Issuu on Google+


ОС СЕ

сод 

З

† а односот и проповедта меѓу инославните според свети Силуан Атонски † Биди христијанин и кон иноверниот † убовта е над сите канони и устави - Житие на светиот архимандрит Гавриил Ургебадзе † а пастирското служење - Св. Григориј Двоеслов - III дел † удата на светите бесребреници Козма и Дамјан † исмо до вдовицата која тагува и се грижи † печален со љубов - проповед † овед во византиско пеење † сториско-географски преглед на Палестина † ељтон: православна Азија - Авганистан и Бахреин † олитва - расказ † редговор на книгата „Старец Сампсон“ † редговор на стрипот „Пријател на сите“ † катист на Свети Климент Охридски † а оние кои се во брак, децата им се и бројаница и метании

Љ

З

П С В И Ф П П А З

ес Списание за православна вера, образование и култура; број XXVII, октомври 2013 Излегува четири пати годишно. Издавач: Повардарска епархија на Македонската Православна Црква, Велес. Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел. Уредувачки одбор: ѓакон Влатко Стоименов, свештеник Јани Мулев, ѓакон Васил Ристовски, дипл. политиколог Никола Цилаков. Дизајн и компјутерска подготовка: Никола Цилаков. Лектура: Косовка Савеска Печати: „Европа'92“ - Кочани www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk


ЗА ОДНОСОТ И ПРОПОВЕДТА МЕЃУ ИНОСЛАВНИТЕ СПОРЕД СВЕТИ СИЛУАН АТОНСКИ

„Не можеме да не одбележиме една извонредна карактеристика во карактерот на старецот, имено – неговиот однос кон секој човек што размислува поинаку од него. Најискрено и длабоко тој сака да го разбере секој таков човек на најдобар начин и да не го ожалости она, што е свето за него. Секогаш остануваше верен на себеси; беше целосно убеден, дека „спасението е во Христовото смирение“ и заради тоа смирение сакаше секого да го разбере на најдобар начин; го доловуваше секое движење на човековата душа, особено способноста да се љуби Христос. Се сеќаваме на разговорот на старецот со еден архимандрит, мисионер помеѓу неправославните. Тој архимандрит многу го почитуваше старецот и за време на неговите посети на Света Гора честопати доаѓаше да разговара. Старецот го праша како проповеда. Архимандритот сè уште млад и неопитен, движејќи со рацете и со целото тело, возбудено одговори: - Јас им велам: вашата вера е блудство; кај вас сè е изопачено, сè е невистина и доколку не се покаете, нема спасение за вас. Старецот откако го ислуша го праша: - Кажи, отче архимандрит, веруваат ли тие во Господ Исус Христос, дека Тој е вистинскиот Бог? - Во тоа веруваат. - А, ја почитуваат ли Божјата мајка? www.povardarska-eparhija.org.mk

3


- Ја почитуваат, но погрешно учат за неа. - Светителите ги почитуваат? - Да, ги почитуваат, но нели се отпаднати од Црквата, какви светители може да имат? - Извршуваат ли богослужби во храмот, го читаат ли Словото Божјо? - Да, и цркви, и служби имаат, но ако можете да видите, какви им се службите, какво бездушие во споредба со нашите. - Видете, отче архимандрит, душата им знае, дека постапуваат добро, дека веруваат во Господ Исус Христос, дека ја почитуваат Божјата Мајка и светителите, дека ги повикуваат во молитвите, затоа, кога им зборувате, дека нивната вера е блудство, тие нема да ве послушаат... Но доколку им велите на луѓето, дека прават добро, како веруваат во Бог; прават добро, почитувајќи ја Божјата Мајка и светителите; прават добро, одејќи на богослужение во храмовите и кога се молат во своите домови и читајќи го Словото Божјо и сл., но, во нештата во кои допуштаат грешка, таа треба да се поправи, тогаш сè ќе биде во ред; и Господ ќе се радува за нив; и така сите ќе се спасиме по Божјата милост... Бог е љубов, затоа и проповедта секогаш треба да извира од љубов; тогаш ќе има полза и тој, што проповеда, и тој, што слуша; а доколку противречите, луѓето нема да ве слушаат и нема да има полза„

Превод од бугарски јазик: Звонко Алексов, студент на Теологија Изворник: http://sveticarboris.net Архим. Софроний (Сахаров) – “Свети Силуан Атонски”, стр. 79-80; Омофор, София, 2008

4

Број 27, година 7, Октомври 2013


Старец Порфириј Кавсокаливит

  КО ОЕО

Најдобрата мисионерска дејност се остварува преку нашиот добар пример, нашата љубов и нашата кротост

Д

а бидеме ревнители! Ревнител или зилот е оној, кој со целата своја душа Го сака Христа и во Неговото име служи на човештвото. Љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот, тоа е неразделна двојка, свештена страст, копнеж, солзи, умиление, но не мисловно, туку од срце. Фанатизмот нема ништо заедничко со Христа. Биди вистински христијанин. Тогаш нема да занемариш никого, а твојата љубов ќе ги покрие сите (1.Кор. 13,7). Биди христијанин и кон иноверниот. Тоа значи: почитувај го на еден благороден начин, независно од неговата религија. Погрижи се за муслиманинот, кога има потреба да разговараш и да се дружиш со него. Треба да ја почитуваш слободата на другиот. Како што Христос стои пред вратата и тропа без да ја отвори со сила, а очекува човековата душа сама да Го прими, така и ние треба да се однесуваме кон секоја душа. Во мисионерскиот труд треба да се користи поспецифичен метод, за да можат и другите да го примат тоа коешто им го нудиме – зборови, книги без да се спротивставуваат. И уште нешто: помалку зборови. Зборовите одѕвонуваат во ушите и многупати ги вознемируваат луѓето. Додека, пак, молитвата и животот одекнуваат. Животот восхитува, преродува и преобразува, а зборовите остануваат бесплодни. Најдобрата мисионерска дејност се остварува преку нашиот добар пример, нашата љубов и нашата кротост. Слушнете еден пример за тоа! Еднаш еден свештеник, отишол да слуша час за образовани луѓе. www.povardarska-eparhija.org.mk

5


На часот го запишал еден негов братучед. Предавачот кажувал многу работи, изложувајќи некоја марксистичка тема. Неговите слушатели биле воодушевени и на крај му ракоплескале. Но, уште додека бил на катедрата, го видел свештеникот и му рекол: - Како што гледам на нашиот час присуствува и еден поп. Ако може, би го замолил да ни каже нешто за темата од религиозна и философска гледна точка. Тој тоа го рекол со иронија и намера да го понижи свештеникот, така што ќе ѝ се потсмева на Црквата. Свештеникот се исправил и рекол: - Што да ти кажам, чедо мое? Не знам ништо по тоа прашање, само сум чул некои нешта. Тој и тој мудрец зборува за тоа и тоа на таа и таа страница, тоа и тоа зборува за тоа на таа и таа страница. Трет зборува за тоа и тоа на таа и таа страница. Четврти... итн. Исто така и Мојсеј кажува така на таа и таа страница. Исаија кажува тоа и тоа, потоа Давид и Христос... Тој продолжил цитирајќи ги зборовите на св. ап. Павле: „Каде е мудрецот: Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет?... Но, Бог го избра она што е безумно во овој свет, за да ги посрами мудрите... та ниедно тело да не се пофали пред Бога. Предавачот – „мудрец“, останал со затворена уста. Важното тука е дека свештеникот го кажал сето тоа со кротост и без егоизам. Тој бил владика од Цариградската патријаршија. Кога завршил, рекол: - Јас не знам ништо. Вие пресудете што е правилно. На крајот предавачот засрамен рекол: - Многу добро ви зборува попот. Тој побива сè што ви кажав јас. Многу важна работа е образованието и подготвеноста, кога ќе се спои со благоста, добрината, со љубовта. Тоа важи за сите случаи. Зборувајте, само кога сте подготвени за дадената тема. Ако немате соодветно знаење, говорете со вашиот пример. Во дискусиите треба да зборувате со малку зборови и така ќе победите. Оставете го оној кој има различно мислење да избувне, да зборува, да зборува... Нека разбере тој оти има работа со смирен и тивок човек. Имајте влијание на него преку вашата добрина и молитва. Потоа кажете му неколку зборови. Ништо не ќе направите, доколку говорите саркастично, ако на пример му речете „Тоа е лага!“ – што ќе произлезе од тоа? Вие сте како овци помеѓу волци (Мат. 10,16). Што 6

Број 27, година 7, Октомври 2013


треба да правите? Надворешно треба да бидете ладнокрвни, но молете се во себеси. Бидете подготвени и информирани за проблематиката; говорете со смелост, но и со светост, со кротост и со молитва. За да го направите тоа, треба да станете свети. Љубовта е над сè Љубовта кон Христос нема граници. Тоа важи и за љубова кон ближниот. Таа треба да се распростира насекаде, до крајот на земјата и да ги опфати сите луѓе. Јас сакав да појдам на Крит, во Матала, за да живеам заедно со хипиците, се разбира, без грев, за да им ја покажам Христовата љубов, та да го видат нејзиното величие и како таа може да ги промени и преобрази. Љубовта е над сè. Ќе ви го покажам тоа со еден пример. Еден подвижник имал двајца послушници. Тој многу се трудел за да им принесе духовна полза и да ги направи добри. Но, го обеспокојувало дали навистина тие напредуваат во духовниот живот, дали врват напред и дали се готови за Царството Божјо. Очекувал некаков знак од Бога за тоа, но не добивал никаков одговор. Еден ден требало да има бдение во црквата на друг скит, којшто се наоѓал на неколку часови пат од нивниот скит. Требало да се оди пеш низ пустината. Тој ги испратил послушниците уште наутро за да стигнат порано и да ја подготват црквата, а тој требало да отиде попладне. Послушниците поминале доста долг пат, кога одеднаш чуле извик. И што да видат, некој човек, тешко ранет, лежел и молел за помош. - Земете ме, ве молам! – им рекол. Тука е пустина, никој не минува, кој ќе ми помогне? Вие сте двајца. Подигнете ме и однесете ме до првото село! - Не можеме – му одговориле. Брзаме за бдение. Имаме послушание да подготвиме сè што е неопходно за бдението. - Земете ме, ве молам! Ако ме оставите, ќе умрам, ќе ме изедат ѕверовите! - Не може! Што да правиме, треба да го исполниме нашето послушание. Тие си заминале. Попладне старецот тргнал за бдението. Минал по истиот пат и стигнал до местото каде што бил ранетиот. Го видел, се доближил и му рекол: - Што ти се случило, човеку Божји. Што ти е? Од кога си тука? Никој ли не те виде? - Утрото минаа двајца монаси и ги замолив да ми помогнат, но брзаа да отидат на бдение.

www.povardarska-eparhija.org.mk

7


- Јас ќе те земам. Не плаши се! – му рекол старецот. - Ти не можеш, ти си стар. Не можеш да ме дигнеш, тоа е невозможно! - Не, ќе те земам! Не можам да те оставам! - Ама, ти не можеш да ме кренеш! - Ќе се наведнам, а ти држи се за мене и лека – полека ќе те однесам до најблиското село. Малку денес, малку утре, но ќе стигнеме. Старецот едвај го кренал и со голема мака одел по песокот под тежината на човечкото тело. Од него течела пот како река, но тој си мислел: „дури и три дена да одам, ќе стигнам“. Дури врвел низ пустината, почнал да чувствува како товарот којшто го носел, станувал сè полесен и полесен и во еден момент почувствувал како не носи ништо. Тогаш се обрнал назад, за да види што се случува и со воодушевување видел дека носи на грбот ангел. Ангелот му рекол: - Бог ме испрати за да ти соопштам, дека двајцата послушници не се достојни за царството Божјо, бидејќи немаат љубов.

превод од бугарски јазик: Дејан В. Апостоловски, апсолвент на Теологија

Изворник:http://sveticarboris.net/index.php?option=com_content&view=article&id=511% 3A2013-08-05-12-02-52&catid=46%3Astatii&Itemid=141

8

Број 27, година 7, Октомври 2013


ЉУБОВТА Е Д СЕ КО  С

Житие на светиот архимандрит Гавриил Угребадзе Марија Сенчукова

М

цхета – древна престолнина на Грузија и нејзин духовен центар. Во древните грузиски изворници овој град го нарекувале „втор Ерусалим“. На местото каде што проповедала светата рамноапостолна Нина, просветителката на Грузија, многу векови се наоѓа прекрасната црква Самтавро. Денес таму постои мал женски ставропигијален манастир посветен на света Нина. Манастирот Самтавро чува многу светињи, меѓу кои е и една современа. Тоа е гробот на архимандритот Гавриил Ургебадзе (1929-1995). На 20 декември 2012 година Синодот на Грузиската Црква го приброи архимандритот Гавриил Ургебадзе во хорот на светителите. Неговите поуки, дарот на прозорливост и исцеленија од болести уште додека бил жив ги привлекувале христијаните и ги просветувале неверните. Денес околу неговиот гроб, над кој гори неизгасливо www.povardarska-eparhija.org.mk

9


кандило, простојано доаѓаат луѓе, кои ја молат неговата молитвена помош. Јуродив уште од детството Уште во детството Васико Ургебадзе поверувал во Христа и го проповедал Евангелието. Тогаш тој почнал да јуродствува – како дете тој често седел во ѓубриштето и велел: „Ти си ѓубре, да немаш за себе високо мислење“. Додека служел во армијата тој продолжил да пости и да оди во храмот (тој служел во Батуми, каде што имало црква на свети Никола). По отслужувањето на воениот рок го прогласиле за психички болен, нешто што во понатамошниот живот му го спасило животот. Со свои раце Васико изградил храм во дворот на својот дом во Тбилиси. Неколку пати власта го рушела, но секој пат тој одново го градел. „Да се стрела без суд и траги“ Монашки потстриг примил во 1955 година, а во 1965 на првомајските демонстрации направил постапка без преседан – јавно го запалил портретот на Ленин. На ужаснатиот народ му објаснил: „Јас тоа го сторив затоа што не треба да се обоготворува човекот. Таму, на местото на портретот на Ленин, треба да виси распетието Христово. Зошто пишувате: „Слава на Ленин“? Па таква слава не му треба на човек, треба да напишете: „Слава на Господа Исуса Христа, Кој ја победи смртта и ни подари вечен живот“. Толпата го претепала монахот Гавриил. Полужив го однеле во изолатор на КГБ. Во Москва дознале за неговиот престап и побарале стрелање на бунтовникот без суд и траги. Го присилувале да признае дека тој го извршил престапот по задача од Црквата, но монахот бил цврст, и го нарекол Ленин „ѕвер“ и „претходник на сатаната“. Конечно, го замениле обвинението (веројатно, затоа што за делото на отецот гавриил многу се пишувало во странските медиуми). На монахот Гавриил му била поставена дијагноза: „Психопатска личност, со предиспозиции кон психозни шизофреноидни состојби“. Психијатрите објавиле дека тој се наоѓа постојано во халуцинации. 10

Број 27, година 7, Октомври 2013


По ова отецот Гавриил почнал јавно да јуродствува: глумел дека е пијан, проповедал на улица... „Овде ќе има служби на Бога“ Во 1971 година бил поставен за настојател на Самтавро, но речиси 20 години тој скитал и служел во разрушените или зафрлени храмови во времето на комунистичкиот режим. „Ние ќе дочекаме овие храмови и манастири да бидат обновени, и овде повторно ќе има служба Божја“ – велел тој. Во последните години од животот тој живеел во кулата на манастирот Самтавро и тешко боледувал од водена болест. Се упокоил на 2 ноември 1995 година. Велат, дека чедата на отецот Гавриил толку многу го љубеле, што не можеле да се натераат себеси да го затрупаат гробот. Грутки земја корнеле околу гробот, и пред очите на оние кои го закопувале земјата како да го прегрнува сандакот, затворајќи се над него. Поуки од старецот Гавриил Љубовта е над сите канони и устави. Ако мразиш дури и само еден човек – ти си одвратен пред Бога. Треба да ги сакаме сите. Но ако не можеш, барем на сите посакувај им добро. Во последните времиња луѓето ќе се спасуваат со љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора вратата на Рајот, смирението воведува внатре, а љубовта Го покажува Бога. Во последните времиња приврзаниците на антихристот ќе одат www.povardarska-eparhija.org.mk

11


во црква, ќе се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но не им верувајте на оние, кои немаат добри дела. Само по делата може да се препознае вистинскиот христијанин. Ти не осудувај, судија е самиот Бог. Оној кој осудува, како празен клас од пченица, кој секогаш има крената глава и кој затоа секогаш гледа на другите одозгора надоле. Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница, кој се валка на земјаа, не осудувај никого, затоа што Бог им ги допуштил нивните поводи, а твојот го чува в раце. Ако и твојот го допушти, ти ќе бидеш во полоша положба: може да паднеш во тој грев, за којшто го осудуваш другиот и да загинеш. На почетокот лечи Бог, а потоа лекарот, но оној кој не му благодари на лекарот, не Му благодари ни на Бога. Оној кој се труди заслужува награда. Умот и рацете налекарот творат богоугодни дела. За Бог не е важно кој си ти: монах или мирјанин. Главно е – стремежот кон Бога. Но ќе успее ли некој да достигне совршенство? Сепак со стремеж човекот и се спасува. Од оној кој монахува ќе се бара монашкото, а од мирјанинот – световното. Мразете го злото. Човекот, пак, кој твори зло, љубете гои жалете го. Може да се случи, оној кој денес твори зло, утре со молитви, солзи, пост и покајание да се очисти и да стане подобен на ангел – сè е во волјата Божја. Има многу такви случаи...

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев Изворник: Архимандрит Габриэл (Ургебадзе): Любовь выше всех канонов и уставов http://www.pravmir.ru/arximandrit-gabriel-urgebadze-lyubov-vyshevsex-kanonov-i-ustavov/

12

Број 27, година 7, Октомври 2013


ЗА ПАСТИРСКОТО СЛУЖЕЊЕ

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ДВОЕСЛОВ

ГЛАВА 5 За тие, кои со своите богати дарови (таланти) можат да бидат полезни на високиот чин на служењето, но бегаат од него заради своето спокојство.

