КАТАЛОГ
САЕМСКИ НОВИТЕТИ
роман за деца
ПРИКАЗНИ ОД SУНЛИВОТО МОРЕ ww
Билјана С. Црвенковска Наталија Лукомска (илустрации) Ален е тивко, повлечено момче. Сака да чита книги, да мечтае за далечни земји и голем сон му е да стане славен морепловец. Но, кога треба да се соочи со реалноста – која најмногу се состои од одење на училиште, Ален има голем проблем. И не, проблемот не е учењето, затоа што Ален е одличен ученик. Најголемиот проблем се Давид и неговата „екипа“, кои не го оставаат на мир. Секојдневните дофрлања, потсмевања и малтретирања прават одењето на училиште да му биде пекол. Но, тогаш, сосема ненадејно, Ален ќе се најде во Sунливото Море. И оттаму почнува една луда авантура која сосема му го менува животот на Ален… а и самиот Ален. Б5 / 100 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-75-0
500 ден.
550 ден. ден. 400
НОВО!
8+
СЛИКОВНИЦИ
НАЈМАЛИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ Билјана С. Црвенковска Хана Тинтор (илустрации) На лицето на Ирма се гледаше разочарување. „Па овде нема ништо“, промрмори таа тивко. „Како нема?“ се побуни Ален. „А мојата куќа на дрво?“ Ирма се збуни. Треп, треп – се обидуваше да види поубаво. И тогаш – ја виде меѓу гранките. О, колку беше убава! И голема! Приказна за Ален и Ирма и за еден необичен остров. Најмал на светот. И сосема празен. Или, можеби само изгледа така на прв поглед? Приказна за лековитата моќ на фантазијата. Приказна за љубовта меѓу братчето и сестричето, љубов посилна и од најстрашните бранови и најголемите морски бури. Љубовта што може да победи сѐ.
190х230 мм / 48 стр. / колор печат / тврд повез ISBN 978-608-4938-93-4
650 ден.
550 ден. ден. 500
4+
НОВО!
БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО Елена Граматикова Ирина Атанаскова (илустрации) Ако застанеш под дрво додека роси, ќе можеш да го слушнеш шепотот на неговите лисја. Слушај внимателно бидејќи сигурно ќе ти раскажат некоја приказна. Еден пролетен ден, додека ветрот нежно дуваше, а дождот срамежливо паѓаше, Калин случајно се најде под крошната на една цреша. Со откривањето на бојата на пролетта, црешките ја откриваа и приказната што ја чу Калин. Приказната беше за едно прекрасно виножито кое живее во секој од нас. Во боите на виножитото живеат суштества без кои тоа не би било толку чудесно и шарено. Нежна приказна за боите и нивната врска со одредени емоции. Децата ќе научат и за емоциите и како да се справуваат со некои од нив. 205x205 мм / 44 стр. / колор печат / тврд повез ISBN 978-608-5012-12-1
500 ден.
550 ден. ден. 400
4+
СОНИШТАТА НА КАМЕЛЕОНОТ Јурга Виле Лина Саснаускаите (илустрации) Камелеонот Леон си живее мирен живот на една дива плажа. Но еден ден, четири големи суштества доаѓаат, го земаат и го ставаат во терариум во еден задушлив стан, далеку од неговиот дом. Новото место воопшто не личи на дом и не е пријатно. Затоа, Леон ја губи способноста да ја менува бојата на кожата и сѐ што гледа околу себе има само црно-бели нијанси. Но, и покрај мрачните денови, ноќе соништата на Леон имаат живи бои и го потсетуваат на убавината на природата и на неговиот вистински дом на плажата. 245х285 мм / 48 стр. / колор печат / тврд повез ISBN 978-608-4938-87-3
700 ден.
550 ден. ден. 550
4+
ФАТИ МИ ГО СИНОТО МЕЧЕ награда „ГРИГОР ВИТЕЗ“ 2018
Силвија Шесто Ванда Чижмек (илустрации) превод: Катица Гароска - Ацевска Детето Вселенко за роденден го доби најубавото кадифено мече на цел свет. Но мечето мораше да остане завиткано во проѕирен целофан. Да не собира прашина, рече мама. Вселенко можеше само да го гледа, да го допира и да го слуша шушкањето на целофанот. Синото мече е нежна приказна за растењето што ја разбираат децата. Силвија Шесто во малку зборови ја уловила суштината на меѓучовечките односи, а илустрациите на Ванда Чижмек ја надополниле и ја заокружиле оваа убава приказна. Добитник на наградите „Григор Витез“ за најдобар текст и за најдобра илустрација во 2018, како и наградата „Хрватска убава книга 2018“. 215х240мм / 44 стр/ колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-67-5
500 ден.
400 ден.
4+
КИКИ, НИЕ ТЕ САКАМЕ! НОВО! Мелита Рундек Ванда Чижмек (илустрации) превод: Катица Гароска - Ацевска Сите деца, но и возрасните, сакаат да решаваат загатки! Откријте која или што е Кики и зошто се крие зад грмушките! Зошто не можеме да ја видиме веднаш? Зошто ги гледаме само грмушките зад кои се крие? Зошто е тажна и какви проблеми ја мачат? Дали се вистински и сериозни како што ѝ изгледаат? Не смееме сѐ да ви раскажеме веднаш и да ви ги дадеме сите одговори – оваа приказна носи некои мудри поуки и размислувања. За тоа како не треба да се исмеваат оние што се различни од нас. За тоа како секој има некои свои особености и проблеми, но, на крајот – љубовта и разбирањето ги решаваат сите заплеткани работи и сите тешкотии. Како што ќе видите, Кики е една извонредна и посебна Кики, која заслужува читање, разбирање и сета љубов на светот. 200х250мм / 40 стр/ колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-84-2
600 ден.
500 ден.
4+
ПОТРАГА ПО ХРАБРОСТ Биљана Стојановска Владимир Лукаш (илустрации) Малата ластовичка Верка е последна од ластовичките во гнездото што сѐ уште не научила да лета. Откако мајка ѝ ќе ѝ каже дека треба да ја пронајде храброста за да полета, Верка поаѓа во потрага. Потрага по храброст.
205x205 / 24 стр/ колор печат/ мек повез ISBN 978-608-5012-10-7
300 ден.
550 ден. ден. 250
НОВО!
4+
ЛИСИЧЈА МЕСЕЧИНА Маша Огризек Тина Добрајц (илустрации) превод: Дарко Спасов Полна месечина. Мама оди на ноќно дежурство и Зоја поминува уште една осамена вечер во куќичката на работ на шумата. Од мислите ја буди силно мјаукање. Зоја излегува низ прозорецот на покривот и по мачорот се пентари низ гранките на високиот даб. Одеднаш здогледува две блескави очи. Губи рамнотежа и паѓа длабоко… 250х200мм / 88 стр/ колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-73-6
800 ден.
550 ден. ден. 600
9+
награда „Вечерница“ 2022
роман за деца
TРИЛЕР-СЕРИJАЛ ЛЕНИНОВ ПАРК Тадеј Голоб Втор дел од најпознатиот словенечки трилер-серијал со инспекторот Тарас Бирса Тело на жена, застрелана во главата, е пронајдено во мал парк среде Љубљана. Ден подоцна, еден човек е убиен на истиот начин на „Метелкова“. Дали убиствата се поврзани? Љубљана врие во топлотен бран, Словенија поставува нова влада по изборите, а инспекторот Тарас Бирса има доволно свои проблеми и без тоа. А5 / 376 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-86-6
550 ден.
550 ден. ден. 450
КНИГИТЕ СПОРЕД КОИ Е СНИМЕНА СЛОВЕНЕЧКАТА ХИТ-СЕРИЈА „ЕЗЕРО“!
ЕЗЕРО Тадеј Голоб Ја крена главата и погледна кон водата, подмрзната по краевите. Од мразот ѕиркаше нешто бело. Толку бело што во вечерниот самрак изгледаше вештачки, пластично, како рака на кукла од излог. Кој ли фрлил кукла од излог во река? – помисли. Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ се враќа од скијање на Вогел. Додека се пробива низ снежната бура накај дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор? Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата?
А5 / 446 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-20-0
550 ден.
550 ден. ден. 350
ХИТ!
ХИЗМИНА И ХИЗМИНИЈ ВИЗАНТИСКИ РОМАН
Евматиј Макремволит превод од старогрчки, предговор и белешки: Даниела Тошева Многу одамна, во некое неодредено претхристијанско време, младиот Хизминиј е избран со ждрепка да биде свечен Гласник на Ѕевс во измислениот грчки град Авликомид. За време на тридневниот престој, домаќин му е еден богат граѓанин по име Состен. Состен има убав дом, уште поубава градина и најубава ќерка – Хизмина. Таа се вљубува во Хизминиј по само еден поглед; тој во неа – по еден ден. Според обичајот, на крајот од престојот Хизминиј е должен да се врати назад во својот роден град, Еврикомид, и таму да ги угости дотогашните домаќини во домот на своите родители. Во тајноста на една од неговите одаи, љубовта меѓу Хизмина и Хизминиј се продлабочува. И токму тогаш, сосема неочекувано, Состен објавува дека ја ветил ќерка си на некое беспрекорно момче од Авликомид и ги кани своите домаќини на свадба. Хизмина и Хизминиј решаваат итно да го напуштат градот. Но, не можат да знаат, додека се качуваат на брод за Сирија, дека таа вечер Посејдон ќе биде суров и гневен. И не можат да знаат дека единствен начин да го смилостиват e да му принесат жртва. Човечка жртва. Еден од четирите романи составени во Византија за време на владеењето на Комнините (1081–1185), „Хизмина и Хизминиј“ е роман за желбата и должностите, за судбината и страста, како и за неумоливата моќ на Ерос, момчето-бог на љубовта, пред кого омекнуваат и најхрабрите срца и пред кого се поклонуваат денот, ноќта и сите владетели и господари на морето, земјата и небото. А5 / 168 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-74-3
350 ден.
