IAESTE Macedonia Annual Report 2012

Page 1


кампања за обезбедување пракси

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ

семинар за тренинг и мотивација

летна рецепција

бисер галички

национално собрание


ЗА ИАЕСТЕ

Одбор предговор компаниите за практикантите во македонија практикантите за престојот во македонија што е иаесте кратка историја често поставувани прашања од работодавачите

ИЗВЕШТАИ

извештај за финансии извештај за странските практиканти во македонија извештај за Македонските практиканти во странство кампања за обезбедување пракси IT извештај извештај за годишната конференција ИАЕСТЕ ден и роденден Извештај за маркетинг кампања за нови членови Локален комитет штип локален комитет ОХРИД локален комитет битола Локален Комитет Скопје дизајн

НАСТАНИ

централно европска конвенција национално собрание семинар за тренинг и мотивација летна рецепција Strategic iaeste development join us to motivate people

4 5 6 7 8 9 10

12 14 15 16 18 19 20 22 24 25 26 27 28 30

32 33 34 35 36 37

ИСКУСТВА 38 СТАТИСТИКА

Примени студенти и работодавачи пратени студенти и работодавачи

42 43


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

национален одбор на иаесте македонија и локален комитет скопје

Национален секретар:

Филип Хрисафов

filip.hrisafov@iaeste.org Претседател на ЛК Скопје:

Мирко Даневски

mirko.danevski@iaeste.org Одговорен за финансии (потпретседател):

Јасмина Пислевиќ

jasmina.pislevikj@iaeste.org Одговорен за странските студенти во Македонија:

Симона Туџарова

simona.tudjarova@iaeste.org Одговорен за македонските студенти:

Никица Пандилов

nikica.pandilov@iaeste.org Одговорен за маркетинг:

Теа Колевска

tea.kolevska@iaeste.org

Локален комитет Битола

Претседател на ЛК Битола:

Марија Каранфиловска

marija.karanfilovska@iaeste.org Одговорен за маркетинг:

Марија Каранфиловска

marija.karanfilovska@iaeste.org Одговорен за странските студенти во Македонија:

Живорад Трајановски

zivorad.trajanovski@iaeste.org

Локален комитет штип

Претседател на ЛК Штип:

Живка Јанева

zivka.janeva@iaeste.org

Локален комитет Охрид

Координатор:

Харун Бајрам

harun.bajram@iaeste.org

Издавач: ИАЕСТЕ Македонија Уредници: Невенка Трајковска и Магдалена Новкова Лектор: Кристијан Урдаровски Дизајн на насловна страна: Марија Пападимитриу и Драган Крстевски Техничка обработка: Душко Станоески и Александар Богатинов

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии Карпош 2 бб, 1000 Скопје, Македонија Жиро сметка: 300 060 0000 650 23 Депонент: Комерцијална Банка АД Скопје тел/факс: +389 2 30 65 069 е-пошта: macedonia@iaeste.org веб страна: www.iaeste.org.mk


ЗА ИАЕСТЕ 05

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ПРЕДГОВОР Во денешното современо општество во кое стремежот за нови достигнувања во сите области, развојот на технологијата и желбата за знаење се сè поголеми, доаѓа до израз потребата од млади, искусни и мотивирани истражувачи и инженери - идни двигатели на светот. Поради тоа, неопходно е што подобро и поквалитетно стручно надградување во рамките на универзитетското оформување на секој студент. Токму тоа можете да го добиете преку ИАЕСТЕ, на различни начини, преку стручна пракса во странство, стекнување контакти со професори и колеги од странски компании и универзитети, стекнување вистински пријатели, возбудливи патувања низ целиот свет, запознавање на нови култури и традиции. Ова е нешто што го прави ИАЕСТЕ уникатно, единствено, неповторливо. ИАЕСТЕ е почетна скала во професионалното усовршување на секој студент. ИАЕСТЕ Македонија веќе 20 години го дава својот придонес во оваа област и успешно ја спроведува својата разменска програма. Тоа е така најмногу поради големиот ентузијазам кој го имаат нашите членови и нашата волонтерска работа, но исто така и на компаниите и институциите кои секоја година не подржуваат и ни помагаат на секаков можен начин. Оваа година ќе остане запаметена во ИАЕСТЕ Македонија по неколку работи, најпрво по втор пат во нашето 20 годишно постоење имаме член во интернационалниот борд на ИАЕСТЕ, покрај тоа можеме да се пофалиме со голем прилив на нови членови благодарение на одличната Кампања за нови членови и секако семинарот за тренинг и мотивација кој се одржа во планинарскиот дом „Копанки“ во Битола. Оваа година беше организиран и првиот семинар за развој на локални комитети во Битола. Напорната работа во развојот на локалните комитети во Македонија доведе до тоа за прв пат во нашата историја да имаме пракси од сите 4 локални комитети, Скопје, Битола, Штип и Охрид. Пред Вас е годишниот извештај за 2012 година, кој ќе Ви ја долови сериозната работата и значителниот напредок на нашата организација како медијатор на високото образование и стопанството, како и на Македонија со остатоткот од Светот. На сите работодавачи, спонзори, членови и други ИАЕСТЕ пријатели ви благодариме од сè срце! Се надеваме дека овој извештај ќе Ве поттикне да ја започнете или уште повеќе да ја продлабочите Вашата соработка и истовремено ќе Ви ја зацврсти довербата во нас. Филип Хрисафов

Национален секретар

Пред Вас е годишниот извештај за 2012 година, кој ќе Ви ја долови сериозната работата и значителниот напредок на нашата организација како медијатор на високото образование и стопанството, како и на Македонија со остатоткот од Светот


06 ЗА ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

КОМПАНИИТЕ ЗА ПРАКТИКАНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Телесмарт Телеком е компанија која е специјализирана за продажба на големо на телекомуникациски услуги на Телеком, интернет провајдери, кабелски и VoIP оператори и бизнис корисници. Нуди напредни и безбедни телекомуникациски услуги и IT решенија со акцентирано висок квалитет, флексибилност, неограничен капацитет и одлична цена. ИАЕСТЕ има цел да им обезбеди на студентите техничко искуство кое е од голема важност за нив, а исто така и да им понуди на работодавачите добро квалификувани и мотивирани практиканти. Ние сме подготвени за соработка и помагање за ИАЕСТЕ да ги достигне своите цели. Неодамна имавме студент од Германија, Alexander Gerbershagen кој беше ангажиран во сите области на телекомуникациските услуги кои ги нуди оваа компанија . Ова подразбира конфигурирање на VoIP сервери на Linyx платформа, конфигурирање на рутери и свичеви за нашата мрежа и SDH/DWDM знаење. Студентот беше вклучен во IT, SDH/DWDM и серверскиот оддел. Благојче Димески Извршен директор

Студентот Agnieszka Bystra од Полска со меѓународна размена на студенти беше одредена во ЈКП „ Водовод“-Битола да ја обавува практичната настава. За таа цел од 04.07- 26.08. 2011 год. континуирано доаѓаше во лабораторија при ЈКП „Водовод“ и интерактивно учествуваше во целокупната работа на истата. Беше запознаена со водоснабдувањето на град Битола и околината од селските населби , технолошкиот процес на преработка на водата за пиење, начинот на земањето на примероци на вода од дистрибутивната мрежа, теренско определување на резидуалниот Cl2 , како и начинот и методите на изработка на хемиските и микробиолошките анализи според Правилникот за безбедност на водата за пиење. Студентката многу амбициозно пристапи кон целокупната пракса , нејзините вештини и нејзиното спознавање на проблематиката покажаа дека Agnieszka Bystra е многу надарен студент и покажува голем интерес за работата и стекна сознание што многу ќе и помогне во понатамошното стручно усовршување во компаниите каде што ќе биде вработена.


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ЗА ИАЕСТЕ 07 Практикантите за престојот во македонија

The most rewarding aspect of working in a different country is immersing oneself in the culture of the country. This could not have been truer than my experience in Macedonia. Macedonia has one of the most organised IAESTE committees in any country and the students who run it are always around to help you with any questions, point you to the nicest restaurants and know all the best watering holes. Being able to spend time with locals enriches the experience as one gets to learn the language, history, customs and culture as well as experience the local food and that is what made the time I had in Macedonia priceless. Moreover, living in a dormitory with more than 20 other interns from ten different countries was an experience of a lifetime. Having regular contact with people of so many different races and cultures made the stay more enjoyable and I was able to forge what I hope to be long lasting friendships. You can travel through many countries on a holiday but the experience of living and working in a country is an opportunity of a lifetime. The people you meet, the places you see and the activities that you do enrich your life in ways that become clear later. Undertaking this position through IAESTE was a life changing experience for me and something which I would do again given the opportunity. I hope it will be the same for you. by Mo Jam Hey, apparently its one of the last time i log on here in Pelagonia. We’re almost packed and leaving in few hours... I’ll write my speech later, but for now I would really love to thank you for everything! I’m sure i’ll come back one day to visit you people, its been great 7 weeks here and u should be really proud of yourself as a comitee as you are really one hell of a great IAESTE people!! :D by Daniel Polak

So I’ve finally returned to England!! Hard to believe really!!! Trainees - Id like to consider myself the luckiest one of us all as i have met ALL of you and have had the privilege to spend a decent amount of time living with you all and getting to know you! You are all great people and if you ever visit England, don’t hesitate to get in touch and you can have free accommodation at my place :D I wish you all the best with the rest of your studies and I hope to meet you all again some day! Till then, stay safe and don’t party too hard! ;) ИАЕСТЕ МАКЕДОНИА - го имав најдоброто лето тука ! имам многу добри сеќавања. направивте да ми е како втор дом. тажно е што мораше да заврши, но ќе се вратам ( скоро се надевам ), сите вие сте супер и ви посакувам се најдобро за во иднина. IAEСТЕ 2012, засекогаш во моето срце. SEE YOU ALL SOON!!!!!!!!! :D :D xxxxxxxxxxxxxxx by Jonathan Webster Hey folks! I arrived home safely and successfully after 32 hours (the number that makes every IT guy happy) and I’m sitting now in front of the computer covered with the Macedonian flag - and don’t know why. I guess I can just summarize what’s been written here many times in many variations and with what I totally agree: You all guys participated in creating one of the best times of my life (no kidding here), made my life more colorful and I can assure you that these new cool colors will be never forgotten. Fala mnogu (aka fala mucho) and don’t hesitate to inform me after you stop by in my country. :) by Jan Koren


08 ЗА ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

што е иаесте ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која е основана во 1948 гoдина по иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на UN, како UNESCO, UNIDO, FAO, ILO итн. Меѓународната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е здружение на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален Комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја. Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на организацијата. Секоја година Годишната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавачи подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале работно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од компанијата или институцијата понудувач се очекува да обезбеди спонзорство за покривање на трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет. Преку универзитетите и институциите за стручно усовршување членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавачите наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование.

