Click 27

Page 1

Sagem Puma

Не е како другите телефони Број 27 • ЈУлИ 2010 • www.clickmag.mk

10 GPS

апликации

Live Essentials

за паметни телефони AndNav2

MapDroyd

Бесплатните апликации од Microsoft го освојуваат светот

GPS Status

Интервју со:

Maveric

Никола Љушев

amAze iGO My Way

За нас секој корисник е VIP

NDrive

CoPilot MotionX

Gokivo

Singularity TMD ти дава сила

јУлИ 2010 90 ДЕНАРИ

MSI Wind Top

Dell Studio XPS

Asus Eee PC

Samsung WP10

Го очекува вашиот допир

Елеганција до совршенство

Розово за младите дами

Водата му е природна средина

27


click/хардвер/

MSI Wind Top AE2220 Поинтересно и забавно отколку што може да замислите ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: MSI www.msi.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Нико Компјутери www.niko.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Иновативен и практичен дизајн  Multi-Touch панел  Солидни перформанси  Тежина ЦЕНА

• 45.490 денари

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Одличен и иновативен начин за контрола на домашното кино

16 click јули 2010

М

SI или поточно Micro-Star International неодамна ја промовираше својата All-in-One линија на компјутерски системи. Станува збор за неттоп систем, односно хибрид помеѓу десктоп и преносник. Резултатот е систем кој нуди подобри перформанси во однос на преносник, но од друга страна е и попренослив од десктоп систем. Преку Entertainment моделите од оваа серија, MSI воведуваат една нова димензија во компјутерскиот свет. Можностите кои ги нудат овие системи, преку моделот Wind Top AE2220 ќе ви бидат претставени во продолжение. Пакувањето, иако сосема оправдано, изгледа застрашувачки големо. По отворањето на пакетот, сосема очекувана е реакција од видот „Леле колкаво е“. Сместен помеѓу два потпорни стиропори, се наоѓа Wind Top AE2220. Добар совет е, системот да не пробувате да го извадите од пакувањето во вертикална насока, бидејќи справувањето со неговата тежина и не е баш толку лесно. Откако ќе го извадите системот, во кутијата ке остане мала картонска кутија, која, покрај документацијата и потребниот софтвер, ги содржи и безжичните влезни уреди, односно тастатурата и глувчето. Уште на прв поглед се воочува главната карактеристика на овој систем. Само монитор. Задниот дел е всушност просторот кој ги содржи сите компоненти, додека пред-

Периферните уреди и не ви се потребни. Ова ветре се управува со допир

ниот дел е Widescreen дисплеј со 21.5-инчна диагонала во популарниот 16:9 формат,

совршено дизајнираното куќиште со димензии од 554.1 x 403.5 x 62.5 mm и тежина од скоро 13

Главниот адут на Wind Top AE2220 е всушност екранот, кој со својата Multi-Touch технологија, ја исклучува потребата од користење на стандардните влезни уреди како глувче и тастатура. наменет за приказ на 1080p Full-HD содржини. Целиот систем има изглед на голем монитор, благодарение на

килограми, изработено од бела пластика со сјаен финиш. Предниот дел, односно екранот го красат неколку детали.

На задната страна на екранот се наоѓа комплетна конфигурација

Најпрво, на горниот раб се наоѓа веб камера со резолуција од сосема доволни 1.3 мегапиксели. Десниот раб е закитен со налепница на која се истакнати поважните карактеристики, додека на долниот десен агол од мониторот се налепени производителите на компонентите кои го „возат“ овој модел. Во долниот дел, покриена со проѕирна заштитна пластика, се простира површина со мали дупчиња, под која се наоѓаат звучниците и која во средината, на сребренкаста основа, го носи логото на производителот. Мора да се напомене дека моќноста и квалитетот на звукот кој го произведуваат звучниците се подобри дури и од просечни компјутерски звучници, што е вистинска реткост кај слични системи. Околу куќиштето е додадена заштитна безбојна пластика, на која кај десниот раб се поставени сигналните диоди чија сина светлина одлично се распространува низ пластиката. Исто така, на десниот раб се наоѓаат и функциските контроли за мониторот. Просторот на левиот раб е резервиран за оптичкиот уред, придружен од две USB порти и 6-in-1 читач на мемориски картички. Горниот раб е покриен со сива алуминиумска решетка, под која, на десната страна, се наоѓа отвор, кој заедно со уште два отвори во задниот дел, овозможуваат достојно „луфтирање“ на системот. Во средината на задниот дел се наоѓа


click/хардвер/

Има се што ви треба и повеќе од тоа!

систем за потпирање, кој може да се постави под агол од 40 степени, со што се овозможува вертикално поставување на системот. Во задниот дел, покрај отворчињата за вентилација и системот за потпирање, обезбеден е посебен простор за сите потребни приклучоци. Множеството вбројува еден LAN приклучок, една eSATA порта, дигитален S/PDIF приклучок, HDMI порта, два аудио приклучоци (звучници/микрофон), три USB порти, VGA порта и како бонус, MSI на овој модел му поклони и приклучок за ТV-Tuner антена. Главниот адут на Wind Top AE2220 е всушност екранот, кој со својата Multi-Touch технологија, ја исклучува потребата од користење на стандардните влезни уреди како глувче и тастатура. Се работи за површина осетлива на допир чија функцио-

налност е надополнета со преинсталираниот софтвер и одличната поддршка на оперативниот систем. Овој модел доаѓа со инсталиран 32битен Microsoft Windows 7 Home Premium Edition оперативен систем, заедно со повеќе софтверски пакети од истата компанија, меѓу кои Microsoft Office 2007, Microsoft Works, Microsoft Touch Pack и Windows Live, како и неколку алатки од MSI и Norton Internet Security пакетот. Со користење на целата површина на екранот, чија резолуција изнесува 1920 х 1080 пиксели, како простор за навигација и On-Screen Keyboard алатката овозможена од оперативниот систем, во целост се исклучува потребата од користење на тастатура и глувче. Од друга страна, доколку ви се потребни влезни уреди, како што беше претходно спомна-

Ако не сакате да го допирате екранот, може да користите тастатура

то, во пакувањето се вклучени и безжичната MSI StarType E5500W тастатура и MSI StarMouse безжично глувче. Во поглед на хардверските компоненти, АЕ2220 наликува на просечен десктоп систем. Базиран на Nvidia Ion платформата, овој модел е „возен“ од Intel-ов Core 2 Duo процесор со брзина на такт од 2200 MHz и 2 MB L2 кеш меморија по јадро. Графичкиот подсистем вклучува Nvidia GeForce 9300 графичка картичка со 256 MB GDDR2 VRAM со работни фреквенции од 450 MHz на јадро и 800 MHz на меморија. Моделот располага со 4 гигабајти DDR2 системска меморија со работна брзина од 800 MHz, и истата ќе може да биде искористена целосно доколку се инсталира 64-битна верзија на оперативен систем. За „паметење“ на податоците се грижи 3.5-инчен SATA2 харддиск, чив капацитет од 640 гигабајти е доволен за чување на голем број mp3-јки и видео записи. Доколку вградените звучници не ги задоволуваат вашите апетити, MSI Wind Top АЕ2220 располага со 5.1 канален High Definition Audio звучен подсистем, кој ќе ви овозможи на него да приклучите комплетен surround систем. За да ги измериме перформансите на системот, проследивме серија синтетички тестови и резултатите кои ги добивме од Wind Top AE2220 се прикажани во приложената табела. Чуден и интересен, MSI Wind Top AE2220 е компјутер кој секој би посакал да го има. Доколку никогаш не сте работеле на сличен систем, навистина не можете да знаете колку забавно тоа може да биде. Wind Top AE2220 со неговиот Multi-Touch панел

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

2 години

ПРОЦЕСОР

Intel Core2Duo T6600 на 2.2GHz

МЕМОРИЈА

4 GB DDR2 800 MHz

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

Nvidia ION GeForce 9300, 256 MB

ХАРД-ДИСК

3.5” 640 GB SATA2

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

21.5-инчен Full-HD (1920 x 1080)