550 ден. ден. 250
ПРИКАЗНИ ЗА ИСТРАЖУВАЧИ На страниците од оваа книга – низ ентузијастично сработените преводи на студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, под менторство на проф. д-р Мира Беќар – оживеани се занимливите и богати биографии на шеснаесет фигури од интелектуалната историја на европскиот континент кои, на еден или на друг начин, имаат придонесено во обликувањето на денешниот свет. Приказни за истражувачи е можност да се потсетите на достигнувањата на дел од најголемите гении на човештвото – како Галилео, Њутн или Александар фон Хумболт – но и можност да се запознаете со чудесните подвизи на некои помалку познати, но исклучително заслужни историски личности, како на пример Германката Каролина Хершел – која денес е запаметена како откривач на осум комети иако била неписмена слугинка до 22 години – или англиската природоилустраторка Маријана Норт, која самостојно ги пропатувала сите континенти за внимателно да наслика што е можно повеќе од егзотичните богатства на природниот свет. Уникатно сведоштво на духовно-технолошкиот прогрес од последниве пет века, „Приказни за истражувачи“ е книга-повик, која не само што кани на љубопитно преиспитување на историјата туку нуди и патоказ кон потемелно разбирање на сегашноста, како и возбудлив поттик да се подобри, унапреди и разубави иднината. Младите преведувачи кои ги преведоа од англиски текстовите во оваа книга се: Ана Илиева, Ана Маркоска, Елена Кузмановска, Ѓурѓица Панова, Максим Јордански, Марија Краљевска, Симона Шурбановска, Софија Ставреска. Приказни за: Фернандо Магелан, Франсиско де Орељана, Галилео Галилеј, Исак Њутн, Каролина Хершел, Бенџамин Томпсон, Жорж Кивје, Александар фон Хумболт, Хамфри Дејви, Чарлс Лајл, Луј Агаси, Марија Мичел, Џон Хенинг Спик, Маријана Норт, Кристина Розети, Томас Едисон. А5 / 393 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-76-7
БИОГРАФИИ
450 ден.
550 ден. ден. 300
КАДЕ Е МОЈОТ ДОМ? СЛИКОВНИЦИ
Сезен Аксу Ташјурек превод: Васко Марковски „Земјата некогаш била најубавата планета во Вселената, со широко, чисто, сино небо над неа, со бескрајно зеленило распослано по нејзината површина. Но, со време сè се сменило. Синилото на небото и зеленилото на нејзината површина веќе не биле како некогаш.“ Пред нас е приказната за светот кој се менува под влијание на луѓето кои немаат свест за околината и за добродушната верверичка која ќе остане без својот дом. Еден од најубавите начини како да им помогнеме на дечињата од претшколска возраст да ја стекнат свесноста за околината, токму кога почнуваат да го откриваат светот, е да прочитаат убава книга. „Каде е мојот дом?“ од турската писателка и илустраторка Сезен Аксу Ташјурек, во превод на Васко Марковски, е книга што ќе се чита токму од таа причина. „На најубавата планета во светот и на сите живи суштества што живеат на неа…“
250 x 250 мм 56 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-52-1
550 ден.
450 ден.
ОВДЕ, ВО БЛИЗИНА, ЖИВЕЕ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ Ида Млакар Чрнич Петер Шкерл (илустрации) превод: Дарко Спасов
white ravens 2019
Овде, во близина, живее едно девојче кое никој не го познава. Никој не ја кани на гости. Нема пријатели. Дури ни своја соба нема. Исто како и ти, и таа сака близина. Во исто училиште одите. Седи до тебе. Во соседната клупа. Сакаш да ја запознаеш? Во себе чува чудесно богатство… Својата ѕуница. Текстот на Ида Млакар Чрнич е краток, но има разорна моќ. Допира длабоко и ги урива ѕидовите на предрасудите и омразата.
208 x 260 мм 32 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-55-2
500 ден.
400 ден.
6+
4+
БЕЗЗБОРОВНАТА ЕЛА Викторија Патрашку Кристијана Раду (илустрации) превод: Лидија Димковска
white ravens 2016
Приказна за лековитата и разорната моќ на зборовите, како и за леснотијата со која им ставаме етикети на луѓето околу нас. Ела е мало девојче кое не зборува, но ги штити и ги чува зборовите како богатство, длабоко скриени во своето срце. Ела не зборува, но таа има прекрасни пријатели во нејзиниот богат имагинарен свет, како мачката без едно уво, чија опашка е едно рипче, едно глувче и еден тивок сив слон… Но, какво чудо ќе се случи кога момчето со црвено капче ќе стане дел од нејзиниот свет? Книгата е дел од каталогот „The White Ravens“ на 200 најдобри книги за деца и млади за 2016 година.
220 x 200 мм 28 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-60-6
490 ден.
350 ден.
5+
МОЈАТА БАБИЧКА НЕ ЗНАЕ КОЈА СУМ Ива Безиновиќ - Хејдон Хана Тинтор (илустрации) превод: Калиопа Петрушевска Баба ми Зринка секојпат за сѐ велеше: „Може!“ Кампувавме и планинаревме, трчавме и возевме велосипед, пливавме во најдлабокото море. Градевме тајни скривалишта и правевме куќарки за бубачки од кутии за чевли. Таа плетеше волнени џемпери според замисли од мојата глава, правевме играчки од чашки за јогурт, подготвувавме куклени претстави во нејзината градина. Патувавме со воз, со авион, со брод. Цртавме стрипови, читавме весници, пишувавме прикаски. Ништо не беше невозможно. Мојата бабичка знаеше и можеше сѐ. Сѐ до денот кога веќе не… Разговорот за болеста и смртта секогаш е тежок и мачен. Кусата приказна „Мојата бабичка не знае која сум“, низ описот на нежниот однос меѓу девојчето Ема и баба ѝ Зринка, која наеднаш почнува да ги заборава случките и луѓето, им ја приближува на децата темата за стареењето и за смртноста, како и идејата за сеќавањето и за вечната љубов. 200 x 260 мм 44 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-59-0
600 ден.
450 ден.
6+
ПОФАЛБА „ГРИГОР ВИТЕЗ“ 2021
СЛИКОВНИЦИ
КУЌА БЕЗ ОГЛЕДАЛА Мортен Санден Иштван Лакатош (илустрации) превод: Родна Русковска
роман за деца
Куќата на старата тетка на Тумасина, Хенриета, како да е создадена за играње криенка. Полна е со спирални скали, со скриени катчиња и празни простории, но нема ниту едно единствено огледало. Хенриета е стара и болна, па во куќата се собрани сите нејзини роднини кои очекуваат дека ќе се најдат во нејзиниот тестамент. Додека возрасните се препираат околу наследството, Тумасина ги минува деновите со малечката и молчалива Сигне, со немирниот Ерланд и повлечената Вилма. Еден ден Сигне пронаоѓа таинствена осмоаголна просторија преполна со огледала, а во неа – скриен свет. Зошто Хенриета ги тргнала сите огледала од куќата? Како да се објаснат промените кај сите што ќе влезат во скриената просторија? И кое е мистериозното девојче кое е заслужно за тие промени? Романот „Куќа без огледала“ на Мортен Санден е трогателна приказна за љубовта, болката, растењето и созревањето, проткаена со загадочна атмосфера од која одвреме-навреме ќе ве полазуваат морници. Мрежата од необјаснети, на прв поглед застрашувачки искуства низ кои ќе поминат јунаците на овој роман сосема ќе ги трансформира, а средбата со мистериозното девојче од огледалото ќе ѝ помогне на Тумасина и на нејзиниот татко да се помират со страшната загуба што им ги скршила срцата. 400 ден.
A5 160 стр. / црно-бел печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-65-1
300 ден.
ДЕВЕТТИОТ ЖИВОТ НА ПРИНЦОТ НА МАЧКИТЕ Дора Гимеши Каталин Сегеди (илустрации) превод: Златко Панзов ЗНАЕШ ЛИ дека стариот чинар во Градскиот парк, всушност, се вика г-ѓа Завоцка и дека е вдовица? Можно е дури и да почне да раскажува за љубовта на Камениот принц и Водната самовила, љубовта што го запрела времето во Будимпешта и сета ја исполнила со среќа. Но, не само дрвјата во Градскиот парк туку и оние на брегот од Тиса знаат да раскажуваат за многу нешта: за Пролетната самовила и Принцот на мачките, за чесната и ветрогонот кои, и покрај сите неволи, сепак ги поврзува некој невидлив конец што ни смртта не може да го скине. Како што се спојуваат љубовниците, така во бајките на Дора Гимеши и во илустрациите на Каталин Сегеди се спојуваат хуморот и емоциите, светот на секојдневието и светот на лирската имагинација. Препорачано за сите од седум години, па нагоре, за тинејџери и тинејџерки, дури и за возрасни кои си дозволуваат да бидат понесени од силата на бајките и многуте лица на љубовта. 210 x 270 мм 56 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-66-8
700 ден.
500 ден.