Цели

Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин

ИАесте Македонија

ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 300 члена. Раководена е од Националниот Одбор на чело со Национален Секретар чија задача е да ги координира Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на меѓународно ниво. На чело на секој Локален Комитет стои Локален Одбор избран од страна на полноправните членови на соодветниот Локален Комитет, составен од пет члена: Претседател на Локалниот Комитет, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странските студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот. Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и транспарентно. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно.

Мисија

Обезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентите Промовирање на меѓународното разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.


ЗА ИАЕСТЕ 09

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

КРАТКА ИСТОРИЈА Почетоци 1992-1995

Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. како локален комитет на ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествува како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

ЛК Битола 1996

На иницијатива на Универзитетот во Битола формиран е нов Локален Комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

Семинари 1997

За прв пат е организиран „Семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови“, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година.

JUMP 1998

Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот.

Презентација 1999

Во ноември во хотел Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и пријатели.

Година на успех 2000

ИАЕСТЕ Македонија достигна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

Континуитет 2001

За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат малиот број практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

Враќање 2002

Во 10-тата година од своето независно постоење: 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествените проблеми со кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, стабилност и сериозен пристап на вистински начин: доделена е организацијата на семинарот SID, организирани се успешно 2 TWIN семинари со Австрија и Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

SID 2003

Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SID- Seminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите.

Импресии 2004

За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од 150 работодавачи и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа, организиран е и TWIN семинар со Норвешка.

Нови ветришта 2005

Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ.

Година на дружба 2006

Одлични „Семинари за тренинг и мотивација“ на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција - ЕКС, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа.

Бурна 2007

Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕКС”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за тренинг и мотивација, TWIN и голема 55 и 15 годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери.

Промени 2008

Најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на првото официјално Национално Собрание. Успешно спроведени Кампања за нови членови, TWIN со Полска, CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за присуство на SID во Норвешка, и многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - МФС, за ГК 2009 во Полска, кои овозможија дури петчлена делегација на овој настан.

ЛК Штип и Охрид 2009

Вклучување на ЛК на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и на новиот Универзитетот за Информациони Науки и Технологии-Охрид. Пораст на ЛК Битола. Новини во маркетинг со видео клипови и фантастична кампања за обезбедување на пракси во која, и покрај економската криз, беа обезбедени 75 пракси! Огромна благодарност до работодавачите за нивната соработка! TWIN на ЛК Скопје и ЛК Битола со ЛК Милано.

Нови рекорди 2010

Рекорден број на полноправни членови - 58, број на примени практиканти - 48 и број на испратени македонски студенти на пракса - 61. Ја добивме честа за прв пат да ја организираме Генералната Конференција во 2012 година. Подготовките се во полн ек, очекуваме голема поддршка од нашите соработници, а ние ќе се погрижиме најпрофесионално да одговориме на најголемата задача досега за ИАЕСТЕ Македонија.

подготовки за гк 2012 - 2011

Оваа година собравме рекорден број на пракси во историјата на ИАЕСТЕ, вкупно 78 пракси, со цел дека успешно в ги размениме на Генералната Конференција, на која ние сме домаќини. Имавме 57 примени практиканти, а бројот на наши студенти кои заминаа во странство достигна 51.


10 ЗА ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ Каква организација сте и со што се занимавате? ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса.

Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство? Платена стручна пракса е повеќемесечна работа во некоја компанија или институција која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии. За извршената пракса добива соодветен надоместок за покривање на трошоците за време на неговиот престој.

Колкав треба да биде надоместокот што треба да го добива студентот? Основно начело на ИАЕСТЕ е дека „платата“ што треба да ја добие студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималниот паричен надомест за извршената работа би била 13000 денари за секои 4 седмици. Освен надоместокот, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата.

Дали соработувам со сериозна организација? За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното 62 годишно постоење извршени се околу 400.000 пракси во над 100.000 компании и институции во кое што учествувале над 80 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и работното искуство на овие студенти со непроценлива вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа, значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните компании и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход.

Што добиваме со давање пракса на некој странски студент? Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инженерската кариера е една од основните особини на компаниите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба

да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се на принцип на реципроцитет, што значи дека со секоја пракса што ја обезбедувате за некој странски студент, овозможувате еден македонски студент да престојува неколку месеци на работа во некоја странска компанија. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата компанија може да остварите соработка со некои странски компании и универзитети од земјата од која што тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаење со кое би ја унапредиле работата во Вашата компанија. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја. Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа компанија која мисли на младите генерации и им помага на идните инженери и ќе најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: MICROSOFT, INTEL, BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе меѓународен дух во работата на компанијата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот, странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Кој е периодот на извршување на праксата? Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот: од 1-ви јуни до 30-ти септември со цел да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот период. Компанијата, во зависност од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината.

Колкава е должината на праксата? Должината на праксата ја одредува компанијата или институцијата работодавач во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на праксите е 6 седмици. Оваа бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието, минималното времетраење е 6 седмици. Исто така, доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример Бразил, Кина, Мексико, не би било оправдано


ЗА ИАЕСТЕ 11

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.

Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма? Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ Македонија и на некој друг странски јазик.

Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма? Да, Ваше право е да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги поседува студентот. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот.

Дали имаме други обврски кон практикантот? Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ Македонија. На пример: пречекот и испраќањето, сместувањето, носењето до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ Македонија го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаи. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здравствено осигурување, сепак во случај на евентуални здравствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија.

Што треба да содржи описот на праксата? Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во

компанијата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во Ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе биде номиниран за таа пракса ќе има предвид за каква пракса сака да се номинира и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење). Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во компанијата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата.

Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на многу високо стручно ниво. Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот.

Ние работиме многу и работиме сериозно, а работата е доста одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата? Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ - Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите компании им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кое го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работа.


12 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ

И оваа година најважниот настан – Годишната конференција имаше главна улога во секој дел од работата на ИАЕСТЕ, но најмногу помогна за покачување на нашиот буџет. Активното изработување на проекти и контактирање на спонзори при организирање на конференцијата, донесе средства кои дозволија подобрување на условите во канцеларијата, како и поголема мотивација на членството. Позитивното искуство траеше цела 2012 година, а како што почна 2013 година, сеуште се чувствува еуфоријата и желбата за работа на членството, се со цел развојо и промоцијата на ИАЕСТЕ. Воедно овие средства го опфаќаат и најголемиот дел од буџетот во 2012 година, со што уште еднаш се потврдува дека преку организирање на настан од повисок ранг има големо значење како за буџетот, така и за мотивација и привлекување на членови кои активно вложуваат во ИАЕСТЕ. На второ место се, како и секоја година, финансиските средства од праксите, кои години наназад го одржуваат функционирањето на ИАЕСТЕ. Благодарение на успешната кампања за собирање пракси, која во 2012 година се приближи до максимумот кој ИАЕСТЕ го има достигнато, а воедно беше и на второ место на глобално ИАЕСТЕ со најмногу разменети пракси по глава на жител, беше придонесено и повеќе студенти кои не се членови на ИАЕСТЕ да искусат ИАЕСТЕ пракса. Сите кои заминаа на пракса со минимално учество придонесоа да и оваа година се учествува на Годишната конференција во Белфаст и да се донесат нови пракси.

Покрај горенаведените ставки, ни оваа година не заостанаа финансиските спонзорства од нашите почитувани работодавачи, меѓу кои имаше и долгогодишни соработници, како и нови фирми кои со задоволство го помогнаа ИАЕСТЕ за подобро функционирање. Во нив спаѓаат: Инвестградба – Кочани; Аплифу; Студио 2000; Ајсиукс Таурус; Нетцетера; Геохидроинженеринг; Дасто; Завар; Неимар Инженеринг; ГеоКарта – Кочани; Еконет; Ассеко СЕЕ. Благодарни и задоволни од нивната соработка, се надеваме на успешна понатамошна работа. Со помал дел, буџетот го пополнија и заработката од продажба на маици, годишните членарини од стари и нови членови, како и заштедата од летната рецепција. Сите овие средства покрај тоа што го помогнаа развојот на ИАЕСТЕ, беа вложени и за неминовните годишни, повторувачки трошоци. Од овогодинешниот буџет беа издвоени средства за покривање на трошоците за потребите за организирање на Годишната конференција, мотивациски викенд за волонтерите на Годишната конференција, развој на локални комитети, телефонски сметки, сметководствени услуги, семинар за тернинг и мотивација, маркетинг, интернационална вечер, обезбедување инадргадување на канцеларијата, плаќање на годишно учество на меѓународно ИАЕСТЕ, учество на конференции и останати пропратни трошоци. За голема среќа и задоволство, полн буџет и предавам на новоизбраната одговорна за финансии, Биљана Ристовска, како и на целиот нов борд и им посакувам уште поуспешна работа во 2013 година. Јасмина Пислевиќ Одговорен за финансии


ИЗВЕШТАИ 13

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ

Сл.1 Приходи во 2012 година по категории

Сл. 2 Расходи во 2012 година по категории


14 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАНСКИТЕ ПРАКТИКАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА Секоја година, со секоја нова генерација се стремиме кон подобар развој на нашата организација. Овој пат, постигнавме одлични резултати, со што ја запишавме најуспешната година досега, а со тоа уште еднаш се потврди дека секогаш можеме подобро. Годишната конференција во 2012 година се одржа во нашиот главен град, што ни претставуваше дополнителна мотивација. Разменивме вкупно 78 пракси со 28 земји. На одржаниот внатрешен конкурс, на кој имаат право да изберат пракса само членовите на ИАЕСТЕ Македонија беа избрани 53 пракси, а останатите 25 беа објавени на надворешен конкурс, на кој имаат право да конкурираат сите студенти од техничките факултети од државните универзитети во Македонија. Летната рецепција, како впрочем и секоја година, траеше речиси седум месеци, со доаѓањето на првиот практикант кон крајот на мај, па сè до средината на декември кога замина и последниот практикант од Јапонија. Ново и позитивно искуство оваа година беше успешно разменетата и извршената пракса во Кочани од страна на практикантка од Велика Британија.