Н

о, има и луѓе кои имаат особени дарови на благодатта Божја, видно возвишени пред другите и обдарени со големи способности за доброто на другите, луѓе чисти и непорочни, силни во своето воздржување, хранети со здраво учење, навикнати кон смирението со великодушно претрпување на страдањата, кои како да го носат на челото печатот на власта, кон сè благонаклони, но истовремено строги во однос на љубовта кон правдата. И ако таквите луѓе, кои се повикани кон високиот чин на служењето, се откажуваат од него; тогаш тие самите од себе ги одземаат и губат собствените дарови, кои не ги добиле само за себе, но и за другите околу нив. Мислејќи само за своите лични удобности и спокојство, а не грижејќи се за ползата на ближните, тие самите се лишуваат од тие богатства, за коишто мислат да ги најдат во својот личен живот. Еве зошто и самата Вистина им говори на своите ученици: „Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.

www.povardarska-eparhija.org.mk

13


Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи“ (Мат. 5, 14-15). И еве зошто и на Петар од страна на Спасителот му било зададено прашањето: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли“ и кога апостолот брзо одговорил дека го љуби, тогаш тука му било кажано: „паси ги овците Мои“ (Јован 21, 15-17). И така, ако пастирските трудови ни служат како верно сведоштво на љубовта кон Господа; тогаш и обратно, кој се откажува да го пасе стадото Божјо, имајќи ги при тоа потребните способности и самиот призив, тој со самото тоа јасно покажува, дека тој не го љуби Пастироначалникот. Затоа и апостол Павел говори: „Бидејќи љубовта Христова нè гони да размислуваме за ова дека, кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној, Кој умре за нив и воскресна“ (2.Кор. 5,14-15). Така е и поставено во Мојсеевиот закон, т.е. живиот брат да биде во брак со жената на својот починат бездетен брат и во неговото име тој да има со неа деца и така, ако тој се откажувал од бракот со неа, тогаш таа имала право да му плукне нему в лице, а тој се обврзувал да ја соблече обувката од својата нога и да ѝ ја даде, како сведоштво на своето одрекување од левиратски (деверски) брак, и потоа неговото место на живеење се нарекувало „дом на собуениот“ (5.Мојс. 25, 5-10; Рут 4,7). Нашиот починат брат е Исус Христос, Кој по своето воскресение, јавувајќи се на мироносиците, им рекол: „одете и 14

Број 27, година 7, Октомври 2013


соопштете им на браќата мои“ (Мат. 28,10). Он умре како бездетен, зашто уште не беше се исполнил бројот на избраните. Неговата жена, или подобро Неговата невеста-светата Црква, се обрзува да ги прими кон себе и по жреб да им даде прибежиште на секој од останатите живи браќа, кој е во состојба добро да управува со неа и на кого може да биде возложено такво управување. А ако тој се откажува од ова, тогаш навредената невеста му плука во лице: тоа значи дека светата Црква, укорувајќи ги тие кои добиле дарови не само за себе, туку и за другите, но кои не се грижат за нивно употребување во полза на ближните, таквите ги казнува со презир и како да ги плука. Може да се каже, дека ним им се соблекува обувката од ногата, и нивниот дом може да се нарече дом на собуениот; затоа што, според апостолот ние сме должни: „и нозете да ви бидат обуени во приправност за да благовестите мир“ (Ефес. 6,15). Затоа, кога ние се грижиме за ближниот свој, како и за себе самите; тогаш и двете наши нозе се облечени. А кој се грижи само за својата полза, а за ползата на останатите е немарен, тогаш тоа е слично како едната негова нога да останала непокриена. И така има, велам, некои луѓе, кои се опсипани со благодатни дарови, кои истовремено, љубејќи ја самотијата и ограничувајќи се себеси, се тргаат настрана од општествените дела, коишто можат да им помогнат на своите ближни со своето високо служење, кое соодветствува на нивните велики дарови, и оддалечувајќи се на покој, се откажуваат од секакви општествени трудови. Но, судејќи беспристрасно, тие се толку виновни, колку што би можеле да принесат полза, ако би стапиле во општествено служење. И каква е тука смислата на оној, кој имајќи можност да се направи најполезен за своите најблиски и за многу други собраќа, да ја претпочита својата лична самотија пред општата многуплодна полза, кога и самиот Еднороден Син на Отецот Небесен се јавил во светот од татковските прегратки не за некакви лични добивки, туку за спасението на многумина?

www.povardarska-eparhija.org.mk

15


ГЛАВА 6 За тие кои се одрекуваат од примањето на тешкото општествено служење, поради своето смирение, само тогаш покажуваат вистинско смирение, кога не се противат на Промислата Божја.

В

истина, има и такви, кои што бегаат од тешкотиите на општественото служење поради смирението, за нив да не ги поистоветуваат со тие свештеници, кои тие ги сметаат за подостојни од себеси. Но таквото смирение, и тоа соединето со други добродетели, само тогаш е дејствително во очите Божји, кога тоа не упорствува со непокорно спротивставување на примањето на себе општополезни обврски, кои се полагаат на нас одозгора. Зашто во тоа веќе го нема вистинското смирение, кој ја слуша и разбира волјата Божја, која го повикува и обврзува него кон раководното управување над другите, но сепак, тој не се покорува под Божјата власт. Вистински смирен човек е оној кој се покорува на сите распределби од страна на Бога, и кој апсолутно не се противи на волјата Божја, кога на него се полага некоја должност, и тој има доволно дарови, да биде полезен и за другите, а истовремено е должен во душата своја да ги избегнува почестите и гордоста, а вистински да се покори на призивот, дури и да биде тоа против неговата волја.

ГЛАВА 7 За тоа, дека некогаш е за пофалба и самиот да го бара проповедничкото служење, а некогаш е пофално да се прими истото и по принуда

Г

ледајќи според, сепак, различни околности, некогаш е за пофалба кога тие сами го посакуваат проповедничкото служење и се стремат кон тоа, а некогаш, исто така, заслужува пофалба кога други го примаат тоа служење против својата волја.

16

Број 27, година 7, Октомври 2013


Тоа појасно ќе го разбереме кога ќе ги разгледаме и споредиме околностите на двајцата пророци: Исаија и Еремија, од кои едниот сам се повикал на проповед, а другиот со трепет се откажувал од тоа служење. Така Исаија на прашањето од Господ: „Кого да испратам и кој ќе отиде заради нас?“, во истиот миг одговорил: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса. 6,8); а Еремија, кога бил праќан на проповед, со смирение ја одбивал таа наредба, правдајќи се со својата неспособност на ваков начин: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад“ (Ерем. 1,6). На таков начин биле различни одговорите на овие два пророка; но како првиот, така и вториот одговор произлегувале од истиот извор на љубовта. Љубовта нам ни се заповеда преку две заповеди: првата - да Го љубиме Бога, а втората - да го љубиме ближниот (5.Мојс. 6,5; 3.Мојс. 19,18; Мат. 22,37-40). Затоа Исаија, сакајќи со дејателен живот да содејствува на спасението на своите ближни, веднаш пројавил желба и готовност да ја прими на себе должноста на проповедник; а Еремија, обидувајќи се низ својот созерцателен живот сè повеќе и повеќе да се утврдува во љубовта кон Бога, сакал да не биде задолжен со таа должност. И така, тоа што едниот веднаш го побарал, од тоа другиот со страв и со длабоко смирение отстапувал: едниот се плашел дека, примајќи ја на себе должноста на проповедничкото служење ќе се лиши од плодовите на безмолвното созерцание; а другиот се плашел дека со безмолвието ќе ги изгуби плодовите на дејателниот живот. Но овде, во обата случаја, не смее да се испушти од вид таа важна околност, дека тој што се откажувал воопшто не се спротивставил (Ерем. 1,9), така и тој кој се повикал сам, претходно веќе бил очистен со разгорен јаглен од жртвеникот (Иса. 6,5-7). Со ова се вдахновува дека, неочистениот не треба да пристапи кон пастирското служење, а тој, кого го повикува Божествената благодат, не треба тврдоглаво да се спротивставува на истата под покривот на смирението. Но затоа што е многу тешко за секого да знае за себе дали е чист или не, тогаш побезопасно е да се откаже од проповедничкото служење; но не смее, како што веќе рековме, упорно да се противи на примањето на тоа, кога за примањето на таа служба е очевидно дека со тоа се искажува волјата www.povardarska-eparhija.org.mk

17


Божја. Мојсеј со прекрасната своја дејност ги исполнил и едното и другото заедно, иако немал желба да биде водач на многубројниот израилски народ, но сепак се потчинил на заповедта Божја. Ако тој го примил тоа бреме без страв и прекумерна самодоверба, тогаш би го прекорувале дека е горделив; но, тој не би претрпел сличен прекор, ако би се спротивставил со својата непокорност на назначението Божјо. И во едната и во другата смисла Мојсеј покажал смирение и благопокорливост, тој на таков начин и се откажувал од началственото управување со народот Божји, согледувајќи ги своите недостатоци, а од дрга страна се потчинил на заповедта која му била дадена, потпирајќи се на сесилната помош на Оној, Кој го повикал. Од сето ова, оние кои брзоплето и непромислено се стремат кон високите должности, треба да разберат колку е за прекор стремежот да бидат почитувани и повисоки од другите, а при тоа да немаат никаков страв кога и светите мажи се плашеле и трепереле да го примат началството над народот, дури и тогаш кога имале за тоа заповед од Бога. Мојсеј, повикан од Бога се плаши, а некој наш немоќен брат само за тоа и размислува, како да го преземе тешкото бреме на власта! Секогаш е готов да падне под тежината на своите гревови, тој дури со радост и со волја го приклонува своето рамо за примање и на туѓите гревови! Нема сили да го носи тоа што на него лежи, а тој дури и го зголемува својот товар!

Превод од руски јазик: Александар Ѓорѓиевски, студент на Теологија Наслов на изворникот: Свт. Григорій Двоесловъ († 604 г.), Правило пастырское или о пастырскомъ служеніи, Кіевъ 1872.

18

Број 27, година 7, Октомври 2013


^UDATA NA SVETITE BESREBRENICI KOZMA I DAMJAN ЧУДА ВО МАНАСТИРОТ СОПОЌАНИ1

Истерување на демон од опседната девојка Овој случај на исцеление се случи во едно муслиманско ромско семејство кое живее во Нови Пазар. Станува збор за една девојка која страдаше од демон со кој беше опседната. Марија секојдневно добиваше напади, при кои се однесуваше неконтролирано рушејќи сè пред себе. Покажуваше натприродна физичка сила во однос на својата возраст, а имаше околу 15 години. Сите молитви кои ѝ беа читани, како и самиот чин на крштевање и прва причест беа проследени со неартикулирани движења и звуци. Особено внимание кај лекарите од ВМА2, кои во една прилика се нашле во храмот додека ѝ се читале молитви, им привлекол внимание предметот во вид на топка, кој од стомакот на Марија се издигнувал кога ѝ се принесувал крстот. Кога ја виделе оваа необична појава лекарите признале дека ова нема никаква врска со некоја одредена болест како што најпрво се сомневале, тогаш и самите признале дека овде се работи за чудо. Но најголема радост на крајот од сè е фактот, дека уште четири души беа приведени кон Црквата Божја. Имено, целото нејзино семејство прими свето крштение и сега се меѓу најревносните верници. Марија подоцна раскажуваше за тоа, како Светите Лекари самите ѝ се јавиле во сон додека ѝ се читале молитвите.

1

Свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, Врачево 2008.

2

Воено-медицинска академија. www.povardarska-eparhija.org.mk

19


Исцеление на болен од тумор во мозокот Следното големо чудо на Светите Лекари е поврзано со Јован Д. од Косовска Митровица, на возраст од околу 20 години, кој боледувал од тумор на мозокот. По утврденото заболување на клиниката на ВМА овој млад човек се подготвувал за многу ризична операција. Неговата роднина го довела во манастирот Сопоќани заради молитви десетина дена пред одењето во болница. Предопрационите испитувања кои биле извршени во ВМА покажале дека туморот веќе го нема. Сето тоа се случи во месец април 2003 година. Исцеление на болната од туберкулоза на бубрегот Неколку години наназад дојде една госпоѓа Наташа Ц. од Белград, инаку доктор на економија, и замоли свештеник да ѝ чита молитви за здравје пред моштите на Светите Лекари, бидејќи подолго време боледува од туберкулоза на десниот бубрег. По извесно време госпоѓата Наташа повторно го посети нашиот манастир, но овој пат не поради молитви, туку 20

Број 27, година 7, Октомври 2013


за да Му заблагодари на Бога и на Светите Лекари поради исцелувањето на оваа тешка болест. Исцеление на болна од дископатија Откако добила парче памук, натопено во маслото од кандилото кое гори над моштите на Светите Лекари, сестра Славица која боледуваше од дископатија (пукнат дискус помеѓу 4-5 пршлен), по прочитаните молитви, навечер пред спиење со тоа го намачкала болното место. Утрото, кога се разбудила, нејзината радост била неопислива, болките потполно исчезнале и таа се вратила на своите домашни работи и обврски кои потполно била спречена да ги врши. Исцеление на бездетни брачни парови Најголем број исцеленија има над бездетните парови. Млад брачен пар од Босна, бидејќи биле бездетни, дошле да им се прочита молитва за здравје, по што набрзо добиле два сина. Едниот е роден на Божиќ, а другиот на Петровден следната година. Во почетокот од летото на 2003 година во манастирот дошол млад брачен пар од Нови Пазар, кој по неколку години во брак немале деца, над нив беа прочитани молитви и дадени им се одредени духовни совети. Два месеца подоцна овој брачен пар пак дојде но сега веќе за да Му заблагодарат на Бога и на Светите Лекари, бидејќи жената веќе беше во благословена состојба, поради што чувствуваа голема радост и благодарност. Свештеникот и неговата сопруга од околината, три години немаа деца. По прочитаните молитви се случи исцеление на овие слуги Божји, кои за неколку месеци очекуваат принова. Кражба на моштите Уште едно големо чудо кое ни укажува на будното око на Божјата промисла е крадењето на моштите на Светите Лекари од нашиот манастир на 25/12 октомври 2003 година. Тројца бугари беа примени од страна на дежурниот јеромонах. Воведувајќи ги во црква свештеникот, по вообичаеното претставување на историјата на манастирот ги послужил гостите кои како и сите верници купиле свеќи и по некоја икона. И додека www.povardarska-eparhija.org.mk

21


брачниот пар го муабетеле отецот со прашања, третиот ги извлекол моштите од кивотот. Не сомневајќи се воопшто и најљубезно испраќајќи ги гостите до автомобилот, отецот се вратил да ги целива моштите и да ја заклучи црквата, и тогаш забележал дека ги нема. Веднаш ги известил останатите браќа и веќе по неколку минути двајца монаси и еден гостин тргнале по нив. Со Божја помош, бидејќи не знаеле по кој пат би можеле да одат бегалците, го престасале автомобилот со кој крадците тргнале кон излезот од Нови Пазар. Случајот веќе беше пријавен во полицијата, која ги запрела бегалците и ги привела на распит. По повеќечасовно испитување крадците ја признале вината и укажале на местото каде што ги закопале моштите. Моштите се вратени во манастирот доцна во ноќта, околу еден часот по полноќ. Браќата и гостите кои се затекнале во манастирот ги дочекале моштите со биење на камбаните и веднаш бил испеан молебен канон на Светите Лекари. Со ова брзо враќање на моштите во манастирот, се потврди по којзнае кој пат љубовта и подготвеноста на Светите бесребреници Козма и Дамјан да ги услишаат молитвите на оние кои им притекнуваат барајќи помош од нив. Чудо во манастирот Зочиште, Косово3 Отец Генадиј Беловолов Има разни чуда. Но тоа беше некако посебно чудо. Се случи во косовскиот манастир Зочиште. Кај нас тој манастир би го нарекле Козмо-дамјановски, но во Србија манастирите традиционално се нарекуваат со едно име, по правило, според местото каде што се наоѓа, иако името на овој манастир е тешко за изговарање. Нам тоа ни успеа дури на вториот ден од нашиот престој во него. Првото што настојателот, архимандритот Стефан, ни го рече е тоа, дека главна светиња на манастирот претставуваат моштите на светите бесребреници Козма и Дамјан. Кај нас ги нарекуваат „безмездни лекари“, а на српски тоа звучи понагласено „бесплатни лекари“ (нагласокот е поместен: безмездни – тоа се оние кои не земаат „мзда“ (награда), што ние го сфаќаме како мито, а кај Србите се токму бесплатни). Тие мошти многу се почитуваат, им доаѓаат не само од Косово, туку и од Србија, што за Србите сега претставува голем подвиг. Уште повеќе моштите ги почитуваат и Албанците, како што раскажува отец Стефан. Треба да се знае дека манастирот е сместен во албанско опкружување. Во селото покрај манастирот се гради џамија. Позади ѕидините точно по распоред допира гласот на имамот. Манастирот како да се наоѓа во позадината на непријателот. 3 22

Преземено од: http://www.srpska.ru/article.php?nid=19646

Број 27, година 7, Октомври 2013


„Како тоа Албанци!? Па тие се муслимани!“ – се запрашав себеси. Отец Стефан кротко се насмевна, ги рашири рацете, како да вели: „па сепак... Па што прават тие? Доаѓаат, се молат, ги доведуваат болните, особено децата...“ Колку повеќе отец Сефан ми објаснуваше, толку повеќе приликите ми стануваа понесфатливи. „Па како се молат тие во православна црква?“ – „Молчешкум, по свое. Ние не слушаме“. – „И тие ги целиваат моштите?“ – „Тоа е нивна работа. Ние специјално за нив ставаме покривач на подот. Тие легнуваат под моштите. Лежат и добиваат помош“. Сето тоа ми се чинеше некако неверојатно. Не можев да замислам слична слика кај нас во Русија, на пример, кај моштите на свети Сергеј Радонешки да доаѓаат муслимани. „Па тогаш, ги слуша ли Христос нивните молитви?“ „Многумина се исцелуваат...“ Се разбира дека потполно му поверував на отец Стефан, но, признавам, ми дојде во умот дека такво нешто треба да се види лично, со свои очи. Почувствував дека ако некому во Русија му раскажам дека Албанците доаѓаат во православни манастири да се исцелуваат, можеби нема да ми поверуваат, премногу е сето тоа неверојатно. www.povardarska-eparhija.org.mk

23


Козма и Дамјан ми даруваа такво чудо. По трпезата, кога веќе ги пакувавме куферите, подготвувајќи се за заминување, чув гласен детски крик. Бидејќи во нашата група имаше пет деца, првата помисла ми беше: да не се случило нешто? Но во малиот манастирски двор видов сцена која ме зачуди: мајка и татко го водеа по манастирската патека своето дете од пет-шест години, кое на сиот глас очајнички вриштеше, како некој да го коле. Устата му беше широко отворена што изгледаше како да му го зазема поголемиот дел од лицето. При тоа себеси се удираше со рацете по образите или почнуваше да се гребе по лицето и телото. На него веќе се гледаа траги од тие гребнатини, дури до крв. Ужасна глетка! Во пресрет им дојде монах кој ништо не ги праша, туку ги поведе со себе во црквата. Имав чувство како веќе да ги познава. „Кои се тие?“ – го прашав. „Албанци, дошле кај Козма и Дамјан“. – „Ги знаете?“ – „Не, никогаш не сум ги видел кај нас, веројатно се оддалеку...“ – ми одговори. Во црквата монахот некако смирено и навикнато ја зеде платнената простирка и ја посла под моштите. Родителите го спуштија детето така што главата да му биде точно под моштите. Во текот на првите минути детскиот врисок само се засили. Храмот го исполнија урлања. Ми беше жал да ја гледам кутрата мајка, наведната над своето дете, со ништо не може да му помогне. Отецот стоеше некако настрана, стискајќи ги дланките на стомакот. Одвреме навреме погледнуваше те кон синот, те кон иконите. Во храмот немаше никого освен албанското семејство, монахот и мене. Останатите поклоници, иако го слушнаа врисокот, не се осмелија да влезат во црквата. Врискањето постепено почна да се стишува и да преминува во лелекање. Во тој миг случајно во џебот на подрасникот го допрев фотоапаратот „идиот“ и ми текна. „Сега имам единствена можност да снимам вистинско чудо. Па потоа некој нека се обиде да не поверува“. Го извлеков фотоапаратот и направив неколку снимки. Треба да се каже дека таткото на семејството спокојно реагираше на тоа. Сето тоа потраја десетина-петнаесет минути. Детето потполно се смири, полежа уште некое време под моштите. Да не го подигнеше мајка му, веројатно ќе заспиеше таму. Монахот го собра прекривачот. Обрнав внимание на тоа дека, во текот на целата таа сцена, жителот на манастирот не проговори ниту збор. Сè правеше молчејќи, не гледајќи ги родителите. Неколку пати клекна кај детето и го гледаше, но при тоа не се крстеше. Кога детето речиси сосема се смири, му пристапив на таткото и го прашав на српски: „Како се викате?“ Се претстави: „Фадиљ“. И тој мене ме праша: „Вие сте словенец?“ Изгледа дека ме издаваше мојот мек изговор, а исто така и бев премногу светлокос за Србин. Изгледа за него појавата на 24

