IAESTE Macedonia Annual Report 2010

Page 1

ХХХХХХХХ

www.iaeste.org.mk

наслов

хх


ПОМАГАТЕЛИ

МАЛАГА ПАЛМА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА


www.iaeste.org.mk

СОДРЖИНА

29

АКТИВНОСТИ

04

ЗА ИАЕСТЕ 04. 05. 06. 07. 08. 09. 10.

Одбор Предговор Компаниите за практикантите во Македонија Практикантите за престојот во Македонија Што е ИАЕСТЕ? Кратка историја Често поставувани прашања

12

ИЗВЕШТАИ 12. 14. 15. 16. 17. 18. 20. 21. 22.

Извештај за финансии Извештај за странските практиканти во Македонија Извештај за македонските практиканти во странство Кампања за обезбедување пракси Годишна конференција 2011 Извештај за маркетинг ИАЕСТЕ ден и полнолетство Извештај за IT тимот Локален Комитет Битола

29. Семинар за тренинг и мотивација 30. Летна рецепција 32. Интернационална вечер

33

ИСКУСТВА

33. Искуства од пракси во странство

36

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2012

37

СТАТИСТИКА

37. Примени студенти и работодавачи 38. Пратени студенти и работодавачи

24

НАСТАНИ 24. 25. 26. 27. 28.

Национално Собрание ЕX Регионална Конференција - Македонија Семинар за развој на ИАЕСТЕ - Германија Централно Европски Конвенции JUMP - Осло

03


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ЗА ИАЕСТЕ

Национален Одбор на ИАЕСТЕ Македонија и Локален Комитет - Скопје Национален Секретар:

Катерина Туџарова katerina.tudjarova@iaeste.org

Претседател на Локален Комитет - Скопје:

Анѓеле Ивановски angele.ivanovski@iaeste.org

Одговорен за Финансии (Потпретседател):

Невена Стојанова nevena.stojanova@iaeste.org

Одговорен за странските студенти во Македонија:

Билјана Зафировска biljana.zafirovska@iaeste.org

Одговорен за македонските студенти:

Јане Даневски

jane.danevski@iaeste.org Одговорен за Маркетинг:

Душица Лазарова dushica.lazarova@iaeste.org

Локален Комитет - Битола Претседател на Локален Комитет - Битола:

Дарко Домазетовски darko.domazetovski@iaeste.org

Одговорен за странските студенти во Македонија:

Марија Радежова marija.radezova@iaeste.org

Одговорен за македонските студенти:

Ирена Китановска irena.kitanovska@iaeste.org

Одговорен за Маркетинг:

Јован Ивановски / Дамир Емин

jovan.ivanovski@iaeste.org / damir.emin@iaeste.org

Издавач: ИАЕСТЕ Македонија Уредници: Горан Пискачев и Емилија Марковска Дизајн на насловна страница: Владимир Стојов Техничко уредување: Душко Станоески Печатено во: Б&Д Битола

04

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии Карпош 2 бб, 1000 Скопје, Македонија жиро сметка: 250000000089642 Депонент: Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје тел/факс: +389 2 3065069 е-пошта: macedonia@iaeste.org www.iaeste.org.mk


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

предговор Во денешното современо општество во кое стремежот за нови достигнувања во сите области, развојот на технологијата и желбата за знаење се сè поголеми, доаѓа до израз потребата од млади, искусни и мотивирани истражувачи и инженери - идни двигатели на светот. Поради тоа, неопходно е што подобро и поквалитетно стручно надградување во рамките на универзитетското оформување на секој студент. Токму таа можност, пракса во странство, стручно усовршување и стекнување контакти со професори и колеги од странски компании и универзитети, стекнување вистински пријатели, возбудливи патувања, запознавање нови култури и традиции, го прави ИАЕСТЕ уникатно, единствено, неповторливо. ИАЕСТЕ е почетна скала во професионалното усовршување на секој поединец. Со 63 години успешна размена на студенти од техничките факултети од целиот свет, ИАЕСТЕ е една од најголемите и најраспространетите организации. ИАЕСТЕ семејството брои 87 земји членки, но постои тенденција овој број уште да се зголемува. ИАЕСТЕ Македонија веќе 18 години дава свој придонес во оваа насока и успешно ја спроведува разменската програма. Оваа година, иако пост-кризна, беше доста успешна за нас благодарение на големиот ентузијазам и волонтерската работа на членовите на ИАЕСТЕ Македонија, но и на непроценливата соработка со компаниите и институциите, амбасадите, спонзорите и другите национални комитети од ИАЕСТЕ низ светот, кои повторно ја понудија својата несебична поддршка и помош, за што сме им бескрајно благодарни. Оваа година ќе остане запаметена по добивањето на организациската палка за Годишната Конференција во 2012 година, по одличната кампања за нови членови, по незаборавниот Семинар за тренинг и мотивација што беше одржан на Попова Шапка, по ЕКС Регионалната Конференција која по втор пат се одржа во Македонија. Напорната работа донесе голем напредок и во Локалниот Комитет Битола каде ова лето имаше најголем број странски практиканти до сега, а за пофалба е и тоа што им е одобрена нова канцеларија при Техничкиот Факултет. Исто така, за првпат имаше практиканти во Локалниот Комитет Штип што се надеваме ќе биде доволен мотив за уште повеќе да се развие и да се вклучат нови членови од тој регион. Благодарение на ефикасната администрација оваа година беа потпишани 76 пракси, 61 македонски студенти заминаа на стручно усовршување во странство и 57 странски студенти дојдоа на стручна пракса во Македонија. Пред вас е Годишниот Извештај за 2010 година кој ќе ви го долови нашиот успех, напорната работа, напредокот и постигнувањето на целите на нашата организација. Неизмерно им благодариме на сите наши работодавачи, спонзори, помагатели и пријатели на ИАЕСТЕ Македонија. Се надеваме дека овој извештај ќе Ве поттикне да ја започнете или продолжите Вашата соработка и истиот ќе ја зацврсти Вашата доверба во нас. Катерина Туџарова Национален Секретар

Пракса во странство, стручно усовршување и стекнување контакти со професори и колеги од странски компании и универзитети, стекнување вистински пријатели, возбудливи патувања, запознавање нови култури и традиции, го прави ИАЕСТЕ уникатно, единствено, неповторливо. ИАЕСТЕ е почетна скала во професионалното усовршување на секој поединец.

05


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ЗА ИАЕСТЕ

КОМПАНИИТЕ ЗА ПРАКТИКАНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Преку организацијата за размена на студенти ИАЕСТЕ во Подружницата Караџица стручна практика извршуваше студентка по биологија Каролина Миноци - практикант од Сао Паоло-Бразил, во периодот од 05 јуни до 15 јули 2010 год. Во тој временски период практикантката праксата ја извршуваше на расадниците во Драчево и Китка. Покрај исполнувањето на нејзините секојдневни работни задачи, студентката ја посети и Подружницата Малешево во Берово, каде се запозна со нивното производство на семенски материјал (трушење во трушница), производство на расад и производство на етерични масла (посета и разгледување на лабараторијата). Соработката со практикантката беше одлична, таа беше точна во доаѓањето на работното место и исполнителна во извршување на работните задачи. Сметам дека ваквата соработка со ИАЕСТЕ треба да продолжи и понатаму. Голем поттик е тоа што со секој примен студент од странство се испраќа студент од Македонија во други земји, каде и нашите студенти ќе имаат можност да бидат практиканти во разни фирми и да се здобијат со нови сознанија и знаења, но и да се запознаат со земјата во која ќе престојуваат и со менталитетот на тамошните жители. Николовска Соња дипл.инг. - референт за расадничко производство ЈП „Македонски Шуми” Подружница Караџица Скопје

Досега имаме искуство со студенти од Швајцарија и Германија, каде за време на нивниот престој разменивме доста корисни информации, сознанија, достигнувања во дадените области.

Друштвото Геохидроинженеринг од Скопје, во изминатите години има добра соработка со организацијата ИАЕСТЕ. Како резултат на тоа, секоја година сме заинтересирани за прием на домашни и странски студенти за обавување на летна пракса. Ваквиот начин на контактирање помеѓу компаниите и студентите е од голема корист бидејќи студентите теоретското знаење го надополнуваат со практично искуство, додека компаниите преку тоа ги прошируваат контактите со нивните научни институции и компании, добиваат нови информации околу научните и техничките достигнувања во нивните земји. Во изминатите години имавме искуство со студенти од Швајцарија и Германија. Ние сме задоволни од нивниот однос како и од интересот кој го покажуват за стекнување на нови знаења и искуство во дадената област. Интересно за нас е тоа што научивме повеќе за нивните земји, нивната култура и обичаи. Задоволство ни е што сме дел од оваа програма која им овозможува на нашите студенти да ја искористат можноста да стекнат искуство во компании во странство, да стекнат нови пријатели како и поголеми визии за нивната иднина. Ванчо Ангелов дипл. инж. геолог

Голем поттик е тоа што со секој примен студент од странство се испраќа студент од Македонија во други земји ИнвестГрадба Кочани е проектантско и градежничко биро кое постои од 1999 година. Од досегашната работа на фирмата, прво искуство со ИАЕСТЕ, а воедно и со странски практикант ни беше летото 2010-та година. Ни беше чест да ја примиме Алба Жордана Бауселс од Барселона, Шпанија, која беше практикант во нашата компанија преку разменската програма на ИАЕСТЕ. За време на шест неделниот престој таа имаше можност да работи на повеќе проекти, од технички обработки, работа на градилиште, па се до сопствен дизајн на урбанистичка опрема, кој беше соработка со македонска студентка, и на наше огромно задоволство преку конкурс беше избран за конкретна реализација во 2011-та година. Освен од покажаната одговорност и сериозност во работата, особено сме задоволни и благодарни на топлиот шпански дух кој таа го донесе во фирмата. Позитивна и секогаш расположена да научи повеќе како за работата, така и за Македонија, таа ни беше гостин и во Кочани, во седиштето на фирмата, да ги посети изведените објекти и локациите на кои таа работеше. Ова беше ново, позитивно искуство за нашата компанија, поради што со задоволство ги отвораме нашите врати за нови соработки и наредните години. Дипл.инж. Зоран Манасиев сопственик на ИнвестГрадба Кочани

06


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

ПРАКТИКАНТИТЕ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Alba Jordana Bausells (Шпанија) - thanks again to everyone for a great summertime! Сакам да тe пољубам, Македонијa!! The internship in Macedonia was my first and the most impressive practical working including a lot of fun I have ever had! When I was in Poland I wasn't sure about going to Macedonia, but now I would like to stay longer here and spend time with friends from Macedonia, Polish friends I met in Skopje and trainees from all over the world! I was impressed how Macedonian IAESTE People can organize our time. Almost every day there was something planned for the evening: karaoke, swimming, partying, cycling... I can still hear Darko's jokes (that he was telling us in the bus) on our way to Galicnik. By the way - he is the best Galicnik Wedding organizer ever :) I should write here more about the great people I met in Macedonia but there is no time for doing it because I am going to Van Gogh and then to Havana until 4 a.m. I was working in the telecommunication company called Telesmart Telekom. I have learned there a lot about professional telecommunication networks and much more. The people at work were extremely friendly to me. I have spent great time with them! I am still impressed by: Macedonia, friendly Macedonian People, crazy Skopje nightlife, Havana, parties in front of the IAESTE office, Matka, Ohrid lake, Ohrid life, Skopsko, Solunska Glava, Neda and many, many "mnogu dobro" things :) I hope to see You again! Ајде, поздрав, чао! Македонија! Marcin Nass Poland

Edyta Bąbolewska (Полска) - Thanks for amazing time in Macedonia! I will never forget U and this lovely country! I hope we will meet soon( coz no doubt that we meet somewhere sometime) te sakam MACEDONIA Before I got to Macedonia, i had no idea how it would be like. When i was on the flight to skopje, i meet a swedish guy who was an immigrant from Macedonia. He told me i would get a cultural shock when staying there. Some pictures came up in my mind how it would be, but i could never have guessed that i would experience so much and meet so many great people. I´m very happy that i choose to do a internship in Macedonia, this gave me friends and memories for life. The IAESTE organisation took more than good care of me, activities every day made the days pass very fast (sadly) because of all the fun happenings. What I really liked was the different trips around Macedonia, i was astonished of how nice the country was. My internship gave me an insight of how it is to work in my field and my workmates were very professional and friendly. All in all, an amazing experience that i never will forget! PS: If you get scandinavian people to Macedonia next summer, please turn the heat down during summer because it was HOT to be scandinavian in Skopje last summer Jonatan Strömner Sweden

Daniela Presz (Полска) Back in Poland after 29 Stefanie Hansen hours... Thanks to eve(Германија) - Thank you ryone of you, who I had all so much for this awepleasure to meet in Macsome summer! It was a real pleasure to be part of edonia, who made this IAESTE Macedonia 2010... time so special!! Miss you all, really hope to see you Јас никогаш нема да те заборавам, Македонија! again!!

