Issuu on Google+

Prince на HomеBrew of Persia Nintendo Wii Принцот враќа Отклучете го се полниот ослободен од DRM потенцијал на конзолата

Број 08 • ДЕКЕМВРИ 2008 • www.clickmag.mk

7 совети за оптимизација на блог Веќе имате блог, време е да го оптимизирате

Сервиси за веб презентации Додаток на секоја мобилна канцеларија или компјутер во облаци

Prince of Persia Принцот се враќа ослободен од DRM

HP Touchsmart

Garmin Nüvi 660

Olympus mju 1010

LG KF510

22 инчен сè-во-едно компјутер

Водичот низ вашите патувања

Елегантен и мал, но сепак моќен

Разигран телефон со панел осетлив на допир


click/вовед

БРОЈ 08 • ДЕКЕМври 2008 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ vladimir.kockovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Владимир Кочковски vladimir.kockovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Игор Петрушевски • igor.petrusevski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Никола Пчински • nikola.pcinski@clickmag.mk Александар Марковски • aleksandar.markovski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Александар Нешиќ • aleksandar.nesic@clickmag.mk Саша Лилчиќ • sasha.lilcic@clickmag.mk Зоран Ивановски • zoran.ivanovski@clickmag.mk Јазичен соработник Ана Манасиевска • ana.manasievska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk

Изминатиот пат во 2008-ма година 2008-ма ни донесе голем број на технолошки иновации кои беа интересни за следење и уште покорисни за употребување. Но, вистински фасцинантни, многу повеќе од најавите и иновациите, се оние работи кои до неодамна изгледаа како научна фантастика

ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Маја Велевска maja.velevska@clickmag.mk Печатено во: Софија, Богданци Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32 23 575, +389 (2) 32 23 125 Факс: +389 (2) 32 23 575 Е-mail: redakcija@clickmag.mk • СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

4

click декември 2008

Е

ве сме на крајот на уште една година која изминува и веќе почнуваме во полн ек да правиме планови за новата што следува. Сепак, некогаш е убаво за кратко да се потсетиме на патот кој веќе го имаме изминато, со цел да го консолидираме искуството кое сме го стекнале во меѓувреме. Дефрагментирањето на многуте моменти од 2008-ма ќе ни овозможат да ги запаметиме предизвиците и начинот на кои сме ги надминале истите, и ќе ни претстави појасна слика за целите кои нè чекаат и кои сакаме да ги постигнеме. 2008-ма ни донесе голем број на технолошки иновации кои беа интересни за следење и уште покорисни за употребување. Но, вистински фасцинантни, многу повеќе од најавите и иновациите, се оние работи кои до неодамна изгледаа како научна фантастика, кои полека и незабележливо стануваа достапни за секого, а кои денес веќе се инкорпорирале во секојдневното живеење, па не ни помислуваме двапати на нив и колку тие допринесуваат кон подобрување на квалитетот на животот. Нас најмногу нè интересираат оние што се реално опипливи т.е. достапни кај нас. Една од тие работи е овозможувањето на евтин широкопојасен (broadband) Интернет пристап во Македонија. Конкуренцијата на пазарот

и достапноста на квалитетни содржини на кои може да се искористи тој проток, доведе речиси секој од дома да може да ја надмине фамозната граница од 1MB во секунда, без притоа од него да бидат изнудувани десетици илјади денари месечно од страна на монополите. Надминувањето на таа препрека овозможи и цели нови хоризонти да бидат на дофат рака. Пренесувањето на комуникацијата на Интернет преку сервисите за инстант пораки како MSN, Skype и Gtalk, и социјалните мрежи од типот на Hi5, MySpace и FaceBook, воведоа нов степен на интеракција и контакти помеѓу луѓето. Во 2008-ма се појави и следниот чекор, кој има за цел да го олесни менаџирањето на сиве овие онлајн интеракции и да го ослободи корисникот за да не биде врзан само за еден компјутер. Тоа е сè поприсутниот облак (Cloud Computing) во сите можни области. И секако, 2008-ма го донесе и новото списание за компјутери, Интернет и технологија наречено Click, кое во овој број ќе се обиде да ги најави и претстави работите кои ќе бидат интересни за вашето внимание и кои ќе го водат патот во Новата 2009-та година.l Искрено, Владимир Кочковски


click/содржина БРОЈ 08 • ДЕКЕМВРИ 2008

ХАРДВЕР

14 - 56

14 HP Touchsmart IQ506 22 инчен сè-во-едно компјутер

30 HomеBrew на Nintendo Wii

Отклучете го полниот потенцијал на вашата конзола

36 LG KF510

Разигран телефон со панел осетлив на допир

42 Garmin Nüvi 660 NA

Водичот низ вашите патувања

42

Што нè очекува во 2009-та

44 Olympus mju 1010

Елегантен и мал, но сепак моќен

???????????????????????

СОФТВЕР

58 - 77

68 7 совети за оптимизација на вашиот блог Веќе имате блог,време е да го оптимизирате

70 Алатки кои никој не ви ги кажал 4 мали програмчиња кои завршуваат голема работа

72 Сервиси за креирање на веб презентации Додаток на секоја мобилна канцеларија или компјутер во облаци

74

InDesign CS4 совети

ИГРИ

80-87

84 Runes of Magic

Магија и реалистичен терен проследено со ориентална игривост

Новогодишен календар по наша мерка

86 Dead Space

Дури ни вселената не е безбедна од зомби напаста

РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 88 90

78

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ

Prince of Persia

Принцот се враќа ослободен од DRM

click декември 2008

5


click/вести/ноември

Учителка забранила Linux Во ретко контроверзен потег, учителка од САД решила да го банира Linux оперативниот систем од нејзината училница. Имено, еден од нејзините ученици, Арон, „безобразно“решил да дели бесплатни дискови со HeliOS Linux дистрибуцијата и да им покаже како работи на неговиот лаптоп. Учителката со уверение дека ученикот дистрибуира нелегален софтвер, му ги запленила дисковите и го казнила со дополнителна настава. Сепак, незадоволна од тоа, му напишала мејл на дистрибуторот на HeliOS, осудувајќи го што дели таква роба и што и ги распиува учениците со неквалитетен софтвер, нагласувајќи дека не треба да ги залажува децата со концептот за бесплатен софтвер. Нејзиниот главен аргумент бил дека бидејќи го пробала Linux кога била на колеџ и не и чинел, а Микрософт имал монопол врз PC-ата, децата треба да научат од мали дека Windows им е единствената рационална опција. Дистрибуторот Ken Starks за ова постира на својот блог, илустрирајќи ја тешката борба која Linux се уште ја има со институциите. Во одговорот напишал дека наместо да ги даваат парите за скапи лиценци на Windows, подобро е тие пари да се наменат за поквалитетно образование за децата, како и тоа дека ученикот во прашање многу повеќе научил од Linux отколку што би можел од Windows. Stark закажал и состанок со директорот на школото по празниците за да разјаснат некои работи. Се надеваме дека на малиот Арон ќе му ги вратат дисковите и правото да го користи својот омилен оперативен систем. l

ASUS го доби првиот ЕU Flower Eco сертификат за компјутери на светот

Индија и Египет повторно офлајн Се чини дека подводните оптички кабли не се баш најсигурна технологија. По ланските прекинувања предизвикани од невнимателни бродови, се случи уште една истовремена хаварија на два кабли во близина на Александрија. Официјална кривица нема, но сепак каблите претставуваат важна конекција на Блискиот Исток и Азија со остатокот од светот. Од оваа незгода најмногу страдаат корисниците во Египет и Индија, а со оглед на тоа што многу западни технолошки компании имаат аутсорсирано најразлични услуги и оддели во Индија, страда и бизнисот. Сообраќајот моментално е пренасочен по други патишта, но сепак ова го отежнува целосниот глобален сообраќај и телекомуникации низ светот. Египетските власти работат на што поскоро санирање на проблемот.l

6

click декември 2008

ASUS е првата компјутерска компанија која со својата линија на N лаптопи, N50, N80, N20 и N10 го освои престижниот ЕU Flower Eco сертификат. За да ја добие оваа награда ASUS мораше да се придржува до едни од најстрогите еколошки стандарди кои се пропишани од страна на Европската Унија и земјите од европската економска зона. Пред се сè гледа во економичноста на потрошувачката на енергијата, присутноста на штетни материјали, пакувањето, животниот век, како и можноста за рециклирање. Asus со својата Green ASUS програма се залага да што поголем дел од нивните продукти бидат еколошки посовесни. l

Преносниците конечно ги претркаа десктоп сметачите iSuppli на својот вебсајт објави дека конечно се случи важна точка во историјата на компјутерската индустрија. Имено, според податоците за третата четвртина од 2008 година, бројот на произведените преносници во целиот свет го надминаа бројот на досега стандардните десктопи

