Карпош Урбан бр.62

Page 1

Весник на локалната самоуправа октомври-ноември 2017 • бр. 62 • година 8

41 ГОДИНА ОПШТИНА КАРПОШ


Со свечена седница на Советот, во Кинотеката на Македонија, пригодно беше одбележана 41. годишнината од формирањето на Општина Карпош. Во присуство на поранешни градоначалници од општина Карпош, актуелни градоначалници од скопските општини, актуелни членови на Советот на општината, советници од претходните мандати, како и дел од општинската администрација, водечките луѓе на локалната власт го истакнаа значењето на овој датум. Градоначалникот на oпштина Карпош Стефан Богоев и претседателот на Советот Душко Весковски искажаа должна почит кон претходните градоначалници кои ја управувале локалната самоуправа, на советниците, на администрацијата која со децении работела на подобрување на ликот на општината, при што потсетија дека секој од нив оставил траен белег во развојот на општина Карпош. На 3 ноември, во далечната 1976 година, официјално е формирана Општина Карпош, заедно со уште неколку скопски

2

општини. Низ годините Карпош прерасна во една урбана историја, посакувана дестинација за многу жители на градот Скопје, но и за луѓето од сите краишта на Република Македонија. Карпош прерасна во своевиден „град во градот“, со многу спортски, културни, образовни и филантропски манифестации. Општина Карпош е прогласена за најтранспарентна и општина со најголема социјална инклузија. За претседателот на Советот Душко Весковски, Карпош не само што е најубава и најурбана општина туку и e „наша сегашност и иднина“. Советниците од Карпош, според Весковски, секој поединечно претставник на најмалку илјада граѓани, врз себе го понесоа товарот локалната самоуправа да ја издигнат на едно ниво повисоко и да ја претворат во најубаво место за живеење. Весковски напомена дека најголемиот коректор ќе бидат карпошани, и тој клучен фактор во ниту еден момент нема да се заборави. Претседателот на Советот на општина Карпош, исто така

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

најави дека вратите на Општината ќе бидат ширум отворени, за гласот на карпошани да биде секогаш ислушан и испочитуван. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев вети дека сега, по дадената доверба од своите сограѓани, ќе ја води општината во едно подобро утре. Тој го повтори своето ветување за живот во Карпош, онаков каков што посакуваме, онаков каков што заслужуваме. Богоев нагласи дека отсекогаш иднината на Карпош била и е во младите, идните генерации кои допрва доаѓаат, кои сакаат да го кажат својот план, својата програма. Исто така, Богоев напомена дека со советниците и покрај тоа што се разликуваат во идеите и идеологиите, тие имаат единствена желба: Карпош да биде поубаво и попросперитетно место за живеење. На крајот, во духот на кажаното, најмладите жители на Карпош, победниците на овогодинешниот „Карпош има талент“, октетот од ООУ „Владо Тасевски“ во маестрална изведба под менторство на Елизабета Станоевска на сцената ја испеаја староградската антологиска песна „Дафино, вино црвено“, додека ученичкиот хор од ООУ „Лазо Трповски“ ја испеа официјалната химна на Општина Карпош.

ВО ФОКУСОТ

КАРПОШ ПРОСЛАВИ 41 ГОДИНА ПОСТОЕЊЕ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ

5

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ СТЕФАН БОГОЕВ

6

СО ЕДУКАЦИЈА ДО ЗДРАВ ОБРОК

22

ИНСПЕКТОРИТЕ НА КАРПОШ ВО „БИТКА“ СО ЗАГАДУВАЧИТЕ

25

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ?

Издава Општина Карпош ул. Радика бр. 9 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 3055-901 02 / 3055-902 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk

Издавачки совет Стефан Богоев Душко Бужаровски Филип Даскаловски

Фотографија Ива Зафировска Амел Амед Игор Ѓуровски Петр Стојановски

Заменик -уредник Игор Ѓуровски igor.gjurovski@karpos.gov.mk

Редакција Игор Ѓуровски Мила Гавриловска Ива Зафировска Живко Трајановски Благојче Атанасоски Ивана Пендовска Вукашиновиќ

Во конференциската сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“, се одржа првата конститутивна седница на Советот на општина Карпош. На оваа седница Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања, ги верифицираше мандатите на новоизбраните членови на Советот на општина Карпош. Најстариот советник во овој мандат Димитар Зимбаков, претседаваше со конститутивната седница. На предлог на мнозинството советници, акламативно поддржан од сите советници и советнички групи за нов претседател на Советот на локалната самоуправа е избран Душко Весковски, кој нагласи дека очекува конструктивна соработка за доброто на граѓаните на општина Карпош. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев им го честиташе изборот на новите членови на Советот на општината за период 2017-2021 година, и истакна дека очекува плодна соработка, со која ќе се реализираат проекти со кои ќе се

СОВЕТ

ОПШТИНА КАРПОШ ДОБИ НОВ СОВЕТ

ОПШТИНА КАРПОШ ДОБИ НОВ СОВЕТ

подобри квалитетот на живот во општина Карпош. - Сакам да потенцирам дека јас како кандидат за градоначалник на општина Карпош, и вие како кандидати за членови во Советот на општина Карпош, сме биле кандидати од различни политички партии и опции. Но сега, јас како градоначалник на општина Карпош, и Вие како избрани членови во Советот на општината, сме функционери кои ќе работат во интерес на сите граѓани на локалната самоуправа, и оттука, убеден сум дека во овој четиригодишен мандат ќе имаме одлична соработка – посочи Богоев. Б.А.

34 Весник на локалната самоуправа октомври-ноември 2017 • бр. 62 • година 8

Лектор Ангелина Николовска Технички уредник/ Графички дизајн Ивана Пендовска Вукашиновиќ

41 ГОДИНА ОПШТИНА КАРПОШ

5


КАРПОШ ЌЕ БИДЕ ОПШТИНА НА МЕЃУГЕНЕРАЦИСКА КОХЕЗИЈА 1. Да се биде „прв човек“ на општина Карпош е вистински предизвик, но и одговорност. Како Вие го доживувате тоа? - Довербата која ми ја дадоа граѓаните на општина Карпош, на последните локални избори, претставува вистинска одговорност. Но, одговорноста ја чувствувам кон сите граѓани, не само кон оние што гласале за мене, бидејќи дадов збор дека ќе бидам градоначалник на сите, без поделби и селекција. 2. Довербата на граѓаните ја добивте во најголема мера поради младешкиот ентузијазам и визијата што ја имате за Карпош. Кои се основните сидра на новиот „Живот за Карпош“? - Нашата основа е спојот на ентузијазмот, креативноста и искуството. Имаме стручен, квалитетен тим со кој ќе овозможиме вистински напредок на Карпош и реализација на прогресивни проекти за нашата општина. Ентузијазмот и искуството се нашите сидра, но, потребна нè е поддршка и соработка од целиот „екипаж“ – од сите граѓани, бидејќи нивната вклученост во работата на општината е од големо значење. 3. Карпош важи за една од најурбанизираните општини во Градот, но сепак остануваат „полни раце“ работа во него. Која е Вашата листа на приоритети? За што првично ќе се зафатите? - Уште од првиот ден започнавме да се справуваме со решавање на проблемот со загадениот воздух, како еден од најгорливите проблеми во нашата општина. На терен се постојано присутни општинските и комуналните инспектори, придружувани со лица од МВР, со цел да се спречи палењето на секундарниот отпад како еден од најчестите загадувачи. Редовно го информираме и Министерството за животна средина и просторно планирање за состојбата со загадениот воздух со цел да бидат преземени мерки. И јас, како градоначалник, но, и другите вработени во општината целосно сме фокусирани на проблемот со загадувањето и негово системско решавање. Кон овој проблем потребен е сеопфатен пристап од сите општини и Град Скопје, бидејќи Карпош не е изолирана средина за самостојно да го решиме проблемот. Исто така, започнуваме и со решавање на сообраќајниот хаос. Во Карпош 4, кај „Скопје сити мол“, предвидуваме поставување на рампи пред влезовите на паркинзите, околу зградите, со цел да оневозможиме паркирање на посетители од трговскиот центар. Во соработка со Град Скопје, ќе направиме дислокација на такси-станицата кај „Скопје сити мол“, со цел да нема застој. 4. Освен инфраструктурата и екологијата, Карпош мора и да расте и да се развива... во која насока? - Заштита и обновување на постоечкото зеленило е наш приоритет. Работиме и на уредување и разубавување на