Shoaib Ali (Велика Британија) - Thank you everyone from IAESTE Macedonia and all the IAESTE trainees!! the last 8 week have been amazing !! You’ve all been fantastic! Really going to miss everyone :D !! Te sakum Bitola! and te sakum Macedonia!! Hope we meet again !! :D I spend almost 8 weeks in Skopje in my traineeship, where I worked in a public enterprise, with Macedonian forest. In this period I had Macedonian classes every week and I even had macedonian traditional dance classes. It was a great time... A lot of fun, clubs and travel. I´m really grateful to all IAESTE members that make my internship unforgettable. Te sakam. Carolina Minozzi Sao Paolo, Brazil

Marcos Rodriguez Zabala (Шпанија) - is back home in Madrid! A big thank you to all the members from IAESTE Macedonia and every single one of the trainees for making these last 6 weeks an unforgettable experience! I am missing you already and I hope to see you all soon!

07


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ЗА ИАЕСТЕ

ШТО Е ИАЕСТЕ? ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која е основана во 1948 гoдина по иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на ОН, како UNESCO, UNIDO, FAO, ILO итн.

ЦЕЛИ »» Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование. »» Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти. »» Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин.

08

ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 300 члена. Раководена е од Националниот Одбор на чело со Национален Секретар чија задача е да ги координира Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на меѓународно ниво. На чело на секој Локален Комитет стои Локален Одбор избран од страна на полноправните членови на соодветниот Локален Комитет, составен од пет члена: Претседател на Локалниот Комитет, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странските студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот. Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и транспарентно. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно.

структура на меѓународно ИАЕСТЕ

Меѓународната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е здружение на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален Комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја. Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на организацијата. Секоја година Годишната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавачи подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале работно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од компанијата или институцијата понудувач се очекува да обезбеди спонзорство за покривање на трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет. Преку универзитетите и институциите за стручно усовршување членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавачите наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование.

ИАЕСТЕ Македонија

МИСИЈА »» Обезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентите; »» Промовирање на меѓународно разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

кратка историја на ИАЕСТЕ Македонија

Почетоци 1992-1995

Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. како локален комитет на ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествува како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

Континуитет 2001

За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат малиот број практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

Враќање 2002

ЛК Битола 1996

На иницијатива на Универзитетот во Битола формиран е нов Локален Комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

Во 10-тата година од своето независно постоење: 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествените проблеми со кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, стабилност и сериозен пристап на вистински начин: доделена е организацијата на семинарот SID, организирани се успешно 2 TWIN семинари со Австрија и Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

Семинари 1997

SID 2003

За прв пат е организиран „Семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови“, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година.

Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SIDSeminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите.

JUMP 1998

Импресии 2004

Презентација 1999

Нови ветришта 2005

Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот.

Во ноември во хотел Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и пријатели.

Година на успех 2000

ИАЕСТЕ Македонија достигна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од 150 работодавачи и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа, организиран е и TWIN семинар со Норвешка.

Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ.

Година на дружба 2006

Одлични „Семинари за тренинг и мотивација“ на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција - ЕКС, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа.

Бурна 2007

Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕКС”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за тренинг и мотивација, TWIN и голема 55 и 15 годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери.

Промени 2008

Најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на првото официјално Национално Собрание. Успешно спроведени Кампања за нови членови, TWIN со Полска, CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за присуство на SID во Норвешка, и многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - МФС, за ГК 2009 во Полска, кои овозможија дури петчлена делегација на овој настан.

ЛК Штип и Охрид 2009

Вклучување на ЛК на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и на новиот Универзитетот за Информациони Науки и Технологии-Охрид. Пораст на ЛК Битола. Новини во маркетинг со видео клипови и фантастична кампања за обезбедување на пракси во која, и покрај економската криз, беа обезбедени 75 пракси! Огромна благодарност до работодавачите за нивната соработка! TWIN на ЛК Скопје и ЛК Битола со ЛК Милано.

Нови рекорди 2010

Рекорден број на полноправни членови - 58, број на примени практиканти - 48 и број на испратени македонски студенти на пракса - 61. Ја добивме честа за прв пат да ја организираме Генералната конференција во 2012 година Подготовките се во полн ек, очекуваме голема поддршка од нашите соработници, а ние ќе се погрижиме најпрофесионално да одговориме на најголемата задача досега за ИАЕСТЕ Македонија - беспрекорна организација на овој настан.

09


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ЗА ИАЕСТЕ

Често поставувани прашања од работодавачите

Каква организација сте и со што се занимавате? »» ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса.

Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство? »» Платена стручна пракса е повеќемесечна работа во некоја компанија или институција која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии. За извршената пракса добива соодветен надоместок за покривање на трошоците за време на неговиот престој.

Колкав треба да биде надоместокот што треба да го добива студентот? »» Основно начело на ИАЕСТЕ е дека „платата“ што треба да ја добие студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималниот паричен надомест за извршената работа би била 13000 денари за секои 4 седмици. Освен надоместокот, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата.

Дали соработувам со сериозна организација? »» За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното 62 годишно постоење извршени се околу 400.000 пракси во над 100.000 компании и институции во кое што учествувале над 80 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и

10

работното искуство на овие студенти со непроценлива вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа, значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните компании и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход.

Што добиваме со давање пракса на некој странски студент? »» Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инженерската кариера е една од основните особини на компаниите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се на принцип на реципроцитет, што значи дека со секоја пракса што ја обезбедувате за некој странски студент, овозможувате еден македонски студент да престојува неколку месеци на работа во некоја странска компанија. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата компанија може да остварите соработка со некои странски компании и универзитети од земјата од која што тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаење со кое би ја унапредиле работата во Вашата компанија. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја. Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа компанија која мисли на младите генерации и им помага на идните инженери и ќе најдете место веднаш

до добро познатите светски гиганти од калибарот на: MICROSOFT, INTEL, BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе меѓународен дух во работата на компанијата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот, странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Кој е периодот на извршување на праксата? »» Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот: од 1-ви јуни до 30-ти септември со цел да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот период. Компанијата, во зависност од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината.

Колкава е должината на праксата? »» Должината на праксата ја одредува компанијата или институцијата работодавач во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на праксите е 6 седмици. Оваа бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието, минималното времетраење е 6 седмици. Исто така, доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример Бразил, Кина, Мексико, не би било оправдано поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

Често поставувани прашања од работодавачите

Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма? »» Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ Македонија и на некој друг странски јазик.

Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма? »» Да, Ваше право е да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги поседува студентот. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот.

Дали имаме други обврски кон практикантот? »» Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ Македонија. На пример: пречекот и испраќањето, сместувањето, носењето до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ Македонија го организира неговото слободно

време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаи. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здравствено осигурување, сепак во случај на евентуални здравствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија.

Што треба да содржи описот на праксата? »» Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во компанијата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во Ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе биде номиниран за таа пракса ќе има предвид за каква пракса сака да се номинира и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење). Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во компанијата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата.

Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на

многу високо стручно ниво. »» Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот.

Ние работиме многу и работиме сериозно, а работата е доста одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата? »» Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ - Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите компании им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кое го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работа.

11


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИЗВЕШТАИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ

ИАЕСТЕ како студентска организација секоја година составува финансиски извештај кој иако не е атрактивен поради малиот број средства со кои располага, сепак е интересен поради тоа што може да се види што сè може да се направи со нив ако се работи ефикасно и ангажирано. Би можеле да констатираме дека оваа година беше на едно задоволително ниво, кое сепак се трудиме да го одржиме позитивно и да преживееме во оваа економска криза која ги опфати и непрофитните правни лица. Како позитивни околности со кои се сретнавме оваа година, би ги издвоиле: позитивна нула на салдо, навремено подмирени сметки, задржана соработка со стариот сметководител, продолжена соработка со техничките факултети, остварени нови соработки со фирми и институции и подмирени обврски на сите фирми соработници спрема ИАЕСТЕ Македонија што значи дека немаме никакви должници за изминатата 2010 година. Од друга страна, негативни околности со кои се соочивме се: година на економска криза, прекин на долгогодишни финансиски поддржувачи, 8 неискористени пракси и исплаќање на извршител поради несоодветна испорака на известувањето за радиодифузна такса.

На слика 1 имаме графички приказ на приходите и расходите по месец за 2010 година. Како што може да се забележи годишниот обрт се движи некаде до 1 224 600 денари или околу 20 000 евра. Бројката е голема бидејќи во оваа сума се пресметани и спонзорствата за надоместок на животните трошоци на странските практиканти.

Слика 2. Расходи по категорија Слика 1. Приходи и расходи по месец

Расходите на ИАЕСТЕ Македонија се дадени на слика 2. Ако споредиме со претходната година, комуналиите се скоро исти. Радиодифузната такса и понатаму останува, иако сметаме дека треба да ни ја укинат од причина што сме непрофитна организација. Како непредвиден трошок се појави зголемувањето на интернационалната членарина која го плаќа ИАЕСТЕ Македонија, во однос на претходната година, како резултат на зголемениот број на разменети пракси.

12


ИЗВЕШТАИ

www.iaeste.org.mk

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ

За приходите, графички прикажани на слика 3, најзаслужни се сите членови кои учествуваа во кампањата за обезбедување на пракси (Job Rraising) за 2010 година. Беа обезбедени голем број на стручни пракси и што е најбитно дел останаа за Надворешен конкурс. Успешната кампања за нови членови резултираше со голем број на нови членови, а како показател е учеството на средствата за членарина која изнесува само 500 денари годишно.

Слика 3. Приходите по категорија

Последниот график (слика 4) процентуално ги прикажува финансиските спонзорства. Тука јавно би им се заблагодариле на сите компании и институции кои финансиски или наменски ја помагаат дејноста на ИАЕСТЕ Македонија. Машински Факултет како и секогаш е наш најголем поддржувач од сите технички факултети. Како новина оваа година е и остварената соработка со туристичката агенција ЗИП Травел. Од друга страна во 2010 година беше прекината долгогодишната финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се надевам дека оваа ситуација ќе се смени во престојната 2011 година. Тука би додале дека две фирми соработнички од Скопје сè уште ги немаат подмирено обврските кон ИАЕСТЕ, односно ги немаат исплатено практикантите за нивната пракса, која претходно беше исплатена од ИАЕСТЕ Македонија. Тоа се ТТ-Пласт и HiTech.

