Карпош Урбан бр.60

Page 1

Весник на локалната самоуправа август 2017 • бр. 60 • година 8

ОСВЕЖУВАЊЕ ВО РИТАМОТ НА КУЛТУРАТА


Ако Суперкупот на УЕФА беше настан број еден во Европа, а за Македонија спортска историја, тогаш ние можеме слободно да се пофалиме дека Карпош беше спалната соба на овој фудбалски мегаспектакл. Двата фудбалски клуба кои се бореа за освојување на Суперкупот, и Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампиони и Манчестер Јунајтед победник во Лигата на Европа, одбраа да преноќат токму во нашата oпштина. Фудбалерите на кралскиот клуб од Шпанија како место за преноќевање и одмор го избраа хотелот „Александар палас“, каде што буквално не можеше „мува да пролета“, додека преноќиштето на „црвените ѓаволи“ од Кралството Велика Британија беше ТЦЦ „Гранд плаза“, кој се наоѓа на еден километар „безбедна“ далечина од својот лут ривал. Се разбира и двата ексклузивни хотели се сместени на територија на општината Карпош, која со својот висок критериум за урбанизација „негува“ вакви врвни хотели. Се надеваме дека освен победничкиот сон на ѕвездите од Реал Мадрид, тие од Карпош ќе понесат и убави спомени и препораки за добро гостопримство. Манчестер Јунајтед ако нè титула, тогаш сигурно ќе понесе убави спомени за пречекот во најубавата општина во Македонија. В. Ц.

2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Долгоочекуваниот Суперкуп натпревар меѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, одигран на 8 август 2017 година во Скопје, го смести нашиот главен град на фудбалската мапа во светот. Доволен показател е и официјалната изјава на фудбалските авторитети од УЕФА, кои се заблагодарија за одличната организација на натпреварот. Скопје два дена пулсираше во ритамот на фудбалот. Огромен број на странски навивачи беа присутни во македонската престолнина, кои дојдоа од земјите на фудбалските тимови кои играа во финалето на Суперкупот (Шпанија и Англија), како и од соседството. Голем број на љубители ги запоседнаа кафулињата, рестораните и кафеаните, таа вечер во 20.45 часот. Победник на Суперкупот одигран во Скопје е тимот на Реал Мадрид, кој со головите на Касемиро и Иско ја одбранија титулата во Суперкупот на Европа. Лукако постигна гол за тимот на Жозе Мурињо, но „црвените ѓаволи“ не успеаја до крајот на натпреварот да израмнат и да одиграат продолженија.

ВО ФОКУСОТ

СУПЕРКУПОТ „ПРЕСПА“ ВО КАРПОШ

Таа фудбалска вечер фудбалерите на Зинедин Зидан и Жозе Мурињо приредија вистинска фудбалска мајсторија за сите искрени љубители на фудбалската игра. „Кралевите“ одново ја покажаа својата фудбалска доминација, и со право докажаа дека во моментот се најсилната фудбалска екипа на стариот континет. Фудбалерите на двете екипи беа сместени во хотелите „Александар палас“ ТЦЦ „Гранд плаза“ кои се наоѓаат на територија на општината Карпош. Карпошани, како и други страсни навивачи

од другите делови на државата, беа присутни пред хотелите во кои беа сместени фудбалските ѕвезди, сакајќи со својот апарат да ги овековечат своите фудбалски идоли. На натпреварот присуствуваа над 30.000 фудбалски обожаватели, политичари, претставници на дипломатскиот кор, спортски легенди. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, исто така беше дел од фудбалската магија која ја приредија тимовите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје, таа августовска вечер. Б. А.

3


ВО ОВОЈ БРОЈ

6

СРАБОТЕНО, ЌЕ СРАБОТИМЕ

БУКУРЕШКА СО НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

КУЛТУРНО ОСВЕЖУВАЊЕ ВО КАРПОШ

14 16

ФРАПУЧИНО НА „МЛЕЧЕН“НО И РЕДИЦИ ЗА БАНИЧКИ

21

КАРАТЕТО КАКО СЕМЕЈНА ТРАДИЦИЈA

26

Издава Општина Карпош ул. Радика бр. 9 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-55-901 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk

Издавачки совет Стевчо Јакимовски Томе Груевски

Фотографија Ива Зафировска Амел Амед Игор Ѓуровски Петр Стојановски

Заменик -уредник Игор Ѓуровски igor.gjurovski@karpos.gov.mk

Редакција Игор Ѓуровски Мила Гавриловска Ива Зафировска Живко Трајановски Јоана Станиќ Благојче Атанасоски Лазар Дуковски Лектор Ангелина Николовска Технички уредник/ Графички дизајн Ивана Пендовска Вукашиновиќ

Покрај тоа што се ближиме кон крајот на летото и летните одмори, август е период во кој локалната самоуправа од Карпош, континуирано работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти. Во таа насока, Општина Карпош постави нов асфалт на крак од улицата Скупи 22 во должина од 220 метри и широчина од три метри. Претходно, на оваа улица која се наоѓа во населбата Злокуќани, беше поставена и фекална канализација, која никогаш досега граѓаните од овој дел на Карпош ја немаа на користење. Следната градежна активност која ќе ја спроведеме е асфалтирање на улицата Скупи бр. 6, која се наоѓа во истата населба. Позитивно одговоривме на барањето на граѓаните од населбата Тафталиџе 1 кои живеат во рамките на станбениот комплекс „Гранд престиж“, со тоа што на платоата пред зградите поставивме нови клупи и канти за отпадоци. Поставувајќи урбана опрема на оваа локација, сакавме плански да го заокружиме станбениот комплекс во целост. Безбедноста на нашите сограѓани претставува врвен приоритет за Општина Карпош. За таа цел, поставивме 35 метарски потпорен ѕид во населбата Козле, кој треба да ги заштити жителите на улицата Ловќенска од евентуалните одрони и надојдените дождовни води, кои се слеваат од планината Водно. Подеднакво се грижиме за подобрување на урбаните стандарди и услови во кои се школуваат основците од Карпош. Ги реновиравме кошовите кои се наоѓаат во училишниот двор на ООУ „Владо Тасевски“, ја поправивме заштитната ограда околу ООУ „Јан Амос Коменски“ а во тек е поставување на нов под во спортската сала која се наоѓа во рамките на ова училиште. Ги реконструиравме санитарните јазли и поставивме нови елементи во ООУ „Петар Поп Арсов“ и ја заменивме заштитната мрежа на спортската сала во ООУ „Братство“. Подготвени сме да ги дочекаме и првоодделенците кои ќе го започнат образовниот процес во чисти училници. Затоа преземавме низа молерофарбарски работи во нашите основни училишта. Август е месец на културата во општина Карпош. Градејќи се низ времето како култен бренд на локалната самоуправа - „Културно лето Карпош 2017“ оваа година го одбележа десетгодишниот јубилеј од своето постоење. Во оваа декада, во рамките на манифестацијата продефилираа бројни високореномирани имиња од македонската и регионалната културно-уметничка сцена. Љубителите на уметноста присуствуваа на низа изложби на ликовни дела и фотографии, а љубителите на добриот хумор поминаа незаборавни часови со мајсторите на сатирата. Кога ќе се сумираат впечатоците, може да се каже дека Општина Карпош израсна во современа локална самоуправа со модерен лик, каде што културата се слави низ нејзините улици, давајќи и суптилен карактер на софистицирана урбана средина.

