Equalpower Mart 2019 7 broj makedonski Izida Vita

Page 1

EQUALPOWER • МАРТ 2019 / БРОЈ 7

списание за еднаквост и разновидност

MACEDONIA, SLOVENIA, EUROPE


EQUALPOWER ГЛАВЕН УРЕДНИК ИЗВРШНИ УРЕДНИЦИ

м-р Наталиe Ц. Постружник Ле ла Шабан, Моника Аксентиeвска

УРЕДНИЦИ

Нина Кланчник, Дана а Постружник

ДИЗАЈН

Горазд Постружник

Ово еМагазин е дел од активностите и алатките спроведени во рамки на проектот Еднаква моќ за жените од Изида Вита , Словени а во соработка со Институтот за комуникациски студии , Македони а

en.izidavita.si, gorazd@izidavita.si Фотографи а на насловната страница : Insights d.o.o., Словени а Проектот Еднаква моќ за жените е делумно финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словени а Из ава за ограничување на одговорност : Содржината на еМагазинот ги претставува мислењата на авторите и таа не е офици ален став на Владата на Република Словени а


4

ИНФОГРАФИКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

5

ЛИЧЕН ПОГЛЕД: МАРТИНА ШПИЉАК:

ВКЛУЧЕТЕ СЕ СИТЕ И ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ Мартина Шпиљак

6

МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ НА ЖЕНИТЕ

7

ФАКТИ ОД СВЕТОТ ЗА РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ

8

УСПЕШНА ПРИКАЗНА: ИВАНА ТРАЈАНОВСКА: ДЕТСКИОТ СОН ЗА ДИЗАЈНЕР Ѝ СЕ ОСТВАРИ ВО СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА

Ивана Трајановскаa

10

КОЛУМНА ХРИСТИНА ВАСИЛОВА

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ

Христина Василова

13

БЛОГОВИ

14

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

- ОБУКИ ВО АПРИЛ - ОНЛАЈН БАЗА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ


ИНФОГРАФИКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ МАКЕДОНИЈА

Автори: Аксентиевска, Спировски, Нухиу, ЕднакваМоќ ИКС

EQUALPOWER

|04


ВКЛУЧЕТЕ СЕ СИТЕ И ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ

н е ч и л д е л г о п За прв пат на пазарот, имаме четири генерации кои се среќаваат на работното место: оние од бе би бум генераци ата (родени 19461964 г.), од генераци ата X (родени 1965-1979 г.), од генераци ата на милениумци Y (родени 1980-1996 г.) и од новата Генераци а Z (родени по 1996 година). Овие четири генерации можат да работат во истата организаци а, но тие функционираат на сосема поинаков начин, различно ги решаваат проблемите, имаат различни приоритети, животни цели, стремежи. Исто така се наоѓаме во време кога информациите пристигаат до нас со молскавична брзина . Нашите мозоци добиваат 11 милиони информации секо а секунда . Не можеме ни да си замислиме како е тоа можно . Ние можеме да обработиме само 40 информации во секунда . Затоа ги користиме искуствата од минатото за да извлечеме некои заклучоци по пократок пат . Користиме когнитивни функции . А дали знаете што се случува потоа ?

Мартина Шпиљак, Adecco Croatia

Тогаш претпоставуваме! Користиме „автопилот“. Брзо решаваме со кого ќе одиме на кафе, за што ќе бараме совет, помош и така натаму. Работиме автоматски, донесуваме одлуки автоматски. Забораваме дека треба да ги вклучиме сите и дека разновидноста е важна. Тоа не сум ас, ас не сум таква! Од мала ме учеле да ги прифаќам луѓето такви какви што се. Прво да ги ислушам, да поставам прашања, а дури потоа да донесам заклучок. Јас навистина не сум човек ко има предрасуди. Но, нашата потсвест одлучува во 90% од ситуациите наместо нас, а ние воопшто не го знаеме тоа. Поради преголемиот бро информации, динамиката на животот, донесуваме некои заклучоци за да можеме да реагираме побрзо. Дури и со ваквиот вид на воспитание, понекогаш се фаќам себеси со одреден став кон луѓето, односно со прерано донесени заклучоци што треба да ги преиспитам. Не е лесно да се биде непристрасен. Со сите обврски, сите задачи што ме предизвикуваат секо ден, мо а одговорност е да проверам и да а превземам одговорноста. Сакам да растам и да се развивам и да ги ги прифаќам луѓето какви што се. Мо ата задача што а поставувам за себе е таа (секо ден, секо пат): Прво прашувам. Потоа слушам. На кра от, одговорам или да донесувам заклучок. Соци алната инклузи а е стратеги а за интегрирање на уникатноста и предностите/ силните страни на секо поединец, со цел да се зголеми продуктивноста и профитот на една организаци а. Тоа е она што го сакам за организаци а во ко а работам и за тимот што го водам.