Должноста на ИАЕСТЕ Македонија кон практикантите што пристигнуваат во текот на летото и овој пат успешно се реализира. Членовите на сите локални комитети во Македонија се погрижија за пречекот на практикантите, за нивното сместување, за носењето на работа на нивниот прв работен ден, како и за дружењето во слободното време. Практикантите во локалниот комитет Скопје, во текот на јуни, јули, август и септември беа сместени во студентскиот дом „Пелагонија“, а потоа во приватно сместување организирано повторно од локалниот комитет Скопје. Од 78-те пракси кои се разменија, во Македонија пристигнаа 45 практиканти. Вкупно пристигнаа 62 номинации, 7 практиканти се откажаа и покрај тоа што беа примени, а останатите беа одбиени. На крај, 16 пракси останаа неискористени, односно без номинација од странски студент. Како одговорна за странските студенти во година кога го запишавме сопствениот нов рекорд, би сакала да ја изразам својата благодарност до сите членови на ИАЕСТЕ Македонија, како и до сите наши соработници и работодавачи, со надеж за долготрајна соработка и успешен развој на оваа студентска организација. Симона Туџарова

Одговорен за странските студенти


ИЗВЕШТАИ 15

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

Извештај за македонските студенти во странство Покрај дружењето, патувањата и стекнувањето на презентациски вештини, студентите се вклучуваат во ИАЕСТЕ Македонија поради нејзината главна цел - размената на студенти за стекнување на стручна пракса во странство преку кои ИАЕСТЕ учествува во градењето на неформалното образование во животот на студентите. Секој член на ИАЕСТЕ во текот на годината вложува труд за да се соберат што е можно повеќе пракси за странските студенти во Македонија, со цел да се обезбеди простор повеќе македонски студенти да отпатуваат на стручна надградба во странство. Откако праксите ќе бидат разменети, започнува периодот на избирање на соодветни пракси за секој член, а потоа и за сите студенти на техничките факултети опфатени во статутот на ИАЕСТЕ Македонија. Студентите поминуваат низ обуки за составување на кратка биографија, мотивациони писма, како и другата документација потребна за аплицирање на посакуваната пракса, а одборот и постарите членови се секогаш достапни за да помогнат во процесот. Верувам дека секој член подеднакво се радува за сите негови другари и колеги кои ќе ја добијат долгоочекуваната вест дека се примени на позицијата за која аплицирале. Најважната работа на одговорниот за испраќање на македонските студенти, секако, најодговорната е да се погрижи документите на секој наш студент да бидат уредно составени, да ги потсетува студентите постојано што и кога треба да предадат за документите да бидат предадени во соодветната земја најдоцна до 31-ви март во тековната година. Потоа, одговорниот мора да се погрижи дека националниот комитет каде што аплицира студентот

го добие одговорот од компанијата или институцијата што е можно побрзо, како поради нетрпеливоста на студентот, така и за обезбедување на услови за порано да се купи карта за патување и виза доколку таа е потребна. Во 2012 година на Годишната конференција во Македонија беа разменети вкупно 76 пракси. На внатрешниот конкурс на кој имаат право да бираат само членовите на ИАЕСТЕ беа распределни 54 пракси, додека пак останатите 22 беа понудени на надворешен конкурс на кој имаат право да конкурираат сите студенти од техничите факултети на државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и Охрид. Притоа беа вратени 6 пракси на земјите поради тоа што немаше заинтересираност од нашите студенти за одредени пракси. Дополнително, 5 од праксите беа откажани од страна на студентите поради доцен одговор или проблеми со визата, а 15 студенти за жал беа одбиени од страна на компаниите, најчесто како причина беше наведена глобалната економска криза. Сепак и покрај лошите вести за нашите студенти успеавме за одредени од нив да најдеме замена преку интерниот систем - Intraweb каде се објавуваат подоцнежни пракси, со што испративме вкупно 51 студент на стручна пракса во 25 земји во светот. Во табелата се дадени податоците колку студенти во која држава се отидени на пракса и од која насока, а на страна ??(ова треба да е некоја од последните) можете да ги погледнете и имињата на студентите, како и на компаниите и институциите во кои тие ја извршуваа нивната пракса. Филип Хрисафов

Национален секретар


16 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАКСИ Една од основните цели на ИАЕСТЕ Македонија како организација е да им овозможи на наши студенти од техничките факултети да заминат на пракса во странство и да доживеат една незаборавна авантура. За сето тоа да се оствари, од најголема важност е токму Кампањата за обезбедување на пракси - Job Raising. Оваа кампања бара посветена работа од страна на членовите, контактирање на огромен број на фирми и институции, со цел да се обезбедат платени стручни пракси во нашата држава. Колку е поголем бројот на овие пракси, толку поголем број на наши студенти ќе имаат можност да го збогатат своето искуство надвор од нашата земја. Фирмите и институциите кои ни обезбедиле пракси, ќе имаат можност да работат со квалификувани студенти од многу земји во светот, да се запознаат со нов начин на работа, а секако да запознаат и поинаква култура. Кампањата започнува во септември и трае се до Годишната конференција на ИАЕСТЕ која се одржува во средината на јануари, каде што сите собрани пракси во текот на кампањата се разменуваат со праксите од другите земји членки на ИАЕСТЕ. На почетокот, се организираат работни групи, на кои можат да присуствуваат сите заинтересирани членови, каде што се споделуваат сите информации потребни за продуктивно работење во кампањата. Потоа, членовите кои се пријавуваат да работат, ги контактираат сите потенцијални работодавци, ги информираат за работата на ИАЕСТЕ и кои се предностите за нив кога тие би одлучиле на соработка. Доколку е потребно, се закажува и состанок на кој се разговара за сите детали во врска со договорот како и за сите останати прашања кои го засегаат работодавецот.

Откако фирмата/институцијата ќе одлучи да одобри пракса, се потпишува договор помеѓу ИАЕСТЕ Македонија и работодавецот во кој се наведени информации за фирмата/институцијата како и потребните квалификации кои треба да ги задоволува практикантот кој би аплицирал за таа пракса. ИАЕСТЕ Македонија е секогаш тука, во текот на целиот престој на странските студенти, да им помага на работодавците за било каков проблем поврзан со праксата, да им го обезбеди сместувањето на практикантите и да го организира нивното слободното време. Цела работа, сите обврски и активности поврзани со кампањата ги остваруваат исклучиво членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Оваа година, во кампањата учествуваа голем број на членови. Притоа, работеа и новите и поискусните заедно, водени од истата цел, да обезбедат што повеќе пракси. Поискусните членови во секој момент им помагаа на новите членови во работата секогаш кога беше потребно. Како резултат на заедничката работа, беа исконтактирани повеќе од 300 компании и институции, а потпишани беа вкупно 69 пракси од четирите локални комитети во Македонија. ЛК Скопје успеа да потпише 51 пракса, ЛК Битола-6 пракси, ЛК Охрид-10 пракси и ЛК Штип-2 пракси. ИАЕСТЕ Македонија продолжи да соработува со 36 повеќегодишни соработници кои постојано нѐ поддржуваат и овозможуваат нашата желба за поинакво практично искуство надвор од нашите граници да се исполни. Оваа година поддршката ја добивме од уште 11 нови фирми што претставува едно огромно задоволство и мотив да работиме уште понапорно во годините што следат. Анжелика Иванова Ведрана Тозија

Координатори на кампањата


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 17 КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАКСИ

Ein Sof, MCA (Macedonian Computer Associates), Ultra Computing, Агенција за супервизија на осигурување, Ајсиукс Таурус, Апплифу, Ассеко СЕЕ, Беннинг ПСАМ, Бетон ГП АД – Скопје, Брако – Велес, ЈКП Водовод – Битола, ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Гејзер, ГеоКарта – Кочани, Геогидроинженеринг, Градежен Институт АД - Скопје, Дасто, Дијагностика Фармахем, Европа 92 – Кочани, ЕЛЕМ АД, Еконет, Завар Компани, ИЗИИС, Инвестградба ДГПИ – Кочани, Интервеј, Јасива, Кнауф, Лоу Тек Архитект, Македонски Шуми ЈП, Мак – сат, Машински Факултет - Скопје, Микс Нет – Битола, Микросам – Прилеп, Неимар Иннженеринг, НеоТел, Нетцетера, Општина Карпош, Општина Сопиште, Порше Македонија, РЕК Битола, Сектор Филм, Синапс Групација, Сискон, Студио 2000, ТГС Технички Гасови, Телесмарт Телеком, Тетрактис – Кристијан, Технички Факултет – Битола, Топлификација АД, Триангл, Фармацевтски Факултет, Факултет за Електротехника и Информатички Технологии, Фершпед АД, Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, Цементарница УСЈЕ, Шпаркасе Банка


