа според наодот гинекологот ќе одреди колку често треба истиот да се повтори, за навремено да се откријат абнормалностите, да се постави дијагноза и да се спроведе навремена терапија. ¿


69

LIFE А П Р И Л


брзина

ВОЗЕВМЕ ХОНДА ИНСАЈТ 1.3

¢ Александар Табаковски

ЗОШТО ЕДНОСТАВНО, KОГА МОЖЕ СЛОЖЕНО?

,

, ЕДНОСТАВНОСТА Е КВАЛИТЕТ КОЈ СЕ ПРЕФЕРИРА ВО РЕЧИСИ СИТЕ СФЕРИ ОД ЖИВОТОТ, НО ПОСТОЈАТ ИСКЛУЧОЦИ КОИ НЕ УБЕДУВААТ ВО СПРОТИВНОТО. ИСТО КАКО ШТО ВО КУЛИНАРСТВОТО МАГИЈАТА Е ТОКМУ ВО ДОДАВАЊЕТО НА РАЗНИТЕ СОСТОЈКИ ВО ОПРЕДЕЛЕНИ КОЛИЧЕСТВА, ТАКА КАЈ АВТОМОБИЛИТЕ ТОА Е НИВНАТА МОЌ ДА НЕ ПЛЕНАТ СО КАРАКТЕРИСТИКИТЕ, ДА НИ ГО ЗАДОВОЛАТ ВОЗАЧКИОТ АПЕТИТ, НО ВОЕДНО ГО ИДЕНТИФИКУВААТ КОНСТРУКТОРСКИОТ ГЕНИЈ. СИТИОТ НА ГЛАДНИОТ НЕ МУ ВЕРУВА, ИСТО КАКО ШТО ЕДЕН ВОЗАЧ НЕ МОЖЕ ДА СФАТИ ДЕКА НА ДРУГ СЛОЖЕНОТО МОЖЕ ДА МУ БИДЕ ПОЗАБАВНО

70

LIFE А П Р И Л

рва помисла на секој „тврдокорен“ возач кога ќе се соочи со автомобил на П хибриден погон е да ја доведе во прашање неговата практичност и возни својства: дали тоа ќе му предизвика потешкотии во поглед на „полнењето“, или можеби перформансите нема да бидат на ниво за неговите потреби? Во ред, сe`што е ново, се прима со доза резерва, по што започнува анализата на тоа кој како си ја завршил „домашната работа“. За волја на вистината, ова е втора генерација на Инсајт кој во 1999 година ја понесе славата како прв комерцијален хибрид автомобил, па не станува збор за сосема нов производ, што форсира и споредби со претходникот. Некако автоматски се наметнува човек прво да го анализира хибридниот концепт на обезбедување перформанси, бидејќи оттаму започнува целата приказна за Хонда Инсајт, но на крајот сепак мора да стигнете до заклучок дека ова возило има многу повеќе нешта отколку само дуален погон. Можеби на прв поглед не делува така, но и самата каросериска

изведба е своевиден хибрид, бидејќи возилото е во хечбек стил, но издолжениот заден дел многу повеќе наликува на лимузински атрибут. Оние со поголема меморија ќе се присетат дека пред речиси три децении Ситроен БХ беше со сличен каросериски концепт, којшто ги наследи епските „ајкула“ модели со службено име ГС, кои исто така имаа петта врата. Во случајот на Хонда, иако затскриено, самиот дизајн ја навестува хибридината филозофија на Инсајт, но од друга страна за тоа има и соодветни практични објаснувања. Долгиот „опаш“ дава простор во багажниот дел, кој е потребен за да се сместат акумулаторите кои се наоѓаат зад задната клупа, а притоа да не се намали или компромитира корисната зафатнина на овој дел. Бидејќи штедењето гориво е второто име на ова возило, аеродинамиката сугерирала мала висина со постепена градација кон возачката кабина, со цел намалување на воздушниот отпор. Во однос на претходната генерација, дизајнот е едно од главните нешта

кои можат да се вбројат во подобрувањата, гледано низ призма на модерните динамични линии кои му даваат карактер. Впечатливо е минималистичкото решение на предниот дел, со релативно малите фарови вгнездени под хаубата, без „скулпторски“ форми и нагласени детаљи, но сепак со карактеристично ширење во страна преку предното крило, додека меѓу нив ненаметлива е централната маска. Многу покомплексно е решението на долниот дел од предното крило, а подеднакво упадлив е и задниот дел, што може да се оцени и како желба да се преточи основниот лајт мотив на традиционалното и нешто сосема ново и невидено, кое „боде очи“ додека не се стекне неопходната навика. Во возачкото седиште се добива пријатно чувство, пред сe`поради модерното опкружување и допадливата околина. На страната на забелешките е едно нешто коешто важи за речиси сите јапонски возила, а тоа е што поставеноста на одредени елементи е физички предодредена за подеминутивните


торот. За време на тест возењето од аспект на перформансите беше забележливо дека при поаѓање (кога еко опцијата е вклучена), отсуствува брзата реакција на моторот, освен ако навистина не се притисне педалот посилно. Не би можело да се нарече тромавост, бидејќи перформансите се таму ако ги барате, но бара прилагодување на возачкиот стил. Тоа е единствениот момент кога е можна дилема во поглед на карактеристиките, или од аспект на купувачот, дали еко-стилот ќе го спречи да ужива во возењето. Сумирајќи ги искуствата

брзина

по петстотини километри зад воланот на Инсајт, таа дилема веќе не постои од аспект на убедливоста од погонот и трансмисијата. Фабриката декларира потрошувачка од 4,4 литри, забрзување од 0 до 100 км/ч за 12,4 секунди и крајна брзина од 182 км/ч. Искуството стекнато зад воланот сугерира дека низ градскиот метеж Инсајт се справува со потрошувачка од 6,2 литри според борд-компјутерот, што го должи на опцијата Ауто Стоп, кога бензинскиот мотор се гаси при мирување, бидејќи ножната сопирачка мора да биде притисната поради автоматскиот погон. Со самото отпуштање на педалот, моторот се стартува и возилото се задвижува. При комбинирано возење во град и на отворен пат, потрошувачката паѓа на 5,6 литри за сто километри. Споредено со другите модели на Хонда кои го немаат интегрираниот мотор асистент, тоа би требало да значи 2-3 литра гориво помалку на дистанца од 100 километри. Во текот на возењето е забележливо дека некои учесници во сообраќајот ги гледате од „жабја перспектива“, но генерално тоа не пречи толку, колку што повисоките патници можат да имаат нелагодности при влез и излез, особено на задната клупа. Видливоста назад е единствениот компромис во дизајнот, бидејќи реално видикот е пресечен, но не повеќе од тоа кога во средина би имале повисок патник. Управливоста е коректна, иако можеби не се чувствува спортската отсечност и цврстина кога станува збор за Хонда. „Домаќинскиот“ стил на возење нема да ви даде шанса да најдете други маани, но ако сепак побарате од возилото да ги испорача перформансите во посилна доза, забележлива е поголема бука во кабината. Сепак, Инсајт е позициониран во таканаречената ниска средна класа каде што треба да се споредува со компактните возилата. Опремата којашто ја нуди, и во поглед на основната инфраструктура, но и како надградба со разните технолошки додатоци е дури и на повисоко ниво, а задоволителен е багажниот дел од 440 литри. Автомобилот се продава со почетна цена од 19.490 евра, при што државата за ваквите возила се откажа од акцизата и бара само 50% од износот на царината. Тоа се`уште го прави поскап од другите возила во компакт класата, но богатата опрема нуди реална противвредност. Кога ќе се подвлече цртата, Инсајт е забавен автомобил во чие возење можете да уживате, а притоа да се чувствувате добро и бидејќи придонесувате во зачувувањето на околината. Севкупно, ова е добар вовед во иднината, кој на хартија може да биде и уште подобар, но ја сели хибридната технологија во пониските класи и ја прави поприфатлива за пошироката популација, а не само за оние со подлабок џеб. Модерното живеење навистина носи помалку едноставни нешта, но таа комплексност не мора секогаш да биде негативна, напротив, ова е еден од исклучоците на правилото. ¿

71 LIFE А П Р И Л

претставници на жолтата раса, па наслоните за рака на покорпулентните луѓе најчесто ќе им бидат во висина на колената. Позицијата на седење е значително ниска, што од една страна го зголемува уживањето при управувањето со возилото, но од друга страна е надополнето и со ниско поставен волан, што исто така бара соодветна навика при комутацијата. Кај Хонда спортските ноти отсекогаш биле препознатлив знак, па не е за изненадување што има волан со три рачки, но сепак комодитетот не е нарушен со монтирање на командите за аудио системот, опциите за „крстарење“, борд компјутерот и опциите за прифаќање телефонски повици. Но, хибрид-филозофијата не престанува во ниту еден момент. Покрај самиот волан, тука се и командите за менувачот, доколку се одлучите да ги менувате степените на пренос со сопир на тастерот, што досега е видено само во тркачките и спортските автомобили. Службено гледано, менувачот е автоматски и безстепен, па во текот на возењето не се чувствува префрлување од еден во друг. Изборот е направен поради подобро усогласување на трансмисијата со двата, бензинскиот и електро моторот, кој одлично функционира во практика и наметнува „домаќински“ возачки стил. Мануелното менување всушност е означено како спортско, бидејќи не станува збор за класично шалтање од првиот до седмиот степен на пренос, што одговара и на стварноста бидејќи тогаш ‘филингот’ и возачкиот стил комплетно се менуваат. Дополнително, опцијата за еко-возење може и да се исклучи, бидејќи кога е во работна состојба, го намалува вртежниот момент на бензискиот мотор за 4% и исто така ја регулира работата на климата, но дава и зелени (светлосни) сигнали до возачот како да штеди гориво. Конечно, „мелезот“ во погонот е нешто што Хонда го развива веќе цела деценија и има логика во начинот на користење. Без да ветува брда и долини, таканаречениот Интегриран мотор асистент (ИМА) има функција да складира енергија додека возилото е во движење, за во одредени моменти да му ги стави дополнителните перформанси на располагање на возачот кога тој ќе ја притисне педалата за гас. Инсајт не е електричен автомобил кој користи надворешни извори на енергија, што во теорија звучи убаво иако е тешко да се замисли и спроведе да биде реално остварливо за сите возачи, па затоа хибридноста е предност во овој момент. Од друга страна, втората генерација на Инсајт (сe`уште) не нуди опција за возење исклучиво на погон на електромотор, нешто што конкуренцијата (Тојота Приус) почна да го нуди како „целосен хибрид“. Емисијата е сведена на 101 грам јаглерод двооксид на километар, додека за споредба кај Приус се декларирани 89 грама, иако има мотор од 1,8 литри. Возачот во Инсајт има на располагање 88 коњски сили од 1,3 литарскиот бензински мотор, како и 14 коњски сили од електромо-


технологија

ИДНИНАТА НА АВТОМОБИЛСКИОТ ПОГОН ¢ Александар Табаковски

ТЕХНО РОKЕНРОЛ СО ФОЛKЛОРНИ МОТИВИ ЈА НАЧНАВМЕ ВТОРАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ДВАЕСЕТ И ПРВОТО СТОЛЕТИЕ ПОСЛЕ ХРИСТОС, ВРЕМЕ КОЕ ЗА МНОГУМИНА ВЕЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА ИДНИНАТА, БАШ ОНАА ЗА КОЈА СЕ ПРАШУВАЛЕ ДАЛИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕАТ И СО КОИ ЧУДА ЌЕ ГИ СООЧИ. МНОГУ ЧЕСТО УПОТРЕБУВАНА ФАНТАЗИЈА СЕ ТОКМУ АВТОМОБИЛИТЕ И НИВНИОТ АЛТЕРНАТИВЕН ПОГОН, СО КОЈ ЛУЃЕТО БИ ПОЧНАЛЕ ПОБРЗО И ПОЛЕСНО ДА ГО ОСВОЈУВААТ ПАТОТ ИЛИ ПРОСТОРОТ НАД ПАТОТ. ИЗВЕСНИ РЕШЕНИЈА ВЕЌЕ СЕ АРТИКУЛИРААТ НА ПАЗАРОТ, НО СЕ`УШТЕ НЕ ПОСТОИ ДЕФИНИТИВНА, ОПШТО ПРИФАТЕНА ВИЗИЈА КОЈА БИ ГИ ДЕФИНИРАЛА ИЛИ ОБЕДИНИЛА ДВИЖЕЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ

72 LIFE А П Р И Л

ога луѓето ја предвидувале иднината се обидувале да ја победат тогашната реалК ност со фантазии кои биле многукратно посилни, понапредни и понеостварливи. Можеби еден ден навистина ќе „ јаваме“ по облаците, но што до тогаш? Автомобилската индустрија се менува постепено, па за да стигне до извесна точка за инженерско решение кое може безбедно и долгорочно да се спроведе во дело, очигледно ќе мора да искачи многу повеќе скалила отколку што некој предвидел во соништата. Најголем јазол на патот на визиите се енергенсите кои би ја задвижувале машинеријата на иднината, меѓутоа пристапот кон барањето на решенија денес е многу поинаков од некогашниот – едноставно бидејќи луѓето сега повеќе се свесни за повеќе нешта околу автомобилите: еколошките моменти и грижата за природата, статусниот белег на превозното средство, животниот стил, светската доминација на глобалниот пазар... Дури и куса анализа на денешните визии за иднината на алтернативниот погон укажува дека не може да се најде одржлива логика во секое од решенијата што се нудат, но веќе како никој да не се грижи за тоа. Пазарот и неговите потреби постојано се менуваат, па како и во многу други бранши се пробува да се искористи моментот за постигнување

комерцијални резултати. Био-горива од обновливи извори, водородот и струјата се актуелни алтернативи, но од друга страна најмазна транзиција иција имаат хибридните хиб

решенија. Генерално, сите се согласни во едно – потребно е намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата, што има основа во Протоколот од Кјото со кој се опфатени шест соединенија, меѓу кои јаглерод диоксидот е на прво место. Обидот за нивна контрола без соодветна легислатива пропадна, бидејќи првично САД не го поддржа неговото потпишување, а потоа автомобилските фабрики не успеаја да постигнат голем напредок

во намалувањето на штетните отпадоци. Ова се однесува и на неколкуте нитро оксиди кои се јавуваат како реакција на согорувањето на горивото при високи температури, а предизвикуваат смог и кисели дождови. БОРБА НА ИДЕИ Со воведувањето на Еуро-стандардите и со ограничувањето на емисијата на јаглерод диоксидот се создаде аамбиентот во којшто фабриките мораа да почнат да иновираат ре р шенија со кои ќе ги постигнат, или барем да им се доближат на поставените цели. Некои од решенијата, можеби поради трката со роковите, не можат да се пофалат дека имаат силен еколошки придонес, бидејќи колку што на една страна помагаат во редуцирањето на штетните емисии на гасови, толку на друга страна ја нарушуваат животната средина поради неконтролираната употреба на ресурсите. Тоа беше случај со палмовото масло кое стана дел од рецептурата за производство на био-дизелот. Една австралиска студија објавена во август 2007 година ги диференцираше сите потенцијални масла за блендирање со постојното гориво, при што објави дека најголеми заштеди во емисијата на гасови од јавниот транспорт се постигнува кога се употребува употребеното масло од готвење-


технологија Инсајт. Електро-моторот работи паралелно со бензинскиот мотор и во текот на возењето генерира моќност што потоа ја става на располагање на возачот. Додека кај Тојота концептот е со поголем стаж, па во третата генерација на Приус се зборува за целосен хибрид, каде што е можно да се вози и само со електромотор, во Хонда Инсајт станува збор за „интегриран мотор-асистент“ кој работи паралелно со моторот на внатрешно согорување, па во движење на возилото го надополнува акумулаторот од кој потоа црпи енергија, со што драматично ја намалува потрошувачката. И двата „хибрида“ полека се селат низ комплетната гама на овие фабрики, зголемувајќи го бројот модели во кои може да се вгради електромоторот. Наспроти ова, комерцијализација на хибриди кои наскоро се очекуваат се Пежо 3008 (дизел и електро мотор), но и Волво В60 (2,4 литра дизел) со најавена емисија од 50 грама на километар. Моделот на Волво кој е претставен на почетокот од март во Женева, слично како првиот „плаг-ин“ електричен автомобил на Мицубиши и-МиЕВ може едноставно да се вклучи во струја и да ги наполни своите акумулатори од 12 киловат часови. Рено ги „електрифицираше“ постојните модели Флуенс и Кангу со литиум –јонска батерија од 22 киловат часови, што

во груби црти е еквивалент на 5.000 батерии за мобилен смарт-телефон. Во Британија, државата субвенционира 5.000 фунти, а во Франција 5.000 евра за купувачите на овие возила, па така купувачите на Кангу на пример наместо 21.200 евра ќе платат само 16.200 за својот нов автомобил. Скептиците очекуваат повеќе проблеми кога се во прашање електро-мобилите, бидејќи нема секогаш да можат да го надополнат потрошеното, но дури и да го решат тој логистички проблем, се поставува прашање дали едно општество може да ја издржи таа побарувачка од електрична енергија? Едно семејство дома во текот на денот можеби нема да потроши ниту пет киловати, а за своите две возила ќе треба да има сметка од 44 киловати ... Сега кога сме со една нога во иднината, хибридите се чинат како возила за оваа декада, но веќе следната може да има драстични промени по тоа прашање. Моменталното кокетирање со повеќе опции делува како мешавина од повеќе нешта, која на хартија не делува звучно, но во практика дава позитивни резултати. Од некаде требаше да се почне, време беше! Како во романтична приказна, вистинската идеја сама ќе се наметне, но не е исклучено едноставно да дојде како резултат на бркање извесен „бенчмарк“. ¿

Ентузијазмот на иноваторите не застанува само на овие примери, бидејќи речиси низ целиот свет се спроведуваат студии за алтернативни и обновливи извори на енергија. Веќе постојат практични примери за мали автомобили кои работат на компримиран воздух, а нивниот конструктор Гај Негре би сакал да додаде и мотор за био гориво, за да може сегашната автономија од 150 километри да ја максимизира десеткратно! Во САД имаше афера дека пронаоѓачот на автомобил на вода, Стенли Мејер, бил отруен, а полицијата потоа го чешлала неговиот дом и го запленила изумот. Легендите

велат и дека Никола Тесла своевремено успеал постоен автомобил од негово време да го вози со изум кој ја канализира космичката енергија. Дури и кај био-горивата се прошируваат хоризонтите преку генетската модификација на некои култури. Двајца руски научници во рамки на својот проект во САД го испробале генетски модификуваниот тутун како состојка што ќе произведе двојно повеќе био-маса од сојата и сметаат дека може да послужи како енергетска суровина, само треба да се подобрат приносите од маслото што би се екстрахирало од него.

LIFE А П Р И Л

АВТОМОБИЛИ НА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ ИЛИ НА ТУТУН?

