КАТАЛОГ

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“ (1979 година), за првпат изведена на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во режија на Слободан Унковски, кон крајот од декември 1979 година.
Потоа следуваат „Лет во место“ 1981, „Хи-Фи“, 1982, „Дупло дно“, 1983, „Бушава азбука“ (ТВ-серија во 31 епизода), 1985, „Тетовирани души“, 1985, „Црна душка“, 1988, „Лонг плеј“, 1988, „Кула вавилонска“, 1990, „Сараево“, 1993, „Старецот со камен околу вратот“, 1994, „Сега му е мајката“, 1995, „Баханалии“, 1996, „Казабалка“, 1998, „Сите сме луге“, 1998, „Приказни од еден град“, 1999, „Хотел Европа“, 2000, итн Душан Петричиќ е српски илустратор и карикатурист. Има илустрирано бројни книги за деца, а неговите карикатури се појавуваат во реномирани магазини и дневни весници, од „Политика“ до „Њујорк тајмс”. Ја има добиено престижната награда – Почесен сертификат на IBBY (International Board of Books for Young People), како и Alberta Book Award и The Longitude Prize, наградата Levstik во Словенија и други.
возраст
ПОПУЛАРНО!
Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ.
Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.
Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.
230 x 280 мм
64 стр. / колор печат/ тврд повез
ISBN 978-608-4938-30-9
650 ден.
возраст
225 x 225мм; 44 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-37-8
„Приказна за малиот Уг“ е нежна, емотивна и прекрасно илустрирана приказна за различностите. Малото Угче, главниот протагонист во приказната – се раѓа поинакво од другите угчиња на Зелената Планета. Осамено и отфрлено, угчето трага по пријател кој нема да се плаши од него… Сликовницата е дел од едицијата „Различни и прекрасни“, едиција во која се наоѓаат изданија за најмалечките кои отворено зборуваат за прифаќањето на различностите, за инклузијата, справувањето со врсничкото насилство, самодовербата, миграцијата, итн. Ирина Атанаскова сака да црта на кожа, на ѕидови, на хартија и на таблет. Мајка е на едно дете и едно куче. Таа сака да создава несекојдневни цртежи за секојдневниот живот. Нејзина желба е преку детската илустрација да допре и до возрасните и да ги потсети на безгрижноста на детската игра како меморија за слободата.
ПРИКАЗНА ЗА МАЛИОТ
Додека Нави го набљудуваше балонот, балонот ја набљудуваше собата на Нави: мал кревет со две перници, полица со три фиоки, што ли се крие внатре? Мала полица со книги и уште една со фотографии во рамка, закачалка, глобус и многу играчки!
– Хм, за џабе си го губам времето, ти си само еден обичен балон – си рече Нави и отиде да си игра.
Првиот роман за деца на писателката Симона Јованоска, добитничка на наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2021 година
Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка, преведувачка, сонувачка (или мечтателка, како милувате), вљубеничка во природата, планините, животните и облаците, и – вечно дете. Освен што постојано сонува со отворени очи, Билјана не престанува да пишува... и да пишува... и да пишува. Има напишано многу книги и сценарија за серии за деца, но и за возрасни. За нејзините книги добила или била номинирана за бројни награди, меѓу кои и наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија. Живее на релација Скопје – Охрид – Земјата на соништата, а најдобар другар ѝ е мачорот Макс.
Ване Костуранов е човек кој поголемиот дел од животот го поминува измислувајќи нешто. Понекогаш тоа се нови слики, а понекогаш измислува и црта сликовници за деца. Толку е заигран во овој свет, што веќе нацрта три авторски сликовници („Ѕвездено дете“ 2018, „Девојче и мече“ 2019 и „Девојчето и градот“ 2020). Преостанатото време црта на хартија, понекогаш на платно, а повремено прави илустрации за други писатели (кои, исто така, се познати измислувачи).
За неговите измислени работи понекогаш добива и награди. Ване живее и работи во Струмица, еден сосема обичен и реален град.
Малечката Кала е принудена набрзина да го напушти својот дом. Таа заминува со родителите на долго, истоштувачко и застрашувачко патување без крај.
Кала не разбира што се случува, освен што ги наслушува неубавите зборови што ги шепотат возрасните. Но, она што го знае е дека ѝ недостига нејзината куќа, заедно со баба, дедо и омилената играчка – зајачето.
Приказна за тоа како имагинацијата може да помогне во справувањето со губитокот и тагата.
Добитник на наградата „Најдобра книга“ за деца и млади меѓу два саеми на книга за 2021 (МАИ)
Финалист за READER’S CHOICE AWARDS во категоријата Детски книги и сликовници (Топ 5 рангирани за 2021 година)
225 x 225 мм
44 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-12-5
Бо е кученце што мјаука. Мони е маче што џавка. Тие се присилени да ги напуштат своите домови само затоа што се различно. Но, што се случува кога ќе се најдат?
Бо ја погледна Мони.
Мони го виде Бо. „Ав, ав, ав?“
„Мјау, мјау, мјау!“
Бо разбра сѐ што рече Мони. Мони разбра сѐ што рече Бо.
Приказна за прифаќањето, самодовербата и припадноста. Приказна што им укажува на децата што значи прифаќање на различните од нив, кои имаат исти чувства, желби и потреби, но ги изразуваат на поинаков начин. Приказна што кажува: колку и да сме различни, сите сме прекрасни на свој начин; секогаш ќе најдеме некој сличен на нас; не сме сами!
Потесен избор (од 12 книги) за READER’S CHOICE AWARDS во категоријата Детски книги и сликовници за 2021 година
Што да прави? Нела размислуваше и си ја потчукнуваше главата со показалецот. Таа беше мошне досетливо девојче. А и не се плашеше од ништо, особено не од бушави бури. Инаку не би била Нела Смела, нели?