ОД МОЈ АГОЛ

Почитувани,

Вашиот градоначалник Стевчо Јакимовски

5


НОВИ КОШЕВИ ВО ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ И ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

Нов кош во ООУ „Јан Амос Коменски“

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

По барање на карпошани

Нов кош во ООУ „Јан Амос Коменски“

НОВИ КЛУПИ КАЈ „ГРАНД ПРЕСТИЖ“ Карпош доби ново место за одмор и релаксација. На барање на жителите на комплексот „Гранд Престиж", Општина Карпош на платоата пред станбените згради постави нови клупи и корпи за отпадоци. Локалната самоуправа ги послуша конструктивните сугестии и потреби на своите сожители, со цел урбаниот простор плански да биде заокружен во целост.

Нови кошеви во ООУ „Владо Тасевски“

Потпорен ѕид на улица Ловќенска Заштита на ископот за изведба на улицата за да го држи земјиштето. Должина 35 метри; вредност 1.500.000 денари

7


ВЕТЕНО-СТОРЕНО

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНИ И ПОПЛОЧЕНИ УЛИЦИТЕ ВО БАРДОВЦИ Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, беше во работна посета на урбаната заедница „Бардовци“, од каде што нагласи дека локалната самоуправа токму во ова населено место поплочува деветнаесет улици, со вкупна должина од 1.800 метри. Општинскиот татко Јакимовски, истакна дека оваа инвестиција е со вкупна вредност од 8.100.000,00 денари, финансиски средства одвоени од буџетот на локалната самоуправа. До крајот на мандатот ќе бидат поплочени улиците: 10, 12, 14, 16, 18 и 19, а изведувач на работите е фирмата „Агроселце“. - Со поплочувањето и со асфалтирањето на улиците, населбата Бардовци ќе биде целосно урбанизирано населено место. Граѓаните кои живеат во овој дел на општината Карпош, исто така ќе имаат решени инфраструктурни услови за живеење, токму онака како што имаат жителите на Тафталиџе, Влае, Карпош 3, Карпош 4 и сите останати урбани заедници кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа - беше категоричен првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Одговарајќи на новинарско прашање, Јакимовски потенцираше дека општинската администрација и самиот тој како градоначалник на општина Карпош, во континуитет работат и ги решаваат проблемите на граѓаните на локалната самоуправа, и дека тоа не е случај само пред избори. - Доказ за тоа се објавените тендерски постапки, преку кои ние ги реализираме проектите кои се од корист за карпошани. Општина Карпош секогаш низ годините се наоѓа или на првото место по сработени проекти, или меѓу првите три општини од сите општини во Република Македонија, вклучувајќи го и Град Скопје – потсети Јакимовски. Првиот човек на општината прецизираше дека во изминатите четири години се изградени над педесет фасади, заменети се голем број на покриви и лифтови, изградени се детски паркови, плоштади, заменета и поставена е над 80-километарска фекална и атмосферска канализација, целосно се реконструирани детските градинки и основните училишта кои се наоѓаат на територијата на општината и дека сето тоа е резултат на постојаниот ангажман на општинските служби.Повеќе од 85 проценти од ветените проекти пред граѓаните се реализирани, и слободно можам да кажам дека граѓаните на општина Карпош се задоволни од работата на општинската администрација. Б. А.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДВА КРАКА ОД УЛИЦА 20 Изминативе денови со бекатон плочки се поплочуваа два крака од улица 20 во населба Брадовци, со должина од 242 метри. Тие се спојуваат со кракот на улица 14, која исто така се асфалтираше месецов. Фирмата изведувач на овој градежен зафат е „Еуро инвест инк“.

9


ВЕТЕНО-СТОРЕНО Продолжување со асфалт на улица 6 Асфалтирање на улица Скупи 22 Локалната самоуправа реализираше уште еден инфраструктурен проект во населбата Злокуќани, каде што во должина од 220 метри и широчина од три метри се асфалтираше крак од улицата Скупи 22. Претходно, на овој коловоз беше поставена и фекална канализација, која никогаш досега граѓаните од овој дел на Карпош ја немаа на користење. Вредноста на проектот изнесува 800.000 денари.

Асфалтирање на крак од улица Скупи 22

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Асфалтирање на крак од улица 14

УЛИЦА 6 ВО БАРДОВЦИ - ПРОШИРЕНА И ПРОДОЛЖЕНА Во населбата Бардовци, се асфалтираше нова делница од улицата 6, продолжение на веќе изградената голема сообраќајница. Станува збор за асфалтирање на 220 метри земјен пат со што улицата ќе се спои со веќе асфалтираниот пат. Изведувач на градежните работи е Јавното претпријатие „Улици и патишта“, а оваа инвестиција Општината ја чини околу 3 милиони денари. Со овој инфраструктурен зафат, уште еден комунален проблем на жителите на населеното место Бардовци ќе биде решен.

Проширување со асфалт на крак од улица 6

11


Основното училиште во населба Нерези, ООУ „Братство“ е едно од најстарите училишта во Скопје. Токму затоа локалната самоуправа реши ова училиште да добие нов сјај и наставата во него да се одвива во услови какви што најмладите жители на Карпош заслужуваат. Училишниот објект ќе го реконструира фирмата „Мастеф“. Со оваа иницијатива, локалната самоуправа сака да ги подобри условите за школување на учениците во овој дел на Карпош, бидејќи изградбата на стариот училишен објект датира од далечната 1937 година.