18 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

IТ извештај

Непрекинатиот развој на информатичката технологија, како и зголемениот број на корисници на интернет услуги во последнава декада, овозможи зголемување на бројот на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците. ИАЕСТЕ Македонија како организација водена од млади и амбициозни студенти на технички факултети, постојано го следи трендот на модерната информатичка технологија и ги исползува придобивките. Со формирањето на посебен ИТ тим кој е задолжен за развој и одржување на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците, ИАЕСТЕ Македонија храбро чекори во иднината. Оваа година, како и минатата, продолживме со развој на делот од апликацијата посветен на Летната рецепција, сè со цел да се подобри искуството и информираноста на студентите кои ќе извршуваат стручна пракса во нашата држава. На оваа апликација се објавуваше неделниот план за Летната рецепција, кој беше ажуриран секоја недела од страна на неделните координатори. Исто така, планерот на настани кој го имплементиравме беше од голема корист. Со негова помош неделните координатори лесно водеа евиденција за присувството, како на практикантите, така и на членовите и со тоа степенот на организираност на Летната рецепција се крена на сосема ново ниво. Зголемениот број на веб сервиси наложува и зголемена потреба на човечки ресурси. Со зголемениот број на нови членови на ИАЕСТЕ Македонија кои студираат информациски технологии се зголеми и бројот на членови на ИТ тимот. ИТ тимот на ИАЕСТЕ Македонија продолжува да ги унапредува постоечките веб сервиси и да воведува нови можности кои ќе им бидат достапни на странските студенти со цел да се зголеми посетеноста и атрактивноста на Република Македонија како земја во која би извршиле стручна пракса. Душко Станоески

Координатор на ИТ тимот

посетеност на веб страната во текот на минатата година


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 19 ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

Уште една интернационална средба, овој пат, за разлика од лани, на големиот европски остров во Белфаст - Северна Ирска. Како и претходно, по непишаното правило, националниот секретар во заминувње – Филип Хрисафов, националниот секретар што следи – Душко Станоески и машинец – јас, со 65 македноски пракси се упативме кон нова битка за подобра размена. Буквално битка, кога учесниците на претходните конференции ми го кажуваа тоа, си велев дека не е можно да е толку сериозно, но ете се потврди. По стандардна агенда, конференцијата почна со запознавање на дел од пристигнатите учесници со интернационалниот одбор, како и меѓусебно запознавање. Некои од присутните беа веќе добро познати ИАЕСТЕ личности, но имаше и задоволувачки број на нови членови кои ветуваат нова сила во глобално фунционирање на ИАЕСТЕ. Од 19-ти размената почна во полна пареа со многу растрчани делагати и администратори низ салата за разменски сесии. Првиот ден се разменаа најголем број од нашите пракси, а за возврат добивме квалитетни пракси за нашите студенти. Следните два дена, со уште под еуфорија и со потреба за нови понуди сите тројца активно манипулиравме со делегатите на закажаните состаноци, со со цел поквалитетна работа. И покрај тоа што сметавме дека со нашиот број на пракси ќе ја завршиме работата во три дена, се случи сосема спротивното, размената траше со до последниот час со вложени многу напори

и разни техники за разубедување. Во меѓувреме се случуваа конференциските сесии каде делегатите од сите земји ја одлучуваа иднината на ИАЕСТЕ. Па, со гордост и голема радост може да се пофалиме дека нашиот поранешен претседател Дарко Тодоровски стана член на интернационалниот борд за едногодишна функција. Честитки за Даре! Нов генерален секретар не беше изгласан. Покрај цела работа имаше и малку време за дружба, кога бевме на официјална вечера за церемонијата за отворање на конференцијата во ресторанот во музејот на Титаник, официјален ручек во Queen’s university, потоа посета на соседно гратче Њукасл со слободно попладне и официјален ручек на кое се играа ирски танци, за конференцијата да се заврши со гала вечера во градското собрание на Белфаст. Покрај официјалните вечери и ручек, волонтерите од Велика Британија имаа организирано Шкотска Англиска вечер, на кои научивме повеќе за земјите, пробавме нови закуски и се здруживме со многу нови студенти од земјите учеснички. По 7 долги дена го напуштивме градот каде што врне само два пати, еднаш од понеделник до среда и уште еднаш од четврток до недела и ги донесовме долгоочекуваните понуди за пракси со што започна внатрешниот конкурс, а ние сo уште зборуваме за неповторливите моменти.


20 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИАЕСТЕ Ден Традиционално, како и секоја година, така и оваа, ИАЕСТЕ Македонија го прослави интернационалниот ден на ИАЕСТЕ. 21-ви октомври е денот кога 87 земји од светот го слават овој ден, а илјадници студенти од техничките факултети живеат со мотото “Global Party – One Spirit”. Денот го започнавме гостувајќи во емисија на Алфа ТВ, во која ја запознавме пошироката јавност со големината на овој ИАЕСТЕ ден, со сите активности кои ги предвидовме и го пренесовме позитивниот, ентузијастички дух до сите гледачи со цел да го прошириме нашето ИАЕСТЕ семејство. Денот продолжи со поставување на информативни штандови во холот на Факултетот за електротехника и информатички технологии и машинскиот факултет. Вниманието на студентите го привлековме со многубројни насмеани лица во ИАЕСТЕ маички. Секој што го посети нашиот штанд го пополни анкетното ливче „Каде би оделе на пракса летово?“ за посакувана дестинација. На штандот покрај промотивните материјали имаше разновидни слатки работи и сокчиња со коишто ги почестивме сите заинтересирани во склоп на ИАЕСТЕ денот. Покрај тоа, секој присутен беше пречекан со пријателски насмевки и секако, секогаш позитивниот добро познат ИАЕСТЕ дух и ИАЕСТЕ танц.

Активностите не завршија тука. Спортскиот дух никогаш не е слаба страна на ИАЕСТЕ-вци и затоа токму поради овој повод се одржа пријателски фудбалски натпревар помеѓу нашите сегашни и алумни членови. Учесниците низ забава и дружба ги покажаа своите квалитети. Спортските активности се само уште еден начин на којшто се одржуваат пријателствата и добрите односи меѓу сегашните и алумни членовите. И можеби најважно од со е тоа што овогодинешното мото „Global Party for Global Players“ беше соодветно испочитувано со незаборавна коктел забава во клубот „Social“. На забавата присуствуваа голем број сегашни, поранешни членови и пријатели на ИАЕСТЕ. Присуствуваа и претставници од фирми и наши соработници на кои во знак на благодарност за нивната соработка и инволвираност во ИАЕСТЕ им беа доделени благодарн ици. Биљана Ристовска Маја Арсовска


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 21 20 години иаесте македонија

Оваа година ИАЕСТЕ Македонија одбележа 20 години од своето постоење. 20 години исполнети со многу успеси, предизвици и убави моменти. Големиот број на стекнати искуства и пријателства за тие две децении беа повеќе од доволна причина за да го прославиме овој голем јубилеј на најубав можен начин – со голема ИАЕСТЕ забава. Бидејќи ние како организација секогаш се трудиме да бидеме креативни и иновативни, така и за ИАЕСТЕ роденденот сакавме да направиме нешто поинакво од сè досега. Така, решивме забавата да биде тематска, а темата беше „Nerds gone wild!“ Присутните членови, алумни и пријатели на ИАЕСТЕ, сите облечени во согласност со темата, уживаа во неколкучасовната журка исполнета со многу музика, пеење, дружење и секако, неизбежниот ИАЕСТЕ танц. На крајот, целата атмосфера беше комплетирана со вкусните роденденски торти.

Одбележувањето на 20 години од формирањето на ИАЕСТЕ Македонија како независен национален комитет претставуваше мотивација за сите членови и голем поттик за понатаму. Во иднина следува напорна работа за зголемување на бројот на обезбедени пракси, како и за одржување на добриот углед што го има нашата организација во светски рамки, со надеж дека во скоро време повторно ќе имаме некоја убава причина за прослава. Ирина Доброхотова Јулијана Василевска


22 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

извештај за маркетинг Оваа измината 2012 година беше особено плодна во полето на маркетингот. Кога го прифатив предизвикот да работам на функцијата одговорна за маркетинг, веднаш знаев дека сакам да направам нешто што ќе остави трага и што ќе биде добра основа за понатамошно развивање токму на овој дел од работењето на ИАЕСТЕ Македонија. Од неколкуте главни цели би започнала со зголемената медиумска застапеност. Настаните на нашата организација беа секогаш покриени од неколку електронски медиуми, од што и произлезе понатамошна соработка со fakulteti.mk, така што тие ги објавуваа нашите пракси и на нивниот сајт. Имавме гостувања во неколку емисии што се прикажуваа на Телма и Алфа, а на оваа телевизија во текот на јануари имавме и своја реклама за промоција на Годишната конференција 2012.

Значајни да се споменат се и прилозите што ги имавме во списанијата Теа Модерна и NGO magazine. Нашата веб страна, пак, се најде во трка за најдобар сајт на годината, нешто што сигурно придонесе за уште поголема промоција на ИАЕСТЕ Македонија. A, бевме и дел од саемот на организации. Една од другите важни работи што беа направени во маркетинг делот годинава, секако беше и започнување на процесот на брендирање. Новото лого, по кое се надеваме дека во иднина ќе станеме препознатливи, се најде на сите наши промотивни материјали. За таа цел, беше

оформен и дизајн тим составен од шест члена, а Драган Крстевски беше избран како координатор на истиот. Притоа, се утврдија соодветните нивни задачи, обврски и одговорности во правилникот на ИАЕСТЕ Македонија. Стандардно, Кампањата за нови членови се одржуваше во два периода, пришто благодарение на можеби помалку екцентричните постери кои беа исклучително популарни меѓу студентите, имавме навистина добар одзив. Тие неколку седмици на презентации, се разбира беа крунисани со уште еден незаборавен Семинар за тренинг и мотивација на нови членови, кој овој пат се одржа на Копанки. Сепак, ова не значеше и крај на нашето презентирање пред студентите, бидејќи оваа година воведовме новина, мини кампања за нови членови која се одржа во октомври и која имаше за цел доближување на работата на нашата организација до колегите од техничките факултети, а пред се до бруцошите.

И овој пат беше изработен постер, своевиден колаж од патеписите на нашите членови. Можеби најинтерсниот дел беше играта која се остоеше во погодување со пикадо, на земјата која натпреварувачите сакаат да ја посетат, со што им оставивме простор за мечтаење до идното лето каде со може да ги однесе ИАЕСТЕ. Изборот воопшто не е мал. Напротив, вратите од 87 земји членки од целиот свет се отворени за младите ентузијасти кои се спремни да го почувствуваат ИАЕСТЕ духот.