Отсекогаш сум била чувствителна на неправди и сум се борела моите колеги (во класот, во друштвото, околу мене) да бидат третирани праведно. Дури и кога тие не можеле да се борат за себе, ас истапував за нив. Не е во ред да се прават заклучоци врз основа на предрасуди, соци ални желби, претходни искуства... Инклузи ата подразбира разбирање, прифаќање и оценување на разликите ка луѓето, што вклучува: различни раси, етнички групи, пол, возраст, религи а, сексуална ориентаци а, можности и способности, но исто така и разлики во образованието, личноста, вештините и компетенциите, искуствата и знаењето. Денес компаниите на иднината имаат императиви во бизнисот да а максимизираат ефикасноста, да а ангажираат целата организаци а односно сите вработени - во сета нивна разновидност. Истражувањата покажуваат дека организациите кои го ослободуваат потенци алот на различни таленти побрзо доаѓаат до иновации и имаат подобри резултати од работењето. А со стратеги ата на разновидност и вклученост може да се започне преку привлекување таленти со различни перспективи, искуства и видови на придонес, а потоа со градење и негување на средина во ко а секо може да го даде сво от максимум.

Литература: Gallup: Three Requirements of a Diverse and Inclusive Culture — and Why They Matter for Your Organization www.pwc.com/us/blindspots www.ceoaction.com ideal.com/diversity-and-inclusion/

| 05

EQUALPOWER


E X P L O R E

|

B A R C E L O N A

E D I T I O N

International Alliance of Women Меѓународен со уз на жените

Меѓународниот сојуз на жените (МСЖ) е меѓународна невладина организација составена од 41 организација-членка вклучена во промовирањето на човекови права на жените, еднаквоста и зајакнувањето на жените. МСЖ има генерален консултативен статус во Економскиот и социјален совет на ОН и е акредитирана во многубројни специјализирани агенции на ОН, има партиципативен статус во Советот на Европа и е застапена во Арапската лига, Африканската унија и другите меѓународни организации. Во 1902 година, Меѓународниот сојуз на жените за правото на глас и законското државјанство била основан од страна на водечките американски суфражети, на состанокот во Вашингтон на кој присуствувале жени од единаесет земји. На вториот состанок во Берлин, во 1904 година, формално била конституирана организацијата под името Меѓународен сојуз за правото на глас на жените (IWSA), која станала најистакнатата меѓународна организација за право на глас на жените. Организацијата ја присвоила жолтата боја како своја заштитна боја, боја што ја користат американските суфражети уште од 1867 година, а која произлегува од бојата на сончогледот. Организацијата морала привремено да го прекине своето работење како резултат на Првата светска војна. На Конгресот од 1926 година во Париз името било сменето во Меѓународен сојуз на жените за правото на глас и еднаквото државјанство, а била воспоставена и блиска врска со Лигата на народите. Во 1946 година, сегашното име, Меѓународен сојуз на жените, било усвоено со поднасловот „Еднакви права - еднакви одговорности“. Од 1947 година, МСЖ добила општ консултативен статус во Економскиот и социјален совет на Обединетите нации, тоа било една од првите организации кои добиле ваков статус. EQUALPOWER