Детско игралиште на „Педагошка“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА „ПЕДАГОШКА“ И „МЛЕЧЕН“

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕНОВИРАЊЕ НА ООУ „БРАТСТВО“ ВО ГОРНО НЕРЕЗНИ

ПОСТАВУВАЊЕ НА САНИТАРНИ ЈАЗЛИ ВО ООУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ Општината изминатиов месец постави нови санитарни јазли во ООУ „Петар Поп Арсов“. Општината континуирано води грижа за подобрување на условите во кои се школуваат основците и од тие причиниги одржува хигиенските услови на највисоко можно ниво.

Детско игралиште на „Млечен“

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ФОТОРЕПОРТАЖА БУКУРЕШКА СО НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ

Локалната самоуправа целосно го реконструираше детското игралиште на улицата Букурешка, во населбата Тафталиџе 1. Урбаното катче е збогатено со разновидни реквизити, наменети за анимирање на најмалите карпошани. Поставени се лулашки, „куќарки“, тобоган и други забавни содржини, изработени од дрво грижејќи се за безбедноста на децата. За многу краток период ќе се постави и осветлување, со цел, ова игралиште да биде функционално и во летните вечерни часови. Во рамките на детското игралиште се поставени и нови клупи и канти за отпадоци.

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Тафталиџани, со своите деца, ќе можат да го користат ова игралиште за дружба, рекреација и релаксација. Општина Карпош повеќе од две години во континуитет реконструира и поправа веќе постоечки детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив. Досега, целосно се реновирани и пуштени во употреба единаесет вакви детски игралишта, додека во наредните две години локалната самоуправа ќе реновира и реконструира дополнително над дваесет урбани детски катчиња.

15


КУЛТУРНО ОСВЕЖУВАЊЕ ВО КАРПОШ Во духот на културата и традицијата, јубилејното X-то по ред „Културно лето Карпош 2017“ стартуваше со голем спектакл. Љубителите на џезот, поп и блуз-музиката, повеќе од два часа уживаа во прекрасната изведба и неповторлив блуз на карпошовите урбани легенди, Џамбазов и Гуру Харе со нивниот бенд, кои со целовечерен концерт ги фасцинираа карпошани. „светот“ каде што секоја вечер се собираа стотици вљубеници во разни области од културата: музика, сликарство, фотографија... Музичкото трио составено од тројцата професионални оперски пејачи: Дејан Стоев (тенор), Кристијан Антовски (баритон) и Дарко Нешовски (тенор) пред карпошани се претставија со светските поп-хитови, изведени во поп-класичен манир. Чудесните звуци на класичната музика им беа пренесени на карпошани преку Здружението на музички педагози „Полихимнија“, кои на својот концерт го изведоа познатото дело од Јохан Пахелбел „Канон во Д-дур“, композицијата „Flower duet“ од операта „Лакме“, од Делибес, како и фантастичниот Гарланд валцер од балетот „Заспаната убавица“ од Чајковски и делото „Прелудиум“ од уникатниот руски композитор и пијанист Дмитри Шостакович. Платото на Т.Ц. „Лептокарија“ ечеше од смеа, која со својот ведар настап ја предизвика великанот на хуморот, Војче Китановски, а истата вечер настапија и фантастичните Филип Шурбевски – Езгија трио со женскиот вокал Мартина Костова, со беспрекорната интерпретација на македонски староградски песни, тарабуката на Филип Шурбевски, виолината на Ристе Апостолов и тамбурата на Митко Наумовски создадоа магична атмосфера во која се почувствува шармот на Ориентот. „Културното лето Карпош“ го удостои и познатиот ди-џеј, перкусионист, музички селектор и тапанар Никола Тони кој повеќе од два часа ги забавуваше присутните со електронска (хаус) музика. Истата вечер, љубителите на уметноста, пак, имаа извонредна можност директно да го гледаат творењето на уметникот Милан Андов, кој својот уметничко-сликарски талент го демонстрираше на платно додека траеше настапот на Никола Тони. Почитувачите на добрата фотографија имаа можност да ја разгледаат изложбата на Филип Зафировски, млад професор роден во Скопје, кој денеска живее и работи во Париз, Франција, кој овековечил одлични пејзажи, историски градби и споменици, и на тој начин „одблиску“ на карпошани им ја пренесе богатата француска историја, култура и преубавата природа. Своја музичка вечер имаше и нашата позната уметница Сузана Турунџиева со богат избор од македонски и светски евергрин песни. Б. А.

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

КУЛТУРА

X-то јубилејно „Културно лето Карпош 2017“

17


КУЛТУРА

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


ОБРАЗОВАНИЕ

Општина Карпош на специфичен начин ќе ги пречека првачињата на првиот училишен час од новата учебна година. За нив, локалната самоуправа изработи едукативно-информативна брошура, која освен весели и разнобојни илустрации, содржи и повеќе боенки, сложувалки и други мисловни загатки, кои се приспособени за дечињата на таа возраст. Овој „подарок за добредојде“, исто така, има цел да ги поттикне интелектуалните способности, како и процесот на спознавање кај првоодделенците. Брошурата е наменета и за родителите на најмалите ученици и преку неа, тие ќе можат поопширно да се запознаат со годишните активности на Одделението за образование при Општина Карпош и на Креативниот центар Карпош. Оваа публикација содржи и општи податоци за десетте основни училишта кои функционираат на територијата на локалната самоуправа. И. Ѓ.