6

просторот со нови зелени површини. Можам да најавам дека започнавме разговори за изградба на новиот парк во Карпош 4 (кој ќе се простира долж Кејот на реката Вардар). Општината ќе се урбанизира во оние делови каде што има реален простор и потреба, како што се Бардовци, Злокуќани и Зајчев Рид. Овие места се дел од Карпош, а се целосно отсечени и асоцираат на рурални делови. Планираме правилен и рамномерен развој на нашата општина во секој аспект. Урбанистичко планирање кое нема да го загрозува живеењето на граѓаните. Се насочуваме кон обновливите извори на енергија, со цел да ја заштитиме средината, но и домаќинствата, градинките и училиштата да имаат пониски трошоци. Здравите навики кај децата од предучилишната возраст и кај основците ќе ги развиваме и преку здрави оброци. Нема да дозволиме задоволување на нечии тендеринтереси, а учениците да јадат бајата храна. Карпош е срцето на Скопје и кога зборувам за вистински развој на нашата општина, тука не смее да се подразбираат основните и тековни обврски кои секако навремено ќе ги извршуваме. Да сумирам, развојот на Карпош ќе се однесува на заштита на животната средина и користење на обновливите извори на енергија, соработка со приватниот сектор, грижа за граѓаните преку развивање на спортот и економско јакнење на општината. 5. Како најмлад градоначалник кој ќе менаџира општина со околу 65.000 жители какво место им утврдивте на младите во одлучувањето за нивната општина. Преку кои форми и во кои домени? - Младите ќе бидат вклучени во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Како што ветив и во мојата Програма, ќе ја зајакнеме улогата на Локалниот младински совет во општината. Тоа ќе биде вистинско претставничко тело на младите, а не квазиорган диригиран од општинската власт. Информиран сум дека се подготвува Прирачник за работа на овие младински совети, со цел полесно нивно функционирање. Овие младински совети ќе имаат и задача за изработка на локални стратегии за млади, а секако ќе бидат вклучени и при креирање на проекти за млади. Локалниот младински совет на некој начин треба да биде „пандан“ на Советот на општината, коректор на политиките кои се однесуваат за млади, но и креатор на нови решенија и политики за млади. 6. Двонасочната комуникација со граѓаните, кои ќе се согласите се исклучително активни (здруженијата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, „Зелено Тафталиџе“, „Ние сме Карпош 4“ и др.) бара голема вклученост, усогласување и толеранција со карпошани. Дали можеме да го постигнеме тоа? - Давам збор дека ќе продолжам да ја негувам

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

двонасочната комуникација со граѓаните, како што го правев тоа во изборната кампања и претходно додека бев пратеник во Собранието на Република Македонија. Една од основните обврски на градоначалникот е да биде достапен за своите граѓани, преку директни средби (на терен), мејл-комуникација, социјални мрежи и слични алатки. Ја ценам активноста на сите посочени здруженија за заштита на зеленилото, тие дадоа значаен придонес во одбрана на дел од зеленилото во Карпош. Заедно продолжуваме да работиме на планско раззеленување на нашата општина. Да немате дилема, јас како градоначалник, но и секретарот, членовите на Советот и општинската администрација ќе бидат пример за достапно и транспаренто работење. Имаме тим кој посветено ќе работи на решавање на проблемите, без оправдувања и изговори. 7. Дали на Карпош му претстои креативен

континуитет или драматичен дисконтинуитет во сферата на урбанизацијата? - Во Општина Карпош не смее да има континуитет на урбанистичкото злосторство кое се случуваше во изминатите години. За жал, секојдневно се соочувам со одобренија за градба кои веќе се издадени, но работиме на целосна ревитализација на помалку урбаните делови. Како што напоменав претходно, урбаните заедници како Бардовци, Злокуќани, Нерези наликуваат на рурални средини, без тротоари и канализација. Ова ќе го промениме и урбанизацијата ќе биде насочена кон овие, помалку развиени делови кои имаат голем потенцијал да станат атрактивни за инвестирање.

8. Што во старт ќе отфрлите, а кои проекти ќе ги продолжите и надградите? - Не сум човек кој по секоја цена ќе сака со „гума“ да го избрише минатото. Секако дека во општината се спроведувале и позитивни проекти. Од општинскиот Буџет се финансирани хуманитарни активности, спортски турнири, културно-образовни проекти. На дел од овие активности директно се вклучив и дадов поддршка. Мора да повлечеме линија и да кажеме што е јавен интерес и тука политичка суета не смее да има. Затоа, периодот се вклучив во хуманитарните активности на општината, спортските турнири на учениците од основните училишта, ликовните колонии... Сè што е во интерес на локалната заедница ќе продолжиме да го поддржуваме. Но, граѓаните ми ја дадоа довербата за една нова енергија и дух во Карпош. На Карпош му требаат вистински, а не „бекатон“ промени. Затоа, уште од самиот почеток кажувам дека ќе престане „дебармаализацијата“ која му се случува на Карпош. Престанува н а с и л н о т о уништување на зелени површини и задоволување на апетитите на урбанистичката мафија!

ОДБЛИЗУ

Интервју со Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев

9. Каков го гледате Карпош во 2021 година? - По природа сум човек кој ги планира работите, барем за во блиска иднина, сепак од оваа дистанца не е лесно да се даде прогноза. Најважно е како граѓаните ќе го гледаат Карпош во 2021 година, по завршувањето на првиот мандат. Карпош како општина на меѓугенерациска кохезија, во која дишеме чист воздух. Паркови полни со млади луѓе, миленичиња и повозрасни граѓани кои уживаат во својата доба. Образование кое мотивира и ученици кои бележат успеси, општина со најмала стапка на невработеност, сообраќаен ред и голема чистота. Од денешна перспектива можеби ви звучи недостижно, но јас преземам одговорност да направам нешто повеќе. Да ги подигнеме стандардите за тоа што значи вистински и достоинствен живот за сите граѓани на Карпош! В.Цветковска

7


ВЕТЕНО-СТОРЕНО

ОБНОВЕНИ ДЕТСКИ КАТЧИЊА ВО КАРПОШ 2 И НЕРЕЗИ Локалната самоуправа изврши целосна реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во населбата Карпош 2. За таа цел, беше поставена нова заштитна ограда, нови клупи и корпи за отпадоци, а согласно стандардите за безбедност се монтираа и нови дрвени детски реквизити. Локалната самоуправа го реновираше ова игралиште каде што младите карпошани ќе се рекреираат, ќе другаруваат и ќе ги поминуваат своите безгрижни детски денови.

НОВ АСФАЛТ ЗА УЛИЦАТА ЈУРИЈ ГАГАРИН ВО КОЗЛЕ

Игралиште Карпош 2

Општина Карпош продолжи со редовните градежни активности на своја територија. Во таа насока, започнаа работите со гребење на асфалтната површина на улицата Јуриј Гагарин која се наоѓа во урбаната заедница „Пецо Божиновски – Кочо“, во населбата Козле. Ќе се реконструираат коловозот и тротоарите на улицата во должина од 575 метри, а изведувач на инфраструктурниот зафат е фирмата „Ескаватори“. За оваа намена, локалната самоуправа од својот буџет издвои 6.540.000 денари.

Детското игралиште кое се наоѓа на ул. Козле 8 покрај каналот во УЗ „Нерези“ е целосно реконструирано. Најмалите карпошани ќе можат безбедно да го користат во деновите кои следат.

Игралиште во Нерези

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


Општина Карпош продолжува со инфраструктурни работи на своја територија. За таа цел паркинзите на улиците Волгоградска и Желево се подготвуваат за асфалтирање кое ќе се изврши во текот на оваа недела.

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКИНЗИ ВО КАРПОШ 4

КОМПЛЕТНО РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА ФРАНЦЕ ПРЕШЕРН ВО ВЛАЕ Локалната власт го реконструираше и последниот дел од главната улица Франце Прешерн во урбаната заедница „Влае 1“ во должина од 700 метри. Исто така, општината ги асфалтираше сите 15 краци од оваа улица во должина од 2.518 метри. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“, а за овој капитален инфраструктурен зафат, локалната самоуправа од својот буџет издвои 8.391.103 денари.

