Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни…