Што си ти?
- антологија на нашите омилени песни од европски поетеси -
приредувач и јазична редакција Кристина Велевска
Рецензија
JAС СУМ ПЕСНА ЉУБОВНА! Оливера Ќорвезироска
Кога песната би знаела и да зборува, не само да (се) пее и да плени, сигурно на прашалниот наслов на оваа несекојдневна антологија „ШТО СИ ТИ?“, гордо би му одговорила: „ЈАС СУМ ПЕСНА ЉУБОВНА!“ Избрана од избрани, Песна Љубовна ни се враќа под кожата, оттаму од каде што и е излезена, на почетокот на сите почетоци.
„Што си ти?“ содржи 62 песни од 28 авторки избрани од 31 автор. Не е нелогична математиката, нелогична е само љубовта. Од триесет и едниот избирач, четворица (Давор Стојановски, Агата Тушињска, Ахмет Умит и Иван Џепароски), наместо по една песна од две поетеси, избрале по две песни од по една поетеса. Така се нарушила совршеноста на математиката на оваа антологија, но се извишила поетската страст.
Секој избор е и мал залог на срцето на избирачот во избраното. Затоа, оваа антологија е уште поинтересна.
Ја „исполниле“ 31 автор, од кои 23 домашни буквално
од сите генерации и 8 странски. Сите избирале песни
од други авторки во кои понекогаш нивната поетика се отсликува како во огледало, а нивниот избирачки вкус може речиси да се помириса, да се премери оддалеченоста од творечкиот вкус во милиметри или во километри. Понекогаш избирачите избирале и нешта што не се ни познаваат со нивните писма. Каде бил личниот вкус? Што е личен книжевен вкус и колку лични книжевни вкусови поседуваме? Видливи, невидливи, верни и неверни, јавни, тајни, исправни и погрешни, моментни, трајни, свиткани, одвиткани, туткани, пеглани... вкусови везени со игла, со кама, со страст и сласт, или со болка и рана, со лек за неизлечлива рак-рана? Книжевни вкусови за-
5
раснати како грди лузни што (не) сакаме да ни ги видат кога сме читатели... или како бенки што самите ги забораваме кога сме писатели, а другите нè препознаваат токму по нив... Но сето ова се ултразабавни релации за читање, размислување, уживање и сакање, на крајот од краиштата. Зашто вакви концептуални антологии, хрестоматии, панорами, прегледи или како и да ги именуваме, можеби не можат да ги заведат авторите, ама се помамни и неодоливи за лесновљубивите читатели. А Песната Љубовна, Песната Љубовна чува сè и умее сè. Ѝ се може.
Во „Што си ти?“ има домашни и странски автори –избирачи на љубовните песни. Има домашни и странски избрани авторки. Има и избирачи што се избрани, како на пример Ката Ќулавкова, Нина Андова-Шопова и Зорица Петкоска. Има повеќепати избрани авторки, како Вислава Шимборска (8 нејзини песни во антологијава се избрани од 7 автори – 3 странски и 4 домашни), Лилјана Дирјан и Марина Цветаева се избрани од по тројца, Радмила Лазиќ од двајца итн...
„Да избираш и да те избираат“ во антологијава е директен преслик на „да избираш и да те избираат“ во љубовта. Ограничувањето што го има во антологијава, а го нема во љубовта, е тоа што во „Што си ти?“ избираат и мажи и жени, а може да бидат избрани само жени. Во љубовта нештата се послободни.
Љубовта е нелогична дисциплина, а поезијата ЗА неа или ОД неа е нејзин напамет изведен и болно точен математички доказ. Сметајте, бројте, собирајте и одземајте... но не заборавајте и да поуживате во „ШТО СУМ ЈАС?“ Отворете ја книгава каде било, на секоја страница буквално се надвиснува одговорот „ЈАС СУМ ПЕСНА ЉУБОВНА!“
Пронајдете ја својата омилена!
П.С. Да бев триесет и вториот избирач, ќе имаше уште една поетеса плус; а една од оние што веќе ги има, наместо од тројца, ќе беше избрана од четворица.
6
Антологија на нашите омилени песни од
европски поетеси
АГАТА ТУШИЊСКА
*писателка
*Полска
Дела преведени на македонски: „Обвинета: Вјера Гран“ (2015), „Свршеничката на Бруно Шулц“ (2016)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Збогување со глетката
Не ја жалам пролетта
што одново дојде.
Без обвинување дека
ги исполнува во веки обврските свои.
Разбирам што тагата моја бујност не ќе сопре.
Стебленце да се нишне, од ветрот само ќе е.
Не ми чини болка
што густежот до воѓе ќе шумоли повтор.
Им допира в свест – божем уште го има –на едно езеро брегот убав ко некогаш стои.
9
Не се ужасувам
гледајќи глетка на в сонце облеан залив.
Дури и да си замислам ми иде оти некои што не сме ние
в овој миг си седат
на кутнато стебло бреза.
Ги ценам правата нивни
за шепот, смев и занеменост од среќа.
Одобрувам дури
да ги врзува и љубов, и тој ја прегрнува
в прегратка моќно.
Божем испилено птиче низ суварки шушка. Со срдечна желба, барем да го слушнат.
Не барам ништо да сменат брановите крај брегот, ту остри, ту меки непокорни ми се.
Изискувања немам
од длабините в шуми ту смарагд ту сафир ту мрак.
10
Не го прифаќам ова.
Да се вратам таму.
Привилегија да бидам
не сакам да имам.
Дотолку Те преболев,
и тоа само толку
за оддалеку да Те мислам.
(препев: Милица Миркуловска)
ЕВА ЛИПСКА (Полска)
Сигурност
Веќе имало ваков испит по историја
кога заедно сите ученици паднале.
И останале по нив гробиштата за почит.
Не сме сигурни да имало испит.
Не сме сигурни да паднале сите.
Сигурни сме, од нив се останати гробиштата за почит.
Веќе имало ваква љубов.
Ама не сме сигурни оти нашата била.
Веќе имало вакви луѓе.
Ама не сме сигурни ние да сме биле.
Веќе имало вакви летачки птеранодони.
Ама не сме сигурни во нашиве времиња ли.
Веќе имало ваков јазик.
Ама не сме сигурни со него ли сме зборувале.
Веќе имало ваков молк.
Ама не сме сигурни дали меѓу нас.
11
Веќе имало крај на светот.
Ама не сме сигурни на нашиот ли.
И по него останале гробиштата за почит.
Сигурни сме оти по него се останати гробиштата за почит.
(препев: Милица Миркуловска)
12
АЛВИН ПАНГ
*поет
*Сингапур
Дела преведени на македонски: „Собата во пламен“ (2016)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Под една ѕвезда
Му се извинувам на случајот што го нарекувам нужност.
Ѝ се извинувам на нужноста ако, сепак, грешам.
Нека не ми се гневи среќата што ја земам како своина.
Нека ми простат мртвите што едвај ми тлеат во спомените.
Му се извинувам на времето за превидената разнообразност на светот секој миг.
Ѝ се извинувам на старата љубов што новата ја сметам за прва.
Простете ми, далечни војни, што носам цвеќе дома.
Простете ми, отворени рани, што ве ријам со прстот.
Им се извинувам за плочата со менует на оние што викаат од бездната.
Им се извинувам на луѓето на железничките станици за сонот во пет изутрина.
Проштавај, прогонета надеж, што се смеам одвреме-навреме.
Проштавајте, пустини, што не дотрчувам со лажица вода.
И ти, јастребу, со години ист, во истата клетка, засекогаш скаменето загледан во истата точка, проштавај, дури и да си препариран.
Му се извинувам на отсеченото дрво за четирите ногалки на масата.
13
Им се извинувам на големите прашања за малите одговори.
Вистино, не обрнувај ми премногу внимание.
Достоинство, биди великодушно кон мене.
Поднеси, тајно на битието, што не можам да бидам секаде.
Им се извинувам на сите што не можам да бидам секој и секоја.
Знам дека ништо не ќе ме оправда дури сум жива, оти самата себеси си стојам на патот.
Не земај ми за зло, слово, што позајмувам патетични зборови,
а потоа притурам труд за да изгледаат лесни.
(препев: Андреј Јованчевски)
НИНА КАСИЈАН (Романија)
Искушение
Ти ветувам дека ќе те сторам пожив одошто некогаш си бил.
Првпат ќе си ги видиш и порите отворени божем рибји усти и ќе си ја чуеш крвта
како ромори низ комори
и ќе ја сетиш светлината како се лизга врз рожницата небаре опашка на фустан; првпат
ќе го почувствуваш убодот на гравитацијата
небаре трн в пета, а плешките ќе те заболат
поради заповедта на крилјата.
14
Ти ветувам дека ќе те сторам толку жив што правта што паѓа од мебелот ќе те замелуши и ќе си ги сетиш веѓите небаре две новостекнати рани, а сеќавањата ќе мислиш дека ти отпочнуваат со настанокот на светот.
(препев: Лидија Димковска)
15
АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ
*писател, *есеист *Македонија Дела: „Младиот мајстор на Играта“ (1983), „…или…“ (1987), „Пловидба кон Југ“ (1988), „Слово за змијата“ (1992), „Дали Калимах беше постмодернист?“ (1994), „Патување на сказната“ (1996), „Антиупатства за лична употреба“ (1996), „Ars amatoria“ (1998), „Слика тркало“ (1998), „Постмодерен Вавилон“ (2000), „Човекот со четири часовници“ (2003), „Борхес и компјутерот“ (2005), „Ѕиркачот“ (2007), „Човечулец: бајки од левиот џеб“ (2011)
МАРИНА ЦВЕТАЕВА (Русија)
Стиховите мои од младоста рана, Кога и не знаев дека сум поет, Сронети ко шурки од фонтана, Како жар од огномет,
Како ѓаволчиња мали среде радоста Меѓу сон и темјан и Божји храм заскитани Стиховите мои за смртта и младоста –Од никого нечитани!
Низ подруми под правта век што минат (Кај никој не ги барал да ги земе), Стиховите мои, ко старите вина, Ќе си најдат свое време.
(препев: Ефтим Клетников)
16
Последна здравица
За домот урнат кревам чаша, За животот грд небичас, За самоста, во двајца, наша –и за тебе, знај, пијам јас.
За усните што ронат збор лажен, За взорот смрт од кој се ледам, За дека овој свет е неразбор, За дека спас не гледам.
