Life_201103-

Page 1




ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

Атанас Кировски АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

РЕДАКЦИЈА Тони Димков

Не постои совршенство, се е` живот

Силвана Жежова

Влатко Галевски Марија Дивитарова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Катарина Стојанова Васко Марковски

музика Александар Гавровски

84

МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ Игор Ивковиќ Петре Димитров 72

Марија Илиќ

брзина Кристијан Ивановски

ДВОЕН АГЕНТ Патриција Костовска

Серјожа Неделкоски Кристина Озимец

јога Евдокија Николова

70

ЈОГА - ПАТ КОН САМОСПОЗНАВАЊЕТО

Роберт Смилески (надворешен соработник) ЛЕКТОР

Мери Кондоска 66 ФОТОГРАФИЈА

здрава исхрана Душан Матиќ

УЛОГАТА НА БЕЛКОВИНИТЕ ВО ЧОВЕКОВАТА ИСХРАНА

Ивана Кузмановска Синиша Станковиќ (колумнист)

68

ГРАФИЧКИ УРЕДНИК

Филип Митров

ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

здравје Татјана Илиева-Хаџиевска

ГЕНИТАЛЕН ХЕРПЕС

93

Антиквитети Ангелина Јаневска

ЕМАЈЛ


¢

ЕЛЕНА РИСТЕСКА

ЕДИТОРИЈАЛ: ТРАДИЦИЈА Струмица низ очите на... ЗОРАН МАЏИРОВ

life фокус

22

жешка тема НАОМИ КЕМПБЕЛ

48

56

Карневалот е Венеција!

Враќање кон духовните корени

Епитетот „супер-модел“ треба да се заслужи

театар ЛИЛИ АБАЏИЕВА

душата на Скопје ГРАФИТИ

патување надвор НОВ ЗЕЛАНД

106

90 100 Уметност без рамки

o Кире Галевски

Не можам да живеам без актерите

Маорските тајни од крајот на светот

life портрет: ЉУБОЈНА

12 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

ЉУБОПИТНОСТА НИ ДАВА ПРОСТОР ЗА ДЕЛУВАЊЕ

Билјана Црвенковска

МАРТОВСКИ ТРАДИЦИИ Традиционално, и оваа година како и секоја друга пред неа, одбивам да славам Oсми март. Не толку поради ставот дека е понижувачки на жената да и` се посвети еден ден кога ќе биде сакана и почитувана (а во другото време ќе биде мајка и домаќинка), туку од проста причина што не сакам циркус. Едно време кога бев мала, „моите“ ме носеа во циркус и ми беше убаво. Ама тоа беа други времиња. И циркусот, тогаш, имаше смисла. Деновиве видовме многу циркузи, некои „погламурозни“, а некои поселски, а Oсми март е еден од поголемите, токму поради фактот што жените масовно одат по кафеани. Обично се случува спротивното, жените седат дома со децата, а мажите пијат (т.е. бистрат политика) во маалската крчма. Но, доволно за бесполезните, смешни традиции, и малку за оние убавите и корисните. Март е месец кога традиционално започнувам да одам на Водно. Или каде и да е во планина/природа. Кон крајот на март го чистам и велосипедот и секако, сосема традиционално возам на кеј. Во здраво тело, здрав дух. Сосема верувам во оваа стара поговорка, и крајно ја почитувам. Во март, исто така традиционално, садам цвеќе, ги тресам од прашина купиштата книги, ги прередувам плакарите... Во март имам и повеќе инспирација за пишување! Токму поради оваа пролетна треска и љубовта кон сонцето која сите не` обзема во март, решивме овој број на LIFE да и` го посветиме на традицијата, но не само на онаа старата, македонска традиција која е исткаена од обичаи, звуци, вкусови, мириси, бои, материјали, градби, предмети... Се осврнавме и на онаа традиција која ја креираа некои нови генерации во ова чудно (пост)модерно време на истиве чудни, немирни, древни простори... Почнавме со „Љубојна“, кулминиравме со Елена Ристеска и нејзината (замислете!) визуелна интерпретација на македонските народни песни, за да завршиме со графити-артистите по скопските улици. Но, идејата на LIFE од почетокот е да „шета“ и „шара“ низ сите пространства, истражени и неистражени, и да ја бара својата поента. Се надеваме ќе ја најдете и Вие заедно со нас.


настани

НАЦИОНАЛНИ ПЕНЗИИ ЗА ДОАЈЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА Уметниците кои дале голем влог во создавањето и развојот на културата и кои се добитници на најголемите државни награди за повеќегодишни достигнувања во областа на културата и уметноста, ќе добијат национални пензии. Оваа иницијатива на Министерството за култура е прифатена од Владата и е симболичен начин, годинава кога се прославува јубилејот 20 години од независноста на Македонија, да им се оддаде признание на уметниците за нивните остварувања. Во насока на понатамошна грижа за уметниците е и воведувањето на титула национален уметник.

6 LIFE М А Р Т

НОВА КОЛЕКЦИЈА НА ИЛИЈА КОСТАДИНОВ На 24 февруари во Националната галерија во Мала станица се одржа модна ревија на креаторот Илија Костадинов. Презентирана беше неговата колекција „Марго“ за сезоната пролет-лето 2011, а моделите ги носеа манекенките од модното студио „Црнокрак“.


настани

Младата македонска актерка Наташа Петровиќ која учествуваше на годинeшниот „Шутинг старс“ во рамките на Берлинскиот филмски фестивал и ја прими наградата од Ралф Фајнс за најдобра млада актерка, го привлече вниманието на кастингагентите од Европа и Америка. Доби и понуди да се запознае со работата на неколку филмски студија во Лондон и Америка. Наташа Петровиќ беше селектирана меѓу десетте најталентирани европски млади актери благодaрeјќи на улогата во ирско-македонскиот филм „Како да ме нема“. Поради тоа беше претставена на Берлинскиот филмски фестивал во рамките на паневропскиот проект „Шутинг старс“. За Наташа, сценариото ќе биде пресудно во прифаќањето на улогите во иднина, а моментно работи на нејзината дипломска претстава „Дон Жуан се враќа од војна“ и „Мизантроп“ од Молиер на режисерката Билјана Радиновска.

7 LIFE М А Р Т

НАТАША ПЕТРОВИЌ ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА КАСТИНГ-АГЕНТИТЕ


88 LIFE М А Р Т настани


Македонскиот баритон Борис Трајанов прослави 25 години од својата светска кариера со сценски настап во делови од оперите „Набуко“ и „Риголето“ на сцената на МОБ. Специјални гости на гала-прославата беа Франческо Роза диригент од Италија и оперските уметници Ана Дурловска и Александар Стефаноски заедно со хорот и оркестарот на МОБ. Трајанов на сцената на МОБ, првпат застана пред 25 години во „Циганскиот барон“.

Борис Трајанов имал повеќе од 750 настапи во 50-ина улоги на околу сто светски оперски сцени како Берлин, Виена, Рим, Фиренца, Болоња, Хамбург, Франкфурт и др. Како амбасадор на мирот на УНЕСКО настапувал на гала концерти во Њујорк, Париз, Венеција. За оваа година планира да сними цеде со македонски народни песни придружуван од симфонискиот оркестар и македонски народни инструменти.

настани

БОРИС ТРАЈАНОВ ПРОСЛАВИ 25-ГОДИШНА КАРИЕРА

фото: Горан Десковски

ПРОМОЦИЈА НА ДВА РОМАНА НА СИБИЛА ПЕТЛЕВСКИ

9

LIFE М А Р Т

Културната установа „Блесок“ промовираше два романи на Сибила Петлевски, преведени на македонски јазик. Станува збор за романите „Мојот Антонио Диаволо“ и „Време на лаги“ (прв дел од трилогијата „Табу“). Промоцијата се случи како мултимедијален перформанс со наслов „Од во празно“, составен од три компоненти: симфониска поема изведена од компјутерски и видеокомпилации на Давид Газаров и поезија која во живо ја изведува Сибила Петлевски. Романот „Мојот Антонио Диаволо“ е објавен со поддршка на Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската унија и Министерството за култура на Република Македонија. Романот „Време на лаги“ е добитник на најпрестижната хрватска награда - Годишната книжевна награда „Т-Портал“ за 2010 година, а објавен е со поддршка на Министерството за култура на Република Хрватска. Двата романи од хрватски јазик ги преведе Игор Исаковски.


10

LIFE М А Р Т


Во држава која ни ајварот не успеа да си го сочува како бренд, за никого веќе не е изненадување што единственото кино кое со години работеше во една од скопските приградски населби, по долносувањето на сите критериуми за нормална живеачка, станало - народна кујна... онекогаш ноќе, кога работам, ме сепнуваат звуците од собата на син П ми, кој речиси редовно и на сон ги „преживува“ масакр-игрите што со часови претходно го држеле залепен пред компјутерскиот екран. И сакал – не сакал, ми паѓа жал за невините времиња, во кои децата во Македонија ги заспиваше кадифениот глас на Мајсторот на приказната, кој неговата „101 приказна“, ја ткаеше илјадници ноќи на радио брановите или во цртаните филмови на единствената телевизија, испраќајќи ги нежно најблагодарните слушатели во прегратките на сонот. И, иако денес, радио се слуша само во автомобил - на „црвено“ на семафорот, неретко си го поставувам прашањето - како во оваа ерупција на кич и вулгарна тапотија со која електронските медиуми ни ги загадуваат домовите, некому не му текна, некако да го одбележи петдецениското работење на Чичко Мајсторов, неизбежниот дел од детството на илјадници луѓе, од традицијата на народниот раскажувач на државава... Да се сочува споменот на она нешто... Вредно. Знам дека секогаш било и засекогаш ќе биде - лепче, па игри, ја знам и приказната за приоритетите и за полнењето на оние - не знам колку метри тенки&дебели црева, и за жал, добро знам дека за никого веќе не е изненадување што единственото кино кое со години работеше во една од скопските приградски населби (ширејќи и со нун-чаки-еротскиот репертоар некаква - култура), по долносувањето на сите критериуми за нормална живеачка, станало - народна кујна... Чии редовни посетители се можеби и децата на оние кои некогаш живееја и од „тапкање“ билети. Оние кои како деца тонеа во сон, мајсторски воведени во Приказната за поубавото утре, денес потонати до крај, нуркаат во контејнерите... Сe`е се изматуфи. Сепак, ќе да е – дека не е се ни до дупките во џебовите. Има нешто и во зевзек-варијантите на сфаќањето на денешницава. На пример, во Македонија едноставно не бидува писател, ако по грешка е роден на асфалт! Ако не е член на роднокрајното здружение на носталгични пејачи на тажаленки по запуштените трла и амбари и расипаните разбои. Оти, ние сме земја која во творештвото на пример, доследно води сметка за „традицијата“ и во нејзино име, десетиците ептен роднокрајни, и ептен без ќеиф – скопјани, кои ни пред пушка не би можел да ги вратиш во родниот крај, распослани низ здруженијата, редакциите и кај

издавачите, со децении не дозволуваа(т) да се излезе од под тешката јамболија на „традицијата“, одгледувајќи ја посветено и со жар само вршник-поезијата&прозата... А освен ваквото, искривоколчено сфаќање на традицијата и на корените, односот кон она што ни го оставале дедовците, главно ни е за подбишега. Или, за солзи леење. Ама, можеби е тоа предмет за поинаква приказна... Оваа, која ја почнав со немањето желба да се сочува и памети вредното, ќе ја продолжам со забаталените... Рукиновинарите во градските редакции, под пресија на дрилот во филтер -рубриката за почетници, не толку одамна, ама пред сезнајната Мрежа, барем се обидуваа да изненадат со по некоја прикаска, малку поширока од стеснетиот формат на наметнатиот од уредниците здодевен скопски шаблон – цените на производите на зелените пазари, гејзерите од затнатата атмосферска канализација и непостоењето на јавни тоалети... Па, така, поширокото ни граѓанство дознавало за интересни маалски детаљи, кои турнати настрана од вртлозите на секојдневието, едвај чекале некој да ги зебележи и да ги опише. Како приказните за фрлените бисти, во разни периоди, на пример, кои најдобро зборуваат за нашиот однос и за живеачката од денес за утре... Приказните за знајните и незнајни јунаци, секој на своето време, кои цврсти како камен или бронза, ама сепак забаталени, чекаа(т) некој од арамиите - во паузите меѓу две кражби на капаци од шахтите - да им обрне троа внимание и да ги однесе во некој отпад или во самоделска топилница. Некогашните херои кои тркалото на времето, и актуелниве вунени времиња ги претвориле во лузери (чии имиња стануваат популарни за момент, единствено ако на улиците именувани по нив, се случи тешка сообраќајка, вооружен грабеж или ако избие афера со некоја дебела проневера со политичка опачина...), опоменуваат дека сe` е минливо, и дека, за жал, кај нас вредносните критериуми се менуваат безмалу како заглупувачките копи-пејст песнички на топ-листите. И, иако и буквално фрлени на буниште и забаталени на буништето на историјата, сепак, стојат простум, како што ги излеал непознатиот уметник со тогашна функција „работник во културата“, и гордо крај контејнерите, немо ги обвинуваат новите генерации затоа што во име на новосоздадената на јуриш - ѓоа-историја, на скрпеното, пазл - минато од пред дваесет векови, ги избришаа спомените и на вистинските случувања. А ние, немтурите кои поминувавме крај нив, забаталените, како што неодамна цинично ми порача една другарка, низ нечиј цитат: „Направивме сe`, следните поколенија да нe` спомнуваат не само нас, туку и нашите фамилии“!

белешки на случајниот минувач

ПРИКАЗНА ЗА ПОУБАВОТО ВЧЕРА

11 LIFE М А Р Т

¢ Синиша Станковиќ


ОДБЛИСКУ СО ЉУБОЈНА

ЉУБОПИТНОСТА НИ ДАВА ПРОСТОР ЗА ДЕЛУВАЊЕ

12 LIFE М А Р Т

¢ Александар Гавровски

Кире Галевски

ЉУБОЈНА Е СОСТАВ КОЈ НА АВТЕНТИЧЕН НАЧИН ЈА ТРЕТИРА МУЗИКАТА. ЗАД СЕБЕ ИМААТ ТРИ АЛБУМСКИ ИЗДАНИЈА, ЕДЕН КУП ДРУГИ ПРОЕКТИ И ВЕЌЕ ЈАСНО ИЗГРАДЕН МУЗИЧКИ СТИЛ. НИВНИОТ АВТЕНТИЧЕН ПРИСТАП ДЕФИНИТИВНО ГИ СМЕСТУВА ВО РАНГОТ НА НАЈИНТЕРЕСНИТЕ ДОМАШНИ МУЗИЧКИ ПРОИЗВОДИ. НИВНИОТ ПОСЛЕДЕН АЛБУМ, „ПЕСНА ЗА МОЈАТА ПЕСНА“ Е РАБОТЕН НА ПОЕЗИЈАТА НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ И ПРЕТСТАВУВА ЕДНА УНИКАТНА ВИЗИЈА ЗА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА МУЗИКА. ИМАВМЕ ЧЕСТ И ЗАДОВОЛСТВО ДА ПОРАЗГОВАРАМЕ СО ОЛИВЕР ЈОСИФОВСКИ - ИДЕЈНИОТ ТВОРЕЦ НА ЉУБОЈНА И ЗАШТИТНИОТ ЗНАК НА БЕНДОТВОКАЛИСТКАТА ВЕРА МИЛОШЕВСКА


13

LIFE М А Р Т


life п о р т р е т

Што би им препорачале на нашите читатели кои како подарок ќе го добијат најновото ЦД од Љубојна во следниот априлски број? Оливер: Концертниот материјал е отсвирен пред една година, тој е првиот поголем концерт, одржан во Универзалната сала во април минатата година. Музика којашто долго време ја работиме со Љубојна, некаков апгрејд на тоа што се вика традиционална музика. На овој концерт нашата музика е во малку порокенрол верзија, различно е од студискиот материјал. Има и некои екстра нумери. На слушателите би им препорачале да уживаат во тоа што ние го правиме како Љубојна, да ги чујат тие промени коишто одат во една насока која групата ја има почнато пред 10 години, а тоа е константно надоградување. Таа музика што ние ја правиме триумфира со тој концерт. Материјалот што е на албумот е вежбан материјал, исчистен, прочистен... Се снима внимателно. На настапите во живо постои една жестина... Влегуваме со идеологијата дека тоа треба да се отсвири жестоко на сцената...

14 LIFE М А Р Т

Би можело да се каже дека единственото нешто што недостигаше на минатиот албум „Песна за мојата песна“ – жестината, го добиваме на оваа концертна снимка. Оливер: Фантастично, тоа е комплимент. Ние сакавме да направиме еден "чист" материјал, па малку и со страв одевме кон следниот исчекор. Долго време доде-

ка го подготвуваме и додека вежбаме истражуваме, експериментираме. Пред да го снимиме материјалот дојдовме до заклучок дека тоа треба така да биде како што е на албумот. Со многуте живи настапи жестината природно доаѓа и се стига во следната фаза што многу ми е драго дека ја увидовте. По овој концертен материјал, што ново можеме да очекуваме од Љубојна? Оливер: Ќе се задржиме на тоа што ние го правиме годинава, тоа што овие десет години сакаме да ги одбележиме на својствен начин за тоа како ние ги доживуваме работите. Прво затоа го издаваме ова цеде како жив материјал. Планираме и уште едно концертно издание. Имаме потреба да ги одбележиме нашите десет години постоење. Потребата доаѓа од фактот што дома имаме многу музика како снимен материјал, најразлична музика: амбиентален материјал, друг жив настап којшто е само со компјутери... Годинава сакавме сите тие снимки да ги исчистиме од нас и да ги споделиме со македонската публика. Потоа ќе почнеме со нешто ново, пак ќе биде некое концептуално исчекорување но затоа - потоа. Има рифови, има материјал на којшто се работи, на којшто се размислува... До крајот на годината би требало и да триумфираме со студиски албум, и тоа што ќе значи Љубојна понатаму - времето ќе покаже. Природно се наметнува прашањето, по третиот албум: каде понатаму.

Кажете ми ги искуствата од вашите настапи во живо. Ги има сe` повеќе... Верче: Треба да се познава како размислува публиката. Факт е дека публиката од различни места има различен музички вкус. Тенденциите за тоа што е популарно во моментот се различни. Мислам дека е најважно да ја имаш вистинската енергија на сцената. Тоа не е баш лесно да се постигне. А вистинската енергија се добива кога се има идеална комуникација со публиката. Тоа е еден вид разговор. Постојат артисти што сум ги гледала, чија музика не ми се допаднала меѓутоа настапиле со вистинската енергија и ме освоиле. Се разбира дека е важна и музиката, ама мислам дека енергијата со која некој настапува е на прво место. Затоа мислам и дека ја забележавте жестината на нашиот настап во живо во однос на студискиот материјал. Тука има многу изненадувања и не зависи сe` само од изведувачот, зависи и од публиката. Најголемата одговорност ја носи оној што прв нешто кажува, во случајов изведувачот, а потоа публиката којашто одговара на тоа. Не секоја публика одговара. Има публика којашто не знае како да одговори, збунета е, па ја добиваш од вториот обид, па сега ти си изненаден. Ме фасцинира односот изведувач - публика. Наидувате ли на одобрување на вашата работа? Задоволни ли сте од постигнатото? Оливер: Подолго време размислуваме за традиционалната музика, и многу долго


Каде што има спротиставеност на вокал со бенд. Тоа го нема во нашата традиционална музика. Пејачот се води по различен принцип... Верче: Тоа е некој наш предлог за некој нов израз. Нешто што ние го предлагаме... Оливер: Референца на нешто што сме го слушнале во различни периоди, дали тоа било Боуви или нешто друго.... На пример, ние бевме фасцинирани по концертот на The Roots. Настапите во живо нудат простор за експериментирање и изненадување. Во некои делови имаме дефинирано дека имаме соло но не и дефинирано кој ќе го свири. Како нe` носи атмосферата така се одвива и концертот. Јасно ни е дека и на ова ќе му дојде крајот. Некогаш е многу долго, некогаш медитативно... Таму каде што сме настапиле и

Многу контрасти во вашто творештво. Почнувајќи од името на бендот, преку музиката од последниот албум на пример. Современа музика направена врз современа поезија која на прво слушање звучи поинаку... Оливер: Првата асоцијација е тоа дека слушаш „кавер" на народна песна, можеби. Но види ја црнечката традиционална музика. Таа е присутна и ден денес во речиси сите понови стилови. Од тоа што читам, јас сум џез- музичар, да се разбереме - тоа ништо не значи, кога џез музиката се појавила во САД луѓето биле многу возбудени. Се прашувале каква е сега оваа музика којашто се свири со толку многу страст? Од каде доаѓа тоа? Таа музика ја свиреле црните луѓе, но била експресно прифатена од сите. Сето тоа

многу брзо се развило. Од друга страна, бев во Истанбул, таму работев музика за претстава, поминав многу време таму. Таму веќе многу банално се прифаќа една музика којашто се вика балканска. Тоа за мене беше мошне поразително. Доаѓаат луѓе од разни места да ја изучуваат таа музика, луѓе од Франција, на пример. Кога ќе се качат на сцената звучат како... Нашиот најлош свадбарски бенд звучи подобро од нив. Толку многу лошо пресликување на дадена култура... Но мислам дека тоа е и производ на времето во кое живееме. Секој којшто живее во Македонија не е задолжен да свири македонска музика. Сега може некој од другата страна на планетата, да речеме Јапонец да се занимава со македонска музика. Како што не е чудно Македонец да се занимава со јапонска музика. Но производот често е поразителен. Да се запраша човек: дали е ова тоа? Па ова е лошо! А таму има сериозна организација и простор за таа музика да исплива... Смешно е. Но, тоа покажува дека сега секој може да истражува, секој може да буричка по интернет и да најде традиционални песни од кој било крај на светот и да прави свои верзии на истите. Тоа што ние го правиме е сосема различно. Ние сакаме на нашата музика да и ` додаме некоја живост, да биде како риф, да биде како четири такта панк! Тоа би сакале да излезе на површина. Не сме први во ова се разбира. Мислам дека тој е принципот по кој се воделе и Мизар на пример. И многу други групи. И тоа е навистина ин-

life п о р т р е т

нe` познаваат, не прашуваат што има ново и што ќе се случува понатаму. Важно ни е да видиме што ќе се случи оваа година со останатата музика, сите тие амбиентални концерти кои што ги споменав. Имаме еден проект којшто е дуо, пијано и вокал, кој припаѓа во жанрот на класична музика. Се надевам дека градиме една кула од тоа што би сакале да го викаме музика од Македонија која комуницира со современиот човек кој живее во Македонија. Тоа не е само музика од нашите предци: гајди, тамбури... Секако дека таа музика доаѓа од некаде... Љубојна твори музика за современиот човек, градски човек кој што вози „точак“ или скирол... Или барем се обидуваме да го постигнеме тоа.

15 LIFE М А Р Т

време на луѓето тоа им изгледаше банално: ние седнати во некоја просторија со инструментите во раце се обидуваме да дојдеме до некој звук. Долго време го живеевме тоа на помали концерти. За да бидеш успешен во нешто треба нон-стоп да го верглаш истото. Ние многу често го менуваме начинот на којшто се изразуваме, па доаѓа до забуни од типот: ама вие минатиот пат друго свиревте. Да, викаме ние, сега во моментов не` интересира ова. Мислата цело време ни тече различно. Така поминаа цели десет години. Во бавно но константно менување на изразот. Веќе разговараме за поуниверзалните проблеми во една група, една рокенрол група.


life п о р т р е т

тересно и интелигентно. Но тоа е направено по друг рецепт, ние не би сакале да копираме никого. Затоа и толку многу време помина во истражување, во седење во домашна атмосфера и пробување да се свири нешто. Кое вашето мислење за домашната музичка сцена? Верче: Во последно време јас и немам некое чувство дека постои здрава македонска сцена. Реално медиумите напаѓаат со не македонски артисти. Да ги тргнеме на страна малите медиуми кои имаат свој став (Канал 103, на пример). Се работи за една голема кампања која сакајќи или несакајќи од евтина пропаганда преминува во стратегија. Или намерно една музикална нација е доведена до пропаст или сето тоа е само комбинација од незнаење и невнимание. И тоа е голем проблем. Музиката не може да живее во просториите каде што се создава. Има многу домашни бендови што имаат што да кажат. Има толку многу различни бои во македонската музичка сцена. Медиумскиот простор што овие музичари го добиваат е смешен. Алармантно е да имаме само неколку големи концерти на домашни изведувачи за една година! Ова не е време на политичка, ова е време на сеопшта криза. Би рекла дека има многу различна музика и различни пристапи кон правење на истата. Мене ми недостига истражување во музичкиот јазик, јас музиката ја сфаќам како мисла. Не можам да ја сфатам чисто како говорно подрачје. Ми недостига истражување во македонски-

Во следниот број на LIFE магазин подарок ЦД ЉУБОЈНА во живо од Универзална сала Скопје

16 LIFE М А Р Т

Поддржано од:

от музички јазик како современ израз. Не мислам дека Македонија го познава својот барокен период, својот класицизам, својот среден век, романтизам и преродбенички период. Македонија не постоела изолирана од светот. Тука постојат и тоа како интересни влијанија. Секакви влијанија од целиот свет во различни временски периоди. Нашиот барок не се совпаѓа со светскиот, се совпаѓа со барокот на Отоманската империја. Тој е пребогат со бои и со орнаменти... Пандан на светскиот барок но со поинаква елеганција... Тоа е јазик, не се зборувал само во едно подрачје, само во едно село. Тоа е јазик на различни тенденции. Кога ќе кажеме градска тенденција тоа е една урбана тенденција како на пример денеска Скопје. Кога ќе кажеме селска тенденција тоа значи едно село, значи една изолирана заедница... Како племе. Сосема нов дијалект на јазикот. Обиди се да разбереш што зборуваат и што пеат во некое струмичко село! Истото се случува и со музичката мисла. Современата македонска поезија е невидено развиена. Таму мислата е отидена многу напред, а музичката мисла е закоравена. Ја нема! Не е пандан на говорниот јазикот а не е ни пандан на овој човек. Оливер: Последен албум на којшто сме израдувале беше албумот на Верка - „Моторни песни". Нашата љубопитност ни дава голем простор на делување. Недостига уште повеќе истражување на сите музичари. Ме радува кога ќе слушнам како се пее песна на македонски јазик. Се имам израдувано и на ПМГ Колектив, и на Бернајс пропаганда. Ме нерви-

ра кога Екс Ју бендови прават концерти тука. Дивље јагоде или Ѓорѓе Балашевиќ. Постојат медиуми, радија каде што не се пушта македонска музика. Таа таму е табу тема! Ти недостига ли можеби работата со Фолтин? Оливер: Идејата за тој бенд тргна од Бране и од мене. Тој израз го направивме по дома, со многу време за правење разни луди нешта. Во Битола се има време за вакви работи... Тоа што следеше беше Фолтин како идеја. После некое време јас малку се заситив од тоа што беше тогаш и тоа е дел од патот. Добив страшна потреба да излезам од тоа и да видам како од страна изгледа, а и да пробам да правам нешто друго. Не велам дека и на ова нема да му дојде крај, ако сме сите заситени сигурно ќе прекинеме, ќе го направиме во некоја друга форма. Тоа го очекувам од сите музичари со коишто свириме во моментов заедно, а и од сите останати. Правејќи музика мислам дека во еден момент доаѓаш до еден плафон, и потоа мора да се отиде во друга насока и да се прави нешто друго што е поинспиративно. Кога излегов од Фолтин немаше никаква причина, јас имав потреба да правам нешто друго и тоа беше посилно од мене... Има различни луѓе со коишто во различни периоди сме пробувале различни работи, по природен тек, без некакви тенденции, веројатно го бараш идеалниот состав со кој најлесно се разбираш. Сите ние сме пријатели кои ја сакаат музиката. И тоа е прекрасно. ¿


17 LIFE М А Р Т 17

life п о р т р е т

Ф ер и д Му х иќ


life т е м а

ТРАДИЦИОНАЛНА КУЛТУРА НА ОБЛЕКУВАЊЕ

18

LIFE М А Р Т

ога се зборува за традиционалната култура на облекување во Македонија, најпрво К мора да се земе фактот дека Македонија лежи во централниот дел на Балканот. Поради тоа тука се препознаваат неколку стилови на облекување добиени од различни периоди и влијанија како што се старобалкански, старословенски, византиски и турскоориентален стил на облекување. Во Македонија има пет етнографски целини, Горновардарска, Средновардарска, ДебарскоРеканска, Брсјачка и Шопско – Брегалничка. Сите тие етнографски целини имаат свои карактеристики во облекувањето. Според етнологот Владимир Јаневски, кој важи за еден од најдобрите познавачи на традиционалната култура на облекување, познати се 40 типови носии кои во секој етнички предел имаат своја карактеристика. За Горновардарската етнографска целина карактеристични се везовите на кошулите од црна волна. Невестинската кошула е украсена со везови на ракавите од дланката до рамото, како и во долниот дел на кошулата над колената, со широки големи везови. Како горна облека се носело „ќурдија“, а половината се препашувала со голем орнаментиран појас. Во Дебарско - Реканската етнографска целина најглавна карактеристика се кошулата со кинати везови, појаси со големи реси и горна облека „клашник“. „Во Мијачко дебарската етнографската целина карактеристично е жените да носат везени кошули од рамото до дланката. Техниката на везење „кинатица“ е во долниот дел од кошулата. Како горна облека тука се сретнува клашеник кој се препашува со појас со големи реси на крајните делови. Карактеристично за мијачкото покривање на главата е жените да носат платнена покривка врз главата - „сокај“ и „дарпна“ - вели Владимир. Во Брсјачаката етнографската целина, кошулите се со везови во долниот дел познати како „околно“ и горна облека од типот „клашеник“. Типично за препашувањето кај брсјачките жени е појас во вид на врвка. „Во 19-тиот век жените овде се препашувале со неколку такви појаси еден врз друг со што визуелно доловувале дека тоа се бремени жени, за да се заштитат од натрапници кои во тој период бремените жени ги сметале за свети“ - вели Владимир. За Средновардарската етнографска целина

карактеристични се турско ориенталните стилови. Кошулата е од пругасто платно. Горните облеки од типот на елек или антерија се исто така од пругести ткаенини. Во Шопско - Брегалничката етнографска целина карактеристика е да се носат црни платнени облеки „саи“. Половината се препашува со појас предиплен еден врз друг и врз него да се става скутина односно бовча. ИСТОЧНА И ЗАПАДНА КУЛТУРА Македонија од 19 -тиот до 20 век била поделена на два дела по течението на реката Вардар источен и западен дел. Реката Вардар во турскиот период претставувала бариера каде што се создале две култури, источна и западна култура. „Овде ако се следи материјалната култура ќе може да се забележи дека во Западна Македонија има многу поразвиена култура на облекување, додека во источниот дел, културата на облекување и на везење е многу поедноставна. Во Источниот дел покарактеристични се турско ориенталните стилови, бидејќи голем дел од турското население како што се Јуруците и Коџалиите биле доселувани на тој простор“, вели Владимир. Кај мажите се забележуваат три типа на облекување, западен, источен и полски тип. Во западниот дел, машката носија била направена од бел клашнен материјал украсен со црни гајтански апликации. Во источниот дел истата таа облека била направена од темна клашна со црни гајтански апликации. Во полско - низински предели како што се котлините, Долни Полог, Горни Полог, Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Прилепско - битолско поле и предели од Овчеполието се создал полски тип на носија со бела платнена кошула, бели платнени гаќи, а половината се опашувала само со појас. „Се претпоставува дека тоа е остаток од словенското влијание, кое често во записите се опишува дека тие носеле бели платнени гаќи, бели кошули и не оделе препашани“ - вели Владимир. ГРАДСКА КУЛТУРА НА ОБЛЕКУВАЊЕ Во 19 век, со развитокот на градот се развива и градската култура на облекување. Тогаш се создаваат големите градски центри како што се Скопје, Битола, Тетово, Велес, Кратово. Во 19 век позната е култура на облекување по типот „а ла турка“. „Тоа значи дека луѓето во градовите се облекувале по турски начин,

жените носеле многу свила, чинијани, везени облеки со срма, кои биле карактеристични за терзиите, односно за градската фела“ - вели Владимир. Од 20 век кога почнува засилено да работи националната свест, односно по Илинденското востание, таа градска култура од типот „а ла турка“ се отфрла и на нејзино место доаѓа култура на облекување од Западот, односно „а ла франка“ по француски тип, која добива нов карактер. „Многу битно е дека тој карактер што доаѓа од Европа, сепак се оформува на овој простор и оттука можеме да забележиме дека „а ла франка“ не е во целост „а ла франка“ која се среќавала во европските градови, туку на некој начин се мешаат двата стила, „а ла турка“ и „а ла франка“. Остануваат некои од горните облеки како што e минтанот, но веќе во една нова ситуација, во градско облекување“ - вели Владимир. Градската машка облека исто како и женската се карактеризира со срмени облеки, од клашна или од чоја. Во долниот дел облекувале бечви, но не со црни гајтански апликации, туку со срмени гајтански апликации. Често облеките биле носени од Медитеранот, па поради тоа појасот е свилен и се препашувал


околу половината, што е карактеристично за тој медитерански - градски начин на облекување. На крајот на 19 век главата се покривала со црвениот плиток фес, додека постар начин на покривање на главата кај мажите било со долга платнена крпа. „Под долгата платнена крпа што е битна карактеристика за нас Македонците е дека мажите носеле спацифична фризура која се нарекувала „перчин“. Во горниот дел од главата, косата ја оставале да расте долга до половината, додека над ушите и во долниот дел ја бричеле кратко и така заплетена косата ја нарекувале перчин. Врз главата ставале плитка капа, околу капата ја намотувале платнената крпа, а заедно со платнената крпа го намотувале и перчинот, така што воопшто не се гледало дека тие носат долга коса. Во моите теренски истражувања можеби во 50-тите години за последен пат во Скопска Блатија во селото Усје според моите информации, најден е маж кој до последно носел таков перчин. Неговата снаа ми кажа дека кога свекор и` починал му го извадиле перчинот и тогаш сфатиле дека тој имал долга коса“ - раскажува Владимир. ¿

празници, според многумина веднаш по Божиќ и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте големи зимски празници како што се Бадник, Божиќ, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарова сабота, Велигден, Ѓурѓовден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение - Велигден. На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името Проштени Поклади), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот, обичаите за очистувањето од болви и други штетници. Очигледно е дека некои обичаи како проштевањето имаат христијанска основа, додека други се поврзани со паганските пролетни празнувања. Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни Поклади зашто на тој ден се запокладува (запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни Поклади до Прочка се вика Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи, a некои ја викаат и Бела недела. Според преданието, на некој што умрел во текот на овие денови во забите му нашле месо и тоа го сметале причина за смртта. Оттогаш останало строго да се внимава во текот на Сирната недела да не се јаде месо. Од Сирни Поклади што се совпаѓа со Прочка, не се јадат млечни производи и започнуваат големите долги седум недели велигденски пости, што траат до Велигден.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и` погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови, бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини и соседи. Откако три пати ќе се поклони, помладиот му вели на постариот: „Прости ми! На што следи одговор „Простено да ти е од мене и од Господа“, а во некои делови на Македонија се вели само „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва и затоа во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. Во населените места, посебен впечаток во вечерните часови на овој ден, остава раздвиженоста на населението кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени на чешмата се проштевале со по некој бакнеж зашто за време на Велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев. Понеделникот по Прочка се вика Чист понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите како огнови, гатања, карневали се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

LIFE М А Р Т

разникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени П Поклади спаѓа во најголемите христијански

19

Велики Поклади - Прочка

life т е м а

ОБИЧАИ


life т е м а

Васко Марковски

НАЈСТАРАТА КУЌА ВО СКОПЈЕ

20

LIFE М А Р Т

пкружена со објекти што биле изградени по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, многу О е веројатно и никогаш да не сте ја забележале таква каква што е. Куќа во која некогаш израснале шест генерации скопјани, дом на скопското семејство Јовановиќ, подигната пред безмалку 200 години, во далечната 1836. Од помош би можело да ви биде ако патот ве однел во ресторанот кој денес е сместен во неа – „Стара градска куќа“, барајќи место што ќе ве пречека со вкусовите на јадењата што некогаш се приготвувале во Македонија - во куќата, во маалото, во градот и селата, кога била полна со живот. Куќата, обновената соборна црква на скопјани, „Света Богородица“, и дел од куќите во препознатливата Адвокатска уличка, се последните траги од некогашното Пајко маало, некогашното маало на трговците и Митрополијата. Изградена во 1836, се смета за најстарата градска куќа во Македонија што се употребува и денес - национално богатство, жив примерок на автентична македонска куќа, куќа-музеј. Поради автентичната архитектура, во 1996 година била прогласена за „Споменик на културата на град Скопје“ - заштитена како национално богатство. Куќата е изградена од дрво и од камен, со богато декорирани простории, со оригинални резбани тавани и е редок примерок на куќа од 19 век. Изградена е во народен стил, како лесна конструкција од дрвен скелет со полнетица од плитар, поставени врз масивни ѕидови од камен. Животот во неа си течел низ трите нивоа на затворениот дел на куќата и во отворениот простор во дворот. Распоредот на одаите на двете главни нивоа е ист, а варијациите се случуваат во просториите за поврзување во вид на трем на приземјето, застаклен атрактивен чардак со платформа на катот и отворен чардак, исто така на катот. Внатрешноста е впечатлива. Одаите се светли и пространи, опремени со вградени плакари - долапи, миндери и софи, со малку подвижен мебел, богато декорирани тавани и многу детали во резба. Во 2000 година била целосно обновена, таква каква што била некогаш. Обновувањето е документирано со фотографии. Како изгледало некогаш, така изгледа и денес - без интервенции во конструктивниот систем, без каква и да е промена во дизајнот на просторот. Ќе уживате откривајќи го премостувањто на времето. Се' си е на своето место, во куќата на улица „Пајко маало“ број 14. Ќе уживате гледајќи ги една до друга старите и новите фотографии - како изгледала некогаш, во годините живот и годините на тишина - така изгледа и денес, по обновувањето. Различни се само - фотографската техника, некогашната и денешната намена на просторот. ¿


21 LIFE М А Р Т 21

ɋɤɨɩʁɟ Ɍ ɐ ɋɨɪɚɜɢɚ


life ф о к у с

ВЕНЕЦИСКИ КАРНЕВАЛ

¢ Силвана Жежова

KАРНЕВАЛОТ Е ВЕНЕЦИЈА! „ОНОЈ ШТО Е РЕАЛИСТ ВО ВЕНЕЦИЈА ЌЕ СТАНЕ РОМАНТИЧАР, БИДЕЈЌИ НЕМА ДА МУ СЕ ВЕРУВА ШТО ГЛЕДА ПРЕД СЕБЕ“ -АРТУР СИМОНС

22 LIFE М А Р Т

арневалот во Венеција е институција која привлекува стотици илјади луѓе од сите страни на светот, но претставува и џек-пот К за трговците среде мртва сезона. Формулата од улични спектакли, карневалски поворки, концерти и изложби се покажа како успешна со векови наназад. Во текот на февруари и март се случуваат најразлични забави иако најголемиот дел од нив се чуваат за завршувањето, односно последните денови на карневалот. Годинешниот карневал е посветен на жените и обединувањето на Италија. Целата церемонија започна на 19 февруари со голема здравица за венецијанците и туристите. Оттогаш, па до последната недела на карневалот која е од 1 до 8 март, секој викенд се случуваа интересни настани како поставување на фонтана од која се полни вино, игри на плоштадот „Св. Марко“, викенд посветен на топлата чоколада. Заедно со традицијата со маските, главно место заземаат колачите, традиција која потекнува од 18 век. Првата недела од март е главната карневалска недела кога се и најзначјаните случувања од овој традиционален настан.

СЛАВЕЊЕ НА ЖИВОТОТ Карневалот ја означува слободата, играта и добрината на луѓето. Палатите ги отвораат вратите за славење, а градот за време на карневалот оживува со бои и музика. На прашањето дали Венеција е карневалот, венецијанците ќе одговорат: „Не, карневалот е Венеција!“ Почетокот го означува традиционалниот лет на ангелите. Како и секоја година, точно на пладне од 99 метри високата црковна камбана на плоштадот „Св. Марко“, полетува млада убавица и во облак од конфети со ракоплескање на илјадници насобрани луѓе се означува почетокот на најпознатиот европски карневал. Плоштадот се претвора во ренесансна градина на чудата. Луѓето меѓусебе се поздравуваат со „добро утро г-ѓа маска“. Не постои посебен идентитет, пол или општествена класа. За граѓаните на Венеција, носењето маски е повеќе од едноставна забава - тоа е долга традиција со длабоки културни корени. Венеција била позната по своите слободи и развој, а маските не се носеле само за време на одржувањето на маскенбалот. Ставањето маски значело забрана


МАКЕДОНЦИ ПОД МАСКИ Годинава, туристичките агенции нудат бројни аранжмани за посета на Венеција за 8 март кога се и главните случувања на карневалот. Но, група Македонци, венецијанскиот карневал го доживеаја многу поинаку од едно обично туристичко патување. Пред две „Империал тобако ТКС“ ги почести своите блиски соработници од угостителскиот сектор со такво ексклузивно патување. Тридневниот ВИП аранжман се состоше од разгледување на најзначајните туристички знаменитости, посета на фабриката за изработка на мурано-стакло, посета на најпознатите угостителски објекти, како и присуство на гала-бал на кој била доловена атмосферата од 17 век. „Посетата на Венеција беше подигната на повисоко ниво од обично туристичко патување. Во соработка со МОБ, изнајмивме костуми каде сите бевме маскирани со цел да се вклопиме во таа слика на Венеција. Така облечени шетавме низ улиците и бевме дел од атмосферата низ градот. Покрај карневалските поворки по улиците има и тематски

life ф о к у с

мент кој се однесува на користењето маски во Венеција датира од 2 мај 1268 година. Од почетокот на 14 век, па наваму новите закони биле прогласувани со цел да се сопре немилосрдниот морален пад на тогашните жители на Млетачката Република. Рестриктивните карневалски закони започнале да се донесуваат од 1339 година и на маскираните им се забранувале ноќните излегувања во град. Со донесување на таа одредба која траела до 1458 година, на мажите облечени како жени им бил забранет влез во световните објекти. На сличен начин и со документи од 1603 година се настојувало да се поврати моралот кај разузданите граѓани. Пет години подоцна била издадена одредба со која се оценило дека носењето маски во текот на целата година претставува опасна закана за Републиката. За да се избегне страшната последица од ова неморално однесување, секој граѓанин, благородник и странец бил должен да носи маска само за време на карневалските денови и на службените приеми. Казните за непочитување на законот биле ригорозни, така што мажите добивале две години затвор, 18 месе-

LIFE М А Р Т

ци веслање во гондолите и парична казна. Жените ги тепале од мостот Риалото, па сe` до плоштадот „Св.Марко“ каде што ги исмејувале пред јавноста, притоа забранувајќи им влез во Венецијанската република, цели четири години. Со истата одредба било забрането и користење тапани претпладне, па дури и играње кое било резервирано само за време на карневалот. Имајќи предвид дека благородниците при коцкањето користеле маски, во 1703 година маските биле забранети и во казината. Во 1776 година е воведено правило со кое на жените им се забранува влез во театар без маски. Фестивалот започнува да го губи својот сјај и да опаѓа со падот на Венецијанската република при крајот на 18 век, за повторно да се обнови од страна на група ентузијасти и уметници во 1979-1980 година.

23

на слободата, можеле да се исмејуваат моќните луѓе, да се коцкаат, да ризикуваат во љубовта и работата. Сиромашните луѓе ги користеле за да просат на улица, а мажените дами под маски заминувале во театар. Носењето редици рестриктивни закони поврзани со маскирањето е само доказ колку била раширена оваа навика. Во 1608 година бил донесен декрет со кој на граѓаните им се забранува носење маски, освен во време на карневалот и на службените приеми. Најголемиот раскош, карневалот го доживеал во 18 век, а во осумдесеттите години на минатиот век, стариот сјај започна да се враќа. Денес го доживува новиот процут со игра, музика, парада организирана по целиот град. Популарниот збор карневал потекнува од латинскиот збор carne vale што значи „збогум месо“ односно пост од месо. Најстариот доку-


life ф о к у с

ТИПОВИ МАСКИ Маските во Венеција потекнуваат уште од античко време. За време на карневалот луѓето се облекуваат на најразлични начини. Најчести маски биле рибар, лекар, астролог, ловџија, селанка, пекар, месар или некои театарски ликови. Маските можат да бидат изработени од кожа, но денес најголемиот дел од нив се од гипс, рачно се насликани и украсени. Постојат три видови најпознати маски bauta, moretta и larva. Bauta го покрива целото лице, нема отвор за устата и е позлатена. Може да го покрива само горниот дел на лицето до образите, за да може да се разговара, јаде, пие, но со неа и понатаму се покрива идентитетот. Најраширена маска за која многумина се подготвени да потрошат и поголема сума пари. Ја носат и мажи и жени. Moretta е јајцевидна маска од црн кашмир и вел, кој жените обично го носеле при посета на светите места. Потекнува од Франција, но набрзо стана популарна и во Венеција, бидејќи ја нагласува женската убавина. Larva е позната и како „волто“ маска, главно е во бела боја и е типично венецијанска. Слично како и кај baute оној што ја носи да може да јаде, да пие, да разговара, а воедно и да ја чува анонимноста. Изработени се од восок и фина ткаенина, па затоа ги сметаат идеални за игра и кокетирање. Оние кои ги изработуваат маските се наречени „mascareri“ и имаат статус на сликари. Ним им помагаат „targheri“ кои слкаат различни лица на гипсената површина.

24 LIFE М А Р Т

случувања на одредени плоштади како перформанси, балови, миниопери. Маскираните заедно со ентериерот и дизајнот на просторот каде што се одвива настанот влеваат чувство на враќање во времето наназад. Целото доживување овозможува да се почувствува духот на минатото. Автентичноста на маските и просторот каде што се одвиваат сите главни настани ве враќаат во едно време кога Венеција била на врвот и во својот најголем процут. За време на балот ни беше овозможено да се вратиме многу години наназад. Музиката, храната, амбиентот, сe` беше на едно совршено ниво. Како ексклузивност во Венеција ни беше овозможен и влез во фабриката за производство на мурано-стакло. Видовме како се прави, ги посетивме изложбените салони. Посетивме и дел од рестораните, објектите на островите каде што оделе многу познати личности. За време на карневалските денови, одредени објекти функционираат 24 часа, и сe`

Илија Поповски, Баже Урдин, Јасна Петков- Стојановиќ, Силвија Брајовиќ, Зоран Столевски, Валентин Димески, Мире Јанев, Томислав Спиров и Гоце Урдин

е подредено на карневалот. Самите објекти се тематски дизајнирани за самиот настан, а и вработените се маскирани. Ако Казанова пиел кафе во ресторанот и таму често престојувал, тогаш на масата каде што седел ќе сретнете слики од него, ќе ја има приказната за него, па кој пијалак го пиел. Персоналот кој исто така е маскиран, подготвен е да ја раскаже приказната, да сподели информации, некоја шега, анегдота или урбана легенда. Едноставно умеат да ја продадат приказната. Има одредени ресторани во кои се одвиваат мини перформанси, така што за време на карневалот има водичи кои точно упатуваат на кое место што се случува. Присутните избираат кои настани ќе ги посетат и што сакаат да видат за тоа време. Перформансите најчесто се случуваат на мостовите, плоштадите каде има и фотосесии со главните маски кои, сепак, мислам дека се обезбедени од самиот град. По својот изглед навистина се издвојуваат од останатите, и отскокнуваат со својата специфика и убавина. Најчесто се бели кога изразот на лицето воопшто не важен, туку што сака да каже таа маска. Многу се разликуваат од оние на туристите кои, сепак се обиделе да се сплотат со целиот амбиент. Во продавниците имаше маски чии цени беа пристапни за секого, но имаше и екстремно скапи маски. Комерцијалниот туризам мора да е прифатлив за секого, но навистина имаше и специјализирани продавници во кои маските чинеа многу. Специфичните дуќани продаваат приказна, односно цената се зголемува во зависност од материјалот на маската, и од кого е изработена. Треба да се препознае комерцијалното од она што е препознатливо, типично венецијанско. Покрај класичните туристички тури, треба да се посетат и сите други специфични места во Венеција. Едно такво посебно доживување беше и посетата на еден ресторан на едно островче каде што се оди со закажување и сe` е изработено од типична венецијанска тантела, па дури и чадорите. Во Венеција беше метеж, а таму беше тивко, празно, мирно... Се обидовме на посебен начин да ја доживееме Венеција и успевме во тоа“, ни раскажа Силвија Брајовиќ, раководител на маркетинг и трејд маркетинг во „Империал тобако ТКС“. ¿


25 LIFE М А Р Т 25

life ф о к у с


пари

¢

ДЕЛОВНА КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА

ПЕТРЕ ДИМИТРОВ

Македонските бизнисмени сакаат предигра

РАБОТА КОЈА НИКАКО НЕ ТРЕБА ДА ЈА НАПРАВИТЕ КОГА ПРЕГОВАРАТЕ СО МАКЕДОНЕЦ Е ДА ГО СТАВИТЕ НА „ИГНОР“. МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИСМЕН САКА ДА СЕ ПОФАЛИ, НО И ДА ДАДЕ КОМПЛИМЕНТ, А НАЈМНОГУ САКА ДОЛГО ДА ЗБОРУВА ЗА ШТО БИЛО ПРЕД ДА “ПАДНЕ“ ЗДЕЛКАТА

В

26 LIFE М А Р Т

о Македонија досега не се направени истражувања за културолошкото однесување на бизнисмените, а стеротипите за македонските деловни луѓе и нивното традиционално однесување не можете да ги најдете ни во светските водичи на оваа тема. На интернет можат да се најдат генерални специфики кои даваат слика единствено за балканскиот бизнисмени. LIFE преку разговор со неколку експерти ќе се обиде да даде свој придонес во формирањето на сликата за деловното однесување на македонските бизнисмени.

САКА ДА СЕ НАМЕТНЕ Доколку сакате да влезете во бизнис со Македонец морате да научите внимателно да го ислушате. Најмногу ќе го навредите доколку

го игнорирате додека зборува и не сослушате колку е добар тој, колку неговата жена е убава или колку неговите деца се паметни. Оваа, според експертите од оваа област со кои разговараше LIFE, би била базата за типичниот стеротип за деловното однесување на нашиве бизнисмени. „Македонскиот бизнисмен сака да се наметне. Не прави разлика меѓу пријател и пријателско однесување. Нема проблем да ја претстави фамилијата и да ве покани дома. Доколку го одбиете ќе го смета тоа за непочитување. Она што е типично е што преговарањето со него е површно. Зад пријателското и добродушно однесување, суштината останува нечепната. Па на крај од ручекот или вечерата не ви е баш јасно што сте се договориле. Брзо склопува

бизнис-врска, а уште побрзо ја раскинува“, вели Афродита Кермичиева-Пановска, менаџер во трениниг центарот CS Global. За разлика од деловното однесување на бизнисмените од Запад, Македонецот повеќе сака да се претстави самиот тој, отколку фирмата која ја претставува. „Нашиве бизнисмени повеќе сакаат да се продадат лично тие, отколку фирмата од која доаѓаат. Водењето бизнис го сфаќаат емоционално, лично. Не сакаат откажување на состанок. Ако сте договориле термин, тој мора да се почитува. Работа која никако не треба да ја направите кога влегувате во бизнис со Македонец е да го игнорирате, по која било основа. Пред да помине на бизнис-делот сака да ви раскаже за сe, дури и за љубовницата


НЕПОТИЗАМ И НЕИНФОРМИРАНОСТ Лукреција Маљковиќ-Атанасовска од Академија за протокол, кога е во прашање културолошкото однесување на бизнисмените, државите ги дели на монохрони (бизнисориентирани, бизнисмените се прецизни, се расфрлаат со статистика, времето за нив е пари, почитуваат рокови, не воспоставуваат лични контакти кога бизнисот е склопен...) и на полихрони (обратни од претходните: релаксирани, не почитуваат време, пријателски настроени...). Македонците ги сврстува во втората група, која ја нарекува и медитеранска. „Најголемиот проблем настанува кога бизнис треба да водат бизнисмени од двете групи. Затоа е многу важно да ја познавате културата на деловно однесување и традиција на потенцијалниот партнер. Она што за нас е нормално, во друга земја може да биде непријатно. Слободниот физички контакт типичен за нас, во некоја земја може да биде протолкуван како сексуално вознемирување“, вели Маљковиќ Атанасовска. Она што е типично за македонскиот бизнисмен е што не сака да учи за другиот, а не знае многу и за себе.

БИТНИ ФАКТИ ЗА МЕНАЏМЕНТОТ ● Македонските менаџери најчесто се субјективни ● Вработените ретко добиваат тренинг, најчесто технички, пред се` во поголемите компании. Главниот менаџер смета дека знае се`, па нему тренинг и доедукација не му треба ● Тимската работа е речиси невозможна ● Почитувањето на хиерархијата е многу важно. Секој треба да си го знае местото ● Најчесто компаниите немаат кодекс на однесување и облекување

„Нашиве бизнисмени ретко се информирани за актуелни случувањa во сопствената земја, а уште помалку за случувањата за земјата на нивниот бизнис-партнер. Па така имате ситуации на отворање теми кои се непријатни за другата страна, што е недозволиво. Не може бизнисмен да не знае колку невработени има во неговата земја. Ако зделката е битна за нас, ние треба да се прилагодиме кон другите. Затоа е важно да се биде информиран“, вели Маљковиќ-Атанасовска. Според неа, многу е важен изборот на теми додека се разговара на состанок или ручек и вечера.

„Сожалувањето за некои е навреда, за некои е потребно. При отворање на теми од политика треба да се биде внимателен. Темата за платите и заработувачката се непожелни во многу култури, како и брачната состојба. Нашиве бизнисмени немаат проблем да разговараат на овие теми, но повеќето странски бизнисмени не сакаат“, вели Маљковиќ-Атанасовска. Странските бизмени кои доаѓаат во Македонија не треба да бидат изненадени од непотизмот. „Типично за македонските фирми е што тие се најчесто семејни, без разлика дали се работи за мала или голема компанија. Па така во менаџментот најчесто се луѓето од фамилјата или блиски и доверливи пријатели“, вели Маљковиќ-Атанасовска. Според неа, македонските бизнисмени треба поголемо внимание да обрнат и на деловното облекување. „Секоја боја и крој испраќа одреден сигнал. На пр. темната (црна и темно сива) зборуваат за моќ и авторитет и се користат за најважните средби. Треба да се знае кога и што да се облече. Кај нас често сме сведоци на тотални промашувања и кај мажите и кај жените“, објаснува Маљковиќ Атанасовска. ¿

пари

и за лекарот. Сака долга предигра“, вели Кермичиева-Пановска.

27 LIFE М А Р Т

РАБОТИ НА КОИ ТРЕБА ДА ВНИМАВАТЕ ● Важно е со него да отидете на ручек или вечера. Доколку добиете покана не го одбивајте, бидејќи ќе го навредите ● Кога Македонец ве кани на ручек или вечера, тој плаќа ● Доколку добиете некаков подарок, не ни помислувајте да го одбиете ● Пофлексибилен со време ● Сака здравици со чукање чаши ● Никако не смее да има вкрстување на рацете при поздравување ● Кога сакате да подарете цвеќе, внимавајте на бројот на цветовите. Тие никако не смеат да бидат непар за трагичен настан или пар за убав настан ● Топли и отворени луѓе ● Флексибилен со рокови, како и со одговарањето на мејл ● Сака да дава и да добива комплименти ● За македонската култура е типично слобода во физичкото допирање, така што нежниот удар по грб да не ве изненади. Во таа постапка нема скриени намери


TРАДИЦИЈА

Македонските народни песни, како незаобиколен дел од нашата традиција, ги отсликавме преку (пост)модерното македонско девојче, пеачката Елена Ристеска.

28 28 LIFE М А Р Т

Концепт и фотографија: Кире Галевски Стајлинг и сценографија: Илина Ангеловска Фризура и шминка: Даниел (Empire) Асистент на фотографија: Благоја Бошковски - Буцко Асистент стилиста: Прона Ристова

Корсет и пантолони - Александра Митковска - Vibrazzion, чевли - Viktor Chevignon, ракавици - Miss Sixty, накит – 4U Accessories


29 LIFE М А Р Т 29


Фустан – Emili Exclusive Design by Емили Пишева, чевли - Bruno Magli (VIA), накит – 4U Accessories


LIFE М А Р Т

Фустан – Emili Exclusive Design by Емили Пишева, накит – 4U Accessories


и колан – Miss Sixty (колекција 2011), Чевли – Gianfranco Ferre (Viktor Chevignon), Накит – 4U Accessories 32Фустан LIFE М А Р Т


Топ – Emili Exclusive Design by Емили Пишева, Фармерки - Energie, чевли – Viktor Chevignon, чанта – Gallianо (Viktor Chevignon), накит – 4U Accessories


1855, здолниште - Александра Митковска - Vibrazzion, чевли - Pura Lopez (VIA), марама - VIA, колан - Furla (VIA), накит – 4U Accessories 34ТопLIFE– Petek М А Р Т



- Александра Митковска - Vibrazzion, чевли - Viktor Chevignon , накит – 4U Accessories 36 LIFE М А Р Т 36Кошула


Топ и фармерки – Energie (колекција 2011), кошула - Александра Митковска – Vibrazzion, чевли и колан - Viktor Chevignon, чанта – Gallianо (Viktor Chevignon), ланче и очила – Mango, ракавици и накит - 4U Accessories


стил

1

2

38

LIFE М А Р Т

3

JIL SANDER Пролет-лето 2011

MARC BY MARC JACOBS есен/зима 2010-11


стил

5 6 1 » Мантил – SPRINGFIELD (4.990 ден) 2 » Пантолони - SPRINGFIELD (2.190 ден) 3 » Кошула (со кратки ракави) - SPRINGFIELD (1.790 ден) 4 » Маица - SPRINGFIELD (690 ден) 5 » Чанта - SPRINGFIELD (3.290 ден) 6» Чевли – VIKTOR CHEVIGNON (3.990 ден) 7 » Ланче - SPRINGFIELD (690 ден)

Модел: Ирена Петровиќ Стајлинг: Прона Ристова Шминка и фризура: Пепика Јованова

39

7

LIFE М А Р Т

4


стил

1

2

40

LIFE М А Р Т

3

KENZO Пролет-лето 2011


стил

4 1 » Јакна - SPRINGFIELD (3.990 ден) 2 » Пантолони - SPRINGFIELD (2.890 ден) 3 » Кошула - SPRINGFIELD (1.990 ден) 4 » Патики - SPRINGFIELD (3.390 ден) 5 » Чанта - SPRINGFIELD (2.390 ден) 6 » Капче - SPRINGFIELD (990 ден)

5

Модел: Борче Каревски Стајлинг: Прона Ристова Шминка и фризура: Пепика Јованова

41 LIFE М А Р Т

6


Слушањето музика излегува и се претвoра во дело

МАРИЈА МИЛОШЕВСКА – РАБОТИЛНИЦА ОРО

42 42 LIFE М А Р Т

Што претставува предизвик и цел во вашата работа? Најчесто ме предизвикува ‘противникот’ во мојата работа, а тоа е нормално, конкуренцијата. Денес таа е се ` поголема, па затоа се трудам да не го правам тоа што веќе е направено од нивна страна - мислам на парчиња накит. Така се издвојувам со мојата цел, а тоа е да правам што поразлични парчиња, секое да биде уникат само за себе. Кое парче накит е најтешко за дизајнирање? Па според мене ништо не е тешко да се направи, само треба големо трпение, многу време и се може да се направи, исто така треба и добра стратегија да знаеш од каде да почнеш. Досега сум имала многу предизвици кои успешно сум ги завршила токму со овие предуслови. Кој, или што претставува за вас главен извор на инспирација? Mузиката. Инспирација ми се песните на „Азра“, „Хаустор“, „Вјештице“, Дарко Рундек, „Парти Брејкерс“, „Мизар“, „Архангел“, „Психомодо Поп“, „Електрични оргазам“, „Дисциплина Кичме“. Тоа е музиката која ја слушам, а делата кои ги работам во филигран се поврзани со нивните песни, еден вид препев во дело. Додека работам задолжително слушам музика. Слушањето музика излегува и се претвора во дело. Тоа е музиката која мене ме мотивира и возбудува. Тоа не се

застарени песни, бидејќи секоја песна кога ја слушам, одново ја прераскажувам. Тоа е еден вид одново доживување на песните. За овие бендови биле пишувани книги, се правеле и филмови, но во вакво дело досега не биле направени. Во кој дел од процесот најмногу уживате? Кога сум при крај со делото, кога замислата станува опиплива идеја. Кој дизајнер на накит посебно го почитувате? Денес ги има навистина во голем број и не можам да се одлучам кого да издвојам. Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира? Антонио Гауди, Пикасо, Александар Калдер, Бранимир Џ. Штулиќ Кои се вашите планови за во иднина? Еден од плановите е да ја прошетам оваа поставка во другите градови низ Балканот, потоа да ја проширам мојата работилница за да можам уште повеќе да ја полнам со нови моменти, нови техники, нови занаети, алатки.


LIFE М А Р Т

Мишо Хрњак - Балкан

43

Рамбо Амадеус - Бетон

креативци

Под името „Оророк – Ладна жица топи жежок ритам“ во КИЦ од 31 март до 12 април ќе биде отворена изложба на накит и инсталации изработени од филигран, излезени од работилницата „Оро“ на Марија Милошевска. На изложбата ќе бидат прикажани триесетина дела, обетки, белезици, прстени, ѓердани, маски и сувенири директно инспирирани од екс ЈУ-рок музиката. Нивната намена ќе биде отсликана преку фотографии на познатите музички имиња Дарко Рундек, Рамбо Амадеус, и на дел од бендот „Поздрав Азри“ и „Парти Брејкерс“. „Тоа ќе биде прва самостојна авторска филигранска изложба од еден автор кој работи модерен дизајн. Првичната замисла на овој проект беше песната да аосцира на делото кое го работам. Дојдов до идеја некои од бендовите да се сликаат со мое дело. Бев на некои концерти во Загреб, Белград и кај нас, кои се погодија во вистински момент. Зад сцената ги прашав дел од музичарите дали би сакале да се сликаат со мои дела. Прифатија без задршка што ми даде дополнителна поддршка во ова што го работам. Со старата техника на изработка на филигран да се направи нов дизајн, а песните да се промовираат во некакво друго издание. Идејата е концептот да биде позитивен и весел, бидејќи и песните кои ги прикажувам преку делата се позитивни и моќни“ - вели Марија, која пет години се занимава со филигранство


професии

ДОКТОР ЗЛАТЕ СТОЈАНОСКИ, МАГИСТЕР НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ, СУПСПЕЦИЈАЛИСТ ХЕМАТОЛОГ, УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА

Леукемијата се лекува

ЗДРАВИОТ ЧОВЕК ИМА ИЛЈАДА ЖЕЛБИ, А БОЛНИОТ САМО ЕДНА- ДА ОЗДРАВИ, ВЕЛИ ЕДНА ПОГОВОРКА. ХЕМАТОЛОГОТ ЗЛАТКО СТОЈАНОСКИ ВЕЌЕ 15 ГОДИНИ СЕ БОРИ ЗА ЖЕЛБАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ БОЛНИ ОД МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ДА СТАНЕ РЕАЛНОСТ

44 LIFE М А Р Т

октор Злате Стојаноски кој е вљубен во медицината и од неа е „заразен“ уште Д од мал, потекнува од лекарско семејство. На Клиниката за хематологија каде што работи, доаѓаат луѓе болни од најтешки болести, од кои некои завршуваат фатално. Тој секојдневно се соочува со леукемијата –болест кај која рапидно се зголемува бројот на заболени во последниве години. Има многубројни теории што ја предизвикува оваа болест, бидејќи таа е мултифакторска. Хромозомските абнормалности, јонизирачкото зрачење, хемикалиите, генетските фактори и вирусите, даваат различни теории кои имаат своја поткрепа, но и свои противаргументи. Неконтролираното користење на јонизирачкото зрачење може да доведе до малигни заболувања. „По

фрлањето на атомската бомба врз Хирошима и Нагасаки, таму настана „епидемија“ на леукемии со што индиректно се докажа дека јонизирачкото зрачење има голема улога во настанокот на различните видови леукемии. Во балканскиот регион, и кај нас, бомбардирањата на Косово беа пресвртница во порастот на акутни леукемии, кога бројот на дијагностицирани се зголеми за околу 100 отсто“, вели Злате. До пред десетина години во Македонија имало околу 200 новодијагностицирани пациенти со малигни хематолошки болести годишно, а денес оваа бројка е речиси двојно поголема. Соочувањето со дијагнозата и самата болест е веројатно најтешкиот момент за секој болен. Но и за самиот лекар кој е пред сe` човек, соопштувањето на лошите вести не оди лесно.

Доктор Злате вели дека и покрај долгогодишното работење, никогаш не е рамнодушен кога на пациентот му ја кажува дијагнозата особено кога се работи за терминална фаза на болеста. Клиниките треба да имаат посебен профил медицински психолози кои би им помагале на пациентите полесно да ја надминат психичката состојба, но Злате вели дека секој пациент е приказна и лекција за себе. Лекарот е оној со кој болниот ќе ги сподели своите маки бидејќи тој поминува најмногу време со пациентот. ЛЕКОТ Е ТРАНСПЛАНТАЦИЈА Минатата година, хематолозите во светот ја одбележаа 50-годишнината од првата трансплантација на коскена срцевина, а кај нас се обележа јубилеј 30 години од


професии ремисија (фаза-без болест) ваделе негова срцевина и потоа ја аплицирале (автологна трансплантација.) Трансплантацијата порано била користена само кај терминално болните, кај кои немало друга надеж, но уфрлувањето на трансплантацијата многу порано во тераписките протоколи ја направи рутинска метода која си го доби вистинското место во третманот на овие пациенти. „Со усовршувањето на системот за клеточна сепарација, матичните клетки почнавме да ги одвојуваме од периферната крв, со процедура која трае четири часа. Процедурата е слична на хемодијализата во која што се вадат матичните клетки, а потоа со системот на контролирано замрзнување, се чуваат на температура од – 192 Целзиусови степени“, вели Стојаноски. Теоретски ваквите клетки можат да се чуваат бесконечно долго но трансплантација со најдолго чувани замрзнати клетки е направена по 15 години од замрзнувањето. Овој тип трансплантација има повеќе предности, во однос на класичната трансплантација од коскена срцевина. Побрзо е прифаќањето на графтот, тој почнува со функција многу побрзо, со што се намалува ризикот од

компликации и се намалува времетраењето на хоспитализацијата. Зголемен е и трендот на употреба на матични клетки од папочната врвца. Д-р Злате објаснува дека овие матични клетки се многу потентни, а нивната концентрација е многу висока што е одлично за да се направи трансплантација. Позитивно е и што несаканите компликации кои ги има во коскената срцевина или периферната крв се минимизирани во овој случај и поради тоа им се препорачува на мајките да ја остават крвта од постелката. „Трансплантологијата како наука се развива со огромна брзина, истражувањата на ова поле претставува највозбудливиот дел од науката денес. Употребата на ембрионалните матични клетки во клиничката практика ја разбранува и научната и општата јавност. Овој тип клетки веќе се користат во терапијата на болести кои досега беа неизлечиви. Тоа е дел од таканаречената регенеративна медицина. Можеме да ги користиме кај луѓе кои настрадале во различни инциденти, кај кои што ’рбетниот мозок е оштетен, по што останале на пример парализирани, кај пациенти со Паркинсонова болест, мултиплекс склероза,

45 LIFE М А Р Т

формирање на Клиниката за хематологија и 10-годишнина од изведување на првата трансплантација. Во овој период успешно се третирани повеќе од 200 пациенти. Злате е дел од одделот за трансплантација веќе десет години, од моментот на неговото отворање на Клиниката за хематологија. „Воведувањето на трансплантација поттикна огромен ентузијазам кај луѓето кои што работат со ваква патологија, бидејќи луѓето кои што беа осудени на смрт, денес се лекуваат. Нема поголема сатисфакција за лекарот, еден човек кој сигурно би бил мртов, да го излекувате, да заврши факултет, да дочека внуци или да доживее други радости во животот. Втората пациентка третирана во нашиот центар со автологна трансплантација на матични клетки, заради акутна миелобластна леукемија е денес жива и здрава, 10 години од извршената интервенција“, вели д-р Стојаноски. За „Life“ раскажува дека во почетокот, трансплантациите ги вршеле само од коскена срцевина, со тоа што пациентите биле сместувани во операциона сала, и ваделе коскена срцевина од донор (алогена трансплантација) којашто се аплицирала кај пациентот, или ако пациентот е во фаза на


ДА НЕ БЕВ ЛЕКАР МОЖЕБИ ЌЕ БЕВ НОВИНАР

46 LIFE М А Р Т

Со ваква стресна работа мора да имаш некава релаксација. Јас сум семеен човек, посветен на семејството, а мојата сопруга е колешка, специјалист ревматолог. Имам ќерка и син кој почнува да оди по моите стапки. Најголемата преокупација и среќа во слободното време ми претставуваат децата. Повторно кога би требало да решам со што ќе се занимавам во животот, повторно би се одлучил да го работам ова без оглед на условите во кои би работел. Но да не бев хематолог, можеби ќе бев новинар. Литературата ме привлекувала отсекогаш. Добитник сум на награда за литература „13-ти Ноември“. Како и многу други колеги од мојата фела свирам и на повеќе инструменти, клавир, хармоника, гитара и тоа ме релаксира, како и миговите поминати со моите пријатели со кои вртиме по некоја партија баскет.

а во иднина кај шеќерна болест и слични болести за кои до неодамна се мислеше дека се неизлечиви“, раскажува доктор Златко. Тој додава дека хематологијата отсекогаш била авангарда во медицината, така на пример лекот „гливек“ кој денеска се употребува за директно делување врз онкогенот кој ја предизвикува хроничната миалоидна леукемија, е револуционерно откритие, бидејќи делува целно директно на генот што ја предизвикува болеста. Злате вели дека резултатите се фрапантни, за држење на болеста под контрола, но дека, сепак трансплантацијата е единствената процедура со кој пациентот може да биде целосно излекуван. „Во моментов на Клиниката работи лабораторија за молекуларна медицина, флоуцитометрија, работи врвна дијагностичка екипа, на трансплантацијата работи тим кој што е едуциран секаде низ Европа и поседува докажан квалитет којшто е на еднакво рамниште со кој било европски центар“, вели доктор Стојаноски. Практично сите пациенти на кои им е потребна трансплантација го прават тоа кај нас, а во план е и воведување на трансплантација кај болни кои немаат соодветен фамилијарен идентичен дарител (брат или сестра) па се принудени да одат на трансплантација надвор од државата. ¿


47 LIFE М А Р Т 47 Skopje: T.C. Ramstor i G.T.C. / Kumanovo: T.C. Suma


низ очите на...