Слика 4: Финансиски спонзорства

На крај искажуваме благодарност до сите членови кои во изминатата година несебично ги понудија своето време и труд, за што поуспешно функционирање на организацијата во остварувањето на целите. И како во претходните извештаи, му посакуваме многу успех на новоизбраниот одговорен за финансии, Валентин Даниловски, во кого имаме целосна доверба. Невена Стојанова Одговорна за финансии

13


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИЗВЕШТАИ

Извештај за странските практиканти во Македонија

Со голем труд на сите членови на ИАЕСТЕ, изминатата година може да се оцени како една од најуспешните од постоењето на ИАЕСТЕ Македонија како независна студентска организација. Иако годината беше обележана како година на економска криза, сепак со голем труд и големо разбирање од многу компании во Македонија, успеавме да го задржиме реномето на најактивна и најуспешна студентска организација во државата со 76 потпишани договори од страна на 59 компании. Ова овозможи голем број на македонски студенти да заминат на стручна пракса во некоја од земјите членки на ИАЕСТЕ од целиот свет. На Годишната Конференција во 2010 година која се одржа во Цирих, Швајцарија беа раменети 74 пракси со преку 30 земји. На одржаниот внатрешен конкурс на кој имаат право да бираат пракси само членовите на организацијата беа искористени 66 пракси при што останатите 8 беа објавени на надворешен конкурс на кој имаат право да конкурираат сите студенти од државните факултети во Република Македонија. Летната рецепција оваа година започна со пристигнување на првиот практикант во јуни и траеше сè до средината на ноември што ја прави една од најдолгите Летни рецепции. Како најголем проблем на летните рецепционери, како и секоја година, беше сместувањето на големиот број на странски студенти. Како најсоодветно решение беше избрано тие да се сместат во Ученичкиот дом “Здравко Цветковски” од 1 Јуни до 31 Август, а по овој период беа сместувани во приватни куќи и станови. Како традиција и должност на ИАЕСТЕ Македонија и оваа година практикантите беа пречекувани при нивното пристигнување. Нашите членови се погрижија да ги сместат практикантите и да ги однесат на нивните работни места на првиот работен ден, се со цел тие да се почувствуваат добредојдени во новата земја која ја посетуваат. Од 76-те пракси кои беа обезбедени, во Македонија пристигнаа 48 странски студенти за извршување на стручна пракса во голем број на компании и институции. За преостанатите 18 пракси кои беа потпишани, како причини за непристигнување на студент можат да се наведат: неможност да се најде студент со соодветен профил за потпишаната пракса, одбивање на студентот поради несоодветен профил, одбивање на студентот поради недостиг на финансиски средства на компанијата и откажување на праксата од страна на студентот поради лични причини. За крај, би сакале оваа година да ја оцениме како една од најуспешните и како година која на наредните генерации треба да им послужи како пример и мотив за уште поуспешна работа. Билјана Зафировска Одговорна за странските студенти

14

Успеавме да го задржиме реномето на најактивна и најуспешна студентска организација во државата со 76 потпишани договори од страна на 59 компании.


ИЗВЕШТАИ

www.iaeste.org.mk

Извештај за македонските практиканти во странство

Одговорен за македонските студенти е витална функција во ИАЕСТЕ која е најнепосредно поврзна со членовите на целата организација. Преку системот на одбирање и доделување на пракси, секој оној кој го заслужил правото на избор има можност да ја одбере праксата која најмногу му одговара. Во таа насока минатата година би сакал да ја поврзам со одличните услови за работа во организацијата, како за членството, така и за членовите на одборот. Обезбедувањето на пракси во текот на кампањата за обезбедување на пракси (Job Raising) секоја есен, претставува важен предуслов за обезбедување на пракси за сите македонски студенти кои се заинтересирани да извршат пракса во странство во наредната година Билјана Зафировска и Анѓеле Ивановски, како и на сите инволвирани за секоја од 76-те пракси обезбедени за странските студенти во Македонија. Со таков одличен број, работата на одговорниот за испраќање на нашите студенти многукратно се олеснува, се обезбедува квалитетен избор на пракси помеѓу членството, полесна манипулација при откажување на некоја пракса и секако можност за собирање на финансиски средства со самото одбирање на праксите преку надворешен конкурс. Во приложената табела се прикажани информациите за нашите испратени студенти преку броеви кои се надевам дека ќе бидат во најмала рака повторени од идните генерации. Како и секоја година, и оваа се соочивме со одбивање на нашите студенти во странство, но гледајќи од позитивната страна тоа се случи само два пати. Сите останати студенти кои преку внатрешниот и надворешниот конкурс конкурираа на некоја од разменетите пракси на Годишната конференција беа примени. Поголемиот дел од нив беа примени веднаш по номинирањето, а за дел од нив беа најдени замени кои срдечно беа прифатени од наша страна. На крај, со задоволство можам да заклучам дека во осумнаесетгодишното постоење на ИАЕСТЕ Македонија, 2010-та година ќе биде запаметена со вториот по ред успех во однос на бројот на испратени студенти на стручна пракса во странство. Јане Даневски Одговорен за македонските студенти

Со 76 разменети пракси, работата на одговорниот за испраќање на нашите студенти многукратно се олеснува, се обезбедува квалитетен избор помеѓу членството, полесна манипулација при откажување на некоја пракса и секако можност за собирање на финансиски средства со самото одбирање на праксите преку надворешен конкурс.

15


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИЗВЕШТАИ

КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАКСИ Една од најважните активности кои што се организираат во ИАЕСТЕ Македонија во текот на годината е кампањата за собирање на пракси. Тоа е така, бидејќи без таа кампања ние не би имале можност да размениме пракси со странските комитети, односно нашите членови не би можеле да одат на пракса во странство. Во текот на оваа кампања се работи на обезбедување што поголем број на пракси за странски студенти од техничките факултети кои ќе работат во нашите компании, за кои се задолжени членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Оваа кампањата започнува во септември, а завршува во јануари со завршувањето на Годишната Конференција. Оваа конференција се одржува еднаш годишно, па собраните пракси од Македонија нашите делегати ги разменуваат со различни земји, по принцип една за една пракса. Начинот на кој се одвива оваа кампањата е следниот: членовите ги контактираат компаниите и институциите; поискусните членови се редовно присутни и подготвени да помогнат во било која ситуација; исто така редовно се организираат работни групи, на кои подетално им се објаснува и помага на поновите членови во работата и контактирањето на компаниите. Доколку компанијата или работодавачот со кој ќе се оствари контакт е заинтересиран за соработка со нашата организација, им се објаснува сè во врска со работата и активностите во нашата организација. Сите контакти и обврски во врска со компаниите ги остваруваат членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Оваа година беа исконтактирани повеќе од 250 компании. Беа потпишани 72 пракси во 62 компании и институции. Од вкупниот број на пракси 8 беа потпишани од страна на членовите од ЛК Битола, а останатите 63 од страна на членовите од ЛК Скопје. Како уште една важна работа која ја посочуваме кон компаниите кои примаат странски практикант е тоа дека тие како компанија немаат никаква друга обврска кон практикантот обезбедување услови за студентот да може да ја изврши самата пракса. За сите преостанати обврски се грижи ИАЕСТЕ Македонија. Наташа Креместевска и Филип Хрисафов Координатори на кампањата

16

Creation Pal, MCA (Macedonian Computer Associates), Univerzal Er Er, Авто Куќа, Агенција за супервизија на осигурување, Ајсиукс Таурус, Апплифу, Аспект, Ассеко СЕE, Балкан Консалтинг, Бенинг ПСАМ, Бетон ГП, БИС Инженеринг, Бортас, Брако – Велес, ВеснаСап, Водовод Битола, Геохидроинженеринг, Градежен факултет, Дасто, Дијагностика Фармахем, ФОД Новаци, Еконет, ЕЛЕМ, Завар Компани, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии, Зелена куќа, Златна Рака, ИЗИИС, Инвестградба – Кочани, Интервеј, Јасива, JП Нискоградба Битола, КЕМ – Гостивар, Кнауф, Ком-софт, Македонијапроект, ЈП Македонски шуми, Машински факултет, Микросам – Прилеп, Неимар, НеоТел, Нетцетера, Неуромедика, Општина Карпош, Платформа, Порше Македонија, Раде Кончар, РЕК Битола, Сискон, Студио 2000, ТГС Технички Гасови, Телесмарт, Тетрактис – Кристијан, Технички факултет Битола, Титан цементарница Усје, Топлификација, Факултет за Администрација и Менаџмент на Информациски системи Битола, Факултет за Електротехника и Информациски Технологии, Фершпед, Хемометал – Битола, Шпаркасе Банка


ИЗВЕШТАИ

www.iaeste.org.mk

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2011 Во периодот од 21 до 28 јануари 2011 во Бангкок, Тајланд се одржа најважниот настан за ИАЕСТЕ Годишната конференција. Оваа Годишна конференција беше 64-та по ред, а веќе втор пат се одржува во Тајланд, во последните 8 години. На оваа Конференција ИАЕСТЕ Македонија имаше чест да биде претставена од тројца делегати - Катерина Туџарова (Национален секретар и делегат на Годишната Конференција), Мирко Даневски (координатор за Годишната Kонференција 2012 која ќе се одржува во Македонија) и Благој Трајкоски (нов Национален секретар). Ова беше овозможено пред сè благодарение на поддршката на Машинскиот Факултет – Скопје и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии – Скопје. Активностите во Годишната конференција се поделени во два дела и тоа - разменска сесија и конференциска сесија. Годинава успеавме од 72 потпишани пракси, во 5 разменски сесии да размениме 70 пракси со вкупно, до сега рекордни, 30 земји. Според желбите на студентите праксите беа разменети со: Шпанија (8), Полска (8), Германија (6), Турција (7), Обединето Кралство (3), Хрватска (3), Белгија (3), Индија (2), Чешка (2), Јапонија (2), Австрија (2), Украина (2), Бразил (2), БиХ (2), Португалија (1), Словачка (1), Словенија (1), Тунис (1), Кина (1), Ирска (1), Унгарија (1), Србија (1), Нигерија (1), Тајланд (1), Швајцарија (1), Данска (1), Финска (1), САД (1), Белорусија (1), Колумбија (1). Во рамките на конференциските сесии, покрај анализа на редовните годишни активности, изгласување на годишен план за работа и буџет, беа изгласани и нови членови на одборот. И тоа за позицијата Генерален Секретар повторно му беше изгласана доверба на Горан Радновиќ за периодот 2012-2014, за позицијата член на одбор за период 2011-2013 изгласан беше Бернард Бајенс од Колумбија, а за претставник на студентски водените Национални Комитети беше изгласан Милан Вручиниќ од БиХ. Исто така беа избрани и нов координатор за Семинарот за развој на ИАЕСТЕ - Луси Еверет од Обединето Кралство и Даниел Шварц од Германија како координатор за IDT тимот. Понатаму, нашиот тим изврши презентација за новостите околу организацијата за наредната Годишна Конференција која ќе се одржи за прв пат во Скопје, Македонија во периодот 20-27.01.2012. Генерално бевме одлично прифатени и јавно беше понудена поддршка од различен карактер од повеќе национални комитети. За домаќини на Годишната Конференција во 2013 беа изгласани ИАЕСТЕ Обединето Кралство и ќе биде одржана во Белфаст, Северна Ирска. Семинарот за развој на ИАЕСТЕ оваа година ќе биде одржан во Валенсија, Шпанија. Од организациски аспект мора да се пофалат ИАЕСТЕ Тајланд кои ни приредија пречек на највисоко ниво со сите почести притоа успешно решавајќи ги сите технички прашања и проблемот со визите. Во поголемиот дел од вечерите беше организирана некоја интересна активност како крстарење по реката Чајо Праја низ средината на Бангкок; исто така ни овозможија национална вечер во која преку едно од најголемите изведби во живо имавме можност да се запознаеме со нивната комплетно различна култура, традиција и религија а исто така да ја вкусиме нивната традиционална силно зачинета морска храна.

