Page 1


„Чиаело цврсто ја ржи оваа книга во раце, како вреен (книжевен) лен.“ Марио Главаш

ВИЉЕВО Лука Бекавац

Превод oд хрватски: Ѓорѓи Крстевски ISBN: 978-608-243-196-3 Наслов на оригиналот: Luka Bekavac, Vilјevo Повез: мек Година на издавање: 2017 Број на страници: 236 Димензии: 13x20

„Виљево“ почнува со монолог препишан од лоша снимка, каде што осамен глас отвора панорама на речиси ненаселената Славонија, загубена во лето и во прав, а завршува со опсесивен коментар на пожолтени страници од нечиј дневник од Втората светска војна, додека во темниот простор помеѓу чека суровиот транскрип од дијалог во кој се случува напнато одмерување на силите. Севкупно пред нас е ризична потрага по место каде што би можело да почне заедничката приказна. Ретко кој писател може толку лесно да манипулира со жанровите, нудејќи клучеви со кои романот може да се отвори и како трилер, научна фантастика или како хорор, но Бекавац го прави тоа само за да ги измеша жанровите пред читателите и да им понуди една единствена клучалка: онаа на најдобрата проза, која може секаде да одведе. НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА. Лука Бекавац (роден 1976) е хрватски писател. Дипломирал компаративна книжевност со философија во Загреб. По докторирањето, почнал да предава на истата катедра. Преведувал и пишувал статии на теми од областа на философијата, книжевната теорија, музиката и литературата за голем број списанија и радиопрограми. Бил уредник на списанието „Кворум“. Ѓорѓи Крстевски (Скопје, 1981) е преведувач од руски, српски, хрватски и од англиски јазик. Досега превел дваесет и четири книги што се објавени во Македонија за неколку угледни издавачки куќи, а неколку негови преводи уште се необјавени. Завршил руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а со преводи се занимава веќе десетина години. Живее и работи во Скопје.

2


„Урбан речиси самосојно го обнови госкио жанр во чешкаа лиераура.“ Праг ос

ЛОРД МОРД Милош Урбан

Превод oд чешки: Игор Станојоски ISBN: 978-608-243-260-1 Наслов на оригиналот: Miloš Urban, Lord Mord Повез: мек Година на издавање: 2018 Број на страници: 352 Димензии: 13x20

При крајот на XIX век во Прага пламти конфликтот меѓу Чесите и Германците, се модернизира еврејскиот дел од градот, глодан од глувци, туберкулоза и други епидемии. На грофот Арцо, наречен Лорд Морд, му пречи што омилениот дел од метрополата му исчезнува пред очи и решава да спаси барем еден објект на тој начин што ќе го купи и ќе одбие да се исели. Прашката администрација му испраќа свои луѓе, првин со добро, а потоа и со лошо. Во меѓувреме почнуваат да се случуваат убиства на проститутки. Дел од луѓето сметаат дека ноќе шета еврејското чудовиште, монструмот без лице, наречен Мевце, или Клајнфлајш. Други сметаат дека поврзаноста меѓу злосторствата е нешто што треба дополнително да се истражува. Иако е човек со принципи, грофот Арцо посетува бордели, пиејќи апсинт и мислејќи дека така ќе најде лек за своето влошено здравје. Кога неговата љубовница е пронајдена мртва, тој е вовлечен во настани што го оддалечуваат од неговата боемска идила. Трилер проткаен со булгаковски елементи на фантастика и гротеска! ПОЛНОКРВЕН ПРАШКИ ТРИЛЕР СО ГОТСКА АТМОСФЕРА. Милош Урбан (1967) е еден од најзначајните и најчитани чешки прозаисти. Дел од детството го поминал во чехословачката амбасада во Лондон. По дипломирањето на катедрата за англистика и нордистика во Прага, стажирал на Оксфорд. Од 1992 година работи како уредник во неколку издавачки куќи. Пишува хорор-приказни и е познат како „темниот витез на чешката книжевност“. Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во Македонија. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов (Украина), Катовице (Полска), Брно (Чешка). Докторирал во Полска во 2009 година. Автор е на повеќе книги од областа на лингвистиката, како и на романите „Гаргара“ (2014), „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ (2016) и „Диссомнии“ (2017).

