Časopis za umetnost i kulturu Zvezdani Kolodvor

Page 125

Renata Pencova, Štip

Моето најљубовно писмо... До непозната адреса! Незнам како да те наречам, па ќе те викам мој. Иако тој никогаш не беше МОЈ. Бевме двајца туѓинци кои немаат што да споделат, немаат што да кажат,немаат што да подарат.А, сепак имавме илјадници недоискажани мисли,но немавме право да зборуваме.Имавме милиони незавршени погледи,но секогаш другите незаситени души ни ги одземаа.Имавме безброј непроспиени ноќи ,но никогаш не изустивме ниту еден збор за сопственикот на нашата несоница.Отворените рани болат и печат, а заштитата секогаш ја баравме во истопениот мраз на меката перница.Врелина од емоција,поплава од изгубени денови,белези од врела страст распослани на нашите улици,нашите места, градови, спомени,нашите тела.Самите ги разбудивме заспаните надежи некаде длабоко во нас, а потоа тие врескаа за допири ,но немавме храброст и се спротиставиме и го доживеавме бегството од рајот во пеколот.Баравме лек за да се излечиме од епидемијата од која боледуваше нашата душа, но никако не го пронајдовме.Баравме место каде никој не знае,никој не прашува и никој не забележува каде ќе можеме со нож да ја пресечиме душата и да ја фрлиме на ѓаволот.Залепени,згужвани,непреболени спомени прелетуваат како птици низ умот и создаваат јазол кој станува уште поголем и истура крвави залези на болка.Спомените се топат во твоите валкани раце,ги убиваш полуживите никулци на радост, свилените, бели крилја на занос ги грабаш и крадеш за да се ослободиш од твојот лазур од солзи.Полека ги ставивме синџирите на рацете затоа бевме сигурни дека слабата светлина од фенерот е измама од нашите погледи да порасне некоја искрена нежност.Насекаде лебдее мирисот со кој ни ги отвара сетилата и перформансот на љубовта станува недостоен.Ѕвездите се сведоци за нешто што требало да се случи,но не се случило.Пишувавме писма до месечината за да ги доживееме нашите прегратки, но нашата месечина никако не ги исполнуваше нашите желби.Баравме човечка потреба од саканост а добивавме прекриени,превртени погледи,ладни,лажни воздишки и неотварливи сништа.Тапите удари на срцето не потсетуваат на понорот во кој живее тагата.Зборувам за НИЕ, а не постоевме бевме и сме ЈАС и ТИ.Имавме и немавме, баравме,сакавме, се браневме,се криевме,избегнувавме, срамевме,клеветевме, посакувавме и останавме туѓинци кои си го знаат само името.Но велат вистинската права емоција е сретнувањето на погледите, а ние тоа го доживевме.Ако ти не постоеше ќе бев приморана да те измислам. Сега барам враќање со надеж за некое потполно остварување, но нема враќање сега има смирувачка точност а тоа е суровата реалност.Се прашувам дали некое наше следно видување ќе донесе соединување на виорите понесени од длабочините.Мракот во прегратки ми лежи и става некоја искината светла маска се со цел да подари магии кои усните ќе ги остават без зборови.Сега кога секои мои избегнати погледи би се претвориле во бакнежи таа личност би била најсакана.Ова не е ништо туку чекор кој помога да пораснам.Очите искапени во бојата на костенот се виновни за се.Го сакав кога не беше време за сакање, кога беше време за страдање и умирање од болка.Го сакасв кога ме убиваше со зборови и косеше болка.Го сакав тогаш и никогаш повеќе.Дојде и замина, но остави безброј причини за насмевки.Нашето време помина но доволно добро го стопли срцето и тоа никако да олади.Барај ме кога сонцето ќе добие црвена,срцева боја за да се гледаат најубавите зајдисонца. Од таа што не те познава

125


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.