73

то, а второто место со 80 отсто заштеда му припаѓа на палмовото масло кое потекнува од стари плантажи, а не од обесшумени тропски подрачја. Покрај фактот што со исечените тропски шуми во Индонезија и Малезија (најголемите извозници) се зголемува „ефектот на стаклена градина“, беше укажано дека се загрозуваат и некои животински видови како орангутанот и тигарот од Суматра. Според податоците, замена за палмовото масло може да биде маслото од соја произведено во Бразил или, пак, маслото од тропската билка јатрофа во Јужна Америка и Индија. Водородот не се смета за извор на енергија, туку за нејзин носител, но е спомнат во Протоколот од Кјото како можна замена на сегашното фосилно гориво. Сепак, има реални пречки да го понесе приматот како замена за досегашните конвенционални типови енергенси. Засега нема можност за негово масовно, лесно и евтино производство, но некои научници ја спорат и неговата полезност. Нивните аргументи велат дека водородот работи само со земање кислород од атмосферата, за што тие не веруваат дека е неисцрпен ресурс и стравуваат дека може повеќе да и` наштети на човечката популација. Водородот кој некако би се произвел би требало да се транспортира до бензинските пумпи, но постои закана тој да „бега“ во атмосферата и да стигне до озонската обвивка, при што со хемиска реакција би настанал метан, еден од шесте гасови кои Протоколот од Кјото ги „осудува“. Доколку, сепак, се најде во резервоарот како хидроген, водородот може да биде искористен по две основи: со внатрешно согорување, при што дава нитрични оксиди, или со горивна ќелија (електрицитет по хемиски процес), од каде што нус производ е само водената пареа, којашто исто така се смета за гас од „стаклена градина“. Наспроти Форд и Рено, кои се откажаа од овој концепт, БМВ беше изложен на столбот на срамот од страна на германскиот „Шпигел“, кој го критикуваше нивниот премиум модел од серијата 7, бидејќи декларира потрошувачка од 13,9 литри гориво на сто километри или 50 литри хидроген за истата дистанца. Институтит „Вупертал“ исто така оценил дека хидрогенекономијата „не звучи еколошки“ во следниве три или четири декади. Една од главните причини е дека ладењето на резервоарот на хидроген одзема една третина од енергијата содржана во истиот резервоар, па возилото има автономија од едвај 200 километри. Возилата со погон на електромотор се најбројни денеска, и во практика, уште повеќе како концепти. Најголемиот број фабрики го развиваат овој сегмент, при што практиката познава разни концепти и натпревари, дури и со соларни автомобили. Кога станува збор за моделите кои се комерцијализираат, првично мора да се спомнат хибридите кои се тука неколку години наназад, Тојота Приус и Хонда


технологија

iPAD 2 - НОВ БУМ НА APPLE Минатиот месец, долго најавуваниот iPad 2 буквално ги освои американскиот и европските пазари. Дали е сe` она што фановите очекуваа? Да, најверојатно и повеќе. Помал е, потенок и позаоблен од неговиот претходник, и дури 80 грама полесен, што придонесува поубаво да се ракува со него. Дизајнот на оваа супер-играчка, со целата негова едноставност, е елегантен и практично неодолив, а перформансите се приказна за себе. Со нов дуал-кор А5 процесор, повеќе меморија за апликациите (512 MB), две камери – една за HD видео снимање и друга за видео повици, побрза графичка картичка и нов оперативен систем iOS 4.3, iPad 2 докажа дека е дефинитивно најдобриот таблет на пазарот. Спореден со Motorola Xoom, iPad 2 има свои слабости (меморијата, резолуцијата на екранот и некои клучни разлики помеѓу iOS и Android), но сепак, местото на врвот на планината е негово.

ЕКОЛОШКИ ЕКРАН Samsung Syncmaster PX2370 е еколошки екран од кујната на Samsung, кој, како што тврдат од компанијата, нема халоген, нема олово, и згора на сe` троши 40% помалку енергија. Освен што дизајнот му е одличен, овој 23’’ LED монитор дава одлична HD слика (1,920 x 1,080), поостра, посветла и без заматување, благодарение на времето на реакција од 2 милисекунди.

ПРВИОТ 3D МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Токму така, LG Optimus 3D е првиот 3D мобилен во светот, и секако, за да ја гледате ‘третата димензија’ не ви требаат очила. Карактеристиките на оваа бонбона на LG се повеќе од пристојни: има голем екран на допир (4,3’’), брз дуал-кор процесор, HDMI и Android 2.2 OS (со можност за надградување во 2.3). Со камерата од 5 мегапиксели, тој може да снима HD 2D видео од 1080p, 3D видео од 720p како и 3D слики, додека партнерството на LG со YouTube ќе им овозможи на корисниците на овој мобилен да ги ‘закачуваат’ на YouTube своите 3D видеа.

HP DREAMSCREEN 400 Овој ‘сe` во едно’ компјутер на HP е еден од поинтересните геџети исфрлени на пазарот во последниве неколку месеци. Идејата на производителот е да се воведе работна алатка која ќе биде лесна за користење за целото семејство. ‘Екранот од соништата’ е на допир и има 18,5’’ (1366 x 768 резолуција), тврд диск од 250 GB и Linux оперативен систем со т.н. интуитивен интерфејс кој е крајно едноставен.

74 LIFE А П Р И Л

LEICA M9/M9 TITANIUM Откако пред година и нешто го исфрли најдобриот (и најскап) дигитален фото апарат во светот со назнака M9 (со CCD сензор од 18 мегапиксели кој овозможува искористување на целосен формат на фотографија од 35 mm), Leica се одлучија да исфрлат и уште полуксузна варијанта на ова мало чудо – Leica M9 титаниум. Ова навистина уникатно и ексклузивно издание на M9 е резултат на соработката со реномираниот дизајнер на автомобили, Волтер де Силва, кој е ‘главен виновник’ за револуционерните дизајни на концепт-автомобилите на групацијата Фолксваген.


Трката наречена „3D без очила“ веќе започна, а еден од главните пионери е Nintendo, кој оваа пролет ја лансираше портабл играчката конзола 3DS. Ефектот наречен „аутостереоскопија“, кој креира 3D што можеме да го гледаме без очила, е одличен и е максимално искористен во претходно инсталираните игри базирани на т.н. проширена реалност (augmented reality), кои ја инкорпорираат вашата околина во играта со помош на двете надворешни камери. Оваа прилично моќна играчка има копче на лизгање со кое можете да ја наместите длабочината и интензитетот на 3D ефектот, два екрана (долниот е екран на допир), како и аналоген контролер од 360 степени кој ви овозможува целосна контрола врз вашиот 3D свет.

технологија

NINTENDO 3DS – 3D БЕЗ ОЧИЛА

SONY ERICSSON XPERIA NEO Уште еден од новата, супер серија на XPERIA (заедно со Arc и Play), е секако Sony Ericsson XPERIA Neo. Фановите на Ericsson најверојатно ќе се израдуваат од перформансите на овој телефон: LCD екран на допир со LED заднинско светло, камера од 8 мегапиксели со LED блиц и автофокус, HD видео снимање (720p), Android 2.3 OS... Единствено останува да одлучите дали повеќе ви се допаѓа Arc или, пак, Neo!

( iPhone)

Конечно Лара Крофт пристига и на iPhone, овојпат започнувајќи ја авантурата на еден мистериозен јапонски остров, кај што треба да се бори со непријателски настроените жители, да собира плен и да составува артефакти и секако, да дојде до крајот на авантурата :). Играта чини речиси 7 долари, но доколку сте редовен кукувач од App Store, топло ви ја препорачуваме.

CRYSIS 2 (PC, PS3, Xbox 360) Импресивното продолжение на веќе познатата пукачка игра во прво лице Crysis, едноставно насловено како Crysis 2, има одлично научно-фантастично сценарио чие дејство започнува во Њујорк 2023. Задачата е да се борите против инвазијата на вонземјаните преку карактерот кој сами ќе го изградите, додавајќи му оружја и способности по избор. Одлична графика, одлична игра, или со други зборови чиста десетка.

75 LIFE А П Р И Л

LARA CROFT AND THE GUARDIAN OF LIGHT


спорт

ЏЕКИ ЏОЈНЕР КЕРШИ

76 LIFE А П Р И Л

ХХ

ВЕК

ПРВА ДАМА НА АТЛЕТИКАТА НА

Мирослав Николовски

НА 3 МАРТ 1962 ГОДИНА ВО ИСТОЧЕН СЕНТ ЛУИС, ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО СЕМЕЈСТВОТО ЏОЈНЕР ГО ДОБИ СИНОТ АЛ, СЕ РОДИ ДЕВОЈЧЕ. ИМЕТО ГО ДОБИ СПОРЕД ЖАКЛИНА, СОПРУГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏОН КЕНЕДИ. МАЛАТА ЖАКЛИНА ОД ПРВ ДЕН БЕШЕ ВИКАНА НАГАЛЕНО ЏЕКИ, ИСТО КАКО И ПРВАТА ДАМА НА САД КОЈА ШТО БЕШЕ ОБОЖУВАНА ВО СЕМЕЈСТВОТО ЏОЈНЕР. НЕЈЗИНАТА БАБА КОГА ГО ДОЗНА НЕЈЗИНОТО ИМЕ РЕЧЕ „И ОВА ДЕВОЈЧЕ ЕДНАШ ЌЕ БИДЕ ПРВА ДАМА ВО НЕШТО“. И ТАКА И БИДНА - ЏЕКИ СТАНА ПРВА ДАМА НА АТЛЕТИКАТА НА 20. ВЕК


во атлетиката. Инспирација доби гледајќи го телевизискиот филм за Бејб Дикинсон Захаријас, сестрана спортистска којашто беше подеднакво добра како професионален тркач со драгстер, кошаркарка и голферка. Џеки се одлучи за седмобојот, тешка дисциплина во која атлетичарките се натпреваруваат на трки на 100 метри со пречки, на 200 метри и на 800 метри, скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле и фрлање копје. Џеки имаше физички предиспозиции за речиси сите атлетски дисиплини, па седмобојот како да беше измислен за неа. Тоа не и’ пречеше одвоено да се натпреварува и во скокот во далечина, како поединечна дисциплина, со којашто освои злата на сите поголеми светски атлетски приредби. Сонот за настап на Олимпијада на Џеки и нејзиниот брат Ал Џојнер првпат им се оствари на олимписките игри, четири години после Москва. Во 1984 година во Лос Анџелес Ал Џојнер им донесе злато на САД во трискок, а Џеки беше „само“ сребрена во седмобој.

Токио 1991 година и во Штутгарт 1993 година, како и од Олимпијадите во Сеул 1988 година и во Барселона 1992 година, сребрени и бронзени одличја, светскиот рекорд во скок во далечина за седмобојки, направија од Џеки Џојнер атлетичарка на столетието, титула што ја доби според изборот на реномираниот магазин Спорт илустрејтед, веднаш откако планетата земја прејде во новиот милениум, а доби и место во Музејот на восочни фигури на Мадам Тисо во Париз.

Нејзиниот брат Ал Џојнер се ожени за атлетичарката Флоренс Грифит – Џојнер, а Џеки го одбра за сопруг својот тренер Боб Керши. Уште додека беше во врвот на натпреварувачката форма во 1988 година таа ја основа Џеки Џојнер Керши Фондацијата со цел да ги воведе во убавините на атлетскиот спорт и младите и постарите, па и цели семејства. Часовите се разбира беа бесплатни. Од 2007 година Џеки Џојнер Керши заедно со прославени спортски имиња како Андре Агаси, Мохамед Али, Ленс Армстронг, Андреа Џегер, Марио Лемје, Алонзо Морнинг и други ја основа добротворната организација „Спортисти на надеж“ чија цел е приклучување на што повеќе врвни спортски имиња во оваа фондација, за собирање средства за хуманитарни цели. Џеки беше и во изборниот штаб на актуелниот американски претседател Барак Обама, а помошта во претседателската трка сигурно има позитивни ефекти при остварувањето на хуманитарните акции кои Џеки ги има поставено пред себе. ¿

спорт

атлетски способности да ги насрочи кон скокот во далечина. На училишните натпревари кои истовремено беа и квалификации за Олимписките игри 1980 година во Москва, Џеки беше само осма. Но и оние кои се квалификуваа за Олимпијадата не настапија на неа поради бојкотот на САД на игрите во Русија. Во меѓувреме Џеки го пронајде својот вистински предизвик

Ова само ја налути Џеки, па на првото наредно светско првенство во Рим 1987 година стана светски шампион и во седмобој и во скок во далечина, а во овие две дисциплини победи и на Олимписките игри во Сеул наредната година. Нејзините успеси беа повод Американската атлетска федерација две години по ред да ја одликува со престижната награда Џеси Овенс. Џеки веќе стана славна. Златните медали од светските првенства во Рим 1987 година,

77 LIFE А П Р И Л 77

окрај постариот брат Ал, спортист чија специјалност беше трискокот, Џеки Џојнер П уште во гимназиските денови се обиде своите


(ОКУРБИТО - DEPARTURES)

филм

ако мене ме прашате...

ЗАМИНУВАЊА

Режија: Јоџиро Такита Улоги: Масаширо Мотоки (Даиго), Риоко Хиросуе (Мика), Цутому Јамазаки (Икуеи) Музика: Џое Хисаиши Филмот е добитник на Оскар во 2009 год. за најдобар странски филм

78

LIFE А П Р И Л

е изморија новиве филмови, особено американските. М Нели филмот треба да биде уживање, најчесто како медиум кој може да ни пружи забава, релаксација, не ретко и чувство дека сме научиле и нешто поучно, корисно. Но филмот има и други својства кои можеме да ги откриеме ако се обидеме барем малку поселективно да ги одбираме. На Запад и официјално филмот како и производството на автомобили или парфеми, е индустрија. За среќа, има и остаток од светот а има и исклучоци на Западот каде филмот упорно се бори да ја потврди и задржи етикатета - Седма уметност. И попусто ќе се мачам да најдам нешто вредно и убаво токму кај оние најагресивно рекламираните продукти од

подвижните слики, таканаречените блокбастери... А и овој мој слоган, „Ако мене ме прашате…”, нема никаква цел доколку пишувам за филм што е просечен или лош. Па добога, кој би ве прашал или побарал да му препорачате таков филм? Во неврат потрошено време за гледање, за пишување и, конечно, за читање текст за нешто што не чини. Добро, мислам дека се разбравме, не се јаде се`што лета, не е секој нов филм за гледање. Зачепкајте малку по историјета на филмот, прашајте ги пријателите во кои имате филмска доверба, верувајте, и со оглед на разликата во вкусовите помалку ќе згрешите отколку ако и се препуштите на холивудската машинерија која ја интересира само количеството на


PAUL ПОЛ Режија: Грег Мотола Улоги: Сајмон Пег, Ник Фрост и Сет Роџен Комедија помешана со СФ. Филмот е сниман според стрип и зборува за авантурите на двајца смотанковци кои треба да се справат со чуден вонземјанин

THE LINCOLN LAWYER АДВОКАТОТ ОД ЛИНКОЛН Режија: Бред Фурман Улоги: Метју Мекконеги, Мариса Томеи и Рајан Филипе Филмот зборува за тоа како успешно може да се води бизнис од задното седиште на луксузниот автомобил Линколн. Сето тоа зачинето со атрактивни слики од средиштето на Беверли Хилс. Филмот е сниман според бестселер новелата на Мајкл Конели

RANGO РАНГО Ранго е обичен камелеон кој случајно завршува во градот на нечистотијата. На градот очајнички му треба нов шериф. Уште еден од технички спектакуларни анимирани филмови. Гласот на Ранго се разбира мора да биде глас на позната холивудска ѕвезда. Овојпат Џони Деп е Ранго. Режисер е Гор Вербински

BATTLE: LOS ANGELES БИТКАТА: ЛОС АНЏЕЛЕС И во овој филм има вонземјани, но против нив се борат до заби вооружени маринци за да го спасат Лос Анџелес. Возбудлива трилер-акција во режија на Џонатан Либесман. Главни ѕверки се Арон Ешкарт, Мишел Родригез и Бриџет Мојнахан

LIFE А П Р И Л

одбивност, нелагодност и негативни асоцијации... но дека немора да биде така покажува „Заминувања”. Филмот зборува за соживот на животот и смртта. Без предрасуди, без нелагодност, отворено, експлицитно, и сурово но и топло. Авторите направиле спој од животни и погребни расположенија, така што трагиката и радоста се испреплетуваат, тагата и хуморот одат заедно. И доколку намерата на авторите била на овој начин да ги маскираат нашите стравови и вродени нелагодности, тогаш во потполност успеале. Не, не се работи за црн хумор, ниту за егзибиција од ситуации и дијалози. Се работи за една поетска истрајност во најдобриот манир на јапонската традиција. Во овој филм нема ниту да чкртате со заби но ниту да леете солзи. Ќе чувствувате продолжена егзалтација, и таа ќе ве држи долго по завршувањето на филмот. Ако сте на пат да прифатите дека смртта е дел од животот, овој филм многу ќе ви помогне. Ракатка од убави, богати контемплации за смртта кои ниту еден момент немаат призвук на вулгарност или бизарност. Филмот е преполн со прекрасни детаљи, значења и движења. Исклучително добар кастинг, без исклучок. Овојпат и без да ме прашате... гледањето на овој филм ќе ве натера да размислувате за смртта и да го цените животот, ако што тоа го прават протагонистите на “Заминувања”. ¿

79

продадени билети на благајните. А покрај се`, добро знаете дека филмот ја има таа магија да ви открива нови хоризонти, нови светови а не само оние на копното на Северна Америка. Сетете се дека постојат уште пет континенти. ...Млад виолончелист кому набргу по вработувањето му се распушта оркестарот. Со сопругата се сели во провинција и бара работа. Се јавува на чуден оглас со наслов „Заминувања” мислејќи дека се работи за туристичка агенција. Всушност се работи за фирма која ги подготвува покојниците за кремирање... Новата филмска публика разбирливо има определени предрасуди кога се работи за филмови кои ја немаат онаа надворешна динамика, толку карактеристична за современиот човек. Акција, брза монтажа, егзибиции со камерата, помпезна музика и агресивни звучни ефекти, тоа се елементите со кои филмската индустрија безмилосно атакува на човековите сетила. Затоа, е вистински мевлем за очи, уши и душа да се види нешто поинакво. Такво, сосема поинакво искуство е токму јапонскиот филм „Заминувања”. Приказна која длабоко ќе ве вовлече во размислувања за вредностите на животот, за почитта кон покојниците, „Заминувања” е пред се`човечка приказна која авторите ја раскажале со моќен уметнички јазик, со чист, префинет, јасен и непретенциозен пристап. Смртта и како поим и како чин предизвикува


музика

ДЕЦА НА ДВА ВЕKА

80

¢ Билјана Црвенковска

LIFE А П Р И Л

Кире Галевски

ПМГ КОЛЕКТИВ Е БЕНД КОЈ ВЕЌЕ ШЕСТ ГОДИНИ АКТИВНО ДЕЛУВА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА СЦЕНА... СВОЕВИДЕН ENFANT TERRIBLE НА АВАНГАРДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА PMG COLLECTIVE ПИОНЕРИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА, ОРГАНИЗАТОРИ НА АНДЕРГРАУНД ЖУРКИ И ПРОМОТОРИ НА НАПРЕДНИ ИДЕИ, И НА ИЗДАВАЧКАТА КУЌА PMG RECORDINGS КОЈА ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ ЈА ПРОМОВИРА АЛТЕРНАТИВНАТА МАКЕДОНСКА МУЗИКА

