Џебен водич

Page 1

ДЕН НА ИЗБОРИ

Џебен

ВОДИЧ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2016 ГОДИНА

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Скoпje, октомври 2016

1



ЧЕСТИТКИ, Вие сте член на избирачки одбор, кој е непосредно надлежен да спроведе слободни и правични избори за членови на Собранието на РМ

3


3 СОДР ЖИНА

стр.12

ИЗБИРАЧКИ СПИСОК

1 стр.6

4

ПИРАМИДА НА НАДЛЕЖНОСТИ И ОДГОВОРНОСТ НА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР (ИО)

стр.14

2 стр.10

ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ

ЗАПИСНИЦИ

5 стр.16

ГЛАСАЧКО МЕСТО


6 стр.18

OВЛАСТЕНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОДНОСИТЕЛИТЕ НА КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ И AКРЕДИТИРАНИ НАБЉУДУВАЧИ

12 12

99

33

9 стр.30

7

ПРЕБРОЈУВАЊЕ НА ГЛАСОВИТЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

10

66 стр.22

РЕДОВНА ПОСТАПКА ЗА ГЛАСАЊЕ

стр.36

ОДРЖУВАЊЕ НА РЕД И МИР НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО

8 стр.28

ГЛАСАЊЕ НА ПОСЕБНИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЦА

5


1 6

ПИРАМИДА НА НАДЛЕЖНОСТИ И ОДГОВОРНОСТ НА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР (ИО)


ФЕР И СЛОБОДНИ ИЗБОРИ ОДГОВОРНОСТИ:

Законито постапување Интегритет Професионалност Отчетност

НАДЛЕЖНОСТИ:

Правилно спроведување на гласањето согласно принципите на законитост и тајност Обезбедување на слободно и мирно гласање Сумирање и објавување на изборниот резултат Примпоредавање и пакување на изборен материјал

7

7


ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИО

Претседател на ИО или неговиот заменик во неговото отсуство ги извршуваат следните задачи:

Ги пополнува сите потребни обрасци;

Ја организира работата на ИО и распоредот на гласачкото место;

Напомена: Одлуките ИО ги носи со мнозинство гласови на своите членови

8

Се грижи непречено да се одвива гласањето во согласност со законот; Контактира со ДИК, ОИК, полицијата;

(стр. 6-7 од Прирачникот за едукација на ИО (Прирачник))

Контактира со овластени претставници, набљудувачи и новинaри само за технички информации околу гласањето;

Го води Дневникот за евиденција на настани.


ЗАДАЧИ НА ИО ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ГЛАСАЊЕТО

ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ФУНКЦОНАЛНОСТ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО:

ff Претседателот на ИО мора

1

Проверка на целиот десенпалец со УВ ламба за траги од УВ спреј

2

Утврдување на идентитети ракување со изводите од изб. список

3

Издавање гласачки ливчиња и ставање печат на определено место

4

Прскање на палецот од десна рака со УВ спреј

5

Обезбедување на г. кутија и проверка дали избирачот го ставил г. ливче во г. кутија

да направи распоред согласно кој замениците ќе ги менуваат претседателот и членовите на ИО на гласачкото место; ff Замениците ќе се појават на гласачкото место согласно распоредот на претседателот на ИО, по што си заминуваат членовите, за да не се прави безпотребно гужва; ff Заменик-член на ИО ќе биде повикан и во случај на спреченост на некој член на ИО.

Напомена: Улогите во ИО треба да се менуваат секои два часа. Исто така се препорачува ротирање на членови и заменици на ИО.

9

9


2

ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ

материјалот кој е клучен за овозможување на одржување на правични и слободни избори и кој се пакува на посебен начин (стр. 9, 10, 38-40). Се состои од:

ДОВЕРЛИВ ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ Е:

Кочан со гласачки ливчиња;

Гласачки ливчиња (употребени, неупотребени, важечки и неважечки);

Изводи од Избирачкиот список за гласачкото место;

Печат со бројот на гласачкото место;

Се останато спаѓа во НЕДОВЕРЛИВ ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ 10


Примопредавање и пакување и на изборниот материјал (стр. 8-10, 38-40 од Прирачникот)

Напомена: Ноќта пред денот на изборите, за да се обезбеди доверливиот материјал, тој се пакува во проѕирна вреќа, која се запечатува со сигурносна лента, а бројот се нотира (стр. 15 од Прирачникот).