3


„Го лизга чиаело во расоложение во кое границаа омегу нормалноса и луилоо веќе не осои.“ Свенска агблае

БЕКОМБЕРЈА: ОДА ЗА МОЕТО СЕМЕЈСТВО Сара Стридсберг

Превод од шведски: Ивица Челиковиќ ISBN: 978-608-243-248-9 Наслов на оригиналот: Sara Stridsberg, Beckomberga: Ode till min familj Повез: мек Година на издавање: 2017 Број на страници: 352 Димензии: 13x20

Романот „Бекомберја: ода за моето семејство“ е базиран на детските спомени на авторката од времето на нејзините посети на „Бекомберја“, една од најголемите болници за ментално болни во Шведска и во Европа во XX век, со две илјади пациенти. Во средиштето на дејството се наоѓаат Џеки и нејзиниот татко, Џими Дарлинг. Тој со леснотија ги засмејува луѓето, иако во исто време негува чудна пасија кон смртта. Кога мајка и Лоне ќе отпатува кон Црното Море, душевната болница во која престојува татко и се претвора во единствениот постоен свет за Џеки. Од различните мигови и зони на сонување и стварност постепено се гради тажна и восхитувачка приказна. „Бекомберја“ станува искривен некролог на државата на социјалната сигурност, раскажан со заносен јазик. Сара Стридсберг со широко отворени очи ги рехабилитира загрозените и замолкнатите. НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА. Сара Стридсберг (1972) е шведска писателка и преведувачка. Нејзиното творештво е инспирирано од Маргарет Дирас и од Елфриде Јелинек. Првиот голем творечки пробив, како на домашен така и на меѓународен план, го доживува со „Факултетот на соништата“ (2006), за кој и е доделена наградата за литература на Нордискиот совет. Во 2016 година е избрана на столот број 13 во Шведската академија, која ја доделува Нобеловата награда. Ивица Челиковиќ (Скопје, 1962) е поет, раскажувач и преведувач. Студирал новинарство во Скопје и во Гетеборг, Шведска, каде што живее и работи. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на шведските писатели. Добитник е на повеќе награди и признанија. Превел триесетина дела од познати шведски писатели на македонски јазик. Преведува и македонска литература на шведски. Добитник е на петгодишна работна стипендија за периодот 2016-2020 година од Шведскиот писателски фонд.

4


„Доалив и о малку ескобен роман за вербаа во љубова во современоо ошесво.“ Букла

НЕМА ДРУГА Јела Кречич

Превод од словенечки: Драгана Евтимова ISBN: 978-608-243-201-4 Наслов на оригиналот: Jela Krečič, Ni druge Повез: мек Година на издавање: 2017 Број на страници: 368 Димензии: 13x20

Оригинална и комична приказна за сложените човекови односи во современите времиња. По разделбата со долгогодишната девојка, Матјаж паѓа во тешка депресија. Но, по некое време, донесува одлука дека патот до нејзиното срце води преку друга врска. Односно врски. Но планот излегува позамрсен од тоа што очекувал. Тој тргнува на одисеја од „мувања“ на една вечер со редица девојки по познати места во Љубљана, но и од поранешна Југославија. Средбите и жените се најразлични, но Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок: дека нема друга како бившата. Кречич создала метафора на љубовта во денешното општество, но и урнек на прикриен женомразец типичен за новиот милениум, кој ни го ставила на тацна. ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА СЛОВЕНЕЧКАТА ЛИТЕРАТУРА. Јела Кречич (1979) е словенечка писателка. Дипломирала на тема уметничките манифести во словенечката авангарда. Докторирала философија. Пишува за најголемиот весник во Словенија, „Дело“, каде што во 2013 година на словенечки и на англиски јазик објавува ексклузивно интервју со Џулијан Асанж, што ја прави меѓународно позната личност. Истата година стапува во брак со философот Славој Жижек. Драгана Евтимова (Скопје) е дипломиран професор по македонска литература и јужнословенски книжевности и словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Има четири објавени книги: „Постоењето на динамиката“ (поезија), „Јас сум некаде на друго место“ (поезија), „Фусноти по сеќавање“ (поезија), „Се гледаме наскоро. Е.“ (епистоларен роман, заедно со Владимир Лукаш). Има учествувано на голем број книжевни манифестации во Македонија и надвор. Преведува од словенечки јазик.