ПМГ КОЛЕКТИВ


музика МГ Колектив е четиричлен бенд: Мирко Попов - вокал, Синиша Евтимов на гитара, Александар Гавровски Гачо на бас гитара и Здравко Кеврешан (Ian Straaf) на тапани. Зад себе имаат три албумски изданија „Резонатор“ (2007), „Пријателски оган“ (2008) и „Да 4“ (2010), а во мај месец излегува и нивниот четврти албум „А векот така добро започна (So Last Century)“. На 4-ти април излезе и првиот сингл од овој албум, насловен „Излези надвор“, кој е достапен за бесплатно симнување на www.pmgrecordings.com. За новиот албум, претстојната турнеја, идеите, ставовите и плановите поразговаравме со Мирко, Гачо и Синиша. Ни недостигаше уште ‘најновиот’ член на бендот, Ian Straaf, кој не успеа ни на кратко да побегне од ‘креативните подруми’ на адвертајзинг агенцијата во која си го заработува лебот. Го издавате четвртиот по ред албум, кој звучи различно и позрело од претходните. Дали е ова природна прогресија, подефиниран звук, крајно ангажирани, лути текстови, нема веќе љубовни песни, нема „меки“ ставови..? Мирко: Мислам дека со оглед на тоа дека ПМГ Колектив е бенд кој работи без престан од самиот почеток, сосема е логично да се очекува некоја константна музичка прогресија. Звукот на бендот е во постојана промена. Ако во

првиот албум преовладуваше електронскиот дел, вториот беше некаде на средина – со електронски ритми, а се`друго рокерски, третиот се прекрши - половина од песните беа студиски, а половина свирени во живо, четвртиот албум е комплетно свирен во живо и верно го одразува звукот на бендот во овој момент. Oва е нашиот моментален манифест и мислам дека првпат се искристализира еден специфичен музички стил кој е карактеристичен за овој бенд и за оваа постава, како најблиска до оригиналната идеја за Пи-ем-џи. Синиша: Сето тоа е „work in progress“. Мирко: Токму така. Што се однесува до текстовите, тие се само одраз на она што ни се случува во моментот, огледало на нашата психичка состојба која е позатруена во однос на онаа пред пет години. Тогаш целата атмосфера во нашата земја беше полабава, не беше супер, но факт е дека земјата беше свежа во владеењето на една номенклатура. За овие пет години земјата се замори и сите сме многу понервозни, така што и текстовите делуваат помрачно и полуто. Не би сакал да ги опишувам моите текстови како поангажирани, затоа што не се, туку се само одраз на позицијата во која сум приморан да се најдам. Мислам дека моите ставови се многу послоевити од една обична ангажираност. Синиша: Отсликување на духот на времето многу повеќе одошто ангажираност. Тие

претставуваат еден ракурс на модерното живеење во Скопје. Да живеевме во Манчестер сигурно немаше да бидат вакви. Мислам дека се повеќе базирани на тоа каде живееме и на притисоците со кои секојдневно се соочуваме. Така гледам на нив, многу ми се блиски и емотивно ги доживувам. Секако не мислам дека се ангажирани, дека претендираат да кажат нешто подлабоко или пак да се бават со дневно-политички теми. Тие зборуваат за тоа кои сме ние. Мирко: Да, и како се снаоѓаме во нашето секојдневие. Пораката, политичкиот, уметничкиот или религиозниот став во текстовите е многу приватен - приватна религија, приватен систем на вредности... Споменавме дека новиот албум звучи посериозно во однос на претходните. Ако се потсетиме на оние коментари на почетокот дека сте несериозни, дека Мирко не знае да пее, дека си играте бенд... Како ќе одговорите на тие коментари денес? Синиша: Ние никогаш не сме се сметале за несериозни, особено не кога станува збор за музиката. Можеме ние да бидеме несериозни во приватниот живот, но во однос на музиката сме крајно сериозни. Тоа што го правиме, барем мене лично многу ми значи, и секогаш сум приоѓал многу сериозно кон целата работа. Овој албум само покажува колку ние сме пораснале како бенд.

81 LIFE А П Р И Л

П


музика

82 LIFE А П Р И Л

Гачо: Покажува колку сме биле сериозни на почетокот кога сите мислеле дека сме несериозни, кога јас свирев со едно прсте или Мирко на првиот концерт кога чувствувал кнедла во грлото. Евидентно кај нас работата тргна обратно, немаше класичен бенд кај што ние прво пет месеци ќе свириме во гаража па потоа ќе излезат песните, туку тргнавме со идеја да направиме песни, па се случи бендот, па на крај дојдоа настапите во живо. Мирко: Ние дефинитивно не сме бенд што има одреден таргет на слушатели кои ги храниме со сребрено лажиче точно со она што тие сакаат да го слушнат. Обично луѓето ставаат маска на лицето за да може да ги кажат работите што сакаат да ги кажат ‘на раат’. Нашата ‘несериозност’ најверојатно е нашата маска, но тоа е помалку важно. Важно е дека секогаш сме го кажувале она што сакаме да го кажеме. Љубовните песни не се помалку сериозни од овие теми. Со иста сериозност приоѓаме и кон едното и кон другото, со таа разлика што сега повеќе го знаеме занаетот. Многу сме подобри од пред пет-шест години, а сите ние почнавме да се занимаваме со музика кога почнавме со бендот. Гачо не знаеше да свири бас, тој и ден денес знае да ги свири само песните на ПМГ. Синиша не знаеше да свири гитара, тој и денес ги знае само песните на ПМГ. Јас не знаев да пеам, некои ќе речат дека се`уште не знам да пеам - јас знам да ги пеам само песните на ПМГ. Но, напредокот на четвртиот албум е толку очигледен, што и на најрасположените критичари на овој бенд ќе им биде тешко да критикуваат. Бендот стигна до една точка кај што не може да биде игнориран по ниеден параметар. Ја споменавте публиката, дека немате некоја целна група која ќе ја храните со сребрено лажиче. Што се случува со публиката кај нас, споредено со публиката надвор од Македонија? Каква е македонската публика? Синиша: Македонската публика е цинична. Гачо: Македонската публика е различна во Скопје и надвор од Скопје. Надвор од Скопје би ја споредил со онаа во Берлин. Тие што се надвор од Скопје се желни да го слушнат концертот, исто така е и надвор од Македонија. Публиката во Берлин ја интересира само да ја слушне музиката, сосема опуштен став кој всушност треба да го има секоја публика. Во Скопје првпат почувствував опуштен став кај публиката на последниот наш настап на „Срце за Јапонија“. Досега не сум го почувствувал тоа од скопската публика, освен на некои интимни концерти што сме ги правеле за мал круг пријатели. Да, публиката во Скопје е цинична. Мирко: Мислам дека луѓето кај нас се во грч по сите параметри, тоа се отсликува во сите општествени ситуации, па и на публиката. Се`уште важи синдромот на средсело, се`

уште сите одат таму каде што е модерно во моментот, секогаш им е тешко да ги поддржат сопствените уметници од сопствениот град. Полесно им е да одат на некој концерт на странски бендови или диџеи, а не доаѓаат да ги поддржат домашните автори. Некогаш добиваме фантастична реакција од публиката, а некогаш многу лоша реакција. Не може да се најде некоја константа според која може да се оцени домашната публика. Би рекол дека и’ недостасува континуитет. Многу е полесно во странство. Таму на луѓето што дошле на наш концерт не им е гајле кои сме. Ја слушаат нашата музика и или им се допаѓа или не им се допаѓа. Тоа е единствениот критериум според кој треба да се цени концертот на еден бенд.

ПМГ Колектив „А векот така добро започна“ (So Last Century) (PMG Recordings 2011) Четвртиот албум на ПМГ Колектив, кој ќе излезе наредниот месец, е убаво заокружување на шестгодишното непрекинато работење на овој бенд. Дефиниран и зрел еклектичен звук, остри текстови, стари идеи со нови примеси. Песните кои можеме да ги издвоиме, освен првиот сингл од овој албум „Излези надвор“ каде својот вокал го позајмува Марија Каева, се и „Радио слободно Скопје“, „Деца на два века“, „Дијалог со иднината“... Издание кое со нетрпение го очекуваме во официјална продажба!

Што станува со медиумите? После толку време, освен на Канал 103, колку и дали некаде се покрива оваа сцена, или уште поконкретно вашата музика? Синиша: Излегува дека „стотројка“ е, за жал, единствениот медиум во Македонија кој тоа го покрива. Мирко: Да не е „стотројка“ луѓето како нас нема нигде да бидат присутни. Никој не се интересира за оваа сцена. Кога одиме надвор, кога се мешаме со белградската, сараевската,

загребската, љубљанската сцена, гледаме дека се свесни за моќта на македонската алтернативна сцена, бидејќи таа постои и има своја посебност, но во Mакедонија никој освен Канал 103 за тоа не е свесен. Синиша: Никој во Mакедонија не напиша рецензија за последниот наш албум, освен можеби една, а читав неколку во Хрватска, Србија и Словенија... Мирко: Добиваме повеќе рецензии за нашите албуми надвор од Македонија одошто кај нас. Смешно е. Понекогаш се пуштаат нашите спотови на А2 или К15, понекоја наша песна на Антена 5, но генерално воопшто нема интерес ни за поуспешните бендови од нас. Синиша: Еве, да дадеме пример со Бернајс Пропаганда. Минатата година во Хрватска ги прогласија за најдобар рок бенд на Балканот, а овде кај нас никој освен „стотројка“ не ја пушта нивната музика. Гачо: Значи, сцената постои. Еднаш кога зборував со еден музички новинар од еден наш дневен весник, неговиот став беше дека уредувачката политика на дневните весници не е да создаваат нешто, туку да известуваат за нешто. Мислам дека сега, повеќе од кога било во последниве години, сцената постои. Има полно албумски изданија секоја година, има концерти, сцената е вибрантна... Зошто ја нема во медиумите? Не знам. Глупаво е сето ова да остане незабележано. Но ете, понекој забележува: LIFE ја забележува, „стотројка“ постои. Што понатаму со ПМГ? Дојдовме до тука, имаме ли некоја кулминација или пак едноставно еден убав развој на работите..? Синиша: Дефинитивно не е кулминација, бидејќи ние веќе правиме нови песни, нема никогаш да престанеме да правиме. Растеме и мислиме да продолжиме да растеме. Мислам дека е прерано за кулминација. Гачо: Овој ритам што го имаме поставено, а тоа е во просек еден албум годишно, мислам дека би можеле уште десет години без проблем да го тераме. Кога гледам како го правиме тоа, воопшто не ми се јасни моите идоли, големи музичари што сум ги сакал и ги сакам ден денес, како може да издаваат еден албум во пет години. Еден албум годишно можеби звучи изнасилено, но кога гледаш однатре воопшто не е изнасилено, напротив многу е природно. Мислам дека имаме уште многу пред нас. Мирко: Бендот допрва зема замав, мислам дека ова е првпат после четири години да дојдеме на нешто свое, до стилот кој сме сакале да го имаме. Тоа не значи дека сме ја завршиле работата, туку дека работата за нас дури сега почнува, не само од музички, туку и од занаетчиски аспект. Не знам дали некогаш воопшто ќе го достигнеме зенитот, но мислам дека ова се првите чекори во нашите најдобри години.


оли Џин Харви е една од најинтересните композиторки на денешницата. Нејзиниот П талент е неспорен, јасно видлив уште од нејзините први чекори, направени со помош на малата независна лондонска издавачка куќа Too Pure во почетокот на деведесетите години од минатиот век. Оваа година се навршуваат дваесет години од издавањето на нејзиниот прв сингл. За тоа време Поли Џин Харви воопшто и не застана. Музичар кој не сака да се повторува, па затоа нејзините албуми претставуваат целосно различни музички доживувања. Секој нејзин нов албум е приказна сама за себе: нов музички дискурс за новите композиции. Доколку би морал да избирам (за помладите, нели!) би ги издвоил: деби албумот „Dry“ од 1992, потоа „Rid of Me“ од 1993, „Is This Desire?“ од 1998 и се разбира „Stories From The City, Stories From The Sea“ од 2000-та година. Кариера која непрестајно се развива и речиси цело време зацртува нови траси. Пред да се задржам на новото албумско остварување на Поли Џин, да ја споменам и кратката љубовна врска со Ник Кејв од средината на деведесеттите години - нешто што наликуваше на вистинска музичка романса. „Let England Shake“ е нејзиниот осми по ред студиски албум. Вибрантно и возбудливо остварување кое со себе носи едно мачно чуство - дека тлото под нозете почнува да се тресе и станува јасно дека тоа баш и не е така стабилно. Песни директно инспирирани од и посветени на нејзината родна земја Англија со јасен коментар и цврст став за англиските позиции во светот и сегашната поставеност на општеството на глобално ниво. 12 композиции со траење од четриесетина минути исполнети со тага, бес, летаргија. Насловната „Let England Shake“ експлозивно го отвора овој албум чијашто прва половина (читај: А-страна) е многу повозбудлива. Албумот е снимен зедно со нејзините долгогодишни соработници Џон Париш и Мик Харви во април

и мај минатата година. Во некои од своите изјави пред појавувањето на албумот, видно возбудена, Пи Џеј Харви вели дека се работи за значајно скршнување во нејзината кариера и продукт кој се разликува од сe` што досега снимила. Веројатно главното музичко обележје на овој албум е новата љубов на Пи Џеј – инструментот аутохарфа, присутен низ речиси сите песни. Ако посочуваме кон позанимливите композиции на овој албум, тоа дефинитивно би биле „The Last Living Rose“, „The Glorious Land“, „The Words That Maketh Murder“… „Let England Shake“ е плоча којашто го отсликува духот на времето. Тоа, без двоумење е главната работа на билокој даден уметник. Поли Џин Харви израсна во музичар кој бега од медиокритетските клишеа што ги диктира глобалната музичка индустрија и успева со сопствената музика да остави печат на времето во кое живееме. ¿

музика

ЉУБОЈНА Ljubojna in Life (LIFE магазин, 2011) Љубојна е единствениот домашен состав кој на оригинален и уникатен начин го инкорпорира македонското музичко наследство во сопствената музика. Без никакво силување на народниот мелос (не постои нивна верзија на „Јовано, Јованке“ на пример), туку напротив – внимателно користење на музичкото наследство од овие простори во создавањето на нивните композиции. Се работи за концерт снимен во живо, отсвирен минатата година во Универзалната сала во Скопје. Отсвирен одлично, овој концерт со себе носи и еден „панк“ сензибилитет кој нема да го забележите на нивните студиски снимки. Во исчекување на новиот материјал на Љубојна, уживајте во „Ljubojna In Life“, подарок за верните читатели на нашиот магазин.

LIFE А П Р И Л

PJ HARVEY Let England Shake (Island, 2011)

Колаборација на домашни музичари кои се пресреќни што имаат прилика да работат заедно. Проект инициран од Никола Коџабашија, а ентузијастички прифатен од Фолтин и тапанарот Гоце Стевковски, снимен на самиот почеток на минатата година. Кратко триесет минутно остварување кое и тоа како потсетува на Фолтин и нивниот уникатен музички израз. Сепак, поголемиот дел од композициите на оваа плоча се авторско дело на Никола Коџабашија, композитор којшто веќе некое време живее и работи во Лондон. Соработката со Фолтин делува сосема природно, како да се работи за одамна изгубениот член на битолскиот состав. „Penelope X“ е интересно остварување коешто нема да ве остави рамнодушни.

83

ПОСЛЕДНАТА ЖИВА РОЗА

КОЏАБАШИЈА, ФОЛТИН, СТЕВКОВСКИ Penelope X (Литиум, 2011)


антиквитети

УКРАИНСКИ PYSANKY ЈАЈЦА

ВЕЛИГДЕНСKИ ЈАЈЦА

84 LIFE А П Р И Л

елигден е празник со кој христијаните го слават воскресението на Исус Христос. Тоа В е празник за радување, обновување и љубов. Природата го отфрла својот уморен изглед за да почне да сјае во ново руво. Во грчката митологија, Деметра и Персефона се божици кои го персонифицираат пролетното раѓање, цутењето на природата и ја носат светлината на денот (мит кој е поврзан со пролетната рамнодневница). Во христијанската традиција, се смета дека Семоќниот ја одбрал ова сезона за Воскресението на Исус Христос, Божјиот син. Празникот Велигден кој го славиме денес е поврзан и со хебрејската традиција и еврејскиот празник Пасха кој има пагански корени. При неговото славење застапени се повеќе симболични предмети, како што се: велигденските јајца, зајакот, кринот, јагнето, крстот, свеќите, ѓевреците во Германија (pretzels) и пеперутката. Сиве овие се симболи на повторното раѓање, а јагнето е традиционална религиска жртва. Древните Еѓипјани, Персијци, Феникијци и Хиндуси веруваат дека светот се создал од едно огромно јајце и затоа тоа е симбол на новиот живот. Декорацијата на велигденските јајца има уметничка форма којашто се менувала низ вековите, продолжувајќи и ден денес. За декорирање на јајцата се употребуваат бои од растенија како што се: кафето, чајот, најразлични листови и корења. Дизајнот се креира во зависност од индивидуалниот приод на поединецот. Во средновековните куќи декорираните јајца биле обесувани и служеле како украс. Во 1700-те години тие

станале популарни предмети за собирање меѓу колекционерите. Има различни видови јајца кои денес ги собираат колекционерите. Познати се украинските декорирани јајца со восок и боја т.н. Pysanky. Овие декорирани јајца традиционално биле пренесувани со генерации од мајката на ќерката со цел на семејството да му донесат благосостојба и среќа. Примарно бојата на јајцата била ограничена, но со наметнување на широкиот спектар бои се наметнала и симболиката на секоја боја одделно. Велигденските јајца изработени од дрво врз кое се слика, се познати руски обележја. Тие имале илегален статус 70 години, за време на владеењето на комунизмот во СССР. Антиквитетните велигденски јајца биле чувани во различни музеи, далеку од публиката, бидејќи во тоа време традицијата за бојадисување јајца исчезнала. Во доцните 80-ти години на 20 век, заборавениот и забранетиот обичај се вратил. Јајцата кои биле направени во студиото на Фаберже за руската царска фамилија, се чуваат во московскиот музеј Кремаљ, а биле прикажани во повеќе светски музеи. Како раритет треба да се спомене велигденското јајце кое било произведено од Фаберже за императорот Николај II, како подарок за мајка му Марија Федоровна. Истото било продадено за сензационална цена од 7,5 милиони долари на аукцијата на Кристи во Женева. Во 1993 год. во Москва е основан интернационален клуб на љубителите и колекционерите кои се

поврзани со традицијата на велигденските јајца. Студиото Фаберже креирало 56 јајца за рускиот император од кои денес некои се во приватни колекции. Многу побарувани на антиквитетниот пазар се и порцеланските јајца, особено оние произведени од фабриката во Мајсен. Во Полска има музеј во кој се собрани над 1 500 велигденски јајца од цел свет. Тие се собирани повеќе од 30 години и ова е единствениот музеј во светот кој содржи јајца декорирани со восок, боја, хартија, волнено плетиво, боени со ориз и некои видови на семки. Секое јајце само за себе е ремек дело, уникатно, и може да биде од кокошка, гуска, ној или препелица. Во колекцијата постојат дрвени и железни јајца и посетителот е во можност да ги спореди нивните различни декорации. Повеќето од применетите техники за декорација не се употребуваат денес. Помеѓу колекционерите најсобирани се емајлираните јајца од 19-ти век, а најкопирани се руските Фаберже, произведени во Франција од злато и слонова коска. Вкусот и модата на средната класа биле најголем показател при произведството на скапи јајца. Најатрактивни јајца се оние произведени во Франција во почетокот на 20 век, во форма на кутија за подарок и изработени од различни материјали со насликани цвеќиња и птици. Најсобирани јајца помеѓу колекционерите се и оние од почетокот на Втората светска војна. Традицијата за бојадисување јајца на празникот Велигден ја почитува и негува секое христијанско домаќинство. Христос Воскресе! ¿


85 LIFE А П Р И Л


галерија

¢ Тони Димков

МЕ ЃУ

ЧУ ДН АТ АВ РС КА

ЧОВЕКОТ И ГРАДОТ

86 LIFE А П Р И Л

иковниот уметник Матеј Богдановски е еден од младите урбани ликови Л кои својата инспирација ја пронаоѓаат во градот во кој се родени и во кој живеат. Но, и градот се огледува во нивните дела. Тивко, без многу ‘чалам’, Богдановски го гради своето уметничко портфолио. Веќе има осум самостојни и повеќе групни изложби. Заврши постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, но многу побитно му е луѓето да ги препознаат неговите дела, а не неговата титула. Досега постави изложби со дела во различни техники, и масло на платно („Каде вечерва?“, 2008), и фотографии („Лица и места“, 2010), и стрип („КШШЦ“, 2010). Повремено пушта музика по скопските кафулиња, но диџејството го работи како хоби. Во потрага по заедничката точка за сите негови активности, на прашањата на LIFE, со манир на млад мудрец, Матеј Богдановски одговори едноставно и скромно, но со голема доза на уметничко искуство и личен став за светот околу себе.