(препев: Ефтим Клетников)
17
АНА АХМАТОВА (Русија)
АНАСТАСИЈА ЃУРЧИНОВА
*есеистка, *преведувачка *Македонија
Дела: „Калвино и сказната“ (2000), „Италијанската книжевност во Македонија“ (2001), „Прличев и Ариосто, или за смеата и меланхолијата“ (2002), „Контексти. Студии на споредбени теми“ (2006), „Италијанската книжевност од 13 до 16 век“ – во коавторство во Љ. Узуновиќ (2007), „Медитерански синестезии. Избрани студии и есеи“ (2013)
Преводи: „Владетелот“ – Николо Макијавели (1993), „Тајна игра. Антологија на италијанскиот расказ на 20 век“ (1996), „Не ми е страв“ – Николо Аманити (2004), „Невидливи градови“ – Итало Калвино (2005), „Декамерон“ – Џовани Бокачо (2008, 2010, 2013), „Владетелот / Мандрагола“ – Николо Макијавели (2013), „Невидливи градови / Замокот на вкрстени судбини“ – Итало Калвино (2013), „Осаменоста на простите броеви“ –Паоло Џордано (2014)
САРА ЗУХРА ЛУКАНИЌ (Италија)
На врвот од моите чевли Постои цел еден свет.
Го посматрам со неверување И се сокривам под врвките Одврзани.
На врвот од моите чевли Постојат траги од болката
Секојдневна.
Си ја чувам како мовта Под зелениот чемпрес.
18
Стојам мирно со мојата лопата. Неподвижно.
Вџашена во сочувството на роднините. На врвот од моите чевли Има капки утринска Роса.
Небаре моите чевли плачат По некој друг мртовец.
(препев: Анастасија Ѓурчинова)
МИА ЛЕКОНТ (Италија)
Милост за нас, милост, за тревата што не расте, милост, за покривот и за фасадата, за портите без клуч, милост, за нашите
празни простории, милост за звукот и за светлото, сè уште изгасени
милост, за нас тука внатре, милост, со лажните прозорци милост, за отсутното живеење, за неможноста да останеме, милост, милост, милост, за нас во оваа куќа, милост, во оваа наша, а туѓа.
(препев: Анастасија Ѓурчинова)
19
АХМЕТ УМИТ
*писател
*Турција
Дела преведени на македонски: „Мементо за Истанбул“ (2014), „Магла и ноќ“ (2014) ЃУЛТЕН АКАН (Турција)
Баладата на лудата девојка
Ако те сретнам на некоја голема улица.
Ако ми ја подадеш раката, те фатам и те одведам.
Во очите, ако те погледнам во очите и без да зборуваме.
Да разбереш.
Ако ти ја подадам раката и не можам да те фатам.
Ако помислам на мојата толкава љубов, осаменост, не, ако не помислам.
И ако не знаеш ништо за тоа.
Ако ти не знаеш ништо за тоа дека.
Започнува, завршува сама за себе таа балада.
Дождот паѓа, ги наводенува багремите.
Облаците летаат во ноќта.
Јас луда по дождот, луда по облакот.
Една голема игра е она што го нарекуваш живеење.
Мене мораш или да ме љубиш или да ме убиеш.
На некој од големите патишта мора да се изгуби сè, што и да се има.
Мора да се започне одново како бубачките.
20
Овој Безбожник, овој дожд не дејствува во мракот.
Изгори за својата чудност, изгори срце, ти.
Тоа што беше за заминување си замина...
(препев: Анета Матовска)
Си ги секов црните ми коси
Далеку беше врати се, блиску беше врати се, околина беше врати се Забрането беше, закон беше, обичај беше, врати се Внатре во тебе, надвор вон тебе, покрај тебе, не сум
Душата срам, надворешноста минливост, десната страна ми е љубов
Каков живот беше тоа, врати се.
Без нив не ќе можеше, ќе мораше да се селам, ќе мораше да ги користам Заробена и горда – бре колку смешен бес Очите постепено, ококорувајќи, неиздржливи се Во мене постепено растеше немир, немир Појдов, дојдов и црните ми коси така си ги најдов
Си ги секов црните ми коси – што ќе биде сега Ништо не се случи, пробајте ве молам Разденетост сум, луда сум, развеана сум Добро утро на ветрот што ја ниша кајсијата На лицето што се ослободило, опрело, добро утро Сега ѝ се чудам на една игла топуска На оние што се среќаваат со некакво живеење Поминав, заминав, од црните ми коси се ослободив.
(препев: Анета Матовска)
21
ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ *писател, *преведувач *Македонија
Дела: „Морска месечина“ (2003), „Скриени песни“ (2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (2006), „Квартети: за читање, гледање, пеење и слушање“ (2010), „Побрзај и почекај“ (2011), „Пред и по танцот“ (2012), „Вистинска вода“ (2014), „Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам“ (2015)
Преводи: „Во земјата на магијата“ – Анри Мишо (2004), „Снег“ – Максанс Фермин (2012)
ЛИЛЈАНА ДИРЈАН (Македонија)
Ламјата на свети Ѓорѓија
на Г. Чемерски
Јас сум таа ламја
со седум глави и безброј нозе што го споулавува твојот коњ
па фрла пена и бес, фаќа џенем
додека ти така наконтен, со наметка, панцир и сабја
ми доаѓаш во пресрет
Голем јунак си, на глас убав си
строен и млад
коњот го збоднуваш, ’ржи тој до небеса
Те гледам онака спружена одоздола
22
со седум погледи те опфаќам
и од сите страни си, совршен еднакво убав строен и млад
Кога би знаел да гледаш наоколу
кога би ги видел пролетта, водата во изворот црцорот, бојата на пладнето
кога би знаел од коњ да се симнеш поинаква би била
Но ти си јунак над јунаци (од коњ не се симнуваш, на него јадеш, на него спиеш)
си решил преку мене мртва во житие а ниту еднаш право не си ме погледнал ѕемне твоето срце, умира од страв
викаш во сон, паѓаш од коњ
во мојата прегратка
Прашај ме
имам седум приказни за кажување
седум сона сонам
седум мачкини животи
на колку ли нозе паѓам
колку оган исфрлам
колку зелено блујам
колку бисери чувам
колку за Златното руно знам
колку шехерезади сокривам
кога ти, напросто, покрај мене минуваш
6.4.1992
23
КАТИЦА ЌУЛАВКОВА (Македонија)
Преобразба: „Тука живеел Кафка“
И тоа е натприродно.
Таа просторна минијатура
макета на маката
зародиш на замок селестијален параграф!
Просторот пости
голем Велигденски Пост или Воскресение: враќање меѓу мртвите – метаморфоза.
Прозорецот е – за да не се излегува
од дома, да се гледа и глèда – надвор, а таму, веранда и бездна
голи разгалени стебла
есенска гримиорна светлина во одблесок и процес секогаш бледа налик на покојник
и лизгава како ползавец и скотна како бубачка, па лазе, подлазува а лази буба, лазибуба, апи апи аап...
Артикулиран страв ли е тоа
под нискиот трем зад Прашкиот праг?
При секој залез – излез од стварноста заоѓањ е зад хоризонтот
во безмерната зона од слова
24
задум и ум-ооо-творби
по жестокото удирање на главата од сводот, од ѕидот од туѓиот свет.
Тука се спушта пердето
реската разлика која ги двои луѓето
и од нив прави некој друг, секогаш друг мизансцен!
25
ДАВОР СТОЈАНОВСКИ
*писател, *преведувач *Македонија Дела: „Ненасловена месечева соната“ (2013), „Собирачи на пепел“ (2016)
Преводи: „Мојот чадор може да е и балон“ (2016), „Педапед“ (2016)
ИНГЕБОРГ БАХМАН (Австрија)
Искажување темнина
Како Орфеј ја свирам
смртта по струните на животот
и кон убавината на земјата
и на твоите очи, кои го управуваат небото, умеам да искажам само темнина.
Не заборавај дека и ти, наеднаш, утрото кога преноќиштето ти беше уште мокро од роса, а каранфил
ти почиваше на срцето, ја виде темната река, која помина крај тебе.
Струната на молкот
оптегната на бранот од крв, го зграпчив твоето ѕунливо срце. Кадрицата ти се промени
во сенчеста коса на ноќта,
26
црни снегулки на мракот
ти го завеаја ликот.
И не ти припаѓам тебе.
Двајцата се оплакуваме сега.
Но како Орфеј го познавам
животот отаде смртта
и ми се синее
твоето засекогаш затворено око.
(препев: Давор Стојановски)
Одложено време
Доаѓаат посурови денови.
До отповик одложеното време
на хоризонтот се наѕира.
Наскоро мораш да ги врзеш чевлите
и да ги истераш пците кон приморските дворови.
Оти утробите на рибите
се изладиле под ветрот.
Едвај светлината на волчецот1 трепери.
Твојот поглед чисти пат низ маглата:
до отповик одложеното време на хоризонтот се наѕира.
Ене онде твојата сакана тоне в песок, тој се качува врз нејзината лелеава коса, ѝ го прекинува зборот, ѝ наредува да молчи, ја затекнува смртна и спремна за разделба по секоја прегратка.
1 Волчец – билка од семејството Lupinus; на германски: lupinen (заб. на прев.).
27
Не се врти.
Заврзи ги чевлите.
Истерај ги пците.
Фрли ги рибите в море.
Изгасни ја светлината на волчецот!
Доаѓаат посурови денови.
(препев: Пандалф Вулкански)
28
ДАРКО АНГЕЛОВСКИ
Дела: „Душевен санаториум“ (2016) ИВАН БОЛАНД (Ирска)
Против љубовна поезија
*поет *Македонија
Се венчавме на лето, има триесет години оттогаш. Те сакав силно
од тој миг, па наваму. И други нешта сакав јас.
Меѓу нив идејата за слобода на жената. Зошто ги сместив овие зборови еден до друг? Зашто сум жена. Зашто бракот не е слобода. Затоа, секој збор овде стои против љубовна поезија.
Љубовната поезија не може да го долови. Наместо тоа, еве една сторија од далечната историја. Еден голем крал војна изгубил и го парадирале в пранги низ градот на душманот негов. Се подбивале со него. Му ги донеле жената и децата – не го трогнале. Му ги донеле поранешните дворјани – не го трогнале. Му го донеле стариот слуга – дури тогаш прснал да плаче. Јас мојата женственост не ја најдов во ропството на обичаите. Туку си ја видов човечноста како ме гледа оттаму. За да ја означам
противречноста
29
на секојдневната љубов, затоа го пишувам ова. Против љубовна поезија.
