Самоевалуација 2017 СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

Page 57

Индикатори за квалитет на успешност на работењето на училиштето меѓусебно помагање во делот на наставата и личните проблеми. Во нашето училиште ù се дава огромно значење на комуникацијата. Секој вработен во училиштето се залага за развивање поволна училишна клима. Наставниците настојуваат да бидат пример за тоа како треба да се разговара, со внимателна употребена лексика ги поттикнуваат учениците на учење за подобрување на успехот и знаењата кои треба да соодветствуваат на нивните способности и особини на личноста. Важно е да се нагласи и заемната соработка на наставниците, со разменување на искуства, постојан натпреварувачки дух, и промоција и издигнување на училиштето. Со цел да се надградат и усовршат знаењата и вештините во комуникацијата помеѓу наставниците во училиштето и оваа година се одржа предавање на тема „Ефективна комуникација за поволна училишна клима“. За поволната училишна клима спроведена е анкета и од анализата на анкетните прашалници добиени се прецизни аргументирани податоци. За заемната соработка помеѓу наставниците на прашањето дали наставниците меѓусебе разменуваат идеи, мислења, знаења и искуства за подобрување на квалитетот на наставата, позитивно одговориле 62,06%, а 37,93% се изјасниле ретко. За јасна и соодветна комуникација на Директорот со вработените 65,51% се изјасниле позитивно, 24,13% се изјаснилесо да- понекогаш, додека со не, се изјасниле само 6,89%. На 89,65% им се познати правата, обврските и одговорностите на наставниците, а делумно им се познати само на 10,34% испитаници. 20, 68% се изјасниле дека угледот на училиштето е висок, 58,62% среден, 17,24%- низок, додека со исклучително низок се изјасниле само 3,44% од наставниците. На прашањето: Дали и колку од наставниците во меѓусебната комуникација покажуваат почит, толеранција и пријателски однос? со да, сите/ голем број, одговориле над 81%, додека со одговор - мал број од наставниците се изјасниле17,24% додека само 3,44% се изјасниле со одговорот само мал број од наставниците. Дисциплината на учениците е на завидно ниво. Односот на учениците од ист и различен пол е коректен, со заемно почитување и соработка. За време на наставата и другите училишни активности во училиштето постои позитивна 56


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.