Click 29

Page 1

LG GT540 Optimus Број 29 • септември 2010 • www.clickmag.mk

SoftCAT За каталогизација на софтвер

ZoneAlarm

Extreme Security Комплетна заштитна

Mafia II:

WEB APPLICATIONS

Повторно мафијаш

септември 2010 90 ДЕНАРИ

Asus UL50VtXX038V Notebook Ултра тенкиот номад на Asus

Молњата на MSI

Bamboo Pen & Touch

Canon IXUS 300 HS

Дополнителна доза адреналин

За дизајнери и оние кои сакаат да цртаат

Луксуз во мало пакување

29


14 20 22 24 26 28 30 32

IFA - Berlin Новата серија на Apple Macbook – Wireless PowerCube G3320EX Devilion Asus UL50Vt-XX038V Notebook MSI R5870 Lightning Inno3D GeForce GTX 460 AMD Phenom II X2 555BE Bamboo Fun

33 34 36 38 39 40 41 42

Benq V2420H Bamboo Pen & Touch AverTV Pilot и AverTV Hybrid Benq V2220 LED Monitor Canon IXUS 300 HS Belkin Enhanced Wireless Router Starter Kit LG BH10LS30 Optical Media LG GT540 Optimus

click/хардвер/

IFA Berlin го прослави својот 50-ти роденден За задоволство на производителите и купувачите IFA, најголемата изложба на потрошувачка електроника во Европа, на 3 септември, по 50 пат ги отвори портите за своите посетители. Изложбата која многумина jа нарекуваат Европски CES претставува вистински предизвик за големите компании, кои редовно ги темпираат промоциите на новите производи со тајмингот на изложбата. Причина плус за тоа е и фактот дека IFA како изложба е од отворен тип (за разлика од CES каде можат да присуствуваат само претставниците на медиумите и вработените во компаниите кои се презентираат), односно производите им се нудат директно на купувачите, а при тоа цената на влезницата е со релативно пристојна цена. Годинава носечките позиции во главните хали беа резервирани за Samsung, Panasonic, Sony, LG, Toshiba и Philips, но се разбира на изложбата беа присутни и сите останати производители на уреди за широка потрошувачка, информатика и телекомуникации. 14 click септември 2010


click/хардвер/

Елеганција и префинети перформанси Новата серија на Apple Macbook – Wireless ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apple www.apple.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ДУНА Компјутери www.duna.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Батеријата може да издржи и 10 часа активност  Нов графички чипсет  Усовршен Magsafe конектор  Интересни multitouch опции  Слаба оптимизација за користење на Windows ЦЕНА

• 63.000 денари (со погодности за студенти)

ОЦЕНА

9,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Кај овој модел под Wierless се подразбира комплетно безжично работење

20 click септември 2010

В

о април оваа година Apple официјално ја претстави новата серија на веќе добро познатите преносници – MacBook, MacBook Pro и MacBook Air. Apple оваа (нова) серија ја промовира под мотото Wireless (безжично). Многумина ќе кажат дека безжичните технологии се присутни кај преносниците веќе 6-7 години но Apple овој пат не мисли на безжичното вмрежување, туку на комплетно безжично работење. За таа цел новата серија на преносници е опремена со батерија која е декларирана дека може да издржи до 10 часа активност без Wifi и нешто над 8 часа со користење на безжична мрежа, со што корисникот може да одработи еден комплетен 8-часовен работен ден без да има потреба од електричен приклучок. За потребите на овој број на преглед го имаме новиот MacBook кој визуелно и не се разликува од претходникот но вистинските промени се наоѓаат во внатрешноста. Имено, новиот модел доаѓа со процор кој сега работи на 2,4GHz(P8600), што и не е толку голема промена во однос на претходникот, додека забрзувањето кај графиката е нешто што сигурно ќе ги израдува сите потенцијални сопственици на овој преносник. Значи графичкиот чипсет GeForce 9400M сега е заменет со GeForce 320M со што резултатите при играњето на одре-

Изглед на USB 3.0 модели на кабли и присуството на сината боја препознатлива за оваа верзија.

дени игри се два до три пати подобри. И во овој случај графичкиот чипсет користи 256MB од работната меморија која изнесува 2GB (1066 MHz DDR3 SDRAM PC3-8500). Apple нуди опција за ку-

светот кој веќе го имаат надградено и на 8GB, иако Apple официјално не го поддржува тоа. Опцијата за 8GB е наменета за Pro серијата. Од останатите хардверски компоненти може да

Многумина ќе кажат дека безжичните технологии се присутни кај преносниците веќе 6-7 години но Кога Apple промовира серија под името Wireless, тоа не се однесува на безжичното вмрежување, туку на комплетно безжично работење. За таа цел новите преносници имаат батерија која може да издржи до 10 часа активност без wifi и нешто над 8 часа со користење на wifi, со што корисникот може да одработи еден комплетен 8-часовен работен ден без да има потреба од електричен приклучок. пување на овој модел и со 4GB меморија, но со значителна доплата, а постојат ентузијасти низ

додадеме дека во основниот модел MacBook доаѓа со хард диск од 250GB, безжичен

мрежен адаптер од n стандардот, 10/100/1000 при користењето на жичана мрежа, како и 8-брзински DVD/CD снимач. Екранот кој е со дијагонала од 13,3” има резолуција од 1280х800 точки а за заднинското осветлување ја користи новата LED технологија, па се одликува со прекрасна слика и одличен агол на гледање. На горниот дел на екранот е сместена веб камерата која е интегрирана во повеќе апликации кои се инсталирани на преносникот. Сите конектори на MacBook-от се наоѓаат од левата страна и се сочинети од 2 USB порти, Apple mini display порта, мрежната порта, конекторот за сигурносното заклучување и конекторот за напојување. Доколку сакате да го поврзете преносникот со некој стандарден монитор ќе треба дополнително да набавите конвертор од Mini Display портата на


click/хардвер/

Новиот графички чипсет овозможува значително поголеми перформанси кај играњето

обичен VGA или на DVI приклучок. Единствено Apple мониторите ќе можете да ги приклучите без ваков адаптер. Конекторот Magsafe е иновација на Apple која кај овој модел е до усовршена и сега напонскиот конектор не започнува на крајот на кабелот, туку конекторот всушност е последниот сантиметар од кабелот. Оваа измена е поради тоа што кај претходниот модел конекторот многу често се истргнуваше од кабелот па корисниците беа принудени да купуваат нови полначи или истите да ги носат на скапи поправки. Самиот конектор (MagSafe) е со магнетен завршеток и кога ќе се приближи кабелот до конекторот на преносникот, самиот си ја наоѓа точната позиција. Најголемата предност кај овој конектор е што кабелот се откачува од преносникот и на помало нагло потегнување, што значи ако некој случајно се сопне од кабелот, преносникот нема да се најде на земја. Мошне едноставна работа која под итно треба да ја применат сите производители на преносни компјутери.

