ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА
содржина † † † † † † † † † † † † † † † †
Божикно послание
Како ти е ревноста?
Угодни на Бога
Писмо до Платон
Бог нема да го остави таквото милосрдие без покајание
За пастирското служење IV дел Таблица за мерки и пари Фељтон: православна Азија - Брунеи и Бангладеш
Предговор на книгата „Беседи за животот по животот“ Предговор на книгата „Со пост и молитва“ Сакате ли добри свештеници Проповед на Архиепископот по повод интронизација - Тетово Пристапна беседа на Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф Проповед на Архиепископот по повод интронизација - Куманово Пристапна беседа на Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф Ин мемориам - Косовка Савеска
импресум Списание за православна вера, образование и култура; број XXVIII, декември 2013 Излегува четири пати годишно. Издавач: Повардарска епархија на Македонската Православна Црква, Велес. Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел. Уредувачки одбор: Протоѓакон Влатко Стоименов, свештеник Јани Мулев, ѓакон Васил Ристовски, дипл. политиколог Никола Цилаков. Дизајн и компјутерска подготовка: Никола Цилаков. Печати: „Европа'92“ - Кочани www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk
† АГАТАНГЕЛ ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ Ч ЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, А ПО ПОВОД РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО - БОЖИК, ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА
Возљубени браќа и сестри!
Д
енес, вечниот Бог се раѓа во времето. Бесплотниот се облекува во плот. Синот Божји стана човек и се сроди со нас луѓето, стана наш брат еднаков во сé, освен
во гревот. Оној, Кој е зад границите на смртта, влегува во областа на смртноста. Денес, почнува крстниот пат Господов, ни се јавува жртвената, крстната, божествена Љубов. Денес јаслите витлеемски ја претскажуваат онаа пештера, каде што ќе биде положен нашиот Господ Исус Христос, симнат од крстот по маченичката смрт... Бог толку многу го засака светот, што го испрати Својот единороден Син, да се сроди со нас, да стане човек за да нé воздигне кон Бога. Голема и неискажлива е оваа тајна, голема и неискажлива е Божјата милост
4
Број 28, година 7, Декември 2013
кон нас. И сиот пат од животот Господов е исполнување на таа заповед за љубовта, која не знае за граници, за таа љубов, која својот живот го дава за своите ближни. Сите луѓе кои создавачкото Слово Божјо ги повикало кон постоење, биле Негови браќа и сестри, биле возљубени деца Божји, кои го изгубиле својот пат и кои Он дошол да ги побара. Слава Ти Господи, што ни го даде овој ден за прославување, за благодарност, за радост! Слава во височините на Бога, слава на Неговото неискажливо милосрдие, слава на Неговата бескрајна премудрост, слава на Неговата промисла!
Драги браќа и сестри! Ние,
како
Христови
следбеници,
во
денешниов
празничен ден, можеме да го поставиме темелот на нашето лично покајание, па преку промена на мислите и срцата, да стапиме на патот Христов. Можеме со нови очи да се загледаме и со восхит да
воскликнеме,
дека Детето, родено во
Витлеем
Живиот стана
Бог, жив
е кој Човек
заради нас и дека во тој Младенец се крие сета полнота
на
невидливиот
и несфатливиот Бог. Да се www.povardarska-eparhija.org.mk
5
радуваме и да го воспеваме и ние денес Новородениот Христос, Кој се јави за да донесе меѓу луѓето мир, слога и братска љубов. Бог се симна на земјата за да му даде можност на човекот да се воздигне високо на небесата. Да се радуваме и веселиме зашто беа послушани од Бога молитвите наши и се исполнија зборовите на Отецот Небесен, искажани на нашите прародители Адам и Ева по нивниот престап, дека ќе дојде време кога ќе биде испратен Месија меѓу луѓето за да го помири со Бога грешниот човечки род. Да се радуваме и веселиме зашто Спасителот се роди преку непорочната Дева Марија и со тоа се исправи исконската неправда и се победи прародителскиот грев, кој се пренесува врз човечката природа од Адама, па сé до денеска. На денешниов ден се роди долгоочекуваниот Емануил за кого пишуваа старозаветните пророци. Светна на хоризонтот ѕвездата што го најавуваше изгревањето на „Сонцето на правдата“. Се јави Утешителот на тие што страдаат, Избавителот на угнетените, Лекарот на болните и Надежта за правдољубивте.
Верни чеда на Македонската православна црква! Со радост во Господа, предавајќи се на Неговата Света промисла, се надеваме дека во текот на годината што ни претстои ќе го осветиме новиот велелепен храм, посветен на семакедонските просветители и учители Светите браќа Кирил и Методиј во центарот на Велес. Искрено се надеваме дека овој храм ќе биде местото каде денешните и идните генерации македонски православни христијани на Бога ќе Му принесуваат дела на побожност, добродетели и благочестив живот. Искрено се надеваме дека македонското православно семејство 6
Број 28, година 7, Декември 2013
ќе постане мала црква, со многудетни рожби, кои ќе бидат и образ на нашето благочестие. Возљубени мои духовни чеда, да Му принесеме на Бога чистота, светост и целомудреност. Одлика нека ни биде кротоста, воздржувањето, смирението, незлобивоста, милосрдието и трпението. Еве, тие миризливи цветови нека растат во градината на нашето срце, да ја красат нашата душа, да ги овенчуваат нашите чела. Со нив треба да свети нашето лице за да бидеме достојни сродници на Христа Спасителот. Да ги чуваме срцата и душите свои како Божји Храмови во чистота и во светлина. Да не се раздразнуваме и да не се лутиме. Да не се гордееме. Да не ја сметаме за понижување грижата за сиромашните и за несреќните, зашто и Христос не го сметал за понижување тоа да постане човек и да нé нарече Свои браќа. Од длабочината на својата душа ви го честитам Рождеството Христово - Божик и новото лето Господово.
ХРИСТОС СЕ РОДИ, НАВИСТИНА СЕ РОДИ…
www.povardarska-eparhija.org.mk
7
КАКО ТИ Е РЕВНОСТА?
В
о една статија од периодиката „Ефимериос“ (01.11.1956 год.) којашто ја имаше сочувано во архивата приснопамјатниот старец, отец Арсениј Комбујас, од исихастирионот „Богородица
Скоропослушница“ во Навпактос, го пишува следниов значаен настан: „Еден свештеник зилот (ревнител), со богата активност, еднаш виде
еден сон. Самиот тој ни го опиша следново: ,Седев на фотелјата, уморен и исцрпен од работа. Телото ме болеше од многу труд. Многумина во мојата парохија го бараа скапоцениот „Бисер“. И многумина го имаа најдено. Мојата парохија напредуваше во секој поглед. Мојата душа се полнеше со радост, надеж и храброст. Моите проповеди оставаа голем впечаток. Многумина доаѓаа на исповед. Мојата црква секогаш беше преполна од народ. Успеав да ја заживеам целата парохија. Задоволен од сè, работев секој ден до исцрпување. Додека 8
Број 28, година 7, Декември 2013
размислував на сето ова, без да сфатам, ме фати сон. Тогаш се случи следново што ќе ви го раскажам: Еден непознат човек влезе во мојата соба без да тропне на вратата. Неговото лице беше мило и имаше голема духовност. Беше убаво дотеран и во едната рака држеше некои инструменти од хемиска лабораторија. Целиот негов изглед предизвикуваше чуден впечаток. Непознатиот ми се доближи. И додека ми ја подаваше раката за да се поздравиме, ме праша: - Како ти е ревноста? Ова прашање ми причини голема радост. Бидејќи бев многу задоволен од мојата ревност. А и немав сомнеж дека и тој странец би бил задоволен, кога би ми ја знаел ревноста. Тогаш, како што се сеќавамна сонот, за да му покажам колкава вредност има мојата ревност, како да извадив од моите гради една густа смеса, која светеше како злато. Му ја ставив во раката и ми реков: - Ова е мојата ревност. Тој ја зеде и ја мереше внимателно на неговата вага: - Тежи педесет килограми, - ми рече сериозно. Јас едвај успеав да ја задржам радоста од неговата тежина. Но тој со сериозност, ја запиша тежината на еден лист и продолжи да ја испитува. Ја иситни таа смеса на ситни парчиња и ја стави во некоја хемиска тава на оган. Кога смесата се стопи и се исчисти, ја тргна од оганот. Ги оддели различните елементи. Кога тие се изладија, се формираа различни парчиња.
www.povardarska-eparhija.org.mk
9
Ги допре со едно чеканче и ја измери тежината на секое од парчињата и ја запиша. Кога заврши, ми фрли еден поглед полн со сочувство и ми рече: - Се молам да ти се смилува Бог и да се спасиш. И веднаш, ја напушти собата. На листот што ми го остави на масата, беше напишано следново: Анализа на ревноста на свештеникот Х. Вкупна тежина: 5 кг. Лично славољубие: 15 кг. Среброљубие: 12 кг. Тежнеење кон властољубие и власт над душите: 8 кг. Покажување: 10 кг без 20 грама. Љубов кон Бога: 10 грама. Љубов кон луѓето: 10 грама. Вкупно: 50 кг. Чудното однесување на странецот и погледот со кој ме пресретна, му внесоа некаков немир. А кога го видов резултатот од неговите испитувања, почувствував како ми се тресат колената. На почетокот сакав да ја преиспитам точноста на бројките. Се смирив и почнав да размислувам поладнокрвно. Но додека размислував, ми се стемни пред мене. Не можев да го прочитам листот, што го држев во моите раце. Ме обзедоа внатрешна борба и страв. На усните ми дојде крикот: „Господи, спаси ме...“ Пак фрлив еден поглед на листот. Одеднаш тој се претвори во едно пречисто огледало, кое го огледуваше моето срце. 10
Број 28, година 7, Декември 2013
Ја почувствував и препознав мојата состојба. Со солзи во очите Го молев Господ да ме ослободи од моето ЕГО. Конечно, се разбудив со крик на борба. Во изминатите години Го молев Господ да ме спаси од разни опасности. Но од овој ден почнав да Го молам Бога да ме спаси од моето ЕГО. По некое време се почувствував потресен. Конечно по упорни молитви, ја почувствував светлината на Господ како го исполнува моето срце и ги гори трњата на мојот егоцентризам. Кога Господ ќе ме повика кај Него, ќе Му заблагодарам од сесрце за откровението во тој ден, зашто ми ја покажа тогаш мојата вистинска личност и ми ги упати моите нозе на потесен, но поубав пат. Од тој ден секој ден ги обновувам моите одлуки. Таа посета што ми ја направи Оној кој „ги испитува срцата и бубрезите“ (Псалм 7, 10), ме направи поинаков човек и ми ја офајди мојата дејност.
Превод од новогрчки јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Πρωτοπρεσβυτέρου Στεφάνου Κ. Ἀναγνωστοπούλου «Οἱ Ἀναβαθμοὶ στὴν ἐν Χριστῷ πορεία» Πειραιᾶς 2011, σελίδα 159
www.povardarska-eparhija.org.mk
11
Протоереј Василиј Акривопулос
З
а да се движи некој кон светоста, не е задолжително да замине во манастир, напуштајќи го светот. И во светот е лесно некој да Му угоди на Бога со својот живот и да биде осветен.
Пазењето на Божјите заповеди, гостољубието, милосрдноста, светоста, смиреномудрието, незлословењето, оддалечувањето од световниот дух – стануваат причини за спасение па и за стекнување светост. Свештениот писател на Лествицата Јован Синаитски, во првото слово „За одрекувањето и одвојувањето од суетниот живот“ во 38 стих го вели следново: „Некои од оние кои водат површен живот во светот, ми го поставија следново прашање: ,Како може да му се приближиме на монашкиот живот и покрај своите жени и деловни грижи?‘ Им одговорив: ,Секое добро дело кое можете да го направите – направете го. Никого не навредувајте. Никого не ограбувајте. Никого не лажете. Не правете се важни пред никого. Никого немојте да мразите. Често одете во црква. Бидете 12
Број 28, година 7, Декември 2013
милосрдни
кон
сиромасите.
Никого не соблазнувајте. Не се допирајте до туѓа жена: нека ви биде доволно вашата. Ако така постапувате, нема да бидете далеку од Царството небесно‘“. Се разбира, светителот ќе каже и во други слова подолу дека световните, живеејќи во светот, ќе го заработат Царството на Бога. Во четвртото слово ќе зборува за послушанието, во петтото за покајанието и така натаму. Две теми земени од подвижничките текстови се поучни за сите оние кои посакуваат единство со Бога. Двајца монаси Го моле Бога да ги извести на кој духовен раст се стигнати. И им дојде глас од Небото којшто им рече: − Во тоа и тоа село има еден световен човек, по име Евхаристос, а жена му се вика Марија. Вие немате стасано на височината од нивната светост. Станаа двајцата старци и отидоа во селото. Прашаа каде е неговата куќа и лесно ги најдоа. И штом ја сретнаа првин жената, ја прашаа: „Каде е мажот ти?“, а таа им одговори: „Овчар е и ги пасе нашите овци“. Вечерта дојде Евхаристос со неговите овци. И штотуку ги виде старците, ѝ заповедаше на жена си да подготви јадење. Потоа донесе вода за да им ги измие нозете. Тогаш старците му рекоа: „Нема да седнеме на твојата трпеза, ако првин не ни кажеш за твојот духовен труд“. Тогаш Евхаристиос со смирение им рече: „Јас сум прост овчар, а ова е мојата жена. Што повеќе сакате да знаете?“
www.povardarska-eparhija.org.mk
13
Тие упорно го молеа, но Евхаристиос не сакаше да им каже. Тогаш старците му рекоа: „Бог нѐ испрати кај тебе“. Кога ги слушна овие зборови се исплаши и им рече: „Овие овци ги наследивме од нашите родители. Приходите од нашето стадо ги делиме на три дела. Првиот дел го даваме на сиромаси, вториот дел го трошиме на гостопримство на браќата, а третиот дел го задржуваме за наши потреби. Со мојата жена живееме како брат и сестра. Навечер се молиме на Бога и Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Ова што ви го кажувам не го знае никој освен вас“. Старците, штом го чуја сето ова си заминаа вчудовидени и славејќи Го Бога. Еднаш, додека великиот Макариј се молиеше во неговата ќелија, слушна глас од небото којшто му велеше: „Макариј, сѐ уште го немаш достигнато растот на двете жени од тој и тој град“. Старецот стана утрото и, откако го зеде в раце стапот од палма, почна да оди, за да стаса во тој град што му беше покажан. Штом стигна во градот, отиде во куќата каде што беа двете жени и чукна на портата. Излезе една од жените, ја отвори портата и со голема радост го прими старецот. И штом седна, дојде и другата жена. Тогаш старецот ги замоли да седнат. И обраќајќи се кон двете жени им рече: „Заради вас патував толку многу и се уморив толку многу доаѓајќи од пустината; кажете ми, со што се занимавате?“ Тие му одговорија: „Верувај ни, отче, дека ниедна од нас досега никогаш не му свртела грб во постела на својот маж. За какви духовни деланија нѐ прашуваш?“ Старецот ги замоли да му зборуваат за нивниот духовен живот. И тие му рекоа: „Ние сме туѓинки помеѓу нас, но се омаживме за двајца родени браќа. Петнаесет години живееме заедно и ниту еднаш не се скаравме. Срамен збор не си имаме никогаш кажано една на друга, туку живееме 14
Број 28, година 7, Декември 2013
во љубов со мир и едномислие сиве овие години. Помислувавме да ги напуштиме нашите мажи и да заминеме да живееме во некој манастир. Ги молевме нашите мажи да ни дозволат да ја оствариме нашата цел, но се покажа невозможно. Штом не успеавме во нашата цел се договоривме меѓу нас и Бог, така што, до смртта да не проговориме световен збор“. Штом ги слушна овие нешта великиот и божествен маж, со восхит рече: „Навистина нема ни девствен ни брачен, ни монах ни световен, туку Бог бара само добра волја и Светиот Дух ги осветува сите“. И откако се офајди од оваа посета, се врати во својата ќелија славејќи Го Бога. Од овие два текста, толку поучни, секој ќе сфати дека, сите луѓе не се за во манастир. Во манастир или во скит ќе отидат исклучиво и само посветените. Апостолот Павле вели дека не се сите создадени за безбрачност. Едни имаат дар за брак, а други дар за безбрачност. „Но секој си има свој дар од Бога – еден ваков, друг инаков“ (1. Кор. 7, 7). Можности за спасение им се даваат и на едните и на другите. Затоа светиот Макариј рече: „Навистина нема ни девствен ни брачен, ни монах ни световен, туку Бог бара само добра волја и Светиот Дух ги осветува сите“.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Άσκητική Λαϊκων, πρωτ. Βασίλειος Κων. Άκριβόπουλος, Δεκέμβριος 2002.