5


„Иако оисо може а изглеа како олиички рилер, ова е нешо овеќе.“ Маќеј Робер

МАГИОНИЧАР Магдалена Парис

Превод од полски: Милица Миркуловска ISBN: 978-608-243-203-8 Наслов на оригиналот: Magdalena Parys, Magik Повез: мек Година на издавање: 2017 Број на страници: 500 Димензии: 13x20

Во една напуштена зграда во Берлин полицијата пронаоѓа унакажан труп на вработен во Архивата на поранешната Штази. Во исто време, во Софија, Бугарија, под мистериозни околности е убиен германскиот новинар и фоторепортер Герхард Замуел. Истрагата ја преземаат државната полиција и специјалните служби. Наскоро станува јасно дека единствена нивна цел е да го прикријат случајот и да ги „неутрализираат“ недоверливите. Инспекторот Ковалски е тргнат од истрагата и предвремено суспендиран од полицијата поради алкохолизам и непослушност. Но тој ќе продолжи да ја бара вистината, помогнат од посвоената ќерка на Замуел, познатата ТВ-новинарка Дагмара Бош. Тие откриваат дека убиените прибирале материјали за темното минато на водечките политичари во обединета Германија и за нивната вклученост во операцијата „Магионичар“. Станува збор за операција во која Штази, во соработка со бугарските граничари, наредувала убиства на граѓани од Источна Германија што патувале преку Бугарија во времето на Железната завеса. Многу од ликовите во овој роман се вистинити. А некои од нив ја прочитале и книгата. НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА. Магдалена Парис (1971) е полско-германска писателка. Родена е во Полска. На 13-годишна возраст емигрира во Германија со своето семејство. Студирала полонистика со педагогија на Хумболтовиот универзитет во Берлин. Пишува проза и поезија, а се занимава и со превод. Основала двојазично книжевно списание. Авторка е на два романи. Милица Миркуловска (1965) е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, и преведувач од полски на македонски јазик од 1989 година, почнувајќи од телевизиски серии, есеи, стручни и научни статии, фрагменти од полски книжевни дела во одделни списанија. Има преведено 4 научни монографии (лингвистика и етнологија) и 10 дела од постарата и поновата генерација полски автори, меѓу кои и нобеловци.

6


„Љубиели на сканинавски рилери: земее си ја оваа книга навреме.“ Бук ејџ

ЖЕНАТА ВО КАФЕЗОТ

Јуси Адлер-Олсен

Превод од дански: Лара Крстева-Ичокаева ISBN: 978-608-243-234-2 Наслов на оригиналот: Јussi Adler-Olsen, Kvinden i buret Повез: мек Година на издавање: 2017 Број на страници: 406 Димензии: 13x20

Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да и крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање... Детективот Карл Морк се враќа на работа по престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен. Карл се обвинува себеси, а колегите почнуваат да го избегнуваат. Шефот го преместува во новоотворениот сектор за нерешени случаи, наречен секторот Q. Единствениот вработен таму е сирискиот имигрант, Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив. Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лунгор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Карл смета дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не. ПРВО МЕСТО НА ТОП-ЛИСТИТЕ ЗА БЕСТСЕЛЕРИ ВЕЌЕ СО ГОДИНИ! Јуси Адлер-Олсен (1950) е еден од најпопуларните и најчитани дански писатели. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Неговите романи се објавени на 40 јазици и станале бестселери во многу земји. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации. Лара Крстева-Ичокаева (Скопје, 1971) завршила гимназија во Еснес, Данска. Дипломирала германски и француски јазик и литература во Загреб, Хрватска. Магистрирала во Женева, Швајцарија, на тема од областа на современата француска литература. Има мастер и од деловно право. Работи како раководител на Германската стопанска комора во Република Македонија. Преведува од дански, германски, француски, српски и од хрватски јазик.

7


„Оваа книга го оврува мојо огле на свео ека живоо е реубав.“ Дејви Кален

ПРОСЕЧЕН ИНДЕКС НА СРЕЌАТА Давид Машадо

Превод од португалски: Ненад Трповски ISBN: 978-608-243-257-1 Наслов на оригиналот: David Machado, Índice Médio de Felicidade Повез: мек Година на издавање: 2018 Број на страници: 256 Димензии: 13x20

Погодено од финансиската криза во Португалија, семејството на Даниел се разделува. Неговата сопруга Марта заедно со децата се отселува кај своите родители. Но Даниел верува дека ќе најде работа и повторно сè ќе биде како порано. Даниел е нараторот што ја пренесува приказната преку имагинарен дијалог со својот пријател Алмодовар. Даниел ги губи и своите хонорарни работни места бидејќи своето време го користи за да им помогне на: Шавиер – агорафобичар што не може да го напушти својот стан, Авила – поранешен професор, малтретиран од средношколска банда, Вашко – синот на Алмодовар, кој постојано запаѓа во неволи. Шавиер има математичка теорија поврзана со среќата и прави секој да се замисли кој е индексот на среќата во неговиот живот. Но има ли среќата нумеричка вредност? Романот е потрага по она што е навистина важно за да се биде среќен, но и обид да се сфати колку едно срце може да биде големо. Радост, болка, носталгија, песимизам, надеж и љубов, заедно спакувани во книга. Ни требаат лоши денови за да ги цениме добрите. „Просечен индекс на среќата“ е неверојатно патување до себе. НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА. Давид Машадо (1978) е португалски писател. Пред целосно да се посвети на пишувањето, студирал економија и менаџмент во Лисабон. Интересот на читателите првично го привлекол како автор на литература за деца. Покрај наградуваните книги за деца, има објавено и неколку романи и збирка раскази. „Просечен индекс на среќата“ е неговата најуспешна книга. Ненад Трповски (1986) дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за италијански и португалски јазик и книжевност во 2009 година. Во периодот помеѓу 2011 и 2013 година живее во Лисабон, Португалија, каде што, работејќи во невладиниот сектор, стекнува вредно директно искуство во португалскиот јазик и култура. Автор е на десетдневна работилница за креативно пишување одржана во Лисабон, поддржана од програмата на ЕУ „Грундтвиг“. Работи како консултант на проекти за меѓународен развој. Преведува од италијански и од португалски јазик.