Çfarë të bëjë? Nela mendonte dhe trokiste në kokë me gishtin tregues. Ajo ishte shumë vogëlushe shumë e zgjuar. Madje nuk trembej nga asgjë, sidomos jo prej stuhive të shpupurishura. Përndryshe nuk do të quhej Nela Guximtarja, apo jo?
возраст
205 x 205 мм
32стр. / колор печат/ мек повез
ISBN 978-608-4938-39-2
325 ден.
Едвард ван де Вендел е еден од најпознатите современи холандски автори на книги за деца и млади, кој пишува и поезија, проза и есеистика. Тој совршено успева секогаш да ја најде вистинската форма и тон за неговата книжевност, и да ги плени читателите од сите возрасти. Има освоено бројни престижни книжевни награди, а неговите книги се преведени на повеќе од 20 јазици.
Марије Толман е холандска уметница и илустраторка. Таа често користи повеќе медиуми, комбинирајќи ја илустрацијата со други ликовни техники, како и со фотографија. Нејзините книги се објавени во повеќе од десет земји. Добитничка е на повеќе награди за илустрација, вклучително и наградата Bologna Ragazzi.
Лисичето сонува. Сонува за времето кога беше мало како јаболче.
За првиот пат кога излезе надвор од дувлото, со своите сестри и браќа.
Тоа ги сонува големиот елен и момчето. И на крајот, сонува за она што се случи кога ги бркаше виолетовите пеперутки…
Родителите насекаде низ светот знаат колку е проблематично кога сакаат нивните деца да бидат љубопитни, да имаат убави искуства и пријатели, да го истражуваат светот и да откриваат нови работи... но и да бидат совршено безбедни додека го прават тоа.
Лисичето знае како е тоа! Неговиот татко го предупредува дека светот е опасно место. Но, Лисичето и покрај тоа брка пеперутки, влегува во опасности барајќи храна и бара нови пријатели кои се поинакви од него. Но, кога еден ден случајно ќе падне и ќе ја удри главата, Лисичето сонува – преживувајќи ги одново убавите моменти во неговиот живот, но и оние неубавите. Неверојатните илустрации во комбинирана техника на Марија Толман создаваат чувство како навистина да се работи за сон, или пак за филм.
225 x 225 мм
88 стр. / колор печат/ тврд повез ISBN 978-608-4938-04-0
700 ден.
Езги Берк
Детството го помина во градинки опкружени со паркчиња и зеленило. Растеше во основно училиште со бетонски двор. Понекогаш паѓаше и повторно стануваше. Во средното училиште ѝ дозволуваа да си игра, но возбудливите одмори помеѓу часовите во гимназијата им го отстапија местото на стресот од испитите и многуте изборни ќефови. Студираше на универзитетот за кој мечтаеше, на отсекот за историја, кој толку многу го сакаше. Како што поминуваше времето, кога почна да се претвора во возрасен кој заборавил да си игра и да гледа во небото, во една книжарница, повторно ги откри книгите за деца. Со книгите за деца сега е неразделна. Истовремено одржува работилници за деца во училиштата и во библиотеките. Езги, која чита многу, многу сликовници, секоја вечер погледнува во небото и сè уште верува во змејови. Нејзиниот најголем страв е едно утро кога ќе се разбуди, да се најде себеси како вистински возрасен човек.
Ознур Сонмез
Се роди во Анкара во 1985 година. Се школуваше на отсекот за графички дизајн на Факултетот за фини уметности на Универзитетот „Хаџетепе“. По исполнетиот живот за време на студиите, почна да работи како уметнички директор во неколку рекламни агенции во Истанбул. Своето искуство во секторот го зголемуваше имајќи клучна улога во рекламните кампањи на многу трговски марки што секому му се познати. Во истиот период ги почна постдипломските студии на отсекот за дизајн на Универзитетот „Кадир Хас“. Нејзиниот интерес и нејзината дарба за илустрациите направија да ги открие книгите за деца. Сакајќи да работи понезависно со своето професионално искуство и идеали, почнува да работи самостојно. Денес истовремено работи и како илустратор на книги за деца и како слободен уметнички директор на рекламни кампањи.
Али ги крие своите стравови зад вратата што ја создал во својата соба. Секоја ноќ, најпрвин се уверува дека вратата е заклучена, па оди на спиење. Но, една ноќ забележува дека вратата е отворена. За Али, сега тоа е време за одлука - да собере храброст и да помине низ вратата или да ја затвори и да ја игнорира засекогаш?
„Зад вратата“, напишана во форма на бајка од Езги Берк, квалитетно и игриво илустрирана од Ознур Сонмез, порачува дека можеме да чувствуваме непријатност или страв во иста мера колку што би можеле да чувствуваме и среќа и радост, но тоа што е важно е да прифатиме дека таквите чувства постојат.
190 x 267 мм
52 стр. / колор печат / мек повез ISBN 978-608-4938-43-9
500 ден.
возраст 4+
инспирирано од истоимената песна на Данил Хармс
Катерина Николовска е наградувана илустраторка и графичка дизајнерка. Има илустрирано многу списанија, сликовници, стрипови, збирки со приказни и стихозбирки, корици за книги за деца, корици за прозни изданија, постери итн. Има учествувано во повеќе уметнички проекти и во неколку групни изложби.
За нејзините книги има добиено повеќе награди, а влезе и во селекцијата на 200 најдобри книги од целиот свет „Бели Гаврани“ (White Ravens) за 2020 година со книгата „Бајки од Македонија за цела година“.