ОПТИЧКИ УРЕД

DVD Super-Multi / Blu-Ray DVD

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Microsoft Windows 7 Home Premium

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n, eSATA, 6-in-1 card reader, 6 x USB, VGA, HDMI, TV-Out, S/PDIF

ТЕЖИНА

12.78 Kg

ДИМЕНЗИИ

554.1 x 403.5 x 62.5 mm

ви дава контрола над десктопот, која делува футуристички и истовремено е многу интересна. Со само покажување и движење на прстите низ површината на екранот можете да разместувате прозорци, да извлекувате содржини од разни мениа, да променувате големина на слики, па дури и ракописно да

внесувате текст во програмите за уредување. Од друга страна, системот е потполно преносен, со единствена мана што е малку потежок. 5.1 каналниот звучен подсистем, заедно со Full-HD поддршката го прави овој модел совршена мултимедијална станица. l (Димитровски Мирослав]

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ

PC MARK VANTAGE

SISOFT SANDRA

EVEREST ULTIMATE

WINDOWS EXPERIENCE INDEX

Score

3998

Memory Score

2638

TV and Movies

2805

Music

5108

Gaming

2843

Aggregate Arithmetic Performance

18.24 GOPS

Dhrystone iSSE4.2

20.23 GIPS

Whetstone iSSE3

16.25 GFLOPS

CPU Queen

9296

CPU PhotoWorxx

6193

Memory Read

5647 MB/s

Memory Write

4241 MB/s

Memory Copy

4465 MB/s

Memory Latency

91.2 ns

Processor

5.7

Memory (RAM)

5.7

Graphics

4.8

Gaming Graphics

5.4

Primary Hard Disk

5.9

click јули 2010 17


click/хардвер/

Во боја која предизвикува Школката Eeee со реден број 1005PE ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Asus www.asus.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сет компјутери http://www.set.com.mk

Розовата боја делува нежно, но 1005PE е доволно моќен да ги заврши своите обврски

ЗА И ПРОТИВ

 Интересен дизајн  Адаптерот за безжично напојување е еден од подобрите на пазарот  Солидни опции за конекција  Батеријата не издржува 11 часа како што е декларирано ЦЕНА (со ддв)

• 21.317 ден. / 327,60 €

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично 22 click јули 2010

В

о палетата на Ееее брендот се направени повеќе од 30 различни модели во кои може да се пронајде секој жител на планетата. Од мали нетбучиња кои служат за гледање на слики до малку помоќни машинчиња кои слободно можат да се наречат лаптопи. Популарните школки во голема мерка се држат до првично трасираниот дизајн кој наиде на одобрување кај најголем дел од пазарот. Суптилно заоблени линии, тенко куќиште, пијано финиш нанесен на горниот капак и рамката на екранот, тачпад во боја на куќиштето и на крај избор на бои, кои покрај тоа што се гледаат, имате чувство дека можат и да се слушнат поради својот интензитет. За да ви го доловиме ова чувство решивме да ви ја претставиме розовата школка. Колку да се знае дека и зад најрозовата платформа може да се крие машинче подготвено да заврши многу работа. Поради својата димензија, овој тип на преносници во никој случај не би смееле да го споредуваме со класичен лаптоп, но за оние кои навистина имаат мали побарувања, ова би можело да биде соодветна замена. Базиран на

Intel Атом N450 (1.66 GHz ), 1005PE, во потполност ги искористува придобивките на PineTrail платформата па слободно може да се пофали дека е навистина економичен кога е во прашање потрошувачката на електрична енергија. Моделот кој го имавме на тестирање беше со 1 GB

серверот на Asus. Но овие работи се некако споредни, затоа што вакви кукли како што е оваа розова школка треба да се гледаат и да бидат видени. А за гледање овде е задолжен 10 инчниот сјаен дисплеј во WSVGA изведба со резолуција од 1024X600 за кој во ситуации кога нема директно светло имаме само зборови на пофалба. Делот каде што затајува е јакото сонце кога сте на отворено или јакото светло. Во такви ситуации многу повеќе и многу појасно можете да ја видите сопствената рефлексија, од содржината на екранот. Ние се снајдовме, и надвор го користевме под чадор за сонце, вие можете да го следите нашиот пример или да си најдете сопстве-

Во палетата на Ееее брендот се направени повеќе од 30 различни модели во кои може да се пронајде секој жител на планетата. Од мали нетбучиња кои служат за гледање на слики до малку помоќни машинчиња кои слободно можат да се наречат лаптопи. DDR2 RAM меморија но оваа серија има изведба и со 2 GB меморија. Капацитетот на хард дискот е стандардни 250 GB со тоа што корисниците добиваат и дополнителни 500 GB бесплатен простор на

но решение. Еее нетбуците се одлично решение за сите оние кои сакаат комуникација од секаков вид. Адаптерот за безжично поврзување е еден од подобрите кои сме ги користеле. Успеа да ги лоцира и препознае и мрежите со многу слаб сигнал а дополнително, конекцијата ја одржуваше стабилна и во услови кога го шеткавме натаму наваму. Вградените микрофон и 1.3 MP веб камера овозможуваат едноставно воспоставување на видео

повици. Иако не е наменет за канцелариско работење, сепак овој модел има тастатура која одлично лежи на прсти и има извонредно брз одзив. Тачпадот е мултитач изведен во бојата на куќиштето и е изведен од рапав материјал по кој се раликува од остатокот од куќиштето. При изборот на ваков тип на преносник, како важни се наметнуваат два фактори: изгледот и независноста од електрична енергија. Кога е во прашање изгледот, тешко дека некој ќе му најде недостаток на Eee , а кога сме кај независноста, тогаш овој дел мора да го разгледаме подетално. Имено, благодарение на Pine Trail технологијата, овој преносник кој има батерија со шест келии е многу економичен кога е во прашање потрошувачката. Сепак 11-те часови независност декларирани од производителот тешко дека се постигнуваат во редовни услови на користење. Во нормален мод на работа со стандардно осветлување на екранот и не така јаки побарување (стандардно сурфање, гледање на неколку клипчиња од Youtube, средување на фармата на FW слушање музика, прегледување на слики и сл активности) полната батерија комплетно се исклучи по 9 часа и 11 минути. Но кога решивме истата батерија да ја предизвикаме со големи мултимедијални фајлови (читај филмови), тогаш нејзината снага откажа по само 7 часа работење. Да се разбереме, оваа независност, споредена со стандардните преносници е извонредна, но сепак би сакале во скоро време да видиме вистински 11 часа независност. l (јулијана прчковска)


click/хардвер/

Големината е сепак важна XEROX XM7-26W го докажува тоа ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Xerox www.xerox.com.mk • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сет Компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ

    

Огромна дијагонала Одлична слика Доволно модови за нагодување Звучниците се просечни

ЦЕНА

• Цена 21.430 денари

Дизајнот е едноставен а димензијата импозантна

Е

динствен критериум за да го одбереме XEROX XM7-26W за овој приказ, е неговата дијагонала од импресивни 26” или по нашки, 66 sm. Денешната технологија на изработка на TFT панели за било кој монитор гарантира одлични карактеристики, така да изборот единствено преостанува да се направи по деталите кои го прават мониторот уникатен

за поквалитетно дигитално спојување мониторот може да се спои преку DVI-D и HDMI приклучок и кабел. Самото поврзување е лесно и интуитивно, но за секој случај во внатрешноста на кутијата се наоѓа “Quick install” упатство, ЦД со драјвери и детално упатство. По поврзувањето и вклучувањето преку командните копчиња кои се скриени во алуминиу-

Првиот допир со XEROX XM7-26W е преку неговата амбалажа, која по габаритот повеќе потсетува на амбалажа од климатизер, а не од монитор. Но XEROX XM7-26W не е било каков монитор! Еден e од најголемите на македонскиот пазар.

