Click Magazine

Page 22

да ве брани? Тука е Елика. Сте се прецениле, сте го надминале работ и паѓате во сигурна смрт? Тука е секогаш Елика за да ве спаси. Елика низ играта ви ја раскажува и приказната за епската борба помеѓу Ормазд и Ахриман, за историјата на четирите инфицирани кралства и

82 click декември 2008

трагичните приказни на четирите „босови“ кои ќе треба да ги победите. Елика всушност е персонификација на сите оние елементи во игрите кои ги земаме здраво за готово, двојниот скок, чекпоинт, магија, boost и сл. но спакувани во еден убав-за-гледање пакет. Најдоброто од

сè е што акциите на Елика се повикуваат со само едно копче и нејзината вештачка интелигенција е дизајнирана така што никогаш нема да ви пречи во играњето, а секогаш ќе ви помогне. Останатите команди за самиот Принц се исто така доведени до совршена едноставност. Едно копче

за акробации, едно за мечот и едно за блокирање. Едноставноста на играње е една од одликите на оваа игра, што откако ќе се одвикнете од старите платформски и акциони навики на играње ќе видите дека е многу подобар систем од претходните. Акциите се везат една по друга и кога

ќе влезете во штосот, ќе ви стане јасно дека целата игра се игра со константна ритмична и поврзано темпо на притискање на копчињата. Ваше е да се отпуштите и да верувате во системот на играње. Што е добро, бидејќи прстите нема да ви станат пире од константното бесно притис-


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.