За корисниците на Windows апликации и сервиси е предвидена алатката Boot Camp

Како и кај останатите преносници од Apple и овде адаптерот кој што се приклучува во струја, поседува две кукички кои се извлекуваат со што се овозможува да го намотате кабелот и да го чувате собран во моментите кога не го користите полначот. Една од најбитните компоненти на MacBook-от е неговиот touchpad кој во овој случај е multitouch. При користењето на multitouch-от можете да користите еден, два, три или четири прсти при што секој гест е поврзан со одредена функција. Имено, со еден прст го движите курсорот, а доколку притиснете со еден прст како да сте гопритиснале левото копче на глувчето, со два прста можете да scroll-увате или со притискање да го активирате десниот клик. Со движење на три прста се движите низ документи што е многу практично доколку прегледувате некоја галерија со слики. Движењето на четири прсти нагоре ги минимизира сите прозорци и ви прикажува чист десктоп, додека замавнувањето за чети-

ри прсти надолу ви дава приказ на сите активни прозорци. Идејата на Apple е да ви овозможи непречено работење без да користите глувче. Некој можеби ќе рече дека тоа е глупост или дека е невозможно но сетете се дека пред појавувањето на iPhone сите уреди кои имаа екран осетлив на допир доаѓаа со посебни моливчиња, Apple не спаси од овие моливчиња кои постојано се губеа. Којзнае можеби ќе успеат да не спасат и од глувчињата, барем кај преносниците. Оперативниот систем кој доаѓа со овој модел е Mac OS X 10.6.3 со инсталиран iLife пакет кој содржи мултимедијални апликации за основна обработка на слики и видео материјали. Доколку сакате преносникот можете да го нарачате со инсталиран Microsoft Office кој на сајтот на Apple се продава за 150 долари за домашни корисници или 400 долари за бизнис корисници. Стандардно со секој компјутер од Apple се испорачува и интернет прегледникот Safari кој што се карактеризира со исклучителна брзина при отворањето на страниците. Ниту еден прегледник кој што работи под Windows не може да се споредува со овој прегледник, но тоа не е поради прегледникот туку поради соработката со самиот оперативен систем. Постои верзија на Mozilla Firefox за Mac OS но тој воопшто не претставува конкуренција на Safari. Кога сме кај оперативниот систем треба да ја пофалиме и колекцијата на додатоци (widgets) која доаѓа со оперативниот систем, како и официјалната страна на Apple за симнување на вакви додатоци каде има скоро 5000 widget-и

При користење на Multitouch можете да употребите повеќе прсти, при што секој гест е поврзан со одредена функција

кои се поделени во дваесетина категории. Доколку сакате да поседувате ваков преносник, а стравувате поради фактот дека сте тесно врзани со одредени Windows апликации или сервиси, не очајувајте. Имено, во верзијата 10.6.х доаѓа алатката Boot Camp (верзија 3.0) која ви овозможува да инсталирате Windows (XP, Vista или 7) на посебна партиција. Пристапувањето до Windows-от се изведува со притискање на одредена команда при подигањето на системот. Но мора да ве разочараме со фактот што кога го користите MacBook-от под Windows, тогаш се однесува како обичен преносник, па самото

подигање на оперативниот систем трае 150 секунди наместо 37 секунди колку што трае подигањето на Mac OS. Исто така при играњето на иста игра под Windows и под Mac OS се воочува огромна разлика, па така на пример World of Warcraft под Mac OS ќе ја играте со 120 FPS додека под Windows ќе добиете максимални 60FPS. При копирање на датотека од 4.38GB (содржина на едно DVD) од една партиција на друга под MAC OS добивме просек од 30 MB/s додека кога ја копиравме истата датотека на различна партиција под Windows (под Boot Camp) добивме резултат од 18,5MB/s. l (александар марковски]

СПЕЦИФИКАЦИИ модел

MacBook 7.1

ПРОЦЕСОР

Core 2 Duo 2,4GHz(P8600)

МЕМОРИЈА

2GB (1066 MHz DDR3 SDRAM PC3-8500)

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

GeForce 320M – 256MB (shared)

ХАРД-ДИСК

250GB 5400rpm

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

13,3” 1280x800 LED

ОПТИЧКИ УРЕД

8x DVD RW DL

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

MAC OS X + iLife

КОНЕКЦИЈА

LAN 10/100/1000, WiFi 801.11n, Bluetooth 2.1+EDR, USB 2x2.0

ТЕЖИНА

2.13 Kg

ДИМЕНЗИИ

330 mm x 232 mm x 27 mm

БАТЕРИЈА

10 часа

click септември 2010 21


click/хардвер/

PowerCube G3320EX Devilion Ѓаволски моќна гејмерска машина ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Setra www.setra.com.mk • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сетра www.setra.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Дизајн на куќиште  Перформанси  Уникатен графички подсистем  Хард-диск ЦЕНА

• 75.000 денари

Н

еизбежно беше и на нашиот пазар да почнат да се појавуваат „вистински“ гејмерски системи. Да не бидам разбран погрешно, се работи за системи кои не смеат да си дозволат грешка при исполнувањата на сништата односно задоволување на потребите и на најпребирливите корисници. Иако секоја компанија има своја гејмерска машина која ја презентира на пазарот, кај нив сепак ќе постои простор за затајување во работата. Во еден од минатите броеви беше пишувано за слична конфигурација наречена Monstromo, исто така наменета за гејминг популацијата. Во овој број ке ве запознаеме со PowerCube G3320EX Devilion, кој за разлика од Monstromo, е AMD базиран систем. Пакувањето се состои од една прилично големка бела кутија на која интересно се претставе-

нестандардно примамлива конструкција, наменето за ентузијасти кои од своето куќиште очекуваат нешто повекје од обична метална кутија. Страниците на куќиштето се изработени од висококвалитетен галванизиран челик, со црна боја и ситно текстурирана површина, што е уште еден показател на неговата професионалност. Но оваа карактеристика не го прави овој модел поразличен од било кое друго куќиште, па затоа дечките од Maxcube решиле малку да го „украсат“. Предната и горната страна ја формираат маската по која е препознатлив овој модел. Ни малку поразлично од куќиштето на својот претходник, овој модел ги има позиционирано приклучоците кои многу често се користат ( USB, microphone итн...) на маската од горниот раб со што се овозможува лесно пристапување до

Придавката Lightning на името MSI ATI Radeon HD5870 посочува на уникатен модел на графичка картичка, на која единствено нешто кое не е модифицирано од страна на производителот е графичкиот подпроцесор.

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Моќна ATI & AMD комбинација

22 click септември 2010

ни името и дизајнот на куќиштето, па така уште пред да ја отворите кутијата ќе имате претстава за какво издание се работи. G3320 Devilion, исто како и неговиот претходник Monstromo, ја продолжува традицијата на користење на куќишта изработени од компанијата Maxcube. Се работи за моделот Amoris 6010, гејминг куќиште со

нив, односно да не мора истите да ги барате на задниот панел. Предната страна е приказна сама за себе. Карактеристично за повеќето модели од Maxcube, предната страна се всушност вратички чија спојка е во формата на буквата S со оштри рабови. Позади вратичките се наоѓаат лежиштата за оптички уреди и кулер од кој зрачи сина светлина.