www.povardarska-eparhija.org.mk
15
Свети Теодор Студит
ПИСМО ДО ПЛАТОН, СВОЈОТ ДУХОВЕН ОТЕЦ, ЗА ПОЧИТУВАЊЕТО НА ИКОНИТЕ
† 1. Се тешиме ние, кои со зборови ти се обраќаме тебе, кој си наша свештена глава. Зашто, што е за синот поголема утеха од разговорот со својот татко, со таков и толку голем, чии добродетели се слават во многу градови, земји и острови. Таков е мојот отец, иако плодот не е ни малку сличен на дрвото, поради ништожноста на мојата маленкост. Ти стоиш пред нас како правило на побожноста, не само пред нас, туку пред сите кои се определиле за вистинско 16
Број 28, година 7, Декември 2013
богопочитување, кои се окрилени со храброст и се поттикнати на добар подвиг. Иако твојата светост од поодамна бараше со збор да одговорам (и објаснам) како треба да се почитува чесната икона Христова – не како некој кој не знае, туку, сакајќи со тоа да го поттикнеш мојот неразбирлив збор – јас тогаш не успеав да одговорам. Сега, сеќавајќи се на тоа, сметам дека треба, колку што е во моја можност, да го исполнам тоа што е побарано од мене, со помошта на
твоите свети молитви, можеби за тоа имам зборувано нешто и на друго место. 2. Значи, секоја уметничка школа е слична изобразба (подобна) на оној кој ја насликал таа слика, таа сама во себе, со својата содржина, ја покажува скицата (т.е карактерот) на протоликот, како што, за тоа зборува во божествените работи искусниот Дионисиј (Ареопагит): „Вистината се покажува во подобието (т.е во својот ликовен облик), протоликот – на слика (икона); секој
од нив е во секого, освен во разликите на суштината“. Така да, кој се поклонува на иконата, се поклонува на оној кого иконата верно го прикажува. Зашто тој не се поклонува на суштината (материјата) од иконата, туку на насликаниот на нејзе, ниту со идентично поклонување ја одделува иконата од протоликот (архетипот), зашто сличноста изобразена на иконата е идентична со протоликот. Затоа и св. Василиј Велики вели: „Цар се нарекува и сликата царева, но сепак тоа не се двајца цареви. Зашто со тоа ни моќта (царска) не се дели, ниту, пак, славата се дели. Затоа, како што е едно господството и власта (Божја) кои со нас владеат, така и славословието кое Му го принесуваме (на Бога) е едно, а не многу. Зашто честа (почитувањето) на сликата (иконата) преминува на протоликот“. Ако честа која ѝ се оддава на иконата преминува на протоликот, тогаш поклонувањето на
иконата со друг лик не е ништо друго освен поклонување на протоликот. 3. Едно е природна икона, а друго е икона која настанала со репродукција (имитација). Едната (т.е првата) нема природна разлика со својот пример (причина), како Синот кон Отецот. Зашто различна е личноста (ипостас) на Синот со онаа на Отецот, додека природата очигледно им е една. Кај другите икони (оние кои настанале со имитација) е обратно, има разлика во природата, но не во ипостасната, како Христова слика наспроти самиот Христос. Зашто друга природа е материјата насликата, а друга е Христовата, но ликот не е друг, туку една и иста личност Христова, макар била насликана и на икона. Божествениот Василиј повторно зборува: „Тоа што таму е иконата со репродукција, тоа овде е Синот по природа; и тоа што во репродукцијата е уметност слична со изобразеното по надворешниот изглед
(според обликот), тоа е во Божествената и Несложена Природа единство низ заедничарењето на Божеството“. 4. Воочи ја разликата: кај природната икона и (нејзината) причината, односно Синот и Отецот, затоа што е една природа – едно е и поклонувањето (на Отецот и Синот) по единственоста на природата, а не според Ипостасите. Затоа што исповедаме една природа (на Светата Троица), исповедаме и едно поклонение и славословие на Светата Троица, но на три Ипостаси: Отецот, Синот и Светиот Дух. Додека кај иконата која настанала со репродукција и кај нејзиниот протолик, односно Христос и иконата Христова, затоа што е една иконата Христова, зашто една е Христовата Ипостас – едно е и поклонувањето и тоа очигледно по идентичноста на таа една Ипостас, а не според различноста на природата на Христос и иконата. Ако кажеме дека www.povardarska-eparhija.org.mk
17
како што е едно поклонувањето на иконата и протоликот според идентитетот на ипостасот, така е (едно) и според идентитетот на природата, тогаш не правиме разлика помеѓу сликата и насликаниот и тоа ќе биде како една ипостас и една природа на иконата Христова и самиот Христос, со тоа паѓаме во елинското многубоштво, обожувајќи ја секоја материја која се користи за сликање на иконата Христова. Ќе им ја отвориме устата на иконоборците за да можат да нѐ обвинат дека поклонувајќи се на Еден Бог во три Ипостаси, ние се поклонуваме на многу богови и ги почитуваме. 5. Ако, пак, некој каже дека поклонувањето на иконата не се однесува на протоликот ни по идентичноста на ипостасот ни по идентичноста на природата, тогаш тој ја разделил моќта и ја одвоил славата на протоликот од иконата, па така поклонувајќи се на иконата Христова, тој врши јавно 18
Број 28, година 7, Декември 2013
идолопоклонство, воведувајќи не едно, туку две поклонувања. Тоа и сакаат да го докажат иконоборците, одрекувајќи се во овој случај, што е нормално, дека Христос е опислив по тело, бивајќи изобличени дека погрешно мислат, исто како оние кои сметаат дека Бог привидно дошол кај луѓето на земјата. Но безбоштвото кај едните и кај другите нека биде ставено во темницата својствена за нив. истинската вера христијанска, како што е веќе речено, исповеда дека, како што е едно поклонувањето на Светата Троица заради единството на Божеството, така и за иконата на Христос исповеда едно и исто поклонување поради идентичноста на Христовата Ипостас. Затоа се поклонуваме на едната и иста Ипостас, макар таа била и насликана. Инаку тоа нема да биде икона ако со чест (почитување) се раздделува од својот протолик, туку некој самопостоечки предмет. Така што,
В
со поклонувањето на иконата Христова останува едно поклонување и славословие на Светата и Блажена Троица. 6. Можеби некој ќе помисли да го каже и ова: затоа што поклонувањето е служење (латрија – божествено служење), тогаш се случува да ѝ се принесува иста служба на иконата Христова како на Светата Троица. Таквиот, очигледно не ја знае разликата во поклонувањето: зашто ние се поклонуваме на светиите, но не им оддаваме Божествено служење, тие се над нас и нѐ раководат во законот Божји, но не им служиме на божествен начин. Потоа, таквиот треба да знае уште дека, поклонувањето не е самата суштина на иконата, зашто тоа е неумесно и е својствено на оние кои му служат повеќе на созданието отколку на Создателот (Рим. 1, 25), туку тоа (поклонувањето ) што се оддава на иконата Христова е исто што и поклонувањето на Христос, додека
материјата на иконата останува сосема незаедничка (непартиципиелна) во однос на Христос на кого се поклонуваме на
сликата што е својствено на Христовата Ипостас, која е одвоена од материјата. 7. Ова е, ми се чини, исто со примерот со
огледалото: зашто во огледалото се гледа лицето на оној кој гледа во него, но сличноста на ликот останува надвор од материјата на www.povardarska-eparhija.org.mk
19
огледалото. Ако човек посака да го бакне својот лик во огледалото, тој не би ја бакнал материјата, зашто не пришол поради огледалото, туку заради изобразениот на него лик. сто се случува и со материјата на иконата, кога ќе се изгуби (или уништи) ликот кој бил на неа и на кого се однесувало почитувањето, тогаш материјата останува без почитување, зашто нема ништо заедничко со конкретниот лик. 8. Да земеме за пример прстен на кој е изобразен ликот на царот, па со него се стисне во восок, смола и глина. Печатот на сите материи ќе биде ист и непроменет, а материите ќе се разликуваат една од друга. Ликот од печатот не ни можел да се смени во различните материи, зашто нема ништо заедничко со нив. Ликот е одвоен од нив и останува на прстенот. 9. Просто кажано: не се оддава божествено служење на иконата Христова, туку на Христос се поклонуваме, Кој е на неа, а нејзе
И
20
Број 28, година 7, Декември 2013
(на иконата) треба да ѝ се поклонуваме поради идентичноста на Христовата Ипостас, без оглед на разликата во суштината на иконата. 10. Понатаму, како што ми се чини мене, поклонувањето на иконата Христова има основа во учењето на Светите Отци, ако оваа почит се укине, потенцијално престанува и самиот Христов домострој, ако не ѝ се поклонуваме на иконата Христова, тогаш истовремено го укинуваме и поклонувањето на Христос. 11. Затоа, божествен отче, треба со страв и побожност да ѝ пристапуваме на иконата и да ѝ се поклонуваме, зашто поклонувањето преминува на Христос, треба да се верува дека врз неа слегува божествената благодат и дека таа дава осветување на оние кои ѝ пристапуваат со вера. Зашто и кај сликата на животворниот Крст, кај иконата на Сесветата Богородица, кај иконите на сите светители – секоја почит која
осветува (проскинисис - поклонување) преку иконата, исходи преку нивните прволикови кон самиот Бог. Затоа е едно и единствено божественото поклонување на Светата и Единосуштна Троица, поради Неа се разликуваат поклонувањата на другите, зашто Нејзе единствено ѝ се вознесуваат сите други поклонувања. 12. Ако заради незнаење реков нешто погрешно или помалку од потребното, или, пак, премногу, ти како добар татко благоволи едното да го исправиш, другото да го дополниш, а третото да го отстраниш, молејќи Го и умолувајќи Го Бога за мојата ништожност, да даде и јас правилно да мислам и непогрешно да говорам и беспрекорно да постапувам. Превод: Благоја Трајкоски, дипломиран Теолог
www.povardarska-eparhija.org.mk
21
„Отче, сакам да зборувам со вас за нешто сериозно...“ Девојката стоеше на влезот од свештеничката канцеларија, чекајќи одобрување за да влезе. Немаше изглед на „благочестив“ човек. Носеше тесни пантолони и беше фарбана. Стариот свештеник ја погледна со добрина. „Молам, за сè што сакате!“
Д
евојката влезе и седна пред бирото на свештеникот. „Барам совет од вас“, рече отсечно и одлучно. „Мајка ми е при крај со животот. Голем дел од животот го помина работејќи ноќе во лоши места... Знам... Можеби малку ќе ве соблазнам...“ Престана, гледајќи го свештеникот испитувачки, но со искреност во нејзините очи“. „Ве молам, продолжете“. „Мајка ми со парите кои ги заработуваше успеа да нè порасне мене и брат ми без да има потреба да нè даде во туѓи раце. Татко не знаеме кој ни е... 22
Број 28, година 7, Декември 2013
Но, не нè порасна само нас. Половина од нејзините пари и повеќе од тоа ги даваше како милосрдие. Многу деца пораснаа благодарение на неа. Некои студираа благодарение на мајка ми. Во целиот нејзин живот, милостината беше прва нејзина обврска... Сега умира. Со тешкотија комуницира. Јас би сакала таа да се причести, но не знам како да ѝ го кажам тоа... Разбирате... таа никогаш немаше некоја врска со Црквата... не беше сосема рамнодушна, но... разбирате...“ Свештеникот ја наведна главата и ја слушаше со разбирање. „Не грижете се“, ѝ рече. „Го направивте тоа што требаше. Сега и двајцата ќе се молиме за мајка ви. И Бог ќе покаже некој начин. Во секој случај, како и да е, да знаете дека Бог нема да ја остави таквата милостина без покајание...“ Поминаа неколку денови. Свештеникот немаше новости од таа девојка. И одеднаш едно утро виде плаката за смртта на мајката, залепена на еден столб. Реши да
отиде на погребот. На крајот од опелото му пристапи девојката. Пристојно го поздрави и му се заблагодари што дошол да им искаже сочувство. Беше многу опадната. „Многу сум загрижена за душата на мајка ми, отче“, ми рече. „Не грижете се, ви кажав: штом вашата мајка покажала такво милосрдие, Бог нема да дозволи да ја остави без покајание и простување. Само тоа можам да ви го кажам. Останатото го знае само Он...“ „Отче, да ве запознаам со брат ми“. Следеше претставување. „Отецот овде е од црквата на „Света Фотина“... знаеш... малку погоре од куќата на мама...“, му рече на брат ѝ. „Како и да е, отче, не кријам дека ми е жал што си замина така“, повторно се сврте кон свештеникот. „Можеби требаше да бидеме поупорни. Не знам... разбирам што ми велите, но немам толку вера за да се утешам од тоа...“ „Што се случува“, се вмеша братот. „Па отидов пред неколку дена кај отецот за да побарам да дојде да ја исповеда и причести мама, но некако не стасавме... не знаевме како таа ќе го прими тоа... и ете не успеавме...“
Братот се изненади, се насмевна и рече: „Не грижи се, успеавме... Завчера вечерта кога ти не беше дома, мама како да се разбуди одеднаш од нејзината летаргија, се сврти кон мене и – како да не беше болна – му рече: „Оди брзо во „Свети Димитриј“ и повикај го овде попот“... Најпрво се зачудив. Не сакав да ѝ го кршам атерот, но не очекував да најдам некого во црквата во тоа време... о, попот беше таму. Му објаснив и дојде веднаш... Од кај да знам јас дека ти исконтактирала со свештеникот од „Света Фотина“... Извини што не ти кажав ништо, но со погребот и грижите заборавив... и да бидам искрен, не знаев како ќе реагираш ти на тоа... Не ми имаше кажано дека ќе одиш кај попот... Како и да е, таа се причести...“
Н
Свештеникот се насмеа. Ги поздрави топло и си замина. „Не ја остава Бог милостината без да биде придружена од покајание“, си велеше во себе со трогнатост... (извадок од книгата Малиот градски старечник „Колку што можеш“, од Василис Аргириадис). Превод од новогрчки јазик: Свештеник Јани Мулев
www.povardarska-eparhija.org.mk
23
ЗА ПАСТИРСКОТО СЛУЖЕЊЕ СВЕТИ ГРИГОРИЈ ДВОЕСЛОВ ГЛАВА 8.
