IAESTE Macedonia Annual Report 2009

Page 1

ХХХХХХХХ

www.iaeste.org.mk

наслов

хх


семинар за тренинг и мотивација

ПИГО

ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА

МАЛАГА

ФРАНК КАФЕ

летна рецепција

КУЛТУРА

медиумски покровители

книжарница

национално собрание

тркалезна маса годишни спонзори

ПОМАГАТЕЛИ

ФРАНК КАФЕ

ПАЛМА МАЛАГА


www.iaeste.org.mk

СОДРЖИНА

24

НАСТАНИ

04

ЗА ИАЕСТЕ 04. 05. 06. 07. 08. 09. 10.

Одбор Предговор Што е ИАЕСТЕ? ИАЕСТЕ Македонија Кратка Историја Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели Често поставувани прашања

12

ИЗВЕШТАИ 12. 13. 14. 15. 16. 17.

Финансиски извештај Извештај за маркетинг Извештај за македонските практиканти во странство Извештај за странските практиканти во Македонија Национално Собрание Локален Комитет Битола

24. Годишна Конференција 2010 - Швајцарија 25. Семинар за развој на ИАЕСТЕ - Белгија 26. TWIN Македонија - Италија 27. ТWIN Италија - Македонија 28. ЕКС регионална конференција - БиХ 28. Централно Европска Конвенција - Словенија 29. JUMP - Австрија

30

ИСКУСТВА

30. Искуства од пракси во странство 31. Практикантите за искуството во Македонија 32. Клуб на ИАЕСТЕ Пријатели

33

СТАТИСТИКА

33. Пратени студенти и работодавачи 34. Работодавачи и примени студенти

18

АКТИВНОСТИ 18. 19. 20. 21. 22. 23.

Кампања за нови членови Семинар за тренинг и мотивација - Љубанци Летна рецепција Интернационална вечер - летна рецепција Кампања за обезбедување пракси Тркалезна маса за работодавачи - ИАЕСТЕ ДЕН

03


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ОДБОР

Национален Одбор на ИАЕСТЕ Македонија и Локален Комитет - Скопје Национален Секретар:

Александра Христов aleksandra.hristov@iaeste.org

Претседател на Локален Комитет - Скопје:

Владимир Стајиќ / Горан Величковиќ vladimir.stajic@iaeste.org / goran.velichkovikj@iaeste.org Одговорен за Финансии (Потпретседател):

Локален Комитет - Битола

Андријана Колевска andrijana.kolevska@iaeste.org

Одговорна за странските студенти во Македонија:

Катерина Туџарова katerina.tudjarova@iaeste.org

Одговорен за македонските студенти:

Ѓорѓи Мирчевски gogo.mircevski@iaeste.org Одговорен за Маркетинг:

Луај Сауди

luay.saudi@iaeste.org

Претседател на Локален Комитет - Битола:

Дарко Домазетовски darko.domazetovski@iaeste.org

Одговорен за Финансии (потпретседател):

Методија Димитров metodija.dimitrov@iaeste.org

Одговорен за размена на странски и македонски студенти:

Виктор Видановски viktor.vidanovski@iaeste.org

Координатор за маркетинг:

Иво Ивановски ivo.ivanovski@iaeste.org

Локален Комитет - Штип Координатори:

Бојан Јованов

bojan.jovanov@iaeste.org

Божидар Андонов bozidar.andonov@iaeste.org

Издавач: ИАЕСТЕ Македонија Уредници: Николче Кочовски и Александар Ниневски Дизајн на насловна страница: Лазар Бочваров и Саша Ристевска Техничко уредување: Александра Христов Печатено во: Печатница „11 ОКТОМВРИ“ АД Прилеп

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии Карпош 2 бб, 1000 Скопје, Македонија жиро сметка: 250000000089642 Депонент: Инвест банка тел/факс: +389 2 3065069 е-пошта: macedonia@iaeste.org www.iaeste.org.mk

04


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

предговор Кога матурант ќе се најде на прагот на најголемата крстосница во животот, а го бидува за математика, најчесто завршува на некој технички факултет. Денес конечно стана „кул“ да си инженер, сите се гордееме со она што го студираме, што го практикуваме, а најмногу затоа што се осмелуваме храбро да тргнеме во поход по нашите соништа. Кон ИАЕСТЕ нè донела желбата за пракса во странство и можноста за патувања, но ниту во најамбициозниот сон не сме можеле да замислиме каде тој пат ќе нè одведе. ИАЕСТЕ го надополнува факултетското знаење со едно небо од искуство стекнато од професори, работодавачи, колеги, поискусни членови и пријатели. ИАЕСТЕ е порта кон целиот свет, кон професионално искуство, градење на карактери, меѓународни доживувања, вистински пријатели и безброј насмевки. Со над 60 години успешна размена на студенти од техничките факултети низ целиот свет, ИАЕСТЕ е една од најголемите и најраспространети организации која ги променила животите на многу студенти од различна возраст, раса и вероисповед. Покрај градењето на успешни професионалци преку овозможување на технички пракси повеќе од 17 години, ИАЕСТЕ Македонија помага во формирањето на млад и професионален кадар во чекор со светските стандарди, подготвен за сите предизвици што му претстојат во македонските компании по завршувањето на студиите. Минатата година повторно беше означена како кризна година од економски аспект, која влијаеше и на компаниите, а воедно и на буџетот на ИАЕСТЕ Македонија. Сепак, благодарение на позитивната енергија и волонтерската работа на нашите членови, но и на отворената и непроценлива соработка со компаниите и институциите работодавачи, спонзорите и другите Национални Комитети на ИАЕСТЕ низ Светот, успеавме да заокружиме уште една успешна разменска година! Оваа година ќе остане запаметена по тоа што имавме член во меѓународниот Одбор на ИАЕСТЕ, по добивањето на организациската палка за Годишната Конференција во 2012 година, по фантастичната кампања за нови членови, по оформувањето на четвртиот Локален Комитет во Охрид, по новата веб страна, по ИАЕСТЕ танцот на скопскиот плоштад, по оформувањето на постојани тимови за работа (особено за обезбедување на финансии), по преместувањето на Семинарот за Тренинг и Мотивација во детското одморалиште во Љубанци, по уште едно незаборавно лето благодарение на ефикасната администрација која нè доведе на одличното 22-ро место од вкупно 87 земји во Светот и дефинитивно по најдобрата кампања за обезбедување на пракси во последните десетина години со вкупно 75 потпишани пракси! На сите работодавачи, спонзори, членови и други ИАЕСТЕ пријатели ви благодариме од сè срце! За нашиот успех и напорна работа уверете се и самите, деталниот годишен извештај за 2009 година е пред Вас. Се надевам дека ќе остане запаметен и дека ќе ни дозволите (повторно) да ја оправдаме Вашата доверба во нас.

ИАЕСТЕ Македонија помага во формирањето на млад и професионален кадар во чекор со светските стандарди, подготвен за сите предизвици што му претстојат по завршувањето на студиите

Александра Христов Национален Секретар 05


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ЗА ИАЕСТЕ

ШТО Е ИАЕСТЕ? ИАЕСТЕ (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која е основана во 1948 гoдина по иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на ОН, како UNESCO, UNIDO, FAO, ILO итн.

Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на Асоцијацијата. Секоја година Генералната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавачи подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале рабоптно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од Компанијата или

06

структура на меѓународно ИАЕСТЕ

Интернационалната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е асоцијација на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален Комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја. Асоцијацијата е основана во јануари 1948 година на Кралскиот Колеџ во Лондон по иницијатива на „Комитетот за работа на одмор“ при Кралскиот Колеџ. Националните организации на десет Европски земји кои присуствуваа на овој состанок станаа членки, а господинот James Newby беше избран за генерален секретар. Наскоро по тоа, со вклучувањето на нови членки, организацијата се распространи низ скоро цела Европа, а и подалеку. Асоцијацијата стана регистрирано тело според Луксембуршките закони на својата Генерална Конференција во 2005 година одржана во Cartagena de Indias во Колумбија. IAESTE е неполитичка, независна, невладина организација, која остварува работни врски со UNESCO (United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization), а остварува и консултативни врски со ECOSOC (UN Economic and Social Council), UNIDO (United Nations Industrial Development Organization), ILO (International Labour Office). ИАЕСТЕ исто така има контакти и со ECA (United Nations Economic Council for Africa), FAO (Food and Agriculture Organization), OAS (Organization of American States) и Европската Унија како и со други образовни невладини организации.

Институцијата понудувач се очекува да обезбеди спонзорство за покривање на трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој. Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет. Преку универзитетите и институциите за стручна наобразба членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавачите наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование.

МИСИЈА »» Обезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентите; »» Промовирање на меѓународно разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.

ЦЕЛИ »» Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование. »» Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти. »» Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин.


ЗА ИАЕСТЕ

www.iaeste.org.mk

ИАЕСТЕ Македонија ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна, невладина, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Преку ИАЕСТЕ студентите имаат можност да стекнат работно искуство на професионален план во врвни компании и универзитети во светот, да бидат во тек со актуелните технички достигнувања кои се применуваат во нивната област, а многу важно е и остварувањето на нови пријателства и контакти и проширувањето на видиците преку запознавањето на нови култури. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 300 членови. ИАЕСТЕ Македонија е раководена од Националниот Одбор на чело со Национален Секретар чија задача е да ги координира Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на интернационално ниво. На чело на секој Локален Комитет стои Локален Одбор избран од страна на полноправните членови на соодветниот Локален Комитет, составен од пет члена: Претседател на Локалниот Комитет, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странските студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот. Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Некои од активностите кои студентот може да ги извршува се: обезбедување на стручна пракса за странски студенти во наши компании и институции, присуство во медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетингшки материјал, одржување на веб страната

на организацијата, помош при организација на разни настани кои ги организира ИАЕСТЕ Македонија, наоѓање на спонзорства за настаните (имајќи в предвид дека ИАЕСТЕ Македонија е целосно студентска организација без постојан извор на приходи за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот), и слично. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и транспарентно. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно. ИАЕСТЕ Македонија од оваа година веќе има четири Локални Комитета на државните универзитети во Скопје Битола, Штип и Охрид и ги вклучува студентите од следниве факултети: »» Локален Комтет Скопје: Архитектонски, Градежен, Земјоделски, Машински, Природно-математички, Технолошко-металуршки и Шумарски факултет, факултет за електротехника и информациски технологии, факултет за Фармација и насоката е-Бизнис од Економски факултет при Универзитетот Св „Кирил и Методиј“ »» Локален Комитет Битола: Технички факултет, факултет за Администрација и Менаџмент на Информациски Системи и факултет за Биотехнички науки при Универзитетот„Св. Климент Охридски“ »» Локален Комитет Штип: Земјоделски, Електротехнички, Машински и Технолошко-технички факултет, Факултет за Информатика и Факултет за рударство, геологија и политехника при Универзитетот „Гоце Делчев“ »» Локален Комитет Охрид: Факултетите за Компјутерска Наука и Инженерство; Комуникациски Мрежи и Безбедност; Информациони Системи, Визуелизација, Мултимедија и Анимација; Машинска Интелигенција и Роботика; и Информациона Теорија и Анализа при Универзитетот за Информациони Науки и Технологии – Охрид.

дел од членовите на ИАЕСТЕ Македонија

07


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ЗА ИАЕСТЕ

кратка историја на ИАЕСТЕ Македонија

Почетоци 1992-1995

Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. како локален комитет на ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествува како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

Континуитет 2001

За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат малиот број практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

Враќање 2002

ЛК Битола 1996

На иницијатива на Универзитетот во Битола формиран е нов Локален Комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

Во 10-тата година од своето независно постоење: 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествтвените проблеми со кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, стабилност и сериозен пристап на вистински начин: доделена е организацијата на семинарот SID, организирани се успешно 2 TWIN семинари со Австрија и Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

Семинари 1997

SID 2003

JUMP 1998

Импресии 2004

За прв пат е организиран „Семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови“, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година.

Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот.

Презентација 1999

Во ноември во хотел Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и пријатели.

Година на успех 2000

ИАЕСТЕ Македонија достигна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

08

Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SIDSeminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите.

За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од 150 работодавачи и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа, организиран е и TWIN семинар со Норвешка.

Нови ветришта 2005

Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ.

Година на дружба 2006

Одлични „Семинари за тренинг и мотивација“ на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција - ЕКС, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа.

Бурна 2007

Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕКС”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за тренинг и мотивација, TWIN и голема 55 и 15 годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери.

Промени 2008

Почнувајќи од ситни промени како воведување на пакети за добредојде на странските студенти, завршувајќи со несаканата промена на традиционалното место за СТМ - Матка во Тајмиште, кој сепак помина успешно. Најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на првото официјално Националното Собрание. Успешно спроведени Кампања за нови членови, TWIN со Полска, CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за присуство на SID во Норвешка, и многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - МФС, за ГК 2009 во Полска, кои овозможија дури петчлена делегација на овој настан.

ЛК Штип и Охрид 2009

Новини со вклучување на Локални Комитети на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на новоотворениот Универзитетот за Информациони Науки и Технологии во Охрид, како и пораст на ЛК Битола - ИАЕСТЕ Македонија не престанува да се развива. Присуство на ГК во Полска, SID во Белгија, CEC во Словачка и Словенија, JUMP во Австрија, TWIN со работни групи за помош на ЛК Милано; одличен СТМ во Љубанци, воведување на новини во маркетинг со изработување на видео клипови, одлична кампања за нови членови која го збогати ИАЕСТЕ Македонија со студенти желни за учење и забава и ФАНТАСТИЧНА кампања за обезбедување на пракси за странските студенти во која, и покрај економската криза во Светот, беа обезбедени 75 пракси! Огромна благодарност до работодавачите за нивната отвореност!


