Промовирање на младински активизам во мултиетнички заедници

Page 1



Оваа публикација е изработена како дел од проектот Промовирање на младински активизам во мултиетнички заедници, спроведен од Здружение Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) со поддршка од Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy - NED).

Целта на оваа публикација е да се даде фокус на методот „Младински повик” (Youth Call) како метод за младинско учество во донесување на одлуки и остварување на промени во заедниците преку овозможување пристап на младите до ресурси за финансирање и управување. Публикацијата споделува примери од 5 успешно спроведени иницијативи за застапување поддржани преку „Младинскиот повик” кои обезбедија поголемо влијание врз локалните заедници каде што учесниците беа сопственици на инцијативите за застапување и нивните семејства, пријатели и

претставници на нивните заедници ги гледаа како активни придонесувачи кон општеството. Во оваа публикација може да најдете како, чекор по чекор, да се адресираат потребите на заедницата, да се поттикнат младите да развиваат успешни иницијативи и да се обезбеди одржливост и долгорочно влијание на истите. Би сакале да им се заблагодариме на сите што придонесоа кон проектот и развојот на оваа публикација, на сите учесници во иницијативите за застапување, како и на лидерите на „Младинскиот повик” и на општествените чинители (засегнатите страни) кои придонесоа кон остварување на секоја од овие иницијативи.

Здружение Центар за интеркултурен дијалог


Младинското учество и неговата важност Учеството на младите на сите нивоа во општеството е долгорочна цел на различни младински политики, и многу младински организации работат на промовирање на истата. Но, младинското учеството само по себе не е завршен, туку е тековен процес што се учи и се практикува. Младинското учество беше дефинирано со Ревидираната европска повелба за младинско учество во локалниот и регионалниот живот: „Учеството во демократскиот живот на секоја заедница е многу повеќе од гласање или кандидирање за избори, иако тие се важни елементи. Учество и активно граѓанство значи да се има право, средства, простор и можност, и кога е потребно, поддршка за учество во и влијание на одлуки и вклучување во акции и активности за да се придонесе за градење на подобро општество “.1 Младинското учеството се случува, и треба да се случува со сите области на животот: Во политичкиот живот – остварување моќ во однос на властите и владите, јавните политики и распределбата на одлуките на различни нивоа; Во економскиот живот – преку вработување и работење; Во културниот живот – преку изразување во различни форми на уметност и имање на пристап до истиот;

1

Ревидирана европска повелба за младинско учество во локалниот и регионалниот живот, 2003, Конгрес на локални и регионални власти на Советот на Европа, достапна овде: https://www.coe.int/en/web/youth/adopted-texts-and-recommendations


Во социјалниот живот – преку вклучување во животот во заедницата, нејзините социјални проблеми и придобивки. Погоре цитираната дефиниција за учество вели дека учеството е процес во заедницата кој бара исполнување на неколку предуслови за да може да се оствари правилно. Тоа исто така е познато како моделот RMSOS 2 (права, средства, простор, можност, поддршка).

3

Во продолжение ќе го истражиме овој модел во релација на истражување на проблемите поврзани со „Младински повик”. Правото на учество e суштинско човеково право, кое потекнува од основните граѓански и политички права. Младите, исто како и другите луѓе, го имаат основното човеково право да учествуваат. Ова право е запишано во различни документи што се користат на локално и национално ниво, меѓу кои и Уставот.

2

Заб. на прев. RMSOS (Rights, Means, Spaces, Opportunity, Support) Кажете го своето!’ Прирачникот за ревидираната европска повелба за учество на млади луѓе во локалниот и регионалниот живот, 2015 година, Совет на Европа, достапен овде: https://rm.coe.int/16807023e0 3


Исто така, налага дека младите треба да се залагаат и да го користат своето право на учество. „Младинскиот повик” исто така им обезбедува на младите право да учествуваат во одлучувањето за финансирање на проекти предводени од млади. Воедно, се грижи за почитување на пристапот заснован на правата преку обезбедување на можност за учество. Под средства за учество се мисли на имање предуслови за учествување. Ова значи дека треба да се задоволат основните потреби со цел младите да можат значајно да учествуваат. На пример, дали сите млади луѓе можат да пристигнат на одредено место за да учествуваат (пристап до транспорт) или дали сите млади имаат пристап до Интернет за да учествуваат онлајн. Придобивките од учеството секако се поголеми од трошоците на средствата, бидејќи истите не треба да бидат фактор на дискриминација или нееднаквост. „Младинскиот повик” им овозможува на младите луѓе да презентираат проекти што ќе идентификуваат средства кои им се потребни за да учествуваат. Младите исто така, одлучуваат да ги адресираат овие потреби на врсничко ниво. На тој начин, “Младинскиот повик” може да обезбеди распределба на буџет за тие средствата за учество што им се вистински потребни на самите млади. Просторот за учество се однесува на тоа дали институционалните процеси и процесите на донесување одлуки обезбедуваат простор (вклучително и физички простор) за состаноци, организирање и консултации. Овие простори треба да бидат достапни за сите заинтересирани, видливи и препознатливи, како и транспарентни простори. Обезбедениот простор често се манипулира со намера да се токенизираат младите луѓе, па затоа, транспарентниот процес и дефинирањето на просторите за учество се важен фактор за обезбедување на значајно учество. Просторот кој го обезбедува „Младинскиот повик” за младите е место каде што тие може да се сретнат и да одлучат за финансирање на други младински


проекти, да постават вистински простор предводен од младите и да се осигураат дека овој модел ќе ги инспирира и другите. Воспоставувањето на „Младинскиот повик” со своите транспарентни правила промовира простори за младинско учество кои не треба да се користат за манипулирање со младите луѓе, туку за нивно зајакнување и поддршка. Можноста за учество значи дека младите треба да знаат како можат да учествуваат. Овие информации треба да бидат јасни и достапни. Можноста не подразбира само објавување на повици за учество на Интернет, туку исто така се однесува и на осигурување дека процесите и системите за донесување одлуки се јасно објаснети и се достапни за младите, за да тие можат да ги разберат и имаат доволно време и структури за поддршка за да тие процеси и системи имаат смисла за нив. Процесот на „Младински повик” промовира разбирлива комуникација со младите, што создава можност за учество. Работата на „Младинскиот повик” има за цел да се осигура дека младите на свој начин ги создаваат проектите кои им даваат можност за учество на нивните врсници. Поддршката за учество значи да се обезбеди потребната поддршка за младите да учествуваат, изразена преку финансиски средства, или соодветната програма за младинска работа или едукативни програми, вклучувајќи обуки и совети за различните чекори на учество. Ова не значи да се донесе одлука во име на младите, туку да им се обезбедат информации и обука за да можат самите да донесат информирана одлука. „Младинскиот повик” нуди придружни информации и насоки за младите да можат сами да носат одлуки. Исто така, нуди едукативни активности и други начини на поддршка на младите за тие се охрабрат и информираат за да можат да донесуваат одлуки и да ја унапредат својата работа.