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА На барање на родителите чии деца учат во ООУ „Лазо Трповски“, општина Карпош постави столпчиња долж тротоарите кои водат до основното училиште. На овој начин ќе се спречи паркирањето на автомобилите кои го отежнуваат движењето во рамките на пешачката патека. Основците ќе можат безбедно и непречено да се движат на патот до своето училиште.

11


ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕКОНСТРУИРАНА ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА ЛЕРИНСКА Комуналниот проект за решавање на проблемот со насочување на отпадните води кои доаѓаат од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и тамошните станбени објекти кои гравитираат околу истиот е целосно реализиран. За таа цел, локалната самоуправа ја реконструираше постоечката фекална канализација на улицата Леринска бр. 8, 10 и 12, во должина од 80 метри и изврши зголемување на внатрешниот профил на цевки од ф-150 на ф-250. Изведувач на градежните работи е фирмата „Проект монт“, а за оваа интервенција општина Карпош од својот буџет издвои околу 500.000 денари.

Улица Козле 11

НОВИ КОЛОВОЗИ ВО НЕРЕЗИ И КОЗЛЕ АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ЛОВЌЕНСКА

Општина Карпош продолжи со инфраструктурните активности во населбата Козле. Во таа насока, беше поставена првата асфалтна подлога на кракот од улицата Ловќенска во должина од 70 метри и широчина од четири метри. Изведувач на градежните работи е фирмата „Жикол“, а локалната самоуправа за овој проект инвестираше околу 2.800.000 денари. Општината се одлучи на овој чекор, бидејќи со предходните урбанистички планови практично на неколку куќи им беше оневозможен пристапот и жителите не можеа со возило да влезат во сопствените парцели. Токму затоа, новопроектираната улица треба да обезбеди директен пристап на граѓаните до домовите.

Локалната самоуправа реконструираше два коловози, од кои едниот е во населбата Средно Нерези во близина на црквата „Св. Пантелејмон“ кадешто се асфалтираше улицата Козле бр. 11 во должина од 210 метри и три метри во широчина. Изведувач на градежните работи е фирмата „Изолација“, а општината за оваа интервенција издвои околу 500.000 денари. Нов асфалт доби и дел од улицата Миле Поп Јорданов, која се наоѓа во близина на ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле. Реконструиран е коловозот во должина од 100 метри и широчина од шест метри. Инфраструктурниот зафат го изведува фирмата „Изолација“, а општината од буџет издвои околу 600.000 денари за оваа намена.

Улица Миле Поп Јорданов

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ФОТОРЕПОРТАЖА

КУЛТУРА

БОГОЕВ ИМ ЈА ЧЕСТИТАШЕ „БРОНЗАТА“ НА „ДЕНСЕРС ЈУНАЈТЕД МК“

Членовите на студиото за танц „Денсерс јунајтед МК“ („Dancers United MК“) од Карпош, во своите простории го прославија забележителниот успех кој го постигнаа на меѓународна сцена. На Светското првенство во модерни танци кое се одржа во Копенхаген, Данска, од 17 до 21 октомври, лицата со Даунов синдром од студиото за танц „Денсерс јунајтед МК“ го освоија третото место во категоријата параденсинтегративна група. На прославата присуствуваа роднини, гости, пријатели, меѓу кои и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, министерот и заменик-министерот за култура Роберт Алаѓозовски и Владимир Лазовски, како и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Во оваа пригода, првиот човек на локалната самоуправа од Карпош им го честиташе големиот подвиг на извонредните танчери со Даунов синдром, при што им посака уште поголеми успеси во иднина, под водство на нивниот ментор, Сара Кочан, кои треба да се темелат на активниот тренинг. Б.А.

ЛИКОВНА ЧЕСТИТКА ЗА ОПШТИНА КАРПОШ

ЕСЕНСКО ЦВЕТНО РАЗУБАВУВАЊЕ Секторот за екологија и енергетска ефикасност при општина Карпош спроведе редовна хортикултурна акција за обнова на цветниот расад низ локалната самоуправа. На плоштадот „Делфина“ во Влае се насадија 4.500 украсни цветни насади од типот љубичица (viola tricolor), на кружниот тек на улицата Варшавска, во близина на СУГС „Георѓи Димитров“ се насадија 2.500 украсни цветни насади од истиот тип и на плоштадот во УЗ „Пецо Божиновски – Кочо“ посадени се 3.500 viola tricolor цвеќиња.

14

Основците од Карпош на специфичен начин и го честитаа 41. роденден на општината (3 ноември), приредувајќи ликовен хепенинг и изложба на уметнички творби во Кинотеката на Македонија. Оваа манифестација ја организира Детскиот ликовен центар, под покровителство на локалната самоуправа. Околу дваесетина ученици од сите основни училишта од Карпош ги истакнаа своите уметнички креации кои ги изработија во акрилна техника и темперни бои. По тој повод, градоначалникот им се заблагодари на младите уметници и им додели дипломи за учество. Во оваа пригода првиот човек на општината доби благодарница за поддршка на уметноста, која локалната самоуправа континуирано ја обезбедува за своите основци. И.Ѓ.

15


По шести пат, традиционално, во присуство на родители, ученици, директори на основните училишта, oпштина Карпош ја организираше манифестацијата „Карпош има талент“. Во холот на ООУ „Владо Тасевски“, претставници од сите десет основни училишта на територијата на локалната самоуправа се натпреваруваа со изведба на музички и културно-уметнички точки. Победник на годинешново карпошово „талент шоу“ е октетот од ООУ „Владо Тасeвски“ со акапела на „Дафино, вино црвено“ под менторство на Елизабета Станоевска. Втората награда ја освоија основците од ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ со акробатска изведба, додека на делба на третата позиција на годинашниот избор на талент се најдоа училиштата „Аврам Писевски“ и „Лазо Трповски“. Стручното жири се одлучи да ја додели третата награда на основката Сара Крстевска со изведбата на личната актерска творба „Измамената фалбаџика“,

и на талентите од ООУ „Лазо Трповски“ кои се претставија со вокално-инструментална и кореографска преработка, во изведба на десетчлена група ученици. Претседателот на Советот на општина Карпош Душко Весковски им додели дипломи на најдобрите уметнички таленти од основците во Карпош, и истакна дека локалната самоуправа и во иднина ќе вложува максимално во поттикнувањето на талентираните млади кои учат во училиштата во општина Карпош. Б. Атанасоски

Во салата на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје,

ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош, со своето партнер-училиште ООУ „Лирија“ од општина Чаир, на специфичен начин ја заокружија завршницата на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, со наслов „Против насилство – под исто небо“. По повод одбележување на својата досегашна соработка, основците организираа модна ревија на традиционални облеки, заеднички изработија музичка заднина за настанот и се претставија преку изложба на цртежи и рачни изработки. На манифестацијата

„ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО - ПОД ИСТО НЕБО“

беше прикажан краткиот филм „Под исто небо“ во режија на Јане Алтипармаков, и беа изложени фотографии од Наташа Гелева. На овој начин низ аудиовизуелна техника беа илустрирани досегашните заеднички активности на учениците, кои тие ги реализираа во рамките на проектот. Во рамките на оваа манифестација, комисијата ги прогласи тројцата наградени

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Карпош пееше со Тамара и Лина

ученици на литературниот конкурс кој беше распишан на национално ниво на мајчин јазик, кои напишаа творби на тема „Против насилство – под исто небо“. Првата награда ја освои Марија Антониева од ООУ „Вера Циривири-Трена“ (општина Карпош), второнаградена беше Деа Сулејмани од ООУ „Лирија“ (општина Чаир), а карпошанецот Васил Наумовски од ООУ „Димо Хаџи Димов“ ја доби третата награда. Како што велат координаторите на проектот - Татјана Бошковиќ и Соња Јовановска, манифестацијата има цел да ја донесе пораката за успешна соработка меѓу сите учесници во проектот, за умешноста на