за тенка маргина и тоа со 38.6 милиони произведени преносници, спрема 38.5 милиони од нивните помалку мобилни браќа. На овој тренд, пред сè му помогна и огромната популарност на таканаречените netbooks, евтините и компактни компјутерчиња кои првенствено се користат за мејл, IM и сурфање. l


click/вести/октомври

И Lenovo произведува мобилни телефони Lenovo досега не произведуваше мобилни телефони, но со доаѓањето на отворениот оперативен систем Android во сопственост на Google, многу е лесно да се создаде врвно паметен телефон. Па така, многу компании на кои главната цел не им производство на мобилни телефони, ја прошируваат и таа гранка во бизнисот. Уредот на сликата е прототип наречен Ophone. Заснован е на оперативниот систем Android, но посебно е модифициран да работи со кинеската 3G мрежа TD-SCDMA, така што доаѓа со некои додатни апликации специфични за оваа мрежа. Неговите дополнителни спецификации се уште се непознати. На жалост овој модел нема да можеме да го видиме на пазарот во Македонија, бидејќи е наменет за кинескиот пазар.l

Наскоро Android G2 Гласините кои кружат по интернет и најавите за нова верзија на мобилниот оперативен систем на Google, Android, укажуваат на тоа дека наследникот на „паметниот“ телефон HTC G1, HTC G2 ќе може да го очекуваме на 26 јануари. Новата направа е очекувано да има 5 мегапикселна камера со автоматски фокус, VGA камера за видео повици, целосен екран на допир и Wi-Fi. Некои од гласините велат дека ќе исчезне и физичката QWERTY тастатура но ќе остане трекболот. G2 се очекува и да биде неексклузивен за T-Mobile во Соединетите држави, т.е. да биде достапен и во останатите земји во светот. l

Популарниот Chrome излезе од бета Со оглед на тоа дека се навикнавме на зборот бета на производите на Google, веста дека нивниот интернет прелистувач Chrome излезе од бета верзијата изгледа како мало изненадување. Иако на почетокот Google не објавија датум за конечната верзија на Chrome и кажувајќи дека ќе биде наскоро, сепак минатата недела на нивниот официјален блог се појави информација дека Chrome веќе не е во бета верзија. Со тоа кажувањата на компанијата се дека ги поправиле проблемите со покажување на аудио и видео датотеките т.е. дека конечната верзија работи два пати побрзо од бета верзијата. Зголемени се можностите за bookmarks и privacy controls. Една од најбитните работи е најавената поддршка за Linux и Mac која би се појавила наскоро (сепак тоа наскоро не е точно дефинирано). l

Крај на презентациите на Steve Jobs? Со изненадувачки потег, Apple најави дека на една од традиционалните и најочекувани презентации на Macworld нема да се одржи. Steve Jobs, човекот кој е најодговорен за воскреснувањето и огромната популарност на Apple, делумно и заради неговите секогаш спектакуларни презентации, оваа година нема да се појави на сцената. Ќе го заменува неговиот близок соработник Phil Schiller, потпретседателот за маркетинг на Apple. Втор удар е и дека ова најверојатно е последното излагање на Apple на најголемиот саем врзан за нивните производи. Официјалниот изговор на компанијата е дека немаат веќе потреба од големи трошоци за излагања, бидејќи со публиката многу поефективно комуницира со други средства. Сепак, непојавувањето на Steve ги разбурка старите гласини дека не му е добро здравјето. Акциите на Apple по оваа вест паднаа за 3,9%. Се надеваме дека со Steve Jobs сè e во ред и ова не е крај на една ера. l

click декември 2008

7


14 HP Touchsmart IQ506 17 Lenovo ThinkPad SL500 19 HP Photosmart B8550 20 Samsung SyncMaster 730XT click/хардвер 21 Kingston Data Traveler Mini Slim 4 GB 22 Wi-Fi детектори 24 Synology Disk Station DS408 26 MyGica UTV3 Analog USB TV Box 28 Nokia 3600 Slide 29 Analog Wristwatch 1GB Digital MP3 Model: 30 HomeBrew на Nintendo Wii 35 Acer Extensa 5630G 36 LG KF510 37 SAMSUNG NV100 HD

38 40 41 42 44 46

Едноставно Pre-N безжично поврзување MSI TV@NYWHERE CANON PowerShot SX110 IS Garmin Nüvi 660 NA Olympus mju 1010 Што нè очекува во 2009-та

click/хардвер/

HP Touchsmart IQ506 22 инчен се-во-едно компјутер кој сака да биде iPhone

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Hewlett-Packard www.hp.com •ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Невада www.nevada.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 22 инчен multi-touch екран  Одличен дизајн  Солидна конфигурација  Не е за гејмери  Multi-touch работи само на Vista ЦЕНА

• 98.990 денари

Б

идејќи ерата за кој ќе го има најбрзиот хардвер е веќе завршена и никој повеќе не се „пали“ на компјутер кој вади 2 фрејма повеќе од неговиот претходник (a кој достигнувал само 202 FPS), компаниите бараат друг начин како да го привлечат вниманието (и тешко стекнатите пари) на корисниците. По примерите на Nintendo и Apple кои им ги отворија очите и го поставија патот за развој, зенитот сега се преместува на иновации-

Првото нешто што паѓа во очи е, секако, дизајнот. Немаше кој не влезе во тест центарот во нашата редакција, а да не го забележи и често да го помеша со LCD телевизор, што и не е многу далеку од вистината. Ова парче технологија вклучува и хибриден TV тјунер кој овозможува примање и на аналогните и на дигиталните канали. Ова е втор обид на HP да направи ваков пакет (првиот беше 19-инчниот Touchsmart IQ770) и

Првото нешто што паѓа во очи е дизајнот. Немаше кој не влезе во тест центарот во нашата редакција, а да не го забележи и често да го помеша со LCD телевизор, што и не е многу далеку од вистината

ОЦЕНА

7.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Еден од најубаво дизајнираните мултимедијални компјутери кои моментално се достапни на пазарот

14 click декември 2008

те и на самиот дизајн. Hewlett-Packard во последно време се обидува да излезе од класичната канцеларија и прави некои добри потези како во лаптоп, така и во десктоп сегментот. Во тој фазон е и најновото WOW од нив, Touchsmart IQ506, 22 инчен осетлив-на-допир LCD монитор со вграден компјутер во него.

изгледа дека си ја научи лекцијата. За разлика од неговиот претходниот, иако IQ-то му е паднато за некои 200 поени, новиот модел е светлосни години понапред во дизајнот и карактеристиките. Заменет е и панелот осетлив на допир кој, слично како iPhone, сега подржува повеќе точки на допир истовремено (читај Multi-

Комплетна конфигурација сместена во ултра тенок дизајн

touch). Конфигурацијата која го покренува ова „телевизорче“се состои од Intel Core 2 Duo Processor T5850 на 2.16GHz со 2MB L2 cache и 4GB DDR2 SDRAM на

667MHz. За внесување и складирање на податоци служи 500GB (7.200 RPM) хард-диск и 8х DVD режач со Dual-Layer поддршка. Графиката ја покренува почетничката nVIDIA GeForce 9300M


click/хардвер/

Тенката тастатура, глувчето и далечинскиот управувач, сите одлично се вклопуваат во елегантниот дизајн

Дури и DVD режачот е во ултра-тенко слот издание за да се вклопи во целокупниот дизајн

Моќен преносен компјутер кој покрај високите перформанси плени и со пристоен дизајн

GS со 256MB посветена RAM меморија и нативна резолуција од 1680 x 1050, додека за комуникација има вградена 802.11b/g/n WLAN и 10/100/1000 мрежна картичка. Додатните слотови вклучуваат 5 USB порти, една FireWire порта и 5-во-1 читач на мемориски картички. Кога ќе се погледне комплетната листа на

хардверот, изгледа како да станува збор за некој лаптоп, што донекаде е и точно. За да може да ги собере сите делови во самиот монитор и притоа да се избегне чувството на „мириса нешто на изгорено од екранот“ поради загревањето, Touchsmart IQ506 ги има позајмено речиси сите делови од лаптоп братучедите. Но,

штом дури и напумпаната Vista (која доаѓа во 64 битно издание заедно со овој компјутер) работи релативно добро, значи дека конфигурацијата е повеќе од доволна за сите мултимедијални потреби. Единственото место каде што потфрлува е гејмингот, поради вградената GeForce 9300М GS графичка. Едноставно не е

доволно моќна да покрене ниеден понов наслов како што треба, но мора да се пофали потегот дека барем не е Intel GMA интегрирана графичка, што би било ужасно да се стави на ваква конфигурација. Моментот каде што Touchsmart IQ506 треба да блеска е неговиот интерфејс кој е дизајни-

ран за екранот осетлив на допир. Затоа најмногу време посветивме на тестирањето токму на оваа опција. Мора да се спомне дека multi-touch функцијата има поддршка само на Vista, па не функционираше ни со инсталацијата на Fedora 9 со која исто така го пробавме. Ова може да е битно ограничување за click декември 2008 15