Број 27, година 7, Октомври 2013


Русин на Косово беше понереално од појава на Словенец. Му реков дека сум руски свештеник од Русија, но со тоа мојата залиха од српски фрази ми беше исцрпена. Го прашав дали знае уште некој јазик? Се покажа дека знае германски. Откако пронајдовме заеднички јазик, рамноправно поразговаравме. Тоа ми раскажа дека е по потекло од Косово, но сега живее и работи во Германија во сервисна станица. На Косово доаѓа еднашдвапати годишно. Има две деца. Со помалото излегле несфатливи проблеми. Лекарите не можат да помогнат. И тој специјално дошол тука во манастирот. Не издржав а да не го прашам: „Но вие сте ,муслим‘?“ – „Да, да, јас сум муслиман“. Застана и се замисли како да бара објаснување за мене (а можеби и за себе) поради фактот што муслиман дошол во православен манастир. По паузата изусти зборови, кои заради документалноста, сакам да ги наведам на германски: „Kraft ist hier“ („Силата е овде!“). Ги повтори овие зборови три пати, секој пат поцврсто, поубедено, притоа енергично покажувајќи со показалецот кон подот на храмот. Такви зборови да чуеш од Албанец кај моштите на христијански светители – многу вреди. Муслиманинот ја исповедаше силата на нашата вера. Ми преостана само да возвратам „jawohl“ („се разбира, „токму така“). „А како се вика вашиот син?“ – „Бесмир“ (бес – зол дух, демон). Ех, кога би знаел тој Албанец што значи тоа име за Русите! Семејството се враќаше низ манастирските порти со поинакво расположение. Природно, во овој случај благодарноста се излеа на мене. Албанецот почна да ми ја стиска раката: „Данке, данке“. Го прашав како се вика на албански „благодарам“? „Фалендирим!“ – тоа беше првиот збор на албански јазик што го чув во животот. На разделбата се сликавме за спомен покрај портата на манастирот. Кога се разделивме, помислив какво чудо се удостоив да видам (па дури и да фотографирам)! Чудо не само во исцеление на детето, туку поглавното и поголемо чудо е во тоа што видов како Албанците доаѓаат во српските светилишта по помош, во оние светилишта кои самите тие ги рушеа, www.povardarska-eparhija.org.mk

25


кај оние Срби, кои самите тие ги протеруваа. Зашто, токму тој манастир пред десетина години Албанците го срушиле, монасите ги протерале, соборната црква ја минирале и ја кренале во воздух. И ете ги сега како самите доаѓаат во него по помош и исцеление. Што е тоа друго, освен духовна победа на Србите! Ми се чини дека тој Албанец никогаш нема да крене рака на српска светиња. Морам да кажам дека оваа сцена во храмот се одигра не само во присуство на моштите, туку и пред иконата на Богородица „Августовска победа“. Ете ви и уште една победа за Србија од оваа икона во месец август. По тоа чудо во Зочиште некако станав поспокоен за судбината на Косово. Порано или подоцна онаа сила, за која тој Албанец ми кажа, задолжително ќе победи... Чудо со иконата на светите Козма и Дамјан од манастирот Зочиште, насликана во 1870 година4 Отецот Антониј Давидович ја нашол оваа стара и чудотворна икона на светите бесребреници, и самиот тој го раскажува следново: „Разрушувањето на манастирот не е дело на локалните Албанци, туку на дојденци од Албанија. Локалните Албанци исто така ја почитуваа светињата. Рушењето беше извршено професионално, така што од манастирските ѕидини, со дебелина од еден метар, не остана речиси ништо. Сè беше раздробено, и само две симетрично легнати бетонски плочи го привлекоа моето внимание. Тоа беа единствените крупни остатоци среде ситните парчиња. Една од бетонските плочи лежеше точно над местото каде што се наоѓаше левата певница (клирос) и каде што почиваа моштите на светиот Дамјан. Сега под самата плоча лежеше половина од иконата на светите Исцелители. Имено, токму таа половина на која беше насликан ликот на свети Дамјан. Другата половина од иконата, расцепена од рушењето, лежеше под другата бетонска плоча – токму таму, каде што некогаш почиваа моштите на свети Козма. Тоа беше чудо Божјо: ете двете бетонски плочи – единствените кои се сочувале масивно среде кршот од ќерамиди и камења – во текот на годината служеле како покрив за половинките од иконата на светите Исцелители. И на тој начин, половинките од иконата се наоѓаа во единствените две суви места од разрушениот манастир. Бетонските плочи ги сочувале парчињата од иконата, наоѓајќи се токму таму, каде што до евакуацијата на браќата се наоѓаа моштите на угодниците“. Во текот на истата година беше завршена реставрацијата и 4 26

Преземено од: http://manastir-zociste.blogspot.com/2012/09/blog-post.html

Број 27, година 7, Октомври 2013


конзервацијата на светата икона. Веднаш по завршувањето на конзервацијата, во саботата на 23 октомври иконата беше изложена во црквата на Свети Сава на Врачар. Во текот на следните 24 часови беше извршена служба со сеноќно бдение и литургија. По отслужувањето на акатистот, иконата се врати назад – во обновениот манастир Зочиште во Метохија. Само за еден ден, додека светињата беше достапна за поклонение, десетици илјади верници белграѓани се поклонија на иконата. Во тој број беше и авторот на овие редови. Чудесен е Бог во Своите светии! Исцеление на немо дете – раскажува монахиња Варвара5 „Во едно побожно српско семејство, малиот син почнал лошо да зборува, а со текот на времето и потполно онемел. Таткото на детето го донел синот во Зочиште со надеж во помошта од светите Лекари. Возрасните излегле на улицата, а детето останало да си игра во црквата, каде што случајно заспало под ковчегот со моштите. Кога се разбудило, излегло надвор од храмот, и мижејќи од дневната светлина и полека, рекло: „А што ќе јадеме денес?“ Ова чудо се случило пред рушењето на манастирот во 1999 година, од страна на УЧК. Чуда раскажани од протосинѓелот Јован Јеленков, игумен на манастирот Сочаница во Косово Во Зочиште, манастирот е познат по исцеление на многу болести, особено на бездетност. Прво чудо за коешто слушнал, е следново: Дошол некој брачен пар од Лесковац, за да им бидат читани молитви за да добијат пород, зашто 22 години биле без деца. Им биле прочитани молитви, биле поучени да се венчаат, и потоа добиле дете, син, на кое се појавил знак, така што на неговото лево уво јасно се видел знак на буквата К, а на десното Д. – т.е. почетните букви на овие светители, чии мошти се наоѓаат таму. Отецот лично видел, како многу неподвижни болни се исцелиле, откако ќе им биде прочитана молитва, или ќе легнат под моштите. Некој човек од Ораховец, се шлогирал, и веднаш, наместо на лекар, бил донесен тука, и откако му биле прочитани молитви, се исцелил. Бисерка Јовановиќ од Косово, ослепела, па нејзиниот сопруг ја довел во овој манастир, каде што се исцелила откако легнала под моштите. 5 Преземено од сајтот на манастирот Лепавина: http://manastir-lepavina.org/ vijest_ru.php?id=3116

www.povardarska-eparhija.org.mk

27


Самата таа тоа го раскажала. Мажот ѝ стоел, а таа заспала, и почнала да вика: леле, ми изгореа очите. Сонувала како двајца луѓе носеле оган и ѝ го фрлиле во очи. Таа станала, а мажот почнал да вика: „Што ти е, што ти е?“ А таа сфатила дека прогледала, иако лекарите ѝ кажале дека невозможно е таа да прогледа. Една жена дошла кај него и му го раскажала следново: „Јас сакав да се омажам, ама не ми одеше. Се молев да се омажам, и овие светители ми најдоа маж за да се омажам. А потоа се породив точно на денот на празникот, 14 јули, и родив ќерка, која ја крстивме со името Александра“. Некои се молеле за да добијат работа, за да стапат во брак, деца, и нивните молби биле исполнувани, по молитвите на светите Лекари. Во 1995 година, од Австрија дошол некој Србин, кој сакал да запали свеќа со запалката, со која палел цигари, но никако не можел да запали. И одеднаш од кандилото над моштите, на оддалеченост од 10 метри, долетал пламен, и му ги запалил свеќите. Тоа го сфатиле како чудо од светителите, дека не им е угодно да се палат кандила и свеќи со иста запалка, од која се палат и цигари. На 8 јули 1997, отецот Јован бил нападнат од грб од страна на еден наркоман, кој по препорака на некој свештеник бил испратен таму на лечење, и му задал 11 убоди од нож, а отецот сето тоа го преживеал само по нивните молитви. Наредната година манастирот бил нападнат од Албанците, а монасите читале акатист на светите Козма и Дамјан, и никој од нив не загинал. Потоа Албанците ги повеле на стрелање со ��втобус, но ги ослободиле, по молитвите на светите Лекари.

Собрал и превел: Свештеник Јани Мулев

28

Број 27, година 7, Октомври 2013


 ДО КОЈ КОЈ   СЕ 

СВЕТИ НИКОЛАЈ ОХРИДСКИ И ЖИЧКИ



агуваш за покојниот маж. Се грижиш за децата. Плачеш ден и ноќ. Во душата ти е метеж и мрак. Пред очите магла и неизвесност. Охрабри се. Не плаши се. Речи си во себе: мојот маж првин Му припаѓаше на Бога, а потоа, мене; и моите деца се првин Божји, а потоа - мои. Ако искусниот градинар скине едно цвеќе, знај, дека така требало да направи. Тој ги знае причините зошто тоа го сторил. А една од причините е и таа, за да може останатите цвеќиња подобро да напредуваат. И ти со твоите деца отсега подобро духовно ќе напредувате. Твоите мисли ќе се воздигнат од земното кон небесното. Твојата душа силно ќе се присоедини кон Бога. Твојот дух ќе триумфира над телото. Нема повеќе смртта да ти биде страшна. Раната суета ќе ти стане смешна. Твојот поглед кон овој свет, како на вистинска татковина, и кон трајната среќа ќе се променат. Значи, ќе добиеш многуструка духовна добивка. Знај, дека Бог ѕида и кога руши. За децата не се грижи. Само прави го она што е во твоја моќ. Преку тоа Творецот ќе го провери нивното и твоето. Напишано е: положи ги на Господа своите грижи, и ќе почувствуваш дека твојот крст е лесен. Имало и има многу тешки крстови на мајки кои биле вдовици. Ќе ти опишам еден многу тежок крст. На почетокот на Светската војна Германците убиваат еден мој познаник пред неговата куќа покрај Дрина; куќата ја запалиле, а жената со шесте мали деца ги протерале од тоа место. Од тогаш поминале

www.povardarska-eparhija.org.mk

29


дванаесет години. Еден ден ненадејно стои пред мене во Скопје еден млад железнички чиновник и ми се претстави како син на оној мој погинат познаник. Многу се израдував и со страв прашав, кој друг од нив седуммината останал во живот? На тоа, тој весело одговори: - Слава на Бога, сите сме живи и здрави. Нас двајца нѐ има во државна служба, двајца се занимаваат со трговија, постарата сестра се омажи, а помладата е со мајка ми во Б. Тогаш тој многу реално започна да ми ги опишува претрпените маки и стравови. Пешачење, поточно талкање низ целата држава, од Дрина до Битола. Па, глад, болести, студ, апсења, ноќевање по станиците, по меаните, покрај патиштата. Со тоа и уште страв, неизвесност, туѓина. Но, на крајот – победа и слава. Сочуван образ, и разум, и живот, и вера. Што повеќе да опишувам? Јас мислам, дека борбата и победата на оваа мајка со шесте деца е пославна и поубава од Наполеоновата. И тебе Бог ќе ти помогне. Не Го заборавај, и нема Он да те остави. И ќе победиш, твојата победа ќе биде слатка во вечни векови. Мир на тебе и благослов Божји.

Превод: Презвитера Данче Миланова

30

Број 27, година 7, Октомври 2013


СПЕЧАЛЕН СО ЉУБОВТА (ПРОПОВЕД ЗА ЗАКХЕЈ МИТНИКОТ)

„Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него“. Ерихон, „градот на палмите“ било прекрасно место за живеење, односно една оаза среде Палестина. Насекаде околу него е пустина, но самиот град е полн со палми и зеленило. А таму во тој град живееле богатите луѓе. Но, сепак, кога Исус минуваше низ него не бараше никава атракција или убавина, го бараше „она загубеното“ за да го спаси. „И ете, виде еден човек, по име Закхеј, кој беше началник на цариниците и беше богат човек“. Каков човек беше Закхеј? Закхеј беше даночник или митник. Но тој не беше обичен даночник како Левиј, туку началник на цариниците или шеф на Царината и како и денешните шефови и тој примал процент или провизија од она што ќе го сработат неговите подредени, па

затоа и се мислело дека неговото богатство не е спечалено со чесен труд, туку со приграбување или корупција. Всушност и тој самиот кажува подоцна во Евангелското четиво дека половината ќе го даде на сиромасите и она што неправедно го зел од луѓето, четворно ќе го врати. И навистина не само што богатството е спечалено неправедно и со насилство, туку тој директно одговарал со помош на римската војска за секој што нема да ги подмири давачките (даноците) што тој самиот ги одредувал. Токму затоа Христос и го избрал најкорумпираниот, најомразениот, најотфрлениот од општеството, бидејќи знаел дека со посетата во неговиот дом, кај Закхеј ќе поттикне покајание. Закхеј бил ситен, низок човек, па тоа било и уште еден комплекс повеќе во целата негова изопаченост. Дури и комичната случка на средбата преставена www.povardarska-eparhija.org.mk

31


во Евангелието, како да сака да ни открие во целата таа толпа кој беше најважен - најмалиот, оној кој се искачи на смоквата за да го види Исуса. Исус, всушност и бараше такви луѓе, како Захеја, за да ги спаси. Тој не бараше „праведници“ кои немаат потреба од каење, туку ги бараше најголемите грешници, оние за кои немаше никаква надеж во овој свет. Зошто за Бога и најневозможното е возможно? Тој докажа дека и богатите луѓе можат да се спасат. Се разбира, тука имаше и неуспешни обиди, како богатиот млад човек, кој толку се беше приврзал кон своето богатство, што му претставуваше пречка за влез во Царството Божјо (Лука 18, 24-27). Но за разлика од него, Закхеј снисходи пред Спасителот и не дозволува богатсвото да му застане на патот кон Бога, па така станува доказ дека и преку богатството човек може да спечали Царство Небесно. И покрај сите гревови, слабости и недостатоци, Закхеј беше човек кој беше подготвен на сè, па така направи сè за да Го види Исуса и ништо не можеше да го запре во таа негова намера. Можеби за Христа тој слушнал од своите колеги - даночници и тие сигурно така импресионирани доаѓале да го известат својот началник за сето она што Исус го вршеше во тие краишта, но 32

Број 27, година 7, Октомври 2013

искрено не требало многу за самиот да ја победи својата гордост и да ја погази својата титула, само и само да стигне до Исуса, а тоа ретко кој може да го направи и во тогашни и во денешни услови. Додека зборуваме за Закхеј и сето она што тој го направи во тоа време, би сакал да се запрашаме сите ние: По што сме ние слични со Закхеја? Имаме ли нешто заедничко со него? Можеби и ние сме презрени и отфрлени од луѓето? Можеби имаме некакви комплекси? Можеби сме богати, но тоа не нè задоволува и затоа бараме некаква промена? Можеби имаме интерес за Исуса, но не признаваме дека Тој нè посетил и разговарал со нас во молитвата? Ако сме такви, тогаш треба да знаеме дека и денес Тој е со нас. „Закхеј, слези побргу зашто денес треба да бидам во твојот дом“ - тоа е повикот Христов со којшто беше изненаден и самиот Захеј и мноштвото народ кој беше се собрал. Какви ли чувства предизвика кај Закхеј овој повик? Како ли се почувствува во своето срце кога го слушна своето име од устата Господова? Како ли ние би се чувствувале, кога некој непознат човек би ни се обратил по име? Се разбира Закхеј се израдува, зашто не очекуваше Исус да го побара во толпата, а не, пак, уште и да биде гостин во неговиот дом. Тоа што


Исус го познава по име, за народот, пак, значеше дека ги познава и сите негови гревови и недостатоци, па и покрај сето тоа повторно сака да биде негов пријател. Бог нè познава, драги мои. Го знае нашето име, нашиот род. Знае каде живееме, знае сè за нас, затоа не обидувајте се да се скриете од Него. Тој знае сè за нас, но и покрај сето тоа нè сака такви какви што сме. Христовите зборови „слези побрзо“ треба во нас да врежат една мисла за тоа колку спасението на нашата душа е итно. „Денес“, токму денес доаѓа спасението во домот на Закхеја, што треба тоа да ни покаже? Дека полезното време е постојано, токму сега. Спасението на грешниците не може да се одложува, па затоа тој „побрза“ (потрча од радост) и Го прими со љубов во својот дом. Таква, брза, треба да биде и нашата реакција на повикот Господов за заедништво и пријателство со нас. Оваа интеракција помеѓу повикот Божји и одговорот на човекот за нас е запрепастувачка. Од една страна Закхеј со својата љубопитност „сакаше да Го види Исуса, Кој е Он“, но од друга страна Исус е Тој Којшто го бараше Захеја, не само за да го види, туку и да се спријатели со него, да влезе во неговиот дом и на крајот да го спаси од вечната смрт и гревот.

Ајде сега да видиме како реагираа луѓето на оваа Божја постапка: „Ете отиде во куќата на грешен човек“. Дали ова беше извик на изненадување, или на незадоволство? Како ние би реагирале во ваква ситуација, кога некој презрен и отфрлен ќе дојде в црква? Значи ли тоа дека Црквата не е совршена штом е исполнета со толку грешници? Стана ли грешен нашиот Бог, затоа што отиде во куќата на грешен човек и јадеше и пиеше на трпезата со него? Одговорот е следниов: Изгубените можат да се придобијат само ако им ја покажеме Христовата љубов. Посетата Христова на Закхеј му донесе спасение, па затоа ако сакаме Црквата да расте и ние треба како Исуса да ги љубиме сите луѓе и да бидеме подготвени да им бидеме пријатели. Преобразба - тоа е вистинскиот збор кој треба секој од нас да го доживее. Од егоистичен и зол измамник Закхеј стана милостив и љубезен човек, па затоа и љубовта Исусова кон него ја разгоре неговата љубов кон другите. А таа љубов не беше само на зборови, кога што гледаме: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам“, туку се изрази и со давање и наддавање, т.е. обновување на врската со луѓето. Закхеј јавно, јасно и гласно без www.povardarska-eparhija.org.mk

33


никаков срам ја обелодени својата одлука и Го исповеда Господа, а нам ни покажа како треба и ние, не двоумејќи се, да искористиме сè што имаме во наша полза за да поитаме кон спасението на душата. Ова е пример за тоа како откажувајќи се од насладите и од привремените задоволства кои се купуваат со пари во овој свет, можеме да здобиеме нешто кое е многу повредно. Закхеј обземен од љубовта кон Господа спечалува нешто кое за него станува најважно, а тоа е близината со Бога. Зборовите Исусови „денес дојде спасението и на овој дом, зашто и тој е син Авраамов, зашто Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното“, се најголемата награда која може човек да ја добие во овој свет. Потврдата од Бога дека сме заработиле спасение за нас не е само нешто туѓо и апстрактно, нешто кое не се доживува. Напротив, таа близина со Бога се доживува и преживува постојано, и не само тука низ годините на нашиот живот, туку пред сè и најмногу таму во вечноста, кај што постојано со

34

Број 27, година 7, Октомври 2013

Господа ќе бидеме. И на крајот потврдата дека Закхеј се спаси не само затоа што изврши добро дело, не и затоа што неговото име во превод значеше „чист – праведен“, туку пред сè што беше „син Авраамов“, син негов по вера, положувајќи ја неговата надеж Авраамовата во Господа. Затоа, денес браќа и сестри, кога дојде спасението до нас, постојано да си спомнуваме за овие зборови Божји, кои особено ни ја покажуваат Божјата волја, дека Бог сака спасение, не само за нас, туку и целиот наш дом. Затоа ние молејќи се за нив да им посведочиме со нашите животи и да им ја покажеме љубовта што ја добивме на дар од Бога, да ги оставиме во нас да го видат присуството на нешто кое тие го немаат - исполнетоста, задоволството и мирот од присуството Божјо во нашите срца.