Кога се затворени, сосема мала светлина продира низ спојката на вратичките што му дава футуристички изглед на куќиштето. На задната страна од куќиштето покрај приклучоците од матичната плоча и другите уреди, се наоѓа кулер кој исто така зрачи со сина светлина. Ваквата комбинација на кулери, покрај тоа што обезбедуваат соодветна вентилација на системот, исто така ја осветлуваат внатрешноста. Средината на левата страна од куќиштето е заменета со метална решетка низ која можете да се восхитувате на внатрешноста на системот. Кога сме кај внатрешноста, не смееме а да не спомнеме за напредните стабилизатори на лежиштата за харддисковите и оптичките уреди. Поради нивната гумена конструкција тие ги абсорбираат сите вибрации и подместувања кои можат да настанат при евентуален удар на куќиштето. Доволно кажано за надворешноста, време е да видиме со што G3320EX Devilion може да се пофали на хардверски план. Како што беше претходно наведено, системот е базиран на ATI & AMD платформа која се покажува како многу успешна на поле на перформанси. Темелите на хардверската комбинација се поставени од MSI 890GX-G65 матична плоча. 890G/SB850 чипсетот овозможува од-

лична врска помеѓу компонентите и заедно со просторот за четири (dual channel) DDR3 2133 модули, две CrossFire Ready лежишта за графички картички и USB 3.0 поддршка претставуваат добра основа за еден гејмерски систем. Со манипулацијата на информации раководи „тазе“ излезениот AMD Phenom II X6 1055T процесор од новата серија шест-јадреди Thuban процесори со работен такт од 3.3 GHz и 9 MB кеш меморија по јадро. Системската меморија е менаџирана од два DDR3 модули поставени во dual channel мод. Истите имаат капацитет од 4096 MB односно 4 GB и работат со брзина од 1333 MHz. Чувањето на податоците е овозможено од SATA2 хард-диск со капацитет од еден терабајт што е сосема доволно за гејмерските потреби. Брзината на работа на хард-дискот е 7200 вртежи во минута додека пак капацитетот


click/хардвер/

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

2 години

ПРОЦЕСОР

AMD Phenom II X6 1055T 3.3 GHz 9 MB cache

МЕМОРИЈА

2x4 GB DDR3 1333 MHz

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

MSI ATI Radeon HD5870 Lightning

ХАРД-ДИСК

1 TB SATA2 7200 rpm, 32 MB cache

ОПТИЧКИ УРЕД

DVD-RW 24x

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Microsoft Windows 7 Ultimate

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, 8 x USB, 2x DVI, HDMI, eSATA, S/PDIF, 7.1 Audio

ТЕЖИНА

12.5 Kg

ДИМЕНЗИИ

358 mm x 260 mm x 27-31 mm

на меѓумеморискиот простор изнесува 32 MB. Со овие карактеристики, може да се каже дека оваа компонента е всушност најслабата во целата конфигурација, но тоа не значи дека истата придонесува кон намалување на перформансите. Стигнавме до моментот каде што

G3320EX Devilion ја покажува својата вистинска моќ, а тоа е графичкиот подсистем. Овој дел беше намерно оставен за на крај бидејќи неговата несекојдневност го прави овој модел ѓавоски моќен. За разлика од неговиот претходник, кој располагаше со две графички картички, кај овој модел проблемот е решен со само една картичка, чие име самото по себе предизвикува воздишки кај ентузијастите. PowerCube G3320EX Devilion е украсен со ATI

Radeon HD5870 Lightning графичка картичка, произведена од MSI како врв во полето на графиката. Како што може да се забележи, станува збор за најновиот high-end модел графички процесори од R5xxx серијата. Придавката Lightning на името MSI ATI Radeon HD5870 посочува на

уникатен модел на графичка картичка, на која единствено нешто кое не е модифицирано од страна на производителот е графичкиот подпроцесор. Со користење на посебни кондензатори, модифицирана печатена плочка и регулатор на напон и специјално изработен систем за ладење, ова парче хардвер е спремно за сериозно overclockување. Димензиите од 277x126x36mm се успешно прикриени од системот за ладење,

наречен Twin Frozr II, кој се карактеризира со два ултра тивки 8 cm вентилаотри пропратени со 8 mm метални цевки за распоредување на топлината. HD5870 Lightning користи 256-битна GDDR5 меморија со капацитет од еден гигабајт и има работен такт од 900 МHz на GPU и 4.8 GHz на меморијата. Ваквата изработка на графичката картичка си доаѓа и со малку поголеми енергетски побарувања, односно за да функционира ќе мора да обезбедите напон преку двата 8-пински надворешни приклучоци. Во поглед на новитетите и карактеристиките ATI Radeon HD5870 Lightning има со што да се пофали. Според името на моделот лесно се воочува дека се работи за уред со DirectX 11 подршка, кој преку новата Eyefinity технологија може да прикажува слика на три монитори истовремено со максимална резолуција од 2560x1600 пиксели и истовремено обезбедувајќи подобрено Анисотропно филтрирање и забрзано видео транскодирање. Користи PCI Express x16 2.1 интерфејс и има подршка за работа во CrossFire режим. Секој гејмер сака играта да му изгледа најубаво, но исто така и знае дека доколку системот се малтретира за да му го овозможи тоа, играњето нема да биде најпријатно. Доколку сте перфекционист во оваа област и доколку се водите според изреката „целта ги оправдува средствата“, тогаш PowerCube G3320EX Devilion е правиот избор за вас. За ги провериме границите на системот, на него беа проследени низа синтетички тестови, како и тестови од неколку игри, на Microsoft Windows 7 Ultimate платформа, а резултатите се прикажани во приложената табела. l

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ

WINDOWS EXPERIENCE INDEX

3D MARK VANTAGE

PC MARK VANTAGE

CINEBENCH

EVEREST ULTIMATE

SISOFT SANDRA

CALL OF HUAREZ

Base score

5.9

Processor

7.4

Memory (RAM)

7.4

Graphics

7.8

Gaming Graphics

7.8

Primary Hard Disk

5.9

3D Mark Score

P15892

GPU Score

16418

CPU Score

14503

PC Mark Score

7984

Memory Score

6809

Gaming Score

7644

OpenGl

55.54 fps

CPU

5.01 pts

CPU (Single Core)

0.99 pts

Memory Read

8150

Memory Write

6217

Memory Copy

10332

Memory Latency

54.5 ns

CPU Queen

27701

CPU PhotoWorxx

27755

Aggregate Arithmetic Performance

53.48 GOPS

Dhrystone iSSE4.2

58.72 GIPS

Whetstone iSSE3

48.25 GFLOPS

1920x1080 (High, no MSAA, no SSAA)

85.17 fps

1920x1080 (High, 4x MSAA, no SSAA)

59.17 fps

1920x1080 (High, no MSAA, 4x SSAA)

42.17 fps

1920x1080 (High, no MSAA, no SSAO) S.T.A.L.K.E.R CALL OF PRIPYAT 1920x1080 (High, 2x MSAA, 3x SSAO)

CRYSIS WARHEAD

FAR CRY 2

DIRT 2

Day

87.91

Night

84.11

Rain

93.58

Sun Shafts

49.54

Day

42.44

Night

36.79

Rain

38.45

Sun Shafts

26.70

1920x1080 (Ambush, Enthusiast, no AA)

48.00 fps

1920x1080 (Ambush, Enthusiast, 8x AA)

18.18 fps

1920x1080 (Ultra High, no AA)

93.76 fps

1920x1080 (Ultra High, 8x AA)

49.68 fps

1920x1080 (Ultra High, 8x AA)

54.75 fps

(Димитровски Мирослав]

click септември 2010 23


click/хардвер/

Bamboo Fun Мамо, мамо, сакам Bamboo ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Wacom www.wacom.eu • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Нико Компјутери www.niko.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

Иновација Дизајн Двојна функција Оригиналност

ЦЕНА

• 5.990 денари

М

ожеби едно од најновите ремек дела создадени за дигитално цртање и комуникација на допир со вашиот компјутер. Да, сум пристрасен затоа што многу си ги сакам таблите за цртање на Wacom, но да не се залажуваме, сепак изборот е на место. Иако споиле две активности во еден уред, каде што цртањето е во прв план, користењето на компјутер преку пад на допир со гестови на прстите е интересна појава. На прв поглед спакувано во добро дизајнирана кутија каде што секој елемент си има свој простор. Поврзувањето се одвива преку USB кабел и може да се користи на работно биро или во скут. Наменета е да работи на сите видови компјутери без разлика

Bamboo серијата ја има во црна и сребрена боја

фиксирана на една точка во одредена положба. И второ, тоа што споиле две-во-едно-уред при користењето потсетува на iPhone или iPad, само што екранот е неколку сантиметри подалеку. Најбитни се неколку гестови на прстите со кои може да ви се олесни

Интересен момент е рапавата површина на просторот за цртање што дава чувство како да цртате директно на лист хартија. дали се PC, преносливи компјутери или MAC. Дизајнирана е да се користи во landscape позиција затоа што е комбинација на Pad & Touch. Доаѓа во комбинација со упатство за користење и CD со потребниот софтвер за користење. Освен тоа има и дополнителни апликации како Adobe Photoshop Elements, Nik Color Efex Pro и Corel Painter Essentials. ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Креативноста во пакет со Photoshop и MAC компјутер за целосното доживување да биде комплетно.