8


„Немам оволно зборови со кои би можел да ја реорачам оваа лабока, ромислена, висиниа книга.“ Џејн Греам

ОВА СЕ ИМИЊАТА Томи Виринга

Превод од холандски: Ели Пујовска ISBN: 978-608-243-204-5 Наслов на оригиналот: Tommy Wieringa, Dit zijn de namen Повез: мек Година на издавање: 2017 Број на страници: 264 Димензии: 13x20

Гранично гратче во степата. Мала група прегладнети и бесни бегалци се појавуваат од нигде-никаде и шират страв и паника во градот. Кога полицискиот инспектор Понтус Бег наредува да се уапсат, во нивните куфери наоѓаат доказ за убиство. Како што тој ја разоткрива историјата на нивното пеколно патување така таа почнува да се испреплетува со неговото потекло. Тој станува некој вид инквизитор, а подоцна и спасител на групата. Со редок спој на хумор и мудрост, Томи Виринга ја поврзува мрачната човекова природа со прашањето кои сме и дали искупувањето е возможно. МОЌНА КНИГА НА ГОРЛИВА И ВЕЧНО АКТУЕЛНА ТЕМА. Томи Виринга (роден 1967) е холандски писател. Голем дел од животот го поминал на Антилите. Студирал историја и новинарство. Во младоста работел како продавач во маркет и службеник во железницата. Пишувал колумни, бил член на бенд, автор на филмски сценарија, ТВ-водител. Автор е на наградувани и преведувани книги. Ели Пујовска (1971) е професионална преведувачка. Преведува од холандски и од фламански, како и од англиски јазик. Работела како проектен асистент и како менаџер на повеќе проекти. Има преведено повеќе од 20 книги за повеќе издавачки куќи. Добитничка е на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на годината.

9


„Слобоаа на мислаа е слобоа на вижењео.“

АПНЕЈА

Лоренцо Амури Превод од италијански: Калина Јанева ISBN: 978-608-243-254-0 Наслов на оригиналот: Lorenzo Amurri, Apnea Повез: мек Година на издавање. 2018 Број на страници: 256 Димензии: 13x20

На самиот почеток на „Апнеја“ (2013) го среќаваме младиот Лоренцо со лицето нурнато во мекиот јануарски снег, има вртоглавица и не може да дише. По удар во столб од жичарница, останува квадриплегичар и животот му се превртува наопаку. „Апнеја“ раскажува за болката луцидно, без мелодраматични тонови, а на моменти дури и изнудува насмевки. Амури, небаре води дневник, раскажува за периодот минат во болница во Италија и во една специјализирана клиника во Цирих, за многубројните операции, за мачната рехабилитација и за меѓучовечките односи изродени од болката. По враќањето во семејниот дом во Рим, мора да се соочи со еден нов свет, каде што наеднаш сè му е надвор од дофат и сите се станати многу повисоки, страшни џинови со впечатливи сенки. Лоренцо тоне во самосожалување, па неговата девојка Јохана, која останува покрај него по несреќата, се одлучува да го напушти, а тој решава да се самоубие. Или, пак, можеби нешто ќе го поттикне одново да ја освои и да си го поврати животот? ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА. Лоренцо Амури (1971-2016) бил италијански писател, како и музичар и музички продуцент. По тешка скијачка несреќа на дваесет и шестгодишна возраст, останал квадриплегичар, со парализирани осумдесет проценти од телото. Како писател се пројавил преку својот блог. Во 2013 година го објавува дебитантскиот роман „Апнеја“. Неговата втора книга, „Зошто не го однесете во Лурд?“, е своевиден дневник за патешествието до светилиштето на Богородица од аспект на човек без верба. Калина Јанева (1981) дипломира англиски јазик и книжевност, со италијански јазик и книжевност. Во десетгодишната кариера како книжевна преведувачка има објавено десетици преводи од англиски на македонски јазик и обратно, како и повеќе преводи на италијански книжевни дела на македонски јазик. Активен член е на Здружението на преведувачи на Република Македонија и македонски делегат во Европскиот совет на здруженија на книжевни преведувачи.