(препев: Ѓургица Илиева) КРИСТИНА РОСЕТИ (Англија)
Јас прва те љубев, но потоа љубовта твоја
Јас прва те љубев, но потоа љубовта твоја
над мојата се вивна и испеа повозвишена песна, па ги удави милните гукања на гулабицата моја.
Кој е повеќе должен? љубовта моја беше долготрајна, а за миг твојата навидум стануваше сè посјајна;
Јас те љубев и те претпоставував, но ти ме измисли
и ме љубеше за нешта што можеби се или не се такви –ама не, мерки и ваги и на двајцата ни грешат крајно.
Навистина, љубовта не знае за „мое“ и „твое“, љубовта става крај на посебните „ти“ и „јас“, зашто едниот е и двајцата, и двајцата во љубовта се едно: длабоката љубов не знае за „твоето што не е и мое“, и двете се трајни и двете се силни колку неа заедно, и двајцата ние, колку љубовта што нè прави едно нас.
(препев: Зорица Петкоска)
30
ДОЈНА РУШТИ
*писателка *Романија
Дела преведени на македонски: „Елиза на единаесет години“ (2015)
ЕЛЕНА ШТЕФОЈ (Романија)
Ќе пристигнеш право на Олимп
Сврти го ликот кон неколкуте остатоци од ореолот. Историјата минува со вклештена уста крај твоето име. Страв ти е да се преправаш дека не ти е грижа, нели?
Еден пар канџи расте, гледај како расте насмевнувајќи се во огледалото.
Внимавај што велиш: ројот муви, првите идеали, дезертери и духови –сите ќе тврдат дека никогаш не те виделе.
(препев: Лидија Димковска) ЛИНДА МАРИЈА БАРОС (Романија, Франција)
Тромостовје2. Влез во третото око
Како да сакаш, расечен на три, да ја преминеш мирната река Љубљаница
2 Тромостовје е оригиналното словенечко име (заб. на прев.).
31
и да го притиснеш на крајот на мостот
излуштеното суштество на плоштадот, кој се врти таму, во место
како кружна пила.
Мајка, во плач, со торба зеленчук в раце.
Можеби го собирала од земја, со раце, месото изрендано од твоите коски.
Окото затворено, трето.
Мајка, таа ќе знае како солзата се заоблува во тебе, згрчена како ѕвер во лов, според законите, најмалата површина на која може да се простре болката.
Како една солза се врти таму, во место, секогаш темна, како дупчалка, тој крвав вител со кој ти ги стопли скалите
на катедралата, ѕидовите, рафалите;
Солза во која мајка долго ги мие, како на загубен син, искорнатите нокти, табаните.
Зад неа е тројниот мост:
преку кој си одиш, ако си одиш, преку кој доаѓаш, ако доаѓаш, преку кој си одиш.
Око затворено, трето. Влезот.
(препев: Милена Недевска)
32
ДОЛОРЕС АТАНАСОВА-ЛОРИ
*поетеса *Македонија
Дела: „Будење во трето лице еднина“ (2014), „Со ветрот под рака“ (2016)
ДЕНИСА ДУРАН (Романија)
Во постела среде соба
Спијам
во една соба, во една куќа, кај што сите ме игнорираат.
Саноќ
вратите се отвораат и затвораат крај мене, катаден ги поднесувам
чкрипењето на вратите и тупотот на чекорите.
Заглавена сум на оваа раскрсница со постела среде собата, небаре е зебра.
Погледите на минувачите
што ги впива мојот заспан лик, мојот лик валкан од сни, насмеан (насоне) или накострешен...
(препев: Лидија Димковска)
33
АМРА САЛИХАГИЌ (Босна и Херцеговина)
Не е песна
дури сме мали
сонуваме
како нè тапкаат како нè фалат
како ни мавтаат
како ни завидуваат
како добиваме награда од важни луѓе го победуваме непријателот
спасуваме беспомошно животно
го претепуваме помалиот брат
како ќе го направиме сето „она“
како ќе ја видиме африка
ќе имаме многу пари
да ги испратиме своите родители на заслужен одмор (оти нè чувале пола живот)
како ќе станеме пилоти
ќе им помагаме на гладните и сиромашните
ќе лечиме луѓе
како ќе ги заборавиме грдите работи
и потоа
кога ќе пораснеме
само
како низ магла се сеќаваме
дека
кога сме биле мали (толку одамна), за нешто (за што ли, господе?),
сме сонувале,
34
туриваме попладневно кафе, во две шолји, Себеси и Нему, вклучуваме телевизор и продолжуваме да сонуваме туѓи сништа...
(препев: Д.А. Лори)
35
ДРАГАН Ј. РИСТИЌ
*поет *Србија
Дела преведени на македонски: „Штурецот во саксијата“ (2016)
ХЕРТА КРЕФТНЕР (Австрија)
Кој уште верува
Кој уште верува
дека на оној свет
нè чекаат корални дрвја
и птици што пеат тајни
и одвреме-навреме нурнуваат
со своите клунови краци
во розовата вода, кој уште верува
дека тие ќе нè одведат
до мирисите
на скршените бадемови коскички
и белите корења на ретките билки?
Ах, смртта
на бибер и мајоран ќе мириса
оти претходно кај бакалот
на тезга седела, бакалот што од сребреникавата опашка
на харингата се задушил.
(препев од српски: Ѓоко Здравески)
36
КРИСТИНЕ ЛАВАНТ (Австрија)
Не прашувајте што ја пара ноќта
Не прашувајте што ја пара ноќта
оти таа е секако моја
мојот силен крик паунов
а среде внатрината јазик
со вест само за мене.
Дури и ако утре сонцето, исцрпено и речиси обраснато
од пупката од чистилиштето
да отпочине би посакало,
го протераат –оти пупката е секако моја
на грбот од мојот камен
и за мојата следна ноќ.
(препев од српски: Ѓоко Здравески)
37
ЃОКО ЗДРАВЕСКИ
*поет *Македонија
Дела: „Палиндром со две н“ (2010), „куќичка за птиципреселници“ (2013), „љубавина“ (2016)
ГАЛИЈАНА МАРКОВА (Македонија)
Примрак
И МРАКОТ Е светлина
Но отсутна
До густина на невидливост
И потешко поминува низ ѕид
Обичната состојба на свест
Не може да ја долови
Суштината на Ноќта
Како прецизни геометриски шари
на грбот на пеперутката
38
***
Многу е тажно сето тоа.
И само понекогаш ќе се запали понекое светло во мракот.
Дали ме гледаш? Дали ме слушаш?
Кој е тој што гледа? Кој е тој што слуша?
Ноќта се спушта на градот
како мрачен молк.
Многу е тивок нашиот град
деновиве.
Само мирис на липи
се шири по улиците
како невидлив телеграф.
Придушен дамар во слепоочниците.
Светла во човечките мравјалници.
Слепи светларници.
Се развлекуваат преку покривите детските сништа
полни млеко и приспивни песнички.
Меките мачкини шепи на лимот
никого нема да разбудат.
Младата мајска ноќ
се спушта на младиот коријандер во саксијата, на терасата.
Созрева тајна
во зрно грашок.
39
АНА РОСТОКИНА (Русија)
Само понекогаш ќе се запали понекоја ѕвезда во Големата Кола.
Дали ме гледаш? Дали ме слушаш?
По небото се шири молк
и болно удира
во ушната школка.
(препев од српски: Ѓоко Здравески)
40
ЕСМАХАН АЈКОЛ
*писателка *Турција, *Германија
Дела преведени на македонски: „Убиство во хотел Босфор“ (2014)
СИЛВИЈА ПЛАТ (Англија, САД)
Бремени жени
Неоспорни, прекрасно вообразени како Венера на пиедестал од преполовена школка обгрнати со руса коса и солен
тул од морскиот ветрец, жените се сместуваат во ѕвонестите фустани.
Над секој натежнат стомак едно лице лебди мирно како месечина или облак.
Си се смешкаат за себе и медитираат посветени како холандските лалиња
кога си ги создаваат цветните латици.
Темнината сè уште си ја храни тајната.
На зеленото ритче, под трнливите дрвја, наслушнуваат до каде е илјадалетието, кога ќе тропне малото ново срце.
Околу нив бебиња со розови газиња.
Плетат волница, ништо посебно не прават и истапуваат и тие меѓу архетипите.
Самракот ги нагрнува со синило како Дева Марија, додека далеку од таму, оската на зимата
41
врти и меле и ги истуркува сламата, ѕвездата, белокосите мудреци.
(препев: Зорица Петкоска) ЃУЛТЕН АКАН (Турција)
Песната на девојченцето
Ќе заборавиш ли, срце мое, кога беше девојченце, мало девојче, за една панделка, за пар папучи, ќе заборавиш ли, срце мое
Сега, пак, страв до коски ти иде, да не остане без леб домот
брашно, леб да не снема, време за рабуш да не дојде ќе заборавиш ли, срце мое
Утрата ти се вртеше во главата со секоја фрлена бомба
уште понекој залак заминуваше на грбот ја износи Втората светска војна ќе заборавиш ли, срце мое
Многумина паднаа јунаци
имињата звучни им станаа товари земја на грбот понесоа
ќе заборавиш ли, срце мое
Сега, додека ги храниш, облекуваш децата
кога ги носиш по парковите, во чаршиите ќе се заборавиш ли себеси, твоето детство
ќе заборавиш ли, срце мое
42
Кога светот се сторил балон, летало
црвено, сино и сите бои во виножитото
Ќе им простиш ли на тие
што ти готват отров и зандана
Ако им простиш ти, и од твое име, тогаш оние
што умреле и што преживеале
од треви, од глад, од роеви бубачки
од масовни болести и маки заеднички, не простуваат
чувствуваш ли, срце мое
Не заборавај, никако не заборавај
не простувај, не ни помислувај, нит’ да го сакаш душманот, нит’ да молчиш помислувај почекај ја големата кавга, почекај ја, разбираш ли, срце мое.
(препев: Васко Марковски)
43
ЗОРИЦА ПЕТКОСКА
*поетеса, *преведувачка *Македонија Дела: „Ѕвезди и искри на сонот“ (2001), „Зборигами“ (2015)
Преводи: „Направи едно чудо“ – Светлана ХристоваЈоциќ (2011), „Избор раскази“ – Драги Михајловски (2011), „Аристотел од Ресен“ – Зоран Ковачевски (2011), „Тој не е пијаничиште“ – Ирвин Велш (2013), „Зошто да не?“ – Ирена Ристеска (2013), „Несвесна цивилизација“ – Џон Ралстон Сол (2015), „Базилика“ – Викторија Богданова (2015), „Сите птици – распеани“ – Еви Вајлд (2016)
КЕРОЛ ЕН ДАФИ (Шкотска)
Хевишам
Сакана слатка гнаса. Нема ден да не посакам да цркне. Толку се молев што очиве ми се сторија темнозелени белутрачиња, а на дланкиве ортоми со кои би давела.
