IAESTE Macedonia Annual Report 2013

Page 1

МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ ОД ТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2013 ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА WWW.IAESTE.ORG.MK


СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈА

Ла Делишес

Пекара

7

Козле

Fast Food JOB RAISING КАМПАЊА

TWIN

НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ

Виа Сакра ГАЛИЧКА СВАДБА

ИАЕСТЕ ДЕН и ИАЕСТЕ РОДЕНДЕН

Pancake Штип

Марта Мултипром Слаткарница


ЗА ИАЕСТЕ ОДБОР ПРЕДГОВОР ПРАКТИКАНТИТЕ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО МАКЕДОНИЈА ШТО Е ИАЕСТЕ КРАТКА ИСТОРИЈА ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ

4 5 6 7 8 10

ИЗВЕШТАИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАНСКИТЕ ПРАКТИКАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА ИЗВЕШТАЈ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАКТИКАНТИ ВО СТРАНСТВО КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРАКСИ ИАЕСТЕ ДЕН И РОДЕНДЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА МАРКЕТИНГ КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН БОРД НА ИАЕСТЕ ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА IT ИЗВЕШТАЈ ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ШТИП ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ОХРИД ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ

12 14 15 16 18 20 22 24 25 26 27 28 29 30

НАСТАНИ НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈА ЛЕТНА РЕЦЕПЦИЈА СКЕЕОР JOIN US TO MOTIVATE PEOPLE TWIN ТУРЦИЈА TWIN ХОЛАНДИЈА STRATEGIC IAESTE DEVELOPMENT ЦЕНТРАЛНО ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА

32 33 34 36 37 38 39 40 41

ИСКУСТВА ИСКУСТВА ОД МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО СТРАНСТВО

42

СТАТИСТИКА ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ ПРАТЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ

45 46


НАЦИОНАЛЕН ОДБОР НА ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА И ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ Национален Секретар: Душко Станоески dushko.stanoeski@iaeste.org Претседател на ЛК Скопје: Ирена Дуковска irena.dukovska@iaeste.org Одговорен за финансии (потпретседател): Биљана Ристовска biljana.ristovska@iaeste.org Одговорен за странските студенти во Македонија: Анжелика Иванова anzelika.ivanova@iaeste.org Одговорен за македонските студенти: Елена Ангелова elena.angelova@iaeste.org Одговорен за маркетинг: Ѓорге Костов kostov.gjorge@iaeste.org

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА Претседател на ЛК Битола: Марија Каранфиловска marija.karanfilovska@iaeste.org

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ОХРИД Претседател на ЛК Охрид: Харун Бајрам harun.bayram@iaeste.org

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ШТИП Претседател на ЛК Штип: Живка Јанева zivkajaneva@iaeste.org

Издавач: ИАЕСТЕ Македонија Уредници: Снежана Дичевска и Сања Петровска Дизајн на насловна страна: Филип Стаменков и Петра Бранковска Внатрешен дизајн: Владимир Ничовски Техничка обработка: Снежана Дичевска и Владимир Ничовски

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии Орце Николов бб, 1000 Скопје, Македонија Жиро сметка: 300 060 0000 650 23 Депонент: Комерцијална Банка АД Скопје тел./факс: +389 2 30 65 069 е-пошта: macedonia@iaeste.org веб страна: www.iaeste.org.mk


ЗА ИАЕСТЕ

ПРЕДГОВОР Со развојот на технологијата и индустријата, потребата од вешт и искусен кадар веднаш по завршување на образовниот процес е неопходна. Работодавците очекуваат работна сила подготвена да се справи со предизвиците кои ги нуди ова променливо општеството, а стремежот кон подобрување и забрзување на работниот процес лежи токму во енергијата која ја имаат студентите на ИАЕСТЕ. ИАЕСТЕ нуди широк спектар на можности за работа низ целиот свет. Преку праксите студентите доаѓаат во допир со светски реномирани компании и образовни институции кои помагаат во моделирање на квалификуван кадар. По само една посетена пракса студентот располага со искуства и знаења со кои од тој момент е пред сите останати. Освен практичните вештини студентот се запознава и со културата, традицијата и начинот на живот во земјата во која престојува. Така се формира личност со гледишта кои не чекорат по патот на едноличието. ИАЕСТЕ Македонија гради вакви личности повеќе од 20 години и успева да создаде класа на луѓе кои се секогаш подготвени за достигнување на врвот. Нашите членови се постојано отворени за соработка, неуморни во своите намери, решителни во своите одлуки и истрајни во својата цел, сè за подобро ИАЕСТЕ. Изминатава година беше особено плодна и богата за ИАЕСТЕ Македонија. За прв пат се организираше Студентската Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој од која произлезе зборник на трудови напишано како од реномирани професори, така и од врвни студенти, членови на ИАЕСТЕ Македонија. Примарната цел за привлекување на нови членови ја постигнавме – двојно зголемен број на ИАЕСТЕвци. Кулминацијата на Кампањата за Нови Членови беше Семинарот за Тренинг и Мотивација, одржан на Попова Шапка, кој што доживеа посетеност од сите нив. Желбата за подобро ИАЕСТЕ Македонија се темели на напорната работа и амбицијата за постојан успех на сите четири локални комитети подеднакво. На сите работодавци, спонзори, членови и други ИАЕСТЕ пријатели, им благодариме за укажаната поддршка! Се надевам дека овој извештај ќе Ве охрабри да ја започнете и згора на се уште повеќе да ја продлабочите Вашата соработка и доверба.

Пред Вас е годишниот извештај за 2013 година, кој ќе Ви ја претстави сериозната работата и значајниот напредок на нашата организација како медијатор на високото образование и стопанството, како и на Македонија со остатокот од Светот

Душко Станоески Национален Секретар ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

5


ЗА ИАЕСТЕ

ПРАКТИКАНТИТЕ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Zdravo Anzhelika! (and the rest of IAESTE Macedonia) :D Kako si? Well, where to start... If we're talking about company that I was working at (TETRAKTIS) - very good, nice people and the work that I've done there was and still is very useful. I've learned something there that I can use during my studies here in Rzeszów. And if we're talking about the IAESTE office/communityPERFECT! It was my first intership and I wasn't expecting any of this. It was really great that Macedonians wеre planning weekends for us because I could see/visit/enjoy mostly every single weekend of my summer 2013. I highly recommend that you should take you interns to Solunska Glava, Galichnik and Ohrid.... I wasn't in Bitola but I've heard it was good as well. Very, very great people you have there! I don't remember one person that wasn't nice to me ( and now I'm not talking only about IAESTE people). Macedonians in my opinion don't hesitate to help strangers if they need it ( as far as I remember:P). Skopje- It's the city that wasn't on my list of places that I have to visit. To be honest I wasn't thinking about Macedonia as about country that I will ever visit. And I bet that most of people that I'm surrounded have no idea where Macedonia is located. And they have no idea what they are missing!! I highly recommend everyone to take some free time and travel there because it's a beautiful area. And that's the first thoughts that come to my mind:) Actually, I'm visiting Skopje in February, so I hope that we could meet then:D by Zuzanna Szczepanek IASTE MACEDONİA! =) Being in Macedonia and related with IAESTE can be the best times for my life =) Firstly,I thought that it would be more serious and boring because it was an internship so it was technical but IAESTE changed it on cheerful,happy and funny way so thanks a lot.I met so many different people from all over the world so I have more friends who I like to spend time so much.Your activities,planning every day events,behaviours to us and helpfulness makes us feel peace. Further more we felt ourselves not in another country,it is just like in our home country and own family =) I had really nice,adventural and unforgettable memories in this summer.Still I feel like I have a home in Macedonia =) All in all,thanks to all IAESTE Macedonia so much to make us livesuch a perfect summer =) by Merve Sevim

6

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

I had really (and I mean really, really) great time in Skopje. First of all I was interning in startup company where I had amazing boss who was really giving his best to help me learn as much as possible. The atmosphere in office was really relaxed, everybody was working really hard, but still we were going for lunch every day in various restourants, talking, laughing and learning me to talk macedonian. I think I had the best internship possible, I learned a lot, and most important got recommendation from Applify. :) IAESTE people were also trying hard, so we can see as much as possible from Macedonia, learn about macedonian lifestyle and customs. Ohrid and Solunska galva weekends were my best experiences. For example Solunska glava was real adventure: tractor, driniking with some crazy hunters in pitch black, then wake up go hike, and ofc the mountain house was really intense. Partys u people organized for us, were also nice, taking us to Havana and night clubs, learning us about the macedonian time zone (I love that time zone). Also Macedonian girls are amazing, I was feeling like im in heaven. Dunno, maybe I was lucky with everything (also I kinda knew the language), but it was the best summer of my life. I made so much new friends and experiences. Hanging out with cool people, having the job I want to have one day and enjoying company of amazing girl, who can complain about that. I think I was enjoying Skopje at it best. Thank You IAESTE people for giving me this opportunity! Take care! by Josip Kenjerić Hello Anzhelika! It is so nice to hear from you! Sorry I could not reply sooner as I am currently wrapped up in working with the Engineers Without Borders chapter at my school helping a village in El Salvador and a family on a Native American reservation in South Dakota. I am also working on setting up a volunteering project with a friend in the Philippines to help rebuild from Typhoon Haiyan. Despite having a blast and keeping busy back here at home, I truly miss the friends I made during my time in Macedonia and the times we had. I am so grateful that I got the chance to meet all of you who opened my eyes to the world in new ways. I learned so much and had an absolute blast doing it. IAESTE Macedonia made me feel at home and helped me experience all the country has to offer while I gained experience in my field of study. My time in Macedonia also better prepared me to delve into projects at here in the US working both in country and internationally. I am making a difference in the world, and I thank you guys for everything you contributed to my ability to do so. I hope you all are doing splendidly, and maybe I will be able to visit again someday soon. by Tessa Alford


ЗА ИАЕСТЕ

ШТО Е ИАЕСТЕ ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која е основана во 1948 гoдина по иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на UN, како UNESCO , UNIDO, FAO , ILO итн. Меѓународната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е здружение на Национални Комитети кои ги претставуваат интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален Комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја. Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на организацијата. Секоја година Годишната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавачи подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале работно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од компанијата или институцијата понудувач се очекува да обезбеди спонзорство за покривање на трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет. Преку универзитетите и институциите за стручно усовршување членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавачите наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование. ЦЕЛИ

Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин

ИАЕСТЕ Организациска Структура

Борд

Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SID)

Генерален Секретар

Тим за Развој на Интернет Решенија (IDT)

Мрежа на Алумни

Генерална Конференција

Првобранител

Национални Комитети

Локални Комитети

ИАЕСТЕ Македонија

ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 300 члена. Раководена е од Националниот Одбор на чело со Национален Секретар чија задача е да ги координира Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на меѓународно ниво. На чело на секој Локален Комитет стои Локален Одбор избран од страна на полноправните членови на соодветниот Локален Комитет, составен од пет члена: Претседател на Локалниот Комитет, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странските студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот. Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и транспарентно. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно. МИСИЈА

Обезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентите Промовирање на меѓународното разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

7


ЗА ИАЕСТЕ Почетоци 1992-1995

Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. како локален комитет на ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествува како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

ЛК Битола 1996

На иницијатива на Универзитетот во Битола формиран е нов Локален Комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

Семинари 1997

За прв пат е организиран „Семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови“, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година.

JUMP 1998

Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот.

Презентација 1999

Во ноември во хотел Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и пријатели.

Година на успех 2000

ИАЕСТЕ Македонија достигна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десет пати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

8

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

КРАТКА ИСТОРИЈА Континуитет 2001

За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат малиот број практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаа да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

Враќање 2002

Во 10-тата година од своето независно постоење: 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествените проблеми со кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, стабилност и сериозен пристап на вистински начин: доделена е организацијата на семинарот SID, организирани се успешно 2 TWIN семинари со Австрија и Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

SID 2003

Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SID- Seminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови, кои порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите.

Импресии 2004

За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од 150 работодавачи и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа, организиран е и TWIN семинар со Норвешка.

Нови ветришта 2005

Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ.

Година на дружба 2006

Одлични „Семинари за тренинг и мотивација“ на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција - ЕКС, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа.


КРАТКА ИСТОРИЈА

ЗА ИАЕСТЕ

Бурна 2007

Нови рекорди 2010

Промени 2008

Подготовки за ГК 2012 - 2011 и 2012

Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕКС”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за тренинг и мотивација, TWIN и голема 55 и 15 годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери.

Најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на првото официјално Национално Собрание. Успешно спроведени Кампања за нови членови, TWIN со Полска, CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за присуство на SID во Норвешка, и многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - МФС, за ГК 2009 во Полска, кои овозможија дури петчлена делегација на овој настан.

ЛК Штип и Охрид 2009

Вклучување на ЛК на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и на новиот Универзитетот за Информациони Науки и Технологии-Охрид. Пораст на ЛК Битола. Новини во маркетинг со видео клипови и фантастична кампања за обезбедување на пракси во која и покрај економската криза, беа обезбедени 75 пракси! Огромна благодарност до работодавачите за нивната соработка! TWIN на ЛК Скопје и ЛК Битола со ЛК Милано.

Рекорден број на полноправни членови - 58, број на примени практиканти - 48 и број на испратени македонски студенти на пракса - 61. Ја добивме честа за прв пат да ја организираме Генералната Конференција во 2012 година. Подготовките се во полн ек, очекуваме голема поддршка од нашите соработници, а ние ќе се погрижиме најпрофесионално да одговориме на најголемата задача досега за ИАЕСТЕ Македонија.

Во 2011 година собравме рекорден број на пракси во историјата на ИАЕСТЕ, вкупно 78 пракси, со цел дека успешно ќе ги размениме на Генералната Конференција, на која ние сме домаќини. Имавме 57 примени практиканти, а бројот на наши студенти кои заминаа во странство достигна 51.

65 години ИАЕСТЕ 2013

Оваа година заедно со цело интернационално ИАЕСТЕ прославивме 65 години постоење. Го прошетавме Енг, едно од трите јубилејни ИАЕСТЕ мечиња, низ Македонија заедно со многу бројните практиканти ова лето. Продолживме со успешната работа на сите полиња. Бевме домаќини на две TWIN средби, една со ЛК Истанбул и една со Холандија.

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

9


ЗА ИАЕСТЕ Каква организација сте и со што се занимавате? ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса. Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство? Платена стручна пракса е повеќемесечна работа во некоја компанија или институција која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии. За извршената пракса добива соодветен надоместок за покривање на трошоците за време на неговиот престој. Колкав треба да биде надоместокот што треба да го добива студентот? Основно начело на ИАЕСТЕ е дека „платата“ што треба да ја добие студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималниот паричен надомест за извршената работа би била 13000 денари за секои 4 седмици. Освен надоместокот, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата. Дали соработувам со сериозна организација? За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното 62 годишно постоење извршени се околу 400.000 пракси во над 100.000 компании и институции во кое што учествувале над 80 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и работното искуство на овие студенти со непроценлива вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа, значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните компании и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход. Што добиваме со давање пракса на некој странски студент? Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инженерската кариера е една од основните особини на компаниите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се на принцип на реципроцитет, што значи дека со секоја пракса што ја обезбедувате за некој странски студент, овозможувате еден македонски студент да престо-

10

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ јува неколку месеци на работа во некоја странска компанија. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата компанија може да остварите соработка со некои странски компании и универзитети од земјата од која што тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаење со кое би ја унапредиле работата во Вашата компанија. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја. Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа компанија која мисли на младите генерации и им помага на идните инженери и ќе најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: MICROSOFT, INTEL, BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе меѓународен дух во работата на компанијата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот, странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Кој е периодот на извршување на праксата? Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот: од 1-ви јуни до 30-ти септември со цел да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот период. Компанијата, во зависност од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината. Колкава е должината на праксата? Должината на праксата ја одредува компанијата или институцијата работодавач во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на праксите е 6 седмици. Оваа бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието, минималното времетраење е 6 седмици. Исто така, доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример Бразил, Кина, Мексико, не би било оправдано поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.


ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма? Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ Македонија и на некој друг странски јазик. Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма? Да, Ваше право е да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги поседува студентот. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот. Дали имаме други обврски кон практикантот? Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ Македонија. На пример: пречекот и испраќањето, сместувањето, носењето до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ Македонија го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаи. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здравствено осигурување, сепак во случај на евентуални здравствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија. Што треба да содржи описот на праксата? Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во компанијата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во Ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе биде номиниран за таа пракса ќе има предвид за каква пракса сака да се номинира и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење).

ЗА ИАЕСТЕ Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во компанијата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата.

Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на многу високо стручно ниво. Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот. Ние работиме многу и работиме сериозно, а работата е доста одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата? Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите компании им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кое го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работа.

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

11


ИЗВЕШТАИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ На второ место годинава се најдоа спонзорствата од нашите почитувани, долгогодишни соработници и работодавачи. А.Д МЕПСО (Македонски електропреносен систем оператор) несебично, финансиски ја поддржа нашата организација, како и МФС (Машинскиот Факултет - Скопје) кој како наш, повеќегодишен соработник ги поддржаа делегатите кои нè претставуваа на Годишната конференција во Еквадор и ги разменуваа овогодинешните пракси.

И оваа година, како и претходната, Генералната конференција која се одржа во Македонија во 2012 имаше значајна улога во планирање на претстојниот буџет.

На Слика 1 може да се погледнат и останатите компании кои финансиски ја поддржаа нашата организација, односно: Нетцетера, Водостопанство Тиквеш, Геохидроинженеринг, Раде Кончар, Козара, ФАС-ВАС и Челик. Како и секоја година, така и оваа, помал дел на заработка и дополнување на буџетот имавме од продажбата на маици и членарини од старите и новодојдените членови.

На почеток на годината, за прв пат се формираше Fund Raising тим кој имаше за задача активно да ги следи тековните проекти кои излегуваат и да донесува одлуки на кои од нив ќе се аплицира за да може да се добијат средства кои ќе и овозможат полесно функционирање на организацијата. Тимот, заедно со бордот на ИАЕСТЕ Македонија, работевме и аплициравме на неколку проекти, за кои за жал, не добивме финансиски средства како повраток. Слика 1. Финансиски спонзорства во 2013 година

Годинава, најголем приход на организацијата и донесоа финансиските средства ` добиени од праксите кои беа разменети минатата година на Годишната конференција во Белфаст. Најпрво, членовите на ИАЕСТЕ Македонија, со речиси минимално финансиско учество отидоа на пракса, а подоцна можност да искусат пракса добија и студенти од техничките факултети кои не се дел од ИАЕСТЕ. Овие финансии, од внатрешен и надворешен конкурс, годинава се најдоа на првото место, односно, претставуваа најголем приход за нашата организација, нашите почитувани, долгогодишни соработници и работодавачи.

12

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

На Слика 2 сликовито се прикажани приходите добиени во текот на изминатата година. Од горенаведените добиените приходи, неминовни беа трошоците кои требаше да бидат покриени. Од буџетот на ИАЕСТЕ Македонија, најголем дел беше одделен за покривање на трошоците за делегатите кои ги разменуваа добиените пракси на Годишната конференција во Белфаст. Потоа, потребно беше плаќање на годишно учество на интернационално ниво за ИАЕСТЕ Македонија да може да биде полноправен член и разменува пракси.


ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ

ИЗВЕШТАИ

За жал и оваа година имаше одбиени студенти на кои беше потребно да им се изврши повраток на уплатените средства. Неминовни беа и трошоците за интернационалните конференции JUMP и CEC, трошоците за брендирање, развој на локалните комитети, канцелариски материјали, сметководствени услуги, телефонски сметки, поштарина и останати непредвидени трошоци.

Слика 2. Приходи во 2013 година по категории

На Слика 3 се прикажани расходите во текот на изминатата година. Голема благодарност до сите членови на ИАЕСТЕ Македонија кои несебично одвојуваа време и се посветуваа на организацијата. На крај, со чест и задоволство и` ја предавам функцијата на новоизбраната одговорна за финансии, Велина Русјакова, на која заедно со новиот борд им посакувам успешно да ја водат организацијата во 2014 година. Биљана Ристовска Одговорен за финансии

Слика 3. Расходи во 2013 година по категории ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

13


ИЗВЕШТАИ

Со желба да се напредува и усовршува, и оваа година ИАЕСТЕ Македонија го даде својот максимум за да овозможи сите наши соработници да работат со квалитетни студенти од сите страни на светот, а престојот на странските практиканти во Македонија да биде незаборавен и исполнет со нови искуства. Постигнатите резултати се потврда за нашиот успех и претставуваат мотивација да се трудиме сѐ повеќе и да се стремиме кон уште поголеми успеси.

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАНСКИТЕ ПРАКТИКАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА иако примени од страна на работодавците, 11 практиканти се откажаа од праксата, а 2 беа одбиени. Останатите 18 пракси останаа неискористени, без пратени номинации од странски студенти. Како и секоја година така и оваа пречекот, сместувањето на практикантите, носењето на работа првиот ден и нивното слободното време беше организирано од членовите на ИАЕСТЕ Македонија од сите локални комитети. Практикантите имаа можност да го збогатат своето знаење преку работата, но и да ги видат убавините на нашата земја благодарение на организираните викенди во многу градови низ Македонија. Одговорноста да се припреми и изведе сето ова е голема и бара огромна посветеност од страна на членовите на оваа организација и поддршка од сите компании и универзитети кои соработуваат со нас. Затоа би сакала да ја искажам мојата неизмерна благодарност до сите нив за досегашниот вложен труд и соработка, со надеж дека бројот на сите оние кои ќе помогнат во целтта на ИАЕСТЕ ќе продолжи да расте и ќе овозможи понатамошен развој на оваа организација, а со тоа и огромен број на студенти да стекнат практично искуство и да го прошират својот поглед кон светот.

Нашите делегати, на Годишната конференција во 2013 во Белфаст, Северна Ирска, ги разменија 70-те пракси со вкупно 17 држави. Летната рецепција започна на крајот од мај, со пристигнувањето на првиот практикант, и траеше сѐ до завршетокот на ноември, кога замина последниот практикант. За разлика од претходните години, оваа година практикантите работеа во дури 5 градови во Македонија, од кои 4 од нив имаат свој локален комитет, а за прв пат имавме и практиканти кои ја извршија својата пракса во Кавадарци. Од вкупно 39 странски практиканти, кои имаа можност да извршуваат пракса во некоја од нашите компании или универзитети, во Скопје престојуваа 29 практиканти, во Битола - 5 практиканти, во ДОЈДЕНИ Штип - 1 практикант, во Охрид - 4 практиканти и во Кавадарци - 2 практиканти. За жал, не сите ја имаа оваа можност. Од пристигнатите 52 номинации,

14

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

Анжелика Иванова Одговорен за странски студенти

ПРАКТИКАНТИ: 39


ИЗВЕШТАЈ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАКТИКАНТИ ВО СТРАНСТВО Покрај дружењето, патувањата и стекнувањето организациски вештини, студентите се вклучуваат во ИАЕСТЕ Македонија поради нејзината главна цел - размената на студенти за извршување стручна пракса во странство. Така, преку ИАЕСТЕ студентите стекнуваат професионално, но и неформално искуство. Членовите на ИАЕСТЕ во текот на годината, преку контактирање македонски компании и институции, се трудат да обезбедат што е можно повеќе пракси за странските студенти во Македонија, за да им се овозможи на повеќе македонски студенти да извршат стручна пракса во странство. Праксите се разменуваат на Годишната Конференција која претставува настан од интернационален карактер, по што започнува избирање на соодветни пракси од страна на секој член, а потоа и сите студенти на техничките факултети опфатени во статутот на ИАЕСТЕ Македонија. За составување на кратка биографија, мотивациони писма, како и другата документација потребна за аплицирање на посакуваната пракса, се одржуваат работилници на кои студентите можат повеќе да научат за процесот на апликација, со кој несомнено ќе се среќаваат и понатаму во животот, а одборот и постарите членови се секогаш достапни за да помогнат во процесот. Еден од најрадосните моменти за студнтите е кога ќе ја добијат долгоочекуваната вест дека се примени на позицијата за која аплицирале.