10


„Ено од најмалку очекувание, но и најголемо книжевно окриие на годинаа.“ Паризиен

СТАКЛЕНАТА ГРАДИНА Ојдур Ава Олафсдотир

Превод од исландски: Мери Кицовска ISBN: 978-608-243-256-4 Наслов на оригиналот: Auður Ava Ólafsdóttir, Afleggjarinn Повез: мек Година на издавање. 2018 Број на страници: 272 Димензии: 13x20

За младиот Лоби, трагичната смрт на неговата мајка е пресвртна точка во животот. Нивната заедничка љубов кон одгледувањето ружи од реткиот вид Rosa candida во стаклената градина во нивниот двор ќе го инспирира да ги напушти студиите и да отпатува во далечниот антички манастир за да и го врати стариот сјај на величествената, но заборавена градина што се наоѓа таму. Додека одново ја пресоздава градината под будното око на свештеникот филмофил, Лоби ќе го изненади посетата на Ана, речиси непознатата пријателка на негов пријател, со која, по една кратка авантура во градината на неговата мајка, ја има новородената ќерка Флора Сол. Грижејќи се за градината и за малото девојче, Лоби полека ги запознава различните улоги на еден возрасен маж. ПРЕКРАСНА ПРИКАЗНА ЗА ИСКРЕНАТА ПОТРАГА ПО УБАВИНИТЕ НА ЖИВОТОТ. Ојдур Ава Олафсдотир (1958) е исландска писателка. Студирала историја на уметноста на Сорбона. Работи како универзитетски професор во оваа област. Била кураторка на голем број изложби, меѓу кои и на венециското Биенале. Авторка е на пет романи, поетска книга и на четири драми. Нејзиниот стил го одликуваат свеж поглед на нештата и црн, прониклив хумор. Објавена е од 28 издавачки куќи низ светот. Добитничка е на највисоките книжевни награди на Исланд. Мери Кицовска (Скопје, 1977) е преведувачка и толкувачка по англиски и исландски јазик. Во периодот од 2001 до 2009 година, живее и работи во Рејкјавик, Исланд, каде што, покрај другото, го изучува и го усовршува исландскиот јазик. Од англиски на македонски и обратно има преведено голем број текстови и дела. Од исландски на македонски досега превела две книги.

11


Пред нас се 10 исклучителни книги од 10 европски култури, напишани на 10 различни јазици и отвораат 10 интригантни теми. Пораките што ги испраќаат се моќни како рекламни слогани: Истражи ја Европа! Овој проект повикува на широк од низ големото пространство на европската литература – богата, разнолика, комплексна, инспиративна, модерна... Think big!... Проектот ни ги претставува најважните книжевни дела од современи писатели – наградувани, признати, влијателни имиња. Луѓе со став, квалитетни наслови со импресивен багаж. ...But less is more! Одбравме 10 книги напишани од 10 условно „мали“ јазици за да ја прикажеме неповторливата уметност на зборовите, која се создава на секое ќоше во Европа, без оглед на бројките и кршејќи ги сите можни стереотипи! Да го почитуваме оригиналот! Сите книги се преведени директно од јазиците на кои се напишани, што е многу важно за да се сочуваат најпрефинетите состојки на секое дело. Движиме напред со големи мали чекори! Движењето е многу важно бидејќи XXI век е период на големи потези и секој повик за дејствување прави разлика. Големите книги на денешнината не само што искажуваат лично мислење туку и ги одразуваат важните општествени прашања, го откриваат вистинското лице на стварноста, ги туркаат напред креативните и интелигентни луѓе. Почувствувај ја разликата! Од страв до солзи, од експеримент до „вистинска“ приказна, од злосторства до љубов, од мрак до светлина, од артизам до бестселери, уживајте во многуте слоеви на книгите од цела Европа! Книжевен центар „Антолог“ / ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1, 1000 Скопје, Република Македонија / www.antolog.mk / Телефон – факс +389 2 3201 007 / Електронска пошта contact@antolog.mk / Facebook http://www.facebook.com/antolog / Fanpage Книжевен центар Антолог / Twitter @Antolog_Books / Instagram antolog_books

Profile for Antolog

Europe in big small moves - Antolog' project brochure  

New
Advertisement