Каде може да се најде, или каде се наоѓа тежишната точка на сликарот, фотографот, диџејот и стрип-цртачот Матеј Богдановски? Сето тоа се гранки од едно исто дрво, чии корени се наоѓаат длабоко во потребата да се изразам. Плодовите на тие гранки се храна за духот, на оние кои ја сакаат уметноста. Најчесто ве сретнуваме во ликовното творештво. Колку ликовноста го исполнува вашиот секојдневен живот? Каде ги препознавате и каде ги пронаоѓате ликовните елементи околу себе? Визуелец не е определба или избор, туку нешто со што се раѓаш. Но, тоа истотака треба и да се развива и да се култивира, особено оние кои сакаат да се занимаваат со ликовни уметности. Преку визуелното, пред сe`, го доживувам светот во мене и околу мене, и низ визуелното најдобро го изразувам доживеаното. Сe`гледам како форма, боја, количество на светлина...

Ивана Кузмановска

ИДЕЈА, ИСКУСТВО И ТАЛЕНТ, СПОРЕД МАТЕЈ БОГДАНОВСКИ, СЕ ТРИТЕ НАЈВАЖНИ РАБОТИ ЗА СЕКОЈ УМЕТНИК. ГРАДСКОТО ДЕТЕ НА СКОПСКАТА ЛИКОВНА СЦЕНА СО СВОЕТО ТВОРЕШТВО ПОВЕЌЕПАТИ ДОКАЖА ДЕКА ТОА НАВИСТИНА Е ТАКА

Фотографиите ги создавате со некои „чудни“ фотоапарати! Каде успевате да ги пронајдете тие апарати? Технологијата секогаш оди напред и секоја година излегуваат нови и посовршени фотоапарати со сите модерни додатоци. Но, вашиот апарат колку и да е последен крик на технологијата, нема да направи многу ако го немате оној „чуден“ додаток, составен од идеја, искуство и талент. Фотоапаратот што го користам е солиден и не е ништо особено во таа техничка смисла, но го имам овој „чудниов“ додаток. Вашите пријатели често ги гледаме во вашите дела, најчесто фотографии. Колку долго го подготвувавте проектот „Лица и места“ и колку пријатели учествуваа во него? Изложбата „Лица и места“ е изборот од фотографии што ги правев изминативе 3-4 години. Фотографиите настануваа спонтано, во одреден момент кога некоја ситуација ми изгледаше визуелно привлечна и сакав да ја зачувам. Претежно тоа беа градски простори и портрети.


галерија Кој агол е најсоодветен за прикажување на вистинскиот профил на ликот на човекот? Секој човек има повеќе агли на својата личност. Во фотографијата битно е кој од нив ќе го осветлиш, а кој ќе го оставиш во сенка.

Што според вас значи изразот „градско дете“? Тоа е дете израснато на асфалт, меѓу згради и блокови, под неонски светла... Знае да се вљуби, да страда, но и да преболи... И пак да се вљуби... Тој е вечен романтик кој постојано бара начин да избега од урбаниот хаос без кого, всушност, не може... Кој профил на градот (Скопје) најмногу ве инспирира? Фасциниран сум од градот како феномен, како цивилизациско достигнување. Скопје, како град во кој сум роден и живеам, природно ми е најблизок за истражување и најчесто се појавува како

моја инспирација, но тоа може да биде и кој било друг град. Доволно е да ме привлече и ќе се создаде чудната врска помеѓу човекот и градот, чудно меѓусебно прифаќање. Како течеше процесот на создавање на стрипот „КШШЦ“? Процесот можам да го поделам во два дела: полесниот и потешкиот. Полесниот дел беше да се напише сценариото, да се исцртаат тие 500-тина цртежи, вклопени во 124 табли и да се подготват за печатење. Потешкиот дел беше да се најдат средства како тоа дело да се издаде. Но, го знаете она со човекот, желбите, вселената и помагањето... ¿

LIFE IFFE А П Р И Л IFE 87 8 7 LIF

Како течеше уметничката соработка на пријателска база? Со пријателите е особено убаво да се соработува. Блискоста и непосредноста ја прават работата поопуштена, а така и резултатот е подобар. Луѓето кои ги фотографирам не сакам да ги „местам“, туку ги „ловам“ во некој момент каде што тие и амбиентот прават некоја интересна приказна, а за тоа пријателите се најдобри модели. А, дури се и фотогенични...


галерија

1

88

LIFE А П Р И Л

2

1

Дизајнерот Yoav Kotik прави накит од рециклирани капачиња од шишиња. Има дипломирано арт и дизајн во Ерусалим, а сега е на докторски студии за скулптура и дизајн од рециклирани матeријали.

2

За овој уникатен календар заслужен е Serviceplan. Многу забавен концепт, во кој се претпоставува дека секој ден ќе се јаде по едно јаболко и со тоа ќе се открива новиот датум на цевката, секако целта е да не` поттикне на здрава исхрана.


галерија 3

5

4

4

Овој сет чаши за кафе и чај дизајниран од Beata Faron од Полска нуди топлина и удобност за вашите раце додека пиете чај, кафе или топло чоколадо во ладните зимски денови. Контрастот помеѓу белата модерна керамика и рачно изработената плетка, создаваат удобен и елегантен предмет кој секој би посакал да го има.

5

Интересна „весник“-чанта од Stretsis која и` дава на модата една нова димензија. Интересно, нели?

89

3

Дизајнерите од chris & ruby ги креираа овие чорапи за столчиња кои освен што ќе им дадат „дух“ на вашите столчиња, ќе го заштитат и подот од гребење. Покрај ова, можете да ги ставите и на ногарките од масата.

LIFE А П Р И Л

подготвила: Ивана Кузмановска


театар

АКТЕРСКИ ЖИВОТ ПОД МАСКИ

ПАРАДОКСОТ НА АКТЕРОТ:

БЕЗ МАСКА, ДА ГО

ГЛЕДААТ МАСКИРАН

90

LIFE А П Р И Л

еновиве прочитав еден мошне провокативен статус на мегапопуларниот Д Фејсбук, кој гласи отприлика вака: „Животот е како маскенбал... Кога сите ќе ги симнат маските, забавата завршува.“ За среќа живееме во поднебје во кое маските отсекогаш биле задолжителен „моден детаљ“ без кој ниту една јавна личност не може да опстои. Но, уште на почеток ќе се оградам и ќе кажам дека не само јавните личности, туку секој од нас во животот носи некаква маска. Ние обичните граѓани, многу почесто ги менуваме маските, во различни годишни периоди. На пример носиме маска на добар ученик, маска на добар даночен обврзник, маска на родител, маска на почитуван колега... овие маски кај некои „легнуваат“ без проблем (затоа што се предодредени за тоа), а оние побунтовните или предводниците на авангардноста (луѓе кои не толку многу ги сакаат клишеата и стереотипите), овие маски ги носат „под присила на општеството“, но и под налет на емоциите. Маската „де факто“ ни помага да скриеме некој дел од нас кој едноставно не сакаме да го забележат другите (физички, но и психички). Таа е неопходна за воспоставување добар баланс и е одбранбен механизам. Но, таквите маски некогаш треба да се симнат и да се покаже вистинската личност.

За тоа треба многу доверба кон Другиот и кон личностите кои ги почитуваме. За да се случи тоа потребна е вистинска доверба и искреност, но можеби најважна е животната пракса: пред кого можеме да ја симнеме маската, а пред кого не. Најподатливи за носењето и симнувањето маски, се чини дека се актерите, кои секоја вечер на сцените низ театрите, па и во филмовите носат маски на други личности и каракатери. По повод оваа тема анкетиравме неколку од нив. За актерите велат дека се луѓе кои знаат на најдобар начин да живеат со маски. Во која маска се чувствувате најудобно? Дали е тоа некој лик од претстава, филм, или од животот? Петар Арсовски: Во мојата работа маската е помошно средство за да се долови ликот, да биде што поуверлив, верен. Тоа е алат (но не единствен) со чија помош влегуваме во еден друг свет со својот лик, во приказната наменета за гледачите. Денес зборот маска се употребува во една друга смисла и во други професии. Јас знам една која многу подобро се снаоѓа „со маски“. Обично е тоа нешто лажно, наместено, за да се скријат вистинските намери, со одредена (лоша) цел. Мене лично ме навредува

кога зборот „театар“ се употребува во тој (лош) контекст. Обично се трудам во претставите и во филмовите да немам маска и ликот што го толкувам да бидам јас или дел од мене ставен во одредена/зададена ситуација. Билјана Беличанец - Алексиќ: Ееее, кога би било така и во секојдневието... Но сигурно е дека нема поголемо задоволство за еден актер од тоа да има можност векот да му трае и трае што подолго на сцена, менувајќи ги што почесто маските. Во сите подеднакво ми е удобно, оти сите тие ме охрабруваат, пресрамуваат, па макар и како подтекст да го изговорам она кое навистина го мислам, а да не ми е замерено! Катина Иванова: ...Колку би ми била лесна професијата актер да се решаваат ликовите, судбините, животите - со маска. Да се влезе во „туѓа кожа“, да се искреира живо битие од напишани зборови на листови хартија, да му се вдахне душа, да го убедиш аудиториумот дека тој/таа е тој/таа, и никој друг, да се осмисли и најситниот детаљ во однесувањето на тој лик.. ..шминката и костимот... само помагаат ликот да биде по уверлив. Дали е тоа маска? Дури и под маските кој ги носат актерите на филм или во театар, актерот е гол. Парадоксот на актерот е: кога е без маска, да го гледаат маскиран.


На сцената и во филмот, нормално е да се носат маски. Дали имате проблем на „вадење“ на маската од претставата во реалниот живот или понекогаш истата се претопува со реалноста? Билјана Беличанец – Алексиќ: Сигурна сум дека сите добро ја знаеме приказната за Пепелашка. Кога ќе чукне часот и светлата ќе згаснат... паѓаат и маските. Се враќаме назад, покрај огништето, во пепелта, требејќи леќа. Катина Иванова: Не, не е нормално. Во животот е по нормално, за жал. Да излезеш „од нечија кожа“ понекогаш не е баш лесно. Петар Арсовски: По одиграната претстава или сцена од филм, потребно ми е извесно време и сила за соземање и „излегување од ликот“ за да можам да функционирам во секојдневието. Проблемот постои, за некого повеќе, за некого помалку, но јас го чувствувам силно. Можеби некогаш и се случува претопување, но сигурно несвесно и неволно, зашто најдобро се чувствувам во својот реален лик. Каде најмногу ја користите умешноста да ставите маска? Кога треба да платите сметки за струја, кредит... и на кој начин тоа го правите? Катина Иванова: За тој тип маски морам да признаам дека не сум особено талентирана, па често го извлекувам подебелиот крај. Петар Арсовски: Е ова е вистинско прашање! Маската како да станува се`понеопходна во секојдневниот живот. Чудо е како може да помогне во решавањето на одредени проблеми во животот. За среќа, немам потреба да ставам маска во секојдневието (веројатно и затоа што луѓето ме препознаваат), а и, како што реков, повеќе сакам да сум „свој“ иако тоа не е секогаш најпаметно. Билјана Беличанец – Алексиќ: За жал никаде. Мајка ми и ден денес се прашува зошто не сум паметна, па не си поглумувам и во некои

приватни ситуации, како би си поминала полесно? Ете, за жал, јас тоа не умеам да го правам. А и ако се дрзнам некогаш, изгледа како наивен - дилетантизам. Дали вашите најблиски знаат да препознаат кога имате маска, а кога сте со вистинското јас? Билјана Беличанец – Алексиќ: По сево ова претходно, ќе заклучите дека ги изненадувам само кога ќе ме потсетат на претстава, посебно моите деца „Е како ма мамо? Таа си нашата мама, ама не си таа?!“ На чистите душички им е многу полесно да преминат во светот на фантазијата, да се препуштат и веруваат. Петар Арсовски: Без грешка. Секогаш! Катина Иванова: Ме знаат и како згодна и како незгодна. А маската е само маска. Така мислам. Постојат ли луѓе без маска на себе? Катина Иванова: Да. Но во нашиов карневал на секојдневие, мислам дека секој гледа од сопствениот агол. Веројатно за маскираните се` е маска. Немаскираните се занемарлива бројка. Билјана Беличанец – Алексиќ: Ако мислите на оние кои немаат маска, во смисла дека се безлични, за жал ги има многу! А, ако мислите на оние кои не користат маски и претпочитаат да се вистинските, правите ТИЕ кои СЕ, јас таквите ги барам, за да ги дружам. Нема поголема доблест од таа човек да е искрен и да не се срами да го споделува она што навистина го чуствува и мисли! Петар Арсовски: Веројатно, но се`поретко се среќаваат. Оние што ја користат мислам дека тоа го прават затоа што имаат потреба да ја сокријат вистината, па маската е најлесно средство за тоа. Но, најчесто се употребува како заштита и за лажно чувство на безбедност. Кога најдобро се „вади“ маската од лицата на луѓето? Петар Арсовски: Во стресни ситуации, на исклучително силни емоции, тажни, среќни...

КАТИНА ИВАНОВА

театар

БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ – АЛЕКСИЌ

сеедно. Во секојдневието, за да му ја симнеш маската на соговорникот, мораш неочекувано да го извадиш од неговата „приказна“. Тоа јас го правам (ако ми е важно) со нагло менување на темата, неочекувани прашања и поставување спротивна теза од неговата. Билјана Беличанец – Алексиќ: Можеби, кога чувствува дека ги вдишува и издишува последните мигови? За жал. Не мислите ли дека така најмногу себе се изневериле, трошејќи си го песочното часовниче на она како се замислувале да бидат, а не навистина кои биле или СЕ! Катина Иванова: Ситните детали се најголеми бришачи на маските. Која маска сакате да ја носите во иднина? Катина Иванова: Ниту една. Билјана Беличанец – Алексиќ: Не знам, можеби маската на „Лејди Ди“. Истата онаа која, кога симнувајќи ја својата маска, ги откорнуваше маските на лицата во театарот наречен „КРАЛСТВО“. Петар Арсовски: Бидејќи моето лице - маска е мој „предавник“ одбегнувам да експериментирам со него. Во театар и во филм има доста маски што сум ги посакувал, а не сум ги ставил, но за тоа во некој следен живот. ... И колку за крај, да се потсетиме на статусот: „Животот е како маскенбал... Кога сите ќе ги симнат маските забавата завршува.“ Ако навистина забавата (онаа во животот) зависи од носењето маски, тогаш како би било кога секој од нас би бил до крај искрен, отворен и немаскиран? Можеби крајно монотоно, досадно и депресивно би било таквото живеење. Како и да е маската е неопходна, но не заборавајте некогаш да ја извадите и да се покажете со вистинското лице. Барем пред најблиските. ¿

91 LIFE А П Р И Л

ПЕТАР АРСОВСКИ


ПОДАРОК КНИГА ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА LIFE Читателите кои се заинтересирани да добијат подарок книга, треба да испратат имејл на life.magazin@ yahoo.com со предмет „подарок книга“, а во пораката да напишат за која книга се заинтересирани и да ги остават своите основни податоци (име, презиме и контакт телефон). Најбрзите двајца читатели ќе добијат подарок!

ПОДАРОК!

СРЕЌА Фернандо Тријас Де Бес и Алекс Ровира „Клуб Матица“ ја подарува оваа прекрасна книга на еден читател на LIFE магазин. ПОДАРОК!

92 LIFE А П Р И Л

ОРЛАНДО Вирџинија Вулф (Магор) Орландо – „најдолгото и најсимпатичното љубовно писмо во литературата“, се протега низ три века исполнети со авантури. На почетокот на романот, Орландо е млад англиски благородник кој живее во времето на Елизабета Прва. Кон средината на романот, како амбасадор во Константинопол, се буди едно утро и сфаќа дека станал жена. Романот, низ иронија и фарса, ја разгледува улогата на жените во 18-тиот и 19-тиот век. На крајот од книгата, во 1928 година, Орландо – сега сопруга и мајка – стои на чекор од иднината којашто носи нова надеж и ветувања за жените.

„Магор“ го подарува овој роман на еден читател на LIFE магазин.

¢ Тони Димков

ПИШУВАЊЕТО КАКО СРЕЌА И ЗАДОВОЛСТВО ВЛАДИМИР ЈАНКОВСКИ Е КРЕАТИВЕН ПИШУВАЧ, ТАЛЕНТИРАН ПРЕВЕДУВАЧ И ВНИМАТЕЛЕН ЗАБЕЛЕЖУВАЧ НА НОВОТО ВО КНИЖЕВНОСТА. ЗАЕДНИЧКИ ИМЕНИТЕЛ НА НЕГОВАТА ЛИЧНОСТ Е ШТО, И КАКО ПИСАТЕЛ И КАКО ЧОВЕК, СЕКОГАШ ИМА НЕИЗМЕРНА ЖЕЛБА ДА „НУРНЕ“ ВО НЕПОЗНАТОТО оманот „Вечно сегашно време“ влезе во најтесниот круг за наградата Р „Роман на годината“ на Утрински весник. Станува збор за љубовна приказна која Владимир Јанковски целосно ја распространил низ улиците и препознатливите места во Скопје. Авторот на приказната е дипломец на Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како уредник во издавачката куќа „Темплум“. Во 2003 година ја објави книгата „Огледало за загатката – разговори со Влада Урошевиќ“. Во соработка со фотографот Иван Блажев ги реализираше книгите: „Скопје со широко отворени очи“ (2008) и „Лицата на невидливиот град“ (2010). Книгата „Вечно сегашно време“ е неговиот прв роман. На кое време мислите кога помислувате на „вечно сегашно време“? Во романот „Вечно сегашно време“ станува збор за заеднички поминатото време на двата лика, она време на љубовта во кое нештата што се случиле во различни временски точки преку непредвидливите механизми на сеќавањето се спојуваат во една. Тоа е времето што се спротиставува на механичката логика и трае во една постојна „сегашност“.

Практично, кој дел од сегашното време може да „фати услов“ за влез во вечното време? Времето обележано со ефектот на посебност и исклучителност. Времето на настаните и ситуациите кои можат да влезат во она што Кундера го нарекува „наша поетска меморија“. Времето што ни ги кажува наративите за оние кои се спротиставуваат на калта на секојдневието. Колку книгите успеваат да го пренесат здивот на едно време во други времиња? Книгите, како и другите медиуми (фотографиите, филмовите, дизајнот, итн.), без разлика на нивната тематска и жанровска одреденост во крајна линија секогаш се, пред се`, слика за времето во кое се создадени – некој вид временска машина која читателот од некој друг простор и време го носи во времето и просторот на нивното создавање. Мнозинството автори се стремат нивните книги да бидат безвремени – некои тоа го постигнуваат создавајќи дела кои се слики на сопственото време, а некои, пак, опишувајќи животни ситуации со кои, ако се тргне историскиот декор, ќе се види дека човечките понори веќе неколку милениуми, речиси, се непроменети.