ИЗВЕШТАИ Одговорниот за македонските студенти кои аплицираат за пракса има обврска да се погрижи документите на секој студент од Македонија да бидат уредно составени, но и навремено пратени. Исто така тој треба да контактира со Разменските Координатори од странските локални комитети во врска со секоја од праксите и да се погрижи студентот да го добие одговорот од компанијата или институцијата што е можно побрзо, за да може студентот на време да го испланира патувањето до земјата, но и севкупниот престој таму. Во 2013 година на Годишната конференција во Велика Британија беа разменети 64 пракси, со 20 држави. Во текот на годината беа искористени 39 пракси и тоа во 14 различни држави од страна на студенти од техничите факултети на државните универзитети во Скопје и Битола. Еден студент замина на резервирана пракса. Од останатите студенти кои аплицираа, тројца се откажаа од праксите на кои беа примени. За жал 35 работодавци ги откажаа праксите од финансиски причини или ги одбија студентите поради неисполнување на критериумите. Притоа им беа вратени 5 пракси на некои од земјите поради тоа што немаше заинтересираност од нашите студенти за истите. Сепак и покрај лошите вести за нашите студенти, за некои од нив успеавме да најдеме замена преку интерниот систем - Intraweb каде се објавуваат подоцнежни пракси. Елена Ангелова, Одговорна за македонските студенти кои аплицираат за пракса во странство

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

15


ИЗВЕШТАИ ИАЕСТЕ Македонија е студентска организација чија основна цел е да овозможи на своите членови да заминат на платена стручна пракса во странство и со тоа да го добијат соодветното работно искуство. При тоа, тие не само што стануваат поквалификувани, можноста да се патува и да се воспостават контакти со странски фирми и студенти е од непроценливо значење. Најголема улога при остварувањето на овие цели ја игра токму Кампањата за обезбедување пракси т.н. Job Raising. Целта на оваа кампања е да се обезбедат доволен број на пракси од македонските фирми и институции кои би примиле странски практикант. Колку е поголем нивниот број, толку расте можноста да наш студент замине во странство и да се запознае со работната средина и културата на соодветната земја. Фирмата/институцијата која ќе прими странски практикант има одлична можност да се запознае со културата на странскиот студент, да научи повеќе за начинот на работа во нивната матична земја, и секако да прими млад и квалификуван човек во својот тим на работници. Кампањата го има својот почеток во септември, кога се организираат работни групи за запознавање на членовите со начинот на работа со цел да имаме успешна соработка со фирмите/институциите. Секој студент контактира одредени работодавци на кои им го објаснува начинот на работа на ИАЕСТЕ Македонија и кои се предностите доколку се сложат на соработка. Неретко се одржуваат состаноци со претставници на фирмите на кои се разговара за сите детали во врска со договорот и начинот на кој што би ја вршеле соработката. Кампањата кулминира со Генералната конференција на која потпишаните македонски пракси се разменуваат со странски.

16

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАКСИ Македонските фирми/институции кои одобриле да примат практикант, потпишуваат договор со ИАЕСТЕ Македонија кој ги содржи сите спецификации за работодавецот како и за потребните квалификации кои што е потребно да ги исполнува студентот. ИАЕСТЕ Македонија ја презема обврската за наоѓање на сместување на студентот, негово носење до фирмата во која што ќе работи како и организирање на неговото слободно време. Исто така, работодавците се охрабрени да се обратат на ИАЕСТЕ Македонија за било каков проблем поврзан со праксата. Како резултат на успешната работа на нашите членови, оваа година успеавме да контактираме над 300 фирми/институции и да потпишеме вкупно 73 пракси на национално ниво. Од нив, 54 беа потпишани во Скопје, 9 во Битола и 10 во Охрид. Споредено со претходни години, годинава успеавме да ja продолжиме соработката со 54 минатогодишните фирми/институции, но и да воспоставиме соработка со 19 нови со кои се надеваме дека истата ќе трае и во иднина. Петра Бранковска и Елена Неделковска Координатори на кампањата


КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАКСИ

ИЗВЕШТАИ

Однос стари/нови фирми

Однос на пракси потпишани пред 20.12/по 20.12

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

17


ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ ДЕН

65 години од постоењето на Иаесте. Оваа бројка е само показател за успешната работа на членовите од 87 земји од целиот свет. 21 октомври е денот кога се одржува интернационалниот настан така наречен ИАЕСТЕ ден, на кој овие членови преку различни активности го прославуваат постоењето на оваа студентска организација. Нашето мото за оваа година беше ”Tie yourself to IAESTE”. Токму поради ова, во скоро сите активности кои беа организирани за овој ден, беше задолжително носењето на вратоврски. Со цел, што повеќе студенти да се информираат за тоа што е ИАЕСТЕ ден, два дена пред самиот настан организиравме информативен штанд во холот на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет. Сите коишто го посетија штандот, покрај освежителните сокчиња, бомбони, весели, насмеани лица, добија и стикери со вратоврски и беа поканети да бидат дел од нашите активности кои следеа за ИАЕСТЕ денот. Овој ден започна со Флешмоб од ИАЕСТЕ танцот во центарот на Скопје, каде благодарение на Media City ни` беше овозможено музика и приказ на нашето кратко видео. Така расположени и разиграни продолживме во Градскиот Трговски Центар и во Жена парк, а ова беше доволно да се направи видео за ИАЕСТЕ Македонија, кое може да го погледнете и на YouTube. Загреани од танцот, со многу енергија и спортски дух, ИАЕСТЕ-вци продолжија во салата на Машинскиот факултет, каде се одржа пријателски кошаркарски натпревар помеѓу сегашните и алумните членови. Секако забавата со нив, продолжи и во клубот “Mamas”, каде соодветно со мотото беа задолжителни вратоврските. На оваа забава присуствуваа и претставници од фирми и наши соработници. Ова беше одлична можност компаниите да се запознаат со ИАЕСТЕ членовите, исто така и алумни членовите да го пренесат своето искуство и знаење на новите, сегашни членови. Со цел полесно и побрзо зближување на присутните, беа организирани и неколку друштвени игри. Мартина Денковиќ и Филип Ефремов Координатори на ИАЕСТЕ Ден

18

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ИАЕСТЕ РОДЕНДЕН

ИЗВЕШТАИ

Дваесет и првата година од постоењето на ИАЕСТЕ Македонија и неговата успешна работа ја прославивме со една прекрасна роденденска забава.Имресионирани од латиноамериканскиот ритам и вкусните начос, решивме да направиме мексиканска фиеста, на која присуствуваа сите подржувачи, членови и алумни на ИАЕСТЕ. За забавата да го добие мексиканскиот стил гостите добиваа мексикански имиња и интересни задачи кои што требаше да ги направат. Понесени од мексиканската атмосфера и вкусните торти, ИАЕСТЕ-вци ги покажаа своите танцувачки вештини и ИАЕСТЕ духот што постои мегу нас членовите. Успешниот роденден го потврдува сонот на ИАЕСТЕ за нови пријателства, незаборавни сеќавања и понатаму ќе продолжи да ги менува животите на студентите и да овозможува запознавање со светските култури. Магдалена Новкова и Михаил Петков Координатори на ИАЕСТЕ Роденден

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

19


ИЗВЕШТАИ

За ИАЕСТЕ Македонија, 2013 беше поразлична од минатите години. Ова беше година каде што дефиниравме едноставна и јасна цел – да оставиме поинаков впечаток и со тоа да се издвоиме од другите студентски организации. Знаевме што сакаме и тргнавме по тоа. Во првиот период од годината, организиравме состанок со дизајн тимот, на кој одлучивме да имаме година во тематска целина. Оттука се одлучи целата година да биде во едноставна, минималистичка тема, со пораки, слогани и дизајни кои ќе ги доловат нашите искуства и ќе испратат јасна порака. Така почнавме со Кампањата за Нови Членови. Сè околу неа беше едноставно, почнувајќи од комплетно белите постери само со „ајПракса“ слоган на нив, кои се разликуваа и воочуваа повеќе од било кој дизајн на постер поставен по факултетите и општо во нашата држава, па се до ознаките за имиња на учесниците на нашиот годишен Семинар за Тренинг и Мотивација, со назнака „ај[името на учесникот]“. Сè е така комплексно денес, па овој концепт на минималистички дизајн го привлече вниманието на многу нови членови кои подоцна активно се вклучија во ИАЕСТЕ. Иако многу едноставен, ова беше многу паметен потег кој ни отвори многу можности, па така овој тренд на минимализам продолжи во вториот и третиот период. Сите настани беа подлежни на „ај...“ трендот како ајПракса, ајСТМ, ајЖурка, ајСкара итн.

20

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

ИЗВЕШТАЈ ЗА МАРКЕТИНГ

Од новости во медиумската застапеност оваа година се остварените соработки со Студент ФМ и Media City. Студент ФМ неколку пати нè поканија да гостуваме во студентската емисија „Студентски четврт“, на која ги информиравме студентите за целокупната работа на ИАЕСТЕ, Летна Рецепција 2013, ИАЕСТЕ Ден, Online Career Fair и ИАЕСТЕ родеденот, додека пак Media City за ИАЕСТЕ денот, на нивниот голем рекламен монитор лоциран на плоштадот Македонија ни овозможија репродукција на наш видео спот заедно со ИАЕСТЕ песната. Ова ни овозможи со помош на нашите членови да изведеме спектакуларен флеш – моб играјќи го ИАЕСТЕ танцот на самиот плоштад. Во рамките на саемот „Кариерен Експо 2013“, бизнисмени од светски рамки, успешни дипломати и граѓански активисти држеа говори, а студентските организации организираа работилници, ИАЕСТЕ Македонија го даде својот придонес со организирање на своја работилница на темата „Грабни лажица и почни да го сркаш светот“. Тука суптилно објаснивме малку за нашата организација, нашите погледи кон студентите во светот со разновидните култури, како таа ги спојува овие работи и ги претвора во незаборавно искуство. Беше одлична презентација за нас и поучна за сите оние кои ја посетија.


ИЗВЕШТАЈ ЗА МАРКЕТИНГ

ИЗВЕШТАИ

Настан кој беше целосно посветен на студентите -„Станица Студентска: 02“, организиран од Младински Образовен Форум, беше уште едно од местата на кое ИАЕСТЕ Македонија гостуваше со свој штанд. Овој настан се одржува втора година по ред и се надеваме дека ќе се одржува уште многу години и нашата соработка со МОФ ќе продолжи. 2013 година беше доста значајна и за ИАЕСТЕ на интернационално ниво. По повод 65 годишнината од постоењето, интернационалниот борд на ИАЕСТЕ одлучи да пушти 3 плишани мечиња со имиња Eng, Sci и Tec, да кружат низ 88 земји низ светот, што креираше глатко чувство на поврзаност и додавање на парче од светот во дланките на секој ИАЕСТЕ член и пошироко. Македонија беше една од земјите која го доби Eng мечето (ние го крстивме Инженерко) на неколку дена. Го прошетавме, го изнасликавме, му ставивме ИАЕСТЕ Македонија беџ и го испративме во Босна и Херцеговина среќно и задоволно. Сè на сè беше одлична година, како за ИАЕСТЕ Македонија така и на интернационално ниво, а сме многу возбудени и за годините кои следат, бидејќи веруваме во нашиот квалитет и потенцијал за добро завршена работа.

Ѓорге Костов одговорен за маркетинг и лице за односи со јавност

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

21


ИЗВЕШТАИ

КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

Почетокот на пролетта во ИАЕСТЕ значи и почеток на кампањата за нови членови. Кампањата за нови членови ја организираме со цел да ги запознаеме сите студенти од техничките факултети со работата и постоењето на ИАЕСТЕ како и да го задржиме континуитетот на членството. Овогодинешната кампања беше водена од мене и Петра Бранковска. Кампањата за нови членови се одвиваше во два периода, од кои првиот беше од 13.03.2013 до 22.03.2013 , додека вториот период беше во времетраење од 15.04.2013 до 24.04.2013. За целиот временски период беа поставени штандови на сите технички факултети. Покрај штандовите беше поставено големо пано на кое сите студенти кои минуваа можеа да си ги напишат своите желби за каде би сакале ИАЕСТЕ да ги одведе на пракса. Благодарение на деканите, на повеќето технички факултети беа одржани и презентации за време на предавањата. На нив постарите членови имаа можност да ги споделат своите интересни искуства како за време на нивната пракса така и за ИАЕСТЕ Македонија. Овогодинешното мото на кампањата за нови членови беше „ајПракса“, слоган избран и поставен на постерите од страна на дизајн тимот. Разни имиња на привлечни дестинации како „aj Барселона”, „ајРио”, „ajВиена” и слични на нив , беа поставени на флаерите коишто беа делени на студентите. Целокупниот дизајн, како на постерите така и на флаерите беше црно-бел заради поголема впечатливост, а воедно и едноставност.