Инспирирана од познатата песна на Данил Хармс, „Тигар на улица“, оваа сликовница раскажува своја сопствена приказна низ слики: приказна за храброста, за силата да се спротивставиме, да се избориме и да го пронајдеме и разбудиме тигарот што спие длабоко во секој од нас.
Книгата не користи многу зборови (освен песната на Данил Хармс), но дополнително се ставени интерактивни упатства, со цел да го внесат детето-читател внатре во приказната и да му помогнат полесно да се идентификува со главниот лик.
205 x 205 мм
44 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-13-2
400 ден.
Кога единаесет годишно девојче ќе смисли приказна со интересни ликови, преку која ќе им го приближи и ќе им го направи забавно учењето на германскиот јазик на нејзините врсници (а и помали другарчиња), резултатот е „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“.
Малата авторка на оваа книга се вика Леона Стојковска, а илустрациите се на илустраторката и уметница Јулијана Росоклија.
Сликовницата е полна со интересни, хумористични ситуации во кои главините ликови - едно глувче и една жирафа, разговараат со кратки дијалози (прашање - одговор, на германски и на македонски) - кои децата лесно ќе ги запомнат и со тоа ќе ги научат не само германските зборови, туку и цели фрази и реченици.
205 x 205 мм
44 стр. / колор печат / мек повез
ISBN 978-608-4938-07-1 220 ден.
возраст 5+
Едноставно, тие не беа од оваа планета, ниту беа дел од оваа книга. Никој не знаеше од каде и кога се појавија. Ја отворија корицата, влегоа набрзина и без никакви расправии секој си влезе во различно поглавје од книгата.
Во книгата имаше седум поглавја, а тие беа седум. Седумте Некоиси.
Книга наменета за децата од училишна, но и предучилишна возраст. Преку необична и весела приказна за седумте Некоиси, децата ќе се запознаат со седум македонски композитори и со основните музички поими.
На крајот од книгата е сместена и „Мала музичка енциклопедија“.
А4 хоризонтална 64 стр. / колор печат / полутврд повез
ISBN 978-608-4938-40-8
490 ден. возраст 6-11
МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ
Илустрирана стихозбирка за деца (и возрасни) кои ја сакаат (или сакаат да ја засакаат) музиката.
Стихозбирката претставува одличен, но и хумористичен вовед на децата во светот на музиката. Песните во книгата се сместени во четири циклуси: инструменти, композитори, инструменталки и слушање стари песни.
возраст 7+
205 x 205 мм 72 стр. / колор печат/ мек повез со клапни
ISBN 978-608-66234-8-7 (e-книга)
ISBN 978-608-66234-8-7 (печатено издание)
450 ден.
Владимир Мартиновски пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика, а се занимава и со книжевен превод. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, УКИМ. Автор е на десетина поетски книги, на десетина теорискоесеистички книги, на три книги хаибуни, една книга раскази и на две книги поезија за деца: Дур дишам се надевам (2019) и Шах со Бах (2020). Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку награди за поезија, критика и раскази.
Зоран Кардула е роден во Крушево, а живее во Скопје. Дипломиран електроинженер по образование, сликар, илустратор и графички дизајнер по професија, но повеќе познат како активист и борец за правда. Сликарството и дизајнот за него се јазик со кој може да го искаже она што не може преку зборови. Визуелниот израз носи моќна порака со себе.
Втората книга од едицијата, по „Шах со Бах“, е наменета за помали деца. Песните во стихозбирката раскажуваат стихувани приказни за музикални животни, како на пример за музикалните крави, или за балот на пингвините, или за жабјиот хор во барата - придружувани со прекрасни илустрации.
205 x 205 мм
60 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-11-8
440 ден.
Александра Симова се занимава со пишување во разни форми, цели и функции, од сценарија до стратегии, од слогани до настани. Работела како копирајтер, уредник и креатор на содржини, а од неодамна е и автор на поезија за деца. Има три деца и една епилептична мачка. Сонува за денот кога ќе се наспие и кога ќе го напише својот прв роман. „Слаткозборки“ е нејзина прва сликовница.
„Слаткозборки“ е збирка песни посветени на традиционално познати и омилени локални десерти. Секоја песна илустрира еден десерт (персонифициран). Со оглед на традиционалната привлечност на готвењето, книгата е наменета и за повозрасната публика. Песните се наративно и симболички богати и комплексни, реферирајќи на одредени аспекти и проблеми на секојдневието (здрави навики, култура на тело, толеранција, различност, булинг). Со етички поттекст во себе, тие се обидуваат да поттикнат позитивни чувства и да негуваат високи хумани вредности, да градат отвореност и прифаќање на различностите.
205 x 205 мм
44 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-18-7
400 ден.
возраст
Румена и Јана се другарки прави
со еден мозок во две глави.
Цел живот прават глупости разни, а сега склопија стихувани сказни.
Родени се далечната осумдесет и прва, ги знаат магарето, творот, а и два-три црва.
Румена вежбаше клавир, Јана балет, а сега двете се професорки на факултет.
Едната пишува, другата слика, па така се роди и оваа книга. Еден ден малата бубамара решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки. Ајкули, питони, лами и морски ѕвезди – откријте и сами каков е тој чудесен свет што го запознава бубамарата!
возраст 6-106
205 x 205 мм
32 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-21-7 330
Среде градот, во паркот, има дрво што со леснотија се извишува над сите други. Она што не го знаат луѓето, но го знаат животните, е дека на стеблото на ова дрво, некаде на половина, има уво. Уво што навистина слуша.
А4, 44 стр. / колор печат / тврд повез ISBN 978-608-4938-29-3
Ванчо Полазаревски е поет, писател и новинар. Има напишано дваесетина книги, од кои повеќето за деца, но и за возрасни од областа на хуморот и сатирата. Некои од нив и самиот ги илустрирал. Негови раскази и песни се среќаваат на страниците на учебниците за основно образование. Добитник е на наградата за најдобра книга за деца на Струшките вечери на поезијата, како и на повеќе награди за хумор и сатира.
Алексеј Костовски е графички дизајнер и илустратор. Поттикнат од фантастичниот свет на стриповите и видео игрите, почнува да црта од рана возраст. Во текот на поголемиот дел од детството и средношколските денови создава илустрации, учествува на ликовни натпревари, а потоа студира графички дизајн и се насочува кон илустрација. Активно работи како илустратор и е еден од коосновачите на креативната платформа за деца „Буфко”. „Баба Рога вежба јога“ е илустрирана стихозбирка со хумористични стихови и живи и весели илустрации, за мали и големи, за стари и млади.
205 x 205 мм 64 стр. / колор печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-19-4
440 ден.
возраст 6-106
ПОПУЛАРНО!
Наташа Костовска е историчарка на уметноста, карикатуристка и илустраторка. Работела како карикатурист долги години во неделникот за хумор и сатира „Остен“ каде што подоцна била и уредник на Светската Галерија на Карикатури. Илустрација за деца работи повеќе од дваесет години. Има илустрирано многу книги за домашни и странски автори. Активно учествува како автор во креативната платформа за деца „Буфко”.
Прекрасна шарена сликовница за учење и препознавање на буквите од азбуката преку весели стихови, придружувани со шарени и хумористични илустрации. За секоја буква е вклучена и активност за пишување на буквите.
А4, 36 стр. колор печат/ мек повез
ISBN 978-608-4938-34-7
Весела боенка за боење на буквите од азбуката и нивно учење придружувано со графомоторички вежби. Одличен комплет со ХИТ книгата „Азбукварка“!
НОВО!
А4, 32 стр.
колор печат/ мек повез ISBN 978-608-4938-33-0 180 ден.
возраст
Во книшкава ќе најдеш петнаесет гатанки и, се разбира, петнаесет одговори претставени со весели цртежи. За да го дознаеш одговорот на секоја гатанка, само треба да завртиш на следната страница.
Скенирај го кодот и прочитај ги сите ГАТАНКИ во е-списанието Чудна шума:
возраст 6+
120 х 140 мм, 32 стр.
колор печат/ мек повез
ISBN 978-608-4938-32-3
150 ден.
возраст 7+
Преку едукативниот комплет „Децата и планините“ (папка, брошура со карта и леток), малите читатели ќе имаат можност да ги научат поголемите планини во Македонија, планинските масиви и планинските венци и каде се наоѓаат тие; највисоките врвови на планините; големите леднички или глацијални езера (кои настанале со топење на мразот за време на ледената доба), водопадите и изворите на големите реки, како и растенијата (флората) и животните (фауната) на тие планини (меѓу кои и повеќе ендемични видови, што живеат само на тоа место на планетата). Во средината на брошурата, децата ќе најдат и мала планинска карта. Со неа полесно ќе ги пронајдат планините што се споменати во текстот и, веруваме, ќе одлучат и да ги посетат. Со други зборови, целта на овој пакет е не само да учењето на планините туку и нивно запознавање и –се разбира – развивање на љубов кон планините од најмала возраст. Со скенирање на QR кодот на комплетот, децата ќе можат да ја посетат и веб страницата „Децата и планините“ во рамки на бесплатното
е-списание „Чудна шума“ и да ги прошират дополнително своите знаења за планините.
А5 (папка, брошура и леток) 10 стр. / колор печат
ISBN 978-608-4938-22-4 (за македонското издание)
ISBN 978-608-4938-24-8 (за албанското издание)
150 ден.
Ова е приказната на едно храбро девојче со големи соништа да се искачи на највисоките врвови на светот. Приказната на Фљутура, која со своите волшебни очи како две ѕвездички го осветлуваше светот околу неа. Со промената на годишните времиња, таа облекуваше фустанче во боите на тоа годишно време и секогаш со насмевка ги поздравуваше бескрајните убавини на природата. Нејзиното име значеше „пеперутка“, но нејзиниот сакан дедо ја викаше Ута и таа го задржа тоа име до денес. Со него стана позната низ целиот свет.
Во мај 2017 г. Ута стана првата жена од албанска националност што се искачи на Монт Еверест, на 8.848 метри. До 2020 година таа искачи пет врва над 8.000 метри и нејзината цел е да продолжи да се искачува на преостанатите 14 врва над 8.000 метри и да шири позитивна енергија на луѓето од целиот свет.
205 x 205 мм; 44 стр. / колор печат / мек повез
ISBN 978-608-4938-14-9 (за македонското издание)
ISBN 978-608-4938-15-6 (за албанското издание)
400 ден.
Мирко Попов е музичар и продуцент, основач на дискографската куќа ПМГ Рекордингс и автор на музика, текстови, вокалист и оператор на машини за звук во бендот ПМГ Колектив. Тој е сценарист и автор на видео-спотови, на еден музички филм, има работено како музички критичар во повеќе магазини, а негова проза, поезија и стрипови се објавувани во неколку списанија. Автор е и на една монографија, а „Розевата планета“ е негова прва книга за деца.
Нита Муча е уметница, илустраторка, историчарка на уметноста, археолог и магистер по конзервација . Илустраторка е на книгата за деца „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, а „Розевата планета“ е нејзина втора книга за деца.
„Розевата планета“ е сликовница (па дури би можела да се нарече и стрип-сликовница) која раскажува стихувана приказна за малиот космонаут во потрага по Розевата планета, на која сѐ е розево, слатко и мирисно.
возраст 4+
205 x 205 мм 28 стр. / колор печат / мек повез со клапни
ISBN 978-608-4938-06-4 (за македонското издание)
ISBN 978-608-4938-10-1 (за албанското издание)
330 ден.
РОЗЕВАТА ПЛАНЕТА
возраст
Живко Грозданоски е роден на 10 ноември 1986 година, неколку часа по полноќ. Како дете особено сака: 1) да си игра со коцки на кои има букви; 2) да црта 3) да си прави фигури со молив, линијар, ножички и лепило; 4) да се пентари по дрвја; 5) да решава крстозбори и ребуси 6) да игра секакви игри; 7) да пишува песнички: во четврта година гимназија ја објавува својата прва книга (збирката песни „Песок и свила“), а потоа објавува уште пет прозни книги (раскази, новели и роман) и една мала тријазична антологија (на македонски, грчки и англиски јазик). Многу сака и да преведува: од италијански на македонски јазик досега превел и препеал осум книги и повеќе раскази и песни, а од македонски на италијански препеал стотина песни. „Пет приказни од целиот свет“ е негова прва книга за деца, а по некое време планира да објави уште една слична книга, но со песни: за белите глувчиња, за црните овци и за зелените вошки. Планира, исто така, да прави и коцки на кои има букви. 205х205 мм / 32 стр. / колорен печат / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-27-9 330 ден.
„Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво. Приказните не само што „доаѓаат“ од различни делови на светот туку се замислени да припаѓаат и на различни временски периоди: првата е македонска легенда од раното средновековие, втората е аргентинска народна приказна, третата е италијанска легенда од доцниот среден век, четвртата е најавена како старо јапонско предание, а петтата – како древна асирска сказна. Приказните се раскажани мошне шармантно и привлечно за најмладата читателска публика, со извонреден стил кој потсетува на усна нарација.
Во овој прирачник, наменет за сите возрасти, претставени се методи од апликативната екологија преку кои читателот може да го проучува живиот свет. Почнување на истражувачки дневник, следење на промените на сезоната, набљудување инсекти, птици и цицачи, како и собирање растенија и изработка на хербариум се само дел од содржините на овој прирачник. Целта на прирачникот е да го натера читателот да поминува колку што е можно подолго време на отворено во природа, да го спознава и да го набљудува живиот свет, да се грижи за загрозените живи организми и да го зголеми своето познавање за националните, но и за светските природни вредности.
Б5 / 104 стр. / мек повез со клапни ISBN 978-608-4938-01-9 450 ден.
возраст 9-99
ПРИРАЧНИК ЗА ПРОУЧУВАЊЕ
НА ПРИРОДАТА
Роман за едно посебно девојче од еден посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, пајаци, црни мачиња, лилјаци... но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград постои уште еден град, Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со него владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. Книгата има две корици и се чита одназад. Постои и причина за тоа, освен што е необично и интересно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме.
Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места.
возраст 7+
Б5 / 88 стр. колор печат/ мек повез
ISBN 978-608-66234-3-2
400 ден.
SВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА
ОД СТРАШКОГРАД
Билјана С. Црвенковска Нита Муча (илустрации)
Стихозбирка, флип-книга, приказна во стихови за еднорогот Мите и другите животни од чудната шума и смеење до солзи –и за мали и за големи.
возраст 7-107
А5 / 264 стр. / мек повез
ISBN 978-608-4938-31-6
550 ден.
Креативни активности за 365 дена во годината.
Креативниот дневник е наменет првенствено за младите креативци, но и за креативните луѓе од сите возрасти. Наменет е за оние што сакаат да ја поттикнат својата имагинација, што сакаат да се изразат преку пишан збор или цртеж, да запишат мисла, инспирација, расположение, како и за оние што имаат желба да водат еден малку поинаков дневник.
возраст 7-107
А5 / 200 стр. / мек повез
ISBN 978-608-4938-35-4
450 ден.
возраст
Јован беше многу осамен сѐ додека не се појави едно сосема обично копче и – му се насмевна среќата! Ја запозна Милица и тоа пријателство му го смени животот. Засекогаш.
Книга за осаменоста, за наоѓањето храброст, пријатели, самодоверба и - среќа. Книга за инклузија на децата со попреченост и за прифаќањето на различнстите.
А5
ISBN 978-608-4938-44-6
375 ден.
8+ НОВО!
Се присилив да отидам до сцената и се свртив. Ова ќе биде најстрашното нешто што сум го сторил во животот. Погледнав надолу кон морето од светкави очи и се натерав да се фокусирам на следниот чекор. Требаше само да ги издржам следните пет минути, збор по збор. Тогаш ќе беше готово.
Желе Мајлс порадо би играл видеоигри со најдобриот другар П. Б. отколку да се подготвува за натпревар во говорење. Всушност, порадо би правел сѐ друго. Затоа е изненаден како и сите други што сериозно го сфаќа годинашниот натпревар. Отпрвин, тоа го прави поради одличната награда. Но кога натпреварувањето ќе тргне наопаку, Желе сфаќа дека ова му е шанса конечно да ја победи сезнајката од неговиот клас. Со неговата репутација, самопочит и другарството што го става на прво место, може ли Желе да ја најде храброста да стане пред целото училиште и да покаже кој е всушност?
Урнебесно смешна, „Без зборови“ се занимава со тоа како да им се спротивставите на насилниците, да дознаете кои ви се пријатели и да го најдете вашиот уникатен глас.
Добитник на наградата Surrey Schools Book of the Year, 2017 и CBC Best Books of the Year, 2015
А5; 128 стр. / мек повез
ISBN 978-608-4938-23-1
возраст 9-12
350 ден.