свештеник Борислав Бобевски


V OV E D V O V I ZANT ISKO PEEWE ЃАКОН БЛАЖЕ ПЕТРОВ



ма две причини поради кои се осмелив за пишување на оваа тема во овој дипломски труд. Едната, или првата од нив, е таа што директно се коси со насловот на дипломскиот труд, а другата причина е постојаноста во подвигот на градење или втемелување со капки пот во крв на секој исон, олигон, петасти од страна на нашите свети браќа и отци Кирил и Методиј во секое камче на Светиклиментовиот универзитет оттогаш па наваму. Навистина пишувањето на оваа тема е вистински предизвик, тоа е како човек да влезе и да плива во водите на недогледивите и бескрајни океани, зашто источното црковно пеење е жива материја, материја којашто ги спојува минатото и иднината, духот и телото. За полесно да си го објасниме ова ќе се послужиме со еден фрагмент, извлечен од петтата книга на свети Иринеј Лионски - „Против Ересите“: Потполниот (целосниот, совршениот) човек е составен од три елементи: од тело (плот), од душа и од дух. Духот спасува и создава; телото се соединува и се создава и душата понекогаш му следува на духот и од него бива воздигната; понекогаш, пак, му угодува на телото и паѓа во земни похоти. И така, сè што нема она што го спасува и образува животот, природно е да биде наречено „плот и крв“ зашто во себе нема Дух Божји. Имено, музичката естетика, како и секој друг вид естетика во животот на Црквата, има примарно аскетски карактер. Зашто црковната музика не е плод на извесна блазирана човекова умешност во витието на звуците, туку молитвен израз кој извира од насушната потреба на човекот да заедничари со својот Создател преку надумниот јазик на ангелското благочестие. Од ова произлегува дека целта на литургиската музика, или поточно - целта на литургиското пеење, не е во тоа да ја истакнува благогласноста на црковните пејачи или благозвучноста на тонските фигури кои тие можат да ги изведат, предизвикувајќи на тој начин некакво естетско, или само естетско задоволство кај аудиториумот, туку преку смиреност и со благоговејност украсен музички идиолект да ни го открива Царството Божјо. Во таа смисла, црковната музика е откровение, апокалипса, преку која како преку праг исчекоруваме во литургиското време на вечноста. Православната теологија во дваесеттиот век на Црквата и приопшти две значајни придобивки: персоналистичката теологија (теологија на личноста) и забележителната иницијатива за афирмирање на изворните вредности www.povardarska-eparhija.org.mk

35


на литургиската култура од апостолскиот период на христијанството. Тоа

резултираше и со зголемен интерес кон изворното црковно пеење. Во Русија, во која црковниот живот се обновуваше, а тој и сè уште се обновува, по периодот на секуларизмот на Петар Велики и по многудецениската комунистичка диктатура, се појави интересот кон таканаречениот Знамениј распев – руска варијанта на унисоно црковно пеење, и неговото воведување во животот на Руската црква. Денес оваа древна музичка традиција се изучува паралелно со многугласното хорско пеење во семинариите и духовните академии. Истото се однесува и на источното црковно пеење, таканареченото Византиско-словенско црковно пеење, кое се негува во непрекинат континуитет (иако некаде можеби во извесен рудиментиран облик) или се обновува во црковната практика на балканските земји. Во Романија, Бугарија и Србија, на пример, во образовните институции на Помесните цркви се негуваат паралелно и поединечно, во форма на источно и западно пеење, обете традиции. Тоа, се разбира, е плод на развивање на богословските дисциплини во смерот на обнова на изворното предание на Православната црква, ослободено од западната схоластика. Овој пример треба активно да го следи и Македонската православна црква, особено 36

Број 27, година 7, Октомври 2013


што тоа таа му го должи и на свештеното предание кое е универзално и присушто на нашата Црква од апостолско време па наваму, но и на вториот голем систематизатор на византиско-словенското црковно пеење, свети Јован Кукузел.

1. Кратка историја на Византиското црковно пеење од почетоците до денес Еврејската музика се употребувала уште од почетокот на оформувањето на Христовата црква, па до крајот на првиот век по Христа и за време на апостолите. Но веднаш по распространувањето на христијанството помеѓу Елините, тие во ниеден момент не заборавиле да ја елинизираат музиката на Црквата, а со тоа и преку својата голема култура да ги еленизираат сите Евреи покрстени во Христа. Тие за свое право си ја припишале одговорноста за чувањето на гробот Христов. Радувајќи се за сите овие права, како круна на целокупното „присвојување“ било вбројувањето на свети Јован Дамаскин во елинската традиција, со што направиле обид да ја присвојат и црковната музика.1 Уште од самиот почеток христијаните ја разбирале вредноста на пеењето на псалмите и црковните песни, кои се користат како средства во богослужението. Христос и неговите ученици, како што ни сведочи светото Евангелие, го користеле пеењето во ваква цел. Светите апостоли Матеј и Марко пишуваат дека по Тајната вечера Христос и Неговите ученици „отпеале песна“ и излегле на Маслиновата Гора. Светиот апостол Лука ова случување го запишал малку подетално, велејќи: А кога наближи до местото од каде што се слегува од Елеонската Гора, сето мноштво ученици почнаа радосно да Го прославуваат Бога со висок глас, за сите чудеса што ги видоа, велејќи: Благословен е Царот, Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава на висините! И светиот апостол Павле, пишувајќи им на Ефесјаните, ги советува: Пејте и воспевајте го Господа во срцето свое. Благодарете секогаш за сè на Бога и Отецот во името на Господа нашиот Исуса Христа. Затоа, пишувајќи им на Колосјаните, светиот апостол Павле им препорачува да Го слават Бога со псалми, химни, и со духовни песни. А во своето Послание до Евреите, тој укажува на Давидовиот псалм: Ќе Го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, насред црква ќе Те воспеам. Потоа, во Делата Апостолски, светиот апостол Павле и еден од неговите главни соработници, Сила, го употребиле пеењето како средство 1 Петъръ В. Сарафовъ, РЯКОВОДСТВО за практическото и теоритическо изучване на восточната църковна музика София 1912 стр.8 www.povardarska-eparhija.org.mk

37


за богослужение: Во полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа...

Во Новиот Завет се наоѓа едно признание во коешто се вели дека црковното пеење може да биде средство за духовен развој. Во тој дух, светиот апостол Павле им советува на Ефесјаните: И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух, усовршувајќи се со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши. Овде веќе јасно се подразбира дека праксата на пеењето или слушањето на псалмите, химните и духовните песни воздигнувале духовно и го отворале срцето за примање на Духот Свет. И во Посланието до Колосјаните, Апостолот вели: Словото Христово изобилно нека се всели во нас; во секоја мудрост да се учите и советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни... Тоа, првенствено, значи дека црковното пеење е средство за воспитување во Христовата Божествена Премудрост.2 Во времето кога Хрис��овата Црква трпела надворешни прогонства од страна на Нерон, Диоклецијан и Дециј, црковната музика на некој начин трпела ограничувања, бидејќи во тоа време црковните богослуженија, кои се извршувале на отворено и во катакомби, биле кратки, и пеењето во Црквата било кратко, поради што биле употребувани само ирмологичките и стихираричките мелодии3. Во времето на Константин Велики кога не само што престанале лутите прогонувања против Христовата црква, туку и христијанството станало општо призната религија во Римската Империја, светите отци од златниот период, како што се светите Атанасиј Александриски, Јован Златоуст, Василиј Велики, Григориј Богослов, особено се залагале за посистематско организирање на црковната музика. Во тој период отворените места и катакомбите се замениле со велелепни храмови, во коишто црковната служба се извршувала торжествено, бидејќи се пеело слободно и велегласно според трите начина на музиката: диатонски, хроматски и енхармонски, од коишто првиот бил попознат како едноставен, скромен и великолепен, а покрај тоа и најпривлечен за оние народи коишто се приклучувале на христијанството, бидејќи во овој начин на пеење, всушност, тие најмногу ги откривале своите

2 Константин Каварнос, Византијска мисао и уметност, Теолошки погледи бр. 1-2, Београд 1978, стр. 80 3 Петъръ В. Сарафовъ, РЯКОВОДСТВО за практическото и теоритическо изучване на восточната църковна музика София 1912 стр. 9 38

Број 27, година 7, Октомври 2013


народни мелоси4. Од особено значење е тоа дека новото христијанство не ја задржало за себе античката музичка нотација, којашто во почетокот сè уште постоела на елинизираниот Исток. Тогаш најверојатно настанале и првите обиди за новата нотација (се разбира тогаш само екфонетската), што по сè изгледа се случило во Сирија. Многумина од писателите тежиштето за севкупната проблематика на византиската музика го бараат во нотацијата, на која тие самите најпрво ѝ придаваат најголемо и најважно место во прикажување на нејзината историја и суштина, бидејќи семиографските проблеми се тие што главно и најмногу им привлекувале внимание на научниците коишто се бават со оваа проблематика од нејзиниот зачеток до денес. Како што се мисли, нотацијата се појавила кога веќе бил оформен фонд на црковни песни, чии мелодии морале да се потпрат врз помнењето. Првата нотација не се карактеризирала со мелодиска линија на црковен напев, туку се карактеризирала со тонски нагласок на зборовите. А од нив дури подоцна се развила првата невматска нотација за пеење. Затоа со изостреност е потребно да се разликуваат две, во историскиот тек и во употребата, суштински различни нотации: едната, или првата, е за посебното свечено читање (чтение) на библискиот текст, а втората, вистинската невматска нотација, за пеење на црковните песни. Од зборовите екфони, читање со свечен глас, грчкиот научник Тзетзес го креирал терминот екфонетски за нотацијата која употребувала знаци за подигнување и снижување на гласот при читање на евангелието, апостолот, паримиите и другите библиски текстови5.

За византиската музика воопшто, а посебно за црковната, во науката еден подолг период постоеја мислења дека претставува продолжение на старогрчката античка музика. Иследувањата и проучувањата од страна на европските музиколози-византолози, започнати кон половината на XIX век, а интензивирани во XX век, недвосмислено покажаа дека станува збор за автентичен духовен производ, којшто настанал во судирот на културите од Исток и Запад, со мешањето на влијанијата, коешто траело со векови. За современата музикологија, византиската црковна музика 4

Исто

5

Muzička Enciklopedija 3 Or – Ž Zagreb 1977 стр.683 www.povardarska-eparhija.org.mk

39


претставува мешавина на разни структури од грчко-римската, еврејската и арапско-сириската култна музика, на којашто ќе се надоврзат и елементи од изворната музика на ориенталните народи. Во својот понатамошен развој, како музика на Источната црква, оваа христијанска уметност ќе послужи како основа врз која ќе се развие европската музика и нејзината нотација6. Екфонетската нотација, VІ – XІV век. Византиските музичари ги отфрлиле нотните знаци со коишто се служеле античките Грци, како премногу комплицирани за запишување на основното мелодиско движење на некој текст со религиозна содржина, и вовеле свои невми. Најстариот систем на интервалски знаци, којшто го развила византиската музика уште во VІ век и во христијанската црква останал во употреба сè до XІV век, се вика Екфонетска нотација (екфони - читање со висок, силен глас). Оваа првобитна византиска нотација служела за свечено читање на разни текстови со религиозна содржина и се пишувале со црвена боја над текстот, под него или меѓу поедини зборови, како и на крајот од речениците. Секој од овие знаци – сам или во комбинација со некој друг, означува движење на едноставната мелодија за интервал секунда надолу или нагоре, посилно или послабо нагласена, или орнамент кој претставува група од тонови итн. Произлезена од грчкиот прозодиски систем на знаци, екфонетската нотација имала за цел да го дефинира начинот на читањето, односно, да ги одреди јачината, висината и нијансите на гласот на поедини места, и тоа според важноста на религиозниот текст и на деловите од Светото Писмо. Заради ваквата специфична функција, некои музиколози – византолози се на мислење дека екфонетската нотација сè уште не претставува музичко писмо, туку само знаковен систем на регулирање на свеченото читање на религиозните текстови.

Палеовизантиската нотација (900-1200 година) дава невматски знаци само поради мнемотехнички цели, слично како и екфонетската, бидејќи интервалите се назначени според претпоставка. Обично во овој период се разликуваат три застапени типови: примитивен, среден и мешовит или константинополски. Средновизантиската нотација (хагиополитанска, округла нотација, или Дамаскинова, бидејќи се мисли дека води потекло од свети Јован Дамаскин) е употребувана во времето од 1200 до 1400 година. Многу пати била истражувана, но сите се откажале (Велесз, Тилјард). Таа може прецизно да се дешифрира во сите поважни видови, благодарејќи на малите учебници 6 Јане Коџабашија, Теорија и практика на Црковното пеење од византиската традиција стр.21 40

Број 27, година 7, Октомври 2013


за настава на црковните пејачи, наречени пападики (пападике). Помеѓу позначајните е Месинската пападика, под името Музичка граматика, која ја превел и протолкувал О. Флечер; неколку пападики се наоѓаат во Хиландар, на црковнословенски. Сите најдени пападики се доста слични помеѓу себе, и затоа се смета дека сите тие потекнуваат од еден далеку постар извор, чиј автор би можел да биде одличниот познавач на црковната музика, маестро свети Јован Кукузел (од XІV век). Тие содржат листа на знаци со ознака за нивните интервалски вредности и вежби во пеење според невмите. Знаците, според системот на средновизантиската доцновизантиската нотација, се делат во две групи: тела (сомата) и душа (пневмата). Телата се повишуваат постапно, нагоре или надолу, а душата со скокови, на терца или квинта, во двата правца. За полесно да си го објасниме ова ќе се послужиме со еден фрагмент, извлечен од петтата книга на свети Иринеј Лионски - „Против Ересите“: Потполниот, (целосниот, совршениот) човек е составен од три елементи: од тело (плот), од душа и, од дух. Духот спасува и создава; телото се соединува и се создава и, душата, понекогаш му следува на духот и од него бива воздигната; понекогаш пак му угодува на телото и паѓа во земни похоти. И така, сè што нема она што го спасува и образува животот, природно е да биде наречено „плот и крв“, зашто во себе нема Дух Божји.

Постојат уште и знаци коишто не се ниту тела ниту души, пр. аппорхое, кој означува две надолни секунди, со некоја врста на глисанд, и како најважен од сите знаци, исон, кој како знак за повторувачки тон, не може да се вброи ниту во телото ниту во душата. Како што кажува месинската пападика, исонот е почеток, средина, крај и врска за сите знаци на псалтичката уметност. За останатите интервали (кварта, секста и повеќе интервали) потребно е учество од повеќе знаци, и телата и душите, кои според правилата на пападиката, не можат да стојат сами. Според доста сложените правила, ако знаците за душа стојат над телата, нивните интервалски вредности се собираат. Но ако тие стојат позади знаците за тело, или под нив, тогаш телото ја губи својата интервалска вредност, односно не се собира, туку ја предава на душата својата експресивна вредност. Олигонот е сам, и означува интервалски знак за секунда; Кендима е кога има два степена за терца, бидејќи телото подложено ја губи интервалската вредност; Олигонот и Кендимата се собираат за три степена, бидејќи кендимата е над; Ипсили, без Олигон претставуваат четири степени, за квинта; Ипсили и Олигон, пет степени, за секста; Ипсили и Кентима, без Олигон, шест степени, за Септима; Ипсили, Кентима и Олигон, седум степени, за октава. Слично е постапувањето и со надолните невми: за тело - Апостроф, и за душа - Елафрон и Хамили, но www.povardarska-eparhija.org.mk

41


надолу нема поголем скок од Квинтата. Ова решение, кое воедно е зачудувачки и таен факт - дека постојат шест знаци за влезна секунда, додека за останатите интервали постои само еден знак (или два за снижувачка секунда), се истакнува како еден од најголемите успеси за сите истражувачи на нотации. Решавајќи го тој проблем во смисла дека знаците на влезната секунда, кои, освен Олигонот, кој е неутрален, содржат и одредени директиви за ритмичко и експресивно изведување, и дека тие директиви телото го предаваат на душата, ако таа е над или под телото, Велесз во своите преводи сметал дека треба да ги обележи овие посебни знаци како експресивна нијанса. Можеби е дозволено да се постави прашањето: дали црковните пејачи од овој период, и тие по нив, навистина би можеле да ги распознаат во своето изведување, а слушателите во слушањето, овие шест толку суптилни експресивни нијанси? Касновизантиската нотација (1400-1821) или Кукузелова, според маестро свети Јован Кукузел, за која се смета дека е нејзин автор, влегла во употреба во византиската црква дури тогаш кога под влијание на турската музика се раширил нов стил на пеење, украсен, расцветан. Иако таа нотација, која ги задржува истите принципи, знаци и постапките како округлата нотација, во основа е само нејзина амплификација. Ѝ се замерува дека дала претерано значење на хирономијата, воведувајќи повеќе од 40 нови знаци (не сметајќи ги многубројните комбинации). Тие знаци се големите знаци, големите хипостаси – афони, односно оние коишто не даваат податоци за интервалите, туку за ритамот и начинот на изведување; нивниот бизарен изглед и нивните чудни, понекогаш неприродно долги слогови (преку десет) наречени (Кратимокатаво-троминпорроон) чија смисла е потполно нејасна, биле причина дека нивното значење со текот на времето целосно се заборавило.