Учеството е неопходно за демократските процеси и не треба да се зема здраво за готово. Исто како и сè друго, учеството треба да се научи и да се поддржува преку мерки и системи што го поттикнуваат и овозможуваат тоа.

Состојбата на младите во Северна Македонија

„80% од младите во Северна Македонија тврдат дека надлежните институции воопшто не се грижат за нив или само делумно се грижат за нив, нивните потреби и нивните проблеми. “ „Само еден од пет млади луѓе во Северна Македонија веруваат дека Владата е посветена на решавање на проблемите на младите. “ „71% се опишуваат како социјално неактивни граѓани. “ „Само 8% од младите презеле чекори за решавање на одреден општествен проблем. “

Сите овие изјави се извадени од истражувањето што беше спроведено со млади луѓе во Северна Македонија за социо-политичкото учество на младите во земјата.4 Студијата е спроведена од Фондацијата за демократија Вестминстер, во која се прикажани сегашната состојба на младите во Северна Македонија и нивната позиција кога станува збор за нивните потреби на политичко и социјално ниво, како и нивото на нивната вклученост во рамките на општеството и нивните заедници.

4

Социо-политичкото учество на младинте во Северна Македонија: Апатија, оптимизам или разочарување, 2019, Фондација за демократија Вестминстер, достапна на: https://www.wfd.org/wpcontent/uploads/2019/12/WFD-Youth-NMK.pdf


До неодамна, кога беше донесен Законот за младинско учество и младински политики5 (на почетокот на 2020 година), Северна Македонија немаше закони или подзаконски акти за учество на младите и потребата од систематска поддршка за истите. И покрај донесувањето на Законот пред повеќе од неколку месеци, практикувањето на истиот сè уште не е започнато, а од овој момент останува уште долг пат, со цел да се помогне и да се обезбеди промена на горенаведената состојба на млади луѓе (во рамките на студијата) на локално и национално ниво. Во продолжение следи анализа на тековната состојба за младинското учество на повеќе нивоа.6

Младинско учество на национално ниво И покрај долгогодишните напори на младите луѓе и граѓанските организации да формираат национално младинско претставничко тело, во Северна Македонија тоа не се случи. Првото самоодржливо, демократско и партиципативно претставничко тело конечно беше развиено во 2013 година, со формирањето на Националниот младински совет на Македонија. До денес, ова младинско претставничко тело не се признава како легитимен партнер за младински прашања на национално ниво, и нема институционална и систематска поддршка. Со новодонесениот Закон за младинско учество и младински политики, ова претставничко тело повторно не е признаено, но Законот повикува на создавање на уште една структура, имено Национално собрание за млади, додека пак оперативните трошоци за организирање на општите собранија на истото е предвидено да бидат дел од Буџетот на Република Северна Македонија.

5

Закон за младинско учество и младински политики, 2020, Република Северна Македонија, достапен на: http://www.zakonzamladi.ams.gov.mk/nekategorizirano/predlog-na-zakon-za-mladinsko-uchestvo-i-mladinskipolitiki/ 6 Младинско учество во креирање на политики и донесување на одлуки, 2015, Ивана Давидовска


Дури и ако го сметаме ова како почетен чекор кон обезбедување на потребната институционална поддршка за учество на младите на национално ниво, овој Закон сè уште не гарантира поддршка за веќе постојните структури предводени од млади, но и ја зголемува конфузијата поврзана со одговорностите и отчетноста на националната структура за младинско учество. Младинско учество на локално ниво Локалните младински совети постојат како форма на младинско учество и организирање на локално ниво во некои општини. Со исклучок на неколку позитивни примери, структурата и позицијата на локалните младински совети во рамките на локалните процеси на донесување одлуки не е унифицирана и во многу од општините нивото на учество е скоро непостоечко. Околу 40 од овие локални младински совети беа создадени како консултативни тела во рамки на општините под инструкции на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Северна Македонија во 2014 година. Дополнителни 20 локални младински совети беа создадени како дел од напорите на граѓанскиот сектор и се засноваа на принципите на самоорганизирање на младите и граѓанскиот сектор.7 Со новиот Закон за младинско учество и младински политики, сите општини ќе треба да формираат локални младински совети кои ќе имаат простор да придонесат кон дискусиите кои се одржуваат како дел од Градските совети, но исто така и да иницираат различни прашања и приоритети поврзани со младите во рамки на работата на општините и развојот на локалните младински стратегии.

Единствената загриженост што се јавува со овој Закон во врска со локалните младински совети е недостатокот на дефинирање на начинот на кој ќе се 7

Како дел од проектот Младите одлучуваат! спроведен од Младински образовен форум и Здружение Центар за интеркултурен дијалог. Публикацијата Младите одлучуваат!, 2015, е достапна на: https://issuu.com/cid.macedonia/docs/mof_youth_decides


формираат истите и од кого, ставајќи го под знак прашалник демократскиот избор на младинските претставници - дел од локалните младински совети. Младинско учество на образовно ниво Младинското учеството како дел од едукативното организирање е исто така важен елемент за младинско организирање. Тоа е тесно поврзано со образовните институции во кои одат младите, главно средношколското и студентското организирање. Истражувањата покажуваат дека во земјава во моментов нема средно училиште каде што учесниците можат активно да придонесат во донесувањето одлуки во рамките на училиштата.8 Почнувајќи

од

2019

година,

споро

се

одвиваше

рестартирање

на

средношколските сојузи во Северна Македонија, како прв активен Сојуз на средношколци по распуштањето на Унијата на средношколци и Студенстки сојуз во 2008 и 2009 година. На ниво на високо образование, постојат студентски парламенти и студентски сојузи на секој од државните универзитети, и тие се регулирани според Законот за високо образование. За нивото на демократското функционирање на овие студентски сојузи може да се расправа, како и за отвореноста кон ново членство и изборните процедури за телата на истото. „Младинскиот повик” како систем за поддршка за младинско учество на локално ниво одговара на потребите на младите луѓе, а исто така и делува како коректор на пропустите кои се утврдени во рамките на веќе постојните структури на национално, локално и образовно ниво.

8

Средношколско организирање и учество, 2012, Младински образовен форум https://cutt.ly/Tar0URB


Младинското учество, но исто и негувањето на културата на младинското учество, се има вкоренето во денешново општество. Како такво, младинското учество ги гради основите на едно демократско, инклузивно и партиципативно учество за сите. За да се достигне нивото на млади луѓе кои активно учествуваат во нивната заедница, но и во донесувањето на одлуки во истата, суштински е да им се дадат средства, простор и поддршка. Со тоа, младите во заедниците се препознаени и прифатени како еднакви во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики, крерајќи простор за самите тие да станат поставувачи на агендата на заедницата. „Младинскиот повик” како таков е еден од начините за достигнување на демократско општество кое негува одржлив систем за поддршка на младите луѓе.

Youth empowerment

Multistakeholder support

Community engagement

Participation in decision making processes


. Во наредното поглавје ќе поминеме низ целиот процес на „Младинскиот повик” и ќе ги анализираме предизвиците и можностите на истиот. Како да се стигне до младите и промоција на целиот процес преку презентации – неформални и формални лидери (соработка со училишта) Сè започнува со пристапување до младите. Да се стигне до младите може да се чини како едноставен процес, но всушност самиот процес си носи повеќе предизвици. Патувањето на овој „Младински повик” започна со пристапување до младите кои живеат во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. За да се создаде една кохезивна заедница и заедница каде што нашата припадност не игра клучна улога, важно е сите да имаат ист пристап до нивните права и да им се даде простор и можност за практикување на истите. При пристапувањето до младите од овие три општини, важно беше да се земат предвид следниве фактори:

Географска рамнотежа Овој фактор игра клучна улога при креирањето на групата за „Младинскиот повик”. Треба да се има предвид дека групата треба да има лица кои доаѓаат од различни делови од заедниците бидејќи ова најчесто имплицира разлики во социјалниот и економски статус, но и да се земе предвид пристапот на овие млади луѓе до нивните права, особено близината до училиштата, културните настани и јавниот превоз. Понатаму, од суштинско значење е да се вклучат млади кои доаѓаат и од рурални и од урбани средини, маргинализирани и привилегирани географски подрачја, за да се осигура учество за сите.


Родова рамнотежа Како втор важен фактор при креирање на група, е родовата рамнотежа. Во повеќето заедници и понатаму има голема разлика помеѓу можностите кои ги имаат младите жени и младите мажи, кои понатаму се трансферираат во многу различни периоди од нивните животи (образование, можности за вработување и унапредување, плата, итн.). Во традиционални заедници како во Северна Македонија, овој феномен на институционална и социјална родова дискриминација е особено видлив, и втемелен во културите на различните етникуми кои живеат во земјата и регионот (Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, итн.). Затоа е многу важно да се поттикнат младите девојки и жени за да заземат активна улога во нивните училишта и заедници, и да им се даде можноста за истражување и отстапување од наметнатите културолошки рамки кои постојат за нив. Кога зборуваме за родот, исто така е многу важно да се надмине бинарното разбирање на истиот, и да се гледа од перспектива на распон од карактеристики кои вклучуваат родов идентитет, биолошки пол и социјални структури засновани на пол (на пр. родови улоги во заедницата, итн.).

Етничка рамнотежа Да се работи во пост-конфликтни заедници кои во исто време се и мултикултурни, мултиетнички, мултијазични и мултирелигиски, секогаш бара дополнително посветување на рамнотежата помеѓу сите овие аспекти при секое создавање на група. Во заедници како што се општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, каде што сме биле сведоци на помали и поголеми конфликти кои допринесуваат кон градењето на тензиите помеѓу различните заедници (особено помеѓу Македонците и Албанците), се создаде јасна поделба и сегрегација помеѓу двете. Тоа доведе до институционална (на пр. различни училишта каде учат учениците од различни етникуми) и социјална сегрегација


(на пр. различни места за излегување, живеење во различни делови на градот, и др.) која со години се провлекува и навидум ескалираа и покрај многуте напори на граѓанските организации и лица кои работат на оваа тема. Затоа, при создавање на групата која ќе работи заедно, клучно е да се води сметка за етничка, културна, верска и јазична рамнотежа, создавајќи простор за изразување на сите поединци без страв или срам од „отуѓување“, но исто така, и да се создаде простор за заедничко учење и разбирање на многуте сличности што ги имаат поединците и покрај нивната припадност.

Мотивација и групна комплементарност (во поглед на експертиза) Еден од аспектите кој често се занемарува при создавање група што доаѓа од различно етничко, социјално, религиско, економско и географско подрачје, е мотивацијата и групната комплементарност во однос на нивното искуство и знаење. При креирање на групата, многу е важно да се знае зошто таа млада личност сака да се приклучи (или пак да не се приклучи) на вашата група или едукативен процес, и како секое од избраните лица може да придонесе за кохезија во групата, но и во образовниот аспект, дискусиите и врсничка едукација.