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 23 извештај за маркетинг

И секако, за сите храбри натпреварувачи следеше мало, слатко задоволство како награда за учеството - крем банани. ИАЕСТЕ-вци уживаа во дружењето со нивните колеги, а коментарите кои ги добивме за ваквата промоција непосредно по почетокот на новата академска година беа и повеќе од одлични. Со на со, може да се заклучи дека најразличните активности кои беа извршени во маркетинг делот, навистина придонесоа кон поголема промоција на ИАЕСТЕ Македонија како студентска организација. И што е уште поважно, претставуваат црвста основа за понатамошно градење на нешто што во блиска иднина се надевам ќе стане добро препознатлив бренд, а за тоа треба само да се продолжи со истото темпо, креативност, организираност и се разбира, тимски дух. дизајн - Драган Крстевски

Теа Колевска

Одговорна за маркетинг


24 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

кампања за нови членови Како и секоја година, така и оваа, се одржа Кампањата за нови членови (КзНЧ). Координатори на оваа кампања бевме јас и Наташа Бошева. Овде постарите членови ги споделуваат своите искуства со потенцијалните нови членови, се со цел да се се прошири ИАЕСТЕ духот и да станат дел од големото ИАЕСТЕ семејство. Оваа година, кампањата се одвиваше во два периоди: првиот траеше од 06.03.2012-14.03.2012, а вториот од 06.04.2012-12.04.2012. На крајот, со тоа заврши со Семинарот за тренинг и мотивација кој што се одржуваше во планинарскиот дом „Копанки“ во Битола, каде што имавме незаборавна забава и многу дружење. Во оваа кампања беа вклучени презентации пред студентите, а исто така беа поставени и штандови на сите технички факултети. Имавме огромна помош од сите ИАЕСТЕ членови, коишто со задоволство ги вршеа презентациите, со тоа што им објаснија на студентите за начинот на кој што функционира ИАЕСТЕ, а исто така кажуваа за нивните искуства кои што ги стекнале во странство за време на пракса. Во вториот период најмногу се вршеа презентации и штандови на Фармацевтскиот факултет, Природнодизајн: Катерина Ѓорѓиевска, Драган Крстевски и Душко Станоески Математичкиот факултет, Градежниот факултет, Економскиот, Шумарскиот и Земјоделскиот факултет при Јас, заедно со Валентин Данилоски бевме Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Мотото поканети во емисијата „Портик“ на Алфа телевизија, за оваа кампања во 2012 година беше „Имаме членки, каде што имавме можност да поразговараме малку бараме членови ” и „Имаме членови, бараме членки“ каде поопширно за ИАЕСТЕ и секако, беше добра прилика што беа поставени интересни постери и се делеа флаери, да ја промовираме нашата организација и да ја а за нивниот уникатен дизајн се погрижи дизајн тимот. претставиме во добро светло. Оваа година, како и претходната, на крајот од Можам да заклучам дека и оваа година имавме вториот период се направи ИАЕСТЕ караван, каде што доста успешно спроведена кампања и на наше големо голем дел од ИАЕСТЕ членовите, беа облечени во ИАЕСТЕ задоволство, многу нови студенти се приклучија во маички, и се посетија Факултетот за електротехника и активностите на ИАЕСТЕ. информациски технологии/Машински факултет како и Архитектонски/Градежен факултет. Симона Стојановска Координатор на кампањата


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 25 локален комитет штип

ИАЕСТЕ ЛК Штип, како еден од најмладите локални комитети на ИАЕСТЕ во Македонија, изминатава година продолжи со својата работа и активности. Редовните состаноци започнаа од месец февруари и се одржуваа редовно, секој вторник во неделата. Во следниот период, во месец март бевме на семинар во Битола за развој на локалните комитети на ИАЕСТЕ Македонија, каде стекнавме знаења за вештини и начини за привлекување на нови членови. Од нашиот локален комитет учествуваа два члена: претседателот на комитетот и уште еден член избран од остантите членови. Веднаш по одржаниот семинар во Битола, нашиот комитет активно се залагаше со кампањи низ техничките факултети при УГД во Штип. Се презентираше работата на ИАЕСТЕ, функциите, идеите, целите и слично. За кампањите беше одговорен претседалот на ЛК Штип и двајца членови од ЛК Скопје. Потоа, во месец март ЛК Штип наполни една година од своето постоење и се организираше роденденска прослава во пицерија „Верона“ заедно со сите членови и гости од ЛК Скопје. Следниот месец бевме на Семинар за тренинг и мотивација на Пелистер, каде зедоа учество само двајца од нашите членови. Во месец мај одржавме избори за ново раководство на ЛК Штип. За претседател едногласно беше избрана Живка Јанева, а за заменик претседател Трајче Саздовски. За време на Летната рецепција ЛК Штип прими двајца практиканти од Панама и Англија во општина Кочани. Исто така, членовите на ЛК Штип организиравме викенд - прошетка за време на Летната рецепција низ историските места во Штип и штипско, како и посета на археолошки локалитети, музеј и слично. Во септември, со почетокот на наставата при УГД, ЛК Штип започна со редовните состаноци, секој вторник. Повторно се организираше мини кампања за нови членови низ техничките факултети, со помош на еден член од ЛК Битола и двајца членови од ЛК Скопје. Поставивме штанд и имавме многу презентации по факултетите. Кампањата се потврди со голем интерес кај студентите, а исто така добивме и нови членови, со што кампањата заврши успешно. Во месец декември организиравме роденденска забава по повод роденденот на организацијата ИАЕСТЕ Македонија, во бар „Пиано“ со сите членови и други заинтерсирани студенти. Божидар Андонов

Претседател на ЛК Штип


26 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ Охрид

За комитетот Охрид - 2012 година беше успешна. На почетокот на годината претседателот на локалниот комитет Охрид зеде учество како волонтер на Годишната конференција на ИАЕСТЕ во Скопје. Тоа беше успешна презентација на ИАЕСТЕ Македонија и значајна придобивка и искуство за нашиот локален комитет. Потоа претставници на нашиот комитет учествуваа на состанокот за развој на локални комитети одржана во Битола. Беа разгледани различни проблеми на локалните комитети и нивно решавање на најдобар начин. Претставници од локалниот комитет Скопје беа поканети да одржат презентација за развојот на ИАЕСТЕ Македонија на Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” - Охрид. Оваа покана беше реализирана со голем успех и придонесе за привлекување на нови членови за ЛКО. Со новите членови нашиот локален комитет учествуваше на семинарот за тренинг и мотивација, организирана од страна на ЛКБ во „Копанки“, Пелистер. Со работата во работни групи се здобивме со знаења од областа, како се работи тимски за остварување на врвни резултати за ЛКО. Ова беше и семинар на кој можевме да се забавуваме и дружиме со членовите од други локални комитети на ИАЕСТЕ Македонија. Во текот на летниот период организиравме Летна рецепција, поточно, им помагавме на другите локални комитети, со тоа што ги прифаќавме гостите, ги сместувавме и им го претставувавме нашиот комитет и град во најдобра светлина. Тоа за нас беше уште едно големо искуство и ни помогна да стекнеме пријатели од цел свет. Разменивме мислења и се здобивме со знаење како функционира ИАЕСТЕ во другите делови од светот.

Во просториите на нашиот универзитет одржавме и мини кампања за нови членови. Тоа беше всушност еден мал коктел за сите студенти кои сакаа да нѐ посетат и да слушнат нешто повеќе за ИАЕСТЕ Македонија. Во холот на универзитетот на сите телевизори беа претставени спотовите за ИАЕСТЕ. Оваа кампања траеше два дена, а на крајот на вториот ден во универзитетскиот амфитеатар беше одржана финална презентација на ИАЕСТЕ Македонија. Покрај нередовните состаноци на ЛКО, два члена беа поканети од страна на националниот секретар на ИАЕСТЕ Македонија, Филип Хрисафов да присуствуваат на националното собрание. Најголемиот наш успех во 2012 година беше обезбедувањето на 10 пракси за ЛКО, во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Како претседател на ЛКО, среќен сум што успешно ја завршивме нашата работа за оваа година и чест ми е што сум дел од ИАЕСТЕ семејството. Харун Бајрам Претседател на Локален Комитет Охрид


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 27 ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА

Во 2012 година локалниот Комитет Битола (ЛКБ) започна со ново претседателство пред кое стоеја големи предизвици. За секој предизвик кој стоеше исправен пред нас бевме свесни и го вложувавме најдоброто од нас, па така оваа година ЛКБ успеа да се истакни многу како комитет на ниво на ИАЕСТЕ Македонија. Оваа година ИАЕСТЕ годината започна со семинарот за развој на локални комитети (СРЛК). Овој семинар за прв пат беше реализиран на ниво на ИАЕСТЕ Македонија, а честа за негово организирање ја доби ЛКБ. Координатори за овој настан беа Марија Каранфиловска и Евгенија Бошковска. Овој настан траеше два дена од 03 - 04.03 Потоа следеше Кампањата за нови членови (КзНЧ). Како и секоја година беа одржани презентации и беа поставени штандови во три факултети од УКЛО кои се вклучени во ИАЕСТЕ разменската програма. Бидејќи и оваа година продолживме со емисијата „IAESTE beat“ на универзитетското радио, како гости во емисијата се појавија повеќе наши членови. Заокружувањето на КзНЧ и првиот приод како и секоја година се направи со организирање на Семинарот за тренинг и мотивација на нови членови (СТМ) на Копанки, Пелистер. ЛКБ доби уште една чест оваа година, а тоа беше да го организира СТМ, со поддршка од ЛКС, на ниво на ИАЕСТЕ Македонија. Втор период од ИАЕСТЕ годината е Летната Рецепција (ЛР). Во овој период требаше да се најдеме како домаќини на 14 странски студенти, но за жал дојдоа и извршија пракса само 6 од нив. Првиот практикант дојде на 23.04, а последниот практикант си замина на 25.08. Со самото тоа започна и заврши ЛР во Битола. Имавме практиканти од повеќе земји и тоа: Индија, Белорусија, Шпанија, Хрватска и Полска. Тие работеа во БТВ, Технички факултет - Битола, РЕК и Водовод. За социјалниот живот да им биде добар се погрижија членовите на ЛКБ. Додека траеше ЛР во ИАЕСТЕ Македонија, истовремено ЛР имаше во цел свет. Тројца наши членови заминаа на пракса. Тие изведуваа пракса во: Матаро (Барселона), Шпанија, Женева, Швајцарија и Виена, Австрија