Стара мома. Смрдам и се сеќавам. Цели денови в кревет се дерам Нееее на ѕидовите; венчаницата жолтее, трепет штом го отворам плакарот; огледалото расцепено, надолжно, таа, јас, кој ми го стори ова? Крвави клетви повеќе крици отколку зборови.
А некогаш ноќе, неповратното тело врз мене, мојов течен јазик е во устата во увото па надолу дур’ не се штрекнам болно од сон. Љубовта
44
е омраза под бел вел; црвен балон што ми пука в лице. Бум. Прободев свадбена торта.
Дајте машки леш за еден вечен меден месец.
Сигурно не е само срцето што се к-к-к-крши.
(препев: Зорица Петкоска) АФРОДИТА НИКОЛОВА (Македонија)
Одментеши
Одментеши.
Одментеши ги фотографиите
што ги лижевме како деца јазици на Сарашвили
одментеши
ги мртвите лисици на фотографиите
дечиња
што зборат на свахили и јадат мармалад.
Мармалад и персиски понија –
Ако ти кажам дека нема ни малку
лад во 4 сабајле во Скопје ниту марма-лад в тегли, жешки сонца и супернови ќе ме
изедеш ли?
Како воздух –Одментеши спојувалки за хартија или барем една трепка и индиго-фотографии од Романија
во 1963-тата
Ако ти кажам дека нема земјотреси, одментеши ја влашката азбука, здивови уловени на камери
во темната комора –
45
кога ги лижевме нашите фотографии од
светски химери и природни –да, природни катастрофи.
Одментеши.
Усни и гнасни
времиња, дождовни одливи и за’рѓани сонати –
Отклучи си ја косата за
мене.
Отклучи си ја косата
за
мене.
Во една од сараевските џамии мачките зборуваат на санскрит –
Одментеши, не нас во темната комора кога лижеме индиго-јазици и испревртени зборови,
туку
врапчињата
од
гранките
на
горскиот јавор. Дури
и тие се разболени, јазиците ни се
неглаголени.
(препев: Зорица Петкоска)
46
ИВАН (ИВИЦА) ЏЕПАРОСКИ
*поет, *есеист *Македонија
Дела: „Слики од изложбата“ (1989), „Еклоги“ (1992), „Песни“ (1998), „Волја за мисла“ (2008), „Грабнувањето на Европа“ (2012), „Светлината на Света Гора“ (2015)
КЕРОЛ ЕН ДАФИ (Шкотска)
Стоечки женски акт
Шест вакви часови за неколку франци.
Стомак брадавица задник на прозорска светлина, ја цеди бојата од мене. Малку подесно, Мадам. И потрудете се да бидете мирна.
Ќе ме претстават аналитички и ќе висам во врвните музеи. Буржоазијата ќе гука пред ваквата слика на курва камењарка. Е, ова е Уметност. Можеби. Тој си се грижи за волуменот, просторот.
Јас за ручекот следен. Станувате сè послаба, Мадам, тоа не е добро. Моите дојки свиснати надолу, ателјето студено. Во чајните страци можам да ја видам Кралицата на Англија како ѕури во мојот облик. Величествен, си мрмори, на минување. Ме тера на смеа. Неговото име е Жорж3 . Ми рекоа дека е гениј.
3 Најверојатно се реферира кон Жорж Брак (Georges Braque, 18821963), еден од најпознатите француски сликари и скулптори, кој заедно со Пабло Пикасо го оформува правецот „кубизам“. Затоа и името Georges од песната го преведувам како „Жорж“, а не како „Џорџ“. Последните зборови на песната „не личи на мене“ како да укажуваат дека станува збор за кубистичко масло на платно, а едно
47
Има времиња кога не е сосредоточен и ја вкочанува мојата топлина.
Негова сум на платното додека брцнува со четчето
честопати во сликата. Мало маже, ги немаш парите за вештините што јас ги продавам.
Двајцата бедни, живееме како што умееме.
Го прашав Зошто го правиш ова? Зашто
морам. Немам избор. Не зборувај.
Мојата насмевка го збунува. Овие уметници
си мислат дека се којзнае што. Навечер се полнам
со вино и танцувам околу баровите. Кога е готов,
ме покажува гордо, пали цигара. Јас велам Дванаесет франци и си го земам шалот. Не личи на мене.
(препев: Иван Џепароски)
Валентин
Ни црвени рози ни сатенско срце.
Кромид ти давам.
Месечина завиткана во кафена хартија.
Светлина што ветува како грижно љубовно слекување.
Овде.
Ќе те ослепи со солзи
налик на љубовник.
Ќе направи од твојот одраз трепетна фотографија на тага.
Сакам во вистината да верувам.
такво под наслов „Голем женски акт“ (1908) има создадено самиот Брак (заб. на прев.).
48
Ни честитки ни мило мое.
Кромид ти давам.
Остриот бакнеж ќе ти остане на усните, посесивен и верен какви што сме ние, сè додека сме.
Земи го.
Неговото платинесто тркало се собира до венчален прстен, ако сакаш.
Смртоносен.
Неговиот мирис ќе се слее со твоите прсти, слее со твојот нож.
(препев: Иван Џепароски)
49
КАТИЦА ЌУЛАВКОВА
*писателка, *есеистка *Македонија Дела: „Благовести“ (1975), „Акт“ (1978), „Нашиот согласник“ (1981), „Нова пот“ (1984), „Фигуративниот говор и македонската поезија“ (1984), „Стапка и отстапка“ (1987), „Жедби, престапни песни“ (1989), „Друго време“ (1989), „Одлики на лириката“ (1989), „Копнеж по систем“ (1992), „Домино“ (1993), „Потход и исход“ (1996), „Изгон на злото“ (1997), „Камен искушител“ (1997), „Тетратки“ (1997), „Теорија на книжевноста – увод“ (1999), „Меѓусвет“ (2000), „Мала книжевна теорија“ (2001), „Слеп агол“ (2004), „Херменевтика на идентитети“ (2006), „Тенок мраз“ (2008), „Теорија на книжевноста“ (2008), „Демонот на толкувањето“ (2009), „Ерато“ (2009), „Голо око“ (2010), „Македонски искушенија и други огледи“ (2012), „Кога ни гореше под нозете“ (2013), „Хаику елегии“ (2013), „Сонот е живот“ (2014), „Отворена поетика“ (2016)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Сеќавањето, најпосле...
Сеќавањето, најпосле, го има она што го барав.
Ја најдов мајка ми и го здогледав татко.
Се изнасонував. Им сонив и маса, и столчиња. Седнаа.
Пак ми беа свои, пак живи.
Нивните лица со двете светилки во самракот светкаа налик на платното на Рембрант.
Дури сега можам да раскажам
во колку многу соништа скитаа, во колку турканици
ги имам вадено од под тркала,
50
во колку агонии и низ колку раце ми се имаат измолкнато.
Отсечени – повторно растеа накриво.
Глупоста ги тераше на маскарада.
Што со тоа што ништо не можеше да ги заболи надвор од мене, ако воопшто ги болеше во мене.
Толпата од сонот слушаше како му викам мамо
На нешто што скокаше пискајќи по гранките.
И беше смешно што имам татко со машничка на главата.
Се будев сета посрамена.
И, најпосле еве ги.
Една обична ноќ, меѓу еден обичен петок и една обична сабота, ми дојдоа онакви какви што ги посакував.
Ми се сонија, но небаре ослободени од соништата, послушни само пред себеси и пред никого друг.
На дното на сликата згаснаа сите други можности, на случајностите им недостасуваше неопходниот облик.
Единствено тие светеа убави, налик на себе.
Ми се присторуваа така долго, и долго и среќно.
Се разбудив. Ги отворив очите. И светот
го допрев како изрезбана рамка.
(препев: Катица Ќулавкова)
РАДМИЛА ЛАЗИЌ (Србија)
Спокој
Повторно добро спијам.
Ништо не ме вознемирува, Ништо не ми недостига.
Не посакувам ништо што веќе го немам.
Ниту јас за некого се грижам, ниту некој за мене.
51
Душата ми се смести, Добро ѝ е во постелата на моето тело.
И на телото му е добро и без друго тело, Задоволно се протегнува меѓу чаршафите.
Вчера како мушичка убиена на прозорецот.
Денес како мачка испружена крај ногата.
Срцето наоколу тапка во влечки.
Може ли од ова да живее поезијата?
(препев: Кристина Велевска)
52
ЛИДИЈА ДИМКОВСКА
*писателка, *преведувачка *Македонија Дела: „Огнот на буквите“ (1994), „Изгризани нокти“ (1998), „Нобел против Нобел“ (2001), „Скриена камера“ (2004), „Идеална тежина“ (2008), „pH неутрална за животот и смртта“ (2009), „Резервен живот“ (2012), „Црно на бело“ (2016), „НоУи“ (2016)
Преводи: „Небесни птици“ – Василе Андру (2001), „Зборува жената“ – Јуриј Худолин (2002), „Архангел во саги“ – Ана Бландијана (2004), „Баналии“ – Бране Мозетич (2004), „Законот на желбата“ – Андреј Блатник (2005), „Суд(бин)ско толкување“ – Алеш Мустар (2007), „Шуми, икони“ – Примож Репар (2007), „Глаголи на сонцето“ – Томаж Шаламун (2008), „Тивко се ниша часовникот“ – Драго Јанчар (2009), „Разбираш, нели?“
– Андреј Блатник (2013), „Имагинарни случки од букурешките улици“ – Константин Абалуца (2013), „Сè уште сум млада“ –Дениса Дуран (2016)
РАДМИЛА ЛАЗИЌ (Србија)
Женско писмо
Не сакам да бидам послушна и кротка.
Мазна како мачка. Приврзана како куче.
Со стомакот до заби, со рацете во тесто.
Со брашносано лице, со срцето – јаглен, И со неговата рака на мојот задник.
Не сакам да бидам знаменце за добредојде На неговиот куќен праг.
53
Ниту змија чувајкуќа под тој праг.
Ниту змија, ниту Ева, од приказните за Постанокот.
Не сакам да шетам меѓу вратата и прозорецот,
Да ги наслушнувам и насетувам Чекорите на ноќните шумови.
Не сакам да го следам оловното поместување на стрелките, Ниту паѓањето на ѕвездите –
За тој пијан во мене да заринка како слон.
Не сакам да бидам вдената во гобленски бодеж
Во семејната слика:
Крај каминот со клопчиња – деца, Во градината со кученца – деца.
Пак, јас како дрво – ладовина.
Пак, јас како зимски пејзаж;
Статуетка под снегот
Во венчаница со набори и со ленти Ќе одлетам во небото.
Алелуја! Алелуја!
Не сакам младоженец.
Сакам побелена коса, сакам грпка и котар, Па да тргнам во шумата, Да берам јаготки и да собирам суварки.
Да биде сè зад мене, И насмевката на она момче Некогаш многу мило и незаменливо.
(препев: Бранко Цветкоски)
54
БАРБАРА КОРУН (Словенија)
Кент е човек со жолта коса и брада, облечен во црна кошула и кафени панталони.
Поинаку си го замислував.
Што е со поетската одговорност, го прашав.
Прекрасно прашање, рече Кент и потем го стегна нешто.
Не сум задоволен со она што го кажа господин Кент, рече Полјакот Кислински со засипнат глас, поетот е одговорен пред јазикот и народот!
Не, не е, се противам, а сепак ги сносиш последиците на сè што си напишал(а), несфатливи и неодредени последици како самата поезија. Сакав да кажам дека поезијата му одговара на сиот свет и дека поетот е одговорен пред самиот себе.
Што е со политичката песна на Ана Ахматова денес, се прашува Гркот Харис велејќи дека ја признава Македонија.
Не можам да ја преземам одговорноста за сиот народ, додава притоа.
Тагучи пишува фантазиски песни, Кент пишува за војната во Ирак, а и двајцата се ангажирани, и двајцата политички, можеби Тагучи и повеќе.
„Задачата на уметноста е да го шири просторот на свеста“, рече Тагучи, „отаде границата на замисливото“. Кент го праша дали фантазиското поигрување со јазикот му се чини луксуз.
„Не“, рече Тагучи, „некои пишуваат реалистично и ангажирано, а јас свесно и потсвесно, телесно,
55
го избрав патот на фантазијата, кој исто така е ангажиран и етичен“.
(препев: Лидија Димковска)
56
ЛИДИЈА КАПУШЕВСКА-ДРАКУЛЕВСКА
*есеистка, *теоретичарка *Македонија Дела: „Во лавиринтите на фантастиката“ (1998), „Поетика на несознајното“ (2001), „Поетика на изненадувањето“ (2003), „Маргарита по трагите на Мајсторот“ (2006), „Калеидоскоп“ (2011), „Созвучја“ (2015)
МАРИНА ЦВЕТАЕВА (Русија)
Стиховите растат
Стиховите растат како ѕвезди и како ружи, како убаво дете в грдо семејство родено.
А ако со славата некој сака да ве здружи еден е одговорот: Од каде тоа ми е дојдено?
Спиеме – и како гостин низ камениот покрив во четирилатичен вид влегува небесната светост.
Разбери, свету! Тоа насон поетот ги открил законот на ѕвездите и формулата на цветот.
(препев: Влада Урошевиќ)
57
ЛИЛЈАНА ДИРЈАН (Македонија)
Концерт за мирис и оркестар
Мајка ми
кога нè вика на ручек в недела
таа подготвува концерт за мирис и оркестар сè се раздвижува
во нејзината кујна 3 на 4 m
пеат тенџерињата, паѓаат капаците
плитките и длабоките чинии тропаат
солта и шеќерот врнат
белиот чаршаф со белиот вез е негибнат снег
лажиците, виљушките и ножевите се штимаат
штицата за сечкање воздивнува, кромидот солзи аванот со каранфилчето, ванилата и морското оревче пека за Азија
пее и чешмата
ринглите се тимпани
рерната е топлиот стомак на кујната родното место на лебот
тој расте и се прелева
супата е полна со моркови и керевис и саксиите на прозорецот степуваат
па и малото филџанче
последно од бившиот сервис од нејзината скромна свадба блеска со жива жолчка
и весникот на кој се суши сечканиот магдонос шумоли
и татко ми гледа ту во мајка ми – ту во своето сеќавање кога таа се качува по скалите пред него и се смее задишана
а мирисаат и штотуку печените црвени пиперки крај е на летото, 2005
и тие се соблекуваат (прават стриптиз) од лушпите
а мајка ми
58
некако е ведра, некако спокојна
зад неа, на полицата е апаратот за притисок и картонската кутија за чевли полна со лекови
би запеала, посипувајки ги ванилиците со шеќер во прав би запеала а и јас со неа
59
ЛУАН СТАРОВА
*писател, *есеист *Македонија
Дела (селектирани): „Луѓе и мостови“ (1971), „Доближувања“ (1977), „Релации“ (1980), „Кинеска пролет“ (1984), „Пријатели“ (1986), „Континуитети“ (1988), „Митска птица“ (1991), „Песни од Картагина“ (1991), „Мостот на љубовта“ (1992), „Татковите книги“ (1992), „Време на козите“ (1993), „Балкански клуч“ (1995), „Француски книжевни студии – 20 век“ (1995), „Атеистички музеј“ (1996), „Пресадена земја“ (1998), „Патот на јагулите“ (2000), „Тврдина од пепел“ (2002), „Балкански жртвен јарец“ (2003), „Ервехе – книга за една мајка“ (2005), „Љубовта на генералот“ (2008), „Потрага по Елен Лејбовиц“ (2008), „Амбасади“ (2009), „Нови амбасади“ (2011), „Граница“ (2014), „Балканвавилонци“ (2014), „Домашна змија“ (2016), „Враќањето на козите“ (2016), „Полифонисти“ (2016)
КЛОДИН ЕЛФ (Франција)
Земјата што постоеше само за нас
Оваа земја постоеше само за нас Тука посадивме знаци
За да остане нашиот одраз, Кога ќе дојде времето да се жали, И кога ќе имаме право да ја преораме оваа љубов, Која го носеше срцето на светот на своите бразди. И ако понекогаш се слушаше звукот на еден сон Во нашите забранети огледала, беше сал привид Зошто кому му служи тишината На едно напукнато ѕвоно?
60
Нема ништо потажно од затворена врата.
(препев: Луан Старова)
ЛИНДИТА АХМЕТИ (Македонија)
Утрешните монети
одамна си тука седната на овој леден камен те врзале со жолто јаже
од кое искричат буквите
телото сака да се откаже од товарот на душата
и те каменуваат постојано со врзани нозе
и ти градат пурпурна сцена со олтар на средината и те тераат да глумиш ледена кукла крај контејнер
уживаат во празнотијата и во маките на актерите кои прифаќаат улоги на светци
и ти ја прифаќаш крвавата игра
се мачиш со какви-такви движења на рацете но не можеш песната што ја очекуваат да ја испееш зашто таа извира од срцето а срцето сега крвави и отвора мрачна ткаенина од пајажината
ја фрла врз тебе
и бара да подготвиш докторска дисертација
патетичниот говор на вождот што ќе излезе од темнината
а тебе не те привлекуваат утрешните монети и нивниот болскот
зашто подрагоцен ти е забранетиот цут на праската
од заменикот на потсекретарот на поткомисијата
за топењето на ланскиот снег
публиката е пијана и братски го пцуе сонцето
и бебето во лулката сака песна говор што ветува софри што паѓаат од небото, а ти очекуваш да ги оданочат
воздухот и снегот
61
со кои ги влажниш усните не прифаќаш да зборуваш за утрешните монети
туку повторуваш дека мислиш на него и само на него иако знаеш дека тој нема да се појави затоа што веќе ти кажале дека е танчар на јанус за утрешните монети велиш – не зборувајте ми публиката незадоволна ти се чуди што одбиваш таква понуда.
(препев: Луан Старова)
62
МАРЕНТЕ ДЕ МОР
*писателка *Холандија
Дела преведени на македонски: „Холандска девица“ (2016)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Миг
Одам угоре угорнината зазеленета. Трева, цветенца в трева божем цртеж на дете.
Небо низ магла, синевина веќе.
На други брда, разлеана в тишина глетка.
Божем овде не бил ниеден камбриум, силур, карпи в рик една на друга, неизмерни бездни, никакви ноќи сред пламен ни дни в облаци тмурни.
Божем низини не се поместувале овде в трескавични маглишта, ледени дождишта.
Божем само негде другде се пенеле морја по хоризонти брегови уривале.
Девет и триесет локално време. Сето на свое место и средено редум. В долина поточе ко поточе мало.
63
Патека ко патека за навек.
Шума ко шума за вечни векови, амин, а угоре птици в лет божем птици се в лет.
До кај ти око фаќа, си владее мигот.
За еден од миговине земски
со молба, да трае.
(препев: Милица Миркуловска)
ИВАН БОЛАНД (Ирска)
Семејно насилство
1.
Беше зима, месечева, влажна. На самрак Зрнцата од калај стануваа месечеви сираци
Мило ни е што ве запознавме, запознајте го нашето месо
викаше знакот на касапот на прозорецот в село.
Сè се смени таа година кога се зедовме.
И потоа се преселивме в предградие.
Колку бевме млади, колку незнајни, колку подготвени да си мислиме дека единствена историја е само нашата.
А имаше и една двојка што се караше ноќе, Со висок, остар тон:
ништо никогаш не е целосно
во ред во животот на луѓето што се љубат.
2.
Баш во таа годишна доба, нашиот остров
Ги покажа старите болки за сите да ги видат.
А ги видовме и ние.
Стоевме таму и се чудевме како
64
солените хоризонти и даблинските ридови, реките, планините ко маси, викиншките мочуришта што мислевме дека ги знаеме
се стресоа од темел
на нашиот антички телевизор дванаесет на петнаесет што ги прикажа ко сиви и посиви солзи
и убиства, убиства, убиства, а потоа погреби со боја на месечева светлина:
ништо што рековме
ни тогаш, а ни подоцна,
не проникна во тоа
што не чини во животот на луѓето што се мразат.
3.
И ако изворот на помнењето е
само овој – сети се, а немој да се покаеш— и ако сум безбедна на
слабото пролетно светло во кујната, тогаш
зошто има друга кујна, пролетна светлина
што секогаш се стемнува внатре и
една жена што му шепоти на еден маж одново и одново – а што ни преостануваше?
4.
Ни побегна моментот или ние му побегнавме нему. Времињата беа големи, а ние бевме мали.
Зошто вака пишувам кога не си ни верувам?