Достапен во 20 и 22 инчна варијанта

сите оние кои не ја преферираат многу вистата, но изгледа HP има друга целна група во предвид за оваа машина. Бидејќи сепак станува збор за Vista, за да работи како што треба, HP побара помош од Frog Design за креирање на кустомизиран интерфејс кој ќе работи врз Vista и

ќе ги врши функциите за кој е создаден. Интерфејсот наликува на копија на софтверот на iPhone и од него позајмува голем број на функциите, како што е и познатото „штипкање“ за зголемување и намалување на фотографиите. Ракувањето со интерфејсот е добро, но се случува некогаш да не ги забеле-

СПЕЦИФИКАЦИИ

Голем број на можности за поврзување стилски скриени 16 click декември 2008

ПРОЦЕСОР

Intel Core 2 Duo Processor T5850 на 2.16GHz со 2MB L2 cache

ХАРД ДИСК

500 GB , 7200 RPM

МЕМОРИЈА

4 GB DDR2 на 667 MHz

ГРАФИЧКА КАРТИЧКА

nVIDIA GeForce 9300M GS, 256MB

ЕКРАН

22’’ HD Widescreen на 1680 х 1050 со multi-touch

ОПТИЧКИ УРЕД

8x DVD+/-RW со Dual Layer

ПОВРЗУВАЊЕ

5 USB 2.0 порти, FireWire, 802.11b/g/n WLAN, 10/100/1000 LAN, TV тјунер, 5-во- 1 читач за картички, Digital Audio Out, Line-out, Line-in и Headphone

��ПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows Vista Home Premium 64-bit

ДИМЕНЗИИ

533 х 66 х 441 мм

ТЕЖИНА

10.9 КГ

жи командите кои му ги задаваме како што треба, па се добива впечаток како да не е доволно исполиран и треба уште фурни леб да јаде додека менито стане вистински интуитивно. Ова се должи дел на тајната која ја крие HP, a која ние ќе ви ја откриеме во оваа рецензија. Суштината е во тоа што панелот вистински не е осетлив на допир, туку е поставена инфрацрвена рамка околу него која ги следи прекинувањата на зраците од страна на вашиот прст. Ова е генијален изум кој сигурно драстично ја намалува цената при производство, но секако прави компромиси при прецизноста. Не треба да се заборават ни малите детали кои допринесуваат во големата слика на дизајнот. Тука е амбиенталното светло кое го менува интензитетот според вашите потреби и е вперено во тастатурата. HP сака да каже дека не е неопходно да запалите сијалица за користење на тастатурата и ја задржува атмосферата (или романтиката) при гледање на филмови. Безжичната тастатура која доаѓа во пакетот е солидна тенка тастатура која одлично се вклопува во целиот дизајн. Малку е комплицирана додека ја синхронизирате, но деталното упатство кое е вклучено ќе ви ги реши проблемите. Со нејзе доаѓа и безжичното глувче со полиран дизајн и изглед како Apple Mighty Mouse (но со повеќе копчиња за кликање). Доколку имате желба и буџет за компјутер/ домашно кино/телевизор осетлив-на-допир со неверојатен дизајн на кој ќе можете да ги извршувате сите мултимедијални операции, а воедно сте спремни гејмингот да го отстапите исклучиво на вашата конзола, ова парче машинерија можеби е за вас. l [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]


click/хардвер/

Lenovo ThinkPad SL500 ThinkPad за сечии буџет

Л

огото ThinkPad претставува синоним за квалитет, а преносниците кои го носат, го оправдуваат тој квалитет тргнувајќи од самата изработка на куќиштето, преку изборот на хардверските компоненти, па се до управувачките рутини и разните додатни софтверски апликации. Сиот тој квалитет секако се одразува и на цената на овие преносници. SL серијата на Lenovo претставува линија на преносници кои се наменети за малите претпријатија или домашни корисници, што во превод ќе рече дека SL серијата претставува најевтина варијанта на Lenovo. Овој тип на производители не можат така лесно да ги намалат трошоците без да ги намалат опциите и додатоците кои вообичаено ги вградуваат во своите преносници. SL500 не е исклучок на тоа

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Lenovo www.lenovo.com •ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Паком Компани www.pakom.com.mk ЗА И ПРОТИВ

И SL500 продолжува со познатиот ThinkPad дизајн

со дијагонала на видливост од 15.4 инчи и максимална работна резолуција од 1280 x 800 пиксели. Од дизајнерска гледна точка, нема многу што изменето во однос на другите Lenovo модели, некаков персонален touch (допир) кај овој модел би бил сјајниот

SL500 можеби e еден од најевтините Lenovo преносници, но кој дефинитивно заслужува да го носи името и логото на ThinkPad правило, постојат многу работи по кои се разликуваат SL500 и да речеме T500 моделот. SL500 може да дојде во повеќе процесорски варијанти (сите Centrino Core 2 Duo), но нашиот тест примерок беше со варијанта Т5870 со работен такт од 2 GHz, 2 MB L2 кеш и брзина на предната магистрала од 800 MHz. Покрај процесорот, тестниот модел имаше 1 GB RAM, 250 GB хард-диск кој работи со максимални 5400 вртежи, како и графички подсистем базиран на Mobile Intel Series 4 Express платформата. Екранот е wide модел

преден дел на преносникот, изгледа одлично, но ќе морате да го чистите редовно затоа што таа површина е магнет за отисоци од прсти, прашина и флеки од слично потекло. Сепак, многу работи се трпат за убавина. Другиот дел од преносникот е направен од стандардната мат пластика која се употребува кај сите Lenovo преносници. SL500 не доаѓа со многу додатоци во своето пакување. Покрај адаптерот за напојување, тука се само резервните капачиња за поинтерот во средината на тастатурата. Има нешто упатства и тоа е тоа, нема

преинсталациски CD-a, резервни копии од оперативен систем или слично. ОК, разбирливо е да нема CD-a со оперативен систем, бидејќи тестираниот модел дојде со Free DOS. Сепак, се надевав на некакво инсталациско CD со управувачки рутини (драјвери) или софтверски апликации по кои претходните и поскапите модели се препознаваат. Инсталирање на оперативен систем и не е така лесно доколку покрај себе немате друга веќе оперативна машина, па преку неа да можете да пристапите до интернет страниците на

Lenovo и да симнете околу 600 – 700 MB апликации и драјвери. Според сите впечатоци кои ми ги остави SL 500, можам да кажам дека истиот претставува просечен домашен или канцелариски преносник, па така не очекувајте 3D графика и играње на денешните актуелни игри. Хардверот кој е вграден е одлично балансиран, но ако сакате да работите на Microsoft Vista, ќе ви треба додатна RAM меморија. Колку пари, толку музика. Со SL500 добивате добар преносник за релативно разумна сума на пари. l

 Класичен дизајн и квалитетна обработка и материјали  Долго траење на батеријата  Екран кој е над нормалата  Одлично балансиран хардвер  HDMI излез  Цена  Вклучени додатоци во целокупниот пакет (малку)  Предниот, сјаен дел кој е магнет за флеки и отисоци на прсти ЦЕНА

• 38.829 денари

[ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ПРОЦЕСОР

Intel Core 2 Duo T5870 на 2.0 GHz

МЕМОРИЈА

1GB DDR2 RAM

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

Mobile Intel series 4 Express

ХАРД-ДИСК

SATA 250GB, S.M.A.R.T

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

15.4-инчен Wide screen (1280x800)

ОПТИЧКИ УРЕД

DVD super dual layer

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Free DOS

КОНЕКЦИЈА

Gigabit Ethernet, WiFi 802.11 Dial-Up Модем, 4 x USB, VGA-15 pin, HDMI

ТЕЖИНА

2.9 кг

ДИМЕНЗИЈА

358 x 260 x 39 мм

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Бизнис преносник со класичен дизајн и еден куп додатни порти и можности за кустомизација

click декември 2008 17


click/хардвер/модифицирање_гејминг_конзоли

HomeBrew на Nintendo Wii Ослободете го полниот потенцијал на вашата конзола ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Nintendo www.wii.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: RiverSoft www.riversoft.com.mk ЦЕНА

• 16.490 денари за Nintendo Wii конзолата • 19.990 денари за Nintendo Wii со вграден чип

К

ога се во прашање исклучиво игрите, дискусијата дали е подобро да се купи нов компјутер или некоја од гејминг конзолите од последната генерација, едноставно не престанува да се разгорува. Ова особено доаѓа до израз во празничното расположение кога салдото на „расположливи средства“ на кредитната картичка како да ни гори дупка во џебот и франтично се обидуваме изгледа да го достигнеме оној максимален минусен лимит. Со новите моменти од минатиот месец, каде што конзолите станаа широко достапни на нашиот пазар и цените се прилагодија на прифатливо ниво (на кое можеби требаше да бидат од самиот почеток), станува неминовно поседувањето на една од овие машини за „хибернирање“ низ зимските денови. Имено, Xbox

30 click декември 2008

360 Arcade верзијата сега чини 14.900 денари, додека Nintendo Wii цврсто се држи за дефинираните 16.490 денари уште од стартот. Интересно е како се движи пазарот и како се одвиваат работите,

ми е кога гледам дека глобалната свест се развива и почнува да ги гледа работите од друга перспектива, не дозволувајќи им на корпорациите да ја манипулираат како што сакаат.