Едно од најсилните обележја на овој настан редовно е интернационалната вечер, така и оваа година 87 имаа можност да се презентираат, а Македонија иако во помал број од претходните години повеќе од достојно беше забележана преку своите храна и пијалоци, традиционалната облека, препознатливиот дух за забави, но и неколку годишната кампања „IAESTE Macedonia is HOT“. На крај овој настан гламурозно беше затворен со Гала вечерта на која беа доделени награди и признанија за сите вклучени во организацијата на настанот, како и на заслужни членови за досегашната работа на ИАЕСТЕ на меѓународно ниво. Искуството и контактите од оваа Годишна конференција ќе ни бидат од огромно значење и помош при организирањето на наредната конференција кај нас. Од голема важност е да ја продолжиме одличната соработка со сите Национални Комитети и наредната година заедно да дадеме сè од себе за да се организира најуспешниот настан во историјата на ИАЕСТЕ во Македонија. Благој Трајкоски Делегат на Годишна Kонференција 2011

17


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИЗВЕШТАИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА МАРКЕТИНГ Да се застане на позицијата “Oдговорен за маркетинг“ во време кога маркетингот во организацијата се движи по нагорна линија и зацртан пат до некаде е олеснување, но и дополнителен предизвик. Тоа ме обезбеди со огромен почетен ентузијазам да продолжам по стапките на моите претходници, да иницирам и внесам дополнителни подобрувања, да го дадам својот максимум оставајќи “плодна почва” за понатамошна работа на наредниот маркетинг одговорен. Работата започна со спроведување на уште една успешна Кампања за нови членови, која опфати презентации и инфо-штандови на сите факултети кои се опфатени со работата на ИАЕСТЕ. Кампањата се заокружи со Семинарот за Тренинг и Мотивација, кој оваа година се одржа на Попова Шапка, на 23 и 24 април, и на истиот присуствуваа стотина стари и нови членови. Во однос на промотивните материјали, беа разработени повеќе свежи идеи, а се започна со дизајнирање и печатење на нови визит-картички за членовите на ИАЕСТЕ. Понатаму, изработивме ИАЕСТЕ беџови кои беа вистински хит, посебно за време на Летната рецепција. Дизајнот за истите беше од минатогодишната “IAESTED“ маичка. За компаниите и партнерите на ИАЕСТЕ, беа изработени информативни брошури кои ја презентираат организацијата и нашата работа. Во иднина, се надеваме дека ИАЕСТЕ ќе може секогаш да вложува во нови и иновативни промотивни материјали, кои ќе нè претставуваат и ќе ја зголемат свесноста за нашето постоење и работа.

Беше дизајнирана нова маичка со мотото “Feel the IAESTE beat” која стана наше обележје и знак на препознатливост во годинава која измина, а за странските практиканти ќе остане како убав спомен од Летната рецепција 2010. Беше вложувано во новата веб страна која беше изработена минатата година и се обидовме секогаш да нудиме свежи и навремени информации, јасно и транспарентно пренесени. Еден чекор понапред оваа година е изработката на on-line пристапница, која за прв пат се воведува во ИАЕСТЕ со цел зголемување на ефикасноста и удобноста на зачленување на нашите нови членови. Планираме уште повеќе работа на веб страната, привлекување на повеќе посети и конечно компании или институции кои би се рекламирале на нашата страна. Идејата да се пренесе нашата ИАЕСТЕ приказна, од далечните почетоци, па се досега, на еден иновативен визуелен начин ја остваривме со креирање на новото видео, “IAESTE STORY”. Со овој видео клип конкуриравме на овогодинешниот натпревар за најдобро одбележување на ИАЕСТЕ денот. Со ова ја продолжуваме успешната традиција за изработување на квалитетни видео-клипови кои ќе го пренесат нашиот глас и порака, и ќе останат показател за работата и успесите на ИАЕСТЕ Македонија.

Во периодот што следи, маркетингот секако ќе биде насочен кон подобрување на имиџот на организацијата, соработка со повеќе компании и партнери, со цел да се стави посебен акцент на организирањето на Годишната Конференција во Скопје во 2012

18


www.iaeste.org.mk

ИЗВЕШТАИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА МАРКЕТИНГ

Како посебен напредок би ја истакнале и работата на полето на подобрување на односите со јавност. Беше направена и одржувана широка база на контакти со медиуми, беа остварени многу гостувања во повеќе телевизии, беше организирана прес-конференција за медиумите, а истите беа поканувани и на секој настан организиран од наша страна. Како идна цел поставуваме подобрување токму во оваа област, бидејќи на студенстка волонтерска и непрофитна организација како што сме ние секогаш е потребна поддршка од медиумите и поголема покриеност. Исто така е битно остварување на нови контакти со компании, универзитети и институции и грижливо одржување на истите. Организирање на настани, како за компаниите така и за мотивација на нашите членови се неопходни предуслови за развој на ИАЕСТЕ и на маркетингот како алатка за подобрување на работата. Во периодот што следи, маркетингот секако ќе биде насочен кон подобрување на имиџот на организацијата, соработка со повеќе компании и партнери, со цел да се стави посебен акцент на организирањето на Годишната Конференција во Скопје во 2012 година, што претставува прв ангажман на ИАЕСТЕ Македонија од ваков обем.

Да се биде член на ИАЕСТЕ е навистина привилегија. Да се биде дел од одборот на организацијата е посебен предизвик и задоволство. Искрено се надеваме дека секоја идна генерација во ИАЕСТЕ ќе биде поуспешна од претходната, и маркетингот како посебно битен дел од работењето да биде на повисоко ниво од година во година. Душица Лазарова Одговорна за маркетинг

Групна фотографија на Попова Шапка

19


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИЗВЕШТАИ

ИАЕСТЕ ДЕН И ПОЛНОЛЕТСТВО Маркетинг групата беше активна и за ИАЕСТЕ денот, кој се одбележува интернационално во сите ИАЕСТЕ комитети ширум светот во третата недела од месец октомври. Оваа година, ИАЕСТЕ денот беше на 21 октомври, а ИАЕСТЕ Македонија го одбележа со целодневни активности. Активностите беа поделени во три дела одржани на различни локации. Во претпладневните часови беа поставени информативни штандови на Машинскиот Факултет и Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии со цел зближување со студентите и промоција на нашите активности. Посетителите имаа можност да ја почувствуваат веќе добро познатата кампања “IAESTE is HOT” преку топол напиток приготвен од нашите членови. Потоа го изведовме ИАЕСТЕ танцот на плоштадот во Скопје, кој како традиција ја започнавме од минатата година. Се надеваме дека овој момент ќе биде прифатен од идните генерации и ќе продолжи на овој ден и во иднина и многу повеќе ќе се прошири што е прекрасна можност за подигнување на свесноста за ИАЕСТЕ како организација и секако наше бесплатно промовирање. ИАЕСТЕ танцот на плотад Македонија Третиот дел од активностите продолжи со вечерна забава на која присуствуваа многу членови, поранешни членови, 18ти Роденден на ИАЕСТЕ Македонија пријатели и поддржувачи. На забавата беше промовиран клипот изработен од маркетинг групата на кој е претставена Полнолетство! Да се потсетиме на почетоците кога во ИАЕСТЕ приказната. 1992 година група на амбициозни студенти решија да го одвојат локалниот комитет Скопје од тогашниот национален комитет на поранешна Југославија и да формираат самостоен национален комитет на Република Македонија. Од тогаш успесите не запираат, а кулминацијата ја постигнуваме во 2010 година кога ја добивме одговорноста за организирање на најголемиот настан на меѓународно ИАЕСТЕ – Годишна конференција, што треба да се случи во јануари 2012. Работата на ИАЕСТЕ досега променила многу студентски животи, креирала многу пријателства и овозможила запознавање со светските култури на многу студенти. Овој роденден беше одбележан на 16 декември 2010 година во клубот Кастро со фантастична забава на која присуствуваа членовите, алумните, соработниците и пријателите на ИАЕСТЕ Македонија. Присутните беа почестени со роденденската торта и многу изненадувања, надополнети со многу забава, музика, пеење, играње... Роденденскиот настан беше одличен старт за новогодишната атмосфера во која бевме поттикнати да организираме уште еден настан кој се случи на последниот редовен состанок од минатата година. Роденденската торта Настанот го нарековме “ИАЕСТЕ Новогодишна еуфорија” и на истиот беа разменети многу подароци помеѓу членовите со цел заокружување на една од најактивните години за ИАЕСТЕ Македонија.

20


ИЗВЕШТАИ

www.iaeste.org.mk

ИЗВЕШТАЈ ЗА IT ТИМОТ

Непрекинатиот развој на информатичката технологија, како и зголемениот број на корисници на интернет услуги во последнава декада овозможи зголемување на бројот на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците. ИАЕСТЕ Македонија како организација водена од млади и амбициозни студенти на технички факултети постојано го следи трендот на модерната информатичка технологија и ги исползува придобивките. Со формирањето на посебен ИТ тим кој е задолжен за развој и одржување на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците, ИАЕСТЕ Македонија храбро чекори во иднината. Изминатата година ИТ тимот на ИАЕСТЕ Македонија, во соработка со останатите членови на организацијата изработи комплетно нова веб страна со нов дизајн инкорпорирајќи ги модерните технологии на AJAX и ASP.NET. Само неколку месеци по пуштањето во употреба на новата веб страна, ИТ тимот на ИАЕСТЕ Македонија пушти во употреба два нови подсајтови. Еден од сајтовите беше наменет за EКС Регионалната конференција на која беше домаќин ИАЕСТЕ Македонија, додека другиот подсајт беше наменет за Семинарот за тренинг и мотивација кој традиционално се одржува секоја година. Со овие два подсајтови на учесниците им беше овозможено да се регистрираат и лесно да можат да бидат информирани за агендата на настаните.

Со формирањето на посебен ИТ тим кој е задолжен за развој и одржување на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците, ИАЕСТЕ Македонија храбро чекори во иднината

Со цел оваа година да се подобри информираноста на странските, како и на македонските студенти, ИТ тимот постави нова веб страна посветена на летната рецепција. Оваа веб страна содржи информации поврзани со природните богатства и позначајните локалитети во Република Македонија. Страната беше редовно ажурирана со план за неделни активности кои се организираа за да се исполни слободното време на странските студенти. Тука може да се најдат и албуми со фотографии од незаборавните моменти и поважни настани кои се случуваа во овој период. Со цел поефикасно да се пренесе стекнатото знаење од една генерација на друга, ИТ тимот постави wiki апликација. Целта на оваа веб апликација е да овозможи ефикасно зачувување, пребарување и додавање на нови податоци кои се поврзани со работата на ИАЕСТЕ Македонија. Зголемениот број на веб сервиси наложува и зголемена потреба на човечки ресурси. Со пуштањето во функција на веб страната за летна рецепција и wiki апликацијата, неминовна беше потребата од зголемување на бројот на администратори кои беа регрутирани од редовите на ИТ тимот на ИАЕСТЕ Македонија. ИТ тимот на ИАЕСТЕ Македонија продолжува да ги унапредува постоечките веб сервиси и да воведува нови можности кои ќе им бидат достапни на странските студенти со цел да се зголеми посетеноста и атрактивноста на Република Македонија како земја во која би извршиле стручна пракса. Кристијан Петков Координатор на ИТ тимот

21


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИЗВЕШТАИ

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА По успешната 2009 година и зголемувањето на членството работите полесно се одвиваа во изминатата година. На крајот на 2010 година податоците покажуваат 20 членови, од кои 10 активни и 7 полноправни со што ја задржавме бројката од минатата година. Во првиот дел од годината, доста рано во февруари започнавме со маркетинг кампањата на факултетите вклучени во ИАЕСТЕ разменската програма при УКЛО во Битола со презентации и инфо штандови и тоа на Техничкиот факултет, Факулетот за биотехнички науки и Факултетот за менаџмент на информациски системи. Во склоп на кампањата како заокружување беше организиран и мини - Семинар за тренинг и мотивација на 06.03.2010 на Техничкиот факултет- Битола. Семинарот беше со цел подобро запознавање на студентите со ИАЕСТЕ и она што ИАЕСТЕ им го овозможува, а на него присуствуваа и гости од ЛК Скопје вклучувајќи го и Националниот Сектретар на ИАЕСТЕ Македонија - Катерина Туџарова. По напорниот ден семинарот заврши со ИАЕСТЕ Забава во кафе бар ФХ. Наредниот ден во релаксирана атмосфера во кафетерија на Широк Сокак со групата од ЛКС се разговараше за тековниот TWIN кој не очекува. Семинарот се на се заврши успешно. Планираниот TWIN помеѓу Локалниот Комитет Битола со ЛК Истамбул (Yеdintepe) беше откажан во последен момент од ЛК Истамбул и покрај тоа што планот беше изготвен и сите подготовки завршени. Периодот по завршувањето на летната рецепција вообичаено е резервиран за Job Raising кампањата. ЛКБ тука имаше и нова задача, како партнер во проектот РЕВИС 2010 заедно со Универзитетот “Св. Климент Охридски”, Агенцијата за Електронски Комуникации и Општина Битола. Процесот на аплицирање и организирање траеше долго, но се исплатеше. Голема благодарност до проф. Божин Доневски на чија иницијатива ЛКБ беше вклучен во проектот. Во склоп на проектот на 24.09.2010 беше организирана главната активност Ноќ на Истражувачите на плоштадот Магнолија со мотото “Отворени за Наука”. Ова е голем настан финансиран од Европската комисија, кој оваа година значеше многу за развојот на комитетот и неговото промовирање во градот. Во многу медиуми се зборуваше за настанот, како и за ИАЕСТЕ. Воедно, имавме повеќе ТВ гостувања со што подоцна во кампањата за собирање на пракси добивме отворени врати во многу институции и претпријатија.