Модерната нотација (1821) или Хрисантова, наречена е според Хрисант од Мадит, епископ драчки. Неговата книга „Вовед во теоријата и праксата за црковното пеење“ содржи и реформи на нотации и новоразработено изложување на музичката теорија. Хрисант, кој добро ја познавал западната музика, нејзиниот систем и теорија, сакал со својата реформа да ги испечати црковните книги, да ја поедностави дотогаш комплицираната нотација со исфрлување на повеќето непотребни и дотогаш веќе непознати и неразбирливи знаци. Не само што ги оттргнал многу големите претпоставки со заборавено значење, туку и знаците за влезна секунда од шест ги свел само на три: Олигон, Петасти и Кендимата. По одобрената реформа од Цариградскиот патријарх, Хрисантовата нотација е 42

Број 27, година 7, Октомври 2013


во употреба не само во Грчката црква, туку и во црквите на балканските народи7. Уште во периодот кога христијанството се зароди и го понесе крстот како симбол на големата љубов, на молитвените собири, првите христијани низ песна ја искажувале својата вдахновена и чиста молитва. На аскетскиот дух, којшто ги проникнувал верата и животот на старите христијани, повеќе му одговарало едноставното пеење, преку коешто на прво место ќе биде истакната пораката на црковните текстови, отколку самата мелодија. Од овие причини, во најраниот период на христијанството, во храмовите е воведено пеењето – како музичка изведба во која е застапен само човечкиот глас. За своите богослужбени потреби, христијанските народи коишто ја населувале пространата Византиска Империја, во текот на вековите создале бројни напеви. Во VІІІ век, свети Јован Дамаскин (650-749) го собрал ова творештво и според своите музички особености го систематизирал во осум групи. На тој начин е создаден Октоихот, системот од осум гласови, којшто претставува основа на источното црковно пеење до нашиве дни. Музичкото писмо коешто се создавало паралелно со оваа црковна музика има исто така свои милениумски развој. Своите почетоци тоа ги има во екфонетската

нотација (читање со висок, силен глас), создадена во првите векови на христијанството, со којашто можело да се запише елементарно мелодиско движење врз некој религиозен текст. Во својот натамошен развој музичкото писмо на источното црковно пеење ќе помине низ неколку фази и реформи од кои двете најважни се поврзуваат со имињата на свети Јован Дамаскин, првиот голем теоретичар и реформатор на црковната музика и свети Јован Кукузел (XІV век), најславниот псалт, композитор и теоретичар на источното црковно пеење од македонско потекло. Актуелното музичко писмо на источното црковно пеење, т.н. Хрисантова нотација, е промовирано во 1814 година со музичката реформа извршена од страна на тројцата учители - Хрисант Брусенски (1843), Хурмузиј Хартофилакс (1840) и Григориј Протопсалт (1822). Големо е нејзиното значење за развојот на црковното пеење од византиската традиција на поширокиот простор на Источната црква, посебно на територијата на Македонија. Хрисантовата нотација претставува синтеза на претходните фази на византиската нотација и на некои искуства на западната музичка традиција. Поради нејзините неспорни предности во поглед на практичната примена, ова невматско писмо наиде на масовно прифаќање од црковните пејачи на 7

Muzička Enciklopedija 3 Or – Ž Zagreb 1977 стр. 684 www.povardarska-eparhija.org.mk

43


поширокиот балкански простор во XІX век. Судејќи според зачуваните музички ракописи, воведувањето на новиот систем на Хрисант во црковната практика на територијата на Македонија во првата половина на XІX век, се остварува, речиси, исклучиво на грчки јазик. Ваквата ситуација започнува да се менува кон средината на истиот век, кога со постепеното национално осознавање на Македонците, во општествено-политичкиот и културниот живот во Македонија сè повеќе

се враќа и зацврснува словенскиот карактер8. Многумина од великите отци живо сведочат за употребата на псалмите, славословијата и духовните песни како средства за богослужение. Во едно од своите впишани сведоштва се вели: Има ли нешто поблагословено од тоа... да се ита на молитва кога зората ќе зазори и да му принесеме на Својот Создател славословија и песни? Свети Јован Дамаскин, во петтата песна од Воскресниот канон пишува: Да подраниме во утро рано, и наместо миро, песна да Му принесеме на Владиката. А светиот Симеон Нов Богослов вели: секоја молитва и псалмодија е разговор (синомилиа) со Бога во кој ние или го молиме да ни ги даде оние работи кои Тој им ги дава на луѓето, или му се заблагодаруваме за Неговите дарови или Го славиме за сите созданија коишто Тој ги направил, или кажуваме за Неговите прекрасни дела, кои Тој ги создал во различни времиња заради спасение на луѓето и казнување на неправедните, или кажуваме за великата тајна за овоплотување на Синот и Логосот Божји, и сл. Треба да се напомене дека изразот „псалмодија“ кој го употребувале грчките писатели, не значи пеење само на псалмите, туку пеење на песни, воопшто. Што се однесува на славењето на светителите по пат на псалмодија, свети Јован Дамаскин кажува дека нив треба да ги почитуваме како пријатели на Христа, како синови и наследници Божји, како што свети Јован Богослов и Евангелист вели: А сите кои Го примија, им даде моќ да станат деца, Божји. Поради тоа тие не се повеќе слуги, туку синови; а ако се синови, исто така се наследници Божји преку Христа. Еден од начините како ова почитување се изразува е пеењето на псалми, славословија и духовни песни. Така, на пример, отпустителните тропари кои се пеат во чест на трите големи учители на Црквата, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослив и св. Јован Златоуст, велат: Сите ние кои ги сакаме нивните поуки, собрани овде, ги славиме нив во песни, бидејќи тие непрестајно се молат на Света Троица за нас. 8 44

Јане Коџабашија Д-р, Учебник по Источно Црковно Пеење, Скопје 2004 стр. 9-10

Број 27, година 7, Октомври 2013


ИСТОРИСКО – ГЕОГРАФСКИ ПРЕГЛЕД НА ПАЛЕСТИНА ВО ПЕРИОДОТ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

ногу одамна, кога Евреите бегале од Египет од ропството на фараонот и на чудесен начин преминале преку Црвеното Море, се нашле на Синајскиот Полуостров, во неплодната Арапска Пустина. Живеејќи таму скитнички живот околу 40 години, тие постепено се придвижувале кон север, кон хананската земја – Палестина. Таа била старата татковина на Евреите, каде што некогаш живееле патријарсите Авраам, Исак и Јаков. Бог им ја ветил таа земјата на нивните потомци. Поради тоа таа земја се нарекувала ветена.

М

ПАЛЕСТИНА Палестина се простира по должината на источното крајбрежје на Средоземното Море. Позади неа, во непосредна близина, се раширила Арапската Пустина. Низ Палестинското крајбрежје на Средоземното Море уште многу одамна минувал караванскиот пат кој води од Египет со едниот крак во Месопотамија, а со другиот во Грција. Камилите натоварени со роба слегувале од галилејските брегови во градот Дамаск, каде што се наоѓале пограничните средишта на светската трговија. По својата природа, Палестина е можеби најинтересната земја на светот. Никаде на толку малку простор не може да се наиде на поголема природна разноликост. На едната страна морска шир, а на другата пустина, ридови и долини, езера, шуми и реки. На морскиот брег топло е како во Египет; во ерусалимската рамнина поднебјето е слично на средноевропското, а долината на реката Јордан спаѓа во суптропскиот, жежок појас. Во градот Ерихон и неговата околина, поради неподносливата жега луѓето носат лесна облека, а само на дваесетина километри понатаму, во Горниот дел на Јудеја, стега мраз и паѓа снег, жителите на тие краишта живеат во камени домови и облекуваат зимска облека. Во северниот дел на Палестина, на Ливанските Гори, растат ели, дрвото кедар и други четинари; на бреговите на Јордан растат палми, а по www.povardarska-eparhija.org.mk

45


ридчињата во Галилеја се издигаат дабови, успеваат смокви и маслинки. Земјата е богата со лозја, раѓа пченица и други култури, а има и добри пасишта. Ако се земе картата на Палестина и се фрли поглед на неа во правец север – југ, паѓа во очи дека целата територија на оваа земја може да се подели на четири паралелни зони. Првата зона – средоземноморското крајбрежје; втората – горното планинско било; третата – долината на реката Јордан и четвртата – 46

Број 27, година 7, Октомври 2013


источната висорамнина преку Јордан. Приморскиот дел никогаш не припаѓал на Евреите. Во старо доба таму живееле нивните непомирливи непријатели – Филистејците. Затоа Евреите никогаш не се занимавале со морепловство. ГАЛИЛЕЈА Горното планинско било започнува на север со Ливанската Гора, и се спушта сè до Ерусалим, каде што скршнува покрај египетските пустини. Тоа е најважната покраина на земјата. Нејзината северна област се нарекува Галилеја. Нејзе богато ја наводнуваат безбројните потоци кои се слеваат од планините Ливан и Ермон. Во Христовото доба, овде земјата извонредно се обработувала и засејувала со најразновидни култури (пченица, ’рж, јачмен, пченка итн.) Несомнено Христос, тука во Галилеја, ја раскажал својата парабола за сејачот и семето. Низ Галилеја минувал, како што е веќе напоменато, главниот каравански трговски пат од Египет; затоа тој крај бил изложен на разни влијанија, од Исток и од Запад. Покрај тоа, тука застанувале и се доселувале Грци. Тој бил како некој мост кој ја поврзувал Африка со Мала Азија и Европа. Тука, во градот Назарет, Христос ја минал својата младост. Своите први апостоли ги избрал меѓу галилејските рибари. Голем дел од Своето служење Му било на брегот на Генисаретското Езеро. Витсаида, Капернаум, Тиверијада, градовите во кои Господ проповедал, се наоѓале на западниот езерски брег, бидејќи источниот брег – каменит и неплоден – бил слабо населен. Понекогаш оттаму ветровите носеле бура и предизвикувале бранови на езерото. Инаку, езерската површина е необично мирна, а водата проѕирна. Езерото изобилува со риби. И риболовот бил извор на приходи за многу Галилејци. Галилејската риба била прочуена во целата Римска империја. САМАРИЈА На југот на Галилеја се простира Самарија. Самарија го добила своето име од Шемер, сопственикот на ридот на кој израилскиот цар Амвриј го изградил градот. Тоа е порамен, благонавален дел од Палестина, многу погоден за населување. Во тој крај се одиграле првите случувања на еврејската историја. Сепак, уште од најстари времиња, Самарија била непријателски расположена кон јудејскиот народ. Омразата била толку голема, што дури и кога бил Христос, Евреите кои патувале од Галилеја за Ерусалим повеќе сакале два пати да поминат преку Јордан, само за да www.povardarska-eparhija.org.mk

47


ја одминат Самарија. Оттаму и поговорката дека: „Јудејците не се дружат со Самарјаните“ (Јован 4,9). Јужно од Самарија започнуваат бреговите на Јудеја кои се сè повисоки што повеќе се приближуваме до Ерусалим. Уште одамна тука имало богати пасишта. На ридските ливади, јудејските пастири ги паселе своите стада. Тука тие ја слушнале и песната на ангелите кои го објавувале Раѓањето на Спасителот. ЈУДЕЈА По својата географска положба, Јудеја секогаш била заградена и засолнета земја. Таа нема излез на море, а нејзините патишта се тешко проодни. На север и запад, таа се граничела со непријателски народи, на исток завршувала со стрмна падина кон Јордан и само од Југ бил можен пристап на влијанија од надвор. Затоа во Јудеја и се зачувал старозаветниот закон во целата своја чистота. Средиште на Јудеја, бил, се разбира, Ерусалим. Тој древен град кој почива на четири брега, основан е уште пред доаѓањето на Евреите во Палестина. Тогаш се нарекувал „Салем“. А царот Давид му го дал името „Ерусалим“ – „оној кој има мир“. Најсјајните страници од историјата на Давид и Соломон поврзани се за тој град. Соломон во него го соѕидал величествениот Храм на Едниот Бог и прекрасниот царски дворец на ридот Сион. МАСЛИНОВАТА ГОРА Маслиновата гора се издига недалеку од центарот на градот и храмот. Требало да се спуштиш од храмот до Кедронскиот поток и да прејдеш преку него, па да бидеш веднаш во подножјето на самата гора. На тоа место Христос често одмарал со своите ученици. Оттаму минувал патот за Витанија, и понатаму за Ерихон. Патот бил тежок, бидејќи водел преку ридови, а и опасен поради разбојничките напади. На западниот дел на Ерусалим се спуштал еден друм кон морето и минувал низ населеното место Емаус, каде што двајца од апостолите го сретнале Христос, по Неговото Воскресение. Дванаесет километри јужно од Ерусалим се наоѓа градот Витлеем кој лежи на одрони од бреговите, свртен со лицето кон Мртвото Море. Тука се родил Исус Христос.

48

Број 27, година 7, Октомври 2013


РЕКАТА ЈОРДАН Светата река Јордан го формира својот тек помеѓу Ливан е Ермон, за страшно да се спушти низ средишната долина од земјата и да се пробие низ планинските кањони на Галилеа, Самарија и Јудеа. На својот пат таа поминува низ Семахонитското и Галилејското Езеро и продолжува на југ, кон Мртвото Море во кое се влева. Во горниот тек на Јордан, во областа Галилеја, светиот Јован Крстител ја започнал својата проповед. Тука и Христос за прв пат се појавил пред народот и дошол кај Јован за да се крштева. Тука водите на Јордан станале крстилиште за целиот свет. МРТВОТО МОРЕ Мртвото Море, во кое се влива Јордан, остава мачен впечаток. Неговата површина се наоѓа 400 метри под надморската висина. Водата му е горко – солена. Риба во него не може да живее. Неговите брегови се пусти, сиво – црни, со вулканско потекло. На самото устие на реката Јордан, во воздухот лебди сивкаста магла. Од онаа страна на морето започнува бескрајна, дива пустина. Старозаветната историја вели дека на местото каде што денес се наоѓа Мртвото Море биле двата големи града – Содом и Гомора, кои по Божја заповед изгореле од огнен и сулфурен дожд, заради гревовите на своите жители. ПАЛЕСТИНА НИЗ ИСТОРИЈАТА Во текот на својата историја, Палестина претрпела многу тешки катастрофи. После златниот период на царот Давид и на Соломон, еврејското царство се разделило на два дела и со текот на времето ослабело. Потоа, (околу 536 г пред Христа) него го освоиле Вавилонците кои го спалиле ерусалимскиот храм и дворец, градот го разрушиле, а жителите ги одвеле во ропство. За време на персискиот цар Кир, Евреите се вратиле во својата татковина и со најголема мака соѕидале нов град и храм. Во тој храм ќе проповеда Исус Христос. Но Евреите не добиле своја самостојност и морале да се покоруваат на персиските цареви. Внатрешната управа ја презеле во свои раце управителите и првосвештениците, од кои особено Ездра и Неемија се грижеле за почитување на книгите на Светото Писмо и за ѕидање на храмот. Тогаш се појавиле и „книжниците“, односно препишувачите и толкувачите на книгите на Законот и Пророците, а подоцна и „фарисеите“ односно класата на најобразовани луѓе кои ја штителе чистотата на верата и ги извршувале сите формални прописи. И www.povardarska-eparhija.org.mk

49


така постепено се воспоставувал животот во (Палестина) Јудеја. Но тогаш дошло до нови промени во светот. Се засилувало моќното царство на Александар Македонски. До 334 г. пред Христа тој ги победил Персијците и ја покорил цела северна Индија и Азија, вклучувајќи ги тука Сирија и Палестина. Но Александар умира, не успевајќи да ја организира својата огромна империја, и така целото негово царство се распаѓа на четири дела. Во Египет се зацаруваат Птоломеите кои ја потчиниле и Палестина. Речиси цел век Палестина останала под нивна власт. Во меѓувреме кај Евреите пораснало влијанието на грчката култура и јазик. Животот во татковината станал потежок. Од тие причини започнало „расејувањето“ односно раселувањето на Евреите низ разните краеви на средоземниот басен и образувањето на еврејските колонии. Приближно во тоа време паѓа и работата на Седумдесетте преведувачи кои се обиделе да го преведат Светото Писмо од еврејски на грчки јазик, бидејќи и самите Евреи кои живееле во туѓина, го заборавиле својот мајчин јазик. ЕВРЕЈСКАТА ПАРТИЈА Животот на горниот слој на жителите на Ерусалим бил секојдневно исполнет со борба. Се издвоиле две главни партии: садукеите, оние кои го прифатиле влијанието на грчката и светската култура, и фарисеите, кои се залагале за буквално и формално исполнување на законот и кои отфрлале секакво надворешно влијание. „Книжниците“ ги поддржувале некогаш едните, некогаш другите. Заслепени од борбата за власт, двете партии барале поддршка од Римјаните. Користејќи го тој повод, римскиот војсководец Помпеј го опсадува Ерусалим и го зазема. Бидејќи ги казнил сите партиски раководители, тој поведува со себе, како воен плен, голем број на Евреи. При своето триумфално враќање во Рим, ги гонел, според стариот римски обичај, заробениците пред своите коли. Со окови на рацете, и јаже околу врат, се влечеле Евреите по улиците на престолнината, оплакувајќи ја својата судбина. Јудеја паднала под римско ропство. Нејзината независност, извојувана со толкав напор, била засекогаш изгубена.

Превод: Јаков Илкоски, дипл. инженер по биологија

50

Број 27, година 7, Октомври 2013


ОСЕО О С Местоположба: Авганистан се наоѓа во Јужна Азија. На запад граничи со Иран, на север со Туркменистан, Таџикистан и Узбекистан, а на југ и исток со Пакистан. Државата се простира на површина од 647 500 км2. Број на население: 30.108.077 жители (според проценки од 2009 година). Официјални јазици: Дари и пaшту. Кратка историја на државата: Авганистан за прв пат се спомнува во VI век пред Христа, кога територијата била во состав на Персиската империја на Ахменидите. Во IV век пред Христа, територијата била освоена од Александар Македонски, а по неговата смрт потпаѓала под власт на грчките, индиските и иранските владетели. Во средината на VII век по Христа била освоена од Арапите, чија власт се задржала до 1220 година, кога била освоена од Монголите, кои ја контролирале земјата до XIV век. Ахмад Шах Дурани ги обединил пaштунските племиња и по успешното противиранско востание во 1747 година, изникнала првата сопствена авганистанска држава. Од средината на XIX век, Русија и Велика Британија конкурирале за влијание врз државата. Во 1919 година, Авганистан стекнал независност. Авганистан останал монархија www.povardarska-eparhija.org.mk

51


до 1973 година, кога со воен бунт била прогласена република. Во 1978 година се случил уште еден пресврт и на власт дошле комунистите. По една година од социјалистичкиот режим се случила сериозна криза во управувањето со државата, па раководството на Демократска Република Авганистан се обратило кон СССР со молба за воена помош. Советската војска влегла во Авганистан при крајот на декември 1979 година и тука била стационирана до 15 февруари 1989 година. За сето тоа време, 40тата армија во целост ги исполнила поставените задачи за зачувување на економски важните објекти за земјата. Загубата на советската армија се состоела од 13.833 војници, додека муџахедините загубиле над милион терористи. По отстапувањето на советската војска, граѓанската војна во Авганистан продолжила, па во 1992 година дошло до паѓање на комунистичкиот режим. Во 1996 година исламските радикали од движењето „Талибан“ го освоиле главниот град на земјата, а две години потоа воспоставиле контрола над поголемиот дел од территоријата. Во 2001 година, во Исламската Република Авганистан влезе војската на САД заедно со нивните сојузници, кои ги симнале Талибанците од власт и ја окупирале територијата. Во 2004 година во Авганистан бил избран првиот претседател. Религија: Муслимани – 99% (сунити - 80%, шиити - 19 %); Индуисти - 0,6%; останати - 0,4%. Православието во Авганистан: Во историјата на Авганистан постои православна страница, но таа е сосем малечка и далечна. Првиот спомен за христијанството во северниот дел на Авганистан може да се најдe во „Книга на законите и земјите“ од Вардесан (од почетокот на III век). Подоцна, христијанството било распространето најмногу на запад во Авганистан. Во почетокот на V век тука се појавил првиот епископ. Неговата катедра се наоѓала во градот Герат. Сепак, по 431 година, кога било осудено несторијанството, локалните христијани отпаднале од Православието. Познато е дека Гератските епископи учествувале во соборите на Несторијанската црква и примале ракополагање од нејзините свештеноначалници. Во VI век, во Герат се појавила катедра и на монофизитски епископ. Присуството на монофизитите во оваа земја се засилило во наредните сто години, по нивното преселување од Едеса. За постоењето на православни христијани по V век на територијата на Авганистан нема никакви податоци, односно, воопшто и ги немало. Последните податоци за несторијанците на територијата на Авганистан 52