06


Факти од светот за родова нееднаквостE X P L O R E | B A R C E L O N A

E D I T I O N

1. До неодамна, на жените во Саудиска Арабија не им било дозволено да возат автомобили и тие сè уште добиваат совети да не работат на работни места на кои ќе треба да стапуваат во контакт со мажи. Стапката на невработеност кај жените изнесува 33 проценти, додека невработеноста кај мажите е 7 проценти. 2. Најмалку 1000 убиства за одбрана на честа се случуваат во Индија и во Пакистан секоја година. Злосторствата сторени како одбрана на честа се карактеризираат со фактот што истите најчесто ги извршуваат членови на семејството или заедницата на жртвата. Мрежата за зголемување на свесноста за насилство сторено во одбрана на честа вклучува ресурси за жртви и за сојузници. (МЗСНЧ) 3. На почетокот на 2017 година, 223 колеџи во Соединетите Американски Држави имале вкупно 304 тековни истраги за сексуално насилство под Поглавјето IX (што е четирипати повеќе од 2014 година). Информирајте се како можете да помогнете да се спречат сексуалните напади преку It's On Us (Од нас зависи). (NPR) 4. Жените од целиот свет на возраст од 15 до 44 години се изложени на поголем ризик од силување и семејно насилство отколку од рак, сообраќајни несреќи, војна и маларија. (ОН) 5. Гледајќи го целиот свет, само 32 проценти од сите државни парламентарци се жени. Тоа е повеќе од двапати повеќе од процентот во 1995 година, но сепак бројката покажува дека промените се одвиваат споро. Running Start (Силен почеток) е организација што им помага на младите жени да се вклучат во политиката. Информирајте се повеќе за нивните програми и настани тука. (ОН) EQUALPOWER

Извор: Forbes

07


ДЕТСКИОТ СОН ЗА ДИЗАЈНЕР Ѝ СЕ ОСТВАРИ ВО СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА ИВАНА КРЕАТИВНА

ТРАЈАНОВСКА,

ДИРЕКТОРКА

ВО

PLX

DEVICES

INC

А Н Ш Е УСП АЗНА ПРИК

ЌЕБЕТО „АЛФА“ ПРОТИВ СТРЕС ДОНЕСЕ УБАВ СОН ЗА ИЛЈАДНИЦИ АМЕРИКАНЦИ, А ВЕЌЕ И ВО ЕВРОПА СЕ ЧЕКААТ НАРАЧАКИТЕ ЗА НЕГО. ЌЕБЕТО СТАНА МИЛЕНИК И НА СПИСАНИЕТО „ФОРБС“.

EQUALPOWER

|08

Ивана Тра ановска осум години работи во PLX Devices Inc, компани а за технологи а во Силиконската долина во Калифорни а. Како креативна директорка, одговорна е за неколку сектори за диза нирање продукти врз основа на маркетинг искуствата од клиентите. Тра ановска во божиќното издание на „Форбс“ беше една од деветте избрани успешни и креативни бизнис жени. Таа го диза нираше ќебето „Алфа“ што помага за намалување на стресот и несоницата и за релаксаци а на целото тело. „Стресот и несоницата станаа први непри атели ка сите нас. Јас и компани ата во ко а работам сакавме да направиме нешто добро, квалитетно и секако бренд препознатлив како подарок за целиот свет. Промоци ата на ќебето ко а траеше само 25 дена направи предпродажба од речиси 130 ил ади долари. `Алфа` ќебето е миленик на америкнаскиот пазар, а го осво ува и европскиот“, об аснува Тра ановска.

Токму ово успех 30-годишната Ивана а стави помеѓу деветте на успешни и креативни жени на божиќното издание на списанието „Форбс“. „Престижниот `Форбс` е еден од на уважените бизнис магазини во Америка. Да бидам дел од нивната стати а е многу мотивациски. Во мо от случа , изборот е направен во категори ата на успешни жени кои имале креативен продукт“, раскажува таа. Вели дека постигнувањето не е само личен успех, туку и наградување на не зините и способностите на тимот, како и мотив дека секо ко сака, има квалитет и се едуцира може да успее. Ово тип на достигнување е начин и за компани а во ко а работам да стигне до светскиот пазар. „Праве ќи истражувања, дознав дека оваа техника е опишана како природна терапи а во медицината ко а била користена со децении. Кога тежината на ќебето е поставена врз телото ги стимулира мускулите и делува како масажа.