Алтернативното решение, кое ќе го претставиме детално во оваа рецензија, е како софтверски да ја модифицирате конзолата без потреба од купување на MOD чипови, отворање на конзолата, лемење и, секако, без да си ја поништите гаранцијата кога стигнавме до момент каде што „монструозниот“ Xbox 360 е поевтин од „играчката“ на Nintendo, како што порано се нарекуваа. Ова само го потврдува фактот дека не е сè во брзината, резолуцијата и фрејмовите во секунда, и мило

Тврдоглаво високата цена за PlayStation 3 нема ни да ја спомнеме, бидејќи малиот број на популарни игри, заедно со недостапноста на истите за нашиот пазар, допринесуваат оваа конзола целосно да отпадне од трката.

Веќе се осврнавме на темата дали да се земе нова конзола или нов компјутер во еден од минатите броеви на Click, па затоа немaповеќе да се задржуваме на тоа. Време е да преминеме на делот кој е вистински интересен... За да тргнат работите, да претпоставиме дека веќе сте се одлучиле за конзола и сте си се почастиле самите себе за новогодишните празници. Да речеме дека сте планирале и другите членови во фамилијата активно да ги вклучите, па сте земале Nintento Wii. Доаѓате дома, ја отворате брзајќи, но внимателно кутијата и почнувате со потрагата на соодветно место во собата за конзолата и поврзување на каблите. Откако ќе ја завршите иницијалната инсталација, ја внесувате вашата оригинална игра во конзолата и почнувате со „плешање“.


click/хардвер/модифицирање_гејминг_конзоли Часовите летаат, а вие не ни помислувате да прекинете. По некое време сфаќате дека ова ќе го правите доста често и почнувате да размислувате за детали од типот „колку време ќе издржи ова DVD со ваква секојдневна (зло) употреба?“. Бидејќи оригиналните игри за конзоли имаат лоша навика да чинат 50-тина евра, нема да сакате да ги фрлите повторно

истите пари затоа што дискот се изгребал. Како одговорна личност, си правите Back-up од играта (подетално за оваа процедура во некоја друга прилика) и го употребувате него за да не си го гребете оригиналот. Но, во моментот штом го ставите BackUp-от во драјвот, ќе ве пречека порака дека вашата сопствена конзола, која сте ја платиле од ваш џеб, нејќе да го пушта BackUp-от

кои сами сте го направиле од вашето сопствено оригинално DVD. Едно решение за ваквиот проблем се MOD чиповите кои се вградуваат на DVD читачот во конзолата и кои го овозможуваат читањето на BackUp дискови. Сепак, овие чипови за верзијата на Nintendo Wii која моментално можете да ја набавите на нашиот пазар, чинат и до 70 евра (со вклучена инсталација), а бидејќи

конзолата мора да се отвори за да се модифицира, инстантно ви ја поништува и гаранцијата за истата. Алтернативното решение, кое ќе го претставиме детално во оваа рецензија, е како софтверски да ја модифицирате конзолата без потреба од купување на MOD чипови, отворање на конзолата, лемење и, секако, без да си ја поништите гаранцијата.

За успешно изведување на „операцијата“, неопходни се 5 основни елементи:

1

SD мемориска картичка и читач за картички

Најобична SD мемориска ќе ви биде потребна за да го префрлите софтверот кој треба да биде инсталиран. Капацитетот на мемориската картичка мора да е помал од 2 гигабајти и истата да биде форматирана во FAT форматот (подетално за ова ќе има подолу во текстот). За да не ја купувате специјално само за оваа една употреба, можете да проверите дали веќе поседувате ваква картичка во вашиот дигитален апарат или мобилен телефон (ако е Micro, ќе ви треба и адаптерчето). Што се однесува до читачот на мемориски картички, вашиот лаптоп би требало веќе да ја има оваа стандардна опција или, пак, можете да купите надворешен USB читач за мемориски картички за околу 600-тини денари.

2

Оригиналната верзија од играта The Legend of Zelda: Twilight Princess Ова е веројатно најтешкиот елемент за наоѓање во ова упатство но, за жал, неопходен. Овој чекор не може да се изостави бидејќи начинот на кој ќе го вчитаме софтверот во Нинтендото е можен само преку оваа игра. BackUp не може да се користи, бидејќи вашето Nintendo Wii се уште не чита BackUp. Играва моментално ретко се наоѓа на нашиот пазар и кога ја баравме за ова тестирање, не беше достапна во ниеден од поголемите (и помалите) увозници на конзолски игри. Доколку немате некој пријател од кого ќе може да ја позајмите, ќе мора да ја нарачувате преку интернет. Се надеваме дека откако ќе се актуелизира малку темава, ќе почнат повеќе да ја носат кај нас.

3

Twilight Princess save game

Ова е модифицираниот сејв преку кој ќе може да се инсталира Homebrew каналот. Целата оваа процедура е овозможена благодарение на овој генијален пронајдок од Team Twiizers. Можете да го симнете од: www.clickmag.mk/url/00801/

click декември 2008 31


click/хардвер/модифицирање_гејминг_конзоли

4

Homebrew Channel Homebrew Channel е новиот канал кој ќе биде инсталиран на Нинтендото откако успешно ќе го завршите упатството. Преку овој канал ќе можете да инсталирате нови апликации направени од други луѓе - ентузијасти, без потреба да ја повторувате целата процедура при секое инсталирање. Една од апликациите е и таа за читање на BackUp. Каналот можете да го симнете од www.clickmag. mk/url/00802/

Мора да напоменеме дека целокупната содржина изнесена во овој текст е наменета единствено за едукативни цели и редакцијата на списанието Click не презема никаква одговорност за било каква штета или повреда настаната од применување на дадените информации.

5

System Version 3.3E на Nintendo Wii

За среќа, моментално речиси сите Wii конзоли кои можат да се купат на нашиот пазар, ја имаат оваа верзија на внатрешен софтвер. Ова можете веднаш да го проверите со влегување во системското мени. Нема да има никакви проблеми, освен ако не сте го конектирале вашето Wii на интернет директно и сте ја симнале новата верзија 3.4 како надградба. Не е препорачливо директно симнување на надградби преку Wii, бидејќи може да оневозможат инсталирање на трети апликации на системот (како што е и оваа).

32 click декември 2008


click/хардвер/модифицирање_гејминг_конзоли Штом ги имате сите елементи обезбедено, процедурата на самата инсталација е прилично лесна: Го вклучувате вашето Nintendo Wii и ја внесувате оригиналната Legend of Zelda: Twilight Princess игра. Ја пуштате играта, креирате нов профил и почнувате малку со играње. Штом завршите со овој дел, ја исклучувате играта, го вадите DVD-то и го исклучувате Нинтендото Ја внесувате SD мемориската картичка во читачот на картички на вашиот компјутер. Доколку не е празна, ќе треба да ја форматирате (во Windows, во My Computer, со десен клик на картичката и Format) и при тоа да одберете FAT формат, бидејќи NTFS нема да функционира.

2

Копирајте го фолдерот „private“ од Тwilight Princess save game на SD картичката.

3

Копирајте го фајлот „boot. dol“ од Homebrew Channel на SD картичката.

4

Извадете ја SD меморис ката картичка од вашиот компјутер, внесете ја во Nintendo Wii и вклучете го.

5

Отидете во Wii Options --> Data Management --> Save Data --> Wii, најдете го претходниот Zelda сејв, кликнете на него, кликнете „Erase“ и на „Yes“.

6

Сега, горе десно одберете ја SD картичката и селектирајте го „Twilight" сејвот (EUR), кликнете на „Copy“ и на „Yes“. Откако ќе заврши, излезете од менито.

7

Внесете го дискот со The Legend of Zelda: Twilight Princess, почнете ја играта и лоадирајте го „Twilight“ сејвот.

8

Штом се лоадира, одете напред до човекот пред вас и зборувајте со него или едноставно одете неколку чекори наназад. Немојте да правите ништо друго (како отворање на Inventory и сл. ) бидејќи може да ви ја закочи конзолата и да треба да ја ресетирате со исклучување од струја.

9

спремни за предизвик (и очигледно немате веќе што да правите), инсталирање на Linux оперативен систем на вашето Wii. За сите оние на кои ова им изгледа како премногу замарање / немаат време / сакаат да им работи сè веднаш откако ќе го извадат од кутијата, достапна е и

верзија на Nintendo Wii со вграден чип, но цената изнесува 19.900 денари. Во следниот број: Модифицирање на Xbox 360 верзијата со новиот Lite-On DG16D2S DVD читач (која е достапна на нашиот пазар)... l [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]

Доколку ги проследивте сите чекори како што треба, сега би требало да почне инсталацијата на Homebrew каналот. Следете ги упатствата на екранот и не ја исклучувајте конзолата сè додека не ви се појави инструкција дека треба.