З
а тие, кои се наметнуваат на началствена власт, и како оправдување на својот каприциозен стремеж се повикуваат на зборовите на апостолот (1.Тим. 3,1). Многумина, кои се наметнуваат на началствена власт, како оправдување за својот каприцозен стремеж прибегнуваат кон зборовите на апостолот, кој вели: „Верно е словото: сака ли некој епископство, тој сака добра работа“ (1.Тим. 3,1), мислејќи дека во нив ќе најдат оправдување и потпора за себе. Но 24
Број 28, година 7, Декември 2013
апостолот, пофалувајќи ја таа желба, во истиот момент ја претставува и нејзината опасна страна, додавајќи ги веднаш по тие зборови и следните зборови: „Но епископот треба да е непорочен“ (1.Тим. 3,2). А понатаму тој покажува во што се состои таа непорочност, набројувајќи ги по ред сите совршенства кои се неопходни за пастирите и општо, за сите свештенослужители. На таков начин апостолот ја одобрува желбата за епископство, но и ги предупредува оние кои сакаат да бидат епископи за сите потреби кои се јавуваат за време на епископската служба. Тој како да говори така: „Јас ја фалам вашата
желба, но најпрво спознајте го тоа, што вие го посакувате; зашто инаку, ако вие тоа го занемарите, кога ќе се искачите на височината на духовните почести, тогаш посрамен ќе биде прекорот на вашето недостоинство, кое што ќе биде видливо за сите“. Како многу искусен во делото на духовното управување, апостолот со своето одобрување нè побудува кон тоа високо служење, а со претставувањето на тешкотиите на истото тоа служење го зауздува во нас секое брзање и непромисленост. Мислата за тоа како треба да биде непорочен животот на епископот, има за
цел да ги зачува сите и секого од гордоста и себенадевањето; а со тоа, што ја пофалува желбата за тој позив, којшто е непорочен, тој сака да ја засили љубовта и расположеноста кон добродетелта. Впрочем, треба да се забележи, дека апостолот говорел така уште во тоа време, кога секој претставник (епископ) на својата Црква бил прва жртва на мачителите. Значи, тогаш било за пофалба да се посакува епископството, затоа што со него се соединувала и јавната опасност да се биде изложен на најтешки страдања. Имајќи го тоа во предвид, апостолот самата епископска должност ја поставил на високо место за почитување така што ѝ го дал називот добро дело, велејќи: „Сака ли некој епископство, тој сака добра работа“ (1.Тим. 3,1-12; Тит 1,1-9). На таков начин секој може самиот беспристрасно да одлучи за себе, дали
неговата желба да биде епископ има некаков однос кон вистинското епископство, ако гледа на тој повик не како на служење на добро дело, а само како на средство за достигнување на почест и слава? Епископското служење е свештено служење; но таа негова светост не само што не ја љуби, но и сосема не ја разбира оној, кој мечтаејќи само за висината на чинот, тајно се восхитува на мислата, како другите ќе се поклонуваат пред него, се возвеличува себеси со сопствени пофалби, честољубиво размислува и е восхитен од преизобилието на приходите, не размислува за тежината на тешкотиите кои претстојат, а размислува за негата и раскошот во изобилието на земните блага. Тој бара светски удобства во тој призив, којшто е обврзан да го искоренува секое пристрастие кон истите тие удобства. Разбирливо е што
таков човек кој го избира најсмиреното служење како средство за задоволување на својата гордост и на своите лични потреби, внатрешно нема да биде таков, каков што ќе изгледа надворешно: од него не може да излезе пастир на Христовите овци, а човек „кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник“, којшто под покривот на пастирските одежди, слично на волк, ќе го разграби и растера Христовото стадо (Јн. 10, 1-6). ГЛАВА 9.
З
а тоа, дека тие кои бараат власт често се опрелестуваат и се измамуваат себеси, вообразувајќи си дека ако тие бидат на високо место на служење, ќе направат многу добри дела. Но често, www.povardarska-eparhija.org.mk
25
многу често тие што бараат пастирска власт и началствено управување во Божјата Црква, го бараат тоа служење затоа што мислат дека на таа висока позиција ќе направат некакви важни и полезни дела за Црквата; и иако тоа го бараат само заради сопствената желба да се возвисат, тие се успокојуваат себеси со тоа дека еве, ќе принесат и многу полза на Црквата. На таков начин, суетната, а истовремено и нивна главна намера, се прикрива со благовидно расудување за второстепени цели, и сето тоа само за да се успокојат себеси. Зашто, нашата душа може лесно да се измами и да си вообрази дека таа сака добри дела, кои не секогаш ги љуби, и дека таа не ја љуби светската слава, којашто, пак, не престанала да ја љуби. Во таква состојба, човекот кој се обидува да ја добие власта, во процесот додека се стреми кон неа, станува 26
Број 28, година 7, Декември 2013
неуверен во себе; а кога ќе го достигне посакуваното, тогаш тој станува дрзок. Најпрво, неговата неувереност произлегува од стравот од неуспех; но потоа, кога ќе ја постигне својата цел, во истиот момент во него се раѓа увереност, дека така требало да биде и дека тој имал потполно право на тоа. На крај, по достигнувањето на власта, ползувајќи ја и злоупотребувајќи ја истата за задоволување на своите суетни желби, тој брзо и внимателно заборава на своите благочестиви и богобојазливи намери. Затоа, кога душата се стреми кон претерано смели и необични потфати, неопходно е во исто време да се насочи погледот кон своите дела од минатото: секој нека подразмисли за тоа, како тој постапувал порано кога бил во потчинета положба; само тогаш ќе дознае дали е способен за тие добри дела кои мисли да ги спроведе кога
ќе биде на високото место на началственото служење. Зашто, оној кој е на високо место, никогаш нема да се научи на смирение, ако истиот, додека бил на пониска положба не престанувал да се гордее. Тој нема да може да ги избегне пофалбите, кога тие ќе пристигнуваат од сите страни, ако тој бил жеден за нив и тогаш, кога воопшто не ни ги имало. Никогаш во себе нема да ја победи алчноста, имајќи во своите раце начини за поддршка од многумина, ако тој самиот и претходно не можел да се задоволи со својата економска состојба. И така, секој нека погледне на целиот свој живот и сите негови дела, за во стремежот кон високиот чин да не се измами со лажни мечти. Благодарение на многубројните и многуобразни грижи на пастирското служење, особено околу управувањето, човекот некогаш ја
губи таа навика кон добрите дела, којашто, пак, лесно ја одржувал додека имал тивок личен живот. Исто како на море, кога има тивко време, и неискусен капетан може добро да го управува бродот; но кога ќе се крене бура и ќе се разбеснат брановите, тогаш и најискусниот кормилар може да се изгуби. И така, според суштината, високата власт на управувањето е бура на мисли. Во неа, коработ на нашата душа постојано е удиран од бурните бранови на разните помисли, непрестајно се удира или во една или во друга страна, така што во секоја минута му претстои опасност да се разбие и да загине од некои непромислени зборови или постапки, слично на тоа како што на море гинат поради подводните камења коишто никој не може да ги предвиди. По сето ова, кое правило треба да го почитуваме и за какво начало треба да се држиме во ова
дело, и како да не се придржуваме за тоа, на високиот степен на служење да застанува само оној, кој е богат со совршенствата на добродетелите, а кој не владее со квалитетите кои за ова служење се потребни, тој не треба да биде примен за ова возвишено служење, па дури и да го принудуваат кон тоа? И затоа, кој има благодатни дарови, но се откажува од својот повик, да внимава за да не потпадне под осуда за закопување на својот талант во земјата: зашто, дарот кој е добиен од Господа да се остави во бездејствие и празнотија, е исто како да се закопа талант во земјата (Мат. 25, 15-30). А тој, кој не само што нема добри способности за управување, но и е подложен на многу слабости, и без оглед на тоа, продолжува да се стреми кон власта, нека не го заборава тоа, дека тој со својот соблазнувачки пример може да
послужи за ближните само како пречка во достигнувањето на Царството небесно, и да биде подобен на фарисеите, кои според зборовите на Божествениот Учител, и самите не влегуваат во царството небесно, но и на другите им го затвораат пристапот (Мат. 23, 13). Исто така, тој треба да помни и дека духовниот пастир кој го прима на себе пастирското служење во Божјата Црква, истовремено е и лекар на духовните болести. Аналогно, ако самиот има такви болести и страда од нив, тогаш како ќе се дрзне да ги лечи раните на другите, додека тој самиот носи рани на своето лице? ГЛАВА 10.
К
ој може и е должен да пристапи кон пастирската служба, и да го прими на себе началственото управување во таа служба.
www.povardarska-eparhija.org.mk
27
И така, со сите сили треба да се обидуваме, на местото на пастирите и нивните началници да бидат поставувани само такви мажи, кои се животен пример за стадото и потчинетите и кои, одолевајќи на сите плотски страсти, веќе живеат само со духот, и кои ја отфрлиле секоја грижа за световните блага, кои не се плашат од никакви неволји и кои мислат само за внатрешните богатства. Потполно соодветствувајќи на благочестивите намери и стремежи на таквите луѓе, ним веќе не може да им противречи ни телото со причина немоќ, ни пак духот нивни кој ќе им го посочи навредувањето како причина. Тие не посегнуваат на туѓо добро; напротив, тие секогаш со сето срце ја раздаваат својата сопственост. Тие секогаш се подготвени со чисто срце и сострадална љубов да му простат на ближниот, при 28
Број 28, година 7, Декември 2013
тоа, не унижувајќи го неговиот престап на ниво на слабост, а зачувувајќи го законот на правосудност. Истите, себеси не си дозволуваат ништо противзаконско, а туѓите незаконски дела ги оплакуваат како свои сопствени гревови. Тие искрено сочувствуваат со туѓата несреќа, додека, пак, на благосостојбата на ближниот се радуваат како таа благосостојба да е нивна. Во сè што прават, тие се јавуваат пред другите како достоен пример за следење, вдахнувајќи во сите таква почит кон себе, што никој со ништо од нивниот живот не може да ги прекори, а за кое тие би поцрвенеле пред тој кој ги прекорува. Тие се стремат да живеат така, за и најцврстите и најзакоравените души на ближните, да можат да се омекнат со благодатното учење кое излегува од нивната уста, учење кое ги оправдува пастирите. Тие, како искусни
во молитвата, од претходните примери од нивниот живот веќе знаат што можат да просат и што не треба да просат, и затоа од Господа може да добијат сè од тоа за што ќе просат; и тие како да го слушаат тој пријатен Божји глас кој им вели: „И пред тие да повикаат, Јас ќе одговорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам“ (Иса. 65,24). Такви, имено, треба да бидат пастирите и пастироначалниците! Зашто, кога и кај нас некој доаѓа со молба да се застапиме за него пред некој началник, којшто се разгневил на него и е незадоволен од него, а нам ни е познат многу кратко време, во тој момент на тој што моли од нас застапништво, му одговараме: „Не, љубезен, не можеме ние да те застапиме пред тој господин, затоа што и ние самите ја немаме неговата особена добра волја“. На таков начин, ако и човек не се осмелува
да се застапува за било кого пред друг човек, тогаш како некој ќе се дрзне да го земе на себе застапништвото пред Бога за гревовите на народот, кога самиот не знае и не е уверен дека со својот живот ја заслужил Божјата добра волја кон него самиот? Или како тој ќе проси од Него прошка и помилување за другите, ако и самиот не се надева на
прошка и помилување од Него? Тука треба да се внимава, за наместо очекуваното умилостување, да не се разгневи Господ заради гревовите на оној кој моли, зашто ние сите знаеме дека кога и пред луѓето се застапува некое лице, кое ним не им се допаѓа, тогаш преку тоа нивниот гнев само уште повеќе се зголемува. И така, кој не се ослободил
од земните страсти, тој нека не го прима на себе бремето на посредник или застапник во Црквата Божја; оти инаку тој со своето застапништво може повеќе да го зголеми гневот и да го раздразни Врховниот Судија, и наместо да ја примири својата паства со Божественото правосудие, целосно да ја разори истата.
Превод од руски јазик: Александар Ѓорѓиевски Изворник: Святитель Григорий Великий, Двоеслов, папа Римский, Правило пастырское или о пастырском служении
www.povardarska-eparhija.org.mk
29
БИБЛИСКИ ТАБЕЛИ ЗА МЕРКИ И ПАРИ 1.
МЕРКИ ЗА ДОЛЖИНА
лакт
ama
45 cm
1
педа
zeret
22,5 cm
1/2
дланка
tofah
7,5 cm
1/6
палец
esba
2 cm
1/24
Во книгата на пророкот Езекил се споменува постар лакт кој има 7 дланки односно 52,5 cm (глава 40, стих 5). Неговата трска за мерење има 6 стари лакти (315 cm). Во Новиот завет покрај лакт се споменува и фат (1,85 m) и стадиј (185 m).
2.
МЕРКИ ЗА ЗАФАТНИНА
ЦВРСТИ ТЕЛА
ТЕЧНОСТИ
хомор (гомер)
450 l
10
пола гомер
225 l
5
ефа
45 l
исарон (гомер)
4,5 l
450 l
хомор и кор
1
45 l
ват
1/6
7,5 l
ин
2,5 l
кав
1/10 1/18
Во книгата Откровение (глава 6, стих 6) се споменува ока која изнесува 1,1 l. 30
Број 28, година 7, Декември 2013
3.
МЕРКИ ЗА ТЕЖИНА
талант
34,272 kg
3000
мина
571 g
50
шекел
11,4 g
1
пола шекел
5,7 g
1/2
гер
0,6 g
1/20
Езекил, мина=60 шекели (685 g). Нов завет: римска либра (грчка литра) изнесува околу 326 g. 4. ПАРИ
Пред Дариј I парите се појавуваат во VII век во Мала Азија, а потоа и во Грција. Пред тоа се мерела само тежината на кованиците. Златните даријки кои се спомнуваат во Книгата Неемија (глава 7, стих 71) и во Книгата Ездра (глава 2, стих 69) се атички полустатири (погледни во таблицата). Сребрената мина која се споменува на истите места е само пара за сметање, околу 505 g. Дариј нешто подоцна го вовел и златниот дарик (златните даријки во Ездра, глава 8, стих 27) со тежина од 8,41 g и сребрениот шекел, со дваесет пати помала вредност, значи 5,6 g (златото вредело 13,3 пати повеќе од среброто). На тој шекел се мисли во Книгата Неемија (глава 5, стих 15) Хелинистички и Римски период. Александар во своето царство применил атички систем според кој златото во споредба со среброто вредело во однос 10 спрема 1, а среброто спрема бакарот - 50 спрема 1. Римјаните потоа донесуваат свои пари. На Истокот продолжиле да сметаат во таланти и атички мини (26,196 kg и 436,5 g), односно по шест илјади и по сто даријки.
www.povardarska-eparhija.org.mk
31
ГРЧКИ ПАРИ
g
Атички статир, златна пара
8,60
Атичка тетрадрахма, сребро Тирска тетрадрахма (ја нарекуваат понекогаш и статир) Атичка дидрахма, сребро Под Рим (Матеј 17,24)
17,40 14,40 8,60 околу 7
ОДНОС 20
РИМСКИ ПАРИ
7,80
Златник под Августин
4 3 2 1,5
Атичка драхма, сребро
4,36
1
Под Римско царство
3,50
3/4
Атичка лепта, бронза
25
g
1/336
4,55 1
3,85 4,41
1/64
3,10
Денариј, сребро, се појавува 269 год. п.н.е. до II век Од 216 год. п.н.е. до Нерон Од Нерон Кодрант, бронза, Август
Сребрените пари се ковале во Палестина единствено за времето на Првото и Второто востание. ПРВО ВОСТАНИЕ Тетрадрахми, околу 14 g – израилски шекел Дидрахми, 7 g – пола шекел Драхма, 3,35 g – четвртина шекел ВТОРО ВОСТАНИЕ Тетрадрахми, околу 14 g Прековани денарии
32
Број 28, година 7, Декември 2013
КАЛЕНДАР Еврејскиот народ имал свој календар. Нивниот календар бил лунарен. Една година според лунарниот календар има 12 месеци по 29 или 30 денови, со еден дополнителен месец секоја втора или трета година, за да се дополни доцнењето кон соларната година. Во табелата ги принесуваме месеците на еврејскиот календар и соодветните месеци во соларниот календар. ВАВИЛОНСКИ ИМИЊА
СОЛАРНИ МЕСЕЦИ
1.