Mо ата цел е да го прилагодам ќебето на формата на човечката фигура, со што ќе биде до 700 отсто поефикасно во споредба со други продукти од ово тип. После многу примероци, различни диза ни и тестирања, `Алфа` стана комплетен продукт“, об аснува Тра ановска. За неа на важно е образовнието. Вели дека може да се има супер иде а, но мора да се има едукаци а за тоа како до подобар бизнис. „Во Сан Франциско до дов во 2011 година на студиите за индустриски диза н со специ ализаци а во диза нирање на продукти на Универзитет Академи а за уметности.

Индустрискиот диза н освен диза нирање автомобили и воздушен транспорт, опфаќа и диза нирање продукти за секо дневна употреба, технологи а и мебел“, вели Тра ановска. Нешто што го сакате вистински и се борите да го остварите, ќе го добиете, е пораката на Ивана, ко а смета дека соништата се остваруваат ако работите, се надградувате и примате критика. Според неа, повеќе во светот не е важно дали сте маж или жена, дури може жените да имаат мала предност биде ќи се поитри, похрабри и кога сакаат нешто навистина, ќе на дат решение да го сработат.

„За да се остварат големи соништа треба да се вклопат вештините, начинот на размислување и способностите. Успехот не е заснован на база на пол или раса. Верувам дека сите имаме исти можности за кариера и успех и се` зависи од тоа колку сакаме да вложиме во себе. Да, се` уште има стереотипни разбирања за способноста на жените, но мислам дека тоа се менува и дека успехот кога стоите први на еден тим а покажува вашата големина“, потенцира Тра ановска.

Автор: Институтот за комуникациски студии

| 09

EQUALPOWER


ВО МАКЕДОНИЈА ИМА РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ Христина Василова

а н м Ко л у Родовата нееднаквост за мене е една од најфрустирачките категории со кои се занимава денешницата. Живееме во 21 век, а сè уште се соочуваме со поразителни бројки дека 60% од гладните во светот се жени, две третини од сите деца кои немаат пристап до образование се девојчиња и 75% од светската неписмена популација се токму жените. Живееме во ера на технологија, дигитализација, вештачка интелигенција, а сè уште многумина не можат да ги променат своите примитивни размислувања и гледања за улогата и позицијата на жената во општеството. Јас имав привилегија да растам во здраво семејство каде жената и мажот се рамноправни и еднакви, а го живеам и благодетот да работам во семејна компанија каде основач и директор на компанијата е жена и каде жените веќе четврт век доминираат во организацијата со 57% застапеност.

EQUALPOWER

| 10


Во Македонија родова нееднаквост има жената не е доволно активна на пазарот на труд, а има и разлика во платите во однос на мажите. Во последно време под влијание на меѓународни тела и организации се преземени многу активности на полето на родова еднаквост, но и покрај тоа, сметам дека на родовата еднаквост не и се приоѓа доволно сериозно во нашата земја. Националните статистики покажуваат дека половина од работоспособните жени во Македонија се неактивни на пазарот на труд, односно само 43% од жените активно учествуваат. Жени се предодредени да бидат домаќинки? Најчестата причина поради ваквата неактивност се неплатената работа во домаќинството и грижата за децата и постарите лица. Постои дури и убедување, особено евидентно кај самите жени дека тие се предодредени да бидат домаќинки, што потоа се претвора во мноштво работни часови без надомест. Оваа состојба се смета за многу неповолна бидејќи жените остануваат целосно надвор од пазарот на труд. За мене, како дипломиран политиколог особено е интересна родовата незастапеност и во политичката сфера. Ова е особено забележливо во време на сите државни избори, како и по избори-во назначувањето функционери. Фактите секогаш покажуваат помал број жени кандидати на претседателски избори, помал број пратенички, министерки и сл. За жал многу често овие бројки не се сметаат за показател за родова нееднаквост и најчестата реакција на јавноста по оваа тематика се сведува на објаснувањето дека е важен квалитетот на работникот, а не полот.

