svetlina10web

Page 6

Sоблазните во Црквата Како треба верните да се справуваат со нив? - прв дел Што велат светителите Божји за ова? „Кога луѓето се лоши, Бог им дава лоши епископи и владетели“. - Св. Атанасиј Велики „Колку што можеш, настојувај да го ослободиш твојот ближен од гревот, без да го навредиш“. - Авва Иперихиј „Свештеникот не смее да греши во догматите кои се однесуваат на Бога; за сè друго, ти не си соодветен судија, зашто ги знаеш своите ограничувања и тоа, дека не си го загубил целосно твојот ум“. - Свети Анастасиј Синајски

Оној што го крстил

o

Еден такси возач ја раскажува оваа случка од неговото село: „Едно дете, на возраст од 4-5 години, секогаш го избегнувало свештеникот од селото. Неговите родители и неговиот кум го советувале да му ја целива раката на свештеникот и да го почитува, но детето го тргало своето лице и дури и не ни сакало да погледне во него“. -„Дете мое“, - му велеле тие, - „Тоа е свештеникот што те крсти, целивај ја неговата рака“. Детето на тоа одговарало: -„Не, тој не е Оној кој ме крсти!“. Тие сите се чуделе на однесувањето на детето, сè додека еден ден во црквата, детето не ја здогледало иконата на Христос, и одеднаш извикало, повикувајќи и покажувајќи со прстот кон неа: - „Тој ме крсти“. Со своите непорочни очи, детето Го виде Оној Кој навистина го крсти, но тоа го игнорираше Неговиот инструмент, свештеникот.

Од раката на свештеникот

o

Самиот свештеник не ги извршува Таинствата – спротивно на верувањата на западот, каде што се вели: „Јас те крштевам“. Еретиците ниту можат да крштеваат, ниту можат да даваат било каков благослов. Благословите од еретиците се непосточеки. Благодатта на Таинствата дејствува независно од личноста која ги извршува. Не е свештеникот оној кој крштева, туку Оној Кој беше крстен во водите на реката Јордан – Христос. Православниот свештеник не вели: „Јас го крстив тој и тој“,

4


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.