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

клуб на ИАЕСТЕ пријатели

моменти од собирот на Клубот на ИАЕСТЕ пријатели во декември 2009 година

ИАЕСТЕ духот не е нешто виртуелно ко профилот на ФБ (сепак, пофалби до Никола Видоевски за идејата). ИАЕСТЕ духот е нешто сосема реално што со текот на времето поминато во и околу ИАЕСТЕ те зафаќа и влијае на твоето поведение, а ти не пружаш воопшто отпор, дури и ти е мило... Сакаш да знаеш повеќе, да искусиш повеќе, да направиш повеќе, да доживееш повеќе... Тука се учи работа во тим и заедничка одговорност, тука се учи дека не се работи за после да се ужива, туку дека работата треба да биде уживање, тука се рушат предрасудите и се гради сликата за еден поубав свет без никакви наметнати разлики, само лични; тука се учи да се сака земјата повеќе од порано паралелно со заљубувањето во светот. Светот е на дланка! Мапата на светот веќе не се граници на некои си земји...Ја пополнуваш со луѓе и лични искуства, дали лично твои или преку луѓето кои ти станале пријатели... ИАЕСТЕ духот е сеприсутен, во ентузијазмот за постигнување нешто во и за општеството во кое живееме, но и во хедонизмот, желбата за убав помин и максимално уживање за време на патувањата, седенките, дружбата, прочуените ИАЕСТЕ забави...Кога еднаш тоа ќе стане дел од тебе- нема да те напушти...Кога еден ден честата дружба со ИАЕСТЕ ќе заврши заради други фази од животот- нема и да се повтори. Но ќе се јавува во друга форма, видоизменета, но јасна и подеднакво топла. Не си таму, не си веќе дел од централните случувања, но: „На ИАЕСТЕ гледам како на вонбрачно дете за многу од нас: не го гледаш и доволно негуваш и мазиш на дневна база, но секогаш му се радуваш на секој негов успех. Зашто е твое чедо и дел од тебе“. Роберт Смилески Не изостана радоста и бурните реакции на поранешните членови ни при соопштувањето на веста за добиеното домаќинство на Годишната Конференција во 2012 година. Tоа беше вест на денот за многумина, заиграа многу срца под напливот на сеќавањата за поранешни настани и за огромната важност на овој секако добиен поради влогот

Со цел полесно и побрзо остварување контакти помеѓу сите членови, ИАЕСТЕ Македонија моментално изработува база на податоци и веб страна, каде воедно свое место ќе најдат и податоците од над 2000-те извршени стручни пракси од страна на македонски студенти преку оваа програма ширум светот. ИАЕСТЕ Македонија сака да изрази голема благодарност до сите членови на КИП. Се надеваме на уште една успешна година со повеќе средби, повеќе контакти и уште повеќе разменети искуства.

на генерации и генерации. „Wow, па ова е како Светско првенство да се организира! Како може да се помогне?“ Антонио Тодоровиќ „Мојот предлог беше да земеме и да изградиме еден хотел! Имаме цели 2 години, па што е еден хотел за искусни ИАЕСТЕ екс-членови!“ - Маја Витанова „Уште на ГК немав отидено...И сега ГК ќе дојде кај нас“ - Бојан Стојановиќ КИП или Клубот на ИАЕСТЕ пријатели (на интернационално ниво Friends of IAESTE network или Алумни) е замислено како мрежа на ИАЕСТЕ искусните со цел остварување на контакти и после извршената ИАЕСТЕ пракса како студент или работодавач, а особено после членството во ИАЕСТЕ. Кај нас, КИП не функционира на формална база, не се оформи како организација, но сосема добро си ја извршува својата функција. За потребите за контактирање меѓу членовите- лично и за потребите на ИАЕСТЕ откако ќе дипломираат (им престане членството) постојат мејлинг групи: една социјална за сите поранешни и сегашни членови заедно и една претежно наменета за КИП. Поранешните членови се бесценет извор на ИАЕСТЕ искуства, почнувајќи од бидувањето контакт со работодавачите во компаниите каде се вработени, овозможувањето на ИАЕСТЕ приказната да допре до одговорните за примање практиканти или обезбедување спонзорства; па се до советите за тоа како да се организира некој настан кај нас, како да се претставиме кога одиме на некој интернационален, која земја да ја избереме за извршување на пракса и најважно од се: пренесувањето на искуствата и духот... ИАЕСТЕ е студентски водена организација, а студентот е минлива категорија. Во ваков случај - континуитетот е најважен за оржливоста на нивото, па и напредокот на организација која се бори за своето место во општеството. Пренесувањето на искуството, знаењето, контактите, информациите, помошта, воведувањето во ИАЕСТЕ водите е нешто за кое сме им бескрајно благодарни на сите поранешни ИАЕСТЕ членови и членови во заминување кои не се штеделе себеси во тоа. Бочи, Деси, Васко, Илија, Роберт, Маја, Винка, Биби, Мартин и многу многу други... Снежана Домазетовска

ИАЕСТЕ пријатели засекогаш!

09


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ЗА ИАЕСТЕ

често поставувани прашања од работодавачите

Каква организација сте и со што се занимавате? »» ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса.

Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство? »» Платена стручна пракса е повеќемесечна работа во некоја компанија или институција која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии. За извршената пракса добива соодветен надоместок за покривање на трошоците за време на неговиот престој.

Колкав треба да биде надоместокот што треба да го добива студентот? »» Основно начело на ИАЕСТЕ е дека „платата“ што треба да ја добие студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималниот паричен надомест за извршената работа би била 13000 денари за секои 4 седмици. Освен надоместокот, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата.

Дали соработувам со сериозна организација? »» За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното 62 годишно постоење извршени се околу 400.000 пракси во над 100.000 компании и институции во кое што учествувале над 80 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и

10

работно искуство на овие студенти со непроценливо вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа, значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните компании и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход.

Што добиваме со давање пракса на некој странски студент? »» Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инженерската кариера е една од основните особини на компаниите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се на принцип на реципроцитет, што значи дека со секоја пракса што ја обезбедувате за некој странски студент, овозможувате еден македонски студент да престојува неколку месеци на работа во некоја странска компанија. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата компанија може да остварите соработка со некои странски компании и универзитети од земјата од која што тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаење со кое би ја унапредиле работата во Вашата компанија. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја. Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа компанија која мисли на младите генерации и им помага на идните инженери и ќе

најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: MICROSOFT, INTEL, BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе меѓународен дух во работата на компанијата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот, странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Кој е периодот на извршување на праксата? »» Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот: од 1-ви јуни до 30-ти септември со цел да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот период. Компанијата, во зависност од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината.

Колкава е должината на праксата? »» Должината на праксата ја одредува компанијата или институцијата - работодавач во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на праксите е 6 седмици. Оваа бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието, минималното времетраење е 6 седмици. Исто така, доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример Бразил, Кина, Мексико, не би било оправдано поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.


www.iaeste.org.mk

ЗА ИАЕСТЕ

често поставувани прашања од работодавачите

Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма? »» Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ Македонија и на некој друг странски јазик.

Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма? »» Да, Ваше право е да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги поседува студентот. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот.

Дали имаме други обврски кон практикантот? »» Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ Македонија. На пример: пречекот и испраќањето, сместувањето, носењето до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ Македонија

го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаи. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здраствено осигурување, сепак во случај на евентуални здраствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија.

Што треба да содржи описот на праксата? »» Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во компанијата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во Ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе биде номиниран за таа пракса ќе има предвид за каква пракса сака да се номинира и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење ). Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во компанијата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата.

Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да

понудиме пракса на многу високо стручно ниво. »» Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот.

Ние работиме многу и работиме сериозно, а работата е доста одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата? »» Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ - Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите компании им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кои го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работа.

11


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ИЗВЕШТАИ

финансиски извештај 11 10

месец

9 8

расходи приходи

7 6 5 4 3 0

20000

40000

60000

80000

100000

120000

140000

160000

денари

Приказ на приходите и расходите по месеци според банкарските изводи почнувајќи од месец Март (Јануари се расходите околу Годишната Конференција, фебруари е завршна сметка и избор на пракси) 180000 160000 140000

денари

120000 100000 80000 60000 40000 20000 0 повратени комуналии провизија банкарско средства работење

МТ

ПТ

фактури

ИАЕСТЕ

180000 160000 140000

денари

120000 100000 80000 60000 40000 20000 0 надворешен конкурс/интравеб

полноправни членови

неполноправни членови

членарини

спонзорства

приказ на приходите во 2009

Според графикот во кој е прикажана распределбата на трошоците, може да се заклучи дека сите категории беа одржани на минимум. Вообичаено како и секоја година, најголем дел од средствата одат за плаќање на годишната котизација кон меѓународно ИАЕСТЕ, како и учеството на меѓународните настани. Што се однесува до тоа како стојат работите со приходите, може да погледнете на графикот кој ги прикажува соодветните податоци.

12

приказ на расходите во 2009

Ова е трета година по ред како Годишниот извештај на ИАЕСТЕ Македонија го опфаќа и извештајот за менаџирањето на финансиите и самото тоа наметнува обврска за градација на нивото на работа и секако на резултатите. Овој извештај има за цел да ја прикаже реализацијата на програмата, тешкотиите со кои се соочувавме, нивното решавање, да укаже на проблемите кои ги имаме или кои би можеле да се јават и на тој начин да го насочи вниманието кон идните перспективи и можности. На почетокот би сакала да им се заблагодарам на сите членови кои во изминатата година несебично ги понудија своето време и труд, за што поуспешно функционирање на организацијата во остварувањето на целите, како и на сите надворешни соработници, помагатели и пријатели на ИАЕСТЕ Македонија. Јас лично како одговорна за финансии морам да го истакнам задоволството од работата и позитивната атмосфера во бордот. Горда сум на транспарентноста и заедничкото носење на одлуки, на взаемната помош и соработка. Еден од главните проблеми произлезе всушност од многу позитивна работа, а тоа беше номинацијата на нашиот поранешен Национален Секретар, Десанка Ичитрајкова, за член на меѓународниот одбор на ИАЕСТЕ. Целото членство беше обединето во одлуката да се поддржи нејзината кандидатура и навистина, на огромно задоволство, првиот претставник од Македонија во меѓународниот одбор беше изгласана со мнозинство гласови наспроти кандидатот од Словачка. Сепак, тоа значеше дополнително оптоварување на касата, а во исто време ставот на одборот беше дека учеството на меѓународните настани треба да се одржи на оптимално ниво. Потребно беше планско распределување на финансиите и тоа нè поведе кон изработка на првиот груб буџет план. Во услови на немање на конкретни податоци, бидејќи извештаите од координаторите не содржеа податоци околу финанасиите, сметам дека направивме добра работа, а успехот се гледа во тоа што веќе за наредната 2010 навремено се состави официјален буџeт план и тоа како резултат на групна работа на тимот за Fond Raising (кој конечно се оформи и почна да функционира како таков) при што се користеа искуствата од минатата година. За поолеснето планирање и анализа, во иднина, потребно е да се воспостави стандардизиран координаторски извештај за сите поголеми настани, во кој мора да се вклучи и финансискиот аспект. Во секој случај можам да констатирам дека во однос на зацртаното, годината беше успешна. Имајќи в предвид дека 2009-та беше година на економска криза, ние ја одржавме позитивната нула на салдото, сите сметки беа подмирени навремено, продолжи соработката со сметководителот, ги задрживме спонзорите, беа остварени и некои нови соработки, соработката со факултетите истотака се зголеми како резултат на зголеменото залагање и задоволството на другата страна од покажаниот професионализам. Тука особено морам да ја напоменам срдечната помош од страна на Машискиот Факултет - Скопје

Солидната кампања за обезбедување на пракси од 2008 година овозможи да има доволно пракси за да се понудат на надворешен конкурс. Интензивната кампања за нови членови, навистина имаше успешен епилог и тоа се забележува со самото учество на средствата од членарина од чија вкупна вредност можеме да заклучиме дека ИАЕСТЕ Македонија има околу 100 активни членови со што е една од најбројните студентски организации од ваков карактер во земјата. Уште еднаш голема благодарност до спонзорите и до сите членови. Најпосле, да ù посакам многу успех на мојата наследничка на оваа функција Невена Стојанова, во чие работење имам многу доверба како, впрочем, и во целиот новоизбран одбор. На вратата чукаат многу предизвици, два големи настани за организирање, обезбедување финансии за следната Годишна Конференција во Тајланд и поставување основа врз која треба да се планира организацијата на ГК 2012 во Скопје. Уште една исполнета година, многу пријатели и многу искуство. Андријана Колевска Одговорна за Финансии

12


www.iaeste.org.mk

ИЗВЕШТАИ

извештај за маркетинг

Репрезентативните видео матријали доживеаја најголем успех, а нашата цел при нивната изработка беше да ги доловиме вистинските моменти, соработка и доживувања со ИАЕСТЕ Македонија. Тие видео материјали беа создадени во различни периоди од годината. Првиот, „ИАЕСТЕ dream“ (сонот на ИАЕСТЕ), кој е наменет за студенти, беше главен начин за презентирање пред новите членови. Презентацијата беше преку раскажување на сонот преку фотографии на многу студенти за патувања, кариера, незаборавни моменти и пријатели, остварен преку ИАЕСТЕ. Вториот беше наменет за работодавачи, во кој што учествуваа долгогодишни работодавачи кои веруваат во нашата мисија, Фармахем и Дасто, а третиот беше наменет за странските практиканти кои не знаат многу за нашата земја и комитет. Материјалот за третиот видео клип за прв пат беше презентиран на Годишната Конференција

во ноември беше промовиран новиот дизајн на веб страната поставена на познатата адреса www.iaeste.org.mk

новиот дизајн на веб страната и маичката „IAESTED“

2009-та беше плодна година полна со новитети и големи успеси на полето маркетинг. Годината започна со план да се воспостави добра база на различни податоци за ИАЕСТЕ. Проектите главно беа сконцентрирани на воспоставување нова веб страна и видео матријали, посебно наменети за одредена целна група за која што ИАЕСТЕ се грижи, како што се студентите, работодавачите и практикантите. Тим составен од повеќе од 20 членови учествуваше во создавање на новата веб страна поставена на истата адреса - www.iaeste.org.mk. После речиси повеќе од 6 месеци напорна работа веб страната беше објавена. Успехот на новата веб страна беше очигледен со тоа што видно се покачи посетеноста и интересот на различните соработници за поврзување со нашата веб страна.