ОБРАЗОВАНИЕ

ОКТЕТОТ ОД OOУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ – ГОДИНЕШНИ НАЈТАЛЕНТИ ВО КАРПОШ

соживотот и придонесот на секоја индивидуа во она што значи живеење под исто небо. Проектот „Против насилство – под исто небо“, го реализираа Младинскиот центар за еднакви можности и неформалната група граѓани поддржани од програмата „Цивика мобилитас“. И. Ѓуровски

17


По повод Меѓународниот ден на учителот – 5 октомври, одделенската професорка по македонски јазик и литература Матилда Бајкова која предава во три училишта во општината Карпош, доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образовната дејност за учебната 2016/2017 година“. Сојузот на просветни работници од Македонија во ликовниот салон „Бели мугри“ во Велес и го додели ова признание на карпошовата професорка за особен придонес во воспитно-образовниот процес. Матилда Бајкова, живее 47 години во општина Карпош и е специјалист за работа со деца со посебни образовни потреби. Исто така, професорката Бајкова е соработник во многу научни трудови, учествувала на меѓународни симпозиуми од сферата на образованието и информатичката технологија во образованието. Професорката Бајкова предава во ООУ „Јан Амос Коменски“, во ООУ „Аврам Писевски“ и во ООУ „Вера Циривири – Трена“. Б. А.

ПРВОНАГРАДЕНИ МЛАДИТЕ ПОЕТИ ОД КАРПОШ Во рамките на 50. јубилејни „Детски Рацинови средби“ кои се одржаа на почетокот на ноември во Велес, наградата Гран-при за поезија ја доби деветтоодделенката Марија Андевска од ООУ „Аврам Писевски“, под менторство на одделенската професорка по македонски јазик и литература, Матилда Бајкова. Меѓу бројните творби од цела Македонија, шестоодделенецот Горазд Темелковски од ООУ „Јан Амос Коменски“ под менторство на наставничката по македонски јазик, Елизабета Теодосиевска, ја освои првата награда на овогодинешниот литературен конкурс на тема „Мојот град, моја инспирација“. На тра дициона лната дводневна манифестација која ја организира клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, и оваа година учествуваа шеесетина млади талентирани поети и ликовни уметници, ученици од цела Македонија. Како дел од програмските активности, учениците ја посетија родната куќа на Рацин, се

18

СО КООРДИНАЦИЈА ДО ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

Раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес при општина Карпош, Анета Марковска-Илиевска, во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ одржа координативен состанок со ангажираните образовни и лични асистенти, кои работат со децата со пречки во развојот коишто се школуваат во училиштата

запознаа со традицијата на градот Велес, а се одржа и креативна работилница предводена од писателот Ванчо Полазаревски. Под мотото „Педесет цветови за Рацин“ во Градскиот парк во Велес, учениците засадија цвеќе во чест на големиот македонски поет и револуционер. Во рамките на програмата се одржа и традиционалниот „Поетски караван“ низ основните училишта во Велес на кој учествуваа познати македонски писатели, како и дел од велешките писатели кои пишуваат за деца и млади. И. Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

на територија на локалната самоуправа. На работната средба се говореше за подобрување на методологијата и пристапот на работење, а стручните лица од училиштата поднесоа и краток извештај за петдневниот период на адаптација и запознавање со дечињата. Во септември годинава, Општина Карпош и директорките на осум општински основни училишта, во соработка со UNDP и Агенцијата за вработување на Република Македонија, потпишаа Меморандум за реализација на проектот „Карпош за еднаквите во училиштата“. Во рамките на овој проект, општина Карпош ангажираше 17 дефектолози и стручни лица, кои ќе го реализираат проектот во осум основни образовни установи. Овој проект започна на 1 октомври годинава, а ќе се спроведува до 31 мај 2018 година, по што ќе следува негова евалуација. И. Ѓ.

ОБРАЗОВАНИЕ

МАТИЛДА БАЈКОВА ОД КАРПОШ – НАЈПРОФЕСОР ЗА УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА

ЕВРОПСКА ПОДДРШКА ЗА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Општина Карпош, во ООУ „Братство“ одржа обука за изработка на професионална кратка работна биографија – Europass CV. Вработените на определено време кои се ангажирани во основните училишта и градинките во општина Карпош, се стекнаа со практични познавања кои ќе им користат при начинот на изработка на работните биографии и аплицирање за добивање на грантови. Корисник на ваков грант од оваа година е и основното училиште

„Петар Поп Арсов“, кое со помош на овие средства ќе го реализира училишниот проект во наставата, насловен како „Another way to learn and to teach“. Оваа активност се спроведува во рамките на програмата „Еразмус плус“ на Европската Унија, која е наменета за финансирање на проекти, партнерства, програми и мобилност во областа на образованието и обука на младите и спортот. Програмата „Еразмус плус“ се реализира во периодот 2014-2020 година. И. Ѓ.

19


Во просториите на ООУ „Братство“, во присуство на градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, проектменаџерот на Нансен дијалог центарот за интеркултурна соработка Ветон Зеколи, како и на авторите Веселинка Лабровска и Бертон Сулејмани беше презентиран македонско-албанскиот и албанскомакедонскиот речник. Првиот човек на општината нагласи дека му претставува голема чест и задоволство што токму на територијата на општина Карпош се промовира ваков речник од исклучително значење за унапредување на комуникацијата во основното образование меѓу учениците од различна етничка припадност. -Речникот претставува лингвистичко богатство, односно алатка и за професорите и за учениците конкретно

20

во ова наше мултиетничко училиште. Општина Карпош е мултинационална и мултиконфесионална општина, и секогаш важела за локална самоуправа со мирен, коегзистентен соживот - појасни Богоев. Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер, ја потенцираше важноста од зближување на заедниците, во мултиетничките општества, додека проект-менаџерот на Нансен дијалог центарот им се заблагодари на претставниците од германската амбасада што овозможиле да се реализира овој значаен проект. По завршувањето на презентацијата на речникот, високиот комесар Заниер и градоначалникот Богоев им поделија примероци од македонско-албанскиот и албанско-македонскиот речник на основците кои беа присутни на промоцијата. Б. А.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

„СООБРАЌАЈНА ЛЕКТИРА“ ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ Општина Карпош во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), започна едукативна кампања кај основците, за безбедноста во сообраќајот. За таа цел раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес од општина Карпош, Анета Марковска-Илиевска, им подели на третоодделенците од ООУ „Лазо Трповски“, информативен материјал насловен како „Сообраќајна лектира“, потсетувајќи ги дека безбедноста во сообраќајот е најважна лекција. Едукативната брошура содржи пет лекции, кои илустративно говорат за користење на пешачките премини, за преземање на безбедносни мерки при возењето со велосипед, автомобил и користењето на јавниот превоз, како и толкување на поважните сообраќајни знаци кои се поставени на коловозот. Едукативната кампања продолжува и во останатите основни училишта во локалната самоуправа, како резултат

ОБРАЗОВАНИЕ

ПРОМОЦИЈА НА ЛИНГВИСТИЧКО „БОГАТСТВО“ ВО „БРАТСТВО“

на долгогодишната соработка меѓу претседателот на локалниот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од општина Карпош, Петре Кузмановски и РСБСП. И. Ѓ.

„ДРУЖЕЊЕ СО ЅВЕЗДИТЕ“ Во училишниот двор на ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, младите истражувачи, ноќта на 3 октомври присуствуваа на заедничка „дружба со ѕвездите“, како дел од активноста на Центарот за космологија. Под раководство на Радан Митровиќ од Скопското астрономско друштво, преку неговиот телескоп и со телескопот на Креативниот центар – Карпош (КЦК), основците и останатите присутни можеа „одблизу“ да се запознаат со астрономијата. Вечерта започна со краток вовед во астрономијата, а продолжи со набљудување на Месечината и планетата Сатурн. Б.А.

21


Во рамките на глобалниот проект „Секој оброк раскажува приказна“ во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, се одржа едукативен час по здрава исхрана, на кој присуствуваа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, министерката за образование и наука Рената Треневска-Дескоска и претставник од мисијата на УНИЦЕФ. На средбата се говореше за унифицирани вредности и заложби како што се: здравата исхрана, чистата животна средина, чистата вода за пиење, намалување на сиромаштијата, рамноправност, подобар квалитет на живот и подобро образование. Основците кои присуствуваа на овој наставен час, интерактивно се вклучија во дискусијата, дебатирајќи за позитивните и негативните ефекти од исхраната.