Број 27, година 7, Октомври 2013


се однесуваат до XIV век. Потоа, најверојатно, среде лоаклното население исчезнале и оние, кои го исповедале христијанството во еретичка форма. Во ХХ век тука имало и христијани, и храмови, кои биле изградени, најверојатно, под влијание на странските мисионери. По доаѓањето на власт на Талибанците, христијаните биле или уништени, или се преселиле во најзафрлените краишта. Во јуни 2001 година, водачот на движењето „Талибан“ забранил да се употребува дури и символот на христијанството – сликањето на крстот. Според податоците на журналот „Spiegel“, денес во Авганистан живеат од 1000 до 2000 следбеници на Христа. Тврдењата на некои интернет страници за постоење на 10.000 христијани во Авганистан се јавува како силно преувеличување. Малкуте христијани, кои живеат во земјата, внимателно ја кријат својата вера. Тие ги знаат напамет најважните цитати и делови од Евангелието и молитвите, не решавајќи се да чуваат христијански книги, зашто сите, кои се сомнителни, од време на време се подложени на полициски истраги и претреси. Средбите за богослужби се случуваат во тајни услови под строга доверливост, а местата за молитвени собири постојано се менуваат. Ваквите мерки се пожелни, зашто, колку за потсетување, само силниот притисок на светските здруженија во 2006 година успеале да му го спасат животот на Абд ел Рахман - Авганистанец, кој премина од ислам во христијанство, и кој во полиција беше донесен токму од своите најблиски роднини. Треба да се напомене и тоа дека, најупорни во молбите до авганистанската власт да се спаси животот на младиот Рахман, беа токму поглаварите на Православните Помесни Цркви – Московскиот патријарх Алексиј II и Грчкиот архиепископ Христодулос. Како резултат на молбите, римокатоликот Абд ел Рахман беше екстрадиран во Италија. Сепак, за странските посетители, кои сакаат да ја посетат земјата, религиозните ограничувања се помали. Да се потсетиме дека, пролетта во 2006 година, авганистанските власти ги протерале од земјата 1600 корејски христијани-протестанти, кои пристигнале во Авганистан за да

www.povardarska-eparhija.org.mk

53


направат една „христијанска прошетка“. За извршување на христијанските богослужби и молитвословија, во главниот град на државата – Кабул, определен е еден запустен дом, во кој се собираат христијаните од разни конфесии. Среде локалното население нема православни христијани, но сепак, во Авганистан живеат неколку православни верници. Тоа се претставниците и соработниците на меѓународните организации и војниците од контингентите на мировните сили од Македонија, Романија, Бугарија, Грција и некои други земји. Заедно со нив, во Авганистан влегло и Православието. На 1 декември 2003 година, во романскиот мировен гарнизон, со благослов на Олтенискиот митрополит Теофан, била организирана подвижна црква, во која свештеникот Георгиј Николеску за првпат по илјада и повеќе години отслужил божествена Литургија. Во 2006 година, по иницијатива на војникот од контингентот на САД, Семјуел Скот Смит, на „романскиот“ дел од аеродромот во Кандагар, бил изграден и осветен првиот стациониран православен храм во чест на Свети Апостол Андреј. Како што сведочи самиот Семјуел, кој ја исповеда православната вера, црквата била изградена според негов проект, без било каква помош од Американците. И сето тоа се случило по чудо, зашто во почетокот тој немал никакви парични средства за започнување на ова дело. Во него имало само вера, иако се сретнал со многу непријатности до остварувањето на овој проект. Но, за слава Божја, сето тоа добро се завршило. Нему штедро му помагале и војниците, кои биле на служба во 300-от пешадиски баталјон на Романија. Оваа црква не е само за романските војници, туку и за сите добронамерници, кои имаа пристап до аеродромот во Кандагар. Освен војниците, оваа црква ја посетуваат и многу цивилни лица од разни земји.

протоереј Златко Ангелески

54

Број 27, година 7, Октомври 2013


ОСЕОО О БЕ ОСЕ Местоположба: Среден Исток, архипелаг во Персискиот залив, на исток од Саудиска Арабија. Површина: 665 км2. Број на население: 1.234.571 жители (според податоците од 2011 година). Официјални јазици: арапски и англиски. Куса историја на државата: Историјата на Бахреин започнува од III век пред Рождеството Христово. Тогаш на овие острови постоела развиена цивилизација. Древното господарство се нарекувало Дилмун. Името Бахреин е подоцнежно. Тоа е арапски назив и означува „две мориња“. Убавата местоположба по текот на трговските маршрути, кои ги поврзуваат Месопотамија и Индија, придонесло за расцутот на Дилмун. Во IV век по Христовото Рождество, архипелагот бил освоен од Персијците и постанал дел од Империјата, па така островите останале во една целина сѐ до арапските освојувања, кога биле вклучени во халифатот. Од IX–XI век, Бахреин бил центар на државата на карматите, која во тоа време била влијателна муслиманска секта. Во средината на XIII век, Бахреин за кусо време стекнал независност, но набрзо станал дел од емиратот Ормуз. Арапите господареле овде до 1521 година, кога земјата ја освоиле Португалците. Во 1602 година островите повторно биле освоени од Персијците, па архипелагот влегол во состав на сефевидскиот Иран. Во 1783 година, од страна на Ахмад ибн Халифа ал-Халифа, родоначалникот на династијата која управува со Бахреин до наши дни, била востановена независност на државата. Во 1820 година во Бахреин навлегле Англичаните, па од 1861 година островот се наоѓал под британски протекторат. Целосна независност земјата стекнала дури на 14 август 1971 година. За време на Првата светска војна иранската влада сметала дека Бахреин е незаконско одземена територија од делот на Иран, а овие претензии биле преднајавени од Иран и во осумдесеттите години од минатиот век. Бахреин имал и конфликт со Катар за неколку спорни острови. Од 1990 година, 5-тата воено-поморска флота на САД го користи Бахреин како основна база во зоната на Персискиот залив. www.povardarska-eparhija.org.mk

55


Религија: муслимани - 81,2%; христијани (англиканци, римокатолици, монофизити, православни) - 9%; останати (хиндуисти, будисти и други) – 9,8% (според податоците од 2001 г.). Православие: Во Делата на Апостолите се говори дека жителите на Арабија биле меѓу оние, кои во Ерусалим ја слушале проповедта на апостол Петар по Педесетница. И проповедта ја слушале на сопствениот јазик, односно, на арапски (види: Дела 2, 11). Согласно преданието, прв кој го проповедал христијанството во Арабија, бил свети апостол Вартоломеј. Во 225 година веќе постоела христијанска епископија на островите Бахреин, а списите од Првиот Вселенски Собор, кој се одржал во Никеја во 325 година, вклучуваат спомнување на арапските епископи. Во текот на III–IV век, христијанството сѐ повеќе се распространувало во Бахреин, но сепак, за жал, по Третиот Вселенски Собор во 431 година, локалните христијани отпаднале од Православието во несторијанската ерес. Подоцна несторијанците ја продолжиле проповедта во Бахреин, кој станал христијански центар во регионот. Тука се наоѓале две од петте несторијански епархии, кои суштествувале на арапската страна на Персискиот залив во VII век. Притоа, дел од населението продолжило да се придржува до јазичништвото, а градот Мухарак бил центар на култот на богот Авал. Во 629 година Бахреин примил ислам. Впрочем, несторијанството не било искоренето веднаш. Значајна историска епизода се случила по 30 години од исламизацијата на земјата. Во 658 година, муслиманскиот военачалник Ал-Хирит ибн Рашид, еден од приврзаниците на халифот Али, кој се одделил од последниот, започнал редица на востанија, во кои се присоединиле и христијаните и Персијците-зороастријци. Едно од востанијата било дигнато во Бахреин, каде локалните племиња го поддржале повикот на бунтовниците да не се плаќа данок на халифот, а некои од нив дури и се вратиле во христијанството. По поразот на Ал-Хирит, бунтовниците-муслимани, кои биле заробени од војската на Али, добиле слобода, одново принесувајќи на халифот заклетва на верност. А 500 заробени христијани биле собрани да се продадат како робови. Жените и децата, кои биле одделувани од мажите и татковците, започнале горко да плачат. Маскала, еден од началниците на казнената експедиција, трогнат од жалосната сцена, изјавил дека е подготвен да ја преземе на своја сметка сета цена од откупот за христијаните, па ги ослободил. Кога за ова слушнал Али, се разгневил и побарал од него веднаш да исплати по илјада монети за секој од ослободените заробеници. Бидејќи Маскала не бил во состојба да ја исплати толку големата сума на пари, бил принуден да бега. 56

Број 27, година 7, Октомври 2013


Дел од населението на Бахреин продолжиле да ја чуваат верноста кон христијанството во текот на следните векови, по доаѓањето на исламот на архипелагот. За последен пат, локалната несторијанска епархија се спомнува по 835 година. Кога таа го прекинала своето постоење, точно не е познато. Трагите од древното христијанство сочувани се до денес во топонимите, како на пример во називот на селата Даир („парохија“), Самахиж („епископ“)... Во XVI век, откако во 1521 година португалската армија на чело со командантот Антонио Кореј влегла во Бахреин, на извесен период дел од Бахреин преминал под власт на римокатолиците. Војската на муслиманскиот управител, емирот Мукрин, претрпела пораз во битката при Карбабад, а самиот емир, кој бил заробен, бил казнет. Отсечената глава на Мукрин подоцна била нацртана на грбот на Антонио Кореј. Португалците управувале со Бахреин во текот на 80 години, сѐ до 1602 година, кога биле прогонети од островот. По два века, Англичаните го донесле и англиканството на островот. Денес, од сите христијански заедници во Бахреин, православната, за жал, е една од најмалите. Грчката православна заедница во Бахреин брои околу 200 членови, кои работат во градежништвото, медицината, банкарскиот сектор и рибната индустрија. По нив следуваат православните од Русија, кои ги има околу стотина, и тоа првенствено жени. Канонски набљудувано, територијата на Бахреин влегува во состав на Антиохиската патријаршија. Денес во државата функционира само еден православен храм – параклис, кој се наоѓа во еден градежен камп, каде што се сместени работници од Грција. Во овој храм за богослужби доаѓа свештенство од Антиохиската патријаршија, претежно од Кувајт, а поретко богослужи и руски свештеник, кој доаѓа од Сирија. Постојан православен свештеник за потребите на верниците во Бахреин нема. Во 2000 година, Бахреин беше посетен од Цариградскиот патријарх Вартоломеј II, кој зел учество во меѓународната средба, која се организирала тука. Во мај 2002 година, Бахреин за прв пат бил посетен од претставник на Руската Православна Црква, архимандритот Александар (Елисеев), кој бил примен од министерот за правда и религиозни дела на Бахреин, шеикот Абдал ал-Халиф. На 24 мај, во привремениот параклис на Антиохиската Православна Црква, за прв пат во оваа држава била служена божествена Литургија на црковнословенски јазик. На богослужбата присуствувале и вработените од амбасадата на Руската Федерација во Кралството Бахреин, како и од другите руски компании и здруженија. Воодушевени од богослужбата, рускојазичните православни www.povardarska-eparhija.org.mk

57


христијани, кои живеат во главниот град на Бахреин, Манама, се обратиле до Црквата во Русија со молба за регуларна духовна поддршка. Одговарајќи на нивната молба, Синодот на РПЦ одлучил да му предложи на претставникот на Московската патријаршија при Антиохиската патријаршија, согласно Уставот на Патријаршијата, да се грижи за пастирските потреби на Русите во Бахреин. Оттогаш, па наваму, претставникот на Руската Патријаршија во Сирија го посетува Бахреин и извршува богослужби во единствениот православен параклис. На богослужбите се собираат околу 30-тина верници. Во април 2007 година, Бахреин бил посетен од Грузискиот патријарх Илија, кој бил во придружба на Батумскиот и Кобулетски архиепископ Илија и претставникот на РПЦ, Бакинскиот и Прикаспискиот епископ Александар. Оваа посета била заедничка со претставниците на муслиманската заедница од Кавказ. За време на оваа куса посета, патријархот Илија и православните архиереи биле примени од кралот на Бахреин, Хамад бен Иса ал-Халиф и редица на министри. Пред неколку години, во Бахреин започна да се гради најголемата римокатоличка црква во Персискиот залив. Овој потег предизвика редица демонстрации и реакции од муслиманските сунитски лидери, кои доставија петиција до владата на државата, во која укажуваат дека не е дозволено на Арапскиот полуостров да се градат христијански цркви. Еден од влијателните сунитски духовни лидери на Бахреин, шеикот Адел Хасан ал Хамал, даде и контроверзна изјава, во која нагласува дека „оние, кои веруваат дека црквите се вистинско место за поклонение, ја уриваат верата во Алах“. Оваа изјава доволно говори со какви последици можат да се соочат и православните верници, во обидот да се изнајде решение за градба на првата православна црква во Бахреин. Сепак, римокатоличката црква се гради под заштита на кралот на Бахреин. Комплексот во Авала, на југ од престолнината, според својата големина ќе биде импозантен. Тој се простира на површина од 9000 квадратни метри. Во комплексот е предвидено да биде сместен и центарот на римокатоличката епархија, за кој е планирано да биде преместен од Кувајт во Бахреин. Римокатоличкиот храм во Манама е дел од проектот на Ватикан за создавање на новата апостолска епархија, во која ќе бидат териториите на Кувајт, Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Првиот римокатолички храм во регионот на Персискиот залив бил изграден уште во 1939 година, на земја, која била подарена од емирот на Бахреин. протоереј Златко Ангелески

58

Број 27, година 7, Октомври 2013


О (Извадок од книгата „Под сенката на брезата “ од авторот Нада Алексоска) вештеникот кој служеше во црквата, како и секое утро и тоа, си одржуваше богослужба. Во Црквата секојдневно доаѓаа луѓе, си палеа свеќи, се молеа. Повеќето од нив ги познаваше. Последната недела забележа една жена која дотогаш ја немаше видено. Доаѓаше, сè упатуваше до иконата на Мајка Богородица и секогаш се молеше десетина минути, а потоа ја напушташе Црквата. Тоа утро на излегување ја пресретна свештеникот и ја запраша: „Госпоѓо, не ве познавам, но, ве гледам во последно време доаѓате во Црквата и се молите. Случајно да не имате некоја мака, да не можам јас да помогнам?“ Жената како да чекаше некој да и ги олесне маките, низ солзи проговори: „Имам болно дете. Треба да се оперира, а јас пари немам.“ Седнаа во дворот и таа на свештеникот му раскажа за тоа како нејзиното мало девојче има проблеми со срцето и како и е препорачано од докторите да го носи на операција во Софија. Му кажа и за проблемот со парите. Кажа дека операцијата е скапа, а таа пари нема. Му кажа дека е Ромка и дека се сиромашни. Свештеникот ја утеши велејќи и дека на сè се наоѓа лек, па и на нејзиниот проблем. И вети дека ќе се обиде да ѝ помогне. Жената се врати дома поуспокоена, а свештеникот уште веднаш го заврте бројот на својот брат во Германија: „Ало, Ристе, извини што те вознемирувам, но имам нешто важно да ти кажам“, му рече и му ја раскажа приказната за болното девојче. „Гледај, ако можеш да помогнеш“, му рече со надеж дека неговиот хуман брат навистина ќе помогне. А Ристе навистина беше многу хуман. Помагаше на болни, на немоќни, на сиромашни и на сите оние на кои им беше нужна неговата помош. Ристе беше голем верник и тоа го правеше несебично придржувајќи се кон Божјите заповеди. Но, понекогаш и Ристе можеше да заборави. Така и овој пат. Имаше многу работа – што околу неговиот бизнис, што околу некои општествени акции, македонски клубови и слично. А времето си врвеше. Така помина една година. И тој заборави на случајот. Еден ден кај него дојде еден негов соработник од Бугарија. Соработуваа околу трговијата со вино. Бугарскиот трговец дојде со неговата сопруга.

С

www.povardarska-eparhija.org.mk

59


Седеа, разговараа и откако се договорија околу бизнисот, поминаа на општи муабети. А Ристо не знаеше друго да разговара, туку само за политика и историја. А, кога станува збор за историјата тој секогаш посакуваше до него да биде и неговиот добар другар и пријател – професорот Секула. А, тој Секула во Германија престојуваше со неговата сопруга која работеше на една од катедрите по македонски јазик. Тој понекогаш, кога имаше потреба, поработуваше во фирмата на Ристо, така и сега. „Професоре!, викна по него Ристо, ајде дојди ваму на по едно кафе.“ Секула дојде, се запозна со гостите и разговорот почна. А кога разговараат Бугари и Македонци за историјата, може да се претпостави како ќе тече муабетот – те Јане е наш, не е ваш, те Кирил и Методиј се наши и се така, за војни, за територии и слично. Во еден момент жената го запраша Секула? „Каков професор си ти?“ „Професор по историја, одговори овој, а ти, работиш ли нешто, со што се занимаваш?“, праша Секула. „Јас, јас сум детски кардиохирург. Работам во државната болница во Софија“, одговори жената. Ристо кога го чу тоа, го прекина разговорот со бугарскиот соработник и наеднаш извика: „Што, ти си кардиохирург?“ „Да, што е тоа толку чудно?“, го запраша таа. И Ристо ја започна приказната за малото девојче од неговиот град. Раскажа за мајката која се молелеа, за тоа како немала пари да го лекува своето дете и како тој ветил дека ќе помогне. „Нема проблем, јавете и уште утре нека дојде. Јас ќе го оперирам девојчето. Тоа чини 16 000 марки, но како за пријатели ќе платиш само 12 000. Јас не сакам хонорар, нека биде и нешто од мене.“ Така средбата заврши радосно. Се заборави историјата, славните личности и херои, до каде чие било и слични работи. Сите чувствуваа некаква милост и топлина. Ристо го зеде телефонот и му се јави на брат му, а овој не можејќи да издржи се упати кон куќата на болното дете. Жената и девојчето набрзо заминаа за Бугарија. Свештеникот им извади автобуски билети, им даде пари за по пат и тие стигнаа во Софија. По еден месец кај Ристо заѕвони телефонот: „На телефон докторката од Бугарија. Пријателе, уште од сега подготвувај се за кум. Ќе играш на свадбата на девојчето. Таа е жива и здрава. Заедно ќе и играме на свадбата.“ Ристо од радост и возбуда не знаеше што да прави. Тргна кон блиската Црква. Влезе и клекна пред Мајката Богородица. Се заблагодари на помошта и на милосрдието, зашто оздравувањето на девојчето беше нејзино дело. Таа ги спои сите нив, ги поврза и оној кој дозна за болката и оној кој ќе помогне парично и оној кој ќе излекува. И принесе молитва на Милостивата. 60

Број 27, година 7, Октомври 2013


IZDAVA^KA DEJNOST SV. \OR\I POLO[KI

ПРЕДГОВОР ЗА КНИГАТА „СТАРЕЦ САМПСОН“

Д

а се биде старец – не може никој по своја волја. Тоа не е официјален чин во Црквата, туку благодатен дар и избор на Светиот Дух. Старецот не е само стар по години, туку возрасен и созреан во духовниот живот, според мерата од растот Христов. Човек кој живее според Божјите заповеди, кој се уподобил на Христа, кој душата своја ја полага за своите чеда, и кој ги остава деведесет и деветте, за да оди и да го спаси загубеното чедо, човек во кого пребива Светиот Дух и преку кого говори Светиот Дух. Таквите духовници-старци верниот народ ги препознава, и како пчели на цвет, се собираат околу него да се хранат од неговиот душеспасителен нектар. Некои старци живееле во општежителни манастири, некои во пустина како отшелници, некои воделе борба со еретици, некои со лажни браќа, некои имале тешка борба со своите страсти, некои, пак, доживеале многу страдања и мачеништво. Старецот Сампсон живеел во Русија, во еден неблагопријатен период, кога имало многу немири во земјата, кога „прогресивните“ се свртеле против царот, и го убиле заедно со целото негово семејство, кога се свртеле против Светата Црква и со сите средства и методи се обидувале да ја сотрат, уништат, посрамотат, дискредитираат, време во кое се појавиле „обновленците“, кои однатре ја разорувале Црквата со своите антицрковни учења и новотарии, време во кое не било лесно да бидеш ни обичен верник, а не, пак, монах или свештеник. Ете токму во такви историски околности се родил и живеел старецот Сампсон. Како духовник-јеромонах во тоа време, кога било тешко да се формираат манастири, тој создал заедници од таканаречени „бели монаси и монахињи“, т.е. монаси кои живеат во светот, имаат световни професии и занимања, се облекуваат обично како и сите луѓе, но кои тајно имаат дадено монашки завети и кои живеат строг подвижнички www.povardarska-eparhija.org.mk