Си ги живеевме животите, среќни бевме, останавме едно. Се раѓаа деца и растеа тука, па си одеа, меѓу нив и нашите.
65
А што се однесува на двојката, дали откривме кои беа тие, и сакавме ли да откриеме?
Мислам дека знаеме. Мислам дека отсекогаш знаевме.
(препев: Ѓургица Илиева)
66
МАРИЈАНА ЈАНЧЕСКА
*есеистка *Македонија
Дела: „Медитеранот во драмите: Недоразбирање од Албер Ками, Парите се отепувачка од Ристо Крле и Чест од Васил Иљоски“ (2010), „(Де)мотивацијата на младите за политичка партиципација преку социјалните мрежи“ (2013)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Некакви луѓе
Некакви луѓе Некакви луѓе бегаат пред некакви луѓе Во некоја земја под сонцето И со некои облаци.
Зад себе оставаат некакво свое сè, Засеани полиња, некакви кокошки, пци, Огледалца, во кои се огледува огнот.
На грбот носат бокали и врзопи, Колку попразни толку потешки секој ден.
Тивко се одвива нечие заморување, А во нечија врева некому му се одзема лебот И нечие тресење на мртвото дете.
Пред нив често некаков погрешен пат, Ниту мостот е оној што треба Над чудно црвената река.
67
Наоколу некакви истрели, Де поблиски де подалечни, А горе високо авион кон малку кружи.
Добро би дошла некаква невидливост, Некаква темносива каменост, И уште поголема небиднина, На пократко или подолго време.
Уште нешто ќе се случи, само каде и што.
Некој ќе им излезе в пресрет, само кога и кој, Во колку облици и со кои намери.
Ако има избор, Можеби ќе посака да не биде непријател И ќе ги остави во некаков живот.
(препев: Пандалф Вулкански)
ЗОРИЦА ПЕТКОСКА (Македонија)
Неспокој
Држи ми го ’рбетов несвиен
не спиев оти немам катанец За танците злокобни в ум.
Умора пиев во утрината
Остината перница без отпечаток краток спој: некаде за некој
Секој ден е крај на светот
Сето сонување ми се озабува и ми ’ржи.
68
МЕРСИХА ИСМАЈЛОСКА
*писателка *Македонија
Дела: „Нова приказна“ (2014), „Тангента“ (2014), „Вкрстување на световите“ (2016)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Разговор со каменот
Тропам на вратата на каменот.
– Тоа сум јас, пушти ме.
Сакам да влезам во твојата внатрешност
да погледнам наоколу,
да те впијам како здив.
– Оди си – рече каменот.
Цврсто сум затворен.
И разбиени на парчиња
ќе сме цврсто затворени
не пуштаме никого.
Чукам на вратата на каменот
– Тоа сум јас, пушти ме.
Доаѓам од чиста љубопитност.
Само животот и е можност.
Сакам да минам низ твојата палата,
а потоа да ги посетам листот и капката вода.
Немам доволно време.
Мојата смртност мора да те возбудува.
69
– Јас сум од камен – вели каменот –и морам секако да ја зачувам сериозноста Оди си, немам мускули за смеа.
Тропам на вратата на каменот
– Тоа сум јас, пушти ме.
Чув дека огромни празни сали има во тебе, невидени, неописливо убави, глуви, без ехо од чекори
Признај дека и ти не ги познаваш доволно.
– Големи и празни сали – вели каменот –но во нив нема место.
Убави се, можеби, но над вкусот
на твоите бедни сетила.
Можеш да ме запознаеш, но да ме познаваш, никогаш.
Мојата површина е свртена накај тебе, Мојата внатрешност, обратно.
Тропам на вратата на каменот.
– Тоа јас сум, пушти ме.
Не барам во тебе засолниште до вечноста.
Не сум несреќна.
Не сум бескуќник.
Мојот свет е вреден за враќање.
Ќе влезам и ќе излезам со празни раце.
А доказ дека бев таму
ќе бидат само зборовите, на кои никој нема да верува.
– Нема да влезеш – вели каменот
ти недостига сетило за учество.
Ниедно друго сетило не може да ти го замени сетилото
за учество, дури ни погледот изострен до сегледање.
70
Не ти вреди ништо без сетилото за учество.
Нема да влезеш, имаш едвај зрно од тоа сетило, еден негов зачеток, вообразба.
Тропам на вратата на каменот.
– Тоа сум јас, пушти ме.
Не можам да чекам две илјади векови да влезам под твојот покрив.
– Ако не ми веруваш – вели каменот –прашај го листот, ќе ти го каже истото.
Прашај ја капката вода, ќе ти го каже истото како и листот.
На крај, прашај ја косата на сопствената глава.
Смеа ме обзема, смеа, незауздана смеа, иако да се смеам не умеам.
Тропам на вратата на каменот.
–Тоа сум јас, пушти ме.
– Немам врата – вели каменот.
(препев: Мерсиха Исмајлоска)
КАТИЦА ЌУЛАВКОВА (Македонија)
Би го живееле секој својот живот
ама нè спопадна, еден ден, ист зазор
од неизразената страст.
’За страста знаеш
колку за змијата во езерото.
Ни кај ќе шмугне, ни кај ќе искрсне‘.
„Некои работи не се гледаат
со голо око, а за некои не се зборува“, рече ти
и ми го подаде дурбинот.
71
’Кога постои, таа е секаде
во исто време, стихија
и сирова, и сурова –растур прави‘.
„Нема лезет пливањето ако помине во страв од змии“.
’Сепак, на крај, како и секоја стија ќе се врати во своето дувло‘.
„Се предаваш ли?“ –
ме праша тогаш мртов ладен
како да играме шах, а мене ми дојде, природно, да замижам.
72
МОНИКА ТРАЈКОВСКА
*писателка *Македонија
Дела: „Наследството на Вероника: На работ од времето“ (2016)
РОСАЛИЈА ДЕ КАСТРО (Шпанија)
Слепата нејзина фантазија ѝ луда
Слепата нејзина фантазија ѝ луда јуреше од кошмарот што ја влече, како што ги влече и носи песоците силниот пустински ветер.
И како соколот ранет што паѓа во заливот гнасен и валкан, во калта на животот со скршени крилја таа засекогаш падна.
Но и без крилја сонува полна со вера дека по просторот небесен лета, дека и во калта чист се гледа тој како снегулка бела.
(препев: Матеја Матевски)
Велат дека не зборува билјето...
Велат дека не зборува билјето, ни изворите, ниту птиците пак зборат,
73
ни бранот со бучење свое, ни ѕвездите што блестат.
Велат, но не ќе биде така, зашто штом ме видат кај одам
за мене извикуваат шумно:
Ене ја лудата поминува, сонејќи
за пролетта на животот вечна, за полиња и мора, а набргу веќе бргу, бели коси ќе има и растреперена ќе гледа, стаписана и морна дека ливадата ја покрива слана.
Бела е косата моја; ливадите се под слана; но бедна, непреболна месечарка, јас сонам, за вечната пролет на животот што се гаси и за свежината постојана на душите и полјата, како едните се сушат, а другите пак горат!
Ѕвезди и извори и цвеќа, не шептете за моите сништа; како да ви се восхитувам без нив, и како без нив да дишам?
(препев: Матеја Матевски)
74
МИЛЕНА
НЕДЕВСКА
*преведувачка *Македонија
Преводи: „Полиња со портокалови дрвја“ – Лари Трамбле (во процес)
ШЕЈЛА ШЕХАБОВИЌ (Босна и Херцеговина)
Не сакам да бидам поетеса
Не сакам да бидам поетеса! Тие се бушави и грди Пијат и
Осамени се и Стари
Не сакам да бидам зајадлива Паметна Баба
Со големи очила И шапка Без никој свој.
Не сакам да бидам поетеса?
Тие се нежни и ранливи
Со побелена коса Промоции
Чекаат
Не сакам да бидам пример Од женската книжевност
Кој го цитираат
75
Кога ќе им снема материјал за антологии.
Не сакам да бидам поетеса! Кога се млади и учени Се мажат За стари Критичари И остарени Писатели
Кои потоа се разболуваат Па овие престануваат да пишуваат
Не сакам да бидам тажна Добра
Сопруга на писател За чијшто талент говорат Подоцна на куќните Собири.
Не сакам да бидам поетеса... Своите паметни деца Стипендисти во странство Ги наведуваат како Егзотични факти Во биографиите
Не сакам да бидам мајка Која пишувала книги
А ќе пишувала и подобри Ама родила И ете.
Не сакам да бидам поетеса.
Никогаш нема да се убијам
76
Во сексот не гледам Ништо филозофско
Во алкохолот Не бегам од ништо Престанувам да пушам Не сум за брак
Премногу шминка За еден маж
Јас сум она од кое вие се плашите: Плодна И пишувам песни.
(препев: Милена Недевска)
ЛИЛЈАНА ПАНДЕВА (Македонија)
Љубов од А до Ш и обратно (извадок)
Ж
желание
жега жаровно
жари
желбата жестоко
жедни
житородно жниеме женидба
живот жигосува
77
еликсирот
еротика еруптира екстазично
едриме еднадуша еднорози
елени ездиме еднаш
едножество едно
Н
насмевната наросувам неспокој
ненаситни нектар наточуваме ноќе
немирни ненаспани небосводот неверба натежнува
А
атер
ашикува ајдутски амбер
акшамот априлски ајле
азалеи амброзија
акорди
азурни абеџии
78 Е
НИКОЛА МАЏИРОВ
*поет, *преведувач *Македонија
Дела: „Заклучени во градот“ (1999), „Некаде никаде“ (1999), „Во градот, некаде“ (2004), „Преместен камен“ (2007)
Преводи: „Природен роман“ – Георги Господинов (2003), „И други приказни“ – Георги Господинов (2006), „Лесно ми е да бидам полоша“ – Антонија Новаковиќ (2008), „Бездната на едно отсуство“ – Марам ал Масри (2009), „Врата и збогување“ – Ли-Јанг Ли (2009), „Луѓето без иднина ги љубат луѓето без минато“ – Јехуда Амихај (2010), „Балади и распади“ – Георги Господинов (2011), „Хит депо“ – Фарук Шехиќ (2011), „Телото на нејзиното тело“ – Славенка Дракулиќ (2011), „Предмети“ – Марко Погачар (2012), „Хотел Загорје“ – Ивана СимиќБодрожиќ (2012), „Нешто не е во ред“ – Татјана Громача (2012), „Суровост“ – Ивица Пртењача (2012), „Агрегатна состојба“ –Звонко Маковиќ (2013), „Аритмија“ – Делимир Решицки (2013)
ИНГЕР КРИСТЕНСЕН (Данска)
Кога стојам
Кога стојам
сама во снегот јасно е
дека сум часовник
како инаку вечноста
ќе си го најде патот наоколу
(препев од англиски: Н.М.)