22

Како што истакна министерката Дескоска, потребата од здрава исхрана кај децата во основните училишта налага нова законска регулатива со која ќе се контролира квалитетот на исхраната. Според неа, ќе се предложат поригорозни казнени мерки за училиштата кои не го почитуваат Правилникот со кој е утврдено точно какви хранливи состојки треба да консумираат основците. Б. А.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

ОПШТИНА КАРПОШ УЧЕСНИК НА „НУТРИКОН 2017“

Општина Карпош преку своето стручно лице м-р Ирена Калајџиева-Милевска, традиционално, по четврти пат, учествуваше на Меѓународната конференцијата за контрола и безбедност на храна, здравје и нутриционизам „Нутрикон 2017“ што оваа година се одржа од 5-ти до 7 октомври во Скопје. На конференцијата присуствуваа 200 научни работници и освен од Македонија, свој придонес дадоа и претставници од Албанија, Романија, Русија, Турција, Босна и Херцеговина, Унгарија, Чешка, Република Словачка, Црна Гора, Косово, Белорусија, Естонија, Украина, Германија, Финска, Норвешка, Бугарија и Хрватска. Научната средба која е акредитирана од Лекарската комора на Македонија, ја организираше Консалтинг и тренинг центарот ,,Клуч“, кои, пак, се регионални претставници на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG) за нашата земја. Заради големиот интерес на стручните говорници од целиот свет, настанот се одвиваше три дена, поделен во неколку сесии во зависност од тематските целини. Во делот за излагање на научни и стручни трудови, беа презентирани теми од областа на безбедноста на храната, нутриционизмот, здравството, стоматологијата, технолошко-машински обработки на храна и инженеринг. Како и секоја година така и оваа, главниот акцент беше на усогласување на регулативите на едно рамниште за кои се заложува Иницијативата за глобална хармонизација (GHI) – невладина организација

која работи исклучително на подготовка и усогласување на нормативите за храна на светско ниво. Фокусот на годинешната конференција беше насочен кон влијанието на интернетпорталите и нивните написи врз читателите од нерелевантни извори за исцелување, насоки и ставови за здравјето на луѓето и исхраната, кои половично или целосно даваат погрешни информации на читателите. Како што беше посочено од еден од говорниците, во денешно време секој е стручен за сенешто, а всушност не е стручен за ништо. Како порака од тој дел на сесијата беа дадени насоки каде, како и кога да се дејствува или говори за овие сериозни теми. Посочување на релевантен извор е еден од клучните елементи за претставување на веродостојна информација, во спротивно никој не би бил научник, не би се надградувал и не би учел, и едноставно би губел драгоцено време на интернет. Од тука, максимата на Парацелзиус: Не постојат токсични супстанции, постојат само токсични концентрации – која беше дел од презентацијата на проф. д-р Владимир Какуринов – претседател на Регионалната секција на EHEDG за Македонија, со една реченица објаснува сè за што се губи драгоцено време во објаснување на вечната дилема за здрава и штетна храна. Сите научни трудови во пишана форма се преточени во Книга на апстракти, кои ги добија сите учесници, а чиј член е и м-р Ирена Калајџиева-Милевска како дел од организацискиот комитет на „Нутрикон“.

НУТРИЦИОНИЗАМ

СО ЕДУКАЦИЈА ДО ЗДРАВ ОБРОК

Ирена Калајџиева-Милевска

23


ЕКОЛОГИЈА

ОПШТИНСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ ВО „БИТКА“ СО ЗАГАДУВАЧИТЕ

Во рамките на „Екосамитот 2017“ кој се одржа во хотелот „Порта“ во скопски Аеродром, организацијата „ОХО“ која е поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Р. Македонија, по втор пат го избра, а министерката за образование Рената Дескоска, свечено и го додели интернационалното признание „Зелено знаме“ на ООУ „Јан Амос Коменски“. Со добивање на престижната еколошка награда, оваа образовна институција е единствениот претставник од општина Карпош која се стекна со епитетот – екоучилиште. Во Република Македонија, „Зелено знаме“ добија 37 основни и три средни училишта. Со оглед на тоа што „Зеленото знаме“ е највисока награда од проектот „Екопакет“, јасно покажува дека училиштето во изминатиот период посветено работело во делот на еколошката едукација од типот на спроведување кампањи, акции и проекти во кои учествувале сите наставници, родители, ученици и претставници од работни организации. Во насока на позитивната практика, во ООУ „Јан Амос Коменски“ се наоѓа и т.н. „лабораторија за екологија“ која функционира во рамките на Креативниот центар Карпош. Инаку, екоучилиштето има потпишано Меморандум за соработка со општина Карпош, со кој се регулираат меѓусебните односи, со цел подобрување на состојбата на животната средина во локалната заедница. Екологистите од училиштето „Јан Амос Коменски“ веќе неколку години по ред преземаат

Инспекциската служба и комуналните инспектори на општина Карпош, за време на вонредната контрола која ја спроведе во доцните попладневни и ноќни часови во населбата Злокуќани, констатираа палење на секундарен отпад, што е еден од најчестите загадувачи на воздухот. Имено, при контрола на потегот од крајот на булевар Илинден до СЦ „Борис Трајковски“, општинските инспектори забележале оган од спротивната страна на реката Вардар. Нашите комунални инспектори придружувани од лица од МВР, на фудбалското игралиште во Злокуќани, констатирале палење на повеќе огнови во кои се гореле поголеми количини електрични кабли, со цел да се издвои бакарот од пластиката, кој, пак, потоа го препродаваат

низа активности, преку одржување на едукативни презентации, чистење на училишниот објект и дворот, собирање на стара хартија и пластична ПЕТ-амбалажа и можеби најважно од сè, развија цврста соработка со неколку невладини еколошки организации. Основците изработија и Екокодекс со акцент на рециклирањето, со чија имплементација се заштедува енергија и се редуцира загадувањето на животната средина. Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се спроведува задолжително во сите основни и средни училишта, градинки, како и во сите приватни училишта и ученички домови низ државата. И. Ѓуровски

НОВ „ВЕЛООСТРОВ“ ВО УЗ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ - ПИТУ“ Под мотото „Вклучи се, за здрава животна средина“, општина Карпош и Центарот за климатски промени го промовираа новиот велосипедски остров во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Козле. Локацијата на овој „велоостров“ непосредно ја избраа карпошани преку претходна јавна електронска анкета, која беше објавена на официјалната интернет-страница

24

на Општината, 30 дена пред реализација на проектот. Целта на оваа акција е да се поттикне користењето на велосипеди како превозни средства, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје. Оваа активност е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година, а самиот проект е финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на „Цивика мобилитас“. На настанот, освен претставници на општината, присуствуваа и учениците од основното училиште „Јан Амос Коменски“, а првите 100 учесници добија флексибилни ленти, беџови, магнети и подметнувачи за чаши, брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина. И. Ѓ.

по отпадите. Бидејќи станува збор за честа практика на жителите од оваа месна заедница во Карпош, поттикнувачите на загадувањето биле легитимирани од страна на службените лица од МВР, за што ќе има соодветни санкции. Општина Карпош во врска со овој инцидент, по службен пат ги извести Државниот инспекторат и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел, да се преземат сеопфатни и посериозни мерки против едни од најчестите загадувачи на воздухот во Карпош. Попладневните и ноќните контроли на инспекцијата на Општина Карпош продолжуваат со засилено темпо и во наредниот период, со цел, превентивно да се спречат ваквите еколошки инциденти. В. Ц.

ВЕСТИ

ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ – ЕКОУЧИЛИШТЕ ВО КАРПОШ

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА МАТИЧНИ ДОКУМЕНТИ ВО КАРПОШ Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, во својот кабинет го прими директорот на Управата за водење на матични книги, Ѓоко Котевски. На работната средба се разговараше за отворање на подрачна канцеларија на Управата за водење на матични книги на територијата на локалната самоуправа. Во неа граѓаните на Карпош ќе можат да добиваат официјални документи кои ги издава оваа институција, а кои се од исклучително значење за жителите на Карпош. Б. А.