ФРАПУЧИНО НА „МЛЕЧЕН “ НО И РЕДИЦИ ЗА БАНИЧКИ

„Млечниот ресторан“ е уште едно амбиентално катче каде што се наоѓаат познати кафулиња, пекарници, пицерии, а тука е и актуелниот рибен ресторан „Сидро“. Ова култно маало кое се наоѓа во урбаната заедница „Владо Тасевски“, претставува одлична хедонистичка дестинација за љубителите на доброто кафе и на вкусната храна. Кафе барот „Ли“ е угостителски објект, кој е надалеку познат по своите пијалаци, културни перформанси и алтернативни дружби, кои, како по правило имаат „креативни“ завршници. Специфичната декорација и извонредниот вкус привлекуваат голем број на посетители, не само од Карпош, туку и од сите делови на Скопје. Пекарницата „Милениум“ е уште еден своевиден белег на „Млечен“. Вкусните банички, бурекот, белите печива, како и „стапчињата-сусамки“ се традиционален појадок за многу карпошани, кои секое утро формираат долги редици, чекајќи да купат од разните видови на бели печива. Рибниот ресторан „Сидро“ е уште еден препознатлив бренд познат по своите надалеку прочуени рибни специјалитети и вкусната морска храна. „Сидро“ е позната гастро дестинација, каде што скопјани од сите страни на градот, доаѓаат токму на „Млечен“ за да се „усидрат“ неколку часа во еден пријатен амбиент, кој го надополнуваат вкусните деликатеси од солените води. Сте ги пробале ли лигњите пржени или на скара...ммм? Кафулето „Капри“ долги години се наоѓа токму на истата локација, и со своето посебно ентериерно уредување, зазема свое место во целата амбиентална поставеност. Освен овие препознатливи локали, кои со својата услуга, вкусна храна и добри пијалаци, му даваат специфична карактеристика на „Млечен“ и надвор од границите на општина Карпош, односно насекаде во градот Скопје, во рамките на урбаната целина се наоѓаат и повеќе мини-ресторани за брза храна кои го комплетираат целиот впечаток. На оваа карпошова локација, за секој посетител на овој кварт има од сè по нешто: убаво кафе, извонредни морски специјалитети, вкусни бели печива, како и различен избор на „брза храна“. Добредојдовте на „Млечен“ – на вистинското место сте! Б. А.

ГАСТРОДЕСТИНАЦИЈА

20

КАРПОШ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЧЕК НА ПРВАЧИЊАТА

21


Ученици од шесто, седмо и осмо одделение од сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на oпштина Карпош, по вторпат заминаа на десетдневно летување во Струга. Станува збор за 45 основци, чии семејства се наоѓаат во потешка материјална состојба. Учениците ќе престојуваат во одморалиштето „Солферино“, со вклучен појадок, ручек и вечера, а за нив ќе се грижат пет наставници по физичко образование. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на основците од Карпош им посака пријатен престој и убав летен одмор. - Ова летување искористете го за меѓусебно дружење, забава и релаксација. Токму во овој период кога температурите се многу високи, вие ќе може да се капете и да се разладувате во Охридското Езеро. Вашите наставници се одговорни за вас во текот на одморот, и секако треба да ги слушате и да ги почитувате - им порача на испраќање градоначалникот Јакимовски. Одморот траеше од 9 август до 19 август, и претставуваше одлична можност за релаксација и „полнење на батериите“ на основците пред почетокот на новата учебна година која започнува во септемри. Б. A.

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО

ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Општината Карпош е надалеку позната по својата хуманост. Kонтинуирано, осум години по ред, Општината издвојува средства од сопствениот буџет за помош на лицата со посебни потреби. Станува збор за вкупно 90 лица, жители на Карпош, кои спаѓаат во оваа ранлива категорија на граѓани и кои имаат потреба од помош за решавање на функционалните проблеми со кои се соочуваат секојдневно. По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби – 3 декември, локалната самоуправа, секоја година организира пригоден настан на кој лицата со посебни потреби се дружат меѓу себе. Локалната самоуправа, исто така, им доделува еднократна парична помош на секој поединечно. Оваа финансиска поткрепа со Oдлука на Советот на oпштината Карпош за 2017 година изнесува 700.000 денари, што е двојно повеќе во споредба со минатата

2016 година. Освен паричните средства, локалната самоуправа, изминатите четири години интензивно работи на подобрување на инфраструктурните услови за лицата со посебни потреби, за истите да можат непречено да ги извршуваат своите обврски. За таа цел, Општина Карпош изгради пристапни рампи пред сите институции, и новоконструирани улици, како инфраструктурно олеснување за подобро функционирање на овие лица. Градоначаланикот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, секоја година на дружбата со овие наши сограѓани разговара за нивните потреби и проблеми, прифаќајќи ги сугестиите и ставовите, сè со цел, да се изнајдат решенија со кои ќе се овозможи нормално функционирање на оваа ранлива категорија на граѓани. Б. A.

СОВЕТ

22

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ НА ДЕСЕТДНЕВЕН ОДМОР ВО СТРУГА

23


ВЕСТИ

Во духот на верата и традицијата, карпошани го чествуваа големиот христијански празник Свети Пантелејмон. Со посен црковен ручек, музика и песна, верниците го одбележаа овој голем празник во дворот на црквата „Свети Пантелејмон“

24

во населбата Средно Нерези. На народниот црковен собир, присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Б. А.

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ШТЕТНИОТ Е-ОТПАД Општина Карпош во соработка со друштвото за управување со отпад, „Нула Отпад“, повторно, на есен, ќе организира акција за собирање на Е отпад. Доколку имате електронски или електричен отпад, општината и „Нула отпад“ Ви овозможуваат бесплатно да се ослободите од него. Се што треба да сторите е да пријавите во Вашата најблиска урбана заедница или да се обратите на следните телефонски броеви, 02/3256 - 309 и 070 236 - 000, и да ги оставите Вашите лични податоци како адреса на живеење, телефон за контакт, e-mail адреса и секако, каков отпад поседувате. Понатаму, иницијативата е во наши раце, ние ќе Ве контактираме и во најкраток можен рок ќе го собереме електричниот отпад од Вашиот дом.

ЕНЕРГЕТИКА - ЕКОЛОГИЈА

НЕРЕЗИ ГО СЛАВЕШЕ СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН

НОВ ИЗГЛЕД НА СТАРИОТ МЕБЕЛ

Во изминатиов период, кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски се обратија госпоѓите Надица Кипровска и Орхидеја Огњановска со интересна идеја, која воедно претставува нивен мал бизнис. Нивната фирма се вика „Urban Old“ и се занимава со собирање на стар мебел, кој потоа го реставрираат и му даваат нов современ изглед. Нивната идеја и инвентивност, навистина го изненадија позитивно првиот човек на Општината. За таа цел, ги повикуваме сите граѓани од Карпош кои сакаат да се ослободат од стариот непотребен мебел, тоа да го сторат обраќајќи ни се на општинската интернет и фејсбук страница или пак, на следниве e-mail адреси: gradonacalnik@karpos.gov.mk; kontakt@karpos.gov.mk; За повеќе информации можете да ја посетите интернет страната www.urbaнold. com; фејсбук фан-страната- urbanold.on; или пак контактирајте преку електронската пошта urbanold.on@gmail.com.