во Цирих во јануари 2010 година за што добивме големи честитки од странските комитети, а нашиот углед и доверба кај нив се покачи на едно повисоко ниво. На крај, за прв пат во историјата на ИАЕСТЕ Македонија, ја добивме должноста за организирање на Годишната Конфереција 2012. Маетријалите може да се најдат на каналот на ИАЕСТЕ на веб страната youtube: »» http://www.youtube.com/user/IAESTEMacedonia Покрај тоа, низ годината почнавме со создавање пакети за годишна партнерска соработка кои може да се најдат во делот за маркетинг на веб страната. Во текот на годината, многу членови преку работни групи зедоа учество во дизајн на годишната маица, промотивни матријали, брошури и постери. ИАЕСТЕ Македонија започна и продолужва со отвореност за соработката. Отворени сме за било какви идеи и соработка на различни полиња. Луај Сауди Одговорен за маркетинг

ЛЕВО: информативен флаер за ИАЕСТЕ СРЕДИНА: постер за кампањата за нови членови ДЕСНО: покана за роденденска забава

13


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ИЗВЕШТАИ

извештај за македонските практиканти во странство

Покрај дружењето, патувањата и стекнувањето на презентациски вештини, студентите се вклучуваат во ИАЕСТЕ Македонија поради нејзината главна цел размената на студенти за стекнување на стручна пракса во странство преку кои ИАЕСТЕ учествува во градењето на неформалното образование во животот на студентите. Секој член на ИАЕСТЕ во текот на годината вложува труд да се соберат што е можно повеќе пракси за странските студенти во Македонија, со цел да се обезбеди простор повеќе македонски студенти да отпатуваат на стручна надградба во странство. Откако праксите ќе бидат разменети, започнува периодот на избирање на соодветни пракси за секој член, а потоа и за сите студенти на техничките факултети опфатени во Статутот на ИАЕСТЕ Македонија. Студентите поминуваат низ обуки за составување на кратка биографија, мотивациони писма, како и другата документација потребна за аплицирање на посакуваната пракса, а одборот и постарите членови се секогаш достапни за да помогнат во процесот. Верувам дека секој член подеднакво се радува за сите негови другари и колеги кои ќе ја добијат долгоочекуваната вест дека се примени на позицијата за која аплицирале! Најбитната работа на одговорниот за испраќање на македонските студенти, и воедно најодговорната, е да се погрижи дека документите на секој наш студент се уредно составени, потсетување на студентите постојано што и кога треба да предадат и документите да бидат предадени во соодветната земја најдоцна до 31-ви март во тековната година. Потоа, одговорниот мора да се погрижи дека Националниот Комитет каде што аплицира студентот го добие одговорот од компанијата или институцијата што е можно побрзо, како поради нетрпеливоста на студентот, така и за обезбедување на услови за порано да се купи карта за патување и виза доколку таа е потребна. Во 2009 година на Генералната Конференција беа разменети вкупно 49 пракси. На внатрешниот конкурс на кој имаат право да бираат само членовите на ИАЕСТЕ беа распределни 35 пракси, додека пак останатите 14 беа понудени на надворешен конкурс на кој имаат право да конкурираат сите студенти од техничите факултети на државните универзитети во Скопје, Битола и Штип. Притоа, 5 од праксите беа откажани од страна на студентите поради доцен одговор или проблеми со визата, а 10 студенти за жал беа одбиени од страна на компаниите, најчесто како причина беше наведена глобалната економска криза. Сепак, за скоро сите членови успеавме да најдеме замена преку интерниот систем - intraweb каде се објавуваат подоцнежни пракси, со што испративме вкупно 42 студенти на стручна пракса во 21 земја во Светот. Во табелата се дадени податоците колку студенти во која држава се отидени на пракса и од која насока, а на страна 33 можете да ги погледнете и имињата на студентите, како и на компаниите и институциите во кои тие ја извршуваа нивната пракса. Александра Христов Национален Секретар и одговорна за размената преку intraweb

ЗЕМЈА Австрија Белгија Босна и Херцеговина Велика Британија Германија Данска Индија Јапонија Колумбија Норвешка Полска Португалија САД Словачка Словенија Србија Тунис Турција Финска Хрватска Чешка Швајцарија Шведска Шпанија TOTAL

Табела на пратени македонски студенти и примени странски студенти по земја

Испратени практиканти 2%

5%

2%

16% Не-ЕУ земји ЕУ земји Јужна Америка Азија Африка

75%

14

Пратени Примени 4 3 1 1 2 4 2 3 3 1 1 1 2 1 1 1 6 3 2 2 1 2 1 1 1 1 3 1 1 1 1 1 1 2 1 1 5 7 42 34


www.iaeste.org.mk

ИЗВЕШТАИ

извештај за странските практиканти во Македонија

ОБЛАСТ Architecture Biotechnology Civil Eng. Computer Science Economics Electrical Eng. Electronics Environmental Eng. Mechanical Eng. Mechatronics

Пратени 8

16 1 1

Примени 2 1 4 6 5 2 1 8 1 2

5 3

Pharmaceutical Studies

Power Eng. Process Eng. Telecommunications ВКУПНО

3 1 4 42

2 34

Табела на пратени македонски студенти и примени странски студенти по специјализација

На Годишната Конференција 2009 во Полска, беа разменети 49 пракси со 27 различни земји од Светот

Примени практиканти 3%

6% 0% 21%

0%

Не-ЕУ земји ЕУ земји Јужна Америка Северна Америка Азија Австралија

Секоја година членовите на ИАЕСТЕ Македонија пред себе имаат нови пречки кои мора да ги совладаат. 2008 година беше една од потешките години во однос на Job Raising кампањата. Многу од компаниите и институциите беа погодени од економската криза и не прифатија да учествуваат во нашата разменска програма. Како последица на тоа, бројот на потпишани договори за пракса драстично се намали и конечниот исход изнесуваше 49 потпишани договори од страна на 37 компании. На Годишната Конференција во 2009, која се одржа во Варшава, Полска, беа разменети сите 49 пракси со 27 различни земји. Веднаш започна внатрешниот конкурс, на кој членовите на ИАЕСТЕ избираа пракса според нивните желби и квалификации. Потоа праксите кои останаа неискористени, беа понудени на отворен надворешен конкурс, на кој конкурираа студенти на техничките факултети. Оваа година Летната Рецепција започна најрано во споредба со изминатите години, со пристигнување на првиот практикант од Германија уште во април. Поради тоа, до почетокот на јуни, практикантите беа сместени во Државно училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид “Димитар Влахов“, а потоа од 1-ви Јуни до 30-ти Септември беа сместени во студентскиот дом „Пелагонија“. Месечната сума за сместување изнесуваше 4500 денари, со тоа што студентите плаќаа само за периодот кој престојуваа, а не за календарски месец. Практикантите што останаа по месец септември беа сместени во приватни станови, најчесто заедно со членови на ИАЕСТЕ. Летната рецепција заврши со заминување на последниот практикант од Португалија на почетокот на ноември. Сите практиканти беа пречекани на местото на нивното пристигнување од страна на членови на ИАЕСТЕ Македонија и однесени до студентскиот дом. За нивниот пречек беа подготвени пакети за добредојде и СИМ картичка од мобилниот оператор ВИП со кредит од 200 денари. На првиот работен ден, практиканите беа придружувани од ИАЕСТЕ членови кои им го покажуваа патот до нивното работно место и ги запознаваа со работодавачите. Во Македонија во 2009 година пристигнаа 34 странски практиканти за извршување на стручна пракса во нашите компании и институции. Само 4 практиканти предвреме го откажаа своето доаѓање заради лични причини. 9 практиканти беа одбиени од компаниите поради внатрешни проблеми или несоодветен профил. Компаниите во кои пристигна практикант во текот на 2009 се наведени во соодветната табела на крајот на овој годишен извештај, а компаниите во кои поради споменатите причини не пристигна студент, а сепак се потпишаа договор за пракса се следните: »» Амплеком »» С и Т Македонија »» Институт за информатика при ПМФ »» Алфа Геодет »» Ингра »» Бато и Дивајн »» Сименс. Во целост, оваа година беше доста успешна, сите практиканти си заминаа со незаборавни спомени и желба повторно да се вратат тука. Некои од нив веќе си ја остварија желбата. Но, ништо од тоа не ќе беше возможно без напорната работа на челновите кои беа дел од Летната Рецепција. Следната година се надеваме на уште поуспешна Job Raising кампања и помасовна Летна Рецепција.

70%

Катерина Туџарова Одговорна за странските студенти

15


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ИЗВЕШТАИ

национално собрание Националното Собрание е највисок орган на организацијата и претставува собир на сите полноправни членови на Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија. Еднаш годишно во третиот викенд од месец Декември, се свикува седница на Националното Собрание и се дискутира работата за изминатата и претстојната година, поради што претставува еден од најважните настани за успешното постоење на ИАЕСТЕ во Македонија. На неофицијалниот дел полноправните членови од локалните комитети преку работни групи дискутираат на одредени теми и области од работата на ИАЕСТЕ Македонија, додека на официјалниот дел (во облик на собрание) се донесуваат важни одлуки за работата на ИАЕСТЕ Македонија, а кои се во надлежност на Собранието. Oваа година, полноправните членови по втор пат се собраа на годишната средба на Националното Собрание на ИАЕСТЕ Македонија. Собранието се одржа на 19-ти и 20-ти декември во просториите на Машински Факултет - Скопје. Во првиот работен ден, полноправните членови на Локалните Комитети Скопје и Битола заедно одлучуваа за измените во Статутот и донесување на првиот Правилник за работа на Националниот Комитет ИАЕСТЕ Македонија. Во продуктивната дискусија се разговараше за многу важни прашања и се донесоа многу одлуки, од кои најзначајно е дека од наредната година ќе се формира заедничка

особено важна е одлуката за зголемување на ИАЕСТЕ семејството, каде покрај Локалните Комитети во Скопје, Битола и Штип, беше оформен уште еден локален комитет во Охрид

полноправните членови активно се вклучуваа во дискусиите

национална ранг листа на членовите при конкурирање за стручна пракса рамноправно за студентите од сите Универзитети вклучени во разменската програма на ИАЕСТЕ, а особено важна е одлуката за зголемување на ИАЕСТЕ семејството со уште еден локален комитет во Охрид, во кој ќе можат да членуваат студентите од новиот Универзитет за Информациски Науки и Технологии во Охрид. На крај, по девет часовниот состанок, заедничката средба помеѓу двата најголеми локални комитети на ИАЕСТЕ Македонија беше прославена со забава во кафе Браво. Вториот работен ден, покрај разгледувањето на финансискиот извештај, беше резервиран за работни групи на повеќе теми: посветување внимание на организирањето на човечките ресурси, идеи и планови за зголемување на буџетот, подобрување на соработката со Клубот на ИАЕСТЕ Пријатели, развој, соработка и координација помеѓу Локалните Комитети, и планирање на активностите и домашните и меѓународните настани за 2010 година. Секако, не смее да се заборави дека на ова годишно собрание ИАЕСТЕ Македонија го доби својот нов Национален Секретар, Катерина Туџарова, која ќе ја предводи организацијата во претстојната година – честитки! Александра Христов Национален Секретар

ЛЕВО: Националниот Одбор на ИАЕСТЕ Македонија ДЕСНО: членовите на Националното Собрание

16


ИЗВЕШТАИ

www.iaeste.org.mk

Локален Комитет Битола

ЛЕВО: членовите на ЛК Битола ДЕСНО: интернационална вечер организирана во рамките на TWIN семинарот на Техничкиот Факултет

Во 2009 година главна цел на ЛК Битола беше зголемување на членството. На крајот од годината ЛК брои 26 членови - 12 активни од кои 7 се со полноправен статус. Во првиот дел од годината доста рано ја започнавме кампањата за нови членови и во склоп на истата организиравме 3 презентации на Технички Факултет Битола и една на Факултетот за Биотехнички науки и Менаџмент за Информациски Системи како технички факултети кои се опфатени во разменската програма на ИАЕСТЕ Македонија. Презентациите за разлика од минатата година беа организирани на поинаков начин, со претходен договор со професори кај кои има најголема посетеност на предавањата. Целта е да се опфати поголема група на студенти и полесно да се задржи нивното внимание. Сето ова се оствари и со претходно делење на флаери и инфо штандови, по што имаше резултати и приклучување на нови членови кои се главен стожер за континуирана работа на организацијата. Најголема заинтересираност имаше на Техничкиот Факултет од каде што дојдоа и најмногу нови членови, а за прв пат се приклучија и нови членови од Факултетот за Менаџмент на Информациски Системи. Во истиот период со работни групи, желба и залагање на членовите беа дизајнирани и испечатени ИАЕСТЕ маички. По кампањата за нови членови се организира Семинар за Тренинг и Мотивација (СТМ) во Битола, но поради недостиг на финансиски средства истиот не успеавме да го организираме. Поради тоа, со дел од новите членови се приклучивме на СТМ кој беше организиран од страна на ЛК Скопје во Љубанци - Скопје. Покрај семинарот во истиот период беше организиран TWIN семинар со Локалниот Комитет Милано од Италија, каде ЛК Битола организираше два дена - 17-ти и 18-ти мај во Битола што доста позитивно делуваше врз новите членови. Присутните посетија дел од поважните историски локации во градот, а во склоп на TWIN семинарот ја организаравме и Интернационалната вечер која претставуваше воедно и официјално затворање на целиот настан што помина одлично со многу залагања од страна на целото членство, посебно новите мотивирани членови. На вториот дел од TWIN семинарот во Милано, во месец октомври, на возвратната посета присутни беа двајца членови од ЛК Битола. Оваа, 2009-та година, во поглед на разменската програма беше поуспешна за разлика од минатата. Во периодот од летна рецепција од страна на дојдовни студенти имаше двајца практиканти, Sercan Gündoğdu од Турција кој извршуваше стручна пракса во ФОД Битола и Милена Шкобић од Босна и Херцеговина која работеше во РЕК Битола. Од аспект на појдовни студенти, исто така, двајца студенти од ТФБ Техничка Информатика отидоа на стручна пракса.