СТРУМИЦА НИЗ ОЧИТЕ НА ЗОРАН МАЏИРОВ

Враќање кон духовните корени КАКВО Е ЧУВСТВОТО КОГА ПО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ТАЛКАЊЕ НИЗ СВЕТОТ ЌЕ СЕ ВРАТИТЕ ВО СРЕДИШТЕТО НА СВОЕТО ДЕТСТВО? СТРУМИЦА НИЗ ОЧИТЕ НА ЗОРАН МАЏИРОВ Е ГРАДОТ ШТО ТОЈ ГО ЗАПОМНИЛ ВО МОМЕНТОТ КОГА ЗАМИНАЛ, А СЕГА МУ СЕ ВРАЌА ОД ИСТИТЕ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ГО НАПУШТИЛ

48

LIFE М А Р Т

еколку локации во Струмица имаат есенцијално значење за музичката кариера на перкусионистот Зоран Маџиров. Н Во светот е познат како „ботлмен“, или „шишемен“. Триесетина години помина живеејќи на различни локации низ светот за да се врати таму, каде што сe` започна. Струмица ја напушти по завршувањето на основното училиште. По средното музичко училиште во Скопје заминува во Германија со намера да купи вибрафон. Бидејќи не успеал да најде, сам го измисли инструментот „шишефон“ и остана да студира во Минхен. Промоцијата на инструментот се случи во 1987 година и потоа веќе е тешко да се следат неговите траги. „Бев студент и уличен музичар. Живеев таму каде што ќе ме однесеше патот, како еден 'вагабундо' кој го бараше својот израз и исказ некаде на друго место“, открива Маџиров. Кратката историја на неговите патувања се движи од Минхен во Милано, Рим, Болоња, Цирих, Женева, Прага, Мадрид, Париз, Хамбург, Берлин, Загреб, Белград. Во 90-тите години на 20 век со триото „Ле Барон Карамазоф“, каде што настапува заедно со Един Карамазоф и Саша Дејановиќ, добиваат статус на суперѕвезди. Настапуваат на концертите на значајни светски музички групи, како нивна „слатка тајна“. Се појавуваат во најзначајните музички шоу-емисии. На приватни забави Маџиров

се сретнува со Стинг, Тито Пуенте, Тина Тарнер, Хари Белафонте. Во 1995 година кратко се враќа во Струмица, а потоа заминува во САД. Во 1996 година настапува на Летните Олимписки Игри во Атланта. Потоа во Њујорк отвора ново поглавје во својот живот, кога шишињата веќе не се само атракција, туку станаа негов андерграунд-инструмент. Се случува неговата вистинска средба со џез-музиката, кога работи со Реџи Воркмен (басистот на Џон Колтрејн), Стив Блум, Џими Хадати, се сретнува со Елингтон Мингус, внук на Чарлс Мингус. На андерграунд-сцената има заеднички проекти со Џон Рајнхарт и Скип Лапланте. Неговиот живот во Њујорк го прекинува нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година. Потоа сe` почесто се враќа во Македонија. Сега со семејството живее во Скопје. Кон крајот на 2010 година го објави


Во некоја длабока суштина јас сум и театарско дете. Мајка ми беше актерка во Стариот театар. Брат ми Игор, Бог да го прости, не беше случаен актер. Татко ми, покрај тоа што беше музичар, имал концерти на сцената во театарот, правел театарска музика и ја свирел во живо во претставите на струмичкиот театар во 60-тите години на 20 век. Работел со Бранко Ставрев, со Ристо Шишков. Во театарот се скриени многу духовни моменти од нивните животи. Се зборува дека, најверојатно, и јас сум направен во стариот театар. Штиците ме врзуваат со објектот и од

периодот кога држев џез-клуб и кога имав истурена сцена во театарот. Подоцна театарот изгоре. Гледам дека Македонија си страда од тоа „ниту јас го јадам, ниту на кучињата го давам“. Тоа што се вика Театар сега е во Домот на културата, а остатоците од зградата на стариот театар, поради некои нерегулирани работи, се такви какви што се. Тоа е последица на не преземањето одговорност, што често се случува во Македонија. Никој ништо не прави, ниту, пак, некој што може, или што има идеја да направи, може да направи нешто во врска со старата зграда.

LIFE М А Р Т

СТАРИОТ ТЕАТАР

49

албумот „Корени на покрив“ (четврти самостоен албум од 14 кои ги објавил со различни џез-формации). Албумот го дава одговорот на прашањето зошто се врати да живее во Македонија. Маџиров вели: „Бидејќи се чувствував како музички дезертер, се вратив сите мои искуства во животот и музиката да ги пренесам во својата земја“. Без размислување ја прифати и поканата на LIFE да ги открие своите духовни корени во родната Струмица.


низ очите на...

ТАТКО МИ

50

LIFE М А Р Т

Мојот татко, Љупчо Маџиров, е еден од најзначајните тапанари во некогашна Југославија. Во 60-тите години на 20-тиот век свирел во оркестар кој бил вториот џез-ансамбл во Југославија. Пред нив имало само еден ансамбл во Загреб. Требало да одат на џез-фестивал на Блед, ама нешто излегло и не отишле. Заради некој патолошки магнетизам што го има Струмица останале да свират тука, во јужниве краишта, во Гевгелија, Радовиш и Дојран како главна дестинација. Тоа бил опасен оркестар за кој знаеле и Димитар Масевски и Драган ЃаконовскиШпато, кои оделе во Белград да ги снимаат своите композиции. Но, оркестарот на татко ми сакал да остане во Струмица, затоа што тука „им било боље“. По појавата на „Битлси“ се смени музиката, џезот веќе не беше популарен и некаде на почетокот на 80-тите години на 20-иот век татко ми престана со музичката професија.

БЕРБЕРНИЦА Во времето на моето детство берберите беа медиуми, во смисла како што денес е Фејсбук, или, пак, дневните весници. Таму се дознаваа сите новости во градот. Имаше една берберница која беше специјализирана за музичарите. Таму се собираа, се договараа кој со кого ќе свири, се собираа стари и нови членови на групите, се зборуваше за турнеи. Во берберницата се собираа како во станица. Вториот момент е што пред настапот сите доаѓаа да ја направат својата фризура. Имаше и спиритуални моменти, за некого правеа чај да му омекне гласот и слично. Тоа што мене најмногу ми остана во сеќавање е еден човек што го нарекуваа Ѓорѓето Јајчаро. Тоа не беше заради продавањето јајца, туку затоа што јајцето било симбол на својата форма и кое стои така како што сака да си стои. И да го завртиш, пак ќе застане така како што сака да стои. Е, тој Ѓорѓи имаше чудни музички и театрални моќи. Можеше театрално да избричи човек, без брич, само со движења и со звуци кои ги испушташе, како фијучење на брич, ветер што го создава крпата, звук на точилото за острење на бричот. Точно знаеше да ги направи сите звуци само со помош на устата. Ѓорѓи Јајчаров за публика правеше театар во берберницата. Се сеќавам на неговите шеги и монодрами. Можеше да зборува со пет-шест луѓе истовремено. Но, тој човек остана незабележен, ништо спектакуларно не се случи со него, си отиде така. Остана да живее само мислата на него. И ден-денес кога доаѓам во Струмица одам кај еден бербер што ми е драг и ги зборуваме тие приказни. Не знам

колку сето тоа е реално. Тоа се некои далечни спиритуални траги на Струмица што мене ми значат во некоја надреална смисла, бидејќи тие спознанија не се врзани ниту со техника, ниту за музичка наобразба, туку тоа е, повеќе или помалку, некој икс-фактор, како што велат во Америка, односно или го имаш или го немаш. Тоа е оној момент кога си на сцена и кога владееш со атмосферата, независно дали

свириш песничка од две ноти, или не знам каква симфонија. Без тој икс-фактор, според мене, не знам колку музичарот може да биде музичар. Не знам дали тоа чувство го имам во себе, или сум го научил од Ѓорѓито Јајчаро покрај татко ми низ берберниците, но најважно е дека, пред да почнам да го употребувам, на своја кожа го доживеав токму во тие старински берберници.


СТАРИОТ ВОЕН БАЗЕН Воениот базен е место за снимање филм. Кога бев мал тоа беше простор каде што свиреше оркестарот на Домот на ЈНА. Тоа беше културен центар на Струмица во 70-тите години на 20-иот век. Имаше базен со летна градина, со куглана и со игралиште. Преку ден се капеа луѓето, а навечер свиреше воениот оркестар. Имаше една бетонска бина со покрив кој е пократок од бината. Од двете страни на бината имаше две дрвја чии крошни се собираа како една. Како деца се качувавме над бината и правевме бункери. Навечер, кога ќе почнеше свирката, ќе се прикриев во лисјата на самиот раб на покривот над бината, за да не ме гледаат, и така, од жабја перспекти-

ва, цело лето ги гледав музичарите како свират. Тоа одеше така со денови, цело лето, и на секој почеток на свирењето бев таму. Програмата ја научив напамет. Точно знаев со која нумера почнуваат. И сега се сеќавам дека првата песна им беше од Сантана. Една вечер почувствував дека има некаква возбуда меѓу музичарите на сцената, ама не знаев што е работата. Требаше да почнат, а не почнуваа. Сите инструменти беа наместени на сцената, но забележав дека го нема тапанарот. Потоа стигна наредба да свират без тапанар. Со свирење почнаа со истата композиција од Сантана, која веќе ја знаев на памет. Почна да врти првиот круг од песната,

низ очите на...

а јас горе качен над бината седам и се слушам себеси како ја свирам песната. Како што траеше музичкиот круг, како мачка, јас - дете во гаќи, извалкан од играње џамлии, скокнувам од таванот над бината, седнувам кај тапаните точно навреме да го фатам ритамот. Там-та-ра-ра-ра-рарарам, пуф на тапаните, и почнав да свирам како постојано да сум бил член на оркестарот. Другите музичари беа во шок, немаше тапанар, а кога се свртеа видоа дете кое го држи ритамот. Кога ме видоа во почетокот се исплашив, и тие забележаа дека се исплашив, ама не престанував да свирам. Подоцна видов насмевки на нивните лица и така продолжи да тече музиката. Одеднаш публиката, келнерите, сите почнаа да гледаат кон мене. Децата кои гледаа од страна почнаа да зборуваат: „Зоки свири!“. Така занесен заврши првата песна, и сега не знаев што ќе се случи. Другите музичари ја почнаа втората песна, и така продолжи свирењето. Точно знаев која е следната песна. Никој не можеше да верува. На оградата имаше деца, мајки. Одеднаш ја гледам мајка ми, се појави и татко ми. На паузата ми рече: „Мајка ти ќе те отепа, како така, оди да те облече, како тоа свириш во нечиста облека!“. Мајка ми ме праша: „Како тоа ти да свириш?“. „Е, рипнав“ – и’ одговорив. Потоа прашаа за дозвола дали може да продолжам да свирам. Дома заиграа водата, сапунот и чешелот, и така свирев цела вечер.

Клучната функција на подрумот е што таму стоеја тапаните на татко ми. По свирка ги оставаше тапаните во подрумот, а додека бев многу мал бев мегазаљубен во нив. Татко ми не можеше да верува дека ќе можам да свирам. Додека

тие со оркестарот правеа проби во голема сала, јас вежбав во подрумот. Секако, тоа го правев илегално, без негова дозвола. Ќе ги наместев тапаните, ќе тропав цел ден и пред татко ми да се врати од работа ќе ги разместев како ништо

да не се случило. Тоа така течеше некое време. Потоа најдов нова финта. Од „стојадинот“ ќе пуштев музика и свирев заедно со музиката, значи не свирев соло-тапани, туку ја следев музиката што се слушаше од радиото. За соседите тоа било нешто невозможно, но за мене оттаму почна сe`. Во подрумот имавме гајби и кога си одев со стапчињата од тапаните ќе поминев преку шишињата. Тоа беа обични прачки, бидејќи стапчињата на татко ми беа со црвени врвови и не смеев да ги користам за да не забележи дека сум тропал на тапаните. И сe` нешто ми се криеше во тој звук што излегуваше кога со прачките ќе поминев преку шишињата од „јупи“ и „струмка“. Еден ден татко ми порано се врати од работа и ме фати на дело: „А, бе, акумулаторот!“, ми викна. „Не ли слушаш дека лом правам на бубњевиве“, му одговорив. Радиото со саати грми, звучниците трештат, а јас удирам на тапаните, и така беше тоа. Затоа подрумот е битен елемент каде што сe` започна.

51 LIFE М А Р Т

ПОДРУМ


од друга перспектива

¢ Тони Димков o Кире Галевски

Хармонијата во домот најмногу ме исполнува

НАЈГОЛЕМАТА ГОРДОСТ ЗА МАЈА КРСТЕВСКА СЕ НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО, ЉУБОВТА КОН УМЕТНОСТА И УСПЕСИТЕ ШТО ГИ ОСТВАРУВА ВО ПОЛЕТО НА СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА

рофесионалниот живот на Маја Крстевска веќе четири години е посветен на функцијата – директор на НациоП налната галерија на Македонија, установа која под својата

52 LIFE М А Р Т

закрила ги има објектите Даут Пашин-амам, Чифте-амам и мултимедијалниот центар „Мала станица“. Во текот на нејзиниот мандат се случи обележувањето на јубилејот „60 години Национална галерија на Македонија“, се одржаа повеќе ретроспективно – монографски изложби на значајни уметници од современата македонска ликовна сцена, како Петар Хаџи – Бошков, Глигор Чемерски, Трајче Јанчевски, Павле Кузмановски, Решат Ахмети, Иван Велков. Во приватниот живот со многу љубов се посветува на улогата на сопруга и мајка, со голема желба и ентузијазам го негува своето семејно наследство и со крупни чекори ита да ги реализира сите свои замислени цели. За LIFE открива моменти од приватноста кои ја претставуваат нејзината друга перспектива. Што е тоа што духовно најмногу ве исполнува? Најмногу ме исполнува хармонијата во домот, разговорите со моите две деца, ќерката Јана и синот Виктор, и сите нивни секојдневни случувања што ми ги пренесуваат на крајот од денот. Она што ме исполнува во текот на еден работен ден е огромниот ентузијазам и труд вложени во установата во која што сум вработена веќе 16 години (Национална галерија на Македонија) како мој секојдневен предизвик. Сепак, во вечерните часови

сакам да погледнам убав филм, да прочитам стручно списание од областа на уметноста или, пак, да прочитам неколку страници од веќе започната книга. Колку семејството влијаеше врз вашиот избор во животот? Потекнувам од уметничко семејство, што значи дека негувањето на уметничките вредности и љубовта кон убавите предмети беа во моето опкружување уште од најраното детство. Можам да кажам дека буквално израснав меѓу боите и уметничките дела токму во Даут Пашиниот-амам, бидејќи моите најблиски, како мојот татко, мојот чичко и мојот вујко – дедо, големиот Лазар Личеноски (кој што е еден од основачите на оваа Национална установа), ми ја пренесоа цела љубов кон уметноста. Следејќи го патот на убавите нешта „учев“ преку сликарските платна и воопшто, преку сите уметнички дисциплини целосно ја осознавав уметноста, што резултираше со мојата конечна определба да ги завршам студиите по историја на уметност. Поточно, каква е вашата семејна релација со Лазар Личеноски? Еден од основоположниците на современата македонска уметност, Лазар Личеноски, е дел од моето семејно стебло. На мојата баба по татко и ` беше роден брат, а со тоа што тој немал директни потомци, јас сум една од неговите внуки од страната на татко ми. Особено сум горда на своето потекло и на генот што


од друга перспектива

го носам во себе. Верувам дека доследно го почитувам уметничкото дело на Личеноски, особено со тоа што Националната галерија на Македонија ја поседува најголемата колекција на неговите уметнички дела, кои тој ги подарил на истата. Какво влијание во вашиот живот има тоа што вашата мајка е со потекло од Војводина? Мајка ми, како и сите мајки на целиот свет, беше столб на нашето семејство. Тоа беше една исклучителна жена, пред се ` , ги почитуваше семејните традиции, а воедно беше и познавач и почитувач на уметноста. Беше одличен пијанист и својата љубов ја пренесуваше на пошироката фамилија, така што ги подучуваше моите братучетки давајќи им часови по пијано. Навистина ми беше голем учител во сите сегменти на животот, што значи дека сето она што таа го поседуваше како квалитет безрезервно ми го подари мене. Мојата мајка, која по потекло беше од Војводина, беше одлична домаќинка до перфекција и на нашата трпеза секогаш беа застапени македонски јадења и јадења од нејзиниот крај. Нејзините кулинарски способности се` уште се предмет на пофални зборови во нашето семејство. Она што таа го пренесе врз мене и нејзините внуци, беа многу љубов, разбирање и убав збор за сите, нешта кои секогаш ќе не` следат.

Со која специјалност се здобивте на факултет? Дипломирав на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во групата Историја на уметност со археологија. Особено ги паметам предавањата на академик Цветан Грозданов по предметот Византиска уметност, кај кого ја бранев дипломската работа на тема „Средновековна резба од 16 век во манастирите низ Македонија“. Се сеќавам и на впечатливите предавања и на професорите Вера Битракова и Иван Микулчиќ. Особено сакам да истакнам дека во периодот кога студирав, предавањата беа толку интересни што доаѓаа ученици од соседните факултети поради фактот што на нашата катедра предавањата не беа сувопарни, туку професорите користеа визуелен пристап, што ги правеше интересни и невообичаени за тие времиња.

LIFE М А Р Т

ките дизајнерски имиња во светот, потоа режисерката Анета Лешниковска, сопственичката на слаткарницата „Моцарт“, Билјана Јовановска и други. Средношколскиот период, а тоа е времето во 80-тите години на дваесеттиот век во Скопје, ме потсетува на излегувањето со таканаречената „шема“ во градот и во тој период атрактивните „Пирамида“, „Бони и Ани“ и „Матиник“. Излегував на тие места и пред и по училишните часови и мојот татко секогаш се лутеше. Кога ќе ме прашаше „Каде искачаш?“, му велев „Само на една пијачка и ќе се вратам“, а тој се лутеше затоа што 'искачав' и во најголемите снегови и магли, иако, всушност, од сегашна перспектива на родител, знам дека бил загрижен за своето дете, а воедно и внимавал навреме да ги завршам сите школски обврски. Мојот татко беше наставник по ликовно воспитување во неколку скопски училишта. Се` уште кај мене доаѓаат негови бивши ученици кои ми раскажуваат колку знаење им пренел од областа на уметноста, а воедно бил и добар педагог.

53

Каде и како ги поминавте детството и младоста? На која генерација и ` припаѓате? Израснав во скопската населба Пролет. Основното училиште го завршив во „11 Октомври“, едно од најстарите училишта во градот, а средното во „Јосип Броз-Тито“ и припаѓам на првата генерација од т.н. насочено образование. Моето детство беше исполнето со многу дружење со децата од зградата низ преубавите дворови на населбата и игри до доцните вечерни часови. Поради тоа што сум ќерка-единица на моите родители постојано собирав деца за играње во мојот дом. Уште од мали нозе бев комуникативна и отворена за дружење. Во основното училиште бев во една од најдобрите генерации, учевме, многу се дружевме и резултатите беа на највисоко ниво. Ме радува фактот што многу од нас токму од таа генерација и денес сме успешни луѓе во Македонија, како и надвор од границите на државата. Мои соученици беа Марјан Пејоски, едно од водеч-


од друга перспектива

Дали целиот работен век досега го поминавте во Националната галерија? Низ контактите на отворањата на изложбите во Даут Пашинамам имав чест уште од мали нозе да се сретнам со нашите најзначајни уметници, сега веќе професори во пензија, и директно да бидам учесник во нивните презентации. Низ целиот свој професионален пат како да бев упатена на уметноста и ова што сум денес е резултат токму на сите тие културни збиднувања во Македонија. Моето прво вработување се случи во 1995 година и на моја голема среќа токму во Националната галерија, која тогаш беше Уметничка галерија – Скопје. Мојата специјалност е тековно одржување на колекцијата на цртеж и графика, што значи грижа и чување на тие експонати. Како резултат на моето долгогодишно работење како кустос во оваа национална установа ми беше дадена можноста да станам и прв човек – директор на истата.

54 54 LIFE М А Р Т

Годинава сте комесар на претставувањето на ликовната група „Зеро“ на Биеналето во Венеција. Што лично ви значат учествата на значајните уметнички манифестации? Националната галерија на Македонија втор пат за време на мојот мандат добива учеството на една од најпрестижните манифестации од областа на уметноста – Венециското биенале. Моето претходно искуство како комесар на изложбата на Гоце Наневски беше личен предизвик, а воедно и највисок дострел во професионалната кариера да претставам умет-

ник во име на Република Македонија. Оваа манифестација е можност за претставување на државата и на уметниците кои се избрани по пат на официјален конкурс на Министерството за култура. За мене повторно е предизвик да бидам комесар и учесник на 54-тото Венециско биенале, овој пат со групната изложба на култната група „Зеро“. Верувам дека изложбата ќе биде забележана од голем број светски кураторски имиња. Ќе направам се ` Македонија да се претстави на најпрофесионално ниво и нашите уметници да предизвикаат достоинствен интерес кај целокупната јавност. Кои патувања надвор од Македонија ви оставиле најсилен впечаток? Во текот на својот живот имав можност да посетам повеќе светски дестинации, како приватно, така и службено. По природа сум комуникативна, брза и секогаш сакам да стигнам до она што ми е замислено како цел. Една и единствена дестинација која што досега ми остави најсилен впечаток и ми одговара на мојот темперамент и карактер е – Њујорк! Таму навистина се ` пулсира и едноставно би сакала повторно да го посетам и да уживам во еден од најубавите паркови во светот – Централ Парк. Сум имала можност да посетам и повеќе земји и градови во Европа. Особен впечаток ми оставија патувањата во Германија и во Франција, а она што за мене се` уште е неистражено, и верувам дека набрзо ќе ми се оствари таа желба, е – Москва. Патувањата секогаш се предизвик за мене, а многу ги сакам и семејните летувања и зимувања. ¿


НОВА КОЛЕКЦИЈА

bata.com

55 LIFE М А Р Т 55

пролет - лето 2011

Скопје: Т.Ц. Рамстор и Т.Ц. Соравиа


жешка тема

Епитетот Наоми Кемпбел

„супер-модел“ треба да се заслужи

Животот на Наоми Кемпбел го одбележуваат завидна манекенска кариера, добра заработувачка и насилно однесување. Наоми остави неизбришлив печат врз модниот свет благодарејќи на своето тело како црна пантерка и полни сензуални усни

56 LIFE М А Р Т

Н

аоми Кемпбел се прости од својата богата и славна манекенска кариера минатата година. Како причина за повлекувањето го наведе артритисот поради кој докторите забранија да носи високи потпетици. Причини за оваа болест кај манекенката се стресот, лошата исхрана, диетите, како и големите количества алкохол кои ги консумираше долги години наназад. „Добриот изглед го должам на пиењето и пушењето“ - изјави своевремено Наоми која подоцна го промени мислењето и јавно призна дека нејзиниот организам повеќе не може да ги поднесе пороците. Наоми живее во Москва и е редовна гостинка на сите тренди ресторани, бутици и шоу- хепенинзи во овој град. Зад сиве овие гламурозни појавувања на сите ВИП-настани се кријат сериозни планови поврзани

за рускиот тајкун Владимир Доронин, нејзиното момче покрај кое се скраси последните неколку години. ПРВА ЛОНДОНСКА ЦРНКА НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИЦИ ЗА МОДА На четириесет години Наоми Кемпбел успеа да создаде 25-годишна кариера на супермодел и да стане пејачка, актерка, писателка, модна дизајнерка и милионерка. Темпераментната црна пантерка е родена на 22 мај 1970 година во Лондон, а нејзиното потекло го смета за заслужно за преубавите црти на лицето со кои се гордее. Во јавноста, првпат се појави на седумгодишна возраст кога настапи во спотот на Боб Марли. На 15 години ја забележа Бет Болд, ше-


Во 1994 година ја објави својата прва книга „Свон“, трилер кој зборува за супермоделот кој го мачи мрачно минато. Наскоро се испостави дека книгата не ја пишувала Наоми, туку Каролин Апчер, а Наоми дообјасни дека немала време да седне и да ја напише книгата. Наскоро потоа беше објавена и втората книга едно-

беа одработување на општествено корисни работи како и чистење подови. Ќе останат запаметени и нејзните кавги со познати личности како со Викторија Бекам, а најголема бура во јавноста предизвика непријателството со Тајра Бенкс. „Не сум лоша личност. Кога луѓето зборуваат лоши работи ги

ставно наречена „Наоми“ во која беа објавени нејзините професионални фотографии. Година подоцна таа го издаде музичкиот албум Baby Woman, кој, иако во Велика Британија помина неславно, во Јапонија доживеа успех. Песните од тој албум, долго време беа на прво место на музичките топ-листи. Нејзиното музичко првенче е продадено во околу милион примероци во целиот свет, а најмногу во Јапонија. Во 1999 година Наоми ја основаше модната компанија „Дизајнерска куќа на Наоми Кемпбел“ па оттогаш лансираше осум парфеми за жени Naomi Campbell, Naomagic, Cat Deluxe, Mystery, Sunset, Paradise Passion, Cat Deluxe at Night и Seductive Elixir. Во нејзината завидна кариера имаше безброј ангажмани на кампањи и модни ревии за најголемите имиња на модната сцена како што се Версаче, Ив Сен Лорен, Барбери, Гес, Ејџ-ем, Луј Витон, Ралф Лорен, Валентино и Викториас Сикрет, но работеше и на други бројни модни проекти. Се претпоставува дека нејзиното богатство тежи околу 28 милиони долари. Посебна популарност Наоми стекна и со проблемите со полицијата. Познато е дека во повеќе наварати е обвинета за телесно и

игнорирам. Сите негативни коментари, нека останат далеку од мене. Тоа боли. Но знам дека во светот има повеќе добрина отколку зло. Благодарна сум на својата кариера, но сепак сум загрижена каква можност ќе имаат црните девојки кои ќе дојдат после мене. Загрижена бев како ќе бидат третирани и затоа долго време останав во оваа работа. Никогаш не држам диета, пушам, пијам, не вежбам. Работам напорно и го ценам секој заработен цент. Мислам дека терминот супер-модел денес преслободно се користи. Моделот треба да ги заработи своите ѕвездички“, изјави Кемпбел во една прилика, која од колешките посебно ги цени Кејт Мос и Жизел Бундхен. Иако беше позната по бурниот живот, таа тврди дека посакува мирен живот, а работите кои порано и ` значеле, сега веќе немаат важност. „Долго мислев дека нема да дотуркам до 40-та година. Имаше денови кога не можев да се погледнам во огледало, не си се допаѓав како личност. Од 1998 до 2005 година ми беше многу тешко. Морав да одлучам што ми е важно, што сакам да променам и со што сум задоволна. Многу научив од сопствените грешки. Лутината и агресивноста не беа мои единствени проблеми. Ги имав многу. Конечно разбрав што ме одржува на вистинскиот пат. Моите

жешка тема

психичко злоставување, па поради тоа имаше голем број судски спорови. Нејзини жртви се лични асистенти, куќни помошнички, актерката која носеше ист фустан како и нејзиниот, случаен минувач кој ја фотографираше, полицаецот кој не и ` ја најде украдената торба. Сестраната Британка ги „почести“ сиве овие луѓе со навреди, закани и удари. Оштетените ја нарекуваат Мајк Тајсон, бидејќи поголемиот дел од нив морале да ги шијат раните здобиени од повредите од нејзината непресметливост. Казните најчесто

57 LIFE М А Р Т

фица на модната агенција „Синхро“ и набрзо потоа во животот одлучи да биде модел. Истата година, Наоми го красеше модниот магазин „Ел“, а на тогашниот уредник му зборуваа дека го направил најлудиот потег, бидејќи ставил малолетна црнка на насловната страница на ова престижно списание. По неколку месеци, овој потег се покажа како вистински моден погодок. По две години се појави на насловните страници на француското и британското издание на магазините „Вог“ и „Тајм“ како прва црна манекенка на која тоа и ` успеало.


жешка тема LIFE М А Р Т

58

пријатели знаат низ што поминав. Човечки е да се греши, но ги признав своите грешки и немам намера да одрекувам. Кога сфатив каква личност сум, се срамев. Не се гордеам со работите кои ги направив и инцидентите во кои учествував. Меѓутоа, променив нешто во врска со тоа. Ја научив лекцијата и во ниту еден момент не се однесував како тоа да не ме интересира. Посакувам пријателите да ми ја кажуваат вистината и да ми укажат на тоа каде грешам“, изјави Кемпбел во едно од нејзините ретко-искрени интервјуа за „Дејли Мејл“. Наоми Кемпбел до денесе се појавила на повеќе од 500 насловни страници, а за „Плејбој“ и книгата на Мадона „Секс“ позираше гола. Се појави и во спотот на Мадона „Еротика“, како и во десетици музички спотови, многу филмови, серии. Во еден спот на Џорџ Мајкл - заедно со супермоделите Линда Евангелиста и Синди Крафорд дури и запеа. Врвот на нејзината кариера го доживеа во раните 90-ти, кога работеше за две водечки модни агенции „Биг сикс“ и “Тринити“. ПОГОЛЕМА РУСИНКА ОД РУСИНКИТЕ Наоми живее во Русија со своето момче познатиот тајкун Владимир Доронин. Вклучена е во многу од хуманитарните активности кои се случуваат во руската престолнина. Најчесто се дружи со Дарја Жукова, девојката на Роман Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“. Најактивна е во хуманитарното здружение „Северна круна“, основано од Ирина Кудрина сопругата на заменик-премиерот на Русија. Најмногу е импресионирана од историјата на оваа земја како и енергијата која ја има во Москва. „Москва стана како Њујорк, полна е со интересни музеи, ресторани, а и архитектурата фасцинира. Се чувствувам слободно. Никој не ме вознемирува, сите ја почитуваат мојата приватност. Уживам во секој момент, но најтешко ми е да го научам јазикот. Сакам да учествувам во хуманитарни акции и засега сум вклучена во хуманитарната фондација „Северна круна“,“ изјави Кемпбел која најчесто е дел и од хуманитарните активности организирани од рускиот претстедател Валдимир Путин. Минатиот месец учествуваше на самитот посветен на заштита на тигрите во Санкт Петербург. Средбата со него ја искористи да му направи и кратко интервју кое беше објавено во февруарското издание на „Џи кју“ во кое таа се појави гола на насловната страница. Во интервјуто со Путин, Наоми му постави прашања за начинот на одржување на неговиот изглед, пливањето како делфин, повредите што ги има од спортот. Интервјуто, другите светски медиуми го оценија како неумешно. Ова не е прв новинарски обид на Наоми бидејќи во минатото ги интервјуираше и Мандела и венецуелскиот лидер, Уго Чавез. Во последното интервју за „Џи кју“, Наоми зборува за проблемите со алкохолот, дрогата, како и за минатогодишното сведочење пред Хашкиот суд за злосторствата во Сиера Леоне, за судењето на Чарлс Тејлор, поранешниот претседател на Либерија. Славната манекенка сведочеше за „крвавиот дијамант“ кој наводно го добила на подарок од поранешниот претседател Тејлор во 1997 година. Тејлор и ` го подарил тој дијамант за време на вечерата со претседателот на ЈАР, Нелсон Мандела. За познанството со него изјави дека причинува едно од најголемите задоволства во животот. Процесот против Тејлор се води од 2008 година поради неговата улога во Граѓанската војна во Сиера Леоне. Беше обвинет дека ги вооружувал бунтовниците во замена за „крвави дијаманти“. Што се однесува до љубовниот живот, Кемпбел е позната по врските со Мајк Тајсон, Роберт де Ниро, а беше верена и со Адам Клејтон, басист на групата „Ју- ту“. Своето турбулентно минато Наоми ќе го опише во автобиографија. Како што најави, во книгата без влакна на јазикот ќе ги открие сите скандали од животот и долгата кариера. „Тоа ќе биде книга за искуствата во животот. Ќе ме претставува мене и никој друг “, порача Наоми.


LIFE М А Р Т

галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


жешка тема

Рафаел Надал

По десет дена мирување од Отвореното првенство во Австралија, Надал им се врати на тренинзите. Во меѓувреме стана побогат за наградата Лауреус која во Абу Даби му беше врачена за најдобар спортист на годината

Тенисер со

жешка

шпанска крв панскиот тенисер Рафаел Надал и американската скијачка Линдзи Вон се добитници на наградата „Лауреус“ за најдобри спортисти во светот во 2010 година. На свеченото прогласување во Абу Даби, првиот светски рекет ја доби престижната награда за годината во која освои три од четирите Грен слем турнири, на Ролан Гарос, Вимблдон и на Отвореното првенство во САД. Надал е убедливо прв на АТП листата на најдобри тенисери со повеќе од 12 илјади поени. На првото место е непрекинато од 7 јуни 2010 година. Во својата кариера победи на 43 АТП турнири, освои девет Грен слем титули. Шпанецот победи пет пати на Ролан Гарос

60

LIFE М А Р Т

Ш

(2005, 2006, 2007, 2008, и 2010 година) двапати на Вимблдон (2008 и 2010 година) и по еднаш на отворените првенства во Австралија (2009) и САД (2010). Во својата ризница, Надал има златен медал и од Олимписките игри во Пекинг од 2008 година. Рафаел Надал е шпански тенисер роден на 3 јуни 1986 година во Манакор, Мајорка, Шпанија. На своите сонародници им е познат по прекарот Рафа, син е на Себастијан и Ана Марија Надал, има помала сестра Марија Изабела. Шпанецот започна да игра тенис на четиригодишна возраст по иницијатива на неговиот чичко Тони Надал кој му е и тренер. Во 2002 година на 16 годишна возраст го


жешка тема „Ѓоковиќ по Мелбурн доби голема самодоверба и сигурно гледа кон врвот. Мареј исто така е во налет, додека за Роже е излишно да се зборува. Се вратив на тренинзите и тоа за мене е најважно во овие моменти. Спроведувам посебен режим на работа, за повредата да не се врати, но и за да не дојде до какви било проблеми. Одам чекор по чекор за работите да се подобрат. Кога изгубив од Ферер, отидов во соблекувалната и заплакав. Многу бргу сфатив дека тој меч не можам да го добијам и тоа ми падна многу тешко. Се надевам дека такво нешто повеќе нема да се случи“, изјави Надал кого повредата на бутниот мускул го спречи во борбата за освојување на титулата во Мелбурн. Првиот рекет на светот нема да учествува на турнирот во Дубаи, а првиот натпреварувачки меч треба да му биде на Девис купот на натпреварот меѓу Белгија и Шпанија на почетокот на наредниот месец. „Натпреварот во Белгија е исклучително важен за нашиот тим и се надевам дека ќе бидам ви можност максимално да помогнам на екипата, а тоа ќе се случи само ако потполно бидам подготвен“, изјави Надал. Рафаел Надал е миленик на женската публика, па овој факт го искористи Џорџо Армани ангажирајќи го за рекламна кампања за „Емпорио Армани андервер“. Рафа позираше во фармерки покажувајќи го своето мускулесто тело. Надвор од неговите тениски ангажмани глумеше и во спот на Шакира за песната Gypsy, за албумот She wolf. Надал изјави дека се забавувал на снимањето на спотот, а се чини дека забавата меѓу нив двајца продолжила и по завршувањето на обврските околу видео-записот. Медиумите шпекулираа за нивната врска, бидејќи Шакира често се појавуваше на неговите натпревари, излегуваа заедно, а врската официјално никогаш не ја потврдија. Од тенисерите, тој е добар пријател со Новак Ѓоковиќ кој за него како личност има само пофални зборови.

61 LIFE М А Р Т

одигра своето прво јуниорско Гренд слем полуфинале на Вимблдон. Интересно е да се спомене дека Надал потекнува од областа како и поранешниот светски тениски првак Карлос Моја кој во тоа време му бил идол на Рафа. Освен тенисот обожува и фудбал, бидејќи неговиот чичко Мигуел Анхел Надал бил и репрезентативец на Шпанија. Рафа е страствен навивач на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“ и помеѓу играчите има добри пријатели. Исто така е огромен фан на Формула 1, а негов најомилен возач е Фернандо Алонсо. Надал е тенисер кој игра со левата рака. Неговиот чичко Тони Надал сметал дека треба да се одвикне да игра со десна рака поради опасниот бекхенд и силата која ја има во левата рака. Тоа било одлучувачки момент за неговата кариера. Својата професионална кариера, Рафаел Надал ја започна во 2001 година, а својата прва победа на еден АТП турнир ја забележа во 2002 година на 15-годишна возраст против Рамон Делгадо во Мајорка. Со оваа победа влезе како деветти тенисер во историјата со победа на АТП турнир пред да наполни 16 години. Од тој момент, започна да се развива и неговата кариера. Во 2005 година се етаблираше меѓу најдобрите тенисери на светот. Се појави како шпанска сензација, бидејќи освои 11 турнири со што го сруши рекордот на Матс Виландер со најмногу титули што освоил тинејџер за еден сезона (девет во 1983-а). Годината ја заврши на второто место на листата. Тоа на еден тинејџер првпат му успеа по Борис Бекер во 1986 година. Според проценките, водечкото трио Надал, Федерер и Ѓоковиќ ќе води голема и изедначена борба на секој турнир за тенискиот престол, иако шпанскиот тенисер има голема бодовна предност во однос на конкурентите. Но, Надал ќе мора да ги одбрани огромен број поени, по можеби најдобрата сезона 2010, кога освои дури три гренд-слем трофеи. Она што на Шпанецот не му оди во прилог е што повторно се појавија проблемите со повредите, кои го спречија да се покаже во најдобро светло на Отвореното првенство во Австралија. Надал по десет дена мирување се врати на тренинзите. Побогат е и за наградата Лауреус која во Абу Даби му беше врачена за најдобар спортист на годината.