10

Штом веќе го имате инсталирано Homebrew каналот, инсталирањето на додатни апликации (како што е на пример Backup Disc Loader 0.3 Gamma, www.clickmag.mk/url/00803/, преку кој ќе можете да пуштате и BackUp верзии од вашите оригинали) е едноставно. Сè што треба да направите е да ја снимите апликацијата на SD мемориската картичка, да ја ставите во Wii и преку новиот Homebrew канал кој сега го имате во менито, да го лоадирате. Доколку имате поставено Wi-Fi мрежа, дури нема да имате потреба и од SD картичката. Преку WiiLoad програмата која доаѓа во пакет со Homebrew каналот, ќе можете било која апликација безжично да ја инсталирате директно од вашиот компјутер. Ја поставувате IP адресата од Нинтендото (која можете да ја видите од менито), ја одбирате апликацијата која сакате да ја инсталирате преку вашиот компјутер и ја стримувате директно до Homebrew каналот! Ова не само што ќе ви овозможи едноставно читање на BackUp дискови без потреба од MOD чипови и кршење на гаранции, ќе ви отвори и цел свет на нови можности што можете да ги постигнете со вашето Nintendo Wii. Меѓу нив се вбројуваат различни емулатори за старите Nintendo игри, SCUMM за сите оние класични Lucas Arts авантури или, ако се чувствувате особено


click/хардвер/

LG KF510

Разигран телефон со панел осетлив на допир ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: LG www.lge.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Handy www.handy.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Одличен дизајн  Интересни опции за преглед на фотографии  Музичкиот плеер има голем број на опции за преглед на вашите омилени песни  Солиден преглед на 2.2 инчниот екран 3.15 мегапикселна камера со автофокус опција  USB и Bluetooth v2.0  Крут слајдер  Нема 3G поддршка ЦЕНА

• 10.999 денари

И

ако не станува збор за некој револуционерен модел, LG KF510 може да се пофали со неколку интересни карактеристики. Станува збор за модел дизајн во форма на лизгање, спакуван во метално куќиште со екран отпорен на гребење. Извонредните 10.9 милиметри на дебелина се за почит, што го квалификуваат овој телефон како еден од потенките лизгачи со елегантен дизајн. Сјајниот изглед и

Одличен 2.2 инчен екран кој прикажува 262 илјади бои и навигациските копчиња осетливи на допир кои светат во бела боја и се анимираат врз база на тоа кое копче сте го притиснале сивата боја која се прелева од горе надоле, му даваат додатна свежина, но сето ова има и негативна карактеристика бидејќи видно се забележуваат отисоците од прсти на него. Предната страна се одликува со одличниот 2.2 инчен екран кој прикажува 262 илјади бои и навигациските копчиња осетливи на допир кои светат во бела боја и се анимираат врз база на тоа кое копче сте го притиснале, што е како новитет. На десната страна од

ОЦЕНА

8/10

овој мобилен телефон има сместено повеќе копчиња за интеракција со уредот. На самиот врв од десната страна е сместен USB портот за комуникација со вашиот персонален компјутер, кој е покриен со пластично капаче за да не се оштети и да не влегува прашина. Како следен доаѓа microSD слотот за мемориска картичка за проширување на меморијата во вашиот телефон која изнесува 16MB. Под

microSD слотот се наоѓа копчето за стартување и гасење на телефонот, кое е направено на лизгање надоле, со цел да се задржи оригиналноста и функционалноста на овој модел. На самиот крај се наоѓа мултимедијалното копче кое има две намени. Доколку го притиснете, ќе ви се отвори музичкиот плеер кој овозможува подредување на песните во плеј листи според категории, а доколку го притиснете и го задржите, ќе ви се отвори камерата во модус подгот-

вен за правење фотографии во истиот момент. Преоѓајќи на левата страна, можеме да го забележиме само копчето за зголемување или намалување на јачината на звукот на телефонот кое е добро позиционирано со цел полесно да се пристапи до него. Грубиот дизајн и пластичниот изглед на овие копчиња, по малку прават овој телефон да изгледа евтино. На задната страна на LG KF510 е сместена 3.15 мегапикселната камера која е видлива само кога телефонот е целосно отворен. При тоа, камерата има можност за максимална резолуција од 2048х1536 пиксела. Екранот не е осетлив на допир, единствено навигацискиот панел Кога сме кај опциите на телефонот, може да кои ви се на располагање и се каже дека менито е да го освежите изгледот на стандардно како и кај вашиот мобилен телефон. останатите модели од овој LG KF510 има опција за производител. На самиот слушање на FM радио, како почеток ќе ги забележите и видео материјали кои ќе приказот за батеријата, можете да ги прегледувате моменталниот сигнал на на целиот екран во полна мрежата, саатот и датата резолуција. Галеријата е (во зголемена варијанта). одлично место каде што Доколку ви е досадно, со додатните опции како можете да се забавувате со зумирањето, сортирањето широката палета од опции на фотографиите (по дата, кои ги содржи музичкиот име или тип) и презентаплеер, бидејќи овој модел цискиот модус, ќе можете продуцира доста квалитеда уживате при прегледот тен звук. Или, пак, да избе- на фотографиите.l [АЛЕКСАНДАР НЕШИЌ] рете некоја од трите теми

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

12 месеци

МЕМОРИЈА

16MB интегрирана меморија, можност за проширување на меморијата со microSD слотот

ДИСПЛЕЈ

TFT 256 илјади бои, 240х320 пиксели или 2.2 инчи

КОНЕКЦИЈА

Bluetooth v2.0, USB 2.0, GPRS

КАМЕРА

3.15 мегапиксела со максимална резолуција од 2048x1536 пиксели

ВИДЕО ФОРМАТ

MPEG-4

БАТЕРИЈА

Стандардна Li-Ion 800 mAh

ДИМЕНЗИИ

104.5 x 49.5 x 10.9 мм

ТЕЖИНА

91г

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Интересен слајдер со неколку добри карактеристики.

36 click декември 2008


click/хардвер/

SAMSUNG NV100 HD Мегапикселен „шампион” во својата категорија

О

двреме-навреме на пазарот се појавуваат модели на компактни дигитални фотоапарати кои според некои свои карактеристики отскокнуваат од другите. Овој модел на SAMSUNG е еден од тие, а нема да претераме ако го ставиме е во категоријата на ретки модели кои поставуваат нови мерила и стандарди. Пред да го провериме ова тврдење да кажеме збор-два за дизајнот, како што е ред, впрочем. Да не е објективот кој се извлекува на надвор, NV100 HD слободно може да се смести во категоријата на ултра-компактни апарати. Незначително е поголем од пакло цигари, но тоа не пречело на задниот дел да се вгради LCD дисплеј со дијагонала од 3” (~ 8 цм). Резолуцијата на овој дисплеј е подобрена – 460.000 пиксели наспроти стандардните 300.000, карактеристич-

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: SAMSUNG www.samsung.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Техномаркет www.technomarket.com.mk ЗА И ПРОТИВ

Дизајн Завршна обработка Квалитетни фотографии Остри видео снимки Мноштво мануелни опции Премногу (непотребни) мегапиксели  Цена      

ЦЕНА

• 17.499 денари

Изненадувањето на Samsung во пазарот на фото-апаратите

леноста, така што воопшто нема остри рабови. Квалитетниот објектив, составен од Schneider KREUZNACH леќи, го краси широк распон,

SAMSUNG NV100 HD е најновиот модел од NV палетата на SAMSUNG. Модел, кој беше вистински летен хит во годината која е на изминување ни за најголемиот број модели. Малите димензии не дозволија вградување на стандарден пристап кон опциите, така што кон нив се пристапува преку самиот дисплеј, кој реагира на допир. Десно од дисплејот се само копчињата од основното мени, за преглед на фотографии и зумирање, додека на горната страна е кружниот бирач на опциите и модусите за сликање. Куќиштето на апаратот е изработено од алуминиум и го краси одлична завршна обработка. Преовладува заоб-

почнувајќи од F2.8 па до 5.9, што овозможува повеќе светлина да навлезе во објективот, а тоа резултира со поквалитетни фотографии. Оптичкото зумирање е (нестандардно) 3,6-кратно, додека дигиталното е петкратно. Зад објективот е сместен CCD сензор од 1/7.2” со резолуција од 15 мегапиксели (14.7 мегаписели ефективни). Засега, највисок скор во оваа категорија. Друго прашање е колку има реална корист од нив – освен што се овозможени поголе-

ми димензии на сликите. Споредувањето на нивниот квалитет со квалитетот на DSLR со, на пример, 8,9 или 10 мегапиксели е крајно неумесно. Сепак, тоа е друга категорија. а тоа само говори дека количеството мегапиксели кај компактната категорија е претерана работа. И одличен маркетинг трик! Но, да не зазвучи сосема негативно. Кусото тестирање покажа дека е во состојба да извади добри фотографии во различни услови. Недостатокот на минијатурниот објектив доаѓа до израз при развлекувањето на сликите направени на максимална резолуција на 100 и повеќе проценти. HD видеото не е ексклузива на овој модел, но сепак е опција која не е достапна кај поголемиот број модели. Всушност, не е полна HD резолуција (720p), но сепак е повисоко ниво на квалитет. Должи-