Колку просторот во кој живеете остава траги во времето? Во секој простор, без разлика колку е нов, има некакви невидливи, никогаш до крај спознатливи траги од некои други времиња. Трагите не мора секогаш да бидат очигледни, како големи архитектонски зданија кои ќе траат со векови. Повеќе ме интересираат другите траги, невидливи за оние кои не сакаат да гребнат под површината. Преголемата видливост и очигледност најчесто се здодевни. Каде е скриена душата на градот (Скопје)? Во приказните на неговите жители. Во нивниот сооднос. Во убавите нешта што првпат сме ги откриле токму во него. Во грдите нешта кои можат да се сакаат само затоа што, сепак, и тие се составен дел од него. На границата меѓу љубовта и отпорот што го чувствуваме кон еден град. Во некое мало парче простор кое го сакаме без текст. Во деловите од градот за кои можеме долго да зборуваме. Во секојдневните или исклучителните ритуали што ги имаме со него и со неговите жители. Во она

што најчесто не може да се види и допре, но го доживуваме како дел од нас. Што еден човек треба да направи за да остави убави траги позади себе? Посветено да работи на она за што мисли дека може најдобро да го прави. Така светот ќе го направи „барем за еден конфекциски број поголем“. Што за вас значи изразот се` се може, само треба да се посака? Една од многуте општи-места-илузии кои често се нужни како мотивација да направите нешто што во конкретен момент изгледа невозможно. Што посакува писателот Владимир Јанковски во книжевноста? Да ги напише оние книги за кои верува дека треба да ги напише. Да открие и да се воодушеви од многу нови писатели и книги кои досега не ги открил. Да ја пронајде и прочита, или самиот да ја напише, онаа книга по која отсекогаш трагал, верувал и се надевал дека постои. А таа книга да го изненади затоа што истовремено ќе понуди и некакво препознавање и некое големо откритие... Што посакува човекот Владимир Јанковски во животот? Животни ситуации доволно привлечни и енигматични за нови книги. Настани кои ќе ме натераат да продолжам да му поставувам бројни прашања на животот. И, се разбира, подготвеност да се „нурнам во непознатото, без разлика дали е пекол или рај, за да го дознаам чудесното ново“, како што велеше Шарл Бодлер.

КРСТОНОСЦИ Хенрик Сјенкјевич (Бегемот)

книга

Што лично ви значи пишувањето? Среќа и задоволство. Можност за конструкција на светови управувани од, само за тие светови, карактеристична логика. Надополнување и надградување на она што постои околу мене. Продлабочување на секојдневието и создавање негови алтернативи. Раскажување приказни. Игра со реалноста. Отпор кон баналноста. Можност да се проживеат многу различни реалности.

Историскиот роман „Крстоносци“ на нобеловецот Хенрик Сјенкјевич на македонски јазик се појави во издание на „Бегемот“. Преводот од полски јазик го приредија Наталија Лукомска и Филип Димевски. Станува збор за обемно дело (860 стр.) коешто на Сјенкјевич му донесе огромна светска слава. Во „Крстоносци“ авторот го опишува полско – тевтонскиот конфликт во фазата на најголемото насилие. Главен мотив во романот е битката кај Грунвалд, во која Полјаците извојувале победа над моќниот Тевтонски крстоносен ред.

АЗБУКА И ЗАЛУТАНИ ЗАПИСИ Иван Шопов (Темплум)

Духовита, динамична и младешка проза ќе прочитате на страниците на збирката „Азбука и залутани записи“ составена од шеесетина, главно, куси-куси раскази. Авторот Иван Шопов во расказите користи автореференцијални поигрувања и црн хумор, флертува со инфантилноста и наивноста на одредени раскажувачки ситуации, внесува примеси на црниот надреализам, но и сериозен дијалог со одредени книжевни модели и жанрови. Со оваа збирка ја доби наградата „Новите!“ на „Темплум“ во 2010 година.

Со објавувањето на романот „Есен во Пекинг“ издавачката куќа „Или-или“ ја заокружи неофицијалната тетралогија на Борис Вијан, француски писател, музичар, преведувач и актер. Романот, кој на македонски јазик се појави во превод на Ацо Пероски, според книжевната критика е „своевиден противотров за сите заморни, здодевни, егоистични и претенциозни 'достигнувања' на современата книжевност“. Делата на Вијан изобилуваат со пародичност, црн хумор, бизарност и шокантност. Негови најзначајни романи се „Есен во Пекинг“, „Пената на деновите“, „Ќе ви плукам на гробовите“ и „Вадисрце“.

93 LIFE А П Р И Л 93

Пишувањето го гледам како игра со реалноста и отпор кон баналноста

ЕСЕН ВО ПЕКИНГ Борис Вијан (Или-или)


календар САЕМ НА КНИГАТА Скопскиот Саем на книгата е настан што сите љубители на убавата литература го чекаат со единствена цел – да се вратат дома со полни торби со книги.

94 LIFE А П Р И Л

МАКЕДОНСКИ БАЛЕТ Љубовната балетска приказна „Изгубена верба“ на кореографката Саша Евтимова ќе можете да ја погледнете на сцената на МОБ. Балетската претстава е креирана како современа класика за која музиката ја компонираше Љупа Ангелов од групата „Д'Џон“.

СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ Со премиера на „Панкот не е мртов“, силна главна програма и седум филмови во авторската селекција, ќе се одржи 14. Скопје филм фестивал. Посебен акцент ќе биде ставен на програмата „Скопје најнтис“, во која ќе бидат прикажани андерграунд-филмови снимени во 90-тите години на 20-тиот век, и циклусот филмови на Кшиштов Зануси.

ТЕАТАР „ТЕАТРА“

Новиот независен театар и театарска продукција „Театра“ ќе ги истражува новите сценски тенденции. Целта на „Театра“ е да развива свој сензибилитет што ќе го изместува класичниот пристап кон сцената. Првата премиера на „Театра“ ќе биде претставата „Мизантроп“, по текст на Молиер, и ќе се одржи во текот на април на нова театарска локација во центарот на градот.

15.4., 20ч., „Баал“ во режија на Мартин Кочовски 16.4., 20ч., „Олово на перница“ во режија на Димче Николовски

КАРНЕГИ ХОЛ Македонскиот музичар, композитор и продуцент, Дуке Бојаџиев ќе настапи во престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк. Со проектот „Love is the way“ ќе се оствари неговата желба македонската музика да се слушне во срцето на Америка.

27.4., 20ч., „Крвта не е вода“ во режија на Сашо Миленковски МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР Репертоарот на МНТ во текот на април ќе биде дополнет со две нови претстави. Во меѓувреме погледајте ги „Така било пишано“, „Темпирана опера“ или „Шехерезада 1001 минута“. 14.4., 20ч., „Бесови“ во режија на Златко Славенски

13.4., 20 ч., „Изгубена верба“ на Саша Евтимова во МОБ

ДРАМСКИ ТЕАТАР Нов „Баал“ во режија на Мартин Кочовски е поставен на сцената на Драмски театар во Скопје. Покрај Венко Андоновски и Сашо Кокаланов, во текот на април во Драмски ќе биде поставен и нов текст на Љубиша Георгиевски.

16.4., „Love is the way“ на Дуке Бојаџиев во „Карнеги хол“

21.4., 12ч., „Самовилското јајце“ во режија на Снежана Конеска-Руси

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА До 23 април во Даут пашиниот амам ќе можете да ја посетите јубилејната изложба „110 години од раѓањето на Лазар Личеноски“.


календар КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

Објект Мала станица 25.3.-10.4., „Галактички пејзажи“ на Ива Диманоска

МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Сте помислиле ли дека и ние имаме право на „наше време“? прашува ентузијастички расположената екипа од МКЦ и за прв пат го организира фестивалот „Здраво млади!“. Во два дена на сцената во МКЦ ќе настапат петнаесетина бендови, артисти и диџеи со нова музика. Меѓу нив се „Но ејџ“, Улрих Шнаус, „Бомб д'бас“, „Хендсом фјурс“, „Лашлајф“, „Мун дуо“, „Ха-ха-ха“.

5.4.-10.4., Изложба на ДСУПУ „Лазар Личеноски“ - вајарски отсек 7.4.-19.4., Колективна изложба „Тактика институционале“ на „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ 19.4-28.4., „Хрватски светилници“ - изложба на фотографии 20.4.-8.5., Слики и цртежи на Александар Зафировски 21.4-2.5., Скулптури на Васе Урдин 29.4.-9.5., Изложба на Марија Сотировска

По филмскиот циклус „Новинарството во американскиот филм“, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерата на омнибусот „Некои поинакви приказни“, ќе следува претставувањето на списанието „Револвер“ во рамки на циклусот германски филмови, партнерството со Скопје филм-фестивал, циклусите Современ холандски филм и Денови на унгарскиот филм. На 29 април Кинотеката ќе го одбележи јубилејот - 35 години постоење. 7.4., 20ч., Омнибус „Некои поинакви приказни“ - премиера 8-11.4., Денови на германски филм 16-20.4., Скопје филм -фестивал 21-27.4., Современ холандски филм 29.4., 20ч., Свеченост - 35 години Кинотека на Македонија

КИНО „МИЛЕНИУМ“

Веднаш по премиерата на Скопје филм фестивал, филмот „Панкот не е мртов“ ќе се прикажува на репертоарот на киното „Милениум“. МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Студиото за современа архитектура SCArS – Скопје и архитектонското биро „Архитектри“ во Музејот на град Скопје ја поставија изложба на архитектонски проекти и модели со наслов „Outbox 2010“.

„Панкот не е мртов“ - сценарио и режија на Владимир Блажевски Улоги: Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев

Објект Чифте амам

КИНО „РАМСТОР“ На репертоарот во киносалите во „Рамстор“ од почетокот на април се прикажува филмот „Безгранично“ на режисерот Нил Бургер. Во утринските термини за прикажување може да се видат цртаните филмови „Пинокио“ и „Титаник“.

14.00, 16.00, 18.00, 20.00, 22.00 „Безгранично“ (Limitless) во режија на Нил Бургер

95 LIFE А П Р И Л

7-17.04., Групна изложба на студенти од катедрата за графика на ФЛУ во чест на Драгутин Аврамовски – Гуте.


траги низ времето

ХАУАР ХЈУЗ Е ПИОНЕР НА ХАУАРД АМЕРИКАНСКАТА АВИЈАЦИЈА, ИНДУСТРИЈАЛЕЦ, ФИЛМСКИ ПРОДУЦЕНТ И РЕЖИСЕР. ПОЗНАТ Е ПО ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ БРЗИНСКИ РЕКОРДИ ВО ЛЕТАЊЕ И ДИЗАЈНИРАЊЕ НОВИ МОДЕЛИ АВИОНИ, КАКО И ПО НЕГОВОТО КРАЈНО ЕКСЦЕНТРИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ. ИАКО БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ НА СВОЕТО ВРЕМЕ, ПОЧИНА ОД НЕУХРАНЕТОСТ. ксцентричниот милионер, авијатичар, инженер, продуцент, режисер, пасиониран Е голфер, фамозен љубовник и краен ексцентрик

96 LIFE А П Р И Л

подготвила: Патриција Костовска

ХАУАРД ХЈУЗ

Хауард Хјуз е еден од најинтересните ликови на американската историја. Неговите изуми, скапите филмови што ги продуцирал, жените кои што ги освојувал, а особено неговото ексцентрично однесување и неговите фобии со децении се предмет на повеќе написи, книги, документарни и играни филмови. Хауард Хјуз е роден во Хамбл, во близина на Хјустон, Тексас на 24 септември 1905 година. На денот на неговото раѓање беснеела силна бура, па неговата мајка Ален Гано морала да се породи со помош на куќните помошнички. Тоа го објаснува погрешниот запис на датумот на неговото раѓање, бидејќи ни лекарот, ни бабицата не можеле да стигнат до нивната куќа. Поради посесивноста на невротичната мајка која прилично го разгалува, Хјуз не се социјализира со своите врсници. Кога е болен, а тоа се случува често, мајка му го зема да спие во нејзината соба, а татко му спие сам во гостинската. Кога малиот Хауард има

Т О Р А И Ч О И В Т С А О Ј Д О ИО Г ВУ В АШТ И

Х

Л О

четири години, неговиот татко создава големо богатство измислувајќи опрема за дупчење која значително го подобрува методот за вадење нафта во светот. Покрај таков татко не е чудно што и Хјуз од малечок верува дека човек може да оствари се`што ќе посака - само ако доволно се потруди. На 11 години го прави сам првиот радио-предавател во Хјустон, а на 12 години е сликан во локалниот весник како првото момче во Хјустон со „моторизиран“ велосипед, кој самиот го составил од делови од парниот мотор на татко му. На 19 годишна возраст останува без двајцата родители, па ја наследува компанијата „Хјуз Тул Компани“, вредна околу 900 илјади долари - во тоа време огромно богатство. ХОЛИВУДСКИ ПРОДУЦЕНТ И РЕЖИСЕР Во почетокот Хауард ја води компанијата на татко му, но опседнувајќи се со филмската индустрија заминува во Холивуд заедно со сопругата Ела Рајс и започнува кариера на филмски продуцент и режисер. За водење на семејниот бизнис го ангажира Ное Дитрих, поранешен боксер, кој во наредните 40 години

е не само негов сметководител, туку и татко, психијатар и човек на кој најмногу му верува. Хјуз живее со филозофијата дека сите големи луѓе имаат зацртано цел, а неговата цел е да биде најдобар играч на голф, најдобар пилот, најпознат филмски продуцент и најбогат човек на светот - кој со тоа ќе ги освои и најубавите жени во светот. По пристигнувањето во Холивуд, Хјуз отседнува во хотелот „Амбасадор“, собирајќи луѓе од филмскиот свет. Со висина од 193 центиметри, убав и богат, тој е магнет за жените, што набргу резултира со развод на бракот со Ела Рајс. Следната љубов на Хјуз е Били Дов, ѕвезда од неговиот прв филм и првата жена во која тој вистински се вљубува. Во триесеттите години најмногу време троши на освојување жени, па од 1931 до 1933 година остварува повеќе од педесетина врски со актерки, старлети, танчерки и девојки од високото општество. На неговата „листа“ се наоѓаат актерките Џин Харлоу, Бет Дејвис, Ава Гарднер, Оливија де Хевиленд... По актерката Џинџер Роџерс „трча“ повеќе од седум години, додека таа конечно


Опсесијата со бактерии и крајно хипохондричното однесување многу често го терало Хјуз да се сели од хотел во хотел, да менува соби во глувото доба во ноќта и да ги запечатува вратите и прозорците Постојано патувал со автомобил со заварени прозорци, во кој вградил специјален прочистувач на воздух кој чинел повеќе од самото возило и заземал повеќе место отколку моторот Во 1967 година, пристигнал во Лас Вегас, а бидејќи немал резервација за луксузен апартман во хотелот „Desert In“ решил да го купи целиот хотел Ја купил телевизиската станица „КЛАС“, која морала да прикажува филмови до доцна во ноќта за да не му биде здодевно, а ако случајно заспиел во фотелја пропуштајќи некоја сцена, се јавувал во телевизиската станица и барал да ја повторат

РЕКОРД ВО ЛЕТАЊЕ Првото летање на Хауард со авион се случува на 14 годишна возраст и оттогаш започнува неговата опсесија со авиони, која не го наушта до крајот на животот. Хјуз времето повеќе го минува во пилотската кабина отколку на состаноци. Но покрај летањето, главниот фокус на Хјуз е конструирањето авиони. Самоуверен во себе, верува дека може да направи подобар авион од постоечките. Во септември 1935

година го конструира првиот авион – Huges H1 на својата компанија „Hughes Aircraft“ и поставува брзински рекорд во летање од 567,46 км на час. По две години го руши рекордот во летање од едниот до другиот крај на САД, а во 1938 година побрзо од билокој друг пилот го прелетува светот за само 91 час и 14 минути. На аеродромот во Њујорк, градоначалникот и еден куп обожаватели го дочекуваат како нов американски херој. Поставувајќи го новиот ре-

корд, Хјуз сфаќа дека авионите побрзо летаат на повисоки надморски височини. Но, бидејќи на висока надморска висина воздухот е поредок, па пилотите имаат проблеми со дишењето, Хјуз пронаоѓа уште еден негов изум – маската со кислород за пилотите на авиони, која се употребува и денес. ДУШЕВНО РАСТРОЈСТВО При крајот на Втората светска војна многу негови соработници и познаници забележуваат дека Хјуз почнува чудно да се однесува. Панично се плаши од бактерии, а фобијата се чини дека ја потенцираат средствата за смирување што ги зема за да ги ублажи болките од здобиените повреди во авионската несреќа. Опсесивно се посветува на работата и ужива со безбројни љубовници. Наскоро од сите луѓе кои доаѓаат во контакт со него бара да носат бели ракавици, а неговата послуга мора се`околу себе да допира преку пешкир. По вториот нервен слом деновите ги минува во хотелот „Беверли Хилс“, затворен во соба во која седи гол во бела кожена фотелја. Деновите му минуваат во манијакално гледање на филмови. Однесувањето му станува се` поиритирачко, но за чудо не влијае на неговите работни одлуки, па во таква состојба соработува дури и со ЦИА, изработувајќи за нив прислушувачки уред чија цел е да го открие движењето на руските подморници. Продолжувајќи со работата и опсесивното однесување, со денови без сон и затворен во една просторија, умира од неухранетост во 1976 година. Според животот на Хауард Хјуз е снимен филмот „Авијатичарот“ (2004), во режија на Мартин Скорсезе, каде улогата на бизарниот богаташ ја толкува Леонардо Ди Каприо. ¿

97 LIFE А П Р И Л

не попушти. Со Кетрин Хепберн има бурна четиригодишна романса. На Џоан Фонтејн неколкупати и`предлага брак, а Лана Тарнер ја напушта пред олтарот. Една ноќ минува и со Мерлин Монро, што е доволно таа да се најде на неговата листа. Се обидува да ја заведе и богатата наследничка Глорија Вандербилт, но нејзините родители му даваат до знаење дека е подобро да се држи настрана. Ниедна од овие жени не можела ни да претпостави дека славниот, атрактивен богаташ боледува од сифилис. Болеста во текот на годините се влошува и станува главна причина за неговото душевно растројство. Познат е по филмовите „Секој глуми“, „Две арапски ноќи“, „Лице со лузна“, „Насловна страна“... Воениот филм „Ангели на пеколот“ (1930), го чини Хјуз рекордни 3,8 милиони долари, а на снимањето на една сцена во која сам управува со авионот, доживува несреќа и паѓа во еднодневна кома. На снимањето на филмот „Разбојник“ во 1941 година, Хјуз, опседнат од бујните гради на Џејн Расел, креира „пуш-ап“ градник токму за неа. Иако таа во прво време негира дека носи градник, тврдејќи дека нејзините гради „се природни“, подоцна сепак признава дека фантастичните гради во филмот се „мала заслуга“ и на Хјуз.


