Life_201102

Page 1

LIFE МАГАЗИН

52

февруари

пријателство број 52 февруари

2011

69ден.

LIFE ТЕМА

ПРИЈАТЕЛСТВО




ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

Атанас Кировски АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

РЕДАКЦИЈА Тони Димков

Не постои совршенство, се е` живот

Силвана Жежова

Влатко Галевски Марија Дивитарова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Катарина Стојанова Васко Марковски

музика Александар Гавровски

84

МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ

Игор Ивковиќ Петре Димитров 74

Марија Илиќ

брзина Кристијан Ивановски

ФОКУСИРАН НА ПРЕСТОЛОТ

Патриција Костовска

Серјожа Неделкоски Кристина Озимец

фитнес Наташа Ангелевска

66

ВО ОДЛИЧНА ФОРМА СО ПИЛАТЕС-ТОПКА И ПРАВИЛНА КОМБИНАЦИЈА ОД ВЕЖБИ

Роберт Смилески (надворешен соработник) ЛЕКТОР

Мери Кондоска 68

Александар Ношпал

ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК „ТИВОК УБИЕЦ“

(уредник на мода) ФОТОГРАФИЈА ГРАФИЧКА ПОДГОТОВКА

Ивана Кузмановска

Златко Пармаковски Јасмина А. Чашуле Зоран Гулевски

70

4 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

здравје Татјана Илиева-Хаџиевска

УРГЕНТНА КОНТРАЦЕПЦИЈА

Синиша Станковиќ (колумнист)

ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

здрава исхрана Душан Матиќ

90

Антиквитети Ангелина Јаневска

КРИГЛИ


НИНА ДЕАН И ЈАНА СТОЈАНОВСКА

ЕДИТОРИЈАЛ: ПРИЈАТЕЛСТВО Куманово низ очите на... САШКО КОЦЕВ

од друга перспектива: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

20

гевгелиските казина

44

52

Оној што знае да прими удар, победува

Ќе се чекамо куде дрвце

Мирис на пари и море

на лице место

жешка тема ПЕНЕЛОПЕ КРУЗ

патување надвор ТАЛИН

55

ЗИМСКИ ТРЕНИНГ НА МАКЕДОНСКИТЕ САМУРАИ

Шпанска вила со завидна кариера

58

106

Среќата повторно живее под марципанските покриви

o Кире Галевски

life портрет: ФИЛИП РИКЕР

12 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

Подадената рака е гест на пријателство

Нешто што строго нe` дефинира како човечки суштества се релациите кои ги градиме меѓу нас, цврстите, речиси вечни врски (пријателски, љубовни, семејни), но и оние попатните и пропратните кои можат да остават исто толку силен белег врз нас. Дури и оние краткотрајни, минливи познанства кои бледо остануваат во сеќавањата или, пак, од нив останува по некој мирис, вкус, збор или бакнеж нe` дефинираат како битија. Во овој број на LIFE магазин се определивме да му дадеме особено место на Пријателството - навидум лесна тема, која откако ја „начнавме“ нe` одведе во толку различни правци и нејзината комплексност се отвори пред нас како еден длабок подводен свет. Дали постои вечно пријателство? Дали можеш некому бескомпромисно да веруваш, да ги кажеш своите најдлабоки тајни и да се потпреш на него и во добро и во зло? Или, пак, си од оние што никому не веруваат целосно и секогаш внимаваш да седиш со столчето цврсто потпрено на ѕидот? Потоа, дали постои пријателство меѓу маж и жена или, пак, едниот постојано е тајно вљубен во другиот; или, пак, двајцата се вљубени, а никој нема срце да признае? А врските помеѓу луѓето од различни вери и раси, различни социјални средини, различни земји, градови и села, врските „на далечина“... Колку си пријател со твоето семејство и дали твојот партнер е воедно и твој најдобар пријател? И секако најтешкото прашање во моментов - каде „отидоа“ вистинските пријателства во општата партиска и етничка поделеност. Зошто „левите“ веќе не се дружат со „десните“, кога заедно растеле, твореле, играле, пиеле и пееле? Повеќето од овие теми ги начнавме со некои од нашите соговорници: Амбасадорот на САД, Филип Рикер и неговата верна сопатничка, Солве. Со Андреј Жерновски зборувавме за детството и за другарот од младоста, актерот Никола Ристановски. Со Сашко Коцев се потсетивме на многубројните дружби во родното Куманово... Бевме и во Пабло, култно место за убави средби, а отидовме и на едно преживување во природа каде клучна улога има тимската работа. На крајот, заклучивме дека на пријателството се работи, тоа се гради и се чува во срцето, без разлика дали е кратко или долго, дали се слушаш секој ден или кога ќе сретнеш некој што не си го видел одамна – срцето ќе ти подрипне од радост и ќе потрчаш силно да го гушнеш. Па така овој број го посветуваме на Вас, нашите читатели, верни пријатели. Без вас, бадијала пишуваме, залудно се трудиме, попусто постоиме. Како што рекле старите Римјани: Аmicus est tanquam alter idem (Пријателот е безмалку второто Јас)!

5 LIFE Ф Е В Р У А Р И

¢ Билјана Црвенковска


настани LIFE Ф Е В Р У А Р И

6

ОРДЕН, КОНЦЕРТ И НОВ АЛБУМ ОД ТОШЕ ПРОЕСКИ На Тоше Проески постхумно му беше доделен орден за заслуги за Македонија за високите дострели во неговата професионална музичка дејност. Даде исклучителен придонес во промовирањето и збогатувањето на македонските културни вредности, како и за неговите активности останува хуманитарен план преку реализирање голем број хуманитарни концерти и добротворни настапи, а со тоа и афирмација на Македонија во светот. Претседателот Ѓорге Иванов му го врачи орденот за заслуги на Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески. Во чест на неговиот роденден се одржа и концерт на кој учествуваа пејачи од земјата и Балканот. Беше промовиран и новиот албум насловен „Со љубов од Тоше“ на кој се наоѓаат дванаесет светски рок- балади препеани од него како и најновата песна „Наслони главу на моје раме“.


Самостојна фото-изложба „Моменти“ (емоција,страст,слобода) на Евдокиа Николова беше отворена во МКЦ. Беа презентирани 74 фотографии со три тематски основи пејсаж, амбиент и студиски портрет, балетска и оперска фотографија. На отворањето на изложбата, музичкиот дел го збогатија Елена Христова од македонскиот етно состав „Баклава“ и Александар Стојанов – Зорин и музички сет на DJ Дикитал. Изложбата беше одржана во чест и сеќавање на Славе Герасимовски.

настани

ФОТО-ИЗЛОЖБА МОМЕНТИ НА ЕВДОКИА НИКОЛОВА

НОВАК ЃОКОВИЌ ПО ВТОРПАТ ГО ОСВОИ АВСТРАЛИЈАН ОПЕН

Со презентација на визуелно - естетските решенија од најновата маркетинг-кампања, што се одржа пред голем број претставници од бизнис и јавниот живот во земјава, македонската винарска визба со најдолга традиција во земјава „Тиквеш“ и официјално го претстави новиот лик на својата најстара, а воедно и најпозната производствена линија на квалитетни вина, не само на домашниот пазар, туку и на пазарите во регионот. Линијата на квалитетни вина на „Тиквеш“ што ја сочинуваат 6 бели вина – „смедеревка“, „траминец“, „темјаника“, „белан“, „шардоне“ и „александрија“, 5 црвени – „вранец“, „мерло“, „каберне совињон“ и „александрија“, како и добро познатото „розе“, сега добиваат ново шише, нова етикета, нови природни плутени тапи и заштитни „капици“ - со еден збор ново комплетно пакување кое на најдобар начин го отсликува карактерот и реномето што овие вина го имаат кај консументите и познавачите на квалитетните македонски вина во земјава и пошироко.

7 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ ВО НОВО РУВО

Со победата над Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ по вторпат стана шампион на отвореното првенство во Австралија. Иако оствари убедлива победа над Мареј со 3:0, изјави дека воопшто не му било лесно да се избори за овој резултат. „Навистина е уживање да се игра овде. Сакам да потсетам и на жртвите на поплавите. Ќе се обидеме да им помогнеме колку што можеме. Титулата ја посветувам на моето семејство, девојка ми Јелена како и сите луѓе во Србија кои се обидуваат државата да ја претстават во најдобро светло“, изјави Ѓоковиќ кој за да стигне во финале на АО со убедливи 3:0 го елиминираше и Роже Федерер.


life т е м а

СЕКОЈА ПТИЦА ЛЕТА КОН СВОЕТО ЈАТO

8

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ријателството е однос помеѓу две лица и подразбира отворена комуникација. П Пријатели се оние кои немаат рестрикции во тоа што споделуваат во конверзацијата, во тоа за кои теми разговараат и како разговараат. Тоа е комуницирање кое покрај својата отвореност се одликува со посебен тип доверба и подготвеност да се делува и реагира согласно очекувањата на оние кои ви се пријатели. Тогаш кога две индивидуи ќе оформат ваков тип меѓусебно општење и психолошки однос кој и` дава поткрепа на отворената комуникација, велиме дека тие развиле пријателство. Тоа, секако, трае сè додека таквата отвореност и заемна доверба функционираат. Кога пријателството почнува да слабее или бледнее, тоа веднаш се чувствува во комуникацијата: пријателите поретко комуницираат, темите се бираат, опуштеноста и довербата губат на својот интензитет, велат комуниколозите. „Секое пријателство е процес кој внимателно и постапно се гради низ комуникацијата и

ШТО Е ПРИЈАТЕЛСТВО? КАКО ТРЕБА ДА СЕ НЕГУВА ПРИЈАТЕЛСТВОТО? МОЖНО ЛИ Е ВЕЧНО ПРИЈАТЕЛСТВО? НАВИСТИНА ЛИ Е ПОСИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ МАЖ И ЖЕНА ИЛИ ТАКВОТО ПРИЈАТЕЛСТВО Е НЕВОЗМОЖНО!? НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ПРИЈАТЕЛИТЕ ГИ БИРАМЕ ПО СЛИЧНОСТА НА ГЕНИТЕ. СПОРЕД НЕВРОПСИХИЈАТРИТЕ, МАШКО - ЖЕНСКИ ПРИЈАТЕЛСТВА МОЖАТ ДА ПОСТОЈАТ ДОКОЛКУ ДВАЈЦАТА СЕ ПОЗНАВААТ ОД МНОГУ МАЛИ...

однесувањето кое мора да биде во рамките на таквата пријателска комуникација. Иако во комуникацијата имаме ситуации кога разменуваме пораки со другите на внимателен и љубезен начин, сепак, пријателството се одликува со посебно внатрешно чувство на блискост и спонтана отвореност. Пријателите се оние кои поттикнуваат позитивни чувства кај нас и својот позитивен и афирмативен однос кон нас го потврдуваат низ своите постапки и дела. Нè советуваат, сочувствуваат, помагаат, искажуваат грижа и наклонетост за она што нам ни ` е важно“, рече за Life магазин комуникологот Сеад Џигал. Според Џигал, идејата и намерата на секое пријателство е тоа да биде до крајот на животот. Никој од нас не се спријателува со некаков однапред замислен или пресметан рок на траење. „Сепак, во животот се соочуваме со разни ситуации кога пријателствата се напуштаат заради некоја промена во околностите во живе-

ењето: луѓето кои сме ги ценеле за пријатели по сменета работа, место на живеење, принова или загуба во семејството можат да го сменат и комуницирањето и пријателството кон другите. Сфаќаме дека некои од пријателствата се развиле спонтано, ситуационо, но не толку цврсто за да издржат поинаков тип на комуницирање или промена во комуницирањето. Животот низ самата практика ни ` открива дека имаме пријателства од различен степен на блискост и подготвеност да правиме нешта едни за други“, вели Џигал. ПРИЈАТЕЛИТЕ ГИ БИРАМЕ ПО СЛИЧНИТЕ ГЕНИ Гените одредуваат кој ни ` е сличен и со кого добро се дополнуваме, стои во најновата студија на Џемс Фаулер, професор по генетика од Калифорнискиот универзитет, прочуен по истражувањата за влијанието на гените врз социјалните однесувања.


ПОСТОИ ЛИ ПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ МАЖ И ЖЕНА? Машко – женски пријателства, според мислењата на многумина не постојат, додека други тврдат дека се многу посилни отколку пријателствата помеѓу лица од исти пол. Првите сметаат дека машко-женските пријателства се невозможни, бидејќи кога тогаш во тоа пријателство се вмешуваат повозвишени чувства. Па што мислите зошто траат толку кратко? Затоа што барем кај едно од тие две лица се појавуваат одредени симпатии, па станува завидлив на сите други пријатели и додворувачи. Според невропсихијатрите, машко-женски пријателства можат да постојат ако двете лица се познаваат од многу мали и оттогаш се неразделни секојдневно. Тогаш меѓу нив не постои пријателство, туку тоа преминува на повисок степен на љубов и почит – почнуваат меѓусебно да се гледаат како брат и сестра. Податоците од некои истражувања покажуваат дека она што најмногу им се допаѓа на мажите во пријателството со жените, е што можат

РЕБЕКА ЈАНКОВСКА Пријателството е сплотено со љубовта и слободата. Пријателството е давање без правење сметки. Пријателството денес треба да се негува како капка вода во пустина. Велат, колку пријатели има човек, толку вреди. Не се согласувам со тоа. Јас имам многу пријатели, но дали тие се вистински? Откриваме само кога ќе бидеме во неволја или во некој животен проблем, а тогаш маските се вадат и остануваат само неколку пријатели. Верувам во вечно пријателство, но во тој случај таа верба треба да е обострана. Оној кој ти е пријател не прашува дали имаш проблем и како си, туку гледа дека имаш проблем и веднаш бара начин како да ти помогне. Тој те познава многу добро и не мора со него секој ден да се слушаш. Тој ти е во срцето, во мислите, за него се грижиш кога треба, се радуваш и го споменуваш во молитвите. Во последно време имав неколку разочарувања. Направив селекција и не си го трошам времето пиејќи кафе со некои нелуѓе. Моите разочарувања се големи затоа што она што сум

го инвестирала во тие пријателства било од срце. Но, сега не жалам многу, освен за мојата лоша проценка и нивното лицемерство. МАГДАЛЕНА РИЗОВА ЧЕРНИХ Тешко дека во денешно време постои пријателство. Колку повеќе старееме толку повеќе сфаќаме кој ни ` е вистински пријател. Не треба да му веруваме никому, освен на домашните. Кога бев помлада имав многу пријатели, но со текот на времето ги елиминирав и видов кој ми е вистински пријател. Тоа се однесува и за на работа и во животот воопшто. Сега разбрав: тоа е пријателство, љубов кон другиот. Сè друго може да измами, тоа не може. Сè друго може да исчезне и да ни ` остави празнина, тоа не може, затоа што зависи од нас. Не можам да му речам: биди ми пријател. Но, можам да му речам, ќе ти бидам пријател. Но, дали вака или онака, во неговото пријателство не можев да се сомневам. Го засакав, знам, затоа што ми стана потребен, што не му забележував за ништо што и да кажеше или направеше и што сè негово ми стана важно. Љубовта е веројатно единствена работа на светот, која не треба да се објаснува ниту за која теба да се бараат причини. Па, сепак тоа го правам, па дури и само затоа уште еднаш да го споменам човекот, кој внесе толку радост во мојот живот. Го прашав еднаш, како тоа токму мене да ми го подари своето пријателство. Пријателството не се бира, тоа едноставно се случува, којзнае поради што. Како и љубовта. Но ништо не ти подарив тебе, туку себе. Мехмед Меша Селимовиќ ...Темелот на посветеноста и постојаноста кои ги бараме во пријателството е верноста. Затоа што ништо не е постојано што е неверно. Всушност за пријател треба да се одбере оној кој е спонтан, дружељубив, кој мисли и чувствува како и ние самите; а сè е тоа резултат на доверба. Затоа што дволична и подмолна душа не може да биде верна. На ова треба да се додаде дека пријателите не треба да се радуваат на измислени обвинувања, ниту да веруваат на озборувања, затоа што сето тоа е важно за цврстината на пријателството. Поради тоа, точно е дека пријателство може да постои само меѓу добри луѓе. Затоа што добар човек, за кој слободно може да се каже дека е и мудар мора да ги има предвид и овие две работи, кога се работи за пријателство. Прво кај него да нема ништо лажно и прикриено, затоа што на слободниот човек повеќе му прилега и омразата да ја изразува отворено, отколку со изразот на лицето да ги сокрива своите мисли. Потоа тој не само што треба да ги отфрла обвинувањата против пријателот, туку ни тој самиот не смее да биде недоверлив и постојано да мисли дека пријателот може да го загрози на некој начин. М.Т. Цицерон

LIFE Ф Е В Р У А Р И

пред нив да ги покажат сите слабости, па дури и да заплачат, додека жените помалку веруваат во ова пријателство. Машко-женските пријателства, ако навистина постојат, тогаш тие се навистина силни. И на двете личности, физичкиот изглед им е аспсолутно неважен. Уште една добра страна е тоа што мажите и жените се тотално различни, па нивните меѓусебни дополнувања многу позитивно влијаат на односот. И според нашиот комуниколог, пријателството во принцип нема ограничувања ниту по пол, ниту по религија или различни генерации, кога двајца ќе проценат и ќе почувствуваат дека можат отворено да комуницираат и да развијат заемна доверба. „Човековиот порив за зближување е толку силен што многумина од нас знаат да развијат одредени под-форми на пријателство и да проектираат силна доверба и кон домашни галеничиња, предмети, растенија, музика и така натаму. Во реалноста се случуваат ситуации кога некои од овие фактори (пол, вера, возраст) се испречуваат кон пријателство, но тие со тоа не покажуваат дека пријателството не е можно, туку дека мотивите биле нејасни, конфузни, можеби и неискрени, а подготвеноста да се вложи во тоа пријателство, да се потрудиме или избориме за него не биле доволно силни. Факт е и тоа, психолозите знаат подобро, дека многумина од нас имаат и искривена слика за тоа што е пријателство, некои се подготвени повеќе да прават за другите во името на пријателството, некои помалку, но во принцип за пријателството е најважна заемноста, и во волјата и во комуницирањето и во однесувањето кое го потврдува пријателството“, вели Џигал.

9

Неговиот тим вршеше анализа врз две независни американски студии во кои испитаниците ги рангираа своите пријатели според траењето на дружењето од 6 до 32 години, а потоа ги лоцираа нивните гени. „Докажавме дека социјалните кругови во голем дел ги чинат пријатели со слични гени, односно дека гените на другите луѓе се оние кои влијаат на нашата одлука, со кого помалку или повеќе ќе бидеме пријатели. Лоцирањето на специфичните генетски маркери на секој поединец во социјалната мрежа покажува дека секој од нив има тенденција да создава пријателства со оние со кого делат барем два до шест гена“, прецизира Фаулер. На пример оние кои имаат DRD2 ген кој се поврзува со алкохолизмот, повеќе се склони да имаат пријатели со ист изразен маркер. Оние кои го немаат тој ген се склони да одбираат пријатели помеѓу исто така негативни лица на DRD2. Научниците таа ситуација стручно ја нарекуваат хомофилија, а во народот e позната по изреката „секоја птица лета кон своето јато“. „Нашиот стручен тим беше изненаден и од откритието дека поединци имаат тенденција да бидат пријатели со лица со спротивни особини, но генетиката покажува дека тие всушност се комплементарни, односно дека добро се надополнуваат“, додава Фаулер. Со други зборови лицата со ген CYP2A6 кои се поврзуваат со карактерна отвореност понекогаш бираат пријатели кои го немаат тој генотип. Таа негативна поврзаност се нарекува хетерофилија, а ја илустрира поговорката „спротивностите се привлекуваат“.

life т е м а

¢ Катарина Стојанова


10

LIFE Ф Е В Р У А Р И


ДРУЖБА

светот. Но, и тие неколку збора, главно низ изветвените фрази, за здравје, среќа, успеси, радост, па и пари, им беа испраќани на сите оние кои не беа тогаш со нас, навистина искрено, само како скромен подарок, како “рунда” честење во кафеана, или чисто, како очебиен доказ дека не сме ги заборавиле, иако нè делат стотици или илјадници километри... И уживав во испишувањето редови и страници за епизодите од нашите животи што за жал, или за среќа, ги пропуштаат, знаејќи дека со тоа им ги греам душите. На еден или на друг начин. Последниве години, пак, најкоректно им одговарам на сите роботизирани СМС-честитики, и враќам контра-меилови, пак нели, од се срце, на стотици адреси низ светот, со можеби истите зборови како некогаш, но, тие сепак, на екранот, без оглед на неговата димензија, се сè нешто бледи, проѕирни и некако кутрички. Осквернавени и бесчувствителни. Без душа.... А и поубавата половина веќе не ми суфлира, заѕверена во своето екранче во другата соба. И се плашам дека ќе ни ` се истенчат врските, дека иако технологијата во меѓувреме ни овозможи да муабетиме со саати, речиси во живо - ќе се загубиме. Ќе цркнат камерите или ќе избледнеат ликовите на екраните. Така расеани. Иако Фејсбук, на пример, ми овозможи повторна средба со неколку личности кои веќе ги имав подзаборавено, тоа сепак, не го намали мојот презир кон таквото пружање домашни (сеедно дали чисти и искрпени, како за пред народ) алишта на ачик, на најиздадениот балкон, за контрола од сите комшии од глобалното маало. Зашто, секогаш сум преферирал, соговорникот да го гледам во очи, да муабетам низ најмаалската игра во светот - Чашкомет, и навистина во живо - да наздравувам за здравје, многу среќа (нели, поради оние здравите што се удавија со „Титаник”), радост, успеси... А со другарот од почетокот на белешкава (ќе) се сретнуваме и случајно и намерно, чисто за дружба. Неретко и само за да ги озборувме поубавите ни ` половини и зомби-наследниците што не нè есапат ни дотолку, за да нè упатат во нивново време и да ни покажат троа, како да комуницираме со загубените пријатели на некоја од социјалните мрежи... Сепак, се имаме-еден со друг. Колку за возвратена „тура” и по некое чувство. Колку за спотер во носталгијата. За споделување. За дружба. Или, како што извонредно сподели со умрежените асоцијалци кои преферираат пријателство на дистанца, еден наш гимназиски соученик: „Важно е дека научивме, оти без оглед колку сериозност и да бара животот од нас, секогаш ни ` треба пријател со кого можеме да се глупираме!”

б е л е ш к и н а с л у ч а ј н и о т м и н у в ач

Со едниот од два-тројцата луѓе заради кои сè уште вреди да се остане и да се живее во напатенава ни земјичка, речиси редовно, на чашка-муабет, си ги преиспитуваме спомените од заеднички потрошените години. И си спомнуваме за сите оние кои ни ја разубавуваа младоста, а кои не се веќе со нас, зашто навреме собраа кураж и заминаа во некои поголеми земји со помалку паталци на метар квадратен или, за жал, во вечните ловишта. И, сè така, си муабетиме за заедничките девојки (уште повеќе, за оние неосвоените, пропуштените шанси кои ги глорифицираме до бесвест, со секој накачен малиган во крвта), за гитарите и извидничките огнови и за прекумерните фалби од феријалните шатори, за акцијашките плускавци и неописливото чувство при делба на содржината на пакетите од дома - примени во ЈНА, за шверцерските тури за будење и запознавање на тогашните Исток и Запад и за младоста која се стрча крај нас сосе штафетите, за берењето маслинки и овошје или за автостоперските преживеалици на фериите, за споделувањето... За дружбата. Иако и децата повремено ни` се наоѓаат на Мрежата (колку да разменат адреси за “симнување” филм или заедно да изиграат некоја “игричка” од серијалот прирачници за обука на потенцијални асасини), не ретко нè фаќа паника дека останавме некако - сами... На времето, кога за поштарите се пееја и песни, оти покрај известувањата за разни казни и сметките, во сандачињата оставаа и писма и разгледници, службеничката во маалската пошта, пред секои божикно-новогодишни или новогодишно-божикни празници (во зависност од религијата и географијата) се крстеше, додека со поубавата ми половина истуравме куп испишани поздрави и честитики за пријателите и познаниците ширум светот... И отпрвин, само со зачудениот поглед, а потоа, од година во година, и вербално, не` прекоруваше за арчењето пари без мерка, не сфаќајќи кутрата, колкаво всушност богатство имавме, така, навидум незаинтересирано распослано низ дебелиот адресар! И колку му се насладувавме, некогаш и тајно, како Бајо Паторот, кога ги исчитувавме и буквално - десетиците пораки или долги писанија, разоткривања на душите со шарени марки од сите континенти... Добро, можеби тогаш уште верувавме во какво-такво поубаво утре, кое во еуфоричната (пред)празнична атмосфера, од се срце им го посакувавме на сите наши, со кои некогаш сме споделувале дел од животот, а кои неизвесноста, авантуризмот, вербата во себе или скептичноста во поглед на иднината на Татковината, ги расеа како семе низ

¢ Синиша Станковиќ

11 LIFE Ф Е В Р У А Р И

СЕПАК, СЕ ИМАМЕ - ЕДЕН СО ДРУГ. КОЛКУ ЗА ВОЗВРАТЕНА “ТУРА” И ПО НЕКОЕ ЧУВСТВО. КОЛКУ ЗА СПОТЕР ВО НОСТАЛГИЈАТА. ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ...


12 LIFE Ф Е В Р У А Р И

life п о р т р е т

ПОДАДЕНАТА РАКА Е

ГЕСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВО


АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ФИЛИП РИКЕР И НЕГОВАТА СОПРУГА СОЛВЕ БЕЗ ЗАДРШКА ЗБОРУВААТ ЗА СВОЈОТ ДОСЕГАШЕН ПАТ НИЗ ЖИВОТОТ, НО И ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ КОИ ГИ НОСИ НАШЕТО ВРЕМЕ

о манир на вистински и искрени пријатели Филип и Солве Рикер ја пречекаа репортерската екипа на Life магазин во нивната резиденција на Водно. Амбасадорот на САД, Филип Рикер, и неговата сопруга Солве навистина во Македонија се чувствуваат како дома. Во таков домаќинС ски амбиент се одвиваше целиот разговор со нив. Темите се надоврзуваа една на друга. Амбасадорот Рикер одлично ги познава состојбите во Македонија. Овојпат зборувавме и за американскиот дел од неговиот живот, почетоците на дипломатската кариера, работните задачи и првата средба до Солве, која од своја страна ни ` откри многу работи за себе. Повремено, во текот на разговорот, сите проверувавме што прави Ања, кученце кое го добија како подарок откако се тука, во Македонија, и кое од првиот миг им стана миленик без кој веќе не можат да го замислат својот дом. Секако, сериозните теми заслужуваат посебно внимание, но суштината на разговорот што следува е создадена од отвореноста на мислите, искреноста на чувствата и од пријателското расположение на нашите соговорници

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Ако се вратиме 15-ина години наназад, Вашето прво доаѓање во Македонија се случи во 1997 година. Ќе можете ли да се присетите на импресиите од Македонија при вашето прво доаѓање тука? Бидејќи учев и читав многу за Македонија и истовремено се обидував да го научам јазикот најдобро што можам, навистина чувствував возбуда кога дојдов и прв пат ги видов Скопје, Охрид и другите места, и се запознавав со луѓето кои живеат тука. Тоа беше почеток на интересни и многу активни две години на мојата работа како одговорен за односи со јавноста за време на мандатот на амбасадорот Кристофер Хил од 1997 до јули 1999 година. Мојата прва посета се случи во зима, беше февруари, или почеток на март, 1997 година. Враќајќи се повторно на лето, кога ја почнав службата, ми се допадна тоа што сè беше зелено, сончево и топло, различните бои на Македонија и топлината на луѓето, независно дали живееја во Скопје, Тетово или во Охрид. Бев премногу возбуден што бев тука и што можев да учам за историјата и културниот мозаик од кој е составена Македонија. Тоа беше мојата прва импресија – колку убава мала држава!

случка за која често размислувам, ниту, пак, Во периодот на вашата работа како одговорен за односи со јавноста, во 1999 годи- нешто на што се фокусира нашата дипломатија. Тоа е нешто што се случило во минатона, се случи и еден немил настан во кој то и таму треба да остане. беше запалена Американската амбасада во Скопје. Имате ли сознанија кој го оргаДесетина години подоцна, во 2008 гонизираше тој чин и зошто? Имаме многу сознанија за тоа кој стоеше зад дина, повторно доаѓате во Македонија, овојпат како амбасадор на САД во Макеинцидентот. Тоа беше еден несреќен инцидонија. Каква е вашата оценка за Македодент и едно непријатно искуство да се биде нија тогаш и сега? затворен во подрумот на Амбасадата додеСе вратив првпат после девет години и првика надвор траат немирите и да не знаеш што от впечаток беше колку слични беа работите. ќе се случи следно. Ако не беа безбедносниЗабележав некои физички промени во Скопје, те активности на македонската полиција нанекои нови згради, но работите беа исти како вистина не знаевме што ќе се случеше. Но, што ги паметев. Тоа на крајот сите изшто ми го привлелеговме добро. Миче вниманието беше слам дека тоа беТоа што ги прави силни Соединетите колку општеството ше изведено од луѓе држави е различноста, неверојатната се променило од мокои сакаа да привлемешавина од луѓе со различно потекло, етнички групи, различни религии ето заминување во чат внимание и бе1999 година. Атмосше рефлексија на ферата беше променета. Луѓето во 1999 гоголемите тензии околу војната во Косово и дина беа полни со ентузијазам, беа возбудебегалската криза, како и рефлексија на мнони за демократијата, за новите институции гу страв и несигурност за иднината. Во живо Македонија и за посветлата иднина. Кога вотот преку ваквите работи треба да преповторно дојдов тука во септември 2008 гоминете и да продолжите понатаму. Тоа не е

13

Ваша екселенцијо! На почетокот на годината стигна информација дека набрзо ќе заминете на повисока функција од амбасадорската што повеќе од две години ја извршувате во Македонија. Што во суштина значи Вашата нова функција? Ова е третата година од мојата амбасадорска работа во Македонија и вообичаено мандатот на еден амбасадор трае три години. Мојата следна функција е како заменик на помошникот секретар за европски прашања. Претпоставен ќе ми биде помошникот секретар Гордон, кој го води Бирото за европски прашања. Тој има неколку заменици, а јас ќе бидам негов заменик за Балканскиот регион. Ќе ја надгледувам работата на седум амбасади на САД во регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи ја Македонија.

life п о р т р е т

¢ Тони Димков o Кире Галевски


life п о р т р е т дина ме изненади длабоката етничка поделеност и уште поголемата политичка поделеност. Таа поделеност дури и се зголеми во текот на овие три години.

14 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Според вас, што е причината за таквата состојба? Економската состојба не се поправи. Речиси постојаната голема невработеност не дава можност за градење оптимистичко општество. Тие 30 отсто невработеност што ги имаше во земјата за време на мојата прва служба, не се променија во изминативе десет години. Економската фрустрација за цели генерации млади луѓе е евидентна. За жал, и поделбите по етничка линија се постојани. Мојата држава САД е совршен пример на земја во која работиме напорно за да се најде сила во нашата различност и да се фокусираме на интеграцијата како позитивен чин во градењето на посилна држава. Во Македонија тој процес сè уште трае. На политички план таа поларизација, тоа што луѓето го нарекуваат „наши“ и „ваши“, која е присутна речиси во секој сегмент од животот на граѓаните, причинува многу стрес кај луѓето. Тоа води кон чувство на поголем страв и отуѓување и во некои случаи доведува до губење на надежта. Се разбира ентузијазмот, за иднината, за работата, за изградбата на институциите на цивилното општество, којшто порано го имаше, претежно исчезнал и посакувам да се врати. Во Вашата биографија е наведено дека сте родени во Питсбург, во Пенсилванија, но и дека сте живееле во повеќе држави на САД. Како тој начин на живот со постојана промена на средината и луѓето околу вас влијаеше врз создавањето на Вашата личност? Тоа е интересно согледување, бидејќи додека бев дете често се селевме поради работата на мојот татко – од Пенсилванија во Охајо, потоа во Орегон, па во Аризона, дури и во Австралија – потоа се запишав на универзитет во Конектикат, а по завршувањето на студиите живеев во Вашингтон. Воопшто не ми се допаѓаше постојаното селење. Си реков: „Не би сакал никогаш повторно да го правам тоа“. Сепак, во мојата профе-

сија селењето е неизоставен дел од работата. Дипломатите се назначуваат на работа во други земји со цел да ги претставуваат Соединетите Американски Држави и ние однапред знаеме дека ќе треба да се селиме по три или по две години, а во некои случаи, како со службата во Ирак, дури и за една година. Иако селењето можеби е тешко – физичко пакување и преместување, напуштање пријатели, средба со нови пријатели – има возбуда поради запознавањето различни делови од светот, нови луѓе, здобивање со нови и различни искуства, и воопшто не жалам за тоа што сум се селел во мојот живот. Значи преселбите станаа дел од Вашиот живот. На кои моменти од Вашето детство се сеќавате по сите тие преселби? Имав среќно детство. Јас сум најстариот син, прво дете на моите родители, а бевме пет деца. Имавме дедовци и баби кои живееја на различни страни на Соединетите Држави и бевме многу блиски со нив. Семејството отсекогаш ми било многу важно, братучеди, тетки и вујковци. Патувањата отсекогаш биле значаен дел од нашиот живот – каде и да живеевме – патувањата во Европа или во другите места низ светот. Училиштето исто така ми беше многу важно. Имам убави сеќавања за училиштето кога бев мал. Средношколските години до 12-ти клас ги поминав во Австралија. Моето семејство многу се фокусираше на образованието. Татко ми беше професор по компјутерски науки и за нас беше многу важно да учиме, сериозно да го сфатиме образованието и потоа да се фокусираме кон студии на добри универзитети. Така што детството ми беше исполнето со патувања, преселби, учење и студирање. Со пријатели, исто така. И музиката постојано ми била важна во животот. Учев да свирам на пијано. Што од културните настани најмногу Ви се допаѓа тука? Тешко е да се има само еден фаворит. Македонија има толку богата и разновидна култура, независно дали станува збор за Филхармонијата, за Операта или за современата музичка сцена, како браќата Тавитијан. Скопскиот џез-фестивал е извонреден настан што се случува еднаш го-


Главната тема во овој број на Life магазин е пријателство. Според вас, кои се основните релации меѓу САД и Македонија кои се гарант за цврстите пријателски односи меѓу двете држави? Мислам дека САД и Македонија имаат силни пријателски односи од моментот кога Македонија стекна независност, како и пред тоа кога Македонија беше дел од Југославија. Работевме напорно во текот на овие години да изградиме односи и релации, но една од работите која Американците отсекогаш ја ценеле е разновидноста на Македонија, бидејќи тоа, на некој начин, ја рефлектира и нашата земја. Тоа што ја прави силна нашата земја е различноста, неверојатната мешавина од луѓе со различно потекло, етнички групи, различни религии. Ова го гледаме како нешто многу позитивно и сакаме да дадеме наш придонес да и` помогнеме на Македонија во нејзината транзиција. Никој не може да негира дека во текот на овие дваесет години на независност Македонија не се соочила со многу предизвици и ние како пријатели не се обидуваме да и` помогнеме на Македонија да се соочи со тие предизвици. Пријателството значи да се подаде рака и јас ја продолжив традицијата на подадената рака на Соединетите Држави. Останува на пријателите, партнерите, да ја прифатат подадената рака или не, зависно од тоа што другиот очекува од пријателството. Мислам дека пријателството меѓу САД и Македонија ќе опстои и ќе продолжи долго време, и јас секогаш позитивно ќе помислам на личните пријателства тука и на силните врски меѓу двете држави. Во Македонија стекнавте голем број лични пријатели. Како успевате да ја одржите рамнотежата меѓу дипломатската функција и личните пријателства? Тоа е голем предизвик. Ова е мала држава, сите се знаат меѓу себе во оваа земја и сакаат да се дружат, што е најголемиот предизвик за мене, имајќи го предвид мојот набиен распоред. За мене дипломатијата не значи само средби со претставниците на Владата или со таканаречените елити. Дипломатијата значи да се сретнеш со луѓе, да ги слушнеш нивните грижи, да се подаде раката на пријателството. Очигледно, дел од мојата работа е тоа што ќе го видам и ќе го научам тука да го пренесам во Вашингтон, но и да пренесам различни аспекти во врска со Соединетите Држави, во врска со нашата политика со цел луѓето тука подобро да нè разберат. Мислам дека никогаш нема доволно време за вашите пријатели, но јас секогаш се обидувам да подадам рака на секој кој е заинтересиран да има релации со мене и со Соединетите Држави. Мислам дека во најголемиот број случаи имав многу позитивни искуства.

СОЛВЕ РИКЕР

Сопругата на американскиот амбасадор е родена во Минесота. Во Форин Сервисот, како офицер на канцеларија, е вработена подолго време од Филип. Нејзината прва задача преку океанот ја извршувала во Варшава, а потоа добила преместување во Будимпешта, каде што Филип бил нејзиниот најблизок сосед. „Заедно поминавме три години во Будимпешта како многу добри пријатели. Потоа Филип дојде во Македонија, а јас бев пратена во Исланд и тогаш почна нашата романса. Така што се сретнавме во 1993 година во Будимпешта, а нашата врска започна во 1997 година. Во текот на следната задача и двајцата одлучивме да се вратиме во Вашингтон во 1999 година и се венчавме во 2002 година“, објасни Солве Рикер. Како и нејзиниот сопруг, ја сака уметноста, често посетува концерти, театарски претстави, ликовни изложби и фестивали кои се одржуваат во Македонија. Многу и ` се допаднал „Хамлет“ во Драмски театар, се восхитила од пеењето на хорот „Света Злата Мегленска“, ужива во филмовите на фестивалот „Браќа Манаки“. За македонскиот виртуоз Симон Трпчески пред Нова година во амбасадата приредија свечен прием. „Навистина не` беше криво што не можевме да одиме во Њујорк на концертот што Симон го одржа во Карнеги Хол. Настапите во Карнеги Хол се многу значајни, независно од која страна на светот доаѓате. Со приемот во Амбасадата тука сакавме на Симон да му го честитаме премиерното настапување во Карнеги Хол. Воедно тоа беше прослава не само за Симон, туку воопшто и за македонската уметност и култура“. Во домашни услови најголем дел од времето посветува на кученцето Ања. „Наутро со Ања се качувам на Водно. Навистина стана дел од нашиот живот. Дури и навечер спие во нашата соба. На почетокот помисливме дека ќе биде кученце кое ќе ги разбира двата јазика, но, сепак, излезе дека Ања разбира само македонски“, открива Солве. Околу домашните работи вели дека ужива да биде во кујната, иако тука не готви толку како што обично тоа го прави. „Тука немам потреба да готвам бидејќи ја имаме нашата готвачка Лили и кога таа прави нешто, дури и кога станува збор за моите рецепти за колачиња, ги прави многу подобро отколку што самата би ги направила“. Но затоа многу сака сарма, особено сарма со винова лоза, шопска салата и ајвар. „Веќе две години тука правиме ајвар. Првата година го направивме од 20 килограми, додека за оваа зима направивме ајвар од 50 килограми пиперки“. Надвор од домот успеала да најде интересни можности кои истовремено ја прават и среќна и исполнета. „Додека сум тука станав и почесен претседател на Македонската асоцијација за ракотворби. Можеби поради мојот интерес за ракотворбите за мене се отворија нови можности за средби со талентирани луѓе кои живеат тука, независно дали тие се занимаваат со филиграни, работи од волна или од хартија. Исто така, многу ми е важна работата во областа на заштитата на здравјето на жената. Се обидувам да помогнам во кампањата за заштита од рак на дојка и соработував со повеќе организации кои се активни на тоа поле, за што се чувствувам многу горда. Минатата година настапив и на конференција за рак на грлото на матката и превенцијата против таа болест. Очигледно е дека не станав експерт во тие области, но мислам дека е значајно моите искуства во овие области што ги имам стекнато во Соединетите Држави да ги споредам со состојбата овде“, објасни Солве Рикер.