ната на снимката е ограничено со самата меморија. Интерната меморија на апаратот од 40 МБ е проширлива со SD мемориски картички, чиј максимален капацитет не е прецизиран. Снимката е, нормално, со звук. Тоа што е навистина раритет е мноштвото опции кои можат да се нагодуваат мануелно, а кои досега биле „ексклузива” за повисоките категории фотоапарати. Освен модусите за фокусирање, новина е изборот на F вредноста и избор на времето на отвореност на објективот (Shutter Speed), кој може да се нагоди да остане отворен до 2 секунди. Не е којзнае што, но сепак е подобро отколку фабрички предефинираните опции. Во секој случај, SAMSUNG NV100HD е добар модел и можеме да го препорачаме. Освен ако не ви смета неговата цена...l

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Добар избор за сите кои сакаат мноштво опции и компактни димензии

[ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

click декември 2008 37


58 61 61 62 64 64 65 66 68

Cisco Expo 2008 Shout’em Open source as alternative Интернет страни со уникатен дизајн Exe Password PersonalBrain 4 Toon Boom Animate FaceFilter Studio 2 7 совети за оптимизација на вашиот блог

70 71 72 74 78

Aлатки кои никој не ви ги кажал Teleport Pro Сервиси за креирање на веб презентации Новогодишно лудило во InDesign CS4 5 локални веб дестинации

click/софтвер/ Cisco Expo 2008 Конечно и Македонија ја доби својата Cisco Expo конференција. На 26ти и 27ми ноември во хотелот Александар Палас се одржа Cisco Expo 2008

Настанот го отвори генералниот директор на Cisco за Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, г-динот Харис Пињо

Ч

есто наградуваниот GFI тим им го олеснува животот на мрежните администратори со уште една нова бета верзија на својот софтвер. Овој пат нудејќи детектирање на преку 15000 ранливости на вашата мрежа со што ви обезбедува посигурна, брза и ефикасна мрежна околина. Новата верзија вклучува подобрен кориснички интерфејс, подобрени извештаи, деинсталација на неавторизирани апликации, инсталација 58 click декември 2008

на Microsoft закрпи, remote desktop конекција, пронаоѓање на виртуелни машини... Една од попрактичните работи е однапред закажување на скени-

својата работа. Всушност помалата оптовареност на мрежата е време во кое и реално ваквите работи треба да се извршуваат. Со оглед на тоа што и

ции, можете веднаш да претпоставите дека за извлекување на најдобрите перформанси на оваа апликација ќе ви биде потребен добар компјутер.

Преку многу примери, искуства и најдобри практики, експертите на Cisco и на нивните партнери ги презентираа најновите достигнувања на овој гигант на полето на мрежните технологии рања, што овозможува и надвор од работното време, во ваше отсуство, оваа алатка да си ја заврши

самата инсталација на LANguard зазема многу ресурси и трае подолго од други стандардни инстала-

Доколку во вашата мрежа имате од 1 до 10 компјутери, препорачано е да го инсталирате софтверот на

машина со 1Ghz процесор, 512МB РАМ и 500МB простор на вашиот хард диск. Доколку, пак, веќе станува збор за поголема мрежа со 10 до 500 компјутери, минимумот е 2Ghz процесор, 2GB RAM и 2GB хард диск простор. За финално, најголемите корпорации со над 5000 компјутери, да пружат комфорност од 2 x 3GHz quad core процесор, 4ГB RAM и 10GB хард диск простор. Навистина, желбата да го тестираме овој софтвер на мрежа со над 5000 компјутери останува


click/софтвер/

Telepresence презентација со Министерот за информатичкo општество, г-динот Иво Ивановски и Главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-динот Николај Бекерс

неостварена, но затоа го тестиравме со скенирање на само еден компјутер, операцијата траеше 2 минути и даде одлични резултати. Претпоставката дека ќе даде резултати со слична содржина при мрежно скенирање се точни. Ќе забележите некои смешни работи кои реално навистина може да ви наштетат. На пример, има предупредување доколку AutoRun опцијата ви е вклучена, што асоцира на дозвола автоматски да се егзекутираат фајлови од мемориски стапчиња или CD/ DVD драјв. Потоа, доколку имате голема мрежа, не е секогаш веројатно дека за администраторскиот акаунт на сите компјутери нема да заборавите да ставите лозинка и ќе го оневозможите гостинскиот акаунт. Па така, софтверот ве предупредува д��ка ова го прави вашиот компјутер ранлив. Верувале или не, можеби ќе добиете и совет да го преименува-

те администраторскиот акаунт. Друга ранливост се шеруваните локации, не само што ве предупредува за истите, туку и ви дава листа на сите шерувани фолдери или најлошо драјвови. Има и одличен пре-

глед на инсталираните и пропуштените апдејти со што нема да мора да шетате од компјутер на компјутер. Портите се исто неизбежен дел, наместо да симнувате посебна алатка за неопходното одредување на отворени порти,

LANguard ви ја врши и таа работа патем обезбедувајќи опис која порта на какви напади е подложна. Доколку не ви се потребни сите овие резултати, пред секое скенирање можете преку филтрите да дефинирате барања

со параметри. И нашиот најомилен дел, можете да споредите два претходно извршени скенирања со што ќе заклучите колку со овој софтвер си помогнавте во оправувањето на вашата мрежа. l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

click декември 2008 59


click/софтвер/

Exe Password

Заштитете ги вашите апликации со лозинка од неавторизирани корисници ИНФО Exe Password • ИЗДАВАЧ: Salfeld Computer • ЛИЦЕНЦА: 19.90$ • ПЛАТФОРМА: Windows Vista, 2000, XP, 95, 98, ME • URL: www.salfeld.com ЗА И ПРОТИВ  Едноставен за користење  Користи малку системски ресурси  Цена  Креирање на резервни копии  Дизајн на работна околина

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Солидна апликација преку која значително ќе ја зголемите безбедноста на вашата приватност, на многу едноставен начин и пристапна цена

С

игурно некогаш сте имале желба да заштитите со лозинка одредена апликација од неавторизирана употреба. Постојат апликации кои ја поседуваат таа функција, но повеќето немаат опција за заштита со лозинка. Токму заради таа потреба, компанијата Salfeld, го креираше Exe Password. Со помош на Exe Password, ќе можете на премногу едноставен начин да го заштитите било кое *.exe од отворање, но не и од бришење. Веднаш по внесувањето на вашата лозинка за одредена апликација, Exe Password успешно се интегрира и ги спречува сите неавторизирани корисници да ја отворат вашата заштитена апликација. За

да заштитите со лозинка одредена апликација, може да го сторите тоа преку самиот софтвер, но постои и друг поедноставен начин. Доволно е само да ја имате инсталирано апликацијата и потоа со десен клик на апликацијата која сакате да ја заштитите, ја одбирате опцијата „Заштити со Лозинка“. Потоа ќе треба да ја внесете посакуваната лозинка и тоа е сè. Преку истото копче „Заштити со Лозинка“ ќе може да ја избришете или измените заштитата со лозинка за било која апликација. Исто така, може и да изберете место каде што ќе се зачувуваат резервни копии од апликациите кои ги заштитувате или пак да ограничите само еден корисник да

може да поставува заштита на одредени апликации со лозинка. Доколку сакате можете и текстот кој се појавува при отворање на било која од заштитените апликации, да го измените и да напишете некоја

своја фраза на сопствениот јазик. Цената на лиценцата на овој софтвер за еден компјутер изнесува 19.90$, а доколку го нарачате на CD, ќе го добиете за 29.90$.

PersonalBrain 4

Внесете и организирајте ги сите ваши мисли на сосема поинаков начин ИНФО

PersonalBrain • ИЗДАВАЧ: TheBrain Technologies LP • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна верзија, Core 149$, и Pro 249$ • ПЛАТФОРМА: Windows, MacOS и Linux ЗА И ПРОТИВ

 Солидно дизајнирана работна околина  Лесно креирање на резервна копија  Цена за полната верзија ОЦЕНА

9/10 8.5/10

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Иновативен софтвер кој ќе ви помогне да ги организирате мислите

64 click декември 2008

P

ersonalBrain 4 е софтвер преку кој ќе можете да креирате дигитална мапа од сите ваши мисли. Исто така, со оваа апликација ќе сте во можност да додавате разни белешки, документи и линкови до веб страници на самите мисли. Работната околина изгледа солидно, по што и самиот софтвер е едноставен за работење. За да започнете со користење на PersonalBran, најпрво треба да креирате нов дигитален мозок на кој треба да му дадете име. Веднаш по креирањето на дигиталниот мозок, ќе се појави вашата прва централна мисла, т.е. самиот мозок. Од него можете со

помош на малите крукчиња да создавате нови мисли, а и на новите мисли, подмисли, сè со цел да направите подобра организација меѓу нив. Во апликацијата се вградени неколку опции за основно прилагодување на изгледот на работната околина. Може да изберете помеѓу 8 теми кои ви стојат на располагање, но може да внесете и ваша позадинска фотографија, која ќе биде поставена под вашиот дигитален мозок, или да ги измените основните бои во софтверот TheBrain Technologies на нивната официјална веб страница нуди три едиции од PersonalBrain.