Ерин Боу
Цел живот ја слушаше изреката дека орелот го избира ловецот со орли. Тоа го сакаше. Сакаше нејзиниот орел да дојде кај неа. Да ја избере неа.
Против сите традиции е Ајсулу да дресира орел, бидејќи кај казашките номади само мажите смеат да ги летаат. Но, сѐ се менува кога Ајсулу открива дека брат ѝ, Серик, криел оти криви со ногата, нешто што му ја става во опасност не само иднината на главата на семејството туку и животот. Кога нејзините родители заминуваат да бараат лек за Серик во далечна болница, Ајсулу е присилена да живее со нејзиниот страшен чичко и нејзината чудна стрина, а притоа потајно се грижи за орле. За да го спаси брата си и да не дозволи нејзиното семејство засекогаш да го напушти номадскиот живот, Ајсулу мора да ја стекне довербата на својот орел и да се избори за своето право да го лета. Попатно, открива дека семејство се луѓе кои се одбираат, дом е место што се гради, а надеж е нешто со пердуви.
Добитник на Наградата на генералниот гувернер на Канада за литература за млади (Governor General’s Literary Award) за 2019 година.
А5 / 228 стр. / црно-бел печат / мек повез
ISBN 978-608-4938-17-0
возраст 10-12
400 ден.
Ние, децата, кога се гледаме едни со други или во огледало, воопшто не сме мали. А опасните работи, всушност, баш се добри.
Јулија има осум години, сака да црта и често е сама. Кога на вратата од нејзиниот стан ќе се појави сомнителниот анкетар Никола, Јулија во него ќе најде пријател кој умее да си игра и кој може да нацрта совршен круг без шестар. На крајот од нивното дружење, Никола добива на подарок еден пасош и стари обетки. Но, тоа ќе биде повод за многубројни перипетии
и интересна авантура… „Принц од хартија“ е неверојатно возбудлив и исклучително духовит роман за децата што го откриваат светот на своите врсници, но случајно влетуваат во проблемите на родителите кои ги измачува несигурноста на општеството во транзиција. Живописно и разиграно раскажана од гледна точка на едно девојче, оваа поучна и урнебесна приказна ќе го развесели целото семејство.
Романот ја доби наградата на Змајевите детски игри за најдобар роман за деца во 2008 година и наградата на детското жири Доситејево перо. По книгата е снимен и истоимениот филм, кој е прикажан на повеќе од седумдесет фестивали и кој освои тринаесет награди.
А5; 182 стр. / мек повез
ISBN 978-608-4938-26-2
400 ден.
возраст 9-12
НАЧИН НА УПОТРЕБА: Прво малку да се ѕирне во книгата, а потоа да се чита полека, по АзБучен ред, со насмевка, може и повеќепати (без разлика на годините)... СОСТОЈКИ: Една љубопитна Меланија и нејзините авантури од буквата А, кога еден поп, пред да почне оваа книга, сркна малку супа, а дури потоа, на почетокот на книгата, значајно изјави: „Аааа, па вие, Меланија, сега ќе учите да читате и да пишувате?“
ВРЕДНОСТ: Голема, со додаток – уживање... ПРОИЗВЕДЕНО: Не е произведено, туку напишано на рака и
нацртано на рака...
РОК НА ТРАЕЊЕ: Неограничен, почнувајќи од овој миг: „Сега!“ Награда „Раде Обреновиќ“ за најдобар роман за деца и млади во 2016 година, која ја доделуваат Змајевите детски игри Награда на „Политикин забавник“ за најдобро дело наменето за млади во 2016 година Награда за најдобар роман во продукцијата за деца во 2016 година според одлука на жирито на порталот „Детињарије“
А5 / 182 стр. / колор печат / мек повез
ISBN 978-608-4938-05-7
400 ден.
возраст 7-10
АВРАМ, БОГДАН, ВОДА ГАЗАТ
Единаесетгодишната Ен Ширли никогаш немала вистински дом. По смртта на нејзините родители, постојано ја шетаат во разни згрижувачки домови и сиропиталишта. Кога по грешка ќе ја испратат да живее со Метју и Марила Катберт на големата Зелена фарма, сака засекогаш да остане таму.
Но, Ен не е јадрото момче кое го очекуваа Метју и Марила. Таа е палаво, зборлесто црвенокосо девојче со жесток темперамент, кое постојано запаѓа во неволји. Катбертови се согласни дека Ен е сосема поразлична од сите; таа е посебна, девојче со бујна фантазија. Сè што сакала во животот е да припаѓа некаде. И колку подолго останува на Зелената фарма, толку им е потешко на сите да си го замислат животот без неа.
Според оваа книга е снимена и популарната серија на Нетфликс „Ен со Е“ (Anne with an E).
А5; 272 стр. мек повез
ISBN 978-608-66234-1-8
Откако останува без родители, девојчето Полиана доаѓа да живее кај својата богата, но мошне строга тетка Поли. Со нејзината добрина, ведрина и заразен оптимизам, Полиана веднаш внесува радост во студениот дом. Заедно со момчето Џими, кое живее во сиропиталиштето, настојува да им помогне на сите и да им вдахне волја за живот.
Според оваа безвременска приказна снимени се повеќе играни и ТВ-филмови, како и ТВ-серија.
А5; 192 стр. мек повез
ISBN 978-608-66234-6-3
Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш. Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш!
А5; 112 стр. / мек повез ISBN 978-608-4938-02-6
350 ден.
популарно!