32 click септември 2010

Гестови Зошто е значајно тоа во овој модел? Затоа што користењето на таблет за допир во комуникацијата со вашиот компјутер е многу попријатно од веќе досадните глувци. Прво е ергономски и раката не е

животот во користењето на вашиот компјутер. Тоа опфаќа навигација, лев и десен клик, следна страна и претходна страна (за сурфање на интернет), скрол, зумирање и вртење на сликата како и ред други работи... Половина од овие гестови се направени за подобра интеракција, особено во работа со Photoshop или некоја слична апликација каде што во голем дел е исфрлена употребата на глушецот. Додека цртаме или скицираме/дизајнираме за некои технички промени во однос на големината на прозорот или навигацијата врз тоа што го правиме, често пати го оставаме дигиталниот молив и работиме со

глушецот. Сега во овој модел на Bamboo може и да го скокнеме тоа „малтертирање“. Поентата на цртањето е да црташ додека си во тој филм без прекин. Сепак и најмалиот прекин може да растури голем дел од мотивот за цртање и да влијае на резултатот. Затоа за тие ситни техникалии може да ги користиме прстите и тоа на лице место. Забава Околу цртањето и користењето за слични активности на таблетот Bamboo Fun од Wacom нема потреба да се раскажува. Наменето за секој ликовен кретивец што сака да црта. Ако сакам да создавам дигитална уметност овој таблет би бил мојот избор

за дома. Големината на целиот уред е 33,8 cm x 22,4 cm (ширина – висина), а активниот простор е 21,6cm x 13,7cm за пенкалото и 19cm x 13cm за прстите (допирот). Може да се користи реверзибилно со лева или со десна рака во зависност од корисникот. Интересен момент е рапавата површина на просторот за цртање што дава чувство како да цртате директно на лист хартија. Целата приказна гледано од страна делува како заедничка игра на Wacom, Adobe и Apple. Wacom многу паметно ги избрал партнерите, а ние можеме само да му честитаме на тимот што ги создава овие уреди за креирање дигитална уметност. Најголемата награда за изработката на ваквите уреди е кога ќе си купите еден таков едноставен партнер за танго со вашиот компјутер. l (Благој Капсаров )

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1 година

РЕЗОЛУЦИЈА

2540 lpi

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows® 7, Vista® or XP with Service Pack 2 Mac OS® X (10.4.8 or higher)

КОНЕКЦИЈА

USB

ТЕЖИНА

350 gr

ДИМЕНЗИЈА

Tablet Dimensions 338mm x 224mm Active Area - Touch 190mm x 130mm Active Area - Pen 216mm x 137mm


44 48 49 50 51 52 54 56

Борба во облаци BSR Screen Recorder SoftCAT за каталогизација на софтвер Adebis Photo Sorter Power PC Washer ZoneAlarm Extreme Security How to - Златни букви во Adobe Illustrator CS5 Lubuntu 10.04

58 60 63

FreeNAS Internet Protocol Version 6 – IPv6 5 локални веб дестинации

click/софтвер/

Борба во облаци Прекрасно е кога можете на сите свои документи да им пристапите преку интернет. Уште поубаво е кога можете да ги создавате и уредувате на интернет. Со години Google беше неприкосновен на ова поле, но конкуренцијата пристигна. Прочитајте дали таа може да ја загрози лидерската позиција на Google

Google Docs vs Microsoft Office Web Apps 44 click септември 2010


click/софтвер/тема_на_број/

П

овеќе од пет години Google беше апсолутен цар, и уживаше залегнат на големите бели облаци. Повеќе од пет години, задоволно се смешкаше и грицкаше од колачето кое всушност не беше негово, но мачката беше на некое друго место, па глувците можеа слободно да си играат. За тие пет години, Microsoft немо следеше што се случува со идеите врз кои се изградени неговите најголеми апликации и навидум не реагираше. Таков беше впечатокот кој се добиваше, кога работите ги следиме од страна. Која е таа сила која упорно и упорно го држеше Microsoft закован во офлајн мод, знае само менаџментот на компанијата. Ние и понатаму ќе се чудиме како компанијата која пред 15 години со својот прв интернет прегледник го промени светот, не успеа да ги согледа потенцијалите кои и беа пред очи. Во исто време ќе му се воодушевуваме на Google што како мало глувче успеа да и го дрпне сирењето на големата мачка и на темелите на Office да изгради цела империја. Но, внимание до сите глувци на планетата! Мачката е повторно тука, делува нежно, мило и изгледа безопасно, барем засега. Ама мачка е мачка, ако ги пушти ноктите тешко на оние кои и се во близина. Изгледа дека комплетната доминација на Google на полето на интернет базираните апликации за канцелариско работење е сериозно загрозена. Со конечното објавување на Microsoft Office Web Apps пакетот, работите на ова поле почнуваат да се комплицираат. Со појавата на Dropbox app кои ќе ги разгледаме во следниот број, во очекување сме на вистинска војна.

Google Docs vs Microsoft Office Web Apps Без да навлегуваме во најситните детали, во оваа прилика ќе ги споредиме најважните елементи на пакетите. Формати Во секојдневното работење се среќаваме со најразлични формати на документи, и доколку некој е сериозен во изградбата на платформа за онлајн функционирање, треба да ни обезбеди и сериозна поддршка барем за најкористените формати. Google docs, кој е долго време на пазарот, ја научи оваа лекција и сега веќе нуди поддршка за скоро сите познати формати на документи. Или конкретно наведени тоа се: Документи: • Microsoft Word (.doc, .docx) • OpenDocument text (.odt) • StarOffice text (.sxw) • Rich text (.rtf) • Plain text (.txt) • HTML (.htm, .html) Презентации: • Microsoft PowerPoint (.ppt, .pps) Табели: • Microsoft Excel (.xls, .xlsx)

Microsoft ги поддржува само сопствените формати и тоа засега е најголемиот проблем

• OpenDocument spreadsheets (.ods) • Comma-separated values (.csv) Кога се работи со PDF документи и слики, постои опција истите да бидат конвертирани во некој текст формат и зачувани како Google Document. Microsoft, односно неговите Office Web Apps, на ова поле за сега стојат многу лошо. Ги подржуваат само сопствените формати што е големо ограничување и ствара револт кај корисниците. По конкретно ова се типовите на формати со кои оперираат Office Web Apps: • Microsoft Word (.doc, .docx)