Првата е бесплатната едиција и во неа има вградено моќна визуелна навигација и асоцијативно линкување (поврзување). Може да внесувате безброј мисли или линкови или да селектирате, бришете или поврзете повеќе мисли одеднаш. Исто така, во апликацијата има вградено

HTML уредувач. Со BrainZip ќе можете да направите резервна копија од вашиот дигитален мозок и лесно да го пренесете било каде. Оваа едиција е добра за основно мапирање на вашите идеи и веб страници. Постојат уште две едиции Core и Pro кои што имаат повеќе функции и алатки.


click/софтвер/

Toon Boom Animate Анимирање како во бајките на Пепелашка

Во главниот екран, сите најбарани алатки се при рака

П

онудата на софтвер за креирање на анимации е огромна. Меѓу производите се наоѓаат големи имиња како 3D Studio Max, Маya итн. но тие се наменети за креирање на филмски ефекти и 3D моделирање. На полето на векторско анимирање или креирање на цртани анимации нема многу продукти, а еден од најистакнатите производители на вакви типови на апликации е канадската компанија Toon Boom Animation Inc. Издавањето на нивниот најнов производ, Toon Boom Animate, е со цел да се привлече уште поголем број на корисници. Animate е всушност средна верзија меѓу Toon Boom Studio и Toon Boom Digital Pro, а тоа се потврдува и со цената која ја има овој пакет. За потврда на квалитетот на апликацијата ќе ги наброиме само неколкуте од анимираните филмови

кои се создадени со апликациите на Toon Boom. Од работилницата на DisneyToon ќе ги споменеме само Мулан, Кралот лав, Бамби, Пепелашка и Малата принцеза, а од останатите анимирани филмови и серии, ќе ги споменеме Spongebob, Simpsons, Rugrats итн. Новиот пакет за креативно создавање на ани-

нални аниматори од друга страна, кои создаваат видео кое ќе се репродуцира на платформи како Интернет страници, па се до HDTV. На барање на специјалните потреби на корисниците, Toon Boom Animate ги поседува најнапредните алатки за креирање на дигитални анимации. Овозможено е анимирање на вектори,

При креирањето на анимациите, Toon Boom Animate може да се користи како за правење на традиционални монтажи со слики и видео клипови, така и за комбинирање со цртани објекти и вектори мации е спакуван со многу опции за создавање на цртани видео материјали. Овозможена е поголема продуктивност, подобар квалитет и побрзо изведување на анимирањето од претходно. Наменет е за ентузијасти и студенти од една страна и професио-

слики, симболи, движења на камера, морфирање, напредно користење на четки за боење на објекти итн. Користењето на пакетот е едноставно и лесно дури и за почетници. Toon Boom нуди и PLE лиценца за персонална употреба (бесплатно со

одредени ограничувања) која секако може да се употреби и за испробување на апликацијата. За учење се овозможени и бесплатни видео лекции и начини на работа, што е навистина за пофалба. Од Интернет просторот би ја препорачале страницата www.toonboomtutorials. com каде може да се најдат огромен број на темплејти и упатства за работа. Од главните карактеристики и алатки на Animate би ги издвоиле можностите за креирање на содржини (цртање на слики и вектори), можностите за импортирање на слики и вектори. Опциите за работа со четки се на завидно ниво и се баш наменети за креирање на цртани анимации. При креирањето на анимациите, може да се користи како за правење на традиционални монтажи со слики и видео клипови, така и за комбинирање со цртани објекти и вектори. Морфирањето се изведува едноставно, а симболите во апликацијата можат да се сортираат во посебна база наменета за тоа. Можат да се создаваат и специјални акции и ефекти, а за создавање на најкреативни анимации можат да се употребат веќе предефинираните текстури или премини на бои, како и да се создаваат сопствени. Со можностите за повеќе камери, може да се постави сцена во 3D и да се користат инверзни кинемации. Како шлаг, за крај да ги споменеме и лесната интеграција со разни формати како MOV, SWF, PSD, AI и PDF, а снимање и експортирање во MOV и FLV. l

ИНФО

Toon Boom Animate • ИЗДАВАЧ: Toon Boom Animation Inc. • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна за проба, 699 $ • ПЛАТФОРМА: Windows, Mac OS X • URL: www.toonboom.com ЗА И ПРОТИВ

 Одлична работна околина  Напредни опции за работа со четки  Лесна изведба на морфирање  Можности за класично и цртана анимација  Добра база на предефинирани елементи  Малку висока цена за наши стандарди

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Интересен софтвер наменет за цртана анимација кој може да се употребува и во класична форма на анимирање

[ИВАН МАНЧЕВСКИ]

click декември 2008 65


80 84 86

Prince of Persia Runes of Magic Dead Space

click/игри/ Prince of Persia

Принцот се враќа ослободен од DRM

ИНФО

Prince of Persia • ИЗДАВАЧИ: Ubisoft • ПЛАТФОРМИ: PC, PS3, XBOX • ЖАНР: Акцијски платформер • URL:princeofpersiagame.com

ЗА И ПРОТИВ

 Прекрасна графика Флуидна акција и  акробатика Одлична приказна  Можеби малце прелесна за играње

ОЦЕНА

ОДЛИЧНО

80 click декември 2008


СЦЕНАРИО Вашиот главен карактер го губи своето магаре и во потрага по него, го зафаќа магична песочна бура. Одеднаш се наоѓа во магичен свет, каде што ја запознава Елика и неволно и помага во прочистувањето на светот од корупцијата на злобниот бог Ахриман.

О

ригиналната Prince of Persia е игра за која има посебно место во срцето на старите играчки волци. Со својата мешаница на загатки и платформска акција, како и романтичната приказна и одличен 8-битен саундтрак, стана класика која дури и денес по некој носталгичен гејмер со радост ја преигрува. Наследниците на оваа франшиза од крај на 90-

изгубија од суштината и се претворија во „slash and dash“ акциони игрички, со по некоја загатка и акробација ставена за да се рече дека ова е Prince оf Persia. По стариот добар рецепт што го знаеме од филмовите како Бетмен, ако франшизата ви забегала, најдобро е да ја ребутирате и да почнете одново. Така, најновиот наслов кој е насловен едноставно со

Ubisoft, познат по рестриктивните DRM заштити против копирање и многуте проблеми кои им ги нанесе на корисниците со нив, сега се одлучи на радикален чекор со тоа што не вклучи никаква заштита во Prince of Persia тите и средината на 2000тите, Sands of Time, Warrior Within и The Two Thrones иако комерцијално успешни, сепак во својот обид да се приближат до новата генерација на играчи, некако

Prince of Persia, но кој може слободно да го наречеме Prince of Persia Begins по горната аналогија, целосно ги сече врските со претходниците и ја почнува приказната одново.

Нашиот принц, на почетокот на играта не изгледа баш принцовски, ниту пак има некоја принцеза за спасување. Тој е едноставно обичен елоквентен крадец, кој барајќи го своето магаре Farah (на кое веројатно го пренесува својот плен), налетува на необична песочна бура која го пренесува во една чудна земја од бајките, создадена повеќе од митови отколку од реалност. Тука, како по судбина налетува на убавата Елика, личната босонога припадничка на клан чија вековна задача е да го чува затворот во кој е заточен злобниот бог Ахриман. За беља, а и ваше играчко задоволство, се сретнуваат токму во моментот кога злобникот успева да се ослободи од неговите окови во Дрвото на Животот. Неговото ослободување има страшни последици на сите четири страни на светот, кој станува исполнет со мрачна корупција. Ваша задача станува, со помош на Елика да го исчистите овој свет, дел по дел од злото на Ахриман и да го вратите на неговата претходна убавина.