Дарко Домазетовски, кој изврши стручна пракса во Хрватска и Иво Ивановски во Полска. Работиме на случајот наредната година да се надмине бројката на разменети студенти. Се надеваме дека ќе успееме да склучиме повеќе договори со компании и институции во битолскиот регион со што би се овозможиле и повеќе пракси за студентите од Универзитетот “Св.Климент Охридски”. За време на Летната рецепција, за двајцата пристигнати практиканти, преку постојана ангажираност од страна на членовите секој ден се организираа настани како и посета на значајните објекти и голем број настани од Битолско Културно Лето. Од страна на викендите во летна рецепција беа организирани три редовни викенди во Битола на кои доаѓаа практикантите кои работеа во Скопје и ИАЕСТЕ членови од цела Македонија. Во склоп на самите викенди беа организирани посети на значајни места во градот, античкиот локалитет Хераклеа, еднодневен излет на планинскиот врв Пелистер, како и посета на Филмскиот Фестивал “Браќа Манаки”. Исто како и минатата година, така и оваа имаше доста спонтани викенди на кои доаѓаа странските практикантите од Скопје и со гостопримливоста на членовите од Битола редовно имаа обезбедено место за спиење. Во третиот период од годината, рано ја започнавме кампањата за обезбедување на пракси (Јob Raising), меѓутоа склучувањето договори со компаниите и институциите се одвиваше со значителни потешкотии. Можеби и финансиската криза е една од причините поради кои бевме одбиени од страна на контактираните институции и компании. Како и да е, би сакал да се заблагодарам на ЕЛЕМ “Битола” - Новаци и ФОД Новаци со кои ЛК Битола потпиша Договор за пракса за наредната 2010 година. ИАЕСТЕ ЛК Битола и покрај огромниот ентузијам на членството и поддршката од членовите од ЛК Скопје, се уште се соочува со базични проблеми како што се немање на постојана канцеларија, нерасполагање со сопствена опрема како компјутер и телефон и немање на постојани финансиски поддржувачи за организирање на активности и промоција на самата организација. Се надеваме на слух кај надлежните институции за нашата дејност: промоција на градот, Универзитетот, техничко доусовршување на нашите студенти и ширење интернационален дух, сè со цел да се стекне поголема поддршка во иднина и обострана корист и задоволство од остварената соработка. Дарко Домазетовски Претседател на Локален Комитет Битола

17


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

АКТИВНОСТИ

кампања за нови членови презентација за нови членови

ИАЕСТЕ годината започнува со годишната Генерална Конференција во јануари, но и со кампања за нови членови во почетокот на пролетта со цел да се одржи континуитетот на бројот на членови. Резултатот од зачленувањето, студентите го добиваат уште во следниот јануари со можноста да конкурираат за стручна пракса во странство. Секој член сака да ја пренесе големата љубов кон ИАЕСТЕ на помладите членови, па затоа со огромна желба и мотивација, секоја година ја одржуваме оваа кампања на која го презентираме нашето искуство. На првите работни групи одржани за оваа кампања, се одлучи на кои факултети ќе се одржат презентации и каков тип на презентација ќе се употреби. На работните групи дојдовме до идејата за внесување на еден новитет за тоа како најдобро да го пренесеме вистинскиот дух на ИАЕСТЕ, а тоа беше употреба на видео матријал. Собравме матријали и го направивме видео клипот кој го прикажува сонот што многу студенти го имаат - сонот за патување, поврзување на Светот и извршување на стручна пракса со реномирани странски реаботодавaчи. Затоа го нарековме „ИАЕСТЕ сон“ („IAESTE dream“). Бидејќи во моментот беа актуелни локалните и претседателските избори во Република Македонија, со мото „Заокружи ИАЕСТЕ” започна кампањата со тематски постери и презентации. Решивме во оваа кампања повеќе да се сконцентрираме на привлекување студенти од факултети каде немавме многу членови, така што имавме по 3 до 4 презентации во различни термини на тие факултети. Презентациите беа главно претставени со видео матријалот и презентација од нашите членови за нивното искуство

исходот од кампањата беше одличен, бидејќи добивме многу нови членови од различни факултети.

штандови со промотивни материјали и презентација на видео за привлекување на нови членови

при извршување на нивната пракса во странските земји. Имавме презентации на Архитектонски, Градежен, Машински, Природно - математички, Електротехнички, Шумарски и насоката е-бизнис на Економски факултет. За жал, не успеавме да одржиме презентација на Фармацевтски факултет, но се проширија гласините и сепак ни се придружија нови членови од овој факултет. Ветуваме дека оваа година ќе имаме презентации и штандови на сите факултети! Во истиот период, на саемот за образование и кариера добивме штанд во склоп на Информативниот Образовен Центар. Таму имавме средби со професори и

18

Декани кои биле некогаш дел од ИАЕСТЕ. Тие нè пофалија со зборовите дека ИАЕСТЕ Македонија доживува голем успех и напредок во споредба со она што некогаш било ИАЕСТЕ Македонија. Исходот од кампањата беше одличен, бидејќи добивме многу нови членови од различни факултети. Кампањата заврши со семинарот за тренинг и мотивација, на кој што имавме над 80 учесници. ИАЕСТЕ семејството се зголеми... Луај Сауди Координатор на кампањата


www.iaeste.org.mk

АКТИВНОСТИ

семинар за тренинг и мотивација - Љубанци

ЛЕВО: присутни членови од Македонија и Италија ДЕСНО: дел од тимот во препознатливите ИАЕСТЕ маички

Семинарот за Tренинг и Mотивација, кој во 2009 година се одржа во Љубанци на 23-ти и 24-ти април, беше пресудниот момент јас како студент да се одлучам целосно да се активирам во дотогаш за мене непознатата студентска организација. По пристигнувањето особено бев изненадена од љубезните домаќини, кои на секој начин се трудеа на сите да им биде удобно и сите убаво да бидат пречекани. Веднаш ми исчезна двоумењето дали требаше да дојдам или не, и насетував големо дружење и забава. Првиот ден беа одржани игри во кои сите учествуваа со цел поголемо забавување, како и наше подобро запознавање. Веќе до вечерта сите се чувствувавме дека се знаеме со години, а не само еден ден. Вечерта ја поминавме со музика под отворено небо, прегрнати од природата околу нас, покрај огнот кој беше единствен извор на топлина. Дружењето беше исклучително, а сè стана позабавно кога ни се придружија учесниците на минатогодишниот семинар TWIN, кој го направивме со Италија. Беше одлично да се слушне како ИАЕСТЕ Италија работи, колкава поддршка имаат во нивната земја и каква заинтересираност имаат од нивните студенти. Сите беа воодушевени од нашата гостопримливост и дружељубивост. Утрото по испраќањето на гостите од Италија почнаа и работните групи кои ги одржаа поискусни членови на ИАЕСТЕ. Се разговараше на различни теми од кои неколку

беа за Летната Рецепција која ја организира ИАЕСТЕ за странските студенти, Job Raising, односно собирањето на пракси во компаниите во Македонија, Маркетинг кампањата која ги поттикнува студентите да се зачленат во ИАЕСТЕ итн. Беше одлично да се слушне искуството од луѓе кои се посветиле на оваа организација долги години, но и новите идеи како би се подобрила работата на организацијата понатаму. Мене најмногу ме заинтересира презентацијата за Job Raising кампањата која се покажа како доста успешна, бидејќи подоцна станав координатор за оваа доста важна активност во ИАЕСТЕ. Во работните групи исто така беше опфатено и планирање на викендите во текот на Летната рецепција која е најдобра за новите членови да се вклучат во активностите на ИАЕСТЕ со дружење на странските студенти. Со ова планирање всушност ИАЕСТЕ покажува дека навистина се грижи за студентите кои од целиот свет доаѓаат во Македонија. Успешноста на овој семинар се докажа на првиот состанок одржан по викендот во Љубанци, каде се појавија сите нови членови мотивирани за активирање во оваа студентска организација. Јас знам дека не зажалив... Билјана Зафировска

ЛЕВО: презентација за искуство од пракса СРЕДИНА: презентација за ИАЕСТЕ ДЕСНО: мотивациски игри за градење на доверба

19


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

АКТИВНОСТИ

летна рецепција Летна Рецепција претставува активност со големо значење, како за ИАЕСТЕ Македонија, така и за Република Македонија. Во Летната Рецепција се дочекуваат странски студенти кои ја избрале Македонија како нивна дестинација за извршување на стручна пракса, а за време на нивниот престој се промовира и Македонија во нејзината вистинска светлина: начинот на живеење, богатата култура и историја, како и раскошните предели и богатата вегетација кои природата ги распослала по целата нејзина територија.

прошетка низ Старата Чаршија во Скопје, пиење кафе на Широк Сокак во Битола, обележување на државниот празник Илинден шетајќи се по охридските сокаци и освежување во прекрасниот македонски бисер - Охридското Езеро, како и многу други градови, секој посебен по своите убавини и забавата која може да ја понуди. Минатото лето, за прв пат како член на ИАЕСТЕ Македонија, од понеделник до петок Скопје беше местото во кое забавата, коктелите, сангријата, дружењето и

викенди низ Македонија - ЛЕВО: Битола СРЕДИНА: Охрид ДЕСНО: Куклици, Кратово

ИАЕСТЕ Македонија како студентски водена организација веќе 10-ина години по ред го поседува синонимот за најдобро организирана Летна Рецепција во светот. ИАЕСТЕ Македонија го организира целиот престој на странските практиканти од моментот штом ќе стапнат на македонска земја. Покрај нивните работни обврски, во текот на неделата имаат план во кој секој ден запознаваат нови делови од нашиот главен град Скопје и пошироката околина, а за време на викендите им ги преставуваме другите градови од нашата држава. На патот полн со авантури и незаборавни моменти кои изобилуваа оваа година, се најдоа следниве дестинации: Крива Паланка – со прекрасниот манастир „Св.Јоаким Осоговски“, местото на камената легенда – „Куклици“ и рибникот во Гиновци, Галичник – преставување на дел од македонската традиција и култура преку „Галичката Свадба“, пештерите „Врело“ во Матка, Богомила – посета на изворот и водопадот на реката Бабуна и искачувањето на Солунска Глава, дегустирање на македонска скара и пиво на Пиво Фестот во Прилеп,

смеата беа вклопени во нашата мала канцеларија, локација која беше попратна станица на патот кон ноќите поминати во дел од клубовите и дискотеките. Дел од тимот за добра забава беа Моника (Шпанија), Џејмс (В.Британија), Штефан (Австрија), Маса (Јапонија), Бартек (Шпанија), Сузана (Шпанија), Руи (Португалија), Жизела (Шпанија), Еду (Германија) и други странски студенти во секојдневна придружба од членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Не знам што повеќе ме исполни ова лето, можноста да ја претставам својата држава, да уживам во Скопје преку лето, да се стекнам со нови пријателства или да имам над 500 фотографии на кои се гледаат само насмеани луѓе. Но едно знам, ништо од ова немаше да се случи да не се вклучев во ИАЕСТЕ Македонија и да не ја прифатев одговорноста да бидам Летен рецепционер. Анѓеле Ивановски Офицер на Летната Рецепција

практикантите веднаш го прифаќаат ИАЕСТЕ духот и искрено навиваат за Македонија на натпреварите

20


www.iaeste.org.mk

АКТИВНОСТИ

интернационална вечер

веењето на различните знамиња е типично за една интернационална вечер

таа беше магична вечер во која сите се чувствувавме како едно големо семејство Топли јадења, дружење, музика, играње, забава... и запознавање на културата на повеќе земји одеднаш. Интернационалната вечер е неизоставен дел од Летната Рецепција, кој со нетрпение сите го очекуваат. Традиционалната вечер, организирана од страна на ИАЕСТЕ Македонија, поради својот квалитет и масовност е озборувана од многумина. Овогодинешната Интернационална вечер се одржа во просториите на Машинскиот факултет Скопје на кои им се пренесе меѓународниот дух. За време на таа вечер се собраа околу 20 практиканти за да ги презентираат своите земји на најдобар можен начин. Меѓу присутните покрај практикантите и многубројните членови на ИАЕСТЕ беа присутни и дел од работодавачите кои дојдоа да ја почувствуваат магијата на еден ваков ИАЕСТЕ настан. Бевме дегустатори на традиционални јадења од Шпанија, Јапонија, Белгија, Португалија, Данска, Полска, Шкотска, Швајцарија, Норвешка, Турција, Америка,