шуш - буш

АЛИС КУПЕР СНИМИ НОВ АЛБУМ

БРИТНИ СПИРС ТУЖЕНА ЗА ПЛАГИЈАТ

Американскиот рок-пејач Алис Купер соопшти дека e снимен неговиот нов албум Welcome To My Nightmare 2. Се работи за продолжение на истоимениот соло албум од 1975 година. Станува збор за приказната на јунакот Стивен кој има кошмар. „Триесет години подоцна, Стивен повторно има кошмар и овој е пострашен од минатиот“, рече Купер. Продуцентот на новиот албум е Боб Езрин со кој пејачот и претходно соработуваше. Не се знае точно кога албумот ќе биде во продажба, но се претпоставува дека ќе биде во текот на летото. Тоа ќе биде неговиот 19 студиски албум во соло кариерата.

По пуштањето на спотот за новиот сингл Hold It Against Me, пејачката Бритни Спирс беше обвинета дека ја копирала рок- баладата If I Said You Had A Beautiful Body Would You Hold It Against Me во изведба на Bellamy Brothers. Се тврди дека песната на Спирс е многу слична на нивната песна од 1979 година која била на топ-листите во шест земји, а Дејвид и Хауард Белами од тие причини отишле кај адвокат да поднесат тужба. „Немаме ништо лично против Бритни. Таа е талентирана девојка. Во професионална смисла ние сме ограбени“, рекол Дејвид Белами.

ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ЕДЕН ЧАС ПЕЕЊЕ Музичката ѕвезда од Барбадос, Ријана ќе добие половина милион долари за еден час пеење на гала вечерта на Флорида. Пејачката ќе биде гостин на имотот на познатиот милионер Доналд Трамп. Ријана ќе го заработи овој висок хонорар на хуманитарна вечер на која ќе бидат собрани прилози за Институтот за борба против рак. Како што пренесуваат медиумите во Америка, Ријана ќе настапи пред 600 гости кои билетите ќе ги платат по цена од 2.000 до 20.000 долари.

ЕМИНЕМ СНИМА СПОТ СО ПОРНО АКТЕРКА

62 LIFE М А Р Т

НИКОЛ КИДМАН ЖАЛИ ШТО НЕ МОЖЕ ДА ЗАБРЕМЕНИ Актерката Никол Кидман се соочува со големи проблеми кога е во прашање мајчинството. Минатиот декември убавата Австралијанка доби девојче преку сурогат мајка, бидејќи имала проблеми да забремени. „Секој кој чека или сака деца знае какви се болката и разочарувањето додека се бори со плодноста. Очајно се обидувавме да добиеме уште едно дете, меѓутоа, јас никако не можам да забременам“, признала Кидман во интервју за магазинот „Пипл“.

Популарниот рапер Еминем снима спот за песната Space Bound и тоа со некогашната порно актерка Саша Греј. Музичарот во новиот видео-клип ќе ја прикаже љубовната приказна, а одлучи атрактивната улога да и` ја додели на неговата партнерка. Саша инаку е добитничка на бројни награди во категоријата филмови за возрасни, а неодамна се посвети на снимање филмови од различни жанрови. Досега учествувала во музички спотови на неколку групи меѓу кои Smashing pumpkins и The Roots. Песната Space Bound од Еминем е четвртиот сингл од албумот Recovery, а досега се снимени спотови за песните Not Afraid, Love the Way You Lie и No Love.


шуш - буш

ШАКИРА И СТИНГ СО КОНЦЕРТИ ВО „БЕЛГРАДСКА АРЕНА“ Популарната колумбиска пејачка Шакира ќе настапи на 9 мај во „Белградската арена“, еден месец подоцна на 8-ми јуни ќе одржи концерт и Стинг. На Шакира ова ќе и` биде прв настап во Србија, која во рамките на турнејата ќе го промивира својот албум „Сале Ел Сол“, а вистински спектакл се очекува и на концертот на британскиот музичар Стинг кој моментално е на турнеја каде што ги изведува своите најголеми хитови во придружба на симфониски оркестар. Продажбата за двата концерта започна од 25 февруари во Белград и изнесува од 50 до 100 евра. ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ЌЕ ПРАВИ ЕРГЕНСКА ВЕЧЕР НА БРОД Принцот Вилијам кој ќе се венча со Кејт Мидлтон на 29 април, одлучи ергенската вечер да ја помине на брод заедно со неговиот помлад брат Хари, кој ќе биде негов кум на свадбата, и уште дваесет најблиски пријатели. Како што пишува весникот „Сан“, Вилијам одлучи последниот ден како ерген да го помине на морето далеку од љубопитните очи. Веселото друштво планира денот да го помине крстарејќи на јужното крајбрежје на Велика Британија, а по релаксацијата во спортовите на вода, следи скара и обиколка на пабови кои се достапни само со брод. Идните младенци нагласија дека на своите забави не сакаат да потрошат големи суми пари, што по нивно мислење било непримерно додека земјата заздравува од рецесија. АЛИСА МИЛАНО Е БРЕМЕНА Убавата актерка Алиса Милано која се прослави со улогата на вештерка во серијата „Волшебнички“ наскоро ќе стане мајка. Триесетиосумгодишната актерка го очекува своето прво дете со сопругот Дејв Буглиариј, кој е шест години помлад од неа. Алиса и Дејв ќе добијат бебе наесен. Парот има среќен брак од август 2009 година, а врската ја започнаа пред три години. Дејв е агент на креативна агенција, а Алиса со актерството се занимава од нејзината седма година. ПАРФЕМОТ НА ЛЕЈДИ ГАГА МИРИСА НА КРВ И СПЕРМА Контроверзната пејачка Лејди Гага изјави дека дала малку крв за создавањето на нејзиниот нов парфем. Иако претходно изјави дека парфемот ќе биде комбинација од мирис на крв и сперма, Гага изгледа се одлучи за малку поблага варијанта. „Парфемот мириса на скапа проститутка“, рече поп-пејачката и објасни „Го издвоивме мирисот на крвта и спермата на молекуларна основа, па затоа нема да има буквално таков мирис. Тоа ќе биде миризба како неодамна да сте имале секс. На парфемот му додадовме и мал примерок од мојата крв, па ќе имате чувство како јас да сум на вашата кожа“. Парфемот би требало да се најде во продажба следната година.

ВИВИЕН ВЕСТВУД ОДБИЛА ДА КРЕИРА ВЕНЧАНИЦА ЗА КЕЈТ МИДЕЛТОН „Би сакала еден ден да креирам за Кејт, но дотогаш ќе треба да научи нешто за стилот“, одговорила Вествуд на прашањето дали ќе ја креира венчаницата за Кејт Миделтон. Венчавката на принцот Вилијан и Кејт Миделтон е се` поблиску, а душегрижниците се` уште не знаат кој ќе ја креира венчаницата на идната принцеза. Едно се знае, а тоа дека најголемата панкерка на модната сцена ја одби таа понуда, бидејќи стилот на убавата Кејт и бил премногу безличен и старомоден.

LIFE М А Р Т

Мадона со своите барања го полудела персоналот во хотелот „Сохо“ во Берлин. Пејачката барала собата во која ќе спие потполно да се преуреди и опреми со нов мебел, што ја чинело 15 илјади долари. Таа не сакала да спие во хотелски кревети, па ја замолила управата на хотелот целата соба да ја опреми со нов мебел, перници и посебна постелнина. Во хотелот морале да набават и 50 шишиња вода „кобала“. Нејзиното обезбедување побарало од хотелот околу нејзината соба да се забрани движењето на другите луѓе. По нејзиното заминување, вработените здивнале и посакале никогаш повеќе да не се врати. „Никогаш претходно не сме имале толку луди барања“, изјавиле од хотелот „Сохо“.

63

МАДОНА ПРЕТЕРУВА ВО БАРАЊАТА


од а до ш

ЉУБОВНИ КАПКИ КРВ ФАКТОТ ШТО НАШАТА КРВНА ГРУПА НE ДЕФИНИРА ПО МНОГУ ОСНОВИ Е ПОЗНАТА РАБОТА ВО МЕДИЦИНАТА. ПРЕКУ НЕЈЗИНА АНАЛИЗА МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ КАКО ТРЕБА ЗДРАВО ДА СЕ ХРАНИМЕ, ДАЛИ ИМАМЕ ПРЕДИСПОЗИЦИИ ЗА ОДРЕДЕНИ ЗАБОЛУВАЊА, КАКОВ НИ Е ТЕМПЕРАМЕНТОТ НА РАБОТНОТО ПОЛЕ, ПА ДУРИ И КАКВИ СМЕ ВО ЉУБОВНИТЕ ВРСКИ

64 64 LIFE М А Р Т

екои експерти тврдат дека врз основа на ДНК профилите може да се направи и мноН гу прецизна психолошка анализа, која јасно ги дефинира карактеристиките на личноста или тенденциите на ментални болести. Во некои земји, како на пример во Јапонија, голем број луѓе задолжително ги проверуваат таквите профили пред влегувањето во емоционален, бизнис или пријателски однос. Анализите на крвните групи ги користат и истражувачите на пазарот со цел да ги предвидат навиките на купувачите, а не е редок случај што ги користат и работодавците кога ангажираат нови работ-

ници. Експертите од оваа област тврдат дека со правилна подреденост на луѓето по крвни групи, на одредени функции во претпријатие, може да создаде совршена комбинација, која ќе биде ефикасна и продуктивна. Така на пример, луѓето со крвната група Б се идеални за планирање, контрола или селекција, додека вработените со крвната група А се најдобри во организација и спроведување правила. За ефикасна реализација на зацртан план најдобри се оние со нулта крвна група. Најновите истражувања тврдат дека врз основа на крвните групи може многу да се заклучи и во

љубовните навики на секој од нас, па дури и да се одреди и компатибилноста или иднината на врската. Тие тврдат дека крвните групи имаат големо влијание на тоа како ги доживуваме и манифестираме емоциите, што го отсликува и тоа како функционираме во љубовната врска. Еве што велат стручните лица: КРВНА ГРУПА НУЛТА Жената која има крвна група нулта очекува од мажот да ја усреќи, задоволи и да биде нежен. Сака мажи со кои ништо не е сигурно. Доколку се одлучи да биде без партнер, таа е силна,


КРВНА ГРУПА А И жените и мажите од оваа крвна група се демократски во врска, го почитуваат партнерот и неговите желби и потреби. Тие се одлична комбинација кога се заедно, но поради емоционалната и чувствителна природа често се чувствуваат повредено и тажно. Интелигентни се, емоционални и дисциплинирани. Сепак, често им недостига храброст, што им создава проблеми и на емотивен и на професионален план. Жената е прекрасна мајка, која децата ги поддржува и се посветува на нив, но инсистира на интелектуален развој, образование и работа. Поседува исклучителна љубовна имагинација, ужива во нежноста и моментите со љубената личност. Често се плаши од вљубување, но кога ќе се вљуби е феноменална партнерка, лојална, верна и сигурна. Од друга страна, мажите не оставаат добар впечаток на спротивниот пол, а нивните вредности, жените ги откриваат во долга врска. Понекогаш се површни, многу неучтиви и невнимателни иако се грижат за некого. Тие се добри мажи, посветени на семејството и кога ќе се оженат тоа го прават само од љубов. Ги поддржуваат своите партнерки, ги мотивираат да одат напред и не прават љубоморни сцени. И дозволува потполна слобода на својата партнерка, но истото го бара за возврат. КРВНА ГРУПА Б Жената е отворена за сензуално задоволство, тоа во врската и` e многу важно. Тие сакаат постојано внимание од мажите и најсреќни се кога се љубени. Понекогаш се малку напорни, ретко се одлучуваат на брак за разлика од жените со други крвни групи, бидејќи се плашат од сопствениот избор да не биде погрешен. Мажите од крвната група Б ги почитуваат жените на специфичен начин. Оние кои ги сакаат ги третираат како кралици, но кога немаат партнерки се незадоволни, меланхолични и несигурни. Полесно им е да фантазираат отколку да се соочат со своите проблеми, па често тоа

Жена А и маж нулта крвна група Ваквата комбинација е вистинска ерупција на страсти. Овие врски се интензивни, полни со емоции и силни. Спојот претставува одлична биолошка комбинација, бидејќи има предиспозиција за многу деца и здраво потомство. Жената во оваа врска е секогаш инспирација за мажот, а тој на неа и` дава поддршка и движечка сила. Жена нулта и маж АБ крвна група Оваа врска речиси секогаш завршува со брак, бидејќи е идеална комбинација. Тука се, главно, романтичните бракови, квалитетните врски, со постојана доза на љубов и силни емоции.

ги прави и несреќни во љубовта. Психолошки гледано, оваа крвна група е најинтересна. Двата пола, иако делуваат интровертно, во љубовта се експлозивни и страствени. КРВНА ГРУПА АБ Тие не прифаќаат правила или норми, не се придржуваат на забрани. Преокупирани се со сегашните моменти, а не на оние што допрва ќе дојдат. Жените од оваа крвна група претпочитаат мажи кои се авантуристи и адреналински зависници. Во љубовта никогаш целосно не се разоткриваат. Магијата трае додека постои некоја тајна, па често се замислени и неразбирливи за спротивниот пол. Секогаш успеваат да ја задржат својата индивидуалност, колку и да се вљубени. Кога ќе станат мајки, се попустливи кон децата. Мажите со оваа крвна група се господари на додворување, големи заводници кои жените долго ги паметат. Пријатни се, со убави манири и добро воспитување. Необични се, обожаваат да заведуваат дами. Како ќе се однесуваат во врска, зависи само од неговата партнерка, па ако, да речеме, неговата избраничка е крвна група Б, тој ќе стане типичен претставник на крвната група А и обратно.

од а до ш

НАЈДОБРИ ЉУБОВНИ КОМБИНАЦИИ Иако согласувањето во емотивните односи помеѓу луѓето од различни крвни групи уште не добило научна потврда, експертите сметаа дека профилите можат да се споредат и така да се добие најдобра комбинација. Според експертите, може да се одреди која крвна група може да очекува хармоничен брак, меѓу кои владее најголема „хемија“ и кој во љубовта ќе биде непопустлив и инаетчија. Тие дојдоа до три најубави комбинации, односно до претпоставки кои крвни групи најмногу се сложуваат.

Жена А и маж Б крвна група Нивната тотално поинаква природа прави идеална комбинација и баланс, која ретко во друга комбинација може да се достигне. Жената е таа која ја негува љубовта, а мажот има потреба да биде негуван, така што ваквите врски се искрени, силни и најчесто траат цел живот.

65

независна и неколеблива. Но, кога ќе се омажи и формира семејство, го поддржува сопругот во кариерата и се посветува на децата. Кон нив е нежна, се труди да им биде пријател и поддршка, но инсистира на добро воспитание. Верна е во врска, но понекогаш не е подготвена да ја преземе одговорноста. Не е добра комбинација со маж од истата крвна група. Мажот од оваа крвна група е прилично заинтересиран за жените, па често ги менува партнерките. Несигурен е, неверен, не го држи место и партнерката брзо му здосадува. Но, кога ќе одлучи да се врзе, приврзан е на семејството и жената, иако никогаш не ја прифаќа монотонијата. Сака да доминира во љубовните односи, да се експонира, па е карактеристичен меѓу луѓето кои се занимаваат со јавна работа. За нив е идеална љубопитна и динамична партнерка.


здрава исхрана

УЛОГАТА НА БЕЛКОВИНИТЕ ВО ЧОВЕКОВАТА ИСХРАНА ДО ПРЕД ТРИЕСЕТИНА ГОДИНИ КАЈ НАШЕТО НАСЕЛЕНИЕ БЕШЕ АКТУЕЛЕН МИТОТ ДЕКА КОНСУМИРАЊЕТО МНОГУ БЕЛКОВИНИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО (ОД МЕСОТО, МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ И ЈАЈЦАТА) НАСПРОТИ БЕЛКОВИНИТЕ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО СЕ ПРЕДУСЛОВ ЗА ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ И ДОЛГ КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ЛУЃЕТО.

66 LIFE М А Р Т

ури и нутриционистичката наука во тоа време, следејќи ги тогашните статистичД ки податоци за просечната долговечност на разните европски народи го истакнуваше податокот дека: оние европски народи кои консумираат многу белковини од животинско потекло се подолговечни од останатите европски народи кои не консумираат толку многу животински белковини. Стануваше збор за нордиските народи (Норвежаните, Швеѓаните, Данците и Финците) кои статистички имаа поголем просечен животен век во однос на останатите европски народи. Нутриционистичката наука, особено во втората половина на минатиот век и почетокот на 21. век кога била збогатена со најнови показатели од медицинската статистика и со нови научни сознанија дава нова аргументирана слика за квалитетот на тој зголемен животен век. Имено, документирано се наведува фактот дека токму во тие земји чии жители користеа многу белковини од животинско потекло има население со највисок процент на остеопороза и најголем број луѓе со фрактури на колковите во Европа. За прв пат во историјата на Универзитетите „Хардвард“ и „Лома“ во САД во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век на чело со истражувачите д-р Хардинг и д-р Стер е докажано дека лицата кои се на потполна вегетаријанска исхрана добиваат доволно количество од сите видови белковини потребни на човековото тело. Пред овие откритија многу

научни работници ја доведуваа во прашање долго држената догма, односно културолошка предрасуда дека е неопходно редовно консумирање храна богата со протеини (белковини) и месни оброци за да се оствари и одржи оптимално здравје. За среќа, науката преку стотици научни сознанија докажала дека исхраната со месо и други белковини од животинско потекло не е неопходна за да се обезбеди внес на оптимално количество белковини неопходни за здраво живеење. Таканаречениот идеален план за исхрана се состои од четири групи прехрнбени производи и тоа: 1. Овошје. 2. Семки, бадемасто овошје (јатки) и мешункаст зеленчук (грашок, боранија, грав, леќа). 3. Зелен зеленчук. 4. Интегрални житарки (непреработени и нерафинирани).

Во 1988 година Американското здружение на диететичари утврдило дека вегетаријанската исхрана е поздрава од другите начини на исхрана само во случај кога правилно се планира. Вегетаријанската исхрана која го содржи овошјето, житарките, орешестите плодови и зеленчукот ги содржи потребните белковини. Ако човекот не знае ништо во врска со исхраната, веројатно ќе биде поздрав, ако го

избегнува месото и сувомесните производи од исхраната. Тој треба само да консумира храна која се состои од повеќе разновидни растителни производи, а не од само еден или само два производа. Многу научни истражувања, особено истражувањата на Универзитетот во Висконсин- САД докажале дека вишокот протеини во исхраната, особено животински протеини (месото) го зголемуваат ризикот од појава на остеопороза. Остеопорозата е состојба која се однесува на намалување на густината на коскената маса кај човекот заради губиток на калциумот од коските. До губиток на коскеното ткиво доаѓа заради прекумерно користење на месото (со што се случува насобирање на јони од сулфур во организмот), па некои научници сметаат дека ова зголемување на сулфатите во организмот предизвикува бубрезите да го излачуваат калциумот преку урината. Други научници тврдат дака вишокот сулфур во организмот ја прави крвта да биде покисела. Крвта за да стане благо алкална со рH=7,40 треба да се неутрализира нејзината зголемена киселост. Бидејќи во овој случај во исхраната нема доволно алкални компоненти, организмот е принуден да го земе калциумот од коските кој делува алкално и на тој начин ја воспоставува ацидо-базната рамнотежа. Со губењето на калциумот од коските непотребно се создава остеопорозата. Остеопорозата често предизвикува скршеница на колкот кој е чест кај луѓето кои во исхраната користат многу месо, млечни производи и јајца. Читателите треба да бидат


Резултатите покажуваат дека внесот на повеќе од 61 гр. белковини дневно го зголемува ризикот од појава на камен во бубрезите, додека во исхраната каде доминира овошјето и зеленчукот кои се богати со калиум се намалува ризикот за 50%. Истражувањата вршени во Британија имале слични заклучоци. Исхраната богата со белковини од животинско потекло го зголемувала излачувањето на калциум во урината и ризикот од појава на камен во бубрезите. Најдобриот начин да се намалат овие ризици е едноставната исхрана со растителни производи кои природно содржат помало количество на белковини. Појавата на разните видови рак е поврзана со преголемото користење белковини од животинско потекло. Меѓународните споредувања укажуваат на фактот дека земјите во кои се јадат многу белковини од животинско потекло имаат повеќе случаи на лимфоми (рак на лимфни јазли). Особено е забележен порастот на лимфоми кај луѓе кои енормно користат млечни и говедски белковини. Најмногу луѓе со лимфоми се регистрирани во: САД, Нов Зеланд, во Данска, Канада и Шведска. Најмалку лимфоми се забележани во Јапонија и бивша Југославија. Високиот внес на белковини често прогресивно ги уништува нефроните во бубрезите така што ја ослабнува способноста на бубрезите да ја филтрираат крвта. На тој начин

оштетените бубрези продолжуваат да пропаѓаат што доведува до бубрежна инсуфициенција. Кај тие луѓе се појавуваат белковини во урината. Нормални и здрави бубрези не создаваат урина во која се наоѓаат белковини. На луѓе со зголемен крвен притисок им одговара исхрана со малку белковини која овозможува благо намалување на систолниот (горен) и дијастолниот (долен) притисок. Луѓе кои сакаат да ја намалат прекумерната телесна тежина не би требало да користат големи количества млечни белковини. Научните истражувања потврдиле дека белковините од животинско потекло го зголемуваат прекумерното ниво на холестеролот во крвта. Крајно време е да го ставиме настрана големиот мит за месото и многу белковини во исхраната. Опседнатоста со месото и неговите белковини наместо да го подобрат човековото здравје придонесува да дојде до појава на многу дегенеративни заболувања како што се: срцевите заболувања, ракот, остеопорозата, бубрежната инсуфициенција и појава на камен во бубрегот. Растителните извори на хранливи материи се скромни по количество на белковини и масти, и што е многу важно не содржат воопшто холестерол. Луѓето кои се запознаени со физиологијата на белковините можат да најдат оптимален начин на исхрана со која ќе се овозможи максимална долговечност и оптимален квалитет на животот.

здрава исхрана

информирани дека калциумот кој се наоѓа во млечните производи заради лошиот сооднос на калциумот и фосфорот околу 60 – 80% од тој калциум не се апсорбира во организмот. Резултатите од испитувањата на американското Министерство за земјоделство покажуваат дека машки лица кои биле на исхрана со малку протеини ги зголемувале своите телесни залихи од калциум за 10 мг дневно. Лицата кои биле на исхрана со многу белковини дневно губеле во просек по 84 мг калциум. Повеќе американски истражувачи докажале дека општо гледано луѓето апсорбираат исто или дури и повеќе калциум од растителни производи отколку од млекото и млечните производи. Исклучок прават оние растителни производи кои ја блокираат апсорпцијата на калциумот. Тоа е спанаќот заради присуството на оксалати и пченични трици заради присуството на фитатна киселина. Една од можните причини за поволната апсорпција на калциум од растителните производи како што е зелениот зеленчук е фактот што зеленчукот содржи мало количество фосфор. Најголемо присуство на фосфор се наоѓа во месото и млечните производи па затоа е најдобро тие да се избегнуваат или пак да се ограничи користење на храна со многу фосфор. Губењето калциум преку урината го зголемува ризикот од појава на остеопорозата како и ризик од појава на камен во бубрезите.

П&О: ДУШАН МАТИЌ ВИ ОДГОВАРА

2 . Дали има некоја замена за чоколадото за да се избегне желбата за консумирање благо? Зошто замена на чоколадо?

Чоколадо (мали количини) е најдобро доколку се состои од 70 отсто какао. Доколку во чоколадото има мал процент на какао, тоа значи дека чоколадото има многу непотребни додатоци – адитиви кои не се корисни за организмот. Желбата за благо е предизвикана од неправилната исхрана, а не од потребата на клетките за шеќер. 3. Колку апчиња за слабеење влијаат на имунолошкиот систем и дали се здрави за употреба? Апчињата за слабеење, нутриционизмот не ги препорачува бидејќи тоа не е физиолошки оправдано. Вишокот масно ткиво (токсичен отпад) се отстранува со оптимално активирање на сите канали за детоксикација на организмот и со избегнување на храна со висок гликемиски индекс. Правилната исхрана не создава можност за појава на токсичен отпад и

затоа во соработка со искусен нутриционист треба да го научите начинот на исхрана за цел живот, а не само за време на присилното губење на вишокот килограми кои за жал повторно се враќаат откако човекот се врати на старите навики во исхраната кои го создале токсичниот отпад. 4. После слабеењето, како да ја одржиме тежината? По слабеењето, оптималната телесна тежина се одржува исклучиво со правилна исхрана која ќе ви ја препорача искусен нутриционист. 5. Како можам да го одржувам имунитетот на организмот, односно да не се разболувам ? Со каков тип исхрана ? Одговорот на ова прашање ќе го дознаете ако го прочитате целосно денешниот текст од нутриционизмот објавен во ЛАЈФ магазинот.

www.nutrivita.mk

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат на телефон: (02) 3230 777 и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

СИТЕ ЧИТАТЕЛИ НА LIFE КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА МУ ПОСТАВАТ ПРАШАЊА НА ОВАА ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА ТЕМА НА НАШИОТ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ДУШАН МАТИЌ, МОЖАТ ДА ИСПРАТАТ И-МЕЈЛ НА: LIFE.MAGAZIN@YAHOO.COM И ДА ОЧЕКУВААТ ОДГОВОР ВО НЕКОЕ ОД СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА НА LIFE.

67 LIFE М А Р Т

1. Колку кафе е дозволено да се пие на ден? Иако кафето претставува еден од вештачките стимуланси се претпоставува дека едно до две кафиња дневно не би требало да имаат штетни последици по здравјето. Но, важно е да се знае дека филтрираното и експрес кафе не го покачуваат нивото на холестеролот во крвта, но вареното кафе кај нас наречено „турско кафе“ го покачува нивото на холестеролот. Кафепијачите треба да знаат дека кафето се пие по јадењето, а не пред јадењето на празен стомак бидејќи тогаш непотребно го закиселуваме организмот. Кафето непотребно многу го засладуваме со шеќер наместо со неколку капки стевија (природен засладувач).


здравје

Генитален херпес

68

LIFE М А Р Т

ениталниот херпес е една од најчестите СПИ (сексуално преносливи болести) во Г светот, која е предизвикана од HSV-2 (херпес вирус тип 2), а поретко и од HSV-1 (херпес вирус тип 1), кој главно се појавува во регионот околу устата, но преку орален секс може да се пренесе и на гениталните органи, додека HSV-2 се јавува на гениталните органи (во внатрешноста и надворешноста на вагината), околу аналниот отвор, додека кај машкиот пол на коренот од пенисот и на самиот пенис. Првото „појавување“ на гениталниот херпес е со најизразени симптоми и се манифестира со појава на пликови (Vesiculi) кои можат да траат и со недели додека не пукнат, да испуштат гној и не почнат да зараснуваат. Следните појавувања се со помалку изразени симптоми. Гениталниот херпес се пренесува преку сексуален однос, а пликовите мора да се видливи кај заразеното лице за инфекцијата да се пренесе. Вирусот се пренесува преку допир на кожата на „заразеното“ лице, со кожата на здравата личност во текот на сексуалниот однос. Заразата не се пренесува преку телесните течности, кои се лачат за време на односот, па кондомите не се од голема корист. Сето ова ја отежнува контролата над вирусот, па лесно доаѓа до инфекција. Симптомите се појавуваат од 2-3 дена до 2-3 недели по сексуалниот однос. Инфекцијата започнува со малаксаност, покачена температура, болки во мускулите, а потоа се појавува црвенило на половите органи, кое преминува во појава на пликови (слични на оние околу устата). Може да има само еден плик, или, пак, повеќе групирани, што зависи од имунолошкиот систем на личноста. Други можни симптоми би биле исто така и отоко на жлездите во препоните, болно и отежнато мокрење, зголемен вагинален исцедок, а кај мажите исцедок од уретрата. Многу студии укажуваат на тоа дека инфекцијата со HSV-2 го зголемува ризикот за инфекција со HIV (Human Immunodeficiency Virus) кој е предизвикувач на СИДА. Правилна дијагноза се поставува со

гинеколошки преглед. Доколку пликовите не се видливи, се зема брис од делот на кожата за кој се претпоставува дека е заразен и да се тестира во лабораторија, или преку серум (земање крв) со одредување на антитела. За превентива се препорачува апстинирање од сексуални односи со „несигурни“ лица, правилна употреба на кондом и дополнителна заштита со аплицирање на спермициден крем или пена. Не постои лек што би можел да го излекува гениталниот херпес, но се спроведува терапија со цел да се олеснат тегобите кои настануваат како последица на пликовите и раните, како и да се намали периодот потребен за заздравување на организмот. Со терапија е потребно да се започне што е можно побрзо од почетокот на инфекцијата. Се користат антивирусни лекови како што се Aciklovir, Zovirax и др., кои се препорачуваат за лекување на првите напади на гениталниот херпес, а исто така се дава и симптоматска терапија за да се намали болката и температурата, се разбира доколку ја има. Се препорачува и топла бања и носење на памучен долен веш, што помага во зараснување на раните. Во случај на дијагностицирање на генитален херпес кај бремена жена, таа бременост треба да се

заврши со царски рез, со цел да се избегне инфицирање на плодот при нормално (спонтано) пораѓање. Во секој случај, многу е важно да се напомене дека кај лицата инфицирани со HSV-2, битна е здравата исхрана, квалитетниот начин на живеење, за да се зајакне имунолошкиот (одбранбениот) систем, што помага во потиснување на вирусот. Колку организмот е во „подобра кондиција“, толку нападите на гениталниот херпес се поретки.


„Ориеж“ ги истражуваше причините за стареење на кожата и ги изолираше трите главни фактори за сите несакани состојби на кожата. Еден од тие фактори спаѓа во областа на „хомеостазата“. Терминот хомеостаза значи „внатрешен баланс на телото”. Многу поедноствна дефиниција е дека хомеостазата преставува капацитет на било кој систем да го одржи балансот на оптимално функционирање.

♂ жешкo!

Хомеостаза и „Cellular Energy Serum“

Истражување Истражувајќи го овој концепт, „Ориеж“ навлезе во целуларната ера на естетската Пишува: Слаѓана НЕШОВИЌ Бренд Менаџер на „Auriege - Paris“ за РМ

козметологија и понуди уникатен производ наречен „Cellular Energy Serum”. Заради овој технолошки напредок, во 2010 година на Интернационалниот конгрес за Естетска Козметологија во Париз, Франција, „Cellular Energy Serum” на „Ориеж“ е добитник на прва Награда за Иновација.

Овој производ дејствува врз јадрото на мајките клетки на епидермисот со цел да ги регенерира однатре, да го возобнови нивниот баланс и да обезбеди нивна најоптимална состојба. Како резултат на ова, метаболзимот на ниво на клетка е „засилен“ што ефектуира во поголемо обновување и побрзa размена на клетките.

28

дена од животот на една клетка

28 дена се потребни за секоја ќерка клетка да премине од основниот тенок слој (basal lamina) до горниот слој (stratum corneum).

Chronodyn

Нашата активна состојка

69 LIFE М А Р Т 69

Оттука ефективноста и резултатите од „Cellular Energy Serum” се видливи по 28 дена континуирана употреба.


здравје

ЈОГА

¢ o

Евдокиа Николова

ПАТ КОН САМОСПОЗНАВАЊЕТО

ВО ПРЕТХОДНИТЕ БРОЕВИ НА ЛАЈФ МАГАЗИН ГО ПРИКАЖАВМЕ ЗАГРЕВАЧКИОТ СЕТ ВЕЖБИ И ЗБИРОТ НА АСАНИ (ПОЗИЦИИ НА ТЕЛОТО ВО КОИ СЕ МИРУВА ВО КРАЈНО ИСТЕГНАТА ПОЛОЖБА ДО МИНУТА ВРЕМЕ) ДОДЕКА ВО ОВОЈ БРОЈ ЌЕ СЕ УСРЕДОТОЧИМЕ НА ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ, КОНЦЕНТРАЦИЈА, ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА И РЕЛАКСАЦИЈА.

