Иван Шопов е роден на 25 јули 1987 година во Скопје, каде завршува основно и средно училиште. Моментално е апсолвент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Објавувал свои раскази и песни во неколку списанија. „Азбука и залутани записи“ е негова прва книга.