Обрасци на записници (од 15 до 20 и за утврдување на потреба за повикување на полицијата);

Дневник за евиденција на настани на гласачкото место;

УВ спреј;

УВ ламба за проверка (ламбата се исклучува кога не се употребува, а батериите се вадат вон часовите кога се гласа).

11

11


ИЗ ИЗ ВО Д СП БИ О Д Р ГЛ ИС АЧ ОК К А МЕ С И СТ АЧК ЗА ОТ О О ТО

3

ИЗБИРАЧКИ СПИСОК

На гласачкото место има два различни извода од Избирачкиот список:

Напомена: Посебниот извод од избирачкиот список носи ознаки: (д) дијаспора и (и) иселен.

12

Н ЕБЕ Д С О О П ОД ИОТ ИЗВИРАЧК А ИЗБ СОК, З Е СПИ АНИТ Ѓ ГРА СЕ НА НА КОИВРЕМЕ И Л ПРИ ТА И О О В Б РА СТОЈ О ПРЕ НСТВ А Р СТ


НОВИТЕТ ВО ИЗВОДИТЕ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК: ФОТОГРАФИИ НА ИЗБИРАЧИТЕ

Фотографиите на избирачите во изводите од избирачкиот систем ќе бидат испечатени од документот за идентификација со понов датум и ќе бидат во истиот формат. При утврдување на личниот идентитет, гласачот кој ќе пристапи во гласачкото место е должен пред Избирачкиот одбор да се претстави на начин на кој е претставен на фотографијата на документот за лична идентификација. Фотографијата од изводот во Избирачкиот список треба да соодветствува со фотографијата во документот и физиономијата на гласачот.

13

13


4

Записниците се пополнуваат на посебни обрасци наменети за тоа. Обрасците се добиваат заедно со останатиот изборен материјал од ОИК.

ЗАПИСНИЦИ

Во врска со гласањето се пополнуваат следните обрасци:

Обрасец бр. 15 утврдена состојба на гласачко место

Образец бр.16 гласање, сумирање и утврдување на резултати

Образец бр. 18 (посебен) за лица во затвор или во притвор

Образец бр. 19 (посебен) внатрешно раселени лица

Составува и потпишува: претседател Потпис: сите членови

14

Образец бр. 20 предавање на изборен материјал до ОИК


ОБРАСЦИТЕ:

Се пополнуваат и се потпишуваат во текот на изведување на дејството за кое се наменети, при тоа следејќи го редоследот на графите во образецот, a НЕ отпосле;

Кога се пополнуваат, ќе се прашаат овластените претставниците на кандидатите дали имаат забелешки кои сакаат да се констатираат во Записникот, бидејќи со неговото попoлнување и потпишување, тој ќе се смета за завршен;

Во оригинал и со печат се доставуваат до ОИК со останатиот изборен материјал.

Образецот за повикување на полицијата се пополнува само ако се појави потреба таа да се повика. Тој се пополнува веднаш откако ќе се воспостави редот на гласачкото место.

15

15


5

Гласачкото место се поставува на начин кој овозможува тајност и непречено течење на гласањето. Параваните за гласање се поставуваат на начин кој овозможува тајно гласање (до ѕид, а не до прозор од кој што може да се следи кој како гласал).

1

УВ ламба

2 Проверка на

идентитет од Избирачкиот список

ГЛАСАЧКО МЕСТО

3 4 5

Гласачки ливчиња УВ спреј Гласачка кутија

5 4

1 2

16

3


На гласачкото место за време на гласањето може да се присутни покрај претседателот и членовите на ИО или нивните заменици, претставници на ДИК и ОИК во обиколка, избирачите кои тогаш гласаат, овластените претставници на кандидатските листи, акредитирани набљудувачи и домашни и странски акредитирани новинари. Напомена: На овластените претставници на кандидатските листи и на акредитираните набљудувачи мора да им се овозможи добар преглед врз се што се случува на гласачкото место. Тие имаат право од блиску да ја следат идентификацијата на избирачите.