Овој слоган беше користен и за многу настани што се одвиваа во текот на годината. Така на крајот на првиот период се одржа забава под мотото „ајЖурка” на која успеавме подобро да се запознаеме со нашите нови и потенцијални членови, а воедно и да покажеме како ние знаеме да се забавуваме. Додека крајот на вториот период, поточно целата кампања, традиционално го означивме со семинарот за тренинг и мотивација. Како резултат на успешната кампања која благодарение на сите членови беше успешно реализирана се здобивме со многу нови членови. Веднаш по завршувањето на кампањата, на првиот состанок бевме пријатно изненадени со многубројно членство кое успеавме да го задржиме. Се надеваме дека со оваа кампања успеавме да го прошириме ИАЕСТЕ духот и да ги запознаеме сите што е ИАЕСТЕ и што значи да се биде дел од ИАЕСТЕ. Маја Арсовска и Петра Бранковска Координатори на КЗНЧ

22

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


МИНИ КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

ИЗВЕШТАИ

Голем дел од членовите своите долговремени напори ги крунисуваат со титулата дипломирани во својата област, отстапувајќи го своето место во редовите на амфитеатарот за нови, амбициозни, посветени млади ентузијасти расположени за соработка, воведувајќи ги едновремено во еден поинаков стил на живот. Кон почетокот на месецот септември (01-07.09) оваа година во холовите на техничките факултети ширум главниот град беа поставени штандови со промотивни материјали за нашата студентска организација. „Следете ги стрелките, ве водиме кон успехот“ беа зборовите на постарите ИАЕСТЕ членови кои со задоволство ги запознаваа новозапишаните студенти, како и некои од постарите генерации кои до сега немаа чуено за нас, што всушност претставува нашата организација и која е нашата мисија. На страна од професионалноста во извршувањето на основната цел- обезбедување на пракса за странски практикант во некоја од домашните реномирани компании, исклучителна можност на секој член е стекнување на безброј познанства надвор од својата стручна област. Студентите беа мошне заинтересирани за понудените активности во текот на целата година, семинарите, многубројните размени на интернационално ниво, начинот на кој се воспоставуваат контакти со останатите комитети ширум светот, можностите за стручна наобразба, дестинации каде би отпатувале, а пред се' нетрпеливи како би станале дел од големото ИАЕСТЕ семејство. Мини кампањата за нови членови резултираше со значително зголемување на бројот на нови членови подготвени да го збогатат своето професионално искуство остварувајќи стручна пракса надвор од нашата земја, како и самите тие еден ден да доживеат незаборавна авантура. Сања Петровска и Надежда Аврамовска Координатори на Мини КЗНЧ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

23


ИЗВЕШТАИ Во ИАЕСТЕ дојдов во далечната 2006 година се со цел да волонтирам во некоја организација и да стекнам што е можно повеќе познанства. Првите две години ми беа исполнети со забава и дружење што проследуваше потоа со многу работа. Трудот се покажа и набрзо станав претседател на ИАЕСТЕ Македонија Локален Комитет Скопје. Функцијата беше од голем предизвик со многу работа, дружба и стекнување на многу познанства и ја завршив со организирање на Интернационалната Годишната Конференција на ИАЕСТЕ а.с.б.л., а воедно бев и еден од личностите кои ја донесоа првата алумни конференција во асоцијаицата. Самиот успех се покажа и надвор од Македонија. Бев неколку пати избран за водич на работни групи на централната европска конференција. Бев повикуван да градам комитет во Копенхаген, Данска и да организирам уште 2 Годишни Конференции за ИАЕСТЕ а.с.б.л. (Белфаст,Северна Ирска и Кито,Еквадор). Оваа година ја имав честа да влезам во Интернационалниот борд и со тоа станав вториот Македонец кој успеал да влезе во извршниот борд на асоцијацијата (по Десанка Ичитрајкова). Функцијата како функција морам да кажам дека не беше лесна за извршување. Како членови на бордот имавме многу работа, константно подлегнувавме на притисоци од многу земји да донесуваме тешки одлуки кои одлучуваа за судбината на организацијата. Како дел од бордот имав многу обврски кои беа повеќе од доволно да ми ги окупираат слободните часови во текот на денот. Имавме еднаш неделно скајп состаноци на кои дававме извештај за активностите од претходната недела и за тековни активности кои ни проследуваа. Се разбира волонтерството на крајот се исплатеше со платени патни трошоци и per diem на 4 годишни состаноци (Мадеира, Португалија, Виена, Австрија , Белград, Србија и Кито, Еквадор). Тие беа поразлични од останатите неделни состаноци, бидејќи се правеше комплетна ревизија на активностите во изминатиот период и за активностите што ни проследуваа. Многу малку имавме време за прошетки и дружења за време на овие собири. Самите тие беа прилично напнати и под затворени простории 12 саати во текот на 4 дена. Единствено ако не си го испланираш патот претходно или по состанокот да прошеташ некаде, нема да најдеш сигурно време да го разгледаш местото за време на тие 4 дена.

24

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН БОРД НА ИАЕСТЕ

Во Мадеира, Португалија за време на првиот собир се организираше Семинарот за Развивање. Како член на бордот имавме доста бенефиции и привилегии. Хотелското сместување беше одлично. Мислам најдобро од сите останати. Островот како остров е инзвонреден и го препорачувам само за парови, прекрасен е. Освен убавините и благодетите, требаше да донесеме тешка одлука за самата асоцијација и исходот од таа одлука понатака се одрази до самиот борд и воедно до ИАЕСТЕ. Вториот и третиот настан во Виена и Белград беа малку порелаксирачки за самиот борд. Одлуките ни беа донесени претходно, требаше само да се направи ревизија на настаните што ни проследуваат (Конференцијата во Кито, Еквадор). И како последно самата Конференција во Еквадор беше инзвонредна и единствена. Морам да напоменам дека беше прилично тешка за самата организација дел од таа тежина ја осетив и самиот, но на крајот се беше одлично. Како последно, сакам искрено да им се заблагодарам на сите членови на ИАЕСТЕ Македонија кои веруваа во мене и ме поддржуваа до крај, без вашата поддршка јас немаше да стигнам до тука. ИАЕСТЕ Македонија отсекогаш ќе биде мојот столб во кариерата и искрено многу сум среќен што бев и сеуште сум дел од ваква организација. Искрено Ваш, Дарко Тодоровски Член на бордот на ИАЕСТЕ а.с.б.л.


ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Како најважен интернационален настан и оваа година се одржа Годишната Конференција од 17-ти до 25-ти јануари 2014. Овој пат задоволството да се биде домаќин на настан од ваков калибар му припадна на Кито, Еквадор. ИАЕСТЕ Македонија испрати двајца делегати, поранешниот национален секретар Душко Станоески и Елена Неделковска, одговорна за македонските студенти кои заминуваат на пракса во странство. Како резултат на успешната кампања за обезбедување пракси заминавме со 73 квалитетни понуди. Истите успеавме успешно да ги разминеме во четири разменски сесии. Со задоволство можам да кажам дека благодарение на разменетите пракси успеавме да оствариме соработка со голем број на земји меѓу кои: Данска, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и многу други. Почетокот на конференцијата беше резервиран за запознавање на делегатите, како добро познатите членови со големо искуство позади нив, така и оние кои за прв пат се соочуваа со ваков предизвик. Веќе наредниот ден се чувствуваше работната атмосфера создадена од делегатите на кои главна цел им беше да ги најдат соодветните пракси за своите членови. Ова темпо се задржа и на останатите разменски сесии. Особен успех за нас беше фактот што најголемиот број од македонските пракси беа разменети уште во првите два дена.

ИЗВЕШТАИ

Во меѓувреме започнаа и конференциските сесии на кои се дискутираа и гласаа промени и подобрувања во работата на интернационално ИАЕСТЕ. Во текот на една од овие сесии се избраа членовите на новиот борд кој што ќе се стреми да ја продолжи успешната работа на поранешниот во кој што членуваше и нашиот Дарко Тодоровски. Исто така беше изгласан и Душко Станоески како внатрешен ревизор кој ќе му помага на новиот борд со финансиите. Покрај работата, имавме можност и да се запознаеме со една нова, егзотична за нас земја. Домаќините завршија одлична работа во прикажување на нивната култура преку организирана тура до екваторот и вечери исполнети со традиционални елементи. Една од нив беше и роденденската забава на ИАЕСТЕ Еквадор кој брои 15 години. Неизбежен дел од секој глобален ИАЕСТЕ настан е Интернационалната вечер на која делегатите имаат шанса да ја претстават културата на својата земја преку храна и пијалок и воедно да се запознаат со сите останати. Ова беше совршена можност да го покажеме културното наследство на нашата земја на повеќе од 90 земји. По една недела интензивно работење и дружење дојде и крајот на конференцијата од која се вративме збогатени со нови искуства и знаење. Со континуирана работа и новите познанства се надеваме на уште поуспешна размена и наредната година. Елена Неделковска и Душко Станоески Делегати на Годишната Конференција

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

25


ИЗВЕШТАИ

IT ИЗВЕШТАЈ Оваа година Интернетот постигна голем развој во светот на социјалните мрежи. ИАЕСТЕ Македонија и нејзиниот IT тим продолжија да ги следат најновите трендови преку интеграција на Facebook и Twitter сервисите во нашата веб страна. Притоа продолживме да работиме напорно со нашиот IT тим да им овозможиме на нашите корисници да се запознаат со работата во ИАЕСТЕ Македонија преку проширување на нашиот распон во социјалниот свет.

Летото беше нашиот период каде група од вредни индивидуалци почнаа во изработка на новата веб страна со употреба на најновите технологии што Microsoft ги понудува. Времето беше инспиративно поминато каде од основни идеи во корисничкиот интерфејс па се до архитектура на базата и софтверот, IT тимот продолжи да донесува нови одлуки и идеи што би го зголемило задоволството на нашите корисници. Притоа овој проект е сеуште во изработка како резултат на комплексноста на идеите кои овозможуваат сето тоа да биде реалност.

Нашиот тим секоја година се зголемува и притоа се изучуваат нови технологии кои помагаат во изработка на апликации поставени на Интернетот. Се со цел да им се овозможи на нашите членови во тимот да се здобијат со практично искуство на работа во тим кое ќе им помогне да постигнат нови цели во нивните кариери. Како резултат, посетеноста и информираноста на ИАЕСТЕ Македонија се зголемува притоа овозможувајќи ја нашата желба во развој и вклученост на нови и стабилни технологии. Александар Богатинов IT Координатор

Посетеност на веб страната во текот на минатата година

26

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА

ИЗВЕШТАИ

Во 2013 година локалниот комитет во Битола (ЛКБ) продолжи да функционира со претседателството кое беше формирано на почетокот од 2012. Како и секоја година, така и изминатата 2013 пред претседателството стоеја големи предизвици. На секој предизвик ние одговоривме соодветно, со оглед на фактот дека веќе имавме соодветно искуство. ИАЕСТЕ годината започна со Семинарот за Развој на Локални Комитети (СРЛК). Тој семинар се одржа во Охрид. На истиот присуствуваа 5 членови на ЛКБ, од кои еден беше постар член, претседателот на ЛКБ и четири нови членови. На овој семинар новите членови се стекнаа со повеќе информации поврзани со функционирањето на ИАЕСТЕ на национално и интернационално ниво. Покрај тоа што овој семинар помина работно, ние сепак издвоивме време за неформално дружење и зближување на членовите на ЛКБ со членовите на останатите три локални комитети на ИАЕСТЕ Македонија. Потоа следеше Кампања за Нови Членови (КзНЧ). Како и секоја година беа одржани презентации и беа поставени штандови во четири факултети вклучени во ИАЕСТЕ разменската програма од УКЛО. Бидејќи и оваа година продолживме со емисијата “IAESTE beat” на универзитетското радио, како гости во емисијата се појавија повеќе наши членови, но исто така и членови од интернационално ИАЕСТЕ, за што нас ни претставуваше посебна чест. Заокружувањето на КзНЧ и првиот пeриод се направи со организирање на журка во кафе – бар „Данте”, Битола. Како координатор за овој настан се јави Христијан Ристевски. Втор период од ИАЕСТЕ годината е Летната Рецепција (ЛР). Во овој период требаше да се најдеме како домаќини на 10 странски студенти, но за жал дојдоа и извршија пракса само 6 од нив. Првиот практикант дојде на 27.06, а последниот практикант си замина на 25.11. Со самото тоа започна и заврши ЛР во Битола. Имавме практиканти од повеќе земји и тоа: Белгија, Шкотска, Полска, Јапонија. Тие работеа во РЕК, ЈП Нискоградба, ЈП Водовод, АД Микросам. За социјалниот живот да им биде добар се погрижија членовите на ЛКБ. Како координатори за ЛР се