25


КАКО СЕМЕЈНА ТРАДИЦИЈa Браќата Едвин и Дарин Омерагиќ се успешни репрезентативци-каратисти. Голем број на медали кои овие ученици од ООУ „Вера Циривири-Трена“ ги освоиле на домашните и меѓународните натпревари, се доволен показател дека општина Карпош секогаш „раѓала“ спортски таленти со кои може да се гордее. Седум и пол години, личен тренер на овие карпошови основци бил токму нивниот татко, поранешниот каратист Менсур Омерагиќ. Во 2013 година, постариот брат Едвин го освојува третото место на државното првенство и третото место на Балканското првенство во Р. Србија. Веќе наредната 2014 година, го освојува златниот медал на државното првенство во Р. Македонија. Во 2016 година го обезбедува

сребрениот медал на државното првенство, додека, наредната 2017 година во категоријата кадети го освојува одново златниот медал на државното првенство. Каратистот Едвин Омерагиќ се закитува и со златниот медал на меѓународното првенство во Р. Бугарија во карате стилот шотокан. • Од кога се роди љубовта кон каратето како спорт? - Мојот татко, Менсур Омерагиќ е поранешен професионален каратист и можам да кажам дека, освен генетската предиспозиција, како родител уште од мали нозе ми ја всади љубовта кон овој популарен спорт. Повеќе од седум години тренирав под „будното око“ на татко ми, додека последната година и пол тренирав во карате клубот „ М е т а л у р г “, каде што имав повеќе спаринг-партнери завежбање. • Дали во иднина се гледаш како

• Колку време тренираш карате и од каде се јави желбата за овој спорт? - Повеќе од осум години професионално се занимавав со каратето како спорт. Мојот татко ми беше личен тренер, со оглед на тоа што и самиот тој е поранешен професионален каратист. Едноставно, ние дома сме воспитувани и растени во еден спортски професионален каратист? - Каратето е моја прва љубов како дух, особено во каратето. спортска дисциплина, но, моментално се занимавам со ракомет. По континуирано • Каде се гледаш себеси во иднина? - Денеска активно се занимавам осумгодишно карате тренирање, кај мене се развија одлични физички и тренирам фудбал во ФК Вардар. предиспозиции за усовршување на Каратето секако ми го постави правецот овој спорт и навистина се чувствувам да се реализирам како спортист. Сметам среќно и задоволно што веќе почнав дека уште од најрана возраст, сите треба професионално да се надоградувам и во да се занимаваме рекреативно или ракометната игра. Најпрво тренирав во професионално со спорт, бидејќи така „Академија Алушевски“, а во моментов ќе се изградиме во здрави личности. Дарин е седмоодделенец во ООУ „Вера сум во клубот „Вардар шампион“. Едвин Омерагиќ оваа година го Циривири-Трена“. Освен што од мал се заврши своето основно образование занимава професионално со спорт, тој е во ООУ „Вера Циривири-Трена“ во воедно и одличен ученик. Благојче Атанасоски општина Карпош и од септември ќе биде средношколец во училиштето „НОВА“. Помалиот брат Дарин Омерагиќ, исто така може да се пофали со учество на голем број на освоени медали на домашни и меѓународни натпревари. Еден од своите најголеми успеси, Дарин го постигнал на првенството во Суботица (Србија), кога во конкуренција на повеќе од 2000 учесници бил прогласен за најдобар каратист со освоени пет златни медали. Во карате стилот шотокан во 2015 година, Дарин го

СПОРТОРАМА

КАРАТЕТО

освоил третото место во Турција, додека во 2016 година бил прв на меѓународен турнир во Р. Бугарија. Дарин многу пати освојувал златни, сребрени и бронзени медали на државни првенства кај нас во Македонија.

27 2


1. Посакувана дестибација

Зависно од тоа колкав буџет имате одредено и каде сакате да летувате, утврдете ја посакуваната дестинација. Потоа, посетете ги туристичките агенции и информирајте се за понудите. Добро е и да ги прегледате коментарите од оние кои веќе престојувале во местото каде сакате да се сместите, за да знаете што да очекувате. Откако ќе ја одберете локацијата, разгледајте ги сите места и настани кои можете да ги посетите додека сте таму.

2. Направете си список

За да не се грижите дали нешто ќе заборавите, направете список за сè што ви е потребно за летниот одмор и сè што треба да завршите пред да отидете. Испечатете ги сите резервации од местата за престој и билетите за превоз. Проверете која документација ви е потребна за патување надвор од државата тука и поставете ја на исто место заедно со билетите и резервациите. Доколку преферирате користење на што е можно помалку хартија можете да употребите Ipad или мобилен телефон за подготовка на електронски список за полесна организација, а воедно и достапност до сите резервации. Од практичен аспект добро е да набавите и мобилен полнач за електронскиот уред во случај да останете без батерија.

3. Одберете соодветен куфер

Зависно од времетраењето на патувањето, одберете го куферот во кој ќе ги спакувате работите. За пократко патување, понесете ги само неопходните работи и не претерувајте со облеката. Кога станува збор за куферите, особено мора да внимавате на безбедноста на својот багаж.

4. Како да се спакувате?

- Кршливите предмети и оние што лесно можат да се оштетат ставете ги во средина на куферот помеѓу облеката. - Не заборавајте со себе да понесете неколку кеси во кои ќе можете да ставите валкана облека. -Ставете најлон под капачињата од козметиката за дополнителна заштита, односно да спречите да се разлеат врз останатите предмети и облека. - За да заштедите простор, не ја диплете облеката, туку пробајте да ја завиткате како ролна.

5. Фотографии

Со сигурност ќе сакате да ги овековечите моментите од летувањето, без разлика со кого сте на патување. Затоа слободно понесете фотоапарат, водоотпорна камера, па дури и selfie стапче.

Како полесно да ги поднесете жешките летни денови? 1. Бегајте од сонцето. 2. Понесете шише со ладна вода. 3. Кога возите автомобил на подолги релации, не заборавајте да ја

ЗДРАВЈЕ

5 СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ЛЕТУВАЊЕ

заштитите вашата лева страна од телото.

4. Додека пешачите, колку што е можно повеќе движете се под сенка. 5. Носете светла лесна облека. 6. Носете сламен шешир и очила. 7. Вежбајте или рано наутро или доцна попладне. 8. Користете крем со минимален заштитен фактор 15. 9. Пијте многу течности, пазете се од дехидратација. 10. Не пијте екстремно ладна вода. 11. Прескокнете ги газираните сокови. 12. Консумирајте лесни оброци. 13. Кога сте дома, престојувајте во најстудениот дел во домот. 14. Покријте ги прозорците во текот на денот. 15. Разладувајте си го лицето и зглобовите со ладна вода, ставете влажна марама на вратот.