возраст 8-12
Марјетица Смртник е пријатно девојче во тинејџерски години. Нејзиниот живот никогаш не бил лесен. Татко ѝ ги напушти уште кога беше мала, а мајка ѝ оттогаш почна да пие алкохол. Марјетица тоне сè подлабоко поради големите проблеми дома и на училиште. Влегува во друштво кое не ѝ влијание добро и е подготвена да направи сè за да остане дел од него.
Цветка Бевц е словенечка писателка, поетеса, сценаристка, музичарка. Пишува за возрасни и за млади и тоа проза, поезија, драмски текстови, сценарија и музика. Во своите романи за млади, таа често обработува теми кои се занимаваат со тешките судбини на различни тинејџери. Сепак, нејзините ликови се доволно силни и цврсти за да ги издржат ударите на судбината. Таа никогаш не морализира ниту се определува за едната или за другата страна, туку секогаш ги остава протагонистите самите да го направат изборот.
А5 / 174 стр. / мек повез
ISBN 978-608-4938-42-2
возраст 15+ 450 ден.
А5 / 120 стр. / мек повез
ISBN 978-608-4938-45-3
Светулка живеела во паркот спроти куќата на мајка ѝ. Таму било побезбедно. Но откако се случува лошата ноќ и ја одведуваат мајка ѝ која
ја напаѓа полицијата со бејзбол палка, социјалните служби ја праќаат Светулка да живее со тетка ѝ Гејл. Речиси и не ја познава Гејл, но дознава дека има продавница за костими.
Да, Светулка можеби страда од ПТСН, но би можела да се навикне на капење во када, повторно спиење на кревет и носење што е можно повеќе костими на училиште. Но каде е „дома“? Што е „семејство“? Кога сме кај тоа, која е Светулка... и кој костим е вистинскиот?
Филипа Даудинг е наградувана авторка на книги за деца, поетеса, музичарка и копирајтерка од Торонто. Има завршено магистерски студии на катедрата за Англиски јазик и книжевност при Универзитетот во Торонто, а исто така е и успешна гитаристка и композиторка со повеќе снимени композиции.
400 ден.
возраст 13+„Дресираните го возвраќаат ударот“ е втор дел од успешната приказна наречена „Како ги дресираме мама и тато“ –одлична духовита книга на Владимир Петрушевски (во коавторство со илустраторката Наташа Костовска), наменета за… родители (но и за деца). Книгата е продолжение на „Како ги дресираме мама и тато“, која веднаш по објавувањето доживеа значаен успех и кај критиката и кај читателите. Станува збор за кратки цртички кои се случки или дијалози со седумгодишните ќерки близначки на авторот. Иако текстот наликува на дневнички записи, со точни датуми кога што се случило, книгата ниту оддалеку не е дневник на таткото, ниту пак лирски излив (кој лесно може да премине во патетика). Напротив. Иако во книгата, од секој збор, јасна е љубовта кон децата, одбирот на темите, стилот на пишувањето, начинот на разговор на родителите со децата, конечно, односот родители-деца, јасно ни покажува дека авторот своите потомци ги смета за еднакви, и, пред сè, интелигентни членови на семејството. Претераниот и напразен патернализам, како и познатото „ајде, дете е“ нема да го најдете во книгава. Но, затоа ќе најдете мудар, сериозен и обмислен пристап кон детските палавштини, кон нивната љубопитност и кон ставот за тоа како треба да се гради свеста на детето и да се воспитува. И се разбира, како треба да се почитува демократичноста. Затоа книгава слободно може да се нарече своевиден прирачник, не само за воспитување, туку за градење на цврсти и јаки личности од нашите деца.
Б5 / 80 стр. / колорен печат / мек повез ISBN 978-608-4938-28-6 440 ден.
Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни… „Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска е обмислен и внимателно структуриран роман.
Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.
Калина Малеска, писателка и рецензент на книгата
А5 / 152 стр. / мек повез ISBN 978-608-66234-4-9
350 ден.
Свет што умира. Куќа над брановите, на осамен остров среде Океанот. Спомени од минатото, тајни стари илјадници години, надеж за нов почеток… и љубов, во сенката на Црното сонце.
„Дедо ми често тврдеше дека неговите приказни не се само зборови на хартија туку дека имаат и вкус и мирис и мелодија и форма. Потоа, кога ќе ми ги читаше, се трудев да ги замислам како изгледаат, како звучат, како мирисаат... и дали се слатки, солени, кисели, лути или горчливи. И одеднаш ќе ги видев пред себе, тие гротескни чеда на мојата незапирлива фантазија. Беа неверојатно смешни и непоимливо ужасни – истовремено! А штом еднаш ќе се појавеа, остануваа во куќава засекогаш: правеа ујдурми,крадеачорапи,гиотвораатеглитево шпајзот, се пикаа по шкафовите, во ковчезите и под креветите, демнеа во сенките и ми ги запоседнуваа соништата... И сега, после толку години, тие се тука, исто толку живи и нескротливи, исто толку стравотни, ни ден остарени, ни трошка изморени...“
350 ден.
А5 / 160 стр. / мек повез ISBN 978-608-49380-3-3
„Кармила“ е готска новела од 1872 година од ирскиот автор Џозеф Шеридан Ле Фанју и едно од првите дела на вампирската фикција, напишано 26 години пред „Дракула“ (1897) од Брем Стокер. Првобитно објавена како серијал во „Темносино“ (187172), приказната ја раскажува млада жена којашто ја демне женски вампир по име Кармила, што подоцна се открива дека е Миркала, грофицата Карнштајн (Кармила е анаграм од Миркала). Ликот на Кармила е прототип на лезбејски вампир којшто изразува романтични желби кон протагонистот. Значајно е тоа што новелата никогаш не ја прикажува хомосексуалноста како негативна особина, оставајќи ја притаена и во извесна мера премолчана. Приказната е честопати антологизирана и многупати е адаптирана за филм и други медиуми.