јавија Благица Велкоска и Христијан Ристевски. Додека траеше ЛР во ИАЕСТЕ Македонија, истовремено ЛР имаше во цел свет. Членови на ЛКБ заминаа на пракса. Тие изведуваа пракса во: Белгија и Австрија. Крајот од ИАЕСТЕ годината како и секоја година беше заокружена со кампањата за собирање на пракси. Овој период, иако последен од ИАЕСТЕ годината, би можела слободно да кажам дека беше клучен фактор за постоењето на нашата организација. Оваа година ЛКБ успеа да го задржи континуитетот со пракси, а беа потпишани 9 договори. Благодарни сме им на сите компании/институции кои потпишаа договор за пракса. Исто така во овој период ги имавме и ИАЕСТЕ ден и ИАЕСТЕ роденден. И за двата важни денови за ИАЕСТЕ, членовите на ЛКБ поставија штанд на Широк Сокак и делеа промотивни материјали. Како координатор за ИАЕСТЕ ден се јави Весна Ристевска, додека како координатори за ИАЕСТЕ роденден се јавија Благица Велкоска и Весна Ристевска. Како спонзори за овој настан се јавија пица - бар „Буре” и слаткарница „Марта”. За крај би можела да кажам дека изминатата 2013 година беше успешна година за ЛКБ. Секој постигнат успех во изминатата година се должи пред сè на големата посветеност на членовите, но и на поддршката која несебично ни ја даваат големиот број на компании/институции и поединци и успех кој се надевам дека ќе продолжи и во наредните години. Марија Каранфиловска Претседател на Локален Комитет Битола ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

27


ИЗВЕШТАИ

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ШТИП

ИАЕСТЕ ЛК Штип како локален комитет на ИАЕСТЕ во Македонија продолжи со работа и оваа година. Годината ја започнавме со учество на двајца членови од ЛК Штип на семинарот за развој на локални комитети (СРЛК) кој оваа година се одржа во Охрид. За време на кампањата за нови членови (КзНЧ) имавме штанд и презентации на повеќе факултети. По кампањата добивме повеќе нови членови. Вкупно 8 членови од ЛК Штип земавме учество на Семинарот за Тренинг и мотивација кој се одржа на Попова Шапка. Нашите членови се распределија по сите работни групи за да се здобијат со повеќе знаења за проширување на комитетот. Во мај имавме избори за нов претседател и повторно за функцијата бев избрана јас. За време на Летна Рецепција потпишавме 2 пракси, но беше реализирана само една, а имавме и еден практикант од Шпанија. Со започнувањето на новата учебна година повторно организиравме штандови и презентации за да можат новите студенти да се информираат за организацијата.

28

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

После долгото исчекување ЛК Штип оваа година на националното собрание се здоби со полноправност. Роденденот на ИАЕСТЕ Македонија го прославивме во кафе бар Алиби, каде што имавме покането многу гости како и членови од СПУГД и обездедивме бесплатен пијалок и парче торта за сите. Оваа година можеме да кажеме дека беше најуспешна за ЛК Штип како млад комитет и се надевам дека наредната ќе биде уште подобра. Живка Јанева Претседател на Локален Комитет Штип


ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ОХРИД

ИЗВЕШТАИ

Во изминатата 2013 година , Локалниот Комитет од Охрид постигна огромен успех на секое поле и секоја задача успешно беше реализирана од секој аспект. Горди сме на годината која ја оставивме зад нас, затоа што беше исполнета со успеси. Секоја од задачите ја работевме со огромен ентузијазам и максимална посветеност. Годината ни започна со организација на семинар за развој на локалните комитети. Координатори на овој семинар беа Нина Настевска и Харун Бајрам. Семинарот траеше два дена - 9 и 10 март, беше успешен, исполнет со многубројни состаноци и дискусии, a присуствуваа претставници од локалните комитети од Скопје, Битола и Штип. Главна тема на семинарот беше понатамошниот развој на локалните комитети, како да се подобри нивната работа и како да се постигнуваат подобри и попродуктивни резултати. На семинарот за тренинг и мотивација од локалниот комитет Охрид присуствуваа 5 членови. Следуваше кампањата за нови членови, координирана од страна на Нина Настевска и Харун Бајрам. Кампањата траеше два дена, а заинтересираните студенти преку презентации беа запознаени со првичните идеи на ИАЕСТЕ, што претставува оваа студентска организација и како работи. Во вториот период следуваше летната рецепција која се одржа во август. Најпрво се организираше голем викенд кој траеше два дена и гостуваа сите странски практиканти кои се во Македонија. Како поддржувачи на организацијата беа членовите од локалниот комитет Охрид , Нина Настевска и Харун Бајрам. Практикантите уживаа во убавините на Охрид и подобро се запознаа со историјата и културата на градот. Во септември ни пристигнаа тројца практиканти, двајца од Полска и еден од Хрватска. Практикантите престојуваа 4, 6 и 8 недели и за тоа време праксата ја извршуваа во просториите на Универзитетот за Информатички науки и Технологии Св. Апостол Павле Охрид. Координатори на летната рецепција беа Нина Настевска и Харун Бајрам. Во третиот период беше националното собрание кое се одржа во октомври во Скопје, на кое присуствуваа Нина Настевска и Харун Бајрам.

По националното собрание следуваше викенд во рамки на twining настанот каде имавме посета на членовите од ИАЕСТЕ - Холандија. За време на тој викенд ги посетивме најважните знаменитости на Охрид и разменавме доста искуства со гостите. Во текот на месец ноември беше организирана уште една кампања за нови членови, координирана од Влатко Ќосев и Деспина Анастасова. Поставени беа штандови и извршени беа презентации за работата на ИАЕСТЕ. Во 2013 година беа потпишани 10 пракси од страна на Универзитетот за Информатички науки и Технологии Св. Апостол Павле од Охрид . Во декември беше прославен роденденот на ИАЕСТЕ во охридскиот бар Jazz Inn. Координатор на овој настан беше Лиле. Ако се земе предвид бројот на настани и постигнатите резлутати, со гордост можеме да кажеме дека имавме доста успешна година. Нашиот комитет беше збогатен со нови членови кои со огромен ентузијазам се инволвираат во работата, новите искуства и познанства кои ги остваривме со другите членови се од огромно значење за понатамошна работа на нашиот комитет. Харун Бајрам Претседател на ЛК Охрид

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

29


ИЗВЕШТАИ

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ

Почетокот на новата година е знак за почеток на редовни активности во Локален Комитет Скопје. Меѓутоа фактот што тие се случуваат секоја година не ги прави монотони, бидејќи иако навидум исти по форма, тие се уникатни заради единствената комбинација на луѓе, желби, страсти и мечтаења, што е различна секоја година. Така, додека ние членовите планираме каде ќе одиме на пракса следното лето, истата можност сакаме да им ја овозможиме на многуте други студенти кои (сè уште) не се членови на ИАЕСТЕ Македонија. Под мотото „ајПракса“ го претставивме пред нашите колеги неверојатното животно и професионално искуство кое може да се добие преку ИАЕСТЕ. Презентациите, присуствата на штандови и запознавањата на нови луѓе за време на кампањата за нови членови не доведоа до семинарот за тренинг и мотивација. Токму на овој настан новите и старите членови од сите локални комитети во Македонија имаат можност да поминат еден викенд заедно во дружење и забавување, како уште еден неизоставен сегмент од ИАЕСТЕ искуството. Оваа пролет го имавме задоволството да сме домаќини на членови од ЛК Истанбул на првиот од двата ТВИН-ови кои локалниот комитет Скопје ги организираше оваа година. Им презентиравме дел од убавините на нашата земја и целосното наше гостпримство. Локалниот комитет Скопје, веќе традиционално, организира Првомајски пикник во дворот на факултетите од техничкиот кампус, на кој, покрај членовите на ИАЕСТЕ, во вкусната храна уживаа и нашите пријатели од другите студентски организации. Имајќи ги предвид интересите на студентите, ИАЕСТЕ Македонија во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии ја организираше Првата студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој. На конференцијата учествуваа студенти од сите факултети поврзани со темите кои се обработуваа на истата. Следниот период во работата на локалниот комитет Скопје е Летната рецепција, оној период кога светот во мало се сели во нашиот град. Сонце, забава, дружење и многу нови пријатели од целиот свет е како накратко може да се опише летната рецепција. Останатото треба да се доживее и никогаш нема да се заборави. Третиот период од ИАЕСТЕ годината, како во сите комитети, така и во нашиот, е посветен на активно контактирање на компаниите и институциите во Македонија и обезбедување на што е можно поголем број на пракси. Карактеристично за оваа година е што имавме голем број на фирми кои за прв пат потпишуваат пракса. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи успешно и во иднина.

30

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ

ИЗВЕШТАИ

Оваа есен им посакавме добредојде на членовите на ИАЕСТЕ Холандија на нашиот втор ТВИН оваа година со ЛК Утрехт. Беше наше задоволство да бидеме нивни домаќини и водичи низ македонската култура и традиција. Се запознавме и со работата на нашите комитети: ЛК Утрехт, како релативно нов комитет кој се соочува со предизвици кои ние веќе сме ги совладале и ЛК Скопје, кој се потсети на своите почетоци и мотивацијата на членовите како главна движечка сила на успехот кој го имаме денес. Да си член на ИАЕСТЕ и студент е многу подобро отколку да си само студент. Затоа почетокот на академската година е време кога ја спроведуваме мини Кампања за Нови Членови, повторно со цел да ги претставиме на студентите придобивките на членството и волонтирањето. Во овој период го прославуваме и интернационаниот ИАЕСТЕ ден, односно денот на кој оваа година ИАЕСТЕ обележа 65 години постоење на интернационално ниво. Секако и ние си го прославивме 21-от роденден на Локален Комитет Скопје, воедно и на ИАЕСТЕ Македонија. Ирена Дуковска Претседател на ЛК Скопје

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

31


НАСТАНИ

Координираното и успешно делување на ИАЕСТЕ, пред сè, е резултат на почитувањето на одредени правила кои се претставени во статутот и правилникот на самата организација. Членовите, знаејќи ги истовремено своите права и обврски, со своите активности придонесуваат во работата на ИАЕСТЕ, притоа остварувајќи ги основните цели на организацијата. Националното собрание претставува еден од главните настани на ИАЕСТЕ што се одржува еднаш годишно. На собранието се разгледуваат дотогашното функционирање и дејствување на организацијата, но исто така и можностите за подобрување на работата во иднина. Токму поради тоа, одржувањето на Собранието е условено од присутноста на што поголем број на полноправни членови, кои имаат директна улога во донесувањето на одлуките. Овогодинешното Национално собрание се одржа во предвидениот термин, 16.11 и 17.11.2013. Неговата организација беше помогната од координаторите Стефанија Димеска и Кристијан Поповски, како и од повеќето членови кои со своите активности (барање спонзорства, логистика и сл.) го дадоа својот придонес – пред, за време и по одржувањето на собранието.

НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ

Работата на собранието се одвиваше по претходно усвоениот дневен ред. На првиот ден настапи отварањето на Национално собрание од страна на националниот секретар Душко Станоески, откако беше утврдено дека е исполнет условот за присуство на полноправни членови. На седницата стана збор за организацијата и функционирањето на ИАЕСТЕ Македонија (предлози и измени на статутот, националниот комитет и локалните комитети), дискусија поврзана со кампањата за нови членови, евалуација на членови, соработката меѓу локалните комитети во Македонија (Скопје, Битола, Штип, Охрид) итн. На вториот ден се одржаа изборите за нов национален секретар, како и програмата за дејствувањето на ИАЕСТЕ Македонија во 2014 година и нејзино усвојување. За нов Национален секретар беше избрана Ирена Дуковска. Сè на сè, може да се заклучи дека 2013-та беше успешна година, како во однос на работата и ширењето на ИАЕСТЕ Македонија, така и во однос на исполнувањето на главните цели за кои ИАЕСТЕ, како глобална организација, постои – остварување на што повеќе пракси во интерес на членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Кристијан Поповски, Стефанија Димеска Координатори на националното собрание

32

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈА

Традиционално и оваа година не пропуштивме шанса да го пренесеме познатиот ИАЕСТЕ дух на нашите нови членови. Како совршен крај на Кампањата за Нови Членови го организиравме познатиот Семинар за Тренинг и Мотивација (СТМ). И покрај ладното време и снегот членовите желни за нови познанства, нови авантури или едноставно нови ИАЕСТЕ искуства се упатија кон планинарскиот дом Смрека на Попова Шапка. Но на овој семинар покрај забавата и дружењето потребно е да се организираат и работни групи, за ИАЕСТЕ да продолжи да биде успешна студентска организација. Новите членови се запознаваат со работењето и организацијата на ИАЕСТЕ, дискутираат и даваат идеи како да се надгради и подобри. Тука имаат можност да се запознаат со некои од најважните области меѓу кои: маркетинг, летна рецепција и Јob Raising. Навистина е задоволство да се каже дека многу нови членови земаа активно учество во работните групи и пројавија желба да станат членови на ИАЕСТЕ со што и го направија семинарот успешен.