Австрија... Практикантите се покажаа како врвни кулинари и со своите јадења предизвикаа задоволство кај своите домаќини, доловувајќи нú ја традицијата од земјите од каде што доаѓаат. Пиевме национални пијалоци како декоративно подготвената шпанска сангрија, тексашката лимонада, шкотското виски, белгиското пиво „Дувел“, полската „Жубровка“, а неизоставен дел беа и македонската ракија и прекрасните македонски вина. Учесниците се забавуваа со типична музика од сите краишта на светот, како традиционална така и модерна. Македонија беше претставена со нашите добро познати домашни специјалитети - ајварот, гравчето, мусаката, пинџурот, пастрмајлијата, сирењето, но и со јогурт, Газоза, Скопско... Презентациите на земјите се одвиваа паралелно со дегустацијата, како што водителот на настанот нè водеше од една маса на друга. Сите кажуваа приказни за своите земји, а останатите со љубопитство ги следеа нивните искажувања. Љубопитните гости кои уживаа во необичните јадења и во ритамот на различните звуци од секаде на светот, на крајот се вклучија во изведбата на традиционалниот ИАЕСТЕ танц кој е неизбежен дел за еден настан од ваков тип. Таа беше магична вечер, таа беше Интернационалната вечер, во која немаше „наши“ и „странци“ туку сите се чувствувавме како едно големо семејство. Ивана Симјаноска Ванчо Дамјанов

ЛЕВО: македонска традиционална храна СРЕДИНА/ДЕСНО: шпанска и јапонска кујна подготвена од самите практиканти

21


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

АКТИВНОСТИ

кампања за обезбедување пракси

Кампањата за Обезбедување Пракси (Job Raising) претставува клучна алка во синџирот на активности кои ги реализира ИАЕСТЕ Македонија. Самиот факт дека ИАЕСТЕ Македонија е студентски водена организација и дека сите членови се студенти, го поставува предизвикот за успешно реализирање на оваа кампања на повисоко ниво. Основната цел на кампањата е обезбедување платени стручни пракси во нашите компании и институции за странски студенти. Обезбедените пракси подоцна реципрочно се разменуваат на Генералната Конференција, односно колку пракси ќе обезбедиме во нашата држава, толку наши членови ќе ја имаат можноста да извршуваат практична обука надвор од нашите граници. Кампањата започнува во септември, а завршува пред 20 јануари кога е и Генералната Конференција. На почетокот се контактираат компаниите, се праќаат информативни материјали и официјално барање за пракси. На компаниите подетално им се објаснува работата на ИАЕСТЕ Македонија, се одржуваат состаноци со потенцијалните работодавачи и откако ќе добиеме позитивен одговор од работодавачот, се потпишува договорот за пракса кој претставува официјален договор помеѓу ИАЕСТЕ Македонија и компаниите и институциите. Во него можат да се најдат сите потребни информации за компанијата, профилот на странскиот студент, како и деталите околу стручната пракса која ја нуди работодавачот. Во Кампањата за обезбедување пракси во 2009 година се работеше тимски, во групи од постари, поискусни членови со нови, штотуку дојдени членови, групи на членови од различни факултети до членови од исти факултети, мотивирани од една цел, да обезбедат што е можно повеќе пракси. Тимската работа го донесе следниот резултат: беа исконтактирани над 250 компании и институции, беа поделени исто толкав број на годишни извештаи и барања за стручна пракса, беа одржани преку 100 состаноци, што нè донесе до бројка од потпишани 75 стручни пракси во 60 компании и институции во целата држава. Многу од компаниите се заинтересираа за нашата разменска програма и зедоа учество, помагајќи нú нашата желба за добивање поголемо практично искуство надвор од нашата држава да стане реалност. Еден дел од нив се наши долгогодишни соработници кои се задоволни од нашата соработка, како и од странските студенти кои ги добиваат и затоа безрезервно нè поддржуваат. Придобивките на

листа на компании кои потпишаа договор за 2010 година

Весна - САП, 3D Project Studio, Нетцетера, Општина Карпош, Инвестградба - Кочани, Инвестбанка, Неуромедика, ВИП Оператор, БИС Инженеринг, Факом, Поли МЗТ, Беннинг ПСАМ, Интервеј, Applify, Адинг, Ein-sof, Фармацевтски Факултет, ИЗИИС, ТГС Технички Гасови, Артисофт, Ајсиукс Таурус, Винарска визба Тиквеш, Сајлекс TK, Еконет, Ингмарк, ПМФ - Институт за Информатика, Лоу Тек Архитект, Факултет за Електротехника и Информациски Технологии, Завар Компани, Тетрактис Кристијан, Леснина Панелс, Дасто, Стоун Дизајн, OKTA, Мобико, Геоинг, Пексим, Логвин солушнс, Општина Радовиш, Тинг, Завод за испитување на материјали, Топлификација, Геохидроинженеринг, Машински Факултет Скопје, Телесмарт, Македонијапроект, Бетон, Микросам, Сеавус, МакАутоСтар, Сискон, Елем ФОД Новаци, Елем, СНВ - Холандска Развојна Организација, Норск енерџи, С&Т Македонија, Македонски Шуми, Комерцијална Банка, Фармахем, Порше Македонија, РЕК Битола

процес на одвивање на кампањата за обезбедување пракси

работодавачите се големи: пристап до квалификувани и мотивирани студенти, можност да се запознаат со начинот на работа и техничките достигнувања во различни земји, да остварат контакт со професионалци од странство, како и можност да запознаат нова култура. Од година во година бројот на добиени пракси и бројот на фирми кои сакаат да земат учество во оваа кампања се зголемува. Останува желбата ова искачување да продолжи, со што би се зголемил бројот на странски студенти кои ќе ја имаат можноста да се стекнат со првото практично искуство во Македонија. Притоа, неизбежно е запознавањето со македонската култура, историја и приодни богатства како и дружбата и забавата со македонските студенти. Слободното време на практикантот, пречекот и носење на работа првиот ден, како и сместувањето се одговорност на ИАЕСТЕ Македонија. Во текот на целиот престој на странските студенти во Македонија, ИАЕСТЕ Македонија стои на располагање на работодавачите за било каков проблем поврзан со праксата. Анѓеле Ивановски Координатор на кампањата

22


www.iaeste.org.mk

АКТИВНОСТИ

тркалезна маса за работодавачи - ИАЕСТЕ ДЕН Квалитетот на праксата е многу важен за ИАЕСТЕ Македонија бидејќи странскиот практикант, во својата земја го пренесува искуството стекнато од Р.Македонија со што се создава слика за нашата земја и се заклучува колку сме примамлива земја за остварување на стручна пракса. Поради важноста на овој елемент за ефикасноста на ИАЕСТЕ Македонија, беше организирана тркалезна маса за работодавачи со мотото „Соработка. Размена. Квалитет“. Во склоп на „Глобалната Недела на Претприемништвото“ која се одржува од 2008 година, настанот се одржа на 18ти ноември во конференциската сала на хотелот „Holiday Inn“ и беше задоволство да се учествува, а уште повеќе да се организира. Беа поканети голем број на компании и институции со цел да се дискутира на тема подобрување на квалитетот на понудените пракси во земјата, а воедно и да се запознаат за важноста на практичното искуство на студентите и за нивното влијание врз понатамошниот професионален живот. Манифестацијата се отвори со промоција на новиот видео клип за работодавачи на ИАЕСТЕ Македонија, во

кратка презентација и слики, Бојан ни прикажа колку многу ИАЕСТЕ му помогнало да напредува во кариерата и општо во животот. И за крај се отвори дебата со тема „Искуства и предности за компаниите, брендирање на работодавачите и социјална одговорност“, која ја водеше нашиот шармантен модератор, Снежана Домазетовска која воедно и донесе заклучок за самата дискусија. Тркалезната маса е настан кој прв пат се организира во рамките на ИАЕСТЕ Македонија. На самиот крај добивме понуди за соработка, што е показател за успешноста, а за нас две, како координатори, беше убаво искуство. Тркалезната маса во форма на буквата „П“ придонесе токму кон остварување на мисијата на ИАЕСТЕ Македонија - да работи со висококвалитетна програма за практично искуство со цел да го зголеми професионалниот развој и да промовира интернационално разбирање и добра волја помеѓу студентите, академските институции, работодавачите и поширокото општество. Невена Стојанова и Катерина Ѓорѓиевска Координатори на настанот

ЛЕВО: поканетите говорници на тркалезната маса СРЕДИНА: организацискиот тим ДЕСНО: водителите на настанот

кој тие го искажаа задоволството од соработката со нас. Најпрво, нашиот Национален Секретар, Александра Христов, даде краток вовед за нашата дејност и мисија, притоа истакнувајќи го фактот дека ИАЕСТЕ Македонија во моментот котира на 25-то место 85 земји членки на интернационалната организација ИАЕСТЕ. За придобивките на факултетите од примањето на странски студенти на пракса, важноста на неформалното образование и мобилноста на македонските студенти, говореше преставникот од Машински Факултет Скопје, проф. д-р Валентина Гечевска. Следен, настапи Деканот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии, проф. д-р Миле Станковски, кој исто така надоврзувајки се на темата, ја искажа добрата соработка и помошта што ИАЕСТЕ ја добива од Техничките Факултети. Актуелната тема за либерализација на визниот режим беше образложена од страна на Ермина Авдиќ, аташе на Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија, која воедно и зборуваше за големото влијание на ИАЕСТЕ практикантите и студентите во културната размена и градење на слика за економската состојба во земјата. „Техники и улога на одговорните за Човечки Ресурси при адаптација на практикант во компанијата“ е тема за која Афродита Кермичиева – Пановска, претставник на Списанието за човечки ресурси „Global HR“ даде одлична анализа во која истакна дека пред сè најважна за работодавачот е довербата што ја има кон практикантот и општо кон секој вработен. Ова не би било ИАЕСТЕ настан доколку не ја пренесеме и магијата за искуството на пракса, патувањата и стекнатите пријателства. А најсоодветен за доловување на доживувањето е најактивниот алумни-член кој никогаш нема да не заборави, Бојан Стојановиќ. Преку

ИАЕСТЕ ДЕН - 2009 Секој последен четврток од Октомври, ИАЕСТЕ Македонија живее со мотото: Global Party – One Spirit. Овој ден всушност низ целиот свет се прославува како ИАЕСТЕ Ден. ИАЕСТЕ Македонија никогаш не ја пропушта можноста да придонесе за забавата на оригинален и иновативен начин. Оваа есен, на 22 Октомври, решивме покрај организирањето на „тркалезната маза за работодавачи“, да го оживееме духот на нашиот главен град танцувајќи го популарниот ИАЕСТЕ танц, кореографија која ја знае секој ИАЕСТЕ член, на неколку локации низ центарот на градот. Заедно со членовите на ИАЕСТЕ Македонија кои играа гордо носејќи ги своите ИАЕСТЕ маички танцуваа и случајните минувачи кои ги „заразивме“ со нашиот ентузијазам :) Доказниот материјал потоа беше уредно документиран во едно видео кое беше испратено на овогодинешниот натпревар на „ IAESTE Day“ за најдобро видео во кое се игра ИАЕСТЕ танцот.

23


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

НАСТАНИ

годишна конференција 2010 - Швајцарија Оваа година се одржа 63-тата Годишна Конференција во периодот од 22-ри до 29-ти Јануари 2010 година, во Цирих, Швајцарија. ИАЕСТЕ Македонија на оваа ГК имаше четиричлена делегација, кое сепак беше успех, најмногу благодарение на поддршката на Машинскиот Факултет, како и на незанемарливата поддршка од Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии. Четворицата делегати на оваа ГК беа: Катерина Туџарова (Национален Секретар и делегат на Годишната Конференција), Андријана Колевска (Одговорна за финансии), Луај Сауди (Одговорен за маркетинг) и Десанка Ичитрајкова (поранешен Национален Секретар и член на бордот на Интернационално ИАЕСТЕ). Делегацијата беше потпомогната од Митко Танески, поранешен член на ИАЕСТЕ Македонија, кој во моментот е на постдипломски студии во Швајцарија.