модерни бајки
ЗА МЛАДОСТА Лин Скобер Лиса Аисато (илустрации) превод: Искра Бадева
Награда „Riksmål“ најдобра книга за млади 2018
Младоста е возбудлива, убава и забавна, но понекогаш знае да биде тешка и променлива. Таа е период во животот кога се случуваат сериозни промени. Се наоѓате на преминот меѓу детството и зрелата доба. Заедно со другите, а сепак сами. Родителите стојат на страна и не сфаќаат ништо, колку и да се трудат да разберат. Познатата норвешка писателка Лин Скобер разговарала и се дружела со младите луѓе и ги запишувала нивните размислувања за животот, созревањето, чувствата, копнежите. Собраните материјали ги преточила во мали текстови за големи теми – од перспектива на младите. Нивните приказни се читливи и забавни, но истовремено изненадуваат бидејќи младите раскажувачи зрело и храбро се соочуваат со семејните и врсничките проблеми, обидувајќи се да преживеат во модерното општество во кое недостигаат топлината и сигурноста. Книгата, со нејзиниот особен печат, ја илустрираше наградуваната норвешка илустраторка Лиса Аисато. „Со други очи гледам на луѓето, на своето тело и на своите чувства откако ја прочитав оваа книга. Почнав да го забележувам она што не ми паѓало в очи претходно… Се препознавам во многу од овие приказни. Не сум прочитал подобра книга, ѝ давам највисока оценка.“ Евен (15), читател 800 ден. A5, 256 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-78-1
600 ден.
16+
ДЕНОВИ НА БЛУГРАС-ЉУБОВ Едвард ван де Вендел превод: Ели Пујовска Нежна, интензивна и незаборавна приказна за првата љубов. Тихо Зелинг живее обичен живот, без грижи и тешкотии, без возбуди и авантури. Сѐ во него − школото, другарите, девојките, плановите за иднината − едноставно… се случува. Како филм кој го пушта да тече, но не го режира. Затоа и решава да промени нешто. Лета за Америка за да го помине летото како помлад асистент во меѓународен летен камп за деца. Таму го сретнува Оливер, уште еден асистент од Норвешка. И тогаш Тихо ќе почувствува како животот да му запрел и како одново да почнува, овој пат онаков каков што тој би сакал да биде. „Денови на Блуграс-љубов“ е првпат издадена во Холандија во 1999 година и оттогаш доживува преводи на многу јазици и ревидирано издание. Како роман за млади кој веќе се смета за европски класик, но истовремено револуционерен − поместувајќи ги границите и рушејќи ги табуата − сега првпат е достапен и за македонската читателска публика. A5, 184 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-62-0
400 ден.
300 ден.
17+
КНИГИ за МЛАДИ
Награда „GOLDEN KISS“ најдобра книга за млади
ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА Штефани Хефлер превод: Ксенија Чочкова Кога Бен и неговиот помал брат ќе се разбудат еден сончев октомвриски ден, мајка им е мртва. Бен раскажува за деновите што следуваат, за шокот, за тоа како се чувствуваш кога ќе се соочиш со смртта и како секој член на семејството реагира различно на неа. Тој се сеќава на неочекуваните изливи на бес на мајка му или на тоа како сакала да се искачува на дрвја – и да најде утеха во еден обичен пердув кој долетува од небото. Приказна за несфатливото, за интензитетот на чувствата, за блискоста, утехата и враќањето на самодовербата. „Смртта е како замавнување со крилја, беше рекла еднаш Ма. Сакаше вакви изреки. Како замавнување со крилја на голема црна птица, која прелетува, а нејзината сенка паѓа кратко врз оној што случајно седи долу и малку подолго врз оние што можеби тукушто стигнале таму.“ A5, 168 стр. / црно-бел печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-61-3
400 ден.
300 ден.
12+
ДА СЕ БИДЕ ЈАС Ана Хоглунд превод: Родна Русковска Општеството има големи очекувања од девојчињата. Притисокот е неиздржлив. Зошто е толку тешко да се биде јас? Што точно значи да се биде девојка, да се биде жена? Можам ли да бидам тоа што сум или сум само производ на сето она што се очекува од мене? Морам ли да ги почитувам наметнатите правила и да бидам „девојка за пример“? Нежна и полна со љубопитство, оваа илустрирана книга за млади во која тринаесетгодишната Роза го преиспитува своето место во светот, на паметен начин ги обработува темите за промените во тинејџерството, промените во емоциите, промените на телото, а одговара и на прашањата за сексуалноста и за наметнатите очекувања од околината. Б5, 88 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-85-9 800 ден.
600 ден.
14+
КНИГИ за МЛАДИ
Нова европска проза
КАДЕ СЕ КРИЕ ВЕДРАН Ива Безиновиќ - Хејдон Хана Тинтор (илустрации) превод: Калиопа Петрушевска Во топлата приказна „Каде се крие Ведран“ авторката Ива Безиновиќ-Хејдон ја отвора темата за која е напати тешко да се разговара, а тоа е загубата на некоја блиска личност и продолжувањето на животот по соочувањето со таквиот настан. Приказната им е наменета на децата и е напишана на јазик разбирлив за нив, а носи топла поука за начинот на кој можеме за навек да ги задржиме саканите личности во нашите срца.
200х250 мм, 40 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-77-4
600 ден.
400 ден.
6+
СКОКОТЛИВАТА КУЌА
СЛИКОВНИЦИ
Рудина Чупи Ирељ Чупи (илустрации) превод: Јордана Шемко-Георгиевска Дали знаеш, дете, што излегува од јајцата од молив, стоплени во едно гнездо-чкртка? Излегува приказна. Приказна за една куќа со виткани линии, нацртана од едно дете што силно го стискаше моливот. Оваа куќичка со име Скокотливка живее во земјата на детските цртежи што се вика Точкалинија. Толку е налутена од исмејувањето на другите куќички, што тргнува со брод кон Северниот Пол, за да смрзне и да се чувствува силна како сите други куќи. И како што се знае, секоја пречка е авантура… од која извлекуваме поука која никогаш нема да ја заборавиме. 200х200мм, 36 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-79-8 (македонски) ISBN 978-608-4938-90-3 (албански)
300 ден.
200 ден.
4+
ХРАБРОТО СРЦЕ ХЕРМИТ Асије Јилдирим Хусеин Сонмезај (илустрации) превод: Васко Марковски Тоа е едно храбро срце. Големо и храбро срце што не го собира ни во неговата куќарка. Едно наше мало пријателче, кое е принудено да се преселува, да си бара нова куќарка: Храброто срце Хермит. Можеш ли да го чуеш и ти гласот што доаѓа од океаните? Начули ги ушите, да видиме… Сега е мигот кога треба да застанеме заедно со сите храбри срца на нашата планета. Нашиот бескрајно син и бескрајно зелен свет е нашиот прв дом, за сите нас. 260х260 мм, 40 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-80-4
650 ден.
550 ден.
4+
МИШКА
роман за деца
Едвард ван де Вендел и Ануш Елман Анет Шап (илустрации) превод: Ели Пујовска „Не е дом тој што нема домашно милениче“ – мисли Роја, деветгодишно девојче од Авганистан чие семејство морало да ја напушти родната земја. И вечерва – прва во нивниот нов холандски дом, прва по шест години молби и бегства – сите се согласуваат со неа! Веќе наредниот ден во семејната куќа се вселува и Мишка, единствениот џуџест зајак на светот кој не јаде моркови. Сите го сакаат Мишка и тој ги сака сите. Особено Роја. Кога не може да спие или кога ја посетуваат тешки мисли, таа му зборува на Мишка за себе и за бегството на кое сака да се потсети. Но, еден ден Мишка одеднаш исчезнува. А со него исчезнува и радоста на Роја. 135х195 мм, 160 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-72-9
700 ден.
550 ден.
7+
АДНА
ГРАФИЧКИ РОМАН
Самира Кентриќ превод: Дарко Спасов Адна сум. Ми ве убија. Младата девојка е соочена со сеќавањето на своето бегалско минато, се прашува за смислата на животот по смртта на најблиските и е парализирана од неможноста да го сподели своето искуство. Молкот ја потиснува во осаменост, а осаменоста се обидува да ја разбие со површни љубовни средби. Тогаш во нејзината рутина влегува неочекувано искуство и ја обземаат скриените емоции. Ќе успее ли да се извие од својата самотна лушпа?
200х200 мм, 136 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-82-8
800 ден.
600 ден.
ТРОФЕЈ Хеа Схутерс превод: Ели Пујовска
РОМАН
Западната машкост ставена пред предизвик во морничав роман за ловот Хантер Вајт живее за возбудата што ја носи ловот на крупен дивеч. Тој е мошне богат американски брокер кој оди во Африка за да убие носорог, последното од петте големи животни што ја сочинуваат „големата петорка“ што му недостига како трофеј. Ловот го прави да се чувствува жив повеќе од што било друго на светот. Покрај тоа, тој верува дека ловот на трофеи не само што создава можности за работа, туку претставува и извор на приход кој му е потребен на локалното население за да може да му се спротивстави на ловокрадството. Кога ќе открие, по еден разочарувачки лов на носорог, дека постои нешто што се вика „голема шесторка“, неговата ловечка експедиција почнува да добива по малку злокобен и застрашувачки изглед. А5, 180 стр. / црно-бел печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-88-0
400 ден.
300 ден.
НАГРАДУВАНИ ИЗДАНИJA НА ЧУДНА ШУМА
ЗАБРАНЕТАТА СОБА Александра Симова Клинчарова Хари Дудески (илустрации) Во оваа книга ќе прочитате девет страшни приказни. Наменети за деца, но и за оние другите, овие раскази ќе ве исплашат и ќе ве замислат дали некој ве следи, ве брка, ве демне во мракот… но, сепак, како подобро да ги надминете вашите стравови освен да ги погледнете право в очи! Книгата влезе во каталогот „Бели гаврани“ (White Ravens) на 200 најдобри книги за деца и млади од целиот свет за 2023 година.
450 ден.
300 ден.
8+
Б5 / 60 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-5012-11-4
ХИТ!