На гласачкото место на видно место се истакнуваат: ff Упатството за гласање на македонски јазик и на јазиците на заедниците, на гласачкиот параван, како и на други видни места; ff Листите на кандидати; ff Имињата на улици/делови од улиците согласно описот на избирачкото место; ff Бројот на гласачкото место. На гласачкото место се забранети: ff Партиски симболи, без оглед дали се наоѓаат на пропаганден материјал или на предмети како пенкала, запалки, маици, капи и слично; ff Телефон за сликање на гласачкото ливче и избирачкиот материјал; ff Камера или фотографски апарат; ff Оружје; ff Други изводи од избирачки список, освен оние кои се добиени со избирачкиот материјал од страна на ИО; ff Алкохолни пијалоци.

17

17


6 OВЛАСТЕНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОДНОСИТЕЛИТЕ НА КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ И AКРЕДИТИРАНИ НАБЉУДУВАЧИ ОВ Л НА АСТ КА ПОД ЕНИ НД НО ПР ИД СИ ЕТ АТ ТЕ СТА СК ЛИ ВН ИЛ Н ИЦ ИС А И На гласачкото место, изборите може да ги ТИ следат само претставници на листи кои се овластени од ОИК и домашни и странски набљудувачи кои се акредитирани од ДИК. Нивната улога е да обезбедат јавност, транспарентност и кредибилитет на изборите.

18


ЧК РА И Б ИЗ ОР Б ОД

И

АК Р НА ЕДИ БЉ ТИ УД РА УВ НИ АЧ И

19

19


Претставниците на листите и набљудувачите ги имаат следните права: ff Да го следат целиот процес, од добивањето на изборниот материјал од ОИК, па се до предавање на изборниот материјал до ОИК, по завршување на гласањето и броењето на гласовите; ff Да присуствуваат при отварањето на гласачкото место, на гласачката кутија, на пребројувањето и сумирањето на резултатите; ff Да присуствуваат при пополнувањето на обрасците и да добијат копија од истите; ff Да бидат информирани и да присуствуваат при гласање на лица кои се во затвор, притвор или куќен притвор, болни и немоќни и внатрешно раселени.

20

Претставниците на листи исто така имаат право да: ff Укажат на неправилности на работата на избирачкиот одбор за време на гласањето, со цел тие да бидат отстранети; ff Им бидат евидентирани забелешките за примопредавање на изборниот материјал; за гласачкото место; за редовната и другите постапки за гласање; за пребројување и сумирање на резултатите во обрасците бр. 14, 15, 16, 18, 19 и 20 во делот за забелешки. ff Да ги достават забелешките до ОИК во рок од 5 часа, доколку не им се евидентираат од ИО. ИО има обврска во секоја фаза на постапката за која се пополнува Записникот да ги праша претставниците на листите дали имаат забелешка која треба да се евидентира во Записникот.

Набљудувачите исто така имаат право: ff Нивните забелешки да бидат евидентирани во Дневникот за евиденција на настани; ff Да известуваат за текот на гласањето.


Претставниците на листите и набљудувачите ги имаат следните обврски:

Да не влегуваат зад параванот за гласање и да не им пречат на избирачите во остварување на нивното гласачко право;

Да не ги означуваат или чкртаат гласачките ливчиња;

Да се легитимираат и да го покажат овластувањето/ акредитацијата;

Да не го уништуваат изборниот материјал;

Да не носат изводи од избирачкиот список, со цел да проверуваат кои гласачи излегле да гласаат;

Да не пречат и да не се мешаат во работата на ИО;

Да не агитираат за некој од кандидатите;

Да не носат оружје, камери, фотоапарати или друга електронска опрема на гласачкото место, тогаш може да бидат отстранети.