АБДОМЕНАЛНО ДИШЕЊЕ (наменета за јакнење на стомачни мускули, предуслов за длабоко дишење) ● Се изведува во 3 наврати по 10 пати ● Вдишување и издишување со абдомен (без вклучување на граден кош)

70

LIFE М А Р Т

КОНТРАКЦИЈА НА ДИЈАФРАГМА (наменета за јакнење на стомачните мускули и намалување на проблеми со низок крвен притисок) ● Се изведува во 3 наврати по 10 пати ● Бавно се вдишува низ ноздри, а силно и гласно се издишува со нагласена контракција на дијафрагма)

НАИЗМЕНИЧНО ДИШЕЊЕ НИЗ НОЗДРИ (наменета за урамнотежување на дишењето низ ноздри) ● Се изведува во 3 наврати по 10 пати ● Се вдишува низ лева ноздра, се издишува и вдишува низ десна ноздра, се продолжува во ист континуитет со лева, па со десна ноздра, а по дест повторувања треба да се заврши со издишување низ лева ноздра)


(наменета за јакнење на концентрација, меморија и визуелизација)

● Се седнува во позиција на лотос ● Се поставува запалена свеќа или впечатлив предмет пред себе и се набљудува истиот, една минута ● Потоа се затвoраат очите, се тријат дланките, па се поставуваат на очните капаци ● Во таа позиција, се обидуваме да се присетиме / да ја визуелизираме претходно набљудуваната свеќа / фигура ● Вежбата се повторува трипати

здравје

КОНЦЕНТРАЦИЈА И ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

ПОЗИЦИЈА НА РЕЛАКСАЦИЈА ( ПОЗИЦИЈА НА ЛОТОС) (наменета за физичка и ментална релаксација на крај од часот) ● Целата вежба со континуирано практикување има тенденција секое наредно вежбање да трае нешто подолго (од 10 до 20 мин. на пример)

Модел – Анета Ангелкова

71 LIFE М А Р Т

ПОЗИЦИЈА НА РЕЛАКСАЦИЈА (ПОЗИЦИЈА НА ДИЈАМАНТ) (наменета за физичка и ментална релаксација на крај од часот) Целата вежба при континуирано практикување има тенденција секој нареден пат да трае нешто подолго (од 10 до 20 мин. на пример)


брзина

Двоен агент

Американска компанија ги носи почестите, корејски производител ја работи „валканата работа“ произведувајќи ги автомобилите, а европскиот пазар е „Еверест“ кој треба да се освои

Г

72 LIFE М А Р Т

лобализацијата е многу интересен феномен. Благодарејќи и ` токму нејзе, светов и не е толку голем, колку што си мислиме, или колку што навидум изгледа. Еден од најдобрите примери за посочување на овој феномен, е групацијата „Џенерал Моторс“ (General Motors). Седиштето се наоѓа во Детроит, но има членови во оваа група-

ција, кои се толку далеку од канцелариите на нивните челници, што бараат глобусот да се заврти цели 180 степени. Една од членките е родум од Јужна Кореја, а ние ја знаеме по името „Даеву“, додека оригиналното име е Daewoo. Најкритичната промена настана на 1-ви јануари 2005-та година, кога „генералот“ се реши „Даеву“ да ги прекрсти во Chevrolet (за европскиот пазар). Ова беше збунувачки момент за многумина, поради тоа што менталната претстава за „шевролет“, како голем, луксузен, американски крстосувач, некако не кореспондираше со моделите на „Даеву“ кои нам ни` беа познати. Имено, сe` до тој момент, моделите на „Даеву“ не уживаа баш голема репутација, во поглед на квалитет на изработка, безбедност, возни карактеристики итн. Помалку или повеќе, беа имитација на вистинскиот поим за автомобил, отколку што навистина

Кристијан ИВАНОВСКИ

беа автомобили. Тука веројатно ќе се најде повредено егото на некој бивш (или сегашен) сопственик на некое од тие возила, меѓутоа тоа, едноставно, не е доволно за да ја побие вистината. Главниот проблем со преименувањето во „шевролет“ беше токму тоа што „шевролет“, за разлика од „Даеву“, има тежина, има суштина во авто-


брзина LIFE М А Р Т

носно комбилимузинската варијанта на својот бестселер. Мора да се признае дека овој концепт изгледа пеколно добро! Па погледнете го само! Напред, остар и намрштен поглед кој ја смрзнува крвта во вените; отстрана гледано, високи бочни линии и ниска поставеност, кои експлицитно го ставаат до знаење спортскиот карактер на возилото. Одзади, пак, нема ништо екстравагантно или експериментално, што во овој случај е за пофалба. Иако не „измислувале топла вода“, дизајнерите, сепак успеале да создадат складна и симпатична задница. Дури и кога ќе се земат предвид големите спортски тркала, просто доаѓа желба за што поскора средба со овој автомобил. Лентите со LED диоди во маската не се најпотребната работа на планетава, но како и да е, шаркањето со LED диоди е „ин“ во моментов, па ете... Се следи трендот. Иако се работи за концептен автомо-

73

мобилскиот свет и со себе си носи репутација и кредибилитет. Затоа, не може таков голем чекор да се направи „преку ноќ“. За среќа, тоа е сега веќе зад нас, а главните заслуги ги носат Chevrolet Captiva и се разбира, Chevrolet Cruze. Првиот модел забележа одличен успех, но вториот, односно „круз“ забележа астрономски успех, и во целост го оправдува големиот „плус“ на носот. „Шевролет круз“ се појави пред околу 3 години, и ја навести револуцијата на ќерката на генералот, со потекло од Далечниот Исток. Компактна семејна лимузина со одличен дизајн, солидна функционалност и искористливост, врвна безбедност... Едноставно, доказ дека корејскиот „шевролет“ почнал да произведува автомобили, а не тостери на тркала, како што беше случај до тогаш. Неодамна „шевролет“ како концепт ја претстави hatchback, од-

бил, сепак „шевролет“ во поблиската историја (преку моделите Spark, Camaro, Orlando, Volt) се покажа веродостоен во реализирањето на своите концептни автомобили, па затоа автомобилите кои сериски се произведуваат, се речиси 100% идентични со концептот кој ги навестил. А таквата филозофија заслужува строго само пофални зборови. Внатрешноста на овој „круз“ не се разликува премногу од веќе познатата лимузинска изведба. На концептниот автомобил, можеме да забележиме дека се разигрува амбиентот во кабината, со користење на светли бои на арматурната табла и на седиштата. Понудата на простор не би требало да претрпи промени, што ќе рече дека има повеќе од доволно. Повисоките патници несомнено ќе треба да внимаваат на главата при пристапување на задната клупа, како и кај веќе постоечкиот „круз“. Гледано од технички аспект, се очекува скратениот „круз“ да ги исполни најригорозните критериуми за безбедност, а истовремено и солидно да котира на полето на еколошка свесност. За моторизацијата сe` уште нема доволно информации, па можеме само да се надеваме дека од понудата ќе биде изоставен напатениот бензинец со зафатнина од 1.6 литри, и речиси никаква живост во себе, и дека на негово место ќе дојде 1.4 литарскиот бензинец со турбо натполнење, кој го знаеме од новата Opel Astra. Голема мистерија владее околу овој „круз“, бидејќи недостигаат клучни информации и фотографии, небаре генералот тера инает и си поигрува со сите љубопитни души, успешно држејќи ги во неизвесност, си до последниот момент. Се разбира, и ценовната политика околу новиот „круз“ не е позната, бидејќи „генералот“ сe` уште ги подготвува менијата. Се претпоставува дека сите детали ќе бидат познати, при презентацијата на Салонот за автомобили во Женева, во март.


брзина

Автомобил на годината

2011

тоа

Токму што ни ` требаше Кон средината на минатиот месец, во организација на автомобилскиот интернет форум, се одржа масовен собир на авто-ентузијасти и љубители на автомобилите

74 LIFE М А Р Т

К

онстантниот притисок врз и онака ранливата економија на државава, и разно-разните чудни и необјасниви ситуации на нашата „политичка сцена“, под рака со деноноќното тормозење преку ТВ програмата што би требала да споделува вести, почна да ги принудува луѓето да се затвораат дома, полека губејќи ја волјата за живот, преку уништување на надежта и ентузијазмот, кои се главни двигатели на едно човечко битие. Ако се фрли акцент врз оние кои негуваат посебни емоции кон култот на автомобилите, ситуацијата е уште полоша. Секојдневно поскапува бензинот, се отапуваат автомобилите од секој аспект, поради исполнување различни критериуми, и сето тоа, полека води кон згаснување на една многу моќна страст и љубов. Но, кон средината на февруари, во организација на основачите на интернет форумот CarClub.mk, на едно место се собраа оние на кои јачината на крвта им се мери во октани. На огромно пријатно изненадување за сите, посебно за главните организатори, на собирот кој се одржа на паркингот на новата сервисна станица на РЅЅ, се собраа повеќе од 100 автомобили, и можеби и двојно повеќе посе-

тители. Никој не се потруди да изброи, бидејќи самата масовност беше своевиден шок за самите организатори, кои како што напоменаа самите, не очекувале повеќе од дваесетина автомобили, и преку сила шеесетина посетители. Но, масовната посетеност беше само доказ дека кај нас и покрај сe`, искрените љубители и ентузијасти, и тоа како се присутни и желни за вакви настани. А рака на срце, и имаше што да се види и чуе... Автомобили со аудио капацитет, доволен за озвучување на една концертна сала, дотерувања и бои, какви што сме виделе на филмското платно, издувни системи кои предизвикуваат земјотреси, турбо полначи чиј пискот останува врежан во потсвеста итн. Она што е исто така многу битно, за еден ваков настан, целиот собир помина во друштвен и пријатен амбиент, со споделување искуства, пријателски разговори итн. Токму како што би требало да биде. Честитки и пофалби до организаторите за успешниот собир, и се надеваме дека ваквите настани ќе им прераснат во традиција, која и тоа како е битно да се негува.

Европа избра електромобил – Nissan LEAF, Северна Америка избра хибрид – Chevrolet Volt… Македонија удри контраофанзива на сите трендови и избра компактен SUV – Hyundai ix35

В

о Македонија, годинава по 16-ти пат се избираше автомобил на годината. Ваков вид награда има речиси во сите држави регистрирани во политичката карта во атласот, но, како највредни и најпрестижни, се разбира дека се „континенталните“ т.е. „Автомобил на годината во Европа“ и „Автомобил на годината во Северна Америка“, и како апсолутен врв се смета наградата „Автомобил на годината во светот“. Се разбира дека нашиот локален избор е далеку зад овие елитни достигнувања, но тоа не значи дека треба да го заборавиме и да го изоставиме. Оваа година, за прв пат имаше дури 12 финалисти. Рака на срце, бројката од 12 конкуренти, повеќе сугерира дека има барем уште два круга до

финалето, бидејќи е преголема бројка за „финале“, но што е, тука е. Во финалето на изборот имаше претставници од различни сегменти, класи и ценовни домени. Битката за превласт се водеше помеѓу: Alfa Romeo Giulietta, BMW X1, Citroen DS3, Dacia Duster, Hyundai ix35, Kia Venga, Mitsubishi ASX, Opel Meriva, Renault Fluence, Toyota Prius и Volvo S60. Иако повеќето членови на форумот предвидуваа остра битка помеѓу Giulietta, DS3 и S60, а резултатите од анкетата на го фаворизираа Швеѓанецот, сепак, жирито се одлучи за првпат во историјата на нашиот избор за Автомобил на годината, престижната награда да му ја додели на корејскиот производител Hyundai, за неговиот модел ix35. Да напоменеме дека ix35 е првиот припадник на овој сегмент, кој се закитил со ова признание кај нас. Честитки до победникот, и се надеваме дека ќе ја оправда титулата во текот на оваа година.


75 LIFE М А Р Т 75

технологија


технологија

Motorola Atrix – првиот вистински телефон-компјутер На последниот CES (Consumer Electronics Show т.е. Саем за комерцијална електроника) во Лас Вегас, Motorola го промовираше најновото достигнување – телефонот –компјутер Motorola Atrix. Ова мало чудо е дефинитивно најмоќниот телефон на пазарот, бидејќи во себе ги инкорпорира сите карактеристики на еден портабл компјутер со оние на „умен телефон“ со 4G мобилна технологија. Карактеристиките на Atrix доволно кажуваат: дуал кор Nvidia Tegra 2 процесор со 1GHz, 1GB RAM меморија и 16GB вградена меморија, 5 мегапиксели камера и HD видео снимање, Android 2.2 OS и неверојатен екран. Покрај ова, телефонот се претвора во вистински PC со помош на еден од приклучоците (докови) што ги нуди Motorola. Едноставно, приклучете го Atrix во вашиот лаптоп или PC и со помош на т.н. Webtop софтвер и добивате целосна машина!

Sony Ericsson XPERIA Play А што друго ако не првиот PlayStation мобилен телефон? Во јануари сите решија да бидат први во нешто, а зошто би било тоа проблем за лидерите на полето на играчките конзоли. Овој PS „во мало“ го обединува најдоброто од XPERIA со карактеристиките на PS, а резултатот е сосема солиден мобилен телефон со сите побитни карактеристики (одличен процесор, Android 2.3 Gingerbread OS, 5 мегапиксели камера, итн.). Играчката ветува многу, а она што останува да го видиме е дали ќе понуди и ултимативно играчко доживување!?

Samsung ZX310 - најтенкиот лаптоп на светот? Потенок од MacBook Air на Apple? Верувале или не, Samsung ZX310 е точно 0,7 mm потенок од неговиот „воздушест“ конкурент. Доаѓа спакуван во 13’’ пакување, машината ја чува дур-алуминиумски оклоп (што е голем плус), процесорот е Intel Core i5 или, пак, i7, може да има до 8GB RAM меморија и тврд диск од 128 или 256GB. Дали е подобар од Air? Можеби, а можеби и не, секако е достојна конкуренција.

Orbotix Sphero

76 LIFE М А Р Т

Motorola Xoom Еден од посериозните конкуренти на iPad е новиот „таблет“ на Motorola, именуван едноставно Xoom. Xoom е прва направа која работи на Android 3.0 Honeycomb OS, специјално дизајниран од страна на Google, токму за таблет компјутерите. Со супер брзиот дуал-кор процесор (NVIDIA Tegra 2 од 1GHz), Xoom е моментно најбрзиот таблeт-компјутер во светот. Покрај ова, тој има 1GB RAM меморија, 32GB вградена меморија, 10’’ HD екран, фронтална камера од 5 мегапиксели (која овозможува и HD видео снимање со 720p), како и задна камера од 2 мегапиксели за видео-повици.

Orbotix Sphero е роботска топка која можете да ја контролирате со помош на вашиот „умен телефон“ (доколу работи на iOS или Android OS) преку блутут. Што можете да правите? Да ја движите низ собата, да правите да свети со различна светлина, а добар дел од можностите на ова мало чудо сe` уште се држат во тајност, барем до нејзиното официјално „лансирање“.


технологија

Sony HDR – TD10 тродимензионален камкордер Одговарајќи на предизвикот на Panasonic, кои го креираа првиот комерцијален 3D камкордер на светот (HDC-SDT750 за кој веќе пишувавме во LIFE магазин), Sony го најавија HDR – TD10. Оваа нова играчка на Sony има две леќи и два сензора кои овозможуваат камкордерот да „улови“ два одделни кадра со целосно HD видео (1920 x 1080), за разлика од неговиот претходник каде со еден сензор се „заробуваа“ двете слики со половина од оваа резолуција (односно одделните слики не беа целосно HD, туку само резултатот од нивното спојување). Колку е подобар ефектот кој го креира Sony, останува да видиме, а другите новини кај HDR – TD10 се што можете да снимате и 2D и 3D, а 3,5’’ LCD монитор на камерата е прв таков монитор кој овозможува да ја гледате снимката – без очила. Сепак, за да ја гледате на вашиот тродимензионален телевизор очилата ќе ви бидат неопходни

Глушец на допир на Microsoft Помина многу време откако Apple го исфрли фамозниот Magic mouse. Сe` досега, ова магично глувче беше без конкуренција, па Microsoft реши да го возврати ударот и на корисниците на Windows 7 да им овозможи слично задоволство – со Microsoft Touch Mouse. Со помош на показалецот можете да „скролате“ нагоре и надолу, со палецот да се движите напред и назад преку интернет-страниците, со два прста можете да ги намалувате и зголемувате „прозорците“, а со три прста ги тргате отворените програми и доаѓате на десктопот. Ви треба ли нешто повеќе?

ИГРИ LITTLE BIG PLANET 2 (PS3) По огромниот успех на Little Big Planet, Sony се враќа со второто продолжение од оваа игра. Главниот јунак, Sackboy, има задача да ги спаси жителите на планетата од интергалактичкиот ѕвер Negativitron. Играта започнува малку бавно, со неколку нивоа на туторијали, но инаку целосното доживување е феноменално. Графиката е одлична, нивоата се обмислени како што треба, а мултиплеер опцијата овозможува супер забава со пријателите. Крајна оценка: мора да се има!

77 LIFE М А Р Т

ASSASIN’S CREED: BROTHERHOOD (Xbox 360) Без разлика дали сте запознаени со серијалот Assasin’s Creed, најверојатно нема да можете да му одолеете на третото продолжение со додавката Brotherhood. За оние кои не се запознаени, оваа акциска авантура во трето лице се случува во средновековен Рим, а вие сте платеник-убиец по име Дезмонд Мајлс. Третото продолжение е подобрено во однос на претходните, особено во онлајн играњето и мултиплејер опцијата, па целосната оценка вели дека оваа игра може сосема да ви „легне“.


наука

МОЖЕН Е ЖИВОТ И НА „ТЕМНИТЕ“ ПЛАНЕТИ Според последните истражувања, планетите кои немаат ѕвезда да ги „стопли“, односно оние кои се исфрлени сами во вселената, можно е да содржат вода во течна состојба. Доколку таа вода содржи и живот, што не e неверојатно, овие планети можат да бидат извор на животот во една галаксија. Како резултат на гравитациски колизии со други планети или ѕвезди, овие осамени планети биле исфрлени од нивниот сончев систем. Но, дури и во студенилото на вселената, овие далечни светови можат да останат топли, благодарение на распаѓањето на радиоактивните елементи во нивните јадра.

Дориан Абот и Ерик Свицер од Универзитетот во Чикаго заклучуваат дека карпестите планети со маса слична на онаа на Земјата, можат да останат топли доволно долго, дури и над билион години, за да задржат вода во течна состојба под дебелите слоеви мраз. Планета со исто количество вода како Земјата и со маса 3,5 пати поголема од онаа на Земјата може да задржи вода во течна состојба под површината на мразот. Но, интересно е што планета со 10 пати повеќе вода од Земјата би можела да сочува течна вода само доколку тежи една третина од масата на Земјата.

78

LIFE М А Р Т

ХАБЛ „ИЗВАДИ“ НОВА СЛИКА ОД СПИРАЛНАТА ГАЛАКСИЈА NGC 2841 Вселенскиот телескоп Хабл го прикажа во најубаво светло прекрасниот диск од ѕвезди и ѕвездена прашина во најновата слика на спиралната галаксија NGC 2841, која се наоѓа на 46 милиони светлосни години од Земјата, во соѕвездието Голема мечка. За да се добијат олку прецизни бои, оваа слика беше фотографирана во текот на 2010 година низ трите различни филтри на една од камерите на Хабл.

КАКО ДИНОСАУРУСИТЕ ЈА ОСВОИЈА ЗЕМЈАТА Откритието на нов вид диносаурус во Аргентина ги наведува научниците кон нов заклучок како еволуирале најголемите суштества кои живееле на Земјата. Веќе некое време научниците не можеа да сфатат како диносаурусите од т.н. Saudomorpha група успеале да еволуираат од средно големи во огромни суштества со долги вратови (пример е т.н. Апатосаурус). Првите видови диносауруси од оваа група, просауроподите, се средни по големина, и живееле некаде во периодот помеѓу првите, малечки диносауруси и доцните гиганти, а фосилите на диносаурусите од овој преоден период се многу ретки за да можат да се изведат прецизни заклучоци како дошло до еволуција кон гигантизам. Но, сознанијата се променија со пронаоѓањето на Leonerasurus taquetrensis, најблискиот сродник на гигантските сауроподи. Аргентинскиот палеонтолог Диего Пол заклучил дека овој примерок е 2,4 метри долг, што е всушност некоја преодна големина од средните до големите диносауруси - споредено со гигантските сауроподи, чија должина се движи од 10 до

40 метри. Но овој примерок имал една битна карактеристика која води во гигантизам: крајно развиена клучна коска. Научниците претпоставуваат дека зголемувањето на масата на диносаурусите правело поголем селективен

притисок токму на клучната коска, што придонело до нејзино зголемување. Тоа е доказ дека сауроподите биле први кои ги развиле битните карактеристики за создавање на гигантските диносауруси.


79 LIFE М А Р Т 79


спорт

НА ВРВОТ БЕЗ ПОРАЗ КУГЛАРСКИОТ КЛУБ „МАКПЕТРОЛ“ БИЛ ФОРМИРАН КАКО СИНДИКАЛЕН ОД УПРАВАТА НА ИСТОИМЕНАТА КОМПАНИЈА ВО ОСУМДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ НА МИНАТИОТ ВЕК КОЈ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ПРЕРАСНАЛ ВО ПРОФЕСИОНАЛЕН. ЕКИПАТА ГОДИНАВА ЈА ПРОСЛАВИ ЈУБИЛЕЈНАТА ДЕСЕТГОДИШНА ПОБЕДА НА ДРЖАВНО НИВО, ШТО ПОВТОРНО ПОТВРДИ ДЕКА СЕ ЕДИНСТВЕНИ НА ВРВОТ

апитенот на кугларскиот клуб „Макпетрол“, Димитар Димитровски како најстар член и со најдолг стаж, минатата година ја понесе тиК тулата, сениорски државен првак на Македонија. Во 1995 година за ис-

80

LIFE М А Р Т

тиот тим ја имал својата прва регистрација и официјален настап. На ова поле, професионално е активен веќе 16 години. Почетоците се поврзани со неговиот татко кој е поранешен куглар, а сегашен тренер на клубот „Работнички“. И денес кога ќе се сретнат, нивните разговори најчесто се за куглањето. „Мојот татко, Драги беше и успешен голман и фудбалот му беше приоритет во животот. Како вработен во компанијата „Макпетрол“, почнал да се занимава со куглањето. Тогаш се одржувале спортски рекреативни игри меѓу фирми кои биле масовно организирани во бивша Југославија. Поради него, од мали нозе сум присуствувал на кугларските настапи, натпревари, тренинзи. Сум фрлал и по некоја кугла. Постепено навлегував во спортот кој веќе ми беше влезен во крвта“-раскажува Димитровски. Постојат повеќе категории на натпревари во овој спорт. Првиот е екипен на кој учествуваат шест играчи плус резерва, во пар, мешани парови и поединечно натпреварување. Според календарот

на Светската кугларска асоцијација (ФИКА), екипно светско првенство се одржува на секои две години, како и поединечното. Последниот поединечен светски куп беше одржан во Естонија, од 10-ти до 13-ти февруари годинава. За боите на Македонија се претставија играчи од ист тим. Капитенот (сениори) кој го освои петтото место и Александар Соколовски младиот јуниорски првак (јуниори), шестото место. Соколовски е роден во 1990 година и својата прва регистрација ја имал во 2005 година за кугларскиот клуб „Пелистер“, кој подоцна во 2009 година се приклучил на екипата на „Макпетрол“. „Татко ми ме носеше рекреативно во кугларница во Битола, каде што членовите од „Пелистер“ ме забележаа како куглам и имав шанса со нив да почнам да тренирам и да се регистрирам“, вели Соколовски. Кога сме кај тренинзите, во овој период од годината се одвиваат три пати неделно, а за време на викендите се одржува по еден натпревар. Кога се подготвуваат за некој важен натпревар како што е меѓународниот или до-


КУГЛА Куглата е тешка три килограми. Нема помошни помагала за држење и се држи во дланка. Куглата, пак, која се користи во bowling, може да има различни тежини и дупчиња за држење.

спорт

и со противничките тимови. Составот брои осум активни играчи: Димитар Димитровски, Дарко Димитровски, Александар Соколовски, Бојан Влакевски, Виктор Николовски, Ибраим Мемеди, Влатко Стојановски, Димитар Димов. Сегашен тренер е Александар Атанасовски, помошник тренер Војислав Делов кој ја има и функцијата на резервен играч. Домаќини се и на традиционалниот меѓународен меморијален турнир „Гаврило Гаврилски“, наречен по легендарниот директор на „Макпетрол“, кој се одржува секоја година во месец декември. Покрај, бројните учества на меѓународни и светски натпревари, најдобри резултати имале дури три пати со освоено петто место на светските купови. „Моментално е актуелна македонската кугларска лига, на која сме први на табелата без пораз. Таа е една единствена лига која функционира во период од месец септември до мај и вклучува десет клубови, два од Битола, еден од Струга, останатите од Скопје.

Лигата беше многу поголема во изминативе години, но како доаѓа времево и кризата се намалува. Натпреварите се одржуваат во сите кугларници што се по стандардите на играта, во кугларницата „Борис Трајковски“, „Мусандра“ во Градскиот трговски центар, во Битола и во Струга во хотел „Дрим“. Имаме и претседателски куп кој се одржува секоја година во сите спортови под покровителство на претседателот на државата. Тие активно завршуваат до средината на април годинава, а после тоа ни почнуваат интензивни подготовки за репрезентација. Имаме учество на светско првенство во Сараево годинава, каде што плановите и амбициите се многу големи. А за да се остварат тие, ќе бидат потребни интензивни тренинзи“рече Димитровски. Екипата на LIFE им посакува добри подготовки и успех во остварувањето на плановите.

81 LIFE М А Р Т

машниот, тогаш се подготвуваат од пет до шест пати неделно. Освен тренинзи во кугларница имаат и физички подготовки како пливање, вежбалница, трчање итн. Паузираат само за време на летниот одмор, некои десетина дена, и повторно продолжуваат со исто темпо. Внимаваат и на режимот на исхрана со цел да добијат врвни резултати. А, што се однесува до правилата и начинот на играта ни ги објасни Димитровски: „Еден играч треба да исфрли 120 хитси, во текот на еден натпревар, со загревање на 15 хитси. Што значи дека вкупно се фрлаат 135 хитси. Се игра на четири патеки по 30 хитси, а на секоја патека од нив, 15 се во полни, 15 се во чистење. Се натпреваруваат по шест играчи екипно. Победникот се добива од дуел-играта на играч против играч, тоа се шест поени кои се делат меѓу екипите, и два поени се добиваат на крајот од вкупниот збир на соборени чуневи. Може да се случи во текот на натпреварот двете екипи да освојат по три бодови, но тие што имаат повеќе соборени чуневи тие се победници. Ние играме на девет кегли, што е потежок начин на куглање, а прецизноста и концентрацијата се многу поголеми. Со десет кегли односно bowling како што го нарекуваат Американците, нам ни е многу полесно“. Како екипа функционираат многу добро, професионално и сложно. Во приватниот живот се дружат не само меѓусебно, туку


ако мене ме прашате... филм

127 ЧАСА

82 LIFE М А Р Т

еспектот кон досегашниот опус на режисерот Дени Р Бојл („Трејнспотинг“, „Плажа“, „Сиромавиот милионер“), како и седумте номинации за Oскар 2011 ме „обврзаа“ да го погледнам неговиот најнов филм „127 часа“. Покрај тоа рекламниот слоган најавува дека се работи за филм работен според вистинска приказна, па и тоа дека е наменет за оние со здрав желудник, и со многу пофалби за талентираниот актер Џејмс Франко?... Инаку, спомнатата вистинска приказна е за планинарот Арон Ралстон на кој при паѓањето

во длабок кањон една карпа му ја приклештува десната рака и тој е безнадежно заглавен... Со расположивата планинарска опрема се обидува да преживее, но по пет дена агонија го наоѓа единственото можно решение, да си ја ис ... Пристојноста ми налага да не го соопштам крајот на приказната! „127 часа“ е филмуван документарец, или филмувана монодрама, која (бидејќи со крајот веќе ве запознавме) е речиси неподносливо искушение за вашата трпеливост.

Страдањата на Арон стануваат психолошка тортура за вашата интелигенција и за вашите сетила. Дени Бојл си дозволил да го сними „127 часа“ како вежба во освојувањето на нефилмичното. Ќе признаеме дека Бојл е повеќе од талентиран режисер и тој тоа се обидува да го пласира и во овој филм. Но приказната е премногу мала за од неа да се направи филм. Бојл има прекрасни флешбекови, снимателски агли, визуелни ефекти и симболички вињети, но попусто. Ништо од тоа не помага за да го задржи

потребното внимание на гледачот до последната сцена. Знаете, она одвратно чувство кога одвај ја чекате одјавната шпица!? Веројатно повеќето од публиката ќе го доживеат како измачувачко и тескобно емоционално искуство. Секако, воопшто не е едноставно да се соживееме со судбината на Арон, и филмот се обидува да не стави токму во таква ситуација, дали и како можеме да се соочиме со смртта. Дали стравот може да се надмине? Во практика, случајот на Арон е редок. Во животинскиот свет пак,


GNOMEO & JULIET ГНОМЕО И ЈУЛИЈА Од студиото на „Дизни“, од авторите на „Шрек“, со музиката на Елтон Џон, уште еден класичен текст, овој пат според Шекспир, се разбира адаптиран за најмладата публика. Повторно врвна аниматорска технологија, многу акција и хумор. Режисер е Кели Есбари, а гласовите ги позајмуваат Џејм Меквој, Емили Блант, Ешли Јенсен, Мајкл Кејн, Меги Смит, Хулк Хоган и Ози Озборн.

THE EAGLE ОРЕЛОТ Режисер на филмот е Кевин Мекдоналд, а приказната е сместена 150 години пред новата ера. Еден од историските спектакли со атрактивен кастинг. Според легендите, римскиот војник Маркус Акила се обидува да ја врати изгубената репутација на својот татко, некогашен водач на римската легија. Улоги: Ченинг Тејтум, Џејми Бел, и Доналд Сатерленд.

Ако мене ме прашате... Бидејќи времето е најдобар критичар, не верувам дека по пролетта некој ќе го спомнува овој филм.

THE ROOMMATE ЦИМЕРКА За љубителите на хорор-жанрот, овoj е еден од оние филмови кои имаат намера сериозно да ве уплашат. Кога ќе ја запознаете новата цимерка во студентскиот дом, ви изгледа дека сте добиле пријателка... Но работите набргу драматично ќе се променат. Настапуваат младите актери Минка Кели и Лејтон Мистер. Режисер е Данецот Кристијан Кристијансен.

LIFE М А Р Т

Ситничарењето не ми е во природа, дури често со потсмев гледам на ловците на грешки во филмовите, но! Навистина ме разочара еден „пропуст“ на Дени Бојл во „127 часа“. Имено, имаме ваква ситуација: На Арон му е приклештена раката, ранецот му е се уште на грбот, тој, без никаков проблем го симнува?! Обидете се ве молам, ако раката ви е заглавена, да го симнете ранецот! Но, без сечење или откопчување на ремените ве молам. Исто како во филмот. Ало, монтажери! Ве поздрави Худини! Само остатоци од почитта кон Бојл нема да ме принудат да кажам дека жалам за потрошените два часа гледајќи го филмот (плус времето за овој текст).

83

познати се безброј случаи на самоосакатување, но не како свесен туку како инстинктивен преживувачки момент. Гледајќи го филмот не е исклучено да ви се наметне едно поинакво гледање на работите. Ќе си речете: Авантуристот Арон сам си го бараше, никој не му е виновен за неговата самотничка непресметливост. Па изгледа дека го доби она што го заслужи! C’est la vie! Тешко е да се констатира во која мерка актерот Франко е автентичен во својот портрет. На места е неуверлив, барем кога се работи за болката на приклештената рака, на места, пак, премногу релаксиран (дури и насмеан) на места... но сето тоа, сепак, го оставаме на капацитетот на главниот актер и на идеите на режисерот за создавање психолошки суспенз во кој сака да не вовлече и да го тестира нашиот ментален и морален капацитет.

JUSTIN BIEBER: NEVER SAY NEVER ЏАСТИН БИБЕР: НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ Филм за една од најголемите тинејџерски атракции во моментов. Овој филм кој го режираше извесен Џон Шу, практично е документарец за раното детство и патот кон славата на младиот Џастин. За жал, филмот за оваа инстант-ѕвезда е прилично негативно оценет, а и фановите на Џастин се помалку разочарани од својот идол.


музика

КОНЦЕРТ НА „АРХАНГЕЛ“, „MЕТРОПОЛИС АРЕНА“, САБОТА 12-ТИ ФЕВРУАРИ 2011

Зборови волшебни

84 LIFE М А Р Т

ини фестивалот со наслов „Македонски подобро звучи“ беше организиран од страна М на продукцијата „Јованов“. Многумина дај-хард обожаватели беа збунети од оваа колаборација: Јован Јованов од една и Ристо Вртев и „Фолтин“ од друга страна. Би рекол ништо неочекувано. Напротив. Во секој случај, еден успешно организиран концерт кој привлече навистина огромно внимание кај публиката којашто ја наполни „Метрополис арената“. „Фолтин“ ја имаа ‘честа’ да настапат први и со краток сет да ја загреат публиката за настапот на „Архангел“. Со првите секунди од настапот на „Фолтин“ (87, песна од нивниот сe` уште последен официјален албум „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“) стана јасно дека звукот и светлото во салата се речиси совршени, а бендот расположен да покаже што знае. „Фолтин“ дефинитивно е најдобриот македонски бенд во моментов. Со петнаесет годишна непрекината работа зад себе, 5 студиски албуми, многу концерти и постојани музички ангажмани. Резултатот видлив на сцената. Како на овој краток, педесет минутен настап, а особено на кој било нивни целовечерен концерт. „Фолтин“ всушност се најдобриот пример за тоа како треба да се работи. Напорно и константно. Не би сакал да правам широка паралела на двата бенда и нивните настапи, но кратко би забележал: константната работа на „Фолтин“ им овозможува кондиција за беспрекорни целовечерни концерти. Од друга страна, кампањската работа на „Архангел“ придонесува кон слабата кондиција. Иако таа овде се однесува само на лидерот на бендот Ристо Вртев. Останатите членови на оваа постава на „Архангел“ (Дарко Мучев на бас-гитара, Гоце Стефкоски на тапани и Џијан Емин на втора гитара и клавијутури) се музичари кои цело време свират во разни проетки, па немаа никаков кондиционен проблем низ двочасовниот настап. Драган Гиновски-Гино, како и секогаш, повлечен и


THE ORB feat. DAVID GILMOUR Metalic Shapes (columbia, 2010) Ова е албум кој е издаден минатата година, но тоа не треба да биде пречка топло да ви го препорачаме. Се работи за колаборација помеѓу двајца стари и искусни музичари кои на оваа плоча заедно се обидуваат и успеваат да дадат јасен белег на сопствениот минат труд во едно ново, и тоа како интересно, педесет минутно четиво. Поделен во две целини, „Мetalic“ страна и „Shape“ страна, овој албум како да успеал да го извади на површина најдоброто од овие двајца легендарни британски музичари, двајцата од различни музички провиненции и од различни музички ери. „Metalic“ страната за летаргичните, „Shapes“ страната за ентузијастите! Проверете. волшебни“, „Чудесен свет“, „Нова вера - нова библија“.... брилијантни композиции кои сe` уште предизвикуваат лавина реакции кај слушателите. Кон крајот на концертот на изведбата на Heart Core, Вртев е уморен и ја препушта публиката да ја заврши неговата работа. Уникатно чувство за дај-хард фановите, досада за останатите. За бис, „Милион долари“ и една нова песна на „Архангел“, најава за новиот материјал на бендот. Би резимирал: без бавниот, развлечен старт на настапот на „Архангел“, овој концерт ќе имаше сосема поинаков, поконцизен тек. Убаво е да се види дека „Архангел“ сe` уште можат да соберат повеќе илјади луѓе на едно место. Убаво е да се слушнат класиките на овој состав. Тоа од една страна радува, а од друга кажува дека нашиот однос кон вистинските музички вредности и не е толку лош. Дека, сепак, под купиштата и купишта ѓубре околу нас, нешто добро се случува тука! ¿

RADIOHEAD The King Of Limbs (self-released, 201) Новиот, 8ми по ред албум на оксфордскиот бенд Radiohead не отстапува од зацртаната траса на нивниот „Kid A“ од 1998 година. Ако се земат предвид претходните изданија на бендот, тоа воопшто не изненадува. Кариерата на овој бенд составен од исклучително талентирани музичари се претвори во еден бескраен музички експеримент. Експеримент кој ретко кога успева да прерасне во ремек-дело. Истото се случува и на „The King Of Limbs“ - брилијантни кратки парчиња „изгубени“ во бескрајните, досадни музички експерименти. „The King Of Limbs“ се појави во средината на февруари како дигитално издание во wav и mp3 формат, додека CD-то и винилното издание ќе бидат достапни на крајот на месец април. FRIVOLОUS Meteorology (cadenza records, 2011) Третиот албум на канадскиот продуцент Даниел Гарднер е едно интересно музичко патување. Пригодна музика за повеќе различни пригоди, а всушност љубовна приказна раскажана низ 11-те композиции сместени на овој албум. Тек хаус ритмови врз кои разните текстури и прекрасните вокални решенија наметнуваат пријатна атмосфера погодна за која било радио-станица... Или ако сакате добродојдена на кој било диско подиум. Погодно за диск-џокеи кои сакаат да се оттргнат од стандардите, а притоа да ги задржат насмевките на луѓето на подиумот. Пробајте!

85 LIFE М А Р Т

во сенка, но со уникатната боја и мелодија на неговата гитара - вечниот следбеник на волшебните стихови на Ристо Вртев. По фантастичната најава на битолските херои: „‘Архангел’, во една реченица, најдобриот брак помеѓу македонскиот јазик и рокенролот“, следуваше настапот на „Архангел“ кој беше одлично прифатен од посетителите таа вечер. Првите четриесетина минути од концертот, „Архангел“ ги поминаа во изведба на песни од последниот албум, „Небесна машина“. Бавен, помалку и здодевен развој на концертот кој можеше да биде и поинаков. Летаргичното чувство беше прекинато со првите рифови на „Ладно оружје“. Делириум во салата (ги имаше неколку илјади таа вечер). Средината и крајот на концертот донесоа пресек на првиот и третиот албум на бендот со акцент на високо почитуваниот „Архангел 2“. Нешто што овој концерт и требаше во целост да претставува. „Сениште“, „Луна“, „Зборови


галерија

ОГЛЕДАЛО Н

Фото: Ивана Кузмановска

ПОМЕЃУ ЊУЈОРК И САН ФРАНЦИСКО, ПОМЕЃУ ЕВРОПА И АМЕРИКА, ПОМЕЃУ ТЕЛОТО И ПРОСТОРОТ, ПОМЕЃУ МЕДИУМОТ И ВРЕМЕТО, ПЕРФОРМАНС-УМЕТНИКОТ ИГОР ЈОСИФОВ УСПЕВА ДА ГО ПРОНАЈДЕ ВИСТИНСКИОТ ПАТ ЗА СВОИТЕ ТЕЛЕСНИ КРЕАЦИИ

86 LIFE М А Р Т

баво е чувството кога човек ќе се најде во вистинско време на вистинско месУ то. Уште поубаво е кога ќе сретнете човек кој успеал да го препознае моментот и да ги употреби сите можности за реализација на сопствените желби. Такво чувство добивме при средбата со младиот уметник Игор Јосифов. Роден е во Кавадарци, средно уметничко училиште завршил во Скопје и веќе шест години живее и работи во Сан Франциско. „Знаев дека сакам да одам во странство и на 18 години успеав да добијам стипендија на универзитет за уметност во Сан Франциско. Почнав со студии и сe се случи некако брзо. Имав добро портфолио, бидејќи баба ми и дедо ми се уметници и отсекогаш сум се занимавал со цртеж,

сликарство и скулптура. Во средното училиште бев фокусиран на формирање на сопствената техника, додека на универзитетот добив можност да се фокусирам на творештвото и затоа одбирав предмети со кои ќе можам да создадам свое дело“ - се сеќава Игор Јосифов на своите почетоци. Можноста за првата самостојна изложба се појавила во текот на втората година на студиите. Изложбата се одржала во уметничката галеријa Томи Турел (Toomey Tourell) во Сан Франциско. Потоа почнале да стигну- ваат покани за учество на изложби во Мајами, Чикаго, Њујорк. „За секој уметник е важно кога има музејски изложби во своето резиме, бидејќи потоа многу полесно се добиваат други изложби.