Тука се вклучени огромен број на аспекти, почнувајќи од религијата, традицијата, потоа преку навиките, семејните вредности, литературата, народното творештво, па се до родовата социјализација. За промена на тој модел на перцепции е потребно многу време, труд од сите креатори на политики во општеството, како и континуирана и систематска работа од горе надолу. Во некои земји, истражувањата покажуваат дека вложувањата во социјалната грижа во најмала рака креираат 2,5 пати повеќе работни места отколку што креираат оние во градежништво.

Родовата нееднаквост не настанала преку ноќ

Тргнувајќи од податокот дека жените извршуваат домашни работи и работат неплатена работа во домаќинствата три пати повеќе од мажите, лесно може да заклучиме дека еден од елементарните чекори во борбата против родовата нееднаквост е ослободувањето на жената од

Родовата нееднаквост своите корени ги влече илјадници години наназад, кога се создал модел на перцепции за улогата на мажите и жените во заедницата.

| 11

EQUALPOWER


неплатената работа преку отворање на градинки и установи за згрижување на деца и возрасни лица, особено во руралните подрачја, ослободување од надоместок за плаќање градинка или училиште за еднородителските семејства итн. се со цел поголема родова еднаквост.

Жената во глобални рамки е нерамноправна на пазарот на трудот ООН и меѓународната организација на трудот како заклучок од нивните истражувања на оваа тема наведуваат дека жената во глобални рамки е нерамноправна на пазарот на трудот. Со нерамноправноста жената е економски зависна, а понатаму тоа би значело дека таа може да има и недоволно влијание при носење на одлуките во домаќинството, па дури и да развие толерантност на домашно насилство. Има земји кои отидоа неколку чекори напред на оваа тема како на пр. Исланд, во кој има закон за родова еднаквост уште од 1961, а веќе од јануари, државата одлучи да направи пресврт и со закон и санкции да ги обврзе работодавците со документација да докажат дека не постои родова нееднаквост во исплатата на плати. Пресвртот е во тоа што повеќе работниците нема да имаат обврска да докажуваат родова дискриминација туку тој товар паѓа на институциите и компаниите кои ќе мора да докажат дека и во случај да има разлика, таа ќе ја правдаат со причини од друга природа, а не од родова. Иако според индексот на Светскиот економски форум, Исланд котира високо на листата на земји со најголема еднаквост меѓу мажите и жените и покрај постоењето на строги законски регулативи, сепак разликата во

EQUALPOWER

| 12

исплата на плати во Исланд изнесува 16% што според Еуростат е европски просек. Да не дозволиме овие податоци да не обесхрабруваат Оттука, не треба да дозволиме овие податоци да не обесхрабруваат, туку напротив, сметам дека родовата еднаквост треба да продолжи да биде висок приоритет на сите влади во светот, како и на сите меѓународни и граѓански организации. Треба да бидеме свесни дека ова не е прашање кое ги засега само жените и нивната позиција во општеството. Исто така, треба да сме свесни дека ова не е само прашање дали ќе се почитува уставното право на еднаквост или Универзалната декларација за човекови права, туку дека ова е едно суштинско прашање кое сериозно влијае врз развојот на општеството во кое живееме, како и врз поединците во тоа општество. Потребни се разни активациски мерки на ресорните министерства, како и на државните институции кои е потребно да размислуваат латерално. Понатаму потребни се и моќни кампањи во глобални рамки за подигнување и промена на свеста дека жените и мажите се подеднакво одговорни за домашните активности. Сметам дека поделбата на оваа тн. неплатена работа е првиот чекор кон воспоставување на родова еднаквост и силно верувам дека заложбите за родова еднаквост иако споро, сепак вродуваат со плод и влијаат врз бавната, но постепена промена на свеста за редистрибуцијата на улогите во домот и секако даваат резултати со се поголема вклученост на жените на пазарот на трудот во споредба со претходно.