ПРОВЕРКА НА ПРАВИЛАТА ЗА ГРАДБА НА ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДИЛИШТА По неколкукратни реакции од страна на жители на општина Карпош, локалната самоуправа почна со контрола на сите поголеми градилишта на нејзина територија. Станува збор за редовни контроли кои секојдневно ќе ги вршат градежните и комуналните инспектори од Општината на сите поголеми градежни објекти коишто со нивната реализација создаваат проблеми во секојдневната комуникација на граѓаните,

било со отежнат сообраќај по коловозите, лош пристап и движење за пешаците, или со создавање прав и шут во непосредна близина на други станбени објекти. Целта на инспекцискиот надзор е да се констатира и увиди колку инвеститорите, односно изведувачите на градежните зафати ги почитуваат процедурите и правилата за градба и притоа внимаваат на заштитата на околината околу објектот. В. Ц.

25


Традиционално, како и секоја година, општина Карпош пред поголемите супермаркети на својата територијата ја спроведе хуманитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“. Солидарните карпошани донираа прехранбени продукти, кондиторски производи и средства за лична хигиена, кои потоа ќе бидат распределени на социјално ранливите категории на граѓани. Кон оваа акција се приклучи и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, кој донираше пакет прехранбени производи и средства за лична хигиена. Во оваа пригода тој напомена дека стратегиска цел на локалната самоуправа ќе

26

биде намалување на бројот на лицата кои се наоѓаат во социјално загрозената група на граѓани. - Како градоначалник на општина Карпош, заедно со општинската администрација ќе работиме со цел оваа категорија на наши сожители да најдат работа, и самите да обезбедат егзистенција и достоинствен живот – напомена Богоев. Хуманитарната акција се одвиваше по повод Деновите на општина Карпош, и истата во текот на годината се организира и за време на божиќните и велигденските празници. Б. А.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Х УМАНИТЕ КАРПОШАНИ ДАРУВАА КРВ Општина Карпош во соработка со ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на Р. Македонија и Црвениот крст, спроведоа крводарителска акција, која локалната самоуправа традиционално ја организира секоја година по повод својот роденден – 3 ноември. Карпошани повторно ја покажаа својата солидарност, дарувајќи крв на двата пункта, кои беа поставени во фискултурната сала на ООУ „Лазо Трповски“ и на натпатникот „Влајко“, во

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО

ОПШТИНАТА ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА ХУМАНОСТ

населбата Влае. Акцијата ја поддржа и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој во оваа пригода истакна дека локалната самоуправа и во иднина ќе ја продолжи оваа хумана традиција. Карпошанецот Панче Димковски, кој даруваше крв по стоти јубилеен пат, објасни дека повеќе од 40 години учествува на крводарителски акции, со цел да спаси нечиј живот. Б.А.

27


Спортистите од џудо клубот „ИПОН“ забележаа извонреден успех на 16. Меѓународен џудо турнир „Прилеп опен 2017“, кој се одржа во организација на ЏК „Пролетер“ во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Во категоријата кадети до 73 кг Ангел Ангелов го освои првото место, а Сухејб Хајрула во истата категорија до 50 кг ја обезбеди третата позиција. Кај помладите пионери, трето место обезбедија Валјон Ајдини (до 34 кг) и Бурак Синани (до 46 кг). Во категоријата постари пионери, Румејса Фејзула се избори за два златни медали (до 63 кг и над 63 кг), а Елена Попоска (над 63 кг), се искачи на третата позиција и ја освои бронзата во оваа категорија. И. Ѓ.

Во

финалниот натпревар кој се одигра на спортското игралиште во населбата Влае, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ ги совладаа своите ривали од ООУ „Аврам Писевски“ и го освоија училишниот фудбалски куп, кој по четврти пат го организира Општина Карпош, по повод роденденот на локалната самоуправа – 3 ноември. На фудбалското финале присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој во оваа пригода на основците им ги врачи дипломите за учество и победничкиот пехар на овогодинешните освојувачи на Купот. И. З.

Во

фискултурната сала на ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, одбојкарките од ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Петар Поп Арсов“, го одиграа финалниот натпревар од одбојкарскиот куп по повод Денот на општина Карпош – 3 ноември. Во еден крајно неизвесен и изедначен спортски натпревар, основките од „Димо Хаџи Димов“ победија во одлучувачкиот сет со 15:13, или вкупно во сетови 2:1. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев им го честиташе успехот на победничките од ООУ „Димо Хаџи Димов“, доделувајќи им го победничкиот пехар и дипломите, а претседателот на Советот на општина Карпош Душко Весковски им додели дипломи на второпласираните одбојкарки од ООУ „Петар Поп Арсов“. И. З.

О

сновците од ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ се победници на првиот училишен куп во ракомет на Општина Карпош, откако во финалето ги совладаа своите ривали од ООУ „Петар Поп Арсов“ со резултат 20:18. Во борбата за третата позиција, ракометарите од ООУ „Лазо Трповски“ беа убедливи против своите соперници од ООУ „Аврам Писевски“, совладувајќи ги со резултат 15:10. Претставник од Одделението за култура и спорт при општината им го врачи победничкиот пехар на најдобро пласираната екипа, а на учесниците на финалните натпревари им додели дипломи за учество. И. Ѓ.

ПОБЕДНИЦИ НА КУПОВИТЕ Во спортскиот центар „Борис

СТАРТУВАШЕ „БИЗНИС БАСКЕТ ЛИГАТА“

Трајковски“, се одигра финалниот натпревар од училишниот кошаркарски куп помеѓу екипите на ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Јан Амос Коменски“. Пред многубројната публика, кошаркарите од ООУ „Јан Амос Коменски“, убедливо, со резултат од 63:25, ги победија своите врсници од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Градоначалникот на општината им додели дипломи на кошаркарите од двата тима, додека на освојувачите на Купот им го додели победничкиот пехар. И. З.

Екипите на Општина Карпош и порталот „zase.mk“ со победа во првото коло го означија почетокот на третата по ред „Бизнис баскет лига“ за претстојната 2017/2018 година, која започна кон крајот на октомври, во салата на спортскиот центар „Форца“. Карпошани

28

СПОРТОРАМА

УСПЕХ НА ЏУДИСТИТЕ ОД КАРПОШ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

ја совладаа екипата на ЈСП – Скопје со 2:1, а тимот на „zase.mk“ беа убедливи против составот на „Ендава“ со 2:0 во добиени меѓусебни натпревари. Организатор на баскет лигата е СЦ „Форца“, а покровител е локалната самоуправа од Карпош. Оваа година во аматерското кошаркарско натпреварување ќе учествуваат девет екипи, кои ќе ги одмерат своите сили во есенски и пролетен дел. Баскет лигата официјално ја прогласи за отворена, претседателот на Советот на општина Карпош, Душко Весковски, кој во оваа пригода на натпреварувачите им посака успех во претстојните дуели и нагласи дека Општината ќе продолжи да ги поддржува спортските манифестации од овој тип. За трите првопласирани екипи се предвидени соодветни награди. Победниците ќе патуваат во Грција, второпласираните во Бугарија, додека пак, третата екипа ќе има можност бесплатно да ја користи спортската сала во СЦ „Форца“. И. Ѓ.

29


По деветти пат, на кејот на реката Вардар се одржа училишниот атлетски крос турнир за основците од општина Карпош. На турнирот учествуваа ученици од шесто до деветто одделение, од сите десет општински училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Во категоријата девојчиња, во трката на 150 метри, победничка е Ениса Јашарова шестоодделенка од училиштето „Аврам Писевски“, додека во категоријата момчиња во трката на 200 метри, победник е Лука Писливиќ исто така шестоодделенец од ООУ „Петар Поп Арсов“. Љубица Славевска од училиштето

„Лазо Трповски“ VII oдд. е победничка на 200 метри, додека седмоодделенецот Насер Бајрами од ООУ „Аврам Писевски“ е победник на трката на 250 метри. Ана Божиновска од училиштето „Димо Хаџи Димов“ е прва во категоријата на 200 метри (осмо одделение), додека Петар Муратовски од ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ најбрзо истрча 350 метри од своите врсници осмоодделенци. Деветтоодделенката Фросина Трајковска од училиштето „Петар Поп Арсов“ е најбрза на 350 метри додека Јосиф Јаковлевски стигна прв до целта трчајќи најбрзо 400 метри на овогодинешниот крос. Б.А.