Во мојата кариера имав среќа што сум бил со вистински луѓе во вистинско време на вистинско место“. Додека работел на графичкиот дизајн за фондација за заштита на човековото здравје добил можност да отпатува во Сирија, Пакистан, Индија, Непал и Тибет. Покрај тоа што направил документарен филм за патувањето го сфатил и моментот дека тоа е можност да се здобие со животно искуство кое подоцна ќе може да го употреби како инспирација за создавање перформанси. Во текот на студискиот престој во Мајами се запознал со ликовната уметница Марина Абрамовиќ, со која подоцна почнале да им се вкрстуваат патиштата. „Уште кога се запозна-вме имаше многу силна


туку само ги гледав во очи, а реакциите на публиката го правеа перформансот. Кога ќе ја ставиш публиката во таква ситуација, навистина нема ограничување на тоа што ќе се добие. Тоа беше како огледало на нивната внатрешност. Се гледаше нивната несигурност, се забележуваше дали имаат љубов или омраза. Тој перформанс, со кој отидов една скала погоре, беше една од побитните точки во мојата досегашна кариера“. Следната изложба на која Јосифов ќе го претстави истиот перформанс ќе се случи во центарот за современа уметност „Мараја арт-центар“ во Дубаи. Карактеристика на целото творештво на Јосифов е што се занимава со перфорСамо со истиснување на сопственото его, уметникот ќе се доближи до вистинската уметност манс-уметност во која телото на уметникот е медиум за изразување на уметничкиот концепт во одредена визуелна форма. „Уште на почетокот сфатив дека концептот е првичен и најзначаен дел од творештвото. Потоа можев да го користам кој било медиум со своето симболично значење за да создадам дело. Телото како медиум може да се преведе на многу начини. Тоа значи дека секој концепт или идеја можат да станат проект. Досега направив различни мултимедијални проекти и за секој од нив почнав да правам книга во која се наведени сите специфики на делото. Користам перформанс бидејќи тоа е најдиректната

форма за изразување. На тој начин тотално го убивам своето лично его и тој момент го користам како форма во дадено време, место и простор за целосно да се изолирам од себе. Кога правам перформанс каде што сум во комуникација со публиката, секој потег има своја симболика. Потоа користам различна визуелна форма за документирање, како видео и фотографија, или едноставно оставам перформансот да остане само во меморијата на гледачот, односно на публиката“. Уметноста ја сфатил како целосна посветеност, фотографијата ја смета за современа икона и во своето творештво се обидува да ги разгатне работите кои стојат помеѓу нештата, како магнетизмот што ги поврзува луѓето. Со проектот Manumission, чиј трет сегмент треба да го реализира на бреговите на Вардар околу Камениот мост во Скопје, прави обид да ги открие нештата што стојат во честите конфликти меѓу христијанската и муслиманската религија, особено тука на Балканот. Во првиот сегмент го откри ликот на конфликтот, во вториот создаде метафора на ослободување, додека во третиот сегмент реката помеѓу треба да го избрише минатото со цел да се отвори простор за подобра иднина. Сите негови проекти се комплексни за реализација и во себе носат повеќеслојна порака. „За секој проект има толку многу работа и организација и барање документи и чекање термини, но тоа сум одлучил да го правам и среќен сум што имам можност своите идеи да ги изразам на креативен начин“ - заклучи Игор Јосифов. ¿

87 LIFE М А Р Т

енергија и останавме во контакт“. Потоа добил покана за перформанс во Њујорк. „Го направив перформансот Purification Process, на кој дојде и Марина. Во публиката се појави и Јоко Оно. Перформансот траеше три дена, во кои се туширав во јавен простор, а едновремено проектирав работи од минатото кои сакав да ги заборавам. Станува збор за метафора на прочи-стување, односно направив обид да ја разрешам дилемата дали како човек си креација на тоа што ти кажуваат да бидеш или си тоа што навистина си. Тоа беше комплициран проект, бидејќи требаше да се инсталира туш во галериски простор, но тоа беше првото нешто од моето творештво што беше забележано од медиумите, а беше објавена рецензија и во ‘Њујорк тајмс’“ открива Јосифов. Надоврзувањето на работите продолжило со средбата со семејството Прицкер во Њујорк. „Не знаев дека се милијардери и дека доделуваат една од најзначајните награди за архитектура во светот. Прицкерови ме поканија да направам перформанс за отворањето на ‘Модерн винг’ во ‘Арт-институт’, еден од најдобрите музеи во Чикаго, и во светот воопшто. Добив идеја да го направам перформансот ‘2 dimensional’, кој подоцна го претставив и во Париз. Идејата на перформансот беше да се извади подот и да се постави стакло, а јас да лежам под стаклото. Публиката требаше да поминува над мене преку стаклото. Имаше две камери од кои едната ме снимаше мене, а другата ги снимаше реакциите на публиката. Јас немав никаква реакција,


галерија

подготвила: Ивана Кузмановска

1

2

88

LIFE М А Р Т

01

„Запри ја водата додека ме употребуваш“ е нов „екосвесен“ бренд за производи за лична нега. 100% биоразградливи органски состојки кои секојдневно ќе ве потсетуваат за штедење вода. Со ова неверојатно пакување развиено од страна на Korefe, сигурно е дека овој производ ќе ве направи големи

еко-љубовници! Иновативноста зад маркетингот е дека „пораката е бренд“! Развивањето бренд за високо-квалитетен спектар на козметика што ќе нè запознае со зголемените барања на еколошкото свесно општество и постави нови стандарди за заштитата на животната средина.

02

Мајкл Мекдауел ги создаде овие висечки керамички вазни специјално за растенијата (Tillandsia) откако дозна дека Tillandsias не може да преживее во стоена вода и дека и само капка вода на лисјата може да им наштети. За само 32

долари (без растението) вазната е покриена и однатре и однадвор со сјајно бела глазура и природен коноп и е спремна за закачување. Со целиот пакет добивате и инструкции за користење и одгледување растенија, иако растението не е вклучено во цената.


галерија

3 4

5

04

Ова е еден пример кога дизајнот има двојна функционалност- проектот Green Trace од Џунџи Занг. Сплесканиот држач за чадори доаѓа со семе за трева, кое се „наводнува“ како што се слева

водата кога ќе го ставите влажниот чадор во дупчињата. Растењето на растенијата ќе биде во зависност од навиките на корисникот и ќе станат очигледни како што поминува времето.

05

Mads Peitersen: Gadgets Anatomy „Што ако технологијата беше жива?“- тоа е она на што размислува данскиот уметник Мадс Питерсен додека ги црта овие илустрации. Видете што се наоѓа во внатрешноста на I phone 4, sony playstation, фотоапаратот Canon…

LIFE М А Р Т

Кога уметноста се сретнува со шампањот! Зарб(Zarb) е многу интересен нов уметнички бренд за шампањи од Франција. Зарб е француски сленг за „бизарно“, а истото можеме да го кажеме и за овие шишиња. За вкусот не можеме да говориме, оти сè уште не сме ги пробале, но шишињата изгледаат извондерно и заслужуваат едно големо БРАВО!

89

03


театар

ИНТЕРВЈУ СО ЛИЛИ АБАЏИЕВА – РЕЖИСЕРКА

НЕ МОЖАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ АКТЕРИТЕ

90

LIFE М А Р Т

ЛИЛИ АБАЏИЕВА, РЕЖИСЕРКА ОД БУГАРИЈА, СТАНА МИЛЕНИК НА МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА ПО ФАСЦИНАНТНИТЕ ПРЕТСТАВИ „ХАМЛЕТ“, „РОМЕО И ЈУЛИЈА“, „ОТЕЛО“ КОИ БЕА ИЗВЕДЕНИ НА ФЕСТИВАЛОТ МОТ ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ. НЕЈЗИНИОТ ОРИГИНАЛЕН СТИЛ – РАБОТА НА ШЕКСПИР САМО СО МАШКИ АКТЕРИ, ЖЕСТОКОСТ, БУНТОВНОСТ, НО И РОМАНТИЧНОСТ ГИ ПОДГРЕА АПЕТИТИТЕ КАЈ МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА ЗА ДОБАР ТЕАТАР. НА ПОКАНА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА МНТ, ТАА ДЕНОВИВЕ ПОЧНУВА СО ПРОБИ ЗА ПРЕТСТАВАТА „РОМЕО И ЈУИЛИЈА“ ОД ШЕКСПИР, ПРОЕКТ ЗА КОЈ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ БИДЕ ХИТ

¢ Игор Ивковиќ За првпат работите во МНТ, на покана на двоецот Дејан Лилиќ и Дејан Пројковски, и тоа повторно со Шекспир - „Ромео и Јулија“. Како дојде до оваа соработка? На сите во Бугарија им раскажувам дека раководството на МНТ е доверено во рацете на многу млади, но пред сe` талентирани луѓе. Тоа мене многу ме радува. Јас сум многу изненадена што во рацете на толку млади луѓе, им се дава толку одговорна задача. Јас ја добив поканата од Пројковски и Лилиќ уште пред неколку месеци, кога тие беа именувани на оваа функција. Морам да кажам дека навистина се радувам. Досега имам настапувано во Македонија, на фестивалот МОТ со три мои претстави кои ги работев во Бугарија. Тогаш направив една т.н. Шекспир-колекција. Првпат настапив со претставата „Хамлет“, потоа со „Ромео и Јулија“ и со „Отело“. Она што отсекогаш ме фасцинирало е што Македонците се големи театромани. Мене тоа навистина ми претставува задоволство, што и покрај тоа што во Македонија има одлични актери, режисери и нормално публиката знае да оцени квалитет, имам чест да направам уште една моја претстава.


театар

Од каде толкав порив за Шекспир? Имате и дипломирано со претстава од Шекспир...го имате поставувано во Москва, Германија, Бугарија, Америка... Јас започнав со Шекспир уште во втора година од факултетот. Тој е за мене најголемиот драматург. Тој просто не открива некои големи вистини, но е предизвик. Тој едноставно зборува за животот. Факт е дека колку повеќе работиш на Шекспир, толку повеќе ќе научиш нешто за себе. Особено тоа важи за актерите, режисерот, па и за публиката. А како успевате да бидете различна од постановка во постановка на еден ист текст од Шекспир? Искрено кажано, не само Шекспир, туку и модерните автори можат да бидат интерпретирани на многу начини според идејата на режисерите и актерите кои работат во еден даден момент. А Шекспир, мислам дека е неисцрпен, со безброј можности за интерпретација. Тоа е и неговата умешност. Секој може да си ја најде сопствената вистина во неговите дела.

Од она што го имам гледано во Вашите претстави, може да се забележи автоцитатност од веќе постоечки претстави. Постмодернистички манир. Успевате ли

да и` го објасните на публиката тоа дека станува збор за автономен режисерски јазик? Тоа што јас имам своја театарска естетика, е работа на критиката. Публиката тоа не ја интересира. Таа доаѓа во театарот за да гледа претстава. Театарот не е литературно искуство. Си кажувам отворено. Театарот треба да е возбудлив. Таа возбуда треба да ја има кај актерите, за да можат да ја пренесат кај публиката. Тоа не може да се постигне со обично читање на текстот на премир. Ваш театарски јазик, несомнено е поставувањето на Шекспир, само со машки актери. Лесно ли е или тешко да се постигне авангардноста, жестокоста, но и романтичниот меланхолизам кој провејува низ Вашите претстави, само со машки актери? Со мажи го работам само Шекспир. На други претстави сум работела со најдобрите актерки. Прво, едноставно не можам да

се одвојам од таа моја страст да го работам Шекспир само со машки актери. Кога почнав првпат да го работам Шекспир на тој начин, тоа беше „Отело“ и предизвикот ми беше во филозофскиот хармоничен однос меѓу мажот и жената. Предизвик ми се љубовните трагедии на Шекспир, „Отело“ и „Ромео и Јулија“... секогаш барам некој предизвик. Еден од тие на пример е што во 21 век не можат да се вљубат Албанец и Македонка на пример? Зошто на пример нивните семејства да реагираат и да не ја одобруваат нивната љубов. Кога го правев кастингот за претставата во МНТ, еден од актерите ми раскажа ваква приказна која вистински се случила во Македонија. Албанец и Македонка биле вљубени, но поради забраната од семејствата се самоубиле. Тоа ќе Ви биде главната тема на „Ромео и Јулија“ во МНТ? Не. Јас само изразувам чудење, што во 21 век не можеме да ги надминеме религиозните или етничките бариери. Се согласу-

91 LIFE М А Р Т

Ви забележуваат ли колегите и театарските критичари, поради тоа што постојано работите на Шекспир, и тоа едни исти текстови или пак, тоа во Бугарија го толкуваат како ваш режисерски потпис? Јас не можам да ја коментирам работата на театарската критика. Можам само да кажам дека бугарската современа театарска критика не е на нивото на бугарскиот театар. Ниту еден од денешните театарски критичари не се обидел да напише за успешната работа на Теди Москов, за Морфов на пример, Јавор Грдев или пак за Галин. А сите ние ги сменивме нештата во бугарскиот театар. Не го кажувам ова суетно, туку како факт. „Младите луѓе“ кои тогаш тргнавме да ги правиме промените, сега се водечки имиња во бугарскиот театар. За бугарската критика кога зборуваме, како контрааргумент ќе ја посочам наградата која ја добив во Америка од независната критика на „Индипендент“ и „Лос Анџелес Тајмс“ за најдобра претстава работена според Шекспир. Јас се чувствувам како разгалено дете на бугарскиот театар затоа што уште со првите мои претстави јас предизвикав лавина реакции кај критичарите. Прво ме рангираа во класичните режисери, потоа како авангарден... јас не се жалам од критиката, туку кажувам дека критиката не е на нивото на театарот кој се прави.


театар вам дека конфликтот кој го имавте во 2001 година е релативно блиску и дека не е лесно раните да се преболат, но не можам да разберам како еден родител не може да го разбере сопственото дете. Тоа ми е чудно. Јас сум исто така родител и знам дека ќе прифатам сe` што тој сака. Зошто во моментот, кога ќе му забраниш нешто на детето, тоа веднаш го реализира забранетото. Сакам да кажам, дека доколку мојот син ми донесе на пример дечко дома, јас тоа ќе го прифатам. Можеби звучи скандално, но јас би го разбрала. Колку и да ми е непријатно, јас тоа би го прифатила. Овдека на Балканот, особено во Бугарија, татковците претпочитаат, нивниот син подобро да е убиец отколку да е „геј“. Тоа се тие вечни теми, на Балканот, па и во Македонија.

92 LIFE М А Р Т

Со што ќе се занимава македонската „Ромео и Јулија“? Сe` уште е рано да се зборува, зошто уште немаме почнато со проби. Сега сум во процес на кастинг, избор на актери. Минатата година постигнавте голем успех во Бугарија со претставата „Фауст“ која ја работевте со Варнавскиот театар. Како помина оваа претстава, затоа што во моментот кога имавте премиера, се случуваа потреси во бугарскиот театар? Претставата помина одлично и покрај тоа што имаше проблеми. Проблемите

се поради реформите кои се случуваат во бугарскиот театар. Тие промени многу ги допреа актерите, режисерите и сите културни работници. Некои театари беа споени, на некој чуден начен. Се обединуваат театари во некои чудни форми. Да се надеваме дека тие реформи ќе бидат за доброто на културата. Се чувствувате ли по малку како предвесник на општествените прилики? Уште во вашите студентски денови сте биле „револуционерно“ настроена... првата девојка примена на НАТФИЗ за режија... Се чувствувам така, да. Особено се чувствувам така поради огромното искуство кое ми го дадоа моите професори и ментори, кои ме научија на животното и театарското искуство. Од каде таа Ваша бунтовност, ако се има предвид дека пред да се запишете на НАТФИЗ, две години сте студирале на медицински факултет. Каде го најдовте спојот? Се откажав од Медицинскиот факултет, затоа што не можев да го поднесам мирисот на формалинот од салите за дисекција, каде што учевме анатомија. Таму се наоѓаа тела на мртви луѓе. Често си го поставував прашањето кои се тие луѓе? Ми кажуваа дека тоа се луѓе кои биле во домови за ста-

ри лица или луѓе кои никој не ги барал по нивната смрт. Нивните приказни не можев да ги заборавам. Постојано ме опседнуваа нивните приказни. Немав јака психологија да го надминам тоа сочувство и постојано се прашував, кои се, од каде се, зошто... итн... токму тука ја гледам таа врска меѓу медицината и театарот. Второ, сметам дека луѓето кои се занимаваат со театар се луѓе кои имале тешко детство. Ако ја немале утехата во театарот, тие би имале уште потежок живот. Зошто мислите така? Затоа што актерите се многу емотивни суштества. И режисерите се, но актерите се уште поемотивни. Нивната професија е многу тешка, секоја вечер влегуваат во други и туѓи ролји. Тоа е многу тешко и одговорно. Имате ли слободно време и како го користите? Искрено да ви кажам, јас не знам да одморам. Не можам да си го замислам животот без актерите. Не гледам на тоа само како на професија. Се радувам на секоја нова средба со актерите. Тоа ме држи жива. Не сум научила да одморам по традиционални начини. Без џогинг, прошетки и слично. Сакам само да читам и да слушам музика. Така можам за миг да избегам од сопствените паранои.¿


антиквитети топлото железо. Многу стари цивилизации, како што се Кинезите, Грците, Индијците, Римјаните и Келтите, ја препознале неговата убавина. Византиските примероци на икони од десеттиот век се опишани како едни од најубавите примероци во оваа уметничка форма. Најстариот сочуван примерок на накит е пронајден во гробница на Кипар која потекнува од 13 век п.н.е.. Келтите на европскиот континент први ја користеле оваа техника за декорација на мечевите, штитовите, дел од коњската опрема и фибулните брошеви. Во средниот век, била користена за декорација на различни видови црковна уметност, како што се книги, крстови, реликвии итн. Во тоа време францускиот град Лимож станал центар за секуларни предмети како што се ковчези, прстени, претстави на распетија и др. Бојата на емајлот се добива од пигментот на боеното стакло или со додавање на метален оксид. Од Византија, преку исламскиот свет, cloisonn техниката стигнала до Кина во 13-14 век, каде што ја има и првата напишана книга за таканаречените „муслимански предмети“. Највреднувани предмети со оваа техника во Кина се оние од периодот на династијата Кинг (1450-1460). Емајлирањето е најфаворизирана техника за време на периодот арт нуво кога се произведувале најразлични парчиња накит. Најубавата изработка на овој вид уметност

се наоѓа во црквата Свети Марко во Венеција и се претпоставува дека била донесена од Цариград во 1105 година. Тој уметнички предмет претставува скулптура со повеќе врамени медалјони со позлатени фигури поставени над олтарот. Дизајнот и цртежите на фигурите при византиското емајлирање се слични со мозаиците и резбата. Во 18 век, во малиот град Стратфорд во Велика Британија, уметниците повторно ја вовеле техниката за изработка на убави и мајсторски изработени емајлирани кутии. Кутиите биле побарувани од страна на благородниците, а биле користени за чување бурмут од страна на мажите, додека жените ги користеле за чување пудра. Емајлираните кутии биле, и с уште се, многу посакуван подарок меѓу благородниците и кралското семејство. Пред социјалистичка Русија, златарот Петер Фаберже започнал да експериментира со емајлирањето. За него, емајлирањето претставувало уметничка форма со непроценлива вредност. Чудесните јајца „фаберже“ биле креирани како подарок за царот на Русија. Тие биле од неколку видови различни легури од злато, инкрустрирани со комплексен и повеќе обоен транспарентен емајл. Швајцарија исто така произведувала емјлирани часовници кои биле уникатни предмети и на пазарот котирале со висока цена. За да се долови убавината на емајлираниот дизајн, се употребуваат повеќе различни техники. Некои од тие техники имаат фран-

цуско име, како што се: champleve, grisaille и plique-jour. Секој посебен стил од техниката има свој специфичен изглед. Денес, се одржуваат светски изложби на емајлирани предмети во музејот Метрополитен во Њујорк, Тафт во Сенсинати и Викторија и Алберт во Лондон. Емајлираните порцелански кутии понекогаш имаат карактеристични сцени од градот кој го преставуваат, сцени од природата, познати историски ликови, животни и др. Повеќето собирачи т.е. колекционери на овој вид предмети ги бираат оние предмети кои на внатрешната страна на капакот имаат посебна порака. Секоја произведена емајлирана кутија Стратфор ги содржи иницијалите на уметникот одговорен за сликата врз неа. Животот на секој таков предмет започнува како обичен бакарен лим. Уметничките дела се рачно насликани од истакнати уметници и се со одобрена литографија нанесена брз порцеланот од главните дизајнери. Платината и златото се користат за да се подобри дизајнот и за да се постигне особен ефект, како во грузиската традиција на производство за овој вид предмети. Овие предмети, како емајлираните кутии, бонбонерите, музичките кутии, манжетните, држачите за хартија и часовниците, се дистрибуираат низ целиот свет и се достапни само за остроумните колекционери. Емајлираните производи се во директна конкуренција со оние од глина т.е. грнчаријата. Најретки и најпосакувани на пазарот за антиквитети се оние на кои има прикажано еротски сцени¿

93

мајлирањето е илјадници години стара техника. Била откриена сосема случајно Е кога ситниот песок и глина се залепувале врз

LIFE М А Р Т

¢ м-р Ангелина Јаневска

ЕМАЈЛ


¢ Тони Димков

ПОДАРОК КНИГА ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА LIFE Читателите кои се заинтересирани да добијат подарок книга, треба да испратат имејл на life.magazin@ yahoo.com со предмет „подарок книга“, а во пораката да напишат за која книга се заинтересирани и да ги остават своите основни податоци (име, презиме и контакт телефон). Најбрзите двајца читатели ќе добијат подарок!

ПОДАРОК!

ШОЛЈА ЧАЈ Ејми Ефрон (Клуб Матица) „Клуб Матица“ ја подарува оваа прекрасна книга на еден читател на LIFE магазин.

Не верувам во книжевност без автобиографија ПИСАТЕЛКАТА ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА СО ЈАСЕН И ПРЕЦИЗЕН ИСКАЗ, КАКО И ВО НЕЈЗИНИТЕ КНИГИ, ЗА LIFE ГО ОТКРИВА НЕЈЗИНИОТ АГОЛ НА СОГЛЕДУВАЊЕ НА РЕАЛНОСТА

ПОДАРОК!

94 LIFE М А Р Т

З

МОЛ ФЛАНДЕРС Даниел Дефо (Магор) „Магор“ го подарува овој роман на еден читател на LIFE магазин.

Што беше лајт-мотив за збирката раскази бирка кратки раскази го сврте внимани„Две перници“, која се појави во издание ето на книжевната јавност кон Оливера Ќорвезироска. Вредна и ненаметлива како на „Три“? личност, прониклива како писателка, несебичНеколку години немав објавено книга, така на како пријателка, Оливера почесто работи што објавувањето на „Две перници“ дојде како на промоцијата на други писатели и ликови, природен „крај“ на таа состојба. Си бев задала отколку на самата себе. Во личниот книжевен јасен раскажувачки концепт за двојки и двојопус веќе има десет остварувања, во животот ности, за живот и смрт, за јаве и сон, за вистина е мајка на Мирна и и измислица,.. па Војдан, во професe` што можеше да Моја природна раскажувачка сионалниот профил се вклопи во него, форма е расказот, ама оној расказ запишани се нејзината спонтано си стана дел наполно задоволен од самиот работа во издавачод збирката. себеси ката куќа „Детска радост“ и во рекламни агенции, а во моментот Перниците во насловот се употребени работи како уредник на списанието „Твој со цел да насочат кон сон, или кон нешто Клуб“ (доскорашниот „Клуб 360“) на Т-Мобиле друго? кое бесплатно се дистрибуира на домашните Перниците од насловот на мојата нова книга адреси на постпејд корисниците на мобилната не се една до друга, туку една врз друга. телефонија. Појавувањето на нејзината нова Всушност, идејата ми беше да се постигне книга го искористивме како повод за краток одреден агол за набљудување на светот околу разговор. нас: подеднакво (не)удобен и за спиење и за


Колку соништата се битни во животот на луѓето, во општа смисла? Колку вие лично „милувате да сонувате“, особено со отворени очи? Мечтите се битен фактор за среќа, ама за жал, и за несреќа... Лично мислам дека „сонувањето со отворени очи“ не смее бескрајно да трае, мора да се постави некое „од – до“, некакво ограничување, некакво работно време кое ќе биде прифатливо и за реалноста.

Десет објавени книги се сериозен опус за секој автор. Имате ли увид на каков прием наидуваат вашите книги, какви реакции сте имале досега? Едно е реакција на тиражот, друго – на читателите, трето – на критиката... Генерално сум задоволна од приемот на моите книги, иако неспорен е фактот што, од една страна, во книжарниците единствена моја книга што може да се купи е најновата – „Две перници“, а од друга – ниту една моја книга нема повеќе од едно издание...

Од друга страна, на кој начин ја примате, или ја прифаќате реалноста на животот? Симболично, сe` се сведува на тоа што сметаме за работно, а што за слободно време. Дали мечтаењето ни е работно време, а реалносСе занимавате и со книжевна критика. та – слободно, или обратното. Мислам дека токму овој сооднос нe` одредува како личности, Колку книжевната критика во Македонија како автори... Не можеме да не ја прифаќаме успева да го пронајде својот простор во реалноста, вистинското прашање е како се секојдневниот живот? однесуваме со неа: милДолго пишував новинно или насилно... ски рецензии, се заниМислам дека „сонувањето со мавав и со книжевна отворени очи“ не смее бескрајно Во творештвото критика. Последниве да трае, мора да се постави некое главно се држите години – помалку, „од – до“ затоа што новинската до прозниот израз, рецензија, за жал, е пишувате и раскази и речиси прогонета од дневните весници (каде романи, и за деца и за возрасни. Зошто? што првенствено и ` е местото). Ако сакаме да Иако имам објавено две поетски книги во мланаправиме нешто вистинско за домашната доста, јас сум прозаист. Мене поезијата само современа литература, несомнено ќе треба да ми помогна побрзо да „стасам“ до прозата. го отвориме и ова прашање. Обичниот читател Пишував за деца еден извесен период кога задолжително треба да се „ориентира“ и „упаи моите деца беа помали, некако... како да тува“ од критиката, не смееме да дозволиме да пишував за нив. Мислам дека моја природна ни се случи единствено бројот на продадените раскажувачка форма е расказот, ама оној примероци и маркетинг-триковите да ни ја расказ наполно задоволен од самиот себеси, профилираат продукцијата. без стремеж да биде, да прерасне во нешто друго. Расказот и романот ги доживувам како конечни форми, при што на едното не му давам да биде другото. Во суштина, каде се раѓа книжевниот текст? Во трошките стварност што ги остава зад себе секоја фантастична гозба. Не верувам во книжевност без автобиографија, подеднакво колку што не верувам во автобиографија без книжевност. Мојот книжевен текст никнува таму каде што ќе го засади стварноста. Имајќи го предвид вашиот роман „Заклученото тело на Лу“, кој е основниот принцип врз кој го градите книжевното дејство? Во „Заклученото тело на Лу“ сакав книжевно да го пополнам она што фактите за животот на Лу Андреас Саломе го оставиле празно. Ако ме прашувате зошто напишав псевдоисториски роман, ќе кажам дека овој жанр ми е многу близок, многу „мој“, а ако, пак, ме прашувате зошто токму за Лу, ќе кажам дека оваа

МАКЕДОНИЈА Франц Дофлајн (Македонска реч)

книга

„љубовница на најголемите умови на своето време“ (Ниче, Фројд, Рилке) и денес, 74 години по нејзината смрт, го заговара рангирањето на зборот, јазикот, мислата... на повисоко еротско рамниште од телесното... Ова само по себе е неодоливо за пишување.

Научно – патописната книга „Македонија“ од германскиот природонаучник Франц Теодор Дофлајн, во превод од германски јазик на Маријана СтеваноскаЧочевска и Сашо Андреевски, е еден од најобемните и со фактографија најбогатите трудови за Македонија напишани од странски автор. Германскиот автор, кој во 1917 и 1918 година ја истражувал Македонија, оставил извонредна научно – описна и документарна книга која содржи 296 фотографии, цртежи и други графички прилози.

БЕРНАР-МАРИ КОЛТЕС, ПАТУВАЊЕ КОН РАБОВИТЕ Деспина Ангеловска (Аз-Буки) Научниот труд „Драматургијата на децентрирањето: Бернар-Мари Колтес, Патување кон рабовите“ на Деспина Ангеловска, објавен во библиотеката „Филозофија“ од издавачот „Аз-Буки“, во целост е посветен на драмското творештво на култниот француски автор Бернар-Мари Колтес. Напишана во форма на книжевно – филозофски лавиринт, книгата дава прекрасна можност да се запознаете со еден од најпоставуваните драмски автори на дваесеттиот век.

РАСПРАВА ВО ТРОЈКА Џулијан Барнс (Три) Романот „Расправа во тројка“ од Џулијан Барнс спаѓа во категоријата белетристика од светски формат. Напишано со мајсторска техника на раскажување, во својата основа делото е поставено врз безвремената тема – прељубата, и ги следи мислите на три лика кои наизменично ја раскажуваат приказната од своја перспектива, во прво лице. Различните верзии на настаните му оставаат на читателот да биде конечниот судија, а со тоа и конечниот автор на овој роман, во кој е внесена и доза црн хумор.

95 LIFE М А Р Т 95

будност, и за живеење и за умирање,.. агол под кој не е можно ни само едното, ни само другото...


календар

март

Клуб „Парадизо“

Две забави со различен концепт, а иста намера ќе се одржат во клубот „Парадизо“ во текот на март. Промоцијата на два вида вотка ќе биде проследена со настап на диџеј Илина Ангел. 10.3., Ice Party, промоција на Grey Goose Vodka 17.3., Twilight Party, ,,,,,,,,,,,промоција на Eristoff Vodka

11.3., МНТ, „Фантазмагорија“ . - Романија 12.3., МНТ, „Демо(н)кратија“ . - Данска 13.3., МНТ, „Тагата на соседот . е подлабока“ - Израел 14.3., МКЦ, „Лолита Доли“ . - Полска 15.3., МНТ, „Парче“ - Шведска 16.3., МКЦ, „Подарок“ . - Полска

Културно-информативен центар

Национална галерија на Македонија

Во галеријата „Империјал“ на 17 март ќе биде отворена изложбата на слики „Интергалактички реакции“ од ликовниот уметник Тони Шулајковски. Делата се работени во техника – акрилик на платно, а минатата година беа изложени во галерискиот простор на „Прима центар“ во Берлин. Изложбата е инспирирана од влијанието на промените што настануваат во вселената.

Најзначајната изложба која во текот на месецот ќе се отвори во објектот „Даутпашин- амам“ при Националната галерија на Македонија е со наслов „110 години од раѓањето на Лазар Личеноски“. На изложбата ќе бидат поставени над сто, досега неизложени, дела од оставнината на Лазар Личеноски, кои од 2010 година се во сопственост на Националната галерија. 24.3., „Даутпашин-амам“, изложба „110 Години од раѓањето на Лазар Личеноски“

96 LIFE М А Р Т

Македонски народен театар

„ПАНФИЗ 2011“ Од 11 до 16 март се одржува четвртото издание на Фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“. Шест претстави од пет држави ќе може да се видат во МНТ и во МКЦ во Скопје.

Претставата „Сомнително лице“ на 17 март ќе ја доживее својата 100та изведба. Текстот на Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Евтимов, со музика на „ПМГ Колектив“ и актерите Александар Микиќ, Никола Ристановски, Емил Рубен, Билјана БеличанецАлексиќ, Оливер Митковски, Ванчо Петрушевски, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јелена Јованова, заслужено ги добиваат аплаузите на публиката. Веруваме така ќе биде и по стотата изведба на претставата. 17.3., „Сомнително лице“ ........ ........-стота изведба, МНТ

17.3., 20 ч.„Интергалактички .......реакции“ - Изложба на . . . слики од Тони Шулајковски

10.3.-25.3., „Чифте-амам“, изложба на дигитални принтови на Сара Ајник по повод отворањето на „Музејот на Холокаустот“


календар 2.3-14.3., „Мала станица“, изложба на модна фотографија, документарен проект на Моника Мотеска и ретроспективна изложба на проектот „Поинаков поглед“ 15.3.-3.4., „Мала станица“, изложба на Гордана Вренцоска

март

Драмски театар

27.3., 20 ч. „Баал“ во режија на Мартин Кочовски - премиера

18.3.-31.3., „Мала станица“, изложба на Ива Јосифова 25.3.-10.4., „Мала станица“, изложба на Ива Диманоска

март

КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Во месецот март започнува фестивалскиот период на кинотечната програма. По вечерта посветена на документарните филмови на младата режисерка Билјана Гарванлиева следуваат циклусите „Современ јапонски филм“, „Прозорец кон италијанскиот филм“ и „Фестивал на франкофонски филмови“. 7.3., 20 ч., Вечер со документарните филмови на Билјана Гарванлиева 9.3.-15.3., Современ јапонски филм

март

Музеј на град Скопје

18.3.-22.3., Прозорец кон италијанскиот филм 23.3.-25.3., Недела на франкофонијата

КИНО „МИЛЕНИУМ“

Веднаш по премиерното прикажување, најновиот македонски филм „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски, можете да го видите во редовните кино-термини на градското кино „Милениум“. Станува збор за акција со елементи на црн хумор.

Музеј на Македонија

Од 2 март во Музејот на Македонија може да се посети изложбата „Римска монетарница во Стоби“. Во истиот музеј не пропуштајте да ги посетите и другите историски, етнолошки и археолошки постановки.

20.00, 22.30 „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски Во филмот учествуваат актерите Сенко Велинов, Кај Еванс, Никола Ристановски, Ѓорѓи Јолевски.

КИНО „РАМСТОР“

Во киносалите во „Рамстор“ со повеќе проекции во текот на денот се прикажува филмот „Долина на волците – Палестина“. Во утринските тeрмини за прикажување може да се видат цртаните филмови „Пинокио“ и „Титаник“. 14.00, 16.00, 18.00, 20.00, 22.00 „Долина на волците - Палестина“

97 LIFE М А Р Т

Изложбата „Културниот идентитет на градот Скопје од 1945 година до 70-тите години на 20-иот век“, поставена во Музејот на град Скопје, сe` уште силно го привлекува вниманието на јавноста. Авторки на концепцијата за изложбата се кустосите Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска. Постановката содржи артефакти од животот на градот во номинираниот период


траги низ времето

Светот на бајките БРАЌАТА ГРИМ СОЗДАДОА ЕДНА ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ПОСТОЕЧКИ ЗБИРКИ СО БАЈКИ. СО НИВНАТА ПОЈАВА СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ КОИ ПОЛЕКА ПОЧНУВААТ ДА СЕ ЗАБОРАВААТ

98

LIFE М А Р Т

сната традиција на бајките била пренесувана од генерација на генерација и постоУ ела многу долго време пред пишуваната. На почетокот, бајките немале среќен крај и биле создавани за возрасната публика бидејќи во нивната содржина постоеле еротски алузии и насилни елементи. Подоцна, по исфрлување на овие елементи, кон крајот на XIX и XX век се претвориле во детска литература. На нашите простори било традиција да се раскажуваат приказни за вештици и вампири. Но, со појавата на јунаците на славните браќа Грим, бајките добиле поволшебна структура со среќен крај. Секое дете заспивало со приказните за девојчето кое било познато по своето црвено капче наречено Црвенкапа. Таа поминувала низ шумата за да ја посети својата болна бабичка каде што го среќава лошиот волк. Потоа, злобната маќеа која од завист на убавината на Снежана, се обидела да ја убие со отровно јаболко. Да не ја заборавиме и принцезата Трнорушка која си го боцнала прстот на предало и целото кралство заспало во длабок сон, се` додека не се појавил принцот кој ја растурил магијата. Овие сказни и уште многу други кои се познати низ целиот свет, се собрани во збирката на народни германски бајки под насловот „Детски и семејни приказни“ објавени во 1812 година, а подоцна бил објавен и вториот том во 1814.

