Epilepsija dekemvri 2008g.

Page 20

ЕПИЛЕПТИЧНИ НАПАДИ, ЕПИЛЕПСИЈА И АНТИЕПИЛЕПТИЧНА ТЕРАПИЈА КАЈ СТАРИ ЛИЦА

5

Г. Китева-Тренчевска Клиника за неврологија, Скопје, Р.Македонија ИЗВАДОК Анализирани се етиолошките фактори на провоцираните ЕН и на Е кај 36 стари лица, на возраст од 60-80 год. Користени се клинички и параклинички методи ( ЕЕГ, евоцирани потенцијали, КТ и НМР на мозок). Провоцирачки фактори за ЕН кај стари лица се: метаболни промени, токсични фактори, употреба на лекови кои го намалуваат конвулзивниот праг. Фокалните епилепсии, (симптоматски и криптогени) се најчести кај старите лица.Мозочниот удар е чест етиолошки фактор на Е кај старите лица. АЕТ треба да се раководи од видот на епилепсиите, од ет и о л о ш к и т е ф а к т о р и , ф а р м а к о к и н етс к и те и ф а р м а к од и н а м с к и те карактеристки на АЕЛ кај старите лица, коморбидните состојби и квалитетот на животот, со цел да се воспостави добра контрола на ЕН, без појава на сериозни несакани дејства. Клучни зборови: епилептични напади, епилепсија, стари лица ___________________________________ ВОВЕД Според современата евиденција, и н ц и д е н ц ат а и п р е в а л е н ц ат а н а епилептичните напади ( ЕН) и епилепсиите ( Е) покажува пораст кај стари лица и е два до три пати поголема од онаа кај деца која според старите искуства важеше за најголема во првите 10 год од животот ( 1, 2, 3). И покрај ваквата фрекфенција на ЕН и Е кај стари лица, дијагнозата не се поставува кај 30 % од случаите над 60 год во текот на една година од почетокот на манифестациите. Фактори кои ја отежнуваат дијагнозата на ЕН и Е кај стари лица се: 1. богатство на различните клинички манифестации (

моторни, сензитивни, психички пореметувања, пореметување на свеста); 2. коморбидни состојби ( фокални мозочни лезии, невродегенеративни болести, скелетни контрактури, интернистички заболувања), поради кои типичните клинички манифестации на епилепсијата стануваат атипични. Старите лица со Е имаат два до три пати поголем морталитет отколку општата популација (3). Одредени болести, одредени токсични и метаболни нарушувања кои се среќаваат кај старите лица, често водат до појава на ЕН и Е каков што е случајот со мозочните удари, повредите на главата, мозочните тумори, деменциите, хипогликемија, хипергликемија, хипок алцемија, хипонатремија, бубрежна инсуфициенција, употреба на лекови. Појавата на ЕН и Е од своја страна го зголемен морбидитет кај старите лица. Чести се фрактурите поради високата преваленција на остеопорозата кај оваа популација, повредите на главата може да доведат до интрацеребрални и субдурални крварења, ЕН може да ги влошат постоечките морбидитети . На пример лесна дисфазија да премине во афазија, хемипареза во хемиплегија, да се влошат когнитивните функции, да се влоши психолошкото функционирање, посебно со влошување на постоечка депресија (5). Поради големиот морбидитетот и морталитетот к ај недијагностицирана Е која може да се контролира во 80% од случаите кај стари лица (3), потребно е подобрување на сознанието за навремена и правилна дијагноза и третман на Е кај стари лица. Целта на трудот е да се анализираат етиолошките фактори на ЕН и Е кај стари лица и да се дискутира оптимизирањето на антиепилептичната терапија (АЕТ) кај стари лица со оглед на изменетата фармакокинетика ( ФК), коморбидните

15


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.