Но, за да можете да ги земете предвид сите овие елементи при создавање на група, прво мора да им пристапите на младите луѓе. Кога ќе го правите тоа, многу е важно да не заборавите дека целите на формални и неформални лидери. Формалните лидери се оние до кои често може да се дојде преку училиштата бидејќи тие се вклучени во многу секции и студиски групи, претходно посетувале


многу различни работилници и обуки од неформално образование, и многу често тоа се оние кои ќе ви бидат посочени од наставниците. Неформалните лидери од друга страна можат да бидат тивки поединци кои сакаат да ги читаат, млади што ги насликале училишните графити, најпопуларните во училиштето, па дури и „кловновите” во класот. Тоа се поединци кои се истакнуваат и оние до кои другите млади сакаат да бидат близу и да бидат дел од нивната група.

„Младинскиот повик” исто така започна вака! Најпрвин, промоцијата започна преку Интернет. Тимот што работи на проектот од страната на ЦИД, разви промотивната стратегија која вклучува промоција онлајн (преку Интернет) и офлајн (во живо). Како дел од промотивната стратегија, развиени се различни промотивни дизајни, како што се флаери, објави и повици за објавување преку Интернет. Следејќи ја стратегијата, алаткатите за промоција следеа две насоки: (1) Офлајн промоција во училиштата во Куманово и Липково. Таргетирани беа училишта што имаат настава на македонски јазик и училишта со настава на албански јазик, осигурувајќи се дека промоцијата ќе достигне до младите луѓе кои живеат во Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Офлајн промоцијата започна со средби со административниот персонал во средните училишта. На овие состаноци персоналот се запозна со идејата и целите на проектот, како и долгорочниот план за проектните активности и вклученоста на училиштата и учениците. На овој начин се осигуравме дека тимот има пристап до училиштето и учениците со цел да го промовира повикот. (2) Паралелно со офлајн промоцијата се одржа и онлајн промоција, главно насочена кон младите преку социјалните медиуми.


Откако заврши процесот на промоција, беше избрана основна група од 20 мотивирани млади, и „Младинскиот повик” официјално започна!

Градење на капацитети на основниот тим за „Младински повик”

Младинска работилница – Петдневна обука за градење на капацитети во Охрид Првата активност како дел од процесот на градење на капацитети преку „Младинскиот повик” беше младинската работилница што се одржа во форма на петдневна обука за градење на капацитетите на избраните 20 млади. Бидејќи ова беше прва активност каде што се состана целата група, многу беше важно тоа што во овој момент програмата се фокусираше на создавање на групата и запознавање. Овој прв дел беше основа за формирање на групната кохезија и му даде простор на секој учесник да се чувствува безбеден со остатокот од групата и да ужива во своето време во рамките на процесот на „Младинскиот повик”. Откако се создаде групата, фокусот на програмата се префрли на интеркултурен дијалог и учење, градење доверба, човекови права и издржливост на заедницата. Покривањето на овие теми направи групата да се чувствува побезбедно заедно, а учесниците се чувствуваа пријатно да поставуваат прашања и во исто време да ги доведат во прашање наративите кои постојат во заедницата поврзани со „отуѓувањето“ на оние различни од нас. Во вториот дел од програмата беше истражуван и младинскиот активизам. Групата разговараше за заедницата и младинското лидерство, и неговата поврзаност со „Младинскиот повик” како и нивниот ангажман во рамките на овој процес.


Поради многуте теми што требаше да бидат опфатени на првата обука, образовниот тим се состоеше од четири обучувачи кои опфаќаа посебни елементи на програмата и меѓусебно се надополнуваа во рамки на истите. Покрај тоа, сите сесии беа развивани заеднички, осигурувајќи се дека има проток и поврзаност помеѓу програмата и дека секоја сесија се сврзува со следната. Важен аспект на младинската работилница беше двојазичниот пристап, кој подоцна го следеше целиот „Младински повик”. Сите сесии беа спроведени двојазично, осигурувајќи се дека програмата е разбирлива за сите учесници. Интересно е да се спомене дека обучувачите го спроведуваа процесот двојазично а не преведуваа, осигурувајќи се дека не постои чувството дека едниот јазик е поважен од другиот, туку дека и двата јазика се комплементарни еден на друг. Покрај јазикот, важно е да се увериме дека образовниот тим се состои од лица кои потекнуваат од различни етникуми, со цел да се уверат дека го разбираат не само јазикот, туку и културниот контекст за создавање кохезивна, мултикултурна и мултиетничка група.

Кратки обуки за градење на капацитети По младинската работилница во Охрид, градењето на капацитетите продолжи со развивање на компетенции на учесниците преку неколку кратки дводневни обуки. Целта на овие обуки беше да се донесат различни експерти и обучувачи од ЦИД и од организациите со кои ЦИД соработува, кои би можеле подлабоко да опфатат различни теми како што се лидерство, застапување, соработка со засегнатите страни, управување со проектниот циклус, водење на иницијативи и промоција, и менторство. Овие теми беа избрани заради природата на „Младинскиот повик” и одговорностите што ги имаат младите како дел од основната група кои подоцна


во процесот ќе треба да работат на изготвување на повик за иницијативи, промоција на повикот, доделување на грантови и менторство на други млади (нивните врсници). Првиот сет на кратки обуки за градење на капацитети беше составен од три различни дводневни обуки што се одвиваа во просториите на младинскиот центар MultiКулти во Куманово, додека пак последната обука беше комбинација на две дводневни обуки (вкупно една четиридневна обука) што се одржа во Кратово. Сите овие обуки беа многу важни за групната кохезија и за одржување на нивото на мотивација во рамките на групата за „Младинскиот повик”, но и послужија како комуникациски канал за младите да поставуваат прашања до различни експерти од областа и да научат од нивното искуство да работат со младинско застапување и зајакнување во Северна Македонија.

Отворање на „Младински повик”, процес на ре-грантирање, менторирање и спроведување на иницијативите

По обуките за градење на капацитетите, лидерите на „Младинскиот повик” беа подготвени да го започнат своето патување кон менторство и поддржување на други групи на млади во спроведувањето на нивните иницијативи. Најпрвин започнаа со дефинирање на приоритетите на повикот, имено: (1) Квалитетно образование; (2) Борба против дискриминација и нееднаквост; (3) Подобрување на културниот и социјалниот живот на младите во општеството;


(4) Пристап до правата на младите (транспорт, политичко учество, учество во училишниот систем, пристап за лица со посебни потреби до јавни институции, и др.).