НАСТАНИ

На самиот почеток како најголема мотивација се презентациите на постарите членови кои претходната година извршиле стручна пракса во странство. Стекнатото искуство и знаење кое го пренесуваат дополнително им ја зголеми желбата на членовите да се запознаат со предизвиците кои ги нуди праксата во странство. Покрај работната атмосфера не треба да се заборави забавата. Семинарот започна со игри за запознавање и team building активности, кои се претворија во забава која траеше до доцните часови. Задоволство е да се волонтира на еден ваков настан и воопшто во ваква организација, да се збогатуваш со нови пријателства, нови предизвици и нови успеси. Задоволство да имаш можност да се надградуваш и созреваш како личност и да го споделиш знаењето и искуствата со останатите. Бројот на членови од година во година се повеќе се зголемува, со што и бројот на студенти подготвени за нови предизвици. Стекнатите пријателства и искуства на СТМ се голема мотивација за новите членови, а СТМ е само почетокот на многу нови ИАЕСТЕ приказни. Елена Неделковска и Ведрана Тозија Координатори на СТМ ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

33


НАСТАНИ

ЛЕТНА РЕЦЕПЦИЈА

Како и секоја година, така и оваа. ИАЕСТЕ летна рецепција е период на едни од најголемите забави од целата година. По само неколку месеци членување Александар и јас бевме назначени да го одржуваме ИАЕСТЕ летото во најдобар ред. Бевме задолжени за 40-тина практиканти дојдени од повеќе краеви на светот: од САД, па се до Кина. Првите практиканти ни пристигнаа во мај, кои меѓу другото ги прошетавме и до Охрид. Вистинската забава започна во јуни. Мразот го скршивме со викенд во Битола. Од убавините на Хераклеа и Широк сокак, па се до дискотеките доцна во ноќта, викендот помина прекрасно. Се разбира не е лето ако не се отиде на Галичка свадба. Малку кампување им дојде добро на сите и и покрај убавините на свадбата и планините, си се греевеме околу огнот во доцните ноќни часови. Потоа следуваше интернационалната вечер каде сите ги покажаа своите скриени кулинарски способности. Disclaimer: No interns were harmed during the cooking of the food. Од тука отидовме повторно накај Охрид, овој пат во поголем број. Ја посетивме Самоиловата тврдина, прошетавме покрај прекрасната архитектура на Охрид, па и по некое тенче фативме на плажа. Од тука повторно на планина! Освојувањето на Солунска глава покажа од што се направени нашите практиканти кои триумфално пристигнаа на врвот. Следните викенди ги поминавме во Скопје, а бројот на практикантите полека се намалуваше...

34

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ЛЕТНА РЕЦЕПЦИЈА

НАСТАНИ

Но што со деновите помеѓу викендите? Се разбира и за тоа имаше план. Координатори на секои две недели ни организираа најразлични забави и прошетки. Шетавме на Водно, бевме до Матка, Стара чаршија и уште безброј места низ и околу Скопје. Со заминувањето на пракикантите по default се организираа farewell parties. Толку многу беа што дури не се сеќавам на сите. Имавме Sangria night по иницијатива на неколку Шпанци, се разбира инспирирани од неколку водки на Галичка договоривме и Polish drinking night. Just…don’t ask. За жал како и сите добри работи и летото заврши, авионите и автобусите заминаа и нас ни останаа само (матни) спомени, другарства и искуство кое ќе се раскажува долго време. Покрај целиот страв што го имав пред да започне летото морам да кажам дека доколку би можел би го правел ова секое лето. Но едноставно не би било фер спрема останатите. Летната рецепција е нешто што МОРА да се искуси во ИАЕСТЕ и е забавен начин да се вклучиш во неговата работа. Филип Стаменков и Александар Аврамовски Летни офицери

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

35


НАСТАНИ ИАЕСТЕ Македонија веќе 21-на година им овозможува на студентите да се стекнат со практично и професинално искуство преку извршување на стручна пракса во странство. Со цел да продолжи со работата на подобрување на квалификациите на студентите, ИАЕСТЕ Македонија во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии, оваа година ја организираше Првата студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој. Темата на конференцијата е светски актуелно прашање на чија проблематика работат многубројни научници, институции и фирми од целиот свет и од Македонија. Мотивот за организирање на студентска конференција произлегува од фактот што во Македонија не постојат конференции кои се насочени кон студентите кои како идни академски граѓани ќе придонесат за напредок во овие области.

СКЕЕОР

ʅʆɸɶ ʇʈʉɺɻʃʈʇʀɶ ʀʄʃʊɻʆɻʃʌɾɯɶ

ɻʃɻʆɹɻʈʇʀɶ ɻʊɾʀɶʇʃʄʇʈ ɾ ʄɺʆɼʁɾɸ ʆɶɽɸʄɯ

.BK ʊɶʀʉʁʈɻʈ ɽɶ ɻʁɻʀʈʆʄʈɻʋʃɾʀɶ ɾ ɾʃʊʄʆʂɶʌɾʇʀɾ ʈɻʋʃʄʁʄɹɾɾ ʇʠʤʥʽʛ

Развојот на научни вештини и поттикнување на истражувачкиот дух кај ʇʅʄʃɽʄʆɾʆɶʃʄ ʄɺ студентите, претставено со квалитетни и научно поддржани трудови беше мотив и цел за организирањето на оваа конференција. Ова беше дополнето со преставување на работата на компнаиите кои во своето работење практично се соочуваат со овие предизвици и со трудови од претставници на академската средина. Со ова се овозможи формирање на платформа за остварување контакти за понатамошна соработка. Конференцијата се одржа од 16 до 18 мај, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во трите конференциски дена, организирани во четири сесии, своите трудови ги претставија 56 автори. Трудовите од конференцијата се објавени во Зборник на трудови. Благодарност до покровителот Факултетот за електротехника и информацски технологии и другите помагатели на конференцијата кои го овозможија нејзиното организирање. Пребродувајќи ги предизвиците од организирање на настан по прв пат, се надеваме и ќе работиме на зголемен број на студенти, учесници на конференцијата во следната година. Ирена Дуковска Координатор на СКЕЕОР

36

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


JOIN US TO MOTIVATE PEOPLE (JUMP)

НАСТАНИ

Оваа година за време на престојот на Малта, каде ја извршував мојата пракса, имав можност да бидам дел од еден од најзначајните интернационални ИАЕСТЕ настани - ЈUMP. Семинарот има цел да ги воведе новите членови во ИАЕСТЕ светот, да ги запознае со начинот на функционирање, неограничените и бесценети можности кои ги создава, а притоа, искусните членови, да го пренесат ИАЕСТЕ духот на следната ИАЕСТЕ генерација. Домаќин на овогодинешното 19-то издание на ЈUMP беше локалниот комитет на ИАЕСТЕ Малта, а истото се одржа на малтешкиот остров Гозо. Совршена локација за семинар од ваков тип. Настрана од градските метежи, овој остров им понуди на повеќе од 100- тина ИАЕСТЕ-вци еден прекрасен, по малку и егзотичен пејзаж и простор за едно непроценливо доживување и искуство. А што всушност се случуваше во текот на тие 4 дена? На самиот почеток мотивациониот говор на Маркус Орловски- човек кој своето долгогодишно животно искуство и работа во повеќе различни сфери го користи конечно за да го промени едукативниот систем, а нас на учесниците на ЈUMP ни покажа како со многу упорност, решителност, превземање иницијатива, можеме не само да се осмелиме да сонуваме туку и она што е најважно и пред сè, да се осмелиме да дејствуваме за остварување на нашите сонови, што е впрочем и основата на постоењето и работата на нашето ИАЕСТЕ. Преку игра во која ги симулиравме активностите на ИАЕСТЕ во текот на целата година, се запознавме со начинот на кој ИАЕСТЕ функционира на глобално ниво, а преку низа на работилници и работни групи - Job raising теорија, Job raising пракса, ЛК менаџмент и Маркетинг, каде низ презентации, дискусии, игри и она што ни беше најзабавно на сите- симулација на јавување во компании за барање на пракса, ја сфативме важноста на кампањите и активностите кои локалните комитети ги организираат, колку се тие различни во одделни комитети и како истите да се подобрат. Можевме и да согледаме до каде е работата на нашите комитети и притоа морам да нагласам дека многу од учесниците беа пријатно и позитивно изненадени од работата на ИАЕСТЕ Македонија. Team–building игри, прошетка и запознавање со островот, историјата и културата на Малта, глетка на залезот на сонцето на Аzure Window,city challenge во вечерните часови помеѓу старите градби на Гозо, вечерни забави крунисани со неизбежната, најлуда и најзабавна Интернационална вечер– организаторите навистина успешно ја завршија својата работа исполнувајќи го секој слободен момент со забава. Она што ќе остане по ЈUMP – непроценливо искуство, огормна мотивација за понатамошно вклучување и придонес за ИАЕСТЕ, пријателства ширум светот и она најценетото - потсетник дека соновите и тоа како можат да станат реалност. Ива Колевска Делегат на JUMP ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

37


НАСТАНИ

Изминатава година во април, на взаемно големо задоволство конечно се одржа првиот дел од ТWIN-от Скопје – Истанбул со членовите на локалниот комитет на ИАЕСТЕ при тамошниот Технички Универзитет. Иако само двајца членови беа во можност да ја посетат нашата земја, ние се погриживме нивниот престој тука да биде едно незаменливо и незаборавно искуство. Прво на агендата – нашиот бисер, Охрид. Сонце, пријатни температури, чист воздух и стариот град кој ја расплинува долговековната историја на македонскиот народ. Св. Софија, Канео, Плаошник, Самоилова...бесценети глетки, уште поубави фотографии. Ја посетивме и наколната населба на Охридското Езеро која беше искучително интересна и фасцинантна за нашите гости. Вечерта, што ако не забава во Jazz Inn. Едно големо благодарам до членовите на ЛК Охрид за дружбата и помошта при организацијата. Останатите два дена ги посветивме на запознавање со главниот град. Се качивме на врвот на Водно, за да го погледнеме Скопје одозгора. Неизбежна беше и посетата на кањонот Матка. Времето не беше на наша страна, па не можевме долго да уживаме во прекрасниот природен пејзаж, но беше доволно за да ги воодушеви нашите гости. Последниот ден им го претставивме урбаното Скопје, можност да видат како токму Старата турска чаршија претставува

TWIN ТУРЦИЈА

едно од најзначителните одбележја на нашиот град, и да се запознаат со нашата култура и уметност при прошетка низ музеите. Присуствуваа и на една наша вообичаена понеделничка вечер. Ги претставивме пред целото членство на редовниот состанок, а потоа имаа можност да ги запознаат нашите членови во опуштена и релаксирана атмосфера, а притоа да видат како ИАЕСТЕ функционира во Македонија, што е и всушност една од целите на ТWIN-от. За она кратко време кое членовите на ИАЕСТЕ Истанбул го поминаа во нашата земја, тие не само што навистина искрено се воодушевија од убавините, традицијата, но пред сè гостопримливоста и менталитетот на нашиот народ, туку тие, како релативно неискусни и нови членови на ИАЕСТЕ семејството, се вратија во својот комитет максимално мотивирани за понатамошно вклучување во тамошните тековни активности и придонес кон работата на ИАЕСТЕ, што е прозивод на искуството кое им го пружи ИАЕСТЕ Македонија, а е основа на еден настан од ваков тип. Ваквата одлична соработка со ИАЕСТЕ Истанбул продолжува и понатаму, а нивниот комитет со големо задоволство и возбуда нè очекува на прошетка и нова авантура во неверојатниот град на Босфорот. Ива Колевска и Катерина Миленковска Координатори на TWIN Истанбул