• PowerPoint (.ppt, .pptx), • Excel (.xls, .xlsx), • OneNote (.one). Кај Office Web Apps интересна е опцијата Open in, која овозможува документ кој се наоѓа на Sky Drive, да се отвори во Word, на пример, промените да се направат на локалниот компјутер и потоа променетиот документ да се сними на интернет. Згодно за работа доколку немате стабилна интернет конекција, но не толку згодно, за да им ја простиме на Microsoft ограниченоста на форматите. Затоа на ова поле: Google Docs Office Web Apps Простор за складирање на документи Кога зборуваме за онлајн апликации, посебно внимание треба да му

Google има подршка за скоро сите популарни формати

посветиме на капацитетот на просторот за складирање на генерираните документи. Google Docs им нуди на своите корисници внесување на било каков документ, но просторот за документите е ограничен на 1 GB. Максималната големина на документот кој се внесува е 1024 MB,што во превод значи дека еден толкав документ би ви го пополнил целиот капацитет. Верзиите на внесените документи кои се конвертираат за понатамошно уредување, не влегуваат во оваа бројка, но затоа имаат лимит на големината. За да можат да бидат конвертирани и

Капацитетот за складирање кој го нуди Sky Drive е 25GB

уредувани, текстуалните документи можат да тежат максимални 500 KB, презентациите не смеат да бидат потешки од 10 MB, табелите не смеат да бидат потешки од 1 MB, додека PDF документите или сликите кои ќе се конвертираат во текст смеат да тежат до 2 MB. Office Web Apps е цар на ова поле. Онлајн складиштето му е врзано со сервисот за складирање SkyDrive, кој за своите корисници има предви-

Просторот за складирање на Google е лимитиран на 1GB

click септември 2010 45


click/слободен_софтвер/

Lubuntu 10.04

Специјалист за стари компјутери Една од поновите GNU/Linux дистрибуции наменета за навистина стари (бавни) компјутери. Кога зборуваме за бавни, мислиме на компјутери Pentium II или III со 125/256 MB RAM меморија и хард диск од 2 до 4GB меморија. Што е Lubuntu? Ubuntu фамилијата е составена од Ubuntu, Kubuntu, Edubuntu и Xubuntu. Xubuntu е дистрибуција базирана на графичката околина Xfce и е наменета за стари компјутери, но некако

LXDE како графичка околина и да биде базирана на Ubuntu. Со тестовите што се направени од Canonical (компанијата што ги подржува овие оперативни системи) се покажало дека Lubuntu дава

Ако користењето на компјутерот е умерено и приспособено за секојдневна употреба која не подразбира графички и анимирани ефекти со уау моменти, тогаш Lubuntu e совршен избор. не се покажа достојна за тој подвиг. Сакајќи да ја збогатат фамилијата со уште еден член, заедницата која стои зад Lubuntu презентираше ветувачки резултати. Една од основните точки е можноста да се воведе

Изглед на Lubuntu околина 56 click септември 2010

подобри резултати од Xubuntu. Не само малку подобри, туку со 50% помала искористеност на хардверски ресурси. Уште еден момент е нестабилноста на Xubuntu кај интеграцијата со GNOME десктоп базира-

ни апликации со што му е загрозена користеноста во најголем дел. Поради тие неколку причини појавата на Lubuntu би требало да го подобри нивото на почит бидејќи и овој сегмент ќе биде покриен со квалитетна дистрибуција со Ubuntu вкус. Инсталација Овој дел е комплетно позајмен од Ubuntu што значи дека проблеми не постојат. Инсталирањето на Ubuntu е еден од најлесните инсталации на оперативен систем воопшто, со што Lubuntu веќе има значајна предност од таквите слично наменети оперативни софтвери. Освен инсталирање интересно брзо се покажа и користењето директно од Live CD варијанта. Сите компоненти работеа со пристојна брзина и немаше никакво досадно како што се случува при користење на некои други апликации од Ubuntu Live CD, директно од CD.

Работна околина Многу потсетува на Windows оперативниот интерфејс каде што менито е од лева страна, а лентата со задачи на останатиот дел од десна страна. Со оглед на фактот дека е оперативен систем направен со лесна софтверска платформа што не бара многу хардверски ресурси, нема многу ефекти да ви предизвикаат уау ефект. Но затоа компјутерот ќе работи максимално што може да си дозволи за денешни услови. Сепак зборуваме за компјутери на кои тешко може да инсталирате било каков денешен оперативен систем, а во случајов со Lubuntu добивате функционална машина

со скоро сите мултимедијални додатоци што може да ги има еден обичен стар заборавен компјутер. Содржина Интересен збир на апликации што повеќето корисници на GNU/Linux оперативни системи можеби и никогаш не ги сретнале. Секако дека не се апликациите што може да ги најдете кај Ubuntu инсталиран OS, но затоа зборуваме за софтвер кој работи со Lightweight X11 DesktopEnvironment (LXDE). Сигурно дека и апликациите треба да бидат лесни во габа-


click/слободен_софтвер/

FreeNAS Искористете го стариот систем на еден поинаков начин ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Развиван и спонзориран од: Olivier Cochard-Labbe Volker Theile www.freenas.org ЗА И ПРОТИВ

 Бесплатен софтвер  Поддржани се бројни сервиси и протоколи  Едноставна инсталација  Користи екстремно малку ресурси  Релативно комплексно конфигурирање

Стариот компјутер може да се искористи како складиште за документи

FreeNAS може да се покрене и да функционира без инсталација, но за најдобри перформанси перорачливо е да се инсталира, за што му се потребни отприлика 64MB простор, па слободно може да се инсталира на USB стапче или CompactFlash картичка.

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Одличен начин за централизација на податоците во домашни или канцелариски услови.

58 click септември 2010

F

reeNAS е софтверска дистрибуција која има за цел од класичен компјутерски систем да направи NAS (Network Attached Storage) уред. Ова важи и за постарите системи бидејќи хардверските побарувања на FreeNAS се прилично ниски. Минималната

препорачана конфигурација побарува 96MB системска меморија, било каков хард диск и мрежна картичка, Intel или AMD компатибилен процесор и тастатура, монитор и CD-ROM уред само за време на инсталацијата. Еднаш инсталиран, FreeNAS се притапува преку Web интерфејс кој е базиран на m0n0wall firewall апликацијата. FreeNAS се развива подолго време и моменталната стабилна верзија ја носи номенклатурата 0.7.1. Сепак покрај оваа верзија, постојат и верзии кои се во развојна фаза, меѓу кои најпопуларна е 0.7.2 beta верзијата, со кодно име Sabanda. Работи исклучиво на FreeBSD оперативниот систем кој како еден вид UNIX-оид е компатибилен со повеќе видови на процесори, но сепак FreeNAS е компатибилен само со Intel и AMD платформите. Со цел да се поедностави исталацијата, FreeNAS се дистрибуира заедно со оперативниот систем, најчесто во облик на LiveCD медиум. На ваков начин FreeNAS може да се покрене и да функционира без инсталација, но за најдобри перформанси перорачливо е да се инсталира, за што постои посебна опција при покренувањето од LiveCD медиумот. Сеако, постои можност мануелно да се инсталира врз постоечка FreeBSD инсталација, но за тоа е потребно далеку понапредно знаење. Самата инсталација завзема отприлика 64MB простор, па слободно може да се инсталира на USB стапче или CompactFlash


click/интернет/

Internet Protocol познат како Интернет

Догодина со нов интернет – стариот го потрошивме Internet Protocol Version 6 – IPv6