ЖИВОТОТ И СОБИРАЧКАТА ДЕЈНОСТ Постариот брат, Јакоб Лудвиг Карл Грим е роден во 1785 година, а Вилхелм Карл Грим е роден во 1786 година, во Хану во близина на Франкфурт. И покрај тоа што детството го поминале во беда и сиромаштија, по завршувањето на гимназија се запишале на правните науки на универзитетот во Марбург. Нивниот животен пат не го продолжиле во оваа област туку целосно и` се посветиле на литературата. Започнале со собирање на приказни кои ги слушале од устата на обичните селани. Успеале да се задржат на матрицата на бајките, обележјата на германскиот народ, богатството на јазикот и да го претстават реалниот живот, социјалните проблеми без да биде променет народниот дух и карактер. Голем дел од приказните се извори на француски приказни, бидејќи им ги раскажал хугенотски раскажувач. Меѓутоа, собраните традиционални приказни на браќата некогаш не биле сметани за детски приказни. Како што веќе споменавме, тие денеска се адаптирани за најмладите читатели. Така што приказните можеме да ги поделиме во три групи: волшебни, приказни за животни и битови приказни. Првите се засновани врз чудесното, чудното и фантастичното, со магиска сила на разни вештици и волшебници. Приказните за животните се карактеристични

по алегоријата. Всушност, се претставени животни со човечки карактеристики со цел да се исмеат негативните страни на човекот. Таков пример имаме во „Волкот и седумте јариња“. Во битовите приказни доминира секојдневието, реалниот живот на луѓето како на пример „Мрзливиот Ханс“. Секогаш во нив победува правдата и вистината, а хероите се обичните луѓе, селаните, занаетчии предадени со нивните позитивни и негативни особености. Во предговорот на зборникот Вилхелм напишал: „Кога ги собиравме, ние мислевме дека и самата поезија скриена во тие приказни, може полезно да влијае врз сечие образование“. УЛОГАТА ВО СОЗДАВАЊЕТО НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК Германија по распадот на Римското Царство, во почетокот на XIX век се состоела од стотици кнежевства. Со собирањето на делата, браќата Грим оставиле значаен белег во создавањето на германскиот јазик. Вилхелм бил лингвист кој повеќе внесувал иновации, додека Јакоб се задржувал на оригиналноста на бајката. Покрај зборникот, тие го составиле и германскиот речник Deutsches Wörterbuch, кој бил многу содржински обемен во 33 томови со тежина од 84 кг. Но, затоа се смета за авторитетен на германската етимологија и го претставува


на пример седум планини, седум мориња итн.) Најинтересен дел е ставањето на мртвото тело на Снежана во стаклен ковчег, бидејќи тука имаме мотив на вљубување за да ја види принцот. Како казна за стореното зло, маќеата на свадбата носи железни чевли за да не може да се движи. Сепак, браќата Грим не биле првите објавувачи на колекции на фолклорни приказни. Но, биле првите кои ги софистицирале и адаптириле бајките. Со нивната работа, направиле огромен и суштински чекор кон современите фолклорни студии. Меѓутоа, постојат и многу други собирачи од целиот свет, како што е примерот на Марко Цепенков на нашите простори, кој бил најголем собирач и пресоздавач на нашите приказни. ¿

ФИЛМОТ „БРАЌАТА ГРИМ“ (2005) Познатиот режисер Тери Гилијам ги претстави европските легенди и бајки од XIX век во комична авантура. На филмското платно Вилхелм (Вил) го глуми Мет Дајмон, а Јакоб (Џејк) го толкува Хит Леџер, кои се претставени како лажливци. За време на Наполеоновите војни, тие патувале во Германија, заобиколувајќи страшни градови и села за да ги победат вештиците и духовите, кои сами ги измислувале. Прилично добро живеат од таквите измами се додека не наидат на волшебна шума, што неверојатно ги изнанадило. Соочени со тоа дека мораат да ја спасат репутацијата, но и својот живот, браќата морале да пронајдат начин да ја разбијат магијата која е вистинска, а не плод на нивните трикови со чад и огледала. Оваа авантуристичка приказна, режисерот Гилијам ја прифати со воодушевување велејќи: „Бев целосно обземен од нив. Тие од мене направија производ на бајките на Грим кога бев дете. Тогаш немаше телевизија, така што нивните приказни се она што ги читав и понаттаму го набљудувам светот низ нив. Постојат некои модели, кои можете да ги научите и на некој начин не можам да ги исфрлам надвор од својот систем. Значи, ова е моја одмазда на ‘Браќа Грим’ за сите кошмари кои ми ги подариле“ - вели Гилијам. Во филмот се појавува и англиската актерка Лина Хиди, која како информиран ловец, ги води Вил и Џејк преку волшебната шума. Италијанската актерка Моника Белучи ја толкува злобната кралица, која прави магии за да има вечен живот. Филмот е сниман на неколку локации во Чешка, а почнал да се прикажува во средината на 2005 година.

LIFE М А Р Т

СОВРЕМЕНА АНАЛИЗА НА БАЈКИТЕ Анализата на современата психологија и антропологија тврди дека бајките кои им се раскажуваат на децата пред спиење, ја опишуваат душевната вознемиреност, страв од напуштање на еден од родителите, семејно насилство или сексуално созревање. Некои психолози велат дека изворните бајки на браќата Грим се всушност фројдовските митови. Во повеќето приказни го имаме мотивот на отсуство на мајка кој е присутен конкретно во

„Пепелашка“. Страдањата ја покажуваат добродушноста на Пепелашка, која бара од татко и` да и` донесе само едно гранче за да го засади. Гранчето е всушност дрво од лешник кое ќе и` ги даде сите волшепства (кочија, облека, злато, сребро). Тука се и животните во улога на најдобри пријатели кои и` помагаат постојано. Крајот на приказната завршува со среќен крај, со свадба на кралскиот син и Пепелашка, но и казна со слепило за злобните ќерки на маќеата. Таков мотив имаме и во бајката „Снежана“, но нејзината маќеа е волшебен лик бидејќи има волшебно огледало. Тој предмет зборува, не лаже ја кажува секогаш вистината, всушност претставува лик. Бројот на џуџињата е седум, што претставува вид клише кое служи за зголемување на просторот и времето (како

99

стандардниот германски јазик. Пред да биде воведено еврото во перидот помеѓу 1990 и 2002 година, браќата Грим можеа да се видат на 1.000 германските марки, што претставува најголема деноминација.

траги низ времето

подготвила: Патриција Костовска


душата на скопје

Уметност без рамки

ОД УЛИЦИТЕ НА ЊУЈОРК ПРЕКУ ВОЗОВИТЕ ВО ЛОНДОН, БЕРЛИН И ПАРИЗ, ПА ДО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ, ГРАФИТИТЕ КАКО ИНСТАНТ МЕДИУМИ СЕКОЈДНЕВНО КОМУНИЦИРААТ СО ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ, ГИ КРАДАТ МИСЛИТЕ НА ОНИЕ КОИ БРЗААТ НЕКАДЕ, ИЛИ ДЕЛАТ НАСМЕВКИ НА ЛИЦАТА НА ТУЃИНЦИТЕ. LIFE ВЛЕЗЕ ВО АНДЕРГРАУНД-СВЕТОТ НА УМЕТНОСТА И РАЗГОВАРАШЕ СО ЕДНИ ОД НАЈДОБРИТЕ СТРИТ- АРТИСТИ, ЧИИ ГРАФИТИ УПОРНО СЕ БОРАТ ПРОТИВ СИВИЛОТО НА СКОПЈЕ

100

LIFE М А Р Т

андализам и обични чкртаници, вака се` уште ги карактеризира графитите, голем В дел од јавноста. Оние, пак, кои ќе ги тргнат сивите очила и ќе решат да ги игнорираат досадните размачкани партиски пароли низ градот, загледувајќи се во графитите можеби и ќе го пронајдат најголемото арт-движење во историјата на светот. Адреналинот и стравот од „фаќање на дело“ од полицијата додека се црта графитот, ја прават овој вид уметност исклучително посебна, бидејќи графити-артистите треба да остават зад себе ремек дело, а за тоа имаат само неколку минути. Енергијата и

жестокоста кои овој вид улична уметност ги нуди, во Скопје имаат своја традиција од 15-тина години, раскажаа за LIFE едни од најпознатите графити-артисти во градот. Ако во Њујорк почетоците на графитите биле директно поврзани со хип-хоп културата, кај нас, првите графити се појавиле откако младите почнуваат да излегуваат надвор од Македонија и да го пренесуваат она што го виделе во странство. „Првите графити се појавуваат во деведесеттите години, и мислам дека инспирација на сите тогаш им беше Будимпешта. Првото парче на кое сум присуствувал беше во 95-та година, а


M.D.

душата на скопје

е сив и те гуши во монотонија, и на ова Скопје му фали шаренило и живост“, вели тој. Стилот на графити- артистите е комплетно индивидуален и доколку некој пробува да имитира или копира некого, сцената тоа веднаш би го препознала. „На некое дело не мора ни потпис да има ако цртачот си е индивидуален. Цртам карактери, и горе-долу сите ги препо-

знаваат дека се мои, не морам да се потпишам. А експериментирањето се случува во техниките на работење, од цртање графити со спрејови, со мрсни бои, со поликолори, некогаш, пак, сакам да употребам педантна линија, а некогаш сакам хаотично и да „шљакам“ бои на ѕидот, односно слободно да се изразам“, вели Драш кој започнал да црта уште во 1996 година како дел од СГ2 (Скопски господари на графитот). СЛОБОДНИ ЅИДОВИ Игнорантскиот однос кон една култура на изразување и комплетна слобода на уметност не ги спречува графити-уметниците да делуваат. Тие раскажуваат дека во нивната сцена нема зли јазици, за нив не постојат поделби по вера, национална припадност или социјален статус. Најважна во овој свет е креативноста. За среќа, тие добија и свое место каде што можат да разговараат за својата уметност и да разменуваат идеи и искуствата, а тоа е „Графити шоп – Хром“. Минијатурниот дуќан чиј газда е Целе, каде што ги затековме Nak47(Cnd`26), SRK и другите артисти, претставува собиралиште за младите цртачи каде слободно се консултираат меѓу себе за букви, карактери, цртежи, скици, за она што се случува на другите сцени во светот. „Овде е се` од цртачи за цртачи. Затоа

101 LIFE М А Р Т

тогаш бев осмо одделение. За нас тоа беше доживување. Се возевме со автобус до центар, одевме на кеј, со тегли полни со боја и еден спреј за да цртаме“, раскажува BNE, еден од поискусните цртачи на графити во Скопје. Тој за себе вели дека најмногу сака throw ups (парчиња до три бои). „Ја поддржувам целата сцена, но тоа што јас го сакам се гнасни парчиња, „прљаво“, растекување, правење штета, се разбира не би се сложил тоа да се прави на приватен имот“, вели BNE. Комплетно различен стил од него пак негува M.D., чии стрит-арт дела се наоѓаат на границата помеѓу воодушевувачки галериски слики и графити. Според него, луѓето имале потреба да се изразат на ѕид уште од камено време, и денес истиот тој човек има потреба да се изрази, на хартија, на платно или на ѕид. „Која е потребата од излегување надвор? Како што имаш потреба од секакви промени во животот, така имаш потреба да излезеш надвор и ако немаш контрола врз урбанистичкиот план и не можеш да го преуредиш како што тебе ти одговара, можеш барем да го украсиш. Пораката е многу едноставна и јасна, а тоа е разубавување на просторот“, вели тој. M.D. и неговиот пријател Драш, исто така еден од најталентираните графити-артисти во градот, најчесто прават „витпејст“ (однапред исцртани лепенки), што претставува најбезбедниот стил на улична уметност, бидејќи стрит-артистот само треба да го залепи своето дело на местото кое претходно го избрал, без никој да го види, за што се потребни само десетина секунди. „Лично сакам да цртам карактери кои даваат порака, тие за мене се поважни од таг (потпис) и слично. И тоа е интересно, но повеќе сакам да експериментирам, ме интересира цртање со спрејови, букви, карактери. Сакам кога некој ќе види мое закачено плакатче, или стикер, на некое и онака грдо место или ќоше, и да си рече 'еј види што убаво, некој се сетил дури и ова место да го разубави'. Можеби на некој кој шета низ градот, разочарано, со хаотична глава од секојдневните глупости кои му се случуваат, ова ќе му го промени денот“, раскажува Драш. Вели дека црта и остава дела на заборавени, темни и запуштени места во градот, за само да провери дали луѓето воопшто посветуваат внимание на нив. „Јас го разубавувам и онака грдиот трансформатор, гаражите, куќичките од комунална хигиена, кои никој не го забележува. Градот


душата на скопје

ова дуќанче има посебен дух. Поентата не е да биде голема продавница и секој да го знае, туку овде да се собираат луѓе кои се ентузијасти, да разменуваат мислења и ставови, да може да остават работени дела да бидат видени од други цртачи, луѓе кои ја ценат оваа работа да поминат и да видат“, вели Целе. Во 2011 кога компјутерите си го направија своето и ја победија улицата кога станува збор за забавата, детските игри и радоста за малите работи, графити-артистите се жалат дека на Скопје дефинитивно му недостигаат слободни ѕидови за цртање. „Оваа успана РУКИ

ФЛИМ

102 LIFE М А Р Т

ФЛИМ И РУКИ Флим и Руки, кои често цртаат и заедно, се препознатливи по своите интересни карактери. „Верувам дека не само јас, туку и повеќето луѓе во градот полесно можат да се идентификуваат со лик отколку со друг израз. Најчесто користам вит пејст, а поретко графити и стенцили“, вели Флим. Руки, која е една од ретките девојки кои цртаат графити во Скопје, раскажува дека не може да замисли град без стрит-арт. „Тоа би изгледало многу празно и многу бездушно. Цртањето е некој начин на празнење на вишокот енергија, а може да биде и некакво смирување во исто време, со секоја, макар и мала, интервенција вие сте разубавиле некој грд простор во градот, а тоа е супер филинг“, вели таа.

и некреативна младина тапка во место. На младината недостигаат можности за да биде продуктивна, знам по самиот себе дека кога цртам паметот ми е тука, и сум фокусиран и не мислам на ништо друго. Ништо нема да го чини градот да постави неколку бетонски блокови во Градски парк на пример, на кои ќе се црта, ќе се пребојува и прецртува. Тоа ќе биде многу ценето, а и цртачите сами би го одржувале овој простор“, вели Драш и препорачува дека уметноста не мора да биде во рамка, за да биде видена. Таа е насекаде ¿ ЦК

ЦК Многу од графити-артистите низ Скопје, ЦК, го карактеризираат како еден од најискусните цртачи во Скопје. За него графитите се примитивни слободарски кодови. „Тоа е јавен потсмев и обесчестување на нивните ѕидови, грдење на илузионарната нормалност и отфрлање на стерилноста како сигурносна покривка. Хаосот ја движи природата- ние го прифаќаме предизвикот и го правиме тоа што го правиме“, вели тој за Life. Раскажува дека од средината на 90-тите Скопје континуирано се деконструира. Како истакнати имиња кои оставиле белег врз скопските ѕидови ги наведува: BIOSQUAD, REPTILE BABIES, DAOR, STRAJK, CK, JAZZ, HIV и NAK. Неговиот стил се одликува со нужност и како што вели, примитивна агресија. „Главна алатка ми е спрејот, а останатиот арсенал подразбира варијации на тема 'како да направиш поголема штета со помалку пари'“, вели тој.


НЕПОЗНАТА МАКЕДОНИЈА

патување дома

Најмалиот музеј на светот

ВИКЕНДИЧКАТА НА СКОПЈАНЕЦОТ МОНЕ ЗЛАТЕВ ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО ЏЕПЧИШТЕ НА ПРВ ПОГЛЕД ПО НИШТО НЕ СЕ РАЗЛИКУВА ОД СОСЕДНИТЕ КУЌИ. НО, РАЗЛИКАТА Е ОГРОМНА - ВО НЕА Е СМЕСТЕН НАЈМАЛИОТ ЕТНОЛОШКИ МУЗЕЈ НА СВЕТОТ, СО ПОВЕЌЕ ОД 1.150 ПРЕДМЕТИ ВО 7,2 КВАДРАТНИ МЕТРИ

МУЗЕЈОТ Е ВАШ Ни беа потребни неколку средби со Моне за да се наканиме да отидеме да го видиме Најмалиот етнолошки музеј во светот, како што ја нарекува нашиот домаќин неговата збирка. Таквата формулација најпрвин може да

га да се фалиме дека сме први во нешто или дека имаме нешто што е најголемо во светот. Затоа, имам желба да влезам во Гинисовата книга на рекорди со нешто што ќе биде најмало, со најмал етнолошки музеј на светот. Но, тоа не значи дека сме мали духовно. Често знам да им кажам на посетителите од странство дека Македонија и Македонците, можеби се сиромашни материјално, но оти не постои мерка што ќе ја измери нашата духовна големина. Затоа и влезот е бесплатен, од што многу често се изненадени странските посетители“, ни рече Златев изнесувајќи во дворот нова тура изненадувања. Музејот, како што дознавме од разговорот, досега го посетиле повеќе од 10.000 посетители од сите краишта на светот. МИРИСОТ НА ИСТОРИЈАТА Чекајќи ја средбата со полиците, имавме можност да ги прочитаме искуствата на посетителите, од Америка до Јапонија, запишани на десетина јазици, и покрај ризи-

LIFE М А Р Т

обесени на клинче, за кои можете само да претпоставувате што се и за што служеле? Ви текнува ли колку долго можеа да траат таквите разгледувања, небаре сте поминале мали вечности откривајќи нови и нови приказни во предметите што некогаш секојдневно сте ги гледале во просториите за дневен престој во нашите домови? Таква возбуда во себе крие викендичката на скопјанецот Симеон Моне Златев, во тетовското село Џепчиште, каде што е сместена збирка од повеќе од 1.150 такви предмети на површина од 7,2 квадратни метри.

ви изгледа претенциозна или национал-романтичарска, но доволно е да го пречекорите прагот и барем малку да поразговарате со домаќинот за да се разубедите. Тоа можеше да се забележи уште веднаш, на тргнување од Скопје накај Тетово, кога автоматски им го претставивме на колегите како сопственикот на музејот, на што веднаш реагираше, кротко велејќи: „Не,сопственици сте вие. Музејот е ваш, на вашите предци. Јас сум само случајно човекот кој требало да се грижи за предметите што ви ги оставиле“. Збирката е сместена во едно сопче и во претсобјето во приземјето на викендичката на Златеви. Годините веќе го преполниле просторот со предмети од домаќинството, семејното стопанство и социјалниот живот од пред нашата ера до 20 век. За да можеме да влеземе, најпрвин моравме да причекаме домаќинот да извади дел од нив во дворот, формирајќи поставка на отворено. „Ние, Македонците сме скромни. Нам не ни приле-

103

е сеќавате ли на миговите поминати во подрумите на вашите предци, разглеС дувајќи наоколу разноразни предмети,


патување дома

кот туѓите искуства да влијаат на нашите впечатоци. На страницата што ја отворивме по случаен избор, беа записите на Шаун Морел од САД, која вели посетата на музејот во викендичката на Моне Златев била „совршена презентација на македонското гостопримство“. За Хенри Мол од Лос Анџелес, музејот во Џепчиште е „прекрасно место што сите мораат да го посетат“. Меѓу нив беше и записот на Сара Дуклас од Калифорнија, за која посетата на музејот направила по којзнае кој пат да сфати дека "убавите нешта доаѓаат во мали пакети", а еден од највпечатливите записи беше кусата реченица на турски, запишана од Џејлан од Скопје, која вели: „Овде историјата има мирис“.

Дворот полека се исполни со поставката што полека-полека ја нареди нашиот домаќин. На едниот крај во тревата веќе беше наредена мала одаја со софра и троножци врз црвен ткаен килим, а наоколу, како млади невести што ги служат гостите, стоеа кукли облечени во носии. На другиот крај - композиција од алатки за смоларење, за вадење смола од дрвјата на француски начин. ПРИБЕЖИШТЕ И ИНСПИРАЦИЈА Пред да влеземе, посакавме да ја дознаеме историјата на музејот. „Кога беше време да бирам професија, многу сакав да се запишам на студии по етнологија. Во тоа време кај нас немаше такви

студии, па решив да се запишам на архитектура. Завршив архитектура, цел живот работев како архитект, но етнологијата засекогаш ми остана како немир, како неостварена желба. А, музејот, почна да се создава самиот. Сe` почна со невестинскиот фустан на мојата мајка и со предметите што ги најдов во нашиот дом. Полека-полека збирката се зголемуваше, луѓето што ми се блиски дознаа за таа моја страст и веќе почнаа самите да носат секој по нешто што му се нашло во подрумот. Меѓу луѓето што знаеа за збирката имаше новинари од Радио Тетово, и од нив дојде првата идеја да почнам јавно да ги покажувам предметите што ги имав собрано, велејќи дека збирката веќе ја надминала границата на приватно задоволство. Така, почнаа да доаѓаат новинари, по новинарите почнаа да доаѓаат групи ученици, по нив странците и, еве, до денес во музејот поминаа повеќе од 10.000 луѓе од сите страни на светот. Тука се чувствувам најдобро и тука сум нашол мир и спокојство секогаш кога ми било тешко“, ни раскажа Златев. За збирката што ја создал во последниве 20 години се објавени повеќе од 60 репортажи во медиумите во Европа и во прекуокеанските земји, а Најмалиот етнолошки музеј веќе неколку години е дестинација што се препорачува во водичот за земјите од Западен Балкан на популарниот издавач Лоунли Планет.

104 LIFE М А Р Т

ПОКЛОНИ СЕ И ВЛЕЗИ Конечно, дојде мигот што го чекавме со нетрпение, како што некогаш ги чекавме миговите да влеземе во подрумите на нашите дедовци. Бидете подготвени уште од прагот за милион


нашата ера до 20 век. Сепак би било подобро барем дел од нив да бидат изложени во простор каде што ќе можат да дишат. Па, на крајот на краиштата, како што знам да се пошегувам со пријателите, Моне може да си дозволи луксуз да го има и најмалиот музеј на светот, но да има и некој поголем“, ни рече. За крај решивме и ние да ги внесеме нашите впечатоци во книгата на посетители. Блокирани од амбицијата со што помалку зборови да пренесеме дел од морето впечатоци од тоа што го видовме, најзгодна ни се виде една мисла на Ван Гог, опишувајќи ја сликата „Еврејска невеста“ од Рембрант: би можел да ја гледам засекогаш и да бидам среќен.¿

патување дома

И НАЈМАЛ И ПОГОЛЕМ Средбата решивме да ја завршиме на масата во дворот, кај книгата со впечатоци, апликацијата за „Гинис“ и деветте етно-календари со слики од експонатите во музејот што ги објавил од 1999 година до денес. Зборувајќи за одговорот што го чека од издавачите на Гинисовата книга и за иднината на музејот, ни откри дека следниот чекор за кој размислува е да обезбеди нов, поголем простор за изложување на експонатите. „Овде е веќе преполно, но не би го растурал музејот. Со или без Гинис, тој веќе си ја покажа својата тежина, со самото тоа што го посетиле 10.000 луѓе и што има збирка со предмети од пред

105 LIFE М А Р Т

прашања што ќе си ги поставите гледајќи ги предметите: Чија е оваа стара машина за пишување, што ли наплаќал бакалот со оваа фискална каса од некое минато време, каква ли зделка е означена со овие точки и цртички на овој некогашен рабуш? Какви абери му пренесувал овој ротари телефон на некогашниот сопственик и за кого биле наострени оваа кама, сабја, бајонет или ова овчарско ноже? Ни на крај памет не би ви паднало дека оваа бакарна софра некогаш била на дното на Дојранското Езеро, каде што ја фрлило некое османлиско семејство напуштајќи ја Македонија. Свесни дека може лесно да ви се случи да далдисате барајќи ги одговорите, се обидувате со нова стратегија - на пример, какви сe` звуци се кријат во оваа просторија. И, повторно тргнувате кон нова бескрајност - ѕвончиња, ѕвонци и прапорци, стари грамофони со рачка за навивање, зурли, гајдарки, двојници, кавал, полициско свирче, едно од многуте радија ламбаши со градовите испишани на плочата за бирање или телалски барабан од времето на кралска Југославија.. - нова крајност. Се обидувате повторно - на пример, да дознаете што сe` се чувало во сандаците за чеиз веднаш оддесно во претсобјето, во сандакот од 1896 година обложен со камилска кожа или во патниот дрвен куфер којзнае-кога донесен од Америка... - повторно се откажувате и повторно почнувате од почеток. „Ете, за тоа ви зборував. Овде си го наоѓам мирот“, ни рече Моне, како да сака да каже дека не сме единствените што така го доживуваат музејот.


патување надвор

Маорските тајни од крајот на светот

Поглет кон вулканот Рангитото

¢ o Роберт Смилески Препорачана музика при читање: The Piano Soundtrack, Michael Nyman

106 LIFE М А Р Т

ој студен ден стоев на карпестиот `рт на почетокот на Даски T Саунд, во јужен Нов Зеланд и упорно зјапав кон југ, чекајќи да се случи нешто што обично би се случувало на крајот на светот. Стоев и стоев, небаре очекував на крајот на светот да видам некакви скали кон рајот или пеколот (секому по заслуга, нели). За тоа време крај мене поминаа птици какви што немав видено никаде на светот, помина и еден рибарски брод, а по водата заскита и парче мраз, но друго спектакуларно нешто не забележав. Не видов никакви скали, се разбира, но почувствував емоции на среќа и тага. И покрај среќата и чувството на лично постигнување, ме растажи помислата дека светов станува претесен за некои нови митови околу разните чудесии што би ве очекувале на некаквиот крај на светот. Како и на многу други убави места на планетава, некако по правило, и на Даски Саунд тој ден фрштеше ветер, јужен и ладен. Ветриштата се веројатно неопходни на ваквите посебни локации


за со бистри мисли да се прими божјата убавина. Заклучувам и решавам да се засолнам на сигурно и топло. Враќајќи се, запишувам во мојот бележник: „Чувствителните нешта се чуваат на темни и ладни места, за да не се расипат. И тајните се чуваат на вакви места за да не се откријат“. Кога некоја тајна ти се открива без да очекуваш, таа те трогнува и после тоа ти повеќе не си тој истиот. Или ќе се гордееш дека ти се пружила шансата или ќе се измачуваш и ќе бараш ровка земја каде што ќе можеш да копнеш, да ја шепнеш и да ја закопаш за да ја споделиш, за да не ја чуваш само во себе. Нов Зеланд во деновите пред мене ми ја откри тајната за која не бев подготвен. Јас, пак, решив да не барам земја или темен понор, туку секому да раскажам за неверојатните пејзажи, уникатните билки и животинчиња и прекрасните луѓе на овие два острова. ДОСЕЛЕНИЦИ НА БРОДОВИТЕ ПОЛНИ СО НАДЕЖ Сосема природно е кога си на остров да гледаш кон морето. Навистина, во Нов Зеланд бев често свртен и кон копното набоцкано со вулкани и драматични планини, но на северот од Нов Зеланд близу Заливот на островите (Bay of Islands) невозможно е да се игнорира тиркизноста на Тихиот Океан. На своите големи бродови, тука некаде пристигнувале првите пакехи, бледите доселеници од Европа, како што нив ги нарекле Маорите староседелци. Си ги замислував бродовите полни надеж и соништа за подобра иднина и пренаоблечените викторијански дами и господа како запловуваат од Европа и тргнуваат на танталови пловидби околу светот до новиот свет во Нов Зеланд. Тие што ќе ги преживееле ‘Ртот на Добрата Надеж, тропските жеги на Индискиот Океан и казнените колонии на Австралија, стигнувале конечно во Нов Зеланд. Тогашните „скипери“ се одушевиле од можностите за вкотвување во длабоките води на Корорарека (денес досадно преименуван во Расел) и од изобилството на огромните дрвја-каури толку потребни за замените и поправките на нивните намачени јарболи и весла. Австралија која била жешка и жедна, а Нов Зеланд кој ги пречекал со свежина и зеленило, толку многу потсетувале на нивните родни краишта коишто ги напуштиле засекогаш. И така зборот се проширил низ Европа тогаш распламтена од Наполеоновите војни: таму е рајот, преполн со големи дрвја, питка вода, риби, китови, па дури и злато. Нагрнале Европејци, авантуристи и очајници, и понеле со себе сe` што имале – подготвени да почнат нов живот. Се сеќавам на сцените на култниот „десант“ на шкотските дами на брегот на Нов Зеланд, од легендарниот филм „Пиано“ на Џејн Кемпион. Звуците на Најмановата музика од истоимениот филм се всадија во мојата свест и следните денови, и полека но сигурно ми станаа химна на моето патување низ Аотеароа - земјата на Долгиот бел облак. „Срцето

ОГНЕНОТО СРЦЕ НА СЕВЕРНИОТ ОСТРОВ Областа околу Роторуа е геотермално подрачје кое е важно не само за светското природно и културно наследство и за туризмот на луѓето од оваа област, туку и за маорските митови и легенди. Тонгариро, Руапеху и Нгаурухое се планинските грамади и вулканите од Господарот на прстените. Ерупциите на овие непослушни џинови знаат да траат и по девет месеци. Средниот вулкан, Нгаурухое формира совршен и сe` уште, од ерупција, неупропастен конус кој со својата сензуална форма магнетски ве привлекува: да гледате, да се восхитувате и да станете едно со природата. Овие врвови се совршена позадина за филм каков што беше Господарот на прстените кој е сниман во Нов Зеланд. Природата овде е поинаква, облаците се поинакви. Чудните дрвја во околната мала шума се викаат кахикатеа, риму и матаи и се ендемични за Нов Зеланд. Геолошката изолираност на островиве направило повеќето од флората и голем дел од фауната да се единствени во светот. Пејсажите се на моменти толку нереални што изгледаат како фикција. Националниот парк Тонгариро е Мордор, и не само на филмска лента туку и во реалноста. Чекорејќи по шупливата набрчкана почва под која ползи жешка лава ги гледам активните вулкани околу мене и се чувствувам како дел од некој еп на Толкин. Газам по остри камења обложени со мов, а наоколу чад

патување надвор

бара најпрво задоволство“ ми одѕвонуваше повторно и повторно, а јас веќе бев маѓепсан од необичните и збунувачки пејзажи на оваа земја. Тргнав, слушајќи си го срцето, кон уште повеќе задоволства што несебично ми ги приредуваше Нов Зеланд. Се упатив следно кон центарот на Северниот Остров, кон нивниот Мордор, збогувајќи се со Заливот на островите и со приморските пејзажи. Време беше за следните чудни глетки. Се збогував со фризиската крава која алпски мирно си пасеше во една зелена ливада обиколена со дрвја налик на палми и сребрени папрати, а до неа тиркизно море до недоглед и еден вулкан кој демнеше...

Млад маорски воин

107 LIFE М А Р Т

Ки птица на новозеландските Алпи


патување надвор

Маорски танчерки

108

LIFE М А Р Т

и пареа кои излегуваа не само од врвовите и гејзерите, туку речиси од под секоја карпа и пукнатина. Мирисот на сулфур и маглините потсетуваат на некакви траги од најново злодело на мрачниот господар Саурон. Познатите сребрени папрати во Роторуа, чинам, беа најсвитканите од нивниот вид. Тие формираа зелени спирали кои личеа на тајни клучеви од уште потајни одаи. Прошетката назад до Роторуа заврши со уште неколку езера со најнеобични бои, неколку водопади и уште по некоја птица која не може да лета. Овде како и птиците да ги кршат клишеата на нивниот вид. Некои од нив, како птицата кеа, не летаат туку само се перчат со нивните спектакуларни бои и патем подгризуваат гуми на тркалата од теренските возила. Е навистина повеќе бизарности од овие тој ден, мојот мозок не ни можеше да поднесе. УШТЕ НЕКОЛКУ ДОБРИ ЛУЃЕ Многу од луѓето кои решиле да патуваат во Нов Зеланд доаѓаат во потрага по незаборавни и разновидни пејзажи, прекрасна маорска култура, необични растенија и ендемични видови птици и други животни, но повеќето како и јас, сфаќаме дека магијата всушност ја прави прекрасната мешавина на сe` од погоре кажаното. Кивите, како што денес се познати Новозеланѓаните низ светот, можеби токму поради чувството дека живеат толку далеку од секаде, ги направило неверојатно пријатни, комуникативни и срдечни луѓе. „Ни требаат уште неколку добри луѓе во Нов Зеланд“, толку често ми беше кажано од многу луѓе што ги сретнав и со кои имав можност да разговарам на повеќе теми, меѓу кои и имиграцијата. Додека соседна Австралија има неверојатно строги и селектирачки правила за имиграција, дури и за посети за туристички цели, дознавам дека на Нов Зеланд сe` уште им требаат „уште неколку добри луѓе“. Тоа е оној дух на Новиот свет кој изгледа останува да вирее само овде. Имав чувство дека таму сe` уште се чувствува убавата енергија на почнувањето. Убаво е кога си дел од нешто што расте и се развива пред очите на возрасниот, истоштен и нервозен остаток од светот.

ПРЕСМЕТКАТА КАЈ УБАВОТО МАРАЕ Ден пладне. Топол летен ден со сино небо – толку сино што зеленилото околу мене изгледаше речиси модро. Ни очилата за сонце не помагаа. Во месноста Вакареварева, близу Роторуа одиме на гости кај едно маорско семејство. Се разбира, првиот контакт и првата средба со Маорите традиционално е на нивното марае, местото кое е дел од дворот каде што се дочекуваат посетителите добронамерници и оние другите. Мараето за Маорите е фокусот на нивниот општествен, културен и духовен живот. Тоа е нивниот плоштад, нивната рудина. Честа и одговорноста да нe` пречека му припадна на еден од младите членови на племето, кој ни` приреди хака, маорски танц кој во историјата го изведувале Маорите пред да заминат во борба. Се појави едно момче на бришаниот простор помеѓу домаќините и нас, гостите, речиси голо, но со копје во рацете. Агресивно скокаше и правеше остри потези со нозете и рацете, стегајќи ги сите свои мускули. Силно врескаше непознати зборови, се плазеше со јазикот и со очите ширум отворени. Сребрен папрат


патување надвор Пеколните предели на Белите острови

ХАКА ЗА ЗБОГУМ Беше летен февруарски ден. Време беше за разделба. Си заминувам, но пред тоа го направив тоа - ја импровизирав мојата прва хака како последен поздрав до Аотеароа, земјата на Долгиот бел облак. Ги свиткав рацете хоризонтално пред градите, потклекнав, мавнав силно со рацете по бутовите и силно удрив со стапалата по подот на пристаништето. Потоа се удрив силно во градите, ги допрев подлактиците и ги подигнав рацете кон небото. Се сетив и со палецот поминав по вратот, симулирајќи нож. Па повторно ги кренав рацете кон Сонцето. Го повторив истото два-три пати и си ги изговорив на македонски зборовите кои тие си ги кажуваат на маорски. Кој знае како ова би му изгледало на некој Маор ако ме видеше, но јас навистина го направив тоа што откако сум во Нов Зеланд имав потреба да го испробам. Мислам дека, сепак никој не ме виде, а јас си го направив меракот. Време е за збогување. Довидување Нов Зеланд. Ти благодарам што ми ги откри твоите прекрасни тајни! „Ќе умрам. Ќе умрам. Ќе живеам. Ќе живеам. Ова е бестрашниот и моќен човек кој отиде по Сонцето. Го донесе и го натера да свети повторно. Сонцето сјае!“ (зборови од хака танц) ¿

LIFE М А Р Т

означува длабока почит за домаќините, љубезност кон гостите и безрезервно прифаќање на нивните потреби. Мене ова ми изгледаше како малку подостоинствен концепт од нашето балканско понизно добредојде. Погледот на Маорите ми изгледаше топол и срдечен, како и нивното хонги, типичната маорска прегратка, при која луѓето што се сретнуваат се поздравуваат со допир со главите бавно допирајќи си ги и своите носеви и чела. Очите се чувааат затворени дозволувајќи размена на своите енергии и запознавање на своите внатрешни духови и ега.