Во согласност со финансиските можности го одбележавме ИАЕСТЕ денот со презентација во холот на факултетот и кафе-чај за стимулирање во ладниот октомврски ден кој заврши со организирана забава во кафе барот Данте. Врвот на целиот труд и работа во 2010 година се достигнува во месец ноември со добивањето на канцеларија на Техничкиот факултет. Упатуваме јавна благодарност до надлежните професори од ТФБ кои конечно го прифатија и одобрија она што долго време го очекувавме, со што значително ќе ни се олесни работата. Дарко Домазетовски Претседател на Локален Комитет Битола

Оваа година според статистичките податоци бројот на разменети студенти- појдовни и дојдовни практиканти беше најголем од оформувањето на комитетот. Вкупно 6 странски практиканти извршуваа стручна пракса во Битола во должина од 6 до 8 недели, а 5 студенти од ЛКБ отидоа низ Европа на стручно усовршување кое беше во времетраење од 6 до 12 недели. Во табелата е дадена статистика од последните 3 години наваму што кажува на пораст на бројот на разменети студенти. Марија Радежова Одговорна за македонските студенти

22


ИЗВЕШТАИ

www.iaeste.org.mk

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА Летната рецепција започна со пристигнувањето на првиот од вкупно шестмина практиканти, кои ја извршуваа својата пракса во Битола, Simge од Турција. Во следниот период пристигнаа и Monika (Чешка), Shoaib (Англија), Albert (Шпанија), Brecht (Белгија) и на крај Yuki (Јапонија), сите од различни земји при што се создаде мешавина на најразлични култури. За да ја запознаат нашата култура, како и самиот град Битола со сите негови убавини и да имаат исполнет социјален живот за време на нивниот престој, се погрижија членовите на ЛК Битола кои секојдневно организираа забави и посети на настани од Битолско Културно Лето. Секако, беа организирани и два викенда на кои присуствуваа и странските практиканти од Скопје. Пиење кафе на познатиот Широк Сокак, посета на старата чаршија и на античкиот град Хераклеа, како и излети во Националниот парк Пелистер беа дел од активностите кои ги воодушевија гостите. Како и минатите години, така и оваа, имаше спонтани посети од страна на практиканти од Скопје, при што како и секогаш членовите на ЛК Битола им излегуваа во пресрет. Централно место во овогодишната летна рецепција зазеде Интернационалната Вечер. Организирана во соработка со повеќе невладини организации како и со Американското Катче, се одржа во средината на месец јули, во галеријата Магаза што се наоѓа во самиот центар на градот. Студентите од вкупно 10 земји имаа можност да ја претстават својата земја преку традиционална храна и пијалоци. Турска баклава, белгиско пиво, француски палачинки, шпанска сангрија, полска водка, англиска пита со јаболка... беа само дел од тоа што бројните гости, меѓу кои и соработници на ИАЕСТЕ како и ректорот на битолскиот универзитет “Св. Климент Охридски”, проф. д-р Златко Жоглев, можеа да го вкусат. Оваа година имавме успешна летна рецепција, која пред сè се должи на напорната работа на членовите на ЛК Битола како и на ЛК Скопје, и би сакале да им се заблагодариме на сопствениците на куќата во која беа сместени практикантите за нивната гостопримливост со што им го направија нивниот престој уште поудобен. На крај, би сакале да го пренесеме искуството на еден од практикантите: “The six weeks I spent in Macedonia were very comfortable. I fell in love with the relaxing way of life, the nice people, the superb ambiance ... I have greatmemories to it and I will miss it very much!” - Brecht Jacobs

Трет период – како и секогаш е резервиран за Кампањата за обезбедување пракси (Job Raising) со која се започна навреме и покрај сите обврски што успешно се завршија околу проектот “Ноќ на истражувачите”. Склучувањето на договори за пракса за идната година се случуваше значително поолеснато со некои од компаниите кои минатата година дадоа пракси, но со некои од нив, дел нови компании, дел од старите, се одвиваше отежнато. Одбивањето од страна на компаниите сепак можеби беше пред се поради нивната слаба финансиска положба. Чест ми е да кажам, а воедно и да ги пофалам компаниите како Микросам од Прилеп и АД ЕЛЕМ Битола кои и оваа година, како и изминатата обезбедија пракса за странски студенти во нивните фирми. ЈКП Водовод и факултетите ТФБ и МИС се нови работодавачи кои прв пат се вклучуваат во нашата програма. Живорад Трајановски Координатор на ЈR Кампања

Дамир Емин Координатор на Летна Рецепција

23


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

НАСТАНИ

НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ Секој член на ИАЕСТЕ сака да се почувствува како да припаѓа на една сигурна организација, која го штити него како член укажувајќи му ги должностите и воедно, благодетите кои ги добива од неа. Неминовно, постоењето на статут и правилник на работење е неопходен елемент од една успешна организација, кои ја прават нејзината работа поефективна и транспарентна. Еднаш годишно сите членови на ИАЕСТЕ Македонија се собираат заедно и присуствуваат на Националното Собрание, каде критично размислувајќи ја оценуваат работата на ИАЕСТЕ во претходната година и изнаоѓаат начини како би ја подобриле во иднина. Националното Собрание обично трае два дена, при што должност на секој полноправен член е да присуствува на истото, мотивирајки го на еден начин активно да се вклучи во дискусиите за проблемите со кои се соочил и преку групно размислување да се дојде до решение прифатливо за мнозинството. Оваа година Националното Собрание се одржуваше на 20 и 21 ноември и беше посетено од членовите на локалните комитети Скопје и Битола. Притоа, среќни сме да кажеме дека регистриран е рекорд на полноправни членови - дури 58. Тоа подразбира дека се повеќе напредуваме и дека членовите се се пожелни да придонесат со својот труд и да помогнат во непречен тек на активностите, преку нови идеи, креативност, критики и многу работа. Повторно ја истакнуваме Летната рецепција што одекнува како најдобра на меѓународно ниво. Значително зголемување на бројката на членови. Подобрување на работата од маркетиншки аспект. Ново видео за ИАЕСТЕ Македонија. Неколку веб страни кои ја прават подостапна нашата работа и олеснуваат во функционирањето. Учество во проекти, присуство на семинари. Уште една радосна вест - работна канцеларија за ЛК Битола. Друга сериозна одлука е темелно да се продлабочи идејата за развој на ЛК Штип. Да се разгледа на кој начин ќе се мотивираат луѓето од тој регион да пристапат кон ИАЕСТЕ, како би помогнале непречено да се изведуваат пракси и во тој дел од Македонија, а за возврат би добиле иста награда - да имаат можност да изведуваат пракса во посакуваните земји - членки на ИАЕСТЕ. Ова се само дел од темите за кои се дискутираше на Собранието. Како последно, сакамe да честитамe за досегашната работа на нашиот досегашен Национален Секретар – Катерина Туџарова и уште повеќе, да му честитамe на новоизбраниот Национален Секретар - Благој Трајкоски. Ова е веројатно најзначајната функција што може да се добие во ИАЕСТЕ, бара многу одговорност и посветеност, а членовите очекуваат уште повеќе. Да се надеваме, дека Благој ќе одговори позитивно на овие предизвици, а ИАЕСТЕ Македонија само ќе продолжи да расте на меѓународно ниво!

24

Еднаш годишно сите членови присуствуваат на Националното Собрание, каде критично размислувајќи ја оценуваат работата на ИАЕСТЕ во претходната година и изнаоѓаат начини како би ја подобриле во иднина


www.iaeste.org.mk

НАСТАНИ

ЕХ - РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА - МАКЕДОНИЈА На ЕX (ЕКС) - Регионалната Конференција земаат учество членови на ИАЕСТЕ Национални Kомитети од поранешните Југословенски Републики. Целта на оваа Конференција е подобро запознавање на членовите од соседните Национални Комитети, како и подобра соработка меѓу самите Националните Комитети. Ова не е официјална Конференција и има повеќе забавен, отколку сериозен професионален карактер. Годинава ИАЕСТЕ Македонија ја имаше честа по втор пат да ја организира ЕКС - Регионалната Конференција, која се одржуваше на три локации- Скопје, Попова Шапка и Охрид. На Конференцијата, беа присутни членови од сите Национални комитети од поранешните Југословенски Републики- Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Членовите беа запознаени со убавините на Скопје, Шар Планина и Охрид. Во Скопје, беа посетени Старата Железничка станица, централното подрачје со спомен куќата на Мајка Тереза, Калето и старата с копска чаршија. Беше направена Интернационална вечер, во просториите на Машинскиот и Факултетот за Електротенхника и Информациски Технологии, на која сите претставници ги презентираа традиционалните јадења од земјите од кои доаѓаат. Потоа беше посетен Семинарот за Тренинг и Мотивација, на Попова Шапка. Во третиот дел беше посетен градот Охрид и учесниците беа запознаени со сите негови убавини. Воедно имаа можност да ги пробаат вкусните традиционални јадења, при што најголем впечаток им охридското ѓомлезе. Беа воодушевени од архитектурата од овој крај која остана да сведочи за историјата и беа изненадени од некои од обичаите. Во меѓувреме се одржаа и неколку состаноци каде што ИАЕСТЕ Македонија ја презентираше својата работа, начинот на функционирањето, предностите и потешкотиите со кои се соочува. Не беше чудно да се забележи дека всушност делиме заеднички проблеми. Секој даде по некој совет како ја подобриле ситуацијата во својата земја, па да се надеваме дека научивме по нешто. Предизвици секогаш ќе има, но на нас останува да не потклекнеме пред нив, туку да успееме да ги надминеме, извлекувајќи само искуства кои позитивно ќе не насочуваат во иднина. При затворањето на Конференцијата беше одлучено следната година домаќин да биде Националниот Комитет на Црна Гора. На новите домаќини, традиционално им беше предадено знамето на Конференцијата и со тоа се стави крај на уште една успешна Конференција. Петре Милошевски и Мирко Даневски координатори на Конференцијата