I

nternet Protocol (IP) е метод на префрлање на податоци од еден компјутер до друг, користејќи ја интернет мрежата. Односно, секој компјутер има своја уникатна адреса позната како IP адреса и се поврзува на Интернет. Податоците се испратени од еден компјутер (праќач) до друг компјутер (примач) при-

60 click септември 2010

тоа поминувајќи низ еден куп такви размени по пат. Сите пристапувања на интернет мрежата се базирани на овој метод, а тоа значи мноогу такви адреси оти сепак сме повеќе од 6 милијарди на планетава. Промена Период кога нешто се

менува од еден систем на функционирање во друг... Нашето адресирање во интернет светот можеме да го изедначиме со поштенските кодови за градови. Во случајов со интернет мрежата поштенските бројки за градови се заменети со компјутерските уреди што ги имаме насекаде околу нас (и дома). Замис-

лете колку многу такви броеви треба да имаме

нет мрежата, до сега се покажа како беспрекорно

Се прогнозира дека на светско ниво ќе се исцрпат сите IPv4 уникатни адреси до 2012 година, ако не и порано. за само еден човек што има компјутер, мобилен, а сега и телевизор и играчка конзола што пристапува на интернет. Но тоа функционира малку видоизменето, ние си имаме интернет пристапни адреси и тие се поврзуваат на неколку типови такви множества. Множествата се тука за да имаме заштеда во користењето на тие глобални интернет адреси бидејќи пристапот до интернет во светот се зголемува со огромна брзина и според досегашните пресметки пристап имаат околу 2 милијарди луѓе. IPv4 методот за адресирање на интер-

решение и ги задоволуваше сите потреби на тој развој. Но во последно време научниците што се инволвирани во развојот и одржувањето на таа технологија пресметаа дека 4 милјарди адреси нема да ни бидат доволни за


click/интернет/

Free /8

160 IANA RIR pool

140

120

/8

100

80

60

40

20

0 1996

1998

2000

2002

Приказ на IPv6 во бинарна форма

да го приклучиме светот во целата приказна. Ipv4, пресметано во далечната 1970 година, се сметало повеќе од доволен дијапазон на адреси за вмрежување што може да се шири без проблем. Но популација на земјата во тоа време била околу 4 милијарди жители што е и многу логично решение. Плус, сигурно дека нема сите да успеат да си купат компјутер и да се приклучат на интернет. Со верзијата IPv4 имаме 32 bits состав на адресирање и тој овозможува нешто повеќе од 4

2004

2006

2008

2010

2012

Date

милијарди единствени IP адреси. Со развојот на нашите сограѓани од далечниот исток, Кина, Јапонија и Индија на пример, нивната потреба од интернет адреси во моментов делува како вакум. Се прогнозира дека на светско ниво ќе се исцрпат сите IPv4 уникатни адреси до 2012 година ако не и порано. Затоа со најавата во 1995 година на Ipv6, постепено е започната таа промена на адресирање со цел да се прошири можноста сите уреди спокојно да се приклучат на интернет

мрежата. IPv6 Овој метод на адресирање е составен од податок (бројка) со дијапазон на 128 bits. Во превод, 340 милијарди, милијарди и милијарди ... (3,4 x 1038) уникатни адреси. Споредени двата типа на адресирање, IPv4 е множеството iPоd во споредба со големата Земја како претставник на множеството IPv6. Освен што има поголема можност за поврзување на уреди меѓусебно, во нивната структура може

да содржат и букви, што не е случај во IPv4. На пример, IPv4 адреса изгледа вака: 203.0.113.24; додека IPv6 изгледа вака: 2001:0db8:3c4d:0 015:0000:0000:abcd:kl1 2 и како што може да се види изгледаат прилично различно, но тоа е само изглед. Во основа го прават истото. Најбитно е што IPv6 веднаш го исфрла NAT (Network Address Translation) со што се намалува комплицира-

ните адресите на сите тие приклучени уреди преку тој модел. Така се заштедува употребата на IP адреси за пристап на интернет, но сега за сега во IPv4, оти нели е прилично стегнат бројот за постоечки уникатни адреси. Со IPv6 се овозможува пристап каде што секој може да си биде со уникатна адреса и така директно секој уред да е поврзан на глобалната интернет мрежа.

Мрежа на IP адреси распространети во светот

Растот на недостатокот кај IPv4 адресирањето

носта во комуникациите кај сервери, модеми, рутери и слични уреди што делуваат како филтер кон глобалната мрежа. NAT претставува една IP адреса за мрежа од поврзани уреди што ги заменува различ-

Предности Една од најважните предности е можноста за поврзување директно на интернет мрежата без притоа да се користи сервер што ќе треба да го регулира тоа прикclick септември 2010 61


click/интернет/

Колку повеќе поврзани толку поголема заедница

лучување. Самиот уред делува како клиент и како сервер со што интернет пристапот ќе биде возможен насекаде, односно и на места

каде што досега не бил. Поедноставувањето на нештата повлекува и автоконфигурацијата за адресирање, за интернет мрежата да биде уште

полесна. Само уредот треба да подржува IPv6 и „воала“. Безбедноста е уште еден чекор напред во иднината, за кој во минатото не се планираше и не се размислуваше со таков широк хоризонт. Ако безбедноста во создавањето на IPv4 се однесуваше само за уредот што прима податоци, денес имаме напади на уредот што испраќа, напади во текот преносот на податоци и напади на самите податоци низ целиот процес на пренос. Тоа не е планирано во моделот IPv4, но сега во IPv6 e решено на подобар начин. Таканаречено IPSec сорджи три типови на заштита, Authentication Header (AH) протокол што овозможува автентикација и интегритет на

Вмрежување со добро познатиот LAN кабел 62 click септември 2010

податокот, Encapsulating Security Payload (ESP) протокол каде што се проверува и нивото на приватноста на податокот, Internet Key Exchange (IKE) каде што се договараат двете комуникацииски точки за начинот на размена на податоци и истовремено се надгледува процесот на размена/договарање со што безбедноста може да се генерира и динамички. На овој начин се подобрува безбедноста во размената на уредот испраќач и уредот примач и заштитува преносот на информации од апликациите, а тоа им го олеснува патот на апликациите затоа што сега не мора да содржат сопствена заштита за преносот да се одвива безбедно. Ќе се воведуваат безбедносни полиси и администрирањето ќе е стопати полесно. Ваквата сигурност овозможува развој на софтверски сервиси и технологија што ќе обезбедат поквалитетни

апликации и многу побрза размена на податоци, од тоа што го имавме до сега. Воведувањето на Multicast и Anycast ги зачинува работите уште повеќе. Multicast овозможува голем пренос на

(звук, видео, вести). Овие податоци би се пренесувале само онолку колку што е доволно и не би придонесувале во оптеретување на мрежата или блокирање на текот на податоци за останатите уреди. На пример, ако гледате на вашиот телевизор интернет телевизија и тоа го прават уште неколку станови во вашата зграда, тогаш одредена количина на податоци се резервирани специјално за тој начин на размена што е вграден во телевизорот и ништо повеќе или помалку. Еден сервер во зградата може да го регулира тој пристап до интернет и истовремено нема да дозволува побарување на интернет повеќе од тоа што може да си го дозволи самиот уред. Прогноза

податоци во хиерархиски распоред со само еден интервал. Ваквиот начин на распоред во пренос на податоци овозможува регулирање на тек, каде што директно се пренесува некаква константна информација

Денес во голем дел се имплементира новиот модел на адресирање IPv6 што започна интензивно од 2008 наваму, а се очекува да заврши до крајот на оваа (2010) година. Сега барем ќе се разјасни неговото постоење во нашите оперативни системи. l [Благој Капсаров]


64

Нешто повеќе за .... Microsoft

click/времеплов/ Нешто повеќе за ... Microsoft Развојот на светските информатички трендови, како и самиот развој на информатичката култура во голема мерка му се должи на Microsoft. Не верувам дека на светот постои поголем бренд кога се работи за информатиката воопшто.