15 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Со Амбасадорскиот фонд ја поддржувате заштитата на културното наследство во Македонија. Кој е интересот на САД да помага во зачувувањето на културното богатство на Македонија? Силно веруваме во заштитата на културното богатство насекаде низ светот каде што можеме да помогнеме. Местата на културно наследство и културните настани ги гледаме како заедничко наследство на сите нас и затоа сакаме истото да се заштити. И во некои случаи, како со фреските во Епископската базилика во Стоби, да помогнеме да се реставрира културното богатство. Македонија има богато, значајно и разновидно културно наследство, како мозаици, фрески, манастири, османлиски локалитети. Мило ми е и истовремено многу сум горд што Македонија ги доби најголемите грантови од Амбасадорскиот фонд во Европа. Мислам дека Македонија треба да биде горда на извонредното културно богатство од повеќе периоди на македонската историја и горд сум што амбасадата на САД помогна во заштитата на спомениците, како црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, фреските во Стоби, локалитетот Кокино.

life п о р т р е т

дишно и горд сум со фактот што Амбасадата на САД секогаш го поддржува. Мислам дека една од големите предности на Македонија се неверојатната разновидност и богатството на културните искуства. Како што често им зборувам на Американците кои не знаат многу за Македонија – тука има многу пулсирачки европски културен живот.


life п о р т р е т

16

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Доколку не би работеле во дипломатија, со која професија би сакале да се занимавате? Ова е многу добро прашање. Студирав меѓународен бизнис и мислам дека би работел во меѓународните финансии, или нешто со трговија, комерцијални корпорации, можеби банкарство. Но, сите тие работи сега веќе се зад мене. Му се придружив на Форин Сервисот очекувајќи дека ќе работам како дипломат пет до шест години, и сега после осумнаесет години мислам дека тоа стана дел од мене. Но, би можел да очекувам дека еден ден ќе се пензионирам од дипломатијата, можеби сега сум премлад за тоа, но некогаш би сакал да размислам за друга работа, можеби нешто во врска со претприемништвото, ќе мора да чекаме и да видиме. Постојат многу можности во животот, можеби некаков бизнис, нешто што ќе му помогне на граѓанското општество, можеби образование. Во Вашата биографија стои дека сте добиле награда за совршена јавна дипломатија. Дали себеси се сметате за перфекционист, некој кој сака да ги доведе нештата до совршенство? Далеку сум од совршен; тоа ќе го потврдат мојата сопруга, луѓето со кои работам, дури и моето куче ќе го потврди тоа!! Се обидувам да достигнам многу високи стандарди, сакам да работам напорно, прецизно ги утврдувам целите, особено кога ќе забележам шанси што

можат да бидат изгубени, кога ќе забележам дека луѓето не го користат својот талент и своите способности, мислам дека тоа е жално. Сакам да работам напорно, но исто така ги сакам и моментите кога можам да одморам и да размислам за нештата. Мислам дека јавната дипломатија е многу важна бидејќи овозможува да се разбере како размислуваат општествата и јавноста и какви се нивните перцепции, што е тоа што ги мотивира, како тие го гледаат светот, што обично е многу поразлично од тоа како ние го гледаме светот. Честопати сте ме слушале да кажам дека во Уставот на Соединетите Држави пишува како да се направи посовршена заедница на луѓето во САД. Тоа е оригинален дел од нашиот Устав – „Ние луѓето на САД – со цел да формираме посовршена заедница“. Во овие 230 години никогаш не сме констатирале дека нашата заедница е совршена, туку тоа се постојани напори за барање нови начини како да се создаде посовршена заедница, значи тоа се релативни работи, но ние сето тоа го правиме имајќи ја секогаш идејата за потрагата по животот, слободата и среќата - тоа е американскиот идеал, и тоа е она што ги натерало луѓето да дојдат во нашата земја и да работат многу напорно за да ги надминат предизвиците додека се обидувале да постигнат успех во, по многу оцени, едно успешно општество, држава и република која опстојува, се гради и се развива во последниве 230 години. Тука мора да има нешто.

Со оглед на Вашето богато дипломатско искуство, во кој правец се движи човековото општество на глобален план? Дали ние на планетата Земја имаме некаков план за нашата иднина? Мислам дека тоа е комплексно прашање. Секоја генерација се соочува со нови предизвици и нови неизвесности и мислам дека во последните неколку години светот поминуваше низ период на себепреиспитување, период на големи промени и транзиции. Поминавме низ Студената војна и од деведесеттите години се прилагодувавме на постстудената војна, во 21-от век се прилагодуваме на светот постнападот од 11 септември 2001г., и мислам дека ова има поширок ефект. Ова има ефект врз дипломатијата, врз тоа како да се ангажираме и на што да се фокусираме, но, мислам дека сите ние не треба да ја заборавиме важноста на надежта, да се потсетиме на нашите есенцијални вредности и да не дозволиме стравот од непознатото, стравот од промените да нè врати назад и да не ни дозволи да продолжиме понатаму! Сметам дека таа порака е важна за мојата земја, и е порака исто толку важна за другите делови на светот, вклучувајќи ја и Македонија. Стравот и гневот не се патот по кој треба да и` пристапиме на иднината. Кон иднината треба да гледаме со доверба, решителност, надеж и со силна доза на реализам да се обидеме да разбереме како функционира светот и какви приоритети треба да имаме во 2011 година. ¿


17 LIFE Ф Е В Р У А Р И


life ф о к у с

ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ

¢ Силвана Жежова

МУЗИЧАР ПО ВКУС НА ПУБЛИКАТА

НЕ СУМ ГО НАПУШТИЛ РОКОТ, НО ВРЕМИЊАТА И НИЕ СЕ МЕНУВАМЕ. И КОМЕРЦИЈАЛНАТА МУЗИКА ЈА ПРАВАМ ПРОМИСЛЕНО, ПО ВКУС НА ПУБЛИКАТА

18

LIFE Ф Е В Р У А Р И

латко Илиевски е дипломиран актер, рокер во душа и музичар по професија. В Рокерската публика ја сака неговата музика со „Морал“, а популарен стана откако својата соло-кариера ја продолжи во комерцијалните поп-води. Многу научи од бендот кој беше постар од него, кога стана негов вокал. Со музиката активно се занимава веќе десетина години, а со актерството - допрва почнува. „Небо“, „Уште си ми ти“, „Така требало да биде“, „Со други зборови“, „И премногу добро “, „Најбогат на свет“, „Среќа“, „За љубов се пее до крај“ се дел од песните со кои ја освои пошироката публика. Неодамна во продажба излезе ДВД од неговиот концерт во салата „Борис Трајковски“ кој се одржа на 5 јуни минатата

година. Освен со музиката, вниманието на јавноста го привлекува и со љубовните врски со познати имиња на естрадната сцена, а на медиумите секогаш им е интересен неговиот приватен живот. Го поврзуваа со пејачката Тамара Тодевска, актерката Ана Стојановска, водителката Маријана Станојковска. Веќе подолго време е во врска со девојка му Теа. РОКЕНРОЛ ВЕРСУС КОМЕРЦИЈАЛНА МУЗИКА Откако минатата година дипломираше на Факултетот за драмски уметности, прв ангажман како актер му беше во серијата „Од денес за утре“ во режија на Иво Лауренчиќ. Посакува улоги во филм или во театар, а досега има собрано и завидна колекција на филмови меѓу

кои и речиси сите македонски. Се дружи и учи од голем дел од нашите актери. „Добро е што веднаш по дипломирањето бев ангажиран во првата телевизиска серија од ваков вид и ми беше чест да играм со постара елита актери. Среќа е што ми се случи на почетокот на професионалната кариера, а фидбекот е позитивен бидејќи е најавено и снимање на продолжението на серијата. Дури и некои актери со поголеми кариери немале ваков телевизиски проект. Кај нас има одлични режисери, сценаристи, актери, но проблемот е во големината на пазарот. Колку што знам, мојата дипломска претстава „Гнев“ се бара од публиката и мислам дека треба да се најде на репертоарот на Драмски театар.


life ф о к у с LIFE Ф Е В Р У А Р И

НЕ СВИРАМ ВО КЛУБОВИ ПО СКОПЈЕ Влатко е од оние музичари кои не сака и не свири по клубовите во Скопје. Неговите свирки главно се по дискотеките низ внатрешноста на Македонија. Според него, пејачите кои се добри и кои имаат хитови ја изгубија шансата да направат концерт, бидејќи секоја втора вечер публиката ги гледа по скопските клубови. „Многу наши пејачи, посебно оние кои беа против тезгите, сфатија дека во Македонија можеш да живееш само од тие тезги, бидејќи пазарот е мал и албумите не се продаваат. Токму тие музичари, направија грешка што прават свирки во Скопје. Не можеш да очекуваш дека тој што цела вечер седи на шанк и пие една „кока-кола“, утре ќе ти купи карта за концерт. И „Зи Зи топ“ кои се огромна светска атракција пра-

ват концерти по мали градови, но кога доаѓаат во Њујорк сакаат тоа да го сторат во најголемата сала, па макар и да не ги продадат сите влезници. Салата „Борис Трајковски“ беше полна бидејќи не свирам секоја вечер во Скопје. Можеби грешам, но не можам да свирам секоја вечер и да очекувам да направам успешен концерт. Тоа се покажа во многу случаи. Пејачите кои се добри и имаат многу хитови, мислам дека ја изгубија шансата да направат концерт“, вели Илиевски. Што се однесува до искуството со публиката надвор од Скопје, Влатко има само пофални зборови. Ги сака Муртино,Јосифово и Василево каде што младите знаат да се забавуваат и се во тек со актуелните светски музички случувања. „Постојано им кажувам на пријателите, а многу од нив и не ми веруваат, дека во секој град, општина или село во внатрешноста има полни дискотеки каде што настапуваат екс-ју ѕвезди. Луѓе кои по цел ден се возат по „Ленинова“ ме прашуваат како може на таквите места да имаат концерт „Рибља Чорба“, „Парни ваљак“, Бајага. Многумина од нив кои дошле еднаш, повторно се вратиле. Има клубови и места каде што има одлична забава, а за кои, многу луѓе и не знаат. Таму младите се желни за забава, сe` им е посебно доживување и прават одлична концертна атмосфера. На оние кои се скептични и гледаат со неверување и потценување кон таквите места ќе им порачам дека младите таму многу добро ја разбираат сета светска музичка индустрија и дека ги знаат сите песни и хитови. Скопје е место каде што има многу добра забава. Иако доаѓаат турбо-фолк пејачи, сепак ја нема таа турбо-фолк еуфорија. Тука, за разлика од сите балкански градови има многу рок-клубови, живи свирки, места каде што се пушта алтернативна музика. Ретко сум овде, но и кога сум, во Скопје работам на проекти или сум во студио. Обично бараме некое место во близина на студиото каде што можеме да седнеме и да се напиеме по некоја пијачка“, вели Илиевски кој веќе подолго време соработува со Весна Малинова, Дарко Тасев, Владимир Дојчиновски-Дојчин и тимот што победува не го менува. Приватно добро се познаваат, и обично за песните повеќе дискутираат на маса, отколку што им треба време за да ги снимаат. „Битно ни е да ја дискутираме песната, да си раскажеме што сакаме и потоа полесно е да ја снимиме. Тоа е екипата која успешно функционира во последните десетина години и се работи за добра генерација на автори кои направиле многу хитови“, додава Илиевски, кој за неговите колеги од македонската естрада мисли дека не се храбри за да направат нешто поразлично. Тоа што го прават личи едно на друго,песните им звучат исто, а се копираат и гледаат едни од други. Влатко ќе настапува на македонскиот избор за песна за Евровизија со песна на Григор Копров, Јован Јованов, Владимир Дојчиновски-Дојчин и Слаткар. Подготвува и друг голем музички проект за кој не сака да зборува се` дури не е сигурен во неговата комплетна реализација.Негова главна цел е освојување на поранешните југословенски простори. „Многу е тешко да се влезе на тој пазар и да се освои. Тоа е следна цел која треба да се остварува полека и паметно. Би сакал да работам со Бајага и Горан Бреговиќ. Венко Серафимов, Ристо Самарџиев, Григор Копров исто така се одлични и многу се учи од нив, без разлика дали работат на некоја твоја песна или не. Имам идеја со „Морал“ да снимиме песна само за мене. Џибони ми е во првите топ-тројца изведувачи како според музиката така и според текстовите. Одамна го слушам, и тоа е звукот кој сите ние се обидуваме да го постигнеме. Иако комерцијалниот успех го доживеа со „Миракул“, претходно беше дел од хеви-метал бенд. Постојано слушам нова музика така што не вртам исти песни. Секогаш сакам да истражувам“, вели Илиевски. ¿

19

Актерството се учи цел живот“, вели Влатко на кој музиката и актерството понекогаш му се испреплетуваат и како професии влијаат една врз друга. Иако се обидува да ги оддели и подеднакво професионално да им се посвети, сепак, сон му е еден ден да ги спои во мјузикл или рок-опера. „Актерството се случи многу спонатно и случајно. Кога учев нижо и средно музичко училиште, занимавам дека нема да продолжам на Музичка академија. Кај нас единствена можност за студирање е класичната музика, со која не сакам да се бавам, иако ја сакам и почитувам. Мислев дека факултетот ќе ми беше само губење време. Повеќе ме интересираше студио, рок, компонирање поп-музика и шоу-бизнис естрада. Се навлеков на театарот и по две години од завршувањето на средното училиште, се запишав на глума“, вели Влатко. Во музичката приказна на Влатко има голема разлика од почетокот на неговата кариера, досега. Публиката го сака и кога е седнат на столче со гитара на сцена, но и кога е претворен во хард-кор рокер. Улогите во двете различни музички приказни, вели, подеднакво ги игра и ги познава добро. Искуството со „Морал“ за него е бесценето и никогаш не замина официјално од таа група. Соло-кариерата и соработката со „Морал“ се испреплетуваа во трасирањето на деценискиот музички пат. „Потребно е големо искуство во оваа професија. Да преслушаш многу музика, да се зафркрнеш, да научиш од сопствените грешки. Сe` уште грешиме, но имаме голем бекграунд и искуство. Кога снимам со „Морал“, зборот за разлика од порано, ми се слуша. Не беше така на почетокот, иако за некои работи можеби сум бил во право. Од оваа перспектива, во ред било тоа што не ми дале да биде по мое, зашто којзнае како би звучеле некои нумери. И кога бев дел од „Морал“, не снимавме во континуитет. Затоа во меѓувреме почнав да снимам сам и песните да ги пуштам во етерот. Увидов дека на публиката им се допаѓаат. Самата музика е наменски правена, добро осмислена и публиката ја сака. И во оваа комерцијална музика, сепак сe` е многу промислено, ништо не е пуштено како било. Не сум го напуштил рокот, го познавам одлично. Но времињата, па и сите ние се менуваме, но песните остануваат. Кога го правев концертот во салата „Борис Трајковски“ имаше посебен дел на кој настапив со „Морал“, испеавме некои од песните кои беа хитови. Публиката на концертите со „Морал“ не е истата со онаа кога свирам сам“, вели Влатко. По успешниот концерт во салата „Борис Трајковски“ која беше полна до последно место, Влатко подготвува нов концерт на 14 февруари едноставно наречен „ Ден на љубов и вино“. Илиевски ќе настапи со своите пријатели од Македонија и од Балканот и ќе биде придружуван од оркестар и хор. „Тоа ќе биде романтична вечер поразлична од сe` она што досега сме го гледале на сцената на Универзалната сала. Сакам луѓето да уживаат и да гледаат еден концерт со убави песни“, додава тој.


од друга перспектива

¢ Марија Дивитарова

o Ивана Кузмановска

20

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ОНОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ПРИМИ УДАР, ПОБЕДУВА ПРАТЕНИКОТ АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ НИКОГАШ НЕ ПИЕ КАФЕ. НА ПЛАДНЕВНАТА СРЕДБА СО „ЛАЈФ МАГАЗИН“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ПИЕ ЧАЈ, ЗБОРУВАЈЌИ ЗА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ. ДЕНОТ ГО ПОЧНУВА СО СИЛНИ РОК-ЗВУЦИ, А, ВЕЛИ НАЈМНОГУ СЕ ОДМОРА КОГА ГЛЕДА НАТПРЕВАР НА НЕГОВИОТ ОМИЛЕН КОШАРКАРСКИ ТИМ ЛЕЈКЕРС ОД НБА ЛИГАТА.

Сега е пладне, навлезени сме во работниот ден, но кој е вашиот утрински ритуал? Сосема поинаков од вообичаениот. Сопругата оди на работа порано, пред 7 и 30 така што јас сум задолжен за децата. Едниот син е прво, другиот трето одделение, па морам да ги спремам и да ги однесам во училиште. А, за да се опуштам, денот мора да ми почне со музика. Наутро сакам појаки звуци, како на пример Red Hot Chilly Pеppers или U2. Оние радиостаници што го започнуваат денот со помирна музика не се во право. Мора да се почне денот со јаки звуци. Значи сакате рок? Не, сакам џез. Тоа ме опушта најмногу, ама ова е нешто за да си вбризгаш малку енергија, да се спремиш за денот којшто те чека. Сакате музика и одите често на концерти? Да, и овде и надвор. Секогаш кога имам можност да патувам, а често имам таква можност, со мојот ангажман во Советот на Европа, секогаш гледам однапред бидејќи се знаат датумите за концерти што ги има во тој град, концертите што ги има во близина, така што редовно го правам тоа. Меѓутоа, како што знаете, картите мора да се резервираат „бајаги“ однапред. Тогаш и цените се пониски! Не, не е баш како тука бидејќи карти за такви концерти не можат да се најдат недела или месец дена однапред.


од друга перспектива

Колку сте подготвен да платите за добар концерт? За добар концерт не би жалел пари. Мислам дека тоа се сеќавања што остануваат. Тоа малку е себично, ама човек мора да си ги дозволи тие работи и мора да ги наполни батериите, да ја прими таа енергија, така што не жалам пари за добар концерт. Ако треба да избирате: театар или концерт? Нема кај нас. Се изгуби некако нивото на театарот иако сe` уште има претстави кои држат континуитет иако квалитетот е намален. Последно се воодушевив од Никола Ристановски. Заедно учевме со него и заедно ги почнавме тие обиди во глумата. Тој продолжи, а јас морав да ја почитувам фамилијарната традиција во градежништвото. Ристановски продолжи и не згреши. Сега ова што го гледав со Дервишот и смртта буквално ми ги наслози очите на крајот. И сега го злоупотребив пријателството со Ристановски и ќе одам на премиерата на Глембаеви во Белград. Гордо можам да изјавам дека имам карти за премиерата во Белград и не жалам пари за тоа. Човек може да штеди на други работи, но на вакви настани не треба да се штеди. Велите дека по иницијатива на татко ви сте го одбрале школувањето. Да не бевте градежен инженер, што би избрале? Едноставно се согласив на тој притисок да морам фамилијарно да продолжам. Но, тоа не значи дека сте го избрале тоа што ви лежи, тоа за што сте надарени. Никогаш нема да им се мешам на моите деца. Сакам да ги насочам врз основа на проценка на нивните квалитети, но никогаш нема да ја носам финалната одлука во нивно име. Моето „бегство“ во политиката е затоа што не ме влечеше градежништвото. Почитувам, значи, има тежина, но, претпоствувам да не беше тој притисок ќе изберев нешто друго.

Што е сатисфакција за еден политичар во овој општествен контекст? Сатисфакција е кога ќе завршите со кариерата да можете да седнете со своите деца и внуци во главната градска кафеана и да седнете со крената глава. И да можат децата и внуците да сфатат дека ете тој со кој седат постигнал нешто на чесен начин. За мене успех е да опстоите и еден ден кога ќе се симнете од тој воз, бидејќи во политиката возот доаѓа и си оди, да бидете почитуван од луѓето. Како ги воспитувате Вашите деца: Што е она што неминовно мора да го запаметат од Вас? Да размислуваат со своја глава, да се почитуваат себеси и да ги почитуваат другите. Сакам да бидам со нив родител, но и пријател. Не сакам строго однесување и тренирање некаква дисциплина, а сакам пред сe` да се научат да уживаат во животот и да им објаснам дека денешниот ден никогаш повеќе нема да се врати и дека овие 24 часа треба да ги искористат. Сега сe` уште се мали да го разберат ова, но ја прифатив тезата дека на децата треба да им се пристапи сериозно за да изградат критериум. И ако не се однесувате кон децата како со личности, тогаш тоа веднаш се одразува, а јас се обидувам да не ја направам таа грешка. Кој е најдрагоцениот совет, пак, што татко ви Ви го дал Вам? Татко ми, кога не можеше да се справи со мене, ме проколна. Ми рече: „Да даде Господ да имаш дете кое ќе биде исто како тебе“, и тоа ми се случи. Ме фати клетвата...Но, најдобриот совет што ми го даде е во секоја ситуација да имам некој план Б, резервен план. Татко ми успеа во

тоа. На почеток ме нервираше, ама гледам дека тоа е многу битно. Без разлика каде е човек или што прави, треба да има резервна варијанта за да знае што да направи кога ќе се создадат проблеми. Затоа што верувам дека не победува тој што знае да зададе удар, победува тој што знае да прими удар. Завршивте средно градежно училиште во Скопје. Што помислувате кога сега ќе ви се каже ГУЦ? Помислувам на несреќното насочено образование. Бев втора генерација од тој проект на тогашното решение, но не жалам од аспект на луѓето што ги запознав таму, екипата. Тоа ми се најубавите денови од мојот живот. Баскетот беше главен, секогаш имаше многу јаки натпревари, тогаш идоли ни беа кошаркарските величини од Југославија, Дражен Петровиќ, Владе Дивац. Потоа, главно беше да се купат плочи од Лондон, во Скопје тогаш имаше едно познавање и слушање на фанк музика, а беше престиж да се има плоча која не смее да се даде на друг затоа што тогаш ќе ти ја преснимат и тогаш веќе се губи ексклузивноста, а имаше и битка кој е подобар во фанк, дали Центар или Тафталиџе, ама никогаш нема да им признаам дека биле подобри. Тоа е и времето на домашните журки. Тоа беше многу поинаков период кога се дружеа луѓето. Тоа беше времето на „Пирамида“, „Бони и Ани“, „Матиник“, меѓутоа и време кога ќе излезеш и дознаваш дека некој прави забава одиш, и ти си добредојден таму, ако не го познаваш. Воопшто не беше проблем да повикаш луѓе кои не ги знаеш. Напротив. Колку повеќе луѓе од страна се дојдени, толку е појака журката. Тоа беше и период на вратари. Ако не го знаеш Влатче од Матиник нема шанси да влезеш. Те пушта тебе, а не ти ја пушта девојката или ти ја пушта девојката, а не те пушта тебе. И

21 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Се покајавте ли некогаш што влеговте во политиката? Има многу периоди особено кога сфаќам дека нивото е далеку од она што мислев дека ќе биде или го доживував дека треба да биде. За жал, нивото не само што не го подигаме, туку сум убеден дека со секој нов парламентарен состав, со секоја политичка гарнитура се спушта нивото на дискусија. Тука некогаш се каам. Но, тоа е многу малку во однос на мојот став дека сакам да го одработам тоа што сум го одбрал на чесен начин, искрено, колку што може искрено во политиката, и ќе опстојам во тоа.


ако не го знаеш вратарот почнуваат оние лажги го знам газдата, но сe` се тоа убави моменти. Луѓето се познаваа, комуницираа, имаше почитување. Сега е сосема друго време или можеби, како што сите велат, моето време беше најубаво затоа што годините беа убави. Колку ви е важен физичкиот изглед, облеката, колку внимание посветувате на имиџот? Посветувам внимание, не претерано, но мислам дека човек што обавува јавна функцција треба да посвети внимание затоа што треба да изгледа пристојно. Сепак сум во парламентот, некој ме гласал, ме избрал и сакам да изразам почит кон тие луѓе, да изразам почит кон колегите и кон функцијата што ја обавувам. Не сакам кога некој несериозно го третира тоа. Зборувам, од оние што учествуваат во политиката. Тоа вклучува брендирана облека? Не, туку начин на облекување со кој го чувате нивото на институцијата и професијата што ја претставувате. Каква литература читате? Обожавам психологија. Мислам дека многу ми помогна во градење на самодовербата. Колку е таа оправдана, тоа е друго прашање, но мора човек да верува во себе за да успее. Успех е тоа кога човек е задоволен со себе. И ден денеска сакам да читам, сакам литература што ќе ме натера да размислувам, во последно време многу сакам цитати кои ги читам и ги пишувам на мојот ФБ профил. Колку често ги користите социјалните мрежи? Долго време одбивав да бидам член на ФБ фамилијата, не го практикував, но згрешив. Точно една година имам профил, активен сум, а ми користи многу затоа што ми е практичен начин да запознаам луѓе, да го чујам нивното мислење. Никогаш не сум го оптоварил мојот ѕид со политика. Си го ветив тоа и опстоив. Мислам дека човек треба да има приватен профил, каква музика слуша, што мисли за концертот на Ерик Клептон, да сподели некоја мисла, став околу некоја важна појава. Луѓето треба да ги запознаат политичарите и приватно, а не само преку телевизија како на времето. Ме интересира, на пример, некоја јавна личност или тој што треба да го гласам утре, што музика слуша.

22 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Има ли „опаски“ на ФБ со политичка конотација? Комуницирам со други колеги и гледам дека добиваат пораки поврзани со политиката, ги напаѓаат или не се согласуваат со нивното мислење. Јас не сум добил, претпоставувам заради тоа што не инсистирам многу на политика. Го одбегнувам тоа бидејќи го сметам за злоупотреба на ФБ, а и гледам дека секогаш имате помалку поддржувачи кога ќе ставите нешто во врска со политиката. Доволно е оптоварена оваа македонска реалност со политика, за тоа да се прави и на ФБ. Уште пред да влезам во политиката прочитав дека во една држава кога политичарите се најуспешни, тоа е прецизен сигнал дека во државата не чинат работите, а кога влегов во политиката сфатив дека тоа, дефинитивно е така. Не уживам во тоа што политичарите се попопуларни од пејачите или од глумците. Со што најчесто се релаксирате по работниот ден? Со музика и гледање НБА кошарка навечер. Сопругата ми се лути затоа што натпреварите почнуваат доцна заради часовните зони, а тимот за кој навивам Лејкерс, почнува некаде во 3 и 30 по полноќ и трае до 6 наутро. Но, тоа ме опушта. Можеби е контрадикторно, но во моментите кога треба да се одморам, а гледам кошарка, мислам дека најмногу се одморам. Кое е вашето омилено место за одмор во Скопје? Живеам на 50 метри од улица Македонија и тоа е моето место. Живеам тука и не сакам да побегнам. Умешноста е во тој метеж да го најдете своето место. Се разбира, секој сака љубоморно да го чува своето место. ¿


23

LIFE Ф Е В Р У А Р И


ПРИЈАТЕЛСТВО

24 LIFE Ф Е В Р У А Р И


Пријателството како метафора отсликано во секојдневните, весели, тажни, дарежливи, емотивни, еуфорични и крајно забавни моменти кои ги споделуваат две најдобри другарки – олицетворени во „играта“ на младите актерки Нина Деан и Јана Стојановска.

Нина Комбинезон – Јован Петровски (Petek) Колан – Miss Sixty Чевли – Iceberg (Victor Chevignon) Јана Комбинезон – Chic Undercowear (Ludus) Чевли – Victor Chevignon Накит – 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка (накитот со цена до 1.500 денари е со 20% попуст, а накитот над 1.550 денари е со 25% попуст)

25 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Концепт и фотографија: Кире Галевски Стајлинг и сценографија: Илина Ангеловска Фризура: Александра Тасевска (Panache) Шминка: Елена Арсовска (Panache) Асистент на фотографија: Благоја Бошковски - Буцко


26

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Јана Фустан – Killah Џемпер – Terranova Чевли – Miss Sixty Нина Фустан – Miss Sixty Чевли – Babette ракавици - Miss Sixty Накит – 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка


Комбинезон – Miss Sixty Чевли – Victor Chevignon Чанта – Miss Sixty Нина Фустан – Mango Марама – Mango Чевли – Victor Chevignon колан – Accessories Накит – 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка

27 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Јана


Јана Фустан-шорц – Росица Мршиќ Појас – Росица Мршиќ Чевли – Babette


LIFE Ф Е В Р У А Р И

Украс за глава и накит: 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка

29

Нина Кошула – Росица Мршиќ Сукња – Росица Мршиќ Чевли – Babette


Јана Фустан - Елена Спасовска (Ludus) Јанкна - Terranova Чевли – Babette Нина Маица - Miss Sixty Сукња – Terranova Чевли – Petek Колан - Miss Sixty Накит – 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка


Нина Маица – Terranova Пантолони – Calliope Јакна – Terranova Чевли – Krizia (Victor Chevignon) Накит – 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка

31 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Јана Блуза – Mango Џеланки – Terranova Јакна - Елена Спасовска (Ludus) Чевли – Victor Chevignon


32 LIFE Ф Е В Р У А Р И


Пантолони – Mango Маица – Mango Чевли – Babette Накит – 2 Шмизле, ГТЦ – златарска уличка

33

Нина

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Јана Маица – Miss Sixty Шалвари – Росица Мршиќ Чевли – Victor Chevignon


стил

1

34 LIFE Ф Е В Р У А Р И

2

3 MARC BY MARC JACOBS есен/зима 2010-11

LANVIN Пролет-лето 2011


стил

4 1 » Сако - LUDUS LOVES FASHION (6.990 ден) 2 » Фустан (сив) – CALLIOPE (699 ден) 3 » Чанта – BATA (1.420 ДЕН) 4 » Хеланки – CALLIOPE (399 ДЕН) 5 » Чевли – BATA (3.720 ДЕН) 6 » Фустан (црн) – CALLIOPE (499 ДЕН)

5

модел: Катерина Костовска

35 LIFE Ф Е В Р У А Р И

6


стил

1 2

36

LIFE Ф Е В Р У А Р И

3

KRIS VAN ASSCHE Пролет-лето 2011


стил

4 1 » Пантолони – BITSIANI (2.460 ДЕН) 2 » Чевли JUST CAVALLI – VICTOR CHEVIGNON (10.950 ДЕН) 3 »Чевли – BATA (3.310 ДЕН) 4 » Кошула – BITSIANI (1.510 ДЕН) 5 » Сако - BITSIANI (5.460 ДЕН)

модел: Давор Настевски

37 7 LIFE Ф Е В Р У А Р И

5


САКАМ ДА ГО РУШАМ ШАБЛОНСКИОТ ЖИВОТ. РЕВОЛУЦИЈА!

АЛЕКСАНДРА МИТКОВСКА

Како би го дефинирале нирале вашиот стил? Доволно смел заа да ја отвори душата кон светот. ветот. Го дефинираат како авангарден. Во прашање е начин на живеење, живе начин на однесување, днесување, едукаеду ција, заинтересираност...Тоа ересираност.. е цела една експеримент експериментална фаза и потрага себеспознарага по себесп вање. Не многу ногу луѓе имаат имаа стил. Со оглед ед на тоа дека моите фаворит-дизјанери ит-дизјанери се починатиотт Меквин, Џон Галијано, Кристијан тијан Лакроа, Готје, новиот преталентиран еталентиран Гарет По, сигурно не би се дефинирала како неексценексцентрична дизајнерка. Обожувам ожувам да си играм со изместувањее и модифицирање на човечките пропорции на телото. Сакам да го рушам шаблонскиот живот. Револуција!

Кое модно парче, според вас е најтешко да го дизајнирате? Кога имам фантастична идеја, а ги немам сите потребни средства, за да можам да го изведам токму така како што сакам. Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација? Проблемот е во тоа што треба да се натераш да размислуваш. Инспирацијата можеш да ја најдеш насекаде. Понекогаш сe` нешто ме инспирира и имам милијарда идеи, а ми се случумил ва и ништо да не ме инспирира и тогаш ми е најтешко. Тогаш најчесто патувам. Во која област од вашата работа најмногу јмногу уживате? Раѓањето. Кога најдам га ќе се најда сама со себе и со добро вино, треба да гоо пренесам се сето

она што го имам во глава како г концепт цепт за една колекција колекц на хартија. а. Уживам и во другите дру фази, но не како во раѓањето. раѓањ Која е вашата та икона на стил и добар бар вкус? Моето момче, очигледно има добар вкус и Коко око Шанел имаим ла стил, Ганди исто така. Кое дело, автор тор или личност личн од областа на уметноста, литературата рата или архитектурата ктурата најмногу најмно ве импресионира? мпресионира? Чарлс Буковски, Дост Достоевски, Лорка, Дали, Ван Го Гог итн. Кои се вашите ваши планови за иднината? иднин Сe` уште не сум на врвот, тоа у ми е целта.


креативци LIFE Ф Е В Р У А Р И

Александра Митковска е дизајнер и костимограф кој дипломираше на престижниот институт за мода „Марангони" во Милано. Станува збор за една од најдобрите светски школи за моден дизајн, од каде што имаат излезено некои врвни креатори.Образованието и искуството што ги стекна таму `и овозможија брз, лесен и ефикасен пробив на модниот пазар. Преку „Марангони“ успеа да влезе во тимот на „Мис Сиксти“, како сценски менаџер. Од сите презентации на колекции за овој бренд во текот на студирањето, нејзината беше одбрана за најдобра. Горда е на своите досегашни ангажмани. Има работено и во престижната светска модна куќа „Кавали“. Во 2006 година во Милано го разви својот моден бренд – „Вибразиони“. Свое ателје Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska отвори и во Скопје. Нејзините модели претежно се авангардни, но има парчиња што се носливи. Колекцијата Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska е изработена од неколку различни видови свила, шифон, тантела со врвен дизајн, детали од скај, памучни штофови, твид и ликра. Застапени се темните, пастелни тонови на зелена, сива, темноцрвена, сина, црна и црвена боја.Таа е голем перфекционист и најважно во создавањето на една колекција `и се добро сработените шаблони и квалитетната изработка. Најчесто, во создавањето на колекцијата тргнува од материјалите со кои располага. Функционира на релација Скопје-Белград-Милано. По настапите на светските модни писти, свое претставување на колекциијата имаше и на модниот викенд во Скопје кој се одржа во ноември минатата година.

39

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:


професии

ДНЕВНО ДЕГУСТИРАМ НАД СТО ПРИМЕРОЦИ ВИНО МАРКО СТОЈАКОВИЌ, ЕНОЛОГ ВО ВИНАРНИЦАТА ТИКВЕШ

40

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ашата приказна за виното низ која не` води енологот на винарската визба „Тиквеш“, Марко Стојаковиќ, почнува каде, ако не во кавадаН речките лозја. За енологот е доволно само да го види листот и цветот во лозјето и да знае за која сорта станува збор. Пеколните денови и студените ноќи се идеалната комбинација за идеално грозје. Од август до ноември се врши бербата и потоа грозјето се сели во винарниците. Марко вели дека е најдобро кога грозјето се бере рачно и се носи во мали гајби бидејќи гроздовите не се смачкани и виното е поквалитетно. Белите гроздови кои во лозјето некогаш достигнуваат температура до 30 степени, најпрвин се разладуваат и потоа се ставаат во преса каде што се одвојува лушпата од гроздот со што се добива шира. Ширата ферментира со квасец во просек од 10 до 20 дена и потоа се

ГОСПОД ЈА СОЗДАЛ ВОДАТА, А ЧОВЕКОТ ВИНОТО! - ВАКА НАЗДРАВУВАЛ СЛАВНИОТ ВИКТОР ИГО. НЕ Е СОСЕМ ПОЗНАТО КОГА ЧОВЕКОТ ЈА ИСПИЛ ПРВАТА ЧАША ВИНО, НО СИГУРНО Е ДЕКА ВИНОТО ОДАМНИНА СЕ СМЕТА ЗА БОЖЈИ ДАР. СТАРИОТ ЗАВЕТ ВЕЛИ ДЕКА НОЕ, СПАСУВАЈЌИ ГО СВЕТОТ ПО ПОТОПОТ, ПОНЕЛ ВИНОВА ЛОЗА, НАСАДИЛ ЛОЗЈЕ И ПОТОА СЕ НАПИЛ ОД СОПСТВЕНОТО ВИНО И ТАКА ПОЧНАЛО ЛОЗАРСТВОТО

чува во алуминиумски танкови по што кога ќе биде созреано, се преточува во шишиња. Кога станува збор за црвено вино, како што ни кажа Марко, од огромно значење е лозјето да биде постаро, најдобро над 35 години. Бидејќи старото лозје подобро ја поднесува сушата, не раѓа многу, а бојата на виното која од него се добива е поинтензивна. „За правење на црвено вино, постапката е поразлична. Лушпата и сокот од црвените гроздови ферментираат заедно и се прави екстракција, бидејќи целата боја и танинот на виното се наоѓаат во лушпата на гроздот. По ферментацијата, виното го чуваме во француски дрвени бочви се` до моментот на полнење“, вели Марко. Дрвената бочва која е околу пет пати поскапа од алуминиумскиот танк, на црвеното ви-


Полска и Германија, додека Англичаните се некаде помеѓу. Во Франција, Италија и Шпанија преферираат исклучиво суви вина“, вели Марко. Во текот на целата процедура „од грозд до шише вино“, енологот го дегустира виното и до триесет пати. Интерсен е фактот дека Марко некогаш дневно дегустира и над сто примероци вино. „Најидеалната дегустација е кога сте гладни, тогаш имате најголема можност да почувствувате, па така сте најдобри во дегустирањето пред ручекот или пред вечерата. Дегустацијата на белите вина е полесна бидејќи пробувањето црвени вина повеќе заморува. Правиме и паузи во кои јадеме сирење кое е полесно или само парче леб, а кашкавалот го одбегнуваме“, вели Стојаковиќ. По ваква изјава веднаш се прашувате колку е објективна оценката на енологот по толку дегустирања во низа. Тајната е во тоа што енологот, само ја „поминува низ устата“ голтката вино по што ја плука, што значи дека не го чувствува алкохолот во виното. Она што Марко како енолог го фасцинира е можноста да влезе во лозјето и со лозарите да учествува во „раѓањето“ на грозјето, и потоа да ја следи и управува со целосното прозиводство на виното. Тој додава дека ужива да прави црвени вина. Првиот мит од кој не` ослободи, Марко кој е „десна рака“ на светски познатиот енолог Филип Камби, е онаа старата дека, виното колку е постаро толку е подобро. „Заблуда е дека тоа важи за секое вино. Особено белите и розе вината се пијат рано за да си ја задржат овошната арома, а според мене најдобро е да се конзумираат во годината во која се произведени“, вели Марко и додава дека не секое вино може да старее со години како што тоа го можат на пример француските црвени вина кои стареат и по 10 -15 години. Годината на бербата која стои на етикетите е за вистинските познавачи на виното кои знаат каква била бербата таа година во регионот каде што било произведено виното. Еден од најважните елементи врзани за стареењето на виното е и во какви услови го чувате, бидејќи како што ни раскажа Марко и да имате вино кое има потенцијал да се чува толку долго, доколку го чувате несоодветно и изложено на светлина, и по една година може да биде неупотребливо. Но, де-

професии

но му дава специјална арома слична на ванила, која ја поприма низ порите на дрвото. Кога станува збор за призводството, тој ќе ви каже дека квалитетот и уникатноста на виното се прозивод на неразделливата комбинација од поднебје, клима и староста (годината) на лозјето во кое се произведува виното. „ Ако прашате некого каде се прави најдоброто вино на светот, не постои еден одговор. Зависи дали е бело, розе, црвено. Не можеме да кажеме на пример дека цела Италија има добро „шардоне“. Секоја сорта има свое специфично поднебје и каде најдобро успева. Да речеме „шардонето“ во Италија и „шардонето“ во Франција нема да бидат исти. Поради поднебјето ќе имаат различен вкус. Шардонето во Австралија, Македонија и Франција ќе биде сосема различно. „Мерлото“ во Бордо и „мерлото“ во Македонија нема да бидат исти“, објаснува Марко. Според него, историјата и реномето кои ги има винарската визба, и виното кое го произведува во ограничени количества се главните фактори кои влијаат врз цената. Не помалку е важно во какви бочви е чувано виното, како и колку години ќе одлежи во нив. „Важно е и што ќе кажат критичарите, и ако на пример за една берба кажат дека е одлична и дека во последните неколку децении немало таква, цената на виното вртоглаво расте. Во светот на виното особено е важен неприкосновениот американски критичар Роберт Паркер кој доколку ви го оцени виното на скалата од 1 до 100 со оценка 95, 98 тогаш вашето вино ќе го продадете по која било цена без проблем“, вели Марко. Многумина ќе речат дека нашите македонски вина ги карактеризира поприлично сладок вкус на што тој вели дека луѓето од ова поднебје се навикнати на таков вкус, а винарниците се прилагодуваат на пазарот каде што се продаваат. Според Марко, брендовите кои се најпродавани во светот се полуслатките вина. „Да речеме во Франција, црвеното слатко вино не би можело да помине никако. Овде „Т’га за југ“ беше најголем југословенски бренд од кој се продаваа повеќе од милион шишиња годишно, така што се` зависи од навиките на потрошувачите. На Балканот, потрошувачите се навикнати да пијат слатко вино, како и во

41 LIFE Ф Е В Р У А Р И

¢ Марија Илиќ o Андреј Гиновски


професии

42 LIFE Ф Е В Р У А Р И

нес има решение и за тоа, па така иако немате визба или живеете во помал простор, можете да купите таканаречени ормани за вино кои даваат ефект како која било визба, а собираат и до 300 шишиња вино. Шишињата вино задолжително се ставаат во хоризонтална положба за чепот секогаш да биде влажен и да не се суши додека не го отворите шишето. Месецов многумина ќе го празнуваат Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозјето и виното, што е одлична пригода за да се отвори шише добро вино. Марко вели дека нема потреба за правење големи мистификациии околу виното и додава дека е најдобро токму она кое вам ви се допаѓа. За оние кои ќе наздрават со чаша шампањско, не е на одмет да се спомне дека првото шампањско е прозиведено во француската област Шампања, кога неговиот изумител Пјер Перињон по грешка предизвикал долга ферментација на виното поради што виното почнало да се пени. Првото пенливо ви-

но било матно, но монахот Пјер продолжил да експериментира и да додава мали количества шеќер во бурето за да предизвика подолга ферментација. Конечно во шеесеттите, успеал да прозиведе свежо бистро вино со вкус на лимон и минерали, со меурчиња кои излегуваат веднаш по отворањето на шишето. Било произведено првото шампањско „Дом Перињон“! Широки ниски чаши за црвено и тесни високи за пенливо, вино разладено на вистинска температура и можете да уживате и во виното и во вистината. Марко Стојаковиќ , по потекло е од Србија, но во последните 15 години живеел во Франција, каде што го завршил целокупното школување како енолог, по што работел во Бордо. Дел од тимот на „Тиквеш“ станал по препорака на еден од најдобрите енолози во светот Филип Камби, кој работи во Франција и е стручен консултант на винарската визба „Тиквеш“. ¿


галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


44 LIFE Ф Е В Р У А Р И

низ очите на...


45 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ЌЕ СЕ ЧЕКАМО КУДЕ ДРВЦЕ

низ очите на...

ДА СЕ ПРОШЕТА КУМАНОВО НИЗ ОЧИТЕ НА САШКО КОЦЕВ, ЗНАЧИ ДА СЕ ГЛЕДААТ СТЕНД-АП КОМЕДИИ НА СИТЕ МЕСТА НА КОИ ЌЕ ВЕ ОДНЕСЕ. ДВИЖЕЊЕТО Е „ОТЕЖНАТО“, БИДЕЈЌИ ЌЕ МОРА ДА ЗАСТАНЕТЕ НА СЕКОЈ ЧЕКОР ЗА ДА СЕ ПОЗДРАВИ СО СЕКОЈ ВТОР СОГРАЃАНИН

¢ Силвана Жежова o Кире Галевски


низ очите на... LIFE Ф Е В Р У А Р И

46

З

а местата кои на Сашко Коцев му значат во Куманово, почнавме да слушаме уште во МНТ, со приказната на режисерот Бојан Трифуновски за неговата прва средба со Сашко. Се случила во 2000 година во кафулето „Сквер“ во Куманово каде што Коцев пет години работел како келнер. „Видов едно момче со коса крената нагоре и обоена во ’плаво‘. Кратко по средбата, сфатив за каков темперамент, талент и дух се работи, па веднаш му понудив да игра во некоја од моите аматерски претстави. А, тој мртов-ладен ми вели дека нема претстава во Куманово во која не игра. Следната година се видовме на приемниот испит на Факултетот за драмски уметности“, вели Трифуновски. Духот на кумановци, Сашко Коцев го носи со себе, но кога сте таму гледате дека и кумановци го имаат неговиот дух. Совршено се испреплетуваат и затоа со некои од нив, учествувал во плетењето на смешните урбани приказни, кои подоцна се раскажуваат во кафеанските кулоари. Тој, несомнено е ѕвезда во неговиот роден град каде што оди кога сака да побегне од театарскиот и да се нурне во обичниот свет. Одејќи од едно место кон друго, ни раскажа еден куп приказни кои се своевидни урбани легенди за градските и помалку градски ликови од овој град. А, тој, пак, случаен или неслучаен сведок на нивните раскажувања, но и доживување на добар дел од истите. Бидејќи во Куманово сите се знаат по прекари, неговата генерација го нарекува Цаци по ликот на Ванчо Петрушевски во „Трст виа Скопје“. Уште како мал бил склон кон имитирање, па оттука му останал и прекарот. Постарите, со право го нарекуваат „глумац“. Моментно е вработен во МНТ, ги игра претставите од редовниот репертоар, а последното негово остварување е главниот лик во претставата „Темпирана опера“ на Васил Христов.Од неодамна се појавува и на извлекување на Бинго, во соработка со Државна лотарија на Македонија. Редовен е на репертоарот на „Џубокс“ со неговите стенд-ап комедии. „Сега се усовршувам за да ја реализирам поканата за гостување на еден фестивал за стенд-ап комедии кон крајот на јуни или јули во Љубљана“, вели Коцев кој и оваа година ќе биде водител на Златна бубамара на популарноста.

Прошетката со Сашко Коцев низ Куманово започна од „Бонус кафе“, односно од шанкот кој дежурните посетители го нарекуваат Кодра Фура. Ова стратешко место е многу значајно, бидејќи се наоѓа во срцето на градот. Пред очите на присутните, чија постава многу ретко се менува, пулсира животот на кумановци. Во „Бонус кафе“ или интерно „Талибан бар“, го чекаа другарите, оние со кои се нарекува „школски“. Од нога испија по една ракија и за тие десетина минути колку што имаа време да се видат, повторно се смееја на некои урбани приказни доживеани и преживеани токму на ова место. „Бонус“ работи 25 години и е меѓу првите кафулиња во Куманово. Внатре, просекот на возраста на гостите е 46 години, а јас сум во подмладокот. Со сите нив се викаме „школски“. Кога еден гостин од Италија влегол внатре и видел дека тука се врти суџук, се

„БОНУС КАФЕ“ ИЛИ „ТАЛИБАН БАР“

СРЕДБА СО „ШКОЛСКИТЕ“ пие ракија, се прави салата со кромид, вецето е споено, се пушат цигари, сите зборуваат во еден глас, се следи шпанска серија и вести, доживеал културолошки шок, и рекол ова е „Талибан бар“ во најпозитивна смисла. Луѓето кои ги имам донесено овде, без разлика дали се дами, шмизли, метросексуалци или луѓе како мене кои сакаат место со душа, повторно ми бараат да дојдеме овде. Знаете како реновираат - ќе сменат календар и толку. Не смее

ништо да се чепне, зашто местото ќе изгуби душа. Тука седат најградските луѓе, нивните семејства се од центарот на Куманово со векови наназад. Не се знае кој што работи, но сите имаат пари и цел ден се во кафеана. Ги знаеме претежно на прекари како газдата на пример што го викаат Кеса. Тоа се градски бадијалџии во најпозитивна смисла, луѓе со кои би сакал цел ден да седиш и секогаш да имаш за што да правиш муабет. Тие секогаш знаат сe`. Никогаш не пропуштам да седнам и да испијам кафе или пиво, бидејќи задолжително има по некоја новост. Тие ми се верна публика за сe` што работам на телевизија. Од нив ја добивам критиката на обичниот гледач. На тоа место никогаш никој не гледа каква ти е кошулата, какви ти се очилата, каква пијачка пиеш, чиј си... Ретко има подмладок, не примаат секого, зашто и за таму треба да се положат испитите“, вели Сашко.


ОВДЕ СЕ СЛУЧИ ПРВОТО СЕ

На „ѕ'дчето“ пред двете основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ кои се наоѓаат во една зграда, Сашко повторно грицкаше сончоглед и шармираше две млади дами. Направи реконструкција на настаните од минатото. Му недостигаше големото друштво со кое се собирале на ова популарно место, но така страсно раскажуваше за нив, што воопшто не се чувствуваше нивното отсуство. „Ова ѕидче сега е преправено, повисоко е и има ограда. Порано беше од рапав камен и без разлика на последиците на задникот, важно беше да има место за седење. Одвреме-навреме станувавме и одевме карши за од кај „Грцко“ да купиме сончоглед или семки. Тоа го правевме на секој половина час, и ни беше како доза која треба да ја примиме. Потоа наоѓавме некој од друштвото за да свртиме круг-

че околу училиштето. Гледавме кој има, се поздравувавме и тоа траеше петнаесетина минути. Инаку, на ова ѕидче се пуши првата цигара, се пие првото пиво, се јаде првиот шамар или првиот бокс од љубовниот ривал. Овде „паѓа“ сe` што е прво. Тука си ја заработил и првата единица зошто не си напишал домашно, тука се постигнуваше и првиот успех. Тој што имаше скутер во тоа време, беше закон, а ние другите можевме да се простиме од девојка. Ако имаше некој моторче тој беше најомразениот, за него се измислуваа муабети дека е наркоман, богаташко дете, импотентен. Но, тој на неговата вага имаше противтежа, односно имаше моторче и за да биде уште пострашно, беше убав. Тука поминав до крајот на основно училиште, а во средно почнавме да се собираме по различни кафулиња, односно беше престиж да се отиде каде што се постарите“.

низ очите на...

„Ѕ'ДЧЕТО“ ПРЕД УЧИЛИШТЕТО

ТЕАТАР КУМАНОВО

Приказната за театарот ја започнавме откако од основните училишта се упативме кон оваа стара зграда во која се наоѓаат првите штици на Коцев. Главно театарско случување е фестивалот Денови на комедијата кој тој редовно го отвора и игра во претставите. Кога бил мал сакал да го постигне успехот на Тони Михајловски, а многу учел и од тогашниот директор Горан Илиќ. „Бев шесто одделение кога се запишав во драмската секција на Домот на културата и беше престиж да се влезе во театар. Ацо Алексов, еден многу познат режисер во тоа време кој ја снимаше серијата „Белото циганче“, дојде да режира и да земе деца од драмското студио. Најпрво ми беше доделена мала улога, па по некои рокади си ја лапнав главната, односно улогата на Белото циганче. Поради овој театар се редеа единици, се отсуствуваше од школо, се јадеа шамари дома, но се „јадеа“ и многу аплаузи. Сега ми се навраќаат спомените на деновите кога почнав да се занимавам со глума, бидејќи тука се моите први штици, всушност. Во сите претстави што ги играв, се внесував стопроцентно. Тука останав до 2006 година. Кога тазе ме вработија, веднаш дадов и отказ. Имав многу покани од МНТ, се редеа претстави и нормално е човек да поставува повисоки цели, бидејќи само така може да се движи напред. Не бев вработен во МНТ, но морав да бидам слободен за сите проекти кои се нудеа таму. Имав покани и оттука, но поради презафатеност ги одбивав, а со задоволство би се вратил да одиграм некоја претстава. Тетарите во внатрешноста не се посетени и репертоарот е проретчен, а главниот проблем е што има мали актерски екипи. Во Куманово до неодамна имаше само пет вработени актери, а другите доаѓаа од страна што е тешко за продукција. Како дете, омилен актер ми беше Тони Михајловски заради успехот кој го постигна тогаш. Нас ни беше предизвик да го направиме истото и да станеме како него. Овде многу учев и од Горан Илиќ кој беше директор на овој театар и со сета одговорност можам да кажам дека во тоа време театарот беше многу успешен“.

47 LIFE Ф Е В Р У А Р И

СЕ ЈАДЕА ШАМАРИ, НО И АПЛАУЗИ


низ очите на...

ДРВЦЕТО ДО ГИМНАЗИЈАТА

ТЕ НАЧЕКУВА ВО ПОЗА ВО КОЈА НАЈМАЛКУ САКАШ Славно дрво во Куманово, е она пред гимназијата. Таму пред многу години машките ги чекале девојките, а меѓусебе се правеле како да не се познавале. Тоа е она време кога немаше мобилни телефони и состанокот за во петок се договараше во вторник. „Се слушате на фиксен, а од дома само ти викаат дека, пак, спиеш на телефон, а ти се правдаш дека таа ти се јавила, не си вртел ти. Парите за кифлите се собираа од понеделник до петок и не се трошеа туку се чуваа за излегување. Терминот и местото на чекање беа конвенционални. Од другата страна на

„НАМА“ И ФЛИПЕРНИЦА

48

LIFE Ф Е В Р У А Р И

БЕГСТВО ВО РЕАЛНОСТА

дрвцето, седеа сеирџии кои довикуваа и свиркаа како на стадион. И сега, ќе ти дојде женската која не си ја видел цела недела, па не можеш ниту да ја гушнеш ниту да ја бакнеш на раат. Овде околу гимназијата беше темно и ако сакаш да видиш кој со кого е или сакаш да ја начекаш со друг, тоа беше ова место. Ако сеирџиите те видат дека со девојката тргаш од дрвцето надолу тоа значи дека официјално сте во врска. Но, ако заминете од дрвцето нагоре и кога дошла не сте се ни поздравиле, тогаш нешто е сомнително. Дрвцето инаку ти е соговорник и сопатник дури таа доцни и се расправа дома доколку

е пуштена. На него вежбаш како ќе разговараш со неа, што ќе `и кажеш, ја вежбаш позата со која ќе ја дочекаш. Да се изразат мускулите, да се види фризурата, да види дека си ноншалантен и ладен. Според Марфи, секогаш те начекува во позата во која најмалку сакаш. Кога ќе ја здогледаш дека доаѓа земаш воздух, а кога ќе се поздравиш го испушташ. Овој начин на комуникација е изменет, но дрвцето се` уште стои и верувам дека ќе издржи уште многу средношколски и основношколски љубови. Многу раце ќе се држат и уште многу бакнежи ќе се редат под ова дрвце“.

„Кога ќе ми се смачи од метеж, театарски луѓе, театар, најдобро ми е да дојдам во ова кафуле „Нама“ на пиво. Местото ми влева чувство како да не сум во Куманово. Порано имаше штандови и тезги односно беше Трговски центар, но е пренаменето во клуб, коктел бар, кафуле. Од моите другари кои имаат различни професии и се распрскани секаде по светот, ги добивам сите потребни информации за другиот свет, надвор од театарот. Околу „Нама“ друго важно ме-

сто за мене е флиперницата. Таму, на другите деца им беше предизвик што повеќе да играат на апаратите, а ние неколкумина бевме главни фраери, бидејќи флиперницата беше во сопственост на наш другар. Ни беше здодевно да играме, бидејќи секогаш имавме по десет жетони-гратис во џеб. Така имаше денови кога ништо не игравме туку слушавме само муабети. Флиперницата ни беше како дрога и брзавме да ги научиме сите лекции за да дојдеме овде“.


49

LIFE Ф Е В Р У А Р И


ТИМОТ НА FASHION GROUP

ПРЕДИЗВИКОТ НА БРЕНДИРАЊЕТО МНОГУМИНА ОД ВАС, СИГУРНО, ДОМА ИМААТ ПО НЕКОЕ ПАРЧЕ ГАРДЕРОБА ОД OKAIDI ИЛИ SPRINGFIELD, БРЕНДОВИ КОИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГРУПАЦИЈАТА FASHION GROUP ОД ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ СЕ ПРИСУТНИ И НА НАШИОТ ПАЗАР. ВО ОВОЈ БРОЈ НА LIFE, ВИ ГО ПРЕСТАВУВАМЕ ТИМОТ КОЈ Е ГЛАВНИОТ„ВИНОВНИК“ ЗА ПРИСУТНОСТА НА НЕКОЛКУ ПОЗНАТИ СВЕТСКИ БРЕНДОВИ И ВО МАКЕДОНИЈА

50

LIFE Ф Е В Р У А Р И

¢ Петре Димитров o Кире Галевски

Фросина Христова е менаџер за брендирање во Bata. Таа студира менаџмент на „Американ колеџ“. Во Fashion group работи повеќе од четири години. „Работата е исполнета со многу динамика и предизвици. На оваа позиција стекнав големо професионално искуство, а и многу голем број пријатели“, вели Христова. Таа е одговорна за двете продавници во кои може да ги најдете производите на брендот Bata, лоцирани во ТЦ „Рамстор“ и ТЦ „Соравиа“. „Во нашите продавници нудиме широк асортиман на женска, машка и детска колекција од чевли за сите возрасти. Специфичноста на брендот Bata е што нуди одличен квалитет, голема комфорност, ексклузивен дизајн, за добра цена. Покрај чевлите, понудата е збогатена со кожни јакни, чанти, каиши и други модни додатоци. Морам да напоменам дека продавницата Bata во „Рамстор“, две години по ред беше избирана за најдобра продавница за чевли на манифестацијата „Месец на трговијата”, организирана од страна на Советот на град Скопје“, вели Христова. Интересен податок е што брендот Bata поседува 5.000 продавници ширум светот и опслужува над милион клиенти дневно.

Виктор Петровски е менаџер за брендирање во Timberland. Во групацијата Fashion group е од 2007 г., а на оваа позиција е од крајот на 2008 г. „Се пронајдов себеси во брендот и улогата која ми ја дадоа. Големо е задоволството и предизвикот да се менаџира високо квалитетен бренд од светски рамки на нашиот пазар. Едукацијата и искуството кое го стекнав во текот на годините работејќи со врвни професионалци од оваа област, ми е од огромно значење и има голема улога во развојот на мојата кариера. Мора да се напомене дека Timberland е една од ретките компании во светот кои во своето производство користат материјали од органско потекло и рециклирани материјали како заштитници на животната средина. Исто така Timberland може да се пофали со своите пронајдоци и иновации кои имаат улога во промена на светот (првите водоотпорни обувки и текстил), и ден-денес се` уште истражуваат нови технологии кои ќе одговорат на времето и средината во која живееме“, објаснува Петровски. Почетоците на брендот Timberland се од далечната 1918г., кога основачот Нејтан Шварц ја започнува својата кариера како произведувач на чевли во Бостон,

Масачутсес. Денес освен познатите чевли, овој бренд во својата колекција има и ранци, часовници и детски обувки. Мики Костов е менаџер за брендирање во Hugo Boss. „Брендот Hugo Boss е донесен во Македонија во ноември 2004 г.. На почетокот ги нудевме само модните линии Boss Black и Boss Orange, но од минатава сезона на македонскиот пазар ја лансиравме и линијата Boss Green. Динамиката и работењето со клиентела која знае што сака е дел од моето секојдневие. Чест ми е што работам за еден од малкуте ексклузивни брендови во Македонија“, вели Костов. Зад овој бренд стои Хуго Бос, кој ја формира модната компанија во 1924 г. во Мециген, Германија. Интересно е што во 1933 г. тој станува официјален и лиценциран снабдувач на униформи за армијата на Хитлер. Денес брендот Hugo Boss поседува околу 6.100 продажни места во повеќе од 110 земји. Стефан Адриана Дана е на чело на брендот Okaidi. Првата продавница е отворена пред 7 години во Скопје, а денеска таа раководи и со продавниците во Србија, Косово и Албанија. Почетокот на Okaidi е од 2000 г. и денеска е бр-


га по најдобар квалитет со најдобра цена. Брендот настојува да ја задоволи потребата за удобност и модна актуелност истовремено. Љупка Димитриевска е менаџер за брендирање во Miss Sixty и Energie. „Miss Sixty на македонскиот пазар се појави во 2003 г. кога Fashion group ja отвори продавницата во ГТЦ во Скопје. Од 2009г. се проши и успешно се претставува и на пазарот во Косово и Тирана. Со особено задоволство можам да констатираме дека создаваме тимови кои работат по строго утврдените правила на брендот. Секој вработен во продавниците во себе го носи духот на Energie односно Miss Sixty“, вели Димитриевска. Sixty e интернационална модна компанија основана во Италија, лидер на пазарот во квалитет и експериментирање. Основана е во 1989 г. кога на модните писти се претставува со својот прв бренд Energie. Зоран Костадинов е менаџер за брендирање на Bitsiani. „Дванаесет години активно учествувам во развивањето на брендот Arisoteli Bitsiani, а со тоа и креирање на стилот на македонскиот маж со урбан изглед. Овој бренд е познат по неговиот „перфектно прилагоден” стил, секогаш современ, следејќи ги последните модни трендови. Модната позиција на виткост е една од карактеристиките по кои овој бренд се разликува од преостанатите и претставува избор на маж за современ интернационален урбан изглед. Брендот ги привлекува мажите од сите возрасти и стилови, кои се свесни за модата, кои припаѓаат на градскиот живот и сакаат гардеробата да ја прикажува нивната личност“, објаснува Костадинов. Bitsiani S.A. е формирана во 1986г. од стра-

на на дизајнерот Aristotelis Bitsianis. Денес оваа компанија ги извезува своите производи во 15 држави низ целиот свет, во 18 брендирани продавници и огромен број места за продажба. Мишо Павличковски е менаџер за брендирање во Geox. „Geox е патентиран италијански бренд и на нашиот пазар е присутен скоро четири години, и има широк асортиман на чевли и јакни кои дишат. Создавањето на овој бренд е многу интересно. За време на едно бизниспатување до Рено, Невада, за да се промовира фамилијарниот бизнис со вино на панаѓур, Марио Морети Полегато решава да се прошета. Вознемирен од загреаните стапала, на кои носел чевли со гумен ѓон, инстинктивно направил дупчиња во ѓоновите за да му овозможи на воздухот да излегува. На тој начин открил прост и ефективен начин на испуштање на топлина од чевлите. Веднаш го патентирал пронајдокот и го создал првиот „чевел што дише“ во светот. Денес брендот е распространет во околу 68 држави во светот. Билјана Крстевска е менаџер за брендирање во Golden Point, сублимат на пет брендови (Golden lady, SISI, OMSA ,Philippe Matignon и Hue). Во Fashion group работи веќе седум години и е одговорна за двете продавници и за брендовите на Golden Point во Скопје и таа во Куманово, како и за продавницата во Приштина, Косово. „Постојано сме во потрага по нови материјали кои ќе бидат практични. Сега сме актуелни со материјали кои не ја губат бојата и не предизвикуваат иритации на кожата. Работата е напорна и бара многу, но предизвикот е многу посилен“, вели Крстевска.

51 LIFE Ф Е В Р У А Р И

енд со повеќе од 700 продавници низ целиот свет во кој францускиот допир на детската мода е дел од дизајнот на колекциите. „Во производството на продуктите посебно внимание се посветува на квалитетот на материјалите од аспект на природното потекло. Логото Okaidi Good Id денеска е синоним за француска мода за деца, но истовремено синоним за хуманост и респект на детскиот свет“, вели Адриана Дана. Таа е дел од тимовите за отворање на продавниците, но исто така посветува големо внимание и на тренинзите за девојки во тимовите. Okaidi не е само нејзиниот професионален живот, туку и нејзина филозофија на живот. Затоа, таа и нејзините девојки се најдобри амбасадори на Okaidi каде и да се, почитувајќи го секое дете, неговиот идентитет и стил. Александра Тасевска е менаџер за брендирање во Springfield. „Првата продавница ја отворивме во септември 2006 г.. Оваа година може да се пофалиме со проширување на бизнисот надвор од рамките на главниот град. Ќе отвориме продажен објект и во Куманово. Веќе четири години функционираме и на интернационално ниво. Под наша директива се пазарите во Косово и Албанија. Успешното функционирање на Springfield се должи на секојдневно надградување и се разбира на строгото следење на принципите на брендот. Тешко е да се создаде успешен тим кој ќе ги исполнува нормите на еден актуелен бренд, но јас можам да се пофалам дека веќе пет години работам во прекрасна работна атмосфера“, вели Тасевска. Springfield освен во Македонија е присутен уште во 587 продавници во 35 земји. Springfield е наменет за младата урбана популација со космополитски дух, која е во потра-


пари

ГЕВГЕЛИСКИТЕ КАЗИНА

МИРИС НА ПАРИ И МОРЕ

¢ Петре Димитров o Андреј Гиновски

52 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ЛУКСУЗ, ДИСКРЕЦИЈА, ЗАБАВА, ВИСОК АДРЕНАЛИН, ОДЛИЧНА ХРАНА И ЧУВСТВО ДЕКА СТЕ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ. ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА КАЗИНАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

а само три километрa од границата со Грција во близина на граничниот преН мин Богородица, и на педесетина километри од Егејското Море, се создава македонската верзија на Лас Вегас. Таму е веќе лоцирано хотел-казиното „Фламинго”, а од пред извесно време на неколку метри спроти него се појави уште еден комплекс, „Принцес”, инвестиција на турската „Принцес груп компани”. Во Гевгелија со години работи и казиното „Аполонија” во склоп на поранешниот хотел „Југо” и неколку мали електронски казина.

ЛУКСУЗ И АДРЕНАЛИН Со самото влегување во некое од казината, ви станува јасно дека се работи за луксузни казина. Инвеститорите дарежливо го одврзале кесето. Новиот казино-хотел комплекс „Принцес” е инвестиција од 30 милиони евра. Во склоп на овој комплекс работи хотелот со пет ѕвезди „Рамада Плаза”, кој има 128 елегантно дизајнирани соби, два ексклузивни апартманa и еден претседателски апартман. Хотелот има и свој велнес и спа-центар. Главната атракција во овој комплекс е секако казиното „Принцес”, распространето на 4.000 метри квадратни, со 500 слот-машни, 30 маси за покер, блек-џек и рулет, ВИП дел со 6 маси за игра и 12 слот-машини. На неодамнешното отворање на овој комплекс Ченгиз Текин, главниот менаџер на „Принцес”, рече дека овој комплекс е од врвен калибар и е лото за Гевгелија, на која ќе и` помогне да стане вистински балкански Лас Вегас. Не помалку луксузно е и казиното-хотел „Фламинго”, кое пред крајот на минатата година доби нови газди. Холандската компанија „Фламинго партиципејшн Б.В”. и австрискиот холдинг „ГЛ и А” со купување удели стекнаа сопственост врз македонската фирма „Макотен”, која досега раководеше со него. „Фламинго” важи за едно од најлуксузните казина на Балканот. Странски и домашни инвеститори, во ова казино-хотел вложија 35 милиони евра. Подвижни скали ве носат директно во главното казино, кое е со позлатен плафон и кристални лустери. Амбиентот е збогатен со скапи

репродукции од дела на познати светски сликари, меѓу кои и сликата на големиот ренесансен мајстор Сандро Ботичели „Раѓањето на Венера”. Масите за рулет се од најпознатата италијанска фирма „Абијати”. Казиното располага со 450 слот-машини, сместени на два ката. Во самиот град работи и казиното „Аполонија”, а за обичните смртници тука е и електронското казино „Базен” и казиното „Александар”. Неофицијално во текот на една вечер во овие казина се врти и до милион евра. Понекогаш и повеќе. „КАЛИМЕРА” Освен идеалните услови за коцкање, казината во Гевгелија ви го нудат и секое друго задоволство на кое ќе ви текне. Храна, пијалаци, забава, рекреација... Гостите во казината се претежно странци, а најчесто Грци од средната класа, жители на Солун, Воден, Лерин и други градови од северниот дел на Грција, но и од Атина. Колку овие казина се популарни кај нашиот јужен сосед, зборува и податокот што една од темите на последните избори во северна Грција беше и пропагирањето до грчките граѓани да не одат во казината во Македонија, бидејќи така ја помагале македонската економија. Казината имаат и свои реклами во Грција. По северна Грција можат да се забележат бил-


пари

ФОАЈЕТО НА „ПРИНЦЕС“

РЕСТОРАНОТ ВО „ПРИНЦЕС“

најголема фреквенција, за гости се ангажира и дополнителен транспорт. Казината функционираат на принципот на клуб-картички и во нив пристапот е дозволен само за членовите на клубовите. Кој ќе стане член на овие клубови, е одлука на ме-

53

борди за казината во Гегелија, а информации за нив се наоѓаат и во грчките саемски каталози. За да се олесни транспортот на клиентите, казината имаат и сопствен возен парк за таа намена со кој ги земаат гостите и ги пренесуваат до казината. За викендите, кога има

LIFE Ф Е В Р У А Р И

НА „ПРИНЦЕС ИНТЕРНАЦИОНАЛ ГРУПА“


пари

ГРЧКИТЕ КОЦКАРИ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ

наџерските тимови на казината. За менаџерите ваквата бизнис-стратегија значи постојана клиентела која сака дискреција и доверба. ЌАР И ЗА ГЕВГЕЛИЧАНИ И ЗА ДРЖАВАТА Вработените во казината се претежно млади лица кои одлично зборуваат грчки, англиски и по уште некој странски јазик. Тие имаат и одлична можност за доусовршување на своите вештини. Не сакаат да зборуваат за своите плати, но неофицијално, најниската плата е околу 500 евра. Во казината работат повеќе од 1.000 лица од Гевгелија и околината. Добрите плати и престижот на казината се доволна причина за секој во овој регион (кој важи за регион со најмалку невработени) да посака да работи во нив.

54 LIFE Ф Е В Р У А Р И

КОНКУРЕНТОТ НА „ПРИНЦЕС“, КАЗИНО-ХОТЕЛОТ „ФЛАМИНГО“

Вработувањето во казината има и родова димензија. Гевгеличани на хумористичен начин велат дека откако се отвориле казината, жените во Гевгелија станале поеманципирани и независни. „Веќе има неколку растурени бракови. Жените се искурназија. Заработуваат добро, имаат одлична можност за дообразување, но и можност да запознаат пософистицирани типови мажи, па така, не секое момче или сопруг е среќен кога неговата девојка или сопруга ќе соопшти дека ќе работи во казино”, коментираат Гевгеличани. Освен сопствениците и вработените, и државата има корист од казината. Казината плаќаат фиксен надомест за секој апарат за коцкање. Колку повеќе маси

и автомати има во едно казино, месечните давачки кон државата се поголеми. Според информации од Министерството за финансии, за секоја рулет-маса се плаќа по 3.000 евра месечно, по 1.725 евра за други маси, 675 евра за автомат на кој истовремено може да играат повеќе играчи и 375 евра за автомат на кој може да игра само еден играч. За секоја добивка повисока од 10.000 денари се плаќа персонален данок од 10%. Сопствениците на казината ја полнат државната каса и по основ на давачки за вработените. Лиценцата за отворање на казино е 520 илјади евра (важи за период од 6 години), со тоа што половина од износот се уплаќа веднаш, а останатиот дел во износ на шест месечни рати. ¿


на лице место

ЗИМСКИ ТРЕНИНГ НА МАКЕДОНСКИТЕ САМУРАИ

УЧИЛИШТЕТО ЗА КЛАСИЧНИ ЈАПОНСКИ БОРБЕНИ ВЕШТИНИ „БУЏИНКАН МАКЕДОНИЈА“ ОДРЖА СЕМИНАР ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ, А НАСТАНОТ ГО СЛЕДЕШЕ ЕКИПАТА НА LIFE МАГАЗИН

еше сончев ведар зимски ден, а не требаше да биде таков. Требаше да биде студено со многу снег и мраз за борците на „Буџинкан Македонија“ вистински да ги испробаат своите способности и вештини за преживување во сурови услови. Но, и првиот степен над нулата изБ мерен во средината на месец јануари беше доволен предизвик за 15 -те членови на оваа школа за класични јапонски боречки вештини да го одржат зимскиот тренинг со наслов „Начини на преживување во природа“ во месноста См'кнено во подножјето на планината Липац (Кумановско). Теренот беше отворен и ветровит. Мерењата извршени во селската кооперација „Дацко 56“ покажаа дека температурата на воздухот во текот на денот изнесуваше од 1 до 5 Целзиусови степени. Со минимална опрема со себе, која претежно се состоеше од војничка облека и оружје за тренинг, групата составена од 13 момчиња и мажи, една девојка и една возрасна жена од утро до вечер ги учеа најважните начини на преживување на отворен простор. Истовремено, групата ги учеше начините како лошите временски услови да ги направат свои сојузници во борбата со противникот. Преминуваа река, обезбедуваа храна и вода, градеа засолниште и логор, и се бореа на студот.

ПРЕМИНУВАЊЕ РЕКИ Семинарот започна со совладување на техниката за преминување надојдени води, и тоа на најниската температура во текот на денот. Најважно беше да се помине реката до другиот брег, а притоа да се остане што е можно посув за да не дојде до мрзнење на телото. Првата лекција од инструкторот Игор Довезенски добро ја научивме: Најважно од се` е главата да остане сува. Реката се поминува таму каде што е најплитка, а обично најплитка е таму

каде што е најширока и се преминува во дијагонала. За проверка на дупки и камења во водата се користи стап и не се влегува во вода пред самиот брзак затоа што реката незабележително носи многу подалеку. Местото овојпат беше добро одбрано, затоа што водата беше само над колена. „Кога водата е до колена таа се преминува лесно. Кога водата ќе ви допре над појасот тогаш станува многу ладно. Нервните завршетоци кои се на пределот на грбот се доста чувствителни и почнуваат да дават сигнали де-

ка телото треба што побрзо да се затопли. Кога водата ќе дојде на ниво на срцето, тоа уште побрзо почнува да го менува ритамот и затоа е важно да се остане смирен и прибран. Без разлика на се`, гледајте главата да ви остане сува. Многу важно е главата да остане сува затоа што тука се наоѓаат шуплините, синусите“, - објасни Игор. Крива Река во оваа прилика си ги покажа своите заби. Реката која извира од високите и со снег покриени паланечки планини, беше

55 LIFE Ф Е В Р У А Р И

¢ Катарина Стојанова o Андреј Гиновски


на лице место LIFE Ф Е В Р У А Р И

56

толку ладна, што по неколку метри одење во водата нозете веќе не можеа да се чувствуваат. „Во водата имав чудно чувство на студ и кочење. Но надвор, иако очекував дека ќе ми биде многу студено, не почувствував некој голем студ, мислев дека ќе биде пострашно“ – рече 45 годишната Татијана откако стигна на другиот брег на Крива Река. „Многу важно е кога ќе се премине водата, телото брзо да се затопли, да се избрише и да се облече сува и топла облека. Важно е секој дел од телото да биде покриено, особено кога има снег и ветер. Затоа што кога е ладно и особено кога ќе влезете во ладна вода, крвта се собира во централните делови од телото за да ги загрее виталните органи и обично доаѓа до премрзнување на прстите, ушите и носот, односно на периферните делови на телото. Прстите на рацете и нозете мрзнат први, потоа носот и ушите. Кога ќе излезете на другата страна од реката многу е важно да почнете да скокате за да се загреете. Тоа е добро за да ја вратите крвта назад во нозете и во прстите, затоа што крвта сака да се собере во централниот дел од телото и во главата. Значи треба брзо да се загреете и максимално брзо да се облечете“ - рече Игор. Постојат неколку начини за да се научи дали почнува да мрзне телото, односно дали почнува хипотермија. „Почнувате да ги движите прстите од палецот, показалецот, средниот прст до малиот и малиот прст и потоа се движат прстите по обратен редослед. Кога ќе почне да настапува хипотермија не можете да си ги допрете малиот и до малиот прст, поради мрзнење на мускулот одговорен за движење на тие два прста. Во случај на премрзнување, најпрвин кожата менува боја, а потоа станува сува и крцкава, што е показател дека може да настане и гангрена“ - вели Игор.

Еден од полесните начини да се премине реката е со помош на јаже, кое може многу да помогне особено кога е врнежливо и кога се очекува реката да надојде уште повеќе. Јажето се мота лабаво на левата рака околу лактот за да може да се пуштите веднаш доколку е потребно. „Погрешно е кога јажето се врзува за половината. Ако случајно тој што е врзан го завлече брзак и се заплетка меѓу камења може да се удави бидејќи е многу потешко да се ослободи од јажето - вели Игор. ПРАВЕЊЕ ЗАСОЛНИШТЕ И ЛОГОР Најважно е кога се оди во природа да се носат две работи, нож и кремен, објасни инструкторот, откако групата ја премина реката и стигна до најблиската шума да направат засолниште и логор. „Ако се најдете во ситуација да не можете да носите многу работи, две работи се најважни – нож и кремен. Кременот служи за да запалите оган на какви било услови. Запалката може да се расипе, кибритот од влажното време ќе се изводени, а кременот пали секогаш“ - рече Игор. Првата задача на учесниците на семинарот беше да направат засолниште, за што веднаш сите дисциплинирано се пуштија во шумата за да бараат дрва, корења од дрва, листови, гранки и камења. Засолништето е многу важно за да се преживее ноќта. Дури и да не се запали оган, температурата во засолништето ќе биде најмалку 5-6 степени повисока од надворешната. „Се наоѓаат две поцврсти дрва високи некаде до градите, кои треба да се врзат. Во шума, врзулки се наоѓаат многу лесно. Се` што треба е да копнете во близина на дрво и да го следите коренот. Корењата се многу еластични и цврсти за да можете да ги користите за врзување. За врзување можат да послужат и прачките од диви рози кои исто така се добри бидејќи се доволно еластични“ - рече Игор.


на лице место ПАЛЕЊЕ ОГАН Огнот е најдобар за самодоверба на човекот и му дава надеж. Секогаш се пали пред засолништето, но најпрвин се редат поголеми камења кои ќе ја насочуваат топлината кон куќарката. Камењата се сушат најбрзо и затоа се најдобра подлога за палење оган. Околу огнот се редат поголемите и повлажните дрва за да се сушат. Огнот во екстремни случаи, односно за време на преживување на отворен простор се пали со кремен и нож. Се стружи кременот со ножот за да фрли искра врз сувата трева. ПРЕЖИВУВАЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ НИЗ ФАКТИ Според Довезенски, пред да се започне со зимскиот тренинг, потребно е да се проучат неколку работи кои се од исклучителна важност. Најпрвин треба да се почне со запознавање на микроклимата на теренот или областа каде што се живее, престојува, односно каде би се одиграла евентуалната борба со непријателот. Тоа подразбира проучување на просечните температури во текот на зимските месеци, просечните врнежи на снег и дожд, движењето на ветровите, релјефот, должината на задржување на снегот. Секако, треба да се има на ум дека многу е тешко да се предвидат сиве овие работи кои се толку непредвидливи и променливи, но сепак, ниту отстапките од нив не се толку драстични.

Треба да се познаваат и сигналите кои ги праќа природата пред секоја промена на времето. За ладење на климата, од големо значење има брзината на ветрот, кој, пак, може многу лесно да не` премрзне доколку сме влажни или, пак, дува во комбинација со дожд или снег. Оттука е и старото добро правило - остани сув и ќе останеш жив. Доколку се изводениме, треба што поскоро да се исушиме. Колку што е можно побрзо треба да се најде пештера, процеп во карпа, вдлабнатина или да се направи засолниште. При изградбата на засолниште, може да се ископа дупка, да се искористи шуплината во некое големо дрво или природното вдлабнување на теренот. Треба под итно да се запали оган, а облеката веднаш да се исуши. За затоплување се користат и камењата кои се поставуваат околу огнот.

„Ако нема сува трева, наутро ќе ја ставите директно на телото за да се суши. После два часа кога ќе се исуши, ќе ја ставите меѓу маица и блуза и ќе ја носите така цел ден, за да може да ја исушите со вашата топлина“ - објасни Игор. По неколкуте неуспешни обиди да го запали оганот, кременот конечно исфрли голема искра која ги потпали дрвцата наредени на подлогата од камења. БАРАЊЕ ВОДА Откако ја совладаа и оваа техника, борците на „Буџинкан Македонија“ се симнаа во еден дол каде што водата се слеваше од околните ридови и течеше кон Крива Река. Овде инструкторот Довезенски одржа уште едно кратко предавање за начините на обезбедување вода за пиење во зимски услови. „Прво нешто што треба да се направи е да се отиде 400-тини метри нагоре по течението на потокот за да се види дали постои нешто што би можело да ја загади реката, како на пример, мрша од животни. Водата која поминува низ карпите е најчиста и се филтрира самата, а водата која поминува низ калта, треба да се одбегнува за пиење. Доколку е можно, се препорачува водата да се свари, заради поголема заштита. Зимно време, телото може лесно да дехидрира и не се препорачува да се јаде снег, бидејќи уште повеќе ја намалува телесната температура. Показател за дехидрација е сопствената мокрача. Ако таа е светла тогаш е во ред, во моментот кога таа станува портокалова или уште потемна тоа значи дека на вашето тело му е потребна вода под итно“ - вели Игор. На крајот од денот, во доловите на планината Липац, каде што температурата е секогаш за неколку степени пониска, борците на „Буџинкан Македонија“ одржаа тренинзи по таиџутсу (борба без оружје), буки мамори буки (оружје против оружје), како и техники на формациско борење со копје и меч. ¿ Со поставување замки, може многу лесно да се обезбеди храна, а притоа и вештината на ловење е многу важна. Чајот од борови иглички ќе обезбеди доволно витамин Ц. Зимно време полесно се доаѓа до вода, но најважно од се` е да не се јаде снегот, бидејќи тоа ќе ја намали телесната температура. Затоа снегот треба да се растопи, а потоа доколку има можност, да се загрее водата пред да се испие. Движењето на облаците исто така игра голема улога во предвидувањето на временските услови. Кога тие се на поголема височина, временските услови најчесто се подобри, но кога ќе се спуштат ниско и ќе добијат неправилна форма која го затемнува небото, тогаш најверојатно ќе заврне дожд. Кога облаците се раштркани и личат на памук, тогаш времето се` уште е убаво, но доколку тие почнат да се

собираат во големи темносиви маси тогаш може да се очекува невреме. Доколку небото е црвено при стемнување, тогаш најверојатно времето ќе биде убаво следниот ден. Доколку небото е црвено на разденување, тогаш можно е да има невреме. Ако се формира прстен околу месечината или сонцето, можно е да врне дожд, а ако прстенот се смалува, тогаш и шансите за дожд се помали. Доколку ветрот постојано ја менува брзината, можно е да дојде до промена на времето. Исто така и ширењето на мирисот на билките од земјата сигнализира на промена на влажноста на воздухот, што исто така е показател на промени во времето. Нискиот лет на птиците, касањето на мувите, вознемиреноста на животните, како и болењето на зглобовите, понекогаш сигнализираат на можни промени на временските услови.

57 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Изградбата на засолништето течеше навистина брзо. За само дваесетина минути групата направи вистинска мала куќарка. Прво направија основа од две дрва поткопани во земјата споени на врвот и врзани со корења. Вториот дел од засолништето го направија од подолго дрво кое од едниот крај го врзаа со основата, а другиот го оставија да лежи спуштен на земја. На него наредија пократки дрва едно до друго додека не ја покрија целата површина. Врз нив наредија земја, гранки, трева, а најгоре листови во вертикална положба за да се слева дождот, бидејќи доколку се редат хоризонтално дождот ќе навлезе во засолништето, а топлината ќе излегува низ дупките. Подлогата на засолништето се прави од суви дрва кои лесно можат да се најдат под поголемите стебла во шумата. Влезот на засолништето се затвора со некое платно или шаторско крило заради заштита од ветер, но доколку не е достапно, тогаш повторно се прави „врата“ од дрва. „Ако сакате да се криете, засолништето го оставате претопено со околината, но ако сакате да ве најдат, ако сте загубени, тогаш на засолништето закачувате некое забележително парче облека со интензивна боја“ - рече Игор.


ШПАНСКА ВИЛА СО ЗАВИДНА КАРИЕРА

ПОПУЛАРНАТА ШПАНСКА АКТЕРКА И ОСКАРОВКА ПЕНЕЛОПЕ КРУЗ КОЈА МИНАТАТА ГОДИНА ТАЈНО СЕ ВЕНЧАШЕ СО СВОЈОТ КОЛЕГА ХАВИЕР БАРДЕМ, ОД МАЛИ НОЗЕ Е ЗАРАЗЕНА СО УМЕТНОСТА. ПОЗНАТА Е И ПО АНЕГДОТАТА НА ЗЛИТЕ ЈАЗИЦИ, ДЕКА ВО ХОЛИВУД ИМАЛА ПОВЕЌЕ ПАРТНЕРИ ОД СНИМЕНИ ФИЛМОВИ

58

LIFE Ф Е В Р У А Р И

енелопе Круз вложува преголема медитеранска страст во сите сегменти од П животот, од професионалната соработка со режисерите и актерите, до емотивните односи со партнерите. Иако не е класична убавица, нејзините црти ја прават впечатлива и незаборавна. Таа е прва актерка од шпанското говорно подрачје која освоила Оскар. Исто така `и успеа да го заведе и секој од партнерите од филмовите во коишто глуми. Во мај ќе биде премиерата на четвртиот дел од „Пиратите од Карибите” во кој глуми со Џони Дип, а доттогаш треба и да заздрави од породувањето со првото дете. Пенелопе се породи на 24 јануари и тоа им е прво дете во бракот со Хавиер Бардем.