ИАЕСТЕ Македонија беше изгласана за домаќин на ГК во 2012 година, ова е огромен успех на интернационално ниво за еден мал и студентски комитет како нашиот

ЛЕВО: дел од атмосферата на разменските сесии СРЕДИНА: нашата делегација во размена ДЕСНО: интернационална вечер

Оваа година на ГК заминавме со 72 потпишани договори за пракса со македонските фирми и институции. По завршувањето на ГК се потпишаа уште 3 договори, кои се објавени како пост-разменски пракси на интерниот систем - Intraweb. Сите пракси успеавме да ги размениме во три разменски сесии (од планирани пет) кои беа распоредени во првите три дена. Земјите со кои беа разменети праксите се: Австрија (4), Белгија (4), Бразил (2), Белорусија (1), Босна и Херцеговина (3), Велика Британија (4), Германија (4), Израел (1), Јапонија (1), Либан (1), Малта (1), Норвешка (2), Полска (12), Португалија (3), Романија (1), САД (1), Словачка (1), Србија (1), Тајланд (1), Тунис (2), Турција (5), Украина (1), Унгарија (2), Финска (1), Чешка (1), Хрватска (1) и Шпанија (9). Покрај разменски имаше и конференциски сесии на кои заседаваше Генералното Собрание, чии членови се сите делегати (Национални Секретари) на земјите членки на ИАЕСТЕ. Се разговараше и гласаше за некои промени на статутот на интернационално ниво. Семејството на ИАЕСТЕ се прошири со нови земји членки и сега брои 87 члена. Официјално функцијата Генерален Секретар ја презеде Горан Радновиќ од Србија, од претходничката Паулин Фергусон од Северна Ирска. За член на бордот до 2013 година беше избран д-р. Лазло Бекер од Унгарија, а на „студентското место“ за наследник на македонскиот член на бордот, Десанка Ичитрајкова, беше избран Даниел Хупман од Австрија. Понатаму, беа извршени презентации за домаќини на ГК 2011 од страна на ИАЕСТЕ Колумбија и ИАЕСТЕ Тајланд, а избран беше ИАЕСТЕ Тајланд. Имаше презентации од страна на домаќините на Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ 2010 - Германија и за 2011 – Шпанија. На оваа ГК се гласаше и за домаќин на ГК 2012. ИАЕСТЕ Македонија

беше единствен кандидат, и без проблем ни беше изгласана доверба. Знаејќи ја големината на овој настан, ова е огромен успех на интернационално ниво за ИАЕСТЕ Македонија. Секоја вечер по напорниот ден исполнет со работни обврски беа организирани различни настани. Една од вечерите бевме на презентација во Универзитетот во Цирих, ETH, каде говори одржаа неколку професори и соработници со ИАЕСТЕ Швајцарија. Потоа бевме послужени со свечен коктел во холот на прекрасната стара зграда на универзитетот, на кој било посветено огромно внимание. На Интернационалната Вечер, ИАЕСТЕ Македонија привлече огромно внимание како со традиционалната храна и пијалоци, така и со народните носии кои ни ги овозможија Детскиот Културен Центар „Карпош“ и со беџовите и налепниците изработени специјално за оваа пригода. Исто така, мора да се издвои последната вечер кога беше одржана Гала вечера, која што се одржа во луксузен ресторан надвор од градот, со прекрасна панорама на Цирих. Домаќините се погрижија да уживаме во незаборавната прослава, а беа доделени и награди на соработниците на ИАЕСТЕ и почесните членови на интернационално ниво. На оваа Годишна Конференција иако бевме помалку бројна делегација од минатата година, сепак сметаме дека извршивме успешна размена и оставивме добар впечаток пред останатите учесници. Од голема важност беше подготвеноста на сите делегати во врска со праксите од Македонија и од областите на студии што ги покриваат нашите студенти. Сепак, сигурни сме дека со поголема финансиска поддршка и најголемото достигнување на нашата организација до сега, домаќини на ГК 2012, на ИАЕСТЕ Македонија и претстои светла и успешна иднина. Катерина Туџарова

24


www.iaeste.org.mk

НАСТАНИ

семинар за развој на ИАЕСТЕ - Белгија Оваа година Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ се одржа од 23 до 26 април 2009 година во Гент, Белгија. Делегати на ИАЕСТЕ Македонија беа Александра Христов (Национален Секретар) и Катерина Туџарова (одговорна за странските студенти во Македонија), а присутна беше и Десанка Ичитрајкова како член на интернационалниот борд на ИАЕСТЕ на светско ниво. Семинарот беше отворен со вечера исполнета со традиционална белгиска музика, храна и пијалоци. Вториот ден по официјалното отворање беше претставена агендата на Семинарот од страна на Герхард Гевелман од Германија, официјалниот координатор на Семинарот, а потоа се одржа првиот дел од работните групи. Александра зеде учество во групата за Стретешки Маркетинг, Катерина во групата за Администрација, а Десанка беше координатор на групата за Менторство со што ИАЕСТЕ Македонија имаше голем удел во развојот на ИАЕСТЕ во земјите каде е потребна помош и искуство во водењето на ваква организација. Друга работна група, во која што немавме наш претставник, беше IPLUG каде се работи на интернет развојот.

со учеството на овој семинар стекнавме многу нови контакти и идеи кои би ни помогнале да бидеме уште поуспешни во работата на нашиот Национален Комитет и дадовме свој придонес за развојот на ИАЕСТЕ на меѓународно ниво

По вториот дел од работните групи беше одржана рецепција во Градската Куќа од страна на градоначалникот на градот Гент, а потоа беше одржана и формална вечера, на која беа врачени благодарници за компаниите кои соработувале со ИАЕСТЕ Белгија. Третиот ден по сесијата на работни групи и донесување на заклучоците, беше отворен саемот каде беше претставена работата на секоја работна група на посебни постери. Веќе искусните членови на ИАЕСТЕ Македонија дадоа конструктивни предлози на одлуките донесени во работните групи кои беа општо прифатени од останатиот дел на учесниците на семинарот. Најмногу бевме вклучени во развојот на брендирање на организацијата на интернационално ниво, а дадовме и идеја за воспоставување на „ИАЕСТЕ Ноќ“ како настан сличен со „ИАЕСТЕ Денот“ во рамките на Летната рецепција, каде студентите кои се отидени на пракса а не се членови на организацијата, повеќе би се запознале со неа и би се мотивирале да се вклучат во нејзините активности во сопствената земја. Попладнето следеше прекрасно крстарење низ каналите на Гент, разгледување на градот и посета на една од многубројните продавници за производство на познатото белгиско чоколадо. Таа вечер се одржа и Интернационална вечер на која што се претставивме со традиционална македонска храна и вино. Надалеку познатиот македонски ајвар со бело сирење повторно беше омилен помеѓу странците што го вкусија. Откако заврши разгледувањето на саемот, се одржа последниот дел од работните групи со цел да се донесат заклучоци за семинарот и да се поделат задачи за делегатите кои би можеле да работат и понатаму во текот на годината. Домаќин на Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ 2010 е ИАЕСТЕ Германија. Одличната и напорна работа на организаторите, ефективните работни групи, одличното сместување, планирање на слободното време со прошетки низ градот, вечери и забави, беа причина за одлично поминато време на семинарот. Со учеството на овој семинар стекнавме многу нови контакти и идеи кои би ни помогнале да бидеме уште поуспешни во работата на нашиот Национален Комитет и воедно дадовме свој придонес за развојот на ИАЕСТЕ на меѓународно ниво. Катерина Туџарова

ЛЕВО: интернационална вечер СРЕДИНА: рецепција во градската куќа на градоначалникот на Гент ДЕСНО: работни групи

25


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

НАСТАНИ

twin Македонија - Италија

Беше организирана посебна работна група за студентите од Милано на која беа подетално запознаени со работата на ИАЕСТЕ Македонија како еден од најактивните студентски национални комитети на глобално ниво

членовите на Локалниот Комитет Милано

Оваа година најпосле се реализираше повеќегодишната желба за остварување TWIN семинар со Италија. На Годишната Kонференција беше договорено да се организира TWIN семинар помеѓу Локалниот Комитет Милано, каде ИАЕСТЕ функционира во рамките на Политехничкиот Универзитет во Милано; и локалните комитети во Скопје и Битола. Првиот дел од овој семинар се одржа во Македонија во периодот од 14-ти до 18-ти мај, кога локалните комитети на ИАЕСТЕ Македонија во Скопје и Битола беа домаќини на 7 члена на ИАЕСТЕ од Италија. Семинарот беше отворен со свечена вечера, организирана по пристигнувањето на Италијанците во Скопје заедно со членовите на ИАЕСТЕ Македонија. Следниот ден беше организирана прошетка низ Скопје, а потоа сите учесници на TWIN семинарот се приклучија на Семинарот за Tренинг и Mотивација, кој се одржа во детското одморалиште во Љубанци. На СТМ беше организирана посебна работна група за студентите од Милано на која беа подетално запознаени со работата на ИАЕСТЕ Македонија како еден од најактивните студентски национални комитети на глобално ниво. Пренесените

искуства беа добредојдени за студентите од релативно младиот и сè уште недоволно активен локален комитет во Милано. Присуството на гостите од Италија на СТМ дополнително придонесе за масовната посетеност на семинарот и целосна успешна реализација на истиот. По заминувањето од СТМ, патот водеше кон нашиот Охрид каде што беше организирана посета на најзначајните знаменитости на градот. Последна дестинација за гостите беше Битола, каде што членовите на ЛК Битола организираа Интернационална вечер на Техничкиот Факултет. На Интернационалната вечер гостите од Италија имаа можност да пробаат голем број јадења и пијалоци од македонската традиционална кујна, а за возврат тие приготвија неколку вкусни италијански специјалитети. Студентите од Локалниот Комитет Милано си заминаа полни со позитивни впечатоци од незаборавните пет дена во Македонија, очекувајќи ја со нетрпение возвратната посета на наши студенти на есен во Милано.

Александра Шушевска

Координатор на семинарот

ЛЕВО: разгледување на Охрид (Плаошник) СРЕДИНА: разгледување на Битола (Хераклеа) ДЕСНО: Семинар за Тренинг и Мотивација

26


www.iaeste.org.mk

НАСТАНИ

twin Италија - Македонија

ЛЕВО: стадионот Џузепе Меаца (Сан Сиро) СРЕДИНА: Милано и познатата катедрала Дуомо ДЕСНО: еднодневна ексурзија во Венеција

Ладно пенкало и лист. Неколку минути да се испишат пар добро склопени редови, па да се истипкаат во електронска форма. Извештај за TWIN средбата во Италија... ...што да понесам, да не заборавам нешто, вообичаената трема и затвoрање на преполниот куфер. Пристигнување во Скопје и запознавање со остатокот од екипата која требаше да лета кон Милано. Половина од дрангулиите, наменети за претставување на Македонија кај нашите домаќини, запленети уште на аеродром. Раце горе ако ви собрале тегла ајвар на авионска безбедносна контрола. Иако малку исцрпувачки лет, сепак, бесценетата панорама над Милано си поигра со мојата фантазија. Ги барав добро познатите катедрали, стадионот, замоците но, беше доцна, беше темно и морав да почекам уште некој час за да ги видам. Милано, пречек на ниво... цела делегација на едно место, добро познати фаци, видени во Скопје, Љубанци и Битола. Уште истиот ден, што ако не, пица Олимпијада. Многу јасно - во Италија слетавме или што?

Fine

Јован Ивановски Локален Комитет Битола неочекувана средба на Џузепе Меаца (Сан Сиро)

Мал одмор, па не чекаше напорен ден. Ден за разгледување на знаменитости, еден од оние денови кои посакуваш да траат барем 25 часа. Галеријата со слики Pinacoteca di Brera, импозантно здание полно слики, но не онаа слика која ја имаш во дневната, туку слики кои се големи колку твојата дневна соба, кујната и дворот. Какви вешти раце ги правеле овие ремек дела, навистина делуваа нереално. Катедралата Дуомо, препознатливиот белег на Милано изгледаше поубава од сите оние кадри кои сум ги видел на интернет. Кога застанав пред нејзините порти, се чувствував толку мал. Човек покрај кој другите луѓе изгледаат мали, се чувствуваше како Лилипутанец. Прошетка околу Миланската Скала, Виторија Евангелие, Замокот на Сфорцеско. Уште пар знаменитости, па дома на мала пауза. Вечерта помина во духот на ИАЕСТЕ. Забава и добро дружење. Ден за македонската репрезентација. Сонот на многумина навивачи на миланските клубови, Сан Сиро / Џузепе Меаца, фотељата на Морати и онаа на Берлускони. Соблекувалната каде се собираат Мурињо и неговата чета, тревата на која играат мултимилионските ѕвезди на фудбалот. Секторите каде седат ултрас навивачите на миланските тимови и нивните транспаренти. Сето ова тој ден беше зачинето и со едно знаме, кое гордо се вееше на северната трибина. Црвено-жолтото знаме во рацете на сосем инцидентно пронајдените Македонци во Милано. Додека дискутираш кој од миланските тимови е подобар,

слушаш непознат глас ти реплицира на македонски јазик, а не е дел од ИАЕСТЕ тимот. Сосем случајно наидовме на други Македонци кои беа дел од истата тура на разгледување, па не ја пропуштивме приликата да размениме некој збор со нив и да се сликаме, а со тоа фотографијата од македонската репрезентација на Сан Сиро да биде уште побројна. Венеција. Што би кажал за неа, а што веќе не напишале патеписците кој поминале низ неа. Град како од бајките, магичен, во сиот тој хаос од туристи, гондоли, птици има некој посебен, скриен мир, има некоја посебна димензија која дава чувство на опуштеност, спокој. Наместо да раскажувам јас, ќе оставам некоја од сликите, па таа нека говори сама за себе. Уште мал милион споменици, катедрали, замоци, бутици, трговски центри, згоди, незгоди, случки кои се составен дел од ваквите патувања. Приказни кои ќе се раскажуваат понатаму во животот, а кои не би биле тука, ако не беше ИАЕСТЕ. Одлична дружба, весели лица, остварени контакти со факултетот Politecnico di Milano, презентација на организацијата ИАЕСТЕ Македонија и како таа функционира, многу емоции и совршено поминати неколку дена во Милано. Авторот на овој текст е посреќен човек, откако се потсети на сите овие настани и слики.