и в о г Бло Лидија Пиксер (Lidija Pikser) Хрватските конзервативци во напад на абортусот Поради стравот од осуда од општеството и поради пречките во остварувањето на своите права во јавните клиники, жените во Хрватска почесто одлучуваат да им се изврши абортус во градовите и државите каде што тоа можат слободно да го направат, а некогаш дури го прават тоа незаконски или во приватни клиники. Повеќе

Барати Садасивам (Bharati Sadasivam) Несреќите дискриминираат – Процесот на спасување не треба да биде дискриминаторен Многу фактори придонесуваат кон нееднаквиот ризик, но родовата пристрасност е главната причина. Во сиромашните земји, жените скоро секогаш се примарните даватели на грижа, и нивната одговорност за децата, за постарите лица, за болните и за лицата со попреченост може да предизвика нивната евакуација да биде задоцнета. Повеќе

| 13

EQUALPOWER


о в т с е ч у а Покана з

Фото: https://bthechange.com/is-gender-equality-future-proof-9e8222d7d333

EQUALPOWER

| 14


Обуки за развивање претприемачки вештини за млади и претставници на граѓански организации

I

Институтот Изида Вита од Словенија и Институтот за комуникациски студии во април ќе организираат три обуки за развивање претприемачки вештини за млади и за претставници на граѓански организации. Обуките ќе имаат за цел да ја подигнат свеста за балансираното учество на жените и мажите на водечки позиции во бизнисот и невладиниот сектор, како и да ги обучат младите да стекнат вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Контакт лице за обуките е Лејла Шабан, lsaban@iks.edu.mk.

Контактирајте не на www.izidavita.si; natalie@izidavita.si; nina@izidavita.si https://www.facebook.com/ZAVOD.IZIDA/ www.iks.edu.mk; info@iks.edu.mk; 02 30 90 004 www.facebook.com/InstituteOfCommunicationStudies Меѓународнiot проект Eднаква моќ на жените e ко-финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија. Содржината на информаторот ги претставува мислењата на авторите и не е официјален став на Владата на Република Словенија.

Онлајн база на податоци за добри практики и алатки Бараме добри практики на македонски компании и организации кои имаат спроведено активности за поддршка на еднаквоста на половите. Испратете ни накратко што и како сте реализирале и кои биле ефектите. Сите позитивни случаи и алатки ќе ги објавиме на онлајн база која ќе биде јавно достапна. На оваа иницијатива може да се приклучат организации од секаков вид - компании, фирми, невладини организации, професионални здруженија, јавни институции, политички партии и други субјекти. На овој начин, сакаме да ги мотивираме и останатите организации за тоа што можат да преземат за да ја поттикнат родовата еднаквост во бизнисот и општеството. Родовата еднаквост во основа значи дека жените и мажите треба еднакво да учествуваат во сите јавни и приватни сфери од животот, да имаат еднакви позиции и да ги уживаат истите права во развојот на личниот потенцијал кој го применуваат за развој на општеството; и дека тие имаат право на исти бенефиции од резултатите постигнати преку тој развој. Урамнотеженото родово учество значи дека секој род треба да биде вклучен со најмалку 40 проценти. Со тоа се овозможува родовите да имаат влијание во процесот на одлучување и да учествуваат во постигнувањето на промени. За повеќе информации контактирајте ги Наталие Ц. Постружник од Институтот Изида Вита, Словенија natalie@izidavita.si или Лејла Шабан од Институтот за комуникациски студии, Скопје - lsaban@iks.edu.mk

| 15

EQUALPOWER


Контактирајте не на www.izidavita.si; natalie@izidavita.si; nina@izidavita.si https://www.facebook.com/ZAVOD.IZIDA/ www.iks.edu.mk; info@iks.edu.mk; 02 30 90 004 www.facebook.com/InstituteOfCommunicationStudies Меѓународнiot проект Eднаква моќ на жените e ко-финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија. Содржината на информаторот ги претставува мислењата на авторите и не е официјален став на Владата на Република Словенија.

списание за еднаквост и разновидност МАКЕДОНИЈА , СЛОВЕНИЈА , ЕВРОПА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.