25


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

НАСТАНИ

семинар за развој на ИАЕСТЕ - германија

Семинарот за развој на ИАЕСТЕ оваа година се одржа во Рендсбург Германија 15-ти до 18-ти април. Рендсбург е оддалечен 100 км северно од Хамбург. Покрај убавините на добро сочуваната архитектура и германски стил, овој град е познат и по најдолгиот челичен железнички мост во Европа кој ги поврзува краевите на Килскиот канал (Kiel Canal). Неколкуте прошетки низ градот, како дел од социјалниот дел од семинарот беа доволни да не приближат кон германското минато и да не исполнат со воздишки. Оваа година единствен претставник од ИАЕСТЕ Македонија бев јас, Анѓеле Ивановски. Пред сè би сакал да им се заблагодарам на DAAD и ЕУРОТРЕЈД кои несебично донираа и ми овозможија да присуствувам на овој многу значаен семинар за развојот на ИАЕСТЕ. Нивната финансиска помош го покри целиот трошок - патот и котизацијата. Семинарот за развој на ИАЕСТЕ се одржува еднаш годишно. Главната идеја е да се продискутира на меѓународно ниво за главните проблеми со кои се соочува организацијата и да се понудат соодветни решенија за истите. Исто така, се разговара за можни подобрувања во смисла на организација и функционирање. Оваа година на семинарот беа присутни 54 учесници од вкупно 28 земји. Сите работеа многу имајќи единствена цел – придонес за подобрување на организацијата во која се активни членови. Официјалниот почеток беше во 19 часот со официјална вечера и одлични гурмански специјалитети во Буллен темпел германска пивница. Од наредниот ден започна вистинската работа за која бевме сите дојдени. Се поделивме на повеќе работни групи - администрација, искористување на ИнтраВеб просторот, стратешки маркетинг и внатрешни проблеми. Некои од темите за кои беше дискутирано беа: обновување и воедно подобрување на постоечките форми и документи, начини на олеснување на процесот на студентската размена и истражување за квалитетот на сегашниот маркетинг. Токму јас учествував во работната група за стратешки маркетинг и брендирање на ИАЕСТЕ. За маркетингот од секогаш важи правилото: „Нека биде едноставно. Нека се памети лесно. Нека измамува погледи. Нека е интересно за читање.“. На ИАЕСТЕ му е потребен маркетинг постојано, во поглед на привлекување студенти, привлекување фирми и институции кои би понудиле пракса, или привлекување спонзори. Со заедничко резонирање, сопствено искуство и надополнување на најдобрите идеи, дојдовме до многу иновативни решенија за подигнување на реномето на ИАЕСТЕ. Потоа тие ги групиравме и подобрите ги доставивме до Одборот на ИАЕСТЕ за разгледување и одобрување. Вечерта имаше формална вечер во ловечко друштво во периферијата на Рендзбург и дегустирање на познати сирења од тој крај. На вечерата имавме претставник од фондацијата Десер Тек кој ни ја презентираше можноста за искористување на обновливи енергетски извори како главен произведувач на електрична енергија. Наредниот ден, на работните групи се работеше на однапред изготвените проекти каде се поделивме на две координативни тела. Овојпат одбрав да бидам дел од групата која го имаше проектот за „ИАЕСТЕ ден“ и натпреварот во контекст на самиот проект. Вечерта се одржа и неизбежната интернационална вечер, на која секогаш се претставуваме со најдоброто од нашиот крај – ајвар во комбинација со бело сирење, искомбинирано со вино и ракија.

26

На последниот ден се сумираше работата на работните групи и се изврши презентација на секој проект. Како следен домаќин беше одбрано ИАЕСТЕ Валенсија и воедно се дадоа ветувања за продолжување на напорната работа во своите комитети и потпомагање во развивањето на ИАЕСТЕ на меѓународно ниво. Овој семинар беше од голема корист како за ИАЕСТЕ Македонија така и за мене бидејќи преку работењето со своите колеги од сите земји дојдовме до голем број на нови применливи идеи кои би ни помогнале во работата на нашиот Национален Комитет. Анѓеле Ивановски


www.iaeste.org.mk

НАСТАНИ

централно европски конвенции

CEC (Central European Convention) иако неофицијален, сепак е многу важен настан за ИАЕСТЕ. Главната цел на CEC е да се споделат искуства, да се подобри соработката помеѓу националните и локалните комитети на ИАЕСТЕ во централна Европа, да се оформат нови идеи за уште поуспешна работа. Секако, тоа е и одлична можност за проширување на познанствата и запознавање нови култури. Поради големиот успех се организираат два CEC настани годишно, при што оваа година едниот беше во Радејов, Чешка а другиот во Лакенхоф, Австрија.

CEC - Радејов, Чешка

На овој CEC во Радејов беше понудена богата програма во која одлично беа искомбинирани работата и забавата. Официјалното отвaрање беше со презентации на секоја од земјите учеснички преку кратка презентација во која се прикажаa прототипите на дадената земја. По вечерата следеше коктел забава за добредојде и за меѓусебно запознавање на учесниците. Следниот ден продолжи работниот дел, во кој секој од учесниците беше дел од некоја работна група. Имаше пет работни групи: Summer Reception, LC Menagement, Strategic Development, Strategic Marketing, IT Development и IAESTE for beginners. Бидејќи бев сама, зедов учество во две работни групи, во Strategic Marketing и IT Development. Во првата главен акцент беше ставен на развивање нови начини за промоција на организацијата помеѓу работодавачите и бизнис круговите, но и помеѓу студентите со цел стекнување нови членови. Во втората работна група се развиваа нови функционалности на тековниот портал корисен од сите земји членки на ИАЕСТЕ – Intraweb. Заклучоците од сите работни групи беа презентирани на затворањето на конвенцијата. По завршувањето на работните групи, се одржа кратка презентација од страна на главниот покровител на настанот, Contact Singapoure, а потоа следеше дегустација на вина препознатливи за тој регион. Конвенцијата беше одлична, проследена пред сè со одлични работни групи за размена на искуства, забави и многу дружење. Вистинско место за почеток или зацврстување на ИАЕСТЕ кариера.

CEC - Лакенхоф, Австрија

Преубаво мало место недалеку од Виена беше идеално место за еден ваков семинар - нудејќи беспрекорни Катерина Туџарова природни убавини и работа на нови проекти и идеи во одлична атмосфера. Работните задачи беа поделени во 10 работни групи, секоја водена од искусен ИАЕСТЕ член. Многу проблеми беа дискутирани, беа споделени искуства од различни земји и понудени многу алтернативи и решенија. Официјалните ИАЕСТЕ средби од овој тип навистина нудат многу свежи идеи и начини како да се подобри работата на организацијата на меѓународно, национално или локално ниво. Сето ова беше придружено со различни игри и неформални состаноци за социјализација на многуте ИАЕСТЕ членови од целиот свет, давајќи уникатна можност за создавање на нови пријателства и подобрување на односите помеѓу ИАЕСТЕ земјите. Јас како делегат на нашата земја се здобив со нови искуства, учествував во работниот дел на конвенцијата и секако, ги промовирав македонската храна, пијалоци и музика на Интернационалната вечер. Згора на сè, одлично беше да се видат толку многу ИАЕСТЕ членови кои веќе биле на пракса во Македонија, да се евоцираат спомени, да се разговара за нивното искуство тука и нивната перцепција за земјата и луѓето, да се разговара за минатото и иднината. Едно нешто е сигурно - ова беше незаборавен викенд преполн со убави искуства! Душица Лазарова 27


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

НАСТАНИ

Jump - осло, НОРВЕШКА Бев нов член, не толку искусна, не толку запознаена со целата организација, не толку спријателена со прекрасните ИАЕСТЕ-овци. Но учев, помагав, сакав да се вклучам во сè, сакав да бидам од корист. JUMP – join us to motivate people – тоа ми звучеше примамливо. Семинар на ИАЕСТЕ, на меѓународно ниво, за нови членови. Баш како за мене! Целта е запознавање со функционирањето на организацијата, обичаите, должностите, обврските, уживањата – целиот ИАЕСТЕ дух! Дополнително - 5 дена во Осло. Не ми требаше повеќе! А добивме повеќе (и јас и другите 4 члена кои ја претставувавме Македонија)- спонзорство од Норвешката амбасада кое покри поголем дел од патувањето. Благодарам! Таму... како во бајките... Сосема нова култура, многу интересна храна, препознатлива градба, висок стандард, студ кој чиниш неподнослив, но и сонце коа предизвикуваше да седнеш на пристаништето и едноставно да уживаш. Кратки прошетки до скокалницата, со поглед на фјордовите, Вигеланд парк и човечките фигури... Што научивме? Како до подобар маркетинг и како до привлекување на повеќе членови (за кое не може никако да се пожалиме)... Се јавувавме по телефони, симулирајќи барање на пракса и работевме во тимови на измислени сценарија за барање спонзорство. Имавме brainstorming со најразлични идеи кои од било кој аспект би го подобриле ИАЕСТЕ, споделувавме искуства, се фалевме кој повеќе пракси собрал, кој поголемо членство има. Впрочем, добро се држиме! Норвежаните нù посветија еден ден на учење на нивната историја преку викингшките игри, а не поминавме ниту без традиционалниот ИАЕСТЕ танц. Посебно ќе го споменам неверојатното искуство кога во 10 часот навечер, во целосна темнина, можеби и температура под нулата, пропратена од дожд, бевме поделени во групи и пратени низ шумата, само со 2 светилки и мапа барајки означени целни места (ознаките - лист хартија на едно дрво од шумата), каде требаше да одговориме некои интересни прашања и што побрзо да се вратиме. Бевме меѓу последните, но толку многу се забавувавме. А кога се вративме нè чекаше топло какао, штотуку печени колачиња и chill out музика. И уште еден момент што нема да го заборавам – присуството и мотивациониот говор на Маркус Орловски. Тоа е човек со огромно животно искуство, кој научил како да се пробие низ животот и да оствари речиси се што ќе науми. Никогаш да не се откажуваме, после секој пад повторно, збогатени со искуство плус, повторно да се обидеме, да си го цениме трудот и никогаш да не ги потценуваме луѓето тоа се пораките со кои не придоби сите нас. Па нели, тоа го сака и секој човек, и секој ИАЕСТЕ член! Повторно назад, меѓу вас, а JUMP back to Macedonia ... Не пропуштај да го направиш и твојот живот забавен, да научиш најмногу нови работи, не пропуштај да почувствуваш и да се соживееш со многу култури. Ако сакаш, еве ти шанса! The IAESTE way. Еми Марковска

28

„Determine that the thing can and shall be done, and then we shall find the way“. The thing мојата огромна желба за целосно исполнет и никогаш досаден живот, исполнет со патувања кои му даваат интернационален шмек. The way ИАЕСТЕ!


АКТИВНОСТИ

www.iaeste.org.mk

СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈА

Традиционално, како и секоја година, така и во 2010, на пролет, се одржа семинарот за тренинг и мотивација (СТМ) организиран од ИАЕСТЕ Македонија. Овој настан има за цел да привлече нови членови и да ги запознае со работата на ИАЕСТЕ, како и да ги мотивира старите членови кои се веќе вклучени во организацијата. Откако координаторите на настанот, Димитринка Марковска и јас, заедно со голема помош од другите членови, ја завршивме работата околу организацијата на настанот приказната продолжува вака… СТМ се одржа на 23 и 24 Април во одмаралиштето „Смрека” на Попова шапка. Уште самото утро во одмаралиштето пристигнаа над 100 студенти со голема желба за дружење и запознавање на работата на нашата организација. Најпрво настанот почна со презентации на дел од членовите за нивните искуства од досега посетените пракси и на кратко за начинот на работа на ИАЕСТЕ. Потоа се продолжи со различни игри на кои сите имавме можност да се дружиме и подобро да се запознаеме меѓу себе. По некое време дојдоа и македонските и странските учесници на семинарот ЕКС регионалната конференција која се одржуваше оваа година во Македонија во исто време со СТМ. Така имавме една ретка можност на едно исто место да се дружиме со студенти - членови на ИАЕСТЕ од целиот Балкан. Целата оваа атмосфера придонесе уште повеќе за почеток на забавата која траеше скоро целата ноќ. Ниту ладното време не успеа да наштети на убавата атмосфера и просторот наменет за забавата во одмаралиштето беше претесен за сите нас кои игравме, се веселевме и се дружевме… И дојде и наредниот ден. Утрото студено, но со топли спомени од забавата која завршила пред само неколку часа.