27


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

НАСТАНИ

ЕКС регионална конференција - БиХ

знамето на ЕКС беше врачено на Македонија која ќе биде организатор на конференцијата во 2010 година ЛЕВО: организациониот одбор на ИАЕСТЕ БиХ ДЕСНО: прошетка низ Мостар

Од 2005 година наваму, на иницијатива на Националниот Комитет од Босна и Херцеговина, во пролетниот период се одржува регионалниот семинар EКС (ЕХ) со траење од неколку дена. Како што кажува и самото име, на овој семинар учествуваат Националните Комитети од земјите од поранешните југословенски простори. Во програмата се вклучуваат стандардните активности, како работилници, кратки семинари, но голем дел од програмата има забавен и авантуристички карактер. Забавен, бидејќи типичниот балкански менталитет не ги остава гостите да одморат ни еден ден, а авантуристички бидејќи EКС е одлична можност гостите да се прошетаат на повеќе интересни локации во земјата домаќин. ЕКС 2009 по вторпат ја организираше Националниот Комитет од Босна и Херцеговина. Интересно е што ова

беше поголема организациона активност на Локалниот Комитет Мостар, но доста успешна. Официјалното отворање на конференцијата беше поддржано од Универзитетот во Мостар, со присуство на проректорот и претседателката на Студентското собрание на универзитетот, што зборува за важноста на ИАЕСТЕ. Стандардно, на семинарот учествуваа членови на ИАЕСТЕ од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. По завршувањето на ова убаво дружење, знамето на ЕКС беше врачено на претставникот од Македонија, Бојан Стојановиќ, кој дома ја донесе среќната вест дека пред ИАЕСТЕ Македонија е уште еден предизвик - организирање на EКС региоанлната конференција во 2010 година. Ивана Чинговска

Централно Европска Конвенција - Словенија

ЛЕВО: разгледување на Бохињ СРЕДИНА: отворањето на семинарот ДЕСНО: интернационална вечер

Централно Европската Конвенција (CEC) претставува место каде што се собираат студенти од Централна Европа, пред сè ИАЕСТЕ членови. Сите земји членки на оваа конвенција се студентско водени, што значи организационото тело на тие комитети е составено исклучиво од студенти. Земји домаќини на СЕС се Националните Комитети на ИАЕСТЕ од следните земји: Австрија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Словачка, но поканети се и други европски земји, меѓу кои и Македонија. Целите на оваа студентско водена конвенција во рамките на ИАЕСТЕ се мотивација, едукација, развој на ИАЕСТЕ, оптимизација и подобрување на студентско водените комитети. Во крајот на октомври 2009 година во Бохињ, Словенија, се одржа 22-та по ред Централно Европска Конвенција, на која за жал бев единствен претсавник од Македонија. Конвенцијата се случи во последните денови од важењето на „шенгенскиот ѕид“ за нас, што и беше

една од главните причини за не-доаѓањето на поголема делегација од нашата земја. Бохињ е област која се наоѓа во единствениот национален парк во Словенија „Триглав“ со 2864 метри надморска височина. Одлично место за една Конвенција од ваков тип. Во периодот на одржување на овој настан, јас ја извршував мојата стручна пракса во компанијата Infineon, во Вилах, Австрија, што всушност се наоѓа на другата страна на Триглав. Зедов учество во работната група за Маркетинг на која се дискутирање за начините на промовирање на ИАЕСТЕ помеѓу студентите. Главен акцент беше ставен на локалните комитети кои се во развој, каде што планот за акции и меѓусебно поврзување и поддршка на локалните комитети беше раководен од поискусните комитети, како што е нашиот. Конвенцијата беше одлична, проследена пред сè со одлични работни групи за размена на искуства, забави и многу дружење. Вистинско место за почеток на ИАЕСТЕ кариера. Зоран Анастасовски

28


www.iaeste.org.mk

НАСТАНИ

JUMP - Австрија отворањето на семинарот JUMP

Семинарот “Join Us to Motivate People” – JUMP е редовен семинар во интернационалната агенда на ИАЕСТЕ кој се одржува секоја година наесен и е наменет најмногу за новите ИАЕСТЕ членови, но секако дека и поискусните членови се добредојдени за да ги пренесат своите искуства и да ги мотивираат помладите да го почувствуваат “духот” на ИАEСТЕ. Оваа година јубилејниот петнаесетти JUMP семинар се одржа во Австрија, поточно во малото место Радштад во централна Австрија кој претставува еден од зимските туристички центри на оваа земја. Учесниците на семинарот беа сместени во еден интересен, стар замок лоциран сред прекрасна природа. Нашиот Национален Комитет ИАЕСТЕ Македонија, го претставувавме јас и Десанка Ичитрајкова. Семинарот траеше од 30.09 до 04.10. Работната агенда започна во четвртокот наутро со воведна работилница во која новите членови имаа шанса добро да се запознаат со целите и работата на ИАЕСТЕ, а траеше до недела вечер. Бидејќи процентуално ИАЕСТЕ Македонија е меѓу водечките Национални Комитети по број на членови, ја имав таа чест да ја водам работната група за Студентски Маркетинг, односно се обидов да им откријам дел од тајните како да се зголеми бројот на членови во организацијата. Десанка ја водеше работната група за Менаџмент на Локални Комитети која исто така помина со доста интерес и доби високи оценки. Се одржаа и работни групи за Маркетинг кон компании, Администрација, Организација на Летна Рецепција и Обезбедување на пракси. Атмосферата на работните групи беше доста ефективна со навистина добро организирани работилници од страна на организаторот, но и добро подготвените водачи на тимовите. Имаше доста што

разговараме за заеднички проекти како што е Company Shuttle кој ќе претставува нов начин на приближување на ИАЕСТЕ кон работодавачите

да се научи, а и се разменија многу искуства. Започнавме да разговараме за некои заеднички проекти како Company Shuttle кој ќе претставува нов начин на приближување на ИАЕСТЕ кон работодавачите, со цел остварување на заеднички цели. Освен работниот дел на семинарот, се разбира, доста време ни остана и за дружење и забава со претставниците од повеќе земји, ги имаше вкупно околу 50. Имавме доста спортски активности и уникатна шанса да научиме малку голф во импровизирани услови. Се разбира, неизбежен дел од секој ИАЕСТЕ настан е интернационалната вечер која беше оставена за последната вечер, а беше отворена токму од нас, Македонија. Нашата кујна предизвика огромен интерес и храната ја снема брзо, па нú остана повеќе време за дегустација на останатиот интернационален микс. Истовремено го имавме и најжестокиот пијалак, домашна жолта ракија, кој стави печат врз меморијата од прекрасната вечер на некои почетници во ИАЕСТЕ семинарите. Како завршен впечаток би ја пофалил организацијата од ИАЕСТЕ Австрија, која беше на највисоко ниво, стекнавме многу нови контакти, одлично ја претставивме нашата земја и се надевам, веќе во блиска иднина и ние ќе можеме со помош на ваквите искуства да организираме еден голем ИАЕСТЕ настан. Благој Трајкоски

македонската делегација секогаш е забележлива на интернационалните вечери

29


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ИСКУСТВА

искуства од пракси во странство

Констандина и пријателите од праксата во Познан, Полска

Летово, имав задоволство да работам во студио за дизајн и ентериери во Познан, Полска. Беше многу различно, ново и исклучително искуство за мене. Имав одлична шанса да учам од исклучителни професионалци, а истовремено ми беше дадена огромна шанса да ги развивам своите идеи во склоп на еден одличен тим. Земајќи во предвид дека проектите на кои работев беа развивани од сосема поинаков аспект од оној кој јас го познавав дотогаш, имав единствена шанса да се запознаам со едно поле на работа кое во Македонија не би можела да го сретнам. Работната атмосфера беше одлична. Луѓето беа топли и отворени и спремни да ми помогнат во секое време. Сметам дека ова беше едно од најпријатните работни искуства што сум ги имала. Да се работи со млади ентузијасти, кои се искусни и успешни во светот на дизајнот, за мене беше една сосема нова средина, која топло ја препорачувам на секој студент и иден дизајнер. Познан е прекрасен град, како и секој европски центар со долга историја. Воодушевува присуството на зеленило и реки низ целиот град, како и голем број на природни и вештачки езера. Културниот живот е доста динамичен преку целата година, а животот, особено на студентите, е многу евтин и дозволува секакви мали задоволства. Сместувањето во студенскиот дом беше одлично и неспоредливо со стандардот на студентите во Македонија. Заради периодот на мојата пракса, немав голема шанса да се дружам со многу странски студенти но, затоа пак имав одлична можност, во друштво на полските студенти, било жители на домот или членови на ИАЕСТЕ, да ја запознаам вистинската страна на студенскиот живот во комплексот на Политехника, Познан. Ова беше едно одлично доживување, што заедно со прекрасното работно искуство го направија ова мое патување незаборавно.

Истанбул е град излезен од приказна. За прва пракса не можев да изберам поголем град. Лесно се губи човек во 15 милиони жители, во најразлични бои на платна, фасади и огномети, во вкусови на турски чај, најзачинета храна и најблага баклава, во звуци од улични музичари, сообраќаен хаос и пријателски гласови, во сите можни мириси на наргиле, во визури на најубавата силуета на град, додека заоѓа Сонцето, црвено зад безбројните џамии, во градби за кои се учи од книги по историја и современи бескрајно високи згради, нема крај на откритијата. Градот не се опишува, задолжително е да се доживее. Работев 5 недели во архитектонско биро, Proje Limited - Mimarlık & Dekorasyon. Компанијата се занимава генерално со проектирање на високоградба во Турција и земји од поранешниот Советски Сојуз. Во периодот на мојата пракса се работеше на проект наречен “Park Towers” во Азербејџан. Вработените ја покажуваа класичната турска гостопримливост до максимум, на која наидов во секој аспект од животот таму. Турците се неверојатно пријателски настроен народ, постојано расположени и во секое време подготвени да заиграат на улица! Знаат како да пречекаат странски гости. Тамошните членови на ИАЕСТЕ се трудат многу околу своите практиканти. Меѓу другото ни беше организирана Интернационална вечер на брод, ноќно крстарење по Босфор. Бев сместена со останатите практиканти во студентски дом и како за прво искуство со живеење надвор од дома, сосема се снајдов, најверојатно благодарение на добрите луѓе околу мене. А со тие луѓе на забавата и нема крај, тој град кој никогаш не спие. На крајот од праксата се надевав дека ќе го пропуштам автобусот, многу е тешко да се напушти Истанбул. И го пропуштив! Благодарение на секојдневниот метеж во сообраќајот на кој до тогаш бев навикната. Но знаев дека ми е време да си одам. И по неколку месеци, уште се сеќавам на сè како вчера да било… и боите и погледите и звуците, до следниот пат.

Констандина Костовска

Димитринка Марковска

Димитринка е воодушевена од црвениот Истанбул, Турција

30


www.iaeste.org.mk

ИСКУСТВА

практикантите за искуството во Македонија My time in Macedonia was incredible, I didn’t expect I would be in such a nice place. My expectations were the same as the rest of the trainees. When we thought of Macedonia in our mind came the idea of an unknown, poor country, very small to be interesting. But, everything was totally against this previous idea. Now I recommend to everybody to go there to visit the country and if they have the opportunity to do the internship there, they must accept it.

Mónica, Spain

3dpabo! Hello! Yesterday I arrived in Valencia. And I miss you soooo much! Now I have to study....but I can’t, I can’t stop thinking about how wonderful was this experience with you, and that you made this 6 weeks unforgettable! Thank you again for everything! Ve Sakam!!! Always Yours,

there is still enough spare time for you left. The trainees, I wish a lot of fun on the trips and other activities. In addition I wish everyone all the best for your study.

Jürgen, Austria Zdravo! I’m at home! And I’m missing you a lot! Thanks for my farewell party, for every party we had here and for all the moments we shared... I spent the best summer of my life because of you. I can only say see you soon, because I’ll come back for sure, Macedonia is already I will also want to thank IAESTE Skopje. part of my heart. When I met with the others I was terrified, Gisela, Spain there were almost 30 people and everybody was speaking friendly, and only I was the stranger. But then, people come to I have to say thanks to all of you for your engagement and your hospitality!!! I really meet with me one by one, and they were so friendly that I quickly warmed. After found lots of new friends. Nevertheless, that I thought that this summer will be one I am sure that I will at least meet some of the best, and it happened so :D. Thank of you guys again, whether in Germany you guys for this warm mood and perfect (where u have to visit me), in Macedonia, weekends. or on another IAESTE internship. Trainees were also perfect, even though I was in Bitola, it was just like all the time I was with them.

Sercan, Turkey

Bartek Spain I had such a great time in Macedonia, I’m gonna miss the trainees and the IAESTEmembers!! :) I hope I will see you again! Thx for the organization!

Diane, Belgium

I am looking forward to that and wish you all, all the best for the future. Keep on going like this and every trainee will love their time in Macedonia (like me!!!) Pozdrav!

Eduard, Germany I wanted to thank everybody for this unforgettable and fantastic summer in Macedonia! Thanks for all the organized trips, parties, lessons and and and... Everybody of you did a great job! When I came to Macedonia I had absolutely no expectations, but now I love this country and I will come back for sure. I found so many friends in so short time, crazy! :D

Finally made it up to Scotland today, back to reality and silly University with its endless reports and deadlines. But as I look outside at the rain and grey skies (yes don’t laugh its 14 degrees here and 27 degrees in Skopje) :( I will think of the AMAZING summer I had in Macedonia! Thank you all again for being such amazing hosts, I felt like I was part of a second family- the Macedonian family... Best family ever! :D I hope we all meet again in the future sometime. If you ever come to Scotland make sure you get in contact and I can finally show you the Loch Ness monster :D

India, Scotland

Romy, Germany I arrived well in Austria. I would like to thank all of you once again for the unforgettable time together. Praise to the whole IAESTE team for the great organization and the smooth operational sequence. It was an honor for me, to explore so many beautiful places of Macedonia in a short time and the fun in the group made it still much nicer. I wish all IAESTE Members furthermore all to best with the organization and that

Firstly I want to thank IAESTE Bitola, along the 8 weeks they helped me with every problem that I had. The apartment that I stayed in was good and the company that I worked in was also good. Thank you guys for everything and I wish we will do one more perfect farewell with Marija and Darko (I will also watch my video gift, Balkan kan).