ТОМО СПАСОВСКИ

УЛИЧНА УМЕТНОСТ

БАСКЕРИТЕ КОИ ЗАРАБОТУВААТ ОД СВОЈОТ ТАЛЕНТ И ПЕРФОРМАНС НА УЛИЦА, СТАНУВААТ , СЕ ПОЧЕСТИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ. МУЗИЧАРИ, ЖОНГЛЕРИ, МОДЕЛИРАЧИ НА БАЛОНИ, ПЕЈАЧИ И ПЕЈАЧКИ, КУКЛЕН ТЕАТАР... LIFE МАГАЗИН ПОМИНА ЕДЕН ДЕН СО ЛУЃЕТО КОИ ЈА СОЗДАВААТ УМЕТНОСТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

98

LIFE А П Р И Л

копје се менува како никогаш досега. На подобро или полошо, без разлика дали С ни се допаѓа тоа или не, центарот на главниот град во моментов (читај следните три години) е претворен во огромно градилиште. И ако за најупорните „шемаџии“ воопшто не е проблем да се шетаат или пијат кафе до багер, се`додека се во строгото централно градско подрачје, за многумина прашината од тековната градежна работа, ударите од чеканите на вредните градежни работници и лавиринтите од заградени површини, се доволна причина да го избегнуваат овој дел од Скопје. Последниве денови светла точка во центарот на „големиот“ град се триесетина млади улични уметници, кои некако успеваат да го украдат вниманието на минувачите кои се чини дека едвај чекаат да ги снема од раскопаниот асвалт. Музичари, жонглери, моделирачи на балони, пејачи и пејачки, куклен театар... Се обидовме да се запознаеме со

животот на уличниот артист и поминавме ден со луѓето кои ја создаваат уметноста под отворено небо. Почнавме од Градскиот Трговски Центар. Таму речиси секој ден ечи класична музика и околу едно минијатурно пијано знае да се насобере и цела толпа луѓе. Во средината на толпата најверојатно ќе го најдете Никола Блажевски со неговиот виолинист Вивалди и пијанистот Моцарт.

Полни раце работа имаат насмеаните Вивалди и Моцарт, а луѓето, особено дечињата, им се радуваат на куклите полни со живот. „Овде се` уште е чудно да си уличен артист, но за некоја година би требало да биде подобро. Местата каде се одржува стрит перформанс треба да станат препознатливи и луѓето да знаат дека на пример во ГТЦ, на плоштадот или во градскиот парк има улични перформанси“, вели Никола кој работи со куклениот театар заедно со својата фамилија. Германија, Италија, Шпанија, Франција, нема место кое не го посетиле тој и неговата фамилија благодарение на малите марионети. „Убавината во оваа работа е што си независен, излегуваш кога сакаш, го распоредуваш слободното време по свој избор, но треба и да имаш љубов за неа“, вели тој и потенцира дека парите никогаш не му биле главна мотивација за она што го работи. Раскажува дека уличниот уметник од дома излегува како публиката да не постои, а потоа


душата на скопје НИКОЛА БЛАЖЕВСКИ

балони создава разни шарени фигури. Вели дека секоја реакција од луѓето ја смета за училиште. „Има одредени луѓе кои некогаш не`потценуваат, со изјави 'еве го овој сега балони продава на плоштад', но очекувам тоа да се менува постепено“, вели Томо. Иако подолго разговаравме за неговите погледи кон уметноста, едно мало девојче сепак успеа да ни го украде Томо, и од сите можни форми во балони кои можеше да ги побара од артистот, изрази желба да добие ној. Насобраните се изнасмеаа на желбата, но Томо мртов сериозен по само неколку минути и два-три испукани балона, направи нешто што навистина личеше на ној. Преку имагинарните форми од балони или голтањето мечеви, како фантазија или реалност, сцената на баскерот може да биде секаде, од гостување на познатите светски фестивали, па до разните улични ќошиња. Во

AUQUSTIC TRIO БАШКА ДВАЈЦА

LIFE А П Р И Л

раскажува дека кога работата е на улица, чести се и смешните ситуации. „Ни се случи оваа сезона еден смешен момент, додека свиревме дојде едно мало ромче и почна да игра пред нас, луѓето го гледаа и почнаа да се собираат, и детето се радуваше и рече дека ќе им кажува на сите да ни оставаат пари. Потоа одеше по луѓе за да им каже 'оставете пари ако слушате музика, ако не оставите не може да слушате' и тоа беше една симпатична и смешна ситуација“, раскажува Наско. Вели дека ја сака работата на улица бидејќи претставува ем задоволство, ем работа. „Auqustic trio башка двајца“ не` испратија со убава музика и ни препорачаа дека ако сме расположени за џез звук, треба да ги побараме нивните колеги „Сакстромб“. Расположението не` натера да ги послушаме и да ја продолжиме нашата прошетка кон улица Македонија, каде ги сретнавме саксофонистите Валентин Видовиќ, Артен Мустафа, Иван Трајановски и тромбонистот Марио Јанковиќ, сите пријатели уште од средното музичко училиште, познати како „Сакстромб“. Тие исто така велат дека откако почнал проектот за улична уметност, Скопје заживува. „Свириме џез музика но и познати композиции како „Мама миа“, „Мoney money money“, филмска музика од Џејмс Бонд...Најчесто свириме на улица Македонија, и преку викенди некогаш одиме да свириме во парк“, вели Марио Јанковиќ. Откако започнале да свират на улица, „Сакстромб“ велат дека им пришле неколку луѓе кои им понудиле да свират на фестивали во земјата но и странство. ...шимпанзи, кученца и слончиња направени од балони ни го одвлекоа вниманието од талентираните џезери. Томо Спасовски, кој работи со моделирање балони, куклен театар и ‘фејс пејнтинг’, често го поминува своето време на улица Македонија, каде од долгнавестите

99

зависи од неговата умешност дали ќе го добие вниманието на истата. „Децата се најважни во овој бизнис. На нив секоја претстава им е посебно убава и посебно драга, и тие искрено се радуваат колку пати и да ја гледаат“, вели перфоманс артистот Никола. И навистина, штом ги зема конците во рака, куклите оживеаја, а први кои им се израдуваа беа најмладите. Во меѓувреме, чувме нова свирка од другиот крај на ГТЦ накај плоштадот, па го оставивме Никола да ја продолжи куклената претстава пред својата најдрага публика - децата. Познат поп звук не`дочека од бендот со можеби најчудно име во земјава - „Auqustic trio башка двајца“. Неколкумина млади момци придружени од ведра девојка свират познати поп инструменталки за да ги развеселат минувачите. Иако млади, исклучително свесни за она што го сакаат и работат – гитаристите Наско Џорлев, Иван Петровски, Трајанчо Стојановски, басистот Дејан Митровиќ и пејачката Полина Тасева, како што велат, продаваат култура. „Ние всушност продаваме култура, а има ли поубав начин од уличната уметност за да се направи тоа? Лани имаше многу помалку луѓе кои беа дел од овој проект, беа само четири, пет бендови. Оваа година работите се поинтензивни и сега почнува овој вид перформанс да биде поприфатен од луѓето. Порано не ни обрнуваа многу внимание, но сега доаѓаат луѓе, застануваат, слушаат што свириме, ќе остават по некој денар, ќе си потпевнат песни и убаво е“, рече Наско Џорлев и додаде дека проектот „Улични артисти“ на Универзална сала и Градот Скопје има позитивен ефект на градот. Од бендот велат дека свират се`освен турбо фолк. „Свириме популарни хитчиња, познати поп англиски и македонски инструменталки, а паѓа и по некоја нарачка“, низ смеа вели Наско. Тој


САКС ТРОМБ

душата на скопје

претстава, не мислете се и наградете го нивниот труд.

100

LIFE А П Р И Л

зависност од нивната мотивација и талент, уличните уметници можат да привлечат огромна публика која се брои во илјади или да насмеат едно единствено детенце. Во нашиот случај, културниот феномен – баскерите, се

талентираните ентузијасти кои му даваат душа на Скопје, сега, кога таа највеќе му е потребна. Затоа, кога ќе го видите отвореното ковчеже пред нивните инструменти или ќе ви ја подадат својата капа на крајот од куклената

ПОЗНАТИТЕ КАКО УЛИЧНИ АРТИСТИ Пол Макартни од Битлси знае да застане на улица и да запее. „Еднаш ја потпевнував „Yesterday“ и луѓето ми фрлаа по некоја паричка, но воопшто не забележуваа дека сум јас. Никој не сака да погледне уличен пејач во очи бидејќи тогаш ќе ја дознае неговата животна приказна“, изјавил Макартни во една прилика. Брус Спрингстин исто така настапувал на улица. Постои познат сет на видеа, снимени на 23 јули 1988 во Копенхаген, каде тој свири неколку од неговите песни заедно со друг баскер на улица. Стинг еднаш заработил 40 фунти свирејќи на улица. Ја повлекол својата капа надолу за да се скрие, но една жена рекла „Видете, еве го Стинг“. Некој човек зад неа и’ довикнал: „Глупава краво. Не е Стинг, тој е мулти-милионер“. Познатиот американски виолинист и добитник на Греми награда, Џошуа Бел, свирел инкогнито пред „L'Enfant Plaza“, метро станица во Вашингтон во 2007. Меѓу 1.100-те луѓе кои поминале, само еден човек го препознал, и само неколку минувачи застанале да ја слушнат неговата музика. За неговиот перформанс од 45 минути, Бел собрал 32 долари. Свирел со Страдивариус виолина која чинела два милиона долари. ¿


патување дома икогаш до тогаш не се бев качил на коњ... или сум се качил, ама никогаш не сум се Н поместил од местото... Пиши: „никогаш“ - ако не го броиме јавањето камила за време на свадбеното патување. Но, коњ е коњ, мора да е поинаку. Ако добро се сеќавам, еднаш одамна, во Вевчани, јавав на магаре, едно стотина метри, некој го водеше... но, пиши „никогаш“. Не ми се верува колку лесно, речиси веднаш, без расмислување, се загреав за идејата од летокот од купчето на пултот во Туристичкото биро на Град Скопје, со наслов „Откријте ја Македонија од коњско седло“. Одлуката падна в миг - ова ќе биде следната репортажа, вистинска идеја во вистинско време: пролет, крстот на Водно, со коњи!

Пристигнуваме на договореното место, во Ѓорче Петров, кај новиот трговски центар. За некоја минута треба да нe`„собере“ Васко, Величковски - човекот што ќе нe`води. Оттука има уште минута-две возење. По неколку минути, ете го, со сребренкасто возило со постери за јавачките тури на страничните стакла - знакот за препознавање. Кусо запознавање, проверка дали носиме сe`како што се договоривме и, веќе сме таму, покрај Вардар, блиску до стадионот на ФК „Македонија“. Очите се нестрпливи. Каде се коњите? Нe`пречекаа Крсто Геговски и Миле К'нчевски, јавачи-ветерани од коњичкиот клуб „Меденица“ од Галичник - клубот што ги организира турите. Коњите се веќе изнесени

на ледината, пасат. Ги чека пат. Васко ги прави последните подготовки: ги подготвува уздите, седлата, кабаниците. Разговараме со Крсто и Миле. Со коњите се од деца. Растеле на пасиштата на Бистра, со галичките овци, пред шеесетина години. Коњите им биле секојдневие, за товарење дрва, канти сирење, за јавање. Уште од деца мечтаеле еден ден и тие да се качат на коњ, да прават како што правеле големите. Нестрпливи, крадешкум ќе земеле некој коњ, „да не видат постарите“, почнале да ги откриваат тајните на јавањето. Се родила љубов. Страст кон јавањето. Желба која им останала до третата доба. „Клубот го основавме група ентузијасти, сите по потекло од Галичник. Со јавањето се

101 LIFE А П Р И Л

НА КОЊИ ДО МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

МОЖЕБИ НИКОГАШ НЕ СТЕ СЕ КАЧИЛЕ НА КОЊ И НИКОГАШ НЕ СТЕ ПОМИСЛИЛЕ ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ЈАВАТЕ. ТАКА СИ МИСЛЕВМЕ И НИЕ, НО, ОТКРИВМЕ НЕШТО , ШТО НE ПРЕДИЗВИКА - ЈАВАЧКИТЕ ТУРИ НА КОЊИЧКИОТ КЛУБ „МЕДЕНИЦА“ ОД ГАЛИЧНИК. РЕШИВМЕ СО НИВ ДА СЕ КАЧИМЕ ДО МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ ВО СКОПЈЕ. НЕ НИ СЕ ВЕРУВА КОЛКУ , ЛЕСНО НE ОСВОИ ЈАВАЊЕТО


патување дома

102 LIFE А П Р И Л

разделивме кога се иселивме од Галичник, но, желбата ни остана. Од пред пет-шест години решивме да се активираме, купивме коњи и го формиравме клубот. Во лето сме на Бистра, зиме - овде, во Скопје. Одвај чекаме да дојде лето, повторно да јаваме на Бистра. Сме јавале на многу места: од Галичник до Крушево - за Илинден, од Скопје за Галичник, ја организираме коњицата за Галичка свадба, правиме тури

по Бистра, и од скоро и тука, на Водно“, ни раскажа Миле. Прва прилика да видиме како се оседлуваат коњи. Како што ни рекоа, ќе јаваме босански брдски коњи, раса што најмногу одговара за искачување по планини. Искусни јавачи, како Васко, кој јава од дете, со таков коњ ќе се качат и по козја патека. Средбата со коњите одблиску ни додава уште повеќе возбуда. Дали ќе се снајдеме? Што

ако..? Што ако се затрча? Што ако се дигне на две нозе? Никогаш претходно сме немале некаков личен однос, инволвиран однос кон јавањето. Отсекогаш ни било апстрактен поим, нешто што му се случувало или му се случува на некој друг, непознат, далеку од нашиот асфалтно-бетонски свет - на Дивиот запад од филмовите на Серџо Леоне; на далечниот исток пред илјадници години, како во песната


да си играме хаику со глетките што беа пред нас: расцутено дрво, облаци, коњи, потковица, минаре, син шушкавец...

патување дома

Кој би рекол дека ќе ни се случи таква невозможна ситуација - да јаваме на коњ по Водно, планината што секојдневно одлагаме да ја видиме, и токму таму, јавајќи на коњи, да разговараме со човек кој штотуку сме го запознале, со кој имаме толку многу да споделиме: глобтротер со кого би можеле да разговарате за омилените софтвери за правење музика, транс-музичар кој настапува низ светот... Теренот станува сe`потежок. Дожд. Од „капуљачите“ веќе е тешко да разбереш кој што кажал. Но, чувството е возвишено. Не ви се верува дека веќе сте искачиле голем дел од планината, на коњ. Првата пауза ја правиме во дрвена планинарска куќарка, опколена со стадо овци и неколку шарпланинци. Набргу сме сами, со првите впечатоци и вкусните сендвичи (дел од аранжманот). Слушаме за турите на Бистра, проектите што им претстојат, за патот што нe`чека. Ни претстојат предели во кои можат да се направат убави фотографии дури и кога врне. Продолжуваме. Облаци, калливи патеки, шумски патеки прекриени со лисје. Питоми звуци. Којзнае каква врева е долу, на асфалтот? Темјанушки и жолтеникаво-зеленкасти планински цвеќенца низ шумата. Долу - црвено, жолто, зелено. Јаваме со часови. Целта е блиску. За некоја минута ќе бидеме кај Крстот, веќе помирени дека нема да сликаме „панорами“. Стигнуваме. Телефонски повик до пријателот: „Сликај го Крстот. Се гледа ли?“. Одговара: „Ќе видиш!“. Се враќаме надолу. „Ќе одиме преку Нерези, дел пешки, дел со јавање. Од „Свети Пантелејмон“ одиме накај Крушопек и Сарај“, го чувме планот по кусата пауза. Веќе сме меѓу Горен и Долен Крушопек. Невремето помина. Скопје почна да се појавува пред нас. По час и половина јавање од Крстот, пристигнуваме во Ѓорче, покрај Вардар, со самодоверба како да сме искусни јавачи, доволна, за нашиот учител да одобри: „Ајде. Стрчај го. Идам паралелно со тебе. Ако брза многу, знаеш!“. Неверојатно чувство! „Овие ли се тие јавачи што ги испративте нагоре?“, му велиме на шега на Крсто, кој нe` пречека на истото место. „Ви реков? Ништо страшно. Кога тргнавте, раката ти беше бела - колку силно го стискаше седлото. Сега, те гледам, опуштен, искусен“, ни врати духовито. Коњите стигнаа до својата дестинација. Веќе беа подготвени за отседлување и за наградата на која чекаа - одмор, храна и вода. Се поздравуваме, срдечно како веќе долго да се познаваме. Свесни сме дека нозете и „седењето“ допрва ќе нe` болат уште повеќе, но мислиме само на едно: многу скоро пак да ги побараме, да јаваме - на Водно, на Бистра или - здравје! - до Крушево. Пристигнува такси. 75 коњи. Заминуваме по асфалтот. Поглед накај Крстот. Веќе убаво се гледа. ¿

LIFE А П Р И Л

„Ааа... веќе е добро. Веќе гледам радост“, ни рече додека итавме нагоре, ослободени од стравот, толку, што веќе во главата почнавме

103

за коњаникот со камшик од врба - драг спомен од времето на студиите, од предавањата по старотурска поезија. Страв и скепса, што не можевме да ги сокриеме. Набргу почна и храбрењето. Ни рекоа дека најважно е да се надмине стравот - сe` друго е лесно. И внуката на Миле веќе може да јава коњ во полн галоп. „Коњите се мирни, но секој коњ има свој карактер, може да изненади. Не јаваме спортски, не брзаме. Најважно е да научите да држите баланс со нозете на узенгиите. Ако се случи коњот да се затрча, треба само да го обгрлите со нозете, да се вклештите за него, и да ги потегнете уздите наназад“, ни рече Васко, објаснувајќи како да се качиме, што и како да правиме откако ќе тргнеме, како да запреме, како да се однесуваме во непредвидена ситуација. Пред нас беа три коњи: Аркан, Мими и Јаблан. Се качуваме, секој на својот. Пробуваме. Можеме да тргнеме. „Среќен пат и ве чекаме на Бистра“, ни рекоа Миле и Крсто на испраќање. Зад нас се десетина минути јавање. Јаваме покрај Вардар, во каубојски стил, на коњи со кожни седла. И друг пат сме поминувале оттука, но кој би рекол дека некогаш оттука ќе поминеме на коњ. „Састав“ - местото каде што Треска се влева во Вардар. Треска сина, Вардар кафено-зеленкаст. Мириси што сме ги запаметиле од детството, кога се капевме во Вардар. Средба со паркот во Сарај во кој некогаш сме растеле. Веќе се навикнавме на звукот на потковиците. Одвреме-навреме некое пиле ќе нe`почести со мелодија којашто веќе сме ја заборавиле. Јавањето по рамните тревници влијае охрабрувачки. Згодна прилика да се провери наученото за рамнотежата, за балансот со нозете врз узенгиите, да се пробаат командите за забрзување и запирање. По некоја минута, откако ја преминеме Треска, ни претстои потешкиот дел од патот - јавање по угорници, калливи патеки, камењарник. Но, и поживописни предели, како што ќе се покаже откако ќе го поминете Долен Крушопек, селото веднаш зад паркот во Сарај. Минувајќи низ селото уште еднаш ја сфаќаме необичноста на нашиот подвиг, необичност дури и за луѓе од село. Се потврдува старото правило дека луѓето што се „очигледни љубители на природата“ се секаде добредојдени и срдечно поздравувани. Повозрасните нe`поздравуваат, пријатно изненадени, а децата, тргнати на училиште, ги вадат од џебовите мобилните телефони, да нe`сликаат, да им покажат на другарчињата. Продолжуваме накај Горен Крушопек. Облаците се сe`потемни. Ќе одиме до крајот, ништо нема да нe`предомисли, но, ќе имаме ли фотографии, ќе можеме ли да направиме барем неколку „панорами“? Одиме понатаму. Стравот како да го снема. Како да го оставивме некаде кај Крушопек, Долни. Васко оди пред нас и од време на време погледнува, да нe`провери.