ЗЕМЈАТА НА ЗАБОРАВЕНИТЕ СКАЗНИ Билјана С. Црвенковска Оливер Коларевски (илустрации) „Земјата на заборавените сказни“ е хибрид помеѓу драмски текст и (графички) роман, помеѓу бајка и модерна фантастична приказна. Помалку потсетува на „Хрониките на Нарнија“, „Алиса во Земјата а чудата“ или, пак, „Волшебникот од ОЗ“, со една голема разлика – што се случува тука, во Македонија, во селото од каде што потекнуваат многу волшебни приказни – Бабино. Што се случува откако Илина, Мартина и Мирон ќе отидат кај баба Јагода во Бабино, каде што нема интернет ниту пак мобилни телефони? Како тие ќе отпатуваат во Земјата на заборавените сказни и каква врска со сето тоа има Баба Јага? И како во оваа приказна се најдоа и самовилата Мирнанеседи и змејот Русе и Супер Марко и… Ех… нема потреба од повеќе прашања! Сето тоа ќе го откриете во оваа книга. „Нит е јаве, нит е сон, меѓу нив има патишта разни, во Земјата на заборавените сказни!“
8+
600 ден.
450 ден.
Б5 / 120 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-56-9
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА Награда „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга за деца и млади за 2023 година
книгата што сега ја читаат и децата во германија, турција, словенија и хрватска
НЕВИДЛИВАТА КУЌА Билјана С. Црвенковска Ване Костуранов (илустрации) Малечката Кала е принудена набрзина да го напушти својот дом. Таа заминува со родителите на долго, истоштувачко и застрашувачко патување без крај. Кала не разбира што се случува, освен што ги наслушува неубавите зборови што ги шепотат возрасните. Но, она што го знае е дека ѝ недостига нејзината куќа, заедно со баба, дедо и омилената играчка – зајачето. Приказна за тоа како имагинацијата може да помогне во справувањето со губитокот и тагата. - Добитник на наградата „Најдобра книга“ за деца и млади меѓу два саеми на книга за 2021 (МАИ) - Најдобра книга за деца на „Литера 2023“ - Финалист за READER’S CHOICE AWARDS во категоријата Детски книги и сликовници (Топ 5 рангирани за 2021 година)
225 x 225 мм 44 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-12-5
600 ден.
400 ден.
возраст 5+
ТИГАР НА УЛИЦА Билјана С. Црвенковска Катерина Николовска (илустрации) инспирирано од истоимената песна на Данил Хармс Инспирирана од познатата песна на Данил Хармс, „Тигар на улица“, оваа сликовница раскажува своја сопствена приказна низ слики: приказна за храброста, за силата да се спротивставиме, да се избориме и да го пронајдеме и разбудиме тигарот што спие длабоко во секој од нас. Книгата не користи многу зборови (освен песната на Данил Хармс), но дополнително се ставени интерактивни упатства, со цел да го внесат дететочитател внатре во приказната и да му помогнат полесно да се идентификува со главниот лик. 400 ден.
300 ден.
205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-13-2
возраст 4+
две приказни две корици една книга!
МОМЧЕТО ОД ЗБОРОВИ/ ДЕВОЈЧЕТО ОД НОТИ Катерина Николовска
5+
„Момчето од зборови“ / „Девојчето од ноти“ е прекрасна сликовница со две приказни (и две корици) – текстот и илустрациите се на Катерина Николовска, која како докажана илустраторка сега првпат се јавува со свое целосно авторско дело. „Момчето од зборови“ / „Девојчето од ноти“ се две приказни кои се занимаваат со темите на самодовербата, врсничкото насилство, прифаќањето на различностите и пријателството – две нежни, но истовремено и силни приказни за едно момче и за едно девојче кои во средината се соединуваат во ист крај.
203 x 254 мм 56 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-5012-09-1
700 ден.
550 ден.
SВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА ОД СТРАШКОГРАД Билјана С. Црвенковска Нита Муча (илустрации)
Роман за едно посебно девојче од еден посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, пајаци, црни мачиња, лилјаци... но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград постои уште еден град, Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со него владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. Книгата има две корици и се чита одназад. Постои и причина за тоа, освен што е необично и интересно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме. Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места.
возраст 7+
400 ден.
Б5 / 88 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-66234-3-2
300 ден.
СЕДУМТЕ НЕКОИСИ И СЕДУМТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ Бистра Георгиева и Александар Трајковски Наталија Лукомска (илустрации) Едноставно, тие не беа од оваа планета, ниту беа дел од оваа книга. Никој не знаеше од каде и кога се појавија. Ја отворија корицата, влегоа набрзина и без никакви расправии секој си влезе во различно поглавје од книгата. Во книгата имаше седум поглавја, а тие беа седум. Седумте Некоиси. Книга наменета за децата од училишна, но и предучилишна возраст. Преку необична и весела приказна за седумте Некоиси, децата ќе се запознаат со седум македонски композитори и со основните музички поими. На крајот од книгата е сместена и „Мала музичка енциклопедија“. А4 хоризонтална 64 стр. / колор печат / полутврд повез ISBN 978-608-4938-40-8
490 ден.
490 350 ден. ден.
возраст 6-11
БЕЛИТЕ ГЛУВЧИЊА - СТРАШНАТА НАЕЗДА НА ЗЕЛЕНИТЕ ВОШКИ ЦРНИТЕ ОВЦИ Живко Грозданоски Воскресија Андреевска (илустрации) Доаѓа крај на светот! Пепел и прав! Апокалипса, и Страшен суд се спрема! Заглушуваат крици на очај и страв: белите глувчиња се изгубија, ги нема! Што ќе се случи со белите глувчиња? Каква е таа страшна наезда на зелени вошки? „СО ЗЕЛЕНИ ВОШКИ?!“ – премревме ние в час: „Леле, тешко нас! Леле, тешко нас!“ И каква врска со сето тоа имаат црните овци? Сѐ ќе ви се разјасни во најновата сликовница за мали и големи на Живко Грозданоски – со феноменални илустрации на Воскресија Андреевска. Вошките идат! Вошките идат! Тие што ќе ги видат, без сон ќе бидат!
7+
205х205 мм / 32 стр/ колор печат/ мек повез ISBN 978-608-5012-04-6
350 ден.
250 ден.
награда за најдобар текст литера 2024
ПЕТ ПРИКАЗНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ Живко Грозданоски Хари Дудески (илустрации) „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво. Приказните не само што „доаѓаат“ од различни делови на светот туку се замислени да припаѓаат и на различни временски периоди: првата е македонска легенда од раното средновековие, втората е аргентинска народна приказна, третата е италијанска легенда од доцниот среден век, четвртата е најавена како старо јапонско предание, а петтата – како древна асирска сказна. Приказните се раскажани мошне шармантно и привлечно за најмладата читателска публика, со извонреден стил кој потсетува на усна нарација. 330 ден.
250 ден.
возраст 8+
205х205 мм / 32 стр. / колорен печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-27-9
ШАХ СО БАХ Владимир Мартиновски Зоран Кардула (илустрации) Илустрирана стихозбирка за деца (и возрасни) кои ја сакаат (или сакаат да ја засакаат) музиката. Стихозбирката претставува одличен, но и хумористичен вовед на децата во светот на музиката. Песните во книгата се сместени во четири циклуси: инструменти, композитори, инструменталки и слушање стари песни.
AGE 7+
возраст 7+
205 x 205 мм 72 стр. / колор печат/ мек повез со клапни ISBN 978-608-66234-8-7 (e-книга) ISBN 978-608-66234-8-7 (печатено издание)
450 ден.
450 300 ден. ден.
ХОР ВО ЗАДНИОТ ДВОР Владимир Мартиновски Зоран Кардула (илустрации) Владимир Мартиновски пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика, а се занимава и со книжевен превод. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, УКИМ. Автор е на десетина поетски книги, на десетина теорискоесеистички книги, на три книги хаибуни, една книга раскази и на две книги поезија за деца: Дур дишам се надевам (2019) и Шах со Бах (2020). Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку награди за поезија, критика и раскази. Зоран Кардула е роден во Крушево, а живее во Скопје. Дипломиран електроинженер по образование, сликар, илустратор и графички дизајнер по професија, но повеќе познат како активист и борец за правда. Сликарството и дизајнот за него се јазик со кој може да го искаже она што не може преку зборови. Визуелниот израз носи моќна порака со себе. Втората книга од едицијата, по „Шах со Бах“, е наменета за помали деца. Песните во стихозбирката раскажуваат стихувани приказни за музикални животни, како на пример за музикалните крави, или за балот на пингвините, или за жабјиот хор во барата - придружувани со прекрасни илустрации. 205 x 205 мм 60 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-11-8
440 ден.
440 300 ден. ден.
возраст 6+
НаJГОЛЕМИ ХИТОВИ
БУШАВА АЗБУКА Горан Стефановски Душан Петричиќ (илустрации) најпродаваната книга во 2022 година возраст 6+
Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција. Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство. 230 x 280 мм 64 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-47-7 230 x 280 мм 64 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-48-4
720 ден.
600 ден.
485 ден.
400 ден.
НОВО!
A4 32 стр. / колор печат/ мек повез
250 ден.
200 ден.
АЗБУКВАРКА Ванчо Полазаревски Наташа Костовска (илустрации) Прекрасна шарена сликовница за учење и препознавање на буквите од азбуката преку весели стихови, придружувани со шарени и хумористични илустрации. За секоја буква е вклучена и активност за пишување на буквите. А4, 36 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-34-7
300 ден.