Откако ги дефинираа приоритетите, лидерите на „Младинскиот повик” тогаш започнаа да го развиваат планот за промоција и да дизајнираат промотивни материјали. Постапката и формуларот за аплицирање исто така беа развиени во овој процес. Mногу важно во оваа фаза беше тоа што лидерите на „Младинскиот повик” ја добија потребната поддршка од тимот на ЦИД, како и пристап до различни материјали, планови и дигитални алатки за реализација на нивниот промотивен план. Промоцијата се одвиваше онлајн и офлајн. Лидерите на „Младинскиот повик“ се групираа во тимови и имаа различни промотивни активности за своите врсници во училиштата, како на час така и за време на паузите. Покрај тоа, тие исто така го промовираа „Младинскиот повик” и на социјалните медиуми, преку назначените профили на Инстаграм и Фејсбук. Покрај тоа, тие ги покануваа и го споделуваа повикот со своите пријатели на социјалните медиуми преку своите лични профили. На тој начин, лидерите на „Младинскиот повик“ успејаа да допрат до повеќе од 2000 млади луѓе од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, за да тие слушнат за повикот и да се заинтересираат за истиот. Последователно, по истекувањето на рокот, „Младинскиот повик” имаше околу 10 апликации кои ги исполнуваа условите и критериумите. Лидерите ги оценуваа сите апликации кои ги исполнуваа критериумите и одлучија да поддржат пет иницијативи со нивно менторство и финансиска поддршка.


По завршувањето на изборот на иницијативите, лидерите на „Младинскиот повик” и младите чии иницијативи беа поддржани, посветија 1-3 месеци (во зависност од иницијативата) во подготовките за фазата на спроведување. За тоа време, лидерите на „Младинскиот повик” ги поддржуваа младите логистички и во фаза на планирање преку менторство и пренос на знаење, но исто така и го следеа целиот процес преку различни состаноци. Откако сите подготовки беа финализирани, младите започнаа со нивните иницијативи. Иницијативите кои добија поддршка преку „Младинскиот повик” се опишани во продолжение.

(1) Клуб „Биди девојка!” (Girl UP! Club) Што? Клуб на млади девојки инспириран од движењето Биди девојка! (Girl UP!) кое цели кон подобрување на вештините, правата и можностите на девојките за да станат лидери во заедницата. Кој? Група млади девојки од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, беа основна група која го организираше и основаше клубот „Биди девојка!”. Како? Целта на оваа иницијатива беше да се создаде безбеден простор за млади жени и девојки, каде што тие ќе можат да ги унапредат своите вештини и компетенции, но и правата и можностите, за да станат лидери во нивните заедници и пошироко. Пред да се донесе одлуката да се основа овој клуб во Куманово, младите беа несигурни во врска со придонесот и достигнувањата до кои можеа да стигнат


познавајќи ја околината и сегрегацијата на училиштата, како и предизвикот да стигнат до и да им помагаат на врсниците на различни чувствителни теми. Младинскиот центар MultiКулти е место кое младите го доживуваат како безбеден простор, така што тоа беше главната причина за одбирање на овој простор за отворање на клубот „Биди девојка!”. Клубот беше започнат со здружување на млади девојки од различни заедници и припадност, кои ја формираа групата и ги испланираа идните состаноци и активности на клубот. Како дел од активностите на клубот „Биди девојка!” имаше настан за Меѓународниот ден на жените во спортот каде што клубот ги покани успешните жени во спортот да ги споделат своите приказни, за да мотивираат и инспирираат повеќе млади девојки да веруваат дека сè е можно откако ќе го вложат многу труд и страст и во тоа. Уште еден значаен ден што го одбележа клубот „Биди девојка!” беше Меѓународниот ден на жената преку организирање на мотивациска иницијатива со поддршка од Општина Куманово и локалната полициска единица. Како дел од оваа иницијатива, клубот „Биди девојка!” разделуваше цвеќиња и разгледници со поттикнувачки цитати за правата и еднаквоста на жените.

(2) Човекови права и извидништво

Што? Работилница за човекови права организирана во О.У. „Светозар Марковиќ” во Старо Нагоричане, и дводневна обука на истата тема која се одржа во училишниот интернат во с Драгоманце.


Кој? Иницијативата беше организирана од млади извидници од Куманово и Старо Нагоричане, користејќи различни активности и извиднички методи за запознавање на човековите права на младите од руралното подрачје на Старо Нагоричане. Како? Оваа иницијатива беше развиена во 2 фази: (1) работилници за човекови права во О.У. „Светозар Марковиќ” со околу 30 ученици кои учествуваа во различни неформални едукативни активности, групни дискусии и игри за воведување во човековите права и правата на децата. Втората фаза (2) беше дводневна обука што се одвиваше во училишниот интернат во с.Драгоманце. Во текот на оваа локална дводневна обука, учесниците се запознаа со Универзалната декларација за човекови права и имаа можност да разговараат за правата и да размислуваат за нив во поглед на нивната локална заедница. Покрај тоа, за време на обуката учесниците исто така се запознаа со средствата и механизмите за заштита на нивните права и како можат да се соочат со истите. Оваа иницијатива исто така имаше и застапувачки елемент, фокусирајќи се на состаноци со градоначалникот на Старо Нагоричане и директорот на О.У. „Христијан Т. Карпош“ во с. Драгоманце и О.У. „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, сè со цел да се подигне свесноста за потребата од едукација за човекови права, особено кај учениците од основно училиште и застапување за нивна континуирана поддршка и интерес за организирање на работилници на оваа тема од страна на училиштето, граѓанските организации и различните млади кои работат на темата за човекови права.