БЕССОНИ ВЕРТИКАЛИ

104 LIFE А П Р И Л

ХОНГКОНГ Е ОД НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА КИНЕСКИ МЛАДИ ГОСПОДА КОЈ Е ГОРД НА СВОЕТО КИНЕСКО ПОТЕКЛО, НО И НА СВОИТЕ БРИТАНСКИ МАНИРИ. ТОЈ Е ПРИЛИЧНО ПОВИСОК ОД СВОИТЕ КИНЕСКИ ПРЕДЦИ И ИМА ТЕНКО, НО ЦВРСТО ТЕЛО. НЕ ПРАКТИКУВА ТАИ ЧИ ЧУАН, ТОА ИМ ГО ОСТАВА НА ПОСТАРИТЕ. ТОЈ И ОНАКА Е МЛАД И Е ДОВОЛНО ВИТАЛЕН И ВО ФОРМА И БЕЗ ТОА. ОБОЖУВА ДА ЈАДЕ ДИМ САМ, ДА ПИЕ ЧАЈ И СЕКОГАШ САКА ДА БИДЕ ДОТЕРАН, СО ТЕМНИ КОСТУМИ „НА ШТРАФТИ“, СКАПИ ОЧИЛА И СО СВИЛЕНО ШАМИЧЕ ВО ЏЕБОТ ДО РЕВЕРОТ. ХОНГ КОНГ Е СЕПАК СУЕВЕРЕН И ДЛАБОКО ВО СРЦЕТО ТРАДИЦИОНАЛЕН БИЗНИСМЕН И ВЕРУВА ВО НЕБЕСНИТЕ ПРАВИЛА НА ФЕНГ ШУИ. СИТЕ ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА МЕТРОПОЛИСОТ ВО КОЈ ЖИВЕЕ ГИ ПОДНЕСУВА СТОИЧКИ. ГО ЗАПОЗНАВАМ ОВОЈ ГОСПОДИН ЧЕКАЈЌИ ГИ КУЛТНИТЕ ТРАЕКТИ НА КОМПАНИЈАТА СТАР ФЕРИ КОИ ГИ СПОЈУВААТ ВЕЧНО РАЗДЕЛЕНИТЕ КВАРТОВИ КАОЛУН И ВАН ЧАИ. МИСЛАМ ДЕКА БЕШЕ ТОКМУ НЕКАДЕ НА ТИЕ ТЕРМИНАЛИ: СЕ РОДИ ЕДНО НОВО ИНТЕРЕСНО ПРИЈАТЕЛСТВО 39:6 Се седело ли во тесна мала соба на 39-ти спрат од стокатница сам, без поглед кон ништо што ветува возбуда или макар интерес? Не, се разбира. Затоа, решив да излезам веднаш. Но, надвор се подготвува невреме. Во тие моменти тајфунот е од класа пет од можните десет на скалилото. Сепак, ќе останам малку внатре, ќе одморам и ќе земам душа од долгиот лет. Надвор е спарно, внатре е вклучен клима уредот. Тој лади но е бучен, бидејќи е од постарите модели. Ова е сепак соба на евтин хостел, не требаше да се чудам. Мене ми е нелагодно внатре. Влажност или несоница е, не сум сигурен во тој момент. Значи ништо од мојот одмор. Веројатно патам од вообичаените непријатности на џет лег-от, временските разлики од неколку часови кои прават хаос во биоритамот на патниците. Се тешам и се`уште не знам што да направам.

¢ o Роберт Смилески

Препорачан албум/музика при читање: Biosphere – Shenzhou (2002)

Ја тргнав завесата докрај за да го пуштам погледот што е можно подалеку и пошироко – безуспешно: погледот ми завршува заробен од стотици други мали прозорчиња од спротива со уште толку љубопитни погледи – можеби од истата причина како мојата. Отворив и прозорец за да не чувствувам клаустрофобија, но кога погледнав надолу кон затвореното дворно место на облакодерите, ми стана уште полошо. И во Скопје живеам во многукатница со балкон на 6-тиот кат, но погледот кон булевар Партизански одреди и Љуботен и овој видокруг овде се сосема различни нешта... Ајде, ајде, си помислив, рано е за носталгии. Преземи нешто. На брзина ја сменив испотената маица, ја стуткав бесплатната мапа на градот в џеб и излегов. Сите со лифтот нагоре, јас сам надолу. Невреме или не, излегов во прошетка. Градот повеќе не можеше да чека. Ниту пак јас.


КЛАСА 6 И БЕЗ НАДЕЖ ЗА КРАЈ Во Хонг Конг ново утро, нов ден. Таа кучка Фенгшен не заминала. Дреме за да собере и таа душа, но не, никако не планира да замине. Можеби останува за да ме предизвика на двобој? Ништо не ми може – секогаш сум си велел: „како им е на луѓето таму, така нека ми биде и мене. Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните!“ Надвор веќе се жителите на Хонг Конг, како армија дисциплинирани војници, во

патување надвор спринт кон работните места, градинките и училиштата. Се спуштам долу од моето преноќиште горе во облаците и се претопувам во масата која е речиси хомогена. Каде ќе одам? Ја отворам веќе полураспаднатата мапа набабрена од влага и барам знак за ориентација. Градот испарува од дождовите претходната вечер. Погледнувам кон небото а таму само облаци кои се спојуваат со врвовите на високите облакодери. Гледам се` уште нагоре и забележувам многу вертикални цевки, антени, громобрани и ултра брзи лифтови кои не губат време со хоризонтални бесмислици. И јас го фаќам трендот и се качувам на врвот Викторија, во самиот град. Од таму имам поглед од кој добивам морници. Тоа е значи Хонг Конг, целиот блескав, со тенки високи згради, сите различни а како дел од исто уметничко дело создадено од човекот. Не верував дека толку ќе се одушевам на овој тип архитектура, но и не верувам дека многумина успеале да се симнат од врвот Викторија рамнодушни. Почна да врне силен дожд и решив да избегам од центарот на градот, од шопинг центрите и бучавата. Отидов да посетам еден манастир со име По Лин, на соседниот остров Лантау. Во рамките на манастирскиот посед на По Лин се наоѓа највисокиот Буда во седечка позиција на отворено во светот. Го

105 LIFE А П Р И Л

НЕОНСКИ ПАТОКАЗИ НАД ТЕСНИТЕ ТРОТОАРИ Излегувајќи надвор од клаустрофобичната стокатница се влевам во реката на луѓе со мантили и чадори на готовс. Тротоарите се тесни и подобро е да знаеш каде точно си тргнал – во центарот на Хонг Конг не е паметно да подзастанеш среде тротоар и да прашуваш за правец, бидејќи ја стопираш несопирливата река од програмирани луѓе. Одам следејќи го темпото на другите околу мене и се обидувам одвреме на време да се прилепам до некој дуќан или ресторан со замаглени излози за да ѕирнам нагоре, бидејќи само таму и можам. Гледам нагоре по огромните издолжени реклами со кинески знаци ко обесени џиновски лијани. Некои неонски знаци веќе се вклучени и нивниот блесок се рефлектира од вирчињата на коловозот, направени од првите дождови предвесници на тајфунот Фенгшен. Фенгшен се`уште не пристигнал, но според најавите, ќе биде силен и безмилосен. Овде тоа изгледа сосема нормално – овој тајфун ќе е само еден од неколкуте кои ќе го посетат Хонг Конг оваа дождлива сезона. Пешачам и понатаму во случајно друштво од туѓинци – жители на градов и по некој изгубен турист. Поминувам надземни и подземни премини со тесни грла, каде е толку тесно што на моменти дури и го чувствував здивот на непознатите сопатници пешаци кои се туркаа до мене. Ги редев облакодерите како трофеи, еден по еден, од модерен помодерен. Се восхитував на имагинацијата на архитектите кои на сите тие колоси им дале различен карактер и душа. И сето тоа, се разбира, во согласност со правилата на фенг шуи. Ме здоболе вратот од погледите вперени нагоре. Во градот каде се сместени речиси третината од светските облакодери не е лесно да го одберам својот омилен. Танцувам со сите и тешко ми е да изберам. Конечно облакодерската џунгла завршува и стасувам до отворен простор, до морето. Од спротива е квартот Тсим Ша Цуи и уште една група на џинови, а меѓу нас море. На кејот е статуата на Брус Ли, Американецот со корени од овој град. Иако неговото време одамна поминало, луѓето на овој град се`уште го паметат и почитуваат. Па како и не би го почитувале човекот кој правел склекови со една рака, и тоа само со палецот и показалецот! Немам време да го поминам морскиов теснец денес. Го оставам за утре. Се стемнува и ветрот е се`посилен. Нека дува, барем ќе се поднесува подобро спарнината. Морам да се вратам назад и да се обидам да си го најдам мојот облакодер и прибежиштето на 39-тиот кат. Се надевам ќе биде лесно. Вака требаше: значи, прво малку нагоре, па на рамно, па веднаш до „златниот“ облакодер со остар врв има продавница за погребални дребулии (златни пластични часовници и одела налик на пижами) и ресторан за брза храна во кој служат храна во жолти пластични длабоки тањирчиња. Таму свртувам десно кај продавницата за прехранбени производи: риби со чудни рамнодушни погледи и деликатесни живи жаби во кафези. Се надевам ќе се снајдам... Успеав. На суво и на тивко сум. Задоволен сум од мојата прва одисеја. Чудно како лесно можам да си ги спастрам впечатоците после само првиот ден од мојот престој во еден така конфузен град во кој човек нема време да размислува за баналности, но ете успеав. Првиот ден не посетив речиси никакви знаменитости во градот, а сепак тој ми приреди вистински културен шок. Тој шок не ме затвори во себе, туку ме мотивираше да копам повеќе и да ја откријам суштината на градот. Не знам дали ќе е тоа можно за неколку дена, но ќе пробам. Пред да легнам ќе испијам еден чај и ќе ги омекнам моите метализирани мисли. Утре е нов ден и се надевам Фенгшен после вечерашните зулуми, наутро веќе ќе ги има спакувано своите куфери и ќе замине кон отвореното море за да им се придружи на своите потомци и предци, браќа и братучеди, минати и идни тајфуни.


патување надвор

106 LIFE А П Р И Л

набљудувам неговото смирено лице по кое се лееја капки дожд и не ми беше јасно како успеваше да биде толку смирен близу овој динамичен град-машина. Колку повеќе го гледав в лице и потоа го посматрав преку излогот на една убава чајџилница, толку повеќе ја сфаќав неговата

големина. Тоа е Буда, еден и единствен на светот кој може да најде мир близу оваа кошница од инсомнични луѓе, возила, возови и траекти. Гледа тој де кон мене, де кон своето чедо - градот со улици кои полека се празнеа воочи враќањето на тајфунот Фенгшен. Не се плаши тој


патување надвор канали. Програмата на локалните жители ќе им биде сигурно нешто веќе видено, но јас се подготвував за моето тајфунско крштевање. ПРЕДМОНСУНСКИ МЕСЕЧАРЕЊА Јас не можам повеќе овде да седам и дождови да гледам. Не повеќе. Јас не можам облаци и спарнини да трпам. Заминувам. Уште само оваа вечер и доста е. Градот ми се допадна. Тој поседува чудна енергија од некое далечно идно време. Утре си заминувам на север и на посуво, еден ден порано од планираното. Темнината на вечерта го покрива исправениот град. Се`е тивко, а всушност над градот тивок невидлив оркестар свири Божествена монсунска симфонија. Звуците не ме оставаат да заспијам. Месечарам по ходниците на мојот облакодер привремен дом. Тенките врати од соседните соби и од другите станови ми ги оддаваат тајните на животите на овдешните луѓе: тенки азиски гласчиња ечат од телевизорите со забавна програма. Нема многу разговори и расправии – станарите се уморни од напорниот работен ден. Жителите на овој град немаат време за баналности, но имаат време за забавни ток шоу емисии и ретро филмови со Брус Ли. Се враќам во својата соба, сам меѓу милионите души кои се сосема блиску околу мене. Ги чувствувам. Градот се полни со дождот како бунар, бришејќи ги невидливите траги од стапките на своите жители, оставени претходниот ден. Водата од дождот и од брановите на Јужното Кинеско Море ги става на тест структурите на овој цврст и витален, но од тајфуни уморен град. Ги собрав сите мои насобрани впечатоци, вкусови, спомени, звуци и мали пластични сувенири во главата и во ранецот и запамтив под кој неонски трепкачки знак ќе го скријам тоа што не можев да го понесам со себе. Во овој град, во оваа урбана мандала на човечката моќ и фантазија, си одбрав свои омилени координати кои ќе ги запишам за повторно да се навратам на нив во некоја следна прилика, за да ги довршам нашите неми разговори со овој единствен и неповторлив соговорник. Конечно сум заспал. Се сеќавам утредента дека таа вечер сум сонувал големи росни зелени ливади со ништо освен цвеќиња во недоглед. ¿

107 LIFE А П Р И Л

од Фенгшен, направен е од челик кој не ‘рѓосува. Но мене веќе не ми беше сеедно. Времето минуваше и течеше заедно со насобраните води и новоформираните потоци и реки. Останавме само јас, Буда и сопственичката на чајџилницата. Сите продавници на сувенири одамна ги затворија своите тезги начичкани со пластични спомени и по некој дрвен Буда. Тргнувам и јас со жичара назад кон срцето на Хонг Конг, кое, како се празнеше градот и се засилуваше тајфунот, забрзано чукаше од возбуда. Градот се затвораше сам во себе и се подготвуваше за вечерта чекајќи ги содржините на новата програма на Фенгшен и на сателитските


архео - разгледница

ИРАК

ПРЕСТОЛНИНА НА ЦИВИЛИЗАЦИИ 3000 ГОДИНИ ПРЕД ХРИСТА

108

LIFE А П Р И Л

ИРАК БИЛ ДОМ НА ЦАРСТВА И ДИНАСТИИ, СУМЕР, АСАД, АСИРИЈА, ВАВИЛОНИЈА. НЕКОИ ОД НИВ ДАТИРААТ И ОД 3000 ГОДИНА ПРЕД НАШАТА ЕРА. ЗЕМЈАТА Е ПОЛНА СО КРЕПОСТИ, РЕЛИКВИИ, СТАТУИ ОД БРОНЗЕНИОТ ПЕРИОД. ОВДЕ ВЛАДЕЕЛЕ НАВУКОДОНОСОР, ХАМУРАБИ, ДАРИЕ, АЛЕКСАНДАР... ТУКА СЕ РОДИЛА И ЛЕГЕНДАТА ЗА АЛИ БАБА И 40-ТЕ РАЗБОЈНИЦИ. РЕЧИСИ СЕКОЈ КВАДРАТЕН МЕТАР НА ПРОСТОРОТ НИЗ КОЈ ТЕЧАТ ЕУФРАТ И ТИГАР Е МЕСТО НА КОЕ ЗАПОЧНАЛА ИСТОРИЈАТА НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

рвиот несекојдневен впечаток за некој кој првпат доаѓа во Багдад е морето од светла. П Фантастична глетка. Си велите, можно ли е овој

лабирање. Затоа, пак, зимата е убава. Наликува на април во Скопје.

град да е бескраен? Супермодерниот аеродром целиот од мермер, со водоскоци и градини создава атмосфера на живот во раскош. Но првото излегување од климатизираниот аеродром, посебно ако е тоа во летните месеци, ве враќа во пустинската реалност. Надворешната температура на пладне во јули знае да стигне и до 70 степени. Исто како да сте во рерна. Сепак, се издржува. Воздухот без влага овозможува овие температури да не бидат причина за ко-

ВО ПЕТОЦИТЕ МУЗИКА И ПЕСНА, РИБОЛОВ ИЛИ ТУРИЗАМ Ние Македонците таму одевме на гурбет. гранитовци, пелагонци, бетонци, претежно бевме ангажирани на изградба на аеродром и објекти за војската на тогашниот претседател Садам Хусеин. Слободно време имавме само во неработниот петок. А тој различно го користевме. Некои за заборавање на носталгијата со музика и арак - ракија од урми од

која боли глава со денови. Други на риболов на Еуфрат или Хабанија, вештачко езеро полно со риби од кило и кусур. Ама да се отиде во лулката на цивилизацијата и да не се посетат местата по кои чекореле најпознатите цареви пред пет илјади години, е тоа не може. БАГДАД СИ Е БАГДАД Каде и да се тргне, низ Багдад мора да се мине. Град без почеток и крај, во кој петте милиони жители живеат во свои куќи со дворови. Зградите се исклучиво министерства и деловни објекти. Раскрсници нема. Улиците се судираат


ВАВИЛОН

КРЕПОСТ УР 21 ВЕК ПНЕ.

РЕЛЈЕФ ОД УР

ЗЛАТНИОТ ШЛЕМ НА М 2450 ПНЕ.

архео - разгледница

ЛАВОТ НА ВАВИЛОН

ВАВИЛОН

РЕЛЈЕФ НА ХАМУРАБИ 18 ВЕК ПНЕ.

СТАТУА ОД НИПУР

Целата земја е големо наоѓалиште, полно со ископини, каде предмети од пред 50 векови се пронаоѓаат и ден денес. Ирачките музеи ги красеа Статуата од Нипур, Златниот шлем на кралот Мескалкам (2450 год. п.н.е.), Сфингата од градот Нимруд, најмалата сфинга во светот со димензии 19 х 15 сантиметри. Е сега, прашање е што од овие реликти останало во Ирак, со оглед на војските кои ја прокрстарија земјата по падот на Садам. Музејот во кој е насликан текот на битката во Ал Кадисија сигурно е сe`уште на своето место. Низ слики е претставена битката по која во 636 година Арапите ги победиле Персијанците и го донеле исламот. Кога сме веќе кај исламот, еден град е негов вистински дом – Кербала, каде речиси секој втор објект е џамија. И цркви има, во Багдад можеби повеќе и од Скопје. Само што православните цркви овде ги нарекуваат Ерменски цркви, а најголема е Света Богородица. ¿

109

во кружен тек или во буквата Т. Овие луѓе го наследиле генот од предците. Многумина се занаетчии, но занаетчии уметници. Златари и кујунџии со едно чеканче во раката знаат да направат ремек дела. Слики во масло во сликарскиот сук се продаваат бесрамно евтино. Оние на кои Господ не им дал дарба на уметник се трговци. Најубавата свила од Кина овде може да се купи не за банкнота, туку за монета. Белата техника е исклучиво од Јапонија, како и возилата, кои трошат и по 20 литри на 100 километри. Ама овде никој не прашува кој автомобил колку бензин троши. Бензинот чинеше пет денари литар. Дури и камионите се на бензински мотори. Поскапо беше да се вози на вода.

УР, ВАВИЛОН, НИПУР, ХАТРА, АЛ КАДИСИЈА, КЕРБАЛА Е кога е бензинот толку евтин, секој слободен петок може де се посети делче од светската историја. А од каде би почнале? Можеби од ѕидините на градот држава Ур, лулка на Сумерската цивилизација или, пак, крепостите во Нипур, Хатра... Па да, од Вавилон. Тоа е местото од кое не можел да се одвои големиот Александар Македонски. Во ѕидините на овој град се менувале династии. Хамураби, познатиот цар законодавец, успеал Вавилонското царство да го прошири од Персискиот залив сe`до Медитеранот. Тука владеел и Навукодоносор кој ги победил Египќаните и го створил Новото Вавилонско царство. Стоејки меѓу зидините на Вавилон не може да се одбегне чувството дека овој град бил причина за големите битки на Александар по кои го протерал тогашниот персиски цар Дарие.