79
РОЗЕ АУСЛЕНДЕР (Австрија, Украина)
Островот
Кога
се сретнавме на островот сонцата беа извезени
во гоблен
каде што беше вбоден
здивот на водата
Во деновите на правта
сонцата се одделија
едно од друго
островот беше однесен за време на сушата
а ти лежеше како златна риба
во стаклен сад
И тие денови исчезнаа
Брегот на островот
го извезувам
во книга
(препев од англиски: Н.М.)
80
НИКОЛИНА АНДОВА-ШОПОВА
*писателка *Македонија
Дела: „Влезот е од другата страна“ (2013), „Поврзи ги точките“ (2014)
АНА АГИЛАР-АМАТ (Шпанија)
Боже?
Боже,
Те барав насекаде каде што не беше.
Ми се чинеше дел од тебе избегал
во библиотеката: можеби твојата глава; твојата брада бела на страниците.
Ми се чинеше дека ако научам да гледам во мракот на клисурите, во бездните на историјата, можеби ќе ти ги видам очите.
Барајќи ти го гласот се качував до црвеното грло на вулканите, уплашена дека можеби си во огнот
и ќе бараш да се жртвувам за тебе.
И пливав длабоко во морето, мислејќи дека океаните се твоите солзи, кои си ги исплакал смеејќи се.
Еден ден, кога веќе бев престанала да те барам, едни раце, миропомазани со прашања како моите, ме погалија по вратот. И на тие раце имаше нокти.
И така, во најмалите места на светот, ја видов твојата ситност.
Бидејќи ако си ме направил по својата лика и прилика, ти си а) жена
б) кревка како песна
81
в) таа за која ми велат да не зборувам. Тоа мора да е причината што те слушам, Боже, во тишината.
(препев: Магдалена Хорват)
ЛИЛЈАНА ДИРЈАН (Македонија)
Среќна нова
Уште една во редици за риби, ракови и школки
осамени острови чиновници, изморен градски ситнеж
чекаат во редицата за лимони и урми на парче додека над мокрите чела се нишаат одрани зајачки глави
(и мразулците крв ја имаат формата на бајонетот)
се насмевнуваат оптегнувајќи го задоволството по образите распоредувајќи ја вечерата по зембилите под голото небо – најлон
заборавајќи ги предградијата каде зреат сосила дињи
и цреши
имаат уште толку време колку да ги пребројат пријателите со прстите на
едната рака (нивната рака распослана по светот)
да напишат неколку заостанати топли зборови
да си ја насликаат кожата со допири да ја постават масата за пречек
да ја почнат групно прославата во недостиг на уметност, во недостиг на коњ за бегство во недостиг на бегство
1.1.1982, Париз
82
ПЕТАР АНДОНОВСКИ
*писател *Македонија
Дела: „Очи со боја на чевли“ (2013), „Телото во кое треба да се живее“ (2015) АНА РИСТОВИЌ (Србија)
Снег во чевлите
Не се гради куќа врз збирките есцајг иако некоја лажица повеќе понекогаш е добредојдена.
Не се гради куќа врз новите завеси
иако инаквите погледи одвреме-навреме треба да се покријат со ново платно.
За да биде домот дом, меѓу другото
потребни ти се и многу нешта
од коишто однапред би се
откажал со големо задоволство.
Слушни што велат Ескимите:
за да изградиш пристојно игло
со години треба да носиш снег во чевлите.
83
И шпенадла, заборавена во јаката од палтото, близу жилата што отчукува.
(препев: Никола Маџиров) КИКИ ДИМУЛА (Грција)
Писмо
Поштарот носејќи ја мојата надеж во своите чекори донесе денеска еден плик со твојата тишина.
Моето име беше потпишано со „заборав“, мојата адреса – непостојна улица.
Поштарот, сепак,
ја откри на моето лице гледајќи во прозорецот над кој бев наведната, читајќи го од моите дланки веќе подготвениот одговор.
Ќе го отворам со своето трпение
и со својата тага
ќе ги препишам ненапишаните зборови.
Ќе ти одговорам утре
праќајќи ти своја слика.
Ќе ставам овената детелина на својот ревер
со медалот на несреќата
врежан во градите.
И ќе ја закачам на своите уши – помисли на тоа –твојата тишина.
(препев: Ирина Тумбовска)
84
РИСТО ЛАЗАРОВ
*писател, *преведувач *Македонија Дела: „Ноќна птица во паркот“ (1972), „Јана“ (1980), „Грозен кикот“ (1983), „Капки кисела вистина“ (1985), „Лет(о) преку океанот“ (1988), „Горјан во Дорјан“ (1988), „Одрони“ (1988), „Точка на вриење“ (1990), „Од Битола појдов“ (1993), „Одвајнадежна“ (1993), „Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија“ (1995), „Јаве“ (1998), „Херакле“ (1998), „Колумбо“ (2000), „Тројца за преферанс“ (2001), „Одмолчена“ (2003), „Ненадејна“ (2005), „Чехопек“ (2006), „Среде“ (2008), „Жива рана“ (2008), „Сонот на коалата“ (2009), „Кревалка“ (2011), „Ситночекорка“ (2012), „Јана/Јана“ (2013), „Светилничар“ (2013), „Препки“ (2014), „Вампирското“ (2015), „Птици“ (2016)
Преводи: „Столб во реката“ – Горан Бабиќ (1982), „СФРЈ за повторувачи“ – Дејан Новачиќ (2003), „Човекот е прашање“ –Георги Константинов (2006), „Досието Чехов“ – Александар Новачиќ (2006), „Партизански гробишта“ – Абдулах Сидран (2012), „Несоница“ – Чарлс Симиќ (2012), „Венедикт Ерофеев и хорот на пијаните ангели“ – Александар Новачиќ (2012), „Капитулација“ – Душко Новаковиќ (2013), „Промена на времето“ – Миленко Јерговиќ (2013), „Покрив на луњата“ – Оскар Давичо (2014), „Руска археолошка приказна“ – Милица Николиќ (2014), „Книга на сеќавањата и заборавот“ – Филип Давид (2015), „Иследник“ – Драган Великиќ (2016), „Џимиринче“ –Милисав Савиќ (2016), „Ѕидови“ – Енес Халиловиќ (2016), „Да се биде“ – Дејан Алексиќ (2016)
85
МАРИНА ЦВЕТАЕВА (Русија)
Марина
Некој е од камен, некој од глина, јас пленам како мостовите на Сена јас сум од предавство, се викам Марина јас сум брановита морска пена.
За оние од глина, в шума избрстена –и ковчег, и камен надгробен...
Постојам, среде море сум крстена, и лете постојано сум здробен.
Волјата моја ќе победи сегде и мрежите и срцата сите.
Скрати ги, де, ако можеш негде земјен прав стори ми ги дните.
Нов бран и станувам јас нова мена струполена врз колената ваши горски! Да живее пената, таа весела пена тие бранови пенливи морски.
(препев: Ристо Лазаров)
ВИСЛАВА ШИМБОРСКА (Полска)
Атентатори
Со денови се токмат како да убијат, за да убијат, и колкумина да убијат, зашто повеќе да убијат.
86
Во меѓувреме со апетит ги голтаат своите залаци, се молат, си ги мијат нозете, хранат птици, телефонираат и се чешкаат подмишки, ја запираат крвта кога ќе си го повредат прстот, ако се жени, купуваат влошки, сенка за подочниците, цвеќе за вазните, кога се расположени, сите по малку се шегуваат, пијат лимонада од фрижидер, навечер ги гледаат месечината и ѕвездите, ставаат на уши слушалки со тивка музика и со уживање спијат до разденување – како што изгледа, она што го токмат треба да го сторат ноќе. (препев: Ристо Лазаров)
87
СНЕЖАНА СТОЈЧЕВСКА
*писателка *Македонија
Дела: „Шеќер по подот“ (2012), „Под нулата“ (2013), „Мори фантазии“ (2015)
НИКОЛИНА АНДОВА-ШОПОВА (Македонија)
Се задолжив
Се задолжив кај гладот на птиците што оставаа трошки
за да ми го означат патот
кај светлината што ме разлистува како книга
што некој се двоуми да ја прочита
кај телото што ќе го изгубам
како што се испушта весло од дланката
кај секнатите чешми од кои учев за молкот и тишината
Се задолжив кај крстопатите без знаци
кај сите прегратки, разделби и полетувања
кај рацете што ги изработиле ѓоновите на чевлите што
ми се смалуваа
кај заборавот во чие лице се вселени сите заминувања
Се задолжив кај мртвите, кај градовите што се гаснеа
кај сето она што ме разложуваше и одново ме измислуваше
кај издрасканите колена, кај крвта што се засируваше
кај сите прогонства и скривници, кај сите сеништа и отсуства
Се задолжив кај воздухот, кај времето се задолжив
кај земјата, на која ѝ мрморам
– фрли ми грутка смрт во лицето, ајде да си поиграме како деца на првиот снег
88
АДИСА БАШИЌ (Босна и Херцеговина)
Кога луѓето се убиваат
Почнува колењето и ние излегуваме.
Се среќаваме во празниот ходник.
Егидија и јас.
Одамна замина од селото, заборави. Татко. Сестра.
Осумстотини илјади.
Мојата лузна
под пудрата е скоро невидлива.
Не се сеќаваме.
Само понекогаш,
кога луѓето на филмот се убиваат, излегуваме од салата.
Се среќаваме во празниот ходник, (со брзи движења ги бришеме засолените очи)
и се насмевнуваме една на друга. Кратко.
Со непријатност.