109

Подоцна ми ги објаснија зборовите кои се кажуваа во хаката и тие оставија силен впечаток врз мене. Иако на прв поглед не е многу пријатно искуство, денес хака изведуваат и Маори и другите Новозеланѓани. Хаката е општо прифатена и обнародена и кај младите Маори и кај пакехите. Таа е нивното Тешкото, со кое тие сите се гордеат. Посетата кај новите маорски пријатели ме трогна. Научив многу за најтврдокорните Полинезијци. Тие се горди, мистични, традиционални, но и многу комуникативни и духовити. Тоа се маркантни луѓе кои ако имаат можност ве освојуваат за миг. Маорите се крупни и силни луѓе со таква варијација на бојата на кожата, која од човек на човек би можела да потсети на луѓето од сите раси на планетава. Очите малку им се закосени, а косата речиси секогаш црна. Си помислувам дека ако Бог, од сите луѓе на светот, направеше само еден човечки вид, таа мешавина веројатно ќе излезеше како убав Маор или Маорка. Тој восхит при запознавањето на маорската култура не ми се случил само мене. Концептот на нивната манаакитанга – маорското добредојде,


специјалитети

НАЈУБАВОТО ОД МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА СИТЕ СМЕ ПРОБАЛЕ КАЈ НАШИТЕ БАБИ, ТЕТКИ, МАЈКИ ПО НЕКОЕ СТАРО, ТРАДИЦИОНАЛНО ЈАДЕЊЕ. ВО ЗАВИСНОСТ ОД РЕГИОНОТ И ПОДНЕБЈЕТО МОЖЕМЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ НЕКОЛКУТЕ НАЈУБАВИ ЈАДЕЊА ОД МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА, ИАКО НЕКОИ ОД НИВ СЕ ПРИСУТНИ СЕКАДЕ, ДРУГИ СЕ СОСЕМА АВТЕНТИЧНИ, ТРЕТИ СЕ ВЕЌЕ ПОДЗАБОРАВЕНИ... ЈАДЕЊАТА КОИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ОВДЕ СЕ НАШ, СОСЕМА „ЛАЈФОВСКИ“ ИЗБОР, ПА НЕМОЈТЕ ДА СЕ ЛУТИТЕ АКО НЕКОЕ СМЕ ПРОПУШТИЛЕ, ЌЕ ИМА ДРУГИ ШАНСИ ДА ПИШУВАМЕ ЗА НИВ...

ШИРДЕНИ Рецепт на баба Благица Василеска од Прилеп Потребни состојки за 4 лица: 500гр. телешко месо 500гр.свинско месо 200гр.јагнешко месо 200 дл. зејтин 2 чешниња лук 1 главица кромид 3 прстофати вегета 1 лажиче бибер Сол по потреба магдонос црвена пипер луто пиперче по желба ориз по желба 4 ширдени

110

LIFE М А Р Т

Подготовка: Се зема месото и се сецка на коцки. Се пропржува кромидот и лукот, и му се додава месото кое претходно беше исецкано на коцки. Сето заедно се пропржува. Се

ШТИПСКА ПАСТРМАЈЛИЈА додава ориз по желба, се додава вегетата, биберот, солта, магдоносот, црвената пипер и лутото пиперче. Сето ова се меша убаво и се пробува дали е добро солено. Се земаат ширдените кои можат да бидат јагнешки или телешки, се чистат, се мијат и се превртуваат да бидат од рапавата страна за да изгледаат укрaсно. Ширдените се ставаат во тава во која претходно има ставено масло, малку топла водичка, се полнат со смесата и се затвораат со чепкалка за заби. Се редат во тавата, им се додава 200dl топла вода, еден ловоров лист. Се оставаат да се печат на тивок оган на температура од 150 Целзиусови степени, два часа.По потреба се промешуваат да не се запечат. Откако сето ова убаво ќе прокрчка, ширдените се вадат, се сервираат и се служат заедно со црно домашно вино.

Потребни состојки за 4 пастрмајлии: 1 кг. брашно - свинска удина - 200 гр. маст - пакетче квасец (25 грама) Подготовка: Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно

расплескајте го како за не многу голема погача. Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 Целзиусови степени. Се сервираат топли.


ЧКЕМБЕ ЧОРБА

Едно од ретките места каде што се подготвува оригинален качамак (а не инстант Палента) е Трница, на патот помеѓу Маврово и Дебар. Во Трница, качамакот го служат со прекрасно овчо кисело млеко, а можете да го јадете и со овчо сирење.

Потребни состојки: 1 кг чкембе Моркови Пашканат Целер Сол, бибер во зрно, ловоров лист, црвен пипер, брашно, масло

Потребни состојки: 2-2.5 л вода 1кг пченкарно брашно сол путер

ЃОМЛЕЗЕ Овој рецепт ни го испрати Снеже Грујоска од Охрид, која на Ѓомлезијадата во Велестово во 2009 година го освои второто место, а победи на Ѓомлезијадата во Скребатно, минатата година Потребни состојки: 10 л вода 5-6 килограми брашно сол Подготовка: Водата и брашното се мешаат се додека не се добие смеса малку погуста од онаа за палачинки и се посолува. Вршникот се загрева и се посипува со пепел за да ја задржи топлината. Во тава број 55 се става масло за јадење за да се загрее, се додава од смесата и потоа врз

тавата се става вршникот за кората да се испече. Откако кората ќе се испече се попрскува со масло за јадење. Врз испечената кора се додава од смесата, која повторно се пече под вршник. Испечената кора повторно се посипува со масло за јадење. Оваа постапка се повторува од 15 до 18 пати. Откога ќе се испече се сече како баклава се потура со масло и врз него се става вршникот, но овојпат да не биде многу загреано. Под пирустијата се става жар и ѓомлезето се остава да се потпече одозгора и одоздола. Се трга настрана и се остава три часа да отстои. Најважно за ѓомлезето е да се подготвува на оган на дрва, бидејќи испечено во рерна го нема истиот вкус.

Подготовка: Претходно измиеното чкембе се става во големо тенџере со 2 и пол литра вода да се вари се додека убаво не изврие, а потоа водата се фрла. Чкембето се процедува и се става во втора вода заедно со морков, пашканат и целер, и се зачинува со ловоров лист, сол и неколку зрна бибер. Вака чкембето се вари уште час и половина. Откога ќе биде сварено, чкембето се вади од водата и се сецка, а зеленчукот се пасира, и повторно се враќаат назад во тенџерето со течноста. На страна се подготвува запршка: се пропржува брашното во масло се додека не добие румена боја, па во него полека се тура една лажица од супата и се става во тенџерето. За да се добие уште порумена боја, во тавче се запржува рендан морков, па маслото во кое се пржел морковот се додава во чорбата. Чкембе-чорбата се служи со макало со лук и оцет.

кесичката ќе Ви покаже дека понекогаш е потребно толку малку за вистинско уживање! MСегаaggi постојат Maggi магични кесички со кои можете да подготвите сочно пилешко со три различни вкусови: зачинети билки, црвена пиперка и лук. Доволно е само да се стават парчињата пилешко или целото пиле во Maggi магичната кесичка, да се посоли со одбраните зачини, кесичката да се затвори, лесно да се протресе, да се стави кесичката во тавче и да се стави во рерна и да се пече на 200 Целзиусови степени. Maggi кесичката за печење на пилешко месо го скратува времето поминато во кујна, овозможува здрав и вкусен оброк без додавање на масло за јадење, без покривање со фолија и без долг процес на подготовка на пилешкото месо пред тоа да се стави во рерна. Maggi зачините во кесичката за печење пилешко не содржат засилувачи на вкусот. Во кесичката со пилешкото, по желба може да се додаде и зеленчук.

111 LIFE М А Р Т

Подготовка: Во едно поголемо тенџере се става водата со солта да зоврие. Кога ќе зоврие, одеднаш се истура целото брашно, и со едно тенко сукало (или сличен предмет) треба да се направи дупка на средината од купот брашно. Потоа тенџерето се враќа на тивок оган и се крчка сe` додека не изврие водата. На крајот качамакот треба убаво да се измеша со голема дрвена лажица и да се прелие со претходно растопен путер.

специјалитети

КАЧАМАК (БАКРДАН)


маса за двајца

112 LIFE М А Р Т

есторанот „Колиба“ е конципиран како место во кое главниот предизвик, да појдете Р и да го засакате, ќе бидат разните видови стек,

¢

Васко Марковски

КОЛИБА

голем дел од нив досега невидени во нашите ресторани. Во менито, отпечатено на хартиените подлошки за чинии пред вас, ќе најдете STEAKHOUSE & ENOTHEQUE изобилство од идеи, обилни порции месо чии 'КОЛИБА', ПРВИОТ СТЕКХАУС ВО имиња можеби и ќе ве збунат, но, што и да одберете, верувајте, нема да погрешите. Најважниот МАКЕДОНИЈА, Е РЕСТОРАН СО совет што може некој да ви го даде при изборот ПРЕЦИЗНА ИДЕЈА И СО УБЕДЛИВА е - верувајте им на домаќините! ПРИКАЗНА. ГОЛЕМИОТ ИЗБОР НА И има зошто да им се верува. „Колиба“ е СТЕКОВИ ЌЕ НАПРАВИ ОВА МЕСТО следното скалило на искуството стекнато со угЛЕСНО И СПОНТАНО ДА ВЕ ОСВОИ ледниот ресторан и кетеринг-сервис „Далма“, а командант во кујната искусен шеф, кој зад себе во три простории, со модерен дизајн. Питомо има речиси 25 години искуство, кој дочекал светло и ведра, лесна музика - ни тивка ни да се оствари неговиот долгогодишен сон за гласна, современа, која ќе ве прошета по светот. место каде што ќе може да ги покаже неговите Пред вас е веќе првиот гест на добредојде. вештини, стекнати со многу литература и многу Приготвувањето на стековите е специфично и експериментирање. Ќе уживате во разговорот знае да потрае, но домаќините ќе ви приредат со кој ќе се обидат да ви помогнат да се решите симпатичен гест за опуштање, додека ја чекате што да пробате. Ќе слушнете краток курс во кој вашата нарачка - ве пречекуваат со мала закусќе научите што е тоа што го прави јунешкото ка - геврече и намаз. месо не-баш-лесно за готвење, како што ќе Решивме да ги послушаме. Одбравме Риб-ај ви каже секоја втор пријател што готви или се стек (rib-eye steak) - јунешки, одрежан од обидува да готви, но и месо кое ќе ви пружи задоволство како никое друго. Ќе уживате кога ќе јунец со тежина од 600 до 700 килограми, од последните вратни кременадли - бифтек од почне да ви работи логиката - кој дел од месото делот кај ребрата. Се служи со коска или без како се сече и зошто баш така се обработува; коска. Одбравме - без коска, средно испечен, зошто се сече по должината на мускулното премачкан со барбикју сос пред печењето. Во влакно или напречно; или, зошто е важен про„Колиба“ месото се сервира со печен компир, цесот на зреење на месото - клучниот фактор прелиен со мешавина од неколку видови бибер што ќе направи да го почувствувате вистинскиот, природен мирис и вкус. Ќе научите десетици со павлака - како што ни рекоа, „идеален гарнир за сите видови месо“. називи за стек, кои некогаш сте ги среќавале, Додека го чекавме стекот, мезевме „стекхаус но не сте биле свесни за нивната различност. Разговорот ќе ви донесе десетици причини пов- салата“ со наливно црвено вино - вино на куќата, подготвено од винарницата „Камник“. торно да дојдете. Одлично аранжирана, обемна салата! Минути на адаптација. Просторот е поделен

Свежина и палета од хармонично усогласени вкусови. Главниот тон го даваат црвениот кромид, и крутон-лепчињата. Додека се разделувавме од салатата, уживајќи во виното, пред нас веќе беше шармантна порција рибај-стек, прекрасно аранжиранa со чери-домат и ливче копар. Фасцинантен минимализам! Очите веќе се фиксирани на месото, кое ве предизвикува со убавата кафено-карамел глазура. Го густирате секој залак, за што подолго да уживате во парчето меко јунешко, со убав црвенкаст пресек. Неодолива комбинација со печениот компир. Со тешко срце ќе се разделите од трпките од виното и убавите вкусови од месото, глазурата и биберот на компирите. За крај пробавме „чиз кејк“ - торта од сирење, аранжирана со нане и школка од листести резанки портокал. Ќе ве плени со малите детали во вкусот - лимон и нане. Дури и да сте еден од оние што јадат торта само кога сред ноќ отвораат фрижидер, сто пати ќе си речете дека сте направиле одличен избор што сте решиле да пробате од тортата! Не се колебајте во еден од залаците да додадете и ливче нане. Одличен крај! Задоволни, спонтано „убацувате“ во втора и се препуштате на побавното темпо. Ви требаше нешто за анти-стрес? Еве еден убав начин! Адреса: ул. „Наум Наумовски – Борче“ бр. 62, Скопје Работно време: 8:00-24:00 (пон-чет), 8:001:00 (пет), 12:00-01:00 (саб), 12:00-24:00 (нед) Контакт: тел. 02 / 310 10 17, е-пошта: koliba. skopje@gmail.com Картички: Visa, Master Card Пристап за луѓе во количка: проблематичен Повеќе инфо: www.koliba.mk; FB: Steakhouse Koliba


ГЛАМУР И ЕКСКЛУЗИВНА МОДА ВО СКОПЈЕ

МОДЕН ВИКЕНДТРЕТ ПАТ

113 LIFE М А Р Т 113

Нова приказна за видувањата и мечтите на нашите врвни дизајнери, живи бои слобода во облекувањето креации кој го земаат здивот и ја поттикнуваат фантазијата, незаборавни ноќни забави со врвните македонски манекенки и уште многу прекрасни изненадувања кој на нашиот град му ги носи-веќе погодувате новата сезона пролет-лето 2011 на моден викенд Скопје. Покрај познатите редовни учесници специјален гостин на Модниот Викенд Скопје е познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски со презентацијата на неговата екслкузивна колекција PreFall 2011, кој има успешна креаторска кариера во трите најголеми светски модни центри, Милано, Париз и Њујорк. Новина на манифестацијата е фото изложба подготвена од познати новинари и уредници чија специјалност е следењето на модата кај нас и во светот. Изложбата е насловена: ”Must have. Трендови пролет- лето 2011”. За првпат Моден Викенд Скопје, ќе одржи тематски организирана модна ревија насловена “ Модни трендови пролет – лето 2011“ која ќе биде реализирана како дело на наши најеминентни новинари кои ја следат модата во македонските медиуми. Идејата на организаторот е новинарите да ги претстават своите видувања на модните трендови во светот. Главната програма ќе се одвива во две вечери- на 26 и 27.03.2011. Модна Недела Корпорација организатор на Модниот Викенд ве поканува од 23-27 март на уште едно незаборавно дружење.Не заборавајте да ја посетите единствена манифестација од овој тип во нашата земја бидете дел од светската мода која полека и сигурно доага кај нас.


панорама

ПАНО АКО СРЦЕТО ТИ Е ЖЕДНО, НАПИЈ СЕ ЧАЈ

„La Soy“ бул. „Климент Охридски“ (спроти поранешна „Аркадија“) „Ако устата ти е жедна - напиј се вода, но ако срцето ти е жедно - напиј се чај“ вели една стара јапонска поговорка. Имено, за вистински да уживате во пиењето потребно е најпрво да бидете расположени и олабавени за доволно време да одвоите за оваа церемонија. Голем избор на чаеви кои потекнуваат од древните источни земји можете да најдете во La Soy на бул. „Климент Охридски“ (спроти поранешна „Аркадија“). Кинески зелен чај „пуер“, „оолонг“, „веленс“,„ рооибос“ се само мал дел од изборот за приготвување шолја добар чај чија арома и вкус пак ќе ви овозможат мерак при пиењето. Во La Soy може да се најде и интересен прибор кој секако има важен дел во целата церемонија. ЌЕБАПИ СО ВКУС НА ЊУ ОРЛЕАНС

114

LIFE М А Р Т

Џез-ќебапчилница „Бунарчето“ во Струмица Ретка можност да се пробаат ќебапи со вкус на Њу Орлеанс има во џез-ќебапчилницата „Бунарчето“ во Струмица. Локалот се наоѓа во непосредна близина на пазарот „Чешел“, располага со стандардно мени за салати, чорби и скара, а ќебапите навистина имаат специфичен вкус. Џез-ориентацијата е последица на повеќегодишниот престој на сопственикот на локалот во САД. Неговата пасија за џез-музиката успева да ги привлече и другите џезери од Струмица во неговиот локал.


панорама

РАМА ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА КАФЕ-СОСТАНОЦИ

Кафе „Корзо“, ул. Даме Груев 5/3 (во пролазот до Cosmo Tinex) Кафулето Корзо го знаат добро сите оние кои во строгиот центар на градот сакаат на „раат“ да испијат убаво кафе (а да нема премногу метеж или гласна музика), односно идеално е за они кои сакаат да одржуваат кратки кафе-состаноци. Посетителите на ова место се деловни луѓе, новинари, станари од блиските згради и друштва кои „со цел“ доаѓаат токму во „Корзо“. Ова е едно од ретките места во градот каде, освен секакво кафе и топло чоколадо, можете да се напиете и секакви видови алкохолни пијалаци – ние ви препорачуваме, доколку сте љубители на вотка, да порачате „руски стандарт“.

ДОЈДЕТЕ ВО „ЉУБОВ“ Кафе „Љубов“, бул. Партизански одреди 17 „Љубов“ е местенце кое го знаат сите оние што сакаат електронска музика, добра забава или пак мирно неделно кафе. Преку ден, „Љубов“ е место каде што можете да пиете кафе со саканиот/ саканата или со пријателите и да се опуштите како да сте дома. Навечер „Љубов“ се претвора во кул урбано место со урбан звук. Распоредот на диџеи по денови е следниот: четврток - Весел, петок – Симон и сабота – Васо. Дојдете во „Љубов“!

ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ

115

Во овој број на LIFE решивме да напишеме два-три убави збора за „Чамо“, едно од нашите омилени скопски места. Можеби „Чамо“ и не е едно од најевтините места (повеќе спаѓа во некоја средна класа во однос на буџетот кој ќе ви биде потребен), но домашната кујна (и домашната, опуштена атмосфера) во „Чамо“ е сосема по наш вкус. Во „Чамо“ нема мени, туку едноставно прашувате: „Што има денес?“ и одговорот е следниот: турли-тава, мускул, селско месо, сарма, дроб сарма, јазик, кукурек... Изборот зависи од сезоната и од тазе состојките кои дента ги набавил „Чамо“. Како поинаку, ако не така! Нашата нарачка (за двајца), е следнава: две пиперки со павлака (бабури од туршија полнети со павлака) и две ракии (ова за мезе), една порција јазик, една порција кукурек, лепче и две пива (како главно јадење). Тоа што го нарачавме се вклопи во нашиот буџет (1000 денари), а заминавме оттаму добро најдени и прилично среќни. Ако не сте биле никогаш во „Чамо“, време е да го направите тоа, најскоро што можете.

LIFE М А Р Т

МЕСТО: КАМИН-ЧАМО Адреса: „Михаил Цоков“ 6-а (спроти Општина Центар) Буџет: 1000 денари за двајца


ЕКСКЛУЗИВНИ ПОПУСТИ СО LIFE КЛУБ КАРТИЧКА !!! Во прилог е новата, проширена листа на партнери кои специјално за Вас, корисниците на „LIFE КЛУБ КАРТИЧКАТА“ доделуваат попусти на производите и услугите кои ги нудат. Секако, не заборавајте да ја проверите новата листа следниот месец!

Доколку се` уште не сте ја активирале Вашата картичка, сторете го тоа на следнава адреса: www.makfax.com.mk/lifeklubkartichka

тел: (02) 3120 235 / моб: 070 600 183 www.cut-cut.com.mk e-mail: dimitar.dimovski@cut-cut.com.mk

ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР - 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања бул. Св. Климент Охридски б.б., Скопје

АИКИДО - 15% попуст Александар Палас Р.Ј. Корчагин моб. 071 308 068 факс: (02) 3176 937 www.zendo.org.mk e-mail: maa@t-home.mk

КОЗМЕТИЧКИ И ФРИЗЕРСКИ САЛОНИ ДРАМСКИ ТЕАТАР – 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања Шекспирова 15, Скопје

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА - 20% попуст на билети Македонија б.б., Дом на АРМ, Скопје

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

116

LIFE М А Р Т

TCC PLAZA WELLNESS CENTAR – 25% попуст на месечниот полн пакет (неограничено користење фитнес-сала, базен и сауна) Васил Главинов 12, Скопје тел. (02) 3 111 807

MAGNUS FITNESS CENTAR - 10% попуст на фитнес, аеробик, пилатес и пакетите за солариум Ул. Огњан Прица б.б., лок., Скопје Тел: 072 222 222 www.magnus.com.mk

AURIЕGE – PARIS (ДЕРМАБЈУТИ) - 10% на која било индивидуална услуга и 10% попуст на секој индивидуален производ Ул. Христо Смирненски 54, Скопје tел: (02) 3 230 130 www.auriege.com

SILHOUETTE – 10% попуст на сите услуги Silhouette Скопје Ул. „Васил Главинов“ бр. 7б, Скопје Тел: (02) 3223 355 ; (02) 313 13 13 Silhouette Битола ул. „Пелагонка“ бр. 2, Битола тел: (047) 60 99 99 Silhouette Охрид ул.„Туристичка“ бр. 49a, Охрид тел: (046) 257 789 FASHION LOOK - ФРИЗЕРСКО И КОЗМЕТИЧКО СТУДИО, НАДГРАДБА НА НОКТИ И ШМИНКА – 10% попуст на сите услуги ул. Васко Карајанов бр.5, Скопје тел: 02 32 32 682 / моб: 071 248 518 моб: 070 222 517 e-mail: feshion.look@gmail.com

MISS SIXSTY, ENERGY, KILLAH - 10% попуст, ТЦ Соравија, Скопје FANI PRIMO – 20% попуст ул. Анкарска бр. 29, Скопје

AURA - 10% попуст на сите услуги освен за услугите кои се на редовен попуст Пелагонка 2, ламела 2/4 кат, Битола тел. (047) 202 231 www.aura.com.mk e-mail: aura@aura.com.mk СТУДИО MAJA - 20% попуст на сите услуги бул. Климент Охридски бр. 17, Скопје тел. (02) 3 214 082

MIU MIU – 10% попуст на сите третмани, освен за пакетите на попуст и солариум ул. Христо Смирненски 42/4 , Скопје тел. (02) 60 90 790

BABETTE – 10% попуст на артикли кои не се на попуст ГТЦ, I кат (спроти Mango, веднаш до Oxette), Скопје

PETEK 1855 – 10% попуст на производите кои не се на редовен попуст Caleidos - Nine West - United Nude - Terra Plana – Herry – Baumm – гардероба и накит од македонски дизајнери ГТЦ 1 кат, Скопје тел. (02) 3 221 503 e-mail: info@narsgroup.com

ПРОДАВНИЦИ ЗА ОБЛЕКА И ЧЕВЛИ, БУТИЦИ, АСЕСОАРИ, НАКИТ

SPRINGFIELD - 10% попуст ТЦ Рамстор и ГТЦ – Скопје; Гоце Делчев 25 - Куманово.

BATA - 10% попуст ТЦ Рамстор и ТЦ Соравија – Скопје.

GEOX - 10% попуст ГТЦ, Скопје CUT & CUT - HAIR STYLING STUDIO – 10-20% попуст, во зависност од услугата ул. Наум Наумовски Борче бр. 87, Скопје

* Листата на попусти се менува секој месец. LIFE магазин не одговара за промените направени од страна на партнерите во тековниот месец

LUDUS CONCEPT STORE – 10% попуст за сите производи, освен модните колекции ул. Франклин Рузвелт 39, Скопје www.ludus.com.mk

BIZU BRIZIT BIJOUTERIE & ACCESSORIES – 10-20% на целиот асортиман Партизански одреди бб, А3 - лок. 5, Скопје тел. (02) 322 49 24

DVE SMIZLE – 15% попуст ГТЦ – приземје (Златарска уличка), Скопје www.dvesmizle.com тел. (02) 3 222 5864


КНИЖАРНИЦИ

L'ADORO GIFTS & MAGIC – 10% на целиот асортиман ул. Максим Горки 20, Скопје тел/факс 02 3225 115 www.ladoro.mk / www.ladoro.tc.mk e-mail: contact@ladoro.mk

ACID WEAR – 10% попуст Токсик - ГТЦ 1 кат позади Југотон и Acid Store - спроти Рамстор - Скопје www.acidwear.com.mk ЛУКАС ММ, БИТОЛА - 20% попуст на сите артикли коишто се по редовни цени Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за чевли Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 3, Битола

УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА И АНТИКВАРНИЦА БЕЗИСТЕН - 10% попуст за целокупниот асортиман на галеријата кој е со редовна цена ул. Вељко Влаховиќ 3 (на „Рекорд“), Скопје, тел/факс: (02) 3 117 150 www.artgallerybezisten.com.mk e-mail: pieta@unet.com.mk

КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ТРИ - 10% попуст ГТЦ I кат, Скопје, Тел: (02) 32 38 722 Моб: 071 268 402 www.kniga.com.mk e-mail: knizarnica@kniga.com.mk

МАГОР - 20% на сите македонски автори (изданија на Магор) порта Буњаковец локал 2 тел: 02 3121 027 / факс: 02 3137 867 e-mail: magor@t-home.mk www.magor.com.mk

BLESOK - 20% попуст на книги нарачани преку www.blesok-shop.com.mk www.blesok.com.mk

МАТИЦА МАКЕДОНСКА - 10% попуст бул. Св. Климент Охридски 23, Скопје тел: (02) 3 22 11 38; 3 23 03 58; 3 22 42 65, факс: (02) 32 17 139 е-mail:contact@matica.com.mk www.matica.com.mk

бар бб, Скопје тел. (02) 3 231 419

ГИНЕКОМЕДИКА - 10% попуст на сите услуги. Ул. Народен Фронт бр. 9/1, Скопје тел: (02) 3 220 800 тел: (02) 3 111 392 www.ginekomedika.com.mk ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА RES HUMANA - 10% попуст на пакет уролошки преглед за мажи и 10% попуст на интернистички ехотомографски иследувања Миле Поп Јорданов 44, населба Козле, Скопје тел/факс. (02) 3083 900; (02) 3085 754

АМБУЛАНТА PRAMA MEDICA - 20% попуст за Кабинет за остеопороза – дензитометрија и 15% попуст за Акупунктура ул. Јуриј Гагарин 41б, Скопје тел/факс. (02) 30 90 002 e-mail: pramamedica@yahoo.com

ПЗУ ПАВЛИНА - 10% попуст на сите услуги и анализи + бесплатна крвна слика за сите корисници на LIFE клуб картичката ул. Огњан Прица 39 тел: (02) 2 771 112 www.dlpavlina.mk e-mail: info@dlpavlina.mk

ACCESSORIES - 15% попуст; не важи за артиклите кои се веќе на попуст Ramstore, тел: (02) 3 228 024, Скопје ГТЦ, тел: (02) 3 121 705, Скопје

ГОСТИЛНИЦА ИВ - 10% попуст на цело мени 11 Октомври б.б., Скопје тел. (02) 3114 040

РЕСТОРАН ШАФРАН - 15% попуст на цело мени Васил Ѓоргов 20/7, ТЦ Капиштец, Скопје моб. 078/331-709

РЕСТОРАН АЊА - 10% попуст Ул. „Јордан Х. Џинот“ 12а Тел: ++389 (0) 2 3120 079 E-mail: venividivici_anja@hotmail.com

КОЗМЕТИКА И ДРОГЕРИИ

РЕСТОРАН AMICA - 10% попуст ГТЦ 1 кат, Кеј 13 Ноември, лок.184, Скопје (над Ирскиот паб) тел. (02) 3 113-488 e-mail: restoranamica@gmail.com

НУТРИВИТА – за природна козметика Olivela –10% попуст, за додатоци во исхрана GE 132, Symbiotics, Stevia и алги –10% попуст и за Lansinoh колекција за трудници и доилки – 10% попуст 29-ти Ноември бр.15-3, Скопје Тел: (02) 3230 777 Факс: (02) 3230 777 www.nutrivita.mk

БЕЛА ТЕХНИКА И КОМПЈУТЕРИ

ОРДИНАЦИИ PROTETICS S&S - 15% попуст ПРОТЕТИКА С и С, д-р Борис Станков, ул. Даме Груев, Градски ѕид б.б. (во просториите на ЈЗУ „Железничар“), Скопје тел: (02) 5 210 846 (02) 3 134 444, лок. 112 Моб: 070 234 445

DALMA - 10% попуст Ресторан Далма, Петар Поп-Арсов 22, Скопје Тел: (02) 3 246 616 www.dalma.com.mk e-mail: contact@dalma.com.mk

МИГОР – ДЕЛ СТОР - 5% попуст ТЦ „Беверли Хилс“ ниско приземје, лок. 55, Скопје

ХОТЕЛИ

РЕСТОРАНИ

ГИНЕКОЛОГ ДР. ХАЏИЕВСКА – 20% попуст за приватни прегледи Поликлиника Идадија, ул. Иво Лола Ри-

NOBU SUSHI & BAR - 15% попуст на целото мени ул. Ленинова 29, Скопје тел. (02) 31 21 123 nobu.restaurants.com.mk

LA LUNA – 20% попуст на целото мени Ramstore, прв кат, Скопје Тел: (02) 312 12 14 www.laluna.com.mk e-mail:laluna@laluna.com.mk

ХОТЕЛ АМБАСАДОР, БИТОЛА - 30% попуст ул. Београдска 2а, Битола тел. (047) 225 623 ХОТЕЛ МИЛЕНИУМ, БИТОЛА – 10% попуст ул. Маршал Тито 78, Битола тел: (047) 241 001

LIFE М А Р Т

MOTOCENTAR - 15% попуст за сите модели на гуми Момин поток бб - ( 02 ) 3095777 Првомајска бр. 4 - ( 02 ) 2774144 www.motocentar.com.mk

ОРДИНАЦИИ ПАШОСКИ, ОРДИНАЦИИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И СТОМАТОЛОГИЈА - 20% попуст за приватно лекување Ул. 50 Дивизија број 34, Скопје Тел: 02 3179 805 (општа медицина) Тел: 02 3179 893 (стоматологија) Работиме со сини картони www.pasoski.com.mk e-mail: info@pasoski.com.mk

117

VIKTOR CHEVIGNON - 10% попуст на сите производи, вклучително и производите на попуст ГТЦ 1 кат / ТЦ Буњаковец тел: (02) 321 44 11


118 LIFE М А Р Т

¢ Мадам Шехерезада

ТАРОТСКОП

МАРТ 2010

Овен – КРАЛ НА ПЕХАРИТЕ

Бик – ПЕТ НА ПАРИТЕ

Близнаци – ДЕВЕТ НА ПЕХАРИТЕ

Рак – СЛУГА НА СТАПОВИТЕ

Лав – СИЛА

Девица – ПЕТ НА СТАПОВИТЕ

Ви претстои период на промени, така што оставете и` на Вашата интуиција да ве води, и сигурно нема да погрешите во одбирањето на вистинскиот правец. Одлуките кои ќе ги донесете ќе ви донесат загарантиран успех на сите полиња, а позитивните вибрации кои ќе ги испраќате ќе Ви донесат нова љубов или нови пријателства. Совет: Овошје, безалкохолни коктели и многу љубов!

Можно е месецов да се почуствувате прилично немоќни, особено поради финансиските потешкотии. Немојте да се предавате и размислете што би можеле се` да направите за да ја промените ситуацијата. Најверојатно Универзумот бара од вас малку да го промените вашиот животен стил (читајте: да трошите помалку на излегувања ), па она што е вистински битно само ќе се покаже. Совет: Горе глава!

За сите близнаци претстои период на отворање нови перспективи, особено за развој на вашата кариера. Картата вели дека морате да го зграпчите моментот: да ги искористите вашите знаења и способности и резултатот ќе следи веднаш. Унапредување, промена на кариера, добра бизнис зделка – ви е на дофат на раката и, едноставно, од вас зависи. На љубовен план, повторно играта е во ваши раце. Предлог: романтична вечера со свеќи.

За вас, месецов воздухот мириса на промени. Ќе ја „затворите“ емоционалната ситуација во која се наоѓате и сите досегашни проблеми ќе се претворат во нови прилики. Да, поаѓањето по нов пат може да ви донесе само среќа и секако, нова љубов. Искористете го овој оптимизам за да ја подобрите ситуацијата и на професионален план. Совет: не воздржувајте се, влезете во авантура!

Пред вас е период на конфликтни ситуации кои вешто и брзо ќе ги разрешите, покажувајќи им на сите дека лошите работи можат лесно да се надминат и да се создаде конструктивна и позитивна атмосфера. Типично за вас е преку вашата внатрешна цврстина да се здобиете со популарност и да привлечете и неколку обожаватели(лки)! Совет: Продолжете да ширите позитивна енергија.

Да, потребна ви е промена. Време е да престанете да размислувате што сакате да ви се случи, и наместо тоа да тргнете во акција да го остварите. Престанете да се замарате со неважни работи, туку – живејте го животот. Пробајте нешто ново и непознато, тргнете во авантура, бидејќи новите и убавите работи се наоѓаат - зад аголот. Совет: вљубете се, ризикувајте, дозволете си се`!

Вага – ТРИ НА МЕЧОВИТЕ

Скорпија – АС НА СТАПОВИТЕ

Стрелец – АС НА ПЕХАРИТЕ

Јарец – МАГИОНИЧАР

Водолија – ВИТЕЗ НА ПАРИТЕ

Риби - УМЕРЕНОСТ

Моменти од минатото ви чукаат на вратата, најверојатно некоја поранешна љубов, па се двоумите околу целата работа. Крајниот суд е секако ваш, но не избрзувајте со одлуките, опуштете се, помунувајте време со пријателите и немојте да ја запоставите работата. На крајот на денот ќе видите дека сепак работите ќе течат онака како што треба. Совет: прошетки во природа и цедени сокови.

Интересна прилика ви се укажува на професионален план: нова работа, унапредување или пак работа во странство. Така што, ослободете го умот и впуштете се во непознатото – нема да погрешите! На љубовен план на повидок е нова романса или нова свежина во постоечката врска. „Другата страна“ ќе ве изненади со нешто убаво. Совет: уживајте до максимум!

Немојте да мерите и премерувате и да наоѓате замерки на љубената личност. Чашата е половина полна, а не половина празна, аман! Ако се опуштите ќе видите дека наоѓањето маани не ви прилега и дека работите се токму онакви какви што треба да бидат, или пак дека се движат во саканиот правец. Совет: Олабавете се од работа, наполнете се со позитивна енергија.

За да ги остварите целите што сте си ги зацртале на професионален план (унапредување, бизнис зделка,..), треба да употребите буквално се` што знаете, вклучувајќи ја вашата интелигенција, образование и шарм - и светот е ваш. Наградата за трудот ќе ја видите многу брзо, а убавите нешта и вашата енергија ќе се рефлектираат и на љубовен план. Совет: За вас, небото е лимит!

Во последно време имате чувство како да го губите тлото. Се чувствувате несигурни во врската со партнерот, па ова чувство влијае и на вашата способност ефективно да ги извршувате работните задачи. Време е да седнете во отворен разговор со партнерот и да ги решите дилемите, можеби ќе излезе дека чувството не е само ваше, туку и заемно. Совет: повеќе доверба, помалку нервози!

Време е да направите ред, да ги реорганизирате приоритетите, и да ги земете уздите в раце. Откога ќе ги „дотерате“ работите и ќе воспоставите целосна контрола, ќе бидете задоволни што сте ги направиле вистинските одлуки и ќе бидете спремни да се сконцентрирате и на приватниот живот, кој, признајте, малку го запоставивте. Совет: краток викенд во природа е вистинското нешто за вас!




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.