Веќе овој ден сите се знаевме меѓу себе. Овој ден беше наменет за работа. Организирани беа неколку работни групи кои имаа за цел да ги активираат членовите и да ги запознаат со различните области од организацијата. Се разговараше за маркетинг на ИАЕСТЕ и начинот на кој се запознаваат студентите со оваа организација, за начинот на кој се собираат пракси во Македонија за странски студенти и како нашите студенти можат да отидат на пракса во странство, за тоа како се трошат и за што се потребни финасиите во ИАЕСТЕ (ИАЕСТЕ е непрофитабилна организација) и за Летната рецепција, односно летниот период кога доаѓаат странски студенти во Македонија на пракса. Така се запознаа сите со различните активности кои се случуваат во ИАЕСТЕ и периодите кога тие се актуелни. Се разбира, се обрна особено внимание на Летната рецепција на која меѓу другото се разговараше и на кои локации во Македонија би се одржале кратки ексурзии со цел учесниците да ја запознаат нашата земја. И полека поминуваше времето предвидено за овој семинар… Дојде и крајот. Заврши уште еден успешен Семинар за тренинг и мотивација. Многу нови студенти се запознаа со ИАЕСТЕ и решија да станат членови на организацијата, многу членови поминаа убави мигови остварувајќи нови другарства, многу постари членови се навратија на миговите кога тие биле активни во ИАЕСТЕ... И се така до наредниот СТМ... Драган Крстевски координатор на Семинарот

29


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ЛЕТНА РЕЦЕПЦИЈА

Секоја година во летниот период е организирана Летната Рецепција, периодот во кој странските студенти ја извршуваат стручната пракса во компаниите и институциите во Р. Македонија. Оваа година за одбележување е рекордниот број на странски студенти, вкупно 57 практиканти. Покрај секојдневните обврски кои практикантите ги имаа на своите работни места се спроведуваше однапред утврден план на неделата во кој беа вклучени разни спортски и културни активности во кои практикантите и нашите членови кои беа во Македонија во текот на летото се дружеа и забавуваа заедно. За викендите беа организирани патувања во околината на Скопје и низ Македонија. Дел од овие викенд екскурзии беа: посета на кањонот Матка, искачувања до Милениумскиот крст на Водно, Крива Паланка со манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, Галичник за викендот на Галичката Свадба, Битола со посета на парк Пелистер, Охрид за разладување во Охридското Езеро, искачување до врвот Солунска Глава и посета на изворите на реката Бабуна, посета на Прилеп и Крушево, Дојран и Струмица со Смоларските водопади. Во текот на целото лето се случуваа најразлични забави, роденденски прослави, караоке настапи во кои што учествуваа сите странски практиканти заедно со членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Доколку некој ме праша дали жалам што ова лето останав во Македонија и ја прифатив одговорноста да бидам Офицер за Летна Рецепција, мојот одговор ќе биде НЕ! За мене ова лето беше неверојатно искуство, кое никогаш нема да го заборавам. Посетив многу прекрасни места во нашата земја, каде досега не сум бил, но најважно од сè е дружењето со многу пријателски расположени луѓе од различни култури и религии, што создаде преубав спомен врежан во мојата меморија и овековечен на бројни слики и видеo записи. Петре Милошевски одговорен за Летната рецепција

30

АКТИВНОСТИ


АКТИВНОСТИ

www.iaeste.org.mk

летна рецепција

Пред да започне летото 2010 никако немаше да се замислам како го гледам мобилниот телефон како се суши на македонското сонце, откако пред тоа решил да проба дали е студена водата од Колешинските водопади :). Но факт е дека по летото минато заедно со ИАЕСТЕ и јас самиот бев на толку места низ Македонија што веројатноста мобилниот телефон да ми заврши во водопад излезе навистина голема. Едно лето со ИАЕСТЕ и Македонија ќе биде истражена, без разлика дали си странец на пракса или си живеел цел живот тука ама не ти паднало на ум до отидеш на викенд во некое од прекрасните локации ширум државата. Тука има два погледи, едниот е кога пред тебе седи група на другари од целиот свет и внимателно те слуша како објаснуваш за твојот омилен предел, а другиот е кога ти си вчудовиден од македонските убавини за кои што не си бил свесен. Најинтересно е кога е комбинација од двата... Но, не се само викендите кои нудат невообичаени сеќавања. Сигурно и Били Ајдол не претпоставуваше дека стапот за тапани кој неговиот тапанар го фрли во публиката на крајот на концертот во Скопје, Македонија ќе заврши како спомен кај еден дечко од Шкотска!? А не беше местенка... Од илјадници луѓе се погоди баш кај Ник :). Кој би рекол дека ќе поминам една вечер облечен во импровизирана римска тога составена од обичен чаршав или пак дека ќе поминам едно попладне на плажа покриен во лековита кал и дека во сето тоа секогаш покрај мене ќе се барем 10тина луѓе од 2-3 континенти. Кога сме веќе кај разновидноста, да нагласам дека од ова лето имам ново омилено јадење... Тоа е традиционалната италјанско-шпанско-полско-унгарско-чешко-словачка вечера со малтешко предјадење и швајцарско-австријскобритански десерт. Единствениот проблем е што ваквата вечера се приготвува само еднаш годишно и тоа за време на интернационалната вечер на ИАЕСТЕ :). Оваа година беше на средина на летото, во екот на сезоната што би се рекло. Сепак, имаше и вообичаени моменти. Комплетно нормално секојдневие. Без некои екстравагантни случки. Ама и таквите моменти споделени со новите странски пријатели се посебни и се паметат долго. Воедно, освен тоа што бев дел од летната рецепција 2010 имав и можност да бидам т.н. координатор што значеше дека јас бев одговорен за сè што се правеше тој период, за викенд-патувањата како и за секојдневните активности. Сите организирања, планови на денот, на неделата и слично.

Хм... „Се паметат долго“ значи дека некогаш ќе се заборават... Епа тогаш би сакал да се поправам. Ова лето заедно со ИАЕСТЕ ми остави спомени кои не се паметат долго, туку се паметат засекогаш... А и да не заборавам, на мобилниот не му беше ништо :). Но тоа и не е изненадување ако се знае дека сонцето во Македонија најсилно грее! Дамјан Темелковски

Summer reception 2010… Лето кое долго ќе се памети и за кое долго ќе се зборува... Salud, Gānbēi, na zdraví, kippis, Prost, Kanpai, na zdrowie, şerefe, cheers, на здравје... толку многу наздравувања и уште многу повеќе причини за славење. Слобода, забава, дружење, патувања, спорт и неброени позитивни искуства се само дел од нештата кои го исполнија летото 2010. Како понов член со нетрпение го чекав почетокот на толку зборуваната Летна Рецепција. Старите членови знаеја што да очекуваат, лето за паметење. Уште од самиот пречек на аеродромот, железничката или автобуската станица, започнуваше нашата одговорност, која не ни претставуваше обврска, туку задоволство. А викендите... е тоа е нешто што не се опишува само со зборови. Независно каде сме отпатувале, добрата атмосфера и искрените насмевки на нашите лица, беа секојдневие и навика. Лично, како најубаво искуство би ја издвоила Галичката свадба, која не само на мене туку и на сите оние кои ја посетија оваа традиционална манифестација, им остави силен впечаток. Уникатно искуство каде никој не замери на кампувањето, туку напротив сите уживаа. Благодарение на ИАЕСТЕ се заврши уште една приказна наречена Летна Рецепција 2010. Непроценливо е богатството на бројните фотографии кои раскажуваат и сведочат за времето поминато заедно. За жал, најубавите работи кратко траат, па наскоро дојде време за тажни збогувања и последни прегратки. Со надеж за повторна средба, го испративме и ова лето, лето за паметење. Александра Стефановиќ 31


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

Интернационална Вечер

Интернационалната вечер, организирана од ИАЕСТЕ Македонија, е настан кој традиционално се одржа и оваа година во рамките на Летната рецепција 2010. На 24 јули 2010 во 21 часот во атриумот на Машинскиот факултет многумина имаа можност за момент да ги почувствуваат различните култури претставени преку храната, музиката, јазикот и традициите. Освен македонската кујна подготвена од членовите на ИАЕСТЕ Македонија, беа претставени и шпанската, словачката, српската, унгарската, американската, белгиската, турската, австриската, чешката, полската, италијанската, британската, швајцарската и ,алтешката. Сите овие интернационални кујни беа припремени од 24-те практиканти кои во моментот беа на пракса во Скопје и Битола. Освен практикантите и членовите на ИАЕСТЕ Македонија овој настан го посетија и соработниците на ИАЕСТЕ, претставници од некои од компаниите кај кои практикантите ја извршуваа својата пракса. Сите имавме можност да ги пробаме тестенините подготвени на оригинален италијански начин, куглите на Моцарт, шпанското гаспачо... но дегустиравме и жубровка, јени ракија, сангрија и многу други различни пијалоци и специјалитети. Странските посетители ја имаа шансата да го пробаат традиционалното тавче гравче, пита, мусака, шопска салата, баклава, гурабии и други македонски специјалитети во комбинација со македонско вино, ракија и нашата газоза. Овој најмасовен настан за време на летните жешки денови ја достигна својата цел, ги собра на едно место сите оние кои сакаа да уживаат во различните култури. А ние се погриживме да ги поврземе преку познатиот ИАЕСТЕ танц, кој е неизбежен дел од нашите настани. Горан Пискачев координатор на Интернационалната вечер

32

АКТИВНОСТИ


www.iaeste.org.mk

ИСКУСТВА

искуства од пракси во странство Отсекогаш сум се восхитувал на европската култура и шарм, на стилот на живеење во некоја европска претстолнина, на тоа дека би можел да ја дожиевам европската историја и уметност. Летово, живеев во Мадрид- претстолнината на кралството Шпанија. И сега кога се потсетувам, можам да кажам дека Мадрид отпрвин ти се причинува како сон, кралски палати, огромни катедрали, огромни плоштади. Со секој чекор низ градот се открива величенственоста и грациозноста на овој град. Навечер пак, расположението достигнува шаренило од разиграност, заљубени погледи, насмевки и среќни луѓе насекаде. Како скоро инженер по телекомуникации, ми беше чест да работам на Факултетот за телекомуникации во Мадрид. Морам да напоменам дека од овој факултет излегуваат најдобрите и најбараните инженери во Шпанија. Поточно, работев во Институтот за процесирање на мултимедиски сигнали, на одреден проект заедно со студент на докторски студии од Република Куба. Откако успешно го сработивме овој проект, истиот беше публикуван за научен труд и мојот колега го употреби во својата докторска дисертација. Проектот го изработивме во Матлаб и ова беше одлична прилика да стекнам огромно искуство како инженер. Секако, сето работно искуство придонесе да се чувствувам доста подготвен за идни предизвици и оптимистички да гледам на истите. И работното време заврши, не можам, а да не одолеам на прекрасниот парк во близина и на сончевите зраци. Потоа започнува раздвиженоста низ Мадрид, се оди да се вечера во тапас бар и да се ужива во коктели на литро. Мадрид е град на младите, се запознаваш со многу луѓе, а со тоа и многу приказни, многу прекрасно поминати ноќи, зајдисонца, изгрејсонца… Овде човечкиот живот вреди, сите знаат дека се доживува само еднаш, и во тој период да бидеш среќен и разбирањето за другите треба да ти значат најмногу… Таква е и цела Шпанија, Андалузија зрачи со својата гостопримливост, мирисот на маслиновото масло и шпанското вино го чувствуваш на секое место, фиестите почнуваш да ги доживуваш како и сите Шпанци, ја славиш својата дарежливоста и она што го добиваш… Утредента брановите на морето ги будат твоите спомени. И пристигнуваш повторно во Мадрид, нешто ти кажува дека ти овде припаѓаш, дека не можеш да одолееш на величенственоста на овој град. Не само на грандиозните скулптури и тримфалните капии насекаде низ градот, овде, вечерниот пустински ветер го полни срцето со љубов, која го разигрува на фреквенција на шпанска музика, која несебично ја поклонуваш. Ивица Тасковски