(препев: Снежана Стојчевска)
89
ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ
*поет, *преведувач *Македонија Дела: „Обични зборови“ (1999), „Два“ (2002), „Последно време“ (2005), „Осама“ (2010), „О, ти“ (2011), „Староста може, а и не мора да се дочека“ (2013), „Од збор до збор“ (2016), „Игла и конец“ (2016)
Преводи: „Ава Антониј“ – Атанасиј од Александрија (1997), „Историја на светот“– Плантаџенет Сомерсет Фрај (2001), „За молитвата – извадоци од Добротољубието“ (2004), „Нерези“ –Донка Б. Трајковска (2006), „Живи мошти“ – Иван С. Тургењев (2007), „Три најважни вистини за човекот“ – Иван Маринковиќ (2008), „Пиратологија“ – Даглас Хир (2008), „Компаративен уставен инженеринг“ – Џовани Сартори (2009), „Корупција и власт“ – Сузан Роуз Ејкерман (2012), „Врати ми се стар и побелен“ – Уша Акела (2014)
ЈОЗЕФИНА ДАУТБЕГОВИЌ (Босна и Херцеговина)
купопродажба
Јас продавам куќа со сето она што се подразбира под куќа Ти купуваш само покрив над главата
Јас продавам таван полн гулаби и снопови светлина што се провлекуваат под ќерамидите во жолти ленти ти купуваш простор погоден за излишни работи
Јас ги продавам сите вечери со пријателите нивните ѕвонки гласови
Ти купуваш доволно квадрати да можеш да ја сместиш
90
модерно дизајнираната италијанска кујна
Јас продавам поглед на виолетовите ридови
и триесет години сончеви изгреви помножени со 365
дена во годината
не сметајќи ги престапните
ти купуваш прозорец свртен кон исток
Јас продавам месечинско млеко нејзиното ковано сребро
пролиено по соседните покриви
Ти купуваш само покриен балкон погоден за сушење алишта
За спалната соба нема да зборувам од пристојност А може лесно да претпоставам ти што би купил
Исто ги продавам и нервозните звуци на своите
потпетици што одеа
таму-ваму таму-ваму горе-долу долу-горе додека ги чекав неговите чекори по скалите во собата за дневен престој
Ти купуваш добросочуван дабов паркет и ме прашуваш
колку чинат спомените по квадратен метар?
(препев: Тихомир Јанчовски)
Таа веќе не си ја сака работата
Таа продава мебел произведен во странство
во голема продавница
91
каде зимно време од сите страни дува
а летно време под сосема рамниот кров
врие како во пекол
Таа веќе не ја сака работата што ја работи
А порано ги обожаваше работите
со кои беше опкружена
за секое парче мебел
знаеше речиси сè
па дури и каде растело
кога било дрво
Таа и покуќнината имаа ист јазик
Можеше да се заколне дека слуша како под креветот
од дабово дрво
се тркалаат желадите со капчиња
и како потпукнуваат
зрелите чушки памук
на страниците од фотелјите со цветен дезен
А сега едвај знае да го изговори името на продавницата
кога некој ненадејно ќе ја праша
(препев: Тихомир Јанчовски)
92
ФРОСИНА СТОЈКОВСКА
*писателка, *преведувачка *Македонија
Дела: „Од друга страна“ (2012)
Преводи: „Прирачник за заведување принцези“ – Хосе Марија Пас Гаго (2010), „Антологија на македонска поезија од четврта генерација на шпански“ (2011), „Потекло на зборот: Антологија на аргентински раскази“ (2013), „Гушкање пршлени“ – Алберто Гарсија-Тереса (2015), „Потекло на зборот: Антологија на мексикански раскази“ (2015)
КАРМЕН РУИС ФЛЕТА (Шпанија)
Се уморувам од овој контејнер од стравови
наречен тело, Се уморувам што не можам да го рециклирам што не можам да го обликувам
според сликата и сличноста
на бедите што ги засолнува.
Се уморувам од овие мрзливи мускули од ’рскавиците што болеа во адолесценцијата.
Се уморувам од авторитетот на епидермисот
и од ненадејниот презир на клепките што затвораат толку неполезна болка.
Се уморувам од косата што не се осмелувам да ја скратам, се уморувам од овие стапала, толку кукавични... Овој контејнер од лаги наречен тело нема да ме ослободи од смртта ниту ќе ме спаси од мене самата.
(препев: Фросина Стојковска)
93
МАРИЈА ЕЛОЈ-ГАРСИЈА (Шпанија)
Овластеничката на гневот
јас почитуваниот клиент
уважената сењора
сењората доња
примателката на предани поздрави
на прегратките на среќните нови години
на честитите празници
на одликувањата
и на утешните награди
уморна сум од гестовите бели како белезите
на неутралните мислења
на млаките поздрави
уморна сум понорот
да е кротка темница со педагогија
смрт за педагогот и за психологот смрт за социологот и за кловнот без граници
уморна од нежното мастило врз светот
сакам да се сместам лице в лице да ги кренам дланките преситени од наводното
да го искршам мигот од сета смирувачка динамика да ја фотошопирам меморијата
да си го векторизирам стравот во само две линии
да му ја измислам потоа текстурата
и да се дрогирам со идејата за отворена војна
за бидувањето несреќен везден
носете се мизерни
зашто почитуваната уважената сењорадоњата мисли смирува и ’ржи
нема да ми давате повеќе хелекс за смирение
94
ви кажувам за да можете да разберете јас сум овластеничка на гневот
зашто знам дека стресот е ќошот каде што ни го кршите новиот грб
нè полните со синџири на храна во мода
нè полните со синџири
но сите во нашата дијагноза осаменост
нè боли душата во висина на нејзината празнина
(препев: Фросина Стојковска)
95
БЕЛЕШКА НА ПРИРЕДУВАЧКАТА
Иако можеби се очекуваше насловот на оваа книга да биде мотивиран од женска поезија, се одлучив за стихот од Ацо Шопов зашто на прашањето „Што си ти?“ најдобар одговор може да се даде токму преку женското писмо, истовремено нежно и остро.
Искрено им се заблагодарувам на сите автори коприредувачи за одличниот избор што го направија, како и на препејувачите за преводите што ги овозможија.
Особено ѝ се заблагодарувам на Оливера Ќорвезироска, која со радост го поддржа овој концепт и во прекрасните женски стихови препозна „песна љубовна“.
Им се заблагодарувам и на сите оние чии имиња не се споменати овде, но чија помош беше од големо значење при составувањето на оваа несекојдневна збирка.
И, секако, на Жарко Кујунџиски, чија идеја вторпат овозможи да го оправдаме името „антологџии“.
К.В.
96
Оливера Ќорвезироска: „Јас сум песна љубовна!“ 5
Агата Тушињска: Збогување со глетката – Вислава Шимборска; Сигурност – Ева Липска 9
Алвин Панг: Под една ѕвезда – Вислава Шимборска; Искушение – Нина Касијан 13
Александар Прокопиев: „Стиховите мои...“ – Марина Цветаева; Последна здравица – Ана Ахматова
16
Анастасија Ѓурчинова: „На врвот од моите чевли..“ – Сара Зухра Луканиќ; „Милост за нас...“ – Миа Леконт
18
Ахмет Умит: Баладата на лудата девојка; Си ги секов црните ми коси – Ѓултен Акан
20
Владимир Мартиновски: Ламјата на свети Ѓорѓија – Лилјана Дирјан; Преобразба: „Тука живеел Кафка“ –Катица Ќулавкова
22
Давор Стојановски: Искажување темнина; Одложено време – Ингеборг Бахман
26
Дарко Ангеловски: Против љубовна поезија – Иван Боланд; Јас прва те љубев, но потоа љубовта твоја –Кристина Росети 29
Дојна Рушти: Ќе пристигнеш право на Олимп – Елена Штефој; Тромостовје. Влез во третото око – Линда Марија Барос 31
97
СОДРЖИНА
33
Долорес Атанасова-Лори: Во постела среде соба –Дениса Дуран; Не е песна – Амра Салихагиќ
Драган Ј. Ристиќ: Кој уште верува – Херта Крефтнер; Не прашувајте што ја пара ноќта – Кристине Левант
36
Ѓоко Здравески: Примрак – Галијана Маркова; *** –Ана Ростокина
38
Есмахан Ајкол: Бремени жени – Силвија Плат; Песната на девојченцето – Ѓултен Акан
41
Зорица Петкоска: Хевишам – Керол Ен Дафи; Одментеши – Афродита Николова
Иван (Ивица) Џепароски:
44
– Радмила Лазиќ
50
Лидија Димковска: Женско писмо – Радмила Лазиќ; „Кент е човек со жолта коса и брада...“ – Барбара Корун
53
Лидија Капушевска-Дракулевска: Стиховите растат – Марина Цветаева; Концерт за мирис и оркестар –Лилјана Дирјан
57
Луан Старова: Земјата што постоеше само за нас –Клодин Елф; Утрешните монети – Линдита Ахмети 60
Маренте де Мор: Миг – Вислава Шимборска; Семејно насилство – Иван Боланд 63
Маријана Јанческа: Некакви луѓе – Вислава Шимборска; Неспокој – Зорица Петкоска 67
98
Стоечки женски акт; Валентин – Керол Ен Дафи 47 Катица Ќулавкова: Сеќавањето најпосле... – Вислава Шимборска; Спокој
Мерсиха Исмајлоска: Разговор со каменот – Вислава Шимборска; Би го живееле секој својот живот –
69
Моника Трајковска: Слепата нејзина фантазија ѝ луда; Велат дека не зборува билјето – Росалија де Кастро 73
Милена Недевска: Не сакам да бидам поетеса – Шејла Шехабовиќ; Љубов од А до Ш и обратно –Лилјана Пандева 75
Никола Маџиров: Кога стојам – Ингер Кристенсен; Островот – Розе Ауслендер 79
Николина Андова-Шопова: Боже? – Ана Агилар-Амат; Среќна нова – Лилјана Дирјан 81
Петар Андоновски: Снег во чевлите – Ана Ристовиќ; Писмо – Кики Димула
83
Ристо Лазаров: Марина – Марина Цветаева; Атентатори – Вислава Шимборска
85
Снежана Стојчевска: Се задолжив – Николина АндоваШопова; Кога луѓето се убиваат – Адиса Башиќ 88
Тихомир Јанчовски: купопродажба; Таа веќе не си ја сака работата – Јозефина Даутбеговиќ
90
Фросина Стојковска: „Се уморувам од овој контејнер од стравови...“ – Кармен Руис Флета; Овластеничка на гневот – Марија Елој-Гарсија
К.В.: Белешка на приредувачката
93
96
99
Катица
Ќулавкова
Издава Антолог
ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1, Скопје тел. / факс (02) 3201 007 Жиро сметка 300000003674784 Комерцијална банка а.д. Скопје ЕДБ 4080014541495
CIP – Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје
821(4)-1(082.2)
Што си ти? : антологија на нашите омилени песни од европски поетеси / приредувач и јазична редакција : Кристина Велевска. - Скопје : Антолог, 2016. - 100 стр. ; 20 см. - (Библиотека Бесмртни мисли ; кн. 9)
ISBN 978-608-243-178-9
COBISS.MK-ID 101934602