НИСАН
МАРТ, АПРИЛ
2.
ИЈАР
АПРИЛ, МАЈ
3.
СИВАН
МАЈ, ЈУНИ
4.
ТАМУЗ
ЈУНИ, ЈУЛИ
5.
АБ
ЈУЛИ, АВГУСТ
6.
ЕЛУЛ
АВГУСТ, СЕПТЕМВРИ
7.
ТАИШРИ
СЕПТЕМВРИ, ОКТОМВРИ
8.
МАРХЕШВАН
ОКТОМВРИ, НОЕМВРИ
9.
КИСЛЕВ
НОЕМВРИ, ДЕКЕМВРИ
10.
ТЕБЕТ
ДЕКЕМВРИ, ЈАНУАРИ
11.
ШЕБАТ
ЈАНУАРИ, ФЕВРУАРИ
12.
АДАР
ФЕВРУАРИ, МАРТ
13.
ВЕ-АДАР
ФЕВРУАРИ, МАРТ
Превод: Јаков Илковски, дипл. Инженер по биологија
www.povardarska-eparhija.org.mk
33
ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО БРУНЕИ
Местоположба: Брунеи или Султанат Брунеи Дарусалам, е држава во југоисточна Азија. Се наоѓа на северниот дел од островот Борнео, на брегот од Јужното кинеско море. На копно се граничи со Малезија. Источниот округ на Брунеи, Тембуронг, претставува енклава одвоена од остатокот на земјата од малезиската територија. Тaа е единствена суверена држава, чија територија се наоѓа во целост на островот Борнео, а остаток на островот им припаѓа на Индонезија и Малезија. Површина: 5.765 km². Број на население: 381.371 жители, од кои 67% се Малајци, 22% Кинези, 11% - абориџински заедници: Дајаки, Ибанци, Келабити, Кедајани (според податоците од 2008 година). Официјален јазик: Малајски, а во употреба се и англиски и кинески. Куса историја на државата: Брунеи претставува монархија со султанот како шеф на држава и влада. Населението од овој дел на Азија тргувале со Кина во VI век пред Христа. Во периодот од XIII-XV век, заедно со јаванското мајапахитско кралство, потпаднале под хиндуистичко влијание. Во раниот XV век, со декларирањето на кралството Мајапахит, многумина се преобратиле во исламска религија и Брунеи станал независен султанат. Кога бродовите на Фердинанд Магелан (1521) го посетиле Брунеи, султанот го контролирал речиси целиот Борнео и околните острови. Во доцниот 34
Број 28, година 7, Декември 2013
XVI век, Брунеи ја губи силата поради активностите на португалските и на холандските активности во регионот. Ним наскоро им се придружуваат и Британците. До XIX век султанатот Брунеи го содржал Саравак – денешно Брунеи, и дел од северно Борнео (сега дел од Саба). Во 1841 година бил предизвикан бунт против султанот и британскиот војник Џејмс Брук помогнал тој да биде симнат од тронот. Брук подоцна бил именуван за гувернер. Во 1847 година султанатот склучил договор со Велика Британија и до 1906 година ја предал целокупната администрација на британските жители. Брунеи го одбило членството во федерацијата на Малезија во 1963 година, преговарало за нов договор со Британија во 1979 година и добиле самостојност во 1984 година со членство во Комонвелтот. Религија: Официјална религија во Брунеи е исламот - 67 % од населението, 13 % се будисти, 10 % се христијани (во основа протестанти), 7 % - останати (во основа абориџински култови). Хиндуизмот го исповедаат околу 0,4 % од населението, будизмот 0,5 %, а конфучијанството околу 2%. При крајот на 80-тите години од XX век, била прифатена концепцијата Мелају-Ислам-Бераџа („Малајска исламска монархија“), која негува почит и рамноправност на сите конфесии на територијата на Брунеи, со доминантна улога на исламот. Од христијанските конфесии, во основа се распространети протестантизмот и римокатолицизмот. Следбеници на христијанството се дојденци од другите земји. Конфучијанизмот и даоизмот се распространети во кинеските заедници. Христианство во Брунеи: Постоењето на исламот на островот Борнео (Калимантан) познато е од XV век. Во периодот на најголемиот расцут, во XV-XVII век, исламот ја раширил својата власт на северните брегови од островот и низата соседни острови. Во 1580 година, Брунеи бил освоен од шпанските колонизатори, а по нивното протерување територијата на султанатот значително се намалила. Први мисионери во земјата биле двајца шпански монаси-францисканци, кои дошле во султанатот во 1587 година, одејќи по пат за Манила. Еден од нив бил убиен и обезглавен. Во почетокот на XIX век Брунеи станал центар на пиратството и пазар за робови. Во 1841 година, Англичанецот Џ. Брук го освоил Саравак (денес дел од Малезија), во 1847 година Велика Британија завладеала со островот Лабуан и му наметнала на Брунеи нерамноправен договор. www.povardarska-eparhija.org.mk
35
Нов обид да ги покрсти локалните жители, кои ги исповедале традиционалните култови, направил италијанскиот мисионер Раве во 1857 година, кој основал мисија во Барамбанган, во близина на градот Брунеи. Во почетокот неговата дејност била доволно успешна, но кај муслиманите почнала да се раѓа завист и омраза кон него, па тој бил принуден да ја напушти мисијата, а покрстените локални жители се вратиле кон своите поранешни култови. Во 1877 година, султанот им го предал под закуп на Англичаните Сабах (денес во Малезија). Во 1888 година Брунеи станал британски протекторат. Во 1906 година, по откривањето на нафтените полиња, во Брунеи бил назначен британски претставник. Во 1942/45 година Јапонија го окупирала Брунеи. Во 1959 година била воведена Конституција, која го сочувала колонијалниот режим. Во 1962 година се случило востание под раководство на Народната партија, кое било задушено во почетокот на 1963 година. Колонијалната зависност се сочувала до 1984 година. Успесите од дејноста на римокатоличките мисионери биле продолжени дури по Првата светска војна, кога од островот Лабуан во Брунеи се преселиле неколку Кинези римокатолици. Првото крштевање е забележано на 5 март 1919 година. Во почетокот парохијаните биле под духовно водство на свештениците, кои доаѓале од Лабуан, но потоа се појавиле и свештеници со постојано место на живеење. До 1952 година територијата на Брунеи влегувала во состав на диоцезата Лабуан, а потоа била предадена во апостолското викаријатство Кучинг (Саравак). Во 1959 година од него се одделило апостолското викаријатство Мири (Малезија), а во 1997 година, од Мири била одделена апостолската префектура Брунеи. Во 30-тите години од XX век, среде локалните Кинези, кои биле поврзани со чиновниците на британската администрација, како и претставниците на абориџинските заедници, започнала мисионерска дејност на протестантите. Особено значителен пораст на бројот на христијани во Брунеи бил забележан во 80-тие и 90-тите години на XX век. Христијанството, кое го зазема второто место по исламот според бројот на приврзаниците, значително отстапува како според својата политичка тежина, така и според своето општествено значење. Христијанската религија влегла во султанатот заедно со колонизатори и долго време служела како средство за угнетување на брунејскиот народ. 36
Број 28, година 7, Декември 2013
Според тоа, природно било процесот на христијанизација да се развива крајно тешко. Во бројот на христијаните воглавно биле лица од европско потекло, а во процесот на христијанизација биле опфатени мал број на локалните Кинези и сосема мал број од абориџинските етноси. Една од најбројните религиски заедници во Југоисточна Азија, брунејската исламска заедница, претставува религиозно мнозинство во оваа држава. Нејзиното јадро го составуваат Малајците, а тука влегуваат и локалните Кинези, Индијците и Пакистанците, како и сосема мал број на Абориџини. Сепак, степенот на вкоренетост на исламот во психологијата на различните народности и етноси ни оддалеку не е ист. Најортодоксни муслимани се смета дека се Малајците, а најмалку навлезени во исламската вера се претставниците на Абориџините. Приврзаноста на било која светска монотеистичка религија тесно се поврзува со традиционалните култови на предците, почитувањето на духовите, што се манифестира со практикување на соодветни обреди. Последното е типично за селските населби со муслимански заедници во Брунеи. Религиозната пракса на муслиманот обично се сведува на едноставни формули на исповедање на верата, на воздржување од употреба на алкохол и свинско месо. Во центарот на општонародната култна пракса е ритуалот на селските празнувања, каде што елементите на исламот тесно се испреплетени со домуслиманските верувања. Од сите христијански деноминации во Брунеи, највлијателен е протестантизмот во неговата англиканска форма. Среде другите христијански заедници се вбројува и римокатолицизмот. Англиканската црковна организација во Брунеи е под јурисдикција на епископот од Кучинг (Саравак), а римокатоличката под архиепископот на Куала-Лумпур. Ова, до одреден степен, христијанските заедници во однос кон Советот по делата на религија во Брунеи ги прави независни. Дејноста на двете организации е насочена на мисионерство воглавно среде Кинезите и Абориџините. За обраќање во христијанството на новите членови се користат различните благотворителни мерки, како образовните институции при англиканската и римокатоличката мисија. Функционираат неколку мисионерски училишта со општа бројка на ученици од околу 5,5 илјади луѓе. Еден од главните проблеми на христијанството во Брунеи е www.povardarska-eparhija.org.mk
37
адаптацијата кон локалните услови, кога дејноста се води среде мнозинството непоколебливи приврзаници на исламот. Треба да се одбележи дека, сите христијански мисии тешко ја решаваат оваа макотрпна задача. Христијанската мисија, сепак, стекнала определени успеси во обраќањето на некои лица со кинеско потекло, свртувајќи ги во корист пропустите на државниот курс во националното прашање. Извесни позитивни резултати донесува ревноста на христијанските мисионери и во работата среде Дусуните, Ибаните, Кедајаните и Меланатите. Законодавството за вероисповедта: Конституцијата провозгласува слобода на вероисповедањето, но сепак, исламот се смета за официјална државна религија во земјата. Религиозен поглавар на муслиманите во Брунеи е султанот. Државата се занимава со градбата на џамии и со подготовка на муслиманското духовништво, а во училиштата задолжително се изучува Коранот. И покрај декларираната слобода на вероисповедта, изучувањето на основите на христијанството е забрането дури и во специјалните мисионерски училишта. Забранет е прозелитизмот во однос на сите религии, освен на исламот. Но, државата води борба со радикалните исламски групи, па така движењето „Ал-Аркам“ се наоѓа под забрана од 1995 година. Бројот на православните во земјата е незначителен. Во основа, тоа се соработници во дипломатските мисии и странци, кои се со привремен престој во Брунеи. Во Брунеи нема православен храм. Римокатоличката црква од 1997 година има своја диецеза во ранг на апостолска префектура, а бројот на римокатолици се приближува кон 11 илјади верници. Од 2011 година отворена е парохија од Сиро-јаковитската црква. Постојат 3 римокатолички парохии. Протестантските конфесии се претставени од Англиканската црква (диецеза Кучинг), а постојат и Методистичка црква и Евангелска црква за Борнео. Во државата постои и заедница на Адвентисти од седмиот ден. Подготвил: протоереј Златко Ангелески
38
Број 28, година 7, Декември 2013
ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО БАНГЛАДЕШ
Местополжба: Бангладеш е држава во Јужна Азија, која е дел од источниот дел на древниот регион познат како Бенгал. Бангладеш буквално значи „Земја на Бенгал“. Се наоѓа северно од Бенгалскиот залив, а копнени граници има со Индија и Мјанмар. Во близина се наоѓаат Кина, Непал и Бутан. Површина: 144.000 км². Број на население: 161.083.804 жители, според податоците од месец јули, 2012 година. Официјален јазик: Бенгалски, а се употребува и англискиот јазик. Куса историја на државата: На почетокот на своето постоење, Бангладеш бил познат како Бенгал. Кога во 1947 година Британците го напуштиле потконтинентот, областа Источен Бенгал станала дел од Пакистан, наречен Источен Пакистан. Бенгалското национално чувство се развило по создавањето на независен Пакистан. Во 1971 година избувнале нереди. Околу еден милион Бенгалци биле убиени, а повеќе милиони протерани во Индија, кои на крај влегле во војна на страната на Бенгалците, со што придонеле за поразот на Западен Пакистан. Источен Пакистан станал независна нација на Бангладеш. Опустошеноста предизвикана од војната била поправена, а политичката нестабилност, вклучувајќи и атентати врз двајца претседатели, продолжила. Религија: Доминантна религија во Бангладеш е исламот (89,7 %), додека следбеници на хиндуизмот се 9,2 % од населението. Христијаните се застапени во Протестантската Црква на Бангладеш, а има бал број и на римокатолици. Во Бангладеш се регистрирани и сектите Божјо Собрание и Јеховини Сведоци. Христијанството во Бангладеш: Првите римокатолички мисионери во www.povardarska-eparhija.org.mk
39
Бенгалија пристигнале заедно со португалските колонизатори во 1517 година. Во 1599 година во Читагонг пристигнале и језуитите за пастирска дејност меѓу колонистите. Во јануари 1600 година била изградена првата римокатоличка црква во градот Саткирха. Првата црковна структура на Римокатоличката црква во Бенгалија постанал апостолскиот викаријат на Бенгалија, кој бил основан од Светиот Престол во 1834 година. Во 1850 година апостолскиот викаријат на Бенгалија бил разделен на апостолски викаријат за Источна Бенгалија и апостолски викаријат за Западна Бенгалија. Во 1855 година во Бенгалија пристигнале мисионери од Папскиот институт за задгранична мисија. На 2 март 1973 година Римскиот папа Павел VI издал послание Catholica Ecclesia, со кое го назначил првиот нунциј за Бангладеш. Во 1886 година во Бенгалија била образована првата римокатоличка епархија со центар во градот Дака. Во ноември 1986 година, Бангладеш бил посетен со пастирска визита од папата Јован Павле II. Во Бангладеш има околу 250 илјади верници римокатолици. Денес римокатоличката заедница во Бангладеш се состои од две основни групи: Потомци на португалските колонисти и преобратени од анимизмот (претставници на народите Ораон, Гаро и Сантал). Протестантизмот во Бангладеш е најголемата христијанска деноминација во земјата. Според податоците во Енциклопедијата „Религиите во светот“ од Џ. Г. Мелтон, во 2000 година во Бангладеш имало околу 160.000 традиционални протестанти и уште 536.000 членови во независни христијански движења со протестантски карактер. Притоа, протестантите претставуваат најбрзо растечка религиозна група во државата. Според податоците од истата Енциклопедија, во 2025 година се претпоставува дека во Бангладеш ќе има 1,2 милиони протестанти. Прв протестантски мисионер во Бангладеш бил пасторот од Баптистичката мисионерска заедница Вилијам Кери (1761-1834). Во 1795 година Кери пристигнал на територијата на Динаџпура во Источна Бенгалија. Во 1816 година била основана Баптистичката црква во Дака, современата престолнина на Бангладеш. Масовните обраќања во христијанството се случиле во Мименсингхе, и тоа среде луѓето, кои ги исповедале локалните традиционални верувања. Кери ја превел и Библијата на бенгалски јазик. Како резултат на неговата мисионерска работа се формирал Баптистичкиот Сојуз на Бангладеш. Баптистичката проповед се засилила благодарение на поддршката на баптистите од Австралија, Нов Зеланд и САД. Како резултат, пак, на дејноста на мисионерите од Јужната баптистичка конвенција, во 1880 година се појавило Баптистичкото братство на Бангладеш. Одделна група на австралиски баптисти се наоѓала при формирањето на Баптистичкиот сојуз на 40
Број 28, година 7, Декември 2013