Пенелопе Круз е родена во Мадрид на 28 април 1974 година. Уште како дете беше вљубена во актерството и танцувањето, посетуваше посебни училишта за негување и развој на овие вештини. Својот талент го покажа на бројни натпревари и доби многу награди. Средното училиште го напушти за да се посвети на актерството и играта. Страсната желба за сцена ја негуваше на шпанскиот Национален конзерваториум каде што девет години учеше балет. Потоа продолжи со џез- балет и на 15 години одлучи да се проба како актерка. Иако потекнува од работничко семејство, подмладокот на семејството Круз е посветен на уметноста. Живееше во предградие на Мадрид со родители кои ед-

вај врзуваа крај со крај, татко и ` беше сопственик на продавница за алати, а мајка и ` на фризерски салон. Помалиот брат Едвардо е познат пејач, помладата сестра Моника се бави со танцување и глума. Си помагаат и поддржуваат меѓу себе, па така сестрите се појавија во спотот на Едвардо и постигнаа голема популарност со нивното бакнување во него. Од друга страна, пак, Моника и Пенелопе дизјанираа облека за познатата модна куќа Манго, во мај 2007 година. Фаталната Пенелопе уште како девојче била енергична и со немирен дух, така што честопати не можела и самата себе да се поднесе. На детството ја потсетуваат и бројните стравови кои ја прогонувале и со кои долго време се борела. „Сега сум пресреќна бидејќи не се


жешка тема беше номинирана за Оскар за споредна улога, како прва актерка од шпанско потекло. Сите кои соработувале со Пенелопе се согласуваат дека оваа посебна жена е неверојатно страсна и предадена на работата. За неа Алмодовар изјави дека е родена да биде актерка. Имено, овој режисер и ` ги отвори вратите на славата и за него има само преубави зборови: „Педро ми е голем пријател и најомилен режисер. Еден од ретките луѓе на кои бескрајно му верувам и ги слушам неговите совети. Многу сум му благодарна бидејќи без него мојата кариера ќе се развиваше во друг правец”. Алмодовар и Пенелопе Круз соработуваа на четири заеднички филмови, од кои последниот е „Скршени прегратки”.Познато е дека оваа жешка Шпанка отсекогаш му била муза на Алмодовар кој иако е хомосексуалец, призна дека Пенелопе сексуално го привлекува. Во Кан изјави дека Пенелопе е единствената жена со која сака да има дете: „Од сите актерки со кои работев, Пенелопе е единствена која во мене успеа да ја пробуди сексуалната желба. Природно е што како ре-

LIFE Ф Е В Р У А Р И

АЛМОДОВАР САКА ДЕТЕ СО НЕА Дамата со раскошна убавина позната и по прекарот Шпанска вила може да се пофали со завидна кариера и бројни филмски улоги. „Најтешка работа на светот е да започнете кариера благодарејќи на својот добар изглед,а потоа се обидувате да станете сериозна актерка. Никој нема да ве гледа сериозно ако само убавината е ваш адут”,изјави Пенелопе. Своите први улоги ги имаше во шпанските филмови, а забележителни улоги доби во филмските остварувања на Педро Алмодовар.

Филмот „Се` за мојата мајка” и ` донесе популарност и статус на секс-симбол во Холивуд. Пред да започне со холивудската кариера, во Европа сними повеќе од 20 филмови. Првите поголеми филмски остварувања се главните улоги во филмовите „Шунка, шунка” и „Belle Epoque”. По филмот „Шунка, шунка” помина период на криза, бидејќи огромниот стрес и ` се одрази на менталното здравје. Таа е позната е и по мазохистичкото растројство кое во неколку наврати ја имаше донесено до работ на пропаста и потполно нервно растројство. Во тој момент најмногу и ` помогна нејзиното семејство и благодарејќи на нив успеа да го преброди овој тежок период. Успехот и ` донесе интернационално признание. Во 1997 година одигра мала, но забележителна улога во филмот на Алмодовар „Живо месо”. Наредната година ја доби првата улога во филм на англиски јазик „The Hi-Lo Country”, а нејзината глума беше забележана во „Мандолината на капетанот Корели”, „Небо од ванила”. Со најдобрата пријателка Селма Хајек глумеше во филмот „Бандидас” во 2006 година и за истата улога

59

плашам. Се сеќавам дека умирав од страв кога ќе се најдев до оган, бидејќи се плашев од ѓавол, а од филмовите научив дека тој се појавува од оган. Имав многу енергија која не знаев како да ја канализирам и тоа ми задаваше болка. Растев набљудувајќи ги жените со различен сензибилитет кои доаѓаа кај мајка ми во фризерскиот салон. Ги гледав и ги проучував со часови. Беше многу интересно и мислам дека таму за првпат се сретнав со глумата”, вели Пенелопе за своето детство.


жешка тема LIFE Ф Е В Р У А Р И

60

жисер се поврзувам со секоја главна актерка и што во тие односи има се`, освен секс. Но со Пенелопе е поразлично, Таа во мене предизвикува силна сексуална желба.” Иако филмската љубов започнала во 1997 година во филмот „Живо месо” парот се запознал многу порано, поточно кога Пенелопе имала само 17 години. „Го познавам многу долго и не можам да го гледам само како режисер, туку и како член на моето семејство. Веќе пет години се фотографираме, но се` уште не се осудувам да му покажам ниту една „фотка” која сум ја снимила. Тоа го лути, ако некогаш за нешто се скараме тоа ќе биде околу неговите слики”, изјави Пенелопе за Алмодовар. Иако се проби во Холивуд, Пенелопе не го заборави својот омилен режисер. На доделувањето на Оскарите за најдобра споредна женска улога за филмот „Љубов во Барселона”, прво се заблагодари на својот ментор. За соработката со Вуди Ален вели дека може да му верува, бидејќи ако нешто не му се допаѓа тоа го кажува. Не зборува многу, но кога зборува е искрен и тоа и е најбитно. Пенелопе снимаше мјузикл и со Софија Лорен за која вели дека е најважната личност која ја запознала. „Станавме добри пријателки, таа ми е како втора мајка. Таа е жена со златно срце”, вели Пенелопе за соработката со Лорен. Многумина и ` забележуваат за нејзиниот шпански акцент при изговорот на англискиот јазик, но таа на овие забелешки додава: „Можеш да работиш во Америка и со акцент. Тоа се промени во последните 15 години. Порано беше многу тешко, но филмовите го репрезентираат реалниот живот, го отсликуваат случувањето на улица. Колку само различни акценти има на доделувањето на Оскарите, сите секојдневно сме се` повеќе измешани и тоа мора да се види на филм. Среќна сум што вратите се` повеќе се отвораат не само за мене, туку и за другите”. ПРИВАТНОСТ, ДАЛЕКУ ОД ЈАВНОСТА Пенелопе Круз е во брак со познатиот шпански актер Хавиер Бардем. Најпознатиот шпански актерски

пар се венча на Бахамите, минатата година. Венчавката се случи во куќата на нивен заеднички пријател, а присуствуваа само најблиските членови на семејството. Круз беше облечена во фустан на познатиот дизајнер Џон Галијано. Круз и Бардем првпат се сретнаа за време на снимањето на филмот „Шунка, шунка” кога Пенелопе имаше само 19 години. По долгогодишното познанство и честа соработка, парот ја започна врската во 2007 година на снимањето на филмот на Вуди Ален „Љубов во Барселона”. Иако бескрајно е отворена во секоја улога, таа не сака да зборува за приватниот живот со нејзиниот избраник. Нејзината приватност со харизматичниот Бардем, сака да ја чува далеку од очите на јавноста. Најатрактивните шпански актери на денешницата, се обидуваат да ја зачуваат врската и светот да го држат настрана од она што се нарекува заеднички-приватен живот. Во една ситуација изјави дека не е сигурна дека верува во институцијата брак, но ако еден ден се одлучи на таков чекор, сака да `и биде најуспешниот проект во животот. Пенелопе зборува четири јазици – шпански, италијански, француски и германски. Таа е голем хуманист и редовно учествува во добротворни акции, но дава и многу пари за различни организации. Волонтираше неколку месеци и во Уганда каде што поради голема исцрпеност и посветеност на работата, заврши во болница. Она што ја огорчува е преслабиот изглед на манекенките кои ги преплавуваат модните списанија. Смета дека таквите девојки не се никаков пример за тинејџерките кои гледајќи ги ковчестите тела стануваат оптоварени со својот изглед, додека и самите не станат анорексични. „Би ја забранила продажбата на сите оние списанија во кои младите девојки се поттикнуваат да држат диета. Кој кажа дека е убаво да се биде слаб?“ изјавила Пенелопе. На прашањето како се гледа себеси за десетина години, ќе одговори: „Сакам да си создадам мое семејство со многу деца и да живеам на релација Мадрид-Њујорк. Убедена сум дека мојот живот ќе добие вистинска смисла откако ќе имам деца”. ¿


шуш-буш

ВИКТОРИЈА БЕКАМ САКА ЌЕРКА ќе роди бебе. Бебето ќе се роди на лето, но пријателите на познатата двојка велат дека не сакаат да го дознаат полот и дека ќе почекаат по породувањето да видат дали желбата им се исполнила. Викторија која е се` поактивна во модниот свет, не крие дека покрај трите момчиња посакува девојче. Викторија постави твит: „Ви благодарам многу поради прекрасните пораки! Сите сме многу среќни и возбудени”. На тоа возвратија нејзините колешки од бендот „Спајс Грлс”. Ема Бантон напиша: „Тоа е прекрасна вест”, а Мел Си додаде: „Апсолутно сум возбудена што ја слушам оваа вест, ве сакам сите” и Мел Би упати честитки. Години наназад во нејзината куќа трчкаат момчиња. Сега Викторија можеби конечно ќе добие шанса да ужива и во едно девојче. Нејзиниот сопруг Дејвид на својот фесбук профил прв објави дека очекува четврто дете. „Имам одлични вести. Викторија и јас на лето очекуваме четврто дете. Момчињата се многу возбудени поради тоа што ќе добијат брат или сестра“, напиша Бекам на својот „ѕид“.

ПОШ ЗАМИСЛУВА КАКО И ГИ ЛАКИРА НОКТИТЕ НА ЌЕРКИЧКАТА Викторија која е се` поактивна во модниот свет, не крие дека покрај трите момчиња посакува девојче. „Сите ме прашуваат дали би сакала да имам девојче и јас понекогаш си помислувам дека доколку сум доволно среќна да добијам уште едно бебе, би било супер тоа да биде женско. Замислувам како и` ги лакирам ноктите, ја шминкам и и` одбирам гардероба – изјави во едно од неодамнешните интервјуа. КРИЗИ ВО БРАКОТ Пош и Дејвид се веќе 12 години во брак, а изминативе месеци повторно беа во центарот на медиумското внимание поради написите дека Дејвид изневерувал. Двојката тужеше и еден американски магазин, поради лажните информации дека имал секс со проститутка. Познатиот фудбалер ги демантираше и наводите од судската документација дека ја изневерувал Викторија со Шери Шабани, чиј сопруг ја пласираше оваа приказна во јавноста. Приказната за неверството на Дејвид се протега од 1998 година и трае се` до денес. Викторија признава дека поради сето тоа поминуваа многу тешки периоди, но секогаш стоеше покрај Дејвид и јавно зборуваше дека има најдобар сопруг. Моментно, двојката се наоѓа во Англија и таму ќе биде до крајот на февруари. Викторија ја подготвува својата

61 LIFE Ф Е В Р У А Р И

икторија Бекам која важи за вистински модерна мајка, веќе четува со своите фанови на Твитер за својата нова бременост, а тука не заВ остануваат ниту честитките од нејзините пријатели, што по четврти пат


шуш-буш

нова колекција за Модната недела во Лондон и Њујорк, а Дејвид тренира во Тотенхем пред да се врати во Америка за почетокот на сезоната. Викторија планира активно да работи за време на целата бременост и вели дека работата „тече” како и обично, како што беше и за време на претходните три бремености. На лето ќе мора да оди на уште еден царски рез, бидејќи и претходно се пораѓаше така. ШТО ТРЕБАШЕ ДА ПРАВИ ЗА ДА ДОБИЕ ДЕВОЈЧЕ? Британските медиуми веќе објавија секакви приказни за тоа што се` требаше да направи оваа популарна мајка, за овојпат да добие девојче. Според медиумите, таа требаше да јаде сирење, затоа што на X хромозомите повеќе им одговара кисела средина. Исто така требаше

да одбегнува банани и месо. Уште едно неверојатно истражување покажува дека вегетаријанците почесто добиваат девојчиња. Лекарите тврдат дека постарите жени намалено лачат тестостерон, кој доколку е во помали количества, поголеми се шансите за девојче, а Пош има 36 години. Исто така Дејвид требаше што повеќе да се нервира, бидејќи според една студија мажите под стрес имаат помалку тестостерон. Без многу објаснување ќе наведеме уште два совета на најдобрите светски лекари. Едниот гласи дека жената која посакува девојче треба да носи тесна облека, а вториот налага да се прескокнува појадокот. Веројатно Викторија не се придржувала многу до овие совети, но едно е сигурно, женско друштво и тоа како ќе `и е потребно, а можеби и конечно ќе извлече насмевка на нејзиното лице. ¿

62 LIFE Ф Е В Р У А Р И

КЕЈТ МОС ПОТРОШИ МИЛИОН ФУНТИ ЗА ВЕЖБАЛНИЦА Позната по својот расипнички живот, Кејт Мос, сепак одлучи да му се посвети на поздравиот начин на живот и реши да вежба. Славниот модел потроши милион фунти на опремување на својата вежбалница во новата куќа. „Вежбање, што е тоа?“, коментираше Мос пред неколку години. Сепак, 37- годишната манекенка го промени мислењето и во својата нова куќа вредна осум милиони фунти во северениот дел на Лондон си направи сопствена вежбалница. „Кејт очајнички сака да воспостави некаков баланс во својот живот, па затоа најпрво ќе започне со вежбање и здрав начин на исхрана“, изјавил близок пријател на манекенката.

РАСЕЛ БРЕНД ЈА ШАРМИРАШЕ ХЕЛЕН МИРЕН Веќе не е тајна дека британската актерка Хелен Мирен (65) и нејзиниот триесет години помлад колега Расел Бренд станаа многу блиски на снимањето на филмот „Артур“ во Њујорк. Станува збор за римејк на истоимената успешна комедија со Дадли Мур од 1981 година. Во филмот Расел глуми нескротлив богаташ, а Хелен негова дадилка. Британската филмска ѕвезда падна на шармот на единствениот комичар Бренд, кој неодамна на „Твитер“ објави нивна заедничка фотографија. Расел, на својата драга пријателка на шега `и подарил своја долна облека. „Ние сме најдобри...многу блиски пријатели“, изјавила Хелен на доделувањето на „Златен глобус“. „Таа е неверојатна жена. Колку повеќе време поминувам со неа, се` повеќе сум фасциниран“, изјавил 35-годишниот комичар.


Француската актерка и пејачка Ванеса Паради, сопруга на Џони Дип, изјавила дека поради славата понекогаш страда, и тоа и е тешко. „Славата ми предизвикува контрадикторни чувства. Ми носи привилегии, но исто така ми го краде приватниот живот и тоа понекогаш многу го погодува моето семејство. Мислам дека моите деца не требаат да страдаат поради славата“, изјавила Паради која во таквите моменти најмногу ги слуша советите од нејзината мајка.

Британскиот пејач Роби Вилијамс е убеден дека во неговата куќа се појавил дух по име Берт. Ѕвездата, по се` изгледа станува фасциниранa со холивудската историја на духови, пренесува магазинот „Сан“. Роби и неговата сопруга Ајда Филд се убедени дека се појавил дух на човек од почетокот на 20-тиот век. Познатиот пар мисли дека прво кучињата го почувствувале во нивната куќа на Мулхоленд Драјв. Ова не е првпат популарниот пејач да биде прогонуван од духови, бидејќи пред две години тврдеше дека забележал дух и во својата вила во Вилтшир.

Убавата и талентирана Натали Портман има многу причини за задоволство во Холивуд. Ја одглуми животната улога во филмот „Црниот лебед“, со која е претендент за Оскар, а го очекува и раѓањето на своето прво дете. Поради приновата која ќе пристигне напролет, 29-годишната актерка го откажа снимањето на новиот филм Cloud Atlas и најави долга пауза за да може да се посвети на своето семејство. Во последните три години Портман сними осум филмови. „Време е да се одмори и да ужива во плодовите на својата работа“, вели извор близок на актерката чие последно појавување во јавноста ќе биде на доделувањето на Оскари.

РИЈАНА ДОАЃА ВО ЗАГРЕБ? Во една хрватска концертна агенција, веќе на големо се зборува дека се подготвува терен и се вршат преговори за гостување на една од најголемите поп-пејачки на светот, Ријана. Дали концертот ќе го одржи во загрепска „Арена“ или на некој простор во Даламција, зависи од договорот за датумот на кој ќе настапи. Нејзината голема европска турнеја ќе започне на почетокот на октомври и ќе трае до крајот на ноември, па тогаш се очекува да ја вметне и Хрватска во тој густ распоред на настапи.

ДУЕТ СО 13 ГОДИНИ ПОСТАРИОТ ОЧУВ Брус Вилис во бракот со Деми Мур, доби три ќерки 22 годишната Румер, 19 годишната Скаут и 16 годишната Талула Бел. Иако најстарата и најмладата повремено се појавуваат во медиумите, Скаут го направи првиот медиумски настап. Имено, со 32 годишниот очув Ештон Качер кој со Деми Мур е во брак од 2005 година, снимаше песна за Ју- тјуб. Ештон свири на гитара, а Скаут ја пее My Sober. Помалку носталгичната и романтична песна, настанала едно попладне дури седеле дома и била пуштена истиот ден кога ја снимиле.

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ВАНЕСА ПАРАДИ ВО ДЕПРЕСИЈА ПОРАДИ СЛАВАТА

ЗЛИ ДУХОВИ ГО ПРОГОНУВААТ РОБИ ВИЛИЈАМС

ПОРТМАН НА ОДМОР ПОРАДИ ДЕТЕТО

63

Наоми Кембел го поминала викендот во пијанчење со Камерон Дијаз, а благодарение на количеството испиен алкохол била и исклучително дарежлива. Кембел со Дијаз го поминале викендот пиејќи вотка и шампањ во лондонскиот бар „Виски Мист“, а на келнерката и` оставила бакшиш од пет илјади фунти. „Келнерката беше потполно шокирана. Не знаеше што да каже. Чинот на Наоми сосема ја зачуди“, изјавил еден од гостите во клубот.

шуш-буш

НАОМИ КЕМБЛ ДАДЕ БАКШИШ ОД ПЕТ ИЛЈАДИ ФУНТИ


од а до ш Ф Е В Р УА Р И 64 LIFE 88 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Се проценува дека повеќе од 6 отсто од населението е зависно од секс во одреден период од својот живот. Од шест зависници една е жена, а пет се мажи Сексуална зависност или „сексуална компулсија“ е заедничкото име за психолошката зависност од сексуалниот чин или други облици на сексуално однесување, како што се гледањето порнографија, педофилија, компулсивно мастурбирање, често неверство на партнерот, интернет и телефонски секс. Од страна на терапевт, оваа состојба е дефинирана како „сексуално ориентирано компулсивно однесување кое влијае на нормалниот живот на поединци и предизвикува сериозен стрес на семејството, односите со пријателите, саканите и кругот на работната средина“. Сексуален зависник се станува кога постепено се „навлекувате“ на нервно-хемиските промени во телото кои настануваат како последица на одредено сексуално однесување. Освен физичко задоволство, зависниците од сексот наоѓаат утеха за болката или ослободување од стресот, како што некои на пример користат алкохол или дрога. Иако има повеќе објаснувања за појавата на оваа зависност, најчесто како причина се смета траумата од детството како што се злоупотребата, занемарувањето, пресексуализацијата и сл. Детето поради овие ус-

лови во детството станува гладно за љубов, а неговата сурогат ја наоѓа во различни облици на сексуално однесување чија долгогодишна злоупотреба раѓа психолошка зависност. Овде мораме да нагласиме дека стабилноста и грижливоста во семејство се предуслов на здрава формирана личност и сексуалност кај детето. Ако сте зависни од секс по-

требно е значително повеќе сексуални односи за да се почувствувате исполнети. Можете да имате упорна желба да поминувате многу време во сексуалните активности за да може да ги задоволите овие каприци. Треба да се борите да го запрете или контролирате ваквото

однесување или да продолжите со тоа и покрај што сте свесни за психолошките и физичките последици кои ќе ги сносите. Кои се симптомите?

Проблемот со сексуалната зависност е што не поминува сама од себе. Со тек на време таа станува пофренквентна, вкоренета и екстремна. Понекогаш луѓето кои го имаат овој проблем се чини дека зависноста ја имаат под контрола, но вистина е дека само поминува низ фаза во која не се ослободува од сексуалната желба, туку свесно се држи под контрола. А, кога сексот станува зависност? Едно објаснување кое експертите често го користат е дека сексуалната зависност е кое било сексуално однесување кое е надвор од контрола. По занесот кој го донесува сексот, доаѓа лошо расположение. Некои типични знаци се: срам, каење, грижа на совест, грижа за сопственото однесување, чувство на беспомошност, заробени во сопствените потреби. Единствен начин да се ослободите од овие чувства е уште еден сексуален однос, или потрага по уште секс. Симптомите на сексуалната зависност се: Компулсивно мастурбирање - менталните слики по-


клубови, салони за „ориентална масажа“, еротика и слично. Воајеризам- пронаоѓање на сексуална возбуда во забранет и таен увид во туѓа интима и приватност. Несоодветно интимно допирање - потреба за допирање туѓи делови на тела, навидум случајно, како начин за сексуална возбуда (во автобус, метеж на улица или работно место, и сл.) Сексуална злоупотреба на деца- лица кои сексуално се возбудуваат од деца и кои имаат силна тенденција за ваква девијантна потреба. Последиците кои се јавуваат

заради сексуалната зависност можат да ги уништат значајните врски и односи, деловни можности, а носат опасност од сексуално преносливи болести и несакана бременост. Депресијата е честа меѓу зависниците, а еден од пет зависници размислува за самоубиство. Помош и лекување

Може да биде многу тешко да се признае зависноста од секс и да се побара помош. Многу од овие зависници чувствуваат голем срам заради своето однесување и не сакаат да зборуваат за тоа. Но, малку од нив можат да ги

променат своите навики без професионална помош која може да ги објасни причините за појавата на зависност и да создаде начин за лекување. Препознавање на проблемот би бил првиот чекор. Потоа разговор со лекар или психолог. Постојат и посебни групи за поддршка на сексуалните зависници. Главниот пристап во лекувањето се состои од психолошка терапија, особено терапијата за когнитивно однесување, кое вклучува проучување и разбирање за оваа ситуација и начин на кој може да се промени.

од а до ш

врзани со секс, гледање порнографски содржина на телевизија, весници или интернет. Компулсивен секс со проститутка - ова може да биде со женски или машки проститутки, травестити и слично. Анонимен секс со повеќе партнери -„секс за една ноќ“ со личност која не ја познавате или само површно ја знаете, каде сексот е само објект и не се воспоставува емотивна врска. Повеќе епизоди и постојано неверство - како „екскурзии“ надвор од редовната врска или како повеќе последователни кратки врски. Чести посети на стриптиз

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ, ЗАВИСНИЦИ ОД СЕКС Многу познати личности страдаат од ова нарушување и се лекуваат во клиниките за одвикнување од зависност. Тајгер Вудс, познатиот играч на голф и најплатениот спортист на светот, преку ноќ, од добро момче стана синоним за прељубник. Неговите љубовници, една по една објавувале по весниците и раскажувале за неговите „успеси“ во креветот. И покрај тоа што се излекува и јавно кажа дека му е жал, неговата сопруга не му прости. Ирскиот срцекршач, Колин Фарел призна дека сака

Дејвид Духовни, ѕвездата на

На оваа листа се најде и поранешниот претседател Бил Клинтон, кој заради својата љубов кон предиграта за малку ќе останеше без функција. Потоа актерот Бил Мареј, кој сопругата го оставила заради неверство. Мажот на Кејти Пери, Расел Бренд кој вели дека сексот за него е како дрога или алкохол. Били Боб Торнтон кој одеше на терапија за лекување и спиеше

жени во „сите големини и облици“. Но, неговата љубов за слободни врски и секс за една ноќ стана уште поинтересна и очигледна кога во јавноста се појави секс-видеото со плејбој зајачицата Никол Нараин.

Чарли Шин е познат

холивудски плејбој. Сам потврдил дека спиел со повеќе од пет илјади жени, а наводно потрошил повеќе од 50 илјади долари на проститутки. Меѓутоа, и покрај тоа, тој негира дека е сексуален зависник. Тој беше зависник од алкохол и дрога.

со својот психијатар што беше причина за крај на бракот со актерката Анџелина Џоли. Исто и Томи Ли кој заради својата зависност се разведе од Памела Андерсон. Зависник е и Кание Вест, кој е познат по тоа што секогаш порно-филмовите ги носи со себе, но и парите, во случај да треба да плати за секс.

LIFE ф е в р у а р и 89 LIFE 65 Ф Е В Р У А Р И

Мајкл Даглас се лекуваше во клиниката во Аризона уште додека беше во брак со својата прва сопруга Диандра. Заради сексуалниот проблем, неговата втора жена Кетрин Зета Џонс беше претпазлива во склучување на бракот, па во предбрачниот договор напишала дека доколку се разведе за секое неверство ќе и припадне по 1,7 милиони долари.

серијата „Досие Х“ и „Калифорнија“ јавно призна дека е потполно опседнат со порнографски веб-сајтови и еротски форуми. На неговите навики, сопругата Теа Леони која е исто така актерка,му постави ултиматум: „Оди на лекување или е крај на бракот“.


фитнес

¢ RНаташа Ангелевска

ВО ОДЛИЧНА ФОРМА СО ПИЛАТЕС-ТОПКА И ПРАВИЛНА КОМБИНАЦИЈА ОД ВЕЖБИ

FITBALL ИЛИ ПИЛАТЕС ТОПКАТА Е ОДЛИЧНА КАКО ПОМОШНО СРЕДСТВО ИЛИ РЕКВИЗИТ ЗА ВЕЖБАЊЕ ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ГИ АКТИВИРАТЕ МУСКУЛИТЕ И ДА ГО ПОПРАВИТЕ НАЧИНОТ НА ДРЖЕЊЕ НА ВАШЕТО ТЕЛО. НАТАША, ВАШИОТ ПЕРСОНАЛЕН ИНСТРУКТОР ПО ПИЛАТЕС, ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ГИ ОТКРИЕТЕ ТАЈНИТЕ И СИТЕ ПОЗИТИВНИ ПРИДОБИВКИ ОД ОВОЈ ВИД ВЕЖБИ ШТО ВСУШНОСТ ПРЕТСТАВУВА ПИЛАТЕС-ТОПКА? Тоа е основниот назив за гумената топка со пречник од 55 до 75 см кој се користи како основно или помошно средство во текот на тренингот. Swiss Ball (швајцарски топки) или како што на сите им се познати како пилатес- топки или fitball (fitness) топки се патентирани уште пред 40 години од еден швајцарски физиотерапевт кој ги користел за пациенти како помошно средство за рехабилитација. Во последните десет години овој реквизит еволуираше во најразлични правци и денес се употребува на најразлични начини и претставува предизвик дури и за „најзаразените“ фитнес- зависници.

66

LIFE Ф Е В Р У А Р И

КОЈА Е ОСНОВНАТА ПРИМЕНА НА ТОПКАТА? Наменета е да го „зголеми“ интензитетот на вообичаените вежби за подобро дефинирано тело, зголемена мускулна маса и убаво оформени стомачни мускули. Убавината на овој начин на вежбање не е само во

тоа дека вие ќе работите на тонирање на вашите мускули, туку истовремено ќе работите и на целокупната психофизичка кондиција и здравје. Постепено ќе се запознаете со тоа како да го подобрите осетот за рамнотежа, стабилноста и правилниот начин на држење на телото .Во овој број ќе ви претставиме пилатес-вежби со топка бидејќи тоа е најефектниот начин за зајакнување и стабилизирање на телото. Со додавање елементи на нестабилност (во овој случај топката) статичните пилатес-вежби ќе бидат голем предизвик за твоето тело; ќе треба да ги координирате движењата, а со тоа ќе го активираш целото тело. Оваа топка може да се користи и во аеробикот, или како додаток на класичниот фитнес-тренинг како и за рехабилитациски вежби (секако со препорака од доктор) во ортопедијата, неврологијата, спортската медицина, ревматологијата, за подобрување на психомоториката на децата, психофизички подготовки на трудници за породување како и заздравување после породување. Можете и едноставно да ја користите наместо столче и поголем дел од денот да седите на неа. Можеби ви звучи смеш-


БАЛАНС И СИЛА ЗА СОВРШЕНО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО Поради специфичниот облик, оваа голема топка овозможува да се прават најразлични вежби и движења со кои ќе се олесни правилното држење на грбот и ’рбетот. Поради нестабилната подлога, изведувањето на овие вежби ќе ги активираат и најдлабоките мускулни групи. Најважно е да се направи добра програма каде што подеднакво ќе се акивираат сите мускулни групи и истовремено да се внимава на тоа да не се префорсираат оние делови од телото кои се веќе јаки за да не дојде до погрешно држење на телото. Овие вежби се создадени за да ги зајакнете стомачните мускули, мускулите на рацете и задникот и да го поправите целокупното држење на телото. Вежби кои со мал обем на движење и голем број на повторувања ќе го реобликуваат вашето тело. КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕЖБИТЕ СО ТОПКА -Намалување на оптоварувањето за зглобовите и сврзното ткиво за разлика од тврдите подлоги (на пример подот) -оптимално се оптоваруваат мускулите и се активираат одредени групи на мускули дури и оние кои не се директно вклучени во изведувањето на движењето -се коригира држењето на телото (’рбетниот столб ја добива правилната положба) -се активира ’рбетниот столб и сите зглобови, а со тоа се зголемува подвижноста и еластичноста -задоволството е најважната особина на работата со овој реквизит, таа е посебна зошто не асоцира на детството, прави да се чувствувате млади. Забавен и едноставен начин за затегнување на мускулите и подобрување на општата состојба на организмот. Затоа на крајот од напорниот ден, немојте да се фрлите во кревет или во фотелја пред телевизор. Земете ја вашата топка и направете неколку вежби за истегнување со што би ви го смириле мозокот и би ве подготвиле за спиење. Вежбите на топка можеби ќе ви станат едни од најпријатните вежби кои вашето тело некогаш ги почувствувало, а со тоа и засекогаш да го изменат вашиот став и наклонетост кон физичката активност. Во овој текст ќе ви дадам неколку совети кои ќе

вежбањето чувствувате силна болка, тоа е знак дека на вашето тело му е потребен еден ден одмор. Ако пак немате никакви болки, зголемете го интензитетот на вежбање.

ПОВТОРУВАЊЕ ИСТИ ВЕЖБИ И ИСТА ПРОГРАМА НА ВЕЖБАЊЕ Комбинирајте различни типови вежби. Со тоа ќе добиете поголема мотивација за вежбање, а ќе ја разбиете и монотонијата на тренингот, па резултатите нема да изостанат. Доколку секојпат ги работите истите вежби, со ист број повторувања и иста динамика, никогаш нема да можете да напредувате и да стекнете поголема кондиција. Причината е едноставна. Вашето тело се навикнува на се` што се повторува подолг период. Ако досега сте работеле само чучнувања, сега работете ја истата вежба со тегови. Што се однесува до кардио-тренингот, пробајте да го менувате интензитетот и времетраењето на омилените вежби. Пожелно е да го менувате и типот на кардио-вежбите. Така ако досега сте работеле само на трака за трчање, сега во кардио-тренингот можете да вметнете и степер, велосипед, елиптични справи или групни програми како аеробик, пилатес или, пак, некој тип рекреација како пливање, планинарење итн..

ТРЕНИРАТЕ СО НЕСООДВЕТНА ТЕЖИНА Доколку вежбате со полесни тегови од тие што одговараат на вашата градба и вашата физичка кондиција, нема да почувствувате никаков напор. Работата, пак, со преголема тежина непотребно ќе ви оптовари група мускули кои воопшто не сте ни помислиле дека ја работите, па така ќе го зголемите ризикот од повреди. Одберете ја онаа тежина со која ќе можете да направите 8-10 повторувања и со која во текот на последните неколку повторувања ќе ви треба дополнителен напор за да ја изведете вежбата.

ТЕЖНЕЕТЕ ДА ИЗГУБИТЕ КИЛОГРАМИ, А КАРДИО-ВЕЖБИТЕ ГИ ПРАВИТЕ СО НЕСООДВЕТЕН ИНТЕНЗИТЕТ ИЛИ, ПАК, ВООПШТО НЕ ГИ ПРАВИТЕ Аеробните вежби правете ги со поголем интензитет! Сигурно досега сте слушнале дека вежбањето со послаб интензитет согорува повеќе масти од јаглени хидрати, вежбите со послабо темпо согоруваат помалку калории, а со тоа телесната тежина се намалува побавно. Затоа, за време на еден кардио-тренинг направете комбинација (комбинирајте ги интензивните вежби со интервали на побавни вежби). Следниот тренинг работете го подолго време со умерено темпо доколку тежнеете да изгубите килограми. Во текот на неделата наизменично применувајте вежби со брзо темпо и побавни вежби. Кардиотренингот нека биде со поинтензивно темпо два пати во неделата. ПРАВИТЕ ВЕЖБИ ЗА ИСТА ГРУПА МУСКУЛИ ДВА ДЕНА ПО РЕД Тренинзите за зацврстување на мускулите и други вежби за сила ги трошат мускулните влакна. Затоа на телото му е потребно одмор. Во текот на процесот на одморање тие се обновуваат и се надоградуваат, па така стануваат подебели и појаки. Затоа избегнувајте работа на иста група мускули два дена по ред. Мускулните влакна нема да имаат време да заздрават. Со тек на време, колку што сте во подобра форма, толку помалку ќе ви биде потребно време за одмор. Ако утредента после

Вежбајте и бидете секогаш во одлична форма со стручните совети на Наташа Ангелевска, инструктор за фитнес и пилатес во салата на спортскиот центар Борис Трајковски. Пауер Пилатес програмата на вежби со кои ќе го затегнете и обликувате вашето тело е комбинација на динамични и статични вежби, кои се осмислени за да го забрзаат метаболизмот и целокупната циркулација, да ги согорат мастите и да ја оформат мускулатурата на Вашето тело. Програмата се работи во група или индивидуално. За соодветен начин на тренинг и оптимални резултати подетално може да се информирате и косултирате на телефон 075 30 40 06.

фитнес

ОДЛИЧНА ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ Вежбите со топка го активираа кардиоваскуларниот систем, ја подобруваат циркулацијата и ги зајакнуваат срцето и белите дробови. Тоа автоматски значи дека го подобрува целокупниот метаболизам што е многу важно доколку сакате да ја одржите вашата оптимална тежина и здравје!

го подобрат вашиот тренинг и со кои ќе можете да ги поправите грешките кои што најчесто се прават додека вежбате. Ќе видите неверојатен напредок!!!

67 LIFE Ф Е В Р У А Р И

но, но за да да ја одржите рамнотежата на оваа многу издржлива гумена топка, ќе морате да ги активирате грбот, стомакот и бутините.


здравје

ОК ИЕЦ“ ЗГОЛЕМЕНИОТ КРВЕН ПРИТИСОК – ХИПЕРТЕНЗИЈА, СЕ НАРЕКУВА И „ТИВОК УБИЕЦ“ БИДЕЈЌИ БЕЗ НЕКОЕ ВИДЛИВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКУВА ДОЖИВОТНИ ПОСЛЕДИЦИ, А ПОНЕКОГАШ И ПРЕДВРЕМЕНА СМРТ

¢ Душан Матиќ, дипломиран нутриционист

68

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ај нас многумина не се свесни дека имаат зголемен крвен К притисок, се` до моментот кога за време на рутинскиот преглед кај матичниот лекар не го дознаат тоа. Дури иако пред извесно време сте го провериле нивото на крвниот притисок и сте дознале дека во моментот немате хипертензија немојте да мислите дека никогаш нема да ја имате. Со стареењето кај луѓето крвниот притисок се зголемува за 15 поени меѓу 25. и 55. година од животот, додека од 65. до 75. година околу 60% од оваа популација има зголемен крвен притисок. Неправилниот начин на исхрана и лош животен стил исто така можат да предизвикаат хипертензија. Крвниот притисок се мери во милиметри од живиниот столб со два податока. Кога срцето во процесот на пулсирањето ќе се згрчи се создава систолен (горен) притисок кој е повисок, а кога срцето меѓу две пулсирања во дел од секунда се одмора се создава дијасто-

лен (долен) притисок кој е понизок. Отчитувањето на крвниот притисок, медицинарите денес го делат на четири нивоа на ризик, и тоа: 1. Оптимален крвен притисок, под 120/80; 2. Нормален крвен притисок, под 130/85; 3. Зголемен крвен притисок –со нормален ризик од заболување, под 140/90 и Зголемен крвен притисок со поголем ризик од заболување, над 140/90. Причините за зголемен крвен притисок се повеќекратни. Познато е дека човековите артерии се мускулни органи кои можат да се стеснуваат и да се прошируваат. Прекумерното стеснување на ѕидовите на артериите го зголемуваат крвниот притисок. Некои органи како бубрезите и надбубрежната жлезда се битни, особено во хормонската регулација на крвниот притисок. Меѓутоа, главната причина за зголемениот притисок се лошиот избор на стилот на живеењето. Постојат многу заболувања кои се последица од зголемениот

крвен притисок. Најчесто тоа се: мозочен удар (шлог), срцева инсуфициенција, срцев удар (инфаркт), атеросклероза (отврднување на крвни садови), разни аневризми, болести на бубрезите, разни очни болести, прскање на крвни садови, ослабено помнење и намалување на умствени способности. Вообичаено решение до пред извесно време било да се земаат исклучиво лекови против висок крвен притисок кои ќе ги препише лекарот, и тоа до крајот на животот. Меѓутоа, сега сме запознаени дека тоа не е најдобриот одговор за болеста. Постојат повеќе причини за ваквиот став: Секој лек има повеќе несакани ефекти кои влијаат врз квалитетот на живеењето Ако зголемениот притисок се регулира исклучиво со лекови, а не и со променет начин на живот, непотребно се предизвикува пропаѓање на мозочната маса со што се намалува интелигенцијата на човекот

1 2

3

Помалку од половината од луѓето кои земаат лекови против зголемениот крвен притисок ќе успеат да го намалат притисокот под 140/90 Цената на лековите исто така влијае на стандардот на заболениот Намалувањето на високиот крвен притисок не е така делотворно како што е намалувањето на притисокот на природен начин Очигледно е дека најповолниот начин е промена на стилот на живеењето. Бидејќи дотогашниот начин на живот ја предизвикал хипертензијата нормално е да се очекува дека со отстранувањето на причинителот на болеста дојде до нормализација на притисокот. Националниот институт за здравје на САД го спонзорирал истражувањето на повќе од 900 луѓе (мажи, жени, црни и бели) со кое е докажано дека со промените во стилот на живеењето за околу една година нивото на систолниот притисок им се намалило за

4 5


се месото и млечните производи.

1

5 6

Консумирајте многу овошје, зеленчук, житарки и несолени орешести (јатки) плодови во умерени количини, како и други прехранбени производи кои не содржат многу натриум.

2

4

Од исхраната, отстранете го кафето, газираните пијалаци во вид на коли и алкохол. Престанете со пушењето.

Не го употребувајте соларникот кој често е поставен на вашата трпеза.

7 8

Намалете ја прекумерната телесна тежина.

Избегнувајте кисели туршии (со оцет), конзервирани сувомесни производи, инстант супи и други производи богати со натриум.

Применувајте редовно вежбање или редовно интензивно пешачење.

3

9

Избегнувајте храна која има малку растителни влакна како што

здравје

Како резиме за борба со хипертензијата треба да се определиме за промена на стилот на живеењето кој се состои од следното:

Научете да се борите и да се справите со непотребниот стрес.

П&O: ДУШАН МАТИЌ ВИ ОДГОВАРА па и по можност да гравитира кон вегетаријанството. 4. Имам многу бавен метаболизам. Каква храна треба да користам? За бавниот метаболизам треба да се користи главно храна која има многу ензими. Тоа е свежата сурова (кашеста храна) која не е термички обработена и таква храна лесно се апсорбира во организмот. Термички обработената храна нема ензими и таа храна не смее да доминира во исхраната. Доколку човекот се храни неправилно, многу често доаѓа до создавање на токсичен отпад во цревниот тракт кој непотребно ја зголемува киселоста на организмот со што се зголемува ризикот од појава на разни заболувања.

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат по телефон и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

Сите читатели на LIFE кои се заинтересирани да му постават прашања на оваа или некоја друга тема на нашиот стручен соработник Душан Матиќ, можат да испратат и-мејл на: life.magazin@yahoo.com и да очекуваат одговор во некое од следните изданија на LIFE.