(3) Слободата на движење важи за сите! Што? Иницијатива за застапување за пристап на лица со попреченост до јавните институции. Кој? Иницијативата беше организирана од група млади луѓе од Куманово (Македонци и Албанци). Како? Иницијативата за застапување започна со подготовка на кратко видео за подигање на свеста за (недостатокот од) инфраструктура и предизвиците со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во Куманово, особено оние со физичка попреченост. Групата млади ги снимаше најфреквентните локации во центарот на градот, покажувајќи дека улиците, институциите, училиштата, и кафулињата не се прилагодени за лицата со посебни потреби. По финализирањето на видеото, истото беше прикачено на Јутјуб од каде понатаму беше споделено со пошироката публика. Иницијативата за застапување подоцна продолжи со средба со градоначалникот на Куманово, со цел да се нагласи дека потребата за подобрувања во инфраструктурата е од голема важност во општината, а за да се реши овој проблем, општината треба да заземе одржлив и сериозен пристап кон обезбедување пристапност и можност за слободно движење, а во исто време и пристап до нивните права на сите луѓе од Куманово. Како последователна активност што беше договорена со градоначалникот на Куманово, беше младите да го даваат својот придонес до градската администрација за изготвување на план што понатаму ќе биде доставен до Градскиот совет и ќе служи како основа за инфраструктурните измени во општината.


(4) Критичко и креативно пишување

Што? Работилници во О.С.У “Гоце Делчев” за развивање на критичко мислење кај младите и изразување преку креативно пишување. Кој? Група млади луѓе од Куманово, Ликово и Старо Нагоричане, предводена од млад студент по литература и активист во локалниот театар.

Како? Оваа иницијатива се засноваше на потребата да се изградат капацитетите на младите луѓе во Куманово, Липково и Старо Нагоричане во критичко размислување и да се прошират нивните интереси и погледи надвор од она што го учат на училиште. Преку серија работилници, младите средношколци од О.С.У “Гоце Делчев” имаа можност да истражуваат различни книжевни насоки, писатели, како и да дискутираат на теми со кои се занимаваат некои од најголемите умови филозофија, род, оснажнување 9 и сл. Младите имаа можност практично да се изразат усно и писмено знаејќи дека нивното мислење на различни теми е важно, но исто така и беа охрабрени да истражуваат, читаат и критички да проценат сè што слушаат, и да ја доведуваат во прашање секоја еднострана вистина.

9

Заб. на прев. еmpowerment


(5) Социјални предизвици на една млада личност во нашата земја

Што? Натпревар за пишување на есеј на темата ‘Социјални предизвици на една млада личност во нашата земја’. Кој? Оваа иницијатива беше организирана од група млади средношколци, кои посетуваат настава на албански јазик на С.О.У „Перо Наков“. Како? Група млади средношколци се пријавија на „Младинскиот повик” со идеја да организираат натпревар за пишување во своето училиште, за да ги мотивираат младите луѓе да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат во врска со (недостаток на) пристап до нивните социјални права во рамките на училиштето и заедницата. Со тоа младите би имале комуникациски канал преку кој да се изразат без страв од осудување од страна на нивните наставници и заедницата, но исто така и да го искористат своето критичко размислување и изразување, осигурувајќи се дека социјалните права повторно ќе се стават на агендите на училиштата и локалните заедници. Ова особено беше охрабрено преку организирање на дискусии засновани на неформално образование што ги опфаќаат темите на есеите, каде што секој од учениците можеше гласно да ги сподели своите мислења и да го изрази своето гледиште. Важен елемент на оваа иницијатива беше соработката на младите со училиштето, поточно со наставниците по литература, кои охрабрија повеќе од нивните ученици да учествуваат во натпреварот, но исто така и беа дел од жирито кое подоцна ги оценуваше есеите.


Поддршка и подготовка на лидерите на „Младинскиот повик” од страна на младинските работници во ЦИД Целна група на „Младинскиот повик” беа млади луѓе кои се во раните фази од средното училиште (воглавно прва и втора година) и кои немаа многу искуство во работа со неформално образование, едукативни обуки надвор од училиштето, и во целина немаат големо искуство со работа во меѓукултурни групи. Затоа, тимот на ЦИД им пружаше поддршка на избраните млади луѓе за „Младинскиот повик”, од нивната селекција до финализирање на процесот (и пошироко). Поддршката беше дадена во многу различни форми, почнувајќи од нивно запознавање со неформалното образование, до запознавање на нивните наставници и родители со целите на меѓукултурното учење, до одговарање на прашања од различни области на интерес за младите луѓе и многу други теми поврзани со активностите и неформалните елементи на „Младинскиот повик”. Ова овозможи младите да се чувствуваат побезбедни и посигурни во зафаќање со предизвикот да учествуваат во долгорочен процес, па и да започнат таков процес, дури и ако претходно не познавале некој од групата. Покрај тоа, поддршката од страна на ЦИД, исто така, беше пружена и на неформален начин, преку организирање на мали собири со учесниците надвор од обуките за градење на капацитети, но исто така и обезбедување на простор и поддршка за да тие организираат нешто самите (филмски вечери, игри, караоке настани, итн.). Сите овие активности, вo младинскиот центар MultiКулти и надвор од истиот, овозможија младите да останат мотивирани и заинтересирани за „Младинскиот повик”.


Соработка со и поддршка од различни засегнати страни за да се обезбеди успех и одржливост на „Младински повик” Кога размислувате за започнување на „Младински повик”, има многу елементи, предизвици и пречки што треба да се земат предвид. Една од најважните што ја опфаќа и фазата на спроведување, но и одржливоста на ваквите програми за зајакнување на младите е соработката со различни засегнати страни на локално ниво - почнувајќи од Општината, училиштата, локалните бизниси и граѓанските организации. Спроведување Како дел од фазата на спроведување на „Младинскиот повик”, многу е важно да се дојде до релевантните засегнати страни при планирање и спроведување на младински иницијативи. Со тоа ќе се обезбеди поддршка за иницијативите од страната на засегнатите страни, запознавање со идејата за иницијативите (и „Младинскиот повик”), но и нивно претставување заедно со додадената вредност што иницијативата ја носи за целото општество и за нив како засегнати страни. Дури и ако некои засегнати страни решат да не ја поддржат иницијативата директно, доаѓањето до нив ќе овозможи тие да бидат запознаени со истата и да не ги блокираат процесите и активностите во рамките на иницијативата. Покрај тоа, преку создавањето на врски со различни засегнати страни, младите имаат можност да ги практикуваат своите вештини за застапување и активно (политички) да ги претставуваат своите ставови и потреби на (обично возрасните) носители на одлуки, донатори и претставници на институциите. Одржливост Друг многу важен елемент кога зборуваме за ангажирање на засегнатите страни во програми за зајакнување на младите и нивно градење на капацитети за