Да си признаеме, омилениот лик во оваа игра не ни е Принцот (кој некогаш знае да биде баш кретен), туку Елика. Елика е вашиот водич низ светот, буквално покажувајќи ви го патот напред, ако се изгубите

некаде. Ако имате било каков проблем, Елика е тука да ви помогне. Јазот е преголем и ви треба помош да го прескочите со двоен скок? Тука е Елика. Непријателите ви прават проблеми и ви треба некој

click декември 2008 81


да ве брани? Тука е Елика. Сте се прецениле, сте го надминале работ и паѓате во сигурна смрт? Тука е секогаш Елика за да ве спаси. Елика низ играта ви ја раскажува и приказната за епската борба помеѓу Ормазд и Ахриман, за историјата на четирите инфицирани кралства и

82 click декември 2008

трагичните приказни на четирите „босови“ кои ќе треба да ги победите. Елика всушност е персонификација на сите оние елементи во игрите кои ги земаме здраво за готово, двојниот скок, чекпоинт, магија, boost и сл. но спакувани во еден убав-за-гледање пакет. Најдоброто од

сè е што акциите на Елика се повикуваат со само едно копче и нејзината вештачка интелигенција е дизајнирана така што никогаш нема да ви пречи во играњето, а секогаш ќе ви помогне. Останатите команди за самиот Принц се исто така доведени до совршена едноставност. Едно копче

за акробации, едно за мечот и едно за блокирање. Едноставноста на играње е една од одликите на оваа игра, што откако ќе се одвикнете од старите платформски и акциони навики на играње ќе видите дека е многу подобар систем од претходните. Акциите се везат една по друга и кога

ќе влезете во штосот, ќе ви стане јасно дека целата игра се игра со константна ритмична и поврзано темпо на притискање на копчињата. Ваше е да се отпуштите и да верувате во системот на играње. Што е добро, бидејќи прстите нема да ви станат пире од константното бесно притис-


кање по командите како кај некои други акциони игри. Отпуштете се, навалете се во фотелја и следете ја флуидната акција на екранот. Ако малце погрешите, единствената казна ќе ви биде мало подзапирање на некоја платформа или, пак, ако паднете, секако, тука е вашата спасителка. Борбата е со слична филозофија. Наместо колвање по копчињата, борбата се води со составување на комбо удари. Наместо напнато да се навалите и случајно да го поткачите екранот со гејмпедот и тастатурата во занесот фуриозното штракање, релаксирајте се, свирете по копчињата и уживајте во спектакуларните анимации и можеби критички разгледајте ја гардеробата на непријателот. Секако, можете и да се потрудите да го разлутите малце со копчето за разговор. Комбо можете да започнете со било кое

од четирите основни команди: акробација, Елика, меч и блокирање, а кога ќе ги научите комбинациите можете во еден здив да поврзете дури и до дузина потези, во многу различни комбинации. Ако борбата не ви е јака страна, тука е и Елика да помогне, како и да ве спаси ако сте при крај на силите и да ве однесе на сигурно место. Сепак, додека вие се лечите, се лечи по малце и противникот. Единствениот проблем се quick-time-event нападите, еден вид кинематски сцени кои може да ви го прекинат текот на комбото ако се заредат. Борбите со босовите стануваат прогресивно потешки како што напредувате и секоја има свое специфично прекрасно опкружување. Магичните моќи на Елика се корисни, но малце репетициони. Со прочистување на секој нов свет, се здобивате со една. Две од

нив се скоро идентични, со црвената плоча отскокнувате нанапред до друга црвена плоча, а со плавата Елика ве фрла нанапред. Иста работа, различна анимација. Со Dash моќта, Принцот може да трча по ѕидови и вашата работа е да ги избегнувате разните корупциски замки. Моќта на летање е слична само што сте во воздух. Prince of Persia не би го заслужила својот наслов ако нема и по некоја загатка. Повеќето се лесни и едноставни, а најинтересните се на пример менувањето на течението на една река за да стигнете до нова област и манипулирањето на капии за откривање на серија на магични платформи. Разните коруптивни замки се собираат од сите претходни прочистени светови и зависно од тоа по кој ред сте играле, можат доста да ви го „забиберат“

животот. Но сепак, кога ќе ослободите една област од корупција, добивате чувство на задоволство и пред вас се открива еден прекрасен свет, низ кој ќе треба пак да се вратите за да ги соберете 45-те light seeds со кои се отклучува нова моќ на Елика. Оваа задача не е ставена за да ве мачат, туку за уште еднаш да го разгледате шарениот свет кој сте помогнале да се ослободи од злото и да уживате во неговата убавина. За заклучок, иако играва

на моменти можеби се чини прелесна и фактот што не можете да умрете можеби ќе им смета на некои посериозни играчи, тоа не е поентата на оваа игра. Поентата е да се забавувате во еден прекрасен свет со одлично изведена графика изведувајќи спектакуларни акробации и борби и да уживате во анимациите. Секако, многу подобро и многу поблиску до оригиналот отколку старата школа од средните 2000-ти. l [НИКОЛА ПЧИНСКИ]

ЗАКЛУЧОК Игра во која буквално ќе уживате во погледот и анимациите. Дава светла надеж за иднината на Prince of Persia

• ОПТИМАЛНА КОНФИГУРАЦИЈА: Процесор: Pentium 4 @ 3 GHz / Athlon 64 @ 2 GHz Графичка: GeForce 7800 или RADEON X850 со 256 MB РАМ РАМ: 1GB за XP, 2GB за VISTA Хард-диск простор: 8GB Оперативен систем: Windows XP/Vista

click декември 2008 83


click/прашања

ВО следниот број ќе читате:

Комплетно безжично домашно кино ВО ПРОДАЖБА ОД 20 ЈАНУАРИ ПИШУВАЈТЕ НИ • Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.

КОНТАКТ

Партиции

Васил Ѓоргов 21-2/7 • 1000 Скопје

Го преинсталирав Windows XP и наидов на проблем. Имав две партиции C и D, но по грешка ги избришав и направив нова од 80 гигабајти. Како да си ги поделам партициите. Како се дели партицијата при инсталирање на Windows XP?

Телефон: 02 32 23 125 Е-mail: redakcija@clickmag.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата

Oд Бојана Дрангова

Компоненти Здраво Click! Сакам сам да составам компјутер во вистинска смисла на зборот. Би сакал да знам кои компоненти ми се потребни за составување на целосна машина. Од Едис Мехмедали Здраво Едис. Среќни сме што се реши на тој чекор. Некогаш составувањето на своја машина може да резултира со многу подобра машина за истите пари, а некогаш и со мал пожар, но сепак секогаш резултира со интересно искуство. За да не ти се случи второво, најважно е да имаш добро куќиште со напојување кое е доволно јако (во вати) за сите компоненти кои сакаш да ги приклучиш. Изборот на матична плоча исто така е важен заради тоа што од неа зависат и другите компоненти како процесор и рам, дури и графичка картичка. Значи треба да си избереш плоча која ќе одговара на планираните компоненти. Да сумираме, за основен сметач, ти треба добро куќиште, матична плоча, рам кој одговара на плочата, графичка (ако не се решиш за матична плоча која има интегриран GPU) и, секако, основни компоненти како хард-диск и DVD режач. Перифериите (монитор, тастатура, маус), може да ги искористиш и од претходен компјутер или да се подновиш комплетно. Сепак, ако ова ти е првото склопување на компјутер, најпаметно би било покрај тебе да има некој поискусен за да ти укаже на грешките кои можеби евентуално би ги направил.l

90 click декември 2008

Најбрз и најлесен начин е да го бутираш компјутерот со инсталационото CD од Windows и да ги креираш партициите преку него. Стартувај го, избриши ја партицијата која веќе ја има (ако не ти треба), и креирај нова, само наместо 80, направи си ја 40 гига (или колку сакаш, над 10 да биде само). Следниот чекор, наместо да одбереш да го инсталираш Windows, повторно стисни C и креирај уште една партиција со остатокот на просторот. Кога ќе завршиш со креирањето, едноставно одбери си на која сакаш да се инсталира Windows повторно и тоа е тоа.Aко веќе ти е инсталиран Windows и не сакаш повторно да се мачиш со

инсталирање, инсталирај си Partition Magic со кој може по желба да креираш нови партиции. Уште едно предупредување, важните податоци секогаш чувај ги на партицијата на која не ти е инсталиран Windows-от, за кога ќе мора да реформатираш и да инсталираш пак, да ја форматираш само C партицијата (партицијата на која најчесто се инсталира XP), а останатите партиции да останат неизменети. l

Wi-Fi

Имам проблеми со Wi-Fi на лаптопот. Добивам полни црти, но сепак ми вика Limited Access и Out of Range. Што е проблемот? Oд Стево Спасиќ Некогаш Zero Config знае да направи такви проблеми. Најдобро би било да го исклучиш на: десен клик My Computer, избери Manage, Services, и доле имаш „wireless zero config.” Кликни двојно на него и избери disable. Потоа мануелно прилагоди ја конекцијата.l

Shut down Имам релативно нов компјутер, но сепак при shutdown на Windows XP потребни му се повеќе од 5 минути за да се исклучи. Што е проблемот? Од Емил Крунев Тука нешто не е во ред. Некоја од програмите кои ги имаш инсталирано ти прави проблеми. Windows пред shutdown-от ги исклучува сите програми, но некоја можеби не сака толку лесно да се покори. За да го решиш проблемот брзо и безболно и да не трошиш многу време на наоѓање на бандитската апликација, ти го препорачуваме бесплатното програмче Wizmo. Ќе го најдеш на следниов линк: www.clickmag.mk/url/00804/

Визмо автоматски ги исклучува сите апликации без многу да ги прашува. Имаш и уште неколку добрини таму ако сакаш да ги погледаш. l


Click Magazine