LIFE Ф Е В Р У А Р И

1. Како најлесно, човекот може да стекне дисциплина, за успешно да ги спроведува советите за здрава храна од нутриционистите? Човекот кој сака, самиот без лекарства или какви било хемикалии да се храни здраво, односно да ги прифати советите на нутриционистите и да стекне дисциплина, тој треба да биде информиран од страна на искусен нутриционист исклучиво со аргументирани препораки. Советувам дека кои било паушални препораки за здраво живеење, човекот не треба да ги прифаќа, па дури да ги препорачува некој кој се претставува како нутриционист. 2. Како да се отстрани целулитот? Целулитот („портокалова“ кожа) претставува патолошки одговор на организмот на прекумерното масно ткиво насобрано во кожата како резултат на неправилна исхрана. Лицето кое сака да се ослободи од целулитот, мора, во консултација со искусен нутриционист, на својот организам да му обезбеди правилна исхрана и оптимална детоксикација преку четирите канали за детоксикација на организмот. 3. Каква исхрана е потребна за време на менопаузата? Во менопаузата, исхраната треба да биде во склад со препораките за припадност на одредена крвна гру-

69

10,6 mmHg, додека дијастолниот се намалил за 8,1 mmHg. Промените во стилот на живеењето биле следните: 1. Намалување на прекумерната телесна тежина. 2. Исхрана со малку сол. 3. Намалување на употребата на алкохолот. 4. Зголемени физички активности. Намалувањето на високиот крвен притисок се постигнало кога истовремено се применувани сите четири промени. Второто истражување го утврдило ефектот од примена на само два содржатели во стилот на живеењето. Во ова истражување биле вклучени повеќе од 30.000 мажи со возраст од 40 до 75 години кои биле поделени во две групи според присуство на растителните влакна во исхраната и степенот на нивната дебелина. Се утврдило дека дебелината е еден од најзначајните фактори на ризик од зголемен крвен притисок како и недостигот од растителни влакна во исхраната. Третото истражување вклучувало 73 луѓе кои ги применувале препораките за промените и за начинот на исхрана во текот на три недели. Промените биле следните: 1. Апстиненција од алкохол, цигари и кафе. 2. Потполна вегетаријанска исхрана и 3. физичко вежбање. По три недели просечниот крвен притисок за целата група од 150/81 спаднал на 129/78. Занимлив е податокот дека кај повеќе од половината испитаници, веќе по првата недела дошло до видно намалување на зголемениот крвен притисок. Утврдено е дека нивото на зголемениот крвен притисок мошне брзо се намалува со промените во стилот на живеењето. Искусните нутриционисти препорачуваат терапија со исхрана за намалување на високиот крвен притисок кога наведуваат кои прехранбени производи се штетни, а кои се корисни за таа цел. За штетност во исхраната на прво место е прекумерната употреба на готварска сол (NaCl). Во светот, познато е дека општества кои користат сосема мало количество сол во исхраната немаат воопшто хипертензија. Се препорачува употреба на 2,4 грама сол просечно дневно за 20 дена, за лица со нормален притисок. За лица со зголемен притисок се препорачува само 2 грама сол просечно дневно за 20 дена. За лица со срцева инсуфициенција или со болести на црниот дроб само 1 грам сол просечно дневно за 20 дена. (Тоа значи дека за 20 дена треба да консумира само 20 грама сол). Минималното неопходно количество сол изнесува само 250 mg дневно. Готварската јодирана сол се состои од 40% натриум и 60% хлор. На Факултетот за здравствена заштита „Колумбија“ во Њујорк САД, со испитувањата е установено дека високото ниво на натриумот во исхраната е фактор на ризик за појава на некои видови рак, остеопороза и камен во бубрег. Освен во солта, натриумот доминира во производите од животинско потекло: месото, млечните производи и јајцата. Најмалку, дури безначајно количество натриум е присутно во: свежото овошје, зеленчукот, житарките, јаткастото (орешесто) овошје кое не треба да биде посолено и сечканата пченица (бунгур). Овошјето и зеленчукот се богати со калиум, а не со натриум. Човекот за да нема зголемен крвен притисок односот на натриумот и калиумот во организмот треба да му биде 1:7. Доколку човекот има зголемено присуство на натриум во организмот, за да го постигне оптималниот сооднос на натриумот и калиумот треба редовно да консумира поголемо количество свежо овошје и свеж и термички обработен зеленчук кои се богати со калиум. Во овој случај овошјето и зеленчукот претставуваат многу добар лек против високиот крвен притисок. Нормализирањето на телесната тежина како услов за оптимален крвен притисок се постигнува кога: 1. Се избегнува ат ужините меѓу четирите дневни оброци. 2. Појадоците да бидат солидни, а ручекот умерен. Вечерата, ако мора да ја има, нека биде свежо овошје. 3. Да се исфрли шеќерот од исхраната како и сите прехранбени производи кои има ат висок гликемиски индекс, како и многу мрсна храна, а да се форсира храна со многу растителни влакна. 4. Редовно умерено вежбање или, пак, редовно 40 минутно пешачење во природа. Треба да истакнеме дека пушењето е уште еден содржател кој го зголемува крвниот притисок. Освен факторите од исхраната, животните стресови можат да го зголемат крвниот притисок. ¿


здравје

УР УРГЕНТНА РГЕНТ КОНТРАЦЕПЦИЈА КОН КОНТР д-р Татјана Илиева-Хаџиевска спец. гинеколог-акушер

70

LIFE Ф Е В Р У А Р И

К

онтрацепцијата ги опфаќа сите методи кои го спречуваат настанувањето на несаканата бременост. Контрацепциските методи најверојатно постојат колку што постои и човечкиот род. Во некои делови на светот се применуваат нормално, а додека, пак, во некои се` уште постојат предрасуди дали било од верски причини, или пак од страв и незнаење. Според начинот на делување, ги „делиме“ на: механички, хормонски, утерини влошки (спирали), хируршки методи, природни методи и посткоитална заштита. Совршена метода не постои, и затоа изборот е прашање на компромис. Сигурноста и ефикасноста се најбитните фактори, а исто така влијаат и практичноста, достапноста и, секако, нивната цена. При изборот на метода важно е да се биде информиран за нејзините предности и недостатоци, дејството на заштита од бременост и СПИ (сексуално преносливи болести) и правилниот начин на употреба. Треба да се земе предвид и возраста, здравствената состојба, динамиката на сексуалните односи, и личните ставови и верувања. Ургентната контрацепција или посткоиталната заштита се состои во тоа што користи хормони кои ја спречуваат овулацијата (ослободување на јајце клетката од јајникот во јајцеводот) го спречуваат оплодувањето на јајце клетката и доколку дојде до оплодување ја спречуваат нидацијата (вгнездувањето на оплодената јајце клетка во ендометриумот на утерусот-матката). Исто така, хормоните ја зголемуваат и вискозноста на цервикалната слуз, со што се намалува подвижноста и периеабилноста на сперматозоидот. Дејството зависи од моментот на земање, односно денот на менструалниот циклус, кој нормално трае 28 дена. Овулација најчесто настанува истиот ден. Ако незаштитениот однос се случи пред да настане овулација, тогаш по земање на посткоиталната заштита се инхибира „скокот“ на ЛХ (лутенизирачки хормон) кој се лачи од предниот резен на хипофизата до кој доаѓа во

средината на менструалниот циклус. Ако нема скок на ЛХ нема да има „прскање“ на DeGraaFOV фоликул и нема да има овулација. Ако заштитата се земе по овулацијата тогаш се спречува нидацијата на оплодената јајце клетка во матката. Посткоиталната заштита се применува најдоцна до 72 часа после ризичен сексуален однос и се состои во земање таблета која го содржи хормонот Levonorgestrel ( прогестаген) и други помошни супстанции (силициум диоксид, магнезиум стеарат, скроб, талк, лактоза, монохидрат). Под ризичен сексуален однос се подразбира однос при кој не е користена заштита или се случил пропуст во текот на применетата заштита. Исто така може да се користи ако жената била изложена на некои фактори кои би можеле да го оштетат плодот или во случај на силување. Колку порано се земе таблетата, толку е поефикасна. Во случај посткоиталната заштита да содржи две таблети, првата се зема нормално, а втората по 12-16 часот. Несакани дејства кои можат да се јават по користење на терапијата се повраќање, дијареа, болки во долниот абдомен, во градниот кош, главоболка, вртоглавица, општа слабост, кои обично исчезнуваат неколку денови потоа. Можно е и да се јави ирегуларно (точкасто крварење) кое може да трае до наредната менструација. Ако следниот менструален циклус задоцни повеќе од десет дена, пациентката треба да се јави на гинеколог за да се исклучи или да се потврди евентуална бременост. Таблетата е контраиндицирана кај потврдена бременост и кај пречувствителност на која било компонента од лекот. Таа не е абортивно средство, односно не може да прекине веќе настаната бременост, колку таа и да е во рана фаза. Со доза на претпазливост треба да се користи кај пациенти кои имаат оштетување на црниот дроб (hepar) и нарушена апсорпција (Chronova) болест. При користење заедно со антибиотици може да се намали контрацептивниот ефект, и при користење

на лекови за епилепсија ( Barbiturat, Carbamazepin). Важно е да се знае дека таблетата е препарат за ургентна контрацепција, која се користи по незаштитен (ризичен) сексуален однос и штити од нескана бременост настаната од половиот однос кој се случил пред нејзината употреба, а не дава заштита од бременост од следните сексуални односи. Исто така, таа не е класичен контрацептив и не треба да се користи како редовна контрацепција, туку само во специјални и итни случаи и не штити од СПИ (сексуално преносливи болести). Доколку и покрај користење на заштита, настане бременост, жената доколку сака може да ја продолжи бременоста, бидејќи не се докажани никакви терастогени ефекти на таблетата врз плодот. Може да се користи и кај доилките доколку се земе по завршување на подоењето и потоа да не дои од 08-24 ч. Заштитното име на таблетата за ургентна контрацепција која ја има во нашите аптеки е NOR-LEVO и може да се подигне само со рецепт од гинеколог. ¿


ИНТЕРВЈУ СО СЛАЃАНА НЕШОВИЌ, БРЕНД МЕНАЏЕР AURIÈGE – PARIS, МАКЕДОНИЈА

AURIÈGE ЕСТЕТСКА КОЗМЕТОЛОГИЈА

Зошто одлучивте да соработувате и да работите токму со производите од оваа козметичка куќa? Како глобален експерт за anti-age нега, „Auriege– Paris“ е континуирано наградуван. Овој уникатен бренд досега е добитник на девет награди за иновација во полето на естетската козметологија на најпрестижниот интернационалeн конгрес „Congrès International de l’Esthétique à Paris” кој се одржува секоја година во Париз, Франција. Преку својата екпертиза и научниот пристап, нивната лабораторија нуди исклучително врвни и уникатни производи за домашна нега, како и професионални третмани (протоколи) за престижна нега на лице и тело кои обезбедуваат извонредни резултати. Истите се целосно клинички испитани и докажани. Сево ова беше пресудно да одлучиме да го доведеме овој бренд во нашиот Институт и да овозможиме за секоја жена целосно и уникатно решение во разубавувањето и anti-age негата.

цијалните брендови. Палетата на производи е доста голема и бара претходен консултативен пристап, од таа причина единствено ОБУЧЕНИТЕ терапевти за експертизата на брендот можат да ве советуваат и да ви препорачаат соодветен производ за домашна нега.

третманите за превентивна и глобална анти-ејџ нега од ЦИКЛУСОТ на ХРОНОБИОЛОГИЈА на AURIÈGE. Овие протоколи содржат производи со активни состојки, и се базираат на биолошкиот часовник, типот на кожата, годишното време и возраста, и овозможуваат кожата да ја одржи својата виталност и убавина преку целата година. За тимот што работи кај вас - каков е нивниот профил и каде се обучувани? „Auriege–Paris“ за своите терапевти нуди посебна стручна обука која се валидира во Париз од страна на Менаџментот на францускиот институт. Нашите терапевти не се регуларни козметички техничари, тие имаат статус на козметолози кои успешно можат да дијагностицираат, советуваат и третираат најразлични состојби на кожата во рамките на Естетската козметологија. Оваа обука подразбира континуирано надополнување на знаењето и нови техники преку семинари локални и интернационални презентации.

По што се разликувате од останатите салони за убавина? Овој центар во својата работа се разликува по многу нешта од другите центри. Најпрво тука се РЕЗУЛТАТИТЕ од ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ третмани за лице и тело, козметиката со која се испорачуваат како и квалификациите на нашите терапевти. Секако многу се разликуваме и во индивидуалниот консултативен пристап со секој од клиентите, атмосферата во која се изработуваат професионалните третмани, манирите кон клиентите пред и по третманот.

Дали сте задоволни од досегашната работа и постигнатите успеси, и што ги планирате за следната година? Нашиот центар успешно работи веќе 3 години во Скопје. За овој период изградивме голема доверба кај голем број домашни и странски клиенти кои редовно ги користат нашите услуги. Паралелно се трудиме да учествуваме во најразлични добротворни настани. Подолг период успешно соработуваме со Меѓународната Асоцијација на Жени (IWA) во Македонија, а втора година по ред сме учесници на Чоколадната аукција каде донираме голем број на вредносни ваучери. Сите собрани парични средства се донираат во добротворни цели и организации каде се најпотребни. Што се однесува на нашите планови за следната година планираме да ја дополниме програмата со 4 нови AURIEGE третмани на тело за релаксација, детоксикација и локално слабеење, но и со уште еден новитет кој засега ќе го оставиме да биде изненадување за клиентите.

Кои третмани се најмногу барани? Оние за лице или за тело? За кој дел од негата клиентите најмногу обрнуваат внимание? Можам да кажам дека подеднакво се побарувани и третманите за лице и третманите за тело. Во однос на третманите на лице најпобарувани се ПРЕМИУМ

Дали само во вашиот салон може да се набават препаратите на АURIEGE? Да, сите производи за домашна нега единствено може да се набават само во ДЕРМАБЈУТИ затоа што козметиката на АURIEGE Paris e престижна институтска козметика и не спаѓа во групата на комер-

Дали имате промоција за третманите и козметиката во вашиот центар? Што ќе препорачате за овој период? За овој период на вашите читатели им го препорачуваме Премиум третманот за Хидратација на кожата со морски алги. Се препорачува во зимскиот период кога кожата е изложена на ветер и студ и поради тоа има тенденција брзо да дехидрира и да стане сува и крута. Третманот за Хидратација всушност врши стимулација на природниот процес на хидратирање, длабинско фиксирање и ретензија на водата на кожата. Го рехабилитира и воспоставува природниот механизам на заштита на ќелиските мембрани, а со тоа се спречува дефицитот на влажност во кожата предизвикан од климатските промени. Активните состојки кои го потпомагаат овој процес се морските алги, хијалуронска киселина, витамините А и Е. По завршувањето на целосната програмата кожата станува нежна и еластична со блескав изглед. За клиентите кои посакуваат да имаа витка, мазна и совршена фигура, би го препорачале уникатниот апаративен третман за слабеење и длабинско справување со целулитот, techniSPA. Овој третман е дополнет со специјално изработена нутриционистичка програма и нуди извонредно брзи и безбедни резултати. Уникатниот протокол овозможува комфорно и брзо слабеење во СПА амбиент. Нашиот Институт постојано има промотивни акции и на нашите клиенти во овој период им нудиме најразлични пакети на програми за лице и тело кои можат да ги набават со примамливи попусти и дополнителни подароци од AURIEGE - Paris, сè со цел да изгледаат совршено преку целата година.

ЕКСКЛУЗИВНИ ПОДАРОЦИ ОД LIFE МАГАЗИН И AURIÈGE – PARIS! „LIFE магазин“ и францускиот ексклузивен центар за убавина „AURIÈGE – PARIS“ подаруваат три ексклузивни третмани за лице и лифтинзи за очи. Првите три читателки кои ќе испратат имејл со предмет „ПОДАРОК ТРЕТМАН“ и име, презиме и контакт-телефон на life.magazin@yahoo.com ќе добијат подарок од „LIFE“ и „AURIÈGE“ – три пакети од третмани: AURIÈGE PREMIUM третман и AURIÈGE YEUX LIFTING (очен лифтинг). Читателките кои ќе бидат најбрзи ќе бидат усно известени за подарокот и ќе бидат објавени со име и презиме во следниот број на „LIFE магазин“. Подарокот - вредносен ваучер за AURIÈGE третманите, читателките ќе можат да го подигнат во редакцијата на „LIFE магазин“, на улица 11 Октомври 33а, 1000 Скопје.

Подарок - ексклузивни третмани од минатиот број на „LIFE магазин“ добија: Ценка Круник, Ана Томова и Марија Ангелова

71 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Објаснете ни` кои дејности стојат зад она што се нарекува Ексклузивен салон за убавина и естетска козметологија „ДермаБјути“ и што значи да се биде генерален дистрибутер и авторизиран салон на познатиот француски бренд „Auriege – Paris“? „ДЕРМАБЈУТИ” како Француски Ексклузивен Салон за Естетска Козметологија нуди ексклузивни и уникатни третмани за нега на лице и тело од двата професионални Француски Института „AURIÈGE – PARIS“ и „GUINOT Institut • Paris“. Денес овие два Института претставуваат лидери во полето на естетската козметологија, а нивните технологии претставуваат највисоко достигнување во полето на убавината. Во нивните лаборатории повеќе од 40 години се креираат врвни формули и методи во областа на разубавување и нега на лице и тело кои гарантираат брзи и безбедни резултати. Во врска со дејноста генерален дистрибутер на „Auriège – Paris“, Дермабјути има пред сe` голем предизвик и одговорност да ги претстави производите, екпертизата, стандардите и протоколите на овој бренд на едно највиско ниво. Во моменов ЕКСКЛУЗИВНИТЕ третмани за лице и тело како и производите за домашна нега на AURIÈGE се испорачуваат единствено во нашиот Институт.


женски свет

ФЕНГ ШУИ во вистинскиот женски свет

106 LIFE ФФ ЕЕ ВВ РР УУ АА РР ИИ 72 LIFE

ДАЛИ СТРАДАТЕ ОД ДИСБАЛАНС НА ВАШЕТО ЧИ? (ОВА Е ЧИ, КАКО МИСТИЧНА ЖИВОТНА СИЛА, А НЕ ЧАЈ ). НО, МОЖЕБИ Е ВАША ВИНA. ШТО АКО СТЕ ЖРТВА НА ВАШАТА СРЕДИНА? ЗА СРЕЌА, МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОВРАТИТЕ ВНАТРЕШНАТА ХАРМОНИЈА, ДА НАЈДЕТЕ ВИСТИНСКА СРЕЌА И ДА ГО ОСЛОБОДИТЕ ВАШИОТ СВЕТ СО ПОМОШ НА ЖЕНСКА ЏИНОВСКА ДОЗА ОД ФЕНГ ШУИ!

ЗАПОЧНЕТЕ СО ФИОКАТА ЗА ШМИНКА Ако сте типична жена, вашата фиока (или шкафче) со шминка изгледа како град низ кој поминал ураган, особено ако сте „луди“ по шминки кои се даваат како подароци и тестерчиња. Но ако започнете да ги применувате принципите на фенг шуи – да го исфрлите сѐ она што не сте го користеле година дена, ќе успеете да ја намалите затрупаноста за 80 проценти. Потоа, организирајте го она што останало по принципот на петте елементи, и тоа: - Црвените работи – карминот, моливчето за уста и ружот се исполнети со огнена енергија и треба да ги ставите во јужната

страна на фиоката (шкафчето) за да привлечат успех. - Зелените работи го претставуваат елементот дрво и треба да ги чувате на исток, за среќа. - Сините и црните шминки ја претставува-

ат бојата на водата и треба да ги чувате свртени кон север, со цел да Ви донесат просперитет - Бледите бои, како пудрите и коректорите, ја носат во себе енергијата на металот, па треба да бидат поставени на запад, за сила. - Кафените шминки – креоните, тушевите, маскарата и сенките, ја претставуваат земјата, па треба да ги ставите во средина на Вашата фиока за да постигнете вистинска среќа. Со само неколку минути поминати за средување на вашата шминка, може многу да се подобри вашето расположение, а најверојатно и вашето лице. А кој знае, можеби и ќе „налетате“ на онаа сина сенка што толку ја сакавте. Замислете колку ќе бидете тогаш среќни .


СЛЕДНО – ВАШИТЕ ЧЕВЛИ! Дали чевлите Ви се наредени во уредни редови, секој пар наместен така што петицата на едниот чевел се наоѓа до прстите на другиот, па потоа наредени по боја и според сезона, и дури и според висината на штиклата?

Не? Па немојте тогаш да се чудите што имате несоници! Вашите јин и јанг се сосема и-з-м-е-с-т-е-н-и. Доколку ги наредите чевлите како што Ви објаснивме погоре, набрзо на Вашата хармонична, избалансирана врата ќе затропа добрата среќа.

Откако ќе го вшмукате целото негативно Чи со правосмукалката, и ќе вратите малку од хармонијата на вашето возило, направете го следново: Врзете црвена панделка на воланот (за среќа), закачете кристал на ретровизорот (за да привлечете позитивно Чи), отворете еден ладен чај и тргнете по патот на хармонијата со фенг шуи. Благодарение на Вашиот нов, подобрен, избалансиран и „исчистен“ женски свет, вистинската среќа ќе Ви биде секогаш на патот, без разлика каде ќе Ве одведе животот.

LIFEФ ФЕ ЕВ ВР РУ УА АР РИ И 107 73 LIFE

ЗА КРАЈ ВАШИОТ АВТОМОБИЛ! Погледнете го убаво Вашиот автомобил. Тој е Вашиот дом надвор од дома, Вашето прибежиште во движење. Но, дали е чист и уреден? Дали мириса убаво? Или пак марамчињата кои се расфрлани секаде убаво се согласуваат со флеките од храна на седиштето? Ако последново е вистина, подобро почнете да работите веднаш! Измијте ги прозорците Исфрлете ги хартиите и ѓубрето И, дали навистина Ви требаат сите овие ЦД-а?

женски свет

Фотографии од фамилијата и луѓето кои ги сакате Шише со вода (за да помогне богатството да ви тече, а секако, не заборавајте дека ви се потребни минимум два литра вода на ден) Мобилен телефон (без шарена футрола!), за да бидете сигурни дека секогаш ќе бидете во вистинското време на вистинското место Два молива (онакви какви што користевте кога бевте дете) – за да ги засилите фамилијарните врски Бела хартија – за да бидете секогаш креативни. Огледалце, за да ги рефлектира целите кон кои се стреми вашата кариера Нешто розово (приврзок за клучеви, амајлија од баба ви) – за да привлече љубов! Сега, ставете ги овие работи уредно во вашата чанта и во неа ќе најдете мир (а и вашите клучеви).

А ВАШАТА ЧАНТА? Ве молиме да посветите внимание на најсветиот женски простор – вашата чанта. Женската чанта претставува исечок на целата женска егзистенција, па нејзиното Чи може сериозно да влијае и врз в вашиот живот . Какво Чи носите со себе? Дали Вашата чанта е добро организирана, лесна и ослободена од ѓубре, па ви дава духовен мир? Или е како некоја каша од секакви потребни и непотребни работи, па за да најдете нешто во неа лесно си ги кршите ноктите? Ако второво сценарио е поверојатно, време е за фенг шуи акција! Фрлете буквално сè што сте „пикнале“ во чантата, освен неколку важни работи: Паричник


ФОКУСИРАН НА ПРЕСТОЛОТ

КОНЕЧНО, МАРКАТА ЧИИ АВТОМОБИЛИ ГИ КРАСИ СКРОМЕН СИН ОВАЛ, НИЗ КОЈ ГОРДО, СО БЕЗВРЕМЕНСКИ БУКВИ Е ИСПИШАНО ПРЕЗИМЕТО НА ОСНОВАЧОТ, СЕ РЕШИ ДА ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО КЛАСАТА НА СЕМЕЈНИ КОМПАКТНИ АВТОМОБИЛИ

74 LIFE Ф Е В Р У А Р И

да, по долго исчекување, чукна и тој час. Ford конечно се реши да ја започне И продажбата на новата, трета генерација на својот Focus. Имено, новиот Focus беше претставен уште пред една година, меѓутоа, продажбата беше најавена дури за во 2011та. Имајќи предвид, дека во класата на компактни семејни автомобили, едноставно, никогаш не било поинтересно, и дека токму Focus, со сите свои благодати кои ги нуди, е меѓу ретките реални конкуренти на основоположникот на сегментот „С”, односно VW Golf, некако со нетрпение се чекаше новата генерација, кога веќе сите други ги претставија своите конкуренти. Имено, Французите се „перчат” со новите генерации на Renault Megane и на Citroen C4 кај кои значително е подобрен стилскиот израз и квалитетот на изработката; Јапонците отсекогаш се фа-

леле со непогрешливата издржливост, но сега, како што можеме да видиме кај Honda Civic и Mazda 3, и дизајнот игра многу битна улога. Корејците од групацијата Hyundai Kia Automotive Group пак, иако редовно нижат престижни награди, сепак сè уште не се доследни за да бидат вистински претенденти за тронот. Италијанците, чиј адут е Fiat Bravo, никогаш немале проблем со стилско и модно изразување, меѓутоа, кога тоа не е поткрепено со соодветно задоволство во возењето, тогаш сите напори се залудни. Шпанците имаат темпераментен и агилен ас во ракавот, кој доаѓа во облик на Seat Leon, меѓутоа, и покрај тоа што го краси модерен дизајн, некако покрај „помладите” конкуренти, Leon веќе делува малку застарено. Тоа значи, дека битката во најважната класа на автомобили, повторно ќе се

води помеѓу гермaнските борци. Новата Opel Astra делува апсолутно прекрасно во секој можен поглед, и во комбинација со новите, технолошки напредни мотори, и тоа како се стреми кон врвот, на кој веќе многу години по ред, тврдоглаво стои VW Golf. Се надеваме дека поголемата тежина од онаа што се очекува, нема премногу да влијае во нејзиниот поход. VW Golf пак, ваков-онаков, ниту нешто посебно привлечен, ниту, пак, на прв поглед интересен, сепак е автомобил кој освојува на друг начин, преку своите скриени вредности. Никогаш не се расфрлал со разиграни форми и дизајни, а пак упорно го држел врвот за себе. Дали новиот Focus конечно ќе успее да го истурка оттаму? Или веќе е предоцна? Да го разгледаме подетално, па да извлечеме заклучок, може? Одиме по ред...


рација беше некако „созреана”... Уникатното доживување на возењето повторно беше присутно, но овојпат, пакувањето беше релативно здодевно. Затоа пак, за сметка на недоволно силниот визуелен впечаток, главните адути на „приземјениот” Focus беа одличната изработка, врвниот квалитет и фантастичната ергономија, под рака со огромниот простор во кабината и багажник кој би собрал помала фамилија Кинези. Фејслифтот инспириран од „Кинетичкиот дизајн” малку успеа да го подобри визуелниот впечаток, но тоа повторно не беше нешто екстравагантно. Затоа, овојпат лекцијата е научена. Особено поради тоа што сега, сите други конкуренти многу повеќе се посветуваат на дизајнот отколку претходно. Новиот Focus изгледа свежо, модерно, динамично, едноставно како излезен од енциклопедија за модерен индустриски дизајн. Динамичноста и спортскиот ген се интегрирани во секој милиметар од атлетското тело и тоа може да се забележи уште при првиот поглед. Философијата на „ки-

нетички дизајн” е одлично имплементирана, па Focus изгледа како да се движи, дури и кога „позира” на паркинг. Широката, мускулеста силуета во ниеден момент не остава простор за будење на каков било сомнеж во нејзините перформанси. Без разлика дали се работи за верзијата со 4, 5 врати или караванот, новиот Focus ги става до знаење своите атлетски способности. Големите триаголни отвори за воздух, интегрирани во предниот браник може да бараат малку навикнување, меѓутоа, рака на срце, воопшто не делуваат невкусно или непожелно... Можеби само на прв поглед, чудно... Но ако токму тој дизајнерски момент е доволен за „пишманење“, тогаш веројатно е потребно преиспитување на сопствените критериуми. Гледан отстрана, новиот Focus изгледа како шилец, кој без проблем ќе им пркоси на законите на физиката. Е сега, за да не биде сè перфектно, задницата, особено кај верзијата со 5 врати, е за нијанса поларизирачка. Но тоа не е чудно за Focus, бидејќи ист беше случајот и со претходните

75 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Кога се појави првиот Focus, во 1998 година, новите свежи форми, и супер модерниот дизајнерски јазик кој беше наметнат со неговата појава, претставуваше вистинска револуција во својата класа. Особено ако земеме предвид дека моделот кој беше заменет, односно Escort, ги имаше стилските квалитети на растопен путер, Focus некако сите ги фати неподготвени. Да биде револуцијата уште позначајна, тогашниот Focus ги постави критериумите за задоволство и уживање во возењето, во својата класа. Буквално сите луѓе кои имаат барем маргинално вистинско познавање на автомобилскиот свет, едногласно дојдоа до заклучок, дека во тој аспект, на Focus му нема рамен. Вториот Focus пак, кој се појави во 2004 година, успеа на големо да ја збуни широката јавност. Некако сите очекуваа повторно нешто револуционерно, но не го добија, бидејќи овој Focus беше базиран на концептот „Еволуција“, кога веќе револуцијата предизвикана со претходникот, доживеа ултимативен успех. Втората гене-

брзина

¢ Кристијан Ивановски


брзина LIFE Ф Е В Р У А Р И

76

генерации. Чудниот облик на светлосните групи и преголемиот број на дизајнерски моменти на мал простор, ја прават задницата на оваа варијанта на Focus, малку пренатрупана. Дури и би си ја зеле таа слобода, да кажеме дека задниците на другите две варијанти, изгледаат поубаво и поскладно. Можеби ова е субјективно мислење, но еве, слободно погледнете ги фотографиите, па самите донесете си заклучок. Првиот поглед во кабината веднаш ни ги открива идеите и елементите „позајмени од помалата Fiesta, па и тука сè е во знакот на „Кинетичкиот дизајн” и начелата кои тој ги пропишува. Сведоци сме на една плејада од прекрасно извајани форми, кои претставуваат совршена геометриска комбинација од остри линии и нежни закривувања. Врвната ергономија гарантира дека за секоја ваша команда, прекинувачот за истата е практично на врвот на вашите прсти. Понудата на простор во кабината нема да дозволи развивање на клаустрофобија, додека квалитетот на изработката и на материјалите, несомнено ќе го милуваат вашето его, па дури постои и шанса малку да ве разгалат. Меѓутоа, секој го заслужува тој луксуз, зарем не? Поради тоа што се работи за припадник на најновите генерации на автомобили, се подразбира учество на супермодерните технологии и материјали за изработка на самиот автомобил. Електронските помош-

FOCUS СО НУКЛЕАРЕН И СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Секако дека малку се шегуваме во врска со нуклеарниот погон. Само сакаме преку извесна аналогија, да ја навестиме моќноста со која располага спортската верзија на новиот Focus, односно моделот Focus ST, кој изгледа нервозно...

ни системи, чија пресметувачка моќ се поистоветува со онаа на „Аполо 11”, фатени во оро со исклучително цврстата структура, го прават овој автомобил еден од најбезбедните на денешницата. Уште повеќе фасци-

Навистина нервозно... Како дива мачка, подготвена за напад... Заинтересирани? Ве полазуваат морници преку грбот? Па вака, се работи за бензински EcoBoost мотор, со зафатнина од 2.0 литри, директно вшприцување на горивото и турбо натполнење, кој развива 247 КС, и вртежен момент од околу 340 Nm. На располагање сè уште нема официјални податоци за перформансите, но можеме да гарантираме, дека воопшто нема да бидат за „занемарување”. На сосема дијаметрално спротивна страна од Focus ST,

нира фактот што, и покрај подобрените безбедносни перформанси и значително побогатата опременост, тежината на новиот Focus не се разликува од онаа на претходникот. Со цел, атлетската силуета и спортскиот дух да не бидат само ветер и магла, моторизацијата кај Focus ja сочинува 4 бензински и 5 дизел агрегати, чија моќност се движи од 95 КС за најслабиот, до 182 КС за најсилниот мотор. Современата технологија и врвната оптимизација на моторите, се грижат за здравјето на мајката природа, а богами и за благосостојбата на вашиот паричник. Огромната важност на овој автомобил е непобитен факт... Токму поради тоа, баш овој Focus е создаден врз глобална платформа, и неговото производство се одвива речиси на сите континенти. Глобалната платформа во голема мера учествува во намалувањето на цената на производство на еден примерок, и благодарение на истата, сега моделот наменет за европскиот и американскиот пазар се разликуваат само за околу 20-тина проценти, а не како порано, кога речиси единствена допирна точка на двата модели беше само името. Продажбата започнува симултано на двата континенти, со појавата на првите кокичиња оваа година, со почетна цена во Британија од околу 16.000 фунти, а за кај нас, ќе треба да почекаме уште малку и со нетрпение да го очекуваме во изложбениот салон на Ford. ¿

ѕирка Focus Electric. Претставен неодамна, на Саемот за автомобили во Детроит, Focus Electric е комплетно електричен автомобил, со нулта емисија на штетни гасови, чии батерии се полнат од домашната електрична мрежа. Нивото на батеријата и статусот на автомобилот може да се проверат преку апликација за паметен телефон. Дали ова значи дека Focus Electric е масивен лаптоп на четири тркала или не, останува да видиме. Од Ford велат дека динамичните карактеристики на овој Focus се идентични со оние

кои користат фосилни горива, но, некако не би го прифатиле тоа тврдење здраво за готово, туку ќе оставиме Focus Electric да се покаже и докаже, кога ќе се појави на пазарот, некаде при крајот на оваа година.


77 LIFE Ф Е В Р У А Р И


технологија

BLUETOOTH КУЌИШТЕ СО ТАСТАТУРА ЗА IPAD После овој супер-гаџет, можете да се запрашате дали навистина ви треба лаптоп, или ви е доволен вашиот омилен iPad и секако, bluetooth куќиштето со тастатура! Плус, многу е полесен за носење, а влегува и во чанта. Однадвор, футролата на куќиштето е кожена и елегантна, па целосниот впечаток е дека овој гаџет заслужува највисока можна оценка.

BOLLE BP-10 ФОТО ПЕЧАТАЧ Ф Сакате да ги испечатите фотографиите што сте ги направиле со iPhone и да ги ставите во рамка или во паричник? Со Bolle BPпечатарот, фотографиите добиваат конкретна, опипли10 фото п ва а форма, а воедно може да служи и како полнач за iPhone. Оваа „играчка“ е прилично скапа (и самиот печатач и кертриџите), но е супер забава за сите тврдокорни гаџет-зависници.

78

LIFE Ф Е В Р У А Р И

BANG & OLUFSEN BEOSOUND 8 BeoSound 8 се уште една потврда дека Bang & Olufsen знаат да креираат звучници со феноменален дизајн, но покрај заслуженото прво место на полето на дизајнот, овојпат се работи и за една новина – прво лежиште за звучници кое покрај iPhone и iPod може да се користи и за iPad. Секако, тука е и одличниот звук кој го произведуваат, едноставниот кориснички интерфејс, можноста да се користи каде било или, пак, да се закачи на ѕид. Прекрасна „играчка“ со неверојатно добар дизајн!


технологија

DARKSIDERS (PS3, XBOX 360, PC) Еден од подобрите наслови од почетоков на годинава, достапен само за играчките конзоли, сега е достапен и за PC „гејмерите“. Darksiders е акциска RPG со одлична графика која создава сериозна играчка зависност уште од првиот момент. Главниот лик, Уор (War), кој инаку е еден од четворицата јавачи на апокалипсата, со измама е фрлен во светот на смртниците и одземени му се скоро сите моќи. Авантурата на Уор во потрага по одмаздата сигурно ќе ве држи будни со ноќи, иако за PC корисниците, комбинацијата на копчиња на тастатурата кои треба да ги употребите може да биде и заморна. Доколку ја играте на конзола, Darksiders е игра која дефинитивно ви ја препорачуваме.

SONY ERICSSON XPERIA ARC

Уште еден топ-телефон во најава е Sony Ericsson XPERIA Arc кој по сè изгледа ќе ги надмине сите недостатоци на фамозниот X10, и повеќе од тоа. Екранот на XPERIA Arc ги користи сите придобивки од технологијата на Bravia со Sony Bravia мобилниот мотор, има одличен дизајн (во форма на арка како што кажува и неговото име), камера од 8 мегапиксели со LED блиц и автофокус, Android 2.3 OS, одличен процесор (Qualcomm MSM8255 1 GHz Snapdragon) и доволно меморија (512 MB RAM, 287 MB внатрешна меморија и вклучена мемориска картичка од 8GB).

LEGO STAR WARS ЧАСОВНИК СО АЛАРМ

Овој часовник е наменет за сите фанови на „Војна на ѕвездите“, особено оние наклонети кон „темната страна“. Изборот паѓа помеѓу Дарт Вејдер или војникот на империјата, а има двојна функција: да служи како украс и да ги буди наутро сите Џедаи (или Сит-лордови).

CALL OF DUTY: BLACK OPS (PS3, XBOX 360) Call of Duty: Black Ops e четвртото продолжение од пукачкиот серијал Call of Duty, и онака одличен серијал кој сега се збогатува со уште една одлична игра. За разлика од претходниците, во Black Ops е целосен „холивудски филм“. Во неа не го менувате карактерот во приказната, туку вашиот лик, Алекс Мејсон (чиј глас го чита Сем Вордингтон), војник, шпион и платен убиец е сместен во време на студената војна. Приказната започнува во Заливот на свињите, па Алекс заедно со својот нов пријател, рускиот шпиун Резнов (со гласот на Гери Олдман) патува од Куба до Виетнам и до Русија. Иако приказната е фасцинантна, играта има некои ситни недостатоци. И покрај тоа Black Ops e сериозно добра игра, за што зборува и рекордот преку милијарда долари од нејзината продажба.

FIFA SOCCER 11 (PS3, XBOX 360, NintendoDS, PS2, PSP, Wii, iPad) Сите „фанови“ на FIFA Soccer (па дури и оние кои тоа не се), нема да можат да му одолеат на последното продолжение обележано со бројот 11. Со други зборови, FIFA Soccer 11 е игра во која, покрај феноменалната графика, значително е подобрен и начинот на игра. Играта изгледа крајно реалистично: играчите, самата игра, како и доловувањето на фудбалската атмосфера. За начинот на игра, оценките од експертите се повеќе од задоволителни, секако, ниедна добра оценка не кажува ништо доколку не влезете сами во светот на FIFA Soccer 11. Верувајте, уживањето е комплетно!

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Првиот мобилен телефон со дуал кор процесор излегува од кујната на LG, кои докажаа дека „умните телефони“ можат да стануваат сè побрзи и посилни, а истовремено и потенки. Optimus 2X работи на Android 2.2 OS, има дуал кор Nvidia Tegra 2 процесор од 1GHz, примарна камера од 8 мегапиксели со блиц и автофокус (како и секундарна 1.3 мегапиксели камера), HD видео снимање и HDMI порт. Овој мобилен со моќ на таблет компјутер се очекува да се појави на пазарот најдоцна до март, а дали навистина е моќен колку што ни се чини – останува да видиме.

79

LG OPTIMUS 2X


спорт

СКИЈАЊЕТО Е „РУСКИ РУЛЕТ” СО БРЗИНА ДО 150 КМ НА ЧАС ¢ Патриција Костовска

o Кире Галевски o Ванѓел Тануровски

НАШИОТ НАЈДОБАР АЛПСКИ СКИЈАЧ ВО СЛАЛОМ И ВЕЛЕСЛАЛОМ, АНТОНИО РИСТЕВСКИ ПРОФЕСИОНАЛНО СЕ ЗАНИМАВА СО СКИЈАЊЕ ТРИНАЕСЕТ ГОДИНИ. УСПЕШНО ИЗВРШУВА ПО ЧЕТИРИЕСЕТ НАТПРЕВАРИ ГОДИШНО ВО СТРАНСТВО

80

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Антонио Ристевски (21) е студент на Факултетот за физичка култура во Скопје. Државен првак на Македонија во слалом во 2008 и 2009 година и седум години член на Интернационалната скијачка федерација (ФИС), а воедно и првиот македонски скијач кој настапил на Светскиот куп одржан во Сљеме (Хрватска), во 2009 година. Досега има учествувано на четири Светски првенства. Знаменосец на Олимписките игри во Ванкувер, каде што го освои 53-тото место минатата година. Овој незаборавен момент од неговиот живот ни го раскажа накратко. „Многу е убаво чувството да се отиде на олимпијада. Тоа е сон на секој натпреварувач од кој било спорт. Бев малку возбуден. Но кога сите екипи влеговме во салата, се подредивме во колони и почнавме да излегуваме пред публиката, заборавив на се`. Многу бев горд и благодарен на Олимпискиот комитет, што како заслуга добив да го носам знамето. Имав добри резултати, обезбедив „Б“ норма. Од осум илјади пријавени скијачи на ранг-листата, јас сум 570. Тоа значи дека ако бидам во првите 500 во свет ќе имам „А“ норма“, вели Ристевски.