61


живот. Книгите кои се напишани и објавени за него се всушност писма, разговори и исповеди токму со овие негови духовни чеда, кои по неговата смрт ги собрале и ги објавиле. Имајќи го тоа предвид, кога ги читаме неговите поуки, овде собрани, мораме да внимаваме и да не им даваме универзален карактер на сите негови поуки, затоа што голем дел од нив се лични обраќања кон конкретни личности, совети кои биле упатени и корисни за некоја конкретна личност, но не и за секого. И најдобриот лек може да биде за некого погубен, ако се дава во било кое време, на било кој начин и во било која количина. Истото важи и за поуките на старците. Затоа често може да се сретнат различни мислења за исто прашање, затоа што биле упатени кон различни личности, на кои им требало различно решение. Денес старецот Сампсон од многумина е почитуван како свет старец, но од многумина е и оспоруван неговиот авторитет. Неговите духовни чеда се убедени во неговата светост, раскажуваат чудесни настани од неговиот живот, но раскажуваат и за многу чудеса кои се случиле над неговиот гроб, кој станува познато поклоничко место за многу верници. Еден од неговите апологети е и сегашниот патријарх московски и серуски Кирил, кој уште како митрополит, во една телевизиска емисија го раскажува следново за него: „Имав прилика да се сретнувам со овој црковен трудбеник, монах, од повоениот период, уште кога бев дете и одев во Псково-печерскиот манастир. Мене секогаш ме поразуваше надворешноста на овој човек, но и гласините кои се ширеа за него. Многу се разликуваше од останатите браќа во манастирот, оставаше впечаток со своите проповеди, зборови, изглед и начин на живот. Тој беше силна личност која остави свој силен впечаток во неодамнешната историја на нашата Црква“. Од поуките на старецот можеме да научиме многу. Посебен акцент става на внатрешната будност, на внатрешниот молитвен живот, на стоењето пред Бога, на вистинското покајание. Особено од него може да се научи за разликите меѓу православието и другите инославни конфесии, за разликата помеѓу духовноста и душевноста – нешто што ретко каде може да се сретне. Имајќи ја предвид светоста на неговиот живот, како и полезноста на неговите поуки, од длабочината на моето срце ви ја препорачувам оваа книга, за од неа да учите, да се раководите, да напредувате духовно, угледувајќи се на старецот, како што и тој се угледал на Христа, и од Него добил мудрост и светост, за наша поука и наслада, но и за идните генерации. Амин! Митрополит Повардарски г. Агатангел

62

Број 27, година 7, Октомври 2013


IZDAVA^KA DEJNOST SV. \OR\I POLO[KI

ПРЕДГОВОР НА СТРИПОТ „ПРИЈАТЕЛ НА СИТЕ“



о првиот дел од раскажувањето за Господ Исус Христос, имавме можност да читаме за настаните околу раѓањето на Господ од Пресвета Богородица, додека во ова продолжение ќе читаме за настаните од Крштевањето на Господ од раката на светиот Претеча и Крстител Јован во реката Јордан, па сè до влегувањето во Ерусалим, пред Неговото спасително страдање и славно воскресение. За Господ добро е да читаме, да учиме, да знаеме, но најдобро е Него лично да Го знаеме. Во Црквата Бог ни оставил многу начини и средства за да дојдеме до Него, за да Го побараме, и да Го најдеме. Богочовекот Христос, Синот Божји, се родил како историска личност пред околу 2000 години, примил човечка природа, живеел, поучувал, чудотворел, исцелувал, го хранел народот, му го покажувал патот кон спасението, го посеал семето на верата, Самиот Тој лично, но потоа и преку апостолите и нивните ученици и наследници. И ете, како што гледаме денес, семето ги даде своите плодови, и се распространи насекаде, низ целиот свет, но и го преобразува целиот свет. Она срце кое се отворило и Го примило Христос, и во кое се вселил Христос, невидливо, преку благодатта Божја, се очистува, се преобразува, се обожува, станува охристовено срце. Денес светот страда од нељубов, односно, од себељубие, од кое произлегуваат трите страсти, кои во вид на искушенија Му беа предложени и на Христос во пустината: сластољубие, среброљубие и славољубие. Наместо да Го љубиме Бога и своите ближни, ние сме се насочиле единствено кон себе, кон своите желби и потреби, кон крајно искористување на ближните, и за жал, Го заборавивме и Бога и ближните. www.povardarska-eparhija.org.mk

63


Атеизмот е слепило, заслепеност од своите страсти и гревови, која не ни дозволува да Го видиме Бога, додека, пак, верата е вера и доверба во Бога, отвореност и љубов кон Бога и кон луѓето, постојана радост, па дури и во маките и страдањата. Синот Божји прими човечка природа, за да ја преобрази човечката природа и да ѝ даде можност за спасение, за обожение на личноста, за уподобување на Бога, за светост. Да бидеш пријател значи, да имаш љубов кон конкретната личност, да ти биде пријатно и радосно во нејзино присуство, да имаш подготвеност да се жртвуваш за своите пријатели. Таков ПРИЈАТЕЛ ни стана Христос, нашиот Спасител и Господ. Он постојано ни ја подава раката за да го прифатиме Неговото љубовно и пожртвувано пријателство, а од нас зависи, од нашата добра волја, дали ќе станеме Негови пријатели, дали ќе ја прифатиме Неговата сељубовна жртва за нас, и дали и ние ќе одговориме на Неговата љубов со љубов. Колку повеќе растеме во љубовта кон Бога, толку тоа се одразува и во нашиот однос кон ближните. Светиот Јован Богослов, апостолот на љубовта, вели: „Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сè уште во темнина. Кој го сака брата си, тој е во светлината и во него нема соблазан. А кој го мрази братот свој, тој се наоѓа во темнина, и во темнина оди, а не знае каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите негови“ (1.Јн. 2, 9-11). „Ако некој рече: ,Го сакам Бога‘, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој“ (1.Јн. 4, 20-21). Со надеж дека овој стрип, како и сите претходни стрипови, списанија и книги ќе ви помогнат да дознаете нешто повеќе за Бога и за животот во заедница со Бога, но и дека стекнатото знаење ќе го примените во својот живот, дека ќе Го барате Бога, и ќе одговорите со љубов на Неговото понудено пријателство, ви го препорачувам овој претпоследен број од циклусот за Господ Исус Христос од илустрираната едиција „Библиски настани“. Благословот од нашиот Господ, нашиот најдобар Родител, нашиот најдобар Пријател, и Брат, нека биде со сите вас. Амин. Митрополит Повардарски г. Агатангел

64

Број 27, година 7, Октомври 2013


Кондак 1 Сепобедничкиот Војвода на светлите бесплотни сили те избра, светителу отче Клименте, да го изгониш бесовскиот мрак од нашата земја со светлината на Евангелието. Затоа ние, твоите чеда, просветени со твоето слово, пееме пофални песни во твоја чест: радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Икос 1 Те почитуваме како ангел на Охридската црква, светителу отче Клименте, ти, кој од словенските првоучители си ја добил евангелската просвета. Самиот ти шепни ни, во нашите смирени срца, та да ти ја пееме достојно оваа пофална песна: Радувај се, од Бога даруван сине на твоите родители; Радувај се, од Бога предизбран Христов светителу! Радувај се, ти, кој од

мајчиното млеко си воспитан во благочестие; Радувај се, ти, кој од детството си го здобил вистинскиот Божји Дух! Радувај се, ти, кој од младоста си го насочил погледот кон небото; Радувај се, ти, кој од првиот здив си Го возљубил Бога!

Радувај се, ти, кој во молитва се

www.povardarska-eparhija.org.mk

65


вознесуваш кон Бога; Радувај се, ти, кој си украсен со благомирисот на целомуреноста! Радувај се, ти, кој си роден за просветување на македонскиот род; Радувај се, зашто си ја научил вистинската вера од светите Методиј и Кирил! Радувај се, зашто од нив премудро си се утврдил во православието; Радувај се, зашто си неуморен трудбеник на Христовото благовестие! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 2 Кога го видоа во Моравија, по смртта на свети Методиј, лутото гонење од германските духовници, неговите ученици, заедно со тебе, светителу отче Клименте, паднаа во голема мака. Од никаде не очекуваа спасение и кога ја положија сета своја надеж на Бога, со солзи пееја: Алијуја! Икос 2 Помрачен од латинската ерес кнезот Светополк те фрли в затвор заедно со останатите ученици и по долги маки, светителу Клименте, те протера до бреговите на Дунав. Ние, пак, ти ја пееме оваа пофална 66

Број 27, година 7, Октомври 2013

песна, како на исповедник на православието: Радувај се, ти, кој стапи во храбра борба со латините; Радувај се, ти, кој претрпе од нив луто гонење! Радувај се, ти, кој покажа ревност апостолска; Радувај се, зашто над сè го покажа благочестието! Радувај се, зашто не се исплаши од жестоките маки за православието; Радувај се, зашто се предаде заради Бога на апостолска сиромаштија! Радувај се, пазителу на заповедите Господови; Радувај се, исполнителу на заветите на твоите наставници! Радувај се, велегласен проповеднику на Евангелието меѓу Словените; Радувај се, ревносен пазителу на чистотата на православието! Радувај се, прекрасно живеалиште на Светиот Дух; Радувај се, изобличителу на тројазичната заслепеност! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 3 Силата Божја те чуваше, светителу отче Клименте, да се упатиш заедно со светите Ангелариј и Наум во


Богопазената Македонија, каде што започна да ја распространуваш, со цврста надеж, евангелската проповед на словенски јазик, благодарствено воскликнувајќи: Алилуја! Икос 3 Со содејството на Светиот Дух, свети Клименте, си влегол во домот на богољубивиот човек, чијшто мртов син си го воскреснал со молитва. Восхитувајќи се на рамноапостолната сила што во тебе пребива, побожно ти пееме вака: Радувај се, зашто ги претрпе негодувањата од натажениот татко; Радувај се, зашто доби благодарност од него по воскреснувањето на детето! Радувај се, ти, кој го поттикна на таква љубов кон тебе; Радувај се, зашто преку тебе посрамен беше лукавиот! Радувај се, ти, кој со својата љубов ги привлече сите кон себе; Радувај се, зашто можеш да твориш сè во името на Христа! Радувај се, извршителу на великото чудо; Радувај се, воскресителу на умреното чедо! Радувај се, ти, кој со смирение го покри

чудотворството; Радувај се, ти, кој со чудотворство ги обрати сите кон Бога! Радувај се, зашто си укрепен со Божјата благодат; Радувај се, зашто во срцето носиш дух на умиление! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 4 Духовна радост им донесе на благочестивите, светителу отче Клименте, кога стапна на македонската земја. Само бесовите на идолослужењето, претчувствувајќи го крајот на царството на мракот, се кренаа против тебе, зашто само тие не можеа да ти пеат: Алилуја! Икос 4 Кога слушна

благоверниот цар Борис, дека ќе дојдеш со своите

www.povardarska-eparhija.org.mk

67


ученици во Македонија, светителу отче Клименте, заповеда да бидете испратени кај него со долична чест, зашто бараше мажи за да го проповедаат Божјото слово меѓу новопокрстениот наш народ. Радувајќи се со него, ти пееме вака: Радувај се, ти, кој нè озари со Божествената светлина; Радувај се, ти, кој нè просветли со чистите догмати! Радувај се, ти, кој Го прослави Бога со апостолски трудови; Радувај се, зашто во животот заблеска како земен ангел! Радувај се, учителу на верата православна; Радувај се, зашто го засака црковното служење! Радувај се, зашто блескаш со кротост и смирение; Радувај се, подражателу на небесните ангели! Радувај се, розо расцутена крај водните потоци; Радувај се, ти, кој имаш жива вера во срцето! Радувај се, зашто благоухаш во Црквата како крин благодатен; Радувај се, зашто си стекнал небесни венци и на земјата! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! 68

Број 27, година 7, Октомври 2013

Кондак 5 Како испратена од Бога ѕвезда ја осветли Богопазената Македонија, светителу отче Клименте, кога управителот на Белград те испрати кај цар Борис да го научиш народот да ја разбира православната вера и да Му воспева на Христа: Алилуја! Икос 5 Кога те виде благоверниот цар Борис, светителу отче Клименте, те пречека како исповедник на православието; кога дозна ��а твоето благочестие, пројавено во Дух и сила, и кога го доби од тебе усвоеното Божествено Писмо заедно со добродетелите, голема чест ти воздаде, фалејќи те со зборовите: Радувај се, непоколеблив чувару на верата; Радувај се, насадителу на побожноста! Радувај се, ти, кој не ги криеш талантите во земјата; Радувај се, ти, кој го обогати нашиот народ со православието! Радувај се, усрден просветителу на народот со вера; Радувај се, зашто си покажал апостолски подвизи! Радувај се, зашто блескаш со сите добродетели; Радувај се, зашто светиш со


правда и љубов! Радувај се, зашто иако почитуван, остана смирен; Радувај се, зашто со молитва му користиш на народот! Радувај се, извршителу на чудеса за оние, кои те почитуваат; Радувај се, зашто им покажуваш чудеса на оние, кои ти се молат! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 6 Велегласен проповедник на евангелието си бил во земјата македонска, светителу отче Клименте, затоа мнозина се упатија кај тебе, за да го чујат од богоглаголивата уста душеспасителното учење; и за осветување на домовите те канеа, за да ги научиш умилително да ја пеат Христовата песна: Алилуја! Икос 6 Кога заблеска со светлината на православното благовестие во источните краишта, светителу отче Клименте, благоверниот кнез Борис те испрати во западните земји, за да му го проповедаш на народот Словото на Вистината и да бидеш прославуван вака: Радувај се, првоучителу на

нашиот народ; Радувај се, просветителу на цела Македонија! Радувај се, разрушителу на паганските жртвеници; Радувај се, градителу на Божјите храмови! Радувај се, прогонителу на мрачните суеверија; Радувај се, зашто ги утврдуваш Божјите заповеди во животот! Радувај се, ревнителу за чистотата на православието; Радувај се, застапнику, за сите нас пред Бога! Радувај се, зашто ја скрши прелеста на идолослужењето; Радувај се, зашто го насади вистинското богопочитување! Радувај се, зашто ги искорени развратните обичаи;

Радувај се, зашто ги посеа

www.povardarska-eparhija.org.mk

69


христијанските навики! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 7 По Божја волја цар Борис те возвеличи, светителу отче Клименте, со почести и дарови, но ти го запазуваше смирението и како слуга неугоден, по зборовите Господови, го направи она што беше должен да го сториш, и на Христа непрестајно Му пееше: Алилуја! Икос 7 Како нов Павле се покажа во македонската земја, светителу отче Клименте, проповедајќи му ги на народот догматите на верата и спасителните заповеди за православното знаење и побожен живот. Восхитувајќи се на длабочините на твоето учење, со песни те славословиме вака: Радувај се, пастиреначалнику, кој нè водиш кон Бога; Радувај се, духовен предводнику на твоите луѓе! Радувај се, сострадален архипастиру на Христа; Радувај се, родителу снисходлив кон твоите чеда! Радувај се, ти, кој имаш ангелоподобно житие; Радувај се, ти, кој Му пееш на Бога со бесплотните хорови! Радувај се, зашто 70

Број 27, година 7, Октомври 2013

се оддалечи од земската пристрасност; Радувај се, зашто достигна ангелска бестрасност! Радувај се, зашто ни го покажа патот кон небесата; Радувај се, зашто ги исцелуваш сите бесплатно! Радувај се, зашто ги избавуваш од неволји оние кои те почитуваат; Радувај се, зашто им даваш исцеление на душите и телата! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 8 Кога размислуваме за твоето житие, светителу отче Клименте, осознаваме, дека сме туѓинци, кои не треба да се приврзуваат, во текот на земното патување, кон суетата на овој век, затоа секогаш со зборови и дела го воспеваме подвигоположникот, Христос нашиот Спасител, пеејќи Му: Алилуја! Икос 8 Целосно си бил предаден на благовестието, светителу отче Клименте, од секаде си примал мноштво ученици и си се грижел за нивните души, како за новонасадени фиданки; си им ги разоткривал длабочините на Писмото; прими ги од своите духовни чеда овие ублажителни


слова: Радувај се, зашто ги објасни длабочините на Свештеното Писмо; Радувај се, зашто на своите ученици им ја откри тајната на богословието! Радувај се, зашто ги уништи замките на латинската ерес; Радувај се, зашто потполно ја обессили демонската прелест! Радувај се, благогласна трубо на благовестието; Радувај се, пчело, која изобилно црпеш нектар од Писанието! Радувај се, составителу на проповеднички поученија; Радувај се, љубителу на духовни созерцанија! Радувај се, тихувателу среде многусловното учителство; Радувај се, зашто го постави смирението за основа на животот! Радувај се, зашто се смири со најтешки трудови; Радувај се, зашто пребиваше во пост и молитви! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

епископ на градот Охрид. Луѓето кога го видоа новиот архиереј од својот род, Му заблагодарија на Бога и со радост пееја: Алилуја! Икос 9 Слаткоречивите говорници не успеваат да ги пофалат сите твои трудови, светителу отче Клименте; за свештенството си се грижел, достојните си ги возведувал во чин, неуките си ги описменувал, на напредните си им ја предавал длабочината на Премудроста Божја, за сите си бил во служењето полнота на совршенството. Затоа ние те прославуваме, воскликнувајќи вака: Радувај се, светило на архиерејското служење; Радувај се, поразу на

Кондак 9 Ти покажа исклучителна усрдност како учител на македонскиот народ, светителу отче Клименте, затоа тогашниот цар Симеон те постави за www.povardarska-eparhija.org.mk

71


разнообразните ереси! Радувај се, архипастиру на словесните овци; Радувај се, сместилиште на небесните дарови! Радувај се, образецу на светителско подвизување; Радувај се, правило на благоразумно расудување! Радувај се, побожен украсу на свештенството; Радувај се, освежителен потоку на духовната утеха! Радувај се, извору на славното усрдие; Радувај се, наставнику на кроткото поучение! Радувај се, непоколеблив стожеру на православието; Радувај се, посебно достоинство на Македонија! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 10 Бидејќи сакаше да го спасиш довереното ти од Бога стадо на словесни овци, светителу отче Клименте, со апостолска усрдност ја обиколи целата земја и го искорени идолослужењето, повикувајќи ја паствата кон спасение и утврдувајќи ја во православието, затоа со една уста и едно срце Го воспеваме Христа: Алилуја!