вклучување во донесувањето одлуки, е одржливоста на „Младинскиот повик“што секоја од засегнатите страни може да ја обезбеди. Што значи тоа? Едноставно кажано, тоа значи дека програмата „Младински повик“ ќе биде препознаена од локалните засегнати страни како многу важна програма за младите во нивната заедница, осигурувајќи се дека тие континуирано ќе го поддржуваат водењето на програмата и со тоа ќе обезбедат одржливост на истата и надвор од ангажманот од една организација или приоритет на донаторот. Дури и ако објаснувањето е едноставно, самиот чин на одржливост на таквата програма бара ангажирање и одобрување (во смисла на време, финансиски и материјални средства, контакти, моќ за донесување одлуки и пошироко) на многу различни засегнати страни, активни и релевантни во заедницата, како што се општините, администрацијата, училиштата, деловните активности и граѓанските организации.

Секоја од гореспоменатите засегнати страни ќе обезбеди: (1) Бесплатен простор за младите луѓе да се соберат и да развиваат активности за градење на капацитети за други млади. Градењето на капацитетите ќе бидат поддржани од младински работници и граѓански организации кои работат на терен; (2) Финансиска поддршка за нивните иницијативи. Идеално, оваа поддршка би била со размер 50-50 од страна на општините и деловниот сектор; (3) Сослушување на размислувањата и барањата на младите луѓе, насочувајќи ги кон носителите на одлуки на училишно и на општинско ниво (Градскиот совет и административните сектори);


(4) Училиштата да го поддржуваат активниот ангажман и младинското учество на нивните ученици во процеси што ги засегаат на ниво на училиштето и во заедницата, да ги поттикнуваат и да ги опремуваат со вештини и средства за да се слушне нивниот глас; (5) Да комуницираат и да се координираат едни со други, усогласувајќи ги нивните напори и приоритети за подобрување на заедницата кон активно вклучување на младите во самата заедница. Обезбедувајќи ги сите овие елементи, „Младинскиот повик“ би станал самоодржлива програма преку која што младите ќе можат да ги дефинираат своите приоритети, да го споделат своето знаење и искуство со своите врсници, но и ќе имаат свој глас и ќе бидат прифатени како релевантни чинители од страна на возрасните во рамките на нивната заедница. Со тоа, ќе овозможиме здрави општества кои ги почитуваат различните индивидуални и групни потреби, и кои живеат во кохезија, со интегритет и со солидарност кон сите.

Состанок со засегнатите страни Со цел да се воспостави основата за таква програма во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, како дел од „Младинскиот повик“, ЦИД организираше дводневна средба со засегнатите страни на која се собраа воглавно претставници од градските совети и општините, заедно со претставници од училишната администрација и наставници од локалните средни училишта. Иако ова беше првиот чекор кон обезбедување одржливост на „Младинскиот повик“ на локално ниво, состанокот со засегнатите страни беше доста успешен во однос на тоа што:


Засегнатите страни ја препознаваат својата улога како фокални точки и клучна врска помеѓу властите и младите во процесот на спроведување иницијативи предводени од млади; Училиштата се вклучија за да ја подобрат и одржуваат добрата комуникација едни со други, особено оние со ученици од различна етничка припадност; Различните засегнати страни кои беа присутни ги ставија на располагање своите капацитети за менторство и поддршка при спроведувањето на младинските иницијативи како дел од овој „Младински повик“; Присутните засегнати страни ја изразија својата подготвеност да се вклучат во потенцијалните последователни фази на „Младинскиот повик“.


Препораки за креаторите на политики за адресирање на потребата и одржливоста на „Младинскиот повик“ „Младинскиот повик“ - Зајакнување на младинското учеството во мултиетнички демократски општества, ги истражи можностите за континуирана поддршка и спроведување на „Младинскиот повик“ како структурирана програма спроведена во заедниците, со континуирана поддршка од страна на релевантните засегнати страни на локално ниво. Следствено со целиот процес, беа развиени следниве препораки за креаторите на политики, кои се однесуваат на потребата за одржливост на „Младинскиот повик“.

(A) Цел и опсег на препораките Целта на препораките е да се одговори на потребата од постоење на „Младинскиот повик“ како програма за систематска поддршка за поголемо младинско учество на локално ниво и програма во која младите имаат моќ на донесуваат одлуки за распределување на локалниот буџет за младински приоритети и иницијативи. Покрај тоа, спроведувањето на препораките на локално ниво во Северна Македонија ќе обезбеди зајакнување на младинското учество во процесите на креирање на политиките (како за младите, така и за пошироката јавност), тековно мапирање и приоретизација на младинските интереси на локално ниво, како и


меѓугенерациско и мултикорисничко партнерство за поддршка на младите луѓе да преземат активна улога во процесите на донесување одлуки и креирање политики на локално ниво. Препораките се развиени како дел од „Младинскиот повик“ - Зајакнување на младинското учеството во мултиетнички демократски општества, со здружување на придонесите од страна на младите кои учествуваа во процесот, но и на различните засегнати страни со кои ЦИД соработуваше во текот на целиот проект. Самите препораки ги разгледуваат постојните политики и практики, но исто така и ја истражуваат врската помеѓу „Младинскиот повик“ и Законот за младинско учество и младински политики што е донесен на почетокот на 2020 година.

(Б) Принципи Препораките се засноваат на следните принципи: Еднаквост, еднакви можности и недискриминација; Транспарентност помеѓу сите структури на донесување на одлуки на локално ниво; Мултикултурализам, меѓукултурализам и инклузивност на младинското учество; Пристап на повеќе засегнати страни пристап кон зголемување на систематска поддршка за поголемо младинско учество; Препознавање на младинската улога во општеството како активни засегнати страни. И “Младинскиот повик” и развојот на овие препораки произлегуваат од принципите на доброволно и активно учество на младите луѓе, еднаквост на пристап до можностите и правата. Истите се насочени кон младите, засновани врз правата и инклузивни за сите млади, нивните потреби и креативност.


(B) Мерки Со цел да се воспостави одржлив „Младински повик” насочен кон младите, локалните власти и креаторите на политиките ги охрабруваме да ги спроведат следниве препораки: 1. Да определат дел од буџетот за спроведување на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво кон одржливост на „Младинскиот повик”. Со ова ќе се обезбеди дел од одредениот 0,1% од вкупниот буџет на општините на годишно ниво да биде насочен кон воспоставување и финансиска одржливост на структурите и системите за младинско учество во одлучување за финансирање на младински иницијативи на локално ниво;

2. Да се воспостави директна врска помеѓу лидерите / структурата на „Младинскиот повик” и општинскиот службеник за млади, каде што службеникот би бил во непрекинат и постојан контакт со сите релевантни засегнати страни на локално ниво, кога станува збор за спроведување на иницијативи предводени од млади и дефинирање на приоритетите на младите. Општинскиот службеник за млади би бил клучен за воспоставување на комуникација со училиштата, општинската и градската администрација, различните бизниси и граѓанските организации, и за следење на главната цел на постоењето на општинската Канцеларија за млади.

3. Да се воспостави врска помеѓу работата на локалниот младински совет и „Младинскиот повик”. Застапувањето на локалниот младински совет може секогаш да биде во синхронизација со потребите дефинирани со „Младинскиот повик”, но и со елементот за застапување на младинските иницијативи.


Со воспоставувањето на оваа врска, општините ќе се уверат дека сите младински структури на локално ниво се поврзани меѓусебно и дека потребите на сите млади се пренесуваат до членовите на Советот на општината, а се земени предвид при изготвување на Локалната младинска стратегија и Акцискиот план за спроведување на истата. На национално ниво, Владата и креаторите на политики на национално ниво ги охрабруваме да: 1. Ги прегледаат постојните политики за оданочување и да вклучат даночни олеснувања за деловните субјекти кои донираат кон „Младинскиот повик” и иницијативи за млади на локално ниво. Со ова ќе се осигураме дека даноците од локалните компании се инвестираат во младите луѓе во таа заедница, придонесувајќи за нивно активно вклучување во истата.


Наслов на проектот: Промовирање на младински активизам во мултиетнички заедници Поддржан од: Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy - NED) Период на спроведување: 01.04. 2019 – 31.03.2020 Опис: Проектот директно ги опфаќа основните потреби на локалните заедници во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково преку промовирање на социјална кохезија помеѓу различните етникуми од Куманово и регионот, што е од суштинско значење во пост-конфликтниот но мултикултурен, мултиетнички и мултирелигиски регион.

По отворениот повик за апликации, ЦИД избра група од 20 младински лидери, од 15 до 20 години, од четири мултиетнички заедници во Северна Македонија да учествуваат во петдневна работилница, проследена со серија од пет дводневни интерактивни обуки на темите за демократски вредности и принципи, човекови права, лидерство, издржливост на заедницата, меѓукултурен дијалог и градење на доверба во заедницата. Петдневната обука беше прва обука и се фокусираше на создавање на тимски дух и кохезија, како и на принципите и вредностите на човекови права, додека пак дводневните обуки се фокусираа на специфични теми, како што се: демократија, активно младинско учество, лидерство, издржливост на заедницата, меѓукултурен дијалог, градење на доверба во заедницата, волонтерство, застапување и управување со проекти. Обуките создадоа основа од знаењa и вештини на овие теми и им овозможија простор на


младите да размислуваат за нивните заеднички потреби за кои треба да се залагаат пред локалните власти, како и да ги мапираат главните предизвици поврзани со младинските прашања во заедницата.

По обуките, врз основа на нивниот ангажман и потенцијал, десет од обучените млади луѓе беа избрани да станат лидери на „Младинскиот повик” и да ги менторираат младите од нивните заедници да создадат и спроведат свои иницијативи, користејќи ги ресурсите од „Младинскиот повик”. „Младинскиот повик” служи како платформа за младите да станат ментори и споделувачи на демократски вредности кон своите врсници, како и да ги поттикнат младите самостојно да управуваат со грантови и програми од мал размер. „Младинскиот повик” додели пет грантови на пет младински иницијативи што се одвиваа во една од трите посочени општини - Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Клучен дел од проектот беше тркалезната маса која ги собра на едно место лидерите на „Младинскиот повик” и засегнатите страни на заедничка дискусија за потребите и идеите на младите луѓе, и за тоа како засегнатите страни можат да ги поддржат. Идејата е да се обезбеди поддршка и финансиска одржливост на „Младинскиот повик” за да истиот не заврши со крајот на овој проект, туку да продолжи да биде функционален и да поддржува и други млади со идеи и иницијативи.

Фејсбук: https://www.facebook.com/CIDYouthCall/ Инстаграм: youth.call

Facebook: https://www.facebook.com/CIDYouthCall/ Instagram: youth.call


Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) е граѓанска организација која работи на промовирање на меѓукултурно прифаќање и активно граѓанство преку градење на капацитети, едукација и младинска работа. Активностите на организацијата се фокусираат на многу области кои се од интерес за младите луѓе: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање на политики и вмрежување.

ЦИД работи на создавање на разновидни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат кон социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно учество на граѓанското општество, унапредување на можностите за едукација, и активно вклучување на младите и останатите граѓани.

Повеќе информации за ЦИД се достапни на: www.cid.mk


Драгана Јовановска во моментов работи на европско ниво како програмски менаџер во Биро за средношколско организирање во европски училишта (Organising Bureau of European School Student Unions (OBESSU) ). До неодамна, таа работеше на локално и национално ниво во Куманово и Северна Македонија, како дел од Здружение Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) во својство на извршен директор на организацијата. Драгана е искусен едукатор кој работи на неформално образование со млади и возрасни на локално, национално и меѓународно ниво, со фокус на образование

за

човекови

права,

меѓукултурен дијалог и превенција.

инклузија,

младинско

учество,



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.