Скијањето се класифицира во екстремните спортови и важи за еден од најризичните. Потребна е психичка подготвеност, бидејќи во една минута треба да се направат од 60 до 70 движења без грешка. Скијачот се оценува со ФИС поени колку помалку, толку подобро. И се достигнува голема брзина што не претставува проблем за нашиот слаломист. „Ризичен спорт каде што финишот не е гарантиран. Како што велат некои скијачи „руски рулет”, особено слаломот, бидејќи има голем број капии, а многу блиску се поминува и опасно е влегувањето во капија. Колку поагресивно, колку полегнато, колку побрзо, зависи од самиот скијач. На слалом се достигнува брзина од околу 60 или 65 километри на час. Велеслаломот од 80 до 90 км, во супер-џи од 120 до 140 и 150 км на час. Тие се големи брзини што мене не ми претставуваат многу голем проблем. Слаломот е најкратка, најбрза и најтехничка дисциплина. Jас сум во таа најдобар и го постигнав најдобриот резултат во Македонија што некогаш е постигнат”, ни објасни Антонио. Подготвителните тренинзи траат во текот на целата година. Се состојат од две скијачки сезони: снежна и сува. Првата започнува во средина на август до ноември, каде се оди на глечери во Австрија и се тренира двапати дневно, наутро скијање и попладне сув тренинг. Во декември е комбинација од натпревари и тренинзи. Додека вторите подготовки почнуваат кон крајот на мај кои се состојат од трчање, вежбалница, разни скокови, планинарење, пливање, понекогаш кајакарење и едрење.


спорт

Слаломот е најкратка, најбрза и најтехничка дисциплина. Jас сум во таа најдобар и го постигнав најдобриот резултат во Македонија што некогаш е постигнат да тренирам. Прв тренер ми беше Борислав Соколов. Потоа, клубот се распадна и ме запишаа во „Работнички” каде што тренер ми беше веќе споменатиот Карапанчевски кој ме научи на карвинг- техниката. Откако влегов во групата ФИС скијачи над 15 години, Иван Лесевски ми е сегашниот тренер”, раскажува Антонио. Светскиот куп е врвот во скијањето. Има по две возења во слалом. Во првото возат сите натпреварувачи, а во второто влегуваат првите триесет. „Имам зацртано една цел во животот, а тоа е светскиот куп. Минатата година завршив 50-ти. Имав многу технички грешки и психичка неподготвеност. Стартував 82- ри по ред. Од првиот до мене има еден час и четириесет минути. Првите триесет натпреварувачи ги гледам на телевизија, па потоа се подготвувам да стартувам”, изјави нашиот соговорник.

„Првпат кога отидов на глечер во Австрија, бевме три групи. Седум дена ја вежбав новата карвинг-техника со поранешниот тренер Маријан Карапанчевски, што успешно ја совладав. Сега скиите на врвот се пошироки, на средина се потесни, а на краевите се пошироки. Кога ќе се влезе во страна, во завој, си прват самите лак и нема повеќе вртење странично за да се гребе по снегот туку скиите доаѓаат како две шини да направиле кривина. Многу ретко кај нас некој така да скија. Во странство веќе сите ја применуваат оваа техника. Понова, поелегантна и поубава е за гледање”, рече Ристевски.

Тој додаде дека скијачката патека и бројот на капии се поставуваа наутро пред секој натпревар. Може да се разгледа, да се види нејзината поставеност, но не и да се скија. Колку понапред се стартува, толку е подобро, бидејќи патеката е помазна. На Светски куп имаат современа технологија, што не може да се оштети многу. Додека на Маврово и Попова Шапка се јавува проблем во дисциплините суперџи и спуст, бидејќи станува збор за голема брзина, а треба добра подлога и обезбедување. Патувањето, пријателството, упорноста, истрајноста и желбата за спортски успех се дел од неговото секојдневие. Уште од почетокот на своето натпреварување, омилен скијач му е австрискиот слаломист Марио Мат. Му посакаваме да го надмине својот идол, да стане подобар од него и на Македонија да и` донесе златен медал. ¿

„Татко ми порано работеше на жичарницата во Маврово. Кога дошол во Скопје, престанал да работи и почнал да ме носи на скијање на 3 и пол, 4 години. Јас кога одев таму немав проблем да скијам. Имав едни многу лесни скии. Сум се скијал како дете и после кога пораснав, татко ми ми купи други скии потешки и поголеми. И чудно ми било, на едната страна сум можел да завртам, а на другата никако, сум паѓал. Тогаш сум му плачел на татко ми и сум му викал дека „никогаш повеќе нема да се качам на скии”. Упорен сум и еве до каде стигнав. Веќе на седум години ме запишал во клуб „Цементарница 74”

81 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Кога сме веќе кај почетоци, се присети на една интресна случка од неговото детство. Импресии и доживувања за првите скии и чекори.


ХРОНИКИТЕ НА НАРНИЈА:

ПАТУВАЊЕТО НА ЈАВАЧОТ

филм

ако мене ме прашате...

¢ Влатко Галевски

82 LIFE Ф Е В Р У А Р И

е секогаш имам среќа да пишувам за филм што ми се Н допаднал. Во случајот на последното трето продолжение од серијалот за Нарнија, еве, се обидувам да ги најдам и добрите страни на филмот. Веројатно знаете дека и книгите на Ц.С. Луис и досега снимените филмови се наменети за онаа иста публика за која е наменет и „Хари Потер“ на Џ.К. Роулинг. Добро, бајките се бајки. Постојат уште и пред да постои пишаниот збор, и таа магија на жанрот на фантастиката останала отпорна на новото време. И не само тоа, туку технолошкиот бум на почетокот на овој век и во филмската индустрија

отвора нови хоризонти, создава нови, застрашувачки, според ефектите, бајки наменети токму за новите генерации консументи кои ни случајно не се возбудуваат на „Приказните од браќата Грим“, или класиците како „Црвенкапа“, „Снежана“... Империјата на Волт Дизни одамна ќе пропаднеше доколку не е во чекор со развојот на компјутерските м ожности. Така, со помошта на неколку студија за специјални ефекти (Пиксар...) Дизни создаде империја и во светот на филмот и во светот на забавата (Дизниленд), потрошувачката на сувенири, ТВ канали, проширувајќи се на сите 5 континенти.

Во трката по профит, не ретко студијата ги запоставуваат елементарните вредности во раскажувањето на бајките и лесно посегаат по ефекти и визуелни атракции со кои на младата публика, и ги оддалечуваат од она што некогаш значело – бајка. Но, тука нема спас. Цивилизцијата ги менува кодовите и принципите на живеење и ништо не е како што било. А веројатно и така треба да биде. ...„Нарнија“. Тоа е чудна бајка за возрасните, а страшна бајка за најмладите. Но, веројатно таква е и намерата на производителот. „Нарнија 3“ да биде

семеен филм. Приказната е, како би рекле, тенка, недоработена и со излитени дијалози. Главните јунаци не се оформени ни како карактери, а камо ли како ликови. Неверојатно лошата глума уште повеќе иритира. Бидете убедени дека и најмладата публика ќе ги забележи овие недостатоци. Како компензација на сев о ова се специјалните ефекти. Од самиот почеток, кога од сликата на ѕидот почнува да истечува морето, потоа неверојатните, застрашувачки сцени со огромната морска змија, па се до ефектниот крај на „стоечките бранови“ среде копно (алузија на крајот на


НА ЗОРАТА

BIUTIFUL Драма од режисерот Алехандро Гонзале Инариту со Хавиар Бардем во главната улога. Приказна за трагичен херој, татко на две деца, кој е соочен со смртта. Централна тема во филмот е љубовта и простувањето.

FROM PRADA TO NADA Романтична комедија во режија на Анхел Грасиа а главните улоги ги толкуваат шпанските актери Камила Бел, Алекса Вега и Тина Френч. Филмот е латино верзија на „Разум и чувства“ според Џејн Остин. Дејствието се случува во источен Лос Анџелес.

ФРЕНКИ И АЛИС (FRANKIE AND ALICE) Уште една драма, овој пат за млада жена чија личност се мултиплицира. Таа е во постојана борба со своето второ јас. Мотото на филмот е: Заврти се и погледни напред. Главната ролја на Френки ја толкува оскаровката Хали Бери, партнер и е Стелан Скарскард, а режијата е на Џефри Сакс.

ГОВОРОТ НА КРАЛОТ (THE KING’S SPEECH) Еден од најдобрите филмови на почетокот на оваа година. Приказната е за кралот на Британија Џорџ VI. Режисер е Том Хупер, а главните улоги ги толкуваат Колин Фирт како кралот Џорџ, Хелена Бонам Картер како кралицата Елизабета и Дерек Џекоби во улогата на бискупот Козмо Ланг.

LIFE ФФ ЕЕ ВВ РР УУ АА РР ИИ

Инаку, знаејќи го филмскиот опус на искусниот англиски режисер („Нел“, „Џемс Бонд“: „Светот не е доволен“, „Горила во магла“...) малку е чудно што останал рамнодушен на лошиот кастинг во филмот или, пак, притиснат од роковите одел по линија на помал отпор за побргу да го заврши филмот. Како и да е... Ако мене ме прашате... сепак гледајте го филмот (макар и како придружба на вашите малолетни деца) во кино, на големо платно, доживувањето е поинакво, а и звукот и звучните ефекти напати ќе ве подигнат од седиштето.

83

реалниот свет кој со брановите е одделен од земјата Нарнија) филмот е визуелна атракција, па дури и на обична проекција во скопско кино. Оние, пак, кои го гледале „Нарнија“ на други формати велат дека вистинското доживување е во 2Д, а проекцијата во 3Д верзија е сосема неуверлива, а сликата најчесто премногу темна. Сепак, нема да ја пропуштам можеби единствената светла точка во филмот, а тоа е младиот актер Вил Пултер во улогата на Кларен Скраб. Тоа е единствениот лик чијашто трансформација е уверлива и затоа ги здобива нашите симпатии.

БЕЗ ОБВРСКИ (NO STRINGS ATTACHED) Повторно романтична комедија овојпат со Натали Портман и Аштон Качер. Режисер на филмот е Иван Рајтман. Дечко и девојка се обидуваат својата врска да ја одржуваат само како телесен контакт, но не минува долго време кога сфаќаат дека освен сексот постои и нешто друго.


¢ Александар Гавровски

o Кире Галевски

84 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ГО ЗАГУБИВМЕ ЕНТ УЗИЈАЗМОТ


Кога би требало да поставам прашање за музиката на филмот „Мајки“ од Милчо Манчевски тоа дефинитивно би било врзано за третиот дел на филмот. Претставуваше ли предизвик да направиш музика за документарен филм кој се заснова на нашата сурова реалност? Се разбира дека беше предизвик. Досега безброј пати сум повторил дека кога зборуваме за филмска музика - таа мора да ја поддржи приказната и да не застрани од тоа што гледачот треба да го доживее. Најпрвин требаше да ја разберам приказната, да ги разберам сите слоеви што во себе ги носи филмот. Тоа мое позиционирање траеше прилично долго и тоа беше многу тежок процес. Фино што го спомна третиот дел, таму како што тече приказната - клопчето се одмотува, дознаваме се` повеќе и повеќе работи, а чувството станува се` потешко и потешко. Во принцип, музиката треба да го раскаже истото ова како што сега јас го раскажав со зборови. Првпат го гледав филмот во недовршена, груба верзија. Веќе одамна беше. Тогаш со Милчо работевме на проектот „Македонија вечна“. Се сеќавам само на чувството што

тој трет дел го остави врз мене. Се чувствував исто како што се чувствував кога го гледав Dancer In the Dark. Не можам да се сетам на што размислував, но тоа сигурно не беше каква музика ќе треба да направам... Музиката за филмот „Мајки“ се` уште не се појавила на носач на звук. Кога можеме да ја очекуваме? Се` уште чекаме и на првиот албум на Новоградска... Имавме договор со едена издавачка куќа за саундтракот на филмот „Мајки“ да се појави како подарок во еден нивни дневен весник, сега пред Берлинскиот филмски фестивал. Таа куќа во моментов преживува тешки моменти и работата се одложи за некои подобри времиња. Ќе беше тоа одлична промоција на музиката за филмот која требаше да се појави во навистина завиден тираж за наши услови... Што се однесува до другиот дел од прашањето, албум со моја авторска музика... Го спремам веќе подолго време, материјалот е веќе готов. Сум разговарал и со потенцијални издавачи на музиката, но во моментов немам конкретен одговор кога тој мој албум би се појавил во продажба.

музика

нимот Новоградска. Актуелен е со саундтракот за филмот „Мајки“, а не-

престано работи и музика за театар додека зад неговото име стојат две извонредни, типично скопски хит-песни, „Ајде да летаме“ и „Кој го спаси градот“. Во опуштена атмосфера поразговаравме за последните негови ангажмани и за домашната музичка сцена.

Кажи ни` нешто за твоите моментални ангажмани. На што работиш во моментов? Во моментов работам музика за една претсава на Срѓан Јаниќиевиќ. Ја работиме „Шехерезада“ во МНТ како дел од една приватна продукција. Во суштина не би откривал многу сега, додека сме во оваа фаза на работа. Режисерот и текстот се сосема доволни... Сведоци бевме на твои настапи каде што покрај диџеј-сет, беа вметнати и изведби на некои твои песни... Уште откако почнала да ме интересира музиката ми било јасно дека тоа што ќе го направиш мораш да го презентираш во живо. Практично, отсекогаш го правам тоа. Јас би рекол дека пуштањето музика го „умиксав“ со изведбата на мојата музика. Кога имам услови, секогаш го правам тоа и мислам дека ќе продолжам со истото. Кога ќе дојде време да се презентира албумот, сигурен сум дека ќе имам бенд. Со неколку други домашни музичари бевте дел од проектот „Порта Маседониа“ на германскиот музичар со македонско

85 LIFE Ф Е В Р У А Р И

гор Василев е музичар во своите рани триесетти години. Присутен на домашната музичка сцена од своите тинејџерски години, најпрИ вин со бендот „Балкан експрес“ а во поново време работи под псевдо-


музика

потекло Вељанов. Можеме ли да очекуваме нешто ново од овој проект? Вељанов се подготвува за турнеја со својот матичен бенд којашто треба да се случи во месеците пред нас. Значи нема ништо ново што се однесува до тој проект, иако начелно треба да продолжиме да работиме. Отсвиривме многу концерти низ Европа. Таа епизода беше и тоа како успешна. Покрај мене на тој проект свиреа и Горан Трајковски, Игор Прокиќ, Слободан Кајкут и Горан Јаневски.

86

LIFE Ф Е В Р У А Р И

Да се вратиме назад во времето. Првата половина и средината на деведесеттите години. Твојот бенд „Балкан експрес“, „Ајде да летаме“ песната што доживеа безброј ремикси низ годините... Ми недостига општиот ентузијазам што владееше меѓу бендовите. Мислам дека сцената тогаш беше поголема, имаше неколку категории на бендови: имаше етаблирани, а имаше и неетаблирани но навистина добри бендови кои на своите настапи свиреа пред најмалку 300-400 луѓе... „Балкан експрес“ беше дел од таа категорија. Денес немаме толку ентузијазам. Стагнираме. И тоа е жално. А имаме потенцијал, имаме музикални луѓе, дури мислам дека веќе имаме и критична маса со високо изграден музички вкус. Испадна дека го загубивме ентузијазмот што некогаш

го имамвме. Тоа ми недостига. Супер е што имам услови за домашно студио и што можам да работам што сакам - кога сакам. Можеме и понатаму да поразговараме за паралелите македонска музичка сцена тогаш и сега... Велиш дека го изгубивме ентузијазмот. Добивме ли нешто друго можеби? Пристап до информации. Денес се`е достапно за секого. Порано требаше напор за да се стигне до посакуваната музика или филм. Како придобивка на времето би го издвоил домашното студио што е навистина важно ако се занимаваш со компонирање. Многу е важно да можеш да го снимиш тоа што си го направил. Порано го немавме тој комодитет, а имавме сцена која даваше бендови. На манифестации од типот на Поп-рок фест настапуваа по триесетина бендови секоја година. И тоа бендови со различни музички заднини. А имаше и некои други фестивали во други градови. Различни млади бендови што свират жанровска различна музика. Денес не е така. Младите бендови се се` поретки и еднолични. Да останеме на домашен терен. Кои се бендовите кои влијаеле врз тебе? Имаш ли херои од домашната музичка сцена? Како не, јас пораснав на музиката на „Мизар“

на пример.. Никако не смеам да ги изоставам „Бадмингтонс“ како претставници на панкот. Главно слушав бендови кои не се многу познати, би ги издвоил „Плавеј“... Ќе морам да те прекинам. „Плавеј“? Прв пат слушам за овој бенд. За што се работи? „Плавеј“. Џез. Еве да кажеме нешто како раните „Сет“. Дури мислам дека некои членови на овој бенд продолжија во „Сет“. Не би смеел да не ги споменам првите снимки на Last Expedition кои се одлични пост-панк песни. Ако зборуваме за херои би ги споменал и „Анастасија“. „Ноктурнал“ беше навистина значајна плоча за мене. Хипотетички. Кој е македонскиот Ол-Стар состав. Ти си на бас, кои се другите? А морам јас на бас? Па, не мораш. Твој е бендот... Во секој случај би го зел Зоран Спасовски да свири на... Да свири на што било. Тој нека одбере на што ќе свири. Би го зел Зоки Спасовски, дефинитивно, без размислување. Тешко прашање, изборот е голем. Колку и да звучи патриотски ние сме музикална нација. Хух, не знам како да одговорам на ова прашање, сум свирел со повеќето од нив. Би го зел и Кирил Џајковски. На сајзер. Тоа е добра постава. ¿

VENTRILOQUIZZING Fujiya & Miyagi (full time hobby - yep roc, 2011)

SPACE IS ONLY NOISE Nicolas Jaar circus company, 2011

НАЈСМЕШНИОТ ВИЦ НА СВЕТОТ Fighting Windmills pmg recordings, 2011

ДЕЦЕНИЈА Легијата шурикен рекордс, 2010

Новиот албум на двоецот Fujiya and Miyagi воопшто не отстапува од претходно зацртаната траса. Фина фузија на разни музички влијанија (електронски семплови, едноставни ритми, по некој фолк-елемент, препознатливи вокали) склопени во најдобрите манири на поп културата. И покрај неколкуте одлични композиции сместени на оваа плоча (Taiwanese Roots, Yoyo, Pills, Minestrone) не можеме, а да не го споменеме преџвакувањето на добро познатата формула од претходните албуми. Заситувањето од истиот звук е неминовно. Како за слушателите, така и за авторите. Нешто ми кажува дека ова дуо може многу повеќе.

Николас Жар е млад композитор за кој веќе пишувавме на страниците на Life магазин. Неговото прво авторско лонг-плеј издание Space Is Only Noise претставува благо разочарување или ако сакате продукт под очекувањата и можностите на овој талентиран музичар. За почеток ја нема универзалноста од неговите рани дела: ужасно пријатна музика сместена врз цврст ритам - прикладна за најдобрите светски подиуми, а во исто време и саундтрак за најотмените далечни ресторани. Кога на неговата музика ќе го одземеме современиот цврст ритам, а ќе ги оставиме убавите мелодии нешто дефинитивно недостига. Нико не е во посакуваната форма. Штета.

Вториот албум на еден од најинтересните нови скопски состави, наследник на Аграрни реформи и варијации на тема издадеден пред неколку години за етикетата на „Литиум рекордс“. Првиот заклучок што сосем природно се наметнува е дека новите членови на бендот и тоа како придонесуваат во крајниот музички резултат. Изразот е различен и би се осмелил да кажам многу поинтересен од оној на првиот албум. Никако не смееме да го исклучиме и крајно опуштениот став и слободата којашто овие млади луѓе си ја допуштаат при правњето на музиката и пишувањето на текстовите. Fighting Windmills е млад бенд кој се` уште се развива. Се надевам во еден стабилен бенд кој често издава албуми и внимателно го менува својот израз.

Албум - компилација која треба да ја одбележи првата деценија од постоењето на „Легијата“, веројатно најизвиканиот домашен хипхоп состав. По извонредниот деби албум „Лош ден за империјата“, Легијата ни нудат компилациско издание од песни кои членовите на оваа супер-група (составена од десетина хип-хоп артисти со засебни кариери) ги имаат работено низ првата деценија од нивната заедничка работа. Тука е и актуелната нова песна на „Легијата“ „Иди у к...“, како и некои нивни необјавени песни. Гитарамиксот на „Бонус трака“ ни оддалеку ја нема свежината и експлозивноста на оригиналната верзија. Албум за дајхард фановите.


галерија

¢ Златко Пармаковски

ГАЛЕРИЈА

Ден Бекер и Ленс Вилсон се двајца калифорниски дизајнери. Откако еден ден пронашле огромна колекција лименки од пиво во визбата на очувот на Ден, се посветиле на документирање на сите лименки, од што произлегла книга од 480 страници. Во книгата може да се видат лименки од целиот свет од различни временски периоди.

Минималистички дизајниран радијатор за во бања. Покрај тоа што изгледа стилски, претерано е практичен. Дело на дизајнерот Миколај Адамус.

„Серијал Кат“ е мадридско студио студио кое работи од 1999 г. Тим од професиналци кој главно се концентрира на арт-дирекција, а опфаќа полиња како дизајн, фотографија и 3Д графика. Работи за клиенти од различна големина од целиот свет.

Лепенки кои ќе го направат вашиот куфер уникатен за лесно да го пронајдете меѓу сите останати кога патувате.

Креативно решение на агенцијата „Сервисплан“ за најстариот и најголем производител на моливи и дрвени боици „Фабер Кастел“.

87 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Рамон Естеве ја дизајнираше „Ору“, фотелја во која се сплотени геометријата и удобноста.


га л е р и ј а

Средба со самиот себеси

88 98 LIFELIFEФ ЕФВЕ ВР РУУАА РР ИИ

ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК ВЕЛИМИР ЖЕРНОВСКИ, ПОЗНАТ ПО СВОЈОТ ПОП-АРТ МАНИР ВО УМЕТНИЧКАТА АКЦИЈА, ГЛАСНО РАЗМИСЛУВА ЗА СВОИТЕ КРЕАТИВНИ ПРЕДИЗВИЦИ

С

ледејќи една сосема спонтано избрана патека крај делата на Велимир Жерновски, поставени во Музејот на современата уметност во Скопје, гледачот самиот себеси си го поставува прашањето: што бара Алиса? Видео, фотографии, слики, објекти и цртежи, од една страна, и текст и виуелна поезија, од друга, ги пренесуваат пораките на уметникот врежани во ликовниот проект Alice, What Else is out There?. Останувајќи доследен на поп-арт манирот, како и во проектот The Walk, со кој ја доби наградата на Биеналето на млади уметници во 2009 година, авторот својата инспирација за прибирање на наративниот материјал ја пронаоѓа во урбаниот амбиент исполнет со конфликти, тензии, насилство и депресија. „Во конкретниот случај Алиса го бара Другиот или се обидува да воспостави дијалог. Тоа, всушност, е мојата преокупација во последниве неколку години. Без разлика со кои медиуми работам, со темата инсистирам на дијалог и мислам дека единствено преку Другиот можеме подобро да се запознаеме себеси. Иако Алиса во оваа изложба малку е исплашена и носи маска за да се претопи со толпата и со современиот дискурс – попкултурата, сепак, отвора некоја врата и цртежот ја сугерира таа очекувана средба“, објасни Велимир Жерновски. Дијалогот со Другиот може да се движи во повеќе правци – дијалог со самиот себе и со околината. Уметникот Жерновски, aкцентот во комуникацијата го става на дијалогот со средината бидејќи низ таквата релација се преиспитуваме и отвораме дијалози и со самите себе. Едноставно, таквата релација е нераскинлива. Како што не може да се оддели и влијанието кое врз уметничката нарација ја има времето во кое живееме. Иако станува збор за ера на брз развој на технологијата во која можностите за комуникација меѓу луѓето се широко отворени, сепак, се појавува чувството дека, всушност, си помалку вистински комуницираат меѓу себе.


помина времето со распадот на СССР’. (Формација за развој на иницијативи во Така не одам по таа линија на социјално културата), во која работи заедно со ангажирана уметност. Едно е сигурно Билјана Димитрова, Ангела Маневска и дека и низ разговорите и со моите дела Маргарита Василева. Со ангажирани инсистирам на тоа уметниците да се проекти кои имаат широк дијапазон на ангажирани во таа теми и интереси, од смисла што треба да глобализацијата и отвораат прашања кои војните, до личните Никогаш нема да се затворам во актуелниот соципроблеми, родовите во рамките на некој медиум и јален контекст не толку и прашањата за мислам дека таа миграција е често се отвораат, да сексуалноста, со добра, што на некој начин ни отвораат прашања кои Ф.Р.И.К. се обидудава слобода во креацијата се премолчуваат во ваат да презентиопштеството, да имаат раат поинаков активистичка улога“, инсистира пристап во културната промоција кај нас. Жерновски. Неговата изложба во Музејот на совремеОд 2005 година, Велимир Жерновски ната уметност беше пример во кој правец активно изложува во Македонија и низ е насочено тежиштето на нивните идеи. Европа. Покрај личното творештво од 2008 година е коосновач на Ф.Р.И.К.

га л е р и ј а

¢ Тони Димков o Ивана Кузмановска

99 LIFELIFEФ ЕфВе вР рУуАа рР иИ 89

„Ако зборуваме за современоста, веројатно е дека почнавме да се губиме, но, преиспитувањето кое како проблем го поставив во моите дела ми го наметна локалниот момент. Сега си нешто се инсистира на преиспитување, а преиспитуваме само некои историски и не знам какви концепти, меѓутоа се оддалечуваме од основното човечко себепреиспитување. Тоа е едната линија, конкретно во оваа изложба. Другата линија, ако гледаме во глобални рамки, се Интернетот и сите други нови појави кои ги омасовуваат работите и малку се губи индивидуалниот печат, се претопуваме во таа глобална маса. Можеби тоа е проблем, а можеби и не е. Зависи од која позиција ги гледаме работите. Но, мислам дека нема штета доколку се свртиме малку повеќе кон меѓучовечките дијалози“, е личниот став на уметникот. Уметничкиот пристап кон разработката на делото кај Жерновски вклучува повеќе медиуми и техники. Уметникот вели дека принципот се наметнал сам од себе. Во својата работа некогаш црта, некогаш пишува текстови, некогаш собира видеоматеријали. Клучниот момент во реализацијата на делото се појавува кога собраните елементи ќе ги стави во судир еден со друг. Тогаш почнува да се гради приказната и да се создава нарацијата. „Тоа што мене ме возбудува е фактот што се појавува сосема друга нарација, поинакви читања на нештата кога различните медиуми ќе ги судриш меѓусебно. Ако зборуваме за уметничкиот израз, сметам дека авторите треба да се отворени кон сите медиуми за изразување. Што се однесува до визуелниот момент, си зависи од тоа што сакаш да постигнеш. Некогаш мислам дека видеото ќе даде подобра слика на тоа што сакам да го постигнам, понекогаш тоа е цртежот, така што претходно не се осмислени процесите, туку едноставно работам и потоа ‘манипулирам’ со нивната комбинација, а се со цел што е можно подобро да се пренесе пораката. Никогаш нема да се затворам во рамките на некој медиум и мислам дека е добра таа миграција, која на некој начин ни дава слобода“, нагласи Жерновски. Во однос на тематиката во делата на Жерновски се чувствува неговата ангажираност во третирањето на одредени општествени појави. Низ сопствениот пример, уметникот направил обид да иницира дијалог на теми кои навлегуваат во сферите на социјалниот живот во општеството. „На Фејсбук имаше интересен коментар околу изложбата. Некој напиша дека ‘на социјално-ангажираните уметници им


антиквитети

Кригли ¢ м-р Ангелина Јаневска

90 LIFE 112 LIFEФ Е ВФРЕУ ВА РР УИ А Р И

С

о векови луѓето се интересирале за производството и пиењето пиво. Најголеми консументи и произведувачи на пиво во Европа биле и се Германците кои воедно се и најпознати произведувачи на кригли. Првите податоци за криглите се од 14 век каде се вели дека секоја кригла морала да биде покриена со метална заштита од санитарни причини. Тоа било заради зразните болести во средниот век. Во тоа време колерата била неизлечива болест. Исто така бил регулиран и транспортот на пивото. Криглите се соодветни за собирање, декоративни се, функционални и имаат историски форми. Преку нив ги осознаваме народните приказни и историските случувања. Најчесто биле изработувани од порцелан, керамика, калаисан бакар, дрво, камен, стакло и слонова коска. Декорацијата им е со алегориски, историски и библиски сцени. Имале дршка, а понекогаш декорацијата им била рачно изработена или тродимензионално излиена. Насликаните теми врз нив најчесто биле историски, со животни, биле прикажани настани и празници, воени приказни и случувања. Може да бидат нови, антиквитети, репродуцирани или лимитирана едиција. Волуменот им е од 0,3 до 3,2 литри. Врз нив понекогаш бил гравиран датум како значаен ден: роденден, свадба, спортски настан и сл. За да се идентификува криглата се става жиг од стана на произведувачот, а вредноста зависи од автентичноста, изработката, квалитетот и староста. Во Германија постои клуб на колек-

ционери и собирачи на кригли. Најпродуктивен период во историјата за производство на кригли и нивна најголема побарувачка е во втората половина на 19 век, кога се произведени металните кригли. На овие кригли има претстава на фигури од индивидуални пејачи, ловци, пијаници, јавачи на коњи, кои се наречени и карактерни кригли. Необични примероци од порцелан биле произведени од фабриките на Masseni Royal Vienna кои се со лимитиран број или пак се во рацете на неколкумина софистицирани колекционери. Нивната цена е висока и на нив има уметнички приказ на сцени . Сe до средината на 19 век според законот за нивното произвдство немало дупликати и затоа колкеционерите особено ги барале токму тие примероци. По овој период, тие биле масовно произведувани. Она што ја детерминира цената на антиквитетниот пазар се: квалитетот, староста и големината на криглата. Колекционерите ги собираат заради носталгија , желбата за акумулирање и потребата за поседување на предмет чија цена расте со текот на времето. Колекционерите, исто така, имаат голем интерес за кригли кои се насликани со теми блиски


антиквитети тој град. Новиот пазар за кригли и индустријата за нивно производство во близината на Келн и Кобленз одговорил со производство на луксузни кригли од сребро и стакло. Воедно порцеланот „минг“ од Кина при крајот на 17 век бил присутен на европскиот пазар. Германскиот „фајанс“ не бил толку посакуван како кинескиот порцелан, но бил далеку поевтин и со две естетски вредности: првата - мотивите на германскиот „фајанс“ биле многу по- пуларни во рано барокниот дизајн, а со кинеските фигури не личеле на странските. Втората, кобалтниот оксид од Кина бил контаминиран со магнезиум оксид. Германскиот кобалтен оксид бил светло син и не бил отровен. Во Баварија во доцниот 18 век имало повеќе од 400 пивници и воедно уметничкото производство на криглите се зголемило. Со пронаоѓањето на порцеланската маса во 18 век, само богатите Германци можеле да си дозволат пиење од порцелански кригли. Околу 1900-та историските мотиви насликани врз криглите го загубиле својот примат и биле заменети со градски сцени, вообичаени социјални случки, сцени од професионални занимања, а особено се познати оние со сцени од војничкото живеење. Денес Америка го има земено примарното место на пазарот за производство на пивски кригли, особено оние со лимитирана едиција.

LIFE ф е в р у а р и 113LIFE 91 Ф Е В Р У А Р И

на нивната преокупација. Особен интерес за нив се оние со насликани спортски теми. Највисока забележана цена дадена на аукција за кригла е 2.600 долари изработена од слонова коска со претстава на митолошки фигури. Со покачувањето на цената, кое настанало заради воведувањето на металниот капак, ги испровоцирало уметниците комплементарно и побогато да ги декорираат криглите, за пијачите на пивото да имаат задоволство и за очите. Ова придонело за појава на луксузни модели при што личните кригли станале многу важен статусен симбол или пак украсен предмет за Германците. Во 1500-та год. Хамбург имал повеќе од 600 пивници, произведувајќи 25 милиони литри пиво и директно или индиректно биле вработени половина од популацијата на


театар

ПОТРЕБНИ СЕ ПРЕТСТАВИ ЗА ПУБЛИКАТА ¢ Игор Ивковиќ

92 LIFE Ф Е В Р У А Р И

o Кире Галевски o Елена Бојаџиева


Каква Ви беше соработката со Сашко Насев? Фантастична. Генијална. Кликнавме од прва. Со нетрпение очекувам повторно да работиме заедно. Каква иднина предвидувате за „Така било пишано“? Екипата која работеше на овој проект даде се` од себе да создаде совршен поп-продукт. Јас сум режисер, па веројатно во описот на работно место би требало да бидам и визионер. Но, секако не претскажувач. Мислам дека иднината на оваа претстава ќе ја одреди публиката.

Јавноста, а и критиката велеше дека МНТ во изминатите четири години „забегува“ со изборот на претставите.. немало „железен репертоар“, класици итн.. Со оглед на тоа дека бевте дел од тој тим, како Вие ги оценувате таквите изјави? Работеше ли квалитетно театарот? Во последно време многу често се зборува за некаков „железен репертоар“ во МНТ. Не сум сигурен дали станува збор за некоја откачена мода или, пак, заговор. МНТ секогаш работел квалитетно. Се разбира, имал подеми и падови, но тоа е составен дел од една животна линија, зар не? Што се однесува до конкретниот период, само ќе напоменам дека МНТ имаше преку 20 премиери, од кои неколку праизведби. Критичарите се тука за да критикуваат и тоа е нивно право. Што се однесува до јавното мнение, имам чувство дека некои луѓе од еснафот (кои секако ја имаат наклонетоста и, пред се`, основан кредибилитет кај публиката) ја злоупотребија ваквата позиција обидувајќи се да креираат слика за МНТ, која не е баш кул. Не сакам да ги толкувам нивните мотиви, но тука нешто смрди. А не сме во Данска?!

Дали публиката е таа која го диктира репертоарот на еден театар или, пак, тоа е раководството? Дали публиката е таа која ги диктира содржините на еден магазин или, пак, тоа е раководството? Живееме во комплексно време и работите секако не се црно - бели, ниту сиви, ниту розови, туку шарени. Се разбира дека публиката е многу важен дел од една совршена театарска ноќ и токму затоа сметам дека мора да се мисли и на нив. Холивуд изгради империја размислувајќи на креирање продукти кои ќе одговорат на потребите на публиката. Не гледам зошто некој не би сакал да го следи овој успешен пример. Работите ли се` уште со ПМЏ колективот? Се разбира. ПМЏ е дел од мојот живот. Во моментов го завршуваме нашиот нов албум, четврти по ред, со работен наслов, „А векот така добро започна“. Веднаш по реализацијата на албумот, одиме на тринеделна Европска турнеја. Ќе одморате ли од театарот по „Така било пишано“ или веќе почнавте да размислувате за нов театарски предизвик? Би било смешно да одмораш од она што најмногу сакаш да го правиш. Размислувам за претставите кои треба да ги работам во Струмица и Штип. Тие се следни во мојот каледнар. Размислувам за еден текст од мојот најнов омилен автор, кој со нетрпение очекувам да го работам, некаде во Скопје, се надевам.

LIFE Ф Е В Р У А Р И

И „Сомнително лице“ која во изминатиот период беше најгледaна претстава во МНТ беше своевиден предизвик.. да се реактуелизира поранешен хит.. Примарната причина за поставување на „Сомнително лице“, беше одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Бранислав Нушиќ. Успехот на старата претстава воопшто не беше товар, туку, напротив, поттик за креирање на нов, поинаков, современ, градски хит. И би хит.

Во МНТ до скоро бевте и технички директор. Дали покрај промените на директорите во оваа куќа, ја задржавте оваа функција? Промените донесоа нови луѓе со нов концепт и визија за иднината на МНТ. Јас сум тука да им помогнам во остварувањето на нивните идеи. Но, овојпат во нова улога, сосема идентична со мојата примарна вокација, режисер.

93

Неодамна на сцената на МНТ премиерно беше изведена претставата „Така било пишано“ по текст на Сашо Насев. Вие ја имавте честа да ја режирате оваа претстава... како се справивте со предизвикот? Предизвикот беше секако голем. Да работиш праизведба на еден од најголемите mакедонски драмски писатели е пред се` голема одговорност, а потоа,се разбира и чест. Се` останато е занает.

театар

„ТАКА БИЛО ПИШАНО“ ЗА РЕЛАТИВНО МЛАДИОТ РЕЖИСЕР СИНИША ЕВТИМОВ ДА ГО ПОСТАВИ НА СЦЕНАТА НА МНТ, НАЈНОВИОТ ТЕКСТ НА НАШИОТ ЕМИНЕНТЕН ДРАМСКИ ПИСАТЕЛ САШКО НАСЕВ. УРБАНА ПРЕТСТАВА, КОЈА ВЕТУВА СВЕТЛА ИДНИНА ЗА НАЦИОНАЛНАТА КУЌА. ЕВТИМОВ ДО СКОРО БЕШЕ И ВО МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ НА МНТ (ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР), А ОТКАКО ДОЈДЕ НОВОТО РАКОВОДСТВО ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТЕАТАР, ТОЈ ОСТАНУВА САМО РЕЖИСЕР. ФУНКЦИЈА СО КОЈА ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА НАЈМНОГУ СЕ ГОРДЕЕ


книга

БЕСКРАЈНА ПИШУВАЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ¢ Тони Димков o Андреј Гиновски

94 LIFE Ф Е В Р У А Р И

овеќе поводи можеа да бидат причина за средба со младиот книжевен автор Жарко П Кујунџиски. Ако тркалото на случувањата по-

ПРОЗАТА Е ОСНОВНАТА РАМКА ВО ТВОРЕШТВОТО НА ЖАРКО КУЈУНЏИСКИ, ПИСАТЕЛ КОЈ СВОЈОТ ПИШУВАЧКИ ТАЛЕНТ МАКСИМАЛНО ГО КОРИСТИ ВО ПОВЕЌЕ УМЕТНИЧКИ СФЕРИ

чнеме да го вртиме наназад, прво ќе се вратиме пред Нова година, кога Кујунџиски ја доби наградата „Бели мугри“, награда што се доделува за најквалитетниот поетски ракопис на автор до 35 години. Всушност, Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, ја додели наградата за ракописот „Мојата Сузан повторно девојка“, каде Кујунџиски е коавтор со Џеси Блејз, но влијанието на наградата е значајно од повеќе аспекти, односно „нешто помалку бидејќи има свој паричен дел, а многу повеќе бидејќи опфаќа печатење на ракописот во книга, што на секој автор му е најважниот реагенс во хемискиот процес на пишување“, потврди Кујунџиски. До наградата Кујунџиски имаше само една објавена песна и тоа во 2000 година, во поетскиот алманах „Мугри“. Прозниот исказ е неговата главна одлика во досегашниот опус од три романи, „Спектатор“, „Америка“ и „Најдено-загубено“, книгата драми „Ендрју, љубов и други непогоди“ и збирката кратки раскази „13“. „Прозата е основната рамка, но моето творештво е како 'Бумбаровиот лет' на Корсаков. Лежерно и бесно се движи каде што ќе му текне - романи, драма, хаику, поезија, хибридни форми, есеј, расказ. Веројатно кога ќе кажам дека сум пронашол крајна дестинација на своето книжевно патување, ќе значи дека литературата ми станала уште една досадна игра.

Литературата е само игра за големи деца“, сигурен е Кујунџиски. Едновремено е писател и преведувач и издавач и критичар. Неговиот потпис стои зад преводот на романот „Појадок кај Тифани“ од Труман Капоти и филмското сценарио „Евтини приказни“, уредник е во издавачката куќа „Антолог“ и на електронското списание „Репер“. Главно води битки за младите автори почесто и порано да добиваат шанса да ги објават своите дела. „Литературата во Македонија не е во кусок со впечатливи млади автори. Сепак, одвреме-навреме, недостигаат две ситни нешта: малку повеќе самокритичност во име на креативен растеж, како и сцена, здружување, окрупнување, гласност во промовирањето на делата. Околу книгоиздателството, чиј уредник сум, веќе сме акумилирани десетина имиња во неформалната групација 'Млади Антолог гласни гласови' (МАГГ), со кои се обидуваме да внесеме што помодерна, дигитална свежина во својот контекст, бидејќи гласноста не се наследува, туку се постигнува со активно учество и секојдневни фајтерски рунди со медиокритетите и со стерилните, наследени критериуми. Со исто убедување во 2008 година го основавме електронското списание 'Репер', кое по сите принципи се исчеличи во еден од најбитните уметнички сајтови што се случиле на електронската сфера, бидејќи целта беше и остана да им се даде платформа на запоставената категорија млади критичари во сите области на македонската уметност - од литература и визуелни уметнос-


Читателите кои се заинтересирани да добијат подарок книга, треба да испратат имејл на life.magazin@yahoo.com со предмет „подарок книга“, а во пораката да напишат за која книга се заинтересирани и да ги остават своите основни податоци (име, презиме и контакт телефон). Најбрзите двајца читатели ќе добијат подарок!

книга

ПОДАРОК КНИГА ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА LIFE

ПОДАРОК! ОСТРОВОТ НА ДР. МОРО Х.Џ. Велс („Магор”) „Магор“ го подарува овој култен роман на еден читател на LIFE магазин. ПОДАРОК! ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ГО СТРАВОТ, СООЧЕТЕ СЕ СО НЕГО Сузан Џеферс („Клуб Матица”) „Клуб Матица“ ја подарува оваа книга на еден читател на LIFE магазин.