А5 / 88 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-16-3
Ја крена главата и погледна кон водата, подмрзната по краевите. Од мразот ѕиркаше нешто бело. Толку бело што во вечерниот самрак изгледаше вештачки, пластично, како рака на кукла од излог. Кој ли фрлил кукла од излог во река? – помисли.
Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ се враќа од скијање на Вогел. Додека се пробива низ снежната бура накај дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор?
Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата? КНИГАТА СПОРЕД КОЈА Е СНИМЕНА СЛОВЕНЕЧКАТА ХИТСЕРИЈА „ЕЗЕРО“.
550 ден.
А5 / 446 стр. / црно-бел печат / мек повез
ISBN 978-608-4938-20-0
популарно!
Раскажувачката, од Париз, каде што живее сега, се враќа на словенечкото приморје за да ја исчисти куќата на покојната мајка. Има сериозен купувач. Во купот пожолтени фотографии наоѓа слика од баба си како со едната рака држи девојче, мајка ѝ, тогаш на околу пет години, а со другата се држи за бремениот стомак. Фотографијата е од 1943 година, време на тешки судбини и ненадејни пресврти. Што се случило со бебето кое го носи?
Романот на Вероника Симонити со неколку паралелни прикази од различни периоди и различни генерации од едно семејство нè соочува со колективното минато и личните судбини. Тие, судбините, не се движат само помеѓу Париз и Приморска, застануваат и во Горењска, Љубљана, низ други места, бегаат дури до Србија, но сите тие движења немаат сила да ги прекинат меѓучовечките врски. Дури и тешките времиња по завршувањето на војната се испишани со мекиот ракопис на авторката, која, секогаш од нова позиција, гледа кон нашите заеднички простори. Убав роман за неубавите времиња.
А5 / 160 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-25-5
400 ден.
Стихозбирката „На погрешната страна“ е своевиден амалгам на вештината на управување со зборот на авторот и насобраната мудрост, пренесена преку кристално чисти и бескрајно хумани пораки. Стиховите на Авировиќ никого нема да остават рамнодушен. Тие удираат директно во стомакот и срцето, при тоа интензивно делувајќи врз мозочните клетки. Со други зборови, „На погрешната страна“ го има оној непроценлив квалитет, неопходен за секоја врвна уметност – ве тера на размислување, при тоа приредувајќи ви непроценливо естетско искуство.
Sвездан Георгиевски, рецензент
Во поговорот на нејзиното првенче, стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“, авторката Кристина Краличин вели:
„Книгата ја извезов со поетска инспирација, ја врзав со говорот на сетилата, ја проткав со небото, реките, планините, калта и земјата по кои транзитира времето. Се роди спонтано и ненаметливо течејќи низ формите на невозможното, каде што се мие и блеска љубовта како кристално чиста есенција на зборот и мислата.
Ја давам несебично, топло и даровно на секој што знае да вреднува подарок испишан со мастилото на срцето.“
Да не потоне таму каде не постои долу лебдејќи во ништо, таа сегде да оди, симултано да постои во сите проекции во безбројна себе, а само еднаш да се роди.
Кристина Краличин
Оваа книга ја раскажува интимната, љубовна приказна на една девојка која има преголема доверба во своето момче, кое за краток период се сели да живее заедно со неа во нејзиниот стан.
По три преубави години минати заедно, таа ќе се раздели од него и откако ќе увиди тој ѝ е сѐ и дека не може да го замисли својот живот без него, ќе отпатува на тридневен одмор на Бохињското Езеро, кое се наоѓа на 26 км југозападно од Љубљана. Таму ќе се обиде да ги разбистри мислите и да дознае каде се гледа себеси во иднина, но овој пат без него. Дополнителна главоболка ќе ѝ создава и неодамна добиениот отказ од работа во фирма во која работи десетина години.
Иако настојува да го потисне секогаш присутното чувство на размислување за него, таа не може да престане да размислува за причината за разделбата. Загубата ѝ се заканува дека ќе ја уништи. Па, затоа ќе почне да копа по минатото и да бара докази. И набргу ќе открие.
А5 / 152 стр. / црно-бел печат / мек повез
ISBN 978-608-4938-46-0 350 ден.
ДНОТО НА МОЕТО НЕБО
НОВО!
Урбаниот идентитет е идеја блиско поврзана со вистинскиот или со идеалниот пејзаж. Етничкиот идентитет е оној што го обликува урбаниот, како и стремежот кон идеалниот идентитет, и е производ што е подложен на интерпретации кај поединецот и институциите во одреден културен контекст.
Целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот и идентитетот на градските средини. Анализата на филмскиот град ги обединува историјата на уметноста, архитектурата, антропологијата, урбаните и социолошките студии, а филмскиот пејзаж се протега далеку зад екранот, за да се преиспита како преку своите пејзажи го прераскажуваме својот идентитет и како го дефинираме својот опсег во глобалната филмска заедница.
Зголемениот интерес за просторно-идентитетските феномени ќе придонесе за интересот за урбанитетот и во македонската кинематографија, каде што урбаното најчесто е препознаено и анализирано како спротивност на руралното и фолклорното и како она што се наоѓа помеѓу екстремите на филмските замисли на неосоцреализмот и космополитскиот урбанизам на балканските метрополи.
А5 / 274 стр. / црно-бел печат / мек повез ISBN 978-608-4938-41-5 400 ден. 350 ден.
ГРАДОТ И ИДЕНТИТЕТОТ
- ФИЛМСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ
ЕДИЦИЈА „ВИДИКОВЕЦ“
info@id-concept.mk www.espisanie-cudnasuma