Крајот од ИАЕСТЕ годината како и секоја година беше заокружена со Кампањата за собирање на пракси. Овој период иако е последен период од ИАЕСТЕ годината, би можела слободно да кажам дека е клучен фактор за постоењето на нашата организација. Оваа година ЛКБ успеа да го задржи континуитетот со пракси, оваа година беа потпишани 9 договори. Благодарни им сме на сите компании/институции кои потпишаа договор за пракса. Оваа година за време на Националното Собрание од страна на ИАЕСТЕ Македонија на ЛКБ им беше поклонет лаптоп со цел да може и понатаму да продолжи со непрекинато функционирање. Голема благодарност до БОРД - от на ИАЕСТЕ Македонија и до ИАЕСТЕ Македонија која ни го овозможи тоа. Во овој период покрај тоа што имаме многу работа имаме и два значајни денови за нас, а тоа се ИАЕСТЕ ден и ИАЕСТЕ роденден. Оваа година членовите на ЛКБ ИАЕСТЕ ден го прославија заедно со членовите на ЛКС и тоа во Скопје. Додека пак ИАЕСТЕ роденденот со кој, освен 19 години ИАЕСТЕ Македонија, беа прославени и 16 години постоење на Локалниот комитет Битола. За одржувањето на ИАЕСТЕ роденденот во пресрет ни излезе кафе - барот Данте, па благодарност и до нив. За крај би можела да кажам дека измината 2012 година беше најуспешна досега. Она што посебно ја одбележа оваа година се двата добро организирани настани, СРЛК и СТМ, на ниво на ИАЕСТЕ Македонија. Овој успех се должи пред се на големата посветеност на членовите, но и на поддршката која несебично ни ја даваат големиот број на компании/институции и поединци и успех кој се надевам дека ќе продолжи и во наредните години. Марија Каранфиловска Претседател на Локален Комитет Битола


28 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ

Локалниот комитет Скопје ја започна годината со Кампањата за нови членови која оваа година се водеше под мотото „Имаме членки - бараме членови“ и „Имаме членови - бараме членки“. Кампањата успешно се заврши со поставување на штандови и презентации на часови на техничките факултети кои ги покрива ИАЕСТЕ програмата од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Кампањата традиционално се заврши со Семинарот за тренинг и мотивација на Копанки, во Битола. Како и последните неколку години и оваа ЛК Скопје го организираше Семинарот заедно со останатите локални комитети.

Оваа година започнавме и официјално со „Развојот на новите комитети“. Идејата беше оваа активност која што постојано тече да се официјализира на некој начин со еден викенд на кој ќе има претставници од сите локални комитети. Викендот се одржа во просториите на студентскиот дом во Битола каде имаше по два претставници од ЛК Штип, ЛК Охрид, тројца од ЛК Скопје, како и претставници од домаќините - ЛК Битола. На семинарот се разговараше на различни теми како може да се подобри работата на останатите локални комитети, најмногу за проблемите со малата заинтересираност и воопшто малото членство. ЛК Скопје ја продолжи традицијата да организира пикник за 1-ви мај. Пикникот беше организиран на тревникот во склопот на комплексот факултети МФС/ФЕИТ. Беше посетен од околу 100 луѓе кои се запознаваа, забавуваа, јадеа скара, играа разни игри и се дружеа.


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИЗВЕШТАИ 29 локален комитет скопје

Со завршувањето на Семинарот за тренинг и мотивација, се започнува и со Летната рецепција. ИАЕСТЕ Македонија секогаш се труди да го задржи приматот на „најдобра летна рецепција“. Во текот на летото беа организирани викенди во Крива Паланка, Охрид, Битола, Велес, Матка, Водно, Солунска Глава, Галичка свадба и други, со цел запознавање на убавините на Македонија. За време на третиот период од годината, активно се работеше на собирање на праксите, односно потпишување на договори со македонските компании и институции. Кампањата беше водена од координаторките Ведрана Тозија и Анжелика Иванова. И покрај тоа што бројката беше помала од претходните години беа обезбедени 69 пракси од кои 51 од ЛК Скопје. Исто така во текот на годината, наши членови имаа можност да ги посетат и интернационалните семинари. На Семинарот за развој на ИАЕСТЕ (SID - Seminar for IAESTE Development) беа пратени тројца претставници, Јасмина Пислевиќ (во тоа време актуелен член на бордот и одговорен за финансии), Никица Пандилов (во тоа време актуелен член на бордот и одговорен за македонските студенти пратени во странство) и Мирко Даневски (во тоа време актуелен претседател на ЛК Скопје). На JUMP (Join Us to Motivate People) беа испратени Јулијана Василевска и Анжелика Иванова. На СЕС (Central Europian Convetion) како претставник на ИАЕСТЕ Македонија која е гостин на настанот беше испратена Јасмина Пислевиќ. Мирко Даневски

Претседател на ЛК Скопје


30 ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ДИЗАЈН

Дизајнот е важен елемент за секоја организација бидејќи тој е лицето преку кое сите ја препознаваат организацијата. Преку добар дизајн подобро се претставува една организација, а и повеќе луѓе ја забележуваат.

Оваа година беше една од најуспешните години за дизајнот во ИАЕСТЕ Македонија. По успешната организација на Годишната конференција во Скопје на која посветено работевме голем тим од ИАЕСТЕ Македонија за сите потребни дизајни за конференцијата, продолживме посветено да го подобруваме целиот визуелен имиџ на организацијата. За Годишната конференција, јас како дизајн координатор за настанот, можам слободно да кажам дека многу успешно ги направивме сите дизајни за се што беше потребно. Сите дизајни беа едноставни бидејќи Годишната конференција е сепак еден од најсериозните настани во ИАЕСТЕ, но не и досадни за да не бидеме и премногу сериозни. Според многумина, имавме едни од најдобрите нејм тагови досега. Направивме и маички за сите волонтери на конференцијата за да бидат лесно препознатливи за сите делегати. За сите странци, а ги имаше околу 300, направивме и краток водич, односно буклет со сите најважни работи за Скоје кои треба да ги знаат. И покрај тоа што сите волоерски работевме на дизајните, сепак успеавме достојно да ја прикажеме нашата креативност. По Годишната конференција јас продолжив да работам на брендирањето на ИАЕСТЕ Македонија, тема која одамна ја започнавме. Така се создаде новото лого на ИАЕСТЕ Македонија кое треба да стане наше препознатлив знак. Логото е едноставно и соджи една искривена линија која ја формира буквата М. Според него продолживме да ги правиме и сите дизајни поврзани со ИАЕСТЕ Македонија. Се направија и членски картички за сите членови на ИАЕСТЕ Македонија и се направи и нов сертификат и благодарница кои сега го имаат и нашето лого. дизајн: Драган Крстевски


ИЗВЕШТАИ 31

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ДИЗАЈН

Во овој извештај сакам да посветам и еден краток дел за Кампањата за нови членови која секоја година се одржува на пролет. Направивме една од најдобрите кампањи досега и имавме еден од најзабелжителните постери кои некогаш сме ги направиле. Постерот „Имаме членови, бараме членки“ (и обратно) беше наменет да се разликува од стандардните постери на невладините организации. Сакавме да направиме нешто што ќе им го привлече вниманието на студентите да се заинтересираат за нашата организација и да се распрашаат што точно правиме ние. Повеќе за оваа кампања можете да прочитате во извештајот наменет за истата. Во текот на 2012 година заедно со претседателството на ИАЕСТЕ Македонија ја внесовме и функцијата - дизајн координатор во правилникот на ИАЕСТЕ со точно определени функции кои треба да ги извршува дизајн координаторот. Во тој правилник беше наведен и дизајн тимот кој подоцна годината и се формирање.

Првиот дизајн тим е составен од 6 членови на ИАЕСТЕ Македонија, а еден од нив и ќе биде мој наследник кога ќе дојде време за избор на нов дизајн координатор. Заедно со новиот тим ги направивме членските картички за сите членови, направивме постер за Летната рецепција, го уредивме ентериерот на новата канцеларија на ИАЕСТЕ Македонија ... Како дизајн координатор можам слободно да кажам дека оваа година покрај тоа што од технички аспект создадовме услови за понатамошно развивање во областа на дизајнот, видовме и дека имаме многу членови во организацијата што се креативни и сакаат своето време во ИАЕСТЕ да го посветат на подобрување на имиџот на организацијата. И покрај тоа што јас заедно со дизајн тимот и сите други членови кои придонесуваа со дизајни за различни внатрешни конкурси завршивме голем број на проекти, сепак дизајнот е неисцрпна област во која можеме уште многу да направиме. Се надевам дека наредната година ќе биде уште поуспешна од оваа. Драган Крстевски – Гаго Дизајн координатор


32 НАСТАНИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

централна европскА конвенција, Марибор - словенија По наша заслуга, а по желба на организаторите и на заемното задоволство, ИАЕСТЕ Македонија беше повторно покането на втората Централна Европска конвенција за 2012 година, во Марибор од први до четврти ноември. И покрај големата заинтересираност од наши членови за приустство на истата, периодот предвиден за тестови на факултетите ги спречи сите останати да ми прават друштво, па така 19 часовниот пат до Марибор го поминав без ИАЕСТЕ-вци, кои, пак, ги имаше во изобилство со самото пристигнување во местото во кое се оддржа четиридневната средба. Затоа што сме најдобри ИАЕСТЕ-вци, нормално во дел од организацијата се најдоа и двајца Македонци. Ивана беше таму на пракса, додека Ѓорѓи студира во Љубљана и е член на тамошното ИАЕСТЕ. Прва вечер, време за игри преку кои ќе си ги запаметиме имињата, стандард, понекогаш досадно, но прилично корисно. Нови и познати Хрвати, Словенци, Британци, Австријци, Чеси, Словаци, Полјаци, Босанци, Норвежани, Белгијци, Турци, Холанѓани, Швајцарци и „падобранци“ беа дел од Европејци во кои преовладуваа Австријците и Хрватите. Втор ден, предавање од тимот Suportal, компанија која преку психолошки тестови и предавања кои мотивираат и поттикнуваат за покорисно искористување на времето и сопствените способности. Целодневно, исцрпувачко, но прилично интересно. Вечерта пристигна целосниот број на учесници, конвенцијата беше официјално отворена од организаторот, слушнавме и видовме презентации за изминатите и идните планови на кои треба да се посветиме, по што групно се упативме на забава под УВ светла во КMШ (Klub mariborskih študentov) за прописно да преживееме уште една позната ИАЕСТЕ забава.

Трет ден наменет за работни групи. Од задоволувачкиот избор, јас нормално бев во онаа наменета за зголемување на буџетот и маркетинг. По споделувањето на идеи, искуства и проблеми, поделени во 4 групи работевме на задача според која требаше да се изработи проект со кој ќе се претставиме пред работодавач за да добиеме спонзорство. Одлично подготвените водачи на работната група супер си ја завршија задачата и од работната група извлековме многу корисни заклучоци и долгорочни планови и идеи. И... тарааам, легендарната интернационална вечер. Одлично опремени од секоја земја, ги претставивме нашите најзначајни закуски и пијалоци што доведе до уште една легендарна забава до другото, последно утро. Со уште „неразбистрени глави“ го поминавме доручекот, а и четвриот ден, кога преку игри го запознавме Марибор, европскиот главен град на културата, кој навистина заслужено го носи тоа име. Истото попладне беше и најнепосакуваното, зашто тогаш и требаше да се разделиме и да оставиме спомените за одлично поминатото време и разменетите контакти да не држат што подолго во еуфоричното расположение кое расте при секоја следна средба. Јасмина Пислевиќ


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

НАСТАНИ 33 НАционално собрание

Успешната 20 годишна работа на ИАЕСТЕ Македонија во голем дел се должи на почитувањето и следењето на статутот и правилникот од страна на своите членови. Тие ѝ овозможуваат на организацијата правилно и организирано раководење, ги заштитуваат правата на своите членови како и обврските кои тие треба да ги извршат, сѐ со цел поефикасно и професионално функционирање на истата. Како организација која е во чекор со времето и со промените кои тоа ги наложува, за да може понатамошното работење да биде исто толку, ако не и уште повеќе ефикасно, еднаш годишно се одржува Национално собрание на кое се прави ревизија на веќе извршеното како и корекции на се што сметаме дека треба да се подобри. Со таа цел, членовите преку дискусија и гласање одлучуваат за понатамошните промени во статутот и правилникот, а понатаму се изложуваат и плановите за идните настани од интерес. Оваа година собранието се одржа на 24.11.2013 година, сабота, и тоа во еден ден што значи дека времето го искористивме максимално и правилно, слично како и минатата година. За да се одржи национално собрание потребно е да се присутни 50% +1 полноправен член, така што и овој услов беше исполнет. Поради фактот што во Република Македонија постои повеќе од еден локален комитет, на собранието учествуваа и претставници од локалните комитети на Битола, Штип и Охрид. Интересно е што на овогодинешното

национално собрание имаше доста нови предлози за промена на статутот и правилникот, а со тоа и гласање за истите. Тоа значи дека членовите активно ги следат настаните и имаат забелешки сѐ со цел да бидат задоволени нивните, а и интересите на ИАЕСТЕ како целина. Следеа презентации на уредно подготвените извештаи за финансии, маркетинг, Летна рецепција, Јоb Raising, извештај од одговорниот за македонските студенти (outgoing responsible) и извештај од одговорниот за странските студенти (incoming responsible). Друга многу важна точка е бирањето на новиот национален секретар, функција која за време на собранието беше извршувана од страна на Филип Хрисафов. За оваа одговорност беа номинирани двајца членови, и тоа: Теа Колевска и Душко Станоевски. По извршеното гласање, честитките беа упатени кон Душко Станоевски кој како нов национален секретар ќе продолжи да ги следи стапките на неговиот претходник и ќе ја води организацијата во уште посветла иднина. Со гордост можам да истакнам дека зад нас е уште една година од успешното работење на ИАЕСТЕ Македонија, чии членови несомнено ќе продолжат со успешната работа и во периодот кој ни следува. Петра Бранковска


34 НАСТАНИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

семинар за тренинг и мотивација

Кога ќе помислам на ИАЕСТЕ мислам на пријатели, задоволство, забава, предизвик, успешност и исполнетост. Стекнатите пријателства, познанства и искуство е она што ме прави побогат човек. Преку мотивирање и привлекување на нови членови, ИАЕСТЕ се повеќе станува место на кое што старите и нови членови имаат можност да се стекнат со нови искуства и доживеат нови предизвици. Еден од успесите кој ќе го паметам е и Семинарот за тренинг и мотивација. Како координатор на СТМ имав прилика своето стекнато искуство и знаење во ИАЕСТЕ да го споделам со останатите, укажувајќи им на новите членови дека секој миг е непроценлив, и претставува нова можност и предизвик, а секој труд е награден. Семинарот за тренинг и мотивација (СТМ) се организира на крајот од Кампањата за нови членови (КзНЧ). Оваа година, за прв пат, овој семинар се одржа во планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, на 21 и 22 април. Семинарот кој традиционално трае два дена, беше исполнет со многу забава и дружење. Но сепак, покрај забавата и дружењето за да може ИАЕСТЕ да функционира како една успешна студентска организација, потребно е новите членови заедно со постарите да одржуваат работни групи за време на кои ќе се запознаат со работењето и организацијата на ИАЕСТЕ и на кои ќе имаат можност да дискутираат и даваат нови идеи. Работните групи опфаќаат повеќе области меѓу кои се маркетинг, Летна рецепција, Кампања за нови членови или пак Кампања за стручни пракси, која впрочем е и главната цел и мотивација на секој кој што е или станува член на ИАЕСТЕ. Семинарот го започнаа оние членови кои изминатата година извршиле стручна пракса во странство. Своето стекнато искуство и знаење го преточија во презентација преку која ги мотивираа новите членови и им дадоа можност да се запознаат со предизвиците и успехот кои ги нуди праксата во странство. Гордост е што може со задоволство да се констатира дека на семинарот многу нови членови зедоа активно учество во работните групи и пројавија желба за членство во ИАЕСТЕ.

дизајн: Даниела Јамандиловска

Забавниот дел од семинарот започна со интересни team building игри за запознавање и натпревар меѓу тимови, а дружењето како и секоја година продолжи со забава која траеше до доцните часови На овој семинар како и на сите досега старите членови имаа можност да се навратат на своите први денови во ИАЕСТЕ, на своите први искуства, на својот прв СТМ, на стекнатите пријателства, дружења, успеси и на се она што ИАЕСТЕ го нуди. Задоволство е да се волонтира во една таква организација како што е ИАЕСТЕ, задоволство е да бидеш другар, да имаш можност да се надградуваш како личност и да споделуваш знаење и искуства со останатите. Бројот на нови членови од година во година сè повеќе се зголемува, а со тоа и бројот на студенти подготвени за нови предизвици. Со еден збор ИАЕСТЕ неможе да се опише треба да се доживее.


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

НАСТАНИ 35 летна рецепција

Секоја година за време на летото се организира Летната рецепција, период во кој странските студенти ја извршуваат својата пракса во македонските компании и институции. Оваа година 38 практиканти извршија стручни пракси во локалните комитети во Скопје, Битола и Штип. Покрај работните обврски кои ги имаа практикантите, тие имаа можност да бидат вклучени во разни активности кои се одвиваа според претходно утврден неделен план од страна на двонеделните координатори во кои практикантите и нашите членови кои беа во Македонија за време на летото заедно се дружеа и се забавуваа. Сите заедно се обидовме да ја претставиме нашата држава во најдобро можно светло и да бидеме добри домаќини. За таа цел беа организирани посети на различни знаменитости, ја претставивме македонската традиционална храна, беа одржувани часови за изучување на македонскиот јазик, не беа изоставени спортските активности, но исто така практикантите имаа можност да го искусат ноќниот живот, како и да посетат некои од летните концерти. За викендите беа организирани патувања во околината на Скопје и низ Македонија. Дел од овие викенд-екскурзии беа: посета на кањонот Матка, искачувања до Милениумскиот крст на Водно, посета на Куманово со присуство на „Пикник Рок Фестивал“, Крива Паланка со манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, Галичник за викендот на Галичката Свадба, Битола со античкиот град „Хераклеја Линкестис“, посета на сите значајни знаменитости во Охрид и неговата околина, при што практикантите секако имаа можност да уживаат во убавото Охридско Езеро, искачување до врвот Солунска Глава и посета на изворите на реката Бабуна, па и јас заедно со практикантите учев за местата кои за прв пат ги посетив заедно со нив. Во текот на целото лето се случуваа најразлични забави, роденденски прослави, вечери во чест на секоја од земјите од каде доаѓаа практикантите, во кои што учествуваа сите странски практиканти заедно со членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Летната рецепција влијаеше и македонските иаестовци повеќе да се дружат и запознаат, со што се создадоа многу пријателства и желба за поголема заедничка соработка. Да се биде одговорен за Летна Рецепција е прекрасно искуство, кое никогаш нема да го заборавам. Оваа улога не само што ми влијаеше позитивно од професионален аспект, туку исто така стекнав многу пријатели од целиот свет. Уживав додека запознавав различни култури, религии, начини на живот, што изгледаше како патување во сите делови од светот, а како спомен од тоа паување ги имам многубројните фотографии. Елена Ангелова


36 НАСТАНИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

Seminar for iaeste development 2012 Како и секоја студентска организација во нашата земја, така и ИАЕСТЕ Македонија нема финансиска сила да праќа повеќе од еден делегат на семинари. Затоа, оваа година на Семинарот за развој на ИАЕСТЕ (SID - Seminar for IAESTE Development) делегатите, Пислевиќ Јасмина, Пандилов Никица и Даневски Мирко, одеа заедно со Хрватската делегација. Овој Семинар се одржува еднаш годишно, со цел постојано подобрување на ИАЕСТЕ работењето. Семинарот, организиран од главниот координатор за SID во ИАЕСТЕ - Mario Felber, се одржа во близина на Грац, Австрија. На Семинарот имаше повеќе работни групи, кои работеа на повеќе делови од ИАЕСТЕ работењето кои треба да се подобрат, како маркетинг и финансии (Fund Raising), алумни, размена на праксите и внатрешен систем - intraweb, административен прашалник.

