LEAP2011-2017

Page 115

4.

Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи – уредува градежно земјиште, врши реконструкција, изградба и одржување на локални патишта, улици, го регулира користењето на јавните површини.

Табела 54 Организациона поставеност во Општина Карпош

4.4 Невладини организации (НВО)

На територија на Општина Карпош се регистрирани 22 невладини организации кои како основа на своето ангажирање ги имаат прашањата за развој на цивилното општество, од кои 4 се за заштита на животната средина. Соработката со локалната самоуправа е одлична и потребно е унапредување на истата преку иницијативи и заеднички проекти. Невладиниот сектор може многу да придонесе кон остварување на активностите поврзани со заштитата на животната средина. Правилната поставеност на ваквите невладини организации е начин на кој граѓаните можат да учествуваат во управувањето со животната средина, што е од огромно значење. Тоа ќе доведе до подигнување на јавната свест и одговорноста кај самите граѓани од Општината. Најплодна соработка од областа на заштитата на животната средина, Општина Карпош остварува со НВО Сончогледи, од многубројните активности е и проектот "Заедно да ја сочуваме природата" во периодот 20.10 – 20 .03. 2011 година. Активностите кои го следеа проектот беа следни: подигнување на јавната свест кај граѓаните за непроценливото значење за зачувување на здрава животна средина, 115


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.