300 ден. ден. 200
второ издание
возраст 5+
КРЕАТИВЕН ДНЕВНИК Билјана С. Црвенковска, Доротеј Нешовски Креативни активности за 365 дена во годината. Креативниот дневник е наменет првенствено за младите креативци, но и за креативните луѓе од сите возрасти. Наменет е за оние што сакаат да ја поттикнат својата имагинација, што сакаат да се изразат преку пишан збор или цртеж, да запишат мисла, инспирација, расположение, како и за оние што имаат желба да водат еден малку поинаков дневник. А5 / 200 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-35-4
450 ден.
300 ден.
возраст 7-107
ПУ ЗА МИТЕ, ПУ ЗА СИТЕ Владимир Лукаш Стихозбирка, флип-книга, приказна во стихови за еднорогот Мите и другите животни од чудната шума и смеење до солзи – и за мали и за големи.
А5 / 264 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-31-6
550 ден.
350 ден.
возраст 7-107
АЗБУКВАРКА БОЕНКА Наташа Костовска Весела боенка за боење на буквите од азбуката и нивно учење придружувано со графомоторички вежби. Одличен комплет со ХИТ книгата „Азбукварка“! А4, 32 стр. црно-бел печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-33-0
ПОПУЛАРНО
возраст 4+
180 ден.
180 150 ден. ден.
ГАТАНКИ МАЛИ, одговор им фали Ванчо Полазаревски
Алексеј Костовски (илустрации) Во овие книшки ќе најдеш по петнаесет гатанки и, се разбира, по петнаесет одговори претставени со весели цртежи. За да го дознаеш одговорот на секоја гатанка, само треба да завртиш на следната страница.
150 ден. 150 ден. 120 х 140 мм, 32 стр. 100 ден. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-32-3
возраст 6+
120 х 140 мм, 32 стр. колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-49-1
150 150ден. ден.
100 ден.
БОЕНКА МАЛА 1 и 2
50 ден.
50 ден.
1. 140 х 150 мм, 16 стр. црно-бел печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-50-7 2. 140 х 150 мм, 16 стр. црно-бел печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-51-4
ДЕЦАТА И ПЛАНИНИТЕ Билјана С. Црвенковска Катерина Николовска (илустрации)
возраст 7+
Преку едукативниот комплет „Децата и планините“ (папка, брошура со карта и леток), малите читатели ќе имаат можност да ги научат поголемите планини во Македонија, планинските масиви и планинските венци и каде се наоѓаат тие; највисоките врвови на планините; големите леднички или глацијални езера (кои настанале со топење на мразот за време на ледената доба), водопадите и изворите на големите реки, како и растенијата (флората) и животните (фауната) на тие планини (меѓу кои и повеќе ендемични видови, што живеат само на тоа место на планетата). Во средината на брошурата, децата ќе најдат и мала планинска карта. Со неа полесно ќе ги пронајдат планините што се споменати во текстот и, веруваме, ќе одлучат и да ги посетат. Со други зборови, целта на овој пакет е не само да учењето на планините туку и нивно запознавање и – се разбира – развивање на љубов кон планините од најмала возраст. А5 (папка, брошура и леток) 10 стр. / колор печат. ISBN 978-608-4938-22-4
150 ден.
150 100 ден. ден.
150 ден.
СЛИКОВНИЦИ СИТЕ БОИ НА ИСКРА Кристина Невистиќ Оливер Коларевски Кога малечката Искра посакува да нацрта цртеж како подарок за роденденот на баба, сфаќа дека ѝ недостига најважната боја – онаа на темјанушките. Како ќе нацрта најубав цртеж без оваа боја? И кој ќе ѝ помогне да го направи тоа? Преку страниците на оваа волшебна приказна, децата ќе нурнат во светот на боите и фантазијата, ќе се запознаат со секоја боја одделно, ќе научат кои се примарни, а кои секундарни бои, а ќе дознаат и како можат да се измешаат боите за да се добие – бојата на темјанушките! 205 x 205 мм 52 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-68-2
3+
600 ден.
450 ден.
ПРИКАЗНА ЗА МАЛИОТ УГ Ирина Атанаскова „Приказна за малиот Уг“ е нежна, емотивна и прекрасно илустрирана приказна за различностите. Малото Угче, главниот протагонист во приказната – се раѓа поинакво од другите угчиња на Зелената Планета. Осамено и отфрлено, угчето трага по пријател кој нема да се плаши од него… Сликовницата е дел од едицијата „Различни и прекрасни“, едиција во која се наоѓаат изданија за најмалечките кои отворено зборуваат за прифаќањето на различностите, за инклузијата, справувањето со врсничкото насилство, самодовербата, миграцијата, итн.
возраст 3+
225 x 225мм; 44 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-37-8
625 ден.
450 ден.
ПРОЗОРЕЦОТ НА ГОСПОДИН ЃУН Ѓокнил Озќок Џејхун Шен (илустрации) Господин Ѓун е првиот доселен станар во новата зграда. Деновите му беа исполнети со приказните на чевлите што поминуваа пред неговиот прозорец што гледаше кон камените плочи на тротоарот. Едно утро прозорецот го најде затрупан во снег. Насмевките и топките снег што доаѓаа однадвор, зад прозорецот, пред него отвораа поглед кон еден нов живот. На тоа место каде што се среќаваа снегот и насмевките се појави нешто чудесно. Но, ќе може ли тоа да го види господин Ѓун?
возраст 3+
Инспиративна приказна за прифаќањето на животот со храброст и решителност, напишана од Ѓокнил Озќок, позната по биографиите и расказите што ги објавува. Со исклучителните илустрации создадени од Џејхун Шен, ова е книга која ќе остави силни впечатоци кај читателите од секоја возраст. 225 x 225 мм 88 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-04-0
500 ден.
700 ден. 400 ден.
ЗАД ВРАТАТА Езги Берк Ознур Сонмез (илустрации) Али ги крие своите стравови зад вратата што ја создал во својата соба. Секоја ноќ, најпрвин се уверува дека вратата е заклучена, па оди на спиење. Но, една ноќ забележува дека вратата е отворена. За Али, сега тоа е време за одлука - да собере храброст и да помине низ вратата или да ја затвори и да ја игнорира засекогаш?
возраст 4+
„Зад вратата“, напишана во форма на бајка од Езги Берк, квалитетно и игриво илустрирана од Ознур Сонмез, порачува дека можеме да чувствуваме непријатност или страв во иста мера колку што би можеле да чувствуваме и среќа и радост, но тоа што е важно е да прифатиме дека таквите чувства постојат. 190 x 267 мм 52 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-43-9
500 ден.
350 ден.
НЕЛА СМЕЛА И БУШАВАТА БУРА Nela Guximtarja dhe furtuna e shpupurishur
Билјана С. Црвенковска Катерина Николовска (илустрации) Што да прави? Нела размислуваше и си ја потчукнуваше главата со показалецот. Таа беше мошне досетливо девојче. А и не се плашеше од ништо, особено не од бушави бури. Инаку не би била Нела Смела, нели? Çfarë të bëjë? Nela mendonte dhe trokiste në kokë me gishtin tregues. Ajo ishte shumë vogëlushe shumë e zgjuar. Madje nuk trembej nga asgjë, sidomos jo prej stuhive të shpupurishura. Përndryshe nuk do të quhej Nela Guximtarja, apo jo?
205 x 205 мм 32стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-39-2
возраст 3+
325 ден.
200 ден.
КУЧЕТО ШТО МЈАУКАШЕ И МАЧЕТО ШТО ЏАВКАШЕ Билјана С. Црвенковска Сања Симоска (илустрации)
возраст 3+
Бо е кученце што мјаука. Мони е маче што џавка. Тие се присилени да ги напуштат своите домови само затоа што се различно. Но, што се случува кога ќе се најдат?
Бо ја погледна Мони. Мони го виде Бо. „Ав, ав, ав?“ „Мјау, мјау, мјау!“ Бо разбра сѐ што рече Мони. Мони разбра сѐ што рече Бо. Приказна за прифаќањето, самодовербата и припадноста. Приказна што им укажува на децата што значи прифаќање на различните од нив, кои имаат исти чувства, желби и потреби, но ги изразуваат на поинаков начин. Приказна што кажува: колку и да сме различни, сите сме прекрасни на свој начин; секогаш ќе најдеме некој сличен на нас; не сме сами! Потесен избор (од 12 книги) за READER’S CHOICE AWARDS во категоријата Детски книги и сликовници за 2021 година 225 x 225 мм 40 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-66234-0-1
550 ден.
350 ден.
ЛИЛИ Теона Цоневска Ирина Атанаскова (илустрации) Лили e растение кое живее во прекрасна цветна градина. Како доаѓа времето за цут на одредено растение, така тоа си добива цвет. Едно по друго, сите растенија во градината расцутуваат… Сите освен Лили. И така, таа трпеливо чека да расцути… додека градината секоја година блеснува во најразлични бои. Дали Лили ќе добие цвет или ќе остане само едно обично зелено ливче? A4 / 48 стр/ колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-5012-03-9
700 ден.
3+
500 ден.
ДРВОТО ШТО СЛУША Анет Шап Филип Хопман (илустрации) Среде градот, во паркот, има дрво што со леснотија се извишува над сите други. Она што не го знаат луѓето, но го знаат животните, е дека на стеблото на ова дрво, некаде на половина, има уво. Уво што навистина слуша. А4, 44 стр. / колор печат / тврд повез ISBN 978-608-4938-29-3 650 ден.
650 350 ден. ден.
возраст 4+
ЛИСИЧЕ Едвард ван де Вендел Марије Толман (илустрации) Лисичето сонува. Сонува за времето кога беше мало како јаболче. За првиот пат кога излезе надвор од дувлото, со своите сестри и браќа. Тоа ги сонува големиот елен и момчето. И на крајот, сонува за она што се случи кога ги бркаше виолетовите пеперутки… Родителите насекаде низ светот знаат колку е проблематично кога сакаат нивните деца да бидат љубопитни, да имаат убави искуства и пријатели, да го истражуваат светот и да откриваат нови работи... но и да бидат совршено безбедни додека го прават тоа. Лисичето знае како е тоа! Неговиот татко го предупредува дека светот е опасно место. Но, Лисичето и покрај тоа брка пеперутки, влегува во опасности барајќи храна и бара нови пријатели кои се поинакви од него. Но, кога еден ден случајно ќе падне и ќе ја удри главата, Лисичето сонува – преживувајќи ги одново убавите моменти во неговиот живот, но и оние неубавите. Неверојатните илустрации во комбинирана техника на Марија Толман создаваат чувство како навистина да се работи за сон, или пак за филм. 225 x 225 мм 88 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-04-0
700 ден.
700 ден. 400 ден.
возраст 3+
СЛАТКОЗБОРКИ ПОПУЛАРНО! Александра Симова Ирина Атанаскова (илустрации) „Слаткозборки“ е збирка песни посветени на традиционално познати и омилени локални десерти. Секоја песна илустрира еден десерт (персонифициран). Со оглед на традиционалната привлечност на готвењето, книгата е наменета и за повозрасната публика. Песните се наративно и симболички богати и комплексни, реферирајќи на одредени аспекти и проблеми на секојдневието (здрави навики, култура на тело, толеранција, различност, булинг). Со етички поттекст во себе, тие се обидуваат да поттикнат позитивни чувства и да негуваат високи хумани вредности, да градат отвореност и прифаќање на различностите. 205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-18-7
возраст 6+
400 ден.
400 ден. ден. 300
ШТО ВИДЕ БУБАМАРАТА? Румена Бужаровска Јана Јакимовска (илустрации)
ПОПУЛАРНО!
Еден ден малата бубамара решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки. Ајкули, питони, лами и морски ѕвезди – откријте и сами каков е тој чудесен свет што го запознава бубамарата! 205 x 205 мм 32 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-21-7
возраст 6-106
330 ден.
330 ден. 200
БАБА РОГА ВЕЖБА ЈОГА ПОПУЛАРНО! Ванчо Полазаревски Алексеј Костовски (илустрации) „Баба Рога вежба јога“ е илустрирана стихозбирка со хумористични стихови и живи и весели илустрации, за мали и големи, за стари и млади. 205 x 205 мм 64 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-19-4
возраст 6-106
440 ден.
440 200 ден. ден.
РОЗЕВАТА ПЛАНЕТА Мирко Попов Нита Муча (илустрации) „Розевата планета“ е сликовница (па дури би можела да се нарече и стрип-сликовница) која раскажува стихувана приказна за малиот космонаут во потрага по Розевата планета, на која сѐ е розево, слатко и мирисно. 205 x 205 мм 28 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-06-4 (за македонското издание) ISBN 978-608-4938-10-1 (за албанското издание)
возраст 4+
330 ден.
330 200 ден. ден.
КАКВО Е ВРЕМЕТО ТАМУ ГОРЕ? Леона Стојковска Јулијана Росоклија (илустрации) Приказна со интересни ликови, преку која ќе им се приближи и ќе им се направи забавно учењето на германскиот јазик на најмалите читатели. Сликовницата е полна со интересни, хумористични ситуации во кои главините ликови - едно глувче и една жирафа, разговараат со кратки дијалози (прашање - одговор, на германски и на македонски) - кои децата лесно ќе ги запомнат и со тоа ќе ги научат не само германските зборови, туку и цели фрази и реченици. 205 x 205 мм 44 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-07-1
возраст 5+
220 ден.
220 100 ден. ден.
УТА ОД ПЛАНИНИТЕ Тефта Кељменди Катерина Николовска (илустрации) Ова е приказната на едно храбро девојче со големи соништа да се искачи на највисоките врвови на светот. Приказната на Фљутура, која со своите волшебни очи како две ѕвездички го осветлуваше светот околу неа. Со промената на годишните времиња, таа облекуваше фустанче во боите на тоа годишно време и секогаш со насмевка ги поздравуваше бескрајните убавини на природата. Нејзиното име значеше „пеперутка“, но нејзиниот сакан дедо ја викаше Ута и таа го задржа тоа име до денес. Со него стана позната низ целиот свет. 205 x 205 мм; 44 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-14-9 (за македонското издание) ISBN 978-608-4938-15-6 (за албанското издание)
400 ден.
400 200 ден. ден.
возраст 5+
СЕРИЈАЛ: ЛЕФТИ И РАЈТИ (ПРИКАЗНИ ЗА ОБЛЕКИТЕ) комплет: Наташа Дукоска 350 ден. Хари Дудески (илустрации) ЛЕФТИ И РАЈТИ СИ НАЈДОА ДОМ Лефти и Рајти живееја во продавница за детска облека и чекаа некое дете да ги купи и да ги носи. Лефти е белата блузичка, а панталоните се Рајти. Мими има 5 години и е многу љубопитна. Сака да се облекува комотно, трча брзо и пее гласно. Што ќе се случи откако Мими ќе ги однесе дома Лефти и Рајти?
300 ден.
200 ден. 205 x 205 мм 24 стр. / колор печат/ мек повез ISBN: 978-608-5012-05-3
4+
ЛЕФТИ И РАЈТИ ГО СПАСУВААТ ЏЕМПЕРЧЕТО ВОЛИ Мими треба да оди во градинка, но, бидејќи надвор времето е постудено, покрај Лефти и Рајти, таа со себе го зема и малото и топло џемперче Воли. А што ќе се случи откако Мими со Лефти, Рајти и Воли ќе влезе во автобусот, ќе дознаете во оваа весела и поучна приказна. 300 ден.
200 ден.
205 x 205 мм 24 стр. / колор печат/ мек повез ISBN: 978-608-5012-13-8
ВОЛШЕБНИТЕ ПАТУВАЊА НА СОФИЈА
раскази за деца
Екатерина Ширгоска Алексеј Костовски (илустрации) „Приказни за мали авантуристи: Волшебните патувања на Софија“ е збирка од меѓусебно поврзани раскази за деца од раноучилишна возраст (па дури и за предучилишна, доколку се читаат пред спиење). Во секој од расказите малата Софија заминува на едно волшебно патување со нејзиниот розов авион – еден, два, три – во нова чудесна авантура. Но, оваа книга е многу повеќе отколку книга за деца. Во неа авторката Екатерина Ширгоска Лена мошне умешно вметнува совети за родителите како да ги воспитуваат своите деца и како да разговараат со нив за одредени тешки прашања и теми. Од тој аспект, книгата може да послужи дури и како своевиден прирачник за родителите. А5 / 40 стр. / мек повез ISBN 978-608-5012-08-4 350 ден.
250 ден.
возраст 5+
ПРАСТАРИ СКАЗНИ ЗА ХЕРОИ, ЧУДА, ЧУДЕСИИ И ЧУДОВИШТА РАЗНИ Ванчо Полазаревски Наташа Костовска (илустрации) Дванаесет антички митови, дванаесет мошне познати приказни: митот за Сизиф, маките на Тантал, Пандорината кутија, Одисеј и неговите патувања, Орфеј и Евридика, Дедал и Икар, Персеј и Медуза, подвизите на Херкул… и уште неколку други, прераскажани и приспособени за училишна возраст од писателот за деца Ванчо Полазаревски, надополнети со одличните илустрации на Наташа Костовска. 203х254 мм/ 52 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-5012-07-7
12 митови од грчката митологија - прераскажани
7+
500 ден.
400 ден.
КАМЕНАТА ДЕВОЈКА Елена Стојкова
фантастика / роман за млади
Некаде во раскошните убавини на Велмир, меѓу ридовите и долините каде што никакви градови, ниту пак селца не можеа да се забележат во близина, живееше волшебникот кој се трудеше да заборави сѐ, па дури и сопственото име. Скршен и напуштен од најголемата љубов на неговиот живот, Ленора – која исчезнала без трага и глас и никој не знае дали воопшто е жива, волшебникот ги минува своите денови читајќи книги и разговарајќи со многу нетипична соговорничка – една камена статуа. Сѐ до еден ден кога ќе сфати дека мора да го промени својот живот и ќе реши повторно да се занимава со веќе подзаборавената вештина на правење магии… за да ја оживее камената девојка. Б5 / 112 стр. / мек повез ISBN 978-608-5012-06-0
550 ден.
350 ден.
14+
РОМАНИ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ГРАДОТ ВАБУ И ПОТРАГАТА НА НАВИ Симона Јованоска Алексеј Костовски (илустрации) Додека Нави го набљудуваше балонот, балонот ја набљудуваше собата на Нави: мал кревет со две перници, полица со три фиоки, што ли се крие внатре? Мала полица со книги и уште една со фотографии во рамка, закачалка, глобус и многу играчки! – Хм, за џабе си го губам времето, ти си само еден обичен балон – си рече Нави и отиде да си игра. Првиот роман за деца на писателката Симона Јованоска, добитничка на наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2021 година
Б5 формат, 52 стр. / колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-38-5
375 ден.
375 ден. 200 ден.
возраст 7+
ТЕШКО Е ДА НЕ МЕ САКАШ Јасминка Петровиќ Ана Петровиќ (илустрации) Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш. Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш! А5; 112 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-02-6
350 ден.
350 150 ден. ден.
возраст 8-12
ЗА КОПЧЕТО И ЗА СРЕЌАТА Јасминка Петровиќ Добросав Боб Живковиќ (илустрации) Јован беше многу осамен сѐ додека не се појави едно сосема обично копче и – му се насмевна среќата! Ја запозна Милица и тоа пријателство му го смени животот. Засекогаш. Книга за осаменоста, за наоѓањето храброст, пријатели, самодоверба и - среќа. Книга за инклузија на децата со попреченост и за прифаќањето на различнстите. А5 / 80 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-44-6 375 ден.