72

Број 27, година 7, Октомври 2013

Икос 10 Бедем и ограда на сите си бил, светителу отче Клименте, си им помагал на беспомошните и за навредените си се застапувал, со дар на чудотворство си ги укрепувал раслабените, хромите си ги исправал, на слепите прогледување си им дарувал. Затоа те прославуваме, пеејќи ти: Радувај се, зашто изгради манастир на целителот Пантелејмон; Радувај се, зашто го подражаваш со благодатното исцелување! Радувај се, зашто ги избавуваш од злоба оние кои те почитуваат; Радувај се, зашто ги развеселуваш душите на оние кои итаат при тебе! Радувај се, зашто нè чуваш од несреќи нас, кои доаѓаме кај тебе; Радувај се, зашто пред твоето лице горко се каеме за гревовите! Радувај се, зашто се издигнуваш кон совршенството на Небесниот Отец; Радувај се, зашто си ја придобил љубовта на добриот пастир – Христос! Радувај се, зашто ги имаш сите евангелски добродетели; Радувај се, зашто имаш житие подобно на бесплотните


сили! Радувај се, зашто ликувајќи те слави цела Македонија; Радувај се, зашто те почитува секоја Православна црква! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 11 Во пустинско безмолвие си принесувал песни на Бога и да го напуштиш светот си се подготвувал, во манастир да заминеш и на твоето место друг да изберат си молел, кој бодро ќе Му пее на Семоќниот Бог: Алилуја! Икос 11 Како светлоносна свеќа те виде, светителу отче Клименте, царот Симеон, и не сакаше да те пушти, така и ние, кои духовно ги следиме твоите чекори, се молиме постојано да пребиваш со нас и до сесрце ти пееме вака: Радувај се, зашто си ја стекнал бестрасноста на бесплотните сили; Радувај се, зашто уште на земјата имаше ангелско достоинство! Радувај се, зашто си ја замразил фарисејската гордост; Радувај се, зашто си го подражавал смирението на митникот! Радувај се, наставнику на

паствата со боговдахновено учење; Радувај се, зашто си го сочувал својот народ од секакви ереси! Радувај се, првопрестолнику на светите архиереи; Радувај се, наставнику на побожните свештеници! Радувај се, угоднику на Бога со чисти добродетели; Радувај се, зашто си ги радувал ангелите со својата правда! Радувај се, зашто си наследил вечен блажен живот; Радувај се, зашто излеваш благодат на оние, кои притекнуваат при тебе! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 12 Кога сакаше да ти ја испрати благодатта на вечната награда,

www.povardarska-eparhija.org.mk

73


светителу отче Клименте, Небесниот Цар ти испрати претсмртна болест. Ти смртниот час го предвиде и раздаде сè што имаше, го поучи народот и сите ги благослови; имајќи христијански крај и својата света душа ја предаде во рацете Божји, зашто Му пееше на твојот Бог во вечни векови: Алилуја! Икос 12 Фалејќи те со песни, светителу отче Клименте, ги прославуваме многујавените чудеса од твоите мошти – бесови се изгонуваат, исушени раце и нозе оживуваат, слепи очи според верата примаат од твојот гроб исцеление. ��атоа ти пееме вака: Радувај се, зашто твоите мошти даваат духовно исцеление; Радувај се, зашто молитвата во твојот храм носи од смрт избавление! Радувај се, чудотворче, зашто ги исцелуваш нашите исушени органи; Радувај се, поборнику, кој ги ослободуваш луѓето од бесови! Радувај се, зашто заштитуваш од демонски напади; Радувај се, исцелителу, кој ја лекуваш секоја страст! Радувај се, зашто ги просветуваш луѓето во патот на православието; 74

Број 27, година 7, Октомври 2013

Радувај се, зашто душите од мрак ги изведуваш на светлина! Радувај се, извору на неброени чудеса; Радувај се, пофалбо на сите православни! Радувај се, блескава славо на градот Охрид; Радувај се, непоколеблива заштито на македонскиот народ! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Кондак 13 О, преблажен светителу отче Клименте, прими ја оваа наша мала прослава, која ти ја принесуваме од длабочините на своето срце, и не престанувај да го утврдуваш својот народ во православната вера и да испросуваш во молитва простување на гревовите, откако ќе нè удостиш заедно со тебе и со сите светии да ја воспеваме Света Троица непрестајно пеејќи: Алилуја! (овој кондак се чита три пати) Потоа Икос 1 и Кондак 1 Икос 1 Те почитуваме како ангел на Охридската црква, светителу отче Клименте, ти, кој од словенските првоучители си ја добил евангелската просвета. Самиот ти шепни ни, во нашите смирени срца, та да ти ја пееме достојно


оваа пофална песна: Радувај се, од Бога даруван сине на твоите родители; Радувај се, од Бога предизбран Христов светителу! Радувај се, ти, кој од мајчиното млеко си воспитан во благочестие; Радувај се, ти, кој од детството си го здобил вистинскиот Божји Дух! Радувај се, ти, кој од младоста си го насочил погледот кон небото; Радувај се, ти, кој од првиот здив си Го возљубил Бога! Радувај се, ти, кој во молитва се вознесуваш кон Бога; Радувај се, ти, кој си украсен со благомирисот на целомуреноста! Радувај се, ти, кој си роден за просветување на македонскиот род; Радувај се, зашто си ја научил вистинската вера од светите Методиј и Кирил! Радувај се, зашто од нив премудро си се утврдил во православието; Радувај се, зашто си неуморен трудбеник на Христовото благовестие! Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 1 Сепобедничкиот Војвода на светлите бесплотни сили те избра, светителу отче Клименте, да го изгониш бесовскиот мрак од нашата земја со светлината на Евангелието. Затоа ние, твоите чеда, просветени со твоето слово, пееме пофални песни во твоја чест: радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче! Потоа се чита молитвата кон свети Климент Охридски: О, велик Божји угоднику и седобар наш отче Клименте, Охридски чудотворче! Ти кој во должина и широчина цела Македонија ја озари со евангелската вистина, послушај нè нас, кои со вера прибегнуваме кон твоето застапништво и со горешта молитва те повикуваме на помош! Дарувај ни добро здравје и секакви земни дарови, избави нè од

www.povardarska-eparhija.org.mk

75


стрелите на лукавиот, утврди нè во евангелската правда, укрепи нè во љубовта кон Бога и кон ближните и поткрепи нè во подвигот на благодатното искачување по небесната скала на вечното спасение. Оградувај го и понатаму со душеспасителни грижи твојот македонски народ и запази го од воени напади, внатрешни немири, од земјотреси, од глад, и од секое зло и несреќа. Биди му вечен небесен покровител, за да опстојува во слобода и долгоденствие, во љубов и благочестие, во мир и добар напредок. Како некогаш што си ги удостоил со милоста сите, кои со вера и надеж прибегнувале до твојот светителски престол, така и сега помилуј нè сите нас, кои со жива вера се поклонуваме пред твоите свети мошти и усрдно те молиме: облечи нè во духовна сила, за да ги исполнуваме заветите на Христовото Евангелие и утврди нè во патот на евангелските добродетели, та преку подвигот на благочестието и преку твоето невидливо застапништво да го поминеме мирно и безбедно животниот мегдан, да минуваме тивок и безгрешен живот во овој век, а во идниот да се удостоиме да го чуеме Христовиот блажен и спасителен повик: „Дојдете вие, благословени од Мојот Отец, и наследете го царството, приготвено за вас од создавањето на светот!“ Амин! 76

Број 27, година 7, Октомври 2013


ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ВО БРАК, ДЕЦАТА ИМ СЕ И БРОЈАНИЦА И МЕТАНИИ СВЕШТЕНИК ЈАНИ МУЛЕВ

ветоста Бог ја дава секому според подвигот, според љубовта која ја покажуваме кон Бога и кон ближните, според мерката од нашето уподобување на Бога, според нашето соединување и единство со Бога. Но секако, Бог има предвид уште многу фактори, како што е времето во кое живееме, местото каде што живееме, семејството, воспитувањето, опкружувањето, менталитетот на околината, духовната клима, состојбата на нашите духовни отци – учители, дали сме во брак или во манастир, и многу други. Бидејќи постојат многу светители, кои имале различни подвизи и призив од Бога, Светата Црква ги категоризирала во повеќе категории: 1. Пророци – оние кои во Стариот завет го подготвувале народот за доаѓањето во тело на Синот Божји, нашиот Господ Исус Христос. Бог им откривал што да му кажуваат тие на народот, а нивните пророштва се однесувале на раѓањето и мисијата на Спасителот Христос. Но пророци не се само оние кои пророкувале, туку тие воедно ја проповедале и ја чувале верата од валкање и искривување. 2. Апостоли и рамноапостоли – дванаесетте апостоли, потоа седумдесетте апостоли, и сите оние кои извршиле голем мисионерски труд, и цели народи и земји ги обратиле во верата, во Светата Црква се наречени рамноапостолни, односно, еднакви на апостолите. 3. Светители – оние кои преку подвижничко-литургиски живот се приближиле до Бога, и од Него добиле светост. Голем дел од нив имаат свештенички и епископски чинови, а во оваа група припаѓаат и најголемите богослови на Црквата Божја. 4. Маченици и свештеномаченици – оние кои со својата крв ја посведочиле верноста и верата кон Бога. Оние маченици кои имале свештенички чин, се нарекуваат свештеномаченици.

С

www.povardarska-eparhija.org.mk

77


5. Исповедници – оние кои претрпеле мачења и страдања заради Христа, но кои не се откажале од Христа, но и не загинале маченички. Тие уште во својот живот имале голема почит од сите во Црквата. 6. Богослови – оние кои со својот богопросветлен ум ги достигнале и објавиле Божествените тајни, боговидци, кои не од човек, ниту од книга се научиле, туку директно од Бога. Такви Црквата има тројца: Свети Јован Богослов (апостол и евангелист), свети Григориј Богослов и свети Симеон Новиот Богослов. 7. Преподобни – светители кои биле монаси, кои со својот живот се уподобиле на Христа, станале премногу слични на Христа, т.е. преподобни. 8. Свети Цареви – христијански цареви кои живееле богоугоден живот (а некои од нив и се замонашиле), направиле големи дела за Светата Црква, спречиле создавање и ширење на расколи и ереси. Голем дел од нив имаат и нетлени и чудотворни мошти. Како цареви тие имаат поинаков подвиг, да војуваат, да ја чуваат Црквата и државата, да ја шират верата, и често пати иако некои од нив имаат направено и тешки гревови, сепак Бог пак им дал светост. 9. Јуродиви (Луди заради Христос) – тежок и доброволен подвиг, кога човек намерно зема на себе подвиг на доброволно лудило, т.е. пред луѓето глуми дека е луд, за да ги избегне пофалбите и почестите од народот, а живее во постојани навреди и понижувања, кои спокојно ги поднесува, и Му благодари на Бога. Нивниот подвиг нема правила, тие често прават и несфатливи и чудни работи, кои стануваат јасни дури по нивната смрт. Ова е еден од најтешките доброволни подвизи, и него го прифаќаат само оние силни по дух, кои Бог ги избира и повикува. 10. Девственици – оние кои ја зачувале својата девственост цел живот, и животот на Бога Му го посветиле. Светиот Јован Крстител како и дел од апостолите биле девственици. Тие се зародиш на монашкиот живот. Затоа најчесто манастирите се посветени на Пресвета Богородица и на свети Јован Крстител – примери за девственички живот. 11. Покајници – оние кои во светот живееле многу грешен живот, и кои имале голема промена и покајание за поранешните гревови. Бог го примил нивното покајание и им ги простил гревовите, па заради нивните промена, љубов и подвижнички живот, Бог ги дарувал со светост. Постојат и други категории на светители, но овде би сакал да се задржиме на светоста на брачните луѓе, и да ги разгледаме прашањата кои ги измачуваат многумина: Каков подвиг треба да имаат луѓето во брак, за да бидат спасени и да добијат светост? Дали треба да го минат времето само во молитва, и колку и какви подвизи треба тие да имаат? Читајќи ги поуките на современите старци, кои претежно биле монаси, многумина од верниците сакаат да ги преточат во својот живот нивните поуки. Но, оние што се веќе во брак веднаш наидуваат на големи 78

Број 27, година 7, Октомври 2013


пречки. Имаат семејни обврски, сопруг/а, деца, работа, дом, и времето за молитва и други подвизи е сведено на минимум. И веднаш оние кои имаат ревност за поинтензивен духовен живот, паѓаат во очај, мислејќи дека, ете, тие не можат во целост да ги исполнат поуките на старците, на духовниците, дека нивниот духовен живот не може да биде на такво високо ниво, како што е на пр. кај монасите, и дека не може да имаат светост затоа што немаат такви подвизи. Веднаш може да констатираме дека тоа е заблуда. Бракот и монаштвото имаат иста вредност, ниту бракот е над монаштвото, ниту монаштвото над бракот. Но и покрај нивната иста вредност, секој од нив си има свои подвизи. Монахот е повикан животот да го помине во молитва, пост, покајание, воздржание, во стекнување на смирение и совршена љубов, во целосна посветеност и служење на Бога и на ближните. Затоа оној кој сака да биде монах, должен е да се откаже од бракот и од секоја друга материјална приврзаност, за да биде само со Бога, а потоа да им послужи и на ближните. Монахот, особено оној кој нема никаков чин, е посветен само на грижата за личното спасение, и на таквиот му е многу полесно да се искачува по духовната „скала“, од оние кои се во брак. Таквиот пат на монасите и на брачните го споредуваат со искачување на планина. Оној кој се искачува сам, без никаков товар врз себе (семејство), лесно стигнува до врвот, додека, пак, оној кој е натоварен со многу торби и ранци (семејството и грижите околу него) со голема тешкотија и многу бавно се искачува до врвот. Затоа Бог дава очигледна светост кај оние (но не кај сите) кои решиле да се откажат од семејство и да бидат само со Него, додека, пак, на оние кои решиле да стапат во благословен брак, им дава благодат за брачен живот, за да можат да се изборат со брачните искушенија, да ги воспитуваат децата, и да ги изведат на вистински пат. Оној кој доброволно го прифаќа брачниот јарем, повикан е да се грижи за својот сопруг/а, да создава семејство, да се грижи за раѓањето и воспитувањето на своите деца, да заработува за да го прехрани семејството, да ги обезбеди своите домашни со сите материјални и духовни средства за живеење. Апостолот Павле вели: „Неженетиот се грижи за Господови работи, – како да Му угоди на Господа; а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената. Постои разлика меѓу жена и девојка; неомажената се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да стане света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на мажот свој. Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам замка, туку за убава и пристојна служба на Господа без пречки“ (1.Кор. 7, 32-35). Значи и бракот и девството (монаштвото) се убава и пристојна служба на Бога, која, доколку се отслужи како што треба, Бог ја наградува со светост. Брачните се повикани на подвигот татковство и мајчинство, на подвигот www.povardarska-eparhija.org.mk

79


за воспитување на деца (идни монаси, свештеници, епископи), а целта на секој подвиг е љубовта. Во таков подвиг подвизувајќи се, многу побожни родители добиваат светост заради големиот труд и посветеност на Бога и на семејството, како што гледаме во житијата на светиите, на пр. Светите Јоаким и Ана, Захарија и Елисавета, мајката на свети Симеон Дивногорец – света Марта, бабата на свети Владимир – света Олга, света Емелија мајката на свети Григориј Ниски, свети Василиј Велики, света Макрина, свети Петар еп. Севастиски, света Теозвија; мајката на свети Григориј Богослов – света Нона и многу други свети родители. Има уште многу свети родители, кои Бог не ги дарувал со дар на чудотворство, и кои не се канонизирани во диптихот на светителите, а сепак пред Бога се свети. Тоа се оние кои со солзи и молитви ги воспитале своите деца и од нив направиле богослужители. Доволно е да ги прочитаме житијата на некои од современите свети старци и старици, и ќе ни стане јасно. Постојат и крајности во подвижничкиот живота, па така, митрополитот Антониј (Блум) раскажува еден индикативен настан од неговото долгогодишно архипастирско искуство. Еден свештеник бил поставен како надзорник при изградбата на една црква. Притоа, тој толку посветено ја работел таа служба, што дури и дома не си доаѓал, од утро до мрак бил кај црквата. Но неговата сопруга и деца биле постојано сами и незадоволни од него, и му се пожалиле на владиката. Богомудриот владика го повикал свештеникот на разговор, и му кажал, дека попусто се труди околу градењето на црквата, штом дозволил да му се разруши неговата домашна црква – семејството. Попусто е да изгради и уште десет цркви, ако неговото семејство се распаѓа. Таквиот труд не е од Бога благословен. Свештеникот ги примил поуките на неговиот архиереј, и почнал со поголемо расудување да работи, и да се грижи за градењето на црквата, но подеднакво се грижел и за потребите на неговото семејство – домашната црква, па така, и бракот си го зачувал, и црквата ја изградил. Во житието на светиот старец Јаков Цаликис читаме еден настан, кој е во непосредна врска со темава за која зборуваме, а воедно е и одговор на поставените прашања. Едно благочестиво семејство имало 9 деца. Сопругот бил многу побожен и многу ревносен во духовниот живот. Буквално сакал да живее како да е калуѓер. Неговата жена се жалела кај старецот дека многу се изморува и барала помош. Кога доаѓала во манастирот сама со децата, тие плачеле, викале, а плачела и таа зашто била преморена... Тој, пак, нејзиниот сопруг, одел во еден параклис на „Светите Бесребреници“ и таму правел метании, се молел со бројаница и бдеел. Сопругата отишла и се жалела со плачење кај старецот, а и имала право. Наредниот ден старецот штом ги видел во дворот заедно, сфатил 80

Број 27, година 7, Октомври 2013


дека нешто се случува и дека се имаат скарано помеѓу себе. Старецот со благи зборови и расудување зборувал со натажената мајка за да ја утеши, а храбро и внимателно со насмевка му рекол на таткото: „Ти се израдував вчера. Пееше цела ноќ и се молеше. Добро направи! Но ќе имаше поголем благослов и награда, ако седеше половина час, а не три часа, и ако беше близу до жена ти и ако ѝ помагаше да ги нахрани децата за да спијат. Бидејќи, за вас брачните, бројаница и метании се вашите деца. Кога ќе пораснат ќе имате време и за молитви и бројаница... Царевите се должни да ја чуваат и бранат својата земја и Црква, а ако е потребно и во војна да одат против непријателите, и пак Бог ќе ги дарува со светост за нивниот труд. Светите воини се бореле против непријателите, во одбрана на татковината и убивале во војните, но не се извалкале во други телесни и духовни гревови, не застраниле во многубоштво или ерес, и затоа Бог ги прославил со светителски венци. Светителите и преподобните се молеле, се бореле со своите страсти и гревови, и заради силните напори и победата над себе, Бог ги направил свои свети садови, свои свети инструменти, преку кои Он ни говори. Девствениците се избориле со плотските страсти и своето тело го покориле под духот, и затоа Бог им дал светост. Покајниците се откажале од старите гревови и со многу голем подвижнички напор и труд успеале да ги очистат своите умови и срца од сите страсти и од сите гревови, па Бог, Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познание на вистината (1.Тим. 2, 4), им ги простил сите гревови, и ги направил побели и почисти и од снегот. Според сè што беше кажано погоре следува заклучокот дека, петте минути кои родителот ги користи за молитва, додека го успива своето дете, имаат иста вредност пред Бога, како и петте часови на монахот во молитва. Никој не бара од родителот да се моли со часови, како што никој не бара од монасите да се грижат за деца. Оние кои ќе успеат во ова лудо време да го сочуваат својот брак во светост, и да ги воспитаат правилно во верата своите деца, таквите од Бога ќе добијат поголема награда и светост, од многумина кои се откажале од светот, и Бог таквите ќе ги насели во населбите на светителите и мачениците, затоа што добро се бореле со добар подвиг (1.Тим. 6,12), патот го завршиле, верата ја запазиле (2. Тим. 4, 7).

www.povardarska-eparhija.org.mk

81


82

Број 27, година 7, Октомври 2013


Православна Светлина бр. 27