Бев многу возбудена и исплашена кога тргнав на пат кон Земјата на изгрејсонцето, Јапонија. И навистина, речиси 10.000 километри подалеку од мојата татковина, јас го видов и почувствував ‘изгревот на сонцето’ во мојот живот. Бев примена на пракса на најреномираниот универзитет во Азија, на Универзитетот во Токио - во одделот за биоинженеринг на ткиво. Како млад фармацевт бев пресреќна што можам слободно да учам и да работам во врвна лабораторија, со напредна опрема и технологија, да се запознаам со многу нови научни идеи и големи научни достигнувања. Нема зборови со кои може да се опише сето она што го доживеав во Јапонија. Посетата на познатиот Electric Тown – Akihabara, центар на најновите достигнувања во електрониката, игрите, манга и анимацијата; Shinjuku и Shibuya едни од најпознатите бизнис и шопинг-центри на градот Токио со над 2 милиони посетители секојдневно; зачудувачкиот Roppongi, центар на ноќниот живот и забава во Токио. Огромно доживување за мене беше и посетата на Kyoto, поранешен главен град, лулка на јапонската традиција и духовност, прекрасните песочни плажи на Пацификот, воодушевувачката глетка на раѓањето на сонцето од врвот на највисоката планина во Јапонија, Фуџи, како и посетата на Nara, градот на елените се кои претставуваат свети животни и заштитници на градот. Благодарам ИАЕСТЕ што ми го збогати мојот живот со многу нови пријателства и ми ги отвори вратите кон нови професионални можности. Билјана Цветанова

33


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ИСКУСТВА

Искуства од пракси во странство

На 20 јуни 2010 се најдов на скопскиот аеродром со еден полн куфер очекувања. После неколку авиони, автобуси и возови конечно стигнав во Łódź, инаку трет град по големина во Полска. Таму бевме над 90 практиканти од земји од целиот свет кои во тој период ја извршуваа својата пракса. Дружењето беше неминовно. Секоја вечер се организираа забави во студентските домови, излегувања по ноќните клубови, куглање, покер турнири и разни други друштвени настани. За тие 6 недели додека бев таму навистина се зближив со млади луѓе од целиот свет. Непроценливо богатство е да знаеш дека скоро во секој дел од Земјината топка имаш некој познаник, пријател со кој што 6 недели си живеел заедно и буквално си делел сè. Работев во Европскиот Регионален Центар за Екохидрологија под покровителство на UNESCO во соработка со Полската Академија на Науки. Самото име зборува за тоа од колкаво значење беше оваа пракса за мене. Претежно работевме на терен, односно земавме примероци од реки, езера и резервоари, а потоа правевме хемиски и биолошки анализи на истите… Искуството беше незаборавно, но ниту во најубавиот сон не можев да си замислам дека толку прекрасно ќе си поминам. Куферот со очекувања го вратив полн со спомени, насмевки и желба повторно да го доживеам она што го доживеав таму. Ти благодарам ИАЕСТЕ што ми го подари најубавото лето! Анета Лазаревска

Бескрајно многу миризби, вкусови, бои, слики... турско кафе, црн чај... донер, баклава, наргиле... бескрајно многу ликови, волшебни силуети исцртани на зајдисонце, од традиционалниот Бизантиум до најмодерниот Истанбул додека пловиме по Босфор, со мелодија компонирана од песната на галебите и турско каменче... Работев четири недели во проектантското биро РД Позитив Мимарлик во една од најпрекрасните населби во Истанбул, Нишанташе. Секој ден мојот пат кон работа се состоеше од 15 милионска гужва, исто толку гласови, пет пати повеќе сообраќај. И не ми сметаше. Фирмата главно се занимава со дизајн на ентериери, и имав задоволство да работам на дизајн на бар - ресторан за швајцарската фирма за кафе и кафемати ЕГРО и на дизајн на бутик во Унгарија. Работата во студиото беше непроценливо искуство, да се работи во професионално архитектонско биро на интернационални проекти, е dream come true на секој архитектонски студент. Тамошната организација на ИАЕСТЕ беше одлична, како што и можеше да се очекува. Беа организирани викенди, прошетки, бескрајно многу забави. Ноќно крстарење по Босфор! Ах, тоа мора да се доживее! Со 50 луѓе од целиот свет, тоа меѓународно искуство никогаш нема да го заборавам! Љубица Манасиева 34


www.iaeste.org.mk

ИСКУСТВА

искуства од пракси во странство

Драга ИАЕСТЕ, исклучително ми е драго што во последно време, забележувам тренд на порано будење од вообичаеното. Се привикнувам на професионалниот живот и добро ми оди. Сношти вечерав и откако ја средив кујната и пуштив машина за перење, резервирав билет од Детроит за Њујорк. Ќе одам со воз, знаеш Нова Година на Тајмс Сквер. Резервирав и билет за на мјузикл на Бродвеј. А замисли, после Њујорк фаќам воз, директно за Чикаго да присуствувам на посната прослава на Бадник кај Десанка Иаестовска да кршиме лепче со паричка. Велат „Каде и да си, за Божиќ дома да си“. Само што дојдов од работа. Е, не ти спомнав и таму како е... Софтверска компанија, една од најуспешните во овој дел на Америка. Малечка е. Триесетина вработени циркулираат околу неколку проекти преку програмирање во парови. Многу ми се допадна овој стил на програмирање, та многу брзо се учи. Во постојана интеракција си со партнерот, прашуваш како треба, комуницираш за да решите извесен проблем од проектот, делиме една компјутерска единица, една тастатура, едно глувче, еден живот. Кога ќе му се смачи на едниот од куцање, другиот го зема кормилото и продолжуваме. Лесно е, лебдиш така околу една недела. После одговорниот ти назначува нов партнер, исто така многу добар во струката, на друг проект и така сум во тек со промените на скоро секој проект. Проективе се како научна фантастика. Не, не, навистина, прв пат слушнав за многу пропратни технологии, за многу програмерски дисциплини, за многу работи кои ме опкружувале а не сум бил свесен дека постојат и да си се пофалам, добро ги прифаќам. Брзо учам. Верувам, ќе ме исчеличи секое искушение овде и на професионален и на приватен план. Многу ќе ми користи ова искуство во кариерата. Туку, времето е драгоцено. Одам прво до библиотека по една книга, па на американски колачиња кај едно пријателче на домашна забава. Знаеш, Американска пита, ко на филмот... Искрено твој, Владимир Стајиќ

Амбициозноста и увереноста нè донесе сите нас во ИАЕСТЕ... Како и сите други така и јас за понатамошна надградба на моето знаење во практични цели се зачленив во една од најдобро организираните организации во светов ИАЕСТЕ. Моето прво практично искуство надвор од Македонија го стекнав во Полска, во едно мало студентско гратче Гливице. За Полска немам баш многу зборови едноставно треба само да се посети и доживее. Полска не беше моја почетна желба, но не зажалив што ја избрав. Уште првиот ден го доживеав она по што и Полјаците се познати: добри забави, долги ноќи, многу водки, луди девојки... Во Полска бев 6 недели. Како и повеќето студенти таму бев сместен во студентски дом со практиканти од скоро цел свет. Работев во Институтот за автоматика и роботика во Гливице. Бев вклучен во проект каде што требаше да моделирам штитник за во тунел, каде што го работев во Inventor. Исто така работев на 3Д скенирање и принтање. Колегите и професорите секогаш излегуваа во пресрет и ме подучуваа некои работи кои до тогаш не сум ги знаел и практично видел. А за викендите секогаш различно место, заедно со ново стекнатите пријатели го посетивме она, со што Полска, може да не воодушеви. И после сето тоа само едно се прашувам, дали Краков со долгите непреспиени ноќи, Аушвиц со мрачното минато, Закопане со невидената природа, Вроцлав со преубавите паркови со неверојатно зајдисонце, Гдањск со долгите песочни плажи на Балтикот или пријателите кои што останаа се уште тука во моето срце, некогаш ќе се избришат? НЕ тоа е сè што некој од вас, некогаш ќе го доживее, а никогаш нема да го заборави. Валентин Данилоски

35


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

AC 2012

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА 2012 Што? - најважен интернационален настан кој ги поврзува сите ИАЕСТЕ клубови од целиот свет Кога? - 20ти – 27ми јануари 2012 Каде? - Скопје, Република Македонија Кој? - 300 делегати, гости и членови Цел? - размена на пракси од компании и универзитети за студенти од целиот свет; споделување на искуство и знаење за работата на сите ИАЕСТЕ клубови; промоцијана Македонија на меѓународно ниво; За првпат во историјата на Република Македонија ќе имаме чест да бидеме земја-домаќин на Годишната Конференција 2012 (Annual Conference 2012) на ИАЕСТЕ и да собереме на едно место гости од 87 држави од светот. Оваа конференција ќе биде посетена има долгогодишна традиција во прганизирање, па така ИАЕСТЕ Македонија ќе биде организатор на 65та Годишна Конференција. Ваков меѓународен настан, за прв пат се одржува во нашата држава и ќе биде еден од најинтернационалните настани на Балканот. Годишната Конференција е најзначајниот настан за ИАЕСТЕ комитетите од целиот свет. Тоа е настан на кој се донесуваат значајни одлуки за иднината на меѓународното ИАЕСТЕ, се одлучува иднината на голем дел од идните настани, дипломатско подобрување на културните и политичките односи помеѓу сите земји членки на ИАЕСТЕ. Конференцијата е поделена на два позначајни дела, конференциски сесии (дискусии, одлучувачки сесии и гласање) и разменски сесии (сесии каде се разменуваат праксите). Во просек, годишно, на конференцијата се разменуваат 5000 пракси од сите ИАЕСТЕ држави. На овој настан кој трае една седмица, претставниците на ИАЕСТЕ од целиот свет се собираат на едно место и ја планираат работата за наредната година на интернационално ниво. Покрај програмата на конференцијата, предвидени се и низа настани како Традиционална Македонска вечер, Интернационална Вечер, Гала Вечер, разгледување на Скопје од културолошки аспект и др. Подготовките за конференцијата веќе одамна започнаа. ИАЕСТЕ Македонија работи на Маркетинг кампањата, и секако, најзначајната, кампањата за стекнување партнерства, помагатели и покровители за конференцијата. Знаеме со колку многу енергија располага нашата младина, а желбата да се биде домаќин на ваков настан е насомнено голема. Бројот на луѓе кои сега се вклучени во работењето изнесува

36

The whole world comes to Macedonia!

околу 40 волонтери, сепак како се проближува настанот ќе има потреба да се вклучат уште околу 150 поранешни, сегашни и идни членови. Исто така имаме поддршка од значајни институции, фондации и компании кои ја разбираат значајноста на настанот. На конференцијата што се случи оваа година во Тајланд, ИАЕСТЕ Македонија направи презентација за досега сработеното, поточно за хотелското сместување, Веб-страната на која можат да се пријават гостите кои доаѓаат (www.iaeste.org.mk/AC2012) и изнесе подетални информации за визите кои што ќе им бидат потребни на дел од идните учесници. Организирањето на Годишната Конференција 2012 носи огромни бенефиции за самата држава и овозможува презентирање на нашата држава пред многубројното ИАЕСТЕ членство и иституциите со кои соработуваме. Преку Постконференциската тура, која ќе ги опфати најзначајните убавини на Македонија и разгледување на знаменитостите во Скопје, учесниците имаат можност да видат и научат повеќе за традицијата и културата во Македонија. Конференцијата исто така ќе придонесе за зацврстување на врските и соработката на ИАЕСТЕ со студентите, компаниите, институциите, образовниот сектор, владин и невладин сектор; промовирање на Македонскиот идентитет и култура на делегати од 87 држави; промовирање на Македонија како земја отворена за соработки од било каков вид (размени, туризам, инвестиции...) Катерина Ѓорѓиевска координатор на конференцијата


СТАТИСТИКА

www.iaeste.org.mk

ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ

37


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2010

ПРАТЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ

38

СТАТИСТИКА


SAVA TABAK - Акционерско друштво за осигурување бул. 3-та Македонска бригада бб, 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: (389 2) 310 5608; 310 5685 www.savatabak.com.mk

БД дизајн и печат Ул. Шералти бб , 7000 Битола, Македонија Тел: (389 47) 228 226 www.bd.com.mk


ZIP TRAVEL - Youth and Student Travel Ул. Максим Горки бр.8 лок.2, 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: (389 2) 311 2963; 322 2443 www.ziptravel.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.