38

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


TWIN ХОЛАНДИЈА

Еден од најзабавните викенди годинава беше викендот 22-25 ноември, кога нашите „колеги” од ИАЕСТЕ Холандија, решија да нè посетат. Првата вечер, по краткото запознавање, присуствувавме на коктел кај холандската амбасадорка. Поканата беше доста изненадувачка, но воедно и еден преубав гест од нејзина страна (да прими 50 студенти во својата резиденција) со цел подобро да се запознаеме и да им посакаме топло добредојде на нашите гости. Признаваме, вративме рамноправно на гостопримството со добрата традиција за вкусна макдонска храна, па повторно се покажавме како одлични готвачи (сè се изеде, бабите би ни биле страшно многу горди). Уште истиот ден бевме нетрпеливи да им го покажеме скопскиот ноќен живот, па со полни стомаци отидовме во клуб каде се забавувавме на добра музика и сите имаа шанса да си ги покажат своите танчерски вештини. Не сме сигурни колку тоа беше во полза на нашето утрешно рано патување во Охрид, но не сакавме да изгубиме ни една минута од драгоценото време! Саботниот ден, испланиран за прошетка во Охрид почна со слаткото спиење во автобус и заврши со лудо журкање во Охрид. Тоа што се случуваше помеѓу може да се опише со само еден збор – ПОТОП! Кога сфативме дека дождот нема да престане, излеговме од удобноста на еден локален ресторан и тргнавме (храбро!) да ги посетиме знаменитостите на Охрид. Познатата тура која со секој турист во Охрид ја шетаме, Св. Софија, Античкиот театар, Самуилова тврдина, Плаошник и Канео, овој пат беше level:difficult со тоа што по пат требаше да се бориме со реки дожд. Наспроти тоа штo градот кој е бисер на Македонија го разгледуваме во такви услови (освен дождот, се стемни), нашите гости не ја

НАСТАНИ

тргнаа насмевката од лицата. Тие веќе се навикнати на такво време, сметаа дека вечерната прошетка беше пријатна (осветлените објекти даваа романтичен шмек), па дури и дека турата беше супер организирана! На враќање кон Скопје го пречекавме првиот снег кој нè развесели и разигра, па така зажелени за снежната зима ,од автобус се упативме кон центарот на градот. Се прошетавме низ старите и новите барокни објекти (за кои гостите сметаа дека да не би им кажале дека се нови, не би знаеле). Ја видовме и старата чаршија која им остави најголем впечаток и не привлече со убавите миризби да седнеме на ќебапчиња. Последната вечер добивме неколку симболични поклони за нашата канцеларија, каде се собравме за да можеме да вкусиме од традиционалните благи и пијалаци што тие ни ги донеле. Вечерта беше преубава, се забавувавме на македонска музика и не можевме да се одделиме до утринските часови. Пред патот за Холандија следеше уште една кратка прошетка со нашите веќе пријатели на Матка. Природата беше воодушевувачка како и секогаш и повторно не испуштивме да ја посетиме магичната пештера. Се беше толку убаво, но и кратко, па кога веќе заврши бевме тажни што треба да се поздравиме со најдобрите гости што човек може да ги посака! Им поделивме подароци и добивме комплименти за целата организација околу викендот што ни ги стопли срцата и ни го разубави денот! Едвај чекаме да ве видиме пак, till next time guys! Ангела Ѓурчевска и Дајана Величковска Координатори на TWIN Холандија ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

39


НАСТАНИ

STRATEGIC IAESTE DEVELOPMENT

Strategic IAESTE Development (SID) е интернационален настан кој се одржува секоја година во некоја од земјите во Европа. Целта на овој настан е развој и подобрување на ИАЕСТЕ на глобално ниво и тоа од различни аспекти. Во 2013 година, во Фуншал на островот Мадеира, Португалија, се одржа 28-от по ред SID-семинар. Поради финансиските ограничувања ИАЕСТЕ Македонија испрати само двајца претставници, Елена Ангелова и Теа Колевска. На семинарот се одржаа повеќе работни групи за подобрување на размената на праксите и зголемување на нивниот број, подобрување на документацијата, развивање идеи за подобар маркетинг и финансии, развој на интернет-системите како intraweb и COBE… На работните групи се даваа идеи кои потоа детално се разработуваа. Истите беа презентирани на последниот ден од страна на секоја од групите. Ова е еден од поработните настани на кој учесниците можат да се запознаат со работата на ИАЕСТЕ во различни земји. Начинот на кој ИАЕСТЕ Македонија работи е воодушевувачки за останатите национални комитети, бидејќи иако сме исклучиво студентски водена организација која не е помогната од страна на државата, успеваме да се истакнеме на повеќе начини, како во брзото пренесување информации кои се потребни од странство, одлично организираната „Летна рецепција“, најголем број на пракси по глава на жител во цело ИАЕСТЕ неколку години по ред... На Семинарот имавме можност да се запознаеме со претставниците од останатите земји со кои разменивме искуства за нашата работа. Тоа беше овозможено не само преку работните групи, туку и преку организираните вечери за дружење на делегатите како „Welcome Dinner“ и неизбежната „Интернационална вечер“ за запознавање на различните обичаи и традиционалните храна и пијалоци. На крајот сите констатираа дека овој семинар заврши успешно. Елена Ангелова, Делегат на SID

40

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ЦЕНТРАЛНО ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА (CEC)

НАСТАНИ

Јас како веќе искусен иаестовец, го имав задоволството да учествувам како претставник на ИАЕСТЕ Македонија на долго организираниот 30ти CEC во Клагенфурт, Австрија. CEC или Централно Европска Конвенција, која што во светот на ИАЕСТЕ се одржува 2 пати годишно. Настанот се одржа од 01/11/2013 до 03/11/2013 и искуството беше неверојатно. Основата на програмата на настанот беше составена од различни работилници, работни групи и case studies пропратени со забавни активности. Првата работилница во која што јас како претставник од ИАЕСТЕ Македонија заземав место беше Steering Committee. Почнавме со запознавање, секој претставник си раскажа за својот локален комитет, си објаснивме што е тековно и што допрва треба да се случи, па така и јас си го пофалив својот локален комитет.

Втората тема која што ја елабориравме беше секундарни активности во ИАЕСТЕ како ИАЕСТЕ Онлајн Саем, кој и како учествувал, критики и пофалби за самиот настан укажани од и кон организаторите кои беа присутни, како и најава за следниот саем кој ќе се одржи на пролет 2014-та година. Потоа се започна со дебата околу ваквите активности на ИАЕСТЕ во Централно Европскиот Регион и дали треба да постојат одговорни кои што ќе ги координираат овие активности на меѓународно ниво и после долга и напорна расправија, Teresa Torzicky и Martin Valko се здобија со позициите на координатори. Следни две теми на разговор беа промени во статутот и интравеб. Потоа имавме кратка прошетка низ градот која нè одведе до свечена вечера во музејот за рударство во Клагенфурт. Утрината имавме работилница поврзана со виртуелниот свет на ИАЕСТЕ. Почнавме со многу ентузијазам, со клипот од песната “Stonehenge”- Ylvis. Исто така вредно е да се напомене дека во оваа работилница јас бев научен како да работам во ИАЕСТЕ Вики. Работилницата беше составена од 2 дела: претпадневен и попладневен. Во попладневниот ние бевме на прошетка кон езерото. На прошетката зачнавме многу теми (како некомпетентноста при изборите кои треба Outgoing responsible да ги донесе во COBE системот, дали треба да се нарача нова веб страна или да се објави конкурс за дизајн на истата). Следуваше интернационалната вечер на која имаше од австралискиот џигер од кенгур до чешкиот абсент која ми е помалку матна...ама супер беше во секој случај. Утрината се разбудивме (мамурни, посрамени, загрижени) преплавени од миризбата која доаѓаше од ресторанот. Таму не очекуваше прекрасен појадок на кој што му следуваше игри и Case Study организирани во тимови. Подоцна, добрите домаќини членовите на националниот Комитет на Австрија се обидоа да ни ја раскажат приказната за градчето низ кратка прошетка. Настанот беше одличен, повторно се сретнав со многу пријатели и запознав нови, научив многу и се потсетив на тоа „Зошто ИАЕСТЕ?“ „Затоа што ИАЕСТЕ е поглед кон светот, начин на живеење и размислување, а во самата суштина другарување!“ Мартин Ристески Делегат на CEC

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

41


ИСКУСТВА

ИСКУСТВА НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО СТРАНСТВО

Пракса, Патување, ЗАБАВА! Летото 2013 година го имав тоа задоволство да заминам на пракса во една од најпријателските земји од кои што не очекував ни приближно толку љубезност од што примив – Полска. Целиот мој 7-неделен престој во оваа земја можам да го сумирам само со еден збор: авантура! Иако сместена во прилично малото гратче Гливице во близина на Краков, тоа не ме спречи со штотуку створените нови пријатели да патуваме низ цела Полска и пошироко (на крај, немав ни време убаво да го запознаам Гливице). Со цимери од Тунис, Кина и Обединетите Арапски Емирати целото искуство беше уште позабавно што резултираше и во огромен број на анегдоти (од враќање од Берлин во 5 часот наутро, за на работа да се стигне во 8 истото утро, „трчање“ од еден до друг крај на Варшава за 20 минути, пливање во грч ладното Балтичко Море, журкање во дискотека поранешен бункер од 2ра Светска војна). Нешто што најмногу ми остави впечаток (освен тоа колку се забавни) е колку Полјаците како народ се фини и спремни веднаш да ти излезат во пресрет. Како пример можам прво да ја посочам фирмата во која што работев – Е.V.I. Electronics, дел од германската групација ELTEK каде работев на продукција, програмирање и тестирање на Printed Circuit Boards (PCB). Ја имав таа „среќа“ да девојката што работеше со мене знаеше англиски, за разлика од скоро сите други вработени. Сепак, тоа не ги спречи на секој начин да се обидуваат да комуницираат, да се дружат и да ми подаруваат дали појадок или најчесто сладолед , како и да се грижат како јас се снаоѓам. После ова искуство, можам да кажам дека Полска има една од најдобрите летни рецепции. Не знам кога на некој му се случило тројца членови од локалниот комитет да го придружуваат до местото на работа во случај да не се снајдеш, што е патем на 40 минути со автобус од местото каде што бев сместена. Повеќето од викендите тие ги плаќаа за нас па потоа им враќавме пари, па и во мојот случај ми најдоа и попуст за карта до Минхен. Заклучок – Полјаците се тотално awesome. Уште бонус поени `и давам на Полска и за одличниот транспорт систем, ни воз, метро, автобус и сл. не доцни воопшто и што е најдобро од сè, картите се прилично ефтини. Севкупно, насловот на овој текст го одбрав баш да ставам акцент на забавата, зошто навистина на неа и нема крај. Самото социјализирање и запознавање на културите на практикантите е непроценливо и се создаваат пријателства кои траат – веќе е и договорено дел од нив да дојдат во Скопје и да им ја покажам и нашата култура. И секако, ИАЕСТЕ е тоа што ми овозможи не само професионално да се надоградам туку и да ги запознаам сите тие неверојатни луѓе и затоа сум секогаш негов најголем поддржувач! Петра Бранковска

42

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ИСКУСТВА НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО СТРАНСТВО

ИСКУСТВА

Полн куфер спомени од Келн, Германија На 1ви јуни, 2013 година се најдов на аеродромот во Скопје со голем куфер, полн со очекувања за откривање нови дестинации, стекнување нови искуства, запознавање на нови пријатели и уште неколку килограми возбуда. Се двоумев дали можам да го поминам шалтерот за чекирање со толку голем куфер на возбуда, но имав место за уште неколку килограми. По слетувањето во Дортмунд и неколку возови, пристигнав на Главната железничка станица во Келн која се наоѓа во самиот центар на градот и по излегување од истата ме заслепи преубавата келнска катедрала направена во готски стил. Не можам да го опишам и доловам чувството на возбуда кое порасна во мене. Таму ме пречекаа пријателски насмеани лица од локалниот комитет на Келн и раскажувајќи ми за тоа колку најубаво ќе си поминам ме однесоа до местото каде што требаше да живеам два месеци. Студентски дом кој ни малку не наликуваше на нашите студентски домови. Веднаш се запознав со луѓе од најразлични краеви на светов со кои се дружевме преостанатите два месеци, споделувавме искуства, мислења и кулинарски способности. Инаку, студирам на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерски Инженерство, па во Германија, работев на Универзитетот за Применети науки на Келн, во одделот на Компјутерска Графика и Мултимедиа. Работев во тим со уште тројца програмери, еден од Индија и двајца од Германија на интерен 3Д проект за универзитетот. Ми се допадна работата, бидејќи беше интерактивна, цело време комунициравме меѓусебно и разменувавме искуства. Професорот, кој ни беше ментор, беше најдобриот професор на цел свет, отворен за нови идеи и секогаш спремен да нè ислуша и да ни помогне. Келн е четврти најголем град во Геманија, кој се наоѓа на двете страни од реката Рајна. Уште пред да аплицирам за оваа пракса, знаев дека Келн е мојот град и дека морам да го посетам. ИАЕСТЕ ми го овозможи тоа. Келн, луѓето што ги запознав таму и искуството коешто го стекнав, ми го украдоа срцето. Да заклучам, животот во Германија беше прекрасен. Се` беше супер организирано, супер брзи возови, супер поволни понуди за патувања за студенти и супер се` што може да ви падне на памет. Имавме организирани викенди и покрај повеќе градови во Германија како Франкфурт, Минхен, Бон, Дизелдорф, Леверкузен, Ахен, ги посетивме и Брисел во Белгија и Амстердам во Холандија. Имам уште многу и многу да раскажувам, но мислам дека нема соодветни зборови кои може да го доловат искуството коешто се стекнува преку ИАЕСТЕ пракса- искуство кое треба секој студент да го доживее и да се врати дома со преполн куфер спомени ко што се вратив и јас. Биљана Ристовска