21

21


7

12 12

99

33 66

РЕДОВНА ПОСТАПКА ЗА ГЛАСАЊЕ

I.

Постапка пред да започне гласањето

• Се проверува изборниот материјал, се врши увид на гласачкото место, се пополнува Образец бр. 15; • Се проверува гласачката кутија дали е празна, се ставаат гласачките ливчиња од гласање на болни/немоќни/во куќен притвор во неа и се затвара со сигурносни пластични ленти, а броевите се нотираат во Дневникот за евиденција на настани (стр. 6 од Прирачникот).

22

II.

Отварање на гласачкото место

Гласачкото место се отвара точно во 7:00 ч. Ако се доцнело не повеќе од три часа, тогаш гласањето се пролонгира за онолку колку што траело доцнењето. Времето на отварање се нотира во Записник (Образец бр. 16). Ако гласањето не почнало до 10 ч., не се гласа тој ден.


III.

Пристапување кон гласање

Процесот на гласање се одвива по следниот редослед: Проверка на целиот десен палец и ноктот на избирачот со УВ ламба (ИО член бр. 1)

1

ff Само доколку избирачот нема траги од УВ спреј, му се дозволува да гласа

2

Проверка на идентитет и потпишување на изводот од Избирачкиот список (ИО член бр. 2)

ff Секое лице кое е запишано во изводот

од избирачкиот список и покаже на увид важечка лична карта или патна исправа има право да гласа;

ff ИО ги проверува личните документи и го

утврдува идентитетот на лицето и преку споредување со фотографијата од изводот на И. список;

ff Избирачот се потпишува во изводот, а ИО го заокужува редниот број;

ff ИО му го враќа документот за

идентификација на избирачот откако тој или таа ќе заврши со гласање;

ff Доколку избирачот го нема во изводот се упатува до подрачната единица на ДИК или да ја провери страницата https:// izbirackispisok.gov.mk/.

23

23


3

Издавање на гласачко ливче

(ИО член бр. 3)

ff Се откинува од кочанот гласачко ливче, серискиот број останува на кочанот;

ff Групно или семејно гласање

ff Се става печат на гласачкото ливче на определено место од предната страна и му се дава на избирачот;

ff Гласање за друг

ff Се информира избирачот за постапката за гласање. Му се објаснува дека гласањето се врши со заокружување на редниот број на листата на кандидати за која сака да го даде својот глас. Му се напоменува дека нема да добие друго гласачко ливче доколку згреши.

ff Гласање без да се има право на глас

Прскање со УВ спреј (ИО член бр. 4)

4

ff На избирачот му се обележува со УВ спреј десниот палец. ff Избирачот се упатува зад параванот за да гласа само доколку го дозволил обележувањето со УВ спреј.

5

Контрола на гласачката кутија и параванот за гласање

(ИО член бр. 5)

ff Внимава избирачите да гласаат еден по еден; Напомена: По гласањето, избирачот веднаш го напушта гласачкото место.

24

ЗАБРАНЕТО Е:

ff Внимава избирачот да го стави превитканото гласачко ливче во гласачката кутија; ff Го упатува избирачот да си ја земе л. карта или пасошот по гласањето; ff Внимава зад параванот да нема ништо друго оставено, освен пенкало што пишува сино.

ff Гласање повеќе пати

ff Инструирање на избирач како да гласа ff Нарушување на тајноста на гласањето ff Нарушување на редот и мирот на гласачкото место


Избирач кој нема пристап кон гласачкото место: ff Му се овозможува пристап кон гласачкото место со помош на други избирачи, по случаен избор на ИО (стр. 22 од Прирачникот).

Прекин на гласањето Гласањето тече непрекинато. Претседателот на ИО го прекинува гласањето само кога: (стр. 31 од Прирачникот) ff Е нарушен редот и мирот на гласачкото место; ff Има временска непогода или други вонредни околности;

Избирач на кој му е потребна помош (неписмен или има физичка попреченост): ff Има право да донесе лице кое ќе му помогне со гласањето; ff Во спротивно, ИО определува друг присутен избирач, кој ќе му помогне. Еден избрач може да им помогне најмногу на двајца избирачи да гласаат; ff Гласањето со помош се забележува во Записник (Образец бр. 16) и во Дневникот за евиденција на настани (стр. 29-30 од Прирачникот).

ff Полицијата не го обезбедува приодот кон гласачкото место и не се одѕвала на повикот на ИО.