талентот и релевантноста. Колку и да не сум ти, преку архитектура и филм, до театар, музиво своја кожа додека ја пишувам, колумната е ка, балет, опера. Џабе ни` е современото тво„Моето творештво е како 'Бумбаровиот мојот хартиен донкихотовски меч чија цел е, рештвото, ако недостига објективно критичко лет' на Корсаков - лежерно и бесно се не да убие, дури ни да сруши ветерници, туку проследување на истото“, нагласи Кујунџиски. движи каде што ќе му текне - романи, да го раскине плаштот на една длабоко хипоДруга страница во мноштвото пишувачки акдрама, хаику, поезија, хибридни форми, критична реалност“. тивности на Кујунџиски се колумните кои ги објаесеј, расказ“ Во реалноста на животот на Жарко вува во дневниот печат. Тука многу прецизно ја Кујунџиски вмешана е магијата и на филмската уметност. Иако беше неговоочил линијата која ги разделува книжевниот од новинарскиот израз. ва прва љубов, сепак, својата уметничка страст, на штета на филмот, повеќе „Се` што може да се каже во колумните може да се каже и во ромаја насочи кон книжевноста. За возврат, пак, последните две изданија на ните. Книгите во кои се мешаат фактите со фикцијата се најчитани. Сепак, она што може да се каже во романот, не може да се каже и во ко- фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, раководени од Лабина Митевска со екипа во која работи и Кујунџиски, високо го вивнаа реномелумните, бидејќи јавноста е навлечена на дневната политика како на то на самиот фестивал, но и на филмската уметност во Македонија. Како фикс. Речиси секој обид да литераризираме во своите колумнистичпо некоја игра на судбината, уметностите се преплетуваат во животот на ки текстови значи драстичен пад на читаноста, на коментарите, нешКујунџиски. Сепак, најважно е да се врти тркалото. ¿ то по што во консументското општество кое го 'билдаме', се одредува

По книжевното деби со збирката раскази „Кротки приказни“ во 2006 година, Игор Анѓелков го објави и својот деби-роман „Крајпат“. Станува збор за скопска, кратка и кротка приказна во која се преплетени повеќе жанрови и интереси на авторот, како литературата, филмот, музиката и стрипот. Книжевната критика објави дека романот на Анѓелков го потврдува неговото авторско растење, но не во жанровска, туку во наративна смисла, со што неговата проза добива созреан книжевен израз.

„СОН ЗА ЉУБОВТА И СМРТТА“ ФИЛИП ДАВИД (БЛЕСОК) Романот „Сон за љубовта и смртта“ од српскиот писател и драматург, Филип Давид, е магична книга, диптих составен од „Кус роман за љубовта“ и „Кус роман за умирањето“. Во превод од српски на Катица Гароска – Ацевска, на македонски јазик делото го објави културната установа „Блесок“. Покрај три збирки раскази, два романа и повеќе книги со есеи, Давид е драматург, сценарист и косценарист на филмовите „Окупација во 26 слики“, „Падот на Италија“, „Кој тоа таму пее“, „Буре барут“ и други.

„НИСКА ЛАТЕНТНА РЕВОЛУЦИЈА“ ФРОСИНА НАУМОВСКА (КУЛТУРА) Книгоиздателството „Култура“ го објави романот „Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска. Напишан во форма на психолошки роман, во кој главната инспирација потекнува од појавата на семејно насилство, во делото провејуваат и автобиографски моменти. Насловот е преземен од психологијата и во терминот „ниска латентна инхибиција“, кој означува неможност на дејство против дразбите на околината, зборот „инхибиција“ во функција на дејството е заменет со „револуција“.

95 LIFE Ф Е В Р У А Р И

„КРАЈ-ПАТ“ ИГОР АНЃЕЛКОВ (ИЛИ-ИЛИ)


календар

1-28

11

февруари

февруари

Македонски народен театар

Драмски театар КОНЦЕРТ НА ВЕНКО СЕРАФИМОВ

Репертоарот на Македонскиот народен театар во текот на февруари е исполнет до последен ден, се разбира, освен во недела. Покрај редовните претстави, во текот на месецот ќе се изведе нова премиера со наслов „Шехерезада 1001 минута“ во режија на Срѓан Јаниќиевиќ, со актерите Висар Вишка и Ѓорѓи Јолевски. Планирано е гостување и на Градскиот театар од Охрид со претставата „Европа“. Ве потсетуваме да ги погледатe и другите претстави од репертоарот. V 05.02., сабота 20 ч. „ТАКА БИЛО ПИШАНО“, во режија на Синиша Евтимов V 07.02., понеделник „ЕВРОПА“, на Градски театар - Охрид V 11.02., петок премиера на „ШЕХЕРЕЗАДА 1001 МИНУТА“ во режија на Срѓан Јаниќиевиќ V 21.02., понеделник „ТЕМПИРАНА ОПЕРА“, во режија на Васил Христов V 28.02., понеделник „Г-ЃА МИНИСТЕРКА“, во режија на Наташа Поплавска

Младински културен центар „БЛАДГРУП“

11-14 февруари

Плоштад „Македонија“

февруари LIFE Ф Е В Р У А Р И

14 февруари

Исландскиот индиелектро попквартет „Бладгруп“ ќе одржат целовечерен концерт во Младинскиот културен центар во Скопје. Групата постои од ноември 2007 година, има издадено два албума и многу брзо стана еден од најуспешните музички продукти од Исланд. Својата специфична електронска музика ја изведуваат со сензационални настапи во живо. V 21.30 ч.

Покрај редовниот драмски репертоар во Драмски театар – Скопје ќе се одржи интересен концерт кој веќе го привлече вниманието на повеќе музички генерации. Концертот посветен на музиката на Венко Серафимов и неговата триесетгодишна кариера на македонската популарна музичка сцена сигурно ќе ги привлече фановите на култната група „Конкорд“, но и сите оние кои уживаат во бескомпромисно цврст и издржан рок-звук. V 20 ч.

12

96

концерт во Скопје. Настанот однапред се смета за спектакл што не смее да се пропушти! На концертот ќе биде промовиран новиот материјал на култната рок-група, а ќе бидат изведени и старите хитови. За загревање на атмосферата свој 60-минутен настап ќе има уште една значајна македонска група - „Фолтин“. V 20.30 ч.

Метрополис арена КОНЦЕРТ НА „АРХАНГЕЛ“ Со мото „Македонски подобро звучи“ по пауза од повеќе години групата „Архангел“ ќе одржи

Два големи празника, „Свети Трифун“, во православната традиција посветен на кроењето лозници и на виното, и „Свети Валентин“, кај католичките верници познат како празник на љубовта, се совпаѓаат на 14 февруари. Тоа е доволна причина да се организира фестивал кој ќе ги слави и двата празника и ќе трае четири дена. Бесплатната забава на скопскиот плоштад ќе вклучи многу романтика, љубовни игри, традиционална храна и пијалaци, а ќе настапат повеќе музички групи, диџеи и уметници.

16 февруари

Македонска опера и балет 25 ГОДИНИ КАРИЕРА БОРИС ТРАЈАНОВ Покрај операта „Турандот“ и балетските претстави „Врати“ и „Лебедово езеро“ во текот на февруари во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченост по повод 25 години кариера на оперскиот пеач Борис Трајанов. V 20 ч.


февруари

со диригентот Стефан Лано и солистот Муза Рубакцуте V 10.02., 12 ч., Симфониски концерт за деца

Национална галерија на Македонија Кон крајот на месецот две изложби ќе бидат отворени во објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија. Во објектот Даутпашин-амам може да се види постојаната поставка „Македонска ликовна уметност 14 – 21 век“. Во Чифте-амам е поставен избор од меѓународната колекција на галеријата со наслов „Од класицизам до модернизам“. V 24.02. Мала станица „ПОИНАКОВ ПОГЛЕД“ - изложба на фотографии и промоција на документарен проект на Моника Мотеска V 28.02 Мала станица отворање на изложбата „ПРИКАЗНИ ОД ДЕТСКАТА СОБА“ на Ацо Таневски

V 13-15.02., 20 ч. „СЕКС, ЛАГИ И ВИДЕОЛЕНТИ“ на Стивен Содерберг V 18-19.02., 20 ч. „МАЛИОТ БУДА“ во режија на Бернардо Бертолучи V 20-22.02., 20 ч. „ОСУМ И ПОЛОВИНА“ на Федерико Фелини V 23-24.02., 20 ч. „МОНА ЛИЗА“ на Нил Џордан

календар

24

игранките, киното, кафеанската атмосфера, корзото, но да соберат и голем број артефакти од тоа време, како предмети од домаќинството, фустани, пионерски марами, дури и плочи од „Леб и сол“. Изложбата навистина вреди да се види!

февруари

Музеј на Македонија Во Музејот на Македонија во текот на овој месец може да се види изложбата за дизајн „Постоечки достигнувања – дом и мода“. Со предмети креирани од холандски и македонски дизајнери на изложбата се претставени актуелните текови на применетата уметност – дизајн во Кралството Холандија и во Македонија. Во организација на „Јавна соба“ изложбата во Музејот на Македонија ќе биде поставена до 15 март.

февруари

февруари

Музеј на град Скопје Изложбата „Културниот идентитет на градот Скопје од 1945 година до 70-тите години на 20. век“, поставена во Музејот на град Скопје, веќе предизвика голем интерес кај скопјани. Кустосите Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска успеале на едно место да ги фокусираат сите аспекти на градот, вклучувајќи ги маалскиот живот,

февруари

Македонска филхармонија Музичари-гости од САД, Јапонија, Швајцарија и Литванија ќе го обележат февруари во Македонската филхармонија. Стандардниот термин на концертите е четврток во 20 часот. V 10.02., Симфониски концерт со диригентот Золт Хамар и солистот Мајуко Камио V 17.02., , Симфониски концерт

Уредникот на филмската програма во Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов, на почитувачите на филмската уметност за февруари им подготви измешана комбинација на режисери и филмови. Од вечната класика на Чаплин до црната комедија на Дени де Вито, од култните јапонски до неизбежните американски, но и ирски и италијански филмови. Секако, не пропуштајте ги следните наслови: V 4-5.02., 20 ч. „ПЕСОЧЕН ЗАМОК“ во режија на Јошитаро Номура V 6-8.02., 20 ч. „ФРЛИ ЈА МАМА ОД ВОЗОТ“ во режија на Дени де Вито

97 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Кинотека на Македонија


98

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ПАБЛО Првиот кафе-бар со електронска музика во Македонија, „Пабло“, на 21-ви овој месец слави 15 години од своето постоење. Ако човек има мерак да се пофали, да рече дека бил на место каде што почнало, се зародило нешто, може да дојде во „Пабло“ и слободно да каже „овде почна се`“. Се`, кога станува збор за електронската музика, за овој град. Овде, за своја душа, пуштале музика стотици диџеи, овде Гоа Гил пиеше кафе, овде Енди Флечер од Депeш Мод цупкаше со ноџето после својата забава во „Елемент“, овде стотици девојки и момци низ годините одбраа да научат што е добра музика

¢ Кристина Озимец o Андреј Гиновски легуваш во Пабло и добиваш инстант чувство дека си влегол во нечија дневна соба, раскаВ жуваат посетителите. Иако има повеќе маси и столчиња, овде сите гости како да седат на една маса. Кој и да влезе по само неколку минути забележува и самиот дека всушност не е дојден на кафе со своето однапред договорено друштво туку со целото кафуле. Во најопуштеното место во Скопје, не ретко гостите не сакаат да го малтретираат келнерот, па сами влегуваат во шанкот и си прават кафе, онака баш како што утрината си замислиле, како тоа да е најнормалното однесување на целиот свет. Овде секој е добредојден, без да го погледнат под око, без да го осудат, се чини дека овде и најнесреќниот човек на светот, би се насмеал на досетките на домаќините. „Пријателството всушност е основата на ова место, така е и родено, тука сите се пријатели, и јас што го водам, кога имам зорт знам дека тие се тука и дури и да не сум присутен, тие што ќе се најдат овде го решаваат проблемот како да е нивен проблем. Има луѓе кои од утро до вечер се овде, 15 години поминале тука и понекогаш се чувствувам како местото да е повеќе нивно отколку мое“, раскажува Зоран Јовановски – Гиза, сопственикот на „Пабло“, кој вели дека понекогаш луѓето во разни дебати со него, како аргумент знаат да ја употребат реченицата - „не можеш ти на мене да ми кажуваш, ја овде седам 15 години, ти ли ќе ми кажуваш?“. Тој

вели дека токму поради таа удобност и опуштеност, поради убавата музика и поради пријателството, луѓето се враќаат назад. „Поради тоа и сме опстанале толку време, затоа што верувајте, низ годините и премногу сме се занимавале со пријателство можеби повеќе отколку што треба. Сите се блиски тука. Тука сe` се случува „несакајќи“ и спонтано, никој не се договара ајде да одиме во „Пабло“ во толку и толку часот, туку луѓето сами доаѓаат и знаат дека овде ќе најдат свои пријатели“, раскажува тој. Низ турбулентните години на вечната македонска транзиција, модерни, популарни, а и многу исплатливи за угостителите беа многу стилови на музика. Од турбо-фолк, па до неквалитетен поп, преку лошо техно, кафе-баровите и клубовите во Скопје наоѓаа разни начини за да ја привлечат, да ја задржат рајата и да направат профит. „Пабло“ никогаш не го стори тоа и остана верен на своите андерграунд корени. Реши да не прави компромиси со кичот. Луѓето кои се дел од сцената која со тек на годините ја создаде ова место, со гордост раскажуваат дека овде комерцијалноста никогаш не била одлучувачка и токму тоа е клучот за одржување на, како што велат, „филмот“. „Ова е кафуле со кое сакал да направи нешто поинакво од монотонијата и извртените вредности на нашето општество и да постави некои нови постулати во светот на музиката и е еден модел на проширување на свеста. Бараше голема жртви на са-


МУЗИКАТА КАКО ВРЕДНОСТ Токму поради напорите на луѓето како оние од „Пабло“, во Македонија започнува да се воспоставува еден систем на музички вредности кои до ден денес опстојуваат. Денес имаме продавници за електронска музика, кафе-барови, клубови и фестивали со електронска музика, а и секој диџеј кој дошол во Македонија се вратил повторно назад, бидејќи се запознал со предностите на македонската сцена и македонската публика. Според Јохан, „Пабло“ го помина тешкиот период и сега дојде време кога барот го зазема своето место во ноќниот живот во Скопје, но не запира со својата конструктивност. Се` уште генерира нови млади таленти-диџеи, и тие оттука се етаблираат во музичкиот свет на нашиот град. Местото денес добива епитет не само како кафе-бар туку и како social club. Никој не останува рамнодушен на домашната атмосфера која ја нуди и обично луѓето признаваат дека овде се случува нешто посебно. Се прават фудбал-вечери, турнири во табла или сони-плеј стејшн кои траат по цела една недела. Тука забавите најчесто не се организираат поради големи поводи, туку за поедноставни, онакви чисти, како журките за роденденот на Брус Ли, или доаѓањето на пролетта и поставувањето на нишалките на терасата. Само оној кој го посетил „Пабло“ во лето знае за неповторливите и единствени седенки на овие клацкалки, под зелената ограда, под единственото ветре во градот. „Некогаш кога ќе дојдам, местото ми е како фотографија, истите луѓе си седат на своите места и никој не смее да ги мрдне“, си вели Гиза. Таман започна да тече разговорот со него, Пабло се наполни со „афтерворк атмосфера“, а и пријателите веќе почнаа да го задеваат дека ќе го има во списание. Во истиот момент влета и Џоле, па цел бар, онака сеирџиски, почна да ја пее „хепи брдеј“. Тогаш добија смисла зборовите на Аристотел, кои Јохан претходно ги кажа, дека „пријателството е една душа која живее во две тела“.

душата на скопје

БРУС ЛИ ГО ШТИТИ „ПАБЛО“ Секоја кафана има свој светец, свој заштитник, па така и ова место го има Брус Ли. Тој е „гардијан ејнџел“ на „Пабло“ и секоја година на денот на неговиот роденден во Пабло се прави голема забава каде што се пуштаат негови филмови, се делат одлично дизајнирани маици и најважно, многу се танцува. Улицата пред „Пабло“ се вика ул. Брус Ли, а за неа дури се организираше и свечено отворање.

ЗОКИ БЕЈБЕ За мене „Пабло“ е единственото вистинско ДиЏеј кафуле. Со години беше место каде што ја слушавме нашата омилена музика. Место каде не требаше голем повод да започнеш да танцуваш. Во оваа кафетерија беа продуцирани еден куп битни настани за македонската клупска сцена, а самото место беше никулецот на веќе легендарниот клуб „Елемент“. Музиката ќе биде секогаш главната тема за муабет во „Пабло“. Ритуалите како „Нишалки“ чиј резидент сум со години, неделните мезиња за другарите, изложбите на флаери, роденденот на Брус Ли и прекрасните нови деца кои ја слушаат својата омилена музика во „Пабло“, прават ова место да ми биде секогаш како да сум дошол дома. „Пабло“ е скриениот монумент на македонската клупска сцена и во него има повеќе историја од кој било клуб поединечно. Му посакувам многу, многу забава и во годините што следат. "ИдемООООО" БОЖИДАР ЈОВАНОВИЌ – БОЛЕ Кафе „Пабло“ - место, и за 30, и за 200, и за сам во недела во 12, зависи. Место во Тафталиџе, кај Педагошка, како сакаш, се` е дозволено, во последно време на улица Брус Ли. Место за опасно нова и модерна музика, неконвенционално опуштање, фудбал у телевизор, роденден, кафе, досада, лежење… бонвиванство! „Продукт” и свртилиште на „скопските клабери” и поклоници на електронскиот звук, домаќин за мноогу познати диџеи кои провеале низ Скопје од средината на 90-тите. „Пабло“ и тогаш и сега е свежо-различно место за зезање и дружење. Рекоменд ит!

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ТРАНС-ЕКСПИРИЕНС КАКО НАЧИН НА ЖИВОТ „Пабло“ денес важи за единствено место во Македонија каде што е загарантирано слушањето на добра транс-музика, но и средба со луѓе кои не се грижат што мислат другите за нив и го живеат животот онака како што самите знаат најдобро. Откако кафе-барот преминува во рацете на Гиза, трансот зазема особено, ако не и најзначајно место кога се работи за стилот

на музика кој овде се пушта. Тој секогаш гордо знае да се пофали дека кога другите немале „поима“ за транс, во првиот електронски кафебар во Македонија веќе постоела сцена. „Транс експириенсот“ како движење почнува во 1996 година, кога случајно неколку млади пријатели влетале на фестивал во Грција, и откако се вратиле решиле дека е време да започнат трансзабавите и во нашата земја. Благодарение на ова, денес, домашните транс-диџеи издаваат албуми за најдобрите дискографски куќи, пуштаат музика на најдобрите фестивали во светот и во моментот нема светски фестивал со транс музика, кој проаѓа без барем еден македонски диџеј. „Транс-сцената во Македонија е неверојатно јака и популарна во светот, и на пример сега постојат мапи на трансот и секаде каде што има транс-музика низ светот, земјите се одбележани со црвено. Македонија е една мала точка, ама најцрвено свети од сите“, се шегува Гиза.

99

мите почетоци, бидејќи местото наиде на многу големи опструкции од страна на општеството заради тоа што секоја иновативна идеја или напредок, обично е прифатена со големи кочници. Ова кафуле беше етикетирано дека тука одат „секташи“, „ѓаволи“, „наркомани“, но ете вистинската вредност која постоела конечно излезе на површина, само за неа требало голема борба и многу време“, раскажува Јохан, еден од најверните гости на „Пабло“, кој верува дека традицијата која ова место ја има ќе продолжи уште долго време. Гиза за „Лајф“ вели дека токму неправењето пропаганда, преголема реклама и држењето до автентичноста е решавачко за одржувањето на еден угостителски објект во живот. „Затоа и толку луѓе ги затворија локалите што ги држеа, сменија тема, пробаа да пуштаат други музики, но ние некако останавме исти. 15 години не се малку, имало и тешки моменти, но најважно ми е тука само да е ок, пријателите да ми се тука, да муабетиме, да се одржи филмот. Само така може да се зачува таа традиција, инаку ако тргнеш по парите ќе ја изгубиш, а по пат ќе ги изгубиш и вистинските луѓе“, смета Гиза. Идејата за отворање на малата Мека за љубителите на електронската музика во Скопје, всушност прв ја реализира Миле Станишковски – Станиш, подоцна попознат како „газдата на Елемент“, кој решава да ги собере сите свои пријатели и љубеници на електронската музика во овој мал кафе бар, кој своевремено стана и „Елемент при парти клуб“. „Ана Банана која сега живее во Лондон и Јулија Стробери, тоа беа првите женски диџеи кои пуштаа музика во „Пабло“, или на пример ДиЏеј Кесма кој сега е во Словенија, сиве овие во тоа време имаа огромно влијание врз нас со нивната музика“, вели Станиш за „Лајф магазин“. Тој и Гиза раскажуваат дека за овие 15 години сите оние луѓе кои правеле журки, а денес се дел од различните сегменти на електронската музика во Скопје, како хаус, тек-хаус, техно, електро поп и останатите правци, диџеите од PMG, Trance experience, Самоил, Мирко Попов, Никола Ризов, Илина, Зоки Бејбе, Киро - Сканкс и многу други, всушност овде вртеле плочи. „Тука и Дуке Бојаџиев уште на самите почетоци доаѓаше и заедно ја преслушувавме музиката која ја направил, ние да ја оцениме дали е ок“, вели Станиш низ смеа. По седум години, кафе-барот го презема пријателот на Станиш – Гиза, кој поголем акцент става на транс-музиката и до ден денешен успешно ја „вози“ својата приказна.


100

LIFE Ф Е В Р У А Р И


ивиен Изабел Свајр е родена во градот Тинтвистел во областа Дербишир на 8 В април 1941 година. Нејзината мајка била шивачка, а татко и ` бил чувар во фабрика за авиони. Кон крајот на 50-тите се преселиле во Лондон. Го напуштила училиштето на 16годишна возраст и се запишала на уметничкиот колеџ Haroow School of Art, каде што студирала мода и изработка на сребрен накит. По неколку семестри одлучила да го прекине школувањето. Па, така завршува обука за наставници и почнала да предава во основно училиште, така што уживала во својата учителска кариера. Уште во младоста била бунтовник. Ја преуредувала својата училишна униформа. Од неа правела секси-здолниште, а често и сама правела своја облека. Вивен Свајр станала Вествуд кога се заљубила и омажила за Дерек Џон Вествуд во 1962 година. Го креирала својот венчален фустан за церемонијата. Во 1963 година добилe син Бенџамин, но и покрај тоа што го сакала нејзиниот сопруг и дете, животот на домаќинка брзо и ` станал досаден. Се преселила кај својот брат, кој ја делел куќата со студенти од филмска режија и глума, а меѓу нив бил и човекот кој и ` го променил животот, Малколм Едвардс. Во 1970 година панк легендата од „Секс Пистолс“ го променил името во Малколм Мекларен. Истата година

Вивиен ја скратила косата, ја бојадисала руса и станала една од заштитните белези на панк културата. Вествуд и МекЛарен живееле во стан во Клапам со нивниот син, Џозеф. Заедно отвориле бутик на 430 „Кингс Роад“, во Лондон, наречен Let it Rock подоцна преименуван во Sex, во кој продавале маички со слогани, што ги доведе на годишна ревија во Њујорк. Продавниците често се дополнувале со секс-фетиши, искинати алишта, безопасни игли, кучешки огрлици, кожени панталони, фустани и маски за лице. „Модата е дете кое го имав кренато и никогаш не сум го испуштила“, вели Вествуд. Taa ги облекуваше „Секс Пистолс“, а набрзо премина и на американскиот пазар. Во почетокот на 80-тите, Мекларен и Вивиен се раздвоиле, но денес се` уште го поседува бутикот познат како World's End каде што го продава својот бренд Англоманија. КОНТРОВЕРЗНИ КРЕАЦИИ Во 1981 година, ја имала првата модна ревија. Во 1983 година го освоила Париз, во 1984 година Токио, а веќе во 1989 година е прогласена за една од шесте најдобри светски дизајнери, од кои останатите петмина биле мажи. Нејзините креации отсекогаш биле контроверзни, но пронаоѓале пат до орманите на жените низ целиот свет. Инспирирана од

музиката на чело со Бој Џорџ, почнува да креира екстравагантни костуми за хомосексуалци. Иако поголемиот дел од својата кариера го посвети на опозицијата на државното уредување и општествените норми, Вивиен стана една од институциите на Велика Британија, а наречена е и англиска кралица на стилот. Се прослави со дизајнирани пародии на британското кралско семејство, играјќи се со одамна заборавените кринолини и корсети. Дизајнот прерасна во софистицираност, но ги има секогаш истите елементи кои асоцираат на: пирати, куртизани, викторијанки, робови итн.. Но, нејзината најголема пасија се кожата и патентите. Брилијантната креаторка отсекогаш била посебна, но ги преминала границите, што ги мотивирало филмските продуценти, нејзината животна приказна да ја пренесат на големиот екран. Нејзината мода отсекогаш е непредвидлива. Уште пред дваесет години, таа, обраќајки и ` се на ТВ- публиката, изјавила дека луѓето би било добро нешто сами да направат и да смислат, отколку да се исмеваат и шегуваат со нејзините креации. „Последното нешто што ме интересира е да бидам во тек со времето. Повеќе сакам да одам побрзо од тоа. Ако одите во чекор со времето, немате што да видите, всушност, секогаш нешто пропуштате“, вели Вивиен.

траги низ времето

ДАМАТА ВИВИЕН ВЕСТВУД Е НАЈЗНАЧАЈНАТА ЛИЧНОСТ ВО БРИТАНСКАТА МОДА, КОЈА СО СВОИТЕ КРЕАЦИИ СЕ НАМЕТНА КАКО ЕДНА ОД НАЈИНВЕНТИВНИТЕ И НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ МОДНИ КРЕАТОРИ НА СВЕТОТ. НЕЈЗИНИТЕ МОДЕЛИ СЕ НАПРАВЕНИ ОД КЛАСИЧНИ АНГЛИСКИ МАТЕРИЈАЛИ КАКО ТВИД И ТАРТАН, А ОПШИЕНИ СО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ КЛАСИЧНИ АНГЛИСКИ КРОЕЊА И ТЕХНИКИ НА СТАРИТЕ МАЈСТОРИ

101 LIFE Ф Е В Р У А Р И

подготвила: Патриција Костовска


траги низ времето

БРИТАНСКА ИНСТИТУЦИЈА Кога во 1992 година и ` беше доделена највисоката почесна награда во Бакингемската палата, таа на излезот, пред фотографите, смело замавна со здолниште под кое немала ништо. Во тој момент, никој не можел да го игнорира тоа. Таа стана британска институција. Дури и сега, со своите шеесетти години e дизајнерка која не покажува знаци на замор или недостиг од идеи. Можеби нејзината најголема сила лежи во фактот дека таа ужива на неподеленото почитување на своите колеги од целиот свет. Позната е и по својата отвореност и храброст да го каже гласно тоа што го мисли. Така во една прилика на отворањето на една изложба, изјави дека е против анти-национализам и се` што го поттикнува, како и дека не разбира како се` уште некој може да верува во Библијата. Во 2005 година им се придружи на групациите за заштита на човековите права во Англија и ги лансираше маичките со слоганот „Јас не сум терорист, ве молам не ме апсете“. Додека во 2008 година ги организираше најголемите протести против нуклеарното оружје во последните десет години. Еднаш потврди дека нема повторно да гласа за Блер, откако тој, земјата ја довел до војна. „Јас мислам дека тој е исто толку големо чудовиште како и Маргарет Тачер и дека предизвика смрт на повеќе луѓе од неа", изјавила Вествуд. Изразила гадење за американската политика и неколкуте последни осврти ги посвети на изложба, која предизвикува занес кај критичарите и публиката. Првата голема ретроспектива на нејзината работа е покажана во 2004/2005 година во Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон како и во „Националната Галерија“ во Австралија. Изложбата била концепирана со 145 комплетни модели групирани во теми, од раните 70-ти, па се до денес, извлечени од нејзината лична архива и V&A колекцијата.

102 LIFE ЈФ АЕ НВ УР АУ АР ИР И

НАЈНОВАТА КОЛЕКЦИЈА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2011 Панк креаторката, иако не беше присутна на модната недела во Париз кога се претставуваше колекцијата за пролет/лето 2011 година на линијата „Англоманија“, сепак очигледно беше присутен нејзиниот бунтовнички дух. Според оцените на модните експерти, колекцијата претставува спој на елементи од седумдесеттите и осумдесеттите години на XX век со елементи на гламур во панк, пиратски и каубојски стил. Манекенките кои

беа облечени во светли бои и со сламени шапки прикачени за бујните коси зачешлани наназад, очилата за сонце и неонските бои, чекореа самоуверено на пистата. Некогашните пиратски чизми со многу копчиња, сега беа трансформирани во чизми со високи потпетици, отворени прсти и многу ремени. Мини кринолините од материјал со мотив на листови беа впечатливи на сцената. Металниот корсет со ремени претставува контра рамнотежа на широките околувратници кои богато го откриваат деколтето и рамениците. Дизајнерскиот тим за следното лето веќе осмисли маички со кратки ракави со широки линии, црни и бели или црвени и бели, како и исечени панталони, или широки модели, многу цврсти во половината. Токму овие модели личат на најпознатата нејзина колекција „Пират“ од 1981 година. Панталоните од тексас-материјал поминале низ процесот „панкизација“ во форма на метални додатоци бакарните и златни бои. „Англоманија“ е една од трите модни линии кои ги креира Вествуд, покрај основните Gold label, i Vivienne Westwood's - Red label. ВЕНЧАЛНИОТ ФУСТАН ЗА ФИЛМОТ „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ Дизајнот на Вествуд беше избран во 2008 година во филмската адаптација на наградуваната телевизиска серија „Сексот и градот“. Во филмската верзија, Кери Бредшо се вери со нејзиниот љубовник г. Биг и започнува со подготовките околу свадбата. Еден од венчалните фустани, вклучувајќи го и тој во фотосесијата е дизајниран од Вивиен и е пратен на Кери како подарок, со рачен потпис. Иако Кери веќе имаше избрано што да носи на свадбата во филмот, се предомисли и реши да го носи фустанот од Вивиен. Модната креаторка и покрај тоа што беше поканета да учествува во снимањето на филмот, не беше импресионирана од костимографијата на стилистката Патриша Филд. Таа по само десет минути ја напушти лондонската премиера на филмот и јавно кажа дека облеката е здодевна и старомодна. Сепак, свадбениот фустан стана еден од иконите во филмот. Вествуд остана една од највлијателните британски дизајнери – вклучувајќи ги и Карл Лагерфелд, Џон Галијано и слично. Станува збор за четириесет години кариера на мода и стил. Таа денеска е на чело на профитабилноста на модното царство во вредност од 36 милиони долари со луксузни бутици во Њујорк, Париз, Москва и Хонг Конг. ¿


патување дома Васко МАРКОВСКИ Андон ДАВЧЕВ

Музејот на вода на полуостровот Градиште во Охрид е место каде што можете да ја почувствувате праисторијата, да видите во какви населби живееле луѓето пред околу 3.200 години и да почувствувате како се живее во куќа над вода Повторно заборавил да ги врзе чамците, кога крадешкум ги зел за да лови додека другите спијат. Но - што знае детето за опасноста? - како што рече во одбрана на детето еден од соседите. Сe` уште е малечко за да памети или да помисли каква неволја би можело да доносат Другите. Погледнуваме низ сламената прекривка врз прозорецот да видиме - што е тоа што ги вознемири птиците? ЧАШКА МУАБЕТ Сега е лесно. Сега можеме многу полесно да ја почувствуваме праисторијата. Би можеле со часови вака да си ја тестираме имагинацијата, да се обидуваме да го реконструираме животот на нашите предци што живееле покрај брегот на Охридското Езеро пред 2.700 или пред 3.200 години. Можеме да видиме како изгле-

LIFE Ф Е В Р У А Р И

апките од дождот оцртуваат кругови по водата, додека гузи и норови (охриски изрази за птици) мрзеливо се капат покрај брегот, ѕиркајќи ги јатата риби под површината. Ветерот мрачник одново се заканува дека ќе ги раскрши дрвените кајчиња врз карпите. Од Куќата за собири се слушаат гласови – соседот е сигурно, повторно, вперен со погледот врз постилката од мечкина кожа послана врз подот. Не може да најде израз со кој ќе им објасни на другите татковци од заедницата дека тоа дете, најмалото, со ништо не му успева да го превоспита - што и да направи, ниту еден од сите можни начини, не дава плод. Повторно беа пред истата мака. Повторно рано взори, додека сите спиеле, крадешкум го спуштил мостот, сакајќи да набере стапови од леска, да си направи копје со шилец, за краповите што се врткаат околу заливот.

103

К


патување дома

104 LIFE Ф Е В Р У А Р И

дале нивните живеалишта, да влеземе во колиби какви што некогаш биле нивните домови, да видиме како изгледале нивните населби, со што се занимавале, со што се хранеле и каков алат користеле. Сето тоа го има во Музејот на вода во Заливот на коските, кај Охрид, зад полуостровот Градиште. Подготвувајќи се да тргнеме во Заливот на коските, не успеавме во папките со исечоци од весници да го најдеме исечокот од „Вечер“, од средината на деведесеттите, со репортажата со наслов „Чашка муабет откри наколна населба кај Охрид“. Но, мислата ни` остана таму - дали можеби е тоа населбата што беше реконструирана кај Градиште? „Таа чашка муабет беше меѓу мене и Милутин Секулоски во охридската кафеана 'Охридска куќа'. Се сеќавам, пред десетина години ми пријде момче, кое ми кажа дека е нуркач и оти го пребарува езерото, но, би сакал да помогне и да трага по нешто конкретно. Помина време, заборавив на средбата и дека сме разговарале. По две години, ми пријде и ме потсети каде сум го насочил. Ми рече дека има да ми покаже торба керамитки што ги нашол кај Градиште. Ги донесе, и - се одушевив! Керамики од бронзено време!“, ни раскажа археологот Паско Кузман, раководител на истражувањата и автор на проектот за реконструкција, со кого поразговаравме пред да тргнеме за Охрид. Повторната средба на археологот и нуркачот била почеток на осумгодишни подводни археолошки истражувања во околината на полуостровот Градиште. „Откривме 6.000 дрвени колци на дното на езерото, врз кои некогаш била изградена платформа, над која била подигната населба со околу 24 куќи. Локалитетот е исклучително богат - само од керамика наполнивме 800 вреќи. Сметавме дека би било штета сето тоа да не и` се презентира на јавноста. Си велев, белким ќе даде Господ, дури сме живи, барем нешто да реконструираме. Таа идеја често ја кажував во јавноста и конечно, се случи. Добивме поддршка и направиме делумна реконструкција“, ни` раскажа познатиот археолог. ТРИ МЕТРА ПОД ВОДА Што можеле да видат, што откриле и како биле скриени во тињата, предметите што ги откриле нуркачите за време на подводните истражувања, денес може да се види во музејската поставка во еден од новоизградените објекти во комплексот. Во тоа ќе ви помогне приказот на дното на езерото преку големи подводни фотографии, врз кои се проектираат светлосни зраци што симулираат бранување, а витрините со керамички и камени садови и предмети ќе направат барем малку да можете да ја почувствувате радоста на нуркачите кога ги здогледале. Меѓу изложените предмети го најдовме и одговорот на загатката од каде потекнува името Залив на коските. Во следната витрина се изложени алатки изработени од коски од елен и од други животни - дел од многуте коски што биле откриени за време на подводните истражувања, како што ни` раскажа Кузман кога го прашавме за топонимите околу локалитетот. Според денешната состојба на водостојот на езерото, колците се надвишуваат само дваесетина сантиметри над езерското дно, но, пред 3.200 години, како што ни` раскажаа во Музејот, колците се извишувале најмалку еден метар над површината на водата. „Единствената врска на населбата со копното бил дрвен мост, кој најверојатно бил подвижен и истовремено служел за заштита на населбата од напади од брегот“, ни рече Славе Србиновски, човекот што нe` водеше низ Музејот. Сликата за подводните истражувања ја прави потполна документарниот филм за истражувањата што им се прикажува на посетителите, но, ако и тоа не ја задоволува вашата љубопитност, наскоро ќе имате можност да го разгледувате локалитетот и под вода, на длабочина од 3 метра, според сегашниот водостој на езерото.


патување дома

ПРАГОТ НА ПРАИСТОРИЈАТА Пред нас е највозбудливиот миг од истражувањето на просторот. Стоиме на почетокот на мостот, на неколку чекори од дрвената платформа врз која се подигнати осум куќички со необичен изглед. „Таму е прагот на праисторијата!“, се сетивме на дел од зборовите на археологот кога го прашаме што ќе видиме во Заливот. Околу нас беа куќи од дрвени прачки, малтерисани со кал, со покриви покриени - дел со слама, дел со трска. Разгледувајќи ги една по една, чувствувате како во вас влегува духот на древното, а се поблиска ви станува идејата дека и вие би можеле да изградите дом на вода, на колци забиени во дното езерото. Се фаќате себеси како за миг сте подзастанале загледани низ прозорецот во една од куќарките, гледајќи го мрзеливото движење на птиците врз јатата рипчиња што ја прават темна бојата на водата околу мостот. Помислувате дека можеби токму тоа е Прасијадското Езеро од записите на таткото на историјата, Херодот, со дрвени куќи на високи колци, во близина на Пангејските планини - таму каде што луѓето се прехранувале вадејќи полни кошници риба од дупката во средиштето на колибите, толку многу, што и коњите со риба ги хранеле. Ги разгледувате огништето од кал, секирата од камен и леглото од слама, размислувајќи колку пот пролевале младите момчиња што морале да изградат куќа кога ќе решеле да се оженат - без кранови, без моторни пили и без средства за заштита на дрвото. Колку ли труд им бил потребен на луѓето од Заливот на коските за да изградат дваесетина дрвени куќи на платформа на 6.000 дрвени столбови!? Амбиентот е одличен за долги размислувања додека стоите заслушани во капките што прават кругови во водата околу куќарките. „Имаше еден посетител од Словенија.. ни праша дали ги издаваме куќарките за логорување. Рече, бил во Боливија и таму спиел во вакви куќарки..“, ни рече Славе додека ја разгледувавме обновената римска тврдина на врвот на полуостровот Градиште. Ни се допадна идејата на Словенецот. Би било добро да има и такво нешто! Да почекаме!

105 LIFE Ф Е В Р У А Р И

Дел од комплексот ќе биде и Центарот за подводни истражувања, сместен во еден од новоизградените објекти.


патување надвор

106

LIFE Ф Е В Р У А Р И

ПРЕПОРАЧАНА МУЗИКА ПРИ ЧИТАЊЕ: KRONOS QUARTET: ULEG KHEM (АЛБУМ EARLY MUSIC: LACHRYMAE ANTIQUAE)

ОВA ЛИ Е ГРАДОТ КОЈ АВТОРИТЕ НА ПАТЕПИСИТЕ, ДО ПРЕД 20-ИНА ГОДИНИ, ГО ОПИШУВАЛЕ КАКО ЕДЕН ОД НАЈСОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ И НАЈДЕПРЕСИВНИ ГРАДОВИ ВО НЕКОГАШНИОТ СОВЕТСКИ СОЈУЗ? ВО ВРЕМИЊАТА СО ДРУГИ ПРЕДЗНАЦИ, КОГА НАД ГРАДОТ ТАЛИН СЕ ВЕЕЛЕ ПРЕТЕЖНО АЛОВИ ЗНАМИЊА СО ЧЕКАН И СРП, НЕ БИЛО ЛЕСНО ДА БИДЕШ ГОРД ЕСТОНЕЦ. ТОА БИЛО ВРЕМЕ НА ГОЛЕМИТЕ ДРЖАВНИ ТАЈНИ И ЗАВЕРИ, А МОРЕТО КОЕ ЈА ГАЛИ ЕСТОНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА НЕ БИЛО ВРСКА СО СВЕТОТ ТУКУ МОДРА ДЕПОНИЈА НА ИЗГУБЕНИ И УНИШТЕНИ НАДЕЖИ. НО, ВРЕМЕТО Е НЕВЕРНА ЉУБОВНИЦА: СЕ МЕНУВА И УМЕЕ ДА ТЕ НАПУШТА КОГА НАЈМАЛКУ СЕ НАДЕВАШ, И НАЈЧЕСТО ПРАВЕЈЌИ ТИ УСЛУГА. КАКО Е МОЖНО ЗАПАДНИТЕ ПАТЕПИСЦИ ДА ПИШУВААТ СО ТАКВИ ТЕМНИ МИСЛИ ЗА ОВОЈ ПРЕКРАСЕН СРЕДНОВЕКОВЕН ГРАД КОЈ СВЕТКАШЕ ПРЕД МЕНЕ КАКО ДА Е ИЗГРАДЕН ОД КИЛИБАР? ТЕШКО МИ Е ДА ПОВЕРУВАМ...ТА, БИЛЕ ЛИ ТИЕ ВООПШТО ВО СТАРИОТ ГРАД НА ТАЛИН? ТА ЗАРЕМ ОВИЕ БАЈКОВИТИ КРИВУЛЕСТИ КАЛДРМЕНИ УЛИЧКИ НЕ ГИ МАГЕПСАЛЕ НА ПРВ ПОГЛЕД, КАКО МЕНЕ? ЗАРЕМ...