200 ден.
возраст 8+
ПРИНЦ ОД ХАРТИЈА Владислава Војновиќ Јулија има осум години, сака да црта и често е сама. Кога на вратата од нејзиниот стан ќе се појави сомнителниот анкетар Никола, Јулија во него ќе најде пријател кој умее да си игра и кој може да нацрта совршен круг без шестар. На крајот од нивното дружење, Никола добива на подарок еден пасош и стари обетки. Но, тоа ќе биде повод за многубројни перипетии и интересна авантура… „Принц од хартија“ е неверојатно возбудлив и исклучително духовит роман за децата што го откриваат светот на своите врсници, но случајно влетуваат во проблемите на родителите кои ги измачува несигурноста на општеството во транзиција. Живописно и разиграно раскажана од гледна точка на едно девојче, оваа поучна и урнебесна приказна ќе го развесели целото семејство. Романот ја доби наградата на Змајевите детски игри за најдобар роман за деца во 2008 година и наградата на детското жири Доситејево перо. По книгата е снимен и истоимениот филм, кој е прикажан на повеќе од седумдесет фестивали и кој освои тринаесет награди.
возраст 9-12 400 ден.
400 ден. ден. 200
А5; 182 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-26-2
АВРАМ, БОГДАН, ВОДА ГАЗАТ Владислава Војновиќ Лука Тилингер (илустрации) НАЧИН НА УПОТРЕБА: Прво малку да се ѕирне во книгата, а потоа да се чита полека, по АзБучен ред, со насмевка, може и повеќепати (без разлика на годините)... СОСТОЈКИ: Една љубопитна Меланија и нејзините авантури од буквата А, кога еден поп, пред да почне оваа книга, сркна малку супа, а дури потоа, на почетокот на книгата, значајно изјави: „Аааа, па вие, Меланија, сега ќе учите да читате и да пишувате?“ ВРЕДНОСТ: Голема, со додаток – уживање... ПРОИЗВЕДЕНО: Не е произведено, туку напишано на рака и нацртано на рака... РОК НА ТРАЕЊЕ: Неограничен, почнувајќи од овој миг: „Сега!“ Награда „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади во 2016 година, која ја доделуваат Змајевите детски игри Награда на „Политикин забавник“ за најдобро дело наменето за млади во 2016 година Награда за најдобар роман во продукцијата за деца во 2016 година според одлука на жирито на порталот „Детињарије“
возраст 7-10 А5 / 182 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-05-7
400 ден.
400 ден. ден. 200
БЕЗ ЗБОРОВИ Џенифер Мук-Сенг Желе Мајлс порадо би играл видеоигри со најдобриот другар П. Б. отколку да се подготвува за натпревар во говорење. Всушност, порадо би правел сѐ друго. Затоа е изненаден како и сите други што сериозно го сфаќа годинашниот натпревар. Отпрвин, тоа го прави поради одличната награда. Но кога натпреварувањето ќе тргне наопаку, Желе сфаќа дека ова му е шанса конечно да ја победи сезнајката од неговиот клас. Со неговата репутација, самопочит и другарството што го става на прво место, може ли Желе да ја најде храброста да стане пред целото училиште и да покаже кој е всушност? Урнебесно смешна, „Без зборови“ се занимава со тоа како да им се спротивставите на насилниците, да дознаете кои ви се пријатели и да го најдете вашиот уникатен глас. Добитник на наградата Surrey Schools Book of the Year, 2017 и CBC Best Books of the Year, 2015
А5; 128 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-23-1
возраст 9-12 350 ден.
350 150 ден. ден.
РОМАНИ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПОЛИАНА Еленор Х. Портер Откако останува без родители, девојчето Полиана доаѓа да живее кај својата богата, но мошне строга тетка Поли. Со нејзината добрина, ведрина и заразен оптимизам, Полиана веднаш внесува радост во студениот дом. Заедно со момчето Џими, кое живее во сиропиталиштето, настојува да им помогне на сите и да им вдахне волја за живот. Според оваа безвременска приказна снимени се повеќе играни и ТВ-филмови, како и ТВ-серија. А5; 192 стр. мек повез ISBN 978-608-66234-6-3 300 ден.
300 100 ден. ден.
возраст 8+
ЕН ОД ЗЕЛЕНАТА ФАРМА Луси Мод Монтгомери Единаесетгодишната Ен Ширли никогаш немала вистински дом. По смртта на нејзините родители, постојано ја шетаат во разни згрижувачки домови и сиропиталишта. Кога по грешка ќе ја испратат да живее со Метју и Марила Катберт на големата Зелена фарма, сака засекогаш да остане таму. Но, Ен не е јадрото момче кое го очекуваа Метју и Марила. Таа е палаво, зборлесто црвенокосо девојче со жесток темперамент, кое постојано запаѓа во неволји. Катбертови се согласни дека Ен е сосема поразлична од сите; таа е посебна, девојче со бујна фантазија. Сè што сакала во животот е да припаѓа некаде. И колку подолго останува на Зелената фарма, толку им е потешко на сите да си го замислат животот без неа. Според оваа книга е снимена и популарната серија на Нетфликс „Ен со Е“ (Anne with an E). А5; 272 стр. мек повез ISBN 978-608-66234-1-8
возраст 10+
350 ден.
350 150 ден. ден.
ЗАСТАНИ НА НЕБОТО Ерин Боу Против сите традиции е Ајсулу да дресира орел, бидејќи кај казашките номади само мажите смеат да ги летаат. Но, сѐ се менува кога Ајсулу открива дека брат ѝ, Серик, криел оти криви со ногата, нешто што му ја става во опасност не само иднината на главата на семејството туку и животот. Кога нејзините родители заминуваат да бараат лек за Серик во далечна болница, Ајсулу е присилена да живее со нејзиниот страшен чичко и нејзината чудна стрина, а притоа потајно се грижи за орле. За да го спаси брата си и да не дозволи нејзиното семејство засекогаш да го напушти номадскиот живот, Ајсулу мора да ја стекне довербата на својот орел и да се избори за своето право да го лета. Попатно, открива дека семејство се луѓе кои се одбираат, дом е место што се гради, а надеж е нешто со пердуви. Добитник на Наградата на генералниот гувернер на Канада за литература за млади (Governor General’s Literary Award) за 2019 година. А5 / 228 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-17-0
400 ден.
400 200 ден. ден.
возраст 10-12
РОМАНИ ЗА МЛАДИ СВЕТУЛКА Филипа Даудинг Светулка живеела во паркот спроти куќата на мајка ѝ. Таму било побезбедно. Но откако се случува лошата ноќ и ја одведуваат мајка ѝ која ја напаѓа полицијата со бејзбол палка, социјалните служби ја праќаат Светулка да живее со тетка ѝ Гејл. Речиси и не ја познава Гејл, но дознава дека има продавница за костими. Да, Светулка можеби страда од ПТСН, но би можела да се навикне на капење во када, повторно спиење на кревет и носење што е можно повеќе костими на училиште. Но каде е „дома“? Што е „семејство“? Кога сме кај тоа, која е Светулка... и кој костим е вистинскиот? А5 / 120 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-45-3
400 ден.
250 ден.
возраст 13+
ОЏАЧАРОТ
приказна за едно девојче и нејзиното чудовиште Џонатан Оксие Бестселер на Њујорк Тајмс од авторот на „Ноќниот градинар“ – Џонатан Оксие Поминати се пет години од исчезнувањето на Оџачарот. Напуштена и сама, Нена Врабец е приморана да работи за безмилосен оџачар по име Вилки Круд. Деновите ги поминува во чистење оџаци. Работата е опасна и неблагодарна, но благодарение на своите памет и волја, Нена постојано успева да ги надмине опасностите. Кога Нена се заглавува во еден запален оџак, стравува дека ѝ дошол крајот. Но подоцна се буди неповредена на напуштен таван. И не е сама. Стуткано во аголот е мистериозно суштество – голем – направен од саѓи и пепел. Оџачарот е приказната за едно девојче и нејзиното чудовиште. Заедно, овие двајца отпадници градат нов живот, притоа спасувајќи се еден со друг. Лирично раскажана од еден од најмоќните раскажувачи на денешницата, Оџачарот е срцепарателна авантура за бескрајните дарови на пријателството и чудата. А5 / 296 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-54-5
500 ден.
350 ден.
возраст 12+
Цветка Бевц
Марјетица Смртник е пријатно девојче во тинејџерски години. Нејзиниот живот никогаш не бил лесен. Татко ѝ ги напушти уште кога беше мала, а мајка ѝ оттогаш почна да пие алкохол. Марјетица тоне сè подлабоко поради големите проблеми дома и на училиште. Влегува во друштво кое не ѝ влијае добро и е подготвена да направи сè за да остане дел од него.
Цветка Бевц
Марјетица Смртник е пријатно девојче во тинејџерски години. Нејзиниот живот никогаш не бил лесен. Татко ѝ ги напушти уште кога беше мала, а мајка ѝ оттогаш почна да пие алкохол. Марјетица тоне сè подлабоко поради големите проблеми дома и на училиште. Влегува во друштво кое не ѝ влијание добро и е подготвена да направи сè за да остане дел од него.
СТАКЛЕНИ ПЛАМЕНИ
СТАКЛЕНИ ПЛАМЕНИ
А5 / 174 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-42-2
Stakleni plameni_korica_27-03_01.indd 1
450 ден.