О

д визија и желба на двајца пријатели па се до компанија која денес брои околу 90.000 луѓе и е присутна во повеќе од 100 земји ширум светот, може да се стигне само со многу работа, можеби малку среќа и секако одличен тајминг и осет за бизнис. Огромниот развој

го одликува растот и развојот на информатичката технологија воопшто. Фактот дека во огромен број на компании како и домови движечка сила на вашите компјутери се токму производите на Microsoft им дава посебна тежина на потезите кои горе споменатите

Број 1 светски бренд и лидер на полето на софтверски, системски и технолошки решенија. Визијата која ја започнале двајцата пријатели денеска го движи светот. на Microsoft претставува успешна сторија која во некоја смисла

двајца пријатели ги влечеле низ изминативе години.

Гејтс и Ален сликани на 19 октомври 1981, веднаш по потпишувањето на договорот со IBM 64 click септември 2010

Историја Пол Ален (Paul Allen) и Бил Гејтс (Bill Gates), се другари од детството кои делеле иста страст кон компјутерското програмирање и кои во својата младост ја користеле буквално секоја шанса која им се укажувала за да седнат зад тастатура. Во прво време во 1970 – та работеле како бета тестери и пронаоѓачи на грешки во кодовите и системите. Првата работа која Гејтс и Ален ја добиле, била да напишат програма за плата за компанијата Information Sciences Inc. Ова била првата работа од која тие всушност заработиле пари. Фактот дека добиваат пари за да работат нешто што многу го сакаат и во што се многу добри ги натерало да размислуваат во комерцијален правец и се родила намерата за основање на сопствена компанија. Во годините кои следеле тие работеле како пронаоѓачи на грешки за различни компании и со секоја работа се здобивале со потребното искуство како во работата со компјутери така и во водењето на компании кои се занимавале со развој на софтвер. Есента 1973 – та, Гејтс се запишува на Harvard, со намера да студира право, но Најголем дел од времето го поминува во компјутерскиот центар на универзитетот програмирајќи, останува секако во контакт со Ален кој за да биде поблиску до својот колега и

Бил Гејтс основачот на Микрософт, веќе 17 години е меѓу најбогатите луѓе на светот

пријател се сели во Бостон. Ален константно го форсирал Гејтс да се отпише од факултет и да се посвети комплетно на програмирањето и развојот на софтвер. Година дена подоцна Ален на насловната страница на некое списание гледа слика од првиот микро компјутер и со истото списание оди кај Гејтс. Истата вечер двајцата одлучуваат дека е дојдено вистинското време за основање компанија. Се воделе од идејата дека бизнисот со домашни компјутери буквално ќе експлодира и некој ќе мора да овозможи софтвер за тие компјутери. Ален сметал дека тие ќе можат


click/времеплов/History_of_Microsoft/ MITS решава да го дистрибуира преведувачот под име Altair BASIC. Ален и Гејтс официјално го основаат Microsoft на 4-ти Април 1975 – тата, со Гејтс како CEO. Во август 1977 – та компанијата заедно со ASCII Magazine во Јапонија ја отвора својата прва интернационална канцеларија наречена ASCII Microsoft. Во Јануари 1979 – та, компанијата се сели во нов дом во Bellevue, Washington Оперативен Систем – бизнисот што ги направи легенди

Легендарната фотографија на групата од Albuquerque. Првата оригинална постава на Микрософт фотографирана на 7 декември 1978 година

Microsoft влегува во биснисот со оперативни системи (OS) во 1980 – та со своја верзија на Unix, наречена Xenix, но сепак DOS (Disk Operating System) беше оперативниот систем кој ја постави компанијата на цврсти нозе. Заедно со IBM работат на креирање на оперативен систем кој ќе се дистрибуира со IBM Personal Computer (IBM PC), Microsoft го нарекува MS-DOS додека IBM на тој оперативен систем му дава име PC-DOS. Сепак Microsoft ги задржува правата на MS-DOS и го нуди на другите производители на IBМ PC компа-

чена Microsoft Press започнува со дистрибуција и продажба на книги и упатства поврзани со информатичките технологии. Во февруари 1984–та Пол Ален се повлекува од компанијата поради болест. Во 1985 – та Microsoft работи на повеќе полиња истовремено, па така додека на една страна работи со IBM на развивање на нов оперативен систем OS/2, ја издава и графичката верзија на MS-DOS наречена Microsoft Windows. Следната година компанијата се сели во Redmond и излегува на берза. На големо се развива новиот 32-бит –ен оперативен систем наречен Microsoft Windows NT секако користејќи ги идеите од OS/2. Овој оперативен систем излегува на пазарот во Јули 1993 – та со големи новини во тоа време, модуларен кернел и Win32 API (application programming interface). Овие новини го направија портирањето на 16-бит - ните, MS-DOS базирани

Надградба на оригиналната фотографија направена во април 2008 година

да развијат основен јазик (BASIC interpreter) за микрокомпјутерот наречен Altair 8800, а тоа му било доволно на Гејтс кој веднаш ги повикал MITS (производителот на Altair) и им рекол дека имаат софтвер кој работи на нивниот микро компјутер. MITS побарале и закажале презентација. Гејтс и Ален во суштина немале воопшто таков софтвер и

почнале да работат дење и ноќе за да имаат што да покажат на презентацијата. Ален работел на креирање на симулатор, поради тоа што немале вистински Altair микро компјутер, а Гејтс го развивал преведувачот (interpreter). Иако сиот развој се базирал на симулатор, презентацијата која се одржала во Albuquerque, New Mexico во Март 1975 – та поминала беспрекорно.

Млад и бесен, но со јасна визија за тоа што сака да добие од својот компјутер

MITS Altair 8800 компјутерот поради кој започна приказната на Микрософт

тибилните компјутери. За кратко време Microsoft станува лидер во продавањето на оперативни системи за персонални компјутери. Во 1983 – та Microsoft се проширува на другите информатички пазари со лансирање на Microsoft Mouse, влегува на полето на хардвер а со промовирање на дивизијата наре-

апликации полесно. Паралелно со развојот на оперативните системи Microsoft работи и на развивање на канцелариски (Office) апликации. Првиот таков сет апликации, наречен Microsoft Office, е промовиран во 1990 – та. Овој софтверски пакет во себе содржеше неколку апликации меѓу кои најголема click септември 2010 65


68 70

Mafia II R.U.S.E.

click/игри/ Mafia II: повторно мафијаш во триделно одело ИНФО

• 2K Czech • ИЗДАВАЧ : 2K Games, 1C • Развој: 2K Czech • ПЛАТФОРМА: компјутер, PlayStation 3, Xbox 360 • URL: www.mafia2game.com ЗА И ПРОТИВ

 Одлично обмислена приказна и многу акција  Многу видео меѓу сцени кои ја поврзуваат приказната  Фантастично изработена околина и графички детали на ликовите  Солиден начин на борба со и без оружје  Можност за реалистично чувствување на амбиентот во 50-ти години од минатиот век  Нема попратни мисии  Слабо искористен отворен простор

ОЦЕНА

многу добро

68 click септември 2010

З

абава, алкохол, жени, оружје, многу интриги и нечисти игри се само дел од секојдневието на мафијашите. Создадена за полнолетната генерација (не само затоа што има слики од Playboy магазинот), продолжението на одличната Mafia нуди многу забава во реалистична атмосфера но целосното доживување можело да биде многу подобро доколку се поработело на уште неколку попатни детали. Немојте погрешно да разберете, Mafia II е солидна игра но недостасуваат занимации кои би се правеле при слободното шетање низ градот, како и споредни мисии за подолготрајно играње. Можеби најголем проблем за Mafia II е што љубителите на овој жанр директно ја споредуваат со конкурентските Red Dead

Redemption и Grand Theft Auto кои имаат исклучително многу содржина и слобода на движење. Empire Bay олицетворение на Њу Јорк од 50-тите години на минатиот век Играта започнува со мисија за запознавање во

1943 година, во 1945 година ликот кој ќе го играме Vito Scalleta станува воен херој и се враќа дома во Empire Bay. Враќањето дома, за

треба да го отплати. Како и секој мафијаш се наоѓа со другарот од детството Joe Barbaro на кого единствено може да му верува и се

Во секој момент при играњето можете слободно да се прошетате низ градот и да ги посетите различните маала каде што можат да се купат нови мафијашки одела, да се посетат гаражи за да се дотераат украдените автомобили или пак да се појача арсеналот на оружје во некоја од продавниците наменети за тоа. Vito значи само продолжeние на проблематичниот живот. Имено, по смртта на неговиот татко со сицилиско потекло нему му останува долг од 2000 долари што

впуштаат во подземјето. Со градот раководат и доминираат три фамилии и “партнерите во криминал” се вклучуваат со целата игра. Поголемиот дел од


click/игри/StarCraft II: Wings of Liberty/

играта се игра во периодот од 50-тите години, а Empire Bay е создаден со исклучително ниво на детали. Во секој момент при играњето можете слободно да се прошетате низ градот и да ги посетите различните маала каде што можат да се купат нови мафијашки одела, да се посетат гаражи за да се дотераат украдените автомобили или пак да се појача арсеналот на оружје во некоја од продавниците наменети за тоа. Како што Vito напредува во кариерата исполнувајќи мисии за фамилијата така ќе го запознаеме секој дел од градот. Доколку ви се допадна оргиналната Mafia од 2002 година која се одигруваше во 30-тите години сигурно ќе ви се допадне и Mafia II со својот реалистичен свет. Подобрување од оригиналот е направено и во самата приказна која што во Mafia II е е двојно подолга. При играњето ќе видиме скоро два часа од меѓу сцени и како што Vito напредува во ранговите на подземјето така и влоговите за секоја мисија се зголемуваат. Целата приказна е направена да не води како низ филм па така сличностите со мафијашките филмови како Godfather, Once Upon a Time in America и Goodfellas не се воопшто случајни. Недостаток е што приказната е линеарна без можност за различна разврска или различен крај на играта. Она што ја разликува Mafia II од останатите игри со слична тематика

е сериозниот пристап во градењето на ликовите без хумор и извршување на тешките злосторства без водење морални битки во самиот себе. Визуелно совршенство Од техничка перспектива Mafia II изгледа зачудувачки. Графиката е импресивна, анимациите на лицата на ликовите во играта се одлични и секој има уникатен изглед и стил. Благодарение на деталите можеме лесно да ги распознаваме “стегнатите” мафијаши во нивните одела дури и од далечина. За подобрување на атмосферата се грижат и гласовите на карактерите кои се на одлично ниво и се соодветно распределени на секој лик. Уште една техничка карактеристика што претставува проблем за игрите со голем отворен свет е времето на вчитување кое како да не постои во Mafia II или пак нема воопшто да го почувствуваме. Оригиналните песни од тоа време ќе не следат низ целата игра

без разлика дали ги слушаме во некоја од лимузините дури се возиме низ градот или пак во некој клуб. Доста филозофиравме на темата мафијаши и нивниот живот, време е да ја претставиме вистинската забава за овој тип на игри, борбата. Совладувањето на противниците низ мисиите можеме да го изведуваме со помош на оружје или пак со голи раце. Целиот сис-

уште на почетокот затоа што многу ќе ви користи во моментите кога Vito ќе западне во невоља и ќе треба да помине некое време во затвор. Можело многу подобро Mafia II нуди одлична атмосфера, но целата приказна не води низ мрачни складишта, темни улички и нечисти соби. Знам дека таков бил мафијашкиот жи-

Целата приказна е направена да не води како низ филм па така сличностите со мафијашките филмови како Godfather, Once Upon a Time in America и Goodfellas не се воопшто случајни. тем е солидно изведен а на располагање ни се неколку различни типови оружје, од пиштоли до автоматски пушки. Убивањето најчесто го изведуваме со затскривање зад најразлични предмети од околината и на тој начин се штитиме да не бидеме погодени. Има моменти кога ќе добиеме “headshot” од никаде и тоа малку фрустрира, но, по некое време ќе научиме како да ги избегнуваме тие ситуации. Борбата без оружје е навистина забавна, боксирачкиот стил е лесен за учење затоа што има само неколку потези. Добро е да ја совладате техниката

вот во тоа време но целиот амбиент би бил подобар доколку подобро се искористи солидно изградениот отворен простор. Задачите кои ги добиваме од фамилијата се интересни но по некое време стануваат досадни затоа што нема нешто попратно што може да се прави “на страна”. Нема странични мисии, па дури и слободното разгледување и собирање на пари е некако бесцелно. Ќе купиме нова облека или кола и толку. Најголемите непријатели на

мафијашите, полицијата е некако полу мутава и слабо ангажирана. Можете да поминете на црвено светло и да ја искршите цела ограда после тоа, а никој да не мрдне со мал прст, но доколку само на кратко ја пречекорите дозволената брзина веднаш почнуваат да ве бркаат полицајци. Иако поставуваат најразлични блокади со малку побрзо возење многу лесно можете да се ослободите од нив. Вашата кола и лик потоа ќе бидат ставени на плакат “се бара” но и тоа лесно се решава со малку подмитување. Во Mafia II ќе сретнеме многу ликови но сите некако брзо доаѓаат и брзо си одат, целиот фокус е ставен на главниот карактер Vito иако има простор за нивно подобро искористување. За крај Mafia II е достапна за трите најраспространети платформи, компјутер Xbox и Playstation. Играта не е воопшто лоша посебно ако сакате интересна мафијашка приказна која ќе ве води од почеток до крај. Ако сакате игра во слободен свет каде што ќе имате милион попратни мисии и работи за правење тогаш многу ќе се разочарате. Налепницата само за полнолетни ја има добиено поради пристапот кој е сериозен и без хумор како кај вистинските мафијаши, а секако и за можното разлистување на некои броеви од Playboy ☺. Доколку ги отстраните очекувањата кои сте ги имале од игра во слободен свет, Mafia II нуди неколкудневна забава во одличната атмосфера на Њу Јорк.... односно Empire Bay во 50-тите години од минатиот век. l [Иван Манчевски]

Солидна приказна за мафијашкиот живот во 50-ти години. Mafia II нуди одлична атмосфера но целото пакување можело да биде побогато со странични мисии и многу повеќе попратна акција. Одлична графика и оригинална музичка позадина. click септември 2010 69



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.