LIFE А П Р И Л

КРАЛИЦА НА НОЌТА - ВАВИЛОН


специјалитети

ПОСНИ ЈАДЕЊА ПИТА СО КОМПИР СОСТОЈКИ: кори за пита килограм компири зејтин сол бибер ПОДГОТВУВАЊЕ: Премачкајте го плехот со зејтин или маргарин. Во поголем сад изрендајте компир, добро исцедете го, посолете го и додајте бибер. Наредете четири кори една врз друга и секоја премачкајте ја со лажица зејтин. Врз четвртата кора наредете го компирот, свиткајте ги корите и повторно премачкајте ги со зејтин. Печете ги околу 40 минути на умерена температура, додека кората не се зацрвени.

КРЕМ ЧОРБА СОСТОЈКИ: 500 грама шампињони 2 лажици пченкарно брашно филџан зејтин сол

РУМ ТОПЧИЊА

110

LIFE А П Р И Л

Многу убав рецепт за рум топчиња. Овие посни колачи се многу вкусни, а се приготвуваат лесно и брзо. За посните денови, кога ви треба брз десерт се одлично решение. Секако можат да се приготвуваат и секојдневно СОСТОЈКИ: 250 грама маргарин 150 грама шеќер во прав 250 грама мелени бисквити 7 лажици рум 2 лажици мармалад од кајсии 100 грама темно чоколадо

ПОДГОТВУВАЊЕ: Маргаринот се мати со шеќерот во прав. Во тоа се додаваат мелените бисквити, румот и мармаладот од кајсии. Целата смеса добро се замесува и од неа се прават мали топчиња. Чоколадото се растопува и во него се валка секое топче. Потоа топчињата се оставаат да отстојат некое време, додека не се стврдне чоколадото.

ПОДГОТВУВАЊЕ: Измијте ги шампињоните и исецкајте ги. Динстајте ги на зејтин на умерен оган додека не омекнат. Ставете пченкарно брашно, пропржете и додајте топла вода. Посолете и варете околу 20 минути


специјалитети

РАФАЕЛО ТОПЧИЊА Овие топчиња се идеални за прослави, секој ги обожува а се приготвуваат лесно и брзо. Бидејќи се посни може да се приготвуваат и за слава, а и во време на големиот пост. СОСТОЈКИ: 500 грама шеќер 1 маргарин 500 грама млеко од соја во прав 300 грама кокос 100 грама печени лешници кокосово брашно ПОДГОТВУВАЊЕ: Половина килограм шеќер зовријте го со малку вода и додајте еден маргарин, 500 грама млеко од соја во прав и 300 грама кокос. Сето тоа добро се меша додека смесата да стане хомогена. Од добиената смеса се прават топчиња. Во средина на секое топче се става по еден печен лешник. На крај топчињата се валкаат во кокосово брашно.

БАКЛАВА

СОСТОЈКИ: 500 грама кори 300 грама сецкани ореви 100 грама мелени бисквити 250 грама маргарин Потребен материјал за сируп 700 грама шеќер 3,5 дл вода 1 лимон 1 ванилин шеќер

ПОДГОТВУВАЊЕ: Ставете две кори една преку друга, а потоа исечете ги во ленти по должина од 30 см и ширина од 7 цм. На почетокот на лентите ставете малку сецкани ореви и малку мелени бисквити, а потоа лентата превиткајте ја наизменично, да формирате триаголник. Готовите баклави наредете ги во плех, една до друга, а потоа секоја баклава малку засечете ја со нож, на неколку места. Растопете 250 грама маргарин и додека е врел прелијте го врз секоја баклава. Почекајте 2 до 3 минути додека маслото не се впие.

Баклавата печете ја 40 минути во претходно загреана рерна на 170 степени целзиусови. Кога баклавите ќе се испечат, прелијте ги додека сеуште се топли со претходно оладениот сируп. Покасно кога баклавата ќе ја послужувате секое парче прелијте го со сирупот кој баклавата не го впила.

СИРУП: Сварете 700 грама шеќер во 3,5 дл вода, па во тоа додадете ванилин шеќер и исцедете лимон.

111 LIFE А П Р И Л

Одличен рецепт за посна баклава. Во деновите кога се пости, овој рецепт за баклава е вистински спас кога ви е потребно нешто слатко.


маса за двајца ожеби нема да бидете единствените ако првиот впечаток кога ќе почнете да го откривате ресторанот „Ања“, на влезот на Градски парк, кај Градски стадион (Национална арена „Филип Втори“), ви биде дека сте влегле во ресторан за луѓе што плаќаат со фактура. Влегувате во ентериер во кој многу е вложено, исполнет со видни гости - дипломатски кор, високи државни службеници, политичари, бизнисмени, луѓе од естрадата. Ако имате прилика да го видите фото-албумот на ресторанот, во него ќе видите естрадни ѕвезди од соседството што полнат сали во Македонија, светски фудбалери, гости од државни делегации, светски музичари.. И не сте далеку од вистината. Ресторанот е надоврзување на пицеријата „Ања“, кој ги повикува да подзастанат минувачите на градскиот кеј, исполнет со кафулиња и ресторани со летни тераси. По три-четири години работење, во април 2006, сопствениците решиле да отворат нешто друго, ресторан кој ќе биде поотмен, поофицијален, во кој главната понуда ќе бидат морска храна, бифтеци и скара на жар, со фурна на дрва. За ресторанот „Ања“ ќе треба да издвоите малку поголем буџет од вообичаеното, но, сепак, би можеле да си приредите и прописна „маса за двајца“ за буџет од околу 2.000 денари. За луѓето што го откриле тоа, „Ања“ е веќе едно од неколкуте омилени места за одбележување убави моменти, за семејни прослави и место кое без многу расмислување ќе го одберат кога сакаат да угостат некој драг семеен или важен деловен гостин од странство. Како што очекувавме, како што ни останало во сеќавањето - на масата не` пречекуваат запаметениот фенсерски прибор, фенсерски сервис за јадење и збунувачки „сол и бибер“, или, ако се обидеме да кажеме со попретенци-

112 LIFE А П Р И Л

М

¢

Васко Марковски

го забележувате - убаво нане во „капрезето“. Огромниот постер со градскиот плоштад на предземјотресно Скопје, сугерира времепловмуабет. Откај местото за примопредавање на нарачките се слушаат лежерни насмевки - добро организиран, хармоничен персонал. За РЕСТОРАН ЗА СПЕЦИЈАЛНИ неколку минути ќе пристигне јадењето. МОМЕНТИ. НА ПРВ ПОГЛЕД Предизвикувачки мириси од штотуку приМОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ДЕМОТИВИРА несените јадења: пилешко во зеленчук и филе „Велингтон“. Одбираме едно од омилените црСО СВОЈАТА ПРЕФИНЕТОСТ, СО вени вина на „Тиквеш“. Мирисот добро најави. ВПЕЧАТОКОТ ДЕКА Е РЕСТОРАН ЗА Набргу констатираме дека сме направиле КОЈ ЌЕ ВИ ТРЕБААТ МНОГУ ПАРИ. навистина добар избор. Пилешкото е добар НО, ДАЈТЕ МУ ШАНСА - ОДЛИЧНА вовед, а филето ќе ве повикува повторно да МАСА ЗА ДВАЈЦА дојдете во „Ања“. Кој би рекол дека и во „ниедно време“ би можеле да си приредите такви убави вкусови? За крај, ги замоливме да ни помогнат да озен речник - не „тањир“, туку „пјат“; или, ако одбереме со што да не` испратат. Решивме да сакаме да се изразиме од срце - прибор кој ви ги послушаме. Инсистираа да биде „чиз кејк“. остава впечаток дека би требало да го даваат со упатство за употреба, дизајнерска инвентив- За крај, ви пренесуваме дел од записот во бележникот. ност во која поради желбата за оригиналност „Не ми се верува. Никогаш порано не сум пострада практичноста. Наспроти тоа, околу вас е мислил дека некогаш ќе бидам фан на чиз кејк. убав, приемчив и инспирирачки ентериер, убаОдлично 'уште едно искуство'. Кој би рекол во осмислен, топол и хармоничен. дека јас, детето кому некогаш изразот 'торта со Додека го разгледуваме менито и додека сирење' му звучел како оксиморон, ќе станам течат консултациите со персоналот, почнувављубеник во торта со сирење. 15 до 3.“ ¿ ме со кисела вода. За загревање решивме да земеме салата и „жолта“. Набргу пред нас Адреса: ул. Јордан Хаџиконстантинов - Џинот беше варијација на тема „Капрезе“ - со добр. 12а, Градски Парк, Скопје мати, моцарела, рукола - но, редени поинаку Работно време: 8:00-24:00 (пон-чет), 8:00-1:00 од што сме навикнати да ја гледаме, едно врз (пет), 12:00-01:00 (саб), 12:00-24:00 (нед) друго. И чашката за „жолтата“ отскокнува од Контакт: тел. 02 / 31 20 079, е-пошта: venividivici_anja@hotmail.com вообичаениот дизајн на чашка за ракија, но Картички: Visa, Master Card, Diners, Maestro, оваа ни се допадна - на столпче, со форма American Express на стилизирано лале. Четврток, 13:15. Тивко, Пристап за луѓе во количка: пристапно лежерно, празничко - „ниедно време“. Од Повеќе инфо: www.restorani.mk (Ресторан Ања) звучниците потпевнуваат „Би Џис“. Следејќи ги вкусовите меѓу наизменичните бранови муабет,

АЊА


113 LIFE А П Р И Л 113


панорама

ПАНО ПИЦИ, ПАСТИ И СЕНДВИЧИ СО АВТЕНТИЧЕН ВКУС

Пицерија „Енрико“, во ТЦ Лептокарија Дваесетгодишна традиција, искуство и квалитет ќе ве пречека во пицеријата „Енрико“. Сместена во главната уличка на трговскиот центар Лептокарија, пицеријата е неодминлива локација за сите сладокусци. Ентериерот зрачи со топлина, низ целиот локал се чувствува духот на времето и аромата на вкусните специјалитети. Повеќе од триесет видови пици, различни тестенини, равиоли и тортелини. Во „Енрико“ дури и сендвичите се специјалитет. Домаќински! Сe` е подготвено на лице место. Посебно се горди со малите колачиња, кои се топат во уста. Вистински предизвик! Дваесет години искуство не е шега. Затоа, сe` што ќе пробате во „Енрико“ ќе ве освои со вкусот на искуството.

РОК МУЗИКА И ОПУШТЕНА АТМОСФЕРА „Конак“, Борка Талески 53 (зад Универзална) „Конак“ е место кај што можете да се опуштите и да уживате со пријателите, дали во попладневните часови со кафе-муабет (или табла-муабет), или пак навечер со точено пиво по достапни цени и рок музика. Најдоброто во „Конак“ е практично сe`: од амбиентот, пријателската атмосфера, музиката, тоа што секогаш има место, тоа што има добро пиво, тоа што има добри луѓе... Ако сакате да избегате од вообичаените, ‘згужвани’ и претерано ‘нашминкани’ места - топло ви го препорачуваме „Конак“!

114 LIFE А П Р И Л

TCC PLAZA WELLNESS CENTAR Васил Главинов 12, Скопје Велнес центарот е ексклузивен комплекс за рекреација, релаксација и тотална ревитализација, прв од таков вид во Скопје. Нуди: Фитнес центарот е опремен со најнова опрема за кардиоваскуларни вежби и опрема за тренирање. Инфраред сауна, финска сауна и солариум Затворен базен за професионално пливање и други вежби и широка палета на масажи (за ослободување од стрес, против целулит, чоколадна, спортска, акупресурна, масажа со топли камења и кинеска - Туи На масажа) за релаксација на телото и душата и за ослободување од секојдневните стресови. Солена соба Солената соба е просторија во која на сите ѕидови, плафонот и подот има поставено 5 тони сол. На удобна лежалка се одмарате додека уживате во убава музика или некој филм. Еден третман во солената соба заменува 5 дена поминати покрај море.Солената соба oвозможува одлично смирување и релаксација на удобните лежалки после напорниот работен ден. Ќе се чувствувате подобро, ќе го намалите уморот, стресот и напнатоста. Кристалните камени соли како природни јонизатори ја подобруваат здравствената состојба бидејќи произведуваат негативни јони кои се наогаат само кај морските предели после олуја и грмотевици. Јонизираниот бран има позитивно влијание на човечкото тело, доведува до психофизичка рамнотежа и помага при концентрација и работна способност. Медицински е потврдено дека солената соба има одлично

терапевтско влијание во лечењето на астмата и бронхитисот, го смирува и подобрува дишењето, ги прочистува дишните патишта и делува против голем број алергии и секако ги урамнотежува минералите во организмот.


панорама

РАМА ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ

МЕСТО: РИБЕН РЕСТОРАН КРЕЗ-МАК Локација: Владимир Комаров (до о.у. Браќа Миладиновци) Буџет: 800 денари за двајца

115 LIFE А П Р И Л

Крез-мак е место кое топло го препорачуваме на сите љубители на риба, рибина чорба, салатка, бело винце или шприцер во летните денови. Убаво среденото дворче е пријатно за седење и во најтоплите летни денови, без разлика дали барате маса за двајца или пак место за поголема (и подолга) дружба. Рибината чорба е со многу достапна цена, но можете да нарачате и морска храна, на пример поховани лигњи. Сепак, нашите преференци се поинакви: одбираме свежа мавровска пастрмка, печена на скара, компир салата и шприцер за полесно да оди јадењето. Цената на пастрмката е цена по кило, така што целиот оброк нас не чинеше нешто помалку од 800 денари. Поседевме уште малку во дворчето, до квечерина, кога малку ни застуде па решивме, крајно задоволни, да го фатиме патот накај дома.


116 LIFE А П Р И Л


117 LIFE А П Р И Л


118

LIFE А П Р И Л

¢ Мадам Шехерезада

ТАРОТСКОП

АПРИЛ 2010

Овен – ДЕСЕТ НА ПЕХАРИТЕ

Бик – ТРКАЛО НА СРЕЌАТА

Близнаци – КУЛА

Рак – ПРАВДА

Лав – СВЕТ

Девица – ДВА НА ПЕХАРИТЕ

Месец на релации и контакти со различни луѓе од кои ќе имате полза, и на приватен и на професионален план. Ќе бидете комуникативни и ќе блескате, без разлика што правите и со кого се сретнувате. Впечатокот што ќе го оставате на луѓето околу вас ќе биде феноменален. Совет: сите бизнис зделки и нови потфати завршете ги до крајот на месецот, бидејќи планетите ви се крајно наклонети!

Работевте вредно и неуморно, па овој месец ќе ги зберете плодовите од вашиот труд. Заборавете на досегашниот став дека промените се лоши, и препуштете се на новите и интересни предизвици. Во љубовта, период на превирања и авантури, но внимавајте да не претерате. Најлошо е ако ја научите лекцијата на потешкиот начин. Совет: помалку алкохол, умерени излегувања, повеќе одмор!

Комуникацијата секогаш била главна кај вас, па овој месец ќе го достигнете врвот на вашата комуникативност и креативност. Како по обичај, ќе бидете премногу отворени со некои луѓе кои не ја сфаќаат добронамерноста на вашата искрена комуникација. Затоа внимавајте, бидејќи вашите чувства можат да бидат повредени. Совет: насочете се кон она што го сакате и се` ќе биде супер!

Да, дојде време да ги израмните сметките и да ги разрешите неколкуте деликатни ситуации кои ве оптоваруваа минатите месеци. Секако, правдата е на ваша страна, но внимавајте да не заборавите дека и вие треба да играте фер. Оние кои ви згрешиле не заслужуваат да им го истурите целиот гнев. Совет: не излегувајте вон контрола, бидете чесни и праведни, бидејќи тркалото секогаш се врти.

Прекрасен период за сите лавови – бидејќи најдобрата карта од таротот се наоѓа во нивниот знак. Вложете ги сите сили и наполнете се со позитивна енергија, бидејќи остварувањето на важните проекти и потфатите за кои сте сонувале ви се на дофат на раката. Нова работа, нова љубов, ново место на живеење или промена на финансиската состојба – тоа на што сте ‘работеле’ ќе биде ваше!

Отворете се за нови средби и нови пријателства, а овој месец на сите слободни девици може да им донесе и пронаоѓање на вистинската љубов, односно на нивната сродна душа. На работа ќе остварите резултати кои ќе ве исполнат, но бидете отворени ако некој ви понуди помош – време е да сфатите дека, сепак, не можете се` да направите сами. Совет: овошна салата за двајца.

Вага – ПЕТ НА ПАРИТЕ

Скорпија – ОСУМ НА ПАРИТЕ

Стрелец – СЕДУМ НА ПЕХАРИТЕ

Јарец – СЛУГА НА ПАРИТЕ

Водолија – МАГЕСНИК

Риби - ПЕТ НА ПЕХАРИТЕ

Зимата ве остави изморени и без енергија, а семејните проблеми дополнително ве исцрпија. Конечно дојде период кога малку ќе се одморите и ќе го добиете заслуженото „фала“, но љубовните односи се` уште ќе треба да ги негувате и зацелувате. Односно, работата со партнерот е дојдена до точка на вриење, па или ќе се стиша, или сосема ќе зоврие. Исходот, каков и да е, ќе биде добар за вас!

Во овој малку критичен месец, нужно е да се фокусирате на една работа и да ја истерате до крај. Немојте да се расплинувате, немојте да избрзувате со заклучоци и непромислени постапки, туку концентрирајте се на тоа да ја завршите работата најдобро што можете. Воедно, обидете се да бидете потолерантни со партнерот и да му/и’ посветите повеќе внимание, бидејќи несвесно го/ја запоставивте.

Време е за сериозни одлуки, особено ќе морате да донесете одлуки во име на ваши блиски личности, што ве прави нервозни и несигурни. Одговорноста е голема, но, земете длабоко воздух и направете го важниот чекор (секако, претходно сослушувајќи ги и туѓите мислења). Верувајте, нема да згрешите, особено затоа што исходот ќе биде позитивен. Совет: чист воздух, сонце, природа!

Долго време правите големи планови, но од разни причини не успевавте досега да ги реализирате. Сега ќе почнете да ги наѕирате првите реални облици на вашите идеи, што дополнително ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви даде елан за понатамошна работа. Да, работите почнуваат да се движат токму таму каде што сакате, единствено не заборавајте дека за се` треба малку време.

Сосема магично, во периодот кој ви претстои ќе имате чувство дека коцкичките се редат токму онака како што сте замислиле, особено на љубовен план. Нешто што тлее некое време ќе почне да прераснува во нова, магична романса, што, секако, ќе придонесе за повеќе среќа и на другите полиња. Единствено што треба да направите е да си го слушате срцето, останатото ќе се нареди само.

Време е да бидете малку поодлучни и поагресивни за да ја остварите вашата цел, во спротивно ќе продолжите да се фрустрирате, што нема да биде добро ни за вас, ни за околината. Сепак, внимавајте да не отидете во спротивниот екстрем, а особено внимавајте на тоа што ќе кажете, бидејќи некој може да се најде засегнат (дури и навреден) од вашите зборови. Совет: помалку кафе, повеќе цедени сокови.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.