250 ден. 450
ISBN 978-608-4938-42-2
возраст 15+ 4/5/23 10:36
ПРОЗА - РОМАНИ ДЕВЕТ ПРИКАЗНИ ЗА ГОСПОЃИЦА СИТ Билјана С. Црвенковска Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни…
А5 / 152 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-4-9
350 ден.
„Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска е обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.
350 200 ден. ден.
КУЌА НАД БРАНОВИТЕ Билјана С. Црвенковска Свет што умира. Куќа над брановите, на осамен остров среде Океанот. Спомени од минатото, тајни стари илјадници години, надеж за нов почеток… и љубов, во сенката на Црното сонце. Постапокалиптичен, филозофски, спекулативен роман. А5 / 160 стр. / мек повез ISBN 978-608-49380-3-3
350 ден.
350 200 ден. ден.
ИВАНА ПРЕД МОРЕТО Вероника Симонити Раскажувачката, од Париз, каде што живее сега, се враќа на словенечкото приморје за да ја исчисти куќата на покојната мајка. Има сериозен купувач. Во купот пожолтени фотографии наоѓа слика од баба си како со едната рака држи девојче, мајка ѝ, тогаш на околу пет години, а со другата се држи за бремениот стомак. Фотографијата е од 1943 година, време на тешки судбини и ненадејни пресврти. Што се случило со бебето кое го носи? Романот на Вероника Симонити со неколку паралелни прикази од различни периоди и различни генерации од едно семејство нè соочува со колективното минато и личните судбини. Дури и тешките времиња по завршувањето на војната се испишани со мекиот ракопис на авторката, која, секогаш од нова позиција, гледа кон нашите заеднички простори. Убав роман за неубавите времиња.
А5 / 160 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-25-5
400 ден.
200 ден.
АГНИ
НАГРАДА „КРЕСНИК“ 2021
Борут Крашевец
Борут Крашевец
Борут Крашевец
Агни
Агни
Романот „Агни“ е љубовна драма со три раскажувачки линии: животинска (куникула), девојкина (девојче во период на полово созревање) и линија на Романот „Агни“ е љубовна драма со три раскажувачки линии: животинска (куникула), девојкина (девојче во период на полово созревање) возрасни (три лица формираат љубовен триаголник – таткото, мајката и итетката линија на возрасни (три лица формираат љубовен триаголник – на девојчето). таткото, мајката и тетката на девојчето). Надворешната рамка на романот ни го пренесува животот на една Надворешната рамка на романот ни го пренесува животот накуникула една куникула од нејзиното окотување, па до смртта. Ако не ја земаме од нејзиното окотување, па до смртта. Ако предвид не водечката ја земаме предвид водечката тема „ерос-танатос“, која е безвременска, романот овде и сега е најактуелен поради животинската тема, која авторот не тема „ерос-танатос“, која е безвременска, романот овде туку и сега најактуелен ја обработува трендовски, утврдените епретстави на современиот урбан човек за животните (животно = милениче) ги соочува поради животинската тема, која авторот несо светот ја обработува трендовски, туку на одгледуваните и дивите животни, кои не се стерилизирани и изземени од борбата за опстанок. Но, главниот утврдените претстави на современиот урбан човек за животните квалитет на романот не е во описот на животинскиот свет(животно како таков, туку преплетот на трите раскажувачки линии што се = милениче) ги соочува со светот на одгледуваните животни, огледуваат една во и друга,дивите меѓусебно се опоменуваат и од неочекувани кои не разоткриваат некои табуизирани теми (инцест, канибализам, се стерилизирани и изземени од борбата за точки опстанок. Но, полигамија). На композициско ниво, главниот авторот со променаквалитет на гледиште постојано си подигрува со очекувањата на на романот не е во описот на животинскиотраскажувачкото свети така како таков, читателите постигнува моќни ефекти. туку преплетот на трите раскажувачки линии што се огледуваат една во друга, меѓусебно се опоменуваат и од неочекувани точки разоткриваат некои табуизирани теми (инцест, канибализам, полигамија). На композициско ниво, авторот со промена на раскажувачкото гледиште постојано си подигрува со очекувањата на читателите и така постигнува моќни ефекти.
Агни
цена
400
ISBN 978-608-4938-57-6
Борут Крашевец
ден.
400 ден.
А5 / 160 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-25-5
300 ден.
ХИТ!
КАРМИЛА Џозеф Шеридан Ле Фанју „Кармила“ е готска новела од 1872 година од ирскиот автор Џозеф Шеридан Ле Фанју и едно од првите дела на вампирската фикција, напишано 26 години пред „Дракула“ (1897) од Брем Стокер. Првобитно објавена како серијал во „Темносино“ (1871-72), приказната ја раскажува млада жена којашто ја демне женски вампир по име Кармила, што подоцна се открива дека е Миркала, грофицата Карнштајн (Кармила е анаграм од Миркала). Ликот на Кармила е прототип на лезбејски вампир којшто изразува романтични желби кон протагонистот. Значајно е тоа што новелата никогаш не ја прикажува хомосексуалноста како негативна особина, оставајќи ја притаена и во извесна мера премолчана. Приказната е честопати антологизирана и многупати е адаптирана за филм и други медиуми. А5 / 88 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-16-3
275 ден.
275 150 ден. ден.
ДРЕСИРАНИТЕ ГО ВОЗВРАЌААТ УДАРОТ Владимир Петрушевски - Фили Наташа Костовска (илустрации)
хумор/ кратка проза
„Дресираните го возвраќаат ударот“ е втор дел од успешната приказна наречена „Како ги дресираме мама и тато“ – одлична духовита книга на Владимир Петрушевски (во коавторство со илустраторката Наташа Костовска), наменета за… родители (но и за деца). Книгата е продолжение на „Како ги дресираме мама и тато“, која веднаш по објавувањето доживеа значаен успех и кај критиката и кај читателите. Станува збор за кратки цртички кои се случки или дијалози со седумгодишните ќерки близначки на авторот.
Б5 / 80 стр. / колорен печат / мек повез ISBN 978-608-4938-28-6
440 ден.
440 200 ден. ден.
СЕРИЈАЛ РОМАНИ ДНОТО НА МОЕТО НЕБО Кристина Краличин Оваа книга ја раскажува интимната, љубовна приказна на една девојка која има преголема доверба во своето момче, кое за краток период се сели да живее заедно со неа во нејзиниот стан. По три преубави години минати заедно, таа ќе се раздели од него и откако ќе увиди тој ѝ е сѐ и дека не може да го замисли својот живот без него, ќе отпатува на тридневен одмор на Бохињското Езеро, кое се наоѓа на 26 км југозападно од Љубљана. Таму ќе се обиде да ги разбистри мислите и да дознае каде се гледа себеси во иднина, но овој пат без него. Дополнителна главоболка ќе ѝ создава и неодамна добиениот отказ од работа во фирма во која работи десетина години. Иако настојува да го потисне секогаш присутното чувство на размислување за него, таа не може да престане да размислува за причината за разделбата. Загубата ѝ се заканува дека ќе ја уништи. Па, затоа ќе почне да копа по минатото и да бара докази. И набргу ќе открие. А5 / 152 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-46-0
350 ден.
250 ден.
ДЕНОТ ПРЕД ДА СЕ СТЕМНИ
комплет: 800 ден.
Кристина Краличин Роман - преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа. Главниот лик на романот – Роберт Хил заминува да живее и работи во друга земја надвор од своето родно место, оставајќи го минатото зад себе во очекување да ја пронајде личната афирмација на професионален и приватен план. Сепак, судбината не се одвива според неговиот план, таа има свој начин на презентирање нови животни предизвици во вителот на неочекуваните случувања и ситуации, што за Роберт Хил ќе претставуваат своевидно губење на личната слобода и разнишување на сопствената самодоверба. Тој првпат во животот ќе се судри со притисок наметнат од страна на неговиот работодавец и под силниот удар на мобингот ќе ја бара онаа страна на судбината што ќе може да го изведе надвор од душевните стеги. 450 ден.
350 ден.
А5 / 336 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-63-7
ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ВТОРА КЛАПА Кристина Краличин Психолошки роман со хорор-секвенции, што го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, Америка. При едно патување во градот Далас за снимање сцени за филмот на кој работи, доживува сообраќајна несреќа што комплетно ќе му го измести неговиот поглед на светот и на животот, а особено затоа што има жртва за која тој се обвинува себеси. Тери Милер ја започнува својата психолошка драма во која неговата свест бара начини да се избори со илузијата што му ја креираат неговите мисли. Романот изобилува со богат книжевен речник, уметничко-литературен функционален стил на изразување во филозофскиот аспект на основните животни прашања, особено кога главниот лик се наоѓа во вклештениот простор помеѓу минатото и иднината, просторот на разбудените спомени од детството во кохезија со иднината што темелно ја визуализира за филмот „РЕМ-семиреалност во 5.000-та година“. А5 / 315 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-64-4
400 ден.
300 ден.
ПОЕЗИЈА
2024
300 ден.
А5 / 80 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-53-8
150 ден.
200 ден. А5 / 88 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-7-0 50 ден.
А5 / 74 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-71-2
А5 / 88 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-00-2
250 ден.
200 ден. 150 ден.
200 ден.
50 ден.
А5 / 96 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-5-6
200 ден.
50 ден.
ВИДИКОВЕЦ
200 ден.
култура, уметност, филм, архитектура
Елена Копртла Целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот и идентитетот на градските средини. А5 / 80 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-36-1
200 ден. А5 / 84 стр. / мек повез 100 ден. ISBN 978-608-4938-70-5
200 ден.
400 ден.
200 ден. 150 ден.
200 ден. А5 / 274 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-41-5
info@id-concept.mk
www.cudnasuma.com
www.espisanie-cudnasuma.com