16. Туширајте се редовно со млака вода. 17. Спијте со отворен прозорец, но само ако е безбедно. 18. Во никој случај не оставајте бебе, дете или животно во автомобил во жешките часови.

www.kajgana.com

www.femina.mk

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 60 • АВГУСТ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


КАРПОШ КОМУНИЦИРА 30

Апликација за Android и iPhone, Стевчо Јакимовски/Stevco Jakimovski

Општина Карпош: Задоволството и честа што Ве имаме се наши.

Stevco Jakimovski: ДЕВЕТ НОВИ УЛИЦИ ВО БАРДОВЦИ

@i_najubaviot Јас во Апче: -Може да нарачам една шампита, кремпита и чоколадна торта? -Ќе јадете тука или за дома ви е? -Тука ќе јадам... дома сум на диета.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски, нагласи дека општината токму во Бардовци поплочува 19 улици, со вкупна должина од 1.800 метри. До крајот на мандатот, ќе бидат поплочени улиците: 10, 12, 14, 16, 18 и 19. Борис Јовчески: Така се работи за својот народ, награда доаѓа Marina Najdanovska: Karposani se srekni gragani bidejki go imaat Stevco Jakimovski za gradonacalnik!! Site ostanati gradovi vo Makedonija da gi soberat svoite proekti i zafati nemaat tolku napraveno kako vo opstina Karpos.. Mitko Cvetkovski: Sto posebno da se komentira.... dosledno i kvalitetno ispolnuvanje na programata. Ana Boshkovska: Veteno, sraboteno kako i sekogash, za dobroto na gragjanite na Opshtinata Karposh. Zatoa da mu dademe ushte eden mandat na Stevco Jakimovski za gradonacalnik!!!

10:20

ДЕСЕТ ДНЕВЕН ОДМОР ЗА ОСНОВЦИ ОД КАРПОШ ВО СТРУГА

designed by Zee Que | designbolts.com

Kristinna T Trajcevska: BRAVO!! Ovoj primer treba da go sledat i drugite gradonacalnici Dragi Kinez: BRAVO STEVCHE Nela Risteska: sekoja cest MitchViolet Stojanoski: Edno golemo Bravo I od Nas od dijasporata, Karposh mi e vo srce, pozz od Violeta Maja Spasovska: Sekogas human, so golemo srce bravo za nasiot gradonacalnik samo prodolzete taka, se gordeeme vo Karpos sto ve imame Natasa Angelovska: Bravo Stevce, sekoe leto decata gi nosi na odmor. Hriska Dimovska: Bravo gospodine Stevce. Najsposoben gradonacalnik ste.. Dragan Beli Ugrinovski: Bravo...sto drugo da se komentira....Godini nanazad...decata odat finansirani od opstina bravo

И. З.

@jovanowsky1 Aug Се сеќавате на оние што не учеа, нон стоп искачаа, кафиња, кафани, дискотеки? Тие најубаво се вработија. Преку врски, пошо се дружеа со луѓе. @i_najubaviot @superextrabonus „Пациент одбива да се оперира бидејќи „Леб и сол" веќе 20 години ви кажуваат анестезиологот бил жена". Аман бе, до дека Скопје има изгор лето и кочан зима, кога со овие предрасуди, па нема колата а вие сеуште се жалите ко да ви е прв пат. @superextrabonus да ти ја паркира. Стар си коа почнеш да се држеш на тие @mitevskad Најдосадна поза у секс е кд си одоздола а рачките над џамовите у колата.

TWITTER ХУМОР

ByPass Cafe Благодарност до Општина Карпош за убавите фотографии и зборови, статијата може да ја прочитате во јулскиот број на „Карпош Урбан"

одозгора нема никој.

@darkhour_seeker Се моли Август да не се понаша како да @dimitrov_1 Ако ставиш школка од Атлантис на уво, е на летовање у Катар. моеш да ја чуеш мајка ти како шепоти „за @guacha66moxxa гостите е остај ги сместа". Секаде во светот алкохолизмот е болест, само кај нас те прашуваат @superextrabonus Мислам дека смислата на Галичката свадба „Шо не пиеш, да не си болен“? е дека после толкава церемонија ќе ти @bonitopp биде незгодно да се разведеш. Омилен глумец? - Бившиот. @shisharka_ @bonitopp -Тето, не доаѓате годинава? Дошол Данте во Македонија и си рекол -Не сине, не сме при пари. „Ова го нема ни во Пеколот“! -Па да дојдам јас да го видам Чикаго. -Ах, утре одиме до Хаваи на одмор, @trkaljofka20 Jul ај догодина. Македонац: Колку ви се праските? Грк: I don't understand you. @superextrabonus Македонац : Колико су вам брескве? Името твое на песок го напишав, Грк: 4 еура. тај шо продава локомадес го избриша. @mile_panika15 Jul @4_pilos Штета што палмите не ја преживеаа Цироза на јетра уствари се добивало од зимата, сега на топлово ќе уживаа. многу желби за "здрав живот", на пример: @i_najubaviot -Ај да сме живи и здрави.. Ако 70% од човечкото тело е составено -Ај наздравје... од вода, тогаш јас не сум дебел...јас сум -Ај живели... БУНАР. @glinenaa @najproscoek Се омажи американка фрлачка на копје. -Што сакаш за ручек? -Не знам, изненади ме. Бидермаеро го фатила некоја си Анита, -Трудна сум. од Норвешка. И. З.