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

43


ИСКУСТВА

ИСКУСТВА НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО СТРАНСТВО

Патешествие Волво, Шведска Шопинг, Рамстор... Интересни панталони, се мислам да побарам „бројче ко за мене“ да ги пробам... Звук на „нотификација“ и гласот на Ирина, „Ах, меил со пракси стаса“... Игнорирам и продолжувам да ги гледам панталоните, а во позадина набројување: „Холандија, Австрија, Шведска...“ МОЛАМ!? Шведска!? Каде!? Волво.... Ја разгледав праксата директно од мобилен. Дали е можно животната желба да одам на пракса во Шведска конечно да ми се исполни!? После повеќе од 4 години чекање!? Се јавив за да прашаат дали е слободна праксата и додека успеав да стигнам дома веќе ми побараа документи за да пратат апликација. Документите ми беа спремни - ги пратив истиот ден. После една недела, седам заедно со уште 10тина други членови во канцеларијата на ИАЕСТЕ. Ми ѕвони телефонот, а на другата страна Дуле, од кој очекував прашање од типот „Што ќе праиме вечер?“ а добив: „Кој ти е референтниот број на праксата?“ - „Убиј ме ако знам Душко!“ - „Чекај, јас ќе проверам! .... (неколку секунди пауза) Е па ај на здравје!“ - „Што бе на здравје!?“ - „Примен си!“ - „ОДАМ ВО ШВЕДСКА!“ Неколку месеци подоцна, јас - во Шведска! Не можам да поверувам каде сум. Добив студентско сместување - стан само за мене. Цените малку солени за мојот плиток балкански џеб. Времето малку ладно, со оглед на тоа дека отидов од 30те степени во Скопје на 10 во Гетеборг. И после сите перипетии што се случија, некако успеав првиот ден да стигнам на работа. Се запознав со Јоаким Ларсон, менторот кој ќе ме води низ праксата. Пушам цигара пред зградата каде се наоѓа одделот во кој ќе бидам „вработен“ наредните 12 недели, разговарајќи низ смеа со мојот нов ментор. Уште не можам да поверувам каде сум и што се случува во мојот живот! Влеговме внатре, првата работа што ми беше покажана беше кујната каде можев да си земам кафе... Во земјата која е втора во светот по консумација на кафе, очигледно тој факт е многу битен. Второто нешто што ми беше покажано беше канцеларијата од отворен вид каде сите си ја гледаа работата, но со насмевка ме поздравуваа кога бев претставен. Третата работа што ми беше покажана беше воздушниот тунел каде се вршат тестирања на аеродинамиката, со мотор со моќност од 5MW... Ладна пот... Каде сум? Што барам тука? Што ќе правам? Како јас ќе им помогнам на овие луѓе во работата? Јас со моето знаење треба да се споредам со инженерите кои работат на Волво возила со години? Јас „машински инженер“? ЈАС!? И полека сето тоа избледе. Во еден момент не се чувствував како „аутсајдер“. Одеднаш се најдов себеси како секојдневно станувам во 5, се туширам, јадам и „одам на работа“ со леснотија. На пауза се смеевме со колегите, ме бараа за помош, останував дополнително на работа за да им помогнам, а они ме враќаа со нивните приватни возила до дома како благодарност за мојата помош. Имав слобода да шетам низ фабриката, да гледам работи кои никогаш не би имал можност да ги гледам - тестирање на најновите модели на Волво, да бидам сведок на производство на предпродукциска серија на џипот кој во тоа време мал број на луѓе воопшто имаа видено како изгледа, бев на стручна експедиција составена од 8 вработени (еден од нив и јас) каде тестиравме 5 возила во реални услови на терен низ цела Шведска... Времето веќе не ми беше ладно, цените не ми беа скапи, а Волво беше компанијата во која работев и воопшто не ми беше страшна. Се вклопив... Другарите ме прашуваат дали пак ќе аплицирам на пракса и оваа година? Каде бе луѓе? Што може да биде подобро од ова!? Не! Го добив тоа што го сакав! Прекрасно работно искуство кое ќе го памтам до крајот на животот. Мирко Даневски

44

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013


ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ Номиниран Студент Josip Kenjeric Anita Wawrzak Eva Wiesemann Sahin Celik Theresa Alford Shiling Wang Flynn Richards Astrid Mair Sanja Risticevic Anna Vallejo Maciej Modzelewski Zuzanna Szczepanek Maria Hornik Merve Sevim Dorien Glaublomme Nevena Risticevic Zoran Pejic Jordi Gonzales Ana Milosh Neus Maronas Elzbieta Mamrowicz Peter Koncal Dinko Lubina Martin Banik Juan Lopez de Vergara Una Arnautovic David Pal Marcel Kraus Richard Varro Honorata Kolek Pawel Godzien Yuki Osada Bradley McLaughlin Alejandro Plaza Ivan Krizanovic Maxymilian Bawor Katarzyna Czubatka Gabriela Semren

Земја Хрватска Полска Шведска Турција САД Швајцарија Австралија Австрија Србија Шпанија Полска Полска Полска Турција Белгија Србија Босна и Херцеговина Шпанија Босна и Херцеговина Шпанија Полска Словачка Хрватска Словачка Шпанија Босна и Херцеговина Унгарија Полска Унгарија Полска Полска Јапонија Велика Британија Шпанија Хрватска Полска Полска Хрватска

СТАТИСТИКА Компанија Аплифу Геохидроинженеринг Дијагностика Фармахем ФИНКИ Брако ДОО Раде Кончар ТЕП Градежен институт Македонија АД Кнауф ДООЕЛ Интервеј ДООЕЛ Јасива Нетцетера Тетрактис Тетрактис ЈП Македонски Шуми - Скопје ЈП Македонски Шуми - Битола Сискон Технолошко-Технички Факултет Велес

Машински факултет - Скопје Машински факултет - Скопје Кубус Водостопанство Тиквеш Водостопанство Тиквеш Цементарница Усје Општина Карпош Општина Карпош Фармацевтски факултет Фармацевтски факултет Бетон Балкан Консалтинг АД ЕЛЕМ (РЕК Битола) КЈП Нискоградба Микросам АД Прилеп ЈП Водовод Општина Штип Универзитет Св. Апостол Павле Универзитет Св. Апостол Павле Универзитет Св. Апостол Павле Универзитет Св. Апостол Павле

Избран период 15.07-31.08.2013 15.07-06.09.2013 08.07-05.08.2013 15.08-26.09.2013 08.07-16.08.2013 10.06-02.08.2013 29.07-07.10.2013 04.07-04.09.2013 17.06-04.08.2013 01.07-12.08.2013 08.07-01.09.2013 08.07-18.08.2013 08.07-18.08.2013 15.07-16.08.2013 03.07-13.08.2013 01.07-11.08.2013 07.10-15.11.2013 01.07-09.08.2013 01.07-09.08.2013 01.07-09.08.2013 24.06-30.08.2013 N/А 20.05-31.06.2013 01.07-23.08.2013 01.07-23.08.2013 06.05-22.06.2013 03.06-16.07.2013 29.07-22.09.2013 17.07-11.08.2013 N/A 08.07-18.08.2013 N/A 15.07-30.08.2013 N/A N/A N/A N/A N/A

ИАЕСТЕ Македонија Годишен извештај 2013

45


СТАТИСТИКА Студент Дамир Емин Даниела Јамандиловска Тамара Марковска Бојана Ѓуроска Марија Каранфиловска Теа Колевска Марјан Стојчев

46

ПРАТЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ Избран период 01.07 - 30.09.2013 24.06 - 08.08.2013 15.09 - 15.11.2013 07.10 - 30.11.2013 24.06 - 15.09.2013

Земја Австрија Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Белгија Швајцарија Германија

Компанија s IT Solutions AT Spardat GmbH H - solutions d.o.o COMP -2000 d.o.o International University of Sarajevo Esko ZHAW, InIT Hochschule Harz Fachbereich AI

Ирена Дуковска

Германија

TU Dresden Lehrstuhl Elektrische Maschinen und Antriebe

01.07 - 23.08.2013

Биљана Ристовска

Германија

FH Köln Institut of Media and Imaging Technology

01.06 - 31.07.2013

Зоран Мирчевски

Германија

TU Dortmund Lehrstuhl für Kommunikationsnetze

01.06 - 31.07.2013

Велина Русјакова

Германија

Fernuniversität Hagen Fakultät für Mathematik und Informatik

01.07 - 30.08.2013

Мартина Стојановска Александра Чинговска Магдалена Новкова Маја Арсовска Матеј Петров Анжелика Иванова Мартина Јаневска Биљана Петровска Ива Колевска Александар Стојановски Јасмина Пислевиќ Мартина Ристеска Дејан Коцев Марија Велковска Елена Ангелова Петра Бранковска Сашо Лазески Мирко Даневски Ангела Ѓурчевска Весна Велкоска Симона Стојановска

Германија Шпанија Шпанија Хрватска Хрватска Хрватска Хрватска Индија Малта Австралија Хрватска Полска Полска Полска Полска Полска Полска Шведска Словачка Турција Турција

KISTERS AG Universitat de Lleida Ice Cream Factory Comaker S.A.

01.06 - 31.12.2013 01.07 - 09.08. 2013 01.06 - 31.08.2013 16.06 - 31.08.2013 20.06 - 02.08.2013 01.09 - 06.10.2013 08.07 - 19.08.2013 01.07 - 01.10.2013 29.07 - 25.09.2013

Иван Василевски Ѓорге Костов Кристијан Урдаровски Катерина Николовска Наташа Танушевска Виктор Ангеловски Душко Станоески Стојан Матески

ИАЕСТЕ Македонија

Годишен извештај 2013

Faculty of Electrical Engineering, Osijek Faculty of Electrical Engineering, Osijek Faculty of Electrical Engineering, Osijek

Nimium d.o.o. Information and Communication Technology

Works and Services Department MRRA

21.10.2013 - 11.05.2014

01.09 - 31.10.2013

Revium Pty, Ltd "Faculty of MechanicalEngineering" ABB Sp. z o.o. IF Research Polska Sp. z o.o. Employer: Aidem Media Sp. z o.o. SKANSKA S.A. E.V.I. Electronics Sp. z o.o. Conbelts Bytom S.A. Volvo Car Corporation TUKE Faculty of Arts Ege Universitesi Ziraat Fakultesi Ares Teknoloji San. Ve Tic. Ltd. Sti.

23.09.2013 - 10.01.2014

Полска

Rzeszow University of Technology, Department of Computer and Control Engineering

22.07 - 01.09.2013

Турција Турција Турција Турција Велика Британија Велика Британија Австрија

ARNECA TECHNOLOGIES Digital Planet Bilişim Hizmetleri Tora Petrol Teknolojik Makinalar Sanayi ve Ticaret Edinburgh University Napier University Infineon Technologies Austria AG

01.07 - 25.08.2013 01.07 - 23.08.2013 22.07 - 31.08.2013 17.06 - 17.09.2013 15.07 - 06.09.2013 07.07 - 30.08.2013 01.08 - 31.07.2014

01.11 - 31.12.2013 01.07 - 20.09.2013 15.07 - 15.09.2013 07.07 - 30.08.2013 01.07 - 25.08.2013 01.07 - 12.08.2013 12.08 - 31.10.2013 30.09 - 20.12.2013 01.07 - 25.08.2013 01.08 - 13.09.2013 01.07 - 01.09.2013




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.