Гласањето тече непрекинато. Претседателот на ИО го прекинува гласањето само кога: (стр. 31 од Прирачникот) ff Е нарушен редот и мирот на гласачкото место; ff Има временска непогода или други вонредни околности; ff Полицијата не го обезбедува приодот кон гласачкото место и не се одѕвала на повикот на ИО.

25

25


12 12

99

33 66

IV.

Затварање на гласачкото место

Гласачкото место се затвара во 19:00 ч, освен во случаи кога гласањето почнало подоцна, односно гласањето е прекинато повеќе од еден час а помалку од 3 часа. Tогаш гласањето се

26

продолжува онолку време колку што се доцнело со отварањето на избирачкото место Види Прирачник за едукација, стр. 30-31.


V.

По затварањето на гласачкото место

Претседателот на ИО: ff Ја затвара гласачката кутија; ff Во Записникот (Образец број 16) и во Дневникот за евиденција на настани ИО го запишува времето

Напомена: Доколку претставниците на листите или набљудувачите го напуштат гласачкото место откако ќе започне броењето на гласовите, нема да можат повторно да се вратат.

кога завршило гласањето.

27

27


8

ГЛАСАЊЕ НА ПОСЕБНИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЦА

28


Ден пред денот на изборите гласаат: ff Болни и немоќни, кои гласаат дома;

ff Лица во куќен притвор, кои гласаат дома; ff Лица во затвор или притвор, кои гласаат во установата во која се наоѓаат; ff Внатрешно раселени лица (ВРЛ), кои гласаат во центрите за ВРЛ.

Напомена: Врз основа на прифатени барања на болни и немоќни лица ОИК подготвува список, а за куќен притвор списокот се добива од ДИК. За последните две категории има посебни изводи од Избирачкиот список.

29

29


9

ПРЕБРОЈУВАЊЕ НА ГЛАСОВИТЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Без оглед кога завршило гласањето, пребројувањето и сумирањето на резултатите секогаш започнува во 19:00 ч во присуство на претставниците на листите и акредитираните набљудувачи.

30

ИО ги презема следните дејствија: (стр. 32-38 од Прирачникот)


31

31


32

1.

Претседателот на ИО го утврдува вкупниот број на избирачи кои гласале, бројот на неупотребените гласачки ливчиња и бројот на употребените гласачки ливчиња и овие броеви ги запишува во Записник (Образец бр. 16).

2.

Претседателот на ИО проверува дали бројот на употребените ливчиња е еднаков со бројот на избирачите и го констатира во Записник (Образец бр. 16).

3.

Неупотребените гласачки ливчиња се ставаат и се запечатуваат во посебен пополнет плик, откако им се oткинува долнот десен агол.

4.

Претседателот на ИО ги прашува и внесува забелешки за гласањето од подносителите на листи во Записник (Образец бр. 16).

5.

Претседателот на ИО проверува дали броевите на сигурносните пластични ленти на кутијата за гласање се истите со кои е запечатена гласачката кутија и тоа го констатира во Дневникот за евиденција на настани. Ако броевите не се совпаѓаат ја информира ОИК и тоа го кoнстатира во Записникот (Образец бр. 16).

6.

Претседателот на ИО ја отвара гласачката кутија.

7.

Определен член на ИО ги вади г. ливчиња, му ги подава едно по едно на Претседателот на ИО, кој им ги покажува на сите присутни. Забрането е уништување или промена на г. ливчиња, поради тоа присутните НЕ СМЕAT да имаат пенкала.

8.

ИО утврдува дали г. ливче е важечко, неважечко или непополнето и го става во соодветното купче. Доколку г. ливче не е пополнето се чкрта по должината и се става во купчето со неважечки ливчиња (стр. 36 од Прирачникот).