31


32

КАКО ПАТУВАЊЕТО ДА БИДЕ ПОЛЕСНО? Кога се ближат летните одмори, многу родители се во дилема дали да одат со деца или без нив. Најчесто причина за тоа е ризикот од тоа како децата ќе го поднесат патот. Откако ќе се одлучат, следат уште проблеми: што се треба да спакуваат и што да земат со себе за по пат? Еве неколоку стратегии за „преживување“ на патот, идеи за забава и практични совети кои ќе ви помогнат да си поминете полесно: ПАКУВАЊЕ Долгите патувања со деца не се воопшто забавни, но, знаат да бидат и опуштени доколку добро испланирате се, бидејќи авантурата започнува веднаш штом ќе го напуштите домот. 1. Спакувајте една мала торба, во која ќе ставите облека за следниот ден доколку патувате навечер, како четка за заби, пижами и с� што мислите дека ви е потребно за следното деноноќие. Многу ќе биде полесно да го отпакувате прво тоа кога ќе стигнете, отколку да се изгубите во огромниот куфер пол со се и сешто. 2. Земете ги ќебето и перницата на вашето дете доколку имате простор за тоа. Ова е многу важно, бидејќи децата си ги сакаат своите работи, посебно кога треба да преспијат на ново и непознато место. Секако, и во автомобилот ќе им биде поудобно доколку има каде да ја потпрат главата и со што да се покријат. 3. Децата можат да истурат сок или да извалкаат нешто со храна, па затоа имајте ролна тоалет и влажни марамици секогаш при рака за брзо чистење. Исто така и кеса за ѓубре ќе ви биде од помош доколку не сакате целиот автомобил да биде расфрлан. ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ПАТОТ Земете грицки - грицкањето може да биде како еден вид занимација, а децата секогаш сакаат нешто да стават во уста. Обидете се тоа да бидат некои здрави грицки. Победете ја досадата - ставете ги омилените песни на вашите деца на CD или USB за тие да се чувствуваат пријатно и притоа да се забавуваат, или доколку имате таблет може еден дел од патувањето да им помине во гледање цртани филмови, и никако не заборавајте неколку нивни омилени играчки. Седнете назад до нив - контакт со децата и неколку игри може да помогнат доколку забележите дека почнуваат да збеснуваат. Обидете се да ги избегнете солзите - може да дојдете до момент кога ниту пеење, ниту грицкање и дружење нема да ви помогне, едноставно вашето дете сака да излезе од автомобилот, но обидете се со зборови да го убедите детето дека не треба да плаче и дека се ќе биде во ред наскоро. ПАУЗИ Испланирајте екстра време - доколку патувате со мало бебе, ќе треба да правите паузи и да застанете за да го нахраните, да му смените пелена или едноставно да се истегнете. Ќе ви биде многу полесно ако однапред се помирите дека ќе ви треба дупло повеќе време за да стигнете до местото. Застанувајте почесто - за мали и големи паузи. Да, сакате да стигнете побрзо, но дозволете му на детето малку да се „издува“, така полесно ќе издржи додека е во автомобилот понатаму по пат. Бидете свесни дека 20-тина минути после паузата за оброк, ќе мора повторно да застанете бидејќи вашето дете ќе сака да оди во тоалет.

Бахова цветна терапија

GORSE (ULEX EUROPAEUS) - СМРЕКА Gorse (ulex europaeus) – смрека цветна есенција која им е потребна на личности кои се екстремно безнадежни, кои креваат раце од сè и кои се чувствуваат победени. Погодената личност има чувство дека сè е безизлезно и дека за неа веќе не постои надеж за да се најде решение за нејзините проблеми. Не може ниту да замисли дека нешто би можело да се промени или да се поправи, туку сите работи ги гледа негативно и непоправливо. Таа чувствува внатрешен умор, недостаток на сила за да може нешто да придвижи и да промени и по правило се откажува. Кај неа постои убедување дека има некоја генетска болест и дека за неа нема лек. Оваа личност мисли дека е осудена да боледува и да пати и не се ни обидува да се излечи. Само за да се задоволи притисокот од фамилијата и пријателите, безволно зема терапија, но без никаква верба и надеж дека ќе дојде до подобрување на нејзината состојба. Често се работи за личност која во детството растела во сиромашни услови или била хронично болна или, пак, има психички или физички болни родители. Позитивниот потенцијал на gorse е повторно враќање на вербата и надежта, без разлика на постоечките физички или психички проблеми. Таа станува повторно позитивна, среќна и е во можност болеста која на прв поглед изгледа дека е нерешлива и дека е во безизлезна ситуација да ја види како позитивно искуство од кое може нешто да се научи и добива чувство дека е на пат кон излекување. Со земање на gorse есенцијата, песимизмот се преточува во оптимизам, се учи соочување со реалноста и се учи како да се преземат соодветни чекори. Gorse есенцијата се нарекува уште и „светло на крајот на тунелот“ бидејќи на личноста и ја враќа надежта дека не е сè готово, не е сè црно и дека многу работи можат да се направат. Личностите во gorse состојба може да боледуваат од: фатализам, песимизам, депресија, да имаат бледа кожа, рамнодушен израз, слаб имунитет, анксиозност, трауми, болести на нозе, нервоза, бубрежна инсуфициенција, хронични пореметувања, лоша циркулација, безуспешни клинички третмани. Јоана Станиќ

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

СЕМЕЈНО КАТЧЕ

ВОДИЧ ЗА РОДИТЕЛИ СО МАЛИ ДЕЦА

33


34

ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2017 ОВЕН - Новите контакти ќе ви помогнат да ги остварите работните цели. Задачите кои сте си ги зацртале на работен план успешно ќе ги извршувате. Во љубовта ќе бидете страствени и полни со енергија, можност за нова љубовна врска. Здравје: одлично, освен минливи главоболки. БИК - Ќе собирате емотивна сила и ќе правите планови за понатаму, ќе ви биде потребен внатрешен мир. Финансии стабилни, можни се приходи од повеќе страни. Здравјето ви се подобрува, ќе ви одговара здрава храна и свежо овошје. БЛИЗНАЦИ - Ќе го зголемите кругот на пријатели и ќе го збогатите друштвениот живот. Не донесувајте брзи одлуки. Во љубовта ќе имате многу романтични моменти. На здравствен план потребни ви се повеќе прошетки. РАК - Можно е да размислувате за селидба или купопродажба на недвижнини за што ќе имате поддршка од најблиските. Не влегувајте во долгови, паметно инвестирајте или штедете. Здравјето ви е добро, сè додека имате внатрешен спокој. ЛАВ - Ќе решите што сакате во животот и ќе правите планови за иднина во којa насока да се движите. На работен план ќе мора да преземете акција, можни се мали проблеми. Во љубовта ќе имате невообичаени љубовни партнери. Здравје солидно, освен минливи нервози. ДЕВИЦАЌе правите ретроспектива на грешките направени на работен план, ги елиминирате за да имате поуспешна иднина. Здравје одлично, не сакате да почитувате правила на здрав живот. Подобрување на финансиската состојба, а во љубовта ќе имате забавни моменти.