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Неважно дали ќе користи за сериозна работа, или за уште посериозно играње, ова е ултимативен монитор кој никого не остава рамнодушен

26 click јули 2010

или ги задоволуваат специфичните потреби. А во случајот на XEROX XM7-26W, тоа е огромната работна површина. Во цврстата кутија, мониторот доаѓа комплетно подготвен за употреба (нема потреба од никакво склопување на носачи иако постои можност панелот да се одвои од носачите) со соодветните кабли за спојување на струја, аудио и видео (кабел VGA D-SUB), иако

мската лајсна, мониторот не поздравува со црвено XEROX лого на екранот и забавата може да почне! XEROX XM7-26W се одликува со класичен дизајн, правоаголник со 3 сантиметарска црна рамка, комплетно заштитен со XShield заштитно стакло кое иако е сјајно, има зачудувачки низок степен на рефлексија. Нормално, со извор на светлина кој директно би бил насочен кон монито-

рот би било тешко да се работи, но во секојдневната употреба, дисперзираната дневна светлина воопшто не претставува проблем. Сликата која овој монитор ја генерира е над очекуваното. Јасна, со одличен контраст и живи бои, совршено се прилагодува и при канцелариско работење (Office) и за време на играње (Need For Speed, заради својата динамика, интензивен колорит, истовременото присуство на темни и светли делови на сликата изгледа феноменално), лечење на живци (Solitaire за Old School или Farmville за New School ) или при уживање во мултимедијални материјали (било кој IMAX филм во FullHD задишува со полни гради на овој монитор). Сликата е надополнета со звукот од вградените звучници кои одлично се справуваат со било кој материјал и се доволно гласни за секојдневна употреба. Во случај да има потреба сликата да се прилагоди кон специфичните барања и вкусот на корисникот, истото е лесно да се направи преку четирите предефинирани модови на нагодување, а за уште попребирливите, можно

е да се изврши фино нагодување боја по боја. Сето претходно кажано е на место, но е небитно пред најважната карактеристика на овој монитор. Во моментот кога ќе се отвори првиот документ или цртеж, работниот простор влева стравопочит. Со резолуција од 1920 х 1200 која сама по себе е импозантна, и на секоја друга помала физичка големина на екран е повеќе клетва отколку благослов (кој пробал да работи на монитор со голема резолуција, но мала дијагонала знае каква мака е читање ситен текст), овој монитор најпосле го овозможува она што со децении ни го ветуваат. Мултитаскинг во вистинска смисла на зборот. XEROX XM7-26W се користи така што, во ист момент се отворени повеќе прозорци од различни или исти програми и сите се истовремено достапни за работа без потреба за менување на големината. На пример, отворен PDF документ е идентичен со А4 лист хартија. А место има уште многу! Неважно дали ќе користи за работа, или за уште играње, ова е монитор кој никого не остава рамнодушен. l (ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1050 дена

ЕКРАН

26” (66 cm)

РЕЗОЛУЦИЈА

1920 х 1200 пиксели

КОНТРАСТ

750:1/3000:1 (Dynamic)

ОСВЕТЛЕНОСТ

250 cd/m2

ОДЗИВ НА ПИКСЕЛИТЕ

5 ms

КОНЕКЦИЈА

1 x VGA (D-SUB), DVI-D + HDMI

ТЕЖИНА

8.3kg

ДИМЕНЗИИ

613,2x472,5x218.9


click/хардвер/Sagem_Puma/

SAGEM PUMA – не е како другите телефони Пумата Дилан, црвената боја и сонцето ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Sagem http://www.pumaphone.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ONE http://www.one.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Концепт  Опременост  Дизајн ЦЕНА

• 9.900 денари со Mobile Postpaid XL

ОЦЕНА

9/10

S

agem е компанија која се занимава со телекомуникации и мобилни телефони веќе години наназад, секогаш во некои свои стандардни рамки односно златна средина што би се рекло. Трендот или желбата да се исфрли нешто ново на пазарот, да се биде различен а со самото тоа прв и единствен во сегментот на мобилната телефонија не е воопшто лесно. Посебно денес кога на пазарот има толку многу играчи и новитетите се нижат како на филмска лента. Sagem се потруди да биде единствен и иновативен на тој начин што склучи стратешко партнерство со Германскиот гигант во производство на спортска опрема PUMA. Партнер-

Младешки дизајн и интересни опции

технолошки достигнувања (за тој дел секако е задолжен Sagem) и изглед, дизајн и брендинг

Интересен спој на технологија и спортски бренд. Францускиот технолошки гигант SAGEM и германскиот производител на спортска опрема PUMA на пазарот го претставија PUMA PHONE паметен мобилен телефон базиран на се по бараниот Android

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Не конвенционален, но и добар мобилен телефон. Храбар маркетинг потег на производителот Sagem и носителот на брендот Puma.

36 click јули 2010

ството се однесува на правење и исфрлање на пазарот на нов модел на мобилен телефон кој ги содржи сите достапни

(делот кој и припаѓа на PUMA). Брендингот во денешниот свет значи многу, во одредени кругови и многу повеќе

од самата вградена технологија, токму таа е наверојатно и мислата која ги водела овие две компании кога го создавале овој мобилен телефон. Штом во раце ќе ви дојде кутијата со овој мобилен телефон веднаш ќе ви стане јасно дека PUMA е одговорна за комплетниот дизајн од пакувањето во кое доаѓа мобилката па се до самата мобилка. Кутијата е максимално едноставна, да не речам аскетска направена од картон кон наликува на оној во кој ги добивате вашите PUMA патики, најверојатно за да се потврди целиот филм околу името и брендот и секако да се потенцира еколошката освестеност на брендот. Во пакет со телефонот одат најосновните додатоци од типот полнач (за во струја и компјутер, USB варијанта, слушалки и крпче за бришење. Доминацијата на црвената боја во сите додатоци не застанува овде, штом го вклучите телефонот повторна доминација на црвена боја, се е црвено. При стартувањето на телефонот се појавува една PUMA, која маркетинг тимот ја крстил Dylan, и истата одвреме

навреме (при палење, гасење) проаѓа по екранот. Кога го стартував телефонот се изненадив за неколку работи. Прво СЕ е црвено, многу аскетското и едноставно мени дури делува разочарувачки, второ оперативниот систем е комплетно локализиран на кирилица и Македонски јазик што донекаде е добро, но некој морал да поработи на преводот, има премногу грешки па неретко се случуваше да се насмеам за преводот. Сепак не е се така црно, има овој мобилен уред и свои добри страни и можности. Новитет воопшто на пазарот представува соларната келија која се наоѓа на задната страна од уредот и овозможува полнење на батеријата на истиот. Доволно е да го поставите уредот од неговата задна страна кон сонцето и истиот веднаш започнува да се полни. Штом сензорот ќе регистрира дека вле-

Доволно е малку сонце за да бидете достапни


click/хардвер/Sagem_Puma/

Sagem Puma доаѓа во пакување изработено од рециклирана хартија

гува доволно светлина, сијаличката во облик на сонце започнува да трепка и интегрираниот бројач започнува да мери колку бесплатни минути разговор или СМС пораки ви обезбедило сонцето, односно ви се за џабе. Оваа можност навистина може да ви се најде доколку во моментот немате полнач а имате проблем со нивото на вашата батерија. Системот беспрекорно ќе даде предност на GSM функционалноста на уредот доколку нивото на енергија во батеријата е загрижувачко, и количината на енергија која се добива преку соларниот панел прво ќе се искористи за главните функции. Генерално гледано PUMA е доста ергономичен уред со модерен и младешки дизајн. Како и другите модели

кои ја следат филозофијата на екрани осетливи на допир и овој уред нема претерано многу копчиња на себе, поточно покрај стандардните странични има само три копчиња на својата предна страна. Секое од тие копчиња има своја улога во одредено мени, но главната акција се случува на самиот екран. Истиот е TFT, прикажува 256К бои во резолуција од 240 x 320 пиксели, одлично одговара на сите команди кои ќе му ги зададете и е доста прецизен. Од сензорите тука е веќе стандардниот акцелерометар кој го овозможува автоматското ротирање на екранот како и дигиталниот компас. Од аспект на расположливи ресурси PUMA располага со можност за користење на microSD мемориските картички

до 8 GB. Во пакетот со телефонот доаѓа картичка од 2 GB, со една мала негативност, за да ја ставите картичката или да ја замените истата мора даго отворите задниот капак на телефонот. PUMA е спремна за видео разговори, поседува две камери, едната главна која се наоѓа на задниот дел од телефонот и е со јачина од 3.15 MP(2048 x 1536 пиксели) и LED блиц, а втората е со стандарден VGA квалитет. Можностите за пренос на податоци се тука и тоа GPRS со класа 12, EDGE исто така со класа 12 како и 3G преку HSDPA. Мал минус е неможноста за користење на WLAN, но најверојатно е тешко се да се спакува во мало куќиште па се надевам дека дизајнерите знаат најдобро зошто ова го изоста-

виле. Работата со овој мобилен телефон е се, само не стандардна и обична, токму тоа е и главното мото кое е испишано на упатството “I’m not like all those other phones” (Јас не сум како тие другите телефони). Lifestyle модот на работа на PUMA претставува навистина ново искуство, црвената боја доминира, како и големите цифри и букви, нема многу графика и шминка се е едноставно и многу лесно за користење. Основниот екран се состои од омилените или пак најчесто користените апликации, потоа следат екранот со PUMA апликации и екранот со стандардните апликации кои ги има секој телефон од овој ранг. PUMA апликациите се поврзуваат со GPS сензорот на мобилката и служат за презентирање на вашите успеси кога спортувате. Дали трчате или возите велосипед, со помош на овие апликации овој телефон се претвора во уред за мерење на истрчани или извозени километри, постигната

брзина (просечна или најголема) како и потрошени калории за цело времетрање на вежбата или во одредени сегменти на истата. Тука се и PUMA сервисите кои ќе ви овозможат преземање на мултимедијални содржини па се до пронаоѓање на официјална PUMA продавница во вашата близина. Незнам како овој уред би се позиционирал кон бизнис апликациите кои во голем дел претставуваат водилка кај озбилните мобилни уреди, но сепак сметам дека и овој уред ќе има своја публика. Секој кој живеа во спортски стил, многу спортува и се однесува трендовски ќе биде заинтригиран од овој мобилен уред. Секако дека ние ќе му дадеме позитивна оценка, ако ништо друго токму поради фактот дека не следи стереотипи. Честитки за храброста која ја покажуваат Sagem и Puma во обидот да презентираат нешто ново. l (ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

СПЕЦИФИКАЦИИ Оперативен систем

Android

ЕКРАН

2.8-инчен со резолуција 240 х 320 осетлив на допир

Поврзување

GSM, GPRS, EDGE, HSDPA

Камера

3.15MP

Меморија

microSD до 8 GB, 2 GB вклучено

Тежина

115 гр.

Димензии

102 x 56 x 13 mm

Црвено црната комбинација е заштитна за овој телефон

click јули 2010 37


38 44 46 48 49 50 52 54

Патувајте безбедно 10 GPS апликации Windows Live Essentials Wave 4 ACDSee Photo Manager TaskMerlin Collector Movie Database Time Traveler Comodo Internet Security How to - Шаблон за поставување слики во Illustrator CS5

56 58 60 62 63 64

Go Go Gooooogle HTML 5 Firefox 4 beta Foursquare 5 локални веб дестинации Фељтон: Xerox

click/софтвер/

10 GPS апликации за паметни телефони Вистинскиот маж секогаш го знае патот и секогаш знае каде вози. Сепак одвреме навреме тој можеби ќе скршне од вистинскиот пат, “за да проба некоја алтернатива “ по која сигурно се стигнува до зацртаната дестинација. За вистинската жена е јасно, таа тешко се снаоѓа со карти и мапи, но нема проблем да праша. Ова се стереотипи кои долго време владееја во светот на возачите. Но, малите GPS уреди и напредните опции на паметните телефони за секогаш ги променија овие ситуации. Денес, да се изгубиш е навистина уметност. 38 click јули 2010

Н

ашите предци пред илјадници години биле принудени да преземаат прилично радикални мерки за да не се изгубат. Граделе монументални споменици видливи од големи далечини, кои им служеле како патокази, научиле да ги препознаваат насо-

ките според природните обележја, научиле да ги читаат ѕвездите и со огромни напори започнале да ги составуваат првите карти. Денес работите се поинакви. За 200 евра може да се купи преносен уред на кој му требаат неколку мину-

ти за да ви каже, каде точно на земјината топка се наоѓате. Се додека имате GPS приемник и јасно небо над вас не сте изгубени! Иако GPS технологијата не е нова и е често апсорбирана тема, во продолжение ќе ги објасниме основните


click/софтвер/тема_на_број/

Сателитите тежат од 800 - 1000 килограми и се напојуваат со сончева енергија. Секој сателит е програмиран да направи по два комплетни круга во рок од 24 часа.

постулати според кои таа функционира и ќе ви дадеме насоки како да го извлечете најдоброто од неа. Иако се работи за робусна скапа и мошне комплицирана технологија, фундаменталните принципи според кои функционира GPS (Global Positioning System) се едноставни и интуитивни. Што е GPS Кога некој ќе спомне GPS обично помислуваме на GPS применик. Но Global Positioning System (Систем за глобално позиционирање) е нешто многу поголемо. Тоа е пред се констелација од 27 сателити, кои орбитираат околу земјата (24 се константно оперативни, а три се резервни доколку некој откаже). Сателитите емитираат радио сигнали, кои ги “ловат“GPS

Кога некој ќе спомне GPS обично помислуваме на GPS применик. Но Global Positioning System е нешто многу поголемо. Тоа е пред се констелација од 27 сателити, кои орбитираат околу земјата (24 се константно оперативни, а три се резервни доколку некој откаже). Сателитите емитираат радио сигнали, кои ги “ловат“GPS примниците од земјата.

Приемникот треба да лоцира најмалку три од видливите сателити и врз основа на математички пресметки да ја одреди локацијата

примниците од земјата. Овој систем е развиен и имплементиран од страна на американската војска како воен систем за навигација, но по кратко време на ограничено користење системот е отворен за целиот свет. Секој од овие сателити кој патем тежи по 850- 1000 килограми и се напојува со сончева енергија ја заобиколува земјата со патека од околу 19,300 km. Секој сателит е програмиран да направи по два комплетни круга во рок од 24 часа. Орбитите се дизајнирани на тој начин, да во секое време од било која точка на земјината топка, на небото има најмалку четири видливи сателити. GPS приемникот има задача да лоцира најмалку три од видливите сателити, да ја пресмета нивната оддалеченост и врз основа на тие пресметки да ја одреди локацијата. Оваа операција се базира на едноставен математички принцип кој се нарекува трилатерација. Информациите добиени од сателитите, придружени со прецизни мапи на локациите даваат многу реална слика за тоа каде точно се наоѓате. Врз основа на оваа технологија денес е развиена цела индустрија. На пазарот се наоѓаат многу различни изведби: од локатори кои се користат во воената индустрија, локатори кои ги користат компаниите за транспорт, па се до уреди за широка потрошувачка кои можат да се купат во секоја поголема продавница за електроника и се разбира неизбежните паметни телефони. Со оглед на тоа дека сите тие користат иста технологија и исти сателити,

разликата помеѓу нив е во квалитетот на приемникот и придружниот софтвер односно мапите. Поквалитетните приемници ловат поголем број на радио сигнали, кои, како што напишавме погоре, ги емитираат

(испуштаат) сателитите. Дополнителен елемент од кој зависи квалитетот на некој GPS уред е апликацијата која прави обработка на добиените информации и прецизноста на мапите имплементирани во уредот. Како што прецизна мапа може да ве однесе на вистинската локација и во најневозможни услови, така лошо изведената мапа може скапо да ве чини. Затоа, ако планирате да ги потиснете вродените инстинкти за ориентација и насоките да и ги препуштите на модерната технологија, не штедете. Изберете уред од реномиран производител, со квалитетен приемник и прецизни мапи, редовно надградувајте ги мапите и за секој случај, следете ги и сообраќајните знаци. Првично позиционирање TTFF – Time To First Fix

Како што веќе напомнавме, сателитите click јули 2010 39


click/слободен_софтвер/

HTML 5 – новата Веб транзиција H

TML или HyperText Markup Language е нешто со кое секојдневно имате контакт но на транспарентен начин, тоа воопшто не го ни забележувате. Веб страниците и дел од документацијата за одреден софтвер инсталиран на вашиот компјутер се базираат на овој јазик. Вие го гледате само крајниот производ на она што прелистувачот ви го прикажува. Кога отворате www. google.com – во позадина се случува процес кој го овозможува прегледувањето на апликацијата во прелистувач како што е Mozilla Firefox или сл. Така вие имате пристап до веб страниците на многу сервиси, компании итн. Целата философија зад сето ова се

базира на Интернет технологијата која е достапна од почетокот на самите 90ти години на минатиот век. Без да навлегуваме во тајните на протоколите кои стојат за претставувањето на веб страниците до вашиот прелистувач ќе споменеме само дека процесот на преземање на податоци од сервер (или технички кажано – правење риквести/барања до серверот) не е воопшто тривијален. Сето тоа има прецизно одредени правила до кои технологијата која стои зад Интернетот се „придржува“. Она што нас во случајот нé интересира е HTML и неговата тековна еволуција во HTML 5 – новата генерација на ресурсите распоредени на глобалната www мрежа. Доколку посетите некој сајт, вашиот прелистувач може да го прикаже HTML кодот од кој е добиена таа страница преку опцијата View Source (десен клик → View Source). HTML кодот од 58 click јули 2010

кој најголемиот дел страници се изработени се базирани на последните верзии на HTML, 4.01 или пак XHTML 1.1. Новите подобрувања на самиот HTML како јазик носи новитети од аспект на интерактивноста што корисникот би ја имал со презентацискиот слој – веб страната која ја посетува. Така со текот на времето одејќи историски од самиот почеток на развој на HTML како веб стандард, се ставало акцент врз овозможување на функционалности кои се од корист за крајните корисници или пак во краен случај побарани од самите нив (секако со добро поддржано објаснување и идеја). Во новата ера на веб решенија се доаѓа во моментот кога интеракцијата на корисникот со веб решението не би требало да се заоснова на нетранспарентно решение како Adobe Flash или пак Microsoft Silverlight. Она што мнозинството слободни решенија или (да ги наречеме) веб модули го нудат (пр. JavaScript како јазик и сите негови еманации). Една од големите разлики кои неслободните решенија ги нудат како што се горе-споменатите две, е тоа што за да вие гледате HTML5 страница со сé она што преку новата верзија се нуди, не ви е потребно да инсталирате дополнителни плагини и софтвер за да можете да пристапите до овие ресурси.

HTML кодот кој стои позади Google

<canvas> елементот пак овозможува динамичко, скриптабилно рендерирање на 2D форми и слики (битмапи)

Потребно е само прелистувачот кој го користите да има можност за „обработка“ и прикажување на HTML 5 страни, што e најчесто случај со сите последни верзии на познатите и најкористени веб прелистувачи. Историски, првите спецификации од интернационалната организацијата за стандарди (ISO) излегоа во, веќе далечната, 1986г. како спецификација за јазикот SGML. Со ова беше покриена потребата за презентирање на документи на платформски-независен начин. Потоа битен момент за развојот

на www мрежата е 1989г. или предлогот даден од страна на Tim Berners-Lee за систем на документи хипер-текстуално поврзани. Ова доведе до создавање на HTTP како протокол кој стои зад претставувањето на овие документи од серверите до компјутерите на крајните корисници, како и до дефинирањето на т.н. URL или ресурсни локатори (шема за адресирање) и самиот (за првпат) HTML. Името е потврдено како такво дури во 1990г. Интересен податок е дека на самиот почеток www мрежата можела да презентира само текстуални датотеки. Исто така битен дел од развојот на целокупниот веб екосистем е војната која во 90тите изби меѓу двата најкористени прелистувачи, Netscape и Internet Explorer популарно наречена The Browser Wars. И двата ентитети имаа штета која се чини повеќе ја нанесоа на корисниците отколку на самите себе (затоа што ги оштетија своите производи додавајќи нови и непроверени функционалност без поправање на постоечките проблеми). Во затишјето кое настапи по најголемите препукувања Netscape крахираше, но со оглед на отвореноста на кодот на


click/слободен_софтвер/ овој прелистувач се појавува нова светлина во светот на прелистувачите преку никулецот на Mozilla – Firefox.

за локација вклучуваат не само GPS уреди, туку и мрежни сигнали како што се IP адреси, RFID, WiFi и Bluetooth MAC адреси. Сега секој ќе знае каде сте.

Со таа динамика на развој, со многу подеми и падови, мрежата стигна до моментот кога корисникот ќе може да гледа 3D ефекти, видео итн. Мрежата стигна до HTML 5.b Конкретно - HTML-5 Во моментов HTML 5 сé уште е во развојна фаза. Не можеме да кажеме дека конечно сме добиле верзија која е во состојба, онака како што архитектурално е дизајнирана во нејзиниот зачеток. Сепак можеме да дадеме краток осврт на тоа што е HTML 5, што можеме да правиме со него и што да очекуваме во иднина. Повеќето од новите елементи во HTML 5 се директно поврзани со содржината, структурата и типовите на информации. Структурата на новите видови содржини вклучуваат <section>, <article>, <aside>, <hgroup>, <nav>, и <figure>. Нови информативни типови на елементи вклучуваат <video>, <audio>, <meter>, <time>, <details>, и <summary> итн. Поголемиот дел од тековната дискусија за овие елементи се однесува на нивната употреба во блог постови или написи. Примерите кои што ќе ги споменеме се предвидени со цел да се објасни како даден елемент импактира ваш напис или веб страница која вие ја одржувате, развивате итн. И на страната за стандардиза-

HTML 5 стуктура

Mожност за проследување видео преку HTML-5

ција на вебот, W3C за елементот <article> посочува на блог запис. Клучни елементи Еден од клучните елементи кога станува збор за HTML-5, претсавува тагот <article>, кој претставува одвоено парче на содржина на вашиот сајт. Една од за мене најголемите измени или новитети кои доаѓаат со HTML-5 претставува и <video> тагот. Овој таг овозможува презентирање на видео содржини со заобиколување на потребата од постоење на Flash плагин за пуштање на видеа. Имено, овој таг веројатно е една од најголемите причини што неодамна се развиори битката меѓу Adobe и Apple во однос на отфрлањето на поддршката за Flash во новите Apple производи (iPhone, iPad итн.). Во моментов поддршката не е целосна и сосема ефективна како што е случај со Flash, но овозможувањето на овој елемент да „емитира“ видео записи одреден дел од познатите веб сервиси веќе го искористија за свои beta промоции како можност за проследување видео преку HTML-5 (пр. Youtube). <canvas> елементот пак овозможува динамичко, скриптабилно рендерирање на 2D форми и слики (битмапи). Неговото функционирање

претставува процедурален модел од пониско ниво кој постојано ажурира прикажана битмапа без интегрирана графичка сцена за исцртување. На овој начин можете да правите веб апликации од различен вид кој ќе овозможи целосно GUI интегрирање во интерес на самиот корисник. Од поапстрактните функционалности кои се раѓаат со HTML-5 интересна е можноста за креирање на нишки или threading на ниво на веб прелистувачи преку т.н. Web Workers. Одделни нишки кои работат во позадина се користат за процесирање без никаков импакт во процесирачката моќ на страната и прелистувачот. Ова е особено корисно за веб апликации кои се потпираат на потешко процесирање за добивање даден резултат. Засега, според многу прегледи и бенчмаркови кои се имаат појавено на Интернет, Firefox >3.5 има најдобра имплементација на предложените функционалности. Кеширање на апликации (Application caches) е можност за чување на веб апликациите локално, исто како што ги чувате и пораките од вашата е-пошта локално на вашиот компјутер (симнати преку некој клиент за е-пошта. Google gears е еден ваков пример, користи HTMl-5 за пристап до Gmail офлајн. За крај ќе ја споменеме уште и можноста за геолокација или геотагирање преку Geologcation API-то. Преку ова API можеме да дефинираме информација за дадена локација и со помош на интерфејс од повисоко ниво (мислете на GPS) сето тоа да го прикажеме на уредот кој го користи API-то. Изворите за информации

Сето ова изгледа одлично и премногу амбициозно. Впрочем многу чекори во развојот големите технологии на самиот почеток делувале како да ќе ни требаат 20 години за тоа да дојде („на секој ќе му се доволни 640кб меморија“ --Бил Гејтс). Но историјата го покажала сосема спротивното. Јазолот од големата временска рамка за доаѓање до HTML5 решенија може да се набљудува од аспект на краен и бизнис корисник. Многу бизнис корисници нема да имаат интерес да интегрираат или пишуваат од почеток решение за нивниот производ во HTML-5 кога за досегашните решенија се вложени многу ресурси, финансии и време. Но од аспект на краен корисник, секако дека сервисите кои ги

Геотагирање преку Geologcation API

користат крајните корисници како основа на бизнис модел со големо задоволство би прифатиле миграција на нивните производи на HTML-5 базирано решение. Најголемиот дел на веб прелистувачи веќе ги поддржуваат поголемиот дел функционалности на HTML-5, особено Firefox и Opera (кои практично водат жестока битка за тоа кој попрво ќе интегрира дел од решенијата што HTMl-5 ги нуди). Практично сите прелистувачи во нивните последни верзии имаат поддршка за HTML, па дури и, верувале или не, IE8. Единствено, проблем би била споменатата временска рамка на повеќе од 20г. старата www мрежа. Колку време би било потребно да сите решенија преминат на HTML-5 и дали воопшто ќе поминат е прашање кое никој нема да го одговори во доследно време. l (Александар Д. Балаловски]

click јули 2010 59


click/интернет/

Новата лисица ги покажа забите Првата бета на Firefox 4- најавените промени конечно на виделина

Новиот изглед “мириса“ на Хром

Ч

етвртата верзија најавува плагијаторски афинитети кога е во прашање дизајнот и радикални промени во заднинските операции. Што од прикажаното ќе остане до финал-

во очи, по што на ред доаѓа чувството дека сето ова веќе сте го виделе. Да не должиме, новиот дизајн на интерфејсот на Firefox, во кој табовите се сместени на врвот на страната е еднос-

Четвртата верзија најавува плагијаторски афинитети кога е во прашање дизајнот и радикални промени во заднинските операции. ната верзија останува да видиме. Дотогаш можете да ја пробате бетата но, на сопствен ризик. Колкави зависници од интернет сме, ќе ни укаже и фактот дека за првата јавна бета на некој прегледник отстапуваме цела страница. Но од друга страна, знаејќи ја популарноста која овој прегледник ја има и во светски рамки, и секако земајќи ја предвид жестоката битка која се води помеѓу конкурентите и првата бета е настан. Промената на изгледот е првата работа која што паѓа 60 click јули 2010

тавно копирање на Chrome. Се чини дека, иако млад по стаж, овој прегледник успеа на пазарот да му ги наметне своите минималистички стандарди. Колку и да го сметаме за неинвентивно ова решение, од друга страна тоа си има свои добри страни, кои еднаш откриени не би требало да останат неупотребени. Имено, поставувајќи ги новите табови на врвот на главниот прозорец, се ослободува завидна димензија на работен простор кој дизајнерите на веб страници ќе можат да го искористат за креирање

на содржини. Во прилог на аскетскиот минимализам оди уште еден елемент кој е повторно позајмен, но овојпат од жестокиот ривал Microsoft. Слично како во најновиот Internet Explorer, менијата се скриени (повторно се штеди на простор) и се повикуваат со притискање на копчето Alt, а бројот на копчиња кои се прикажани е сведен на

минимум. Според реакциите на заедницата која активно ја тестира новата бета, опцијата табовите да бидат на врвот на страната е релативно прифатлива, но сите се согласуваат дека скриените менија предизивикуваат сериозни проблеми во работењето. Ова посебно се однесува на корисниците со фотографска меморија, кои рутински пристапуваат кон опциите. Официјално, постојат најави за додавање на динамички контекстуални менија, кои би се појавувале во зависност од типот на содржината која се прикажува. Уште една промена која е позајмена од Chrome е интегрирањето на Extension Manager во главниот прозорец, со што се овозможува побрзо и полесно управување со додатоците.

Табовите се качени горе, бројот на копчињата е сведен на минимум

Но во овој случај може да се постави прашањето кои додатоци?? затоа што постои веројатност голем дел од постоечките плагини воопшто да не работат со новата верзија. Како прилог на оваа претпоставка оди и известувањето дека на развивачите ќе им се понуди нпов SDK за развој на новите додатоци. Иако уште од 3.6 верзијата, Firefox има основна поддршка за HTML5 и CSS3 сепак, она што е имплементирано во новата верзија, претставува комплетно фаворизирање на оваа технологија. Инаку стариот енџин Gecko, кој го држи Firefox уште од самите почетоци, конечно ќе доживее комплетен ремонт за да може прегледникот да се носи со предизвиците кои ги наметнаа новите верзии на Opera и IE. Новиот енџин


click/интернет/

Зајакната сигурност. Можност за приватно сурфање

ќе има поддршка за Web Socket и Index dDB, со што е овозможено локално складирање на податоците од апликациите кои користат cloud технологии. Интересен напредок е

постигнат и на полето на хардверското забрзување на вчитување на страниците. Бидејќи е се уште во пробна фаза, оваа опција не е автоматски активирана, туку од корисникот

бара накнадно вклучување. Во овој процес се користи DirectX односно DirectWrite API-то на Vista и Win7, без разлика на тоа каков графички чипсет има компјутерот. Користењетро на хардверското забрзување функционира. На неколку тестови кои се направени врз страници кои користат HTML5/CSS3 стандарди, Firefox 4 b1 покажал значително подобри резултати од Chrome. Притоа, Chrome направил и неколку грешки во приказот, што не било случај со Firefox. Конечно сите ќе се согласат дека покрај играњето, конечно графиката ќе се „занимава“ со нешто паметно. Се разбира сето ова ќе треба да се доработи малку повеќе, затоа што

некои елементи на момент знаат да дадат спротивен ефект, но дефинитивно, во иднина треба да очекуваме многу побрзо работење. Иако се работи за прва

ците и прилагодувањата не функционираат. Затоа нејзиното преземање е на ваш ризик, а доколку сепак се решите да ја пробате, во ниту еден мо-

Ако ја инсталирате бетата тоа го правите на споствена одговорност. Не е стабилна, се руши, јавува грешки.

бета, понудената е релативно стабилна. Она што е поголем проблем е фактот дека голем дел од додато-

мент не планирајте вашето сурфање да го потпрете на Firefox 4 b1. l (јулијана прчковска)

click јули 2010 61


click/интернет/

Препораките се важни Foursquare игра на таа карта Симбиоза од социјална мрежа и игра која се одвива во реално време, со опции да станете виртуелен Мајор на некој локал и да добиете реален попуст во истиот се главните одлики на Foursquare.

В

о морето на веб сервиси и услуги веќе станува невозможно да бидеш забележан се додека не направиш нешто корисно и интересно, или не направиш некоја голема глупост. За жал не постои правило според кое компаниите ќе можат да се водат, за да бидат сигурни дека нивната понуда ќе наиде на добар прием кај корисниците, но во последниве години се наметнува чувството дека внесувањето на елементот на социјално вмрежување во било кој сегмент или услуга која се нуди, претпоставува успех во 99%. Врз оваа шема и претпоставка е изградена и мобилната социјална мрежа Foursquare. Користејќи ги придобивките на GPS и се поедноставните опции за геолокација Foursquare се обидува да ги пронајде и спои пријателите кои

со кој и на корисниците со обични телефони им овозможуваат пристап до услугите. Принципот на функционирање во голема мерка потсетува на игра која се одвива во реално време и поради тоа полека но сигурно почнува да ги заразува корисниците. Како што напомнав, основната намена е да ви помогне да ги пронајдете вашите пријатели (кои исто така се корисници на Foursquare). Но со текот на користењето и развојот Foursquare постигнува еден нов квалитет кој воопшто не бил дел од првичната замисла. Постепено почнува да функционира принципот на препораки и денес ова е еден од најрелевантните сервиси на кои би требало да побарате совет за тоа каде е најдоброто кафе во Лондон, каде се јадат најдобрите шпагети во

Врз оваа шема и претпоставка е изградена и мобилната социјална мрежа Foursquare. Користејќи ги придобивките на GPS и се поедноставните опции за геолокација Foursquare се обидува да ги пронајде и спои пријателите кои се наоѓаат на исти или блиски локации. се наоѓаат на исти или блиски локации. Сервисот има развиено апликации за сите поголеми платформи за паметни телефони, а во Америка имаат изградено систем, 62 click јули 2010

Рим, во која книжарница има добар избор на стручна литература и сл. Се разбира сето ова е поткрепено со мапи на кои се означени овие локации. Една од зацр-

Бројот на локациите од Македонија кои се обележани на Foursqare е мал, но веќе имаме неколку Мајори

таните целите кон кои се стреми овој сервис е да собере информации за што е можно повеќе локации и локали ширум светот. Токму затоа од корисниците бара да ја прецизираат својата локација со избор од нивната база, или пак (доколку локацијата ја нема во базата) со додавање на истата во базата. Со тек на време, кон локацијата, корисниците започнале да додаваат и свој коментар за локалот или локацијата и на тој начин е создадена огромна база на искрени препораки и критики. Како дополнителна вредност која ќе ги мотивира корисниците почесто да ја користат услугата на Foursquare, изграден е систем на

игра во кој најдобрите добиваат виртуелни но и реални награди. Така на пример, доколку системот регистрира дека почесто се најавувате од една локација, вие може да станете т.н. Мајор на таа локација со што имате право да ги уредите информациите кои се дадени за локацијата. Потоа, имате опции да добивате беџови, а една од најинтересните награди се картичките со реален попуст кои можете да ги добиете од продажните места кои склучиле договори со Foursquare. Македонија како земја е внесена на Foursquare, но за жал се уште е мал бројот на локациите кои се обележани. Сепак за вистинска пофалба е тоа што на овој сервис

нема непристојни препукувања, несоодветни коментари и сл. Критиките или препораките за некои локали се на завидно ниво, а имаме и Мајори. Би било убаво ако во иднина овој сервис го развиеме затоа што претставува прекрасен начин на кој патниците намерници би можеле да се снајдат во нашата земја, а и сите ние би ги дознале убавите катчиња кои не се дел од шемата. За нешто повеќе од една година, оваа социјална мрежа собра повеќе од 250 000 активни корисници. Споредено со бројките кои ги имаат Twitter и Facebook ова е малку, но не ги отпишувајте. Времето на Foursquare е пред нас. l [јулијана прчковска]


64

Нешто повеќе за .... Xerox

click/времеплов/ Нешто повеќе за ... Xerox Xerox Corp. е светски позната компанија која произведува канцелариски машини и софтверски решенија. Xerox е компанија која во во неколку сегменти преставува светски лидер и општо прифатен стандард.

X

erox Corporation (основана во далечната 1906 година) е глобална компанија која се занимава со менаџирање на документи, истата произведува и продава голем дијапазон на црно бели и колор печатачи, мултифункциски системи, фото копир машини, преси за дигитално печатење како и сервиси поврзани со горе наведените производи. Главното седшите на Xerox е во Norwalk, Connecticut (преселено е од Stamford, Connecticut во Октомври 2007 – ата). Стратешката определба и намера на Xerox како компанија секако е да биде глобален лидер на пазарот кој се однесува на менаџирање на документите, овозможувајки решенија кои ја зголемуваат продуктивноста. Уште од самите почетоци оваа компанија ја водат шест основни вредности и тоа: - успеваме преку задоволните клиенти - се стремиме да испорачаме квалитет и совршенство во се што правиме - инсистираме на премиум услови - користиме технологија за да испорачаме лидерство на пазарот - ги цениме нашите вработени - се однесуваме одговорно во рамките на општеството. Историја Почетоците на Xerox датираат од далечната 1906 - ата година, 64 click јули 2010

Почетоците датираат од 1906 година -седиштето на Haloid Company, во Рочестер Њу Јорк

кога е основана компанијата Haloid Company во Rochester, New York. Главниот бизнис на оваа компанија беше производство на хартија за фотографии. Во тоа време големот Kodak го игнорираше постоењето на оваа компанија па така Haloid успеа да опстои на маргините на овој бизнис. Во 1912 –тата контролата врз компанијата од основачите ја откупува бизнисменот Gilbert E. Mosher за 50.000 долари, но секојдневното водење на компанијата и го остава на основачите. Mosher ја одржува компанијата профитабилна и отвора продажни

канцеларии во Чикаго, Бостон и Њујорк. За да го подигне уделот на компанијата на пазарот, бордот на директори на Haloid решава да

Record, истата доживува голем успех и токму таа хартија успева да ја оддржи компанијата во живот за време на Големата депресија

Да се постават стандарди и да се биде основоположник во некој сегмент од технолошкиот свет е навистина е чест и им припаѓа на релативно мал број на компании во светот. Една од тие компании е и Xerox Corp. инвестира во развој на подобра хартија. Потребни биле неколку години, но кога во 1933-тата е претставена хартијата Haloid

во САД. Следната година продажбата на производите на Haloid расне до 1 милион долари, но во 1936-тата сите 120 вработени одат


click/времеплов/History_of_Xerox/

Демонстрација на првиот ксерографски печатач. На сликата се Честер Карлсон, Џозеф К. Вилсон и Др. Џон Десавер

во штрајк со барања за поголеми бенифиции и плати. Менаџментот и вработените брзо доаѓаат до компромис но тензиите помеѓу управата и работниците остануваат се до почетокот на втората светска војна. За време на војната, војската имаше голема потреба од високо квалитетна фото хартија и бизнисот тргна, но кога војната заврши, Haloid се најде во позиција да се бори со голема конкуренција која ја создадоа новите компании кои влегле во бизнисот со производство и продажба на фото хартија. Во тој период Haloid мораше брзо да излезе на пзарот со нешто ново, доколку сакаше да опстане, па така во 1947-мата потпишува договор со Battelle Memorial

институтот (непрофитабилна истражувачка организација) за производство на машина базирана на процес наречен xerography (ксерографија). Xerography е збор кој произлегувал од грчките зборови за “суво” и “пишување” и е измислен од Chester Carlson, кој бил роден во Seattle, Washington. Фрустриран од тежината и трошоците при копирањето на документи Carlson во 1938-мата измислил метод за префрлување на слики од едно на друго парче хартија со користење на статички електрицитет. Во 1944-тата институтот Battelle Memorial потпишал договор со Carlson за заштита на правата на изумот и почнува да развива

ASTORIA 10-22-38 првата слика направена со ксерографска техника

Копирот - Xerox Model A Првиот комерцијален ксерографски копир со кој се управувало мануелно. Претставен е во 1949 година.

комерцијални апликации за ксерографијата. Во 1949-тата Haloid го претставува XeroxCopier, иницијално спелуван и пишуван со големи X букви. Машината барала многу работи да се прават рачно, копирањето било тешко, валкано и имало многу грешки. Во процесот на тестирањето и работењето со него, инженерите на Battelle откриле дека XeroXCopier многу подобро се однесувал како креатор на мастер копии за офсет печатење, и ова претставувало неочекуван квалитет врз основа на кој се продале многу машини. Haloid ја инвестирал целата заработка од овие машини во развој на втората генерација на ксерографски копир. Во 1950-тата институтот Battelle го прави Haloid единствена агенција за лиценцирање на сите патенти кои се однесуваат и базираат на ксерографијата, но Battelle ги имаше основните патенти се до 1955-тата. Haloid ги лиценцираше патентите либерално со цел да ја шири употребата на ксерографијата и ги реорганизираше своите 18 регионални канцеларии во

изложбени салони за своите Xerox машини. За таа цел вработи 200 продавачи и сервисери и започна да ја гради првата Xerox фабрика во Webster, New York. Во 1956-тата првиот човек на Haloid, Joe Wilson формира прекуморска компанија Rank Xerox, заедно со британската компанијата Rank. На овој начин Xerox добива пристап до фабриките во Британија и ја започнува продажбата на своите производи на Европско тло. Во 1958-ата Haloid го менува своето име во Haloid Xerox, сакајќи да потенцира дека иднината на компанијата лежи во ксерографијата иако во тоа време продуктите за фотографијата беа по профитабилни. Тој баланс многу брзо се промени со успехот на Xerox 914 копирот. Оваа машина беше претставена во 1960-тата и беше првиот автоматски Xerox копир, како и прв копир на пазарот кој работел на обична хартија. Компанијата не можела да си дозволи голема маркетингшка кампања, па издала само огласи во списанија и на телевизија. Како дополнување на кампањата таа решила да овозможи изнајмување на машините, се со цел да ја проclick јули 2010 65


68 70 71

Singularity Sniper: Ghost Warrior Transformers: War for Cybertron

click/игри/

ИНФО

• Singularity • ИЗДАВАЧ: Activision • Развој: Raven Software • ПЛАТФОРМА: компјутер, Xbox 360, PlayStation 3 • URL: www.singularity-game.com ЗА И ПРОТИВ

 Интересна приказна  FPS игра во вистинска смисла на зборот  TMD направа која има многу способности  Атмосфера и звучна позадина  Многу акција и непредвидливи моменти во текот на целата игра  Интересен мултиплеер  Борби против шефови и мешавина од загатки  Тежината на играта опаѓа како што ја надградуваме опремата

ОЦЕНА

одлично

68 click јули 2010

Singularity, TMD направата на рака и ништо не ни можат R

aven Software по минатогодишниот хит Wolfenstein, оваа година не изненадуваат со одличната sci-fi пуцачина Singularity. Овој месец некако е посветен на акцискиве игри, но чувствувам дека со излегувањето на Starcraft 2, идниот месец ќе го посветиме на стратегиите :-). Како и да е, Singularity не е комплексна, а посебно не е сериозна FPS игра. Приказна има, но целата забава е во трчањето и пукањето по мутирани креатури со повремено користење на специјалната

Некаде во 1955 година на островот се случува страшна катастрофа позната како Singularity, по што Русија го заташкува целиот случај. Нате Ренко е на мисија да ја испита радијацијата која се шири од островот но при слетувањето му се руши леталото. направа (TMD детално ќе го објасниме понатаму). Динамиката на играта е брза со многу пукање и акција, а попатно имаме неколку интересни загатки кои треба да ги решаваме.

Да ја разоткриеме приказната. Го играме Нате Ренко кој е член на специјална воена единица и е испратен на островот Katorga-12. Овој руски остров служел како база

за експериментирање со радиоактивниот елемент Е99 за време на студената војна во 50-тите години од минатиот век. Некаде во 1955 година на островот се случува страшна катастрофа позната како Singularity по што Русија го заташкува целиот случај. Нате Ренко е на мисија да ја испита радијацијата која се шири од островот но при слетувањето му се руши леталото. По враќање на свест ја открива направата за манипулација со времето (TMD) и согледува дека островот константно


click/игри/Singularity/

се префрла меѓу 1955 и 2010 година. На почетокот на играта се сретнуваме и со главниот научник на островот Виктор Барисов кој открива дека Николај Демичев е на островот и сака да ги продолжи експериментите, но овој пат со зголемен интензитет. Доколку експериментите продолжат може да се случи светска катастрофа и така доаѓаме до моментот дека треба да го спасиме светот. При изведување на задачата за спречување на Демичев, ќе се сретнуваме со непријателски настроени руски војници од двата временски периода, како и со мутирани животни и жители на островот. Некои од нив исто така имаат свои способности за манипулација со времето, а некои се отпорни на TMD направата. Направата ја носиме цело време на раката, а нејзиното јадро всушност црпи енергија од Е99 елементот. Посебно интересни за гледање се анимациите кога TMD-то се надградува со нови способности. Совладувањето на непријателите во Singularity го изведуваме со најразлични оружја од пушки, пиштоли, снајпери, фрлачи на ракети итн. Singularity го опишавме на најдобар можен начин па така овој дел од прегледот ќе го поделиме на подетално опишување на

Интересен мултиплеер: има само два различни мода за играње против други противници, Soldiers vs. Creatures и Extermination. Soldiers vs. Creatures e мод во кој група луѓе се борат против група мутанти со очигледна предност на страната на луѓето, но затоа тимовите во секој меч ги менуваат страните. Во Extermination модот, војниците се обидуваат да активираат три светилници кои ќе ги уништат противничките мутанти. работите кои ни се допаднаа и секако и на тие што не ни се допаднаа. Ни се допадна Иако постојат многу FPS игри, Singularity е пуцачина со сите нишани: почнуваме со пиштол но штом ги пронајдеме пушките и снајперот веќе никогаш нема да го ставиме во рака. Од време на време можеме да употребуваме специјално оружје како пушката што пука куршуми кои можеме да ги управуваме во успорено време, но муницијата брзо се троши и нив ги отфрламе. Останатиот дел е солидна FPS акција со атмосфера од која можете да се наежите во секој момент. Временски премини: она што ја одвојува Singularity

од останатите игри во жарнот е TMD-то. Од самото запознавање и поставување на направата на вашата рака, ја гледате во секое време и се чудите што се може да се прави со неа, а во тоа е и целата забава. Способностите се најразлични, од можност за управување на објекти и ракети, до убивање на противници па се до враќање на објектите во нивната првобитна состојба. Чудната наука: приказната е многу стандардна, но одлично одговара на ваква игра, а како што напредуваме во играта откриваме многу новини. Целата таа мешавина од руски научници кои експериментираат со некој си Е99 елемент и можности за локално движење низ времето се

чиста забава доколку не гледате на работите премногу сериозно. Време е за надградби: TMD направата може да изведува најразлични работи, но секое нејзиното надградување со нова способност од почеток ќе ви ја врати возбудата. Со собирање на Е99 елементот кој е распрскан низ островот ќе се претвориме во совршена убивачка машина која не застанува пред ништо. Има и систем за надградба на оружјата но тоа не се споредува со надградбите на TMD. Одлична атмосфера: со најразличните можности за манипулација на времето можат да се добијат најразлични графички ефекти. Како пример ќе го споменеме само бродот кој со TMD-то го враќаме во првобитната состојба и кој го користиме за да пронајдеме бомба, но таа негова нова состојба не трае долго и го гледаме како се распаѓа пред нашите очи. Мутантите кои можат да излезат од било кое ќоше и солидната звучна поддршка само додаваат на и така напнатата атмосфера.

Не ни се допадна Обратна тежина: во FPS игрите сме навикнати да има зголемена тежина за која треба солидни вештини за поминување на нивоата како што напредуваме во играта. Ова посебно важи за втората половина на играта. Штета што ова не е случај во Singularity затоа што со надградбата на опремата Нате Ренко станува премногу моќен за противниците, ова посебно е забележително откако ќе го надградиме оклопот. При крајот на играта можеме да совладуваме многу повеќе непријатели во споредба со почетокот, а тоа на некој начин ја загушува тензичната атмосфера. Гледано во целина, Singularity е солидна FPS игра која може да ви пружи многу часови забава, без разлика дали ја играте сам или против други играчи. Чудната и интересна приказна збогатена со спектакуларните способности на TМD направата како и можностите за патување низ времето само допринесуваат за напнатата атмосфера и за целата забава. l [Иван Манчевски]

Singularity, руски остров во кој има прекршување на времето и просторот поради неуспешен експеримент. Мутанти и руски војници на сите страни, а ние на располагање покрај многуте оружја имаме и TMD направа, која има најразлични способности. Чиста и многу заразна забава низ текот на целата игра. click јули 2010 69



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.