народот Гаро. Од 1817 година во Бангладеш дејствува и презвитеријанска мисија, која била испратена од Црквата во Шкотска. Лутеранските мисионери од Норвешка пристигнале во Бангладеш при крајот на XIX век. Подоцна нивната мисија била засилена со помош на лутеранските цркви на Данска и САД. Англиканската црква се појавила во Индостан во XVII век, но таа била во служба на Европјаните од Ост-Индиската компанија. Дури во 1895 година англиканската мисија пристапила кон религиозна проповед среде домородното население Даки. Во 1906 година во Бангладеш пристигнале мисионери од сектата на Адвентисти од седмиот ден. Од 1920 година во земјата служат и соработници на Пентикосталната мисија од Индија. Пионерот на сектата Божјо Собрание, Абдул Вадуд Мунши, ја започнал својата активност во 1936 година. Во 1924 година англиканците, презвитеријанците и конгрегационалистите се присоединиле кон Обединетата црква на северна Индија. Понатамошниот обединувачки процес завршил со создавање на Црквата во Бангладеш во 1974 година, која во себе ги вклучила и дел од баптистичките и методистичките заедници. Во 1970 година, како помош за последиците од страшните поплави, во земјата пристигнале доброволци од сектата Армија на спасот. Во 1989 година во Бангладеш била формирана Пентикосталната секта „Талита куми“, која за кусо време стана моќна протестантска секта во државата. Во денешен Бангладеш дејствуваат 35 самостојни протестантски сојузи и здруженија. Баптизмот го исповедаат повеќе од 100 илјади жители во земјата. Братството на бангладешки баптистички цркви обединува 474 заедници и речиси 27 илјади возрасни крстени членови. Постариот Баптистички сојуз на Бангладеш (Bangladesh Baptist Sangha) се состои од 346 заедници и 16,5 илјади крстени членови. Баптистичката конвенција „Гаро“ вклучува 154 цркви и повеќе од 12 илјади членови. Сите три горенаведени баптистички братства влегуваат во Светската баптистичка алијанса. Сепак, дел од баптистичките сојузи не влегуваат во Алијансата. Тие се Слободните баптисти (169 заедници, 16 илјади членови), Бангладешката асоцијација на баптистички цркви (15 заедници, 1,2 илјади членови) и Бангладешката родова асоцијација на баптистички цркви (190 заедници, 16 илјади членови). Бројот на припадниците на 43-те заедници на Црквата во Бангладеш се проценува на 15,6 илјади членови. Лутераните во Бангладеш се обединети во два сојуза - Лутеранската црква на Бангладеш (4,8 илјади членови) и Северната евангелистичка лутеранска црква (10 илјади членови). Двете цркви се јавуваат како членки на Светската лутеранска федерација. www.povardarska-eparhija.org.mk
41
Методистичката црква во Бангладеш обединува 47,7 илјади членови. Црквата на назарените во своите редови обединува нешто повеќе од 10 илјади членови. Презвитеријаните, кои не влегле во Црквата на Бангладеш, се обединети во 98 заедници со 7 илјади членови. Во државата активни се и 113 ограноци на Адвентистите од седмиот ден, во кои членуваат повеќе од 29 илјади членови. Новоапостолската црква во Бангладеш има отворено 50 религиозни центри, кои се посетени од околу 20 илјади членови. Мисиите на квекерите, менонитите и Армијата на спасот немале голем успех. Во Бангладеш дејствуваат и редица на локални заедници на евангелски христијани, кои немаат поврзаност со задграничните деноминации. Најбројни од нив се Евангелската христијанска црква (50 конгрегации и 16 илјади членови) и братството „Сите обединети во Христос“ (138 заедници и 27,5 илјади членови). Најдоминантна и најбрзорастечка конфесија во државата се пентикосталците. За кусо време Пентикосталниот сојуз на Бангладеш (движењето „Талита Куми“), кое се појавило во 1989 година, постанало најбројна деноминација. Денес „Талита Куми“ брои 1956 цркви и 122 илјади членови. Само во 2012 година движењето се зголемило за уште 353 цркви, а секојдневно се отвора по една нова црква. Движењето „Божјо собрание“ обединува во Бангладеш 400 цркви. Освен споменатите, во државата дејствуваат „Ветилското Божјо собрание“, „Црквата на полно Евангелие“, „Црквата на четиристраничното Евангелие“, „Вистинската Исусова црква“, „Обединетата пентикостална црква на Бангладеш“ (која е филијала на „Обединетата пентикостална црква“), „Божја црква“, „Христовото братство“ (кое е филијала на „Индиската пентикостална Божја црква“) „Искупената христијанска Божја црква“ и многу други помали пентикостални секташки заедници. Бангладеш се јавува и како татковина на едно од најинтересните христијански движења во светот - месијанските муслимани. Подобно на месијанските Евреи, месијанските муслимани го признаваат Исуса Христа за нивни личен Спасител и Бог, притоа не напуштајќи ја муслиманската култура. Поклонението на месијанските муслимани е стилизирано под богослужение во џамиите. Нивниот број се оценува дека се движи околу 100 илјади следбеници. Некои западни мисионери предлагаат да се искористи движењето на месијанските муслимани за христијанизација на исламскиот свет. Протестантите во Бангладеш се занимаваат со широка социјална и општествена дејност. При многу протестантски помесни цркви отворени 42
Број 28, година 7, Декември 2013
се општообразовни почетни и средни училишта, болници и медицински кабинети, домови за сираци и социјални установи. Во Бангладеш постои и една парохија на Ерменската Црква. За жал, православна мисија во Бангладеш сеуште нема. Единствени православни верници се вработените во амбасадите, каде што е доминантна православната вера. Со Одлука на Цариградската патријаршија, во 2008 година е формирана Православната митрополија за Сингапур, под чија јурисдикција спаѓа и Бангладеш. *** „Во Бангладеш, за ширење на христијанска литература, еден христијанин е осуден на една година затвор“ 30 март 2011 година, Во Бангладеш, 25-годишниот христијанин Биплоб Маранди е уапсен и затворен на една година заради продажба и ширење на христијанска литература во северниот дел од престолнината Дака, каде што регуларно се собираат на молитва поголема заедница на муслимани. Судот го обвинил за „нарушување на општествениот поредок за време на религиозно собрание“ и „пропаганда на својата религија – христијанството“, иако во обвинителниот акт воопшто не е напоменато со што христијанинот го нарушил поредокот, соопштува страницата „Christian Post“. Според зборовите на постариот брат, Б. Маранди, кој е протестантски пастор во еден од реоните на Бангладеш, неговиот брат воопшто не е виновен во однос на обвиненијата. „Претпоставувам дека некои фанатици-муслимани ја прикажале мисионерската работа на мојот брат како анти-муслиманска. Тие сами предизвикале безредие, а потоа го предале мојот брат на полицијата и судот“, - изјавил тој, додавајќи дека не може да сфати како судот може да го обвини за тоа, еден човек да го попречи молитвениот чин на една огромна муслиманска заедница. Иако властите во Бангладеш им разрешуваат на претставниците на секоја религија слободно да ја проповедаат својата вера, сепак, локалните власти и муслиманските заедници често ги прекинуваат обидите на христијаните и другите религиозни малцинства да се занимаваат со мисионерство среде муслиманите. протоереј Златко Ангелески
www.povardarska-eparhija.org.mk
43
IZDAVA^KA DEJNOST SV. \OR\I POLO[KI
Во периодот меѓу излегувањето на претходниот и овој број на списанието „Православна светлина“ излегоа од печат две нови изданија од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Станува збор за книгите „Беседи за животот по животот“ од Архимандрит Серафим и „Со Пост и молитва“ - зборник на текстови. Првата книга ја преведе протоереј Миле Љ. Штрбевски, а втората свештеник Јани Мулев. Во овој број Ви ги пренесуваме предговорите на двете книги од Митрополитот Агатангел.
ПРЕДГОВОР НА КНИГАТА „БЕСЕДИ ЗА ЖИВОТОТ ПО ЖИВОТОТ“
Д
а се зборува за смртта е тешко. Никој не ја сака таа тема, сите ја избегнуваат, а сепак, смртта никого не одминува. Таа е како натрапник, кој доаѓа тогаш кога не очекуваме. За неа размислувале философите, но не можеле ни да ја одгатнат, ни да ја победат, туку останувале занемени пред нејзиниот ужас. Старозаветните личности ја третирале како преселување во непостоење, како заминување во подземјето, во адот, во огненото езеро, каде што душите страдаат, како место на „мрак и смртна сенка“, како место на „распаѓање“, место на исчекување. Со доаѓањето на Спасителот, нашиот Господ Исус Христос, ни беше објавена благата вест за спасението на сиот свет, на секој човек. Господ со Своето страдање нѐ помири со Бога, ни ги прости сите стари гревови, а Самиот Тој слезе и во пеколот каде што им проповедаше на починатите уште од вековите за Воскресението, и тогаш Он ги скрши вратите на пеколот, и со Своето Воскресение ги ослободи сите починати, кои биле врзани во пеколот и кои со векови токму Него го чекале. Смртта 44
Број 28, година 7, Декември 2013
е победена и поразена од Спасителот, а со тоа и обестајнета и обессилена. Христос ја победи и ни покажа дека таа веќе нема сила над оние кои Него Го љубат, и кои се живи членови (органи) на Неговото тело – Светата Православна Црква. Смртта трепери пред секој кој Го носи Христа во себе, затоа што Бог не дозволува Неговите светии да одат во пеколот, ниту да видат распаѓање (Псал. 15, 10). Оние кои својот живот го насочуваат кон Христа, на кои Христос им е најголема радост, кои со својот пост, секојдневни молитви и покајничка исповед Го примаат Христа преку Светата Причест, над таквите смртта нема никаква власт. Таквите уште во овој живот го носат во себе Царството Божјо (Лука 17, 21). Смртта е тема за која никој не сака да зборува, мислејќи притоа дека, ако не зборуваме за неа, таа нема да нѐ стигне. Но не можеме да ја криеме главата в земја секогаш кога ќе наидеме на тешко решливи проблеми. За смртта треба да размислуваме трезвено, и да си спомнуваме дека таа нѐ очекува, но и да се подготвуваме за неа. Оние кои не мислат на смртта, се залажуваат себеси, го трошат времето на непотребни и штетни нешта, а го занемаруваат она што е најважно – спасението на душата. Оној кој мисли на смртта, одбрал најдобар и најполезен учител во својот живот. Таквиот никогаш нема да го троши својот живот по непотребни и споредни работи, туку секогаш ќе знае што му е приоритет во животот. Во срцето не смееме да чуваме ништо материјално, ни пари, ни имот, па ни желба за слава, за власт, за сладострастие. Срцето е место резервирано само за Бог и за семејството – сѐ друго треба да си биде на своето место, но не и во срцето. Тогаш кога сме болни, кога се приближуваме кон смртта, или чувствуваме дека смртта нѐ демне и може во секој миг да дојде – токму тогаш сме најздрави духовно, доколку ги искористиме тие моменти за да се подготвиме за излегување пред Господ. Ништо не е поскапоцено од спасението на душата, и затоа Бог ни дава многу прилики во животот да се разболиме, да се приближиме до смртта, или да ја видиме смртта на некој наш ближен - за да се освестиме и да си ја спасиме душата, но ние, поради неверие или маловерие, не ги користиме доволно. Луѓето кои се далеку од Бога, далеку од Неговото Тело на земјата – Светата Православна Црква, сѐ уште се измачуваат со овие прашања, за смртта, за душата, за вечниот живот. Во книгава која ја имате пред себе дадени ни се одговори на сите овие прашања. Освен тоа, дадени се и детални разобличувања на разните искривени и лажни учења за смртта и за задгробниот живот. Со надеж и желба дека од оваа книга ќе научите многу, и дека ќе ни биде за освестување на сите, од срце ви ја препорачувам на сите, како секојдневно четиво, како најдобар воспитувач во духовниот живот, и раководител кон спасението и вечниот живот. Амин. МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ АГАТАНГЕЛ www.povardarska-eparhija.org.mk
45
ПРЕДГОВОР НА КНИГАТА „СО ПОСТ И МОЛИТВА“
Н
е постои строго определен концепт за христијанскиот духовен живот, но постојат некои главни карактеристики без кои не се може. Духовниот живот на христијаните е многу богат и длабок, и не може со зборови сиот да се опише и исцрпи, да се објасни целосно во една книга. Сета негова длабочина, богатство и убавина им е позната само на оние кои го зеле на себе благиот јарем Христов, кои се потрудиле во својот живот да го преточат она што го читаат во Светото Писмо. Главни карактеристики се постот, молитвата и покајничката исповед – а сето тоа како подготовка за Светата Причест. Но овие добродетели не се независни и доволни. Каков е тој пост, ако ние не сме подготвени да дадеме милостина? Каква е таа молитва, ако ние не сакаме да одвоиме време за ближните? Каква е таа покајничка исповед, ако ние не им простуваме на оние кои ни згрешиле? Каков е тој духовен живот, кој не нѐ води кон љубов и смирение? Крајната цел на сите подвизи е прифаќање на Божјата волја и стекнувањето на љубов и смирение, во заедница со Бога. Постот стана многу актуелен во последниве две децении. Штом некој ќе поверува во Бога, или ќе се разбуди од гревовниот и безбожен сон, веднаш почнува да пости. Тоа е првиот чекор. Но, не секогаш овој пост е благословен. Луѓето, поради нивната некомуникација со своите свештеници, немаат со кого да се консултираат за овие прашања, па почнуваат нешто да импровизираат по свое. Па така, постот го сведуваат на здрава исхрана, некакво себеизмачување со храна, најблаго речено, религиозна диета. Но, постот не е тоа, постот е пред сѐ послушност кон Бога, воздржување од сѐ што е зло, да не правиме ни да помислуваме зло некому, а дури на крајот е нејадење на одредени продукти со одредена воспитна смисла. Постот со храна е најнебитното нешто, но за таквиот пост сите се фаќаме 46
Број 28, година 7, Декември 2013
најстрого, додека, пак, оној, духовниот пост, често и го занемаруваме. За ова биле свесни сите светители, дека постот не е во храната, но сепак, ниту еден од нив не го отфрлил тој дел од постот, туку сите тие постеле целосно, и со духовен, и со телесен пост, со сето свое битие. Се откажуваме од омилената храна, со цел да се научиме да се откажуваме и од оние нешта кои ни годат, а кои не се полезни. Постот станува диета кога редовно се мериме на вага, да видиме колку килограми сме изгубиле во текот на постот, но и кога постот е сам, кога не е придружен од второто крило на духовниот живот – а тоа е молитвата. Молитвата која не е проследена од пост и воздржување, како птица со едно крило, не може да се издигне кон престолот Божји, не затоа што Бог не сака да ја слушне, туку затоа што ние не ѝ даваме сила за летање кон небесата. Молитвата е природна потреба на душата да зборува со својот Создател – Бог. Како што заљубените постојано сакаат да бидат заедно, да зборуваат еден со друг, така и оние кои Го љубат Бога имаат желба постојано да зборуваат со Него. Често пати луѓето се срамат да се помолат на Бога, го сметаат тоа за понижување и немоќ, а не се срамат да се наведнуваат и да се молат по разни шалтери, канцеларии и институции. Во животот секој човек доаѓа во ситуација кога му доаѓа однатре потреба да се моли, но оние кои не се навикнале навреме да се молат, кои не се научиле уште во младоста да се молат, не знаат како да почнат, па затоа често прибегнуваат кон бесмислени ритуали, или пак одат кај демонизираните бајачи и гатачи, очекувајќи од нив инстант решение за проблемите. Добро е и на Бога угодно кога секој човек има свој духовник – свештеник кому му верува, пред кого ја отвора својата душа, и со кого се консултира за сите значајни прашања од животот. Секој треба да си има свој духовник и со негова помош да се научи да пости и да се моли, а со тоа од Бога ќе добиеме благодатна помош, но и самите на себе ќе си ги олесниме сите тешкотии кои ќе ни дојдат во животот. Во овој зборник од текстови за постот и молитвата се објаснети многу теми и прашања кои ги засегаат сите оние кои постат и се молат, и кои сакаат да научат како правилно да постат и да се молат, па затоа верувам дека секој од нас во неа ќе најде одговор на своите дилеми, и со Божја помош и совет од духовникот, ќе започне со овој благословен подвижнички живот. Сметајќи ја оваа книга за темел на православниот духовен живот, ви ја препорачувам од длабочината на моето срце. Бог да ве благослови сите вас, кои се трудите и растете во овие свештени и богоугодни подвизи. Амин! МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ АГАТАНГЕЛ www.povardarska-eparhija.org.mk
47
САКАТЕ ЛИ ДОБРИ СВЕШТЕНИЦИ? – РОДЕТЕ ГИ!