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАРПОШ СПОРТУВАА И ДРУГАРУВАА

ПРЕКУ СПОРТ И ЗАБАВА ЗА ПОДОБАР РАЗВОЈ

Во организација на одделението за култура и спорт при општина Карпош, на спортското игралиште на ФК „Алумина“ во Карпош 3, се одржаа вторите по ред спортски детски забавни игри. Четвртоодделенците и петтоодделенците од сите десет основни училишта во Карпош, направија училишни тимови од 16 основци во една мешана екипа (осум момчиња и осум девојчиња) и заедно спортуваа и се рекреираа во пет различни фискултурни вежби.

СПОРТОРАМА

УЧИЛИШЕН ЕСЕНСКИ КРОС НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Распоредени во пет „станици“ на фудбалскиот терен, учениците учествуваа во групните штафетни забавни игри кои дозволуваа играње со нога и рака на голови, игри со рака – топка по земја, игри со рака – гол со поставување на топка на линијата и игри со рака – постигнување гол со глава. Локалната самоуправа ги организира овие игри за да го поттикне психофизичкиот развој кај малите ученици, притоа развивајќи го спортскиот дух и мотивот за соработка и другарување. И. Ѓ.

Во организација на општина Карпош, по осми пат се одржаа традиционалните пензионерските спортски игри на игралиште на ФК „Алумина“ во Карпош 3. Граѓаните од „третото доба“, кои членуваат во пензионерските друштва „Тафталиџе“ и „Карпош“ си ги одмерија силите во осум дисциплини, и тоа: пикадо (мажи и жени), шах (мажи и жени), шут на гол (мажи и жени), домино (жени), скок во далечина (мажи), фрлање ѓуле (мажи и жени), трчање 60 метри (жени) и трчање 80 метри (мажи), како и влечење јаже (мажи и жени). И. М.

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 62 • ОКТОМВРИ- НОЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


КАРПОШ КОМУНИЦИРА

Вчеравечер легитимирани и казнети потпалувачи на оган на отворено во Злокуќани на 2 локации! Продолжуваме заедно со МВР. Во Карпош мора да има ред! Палени се кабли за да се извади бакарот. @QbraveheartQ: Имало некое испитување дека Карпош се загадува и од струењето по текот на Лепенец од фабриката Ген.Јанкович. Треба да воспоставите на повисоко ниво комуникација со Косово за да се превземат мерки на таа територија. @ZenskiPrikazni: Е Браво за ова! <3 @123b00m Пак целата работа паѓа на ситни причинители како до сега! Градот не е загаден и мириса на сулфур од кабли за бакар! Итно да им се дадат на инсп. за животна средина поголем опсег на ингиренции, бидејќи досега за ништо немаа! @Scaramanga1806: помалку фалење, повеќе акција... горат таму многу поопасни работи од кабли, прегорено масло, гуми.

Општина Карпош: ХУМАНИТЕ КАРПОШАНИ ДАРУВАА КРВ

Традиционално, по повод Деновите на Општина Карпош, во организација на локалната самоуправа, Заводот за трансфузиологија и „Црвениот крст“, организираа крводарителна акција во Општината. Martin Ugrinovski: Bravo za Humanosta! ЈА СПАСИВМЕ АЈА #животзааја

UNICEF MK @UNICEFMK

Today all primary schools in Мacedonia are engaing in @TheWorldsLesson #EveryPlateTellsAStory. Drawing connections between #SDG and #childrens lives. #SustainableConsumption #Nutritian #Quality #Education #MinOfEducation&Science @TheWorldsLesson: @UNICEFMK, @sbogoev, @BenjaminPerks, Wow - Great work thank you for sharing!

Домашното милениче Аја, исплашено од уличните кучиња, се искачило на врвот од највисокото дрво на улица Струма, во Карпош 3. Се разбира, се случи паника и кај нејзините сопственици г-ѓа Мермина и Хазем, но и кај малото маче. Во немоќ, тие се обратија до Општина Карпош за помош. Општината разбирливо им излезе во пресрет на своите сограѓани и уплашената Аја е повторно во рацете на своите сопственици. Svetle Boneva Jovanovska: Bravo , ova go pravat pametni civilizirani lugje...Toj sto pomaga na zivotni pomaga i na lugje... Nermin Radonchikj: Golema BLAGODARNOST do G-din Janevski Perica i vrabotenite od opstina Karpos . Nasata Aja e povtorno so nas! Општина Карпош: ОКТЕТОТ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“  ГОДИНЕШНИ НАЈТАЛЕНТИ ВО КАРПОШ

Стефан Богоев @sbogoev

32

Промоција на Речник во ООУ „Братство“, за полесно следење на наставата на учениците од ова училиште @razvigor: Во една вест за настанот имаше и информација за објавување апликација за учење јазици. Кој е линкот или барем нејзиното име да ја најдеме на Гугл плеј? @sbogoev: http://hcnm-ndc.org/ @razvigor: Фала за информацијата.

По шести пат, традиционално, во присуство на родители, ученици, директори на основните училишта Општина Карпош ја организираше манифестацијата „Карпош има талент“. Svetlana Ilioska: bravooo vlado tasevski, bravooo betiii! Silva Atanasova: bravo za site Snezana Trajkovska: Браво за сите

@4_pilos -Првите 10год. жена ми ме слушаше мене. -После, јас ја слушав неа. -Сеа комшиите не слушаат и двајцата. И така... @ProkicMilica Отидов кај баба ми, и ја спремив куќата, направив ручек, сварив кафе а она вика: - Што ќе правам јас кога ти ќе ми умреш? @Muarko Кога и да се возам со некој непознат во лифт, штом се затворат вратите ми доаѓа насмеан да му прошепотам: „Конечно да останеме насамо". @J0vankaOrleanka Тешко било двајца ко ќе се далеку, а се сакаaт... Абе најтешко е ко ќе си гладен, а тостот е жежок. АМА ПА ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ.

@JacobimMugatuMK Само Струга може да каже: Ај хев а Дрим! @Aleksandermen - Бабо, земјотрес! - Каков земјотрес бе, ти се стресе снагата од шо си гладен. @Lazna9ka - Маче колку време идеме? - 6 месеци. - Аааа епа доста е... @mojokilington Од овие шо клаваат катанци по мостовите кој оди да го извај катанецот ко ќе се скараат? @Julian666Carax Знам дека сум кај дедо ми кога ќе го видам далечинскиот управувач уште во најлон, а телевизорот купен пред 15 години.. @Starecot -Шефе ќе ми зголемите плата? -Да си жив и здрав, ме изнасмеа...

TWITTER ХУМОР

Стефан Богоев @sbogoev

@guacha66moxxa „Турски рулет" Пушташ ТВ и која серија ти се падне, таа ја гледаш. @Balija_ba - Колку се храниш здраво, од 1 до 10? - 7ца. @Poka_hontass Престанете да ги облекувате кучињата моето мисли дека сме сиромашни.

@seirdotmk Ако денес Исус делеше леб и риба на @pikabu00 гладните, пола ќе го одбиеа лебот дека Милката ако ја направат уште малку има глутен, а пола рибата пошто се вегани. потенка, слободно можат да ја викаат Животинско царство. @Guru1T3Dare - Розе, раскинуеш ли ми затој што сам @egodollaric Да се договори цел град со точаци да одат далтонист? на работа. Ќе има помалку загадување, - Виолета се викам бе, Виолета! нема да има гужви и секогаш ќе имам кај @Shushmula да паркирам. Имам тело на билдер кој не бил у теретана 25 години. @bio_hemicarot Моиве ми викаат: @svekjichka Жени гледале снимка од бебе што плаче. -Што не си фатиш девојка за сериозно, не Рекле дека бебето е гладно, жедно, болно... ти е ли досадно се сам да спиеш? Кога мажи ја гледале снимката рекле: -Размислив и во право се, утре ќе спијам со нив! Плаче по мајка му.