9.

Неважечки ливчиња се оние за кои што не може да се заклучи за кога гласал избирачот; ако не е пополнето со сина пенкало; каде што редниот број не е заокружен, туку е употеребен друг знак; кое е пречкртано или на кое нешто е допишано или нацртано; ако печатот не е соодветен или нема печат.

10.

Неважечките ливчиња се ставаат во посебно обележан плик.

11.

Од купчето на важечки ливчиња се определува за кој гласал избирачот и г. ливчиња се распоредуваат по листи на кандидати за кои е гласано.

12.

Два пати се пребројуваат гласовите за секоја листа на кандидати пред да се внесат во Записникот (Образец бр. 16) од страна на Претседателот на ИО.

13.

Претседателот ги прашува претставниците на листите дали имаат забелешки кои треба да се внесат во Записникот (Образец бр. 16) за пребројувањето/ сумирањето на гласовите и истите ги внесува во Записникот.

14.

По пополнување на Записникот (Образец бр. 16) тој се потпишува од Претседателот и од сите членови. Карбонизирани копии добиваат сите претставници на листите и набљудувачите. Копија од Записникот со изборните резултатите се истакнува на влезната врата на објектото каде што се наоѓа гласачкото место.

15.

Оригиналниот Записник (Образец бр. 16) со печат на ДИК се става во плик и се дава на рака на претседателот на ОИК.

Изборнот материјал се пакува на следниов начин: (стр. 38-40 од Прирачникот)

33

33


ff ДОВЕРЛИВИОТ МАТЕРИЈАЛ (запечатените пликови со употребените гласачки ливчиња; со неискористени гласачки ливчиња и кочанот од употребените гласачки ливчиња; и со двата извода од Избирачкиот список и Дневникот за евиденција на настани) се става во проѕирната пластична вреќа. На вреќата се става лепенка со името на општината, видот на изборите и бројот гласачкото место.

ff Недоверливиот материјал се пакува во вреќа без лепенка. ff УВ ламбата, УВ спрејот и печатот со бр. на избирачкото место се предаваат на рака на овластеното лице од ОИК. Гласачките кутии се предаваат на ОИК.

Изборниот материјал се предава на ОИК, за што се пополнува посебен Записник (Образец бр. 20) кој во плик заедно со Образец бр. 16 се предава на Претседателот на ОИК. Записникот за повикување на полицијата се става во истиот плик.

34


35

35


10 ОДРЖУВАЊЕ НА РЕД И МИР НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО

Одржувањето на редот и мирот на гласачкото место е клучно за одржување на слободни и правични избори! ИО има право да ги отстрани набљудувачите, претставниците на листите, новинарите, избирачите и секое друго лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место, откако еднаш го опоменал.

36


ИО и полицијата соработуваат на следниот начин:

ff Доколку била повикана полицијата на гласачкото место, Претседателот на ИО пополнува посебен Образец за повикување на полиција, кој се добива заедно со изборниот материјал.

ff Полицијата го обезбедуваат примопредавањето на изборниот материјалот, гласачкото и избирачкото место и избирачкиот одбор.

ff Објектот во кој е сместено гласачкото место и приодот до него за време на спроведување на гласањето го обезбедува полицијата. Но, полицијата може да влезе на гласачкото место само откако била повикана од претседателот на ИО.

ff По барање на претседателот на ИО, полицијата ги отстранува неовластено присутните лица на гласачкото и избирачкото место и околу него во радиус од 100 метри.

ff (стр. 42 и 43 од Прирачникот)

37

37


КОРИСНИ ТЕЛЕФОНИ, КОНТАКТИ И ВЕБ СТРАНИЦИ

контакт ДИК централа: 02 32 44 744; факс 02 32 44 745 електронска пошта: izbori@sec.mk веб страница на ДИК: http://www.sec.mk/ ( со контакти зa секоја изборна единица) Fb: Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC

Со среќа!

38


39


Подржано од ИФЕС-Македонија


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.