Отец Арсениј Бока
П
ред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради
тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет, плаќајте ги сите трошоци околу неговото деветгодишно образование, и потоа кога ќе заврши, нека служи како што сакате вие, бесплатно“. Таа веднаш изреагира: „Ах, па зошто син ми?“ „Ете исто така реагираат и мајките на сите свештеници. Значи, кога се работи за другите, тогаш може да бараме и невозможни работи, а кога станува збор за нашите блиски, тогаш бараме крајно снисходење“. Нељубовта кон клирот и негрижата кон црквите е проблем што секој треба сам да го надмине. За овие теми во редовите кои следат објавуваме прекрасни примери и поуки од познатиот романски духовник отец Арсениј Бока. *** „Заради гласот на Неговиот слуга (свештеникот), Бог ти простува, бидејќи под епитрахилот и пред светиот олтар се исповедаш. Не бара од тебе такви добродетели кои треба да ги има свештеникот. Од тебе бара
48
Број 28, година 7, Декември 2013
промена (преумување) во срцето и волја за поправање. Не сте задоволни од вашите свештеници? Што правите вие за свештениците, за да бидете задоволни од нив? Барате ли од Бога барем едно дете да Му посветите Нему? Мислите дека виновни се само свештениците? Па тие се ваши деца! Какви што сте ги родиле, такви ќе ги имате. Зошто ја префрлате вината само на нив? Имате потреба од подобри свештеници? – Родете ги! Сиот народ е одговорен. Народот Божји има советници кои вредат. Повторувам: Сакате ли подобри свештеници? – Родете ги! Не ги убивајте вашите деца (со абортус), бидејќи не знаете што ќе стане тоа дете и ќе одговарате пред Бога за тоа. Раѓајте ги вашите деца www.povardarska-eparhija.org.mk
49
со мисла дека тие ќе станат служители на Бога. Еве што вели Светото Писмо (се прашува пророкот): „Зар не го направи истото и еден друг, во кого имаше силен дух? А што направи тој? Тој сакаше да добие потомство од Бог. Па така, пазете го духот свој и никој да не ја изневерува жената од својата младост“ (Малах. 2, 15). Ова го бара Бог од бракот и такви плодови треба да имате за цел, фрлајќи ја вината на вашите плодови (вашите деца – свештеници). Исцелувањето на распуштеноста на нашиот народ почнува од тука! Така ќе започне и простувањето! Немојте да имате убиствени помисли против вашите деца (се мисли на абортуси – бел. на прев.)! *** Бев во црквата Драганеску. Отец Арсениј зографисуваше горе и јас бев долу под скелето. Одеднаш тој ми рече: „Вистина ли е дека вашите свештеници се ненаситни?“ Јас ништо не одговорив. Отец Арсениј ме праша и по втор и по трет пат: „Вистина ли е дека вашите свештеници се ненаситни?“ Пак не проговорив ништо. Тогаш се наведна да види дали сум под скелето и ми рече: „Па добро, не слушаш што те прашувам?“ Тогаш јас му одговорив: „Ама, отец, сега јас не реков ништо за свештениците“. „Да, сега не дискутиравме ништо, но кога си со други луѓе и кога зборувате за свештениците, само лоши работи кажувате. Велите дека се ненаситни. Еве каков совет ви давам: Не судете ги свештениците, бидејќи тие се литурзи (служители) на Бога и немате право да ги судите“. Кога се вратив дома го отворив Светото Писмо точно на местото
50
Број 28, година 7, Декември 2013
каде што се вели: „Кој си ти, човеку, да судиш туѓ слуга?“ Токму како што ми рече отец Арсениј! Оттогаш не осудував никого, посебно свештениците, бидејќи Бог е единствен кој може да ги суди (сведоштво на Матеј Билибоака, Севастирни). *** Одев во гимназија кога го запознав отец Арсениј. Нè носеше во шумата и доаѓаа и студентите меѓу кои и многу девојки кои денес се игумании во повеќе манастири. Живеевме многу убаво. Отец Арсениј ја праша една жена што дојде во манастирот: „Марија, зошто не одиш во вашата селска црква?“ „Па, отец, нашиот свештеник пуши, малку и пие, не е како вас“. „Имаш деца, имаш мажени ќерќи? Да одиш и да им кажеш да родат деца и тие да станат свештеници какви што сакате вие!“
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Θέλετε καλούς ιερείς; Γεννήστε τους!!! π. Αρσένιος Μπόκα Од блогот на Веријската митрополија – http://imverias.blogspot.com/
www.povardarska-eparhija.org.mk
51
Г. Г.
СТЕФАН,
архиепископ охридски и македонски Слово изговорено во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, по повод востоличувањето на Митрополитот Јосиф, на 03.11.2013 г.
„Синот Човечки не дојде за да Му служат, туку да служи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Мт. 20, 28)
Високопреосвештен Владико, возљубен брате во Господа,
Ц
елта и смислата на Христовото доаѓање на земјата, беше да ја објави спасоносната наука, да го даде Својот живот за откуп на сите и да го помири човекот со Бога. Затоа и оние коишто поверуваа во Него ги научи да се молат и да помагаат за волјата Божја да биде како на небото така и на земјата. За да го направи служењето универзално, и да ги опфати сите луѓе и во сите времиња, ја основа Својата Црква, на која ѝ стана основа (1 Кор. 3, 1), аголен камен (Еф. 2, 20) и глава (Еф. 4, 15). Едни избра за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, а некои за пастири и учители, за сите да помогнат за усовршување на светите во делото на служењето... (Еф. 4, 11-12) Негови пратеници беа, пред сѐ, апостолите – Неговите најблиски ученици, но такви беа и нивните наследници – епископите. И тие, епископите, како продолжители и исполнители на спасоносното служење, ја извршуваа волјата на Оној, Кој ги избрал и испратил – Великиот Пастироначалник. Такво чувство ги исполнуваше Христовите ученици, а 52
Број 28, година 7, Декември 2013
св. ап. Павле потврдува: ние ја исполнуваме службата на пратеници место Христа...(2 Кор. 5, 20) Ете, таква обврска имаа апостолите, таква должност имаат и епископите – да ја извршуваат волјата Христова на земјата. И нема поголемо достоинство од тоа да се биде благодатно издигнат во избраник на Божјата благодат и соработник Христов во градењето на царството Божјо. Нема повозвишено служење од служењето поткрепено од Светиот Дух и од даруваната можност да се биде подражавател на Господа Христа. Отаму произлегува и обврската на епископот, како продолжувач на апостолкото дело – да го проповеда Евангелието пред луѓето и постојано да пребива во молитва и служба на словото (Дела 6, 4). Господ Исус Христос беше и добриот Пастир, Кој со љубов го водеше стадото и се грижеше тоа да биде едно. Тој душата Си ја положи и ни даде пример и ние да го правиме истото, како што Тој направи (сп. Јован 13, 15) . Таква грижа покажаа и апостолите, таква грижа треба да имаат и епископите и сите свештенослужители. А грижата за стадото е грижа за Црквата! По примерот на добриот Пастир должни се и избраните пастири да бдеат над довереното им стадо, исполнети со страв Божји и поткрепени
www.povardarska-eparhija.org.mk
53
со благодатната сила на Светиот Дух. Црквата Христова е тврдина на вистината, надежта и љубовта. Таа вистина на верата треба да се разгласува со збор и дело, а да се поткрепува со љубов, со љубов кон Бога и луѓето, да се потпира врз надежта, врз надежта во најголемата Надеж – во Бога. И да не заборавиме: христијанството не стигна на сите страни на светот, дури до карјот на земјата (Дела 1, 8), поради силниот глас на апостолите, туку благодарение на целосната оддаденост, на смиреното сведоштво и секојдневните жртвени подвизи, поднесени во името на Христа. Епископот е повикан да биде најблизок соработник на Христа, зашто преку изборот се издига на високо место. А град што стои на врв планина не може да се сокрие – (Мт. 5, 14), туку треба да им свети на оние коишто тргнале по патот на спасението. Епископот треба да свети преку својот живот и преку словото на благовестието. И нема друг пат освен оној зацртаниот од Господа Христа. Одејќи само по тој пат ќе може да се биде проповедник на верата и учител за доброто. И не само со збор, туку она што се говори треба и да се живее и да се потврдува со дела. Словото на епископот секогаш треба да биде слово на вистината за вечниот и времениот живот, слово за Божјата правда и утеха. Ете, возљубен Владико, како од архиереј и востоличен митрополит, што очекува овој народ и свештенослужителите, што очекуваме членовите на САС, кои едногласно и еднодушно те избравме и што очекува нашата света Црква!? – Очекуваме да бидеш постојано исполнет со страв Божји, со љубов кон Бога и народот, со усрдна вера да пребиваш во молитвата, да го распалуваш дарот на Светиот Дух...(2 Тим. 1, 6), да го чуваш и зачуваш добриот залог... (2 Тим 1, 12), да ја прославиш службата (Рим 11, 13) како пратеник Христов и учесник во небесното призвание...(Евр. 3, 1). Како млад не се обесхрабрувај, туку надевеј се на Бога од Кого доаѓа нашата способност (сп. 2 Кор. 3, 4), настојувајќи да го зајакнеш својот позив и избор (2 Петар 1, 10). Не заборавај дека и нашата света МПЦ, како неделив дел од едната, света, соборна и апостолска Црква, го има божествено сокровиште од кое произлегуваат обврските на секој свештенослужител, има долговековна историска традиција неделива од својот православен 54
Број 28, година 7, Декември 2013
народ. Доаѓаш во предели каде се длабоки и древни христијанските темели, ќе бидеш меѓу народ којшто љубоморно ја чува и живее верата православна, меѓу народ кој поради секојдневните притисоци сѐ повеќе се оретчува, но овој кој останува е верен народ и си ја сака Црквата Македонска и земјата прадедовска; ќе бидеш архиереј меѓу народ каде по крстот и полумесечината се идентификува и препознава секој човек и секоја населба. - Помагај да се залечат раните, моли се да се утешат онеправданите! Почитувај ги постојните разлики кај секого и учи ги луѓето да им го прават тоа на другите што сакаат другите ним да им го прават! Потсетувај ги дека кој прави неправда ќе добие според неправдата (Колос. 3, 25), советувај на злото да не се враќа со зло, туку злото да се надваладува со добро (Рим 12, 21). Поучувај да се бара она што служи за мир и меѓусебно подобрување еден на друг (Рим 14, 19). Биди толерантен и мирољубив, никогаш и никаде не заборавај дека во сѐ треба да се биде човек, иако тоа е најтешкото! – Сѐ друго е полесно! - Но најтешкото е најдостојно за секој човек! Чувај го Лешочкиот манастир со неговите стари и нови лузни и светињите во доверената ти епархија! Не заборавај го Бигорскиот манастир и домовите во кои телесно и духовно израсна, како и институциите каде го стекна своето образование! Чувај ја чистотата на православното учење, внимавај на достоинството и брани ја возобновената автокефалност на нашата древна Светиклиментова Охридска и Македонска Архиепископија! И, како советува св. ап. Павле – Погрижи се пред Бого да се покажеш како достоен и беспрекорно работлив, кој верно го проповеда словото на вистината ( 2 Тим. 2, 15), потруди се со верата и љубовта во Христа Исуса во тебе да се преумножи благодатта на нашиот Господ (1 Тим. 1, 14), ...за да го добиеш венецот на славата што никогаш не венее (1 Петар 5, 4). Прими го овој жезол како видливо сведоштво на архиерејската власт и благослови го овој народ кој молитвено учествува во денешнава радост! Долгоденствуј, Високопреосвештен Владико! – На многаја лета!
www.povardarska-eparhija.org.mk
55
ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
Ваше Блаженство, Ваши високипреосвештенства, Ваше преосвештенство, Почитувани членови и претставници на Владата на Р. Македонија, Почитувани пратеници во Собранието на Р. Македонија, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, Уважени претставници на образовните институции, Почитувани претставници на локалните самоуправи, Сечесни отци и богољубиви монаси, Возљубени во Господа браќа и сестри, Духовни чеда,
Исправен пред вас1, овде, на амвонот од ова свето место, посветено на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј Солунски, соборниот храм на православното искрено сведоштво на верата Христова во овој дел од македонската земја, не можам, а да не се запрашам, чудејќи се колку е дивен Бог во Своите дела, какви сè се патиштата Господови за секого од нас? И ако погледнам назад во свештената историја на Црквата, ако ги прелистам страниците на човековата егзистенција, а макар и за малку ми се дозволи да го зеркам постоењето на секој човек - секаде ќе најдам различен одговор, секаде ќе најдам различен пример за исто дело, за иста состојба, за иста животна случка и ситуација, за истата потреба. Но нема да можам незадоволен да 1 Пристапна беседа на Интронизацијата на Неговото преосвештенство, епископот Велички г. Јосиф во митрополит Тетовско-гостиварски, на 3. 11. 2013 година, во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. 56
Број 28, година 7, Декември 2013
ја затворам книгата на минатото - затоа што од тоа што немам одговор, ќе сфатам едно - дека чудесни се патиштата Господови, дека праведен е Господ во Своите дела, во Својот план за секого од нас. Секому дава според неговата потреба - но и од секого ќе бара одговор според даденото. И од тој праведен суд Божји, никој, никогаш ниту побегнал, ниту ќе може да се скрие. Затоа, зачуден стојам пред овој свештен собор и во трепет се исповедам - зошто токму моето недостоинство, Милостивиот Бог го удостои со ваква голема духовна одговорност - да се грижам за спасението на довереното ми паство, да се грижам за Црквата Божја во овој благословен дел од нашата татковина? И одоговорот, верувам, никогаш нема да го најдам, доколку го барам во себе, во своите духовни квалитети, потребни за ваквиот повик. Но знам и уверен сум дека само и единствено за едно треба секогаш да се биде подготвен кога ќе се добие ваков дар, ваков повик - секој ден духовно да се умира за Господа, нашиот Бог, Исус Христос. Секој ден да се заборава на себеси, а молитвите и солзите да течат во срцето за секоја и сечија потреба, мака и радост; секој ден да се коленичи за сечиј грев и сечија страст; секој
www.povardarska-eparhija.org.mk
57
ден да се подигаат рацете кон небото за добробитот на свештенството и верниците; секој ден грижата да дава непостојаност на нашиот ум за секој храм во епархијата, за секој напукнат ѕид на црквите, за секоја падната керамида од домот Божји. Такво треба да биде секојдневието на епископот на една епархија - секој ден да станува и останува духовен татко на сите. Некому да му помага со советот, на друг со делото, на трет со молитвата. Да Му служи на Бога и во олтарот на Неговата слава, но и во олтарот на своето срце. Само вака живеејќи, ќе биде подготвен да ги разбере зборовите на светиот апостол Павле - тежнее ли некој кон епископство, тој сака добра работа, за која треба да е непорочен... разбран, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува... не насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и несреброљубив (1 Тим 3/1-3). Возљубени чеда, Кога ќе се погледне што сè имаме во духовна смисла и ни е оставено од нашите предци, можеме само да Му благодариме на Господа за таквата милост, да Му воздадеме похвала за многубројните цркви и манастири, за олтарите и конаците, за иконите и фреските, да Му славословиме за верата на нашите татковци и дедовци, за вистината во која, ете, благодарение на нашите предци пребиваме. Имаме сè што е потребно и наша одговорност е да го зачуваме ова духовно богатство. Но Христовата вистина се чува, само доколку се живее. И залудно ќе се именуваме христијани, ако не живееме христијански; за што ќе ни се црквите, ако не ги полниме, ако не ги посетуваме за богослужбите во секоја недела и на секој празник и не учествуваме во заедничкото дело на христијанскиот собор. А тоа заедничко дело е подвиг и молитва на сите нас заедно - на вашиот владика, вашите свештеници и сите вас. Стоејќи пред вас, возљубени тетовци, гостиварци, вие што сте дојдени од Мавровско и горнореканскиот крај, не можам, а да не го изразам својот восхит што Господ ме предал на вашите молитви, што ме удостоил на овие наделку познати и препознати верни души да им 58
Број 28, година 7, Декември 2013
станам слуга, да ви станам сè, за да ве придобијам за спасението (сп. 1. Кор. 9, 22). Ете, Бог така благоволил, овој дел од македонската земја, постојано да е во подвиг, постојано да е во плач и тага, во страдање, не поради другиот, туку поради нас самите, поради нашето непокајание, поради нашето неопстојување во верата и делата христијански. Но колку сме, толку сме, благословени да сме, Бог да нè отрезни со спасителниот глас на Своето евангелско слово, за да не губиме надеж во Неговата милост и да се грижиме за она што ни е најважно - еднодушноста во вистината, во верата, надежта и љубовта. А имаме многу славни предци, кои во овие краишта се докажале херојски во подвигот, во тоа како се опстојува, како се брани и како се живее верата христијанска. Тие создавале и граделе за нас, за еве денес, во овие времиња на сечовечко страдание, да имаме прибежиште, да имаме пристаниште од животната бура, да имаме надеж. И токму на нивните молитви пред Божјиот престол се надеваме, на застапништвото на славните Полошки митрополити Јоаникиј и Никанор, на отците Кирил Пејчиновиќ, Николај, Силвестер, Теодор и многу други. Говорејќи ви пред живото присуство на овие наши славни духовници, но и на соборот светителски, можам само да се заветам дека примарното во моето секојдневно пребивање на епископскиот трон што ми е доделен на послушание од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква ќе биде духовната градба на нашата новоформирана епархија, Тетовско-гостиварската. Како што споменавме, материјалните градби ги имаме, ги наследивме и за нив ќе се грижиме со постојана будност, нови ќе создаваме, но најважна од сè е возобновата на духовниот живот во овие краишта. Да видат овие ѕидови верен народ, кој постојано ќе пребива меѓу нив, да слушнат овие икони и фрески молитви, да тропаат камбаните за служби, да се оживеат манастирите и манастирските имоти со црноросци.... Но тоа ќе се трудиме да биде секогаш во духот на потврденото црковно предание, натопено со благодатта на Светиот Дух. Зашто, треба уште отсега да се знае, храмот треба да биде само и единствено храм, да биде место за
www.povardarska-eparhija.org.mk
59
црквување, за проповед и мисија, манастирот треба да биде само и единствено манастир, да биде место за подвиг, за утеха и воспитание. Ни претстои многу работа - но јас се надевам и на сите вас, возљубени во Господа, а особено се надевам и на свештенството и монаштвото. Ете, служители на Божјиот престол, се исполнува благословеното време кога секој од вас ќе има подеднаква шанса, кога секој од вас ќе треба да се покажува во ревноста, во верата и успесите на духовен план, да се докажува на нивата Господова. А тоа што ќе треба да го сееме, ќе мора да биде само во согласност со преданието на светата Христова Црква, зашто гледаме, само таквата традиција е благословена, само тогаш има успех делото на Црквата. Искушенијата секогаш ќе бидат присутни, дури и ќе се преумножуваат, непријателот на светоста и благолепието, кнезот на овој свет (Јован 12, 31; 14, 30; 16, 11. Ефес. 2, 2) постојано се спротувставува на вистината и добрината, но наше е да опстоиме (Матеј 24, 13), особено во согласноста и љубовта да бидеме постојани. За тоа наше дело ќе се надеваме и на застапништвото, искуството и поуките од оние што се опитни во подвигот, силни во мудроста и знаењето, цврсти во верата - што се многу блиску до нас, од каде што и ние сме произлегле, а и многумина од вас се воспитувале, учеле за верата, ја искусувале молитвата на долгите бденија, го вкусувале и вкусуваат плодот на духовничката љубов и грижа. И , на крајот, најважно е што сè треба да биде во името нашиот возљубен Спасител: Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај Му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина (Пс. 113, 9). Амин!
60
Број 28, година 7, Декември 2013
Г. Г.
СТЕФАН,
архиепископ охридски и македонски Слово изговорено во храмот „Св. Никола“ во Куманово, по повод востоличувањето на Митрополитот Јосиф, на 10.11.2013 г.
„Кој сака да биде поголем - нека ви биде слуга“ (Марко 10, 43)
Високопреосвештен Владико возљубен брате во Господа,
M
ногумина што ја слушнале оваа Христова порака размислувале за неа: како тоа, за да се биде поголем – треба да се биде слуга?! – Збунети се прашувале дури и самите апостоли, подоцна тоа било неразбирливо и за многу толкувачи, читатели и слушатели на Светото Евангелие. И никогаш, и никаде и во никого нема да се најде одговорот освен во Оној Кој имаше име над секое име, Кој на луѓето им јави нечуена мудрост, Кој ги прероди вековите и времињата, само во Оној пред Чие име преклони колена сѐ што е небесно, земно и подземно, во Оној Кој се понизи пред сите и пред сѐ – во Господа Христа; ќе го најдеме одговорот во Оној Кој и на Своите ученици им беше прислужник (Лк. 22, 27), со што даде пример како да се однесуваат сите кои што тргнале по Него. Светите апостоли постапно, колку што можеа, ја разбраа смислата на Христовата наука, со која се наоружаа помогнати од Светиот Дух. Меѓу нив имаше и не учени и прости луѓе (Дела 4, 13), како и такви кои ги беа www.povardarska-eparhija.org.mk
61
научиле знаењата на своето време, но сите тие беа длабоко проникнати во смислата на Христовата наука, во она што виделе и чуле (Дела 4, 20), за што многумина кои ги гледале и слушале со чудење се прашувале: од каде кај нив такво знаење и таква сила?! Но апостолите, проникнати преку силата на Светиот Дух, прифатија да бидат, како вели свети апостол Павле – најпоследни, како осудени на смрт, ...кога беа грдени тие благословуваа, а кога ги гонеа тие трпеа (сп. 1 Кор. 4, 9 и 12). Такви биле сите богоугодници во изминативе 20 столетија. - Откажувајќи се од себеси, тие посакуваа да бидат последни меѓу луѓето, за да бидат први пред Бога. Така се однесуваа, зашто човечка слава не баравме, вели св. ап. Павле (1 Сол. 2, 6), а тоа би го повторил секој меѓу оние коишто со смирение се искачиле на духовни височини. А тоа растење и доближување кон Бога се постигнува само со љубов кон Христа! Затоа, сакаме ли да бидеме први пред Господа, потребно е да се понизиме пред луѓето и, преку служењето на луѓето, да постанеме служители на Бога! Во историјата на Црквата голем е бројот на богоугодниците коишто сфатиле дека нивниот повик и работа во животот е дело на Оној што ги испратил (Јован 9, 4). Свети Никола, патронот на овој свет храм и заштитникот на Куманово и на овој крај, цели 17 столетија е сведок за тоа како последните стануваат и остануваат први. – Но, како овој Светител стигна и до овде, како и на многу места по нашата земја и насекаде меѓу христијаните по светот?! Тој е првиот – најпочитуваниот светител, по Мајката Божја и св. Јован Крстител, меѓу сите во Црквата Христова. И по толку векови и по толку далечини, кога и до каде што стигнал неговиот култ– живее и денес со почитување како од пред 17 векови! Ќе прашаме: како е тоа возможно? – Па, она што за луѓето е невозможно, за Бога е можно (Марко 10, 27)! Или нашиот свети Климент, кој, и додека беше со светите Браќа во разните мисии, па и потоа кога се врати како учител, просветител и архиереј во нашиве краеви, насекаде покажуваше подготвеност да претрпи сѐ заради Христа: и неизвесни и долги патувања, и грижа и напор за доброто и спасението на доверените души. Тој, како зашишал житиеписецот, дури не им давал сон на очите свои, ниту дремка на клепките свои. Напротив, 62
Број 28, година 7, Декември 2013
грижата - служењето на народот го сметал за своја храна и наслада. Па и пустиножителните преподобни отци од овие краеви Прохор Пчински и Јоаким Осоговски – сведочат дека живеењето за Христа е вечно живеење! Нивниот молитвен и испоснички подвиг, како доброволна жртва пред Бога и пред својот народ, е служење што трае! Впрочем, секој човек што се родил на овој свет, не е важно кога и каде се родил, туку како и во што го поминал својот живот и својата мисија на земјата! Високопреосвештен Владико, Светиот Архиерејски Синод на нашата света Црква те избра, а еве денес те востоличуваме во тронот на новоформираната Кумановско-осоговска митрополија. И изборот и поставувањето за архиереј во Црквата Христова, пред сѐ, подразбира – служење: служење на Бога и на доверениот народ. Целата историја на Црквата Христова, како и историјата на нашата древна Охридска и Македонска Црква, се исполнети со личности кои потврдиле каква големина имаат оние коишто ги красело постојана подготвеност да служат и, ако затреба, да се жртвуваат за евангелските идеали. Тие богоугодни и свети личности, како и досега, и во иднина остануваат примери на кои треба да се огледуваме. Од тебе, како млад архиереј очекуваме да продолжиш таму кадешто претходниците застанаа. - Настојувај да го зајакнеш својот позив и избор, зашто по таков начин може да се влезе во вечното Царство на нашиот Господ Исус Христос, советува св. ап. Петар (сп. 2. Петр. 1, 10-11). А тоа ќе го исполниш, ако неуморно го проповедаш Евангелието (Марко 13, 10) и ако постојано живееш според него. Оваа Кумановско-осоговска, како и Тетовско-гостивар-ската, по територија е мала, но е епархија со многу светињи и богоугодници. Погрижи се да се зачуваат и обноват старите храмови и манастири, а гради и нови каде што ќе има потреба. Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и свети Јоаким Осоговски, како и манастирите во Матејче и Карпино, Псача и www.povardarska-eparhija.org.mk
63
други, се ремек дела во православното црковно сликарство и архитектура. Но најмногу погрижи се за верата, за духовната надградба на доверениот ти народ. Образованието во верата денес е насушна потреба на Црквата, и тоа не само под нејзиниот свод и двор. Потребно е и на современиот човек да му се даде можност, да се запознае и да ги вкуси духовните вредности и плодови на многувековната православна традиција и живот. Луѓето не ги разликувај и не ги дели по ништо, освен по тоа колку Го носат Христа во себе, и колку живеат по заповедите и законите на верата православна. Имај разбирање за друговерните и, доколку зависи од тебе – живеј во мир и негувај потребна комуникација со нивните заедници. Биди кроток кон сите, поучлив и трпелив (2 Тим. 2, 24), учејќи ги на секоја премудрост (Колос. 1, 28). - Пазете на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави како епископи, за да ја пасете Црквата на Господа и Бога која ја придоби Он со својата крв (Дела 20, 28), порачува св. Апостол, зашто секој себеси се вградува во Црквата и делото на секого ќе стане јавно, ... и ако тоа остане – ќе добие награда (1 Кор. 3, 13-14). Затоа, возљубен брате во Господа, потруди се да ги оправдаш очекувањата на сите во Црквата и меѓу нашиот народ, а со тоа и на Оној пред Кого се заколна дека ќе Му служиш. За чест и слава Нему – биди служител на сите, и биди сѐ со сите за да ги придобиеш, за Бога и Црквата! Амин! Долгоденствуј, Високопреосвештен Владико! – Прими го овој жезол и благослови го овој народ! Господ Бог да ти помогне, твоето служење да ти биде за твое и спасение на доверениот ти народ! На многаја лета!
64
Број 28, година 7, Декември 2013
ЈОСИФ, Митрополит Кумановско-осоговски
Пристапна беседа на интронизацијата, во храмот „Свети Никола“ – Куманово, на 10. Ноември 2013 г.
Ваше Блаженство, возљубени браќа архиереи, сечесни отци, браќа и сестри во Господа!