It was my best summer, i miss YOU so much. Once again, thank YOU for everything ....I’ve never met so amazing people like YOU Guys ...Kiss ;)

Marcin, Poland 31


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

ИСКУСТВА

клуб на иаесте пријатели Освен што на многу од нас ИАЕСТЕ вистински нú ги отвори очите и нè поведе за раче безбедно преку темните ходници на транзицијата во која се наоѓаа македонските студенти во времето кога јас бев член (средина на 90-тите), ИАЕСТЕ спои многу од нас со инспиративни луѓе од цел свет кои до тогаш можеа да се сретнат само во романите и на ТВ, а ретко во живо. И сето тоа се случи кога границите се поминуваа потешко и од денес, кога Македонија беше сива точа на црната дамка на Балканот и кога се немаше ни интернет ниту било каков пристап до стручна странска литература... Од тие луѓе и од ИАЕСТЕ низ светот учевме и на нив се огледуваме често и во нашата секојдневна работа до ден денес

Роберт Смилески

За да се биде дел од ИАЕСТЕ не ви треба време како што најголем дел потенцијални членови велат. ИАЕСТЕ тече пред времето. За да се биде дел од ИАЕСТЕ не ви треба време како што најголем дел потенцијални членови велат. ИАЕСТЕ тече пред времето. Или со други зборови: активностите и суштината на постоењето се во постапките кои ги преземаат неговите членови. Без оглед дали професионално или волонтерски (како во Македонија) членовите работат, најбитните основи на кои се потпира ИАЕСТЕ беа, се и ќе бидат: 1. Желба за впивање нови искуства 2. Желба за придонес во општеството 3. Желба за личен просперитет или наоѓање брачен партнер. Детали си знаете :)

ИАЕСТЕ е како мојот омилен град. Секогаш сакам да му се вратам и со жар да испијам кафе на моето омилено место или со моите омилени ИАЕСТЕ фаци.

Илија Николовски ИАЕСТЕ е како некое специјално место, кафуле, твое кафуле... барменот те знае и знае што пиеш (и дека е со многу шлаг)... нема тип на врата и секогаш си добредојден... DJ-от го знаеш, ама не се сеќаваш на името, ама он знае која песна треба да ја пушти... ги знаеш сите внатре, од овие што играат билјард, онаа слатка мала девојка која ти се насмевнува, другарчето што веќе ти нарачал Скопско... страшно добар feeling… нешто што не можам да им го објаснам на луѓето, на моите... и неверојатно колку добри спомени... и неверојатно колку ми недостасува понекогаш... Поздрави и голема благодарност до сите што го одржуваат овој дух, ова наше КИП... не знаете колку значи понекогаш, да се чувствуваш дека припаѓаш...ТАМУ...

Антонијо Тодоровиќ Не знам зошто но ми дојде асоцијација на Владо Јаневски и неговата евергрин. Па, оди на youtube, слушни ја таа есна и кажи што пиеш. Јас така го доживувам ИАЕСТЕ

Билјана Миова Да се биди во ИАЕСТЕ беше како да имаш пристап до холодеко на Enterprise oд Star Trek, а ти како студент работиш во engine room… понекогаш те тераат да носиш ќумур за да го одржуваш „огнот“, а ти иако знајш дека е на база на релативистички и квантно- механички принципи- сепак носиш и прашваш дали треба уште да донесиш...е арно ама во холодеко се твоите 5 минути. За разлика од Star Trek кај што Пикард и Кирк се главни фаци или ги тепаат германците или го „возат“ едренико или пак пијат на шанк со убај чупиња, во ИАЕСТЕ холодеко нема главни актери вс. статисти... Во ИАЕСТЕ холодеко и ти седиш на шанко со убај чупиња (или дечки)...

спомените поврзани со ИАЕСТЕ и особено со луѓето од ИАЕСТЕ не се помалку драги од типот на првата на насмевка на твоето дете Инаку, ако одберам една причина (без метафори и geek-овски шеги ;-) зошто го сакам ИАЕСТЕ- тоа ќе биде: заради луѓето, а од денешна перспектива и заради спомените... и јас како Тони не можам да го објаснам чувството, ама имам чувство дека спомените поврзани со ИАЕСТЕ и особено со луѓето од ИАЕСТЕ не се помалку драги од типот на првата на насмевка на твоето дете, првото проодување и слично. Колку и нови убави работи да се случат- спомените од ИАЕСТЕ нема да се избришат така лесно. Веројатно ИАЕСТЕ успевало да собере луѓе што размислуваат на слични бранови должини па ни беше полесно да се разбираме ;-)...тууу...сум станал сентиментален...можда ми треба терапија кај шо ќе се собериме со барем неколку КИП-овци и ќе се присетиме на старите времиња...

Горан Кимовски Говорот што го одржав на Годишната конференција 2009 многумина го запаметија... само ќе ви го пренесам крајот: „IAESTE is my passion… And passion is my lifestyle.“ ИАЕСТЕ е повеќе од организација во која членуваш, ИАЕСТЕ е стил на живот. Кој еднаш живеел ИАЕСТЕ живот, никогаш не го заборава. И денес мојот стил на живот е ИАЕСТЕ: отворен, забавен, поучен и мултикултурен. Чест ми е да ве претставувам во интернационалниот борд. Вашата мадам Board member,

Десанка Ичитрајкова 32


www.iaeste.org.mk

СТАТИСТИКА

пратени студенти и работодавачи Студент

Земја

Факултет

Компанија/Институција

Период

Александра Христов

Австрија

ФЕИТ

Technical University Graz, Institut fur Softwareentwicklung

13.07.09-18.09.09

Александра Шушевска

Шпанија

ФЕИТ

NexTRET, S.L.

05.07.09-30.09.09

Ана Ѓорѓиевска

Колумбија

Архитектонски

Urbanisaciones y construcciones

19.09.09-01.12.09

Анас Сауди

Јапонија

ФЕИТ

The University of Tokyo

29.06.09-02.09.09

Андријана Колевска

Португалија

МФС

CEMUC - University of Coimbra

21.09.09-11.12.09

Бојан Величков

Шведска

МФС

SCANIA CV AB head office

01.09.09-30.11.09

Владимир Стајиќ

Tурција

ФЕИТ

Avea Iletisim Hizmetleri A.S.

22.06.09-31.07.09

Владимир Трајковски

Чешка

МФС

Tehnicka univerzita v Liberci

13.08.09-15.09.09

Даниела Спирева

Полска

ФЕИТ

Makolab М. I K. Sopek, Ltd.

09.07.09-01.12.09

Дарко Василев

В.Британија

ФЕИТ

Strathclyde University

03.07.09-05.09.09

Дарко Домазетовски

Хрватска

ТФ - Битола

University of Osijek

01.09.09-30.10.09

Димитар Цветковски

Словенија

ФЕИТ

GCB d.o.o

29.06.09-18.09.09

Димитринка Марковска

Tурција

Архитектонски

Proje Mimarlik Musavirlik Insaat ve SAN. TIN. LTD

17.07.09-30.09.09

Ѓорѓи Мирчевски

Германија

ФЕИТ

TU Dresden. Vodafone Stiftungslehrstuhl

30.06.09-01.10.09

Елизабета Илиевска

Германија

ФЕИТ

IAM Dresden, Institute of Automotive Mechatronics GmbH

30.06.09-01.11.09

Емилија Попоска

Швајцарија

ФЕИТ

Metso Endress+Hauser Technology AG

05.07.09-30.12.09

Зоран Анастасовски

Австрија

ФЕИТ

Infineon Technologies Austria AG

07.09.09-19.03.10

Иван Ивановски

Полска

ФЕИТ

SBPro

16.07.09-20.10.09

Ивана Аранѓелковска

Германија

Технолошки

Institut fur Materislwissenschaft und Werkstofftechnologie

06.07.09-30.09.09

Ивана Чинговска

Шпанија

ФЕИТ

ETSI Telecomunicacion Madrid

13.07.09-07.09.09

Иво Ивановски

Полска

ТФ - Битола

Mikronika

29.06.09-01.10.09

Игор Антовски

Финска

ФЕИТ

Helsinki University of Technology

01.06.09-31.08.09

Илина Карева

В.Британија

ФЕИТ

Cardiff University

22.06.09-11.09.09

Јане Даневски

Србија

Архитектонски

Eparhijska Radionica

01.07.09-01.10.09

Јован Ценев

Индија

ФЕИТ

MIT University, Dept.of Electronics and Communication Engineering

10.07.09-20.09.09

Јулија Димитриевска

Шпанија

Архитектонски

Ayuntamiento de Paterna

03.08.09-30.09.09

Катерина Туџарова

Шпанија

ФЕИТ

Ilimit Comunicacions S.L

05.07.09-30.09.09

Костандина Костовска

Полска

Архитектонски

Wierszyłłowski&Projektanci

25.08.09-18.09.09

Кристина Лазова

Тунис

ФЕИТ

Prologic Solutions

08.06.09-31.08.09

Лилјана Пендовска

Норвешка

ПМФ - ИИ

Energos ASA

14.04.09-09.09.09

Луај Сауди

Белгија

Архитектонски

AIKO

15.08.09-15.09.09

Марина Кевиловска

Турција

Архитектонски

Adnan Kazmaoglu Mimarlik Arastirma

27.07.09-18.09.09

Мартина Мицевска

Полска

ФЕИТ

Samsung Electronics Polska Sp. z.o.o

15.08.09-30.11.09

Наташа Шаурек

Словачка

ФЕИТ

Trecianska univerzita Alexandra Dubceka v Trencine

06.07.09-28.08.09

Невена Јоскоска

В.Британија

ФЕИТ

University of Ulster

22.06.09-14.08.09

Никола Видоевски

Австрија

МФС

Institute for Technical Mechanics

05.07.09-25.08.09

Никола Видоевски

Полска

МФС

Instytut Automatyki I Robotyki, Politechnika Warszawska

01.09.09-25.12.09

Никола Тодоровски

В.Британија

МФС

Strathclyde University

22.06.09-28.08.09

Предраг Весиќ

Португалија

МФС

Instituto de Sistemas e Robotica, Instituto Superior Technico

15.09.09-15.12.09

Сања Галеска

Словачка

Економски

Rhea, s.r.o.

20.07.09-28.08.09

Снежана Домазетовска

Шпанија

Архитектонски

PIAF, S.L.

20.08.09-30.09.09

Христина Цветковска

Австрија

ФЕИТ

Technical University Graz , Institut fur Warmetechnik

15.06.09-10.12.09

33


ИАЕСТЕ Македонија - Годишен Извештај 2009

СТАТИСТИКА

работодавачи и примени студенти

Компанија/Институција

Студент

Земја

Период

Applify

Arkadiusz Wojcik

Полска

01.07.09-23.08.09

Eлем ФОД - Новаци

Sercan Gündoğdu

Турција

13.07.09-04.09.09

АМСМ

Uehara Masato

Јапонија

13.07.09-01.09.09

Беннинг

Diane De Coster

Белгија

06.07.09-14.08.09

Брако Велес

Rui Garrido

Португалија

27.07.09-20.09.09

Вардар Доломит

Bartosz Bartczyszyn

Шпанија

13.07.09-21.08.09

Дасто

Milos Stevanovic

Србија

15.09.09-13.10.09

ЕЛЕМ - РЕК битола

Milena Skobic

Босна и Херцеговина

06.07.09-30.08.09

Завод за испитување на материјали

Laerke Mikkelsen

Данска

06.07.09-14.08.09

Факултет за Земјоделски Науки и Храна

Stefan Scheiblbrandner

Австрија

03.06.09-15.07.09

ИЗИИС

Terri Branham

САД

19.06.09-19.08.09

Инвест Банка

Pucher Jurgen

Австрија

20.07.09-30.08.09

Интервеј

Refsdal Ivar

Норвешка

15.07.09-26.08.09

Кнауф

Romy Fischer

Германија

10.08.09-20.09.09

МакАутоСтар

Bastian Boegelein

Германија

01.05.09-30.06.09

Македонија Проект

Gisela Selva Sole

Шпанија

01.07.09-31.08.09

Поли МЗТ

India Elsdon

В.Британија

15.07.09-31.07.09

Машински Факултет Скопје

India Elsdon

В.Британија

15.08.09-15.09.09

Машински Факултет Скопје

Nuno Silva

Португалија

11.10.09-01.12.09

Машински Факултет Скопје

Bitter Eduard

Германија

01.09.09-12.10.09

Нетцетера

Nicolet Adrien

Швајцарија

12.07.09-23.08.09

ОКТА

Ishibashi Takuya

Јапонија

10.08.09-30.09.09

Сискон

Marcin Bak

Полска

13.07.09-04.09.09

Те-Те Пласт

Daniella Birbas

Шведска

01.06.09-28.08.09

Тетрактис

Susana Fernandez

Шпанија

06.07.09-21.08.09

Топлификација

Kaszuba Malgorzata

Полска

10.09.09-08.10.09

Топлификација

Eloy Ferre

Шпанија

15.09.09-15.20.09

Топлификација

Pablo Giner Abad

Шпанија

10.09.09-07.10.09

Топлификација

Enaut Gonzalez Ruiz

Шпанија

16.09.09-13.10.09

Фармахем

Monica Macias Jimenez

Шпанија

06.07.09-14.08.09

Фармацевтски Факултет

Tanja Milojevic

Босна и Херцеговина

01.06.09-03.07.09

Фармацевтски Факултет

Morgan James

В.Британија

01.06.09-10.07.09

Факултет за Електротехника и ИТ

Dmitrijs Bliznuks

Летонија

11.05.09-28.06.09

Факултет за Електротехника и ИТ

Kopper Andreas

Австрија

01.09.09-06.10.09

Хај-Теч

Bernet Markus Roman

Швајцарија

18.05.09-11.07.09

огромна благодарност до работодавачите во Македонија кои со секој примен странски студент овозможија македонските студенти да се стекнат со непроценливо искуство на пракса во странство 34


Печатница „11 ОКТОМВРИ“ АД - Прилеп Адреса: Ладо Лапецот 100, Прилеп Тел: (048) 419 - 701, 419 - 702, 419 - 670 Факс: (048) 419 - 670, 412 - 473 www.pec11okt.com.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.