На работните групи, првиот ден се одлучуваше насоката во која сакаме да се движиме како организација и што треба да се подобри, како и „brainstorming“ на идеи, додека другиот ден се разработуваа детално идеите. Последниот ден беше резервиран за презентација на идеите и како може најлесно да се дојде до нивна реализација. Големо задоволство е да сте претставник на Национален комитет како ИАЕСТЕ Македонија, бидејќи во поголемиот дел од работите како најпозитивен пример како треба да се работи, а воедно и да се воведуваат иновации се зема ИАЕСТЕ Македонија. Начинот на кој ИАЕСТЕ Македонија работи за останатите Национални комитети е несфатлив, бидејќи иако сме исклучиво студентски водена организација која никако не е помогната од државата, успеваме во најбитните делови да се истакнеме над другите. Брзата реакција за информации кои се потребни од странство, одлично организираната „Летна рецепција“, најголем број на пракси по глава на жител во цело ИАЕСТЕ неколку години по ред, се само дел од темите на разговор каде ИАЕСТЕ Македонија беше земана како пример за тоа како треба еден комитет да функционира. Семинарот беше испланиран, така што преку ден беше официјалниот дел со работните групи, а вечерите беа организирани за подобро запознавање помеѓу делегатите, со неизбежната „Интернационална вечер“. На крајот сите констатираа дека овој Семинар беше целосен успех, а ние им благодариме на домаќините - ИАЕСТЕ Австрија и координаторот Марио Фелбер за гостопримството и им честитаме на одлично завршената работа.


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

НАСТАНИ 37 join us to motivate people 2012

JUMP (Join Us to Motivate People) е еден од најголемите и најважните интернационални ИАЕСТЕ настани. Овој семинар е фокусиран на новите ИАЕСТЕ членови и главна цел е нивното запознавање со организацијата, како и нивно мотивирање за понатамошна работа. Оваа година JUMP се одржа во Ораховица – мало гратче во североисточниот дел на Хрватска. Повеќе од 80 учесници од 20 земји беа дел од овој петдневен настан. Македонија имаше 2 претставници. Преку активно учество во четирите работни групи (Job raising теорија, Job raising пракса, ЛК менаџмент и Маркетинг) се запознавме со начинот на кој функционира ИАЕСТЕ во глобални рамки. Преку team-building игри, дискусии, разменување на идеи и заедничка работа дознавме многу за разликите кои постојат помеѓу комитетите од различни држави, но сепак го прават ИАЕСТЕ една целина.

Организаторите од ЛК Осијек се потрудија целото слободно време да ни биде исполнето и максимално искористено. Имавме можност да јаваме на коњи, да ги провериме нашите стрелачки способности, да прошетаме низ најголемиот град во Славонија – Осијек и да ја посетиме најголемата винарија во Хрватска, каде дегустиравме некои од најквалитетните хрватски вина. Во вечерните часови беа организирани забави, а како посебна, мора да се спомне и интернационалната вечер, каде сите учесници можеа да уживаат во традиционалните јадења и пијалоци од сите земји од кои имаше присутни учесници. Стекнатите искуство и пријателства од JUMP се силна мотивација за сите нови членови. Ова е несомнено вистинското место за почеток на многу ИАЕСТЕ приказни.


38 ИСКУСВА

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

искуства на македонските студенти во странство

Пракса во Imperial College, Лондон Велат многу врнело. Меѓутоа, летото 2012 не се покажа како такво. Лондон грееше и зрачеше секој ден. Дури и неколкуте врнежливи денови не ја нарушија позитивната атмосфера. Всушност Лондон е уште попрекрасен кога е мокар. Причината за оваа осум неделна посета, беше можноста добиена, да ја извршам мојата студентска пракса во еден од најдобрите светски универзитети (најчесто со топ тен во светот, и трети во британското кралство) – Империјал Колеџ Лондон. Работев во одделот за биоинформатика, каде изработив софтвер за визуелизација на биолошки (поточно метаболитички) мрежи. Крајниот софтвер е сега објавен како сервис и е јавно достапен, додека прилог за истиот е објавен во научниот журнал за биоинформатика.

Освен академскиот дел, ИАЕСТЕ праксите нудат и многу повеќе. Во мојот случај, имав прекрасна можност да уживам во Лондон, да запознам многу луѓе од различни земји и дополнително да ја посетам Олимпијадата која во тој момент се одржуваше таму. Тоа лето, се беше во знак на овој светски настан. Сите беа возбудени, насмеани, обоени во различни знамиња и среќни што се наоѓаат таму. Организацијата беше фантастична, насекаде волонтери кои и без да ги прашаш ќе ти пријдат да ти помогнат во било каква ситуација. Секојдневно посетував нови места, нови настани, музеи, пабови, паркови, забави, туристички атракции... Во овој град едноставно не може да ти биде досадно. Толку е голем и разнолик, што во секој момент можеш да најдеш нешто и да уживаш. Би го одвоил концертот на Мика, каде што добив можност следниот ден да присуствувам на емисијата посветена на олимписките игри во која гостуваше Мика, и која се снимаше во зградата на Google, во одделот на YouTube. Голем впечаток ми оставија лондонските барови, кои имаат одлична атмосфера и секогаш се полни со интересни и позитивни луѓе. Ова укажува на одличните услови кои ги имав таму со останатите членови на научната група од која научив многу. Мое задоволство беше што секојдневно до универзитетот минував преку Hyde Park, бидејќи студентскиот дом каде бевме сместени беше од другата страна на паркот. Па така, секојдневно ги гледав вервериците, лондочани кои многу спортуваат, воодушевените туристи, некои од олимписките настани и концертот на Мадона кој случајно играјќи фризби со останатите практиканти забележавме дека во оградениот простор пее токму таа.


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ИСКУСТВА 39 искуства на македонските студенти во странство

Локалниот комитет на ИАЕСТЕ во Лондон како нов комитет се покажа во одлично светло. Студентите кои таму волонтираа се многу мотивирани да ги пречекуваат практикантите од светот и заедно да го поминуваат слободното време. Во нивна организација го посетивме Кембриџ, Брајтон, Стоунхенџ, Романските бањи, а дополнително го посетив и Виндзор (најголемиот замок во светот) и поминав еден викенд во Шкотка, каде ги видов Глазгов и Единбург. За крај само би кажал дека ова искуство е незаборавно и едно од најубавите. ИАЕСТЕ ! Благодарам ! Горан Пискачев


40 ЗА ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

искуства на македонските студенти во странство

Пракса во Gensler, Лондон Во 2012 јас ја имав среќата да отидам на пракса во Лондон во една од најголемите светски фирми за архитектура – Gensler. Лондон е еден од најголемите градови во Европа и животот во него ти дозволува да научиш многу, а и да си ги смениш навиките што ги имаш кога живееш во релативно мал град како Скопје. После Лондон се ти е некако мало, но учиш и да ги цениш добрите страни на малите градови. Лондон е град со неверојатно голем број на настани, со многу различни луѓе и со многу различни градски атмосфери. Како да си во повеќе градови одеднаш. Но, тоа е убавината на Лондон! Тоа што можеш да сретмеш луѓе од цел свет, да научиш многу различни култури, да видиш многу различна архитектура и да бидеш во центарот на сите светски случувања. И да, Лондон ти ги менува и секојдневните навики од Скопје. Одеднаш патувањето со градски превоз од 40 мин не ти изгледа дека е многу, купување карти за кино две недели однапред ти е нормална работа и водење календар за да не заборавиш

нешто за што си се договорил 10 дена однапред ти е неопходност. Ама баш тие нови навики ти овозможуваат побрзо да созрееш да видиш како функционираат работите во големите градови. Дојдов во Лондон во Мај 2012 на пракса која требаше да трае 11 недели. Имав среќа да ми понудат да останам подолго и останав вкупно 7 месеци. Студиото на Генслер во Лондон е одговорно за територијата на Европа и Блискиот Исток па така имав можност да работам на големи архитектонски проекти од овој дел. Најголемиот дел од времето работев на голем проект за стоковна куќа во Лондон заедно со познатиот светски архитект Ренцо Пијано кои соработуваше со Генслер. Да се работи во една ваква голема ирма за архитектура навистина ти дава едно огромно искуство кое не можеш да го стекнеш кај нас. Сфаќаш дека архитектурата во светот е многу поразлична од таа кај нас. Фирмата има околу 200 вработени во Лондон па тоа ми овозмжи да се запознаам и со многу архитекти кои работеа таму. Фирмата е лоцирана на последниот кат во зграда во Aldgate, на само 5 мин од познатиот Tower Bridge со многу убав поглед на поголемиот дел од Лондон. И тоа ги правеше работните денови уште поубави!


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

ЗА ИАЕСТЕ 41 искуства на македонските студенти во странство

Ја имав и таа среќа да бидам во Лондон за време на Олимписките Игри! Бев на неколку натревари и не знам како е на другите Олимписки игри во светот ама во Лондон беше неверојатно убаво! Да бидеш дел од целата таа олимписка еуфорија е навистина едно многу убаво доживување кое им го посакувам на сите! Така во Лондон бев до крајот на Декември. Се вратив во Скопје среќен поради тоа што со ИАЕСТЕ имав можност професионално да се надоградам, да видам како се гради архитектурата во светот и јас да го дадам мојот придонес во тоа, да живеам во град кој никогаш нема да го заборавам и да имам спомени за една од најубавите години во мојот живот! Драган Крстевски - Гаго


42 СТАТИСТИКА ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ

ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012


ИАЕСТЕ Македонија Годишен Извештај 2012

СТАТИСТИКА 43 пратени студенти и работодавачи



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.