СРЕЌАТА ПОВТОРНО ЖИВЕЕ ПОД МАРЦИПАНСКИТЕ ПОКРИВИ ¢ o Роберт Смилески НИЗ ВЕКОВИТЕ СО РИНГИШПИЛ НА АТОМСКИ ПОГОН Искачен на највисокото место во центарот на градот Талин, од ридот Тумпеа фрлам поглед надолу кон старото јадро со негибнати тврдини, цврсти и непробојни ко орев, но во исто време со нежност и убавина на кора од портокал. Гледам улици и плоштади покриени со излижана и светкава калдрма, наредена прецизно и умешно како пчелино саке. Тврдините се запоседнати од крај до крај, до самите ѕидини, со убави градби во бела и жолта боја крунисани со керамидни покриви кои на свежото утринско пролетно сонце светкаа како да се направени од кожа на некој вид игуана од северот. Од некои оџаци излегуваше бела пареа која на градбите им даваше изглед на свежо испечен десерт со мирис на марципан кој испаруваше како да е штотуку изваден од некоја стара град-

ска фурна. Мешавината на белиот чад и реата на ванила и бадеми надвиснуваше над некои делови на утврдениот град создавајќи таква мистична атмосфера што речиси очекував во секој момент згниените кралеви да се издигнат од своите гробови и да тргнат во потрага по своето земно богатство или макар по еден залак од топлото вкусно печиво. Тишината како со скалпел ја пресече едно дете на скејтборд кое протатна зад мене со детската чанта на својот грб и ајпод слушалките со гласна музика во своите уши. Веројатно доцнеше на училиште, но во тој момент на занес и восхит од урбаниот пејзаж пред мене, помислив дека тоа можеби бега гонето од сеништата на некои одамна починати војници во своите тешки метални оклопи! Таков е овој град: изгледа толку неверојатно смрзнат во мрачниот и таинствен среден век, а во исто време изненадува со својата младост и енергија која те обзема кога најмалку очекуваш. Да, ова е жив град каде митовите и гусарските духови живеат рака под рака со интернет генерациите


патување надвор ОД ТАЛИН СО СКАЈП Во 2011 година, Европската култура си одбра две нови престолнини. Двата северни братучеди, Талин во Естонија и Турку во Финска ќе ја бараат Среќата преку културата. Не е чудно зошто Среќата е лајтомотив оваа година, та нели по неа трагаме сите, насекаде и секогаш. По среќниот развод од бракот со Советите, Талин, скромниот и харизматичен морнар, го почувствува вкусот на среќата и еве го денес, задоволен и сигурен во себе му се открива повторно на светот. Овој морнар плови мирно но сигурно, со полни едра кон широчините на повторното самоспознавање. Таков како што е создаден, романтичен и ненаметливо фатално заводлив, Талин ита за да стигне на сите романтични рандевуа што му ги закажуваат луѓе од цела Европа и светот. После дваесетина години независност, и денес во Талин, паралелно со културата на Естонците, може да се почувствуваат цивилизациите на Скандинавија, Германија, Ханзеатскиот свет како и империјалната Русија. Се` зависи од тоа со кого си и во кој дел од градот се наоѓаш. Ова е градот кој цврсто зачекорува во иднината, оставајќи ги зад себе Ладите и создавајќи уличен метеж со нови Мерцедеси, Волво-а и Бентли-а. Естонците ги искористија мудро своите пет минути - независноста рационално ја искористија за да си обезбедат поубава и поизвесна

иднина на една прогресивна Балтичка држава. Освен тоа, ја искористија и својата шанса да го потсетат светот за својата извонредна фолклорна традиција и чувство за префинет дизајн. Еден подарок од Естонија до целиот свет е денес веќе универзална и незаменлива алатка за деловна и приватна кореспонденција – Од Талин со Скајп! Кога помина првиот ден и ги средував впечатоците од еден од најубаво зачуваните средновековни градови во Европа и светот, заштитен и од Унеско, првото чувство кај мене беше чувството на завист. Тој мал град имаше речиси се` што посакував да го има мојот идеален град за живеење: мирно и инспиративно романтично гратче кое е во исто време и динамична метропола со посебен шмек. Талин е град кој како да е излезен од некоја 3Д проекција на утврден историски град од средниот век. Во исто време, од облеката на жителите на градот, од нивните фризури, имиџ и речиси британски акцент на англискиот јазик, како да се од Лондонски Камден Таун или кој било од најтрендовските квартови од некои големи модерни светски градови. Стереотипите за земјите од некогашна Источна Европа овде изгледаа далечни и избледени спомени. Привлечени од шармот на Талин, релативно ниските цени на живот, квалитетот на животот и бранот на напредок на кој сурфа овој град се` повеќе странци се решаваат да живеат во овој град. Талин пулсира со свежина и енергија од која може секој да се вдахнови со нови идеи и желба за живот. НА РУЧЕК СО РОБИН ХУД Со влезот во ресторанот „Олде Ханса“ веќе сте стапнале назад во средниот век, во златното време на градот Талин. Внатре нема електрично светло и целиот извор на светлина потекнува или од свеќа или од неколку видови и големини на газиени ламби. На нерамните ѕидови беше прецртана една стара впечатлива мапа на тој дел од Европа. Искривените маси се доволно рамни колку да не се превртуваат чашите со пијалак. Менито содржи внимателно истражени специјалитети кои според изборот на продуктите се истите кои можеле да се најдат во Естонија во средниот век. Додуша, ако сте вегетаријанец, веројатно ќе доживеете шок од целото тоа мрсно ја-

107 LIFE Ф Е В Р У А Р И

со хипи-фризури и шминки „ТокиоХотел“ на лицата. Така заедно тие создаваат уникатна мешавина која ве прошетува низ вековите со брзина на рингишпил на атомски погон. Среќно збунет и задоволен што си открив уште едно посебно место за да го сместам во мојот ковчег на најдрагите градови во светот, веднаш тргнав надолу низ улиците со апетит за откривање на овој град. Почнав да учам за градот од украсените прозорци на поткровјата со кружна и правоаголна форма опседнати со птици кои се` уште одмораа, небаре чекаа утринско кафе за да почнат да ги прават своите надлетувања над високите готски покриви на црквите, палатите и катедралите начичкани едно до друго во затворениот скапоцен утврден простор до отвореното и неизвесно темно море на Балтикот.


патување надвор

108

LIFE Ф Е В Р У А Р И

дење, но мене лично ми беше токму по мерак. Келнерите облечени како другари на Робин Худ можеа да поминат и како актери. Кокетираа со женските гости, беа вицкасти со машките гости, давајќи му на целиот ресторан нота на опуштена театарска сцена. На ложата во аголот на ресторанот беа неколку музиканти облечени во автентични носии кои ненаметливо свиреа средновековна музика. Јадењето може да се порача поединечно, а ла карт, или да се придружите на некое друштво во нивното групно јадење наречено гозба, како таа што се одвиваше додека јас бев таму, во Саксконската соба. А за пиење можете да одберете некое од „благословените вина од Југот“ или нешто од домашната визба, како пива со тревки или со мед, или некои нивни ракии треварки, ладни или стоплени. И на крај, карамелизирани бадеми, врели и толку вкусни што мислиш дека дента се истоварени од некој голем ханзеатски брод, испечени во печката до шанкот и помешани со највкусните зачини на светот. Мммм, тоа беше незаборавна гозба, во единствен амбиент. Робин Худ тој ден не се појави на ручек во Олде Ханса во Талин, но веројатно беше во некоја нова неодложна мисија за помош на сиромашните во Англиското кралство. Оправдано... РУСКИ ТАЛИН Зградата на КГБ во Талин, и денес со заѕидани прозорци на приземјето, веднаш до црквата Св. Олаф, Ви го прекинува средновековниот филм од стариот град и ве враќа во времето на Советскиот сојуз, со сите свои типични иконографии од тоа време. Оваа зграда била последната убава градба што ја виделе многу Естонци. Во неа тие или биле застрелувани или депортирани во некои од камповите низ Сибир. Но, Естонците чинам на ова гледаат само како на една тешка фаза до нивното осамостојување и зградата ја чуваат како музеј. На плочата закачена до влезот од зградата пишува: „Оваа зграда беше дом на органите на репресија на Советската окупациска сила. Оттука почна патот на страдањето на многу илјади Естонци“. Шпицот на црквата „Св. Олав“, веднаш до КГБ зграда-

та, бил користен како емитер за испраќање тајни радио-пораки до централата. Од спротива, во близина на Естонското собрание, за контратежа се наоѓа преубавата руска црква „Александер Невски“. И денес рускиот јазик може да се најде насекаде низ градот Талин. Русите повторно го откриваат овој преубав град и за нив се прават и менија на руски јазик. Трговијата, како и животот, мораат да продолжат, а историјата останува во историските читанки и музеи - да се прости, но да не се заборави. РАЗДЕЛБА НА ТУМПЕА Пред да заминам од тој град на илузии, замрзнат во старите времиња и спомени, повторно се качив на ридот Тумпеа. Таму првпат се запознав со градот со кој имам намера да останам пријател засекогаш. Но, немаше време за лирични разделби – такви се северните луѓе, си помислив. Над Талин дуваше студен северен ветер и ги допираше назабените врвови на високите ѕидови на утврдувањето, така достигнувајќи ги повисоките места внатре во стариот градот. На Тумпеа повеќе не беше пријатно да се стои и набљудува килимот од керамиди во црвеникави нијанси. Од ветерот воздухот се избистри и погледот дофрлуваше далеку, далеку преку ридот до морето и Финскиот Залив. И звукот на камбаните кои чукаа одвнатре во стариот град сигурно одекнуваше далеку над морската шир. Ваквите ветрови беа неиздржливи за моите пролетни алишта и за моите очи кои се насолзија од студот. Морав да се разделам побрзо и да се симнам долу во сигурноста на заклонетиот стар град, за да се спакувам и да заминам. Спуштајќи се по тесната кривулеста улица, дишејќи забрзано низ шалот, со насмевка, се сетив на легендата за ридот каде започна моето пријателување со Талин. Си живеел некогаш многу одамна Калев, митскиот џин од естонските легенди. Тој пловел по морињата и трагал по совршеното место за градење на престолнината на своето кралство. Судбината го пратила во денешен Талин. Градот се изградил со љуб ов и подоцна со љубов пораснал во убав град, гордост на


патување надвор гурно ги исполнува и ги прави среќни и задоволни. Се стемнуваше. Ѕвездите на северното чисто небо над Талин беа сите на своето место, камбаните занемеа, а јас среќен и исполнет заминав без да се свртам уште еднаш на одење, бидејќи имав чувство дека таму набрзо пак ќе се вратам. ¿

LIFE Ф Е В Р У А Р И

дамнина – гордо, надежно, динамично и романтично момче, подготвено да излезе на мегдан со целиот свет, да му се поклони, насмевне и да покани на долг страствен танц. За неговите танци сигурен сум Калев и Линда дознаваат, дали се горе на небесите или долу под црната смрзната естонска земја, под ридот. Тоа си-

109

своите создатели. По смртта на Калев, неговата сопруга Линда, ставајќи камења врз гробот на својот маж, се занела во тагата толку многу што трупајќи камен над камен направила еден цел рид кој Талинци го крстиле Тумпеа. Калев и Линда денес ги нема, но нивната рожба, Талин е се` уште таков каков што го создале во


110LIFELIFEФ ЕФВЕ РВУРАУРАИР И 110

сс пп ее цц ии јј аа лл ии тт ее тт ии

КРЕАТИВНО МЕНИ ПОЈАДОК ПЕЧЕНИ ЈАЈЦА (2 порции) Состојки: 2 лажици рендан пармезан, 4 парчиња шунка или пршута, 4 лажици слатка павлака (или павлака за готвење), 2 јајца, сол, бибер, путер. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Подгответе два мали сада (модли за печење) и подмачкајте ги со путер. Ставете внатре по две парчиња шунка или пршута, посипете ја одозгора со пармезан, како и по две лажичиња слатка павлака од порција. Врз тоа скршете по едно јајце, зачинете го и печете во рерна 20-тина минути. Предлог: пред ова јадење изедете сезонско овошје, а јајцата послужете ги со кроасан. Добар апетит!

РУЧЕК РУСТИЧНА ПИТА СО ЈАГНЕШКО И КОМПИРИ Состојки: тенко сечено месо од јагнешки бут, 8 чешниња лук, неколку китки свеж рузмарин, маслиново масло,

масло, исечкани чешниња лук, рузмарин, сол и бибер. Затворете ја кесата и „изма- сирајте” ги зачините заедно со јагнешкото, па оставете го да отстои во фрижидер околу 5 часа (или уште подобро преку ноќ). Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени и печете го месото додека не биде средно готово (надвор печено, а внатре розово) или, пак, ставете го на скара за да добиете сличен ефект. Откако ќе се излади, исечкајте го на тенки парчиња и ставете го најдолу во тавата за печење. Врз месото истурете ја супата, додадете кора од лимон и лимонов сок од половина лимон и уште една китка свеж рузмарин. Додадете еден филџан црвено вино, сол и бибер по вкус. Компирите исечете ги на многу тенки парчиња и почнете да ги редите врз месото во повеќе слоеви, а помеѓу слоевите ставете една до две лажици 1 голем лимон, 4-5 големи компири, павлака и мали парченца путер. 2 филџанa супа (може со коцка за Последниот слој компири прелејте го супа), црвено вино, морска сол, бибер, со маслиново масло, сол и бибер, и половина филџан слатка павлака (или ставете ја питата да се пече во рерна на павлака за готвење), 1/4 филџан путер. 180 Целзиусови степени околу 40-тина Ставете го јагне-шкото во кеса за минути. смрзнување, заедно со маслиновото


ЛЕСНА ВЕЧЕРА ЦЕЗАР САЛАТА СО ПИЛЕШКО ВО МАРИНАДА ОД ЛИМОН Состојки: пилешко месо, лимон, зелена салата, брускети (поголеми парчиња тврд леб) или крутони (коцкички тврд леб), сланина, рендан пармезан, варено јајце, сол и бибер. Исечете го пилешкото месо на тенки парчиња и маринирајте го околу 3 часа во маринада од цеден лимон , сол и бибер. Откога ќе биде измаринирано, испечете го во тава или на скара. Во зелената салата ставете го пилешкото месо, крцкаво испржена сланина, пармезанот, брускетите (крутоните), лимонов сок, а одозгора украсете ја со варено јајце.

„БРАУНИС” СО ЛЕШНИЦИ И ДВОЈНО ЧОКОЛАДО Состојки: 3/4 филџан стопен путер (мерката е голем филџан за млеко), 1 лажица темен рум, 1 филџан шеќер, 3 јајца, 3/4 филџан брашно, 3/4 филџан какао прав, прашок за печење, 1 филџан цели лешници (печени), 1 филџан рендано чоколадо Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Подмачкајте тава за печење со средна големина. Во сад за матење, измешајте ги стопениот путер, румот и шеќерот, а потоа додадете ги брашното, прашокот за печење и какаото и матете додека не добиете изедначена маса. На крајот вмешајте ги внатре лешниците и ренданото чоколадо. Ставете ја смесата во тавата и печете ги колачите 30-ина минути. Кога ќе биде готово, врз колачот ставете шеќер во прав и исечете го на коцки. Предлог: послужете ги вашите „Браунис” во комбинација со сладолед од ванила.

LIFE Ф Е В Р У А Р И 111 111 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ДЕСЕРТ

специјалитети специјалитети

Во овој број на LIFE магазин издвојуваме неколку оригинални јадења, приготвени на креативен начин, за сите оброци во денот.


маса за двајца

ВКУСОТ НА КАЛИФОРНИЈА

112 LIFE Ф Е В Р У А Р И

оволно е само еднаш да отидете во новоотворениот ресторан Taste of California, за да Д сфатите колку лесно ги прифаќаме стереотипите и предрасудите за некој дел од светот што негде сме ги чуле или сме ги виделе на телевизија. Бевме изненадени, и збунети, кога неодамна двајца пријатели ни предложија да го видиме калифорнискиот ресторан во скопско Дебар Маало, велејќи дека е место кое заслужува да биде претставено. Иако ги знаеме како луѓе на кои им држи зборот, сепак, во мислите ни висеше некаква резервираност, макар што би било бесмислено да помислиме дека во толкава земја, како САД, не би можело да има вкусна автентична кујна, нешто што ќе нè плени толку едноставно. Средба со менито! Чувствувате пријатен тон уште од првите реченици, во кои сопствениците и главни готвачи, Кели и Мартин Лахтови, ве канат на вистинско гастрономско уживање. Нека не ве изненади мексиканскиот призвук на првите јадења од листата. Од разговорот со кој ќе ве пречекаат, ако не ви било познато дотогаш, ќе сфатите дека не е случајно што во кујната на Калифорнија се присутни многу мексикански јадења, но, приспособени на вкусовите на Американците - „лос грингос“, а Калифорнија е земја во која грижливо и посветено се одгледува квалитетно овошје и зеленчук, основа за живописната храна што ќе ја пробате. Лесно ќе се уверите дека не се празни зборови, речениците што ќе ги прочитате во поздравното обраќање на почетокот на менито - дека сте одбрале ресторан кој е плод на голема љубов, посветеност и пожртвуваност, место во кое зрачи радоста на домаќините што конечно се остварил нивниот долгогодишен сон. По десетина години поминати во сончевата Калифорнија, во Сан Диего - град на брегот на Пацификот, на 25

¢ Васко Марковски РЕСТОРАНОТ TASTE OF CALIFORNIA ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО ЌЕ ВИ ГИ СРУШИ СИТЕ ПРЕДРАСУДИ ДЕКА АМЕРИКАНСКАТА КУЈНА Е „БРЗА ХРАНА, ХАМБУРГЕРИ И ЈАДЕЊА ПОДГОТВЕНИ ВО МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА“. НАМЕСТО ТОА, ТАМУ ЌЕ НАЈДЕТЕ НЕШТО НОВО - СВЕЖО, ЖИВОПИСНО, ЗГОТВЕНО СО ЉУБОВ минути од границата со Мексико, во кој пулсира мексиканскиот темперамент, се остварила нивната желба да отворат ресторан во Скопје, градот во кој се чувствуваат дома. Средбата со храната што ќе ви ја подготват, ќе направи да ја почувствувате топлината на Сан Диего, град во кој луѓето знаат да уживаат во секојдневните ритуали што им ги нудат океанот, поднебјето со повеќе од 330 сончеви денови во годината, и високите планини на околу два часа возење оттаму. Ако немате идеја што да пробате, препуштете им ним да ви помогнат, да ви одберат што да биде „програмата“ со која ќе ве освојат. Постојано некаде околу вас ќе лебди некаква топлина, некакво чувство дека во секој момент се тука, покрај вас, чекајќи да ја видат реакцијата, верувајќи дека ќе имаат на што да се радуваат - вашата задоволна насмевка. Просторот е едноставен, модерен и пријатен, дискретно осветлен, исполнет со пријатна музика, доволно присутна за да ви прикаже тонски разгледници од разните краишта

на САД, додека уживате во вкусовите. Почнуваме со две салати: Зимска-овошна и Калифорниска. Вкусови и слика што уште од самиот почеток ќе ви ја доловат посебноста на калифорниската кујна и посветеноста на домаќините. Средба на навидум неспоиви вкусови - јатки ореви со суви кајсии, кисело јаболко, црвен кромид и сино сирење, прелиени со домашен оцет од малини. Колку и да е изненадувачки и можеби тешко за прифаќање од првпат - храна што ќе ве плени. Продолжуваме со пилешки крилца „Бафало“ и кесадија „Млечен пат“ - јадења што ќе направат најлесно да го сфатите основното начело на домаќините: „Нема криење зад зачини! Најважно е храната да биде од свежо овошје и свеж зеленчук. Добра храна не може да се направи од лоши состојки“. Во тоа ќе се уверите и кога ќе пробате Американска пита со јаболка, или Торта со сирење со прелив од малини - „го прави лично Кели, не купечки, од туба!“ - во право беа пријателите, кога тоа го нагласуваа! Taste of California е место во кое ќе се почувствувате смешни пред себеси, ако некогаш сте им поверувале на стереотипите. Откријте зошто толку бргу е едно од омилените места на луѓето што се зажелеле за храна од родниот крај, како што на Мартин му недостигале ајвар и „Томи мајонез“ додека бил во Америка, учејќи угостителство во хотели со светски престиж. Адреса: ул. „Орце Николов“ бр. 134, Скопје Работно време: 12:00-24:00 (пон-саб) Контакт: тел. 02 / 3214 008, е-пошта: california.skopje@gmail.com Електронска пошта: azafransk@gmail.com Картички: Visa, Master Card Пристап за луѓе во количка: една рамнина Повеќе инфо: www.azafranmk.com; FB: FB: Taste of California, Skopje



панорама

ПАНО ПИЛЕШКО БЛАГО- КИСЕЛО И АКУСТИЧНА МУЗИКА

Ресторан „Иди ми … дојди ми“, ул. „Дебарца“ бр. 53, Скопје Новоотворениот ресторан „Иди ми … дојди ми“ е домаќинско мало место, со пријатен амбиент и топлина кои ја даваат пригушените светла. Ѕидовите во форма на полукруг со големи камења и останатите кои ги красат прекрасни слики од Владимир Георгиевски се главниот белег на ентериерот. Специјалитети на куќата се пилешко благо-кисело, пилешко во бел сос, како и морската храна. Тука е и винската карта која нуди голем избор на секакви видови вина. Сето ова во комбинација со акустична музика ви дава можност да уживате во миговите. Вреди да се посети, бидејќи нуди висок квалитет за евтини цени. РАЗНОВИДНА МУЗИЧКА ПРОГРАМА

Кабаре МЦМ, бул. „Илинденска“ (до Фонтана во парк) Кабарето МЦМ е отворено пред само три месеци, а веќе нуди богата програма во текот на целата недела. Понеделник, вторник и среда се резервирани за блуз и рок-бендови, во четврток забавите се со ди-џеј „Ало“ кој пушта класична, рок и поп музика. Викендот е за љубителите на реге музиката, диџеј „Коза“, „Контра план“ и „Риф – реф бенд“. Локалот е познат по ирското и германското пиво на точење, „марфис“ (црно и црвено) и „паул ланер“ (матно пиво). Кабарето работи од 21 часот до 4 часот наутро. Локалот е поделен на неколку простории, од кои една е наменета за ВИП гости.

GF Brands Outlet е независен моден аутлет кој во директна соработка со модни компаБУТИК GF BRANDS OUTLET нии од Италија и Германија во ВО ЗГРАДАТА НА ЕУ ИНФО-ЦЕНТАР Македонија носи модели од познатите дизајнерски брендови на Diesel, Cavin Klein, Energie, Miss Sixty, MUrphy & Nye, Freesoul... Нивна цел е да ги направат светските брендови подостапни за купувачите и цените се 50% - 70% пониски од регуларните во конвенционалните продавници. Во бутикот можат да се најдат парчиња од луксузните линии на Diesel и Energie како Diesel Black Gold и Energie Gold. GF Brands Outlet заедно со своите партнери од Италија и Германија го носи најдоброто од последните колекции. Производите се наменети за оние кои ја сакаат модата, без да станат модни жртви. За оние со сопствен стил и софистицираност кои знаат да го ценат најдобриот однос квалитет-цена.

114 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ОРИГИНАЛНИ БРЕНДОВИ ПО ПРИСТОЈНИ ЦЕНИ

022 322 16 36 www.panache.com.mk


панорама

РАМА ХРАНА ЗА СИТЕ СЕТИЛА

Ресторан Шафран (Saffron), „Васил Ѓоргов“ 20/7, ТЦ Капиштец Ресторан Saffron е место чиј ентериер Ве наведува на помислата „ух, скапо е“. Решавате да седнете, го разгледувате менито и за изборот помислувате „ух, многу е“. Не можејќи да одлучите што да нарачате мислите „ух, тешко е“. Нарачувате, пробувате и гласно размислувате „ммммммм, вкусно е“. По врвното уживање ја барате сметката и погледнувајќи прво во неа, па во љубезниот келнер, изговарате „ух, добро е“. Заминувате задоволни, знаејќи дека следниот пат само ќе м’мкате и уживате...

ПРИКАЗНА ЗА ПОСЕБНО КАФЕ Caramello, „Максим Горки“ 25, Скопје Caramelo е едно од ретките места кај нас кое ќе ви понуди кафе во кое можете да уживате секаде и во кое било време. „Coffee to go“ кое е вистинско место за сите поклоници на кафето и чајот. Место кое нуди навистина пријатна атмосфера и специјално одбрани кафиња и чаеви, кои не може да се вкусат на друго место кај нас. Во Caramelo има понуда за сечиј вкус: од одлично еспресо, мокачино или карамел макијато, па се` до чаеви и свежо цедени сокови од овошје и зеленчук. Сето тоа надополнето со пријатна атмосфера, грижливо селектирани музички ноти и персонал секогаш подготвен да ви помогне при изборот, кој е навистина голем. Едноставно, на Скопје му требаше место во кое ќе може да се најде внимателно одбрано квалитетно кафе и тоа да се преточи во вкусен напиток. Надополнето со можност да го испиете секаде каде што ќе посакате: дома, на работното место, или при прошетка со пријателите.

Приказната за Скопје, за скопските стари кафеани, а особено за скопските боеми не може да се раскаже ако не се спомене добро познатата гостилница „Боеми“ зад Универзална. Местото каде несомнено се збирале и сè уште си доаѓаат вистинските боеми: уметниците, писателите, актерите, случајните минувачи... Омиленото врталиште на доајенот на македонското глумиште – Петре Прличко, каде дури и местото на коешто најчесто седнувал е обележано со голема графика со неговиот лик. Пристигнавме во „Боеми“, времето беше студено и нè дочека љубезниот персонал. Неколку

стални гости веќе го беа окупирале местото на Петре. На вакво студено време, што друго ако не чорба (една чкембе, една телешка), лути пиперчиња со лукче, превкусно лепче потпечено на скара, и две големи пива. Сето тоа за 360 денари. Вкусна храна, автентичен и пријатен амбиент. Така што, ако патот ве наведе во „Боеми“, седнете на местото на Петре, нарачајте чорба (или што и да е друго, секако нема да погрешите) и уживајте во едноставниот боемски живот.

115 LIFE Ф Е В Р У А Р И

ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ Место: кафе ресторан „Боеми“ Адреса: „Иван Милутиновиќ“ 20, Скопје (зад „Универзална“) буџет: 400 денари за двајца


ЕКСКЛУЗИВНИ ПОПУСТИ СО LIFE КЛУБ КАРТИЧКА !!! Во прилог е новата, проширена листа на партнери кои специјално за Вас, корисниците на „LIFE КЛУБ КАРТИЧКАТА“ доделуваат попусти на производите и услугите кои ги нудат. Секако, не заборавајте да ја проверите новата листа следниот месец!

Доколку се` уште не сте ја активирале Вашата картичка, сторете го тоа на следнава адреса: www.makfax.com.mk/lifeklubkartichka

ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР - 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања бул. Св. Климент Охридски б.б., Скопје

ДРАМСКИ ТЕАТАР – 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања Шекспирова 15, Скопје

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА - 20% попуст на билети Македонија б.б., Дом на АРМ, Скопје

АИКИДО - 15% попуст Александар Палас Р.Ј. Корчагин моб. 071 308 068 факс: (02) 3176 937 www.zendo.org.mk e-mail: maa@t-home.mk

КОЗМЕТИЧКИ И ФРИЗЕРСКИ САЛОНИ AURIЕGE – PARIS (ДЕРМАБЈУТИ) - 10% на која било индивидуална услуга и 10% попуст на секој индивидуален производ Ул. Христо Смирненски 54, Скопје tел: (02) 3 230 130 www.auriege.com

CUT & CUT - HAIR STYLING STUDIO – 10-20% попуст, во зависност од услугата ул. Наум Наумовски Борче бр. 87, Скопје тел: (02) 3120 235 / моб: 070 600 183 www.cut-cut.com.mk e-mail: dimitar.dimovski@cut-cut.com.mk

GEOX - 10% попуст ГТЦ, Скопје

MISS SIXSTY, ENERGY, KILLAH - 10% попуст, ТЦ Соравија, Скопје AURA - 10% попуст на сите услуги освен за услугите кои се на редовен попуст Пелагонка 2, ламела 2/4 кат, Битола тел. (047) 202 231 www.aura.com.mk e-mail: aura@aura.com.mk СТУДИО MAJA - 20% попуст на сите услуги бул. Климент Охридски бр. 17, Скопје тел. (02) 3 214 082

FANI PRIMO – 20% попуст ул. Анкарска бр. 29, Скопје

BABETTE – 10% попуст на артикли кои не се на попуст ГТЦ, I кат (спроти Mango, веднаш до Oxette), Скопје

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

116

LIFE Ф Е В Р У А Р И

TCC PLAZA WELLNESS CENTAR – 25% попуст на месечниот полн пакет (неограничено користење фитнес-сала, базен и сауна) Васил Главинов 12, Скопје тел. (02) 3 111 807

MAGNUS FITNESS CENTAR - 10% попуст на фитнес, аеробик, пилатес и пакетите за солариум Ул. Огњан Прица б.б., лок., Скопје Тел: 072 222 222 www.magnus.com.mk

SILHOUETTE – 10% попуст на сите услуги Silhouette Скопје Ул. „Васил Главинов“ бр. 7б, Скопје Тел: (02) 3223 355 ; (02) 313 13 13 Silhouette Битола ул. „Пелагонка“ бр. 2, Битола тел: (047) 60 99 99 Silhouette Охрид ул.„Туристичка“ бр. 49a, Охрид тел: (046) 257 789 FASHION LOOK - ФРИЗЕРСКО И КОЗМЕТИЧКО СТУДИО, НАДГРАДБА НА НОКТИ И ШМИНКА – 10% попуст на сите услуги ул. Васко Карајанов бр.5, Скопје тел: 02 32 32 682 / моб: 071 248 518 моб: 070 222 517 e-mail: feshion.look@gmail.com

MIU MIU – 10% попуст на сите третмани, освен за пакетите на попуст и солариум ул. Христо Смирненски 42/4 , Скопје тел. (02) 60 90 790

ПРОДАВНИЦИ ЗА ОБЛЕКА И ЧЕВЛИ, БУТИЦИ, АСЕСОАРИ, НАКИТ

SPRINGFIELD - 10% попуст ТЦ Рамстор и ГТЦ – Скопје; Гоце Делчев 25 - Куманово.

BATA - 10% попуст ТЦ Рамстор и ТЦ Соравија – Скопје.

PETEK 1855 – 10% попуст на производите кои не се на редовен попуст Caleidos - Nine West - United Nude - Terra Plana – Herry – Baumm – гардероба и накит од македонски дизајнери ГТЦ 1 кат, Скопје тел. (02) 3 221 503 e-mail: info@narsgroup.com

LUDUS CONCEPT STORE – 10% попуст за сите производи, освен модните колекции ул. Франклин Рузвелт 39, Скопје www.ludus.com.mk

* Листата на попусти се менува секој месец. LIFE магазин не одговара за промените направени од страна на партнерите во тековниот месец


РЕСТОРАНИ

VIKTOR CHEVIGNON - 10% попуст на сите производи, вклучително и производите на попуст ГТЦ 1 кат / ТЦ Буњаковец тел: (02) 321 44 11

КНИЖАРНИЦИ DVE SMIZLE – 15% попуст ГТЦ – приземје (Златарска уличка), Скопје www.dvesmizle.com тел. (02) 3 222 5864

L'ADORO GIFTS & MAGIC – 10% на целиот асортиман ул. Максим Горки 20, Скопје тел/факс 02 3225 115 www.ladoro.mk / www.ladoro.tc.mk e-mail: contact@ladoro.mk

ACID WEAR – 10% попуст Токсик - ГТЦ 1 кат позади Југотон и Acid Store - спроти Рамстор - Скопје www.acidwear.com.mk ЛУКАС ММ, БИТОЛА - 20% попуст на сите артикли коишто се по редовни цени Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за чевли Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 3, Битола

КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ТРИ - 10% попуст ГТЦ I кат, Скопје, Тел: (02) 32 38 722 Моб: 071 268 402 www.kniga.com.mk e-mail: knizarnica@kniga.com.mk

МАГОР - 20% на сите македонски автори (изданија на Магор) порта Буњаковец локал 2 тел: 02 3121 027 / факс: 02 3137 867 e-mail: magor@t-home.mk www.magor.com.mk

BLESOK - 20% попуст на книги нарачани преку www.blesok-shop.com.mk www.blesok.com.mk

МАТИЦА МАКЕДОНСКА - 10% попуст бул. Св. Климент Охридски 23, Скопје тел: (02) 3 22 11 38; 3 23 03 58; 3 22 42 65, факс: (02) 32 17 139 е-mail:contact@matica.com.mk www.matica.com.mk

ОРДИНАЦИИ УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА И АНТИКВАРНИЦА БЕЗИСТЕН - 10% попуст за целокупниот асортиман на галеријата кој е со редовна цена ул. Вељко Влаховиќ 3 (на „Рекорд“), Скопје, тел/факс: (02) 3 117 150 www.artgallerybezisten.com.mk e-mail: pieta@unet.com.mk

ACCESSORIES - 15% попуст; не важи за артиклите кои се веќе на попуст Ramstore, тел: (02) 3 228 024, Скопје ГТЦ, тел: (02) 3 121 705, Скопје

PROTETICS S&S - 15% попуст ПРОТЕТИКА С и С, д-р Борис Станков, ул. Даме Груев, Градски ѕид б.б. (во просториите на ЈЗУ „Железничар“), Скопје тел: (02) 5 210 846 (02) 3 134 444, лок. 112 Моб: 070 234 445

ОРДИНАЦИИ ПАШОСКИ, ОРДИНАЦИИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И СТОМАТОЛОГИЈА - 20% попуст за приватно лекување Ул. 50 Дивизија број 34, Скопје Тел: 02 3179 805 (општа медицина) Тел: 02 3179 893 (стоматологија) Работиме со сини картони www.pasoski.com.mk e-mail: info@pasoski.com.mk ГИНЕКОЛОГ ДР. ХАЏИЕВСКА – 20% попуст за приватни прегледи Поликлиника Идадија, ул. Иво Лола Рибар бб, Скопје тел. (02) 3 231 419

ГИНЕКОМЕДИКА - 10% попуст на сите услуги. Ул. Народен Фронт бр. 9/1, Скопје тел: (02) 3 220 800 тел: (02) 3 111 392 www.ginekomedika.com.mk ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА RES HUMANA - 10% попуст на пакет уролошки преглед за мажи и 10% попуст на интернистички ехотомографски иследувања Миле Поп Јорданов 44, населба Козле, Скопје тел/факс. (02) 3083 900; (02) 3085 754

АМБУЛАНТА PRAMA MEDICA - 20% попуст за Кабинет за остеопороза – дензитометрија и 15% попуст за Акупунктура ул. Јуриј Гагарин 41б, Скопје тел/факс. (02) 30 90 002 e-mail: pramamedica@yahoo.com

ПЗУ ПАВЛИНА - 10% попуст на сите услуги и анализи + бесплатна крвна слика за сите корисници на LIFE клуб картичката ул. Огњан Прица 39 тел: (02) 2 771 112 www.dlpavlina.mk e-mail: info@dlpavlina.mk

КОЗМЕТИКА И ДРОГЕРИИ

НУТРИВИТА – за природна козметика Olivela –10% попуст, за додатоци во исхрана GE 132, Symbiotics, Stevia и алги –10% попуст и за Lansinoh колекција за трудници и доилки – 10% попуст 29-ти Ноември бр.15-3, Скопје Тел: (02) 3230 777 Факс: (02) 3230 777 www.nutrivita.mk

NOBU SUSHI & BAR - 15% попуст на целото мени ул. Ленинова 29, Скопје тел. (02) 31 21 123 nobu.restaurants.com.mk

LA LUNA – 20% попуст на целото мени Ramstore, прв кат, Скопје Тел: (02) 312 12 14 www.laluna.com.mk e-mail:laluna@laluna.com.mk

DALMA - 10% попуст Ресторан Далма, Петар Поп-Арсов 22, Скопје Тел: (02) 3 246 616 www.dalma.com.mk e-mail: contact@dalma.com.mk

ГОСТИЛНИЦА ИВ - 10% попуст на цело мени 11 Октомври б.б., Скопје тел. (02) 3114 040

РЕСТОРАН ШАФРАН - 15% попуст на цело мени Васил Ѓоргов 20/7, ТЦ Капиштец, Скопје моб. 078/331-709

БЕЛА ТЕХНИКА И КОМПЈУТЕРИ МИГОР – ДЕЛ СТОР - 5% попуст ТЦ „Беверли Хилс“ ниско приземје, лок. 55, Скопје

ХОТЕЛИ

ХОТЕЛ АМБАСАДОР, БИТОЛА - 30% попуст ул. Београдска 2а, Битола тел. (047) 225 623 ХОТЕЛ МИЛЕНИУМ, БИТОЛА – 10% попуст ул. Маршал Тито 78, Битола тел: (047) 241 001

117 LIFE Ф Е В Р У А Р И

BIZU BRIZIT BIJOUTERIE & ACCESSORIES – 10-20% на целиот асортиман Партизански одреди бб, А3 - лок. 5, Скопје тел. (02) 322 49 24


ТАРОТСКОП ФЕВРУАРИ 2011

118

LIFE Ф Е В Р У А Р И

¢ Мадам Шехерезада

ОВЕН АС НА МЕЧОВИТЕ

БИК ДЕВЕТ НА ПАРИТЕ

БЛИЗНАЦИ ПУСТИНИК

РАК ПАПА

ЛАВ ОБЕСЕН ЧОВЕК

ДЕВИЦА СУД

Контрола над работите, тоа е основната преокупација на овните во месец февруари. Земете ги уздите в раце и започнете со позитивна акција, бидејќи сте добро наоружани и спремни да одите напред. Во љубовта, она што го сонувавте веќе подолго време ќе Ви се оствари. Ова е период на добра карма и задоволства. Совет: не претерувајте со ништо, уживајте во моментите!

Пред вас е период на чистење и расчистување, а најверојатно веќе сте размислиле и да побарате совет од книгите за фенг-шуи и експертите. Сепак, подобро би било да се фокусирате на вашиот духовен (не)ред и да се обидете да го средите. Немојте да се тревожите околу промените кои очевидно Ве поместуваат од вообичаениот колосек. Совет: свеж воздух и овошје.

Ова е добро време да седите дома, да се организирате и да бидете спремни за новата енергија која е на повидок. Во блиска иднина пред вас ќе „излезат“ многу нови можности (и предизвици), па искористете го овој мирен период за вас (за одмор, тишина и самотија), за да имате сила за остварување на новите цели. Совети: помалку стрес и возбуди, повеќе љубов и бакнежи, доволно добра храна!

Овој месец подгответе се за нови предизвици на работното место, за учење на многу нови работи, многу нови идеи, како и шанса за унапредување или менување на работната средина. Најважно од сè е да не бидете мрзеливи и да дадете сè од себе за да го постигнете зацртаното. За раковите кои не се во врска, на повидок е нова романса со постара личност. Совет: ум во глава, шише вода во рака!

Имате чувство дека залудно трошите енергија, а немате никаква сатисфакција? Немојте да се обесхрабрувате бидејќи претстои период на промени, каде што конечно она што го сработивте во минатиот период ќе вроди со плод. Работите ќе се раздвижат и на приватен и на професионален план, па издржете го периодот на стагнација уште малку. Совет: излезете, опуштете се, не размислувајте.

Оваа карта и движењето на планетите Ве потсетуваат на добро познатата изрека дека кога една врата се затвора, некоја друга се отвора, и тоа токму онаму каде што сте сакале да одите. Веќе некое време се држите за нешто што одамна застарело и се истрошило, па време е да се ослободите од него. Нови, убави работи ве чекаат веднаш зад аголот. Совет: Препуштете се!

ВАГА ДЕСЕТ НА МЕЧОВИТЕ

СКОРПИЈА БОРБЕНА КОЛА

СТРЕЛЕЦ ДЕВЕТ НА ПЕХАРИТЕ

ЈАРЕЦ ОСУМ НА МЕЧОВИТЕ

ВОДОЛИЈА СЕДУМ НА ПАРИТЕ

РИБИ ДЕСЕТ НА ПЕХАРИТЕ

Овој месец треба да престанете да трчате за другите и да почнете да мислите на себе. Ветете си дека ќе си ја посветите себе си истата љубов и внимание која им ја посветувавте на сите околу вас, и работите ќе станат подобри. Всушност, најлошото веќе е зад Вас. Вагите кои не се во врска ги очекуваат и страсни авантури, бидејќи оваа карта се поврзува со физичката љубов.

Да, некој Ви прави работи зад грб, на што најверојатно веќе сте навикнати. Но, имајте на ум дека во „борбата“ која Ви претстои, правдата е на Ваша страна, што во случајов значи и загарантирана победа. Немојте да се предавате туку истерајте го Вашето. Како последица на оваа ситуација можни се и недоразбирања со партнерот, но најдобро гледајте да се фокусирате на вистинскиот непријател.

Оваа карта сугерира успешен и богат период, пред се` гледано од финансиски аспект. Бидете отворени и комуникативни, но пазете се од некои луѓе кои одеднаш ќе Ви станат „најдобри пријатели“ и преиспитајте се дали нивните намери се навистина чесни. Ве очекуваат убави љубовни моменти, или со постоечкиот партнер, или нови предизвици со некоја симпатична личност. Совет: вино и вистина!

Иако работите и се давате себе си до максимум, постојано имате чувство дека некој бескрупулозно Ве искористува. Размислете за целата ситуација и ќе видите дека можете да преземете нешто, дека некои работи зависат од Вас, и дека решението е поедноставно отколку што сте мислеле. Совет: На убав начин конфронтирајте се со личноста од која сте загрозени и веднаш ќе се чувствувате подобро.

Овој месец Ве очекуваат прекрасни работи, од собирањето на плодовите од Вашата работа, па се` до прекрасни моменти поминати со семејството и љубената личност. Иако сте многу возбудени, сепак не дозволувајте еуфоријата целосно да Ве обземе, бидејќи имате уште многу работи што треба да ги сработите за да ја достигнете целта. Совет: романтична вечера со скапо вино и суво овошје.

За вас ова е месец посветен на љубовни, фамилијарни и пријателски врски – изгладнување и продлабочување на односите. На професионален план ќе успеете да остварите контакти со некои битни луѓе кои можат да придонесат за нагорен развој на Вашата кариера. Само продолжете како што сте тргнале и најверојатно пред Вас е блескава иднина. Совет: помалку кафе, повеќе прошетки.



LIFE МАГАЗИН

52

февруари

пријателство број 52 февруари

2011

69ден.

LIFE ТЕМА

ПРИЈАТЕЛСТВО


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.