ВАГА - Ќе имате динамика и на работен и на љубовен план, опкружени со оние што ги сакате. Можност за промена на работно место или почнување на нов бизнис. Здравје добро. СКОРПИЈА - Многу работни обврски, преговори, унапредувања. Во љубовта малку тензично, партнерот ќе се чувствува запоставено. На здравствен план медитирајте за да ја намалите нервозата. СТРЕЛЕЦ - Период на вложување на многу труд и напор со цел да направите напредок во кариерата. Ќе имате повеќе трошоци од предвиденото. Во љубовта ќе имате активен друштвен живот и нови познанства. Здравје спортувајте. ЈАРЕЦ - Период на транзиција, приспособувања, патувања и динамика. Во втората половина на септември можно е унапредување на работен план и подобрени финансии. Во љубовта ќе имате романтични моменти, а во однос на здравјето најдете повеќе време за одмор. ВОДОЛИЈА - Сè ќе ви се врти околу кариерата, многу тензии и стрес. Можни се повеќе понуди истовремено и ќе поседувате „бизнис-интуиција“. Во љубовта ќе имате интересни заеднички моменти со партнерот. Здравје добро, ќе почнете да ги решавате нездравите навики. РИБИ - На работен план за постигнување на успех ќе ви биде потребна работа во тим и поддршка од најблиските. Финансиската ситуација ќе се подобри. На љубовен план можност за нова љубовна врска или ренесанса на постоечката. Потребен ви е одмор на некое тивко место. Јоана Станиќ

Карпош 1

Влае 1

Нерези

Карпош 2

Влае 2

Владо Тасевски

Карпош 3

Тафталиџе 2

Кузман Јосифовски Питу

Карпош 4

Пецо Божиновски Кочо

Злокуќани

Телефон за контакт: 072/268-052 е-mail: karpos4@karpos.gov.mk Адреса: ул. Љубљанска бр.6

Телефон за контакт: 078/486-925 и 078/486-959 Телефон за контакт:078/486-923 е-mail: pecobozinovski@karpos.gov.mk е-mail: zlokukjani@karpos.gov.mk Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул.Скупи бб.

Тафталиџе 1

Одделение за месна самоуправа,

Бардовци

Телефон за контакт: 02/3068-754 и 078/486-929 Телефон за контакт: 072/268-053 е-mail: vlae1@karpos.gov.mk е-mail: karpos1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Фјодор Достоевски бр. 2 Адреса: ул. Иван Аговски бр.2 Телефон за контакт: 02/3071-246 и 078/486-955 Телефон за контакт: 072/268-056 е-mail: vlae2@karpos.gov.mk е-mail: karpos2@karpos.gov.mk Адреса: ул.Сливовска бр.1 Адреса: ул. Бранислав Нушиќ бр.4

Телефон за контакт: 078/486-922 е-mail: nerezi@karpos.gov.mk Адреса: ул. Ванчо Мицков бр.19

Телефон за контакт: 078/486-927 е-mail: vladotasevski@karpos.gov.mk Адреса: ул.Дрезденска бр.52

Телефон за контакт: 072/268-054 и 078/486-919 Телефон за контакт: 078/486-928 и 078/486-921 Телефон за контакт: 078/918-030 е-mail: taftalidze2@karpos.gov.mk е-mail: kjpitu@karpos.gov.mk е-mail: karpos3@karpos.gov.mk Адреса: ул. Копенхагенска бр.5 Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул. Радика бр.9

Телефон за контакт: 072/209-685 е-mail: taftalidze1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Букурешка бр.2

Раководител, Миле Стевков Телефон за контакт: 3078-116 и 070/235-790 е-mail: mile.stevkov@karpos.gov.mк

Телефон за контакт:078/486-931 е-mail:bardovci@karpos.gov.mk Адреса: с. Бардовци

Кабинет: 02/3061353 Сектор за правни работи: 02/3055-900 Сектор за дејности од јавен интерес: 02/3055-939 Сектор за односи со јавноста: 02/3055-920 Сектор за развој на општината: 02/3068-151 Сектор инспекторат: 02/3055-931 Сектор за финансиски прашања: 02/3055-923 Архива: 02/3055-954

Сектор за урбанизам: 02/3055-900 Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи: 072/214-354 Сектор за екологија и енергетска ефикасност: 072/273 986 Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци: 02/3055-942 Одделение за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра: 02/3067-055

Поважни телефони Полиција Противпожарна бригада Брза помош Управување со кризи АМСМ - помош на патишта АМСМ - информативен центар Авто помош на пат (нон - стоп) Царина Матична служба - ГУВР Сала за венчање

192 193 194 195 196 155 55 9159 197 3117 037 3118 250

e-mail: gradonacalnik@karpos.gov.mk e-mail: sekretar@karpos.gov.mk официјален e-mail: kontakt@karpos.gov.mk

ПТТ - услуги Будење Точно време Информации Воена полиција Пазарен инспекторат Водовод и канализација - дежурна служба Комунална хигиена - дежурен диспечер Оџаци - оџачарски услуги

180 185 988 3227 700 975 3073 010 3224 961 2440 293

Сообраќај Меѓуградска автобуска станица Македонија сообраќај Железничка станица Аеродром Скопје

2466 313 2402 388 3234 255 3148 333

Дежурни поликлиники Букурешт Неуромедика

3064 088 3133 313

Дежурни аптеки Зегин (МНТ-подрум) Реплек - аптека бр.4

3117 614 3130 170

Здравствени објекти Клиничка болница Градска општа болница Болница 8-ми септември Детска болница - Козле Неуромедика Клиника „Мајчин дом“ Стоматолошки клинички центар Гинеколошкo - акушерска клиника Гинекологија и акушерство - Чаир ПЗО Систина медикал

3147 147 3235 000 30 87 400 3085 761 3130 000 3147 004 3299 000 3147 147 2611 033 3073 335

Дежурни поликлиники Букурешт Идадија Ѓорче Петров Јане Сандански Драчево Чаир Шуто Оризари Ченто Бит Пазар Неуромедика

3064 088 3113 033 2031 022 2463 277 2795 112 2611 506 2651 696 2522 351 3134 534 3133 313

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

ХОРОСКОП

УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ

35


Ѕвездата од КК „Карпош Соколи“ Драган Лабовиќ во жесток дуел со двајца ривали КК „Крка“. Соколите ги почнаа подготовките за новата сезона во која најголем испит ќе им биде натпреварот за ФИБА лигата на шампиони.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.