П
ред сé, Му благодарам на Бога, што, еве, по Негова промисла и со благоволение на браќата архиереи, членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, јас недостојниот – избран за митрополит Кумановско-осоговски, ја доживувам денешнава радост. И нека ми биде исповед: со страв и трепет, седнувам на овој свештен трон, а примајќи го овој пастирски жезол, јас знам дека не примам власт, туку добивам обврска за служење. Затоа, трепери мојава душа исправена пред товарот што треба да го носам и, како некогаш царот 1 Давид, прашувам: кој сум јас, Господи, што толку ме воздигна ? Обврската што во овој миг ја примам ги надминува моите сили; таа е подвиг што ниеден човек не може да го носи сам, или само со поддршка
www.povardarska-eparhija.org.mk
65
на малкумина. И свесен сум дека денес, семилостивиот Бог и членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, ми товараат тежок крст, крст за чие што носење треба целосно самоодрекување и потполна посветеност на Црквата. Но, спокоен сум и мојот поглед кон иднината е сигурен и извесен, зашто во подвигот на архиерејското служење, покрај помошта и милоста Божја, како најголема помош ќе ми биде молитвеното заедништво и соборното делување, во кое учествува целиот епископат, целата полнота на Црквата со сите разнообразни дарови на нејзините членови. Впрочем, и целиот живот и сета дејност на епископот им припаѓаат на Бога и на Црквата! Затоа, иако ја знам својата недостојност, прифатив да се искачам на Горното место, место кое е предвидено за првоерархот на Кумановскоосоговската епархија, и смирено им се предавам на молитвеното застапништво на Пресвета Богородица, на светиот Николај Мирликијски, на светите Климент и Наум Охридските чудотворци, на светите Прохор Пчињски и Јоаким Осоговски и на сите светии пред престолот Божји. Нивното застапништво ми е утеха за зборовите на пророкот – проклет да 2 е секој кој немарно го извршува делото на Господа , и знам, како вели 3 апостолот, дека секому му се дава во него да се пројави Духот за полза . Со такво разбирање и свесност, ја просам Божјата благодат која што ги исцелува човечките немоќи и ги дополнува недостатоците, зашто знам дека силата Божја во немоќта се пројавува. Службата пак што денес 66
Број 28, година 7, Декември 2013
ја примам, најконкретно ја сведочи тајната на Црквата и на архиерејската служба, која целосно се открива во светата Евхаристија. Крвта и Телото Христови, со кои денес се причестивме во светата Литургија, уште еднаш ја потврдуваат нашата заедница во Христа, бидејќи само во литургијата, како народ Божји собран околу својот епископ, стануваме Црква. Црква во која дише Светиот Дух и плови кон вечноста. Меѓутоа, иако патуваме кон вечноста, ние остануваме длабоко вклучени во сите текови на земниот живот. Таквата духовна состојба, кога живееме на земјата, а престојуваме на небото, кога земјата е наша татковина, а на неа сме странци, постојано нè држи будни и свесни дека овој живот не е нашата крајна цел, и не може да биде мерило на вредности. Затоа мојата мисија ќе биде проповедање на црковните духовно-морални идеали и нивна примена во современиот живот, како и постојано сведочење за вистината и убавината на православието и негово вклучување во секојдневниот личен, семеен и општествен живот на секој човек. Ќе настојувам да ги соединиме православната вера и евангелскиот морал со секојдневните мисли, очекувања и надежи, за да можеме да најдеме одговор на најсложените егзистенцијални, идејни и морални прашања на денешницата, која што нé обременува со постојани грижи, радости и жалости. Само така нашата вера може да биде разбирлива и потребна, само тогаш секој човек ќе може да ја почувствува благодатта Божја, која ќе стане очигледна и посилна од секој збор. Денес, возљубен народе, од ова место, кое што е центар на Кумановско-осоговската епархија, сакам да ве повикам на отворен и конструктивен дијалог, во којшто и ќе слушаме, но и ќе бидеме слушнати. Само таквиот дијалог може да ги исфрли на површина мислите и убедувањата на секој поединец. Само преку тој дијалог, Црквата ќе се збогати со сознанија за тоа каков е современиот човек и кои се неговите потреби од Црквата. Само во тој дијалог ќе можат да се усогласат различните убедувања и ставови меѓу различните генерации, што ќе придонесе за www.povardarska-eparhija.org.mk
67
добробит на Црквата. Затоа, наша грижа ќе бидат душите на сите во доверената епархија, но особено ќе ѝ се посветам на младината, на која најмногу ѝ треба духовно раководење и вклучување во сите пори на црковниот живот. Во време на морална декаденција, различните пропаганди за безусловна „слобода“ во однесувањето, ги уништуваат душите на многумина, и ние не смееме да чекаме младината сама да се обрати и да Го најде Христа. Должни сме да им помогнеме изгубените да се најдат, истераните да се вратат, како 4 вели пророкот , да ги упатиме да ја најдат вистинската вера во Бога, и да ја откријат смислата на животот, за таа цел ќе ги употребиме сите средства кои ни ги нуди денешниот техничко-технолошки развој. Зашто ако сме повикани да стоиме на браникот на верата и духовноста, тогаш мораме да знаеме дека нашето оружје е нашата мисла, нашиот збор, нашите постапки и нашите дела. Млак човек не може да стои на браникот на идеалите, необразован човек никогаш, а особено во денешниот свет, не може да влијае на размислувањата на луѓето, човек што не поседува лично духовно искуство, не може ништо да им пренесе на другите. За остварување на нашата мисија, особена духовна и морална помош и поддршка, очекувам од секоја христољубива душа во Кумановскоосоговската епархија. Зашто само во молитвена заедница и соборно делување, според силите од Бога дадени, секоја личност ќе може во сета нејзина неповторливост да си го пронајде своето место во организмот на Црквата. Затоа денес смирено ги просам вашите молитви, та да се удостојам до крај достојно да го завршам подвигот, правилно раководејќи со словото на вистината, вистината, што ни е предадена од Христа Господа, преку светите Апостоли и Отците на Црквата, вистина којашто сме должни неизменета да им ја предадеме на тие што доаѓаат по нас. Тоа бара многу работа и голем труд. За мојата досегашна и идна работа којашто ме очекува на нивата Господова, сакам особено да Ви се заблагодарам Вам, Ваше Блаженство, за довербата и поддршката. Вашите совети, секогаш ќе бидат моја потпора и поткрепа во 68
Број 28, година 7, Декември 2013
пастирската работа. Од денес во мене ќе имате искрен соработник, но ќе имате и уште една обврска повеќе. Исто така Ви благодарам и вам браќа архиереи, кои што дојдовте молитвено да ја споделите со нас оваа духовна радост. Особена благодарност искажувам и до свештенството на оваа Епархија, кое покажа духовна зрелост и одговорност по упразнувањето на епархијата. Ним сакам да им порачам, секогаш да се усовршувате и утешувате, да бидете единомислени и да живеете во мир – и Бог на 5 љубовта и мирот, секогаш ќе биде со вас . Но, денес, исто така, совеста ми налага да се сетам и на блаженоупокоениот митрополит Кирил, за неговата пастирска грижа и советите за мудро управување со паствата Христова. Упатствата што ми ги даваше ќе ми бидат од голема полза во архиерејската служба и епархиската должност. Ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам вам, браќа и сестри во Господа, од Кумановско-осоговска епархија, вам, верните чеда од нашата Света Црква, коишто не жалевте труд и време да дојдете денес во Куманово, како и на сите коишто сакавте но не можевте да дојдете, кон сите вам, упатувам зборови со искрена благодарност и архипастирски благослов: Благодатта на Господа Исуса Христа, и љубовта на Бога и Отецот, и заедницата со Светиот Дух, да бидат со сите вас. А, најголемата благодарност, секогаш Му припаѓа на Бога, за сите доброчинства направени за нас, зашто не се откажува да направи сé за нас, додека на небото не нé возведи, и царството идно не ни го подари. Амин! — 1 1 Лет. 17, 16 2 Ерем. 48, 10 3 1 Кор. 12, 7 4 Ез. 34, 16 5 2 Кор. 13,11
www.povardarska-eparhija.org.mk
69
БОГ НЕ НЕ ОС Т А В А Б Е З УТ Е Х А Г. Хризостом, Митрополит на Патра
К
ако што одиме кон големиот празник на Рождеството Христово и се подготвуваме да го воспееме вочовечениот Бог, да размислиме колку нѐ засака Бог, и колку нѐ сака, и покрај нашите многу гревови и нашето отпаѓање од Него. Фактот дека Бог стана човек, е уверување на Неговата обилна љубов кон нас. Светиот Јован Златоуст ги става во устата на нашиот Господ овие трогателни зборови: „За тебе бев плукан, бев удиран, се одреков од Својата слава, Отецот Го оставив и дојдов при тебе, што Ме мразиш и се одвраќаш од Мене и не сакаш ниту да го слушнеш Моето име. Се трудев и успеав да те придобијам, да те соединам, да те врзам со Себе. Јади Ме, реков, пиј Ме. И горе те имам и долу сум врзан со тебе... Не само што се соединувам со тебе, но се врзувам, бивам јаден, се истенчувам до најмалку, за растворањето, мешањето и соединувањето да биде совршено“ (15-та беседа на 1.Тим.) Трогателни зборови, кои го изразуваат крајното снисходење на Бога и крстнопожртвуваната љубов Негова кон Неговите творби. Но, додека Самиот „се смалува и меша со нас“, ни има дадено и друга можност за утеха. Ја имаме Неговата Пресвета Мајка, мајката на сите нас, која што е охрабрување и покров наш. Ги имаме светителите, коишто за нас се утешители, после Утешителот. Светителите во секоја епоха се светила на светот и сол на земјата. Не само што трогнуваат и вдахновуваат со нивните подвизи и со нивните свети животи или мачеништва, но го поддржуваат измачениот човек со нивните молитви и молби. Ниту една епоха не остана без светители. Па според тоа, ниту еден човек не остана некогаш без утеха. Близу до древните Божји исцелители, 70
Број 28, година 7, Декември 2013
нови се додаваат, близу до првите и до средните и оние од последните времиња. Се радуваме на веста за неодамнешната канонизација на преподобниот Порфириј Капсокаливит. Ден на радост и нова веселба е празникот, првиот официјален на свештениот и светлоносен негов спомен. Многумина го знаеја одблизу. Мноштво добија полза од неговите совети. Беа помилувани од неговите молитви. Додека живееше даваше надеж, оптимизам, утеха од неговите очи полни со светлина и неговото светло лице, коешто зрачеше со Божјата благодат. Болката на ближниот стануваше негова болка, и солзата на секој тажен беше пренесувана од преподобниот Порфириј молитвено кон Бога. Немаше материјални богатства. Беше слободен од врските на овој свет. Беше едноставен, полн со добрина, полн со љубов. Доби од Бога дар на прозорливост. Тоа беше неговиот дар, не само за него, туку за охрабрување на луѓето. Во времето кога се излади љубовта на мнозина, кога еден со друг не сакаат да се видат, кога не си ги знаат имињата, и дури и не сакаат да го изговорат името на другиот, тој, триблажениот, ги знаеше луѓето уште пред да ги види. Поради тоа и кога го посетуваа, им посакуваше добредојде со нивното име. „Добредојде, Јорго... Јани... Марија... Седни до мене“. Како што ми раскажуваше еден благочестив човек, кога го посетил со своето семејство отецот Порфириј, тој зборувал со децата по име. Малечката ќерка, сега веќе голема, беше зачудена и му посведочи на татка си, велејќи: „Тато, од каде ме знае ова попче, кога не ме има видено никогаш досега?“ Во овој тежок век, со многу проблеми, во овој свет кој сака да ги пресече крилјата на оптимизмот и на надежта, Бог не нѐ оставил. Среде мракот блескаат светила, и древните и современите светители. Среде мракот на безнадежноста, доаѓа надежта и го прогонува стравот и болката на душата. Среде многуслојната криза и недостатокот од љубов, доаѓа топлината на Божјата благодат, доаѓа топлината од молитата на светителите. Доаѓа освежувањето од Светиот Дух среде благодатните мошти нивни, за да нѐ утеши. Доаѓаат молитвите на нашите светители, коишто се инструменти на Божјата благодат. Нека биде благословено името Господово, отсега па до вековите. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: http://www.agioritikovima.gr/eipan/34419-de-mas-afinei-a www.povardarska-eparhija.org.mk
71
IN MEMORIAM
КОСОВКА САВЕСКА
П
ред две години бевме потресени од лошата дијагноза, а веќе оваа година во октомври нашата почитувана лекторка Косовка Савеска замина кај Господ, во вечните живеалишта. Родена е 13. 10. 1956 година во Велес, основно образование завршува во ОУ „Кирил и Методиј“ во 1963/64, средно во Гимназијата „Кочо Рацин“ во 1971/72, високото образование го продолжува на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што во 1981 година стекнува звање „професор по историја на книжевност на народите на СФРЈ со македонски јазик“. Во 2009 година стекнува уверение за положен лекторски испит, дејност која ќе остави најсилен белег во нејзината биографија, но и во историјата на црковната издавачка дејност. Работи како наставник по македонски јазик во ОУ „Рајко Жинзифов“, а последниве години како професор по македонски јазик во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес сѐ до нејзиното пензионирање во 2012 година. Има стекнато многу сертификати од различни области, а била и соработник на неколкумина писатели, лектор на многу прирачници, магистерски тези и монографии. 72
Број 28, година 7, Декември 2013
За нас беше значајна поради нејзината долгогодишна соработка со издавачката дејност на МПЦ, најпрво во весникот „Црковен живот“, а повеќе од десетина години и како лектор на сите печатени книги и списанија кои излегуваа со благослов на нашиот владика Агатангел, како Брегалнички, а потоа и Повардарски митрополит. Беше одличен соработник, трудољубив професор и лектор, внимателно и навреме извршувајќи ги дадените задачи. Како колешка нејзините колеги ќе ја паметат по нејзината скромност, тивок дух и искреност во меѓуличносните односи. За нас, пак, вработените во Повардарската епархија беше извонреден пријател, сестран соговорник и одговорен соработник. Неколку години соработувавме, а секое нејзино доаѓање беше повод за добра дружба. Иако по години повозрасна од нас, сепак, имавме чувство како да сме иста генерација, толку добро се снаоѓаше со сите генерации. Но, во животот не може човек сѐ да испланира, особено денот на смртта никој и никогаш, па така и во нејзиниот случај, иако ја очекуваа уште години за работа, Бог ја повика кон вечниот живот, но со многу големи страдања и болести. Во текот на болеста повеќе пати доаѓаше да се причести, се трудеше да пости колку што може, и на крајот замина спокојна кај Оној, Когошто Го засака со сето свое срце и ум, и Комушто чесно Му послужи со сето свое битие тука на земјата. Исчитувајќи ги сите досега издадени книги и списанија таа научи многу, но и со срцето усвои многу, па така сета нејзината човечност и добрина, за која сведочиме сите ние кои од Бога имавме благослов да ја познаваме, беше производ на нејзината делотворна вера и љубов. Уште многу децении идните генерации ќе го сретнуваат нејзиното име во досегашниве книги и списанија, но и сите ние да не ја забораваме во нашите молитви. Да се молиме Бог да ги прими нејзините болки и страдања како мачеништво, да ѝ ги прости сите нејзини грешки и гревови кои ги сторила во својот живот и да ја насели во населбите на праведниците и светителите, та со Нив да Го слави Бога, Кому долги години Му служеше на свој начин, со своите знаења и таланти. Бог да ја прости, и нека ѝ е вечен споменот.
www.povardarska-eparhija.org.mk
73