33


НАШИОТ ПРИДОНЕС ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ 1. Користете јавен транспорт: Поттикнување на луѓето да ги користат сè повеќе јавните начини на транспорт за да се намали загадувањето. Исто така, добар обид е да се направи употреба на автомобил – со здружување. Доколку повеќе членови од семејството или, пак, колеги од работа се движат кон иста локација, би можеле да користат едно возило. На тој начин се заштедуваат и пари, а воздухот е почист. 2. Штедење на енергија: Светилките во домот да бидат исклучени доколку нема никој дома. Голема количина на фосилни горива се горат за производство на електрична енергија. Доколку светилките не светат беспотребно, животната средина ќе биде заштитена од деградација со намалување на износот на фосилните горива кои се изгорени. 3. Акцент на чисти извори на енергија: Чисти технологии за енергија како сончевата, ветерот и геотермалната енергија се рангираат високо на листите за зачувување на животната средина. Најчесто владите од разни земји обезбедуваат грантови за населението кое е заинтересирано за инсталирање на соларни панели во своите домови. Ваквите соларни панели заштедуваат енергија на долг пат, а воедно и го штитат воздухот. 4. Користење на енергетски ефикасни уреди: CFL-светилките трошат помалку електрична енергија за разлика од другите. Тие траат подолго, трошат помалку електрична енергија, ги намалуваат сметките за електрична енергија, а воедно помагаат и да се намали загадувањето на воздухот со помала потрошувачка на енергија.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ? Најефикасна превенција од загадувањето е употреба на маски против загадување, кои се достапни на пазарот во сè поголем број. Воопшто не се тешки за нанесување, а нé штитат од штетните ПM-честички и останатите гасови во воздухот. Затоа ви нудиме неколку мерки кои треба да ги проверите пред да ја купите маската, како и начинот на кој ќе ја користите. • Најпрво обезбедете си маска која е стриктно наменета за задржување на штетните гасови и ПМ-честички. Хируршките маски немаат

34

никаква заштитна функција против загадувањето. Тие не се доволно цврсто залепени за лицето, па воздухот влегува од сите страни, а нивната примарна функција е да го заштитат пациентот од евентуалните бактерии на хирургот. • Барајте маска што добро го покрива пределот околу носот и устата, да биде убаво прилепена за Вашето лице и да не пропушта воздух. • Доколку носите очила и истите се замаглуваат значи дека маската пропушта нефилтриран воздух. Доколку маската има валвула (затворач) таа полесно налегнува и помали се шансите да пропушта нефилтриран воздух. • Пред да ја купите маската проверете ги следните ознаки: - N95 заштитуваат од 95% од честичките во воздухот, - N95 заштитуваат од 95% од честичките во воздухот; - N99 заштитуваат од 99% од честичките, и - N100 штитат од 99,97% од честичките во воздухот. • Различните маски имаат и различни типови на филтри кои траат од неколку часа, па до неколку месеци активно користење. Во секој случај, важно е да се инвестира во квалитетна заштита, дури и ако треба да се плати малку повеќе, а ако е потребно уште на почеток набавете повеќе заменливи филтри. • Маските за еднократна употреба можат да се употребуваат се додека може лесно да се дише преку нив, а тоа е околу 10-30 часа ефективно користење, иако честопати производителите препорачуваат почеста замена. Маските за повеќекратна употреба содржат филтер кој може да се замени со нов, а се одржува и со перење. Ивана Пендовска Вукашиновиќ

Карпош 1

Влае 1

Нерези

Карпош 2

Влае 2

Владо Тасевски

Карпош 3

Тафталиџе 2

Кузман Јосифовски Питу

Карпош 4

Пецо Божиновски Кочо

Злокуќани

Телефон за контакт: 072/268-052 е-mail: karpos4@karpos.gov.mk Адреса: ул. Љубљанска бр.6

Телефон за контакт: 078/486-925 и 078/486-959 Телефон за контакт:078/486-923 е-mail: pecobozinovski@karpos.gov.mk е-mail: zlokukjani@karpos.gov.mk Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул.Скупи бб.

Тафталиџе 1

Одделение за месна самоуправа,

Бардовци

Телефон за контакт: 02/3068-754 и 078/486-929 Телефон за контакт: 072/268-053 е-mail: vlae1@karpos.gov.mk е-mail: karpos1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Фјодор Достоевски бр. 2 Адреса: ул. Иван Аговски бр.2 Телефон за контакт: 02/3071-246 и 078/486-955 Телефон за контакт: 072/268-056 е-mail: vlae2@karpos.gov.mk е-mail: karpos2@karpos.gov.mk Адреса: ул.Сливовска бр.1 Адреса: ул. Бранислав Нушиќ бр.4

Телефон за контакт: 078/486-922 е-mail: nerezi@karpos.gov.mk Адреса: ул. Ванчо Мицков бр.19

Телефон за контакт: 078/486-927 е-mail: vladotasevski@karpos.gov.mk Адреса: ул.Дрезденска бр.52

Телефон за контакт: 072/268-054 и 078/486-919 Телефон за контакт: 078/486-928 и 078/486-921 Телефон за контакт: 078/918-030 е-mail: taftalidze2@karpos.gov.mk е-mail: kjpitu@karpos.gov.mk е-mail: karpos3@karpos.gov.mk Адреса: ул. Копенхагенска бр.5 Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул. Радика бр.9

Телефон за контакт: 072/209-685 е-mail: taftalidze1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Букурешка бр.2

Раководител, Миле Стевков Телефон за контакт: 3078-116 и 070/235-790 е-mail: mile.stevkov@karpos.gov.mк

Телефон за контакт:078/486-931 е-mail:bardovci@karpos.gov.mk Адреса: с. Бардовци

Кабинет: 02/3061353 Сектор за правни работи: 02/3055-900 Сектор за дејности од јавен интерес: 02/3055-939 Сектор за односи со јавноста: 02/3055-920 Сектор за развој на општината: 02/3068-151 Сектор инспекторат: 02/3055-931 Сектор за финансиски прашања: 02/3055-923 Архива: 02/3055-954

Сектор за урбанизам: 02/3055-900 Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи: 072/214-354 Сектор за екологија и енергетска ефикасност: 072/273 986 Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци: 02/3055-942 Одделение за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра: 02/3067-055

Поважни телефони Полиција Противпожарна бригада Брза помош Управување со кризи АМСМ - помош на патишта АМСМ - информативен центар Авто помош на пат (нон - стоп) Царина Матична служба - ГУВР Сала за венчање

192 193 194 195 196 155 55 9159 197 3117 037 3118 250

e-mail: gradonacalnik@karpos.gov.mk e-mail: sekretar@karpos.gov.mk официјален e-mail: kontakt@karpos.gov.mk

ПТТ - услуги Будење Точно време Информации Воена полиција Пазарен инспекторат Водовод и канализација - дежурна служба Комунална хигиена - дежурен диспечер Оџаци - оџачарски услуги

180 185 988 3227 700 975 3073 010 3224 961 2440 293

Сообраќај Меѓуградска автобуска станица Македонија сообраќај Железничка станица Аеродром Скопје

2466 313 2402 388 3234 255 3148 333

Дежурни поликлиники Букурешт Неуромедика

3064 088 3133 313

Дежурни аптеки Зегин (МНТ-подрум) Реплек - аптека бр.4

3117 614 3130 170

Здравствени објекти Клиничка болница Градска општа болница Болница 8-ми септември Детска болница - Козле Неуромедика Клиника „Мајчин дом“ Стоматолошки клинички центар Гинеколошкo - акушерска клиника Гинекологија и акушерство - Чаир ПЗО Систина медикал

3147 147 3235 000 30 87 400 3085 761 3130 000 3147 004 3299 000 3147 147 2611 033 3073 335

Дежурни поликлиники Букурешт Идадија Ѓорче Петров Јане Сандански Драчево Чаир Шуто Оризари Ченто Бит Пазар Неуромедика

3064 088 3113 033 2031 022 2463 277 2795 112 2611 506 2651 696 2522 351 3134 534 3133 313

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

ЗДРАВЈЕ

УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ

35


„СЕКОЈ ОБРОК, РАСКАЖУВА ПРИКАЗНА“


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.